д-р Александар Литовски,
ДЕВЕДЕСЕТ ГОДИНИ „АБЕЦЕДАР“
(СВЕЧЕН СОБИР ПО ПОВОД 90 - ГОДИШНИНАТА
ОД ИЗЛЕГУВАЊЕТО ВО ПЕЧАТ НА ,,АБЕЦЕДАРОТ“)
МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ДРУШТВО - БИТОЛА
Адреса на издавачот:
Македонско научно друштво – Битола,
Ленинова бр. 39, п. фах 145
Р. Македонија
д-р Александар Литовски,
ДЕВЕДЕСЕТ ГОДИНИ „АБЕЦЕДАР“
За издавачот: Проф. д-р Игор Неделковски
Уредник: Добре Тодоровски
Печати: КС - Графика - Битола
CIP - Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје
372.416.2:323.113(=163.3:495.6)
ЛИТОВСКИ, Александар
Деведесет години "Абецедар" : (свечен собир по повод
90-годишнината од излегувањето во печат на "Абецедарот") /
Александар Литовски. - Битола : Македонско научно друштво, 2015. - 28
стр. ; 21 см
Фусноти кон текстот
ISBN 978-608-4616-76-4
а) Македонци во Грција - "Абецедар"
COBISS.MK-ID 99942922
д-р Александар Литовски,
ДЕВЕДЕСЕТ ГОДИНИ „АБЕЦЕДАР“
(СВЕЧЕН СОБИР ПО ПОВОД 90 - ГОДИШНИНАТА
ОД ИЗЛЕГУВАЊЕТО ВО ПЕЧАТ НА ,,АБЕЦЕДАРОТ“)
Битола, 2015
5
ДЕВЕДЕСЕТ ГОДИНИ „АБЕЦЕДАР“
Печатењето на букварот „Абецедар“ наменет за
децата од Егејскиот дел на Македонија е нераскинливо
сврзано се борбата на македонскиот народ за национална
еманципација, но и со една комплексна дипломатска
историја, која се однесува на меѓународната политика
за заштитата на малцинствата и со политиката на трите
балкански држави кои ја поделиле и окупирале Македонија.
Појавата на овој учебник е особено поврзана
со политиката и односот на Грција кон македонското
национално малцинство во нејзините граници. Може да
се каже оти појавата на „Абецедарот“ само уште еднаш го
потврдува сознанието, дека историските настани и процеси,
скоро секогаш, имаат разновидни и многубројнипричинско-
последични врски, па заради тоа не може да се пишува
било која историја втемелена само врз еден извор, врз
една перцепција на историските настани или врз една-две
историографски книги. Затоа,појавата на „Абецедарот“
мора да се разгледува во еден поширок контекст, а пред сè,
во контекст на дејствувањето на Друштвото на народитево
периодот по Првата светска војна.
6
1.
Договорите за заштита на малцинствата кои ги
изготвила Мировната конференција во Версај требало да ги
потпишат земјите од централна Европа (оние кои произлегле
од Австро-Унгарија) и Балканот каде се формирале нови
држави или значајно биле проширени границите на
старите држави. Во тие договори имало одредби со кои се
гарантирала рамноправноста на сите граѓани во уживањето
на граѓанските и политичките права, им се гарантирало
на припадниците на малцинствата да зборуваат на
својот мајчин јазик, им се гарантирало задоволување на
специфичните верски и образовни потреби. Гарантирањето
на исполнување на ваквите одредби било формално-правно
покриено со меѓународна заштита, односно Друштвото
на народите ги имало ингеренциите да го контролира
исполнувањето на одредбите од страна на државите кои ги
потпишале Договорите за заштита на малцинствата.1
Како што може да се заклучи од погоре изнесеното,
за разлика од Берлинскиот договор, малцинскиот систем
што се создадал по Првата светска војна, бил мошне
проширен на новосоздадените држави на Балканот, но и на
оние во централна Европа, односно оние кои произлегоја
од распаднатата Австроунгарска империја. Преку овој
систем за заштита на малцинските права, големите сили
победнички во војната „не само што ги зацврстиле, туку
1. Воислав Кушевски, Македонското прашање во Друштвото на
народите, Скопје, 2009, 33.
7
ги прошириле своите политички позиции и сфери на
влијание...“2
Со создавањето и почетокот на функционирањето
на Друштвото на народите од јануари 1920 година, очите
на значаен дел на меѓународната јавност, а особено на
низа социјални и, особено, национални и политички
организации, па дури и на поединци, биле свртени кон
Женева, со надеж дека оваа новосоздадената организација
ќе биде, не само чувар на мирот и безбедноста, туку и
место каде ќе може да се извојуваат одредени права. Овие
надежи особено биле карактеристични за малцинските
прашања, односно се мислело дека преку интервенции на
Друштвото на народите ќе можат да се обезбедат не само
културно-национални, туку и политичко-национални права
на малцинствата. Во овој контекст влегуваат и разните
петиции испраќани до Друштвото на народите во врска со
македонското прашање.
2.
Треба да се нагласи дека во највисоките дипломатски
кругови од Друштвото на народите, уште од самиот почеток
на неговото дејствување, постоела доволно политичка
информираност за противречностите помеѓу балканските
држави околу Македонија и за суштината на поставувањето
на македонското прашање. Оваа констатација се однесува
забарањата за давање на автономија на Македонија,односно
2. Исто, 35.
8
за барањата за создавање на независна Македонија. Имено,
поставувањето на македонското прашање во било која
форма и на било каков начин од страна на разни фактори
од Бугарија, однапред, по автоматизам било сметано како
обид за ревизија на Версајските решенија во корист на
Бугарија и веднаш било отфрлано. Тоа, всушност, покажува
дека меродавните фактори во меѓународната политика,
сфаќале дека македонското прашање не е дел од бугарското
национално прашање, како што упорно настојувала да
го претстави и дипломатски да го инструментализира
бугарската политика и дипломатија.
Во врска со првите петиции околу малцинските права
на „Бугарите“ во Македонија испраќани од Бугарија, односно
од Извршниот комитет на Македонските емигрантски
братства, владите на Кралството на СХС и Кралството
Грција одбивале воопшто да дискутираат во Друштвото
на народите. Грчката влада го мотивирала својот став на
одбивање со немањето на ратификација на договорот за
малцинствата од нејзина страна и со склучената Конвенција
за реципрочна размена на населението со Бугарија, преку
која наводно „ќе се регулираат малцинските проблеми
помеѓу Грција и Бугарија“. Владата пак на Кралството
СХС инсистирала пред Друштвото на народите дека на
нејзина територија „не живее никакво бугарско национално
малцинство“, па оттаму сметала дека нема никаква
9
потребада дискутира околу евентуална заштита на правата
на „бугарското малцинство“.3
3.
Спрема Севрскиот мировен договор,4 Грција презела
обврски за обезбедување на низа малцински права, со кои
фактички на припадниците на малцинствата требало да им
се гарантира полна рамноправност со граѓаните на Грција од
грчко етничко потекло. Имено, Грција требала да обезбеди
настава во училиштата на мајчин јазик за сите припадници
на малцинските групи, а требало и да им овозможи
општествено и религиозно да се самоорганизираат.
Трите најзначајни членовите од Договорот во Севр
за заштита на малцинствата во Грција биле: „Член 7. Сите
грчки државјани ќе бидат рамноправни пред законот и ќе
се ползуваат со еднакви граѓански и политички права без
разлика на националност, јазик или религија. Особено
Грција се задолжува, во рок од три години после стапувањето
на сила на овој договор, да воведе еден изборен систем кој
ќе води сметка за националните малцинства. Разликите
по религија, вероисповедание и убедување нема да му
бидат пречка на ниту еден грчки граѓанин да се ползува со
граѓанските и политичките права, т.е. за негово стапување
во општествени служби, во администрацијата, на почесни
3. Исто, 78.
4. Официјалното име на овој меѓународен акт било: „Договор за
заштита на негрчките народности во Грција“ и бил потпишан во градот
Севр, на 10 август 1920 година.
10
должности и во вршењето на разни професии или занаети.
Нема да биде озаконето никакво ограничување против
слободната употреба од секој грчки граѓанин на било кој
јазик, било во приватните или трговските односи, било во
областа на религијата, печатот или изданијата од секој вид,
или на јавните собири.
И покрај воведувањето на еден службен јазик, од
страна на грчката влада ќе им бидат дадени соодветни
олеснувања на грчките граѓани кои зборуваат покрај
грчкиот и некој друг јазик, за употреба на нивниот јазик
било усмено, било писмено и пред судовите.; Член 8.
Грчките граѓани кои им припаѓаат на одделни национални,
верски и јазични малцинства ќе уживаат право на истото
третирање, на исти гаранции како и другите грчки
граѓани. Тие ќе имаат, на пример, еднакво право да
отвараат, управуваат и ги контролираат, на свои трошоци,
добротворни, религиозни и општествении установи, школи
и други воспитни институции со право во нив слободно
да го употребуваат својот сопствен јазик и да ја обавуваат
својата религија: Член 9. Во однос на просветата, грчката
влада ќе даде во градовите и околиите, каде што живеат
поголем број граѓани кои не зборуваат грчки, соодветни
олесненија за да на тој начин се обезбеди учењето на
децата на тие грчки граѓани во основните школи да се
врши на нивниот сопствен јазик. Оваа постапка нема да
биде пречка за грчката влада да го направи обврзувачко
учењето на грчкиот јазик во споменатите школи. Во
градовите и околиите каде во позначителни размери
11
живеат грчки граѓани кои припаѓаат на националните,
верските или јазичните малцинства, ќе им се обезбеди на
овие малцинства едно справедливо учество во користењето
и трошењето на сумите отпуштени од државниот буџет за
просветни, религиозни или добротворни цели. Одредбите
на овој член ќе се прилегаат само на територијата отстапена
на Грција после 1 јануари 1913 година.“5
4.
Петиционерството и делувањето по малцинското
прашање од страна надипломатијата на заинтересираните
држави околу Македонија е,во периодот непосредно
по Првата светска војна, особено изразено и често.
Тие „акции“ за заштита на своето „малцинство“ имале
изразитонационалистички и политички белег, па оттаму
преку тие „акции“ сосема недвојбенобило изразувано
ривалството мeѓy великосрпските, великобугарските
имегалогрчкитевладеачки кругови, околу Македонија по
Првата свстскавојна.
Од 1922 година во поставувањето на македонското
прашање пред Друштвото на народите, освен Извршниот
комитет на Македонските емигрантски братства во
Бугарија, се вклучила и самата „земјоделска влада“ на
Бугарија која испратила „нота“ во која барала „давање
5. Цитирано по: Лазо Мојсов, Околу прашањето на македонското
национално малцинство во Грција, Скопје, 1954, 262-263. Како што може
лесно да се забележи,„Членот 9“ е оној член кој подоцна директно се
реперкуирал во подготовката и печатењето на „Абецедарот“.
12
права на бугарските малцинства“ во Кралството на СХС
и Грција. На оваа бугарска дипломатска акција, набрзо, на
14 јуни 1922 година, реагирале со заедничка „нота“ Грција,
Кралството на СХС и Романија до бугарската влада, во која
таа била обвинувана за вооружените акции на четите на
тодоралександровата ВМРО.6 Бугарската влада како одговор
на ова, повторно се обратила до Генералниот секретар на
Друштвото на народите, барајќи интервенција од него. По
ова, Секретаријатот на Друштвото на народитезавзело став
да се разгледаат прашањата за „малцинствата од бугарско
и унгарско потекло“ на сесија на Советот на Друштвото
на народите само како „соопштение“, а не како малцински
проблем, со што во голема мерка го намалила дипломатскиот
притисок кон Кралството на СХС. Истовремено, Друштвото
на народите започнало да врши притисок врз Грција за
ратификација на Малцинскиот договор од Севри решавање
на „малцинскиот проблем“ меѓу Бугарија и Грција.7
Паралелно со сета оваа дипломатска активност од разните
заинтересирани страни, во текот на 1922 година, бугарската
влада инструирала голем број „невладини“ организации од
Бугарија и низ светот да испраќаат петиции до Друштвото
на народите за заштита на „бугарското малцинство“ во
Грција и во Кралството на СХС.8
6. В. Кушевски, Македонското прашање во..., 85-86.
7. Исто.
8. Исто, 104.
13
5.
Притисокот од Друштвото на народите кон Грција
од 1922 година, во врска со „малцинските прашања“, се
засилил уште повеќе во 1923 година, по поразот на Грција
во војната со Турција.9 Имено, по завршувањето на Грчко-
турската војна, кога во Грција од Мала Азија пристигнала
огромна маса на бегалци со претежно грчка национална
свест, започнале дипломатски акции на Бугарија и Србија
да ја искористат слабоста на Грција, на тој начин што
започнале да се „грижат“за „своите поробени браќа“ и
барале права за своето „бугарско“ и „српско“ малцинство
во Егејскиот дел на Македонија.10
За ситуацијата уште повеќе да се искомплицира
придонеле внатрешните случувања во Бугарија. Имено,
на 9 јуни 1923 година во Бугарија, бил извршен воен
преврат со којшто била насилно соборенавладатана
Александар Стамболијскии на власт дошле десничарско-
конзервативните кругови на чело со Александар Цанков.
Иако Цанков веднаш по превратот изјавувал дека ќe ги
задржи добрососедските односи со Грција и Кралството на
СХС, со што, всушност, сакал да ја зацврсти меѓународната
9. Неуспешната воена кампања против Турција била водена не
само од Грција, туку во неа директно биле вклучени Велика Британија,
Франција и Италија на страната на Грција. Ваквата фактографија
го објаснува релативно толерантниот однос кон Грција од страна на
главните меѓународни чинители во наредниот период.
10. В. Кушевски, Петициите на „српското малцинство“ од Егејска
Македонија упатени во 1925 година до Друштвото на народите и нивната
судбина, Историја VI/2, Скопје, 1970, 127-129.; Истиот, Македонското
прашање во..., Скопје, 2009, 118.
14
положба на својата превратничка влада, сепак со доаѓањето
на властна неговиот режимдошло до заострување на
меѓусебните односи.
Имено, со откажувањето на „Нишката спогодба“,
од страна на бугарската влада на Александар Цанков,
повторно на површината излеголстариот антагонизам
околу Македонија и македонското прашањемеѓу овие
две држави. Ce покажало дека бугарските владеачки
кругови собрани околу „Воената лига“, „Уставниот блок“
и „Народниот сојуз“, аподдржувани од Царскиот двори
од екстремистичките политички организации, каква што
била врховизираната ВМРО, не биле готовина било какви
договарања и компромиси со српската политика во однос
на меѓусебните големодржавни претензии кон Македонија.
6.
Како резултат на дипломатски притисок врз Грција
од разни страни, со посредство на Друштвото на народите
дошло до потпишување на т.н. „Мали протоколи“ меѓу
грчката и бугарската влада во Женева на 29 септември
1924 година. Договорот во просториите на Друштвото
на народите бил потпишан од бугарскиот министер за
надворешни работи Христо Калфов и неговиот грчки колега
НиколаосПолитис.11 Со „Малите протоколи“ се регулирала
заштитата на „бугарското малцинство во Грција и на грчкото
малцинство во Бугарија“. Како официјален документ,
11. Па затоа е познат и под името „Договор Калфов-Политис“. Б.
Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација, Скопје, 1983, 14.
15
„Малите протоколи“ биле потпишани и од генералниот
секретар на Друштвото на народите.12 Бугарската
дипломатија ги сметала за свој голем успех потпишувањето
на „Малите протоколи“ од причина што успеала словенското
население во Егејскиот дел на Македонија да биде, во еден
официјален документ на Друштвото на народите, третирано
како „бугарско малцинство“. Како потврда на ваквите
констатации, може да послужи и фактот дека бугарски
официјални личности во низа прилики преку званични и
незванични искажувања го поздравувале и величале овој
акт на Друштвото на народите.
На „Малите протоколи“остро реагирала политичката
јавност и владата на Кралството на СХС. Во печатот под
контрола на Белград се распали остра пропагандна кампања
против Грција. Таа најповеќе се концентрирала на, наводно,
тешката положба на „браќата Срби“ во Грција, односно
во Егејскиот дел на Македонија.13 Во оваа големосрпска
пропагандна кампања особено ангажиран бил битолскиот
весник „Јужна ѕвезда“, кој бил во сопственост и под
12. В. Кушевски, Македонското прашање во..., 120-121.; Она
што е значајно за подоцнежната појава на „Абецедарот“ е фактот дека
во овие „Протоколи“ имало одредби за „народното просветување и
вероисповеданието“.
13. Антигрчката кампања и дипломатски притисок на Кралството
СХС врз Грција освен со „малцинските права“ биле поврзани и со
активирањето на спорното прашање за екстериторијалност на дел од
пристаништето во Солун, односно со добивање право на Кралството
на СХС да управува со железничката линија Гевгелија-Солун и да има
право на слободна зона во Солунското пристаниште. Живко Аврамовски,
Некои аспекти на македонското прашање во односите на Југославија
со Грција и Бугарија од 1918 до 1925 година, Гласник на ИНИ, г. XVI,
Скопје, 1972, бр. 1, 87-91.
16
редакција на Спасое Хаџи Поповиќ, и кој редовно пишувал
за „подјармените Срби“ во Грција и за непочитувањето на
нивните основни малцински и човекови права од страна на
грчката држава.14 Дури започнале да се потпишуваат и да се
испраќаат до Друштвото на народите, петиции од „српско
малцинство“ во Егејскиот дел на Македонија.15 Од своја
страна, како дополнителен дипломатски и пропаганден
притисок, владата на Кралството на СХС ги откажала
договорот со Грција од 10 мај 1913 година и договорот
Нинчиќ - Александриу од 10 мај 1923 година, во врска со
слободната зона во Солунското пристаниште. И грчката
страна на нападите одговори со контранапади, па грчкиот
печат почнал да пренесува написи дека словенското
население во Вардарскиот дел на Македонија е со бугарско
етничко потекло.16
На крајот, до ратификација на „Малите протоколи“
од страна на Грција не дошло, оти по републиканскиот
воен преврат во Грција, новата грчка влада, го откажала
исполнувањето на овие меѓународни обврски. На 3 фебруари
14. Види поопширно: Александар Литовски, Српската
пропаганда кон Егејскиот дел на Македонија по Првата светска војна
и убиството на Спасое Хаџи Поповиќ во Битола, Зборник: Афирмација,
продлабочување и проширување на вековните културни врски меѓу Р.
Македонија и Р. Србија, Битола, 2015.
15. Значајно е да се истакне дека во одговорот до Друштвото
на народите на кој јазик зборуваат жителите на селата од каде што
пристигнале петициите, грчката влада одговорила: „... селаните од овие
села воопшто не го знаат српскиот и бугарскиот јазик и не говорат друг
освен словенско-македонски дијалект кој е една мешавина од словенски,
грчки, турски и албански.“ В. Кушевски, Петициите на „српското
малцинство“..., Историја VI/2, Скопје, 1970, 126-139.
16. Лазо Мојсов, н.д., 268-269, 284.
17
1925 година, Грција официјално ги отфрлила „Малите
протоколи“ и започнала преговори со Кралството на СХС,
кои резултирале со потпишување на меѓусебен договор на
17 август 1926 година, во кој Грција словенското население
во нејзините граници го признала за „српско малцинство“.17
Апсурдноста на признавањето со меѓународни договори,
еднаш на „бугарско малцинство“, еднаш на „српско
малцинство“ е повеќе од очигледна и само потврдува
дека македонското прашање се користело како „монета
за поткусурување“ во политиката на балканските држави
и нивните владеачки елити, односно дека третманот на
Македонците као „Бугари“ или „Срби“ нема никаква врска
со реалната национална слика во Македонија.
7.
Одбивањето на Грција да ги ратификува „Малите
протоколи“, довело дипломатиите на големите сили да
започнат еден подолготраен притисок во Друштвото на
народите врз Грција, со цел да ја натераат да превземе
практични чекори на планот на обезбедување на
малцинските права. Како што вели Воислав Кушевски: „Со
други зборови грчката влада во моментот бешеприморана
да отстапи од дотогашната политика на поранешните влади
17. Едно од оправдувањата на Грција да не ги почитува
преземените обврски со „Малите протоколи“, било и силното противење
на нивната практична примена од страна на владата на Кралството
СХС. Лазо Мојсов, н.д., 269. В. Кушевски, Македонското прашање во...,
122.
18
на одбегнување или одложување на примената на одредбите
на малцинскиот договор за својата територија“.18
Така, во април 1925 година, Советот на Друштвото
на народите упатил сет на прашања за малцинските
права во Грција, кои до 1 јуни 1925 година, грчката влада
требало да ги одговори. Посебно треба да се истакне
дека во заклучоците и прашањата коишто ги предложил
ОстинЧемберлен,19 воопшто не се споменувало „бугарско
малцинство“ или пак „бугарски јазик“, туку „станува збор
за именувањето на Македонците во Егејска Македонија
како ‚S1av speakingminority‘ т.e. Малцинство кое зборува
словенски јазик.“20
Преку својот претставник во Друштвото на
народите, Василис Дендрамис,21 владата на Грција се
обидела да се спротистави на прашањата со инсистирање
18. Исто, 124
19. Сер Џозеф Остин Чемберлен (Бирминген, Велика Британија,
16 октомври 1863 - 17 март 1937, Лондон), бил истакнат британски
политичар од Конзервативната партија. По професија бил историчар.
Во 1921 година станал лидер на Конзервативната партија. Министер за
надворешни работи на Велика Британија бил од 1924 до 1929 година. Во
1925 година ја добил Нобеловата награда за мир.
20. Од овој период, високите службеници на Секретаријатот на
Друштвото на народите на чело со генералниот секретар на Друштвото
на народите сер ЏемсЕрикДрамонд, вообичаено ги именуваат
Македонцитe како „малцинство кое зборува на словенски јазик.
(„Slavspeakingminoriti“). В. Кушевски, За појавата на „Абецедарот“,
Историја XIX/2, Скопје, 1983, 183.
21. Василис Дендрамис (1883-1956) бил грчки дипломат и заменик-
министер во Владата на Грција (1947-1950), односно претставник на
Грција во Друштвото на народите меѓу 1920 и 1928 година. Во врска со
македонското малцинско прашање во Грција во Друштвото на народите,
го поддржал издавањето на букварот на македонски јазик, насловен како
„Абецедар“ и наменет за настава во училиштата за македонските деца во
Егејскиот дел од Македонија. Поддршката ја образложил со елаборација
19
дека малцинските прашања се прашања од внатрешен
карактер и дека бугарската влада нема никакво право да се
интересира за „малцинството со словенски говорен јазик“.22
Дури, со писмо до ЕрикКолбан, директор на Секторот за
малцинства и на Секретаријатот на Друштвото на народите,
овој грчки дипломат инсистирал дека „македонскиот не е
идентичен со бугарскиот“ и набројувал истакнати слависти
кои го застапувале таквиот став, па фактички се јавил
како бранител на постоењето на македонскиот јазик и,
следствено, на македонската нација.23
Трите прашања за малцинските права на
„малцинството кое зборува словенски јазик“ во Грција,
кои Друштвото на народите ѝ ги поставил на грчката
влада биле: „што сторила досега грчката влада од 29. IХ
1924 година, потоа, какви мерки таа во иднина смета да
преземе за извршувањето на одредбите за заштита на ова
малцинство, и какви мерки и потреби, според мислењето
на грчката влада, биле неопходни за преземање во поглед
на образованието и јавното вероисповедание за дотичното
словенско малцинство.“24
8.
На барањата на Друштвото на народите да одговори
што било направено и што мисли да направи Грција во
иднина за заштита на правата на „малцинството кое зборува
дека тој јазик е посебен јазик, различен од бугарскиот и од српскиот.
Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, т. 1, 455.
22. В. Кушевски, Македонското прашање..., 124.
23. „Abecedar - Буквар - Aναγnωστικο“, Θεσσαλονίκη, 2006, 52.
24. В. Кушевски, За појавата на „Абецедарот“, Историја XIX/2,
Скопје, 1983, 183.
20
словенски јазик“, грчката влада заедно со одговорот на овие
барања, испратила и пропратно писмо во кое „го оспорила
правото“ на бугарската влада да се интересира директно
или индиректно за „малцинството кое зборува на словенски
јазик“25 и информирала дека дотогаш не презела мерки
за заштита на малцинството „кое зборува на словенски
јазик“,26 но дека планира да преземе мерки за „основање на
училишта на словенски јазик во учебната 1925/1926 година,
и за давање на слободи на вероисповеданието на словенски
јазик.“27 На 10 јуни 1925 година, ваквите грчки ставови
биле потврдени и од претставникот на Грција во Советот
на Друштвото на народите, Какламанос, а преку грчкото
Министерство за просвета се започнале консултации во
врска со каков јазик и писмо треба да бидат употребени во
подготовката на учебникот.
Согласно на таквите најави, на 4 септември 1925
година Министерството за надворешни работи на Грција
формирало посебна Секција за малцинствата која требало да
се грижи за исполнување на меѓународните обврски спрема
25. Исто, 185.
26. Таквото свое нечинење, грчката влада го правдала со
договорите за доброволна размена на населенијата со Бугарија, преку
кои „се надевала“ дека ќе биде иселено сето словеногласно население,
па затоа ќе нема потреба од преземање на конкретни мерки за заштита
на тоа малцинство. Б. Ристовски, Атинскиот „Аbecedar“ - македонски
буквар објавен од грчката влада и спорот за македонското малцинство во
Грција, Скопје, 2006, 9.
27. В. Кушевски, За појавата на „Абецедарот“, Историја XIX/2,
Скопје, 1983, 186.
21
сопствените малцинства,28 при солунскиот генерален
гувернер бил поставен виш инспектор за малцинствата, а
грчкото министерество за просвета формирало тричлена
комисија во состав: Папазахарију, Сијакчис и Лазару со
задача да изработат учебник - буквар за потребите на
македонските деца во Егејскиот дел на Македонија.29
Бидејќи било јасно дека Македонците не се ниту Срби
ниту Бугари, комисијата го изготвила букварот наречен
„Абецедар“ врз основа на битолско-леринското наречје со
специјално приспособена латинична азбука и со нагласено
фонетски правопис. Азбуката во „Абецедарот“ имала 29
букви,а акцентот бил одбележен на третиот слог од крајот
на зборот или на акцентската целост, што пак соодветствува
со нормите на македонскиот литературен јазик.30
Букварот до крајот 1925 година бил отпечатен во
печатницата на П. Д. Сакелариу во Атина, бил депониран
во Друштвото на народите, неколку стотина примероци
биле дистрибуирани во некои околии во западните реони
од Егејскиот дел на Македонија, а грчките училишни
власти започнале да преземаат мерки македонските деца да
посетуваат настава на мајчин јазик.31 Меѓутоа, користејќи
28. Л. Мојсов, н. д., 266-267.; Абецедар - јубилејно издание 1925-
1985, Скопје, 1985, 9.; Б. Ристовски, Атинскиот „Аbecedar“..., 11, 16.
29. Б. Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација, 16-
17.
30. Поопширно за лингвистичките аспекти на „Абецедарот“ и
македонското национално прашање види: Б. Ристовски, Македонски
летопис: раскопки на литературни и национални теми, книга II, Скопје,
1993, 15-20.
31. „Abecedar - Буквар - Aναγnωστικο“, Θεσσαλονίκη, 2006, 47.
22
го спротиставувањето на Софија и Белград, „Абецедарот“
никогаш не бил официјално пуштен во употреба и не биле
отворени училишта за македонските деца.32 Имено, на
грчката влада ѝ било јасно, како што забележува Блаже
Ристовски, дека „...воведувањето на македонскиот јазик
во училиштата автоматски ќе значи и признавање на
македонското малцинство со сите меѓународно прифатени
национални права и слободи.“33
Инаку, како што пишува Христо Андоновски,
издавањето на „Абецедарот“ наиде „на широк публицитет
во тогашниот грчки печат („Атинаикостипос“, „Елефтерон
Вима“ и други.) Грчкиот публицист и специјалист по
балканските прашања, НиколасЗарифис, излегувањето од
печат на букварот, го оцени како вонреден настан во животот
на малцинствата во Грција. Во весникот „Елефтерон Вима“
од 19 октомври 1925 година, покрај другото, Зарафис
пишува: ‚Имаме веќе готов буквар за словеногласните,
за чие составување грижливо и добросовесно работеа
специјалистите г.г. Папазахариу, Сајакис и Лазару. Тоа
е дело кое наспроти тешкотиите за негово составување,
претставува и прирачник за употреба. Пред нас -
продолжува Зарифис - е Букварот со наслов Абецедар и
предназначен за употреба на училиштата кои допрва ќе
бидат отворени во Грчка Македонија и Западна Тракија, за
32. Печатењето на „Абецедарот“ и најавите за отворање на
училишта за Македонците од Егејскиот дел наишле на широк публицитет
во весниците во Грција во втората половина на 1925 година. Поопширно
види: „Абецедар“ јубилејно издание, 1925-1985, Скопје, 1985, 5-6.
33. Б. Ристовски, Атинскиот „Аbecedar“..., 19.
23
потребите на словеногласното население. По тој буквар ќе
учат словеногласните во Грција. Букварот е напечатен на
латиница и составен на македонското наречје...“34
9.
Значењето на „Абецедарот“ за афирмирање на
македонската нација и македонскиот јазик како одделен
словенски јазик на Балканот е од исклучително големо
значење. Секако, доколку навистина се отвореа училишта
во Егејскиот дел на Македонија за тамошните деца -
Македонци и во кои тој ќе се применуваше, неговото
значење ќе беше од непроценливо значење.
Дека букварот „Абецедар“ има големо значење
за афирмацијата на посебната македонска национална
индивидуалност, можеби најдобро може да се види
од фактот дека пробугарските врховистички кругови
реагирале исклучително негативно на неговото појавување.
Така, на пример, Македонското братство „Правда“,
основано во Торонто во јули 1922 година, од страна на
тодоралександровиот емисар во Канада и САД, Сребрен
Поп Петров, јавно протестирало поради признавањето на
македонското национално малцинство и појавувањето на
„Абецедарот“ во Грција.35 Со негативна реакција во Бугарија
се јавил долгогодишниот експониран големобугарски
34. Абецедар - јубилејно издание 1925-1985, Скопје, 1985, 9-10.
Христо Андоновски во „Предговорот“ кон ова издание на „Абецедарот“
одвоил простор и за анализа на јазичните карактеристики на „јазикот во
Букварот“.
35. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, т. 2, 873.
24
интелектуалец Љубомир Милетич, кој во „Македонски
преглед“ ја обвинил грчката влада дека го користи името
„Словени“ за да ги „третира своите бугарофони поданици како
некоја нова, сега откриена народност...“36 Уште подециден
бил филологот Иван Шишманов кој во списанието „Бугарска
мисла“ запишал и дека грчката влада сака „да создаде еден
нов, специјално македонски литературен јазик, та сосема
да ги откине своите ‚словеногласни‘ граѓани од Бугарија,
дури и со ризик да потхрани во своите граници еден опасен
македонски сепаратизам.“ Бугарскиот новинар и политичар
од македонско потекло Георги Кулишев, „Абецедарот“ го
нарекол „ликувачки цинизам“, а пак битолчанецот Борис
Зографов во весникот „Стремеж“ (Устремъ) запишал дека
„Абецедарот“ е: „срамен споменик на варварштината и
политичката арогантност во денешниот век на демократски
идеи... една демонска и гадна творба на бугаромразечки
дух...“37
Во секој случај, „Абецедарот“ е прв македонски
учебник објавен од една легална влада. Со самото тоа, овој
учебник има огромно национално-политичко и историско
значење, не само во борбата за национални права на
Македонците од Егејскиот дел на Македонија, туку и
во борбата на сиот македонскиот народ за меѓународна
афирмација на сопствената националнаиндивидуалност.
Згора на тоа „Абецедарот“, како што пишува Павле Филипов
36. Л. Мојсов, н. д., 283.
37. Б. Ристовски, Атинскиот „Аbecedar“..., 18-19.
25
Воскопулос,38 „го привлече вниманието на Друштвото на
народите и нејзините експерти и дипломати кои се најдоа
во ситуација во која мораа да научат повеќе за прашањето
на македонскиот јазик, неговите карактеристики и
разликата меѓу македонскиот и српскиот и бугарскиот
јазик. Абецедарот исто така создаде можност да се докаже
македонскиот народ како посебен субјект. Македонското
население беше признато од телата на Друштвото на
народите најмалку како јазично малцинство...“ Со други
зборови кажано, преку „Абецедарот“ македонската
нација добила своевидна меѓународна верификација на
сопствената национална индивидуалност.
Заради големото национално значење, „Абецедарот“
бил фототипно реобјавен во Скопје во 1985 година, со
квалитетен предговор на д-р Христо Андоновски и одново
објавен во Солун, со придружни текстови на грчки,
англиски и македонски јазик, под наслов „Абецедар -
Буквар - Aναγnωστικο“ во 2006година.39 Меѓу македонските
историографи кои посветиле големо внимание на појавата
на „Абецедарот“ се професорот д-р Воислав Кушевски кој
за ова прашање вршел научно-историски истражувања
низ архивите на Друштвото на народите во Женева, а
за него поопстојно пишувале Лазар Мојсов, д-р Христо
Андоновски и академик Блаже Ристовски.
38. Современ македонски национален деец во Грција и еден од
раководителите на партијата „Виножито“, која се бори за унапредување
на националните права на Македонците во Егејскиот дел на Македонија.
39. „Абецедар“ јубилејно издание, 1925-1985, Скопје, 1985;
„Abecedar - Буквар - Aναγnωστικο“, Θεσσαλονίκη, 2006.
26
На самиот крај, мора да се нагласи дека како и
пред деведесет години, така и во нашата современост,
реобјавувањето и актуелизирањето на „Абецедарот“
немало, не треба да има и нема претензија да го продлабочи
јазот помеѓу Македонците и Грците, јазот помеѓу Република
Македонија и Република Грција, туку тоа е само обид,
како што вели и грчкиот интелектуалец и поет Танасис
Тријардис: „...да ѝ ставиме крај на оваа ситуација, според
која македонскиот е ‚забранет јазик‘, да се заложиме за
внесување на македонскиот во грчкиот јавен образовен
систем, тој да стане јазик во нашето образование што ќе
биде изучуван заедно со македонските песни и литература,
барем во областите“ од Грција каде се зборува.40 Впрочем,
претседателот на Грчкиот комитет при европското биро за
помалку употребувани јазици и еден од најангажираните
македонски активисти во реобјавувањето на „Абецедарот“
во Грција во 2006 година, АтанасиосПарисис, забележал
дека овој Буквар ќе биде „уште еден сигнал за грчката
држава, уште една шанса за да го промени својот став во
врска со јазичната различност на нејзината територија и да
докаже - дури и со значително задоцнување - дека Грција
припаѓа во Европа не само со зборови туку и со дела.“41
Македонското научно друштво од Битола со
јавното афирмирање на „Абецедарот“ по повод деведесет
годишнината од неговото објавување се вклучува во
акцентирањето на неодминливото историско влијание кое
40. Исто, 158.
41. Исто, 22.
27
го има овој буквар во македонскиот национален развој
и, уште еднаш, укажува на потребата од натамошно
истражување, анализирање, зборување и пишување како
за самиот учебник, така и за околностите кои довеле до
неговото појавување.
МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ДРУШТВО - БИТОЛА
Адреса на издавачот
Македонско научно друштво – Битола,
Лениновабр. 39, п.фах 145
Р. Македонија
За издавачот: Проф. д-р Игор Неделковски
д-р Александар Литовски,
ДЕВЕДЕСЕТ ГОДИНИ „АБЕЦЕДАР“
Уредник: Добре Тодоровски
Печати: КС - Графика - Битола
Битола, 2015