Помош  


Како да ги пронајдете информациите во колекцијата

Постојат 4 начини да ги пронајдете информациите во оваа колекција:
Отворете ја полицата со книги
Одете на претходниот/следниот оддел

Како да пребарувате со конкретни зборови

Од страницата за пребарување, тоа се прави следејќи ги следниве едноставни чекори:

  1. Одредете дали ќе пребарувате книги или поглавја
  2. Одредете дали сакате да ги има сите, или само некои од зборовите
  3. Напишете ги зборовите што ги пребарувате
  4. Кликнете на копчето Почни пребарување

Кога ќе заврши пребарувањето, ќе Ви бидат прикажани насловите на првите дваесет документи во кои ги има зборовите. Со помош на копчето на крајот на списокот можете да одите на следните дваесет документи. Таму пак ќе најдете копчиња со кои ќе можете да одите на третите дваесет документи или назад на првите дваест, итн. Со кликнување на насловот на некој документ, или на малото копче покрај него, документот ќе се отвори.

Најмногу 50 документи ќе бидат вратени како резултат на пребарувањето. Можете да ја смените оваа бројка со кликнување на копчето ПОСТАВКИ на горниот дел на страницата.

Зборови што се пребаруваат

Она што ќе го напишете во полето за пребарување се смета како список на зборови или фрази наречени „зборови што се пребаруваат“. Таков поединечен збор се состои само од букви и цифри, додека фразата се состои од неколку зборови опфатени со двојни наводници ("..."). За нивно раздвојување користете бланко (празно место). Ако се појават интерпункциски и други знаци, тие служат да ги разделат зборовите на ист начин како кога би биле празни места. Тоа значи дека тие се игнорираат, не можете да барате зборови што вклучуваат интерпункциски знаци.

На пример, пребарувањето за

за системот има исто значење како и пребарувањето за

Видови на пребарувања

Постојат два различни видови на пребарувања.

Можете да употребите колку што сакате зборови за пребарување – цела реченица, дури и цел пасус. Ако наведете само еден збор, документите ќе бидат наредени според зачестеноста на неговото појавување.

Опсег на пребарувањето

Во повеќето колекции ќе можете да изберете различни индекси при пребарувањето. На пример, индекси може да се автори или наслови. Понекогаш може да има индекси на поглавја и пасуси. Општо кажано, документот што целосно одговара се враќа како резултат без оглед на индексот што го пребарувате.

Ако документите се книги, ќе бидат отворени на соодветен начин.

Менување на поставките

Кога ќе кликнете на копчето ПОСТАВКИ најгоре на страната ќе можете да промените некои особини на корисничкиот интерфејс за да одговараат на Вашите потреби.

Поставки на пребарувањето

Можете да преминете на „напреден начин“ на пребарување кој Ви овозможува да ги комбинирате зборовите со помош на знаците & (за логичко И), | (за логичко ИЛИ), и ! (за логичко НЕ), со можност за употреба на загради за групирање. Ова Ви овозможува попрецизно да ги специфицирате Вашите пребарувања.

Можно е да отворите поголемо поле за пребарување, така што лесно ќе можете да пребарувате текст со големина на пасус. Самото пребарување е доста брзо, дури и кога се пребарува подолг текст.