Библио ечен ренд СПИСАНИЕ НА НАЦИОНАЛНАТА...

Библио ечен
ренд


СПИСАНИЕ НА НАЦИОНАЛНАТА УСТАНОВА
УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА


„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА


бр. 58 / 2024 год.


АКТИВНОСТИ ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ
ПРАЗНИК НА БИБЛИОТЕКАТА


ПОЛСКА ЛИТЕРАТУРА ВО
ДНЕВНАТА СОБА НА ГРАДОТ


ВЛИЈАНИЕТО НА КНИГИТЕ ВРЗ
МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ


ОД КНИГА ДО ПРЕТСТАВА -
ДА ГИ ОЖИВЕЕМЕ ОМИЛЕНИТЕ БАЈКИ


БИБЛИОТЕКАТА САЛАБОРСА ВО
БОЛОЊА, ИТАЛИЈА




Библиотечни услуги Цена (ден.)
Членарина (оддел возрасни и детско) 200,оо
Членарина (пензионери и претшколска
возраст)


0,оо


Зајмување на библиотечна граѓа 10 дена 7,оо
Доцнење на библиотечна граѓа на ден 5,оо
I, II, III и IV опомена 30,оо
Изгубена членска карта 100,оо
Меѓубиблиотечно позајмување 50,оо
Резервација на книга 10,оо
Сала за промоции (мали сали) 1000,оо
Сала за промоции (I кат) 2000,оо
Сала за промоции (I кат) 2 часа 3000,оо
Сала за промоции (I кат) над 2 часа 4000,оо


НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА
„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА


тел: 047 220 515
тел/факс: 047/220-208


тел. зајмување: 047/232-999
ул. Пеце Матичевски 39


7000 Битола


Работно време:
од понеделник до петок
07:00 - 19:30


www.nuub.mk
e-mail: nuub@nuub.mk


41.02735, 21.33302




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 2024 3


СОДРЖИНА


Издавач
Национална установа


Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ - Битола


ул. Пеце Матичевски бр. 39


За издавачот
м-р Бојан Стефановски


Главен и одговорен уредник
Маријан Колевски


Издавачки совет:
Маријан Колевски


м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски
Марија Марковска


Редакција:
м-р Јелена Петровска


Лидија Мирчевска
м-р Фатма Бајрам - Аземовска


Лектура
Вера Марковска


Фотографии
Слободан Пачовски


Печатница
Графо Пром - Битола


Тираж
150 примероци


ISSN 1409-9497


Списанието е финансирано
од Министерството за Култура


на Р. С. Македонија


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА БИБЛИОТЕКАТА.....................................4
ПОЛСКА ЛИТЕРАТУРА ВО ДНЕВНАТА СОБА НА ГРАДОТ..........6
ЖИВОТОТ Е ЖИВ - ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ЖИВОТОТ И
ДЕЛОТО НА ПИСАТЕЛОТ АНЏЕЛКО КРСТИЌ................................7
КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ НА ДЕЦА СО
ПОПРЕЧЕНОСТ
д-р Јасминка Кочевска..........................................................................8
ВЛИЈАНИЕТО НА КНИГИТЕ ВРЗ МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ
м-р Фатма Бајрам - Аземовска....................................................9
20. МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА
БИБЛИОТЕКАРСКОТО ДРУШТВО ОД СРБИЈА............................10
УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА ИЗДАВАЧИ И
АВТОРИ .....................................................................................................11
4. МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИБЛИОТЕКАРИ.....12
РЕВИЗИЈА НА ФОНДОТ НА БИБЛИОТЕКАТА..............................13
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ,
ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
м-р Фатма Бајрам - Аземовска,
м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски,
д-р Јасминка Кочевска,
Илче Стојановски и Слободан Пачовски
ВЕЗЕЊЕ НА ПРИКАЗНИ - ТКАЕЊЕ НА МУДРОСТИ...................14
СВЕТСКИ ДЕН НА ГЛАСНОТО ЧИТАЊЕ.........................................15
МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК......................16
ОД КНИГА ДО ПРЕТСТАВА - ДА ГИ ОЖИВЕЕМЕ ОМИЛЕНИТЕ
БАЈКИ ........................................................................................................17
КНИГА - ДРУГАР.......................................................................................18
КНИГАТА - ПРОЗОРЕЦ КОН СВЕТОТОТ..........................................19
ТРИ ЕПИЗОДИ ОД ИСТОРИЈАТА НА ЖЕНИТЕ............................20
СВЕТОТ НА ДЛАНКА ............................................................................21
СО НАС, НЕ ЗА НАС...............................................................................22
ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ПРЕСЕК“ ............................................23
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА КРАТОК РАСКАЗ..............................24
НАГРАДИ ЗА НАЈВЕРНИТЕ ЧИТАТЕЛИ...........................................25
23. ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“....26
ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА КНИГАТА...............................26
КРЕИРАЊЕ СВЕТ ОД БАЈКИ................................................................27
КАЖИ НЕШТО УБАВО, ИЛИ НЕ КАЖУВАЈ НИШТО....................29
БЛАГОДАРНОСТ И РАДОСТ КАКО СТИЛ НА ЖИВЕЕЊЕ ........29


СВЕТСКИ БИБЛИОТЕКИ
БИБЛИОТЕКАТА САЛАБОРСА ВО БОЛОЊА, ИТАЛИЈА
м-р Фатма Бајрам - Аземовска.................................................31


КНИГИ И КАФЕ СО РОДНОКРАЈНИ ПИСАТЕЛИ
РАЗГОВОР СО ВЕСЕЛА БОГДАНОВИЌ
м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски...................................33




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 20244


ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА БИБЛИОТЕКАТА


04 - 07 декември 2023


Националната установа –
Универзитетска библиотека „Св. Климент
Охридски“ со посебно внимание го
празнуваше споменот на својот патрон Св.
Климент Охридски. Како дел од програмата
на установата беа организирани голем
број на активности значајни за културно -
општествениот живот на граѓаните.
На 4. декември во холот на
библиотеката беше поставена изложба
„Библиотеката за градот во 2023 год“.
Изложбата беше составена од дробен печат,
монографски публикации и списанија
издадени од библиотеката, како и книги и
статии посветени на животот и делото на
првиот словенски епископ, просветител и
учител Св. Климент Охридски.
Наредниот ден беа организирани две
активности. Првата претставуваше завршен
дел од проектот „Креирај - слемирај“ каде
ученици од средните училишта имаа можност
да творат поезија на дадени теми како што
се: иселувањето на младите, невработеноста,
влијанието на политичкиот систем врз
јавноста, љубовта, семејството, социјалната
исклученост, влијанието на медиумите и сл.
Нивните творби кои претходно ги објавивме


во мала брошура, учениците ги презентираа
во Дневната соба на библиотеката.
Другата активност „Дегустација на книги“
беше одржана во кафе бар Порта џез, каде на
младите им овозможивме да се запознаат со
популарните бестселери. Овој литературен
настан беше наменет да ги привлечи младите
за да го започнат своето патување во светот на
книгите. Учениците од СОУ „Јосип Броз Тито“
заедно со професорката Биљана Т. Димко кои
беа дел од овој настан, покажаа колку оваа
метода може да биде интересна и корисна,
за на еден креативен и забавен начин се
мотивираат младите да читаат.




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 2024 5


Потоа следеше промоција на
„Библиографија на изданија на НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола (1945 – 2023)“
која ја составиле, уредиле и редактирале
Гордана Пешевска и Ленче Андоновска,
библиотекар советници, а нивни промотор
беше Илче Стојановски - виш библиотекар.
Библиотеката во своето 79 годишно постоење
им овозможи на сите вработени да ја изразат
својата научна и истражувачка дејност, која
што беше преточена во дела кои се дел од
оваа библиографија. Таа допринесува во
промоција и развој на македонската култура
кај нас и во странство.
На крај следеше промоција на 57. број
на списанието „Библиотечен тренд“ кое
го промовираше библиотекарот Маријан
Колевски и промоција на зборникот „18.
Роднокрајна средба со битолските писатели
од Македонија“ за кој зборуваше м-р Гордана
Ѓорѓиевска - Неделковски, библиотекар.


На 6. декември во просториите
на библиотеката се одржа работилница
насловена „Во срцето на книгите: славење
зборови, мудрост и чудо“. Активноста беше
реализирана во соработка со ученици од ООУ
„Климент Охридски“ Битола заедно со нивната
наставничка Снежана Стојанова.
Истиот ден на другата работилница
„Закити се со книга“ која што беше
реализирана во Дневната соба на градот,
учесници од различни возрасни групи
заедно со дизајнерот на ентериери – Ромина
Милетиќ, имаа можност да изработат брош во
форма на книга.
Завршна активност во рамки на
одбележување на Патрониот празник на
библиотеката, беше одржана на 7. декември
во салата за промоции. На почетокот на
настанот поздравен говор имаше м-р Бојан
Стефановски, директор на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола.




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 20246


ПОЛСКА ЛИТЕРАТУРА ВО ДНЕВНАТА СОБА НА ГРАДОТ


19 февруари 2024


Во посета на библиотеката беше
амбасадорот на Република Полска во Скопје,
Кшиштоф Гжелчик, во рамките на проектот
„Полска полица – книги од полски автори на
полиците од македонските библиотеки“.
Амбасадорот Гжелчик придружуван од
сопругата Јоланта Гжелчик беше пречекан
од директорот м-р Бојан Стефановски,
м-р Јелена Петровска и м-р Фатма Бајрам
Аземовска. Целта на посетата беше донацијата
над 50 наслови како од класичната, така и од
современата полска литература преведена на
македонски јазик.


На средбата се разговараше за
реализирање на низа активности кои ќе
следат во наредниот период. На 27 февруари
неколку библиотекари ќе учествуваат на
семинарот за полска литература во Скопје на
кој ќе бидат разгледани и други прашања од
суштинско значење за библиотеките меѓу кои
и оние поврзани со промоција и маркетинг во
библиотеките.
Во знак на почит директорот
Стефановски на амбасадорот Гжелчик му
врачи Благодарница и подарок со рачна
изработка од здружението Македонски
ракотворби – Битола


НОВИ НАСЛОВИИ ОД КЛАСИЧНАТА И
СОВРЕМЕНАТА ПОЛСКА ЛИТЕРАТУРА


НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК:


1. Сите деца на Луи – Камил Балук
2. Флуидно зло – Зигмунт Бауман и


Леонидас Донскис
3. Странци пред нашата врата – Зигмунт


Бауман
4. Ненаситност - Станислв Игнаци Виткевич


5. Дневник 1953-1958, Транс-Атлантик –
Витолд Гомбрович


6. Еврејска работа – Миколај Гринберг
7. Жртва Поликсена – Марта Гузовска


8. Сите војни на Лара – Војќех Јагелски
9. Уште еден ден живот, Империјата –


Ришард Капушќињски
10. Соња – Игнаци Карпович


и уште многу други…




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 2024 7


15 март 2024


Во организација на библиотеката и
Културно-информативниот центар на Србите
во Р. С. Македонија, беше одржано предавање
за животот и делото на писател Анѓелко
Крстиќ. Тој е роден во с. Лабуниште кај Струга,
и претставува врска помеѓу двата народи.


Предавањето го одржа доц. д-р
Мирјана Бојаниќ - Ќирковиќ од Филозофскиот
факултет во Ниш, а нејзиното предавање
наиде на голем интерес кај присутните, токму
поради фактот што овој писател не е многу
познат на пошироката јавност. Тој пишуваше
за печалбарскиот живот и многу негови


ЖИВОТОТ Е ЖИВ - ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО
НА ПИСАТЕЛОТ АНЏЕЛКО КРСТИЌ


приказни се инспирирани
токму од живеењето во нашите
простори. Најпознато негово
дело е „Трајан“, кое за прв пат
е објавено во 1932 година. На
публиката им беа поделени
испечатени мисли од авторот,
така што присутните можеа
одблиску да се запознаат со
извадоците од неговите дела.


На промоцијата беа присутни и
Милутин Станчиќ од Спона, професор Горан
Максимовиќ од Нишкиот Универзитет,
претставници на издавачката куќа Scero Print
од Ниш и директорот Ненад Серафимовиќ.
Предавањето ги инспирира присутните на
повеќе прашања од кои произлезе заедничка
дискусија, а промоцијата на делото и ликот на
Анѓелко Крстиќ заврши со заедничка порака
која укажува на важноста на изучувањето
и доближувањето на различните културни
и литературни содржини, за градење на
заеднички мостови кои ќе ги зближуваат
народите на овие простори.




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 20248


eфикасно во средините каде имаше
интерперсонални односи и интеракции, кога
секој ученик се чуствуваше уважен, почитуван
и признат. Разговорот со нив, дружбата и
секоја друга активност е предизвик да им се
олесни нивниот живот.
Практикуваме секојдневни вештини
кои можат да бидат предизвик за многу деца,
особено за децата со аутистичен спектар на
нарушување (АСН). Усвојувањето на некои од
овие вештини трае и неколку месеци. За да
биде утврдена ,секоја вештина бара одреден
број на повторувања, пр. За да стигне до
самостојно и стабилно одење , детето треба да
направи многу чекори.
Секоја вештина најдобро ја учевме
со разложување на истата на едноставни
чекори. Детето може да се подучува по истиот
редослед по кој се изведува вештината или по
обратен редослед, почнувајќи од последниот
чекор, пр. За да го научите детето само да
ја облече блузата, прво го подучувате да ја
спушта поткренатата блуза, а дури на крајот да
ја протне главата.
За усовршување на крупната моторика
реализиравме скокање, потскокнување,
клекнување, трчање, ритмички вежби,
возење велосипед, игри со топки итн. За
усовршување на фината моторика редевме
сложувалки, растегнување ластичиња, сечење
со ножички, кинење хартија и лепење колаж,
нижење, шнирање...
Преку овие активности што ги правиме
за овие деца, целта ни е да им ја олесниме
нивната иднина и се што вложуваме во нив е
инвестиција, а не трошок.





д-р Јасминка Кочевска, библиотекар


Во рамките на проектот реализирани
се повќе работилници на деца со попреченост,
каде работевме со стручни лица од областа на
логопедијата, дефектологијата, психологијата
и многу други науки, сè со цел да им се
овозможи подобро приспособување на овие
лица во општеството.
Ваквите работилници имаат за
цел да го помогнат нивниот развој,
нивната здравствена, емоционална
и социјална состојба и да се земат во
предвид различностите, сè со цел секоја
индивидуа посебно да се развива како
личност, која што критички ќе проценува,
заклучува и ќе ги гради своите ставови и
уверувања. Ваквите организирани актив-
ности не само што ја поддржаа инклузијата,
туку и индивидуализмот го подигнаа над
колективизмот и ги ослободија човечките
капацитети што се неопходни во изградба на
едно демократско општество. Инклузијата е
можност за квалитетен пристап во реформите
на образованието. Таа пред се е педагошки, а
не дефектолошки предизвик.


Работлиниците се одржуваа во
ООУ „Ѓорѓи Сугарев” Битола, во салата во
Библиотеката со предавање од стручни
лица и прошетка низ градот се со цел да се
овозможат услови за дружба на овие деца и
да им се олесни и подобри животот, а во меѓу
време и се соцојализираат.
Учењето за овие деца беше нај-


КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ НА ДЕЦА СО
ПОПРЕЧЕНОСТ




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 2024 9


читачкото искуството на повисоко ниво
и го збогатува нашиот вокабулар. Покрај
тоа библиотерапијата вклучува дијалог и
размислување што доведува до сосема нова
димензија на разбирање.
Библиотерапијата често вклучува
работа со нашите сеќавања. Тоа може да
доведе до прифаќање на одредени аспекти
од нашата личност, да поттикне сочувство со
себе, да ја зајакне самодовербата, па дури и
да ги подобри нашите морални принципи. Со
читање откриваме и нови погледи на светот.
Едноставно, библиотекарството нуди начини
за учење и развој, како и за справување
со работите на покреативен начин што
не можеме да ги промениме. Покрај тоа,
читањето е алатка за самозајакнување што
можеме да ја користиме цел живот.


Според новото истражување на д-р
Роберт Фрејдланд, луѓето кои читаат и се
занимаваат со други ментално стимулирачки
активности како шахот имаат 2,5 пати помали
шанси да развијат Алцхајмерова болест.
Студијата, објавена во Proceedings of the
National Academy of Sciences, покажа дека
читањето може да им помогне на постарите
возрасни лица да ја спречат оваа болест.
Џастин Браун, автор и основач на Ide-
apod, објаснува: Студиите покажуваат


Приказните, поемите, расказите, било
каква форма на литературна творба може
да ни помогне да ги надминеме бариерите
на физичкиот свет околу нас. Со читање на
само неколку реченици, ние се селиме низ
времето, во далечното минато, во други земји
и светови. Поетите не носат на непознати
патишта и не запознаваат со фиктивни
ликови кои само ги оживуваме во нашите
мисли и сочувствуваме со нив. Секојпат кога
ја оставаме книгата, сфаќаме дека нешто
сме научиле. Читањето, всушност може
многу да ни помогне во надминувањето на
нашите емоционални проблеми, па дури и
во справувањето со менталните болести и
психички нарушувања.
Терапијата преку литература, односно
библиотерапијата датира уште од 19 век
и била раширена од таткото на модената
психологија, Зигмунд Фројд. Тој на воените
ветерани како терапија им препорачувал
книги за релаксација и подобрување на
психичката состојба. Неговиот метод бил толку
успешен, што станал рутинска терапија за
војниците кои се враќаат од воено поле.
Во 21 век, библиотерапијата се ко-
ристи во големи размери и тоа најмногу
благодарение на Сузан Елдеркин и Ела
Бертхоуд кои ја создале Животна школа
- глобална мрежа за библиотерапија.
Идејата произлегла откако тие со години
си разменувале книги во зависност од
проблемите кои ги имале во зададен момент.
Библиотерапијата го подига читач-
кото искуство на повисоко ниво. На
многумина од нас ни е познато чувството
на мир и задоволство кое се јавува кога
ќе се занесеме во светот на книгите. Иако
читањето отсекогаш било важен дел од
вашиот живот, нема причина тоа да не
биде дел од вашиот секојдневен ритуал за
грижа за себе. Библиотерапијата го носи


ВЛИЈАНИЕТО НА КНИГИТЕ ВРЗ МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ


Книгите се најтивките и најпостојаните пријатели, тие се најдостапните и најмудрите
советувачи, и најтрпеливите учители - Чарлс Вилијам Елиот




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 202410


бидејќи зборовите на отпечатената
страница ја стимулираат вашата креа-
тивност и предизвикуваат да влезете во
она што во суштина е изменета состојба на
свеста.
Според истражувањата кога читаме,
често доживуваме емпатија со емоциите
на ликовите од книгите, со што стануваме
подготвени за слични такви искуства
во реалноста. Исто така додека читаме
неколкучасовното бегство од реалноста многу
позитивно влијае на намалувањето на стресот.




м-р Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар
советник - раководител на оддел Развој


на библиотекарството, меѓународна
соработка, маркетинг и односи со јавноста


дека престојот во ментална состојба
предизвикана од читањето може да го одложи
развојот (или можеби дури и да спречи)
Алцхајмерова болест и деменција.
Според студијата од 2013 година од
Медицинскиот центар на Универзитетот Раш,
луѓето кои редовно се занимаваат со ментални
активности како што е читањето имаат
помала веројатност да развијат плаки, лезии и
заплеткувања на тау протеинот пронајдени во
мозокот на луѓето со деменција.
Една од најфасцинантните придобивки
од читањето е тоа што помага значително да
се намали стресот. Според една студија од
2009 година спроведена од Mindlab Interna-
tional на Универзитетот во Сасекс, читањето
само 6 минути може да го намали нивото на
стрес до 68%. Истражувањата покажуваат дека
тивкото читање за овој временски период
може да ја намали мускулната тензија и да го
намали пулсот.
Водечкиот истражувач и когнитивен
невропсихолог д-р Дејвид Луис објаснува: Ова
е повеќе од само одвлекување на вниманието,
тоа е активно ангажирање на имагинацијата


20. МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
НА БИБЛИОТЕКАРСКОТО ДРУШТВО ОД СРБИЈА


14-16 декември 2023, Р. Србија


Во периодот 14-16 декември во
Краљево и Врњачка Бања, Република Србија,
се одржа 20. Меѓународна конференција
на библиотекари организирана од
Библиотекарското друштво на Србија.
Тема на овогодишната конференција беше
„Библиотечниот простор во физичкото и
виртуелното опкружување (Library spaces in
the physical and virtual enviroments)“.




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 2024 11


од Министерство за култура на Р. Северна
Македонија, Ирена Цветковиќ говорник на
тема феминизам, Ивана Јовановска како млад
автор и Никола Маџиров кои претставија дел
од својата поезија пред присутните на саемот.
Овој саем дава голема можност зa размена
на искуства и продлабочување на творечката
дејност на ниво на Европа.


м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски,
библиотекар


На конференцијата со труд учествуваа м-р Гордана
Ѓоргиевска Неделковски и докторанд Фатма Бајрам
Аземовска на тема „Мали промени до големи резултати
во работата на библиотеките“. Нашата библиотека
ги прати модерните трендови и секогаш има нешто
ново да претстави на овие меѓународни собири на
библиотекарите од регионот и пошироко. Размената
на искуства носат напредок во работата на секој
библиотекар.


УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА
ИЗДАВАЧИ И АВТОРИ


Втора година по ред, Националната
установа Универзитетска библиотека “Св.
Климент Охридски - Битола ја претставува
Република Северна Македонија на
Меѓународниот саем на издавачи и автори
во Лајпциг, Германија од 21 до 24 март
2024 година. Библиотекарките м-р Гордана
Ѓоргиевска Неделковски, Вера Марковска,
Ирена Колевска и Марија Марковска оваа
година беа на штандот на Р.С. Македонија
на кој беше промовирана македонската
литература, издаваштво и автори како дел
од Традуки семејството заедно со Босна и
Херцеговина, Бугарија, Косово, Албанија,
Хрватска и Црна Гора.
Посетителите на нашиот штанд имаа
можност да се информираат за македонската
литература, за најчитани македонски автори и
нашата култура.
На наше огромно задоволство нашиот штанд
го посети и Амбасадорот на Република
Северна Македонија во Германија, проф. д- р
Илбер Села.
Нашата држава на саемот оваа година ја
претставуваа и Билјана Туџаровска Ќупева




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 202412


со ваков вид на активност Здружението
обезбедува непосреден контакт и размена на
искуства за разни прашања од библиотечно-
информативната дејност. Искрено се
надевам дека во овие два дена бевме сведоци
на претставени теми и отворени прашања
и дискусии коишто се однесуваат на развојот
на библиотечните услуги, иновациите во
работењето и слично. Исто така оваа
конференција донесе размена на нови знаења
и искуства, добри практики и совети, но и
запознавање и дружење на библиотекарите
од сите видови библиотеки од Македонија и од
поширокиот регион.
На дводневната конференција покрај
библиотекари од нашата држава со свое
излагање учествуваа гости и од Германија,
Турција, Србија, Ирска, Азербејџан, Холандија,
Хрватска, Бугарија и Косово. Настанот го
организираа Јелисавета Костадинова,
Наум Ѓоршовски, Маја Мицевска-Ризова,
Јовица Никчевски, Љупчо Јованов, Билјана
Павличковска и Дарко Лешоски.


На 16 и 17 мај во Дојран се одржа 4.
Mеѓународна конференција на библиотекари
насловена како „Примената на вештачката
интелигенција во библиотекарството:
предизвици и можности“.
Конференција во целост e поддржана
од Министерството за култура, како проект
од национален интерес во културата за
2024 година. Оваа година се заокружија 75
години од основањето на Библиотекарското
здружение на РС Македонија. Здружението
се грижи за интересите на библиотекарите
и нивниот професионален развој, и тоа
денес продолжува по истиот пат како
репрезентативен претставник на сите
библиотекари во Македонија. За овој јубилеј
беше изработена специјална брошура од м-р
Милка Котевска, виш библиотекар од нашата
библиотека.
На почеток на конференцијата свое
поздравно обраќање имаа претседателите
на библиотекарските здруженија од С.
Македонија, Хрватска и Унгарија: д-р Јана
Михајловска, Јасенка Плешко и Џудит Герншер.
Во обраќањето на претседателката
Михајловска таа меѓу другото истакна: Ова
е време кога ние како библиотекари треба
да погледнеме назад на изминатиот пат,
да утврдиме каква е состојбата на нашето
библиотекарство денес и да ја проектираме
перспективата за идниот развој. Токму


4. МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИБЛИОТЕКАРИ


Претставници од нашата библиотека беа
м-р Јелена Петровска, во улога на модератор
на конференцијата, Лидија Мирчевска
библиотекар советник и Милка Котевска, член
на Извршниот одбор на БЗМ.




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 2024 13


библиотечниот фонд во програмата Co-
biss, со што се олеснува целиот процес во
однос на минатите ревизии. Оваа ревизијата
се спроведува етапно и го опфаќа целиот
библиотечен фонд од подлокациите: оддел за
архивски примерок, магацин (туѓа литература,
периодика, музикалии, ракописи, електронски
книги и др.), детски оддел, дробен печат,
дневна соба, мултимедијална збирка,
роднокраен оддел.
За време на ревизијата, библиотеката
останува отворена за своите читатели и
корисници на нејзините услуги. Единствено
ќе има привремени ограничувања на
позајмувањето книги, за што читателите
редовно ќе се известуваат на информативните
страници на библиотеката.


м-р Милка Котевска, виш библиотекар


РЕВИЗИЈА НА ФОНДОТ НА БИБЛИОТЕКАТА


Ревизија на библиотечен фонд
претставува утврдување на состојбата
на библиотечниот фонд и преземање
на соодветни мерки за негова ефикасна
заштита (Закон за библиотеките, член 22).
Таа претставува низа комплексни и сложени
активности кои мора да бидат добро
обмислени, испланирани и организирани.
Оваа година НУУБ „Св. Климент
Охридски“- Битола има законска обврска да ја
реализира ревизијата на својот библиотечен
фонд. Подготовките започнаа уште на
почетокот од оваа година со изработка на
потребните документи (правилници, упатства,
акционен план и сл.), набавка на техничка
и друга опрема, формирање на Комисија и
работни групи, обука од претставници на
Центарот ВБМ и сл.
Во мај започна отчитувањето на




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 202414


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ,
ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


м-р Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар
советник - раководител на оддел Развој на


библиотекарството, меѓународна соработка,
маркетинг и односи со јавноста



м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски,


библиотекар


д-р Јасминка Кочевска, библиотекар



Илче Стојановски, виш библиотекар



Слободан Пачовски, библиотекар


ВЕЗЕЊЕ НА ПРИКАЗНИ -
ТКАЕЊЕ НА МУДРОСТИ


12 февруари 2024


Во дневната соба на градот се
одржа прекрасна креативна работилница
со претставници од Здружението на
дијабетичари и Здружението за уметнички
ракотворби од Битола. Оваа работилница
беше во склоп на проектот за психосоцијална
поддршка на ЗДОБ.


Психо-социјална поддршка претставува
обезбедување на психолошки и социјални
ресурси на лице кое има таква потреба,
наменета во корист на неговата способност
да се справи со проблемите со кои се соочува.
Психо-социјалната поддршка помага да се
зајакне отпорноста на стрес, ги оспособува
луѓето да се повратат и закрепнат од криза,
како и поефикасно да се носат со други
критични случувања во животот. Исто така,
тука е вклучена и секоја поддршка која што
луѓето ја добиваат за да го заштитат или
унапредат своето ментално здравје и психо-
социјална благосостојба. На тој начин се
превенираат и посериозни нарушувања,
како на пример: депресија, анксиозност или
посттрауматско стресно нарушување.
Овие работилници имаа за задача да не
зближат, повторно да научиме да се дружиме
без мобилни телефони, а воедно и да бидеме
продуктивни и креативни. Плетењето е еден
вид на медитација која допринесува за
создавање на позитивна енергија и ре-
лаксација.


ЧОВЕКОТ КОЈ КРЕИРА – ПОСТОИ, РАБОТИ,
ЖИВЕЕ И Е ЗДРАВ. КРЕИРАЊЕТО Е ПОВРЗАНО СО
НАШЕТО ПОСТОЕЊЕ, ЗАТОА БИДЕТЕ КРЕАТИВНИ!




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 2024 15


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


искуство. Децата, кои ја учат вредноста на
книгите од рана возраст, најчесто стануваат
креативни и независни читатели.
* Читањето на глас им помага на децата да
го поврзат она што го гледаат, слушаат и
читаат, го проширува нивниот вокабулар и ги
проширува нивните општи знаења.
* Читањето на глас им овозможува на
родителите, бабите и дедовците, браќата
и сестрите, наставниците, роднините и
пријателите да бидат пример за децата. На
овој начин,
нивната љубов кон книгата лесно им се
пренесува на децата.
* Читањето на децата на глас открива
литература што можеби никогаш нема да ја
откриете сами, како што се поезија, раскази,
бајки и др.
* Читањето на глас им овозможува на децата
да се запознаат со литературен јазик кој
е значително различен од секојдневниот
говор или јазик што се слуша на телевизија,
се чита во весници или се слуша на филмови.
На овој начин, децата подобро ги разбираат
сложените структури на речениците.
* Читањето на глас им овозможува на децата
да фантазираат за луѓе, места, времиња
и настани што не ги сретнале или не ги
доживеале.
* Читањето на глас создава врска помеѓу
детето и возрасниот што му чита, со што
им се даваат заеднички теми за разговор.
Говорењето и зборувањето помагаат во
развојот на личноста.


СВЕТСКИ ДЕН НА ГЛАСНОТО ЧИТАЊЕ


01 февруари 2024


По повод Светскиот ден на гласното
читање, во библиотеката се организираа
повеќе активности со ученици од основните
училишта од Битола. Со цел да се потенција
важноста од гласното читање на книги,
сликовници, песни, романи и било каква
литература, во оваа кампања на библиотеката
учествуваа ученици од ООУ „Стив Наумов”,
ООУ „Д-р. Трифун Пановски“, ООУ „Гоце
Делчев“, ООУ „Ѓорѓи Сугарев“, ООУ „Елпида
Караманди“, ООУ „Коле Канински“ и ООУ „Тодор
Ангелевски“ од Битола.


Методот на гласно читање е клучен
за развојот на навиките за читање и
подоцнежниот успех во училиштето и воопшто
за успехот во стекнувањето знаења и вештини
и има многу позитивни страни:
* Читањето на глас ги става книгите во
центарот на вниманието и ги претставува како
извори на пријатно, вредно и возбудливо




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 202416


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА



Заедно со учениците од VI и VIII
одделение од ООУ „Елпида Караманди“ –
Битола под менторство на наставничката
по македонски јазик Сузана Петровска,
имавме можност да слушнеме нивни лични
творби напишани на македонски, англиски,
германски, влашки и турски јазик.

Јазикот е најголемото богатство,
оружје и еден културен белег на секоја
заедница и затоа истиот треба да го
негуваме!


20 февруари 2024


Библиотеката ја посетија учениците од
VI одделение од ОУ „Кочо Рацин“ – Ивањевци
со наставничката Маријана Чагорска -
Нешевска. Оваа прилика ја искористивме да
ја разгледаме библиотека и да се запознаеме
со нејзините оддели, а за крај ги слушнавме
учениците како читаат на глас. За оваа
работилница ја избравме книгата со раскази
од Горјан Петревски „Пак се тука Петар и Лука“,
книга со која читањето е лесно и интересно.


21 февруари 2024


Со читање поезија и изложба на
книги на различни светски јазици, во
библиотеката беше одбележан 21 Февруари
– Меѓународниот ден на мајчиниот јазик,. Со
поддршка од УНЕСКО, овој ден се празнува
со цел да се прослават повеќето од 6000
различни јазици кои се зборуваат во светот
денес. За да се зачува еден јазик, истиот
треба да се негува и изучува, но за жал некои
јазици се во изумирање. Токму поради тоа
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е
ден за промовирање на лингвистичката,
културната разновидност и мултилингвизмот.


ДРУГАРУВАМЕ СО УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „КОЧО РАЦИН“ –
С. ИВАЊЕВЦИ


МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 2024 17


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


красната изведба на овие ученици со кои
заедно глумевме, танцувавме и другарувавме.
Во наредните денови во преполна сала
на библиотека, беа изведени претставите
Снежана и седумте џуџиња и Девојчето и
дванаесетте месеци. Прекрасни бајки со кои
израснаа многу генерации и се пренесуваат
многу моќни пораки како: Убавиот збор
железни врати отвара, Доброто со добро се
враќа, Покрај сите лоши работи кои што можат
да ни се случат, секогаш има добри луѓе кои
ќе подадат рака за да ни помогнат. Светот
на бајките е волшебно место во кое живеат
принцези, принцови, џуџиња, самовили, но
и по некоја лоша вештерка. Во нив доброто
секогаш се бори против злото. Но бајките не
се само за децата туку и за возрасните, затоа
заедно да се потрудиме да победи доброто во
сите нас!


ОД КНИГА ДО ПРЕТСТАВА -
ДА ГИ ОЖИВЕЕМЕ ОМИЛЕНИТЕ БАЈКИ


26 февруари 2024


На 26 февруари во библиотеката
беше одбележан Меѓународниот ден на
раскажување на бајки. Бајките се еден од
најомилените литературни жанрови во кој
царуваат фантастични и магични ликови. Тие
секогаш се случуваат во еден магичен свет и
започнуваат со реченицата „Си беше еднаш
во едно време…“ Затоа нашиот настан го
започнавме со реченицата „Си беше еднаш, во
оваа наша прекрасна библиотека... Место каде
што царува магијата, а волшепствата стануваат
реалност“.


Пред преполната сала ученниците
од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Битола, ја
доловија магијата на најпознатите детски
бајки: Снежана и 7 џуџиња, Убавицата и ѕверот,
Пепелашка, Црвенкапа, Златокоса, Петар
Пан, Гаргамел, Хермиона, Вили Вонка, Малата
сирена, Барби, Кен и куклите Брац, Елса и
Ана…Никој не остана рамнодушен на пре-




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 202418


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


Упатуваме голема благодарност
до директорката на ООУ „Св. Кирил и
Методиј“, Жанета Тошеска која и оваа
година ги поддржа нашите активностите
кои заедно ги реализиравме, со цел да ги
воведеме учениците во светот бајките и да ги
мотивираме да читаат. Додека за прекрасниот
перформанс на учениците со голема љубов
и трпение работеа психологот Жанета
Ристевска, наставничката по македонски
јазик Александра Упале и одделенските
наставнички Лидија Поповска, Катерина
Шеровска – Томовски, Весна Јанкулоска и
Катерина Матевска.


18 март 2024


За да се почувствуваат придобивките
од гласното читање продолживме со
активности во средните училишта. Во
соработка со ученици од прва година од
СОЕУ „Јане Сандански” од Битола, заеднички
ја обработивме книгата „Декамерон” од
италијанскиот писател Џовани Бокачо.
„Декамерон“ е збирка од 100 новели
која Бокачо ја издал во 1353 година и која што
кореспондира со сегашната пост пандемска
состојба. За време на чумата, а и после неа,
група млади луѓе се засолнуваат во една куќа
надвор од градот и определуваат секој ден
крал или кралица кој им задава задачи на
определена тема да раскажуваат гласно.


КНИГА - ДРУГАР


Така и ние реализиравме активност на
гласно читање, прераскажување и самостојна
анализа на ликови од прочитани новели. Со
вакви активности ги развиваме когнитивните
способности кај учениците, ги подобруваме
нивните јазични вештини, ги приспособуваме
за разбирање на прочитаното, ја развиваме
способноста за помнење и концентрација,
како и способноста за анализа и синтеза при
гласно читање.
Благодарност до директорката
на училиштето Биљана Јанкуловска и
професорката Xристина Захариева, за
заедничката соработка.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 2024 19


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


КНИГАТА - ПРОЗОРЕЦ КОН
СВЕТОТОТ


Секое дете заслужува да биде дел од бајка –
прва работилница


01 март 2024


Во соработка со Центарот за поддршка
и помош на деца и лица со попреченост
„Сложувалка Срце”, започнавме со реализација
на проектот ,,Книгата - прозорец кон светот”
поддржан од Министерството на култура
на Р. С. Македонија. Во првата работилница
насловена „Секое дете заслужува да биде
дел од бајка”, учество зедоа деца со типичен
и атипичен развој од основно образование.
Преку игра, песна и прекрасен перформанс
на бајката „Волкот и седумте јариња“, заедно
уживавме и уште еднаш покажавме дека сите
деца се исти и заслужуваат внимание.


ЕВРОПСКИ ДЕН НА
ЛОГОПЕДИ


06 март 2024

Комуникацијата е клучот за човековата
интеракција. Европскиот ден на логoпедијата -
6 Март, поттикнува на важноста на логопедите
и нивната работа, која допринесува за
поквалитетен живот на лицата со патологија
во вербалната комуникација. Логопедијата
како здравствена наука ја проучува
патолошката состојба во вербалната
комуникација, работејќи на превенција,
дијагностика и рехабилитација од истата.
Основна цел на логипедијата е развој на
говорот, сфаќање на говорот, паметење
на зборовите и јазичните структури,
формирање на внатрешниот говор и јазичното
мислење, како и развојот на надворешната
манифестација на јазикот т.е. активната
комуникација на социјален план.



По тој повод се реализира работилница
во ООУ ”Ѓорѓи Сугарев” – Битола во рамки на
проектот „Креативни работилници за деца
со попреченост“. Стартуваме со логопедските
работилници – паметно вежбаме, учиме,
растеме и се развиваме. На работилницата
работевме со деца со атипичен развој
преку давање на индивидуални логопедски
и дефектолошки третмани, како што се
пишување на поими со готови коцки,
графомоторни вежби, боење во линија итн.
Координатор на проектот д-р Јасминка
Кочевска, библиотекар.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 202420


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


06 март 2024


По повод 8. Март - Денот на жената,
во библиотеката се одржа работилница на
тема „Три епизоди од историјата на жените“.
Присутните гости имаа историски час на
кој се дискутираше за историјата на жените
од македонското и светското минато, каде
историчарката м-р Ивана Хаџиевска низ
нарација не поведе во 20. век – доба на
екстремни промени во животот на луѓето од
Европа. Присутните имаа можност повеќе да
научат за учителките Недела и Станислава
Петкови, важноста на образованието на
девојчињата на преминот помеѓу 19 и 20 век,
како и за создавањето на нашето прво женско
списание „Македонка – Орган на АФЖ“.


ЧИТАМЕ ГЛАСНО, РЕЦИТИРАМЕ
И ИЛУСТРИРАМЕ


12 март 2024


Читањето не е само добра забава.
Секојдневното читање може да ве направи
попаметни и порелаксирани, а позитивните
ефекти може да се почувствуваат на било која
возраст. Дури и пред целосно да ги развијат
вештините за читање, децата може да имаат
корист од пристапот кон книгите доколку
родителите редовно им читаат.
Кога родителите им читаат на глас на своите
деца, тие можат да ги пренесат придобивките
од читањето и да поттикнат значајни
интеракции.


ТРИ ЕПИЗОДИ ОД
ИСТОРИЈАТА НА ЖЕНИТЕ


Потоа м-р Фатма Бајрам - Аземовска,
зборуваше за дел од жените кои го променија
светот. Жените низ годините, со нивната
храброст и одлучност се доказ дека не
секогаш женскиот пол е и понежниот. Тешко е
да се набројат сите жени кои придонеле денес
да живееме подобро.
На крај Викторија Михајловска од
невладината огранизација „Сумнал“, даде
објаснување за проектот „Ромски школи за
феминизам и лидерство во Европа: обука
на ромски тренери за вклучување на млади
ромки“.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 2024 21


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


Денес другарувавме со книгата и со
прекрасните приказни кои ги има во неа со
учениците од петто одделение од ООУ „Стив
Наумов” – Битола, со цел јакнење и развивање
на индивидуалните чувства и доживувања, во
однос на дадена поетска лирска творба која
ја рецитираа. Со оваа активност направивме
„Подвижен мост” помеѓу читањето на
глас, рецитирањето и разговорот, како и
илустрација на прочитаното. Секој треба да
чита, затоа што бенефициите од читањето
подоцна се согледуваат во секоја сфера од
животот.


26 март 2024


Работилница: “Отвори ги вратите кон
светот со својот глас! Познавање на светски
јазици како начин за отворање на вашите
можности насекаде во светот”.
Учењето и читањето на странски јазик
освен што ја подобрува мозочната активност
им ги отвара и вратите на учениците низ
светот. Една таква активност реализиравме со
учениците од СОЕУ „Јане Сандански” – Битола,
каде гласно читавме и раскажувавме на
англиски јазик.
Познавањето на светски јазици може
да има многу придобивки, како лични, така и
професионални. Еве неколку од нив:


– Способноста да говорите различни јазици
ќе ви помогне да комуницирате со луѓето од
различни култури и земји. Ова ви овозможува
да изградите појаки меѓународни односи и да
се придобие нови пријателства и контакти.
– Знаењето на светски јазици може да ви
отвори врати за работа во меѓународни
компании или организации.


– Учењето на нови јазици ви овозможува
да го истражите и разберете богатството на
различните култури ширум светот.
– Учењето на нови јазици ги стимулира
мозочните функции и може да подобри
когнитивните способности, како што се
меморијата, креативноста, проблемското
решавање и мултизадачноста.
– Ако знаете повеќе јазици, ќе имате подобро
искуство кога патувате во други земји. Ќе
можете да се комуницирате со локалните
жители поефикасно, што може да ви овозможи
да истражите и доживеете многу повеќе за
време на вашите патувања.


СВЕТОТ НА ДЛАНКА




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 202422


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


СО НАС, НЕ ЗА НАС
21 март 2024


21 март е Ден на пролетта, екологијата,
поезијата и светскиот ден на децата со Даунов
синдром, кои што заедно ги одбележавме
под мотото „Со нас – не за нас“. Освен што и
кажавме големо „Добредојде“ на пролетта,
своето внимание го фокусиравме на
пристапот заснован на човековите права
кон попреченоста, односно да се третираат
праведно, да имаат исти можности и слобода
да направат сопствен избор.


Во чест на сите овие денови, со
децата со Даунов синдром реализиравме
повеќе активности во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ –
Битола. Засадивме цвеќиња во различни бои,
нацртавме шарени чорапчиња кои се симбол
на овие деца и подготвивме свечена програма
со рецитал и музички точки со учениците од
петто одделени од ова училиште. Овој проект
има за цел во своите активности да вклучи што
повеќе деца со цел да го разбуди ентузијазмот
и да ги мотивира и оние лица со навидум
помали потенцијали.


ПЛЕТЕЊЕ - ТЕХНИКА ЗА
УМСТВЕН СПОКОЈ


22 март 2024


Позитивните ефекти по здравјето
од плетењето се проучувани долго време.
Многу истражувачи велат дека плетењето е
новиот умствен спокој. Ритмичкото движење
на плетењето како и хеклањето е битно
и често се споредува со спокојната свест,
внимателноста. Токму затоа во библиотеката
се одржа работилница за подобрување
на менталното здравје на тема „Плетење
за спокојни умови“ во соработка со ЗУР
Македонски ракотворби.
Внимателноста е ефикасен лек за стрес.
Не е ни чудо што е откриено дека плетењето
и хеклањето исто така го ублажуваат стресот,
болката, па дури и депресијата. Во исто
време, плетењето нуди добредојдена пауза
за оние кои се борат со огромна поплава од
информации и постојано брзање. Тоа учи на
трпение.


Некои застапници на плетењето дури
го нарекуваат и нова јога. И двете се древни
вештини кои придонесуваат кај лицата кои ова
го практикуваат да забават и да престанат да
размислуваат за сегашниот момент. Го ставаат
мозокот во медитативен режим. Плетењето е
хоби кое ги забавува жените низ целиот свет, а
неврологијата признала дека оваа активност е
како јога за вашиот мозок.
Во едно истражување во кое учествувале
повеќе од 4.000 плетачи од целиот свет,




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 2024 23


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


се докажало дека за време на плетењето
често настанува забавување на срцето.
Релаксацијата и ослободувањето од стресот
се само некои од придобивките од ова хоби.
Придобивките од плетењето не можат ни да
се споредат со другите слични активности.
Многумина веруваат дека токму плетењето
им помага на постарите жени да останат
присебни и да продолжат со животот. Можно е
дури да се ослободите и од вашата депресија
со ова хоби.


Авторката пред присутните гости
зборуваше за силата на човечкото битие
во најтешките времиња, опишувајќи ги
своите чувства и напливот на емоции со
кои ја напиши оваа книга во момент кога се
бореше со еден од најтешките непријатели во
денешницата - канцерот.
За книгата зборуваше и издавачот Илија
Мерковски, кој како издавач ја препознава
важноста од едно вакво дело да се најде на
полиците помеѓу другите книги. Во текот на
промоцијата се водеше пријатна интерактивна
дискусија, во која авторката одговори на сите
поставени прашања од љубопитните читатели.


15 април 2024


Во библиотеката беше промовирана
автобиографската книга „Пресек” на авторката
Маја Трајковиќ. Трајковиќ е професор по
француски, италијански јазик и книжевност,
библиотекар, м-р по менаџмент во
образование, рецензент за учебници по
француски јазик, авторка на книгите „Мрачен
и светол дом” и романот за деца „Златна душа”.
Добитничка е на наградите „Библиотекар на
годината – Павлина Цунева-Маказлиева за
2021 година” од здружението „Средби под
јаворите” – Видое Подгорец и Признание за
најдобар просветен работник во учебната
2021/22 година од Сојузот на просветните
работници и Министерството за образование
и наука.


ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ПРЕСЕК“




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 202424


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА КРАТОК РАСКАЗ


06 март 2024


На 6 март 2024 година во библиотеката
беа доделени наградите за краток расказ кои
оваа година беа на тема „И цвеќе и шлаканица“.
Комисијата во состав: Илче Стојановски –
виш библиотекар, Маргарита Кочанковска
- Папачек - професор по македонски јазик и
книжевност и Светлана Папачек – претставник
од Организација на жени, ги награди следните
учесници во две категории.


Категорија ученици:
1 награда – Миа Диневска – Битола (шифра
ученик 20122007 )
2 награда – Сања Костадиновска – Битола
(шифра желба)


3 награда – Нина Велиновска – Ресен (шифра
1202007)


Категорија возрасни:
1 награда – Весна Апостоловски – Битола
(шифра бистра вода)
2 награда – Емилија Карафилоска – Охрид
(шифра 135/96)
3 награда – Наташа Брезовска – Богоевска –
Велес (шифра ветер )


Во склоп на настанот беше поставена
изложба на слики од Тања Илиева, кои што
ги изработи во акрилна техника на платно и
камен.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 2024 25


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


По повод роденденот на библиотеката,
во Дневната соба на градот беа доделени
награди на читателите кои изнајмиле најмногу
книги во изминатата година:


Емил Стојаноски
Лена Никудиновска
Јована Никудиновска
Илина Томска
Георгина Марковска
Марија Јоновса
Антони Јаневски
Илијана Николовска
Јована Јанева
Мартина Мојсовска
Ангела Илиевска


25 март 2024


Националната установа Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ –
Битола оваа година бележи 79 години од
своето постоење. 25. Март е роденден на
библиотеката и по тој повод упатуваме
најтопли поздрави до нашите читатели
кои најдоа инспирација, радост и утеха на
страниците на нашата голема колекција на
книги.


Вашата страст за читање е
крвотокот на нашата библиотека, којшто
го поттикнува нејзиното работење и го
збогатува нејзиното културно наследство.
Во тивките и пријатни ќошиња на
библиотеката, тргнавте на безброј далечни
патувања во најразлични земји, запознавте
најразлични народи, обичаи и култури и
допревте до најдлабоките емоциите на
човечките искуства. Вие сте срцето и
душата на библиотека, наши вистински
читатели, гласници на знаењето и мудроста.
Вашата желба за учење и љубопитност
нè водат кон совршеност и создаваат сè
подобри луѓе од сите нас.


НАГРАДИ ЗА НАЈВЕРНИТЕ ЧИТАТЕЛИ


Ивана Ѓоргиевска
Александра Спировска
Жанета Тошеска
Мира Крстевска
Сане Момчилов
Роситка Тодоровска
Крсте Најдовски
Јагода Јакопетревска
Бранко Кулушески
Наташа Краус




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 202426


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


прегледаните тестови ги соопшти резултатите:
Прво место на овој натпревар освои
ученичката Јана Врџовска од ООУ „Св. Кирил
и Методиј“ со освоени најмногу поени, под
менторство на наставничката Александра
Упале. Второто место го освои ученичката Деа
Атанасов од ООУ „Гоце Делчев“ и третото место
го освои ученичката Јована Ристевска од ООУ
„Елпида Караманди“.


12 април 2024


Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ –
Битола, се одржа 23. Општински натпревар
„Млади библиотекари“. На овој натпревар
учество зедоа ученици од основните училишта
од Битола и еден ученик од основното
училиште од с. Добрушево.
Комисијата составена од три члена:
Илче Стојановски, м-р Гордана Ѓоргиевска
- Неделковски и Ирена Колевска по


23 април 2024


На 23 април 2024 година, НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола и Педагошки
факултет – Битола со заеднички настан го
одбележаа Светскиот ден на книгата и
авторското право. На почетокот директорот
на библиотеката, м-р Бојан Стефановски ги
поздрави сите присутни и им се заблагодари
за дадената чест, сите заедно да го прослават
Светскиот ден на книгата и авторското
право.
Со славењето на книгите ние го
славиме пишувањето и читањето, со
кое човекот се издигнува и се реализира,
впрочем ја славиме слободата која што ни
ја овозможува. Нашата мисија останува


Првопласираната
Јана Врџовска ќе
не претставува на
натпреварот на
републичко ниво
кој оваа година
се одржува во
Куманово.


ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА КНИГАТА


23. ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“


да покажеме колку се важни книгите и
колку е прекрасна и убава работа да се
биде библиотекар, да се препорачува на
луѓето што да читаат, рече директорот
Стефановски.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 2024 27


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


Македонската порака и пораката
од УНЕСКО ја пренесоа проф. д-р Даниела
Андоновска - Трајковска и проф. д-р Биљана
Цветкова - Димов, а потоа следеше поетско
читање на студентите од Педагошкиот
факултет од Битола.
На крај на настанот директорот на
НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент
Охридски“ м-р Бојан Стефановски и доцент д-р
Јосиф Петровски на присутните им поделија


по еден цвет од цвеќарата Green Garden.
Светскиот ден на книгата и авторското
право е прекрасна прилика за сите нас
да ја прославиме силата на писменоста,
креативноста и значењето на книгите во
нашите животи. Целта на Светскиот ден на
книгата и авторските права е поддршка на
книжевноста и читањето и подигање на свеста
за значењето на културата и авторските права.


02 април 2024


На 02 април 2024 година, заедно
со учениците од ОУ ,,Кочо Рацин” од с.
Ивањевци, го одбележавме Светскиот ден на
литературата за деца, под мотото ,,Креиреме
свет од бајки”. Учениците и наставниците
претставува ликови од омилените бајки,
креираа збирки од познати бајки, играа
драмски игри, имаа улоги на библиотекари
итн. Учителката Весела Богдановиќ на новите
генерации им го презентираше своето
литературно творештво на објавени бајки и
книги за деца. Учениците имаа прилика да
научат и практично да сфатат како се креираат
нови бајки со популарни и уникатни ликови,
по методологија по која беше креирана и
збирката детски бајки ,,Родена” во училницата
на учителката.


Да се потсетиме, збирката ,,Магични
стапчиња, шарени лижавчиња” е издадена
во 2018 година од страна на Просветно
Дело како единствена збирка од овој вид во
земјава, креирана и илустрирана со ученици
од најмала возраст, која воедно нуди и


КРЕИРАЊЕ СВЕТ ОД БАЈКИ




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 202428


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


математички загаточни приказни и приказни
кои содржат социо-емоционални пораки и
поуки.
Преку практични активни беше
презентиран и проектот ,,КВЕЛТ 1“ поддржан
од Гаус Институт за нови технологии иновации
и трансфер на знаење и Ектер центар за
едукација и развој, базиран на содржини од
детскиот интерактивен роман ,,Авантурите
на госпоѓицата Жолтоперковска”. Заснован на
повеќе области од Националните стандарди
за квалитет на образованието и воспитанието
на децата, тоа е литературно дело за деца
создадено токму за време на часовите на
учителката Богдановиќ.


15 април 2024


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола,
заедно со Здружението на дијабетичари –
Битола организира работилница која ја водеа
психолозите Билјана Толевска - Наумовска
и Орхидеја Робевска од Здружението „Сега и
овде”. На присутните гости, психолозите им
покажаа неколку вежби кои беа наменети
да се долови темата „Свртување кон себе и
концентрирање во сегашниот момент.”
Во првиот дел од присутните
беше побарано да одговорат на неколку
прашања, односно да се стави акцент


на нивното размислување на одредени
прашања поврзани со нив самите и нивните
размислувања. Потоа истите прашања ги
споделија меѓусебно од кои се разви пријатна
дискусија. Додека во вториот дел гостите
имаа можност да цртаат на зададена тема,
искажувајќи ги своите чувства преку боите и
формите, за потоа да можат да ги образложат
пред групата. Овие вежби се навистина
користи, бидејќи акцентот го ставаат на нас и
не учат како да се сконцентрираме и да сме
продуктивни во секојдневниот живот.


СВРТУВАЊЕ КОН СЕБЕ




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 2024 29


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


Во СОЕУ „Јане Сандански” – Битола
реализиравме активност со учениците од
трета година, читање по улоги и емитирање
на ликови, како и гласно читање на цитати кои
допираат до дното на душата. Благодарност
до директорката на училиштето Биљана
Јанкуловска и професорката Xристина
Захариева.


КАЖИ НЕШТО УБАВО, ИЛИ НЕ КАЖУВАЈ НИШТО


18 април 2024


„Денес сè се купува и продава. Дури и
она за кое луѓето мислат дека нема цена. Тоа
обично е и најевтино“ – „Диво месо“ од Горан
Стефановски.
„Диво месо“ е семејна драма во која
темата е распаѓањето на едно предвоено
македонско семејство. Распаѓањето е
условено од времето и сосема различните
сфаќања на животот на сите членови
од семејството. Идејата е да го сфатиме
значењето на семејството, на нашиот корен,
на домот, на татковината. Дејството се случува
во Скопје, во Дебар Маало, непосредно пред
Втората светска војна. Композицијата на
драмата е модерна, авторот не го употребил
класичното делење на чинови, туку на (17)
сцени. Јазикот е многу специфичен, секој
лик зборува на свој јазик, на свој начин.
Изразот е многу стегнат и воопшто не постојат
непотребни реплики.


БЛАГОДАРНОСТ И РАДОСТ
КАКО СТИЛ НА ЖИВЕЕЊЕ


21 април 2024


Во библиотеката свое предавање на
тема „Благодарност и радост како стил на
живеење“, одржа Силвана Илиевска, судија во
пензија и автор на книгата „Преку тунелот до
светлината“.
Присутните гости имаа можност да
слушнат како благодарноста може да влијае
врз нас и на што сè треба да сме благодарни.
Колку малите ситници во животот што не
опкружуваат можат да ни донесат среќа и
да ни го направат нашиот живот поубав.
Водена од мудростите на религиите и цитати
од филозофи кои и денес ни носат големи
мудрости, меѓу присутните на настанот се
разви дискусија. Со аплауз беа прифатени


поентите за животот што таа ги порача пред
присутните, а секако произлегуваат од
нејзината книга.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 202430


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


дискусии за важноста на книгите и заштита на
планетата Земја.
Настанот беше преубав и со позитивен
одзив од страна на посетителите. Се
надеваме дека овој настан не само што ги
забавуваше учесниците, туку и ги поттикна
да размислуваат за важноста на заштитата на
нашата планета и да ја насочат својата љубов
кон книгите во посока на образование и
креативност. Им благодариме на учениците и
наставниците од основните училишта „Даме
Груев“, „Тодор Ангелевски“, ОУРЦ „Кочо Рацин“
– Битола и Розета Стоун.


Спасот е во нас, да ја разбудиме
љубовта во нас, да се самоприфатиме , да се
засакаме и да го сакаме даденото. Само така
ќе се спасиме, а коработ на спасот ни е Исус.
Многу полесно се живее ако е Исус со нас и во
нас“, порача Илиевска.


ЗАЕДНО ЗА ЗЕМЈАТА И
ЗБОРОВИТЕ


22 април 2024


На 22-ри април 2024 година, во
библиотеката беше организираше настан по
повод Денот на планетата Земја и Светскиот
ден на книгата и авторските права. Учесниците
на настанот беа маскирани во различни
ликови од омилени книги и филмови, животни
од приказни, историски ликови, супер херои
и со пораки за заштита на планетата Земја.
Настанот креираше волшебна атмосфера, сите
се забавуваа и ја изразија својата љубов кон
книгите и природата.
Присутните на настанот уживаа во
различни активности како читање на кратки
приказни за заштита на животната средина,


РАЗГЛЕДНИЦА ОД БИТОЛА


13 мај 2024


Библиотеката продолжува со реали-
зирање на проектот „Креативни забавни
работилници за поттикнување на
читањето на деца со попреченост – добри
практики“ кој трета година по ред е одобрен
од Министерство за култура на Република
Северна Македонија. Оваа година проектот го
започнавме во соработка со лицата од ЦПЛИП
„Порака“ од Битола. Првата работилница ја
посветуваме на нашиот роден крај Битола и
запознавање со неговите уникатни историски
градби: Старата битолска чаршија со сите
нејзини стари занаети, Безистенот, Саат
кулата, Исак џамија и Јени џамија, црквата
Св. Димитрија и една од најубавите улици во
Битола Широк сокак.




СВЕТСКИ БИБЛИОTEKИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 2024 31


од најрана возраст. Приближувањето на
читањето и учењето на децата од самите
почетоци на нивниот развој е нешто што го
ценам и поддржувам. Со сите свои аспекти,
од локацијата до програмите и настаните,
библиотеката Салаборса вистински ја
претставува есенцијата на културата и
знаењето. Моето искуство во неа остави
траен впечаток и сигурно е дека ќе се
вратам повторно за да уживам во нејзината
инспирирачка атмосфера.
Библиотеката Салаборса е мулти-
медијална библиотека, која има за цел да
ја документира современата култура преку
сите достапни документи: книги, весници,
списанија, мапи, видеа, аудио ЦД-а, ДВД-а (ова
е целосната мисија). Се наоѓа во централниот
дел на Болоња, на плоштадот Piazza del Net-
tuno, што е близу до главниот плоштад Piaz-
za Maggiore. Зградата во која сега се наоѓа
библиотеката Salaborsa некогаш била пазарен
центар, но во 2001 година била претворена во
библиотека и културен центар.
Библиотеката Салаборса нуди различни
услуги, вклучувајќи библиотечни услуги,
простор за читање, пристап до компјутери,
образовни програми, културни настани и
изложби. Во програмата на библиотеката
се опфатени децата од 0-3 години. Во
просторијата посветена на бебињата има
книги само со слики, со приказни од малку
зборови, уредена за деца, со посебни
форми и материјали. Во собата има теписи
и перничиња и катче каде мајките можат
да ги дојат своите бебиња. Исто така, за
родителите и другите возрасни, има книги и
списанија за грижа и воспитување на деца.
Во близина на дневната соба има бања
опремена за пресоблекување на бебињата
и помалите деца. Има катче за деца од 4 до 7
години, богато и преубаво уредено катче со
многу книги со убави илустрации. Освен на
италијански има книги и на други јазици, за да
им се даде можност на децата да читаат гласно
на нивниот мајчин јазик. Има полица „Читај
поинаку“ каде што може да се најдат тактилни


Јас сум Фатма Бајрам Аземовска,
докторанд на Педагошкиот факултет при
Универзитетот “Климент Охридски“ – Битола,
на насоката Образовни системи. Веќе 14
години работам како библиотекарка во НУУБ
„Св. Климент Охридски“ – Битола, а од 2020
година сум раководител на секторот за
развој на библиотекарството, меѓународна
соработка, маркетинг и односи со јавноста.
Во мојата улога како раководител, имам
привилегија да истражувам и анализирам
институции како што е библиотеката
Салаборса во Болоња, Италија.
Посетата на Салаборса не само што
беше во рамките на моето професионално
истражување, туку искуството што го
доживеав беше вистински впечатливо. Од
моментот кога влегов во просториите на
библиотеката, бев привлечена од нејзината
енергија и атмосфера. Прекрасна комнација на
класична архитектура и модерни концепции
допринесе за едно уникатно искуство што
не се опишува. Но, она што вистински ме
освои, беше ангажманот на библиотеката
за различните возрасти и интереси на
посетителите.


Како магистер во областа на библиот-
екарството, голем впечаток ми оставија
програмите и услугите наменети за децата


БИБЛИОТЕКАТА САЛАБОРСА ВО БОЛОЊА, ИТАЛИЈА




СВЕТСКИ БИБЛИОTEKИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 202432


локалната културна заедница. Библиотеката
е позната и по своите технолошки иновации.
Таа има напредни системи за пристап до
информации и дигитални ресурси, како и
различни виртуелни услуги.


Со своите широки услуги, иновативни
програми и прекрасна архитектура,
библиотеката Salaborsa е вистинско чудо во
срцето на Болоња. Не само што претставува
простор за читање и учење, туку исто така е
центар на културата и заедницата. Нејзината
способност да го задоволи разнообразниот
спектар на интереси и потреби на локалното
население, од најмладите до најстарите,
претставува доказ за значењето на културните
институции во градот Болоња, Италија.
Библиотеката Салаборса не само што ги
збогатува животите на своите посетители со
знаење и креативност, туку и го негува духот
на заедницата. Во секој аспект, библиотеката
Салаборса е прекрасно место кое треба да се
искуси и истражи.


Фатма Бајрам Аземовска, докторант,
библиотекар советник - раководител


на оддел Развој на библиотекарството,
меѓународна соработка, маркетинг и односи


со јавноста


книги на Брајово писмо. Во театарската сала се
планирани читања на глас и други активности.
Друго катче е наменето за деца од 8
до 12 години кое има богат избор на книги:
детективски, авантуристички, фантастични
и научно-фантастични романи, бајки, песни,
хорор и љубовни приказни, историски и
хумористични романи, ДВД-а, стрипови,
списанија, како и теми од областа на
астрономија, животни, растенија, уметност,
спорт, историја, географија, патувања,
пронајдоци. Има посебно катче за учениците
од средно образование и за сите ученици има
различни катчиња, а има и група за читање
која се состанува еднаш месечно. Преубава
тинејџерска соба во која има книги, стрипови,
филмови и друг материјал што ги интересира
тинејџерите на таа возраст. Освен на
италијански, има книги на арапски, француски,
кинески, германски, руски, албански и на
други јазици за да им се даде можност на сите
да читаат на својот јазик, а на Италијанците да
научат за пишувањето на јазиците на другите
народи.


Зградата е пример за современа
архитектура, со иновативен дизајн кој ги
интегрира старинските и модерните елементи.
На пример, подовите се направени од стакло,
што овозможува да се види подземната
археолошка раскопка под библиотеката.
Библиотеката Салаборса често организира
културни настани како литературни читања,
изложби на уметнички дела, промоции на
книги, музички настани и други забави.
Овие настани го прават ова место магнет за




КАФЕ И КНИГИ СО РОДНОКРАЈНИ ПИСАТЕЛИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 2024 33


Самовила” ја напишав пред дванаесетина
години заедно со уште неколку нови се
уште необјавени бајки во склоп на проектот
за интегрирано и интерактивно учење со
примена на ИКТ ,,Магична земја на бајките и
приказните” со кој како државен победник,
Микрософт експерт едукатор, ја претставував
Македонија на Светскиот форум во Шпанија.
Објавената верзија се роди пред неколку
години благодарение на издавачот Просветно
Дело и уредничката Ксенија Маказлиева
Трајчева кои ме охрабрија на овој чекор на
што им сум многу благодарна и среќна што
ги имам како поддршка во живот и делата. Ја
обликував како современа бајка со акцент
на социјален и емоционален развој и многу
предизвици за креативно изразување и
творење. Но не само тоа, Просветно Дело
го поддржува и мојот проект ,,Чудесна
лабораторија”, базиран на Националните
стандарди преку кој оваа бајка активно
,,живее” во многу училници, градинки и
домови.“


Нејзините книги се модерни бајки во
кои родителите и децата можат заедно да
уживаат и секако ги насочуваат како можат
корисно да ги употребуваат своите мобилните
телефони, привлекувајќи ги во скриените


04 мај 2024

Нема поубаво од тоа да живееш
во град во кој пишаниот збор го негуваат
голем број наши сограѓани. Секоја книга
која доаѓа во нашиот роднокраен оддел е
вистинско богатство за нашиот град и нашата
библиотека. Овој пат на кафе и книга бевме
со писателката за деца и возрасни Весела
Богдановиќ.
Таа е мајка, сопруга и втора мајка
на голем број на генерации ученици кои
поминале и се уште поминуваат низ нејзината
училница, креативен лик чија магија и
креативност ја споделува насекаде каде
одржува свои едукативни работилници.
Таа е автор на книгите за деца : ,,Магични
стапчиња и шарени лижавчиња”, ,,Тајната на
Сината Самовила”, ,,Книга на тајните”,,,Чудо
од визбата”, ,,Авантурите на госпоѓицата
Жолтоперковска”, и романот за возрасни
,,Остров на тишината”.


Кога ја запрашавме за почетоците за
нејзиното пишување, таа ни одговори: „Скоро
сите мои сега веќе објавени книги за деца
ги напишав многу одамна, без намера за
публикување, за работа на мојата училница.
Почнав да пишувам за потребите на мојата
наставна програма, сите текстови и тие што
се објавени во моите книги се работени во
практичната настава со учениците. Децата
најмногу учат преку примери и игра. На
пример, првата верзија на ,,Тајната на Сината


РАЗГОВОР СО ВЕСЕЛА БОГДАНОВИЌ




КАФЕ И КНИГИ СО РОДНОКРАЈНИ ПИСАТЕЛИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 58 / 202434


Весела ја запрашавме да ни открие што ново
подготвува, таа ни одговори: „Со години ме
чека започната автобиографија во која, во
првиот дел преку драги лични шеги и случки
од минатото раскажувам за вредностите
на едно убаво а скромно време, детство
кое му го посакувам на секое современо
дете, родителство кое му го препорачувам
на секој современ родител. А во вториот
дел преку конкретни лични случки, остро
„шамарам” се што се обидува да ми стави
сопка и како личност и како професионалец,
во секојдневието во кое без политички
ангажмани и врски, поединецот воспитан
во друг систем на вредности, живее борба
за опстанок независно од квалитетите,
карактерни и професионални“.


За крај ја замоливме да се обрати на
нашите читатели: „Драги родители, бабички и
дедовци, подарувајте им книги на најмилите,
носете ги дечињата во книжарници и
библиотеки. Читајте, раскажувајте, цртајте,
обликувајте со нив за време на дружбата со
книга или сликовница. Креирајте интересни
катчиња за читање во домот, на тераса, во
дворчето, со ламбички, ќебиња, перничиња,
гајби… Дечињата и кога ќе пораснат ќе си ги
паметат креативните мигови со најмилите, а
навиката за дружба со книгите ќе ја пренесат
понатаму како семејна вредност“.


м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски


светови на страниците на нејзините книги.
За нејзината книга ,,Авантурите на
госпоѓицата Жолтоперковска” таа вели:
„Иако се работи за детска книга, ликовите-
риби носат човечки карактери во кои лесно
ќе се препознаеме, сите ние, различни во
карактерот и однесувањата во ситуации
блиски до реалните. Во самата книга преку
кодови за скенирање поставени се преку 15
дополнителни предизвици за креирање и
истражување на интересни теми“.
За нејзината поддршката во пишу-
вањето таа вели дека покрај семејство и
нејзините пријатели несебично ја истакнува
Љубица Севдинска, истакнат наставник и
лектор. „Среќа е да се има искрен пријател
при професионален ангажман. Таа секогаш е
тука за првото читање и дава свое мислења,
охрабрување, лекторирање и совети,
професионални и пријателски“.


Нејзина единствената објавена книга за
возрасни е романот „Остров на тишината”, за
него таа ни раскажа: „ Ја напишав за неколку
месеци, инспирирана од посета на островот
Сазан на чија територија се крие напуштен
град со богато историско минато. Пишував
и дење и ноќе, до утрото. Пишувањето за
возрасни ми е многу полесно, бидејќи тука не
внимавам на воспитни и образовни целини и
вредности ограничени со возраст, едноставно
си го пишувам она што си го гледам како филм
пред очите. Уживав додека работев на делото.“