Д-Р АЛЕКСАНДАР ЛИТОВСКИ ЈУБИЛЕЕН КАЛЕНДАР ЗА ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ...











Д-Р АЛЕКСАНДАР ЛИТОВСКИ





ЈУБИЛЕЕН КАЛЕНДАР
ЗА ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ВО 2012


ГОДИНА









д-р Александар Литовски


ЈУБИЛЕЕН КАЛЕНДАР ЗА ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА
МАКЕДОНИЈА ВО 2012 ГОДИНА



издавач:
Организација на Македонците-потомци од
Егејскиот дел на Македонија (ОМПЕМ)



За издавачот:
Гоце Петровски



Компјутерска
подготовка: д-р
Александар Литовски



Печатница:
Киро Дандаро-Битола













ПРЕДГОВОР


Да се забележат значајните јубелејни
датуми, помеѓу останатото, значи да се укаже
не само на потребата од помнење на тие дату-
ми, туку и на потребата од чествување и јавно
промовирање на некои настани и личности од
историјата, кои со својата големина, придонес
или доблест оставиле трајни позитивни траги
во времето! Ваквата потреба е уште поизрае-
на кога се зборува за Егејскиот дел на Маке-
донија, од едноставна причина што помладите
генерации, па дури и оние кои водат потекло од
тој дел на поделена Македонија, покажуваат
мал интерес и премало знаење на некои основ-
ни историски факти. Оттука, овој мој текст
има првенствена задача да ги запознае оние
кои не знаат, но исто така и да ги потсети оние
кои знаат, за некои историски, позитивни или
негативни, настани и личности од минатото
на Егејскиот дел на Македонија. Секако дека







во време на отворено промовирање на анти-
македонство, особено изразено на планот на
превреднување и преоценување на настани и
личности од македонската историја, овој труд
сака да ги реафирмира и популаризира маке-
донските национални репери за добро и лошо,
за полезно и штетно, за исправно и криво, за
наше и туѓо, за доследност и предавство...


Во 2012 година може да се регистрираат
поголем број на јубилејни датуми од македон-
ската историја. Дел од нив се однесуваат и
на Егејскиот дел на Македонија, како дел од
национално-географската целина на Маке-
донија и на Македонците од тој дел. Нивното
пронаоѓање, средување и презентирање прет-
ставува макотрпна и неблагодарна работа.


Повторно сакам да укажам дека овој Ју-
билеен календар нема претензија да ги опфати
и нашироко да ги образложи сите значајни да-
туми од минатото на Егејски дел на Македони-
ја, а на кои 2012 година им е јубилејна. Во него
се поместени само датуми за кои сметав дека
се значајни и за кои имав доволно информации
за да биде оформена хронолошка одредница.
Некои одредници се однесуваат на личности
кои не се по потекло од овој дел на Македони-
ја, но сметав дека нивниот директен придонес
или директно влијание за овој дел од Маке-







донија, односно за Македонците од Егејскиот дел
на Македонија е доволна причина и тие да најдат
свое место во трудот. Ваквата концепција на тру-
дот, остава простор во иднина хронологијата за
Егејскиот дел на Македонија континуирано да се
истражува и збогатува.


Се надевам дека овој мал историограф-
ски труд ќе придонесе за јакнење на историското
знаење на Македонците за сопствената историја
и ќе им помогне да се снајдат во секојдневното
„бомбардирање” со вистинити и лажни историски
факти и, многу често, со паушално и антинацио-
нално карактеризирање на настаните и
личностите од македонската историја.



авторот,


Битола, август 2012







EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





1












1772, февруари, 07,
Во село Блаца, Костурско, е роден барон Коста-
дин Александров БЕЛИ-Македонецот, патриот и
добротвор. Поради албански насилства, богатиот
татко Александар со семејството се преселил во
Цариград и во 1802 г. бил близок со влашкиот
кнез Караџа, па со семејството се преселил во
Букурешт. Оттаму веќе заможниот Костадин се
префрлил во Виена, каде што и останал до крајот
на животот. За благородните дела што ги пра-
вел, од императорот Јозеф II ја добил титулата
барон. На 9 декември 1835 г. потпишал теста-
мент, со кој ја изразувал својата почит кон ско-
ро ослободената Грција и, „покрај тоа што сум се
родил во Македонија”, заветува свој имот во
Атина „за да се издржуваат извесен број клиники
во кои да се лекуваат Македонци болни од се-
каква болест” и тие болнички места да се викаат
„Легла на болните-заштитници на баронот Ко-
стадин Бели-Македонецот”. Бил предложен за
почесен граѓанин на Атина, а во новата населба
Нова Пела биле изградени црква и училиште, на
кое му ја подарил својата богата библиотека, со
лична порака: „кога Македонија ќе достигне




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




2






таков степен на развиток за да создаде свои учи-
лишта, тогаш Општинскиот совет на Нова Пела е
должен книгите да $ ги отстапи на јавноста во
Македонија”. Потпишал завештание при Бавар-
ската влада, од чијашто камата „да се дава сти-
пендија на двајца млади Македонци за време од 6
години што би студирале во Академијата во Мин-
хен”. Стипендистите се викале „Посвоени синови
на г-н Бели” и од нив се барало „да ја сакаат и
да ја почитуваат нашата драга, некогаш славна,
татковина Македонија”. Подоцна овој фонд бил
префрлен од Баварија во Грција и врз основа на
купените 85 акции на Националната банка се
давале стипендии од специјалната „Комисија за
сместување на Македонци од оставнината на
К. Бели”. Од 1850 г. Комисијата стипендирала и
повеќе од двајца стипендисти, па до 1908 г. бројот
на стипендистите студенти изнесувал „354
млади Македонци”. Веројатно со средствата од
таа сти- пендија студирал во Атина и Григор
Прличев. Починал во Виена, Австрија, но датумот
кога тоа се случило не е познат.



1792,
Во Воден е роден Никола Хаџи ЖИВКОВИЌ,
протомајстор, дворски архитект во Србија, во
времето на кнез Милош Обреновиќ, познат како
Хаџи-Неимар. Според неговите проекти или под
негово раководство биле изградени Кона-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





3






кот на кнез Милош во Крагуевац (1824); Кона-
кот на кнегиња Љубица во Белград (1829-1831);
Кнежевиот двор на тогашната улица „Милош
Велики” (1829-1836), Ѓумрукана (т.е. царинар-
ница), касарна и женско училиште, сите во Бел-
град. Повеќето од овие објекти биле урнати во
време на Втората светска војна. Секако, едно од
најзначајните негови остварувања бил Конакот
на кнез Милош на Топчидер во Белград. Починал
во Белград во 1870 г.



1822, март, 03,
Започнало НЕГУШКОТО ВОСТАНИЕ, односно
востанието на населението од пошироката око-
лина на градот Негуш во Егејскиот дел на Маке-
донија. Било кренато под влијание на Грчкото
востание против турската власт. Во него зеле
учество локалните Македонци, Грци и Власи. На
чело на востанието биле Зафиракис Логотет,
Анастас Караташо Постариот, Ангел Гацо, Ди-
јамандис и др. Зафиракис Логотет бил политички,
а Караташо постариот воен водач. Востанието
започнало со напад на османлискиот гарнизон во
Негуш, кој бил уништен, а градот бил ослободен.
Востаниците формирале и Воен штаб. Заземање-
то на Негуш придонело на востаниците да им се
придружи населението од селата Држилово, Лоз-
ица, Граматиково, Катраница и други населени
места. Востанието се ширело и кон Воден и Кос-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




4






тур, зафатило и многу села по реката Бистрица.
Бројот на востаниците постојано се зголемувал.
На 11 март 1822 г., околу две илјади востаници
предводени од Караташо и Гацо, го нападнале
соседниот град Бер. Турската посада во градот го
одбила востаничкиот напад. Османлиските влас-
ти стравувале од напад врз Солун. Против воста-
ниците била испратена редовна војска под ко-
манда на Лабуд-паша. Турците со итрина успеале
да го заземат градот на 6 април 1822 г., со што
востанието било задушено, а дел од востаниците
успеале да избегаат на југ и да им се придружат на
грчките востаници.



1822, април,
Во Негуш загина Јани БАРБАРЕСКО, учесник и
еден од раководителите на Негушкото вос-
тание. Вил еден од еден од првенците на неговиот
роден град Костур. Учествувал на состанокот на
дел од првенците од Егејскиот дел на Македонија
одржан во манастирот „Св. Богородица Добра”
близу до Бер во почетокот на 1822 г., на кој било
решено за времето и местото на кревањето на
востанието. Загинал во борбата гради в гради со
турската војска пред црквата „Св. Димитриј” во
Негуш.



1852,
Во село Хаџи Бејлик, Демирхисарско (Вало-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012









вишко), е роден Георги УЗУНОВ-Дедо Петар,
припадник на Врховниот македоно-одрински
комитет (ВМОК), војвода. Најнапред бил четник
во ајдучката дружина на Стојо Костов. Во 1899
г. бил комита во врховистичката чета на Борис
Сарафов, а во 1903 г. комита кај врховистичкиот
војвода Константин Нунков, со која дејствувал
во Одринско. Таму еден период бил самостоен
војвода, а потоа дејствувал како комита во четите
на Тома Николов во Одринско и Дончо Златков
во Петричко во Пиринскиот дел на Македонија.
Починал во Софија, Бугарија, на 13 февруари
1932 г.



1862, јули, 20
Во Котел, Бугарија, е роден Георги ИВАНОВ-
Марко Лерински, припадник на македонското
револуционерно движење, окружен
војвода на Македонската револу-
ционерна организација (МРО) во
Леринско. Бил Бугарин по нацио-
налност. Најнапред, меѓу 1883 и
1895
г. бил подофицер и офицер во бугар-
ската армија, а потоа се вклучил во
чета на ВМОК во Македонија, но се
разочарал и се вратил во армијата.
Подоцна, во 1900 г. по барање на Гоце
Делчев и Ѓорче Петров, формирал
чета на МРО во Леринско. Бил еден







5




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




6






од првите инструктори на револуционерните
чети и заедно со Гоце Делчев ги обиколил Сер-
ско, Драмско и Кукушко. Загинал во борба со ос-
манлиската војска во селото Пателе, Леринско,
на 14 јуни 1902 г.



1862,
Во село Љубетино, Леринско, е роден Васил
ЛИПИТКОВ, припадник на македонското ре-
волуционерно движење и на врховистичката
ВМРО. Во време на Илинденското востание бил
војвода на селската чета во родното село. Во 1905
г. бил уапсен од турската власт и осуден на десет
години затвор. Во време на Балканските војни
бил во четата на Пандо Шишков. Како припад-
ник на автономистичката (врховистичка) ВМРО
зел учество во атентатот врз новинарот Спасое
Хаџи Поповиќ во Битола на 3 јули 1926 г. Успеал
со другите атентатори преку Грција да пребегне
во Албанија, но албанските власти го уапсиле и
го предале на грчките полицајци, кои веднаш го
препратиле на полицијата во Битола. На судскиот
процес од 1927 г. бил осуден на смртна казна која
била извршена наредната година, односно на 21
јуни 1928 г., во селото Горно Оризари, Битолско.



1872, јануари, 01,
Во село Владово, Воденско, е роден Иван ДАЛ-
КАЛЧЕВ, припадник на македонското рево-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





7






луционерно движење, раководител на МРО во
Воден. Завршил петти клас во Егзархиската гим-
назија во Битола. Бил член на МРО од 1898 г., а до
1903 г. бил и раководител на револуционерниот
комитет во родното село. Од мај 1903 г. станал
комита во Воденската чета на МРО и бил избран
за член на востаничкото Горско началство во Во-
денско. Како нелегален дејствува во Воденско с#
до 1904 г., а после тоа емигрирал во Бугарија и не
се вратил назад во Македонија. Починал во Со-
фија, Бугарија, на 1 јануари 1931 г.



1872, февруари, 04,*
Во Кукуш е роден Георги /Гоце/ ДЕЛЧЕВ, при-
падник на македонското револуционерно дви-
жење, раководител на МРО, идеолог, организа-
тор и водач на македонското револуционерно
националноослободително движење во крајот
на XIX и почетокот на XX в., учител. Се школу-
вал во Кукуш, каде што завршил прогимназиско
образование, во Солун во Егзархиската гимназија
„Св. Кирил и Методиј”, каде што раководел таен
ученички револуционерен кружок и во главниот





* Датумите од оваа одредница заради нивната
општопознатост се нотирани по Грегоријанскиот
календар (нов стил) на сметање на времето, додека
сите останати датуми во брошурата се предадени во
оној календар кој бил во употреба во време на нив-
ната актуелност.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




8






град на Бугарија, Софија во Военото училиште. Се
вратил во Македонија во 1894 г. и во Штип бил
учител во Ново Село. Тука се сретнал со Даме
Груев и се вклучил во раководењето на МРО. Тој
ја проширил мрежата на Организацијата во про-
летта 1895 г. и преку Виница организирал тајни
канали за вооружување. Во Солун учествувал на
советувањето со водечките личности на МРО:
Даме Груев, Пере Тошев и Иван Хаџи Николов, за
заземање став кон Македонскиот комитет осно-
ван во Софија, подоцна преименуван во Врховен
македонски комитет. Во септември бил назначен
за директор на училиштето во Штип. Пред кра-
јот на декември 1895 г. Делчев ополномоштен од
Централниот комитет (ЦК) на МРО, отпатувал во
Софија за да работи на спречувањето на ме-
шањето од Бугарија во внатрешните работи на
македонското ослободително дело. Во почетокот
на 1896 г. организирал пунктови на МРО во Ќус-
тендил и во Дупница, а во февруари истата година
во Штип, организирал протестна демонстрација
против власта. Учествувал на Солунскиот конрес
од април 1896 г. на кој била усвоена нова идеологи-
ја и стратегија во дејствувањето, со вклучување
и на Одринско, а со тоа и промена на името во
Тајна македонско-одринска револуционерна
организација (ТМОРО). Во 1896 г. со Ѓорче
Петров го изработил Уставот и Правилникот на
Организацијата, кои биле публикувани и дис-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





9









трибуирани во 1897 г. Во нив целта на дејству-
вањето на Организацијата била дефинирана во
правец на извоју-
вање на политичка
автономија за Ма-
кедонија и за Од-
ринско со рево-
луција. Делчев во
Штип бил уапсен
во април 1896 г. во
врска со аферата
со запленувањето
на бомбите во Би-
тола, а во мај 1896
г. повторно бил уап-
сен и спроведен во
Скопје каде што
бил затворен во
Куршумли-ан. Во септември 1896 г. бил назначен
за главен учител (директор) во Банско од каде што
ја продолжил дејноста за ширење на мрежата на
Револуционерната организација. Се откажал од
учителската должност во ноември 1896 г. и целос-
но се посветил на македонското ослободително
дело. Ја презел должноста на задграничен прет-
ставник на МРО во Софија од декември 1896 г.
Должноста задграничен претставник ја извршувал
до октомври 1901 г. и бил подвижен член на ЦК и
главен ревизор на четите на Организацијата. Во




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




1






тоа својство бил посветен на функционирањето
на тајните канали, курирската служба, тајната
пошта, обезбедувањето материјални средства и
снабдувањето на Организацијата со оружје, со
муниција, со револуционерна литература и со
весници. Организирал производство на бомби
и експлозиви во селото Саблер но Осоговската
Планина, а потоа и на Св. Гора меѓу Зографски-
от манастир и Хиландар. Вршел вооружување на
лица од МРО и тогаш во Македонија се појавиле
првите вооружени чети на Организацијата. Зае-
дно со Ѓорче Петров изработиле Правилник за
четите во 1900 г. Со формирањето на селската
милиција која тој непосредно ја раководел со ста-
тус на главен ревизор, била доградена воената
организација на МРО. Револуционерната орга-
низација ја презела на дело судската и извршната
власт. По добиеното известување за апсењето на
членовите на ЦК во Солун, со Ѓорче Петров во
средината на март 1901 г. издале инструктивно
писмо до окружните, до околиските и до сел-
ските комитети, како и до војводите на четите, за
продолжување на дејствувањето според постојна-
та програма. На крајот од септември 1902 г. жес-
токо ја осудил врховистичката оружена акција
во Горна Џумаја, објавена како востание. Додека
дејствувал за самостојност и независност на МРО,
надворешните и инфилтрираните внатрешни
орудија со Иван Гарванов, по иструкции од




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





11






Кнезот на Бугарија, подготвиле кревање
предвремено востание во Македонија. Делчев го
отфрлил решението на Солунскиот конгрес (15-
17 јануари 1903) за кревање востание и со
чета заминал во внатрешноста на Македонија за
да го спречи истото. Во април 1903 г., во Солун
се сретнал со Даме Груев, кој штотуку се вратил
од заточение и го прифатил решението за
востание. Од Солун се упатил за Серско. Бил
предаден и во селото Баница, Серско, на 4 мај
1903 г. (нов стил) загинал во борба со турската
војска.
1872, март, 21,
Во Воден е роден Христо САРАКИНОВ, припад-
ник и војвода на ВМОК и офицер на бугарската
армија. Основно образование завршил во родниот
град, а средното образование во Егзархиската
гимназија во Солун. Во 1895 г. го завршил военото
училиште во Софија, Бугарија, и со чин капетан
станал активен офицер на бугарската војска. Ис-
товремено бил член на Врховниот комитет. Од
1900 г. ја напуштил активната армиска служба и
од 1901 г. станал војвода на ВМОК во Мелничко и
Петричко. Во внатрешните судири во Врховниот
комитет од првата половина на 1902 г. тој бил на
страната на генералот Иван Цончев. Во летото
1902 г. со својата чета имал вооружен судир со
четите на МРО предводени од Јане Сандански,
Илија Крчовалијата и Атанас Тешовски кај




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




1









месноста „Арамиска чешма” меѓу селата Петро-
во и Голешево и во тој судир загинале пет не-
гови комити меѓу кои Теофил Иванов и Ангел
Спанчовалијата. Со својата чета зел учество во
врховистичкото т.н. Горноџумајско востание од
1902 г. и во Илинденското востание во 1903 г. Во
1904 г. се вратил во активна офицерска служба во
бугарската армија. Починал во главниот бугар-
ски град на 29 октомври 1908 г.
1872, март, 21,
Во село Сухо, Солунско, е роден Димитар Атана-
сов ДУМБАЛАКОВ, поројски војвода на ВМОК и
офицер на бугарската армија. Средното обра-
зование го стекнал во Солунската егзархиска


гимназија во 1890
г. Потоа учел во
Военото училиште
во Софија и го
завршил во
1893
г. Бил член на
Врховниот коми-


Четата на Димитар Думбалаков тет и учествувал
во акциите на оваа


организација во 1895 (Мелничко востание) и 1902
г. (Горноџумајско востание). Во Илинденско- то
востание како војвода на чета на Врховниот
комитет дејствувал во Серско. По Илинденското
востание се вратил во Бугарија и бил офицер на




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





13






бугарската армија. Во текот на Балканските вој-
ни бил командир на Третата солунска дружина во
Македонско-одринското ополчение.* Учествувал
и во Првата светска војна како командир на пе-
шадиски полк и бил убиен на 31 октомври 1915
г. во близина на Градско, Велешко. Погребан бил
во Велес, во црквата св. Пантелејмон.



1872, мај, 18,
Во село Влахи, Мелничко, Пирински дел на Маке-
донија, е роден Јане САНДАНСКИ, припадник на
македонското револуционерно движење, војвода
и раководител на МРО во Серско, Егејски дел
на Македонија. Како младинец бил активен меѓу
македонската емиграција во Дупница. Во 1899 г.
се запознал со Гоце Делчев и со Ѓорче Петров и
станал член на МРО. Во 1901 г. од Делчев бил
испратен за војвода во пограничните региони
на Серскиот округ за заштита на организацио-
ната територија од навлегување на врховистите,
а подоцна и заштита од андртските чети. Бил
главен организатор на пленувањето на амери-
канската мисионерка Елен Стон. Се противел на
решенијата на Солунскиот конгрес од јануари
1903 г. за кревање востание. По започнувањето





* Зборот „ополчение” е бугарски збор со значење „до-
броволство”, но го употребувам во изворната бугарска
форма заради општопознатоста




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




1









на востанието го подготвил и го извел т. н.
Крстовденско востание во Серскиот револуцио-
нерен округ. Учествувал на Рилскиот конгрес од
1905 г. и на сите окружни конгреси во Серскиот
округ. По негово застапување била донесена осуда
и извршена ликвидацијата на Иван Гарванов и на


Борис Сарафов во 1907 г.
По 1908 г. соработувал со
младотурските олитички
сили врз база, пред сe, на
решавање на аграрното
прашање во Македонија
во корист на селанството,
демократизирање на
Турција и спроведување
на административна ре-
форма во насока на им-
плементација на обласна
самоуправа со школи на
народен јазик во Маке-


донија. Учествувал во т. н. Младотурски поход на
Цариград при детронирањето на султанот Абдул
Хамид II во 1909 г. Бил истакнат претставник на
Народната федеративна партија, со чие рако-
водство подоцна дошол во судир. Учествувал во
Првата балканска војна, го ослободил Мелник и
како претходница на Бугарската армија дејству-
вал при заземањето на Рупелската Теснина. Со
својата придружба влегол во Солун, каде што




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





15









дошол во судир со бугарските офицери поради
своите ставови за автономна и независна Маке-
донија. Бил голем противник на врховизмот и на
бугарската завојувачка политика кон Македонија.
Бил убиен на 22 април 1915 г. од заседа кај меснос-
та „Блатата”, на Пирин Планина, Мелничко, од
врховистите на Тодор Александров. Неговото
дело го продолжиле неговите следбеници кои по
него биле наречени санданисти.



1872, мај, 18,
Во село Горно Врбени (Екши-су), Леринско, е
роден Александар ТУРУНЏОВ, припадник на
македонското револуционерно движење, лерин-
ски војвода. Во 1902 г. бил
во четата на војводата
Георги Папанчев. Од јуни
1903 г. станал војвода на
чета. Во Илинденското
востание со својата чета
најпрво бил дел од вос-
таничката групација под
команда на Ѓорѓи Поп
Христов и Михаил Чеков
која извршила напад на
железничката станица во
неговото родно село, а по-
тоа неговата чета дејствувала самостојно и имала
жесток судир со турскиот аскер близу селото Не-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




1






гован. Бил предаден и заробен од турските војс-
ки во 1904 г. во селото Ајтос, Леринско. Турските
власти го осудиле на смрт и јавно го обесиле на
Ат-пазар во Битола на 19 август 1905 г.



1872, октомври, 17,
Во Етрополе, Бугарија, е роден Бончо Боцев
ВАСИЛЕВ, припадник на македонското револу-
ционерно движење, војвода на МРО во Преспан-
ско и Костурско. Бил Бугарин по националност.
Завршил училиште за подофицери и работел во
Седумаесеттиот пешадиски полк на бугарската
армија. Во 1904 г. заминал во Македонија и рако-
водел чета на МРО која дејствувала во Преспан-
ско и Охридско. Наредната година станал војвода
на чета од петнаесет комити во Костурско, Егеј-
ски дел на Македонија. Во декември 1905 г. бил
ранет во раката и потоа се вратил во Бугарија.
Тука заздравил, завршил училиште за офицери и
се стекнал со чин капетан во бугарската војска.
Учествувал во Балканските војна и во Првата
светска војна, а по тоа се деактивирал од воениот
и политичкиот живот. Се населил во градот Бер-
ковица во Бугарија и таму починал на 4 февруари
1937 г.



1872,
Во Прилеп е роден Георги ПЕШКОВ, припад- ник
на македонското револуционерно движење,




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





17









раководител на МРО во Битола. Ја завршил Би-
толската егзархиска гимназија, а се занимавал
со трговија. Во МРО бил привлечен од Пере
Тошев. Од 1895 до 1901 г.
бил член на околискиот
комитет на МРО во Би-
тола, а од 1901 г., заедно
со Пере Тошев и Ата- нас
Лозанчев, бил член на
Битолскиот окружен
комитет. Кон крајот на
1901 г. во врска со Јосифо-
вата афера бил уапсен и
осуден на 101 г. затвор.
Казната ја издржувал во
затворот во Битола. Во
март 1903 г. бил амне-
стиран и ослободен. Ве-
днаш станал комита во
четата на Никола Петров Русински. Како прет-
ставник на Окружниот комитет од Битола бил
присутен на Смилевскиот конгрес на МРО и бил
определен за реонски раководител на востанието
во Поречието, односно во Кичевско. По востани-
ето останал нелегален активист и присуствувал
на Прилепскиот конгрес од 1904 г. Загинал како
бугарски војник во време на Втората балканска
војна во борбите кај селото Лахна, Солунско,
Егејски дел на Македонија, во јуни 1913 г.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




1






1872,
Во Кукуш е роден Христо ДАЛЧЕВ, припадник на
македонското ослободително движење, адвокат.
Бил наставник по турски јазик во Егзархиската
гимназија во Солун. Завршил право во Цариград.
Бил пратеник на Народната федеративна партија
(НФП) од Сер во Османскиот парламент во време
на Младотурската револуција. Во периодот 1910-
1912 г. бил активен во „Бугарската Матица”, а во
1910/11 г. бил претседател на Управниот совет
на оваа организација. По Првата балканска војна
емигрирал во Бугарија, а починал во Софија во
1949 г.



1872,
Во село Горенци, Костурско, е роден Трајко
ДАНДАНОВ, припадник на македонското рев-
олуционерно движење, костурски војвода на
МРО. Во 1902 г. кратко време бил комита во
четата на војводата Христо Чернопеев, а потоа во
врховистичката чета на полковникот Атанас
Јанков. Во време на Илинденското востание бил
комита во четата на Митре Панџаров-Влаот која
дејствувала во Костурско. По востанието еми-
грирал во Бугарија, а од таму се вратил во Кос-
турско во пролетта 1904 г. како војвода на чета,
која дејствувала во реонот Пополе. Во јуни 1904
г. бил заробен од турските власти и осуден на три
години затвор. Откако излегол од затворот бил




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





19






убиен на 29 ноември 1907 г. во родното село
од Албанци потплатени од големогрчката пропа-
ганда.



1872,
Во село Старичани, Костурско, е роден Кирјак
ШКУРТОВ, припадник на македонското рево-
луционерно движење, војвода на МРО во Кос-
турско. Завршил грчка гимназија и бил грчки
учител. Бил привлечен во МРО од Георги Хрис-
тов. Учествувал во Илинденското востание. По
поразот на востанието се префрлил во Грција и
ја одбил понудата да се приклучи на грчкото ан-
дртско движење. Во почетокот на 1904 г. се вра-
тил во Костурско и станал секретар на војводата
Костадо Живков. По смртта на војводата во сеп-
тември 1904 г., тој станал војвода на таа чета. Во
наредниот период водел низа борби со турски
воени потери и грчки андртски чети. Во март
1907 г. емигрирал во Бугарија заради лекување.
По Младотурската револуција во 1908 г. се вра-
тил во родниот крај. Во 1913 г. нововоспоставе-
ната грчка власт го уапсила и одлежал во Сол-
унскиот затвор Еди-Куле повеќе од една година.
Откако бил ослободен емигрирал во Бугарија и
работел како службеник во градот Пловдив. Бил
активен член на Илинденската организација во
дваесеттите години на XX век. Починал во Плов-
див во 1965 г.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




2






1872,
Во Кукуш е роден Тодор ЗЕЛЕВ, припадник на
македонското револуционерно движење, ра-
ководител на МРО во Кукушко. Бил член на
Кукушкиот околиски комитет и до Младотурска-
та револуција во 1908 г. ја извршувал функцијата
касиер. Во време на Балканските војни бил во
составот на Македонското ополчение на бугар-
ската војска. Не е познато каде и кога починал.



1872,
Во Прилеп е роден Константин /Кочо/ ИВАНОВ,
припадник на македонското револуционерно
движење, раководител на МРО во Прилеп и
Кукуш, Егејски дел на Македонија. Во 1899 г. го
завршил егзархиското педагошко училиште во
Скопје. Бил учител во Дојран , Кукуш и Прилеп.
Во 1900 и 1901 г. бил член на Околискиот комитет
на МРО во Кукуш. Во 1901 г. станал учител во
Прилеп и член на тамошниот Околиски комитет.
Во јануари 1902 г. бил уапсен од турската власт и
осуден на смрт. Откако набрзо потоа бил амне-
стиран, емигрирал во Бугарија каде работел како
учител. Не е познато кога и каде починал.



1872,
Во село Негован, Солунско, е роден Лазар
МАЏАРОВ, припадник на македонското рево-
луционерно движење, лозенградски војвода на




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





21









МРО. Бил учител по про-
фесија. Ја завршил Егзар-
хиската гимназија во Солун
и учителствувал во селотоЖ
ервана, Сливенско, во село-
то Рила, Дупничко и во Лоз-
енград, Одринско. Од 1899 г.
бил нелегален организатор
и војвода во Лозенградско.
Во 1904 г. бил еден од чле-
новите на Задграничното
претставништво на МРО за Одринско. Загинал во
борба со турска војска кај селото Лаџаќој,
Дедеагачко, на 10 ноември 1907 г.



1872,
Во село Костел, Еленско, Бугарија, е роден
Христо СИРАКОВ, припадник на Врховниот
македоно-одрински комитет од Софија, поројски
војвода. Бил Бугарин по националност. Како под-
офицер на бугарската војска за свој претпоставен
командир го имал истакнатиот врховистички
војвода Христо Јанков под чие влијание и тој
станал член на Врховниот комитет. Во 1900 г.
бил пратен во Романија од каде за потребите на
Врховниот комитет вршел разузнавачка дејност,
но бил уапсен и одлежал шест месечен затвор.
Во 1902 г. како подвојвода во четата на Стојчо
Гаруфалов учествувал во врховистичкото Гор-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




2






ноџумајско востание и учествувал во повеќе
судири со турските војски. Од почетокот на 1903
г. бил дејствувал како војвода на врховистичка
чета која дејствувала во Поројско, Егејски дел на
Македонија. Во време на Илинденското вост-
ание бил во рамките на врховистичката чета на
поручникот Љубомир Стоенчев која дејствувала
во Мехомиско (ден. Разлошко) и Демирхисарско
(Валовишко). Во септември 1903 г. се вратил во
Бугарија, се населил во градот Горна Ораховица
и работел како железничар. Не е познато кога и
каде починал.



1872,
Во село Баровица, Гуменџиско, е роден Христо
ТРТЕВ, припадник на македонското револу-
ционерно движење, војвода на МРО во Ениџе-
вардарско. Имал само основно образование. Член
на МРО станал во 1898 г. Од 1900 до 1903 г. како
војвода ја раководел селската милиција во родно-
то село. Бил учесник во Илинденското востание,
а по него станал реонски војвода. Се легализирал
со Младотурската револуција во 1908 г.. Во мај
1912 г. бил комита во четата на Ичко Димитров.
За време на Првата балканска војна бил во чета-
та на Димитар Думбалаков која дејствувала во
рамки на Македоно-одринското ополчение на бу-
гарската армија. Во јануари 1913 г. бил уапсен од
грчките воени власти и затворен во градот Бер.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





23









1882, март, 28,
Во село Скрижово, Драмско, е роден Георги
СКРИЖОВСКИ /Георги Радев Иванов/, припад-
ник на македонското револуционерно движење,
раководител и војвода на МРО во Серско и
Разлошко, учител. Го завршил Педагошкото
училиште во Сер, каде што
станал член на МРО, а по-
тоа учителствувал во селата
Горни Порој, Демирхисар-
ско (Валовишко), Горно Бро-
ди, Серско и Скрижово. Бил
комита во четата на Дими-
тар Гуштанов, па во 1902 г.
секретар на Јане Сандан-
ски. Со четата на Илија
Аргиро в- Крч о валијата
учествувал во минирањето
на мостот на р. Ангиста. Бил
член на Серскиот окружен
револуционерен комитет на
МРО од 1904 г. Од 1905 г. бил разлошки околиски
војвода и приврзаник на левицата во макеонско-
то револуционерно движење. По Младотурската
револуција бил еден од основачите на Народната
федеративна партија (1908-1910). Учествувал во
големиот одред на Јане Сандански во походот на
Цариград со цел да се спречи контрареволуцијата
која имала за цел да ја отстрани младотурската




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




2






власт. Во Балканските и во Првата светска војна
дејствувал со своја чета во заднината како пот-
крепа на бугарската армија. Бил член на Привре-
меното претставништво на обединетата бивша
ВМРО и потписник на Апелот од 9 мат 1919 г. Ги
прифатил социјалистичките идеи и станал член
на БКП во 1919 г. Убиен бил во Свиленград, Бу-
гарија, на 25 февруари 1925 г. од страна на терор-
исти на автономистичката (врховистичка) ВМРО
на Ванчо Михајлов.



1882, мај, 03,
Во село Бабчор, Костурско, е роден Зисо ПОПОВ
/Живко Москов Попов/, припадник на
македонското револуционерно движење и на
автономистичката (врховистичка) ВМРО, војво-
да и раководител. Во 1901-1902 г. бил член на
МРО и учествувал во пренесувањето на оружје за
потребите на Костурскиот револуционерен
округ. Во време на Илинденското востание бил
војвода на четата од родното село. Со неа зел
учество во големите битки кај Невеска и селото
Апоскеп. По востанието емигрирал во САД. Зел
учество во Балканските и Првата светска војна.
Од 1919 до 1921 г. бил кмет на селото Левуново,
Светиврачко, Пирински дел на Македонија. Ис-
товремено зел активна улога во обновата на
автономистичката (врховистичка) ВМРО пред-
водена од Тодор Александров во Светиврачко.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





25






Во 1923-1924 г. бил кмет на градот Свети Врач
(ден. Сандански). По убиството на Алексан- дров
станал близок соработник на Ванчо Ми- хајлов.
Во време на т.н. Петрички инцидент, кога грчки
војски се обиделе да навлезат на бугар- ска
територија, тој бил командант на силите на
автономистичката ВМРО на левиот брег на ре-
ката Струма и имал голема заслуга во борбите со
кои грчките војски биле отфрлени назад на грчка
територија. Во 1926 г. бил делегат на Окружниот
конгрес на ВМРО и ја поддржувал вооружената
ликвидација на левицата во македонското осло-
бодително дело. Во 1931 г. бил член на раковод-
ното тело на Петричкиот револуционерен округ
на михајловистичката ВМРО. Од 1930 до 1932
г. повторно бил кмет на Свети Врач. По Девет-
наесетомајскиот преврат во Бугарија бил кратко
затворен и интерниран во Плевен. По капиту-
лацијата на фашистичката власт во Бугарија во
септември 1944 г., како нејзин голем поддржувач
бил стрелан кај селото Латрово, Серско, од при-
падниците на партизанското движење во Пирин-
скиот дел на Македонија.



1882, јули, 10,
Во село Крушово, Демирхисарско (Валовишко), е
роден Илија Иванов БИЖЕВ, припадник на маке-
донското револуционерно движење, раководител
на МРО во Демирхисарско. Во 1903 г. го завршил




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




2






Егзархиското педагошко училиште во Сер. Уште
како ученик станал член на МРО. Во 1903 г. бил
назначен за раководител на Околискиот комитет
на МРО во Демирхисарско (Валовишко). Многу-
пати бил апсен, а во 1905-1906 г. бил затворен
во злогласниот затвор Еди-куле во Солун. Во
време на Младотурската револуција, заедно со
Стоју Хаџиев, бил делегат од Демирхисарско на
Основачкиот конгрес на Народната федера-
тивна партија (НФП) од 1909 г. Бил учесник во
големиот одред на Јане Сандански и во походот
на Цариград за детронизирање на Абдул Хамид II
и спречување на контрареволуцијата во Турција.
По Балканските војни, во 1914 г., заедно со семе-
јството, се иселил во Мелник, Пирински дел на
Македонија, кој бил под окупација на Бугарија, а
подоцна се населил во Петрич. Се занимавал со
трговија. Во 1924 г. бил еден од основачите на
тутунопроизводствената корпорација „Самоило-
ва тврдина” во Петрич, а подоцна под исто име
формирал таква фирма во Софија и бил нејзин
прв директор. Починал во Софија, Бугарија, на 14
септември 1966 г.



1882, септември, 29,
Во село Смрдеш, Костурско, е роден Пандо
КЉАШЕВ, припадник на македонското рево-
луционерно движење, раководител и војвода на
МРО во Костурско, учител. Се школувал во род-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





27









ното село, во Костур, Солун и Битола. Како гим-
назијалец во Битола активно учествувал во рево-
луционерните кружоци. Во 1901 г. бил во четата
на војводата Марко Лерински. Бил еден од оние
неколкумина костурски раководители што го
обезоружале и протерале врховистичкиот полк-
овник Јанков од Македонија
во 1902 г. Учествувал на Сми-
левскиот конгрес на Вториот
револуционерен округ на МРО
во април 1903 г. Во време на Ил-
инденското востание бил член
на Горското началство на Кос-
турскиот револуционерен реон.
Предводел голем востанички
одред, кој заедно со остана-
тите сили на МРО од Костурско и Леринско,
учествувал во ослободувањето на гратчињата
Клисура и Невеска. Во ослободената Клисура
одржал величествен револуционерен говор и бил
бурно поздравен од востаниците и од ослободе-
ниот народ. По востанието кратко бил во Бу-
гарија, од каде во 1904 г, се вратил во Костурско.
Во 1906 г. станал член на Битолскиот окружен
комитет на МРО. Загинал во една шестчасовна
битка со турската војска заедно со своите 14
комити, кај селото Дреновени, Костурско, на 31
јули 1907 г. Оставил спомени за својата револу-
ционерна активност.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




2









1882, ноември, 02,
Во Кукуш е родена Екатерина ИЗМИРЛИЕВА-
ПАНИЦА, припадник на МРО, просветен работ-
ник. Ја завршила Солунската женска егзархис- ка
гимназија, а потоа била учителка во селото
Просечен, Драмско, во Солун и во селото Горно
Броди, Серско. Во 1907 г. стапила во брак со рев-
олуционерот од МРО, Тодор Паница. Подоцна
емигрирала во Бугарија и била учителка во гра-
дот Месемврија (ден. Несебр) и во други места.
Била соработник на МРО. Починала во Софија,
Бугарија, во 1967 г.



1882,
Во Кукуш е роден Неделко ПОПНЕДЕЛКОВ,
припадник на македонското револуционерно,
националноослободително и комунистичко
движење во Егејскиот дел на Македонија. Бил
член на Македонската револуционерна орга-


низација (МРО) и учесник во
Илинденското востание. Бил
припадник на левицата во МРО,
член на НФП и борец во голе-
миот македонски одред на Јане
Сандански против контрарево-
луцијата во Турција. Меѓу две-
те светски војни бил член на
ВМРО (Об.) и главен дистри-
бутер на весниците „Македон-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





29






ско дело” и „Балканска федерација” во Егејскиот
дел на Македонија. Заради својата комунистичка
дејност како член на КПГ и активност во маке-
донското националноослободително движење,
најпрво бил затворен на островот Фолегандрос,
а потоа пет години во затворот Акронавплија на
Пелопонез. Тој имал особено заслуги за осло-
бодување на дваесет и седум комунистички ра-
ководни партиски кадри, главно Македонци, од
Акронавплија во јуни 1941 г. Имено, тој преку
својата жена која била Германка, издејствувал
кај германскиите окупаторски власти ослободу-
вање на Андреја Чипов, Лазо Трповски, Ташко
Караџа, Лазо Дамовски-Ошенски и итн. Во текот
на целата антифашистичка борба дејствувал во
Солун како член на КПГ. Во 1945 г. преку Бу-
гарија, се префрлил во Народна Република Маке-
донија (НРМ) и до пензионирањето работел како
технички раководител во државното градежно
претпријатие „Бетон” во Скопје. Бил активен
член на Здружението на илинденците во Скопје
и уживател на Илинденска пензија. Починал во
главниот град на НРМ на 26 ноември 1960 г.



1882,
Во Гуменџе, е роден Христо (Ичко) БОЈЧЕВ,
припадник и војвода на МРО и автономистичката
(врховистичка) ВМРО. Се школувал во родното
место и во Солунската егзархиска гимназија.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




3






Уште за време на школувањето станал член на
МРО. Бил комита во четата на војводата Апос-
тол Петков и со неа учествувал во Илинденското
востание. По востанието бил во Кукушката чета
на војводата Христо Чернопеев. Од 1905 г. бил
Горноџумајски војвода и бил близок соработник
на Јане Сандански. Во време на Младотурската
револуција се легализирал, но по 1911 г. повторно
преминал во илегалност и во време на Балкан-
ските војни бил војвода на чета што дејствувала
заедно со бугарската армија. Во Првата светска
војна бил во составот на Единаесеттата македон-
ска дивизија на бугарската армија. По војната се
населил во Горна Џумаја (ден. Благоевград) и бил
назначен за околиски началник. Истовремено
учествувал во изградбата на автономистичката
ВМРО на Тодор Александров, но во 1922 г.
политички се дезактивирал. До почетокот на Вто-
рата светска војна извршувал разни општествени
и стопански функции. Починал во Благоевград
на 17 јануари 1960 г.



1882,
Во село Авдела, Костурско, е роден Милтон
МАНАКИ, фотограф и филмски снимател. Имал
влашко потекло и бил помлад брат на Јана- ки, кај
кого го челе занаетот. Завршил основно
училиште и први клас гимназија, а потоа се оддал
на изучување на фотографскиот занает кај пос-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





31









тариот брат Јанаки. По андартското палење на
родното село заедно со брата си, се преселиле во
Битола во 1905 г., каде што отвориле „Ателје за
уметничка фотографија” и од Лондон ја купиле
филмската „Камера 300”, со која го снимиле
првиот документарен филм
„Ткајачки”, а подоцна филм-
ски регистрирале и разни
други настани и моменти од
секојдневието во докумен-
тарните филмови „Влашкото
училиште во Авдела или Учи-
лиште на отворено” (1905),
„Прославата на Ѓурѓовден”,
„Македонски ора”, „Влашка
свадба”, „Македонска свадба
во Битолско”, „Власи нома-
ди - Каракачани”, „Репресии врз македонското
население во Битола”, „Прославата на Св. Кирил и
Методиј” (1905-1908), „Панаѓур кај Света Не-
дела во Битола и во други места” (1907), „Бе-
сењето на Илинденци” (1908), „Султанот Мехмед
Решад во Солун и во Битола” (1911) и др. Подоц-
на самостојно го снимил и документарниот филм
„Тито во Битола” во 1963 г. Зачувани се околу 100
краткометражни филмски записи и репортажи со
околу 1.600 м филмска лента од 35 мм, 18.513 фо-
тонегативи и 17.854 фотографии. Починал во Би-
тола на 5 март 1964 г.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




3






1882,
Во село Лобаница, Костурско, е роден Дичо АН-
ДОНОВ, припадник на македонското револу-
ционерно движење, околиски војвода на МРО во
Костурско. Завршил петти клас во егзархиската
гимнаија во Битола. Уште за време на школу-
вањето во Битола станал член на МРО. Од 1901
г. се илегализирал и бил комита во Костурско, а
од март 1903 г. бил назначен за околиски војвода.
Откако во познатата битка на врвот „Локвата”,
во близина на селото Смрдеш, се нашол во опас-
ност да биде заробен од многубројниот турски
аскер, самиот се самоубил на 31 мај 1903 г.
1882,
Во село Крчово, Демирхисарско (Валовишко), е
роден Димитар /Мито/ Илиев АРГИРОВ,
припад- ник на македонското револуционерно
движење и на автономистичката ВМРО, војвода
во Серско. Бил син на познатиот ајдутски војвода
и војвода на МРО дедо Илија Крчовалијата. Имал
само основно образование. Во 1905 г. бил
комита во
четата на Јане Сандански. Учествувал во Балкан-
ските и Првата светска војна во бугарската вој-
ска. Во 1919 г. бил назначен за војвода на ВМРО
во Серско. Во 1925 г. во време на т.н. Петрички
инцидент, со својата чета се спротиставувал на
грчките војски кои се обиделе да ја преминат
грчко-бугарската граница. Во 1928 г. бил привр-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





33






заник на михајловистичкото крило на ВМРО и
бил учесник на Седмиот конгрес на организаци-
јата. Починал во селото Петрово, Петричко, Пи-
рински дел на Македонија на 25 ноември 1935 г.



1882,
Во Стара Загора, Бугарија, е роден Тодор ДОЧЕВ,
припадник на македонското револуционерно
движење, велешки војвода на МРО. Бил Бугарин
по националност. Во 1904 г. бил член на МРО во
Крушевско. Во 1905 г. станал комита во четата на
Иван Аљабакот. Во 1906 г. бил комита во
велешката чета на Панчо Константинов и со неа
учествувал во големата битка кај велешкото село
Ветерско на 18 април 1906 г. против многуброен
турски аскер. Набрзо станал војвода на чета. Во
1907 г. бил учесник во битката на врвот „Ножот”
како дел од четата на Иван Наумов Аљабакот. По
оваа битка бил војвода на чета која дејству- вала
во Костурско, Егејски дел на Македонија. По
Младотурската револуција бил уапсен и ка-
зната ја излежувал во Прилепскиот затвор. Бил
амнестиран, но во 1909 г., непосредно пред да
го напушти затворот бил отруен од турските
стражари во затворот.



1882,
Во село Сухо, Солунско, е роден Михаил
ДУМБАЛАКОВ, припадник на Врховниот маке-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




3




















доно-одрински комитет, поројски војвода на тодо-
ралександровата врховистичка ВМРО, новинар.
Учел во Солун и во бугарските градови Лом и
Шумен. Во време на Илинденското востание бил
комита во врховистичката чета на капетанот Јор-
дан Стојанов. Во летото 1908 г. заедно со Михаил
Монев, по наредба на Тодор Александров, бил
главниот организатор на обидите за убиство на
Јане Сандански. Бил приврзаник на отворениот
врховизам, односно ја отфрлал
идејата за автономија на Маке-
донија и се застапувал за дирек-
тна борба за присоединување
на Македонија кон Бугарија. Во
време на Првата балканска војна
бил поројски војвода под команда
на бугарската воена команда од
Македонско-одринското ополче-
ние и дејствувал во Солунско. Во
време на Втората балканска војна
дејствувал со чета во заднината
на грчките војски. Бил од самите бугарски власти
обвинет за финансиски злоупотреби и неколку-
пати бил на кратко време затворан. По Првата
светска војна ги уредувал весниците „Време”
(1929-1930) и „Стража” (1930-1931), а учествувал
во активностите на автономистичката ВМРО. По
1934 г. станал близок на политичките круго- ви
околу Бугарскиот земјоделски народен сојуз




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





35






(БЗНС). Во време на бугарската окупација на Сер
од 1941 до 1944 г. бил редактор на тамошниот
весник „Бугарски југ”. Во 1947 г. станал дел од
антикомунистичкиот заговор и нелегалната чета
за рушење на власта во Пиринскиот дел на Маке-
донија. Во 1948 г. бил уапсен и осуден на смрт, но
потоа пресудата му била заменета со затворска
казна. Набрзо бил помилуван и ослободен. Живо-
тот го завршил во Софија со самоубиство на 13
февруари 1959 г.



1882,
Во село Желин, Костурско, е роден Нумо ЖЕ-
ЛИНСКИ, припадник на македонското револу-
ционерно движење, костурски реонски војвода на
МРО. Во 1900 г. станал комита на МРО. Во време
на Илинденското востание бил назначен за војво-
да на селските чети во Блаца и Черешница. По
востанието емигрирал во Грција, а во 1904 г. се
вратил во Костурско. Бил обвинет за неморал и
убиен во август 1904 г. во селото Загоричани, Кос-
турско, од Атанас Кршаков и Никола Козинчев.



1902, февруари, 12,
Во село Шестеово, Костурско, е убиен Кузо СТЕ-
ФОВ, припадник на македонското револуционер-
но движење, костурски војвода на МРО. Роден
бил во селото Загоричани, Костурско, на 25
септември 1875 г. Ја завршил Егзархиската гим-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




3









назија во Солун и влегол во редовите на ВМРО во
1898 г. Работел како учител во Хрупишта и
селото Нестрам, Костурско. Бил еден од првите и
најактивните членови и организатори на МРО во
Костурско. Во мај 1901 г. бил затворен во врска
со Нурединовата провала, но успеал да побегне
при спроведувањето во затворот во Корча. Го


продолжил своето дејствување
како нелегален активист на
МРО и бил реонски началник на
реонот Пополе во Костурско.
Бил близок соработник и совет-
ник на реонскиот раководител
Павел Христов и бил еден од
најзаслужните за растежот на
Организацијата во Костурско.
При една обиколка на селото
Шестеово заедно со чета на МРО
предводена од Атанас


Петров и Пандо Кљашев, биле откриени од тур-
скиот аскер, а тој во двочасовата престрелка бил
ранет во десната рака и десната страна на град-
ниот кош. успеал да се довлечка до куќата на сво-
јата свршеница, учителката во селото, Василка
Иванова и тука да се засолни. Но наредниот ден,
турскиот аскер открил каде е засолнат и ја опко-
лил и ја нападнал куќата на Василка Иванова. Со
цел да не паднат живи во рацете на турската војс-
ка, тој и Василка се самоубиле еден покрај друг.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





37









1902, март, 21,
Во село Гавалјанци, Кукушко, загина Михаил
АПОСТОЛОВ-Попето /М. Алостолов Рајнов/,
припадник на македонското револуционерно
движење, војвода. Роден бил во селото Дика-
ња, Радомирско, Бугарија, во 1871 г. Неговите
родители биле македонски бе-
галци од село Бистрица, Гор-
ноџумајско (ден. Благоевград-
ско). Завршил гимназија во
Софија, а потоа отслужил
воена обврска во Бугарската
армија во Софија. Бил член на
МРО, комита и бил близок
соработник на Гоце Делчев и
негов придружник во обикол-
ката на Пиринско во 1899 г.
Со својата чета седум години
дејствувал во Гевгелиско, Воденско, Горноџума-
јско, Демирхисарско, Ениџевардарско, Кукушко,
Малешевско, Пијанец, Поројско, Серско, Солун-
ско и Струмичко. Всушност, тој уште во 1898 г. ја
предводел првата агитационо-организаторска
чета на МРО, па оттаму имал непосредна улога
во формирањето на четите на војводите Марко
Лерински, Христо Чернопеев, Крсто Асенов и др.
Откако добил налог од ЦК на МРО да замине за
Петричко, патем бил убиен од потера на осман-
лиската војска.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




3






1902, март,
Во Прилепско е убиен Тале ГОРАНОВ, припад-
ник на македонското револуционерно движење,
костурски и охридски војвода на МРО. Роден бил
во Прилеп. Завршил само основно образование и
бил бојаџија по професија. Најпрво бил комита во
четата на Марко Лерински. Во пролетта 1901 г.
бил испратен за војвода на четата на МРО во Ко-
стурско, но заради несогласувања со окружното
раководство на МРО, набрзо бил испратен во
Охридско. Во јуни 1901 г. ја предводел првата
чета на МРО во Охридско, но во ноември 1901
г. на војводското место бил заменет времено од
Тале Христов, а потоа на чело на Охридската чета
застанал Никола Петров Русински. Заради пре-
стапи и непослушност бил ликвидиран од четата
на војводата Методија Патчев, а по решение на
раководството на МРО во Битолскиот револу-
ционерен округ.



1902, мај, 19,
Се одиграла БИТКАТА ВО СЕЛО ТРСЈЕ, Лер-
инско. Таа била битка помеѓу четата на Марко
Лерински и османлиска воена потера. Во селото
Трсје влегла османлиска војска за да ги разоружа
тамошните селани и притоа биле откриени
четата на Марко Лерински и костурските рако-
водители Пандо Кљашев и Васил Чакаларов. По
неколкучасовна битка четата се извлекла без




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





39






загуби, а од османлиска страна загинале 7 војни-
ци. Поради овој настан биле приведени околу 120
селани, а биле најдени и 120 пушки скриени низ
селото. Во Леринскиот и Битолскиот затвор биле
одведени 30 лица и жестоко биле измачувани.



1902, мај,
Во село Плевна, Драмско, загина Ѓорѓе ДИЧЕВ,
припадник на македонското револуционерно
движење, неврокопски војвода на МРО. Роден
бил во селото Ковачевци, Неврокопско (ден
Гоцеделчевско), Пирински дел на Македонија,
во март 1877 г. Учел во Егзархиското педагошко
училиште во Сер. Бил учител во родното село.
Најпрво бил комита во Неврокопско, а потоа ста-
нал војвода на чета. Бил ранет во една борба со
турската војска и за да не биде заробен се самоу-
бил.



1902, јули, 01,
Во село Пателе, Леринско, загина Дино Кљусев
АБДУРАМАНОВ /Дине Дирманчов/, припадник
на македонското револуционерно движење, ра-
ководител и комита на МРО. Бил еден од првите
членови на МРО Леринско од 1896 г., во еден пе-
риод бил член на револуционерниот комитет во
родното село. Во 1900 г. бил член на првата група
на МРО за Леринско за набавка на оружје. Од
1901 г. бил комита во четата на војводата Марко




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




4









Лерински (Г. И. Георгиев). При
престој на четата во Пателе со
цел да бидат казнети некои пре-
давници на ослободителното дело,
селото било блокирано од турска
војска и башибозук. Во блокадата
загинал војводата Марко Лер-
ински, а по тридневен херојски
отпор забаракадиран во својот
дом, Дине во една безизлезната


положба, првин ги убил своите најблиски, а потоа
самоубиствено со сабја се втурнал кон турските
војници.



1902, јули, 31,
Кај месноста Арамиска чешма, меѓу селата
Петрово и Голешево, Мелничко, Пирински дел на
Македонија загинал Ангел ХАРИЗАНОВ-
Спанчовалијата, припадник на македонското
револуционерно движење, мелнички војвода на
МРО. Роден бил во село Спанчево, Демирхисар-
ско (Валовишко) во 1870 г. Најпрво бил терорист
на МРО. Потоа, во 1899 г. станал војвода на чета
во Мелничко. Загинал во борба со турски војски
заедно со Тошо војвода.



1902, август, 03,
Во село Вишени, Костурско, загинал Лазар
МОСКОВ, припадник на македонското рево-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





41






луционерно движење, член на МРО, костурски
војвода. Роден бил во село Д’мбени, Костурско,
во 1880 г. Завршил седми клас во Битолската ег-
зархиска гимназија во 1901 г. Уште како ученик
станал член на МРО. Веднаш откако завршил
училиште, во летото 1901 г. бил именуван за ре-
онски началник на МРО во Костурско. Во тоа
својство бил војвода на Костурската чета. От-
криен и опколен во селото Вишени, заедно со
Никола (Кољо) Рашајков, воделе десетчасовна
борба со турската војска, а со последните куршуми
се самоубиле за да не бидат живи заробени.



1902, август, 16,
Кај месност Узунов Аргач, во близина на село
Горничево, Леринско, загина Стефо НИКОЛОВ-
Скендер, припадник на македонското револу-
ционерно движење, војвода во Македонското
(Кресненското) востание, претседател на Наро-
дното собрание на Македонија, војвода на МРО.
Роден бил во селото Бесфина, Леринско, во 1855
г. Немал образование, а од тринаесетгодишна
возраст работел по анадолските гратчиња. По
осум години се вратил во родниот крај и ста-
нал овчар во селото В’мбел. Цела зима во сво-
јата овчарска колиба го чувал и криел ајдутскиот
војвода Васил Журката. Учествува во убиството
на зулумќарот Чолак Реџеп, но бил предаден, па
се одметнал в планина и создал своја ајдутска




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




4






дружина. Се прославил како народен заштитник
и уништувач на турските и албанските бандити.
Во време на Грчкото востание против турската
власт со тешки битки заробил цела турска пот-
ера и се префрлил во Грција, каде што со грчките
востаници се борел во Тесалија. Кога разби- рал
дека во Костурско беснее, пљачка, убива и
бесчести кесеџијата Маљо-бег, тој со својата
дружината се вратил во Костурско, ги очистил
зулумќарите и со придружените војводи Никола
Гиза и Михаил Дарда го подготвувал населени-
ето за општо востание. Потоа, преку Мариовско
и Кочанско, се префрлил на презимување во ре-
онот на Ќустендилско, Бугарија. Учествувал во
Кресненското македонско востание од 1878-1879
г., а во 1880 г. станал претседател на Народното
собрание на Македонија „Единство” со седиште
на Гремен Теќе кај Островското Езеро во Еге-
јскиот дел на Македонија. Во 1883 г. заминал во
Тиквешко и го ликвидирал злосторикот Адем-
ага од селото Градец. Имал силна битка со турска
потера кај селото Рожден, Кавадаречко, а скоро
после тоа се судрил со турски војски кај селото
Бапчор, Костурско. Оттаму се префрлил во Гр-
ција, но тука го обвиниле за убиство и 13 години
лежел во грчки затвор. Во 1900 г. емигрирал во
Софија, Бугарија, а во мај 1902 г. одново со чета
на МРО влегол во Македонија и загинал во битка
со силна турска потера.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





43






1902, септември, 28,
Во село Крушоради, Леринско, загина Дине
КЉУСЕВ, припадник на македонското револу-
ционерно движење, лерински војвода на МРО.
Роден бил во селото Екши-су (Горно Врбени),
Леринско. Бил еден од првите членови на МРО во
неговиот реон, односно бил член од 1896 г.
Учествувал во организирањето на првите канали
за набавка на оружје за потребите на Организаци-
јата во Леринско преку Турци од селата Мурлари
и Паљор и од градот Каљари. Откако тие канали
биле откриени, преминал во илегалност и во 1901
г. бил во терористичка група на МРО во Лерин-
ско. Во 1902 г. бил во четата на Марко Лерински,
а по неговото убиство го презел војводството.
Заедно со своите соборци Ване Попов од село
Неокази, Крсто Торбанов од село Сетина и Најдо
од Добровени бил предаден и опколен во селото
Крушоради, па за да не падне жив во рацете на
непријателот, заедно со своите другари се самоу-
бил. Овој херојски чин бил тема на драмата на
Христо Настев насловена „Како умира македон-
ски четник”, која за првпат била изведувана во
Варна во 1939 г.



1902, ноември, 08,
Во село Бобишта, Костурско, загина Петар ГАЈ-
КОВ, припадник на Врховниот македоно-одрин-
ски комитет од Софија, костурски војвода. Роден




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




4






бил во селото Жеравна, Сливенско, Бугарија, во
1872 г. Бил Бугарин по националност. Завршил
основно образование во родното село, а подофи-
церска школа во Софија, Бугарија. Одреден пери-
од бил активен подофицер на бугарската армија.
Во 1899 г. станал член на Врховниот македонско-
одрински комитет (ВМОК) и бил одговорен за
воената обука на неговите членови. На овој план
блиска соработка имал со капетанот во бугарска-
та војска и активен член на ВМОК Стојчо Гару-
фалов. Во мај 1902 г. станал помошник војвода
во врховистичката чета на полковникот Анас-
тас Јанков. Кон крајот на август 1902 г. заедно
со таа чета пристигнал во Костурско и од пол-
ковникот Атанас Јанков тогаш бил назначен за
реонски војвода на селата Загоричани, Зелениче,
Бобишта, Олишта, Черешница и Прекопана. На 9
септември 1902 г. неговата чета го имала прв-
иот судир со силни османски војски кај селото
Загоричани, а на 18 септември 1902 г. имала нов
судир на планината Врбица. На 7 октомври 1902 г.
кај месноста „Бобишки стени”, здружените чети
на полковникот Анастас Јанков, на Петар Гајков и
на Коте Христов, имале судир со потера на тур-
ската војска. Последниот судир со турска војска
четата на Петар Гајков во Костурско го имала кај
селото Бобишта и во него тој загинал заедно со
двајца свои комити.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





45






1902, ноември,
Во село Киркалово, Ениџевардарско, загина
Павел ГРАМАТИКОВ, припадник на македон-
ското револуционерно движење, ениџевардарски
војвода на МРО. Роден бил во селото Кониково,
Ениџевардарско. Најпрво бил терорист на МРО
во Ениџевардарско, а од 1896 г. станал војвода на
чета. Потоа бил во четите на Иван Карасулијата
и Апостол Петков Терзиев. Во 1901 г. емигрирал
во Софија, каде се запознал со Гоце Делчев и од
него бил назначен за војвода во Поројско, Егеј-
ски дел на Македонија. По извесен престој на тој
реон, повторно се вратил во Ениџевардарско,
каде дошол во конфликт со тамошниот околиски
војвода Апостол Петков Терзиев. Во 1902 г. со
посредство на Аргир Манасиев двајцата војводи
се помириле. Починал веројатно од маларија, но
останале сомневањата дека е можеби отруен од
луѓе пратени од Апостол Петков Терзиев. Како
последица на овој настан, неговиот брат кој до-
тогаш бил комита на МРО се ставил во служба на
големогрчката вооружена пропаганда.



1902,
Кај село Тушин, Мегленско, загина Дино ДИ-
НОВСКИ, припадник на македонското револу-
ционерно движење, гевгелиски војвода на МРО.
Бил роден село Петрово, Гевгелиско. Во 1899 г.
бил комита во четата на Коста Попето, а нешто




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




4









подоцна станал војвода на чета. Загинал во
месноста „Валанова нива” во близина на селото
Тушин.



1912, мај, 12,
Во Солун почина Коне (Константин) СА-


МАРЏИЕВ, припадник на македонското ре-
волуционерно движење, врховиста, книжар и


општественик. Роден бил во Прилеп на 6 октом-
ври 1854 г. Основно образование


завршил во родниот град и зае-
дно со татка си се занимавал со са-
марџиство. Во 1880 г. бил избран за
училишен инспектор. На 1 септември
1883 г. со помош на Насте Стојанов
и Димитар Ризов во Солун отворил
книжарница. Во 1888 г. започнал да
се занимава и со печатење на книги


и учебници. Во 1889 г. започнал да го издава и
печати научното списание „Книги за читање”, а
секоја година го печател „Македонски Календар
- Св. Кирил и Методиј” подготвуван од Димитар
Ризов. Во 1892 г. бил уапсен од турската власт и
испратен во заточение. Во 1897 г. како еден од
главните големобугарски експоненти бил меѓу
основачите на Бугарското тајно револуционерно
братство во Солун на чие чело бил Иван Гар-
ванов. Во 1903 г. неговата печатница била зат-
ворена и не работела с# до Младотурската рево-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





47









луција. Откако повторно проработила во 1908 г.
во неа помеѓу останатото се печателе списанијата
„Културно единство”, „Татковина” и „Искра”. Во
овој период бил против револуционерната борба
и обновувањето на дејноста на ВМРО.



1912, август, 28,
Кај село Марчево (или Фотовишта ден. Ог-
њаново), Неврокопско (ден Гоцеделчевско),
Пирински дел на Македонија, загина Костадин
АЛАКУШЕВ, припадник на македонското рево-
луционерно движење, раководител на МРО во
Неврокоп. Роден бил во село Трлис,
Егејски дел на Македонија во 1875 г.
Го завршил педагошкото училиште
во Сер во 1894 г. и бил учител во
родното село. Најпрво бил комита
во четата на Стојан Млчанков во
Серско. Бил учесник во Илинден-
ското востание кога бил во четата
на Атанас Тешовалијата. Од јуни 1907 г. бил
член на Околискиот комитет на ВМОРО во
Неврокоп. Бил припадник на големиот одред на
Јане Сандански што учествувал во соборување
на султанската контрареволуција во Цариград
во 1909 г. Учествува во основањето на секцијата
на НФП во Неврокопско во 1909 г. Убиен бил
заедно со Стојко Пашкулев и Благој Матеров од
автономистичката врховистичка ВМРО.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




4






1912, септември, 18,
Во Истанбул, Турција, е роден Густав ВЛАХОВ,
припадник на Македонското националноосло-
бодително и комунистичко движење, инженер
технолог, воен и државно-политички деец,
општественик и дипломат. По потекло бил од
Кукуш и бил син на Димитар Влахов. Основното
училиште го завршил во Варна во периодот 1919
до 1923 г., средното во Виена во 1932 г., а потоа
во 1933-1934 г. живеел во Париз и станал член
на Комунистичката партија на


Франција (КПФ). Преку Лондон и
Ленинград, стигнал во Москва во
1935 г., каде што се запишал на
Военохемиската академија. Го
завршилХемиско-технолошкиот
факултет и се вработил како
инженер-технолог во московска
фабрика. Како член на Советска-
та комунистичка партија (СКП


болшевици), по германскиот напад на Сојузот на
Советските Социјалистички Републики (СССР) се
пријавил доброволец во Црвената армија во 1941
г. и како припадник на Посебниот одред со
специјални задачи и политички заменик на ко-
мандантот на Интернационалната бригада на
Црвената армија, учествувал во одбраната на
Москва. На 5 октомври 1944 г. тргнал со татко му
од Москва во Крајова, каде што се сретнале со






EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





49






Тито и во наредните два месеца се наоѓале во не-
говата придружба. По краткиот престој во Бел-
град, на 17 ноември стигнал во Скопје. Во Маке-
донија осум месеци вршел одговорни функции:
директор на првата Партиска школа на КПМ во
Скопје, член на Агитпроп и инструктор на Цен-
тралниот комитет на КПМ за скопската пар-
тиска организација и директор на Централата за
распределба на земјоделски производи. Испратен
бил на работа во Белград како политички сек-
ретар на Кабинетот на Врховниот командант на
оружените сили на Федеративна Народна Репуб-
лика Југославија (ФНРЈ), а потоа бил помошник
министер за надворешни работи и помошник-
министер за земјоделство на ФНРЈ, претседател
на Комитетот за социјални грижи на Владата на
ФНРЈ, сојузен секретар за социјална политика,
постојан претставник на Владата на ФНРЈ во Ев-
ропското биро на ООН во Женева (1954-1956),
амбасадор во Пакистан (1956-1957), Мексико
(1957-1964) и во Австрија. Бил член на Сојузниот
извршен совет, сојузен секретар за социјална
политика и труд, сојузен секретар за информации
(1965-1967), пратеник (мај 1967) и
потпретседател на Сојузното собрание на
Социјалистичка Федеративна Република
Југославија (СФРЈ). Бил носител на Партизанска
споменица 1941 и на други награди и
признанија. Починал во Белград, Србија.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




5






1912, септември, 15,
Во Солун излегол последниот број на весникот „ИСКРА”, општествено-политичко и литера-
турно списание. Излегувало двапати месечно, а
излегле 15 броја. Одговорен уредник и сопстве-
ник бил Георги Баждаров, а го уредувала и Б.
Мончев, А. Разбојников, Ст. Симеонов и Кирил
Прличев. Било печатено во печатницата на Коне
Самарџиев. Како сопствена задача дефинирал
дека ќе разгледува „во какви политички и соци-
јални услови ќе биде можен слободниот развој
на секоја народност...” во Отоманската империја.
Имал богата содржина од написи за внатрешно-
политички прашања, актуелна хроника, литера-
турни прилози, рецензии, библиографија и др. Се
залагал за зголемување на самоуправните права
на општините, казите и вилаетите. Објавени биле
вкупно 15 броја.



1912, октомври,
Во Арџанското Блато, Кукушко, загина Герасим
ОГНАНОВ /Г. Петканичин/, припадник на маке-
донското револуционерно движење, малешевски
околиски војвода на МРО. Роден бил во Бан- ско,
Пирински дел на Македонија, во 1885 г. По
професија бил учител. Се школувал во Воено- то
училиште во Софија, кое го напуштил и го
завршил Американското училиште во Самоков.
За време на Илинденското востание учествувал




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





51






во четата на врховистичкиот војвода Јурдан
Стојанов. Преминал во МРО во четата на Пешо
Самарџиев во Тиквешко. Станал малешевски
околиски војвода во 1907 г. Во времето по Мла-
дотурската револуција се занимавал со трговија
во Солун.



1912, октомври,
Во Кукуш, Егејски дел на Македонија, загина
Петар /Туше/ ГУГУШЕВ, припадник на македон-
ското револуционерно движење, раководител на
МРО во Кукушко. Роден бил во Кукуш. Бил член
на првиот Околиски револуционерен комитет во
Кукуш во 1895 г. Загинал во престрелка со тур-
ски бегалци во време на Првата балканска војна.



1912, ноември, 02,
Во Солун започна да излегува весникот „БЕЛО-
МОРЕЦ” кој бил дневено политичко-општествен
весник. Го уредувале А. Томов, К. Димитров, Пав-
ел Шатев (подоцна заменет со Емануел Љапчев)
и И. Неделков (одговорен уредник). Бил печатен
во печатницата на К. Тенчов. Објавени биле вк-
упно 6 броја. Во првиот број се декларирал како
продолжение на в. „Право”. Се појавил во времето
на воспоставувањето на бугарската окупација на
Солун и се залагал за „најчистиот демократизам„,
со Македонија во границите на Бугарија. Грчката
воена цензура го дала на суд на 5 ноември 1912 г.,




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




5









по што бил продаден на група еврејски новинари
кои продолжиле да го издаваат под истото име,
но на француски јазик.



1912, ноември, 15,
Во Солун е роден Кирил ПЕНУШЛИСКИ,
припадник на македонското националноосло-
бодително и комунистичко движење и учесник во
Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на


Македонија, универзитетски
професор, фолклорист. Гим-
назија завршил во Скопје
во 1931 г., а дипломирал на
Филозофскиот факултет, гру-
па Југословенска книжевност
во 1938 г. Во времето на оку-
пацијата активно бил вклучен
во антиокупаторската борба
и бил претседател на илегал-
ниот Народноослободителен
одбор на Скопје. По војната


работел на повеќе важни функции. Докторирал
на Филозофскиот факултет во Скопје со темата
„Стефан Верковиќ - собирач на македонски наро-
дни умотворби” во 1956 г. Бил генерален секретар
на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, про-
фесор на Филозофскиот (подоцна Филолошки
факултет), ректор на Универзитетот „Св. Кирил
и Методиј”, член на Советот на Републиката,




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





53






почесен член на Друштвото на писатели на Маке-
донија и др. Објавил шеесетина книги, во кои се
обработени најважните прашања од македонски-
от фолклор. Негова била заслугата што денес ги
имаме објавени собраните дела на Марко Цепен-
ков и Стефан Верковиќ. Бил автор и на: Послови-
ци, Скопје, 1954 (со Х. Поленаковиќ); Народна
поезија, Скопје, 1964, Народни приказни, Ско- пје,
1964; Црвен се бајрак развева, Скопје, 1965;
Македонско народно творештво (жанровски
антологии во десет книги), Скопје, 1968–1973;
Марко К. Цепенков, Малешевски фолклор, Ско-
пје, 1980; Македонски еротски приказни, Ско-
пје, 1981; Македонски фолклор, Скопје, 1981;
Гоце Делчев во фолклорот, Скопје, 1983; Марко
Крале – легенда и стварност, Скопје, 1983; Маке-
донски народни балади, Скопје, 1983; Стефан И.
Верковиќ, Македонски народни умотворби, 1-5,
Скопје, 1985; Болен Дојчин, Скопје, 1986; Богови и
попови, Скопје, 1987; Одбрани фолклористички
трудови, I–IV, Скопје, 1988; Марко К. Цепенков,
Македонски народни приказни во пет книги, Ско-
пје, 1999; Народната култура на Егејска Маке-
донија, Скопје, 1992; Фолклорни поетски мотиви,
Скопје, 1992; Зборникот на Панајот Ѓиноски од
Галичник, Скопје, 1995; Митот и фолклорот,
Скопје, 1996 и многу други. Починал во Скопје на
23 мај 2004 г.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




5









1912,
Во село Д’мбени, Костурско, е роден Крсто
МАНГОВ, припадник на македонското нацио-
налноослободително и комунистичко движење
во Егејскиот дел на Македонија, учесник во анти-
фашистичката борба и во Граѓанската вој-
на во Грција. Уште


пред Втората светска
војна бил вклучен
во активностите на
прогресивното кому-
нистичко движење во
Егејскиот дел на Ма-
кедонија и Грција.
Како мобилизиран
војник во Грчката
армија се борел во
Грчко-италијанската
војна во 1940-1941 г.
По капитулацијата на
Грција во 1941 г., ак-
тивно се вклучил во
грчкото антиокупа-


торско и антифашистичко движење и во 1943 г.
станал секретар на Околискиот комитет на КПГ
за реонот Корештата, Костурско. Во 1944 г. ста-
нал политички комесар на Специјалниот баталјон
во составот на Првата ударна бригада на Макед-
онците од Егејскиот дел на Македонија позната и




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





55






како Егејска бригада. Учествувал во сите борби
на оваа славна единца со балистите во западните
реони на Вардарскиот дел на Македонија. Бил
еден од основачите на Народноослободителниот
фронт (НОФ) на Македонците од Егејскиот дел
на Македонија во Костурска околија. Есента 1945
г. близу до селото Руља, Костурско, бил тешко
ранет во левата рака, но благодарение на
храброста и присебноста успеал да се спаси од за-
робување. Подоцна бил повторно ранет во иста-
та рака во борби со грчките владини војски кај
селото Бесвина. Во време на Граѓанската војна во
Грција извршувал низа раководни функции во
македонското и грчкото комунистичко и народ-
ноослободително движење. Во мај 1947 г., станал
секретар, а во 1948 г. бил избран и за претседател
на Околискиот одбор на НОФ за Костурско. На
Првиот конгрес на НОФ но јануари 1948 г. бил из-
бран за член на Главниот одбор на НОФ за Егеј-
скиот дел на Македонија, а на Вториот конгрес
на НОФ во 1949 г. и за член на Извршниот одбор.
Еден период бил и член на Дирекцијата за нацио-
нални прашања при Привремената демократска
влада на Грција. Загинал од артилериска граната
на 11 август 1949 г. заедно со генерал-мајорот на
Демократската армија на Грција (ДАГ) Никос
Теохаропулос-Скотидас кај селото Брезница, Ко-
стурско.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




5









1912,
Во село Чука, Костурско, е роден Паскал МИ-
ТРЕВСКИ, припадник на македонското нацио-
налноослободително и комунистичко движење
во Егејскиот дел на Македонија, учесник во
антифашистичката борба и во Граѓанската војна
во Грција, правник. Основно образование завршил


во Рупишта, гимназија во Костур
и Правен факултет во Солун.
Бил учесник во грчкото анти-
окупаторско и антифашистичко
движење од 1941 г. Во мај 1943
г. бил раководител на првата
партизанска група на Македон-
ците во Костурско. Учествувал
на советувањето во рамките на
КПГ од крајот на септември
1943 г. во село Синчени, Костур-


ско на кое било донесено решение за формирање
на Славјаномакедонскиот народноослободител-
ен фронт (СНОФ). Потоа на 12 април 1944 г. во
с. Д’мбени на Втората конференција СНОФ за
Костурско бил избран за секретар на оваа
македонска национално-политичка институција.
Во 1944 г. во Битола бил избран за секретар на
Политичката комисија на Македонците под Гр-
ција. Во 1945 г. станал секретар на народноосло-
бодителниот фронт (НОФ) во Егејскиот дел на
Македонија. Од ноември 1946 г. бил член на




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





57






Македонското биро на КПГ. На Основачкиот
состанок на Комунистичката организација на
Егејска Македонија (КОЕМ) од 27 март 1949 г.
бил избран во Организационата комисија која,
всушност, претставувала раководство на КОЕМ
до одржувањето на Семакедонската конферен-
ција на КОЕМ на 2 август 1949 г. Во април 1949 г.
станал министер за снабдување во Привремената
демократска влада на Грција. По поразот на ДАГ
на планината Грамос и воопшто во Граѓанската
војна во Грција, на конференцијата на КПГ во
градот Бурели, Албанија од 29-30 септември 1949
г., како раководен кадар на НОФ бил уапсен, пре-
несен во Москва и осуден на 25 години робија и
испратен во логорот во Воркута. Откако бил ос-
лободен во 1955 г. се вратил во Народна Репуб-
лика Македонија (НРМ). Тука во наредниот пе-
риод извршувал низа на општествено-политички
функции, меѓу кои: Главен судија во уставниот суд
на СРМ, член на Советот на СРМ и др. Починал во
Скопје на 10 февруари 1978 г.



1912,
Во село Буф, Леринско, е роден Трифун
ПАНОВСКИ, припадник на македонското нацио-
налноослободително и комунистичко движење
и учесник во Антифашистичката војна во Вард-
арскиот дел на Македонија, лекар. Дипломирал
на Медицински факултет во Белград. Кратко




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




5









време работел во Ниш, а по-
тоа во Обласната хигиенска
лабораторија во Битола, како
началник на Антималаричната
служба. Како член на КПЈ,
тука ги вршел подготовките
и обезбедувањето со сани-
тетски материјал за првиот
партизански одред. Кога бил
откриен од окупаторот, го ин-
тернирале во Бугарија и го мо-
билизирале како лекар во бу-
гарската армија, од каде што


на почетокот на 1944 г. избегал и им се приклучил
на партизаните. Бил главен лекар во Партизан-
ската болница на Кожуф, а потоа бригаден лекар
на Првата македонско-косовска бригада. Загинал
на планината Караорман на 22 јули 1944 г.



1912,
Во село Жупаништа, Костурско, е родена Ана
МАНГОВА, припадник на македонското нацио-
налноослободително и комунистичко движење
во Егејскиот дел на Македонија, учесник во
антифашистичката борба и во Граѓанската војна
во Грција. Во јануари 1946 г. ја посетувала шко-
лата за десетари на ДАГ во селото Сничени, Ко-
стурско. Во март 1946 г. таа била една од оние
личности со кои разговарале претставниците на




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





59









Анкетната комисија на Организацијата на Обед-
инетите нации (ООН) што присуствувале во Еге-
јскиот дел на Македонија. Подоцна била распоре-
дена во 588-от баталјон на ДАГ со командант
Ахилеја Папајоану, односно во артилерискиот
вод на Сотир Аго од село Јановени. Загинала во
1947 г.



1912,
Во село Корнишор, Ениџевардарско, е родена
Мара ПЕТЉАКОВА, припадник на македонско-
то националноослободително и комунистичко
движење во Пирински дел на Македонија и
учесник во антифашистичката
борба во Бугарија. Била пред-
воен член и раководител на
Бугарската комунистичка пар-
тија (БКП). Истовремено би- ла
и активен член на ВМРО (Об.)
во Бугарија. Како еми- грантка
во Москва од 1934 до 1936 г.
ја завршила Лени- новата
политичка школа. Се вратила
во Бугарија и станала
член на Окружниот комитетн на БКП за Софи- ја.
Неколку пати била интернирана во логорите
Свети Кирик и Гонда Вода од 1941 до 1943 г. Из-
бегала од логорот и илегално била раководител
на Обласниот комитет на БКП во Дупница. По-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




6






тоа заминала во партизани. Загинала во околина-
та на Дупница во вооружена борба со бугарската
војска и полиција како борец на Дупничкиот пар-
тизански одред на 18 февруари 1944 г. Била про-
гласена за херој на Народна Република Бугарија
(НРБ).



1912,
Почина Георги Пљангов ПЕТРОВ, преродбе-
ник и црковен деец. Роден бил во селото Зарово,
Солунско во 1840 г. Најнапред бил свештеник
на грчката црква, односно на Цариградската
патријаршија, но после 1872 г. се откажал од
неа и преминал во Бугарската егзархија. Бил
ракоположен за свештеник во Солун и ја рако-
водел Солунската црковно-училишна општина.
Подоцна бил свештеник во Сер.



1912,
Во Солун, Егејски дел на Македонија, престана да
егзистира гимнастичката организација „СОЛ-
УНСКИ ЈУНАК”. Формирана била во 1908 г.
Управата ја сочинувале: И. Васков - претседател,
Д. Малинов - потпретседател, Даниел Бланшуд,
учител по гимнастика во Солунската гимнази-
ја - главатар (начелник), Д. Ангелов - секретар,
П. Манчев - домаќин, М. Богданов и Т. Бошков
- советници. Членовите, главно ученици, имале
униформи и редовно вежбале на отворено, а се




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





61






натпреварувале и во некои спортови. Формирале
свој оркестар од 35 дувачки инструменти и
неколку културно-уметнички секции. Често нас-
тапувале јавно и давале приредби. Се издржувале
од сопствени приходи и од донации од Егзархи-
јата. Со една чета настапиле на Слетот во Софија
во 1910 г., а со 10 членови на Слетот во Прага во
1912 г.



1922, февруари, 07,
Во Софија, Бугарија, почина Христо АРГИ- РОВ-
Чауш, припадник на македонското револу-
ционерно движење, војвода на МРО во Воденско
и Ениџевардарско. Роден бил во селото Чичиг’с,
Ениџевардарско, во 1884 г. Најнапред бил комита
во четата на војводата Апостол Петков Терзиев, а
подоцна станал самостоен војвода. Во 1912 г., во
време на Првата балканска војна, со својата
чета $ помагал на грчката армија во борбите со
турските војски во Берско и при освојувањето на
градот Бер. Во време на Втората балканска вој-
на бил упсен од грчките војски и одреден период
одлежал во затвор, а по ослободувањето еми-
грирал во Бугарија.



1922, август, 05,
Во Неврокоп (ден. Гоце Делчев), Пирински дел на
Македонија, е убиен Димитар ИКОНОМОВ,
припадник на македонското револуционерно




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




6






движење, раководител на МРО во Серско. Роден
бил во село Ловча, Драмско, на 17 јануари 1873 г.
Завршил педагошко училиште во Скопје во 1895
г. Уште како ученик станал член на МРО. Во 1900
г. бил учител во село Србиново (ден. Брежани) и
учествувал во т.н. „Афера Мис Стон”. Во 1902 г.
бил учител во селото Старчишта, Неврокопско, а
со т.н. Балдевска афера од 1903 г. бил уапсен и за-
творен во Солун. Во 1904 г. бил ослободен од за-
твор и исцело се посветил на револуционерното
дело. Станал член на Неврокопскиот околиски
комитет и бил назначен за началник на милици-
јата во Неврокопско. Бил делегат на Вториот ре-
довен конгрес на Серскиот револуционерен округ
во 1906 г. и бил избран во Серскиот окружен
комитет на МРО. Бил припадник на големиот
одред на Јане Сандански за борба против кон-
трареволуцијата во Цариград во 1909 г. Во време
на Балканските војни бил во четата на Тодор
Паница. По војните се населил во Неврокоп и
станал член на БЗНС. Во 1920 г. бил избран за
кмет на Неврокоп. Бил убиен од приврзаниците
на врховистичка ВМРО на Тодор Александров.



1922, август, 05,
Во Неврокоп (ден. Гоце Делчев), Пирински дел на
Македонија, почина Христо КАРАМАНОВ,
припадник на македонското револуционерно
движење, раководител на МРО во Драма. Роден




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





63









бил во селото Просечен, Драмско, во 1883 г. Го
завршил Егзархиското педагошко училиште во
Сер, а бил учител во Одринско и Неврокопско.
Како учител во Драма, истовремено бил рако-
водител на Околискиот комитет во градот. Во
време на младотурскиот период, во септември
1909 г., бил уапсен заради учество во атентатот
врз федералистот Герасим Огњанов во Солун.



1922, септември, 22,
Во село Асарбегово, Ениџевардарско, е роден
Ѓорѓи ТАНУЛЕВСКИ, припадник на македон-
ското националноослободително и комунистичко
движење и учесник во Антифашистичката и Гра-
ѓанската војна во Грција. Бил
предвоен симпатизер на грчкото
комунистичко движење. Во сеп-
тември 1942 г. станал член на КПГ
и раководител на младинската ко-
мунистичка организација ОКНЕ во
родното село. Од почетокот на
1944 г. бил борец во Триесет- тата
бригада на Грчката народ-
ноослободителна војска ЕЛАС.
По договорот во Варкиза станал секретар на
организацијата на КПГ во неговото родно село.
Во 1945 г. повторно се илегализирал, но набрзо
се префрлил во НРМ на лекување од раните здо-
биени во текот на антифашистичката борба. Во




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012









јуни 1946 г. се вратил во Егејскиот дел и стапил во
партизанските единици на НОФ. Заради храброс-
та и пожртвуваноста во 1947 г. командата на ДАГ
му доделила офицерски чин „капетан на чета”. Во
1948 г. во борбите на Каракамен Планина
повторно бил ранет. Откако оздравел повторно
активно се вклучил во борбите и војувал на раз-
ни боишта во Егејскиот дел на Македонија с# до
крајот на Граѓанската војна во Грција. По неа се
населил во ФНРЈ и бил вработен во Комисијата за
државна контрола на НРМ. Потоа до пензио-
нирањето работел во Скопје.



1922, септември, 30,
Во село Рупишта, Костурско, е роден Минчо
ФОТЕВ, припадник на македонското национа-
лноослободително и комунистичко движење


во Егејскиот дел на
Македонија, учесник во
антифашистичката борба
и во Граѓанската војна во
Грција. Во текот на
Антифашистичката и ан-
тиокупаторска борба бил
учесник во Грчката народ-
ноослободитекна војска
ЕЛАС, односно бил борец
во Првиот партизански
одред во Костурско и, под-







64




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





65






оцна, во контраизвестителната служба на Двае-
сет и осмата бригада на ЕЛАС. Во Леринско-
костурскиот македонски баталјон во 1944 г. бил
политички комесар на чета, а во Првата ударна
бригада на Македонците под Грција (т.н. Егеј-ска
бригада) бил секретар на југословенската младин-
ска комунистичка организација (СКОЈ). Од април
1945 г. бил член на раководството на македон-
скиот НОФ, во чиј рамки бил одговорен за Наро-
дноослободителниот младински сојуз на Маке-
донија (НОМС) за Егејскиот дел на Македонија.
Од ноември 1946 г. бил член на Секретаријатот
на Покраинскиот комитет на грчката младинска
комунистичка организација ЕПОН за Егејска
Македонија. На Вториот конгрес на НОФ одржан
во март 1949 г, бил избран за член на Извршниот
одбор на НОФ и претседател на Главниот одбор
на НОМС. Ја извршувал и функцијата помошник
комесар на Главниот штаб на ДАГ. На Првата
земска конференција на КОЕМ од 2 август 1949
г. бил избран за заменик член во раководството
на КОЕМ. По поразот на ДАГ на Грамос и Вичо во
1949 г. и партиската конференција на КПГ во
Бурели, Албанија од 29-30 септември 1949 г. како
раководен кадар на НОФ бил уапсен, пренесен во
Москва, СССР, осуден на десет години робија и
затворен во Сибир, во областа Воркута. Се вра-
тил во НРМ во 1956 г. Починал во Скопје на 28
мај 1987 г.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




66






1922, октомври, 15,
Заврши ГРЧКО-ТУРСКА ВОЈНА. Со намера да
освои турски територии во Мала Азија во кои
живееле христијани, а под изговор за да ја прину-
ди турската држава, на чело со Кемал Мустафа-
Ататурк, да го прифати Мировниот договор од
Севр, грчки војски на 15 мај 1919 г. се истовариле
во Измир (Смирна) и го окупирале градот и него-
вата околина. Истовремено грчки војски навле-
гле и во пограничните реони во Тракија. Во 1920
г. грчката армија презела големи воени дејства
во Мала Азија. По првите воени успеси, грчката
војска била поразена во битката кај реката Са-
карија во август 1921 г. Во натамошниот тек од
војната турските војски ја имале офанзивата на
фронтот и од целосна воена катастрофа грчката
армија била спасена со интервенција на големите
западни сили. Под нивен притисок на 11 октомври
1922 г. Турција потпишала примирје, кое стапило
на сила на 15 октомври 1922 г. откако истото го
потпишала и Грција. Со Лозанскиот мировен дого-
вор од 24 јули 1923 г. Турција ги добила: Источна
Тракија (до реката Марица - Еврос), Смирна со
околината и островите Имброс и Тенедос (Боска-
да). Грчко-турската војна $ ставила привремен
крај на грчката големодржавна идеја за Грција
како држава на два континента и на пет мориња.
Но, со тој договор се извршила размена на мус-
лиманското и христијанското население од двете




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





67









држави, а тоа во натамошниот период значело
коренита промена на етничкиот лик на Егејскиот
дел од Македонија од која биле иселени мусли-
манските жители и населени над половина мил-
ион лица со грчка национална свест.



1922, ноември, 26,
Во село Глобочани, Мала Преспа (денес Ал-
банија), загина Илија ДИГАЛОВ, припадник на
автономистичката ВМРО. Роден бил во село
В’мбел, Костурско, во 1890 г. Во време на Првата
балканскавојнабилкомитавочетата
на Васил Чакаларов. Потоа во Вто-
рата балканска војна бил подофи-
цер во грчката војска, но дезерти-
рал подоцна станал војвода на чета
во Костурско на автономистичката
ВМРО. Кон крајот на 1919 г. заедно
со помошниците Стојан Георгиев
од село Стење и Алија Ибраим од
село Пласница започнал да дејст-
вува во Горна Преспа. Во текот на
1920 г. дејствувал во Кичевско и
Охридско. Откако зимата ја поми-
нал во Албанија, наредната 1921 г,
повторно дејствува во Преспа. Таа година на пат
за Бугарија во Мариовско бил предаден и во пре-
стрелка со српската полиција бил ранет, но се из-
влекол и засолнил во Албанија. Откако закрепнал




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




68






повторно продолжил да дејствува во Преспанско
и Костурско. Во 1922 г. бил предаден од кметот
на селото Глобочани и во престрелка со грчката
полиција загинал заедно со својот соборец Стојан
Георгиев.
1922,
Во село Долно Котори, Леринско, е роден Мити
МИЉАНКОВ (МИЛАНКОВ), припад- ник на
македонското националноослободител- но и
комунистичко движење во Егејскиот


дел на Македонија, учесник во
антифашистичката борба и во
Граѓанската војна во Грција.
Завршил само основно образо-
вание во родното село, а рабо-
тел како наемен работник. Од
почетокот на окупацијата на Еге-
јскиот дел на Македонија во 1941
г. станал активиста КПГ и на
комунистичкиотНародноослободи-
телен фронт ЕАМ. Од 1942 г. бил
борец на Грчката народноосло-
бодителна војска (ЕЛАС). По
договорот во Варкиза, во текот на
1945 г. бил мобилизиран во
влади- ната војска. Во март 1947 г.
са- миот се ранил и бил отпуштен
од натамошното служење во
грчката






EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





69






армија. Набрзо потоа доброволно се пријавил во
редовите на ДАГ. Учествувал во сите битки про-
тив владините армиски сили што ги водела него-
вата единица. Загинал од артилериски оган на 17
јули 1947 г. во месноста Буката меѓу селата Шес-
теово и Поздивиште, Костурско.



1922,
Во село Нестрам, Костурско, е родена То- дора
АНАСТАСОВА-Скорна, припадник на
македонското националноослободително и
комунистичко движење во Егејскиот дел на Маке-
донија и учесник во антифашистичката борба и
Граѓанската војна во Грција. Од 1938 г. била при-
падник на грчката комунистичка младинска орга-
низација (ОКНЕ). На 22 март 1942 г. била уапсена
и страшно физички малтретирана од страна на
италијанските окупаторски војски. Била затворе-
на во атинскиот затвор „Авероф”, но поради не-
достаток на докази набрзо била ослободена. Во
март 1943 г. после престојот на Првиот партизан-
ски одред на ЕЛАС во селото Нестрам, стапила во
неговите редови. Од есента 1943 г. била член и
секретар на Нестрамскиот реонски комитет на
КПГ. Во јануари 1945 г. учествувала на Сегрчката
конференција на прокомунистичката Национа-
лна сегрчка организација на младите (ЕПОН) во
Солун. Во септември 1946 г. влегла во партизан-
ските единици на ДАГ како активен борец. Од




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




70









август 1947 г. ја посетувала школата за офицери
на ДАГ. Како командир на вод на една единица на
ДАГ продолжила со активната борба. Загинала во
борба со грчките владини сили кај месноста
Копанче на Грамос Планина во јули 1948 г.
1922,


Во Гуменџе е роден Иван КОВАЧЕВ-Ор- феас,
припадник на македонското национал-


ноослободително и комунистичко движење
во Егејскиот дел на Македонија и учесник во


антифашистичката борба и Граѓанската војна во
Грција. Од 1941 г. бил член на


грчката младинска комунистичка
организација ОКНЕ. Од март 1944
г. станал борец во составот на Три-
есеттата бригада на Грчката наро-
дноослободителна војска ЕЛАС.
Учествувал во борбите околу Ати-
на со владините војски и
англиските интервенционисти
кон крајот на


1944 г. Во март 1945 г. преминал во Вардарскиот
дел на Македонија, се вклучил во Првата бригада
на Македонија под Грција, позната како Егејска
бригада и учествувал во сите борби против балис-
тите во Западна Македонија. Станал офицер на
Југословенската народна армија (ЈНА), но на свое
барање пролетта 1945 г. се вратил во Гуменџиско
како активист на македонскиот НОФ и член на




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





71






неговото Окружно раководство за Гуменџиско и
Ениџевардарско. Подоцна станал член и на цен-
тралното раководство на НОФ. Загинал како
политички комесар на баталјон на ДАГ во бит-
ката за заземање на стратегискиот врв Алевица
на Грамос во месноста Грамушта во јули 1949 г.



1922,
Во село Апоскеп, Костурско, е роден Ѓорѓи
ВЕЛЕВ, припадник на македонското национа-
лноослободително и комунистичко движење
во Егејскиот дел на Македонија, учесник во
антифашистичката борба и во Граѓанската војна
во Грција. Бил предвоен член на комунистичката
младинска организација ОКНЕ. За време на дик-
татурата на Метаксас бил уапсен и три месеци
одлежал во Костурскиот затвор. Во 1943 г. станал
активен борец во Грчката народноослободителна
војска ЕЛАС, а во пролетта 1944 г. бил борец во
нејзиниот Костурски баталјон. Бил еден од бор-
ците на овој Баталјон кои преминале на планина-
та Караорман и се приклучиле на НОВ и ПО на
Македонија од Вардарскиот дел на Македонија.
Во есента 1944 г. бил борец во редовите на Првата
ударна бригада на НОВ и ПОМ на Македонците
под Грција позната како Егејска бригада. Бил ак-
тивист на НОФ на Македонците од Егејскиот дел
на Македонија од самото негово формирање во
1945 г. Подоцна станал борец на ДАГ и како так-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




72









ов го загубил животот во борба со непријателите
кај селото Блаца, Костурско, во 1947 г.



1922,
Во село В’мбел, Леринско, е роден Јани ЛУКРОВ,
припадник на македонското националноосло-
бодително и комунистичко движење, учесник во
антифашистичката борба и во Граѓанската војна


во Грција. Бил предвоен при-
падник на грчката младинска
комунистичка организација
ОКНЕ. Во 1943 г. станал член
ан КПГ. Од крајот на 1943 г.
бил во редовите на Грчката
народноослободителна војска
ЕЛАС. Во мај 1944 г. со одд-
елените македонски борци од
ЕЛАС преминал во Вардар-


скиот дел на Македонија. По враќањето во јули
1944 г. бил борец во Леринско-костурскиот пар-
тизански баталјон, популарно нарекуван „Батал-
јонот Гоче”. Во Првата ударна бригада на Макед-
онцитте под Грција на НОВ и ПОМ позната како
Егејска бригада, бил заменик командир на чета.
Учествувал во борбите на оваа славна единица
против балистите во западните краеви од Вард-
арскиот дел на Македонија. Во мај 1945 г. бил
борец во Четвртата бригада на Корпусот за наро-
дна одбрана на Југославија (КНОЈ) стационирана




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





73






во Битола. Кон средината на 1946 г. по сопствено
барање се вратил во Егејскиот дел на Македонија
и бил борец бо партизанска единица на НОФ на
Македонците од Егејскиот дел. Од крајот на 1946
г. бил во единиците на ДАГ, каде се здобил со чин
капетан и вршел должност командир на чета. Во
1947 г. во битка на Каракамен Планина, од една
експлозија во негова близина го загубил слухот и
бил принуден да оди на лекување. Набрзо откако
оздравел, по наредба на повисоката команада на
ДАГ во Костурско создал самостојна партизан-
ска единици која дејствувала во позадина во ре-
онот Корештата, Костурско. Во април 1948 г. бил
во Осумнаесеттата бригада на ДАГ. Загинал на 20
април 1948 г. кај месноста Костураж на патот
меѓу Костур и Рупишта, во борба со владините
војски кои неговото мртво тело го однеле во Ко-
стур и го влечеле со возило по улиците со цел да
го заплашат населението.



1922,
Во село Папажани, Леринско, е роден Живко
ПОПОВ, припадник на македонското нацио-
налноослободително и комунистичко движење
во Егејскиот дел на Македонија, учесник во
антифашистичката борба и во Граѓанската вој-
на во Грција. Бил член на КПГ од пред втората
светска војна. Во време на диктаторскиот режим
на Јоанис Метаксас заради говорење на мајчиниот




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




74






македонски јазик бил уапсен од грчката полици-
ја и подложен на жестока физичка тортура. Со
отпочнувањето на антиокупаторскиот вооружен
отпор во Грција активно се вклучил во Народ-
ноослободителната војска ЕЛАС. Од мај 1944
г. бил член на Реонскиот комитет на КПГ за
Неокаскиот реон. Во октомври 1944 г., заедно со
група свои македонски соборци, преминал во
Вардарскиот дел на Македонија и бил политички
комесар на чета во Првата ударна бригада на
Македонците под Грција, позната како Егејска
бригада. Од август 1945 г. како активист и ра-
ководител на македонскиот НОФ дејствувал во
Леринско. Во октомври 1945 г. бил избран за сек-
ретар на Околискиот одбор на НОФ за Леринско.
Загинал во борба со грчките владини војски во
селото Пателе, Леринско, на 7 јануару 1947 г.
1922,
Во Крџали, Бугарија, почина Никола ПОПОВС-
КИ, учител и трговец. Роден бил во селото Коси-
нец, Костурско, околу1876 г. Бил син на позна-
тиот црковен и просветен деец Трпо Поповски,
со кого кратко време бил затворен во затворот
во Корча, Албанија. До 1910 г. живеел во родното
село и се занимавал со учителска и трговска де-
јност. Во 1911 и 1912 г. бил учител и
управител во книжарницата на Пандо Сидов во
Костур. Ис- товремено работел како агент на
Првото осигу-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





75









рително друштво „Бугарија” во Русе и агент на
народното осигурително друштво „Балкан” во
Софија кое имало ингеренции за цела Македони-
ја. Во 1914 г. бил во бугарска служба во Ксанти, а
потоа станал директор на Земјоделската банка
во Крџали.
1922,
Во село Извор, Гуменџиско, е роден Апостол СИ-
МОВСКИ, припадник на македонското нацио-
налноослободително и комунистичко движење
во Егејскиот дел на Македонија,
учесник во антифашистичката
борба и во Граѓанската војна
во Грција. Од 1943 г. се наоѓал
како активен борец во Триесет-
тата бригада на Грчката народ-
ноослободителна војска (ЕЛАС).
Во декември 1944 г. со бригадата
учествувал во борбите против
англиските интервенционисти и
приврзаниците на грчката
десни-
ца во и околу главниот грчки град Атина. Про-
летта 1945 г. се префрлил во Булкес, Демократска
Федеративна Југославија (ДФЈ). Во март 1946 г. се
вратил на родниот крај како активист и борец на
македонскиот НОФ. Храбро загинал кај село- то
Кастанула, Евританија, Грција, како борец на ДАГ
во борба со владините сили на 21 јуни 1947




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




76






г. Посмртно, заради храброста и пожртвуваноста
со која војувал, во мај 1949 г. Главниот штаб на
ДАГ го унапредил во чин потпоручник.



1922,
Кај реката Шејтан дере во близина на село
Оштава, Кресненско, Пирински дел на Маке-
донија, почина Туше СКАЧКОВ, припадник на
македонското револуционерно движење,
кукушки војвода на МРО. Роден бил во Кукуш во
1887 г. Имал само основно образование и рабо-
тел како железар. Во 1909 г. станал член на МРО и
бил комита во четата на Тодор Александров. Во
време на Првата балканска војна бил добро-
волец на Македонско-одринското ополчение на
бугарската војска. Во време на Втората балкан-
ска војна бил определен за војвода на жета која
дејствувала во Кукушко. Учествувал и во т.н. Ва-
ландовска акција на ВМРО од 20 март 1915 г.



1932, јануари, 03,
Во Станимака (ден. Асеновград), Бугарија, заги-
на Андон ПОПШТЕРЈЕВ-Доно Д’мбенски, при-
падник на МРО и на автономистичката ВМРО,
костурски војвода. Роден бил во селото Д’мбени,
Костурско, во 1881 г. Имал само основно озбразо-
вание. Бил комита во четата на војводата Лазар
Поптрајков, а во време на Илинденското воста-
ние бил војвода на четата на МРО во родното село.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





77









Во мај 1906 г. бил тешко ранет во една престрелка
со потера на турската војска. Откако се опоравил
бил во четата на Атанас Кршаков
и со неа учествувал во повеќе бор-
би со турската војска и со грчките
андртски чети. По Младотурската
револуција заминал во Соедине-
тите Американски Држави (САД).
Се вратил во 1912 г. и учествувал
во Балканските војни како комита
во четата на Васил Чакаларов. Во
1913 г. бил заробен од грчките војски и лежел за-
твор во Беаз-куле во Солун. Во Првата светска
војна сулужел во бугарската војска. Од 1920 до
1929 г, бил војвода на чета на автономистичката
(врховистичка) ВМРО која дејствувала во Кос-
турско и Леринско. По расцепот на ВМРО од 1928
г. бил припадник на протогеровистичкото крило
и пунктов началник на Пловдивскиот округ. Бил
убиен од Петар Гулев и Васил Ламбанов, припад-
ници и терористи на ВМРО на Ванчо Михајлов.



1932, февруари, 13,
Во Софија, Бугарија, почина Георги УЗУНОВ-
Дедо Петар, припадник на Врховниот македоно-
одрински комитет, војвода. Роден бил во село-
то Хаџи Бејлик, Демирхисарско (Валовишко), во
1852 г. Најнапред бил четник во ајдучката
дружина на Стојо Костов. Во 1899 г. бил комита




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




78






во врховистичката чета на Борис Сарафов, а во
1903 г. кај Константин Нунков, со која дејству-
вал во Одринско. Таму еден период бил војвода,
а потоа дејствувал како комита во четите на
Тома Николов во Одринско и Дончо Златков во
Петричко.



1932, мај, 11,
Во Софија, Бугарија, почина Стефан ГОШЕВ,
припадник на македонското револуционерно
движење, околиски војвода на МРО во Леринско.
Роден бил во селото Долни Котори, Леринско, во
1859 г. Бил доброволец во Српско-турската и во
Рускотурската војна. Во Српско-бугарската војна
од 1885 г. учествувал на страната на бу- гарската
војска. По враќањето во родното село бил
ангажиран околу изградбата на месното
училиште и на селската црква. Во Илинденското
востание учествувал како реонски раководител и
војвода МРО од родното село.



1932, јуни, 28,
Во Хасково, Бугарија, починал Петар АНГЕЛОВ,
припадник на автономистичката ВМРО, војвода
во Преспа. Роден бил во селото Граждено, Лерин-
ско, во 1895 г. Во почетокот на 1912 г. емигрирал
во Соединетите Американски Држави (САД), но
откако започнала Првата балканска војна се
вратил и учествувал во неа. Потоа учествувал




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





79






во Втората балканска војна и во Првата светс-
ка војна како доброволец во бугарската арми- ја.
По Првата светска војна бил припадник на
автономистичката (врховистичка) ВМРО и коми-
та во четата на војводата Илија Дигалов. По заг-
инувањето на Дигалов во 1922 г, тој бил назначен
за војвода во Преспанско.



1932, јули, 13,
Во Солун е роден Васко ЧОЛАНЧЕСКИ, тора- ко-
васкуларен хирург, универзитетски професор.
Работел на Клиниката за тораковаскуларна и
срцева хирургија во Скопје. Завршил Медицин-
ски факултет во Скопје (1958), каде што и специ-
јализирал општа хирургија (1964). Бил редовен
професор на Медицинскиот факултет во Скопје.
Супспецијализирал торако-васкуларна хирурги-
ја и кардиохирургија. Придонел во развојот на
кардиохирургијата на отворено срце во РМ (зае-
дно со И. Папо и Д. Кафтанџиев, ја извел првата
операција на отворено срце во Скопје во 1973).
Имал публикувано повеќе од 150 трудови, бил
во Редакцискиот одбор на „Acta Chirurgica Iugo-
slavica” (1972-1992). Бил автор на: Влијанието на
хируршките белодробни зафати на статичкиот
и динамичкиот вентилаторен капацитет, Скопје,
1986; Торакална хирургија, Скопје, 1994; Екстра-
корпорална циркулација, Скопје, 1995; Клинички
повреди на граден кош, Скопје, 1995.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




80









1932, септември, 07,
Во Горна Џумаја (ден. Благоевград), Пирински


дел на Македонија, почина Аргир МАНАСИЕВ,
припадник на македонското револуционерно


движење, гевгелиски околиски
војвода на МРО. Роден бил во село-
то Сеово (Сехово), Демирхисарско
(Валовишко), на 15 февруари 1872
г. По професија бил учител. Ја за-
вршил Католичката гимназија во
Зејтенлик во Солун. Бил учител во
Ново Село и во Негован, Солун-
ско, во Смоквица, Гевгелиско и на
други места. Бил член на МРО од
1894 г. Бил еден од организаторите
на првата вооружена чета на МРО
во Гевгелиско во октомври 1897 г.
Од почетокот на 1901 г. станал сек-
ретар најпрво во четата на Михаил
Апостолов-Попето, па во четата на
Крсто Блгаријата. Како околис- ки
раководител и околиски војво- да
бил учесник во Илинденското


востание. Во време на Илинденското востание,
неговата чета заедно со четата на Сава Михајлов
извршиле минирање на железничкиот мост на
реката Вардар кај Гевгелија. Двете чети воделе
битка со аскерот на 24 август 1904 г. кај селото
Клисура, а заедно со Кукушката чета битка им-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





81






але кај месноста Баш-бунар на Пајак Планина.
Бил делегат на Рилскиот конгрес од 1905 г., каде
ја поддржувал десницата во МРО. Од 1906 до 1908
г. живеел како емигрант во Бугарија. Во време на
Младотурскиот период се вратил во Македонија
и бил учител во Гевгелија и Гуменџе. Во време
на Балканските војни од 1912-1913 г. бил војвода
на чета на ВМРО која дејствува во Гевгелиско, а
подоцна станал и бугарски околиски управник
на Гевгелија. Во време на Првата светска војна
бил околиски управник на Струмица. По Првата
светска војна се населил во Горна Џумаја и рабо-
тел како секретар на Окружната училишна инс-
пекција. Истовремено бил активен припадник и
раководител на автономистичката
(врховистичка) ВМРО во Горна Џумаја и
Пиринскиот дел на Македонија.



1932, октомври, 20,
Во Софија, Бугарија, почина Тома ДУРОВ, при-
падник на автономистичката (врховистичка)
ВМРО, војвода во Леринско. Роден бил во селото
Пателе, Леринско, во 1899 г. Заради активности
сврзани со дејствувањето на автономистичката
ВМРО, бил уапсен од грчките власти и одлежал
двеипол години во затвор. По излегувањето од
затвор, емигрирал во Бугарија. Тука, во 1925 г. од
страна на автономистичката ВМРО бил поставен
за лерински војвода.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




82









1932, ноември, 15,
Во Варна, Бугарија, почина Никола МАРИНЧЕВ,
припадник на македонското револуционерно
движење, лерински војвода на МРО. Роден бил во
селото Песочница, Леринско, во 1884 г. Член на
МРО бил од 1900 г. и најнапред исполнувал
куриски и организаторски задачи. Во 1902 г. ста-
нал комита во четата на војводата Тане Стојчев,
а малку подоцна бил комита во четата на Ѕоле
Гергев. Во време на Илинденското востание бил
војвода на чета. По поразот на востанието бил за-
меник војвода на Ѕоле Гергев.
1932, декември, 31,


Во Софија, Бугарија, почина Симеон ЕФТИМОВ,
припадник на автономистичката


(врховистичка)
ВМРО, раководител. Роден бил во
селото Емборе, Кајларско, на 11
август 1897 г. Учел во Егзархиската
солунска гимназија, а пред крајот
на Првата светска војна завршил
трговска гимназија во Свиштов.
Бил доброволец во Балканските
војни, а во Првата светска војна бил
преведувач во Штабот на бугарска-
та армија, По војната се занимавал


со новинарство. Учествувал во работата на маке-
донските емигрантски друштва и во дејноста на
ВМРО, кога станал близок соработник на Ванчо




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





83






Михајлов. На негова препорака, во 1927 г. бил ис-
пратен во Женева, каде што го уредувал весникот
„Македонија” („La Macédoine”), кој бил орган на
Централниот комитет на ВМРО на француски
јазик. Истовремено, вршел низа на дипломатски
мисии за потребите на ВМРО. Како еден од нај-
блиските луѓе на Ванчо Михајлов, негов кум и
негов најдоверлив човек, при расцепот на ВМРО
по убиството на генералот Протогеров, тој не
само што се определил за михајловистичкото
крило на Организацијата, туку станал и нејзини-
от најистакнат идеолошко-интелектуален прет-
ставник. Во идејната борба со приврзаниците
на протогеровистичкото крило честопати во
неговите натписи жестоко ги обвинувал за пре-
давство на македонските и бугарските интереси
во полза на српската кауза во Македонија. Во
1932 г. се вратил во Софија и станал редактор на
весникот „Македонија” („МакедониÔ”), орган на
Сојузот на македонските емигрантски друштва
во Бугарија. Бил учесник на Седмиот конгрес на
михајловистичката ВМРО. Врз него бил извршен
атентат на 28 декември 1932 г. на плоштадот
„Батемберг” во Софија, од страна на терористи
на протогеровистичката струја на Организаци-
јата, а три дена подоцна починал од последиците
на атентатот. Погребан бил во близина на гро-
бот на Тодор Александров кај селото Сугарево,
Мелничко, Пирински дел на Македонија.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




84






1932,
Во Лерин е роден Иван МАРКОВ, припадник на
македонското националноослободително
движење во Егејскиот дел на Македонија, учесник
во Граѓанската војна во Грција. Во 1945 г. мало-
тен со своето семејство пред големогрчкиот
терор на официјалните владини сили и нивните
паравоени формации емигрирал во Народна Ре-
публика Македонија (НРМ), односно во Битола.
Во почетокот на февруари 1948 г. иако малолетен
доброволно се вратил во Егејскиот дел на Маке-
донија и станал борец на ДАГ. Најнапред бил
ранет во борбите на планината Вичо на ридчето
Радош, а откао се опоравил повторно се вклучил
во редовите на ДАГ и загинал во големата, но
неуспешна битка на Десеттата дивизија на ДАГ
за освојување на градот Воден на 22 декември
1948 г.



1932,
Во Билишта, Албанија, почина Георги /Гаки/
КЕНКОВ, припадник на македонското револу-
ционерно движење, костурски селски војвода на
МРО. Роден бил во селото Косинец, Костурско, на
17 март 1867 г. Во 1897 г. емигрирал на печалба во
Бугарија, а откако во 1900 г. се вратил во род-
ното село станал член на МРО и набрзо војвода на
селската чета. Во тоа својство учествувал во Ил-
инденското востание. На 3 мај 1907 г., заедно со




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





85









четата на војводата Дељо Марковски, учествувал
во успешната одбрана на родното село од нападот
на голема андртска чета на капетан Јанис Кри-
тикос и капетан Христос Мичос. Во 1913 г. бил
уапсен од новите Грчки власти и лежел во затвор
до 1916 г.



1942, февруари, 15,
Во Асеновград, Бугарија, почина Георги РАДЕВ
-Ѓорѓи Бродалијата, припадник на македонско-
то револуционерно движење, окружен војвода
на МРО во Серско. Роден бил во селото Горно
Броди, Серско, во 1857 г. Како овчар, бил јатак на
војводите Георги Зимбилев и
Стоју Костов-Скрижовски, пора-
ди што бил апсен од османлиските
власти. По излегувањето од зат-
вор бил комита во четата на Илија
Крчовалијата. Извесно време бил
комита во четата на Гоце Делчев
во 1899 г., а потоа војвода во Сер-
скиот револуционерен округ на
МРО од 1899 до 1904 г. Заедно со
четите на војводите Димитар Гуштанов и Илија
Крчовалијата, во селото Караѓој ја дочекале
четата на Гоце Делчев во февруари 1902 г. и на
тукашното советување на Серскиот револуцио-
нерен округ се говорело за можностите за по-
дигање на востание, а бил прифатен предлог на




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




88






Делчев за минирање на железничката мрежа
и напади и атентати на воените утврдувања и
жандармериските станици. Потоа сите заедно
заминале за пештерата Капе на планината Али-
Ботуш. Учествувал во битката во селото Баница
при загинувањето на Гоце Делчев на 4 мај 1903 г.
Зел учество во Балканските војни (1912-1913) и
во Првата светска војна (1914-1918).



1942, февруари, 16,
Формирана е ЕЛАС (ГРЧКАТА НАРОД-
НООСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈСКА). Таа била
формирана како дел од грчкиот Народноосло-
бодителен фронт (ЕАМ), кој бил предводен од
КПГ. Основната цел на ЕЛАС била ослободу-
вањето на Грција. На 2 мај 1943 г. Централниот
комитет на ЕАМ и Централниот комитет на ЕЛАС
го создале Главниот штаб (ГШ) на ЕЛАС во кој
Стефанос Сарафис станал воен командант,
Танасис Кларас-Арис Велухиотис бил политички
комесар (капетањос), а Андреас Џимас-Василис
Самариниотис бил претставник на ЕАМ. Со
заповед на ГШ од 21 август 1943 г. реорганизиран
бил ЕЛАС во правец на создавање на структура
на редовна армија. Во редовите на активниот
ЕЛАС служеле околу осумдесет илјади борци, од
кои околу шест илјади Македонци, организира-
ни во десет дивизии, еден корпус, шест полка и
други поситни единици, Покрај активниот бил




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





87






организиран и резервен ЕЛАС од околу педесет
илјади борци, од кои голем број биле Македон-
ци. Кога на 3 ноември 1944 г. последните сили на
Третиот Рајх се извлекле од предвоените граници
на Грција, ЕЛАС имал контрола на 31,5 облас- ти
во Грција од вкупно 33 области. Всушност, таа
била главната и единствена военоспособна сила
во Грција која три години војувала против
разните фашистички окупатори во текот на Вто-
рата светска војна. По поразот од англиските
интервенционистички воени сили од декем-
ври 1944 г. ЕЛАС бил принуден да го потпише
мировниот Договор од Варкиза на 12 февруари
1945 г., по кој ГШ на ЕЛАС извршил демоби-
лизација на борците и ЕЛАС престанал да ег-
зистира, а власта ја презеле грчките десничарски
монархисти.



1942, март, 25,
Во Петрич, Пирински дел на Македонија почина
Георги В’НДЕВ, припадник на македонското
револуционерно движење, струмички окружен
војвода на автономистичката (врховистичка)
ВМРО. Роден бил во село Лесково, Мегленско, во
1890 г. Учел во Гуменџе. Во 1905 г., убил Турчин
и стапил во четата на татка си В’ндо војвода-
Стариот. Во 1912 г. во време на Првата балканска
војна бил заробен од грчките војски, но успеал да
побегне. Во 1915 г. учествувал во Валандовската




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




88






акција на автономистичката ВМРО. Во време на
Првата светска војна бил војник во 59. полк на
Планинската дивизија на бугарската армија, а
по неа бил војвода на Струмичката чета на
автономистичката ВМРО. По Горноџумајскиот
колеж во септември 1924 г., станал окружен војво-
да на автономистичката ВМРО во Струмичко и
заедно со Ефтим Цеков, бил назачен, да рако-
води со Струмичкиот револуционерен округ и
Петричкиот пункт на ВМРО.



1942, април, 06,
Во Воден е формирана МАКЕДОНСКАТА АН-
ТИФАШИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (МАО).
Таа била политичка организација на припад-
ниците на македонското националноослободи-
телно и комунистичко движење во Воденско.
Била формирана по иницијатива на Вангел
Ајановски-Оче, а со одобрение на Окружниот
комитет на КПГ за Воденско. На чело на орга-
низацијата бил Вангел Ајановски-Оче, а во ра-
ководството уште биле и Ангел Гацев, Ристо
Кордалов, Дини Папајанков и Вани Акочков.
Откако изградила организационата структура,
започнала да се издава и весникот „Црвена ѕвез-
да” на македонски јазик со грчки букви. Целта
на организацијата била, во сојуз со грчкате анти-
окупаторски и прокомунистички сили, да се бори
против фашистичките окупатори. Таа со своите




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





87









активности во целост се вклучила во активнос-
тите на ЕАМ. Покрај тоа, една од главните нејзи-
ни задачи била борбата против големобугарската
пропаганда. Тоа пак имало позитивни резултати
и далекусежни позитивни последици врз
развојот на борбата на Македонците од Егејскиот
дел на Македонија, а особено во Воденско. Во
октомври 1943 г. била распуштена.



1942, мај, 15,
Во село Долно Родево, Воденско, е роден Ристо
ЈАЧЕВ, актер, поет, раскажувач, романсиер,
драмски автор, новинар, театарски рецензент, уре-
дник и преведувач. Дипломирал на Филолошкиот
факултет во Скопје. Извес-
но време бил актер, а потоа
новинар, театарски рецен-
зент и уредник. Член бил
на Друштвото на писатели
на Македонија (ДПМ) од
1967 г. Најголем период од
работниот век го минал во
Радио Скопје, односно Македонското радио. До-
битник бил на повеќе награди. Ги напишал книг-
ите поезија: Кавал и магија, Скопје, 1967; Смртта
на ангелот, Скопје, 1968; Маслинови гори, Ско-
пје, 1968 (избор); Подземни сенки, Скопје, 1973;
Димна гора, Скопје, 1974; Болна градина, Ско- пје,
1976; Секнати извори, Скопје, 1979; Горница,




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




90









Скопје, 1984; Сопатникот на сеништата, Скопје,
1988; Ехо на квечерината, Скопје 1989; Ангел над
Христовиот гроб, Скопје, 1991 (избор); Камена
перница, Скопје, 1992; Смртни песни, Скопје,
1994; Велестовски ноќи, Скопје, 1996; Вакафска
земја, Скопје, 1998 (поема); Примка, Скопје, 1998
(избор); Жедна ноќ, Скопје, 2000; Белиот светец,
Скопје, 2002; Заточеник на мракот, Скопје, 2002
(двојазич но издание на македонски и српски
јазик) и Студен мрак, Скопје, 2005; проза: Вечерни
ветрови, Скопје, 1972; Кукла, Скопје, 1992; Јаков,
Скопје, 1993; Патот на ангелите, Скопје, 1996
(трилогија) и Алексеј, Скопје, 2001; Бил автор и
на драмски текстови.



1942, мај, 23,
Во Солун е убиен Ташко КАРАЏА, при- падник
на македонското националноосло- бодително и
комунистичко
движење во Егејскиот дел
на Македонија и учесник во
антифашистичката борба во
Грција. Роден бил во селото
Д’мбени, Костурско, на 14
април 1914 г. Од млади го-
дини се вклучил во борбата
за национални права и за со-
цијална слобода на македон-
скиот народ во Егејскиот дел




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





91






на Македонија. Најнапред бил раководител на
младинското и комунистичко движење во род-
ното село Д’мбени и околните села во реонот
Корештата. Поради својата активност во 1936 г.
бил уапсен од органите на злогласниот диктатор
Метаксас и бил интерниран на островот Ајстра-
тис, а потоа во средновековната крепост и зло-
гласен затвор Акронавплион на Пелопонез. Во
интернација останал четири години, односно до
капитулацијата на Кралството Грција под нале-
тот на фашстичката агресија. Во јуни 1941 г. со
наредба на КПГ се вклучил во организирањето на
вооружениот антиокупаторски отпор во округот
Катерини. Бил секретар на Окружниот комитет
на КПГ за Катерини и член на Македонското
младинско биро на КПГ. Во април 1942 г. бил от-
криен и уапсен од органите на тајната германска
полиција Гестапо во Солун. Бил осуден на смрт и
набрзо потоа егзекутиран од германските окупа-
торски власти.



1942, јуни, 28,
Во село С’ботско, е роден Никодим ЦАРКЊАС,
свештеник-архимандрит, македонски нацио-
нален деец. Замонашен бил во 1973 г. во рамки
на Грчката православна црква. Дипломирал на
Теолошкиот факултет во Атина во 1987 г. Во
1982 г. бил примен во служба во Митрополи-
јата во Кукуш, а потоа кукушкиот митрополит




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




92









го назначил за црковен прет-
ставник во селото Чеган. Го
издавал в. „Меглен”, но по ин-
тервенција на грчката поли-
тика, неговото натамошното
излегување било забрането.
Поради македонската нацио-
нална дејност повеќе пати бил
апсен и бил расчинет и прот-
еран од Грчката православна


црква. Тринаесет пати бил осудуван за недозво-
лено носењето на свештеничката мантија во Гр-
ција. Бил прифатен од Македонската православна
црква (МПЦ) и бил назначен да служи во мана-
стирот „Св. Ѓорѓи” во село Кучково, Скопско. Ја
изградил црквата „Св. Злата Мегленска” во
родното село, каде што одржувал богослужба на
македонски јазик, поради што грчките власти го
осудиле на три месеци затвор, за што се жалел и
до Европскиот суд за човековите права во Страз-
бур.
1942, јули, 19,
Во село Купа, Гуменџиско, е роден Јане
КОЏАБАШИЈА, композитор и музиколог. На-
поредно пишувал критики што ги објавувал на Ра-
дио Скопје, каде што бил и уредник на Музичката
продукција, како и во дневниот печат. Во послед-
ните две децении на XX в. пројави мошне
интен-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





93









зивна музиколошка активност во истражувањето
на македонската духовна музика. Благодарение
на него, јавноста во Македонија се запознала со
делото „Пасхалија” на Јоан Хармосин Охридски и
уште со неколку значајни ракописи од XIX в.
Мошне интензивно се занимавал и со проблемите
на теоријата и музичката нотација од овој период.
Напишал и повеќе статии објавени во списанието
„Музика”.



1942, јули, 23,
Во Софија, Бугарија, е убиен Атанас Димитров
РОМАНОВ, припадник на македонското нацио-
налноослободително и комунистичко движење
во Пирински дел на Македонија и учесник во
антифашистичката борба во Бугарија. Роден бил
во Софија на 22 декември
1911 г. Потеклото му било
од Егејски дел на Маке-
донија, односно неговиот
татко бил од селото Дол-
ни Порој, Демирхисарско
(Валовишко), а пак мајката
била од Кукуш, од семеј-
ството на Димитар Влахов,
па фактички тој бил внук
на овој истакнат македон-
ски деец. Родителите му
биле учители и како так-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




94






ви често се селеле од село до село и од град до
град. И двајцата родители биле припадници на
Бугарската работничка социјалистичка партија
(тесните социјалисти), а подоцна на Бугарската
комунистичка партија (БКП). Од млади години и
самиот бил симпатизер на марксистичкото учење
и редовен посетител на комуничстичките клубо-
ви во Ихтиман и Бургас. По деветојунските и сеп-
темвриски настани во 1923 г., заедно со семејст-
вото се преселил во Софија. Тогаш станал член на
штотуку формираниот Работнички младински
сојуз (РМС) и учествувал во мноштво културно-
политички манифестации и улични
демонстрации организирани од бугарските
прогресивни сили. Набргу станал член на БКП, а
во исто време неговата љубов кон татковината
го поврзувала со прогресивното македонско
движење и со ВМРО (Обединета). Развил блиска
и многустрана соработка со Христо Трајков,
Симеон Кавракиров, Александар Мартулков,
Божидар Митрев и Митко Сурлев. Бил одговорен
за рецитаторскиот хор „Гоце Делчев” и
одговорен уредник на весникот „Ехо” и на
хумористичниот весник „Дампинг”. Многупати
бил апсен, физички малтретиран и интерниран
по разни краишта на земјата. По нападот на
фашистичките земји врз Советскиот




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





95






Сојуз, почнал да работи во диверзантска орга-
низација на БКП за борба против окупаторите.
Бил откриен и уапсен од бугарската полиција, а
бугарскиот воен суд го осудил на смрт. Стрелан
бил заедно со Антон Попов и Никола Вапцаров.



1942, август, 08,
Во село Екшису, Леринско, е роден Коле ПОП-
ОВСКИ, ветеринар, универзитетски професор.
Докторирал на Ветеринарниот факултет во За-
греб во 1980 г. Бил редовен професор на Факулте-
тот за ветеринарна медицина во Скопје. Бил ав-
тор на 144 научни и 23 стручни трудови. Објавил
монографија „Ендокринологија на репродукција-
та” во 1998 г. и прирачник „Применета ендокри-
нологија во репродукцијата” во 2001 г.



1942, август, 16,
Во Белград, Србија, почина Григорие
ХАЏИТАШКОВИЌ, македонски национален деец,
водач на „автономистичкото движење” во Србија,
публицист и книжевник. Роден бил во Воден на 6 август 1875 г. Бил соученик и при- јател на
Крсте Мисирков. Студирал во Белград и Париз.
Дипломирал Романска филологија на
универзитетот во Белград во 1900 г. Работел и
како воспитувач и учител, а подоцна бил и дирек-
тор на српски гимназии во Македонија, односно
во Солун, Скопје и Битола. Заедно со Ѓорѓе Ѓер-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




96






ѓиковиќ, во 1905 г. бил обновувач на Македонски-
от клуб во Белград и главен уредник на неговиот
пишан орган весникот „Автономна Македонија”.
Соработувале со левото крило на ВМРО пред-
водено од Јане Сандански. Подоцна бил коавтор
на т.н. Воденска декларација од јули 1918 г. и ав-
тор на Крфската Промеморија (во две верзии, од 1
и 19 септември 1918 г.) за културно-
националниот ентитет и идниот рамноправен
конститутивен ав- тономен статус на Македонија
во југословенска- та држава. И во двата
документи се зборувало за Македонски Словени
и се барало да се зачува це- лоста на Македонија
која како одделна единка ќе влезе во новата
југословенска држава. По првата светска војна
работел како средношколски про- феор, а бил
пензиониран како директор на Учи- телската
школа во Крагуевац.
1942, декември, 09,
Во Крџали, Бугарија почина Пандо СИДОВ,
припадник на македонското револуционерно
движење, костурски војвода на МРО. Роден бил
во селото Жупаништа, Костурско, во 1878 г.
Завршил петти гимназиски клас во Егзархиското
училиште во Битола и, најнапред, работел како
учител во родното село. Во 1901 г. откако во Кос-
тур се обидел и не успеал да го убие егзархискиот
свештеник Никола Шкутов, кој се спротиста-
вувал на дејствувањето на МРО, станал неле-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





97









гален активист на македонското ослободително
движење. Во време на Илинденското востание
бил војвода на чета од
селата Жупаниште и
Манјак, со која тогаш
учествувал во 33 бор-
би и прв влегол во ос-
лободената Клисура.
По востанието дејст-
вувал во Костурско и


Четата на Пандо Сидов


по смртта на Митре Панџаров-Влаот и Атанас
Кршаков бил главен околиски војвода. Во 1910 г.
емигрирал во Торонто, Канада, но набрзо се вра-
тил во Костур и во 1911 г. отворил книжарница.
Учествувал во Балканските војни. Во периодот
меѓу двете светски војни, односно од 1927 до
1931 г. бил пратеник во Бугарското народно со-
брание.



1942, декември, 26,
Во Трикала, Грција, е убиен Наум (Нумо) МОС-
КОВ, припадник на македонското национа-
лноослободително и комунистичко движење
во Егејскиот дел на Македонија, учесник во
антифашистичката борба во Грција. Роден бил во
селото Д’мбени, Костурско, на 22 декември 1919
г. Основно образование завршил во родното село.
Во време на Метаксасовата диктатура, односно
во 1939 г. бил уапсен и осуден на четири месеци




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




98






затвор и 3 месеци интернација. Бил учесник во
Грчко-италијанската војна во 1940-41 г. По капи-
тулацијата на Грција во април 1941 г. бил еден од
најактивните припадници на антифашистичкиот
отпор во акцијата за собирање и складирање на
оружје. По провала на комунистичката орга-
низација во селото Д’мбени во ноември 1941 г.
бил уапсен и затворен во Костурскиот затвор.
Во февруари 1942 г. бил префрлен во затворот
во Волос, а во август 1942 во злогласниот затвор
Аверов во Атина. На 12 декември 1942 г. од ита-
лијанскиот воен суд во Атина бил осуден на смрт
и набрзо бил стрелан заедно со свои петмина дру-
ги соселани.



1942, декември, 26,
Во Трикала, Грција, е убиен Ристо АНДРИ-
ОВСКИ, припадник на македонското национа-
лноослободително и комунистичко движење
во Егејскиот дел на Македонија, учесник во
антифашистичката борба во Грција. Роден бил
во селото Д’мбени, Костурско, во 1915 г. Основно
образование завршил во родното село. Во 1933 г.
станал член на грчката младинска комунистичка
организација ОКНЕ. Пред почетокот на Втората
светска војна станал член и на КПГ. Во време
на Метаксасовата диктатура, односно во 1939 г.
бил уапсен и затворен во Костурскиот затвор.
Осуден бил на три месеци затвор и 6 месеци ин-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





99









тернација. Бил учесник во Грчко-италијанската
војна во 1940-41 г. По капитулацијата на Грција
во април 1941 г. бил еден од припадниците на
антифашистичката организација кој најактивно
се вклучил во акцијата за собирање и складирање
на оружје. По провала на комунистичката орга-
низација во селото Д’мбени во ноември 1941 г.
бил уапсен и затворен во Костурскиот затвор.
Во февруари 1942 г. бил префрлен во затворот
во Волос, а во август 1942 во злогласниот затвор
Аверов во Атина. На 12 декември 1942 г. од ита-
лијанскиот воен суд во Атина бил осуден на смрт
и набрзо бил стрелан заедно со свои петмина дру-
ги соселани.



1942, декември, 26,
Во Трикала, Грција, е убиен Живко КЕНКОВ,
припадник на македонското националноосло-
бодително и комунистичко движење во Егејски-
от дел на Македонија, учесник
во антифашистичката борба
во Грција. Роден бил во селото
Д’мбени, Костурско, во 1924 г.
Основно образование завршил
во родното село. Во 1939 г. иако
малолетен од режимот на дик-
таторот Метаксас бил уапсен и
осуден на тремесечна затворска
казна во Костурскиот затвор. По




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




100






акцијата за собирање и складирање на оружје на
комунистите од селото Д’мбени во април 1941 г.
тој бил задолжен да го чува и обезбедува местото
Д’мбенски дол каде било складирано оружјето.
По провала на комунистичката организација во
селото Д’мбени во ноември 1941 г. бил уапсен и за-
творен во Костурскиот затвор. Во февруари 1942
г. бил префрлен во затворот во Волос, а во август
1942 во злогласниот затвор Аверов во Атина. На
12 декември 1942 г. од италијанскиот воен суд во
Атина бил осуден на смрт и набрзо бил стрелан
заедно со свои петмина други соселани.



1942, декември, 26,
Во Трикала, Грција, е убиен Стасо СКИВИНОВ,
припадник на македонското националноосло-
бодително и комунистичко движење во Егејскиот
дел на Македонија, учесник во антифашистичката
борба во Грција. Роден бил во селото Д’мбени,
Костурско, во 1919 г. Основно образование
завршил во родното село, а особено бил активен
во локалното драмско друштво. Од 1936 г. ста-
нал член на грчката комунистичка младинска
организација ОКНЕ, а нешто подоцна и член на
КПГ. Бил учесник во Грчко-италијанската вој- на
во 1940-41 г. По капитулацијата на Грција во
април 1941 г. бил еден од најактивните припад-
ници на антифашистичкиот отпор во акцијата
за собирање и складирање на оружје. По пров-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





101






ала на комунистичката организација во селото
Д’мбени во ноември 1941 г. бил уапсен и затво-
рен во Костурскиот затвор. Во февруари 1942 г.
бил префрлен во затворот во Волос, а во август
1942 во злогласниот затвор Аверов во Атина. На
12 декември 1942 г. од италијанскиот воен суд во
Атина бил осуден на смрт и набрзо бил стрелан
заедно со свои петмина други соселани.



1942, декември, 26,
Во Трикала, Грција, е убиен Наум (Нумо) ЖУР-
КОВ, припадник на македонското национал-
ноослободително и комунистичко движење
во Егејскиот дел на Македонија, учесник во
антифашистичката борба во Грција. Роден бил во
селото Д’мбени, Костурско, во 1921 г. Во време на
Диктатурата на Метаксас станал член на грчката
комунистичка младинска организација ОКНЕ. Во
1939 г. бил уапсен и осуден на четири месеци за-
твор и 3 месеци интернација. По капитулацијата
на Грција во април 1941 г. бил еден од припадни-
ците на антифашистичкиот отпор кој ја спровеле
акцијата за собирање и складирање на оружје во
родното село. По провала на комунистичката ор-
ганизација во селото во ноември 1941 г. бил уапс-
ен и затворен во Костурскиот затвор. Во февру-
ари 1942 г. бил префрлен во затворот во Волос, а
во август 1942 во злогласниот затвор Аверов во
Атина. На 12 декември 1942 г. од италијанскиот




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




102






воен суд во Атина бил осуден на смрт и набрзо
бил стрелан заедно со свои петмина други сосе-
лани.
1942, декември, 26,
Во Трикала, Грција, е убиен Кољо ШЕКРОВ, при-
падник на македонското националноослободител-
но и комунистичко движење во Егејскиот дел на
Македонија, учесник во антифашистичката бор-
ба во Грција. Роден бил во селото Д’мбени, Кос-
турско, во 1921 г. Основно образование завршил
во родното село, а потоа го изучил шивачкиот за-
нает и отворил сопстевн шивачки дуќан во село-
то. Бил член на драмското друштво и предвоен
член на грчката комунистичка младинска орга-
низација ОКНЕ. Неговиот дуќан служел како со-
бирно место на членовите на оваа организација во
селото. Во 1939 г. бил уапсен заедно со дваесет и
тројца соселани и заради комунистичката дејност
бил осуден на четири месеци затвор и 3 месеци ус-
ловна интернација. По капитулацијата на грчката
кралска армија пред фашистичкиот напад од гер-
манските и италијанските војски во април 1941
г., бил еден од припадниците на
антифашистичкиот отпор кој ја спровеле
акцијата за собирање и складирање на оружје во
родното село. По пров- ала на комунистичката
организација во селото во ноември 1941 г. бил
уапсен и затворен во Костур- скиот затвор. Во
февруари 1942 г. бил префрлен




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





103






во затворот во Волос, а во август 1942 г. во зло-
гласниот затвор Аверов во Атина. На 12 декем-
ври 1942 г. од италијанскиот воен суд во Атина
бил осуден на смрт и набрзо бил стрелан заедно
со свои петмина други соселани.
1942,
Починал Фоти (Воти) КИРЧЕВ, припадник на
македонското револуционерно движење, лер-
ински војвода на МРО. Роден бил во селото
Зелениче, Леринско, во 1871 г. Во периодот од
1900 до 1902 г. бил емигрант во Цариград и
рабо- тел како млекар. Откако се вратил во
родното село кон крајот на 1902 г. станал член на
МРО. Во пролетта 1903 г. добил задача да го убие
водачот на андртска чета капетан Вангелис
Георгиу (Ван- гел Георгиев) од селот Сребрено.
Ваквата задача не успеал да ја реализира, но
успеал да го убие гркоманскиот кмет на селото
Сребрено. Потоа станал комита во четата на
војводата Георги Папанчев и учествувал во
битката од 1 мај 1903
г. во селото Баница, во која загинал војводата. Со
преживеаните осум други комити станал припад-
ник на четата на војводата Александар Турунџев.
Бил наименуван за војвода и со четата на пат за
родното село бил откриен од османска војска на
15 мај 1903 г., а во битката што се случила заги-
нале четворица негови комити. Во наредниот пе-
риод со остатокот од четата дејствувал заедно со




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




104






четата на војводата Никола Андреев-Мокренски.
На 12 јули 1903 г. овие чети заедно со четата на
Александар Турунџев, биле опколени во селото
Горно Котори, најнапред од андртската чета на
капетанот Вангелис Георгиу, а потоа и од при-
дојдените турски војски. Во борбата што се раз-
вила тој бил ранет и заробен од турските војски.
Бил најнапред затворен во Битолскиот затвор и
жестоко бил измачуван. Откако бил излекуван
бил осуден на доживотен затвор и пратен во Ди-
јарбекир.



1942,
Во Солун е создадена СЕГРЧКА ОСЛО-
БОДИТЕЛНАОРГАНИЗАЦИЈА (ПАО), грчка
десничарска ројалистичка и националистичка
организација. Како основачи се јавувале група
грчки офицери со одобрение од германските
окупаторски власти. Раководството на ПАО го
сочинувале офицерите Јанис Папатанасиу, Геор-
гиос Папагиоргиос, Аргиропулос Архимидис и
Христос Констандинидис. И раководителите и
приврзаниците на ПАО биле фанатизирани грчки
националисти и противници на лево ориентира-
ното грчко народноослободително движење и на
Македонците. Организацијата била поддржана
од грчкото колонизирано население во Егејскиот
дел на Македонија и имала пунктови во Воден,
Негуш, Бер, Кожани, Костур, Лерин, Кукуш и




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





105






во други места. Таа имала и свои оружени сили
наречени Национална армија (ЕС). И покрај
некои обиди да стави маска на „ослободителна
организација”, сепак таа, повеќе или помалку, от-
ворено била во служба на германскиот окупатор.
Во Калјарско и Леринско, главен предводник на
вооружените единици на ПАО бил Николас Ко-
ларас, во Костурско биле Баскакис, резервниот
потпоручник на бившата грчка војска Кирцида-
кис и резервниот потпоручник Ефремидис, а во
источните реони на Егејскиот дел на Македонија
бил Андонис Фостеридис-Андон Чауш. ПАО со
германска и британска помош дејствувал до ес-
ента 1944 г.



1942,
Во Лерин е роден Ѓорѓи КУЗМАНОВСКИ, маке-
донски спортист, спортски тренер и спортски
судија. Во својата спортска кариера се занимавал
со велосипедизам, скијање, планинарство и гим-
настика. Бил основоположник на олимпискиот
тробој во Македонија. Од 1986 г. бил генерален
секретар на Сојузот на спортовите во Скопје. Во
периодот од 1988 до 1990 г. бил претседател на
Ве- лосипедскиот сојуз на Југославија.



1942,
Во Воден започна да излегува весникот „ЦР-
ВЕНА ЅВЕЗДА”, орган на Македонската ан-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




106






тифашистичка организација (МАО) за Воден-
скиот округ. Тоа бил прв весник на македонски
јазик (воденски дијалект, но со грчка азбука) во
Егејскиот дел на Македонија. Го уредувал Ван-
гел Ајановски-Оче, а насловната страница ја
илустрирал Гркот Андреас Андроникас. Бил
умножуван на шапирограф на илегалната техни-
ка на Окружниот комитет на КПГ за Воденско.
Објавени биле повеќе од 20 броја, во тираж до
150 примероци. Весникот згаснал откако преста-
нала да егзистира МАО за Воденскиот округ во
октомври 1943 г.



1952, април, 01-03,
Во село Кросциенко, Полска, е одржан Основачки
конгрес на „ИЛИНДЕН”, политичка организаци-
ја на Македонците од Егејскиот дел на Маке-
донија во источноевропските земји формирана
од КПГ по распуштањето на НОФ во 1950 г. На
Основачкиот конгрес учествувале 162 делегати.
Бил избран Централен совет од 72 члена, кој пак
од своите редови избрал Извршен комитет од 15
членови и Претседателство од 5 членови. За пре-
тседател бил избран Пандо Вајна, Ставро Кочов
за секретар и за членови: Ѓорѓи Неделко, Ташос
Гушопулос-Макис и Стерјо Дачо. Седиштето на
Претседателството се наоѓало во Букурешт, Ро-
манија. Преку оваа организација КПГ ја спро-
ведувала својата политика меѓу македонската




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





107






емиграција во источноевропските земји. По VI
пленум на ЦК на КПГ во 1956 г., организацијата
била распуштена.
1952, септември,
Во Софија, Бугарија, почина Никола АПОС-
ТОЛОВ, адвокат и политичар во Бугарија. Роден
бил во селото Пателе, Леринско, во 1866
г. Завршил средно образование во Солунската
егзархиска гимназија. Еден период бил учител во
Битола. Потоа завршил правни науки во Тулуз,
Франција, се вратил во Бугарија и бил адвокат во
Пловдив и Софија. Бил приврзаник на Народно-
либералната партија и во 1907-1908 г. во владата
на Петар Гудев бил министер за народна прос-
вета. Во втората и третата влада на Васил Радо-
славов, односно од 1913 до 1917 г. бил министер
на
железниците, поштите и телеграфите. Во 1923 г.
во време на владата на Александар Стамболиски
бил уапсен и осуден на десет години затвор како
еден од главните виновници за вовлекувањето
на Бугарија во Првата светска војна. Наредната
го- дина новата десничарска влада на Бугарија го
ам- нестирала и ослободила од затвор. Потоа
рабо- тел како адвокат.



1952, декември, 13,
Во Софија, Бугарија, почина Христо СТАНИШЕВ,
припадник и раководител на




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




108









Врховниот македонски комитет и раководител на
автономистичката (врховистичка) ВМРО. Роден
бил во Кукуш, на 24 декември 1863 г. Завршил
основно училиште во Кукуш, класична гимназија


во Софија и инженерство во
Белгија во 1889 г. Бил профе-
сое во егзархиската гимнази-
ја во Солун во 1886 и 1887 г.
Бил претседател на Маке-
донското друштво во Бургас
во 1895 г., а неколкукратно
во периодот меѓу 1896 и
1902
г. бил избиран за претседа-
тел на Врховниот комитет во


Софија и бил меѓу најекспонираните врховисти во
македонското револуционерно движење. При рас-
цепот на Организацијата во 1902 г., се приклучил
кон приврзаниците на Стојан Михајловски. По
Првата светска војна бил во раководството на
Сојузот на македонските емигрантски друштва
во Софија и еден од главните идеолози на
автономистичката, односно михајловистичката
ВМРО. Бил член на Македонскиот научен инсти-
тут во Софија и претседавал на Великиот маке-
донски собор во Горна Џумаја во 1933 г.
1952,
Во Соединетите Американски Држави (САД)
почина Апостолис МАТОПУЛОС (Αποστόλης




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





109






Ματόπουλος), припадник на грчкото андртско
движење во Македонија, капетан на грчка
вооружена чета во Ениџевардарско. Роден бил
во Гида (ден. Александрија), Грција, во 1868 г. Со
својата чета дејствувал во реонот на Ениџевард-
арско и Солунско, Егејски дел на Македонија.
Неговата чета најчесто содејствувала со четите
на капетанот Никифорос (Јоанидис Демести- хас)
и на капетанот Гоно Јотов (Гонос Јотас) со кои
имал неколку судири со четата на војводата
Апостол Петков Терзиев од МРО. По Младотур-
ската револуција се легализирал, добил државна
служба и тесно соработувал со младотурските
власти на кои им го предал капетанот Гоно Јотов,
кој пак по тоа предавство бил убиен. Во 1912 г.
откако Ениџевардарско било освоено од грчките
војски, емигрирал во САД.



1952,
Во Крџали, Бугарија, почина Ангел АТАНА- СОВ,
припадник на македонското револуционер- но
движење, раководител на МРО во Серско. Роден
бил во селото Крушово, Серско, на 5 ноем- ври
1879 г. Во 1900 г. го завршил егзархиското
педагошко училиште во Сер. Бил учител низ
разни места на Македонија и Одринско. Во 1902
г. бил поставен за директор на основното егзар-
хиско училиште во Сер и бил избран за секретар
на Окружниот комитет на МРО. Во мај 1903 г.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




110









бил уапсен од турските власти и бил осуден на
три години затвор. Во 1904 г. бил амнестиран и
ослободен од затворот, по што ја продолжил сво-
јата револуционерна дејност. Во 1905 г. бил дел-
егат на Конгресот на Серскиот револуционерен
округ на МРО.



1962, јануари, 24,
Во Софија, Бугарија, почина Димитар ЗАНЕ-
ШЕВ, припадник на македонското револуционер-
но движење, околиски војвода на МРО во Воден-


ско. Роден бил во Воден
на 21 јануари 1876 г. Ја
завршил Солунската ег-
зархиска гимназија и ег-
зистирал од трговија со
машини за шиење. Бил
делегат на Солунскиот
конгрес на ТМОРО во
1903 г., а во време на Ил-
инденско востание бил
член на Штабот на Вто-
риот солунски револу-
ционерен реон. Од 1905
г. станал војвода на чета


во Воденско, се борел со андартите. Во време на
Првата светска војна бил воен службеник во бу-
гарската армија и работел во военото командан-
ство во градот Фере.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





111






1962, февруари, 02,
Во Софија, Бугарија, почина Христо ШАЛДЕВ,
припадник на македонското револуционерно
движење, раководител на МРО и приврзаник на
автономистичката (врховистичка) ВМРО. Роден
бил во Гуменџе на 25 декември 1876 г. Се школу-
вал во Гуменџе, во Солун и во духовните семи-
нарии во Цариград и Полтава, а потоа ја завршил
Духовната академија во Санкт-Петербург (1901-
1905). Бил раководител, односно член, секретар
и претседател на Тајниот македонско-одрински
кружок (ТМОК) во Русија и член-основач на
Македонското научно-литератутно другарство
(МНЛД) во Санкт-Петербург на 28 октомври 1902
г. Во тој период, како бугарски стипендист се
пројавил како најжесток и кобен денунцијант на
МНЛД пред бугарскиот егзарх и пред Цен-
тралниот комитет на МРО во Солун. Бил учесник
во Илинденското востание од 1903 г. како комита
во четата на Никола Пушкаров која дејствувала
во Скопско. Во 1906-1907 г. бил учител во Скоп-
је и бил член на Скопскиот окружен комитет на
МРО. Во 1907 г. емигрирал во Бугарија. Бил деле-
гат на Ќустендилскиот конгрес на десницата на
МРО. Во време на Младотурската револуција од
1908 до 1912 г. бил училишен инспектор во При-
лепско. о 1912 г. станал директор во Егзархискара
женска гимназија во Солун. Во време на Втората
балканска војна бил уапсен од грчките власти и




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




112









извесен период поминал во затвор, а откако бил
ослободен емигрирал во Бугарија. Учествувал во
Првата светска војна во составот на бугарската
армија, а по нејзиното завршување учествувал во
обновата на автономистичката ВМРО. Подоцна
во Софија бил уредник на михајловистичките ор-
гани в. „Илинден” (1924-1925) и сп. „Илустраци-
ја Илинден” (1934-1936). Бил автор на книгите:
„Македонија и копнежот $ за слобода” и „Град
Прилеп и бугарската преродба”.



1962, февруари, 19,
Во Софија, Бугарија, почина Георги ПОП ХРИС-
ТОВ, припадник на македонското револуционер-
но движење, војвода и раководител на МРО во


Леринско, раководител на
автономистичката ВМРО.
Роден бил во селото Крстоар,
Битолско, во 1878 г. Завршил
педагошки курс во Солун-
ската егзархиска гимназија
во 1896 г. Бил учител во Ка-
вадарци, Прилеп и Битола, а
училиштен инспектор во
Леринско. Активна револу-
ционерна дејност развил како


околиски раководител во Леринско ви 1899 г. и во
1900 г. Од летото 1900 г. до 1903 г. бил член на Би-
толскиот окружен револуционерен комитет. Во




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





113






1902 г. го придружувал Гоце Делчев во обикол-
ката на Леринско. Во врска со Јосифовата пров-
ала во Леринско од февруари 1902 г. бил уапсен
и осуден на смрт. Во почетокот на 1903 г. бил
амнестиран. Учествувал на Смилевскиот кон-
грес на Вториот револуционерен округ на МРО
од април 1903 г. и бил избран во Главниот штаб
на востанието како заменик на Даме Груев. Во
Илинденското востание, учествувал како ра-
ководител на Леринскиот реон и се движел со
четата на војводата Михаил Чеков. Кон крајот на
1903 г. по неуспехот на востанието, пребегал во
Грција каде бил уапсен и краткотрајно зат- ворен.
Од таму успеал да пребегне во Бугарија, каде
останал само до март 1904 г., по што се вра- тил
со чета во Македонија и работел на обнову-
вањето и зацврстувањето на МРО во Битолско,
Костурско и Леринско. Активно учествувал на
Припепскиот и на Рилскиот конгрес на МРО. Во
1906 г. заради здравствени причини емигрирал
во Бугарија и работел како учител во селото
Жеља- ва, Софиско. Во 1910 г. бил уапсен и
заточен во Мала Азија, од каде што во 1911 г.
успеал да избега и да се пре- фрли во Бугарија.
Тука, до почетокот на Првата балканска војна,
работел во Главната дирекција за статистика во
Софија. Учествувал во Балкан- ските војни како
војвода на чета во состав на




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




114






Македонското ополчение на Бугарската армија, а
во Првата светска војна бил во состав на 11. ди-
визија на Бугарската армија. По Првата светска
војна ја продолжил активноста во редовите на
автономистичката ВМРО и со тоа се ставил во
служба на големобугарската кауза во Македони-
ја. Бил еден од раководителите на Битолскиот
револуционерен округ. Во 1925 г. станал член
на Централниот комитет на автономистичката
ВМРО. Од 1928 г. бил еден од раководителите
на протогеровистичката струја на ВМРО, но под
притисок и закани на Ванчо Михајлов во 1931 г.
се откажал од активно учество во политичкиот
живот. Во време на Втората светска војна бил ак-
тивен во Илинденската организација и се пројавил
како поддржувач и пропагатор на окупацијата
на Вардарскиот дел на Македонија од страна на
Бугарија и воопшто како поддржувач на големо-
бугарската идеологија во Македонија. Во 1953 г.
во Бугарија ја издал книгата „Револуционерната
борба во Битолскиот округ”.



1962, април, 23,
Во Софија, Бугарија, почина Владислав
АЛЕКСИЕВ, правник, универзитетски профе- сор.
Роден бил во Солун на 1 ноември 1884 г. Бил
внук од ќерка на Димитрија Миладинов. Завршил
класична гимназија во Битола. Во Лајпциг, Гер-
манија, завршил студии по право, а во 1910 г. таму




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





115









одбранил и докторат по правни науки. Бил нас-
тавник во гимназијата во Солун (1910-1912). По
Балканските војни тој исемејството пребегнале во
Бугарија, каде најпрво бил наставник во Военото
училиште во Софија, а потоа станал професор по
словенско право на Правниот факултет во Софи-
ја (1928-1950). Бил член на Македонскиот
научен институт и на Друштвото за бугарско-
германско пријателство. Бил поддржувач на
фашистичката идеологија во периодот пред
почетокот и за време на траењето на Втората
светска војна. Бил автор на неколку научни
монографски трудови, меѓу кои најзначајни
биле: „Записи по историјата на бугарското
право”, Софија, 1939 г. и „Бугарско право -
историја и основи”, Софија, 1946 г.
1962, јуни, 20,
Во Варна, Бугарија, почина Христо НАСТЕВ,
припадник на македонското револуционерно
движење, војвода на МРО во
Леринско, учител. Роден бил во
Штип на 6 април 1876 г. Завршил
педагошко училиште во Скопје
(1898). Бил учител во Виница и
во Банско (Разлошко), а потоа и
во Бунархисар, Одринско, каде
во периодот од 1899 до 1900 г.
бил претседател на Околискиот
комитет на ТМОРО. Бо 1902 г.




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




116









станал секретар во четата на Тома Давидов во Би-
толско и бил учесник на Смилевскиот конгрес. Во
Илинденското востание бил војвода во Леринско,
Егејски дел на Македонија. По востанието бил
началник на Ќустендилскиот пункт на ТМОРО.
Откако во 1904 г. се вратил во Македонија бил
уапсен од турските власти и лежел во Скопскиот
затвор до амнестијата која била дадена со Мла-
дотурската револуција во 1908 г. По балканските
војни емигрирал во Бугарија.



1962, август, 14,
Во Софија, Бугарија, почина Димитар Атана- сов
ЈАРАНОВ, географ. Роден бил во Солун на 27
октомври 1909 г. Основно и средно образо-


вание завршил во Софија.
Географија дипломирал на
Историско-филолошкиот
факултет на Софискиот
универзитет во 1933 г. Иста-
та година заминал на Хум-
болтовиот универзитет во
Берлин, каде што подоцна
ја одбранил докторска ди-
сертација на тема „Јуро-
типниот релјеф на Алпите,
Централна Европа и Стара


Планина”. На Сорбона во Париз специјализирал
физичка географија и геоморфологија. Во 1936




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





117






г. во Бугарија бил избран за доцент по физичка
географија на Софискиот универзитет. Во 1941 г.
се наоѓал на чело на „Претставништвото на бу-
гарската влада при штабот на германските војс-
ки Солун-Егеј” со седиште во Солун, со задача,
пред с#, да ја шири бугарштината во Егејскиот
дел. Од април 1942 до август 1944 г. бил аташе за
култура на Бугарската амбасада во Берлин. По
војната бил отстранет од факултетот во Софија и
му било забрането да објавува трудови во Бугар-
ското географско друштво. Во 1947 г., на покана
од Владата на Народна Република Македонија
(НРМ) во Скопје, бил назначен за раководител на
Службата за хидроенергетски проучувања на
Македонија. Во времето на Информбирото се
вратил во Бугарија, каде што работел како
главен геолог во изградбата на големите брани.
Објавил 72 научни и стручни трудови, главно од
областа на геологијата, регионалната географија
и картографијата.



1962, август, 29,
Во Благоевград, Пирински дел на Македони- ја,
починал Илија ДИЛБЕРОВ-Дилбер Илија,
припадник на македонското револуционерно
движење, гевгелиски војвода на МРО. Роден бил
во селото Гавалјанци, Кукушко, на 20 јули 1875
г. Основно образование завршил во родното
село. Од 1897 г. бил член на МРО. Учествувал во




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




118









аферата „Мис Стон” во 1901 г. Во време на Илин-
денското востание бил во четата на Крсто Асе-


нов. По востанието бил војво-
да на чета во Горноџумајско,
Малешевско и Гевгелиско. По
Младотурската револуција се
легализирал, а учествувал во
големиот одред на Јане Сан-
дански за одбрана на револуци-
јата од султанската реакција.
Учествувал во Балканските
војни, а бил учесник и во Прва-


та светска војна. По 1918 г. живеел во Горна
Џумаја. Инаку, Илија Дилберов послужил како
прототип на литературниот лик Дилбер Танас
во романот „Литургија за Илинден” од 1969 г. на
Свобода Бачварова.



1962,
Во село Долно Родиво, Мегленско, почина Пе-
тре ПОПОВ, припадник на македонското нацио-
налноослободително и комунистичко движење
во Егејскиот дел на Македонија, учесник во
Граѓанската војна во Грција. Роден бил во Дол-
но Родиво во 1908 г. Бил предвоен член на КПГ.
Учествувал во Грчко-италијанската војна во
1940-41 г. Од 1944 г. станал член на Тресинскиот
реонски комитет на КПГ. Од почетокот на 1945
г. бил член на Реонскиот одбор на Тајната маке-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





119









донска ослободителна организација (ТОМО) за
Мегленско. На Првата окружна конференција на
ТОМО одржана на 20 јуни 1945 г. кога таа се
преименувала во НОФ за Воденско, бил избран за
член на Окружното раководство и одговорен за
агитација и пропаганда. Од февруари 1946 г.
станал главен организатор на НОФ во Островска
околија. Во март 1946 г. во село Јаворјани бил ра-
нет и заробен од грчката полиција. Потоа бил ос-
уден на шеснаесет години затвор. Бил ослободен
во 1962 г., а починал по само неколку месеци
подоцна како последица на туберкулозата што ја
заработил во грчките затвори.



1962,
Во Бугарија почина Панајот ХАЏИЕВ, припад-
ник на македонското националноослободително
и комунистичко движење, учесник во Шпанска-
та граѓанска војна, публицист и општественик.
Роден бил во селото
Д’мбени, Костурско, на
28 август 1898 г. Во
1914 г. емигрирал на
печалба во Бугарија. Во
Софија учел во средно-
то машинско училиште,
а работел како млекар.
Од 1917 г. како моби-
лизиран војник во бу-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




120






гарската армија учествувал во Првата светска
војна. Истата година бил заробен во борбите на
Македонскиот фронт и до март 1919 г. бил во вое-
но заробеништво во Грција. По ослободувањето
повторно се вратил во Софија и станал доста ак-
тивен во Костурското македонско братство. Во
1921 г. заминал на печалба во градот Хамонд, во
Соединетите Американски Држави (САД). От-
таму се преселил во градот Гери. Тука станал
приврзаник на прогресивното движење и во
1929 г. станал член на Комунистичката партија
на Америка. Истовремено бил активен член и
орга- низатор на Македонскиот народен сојуз
(МАНС) во Америка. Од април 1937 г. бил во
составот на артилериската единица и со неа над
две години учествувал во низа на битки низ цела
Шпанија во кој пројавил огромна храброст и
пожртвуваност. Се вратил во САД во март 1939 г.
и живеел и работел во градот Детроит. Тука
повторно се вклучил во активностите на амери-
канската Комунистичка партија и во МАНС,
преку кои ја помагал
Националноослободителната и антифашистичка
војна на македонскиот народ. По
конституирањето на македонската национална
држава во рамки на нова Југославија се населил
во Скопје. Бил активен соработник на




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





121









в. „Глас на Егејците”, каде во јануари 1952 г. об-
јавил отворено писмо до Никола Ковачев, во тие
моменти организационен секретар на МАНС, во
кое ја осудил нивната информбировска кампања
против ФНРЈ и НРМ и цврсто застанал во одбрана
на одделниот македонски национален
идентитет. Подоцна емигрирал во Бугарија.
1992, февруари, 23,
Во Атина, Грција, почина Маркос ВАФИЈАДИС
(Μάρκος Βαφειάδης), припадник на грчкото
комунистичко движење, раководител на КПГ,
воен командант на ДАГ, политичар. Роден бил во
Ерзерум, Турција, на 28 јану-
ари 1906 г. Од Турција, со
семејството, се доселил во
Грција во 1922 г. Бил член на
младинската комунистичка
организација (ОКНЕ). Како
функционер на КПГ, бил уа-
псен во 1932 г. и
интерниран на островот
Гавдос, од каде
што ослободен во 1933 г.
Потоа бил ангажиран како
инструктор на ЦК на КПГ
низ разни места во Грција. Во време на Метакса-
совата диктатура илегално дејствувал на островот
Крит, каде бил секретар на тамошната окружна
партиска организација. Во 1939 г. се вратил на




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




122






партиска работа во Атина, но набрзо бил уапсен
и затворен. Во мај 1941 г. успеал да побегне од
затворот и се вклучил во антифашистичката бор-
ба. Во 1942 г. бил избран за член на Централниот
комитет на КПГ и на Македонското биро на КПГ.
Бил комесар на Групата дивизии на ЕЛАС во Еге-
јскиот дел на Македонија. Во 1944 г. бил член на
Политичкиот комитет за национално ослободу-
вање на Грција. Во периодот на Граѓанската војна
во Грција, најнапред во октомври 1946 г. бил из-
бран за командант на Главниот штаб на ДАГ, а во
декември 1947 г. станал претседател на Привре-
мената демократска влада на Грција. Заради раз-
лики во воената стратегија со секретарот на Цен-
тралниот комитет на КПГ, бил разрешен од сите
должности и испратен во Советскиот Сојуз. Во
Грција се вратил во март 1983 г., а на изборите од
1989 и 1990 г. бил биран за пратеник во грчкиот
парламент на листата на ПАСОК (Панхеленско
социјалистичко движење).



2002, јули, 01,
Во Скопје почина Христо АНДОНОВСКИ, при-
падник на македонското националноослободител-
но и комунистичко движење во Егејскиот дел на
Македонија, учесник во антифашистичката бор-
ба и во Граѓанската војна во Грција, новинар, пуб-
лицист и општественик. Роден бил село Цакони,
Мегленско, на 15 септември 1917 г. Завршил гим-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





123









назија во Воден, а дипломирал на Педагошката
академија во Солун во 1940 г. Неколку години
работел како наставник во мегленските села
и во градот С’ботско. Во есента на 1941 год., како
организатор на младината во селото Дол- но
Пожарско, стапил во ЕАМ. Бил одговорен по
Агитпроп во Реонската
организација на КПГ во
С’ботско и одговорен во Ре-
онскиот комитет на ЕАМ за
Јужен Меглен, со седиште
во селото Драгоманци. Во
летото 1944 г., бил назначен
за организационен секретар,
а потоа и за политички сек-
ретар на Градскиот комитет
на КПГ за Воден. Наскоро
бил кооптиран за член на Поширокиот состав
на Окружниот комитет на КПГ за Воденскиот
округ на која функција бил од декември 1944 г. до
26 февруари 1945 г. Поради несогласувањата со
дискриминаторската политика на КГП по маке-
донското национално прашање, преминал во
НРМ (ФНРЈ). Како искусен македонски револу-
ционер, од патриотски причини, пак се вратил во
родниот крај во јануари 1947 г. и зел учество во
Граѓанската војна во Грција. Бил член на редакци-
јата на весникот „Победа”, орган на Градскиот
комитет на НОФ за Воден и НОФ за Воденско, од




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




124






почетокот на неговото излегување во јануари 1947
г. Подоцна бил одговорен за печатот при Агит-
проп на Главниот одбор на НОФ за Егејскиот дел
на Македонија. Оваа задача ја извршувал до де-
кември 1948 г. Поради нов судир со КПГ по маке-
донското национално прашање, пак пребегал во
НРМ, каде што работел како уредник на емиси-
ите на Радио Скопје за нашите сонародници во
Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија, како
главен уредник на в. „Глас на Егејците” (1951-
1954), дописник на „Нова Македонија” од Софија
(1954-1955) и 15 години бил уредник на
страница- та „Нашите во светот” во истиот
весник. Потоа, во 1969 г., станал главен и
одговорен уредник на сп. „Македонија” на
Матицата на иселениците од Македонија, од каде
и заминал в пензија во 1983 г. Бил автор на голем
број статии во разни списани- ја („Гласник” на
ИНИ, „Културен живот”, „Маке- донска ревија”,
„Македонско време”, „Разгледи”,
„Современост” и др.). Учествувал и на повеќе
научни собири. Негова основна публицистичка
определба била минатото и современоста на Егеј-
скиот дел на Македонија.
2002, октомври, 03,
Во Скопје почина Ристо КИРЈАЗОВСКИ, при-
падник на македонското националноослободител-
но и комунистичко движење во Егејскиот дел на
Македонија, учесник во антифашистичката бор-




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





125









ба и во Граѓанската војна во Грција, историчар.
Роден бил во селото Чифлик, Костурско, на 6
јануари 1927 г. Бил учесник во ЕЛАС и во ДАГ од
февруари 1943 до август 1949 г. По поразот на
ДАГ преминал во НРМ, станал член на КПМ и
работел како службеник во Ресен и Скопје.
Завршил учителска школа и еден период бил
учител. Подоцна, во 1959
г., се вработил во Архи-
вот на Македонија, дипло-
мирал на Филозофскиот
факултет - Група историја
во 1960 г. и по
стекнувањето на звањето
архивски советник во јуни
1974 г. преминал на
работа во Институтот за
национална историја
(ИНИ), каде што бил
избран во звањето
стручен советник во 1978 г. Докторирал во 1981
г. на Филозофскиот факултет во Скопје на тема-
та „Народноослободителнииот фронт и другите
македонски организации во Егејска Македонија
1945-1949”. Меѓу многуте дела кои ги напишал
се: Македонските национални институции во
Егејскиот дел на Македонија (1941-1961), Скопје,
1887; Македонската политичка емиграција од
Егејскиот дел на Македонија во Европа, Скопје,




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




126






1889; Демократските и антифашистичките орга-
низации во Егејскиот дел на Македонија (1941-
1945), Скопје, 1991; Македонците и односите на
КПЈ и КПГ (1945-1949), Скопје, 1995; Правната
дискриминација на големогрчката политика во
Егејскиот дел на Македонија по Втората светска
војна, Скопје, 1996 и др.












EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





129


















Користена и консултирана литература:
Андоновски Христо, Македонците под


Грција во борбата против фашизмот (1940-
1944), Скопје, 1968.


Битоски Крсте, Апостол Петков Тер-
зиев, Битола, 1988.


весник: „Битолски весник“, Битола.
весник: „Глас на Егејците“, Скопје.
весник: „Нова Македонија“, Скопје.
весник: „Службен весник“, Скопје.
Грујоски Трајче, Битола на мојата мла-


дост, Скопје, 2007.
Daskalov Georgi, U~astta na BÍlgarite


v EgeŸska MakedoniÔ 1936-1946, SofiÔ, 1999.
Димески Димитар, Македонското на-


ционалноослободително движење во Битол-
скиот вилает (1893-1903), Скопје, 1982.


Динев Ангел, Политичките убиства во




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




130






Бугарија, Скопје, 1951.
Доневски Ѓорѓи, Бапчор, Скопје, 1996.
Ѓорѓиев Ванчо, Слобода или смрт, Ско-


пје, 2003.
Зборник на паднати борци во НОБ во


Битолска околија, Битола.
Егејска Македонија во антифашис-


тичката војна 1941-1943, т. VII, кн. 1, Скопје,
1985.


Енциклопедија МИ-АН општа и маке-
донска, Скопје, 2006, т. I - IV.


EnciklopediÔ Pirinski kraŸ, Blago-
evgrad, 1995, tom I.


Ивановски Васил, Зошто ние Македон-
ците сме одделна нација, Скопје, 1995.


Извори за Ослободителната војна и
Револуцијата во Македонија 1941-1945, том I,
Скопје, 1968.


Историја на македонскиот народ, Ско-
пје, 1969.


Историја на македонскиот народ, Ско-
пје, 1998.


Кирјазовски Ристо, Демократски и
антифашистички партии и организации во
Егејскиот дел на Македонија (1941-1945), Ско-
пје, 1991.


Кирјазовски Ристо, Македонската
политичка емиграција од Егејскиот дел на




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





131






Македонија во источноевропските земји по
Втората светска војна, Скопје, 1989.


Кирјазовски Ристо, Македонското на-
ционално прашање и Граѓанската војна во Гр-
ција, Скопје, 1998.


Кирјазовски Ристо, Народноосло-
бодителниот фронт и другите организации
на Македонците од Егејска Македонија (1945-
1949), Скопје, 1981.


Кочанковски Јован, Битола и Битол- ско
во Народноослободителната и анти-
фашистичка војна на Македонија 1941-1945,
Битола, 2010, кн. 1 и 2.


КПГ и македонското национално
прашање 1918-1974, Скопје, 1982.


Литовски Александар, Македонската
националноослободителна платформа во
Втората светска војна, Скопје, 2008.


Личности од Македонија, МИ-АН,
Скопје, 2002.


МакедониÔ. IstoriÔ i politi~eska
sÍdba, t. І, SofiÔ, 1994.


Македонска енциклопедија, МАНУ,
Скопје, 2009, т. I и II.


Македонски историски речник, Скопје,
2000
.



Мамуровски Ташко, Бугарската про-


паганда во Југозападна и Централна Егејска




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012




132






Македонија (1941-1944), Скопје, 1989.
Мамуровски Ташко, Квислиншки и


националистички организации во Егејскиот
дел на Македонија во Втората светска војна,
Скопје, 2001.


Мамуровски Ташко, Паскал Митревски
и неговото време (1912-1978), Скопје, 1992.


Мамуровски Ташко, Светли ликови од
Егејска Македонија (1945-1949), Скопје, 1987.


Мартинова-Буцкова Фана, Македонска-
та култура и просвета во Егејска Македонија и
во источноевропските земји (1940-1968),
Скопје, 2009.


Мокров Боро, Груевски Томе, Преглед
на Македонскиот печат (1885-1992), Скопје,
1993.


Nikolov Boris Й., VÍtre{na makedono-
odrinskarevolюcionnaorganizaciÔ. VoŸvodi
i rÍkovoditeli (1893-1934). Biografi~no-
bibliografski spravo~nik, SofiÔ, 2001.


Пандевски Манол, Македонски поли-
тички програми во периодот на создавањето
на Кралството на Србите, Хрватите и Словен-
ците, Гласник на Институтот за национална
историја XXXII/1, Скопје, 1988.


Пановска Лилјана, Крајот на една илу-
зија, Скопје, 2003.


Пановска Лилјана, Теророт во егејскиот




EGEJSKI DEL NA MAKEDONIJA
JUBILEEN KALENDAR 2012





133






дел на Македонија 1941-1944, Скопје, 1995.
Премрежињата на македонското рево-


луционерно движење: спомени на Христо
Калајџиев, Крсто Лазаров, Крум Петишев,
Атанас Џолев и Мирчо Кикиритков, Скопје,
2003.


Рошев Коле, Војводите низ собитијата
и народните песни во Леринско и Костурско,
Скопје, 2000.


Rumenov Vladimir, BÍlgaritÍ vÍ
MakedoniÔ podÍ grÍcka vlastÍ, SofiÔ, 1941.


Силјанов Христо, Ослободителните
борби на Македонија, том први, Скопје, 2003.


Сто македонски години 1903-2003, Ско-
пје, 2004.


Трајановски Александар, Историја на
Македонија, Скопје, 2005.


Четириесет години на КПГ 1918-1958.











CIP - Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиоте-
ка “Св. Климент Охридски”, Скопје



94(495.6)”1772/2002”



ЛИТОВСКИ, Александар


Јубилеен календар за Егејскиот дел на
Македонија во 2012 година /
Александар Литовски. - Битола : Органи-
зација на Македонците потомци од
Егејскиот дел на Македонија (ОМПЕМ),
2012. - 133 стр. : илустр. ; 16 см



Библиографија: стр. 129-133



ISBN 978-608-65272-1-1



а) Егејска Македонија - Историја - 1772-
2002 - Хронологии
COBISS.MK-ID 92087818