Библио ечен
ренд
СПИСАНИЕ НА НАЦИОНАЛНАТА УСТАНОВА
УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА
„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
бр. 59 / 2024 год.
ОТВОРАЊЕ НА ЧИТАЛНАТА
„ГОРАН СТЕФАНОВСКИ“
УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА РЕВИЗИЈА
ВО НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
БИБЛИОГРАФИЈА НА
„БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД“
БИБЛИОТЕЧНИТЕ ДОБРА ВО НУУБ
„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА -
ЗНАЧАЕН ЦЕНТАР НА НАУЧНАТА
МИСЛА
ПРОМОЦИЈА НА ПОЕТСКИТЕ ЗБИРКИ
НА ИЛЧЕ СТОЈАНОВСКИ
Библиотечни услуги Цена (ден.)
Членарина (оддел возрасни и детско) 200,оо
Членарина (пензионери и претшколска
возраст)
0,оо
Зајмување на библиотечна граѓа 10 дена 7,оо
Доцнење на библиотечна граѓа на ден 5,оо
I, II, III и IV опомена 30,оо
Изгубена членска карта 100,оо
Меѓубиблиотечно позајмување 50,оо
Резервација на книга 10,оо
Сала за промоции (мали сали) 1000,оо
Сала за промоции (I кат) 2000,оо
Сала за промоции (I кат) 2 часа 3000,оо
Сала за промоции (I кат) над 2 часа 4000,оо
НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА
„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
тел: 047 220 515
тел/факс: 047/220-208
тел. зајмување: 047/232-999
ул. Пеце Матичевски 39
7000 Битола
Работно време:
од понеделник до петок
07:00 - 19:30
www.nuub.mk
e-mail: nuub@nuub.mk
41.02735, 21.33302
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 2024 3
СОДРЖИНА
Издавач
Национална установа
Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ - Битола
ул. Пеце Матичевски бр. 39
За издавачот
Менде Доневски
Главен и одговорен уредник
Маријан Колевски
Издавачки совет:
м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски
Ленче Андоновска
Гордана Пешевска
Маријан Колевски
Редакција:
д-р Светлана Талевска
м-р Фатма Бајрам - Аземовска
Илче Стојановски
Лектура:
Вера Марковска
Илче Стојановски
Фотографија
Слободан Пачовски
Печатница
Графо Пром - Битола
Тираж
150 примероци
ISSN 1409-9497
Списанието е финансирано
од Министерството за Култура
на Р. С. Македонија
МЕНДЕ ДОНЕВСКИ, В.Д. ДИРЕКТОР
НА НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ..............4
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
НАГРАДИ ЗА РОДНОКРАЕН АВТОР .......................................5
ОТВАРАЊЕ НА ЧИТАЛНАТА „ГОРАН СТЕФАНОВСКИ“ ...6
ЧЕТВРТ СТРУЧЕН СОБИР НА ФАКУЛТЕТСКИТЕ
БИБЛИОТЕКИ
м-р Јелена Петровска и Ирена Колевска ...........................8
19. РОДНОКРАЈНА СРЕДБА НА БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ
м-р Гордана Ѓорѓиевска - Неделкоски ..................................9
УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА РЕВИЗИЈА ВО НУУБ
„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
м-р Милка Котевска .................................................................10
ИСКУСТВА ОД ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА ВИНКОВЦИ,
Р. ХРВАТСКА ..................................................................................12
БИБЛИОГРАФИЈА НА „БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД“
Гордана Пешевска, Ленче Андоновска и Катерина
Пејковска .......................................................................................13
УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА - ЗНАЧАЕН ЦЕНТАР
НА НАУЧНАТА МИСЛА
д-р Светлана Талевска ...........................................................14
БИБЛИОТЕЧНИТЕ ДОБРА ВО НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ
ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА
Маријан Колевски .....................................................................16
РАЗГОВОР СО ИЛЧЕ СТОЈАНОВСКИ, БИБЛИОТЕКАР ВО
ПЕНЗИЈА
Маријан Колевски ......................................................................18
КНИГАТА - ПОТТИК ВО РАЗВОЈОТ КАЈ ДЕЦАТА СО
ПОПРЕЧЕНОСТ
д-р Јасминка Кочевска ......................................................................20
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОТЕКАТА
ПОСЕТА НА ФИНСКИТЕ БИБЛИОТЕКИ ЗА ДИГИТАЛНА
ИНКЛУЗИЈА .................................................................................21
ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЕВРОИНТЕГРАТИВНИТЕ
ПРОЦЕСИ ВО БИБЛИОТЕЧНОТО РАБОТЕЊЕ
м-р Јелена Петровска и м-р Милка Котевска ..............22
РАБОТНА СРЕДБА ВО ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА ВУКОВАР
м-р Јелена Петровска и м-р Милка Котевска................23
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА COBISS 2024
м-р Милка Котевска ...............................................................24
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ,
ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
м-р Фатма Бајрам Аземовска и
м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски ..............................25
ЛИТЕРАТУРНА ВЕЧЕР СО СТЕФАН СИМИЌ ......................26
ПЕРФОРМАНС НА МЈУЗИКЛОТ „МАМА МИА“ ...............27
ИЗЛОЖБА НА ФАКСИМИЛИ ОД РОДНОKРАЈНИ
ПИСАТЕЛИ ...................................................................................28
ДЕГУСТАЦИЈА НА КНИГИ ОД МАКЕДОНСКИ АВТОРИ..30
ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО БИБЛИОТЕКАТА ............................31
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕТСКАТА НЕДЕЛА .........................33
ПРОМОЦИЈА НА ПОЕТСКИТЕ ЗБИРКИ НА
ИЛЧЕ СТОЈАНОВСКИ ...............................................................34
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 20244
МЕНДЕ ДОНЕВСКИ, В.Д. ДИРЕКТОР
НА НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА
„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
Почитувани колеги, љубители на книгата, соработници и пријатели.
Со голема чест и одговорност ја преземам улогата на директор на нашата
библиотека – установа која што е дом на мудроста, историјата и креативноста. Во срцето
на секоја заедница, библиотеките претставуваат место каде што луѓето ги откриваат
своите интереси, ја градат својата љубов кон читањето и ја наоѓаат својата инспирација.
Нашата библиотеката отсекогаш била нешто повеќе од место за чување на книги.
Таа е седиште на заедницата, простор каде што различните генерации се среќаваат,
учат и создаваат. Затоа како Ваш нов директор сакаме да ја продолжиме и да ја надградиме
оваа традиција. Да се биде дел од библиотека, овој храм на знаењето, културата и
истражувањето е привилегија која бара посветеност и труд, а мојата визија е таа да биде
место каде што секој ќе се чувствува добредојден, инспириран и поттикнат на личен и
професионален развој.
Во иднина ќе се стремиме да ги збогатиме нашите фондови со современа литература
за сите возрасти, да обезбедиме доволен и соодветен простор за сместување на
библиотечниот материјал за наредните години, понатамошно стручно усовршување
на библиотечниот кадар во склад со новите библиотечни процеси, да организираме
повеќе квалитетни настани, работилници и културни активности за сите граѓани, да
соработуваме со училиштата, универзитетите и локалните организации за да ја зајакнеме
нашата улога како едукативен и културен центар во регионот.
Со овие насоки, библиотеката може да стане не само место за читање и истражување,
туку и динамичен центар за развој, социјализација и култура.
Верувам дека со поддршката од сите Вас, можеме да ја претвориме библиотеката во
вистински пример за модерен и функционален простор на знаење.
Срдечно,
Менде Доневски, в.д. директор
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 2024 5
НАГРАДИ ЗА
РОДНОКРАЕН АВТОР
23 мај 2024
На наше големо задоволство, по
повод 24 мај - Денот на сесловенските
просветители - Светите браќа Кирил и
Методиј, во НУУБ „Св. Климент Охридски“-
Битола беа доделени награди за „Роднокраен
автор за 2023 година“.
Тричлената комисија составена од:
м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски,
претседател - координатор на проектот
„Роднокрајни средби на битолските писатели
од Македонија“, Илче Стојановски – член и
Светлана Папачек - член, по разгледаните
кандидатури едногласно одлучи за
доделените награди во четири категории.
Во категорија Поезија награда доби Весна
Мундишевска - Велјановска, за Проза - Петре
Димовски, за Драма - Зоран Пејковски и
Награда за животно дело му беше доделена на
авторот Добре Тодоровски.
Директорот на библиотеката м-р Бојан
Стефановски им се заблагодари на авторите
за досегашната соработка, разговараше за
реализација на идни заеднички проекти и
им посака уште поголем успех во полето на
книжевноста.
амбасадор Н.Е. м-р Мартин Памер. На
состанокот тие ги разгледаа можностите
за соработка, на полето на културата и
библиотечната дејност, а главната тема на
дискусија беше приближување на културите
на двата народа преку размена на содржини
од областа на културното наследство.
Амбасадорот Памер и директорот
Стефановски разговараа за донацијата на
книги од страна на Австриската амбасада и
популаризацијата на австриската култура
и јазик во нашата држава. Изнесени беа
конструктивни идеи за организирање
активности поврзани со изучување на
германскиот јазик и австриската култура и
уметност. Дополнително беше разгледана
можноста за организирање културни настани
како изложби, предавања и работилници кои
кои ќе го збогатат културниот живот на Битола
и ќе го приближат австриското културно
наследство до локалната заедница.
01 јули 2024
Директорот на Националната установа
- Универзитетска библиотека „Св. Климент
Охридски“ – Битола, м-р Бојан Стефановски и
м-р Фатма Бајрам - Аземовска, раководител
на Развој на библиотекарството, меѓународна
соработка, маркетинг и односи со јавноста
остварија работна средба со австрискиот
РАБОТНА СРЕДБА СО
АВСТРИСКИОТ АМБАСАДОР
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 20246
од неговата куќа на ул. Белградска, односно
на последниот кат од библиотеката и е
комплетно осмислен проект со мурали, мебел
и книги кои ќе им бидат на располагање на
читателите.
Творештвото на Горан Стефановски
е непресушна инспирација за креативни
подвизи на младите автори. Уметничките
Ленче К. Јагоридовска и Дијана Колонџоска
насликаа цитати од ликовите на неговите
драми, во читалната посветена на
македонскиот Шекспир. Локацијата на
читалната е само на 200 метри оддалеченост
23 мај 2024
Во библиотеката свечено беше
отворена читалната посветена на писателот
Горан Стефановски. Читалната е потсетник
на неговите дела и неговиот придонес во
заштитата на македонскиот јазик и култура.
Неговата родна Битола има нов пријатен
простор, естетски уреден, со мурали и
библиотека кои ја симболизираат моќта на
пишаниот збор и книгата.
ОТВАРАЊЕ НА ЧИТАЛНАТА „ГОРАН СТЕФАНОВСКИ“
„Читалната Горан Стефановски е
естетски уреден простор, пријатно место
за читање, а тематиката е македонскиот
израз преку цитати од ликовите на драмите
на нашиот Горан. Тој, како вечен поборник
за идентитетот, секогаш реално зборувал
и со убав разбирлив начин ја прикажувал
состојбата во нашата држава. Во неговите
драми се занимава со проблемот на
македонското прашање во доцниот XIX век и
идентитетот на нацијата. Со тоа Стефановски
пораснал во очите на сите нас, посебно. На
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 2024 7
„Бушава азбука“ на Горан Стефановски, со
илустрации на Душан Петричиќ и е идеален за
нагласување и акцентирање на македонската
азбука. Со бушавите букви растеа генерации
и генерации, учејќи го македонскиот јазик
и скапоцените подзаборавени, архаични
зборчиња кои се одраз на неповторливата
крајот, тоа се тие некои наши внатрешни
идентитети, преиспитувања на истите и има
една реченица која вели: Домот е таму
каде што боли! Постхумно ова е начин да
докажеме дека ќе добие спомен дом, едно
засолниште за неговите моќни мисли.” –
истакна Дијана Колонџовска.
„Неговите интимни мисли кои успеа тој
да ги сподели на хартија со нас, беа главната
инспирација во создавањето на концептот
на просторот. Неговите цитати се апсолутно
безвременски. Тие звучат подеднакво
актуелно како пред 30 и кусур година, така и
денес. Нашиот проект „Цртај на македонски
јазик” идеално се вклопува со култната ТВ-
серија за деца, а по неа и сликовницата
македонска книжевност, култура и традиција.”
– изјави Ленче К. Јагоридовска, која исто така е
дел од овој проект.
„Овој проект доби многу на публицитет
и доволен мотив за да можам да продолжам
да работам на оваа манифестација со кој се
афирмира македонскиот јазик и македонските
вредности воопшто. Вториот проект беше
во Битола во една од читалните на НУУБ „Св.
Климент Охридски‘’ – Битола, насловена како
„Прочитај ме имам нешто да ти кажам“ –
додаде Колонџовска.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 20248
Оваа година преку две предавања
на м-р Јелена Петровска и Ирена Колевска,
учесниците можеа да се запознаат со
историјата и концептите на доживотното
учење и активности кои ги подржуваат
овие програми. Беше отворена и тема за
професионализација на библиотечната
струка поради фактот дека факултетските
библиотекари не се препознаени во
библиотечното работење во државата,
преку предавање за аплицирање за стручни
звања.
ЧЕТВРТ СТРУЧЕН СОБИР НА ФАКУЛТЕТСКИТЕ
БИБЛИОТЕКАРИ
15 октомври 2024
Во рамките на напорите на НУ
Универзитетска Библиотека „Св. Климент
Охридски“ - Битола да стане активен
чинител во подигање на квалитетот на
студирањето како членка на Универзитетот
во Битола, библиотеката веќе четири
години го организира собирот на
факултетските библиотекари. Оваа година
собирот кој носеше наслов „Доживотно
учење и професиоално усовршување во
библиотечната дејност“, беше одржан во
присуство на библиотекари од факултетските
библиотеки и библиотекари од нашата
библиотека кои зедоа активно учество.
Библиотекарите имаа прилика да се запознаат
со практични и актуелни знаења од областа на
библиотечното работење, кои понатаму можат
да ги имплементираат во своите библиотеки.
Во претходните години е донесена
и стратегија за развој на факултетските
библиотеки, која е доставена до Универзитетот
со цел да се подобри квалитетот во
нивната работа. Направени се и чекори кон
автоматизација на библиотечното работење
на Универзитетот преку работна средба и
презентација на COBISS во Ректоратот. м-р Јелена Петровска, библиотекар
советник - програмски раководител и
Ирена Колевска, библиотекар
Проектот е поддржан од Министерство
за култура на Р. С. Македонија.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 2024 9
Пред присутните гости и писатели
се обрати и координаторот на проектот,
библиотекар м-р Гордана Ѓоргиевска
Неделковски, исто така заблагодарувајќи
им се за нивниот целокупен ангажман во
креирање на овој зборник кој ќе остане
трајно сведоштво за нивниот придонес во
македонската литература и книжевност.
За сам почеток сите присутни има
можност да слушнат прекрасна изведба
на професорката Николина Поповска
која прочита текст од писателот Добре
Тодоровски во чест на покојниот автор
Панде Манојлов. Присутните гости потоа
има можност да слушнат извадоци од дела
од писателите: Добре Тодоровски, Илче
19. РОДНОКРАЈНА СРЕДБА НА БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ
30 октомври 2024
На ден 30.10.2024 во НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола, се одржа 19.
Роднокрајна средба на битолските писатели
од Македонија. На оваа средба учество зедоа
голем број роднокрајни писатели кои и оваа
година доставија своите дела на повикот
за изработка на зборникот од тркалезната
маса на тема „На страниците на една книга“.
Средбата ја отвори директорот на НУУБ
„Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Бојан
Стефановски, кој изрази благодарност до
присутните за нивната соработка и им посака
уште многу години заедно да ја одржуваме
оваа роднокрајна средба.
Стојановски, Светлана Папачек, Сања
Видановска-Мучкајева, Даниела Андоновска-
Трајковска, Весна Муднишевска-Вељановска,
Милица Радевска, Биљана Тодоровска,
Митра Дупчиновска и Елизабета Јончиќ.
Други автори кои исто така допринесоа во
изработувањето на овој зборни се: Петре
Димовски, Златко Жоглев, Ванде Ганчевски,
Биљана Димко, Христо Петрески, Мирјана
Стојановска, Никола Илијовски и Јована
Матевска Атанасова.
На крајот од средбата неколку ученици
љубители на пишаниот збор исто така ни
се претставија со свои творби посветени на
градот Битола. Голема благодарност до сите
присутни на средбата.
Kоординатор на проектот:
м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 202410
По извршените консултации
со одговорни лица во НУБ „Св.
Климент Охридски“ – Скопје,
Управниот одбор на Библиотеката го
донесе Правилникот за ревизија
и отпис на библиотечниот мате-
ријал кој е подготвен од страна
на Програмскиот раководител и
стручните лица на Библиотеката.
Исто така беше изработен и
Акционен план за ревизија за
определување на динамиката на
ревизијата.
УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА РЕВИЗИЈА
ВО НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
Ревизијата на библиотечниот фонд
на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
се спроведуваше во текот на 2024 година, а
истата претставува законска обврска според
Законот за библиотеки која се изведува
еднаш на десет години. Бидејќи се работи
за низа сложени и комплексни активности,
истата беше добро подготвена, испланирана,
организирана и реализирана.
Комисијата за Ревизија беше
назначена на 25.03.2024 година во состав
Милка Котевска (претседател), Јелена
Петровска, Фатма Бајрам Аземовска, Ирена
Колевска и Зоран Јанакиевски (членови на
комисијата). Комисијата редовно го следеше
процесот на ревизијата преку меѓусебна
комуникација и состаноци на кои се донесуваа
заеднички одлуки во врска со текот на
ревизијата.
Постапката за извршување на
оваа ревизија беше во сегментот „CO-
BISS3 Инвентар“, во кој директно се врши
отчитување на фондот на платформата CO-
BISS, без да има влијание во извршувањето на
секојдневните активности на Библиотеката во
COBISS програмата (позајмување, враќање,
продолжување на библиотечниот материјал).
Ревизијата се изведуваше со отчитување на
баркодот од лепенките со помош на бар-
код читачи што ја олеснуваше и забрзуваше
целата постапка. На целиот фонд, освен на
задолжителниот примерок и раритетниот
материјал, им беше ставен печат Р2024.
Отчитувањето на библиотечниот фонд се
спроведуваше етапно, во инвентари отворени
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 2024 11
за ревизија и отпис на библиотечниот
материјал, со големо внимание и стручност
се пристапи кон обележување на оштетена
и библиотечна граѓа предложена за отпис, а
се со цел да се олесни следната постапка по
ревизијата, отпис на библиотечната граѓа.
Во текот на ревизијата се наиде
на повеќе неправилности кои тековно се
поправаа: избришани и грешни лепенки
(несоодветен инвентарен број, формат или
сигнатура); грешно наредени книги според
сигнатура и формат; измешани книги помеѓу
оддели (магацински со архивски и обратно,
детски книги во магацин за возрасни и
обратно); дислоцирани книги без соодветна
промена во полето 996/997 (магацински со
архивски и обратно); грешно обработени
книги; книги со статут 8 или 9; вратени, а
нераздолжени книги и сл. Исто така тековно
беа заменети над 2000 нечитливи или
оштетени лепенки.
Во текот на отчитувањето, а во
согласност со донесениот Правилник
според подлокациите и интерните ознаки на
нашиот фонд: оддел за архивски примерок,
магацин (туѓа литература, периодика,
музикалии, електронски книги и др.), детски
оддел, дневна соба, мултимедијална збирка,
роднокраен оддел и др.
Извештај за текот и препораките на
ревизијата е изработен и се дополнува до
конечен годишен извештај. Како претседател
на Комисијата за ревизија, се заблагодарувам
пред се на членовите на комисијата кои со
своето залагање допринесоа за законска
и квалитетно извршена работа, како и
на дел од вработените кои не се штедеа
себеси и максимално се вложија за успешна
реализација на Ревизијата 2024 година.
м-р Милка Котевска, виш библиотекар
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 202412
ИСКУСТВА ОД ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА И
ЧИТАЛНА ВИНКОВЦИ - Р. ХРВАТСКА
6 септември 2024, Винковцки - Хрватска
Во рамките на проектот за еворо-
интеграции, подржан од Министерството за
култура и поканата од Градската библиотека
Винковци, реализирана е стручна посета
на библиотеките во Винковци и Вуковар (Р.
Хрватска). Покрај стручните разговори во врска
со можностите за користење на европските
фондови во областа на библиотечното
работење, на средбата имавме можност да
размениме искуства за ревизијата и отписот на
библиотечната граѓа, за просторни решенија
при сместувањето на фондот, евалуација и
подигање на квалитетот на библиотечните
збирки и сл.
Раководителот на Матичната служба
на регионот Ива Пезер Грковиќ ни посочи
дека ревизијата на библиотечниот фонд
е задолжителна мерка на територијата
на државата. Таа, освен како законската
обврска на целиот фонд за одреден период,
претставува и секојдневна обврска на
библиотекарите кои се задолжени за следење
на фондот. На тој начин библиотеките
редовно вршат годишна ревизија и отпис на
библиотечниот фонд, а на секои десет години
и редовна ревизија предвидена со законите
и правилниците од областа на библиотечното
работење. Неактуелна библиотечна граѓа,
особено популарна литература во согласност
со критериумите за читаност и оштетеност
на материјалите, а по добиена согласност и
одобрение од Националната библиотека, се
излачува од фондот и на тој начин постојано
се грижат за просторните можности за
сместување, актуелноста и физичката состојба
на библиотечната граѓа.
Редовното пратење на фондот е
задолжителна мерка, редовно проследена од
Матичната служба на регионот и државата.
Примероците, за кои ќе се утврди дека треба
да бидат извадени од фондот, секако во
согласност со библиотечните критериуми
и законските прописи, по спроведената
процедура се продаваат во холот на
библиотеката по исклучително ниски цени.
Со оглед дека се работи за релативно понови
наслови, заинтересираноста на корисниците
е голема, со што библиотеката добива
дополнителен дел од финанскиски средства
кои понатаму ги вложува во поголем избор и
квалитет на понудената библиотечна граѓа.
Од посетата на Вуковарската би-
блиотека и разговорот со директорот и
стручните лица, бевме известени за текот
на продажба на книгите за сите возрасти, од
литература за деца до бестселери кои повеќе
години не се барани. Книгите беа изложени
во библиотеката, а самата акција беше
популаризирана со локалните медиуми, што
доведе до голема побарувачка и продажба на
овие книги. Примероците кои нема да бидат
продадени, во согласност со библиотечните
правилници, ќе бидат рециклирани како стара
хартија.
На тој начин библиотекарите
одговорно и стручно се грижат за
сместувањето на библиотечниот фонд кој
во најголема мера е со отворен пристап т.е.
не е оптоварен со застарена и неактуелна
литература, и ги застапуваат принципите
на современото библиотечно работење.
Библиотечната граѓа е наполно во функција
на корисниците, како во однос на интересите,
уште повеќе во согласност со нивните барања,
што всушност е и основа на најсовремено
библиотечно работење.
м-р Јелена Петровска, библиотекар советник
м-р Милка Котевска, виш библиотекар
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 2024 13
на библиотекарите, Занимливости од светот
на книгата, Библиотеката низ печатот и сл. Во
овие 20 години излегоа од печат и неколку
јубилејни броеви на списанието за достојно
одбележување на јубилеите на нашата
установа.
Библиотеката во рамките на ова
списание им овозможи на своите вработени
слободно да ги изразат своите идеи и знаења,
да ги пренесат своите искуства од стручна и
популарна природа во сите овие претходни 57
броја од списанието.
Следствено знаејќи го значењето на
Списанието за нашата установа и нашите
вработени се изработи оваа ретроспективна
библиографија, со цел лесно и прегледно
пристапување до сите написи во него, брзо и
систематско истражување низ еден пат низ
културата, стручната и библиотечната работа.
Конкретно оваа публикација содржи
579 библиографски единици. Податоците се
истражувани во локалната база и взаемната
база на Кооперативен онлајн библиографски
систем и сервиси COBISS.MK. Библиографските
БИБЛИОГРАФИЈА НА „БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД“
По повод чествувањето на нашиот
патрон Св. Климент Охридски, во склоп на
другите манифестации организирани во
библиотеката, се одржа промоција на овогоди-
нешната Библиографија на „Библиотечен
тренд“, списание на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола, 2003-2023. Оваа
ретроспективна библиографија ја составија,
уредија и редактираа: Гордана Пешевска,
библиотекар-советник, Ленче Андоновска,
библиотекар-советник и Катерина Пејкоска,
библиотекарски помошник. Националната
установа - Универзитетска библиотека „Св.
Климент Охридски“ – Битола ја публикува и
издаде ретроспективната „Библиографија на
„Библиотечен тренд, списание на НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола, 2003-2023“ по
повод 20 годишниот јубилеј од излегувањето
на списанието „Библиотечен тренд“, Првиот
број од ова списание излезе во 2003 година
по одобрениот проект од Министерството за
култура, за проекти од национален интерес од
областа на издавачката дејност.
Идејата за ова списание беше
промоција и популаризација на целокупната
работа на вработените во нашата библиотека
во секторите и одделенијата во Библиотеката,
библиотечната, издавачката и меѓународната
дејност, стручната и културно-просветната
мисла на библиотечните работници во нашата
установа.
Дваесетгодишниот период на
континуирано излегување на ова наше
списание ги отсликува сите позначајни
активности од стручен и популарен карактер
во Националната установа - Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Списанието е конципирано во
повеќе рубрики: Библиотеката од идеја
до реализација, Од изданијата на НУУБ,
Библиотеката низ оддели и активности,
Интервјуа со познати писатели, Од животот
(од уредниците на библиографијата: Гордана Пешевска, библиотекар-советник,
Ленче Андоновска, библиотекар-советник и Катерина Пејкоска, библиотекарски помошник)
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 202414
библиографска граѓа, како и имиња на автори
цитирани во библиографската забелешка.
Регистарот е подреден азбучно, застапени
се сите форми на имиња кои упатуваат на
единствената именска определница. Во
предметниот регистар секој предмет-тема
се обработува самостојно и одделно и со тоа
предметниот регистар ја исполнува основната
задача да овозможи точна, брза и непосредна
информација за дадените статии содржани во
Библиографијата.
Со оваа значајна публикација уред-
ниците направија напори да се остави една
библиографија од непроценливо значење за
идните истражувачи.
единици во публикацијата се одредени
со следните елементи: автор, наслов,
списание во кое е објавен написот, број на
страниците и УДК индекс. Библиографијата
има селективен карактер. Застапените
единици се библиографски обработени „de
vizu“ според ISBD (Меѓународен стандарден
библиографски опис). Библиографијата
е средена азбучно и содржи Регистар на
наслови, Регистар на автори и Предметен
регистар. Регистарот на наслови ги
содржи сите главни стварни наслови на
библиографските единици кој исто така е
подреден азбучно. Регистарот на автори
содржи имиња на лица кои што учествувале
во создавањето на содржините на вклучената
егзистирање е постоење на Универзитетска
библиотека. Со основањето на вториот
универзитет во Република Македонија во
Битола, во 1979 г. Матичната библиотека
од Битола ја проширува својата дејност и
почнува да врши и универзитетска функција.
Со текот на времето дејноста и ингеренциите
се прошируваат, па денес библиотеката е
Национална Установа – Универзитетска
билиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Бидејќи факултетските библиотеки
при УКЛО (освен Педагошкот факултет),
не се поврзани со системот COBISS и не
нудат задоволителна услуга и квалитетна
понуда на библиотечен материјал и
соодветна литература, Универзитетската
библиотека е единствениот и главен
стожер за информациското подучување на
заинтересираните.
Според тоа, Универзитетската
бибилотека треба да биде главна водилка
во академскиот и научниот свет, бидејќи
библиотеките секогаш се главните
придвижувачи во поддршка на науката и
знаењето.
УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА – ЗНАЧАЕН ЦЕНТАР
НА НАУЧНАТА МИСЛА
Универзитетска библиотека претставу-
ва независна професионална организација
во рамките на одреден Универзитет, како и
матична библиотечна институција за сите
други библиотечни единици на Универзитетот.
Таа претставува општонаучна институција која
е дел од високообразовниот систем. Со своите
услуги наменета е за научни истражувања
од универзитетски професори, магистранти,
докторанти, дипломци, додипломци и за сите
други заинтересирани за научната мисла и
висоокообразовната едукација.
За основање на Универзитет,
важен услов при неговото формирање и
д-р Светлана Талеска
библиотекар - советник
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 2024 15
Со осовременувањето на техниката
и технологијата, во време кога интернетот
и GOOGLE станаа главни извори на
информации, најчесто кај младата
популација, а неретко погрешни и неточни,
Универзитетската библиотека треба да се
насочи кон привлекување на својата целна
група – студентите и научните работници во
користењето на базите на податоци како и
библиотечните материјали кои библиотеката
им ги нуди за нивна квалитетна едукација и
професионално усовршување. Во таа насока
би го истакнала постоењето на голем број на
извори на научни информации кои на своите
корисници им го нуди фондот од магистерски
и докторски трудови, кои библиотеката ги има
на располагање.
Во склоп на библиотечниот фонд
постојат и две библиграфии со преглед на
магистерски и докторски трудови. Првата
библиографија со трудови од 1955 до 1990 г.
и втората библиографија со трудови од 1991-
2016г. Секако дека во базата на податоци се
внесени и сите други пристигнати материјали
од магистерски и докторски трудови,
обработени по сите стандарди на COBISS
работењето, чија бројка моментално изнесува
некаде околу 1700 примероци.
Покрај магистерските и докторските
трудови, Универзитетската библиотеката „Св.
Климент Охридски“ – Битола, нуди и огромен
број на стручна литература од разни научни
области, која на корисниците им нуди широк
спектар на податоци корисни и употребливи
за нивна едукација и надградување.
Целата таа литература е основна и
главна водилка на образованието и науката,
како и темел за научно-истражувачка работа
на сите заинтересирани за стекнување
на нови знаења и напредување во своите
професионални кариери.
Цел на Универзитетската библиотека
е да биде релевантно призната, национално
и научно битна, регионално ангажирана и
да биде активен учесник во напредокот на
пошироката општествена околина во која
што егзистира и Универзитетот. Да биде
библиотека која својот развој ќе го темели
и координира со развојот на педагошките,
научно-истражувачките и стручните подрачја
на Универзитетот.
Универзитетот во Битола вклучува 12
високообразовни институции – 10 факултети,
1 висока школа и 1 научен институт, од
различни научни полиња и области:
природни науки, техничко-технолошки,
медицински науки и здравство, биотехнички
науки, општествени и хуманистички науки.
Во соработка со УКЛО, Универзитетската
библиотека во Битола, секоја година од
Универзитетот ги добива магистерските и
докторските трудови кои се одбранети во
тековната година.
Универзитетската библиотека треба
да се стреми уште повеќе да ја зголеми и
интензивира соработката со УКЛО, преку
разни осмислени активности со кои би се
промовирале научните теми, области, стручни
лица и литература потребни за студентите и
сите останати постдипломци.
Во рамките на перспективните
стратешки цели на Универзитетската
библиотека најмногу треба да се земат во
предвид приоритетните подрачја кои се
насочени кон развитокот на целосниот
библиотечен систем на Универзитетот.
Потребата од задоволување на
стандардите за современост, ефикасност,
солидна понуда на квалитетни и точни
информации и како и еден вид заштитник на
пишаниот збор, Универзитетската библиотека
сѐ повеќе треба да го актуелизира прашањето
за научно осмислен и глобален приод во
сферата на квалитетна понуда на библиотечен
материјал заснован врз темелни истражувања,
точни информации и активно поддржување на
научната мисла.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 202416
содржини или функции, имаат културно и
историско значење и заради нивна заштита
и користење се наоѓаат под правен режим
согласно со овој и друг закон (Службен весник на
РМ бр.20/2004).
Библиотечните добра во Националната
установа – Универзитетска библиотека „ Св.
Климент Охридски“ - Битола претставуваат
повеќе видови на библиотечни материјали
кои го отсликуваат нашето минато. Најпрво
тоа се старите и ретки монографски и
периодични публикации кои што се издвоени
од останатиот библиотечен материја, а дел
од нив се изложени во музејската постава
на библиотеката со цел да се презентираат
на јавноста. Библиотеката располага со 279
уникатни примероци на книги кои што во
нивниот библиографски запис се означени
како раритетни. Најстарата монографска
публикација со која располага библиотеката
е Manuel de médecine opératoire - прирачник
за оперативна медицина од авторот Joseph
François – Malgaigne, издаден во 1853 година
во Париз. Потоа следат романот Vie de Jésus
(Животот на Исус) од Ernest Renar, издаден
во 1863 година, прирачникот Manuel du chi-
miste-agriculteur од Armand Florent Pouriau,
БИБЛИОТЕЧНИТЕ ДОБРА ВО НАЦИОНАЛНАТА УСТАНОВА
УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА
„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА
Библиотеките имаат голема традиција
и влијание во културната историја на
секоја држава. Нивната главна функција
им овозможува на корисниците пристап
до нивните фондови, а со тоа и пристап до
културното богатство кое го поседуваат.
Националната установа – Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола
е современа установа која располага со преку
500.000 единици библиотечен материјал,
од кои што значаен дел (над 70.000) се
библиотечни добра.
Библиотечниот материјал што е
утврден како библиотечно добро согласно
Законот за заштита на културното наслед-
ство и реткиот библиотечен материјал
и согласно на акт за заштита, е прогласен
за културно наследство и истиот е под
посебен правен режим на заштита како
културно наследство (Службен весник на РМ
бр. 66/2004). Додека пак културно наследство
во смисла на овој закон се материјални и
нематеријални добра коишто, како израз или
сведоштво на човековото творештво во
минатото и сегашноста или како заеднички
дела на човекот и природата, поради
своите археолошки, етнолошки, историски,
уметнички, архитектонски, урбанистички,
амбиентални, технички, социолошки и други
научни и културни вредности, својства,
Маријан Колевски, библиотекар
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 2024 17
ракописи од Ванчо Николески, Владимир
Костов како и ракописите и личните предмети
од Анте Поповски. Библиотеката располага
и со технички предмети кои што се дел од
нашето културното и историско минато,
односно тоа се две печатарски машини од
кои на едната бил испечатен вториот број на
весникот Нова Македонија на 14 ноември
1944 година, во Државна штампарија и
цинкографија „Гоце Делчев“ - Битола. Потоа
машина – хефталица со која се спојувале
страниците и листовите на печатените
материјали, стега – преса со која се лепеле
и прицврстувале печатените материјали во
процесот на работа, машина за пишување итн.
Библиотечните добра со кои располага
Националната установа – Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ од
Битола претставуваат значаен библиотечен
материјал кој дава слика на нашето
културно и историско минато. Во него е
презентирана историјата на овој простор,
каде под влијанието на различните култури се
изградуваат темелните вредности на нашиот
народ. Нашето минато и нашиот поглед
на него ја одредува или може да ја одреди
нашата иднината. Затоа без откривањето и
зачувувањето на нашите сопствени корени,
ние не можеме воопшто да ја градиме и
извишуваме нашата сопствена култура.
Во нашето културно и историско
минато е изграден нашиот идентитет кој што
претставува наш белег за распознавање.
Затоа наша обврска е да се грижиме за
тој материјал најдобро што можеме, да го
откриваме и промовираме нашето културно
минато и да воспоставиме со него единствен
и културен континуитет кој ќе претставува
основа на нашата држава за идните генерации.
______________________
Сите податоци се преземени од апликацијата
COBISS3 на Националната установа – Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
(пристапено на 01.10.2024)
издаден во1866 година, книги на бугарски
јазик како: ПЬрвата книга Моисеева, Бытие
издадена во 1871 година во Цариград во
„Печатница на Македонија“ (ВЬ печатницѫ
на Македонііѫ), потоа следат книги на српски
јазик Рат Србије са Турском за ослобођење
и независност : 1877-78 године издадена
од Оперативно одељење Врховне команде
во Белград - 1879 година, Стара Србија и
Македонија од Спиридона Гопчевића - 1890
година и др.
Од раритетните периодични публи-
кации со кој располага библиотеката издвоени
се 15 наслови, од кои најстари се броевите
1-52 од весникот Бранково коло : за забаву,
поуку и књижевност, издаден во 1908 година
во Сремски Карловци - Србија. Потоа има
голем дел од списанието Венац: књижевни
омладински лист, издадено во 1925 година
во Белград, Глас омладине с Југа, издаден
во 1927 година во Битола, вториот број од
весникот Македония, издаден 1941 година
во Скопје (на бугарски и германски јазик),
Пелистерско ехо кој се печател за време на
Втората Светска војна во Битола, весникот
Пелагонија од 1945 година итн.
Покрај овие раритетни примероци
на монографски и периодични публикации,
најголем дел од библиотечните добра
на библиотеката го сочинува архивскиот
примерок на библиотечна граѓа. Од 1954
година НУ – Универзитетска библиотека „Св.
Климент Охридски“ - Битола е прогласена
за македонски депозитар и има постојан
прилив на библиотечен материјал кој
претставува нејзин задолжителен примерок.
Задолжителниот (архивски) примерок го
сочинуваат преку 70.000 монографски
публикации кои што се со континуиран
прираст. Библиотеката располага и со 1227
одбранети магистерски трудови во период од
1978-2021 година и 399 докторски дисертации
од 1978-2023 година кои што исто така
претставуваат задолжителен примерок на
установата т.е. нејзино библиотечно добро.
Во музејската постава на библиотеката
изложени се и раритетни примероци на
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 202418
Иако во одреден период бев избран
за програмски директор на установата,
за мене успех претставува секој момент
од моето професионално работење во
библиотеката бидејќи тоа го правев со
љубов.
Кои се поголеми проекти во кои сте
учествувале?
Работата како библиотекар може
да претставува вистински предизвик
доколку го посакувате тоа. Долги години
бев член на редакцијата на списанието
„Библиотечен тренд“ каде што објавував
свои осврти за книги од познати
македонски и странски автори, како и
други свои текстови.
Активно и континуирано сорабо-
тував при подготовката и издавањето
на повеќето публикации на НУУБ „Св.
Климент Охридски“ - Битола како што
се: „Библиотеките во Битола“ (2009),
„Библиотеките во црквите и манастири-
те во Преспанско - пелагонискиот регион“
(2010), „НУУБ „Св. Климент Охридски“
во меѓународната соработка“ (2011),
„Библиотечната дејност во Битола
и битолско“ – книга 1 (2012) и книга 2
(2013), соработував во подготовката на
книгата „Раскази и народни песни“ од
Ванчо Николески, бев уредник на неколку
изданија од билтенот „Поетски бранувања“
и др.
РАЗГОВОР СО ИЛЧЕ СТОЈАНОВСКИ,
БИБЛИОТЕКАР ВО ПЕНЗИЈА
Илче Стојановски е роден во 1960г.
во Ресен, а своето високо образование
го завршил на Факултетот за учители
и воспитувачи при Универзитетот „Св.
Климент Охридски“ во Битола. По долги
години минати низ полиците со книги
библиотекарот Стојановски се пензионираше.
Преку ова интервју ќе дознаеме нешто повеќе
за неговата дејност во културата, каде што
помина поголем дел од неговиот работниот
стаж.
Како започна Вашата дејност во
културата и кои работни позиции ги имавте во
библиотеката?
Најпрво бев вработен во „Културно-
просветната заедница“ – Битола, односно
„Центар за култура и информации“
на местото референт за литературни и
драмски аматерски дејности. Таму работев
на едукација и анимација на млади и
талентирани творци преку организирање
и презентирање на бројни манифестации
од оваа област. Додека во Националната
установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ - Битола се
вработив 1996 г. како библиотекар во
нејзините реонски библиотеки. Потоа
работев во Одделот за зајмување на
библиотечен материјал за деца и возрасни,
во Одделот за информации и Одделот за
културни манифестации каде што стекнав
звање на виш библиотекар .
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 2024 19
во 1985 г. како издание по анонимниот
конкурс на Едицијата „АЛФА“ при
Книжевната младина на Македонија. Потоа
следат: „Поглед низ прозорецот“ (1991),
„Рачна резба“ (2010), „Сонце во сонот“
(2019), „Вознесени на зборот“ (2021) ,
„Тајната на тишината“ и „Што ни носи
денот“ издадени во 2024 г.
Друга значајна активност во кој
што сум учествувал подолг период
како претседател и член на комисија е
натпреварот Млади библиотекари, кој
претставува еден предизвик за младите да
се запознаат и вклучат во библиотечните
процеси од најрани години, со цел да
се создаде поттик и љубов кон оваа
професија.
Што Ве поттикна да пишувате поезија и
може ли да ни кажете нешто повеќе за вашите
литературни дела?
Со литературни дела и објави се
занимавам од најраното детство. Поезијата
е начин на кој ги претворам мислите,
чувствата и искуствата во зборови,
создавајќи нешто што не само ме смирува,
туку и ми помага да се поврзам со другите.
Често тоа беа мали моменти кои ме наведоа
да земам пенкало и да почнам да пишувам.
Преку поезијата ја гледам суштината на
животот скриена во секојдневните детали.
Со свои литературни творби сум
учествувал на повеќе литературни средби
и сум ги објавувал во повеќе весници и
списанија. Мои текстови се изведувани
како композиции на детските музички
фестивали „Златно славејче“, „Си - до“ и „Тра
- ла - ла“, како и фестивалите за забавни
мелодии „Интер фест“, „Мак фест“, „Евро
фест“ и др.
Моја прва книга е стихозбирката
„Остров во окото“ која што ја објавив
Мојата поезија претставува огледало
на постоењето и опстојувањето на
човекот со сите предизвици, предрасуди
и искушенија што ги носи животот. Во
неа секој може да се пронајде, да се
самоспознае и да го почувствува трепетот
на душата. Впрочем животот се состои од
обични нешта кои го следат човекот во
чекор како судбина.
Што најмногу ќе Ви недостига од
времето што го поминавте во библиотеката
и каква порака би им испратиле на младите
библиотекари?
Најмногу ќе ми недостига времето
поминато во допирот со книгата, моето
дружење и соработка со колегите и
размената на искуства и мислење со
читателите. На младите библиотекари
им препорачувам да си ја сакаат и
почитуваат својата работа, да го продолжат
континуитетот на оваа благородна дејност,
бидејќи Битола има традиција и култура
на негување на книгата и книжевното
творештво и таа го заслужува тоа.
Разговорот го водеше
Маријан Колевски, библиотекар
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 202420
придонесува секоја индивидуа да се развива
како личност што критички проценува,
заклучува и ги гради своите ставови и
уверувања. Ваквите организирани активности
не само што ја подржуваат инклузијата туку
и индивидуализмот го подигнуваат над
колективизмот, ги ослободуваат човечките
капацитети што се неопходни во изградбата на
едно демократско општество.
Дружбата со книгата и секоја друга
активност е предизвик да им се олесни
нивниот живот и да се направи рана детекција
на попреченост за да може да се премостуваат
тешкотиите што се јавуваат како последица
на недостатокот, односно супструктурата
кај тие личности со цел да се развие силен
конпензаторски механизам кој станува импулс
и обезбедува понатамошен развој
Практикуваме секојдневни вештини
кои можат да бидат предизвик за многу деца,
особено за децата со аутистичен спектар на
нарушување (АСН). Усвојувањето на некои
од овие вештини трае и неколку месеци.
За да биде утврдена секоја вештина бара
одреден број на повторувања. (пр. За да
стигне до самостојно и стабилно одење,
за развој на говорот, сфаќање на говорот,
паметење на зборовите и јазичните структури,
формирање на внатрешниот говор и јазичното
мислење, како и развојот на надворешната
манифестација на јазикот т.е. активната
комуникација на социјален план, освен
другите активности, потребно е да се читаат
многу книги.
Книгата и читањето им овозможуваат
развој на логичкото мислење, помнењето
и формирање на правилна конструктивна
реченица, како и правилна употреба на
зборовите на соодветни места.
Читањето е инвестиција која ќе им го
олесни нивниот живот.
КНИГАТА - ПОТТИК ВО РАЗВОЈОТ
КАЈ ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Насекаде читаме дека децата треба да
читаат или да им се чита од најрана возраст.
Читањето се смета важно за развојот на
јазикот и писменоста бидејќи се работи
за плоден и клучен контекст на интимна
интеракција меѓу возрасниот и детето,
за време на кој двајцата се насочени кон
исто дејствие. На тој начин се зацврстува
емоционалната поврзаност меѓу родителот
и детето, наставникот и детето, средината
и детето и се поттикнува развојот на
вокабуларот, се создаваат позитивни ставови
кон читањето за подоцнежните години.
Овој сегмент е посебно значаен кај
децата со попреченост. Читањето книги
на децата и младинците со попреченост
претставува интегрален дел на единствениот
образовен и културен систем и се планира
врз идентични или многу слични определби
и генерални принципи како и кај сите други
поединци.
Токму затоа од суштинско значење се
работилниците кои ги организираме со децата
со попреченост, со кои изведуваме разни
активности со стручни лица од различни
области кои би помогнале во нивниот развој,
би ја подобриле нивната здравствена,
емоционална и социјална состојба и преку
тие активности би ја доближиле книгата до
нив со цел да се помогне во социјализацијата
на самите деца. Со ваквите работилници
во предвид се земаат различностите и се
д-р Јасминка Кочевска, библиотекар
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОTEKATA
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 2024 21
придонесе за понатамошно вмрежување
на Битолската библиотека со европските
институции, а со тоа се зајакнува нејзината
улога во локалната и пошироката заедница.
м-р Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар
советник
21-24 август 2024, Хелсинки - Финска
Од 21 до 24 август 2024 година, Фатма
Бајрам Аземовска, раководител од областа на
Развој на библиотекарството, меѓународна
соработка, маркетинг и односи со јавноста
при Националната установа Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ –
Битола, учествуваше во студиска посета
во Националната библиотека на Финска и
Градската библиотека „Оди“ во Хелсинки.
Оваа посета беше дел од проектот
„Дигитална инклузија за возрасни Роми
– стекнување знаења и вештини во
е-услугите“, финансиран од Еразмус+
програмата на Европската Унија.
Националната библиотека на Финска е
институција со долга традиција и огромно
значење за културното и образовното
наследство на земјата. За време на посетата,
Аземовска имаше можност да се запознае
со современите методи и технологии кои ги
користат во управувањето со библиотечните
фондови и дигиталните ресурси. Вработените
во Националната библиотека ги презентираа
нивните тековни проекти и иновативни
иницијативи, со што се отвори простор за
потенцијална соработка и размена на искуства
со НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола.
Покрај Националната библиотека, Азе-
ПОСЕТА НА ФИНСКИТЕ БИБЛИОТЕКИ
ЗА ДИГИТАЛНА ИНКЛУЗИЈА
мовска ја посети и Градската библиотека „Оди“,
која е симбол на модерната библиотекарска
архитектура. Таа нуди разни креативни
простори, работилници, и дигитални
платформи кои се достапни за сите граѓани,
со што претставува вистински центар на
културниот живот во Хелсинки.
Посетата на овие библиотеки ќе
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОTEKATA
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 202422
придружни елементи како игралиште за деца
и одмор за возрасни. Располага со најнова
технологија од библиотечното работење
(книгомат, виртуелна реалност, 3Д печатари,
мобилни апликации, библиобус итн.) Проектот
наречен „Култура во движење“ е еден од
повеќе проекти кои привлекуваат внимание
токму поради програмите во библиобусот и
можностите за различни интерактивни средби
со граѓаните на територија на целата општина
Винковци.
На стручната средба во библиотеката
во присуство на вработените од сите оддели
беа претставени новите проекти на нашата
библиотека и отворањето на новиот простор
„Дневна соба на градот“ како пример за
посветеност кон потребите на заедницата во
однос на реализација на милениумските цели
во областа на образование, информации,
квалитетно користење на слободното време
и др. Исто така беа отворени прашања
за европските фондови и можности за
унапредување на библиотечното работење во
државата и регионот. Посочен беше примерот
на меѓусебната соработка на библиотеката од
Винковци со соседната држава Р. Србија, која
веќе работи на искористувањето на ресурсите
и можностите кои се нудат во однос на
евроинтегративните процеси.
ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЕВОИНТЕГРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ
ВО БИБЛИОТЕЧНОТО РАБОТЕЊЕ
5-6 септември 2024, Винковци – Хрватска
Во рамките на остварување на
годишната библиотечна програма подржана
од Министерството за култура на Р.С.М.,
реализиран е проект од Секторот на Европски
интеграции. Целта на проект е запознавање
и примена на искуства од хрватските
библиотекари со имплементирање на
програми поврзани со евроинтегративните
процеси во културниот сектор преку
библиотечни содржини, и можности за
соработка на европските проекти.
Новиот современ простор на
библиотеката од Винковци отворен е минатата
година под слоганот „Твојот нов дом“ со
помош на пошироката заедница и користење
на европските фондови. Библиотеката
беше до темел срушена во последната
војна и после десетици години работа во
привремен простор, со лобирање и залагање
на поширока библиотечна заедница успеа
во 2023 година да отвори нова библиотека
која ова година доби и престижна награда
за Библиотека на годината од Хрватското
библиотекарско здружение.
Концептуално решена како
најсовремен библиотечен простор, наполно
во функција на нејзините разновидни
активности со сите возрасти, функционира
и со дополнителни надворешни сали кои
се користат и кога библиотеката не работи.
Библиотеката има помал парк со сите
м-р Јелена Петровска, библиотекар советник
- програмски раководител и
м-р Милка Котевска, виш библиотекар
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОTEKATA
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 2024 23
горди, заради осовременување на услугите и
подигнување на квалитетот во автоматизација
на библиотечното работење.
Во однос на проблемите со ракувањето
и евалуацијата на библиотечниот фонд,
библиотекарите кои работат со фондот на
библиотеката секојдневно го следат истиот
и даваат предлози за излачување и отпис на
библиотечната граѓа на годишно ниво, во
согласност со критериумите кои се дадени
како насоки, а кои најчесто се однесуваат на
оштетеност на граѓата, неактуелна граѓа, т.е.
граѓа која што повеќе време не е позајмена.
РАБОТНА СРЕДБА ВО ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА ВУКОВАР
Проект од областа на имплементација на евроинтегративните процеси во
библиотечното работење
10 септември 2024, Вуковар - Хрватска
Во Градската библиотека Вуковар,
на покана од директорот на библиотеката
Анита Баиер Јаковац,а во придружба на
Раководителот на матичната и развојна служба
на регионот Ива Пезер Грковиќ од Библиотека
и градската читална Винковци, остварена е
работна посета и средба со вработените во
библиотеката.
Темите на средбата се однесуваа на
квалитетот и евалуацијата на библиотечното
работење од аспект на следење на
библиотечните процеси од страна на
Матичната развојна служба, градење на
библиотечните збирки, следење на фондот,
ревизија, отпис на библиотечната граѓа и
ракување со отпишаниот материјал и сл.
Редовни и вонредни инспекции на Матичната
и развојна служба се целосно во корист на
библиотеките и нивните потреби во однос
на решавање на организациски, просторни,
технички и други проблеми во тековното
работење на библиотеките.
Директорката нè извести дека во тек е
набавка на книгомат, проект на кој се особено
Овие постапки се само дел од редовната грижа за
просторните можности на библиотеката, но уште повеќе за
барањата на корисниците.
Беше задоволство и мотивација да се посетат
просториите на библиотеката во Вуковар, која се наоѓа во
приземје на станбена зграда, во доста скромни простори
кои со помош на извонредната креативност на вработените
и залагањето на раководниот кадар, придонесуваат секој
посетител да чувствува пријателска покана за дружење со
книгата.
м-р Јелена Петровска, библиотекар советник -
програмски раководител и
м-р Милка Котевска, виш библиотекар
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОTEKATA
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 202424
решение за позајмување COBISS Ela, е-книги и
воведување на нови генерации библиотечни
софтвери (COBISS Lib, COBISS Cat и CO-
BISS+), презентација на нови библиографски
модели на податоци и други атрактивни
теми. На настанот учествува околу 200 лица
од различни држави, меѓу кои и Македонија,
Словенија, Србија, Бугарија, Албанија, Босна
и Херцеговина, Норвешка, Холандија и Црна
Гора, а онлајн предавањата ги следеа повеќе
од 500 слушатели од 11 земји.
Тема на конференцијата беше:
„Заедно ја зајакнуваме довербата во науката
и развојот“. Беа одржани 34 предавања
од истакнати домашни и странски
експерти кои презентира на различни
теми: можноста за користење вештачка
интелигенција во библиотечниот софтвер
и библиотечните услуги за корисниците,
достапноста на услугите за ранливите
групи, воспоставувањето ново технолошко
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА COBISS 2024
23-24 октомври 2024, Марибор - Р. Словенија
Оваа година како претставник од НУУБ
„Св. Климент Охридски“ на Меѓународната
конференција COBISS 2024, која се одржа на
23 и 24 октомври 2024 година во просториите
на ИЗУМ во Марибор, Р. Словенија,
учествуваше м-р Милка Котевска, виш
библиотекар од одделението Комплетирање и
обработка на библиотечен материјал.
Од нашата држава учествуваа девет
учесници, а презентација имаше м-р Елизабета
Трпчевска - Петрушовска од библиотеката
,,Кочо Рацин” од Тетово на тема „Дали
библиотеките во Македонија се подготвени за
примена на вештачката интелегенција (ВИ)“.
Конференцијата
има за цел да ја
унапреди соработката
меѓу библиотеките и
научните институции
во регионот, поттикну-
вајќи ја примената на
современи информа-
тички технологии во
научните истражувања
и развојот на библио-
течните услуги.
м-р Милка Котевска, виш библиотекар
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 2024 25
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
наставник во ООУ Кочо Рацин – Прилеп.
“Дидактика за родители - нова перспек-
тива на воспитно-образовниот процес” –
презентација од проф. д-р Деан Илиев, УКЛО.
Еразмус+проект: „Синергeтско образование
на родители со деца со посебни потреби“ –
презентација од Татјана Зорчец - психолог,
Македонска асоцијација за применета
психологија СИМБОЛИКУМ Скопје.
Презентациите од различни експерти
обезбедија длабока анализа на предизвиците
и можностите во образованието на
родителите. Дискусиите и прашањата од
учесниците открија интерес и потреба за
подобрување на родителските вештини и
знаења.
15 мај 2024
На 15-ти мај 2024 година го
одбележавме Меѓународниот ден на
семејството. Одбележувањето на овој
ден има за цел да ја подигне свеста на
родителите и старателите за образованието
и воспитувањето на децата и нивната
благосостојба, но и да го назначи значењето за
воспоставување на баланс помеѓу работата на
родителите и нивната семејна улога.
Кои се предизвиците кои ги
носи родителството во современото
живеење? Имаат ли родителите потреба од
дополнителна поддршка? Што се прави на
оваа тема кај нас и дали постојат меѓународни
искуства од кои можеме да научиме? Со цел да
се потенцира важноста на образованието за
родители, во рамките на ЕПАЛЕ академијата,
ЕПАЛЕ Нaционалниот сервис за поддршка
организираше вебинар на тема Образование
за родители, или како да се биде родител од
новото време. Сите наведени прашања беа
одговорени преку повеќе презентации.
„Што е и зошто ЕПАЛЕ?“ – презентација
од Љупка Ќуркчиева, ЕПАЛЕ Координатор.
Потоа следеше презентацијата „За сѐ што им
замерувате на децата, тие тоа го виделе токму
кај вас!“, од м-р Гоце Бумбароски, одделенски
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И
ПРЕДАВАЊА
м-р Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар
советник - раководител на оддел Развој на
библиотекарството, меѓународна соработка,
маркетинг и односи со јавноста
м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски,
библиотекар
ВЕБИНАР ЗА ПОДОБРО РОДИТЕЛСТВО
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 202426
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
Преку своите дела и настапи,
Симиќ успева да пренесе длабоки пораки
за меѓусебното разбирање, толеранција
и соработка меѓу луѓето, поддршка итн.
Неговото излагање беше полн со емоции и
инспирација, истакнувајќи ја важноста на
уметноста како средство за зближување
на луѓето и поттикнување дијалог за
општествените прашања. Публиката
беше воодушевена од неговите стихови и
размислувања и на крај на настанот сите
присутни добија примерок од неговата книга.
ЛИТЕРАТУРНА ВЕЧЕР СО СТЕФАН СИМИЌ
18.05.2024
Во просториите на библиотеката се
одржа литературен настан кој го водеше
познатиот поет и социолог Стефан Симиќ.
Настанот привлече голем број љубители на
поезијата и културата, кои имаа можност да се
запознаат со творештвото и размислувањата
на овој истакнат автор Стефан Симиќ е
дипломиран социолог на Филозофскиот
факултет во Белград, кој што ни ги претстави
своите книги.
ИЗЛОЖБА „ПРЕДИЗВИК 12 ВРВОВИ“
20 мај 2024
Во холот на НУУБ „Св. Климент Охридски”
– Битола, поставена беше изложба на
30 фотографии на планинарот Бобан
Китановски. Изложбата е поттикната од
проектот „Предизвик 12 Врвови”, идеја на
планинарското друштво „Трансверзалец“ –
Скопје.
Овој проект се одржува веќе осум и пол
години и неговата цел е да се поттикне
планинарството во нашата држава и секој
месец да се освои барем по еден планински
врв во Македонија.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 2024 27
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
Голема благодарност
до менторот Жанета Ристевска
и до групата „Фушарски
глумци“ за овој прекрасен
настан.
ПЕРФОРМАНС НА МЈУЗИКЛОТ „МАМА МИА“
07 јуни 2024
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
во соработка со ООУ „Св. Кирил и Методиј“ –
Битола организира прекрасен перформанс на
мјузиклот Мама Миа во изведба на учениците
од деветто одделение од ова училиште, под
менторство на психологот Жанета Ристевска.
Пред присутните гости и родители,
учениците имаа прекрасна изведба на
најубавите песни на групата ABBA, кои што се
дел од филмот Мама Миа.
Разиграни, распеани ги испративме
деветто одделениците посакувајќи им
најубави желби во иднина и да продолжат
секогаш да се ведри, насмеани и полни со
креативност.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 202428
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
Љубе Митрејчевски, Весна Мундишевска-
Велјановска, Кире Неделковски, Сашо
Огненовски, Зоран Пејковски, Христо
Петрески, Михајло Свидерски, Гордана
Стојаноска, Мирјана Стојановска, Биљана Т.
Димко и Добре Тодоровски.
Учениците од графичка струка од
СОУ „Таки Даскало“ – Битола, овие вредни
факсимили ги подари на роднокрајно
одделение на библиотеката „Св. Климент
Охридски“ – Битола со што го збогатија
фондот на ракописи од роднокрајни автори.
На овој начин се придонесува за афирмација
на творечките дострели на писателите и за
зачувување на овие рачни писанија како
трајни вредности. Факсимилите од битолските
роднокрајни писатели, кои воедно се членови
на Друштвото на писателите на Македонија
се незаборавен белег на времето во кое овие
автори живееле и создавале.
ИЗЛОЖБА НА ФАКСИМИЛИ ОД РОДНОКРАЈНИ ПИСАТЕЛИ
11 јуни 2024
Во холот на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола поставена беше
„Изложба на факсимили од роднокрајни
писатели – членови на Друштвото на
писателите на Македонија“, подготвена
од ученици - графичката струка при СОУ
„Таки Даскало“ – Битола. Изложбата на овие
вредни примероци од своерачно напишани
творби од 24 реномирани писатели кои
потекнуваат или живеат и создаваат во
Битола, беше подготвувана скоро две
години. Секој факсимил е напишан на рачно
изработена рециклирана хартија која, по
повод 40-годишниот јубилеј на училиштето, ја
изработија учениците од графичката струка од
СОУ „Таки Даскало“ – Битола, под менторство
на Весна Мундишевска-Велјановска и
Валентина Ристеска, наставници по графички
стручни предмети, а изложбата е реализирана
во соработка со м-р Гордана Ѓорѓиевска-
Неделковски, библиотекар, координатор
на „Роднокрајните средби на битолските
писатели“.
Факсимили напишаа истакнатите
македонски писатели: Елизабета Баковска,
Димитар Башевски, Јордан Плевнеш,
Раде Силјан, Веле Смилевски, Даниела
Андоновска-Трајковска, Славица Гаџова
Свидерска, Милица Димитријовска Радевска,
Петре Димовски, Златко Жоглев, Никола
Илијовски, Владо Јаневски, Елизабета Јончиќ,
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 2024 29
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
Проектот „Креативни забавни
работилници за поттикнување на читањето
кај деца со попреченост – добри практики“
е поддржан од Министерството за култура
на Република Северна Македонија и има за
цел да ги поттикне лицата со попреченост
што повеќе да читаат, и на тој начин да го
подобрат нивото на нивното знаење. Затоа
оваа работилница ја искористивме заедно
да читаме, разговараме, другаруваме и
забавуваме со книгите, а преку гатанки и да се
натпреваруваме.
КАРАКТЕРИТЕ НА ЛУЃЕТО ВО БАСНИТЕ
28 јуни 2024
На втората работилница од проектот
„Креативни забавни работилници за
поттикнување на читањето кај деца со
попреченост - добри практики“, корисниците
на Центарот за поддршка на лица со
попреченост „Порака“ имаа можност да се
забавуваат и на хумористичен начин да ги
запознаат и да ги препознаат карактерните
особини на луѓето преку басни.
МОЈАТА БИТОЛА – ФОТОГРАФИИ И КАТАЛОГ
На 01 јули 2024 год. се одржа првата
работилница од проектот „Мојата Битола –
фотографии и каталог“
Проектот го реализираа библиотекарите:
Вера Марковска и Марија Марковска
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 202430
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
ДЕГУСТАЦИЈА НА КНИГИ ОД
МАКЕДОНСКИ АВТОРИ
30 август 2024
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
денеска организираше дегустација на книги
од македонски автори за средношколците од
градот Битола и околината.
Настанот имаше за цел да ги запознае младите
читатели со богатството на македонската
литература и да ги мотивира да читаат дела од
домашни автори.
Средношколците имаа можност да се
запознаат со различни книжевни жанрови и
стилови, како и да учествуваат во дискусии за
книгите што ги дегустираа.
Оваа иницијатива е дел од напорите на
библиотеката да поттикне љубов кон читањето
и да го поддржи развојот на културната свест
кај младите.
ТРЕНИНГ ЗА
МУЛТИПЛИКАТОРИ
6 септември 2024
Во просториите на НУУБ „Св.Климент
Охридски“ – Битола, успешно се одржа
тренингот за мултипликатори, кој е дел од
проектот „Sasas Jekhvar Jekh – Once upon a
time … and now“. На овој настан присуствуваа
ентузијасти, раскажувачи и поддржувачи
на ромската култура, обединети околу
заедничката цел – промоција на Европската
книга со ромски бајки и подготовка на
претстојните настани за раскажување
приказни.
Целта на тренингот беше да се
информираат присутните за содржината
и целите на проектот, како и да дадеме
поддршка на раскажувачите во планирањето
и спроведувањето на идните настани.
Учесниците имаа можност да се запознаат со
техниките за раскажување приказни и начини
на анимирање на публиката, со цел да го
пренесат духот на ромските бајки до новите
генерации.
Со оваа иницијатива се зајакнува
културната сцена во нашата заедница и се
промовираат вредностите на солидарност,
толеранција и креативност преку
волшебниот свет на бајките. Со заеднички
труд и ентузијазам создадовме основа за
незаборавни настани, кои ќе инспирираат
многу идни раскажувачи и љубители на
приказни.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 2024 31
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
деца приказни и поеми, со што ќе ги воведат
во магичниот свет на книгите.
Со оваа кампања вкупно беа доделени
околу 800 ваучери со кои на најмалите
ученици им се овозможи да ја запознаат
библиотеката и да ги користат нејзините
услуги. Насмевка на првачињата зборуваше
за тоа колку се тие среќни и желни за знаење,
а нашата желба е тие да станат наши верни
читатели.
Благодарност на сите раководни лица
во основните училишта кои ни дозволија да
бидеме дел од првите училишни денови на
најмалите ученици и заедно да ја споделиме
нивната радост.
ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО БИБЛИОТЕКАТА
ВАУЧЕРИ ЗА СИТЕ ПРВАЧИЊА
04 септември 2024
Национална установа – Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
и оваа година продолжи со својата кампања
„ВАУЧЕРИ ЗА СИТЕ ПРВАЧИЊА“, со која
што им овозможи на првачињата запишани
во учебната 2024/2025 година да добијат
бесплатна членарина во библиотеката.
Најпрво ги изненадивме најмалите
ученици од ООУ „Гоце Делчев“, на кои
директорот на библиотеката м-р Бојан
Стефановски лично им ги подели ваучерите и
им посака среќна и успешна учебна година.
Во наредните денови следеше посета
на првачињата од ООУ „Св. Кирил и Методиј“,
ООУ „Ѓорѓи Сугарев“, ООУ „Св. Климент
Охридски“, ООУ „Елпида Караманди“, ООУ
„Даме Груев“,ООУ „Стив Наумов“, ООУ „Д-р
Трифун Пановски“, ООУ „Коле Канински“ и ООУ
„Тодор Ангелевски“ сите од Битола, каде исто
така беа доделени ваучери.
Оваа активност има за цел да ја
поттикне љубовта кон книгите и читањето
уште од најраната возраст, како и да ги
охрабри учениците и нивните семејства да
негуваат читачки навики. Покрај тоа, сакаме
да ги инспирираме родителите и постарите
членови на семејството да им читаат на своите
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 202432
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
За крај овие прекрасни дечиња ги
испративме со подарок - книга, бидејќи
КНИГИТЕ се најмоќното оружје на светот.
МИР ВО СВЕТОТ ДА ЦАРУВА,
СЕКОЈ СО СЕКОГО ДА
ДРУГАРУВА!
01 октомври 2024
НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола
заедно со учениците од ОУРЦ „Кочо Рацин“-
Битола и учениците од трето одделение
од ООУ „Даме Груев“ - Битола реализираа
работилница по повод Меѓународниот ден на
знаковниот јазик и Светскиот ден на мирот
кои се одбележуваат во месец септември.
Преку прекрасна драматизација
на знаковен јазик на тема „ Мир во светот
да царува, секој со секога да другарува!“
учениците од двете училишта испратија силна
порака за мир во светот, покажувајќи големо
другарство и инклузија.
ЗАПОЗНАВАЊЕ СО РАБОТАТА
НА БИБЛИОТЕКАРИТЕ
1 октомври 2024
Во библиотеката се реализира
последната работилница од проектот –
„Креативни забавни работилници за
поттикнување на читањето кај лица
со попреченост – добри практики“, кој е
поддржан од Министерството за култура и
туризам на Р. Северна Македонија.
Лицата кои го посетуваат центарот
ЦПЛИП „Порака“ – Битола, имаа можност
да се запознаат и да научам повеќе за дел
од работните места кои ги извршуваат
библиотекарите во нашата библиотека. Низ
практични вежби и забава, направивме чекор
поблиску до светот на книгите, се со цел да ги
мотивираме да читаат повеќе. Бројки, букви
и лавиринтите низ магацините беа навистина
примамливи за некое прашање плус,
љубопитност која носи напредок.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 2024 33
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА
ДЕТСКАТА НЕДЕЛА
02 октомври 2024
Разиграни и насмеани, овој пат не
пречекаа дечињата во градинките „Кокиче“
и „Качунка“, како дел од активностите за
заедничко одбележување на Детската недела.
Тие имаа можност да слушна една прекрасна
приказна и за истата да разговараат. На
наше големо задоволство тие ни кажаа дека
дома имаат голем број на сликовници и
дека многу ги сакаат, а дел од нив доаѓаат
во библиотеката. За крај со песнички не
испратија до следното видување.
GO GREEN „ОДИМЕ КОН
ЗЕЛЕНО“
05-07 ноември 2024
Во Национална и универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје
се одржа тридневната работилницата на тема:
Go Green „Одиме кон зелено: Библиотеки
како двигатели за одржлив развој: згради,
менаџмент, проекти и услуги“.
Оваа работилница се реализира со
поддршка од Германска амбасада заедно со
Невладината организација за македонско-
германско пријателство и соработка – Скопје.
Тридневната сертифицирана работилница
која се одржа во Центарот за конференции и
студии при НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-
Скопје, беше насочена кон ИФЛА/ЕНСУЛИБ,
германско зелено библиотечно вмрежување
и улогата на библиотеките во постигнување
на целите за одржливост од Агендата 2030 на
Обединетите нации.
Предавањата и работилниците
ги држеше Петра Хауке - доктор по
библиотекарство од Берлин, Германија.
На оваа конференција учествуваа над 50
библиотекари од цела држава, а од нашата
библиотека учество зеде библиотекарот м-р
Гордана Ѓоргиевска – Неделковски.
Нашата библиотека секогаш ги следи
светските трендови и е активно насочена
кон Агендата 2030, преку реализирање
на секојдневните проекти носејќи ја
библиотеката се повеќе чекор напред кон
промовирање на нејзините цели.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 59 / 202434
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
Рецензенти беа: Илија Мерков-
ски, Весна Муднишевска - Велјановска и
Илија Крбалески.
Петско-музичкиот рецитал на
стиховите го оживеаја прекрасните
интерпретации на: Николина Поповска,
Марија Наумовска, Ерзинџан Алилоска,
Марјан Тасевски и Владко Симоновски
кој исто така со својот музички талент
создаде уникатна атмосфера.
Настанот беше вистинско
поетско доживување во кое се
почувствуваа длабоките и емотивни
ПРОМОЦИЈА НА ПОЕТСКИТЕ ЗБИРКИ
НА ИЛЧЕ СТОЈАНОВСКИ
31 октомври 2024
Во библиотеката се одржа промоција на
четирите збирки поезија од Илче Стојановски,
библиотекар во пензија. На присутните
им беше овозможено да ги почувствуваат
длабоките и инспиративни стихови од
неговите четири збирки: „Сонце во сонот“,
„Вознесение на зборот“, „Тајната на
тишината“ и „Што ни носи денот“.
теми со кои авторот се занимава – од тајната
на тишината, преку магијата на зборовите, до
љубовта и животот кои ги носи секој нов ден.
Илче Стојановски ги пренесува сопствените
мисли и размислувања за светот, природата и
човечката душа преку зборови кои допираат
длабоко и оставаат траен впечаток.
Тој е автор кој со своите стихови
влегува во суштината на човечкото постоење,
истражувајќи ги нијансите на љубовта,
тишината и личното патување. Со секој нов
стих, авторот им подарува на читателите
искрен поглед во неговиот внатрешен свет.
Преку неговото богато творештво нè потсетува на
значењето на малите моменти, како и на убавината на
секојдневието.
Битолската библиотека е благодарна што
имаше ваков колега, кој беше пријателски настроен
кон сите и на Стојановски му посакува многу
плодно творештво и нови поетски дела кои ќе бидат
промовирани во иднина...
