бр. 60-61 / 2025 год.
80
„Св. Климент Охридски“
Битола
години
НУУБ
(1945-2025)
СПИСАНИЕ НА НАЦИОНАЛНАТА УСТАНОВА
УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА
„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
Библио ечен
ренд
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 20252
Библиотечни услуги Цена (ден.)
Годишна членарина за претшколска возраст, лица со
посебни потреби или од социјално загрозени семејства
0,оо
Годишна членарина за деца (до IX одд.) 300,оо
Годишна членарина за возрасни 350,оо
Годишна членарина за пензионери 300,оо
Зајмување на библиотечна граѓа за 10 дена 10,оо
Доцнење на библиотечна граѓа, на ден 10,оо
Резервација на книга 30,оо
Меѓубиблиотечно позајмување 200,оо
I опомена 30,оо
II опомена 60,оо
III опомена 120,оо
IV опомена 240,оо
Користење на интернет и читални 0,оо
Замена на загубена членска карта 200,оо
Користење на роднокрајна сала за 1 час 2000,оо
Користење на салa (приземје или I кат) за 1 час 3000,оо
Секој нареден час за користење на сали 1000,оо
НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА - УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА
„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
тел: 047 220 515
тел/факс: 047/220-208
тел. зајмување: 047/232-999
ул. Пеце Матичевски 39
7000 Битола
Работно време:
од понеделник до петок
07:00 - 20:00
www.nuub.mk
e-mail: nuub@nuub.mk
41.02735, 21.33302
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 3
Издавач
Национална установа
Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ - Битола
ул. Пеце Матичевски бр. 39
За издавачот
м-р Емилија Стефановска-Давкова
Главен и одговорен уредник
Маријан Колевски
Издавачки совет:
м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски
м-р Александра Талеска
Маријан Колевски
Марија Марковска
Редакција:
д-р Светлана Талеска
м-р Фатма Бајрам - Аземовска
Гордана Пешевска
Лектура:
м-р Александра Талеска
Фотографија
Слободан Пачовски
Компјутерска обработка и дизајн
Маријан Колевски
Печатница
Графо Пром - Битола
Тираж
200 примероци
ISSN 1409-9497
Списанието е финансирано од
Министерството за култура и туризам
на РС Македонија
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 20254
СОРАБОТКА СО ГКММ СПЛИТ, РЕПУБЛИКА
ХРВАТСКА ....................................................................... 37
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА,
ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
ЕКО РЕПОРТЕРИ .......................................................... 39
ЕВРОПСКИ НАСТАН ЗА РАСКАЖУВАЊЕ
ПРИКАЗНИ „SASAS JEKHVAR JEKH
– НЕКОГАШ… И СЕГА“ ............................................... 40
ПРИМЕР НА ХУМАНОСТ .......................................... 41
ИЗЛОЖБА „ЧИТАЊЕ НА ТРАДИЦИЈАТА
– КИРИЛИЦАТА ВО КАЛИГРАФИЈА И ВЕЗ“ ........ 42
ЉУБОВТА НЕ СЕ ГЛЕДА СО ОЧИ,
ТУКУ СО ДУША.............................................................. 43
БАЈКАТА – ЧУДЕСЕН СВЕТ НА ИМАГИНАЦИЈА 43
ПИСМО ДО НАЈВАЖНАТА ЖЕНА
ВО МОЈОТ ЖИВОТ ....................................................... 44
ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО БИБЛИОТЕКАТА ...... 44
ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ЕЛИСИСКО ЕХО“
ОД ИГОР ТРАЈКОВСКИ – ФОЈА ............................... 45
55 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО НА ГОРДАНА ТАКЕЦ 46
ИЗЛОЖБА „8-МИ МАРТ“ ........................................... 46
И ЈАС СУМ ДЕЛ ОД ВОЛШЕБНИОТ СВЕТ ............ 47
МАГИЈАTA НА БАЈКИТЕ ............................................. 47
БИБЛИОТЕКАТА ПРОТИВ БУЛИНГОТ
И САЈБЕР БУЛИНГОТ .................................................. 48
МОЈА КНИГА – МОЈ СВЕТ ......................................... 49
СВЕТСКИ ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА .................. 49
СВЕТСКИ ДЕН НА КНИГАТА И
АВТОРСКИТЕ ПРАВА ................................................... 50
80 ГОДИНИ ОД КОДИФИКАЦИЈАТА НА
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ........................................... 51
СЕМЕЈСТВОТО – СРЦЕТО НА
НАШАТА ЗАЕДНИЦА .................................................. 52
КНИГИТЕ ПАТУВААТ ................................................... 52
ИНКЛУЗИЈА ПРЕКУ КНИГА И КРЕАТИВНОСТ ... 53
КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА
ГЛАГОЛИЦАТА ............................................................... 53
ПРИКАЗНИ ШТО НЀ УЧАТ НА
ДРУГАРСТВО И РАЗЛИЧНОСТИ ............................. 54
МАГИЧЕН ДЕН СО БАЈКИТЕ НА
БРАЌАТА ГРИМ .............................................................. 54
САЕМ НА КНИГАТА - БИТФЕСТ 2025 .................... 55
УМЕТНОСТА КАКО ТЕРАПИЈА ................................. 56
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ДОНИРА
КНИГИ НА КПУ ЗАТВОР – БИТОЛА ...................... 57
РАЗГОВОР СО ИГОР ТРАЈКОВСКИ - ФОЈА .......... 57
НАД 200 КНИГИ ЗА ЈОУ „СЈУ РАЈДЕР“
- БИТОЛА ......................................................................... 59
ПРВА СРЕДБА СО БИБЛИОТЕКАТА ....................... 59
БЕЗГРАНИЧНА Е МАГИЈАТА НА БАЈКИТЕ .......... 60
ОТВОРИВМЕ КНИГА, ОТВОРИВМЕ СРЦЕ............ 60
МОЈАТА БИТОЛА - ФОТОГРАФИИ И КАТАЛОГ . 61
ЛИЧНОСТИ И НАСТАНИ КОИШТО
НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ ..................................................... 62
М-Р ЕМИЛИЈА СТЕФАНОВСКА-ДАВКОВА,
ДИРЕКТОР НА НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
- БИТОЛА .........................................................................5
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ
И АКТИВНОСТИ
80 ГОДИНИ НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА
– УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА
СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА ................... 6
ИЗЛОЖБА „БИТОЛА - ГРАД НА КОНЗУЛИТЕ,
ГРАД НА КЛАВИРИТЕ“ ............................................... 9
ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА ПО ПОВОД 80 ГОДИНИ
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ..... 9
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ ЗА НАЈГОЛЕМИТЕ
ЧИТАТЕЛИ И ПОРАНЕШНИ ВРАБОТЕНИ ВО
БИБЛИОТЕКАТА ............................................................ 10
ПОЕТСКИ НАСТАН СО ПРОМОЦИЈА
НА КНИГИ ...................................................................... 12
СВЕЧЕНА ПРОМОЦИЈА НА
МОНОГРАФИЈА (1945-2025) ................................... 14
ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА НУУБ .............................. 16
„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА ............... 16
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД
КОНКУРСОТ ЗА КРАТОК РАСКАЗ ........................... 18
65 ГОДИНИ МАКЕДОНСКО
НАУЧНО ДРУШТВО ..................................................... 19
ФАКСИМИЛИ ОД РОДНОКРАЈНИ ПИСАТЕЛИ . 19
ОДРЖАН 24. НАТПРЕВАР „МЛАДИ
БИБЛИОТЕКАРИ“ ОПШТИНСКО
И РЕПУБЛИЧКО НИВО ............................................... 20
ЗНАЧАЈНА ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА
ОД ОРГАНИЗАЦИЈАТА „ВЕРБУМЛАНДИАРТ“
- ИТАЛИЈА ....................................................................... 21
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
„ИНОВАТИВНИ БИБЛИОТЕЧНИ ПРОГРАМИ“ ... 22
„СВЕТОТ ВО СТРАНИЦИ“ – САЕМ НА КНИГИ .. 24
20 ГОДИНИ РОДНОКРАЈНИ СРЕДБИ
НА БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ................................ 26
ПЕТТИ СТРУЧЕН СОБИР НА
ФАКУЛТЕТСКИТЕ БИБЛИОТЕКИ ............................ 28
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА
БИБЛИОТЕКАТА
МОСТОВИ НА КУЛТУРА И ЗНАЕЊЕ
МЕЃУ БИТОЛА И МАЛТА ........................................... 29
СОРАБОТКА СО НАЦИОНАЛНАТА ЦЕНТРАЛНА
БИБЛИОТЕКА ВО РИМ ............................................... 32
ОБУКА НА БИБЛИОТЕКАРИ ВО
ПАЛЕРМО - ИТАЛИЈА ................................................. 34
ОД БИТОЛА ДО ХАЛАНДРИ
ПАТЕКА НА ЗНАЕЊЕ И СОРАБОТКА .................... 35
РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА СО
УНИВЕРЗИТЕТСКАТА БИБЛИОТЕКА
ВО КЕМНИЦ, ГЕРМАНИЈА ........................................ 36
СОДРЖИНА
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 5
М-Р ЕМИЛИЈА СТЕФАНОВСКА-ДАВКОВА,
ДИРЕКТОР НА НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА
- УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА
„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
Библиотеките отсекогаш претставувале
главните витални, духовни и интелектуални
центри на секоја заедница. Тие се местата
каде што љубопитноста расте во допир со
нови сознанија, каде што историјата, науката и
уметноста се прелеваат токму меѓу страниците
на книгите, оставајќи трага која ги обликува
генерациите. Со посебна чест и длабока лична
посветеност ја презедов функцијата директор
на Националната установа – Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола,
институција со осумдесетгодишна историја и
со значајна улога во културниот и образовниот
развој на нашиот регион.
Мојата професионална, но и исклу-
чително лична поврзаност со оваа Библиотека,
во која, како љубител на книгата, израснав и
стекнав духовни и интелектуални темели, ми
дава дополнителен мотив да продолжам со
нејзиното градење како современ и отворен
центар на знаење, култура и иновација.
Библиотеката не e само чувар, туку и креатор
на културната и интелектуалната меморија,
чувар на македонскиот јазик, традиција и
идентитет!
Со особена гордост ја одбележавме
80-годишнината од основањето на нашата
институција, формирана веднаш по АСНОМ,
на 25 март 1945 година. Прославата беше
реализирана на високо протоколарно и
содржинско ниво, во присуство на истакнати
претставници од државниот и локалниот
јавен живот, меѓу кои и Претседателката на
Република Македонија, проф. д-р Гордана
Сиљановска-Давкова. Оваа важна годишнина
не беше само повод за оддавање почит на
традицијата, туку и повод за афирмација на
новите предизвици и визии што стојат пред нас.
Од 1954 година, Библиотеката има статус
на депозитна институција, што претставува
особена обврска, но и чест – секоја публикација
отпечатена во Република Македонија да биде
доставена и сочувана во нејзиниот фонд. Тоа ја
прави нашата библиотека значаен архивар на
македонското книжевно и научно творештво,
но и обврзувачки сведок на културниот развој
на нацијата.
Во наредниот период, нашите приори-
тети ќе бидат насочени кон модернизација
и унапредување: збогатување на книжниот
фонд со современа литература за сите
возрасни категории, обезбедување поголем
и пофункционален простор за сместување и
заштита на библиотечниот материјал, како и
динамичен развој на дигиталните библиотеки.
Особено внимание ќе посветиме на заштитата и
конзервацијата на ретките и вредни примероци
– нашите книжевни реликвии, кои сведочат
за културната меморија на народот. Покрај
тоа, ќе продолжиме со организирање на
настани, работилници и културно-образовни
активности, со што ќе ја зајакнеме улогата на
библиотеката како простор за дијалог, учење и
креативна соработка.
Уверена сум дека со заедничка енергија
– на стручниот тим библиотекари, на граѓаните,
наставниците, учениците, студентите, истражу-
вачите и сите љубители на книгата – ќе ја
зацврстиме и унапредиме улогата на НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола како амблем на
знаењето, инспирацијата и културниот развој
во нашиот град и пошироко. Нека Библиотеката
и понатаму остане светилник што го осветлува
патот на љубопитните и посветените – пат
што започнува меѓу кориците на една книга
и продолжува со создавање на подобра,
пообразована и покултурна заедница.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 20256
Претседателката Силјановска-Давкова
во своето обраќање ја истакна улогата на
библиотеките како „тврдини на знаењето“
и нивната непроценлива вредност во
зачувувањето на културниот и националниот
идентитет. Таа ги охрабри присутните
да продолжат со мисијата на ширење на
знаењето и негување на љубовта кон книгата,
особено кај младите генерации.
- Вљубена сум во книгите, во прашање е
доживотна фатална врска меѓу мене и книгите.
Се надевам дека библиотеката ќе продолжи да
28 март 2025
Во Офицерскиот дом во Битола, со
свечена академија беше одбележан значајниот
јубилеј – 80 години постоење на Националната
установа - Универзитетска библиотека „Св.
Климент Охридски“ - Битола.
На настанот присуствуваа претседа-
телката на Република Северна Македонија,
проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова,
градоначалникот на Битола, Тони Коњановски,
ректорот на Универзитетот „Св. Климент
Охридски“ – Битола проф. д-р Игор
Неделковски, Пратениците Олга Лозановски,
Силвана Ангелевска и Пеце Милевски,
заменик министерот за економија – Николче
Јанкуловски, како и градоначалници,
советници, директори на јавни претпријатија
и културни институции, претставници на
културни институции и други угледни гости.
80 ГОДИНИ НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА – УНИВЕРЗИТЕТСКА
БИБЛИОТЕКА СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА
биде светилник на знаењето, дом на книгата
и место каде што се гради иднината преку
мудроста од минатото. Да сториме сè, луѓето
што повеќе да читаат. Да ја приближиме
книгата особено до најмладите, тоа е актуелно
деновиве, да им создаваме читачки навики,
да им читаме книги од најрано детство, да им
подаруваме книги, да ги наградуваме со книги,
рече претседателката Силјановска - Давкова.
Директорката на НУУБ “Св. Климент
Охридски“ – Битола, м-р Емилија Стефановска-
Давкова во своето обраќање рече:
-Денес славиме голем ден, го славиме
осум децениското постоење на нашата
Национална установа - Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Библиотеката претставува лулка на знаењето,
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 7
на културата, традицијата, негување на
македонскиот јазик, литература и идентитет,
еден од корените на нашата држава. Тука
се негува културното наследство, книжниот
и некнижен фонд. Денес славиме многу
значаен настан, осум деценискиот јубилеј.
Од своето основање на 25 март 1945 година
нашата библиотека прерасна во вистински
храм на книгата, знаењето и традицијата
каде што генерации читатели, истражувачи,
студенти, љубители на пишаниот збор ги
пронајдоа своите инспирации, одговори и
нови хоризонти. Од основањето библиотеката
располагаше со многу мал книжен фонд од
само 300 книги, за таа денес да прерасне во
современа библиотека со многу дигитални
ресурси, едукативни програми. Секој чекор
од нашето патување беше исполнет со
посветеност, љубов кон знаењето, следејќи ги
постојано современите трендови на светските
библиотечни стандарди.
Ректорот на Универзитетот „Св. Климент
Охридски“ - Битола, проф. д-р Игор Неделковски
потенцираше дека библиотеките отсекогаш
биле клучен сегмент на секој универзитет,
служејќи како двигатели на науката,
истражувањето и образованието.
-Библиотеката е основана за помалку
до пет месеци по ослободувањето на
градот Битола, кога сè уште се водат битки
на дел од територијата на Македонија го
потврдува значењето на библиотеките како
државотворни институции, кои преку чување
на пишаниот збор ја обезбедуваат иднината
на државата. Денес согласно важечката
легислатива Универзитетската библиотека
е придружна членка на Универзитетот
„Св. Климент Охридски“ – Битола. Јас како
ректор на универзитетот ветувам дека ќе се
интензивира соработката, посебно од аспект
на предизвиците со кои се соочуваме денес.
А главен предизвик е
реформулирање на уло-
гата на библиотеките
во општеството и
универзитетот во услови
на дигитализација и
вештачка интелигенција,
нагласи ректорот Не-
делковски.
Во рамки на
свечената академија
беше промовирана
монографијата „НУУБ
Св. Климент Охридски –
Битола, историја и развој
1945 – 2025“,
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 20258
Во Офицерскиот дом беа изложени
четирите калиграфи, новосоздадени тропари
на светители – творештво на сестринството
на Слепченскиот манастир, транскрипција
од црковнословенски на глаголица: Тропар
на Св. Наум Охридски, Св. Гемел, Св. Јоаким
Осоговски, Св. Нифонт Кипарски.
Свечената академија беше проследена
со богата културно уметничката програма
која се состоеше од македонско црковно
пеење, рецитали, изведби на пијано,
виолина и соло изведба. Поетскиот рецитал
„Создателот на мирот, заштитник на куќата
на зборот“, го подготви проф. Николина
Поповска, а во него учествуваа и Марија
Младеновска-Димитровска, Марија Наумовска
и Маријан Тасевски. Музичка придружба
Владко Симоновски, машки хор „Св. Нектариј
Битолски“ и настап на учениците од музичкото
училиште.
Свеченоста заврши со доделување на
златни плакети и благодарници на заслужни
поединци и институции.
а нејзин промотор беше проф. д-р Елка
Јачева-Улчар. Проф.Јачева-Улчар е истакнат
филолог и научен истражувач во областа
на македонскиот јазик и писменост која ја
претстави монографијата, нагласувајќи ја
нејзината значајна историска и културолошка
вредност. Оваа публикација претставува
значајно сведоштво за историјата на
библиотекарството во Битола и Битолско,
почетоците и основањето на Библиотеката во
1945 година, нејзиниот континуиран развој и
трансформација низ годините сè до денес.
Доц. д-р Анита Ангелевска во својот
говор нагласи дека Климент бил втемелувач на
старомакедонската и словенската литература,
чиј книжевен придонес се проширил низ
целиот христијански православен свет.
Ангелевска ја пренесе и пораката од
сестринството на Слепченскиот манастир,
нагласувајќи ја улогата на Свети Климент
како чувар и преносител на духовната
Кирилометодиевска мисла.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 9
графии од нашиот град низ годините, од
старата битолска чаршија, обичаите и
занаетите во Битола.
Битола - градот на конзулите, градот
на клавирите, е едно од најзначајните и
најистакнатите места во Македонија, кое
се одликува со богата историја и култура.
Битола во 19-тиот век беше познат како
“град на конзулите”, каде што присуствуваа
претставници на многу европски земји.
Конзулите не само што работеа на заштита на
интересите на своите земји, туку и активно
учествуваа во општествениот живот, што
придонесе за развојот на образованието и
културата во Битола.
Покрај својата дипломатија, Битола
е позната и како “град на клавирите”. Овој
град ја има богатата традиција на музика и
уметност, со фокус на клавирската музика.
Битола е дом на многу талентирани музичари
и композитори кои го оставиле својот потпис
во македонската музика.
ИЗЛОЖБА „БИТОЛА - ГРАД НА КОНЗУЛИТЕ,
ГРАД НА КЛАВИРИТЕ“
24 март 2025
По повод 80 години постоење на
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, во
холот на библиотеката поставена беше
изложба „Битола - град на конзулите, град
на клавирите“. На изложбата беа поставени
фотографии од Библиотеката од нејзиното
основањето до денес (1945-2025) и фото-
ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА ПО ПОВОД 80 ГОДИНИ
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
25 март 2025
Во прекрасен амбиент на Офицерскиот
дом – Europe House Bitola, беше одржана
панел-дискусијата на тема „Промовирање на
значењето на библиотеката како културна и
образовна институција во заедницата“. Овој
настан беше дел од програмата по повод 80
години од основањето на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола. и ја потенциравме
важноста на библиотеките во современото
општество.
На настанот говореа истакнати прет-
ставници од академската заедница, локалната
самоуправа и библиотечниот сектор:
• м-р Емилија Стефановска-Давкова – дирек-
тор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ –
Битола
• м-р Фатма Бајрам Аземовска – коор-
динатор на проектот
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202510
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ ЗА НАЈГОЛЕМИТЕ ЧИТАТЕЛИ И
ПОРАНЕШНИ ВРАБОТЕНИ ВО БИБЛИОТЕКАТА
26 март 2025
Со гордост и возбуда ја одбележавме
80-годишнината од основањето на
Националната установа - Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Овој значаен јубилеј е сведоштво за осум
децении посветеност на културата, знаењето и
љубовта кон книгата.
На свечената програма, присутните
имаа можност да го слушнат обраќањето на
м-р Емилија Стефановска-Давкова, директор
на библиотеката. Настанот беше збогатен со
прекрасно подготвено видео од учениците
на Средното економско училиште „Јане
Сандански“ – Битола, под менторство на
професорката Христина Захариевска, што
уште еднаш ја потврди успешната соработка
меѓу библиотеката и образовните институции.
Во знак на благодарност за нивниот труд,
беа доделени признанија на учениците,
професорката Христина Захариевска и
директорката Билјана Јанкуловска.
Со особена чест ги објавуваме имињата
на најголемите читатели за 2024 година:
• д-р Тони Коњановски – градоначалник на
Општина Битола
• проф. д-р Игор Неделковски – ректор за
наука, УКЛО
• проф. д-р Горан Илиќ – проректор за наука,
УКЛО
• Снежана Петровска – претставник од
Општина Битола
• доцент д-р Анита Ангелевска – научна
перспектива за библиотеките
• д-р Светлана Талеска – значењето на
роднокрајната збирка
• д-р Николче Вељановски – модернизација
на библиотеките
• м-р Ивана Хаџиевска – улогата на
библиотеките за ранливите групи
• Викторија Брдаровска – младинска
перспектива и дигитална трансформација
Настанот заврши со креативна заврш-
ница, каде секој учесник сподели своја мисла
за библиотеките, поттикнувајќи инспиративна
дискусија за нивната иднина.
Голема благодарност до сите учесници,
гости и поддржувачи. Заедно градиме
подобро општество со знаење и култура.
Благодарност и до вработените во Europe
House Bitola кои беа наши соработници во
организацијата на овој значаен настан,
обезбедувајќи одличен амбиент и логистичка
поддршка.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 11
Јована Јанева, Мартина Мојсовска
• возрасни читатели: Жанета Тошеска,
Емилија Дурлова, Марија Видановиќ
• пензионери: Розитка Тодоровска,
Славица Митковска, Мирјана Давкова
Следеше доделување на наградите
„Роднокраен автор за 2024 година“ во четири
категории:
• поезија: проф. д-р Зоран Пејковски
• проза: Елизабета Јончиќ
• перото на библиотекарството: Илче
Стојановски и
• награда за животно дело: Петре
Димовски
На крај се доделија благодарници на
сите поранешни вработени во битолската
библиотека.
• предучилишна категорија: Емил
Стојаноски, Димитра Ѓеоргиева, Тамара
Додовска
• основно образование: Никола Ицоски,
Огнен Никодиноски, Марија Јоновска
• средно образование: Теодора Шопеска,
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202512
Петрески, Раде Силјан, Добре Тодоровски,
Радован П. Цветковски, Менде Солучневски,
Зоран Пејковски, Сашо Огненовски, Силвана
Нешковска, Панде Манојлов, Елизабета
Јончиќ, Златко Жоглев – Олгин, Петре
Димовски, Милица Димитријовска-Радевска,
Лили Бошевска, Весна Мундишевска-
Велјановска, Кире Неделковски, Даниела
Андоновска-Трајковска, Гордана Стојановска.
Во читалната беа изложени картички
со поетски творби, илустрирани со делата
на Ранко Струмениковски, што даде
дополнителна уметничка димензија на
настанот. Дизајнот на картичките е дело на
проф. Весна Мундишевска-Велјановска.
На картичките беа застапени кратки
поетски творби од истакнати членови на
Македонското научно друштво: Христо
ПОЕТСКИ НАСТАН СО ПРОМОЦИЈА НА КНИГИ
27 март 2025
Во рамките на значајниот јубилеј – 80
години од основањето на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола, во читалната „Горан
Стефановски“ беше одбележан Светскиот ден
на поезијата со поетскиот настан „Стихови
што обединуваат“.
Настанот го отвори директорката на
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р
Емилија Стефановска-Давкова, која ја истакна
посветеноста на библиотеката во негувањето
на книжевната култура и поддршката на
македонските поети. Додека претседателката
на Македонското научно друштво проф. д-р
Даниела Андоновска-Трајковска, говореше за
значењето на поезијата како неизоставен дел
од културното наследство и нејзината моќ да
инспирира и поврзува генерации.
Дополнително на настанот се
одржа промоција на книгата „Факсимили
од роднокрајни писатели – членови на
Друштвото на писателите на Македонија“
и претставен беше каталогот „За Горан
Стефановски – литературно и театарско
наследство“.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 13
Неделковски. Промотор на книгата беше
писателката Весна Мундишевска-Велјановска,
која зборуваше за значењето на целокупниот
овој проект. Овој труд ќе остане траен запис
во роднокрајната збирка на библиотеката.
Во рамките на настанот беше претставен
и каталогот „За Горан Стефановски –
литературно и театарско наследство“, омаж на
еден од најзначајните македонски драматурзи.
Неговото дело останува инспирација за
идните генерации театарски уметници,
писатели и истражувачи.
Оваа иницијатива уште еднаш
ја потврдува мисијата на библиотеката
како чувар на книжевното и културното
наследство, создавајќи мост помеѓу минатото
и иднината, зборот и сцената, инспирирајќи
нови генерации да ја негуваат македонската
литература и уметност.
Книгата содржи биографски податоци
и факсимили – уникатни примероци од
рачно изработена хартија, на кои дваесет
и пет македонски писатели оставија свои
записи – поетски творби, извадоци од прозни
дела, мисли и пораки. Авторите се истакнати
членови на Друштвото на писателите на
Македонија (ДПМ), кои потекнуваат од Битола
и околината, а многумина од нив и денес
живеат и создаваат во градот. Факсимилите
беа создадени во рамки на проектот
„Факсимили од роднокрајни писатели“,
реализиран во периодот 2022-2024 година од
Весна Мундишевска-Велјановска и Валентина
Ристеска, наставнички по графички стручни
предмети во СОУ „Таки Даскало“ – Битола,
заедно со учениците од графичката струка.
Преку процесот на рециклирање на хартија
и рачна изработка на уникатни листови,
учениците не само што ја усовршија техниката
на рачно изработена хартија, туку и ја
зголемија својата еколошка свест.
Издавач на книгата „Факсимили
од роднокрајни писатели – членови на
Друштвото на писателите на Македонија“ е
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р
Емилија Стефановска-Давкова, а приредувачи
се Весна Мундишевска-Велјановска, м-р Фатма
Бајрам-Аземовска и м-р Гордана Ѓоргиевска-
Организатори на настанот беа НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола и Македонското
научно друштво. Овој настан уште еднаш
ја потврдува мисијата на библиотеката која
како чувар на книжевното и културното
наследство претставува мост помеѓу минатото
и иднината, инспирирајќи нови генерации кои
преку моќта на зборот ќе ја чуваат и негуваат
македонската традиција и уметност.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202514
културната меморија. Важно е да се знае
дека нашата институција е наследник и
продолжувач на културна и книжевна
традиција која што почнува од X век и
продолжува во XVII век за што говорат
зачуваните ракописи од Битола и битолско
во манастирските библиотеки. Затоа
овие осум децении не се само временска
одредница, туку тие се значаен период на
воспоставување, унапредување и зачувување
на нашата историја, културен идентитет и
јазик, рече Стефановска-Давкова.
Монографијата, додаде, документи-
рано, систематски ја покажува историјата
на нашата Библиотека, нејзините
изданија, современите активности и
трансформацијатата во сегашната институција
која одамна ја надмина својата улога на
обично библиотекарско депо.
-Денес, НУУБ „Св. Климент Охридски“-
Битола е активен центар на дигитализација,
СВЕЧЕНА ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА (1945-2025)
17 септември 2025
Во свечена атмосфера и во присуство
на бројни претставници од културниот,
образовниот и јавниот живот, се одржа
промоцијата на Монографија посветена на
осумдесетгодишнината од постоењето на
Националната установа – Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола.
На промотивниот настан директорката
на библиотеката, Емилија Стефановска-
Давкова посочи дека Монографијата,
документирано и систематски ја покажува
историјата на Библиотеката, нејзините
изданија, современите активности и
трансформацијатата во сегашната институција.
-Монографијата е посветена на 80
годишното постоење на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ - Битола. Библиотеката која со
гордост го носи името на Свети Климент
Охридски и е вкоренета во Битола,
претставува симбол на континуитетот и
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 15
Промотор на монографијата беше
проф. д-р Наташа Котлар-Трајкова, редовен
професор при Институтот за национална
историја и актуелен директор на Државниот
архив на Македонија.
Таа истакна дека во книгата може да
се прочита за училиштата, читалиштата и
библиотеките како дел од културното милје
на Битола, за развојот на библиотекарството и
значајни моменти од историјата на установата.
„Библиотеката е голем светилник во овој
простор на Македонија и треба да остане
културен, просветен и образовен центар кој
укажува на големината на градот Битола“, рече
Котлар-Трајкова.
на мултимедијални настани, современи
медиумски комуникации и едукативни
процеси потребни за нашата заедница, а со
својот универзитетски статус, библиотеката е
исправена пред обврската да биде проактивен
учесник во областа на науката, истакна
Стефановска - Давкова.
Настанот, кој го водеше актерката
Јулијана Мирчевска, беше збогатен со
културно-уметничка програма. Мирчевска
ја изведе поемата „Дениција“ од Петре М.
Андреевски, а учениците од Државното
музичко училиште – Битола, под менторство
на проф. Тања Котевска, настапија со
композициите „Тајни за две виолини“ и
„Часовник за две виолини“.
Во знак на благодарност за поддршката,
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола додели
плакети на градоначалникот Тони Коњановски
и на компанијата „Графопром“ – Битола.
Настанот предизвика голем интерес, салата
беше преполна, а публиката на високо ниво.
Со ова монографско издание,
Универзитетската библиотека остава траен
споменик на културното наследство и
писменоста, нагласувајќи ја својата улога како
чувар на традицијата и современ учесник во
изградбата на културниот и научниот живот во
Македонија.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202516
Најпрво поздравен говор имаше в.д.
директорот на НУУБ „Св. Климент Охридскии“
– Битола, Менде Доневски кој се осврна
на неколку компоненти од животот на Св.
Климент Охридски.
ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА НУУБ
„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА
06 декември 2024
По повод 8 Декември - патрониот
празник на Националната установа -
Универзитетска библиотека „Св. Климент
Охридски“ – Битола, во свечената сала на
библиотеката се одржа свечена академија
на која што присуствуваа пратеници,
претставници на Преспанско-Пелагониската
Епархија, градоначалниците на Новаци и
Могила, советници од Советот на општина
Битола, библиотекари и граѓани – љубители на
пишаниот збор.
Присутните ги поздрави и пратеникот
Пеце Милевски, кој рече:
Можеби најмалку може да зборувам
покрај сите вас кои создавате во ова
време, само ќе честитам. Се надевам
дека со нова енергија на младите и
искуството на возрасните ќе создаваме
читатели, посетители, многу случувања
во библиотеката. Македонија е лулка на
писменоста, за тоа говорат ракописите од 9
до 11 век од Св. Климент Охридски. За нас како
православни Македонци тој е најголемиот.
Ако тој / тие од тоа време создавале и
одолевале на искушенијата, да се обидеме
богоугодно да живееме, да создаваме добри
дела за секого од нас.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 17
Значењето на работата на Св. Климент
Охридски го потенцираше доц. д-р Анита
Ангелевска.
Кирилометодиевистиката означува
период од IX век, раѓање на една словенска
цивилизација, а Св. Климент е еден од
На свечената академија беа
промовирани три изданија на НУУБ
„Св. Климент Охридски“ за 2024 год. –
„Библиографија на библиотечен тренд (2003
– 2023)“, за која составувачи и уредници
се библиотекарските советници Гордана
Пешевска и Ленче Андоновска, „Зборник од 19
роднокрајна средба на битолските писатели
во Македонија“ – уредник м-р Гордана
Ѓорѓиевска - Неделковски и списанието на
Библиотеката – „Библиотечен тренд“ – уредник
Маријан Колевски. Сите овие, ги промовираше
д-р Николче Вељановски.
генерацијата на светите Кирил и Методиј
кој е најплоден, го обединува периодот кога
духовното просветлување на македонскиот
народ се случува паралелно со ширење на
писменоста, просветителството, а се
работи за огромен географски простор
на протегање и огромно влијание, истакна
Ангелевска.
Во чест на Св. Климент Охридски
актерот Петар Горко низ драмска изведба
ги понесе присутните во претпоставена
средина и околности на Климентовото време,
а вниманието на присутните го задржаа и
музичките изведби на ученици од Државното
музичко училиште.
Во пресрет на 8 декември, празникот
на НУУБ „Св. Климент Охридски“ -Битола,
во холот беше поставена изложба на книги
насловена „Св. Климент Охридски – живот и
дело“.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202518
Наградени раскази:
• Категорија Ученици: „Семејното наслед-
ство – женски товар на традицијата“ –
Миа Димевска (Битола)
• Категорија Возрасни:
1. место „Кога се раѓа женско и старите
плачат“ – Јован Ѓуровски (Битола);
2. место (две награди) „Тапетите со
цветови“ – Белинда Сипкоска-Гаштарова
(Битола) и „Семејното наследство – женски
товар на традицијата“ – Лупче Даниловски
(с. Другово, Кичево);
3. место (две награди) „Семејното
наследство – женски товар на традицијата“
– Снежана Паноска (Прилеп) и „Нов живот“ –
Маја Богоевска (Битола).
Расказите ги оценуваше тричлена
комисија во состав: Светлана Папачек,
Гордана Ѓорѓиевска-Неделковски и Маргарита
Кочанковска-Папачек.
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД
КОНКУРСОТ ЗА КРАТОК РАСКАЗ
07 март 2025
По повод 8-ми Март – Меѓународниот
ден на жената, во Библиотеката свечено беа
доделени наградите од традиционалниот
конкурс за краток расказ. Конкурсот беше
распишан од Организацијата на жени
на Општина Битола и НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола, а оваа година темата
гласеше „Семејното наследство – женски товар
на традицијата“.
Честитки до сите наградени автори
и благодарност до Ивана Христова за
прекрасните фотографии!
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 19
Посебна благодарност упатуваме
до професорката и писателка Весна
Мундишевска Велјановска, не само за
изработката на факсимилите, туку и за тоа што
ни овозможи токму ние да бидеме дом на оваа
драгоцена збирка.
Започнавме со изложба, ги
овековечивме во книга, а денес секој
факсимил доби своја посебна приказна –
сведоштво за иднината што ќе ја раскажува на
генерациите што доаѓаат.
Благодарност и до Министерството за
култура и туризам, кое ја препозна значајноста
на овој проект и го поддржа неговото
остварување.
25 април 2025
По повод 65-годишнината од
основањето на најстарото Македонското
научно друштво, на свечена академија,
директорката м-р Емилија Стефановска-
Давкова прими плакета во име на НУ
Универзитетска библиотека „Св. Климент
Охридски“ – Битола, за значаен придонес
во науката, културата и успешната
соработка со МНД. Признанието ѝ го врачи
претседателката на МНД, проф. д-р Даниела
Андоновска-Трајковска, за долгогодишна
поддршка и ангажман.
Ова признание ја потврдува
значајната улога на Универзитетската
библиотека како активен партнер во научно-
истражувачките процеси и нејзината
посветеност во промоцијата на знаењето и
културата. НУ Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола останува
цврсто посветена на продлабочување на
партнерството со Македонското научно
друштво, со цел уште поголема афирмација
на научните достигнувања, културното
наследство и уметничките вредности на
Битола – дома и во светот.
65 ГОДИНИ МАКЕДОНСКО
НАУЧНО ДРУШТВО
ФАКСИМИЛИ ОД
РОДНОКРАЈНИ ПИСАТЕЛИ
18 мај 2025
Библиотеката денес се збогати со едно
уникатно културно наследство – 24 факсимили
од дела на роднокрајни писатели, членови
на Друштвото на писателите на Македонија
(ДПМ).
Во рамките на проектот „20.
роднокрајна средба на битолските писатели
од Македонија“, збирката од овие факсимили
е трајно зачувана и поставена во делот пред
роднокрајниот оддел на библиотеката. Оваа
колекција претставува исклучителна културна
вредност, единствена во целата држава, и
вистински завет за сите идни генерации
библиотекари – да ја негуваат, чуваат и
прошируваат.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202520
ученици, нивни ментори и библиотекари
од различни делови на Македонија. Од
вкупниот број учесници, 21 ученик полагаше
на македонски, а 3 на албански јазик.
Натпреварот започна во 12:30 часот и се
одвиваше во најдобар ред, под надзор на
комисијата во состав: Гордана Кроткова
(претседател), Гонца Запрова Анастасова
(член) и Сања Јованова Петров (член).
По проверката на тестовите, беа доделени
следните награди:
• Прво место: Ана Цветковска со
менторката Наташа Стојковска од ОУ „Димитар
Влахов“, с. Љубојно, Ресен
• Второ место: Борис Василев со
менторката Каменита Костадинова Атанасова
од ООУ „Никола Карев“, Радовиш
• Трето место: Теодора Гацовска со
менторката Симона Стаменковиќ-Силјановска
од ООУ „Коле Канински“, Битола
Врз основа на освоениот највисок број
поени, Теодора Гацовска под менторство на
вишите библиотекари: Маријан Колевски
и Гордана Ѓоргиевска - Неделковски, ја
претставуваше општина Битола на 24.
Републички натпревар „Млади библиотекари“.
Истиот се одржа на 9 мај 2025 година во НУЦК
„Кочо Рацин“ – Кичево, во организација на
Библиотекарското здружение на Македонија.
На републичкиот натпревар учествуваа 24
ОДРЖАН 24. НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“
ОПШТИНСКО И РЕПУБЛИЧКО НИВО
На 25 април 2025 година, во про-
сториите на Националната установа –
Универзитетска библиотека „Св. Климент
Охридски“ – Битола, се одржа 24. Општински
натпревар „Млади библиотекари“. На
натпреварот учество зедоа ученици од седум
основни училишта од општина Битола, како и
еден ученик од основно училиште од општина
Могила.
Комисијата составена од четири
члена, по прегледот на тестовите, ги соопшти
резултатите, при што првото место го
освои ученичката Теодора Гацовска од ООУ
„Коле Канински“ – Битола, под менторство
на наставничката Симона Стаменковиќ-
Силјановска. Наградите на најуспешните
ученици им беа врачени од страна на
директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“
– Битола, м-р Емилија Стефановска-Давкова.
Честитки до сите учесници, нивните
ментори и библиотекарите од целата држава
кои беа дел од организацијата на овој значаен
настан.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 21
• Марија Пиа Туриело – криминолог,
член на Парламентарната комисија за
малолетници;
• Мирела Кристина – адвокат, публицист и
сенатор, член на Комисијата за правда и
• Зорица Митиќ – писател и актерка.
На оваа свечена средба се потпиша
Меморандум за соработка помеѓу НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола и Здружението
на писатели „ВЕРБУМЛАНДИАРТ“ од страна
на м-р Емилија Стефановска Давкова –
директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“
– Битола и Реџина Реста – претседател на
„ВЕРБУМЛАНДИАРТ“, којашто исто така
ѝ врачи благодарница на директорката за
голем придонес во културата и пријателството
помеѓу Италија и Македонија.
ЗНАЧАЈНА ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА
ОД ОРГАНИЗАЦИЈАТА „ВЕРБУМЛАНДИАРТ“ - ИТАЛИЈА
12 мај 2025
Значајна посета на Библиотеката
од организацијата „ВЕРБУМЛАНДИАРТ“ со
седиште во Галатоне (провинција Лече,
Италија), промовирана и координирана од
Реџина Реста – претседател на здружението и
позната италијанска поетеса, добитничка на
медал на поезијата во Рим, во придружба на:
• Грофицата Мирјана Добрила – писател и
преведувач;
• Гофредо Палмерини – новинар и
поранешен претседател на општина
Аквила;
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202522
Во првата сесија се презентирани
пет стручни трудови со заедничка поттема
„Иновативни програми во функција на
менување на заедницата“. По програмата,
библиотекарите проследија искуства од
библиотеката „Димитрије Туцовиќ“ од
Лазаревац, Р. Србија во однос на негување
на културните разлики во согласност со
конвенции на УНЕСКО. Инклузивни програми
за работата со деца и млади од библиотеката
во Херцег Нови беа презентирани од
аниматорот-библиотекар со долгогодишно
искуство на водење на програми од детскиот
оддел при библиотеката. Колегите од Пехчево
и Битола дадоа практични примери за
работа со маргинализираните групи, лица
со попреченост и припадници на ромската
заедница. Предавањето за онлајн платформа
како иновативно решение за изработка на
ЦИП запис е практично решение и иновативен
пристап кон темата. Модератор на оваа
сесија беше Јелена Петровска, библиотекар
советник.
Втората сесија со тема за едукација
на корисниците како метод за креирање на
квалитетни библиотечни програми, како
и на улогата на библиотеките во активно
користење на слободното време донесе
шест стручни трудови. Проектот „Стари нису
ствари“ од Народната библиотека Грачаница
зборува за инклузија на старите лица преку
работилници со теми од социјална инклузија,
Како настан што ја обедини
меѓународната библиотечна заедница, со
успех беа претставени стручни трудови
во четири сесии водени од истакнати
модератори од библиотечната дејност. Во
секоја сесија се прикажаа корисни практики,
иницијативи и програми кои ги претвораат
библиотеките во живи центри на заедницата
– отворени, инклузивни и ориентирани кон
иднината.
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
„ИНОВАТИВНИ БИБЛИОТЕЧНИ ПРОГРАМИ“
На 4-5 јуни 2025 година во организација
на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола
се одржа Меѓународна конференција на
тема: „Иновативни библиотечни програми
- едукација на корисници и професионално
усовршување на библиотекари“, проект
поддржан од Министерство за култура
и туризам на Република Македонија. На
Конференцијата зедоа учество гости и
библиотекари од Република Србија, Црна
Гора, Босна и Херцеговина, како и од повеќе
библиотеки од нашата држава. Координатор
на проектот беше м-р Милка Котевска,
виш библиотекар, а во Организациониот
одбор, покрај Котевска беа и програмскиот
раководител на НУУБ „Св. Климент Охридски“-
Битола, м-р Јелена Петровска, библиотекар
советник, м-р Мариче Боздоганова,
библиотекар советник од НУУБ „Григор
Прличев“ - Охрид и Билјана Аџиовска-
Панџарова, виш библиотекар, ЈУ ГБ „Браќа
Миладиновци“ Скопје.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 23
библиотека, а типизиран професионален
развој на библиотекари од вискошколските
и универзитетските библиотеки беше
претставен во форма на истражувачки
стручен труд. За библиотечните услуги и
предизвици во работењето со деца и млади
имавме прилика да слушнеме од колегите
од Велес. Билјана Аџиовска-Панџарова, виш
библиотекар, ја водеше сесијата.
Вториот ден на конференцијата ги
донесе шесте презентации посветени на
комуникациската врска помеѓу корисникот
и библиотекарот. Колегите од Охрид, Тетово,
Скопје, Куманово и Битола нѝ пренесоа
поглед на библиотеките како медиум за
комуникација, како и комуникациската врска
меѓу корисникот и библиотекарот со примери
на добра пракса. Тие се клучен сегмент во
каналот на комуникацијата, токму во делот на
компетенциите на библиотекарите во врска со
пронаоѓање на електронски информации за
потребите на академскиот кадар. Модератор
на сесијата беше Милка Котевска, виш
библиотекар.
исто како и најновите програми од ЈУ
Народната библиотека и музејска збирка од
Зворник, поврзани со интеграција и едукација
на корисниците и библиотекарите. Колегите
од Кочани и Куманово ни ги пренесоа своите
искуства поврзани со улогата на библиотеките
во активно користење на слободното време.
Како и во првата сесија, од Национална
библиотека проследивме презентација
на темата едукација и професионално
усовршување на библиотекари низ призмата
на Матично одделение при библиотеката.
Модератор на сесијата беше Мариче
Боздоганова, библиотекар советник.
Третата сесија беше посветена
на обуките и професионален развој на
библиотекарите со вкупно презентирани пет
трудови. Колегите од јавната библиотеката
со најголем број на корисници и подрачни
единици во државата, ги презентираа своите
најуспешни програми од праксата. За
професионалниот развој на библиотекарите
ги споделивме искуствата од струмичката
Во текот на конференцијата
библиотекарите имаа прилика да ги
споделат своите согледувања и идеи во
однос на практична библиотечна работа,
професионализација на кадарот и развој
на библиотечната дејност во регионот.
Неформалниот дел од конференцијата
придонесе за позитивна атмосфера на
конференцијата и можност за размена на идни
библиотечни проекти.
Координатор на проектот:
м-р Милка Котевска, виш библиотекар
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202524
деценија сме дел од годинешниот “Битфест“
и учествуваме со сопствен саем и сопствен
штанд, за што изразувам благодарност кон
Општина Битола што нѝ го овозможи ова.
Љубителите на книгата ќе можат да изберат
дел од богатиот избор на наслови од ѕвездите
на светската книжевност, од македонските
класици, светските класици, нобеловците, од
ѕвездите на македонската книжевност, поезија,
проза и есеистика, по најповолни саемски
цени. Во ова време кога технологијата го
зазеде големиот дел од нашето секојдневие,
книгата останува наше прибежиште, таа е
извор на релевантно знаење и културна свест,
па затоа да продолжиме да читаме.
Саемот за отворен го прогласи
градоначалникот на Битола, Тони Коњановски,
кој при тоа нагласи:
-Почитувани, присутни, автори, издавачи,
читатели, пријатели на пишаниот збор.
Страниците го откриваат светот, а вечерва
токму тука на платото пред Народниот театар
го имаме светот во страниците.
На отворањето свое обраќање имаше
директорката на библиотеката м-р Емилија
Стефановска-Давкова која рече:
-За мене голема е честа што после една
„СВЕТОТ ВО СТРАНИЦИ“ – САЕМ НА КНИГИ
29 јули 2025
На платото пред влезот на Народниот
театар Битола, свечено беше отворен Саемот
на книги во организација на НУУБ “Св.
Климент Охридски“ – Битола, под наслов
“Светот во страници“, кој се одржа од 29 јули
до 1 август.
На повеќе штандови беа изложени
и се продаваа книги од библиотеката,
како и од издавачките куќи „Бата прес“,
„Антолог“, „Прозарт медиа“, „Топер“, „Матица
македонска“ и „Збор“.
Слоганот со кој го отвораме
вечерашниот настан претставува јасно
отсликување на тоа што значи читање денес,
кога преплавеноста со информации низ
интернет просторот не може и не смее да ја
замени добрата книга, добриот збор кој нѐ
учи на трпеливост, длабоко размислување и
вистинско доживување.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 25
Патувањето низ страниците на
пишаниот збор е вистинско патување кон
себеси, кон надежта, кон непознатото, но и кон
научните достигнувања и стручните еспертски
анализи. Вечерва со отворањето на овој саем,
битолската научната ризница и пишаниот
збор на НУУБ “Св. Климент Охридски“ активно
работи на доближување на пишаниот збор
како богатство до сите наши сограѓани, а пред
сѐ до нашите најмлади кај кои сите заедно
мораме да ја поттикнеме љубопитноста, а си
тоа да ги поттикнеме да читаат.
Љубителите на книга имаа можност
да изберат од богатиот избор на наслови
– поезија, есеистика, стручна литература,
нобеловци, класици и многу други жанрови.
Целта на овој настан е книгата да стане
достапна за секого, а читањето да стане дел од
секојдневието. Најмалите имаа ретка прилика
да се дружат со својот лик Спајдермен, кој сака
да чита.
За поубава атмосфера и несекојдневно
дружење се погрижи битолската пејачка
легенда Сефедин Бајрамов, кој испеа свои
песни, но и незаборавни хитови посветени на
Битола и битолските легенди.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202526
Јубилејната 20. Роднокрајна средба ја
отвори директорката на НУУБ „Св. Климент
Охридски“-Битола, м-р Емилија Стефановска-
Давкова, која пред присутните направи еден
краток осврт на тоа што значи две децениски
континуитет на роднокрајните средби, од
почетоците до денес:
„Ми претставува особена чест и
задоволство што ја отворам оваа јубилејна
20-та Роднокрајна средба на писатели,
преку која со особена почит се навраќаме
и на почетоците на овој проект, којшто
одбележува едно значајно поглавје во
историјата на нашата институција. Овој
проект, како идеја, потекнува од 2001 година,
кога што беше опремена роднокрајната
сала со тркалезната маса за дискусии и
споделување на творби од роднокрајните
писатели, а самата средба како проект, во
присуство на звучните имиња Анте Поповски,
Петре М. Андреевски и други, се реализира за
прв пат во 2005тата година.
Битолскиот книжевен круг отсекогаш
бил порта кон светот – преку културен
дијалог и книжевна отвореност. Затоа,
20 ГОДИНИ РОДНОКРАЈНИ СРЕДБИ
НА БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ
На 30 октомври Националната установа
- Универзитетска библиотека прослави уште
еден јубилеј, 20 години Роднокрајни средби
на битолските писатели од Македонија и 20-ти
Зборник од истоимениот настан.
Библиотеката ја презеде таа улога со
достоинство – да биде чувар и посредник
меѓу генерациите, меѓу авторите и меѓу
културите. Нека оваа средба биде потсетник
дека секој автор е роднокраен, а секој творец
е глас на своето место и време и само преку
тие корени може да се создадат крилја кои ќе
допрат до универзалното.
Нека оваа „тркалезна маса“, нашата
роднокрајна средба, и понатаму биде симбол
на заедништво, дијалог и создавање, исто
како што беше замислена и пред дваесет
години.“
Координаторката на овие средби м-р
Гордана Ѓоргиевска Неделковски во оваа
прилика го промовираше и јубилејниот
зборник, 20-ти по ред. Во овој зборник
застапени се 20 роднокрајни писатели, 12
роднокрајни писатели членови на Друштвото
на писатели и 8 роднокрајни писатели од
Битола, кои во овој зборник оставија парче
од своите спомени запишани за идните
генерации.
На вечерашната средба учество
зедоа роднокрајните писатели: проф. д-р
Даниела Андоновска-Трајковска, Петре
Димовски, проф. д-р Златко Жоглев,
Милица Димитријовска-Радевска, Биљана
Котевска-Димко, Весна Мундишевска-
Велјановска, Добре Тодоровски, Сања
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 27
Овој настан беше збогатен со изведба
на учениците од Основното музичко
училиште: Теона Димеска и Јован Тошески.
А за самиот крај, присутните можеа да
слушнат творби и од две млади писателки и
студентки на Педагошкиот факултет од Битола
на насоката македонски јазик и книжевност
Марија Стојановска и Ивона Дaноска.
Мучкајева- Видановска, Илче Стојановски,
Игор Трајковски -Фоја, Светлана Папачек,
Лили Бошевска, Никола Ристевски, Аница
Б. Златевска, Божин М. Андреевски, Марија
Трифуновска Тасеска, Митра Дупчиновска,
Дана Тембелеска, кои пред присутните гости
се претставија со свои дела.
Во зборникот се опфатени и
роднокрајните писатели кои од оправдани
причини не беа дел од оваа средба: Ели
Маказлиева, Христо Петрески, Мирјана
Стојановска, Зоран Пејковски, Љубе
Митрејчевски и Елизабета Јончиќ.
Оваа прилика Библиотеката ја
искористи да ѝ оддаде признание на
роднокрајната писателка проф. Весна
Мундишевска-Велјановска за исклучителен
придонес и несебична соработка
во зачувување на пишаниот збор од
роднокрајните писатели (Факсимилите).
Координатор на проектот:
м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски,
виш библиотекар
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202528
Со свои презентации се претставија:
Ирена Колевска – библиотекар,
Марија Марковска – библиотекар,
Милка Котевска – виш библиотекар,
Фатма Бајрам Аземовска – библиотекар
советник.
Во своите излагања тие ја поттикнаа
дискусијата за можноста за стекнување
на стручни звања (виш библиотекар и
библиотекар советник) и го отворија
прашањето за нивното вреднување во
системот на високото образование.
Присутните учесници активно се вклучија во
дискусијата, имаа можност да ги евалуираат
предавачите и на крајот добија сертификати за
учество.
ПЕТТИ СТРУЧЕН СОБИР НА ФАКУЛТЕТСКИТЕ БИБЛИОТЕКИ
22 октомври 2025
Во рамките на реализацијата на
проектите поддржани од Министерството
за култура и туризам на Република Северна
Македонија, во НУУБ „Св. Климент Охридски“ –
Битола, се одржа Петтиот стручен собир на
факултетските библиотеки на тема:
„Место и улога на факултетскиот библиотекар
во системот на високото образование –
Стручни звања на факултетските библиотеки
во системот на високото образование“.
Собирот го отвори директорката
на библиотеката, м-р Емилија Стафановска
Давкова, која во своето обраќање ја истакна
важноста на професионалниот развој
на библиотекарите и континуираното
унапредување на нивната улога во високото
образование.
Координатори на проектот:
Ирена Колевска и Марија Марковска
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОTEKATA
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 29
Охридски“ – Битола и целата Арапска
лига, со што се постави формална рамка за
идна културна, образовна и информативна
размена. Поклонети беа вредни изданија на
библиотеката: „Монографија 80 години НУУБ
„Св. Климент Охридски“ – Битола (1945–
2025)“ и публикацијата „Историја и развој
на НУУБ ‘Св. Климент Охридски’ – Битола
(1945–2025)”.
Истот ден, беше остварена и средба
со пратеникот г. Глен Бедингфилд, член на
раководниот тим на Министерството за
Јавна Чистота на Малта и активен пратеник
во малтешкиот Парламент. Средбата
резултираше со зголемена понатамошна
поддршка за културна и библиотечна
соработка на институционално и интер-
национално ниво.
МОСТОВИ НА КУЛТУРА И ЗНАЕЊЕ МЕЃУ БИТОЛА И МАЛТА
29 септември 2025
Во периодот од 29-ти септември до
3-ти октомври 2025 година се реализира
значајна работна посета на Република
Малта од страна на делегација на НУУБ „Св.
Климент Охридски“– Битола, во соработка
со Канцеларијата за Југоисточна Европа при
Global Council for Tolerance and Peace. Оваа
посета беше еден од највисоките облици на
меѓународна институционална промоција на
Библиотеката, со особен акцент на нејзиниот
културен придонес, развојниот континуитет
и идната меѓународна позиционираност.
Делегацијата беше составена од м-р Емилија
Стефановска-Давкова, директор на Библио-
теката, м-р Зоран Јанакиевски, советник за
информатички работи и проф. д-р Зоран
Илиевски, раководител на Канцеларијата за
Југоисточна Европа при Global Council for Tol-
erance and Peace .
Во рамки на посетата беа реализирани
низа значајни дипломатски, академски и
културни средби, проследени со потпишување
на документи за соработка и претставување на
Библиотеката како современа и иновативна
институција со респектабилна традиција.
На 30-ти септември се одржа средба со
Н.Е. Абдула Алзабиди, Шеф на Канцеларијата
на Арапската лига во Малта, надлежен за
соработка со Европската Унија. На оваа
средба беше свечено потпишан Меморандум
за соработка помеѓу НУУБ „Св. Климент
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОTEKATA
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202530
видеопрезентација беше прикажан развојниот
пат на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола,
нејзината мисија, улога и достигнувања.
Посебен акцент беше ставен на нејзиното
издаваштво, вклучувајќи ги последните
две публикации од 2025 година, коишто
се авторски трудови на директорката м-р
Емилија Стефановска-Давкова, во соработка
со тимот составувачи: Зоран Јанакиевски,
Маријан Колевски, Илче Стојановски и
Слободан Пачовски.
Во рамки на оваа посета, беше
потпишан и Меморандум за соработка
помеѓу НУУБ „Св. Климент Охридски“ –
Битола и Националната библиотека на
Малта, кој предвидува заедничка работа на
проекти, размена на материјали и искуства,
организација на изложби и соработка во
доменот на библиотечните практики. Со тоа
се создава основа за долгорочно партнерство
помеѓу двете институции.
На 1-ви октомври делегацијата беше
примена во просториите на Парламентот на
Малта. Прво се одржа подготвителен брифинг
со амбасадорот Џозеф Кол, дипломатски
советник на Претседателот на Парламентот,
а веднаш потоа следуваше и средба со г.
Анѓлу (Ангело) Фаруџија, Претседател на
Домот на пратеници на Малта. Разговорите
се одвиваа во дух на отворен дијалог и беа
насочени кон иницирање меѓупарламентарна
културна размена, поддршка на проекти,
како и споделување добри практики меѓу
институциите.
На 2-ри октомври се одржа свечена
и содржински богата работна посета на
Националната библиотека на Малта. Во
просториите на оваа значајна институција
беше организирана тематска изложба од
изданијата на нашата Библиотека и преку
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОTEKATA
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 31
соработка. Посетата ја потврди подготвеноста
и зрелоста на Библиотеката да биде активен
чинител на европската и меѓународната
библиотечна сцена, како и носител на
културна промоција и дијалог во поширокиот
регионален и глобален контекст.
На сите посети делегацијата подари
книги, реперезентативни материјали и три
слики со мотив на филигранска пеперутка —
еден од најпознатите и длабоко вкоренети
симболи на македонската културна традиција.
Последниот ден од посетата беше посветен
на финализирање на активностите, размена
на контакти и дефинирање на натамошни
чекори за имплементација на договорената
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОTEKATA
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202532
Делегацијата од Битола беше
предводена од директорката на библиотеката,
м-р Емилија Стефановска-Давкова, а
во нејзиниот состав беше и м-р Зоран
Јанакиевски, советник за информатички
работи. Тие беа пречекани со висока
почит од страна на заменик-директорката
на библиотеката, Силвана де Капуа, како
СОРАБОТКА СО НАЦИОНАЛНАТА ЦЕНТРАЛНА
БИБЛИОТЕКА ВО РИМ
10 јуни 2025
Меѓународна соработка и размена на
искуства помеѓу делегација од Националната
установа – Универзитетска библиотека „Св.
Климент Охридски“ – Битола и Националната
централна библиотека во Рим – Италија,
една од најзначајните библиотеки во Европа,
основана во 1876 година.
и од водечките стручњаци од повеќе
сектори: Фабио Д’Орсоња – раководител
на дигиталната библиотека и секторот за
дигитализација, Андреа Каппа – раководител
на секторот за ракописи и раритетни книги
и Енрико Бертолини – раководител на ИТ
секторот.
Во своето обраќање, директорката
говореше за развојниот пат на Библиотеката,
нејзината визија и стратешката мисија во
правец на дигитализација, модернизација,
физичко проширување и позиционирање
како водечка културно-образовна установа
во регионот. На настанот беше прикажано
и видео во кое беше опфатена историјата
на Библиотеката, одбележувањето на 80
годишниот јубилеј, изложбата на градот
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОTEKATA
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 33
Битола, градот на клавирите, градот на
конзулите. Исто така, во просторијата беа
изложени публикациите на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола, 30 изданија од кои скоро
сите се преведени на англиски јазик, наменети
за поширока меѓународна промоција.
Високата италијанска делегација на
нашите претставници им ги презентираше
импресивните простории на Националната
централна библиотека – Рим која опфаќа
површина од 15.000 м² и бележи висока
дневна посетеност од околу 1.000 корисници.
Тие ги посетија и специјализираните
библиотеки за медицина, музика, спорт
и други области, лабораторијата за
дигитализација итн.
Посетата овозможи размена на
искуства во областа на дигитализацијата,
презентација на културното и духовното
наследство, како и запознавање со
организацијата и капацитетите на
Националната библиотека во Рим.
Настанот заврши со потпишување
меморандум за соработка со кој се постави
темел за идни заеднички проекти и
институционално партнерство.
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОTEKATA
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202534
Реализирани активности:
• Разбирање на различните форми и
динамика на булингот
• Стекнување вештини за идентификација на
знаци и симптоми на булинг
• Развивање емпатија и поддршка за
жртвите и сторителите
• Градење инклузивна и безбедна средина
во библиотеките
• Размена на искуства со библиотекари и
едукатори од различни земји
• Учество во практични вежби, студии на
случај и дебати
ОБУКА НА БИБЛИОТЕКАРИ ВО ПАЛЕРМО - ИТАЛИЈА
24-28 февруари 2025
Во рамките на проектот „Библио-
теката против булингот и сајбер
булингот“, поддржан од програмата Еразмус+
(КА122 – ADU), библиотекари од НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола учествуваа на
меѓународна обука во Палермо, Италија.
Главната цел на обуката беше
стекнување нови знаења и вештини за
справување со булинг и сајбер булинг, како и
примена на иновативни пристапи за негово
спречување. Библиотеките се клучни места
за едукација и поддршка на заедницата, а
преку оваа обука нашите библиотекари се
оспособија да препознаваат, превенираат
и реагираат на вакви негативни појави во
општеството.
Што значи оваа обука за
библиотекарите?
Оваа обука им овозможи на нашите
библиотекари да станат активни учесници во
создавање на безбедни и пријателски средини
за младите. Со новите знаења, тие ќе можат
да организираат работилници, едукативни
програми и кампањи за подигнување на
свеста за булингот, како и да ги поддржат
учениците, наставниците и родителите во
борбата против насилството.
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОTEKATA
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 35
Искрена благодарност до директорката
м-р Емилија Стефановска Давкова за нејзината
посветеност и поддршка во унапредувањето и
професионалниот развој на библиоте карите,
и градењето на библиотеката како безбедно и
едукативно место за сите.
Ова е уште еден чекор напред кон
трансформација на библиотеките во центри за
учење, поддршка и развој на заедницата!
библиотеки, дигитални ресурси и ангажман
со заедницата, како и на воспоставување
можности за идна соработка.
Оваа посета претставува значаен
чекор за зајакнување на видливоста
и професионалниот развој на нашата
институција.
Горди сме што НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола беше дел од оваа
иницијатива и што ја претставивме Битола на
европската библиотечна сцена.
ОД БИТОЛА ДО ХАЛАНДРИ
ПАТЕКА НА ЗНАЕЊЕ И СОРАБОТКА
23 април 2025
По покана на г-дин Константинос
Ефтимиу, заменик-градоначалник за социјална
политика на Општина Халандри, Грција
(Атина), во периодот од 14 до 16 април
2025 година, м-р Фатма Бајрам Аземовска,
раководител за развој на библиотекарството,
меѓународна соработка, маркетинг и односи
со јавноста, ја претставуваше НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола на студиска
посета и завршна конференција во рамките на
Erasmus+ проектот PROCEED GOES PRACTICE.
Посетата на Градската библиотека во
Халандри беше фокусирана на размена на
добри практики во управувањето со јавни
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОTEKATA
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202536
се дигитализирани,
а во тек е
д и г и та л и - з а ц и ј а
и на останатите.
Во библиотеката
нема детски
оддел, односно
не располага со
детска литература.
Универзитетската
библиотека е
тесно поврзана
со Универзитетот
и факултетите
РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА СО УНИВЕРЗИТЕТСКАТА
БИБЛИОТЕКА ВО КЕМНИЦ, ГЕРМАНИЈА
23 август 2025
Со оглед на тоа што Кемниц e
прогласен за европска претстолнина на
културата за 2025 година, а во склоп на
проект од меѓународна соработка одобрен
од Министерство за култура и туризам,
остварена беше посета на Универзитетската
библиотека во Кемниц, Германија. На средбата
беа присутни Јулијана Христовска Кулевска,
Милена Трајчевска и Смиља Најденова од
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.
На средбата беше прикажан видео
запис од нашата библиотека, нашите изданија
и од македонското литературно творештво.
Директорот на библиотеката од Кемниц ја
претстави нивната институција и сподели
искуства за нивниот начин на работа.
Зградата на библиотеката во текот на
годините била индустриско место, односно
фабрика, која по затворањето од 2015 - 2020
година е целосно реновирана и пренаменета
во библиотека. Библиотеката се протега на 4
ката и е библиотека од отворен тип. Располага
со најсовремена технологија за работа со
библиотечен материјал, има најсовремена
ИТ опрема и оддел кога библиотеката е
затворена, корисниците да можат да ги вратат
книгите. Вкупниот број на книжниот фонд
изнесува 1.200.000 книги, од кои 650.000 книги
во Кемниц, и најголемиот дел од фондот
е стручна литература за потребите на
студентите. Во архивскиот оддел се
почитуваат условите за чување на раритетни
книги, односно влажноста, светлината и
температурата на воздухот се по стандардите
за чување на истите. Во библиотеката како
најстара и раритетна книга е Библијата од 1811
година, подарок од приватен колекционер и
репродукција на најголемата книга за мапи
во светот која се наоѓа во библиотеката во
Берлин.
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОTEKATA
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 37
Бранко Маретиќ, претседател на Хрватскиот
културен центар „Марко Марулиќ“ – Битола,
а директорките на двете библиотеки
разменија симболични подароци како израз
на благодарност и поттик за понатамошна
културна и меѓународна соработка.
Настанот продолжи во неформална
атмосфера во Центарот за култура – Битола,
каде присутните уживаа во театарската
претстава „Пижами за шестмина“ во изведба
на Градскиот младински театар од Витез,
Република Босна и Херцеговина, предводен
од актерот Иван Сајевиќ. Оваа средба потврди
дека книгата и културата се мостови што
поврзуваат народи и создаваат пријателства
што траат.
СОРАБОТКА СО ГКММ СПЛИТ, РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА
17 октомври 2025
Во рамките на меѓународната
соработка и по повод одбележувањето на
Денот на хрватскиот парламент во Битола,
Националната установа – Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
имаше чест да биде домаќин на претставници
од Градската библиотека „Марко Марулиќ“
– Сплит, Република Хрватска. Настанот беше
организиран во соработка со Хрватскиот
културен центар „Марко Марулиќ“ – Битола.
Програмата започна со обраќање на
директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“
– Битола, м-р Емилија Стефановска-Давкова
по што беше прикажан краток филм за
Библиотеката и Монографијата издадена по
повод 80 години од нејзиното постоење.
Директорката на ГКММ, Гроздана
Рибичиќ, потоа ја отвори изложбата „Марко
Марулиќ – европски хуманист“, со што
присутните имаа можност да се запознаат со
животот и делото на овој значаен хуманист и
книжевник. Следуваше и проекција на филм
посветен на најпознатото дело на Марулиќ
– „Јудита“, по повод 500 години од неговото
создавање, презентирано од актерот Мате
Травиќ, кој беше и модератор на разговорот
со познатата писателка и библиотекарка Нада
Топиќ на тема „Живот со книга“.
На крајот на свечениот дел, беа
доделени благодарници од страна на
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОTEKATA
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202538
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 39
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
глобално ниво, но и преку еко репортажа од
учениците да се запознаеме со сериозноста
на загадувањето во градовите: Битола,
Прилеп, Крушево и Ресен. Овие млади еко
репортери изработија прекрасни видеа со
кои ги претставија моменталните проблеми
и понудија решенија за подобра животна
средина.
Овој вид на едукација има за цел да
ги поттикне младите да бидат креативни,
а воедно да бидат и гласни говорници за
промена кон подобра средина за живеење.
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И
ПРЕДАВАЊА
м-р Фатма Бајрам-Аземовска,
библиотекар советник -
раководител на оддел - Развој на
библиотекарството, меѓународна
соработка, маркетинг и односи со
јавноста
м-р Гордана Ѓоргиевска-
Неделковски,
виш библиотекар
д-р Јасминка Кочевска,
библиотекар
ЕКО РЕПОРТЕРИ
26 јануари 2025
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, го
одбележа 26 јануари – Светскиот ден за
едукација за заштита на животната средина.
Во оваа активност беа вклучени учениците
од прва до четврта година од ПСУ „САБА“ под
менторство на професорката Бисера Бијелиќ
Стојчевска и ученици од ООУ „д-р Трифун
Пановски“ од Битола под менторство на
наставничката Николина Врчовска.
Целта на оваа работилница беше
да се едуцираме за штетните влијанија на
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202540
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
ЕВРОПСКИ НАСТАН ЗА РАСКАЖУВАЊЕ ПРИКАЗНИ
„SASAS JEKHVAR JEKH – НЕКОГАШ… И СЕГА“
18 февруари 2025
На 18. февруари 2025 во Europe House
- Bitola, се одржа незаборавен Европски
настан за раскажување приказни „Sasas
Jekhvar Jekh – Некогаш… и сега“! На овој
настан кој е дел од Еразмус+ проектот, се
собраа многу раскажувачи, истражувачи и
културни ентузијасти од Северна Македонија,
Германија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија,
Србија и Турција.
Преку традиционални ромски бајки,
дискусии и презентации, го прославивме
богатото културно значење на усното
предание.
На настанот имавме чест да слушаме
и да научиме од најистакнатите говорници
кои ги поделија своите знаења, искуства
и инспирации. Фатма Бајрам Аземовска –
библиотекар советник во НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола, ја отвори церемонијата
и ги поздрави присутните, истакнувајќи
ја важноста на овој проект за зачувување
на ромската култура и бајките како дел
од европското наследство. М-р Емилија
Стефановска-Давкова, директор на НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола, која ја истакна
важноста на зачувувањето на ромската
култура и бајките како дел од европското
наследство. Снежана Петровска – претставник
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 41
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
следеше наградување на посветените
учесници, а крајот на овој незаборавен настан
беше одбележан со музичко затворање.
Огромна благодарност до сите
партнери, поддржувачи и учесници што
помогнаа да ја зачуваме магијата на
раскажувањето! Овој настан покажа дека
приказните не само што го носат нашето
минато, туку и ја градат нашата иднина.
на Општина Битола, која со гордост го изрази
значењето на овој настан за културна размена
и изградбата на поинклузивно општество.
Роналд Шункнехт – менаџер на проектот од
НВО „Југендстил“ - Германија, чија посветеност
и лидерство во проектот овозможија
создавање на европска платформа за
ромските бајки. Изабел Јан – НВО „Контакти
за Европа“ - Германија, која ги поттикна
учесниците да ја ценат културната размена и
меѓукултурниот дијалог. Јелена Петровска -
претставник на НУУБ „Св. Климент Охридски“
– Битола и Бланка Чаби – претставник на
НВО ХЕДА од Унгарија кои ја презентираа
монографијата за ромски бајки и едукативните
материјали за раскажувачи. Евангелија Мама,
Викторија Михајловска, Анка Фотин, Силвија
Строе, Угур Челик – претставници од различни
земји кои ги споделија своите искуства од
организираните настани за раскажување
приказни во нивните заедници.
Нивните искрени говори создадоа
нови перспективи и го открија значењето
на приказните во современиот свет. Потоа
ПРИМЕР НА ХУМАНОСТ
05. февруари 2025
Хуманоста е вкоренета во животот на
детето преку лични искуства и примерот на
возрасните. Вистински пример на човечност
и добрина покажаа неколку ученици од
ООУ „Даме Груев“ - Битола кога на улица им
пружија помош на беспомошно лице. Овој чин
на сочувство е потврда за вредностите кои се
учат и негуваат во нашето општество. Нивниот
пример ни покажува дека малите дела на
добрина можат да имаат големо влијание на
заедницата.
Како признание за нивната хуманост,
директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“
– Битола, м-р Емилија Стефановска–
Давкова на учениците Емрулах Емруловски,
Давор Ванчовски и Марко Пердуловски
им подели енциклопедии и ваучери за
бесплатно членство во Библиотеката. Им
се заблагодаруваме и на вработените од
ЈЗУ Здравствен дом „д-р Хаим Абраванел“ –
Битола, за насоките и советите кои им ги дадоа
на учениците по нивниот акт на човечност.
Учиме од најмладите, хуманоста не
познава граници!
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202542
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
самостојни изложби и учествувала на бројни
групни изложби.
Добрила Ашкрабиќ е пензионирана
професорка, просветен работник. Активно
се занимава со сликање на свила, стакло,
ткаење и вез. Учествувала во бројни настани
и проекти и освоила значајни награди и
дипломи за ткаење, сликање шалови и
сликање на стакло.
Во светот, калиграфијата повторно
стана тренд што им носи приход на многу
калиграфи. Сепак, во Србија, калиграфските
букви оживуваат особено во библиотечните
програми, но сè уште не се толку популарни
како во времето кога беа дел од образовниот
систем.
Калиграфијата е несомнено поврзана
со библиотеките преку организација на
различни активности кои оваа уметност
ја доближуваат до младите. Зборовите на
авторките најдобро зборуваат за значењето на
изложбата.
„Изложбата претставува еден вид
почит кон креативноста на православните
монаси кои учествувале во долгиот процес
на пишување ракописни книги, со што
формирале култура на пишаниот збор за
идните генерации.“
ИЗЛОЖБА „ЧИТАЊЕ НА ТРАДИЦИЈАТА – КИРИЛИЦАТА ВО
КАЛИГРАФИЈА И ВЕЗ“
Во рамките на конференцијата
„Иновативни библиотечни програми –
едукација на корисници и професионално
усовршување на библиотекари“ во
организација на НУУБ „Св. Климент Охридски“-
Битола, како дел од придружната програма
во Дневната соба на градот беше поставена
изложбата „Читање на традицијата –
кирилицата во калиграфија и вез“, составена
од 17 опремени слики од Јованка Шоргиќ и
Добрила Аскрабиќ од Лазаревац. Изложбата
беше посетена од читателите и корисниците
на Дневна соба на градот, каде посетителите
освен со убавиот збор имаа прилика да се
сретнат и со ненадминати вредности од
областа на културното наследство на Р. Србија,
учесник на Конференцијата.
Денес, модерната калиграфија
добива ново значење и претставува форма
на уметничко изразување за уметниците
и предизвикува големо внимание на
посетителите на изложбите.
Jованка Шоргиќ, e родена во 1959
година во Ждрапањ, во близина на Шибеник.
Со децении се занимава со негување
на српските средновековни ракописи и
манастирската орнаментација и зачувување
на историјата на првите српски печатници.
Се занимава со калиграфија дваесет години
и е сертифициран калиграф. Имала пет
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 43
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
ЉУБОВТА НЕ СЕ ГЛЕДА СО
ОЧИ, ТУКУ СО ДУША
10 февруари 2025
На 10 февруари 2025 година се одржа
креативна работилница во која учествуваа
млади и талентирани ученици од втора и
трета година од графичката струка при СОУ
„Таки Даскало“ – Битола. Под менторство
на професорките Весна Мундишевска-
Велјановска, Катерина Спасовска-Маурдева,
Снежана Паскова и Валентина Ристеска –
наставнички по графички стручни предмети
– учениците изработија разновидна палета на
украси инспирирани од темите на виното и
љубовта.
Овие прекрасни изработки беа
изложени во холот на библиотеката по повод
14 февруари – Денот на виното и љубовта.
БАЈКАТА – ЧУДЕСЕН СВЕТ НА
ИМАГИНАЦИЈА
26 февруари 2025
Во Библиотеката се одбележа
Светскиот ден ан раскажување бајки со
учениците од петто одделение од ООУ
„Коле Канински„ – Битола, под менторство
на наставничката Македонка Илиевска-
Николовска. Целта на овој настан беше кај
учениците да ја поттикнеме навиката за
читање и да ја разбудиме нивната фантазија,
како основа за правилен мисловен и
креативен процес.
Читањето бајки во голема мера
придонесува за зголемување на интересот
за читање книги во детската возраст, но и
подоцна во животот. Денот започна весело,
забавно, креативно и интересно благодарение
на нашите денешни актери, кои драматизираа,
раскажуваа и илустрираа македонски бајки.
„Сите одат во библиотека! Секој може да
биде член, од најмал до најголем!“ беа дел од
пораките кои ни ги пренесоа.
Настанот го завршивме со еден од
најпознатите цитати на Ајнштајн: „Ако сакате
Вашите деца да бидат интелигентни, читајте
им бајки. Ако сакате тие да бидат уште
поинтелигентни, прочитајте им повеќе од нив “.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202544
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
ПИСМО ДО НАЈВАЖНАТА
ЖЕНА ВО МОЈОТ ЖИВОТ
07 март 2025
Во топла и емотивна атмосфера,
исполнета со искрени зборови, во
Библиотеката се одржа завршниот настан од
литературниот конкурс „Писмо до најважната
жена во мојот живот“. Учесниците со голема
љубов и креативност ги преточија своите
чувства во писма посветени на жените кои
оставиле најсилен белег во нивниот живот –
мајки, баби, наставнички, сестри…
Секој реченица беше исполнета со
љубов, благодарност и инспирација, а по
внимателното разгледување на сите писма,
жирито ги избра најдобрите кои беа јавно
претставени и наградени. Сите писма беа
изложени во библиотеката и објавени на
нашата веб страна.
Благодарност до сите ученици,
наставници и љубители на пишаниот збор
кои го поддржаа овој конкурс и ја споделија
својата емоција со нас. Вашите зборови ја
исполнија библиотеката со топлина и значење.
Организатори на конкурсот беа Национална
установа - Универзитетска библиотека „Св.
Климент Охридски“ – Битола и ООУ „Даме
Груев“ – Битола.
Продолжуваме да ја славиме љубовта,
почитта и убавината на зборот!
ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО
БИБЛИОТЕКАТА
07 март 2025
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола,
продолжува со реализацијата на Спогодбата
за изведување на практична настава за
студентите од Бизнис академијата Смилевски –
БАС.
Студентките Ангела Петровска и
Евгенија Манчевска, втора година на БАС,
ќе имаат можност да стекнат практични
вештини и работно искуство во рамките на
библиотеката. Ова искуство ќе ја зголеми
нивната конкурентност на пазарот на
трудот и ќе им помогне подобро да се
запознаат со процесите на работа и развој во
библиотекарството.
Топло добредојде им посакаа
директорката на библиотеката, м-р Емилија
Стефановска Давкова, и м-р Фатма Бајрам
Аземовска, раководителка на Одделот за
развој на библиотекарството, меѓународна
соработка, маркетинг и односи со јавноста.
Со овој чекор, Библиотеката продол-
жува да ја поддржува едукацијата и
професионалниот развој на младите кадри,
поттикнувајќи ги кон успешна иднина во
областа на библиотекарството.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 45
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
признание во Рим, Италија.
Особено значајно е што директорката
на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола,
м-р Емилија Стефановска-Давкова, беше не
само промотор на оваа збирка, туку и нејзин
преведувач, со што ѝ даде уште поголема
културна и книжевна тежина. Настанот беше
дел од одбележувањето на 80-годишнината
на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и
претставува потврда за значајната улога на
библиотеките како чувари на културното
наследство.
Голема благодарност до сите учесници,
посетители и поддржувачи. Му посакуваме на
авторот уште многу инспиративни стихови,
нови признанија и успеси!
ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА
„ЕЛИСИСКО ЕХО“ ОД ИГОР ТРАЈКОВСКИ – ФОЈА
26 март 2025
Во НУ Универзитетската библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа
промоцијата на поетската збирка „Елисиско
ехо: Поезијата на меморијата на слободата“
од Игор Трајковски. Настанот привлече
голем број љубители на поезијата, културни
работници и граѓани, кои имаа можност да
се запознаат со длабоките и инспиративни
стихови на авторот.
Промотери на книгата беа:
• м-р Емилија Стефановска-Давкова,
директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“
– Битола
• Гордана Такец
• Владо Ѓорески
Музичка изведба: Славко Спировски - Слав.
Ова дело претставува моќна современа
поезија што ја рефлектира суровата реалност
на нашето време. Таа инспирира со својот
повик за слобода на мислата и човечноста,
започнувајќи од предизвиците на пандемијата
COVID-19, па сè до сите немили настани што
го обликуваат нашиот современ свет. Авторот
ја испраќа пораката дека човекот, со својата
висока свест и интелигенција, може да го
победи злото, а неговата поема „Сирачето
што спиеше на голата прашина“ (L’orfano che
dormiva sulla nuda polvere) доби меѓународно
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202546
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
на книгите. Таа својот говор го започна со
зборовите: „Навистина сум почестена од
госпоѓата Гордана Такец што ме избра мене за
промотор на нејзините дела, чие творештво
оваа година полни 55 години. Нејзините
писателски творби успешно ја продолжуваат
мисијата на нејзиниот татко и го остваруваат
неговиот аманет, да продолжи да создава
на полето на пишаниот збор, сликарството
и креативноста, воопшто! Јас ѝ посакувам
уште многу нови прозни дела и стихови, а
со тоа и нови големи признанија и награди,
да биде инспирација за нас и за целиот свет
околу нас!“ Стефановска-Давкова зборуваше
за делата: „Балканот е валкан“, „Како го
преживеав Виетнам“, „Јасмин“, „Руски Рулет“,
„Нашите испуштени нешта“ и „Јас сум Такец“.
Пред присутните гости се обрати
и писателката, која зборуваше за своето
долгогодишно творештво и за создавањето
на нејзините дела. Со својата неуморна
посветеност, таа активно им помага на
младите творци и ги обединува поетите од
целиот регион преку нејзината фондација
„Такец“. Настан беше збогатен со музички
точки на почитуваниот Славчо Спировски–
Слав.
55 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО НА ГОРДАНА ТАКЕЦ
11 април 2025
Во просториите на библиотеката,
познатата битолска писателка Гордана Такец
го одбележа своето 55 годишно активно
творење. На настанот присуствуваат бројни
љубители на пишаниот збор, колеги,
пријатели и поддржувачи, кои заедно со неа
ја прославија нејзината богата и инспиративна
карирера.
Најпрво пред присутните гости се
обрати и директорката на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола, м-р Емилија Стефановска-
Давкова, која воедно беше и промотор
ИЗЛОЖБА „8-МИ МАРТ“
По повод Меѓународниот ден на
жената 8-ми Март, во холот на Библиотеката
поставена беше изложба на фотографии.
Изложбата е посветена на храбрите
феминистки кои се бореле - и сè уште се борат
за правата, достоинството и еднаквоста на
жените. Taa ги истакнува оние кои со своето
делување овозможиле денешните девојки и
жени да бидат рамноправни со мажите.
Жените низ историјата се соочувале
со предизвици, но никогаш не се откажале.
Затоа, да ја славиме нивната сила, храброст
и постигнувања!
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 47
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
11 април 2025
Во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола се
одржа работилница во рамките на проектот „И
јас сум дел од волшебниот свет“.
Целта на проектот е поттикнување
на читачката култура кај ромските
деца и развивање љубов кон книгите и
раскажувањето приказни уште од најрана
возраст. Преку внимателно осмислени
активности, децата имаат можност да го
запознаат волшебниот свет на литературата,
да ја развиваат својата имагинација и
креативност, како и да се охрабрат да читаат
и самостојно да раскажуваат. Како дел од
активностите, училиштето доби неколку
примероци од книгата „Сјајни ѕвезди“, која е
резултат на Еразмус+ проектот „Sasas Jekhvar
Jekh – Once Upon a Time … and Now“.
И ЈАС СУМ ДЕЛ
ОД ВОЛШЕБНИОТ СВЕТ
МАГИЈАTA НА БАЈКИТЕ
15 април 2025
Заедно со децата од ЈОУДГ „Естреја
Овадија Мара“ беше забавно, интересно и
креативно, на кои преку читањето на бајки
им ја доловивме безграничната магија која во
себе ја носат истите. Ја разбудивме нивната
фантазија како основ за правилен мислечки и
креативен процес.
Читањето е од големо значење за
развојот на детето. Бајките и лекцијата од
бајките може да влијаат врз различни аспекти
од животот на детето – од емоционален и
морален развој до развој на имагинацијата и
вокабуларот. Важно е да избереме бајки кои се
соодветни за одредена возраст.
Децата со големо внимание ги
слушаа овие бајки, уживаа во нивното
прераскажување, извлекување на пораки
и идентификација со омилените ликови и
моменти. Една од пораките беше дека „Сите
одат во библиотека! Секој може да биде член
од најмали до најголеми“. Покрај прекрасната
дружба, најмладите добија подарок, неколку
примероци од книгата „Сјајни ѕвезди“
производ од Еразмус+ проектот „Sasas Jekhvar
Jekh – Once Upon a Time… and Now“ со надеж
дека ќе ја поттикнеме навиката за читање и ќе
ја разбудиме нивната фантазија.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202548
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
донесување на заклучоци и коментирање.
Во завршната вежба, работејќи во парови,
учениците разбраа колку е важно точно да
се пренесе една порака, затоа што начинот
на кој ја кажуваме може лесно да создаде
недоразбирање. Цртежите кои беа дел од
активностите внесоа ведрина, но и поука.
Се надеваме дека преку овие вежби и
разговори допревме до свеста на учениците
и помогнавме да се насочат кон разумно
размислување и одговорно однесување.
Голема благодарност до раководствата
на двете училишта – директорот Предраг
Созовски, директорката Биљана Дамчевска-
Бакиевска, одделенските раководители
Александар Јаневски и Соња Јанкуловска,
како и педагогот Анета Николовска, кои ја
препознаа важноста на овие работилници и
несебично ја поддржаа нивната реализација.
Втората работилница се одржа во
ООУ „Даме Груев“ – Битола, со ученици од
деветто одделение. Работилницата вклучи
практични вежби и дискусии за идентични
теми, а учениците активно се вклучија
со свои размислувања и дискусии. Тие
работеа во групи, каде што заклучија дека
фотографиите не секогаш го прикажуваат
реалното и дека е важно да се внимава при
БИБЛИОТЕКАТА ПРОТИВ БУЛИНГОТ И САЈБЕР БУЛИНГОТ
15 април 2025
Во рамките на Еразмус+ проектот
„Библиотеката против булингот и сајбер
булингот“, НУУБ „Св. Климент Охридски“
– Битола реализира две едукативни
работилници во соработка со основните
училишта ООУ „Св. Климент Охридски“ и ООУ
„Даме Груев“ – Битола.
Првата работилница се одржа во ООУ
„Св. Климент Охридски“ – Битола, каде што
ученици од седмо одделение преку практични
вежби и интерактивен пристап, заедно со
библиотекарите, разговараа за видовите
на булинг и сајбер булинг, за учесниците во
тие појави, причините за нивната појава и
можните начини на спречување. Особено
внимание беше посветено на сајбер булингот,
кој иако се одвива во виртуелниот свет, се
шири брзо и несвесно вклучува голем број
деца. Темите на разговор ги опфатија објавите
на социјалните мрежи, коментарите кои ги
оставаат учениците, како и споделувањето
навредливи фотографии.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 49
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
На настанот учествуваа ученици од
СОУ „Јосип Броз Тито“ и од ООУ „Св. Климент
Охридски“ – Битола, под менторство на
професорката по македонски јазик и
книжевност Груеска Сара и професорката
по германски јазик и книжевност Биљана
Илиевска–Ѓоргиевски.
Преку оваа работилница, младите
учесници не само што ја прославија љубовта
кон книгата, туку и го потврдија значењето на
креативното изразување и моќта на пишаниот
збор.
МОЈА КНИГА – МОЈ СВЕТ
22 април 2025
По повод Светскиот ден на книгата и
авторското право, во просториите на НУУБ
„Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа
креативна работилница под наслов „Моја
книга – мој свет“.
Секоја личност има своја приказна, а
секоја приказна е универзум за себе. Тоа е
нешто што го носиме длабоко во себе, нешто
што сакаме да го споделиме, да го замислиме
и создадеме. Денешната работилница беше
токму такво патување – патување низ светот
на книгите, зборовите и фантазијата, каде сè е
возможно.
Работилницата беше посветена на
личните доживувања, мисли, чувства и
фантазии што се раѓаат при читањето книги.
Учениците имаа можност своите импресии
да ги искажат преку пишување, цртежи и
други креативни форми, претставувајќи ги на
уникатен и инспиративен начин.
СВЕТСКИ ДЕН
НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА
22 април 2025
По повод одбележувањето на 22
април – Светскиот ден на планетата Земја,
реализиравме активности со учениците од
ООУ „Стив Наумов“ - Битола.
Преку заедничко читање на книги
заклучивме дека еколошките проблеми на
нашата планета денес се многу поголеми
отколку пред 41 година, кога започнало
одбележувањето на Светскиот ден на
планетата Земја. Потенциравме дека, доколку
човекот не обрне доволно внимание на
зачувувањето и заштитата на животната
средина, ќе дојде до ситуација да се затрупа и
загуши во сопственото ѓубре.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202550
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
СВЕТСКИ ДЕН НА КНИГАТА И АВТОРСКИТЕ ПРАВА
23 април 2025
Во чест на книгата. Во чест на авторот. Во
чест на македонскиот јазик.
Со посебна возбуда и почит, во
просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“
– Битола, го одбележавме Светскиот ден на
книгата и авторските права – ден посветен на
славењето на пишаниот збор, креативноста
и културното наследство што се пренесува
преку книгите.
По повод овој значаен ден, беа
прочитани две инспиративни пораки:
Македонската порака за 2025 година,
подготвена од проф. д-р Славица Велева,
беше фокусирана на 80-годишнината од
кодификацијата на македонскиот литературен
јазик – историски момент што му даде
институционален живот на нашиот мајчин
јазик и го утврди како столб на културниот и
националниот идентитет.
„Го славиме зборот, но и правото на
збор. Го славиме авторот, но и правото на
свој јазик преку кој авторот може да создава,
да зборува, да сонува.“
Директорката на библиотеката, м-р
Емилија Стефановска-Давкова, потсети дека
улогата на библиотеките била поважна од кога
било – да го штитат и промовираат знаењето,
да поттикнуваат дијалог и да го негуваат
јазикот како живо културно наследство.
Пораката од УНЕСКО, напишана
од Генералниот директор Одри Азуле и
прочитана од проф. Сара Груеска, ја нагласи
30-годишнината од Светскиот ден на
книгата и посветеноста на организацијата за
унапредување на писменоста, читањето и
заштитата на авторските права на глобално
ниво.
„Светот не можеше да напредува без
книги. Ред по ред, страница по страница, тие
ги хранеа нашите мисли и ја поттикнуваа
креативноста што ни беше потребна за
да се справиме со сложените предизвици на
човештвото.“
На овој ден се потсетивме дека книгата
е прозорец кон светот, а читањето – патување
без граници. Ги охрабривме младите да
читаат, авторите да пишуваат, а институциите
– да создаваат услови за трајна заштита и
вреднување на авторскиот труд.
Традиционално, прославата ја
заокруживме со симболичен гест – подаривме
цвеќиња, донација од Green Garden Center &
Rasadnik, на нашите драги посетители.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 51
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
јазик стана основа за богата книжевност.
Македонскиот народ, преку својот јазик,
го изразува својот културен и историски
континуитет, што е клучно за зачувување на
националниот идентитет. Јазикот е основа
за колективна свест и комуникација, а
неговата официјализација претставува акт на
самопотврдување и независност.
Кодификацијата на македонскиот
јазик е од огромно значење на македонскиот
народ, затоа што ја зацврсти неговата
самобитност. Благодарение на овoј процес
македонскиот јазик денес е развиен,
литератuрен и меѓународно признаен.
Затоа, одбележувањето на 80-годишнината
од неговата кодификација е потсетник за
неговата важност, а наша обврска е да го
унапредиме и зачуваме.
80 ГОДИНИ ОД КОДИФИКАЦИЈАТА
НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
05 мај 2025
Јазикот е еден од најважните обележја
на секој народ. Тој не само што служи за
комуникација, туку е и симбол на културниот,
историскиот и националниот идентитет.
За македонскиот народ, кодификацијата
на македонскиот литературен јазик беше
извршена на 2 август 1944 година, на Првото
заседание на АСНОМ и претставува еден од
најзначајните настани во историјата.
Оваа година се навршуваат 80
години од тој историски момент, кој го
означи почетокот на официјалната употреба
и развој на македонскиот јазик. Пред
кодификацијата, македонскиот јазик долго
бил во сенка, трпејќи разни притисоци и
негирања. Македонците се соочувале со
забрани и асимилациски политики, кој го
спречувале неговото слободно користење
и развој. Но, со донесувањето на решението
за официјализација на македонскиот
јазик, конечно се отвара патот за неговото
стандардизирање, развој и афирмација.
Благодарение на кодификацијата,
македонскиот јазик доби своја азбука која
беше озаконета на 5 мај 1945 година и
правопис кој беше озаконет на 7 јуни 1945
година, што овозможи развој на македонската
литература, образование и наука и негова
употреба во сите сфери на општествениот
живот. Со текот на годините, македонскиот
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202552
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
СЕМЕЈСТВОТО – СРЦЕТО НА
НАШАТА ЗАЕДНИЦА
15 мај 2025
Со голема радост на 15 мај 2025 година,
го одбележавме Меѓународниот ден на
семејството заедно со учениците, родителите
и наставничките Снежана Чукалева и Данијела
Босилковска од ОУ „Даме Груев“ – Битола.
Настанот беше дел од проектот „И
јас сум дел од волшебниот свет“, поддржан
од Министерството за култура и туризам
на Република Северна Македонија. Во
своето обраќање, директорката м-р Емилија
Стефановска Давкова истакна:
„Секоја здрава заедница започнува со силно,
грижливо и поврзано семејство – токму затоа
денес славиме заедно!“
Програмата беше исполнета со
креативни и едукативни активности:
• Семејна читателска дружба
• Писма со љубов до семејството
• Семејна игра „Кој е кој?“
• Забавниот дел со многу смеа и
игри беше дело на Заги кловнот, кој внесе
дополнителна магија во денот.
Семејството е нашето прво училиште,
нашата сила и нашето засолниште. Да
го славиме секој ден! И благодариме на
директорката Биљана Дамчевска Бакиевска од
ОУ „Даме Груев“ – Битола за поддршката.
КНИГИТЕ ПАТУВААТ
09 мај 2025
Книгите не се само зборови на
хартија – туку алатка за градење
самодоверба, одговорност и радост!
НУУБ „Св. Климент Охридски“ –
Битола, во соработка со ПХВ групата
Искри на хуманост при ООЦК Битола и
ОУ „Гоце Делчев“ – Битола, реализираше
креативна и едукативна активност со
најмалите – првоодделенците. Преку читање
приказни за важни животни вредности, ги
поттикнавме децата да размислуваат за тоа
што значи да веруваш во себе, како се гради
самодоверба и зошто одговорноста е клучна
за секој успех. Учениците слушаа, прашуваа и
споделуваа свои искуства – нивната среќа и
заинтересираност беа најголемата награда за
нас.
Преку активноста „Книгите патуваат“ не
само што ги доближуваме книгите до децата,
туку и важните пораки што ги носат. Исто така,
ги запознавме и со мисијата на Црвен крст и
улогата на волонтерите – првиот чекор кон
хуманост и заедништво.
Продолжуваме да градиме посветена,
емпатична и свесна млада генерација –
чекор по чекор, приказна по приказна. Им
благодариме за соработката на директорката
Наташа Ставревска, наставничките Ана
Каранфиловска, Марина Шалваровска,
Афрдита Амедовска и учениците од ОУ „Гоце
Делчев“ – Битола.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 53
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
ИНКЛУЗИЈА ПРЕКУ КНИГА И
КРЕАТИВНОСТ
21 мај 2025
Во рамките на проектот „Работилници
за деца со попреченост“, поддржан од
Министерството за култура на Република
Северна Македонија, реализиравме уште
една успешна активност во соработка со ОУРЦ
„Кочо Рацин“ – Битола.
Инклузивното образование ја вреднува
различноста и придонесот на секој ученик.
Во вистински инклузивна поставеност, сите
деца се чувствуваат безбедно и прифатено,
а наставниот кадар има соодветна обука,
поддршка и ресурси за да одговори на
потребите на секое дете.
На настанот се обрати и директорката
на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р
Емилија Стефановска-Давкова, која истакна
дека читањето книги на децата и младинците
со попреченост претставува интегрален дел
од единствениот образовен и културен систем
и се темели на исти вредности и принципи
како и кај сите други поединци.
Работилницата вклучи креативни
активности со деца, водени од стручни лица
од различни области, со цел да се поддржи
нивниот емоционален, социјален и здравствен
развој, а преку книгата да се поттикне
нивната социјализација. На крајот, учениците
изработија споменар каде ги претставија
своите чувства и доживувања преку креативен
израз на хартија.
КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА
ЗА ГЛАГОЛИЦАТА
23 мај 2025
Во Библиотеката се реализира
креативна работилница по повод 24 мај –
Денот на сесловенските просветители
браќата Св. Кирил и Методиј. Во нивна чест
денес твореа учениците од ООУ „д-р Трифун
Пановски“ – Битола под менторство на
наставничката по ликовна уметност Анета
Груевска.
Пред присутните ученици и идни
уметници прекрасна презентација одржа и
магистерот по ликовна уметност, конзервација
и реставрација Николче Српчански кој
накратко преку фотографии го презентира
патот на Светите браќа Кирил и Методиј и
развојот на глаголицата.
Во нивна чест пред присутните се
обрати и директорката на библиотеката
м-р Емилија Стефановска-Давкова која го
потенцира значењето од зачувувањето на
една азбука и буквите со кои твориме за
зачувувањето на идентитетот на една нација.
Учениците заедно со наставничките по
македонски јазик Светлана Мирчевска
и наставничката по географија Моника
Атанасов, на посебно платно ни изработија
цртежи на кој се овековечија ликот и делото
на Светите браќа Кирил и Методиј.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202554
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
Голема благодарност до учениците од
ООУ „Стив Наумов“ – Битола, наставничката
Јасмина Гочевска, заменичката директорка на
истото училиште Марина Јанеска и до Биљана
Крајчевска – драматург, едукатор во школата
на Софија Ристевска Петрушева – фабрика за
мечти и сценарист на „Пет плус фамилија“.
ПРИКАЗНИ ШТО НЀ УЧАТ НА ДРУГАРСТВО И РАЗЛИЧНОСТИ
27 мај 2025
Живееме во современи услови кога
општеството нѝ нуди многу начини и извори
на учење. Библиотеката е тесно поврзана со
театарот и филмот како уметности кои на еден
или друг начин произлегуваат од неа, поточно
од книгите во неа.
Во нашата библиотека се одржа
активност со драматизирање на текстови
пишувани од учениците од ООУ „Стив
Наумов“ – Битола, кои нѐ учат на другарство
и различности. Тие се најмоќното средство
преку кое децата учат што е добро, а што е
лошо. На уникатен начин допревме до нив со
силни пораки за пријателство, прифаќање на
различностите и значењето на заедништвото.
Преку драматизација и уживање, приказните
стануваат мост кон еден подобар свет.
4 јуни 2025
Во просториите на НУ Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
се одржа свечен литературен настан насловен
„Магичен ден со бајките на браќата Грим“,
организиран со цел да се поттикне љубовта
кон книжевноста, особено кон класиците на
детската литература. Настанот се реализира
во соработка со учениците и наставниците од
ООУ „Даме Груев“ – Битола.
Свеченото отворање беше збогатено
МАГИЧЕН ДЕН СО БАЈКИТЕ НА БРАЌАТА ГРИМ
со изведба на песната „Во светот на бајките“,
што ја исполнија ученици од прво и четврто
одделение.
Учениците од германската секција
при ООУ „Даме Груев“ – Битола, преку кратка
презентација, литературно читање и театарска
изведба го претставија животот и творештвото
на браќата Јакоб и Вилхелм Грим. Двојазичната
изведба остави силен впечаток и значително
ја збогати интеркултурната димензија на
настанот.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 55
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
САЕМ НА КНИГАТА - БИТФЕСТ 2025
25 -28 јуни 2025
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202556
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
Терапија со поезија: зборовите како лек
Во втората сесија, насловена „Аптека
на зборови“, учесниците се сретнаа со
поетесата и роднокрајна писателка Весна
Мундишевска-Велјановска. Таа сподели дел
од своите стихови и зборуваше за тоа како
поезијата може да помогне во обработка
и ослободување на емоциите. Преку
интерактивен пристап, гостите беа охрабрени
самите да создадат кратки поетски творби,
кои потоа симболично ги сместија во мали
шишенца – создавајќи ја така „Аптеката на
зборови“ – мала збирка на „лекови за душа“.
Координатори на проектот:
м-р Фатма Бајрам Аземовска
- библиотекар советник и
м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски
- виш библиотекар
УМЕТНОСТА КАКО ТЕРАПИЈА
1-2 јули 2025
Во Библиотеката се одржаа креативни
и терапевтски работилници во рамките на
проектот „Библиотерапија, терапија со
поезија и антистрес терапија“, поддржан
од Министерството за култура и туризам на
Република Северна Македонија. Преку двете
тематски сесии – „Арт терапија: Изрази се
без зборови“ и „Терапија со поезија: Аптека
на зборови“, библиотеката уште еднаш
се позиционира како центар на грижа за
менталното здравје, културата и заедништвото.
Арт терапија: израз преку бои и форма
Ликовниот уметник Николче Српчански,
магистер по ликовна уметност, конзервација
и реставрација, ги водеше учесниците низ
процесот на визуелно самоизразување. Во
првата сесија тие преку мрсни бои и цртежи
ги претставија моментите кои им носат среќа,
додека во втората се користеа „Боенки за
возрасни“, кои покажаа како креативното
боење може да делува смирувачки, да ја
поттикне концентрацијата и да го намали
стресот.
„Арт терапијата е уникатна форма на
комуникација, преку која емоции и мисли кои
е тешко да се изразат со зборови, добиваат
своја форма и боја,“ истакна директорката
на библиотеката, м-р Емилија Стефановска-
Давкова.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 57
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
е и алатка за промена, за личен раст, развој и
за нови почетоци. Веруваме дека читањето
има моќ да го отвори умот, да ја смири душата
и да ги поттикне луѓето на размислување,
да помогне во градењето на самодоверба,
критичко мислење и нови перспективи за
иднината.
23 јули 2025
Националната установа – Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
донираше 115 книги за КПУ Затвор – Битола.
Со оваа донација ние испраќаме искрена
поддршка и порака на надеж, бидејќи книгата
не е само извор на знаење и култура туку таа
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ДОНИРА КНИГИ НА
КПУ ЗАТВОР – БИТОЛА
РАЗГОВОР СО ИГОР ТРАЈКОВСКИ - ФОЈА
11 април 2025
„Слики и спомени, фрагменти од
минатото,
Во албум на срцето, приказни се отвораат,
Прашина на минатото, во аглите
останува…..“
Пролетното сонце го искористивме
овој пат да одиме на кафе и книга со
битолскиот писателот Игор Трајковски-Фоја
кој неодамна во НУУБ „Св. Климент Охридски“
– Битола, ја промовираше својата шеста книга,
од вкупно 8 негови дела. Игор Трајковски
-Фоја е млад битолски автор, сопруг, татко,
фотограф, музичар, графички дизајнер,
филмски сценарист и голем љубител на
пишаниот збор кој за него претставува моќ со
која ги запишува сите случки и сите теми кои
некако повеќето писатели ги заобиколуваат
или не пишуваат за тоа. Тој во своите дела
ги опфаќа политичките и социјалните
предизвици кои како во вртлог го имаат
фатено ова мало парче земја. Оваа прилика ја
искористивме да поразговараме со писателот
за моќта на пишаниот збор и изборот на
различните стилови и теми кои се опфатени во
неговите книги.
Разговорот го започнавме откривајќи
ги неговите почетоци во светот на
творештвото. Тој ни зборуваше дека неговите
почетоци се од неговите студентски денови: „
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202558
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
„Излез“, „Земја на отпад“; „Прирачник за
сценаристи“, романите „Кукла“, „Снежна
пустина“, кратки раскази „Позитивен во услови
на тотална светска депресија“, „Иднина во
минатото“, а и нѝ кажа дека привршува со
неговите нови дела, кои со нетрпение ги
очекуваме.
Разговорот го завршивме со порака до
вас, драги наши читатели:
„Не плашете се од вистината. Не бегајте од
контрадикторноста – таа е дел од секој од
нас, знак дека растеме. Сомнежот е патека кон
длабоко разбирање, а љубопитноста – клуч
што го отвора знаењето. Само преку знаење,
мислата се осветлува, душата се воздигнува, а
ние се спасуваме од бездните на незнаењето.
Барајте. Истражувајте. Размислувајте. Читајте
– преку читањето се учиме себеси. Читајте
македонски автори – во нив се одразуваат
нашите сенки и светлини.“ А ние би Ве
поканиле да ги изнајмите неговите книги и да
уживате во случките , згодите и незгодите на
неговите ликови.
Разговорот го водеше:
м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски,
виш библиотекар
Почнав да пишувам додека бев на студии. Како
и секој друг млад човек, работев и студирав
и секоја случка ја запишував, од која потоа
произлегоа и моите први книги“. Потоа додаде
дека „инспирацијата за пишување ја црпам од
секојдневието, мојот живот е исполнет со луѓе
од кои произлегуваат идеите“.
Потоа го запрашавме за учеството на
фестивалите, а тој ни кажа дека за своите дела
има добиено голем број награди на поетските
фестивали во Европа (Италија, Португалија), за
кој толку многу скромно зборуваше, иако тие
се потврда дека неговиот пишан збор патува и
надвор од границите на нашата земја.
За своите книги нѝ рече: „сите книги се
пишувани во различни стилови (романи,
кратки раскази, драми, поезија...)“ што
покажува дека неговата сестраност во
творештвото е онаа во која тој ја наоѓа
слободата, како што ја наоѓа во фотографијата.
Во текот на разговорот се сложивме дека
неговите книги се книги кои секој млад човек
треба да ги чита. Ретко кој писател ја опфаќа
оваа тематика и опишува случки кои им се
толку блиски, секојдневни авантури во кои
секој може да се пронајде.
Игор Трајковски- Фоја нѐ запозна и
нѝ зборуваше за сите негови дела: збирката
поезија „Елисистичко ехо: Поезијата на
меморија на слободата“, драмските текстови
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 59
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
Голема благодарност до наставничките
Ирена Георгиевска, Жанета Лутовска, Пандора
Алексова Запаренко и Надица Трпковска кои
ја иницираа оваа соработка.
НАД 200 КНИГИ ЗА
ЈОУ „СЈУ РАЈДЕР“ - БИТОЛА
14 октомври 2025
НУУБ „Св. Климент Охридски“ -
Битола донираше над 200 книги за нашите
највозрасни сограѓани од Домот за стари лица
ЈОУ „Сју Рајдер“ - Битола
Директорка на библиотеката м-р
Емилија Стефановска-Давкова, во своето
обраќање кон присутните истакна:
Книгата го стимулира мозокот кај
повозрасните лица, го одржува умот активен,
буди пријатни спомени и придонесува за
подобро расположение и ментална свежина.
Марина Крстиќ, директорка на домот,
додаде дека овие книги ќе донесат радост
и ќе го збогатат секојдневието на нашите
корисници.
Веруваме дека читањето ја отвора
душата, го буди умот и носи топлина секогаш
кога е најпотребно!
ПРВА СРЕДБА СО
БИБЛИОТЕКАТА
15 октомври 2025
Нашите најмали ученици – првачињата
од ООУ „Климент Охридски“ – Битола,
направија едно прекрасно и возбудливо
патување во светот на книгите. Тие за првпат
ја посетија библиотеката, место исполнето
со тишина, приказни и чудесни ликови што
живеат меѓу кориците на книгите.
Библиотекарите топло ги пречекаа и им
раскажаа што претставува библиотеката, како
се чуваат книгите и како секој читател може
да стане нејзин пријател. Преку интересно
илустрирано читање, децата уживаа во
приказна полна со авантури и поуки, а
нивните насмевки и љубопитни прашања го
исполнија просторот со детска радост.
Оваа прва средба беше почеток на едно
ново пријателство – меѓу децата и книгите.
Веруваме дека од денес библиотеката ќе стане
нивно омилено место за откривање, учење и
соништа.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202560
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
Децата со големо внимание ги
слушаа овие бајки, уживаа во нивното
прераскажување, извлекување на пораки
и идентификација со омилените ликови
и моменти и нивна илустрација, но и
извлековме пораки. Едни од пораките беа
дека „Сите одат во библиотека! Секој може
да биде член од најмал до најголем! Секогаш
дарувајте книги, зашто со нив подарувате
мудрост која ќе им овозможи да израснат во
прекрасни луѓе“,
Подготви и реализира:
д-р Јасминка Кочевска, библиотекар
БЕЗГРАНИЧНА Е МАГИЈАТА
НА БАЈКИТЕ
04 сеп. 2025
Читањето е од големо значење за
развојот на детето. Бајките и лекцијата од
бајките може да влијаат врз различни аспекти
од животот на детето – од емоционален и
морален развој до развој на имагинацијата и
вокабуларот. Важно е да избереме бајки кои
се соодветни за одредена возраст. Денешниот
ден започна весело, забавно, интересно и
креативно со децата од ЈОУДГ „Естреја Овадија
Мара“ на кои преку читањето на бајки им
ја доловивме безграничната магија која во
себе ја носат истите, ја разбудивме нивната
фантазија како основ за правилен мислечки и
креативен процес.
ОТВОРИВМЕ КНИГА,
ОТВОРИВМЕ СРЦЕ
15 септември 2025
Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ –
Битола, беше одбележан Светскиот ден на
срцето со симболичната порака – „Отвори
книга, отвори срце“.
Со нас беа д-р Ана Вељановска и
д-р Елена Шишковска-Степановска, кои со
огромна посветеност и топлина одговараа
на прашањата на публиката – од секојдневни
совети за здрава исхрана и физичка активност,
до најновите достигнувања во кардиологијата.
Публиката активно се вклучи со прашања и
размислувања, што ја претвори средбата во
вистинска размена на искуства и корисни
совети.
Настанот уште еднаш нè потсети
дека здравото срце е предуслов за среќен
и исполнет живот, а љубовта кон книгата и
знаењето е пат до поздраво утре.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 2025 61
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
Каталогот претставува впечатлива
колекција на фотографии кои ја раскажуваат
приказната за Битола – град на традиција,
култура и уметност. Низ внимателно избрани
кадри, авторките ни овозможуваат да ја
видиме Битола од еден нов, интимен агол –
како место исполнето со живот, спомени и
топлина.
Изданието и прокетот е финансирано
од Министерството за култура и туризам, со
што уште еднаш се потврдува важноста на
поддршката за уметничките проекти што го
промовираат локалното културно наследство.
„Мојата Битола“ не е само каталог,
туку љубовно писмо до градот, кое потсетува
колку е важно да ја чуваме и негуваме нашата
МОЈАТА БИТОЛА - ФОТОГРАФИИ И КАТАЛОГ
Во нашата библиотека со особено
задоволство го претставуваме новиот каталог
„Мојата Битола“, издание кое ја доловува
убавината, историјата и секојдневието на
градот и на нашата библиотека НУУБ Св.
Климент Охридски - Битола, низ објективот и
зборот на авторките и носители на проектот
– Вера Марковска и Марија Марковска.
Фотограф за каталогот е Александар
Василевски, а на работилниците учествуваа
ученици од средните училишта во Битола.
културна традиција. Ова дело претставува
вистински придонес од зачувувањето на
идентитетот и духот на Битола – инспирација
за сите генерации кои ја чувствуваат оваа
убава градска приказна како своја.
Координатори на проектот,
библиотекари:
Марија Марковска и
Вера Марковска
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 60-61 / 202562
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
во нашата држава. Во своите рафтови таа чува
непроценливо богатство од литература во
која се запишани историски факти за личности
и настани кои го промениле минатото, а ја
градат и иднината.
Националната установа-Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола
од своето основање до денес, на најсоодветен
начин преку различни форми и настани
посветено ги чествуваа сите значајни настани
Брошурата „Личности и настани
коишто не се забораваат“ произлезе од
проектот „Oдбележување на значајни настани
за историјата на Македонија“, кој е поддржан
од Министерството за култура и туризам на
Република Северна Македонија.
Координатор на проектот:
Маријан Колевски, виш библиотекар
ЛИЧНОСТИ И НАСТАНИ КОИШТО НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
Во оваа брошура опфатени се датуми
кои нашата библиотека ги чествува со
посебно внимание, затоа што се најмногу
поврзани со пишаниот збор и негувањето на
македонскиот јазик.
