0
ДИГИТАЛНА
ПИСМЕНОСТ
ОСНОВА ЗА РАЗВОЈ НА ДИГИТАЛНИ ВЕШТИНИ КАЈ МЛАДИ
ОД РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ
Проф. д-р Моника Марковска 3/24/23
1
Проектот е поддржан од Национална агенција за европски
образовни програми и мобилност
Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ е корисник на
финансиска поддршка од Erasmus + програмата.
Изработил:
Проф. д-р Моника Марковска
Соработници при изработката:
м-р Фатма Б. Аземовска
Викторија Михајловска
Рецензент:
Проф. д-р Божидар Миленковски
Уредник:
м-р Фатма Бајрам Аземовска
Битола, 2023
Содржината на истражувањето е одговорност на Здружението за развој
на ромската заедница „Сумнал“ и на ниту еден начин не може да се смета
дека ги одразува гледиштата на Националната агенција за европски
образовни програми и мобилност.
2
СОДРЖИНА
Вовед .............................................................................................................. 3
Концепт на дигитална писменост ............................................................... 6
Дигитални вештини .................................................................................... 13
Контекст на дигиталната писменост ......................................................... 15
Препораки за унапредување на дигиталните вештини кај младите луѓе 26
Користена литература ................................................................................ 29
3
ВОВЕД
Живееме во свет каде Интернетот и World Wide Web се нераскинлив дел
од нашата култура и секојдневен живот. Дигиталната технологија денес
е присутна во сите аспекти од нашето живеење и работење.
Информациско- комуникациските технологии овозможуваат нови начини
на комуникација и размена на информации, додека дигитализацијата
овозможила брзо и лесно спремање, репродукција, дистрибуција и
користење на различните содржини. Затоа денес, многу често се зборува
за дигитална култура, дигитална писменост, виртуелна култура или cyber
култура и многу слични поими кои се користат за да се опише
технолошки базираната култура во современото општество, каде поимот
дигитална култура укажува на сеприсутност на дигиталните технологии
во нашите животи. Новите можности кои ги носи примената на
информациско- комуникациските технологии доведува до редефинирање
на поимот култура и го проширува на дигитална култура која донесува
нови искуства засновани на новото комуникациско опкружување.
Дигиталната култура претставува концепт кој опишува како
технологијата и интернетот го обликуваат начинот на кој ние
комуницираме како луѓе. Тоа е начинот на кој се однесуваме,
размислуваме и комуницираме со општеството. Дигиталната култура го
опишува односот меѓу луѓето и технологијата односно, концепт кој
опишува како технологијата и интернетот го обликуваат човековото
однесување, размислување и меѓусебна комуникација.
Денес, младите се соочуваат со огромен предизвик да најдат работа и
притоа да заработуваат пристоен приход. Во светот, за разлика од
возрасните, младите се наоѓаат во ситуација да бидат невработени или
пак, да работат во неплатен, неформален сектор. Кога младите се наоѓаат
на почетокот на својата кариера, реперкусиите може да траат долго
време. Затоа, императив е да се преземат конкретни чекори да се
обезбедат значајни работни можности за младите за да може да водат
продуктивен и исполнет живот.
Проектот: „Активно учество во поттикнување на дигиталната
писменост кај младите од ранливи категории“ е поддржан од
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, во
рамките на Erasmus + програмата и има за цел да стави акцент на областа
која нуди ветувачки решенија: дигитални работни места и дигитална
писменост. Револуцијата во информатичката технологија ги
4
транформира постојните сектори во општеството и креира нови работни
места. Ова бара луѓе кои ќе поседуваат вештини за користење и развој на
компјутери, мобилни телефони и интернет апликации кои ќе ги
овозможат ваквите промени. Потребите може да опфатат широк спектар
на вештини, од најосновни, до многу напредни, нудејќи им можности на
луѓето со различни способности. Револуцијата на информатичката
технологија поттикнува креирање на нови бизниси. Индивидуалците со
„технолошки чувства“ (Tech-savvy individuals) ја користат нивната
креативна енергија. Имајќи го во предвид тоа, развојот на дигиталната
писменост кај ранливите категории може да биде остварлива можност за
кариера, па државата во насока на тоа треба да донесе политики кои ќе
бидат насочени кон охрабрување на младите луѓе од ранливите категории
да станат креатори на работни места, а не млади луѓе кои ќе бараат
работа. Младите имаат предности во новото опкружување кое им
овозможува пристап до огромен број на системи за учење, услуги за
појавување на работа, обуки за ИКТ вештини, натпревари и сл.
Приватниот сектор, државата и непрофитниот сектор играат важна улога
во овој дел. Тоа е енергична област со нови достапни ресурси, особено за
младите во Р. С. Македонија. Што е потребно за поврзување на младите
со новиот свет на можности? Одговорот лежи во градење на свеста и
разбирање на силите и иновациите кои постојано се обликуваат и
создаваат патеки за вработување и претприемништво. Тоа е динамично
опкружување каде државата и другите засегнати страни треба да бидат
поуспешни во развојот и започнувањето на иницијативите во реално
време. Ова е сериозен предизвик, но, сепак е нешто што може и мора да
се направи. Успесите може да се најдат во секој агол на светот, што
претставува императив за брзо дејствување за подобрување на
перспективите на работната сила на наредната генерација.
Во контекст на тоа, проектот има генерална цел која се однесува на
развој на дигиталната писменост преку развивање на дигиталните
вештини кај младите од ранливи категории, додека специфичните цели
се однесуваат на:
1. Развој на дигитални вештини за користење на електронски уреди и
бесплатни технологии;
2. Стекнување на знаења за употреба на електронски образовни
содржини и образовни аплицкации;
3. Поттикнување на младите од ранливи категории да истражуваат,
самопрофилирајќи ја професионалната иднина.
Очекувани резултати се:
5
1. Зајакнување на соработката меѓу засегнатите страни во функција на
подигнување на свеста за значењето на дигиталната писменост кај
младите од ранливи категории;
2. Трансфер на знаења од областа на дигиталната писменост;
3. Обучени млади од ранливи категории за користење на ИКТ технологии
и содржини.
Проектот има за цел да инспирира акција за поттикнување и развој на
дигиталната писменост. Тоа значи во дигиталниот свет да ја разбираат
технологијата и да умеат да се служат со неа. Дигиталната писменост се
однесува на способноста на пронаоѓање, креирање информации преку
Интернет на смислен и корисен начин. Дигиталната писменост исто така,
значи разбирање на ограничувањата на технологијата и опасноста,
односно, превентивните мерки кои ги бара користењето на
технологијата. За Ромите како етничка заедница постојат бројни
фокусирани напори, но, се наметнува потребата од нивна едукација и
развој на дигиталните вештини. Еден од основните предизвици со кои се
соочуваат младите Роми е недоволното познавање на ИКТ технологиите.
Имајќи предвид фактот дека спаѓаат во лица кои припаѓаат на ризична
група на граѓани кои се сиромашни и социјално исклучени, потешко се
интегрираат на пазарот на труд. Ова е можност да се пристапи кон
поттикнување на дигиталната писменост кај младите од ранливите
категории преку преземање на системски напори.
6
КОНЦЕПТ НА ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ
Денес, дигиталната писменост претставува вештина која важи како
еднакво важна како и читањето и пишувањето. Но, дигиталната
писменост сé поретко се сфаќа во вистинскиот контекст. Се наметнува
потребата од јасно дефинирање на концептот на дигиталната писменост,
бидејќи способноста да се користат уредите за игри и забава не може да
се каже дека е дефиниција за дигитална писменост. Треба да се истакне
дека дигиталната писменост не се однесува само на користење на
социјалните медиуми или креирање и следење на фото и видео
содржини. Дигиталната писменост е повеќе од прифаќање на новите
технологии. Станува збор за способност за создавање, селектирање и
поврзување на информации од повеќе извори, во повеќе формати, како и
нивна употреба за подобрување на ефективноста во различните области,
како што е работа, учење и сл.
Дигиталната писменост денес, е потребна за постигнување на личните и
професионални амбиции. Истата е задолжителна во речиси секоја област
на делување, бидејќи овозможува да се завршат комплексни задачи на
ефикасен начин, притоа постигнувајќи добри резултати.
Индивидуалците кои вложуваат во унапредување на дигиталната
писменост овозможуваат зголемување на нивната продуктивност и
социо-економската активност.
Во контекст на тоа, се наметнува потребата од насочување на фокусот за
развој и надоградба на дигиталните вештини и способности. Фокусот
треба да се насочи кон начинот и целите како правилно и практично да
се користат уредите и знаењата, со цел да се придонесе кон нивни личен
и колективен успех.
Колку тоа ние учествуваме во различни аспекти на дигиталниот свет,
често се обликува од нашата лична потреба за информации и можностите
што ни ги дава. Сепак, постојат некои области каде што мора да постојат
соодветни вештини кои се исклучително важни за успех и конкурентност
во светот на бизнисот. Новите работни места бараат високо ниво на
информатичко-комуникациска технологија, а со тоа и напредни ИКТ
вештини. Пазарот на труд е особено конкурентен и се менува, а со тоа се
менуваат и соодветните вештини за дигитална писменост. Тоа директно
има влијание во образованието, бидејќи младите луѓе мора да имаат
вештини за дигитална писменост заедно со нивните квалификации, кои
ќе им овозможи да станат вработливи. Со развивање на самодовербата
при користење на уредите се намалува чувството на вознемиреност и се
7
развива отвореноста за учење и користење на нови уреди. Дигиталната
средина обезбедува многу нови можности за учење кои може да имаат и
едукативна улога, како и забава: пребарување текстови, истражување,
слики, туторијали, филмови, квизови. Комуниакцијата и соработката се
олеснети со бројни апликации и платформи за меѓусебна комуникација и
онлајн настава. Со сите тие нови можности доаѓаат и нови барања и
одговорности за сите. Поединците треба да имаат критички пристап кон
валидноста, веродостојноста и влијанието на информациите и
податоците достапни со помош на дигиталните средства но, и да бидат
свесни за правните и етичките принципи вклучени во нивната употреба
на дигитални технологии. Дигиталната писменост наметнува вештини
кои вклучуваат можности за пристап кон дигитални содржини и нивно
користење, филтрирање, критичко размислување и евалуација,
програмирање и споделување. Како што се развива технологијата, и
вештините за дигитална писменост стануваат сé покомплексни, особено
кога се испреплетуваат различни јазици и култури. Сите треба да бидат
подготвени во разбирањето и прифаќањето на новата дигитална средина,
за да може идните генерации да научат да живеат со неа. Дигиталната
писменост се дефинира како способност да се разберат и користат
информациите во повеќе формати со акцент на критичкото
размислување, наместо на вештините за информатичка и комуникациска
технологија. Луѓето денес, имаат нови типови на знаење поврзани со
дигитално-социјални практики. Вообичаено е луѓето да користат
системи за пораки на социјалните мрежи како што се Facebook, Twitter,
YouTube во кои тие комуницираат во дигитална средина со други
корисници. Сепак, новата дигитална форма на комуникација бара и
одредено ниво на дигитална писменост за да можат корисниците да
останат безбедни. Може да се каже дека дигитално писмен човек е оној
кој може да идентификува, пристапува, управува, интегрира, оценува,
анализира и синтетизира дигитални ресурси.1
Постојат неколку видови на вештини за дигитална писменост како што
се: формални оперативни вештини за работа на Интернет, аналитички
вештини и вештини за пронаоѓање информации, вештини за креирање
содржини и вештини за медиумска писменост.
1 Радослав В. Балтезаревић, Дигитална писменост као средство превенције против
сајбер криминала, Мегатренд универзитет, Факултет за пословне студије, Београд,
2022
8
Дигиталната писменост значи дека треба да се знае како:2
критички да се размислува;
да се креираат информации, да се пристапува до нив и истите да
се потврдат;
да се управува со онлајн идентитет;
да се заштити приватноста и податоците;
ефективно да се користи технологијата.
Дигиталната писменост претставува способност да се користи
дигиталната технологија: од пристап, оценување, користење на
информации и комуникација на општествено одговорен начин. Денес сме
опкружени со дигитални уреди во голема мера, од кога било досега:
паметни часовници и телефони, дигитални уреди и апарати за
домаќинството, уреди за паркирање, уреди за самопослужување во
продавници и ресторани. Работните места, социјалните животи и
образовните поставки бараат некоја форма на компетентност во
дигиталната писменост. Дигиталната писменост не е само технологија.
Поединците треба да можат да користат дигитална технологија за да го
поддржат своето активно граѓанство и социјална инклузија, соработка со
другите и креативност со цел да се постигнат лични, професионални,
социјални и/или комерцијални цели. Основни области на дигиталните
вештини се:
дигитални уреди, наоѓање и управување со информации;
комуникација и соработка;
креирање на едноставни дигитални документи;
безбедност.
Со сите тие нови можности, доаѓаат и нови барања и одговорности.
Поединците треба да имаат критички пристап за валидноста,
веродостојноста и влијанието на информациите и податоците добиени со
помош на дигиталните уреди.
Се поставува прашањето зошто дигиталните вештини се императив за
сите млади луѓе? Пристапот до интернет и уред не е доволен, на младите
луѓе им е потребна обука за тоа како да ги користат технологиите на
одговорен и ефикасен начин. Безбедното користење на интернетот има
директен и позитивен ефект врз резултатите од учењето. Пристапот до
побрз, посигурен и достапен интернет не само што го зголемува
квалитетот на образованието, туку им дава пристап до подобри
2 Пристапено од: https://metamorphosis.org.mk/izdanija_arhiva/vizuelizacija-digitalna-
pismenost/
9
образовни ресури и притоа овозможува подобрување на нивната
дигитална писменост.
Светот брзо се дигитализира, а вештините што ќе бидат потребни на
пазарот на труд брзо се менуваат. Според Светскиот економски форум,
65% од учениците во основно училиште ќе работат работа која
моментално не постои. Затоа треба да се размисли за вештините кои ги
учат децата и младите. Ако не се придонесе за градење на дигитално
квалификувана работна сила, ќе се направи голем јаз меѓу оние кои ги
имаат потребните вештини за да добијат добра работа и оние кои ги
немаат.
Кои се вештините за дигиталната писменост?
Информациска писменост;
Етичка употреба на дигитални ресурси;
Разбирање на дигиталните отпечатоци;3
Заштита на интернет;
Ракување со дигитална комуникација;
Сајбер-безбедност.
Дигиталната писменост претставува термин за способноста ефективно и
ефикасно да се користат компјутерските и дигиталните технологии.
Спротивно од популарното верување, да се биде дигитално писмен не е
поврзано со возраста или работата. Наместо тоа, се работи на вештините
што е потребно да се развијат, да се комуницира и да се напредува во
дигиталната ера. Дигиталната писменост (сајбер писменоста) вклучува
вештини како што се:
????ракување со различни уреди и оперативни системи;
???? навигација низ различни онлајн платформи;
???? разбирање како функционира дигиталниот свет;
???? користење на технологијата креативно и иновативно за решавање на
проблемите;
???? идентификување информации во различни типови медиуми;
???? критичко оценување на дигиталните ресурси;
???? препознавање и справување со дигитални закани;
???? користење на дигитални алатки на безбеден и етички начин;
3 Дигитален отпечаток се податоци што се оставаат зад себе кога корисниците биле
онлајн. Постојат два вида на отпечатоци, кои се пасивни и активни. Пасивен отпечаток
се прави кога информациите се собираат од корисникот без лицето да знае дека тоа се
случува.
10
???? ефективно креирање и споделување информации.
Дигиталните вештини може да се развиваат и усовршуваат на
континуирана основа со текот на времето. Постојат и обуки кои
овозможуваат развој на дигиталните вештини. Дигиталното знаење може
да се усоврши до таа мера, што ќе може да послужи и за градење на
кариера. Дигиталните вештини се барани сега, повеќе од кога било
претходно. Денес, сé повеќе луѓе, организации и влади ширум светот
стануваат жртви на сајбер напади, па станува јасно дека е потребна
сајбер- свесна популација.
Иако концептот на дигитална писменост е релативно нов, дигиталната
писменост има поврзаност со другите видови на писменост. Заедно, тие
помагаат да се разбере светот и да се развие поврзаност со другите
(табела 1).
Табела 1. Поврзаност на видовите писменост со
дигиталната писменост
Видови писменост Потребни вештини
Традиционална писменост • Читање;
• Пишување.
Нумеричка писменост • Математички равенки;
• Логичко размислување;
• Решавање проблеми;
• Разбирање на графикони, дијаграми
и податоци.
Финансиска писменост • Одговорност за финансиските
одлуки;
• Буџетирање;
• Инвестирање.
Медиумска писменост • Критичко евалуирање на
медиумските содржини;
• Разбирање како функционира
медиумската индустрија.
Извор: https://www.cyberghostvpn.com/en_US/privacyhub/what-is-digital-literacy-and-why-its-
crucial-to-us-
now/#:~:text=Digital%20literacy's%208%20elements%20are,Doug%20Belshaw's%20model%20and
%20thesis.
11
Dr. Doug Belshaw развил модел кој обезбедува холистички пристап кон
дигиталната писменост, разработувајќи осум аспекти. Тие се наречени
елементи на дигиталната писменост. Според моделот на Dr. Doug
Belshaw, осумте елементи на дигиталната писменост се:
1. Когнитивност (Cognitive),
2. Самодоверба (Confident),
3. Култура (Cultural),
4. Конструктивност (Constructive),
5. Критичност (Critical),
6. Комуникативност (Communicative),
7. Граѓанство (Civic) и
8. Креативност (Creative).
Тие ги дефинираат многуте аспекти на сајбер писменоста, вклучувајќи
го разбирањето, очекувањата, дигиталната култура и друго.4
Да се биде дигитално писмен значи да се има вештини за соодветно,
безбедно и ефективно користење на модерните технологии. Исто како
што ги заклучуваме вратите, одржуваме чиста куќа, треба да го
обезбедиме нашиот дигитален идентитет, да управуваме со нашите
датотеки. Вештините за дигитална писменост помагаат во нашето време
на интернет и тие се непроценливо богатство за кариерата.
Когнитивниот елемент се однесува на тоа, „како да се направи“. Овој
елемент вклучува учење за ефикасно користење на технологијата и
препознавање вообичаени дигитални алатки и карактеристики.
Елементот на самодоверба се однесува на припадноста. Со овој елемент
се учи да се биде дел од онлајн заедницата и разбирање како дигиталниот
простор се разликува од офлајн (социјалниот) свет.
Културата го претставува елементот на однесување. Преку овој елемент
се учи да се разбере дигиталната култура, како да се почитува мрежата и
како да се заштити онлајн приватноста.
Конструктивноста вклучува како се користат елементите. Преку овој
елемент се учи како да се користат елементите. Се разбира и се учи како
да се присвојува, повторно да се употребуваат и резимираат содржините,
со познавање на законите за фер употреба и авторски права.
4 Пристапено од: https://www.cyberghostvpn.com/en_US/privacyhub/what-is-digital-
literacy-and-why-its-crucial-to-us-
now/#:~:text=Digital%20literacy's%208%20elements%20are,Doug%20Belshaw's%20mode
l%20and%20thesis.
12
Комуникацијата претставува елементот како да се комуницира. Преку
овој елемент се запознаваме со комуникациските норми и очекувањата
на различните онлајн алатки.
Елементот граѓанство, го претставува елементот на учество. На овој
начин се запознаваат различни дигитални средини со цел да се
подготвиме себе си и другите за учество во различни општествени
прашања.
Критичност е елемент преку кој се стекнуваат вештини за расудување за
да се преиспитуваат, анализираат и проценуваат дигиталните содржини
и контекст, користејќи информатичка писменост.
Креативноста е елемент на „како да се направи“. Преку овој елемент се
учи да се создава и да се прават иновативни работи на нови начини во
дигиталните средини.
Овој модел може да биде соодветна рамка за учење со цел да се подобри
флуентноста на дигиталната писменост. Исто како и учењето на нов
јазик, дигиталната писменост е развоен процес. Следната равенка може
да го поедностави процесот:
ПРИСТАП + ПРАКТИКА = ВЕШТИНА
Во оваа ера на брз технолошки напредок, младите треба да ја научат
технологијата уште од мали нозе. Учењето на овие вештини ќе
овозможат чекор напред во дигиталната писменост. Дигиталната
писменост е процес на предавање и учење за технологијата и употребата
на технологијата. Терминот „дигитална писменост“, кој истовремено е
познат и како дигитална флуентност, се поврзува со неколку историски
движења за писменоста. Во 1960-тите, медиумската писменост опфаќа
критички пристапи за толкување на масовните медиуми и
информациската писменост која на корисниците им помогна да се движат
низ интернетот за информации. Затоа на дигиталната писменост се гледа
како на способност за користење информации и комуникациски
технологии за пронаоѓање, оценување, создавање и пренесување
информации кои бараат технички и когнитивни вештини. Всушност, се
подразбира збир на способности поткрепени со дигитални технологии и
компјутер. Тоа доведува до сигурна и критичка употреба на
информациите и дигиталните технологии за подобрување на
академскиот, личниот и професионалниот развој. Сепак, дигиталната
писменост е критичен елемент за успехот на младите луѓе и е составен
13
дел на способноста на поединецот да учествува и придонесува за
значајни општествени прашања.
ДИГИТАЛНИ ВЕШТИНИ
Пред да се оценат дигиталните вештини, прво е неопходно да се разбере
што се дигитални вештини и како тие се категоризираат. Дигиталните
вештини, понекогаш наречени и дигитални компетенции или
компетенции, ги опфаќаат „знаењето и вештините потребни за
поединецот да може да ги користи за да ги постигне целите во неговиот
личен или професионален живот“. Со оглед на темпото на промени во
технологијата и дигиталните можности за работа, дигиталните вештини
означуваат проширување на спектарот на вештини, кои се менуваат со
текот на времето. Дигиталните вештини вклучуваат „комбинација на
однесувања, експертиза, знаење, работни навики, карактерни црти,
диспозиции и критичко разбирање“. Така, тие вклучуваат не само
технички вештини, туку и когнитивни вештини, како и некогнитивни
вештини како што се интерперсонални и комуникациски вештини.
Луѓето користат дигитални вештини за да се вклучат во широк спектар
на дигитални технологии: десктоп компјутери, лаптопи, мобилни
телефони и други уреди со овозможен интернет или „паметни“ уреди.
Некои од овие вештини може да се специфични за уредот, на пример
користење тастатура или глувче, додека други може да бидат
поуниверзални, како на пример користење ефективни термини за
пребарување на веб.
Дигиталните вештини може подобро да се разберат со нивно
класифицирање на нивоа на владеење. Прирачникот за дигитални
вештини на ITU5 ги дели нивоата на вештини во три категории: основно,
средно и напредно. Ставањето на овие вештини на континуум обезбедува
патека за проучување. На пример, едно лице обично треба да ги постигне
основните вештини пред да премине на средни или напредни вештини.
Основните дигитални вештини ја обезбедуваат основата за користење на
ИКТ (Information and Communication Technology). Во некои заедници,
овие вештини се применуваат целосно на мобилни уреди. На друго
5 International Telecommunication Union, Development Sector, Digital Skills Assessment
Guidebook, Switzerland, Geneva, 2020
14
место, совладувањето на основните вештини подразбира интеракција со
неколку типови уреди. Основните вештини вклучуваат:
• користење на тастатура или екран на допир за ракување со уред;
• користење на софтвер за преземање апликации и креирање документи;
• пополнување на основни онлајн трансакции како што се пребарување
на интернет, испраќање и примање е-пошта, пополнување формулар.
Овие вештини може да се стекнат преку формална обука, преку
самоучење или од други луѓе. Основните вештини им олеснуваат на
луѓето да комуницираат со другите и да пристапуваат и да користат јавни
и приватни услуги.
Средното ниво на вештини им овозможува на луѓето да користат
дигитална технологија на „значајни и корисни начини“. За разлика од
поуниверзалните основни вештини, на едно лице ќе му требаат различни
групи на средни вештини во зависност од нивните цели и потреби и
нивната струка. На пример, во зависност од видот на работното место во
кое се вработени, на едно лице може да му требаат вештини за дигитален
графички дизајн, покрај обработката на текст. Како што технологијата се
менува и расте, бројот на вештини кои спаѓаат во „средно“ продолжува
да се развива и проширува. Во неодамнешното минато, колегите можеа
само виртуелно да соработуваат со пренесување текст преку е-пошта;
сега, работните тимови можат да соработуваат користејќи видео, текст и
глас на широк спектар на платформи. Луѓето генерално учат средни
вештини преку формално образование, од други луѓе или преку
самостојно учење (на пр. онлајн упатства).
Специјалистите за ИКТ (Information and Communication Technology)
користат високо специјализирани, напредни вештини во професии како
што се компјутерско програмирање, развој на софтвер, наука за податоци
и управување со мрежи. Како и средните вештини, напредните вештини
и работните места за кои се потребни, продолжуваат да растат по број и
опсег. Некои од поновите вештини вклучуваат:
• Вештачка интелигенција (ВИ);
• Големи податоци (база на податоци);
• Сајбер безбедност;
• Дигитално претприемништво;
• Интернет на нештата (IoT);
• Виртуелна реалност (VR).6
6 International Telecommunication Union, Development Sector, Digital Skills Assessment
Guidebook, Switzerland, Geneva, 2020
15
Луѓето се стекнуваат со напредни вештини најчесто преку напредно
формално образование, но постојат и други патишта, како што се
кодирање, кампови за дигитални технологии или онлајн обука.
КОНТЕКСТ НА ДИГИТАЛНАТА ПИСМЕНОСТ
Информатичкото општество е општество базирано врз делотворна
примена на информации овозможена од забрзаниот развој и од сé
поголемата употреба на информатичко-комуникациските технологии.
Развојот и навлегувањето на информатичко-комуникациските
технологии во сите пори на општеството има големо влијание врз
економските и социјалните промени во него.7
Во време кога технологијата драстично се развива, дигиталните вештини
стануваат сé повеќе неопходни. Во иднина, за 9 од 10 работни места ќе
бидат потребни дигитални вештини. Сепак, индексите кои ги мерат
познавањата на населението за дигитални вештини, покажуваат бројки
кои укажуваат на потребата за зголемување на дигиталната писменост.
Еуростат креира индекс за дигитални вештини кој се имплементира од
2015 година. Нивната методологија се состои од сумирање на четири
типови на вештини: информациски вештини, вештини за решавање на
проблеми, комуникациски вештини и софтверски вештини за
манипулирање со содржини. Според овој индикатор, Р. Северна
Македонија е рангирана на врвот по ниско целокупно ниво на дигитални
вештини. Овој процент на ниско ниво на дигитални вештини во 2017
година се зголемува, споредбено со 2016. Во однос на базичното ниво на
дигитални вештини, С. Македонија повторно е во долниот ранг
споредбено со европските земји, со 20% во 2017 година, спрема 23% во
2016 година. За основни и над основни вештини, повторно С. Македонија
е во долниот ранг со 32%. Според индексот за дигитална економија и
општество во 2017 година, 44% од луѓето во ЕУ имаат многу ниски
дигитални вештини а само 27% имаат основни дигитални вештини. 14%
од луѓето во ЕУ не користат интернет. Иако расте бројот на интернет
корисници, сепак повозрасните, оние со помал степен на образование и
оние со помали примања продолжуваат да бидат во ризик од дигитално
исклучување. Дигиталната писменост во нашата држава се спроведува
најчесто преку проекти или преку натпревари кои се организирани од
страна на ИКТ приватниот сектор и коморите. Постојат национални
7 Пристапено од: https://www.stat.gov.mk/OblastOpsto.aspx?id=27
16
стратешки документи на национално ниво но, се наметнува потребата од
структуиран стратегиски пристап и на локално ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото
тримесечје од 2022 година, 86.6 % од домаќинствата имале пристап на
интернет од дома (табела 2).
Табела 2. Користење на информатички и комуникациски
технологии во домаќинствата
Извор: https://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=77
Во табелата 3 што следи е даден преглед на податоците за фреквенцијата
на домаќинствата со пристап до интернет.
Табела 3. Домаќинства со пристап до интернет
Г-01: Домаќинства со пристап на интернет, по
години (%)
G-01: Households with Internet access, by
years (%)
2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Домаќинства со
пристап на
интернет/Households
with Internet access
58,3 65,1 68,3 69,4 75,3 73,6 79,3 81,8 79,9 83,7 86,6
Т-01: Користење на информатички и комуникациски технологии во
домаќинствата според типот на населеното место
T-01: Usage of information and communication technologies in households, by type of
settlement
во % in %
Вкупно
Total
Тип на населено
место
Type of settlement
градско
urban
останато
other
Домаќинства, вкупно 100 100,0 100,0 Households, total
Пристап на интернет во
домот:
Internet access at home:
Има пристап на интернет 86,6 86,2 87,3 Have access at home
Нема пристап на интернет 11,4 11,0 12,0 Don't have access at home
Не знае дали има пристап
на интернет 2,0 2,8 0,7 Don't know
17
Извор: https://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=77
Од табелата 3 јасно може да се види дека постои значително зголемување
на домаќинства кои користат интернет, ако се спореди 2012 со 2022
година. Во 2012 година, интернет користеле 58,3% од домаќинствата, за
тој процент во 2022 година да порасне на 86,6%.
Во табелата 4 што следи е даден преглед на корисници на интернет по
пол и возраст.
Табела 4. Корисници на интернет, по пол и возраст
Т-02: Корисници на интернет, по пол и по возраст
T-02: Internet users by sex and by age
во % in %
Вкупно
Total
Пол
Sex
Возрасни групи
Age groups
2020
машки
male
женски
female
15-
24
25-
54
55-
74
Вкупно лица на
возраст 15-74 години
100 100 100 100 100 100 Total population
aged 15-74
Корисници на
интернет (кои кога
било употребиле
интернет)
89,1 90,0 88,2 100,0 95,1 74,2 Internet users (ever to
have used Internet)
Употребиле интернет
во последните 3
месеци1)
88,3 89,1 87,5 100,0 94,9 72,1 Used Internet in the
last 3 months1)
Употребиле интернет
пред 3 месеци до 1
година
0,4 0,4 0,3 0,0 0,1 1,0 Used Internet between
3 months and a year
ago
Употребиле интернет
пред повеќе од 1
година
0,5 0,5 0,4 0,0 0,2 1,1 Used Internet more
than a year ago
Никогаш не
употребиле интернет
2,4 1,8 2,9 0,0 0,5 6,6 Never used Internet
Честота на користење
интернет во
последните 3 месеци
Frequency of Internet
usage in the last 3
months
Неколкупати во текот
на денот
73,9 75,1 72,7 100,0 85,2 43,4 Several times during
the day
Секој ден или речиси
секој ден
11,4 11,2 11,6 0,0 8,6 21,3 Every day or almost
every day
Најмалку еднаш
неделно (но не секој
ден)
2,4 2,2 2,5 0,0 0,9 5,8 At least once a week
(not every day)
Помалку од еднаш
неделно
0,6 0,6 0,6 0,0 0,2 1,6 Less than once a week
1) Периодот „последните 3 месеци“ е
првото тримесечје од годината.
18
1) The period "the last 3 months" is the first
quarter of the reference year
Извор: https://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=77
Од табелата 4 јасно може да се види дека во првото тримесечје од 2022
година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет
користеле 88.3 %, а 73.9 % го користеле неколку пати во текот на денот.
49.5 % од лицата нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во
последните 12 месеци (табела 5).
Табела 5. Поединци кои нарачале/ купиле производи/услуги преку
интернет за приватна намена
Т-04: Поединци што нарачале/купиле производи или услуги преку интернет за
приватна намена
T-04: Individuals having ordered/bought goods or services for private purpose over
the Internet
во % in %
Користеле интернет во
последните 12 месеци
100 Used the Internet in the last 12 months
Време на нарачката преку
интернет
Period of order/purchase via Internet
во последните 3 месеци 38,6 In the last 3 months
пред 3 месеци до 1 година 16,0 Between 3 months and a year ago
пред повеќе од 1 година 7,0 More than a year ago
никогаш 38,4 Never ordered/bought
Нарачале/купиле
производи/услуги преку
интернет (кога било)
55,9 Ordered/bought goods or services via
Internet (ever to have used)
Нарачале/купиле преку
интернет во посл.12 месеци
49,5 Ordered/bought goods or services via
Internet in the last 12 months
Нарачале преку интернет во
посл.3 месеци
100 Ordered via Internet in the last 3
months
Производи/услуги нарачани
преку интернет во последните
3 месеци:
Good/services ordered via Internet in
the last 3 months:
Облека (вклучително и спортска
облека), чевли или додатоци (на
пр., чанти, накит)
69,4 Clothes (including sport clothing), shoes
or accessories (e.g. bags, jewellery)
Спортска опрема (со исклучок
на спортска облека)
20,9 Sports goods (excluding sport clothing)
Детски играчки или предмети за
нега на деца (на пр., пелени,
шишиња, колички за бебиња)
8,4 Children toys or childcare items (e.g.
nappies, bottles, baby strollers)
Мебел, додатоци за дома (на
пример, теписи или завеси) или
9,7 Furniture, home accessories (e.g. carpets
or curtains) or gardening products (e.g.
tools, plants)
19
производи за градинарство (на
пр., алатки, растенија)
Музика како ЦД-а 1,1 Music as CDs, vinyls etc.
Филмови или серии како ДВД-а,
Blu-ray итн.
2,1 Films or series as DVDs, Blu-ray etc.
Книги, списанија, весници 9,5 Printed books, magazines or newspapers
Компјутери, таблети, мобилни
телефони или додатоци
4,2 Computers, tablets, mobile phones or
accessories
Потрошувачка електроника (на
пр., ТВ-сетови, стерео, камери)
или апарати за домаќинство (на
пр., машини за перење)
8,7 Consumer electronics (e.g. TV-sets,
stereos, cameras) or household
appliances (e.g.
washing machines)
Медицина или додатоци во
исхраната како што се витамини
(обновувањето рецепти преку
интернет не е вклучено)
4,0 Medicine or dietary supplements such as
vitamins (online renewal of prescriptions
is
not included)
Испораки од ресторани, брза
храна, угостителски услуги
12,0 Deliveries from restaurants, fast-food
chains, catering services
Храна или пијалаци од
продавници или од даватели на
прибор за јадење
7,0 Food or beverages from stores or from
meal-kits providers
Козметика, производи за
убавина или велнес
18,4 Cosmetics, beauty or wellness products
Производи за чистење или
производи за лична хигиена (на
пр., четки за заби, шамивчиња,
детергенти за перење, крпи за
чистење)
3,3 Cleaning products or personal hygiene
products (e.g. toothbrushes,
handkerchiefs,washing detergents,
cleaning cloths)
Велосипеди, мопеди,
автомобили или други возила
или нивни резервни делови
3,7 Bicycles, mopeds, cars, or other vehicles
or their spare parts
Друго 8,0 Other
Купиле/нарачале
производи/услуги според
земјата на потекло/престој на
продавачот:
Buying or ordering goods or services
by country of origin/residence of the
seller
Домашни продавачи (од РСМ) 89,8 National sellers
Продавачи од земјите на ЕУ 20,4 Sellers from other EU countries
Продавачи од другиот дел на
светот
11,1 Sellers from the rest of the world
Земјата на продавачот не е
позната
2,7 Country of origin of sellers is not known
20
Извор: https://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=77
Во продолжение ќе го прикажеме користењето на интернетот по пол,
возраст, образование, статус и тип на население на возраст од 15 до 74
години
Слика 1. Користење на интернет по пол, возраст, образование,
статус и тип на население на возраст од 15 до 74 години
Извор: https://makstat.stat.gov.mk/
Од наведените податоци во Завод за статистика на Република Северна
Македонија и последните податоци за користењето на интернетот
можеме да потврдиме дека се зголемува процентот на користењето на
интернетот на лицата од 15-74 години и тоа од 68,9 во 2015 , на 73 % од
населението во 2017 година. Релативнно мал процент повеќе машкиот
21
род го користат интернетот во споредба со женскиот. Спротивно на ова,
во контекст на возрасните групи кои користат интернет има големи
разлики, односно од 30,1-34,9 % возрасната група од 55-74 години
користи интернет, од 78,6-83,8% возрасната група од 25-54 години
редовно користи интернет, додека возрасната група од 15-24 години
преовладува со 92,7-97,7 % редовно користат интентет во периодот од
2015 до 2017 година. Исто така се забележува дека најголем процент на
корисници на интернет се лицата со високо образование, кои исто така се
вработени.
Разликата помеѓу користењето на интернетот во градското и руралното
населено место станува речиси незабележителна во 2017 за разлика од
2015 година што значи дека интернетот е се подостапен и со поголема
мрежа која е достапна и во градстки и рурални средини на нашата
територија.
22
Слика 2. Користење интернет за приватни намени кај лицата на
возраст 15-74 години
Извор: https://makstat.stat.gov.mk/
Наведената слика ни покажува дека лицата на возраст од 15-74 години
интернетот во периодот од 2017 година најмногу го користеле за
социјални мрежи, но во 2018 и 2019 година е забележана тенденција на
паѓање на лицата кои ги користат тие услуги. Во голем процент исто така
се користеле и услугите за веб телефонирање во 2017 година, но исто така
со тенденција на опаѓање во следните две години. Користењето на е
пошта исто така е забележано во голем процент односно 57,2 во 2017
година, па со тенденција на опаѓање до 47,2% во 2019 година. Барањето
на информации за здравјето исто така е со тенденција на опаѓање од над
50% до под 50% од испитаното население на нашата територија.
Релативно мал број на луѓе го користат интернетот за продажба на
производи преку интернет (веројатно поради ограниченоста за примање
пари од странство). Исто така релативно мал број на лица ги користат
услугите на електронското банкарство во наведениот период. Во
денешен период оваа бројка е зголемена поради порастот на провизиите
кај банките за хартиени налози. Слушањето музика и гледањето на
телевизија на интернет е исто така во голема мера искористено како
интернет услуга од лицата кои живеат на нашата територија.
На ниво на Р. С. Македонија изработена е долгорочна Национална ИКТ-
Стратегија 2020-2025 која се фокусира на утврдување на
приоритетните области во ИКТ-секторот и има за цел да ја подготви
РСМ за сестрана и агилна дигитална иднина. Таа се фокусира на
соочување со предизвиците што ги наметнува сѐ поголемата потреба од
поврзување во општеството, зајакнување на конкурентноста и
овозможувањето секојдневниот живот на граѓаните и бизнисите да биде
попаметен. Дигиталните технологии, коишто ја овозможуваат
трансформацијата, ќе обезбедат подобар квалитет на живот во
општеството. На долгорочната Национална стратегија за ИКТ на РСМ
2021 - 2025, може да се гледа како дополнителна можност за забрзување
на процесот на усвојување на дигитализацијата во РСМ.
Во стратегијата главни стратегиски чекори и цели за дигитални вештини
се:
23
1) Обезбедување национална рамка за зајакнување на дигиталните
вештини кои ќе бидат конзистентни со ЕУ и меѓународните иницијативи.
2) Вклучување чинители од јавниот и приватниот сектор во една
заедничка структура, како на пример, национална коалиција.
3) Преземање активности насочени кон четирите главни целни групи -
наставници и обучувачи, граѓани, работна сила, ИКТ-професионалци.
4) Зајакнување на дигиталните вештини во јавниот домен, како средство
за гаранција на вклученост, особено на помалку застапените групи.
5) Поддршка на ИКТ-програми за обука со цел зајакнување на вештините
на работната сила и невработените лица.
6) Поврзување на зајакнувањето на дигиталните вештини на државните
службеници со развојот на е-Влада во јавната администрација.
7) Поддршка на мрежни активности на ИКТ-професионалци како начин
за унапредување на дигиталните вештини во овој сектор и задржување
на ИКТ-професионалците во земјата.
Националната стратегија за ИКТ на РСМ 2021 - 2025 дава можност за
градење референтна рамка за тоа како зајакнувањето на дигиталните
вештини може да се зголеми во сите сектори на општеството и
економијата на РСМ.
Националната стратегија за е-вклучување 2011-2014 ја претставува
севкупната стратешка определба во поглед на вклучување на сите групи
на граѓани во градењето на информатичкото општество и искористување
на придобивките од информациско – комуникациските технологии.
Во стратегијата се обработува прашањето за дигитална писменост од
аспект на:
- Изработка на електронски содржини во формалниот образовен процес
достапни за сите. Формалниот образовен процес (особено основно и
средно образование) игра клучна улога во подигањето на степенот на
дигитална писменост на пошироката јавност. Дигитализирањето на
процесот на наставата помага за масовно унапредување на ИКТ
способностите и вештините на новите генерации кои имаат зголемени
можности за наоѓање работа и поголема продуктивност на работното
место. Во оваа насока веќе се превземени значителни мерки за
компјутеризација и воведување интернет во училиштата низ Република
Северна Македонија. Покрај ова од особено значење е донесувањето на
стратегијата за електронски содржини со која се планираат бројни мерки
за креирање на дигитални содржини на интернет достапни за
пошироката јавност. Особена корист од електронските публикации ќе
24
имаат учениците кои ќе можат да ја совладуваат наставната програма во
секој момент и од било кое место на иновативен и интересен начин.
Реализацијата на оваа мерка ги опфаќа севкупните напори на надлежните
институции за развој и градење на електронски содржини поврзани со
формалниот образовен процес во Република Северна Македонија кои ќе
бидат бесплатно достапни до сите преку интернет.
- Спроведување на обуки во интернет клубовите за основни ИТ вештини.
Покрај мерките за унапредување на ИТ способностите и вештините
преку формалниот образовен процес, се предвидува и спроведување на
мерки за креирање на основни ИТ вештини за повозрасни и други лица
кои немале можност да се стекнат со вакви способности претходно а
особено во текот на нивното формално образование. Обуките ќе
опфаќаат основни курсеви за работа со компјутери, интернет,
електронска пошта, користење на Microsoft Office пакетот итн.
Реализацијата на оваа мерка се очекува во голема мера да ги унапреди
можностите за наоѓање работа за лицата кои немаат никакви ИТ
познавања, да ја унапреди продуктивноста на веќе вработените лица, но
и да овозможи полесно реализирање на други секојдневни активности.
- Спроведување на напредни ИТ обуки за невработени лица. Како
дополнување на претходната мерка ќе бидат спроведувани и
специјализирани, напредни ИТ обуки, исклучиво наменети за
невработени лица. Предмет на овие обуки ќе биде изучување на различни
програмски јазици и алатки кои ќе придонесат за стручно
доусовршување во областа на информатичката технологија за оние
невработени лица кои имаат интерес за новите технологии, а финансиски
се неспособни сами да се дообучат и да се влијае на зголемување на
бројот на ИТ професионалци во земјата.
- ECDL обуки и сертификација за невработени лица и лица со
инвалидност. Оваа мерка опфаќа сертифицирање на невработените лица
и лицата со инвалидност со сертификатот European Computer Driving
Licence (ECDL). Целта на мерката е да им овозможи на невработените
лица и лицата со инвалидност да се стекнат со основни знаења и
умешности за користење на информациско - комуникациски технологии.
- Воведување инструмент за оспособување на лица „Аниматори“.
Станува збор за често применлива пракса во Европа. Лица веќе
вработени во јавни установи како библиотеки, домови на култура или
слично, лица вработени во државни институции како владини интернет
клубови или било кое друго заинтересирано лице кое ќе ги исполни
критериумите и стандардите официјално пропишани за да се биде
„Аниматор“, после ислушани специјални обуки и покажување на
стручност во областа (со сертификат или на друг дефиниран начин) може
да се стекнат со приматот „Аниматори“. Нивната улога покрај педагошки
25
има и социјален карактер. Истите ќе бидат вклучени во извршување на
различни програми и активности, голем дел од кои ќе имаат инклузивен
карактер. Програмите и активностите континуирано ќе се дефинираат и
прилагодуваат во зависност од потребите на пазарот.
Во стратегијата преку приоритет 2 се обработува прашањето за
дигитална писменост, што значи подобрување на ИКТ вештините и
способностите на граѓаните. Ефективното искористување на ИКТ кои
постојано се развиваат и менуваат е можно само доколку се обезбеди
соодветен степен на познавање и способност за користење на овие
технологии од страна на граѓаните. Ова значи дека надградувањето на
вештините и способностите на граѓаните за користење на ИКТ мора да
оди во ист чекор со развојот и постојаното менување на новите
технологии. Токму поради тоа, зголемувањето на сеопштата дигитална
писменост и компетентност кај граѓаните е клучен приоритет во
напорите за креирање на инклузивно информатичко општество. Во
рамки на овој приоритет, едукацијата и системите за обука и доживотно
учење се клучни во процесот на градење на дигитална писменост. Ова ги
вклучува пред се мерките за дигитализирање на формалниот образовен
процес преку компјутеризација и воведување интернет во училиштата,
обезбедување на електронски содржини достапни на интернет и
воведување на ИКТ алатки во наставата. Но, исто така овој приоритет ги
вклучува и мерките за дообразување на возрасни лица преку посетување
почетни и напредни ИТ обуки и сертифицирање за различни групи на
граѓани: невработени, лица со инвалидност, жени со ограничени
можности за образование итн. Стратешкото инвестирање за создавање
дигитално компетентна нација значително ќе придонесе за оспособување
на граѓаните да ги искористат придобивките од информациско -
комуникациските технологии и активно да се вклучат и придонесат во
секој аспект од економскиот и општествен живот. Инвестирањето во
подобрување на дигиталната писменост преку формалниот образовен
процес особено ќе придонесе за подобрување на можностите за
вработување на младите образовани кадри и подобрување на
продуктивноста на работното место што како резултат ќе води кон
општество со висока економска продуктивност.
26
ПРЕПОРАКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ДИГИТАЛНИТЕ
ВЕШТИНИ КАЈ МЛАДИТЕ ЛУЃЕ
Податоците покажуваат дека младите луѓе се свесни за важноста на ИКТ
во нивниот живот. Исто така, се свесни за ИКТ како можност за
вработување. Но, определени таргет групи не се во можност да си
дозволат образование за информатички технологии, поради
финансиските тешкотии. Намалувањето на дигиталната сиромаштија ја
наметнува потребата од активности кои ќе им овозможат на младите
луѓе, вклучително и на загрозените, да имаат пристап до информатички
и комуникациски технологии и истите да ги користат. Дигиталниот јаз е
јазот кој постои помеѓу лицата кои имаат и лицата кои немаат пристап,
вештини и свест за ефективно делување на интернет. Р. С. Македонија се
фокусира кон дигитална еднаквост, што значи дека сите лица и заедници
(без исклучок) да имаат капацитет и ресурси кои се потребни да бидат
целосно вклучени во општеството, демократијата и економијата, кои пак
се дигитално ориентирани. Стекнувањето на вештини за работење со
ИКТ, односно дигитални вештини потребни за иновации и развој се
важен предуслов за развојот на дигитално општество. Ваквата стратегија
е особено важна за младите луѓе, кои би имале најголема корист од
употребата на ИКТ, бидејќи на најдобар можен начин би уживале во
придобивките кои ги нуди ИКТ технологијата.
Имајќи ја предвид потребата за дигитални вештини, се наметнува
потреба од едукација на населението за зголемување на компјутерската
писменост, дигиталните вештини и онлајн купувањето преку различен
тип на активности со цел зголемување на нивото на дигитални вештини.
Ова е од особена важност, бидејќи ниското ниво на дигитални вештини
на населението се одразува врз е-трговците (и други сектори).
Во контекст на тоа, дигиталната писменост треба да се поттикнува на
континуирана основа преку следните активности:
1. Креирање програми за обука за ИКТ вештини кај младите со цел да се
поддржи дигиталната трансформација преку поттикнување на
претприемничко и иновативно општество со високо ниво на вработеност
и продуктивност.
2. Локална поддршка на проекти кои вклучуваат развој на дигитални
вештини кај млади луѓе.
3. Изработка на локална стратегија за поттикнување на дигиталната
писменост кај младите.
4. Зајакнување на дигиталните вештини кај младите луѓе преку
организирање на обуки за основни и напредни дигитални вештини.
5. Зголемување на свеста за дигиталните права и градење кампањи за да
се изгради разбирање дека сајбер безбедноста е заедничка одговорност.
27
6. Подигнување на свеста кај младите за проблемот со ризиците,
заканите, вознемирувањата и понижувањата преку користење на онлајн
Интернет сервиси како социјални мрежи и сл.
7. Одржување едукативни работилници во основните и средните
училишта, за проблемот со ризиците, заканите, вознемирувањата и
понижувањата преку информатичко телекомуникациските технологии.
8. Соработка со ИКТ индустрискиот сектор за да се подобри достапноста
и едноставноста на алатките за родителска контрола кои подобро ги
штитат децата и ја зголемуваат свеста кај родителите. Овие алатки за
родителска контрола треба да бидат лесни за употреба, да го филтрираат
или блокираат пристапот до несакана или несоодветна содржина и
идеално да се обезбедат на „мрежно ниво“ и да управуваат со пристапот
од уредите за да го ограничат времето поминато пред екран.
9. Поставување на прашањето за дигиталната писменост како еден од
приоритетите во работењето на општина Битола.
10. Потпишување на меморандуми за соработка со засегнати страни во
зголемување на свеста за важноста на дигиталната писменост.
11. Развој на платформа за дигитална писменост.
12. Лансирање на совет кој ќе работи на актуелизација и развој на
дигиталните вештини кај младите луѓе.
13. Изработка на електронски содржини поврзани со дигитални вештини
достапни за младите луѓе.
14. Унапредување на ИТ способностите и вештините преку
неформалното образование, што значи спроведување на мерки за
креирање на основни ИТ вештини за млади и други лица кои немале
можност да се стекнат со вакви способности претходно, а особено во
текот на нивното формално образование.
15. Обуки за основни курсеви за работа со компјутери, интернет,
електронска пошта, користење на Microsoft Office пакетот итн. Ваквите
обуки во голема мера може да ги унапредат можностите за наоѓање
работа за лицата кои немаат никакви ИТ познавања, како и да ја
унапредат продуктивноста на веќе вработените лица, но и да овозможат
полесно реализирање на други секојдневни активности.
16. Реализација на специјализирани, напредни ИТ обуки, исклучиво
наменети за млади невработени лица од ранливи категории. Предмет на
овие обуки ќе биде изучување на различни програмски јазици и алатки
кои ќе придонесат за стручно доусовршување во областа на
информатичката технологија за оние невработени лица кои имаат
интерес за новите технологии, а финансиски се неспособни сами да се
дообучат. Секако, крајна цел на оваа мерка е да им се овозможи на
невработените лица, со стручна преквалификација во областа на
информатичката технологија да добијат поголеми шанси за брзо
28
вработување, но истовремено и да се влијае на зголемување на бројот на
ИТ професионалци во земјата.
Дигиталната писменост ги претставува вештините неопходни за
постигнување на дигитална компетентност. Дигиталната писменост се
заснова на основите за техничка употреба на компјутер и интернет. Оваа
дефиниција става акцент на функционални и инструментални алатки и
вештини за користење на интернет. Исто така, дигиталната
компетентност е една од осумте клучни компетенции за доживотно
учење и вклучува доверливост и критичка употреба на информатичката
технологија за работа, забава и комуникација. Притоа, ги вклучува
следнните знаења, вештини и ставови:
- добро разбирање на знаењето за природата, улогата и можностите на
ИКТ во секојдневниот живот;
- способност да пребарува, обработува и собира информации и да ги
користи на критички и систематски начин;
- критички и рефлективен однос кон достапните информации и
одговорен однос кон користење на интерактивните медиуми.
Дигиталната писменост подразбира совладување на основни
инструментални и технички знаења и вештини кои се предуслов за
извршување на задачи во дигиталната средина. Исто така, неопходни се
когнитивни способности за пронаоѓање, обработка и управување со
дигитални информации, критичка и креативна употреба на иформации,
комуникација и соработка, учење и решавање проблеми во дигитална
средина. Покрај општи и техничи вештини и когнитивни способности,
дигиталната писменост вклучува и социјални и етички аспекти поврзани
со употребата на технологијата (одговорност, автономија, критичност,
безбедност, правила на однесување). Во согласност со горенаведеното,
може да се заклучи дека дигиталната писменост покрај техничката
способност за адекватно ракување со дигиталните уреди вклучува и низа
когнитивни и социјални компетенции неопходни за извршување на
задачите во дигиталната средина. Всушност, може да се разликуваат пет
домени на дигиталната писменост: технолошки, информативен,
социјален, продуктивен и личен.
29
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
1. Министерство за информатичко општество и администрација на Р.
Северна Македонија, Национална ИКТ Стратегија на Република Северна
Македонија 2023-2027 година;
2. Министерство за информатичко општество и администрација на Р.
Северна Македонија, Национална Стратегија Национална Стратегија
Стратегија за е-вклучување 2011-2014;
3. Радослав В. Балтезаревић, Дигитална писменост као средство
превенције против сајбер криминала, Мегатренд универзитет, Факултет
за пословне студије, Београд, 2022;
4. https://metamorphosis.org.mk/izdanija_arhiva/vizuelizacija-digitalna-
pismenost/
5. International Telecommunication Union, Development Sector, Digital
Skills Assessment Guidebook, Switzerland, Geneva, 2020