Д-р Александар Литовски ОДБРАНА НА МАКЕДОНИЗМОТ ...

Д-р Александар Литовски





ОДБРАНА НА МАКЕДОНИЗМОТ































Битола, 2012 година









Д-р Александар Литовски


ОДБРАНА НА МАКЕДОНИЗМОТ










Издавач
Македонско научно друштво-Битола



За издавачот
Проф. д-р сц. Борис Ангелков



Лектор
Здравко Божиновски



Корица
Владо Ѓоревски-Рафик



Компјутерска обработка
Стефан Христовски



Фотографија на авторот
Петар Ставрев



Печатница
ХЕРАКЛИ - КОМЕРЦ















Д-р Александар Литовски






ОДБРАНА НА МАКЕДОНИЗМОТ







Пофални слова за Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Антон Попов,
Мите Богоевски, Пантелис Пуљопулос, Тодор Дојчинов-


Морава, Ване Дорев и Евдокија Баљова Фотева-Вера






































CIP - Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент
Охридски", Скопје
325.83-05(497.7)"18/19"
ЛИТОВСКИ, Александар
Одбрана на македонизмот / Александар Литовски. - Битола :
Македонско научно друштво, 2012. - 95 стр. : илустр. ; 21 см
Збор-два за книгата "Одбрана за македонизмот" / Борис Ангелков:
стр.92-94
ISBN 978-608-4616-34-4
а) Борци на национално ослободување - Македонија - 19-20в.
COBISS.MK-ID 91078666



































DAT, DONAT, DEDICAT,


На синот Евгениј Литовски,
главната причина за моето постоење






















ОДБРАНА НА МАКЕДОНИЗМОТ


Живеј и помни! Овие зборови, позајмени од насловот на
истоимената книга на рускиот писател Валентин Распутин,
лапидарно ја кажуваат човековата осуденост на постоење и
неможноста да не се мисли на минатото! Неодбеглив и не-
дискутабилен е фактот дека сеќавањето за некој или нешто,
ако тоа е доволно вредно и силно, трае и преку границите на
постоењето на предметот на кој се однесува! А историјата,
дури и кога на прв поглед тоа не изгледа така, секогаш се од-
несува на луѓето! Таа секогаш зборува за животот! Се во ис-
торијата се случува за него или произлегува од него! Оттука,
историјата на Македонија најмногу од се е - народот маке-
донски, луѓето кои живеат на нејзината територија, луѓето
кои имаат македонска национална свест! Македонизмот,
патриотизмот, ослободителната борба…, се за што дискутира
македонската историја, политика и култура, се однесува на
животот на Македонците! Извадете ги Македонците од маке-
донската историја, политика и култура и нема да го имате по-
веќе ниту едното, ниту другото, ниту третото. И воопшто,
извадете ги луѓето од историјата, политиката и културата, не-
ма да остане ништо! За среќа, тоа е целосно неможно! Не мо-
же да се конституира историја, политика, култура во кои не-
ма да постои човечкиот живот!


Постојат времиња во кои е злосторство да се молчи!
За нас Македонците тоа се времињата во кои особено интен-
зивно се проблематизира и негира македонскиот национален




8 A l e k s a n d a r L i t o v s k i


идентитет, односно генезата, историјата, јазикот, културното
наследство... Се чини дека денес настапи такво време во Ма-
кедонија. Одродништвото од сопствените корени и сопстве-
ната нација зазема се поизразено место. Многумина се посом-
неваа во сопствената македонска национална самоиденти-
фикација и под притисок на медиумската пропаганда се за-
прашаа: „Што сум?”, „Каде се моите корени?” Дел од таквите
кои се посомневаа во сопствената македонска национална
свест, започнаа со апсурдно барање на своите народносни ко-
рени дури во праисторијата и митологијата!?


Токму затоа, како што кажав, да се молчи денес „за
македонските работи” е злосторство! И од национална, и од
интелектуална, и од човечка позиција! Тоа беше и главната
причина за да ги напишам и соберам во една книга токму
овие текстови кои се пред вас на наредните страници. Еднос-
тавно, сметав дека морам јасно и гласно да предупредам дека
е загрозен македонскиот национален идентитет! И да кажам
дека заради тоа во директна опасност се наоѓаат и виталните
македонски национални интереси!


Во овој контекст, да кажам и неколку збора за појас-
нување на терминот македонизам, односно да го појаснам
насловот на мојата книга. Најнапред, сметам дека е жален
фактот што кај нас во Македонија, денес, се намножија ими-
таторите на големобугарските националистички позиции, па
започнаа на терминот македонизам да му даваат негативна
конотација. Имено, согласно на бугарската националистичка
доктрина, со терминот македонизам се означува „српската
стратегија” за „денационализирање на македонските Бугари”
или, како што е на пример дефинирано во бугарската
Енциклопедија на Пиринскиот крај, македонизмот е „поли-
тичка концепција, создадена од големосрпската пропаганда,
насочена против темелните интереси на бугарскиот народ и
против ослободителното дело во Македонија…”, односно „ре-
акционерно идејно-политичко сфаќање, кое го одрекува бу-
гарскиот етнички карактер на словенското население во Ма-
кедонија…”




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 9





Јас го сфаќам македонизмот - македонистички! Го
сфаќам како македонска национална идеологија. Како тер-
мин што ги опфаќа сите македонски национални манифес-
тации кои се спротиставуваат на сите обиди за грцизирање,
србизирање и бугаризирање на македонскиот народ, или
кратко кажано како теорија и акција кои се спротиставуваат на
сите обиди да го одродат Македонецот! Ако го парафра-
зирам погоре цитираното големобугарско стојалиште, би ре-
кол дека македонизмот е чиста македонска национална иде-
ологија која го одрекува бугарскиот, српскиот или грчкиот
етнички карактер на словенското население во Македонија!
Или, ако сакате, јас го сфаќам онака како што е објаснет и
формулиран во Македонската енциклопедија во издание на
Македонската академија на науките и уметностите, каде тој е
дефиниран на следниот начин: „национална концепција во
борбата за етно-културна и државно-политичка еманципација
на македонскиот народ како посебен ентитет во словенскиот
свет. Се изразува од половината на XIX в. како процес за
афирмација на посебноста на македонскиот јазик, историја и
култура и за обновување на Охридската архиепископија како
македонска црква. Македонизмот прв јавно го апострофира
бугарскиот културно-национален деец П. Р. Славејков (18. I
1871), го прокламира Ѓ. М. Пулевски (1875), а Лозарите (1892)
и К. П. Мисирков (1903) го преименуваа како ‚македонски на-
ционален сепаратизам‘, додека Б. Конески (1949) го афирми-
ра како посебна струја во националноослободителното дви-
жење.”


Но, да се разбереме! Одбраната на македонските на-
ционални позиции денес, повторно, стана опасна работа! Се
намножија кај нас врховистите, кои затскриени зад лажен „македонски патриотизам”, прогласуваат се што не се
согласува со нивните ставови и гледања за предавство! Жален
е фактот што сите кои ќе се осмелат да кажат нешто против
мистификаторските и малоумни неоврховистички тези, се
прогласуваат за предавници, се етикетираат со најцрни ими-
ња, по нив се плука, а на моменти дури се повикува на физич-
ки линч! Оттука, може да се каже следното: денес пишува-




10 A l e k s a n d a r L i t o v s k i


њето на вистинска македонската историја стана нималку
наивен и невин гест, нималку академска и безопасна работа!
Напротив, историографијата се претвори во арена за во-
јување на македонизмот и антимакедонизмот!


На сите антимакедонски центри им е јасно дека за да
успеат во своите денационализаторски и асимилаторски пла-
нови, ќе мора да создадат сомнеж кај Македонците во сопс-
твениот национален идентитет. За таа цел тие плетат силна и
пространа мрежа од митови и лажни историски интер-
претации. Тие митови ги шират и потплатени професионални
историчари, но и цела толпа на полуписмени „љубители на
историјата” кои се или национално одродени или ментално
искомплексирани. Голем дел од овие оцрнувачи на маке-
донството, се некогашните слуги на бугарскиот фашизам, кои
во средината на четириесеттите години на XX век беа пора-
зени, па се скрија и притаија во своите дупки, а денес повтор-
но исползија на јавна сцена и започнаа, заедно со своите
потомци, хорски да ја пејат својата стара, досадна и глупа,
антимакедонска песна! Сета оваа збирштина од национални
дегенерици, катадневно ја препишуваат и ревидираат исто-
ријата онака као им одговара на нивните идејни или финан-
сиски наредбодавци! Целта е со сите тие лаги и безвредни ми-
тови да се создадат цврсти историски предубедувања со кои
македонската историска вистина ќе биде мртва, а Македон-
ците подготвени да се согласат дека не се тоа што се, туку она
што нив им одговара! Или, појасно кажано: силувањето на
македонската национална историјата денес има цел да на-
метне лажна македонска историска вистина, да ја поткупат и
поткопаат македонската свест за сопствената национална ка-
уза и да ги одродат Македонците!


Затоа, сметам за потребно преку оваа книга да пре-
дупредам дека македонска историска вистина е силно притис-
ната во прангите на манипулацијата со минатото! Но, исто-
времено, сакам да ја изразам својата искрена надеж дека мо-
дерните врховисти нема да успеат во своите намери да ги пре-
творат Македонците во нешто што не се! Па било тоа да го
нарекуваат бугарски, грчки, српски, антички, праисториски…




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 11





македонци! Јас сум уверен дека врховистите залудно и непо-
требно трошат пари и енергија, оти да се биде Македонец -
тоа е состојба на умот и душата, на свеста и совеста, а не на
државата, религијата, пропагандата, спомениците, книгите,
новинарските пишувања и препишувања… После вековна
борба за слобода и после седумдесеттина години слободен и
сестран национален развој, Македонците имаат остварено и
потврдено свој референтен и релевантен национален иден-
титет кој не подлежи на оспорување, па затоа, цврсто сум
уверен дека неможно е да се одроди и асимилира маке-
донскиот народ! Но, секако, можно е да се наштети на чис- тата
македонска национална свест и со тоа да се нагризе ма-
кедонскиот национален идентитет!


Оттука, сакам да нагласам дека ова мое славописание е
резултат не само на моето професионално занимавање со
историјата на македонскиот народ, туку и надворешен израз
на интензивните родољубиви чувства. Таа е израз и на мојата
одбивност и гадење од врховистичките позиции на некои де-
неска актуелни и популарни „историчари” и историчари, по-
литичари и новинари… На нивниот секојдневен, ефтин и про-
ѕирен, но агресивен мистифицизам и симплифицизам во пре-
зентирањето и толкувањето на минатото. Всушност, од овие
мои позиции произлегува и „пофалниот тон” за некои истак-
нати македонски национални дејци, но и протесното и поле-
мичко реагирање на некои неоврховистички негирања на
македонскиот национален идентитет.


Погледнато во целина, текстовите во книгата се пи-
шувани во еден неколкугодишен распон. Дел од текстовите се
објавени во весници и списанија и нив сега ги објавувам со
никакви или сосема мали корекции и проширувања. Текстот за
Пантелис Пулјопулос намерно се решив да го сместам во
рамките на оваа книга, со цел да се сфати дека македонската
историја познава и немакедонци кои со своите чинодејствија
се ставиле во одбрана на македонската национална кауза, се
жртвувале и, практично, придонеле повеќе за македонскиот
национален развој од многумина кои сакаат сами себе да се
гледаат како „македонски патриоти”, а кои не само што не




12 A l e k s a n d a r L i t o v s k i


направиле ништо што дебело не го наплатиле, туку никогаш
ништо не жртвувале за туѓото добро или за македонската
кауза! Текстот за Ѓорче Петров е јавно читан на Коме-
моративната академија и тука, во оваа книга, е само при-
способен за објавување и има само мали дополнувања и
корекции. Текстовите за Гоце Делчев, Антон Попов и Мите
Богоевски се пишувани наменски за оваа книга и досега не се
објавувани.


Секако, оваа книшка е резултат и на надежта дека со
неа барем малку ќе придонесам за изградување на вистинско
и култивирано родољубие, наспроти бранот на силеџиски,
галамџиски и лажен патриотизам, зад кој фактички се крие
врховистички антимакедонизам. И, на самиот крај да нагла-
сам - искрено жалам што заради ограничените финансиски
можности на издавачот, во оваа пригода немав шанса да на-
пишам и објавам „пофални слова” и за многу други маке-
донски историски личности кои цврсто и непоколебливо сто-
еја на браникот на одбраната на чистите македонски на-
ционални интереси! Но, исто така искрено се надевам дека во
иднина ќе биде создадена општествена клима во која одбра-
ната и пофалбата на македонизмот ќе бидат соодветно вред-
нувани и ќе имаат можност за широка јавна презентација и
популаризација!


На крајот, чувствувам потреба да укажам дека
Комеморативната академија за смртта на Ѓорче Петров, која
беше организирана и реализирана со иницијатива и поддршка
на Борис Ангелков, претседател на Македонското научно
друштво-Битола, претставуваше и иницијална каписла за да
биде оформена оваа збирка на пофални слова за неколку ма-
кедонски дејци! Заради тоа, но и заради ангажманот да биде
отпечатена оваа книга најискрено му се заблагодарувам!



авторот,


Битола, април 2012 г.




























КОСМОПОЛИТИЗМОТ И АНТИВРХОВИЗМОТ НА ГОЦЕ
ДЕЛЧЕВ



Јубилејната сто и четириесет годишнина од раѓањето


на Гоце Делчев е добар повод да му се оддаде почит на не-
говото револуционерно дело и да се потсети на двата клучни
идејни постулати врз кои се темелела неговата ослобо-
дителна акција. Впрочем, текст посветен на животот и делото
на овој најголем македонски револуционер, никогаш не е „от-
повеќе”, а насушно е потребен, сега, кога се чини дека во
државата македонска смислено се „подзаборава” неговото
значење. Ваквата констатација, може да се илустрира со жал-
ниот факт дека денот од неговото раѓање, беше проследен со
формално, скромно и незабележително одбележување.
Изостанаа свечената академија, научниот симпозиум, теле-
визиските емисии, интервјуата со историчарите, зборот за не-
говото значење и големина од политичарите... Дали треба да
констатираме дека настапи време во кое Делчев станува по-
малку важен од некои други „нови” херои?


Без разлика на тоа, сметам дека за вистинските Маке-
донци, Гоце Делчев, беше, е и ќе биде во редот на неколкуте
најголемите македонски личности! Причините за тоа се по-
веќебројни. Една од најзначајните, нотирана и од Гане Тодо-
ровски, е дека тој „успева бунтовната стихија на народниот
гнев да ја скроти и упати низ логиката на организирана ре-
волуционерна акција”. Другата и, веројатно, позначајната е таа
што тој беше впечатлива, забележлива, маркантна морал- на
личност - и на приватен и на револуционерно-политички
план. Имено, целата историска фактографија и сите мемоар-




16 A l e k s a n d a r L i t o v s k i


ски искажувања, укажуваат и покажуваат дека Делчев на
личен план беше докрајно чесен, во секојдневниот живот
имаше изразито аскетски карактеристики, а, пак, на ре-
волуционерен план беше крајно доследен, упорен, посветен,
непоткуплив... Впрочем, секогаш и секаде, само со такви доб-
лесни карактеристики некој може да израсне во идол на
социјална или национална револуција!


А, дека Гоце Делчев заслужува, особено при ваков го-
лем јубилеј, далеку позначајно и поекспонирано одбележу-
вање во македонската држава, може да се покаже со еден
краток и површниот поглед врз целата негова биографија.
Тој е роден во Кукуш, кој денес се наоѓа во окупираниот Егеј-
ски дел на Македонија, на 23 јануари по стар стил на сметање
на времето, односно на 4 февруари 1872 г. по новиот гре-
горијански календар. Се школувше во родниот град и во Со-
лун. Во 1891 г., замина во Бугарија и во нејзиниот главен град
учеше во Военото училиште. Уште во 1893 г., пред создава-
њето на Македонската револуционерна организација, од
страна на Иван Хаџи Николов на Гоце Делчев му беше по-
нудено да го напушти Военото училиште, да отиде во Солун,
да учествува во формирањето и да биде на чело на рево-
луционерната македонска организација. Тој тоа го одби со
образложение дека таквата идеја може да се реализира и на-
редната година, откако тој ќе го заврши училиштето. Се вра-
тил во Македонија во 1894 г. и бил учител во Ново Село,
Штипско. Тука се сретнал со Даме Груев и се вклучи во ра-
ководењето на Македонската револуционерна организација.
Заради својата револуционерна дејност во Штип, на двапати,
во април и мај 1896 г., беше уапсен и затворен од турската
власт. Во септември 1896 г. беше назначен за главен учител
во Банско, Пирински дел на Македонија, од каде што ја про-
должи дејноста за ширење на мрежата на Македонската ре-
волуционерна организација. Се откажа од учителската долж-
ност во ноември 1896 г. и целосно се посвети на македонското
ослободително дело. Уште од почетокот на 1896 г., стана гла-
вен организатор на пунктовите на Македонската револу-
ционерна организација во Ќустендил и во Дупница, преку кои




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 17


се вршеше главното снабдување со оружје и друг воен мате-
ријал за вооружување на македонското население. Учеству-
ваше на Солунскиот конгрес од 5 до 12 април 1896 г., на кој
беше усвоена нова идеологија и стратегија во дејствувањето и
беше променето името во Тајна македонско-одринска ре-
волуционерна организација (ТМОРО). Во периодот што
следуваше, заедно со Ѓорче Петров, го изработи Уставот и
Правилникот на Организацијата, каде што како основна цел на
нејзиното дејствување фигурираше извојувањето на поли-
тичка автономија за Македонија со револуција. Ја презде
должноста на задграничен претставник на МРО во Софија на
16 декември 1896 г. и оваа функција ја извршуваше до 6
октомври 1901 г. Истовремено, беше подвижен член на
Централниот комитет и главен ревизор на четите на Орга-
низацијата. Во тоа својство беше посветен и на функциони-
рањето на тајните канали, курирската служба, тајната пошта,
обезбедувањето материјални средства и снабдувањето на
Организацијата со оружје, со муниција, со револуционерна
литература и со весници. Организираше производство на
бомби и експлозиви во селото Саблер распослано на
Осоговската Планина, а потоа и на Св. Гора на просторот ме-
ѓу Зографскиот манастир и Хиландар. Фактички вршеше во-
оружување на револуционерните сили и ги организираше
првите вооружени чети на Организацијата. Во 1900 г., пов-
торно заедно со Ѓорче Петров, изработи Правилник за чети-
те. На Солунскиот судски процес за таканаречената Новосел-
ска афера од почетокот на 1901 г., во отсуство беше осуден на
смрт. За зацврстување на редовите во Организацијата пре-
зеде инспекциска инструктивна обиколка во централниот и
во западниот дел од Македонија од август 1901 до март 1902 г.
На крајот од септември 1902 г. жестоко ја осуди како прово-
кација врховистичката оружена акција во Горна Џумаја,
објавена како востание. Решението на Солунскиот конгрес
одржан од 15 до 17 јануари 1903 г. за кревање востание, Дел-
чев го отфрли и на 25 јануари 1903 г. со чета замина во вна-
трешноста на Македонија за да издејствува негово повле-
кување. Во април 1903 г., во Солун се сретна со Даме Груев,




18 A l e k s a n d a r L i t o v s k i


кој штотуку се врати од заточение и кој не само што го
прифати решението за востание, туку остана и непоколеблив
приврзаник на таквата идеја. Од Солун се упати за Серско на
закажаниот конгрес на Серскиот револуционерен округ на 6
мај 1903 г., но беше предаден и, заедно со своите придруж-
ници, беше опколен и нападнат во селото Баница, Серско на
3 мај 1903 г. Во обидот со борба да го пробијат обрачот на
турската војска, беше смртоносно прострелан. Со неговото
загинување на 21 април по стар стил, односно на 4 мај 1903 г.
по нов стил на сметање на времето, Македонија, маке-
донскиот народ и македонското ослободително дело пре-
трпеа ненадоместлива загуба.


Што се однесува до она што со право може да се име-
нува како Гоцева традиција, мора да се знае дака таа се изра-
зи, пред се, во континуитетот на македонската ослободителна
борба, во дејноста на низа чисто македонски политички и
револуционерни организации, во дејствувањето на македон-
ското националноослободително движење во текот на Вто-
рата светска војна во сите делови на поделена Македонија, а во
крајна линија во дејноста на многубројните национални
културни, општествени и економски институции во македон-
ската национална држава до денешниве наши дни. Непорек-
лив факт е дека Гоцевата традиција, служеше како патоказ
во натамошната ослободителна борба на македонскиот на-
род. Македонските генерации се стремеа да ги реализираат и
надминат Гоцевите идеи. Најмногу и најделотворно тие идеи
беа оставрувани и практично спроведувани во текот на Наци-
оналноослободителната и антифашистичка војна на
македонскиот народ. Всушност, може да се констаира, а да не
се погреши, дека таа нова борба на македонскиот народ беше
само продолжување на претходната, Гоцевата и Јаневата ма-
кедонска борба за остварување на македонските идеали.
Оттаму, нема никакви дилеми дека во изразувањето на
континуитетот на македонската ослободителна борба во те-
кот на Втората светска војна, најистакнато место имаа дело- то
и идеите на Гоце. Како потврда за ова, само попатно може да се
спомне фактот дека во текот на подготовките за поди-




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 19


гање на оружено востание во август 1941 г., Страшо Пинџур
испрати во Прилеп значки со ликот на Гоце, кои борците од
Првиот партизански одред именуван по него, ги носеа на
облеката. Покрај тоа, во прогласите и другата документација
објавувана во текот на антифашистичката борба, насекаде
беше присутен повикот за доследно следење на револу-
ционерните традиции, за надоврзување и продолжување на
борбата на Гоце и оживотворување на неговите идеи. Така,
освен Прилепскиот партизански одред, во септември 1942 г.
беше формиран Битолски партизански одред именуван со
името на Гоце Делчев, а во 1944 г. беше формирана брига- дата „Гоце Делчев”. Името на Гоце беше земано како псев- доним
од страна на многу борци и раководители, а парти- занскиот и
илегалниот комунистички печат посвети виден простор за
него, односно редовно беа оцртани и величани не- говата
личност и неговите дела, неговата борба за самос- тојност на
македонската ослободителна борба во илинден- скиот период.
Во крајна линија, сосема јасно традициите на Гоце беа
истакнати на Првото заседание на АСНОМ, кога за првпат во
македонската историја беше создадена македонска
национална држава, врз чиј континуитет се изградува и де-
нешнава современа Република Македонија. Впрочем, не
напразно во една пригода Гане Тодоровски запиша: „Гоце-
вите идеи триумфираа. Неговите внуци го реализираа него-
виот идеал, овоплотувајќи го во живото тело на Соција-
листичка Република Македонија - најубавиот
монументум што нему можеше да му се подигне!” Во овој
контекст, добро
е да се знае дека посмртните останки на Гоце Делчев на 10
октомври 1946 г., на иницијатива од Лазар Колишевски, а со
поддршка на Јосип Броз Тито и Георги Димитров, од Софија
пристигнаа во Скопје, каде беа пречекани со огромна траурна
манифестација. Акциониот комитет кој за таа намена беше
формиран во Бугарија, пред да биде реализирана идејата, до
македонската емиграција во Бугарија испрати Апел во кој се
велеше: „Драги сонародници, денес кога Гоцевиот идеал е ве-
ќе отставрен од неговите следбеници, кога веќе постои На-
родна Република Македонија..., коските на водачот Гоце Дел-




20 A l e k s a n d a r L i t o v s k i






чев треба да почиваат во престолнината на нашата држава -
Скопје.”


Значи, уште еднаш, сакам да укажам дека погледнато
од македонски национален аспект, импресивната биографија
на Гоце е најдобрата аргументација за мојата позиција дека е
недозволиво површно одбележување на неговата годишнина
во една држава која претендира дека е држава на маке-
донскиот народ. Или можеби јас грешам, па ова повеќе не е
држава на македонскиот народ?



* * *


„Јас светот го разбирам како поле за културен
натпревар меѓу народите”, е толку често цитирана и упо-
требувана мисла од Гоце Делчев, што кога ја употребувам,
имам чувство дека преминувам во фразеологија. Но, со оглед
на она што сакам да го акцентирам, анализирам и афирмирам
од интелектуално-револуционерната оставнина на Гоце Дел-
чев, повторното наведување на најпознатата и најчесто пре-
земаната негова мисла е неодбегливо. Имено, токму со оваа
општопозната мисла, најјасно и најубаво може да се
претстави Гоцевиот космополитски светоглед!


Знам дека тврдењето - Гоце е космополит, воопшто
нема да им се допадне на некои од нашиве денешни полу-
писмени новоиспилени „патриоти”, од најмалку две причини.
Првата, затоа што претставувањето на Гоце како космопо- лит
е директно спротивставено на нивната модерна расисти-
чка теза за постоење на некаква „Гоцева раса” или „раса на
Македоноиди”, а втората е заради нивното незнаење и греш-
но сфаќање на самиот збор космополитизам.


Заради сето ова, должен сум најнапред да го разјаснам
терминот космополитизам. Политичката теорија, најчесто,
него го дефинира како „политичко уверување според кое чо-
векот треба да гради хумани општочовечки односи без оглед
на националните, верските или државните граници”. Со-
гласно на тоа, космополитот се дефинира како: „Граѓанин на




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 21


светот, како човек кој цел свет го сфаќа како своја татко- вина,
а сите луѓе ги смета за свои сограѓани и браќа”. Попат- но
кажано, космополитизмот постои од многу одамна и се смета
дека прв кој изјавил: „Јас сум граѓанин на светот” е
старогрчкиот филозоф Диоген. Тврдењето дека Гоце бил
космополит, воопшто не е чудно и неразбирливо, ако, на при-
мер, се знае објаснувањето на Лешек Колаковски, кој во едно
свое искажување насловено како „Пофалба на космополи-
тизмот”, тврди дека „космополит или граѓанин на светот не е
човек кој е рамнодушен кон прашањата на својот народ или
оној кој не признава никаква етничка припадност, туку е, ед-
ноставно, човек кој го допира светот, кој е отворен кон
најразлични нешта кои му ги нуди светот, кој верува во тоа
дека и покрај сите ужаси, војни, прогони, постои нешто како
заедничка судбина на човештвото во која сите учествуваме.
Лозунзите на култура затворена во кафезот на национа-
лизмот, како и лозунзите на економската автаркичност (односно за национална економска самодоволност - моја за-
белешка), се рецепт за самоубиство на народот.” А, дека Дел-
чев, совршено се вклопува во ова објаснување, може да се
илустрира и со непорекливиот факт дека тој беше целосно
свесен оти едно исфорсираното неподготвено востание кое,
згора на тоа, нема поддршка од тогашните европски големи
сили, значи своевидна самоизолација, непотребно крвопро-
левање и страдање на македонското население, односно зна-
чи „самоубиство” на народот и уништување на револуционер-
ната организација како автентична македонска сила. Оттука,
за нас, вистинското прашање е: Дали денешниов крут наци-
онализам (или поправо именуван шовинизам) го води маке-
донскиот народ кон национална самоизолација и со тоа кон „самоубиство”? И, ако е така, дали ние денес сме подготвени
бескомпромисно и јасно да се спротиставиме на сето тоа, ка-
ко што пред повеќе од сто години тоа го правеше Делчев?


За дополнително да ја аргументирам мојата теза дека
Гоце Делчев беше космополит, мора да го истакнам и не-
говиот социјалистички идеолошки светоглед, оти токму тој е
основата за космополитизмот. Но, тука морам веднаш да




22 A l e k s a n d a r L i t o v s k i






нагласам дека кај нас денес, дури и во круговите на про-
фесионалните историчари, вообичаено е историските
претстави да се темелат на она што се нарекува - селективно
сеќавање, па оттаму деловите од животот и делото на Гоце кои
не одговараат за дневно-политичко користење на дес-
ничарската идеолошка матрица, намерно не се споменуваат!
Всушност, сакам да укажам дека токму левичарската идеоло-
гија е оној дел од Гоцевата политичка мисла, кои многумина
смислено, заради својата спротивна идеологија, ја забораваат
или ја игнорираат, односно вршат усогласување на биогра-
фијата на Гоце со нивните десничарски и националистички
погледи.


Идејната блискост на Гоце Делчев со социјалистичка-
та идеологија е неспорна од аспект на историска фактогра-
фија. Според големиот познавач на ликот и делото на Гоце
Делчев, професорот Димитар Димески, уште во ученичките
денови во Солунската машка егзархиска гимназија, Гоце има-
ше започнато да се запознава и да ги прифаќа, тогаш најна-
предните социјалистички идеи. Познато е, исто така, дека ка-
ко ученик во Военото училиште во Софија, Гоце беше бли-
зок со Марин Пеев и со неколкумина други ученици кои имаа
јасна и декларирана социјалистичка ориентација. Од некои
нивни современици, нивното дружење беше оквалификувано
како егзистирање на социјалистички кружок. Од тие средини
подоцна произлезе и информацијата дека Гоце редовно чита-
ше социјалистичка, анархистичка и марксистичка револуцио-
нерна литература, односно редовно ги читаше и систематски
ги изучуваше делата на Маркс, Енгелс, Кауцки, Шалгунов,
Чернишевски, Доброљубов, Херцен, Бакуњин, Кропоткин...
Таквата пракса на Гоце не беше елиминирана, дури ни со каз-
ните кои ги добиваше од училишните власти за читање на за-
бранета литература. Впрочем, мора да се има предвид дека
Пеју Јаворов, првиот и најзначајниот биограф на Гоце, де-
цидно тврди дека тој од Военото училиште во 1894 г. беше ис-
клучен „како социјалист”. Како потврда на овие зборови на
Јаворов, може да се приложи и пишувањето на весникот „Социјалист” кој во тој период излегуваше во Софија и каде




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 23


во бројот од 4 октомври 1894 г., беше забележано дека исклу-
чувањето на Гоце и петмината негови соученици е предизви-
кано, помеѓу останатото, и заради нивното пропагирање на
социјалистички идеи.


Покрај сето ова, документирани се честите и блиски
контакти на Гоце во Софија со леринчанецот Спиро Гулап-
чев, кој со своето „сиромахомилство” беше идејно сосема
близок до анархизмот, а пак недвојбено е утврдено дека Гоце
имаше блиски и редовни контакти со припадниците на Ма-
кедонската работничка социјалистичка група на Васил Гла-
винов. Секако, во овој контекст никако не смее да се забо- рави
дека врз идејните социјалистички убедувања кај Гоце во
голема мерка влијаеше и нешто подоцнежното дружење со
Димо Хаџи Димов, кој беше еден од теоретски најподготве-
ните социјалисти во рамките на македонското ослободително
движење. Во крајна линија, мора да се спомене дека е зачу-
вана изјава од самиот Гоце во која тој вели: „Јас по душа сум
анархист, по убедување социјалдемократ, а по дела
револу- ционер.” Значи, недвојбено е дека Гоце имаше анархо-
соци- јалистички и републикански убедувања, па затоа не
зачудува неговата изјава: „Ако тиранијата е насилство,
револуцијата е насилство против насилството.”


Секако, немам намера да го окарактеризирам Гоце
Делчев без никаков остаток како - социјалист или анархист!
Сосема е јасно дека прифаќањето на социјалистичкиот све-
тоглед не значи дека Гоце не беше национал-револуционер
исцело посветен на македонското ослободување од турското
господство. Напротив! Гоце Делчев беше убеден дека во
услови во кои беше Македонија кон крајот на XIX и почеток на
XX век, на македонското население му е неопходно нај- напред
ослободување од полуфеудалната и деспотска османска власт,
а дури потоа може да се размислува за соци- јално
ослободување. Затоа, можам да констатирам дека дру- гата
идејна основа која несомнено ја поседуваше Гоце Дел-
чев, а која беше значајна за развојот на македонското
ослободително дело, е неговата убеденост дека Македонија и
македонскиот народ треба самостојно да ја извојуваат својата




24 A l e k s a n d a r L i t o v s k i


слобода. Фактички, ваквите негови ставови консекветно
развиени значат дека тој се застапуваше Македонија најна-
пред да се конституира како самостојна автономна политичка
творба во рамките на Османската империја, а потоа да стигне
до самостојна државно-политичка единица. Ова во пракса
значеше дека тој непоколебливо се спротиставуваше на мож-
носта ослободена Македонија да биде присоединета кон
Бугарија, Србија или Грција.


Со сето ова сакам да кажам дека Гоце може да се де-
финира како патриот-интернационалист! И, бидејќи и ова на
многумина може да им се причини дека е неможна идејно-
политичка комбинација, сакам да укажам дека неа не ја конс-
титуирав и измислив јас, туку дека е повеќепати претходно
употребувана. Ете, колку за пример, ќе наведам дека со таа
дефиниција беше окарактеризиран Никола Јонков Вапцаров од
страна на бугарскиот славист Симеон Русакиев, кој на една
седница на Македонскиот литературен кружок (МЛК) во Со-
фија, меѓу останатото, рече: „Вапцаров зборуваше спокојно, но
со внатрешен немир, со страст, со ретка убедливост, со
чувство на патриот интернационалист.”


Како аргументација за широките интернационалис-
тички и космополитски идејни погледи на Гоце, во кои не-
мало место за националшовинизам, може да послужи негова-
та реченица: „Јас не ги мразам османлиите како народ, јас
во- јувам против османската тиранија како владејачки
систем”. Всушност, секој објективен историограф, ваквите
негови збо- рови, логично, ќе ги смести во контекст на
неговиот соција- листички светоглед. Дека тесните
националистички ставови него не му се нималку својствени,
може да се аргументира и со вториот член од Уставот на
Македонската револуци- онерна организација, кој го изработи
тој со Ѓорче Петров, и во кој се велеше: „Организацијата се
бори за премавнување на шовинистичките пропаганди и
национални кавги, кои го цепат и заслабуваат македонското и
одринското население во неговата борба против општиот
непријател...” И, колкаво е неговото значење на овој
антишовинистички идеен план, мо-
же да се констатира од фактот дека оваа негова практици-




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 25


рана филозофија, беше прифатена од неговите блиски сора-
ботници во Серскиот револуционерен округ, пред се од Јане
Сандански, Димитар Влахов и Димо Хаџи Димов, кои кон-
кретно се обидуваа да ја спроведуведуваат во младотурскиот
период од 1908 до 1912 г.


Всушност, од сето досега кажано околу Гоцевиот
социјалистички и хуманистички светоглед, јас без да се пла-
шам дека ќе погрешам, можам да кажам дека неговите ши-
роки интернационалистички и космополитски ставови беа
потребни и во времето во кое тој живеше и дејствуваше, но се
особено актуелени и потребни денес, кога многумина се опто-
варени со силен набој на мизантропија, егоизам, нацио-
нализам и шовинизам.



* * *



Втората идејна определба која недвојбено се открива


при набљудувањето на биографијата на Гоце Делчев, а која
денес многумина, исто така, сакаат да ја заборават и таквата
селективна биографија да ја „продадат” на сите останати, е
неговиот антиврховизам.


Појавата на организираното македонско национално-
ослободително движење на историската сцена предизвика
силен негативен ефект во владеачките кругови на бугарската
буржоазија. Одеднаш, нивните економски интереси во Маке-
донија, но и воопшто, бугарските „историски” и „национални”
претензии кон македонскиот народ и македонските терито-
рии, беа загрозени. Ваквите големобугарски стравови беа це-
лосно основани, бидејќи внатре во Македонија се појавуваше
и развиваше еден нов самостоен фактор. Поради тоа, овие
кругови започнаа да реализираат една долгорочна сеопфатна
стратегија за елиминирање на самостојноста и независноста
на Македонската револуционерна организација. Најнапред,
во таа стратегија, вешто беше впрегната и искористена број-
ната македонска емиграција во Бугарија. Професорот Дими-
тар Димески, кој е неспорен авторитет и за историскиот раз-




26 A l e k s a n d a r L i t o v s k i


вој на Македонската револуционерна организација, децидно
вели дека: „Формирањето на Македонскиот комитет во Со-
фија, всушност, било инспирирано од самата бугарска бур-
жоазија”, односно дека „Македонскиот комитет, такаречи,
веднаш станал инструмент во рацете на бугарската буржоа-
зија, што станало сосем евидентно со инсценирањето на т.н.
Мелничко востание од 1895 година.” Поголем дел од
членовите на Централниот комитет на МРО беа свесни дека
Врховниот комитет е директна закана за македонското осло-
бодително дело. Впрочем, не напразно членот на Централ-
ниот комитет, Петар Поп Арсов, пишуваше: „Секој што
однадвор ќе ни ја даде слободата, ќе ни ја земе земјата.” От-
таму, Централниот комитет преку Даме Груев и Иван Хаџи
Николов, набрзо по формирањето на Македонскиот комитет
во Софија, кој подоцна прерасна во Врховен македонски ко-
митет, се обиде да го растури или барем да го сведе на инсти-
туција која морално-материјално ќе ја помага Внатрешната
организација. Но, овие напори не вродија со плод. А, со оглед
на антимакедонската намена на Врховниот комитет од вре-
мето на самото неговото формирање и не можеа да вродат со
плод.


Вклучувањето на Гоце Делчев во Македонската ре-
волуционерна организација кон крајот на 1894 г. е клучен мо-
мент во борбата на припадниците на македонското ослободи-
телно движење против врховизмот. Секако, влегувањето на
Делчев во редовите на Македонската револуционерна орга-
низација е настан од исклучително значење за целокупниот
натамошен развој на македонската ослободителна борба, а не
само за борбата против врховизмот.


Најнапред, влегувањето на Делчев, но и на Ѓорче
Петров во Организацијата, значеше нов силен импулс во раз-
војот на ослободителното дело. Овој импулс беше повеќе од
потребен со оглед на фактот што Централниот комитет на
Македонската револуционерна организација на чело со Хрис-
то Татарчев во 1895 и 1896 г., пројавуваше минимална актив-
ност. Воопшто не е пресилна констатацијата дека Гоце Дел-
чев со својата неисцрпна енергија, самопрегор и ентузијазам,




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 27


беше моторната сила во нагорниот развој на македонското
ослободително дело. Всушност, предилинденското ширење
на организационата мрежа на Македонската револуционерна
организација, создавањето на вооружените чети како воен
инструмент за реализирање на ослободителната борба и
вооружувањето на македонското население, во најголема
мерка се одвиваа токму благодарение на грандиозниот ангаж-
ман на Гоце Делчев. Сето ова јасно и недвојбено покажува дека
Делчев со жестоката динамика на работа на терен во на- сока
на ширење на организационата мрежа го стекна лидер- ското
место меѓу сите останати раководители на Организацијата.
Фактички, ова значи дека тој е најавтентич- ниот водач на
македонската ослободителна борба, па затоа Димо Хаџи
Димов, со право, го именува како „прв апостол на
македонската револуција”.


Но, сметам дека Гоце Делчев е најзначаен за нас Ма-
кедонците заради својата цврста убеденост во концепцијата
за изградба на самостојна Македонска револуционерна орга-
низација и заради својата докрајна решителност да се спро-
тистави на врховистите при нивниот обид да ја нарушат так-
вата концепција. Токму тоа е онаа главна карактеристика
што него го прави различен од сите македонски револу-
ционери од илинденскиот период. Со право големиот маке-
донски историчар Христо Андонов Полјански запиша дека
Гоце Делчев е „трибун на македонската самостојност и
самобитност”. Впрочем, уверлива потврда на ваквата
констатација е Гоцевата максима: „Ослободувањето на Маке-
донија лежи во внатрешно востание. Кој мисли поинаку да
се ослободи Македонија, се лаже и себеси и другите”. Ви-
зионерството на Гоце се гледа во фактот што упорно преду-
предуваше дека мора да се сочува „чистотата на осло-
бодителното движење”, дека тоа е „првиот услов за нашиот
успех”, а доколку тоа не се направи „Македонија ќе падне под
некоја од балканските држави, или ќе биде разделена меѓу
нив”. Фактот дека Организацијата по неговата смрт падна во
рацете на врховистите, дека се исфорсира неподготвено




28 A l e k s a n d a r L i t o v s k i


востание кое, сосема природно, заврши без успех и на крајот
фактот дека Македонија беше разделена меѓу соседите, пока-
жуваат дека пророчките зборови на Гоце, за негова и жал на
секој вистински Македонец, беа точни!


Клучни за разбирање на Гоцевата позиција за врховиз-
мот се неговите зборови: „Македонија има свои интереси и
своја политика, таа им припаѓа на сите Македонци. Кој
копнее, кој работи да ја присоедини кон Бугарија или
Грција, тој може да се мисли за добар Бугарин или Грк, но
не и за добар Македонец”. Ваквата негова идејна
определба, за она што може да се нарече македонски
политички сепаратизам,
подоцна стана основната карактеристика на македонската ле-
вица во македонското револуционерно движење. Всушност,
таа идејна позиција востановена од Делчев, со тек на времето
стана гранична линија од која лево и десно се позиционираа
македонските револуционери. Притоа, левицата стоеше на
ставот за самостојна борба и извојување на самостојна маке-
донска држава преку првично стекнување на автономија во
рамки на турската држава. Наспроти тоа десницата се заста-
пуваше за содејство во борбата со бугарските официјални и
неофицијални политички и воени кругови, а пак автономи-
јата ја сфаќаше само како неопходна прелиминарна фаза кон
присоединувањето на Македонија кон Бугарија.


Оваа разлика која денес македонските ревизионисти и
мистификатори на историјата се обидуваат да ја избришат е,
всушност, разликата меѓу македонизмот и врховизмот за-
маскиран во лажен македонски патриотизам, разликата
меѓу вистинските македонски национални интереси и
големобу- гарскиот национализам! И тие разлики, колку
некои да се трудат да ги затскријат зад тезата „сите се бореа за
ослободување на Македонија”, нема да успеат. Најпрво, за-
ради тоа што судирот на левицата и десницата во македон-
ското ослободително движење немаше „личен карактер”, или
тоа не беше некаква борба на суети, па да може да се направи
простување, помирување и изедначување. Натаму, судирот
меѓу левицата и десницата во македонското револуционерно
движење беше судир на два концепциски и стратегиски по-




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 29


гледи на македонската борба и целите кои треба да се достиг-
нат. Тие погледи и цели беа толку различни што заемно се
исклучувале. Имено, едните се бореа за автономна и са-
мостојна Македонија, а другите за присоединување на Ма-
кедонија кон Бугарија. Оттука, кога денешниве препрочиту-
вачи на македонската историја, сите револуционери од
минатото ги ставаат во ист кош и велат дека сите се бореа за
иста цел - независна и обединета Македонија, воопшто не се
во право.


Што се однесува до конкретната дејност на Делчев во
борбата против врховизмот, треба да се имаат предвид барем
неколку моменти. На пример, мора да се знае дека уште во
февруари 1896 г. Гоце Делчев во својство на емисар на Цен-
тралниот комитет на Македонската револуционерна органи-
зација се состана со генералот Данаил Николаев, кој во тие
моменти е претседател на Врховниот комитет во Софија и
кој набрзо како близок човек на бугарскиот кнез, официјално
стана негов аѓутант. Бидејќи генералот со својата, како што
вели професорот Димески, „големобугарска насоченост” и
неговиот Врховен комитет ја интезивираа дејноста за да го
разнебитат и покорат внатрешното македонско револуцио-
нерно движење, Гоце Делчев во разговорот јасно кажа: „Ние не
можеме да правиме политика, ниту да дозволиме други да
прават политика со Македонија. Нашата борба, тоа е за
нас
живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат
дали да живееме или да умреме, и кога. Кога да се прави
востание ќе реши народот. Нема да оставиме да
командувате оттука… Знајте, ние не бараме покровители, а
уште помалку господари!”


Е, сега е прашањето, дали денес овој бугарски генерал
со кого Гоце разговараше на овој начин, односно со кого бе-
ше и идејно и концепциски крајно различен, треба да го ста-
виме во редот на борците за македонска слобода? Можеби
треба тука да ги вброиме и Цончев и Сарафов и сите претсе-
датели и истакнати активисти на Врховниот комитет од Со-
фија? Можеби на сите нив треба да им изградиме споменици,




30 A l e k s a n d a r L i t o v s k i


а со нивните имиња треба да именуваме улици? И, ако, де-
нешниве дежурни плукачи и лепачи на етикети ми дозволат
да прашам: Зошто уште самите илинденски генерации го „измислија” и употребуваа терминот „врховизам”, ако тој не
постоеше и не беше релевантен како поделба во македон-
ското ослободително движење?


Во секој случај, институцијата „Задгранично прет-
ставништво на Македонската револуционерна организација”
во Софија, кога беше предводена од Гоце Делчев и Ѓорче
Петров, претставуваше најсилниот одбрамбен бедем на чис-
тотата и самостојноста на македонското ослободително дело.
Во тој период сите обиди на големобугарскиот врховизам да
го потчинат внатрешното македонско ослободително дело
остануваа без никаков успех. Оттаму, Христо Андонов
Полјански во една пригода оправдано истакна: „Македон-
ската револуционерна организација не можеше да најде
попогоден тандем од нив двајцата да раководат со една таква
важна институција каква што било Задграничното претстав-
ништво. Тие од него направиле непробојна тврдина на ма-
кедонската самостојна борба, заштитник на македонската
вистина и слобода. Решението на Централниот комитет да
упати во средиштето на врховизмот такви силни креатори на
македонската политика и заштитник на македонските
интереси, таму каде што се вдахнувала и кроела антима-
кедонската завојувачка политика, се покажало мошне да-
лекувидно зашто великобугаризмот правел се да навлезе во
Македонија, да ја преземе однатре револуционерната орга-
низација.” Како потврда на ваквите констатации се двете
окружни циркуларни писма на Гоце и Ѓорче Петров од март
1901 г. и од јуни 1902 г. со кои се бараше целосен бојкот на
врховистичките експоненти и на врховистичките чети испра-
ќани во Македонија.


Сепак, и покрај сите напори на Гоце Делчев лично, но
и на македонската левица во македонското револуционерно
движење, чии претставници честопати во историографијата
се именуваат како централисти, предвременото востание не
беше спречено. При ова мора да се има во предвид дека спро-




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 31


тиставувањето на решението за кревање востание воопшто
не беше популарно среде македонското население. Врховиз-
мот, поддржан и финансиски и морално од бугарската поли-
тичка елита и Бугарската егзархија, веќе имаше фатено дла-
боки корени. Многу македонски дејци, па дури и поголемиот
дел од Централниот комитет на Македонската револуционер-
на организација веќе беа приврзаници на врховистичките те-
зи. Впрочем, Централниот комитет веќе беше предводен од
Иван Гарванов и Димитар Мирчев, кои беа отворени при-
врзаници на големобугарската идеја. Фактички, како што
тврди професорот Димитар Димески, во 1902 г. бугарскиот
кнез и бугарската политика ја имаа контролата врз Маке-
донската револуционерна организација на чело со Иван
Гарванов, врз Задграничното претставништво на чие чело
беа Христо Татарчев и Христо Матов и, секако, врз Врхов- ниот
македонски комитет. Згора на сето ова, големобугар- ската
просветна пропаганда спроведувана преку Егзархијата, веќе ја
имаше наметнато свеста за истородноста, односно за
националната идентичност на словенското население во Ма-
кедонија и Бугарија. Сосема ретки, како на пример Крсте
Мисирков, беа приврзаниците на македонскиот национален
сепаратизам. За жал, сосема е точна констатацијата дека ле-
вицата на Македонската револуционерна организација имаше
свест дека територијата на Македонија и самата
револуционерна организација се напаѓаат од надворешни
фактори и се спротиставуваше на таквата „физичка загро-
зеност”, но немаше свест дека е загрозен македонскиот
национален и духовен простор. Во таква атмосфера дик-
тирана од големобугарската политика, востанието за ослобо-
дување од тиранијата на турската власт имаше голема по-
пуларност и голем број на приврзаници сред македонското
население.


Но, токму во една таква атмосфера доаѓа до израз
една од најсилните карактерни црти на Гоце Делчев, а тоа е
неговата спремност и смелост „да плива наспроти струјата”,
смелост да не се вклопи во општоприфатените шаблони и
смелост да не ги застапува, брани и оживотворува врхо-




32 A l e k s a n d a r L i t o v s k i


вистичките „вистини”. Имено, тој, како впрочем и поголем
дел од левицата во македонското ослободително движење,
поаѓајќи од неподготвеноста на Револуционерната организа-
ција и македонското население за едно општо востание, како
и неповолната меѓународна клима за таков чекор, и по цена
на губење на својата популарност се спротиставуваа на реше-
нието за востание. Ним им беше јасно дека кревањето на
едно недоволно подготвено востание, во такви услови ќе зна-
чи само жртвување на народот и трошење на Револуционер-
ната организација и дека сето тоа ќе биде од полза само за
личните интереси на малкумина раководители на Органи-
зацијата и во полза на големобугарската политика за да го
стави македонскот ослободително дело под целосна своја
контрола. Впрочем, како што подоцна и се случи. Оттаму,
крајно време е од примерот и визионерството на Гоце да
научиме дека македонските национални интереси се
бранат не преку избрзани и непромислени чекори и не со
лажен патриотизам кој, бесмислено и губитнички, би
војувал против сите, туку со макотрпна работа и
рационална политика!



* * *



Во оваа прилика, сакам да извлечам и изнесам не- колку


констатции со кои ќе го направам актуелен идеолош- киот и
акциониот профил на Гоце Делчев. Имено, дехумани- зацијата,
шовинизмот и антимакедонизмот кои катадневно се
промовираат во времето во кое живееме, сметам дека ја
наметнуваат потребата од реафирмирање и усвојување на
некои принципи кои Делчев упорно ги следеше!


Најнапред, во време во кое се чини дека моралните
вредности се мртви, односно во време во кое материјалната
корист стигна на вредносната скала повисоко од хуманизмот,
Делчев со својот јасен космополитизам, со својата непоткуп-
ливост и со својата доследност во одбрана на правдата како
општочовечка вредност е позитивен пример на личност која
поседува цврста морална вертикала. Затоа, сосема е извесно




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 33


дека тој може да послужи како личност врз основа на која
правилно ќе се воспитуваат денешниве млади генерации!


Натаму, Делчевиот антиврховизам е нешто што
насушно ни е потребно во секојдневниот наплив на
антимакедонски појави! Не треба човек да е многу информи-
ран и паметен за да сфати дека денес низ македонскиот духо-
вен простор повторно пустошат старите врховистички тези за
непостоење на македонски национален идентитет и за
неспособност за егзистирање на македонска национална
држава. Сите сме сведоци на најгрубо враќање на отворените
антимакедонски идеолози од минатото на пиедесталот на
херои и борци за Македонија. И тоа со поддршката, преќутна
или јавна, финансиска или логистичка, на државната власт!
Едноставно кажано, антимакедонизмот и бугаризмот, замас-
кирани во лажна историја и лажен патриотизам, станаа доми-
нантни на македонската општествена сцена.


Значи, сакам да кажам дека повторната актуелизација
на принципите врз која дејствуваше сета македонска левица и
која, фактички секогаш низ историјата се спротиставуваше
на секаков вид врховизам, ни е потребна за да ја направиме
разликата меѓу вистинскиот и лажниот патриотизам, меѓу ма-
кедонизмот и неоврховизмот! Гоце Делчев како најистакната
личност во антиврховистичката борба и како вистински па-
триот е оној репер кој најјасно и најразбирливо може да ја по-
каже таа разлика! Секако, свесен сум дека ваквата задача во-
општо не е лесна, но многу потешко им беше своевремено на
Гоце, Јане, Ѓорче, Влахов, Кузман Јосифовски-Питу и безбројно
многу други македонски борци од левицата во ма- кедонското
ослободително дело.


Се на се, нагласувајќи ја актуелноста на Гоце, на не-
говиот светоглед и на неговата дејност, всушност настојувам
да укажам дека македонските национални интереси се загро-
зени, а македонскиот национален идентитет поткопан! Еднос-
тавно, сакам да кажам дека сме исправени пред реалната
опасност постепено да биде неповратно загубено се она што
во минатото беше спечалено во интерес на македонската на-
ција!




34 A l e k s a n d a r L i t o v s k i


На самиот крај на ова пофално слово за ликот и дело-
то на македонскиот револуционер Гоце Делчев, сакам да ис-
такнам дека исклучителните личности кај секој народ се не-
говото достоинство! И секој народ, меѓу останатото, се пре-
познава по своите големи личности. Тоа значи дека иден-
титетот на секој народ делумно е сочинет и од биографиите
на неговите големи личности. Затоа, може да се каже дека за-
боравањето, игнорирањето, омаловажувањето и вреѓањето
на големите луѓе е оштетување и на националниот идентитет.
Обидот тие вистински Македонци, да се заменат со некои ту-
ѓи платеници или безвредни „урбани херои” е акт на нацио-
нално предавство. Следствено на ова, денеска да се чествува и
почитува ликот на Гоце Делчев, помеѓу останатото, значи
афирмирање и зацврстување на македонскиот национален
идентитет, значи вистински македонски патриотизам и, со-
сема недвојбено, значи одбрана на македонизмот како маке-
донска национална идеологија!


















O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 37
















ЗА СМРТТА НА ЕДЕН ГОЛЕМ МАКЕДОНСКИ
ИДЕОЛОГ И


ЗА СÑ ПОГЛАСНИОТ МОЛК ОКОЛУ ТАА СМРТ


Да се зборува и пишува за македонска револуционерна
величина како Ѓорче Петров воопшто не е тешко. Навистина
не е тешко да се зборува за најголемиот мислител и идеолог
на македонското ослободително дело. Напротив, да се збо-
рува за револуционерот кој со својот велелепен интелект се
издигна до главен теоретичар на македонската ослободи-
телна идеологија и духовен водач на ослободителната борба,
на човек може само да му причинува чест и задоволство.


Затоа, најпрво само накратко ќе ги преповторам
основните биографски факти за животот и делото на Ѓорче
Петров, од кои сосема јасно може да се согледа неговото
огромно значење за развојот на македонската ослободителна
мисла и за развојот на Македонската револуционерна орга-
низација. Како што е познато, роден е во селото Варош крај
Прилеп на 2 април 1865 г. Се школуваше во Прилеп, Битола,
Солун и во градот Пловдив во Бугарија. Беше учител во
Штип во 1886 и 1887 г. Како учител во Скопје од 1888 до 1891
г., соработуваше со митрополитот Теодосиј Гологанов и ја
поддржуваше неговата идеја за возобновување на Охрид-
ската архиепископија. Беше еден од најактивните пропага-
тори на ослободителната идеја и еден од основачите на пове-
ќе револуционерни групи и кружоци на Македонската ре-




38 A l e k s a n d a r L i t o v s k i


волуционерна организација. Работеше како професор во Ег-
зархиското училиште во Битола од 1891 до 1895 г. и во Егзар-
хиската гимназијата во Солун од 1895 до 1897 г. За време на
престојот во Битола го редактираше револуционерниот вес-
ник „На оружје”. Во 1895 г. стана член на Централниот ко-
митет на Македонската револуционерна организација и во
тоа својство зеде учество на Солунскиот конгрес од 1896 г.
Тогаш, заедно со Гоце Делчев, го доби задолжението да ги
изработи основните правни акти на Организацијата, па така,
тој се јавува и како еден од составувачите на нејзиниот Устав
и на Правилникот за дејствување на организационите тела и
на поедините членови. Напоредно со револуционерната и
учителската дејност, се занимаваше и со научно-истражу-
вачка дејност, па во Софија, Бугарија, во 1896 г. ја објави кни-
гата „Материјали по изучувањето на Македонија”. Од 1897 до
1901 г., заедно со Гоце Делчев, беше задграничен претставник
на Македонската револуционерна организација во Софија.
Всушност, тој со Делчев дејствуваа како први задгранични
претставници во главниот град на Бугарија, кој беше главни-
от центар на завојувачките и денационализаторските стреме-
жи кон Македонија и македонскиот народ. Во тој период Ѓор-
че се истакна како доследен противник на секое големо-
бугарско мешање во македонското ослободително дело и
непоколеблив идеолог на потребата од самостојно револу-
ционерно дејствување. Заради ваквите негови ставови беше
на двапати апсен од бугарските власти и испраќан во интер-
нација во градовите Трново и Казанлак. Сепак, ниту апсе-
њата, ниту фактот дека беше сменет од местото на задгра-
ничен претставник на Македонската револуционерна органи-
зација во Софија, не го поколебаа да ја продолжи својата бор-
ба против врховистичките обиди да го впрегнат македон-
ското револуционерно движење во остварувањето на голе-
мобугарските апетити. Оттука, тој во почетокот на 1903 г. бе-
ше еден од најжестоките противници на решението за кре-
вање востание во Македонија. Имено, на Ѓорче, но и на Дел-
чев и на низа други истакнати македонски дејци, им беше јас-
но дека кревањето на едно недоволно подготвено востание,




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 39


во услови на немање поволна меѓународна атмосфера за под-
дршка на македонската ослободителна борба ќе значи само
жртвување на народот и трошење на Револуционерната
организација и дека сето тоа ќе биде од полза само на
големобугарските стремежи да го стави македонското
ослободително дело под своја контрола. Впрочем, како што
подоцна и се случи. И покрај противењето, кога веќе вос-
танието беше кренато на Илинден 1903 г., Ѓорче Петров
предводеше голема востаничка чета која дејствуваше во
Прилепско и во Мариовско. Неговата чета, заедно со лерин-
ските и костурските чети, ја војуваа прочуената битка кај се-
лото Чаништа, Мариовско, што, всушност, беше една од не-
колкуте најголеми битки во целото востание. По неуспехот
на Илинденското востание, за разлика од многу други рако-
водители кои ја напуштија Македонија, тој остана на теренот
во Прилепско и работеше на обновувањето на мрежата и
дејноста на Револуционерната организација. Во 1904 г. учес-
твуваше на Прилепскиот конгрес на Македонската ре-
волуционерна организација, а во 1905 г. на Струмичкиот
окружен конгрес и на Рилскиот општ конгрес. На овој по-
следниот, на Рилскиот конгрес, со Јане Сандански беше гла-
вен застапник на левицата во Македонската револуционерна
организација и повторно беше избран за задграничен прет-
ставник во Софија. Во време на младотурскиот период, го ре-
дактираше списанието „Културно единство” кое излегуваше
во Солун во 1908 и 1909 г. Подоцна, во времето на Бал-
канските и Првата светска војна, односно во периодот од 1912
до 1918 г. беше во бугарска служба во градовите Сер, Битола и
Драма. По Првата светска војна, во 1919 г. стана активен
член на Привременото претставништво на бившата обе-
динета Внатрешна македонска револуционерна организација,
уредник на нејзиното пишувано гласило „Билтен” и јавен
противник на делбите на Македонија на Версајската мировна
конференција. Во овој период тој повторно се искажа како
најекспониран противник на врховизмот, олицетворен во
автономистичката ВМРО предводена од Тодор Александров и
Александар Протогеров. Како таков, воспостави соработка




40 A l e k s a n d a r L i t o v s k i


со партијата Бугарски земјоделски народен сојуз (БЗНС) и
нејзината Влада предводена од премиерот Александар Стам-
болиски. Од неа беше именуван за раководител на државната
Комисија за сместување на македонските бегалци во Бугари-
ја. Убиен беше по наредба на Тодор Александров на 28 јуни
1921 г. во близина на неговиот дом во главниот бугарски град
Софија. На крајот на овој биографски дел за Ѓорче Петров, да
истакнам дека по создавањето на македонската национал- на
држава со АСНОМ 1944 г., со неговото име беше имену- вана
една населба во Скопје, беа именувани низа на училишта и
културни институции, беа изградени повеќе споменици и
спомен бисти, а во негова чест и слава јубилејните годишнини
од неговата смрт редовно беа одбележувани со големи кул-
турни и научни манифестации.


Централна тема за која ќе пишувам е - убиството на
Ѓорче Петров! Впрочем, овој текст е замислен како
одбележување токму на тој трагичен јубилеј - деведесет
годишнината од неговата смрт, па оттаму сосема природно,
давањето на централно место на неговото убиство не е
нешто чудно и невообичаено. Бидејќи кај нас денес постојат се
почести обиди да се рехабилитира, амнестира и прогласува за
македонски херој тој што го нарача убиството на Ѓорче, сме-
там дека дополнително треба да се зборува и да се објаснува
зошто беше извршено убиството. Покрај тоа од историјата е
познато дека Ѓорче Петров, беше најнапаѓаниот македонски
револуционер од страна на бугарските врховисти, а пак и де-
нес, кај нас се намножија оние кои сакаат да го минимизираат
и оцрнат неговиот лик и дело. Заради сето ова, дозволете ми
моето зборообразување да биде не само апологија и величе-
ње на Ѓорче Петров, туку уште повеќе и протест против
модерниот антимакедонски врховизам и полемика со маке-
донскиот историографски ревизионизам!


Најнапред, сакам да укажам дека некои препрочиту-
вачи на македонската историја, откако наводно „открија”, де-
ка беше шпион на бугарското воено разузнавање и наводно
беше „слуга” на Владата на тогашниот бугарски премиер
Стамболиски, стигнаа да „откријат” дека наводно беше убиен




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 41


заради тоа што крадеше државни пари во Бугарија. Мислам
дека сме на чекор овие наши нови врховизирани ревизионис-
ти на историјата да „откријат” дека Ѓорче Петров самиот го
ангажираше сопствениот убиец и се самоуби! Знам дека ова е
апсурдно, но веќе се изнаслушавме многу глупави и контра-
дикторни работи околу сопственото минато и сопствениот
идентитет, па ни ваква апсурдна теорија нема да ме изненади!


А, да не биде дека зборувам на памет и полемизирам
со измислици, ќе цитирам дел од книга која е токму оваа го-
дина, 2011, печатена во Република Македонија и оверена со
рецензиите на еден поранешен премиер на Република Ма-
кедонија и на еден од најекспонираните историчари и носител
на директорската функција во една од највисоките државно-
научни институции. Во таа книга, која е насловена како „(Не)ретуширани фотографии ВМРО”, во врска со заме-
шаноста на Тодор Александров во убиството на Ѓорче, се ве- ли
дека македонската историографија обвинувањето го
насочува кон Тодор Александров и се тврди дека тоа е
невистина. Но, наспроти тоа, недвојбено е утврдено дека
Александров го сметаше Ѓорче за свој главен непријател, а
тоа, на пример, може јасно да се види од неговото писмо до
тогашниот бугарски министер за внатрешни работи,
Александар Димитров, во кое вели: „Според најсигурни
информации, Вашето главно орудие во таа криминална
акција (неговата параноја дека се прави заговор за негово
убиство - моја забелешка) е Ѓорче Петров... познат на
бугарската јавност и на македонските средини под пре-
карот ‚Велзевул на Организацијата‘“. Најнапред треба да ја
појаснам квалификацијата „Велзевул на Организација- та”
која ја употреби Тодор Александров за Ѓорче Петров. Колку
информативно - Велзевул е едно од имињата на би-
блискиот врховен демон и господар на пеколот. Таа за
Ѓорче беше употребена уште во едно анонимно писмо со
наслов „Монолог на македонскиот Велзевул”, датирано со 6
јули 1899 г. и објавено во софискиот весник „Автономија”.
Тоа е само еден од многубројните обиди да се дискредитира
Ѓорче Петров пред бугарската јавност и на македонската по-




42 A l e k s a n d a r L i t o v s k i


литичка сцена, во времето кога тој и Гоце Делчев најпосвете-
но работеа да го спречат мешањето на официјалната и
неофицијалната големобугарска политика во македонското
ослободително дело преку Врховниот македонски комитет во
Софија. Згора на ова, слична инсинуација среќаваме кај
запишувачот на спомените на Ѓорче, познатиот бугарски
филолог и врховист Љубомир Милетиќ, кој забележа дека
мнозина на Ѓорче му припишуваа „демонски карактер”.


Што се однесува до аргументацијата дека Алек-
сандров е нарачател на убиството на Ѓорче, може допол-
нително да се посочи на искажувањето на тогашниот член
на Задграничното претставништво на автономистичката
ВМРО, Георги Баждаров, кој во своите „Спомени” од 1929 г.,
сосема јасно кажува дека Александров го нарача убис- твото
заради тоа што сметаше оти Ѓорче е виновен за не- говото
апсење од страна на владата на Стамболиски. А, наспроти
сево ова, наспроти сите јасни аргументи, некои наши
историчари со врвни државни и универзитетски функции,
се потрудија да $ обзнанат на македонската јав- ност дека
Ѓорче беше убиен заради тоа што помагаше да „се урниса
ВМРО” во интерес на Кралството на Србите, Хрватите и
Словенците. Значи во оваа 2011 година Ѓорче е прогласен
за предавник, односно за „српски шпиун”. И никој, токму
ниту еден, од „големите” македонски историчари во
факултетските институции или во Институтот за
национална историја, од кои некои претендираат дури и на
академски титули, не најде за потребно да реагира на вак-
вите плукања и лаги!? Човек со право може да се запраша:
Има ли македонски историчари кои не се полтрони и
подлизурковци на силникот на денот? Има ли македонски
историчари кои не се плашат за своите професорски или
кабинетски фотелји? Има ли македонски историчари кои
не се претворени во свесни или несвесни слуги на бугар-
скиот неоврховизам во македонската историографија?


Но, и ова е малку, па натаму во истата книга која ја
посочив, можеме да прочитаме: дека во тодоралександро-
вата ВМРО „постојат правила кој може да изврши




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 43


пресуда-убиство и тешко дека некој како Реџеп од Ресен
може да ја има таа евентуална чест.” Ве молам, да обрати- те
внимание на еден детаљ: повторно цитирам - „тешко
дека некој како Реџеп од Ресен може да ја има таа
евентуална чест.” ЧЕСТ, потенцирам ЧЕСТ, било да го убиеш
Ѓорче Петров! Во книга печатена на македонски јазик во
Република Македонија донесоа и обелоденија заклучок
дека за ВМРО на Тодор Александров ЧЕСТ било да го
организира и изврши убиството на еден од нај- големите
македонски револуционери и на најзначајниот идеолог на
македонската ослободителна борба! И ова го верифицираа и
легитимираа поранешен македонски премиер и сегашен
функционер и историографски идеолог кој секојдневно,
заедно со своите следбеници, ни „продава” некаква божемна „објективна” историја!


И дека се е можно во врховистичкиот големо-
бугарски ревизионизам кој пустоши низ македонската
историска наука, но и низ свеста за македонското минато
кај се поголем дел од населението, сведочат крајните
констатации во оваа антимакедонска книга, оверена од
највлијателната личност на официјалната македонска
историографија, каде се вели: „Но, дали е можно смртта
на Ѓорче Петров да е производ на финансиска афера во
Министерството за внатрешни работи? Токму тоа е одго-
ворот на пратеничкото прашање на премиерот Цанков,
дадено на 26 јуни 1924 година... Оваа изјава фрла друга свет-
лина врз убиството на Ѓорче. Можно е наместо најавената
тајност и заткулисна конспирација, причината за убиството
да биде толку прозаична, барем за еден револуционер, фи-
нансиски средства односно најдолен криминал.” И,
внимавајте каков заклучок тука е извлечен: „Имајќи го
предвид животниот пат на најконтроверзната личност на
ма- кедонското револуционерно движење, срамната смрт
за грст левови многу е веројатна.”


Ете, така, во 2011 година ни открија дека убиството на
Ѓорче ти било заради тоа што тој бил - арамија! Значи, сега
останува уште неколкумина квази историчари или истори-




44 A l e k s a n d a r L i t o v s k i


чари-ревизионисти-профитери, да напишат уште неколку
книги со оваа теза, па ликот и делото на Ѓорче да бидат трај-
но компромитирани, оцрнети и омаловажени среде македон-
ската јавност...


Се поставува прашањето, зошто бугарските врховисти
беа и се настрвени со огромна количина омраза врз Ѓорче?
Зошто го карактеризираа како „демон”, како човек со огром- на „суета”, со „парадерство и лажен демократизам”… Зошто го
оцрнуваа, плукаа и клеветеа? Зошто во пракса ги применуваа
сите методи да го уништат, а на крајот дури ангажираа и
убиец.


Мислам дека одговорот за тоа од каде идела омразата
на бугароманите е доста едноставен. Имено, сосема е јасно
дека Ѓорче беше најголемата пречка за нивниот продор и
завладување со Македонската револуционерна организација
и оттаму најголемата пречка за искористување на маке-
донскиот ослободителен идеал за потребите на царска
Бугарија.


Ѓорче Петров беше цврсто убеден дека македонското
ослободително дело мора да поседува потполна самостојност
и револуционерност и бараше механизми за отстранување на
каква било можност од туѓи интервенции. Тој во една
пригода јасно запиша: „Македонското ослободително дело
како кауза на месното население задолжително треба да има
своја сопствена цел, одделна од онаа на надворешните факто-
ри… Ослободителното движење треба да биде самостојна
рожба на чисто природна кауза. Во тој дух треба да се
оформи неговата идеологија… Револуционерната дејност,
вооружената борба со турската власт на живот и смрт треба
да биде главен и основен фактор во решавањето на нашето
прашање, фактор кој дејствува сам по себе, независно од дру-
гите надворешни фактори, туѓи нему по дух и по природа.”
Всушност, Ѓорче инсистираше дека Македонската револу-
ционерна организација треба да создаде „чисто своја идеоло-
гија согласна со духот и природата на нејзината работа и сме-
ло да се јави со неа пред светот.” Со овие, но и со низа други
изјави, како и со целото свое практично дејствување, тој ин-




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 45


систираше на фактот дека Врховниот комитет во Софија е
создаден како конкуренција на Централниот комитет на Ма-
кедонската револуционерна организација и на фактот дека
тој секогаш, помалку или повеќе, јавно или скришно, работеше
на впрегнување на македонските револуционерни сили во
извојувањето на големобугарските интереси. Ѓорче Петров кој
го сметаше ослободителното дело на македон- скиот народ
како „самородна појава”, врховистичкото меша- ње го сфаќаше
како обид да се уништи Македонската револу- ционерна
организација и како обид среде македонското население да се
натури една туѓа надворешна идеологија, во случајот
големобугарската национална и државна политика. Затоа, за
него големобугарскиот врховизам беше најди- ректниот и
најопасниот непријател на самородното и само- стојно
македонско ослободително движење.


Во секој случај, можам да констатирам дека
убиството на Ѓорче Петров значи убиство на автентичните
македонски ослободителни идеали и нивна замена со туѓи
идеали! Секако, мене, а верувам и на сите вам ви е јасно:
може да се напише историја во која Ѓорче Петров ќе го снема
или ќе стане помалку важен од некои врховистички слуги! Но
прашањето е - дали е тоа македонска историја? Јасно е дека
може и од македонски издавач да се објави книга за навод-
ната темна страна на ликот и делото на Ѓорче Петров и таа
да биде со потпис на реценизијата и препорака како „пообјективна корекција” на историјата од страна на офи-
цијалниот владин историограф, но прашањето е: Колку е тоа
македонска историја? Може во таа книга да се препишат
најжестоките бугарски клевети и инсинуации за Ѓорчета.
Впрочем, денес стана мода - се што е автентично
македонско да се толкува, клевети и оцрнува со
препишување на бугар- ските националистички тези. Така,
од тие бугаромански пози- ции може да се напише историја во
која ќе ги снема или ќе бидат прогласени за „болшевички
слуги” Јане Сандански, Таската Серски, Димитар Влахов и низа
други личности од таканаречената левица во македонското
ослободително дви-




46 A l e k s a n d a r L i t o v s k i


жење. Може, секако дека може, да се препишат бугарските
клевети и мистификации за еден Крсте Петков Мисирков и
нив да ги претставите пред македонската јавност како плод
на „макотрпно научно истражување”… Но, на крајот на сите
сосема им е јасно: сите тие книги и сета таа таа препишана
историја - не се македонски книги и македонска историја!
Можеби е тоа бугарска, српска или нечија друга верзија на
историјата за првите две децении на минатиот век, но никако
не е македонска историја! Јас би рекол дека сето тоа е само
антимакедонизам или современ интелектуален врховизам,
завиткани во лажен патриотизам и наводно храбро препро-
читување на историјата!


На самиот крај, уште еднаш да кажам дека овој текст
напишан во деведесеттата година по убиство на Ѓорче
Петров, си постави како задачи позитивно да ги вреднува не-
говите постапки и дела и да укаже и предупреди на
отворените обиди кои сакаат тие дела да ги оцрнат или ми-
нимизираат. Овој текст сака да каже дека македонскиот на-
род може да се гордее што го имаше Ѓорче Петров како еден
од главните теоретичари и ѕидари на македонската ослобо-
дителна револуција и да каже дека неговиот лик и дело ја
заслужуваат сета нашата почит!


Нека му е вечна славата!


/Текст читан на Комеморативната академија за 90
годишнината од убиството на Ѓорче Петров одржана на 16
декември 2012 година во Битола/


















O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 49












МАКЕДОНИЗМОТ НА АНТОН ПОПОВ


Оваа 2012 година се навршуваат седумдесет години од
смртта на Антон Попов, истакнат припадник на македон-
ското националноослободително движење и учесник во
антифашистичката борба во Бугарија, писател и новинар. Оваа
јубилејна годишнина од еден трагичен настан, во време на
доминација на историскиот ревизионизам од големобу- гарски
позиции, е исклучително погодна за повторно пот- сетување
на потребата секој вистински Македонец да заста- пува и
промовира - доследен македонизам. Всушност, кога се зборува
и пишува за Антон Попов, се зборува и пишува за целиот
Македонски литературен кружок (МЛК) во Софија, а пак кога
се зборува и пишува за МЛК, тогаш се зборува и пи-
шува за најначајната институција која во минатото ја созда-
ваше македонската национална идеологија!


Кога човек ќе се реши да пишува текст за Антон По-
пов, па дури и кога тој текст е насочен само кон анализа на
еден или друг сегмент од неговиот живот, или пак е пофален
текст, тогаш е редно, барем накратко, да го спомне неговиот
животен судбопис!


Антон Попов е роден во селото Игуменец, Петричко,
Пирински дел на Македонија, на 20 октомври 1915 г. Потек-
нува од револуционерно семејство. Неговиот татко Никола
Попов беше истакнат илинденски револуционер и комунис-
тички деец во Пиринскиот дел на Македонија, а заради
своите уверувања во 1922 г., пред очите на неговиот син, беше
обесен од тодоралександровата врховистичка ВМРО. Антон
Попов заврши четврто одделение во родното село, а основ-




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 50


ното образование го комплетираше во Петрич. Гимназиско
образование го започна во Педагошкото училиште во Само-
ков, но по две години беше истеран заради активно учество
во училишниот марксистички литературен кружок. Средното
образование го продолжи во Неврокоп и во 1933 г. го заврши
тамошното педагошко училиште. Наредните неколку години
беше учител во родниот крај, односно во селата Игуменец и
Скрт. Во тој период направи неуспешен обид за печатење на
еден весник кој ќе има „македонска прогресивна насока”. Уште
во тие години неговата припадност на македонското
националноослободително и комунистичко движење во Пи-
ринскиот дел на Македонија и Бугарија беше причина
континуирано да биде следен и репресиран од бугарската
власт и полиција. Згора на тоа, македонските врховисти
започнаа зачестено да му упатуваат недвосмислени закани за
неговиот живот. Сето тоа беше причина, во 1937 г. да замине
од родниот крај и да се насели во главниот бугарски град.
Шест месеци неуспешно бараше каква било работа, за на кра-
јот, со помош на својот чичко, да биде примен за службеник
во финансиското одделение на Софиската општина. Во учеб-
ната 1937/38 г. започна да учи во Државното високо училиште
за финансии и административни науки во Софија. Во тој пе-
риод започна другарувањето со Никола Вапцаров и Михаил
Сматракалев. Беше член на публицистичкиот кружок „Наци- ја
и култура” во Софија и беше еден од основоположниците и
најактивните членови и раководители на МЛК од 1938 до
1941 г. Всушност, на основачкиот состанок на МЛК во октом-
ври 1938 г. тој беше еден од тројцата дискутанти, а беше из-
бран во трочленото раководно тело каде одговораше за орга-
низациони прашања. Од 1940 г. започна да работи како но-
винар-соработник во весникот „Виножито” („ДÍга”), но, во
почетокот на мај 1941 г. беше мобилизиран во бугарската
војска. По шестмесеченото отслужување на воената обврска во
Егејскиот дел на Македонија, беше демобилизиран. То- гаш,
како активен член на Бугарската комунистичка партија, беше
избран за член на Воениот центар при Централниот комитет
на БКП, кој фактички беше најодговорно раководно




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 51


тело во организирањето на антифашистичката борба. Во
јануари 1942 г. ја напушти работата во Софиската општина и
професионално се вработи во весникот „Виножито”.


Заради својата антифашистичка и македонстичка
активност, на 24 април 1942 г. на трамвајската станица „Пе-
тар Берон” во Софија е уапсен од бугарската полиција. По
неколкумесечно сослушување во централната Дирекција на
полицијата, поточно именувана од Георги Караславов како „пеколните сали на садизмот, на гнасотијата и професио-
налното инквизиторство”, пропратено со многубројни нај-
свирепи физички тортури, на 23 јули 1942 г., воениот суд го
осуди на смрт без право на жалба. Истиот ден, во поплад-
невните часови во затворската ќелија се ожени со Росица Ма-
нолева, а околу 21 часот со стрелање беше извршена смрт-
ната пресуда. Истовремено со него се стрелани и неговите
блиски пријатели од МЛК - Атанас Романов и Никола Вап-
царов.


Љубовта кон татковината Македонија, нејзината исто-
рија и традиција, нејзината слобода и иднина се голема тема
во севкупното негово книжевно и публицистичко дело. Всуш-
ност, како публицист Антон беше меѓу првите кои најдла- боко
го проследија и афирмираа конституирањето на маке-
донската национална мисла. Низ сопствениот импозантен
патриотски животен пат, покажа како може бескрајно да се
сака и најпосветено да се брани татковината, а притоа да не
се заплови во национал-шовинистички води. Оттаму, јас ќе се
сложам и сосема ќе му дадам за право на Димитар Митрев,
кој Антона го оквалификувал како „изразит македонски
патриот”.


Неговиот силен македонски борбен патриотизам, мо-
жеби најверодостојно и најтранспарентно може да се осознае
од писмото напишано на 23 јули 1942 г., непосредно пред
стрелањето на Гарнизонското стрелиште во Софија, во кое
запиша: „Умирам за еден нов свет, којшто ќе огрее со толку
светлина, со толку убавина, што мојата жртва за него е ниш-
то. Утешете се со тоа дека за него умираа милиони - во
илјади битки на барикадите и на бојниот фронт. Утешете се




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 52


со тоа, дека умирам за правдата. Утешете се со тоа дека на-
шите идеи ќе победат. Умирам горд со името на татка си.
Умирам горд со името на својот народ, за чиешто добро рабо-
тев до последниот миг, за чијашто добра иднина умирам”. Се-
кој вистински Македонец и секој човекољубец, кој ќе се за-
длабочи во овие зборови на Антон Попов, не може а да не се
наежи и да не се почуствува горд што е Македонец и Човек!


Најголем дел од стиховите, расказите и репортажите
на Антон Попов се со изразито македонска и социјална тема-
тика. Речиси сето творештво е посветено или на Македонија
или на борбата за национална и социјална слобода на маке-
донскиот народ. Насекаде во литературното творештво на овој
македонски народољубец бликоти и се разлева на сите страни
нежна и безгранична љубов кон македонскиот народ,
незадржан и неконтролиран восхит од убавината на родната
земја, прегнантна и непоколеблива верба во победничката
македонска иднина и на социјален и на национален план.


Многумина знаат дека Антон Попов беше писател, но
малкумина знаат дека е голем македонски патриот. Затоа Ва-
сил Тоциновски во текстот насловен „Антон Попов или пре-
рано заминување на убавината” за него пишува дека „постое-
ше и живееше, сонуваше и копнееше, дишеше и умре за са-
каната татковина Македонија.” Сведоштвата од неговите
пријатели и современици зборуваат за него како за патриот
со докрајна борбеност и за човек кој истовремено без-
резервно веруваше во победата на социјалистичката рево-
луција и ослободувањето и обединувањето на Македонија.
Неговата љубов кон Македонија и македонскиот народ беше
чиста и неизмерна. За неа беше способен на полно себеодре-
чување и докрајна безмилосна борба. Впрочем, тој и сам се-
беси се одредуваше, над се, како борец, па затоа во поемата „22 јуни” запиша: „Јас не сум поет


и поет нема да станам.
Ќе умрам со народот во востание…”
Михаил Сматракалев убаво објаснува дека: „Ниту за-


мор, ниту сомневања познава тој - дејствува со занесот на




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 53


татка си, по примерот на саканиот македонски водач Гоце
Делчев. Тој нема да отстапи за ништо на светот од тој пат -
кај и да го одведе, дури и во смртта. Но тоа е патот на бесмрт-
носта.” Нашиот академик Блаже Ристовски, најпрецизно и
најдобро го окарактеризира, кога запиша: „Антон Попов… го
претставува највисокиот дострел на еден изразито еруптивен
и многустрано манифестиран македонски патрио- тизам во
Пиринскиот дел на нашата татковина. Тој просто метеорски
согоре во виорот на македонската национално- ослободителна
борба. Само за неколку години Антон Попов ненаситно се
нурна во проучувањето на македонската национална историја
и култура, македонскиот јазик и маке- донската литература и
создаде сопствено литературно тво- рештво што го темели
своето настанување и го оправдува своето постоење
единствено со тој чист, девствен и заносно предан македонски
патриотизам…”


Но, според мене, најмалку анализиран и јавно попу-
ларизиран е Антон Попов како еден од идеолозите на ма-
кедонизмот пред почетокот на Втората светска војна. Имено,
тој упорно ја истражуваше македонската историја и ги
истражуваше манифестациите на одделната македонска на-
ционална свест. Како што сведочи Михаил Сматракалев, тој
набавуваше обемна литература за македонската историја од
библиотеката на Илинденската организација во Софија, па ги
исчита сите спомени на македонските илинденски дејци и си-
те дотогашни броеви на списанието „Илустрација Илинден”.
Особено внимание имаше посветено на спомените на Ѓорче
Петров, секако заради неговиот отворен став за самостоен
развиток на македонското ослободително движење и
идејното и практично спротивставување на бугарскиот
врховизам. Сите овие историски сознанија кои ги стекна,
настојуваше да ги изанализира и во низа свои пишувани при-
лози да ги претвори во аргументи за постоењето и призна-
вањето на македонската нација. Оттука, за мене воопшто не е
зачудувачка констатацијата на Љубен Лапе дека при својата
средба со Антон Попов во Струмица во почетокот на 1942 г.,
доби сознание дека соговорникот „сериозно ја познава исто-




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 54


ријата на нашиот народ, особено проблемите на нашата ма-
кедонска национална преродба и револуција…”


Најнапред, сосема е извесно дека прифаќањето на по-
зициите на македонизмот од страна на Антон Попов, нај-
многу се должеше на членувањето во МЛК и другарувањето со
неговите членови кои имаа јасна македонска национална
самоидентификација. Во овој контекст, се чини дека особено
значајно е што со Никола Вапцаров се „зближи како со
брат… и речиси не се разделуваа”, како што сведочи еден
нивни современик.


Неговиот македонизам сосема очебијно извира од не-
говите зборови при формирањето на МЛК. Тој во својата
дискусија меѓу другото зборуваше за задачата собраните
основачи да создаваат „македонска национална литература”,
која тој ја сметаше како „едно од најсигурните идеолошки
оружја на нашиот народ во неговата упорна борба за слобода и
рамноправност.”


Македонизмот се потврдува и со неговото воодуше-
вување и вербално поддржување на литературните пројави на
македонски јазик. Како инаку, ако не како македонизам да се
сфати неговото искажување: „Ете, ние си имаме јазик и тоа
каков јазик”, во контекст на песните на Венко Марковски. Или
неговиот коментар по појавата на стихозбирката „Бели мугри”
на Коста Солев Рацин, кога токму поаѓајќи од своите
македонистички позиции, ја коментираше со зборовите: „Да
се премолчува нејзиното појавување на бел свет, тоа значи да
се попадне во прегрешување пред многу страдната татковина
на поетот. Тој проговорува на својот роден, кршен македон-
ски јазик, за болките на Македонија. Тоа е глас од Македони-
ја. Тој е поет на Македонија…”, а пак со сето тоа македон- скиот
јазик се покажа „способен за изразување на највозви-
шени чувства и расположби…”


Кога Антон Попов зборува за тоа дека македонскиот
народ „си го загубил мирот: војни за дележ на земјата негова,
половина милион бегалци и социјален гнет, црна национална
робија, туѓоземна власт, која ја запустува неговата земја”, па
кон тоа додава дека македонските луѓе во Бугарија се „очај-




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 55


ни, со загубена рамнотежа на туѓа земја” и дури такви „се
фрлаат во виорот на жестоката братоубиствена борба”, то- гаш
сосема јасно зборува за македонскиот национален инди-
видуалитет, за националното ропство спроведувано од Срби-
ја, Бугарија и Грција, за врховистичките меѓумакедонски
пресметки низ Софија и цела Бугарија… Едноставно, тогаш низ
неговото перо сосема јасно зборува неговиот - маке- донизам!


Но, најзначаен текст во контекст на македонизмот на
Антон Попов, без никакви дилеми, е неговиот текст насловен „За македонската нација”. Тој текст беше читан од самиот
автор пред членовите на МЛК во Софија во 1939 г. Мислам
дека тој текст е, прво, една од најјасните, најпрецизните,
најхрабрите, па оттаму и најзначајните полемики со
врховистите во македонското ослободително дело и второ,
тој текст е јасно и недвосмислено сведоштво за самото пос-
тоење на одделната македонска национална свест. Сигурен
сум дека од овој текст можеше многу да се научи во времето
кога е пушуван, а уште повеќе сум сигурен дека може да биде
сериозно поучно четиво на сите оние кои и денес себеси се
сметаат за македонски патриоти. Оти, и тогаш, како и денес,
антимакедонизмот својот сурат го криеше под маската на ла-
жен македонски патриотизам. И тука чувствувам потреба да
појаснам за што зборувам. Имено, времето во кое живееше и
дејствуваше Антон Попов, беше време во кое колку повеќе се
зборуваше за Македонија, за македонски интереси, за ма-
кедонски права, толку повеќе се мислеше и сонуваше за
Санстефанска Бугарија, за бугарските големодржавни
интереси, за правата на македонските Бугари… Антон Попов
во својот текст „За македонската нација”, се обиде да ги ра-
зоткрие и жигоса носителите на тој лицемерен македонски
патриотизам.


Својот текст Попов го започнува со серија прашања: „Постои ли македонска нација? Кои се нејзините елементи и
белези? Каде треба да го бараме најзиниот почеток и
породување? “


А, потоа следуваат неколку објаснувања:




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 56 „Тие прашања му се налагаат на нашето внимание во
последните неколку години. Тие се предмет на расправање во
различните македонски средини. И во зависност од класната
и идејната припадност на опонентите, на тие прашања се да-
ваат различни одговори. Македонските нотабили (богаташи - моја забелешка) и реакционери на тие прашања одговараат
негативно, безрезервно негативно. Тие дури недоумуваат де-
ка може да се постават такви прашања. Другите, готови да
тргнат по најправиот и чесен пат за ослободувањето на сво-
јата татковина, готови секогаш да ги оддадат своите сили во
борба против завојувачите на Македонија, одговараат со ‚да‘,
но тоа ‚да‘ е плахо, нерешително. И кога сакате да откриете зад
него аргументи на едно јасно и длабоко убедување, едно јасно
и длабоко разбирање и познавање на прашањето, оста- нувате
изненадени од различни и противречни одговори, од слаба
научна аргументација, од непознавање на историските факти
и најглавното, од непознавање на суштината на нацио-
налното прашање. За тие што чесно одговараат со ‚да‘, но
коишто неможат да излезат со достојна заштита пред своите
противници, за тие што бараат изјаснување на тоа прашање,
се предназначени овие редови. Тоа се стотици илјади чесни
напредни македонски младинци што би го разбрале добро
прашањето, што немаат основа да бидат при македонските
нотабили, но коишто немаат на рака едно поосновно и науч-
но разгледување на тоа прашање. Само поради тоа - тоа
прашање е Ахиловата петица на таа чесна наша младина,
којашто во својата општествена практика и борба се дотак-
нува до него, се тормози од неговото неизјаснување. Тоа ја
прави нерешителна во борбата, тоа го прави неполн нејзи-
ниот напреден македонски светоглед, тоа ја прави ранлива во
борбата со македонските нотабили и црносотници (во рус-
ката историја тоа било збирно име за сите реакционерни
конзервативно-десничарски и конзервативно-православни
политички кругови - моја забелешка) и разните агенти на за-
војувачите на Македонија.”


Овој подолг цитат од Антон Попов, навистина го сме-
тав за неопходен за да се добие целосна и јасна претстава не




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 57


само на неговите македонистички позиции, туку и за да се до-
бие претстава за реалната атмосфера во која се зборуваше за
македонското национално прашање, а оттаму и да се сфати и
аргументира претходното мое тврдење дека постоеше лице-
мерен македонски патриотизам!


Сакам да укажам дека сосема јасно може да се забе-
лежи оти во овој дел од текстот „За македонската нација” на
Антон Попов, тој воопшто не дискутира за постоењето на
одделниот македонски национален идентитет. Тоа за него е
затворено прашање. Прашањата: „Постои ли македонска
нација? Кои се нејзините елементи и белези?” и слични на нив
во текстот, се само реторички, а имаат цел да се посочи на
постоењето на врховисти во македонското ослободително
движење, да се укаже дека врховистите не го признаваат
постоењето на македонската нација и да се разјасни дека тие
се само обични македонски одроденици кои се претвориле во
големобугарски националисти. Навистина чудно и неразбир-
ливо е зошто денеска овие уште одамна очебијни факти, не
може во слободна македонска држава некои да ги сфатат и
прифатат, па се обидуваат да ни „докажат” дека немаше и не-
ма врховисти. Особено не - бугарски врховисти!


Натаму, во есејот “За македонската нација”, авторот
прави една кратка, но издржана анализа на општата состојба
во која се наоѓаше Македонија и нејзината ослободителна
борба и сосема јасно го аргументира и афирмира постоењето
на одделната македонска национална свест! Имено тој пишу-
ва: „Од друга страна, во последно време, со изострување на
империјалистичките противречности меѓу балканските држа-
ви посебно, и меѓу големите империјалистички држави
воопшто, со отварањето на империјалистичкиот фронт и во
Македонија, пропагандата среде македонското население и
македонската емиграција е осетно засилена. Македонија од-
ново е објект на сметки за поделба и преподелба, и, според
тоа толку повеќе се наложува изјаснувањето, како на тоа
прашање, така и на сите други прашања на нашето национал-
но-револуционерно движење. Притоа, прашањето за маке-
донската нација доби уште поголема содржина по изле-




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 58


гувањето на неколкуте македонски стихозбирки на македон-
ски јазик од В. Марковски, К. Неделковски, К. Рацин, коишто го
поставија прашањето за македонскиот литературен јазик. И
од тоа следува - и македонски национален јазик, различен
од другите славјански јазици по градба и форми.


При тие околности околу Македонија и
македонското


прашање, восприемањето или одречувањето на идејата за
македонската нација се оцртува како пробен камен за Ма-
кедонците и нивната ориентација, за политичкиот пат
којшто треба да се следи, затоа што тоа прашање
единствено сега може да легне во основата на лозунгот за
слободна и независна Македонија.” (Нагласеното мое)


Во оваа последна реченица е клучот на македонската
национална идеологија! Нема Македонец кој се сомнева во
сопствената македонска национална свест! Нема македонски
патриотизам без македонска национална мисла! Нема маке-
донштина без македонски национални манифестации! „Сло-
бодна и независна Македонија” не е македонски патриотски
лозгун без истовремено прифаќање на постоењето на
македонската нација!


Сите овие заклучоци ставени во актуелниот наш
кон- текст, би дале поразителни резултати за нивото на
македон- ското родољубие! И, за моја жал, можам
оправдано да ја извлечам констатацијата дека живееме
во време во кое постои многу лицемерен патриотизам,
вулгарен национал-шовинизам и врховизам!


Во секој случај, со цел дополнително да го потен-
цирам, уште еднаш ќе нагласам дека барањето на Антон По-
пов - прифаќањето или одречувањето на македонската наци-
ја, односно македонската национална свест да се „оцрта како
пробен камен за Македонците” е она што во македонското
минато, сегашност и иднина е РЕПЕР ЗА МАКЕДОНСКА
НАЦИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА! Сосема сигурно овој ре- пер
посочен и од Антон Попов, денес е основа за да се препознае
дали некој е вистински борец за македонштина или обичен
врховистички слуга!




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 59


И, кон крајот на овој мој текст, за да бидам коректен
кон Антон Попов, затоа што тој најмалку што заслужува е
коректноста, дозволете ми да го пренесам докрајно неговото
пишување во есејот „За македонската нација”. Но, веднаш да
кажам, овој краен дел од текстот е особено значаен и од еден
актуелен аспект! Имено, тој покажува како беше етикетиран во
минатото секој кој не мислеше како врховистите. Јас ќе укажам
дека откао ќе ги прочитате наредните редови сосема јасно ќе
сфатите дека некогашните и денешниве етикетирања и
дискредитации од врховистите не се слични, туку се -
истоветни! Секако, сосема очигледно ќе можете да забе-
лежите дека и денешниов македонски историски ревизио-
низам, поаѓа од истите постулати како некогашните
врховисти и фашисти!


Значи, на крајот на својот текст Антон Попов пишува: „Црносотниците, агентите на бугарскиот и италијанскиот
империјализам ги таксуваат тие повици како српско дело. Тие
одамна се скарале со македонската историја, со традициите
во македонското ослободително движење, за да може да се
очекува од нив друго стојалиште. Тие никогаш не биле близу
до македонскиот народ, до македонските народни маси за да
можат да ги сфатат настанатите промени во светогледот и
ориентацијата на тие маси. Дури и да им се даде да го раз-
берат тоа, тие никогаш не ќе можат да раскинат со своите
патрони, не би можеле да дојдат до наши позиции и поради
тоа што тие се имотната класа којашто ги има своите
богатства и капитали тука и справедливо сонуваат за ‚Велика
Бугарија‘, за ‚обединувањето на бугарското племе‘, за ‚живо-
тен простор‘, итн. Но, за слободна Македонија тие не сакаат ни
да мислат, за македонска нација тие уште помалку сакаат да
чујат. Тие го величат Хитлера и Мусолини како осло- бодители
на народите: тие се превртиле во жални орудија на
италијанскиот и германскиот империјализам и се готови на
секакви подбуцнувања и провокации. Тие не би се поко-
лебале ниту за момент да го фрлат бугарскиот народ во една
чиста империјалистичка војна, раководени само од чувството
на верност кон своите патрони. Тие се целосно во услуга на




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 60


бугарската Влада во спроведуваната од неа политика за
остварување на ‚националните идеали‘. Тие за секогаш го
загубиле сето свое македонство. Иако од време на време го
покажуваат својот македонски произлез и вјерују, тоа го
пра- ват само како спроводници на немакедонска политика
во ма- кедонските средини и движења, кога и каде има
такви. (Потенцираното мое)


Но, точно затоа што имаме такви противници, точно
затоа што Македонија е објект на нови империјалистички
домогнувања, арена на империјалистичкиот фронт, ние сме
должни да бидеме со еден нерасколеблив и јасен македонски
светоглед, способни да дадеме аргументирана заштита на
своите убедувања, способни да ги разоткриваме и разобли-
чуваме провокациите и намерите на разните посегнувачи кон
Македонија.”


На самиот крај, да кажам дека со потенцирање на дел од
заклучоците на Антон Попов, сакам да предупредам дека
мораме да станеме свесни дека и денес разни изроди и одро-
деници ја крчмат македонштината заради свој личен профит
и заради своето слугување кон туѓи каузи. Погледнете околу
себе, сетете се на Антон Попов и неговите поуки и сосема
лесно ќе забележите дека се намножија оние кои „за секогаш го
загубиле сето свое македонство” и кои се претвориле во „спроводници на немакедонска политика во македонските
средини и движења”. И немојте да ве залажува тоа што до-
биваат државни пари и субвенции, што како официјални
историографи продаваат антимакедонски пробугарски тези и
историски мистификации, што катадневно на телевизија про-
даваат лажен македонски патриотизам!


А, што на крајот да кажам за Антон Попов? Можеби е
доволно само да констатирам дека секое зборопризнание и
глорифицирање е недоволно и мало за да се изразат неговите
квалитети како Човек и Македонец и неговите заслуги како
борец за социјално и национално ослободување!


/Необјавен текст по повод 70-годишнината од смртта
на Антон Попов/


































ЗА МИТЕ БОГОЕВСКИ ИЛИ ЗА ВИСТИНСКИОТ
МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТИЗАМ



Што да се каже денес, кога се навршуваат седумдесет


години од неговата смрт, за Мите Богоевски? Што да се каже
во „време на немање на идеали и принципи”, за човек кој има-
ше своја идеологија и принципи? Што да се каже за еден го-
лем македонски патриот во време кога многу луѓе глумат
патриотизам. Што да се каже за човекот кој со збор, перо и
пушка се бореше и жртвуваше за добивање на македонска
национална држава („Мите Богоевски пишуваше поезија,
совршено црташе и за својот народ го положи животот. Така
стана дел од историјата”, се вели во посветата на книгата на
Ацо Филип со наслов „Мите Богоевски поет - револу- ционер”,
печатена во Скопје во 1973 г.), во време кога се намножија
лажни борци кои војуваат за Македонија по кафеани и
стадиони, а кои никогаш ништо не жртвувале? Што да се
каже за „Светлоносецот од Преспа” како што го нарече
писателот Томе Момировски во насловот на неговата книга за
Мите, во време кога над Македонија и македонизмот се
надвиле црни облаци? Впрочем, што да се каже за еден
бескомпромисен борец за македонската национална само-
битност и државност за кого не се планира да се направи
голем споменик?




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 64


Денес, многумина за Мите Богоевски не сакаат ниту
да слушнат, ниту да кажат ништо. Тие „слепци” заради сво- јата
антикомунистичка идеологија не се во можност да ја
согледаат ниту големината на Мите како човек, ниту не-
говото огромно значење за развојот и слободата на македон-
ската нација! Наспроти нив, јас би се повикал на зборовите на
Блаже Ристовски, кој дејствувањето на Мите Богоевски го
карактеризира како „израз на еден историски наполно јасно
детерминиран македонски патриотизам што има сосема
релевантно место и значење во континуираниот развиток на
националната мисла и акција на овој народ”. И повторно,
наспроти професионалните оцрнувачи на се што доаѓа од
македонската левица, јас би рекол дека денес сите треба по-
често да се потсетуваме на неговата мисла: „Нам ништо по-
веќе не ни останува: или да живееме како луѓе, или да
умреме како луѓе”. Оти, со неа Мите Богоевски многу
едноставно и прецизно ни кажува дека секогаш мораме да
останеме луѓе и да се бориме за национална и социјална
правда! Затоа, сосема спротивно од дехуманизираните
апологети на човековата не- правда, јас би ги повикал сите
Македонци и хуманисти што е можно почесто да зборуваат за
Мите Богоевски и со должна почит да го чествуваат неговиот
лик и дело. Оти, само така, само преку истакнување на Мите и
сличните борци за ма- кедонски и човечки права, сите
останати луѓе можат да до- бијат вистинска претстава како
правилно се сака Човекот и Македонија, како треба секој да се
бори за македонските национални интереси и како вреди да се
живее и заврши еден вистински човечки живот! И, секако, од
аспект на чистите македонски национални идеали, би кажал
дека сосема е сигурно оти Мите Богоевски заслужува поголем
споменик од повеќето личности кои денес добиваат
споменици или кои ќе добијат во скоро време.


Да не биде дека напразно зборувам, добро е да ги пре-
повторам основните биографски податоци за Димитар (Мите)
Пандев Богоевски, од кои ќе се види дека, всушност, моето
глорифицирање е мало и недоволно!




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 65


Мите Богоевски е роден во селото Болно, Ресенско,
на 31 октомври 1919 г. Основно училиште заврши во родното
село, прогимназија во Ресен во 1935 г., а учеше во Трговската
академија во Битола во периодот од 1935 до 1937 г. Од рана
возраст беше задоен со македонски патриотизам и, како
припадник на македонското националноослободително и
комунистичко движење, исцело се посвети на борбата за ма-
кедонски национални и социјални права.


Покрај тоа што се експонираше како поет, мора да се
посочи дека беше особено надарен за цртање, а се зани-
маваше и со резбарство, што пак сведочи за неговите
исклучителни уметнички дарби и способности. Во Трговската
академија во Битола во 1936 г. основа кружок за запознавање
на прогресивната комунистичка литература и во 1937 г. стана
член на југословенската младинска комунистичка органи-
зација СКОЈ. Истовремено беше и член на управата на
Литературната дружина „Иван Гундулиќ”. Тука, пред чле-
новите на оваа дружина, го читаше рефератот „За праведни- те
и неправедните војни”, чиј наслов речито зборува за не-
говите антиимперијалистички и марксистички позиции. Во
времето кога беше студент на Високата комерцијална школа
на Белградскиот универзитет стана и член на Комунистичка-
та партија на Југославија (КПЈ) во 1939 г. Тогаш го напиша
својот незавршен и необјавен роман „Аристиди Бријана”. По-
ради недостиг на материјални средства беше принуден да се
врати во родното село во 1940 г. Отако ги напушти студиите и
се врати во родната куќа, набрзо, во 1940 г., стана член на
Месниот комитет на КПЈ во Ресен. Всушност, заедно со Пен- ко
Здравковски, тој беше главната „мотона сила” на македон-
ското националноослободително и комунистичко движење во
Преспа. Во тој период испрати повеќе свои стихотворби во
весникот „Наша реч” во Скопје, но беше објавена само пес- ната „Разделвачка” во бројот 18 од 14 јуни 1940 г. Редакцијата
имаше намера да му издаде и посебна стихозбирка, но вес-
никот престана да излегува, а потоа, заедно со неговата архи-
ва, се загуби трагата и на дел од неговите песни. Беше уапсен
од српската полиција во Ресен на 16 септември 1940 г. Десет




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 66


дена беше затворен во Битола, а потоа беше спроведен прво во
затворот Главњача и потоа во затворот Ада Циганлија кај
Белград. Таму остана два месеци и беше изложен на жестока
полициска тортура. По бугаро-италијанската фашистичката
окупација, стана активен учесник и организатор на Нацио-
налноослободителната и антифашистичка војна во Вар-
дарскиот дел на Македонија. Во почетниот период извесно
време работеше во Општината во селото Јанковец, а се про-
јави како еден од главните организаторите на антиокупа-
торската и антифашистичка борба во Преспанско. Во тој
период, заедно со истакнатиот македонски комунист Илија
Спировски-Панде, изработуваше фалсификувани лични
карти за илегалците од македонското националноослободи-
телно движење, заради што на 31 март 1942 г. беше уапсен од
бугарската полиција. Како резултат на недостиг на докази, за
десетина дена беше ослободен од затворот и во натамошниот
период како секретар на Околискиот комитет на КПЈ за Преспа
дејствуваше како илегалец. Учествуваше во форми- рањето
на Битолско-преспанскиот партизанскиот одред „Даме Груев”. Кога одредот ја растури планираната бугарска
илинденска прослава во селото Смилево, ја напиша песната „Триесет и девет минаја”, посветена на борците од овој одред
и нивната антиокупаторска акција. Извршувајќи партиски и
патриотски задачи во Преспанско, во една акција на бу-
гарската војска и полиција, тој и Стеван Наумов-Стив беа
опколени кај селото Болно. Се обидеа да излезат од обрачот
пробивајќи се во два споротивни правца, но не успеаа. На
крајот, за да не паднат живи во непријателски раце, и
двајцата се решија на саможртва и во близина на селото
Болно се самоубија на 12 септември 1942 г. Бугарската
полиција првин ги погреба во два гроба, потоа ги откопа
мртвите тела и ги пренесе кај селската црква, од каде тајно ги
однесе кај селото Ѓавато и ги запали со бензин. По неговата
смрт борците на Партизанскиот одред „Даме Груев”, на ша-
пирограф ја размножија неговата песна „Триесет и девет
минаја”, а во ракописно издание на битолските затвореници




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 67


беше објавен и фрагмент од песната „Загонетка”. Прогласен е
за народен херој на Југославија на 2 август 1949 г.


Што се однесува до неговото поетско творештво треба
да се знае дека како поет се пројави уште во училишните де-
нови во Ресен, кога ги напиша песните: „Осамотен патник”, „Покрај река”, „Мало коњче”, „Несреќен Илија” и „Два врап- ци”.
Пред малата матура, познат како „Момчето од Болно”, ја
рецитираше својата незачувана песна „Легенда за Ма-
кедонските Славјани”, која, според сведочењата на некои од
слушателите, беше проткаена со изразити македонски
национални чувства. Не мора да се нагласува дека во услови
на српска окупација на Вардарскиот дел на Македонија, тоа
претставуваше вистинска храброст и вистински патриотски
чин! Инаку, слична на оваа песна, беше и незачуваната песна „Богомили”. Значајно е да се нагласи дека уште тогаш, во
овој ран период од својот поетски ангажман, се обидуваше и
пишуваше на македонски јазик. Во време на школувањето во
Битола ја напиша сатиричната песна „Имела”, во која ја
исмејуваше буржоазијата и нејзиниот двоен морал. Во 1938 г.
веќе имаше педесетина напишани песни, меѓу кои и најпоз-
натата „Спроти Илинден”. Мора да се забележи дека во
пролетта 1942 г. ја напиша и ја размножи на машина песната „Партизанка”, што стана популарна како народна песна во
Преспанско. Зачувани се и други неговите песни, меѓу кои: „Саат”, „Ученичка тетратка”, „Покрај река”, „Висибаба”, „Стојанка млада партизанка” и др. Во 1959 г. постхумно беше
издадена негова стихозбирка со наслов „Спроти Илинден.
Песни.” Сакам да потенцирам дека неговиот поетски опус иако
е скромен по обем, огромен е по значење за развојот на
македонската национална литература, односно за македон-
ската национална самосвест.


Значи, дилемата е - што да се каже денес кога се бо-
ледува од масовна атрофија на моралните принципи, за чо-
векот кој за смислата на животот велеше: „Денеска в затвор.
Утре во борба. Таков е нашиот пат. Борбата ќе биде тешка
и
ќе бара жртви. Ние ќе бидеме тие што ќе ги дадат
животите!” Искрено, мислам дека денес малкумина би биле
подготвени




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 68


да разберат и да оправдаат ваква докрајна посветеност и
пожртвуваност на принипите за национална слобода и
социјална правда. Мнозинството, втерано во мрежата од лаги и
испревртени морални приоритети на „гебелсовската”
пропаганда на модерните господари на светот, ќе сметаат де-
ка Мите зборуваше глупости и дека не постои нешто за што би
вредело да се жртвува сопствениот живот! Уште помалку, би
имале разбирање за патриотизмот и хуманизмот на Мите и
неговата генерација, од едноставна причина што едното го
разбираат како кафеанско кочоперење и национал-
шовинистичка реторика, а другото го сфаќаат како -
милосрдие кое се дава на питачите! Сепак, и наспроти вакви-
те сознанија, сакам да кажам дека Мите и луѓето како него се
она најдоброто и највредното не само од Македонија, туку и
воопшто - најдоброто од сето човештво!


Сето зачувано сведоштво, пишувано и мемоарско, све-
дочи дека Мите Богоевски беше скромен, чесен и бестрашен.
Беше човек кој безрезервно веруваше дека клучни човекови
детерминанти се љубовта, чесноста, правдата… Или
едноставно кажано, веруваше во човештината на луѓето! И
секако - беше голем родољубец! А, кога човек ќе ги прочита
малкуте негови зачувани песни, не може а да не заклучи дека
Мите Богоевски беше македонски патриот во вистинска
смисла на зборот. Имено, во предвоениот период, да се пишу-
ваат патриотски песни инспирирани од големото Илинденско
востание и, згора на тоа, на македонски јазик, единствено мо-
жеше да биде правено од вистински и правоверен вљубеник
во сопствениот народ и сопствената земја! А, тоа се нарекува
патриот! Зарем не?


На самиот крај, да нотирам дека за Мите Богоевски
пишуваа повеќе автори, меѓу кои: Томе Момировски, Лазо
Каровски, Ацо Филип, Миодраг Друговац, Дејан Алексиќ,
Стојан Ристески, Димитар Митрев, Радивоје Пешиќ, Јордан
Конев, Блаже Ристовски и други. Но, и покрај сето тоа,
далеку сме од тоа да можеме да констатираме дека се е
кажано и се е истражено во врска со Мите Богоевски и не-
говото дело. Сосема е извесно дека идните генерации ќе ја




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 69


имаат таа обврска, како и обврската вистински да го вред-
нуваат неговиот лик и дело! Можеби тогаш Мите Богоевски
ќе го добие заслужениот голем споменик! А, пак тој спо- меник
ќе биде местото каде секој вистински Македонец пред самиот
себе ќе може да ја преиспита и зајакне чистотата на својата
национална свест и совест!


/Необјавен текст по повод 70-годишнината од
загинувањето на Мите Богоевски/














O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 71











ЗЛАТЕН ПРЕСЕК


Секое чесно дело е достојно за пофалба! Се што е
достојно за пофалба е добро! Значи, она што е чесно, тое е и
добро! Поаѓајќи од оваа и ваква неминовна логика на неш-
тата, може да се заклучи дека чесно проживеаниот живот,
колку и да е краток и макотрпен, сепак е единствено пра-
вилен и среќен живот, бидејќи тој што е чесен со право е фа-
лен, со право има со што да се гордее и со право од идните по-
коленија може и треба да биде вброен во бесмртните. Но, ту-
ка треба веднаш да се нагласи дека добри и праведни нешта
може да прават само оние што се со силен и храбар дух и со
цврста и непоколеблива волја. Со таков дух и волја кои мо-
жат да презираат се што може да го снајде човека на патот
кон вистината и правдината, а е приземно, лошо, макотрпно...
Едноставно речено, со дух и волја кои се способни сите
искушенија да ги сметаат за неважни и ништожни. Таквите
луѓе се најдоброто во човечкиот род и со право може да се
означат со латинската синтагма „sectio aurea” (односно „златен пресек”).


Грчкиот меѓувоен комунист и антифашист Пантелис
Пуљопулос најверојатно е еден од оние луѓе кои со целосно
право може да се нарече sectio aurea на вистинската човеш-
тина. Оти тој наспроти сиот наталожен негативен багаж од
лаги, полувистини, предубедувања, националистички занеси,
глупи пропаганди и приглупи симплифицирања на историска-
та стварност, кои беа присутни во грчката јавност, поседува-
ше не само голема интелектуална моќ со која што можеше да
ја согледа, сфати и разбере вистината, туку поседуваше и
огромна храброст да ја кажува и брани таа вистина без раз-




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 72


лика на последиците по него. Со други зборови, овој човек со
грандиозна свест и совест, поседуваше ретко виден морален
интегритет со кој вистината ја претвори во најважна вред-
носна категорија во својот живот.


Но, кој е, всушност, Пантелис Пуљопулос? Роден е во
градот Тива, Беотија, Грција на 10 март 1900 г. Студираше
право во Атина. Учествуваше во Грчко-турската војна, а
уште како војник беше уапсен заради антивоено дејствување.
Во 1924 г. беше избран на чело на Комунистичката партија на
Грција (КПГ). Во септември 1926 г. поднесе оставка на
функцијата генерален секретар на КПГ, но присутната деле-
гација на Коминтерната не ја прифати и тој остана на рако-
водната позиција. Сепак, на Третиот редовен конгрес на КПГ
во март 1927 г., Пуљопулос и неговите приврзаници беа
отстранети од Централниот комитет заради „троцкизам”. Од
крајот на 1927 г. тој ја создаде т.н. „Обединета опозиција” и
преку списанието „Спартакус” ја продолжи борбата против „мнозинството” во КПГ кое ја имаше подршката од Комин-
терната. За време на диктатурата на Метаксас, Пуљопулос
беше во илегалност, но на почетокот од 1938 г. беше уапсен и
затворен. Во 1943 г., италијанските окупациони сили во знак
на одмазда на активностите на грчките партизани, стрелаа
преку сто затворени комунисти од грчките затвори, а меѓу
нив беше и Пантелис Пуљопулос. Пред самото стрелање,
Пуљопулос им се обрати на италијанските војници со барање
да не прават злодело против антифашистичките борци. Тој
беше толку уверлив со својот говор, што војниците одбија да
пукаат, по што стрелањето мораше да го извршат
италијанските полицајци.


Од накратко изнесените биографски податоци за овој
голем човек, може лесно да се забележи дека овој борец за
сеопшта рамноправност и слобода беше целосно непоткуп-
лив и, единствено и секогаш, беше само послушник на својот
разум. Сосема лесно може да се види дека Пантелис Пуљопу-
лос не се согласуваше безрезервно да прифаќа туѓи директи-
ви, не се согласуваше со априорно прифаќање на мислењето на
толпата, не ги прифаќаше беспоговорно т.н. грчки




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 73


национални идеали, ниту ја оправдуваше комунистичката
ортодоксија... Затоа, најчесто беше сметан за самотник, пре-
давник, непослушник, фракционер, опозиционер...


Од денешнава доминантна меркантилно-капита-
листичка и антикомунистичка перспектива на оценување на
нештата, на многумина Пантелис Пуљопулос ќе им се стори
како некој неважен идеалист и утопист, како човек што
живеше во некој свој нерален свет – свет во кој се верува во
чесноста и вистинитоста и во кој постојат правда и еднаквост!
Всушност, тој живееше во токму таков свет и за него жи- вотот
без тие клучни човекови феномени и не беше живот, туку
ропство! Токму затоа, Пуљопулос целиот беше внесен во
комунистичката идеја и во револуционерниот активизам за
промена на светот кон подобро, поправично, повистинито
живеење на сите луѓе. Тој едноставно се хранеше со висти-
ната и ја дишеше револуцијата... Без нив иако можеби нави-
дум ќе беше жив, всушност тој ќе беше – мртов! Оттаму, ние
денес слободно можеме да констатираме дека Пуљопулос е
ХУМАНИСТ БЕЗ ОСТАТОК, човек кој систематски,
континуирано и докрај фанатично настојуваше да служи на
комунизмот и идејата за праведен свет! Ваквата непорекливо
хуманистичка морална вертикала го извишува над средината
и времето во кое живееше! И затоа секогаш и секаде треба да
му се оддаде почит!







Пантелис Пуљопулос и македонското национално
прашање!


Ние Македонците, пак, имаме причина повеќе да се
сетиме на јубилеот од раѓањето на овој голем човек! Имено,
со својот голем ум, Пуљопулос сфати дека македонскиот на-
род е – народ маченик! Нему му беше совршено познато дека
мегаломанија на националниот грчки идеал (впрочем како и
мегаломанијата на секој друг национализам), не остава прос-
тор за разумна дискусија во врска со македонското национал-
но прашање, но, сепак, доследно на самиот себе - јавно, не-
поткупливо, вистинољубиво и правдољубиво го бранеше пра-




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 74


вото на македонскиот народ за егзистирање и самоопре-
делување! А тоа во периодот на двете светски војни во Грци-
ја, сосема сигурно беше најопасната работа што еден човек
можеше да ја направи.


Воодушевување предизвикува неговото човекољубие
и правдољубие во судскиот процес од 1925 г. Имено, тој, заед-
но со дваесет и три други членови на Комунистичката партија
на Грција, за својата поддршка за независна и обединета Ма-
кедонија, на 24 август 1925 г. беше изведен пред суд од страна
на диктаторската власт на Теодорос Пангалос. За да избегне
изрекувањето на смртни пресуди, Коминтерната преку својот
претставник, Романецот Елек Коблош (Бадулеску), ги со-
ветуваше обвинетите комунисти да ја повлечат пред судот па-
ролата за независна и обединета Македонија, но Пуљопулос
децидно ги отфрли советите и во својата одбрана која траеше
повеќе од четири часа го бранеше правото на националните
малцинства самите да решаваат за својата судбина.


Пуљопулос во затворот Акронавплија на полуостро-
вот Пелопонез, како полиглот кој зборува повеќе живи и
мртви јазици, го научи македонскиот јазик и дури се обиде да
направи „Македонска граматика”. Од тие обиди, за жал, досега
не е пронајдена материјална трага. Неговите позиции во врска
со македонското национално прашање од тој период ги изнесе
во статијата насловена како „Македонското пра-
шање и комунистите”, во која запиша: „1. Кој не го признава постоењето на македонското
национално прашање во грчка, бугарска и српска Македонија
во минатото и денес, тој е бездруго лакеј на буржоазијата,


2. Кој не го признава историското ослободително дви-
жење на Македонците, тој е или неписмен и тогаш треба да ја
научи историјата на тоа движење и неговите национални
херои или пак е лакеј на една од трите угнетувачки буржоа-
зии,


3. Ова движење досега беше задушувано во крв и
предавство или имаше уништувачки последици за интересите
на македонските работници и селани и беше искористувано
од балканските буржоазии (посебно од бугарската),




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 75


4. Ова движење може повторно да се развие под нови
поволни историски услови – социјални, економски (безми-
лосната експлоатација на македонските маси од освојувачки-
те национални буржоазии, аграрното прашање итн.) политич-
ки (внатрешна криза на балканските држави, војна) и
културни услови,


5. Кој не ја признава оваа можност, тој е слеп или на-
мерно слеп ако не е лакеј на националистичките прогонувачи
на многу измачениот македонскиот народ,


6. Комунистите не се зафаќаат да ‚создадат‘ национални
движења таму каде што такви не постојат. Тоа би било попуста
работа. Тие поддржуваат такви движења онаму каде што тие
се појавуваат,


7. Комунистите, соочени со скршените и предадените
национално-ослободителни движења или со етничкото чисте-
ње и подјармување на нивните национални буржоазии не ги
затвораат очите и не стануваат приврзаници на ‚свршениот
чин‘. Тие нема да ја одрекуваат стварноста за национално
угнетување на нацијата и нејзиниот копнеж (во срцето и
душата не секој македонски работник) да се урне национал-
ниот синџир еден ден. Комунистите овие ослободителни
копнежи на македонскиот народ ги примаат како свои и гла-
сно го изјавуваат од сега неговото право за самоопределу-
вање до отцепување, ако така посакаат. Тие секојдневно ги
бранат непосредните национални барања, економски,
политички, културни и така го подготвуваат идниот ре-
волуционерен сојуз на социјалното револуционерно движење
на пролетаријатот со националното револуционерно
движење на Македонците против заедничкиот непријател:
балканската буржоазија.”


/Текстот е објавен во в. „Незаборав” во јули 2010 г. по
повод 110 години од раѓањето на Пантелис Пуљопулос и
70 години од појавата на неговата статија „Македонското
прашање и комунистите”/






























ГОРДИОТ ЧОВЕК - ТОДОР
ДОЈЧИНОВ-МОРАВА





„Животот ги изедначува сите луѓе; смртта


ги открива истакнатите. “
Џорџ Бернард Шо



Како да го направиме најдоброто од нас самите? Или


поточно прашано, како да го проживееме најдобро овој
единствен живот што ни е даден? Прашањето е вечно и, се
чини, нема задоволителен и општоприфатен одговор. Без
разлика на тоа, можеби, еден од морално најприфатливите
одговори го дава нашиот македонски херој - Тодор Дојчинов-
Морава.


Тој, живееќи во Егејскиот дел на Македонија во време
на бестијално беснеење на грчката националшовинистичка
десница, всушност, во време кога се чинеше дека каде да
стапнеш на земјата, стапнуваш во крв, како крв да врнела со
недели и месеци, наспроти „мирниот” живот во национално и
економско ропство, недвојбено и безрезервно се определи за
опасната и неизвесна борба за слобода.


Иако за Тодор Дојчинов-Морава е повеќе пати
пишувано (на двапати во „Глас на егејците” од 6 октомври
1951 и од 13 март 1952 година, како и од Ташко Мамуровски




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 78


во „Светли ликови од Егејска Македонија”), сепак факто-
графските податоци за неговата животна врвица се релатив-
но оскудни. Се знае дека е роден во 1921 г. во Ениџе-Вардар.
Познато е дека псевдонимот го доби по истоимена планина во
Албанија. Познато е дека од 1942 г. беше член на Комунис-
тичката партија на Грција (КПГ) и на Грчкиот народно-
ослободителен фронт (ЕАМ). Исто така е познато дека
набрзо по капитулацијата на Грчката народноослободителна
војска со Договорот во Варкиза, односно уште во март 1945 г.
премина во илегалност и го напушти Егејскиот дел на
Македонија, па извесен период живееше во Булкес,
Војводина во Демократска Федеративна Југославија. Оттаму се
врати во Егејскиот дел на Македонија во ноември 1945 г. и
веднаш стана член и еден од раководителите и главните
организатори на Народноослободителниот фронт (НОФ) на
Македонците. Се знае дека веќе во декември 1945 г., минис-
терот за јавна безбедност на Грција, со посебен указ обзнани
дека ги прогласува Тодор и неговиот брат Александар Дојчи-
нов, за разбојници и за нивното фаќање или убивање распиша
парична награда од 200 000 драхми. Познато е дека во март
1946 г., Тодор Дојчинов беше секретар на Околискиот одбор на
НОФ за Ениџевардарско. И на крајот, познато е дека, от- како
со свои другари беше опколен од полицијата во селото
Крушари, Ениџевардарско, после предавството од селскиот
кмет Петар Куртелев и откако во борбата беше повеќе- кратно
ранет на 29 март 1947 г., за да не падне жив во рацете на
непријателот ја активира рачна бомба и самиот се само- уби.
Се знае и тоа дека неговото мртво и измасакрирано тело од
страна на грчката полиција, неколку дена беше чувано на
плоштадот на Ениџе-Вардар, со цел да се заплаши маке-
донското и останатото слободољубиво население.


Ваквиот краток судбопис, навестува некои значајни
карактеристики на Тодор Дојчинов-Морава. Пред се, открива
дека Тодор беше исклучително решителен, доследност и хра-
бар човек. Како таков, тој за грчката држава и полиција беше
многу опасен непријател. Со својата долгогодишна вклу-
ченост во националноослободителната борба на Македонци-




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 79


те од Егејскиот дел, со својата целосна вклученост во бор- бата
на грчките работници за социјална правда, со својата
принципиелност и неотстапчивост во ставовите и практич-
ното дејствување, па на крајот, и со своето одбивање да им
дозволи на грчките крвници жив да го заробат, покажа дека е
исклучително - честит и горд човек. Всушност, Тодор Дојчи-
нов со својот живот и, особено, со својата херојска смрт, како да
ги антиципираше зборовите на писателот Меша Се- лимовиќ: „Немам ништо освен уверувањето дека сум честит
човек, ако и тоа го изгубам, ќе бидам
рушевина.”


Во секој случај сакам да нагласам дека секогаш и се-
каде треба да ги почитуваме луѓето чијшто живот е посве-
дочен со чесни и величенствени работи, луѓето кои мислеле
само најдобро за својот народ, кои имале, или денес имаат,
некои заслуги за слободата во која живееме.


/Објавен текст по повод 60 години од смртта на Тодор
Дојчинов-Морава во в. „Незаборав” г. XIII, бр. 45, декември 2007
г./














O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 81















СЛОБОДАТА И САМОЖРТВАТА










Слобода?
Секако!


„Крв голта слободата и лапа меса,
раце искршува слободата и нозе дроби.
Нејзини дарови се мачнотии и гробови.
Слободата е страшна, студна, бесна.”


Иван Горан Ковачиќ


Таа е единствена и незаменлива!
Но, ако нешто научиле и знаеле нашите предци од


Егејскиот дел на Македонија, тогаш тоа, сигурно, беше дека
слободата никој не ја дава, туку треба да се стекне, да се из-
бори!


Затоа, македонскиот народ што живееше во јужните
предели на таа чудно убава, но ропска земја – Македонија, во
текот на десетици години беспоштедно се бореше за сопстве-
ната слобода. Во таа тешка и нерамна борба македонскиот
народ издигна цели планини од черепи и коски. Наспроти тоа,
тој не падна со духот. Со гордо крената глава тој чекореше
напред кон хоризонтот од каде што очекуваше да изгрее и за
него сонцето на утрешниот ден – слободата. Но, во секоја
борба за слобода, секогаш е потребна храброст! Оти, како
што велеше големиот државник и војсководач Перикле, „тај-
ната на слободата лежи во храброста.“ Па, така, македонски-
от народ, во својот стремеж да ги отфрли далеку од себеси




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 82


прангите на ропството, масовно го жртвуваше својот живот,
минувајќи дури и преку труповите на своите најблиски.


Низ бурната историја составена од црнилата на со-
цијално ропство, национално асимилирање и секогаш неиз-
весна иднина, на Македонците од Егејскиот дел на Македо-
нија, најчесто, храброста им беше повеќе од неопходна. И, за
право, Егејскиот дел на Македонија изроди и одгои многу не-
покорни духови, многу херои!


Големината на овие наши македонски херои се темели
врз фактот дека нивните дела не беа направени за да бидат
наградени во некоја материјална смисла, ниту беа направени
за да добијат слава или привилегии од кој било вид, туку беа
направени заради свеста дека ја прават вистинската работа
за својата чест и за слободата на својот македонски род. И
токму знаејќи дека ја прават вистинската работа, тие наши
херои, многу често, со целосен душевен мир и сосема бес-
страшно одеа во сопствена смрт.



Во смрт со песна!
Во низата на саможртвувања за слободата на Маке-


донија и победата на Револуцијата, особена почит заслу-
жуваат оние настани кога еден или повеќе поединци свесно го
жртвуваа својот живот за да го спасат или заштитат животот
на своите соборци. Во оваа смисла, блескотен и неповторлив е
примерот на Ване Малков Дорев и неговите двајца
анонимни (барам за нас, сега за сега) соборци.


Ване Дорев е роден во селото Шештево, Костурско во
1913 г. Беше учесник во Грчко-италијанската војна од 1940-
1941 г. Се вклучи во антиокупаторската и антифашистичка
борба предводена од Комунистичката партија на Грција,
заради што по поразот на Грчката ослободителна војска (ЕЛАС), беше затворен од грчката владеачка десница во
затворот во Кожани. Во почетокот на 1945 г. успеа да по- бегне
од затворот, се префрли во Вардарскиот дел на Маке- донија и
се вклучи во Првата бригада на Македонците од Грција,
позната како Егејска бригада. Како припадник на оваа
славна македонска воена единица учествуваше во акци-




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 83


ите за чистење на балистите во Западна Македонија, а по рас-
формирањето на Бригадата, краток период живееше и рабо-
теше во Битола. Во септември 1946 г. се врати во Егејскиот дел
на Македонија и се вклучи во Демократската армија на Грција (ДАГ).


Настапи летото 1947 г. и почнаа жестоките борби меѓу
грчките владини војски и Демократската армија на Грција на
планината Грамос. Во еден момент, со цел на владините
војски да не им се дозволи да ја заземат месноста наречена „Котелска Кула” и да им отсечат отстапница на останатите
борци, воените раководители на Демократската армија по-
бараа доброволци меѓу своите борци за одбрана на оваа мес-
ност. Иако тоа значеше сигурна смрт, Ване Дорев и двајца не-
гови соборци веднаш се пријавија како доброволци.


И тогаш, на 16 јули 1947 г. се случи една од нај-
величенствените епопеи произведена од македонскиот сло-
бодарски дух. И покрај тоа што беа само тројца, и покрај
огромната надмоќ на непријателот кој употребуваше арти-
лерија и авиони, овие тројца херои не дозволуваа „Котел- ската
Кула” да биде заземена се додека и последните борци на
Демократската армија на Грција не се извлекле од опас- носта
што им се закануваше. Откако ја потрошиле целата му- ниција,
само за да не паднат живи во рацете на непријателот, пеејќи,
тројцата, прегрнати како еден, се фрлиле во сто и дваесет
метри длабоката бездна наречена „Харо”.


Ване Дорев својата желба за слобода, својата верба во
идеалите на Револуцијата, својата докрајна љубов и пре-
даденост кон Македонија, ја искажа со своите дела, а не со
зборови! Преку својот чин на саможртва се бореше ние да
живееме подобро, поубаво, како Македонци, како свои на
своето! Ване Дорев и неговите двајца соборци, фрлајќи се во
бездната, всушност со својот хероизам се извишија во
општочовечкиот пантеон на бесмртниците! Тие и сите оста-
нати наши македонски херои се нашата светлината и патоказ!




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 84




** *


Неспособноста на денешнинава правилно да го оцени
нечие дело и нечија саможртва е сигурно еден од најголемите
етички недостатоци што постојат. Заглавени во триви-
јалноста на карневалската култура, мнозинството наши лу-
ѓе не само што не ја гледаат светлината што зрачи од овие


бесмртници, туку, често, безумно ги негираат, оскверну-
ваат и поништуваат.


Наспроти тоа, во ова хаотично време на масовна
збунетост, почитувани Македонци, потребно е да смогнеме
доблест и да ги пофалиме и возвеличиме знаменитите
македонски мажи и жени што се саможртвуваа заради нас и
нашата слобода. Да се потсетиме како тие, заради Македо-
нија, ја отфрлија сопствената сигурност, ги жртвуваа
сопствените семејства, па дури го жртвуваа и она нај-
вредното – сопствениот живот. А, ако дозволиме да згасне
светлината од македонскиот хероизам, над целиот наш ма-
кедонски свет ќе се спушти мрак, ќе остане само тира-
нијата со нејзината пазарџиска лакомост за пари и власт, а
сите ние човечки ќе се разнебитиме и национално ќе се
одродиме.


/Објавен текст по повод 60-години од загинувањето на Ване
Дорев во в. „Незаборав” г. XIII, бр. 43, јуни 2007 г./


















O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 87













In memoriam
ЕВДОКИЈА БАЉОВА ФОТЕВА-ВЕРА



Ете, сите ние, живите, денес, на 10 март 2011 г., сме


сведоци на еден многу тажен момент од македонската исто-
рија! Но, токму ваквиот момент е можност уште еднаш да се
навратиме на оние херојски и крвави десет години од сре-
дината на минатиот век во јужните краишта на Македонија и
да кажеме неколку збора за хероизмот и, особено, да го спо-
мнеме и акцентираме хероизмот на Евдокија Баљова Фотева,
позната и под партизанското име Вера!


На сите треба да ни е јасно дека хероизмот може да
биде поврзан само со човечкиот стремеж да се надвладее
потчинетоста и неправдата! Оттаму, вистинскиот хероизам
најчесто е поврзан со несебичната ангажираност во корист на
еден колектив! И, тој, секогаш, бара докрајна идеолошка вер-
ба и аскетска строгост во дејствувањето. Натаму, сите знаеме
дека македонската историја изобилува со доблесни херои!
Меѓу нив, многумина се Македонци од Егејскиот дел на Ма-
кедонија. Да ги спомнеме само најголемите: Крсте Петков
Мисирков, Гоце Делчев, Димитар Влахов, Лазо Трповски... За
наша жал, ние, денес, сме во прилика да $ оддадеме последна
чест на жената која веројатно е еден од последните
автентични македонски национални херои – на незаборавната
Евдокија Баљова Фотева!


Родена е во селото Д’мбени, Костурско, Егејски дел на
Македонија на големиот македонски национален празник
Илинден, односно на 2 август 1926 г. Основно образование
заврши во родното село, а во 1937 г. се стекна со гимназиско




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 88


образование во Костур. Уште пред војната стана активист на
грчката младинска комунистичка организација, а веднаш по
окупацијата стана секретар на женската комунистичка орга-
низација во родното село. Во ноември 1943 г. беше секретар
на Реонскиот комитет на Комунистичката партија на Грција (КПГ) за реонот на Корештата и, нешто подоцна, беше сек-
ретар на женската организација на Словеномакедонскиот
народноослободителен фронт (СНОФ) во Костурско и член
на секретаријатот на оваа македонска национална институ-
ција. Во 1944 г. беше активен борец во македонските
партизански единци од Егејскиот дел на Македонија, а осо-
бено се истакна како борец на познатата и славна Егејска
бригада.


Од средината на 1945 г. беше наименувана за секретар
на Народноослободителниот фронт (НОФ) на Македонците
под Грција во околијата Сорович-Кајлари, а нешто подоцна
стана и секретар на Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) за Леринскиот округ. Нејзината политичка кариера
особено нагорна линија бележи со избирањето на функцијата
секретар на АФЖ за Егејскиот дел на Македонија. Истовре-
мено, таа беше член и потпретседател на секретаријатот на
Главниот одбор на НОФ. Покрај сето тоа таа имаше чин ка-
петан, беше помошник политички секретар на Осумнаесеттата
бригада на Демократската армија на Грција (ДАГ) и
учествуваше во сите големи битки на оваа борбена единица
во време на Граѓанската војна. Како еден од нај- високите
воено-политички раководители на НОФ и КПГ, таа
учествуваше и имаше забележителни говори на Конгресот на
Меѓународната демократска федерација на жените во
Будимпешта и на Конгресот на мирот во Прага.


По поразот на ДАГ и повлекувањето во Албанија,
беше упасена, префрлена во Советскиот Сојуз, каде беше
обвинета и осудена како “Титов агент”. Во 1955 г. беше
ослободена од затвор и интернирана во Алма Ата во Казахстан.
Во летото 1956 г. беше рехабилитирана од страна на властите
на Советскиот Сојуз и $ беше дозволено да се врати во
Народна Република Македонија. Тука, во наредните




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 89


години до пензионирањето работеше на разни општествено-
политички одговорни работни места и функции. Заедно со со-
пругот Минчо Фотев, секогаш беа активни во врска со пра-
шањата сврзани со Македонците од Егејскиот дел на
Македонија. Всушност, во врска со македонските национални
права во Егејскиот дел на Македонија, може слободно да се
каже дека таа беше активна се додека и дозволуваа нејзините
физички сили, односно речиси скоро се до нејзината смрт.



* * *



Ваквата нејзина биографија сведочи, пред се и над се,


за една личност докраен послушник на сопствениот разум и
сопственото убедување. Личност која никогаш, дури ни во
моментите на најтешки искушенија, во моментите кога смрт-
та директно и се закануваше дека ќе ја стаса доколку опстои
на своето, сепак непоколебливо, без ниту најмал компромис
не отстапи од своите идеолошки убедувања и од своето
македонско национално чувство! Всушност, борбата за
слобода и обединување на македонскиот народ беше порака
пратена од генерациите на доблесни македонски рево-
луционери од минатото, а Вера не само што ја слушаше и раз-
бираше, туку таквата порака и ја прифати како теста-
ментална обврска за себе.


Затоа, таа во целиот свој живот преку борбата за
национална и социјална слобода, го наоѓаше излезот од бес-
мисленоста на содржините на секојдневието и ограниченото
временско постоење. Оти, таа, како и многумина други вис-
тински комунисти, пеколот на војната и, уште повеќе, пе-
колот на невиситинитите и неправедни обвинувања од неј-
зините соборци, ги сфаќаше како еден вид животен тренинг
да се остане човек, еден вид тест за сопствената идејна и
идеолошка цврстина. Затоа, сите оние привилегирани кои ја
познаваа и кои имаа прилика да разговараат со неа, доколку
внимаваа, сосема јасно можеа да забележат дека кај неа не са-
мо што немаше никаква горчина заради нанесените неправди




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 90


или каење заради припадноста на комунистичкото движење,
кое на крајот беше поразено, туку не постоеше ниту ронка
колебање за потребата од докрајно продолжување на бор- бата
за македонски национални и социјални права!


Всушност, таа во целиот свој живот покажуваше дека
само ние самите може да сме заслужни за сите добрини во
сопствениот живот и дека се што имаме може и треба да го
постигнеме со сопствениот ум, со своите раце, со сопствената
волја и смелост! Таа со целиот свој живот ги потврдуваше како
вистинити зборовите на големиот Марко Тулиј Цице- рон, кој
велеше: „Големите дела не се извршуваат со сила, итрина и
брзина на телото, туку со решителност, авторитет и
мудрост.”


Од сето досега кажано, сосема е јасно дека Евдокија
Баљова Фотева беше и треба да остане во иднина како свое-
виден неизбришлив македонски симбол. Пред се, симбол на
македонскиот непокор и на македонската борбеност! Но, и на
правите и праведните човекови особини! Затоа, најнакрај, во
ова тажно, шизофрено, неморално и безидејно време во кое
живееме, мора да нагласиме: Ако особините кои ги посе-
дуваше Вера не бидат негувани и пренесувани на младите
генерации, ако нејзините идеи и идеали исчезнат од ма-
кедонскиот етички светоглед, тогаш тоа ќе значи дека
настапи смрт на македонизмот и крај на идеите за хуманизам
и солидарност меѓу луѓето на нашите простори. Ние, Маке-
донците од Егејскиот дел, тоа не смееме да го дозволиме и
мораме да ја продолжиме нејзината борба, но и борбата на
нашите прадедовци, дедовци, татковци…, за македонски
национални и човекови права! Затоа, наједноставно кажано -
не смееме и нема да го заборавиме ликот на нашата сакана
хероина Вера!


Нека $ е вечен помен и нека $ е вечна слава!
/в. „Борец”, Орган на Сојузот на борците од НОАВ на


Македонија, бр. 53, Скопје, март 2011 година/













ЗБОР-ДВА ЗА КНИГАТА „ОДБРАНА ЗА
МАКЕДОНИЗМОТ”



Издавањето на оваа мала но вредна книшка со наслов “Одбрана на македонизмот – Пофални слова за Гоце Делчев,


Ѓорче Петров, Антон Попов, Мите Богоевски, Пантелис Пу-
љопулос, Тодор Дојчинов-Морава, Ване Дорев и Евдокија Ба-
љова Фотева-Вера, се наложува, пред се, заради исцрпеноста
на голем број досега издадени книги со ваква и слична содр-
жина, кои зборуваат за макотрпната историската борба на
македонскиот народ за слободна и самостојна Република Ма-
кедонија, чија историја изобилува со навистина маркантни
фигури (личности) од нашата понова историја која бурно се
одвиваше во изминатиот XX век (од Илинденскиот период до
Националноослободителната и антифашистичка борба).


Втора значајна причина е да се запознае пошироката
читачка публика, особено помладата популација, со историс-
кото минато на својот народ, но не помалку е значајно и за-
познавање на средовечната популација во земјата и во дијас-
пората, која од разни причини не е доволно запознаена, осо-
бено, со поновата историја.


Впрочем историската наука е динамична категорија
која сепак и во Македонија бележи последните седумдесет-
тина години виден научно-стручен подем и резултати во ра-
светлувањето на многу историски собитија и подробности по-
врзани со нив.


Денес кога притисоците на соседните великодржавни
политики се зголемени околу оспорувањето на уставното
име, јазикот, црквата и идентитетот во целина, цениме дека
со ваквите и други издавачки потфати, ќе ја закрепнеме и ќе




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 92


ја подигнеме националната самосвест за својата самобитност
толку посакувано нешто од секој честит Македонец.


Во еден период после Втората светска војна евидентно
се вложија вонредни напори за кадровско и материјално по-
дигнување и зацрстување на битните институции на државата
Македонија, а сега настапува етапата кога треба истите да се
зачуваат и развијат како битен белег и основа за постоењето
на нашата држава.


Општопознато е дека при конституирањето на секоја
посебна држава, особено кога се работи за релативно кревка и
мала, како што е нашата, потребно е да се остварат след-
ните предуслови:


1. Да се поседува сопствена територија: ние ја посе-
дуваме,


2. да постои посебен народ со сите свои национални и
ет- нички карактеристики: ние таков имаме и кој се
ка- рактеризира со посебна национална култура,
историја, јазик и др. и,


3. да има изградено сопствени институции: ние имаме
многу школи, универзитети, академија на науките, ма-
кедонска црква, болници, сопствена армија, полиција,
сопствени театри и опера, музеи, научни институти, за-
води и историски архиви, невладини здруженија на
граѓани, фолклорни ансамбли и спортски клубови и
објекти, развиена мрежа на информативни медиуми,
голем број на дипломатски претставништва и амба-
сади во земјата и странство и т.н.



Меѓутоа, кога за жал денес реално постојат сили од


внатре и особено однадвор за да се разнебити нашата држава
Република Македонија, редоследот на таа деструкција тече
во обратен редослед и тоа:


1. Најпрво се разнебитуваат институциите на држа-
вата: се создава неред во школскиот и здравстве-
ниот систем, се маргинализира улогата на армиј-
ата, полицијата, дипломатијата, се прават пара-
лелни институции и организации (една црква, па




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 93


друга црква, една академија и друга академија па-
ралелно, едно друштво па друго друштво на писа-
тели, еден синдикат, друг синдикат, едно здруже-
ние, па ново здружение на новинарите, потоа едно
здружение па друго здружение на фармери, една
политичка партија, па друга која скоро секогаш се
изнедрува од првата и така во недоглед).


2. Потоа се обезличува или се врши егзодус на
народот преку разни форми на
денационализација или економски притисок врз
народот: со примање на туѓо државјанство и
пасоши заради разни политич- ки и квазибизнис
пропаганди (со потикнување на бугарофилство –
бугароманство, србофилство – ср- боманство,
гркофилство – гркоманство, алба- нофилство –
албаноманство), заради континуирано трајно или
времено иселување од земјата во европ- ските или
прекуокеанските земји од економско- политички
или др. причини, потоа со постепено смалување на
наталитетот (т.н. „бела чума”), осо- бено во некои
региони (т.н. региони на „авто- геноцид” ) и,


3. на крајот се освојува територијата на државата:
со спонтани ненасилни, но најчесто насилни методи (принудна продажба на имотот заради влошени
меѓусоседски односи, влошени безбедносни со-
стојби или заради иселување на цели семејства во
градовите или во странство, но во последно време
и заради етничка и верска нетрпеливост).


На ваквите смислени и режирани активности од разни
разнебитувачи на државата треба да се одговори со поефи-
касни општествени мерки кои треба да имаат цел да се заш-
титат и развиваат постојните институции, а потоа треба па-
ралелно со тоа да се работи на спречување на обез-
личувањето и присилниот егзодус на народот и на тој начин
ќе ја зачуваме и постоечката територија на државата.


Македонското научно друштво од Битола има своја
поитензивна издавачка дејност во последните пет години,




O d b r a n a n a m a k e d o n i z m o t 94


публикувајќи повеќе од педесетина дела на македонски јазик
и македонски автори и со објавувањето на „пофалните слова”
од својот активен член д-р Александар Литовски, Друштвото
го дава својот континуиран скромен придонес, покрај другото
и кон одбраната на македонизмот и заштитата на национал-
ниот идентитет и македонската држава.



Проф. д-р сц. Борис Ангелков















Содржина:





Вовед: Одбрана на македонизмот ……………………………………….. 7


Космополитизмот и антиврховизмот


на Гоце Делчев ………………………………………………………………….... 15


За смртта на еден голем македонски


идеолог и за се погласниот молк околу таа смрт …..……...... 37


Македонизмот на Антон Панов …………………………........................ 49


За Мите Богоевски или за вистинскиот


Македонски патриотизам ………………………….......................………. 63


Златен пресек …………………………………………………………….....…….71


Гордиот човек – Тодор Дојчинов-Морава ………………………...... 77


Слободата и саможртвата …………………………….…........................... 81


Евдокија Баљова Фотева – Вера …………………….…………….......... 87


Збор-два за книгата “Одбрана на македонизмот” …………..…. 91