СЕДУМНАЕСЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО
БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ВО МАКЕДОНИЈА
Зборник на излагања
National Institution – University Library
„St Kliment Ohridski“ Bitola
SEVENTEENTH HOMELAND MEETING
OF THE BITOLA WRITERS IN MACEDONIA
Collection of presentations
Round Table, Bitola June 30, 2022
Bitola 2022
Национална установа –Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола
СЕДУМНАЕСЕТТА РОДНОКРАЈНА
СРЕДБА СО БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ
ВО МАКЕДОНИЈА
Зборник на излагања
Тркалезна маса, Битола 30 јуни 2022 година
Битола 2022
Издава
Националната установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ Битола
ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39, Битола
За издавачот
м–р Бојан Стефановски
Издавачки совет:
м–р Јелена Петровска
д–р Николче Вељановски
Академик Владимир Kостов
Главен и одговорен уредник
д–р Николче Вељановски
CIP - Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје
821.163.3-05(497.774)(062)
РОДНОКРАЈНА средба со битолските писатели во Македонија (17 ; 2022 ;
Битола)
Седумнаесетта роднокрајна средба со битолските писатели во Македонија
: зборник на излагања, Тркалезна маса, Битола, 30 јуни 2022 година /[главен и одговорен
уредник [и] превод на англиски јазик Николче Вељановски]. - Битола : Национална
установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, 2022. - 75 стр. :
фотографии ; 25 см
На напор. насл. стр.: Seventeenth homeland meeting of the Bitola writers
in Macedonia : collection of presentations, Round Table, Bitola June 30, 2022
ISBN 978-608-4538-
а) Македонски писатели -- Битола -- Собири
COBISS.MK-ID
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
5
17. ЗБОРНИК НА ИЗЛАГАЊА
(17. Роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија)
Приредил д-р Николче Вељановски, библиотекар советник
На сите досегашни 16 (шеснаесет) Роднокрајни средби присуствувале
околу дваесетина реномирани роднокрајни писатели кои или се родени во
Битола, пишувале за Битола, или пак, некој период од својот живот работеле
во Битола. Како организатор и медијатор на сите изминати Средби се
одлучив, оваа 17. Роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија,
да биде посветена на роднокрајните писатели кои со своето учество на
Средбите, т.е., на Тркалезната маса, од почетокот во 2005 (прекин 2006)
година до крајот на својот живот, дале придонес за одржување на истата.
Исклучок, од писателите со кратки биографии на крајот од Зборникот,
се Јозо Т. Бошковски, Љубомир Груевски, Драги Михајловски и Златко
Бошевски, кои не присуствуваа на Средбите, но го почитуваме нивниот
индиректен придонес со желбата да се биде во Битола, зашто Битола беше
инспирација во голем дел од нивното творештво.
Овој Зборник на излагања го посветуваме на починатите роднокрајни
битолски писатели преку кој им одаваме почест за нивната долгогодишна
успешна работа како наши колеги за кои сметаме дека не треба да бидат
заборавени. НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола на овој начин им се
заблагодарува на починатите роднокрајни битолски автори кои повеќе
години беа соработници на Библиотеката, презентирајќи ги своите најнови
дела и целокупното творештво пред битолската читателска публика.
Во име на директорот на Библиотеката како организатор, м-р
Бојан Стефановски и од свое име им се заблагодаруваме за соработката на
академик Петре М. Андреевски, Ѓорѓија Најдовски, Јован Боцевски, Цане
Здравковски, Димитар Богдановски, Богоја Таневски, Панде Манојлов,
Петко Шипинкаровски, Радован П. Цветковски, како и на четворицата
погоре спомнати писатели.
Нека им е вечна Слава!
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
6
м-р Сања Мучкајева Видановска
Кога ја љубев...
На гробот...
Доаѓаше од секаде...
БЕСМРТНОСТА Е ЖИВОТОТ ПОСЛЕ СМРТТА
(За Петре М. Андреесвски)
Некои траги остануваат вечно. Не се бришат и не се корнат колку
и да сакаш да ги покриеш. Да се пишува за великанот во современата
македонска литература, Петре М. Андреевски е чест, но и одговорност пред
себеси како записник за големината и пред сите писанија. Негови лични,
како и сопствени. Затоа што, раздробувањето не е едноставна игра на
зборови, туку умствено толкување на зборовите кои често оставаат без здив.
Трагиката, љубовта, надежта, непокорот, жртвувањето, силината
на чувствата се само дел од психолошките моменти кои се запечатуваат
во генезата на еден цел народ, за што всушност Петре М. Андреевски
шепоти и ден денес преку завешатанијата кои ги остави зад себе. Тоа не
е само споменик на културата, затоа што споменикот е нем и студен.
Тоа е живо и разгорувачко дејство со секое пречитано дело или првично
среќавање со говорот кој се’ уште живо опстојува и ќе живее во секој
читател. Неговата опсервација ја извлекува од самата срж суштината на
постоењето, а неговата мајсторска умешност да го пренесе тоа на хартија
и да ја вметне сопствената мисла е ткаење, како преданија, сон и реалност.
Читањето не завршува со затворањето на последната страница.
Ликовите и понатаму водат внатрешен дијалог и ја продолжуваат
совеста со шепот, со целосно откриен профил, умешно изграден низ
генезата на животот, кој секако дека еден ден природно мора да згасне.
„...смртта не ги казнува
мртвите, туку оние што остануваат живи.“
(Сите лица на смртта) Петре М. Андреевски
Како и секој значаеан писател кој мајсторски низ своите дела се развива
под покровителство на настаните и промените кои се случуваат околу него,
така и тој во своите дела го води и сопствениот живот меѓу војните и мирот,
традицијата и новите текови, боемштината и љубовта, лошотилакот и
алчноста, транзицијата и денешницата. Кон таа насока се движи и неговиот
наратив, опфаќајќи ја севкупната небиднина на постоењето, како и борбата
да го биде човекот. Со сите свои маани, стравови, надежи, копнежи, грешки
и лузни.
Секоја посебна нарација, било да се одвива во романите, било во
неговите раскази е особена не само поради слоевитоста и градењето на
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
7
личноста без романтичарски изблици, туку и поради реалното битисување
во животот, онаков каков што е. А животот е толку многу реален на овие
простори, што можеби романтиката умира со првиот здив на човекот.
Раѓањето и тркалањето на тој живот значи само реакција како последица
на акцијата на околината. Поради тоа и Петре М. Андреевски не ги обојува
своите ликови во своите прозни дела со розови карактеристики, туку со сите
бои на сенките од минатото. Тоа не значи дека светот кој тој го прикажува
во истите е црно – бел. Напротив, тој е обоен со сите нијанси измеѓу, како
што е всушност во реалноста. Онаа некогаш и онаа сега. Бидејќи, читајќи ги
неговите дела се промениле многу работи, но тргнувајќи од појдовната точка,
тие како да се враќаат назад; назад во генезата на човечката личност која со
првиот здив го вдишува воздухот на сите нијанси меѓу црното и белото.
Тој повикува на тие воздишки...
Почнувајќи од романите кои се сведоци на едно минато, со карактери
кои постоеле во неговото семејство и околината во која пораснал. Трагиката
на херојството која ја отсликува во женските ликови, што за мене е особено
фасцинантно ја води мојата мисла повторно кон тој генетички код вкоренет
во женскиот лик. Трагичниот пиедестал на кого се искачуваат тие жени
кои навистина постоеле е величината на зборот со кој тој ја прикажува без
идеализирање почитта и, создава ремек дела. Со тоа ја запечатува женската
судбина од времето кое го води низ дејствијата, во бесмртноста – тестамент
за сите идни генерации. Тоа не се поединечни приказни. Тоа се приказни
во многу семејства во кои минатото било откинато од идеализирање и
романтизам. Голата вистина, како голата неплодна земја во зима кога
царува гладот и сиромаштијата, а студот се провира во коските е реален
приказ за животот во времето во кое се одвиваат неколку романи на Петре
М. Андреевски. Македонскиот патријахален свет е толку многу слоевиот
прикажан, што длабоко понира во црнилата на животот, но и истовремено
и во надежта дека наредниот ден носи ново утро.
Како и секој великан на пишаниот збор и тој, ги носи своите записи
низ времето, уметнички поставувајќи ги во она време за кое пишува во
секое наредно дело. И сопствените поминати години ги сместува тука
некаде, во форма на кратки раскази, прикажувајќи го пластично текот на
осознавањето себеси во период кој се развива во други правци, оној од
младите години кога е на дофат животот од поинаков агол. Внесувајќи
животни вистини и од овој период, исто така ги открива најдлабоките
корени, доаѓајќи до срцевината на општественото опкружување, како и
психолошката трансформација на македонскиот човек.
Сепак... сепак, тука некаде измеѓу и понатаму стои тој неоткорнет дел од
традицијата во која се вкајуваат сите историско – културолошки вредности.
Со сите убави страни и покрај неукоста и суеверието, покрај голата
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
8
борба за опстанок која знае да пожнее негативни страни поради стравот
за сопствениот живот, сепак умешноста на составувањето на сета оваа
слоевитост е толку очигледна, што на крајот од кога ќе се прочита секое
негово дело, во читателот се запечатува и главната цел: се’ е тоа човечки.
Да се запечати како траен идентитет, со строго јасен израз чист
македонски јазик во кого изразната форма е самиот македонски идентитет,
е најголемото богатство за македонскиот народ и трајно наследство за
идните генерации. Раскошната убавина на македонскиот јазик живее меѓу
страниците на сите негови дела.
Она што остава отворена и недовршена страница од неговото
творештво е неговиот псоледен и недовршен роман, пред кого секој
би требало да стои исправено. Иако недовршен, Петре М. Андреевски
остварува единствен контакт со читателот од збиените мисловни редици,
оние кои се читаат измеѓу. Уште од првите страни, апсурдот на војната
сликовито го предизвикува гласот на бесот и сето она набиено страдање
на страдалниците во безумието. Набиено до толкава мера, што читајќи го
светот опкружува со силина на лутина, осуда и пред се’ жал за бежанците.
Кој е патот? Срамна смрт која бежанците ќе ги дофати во смрдливите канџи
или достоинстената смрт во која единствениот пријател ти е пушката?
„И кој ќе ја спаси оваа наша земја. Зарем оној што бега како метилава
овца, вели, и шти се крие како прдеж во посрани гаќи? Не можам таков
народ да сожалувам, вели, оти, да го сожалуваш, значи да му простиш. А јас
не проштевам. Затоа пушката си имам како поблиска роднина од него. Таа
барем никогаш не се дели од мене. Таа е секогаш со мене, вели и верна. Освен
кога ќе промаши. Но не верувам, вели, дека мене ќе ме промаши. Се разбира,
кога ќе дојде време. Не им го оставам тоа задоволство на моите непријтели.“
(Бежанци) Петре М. Андреевски
Пеколот, повторно е отворен... Егзодусот, крвопролевањето,
измачувањата, убиствата, силувањата, уште еднаш ја отвораат вратата за
нови страдања, но овој пат критичкиот став кон апсурдот на бегството е нова
интонирана реалност. Да се земе достоинството во свои раце, онака како што
доликува е моралниот изблик на овој за жал недовршен роман. Апсурдот
на бегството, пред налетот на свирепоста е можеби само одложување на
смртта, но онаа недостоинствената, срамна смрт. Избликот на горчината, е
поинакво заокружување на темата за македонскиот идентитет од останатите
романи на оваа тематика и сигурно, како што се гледа од педесеттината
напишани страни би отворил нови страници на самопочит и храброст, со
одбирање на достоинствена смрт. Затоа што, времето на смртта не можеш
да го предвидиш. Но бежанецот, бегајќи само се оддалечува се’ подалеку од
достоинствената смрт.
Дури и во својот последен, недовршен ракопис, жената е повторно
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
9
карактерот со кого го започнал својот роман. Можеби тука некаде
измеѓу, со сопствениот крик преку перото кое повикува на небегање од
реалноста, може да се сфати суштината на она што сакал да го искаже.
Враќањето на достоинството и повикот на спротивставување кон сите
страданија и маки на македонскиот човек води кон себеанализа за
тоа што значи достоинство. Иако недозавршен, овој ракопис остава
длабока порака. Со колку ли несреќи и откинувања парче по парче од
душата мораше да се соочи македонската кротка жена, чиј животен
сон е топлиот дом и рожбата која сака да ја заштити? А, немоќна е!
Некои случувања оставиле длабока трага во писанијата на Петре М.
Андреевски, што се чита од самите редови на почетокот на ракописот,
започнувајќи го со истата трагика, но сосема реална со онаа во
неговот ремек дело, Пиреј. Да ги губиш сосптвените деца на патот кон
небиднината е губење на сопствената душа. Трагиката која е натежната
со толку многу слоеви го одзема здивот. Но она што тој го пишува
на своевиден начин, не е со цел да се оплакуваат тие редови, туку да
се прикаже и револтот и љубовта кон татковината и својот народ.
Таа негова љубов е длабоко вткаена и во неговото ремек дело Дениција.
Ѕвездата водилка, звездата над сите ѕвезди. Онаа која го осветлува патот
на изгубените, вљубените, трагачите по вистината и светлината. Дали е тоа
неговата љубов кон жената која го обзема, или е љубовта кон татковината?
Или е тоа сон кој го прикажува јавето во поинакви светло, само кога таа
свети високо на темното небо? Или едноставо неотсонуван сон на поетот...
…како што таа ми ја одземаше тежината,
додека трчав кон неа,
како што не можев да видам ништо освен неа,
како што таа живееше додека јас умирав,
како што и јас не знаев како би умрел,
ако таа не се родеше…
(Дениција – Кога ја љубев Дениција) Петре М. Андреевски
Кој и да е одговорот на овие прашања, сепак највпечатливото
е тоа што секој кој ќе ја почувствува љубовта кон Дениција, веќе знае
дека нараторот – поет може да биде и самиот тој. Воскликот може да се
нарече крунисување на бесмртноста, како една друга димензија во која
преоѓа секоја трага од душевното изградено излевање и само на тој начин
димензиите се спојуваат во уметничкото, во кого големиот писател е
каналот преку кого се пренесува пораката дека секој човек е бесмртен.
Како што и македонскиот човек, без разлика дали е жена, маж или штотуку
прогледано дете станува бесмртен, преку ваквите дела со кои Петре М.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
10
Андреевски остави трага зад себе во онаа димензија која се нарекува уметност.
А постои ли подлабока трага од трагата која ја оставил уметникот во овој
смртен свет?
На гробот од Дениција
.
Над мене сив облак и сива орлица
се договараат за нешто,
а јас мислам дека кај тебе
ме потскажуваат, Дениција.
…
А видов што видов и ништо не видов
оти везден се искачувам по душата од мртвите,
везден слегувам по дождот и маглите
и секаде задоцнувам да те стигнам тебе.
Потоа ѕемнам кај што мислам дека ќе поминеш
и сите градски порти ги оставам отворени
во секое време за да можеш да се вратиш.
Ти ме приѕираш и од небото и од земјата,
а мене никако не ми успева да ти кажам
дека и мојата смрт започна по твојата
и дека блажено е да се живее, а поблажено да се умира,
мислејќи само на тебе, Дениција.
.
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
11
Проф. д-р Христо Петрески
ЗБОРОВИТЕ ШТО (НЕ) ИСЧЕЗНУВААТ
(За Петре М. Андреесвски)
На една од Роднокрајните писателски средби во Битола, јас
зборував за зборовите што исчезнуваат.
Зборовите од ненапишаниот татков и мајчин речник, кои сме ги
слушале како деца и кои сме ги запомниле и понеле заедно со нас.
Тие зборови се наши, најмалку од се друго ни тежат, но бидејќи не
се толку многу фреквенти – ретко се изговараат, (за)пишуваат и среќаваат,
па ни недостасуваат, а и ние самите се поретко ги употребуваме.
Затоа, постои вистинска опасност и страв дека тие полека но
сигурно и ќе исчезнат.
По мојата дискусија збор зеде Петре М. Андреевски кој рече
дека јас сум го кажал тоа што тој мислел да го каже. Беше тоа најголем
комплимент за мене. А, Петре додаде дека сумн помлад и дека тоа се
очекува од помладите, па и од мене, да го кажат пред другите она што
другите мислеле но не го кажале.
Петре е умник, зналец, искуственик. Неговите зборови одекнуваат
како камбани.
Неговата Светлана се гордееше што е Дениција. А, јас со радост
и пиетет ги читав Пиреј, Последните селани, но и Дениција, па и Касни
порасни...
На неговото вечно почивалиште отидов(ме) веднаш по
завршувањето на Првото Растојчко културно лето...
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
12
БЛАГОЈА БРАЈАНОВСКИ
(1934 - 2021)
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
13
Петре Димовски
СОМНЕЖОТ Е ПОСИЛЕН ОД БОЛКАТА
(За два романи на Благоја Брајановски)
Романот "Песна отпеана" (првонаграден роман од Издавачката
куќа Мисла) е роман на Благоја Брајановски, кус по содржина, но голем
по опфат. Темата за "Песна отпеана" е земена од едно време од нашето
непосредно минато. Тоа е рефлексија од младешкото време на авторот.
Просторот е неговото родно село. Младите луѓе, како никои дотогаш пред
нив од постанокот на селото ќе се најдат на раскрсницата меѓу минатото и
иднината, од каде ќе започне раселувањето, испразнувањето и умирањето
на селото, почетокот на неговиот крај. Тоа наполно ќе го смени текот на
животот и своите жители ќе ги расфрла низ земјата и светот во потрага по
нова егзистенција, закуќување и иднина. Тоа е време кога старите односи,
градени низ векови и милениуми се раскинуваат, настанува неред и хаос во
изострена форма, а писателот ја пренесува целата трагика на личностите.
Изгубени во новата средина го отвораат времето кон подруг свет, каде тие
се жртвите, а трагедиите се изедначени со сите преломни фази од човечкото
опстојување. Во романот е дадена драмата на младите луѓе во потрага по
егзистенција и нов живот, хаосот во човековите души на тие што заминале,
и пустошот на тие што остануваат, во дилемата кој чекор да го направат,
односно дали воопшто да зачекорат натаму кон неизвесноста што им се
нуди како алтернатива на животот во селото.
Приказната започнува со заминувањето на едно момче на студии
во градот С., кого на железничката станица го испраќа (сама) неговата
мајка, една "неписмена селанка, која го чувствуваше времето што доаѓаше
како нов предизвик. Сакаше децата да се откорнат од земјиштето на село
и од ралото и да станат учени луѓе." Пред него натаму е сета неизвесност,
својствена на младата генерација што трага за новиот живот, без целосна
визија и без јасна перспектива, но со цврста решеност некаде да се пронајде
новото гнездо во кое ќе се создава иднината.
Натаму се одвива приказната за вљубувањето и неизвесноста што
ја носат непознатите мигови на луѓето што меѓу себе не си го познаваат
минатото едни кај други. Така, во градот С. Стигнува Трајан и таму го
пронаоѓа својот постар брат Аритон. Меѓу нив е поставено времето со
својата тежина и се чувствува нивната меѓусебна отуѓеност. Трајан набрзо
добива работа во една установа и од колешката од канцеларијата Марија ќе
дознае дека на состанокот, каде не го познавал никој, за него кажал добри
зборови еден Аритон, за кој таа нема да знае дека е брат на Трајан, а за кој
Трајан првпат ќе чуе дека тој се интересирал за него.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
14
Меѓу Марија и Аритон постои љубовна врска, но со доаѓањето на
Трајан, Марија се вљубува во него и врската со Аритон слабее. Трајан ќе
слуша дека претходното момче на Марија често се пијанело, но нема да знае
дека тоа всушност е неговиот брат Аритон. Сите тројца млади луѓе, дојдени
од внатрешноста во градот С. и западнати во тој љубовен тријаголник, се
растргнати меѓу минатото и сегашноста, живеат од денес за утре, и секогаш
нивниот проблем е домувањето. Марија, незабележувана од другите во
установата, ќе му признае на Трајан дека тој животно и е потребен, ќе
го повика во нејзиниот стан, а за да нема озборувања од вработените,
просторот во кој живее ќе го поделат и преградат со лесонит за да бидат на
тој начин одвоени.
Благоја Брајановски во романот "Песна отпеана" сржно го допрел
тој преломен период, каков што беше Егејскиот егзодус во кој семејствата
се разделуваа без да имаат можност за средба или сознание каде и како се
другите. Егзодусот е трагичен сам по себе, кога ги остава луѓето со отруени
души и изгубени светови, каде треба многу храброст, умешност и визија да
се пронајде патот за натаму.
Дејствието на романот „Песна отпеана“, изнесено на хартија е
прекинато во мигот кога се дознава дека Марија е пронајдена и натамошниот
тек што ќе го даде континуитетот на таа животна приказна постојано низ
идното време надоаѓа во творечката размисла на авторот да биде ставено на
хартија продолжението кое ќе го заокружи тоа дејствие.
Како претставник на тие што останаа во селото, разочарани, со
затворена иднина, и на кои им останува да најдат утеха и лажна среќа во
алкохолот е момчето Евтим.
Романот предизвикува вмисленост и дилеми со своите загатки.
Зачнати се и повеќе епизодни приказни, кои авторот ги остава во нивната
недореченост да ги мобилизираат чувствата на читателот. Романот „Песна
отпеана“ Брајановски го пишува во шеесеттите години од минатиот век и
истиот го испраќа на анонимниот конкурс што тогаш традиционално го
распишува реномираната издавачка куќа во Македонија, Мисла. И во 1967
година се објавени резултатите од овој натпревар на македонските писатели,
каде како првонаграден се јавува насловот на неговиот роман.
За да се сфати целосно дејствието од вториот роман на Благоја
Брајановски „Да бидеш победник и да бидеш победен е исто“ треба
читателот да го прочита претходно објавениот роман „Песна отпеана“,
зашто вториот е продолжение на првиот. И после изминати децении по
првата објава дејствието во романот „Песна отпеана“ на Брајановски нема
да му даде мир, зашто постојано ќе го држи неговиот интерес да го продолжи
романот. Во целиот тој период писателот Благоја Брајановски размислува
да му се врати на делото, но многуте други обврски, пред сè од правните и
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
15
економските науки не му го ослободуваат времето за книжевното творење
кон кое делата што го заокружуваат тој период со објавувањето на романот
„Песна отпеана“ го најавуваат големиот писателски талент, а подоцнежните
дела го потврдуваат големиот наратор со раскошна творечка моќ, силно
изразена имагинација, со длабока мисловна продирност, јасна филозофска
проникливост и епска широчина. Брајановски, по неколку децении ќе
биде победен од творечкиот наплив на делото во себе и ќе го продолжи
пишувањето на романот, сега вториот негов дел. Тој свој творечки труд ќе
го објави преку Македонското научно друштво од Битола во 2011 година, а
делото ќе биде еден монументален роман на 418 страници во формат од 25
см исполнет текст со збиени маргини.
Ќерката Марија е изгубена уште во нејзината најрана младост во
егзодусот во Граѓанската војна во Грција. Потрагата по неа трае и надежта
опстојува дека родителите еден ден ќе ја пронајдат својата ќерка, а двајцата
браќа ќе ја имаат среќата своето растење да го продолжат заедно во друштво
со својата сестра. Кај мајката таа надеж доаѓа од сознанието за Големата
Вистина дека нештото изгубено не значи дека засекогаш е изгубено.
Таа вистина искажана е и од големите духовни мислители, мудреци и
свети личности, кои авторот често ги цитира, дека на планетата Земја, во
Вселената, во Бесконечноста загубата е само илузија, дека постои Единство.
Постои животот и постои смртта. Благоја Брајановски, обдарен со голема
интуиција и опремен со широко познавање, како од големите мислители на
вистината, така и од својот духовен учител, ја објаснува суштината помеѓу
животот и смртта.
Во животот на семејството: на мајката и таткото, кои страдаат во
неизвесноста во потрагата за своето родено чедо кое е загубено; на браќата,
на кои тој дел, загубената сестра, им недостига; на изгубената ќерка и сестра
Марија, сама низ животот, не можејќи да пронајде трага која ќе ја доведе до
нешто свое и тука е вмешана судбината која го одредува текот на животот.
А животот и живеењето Брајановски ги дава како едно течение низ кое се
плива, напати низводно, напати против самото течение на водата, која е
симболот на постојаното движење кое го карактеризира и животот. Кога
се плива по течението, филозофската мисла на Брајановски е дека тогаш
се чувствува леснотијата и полетноста, но кога се плива против течението,
каде треба да се совладува силата на текот, неговата разурнувачка моќ, тоа
доведува до губење на силата и до големи страдања кога поблиску е смртта
од животот.
За сфаќањето на филозофијата на авторот за симболот на грижата,
колку таа го оптоварува блискиот и ослободувањето од товарот на грижа-
та, кога изворот од кој таа настанува не може да се затвори, е внесувањето
во наративот учењето што на еден сопственик на пес кој пес е повреден
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
16
тешко во сообрачајна несреќа, на стопанот му причинува зголемен товар
околу грижата за него. Изнесено е преку рибарот кој всушност е духовниот
Учител Рамон кој го дава толкувањето. Песот угинал, пливајќи против
текот на водата кој тек му ја истрошува енергијата. Духовниот учител му
кажува на сопственикот на песот дека песот, пливајќи спротивно од текот
на водата односно од текот на животот, настојувал него како негов стопан да
го ослободи од грижата за него, од зголемениот обем на грижа за неговото
натамошно одгледување. „Песот, за разлика од нас луѓето, кои ги води егото,
го води интуицијата. Песот не можеш да го прелажеш како кога станува за
односите помеѓу нас луѓето: едно да зборуваш, друго да мислиш, а трето да
правиш. Бидејќи тој, на одреден начин, ти ги чита мислите.“
Како филозофска суштина во мудроста на мислата е рамнотежата
што треба да се овладее и воспостави во животот, како една од главните
компоненти што го следат развојот на човештвото низ неговиот свет. Во
романот Брајановски многу богато ги користи големите антички мудрости
и големите мисли на големите мудреци и мислители кои, применувајќи ги,
го зајакнуваат духот и учат на нивна примена.
Еден ден Марија ќе замине да ги бара своите родители, од кои не знае
кога и како е одделена и зошто ги изгубила. Пред тоа, во неколку нафрлени
збора од Марија, дознаваме дека Трајан и Аритон имале сестра, загубена
уште како мало девојче, за која стравуваат дека е мртва. Родителите на
изгубената ќерка Марија добиваат информација дека таа е жива, пронајдена
е и дека се очекува да пристигне кај нив. Таткото на Трајан и Аритон,
Остоја, им пишува на синовите дека нивната сестра е пронајдена и нив
ги очекуваат поскоро да си дојдат дома. Кога сите се враќаат во домот, се
открива вистината дека Марија, која претходно ја запознале и се вљубиле
во неа всушност е нивната изгубена сестра.
Благоја Брајановски во ова дело со една длабока мисловна усвите-
ност им го дава филозофскиот опсег на материјалниот и духовниот свет.
Ова сложено дејствие авторот го води многу вешто, ненаметливо, со сета
тежина на драматичноста што таквиот чин ја понесува. „Што ако брат
ми имал поблиски односи со нашата сестра Марија“, во еден неизвесен
мисловен сплет кој носи големи сомнежи Аритон ќе ја запраша својата
пријателка, Ерменката Валперија. Таа поаѓајќи од женската интуиција
при набљудувањето на однесувањето на браќата во дадената ситуација, ќе
го симне тој сомнеж кој тешко разјадува. „Онолку колку што го запознав
твојот брат, а и од разговорите со тебе за него, убедена сум во спротивното“,
ќе му рече Валперија на Аритон. „Бидејќи и ти велиш дека немало такво
нешто меѓу тебе и неа, тогаш нема од што да се стравува.“
Трајан е во големо оптоварување на мислата дали се случило грев
од страна на неговиот брат Аритон кон сестра си Марија. Исто така и дали
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
17
кај Аритон и кај неговите родители не ќе остане сомнеж дека меѓу Трајан и
Марија се случило нешто, не знаејќи тие дека всушност меѓу нив постоела
само платонска љубов. Неговиот учител Рамон му ја кажува мислата од
големиот Зен-будист: „Гревот не е ништо друго освен грешка човекова,
погрешен чекор во животот.“ И дека, за неговата вљубеност во Марија, кога
не ја познавал дека е негова сестра, го советува при средбата со родителите
и сестра си да биде крајно објективен, да се отвори целосно суштински,
при што тие ќе ја отворат вистината. Но доколку прикрие нешто, со тоа
ќе остави негативна трага во идната негова карма кое нешто ќе го остави
и зајакне сомнежот како да се случило тоа што не се случило. Зашто, како
што ќе му каже таткото Остоја на својот син Трајан: „Сомнежот е посилен
од секаква болка.“
Брајановски е со големо познавање на мудроста и филозофијата на
мислителите, кои содржајно ги цитира низ текот на дејствието на романот.
Стилот на Брајановски е високо интелектуален, кристално јасен и изразно
исполнет и богат.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
18
ПАНДЕ МАНОЈЛОВ
(1948 - 2020)
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
19
Проф. д-р Христо Петрески
ЗА ПАНДЕ МАНОЈЛОВ И РАДОСТА НА СОЗДАВАЊЕТО И
ЖИВЕЕЊЕТО
(Кроки – скица за еден можен портрет на еден писател и пријател)
Панде Манојлов се до неговата смрт интензивно пишуваше и
објавуваше. Беше како вруток и надојдена река. И премногу ја сакаше
Битола и редовно фотографираше делови од кај Широк Сокак, Саатот,
Тумбе кафе, Паркот... Како да сакаше се да запише и овековечи.
А, ете животот е непредвидлив и краток.
Панде сакаше да прошета низ Битола, да испие чај или кафе и да се види со
Илија, Мичо и други сликари, актери и писатели. А, со голема радост дојде
и во мојата Растојца и со невиден пиетет го прими признанието Последниот
селанец. Тоа признание произлезе како парафраза на насловот од романот
Последните селани од Петре М. Андреевски. А, Панде сакаше и секаде и
секому кажуваше дека е последниот селанец и тоа со доказ – признанието
со тој наслов, кое специјално го подготвив за Панде и му го доделив и тоа е
направено само еден и единствен пат, зашто нема други мажи кои со гордост
би го понеле и не би се срамеле од него поради срамот од пежоративното
значење на синтагмата последен селанец. Кај нас, за жал, не предизвикува
радост и гордост да си ни прв селанец, а не пак последен.
Но, Панде беше свој, оригинален, искрен, добронамерен и
непосреден. Не сакаше фрази, туку само искрени зборови.
Затоа и ги упатувам сега кон Него и за Него и овие мои кратки
пораки...
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
20
Весна Мундишевска-Велјановска
ЗА КОРЕНОТ НА ИДЕНТИТЕТОТ
(Панде Манојлов, „Ветровито време“)
Книгата поезија „Ветровито време“ на Панде Манојлов е контрасно
понирање во дамарите на исконот и коренот на идентитетот, во одгатнување
на светоста на припадноста, на недосежноста на тајните на времето, на
носталгијата по ветриштата кои му пркосат на просторот. Манојлов во оваа
книга е како јаболко во срцевината на непресушна јаболкница чие зреење
нема временска одредница, сочно јаболко кое не се откинува од коренот, кое
и по секој загриз чудесно зараснува и се дооформува, во кое непрекинато
се мешаат семките на мисловноста и смисленоста. И токму љубовта за
родот и татковината е препознатливоста на Манојлов, неговата втемелена
сигнатура.
Првиот од четирите циклуси во книгата, насловен „Скршено
огледало“ е емотивна исповед на страданијата на душата за развејувањето
на скршените парчиња од огледот на родот. Тежи нагмечувањето на народот
од топуците на најблиските, своите. Плаче од неутешност љубовта, лелекаат
разделбите, вникнува длабоко тагата. Боли болката на прегазените зеници од
распукнатото срце во огледалото на „Реката во која истекува родот“, реката
во која се дави достоинственоста и ден-денувањето, Реката на одродот.
Во провалијата на кондензираната нестабилност ја снемува и
онемува и душата „засрамена од срамот на сопственото ропство“ („Нема
душа“). Но, ваквиот молк на Манојлов не е погубно премолчување туку
засрамено одболување на засегнатото опстојување и вслушана молитва.
Дека без татковината во срцето секој куфер е празен, секоја патувачка
дестинација е бесцелна, секоја преселба е залудна, секое вкоренување во
туѓа почва е осудено на суша под припекот на неповратот. Во туѓина – туѓи,
во своето сè само не свои.
Бдеејќи сред ваквото замаглено денување, Манојлов не коленичи
пред надојдените ветришта и бури туку ќе го запали огнот на соништата за
„портите дедови за навек да не се затворат“, да не згасне огнот на разбудената
надеж за истрајност, за слобода, за векување, и ќе рече:
„И стерна сме,
и вулкан и бистра вода,
и лава
во сопствено корито
допрва што ќе тече!“ („Подземен поток“)
Носталгијата и тагата доминираат и во циклусот „Мојата песна“. За
Манојлов создавањето на песната е неизбежност, самување, спаметување,
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
21
себепознавање, незаборавање, продуховеност..., а поетите „смрт и слава
истовремено, зрно мудрост фрлено во вселената“.Соочувајќи се со
надоаѓачкото пустошење на „чумите ветрот што ги носи“, ветрот што дува
и секоја трага ја збришува, тој – поетот револуционерно и со зовриена
крв се исправа пред ураганскиот галоп чија намера е да бидат згазени
сите вредности. Во ваквите стихови неговата визија има моќ човекот-
нула да го претвори во човек-сонце, а безличните сенки во блесок кој го
просветлува излезот од безизлезот по убивањето на црниот човек во себе
и себежртвувањето за суштествувањето. Секој ден се венчава со надежта и
љубењето на љубената личност, на љубените градови, на љубената земја –
Македонија.
Во сонот на Манојлов летаат и „Птици“. Во вака именуваниот циклус
тие
„...кружат на небото
разубавувајќи ја надежта
дека ќе најдат нешто
од остатоците
на човечкиот сон.“ („Претстава“)
Растоварени од секакви ограничувања летаат галеби, врапчиња
и неименувани птици. Отворена е вратата на кафезот, се слуша гласот на
слободата. На неискусноста и невиноста дадена им е можност да ја заситат
својата љубопитност самоизбирајќи предели за своите обиди. Но тој лет по
откровението го нарушуваат гаврани и чудни птици кои патат од алчност
„што ништи невини души“. Низ етерот врескаат баналности, нечесности,
бесмислени егзекуции, сестрани опасности. Животот станал мистерија.
Опустошени ниви, сотрени семиња и плодови, изгладнетост на духот,
полупразни села и градови. „Се умира катадневно во којзнае кој балкански
пекол“. Крвници се: „безбројни гладни од нашето племе стаорци!“ кои на
жртвеникот на прататковината безумно глодаат со синдром на самора-
зорност.
А сепак, вознемирувачки мрачни предвестија опоменувачки гракаат
со црн глас во сонот... Вознемирената совест, симболично и сугестивно, во
последниот циклус насловен „Пред Бог да ми суди“, за причест македонско
вино бара за да се простат гревовите кон татковината и пред народот свој
измачен и страден. Пристапувајќи кон најдлабоката тајна на верата, пред
догорувањето на свеќата на деновите, во потрага по чистината, а исправен
пред мостот на вистината, Манојлов посакува да заборави и на грешните и
на гревовите.
Ни громкото биење на камбаните, ни распуканото небо, ни татнежот
од очајот на земјата-мајка не може од сон да го разбуди овој чиниш
маѓепсан народ „легнат под сенката на јадот“. „И пак, гуша за гуша братски
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
22
си вадиме душа“, повторно нагласено подвлекува Манојлов, продолжувајќи
да ја акцентира нестабилната линија на крајности и едностраности кои се
тетерават како експлоатирани камења во неисцрпен коп, кои разнострано
се одминуваат „како класје без сноп“, па и поразително, и жално, и гневно
ќе изрече:
„дури и калта
со кал ја валкаме,
со клетви и колнатии
бел образ
на Родна Земја црнееме“. („Кршна песна“)
Бесвесно вегетира народот, а катадневно некој бездушно стрела
во неговите крвави гради, нечесна намисла носат најблиските, демне
(кога притаено, кога сосем разголена) прокобата, се множат душмани, но
има и востаници, има и доблесни, на претек има предавници, но и слепи
послушници кои учат нова религија газејќи ги вековните обреди евтино
жонглирајќи со вечноста. Бесмислените постапки на луѓето без лице и
мисла го прават бесмислено и онака кршливото лелеење сред ветровитото
време.
Во бурите на пустината парчето татковина јачи од болка сред
преселбите и делбите, ветришта на неспокој дуваат од секаде, оазата е
вклештена сред виор кој корне до непостоење, но недвосмислено грми и
пораката за неопходноста да се истрае, да се биде свој, да се врати својата
глава на своите рамења, да се зборува со свој глас, за повторно пронаоѓање
на патот „до следното востание во нас“.
Ечи неодложноста за очистување на контаминираните души кои
конзумираат одамна познат отров но со новодизајнирана амбалажа.
Човечката изобличена физиономија вришти за реструктуирана анатомија.
Но, Манојлов е прагматичен. Подготвен е и да замине стоички од овој свет
полн со светост во душата и со ѕвездена љубов за Татковината во срцето.
Кај него нема двосмислености. Има единствена вистина која го носи името
Љубов. И – тој љуби, неуморно ја љуби и тоа македонски ја љуби Македонија.
Македонија е неговата судбина.
Во „Ветровито време“ нема имагинарности. Креативниот порив
во создавањето на песните, исклучително вмрежен во реалноста,
функционално е поставен во темелот на зборот.
Во ваквата симбиоза ветрот, како синоним за непостојаноста и
немирот, за беспокојот и ништењето на вредностите, струи раздвижувајќи
ги молекулите на континуираноста пркосејќи му на импулсот на
безграничноста на времето, активирајќи ја сета немоќност и семоќност
на интерпретацијата на спознавањето и созревањето во астралот на
непокорот, непоколебливоста, слободата и светлината, во кој љубовта
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
23
е бездимензионалната величина во мерниот систем на душата која ќе
овоплоди (ко)егзистирање во достоен континуум.
ИЗЛОЖБА ВО СЕЌАВАЊЕ НА ПАНДЕ МАНОЈЛОВ
Во рамките на одбележувањето на 4-ти Ноември, Денот на
ослободувањето на Битола, беше презентирана изложбата на делата на Панде
Манојлов, битолскиот роднокраен писател, поет, раскажувач и новинар.
Манојлов е роден во 1948 година во с. Породин, Битолско. Завршил Правен
факултет во Скопје. Работи во редакцијата на весникот „Битолски весник“,
Битола.
Настанот се одржа во НУУБ „ Св.Климент Охридски“ - Битола, а беа
рецитирани и песни во негова чест, од страна на Силвана Петрова асух.
Освен делата, беа изложени и признанијата кои тој ги доби не само во
Македонија, туку и низ светот, беше прочитано и писмото, обраќањето од
Раде Силјан.
Изложбата беше организирана по иницијатива на г-н Љупчо
Василевски и м-р Добре Тодоровски.
Пишувал на многу теми, воглавно, поезија, како и поезија за деца,
раскази за деца и возрасни, хумористично-сатирични дела и театарски
текстови и критики. Неговата прва стихозбирка „Црвен немир во црвено
пламти“ излезе од печат во 1971 година. Меѓу останатите се и поетските
збирки: „Соѕвездие на болот“ , „Песни за Тито“, „Огнена земја“, „Блажевина“,
„За Битола, вековите и љубовта“, „Македонски поетски молк“ и други. За
својата поезија знаеше да каже „Јас не пишувам песни, не пишувам раскази,
ниту романи. Тие ме пишуваат мене“. Пишува и за театарот, „Талија на
битолската сцена“ (2003). Автор е и на книгата сведоштва „До Учителот
– низ сито и решето“ (2015). Последна во низата објавени книги му беше
„Егзотичен ветер“. Една од неговите најпознати песни е песната посветена
на Палестина. Така во 2017 тата во Скопје му беше врачено признание од
страна на амбасадорот на Палестина. За збирката поезија „Јужни реки“ ја
доби наградата на ДПМ за поезија, „Ацо Шопов“ за 2019 година.
Бил член на друштвото на писателите на Македонија од 1989 година,
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
24
почесен член на независните писатели на Бугарија и на асоцијацијата на
писатели од Калифорнија од 2016 година.
Почина на 7 ноември 2020 година, на 72 годишна возраст.
Писателот Добре Тодоровски ќе рече: „Љубител на коренитиот
македонски збор, бескрајно вљубен во Македонија, за што како сведоштво за
показ на идните генерации ни остави обемен литературен опус и преубави
записи во неговата поезија и проза. Токму во неговите и моите записи ја
наоѓавме заедничката болка за ова напатено парче македонска земја, тој во
стих, а јас во проза... Се радував не секое негово ново дело. Цитирав делови
од неговите песни, или прозни записи кои ми оставиле впечаток. Прва
прилика кога ќе се сретневме ги цитирав стиховите, а нему му беше искрено
мило. Господе, колку ведина и среќа имаше во погледот на човекот тогаш.
Само вистински пријател те гледа со такви очи. Средбата завршуваше во
некое од кафулињата на Широк Сокак, каде што му ги пренесував моите
импресии од неговото последно дело...
А сега, јас!? Јас си останав без мојот пријател и другар, духовен
роднина поетот Панде Манојлов - Пачо.
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
25
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
26
ПЕТКО ШИПИНКАРОВСКИ
(1946 - 2020)
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
27
Елизабета Јончиќ
ЗА КНИГАТА РАСКАЗИ „ВЕЧЕН ЖИВОТ“ ОД ПИСАТЕЛОТ
ПЕТКО ШИПИНКАРОВСКИ
Писателот Петко Шипинкаровски книгата ја започнува со расказот
„Љубовен триаголник“ ставен неслучајно како прв расказ во единаесетте
раскази. Уште во почетокот писателот не воведува во една вешто смислена
приказна со којашто го започнува заплетот на книгата „Вечен живот“
јасно осмислувајќи ја нејзината содржина. Смртта на таткото на Владан, на
самиот почеток асоцира на вметнат симбол со изразито силна семантичка
улога. Овој симбол е оксиморон на животот што не престанува да трае, тој
е остра противречност на понатамошната варијација на темата обработена
во книгата. Првиот расказ е и првиот фигуративен отслик на една грешка
којашто уништува три семејства. Тргнувајќи од таа премиса читателот
треба да предвиди таков развој на настаните иако тие се во спротивност
со очекуваните општоприфатени морални норми. Признанието „децата си
немаат вина, треба да си се имаат, браќа и сестри си се, кабаетот е во нас
старите!“, на крајот од првиот расказ всушност претставува навестување за
друга реалност, којашто има продолжение во следните раскази и, за жал, ја
отскликува денешната состојба.
Започнувајќи го расказот како приказна којашто треба да се
раскаже, тој преку гласот на сезнаечкиот омнисцентен наратор иронично
и низ сатира ги разобличува општествените случувања. Мајсторски
вплетувајќи ги местото и времето на дејство во единство, тој ја опишува
„Нова градска населба Долно Село“, како новородена општина градско
село. Ако ја погледнеме семантичката деривација од имињата на ликовите
градоначалникот Вртипопе, Марко Дебељарко и Зорка Брзозборка добиваме
асоцијативна слика на гротескна конотација на самите ликови, такашто
нивната синонимност отвора нова димензија не само на општествениот
видик туку и на малограѓанштината, тесноградоста и лицемерието вткаено
во своите интереси. Острата сатира на писателот го открива и цинизмот на
политичко-општествената стварност.
Политичкото полтронство, стравот и надежта, потчинувањето
на политичката позиција и моќ ја разоруваат човечноста и моралното
расудување. Низ една иронична линија во раскажувањето се прикажани
оправдувањето на безумните и криминални, постапки, слепото замижување
пред вистината, себичноста, потценувањето и уценувањето на младите
од „луѓе платени што си ’а бркаа работата. И јас вела така, луѓе платени,
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
28
должност им е, луѓе што си ’а сакаа државата, народо...! Море, меѓата таткова
си ’а бранат. Арно ама, ко шо глеам, и тука, некои слепи луѓе решаваа за
судбината на својо народ“. Она што се изделува во расказите со исклучок
на расказот „Првовенчан поет“ е вткајување на илустративни имиња
на ликови („Добринко“, „Трајка Сезнајка“, „Мито“, „Вртипопе“, „Марко
Дебељарко“) со што писателот ги олицетворува нивните темпераменти
во стилски изразни средства за понатаму низ текстот со доза на прикриен
хумор и ироничност да се развие дејството што се очекува и е предодредено
со нивното именување постигнувајќи ја целта – општествената сатира. Така
тие ликови добиваат една искривена константа претставена со жив, народен
и дијалектен лексички изборен фонд што се надополнува со македонски
народни поговорки вметнати како мудри пораки создадени од нашиот народ
во минатото за доискажување на длабоките мисли и ублажување на острата
критичка сатира во текстот („Ум царува, ум друмува“, „Со староста и умот
забегува“, „Крушата под круша паѓа“, „Секое чудо за три дена“, „Кучињата
лајат, карванот си врве“, „Железото се витка додека е жешко“ и др) .
Во Расказот „Првовенчан поет“ писателот Петко Шипинкаровски,
користејќи ги знаците на фикцијата, знаците на идивидуализација
и мотивација ни претставил реконструкциска рефлексија од
„Автобиографијата“ на Глигор Прличев со една измислена епизода од
неговото раѓање. Во расказот „Плетено капче“, како што напишал писателот
„Дојде време човекот да е поситен од парата“ потресно е прикажан распадот
на еден човечки животен пат, пат којшто ги достигнал радоста и височината,
но заради војна и прогон од родното место тој слегува на најдолната линија,
онаа којшто го уништува човечкото достоинство, немаштијата, немоќта
пред себе си и дробноста на човекот. Угледниот човек, чесен и почитуван
во својата земја се наоѓа во ситуација да бара милостина на улица, понижен
и скршен од болка во душата заради загубата на синовите и презирот од
снаите. За контрастот да биде поголем тој се соочува со презирот и од
питачите но и од луѓето што го зборуваат неговиот јазик „Каква е оваа
земја – рече еден од групата и продолжи. „Питачи на секој чекор“... „Земја
на питачи“ – додаде друг човек од групата. „Десети ден како ја гледаме оваа
слика, слика што на човека му дава за право да рече дека овде нешто длабоко
смрди“ – рече пак некоја жена од групата и додаде: „Овде државата затаила,
не функционира...“ рече таа.“
Во расказите „Гробиштата во ново руво“, „Гробница“ и „Дедо Пројко
и коњаникот“ повторно читателот е воведен во една вешто смислена
дискурсна интрига. Таа, овие три раскази ги поврзува во раскажувањето
соединувајќи ги во една основна супстанција на приказната – зајадливо
и ненаметливо исмејување на општествената реалност преку гласот на
македонскиот шегобиец Итар Пејо. На нему својствен начин, низ дијалог со
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
29
Пројко, во една специфична амбиентација (евокациите, сонот и гробиштата)
тој укажува на недостатоци и грешки што намерно или ненамерно се
прават, притоа силно допираат до народот, а тој е преплашен, немоќен и
принуден да бара заштита. Таа заштита доаѓа во ироничен континуум од
„Пео Македонски шегобиец, вечен, ниту се родил, ниту пак умрел, никаде
во ќитапите не пишува. А Пео си е Пео, тука некаде е. Тука, секаде... Час го
има, час го нема... “
Творечката имагинација на писателот Петко Шипинкаровски заедно
со неговата жед за искажување на човекољубивата наклонетост и правдата,
со благородно достоинство ја испишува општествената сатира и суровата
реалност во книгата раскази „Вечен живот“. Оваа книга претставува
трагање по убавината од социјалните доблести низ фигуративниот отслик
на ироничната реалност. Борба за морално одобрување на заводливите
моментални безредија и воздржување пред сомнежите и двосмисленоста,
зашто човекот треба да се избори и да ја чува духовната убавина на
вредностите, и без грижа за личните интереси да остане човек „кога е на
престолот“, и „кога на ачик излегува кукавичлокот, кодошлако и како да
речам, гнилата мисла што како некоа лоша бура владее со луѓето, им копа
по патиштата, по среќата.“
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
30
Проф. д-р Христо Петрески
STIHOVI KOI ISTOVREMENO BUDAT И SMIRUVAAT
Poslednata poetska kniga od makedonskiot poet i prozaist
Pетko [ipinkarovski, „Obdenica“, objavena posthumno, po negovata
nenadejna i prerana smrt, istovremeno i budi, i smiruva i obespoko-
juva. Taa e testamentalna, kako glas - amanet upaten kon sovremenic-
ite, no i idnite pokolenija.
Toa se stihovi koi uka`uvaat i opomenuvaat, a se odnesuvaat
na na{ata Tatkovina i Majkovina.
Kako {to znamenitiot pisatel i nau~nik Bla`e Koneski uba-
vo i trajno podvle~e deka Jazikot e na{ata edinstvena Tatkovina,
taka i avtorot Petko [ipinkarovski jasno i glasno konstatira: Tat-
kovino, pesno moja!
[ipinkarovski se obra}a na realniot, no i pretpostaven
(imaginaren) ~itatel, so zborovi na ukaz, ukor, bolka, jad, ~emer, no i
radost poradi ubavinata, zemjata, Ezeroto, pismoto, `ivotot...
I, seto toa go pravi so koncizni, zbieni, jadroviti, pove}
ezna~ni i lapidarni re~enici, ispi{uvaj}i poema od 24 peewa i 3 sa-
mostojni pred-pesni: Na{iot jazik ~itok, Pateka na `ivotot i Kle-
to prokleto. A, tokmu jazikot e najgolemiot kvalitet na ovaa kniga,
za{to toj e arhai~en, bogat, so~en.
Petko [ipinkarovski kako jazikoznalec, be{e poznat i
priznat po svojot stil - prepoznatliv i oblagoroden so jazi~ni
poznavawa i znaewa, elementi, nameri, ustremi i bravuri.
Na{iot makedonski jazik e bogat so skrieni zna~ewa, zaumno-
sti i tajni, pa nego mo`e da go polzuva i razbere onoj koj e negov is-
tra`uva~, sledbenik i prosleduva~, odnosno koj neizmerno go saka,
po~ituva, primenuva, analizira, sintetizira, pa i nadgraduva.
[ipinkarovski be{e eden od tie posveteni i predadeni
jazikoslovci, koj postojano se trude{e starite zborovi nepovratno
da ne is~eznat, da ne dobijat u{te pogolem temen prevez, da im go ot-
krie i vrati odnovo nivnoto porane{no zna~ewe i zra~ewe...
Vo svetlinata na tie kreativni i tvorbeni nastojuvawa, zalo`-
bi i rezultati - da se za~uva srcevinata i specifikata, originalnos-
ta i unikatnosta, bitieto i sjajot na jazikot, no i na govorot i pis-
menosta, treba da se sogleda i ogleda ovaa poema “Obdenica“, koja e
mo`ebi najdobroto delo od Petko [ipinkarovski, za{to iako e mala
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
31
po obem - taa e prebogata, iscizelirana i pove}eslojna, so direktni,
precizni, nedvosmisleni, univerzalni i kosmpolitski pouki i pora-
ki...
Весна Мундишевска-Велјановска
ОД РАФТОВИТЕ
НА САЕМОТ НА ЖИВОТОТ
Во фокусот на чувственоста на сетилата на авторот преку песните
во книгата „Саемско небо“ е разгатнувањето на среќата од повеќе аспекти,
експозицијата на човекот и на човечноста, на светот и свесноста, на судбата
и судбопатувањето, на животот и животобидувањето... фотографии од
разгледницата на постоењето изложени со сета нивна сивост и со сета нивна
живост. Тие се поглед од двете страни на профилот на осветлувањето – и од
темнината (деградацијата, обесчестеноста, нечовечноста) и од светлината
(љубовта, вербата, човекољубието), чиј спектрум варира по брановите
должини на вредносното.
Првиот циклус насловен како „Клучот на среќата“ е своевидно
општење на авторот со Бога, но и повеќенасочна комуникација на авторот
– со самиот себе, со луѓето, со судбината, со иднината. Секој стих на
Шипинкаровски е потрага по одгатнувањето на философијата на среќата
и среќното живеење растргнато помеѓу емоционалните бури од стресно-
дневните ситуации кои го тиштат човековото бидување, од една страна,
и перцепцијата на поединецот (и на сите) за мерката за задоволство од
животот таков каков што се живее или каков што може да биде, од друга
страна.
Во пресрет на подготвеноста за проникнување во истражувањето
на остварливоста на среќата, стојат стихови исполнети со силна пројава
на вознемирувачки чувства за скршнувањето на човекот „од патеката
на праведните“, за луѓето кои наместо „луѓе“ може да се именуваат како
„грешните“ или „страдалните“, за стравот кој ја надвладува љубовта, за
нечесноста на човекодејанијата, за испитот на искушенијата:
„И мртвите ги напуштаат гробиштата
оставени на очајни луѓе без кандило,
без свеќа, студени нозе и гнилеж на коски,
потопена мртва крв, реа...
Царува смрдеа овде, височините ги пара.“ („Прелетни птици“)
Страшна слика за таговната судбина на современиците ги поткрева чувствата
на читателот. Плаче јад, а јанѕа ги јаде душите, соголен крик морничаво
го дразне слухот. Во витлите на невремето секој вртеж на запчаникот од
часовникот на беспокојството отчукува предупредувачки.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
32
Насред стиховите полни со ужаснување од новиот суров разден
на (не)човештината, сегдеприсутна е лиричноста која, вкомбинирана со
пејзажноста, на крајот завршува со силнонадежно процутување на сонот,
односно со раѓање на денот, со севда, младост, со „нови искри на огништата
стари“, со пронаоѓање на зафрлениот клуч на среќата во свечениот чин на
„крунисување на среќата во вечноста“ во кој „сонцето ги венчава жедта и
копнежите“, со засилен срцебиеж на живоста на прагот на зората на новиот
живот. („Клучот на среќата“)
Шипинкаровски нижи зборописанија во кои испливуваат семејните
вредности. Со таква идејно-мотивска нишка се стиховите од песните
„Кафе“, „Семејна јаворина“, „Чај за двајца“, од кои топлопријатно се раѓа нов
поттик, надеж, и се навестува светла иднина. Во нив минатото се преродува
во сегашноста со победа на љубовта и човекољубието, а свиеното гнездо
(домот) ја претскажува радоста за спокојот вткаен во плетеницата на
семејната приказна од разбојот на животот, приказна која ќе има свој тек
и во албумите со фотографии на наследниците кои со пријатна мисла и
благост ќе ги коментираат над извориштето на семејната јаворина кое тече
и ќе продолжи да тече.
Аналогно на насловот на циклусот, драмскиот писател Горан
Стефановски е сместен меѓу боговите на драмата низ стиховни јазли од
вмрежени наслови на некои од неговите најголеми творечки достигнувања,
подвлекувајќи ги неговите заслуги и значењето на впишаната оставина во
неговите дела, со нескриен восхит, но и со болка за прераното заминување
меѓу вечните („Седна меѓу боговите на драмата“). Со призвук на химна
за пофалба и чествување на делото е и песната „Писател промотор“
за холандскиот писател А. ден Долард – „Македонецот од Холандија,/
Холанѓанeцот од Македонија,/ авантурист и Перопловец“, како што вели
Шипинкаровски, воспевајќи ја неговата улога во прославувањето на Охрид
и Македонија во Холандија и воопшто во Европа, но уште повеќе заради
неговото насетување дека „срцето тука најсилно чука“.
Лицето и опачината на живеачката заглавена во времето се предмет
на опсервација во третиот циклус насловен како „Застанато време“. Едно по
едно се редат стихови во кои замираат звуците на веселото пеење и детскиот
џагор од едно финансиски посиромашно но духовно богато минато, гладни
умираат семејните амбари, оглувено самеат испразнетите куќи кои одамна
го изгубиле името со значење на „дом“ („Амбарот остана гладен“)
Во неколку песни од овој циклус („Митска жено“, „Езеро“,
„Месечина“) митски се јавува девојка, жена, муза, како заштитничка која
блажено ќе го благослови мачното постоење, како вдахновение на кое
медовина од устата му тече и од кое „на палубата на езерото (и) водата се
смее“, или како небесна невеста – „патоводилка на треперливите ѕвезди“ која
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
33
ги распарува завесите на темниците и најавува новораѓање на спокојство
дарувајќи просветление. Се пројавува и како ангел-чувар на поколенијата
олицетворен во нежна пеперутка со благост во погледот и топла мајчинска
насмевка која на крилјата од недостигот галежно го посетува сонот на домот
на своите деца („Сонот на пеперутката“). Сето ова ги подига чувствата на
сигурност и самодоверба, на безвременска љубов и успокоеност, но и влева
верување дека секоја неможност лесно се преточува во можност, дека секое
паѓање ќе изнакрене раѓање на нови семожности до недоглед, дека секој
човек крои свој светоглед, не заборавајќи да укаже на единственоста на
сечие дело, но и на уделот кое истото го има во ефектот на целовитоста.
Наспроти селската идила, големите жетви, окапените падини,
набабреното класје, орото на зарипнатите гајди, карваните со дории,
љубовните огнови, мераците и облажените соништа од времето кога
„животот живот беше“, Шипинкаровски поставува замрачени стреи,
потиснати ластари, глад, гнилеж, чмаење, пеплишта, лаги, непријателства,
злоби, замирање на звуците, оглушување, тишина. Пресушените извори,
мракот, зимата, студот..., се метафори за самотијата и опустошените души
на луѓето, за отсуството на грижа и совесност, за венеењето на заедничката
одговорност, за навалиците безумност. И ќе крикне:
„Дајте слобода,
доста пранги на забетонираните видици,
долу клетоштината и забот, пизмата....“ („Одрина“).
Ова е јасно спротивставување на авторот на состојбите на ерозија на
општествените и етичките вредности, негово непредавање во посакувањето
за обденување на подобро утре и уверување дека „ќе дојдат нови ветришта“,
а од гнездото на човештвото ќе се испили „нов полет и нови победи“.
Шипинкаровски, како ликот од песната „Дете со подадена рака“,
со оспокоен дух сонува за среќни и безгрижни утра. Сред времето што го
пронашло својот здив, крај уморот што го пронашол својот сон, тој своите
соништа ги прикажува во нивната остварливост како посланија за љубов,
пријателство, почит, спокојство, разбирање, среќа и уште триж по толку
радости.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
34
Весна Мундишевска-Велјановска
ЧАСОВНИКОТ
КОЈ ГО ПРИДВИЖУВА БИДУВАЊЕТО
Книгата раскази „Вечен живот“ на писателот, поет, есеист, драмски
автор, критичар, преведувач и писател за деца Петко Шипинкаровски
е структуирана во два дела. Првиот дел содржи пет раскази („Љубовен
триаголник“, „Љубов на мобилките“, „Првовенчан поет“, „Плетено капче“
и „Пчелин восок“), а вториот содржи шест раскази со посвета „со староста
и умот забегува“ („Амстердам навистина бил убав град“, „Вечен живот“,
„Гробиштата во ново руво“, „Гробница“, „Дедо Пројко и коњаникот“ и „Со
вистината е и правдината“).
Единаесет раскази, единаесет животни приказни на многу семејства
и нивното опкружување. Едно мало богатство од автентични ликови
испишани и со цртите на нивната физичка пројава, и со обојувањето на
нивните морални квалитети и интелектуални особини во конструктивниот
блок на карактерот. Простирка од луѓе од секакви профили: селани, доктори,
градежни работници, продавачки, политичари, ветеринари, економисти,
трактористи, говедари, занаетчии, градоначалници, вдовици, сираци,
питачи, сеирџии, неуки и учени, деца, родители, возрасни..., но и ликови
– оживеани значајни личности од историското минато на нашата земја
тесно врзани со Мариово – роднокрајното поднебје на Шипинкаровски
(пр.: Итар Пејо или како што го нарекува авторот „Пео Итроманецот“, Толе
Паша и др.), или со Охридско-Струшкиот регион во кој Шипинкаровски
го помина својот животен век (пр.: Григор Прличев). Луѓе безимени или
именувани често со ненаметливи асоцијации на нивните доблести и маани
(Трајка Сезнајка, Ганчо – Откачениот, Вртипопе, Марко Дебељарко, Зорка
Брзозборка, Мито, Добринко, Сматко), но со нескриен револт на авторот
за нивниот срозен личен идентитет и стишеното живуркање во хаотична
безидејност за себепронаоѓањето.
Настаните од расказите се случуваат и во градот („крајезерскиот
град“, „малото гратче“) и во руралните средини (Долно Село, Долна Река)
опишувајќи го животот во едно време кое како да застанало во времето,
кое, сред денешната брзаница и урбанизација, како да е од некој паралелен
свет.
Локализацијата често е неименувана, со општа одредница – на
пример: „селото“, „градот“, „земјата“..., што значи дека Шипинкаровски
укажува на универзалноста на локалното, на тоа дека локалното колку
што е ограничено на еден географски простор и во едно иницијално време,
толку е и безгранично – и во просторот на овој наш свет и во времето кое
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
35
поминало или допрва ќе биде.
На таквите одредници се случуваат реални ситуации на расправии
во семејствата (кога „ѓаволот е влезен во нивните дворишта“), се бележат
последици од миграцијата село-град заради обезбедување подобар живот
на семејството („Љубовен триаголник“), се апострофираат генерациските
разлики и адаптации („Амстердам навистина бил убав град“), но и
модерните болести – дрогата, оттуѓувањето, неверството, сиромаштијата,
питачењето, Фејсбук секојдневието.
Колку што дел од настаните се случуваат во реалистични рамки,
со социјален ангажман и втемелени во рационалното и функционалното,
толку дел од нив се и онирични, симболични претстави на јавето во сонот,
односно на недостигот во опстојот, на цврстото држење за гранката од
родовото стебло сред надојдените бури на неспокојот.
Шипинкаровски на моменти е и сатирично-ироничен, особено
кога зборува за актуелните општествено- политички состојби, како
во расказот „Љубов на мобилките“, кога ги потцртува криминалот,
корупцијата, себичноста, неетичноста на некои вртипоповци, наивноста
на некои брзозборки и дебељарковци, всушност испревртените вредности
на современото живеење, а на истата линија е и расказот „Вечен живот“
поставен како „патоказ на бесмислата во нашето совремие“ во кој дефилираат
сезнајковци, откачени и експерти за некултура во лов на предизвици за
лична корист, лесен живот, задоволување на каприци и престиж.
Во расказите од книгата „Вечен живот“ не е изоставено ни обичајното
– свадбите, погребите, празниците (Водокрст, Илинден), народните
пословици и поговорки (пр.: „Нападот е најдобра одбрана“, „Ум царува, ум
друмува“, „Крушата под круша паѓа“, „Секое чудо за три дена“, „Кучињата
лајат, карванот си врве“, „Железото се витка додека е жешко“, „На човека
можеш да му стапниш на патот, да плукаш по него, но не можиш да му
застанеш на среќата!“ и др.). На тој начин авторот се потпира на народната
проникливост и остроумност, на постаментот на искуствената мудрост за
да се истрае и надмине оводенешната немоќ, збунетост и чудност.
Изразот на Шипнкаровски е чист, со кратки и јасни реченици,
напати со користење на дијалектен говор („Првовенчан поет“, „Гробиштата
во ново руво“, „Дедо Пројко и коњаникот“), што е само уште еден показател
за авторовата заложба за овенчување на традицијата и постојното со
незаборавот.
Човечкиот век одминува, но вистините и мудростите од нечие друго
постоење, спомените за луѓето и настаните, како и сведоштвата и поуките
од општествено-историските прилики, остануваат вечни. Така и ова дело
својот сегашен живот ќе го продолжи во некоја идност, а со него и Петко
Шипинкаровски ќе го живее својот вечен живот.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
36
РАДОВАН П. ЦВЕТКОВСКИ
(1931 - 2022)
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
37
Добре Тодоровски
МОЈОТ КНИЖЕВЕН ОРИЕНТИР
РАДОВАН П. ЦВЕТКОВСКИ
Радован П. Цветковски, поет, раскажувач, литературен критичар,
есеист, писател за деца и млади и фолклорист. Роден на 03.09.1931 година во
Сопотница, Демир Хисар.
Беше член на Друштвото на писатели на Македонија, Македонското
научно друштво Битола и Друштвото на фолклористи на Македонија.
Радован П.Цветковски, со севкупното негово творештво, есеи,
рецензии, огледи и прикази е еден од ретките вредни проследувачи на
македонската литература, а особено во книжевниот круг на Битола.
Радован П. Цветковски, беше активно вграден во секојдневието на
македонската книжевност што само по себе претставува предизвик достоен
за респект. Ги следеше сите случувања на книжевно поле и активен учесник
во истите, како член на ДПМ.
Со децении создаваше и создаде книжевен опус кој од никој не
може да биде заборавен, заобиколен или премолчен. Огромен е неговиот
творечки багаж од поезија, проза, критика и фолклористика. Богатство на
теми и мотиви во континуитетот на македонската опстојба. Редок пример
на писател во нераскинливата врска на книжевната традиција.
Со неговото творештво несомнено се издвојува како потписник на
сопственото време, како трајност и трага на едно постоење. Грижлив во
стихот и прозата, ги воспеваше и прикажуваше народните патила, но и она
малку среќа и љубов, од неговото поднебје, но со универзален признак.
Од посебно значење и што создава импресивна слика за Радован
П.Цветковски е издаденото дело „Речник на демирхисарскиот говор“.
(се гордеам што сум барем еден мал дел од таа вредносна литературно -
културна градба). Сведок сум како и колку време го собираше материјалот.
Крсте Петков Мисирков, во книгата „За македонските работи“ ќе забележи:
„Да го сочуват некој својот народен јазик и да го бранит, значи да останит
верен на духот на своите прадедовци...“. Токму тоа го направи Радован
П.Цветковски, во импозантното дело кое со години го составуваше. Јас
секогаш тука ги спомнувам и двете книги „Сказанија демирхисарски“
и Студијата за демирхисарскиот говор, содржини кои на еден начин се
надополнуваат.
Откако го запознав, пред триесети нешто години, до неговото
физичко заминување, во вистинска смисла на зборот ми беше книжевен
ориентир.
Се воодушевував на неговата писателска упорност, книгите да ги
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
38
создава врз строго одреден и осмислен концепт. Јас тоа го почитував и
практикував, онолку колку можев и умеев, а сè што не ми беше јасно го
прашував. Во поодминати години (85) тој се зафати со средување на сиот
негов литературен опус да го издаде во десет тома. Секој жанр во посебен
том. Минатата година (2021) излезе и последниот, десеттиот том со книжевни
критики за неговото творештво. Кога сме кај критиката за творештвото,
за него имаат пишувано многумина, познати и признати критичари во
македонската книжнина, но, со најмногу текстови од критиката се јавува
д-р Васил Тоциновски, исклучителен познавач на литературните собитија
на Балканот.
За Радован П. Цветковски важеше правилото дека секој збор треба
да си го најде своето место во текстот, а особено во песната. Една песна, еден
цел расказ. Тогаш прв пат имав прилика да ја прочитам неговата збирката
поезија „Дедо ми во балканските војни“, по мое видување, фантастична
книга која заменува поголемо романизирано дело, историска читанка,
од каде без многу ука и наука се препознава судбината на поединецот и
колективот. Воедно се препознава неговата немоќ да направи нешто повеќе
за себе и својот народ. Главниот лик приморан да војува во туѓи војски,
со скршен морал и достоинство, но со голема желба да остане простум
со поглед за напред во замислената надеж. Тоа подразбира дека неговата
поезија бара внимателно читање, особено читање меѓу редови, на кое тој се
повикуваше.
Многумина го знаат тоа. Ништо не издавав додека тој не го
прегледаше текстот. Буквално на секое мое литературно дело, тој се јавува
како рецензент. А, некаде и да го нема, бидете сигурни дека текстот поминал
низ неговите раце. Катадневно бевме во контакт и остваривме неброени
средби. Секаде, на секој состанок во ДПМ, на секоја литературна средба,
каде и да бевме поканети бевме заедно. Во Скопје, Демир Хисар, Бабино,
Битола, Прилеп, Мариово, Струга, Струмица, Радовиш, Гостивар, Вевчани,
Велес... кај нè. Ми ги промовираше скоро сите мои книги, на промоции кои
беа организирани во Битола и низ Македонија. Толку бевме заедно, што не
ми беше дури чудно кога ќе ме прашаа „кај ти е Радован“, а јас тоа го сметав
за привилегија.
Нашите литературни анализи за некое дело кое требаше да го
издадам (под сенката од тремот, во предворјето од неговиот дом) траеја со
часови.
Во една од тие средби, ми посочи да за зафатам со трилогија, романи
со духовна содржина. Негова беше идејата, по излегувањето на романот
,,Последниот монах“. И вистина. Неколку дена боравевме во манастирот
,,Св. Јован Бигорски“, кога се роди идејата за следниот роман ,,Сестра
Касијана“. Иако обемен, не ме оставаше да го печатам додека тој не го
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
39
прегледа. Мислам дека му давав дел по дел од содржината за корекција,
но тој на крајот, комплетно делото уште еднаш ќе го препрочита. Ова го
нагласувам со цел да се види за каков книжевен соработник се работеше.
Искрени, пријателски совети од повозрасен и далеку поискусен писател,
колега, кој немаше мерка во објаснувањето, додека самиот не се убедеше
дека сум разбрал и увидел што треба да правам. Дури и телефонските
разговори ни беа долги објаснувајќи му некоја ситуација од содржината на
некоја книга.
Секоја неправда, а се однесуваше на книжевноста, јавно ја кажуваше,
за што му забележуваа, а некои писатели дури и му се лутеа. Но, никогаш и
никого не одбил, секогаш „подаваше рака“, секому кој напишал или издал
книга. Подготвен да помогне на секаков начин на писателите од Битола. Како
показ нека биде дека за секој писател има напишано по неколку критики
за нивни изданија, било да е поезија или прозно творештво (Никола
Кочовски, Милица Радевска, Љубе Митрејчески, Кире Неделковски, Весна
Миндушевска, Биљана Димко, Никола Илиовски, Ѓорѓи Лазаревски, Илија
Мерковски Богоја Танески....), а за некои и пишуваше и цели студии
(Владимир Костов, Панде Манојлов, Панде Петровски...). А, само колку
млади творци доаѓаа кај него за совет, или да го види тексто и да даде свое
мислење. Бројот не им се знае. Јас не знам за друг, барем од нас битолските
писатели, така да постапил.
Голем вљубеник во Битола. „Не си во Скопје, си ништо“, велеше и
не грешеше. Којзнае колку пати покренуваше иницијатива да се формира
Друштво на писатели Битола. Во 2005 година, на негова иницијатива, јас и
тој со уште двајца писатели го регистриравме ,,Битолскиот книжевен круг“,
а тој за прв претседател. Во рамките на оваа иницијатива ја организиравме
манифестацијата ,,Тумбе кафе- кафе песна“, а се отвораше со неговата песна
„Кафе, песна на Тумбе кафе“.
Да повторам. Понастрана од центарот на литературните настани,
и ние, како и тој остануваме незабележителни, колку и да се работи за
вредносни дела.
Како и да е. За мене претставуваше вистински творец, репер за тоа
како треба да се гледа и работи на литературното творештво. На еден начин
учител кој цело време ме водеше низ книжевните лавиринти.
Во еден студен зимски ден, на 24 јануари, почина писателот Радован
П. Цветковски, човекот кој со време го заимав нешто како многу близок
роднина. Замина отаде времето, без да се поздравиме. „Ако има видување,
на влезот од рајот, со книга во рака и по зборот ќе се препознаеме“. Бог нека
му е намилост.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
40
Проф. д-р Христо Петрески
ЈАСИКИТЕ КАКО ПАТОКАЗ ДО ЈАСТВОТО
(Песната за јасиките од Радован П. Цветковски како знак и патоказ)
Кога бев ученик во Основното училиште Браќа Миладиновци во
с. Жван, Демирхисарско, еден ден дојде на час по македонски како гостин
писателот Радован П. Цветковски. Тој пред нас учениците и наставничката
по македонски јазик Иванка Ангелевска, прочита неколку песни, а меѓу нив
една и за јасиките во селото Сопотница.
Радован беше роден токму во тоа село, а токму тогаш беа пресечени
јасиките покрај патот од селото Сопотница до селото Прибилци.
Глетката беше ужасна. До вчера високите и зелени стебла беа покосени
како трупци покрај патот. Мртви и жални. Со децении и генерации растени
и гледани, а тогаш одеднаш беспомошни, поразени и непостоечки.
Ете, баш тогаш сфатив дека можеле да се пишуваат песни и за
пресечени јасики, па таа песна од Радован беше за мене мал, но можен и
вистински влез во современата поезија.
Радован подоцна објави и една прекрасна, драгоцена и незаменлива
книга – Речник на Демирхисарскиот говор, па колку со својата поезија
и литературните толкувања, чинам дури и повеќе и потрајно ќе остане
забележан и одбележан токму со оваа негова грандиозна, вечна и трајна
книга.
Сакаше Радован лично да ми го подари повеќетомниот избор од
неговото творештво, но поради пандемијата не се сретнавме и видовме
подолго време, па таа најавена желба и можност од негова страна не се
оствари.
Смртта многу често е побрза од животот, па за жал, нема да се
остварат многу намери, планови, мечти, договори и ветувања за објави,
средби, книги, промоции, рецензии, награди, признанија...
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
41
Весна Мундишевска-Велјановска
ГОЛЕМАТА СЛИКА ВО ОГЛЕДАЛО
Во песните од книгата „Во огледало огледалца“ човек не може а да
не забележи, да не се израдува, не може а да не се растрепери и воодушеви.
Станува збор за најновата книга за деца на реномираниот писател Радован
П. Цветковски која содржи два дела од по дваесет и три песни кои, иако
пишувани во период од 1947 до 2013 г., се разиграни по иста константна
квалитативна линија која развеселува, разведрува и емотивно релаксира. Тоа
се песни кои побудуваат чувства како најтоплите сеќавања на приказните
и раскажувањата од бабите и дедовците сраснати за срце, песни за деца –
мали и големи, за соништа скриени или одголени, за чувства – скротени
или распламтени. Интригирачки, и за децата и за возрасните, „да се сони
денот утрешен и она од вчера“ громогласно повикуваат и предизвикуваат.
Осумнаесетте целостранични илустрации многу функционално и
колоритно ги поддржуваат, ги надополнуваат и подгреваат впечатоците на
доживувањето и чувствата што ги побудуваат песните од оваа книга. И тие
се огледалца во кои се наоѓаат огледи на опишаното во песните.
Во ова урбано време, песните од првиот дел на книгата, насловен
како „Патот на годината“, се како свеж ветрец набиен со незадржлив мирис
на природата – рурална и недопрена, чиста и нестокмена. Овде песните од
родното поднебје се откорнати, поривите за нивното создавање и поетските
слики во родината вкоренети. Автентични, ненашминкани, необременети,
за детето од градот посебно предизвикувачки. Песните оживуваат слики
како од филмска лента. Песните ѕвонат – „елате во нашиов убав роден крај“
(„Песна за пролетта“), Битола, Демир Хисар, Белче, Лисолај...
Во огледалцата – мали и големи случувања, настани, приказни
во песни, лудории и доживувања, детски фантазии, размислувања,
посакувања... Настани во стихови кои предизвикуваат лавина од детски
прашања за можни и неможни исходи, за нивни претстоечки „сериозни“
истражувања, но и нивни наивно-искрени трепети, насмевки и бранувања.
Истовремено, тоа се стихови кои учат на љубов, нежност и грижа, на
добрина, почитување, остроумност и мудрост. Од песната „Итра кума
лиса“:
„Така е тоа, таков е редот,
оној што туѓо зема
и свое ќе нема.“
Тоа се песни кои со своите уметничко-естетски-педагошки обележја
и проекцијата на елементарните убавини на поднебјето и светот, воопшто,
градат систем на вредности кој втемелува интегритет на силно вдахновен
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
42
животен оптимизам и маѓични радости. Песни кои, иако во себе ја носат
душата на едно одминато време, се безвремени, песни кои отвораат
нови видици, кои комуницираат со читателот, инспирираат и оцртуваат
поживописни перспективи за современото живеење.
Вториот дел насловен како и книгата – „Во огледало огледалца“
изобилува со силна лиричност. Со секој стих пејзажот како кристал светка
и сребрено ѕвони, во секоја строфа пејзажот оживува и восхитува, небаре
зборува:
„Ридот полека
од сонцето каса.
Во падините запалено сено.
Облеан во крв
божилакот прв
се збогува со денот.“ („Глетки кон залезот“), или, пак, прекрасното
акварелно осликување на ноќта и месечината:
„... убавицата на ноќта,
на ритчето сосема горе
в разбој пурпур свила ткае –
зрее портокал во сино море.“ („Ноќ“)
Во овој дел од книгата песните се налик блеснати ѕвезди во полн
сјај, а „секоја ѕвезда приказна крие“.
Присутната рационалност, едноставност и приемчивост на песните,
како и заокруженоста на искажувањето со висока комуникативност на
поетскиот израз оставаат впечаток на пишување со леснотија што по
аналогија значи – мајсторија.
Песните во книгата „Во огледало огледалца“ не се само импресии
од поминато време, не се само изливи на искуства и чувства, туку и
поуки внимателно, многу учителски дозирани и пласирани на начин и во
форма која не само што ги прави овие поетско-искуствени насладувања
примамливи туку и суштински и неопходни.
Радован П. Цветковски во вистинска смисла на многузначноста на
лексемата е учител и на перото и на зборот.
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
43
Весна Мундишевска-Велјановска
ЛИТЕРАТУРНИТЕ РЕЛИКВИИ НА РАДОВАН П. ЦВЕТКОВСКИ
Радован П. Цветковски веќе од поодамна со својот книжевен опус,
уметнички и научен, си оцрта свој портрет во галеријата на современите
македонски автори. Цветковски својот книжевен интерес го искажал и низ
испишување на бројни критички текстови, како што самиот ги ословува
„разглопки“, „книжевни студии“, „поставки“, „видувања“, „критичко-
есеистички трудови“, „огледи“ и сл., интерпретирајќи дела на многумина
македонски автори. Во таквата конотација, тој и со оваа книга го дава својот
придонес во збогатувањето на македонската критичка мисла.
Книгата „Разглопки, студии, поставки“ на Радован П. Цветковски е
сеопфатна и конзистентна анализа на внатрешниот состав и суштествените
елементи на секое од над педесетината дела на четириесетина автори од
Македонија, задржувајќи се на нивната композициска поставка, актуелноста
на темите, идејната поставеност, мотивот, формата, содржината, употребата
на јазичните изразни средства, ритамот, римата, симболиката, стилската
изразност, разбирањето на авторовата мисла и збор, односот автор-читател,
пораките, инвентивноста на авторот и неговата оригиналност, како и на
уметничките стојности на делото.
Текстовите поместени во оваа книга воглавно се објавувани во
списанија за литература и култура и тoa најчесто во „Современост“, но и
во „Стожер“, „Велес“, „Сум“ и „Литературен збор“, во книги на избраните
автори или во зборници на излагања, а неколку текстови прв пат биле
објавени во книгите „Разглопки“ и „Книжевни студии и поставки“ на
Радован П. Цветковски врз чија основа е поставен и скелетот на оваа книга.
Првиот дел „Разглопки“ се состои од три циклуси и тоа: 1. „Знакот на
народното творештво“, 2. „Величеството поетот“ и 3. „Наѕирање во душите
на децата и младите“, во кои се поместени текстови кои се однесуваат на
литературата наменета за деца и млади. Овој дел започнува со текстот
„Реалистичните и волшебните приказни, гатанките и мудроста“, кој не
случајно е поставен како прв, зашто и претставува своевиден вовед за
значењето на оваа литература. Во него Цветковски посочува на драгоценоста
на народните умотворби за одржувањето и развојот на литературното и
културното богатство, во случајов на творештвото на македонскиот народ
и на другите балкански народи, а се однесува на лектирите со приказни,
гатанки и мудрости, наменети за учениците од основното образование.
Покрај овој текст, во првиот дел на книгата поставени се текстови
за поетски и прозни дела на македонски автори од кои четири текстови
се за делата на Горјан Петревски, три текстови за Васил Тоциновски, по
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
44
два текстови има за Владимир Костов, Македонка Јанчевска и Петре
Димовски, како и текстови за: Душко Наневски, Стојан Тарапуза, Милутин
Бебековски, Методи Манев, Бистрица Миркуловска, Јадранка Владова,
Виолета Мартиновска, Киро Донев, Велко Неделковски, Михо Атанасовски,
Александар Поповски и Видое Видичевски.
Својата определба за одгатнување на кодот на секој автор, односно за
изнаоѓање на решението на формулата која писателот ја поставил создавајќи
го конкретното дело, Цветковски ја продолжува и во вториот дел од книгата,
насловен како „Книжевни студии и поставки“, кој се состои од три циклуси
и тоа: 1. „Критичарот меѓу делото и критичкиот запис – нивелација за
носечкото“, 2. „Поставки“ и 3. „Трајни национални пораки“. Овие циклуси
опфаќаат текстови за поетски дела на Милица Димитријовска Радевска,
Весна Мундишевска-Велјановска, Панде Манојлов, Видое Видичевски,
Павлина Климкар-Меанџиева и Димо Н. Димчев; за прозни дела на Никола
Кочовски, Трајче Кацаров, Добре Тодоровски, Ванде Ганчевски и Мишо
Јузмески; две негови „поставки“ на тема на роднокрајното по векторот на
локалното и универзалното и две за битолските писатели, но и за две книги
со студии од Васил Тоциновски; за дијалектолошки трудови на Кирил
Трајковски; видување за драма од Зоран Пејковски и текст за ликовното
творештво на Панде Петровски, но и за неговите афоризми и хуморески.
Радован П. Цветковски како автор многу години од својот творечки
век посветил на истражување, запишување и заложби за одржување
во живот на македонското раскажувачко творештво, фолклорното и
дијалектолошкото , па така сосем разбирлив е неговиот интерес за дела
како оние на д-р Кирил Трајковски разгледани во текстот „Дијалектолошки
труд за битолскиот градски говор и неговата лексика“. Покрај овој текст, не
само во вториот дел, туку во целата книга забележливи се неговите ставови
и толкувања од позиција на пасиониран поборник за традиционалното, за
употребата и зачувувањето на дијалектното и фолклорното. Такви примери
се: „Тој што се држи до традицијата и народното останува вечен.“ („Битола
во песните на поетот Панде Манојлов или и отсјајот нивни во светот“);
„И тоа е добро како што е добро користењето на поднебната дијалектна
лексика, фолклорното, обичајното и традицијата, ако не сакаме да си го
заборавиме коренот на идентитетот и изворите на литературниот јазик.“
„Дијалектното е онаа сочност во приказната што не може да се долови со
преобразбата.
Дека Радован П. Цветковски е предан вљубеник во литературата,
науката, уметноста и создавањето воопшто, потврдува и текстот „Човекот
изгубен сам во себе“ кој се однесува на драмското дело – трагедијата „Сон“
на Зоран Пејковски, а во кој ги изнесува врските текст-сценска изведба,
драматург-режисер, причинско-последичната поставка на драмските
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
45
ситуации, стилските изразни средства (драмскиот дијалог, метафорите...)
и слично, расветлувајќи ги сцените и од литературен, но и од психолошки
и од драмски агол, како и неговиот опсежен осврт за Панде Петровски
– „Опсервации и инвенции низ аголот на карикатурата, афоризмот и
хумореската во делата на П. Петровски“.
Студиозноста на пристапот и веродостојноста на неговите
согледувања аргументирано ја поткрепува со наводи за директни разговори
со авторите, фактографија, дополнителни појаснувања за делови од
текстовите или елаборирани податоци за авторите и/или паралели со други
слични дела, огромна листа на користена уметничка и стручна литература
и сл., за што сведочат присутните фусноти во текстовите во кои се посочени
изворите од каде се црпени информациите.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
46
Љубе Митрејчевски
НЕСКРИЕН КОПНЕЖ
(Задоцнето писмо до Радован П. Цветковски)
Пак си замислен и далдисан...
На расплетена зора излегуваш
и скриен од кучешки лаеж и од секого
вјасаш над село да втасаш пред сонцето.
Седнат на гола ледина чекаш
да се вцрви Ставраково.
...
Ја допираш разиграната вода
и насмевнато и даваш да се лизга низ дланките.
Со планинска бистрина, ненаситно лицето
и градите ги квасиш, уште еднаш и уште еднаш...
Зарем не те болат посинетите прсти и стапала
од снегот стопен, реката што го носи?
Со исквасено лице креваш глава и раце
и со затворени очи го вдишуваш мирисот
од расцветаните јаглики.
Еден остен се искачило сонцето над ридот.
...
Ко од гурбет дојден, со полн куфер копнежи,
наслушано, како војник-стражар стоиш
под сенката на столетна евла и далдисано пушташ
умот да врви низ сеќавања, ископ.
Наѕираш во речните засеци
да ги допреш полегнатите,
црни биволи, кои, уживаат во калта.
Под сенките од засуканите врби
бараш закрдени овци, овчар што свири кавал
и распеани млекарки.
Ех, колку посакуваш да минат крај тебе зацрвени,
да ги китиш со гороцвет во разиграните коси.
Да те галат со насмевка и нежност,
од дамари да бликне љубов.
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
47
Ех, колку посакуваш глас од надуена гајда
да крене низ водотекот од Црна Река,
милина да ти нежни душа
и радост да прикрие копнеж по вчера оставеното,
по пресно откорнатото, по сочно архивираното,
по своежливото.
Сонцето е над тебе и без сенка одиш.
...
Надојден порој, збесната река,
дамнешни спомени будат,
на широка трпеза, полната месечина
распостила љубов.
Обесена ко фенер, насмевната те крие
во полите од мирисниот јоргован
од погани очи, маѓесници селски,
откарши, чешмата маалска.
Нескриен, а кренат љубовен немир
во стомни го полнат водарките млади.
Без очи да трепнеш и знак да и дадеш,
колку итро знаеш, дека последната водарка
патот ќе го смени и тебе ќе ти дојде?
Исправена стои и со гласот мил,
срцето ти допре, Галето твое.
Трепериш, се топиш, ко снегулка прва
на спотнати дланки,
во прегратка што шириш, љубената ја имаш.
Со првиот бакнеж крв што ти леди
откинуваш те сакам, убавице моја!
Поголтај се суши и грло ти гори,
нека гори, кај секој е така!
Со утре, пак ќе чекам, бакнеж врел и спушташ,
љубената става во мракот се губи
а ти, по неа, исчезнуваш во ноќта.
Отвораш врата и влегуваш дома
и со мандало и сурме,
со катанци и канџи, заклучуваш душа,
да не влезе никој, да не наѕре секој,
да испришти спомен, убав и пресен.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
48
ПРОФ. Д-Р ДРАГИ МИХАЈЛОВСКИ
(1951 - 2022)
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
49
Биљана Т. Димко
ШЕКСПИР НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ИЛИ ЗАДАЧАТА НА
ПРЕВЕДУВАЧОТ
(проф. д-р Драги Михајловски
Ова писание морам да го почнам со навраќање во моите
пубертетски години, кога сè уште одев во основно училиште, со оглед
на тоа дека пораснав во семејство на просветни работници кои делуваа
во сите степени на образовниот систем, така што „дружењето“ со
книгите ми е од многу мала возраст и беше многу природно да станам
книжевник или учител.
Вилијам Шекспир ми беше љубов на прво читање, како дете
имав илустрирани сликовници и стрипови. Првата екранизирана
Шекспирова драма беше филмот „Ромео и Јулија“, а прва претстава
што сум ја гледала беше „Веселите жени од Виндзор“ на Народен
театар Битола, превод на Драги Михајловски, во режија на Љубиша
Георгиевски, улогата на сер Џон Фалстаф ја толкуваше бардот Иљко
Стефановски ( Вечерва Фалстаф).
Во 2004 година, во Домот на културата во Битола се организираше
Саем на книгата, отидов со скромен буџет и со подготвен список на
книги кои би си ги купила (ништо од планираното), таа година ја
купив една од моите најдраги книги „11 Драми од Вилијам Шекспир“
– Драги Михајловски (превод). Во тоа време, само што бев тргнала
да го чекорам книжевниот пат, речникот ми беше скуден, знаењето
сиромашно, јас Шекспир го читав на македонски јазик и учев, тогаш
таа голема книга ми беше откривање на нова димензија. Сега слободно
можам да кажам дека Драги Михајловски не го преведе само Шекспир
на македонски јазик, тој истовремено го облагороди македонскиот јазик
и книжевност - чудесно многу, а на Шекспир му даде дополнителен
простор во јазичната вселена. Благодарение на Д. Михајловски,
Шекспир проговори на македонски јазик еквивалентно на англискиот
јазик, на сите лингвистички слоеви.
Зошто го сакам Шекспир во превод на Драги Михајловски?
Затоа што, читајќи го: учам, близок ми е, токму поради
јазичната еквивалентност на преводот и универзалните драмски теми
на Шекспир, воопшто не го чувствувам временското растојание меѓу
ренесансансниот период и денешново раздобје.
Иако, „Хамлет“ ми е омилена Шекспирова драма, „Веселите
жени од Виндзор“, „Кротењето на опаката“, истовремено ме засмеваат
во онаа смисла на стварното значење на комедијата, ми даваат поле за
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
50
размислување и ме тераат да ги читам маргинално и по ликови, тука се и
историските драми кои се препорачуваат да ги читаат државниците за да не
ги поворуваат истите потези ково минатото за да се сопре тонењето на овој
свет.
Драги Михајловски во предговорот на „11 Драми од Вилијам
Шекспир“ напиша: „Шекспир е голем автор затоа што, како што вели
Борхес, никој пред него и по него (освен Бог, се разбира) не успеал да биде
толкумина или, како што тоа најчесто се вели, не создал толкав број ликови
со кои навлегол во, речиси, секоја сфера на човековото живеење го опфатил,
речиси, секој слој на општественото уредување, осветлил толку многу
особини на човечкиот карактер, дал толку многу ситуации или, едноставно
речено, го напишл урнечкиот ракопис на нашата живеачка во овој, секако,
убав, необичен и, не до крај познат за нас, свет. Но преведувачот, особено
добриот преведувач, е секогаш свесен дека ликовите со сета своја живост,
пластичност, со сите свои радости, таги, мечти и соништа, никогаш не се
надвор од јазикот. Тие се раѓаат, поминуваат дел од својот живот или умират
само и единствено во јазикот. Надвор од синорите на јазикот е светот на
стварноста со кој преведувачот нема никаков допир. Тој единствено се
занимава со метастварноста или со лингвистичките ујдурми и заврзлами
што веќе некој ги кодирал пред него. Оттука и велиме дека преведувачот
не се занимава со херменевтика (во секој случај не првенствено), туку со
стилистика или со тоа како нештата, работите значат во самиот јазик, или,
како што веќе претходно кажавме со начинот на намера или Art des Meinens
како што вели Бенјамин. Изнаоѓањето на начинот на намера во оригиналот е
првата, најважна, најкрупна задача, најсуштествена задача на преведувачот,
или кажано поинаку, правењето на матрицата на преводливост или
правењето карта, листа на очудувања, отстапки, кодови, херманевтики на
синтаксичко, лексичко или фонолошко и семантичко рамниште односно
изнаоѓање на сè она во јазикот на оригиналот што ја чинат условно кажано
литературата на едно дело, или како што велат руските формалисти, она
заради кое едно дело го сметаме за уметничко, исклучително по однос на
другите, банализирани, лексикализирани, автоматизирани писма“.
Во 2022 година, на 21 февруари, Драги Михајловски премина на
другата страна, а кога ќе си замине некој човек, човештвото чувствува
дополнителен простор или голем недостаток, Драги Михајловски беше
човек вселена, во месеците на хибернација преминаа големи луѓе во смисла
на нивната духовна широчина, така што зимава што замина беше тешка.
Она што ми паѓа в очи е споменот....човек цел живот работи и по законот на
нештата заминува и токму тогаш ко надојдена река излегува сè што сторил,
кажал, напишал.
После Шекспир, додека студирав македонски јазик и книжевност,
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
51
додека го спремав испитот македонска современа книжевност ги читав
неговите раскази, збирките „Ѓон“, „Раскази од шести кат“ и тој е поинаков,
во неговото пишување ко да се пресекле исконот и иднината, ја разбира
сегашноста, ама не му брка работа, ита со размислувањето, затоа и го
нарекувам – човек вселена.
Многу негови поранешни студенти, мои познаници со кои начнуваме
неброени книжевни теми, нивната реакција кога почина Драги Михајловски,
преведувачот, писателот, битолчанецот, беше (парафразирам): „Изгубивме
голем и доблесен интелектуалец...сега што ќе правиме?!“
Можеби некого некогаш ова мое писание ќе инспирира, затоа се трудам
да пишувам директно онака како што ми доаѓа од изворот и да не ја
обојувам искреноста. Им реков на двајца негови студенти со кои сум
блиска, да ми напишат нивен впечаток за Професорот:
- „Инспирација, вдахновеност, мотив за работа. Пренесувач на
знаењето од вековите минати. Креатор на генерации филолози кои ги
зарази со љубовта за книжевноста и поезијата. Неисцрпен извор на знаење
и вистински истражувач“.
Билјана Крстеска
(проф. по англиски јазик и книжевност и преведувач)
- „Со три збора знаеше да ми покаже цел свет и молчешкум со
еден поглед благо да ме прекори, а јас точно знаев што грешам! – „Биди
економичен со зборот“,- ми велеше секогаш кога ќе му дадев да прочита
моја песна. Да, нема сè во книгите и животот се учи од животот, но учителот
генерации подготви за животот со самото тоа што беше - човек со големо
срце. Зад него остануваат не само грандиозни дела и величенствени преводи
на дела од кои идните генерации ќе учат книжевен превод, туку и прекрасни
сеќавања кај многу генерации кои имале таква среќа да го запознаа т, Драги,
професоре драг! За мене, тој е и ќе остане The Soul of the Age!“
Перо Сарџоски
(проф.по англиски јазик и книжевностпреведувач, поет)
Умирачката е ко некој кантар. Човек зема со себе онолку колку што
оставил небитно во која доба од постоењето ќе премине. Во ценатрот на
културните полемики секогаш е македонскиот јазик, неговото сквернавење
и понижување можеби е исто толку долго колку и неговото постоење, има
и зошто. Драги Михајловски беше ерудит, беше на браникот на јазикот,
постојано работеше на негова афирмација, како и што гласи правилото:
„За да бидеш добар преведувач од англиски јазик..., прво мора суштински
и длабоко да го познаваш македонскиот јазик“. Михајловски уште еднаш
докажа дека македонскиот јазик не е сиромашен, само неговите говорители
се ограничени.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
52
ДРУГИ РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ
IN MEMORIAM
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
53
Илче Стојановски
КРАТОК ОСВРТ КОН РОМАНОТ
МРАЧНАТА СТРАНА ОД СВЕТЛИНАТА
(од Димитар Апостол Богдановски, 2010 Битола)
Во овој свој роман, Димитар Богдановски го слика современиот
живот, сегашноста, мигот во кој живееме со сите свои вистини и предрасуди,
немири и таинствени тишини кои во себе кријат најразлични збиднувања,
секојдневни и несекојдневни, значајни и незначајни, можеби подалеку од
нашите очи но тука блиску, околу нас.
Во тој и таков амбиент присутна е сликата, светлината, сенката,
судбината, чекорот во творечката креативност, постапност и израз.
Присутни се и автохтони термини за места, улици, институции
преку еден автентичен и актуелен говор и слух што го гради животното
искуство, суштински и истражувачки.
Сите настани кои го чинат делото, па и самиот живот ги определуваат
натамошните чекори, патеки на животот преку психолошки обоени ликови
во самиот роман, опишувајќи го животот и судбината на луѓето во овој
парадоксален свет.
Богдановски како и во своите претходни дела останува верен
и автентичен во својот раскажувачки дискурс, пластично блиску до
читателската публика, опишувајќи и раскажувајќи ги настаните и ликовите
во овој роман на себе својствен начин, тивко и ненаметливо воведувајќи не
во настаните спонтано, со чувство и животно искуство.
На моменти во дејствието на романот преовладува безизлезноста,
стравот, беспомошноста, чувството на изгубеност во одредените ситуации
и ликовите кои се испреплетуваат и немирот што го носи животот во овие
бурни времиња на транзиции, низ кои поминавме, стопански и трговски
малверзации, пропаѓања на претпријатија (фирми) и судбини на луѓе кои
остануваат на улица без егзистенција и без дух, без надеж - физички и
психички уништени.
Од друга страна пак игри без граници околу капиталот, превласта и
престижот на олигархијата која се создава, начините и методите преку кои
ја покажува својата „моќ“ во одредени ситуации во борбата за превласт и
власт над предметите па и луѓето и афери кои се случуваат во сите сфери на
животот.
Човечкиот живот е едно големо талкање низ замаглените предели на
неизвесноста. На тој пат се судираат сонот и јавето, мистичното и реалното
и од тој судир се изнедруваат духовните вредности.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
54
На моменти привиденија, сон и илузија во модерниот нов живот каде
што се е обично, сурово јаве. Време на недоверба во односот и општењето
меѓу луѓето.
Ликовите во романот особено Тодор Петровски и Ристо Тахировски,
авторот доста успешно ги гради во надворешниот опис а уште повеќе и
психолошкиот набој каде до ситници се забележани сите нивни реакции
во однесувањето, движењето, погледот итн., како и сите други ликови кои
повеќе или помалку се појавуваат во романот.
Трката по профит и пари ги отчовечува луѓето и во нив ја
буди алчноста и погибијата, животната погибија. Се јавува пропаст а
животната, семејната хармонија, разврат и се што со себе тој носи. Сите
ликови во романот МРАЧНАТА СТРАНА НА СВЕТЛИНАТА од Димитар
Богдановски побудуваат интерес и истите се среќаваат тука меѓу нас, со сите
човечки карактеристики и судбини, ситуации кои се случуваат, стравот,
несигурноста и напрегнатоста која владее во круговите на движење на
ликовите и дејствијата кои оперираат во секојдневниот живот.
И само една тупаница во мигот ќе биде границата кога главниот лик
ќе ја „здогледа“ мрачната страна на светлината, но тој, како што го завршува
авторот своето дело, не ја виде, тој само ја насети таа мрачна студена страна
од светлината за на крај да заврши: „Борис го крена паднатиот покривач
од земјата, го подистресе, плукна кон Тодор и полека, со бавни, тромави
чекори замина во правецот на изгрејсонцето“.
Со последниот збор „изгрејсонцето“, им го препорачувам на
читателите ова дело - романот на Димитар А. Богдановски Мрачната страна
од светлинатa.
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
55
Проф. д-р Христо Петрески
НАЈУБАВИОТ ТОВАР ОД КНИГИ
(За Цане Здравковски и неговиот нарамник од книги)
Писателот Цане Здравковски каде и да одеше – никогаш не се
разделуваше од своите книги.Тој не ги носеше на своето рамо како
нарамник, туку во својата ташна секогаш преполна со книги. Сакаше да
бидат неговите нови романи секогаш со него, односно тој да биде постојано
до нив. Беше тоа неразделна врска на писателот и неговите книги. А, тие
беа и бројни и обемни. Романи со многу страници.
Цане беше плоден автор, со многу енергија, љубов и желба да каже
уште нешто, да запише уште нешто, да создаде уште нешто... А, темите
и мотивите немаат крај, па така и писателот, за жал, останува осамен и
разочаран поради заблудата дека тој самиот се ќе каже, се ќе запише, се ќе
уточни...
Книжевноста, уметноста, па и животот е една бескрајна неизорана
нива, која од каде и да започнеш – нема никогаш да ја изораш и доораш.
Така, останаа многу неизорани бразди и во замислите, идеите и
творештвото на Цане Здравковски, но она што тој го остави е видливо и
тешко и во физичка смисла.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
56
Проф. д-р Христо Петрески
ЗА ЕДНО ГОЛЕМО И ЕДИНСТВЕНО “ЗА”
(Една од многуте иницијативи на Љубомир Груевски)
Љубомир Груевски беше иницијатор и сподвижник. Секогаш сакаше
да биде прв и единствен. Во таа негова намера беше и покренувањето
(заедно со мене и Доста Димовска) на списанието “За”.
Под закрилата на Издавачката дејност “Мисирков” од Битола, каде
што Груевски беше главен и одговорен уредник, ние заедно го подготвивме
и објавивме првиот број на списанието “За”. За жал, како што најчесто
се случува, беше тоа прв и единствен број со творештво главно од млади
автори.
Со Груевски одевме заедно и во Белград, Струга, Прилеп, Штип...,
каде што покрај литературата не поврзуваше и театарот. Секаде Љубомир
имаше свое и издвоено мислење.
Јас ги почитував неговите заложби за книжевноста и уметноста и го
ценев неговиот стремеж за поубавото, подоброто и посовршеното.
Со радост и гордост секогаш говореше за неговата професура и
учениците. А, зад сиот тој изминат пат и бројните испишани страници,
сега еве остана и големото и единственото “За”.
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
57
Проф. д-р Христо Петрески
ТИВКИТЕ ЛУЃЕ И ЗБОРОВИ ШТО ТРААТ И ОДЅВОНУВААТ
(Збор-два за тивките писатели Науме Радически и Ѓорѓија Најдовски)
Ѓорѓија Најдовски го запознав во студентскиот стан на Науме
Радически. Како и сите други студентски станови, и тој стан беше во
подрум, влажен и без дневна светлина, но со многу книги и повеќе средби
и разговори. На една од нив беше и Ѓорѓија Најдовски, новинар и писател и
голем пријател на Наумета. Ѓорѓија зборуваше тивко и мирно, поврзано и
разложно, позитивно и добронамерно.
Како кротка ретка која полека и бавно ги тркала и носи камењата.
Така Ѓорѓија пишуваше и зборуваше. Беше јазикословец и јазикољубец,
а во Наумета Радически имаше вистински другар и содружник. Нивното
пријателство и нивните дискусии постојано загатнуваа и растајнуваа. А, во
секој нивен збор беше Мешеишта (односносно Дабово, како што го викаше
Радически), Струга, Дримкол, Езерото...
А, Науме Радически беше вистинска жива енциклопедија. Заедно со
него ја формиравме Книжевната младина на Универзитетот “Св. Кирил и
Методиј” и го објавивме првиот број на списанието “Подем”.
На Саемот на книгата во Скопје само ми одмавна оддалеку со
раката во знак на поздрав.
Беше тоа неговото последно збогум.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
58
Љубе Митрејчевски
ЗБОГУМ
(На писателот Златко Бошевски,
од Демирхисарско, Вирово)
Кога мракот далдисан
нападно прекри полето
и утка птица го замолчи
славејот во твојта градина,
рој оси ме касаа во тилов.
Разоглавен ветар
на црн облак качен
пустош во душава стори.
И одма никна пелин булка,
јад разгорен и чемер подгорен.
Носен од река планинска
со матен водотек и средорек.
Тогаш, ... ете тогаш,
безгласен збогум рече
и не прирече.
Не праша дали боли,
не допре дали пече,
не сети дали, некого изгоре.
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
59
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
60
КРАТКИ БИОГРАФИИ НА
ПОЧИНАТИТЕ РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
61
ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ
(1934, Слоештица, Демир Хисар – 2006, Скопје)
Поет, романсиер, раскажувач, драмски автор. Роден во 1934 година
во с. Слоештица, Демир Хисар. Работел како уредник во Македонската
телевизија. Уредник на списанието "Разгледи". Член на МАНУ од 2000
година. Попознати негови дела се романите "Пиреј" (1980), "Скакулци"
(1983), "Последните селани" (1987) и други. Застапуван е скоро во сите
антологии на македонска поезија во земјата и странство. Добитник е
на наградите: "11 Октомври 11 , 11 Браќа Миладиновци 11 (два пати),
Рациново признание", 11 Стале Попов 11 (два пати) како и наградата
"Книжевно жезло" на друштвото на писателите на Македонија.
PETRE М. ANDREEVSКI
(1934, Sloestica, Demir Hisar – 2006, Skopje)
Poet, novelist, short story writer, play writer. Bom in 1 934 in the village
of Sloestica, Demir Hisar. Worked аѕ an editor for the Macedonian Television.
"Не was also an editor in the periodical "Razgledi". Member of the Macedonian
Academy of Arts and Sciences. His most known works are the novels: "Weed"
(1 980), "Locusts" (1983), "The Last Villagers" (1987) etc. Не has been included
in almost all antologies of Macedonian poetry both at home and abroad. Не has
been awarded with: "1 l October", "Miladinov Brothers" (twice), "Косо Racin"
and "Stale Popov" (twice) аѕ well аѕ the award "Literary scepter" by the Macedo-
nian Writers' Asoociation.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
62
ДИМИТАР БОГДАНОВСКИ
(Роден во 1937 г. Во Софија, НР Бугарија – 2017, Битола)
Во 1946 година, заедно со родителите, се вратил во Битола. Завршил
гимназија во Битола. Прво работел како учител. Потоа завршил Виша
земјоделска школа во Битола и се вработил во ЗИК „Пелагонија“ –Битола
каде работел до пензионирање. По пензионирањето во 2001 година
активно се посветува на литертурното творештво. Познати негови дела
се: „На Солун“ - збирка монодрами, 2002; „За славата на...“ - раскази, 2002;
„Мислочитачот“ - роман, 2003; „Од мојот автолетопис“ - автобиографски
роман, 2006; „Човекот во тревата“ - збирка раскази, 2009; „Мрачната
страна од светлината“ - роман, 2010; „Чекорење низ пеколот“ – роман, 2012;
„Неизвесни сетнини“ – роман, 2013; „Под чукарите “ – раскази, 2015 и др.
DIMITAR BOGDANOVSKI
(Born in 1937, Sophia, NR Bulgary – 2017, Bitola)
In 1946, together with his parents, he returned to Bitola. He attended high
school in Bitola. His first job was as a teacher. Then he graduated from the Higher
Agricultural School in Bitola and got a job in ZIK "Pelagonija" -Bitola where he
worked until retirement. After retiring in 2001, he actively devoted himself to the
literary work. His works: "On Thessaloniki" - a collection of monodramas, 2002;
"For the glory of ..." - short stories, 2002; “The Mentalist” - a novel, 2003; "From
my autobiography" - autobiographical novel, 2006; "The Man in the Grass" - a
collection of short stories, 2009; "The Dark Side of Light" - novel, 2010; "Walking
through Hell" - novel, 2012; "Uncertain Destinies" - novel, 2013; "Under the For-
est Shades" - short stories, 2015 and others.
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
63
ЈОВАН БОЦЕВСКИ
(1939, Екши - Су - Леринско - 2019, Битола )
Роден е во селото Екши - Су - Леринско, во 1 939 година. Пишува
раскази за деца. Попознати збирки раскази се: "Чудниот крадец" (1 985),
"Есента на моето детство" ( 1 990), "Дивите рогушки" (1993), "Кој ја скрши
вазната" ( 1995), романот "Мојата втора љубов" (2005), „Проклетство“ –
роман, 2007.
JOVAN BOCEVSКI
(1 939, Ekshu - Su - The Region of Lerin, - 2019, Bitola)
Bom in the village of Ekshu - Su - The Region of Lerin, Aegean part of
Macedonia. Не is а story writer. Known story books: "The Miraculous thief ''
(1985), "Auturnn of my childhood" ( 1 990), "The wild locusts" ( 1 993), "Who
broke the vase" ( 1995), the novel "Му second love", “The Curse” - novel, 2007.
ЈОЗО Т. БОШКОВСКИ - ЈОН
(1933, с. Острилци, Крушевско – 2006, Скопје)
Поет, раскажувач, есеист, преведувач, сликар. Роден во с. Острилци,
Крушевско во 1933 година. Работел како новинар во Македонската
телевизија. Почесен член на Европската академија. Познати дела: "Осветлен
човек" (поезија 1984), "Атлантида вистинската и Македонија - високоцветна
Македонија" (историја и поезија, 1998), "Триумф на материјата" (естетика -
водич, 2000), "Уметноста е вечна сфинга" (2002), "Песната Сонце" (поезија,
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
64
2003) и други. Добитник е на наградите: "Гран При на Медитеранот (Мадрид,
1980). Во Неапол, Италија му е доделена титулата Академик П9ет и беше
примен за почесен член на Европската академија.
JOZO Т. ВОЅНКОVЅКI - JON
(1933, Ostrilci, Кrushevo – 2006, Skopje)
Poet, prose writer, essayist, translator, painter. Bom in the village of Os-
trilci, Krushevo. Worked аѕ a joumalist in the Macedonian Television. Honorary
member of the European Academy. Known works: "Enlightened man" (1984),
"Atlantis the Proper and Macedonia - the shining Macedonia" (history and po-
etry, 1998), "triumph of the substance" (aesthetics - guide book, 2000), "Art is
an Etemal Sphinx" (2002), "The Sun Song" (2003) etc. Не has been awarded: The
Mediteranean Grand Prix Award (Madrid, 1980). In Neapol, Italy he was promot-
ed to the title Academician Poet and became а honorary member of the European
Academy. 15
ЉУБОМИР ГРУЕВСКИ
(1949, Гевгелија – 2016, Битола)
Поет. Роден е во 1949 година, во Гевгелија. Работи како издавач.
Автор е на книгите: " Гемии" (поезија, 1980), "Огненена земја" (1983),
"Опсаден град" (поезија, 1991) и "Островот и други легенди" (поезија, 1999),
“Magna charta“ – поезија + ЦД, 2003; „Театар, филм, стих“ – критики и есеи,
2005; „Слики и сенки“ – поезија, 2008; „Музеј под Пелистер“ – поезија, 2011;
„Театарски согледби“ – книжевен приказ, 2012 и др.
LJUBOMIR GRUEVSКI
(1949, Gevgelija – 2016, Bitola)
Poet. Bom in 1 949 in Gevgelija. Не works аѕ а publisher. Works: "Boats"
(poetry, 1980), "Fiery Land" (1983), "Town under siege" (poetry, 1 991), The Island
and other legends (poetry, 1 999), “Magna charta” - poetry + CD, 2003; “Theater,
film, verse” - reviews and essays, 2005; “Pictures and Shadows” - poetry, 2008;
“Museum under Pelister” - poetry, 2011; “Theatrical insights” - literary review,
2012 and others.
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
65
ЦАНЕ ЗДРАВКОВСКИ
(1936, с. Врањевци, Битола - 2010)
Раскажувач, романсиер, критичар, драмски автор. Роден е во 1936
година с. Врањевци, Битолско. Доктор по Филолошки науки. Работел како
професор во Гимназијата "Јосип Броз Тито" во Битола и во Педагошкиот
завод во Скопје. Познати дела: " Дамка" (роман, 1968), "Дојденци на Хера"
(роман, 1980), "Конзулски град" (1987), "Ататурк пророк" (роман, 1993),
"Драмата во наставата" (критики, 1994) " Велеградот" (роман, 2000), „Широк
сокак“ – роман, 2006. „Воскрес“ – роман, 2008; „Јужна бесилка“ – роман,
2009; „Златник“ – роман, 2010.
CANE ZDRAVKOVSКI
(1936, Vranjevci, Bitola - 2010)
Short story writer, novelist, literaгy critic and playwright. Bom in 1936,
in the village of Vranjevci, Bitola. Не is Ph.D. in Philology. Не was а professor
in Ginmazium "Josip Broz - Tito" Bitola and worked at the Pedagogical Institute
Skopje. Known works: "Stain" (novel, 1968), "Newcomers of Hera" (novel, 1980),
"The City of Consuls" (novel, 1987), "Ataturk the Prophet" (novel, 1993), "The
Drama in the process of teaching" (criticism, 1994), "Metropolis" (novel, 2000),
Shirok Sokak” - novel, 2006. “Voskres” - novel, 2008; “Southern Gallows” - novel,
2009; “Gold coin” - novel, 2010.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
66
ПАНДЕ МАНОЈЛОВ
(1948, с. Породин, Битола - 2020)
Поет, раскажувач, критичар. Роден во с. Породин, Битолско. Работел
во редакцијата на " Битолски весник" . Познати книги: " Црвен немир во
црвено пламти" (поезија, 1971), "За Битола, вековите и љубовта" (поезија,
1989), "Стап" (хумористично сатирични текстови, 2000), "Талија на
битолската сцена " (театарски критики, 2003), „Љубов и чемер“ – поезија,
2005; „Тевекелиски песни“ – поезија, 2008; „Битола, љубов моја = Bitola,
my love“ – поезија, 2009; „Месечина со превез“ – поезија, 2011; „Сонувај
добрина“ – поезија, 2012; ; „Опкована душа“ – поезија, 2013; „Последна
корида на душата“ - раскази, 2014; „Ветровито време“ – поезија, 2015;
„Далечен сон“ – поезија, 2016; „Сонот на детството“ – кратка проза, 2017;
„Прегрни го светот“ – поезија, 2018; „Глас од душата“ – поезија, 2018;
„Копнеж по времето“ – поезија, 2018; „Мајчин јазик = La langue maternelle“
– поезија (македонски - француски), 2018; „Песни за Палестина“ – поезија,
2019; „Јужни реки“ – раскази, 2019; „Егзотичен ветер“ – поезија, 2020.
Добитник е на наградите: "4-ти Ноември" на градот Битола, "Ванчо
Николески", награда за песна на Меѓународната манифестација "Празник
на липите ".
PANDE MANOJLOV
(1948, Porodin, Bitola - 2020)
Poet, short story writer, critic. Bom in 1948 in the village of Porodin, Bi-
tola. Worked аѕ а member of the Editorial board of "Bitola's Newspaper". Known
works: "The restlessness bursts into red flames" (Poetry, 197 1 ), "For Bitola, the
centuries and love" (poetry, 1989), "А Stick" (humour-satirical texts ), "Talia on
the Bitola stage" (theatrical criticisms, 2003), “Love and melancholy” - poetry,
2005; “Tevekely songs” - poetry, 2008; “Bitola, my love = Bitola, my love” - poet-
ry, 2009; “Moon with a veil” - poetry, 2011; “Dream of goodness” - poetry, 2012;
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
67
“Chained Soul” - poetry, 2013; “The Last Bullfight of the Soul” - short stories,
2014; “Windy weather” - poetry, 2015; “Distant Dream” - poetry, 2016; “Child-
hood Dream” - short prose, 2017; “Embrace the world” - poetry, 2018; “Voice of
the Soul” - poetry, 2018; “Longing for Time” - poetry, 2018; “Mother tongue = La
langue maternelle” - poetry (Macedonian - French), 2018; “Songs of Palestine”
- poetry, 2019; “Southern Rivers” - short stories, 2019; “Exotic Wind” - poetry,
2020; Не has been awarded with: "4th November" prize of Bitola, "Vancho Nikole-
ski" and the award for poem at the Intemational Manifestation "Holiday of the
lime trees".
ДРАГИ МИХАЈЛОВСКИ
(1951, Битола - 2022, Скопје)
Основно и средно образование завршил во Битола. Дипломирал,
на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Работи како библиотекар,
а подоцна и како професор на катедрата за Англиски јазик и книжевност.
Драги Михајловски е член на Друштвото на писателите на Македонија од
1992 година. „Речно улиште“, дебитанска книга - збирка раскази, 1981,
„Ѓон“ (раскази, 1990), „Скок со стап“ (раскази, 1994) и други. „Пророкот
од Дискантрија3 (роман, 2001, „Мојот Скендербеј“ (роман, 2006), Скопје,
2007), „Смртта на дијакот“ (роман, 2007), „Бдеењето на Одисеј“, роман,
2017 и други. Михајловски е исклучително плоден препејувач, препеал
повеќе од 110.000 стихови: 37 драми од Шекспир,154 сонети од Шекспир,
Загубениот рај од Џон Милтон,, Поезија од Перси Шели, Поезија од Џон
Китс, Поезија од Вилијам Блејк и др. Награди: „Рациноово признание“,
„Гриргор Прличев“, „Стале Попов“ и „11. Октомври“ за животно дело од
областа на културата и уметноста во 2018 година.
DRAGI MIHAJLOVSKI
Born in Bitola in 1951 - 2022 Skopje)
He completed primary and secondary education in Bitola. He graduated,
at the Faculty of Philology "Blaze Koneski" where he worked as a librarian, and
later as a professor in the Department of English Language and Literature. Dragi
Mihajlovski has been a member of the Writers' Association of Macedonia since
1992.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
68
ЃОРЃИЈА НАЈДОСКИ
(1942, Лактиње, Охрид – 2009 Скопје)
Поет, раскажувач, романсиер. Роден е во 1942 година во село Лактиње,
Охридско. Доктор по политички науки. Работи во културно информативен
центар во Скопје. Познати книги: "Крвоболие" (поезија, 1967), "ВМРО (ОБ.)
и журналистичката дејност на Димитар Влахов (научен труд, 1987), "Ветар
во градите" (роман за млади, 1990), " Информативен систем на Македонија"
(научен труд, 1999), Дефтерски белешки од Дебарца – роман, 2008 и други.
GORGIJA NAJDOSКI
(1942, Laktinje, Ohrid – 2009 Skopje)
Poet, short story writer, novelist. Bom in 1942 in Laktinje, Ohrid. Ph.D. in
Political Science. Works in the Cultural - Information Centre in Skopje. Known
works: "Bloodpain" (poetry, 1967), "VMRO (United) and the joumalistic activity
of Dimitar Vlahov (scholarly work, 1987), "Wind in the Chest" (novel for teenag-
ers, 1990), "The Information System in Macedonia" (scholarly work, 1999), “Deft-
er notes from Debarca” - novel, 2008; etc.
River Beehive, debut book - a collection of short stories, 1981, "John" (short stories,
1990), "Jump with a stick" (short stories, 1994) and others. The Prophet from Diskan-
tria3 (novel, 2001, "My Skanderbeg" (novel, 2006), Skopje, 2007), "The Death of the
Diac" (novel, 2007), "The Vigil of Odysseus", novel, 2017 and others. Mihajlovski
is an extremely prolific translator, translating more than 110,000 verses: 37 plays
by Shakespeare, 154 sonnets by Shakespeare, The Lost Paradise by John Milton,
Poetry by Percy Shelley, Poetry by John Keats, Poetry by William Blake and others.
Awards: "Ratcin’s Award", "Grigor Prlichev", "Stale Popov" and "11. October "for a
lifetime achievement in the field of culture and art in 2018.
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
69
БОГОЈА ТАНЕВСКИ
(1936, с. Долно Ореово, Битола - 2017)
Поет и драмски писател. Роден е во 1936 година во с. Долно
Ореово, Битолско. Работел како наставник во основни училишта. Работел
како хонорарен дописник на Радио Битола, Радио Скопје, " Битолски
весник" и "Нова Македонија". Бил уредник на алманахот "Патеки 70" при
Литературниот клуб "Стале Попов" Битола. Напишал десеттина книги:
"Угорнина" (поезија, 1971), "Чекори во мене" (поезија, 1996), " Параловските
чукари" (монодрама, 2002), " Битолски мотиви" (поезија, 2005), „Повраток“
– поезија, 2006; ; „Долно Ореово“ – стручна монографија, 2010; Ловечки
записи – други книжевни форми, 2011; „Животот е бодликава угорнина“
– поезија, 2011„Новачки писатели“ – зборник, 2014; Добитник е на неколку
награди.
BOGOJA Т ANEVSКI
(1936, Dolno Oreovo, Bitola - 2017)
Poet and playwright. Bom in 1936 in the village of Dolno Oreovo, Bitola.
Не worked аѕ а teacher in primary schools. Не was а honorary coпespondent to
Radio Bitola, Radio Skopje, "Bitolski vesnik" and "Nova Makedonija". Не was an
editor of the almanac "Paths 70" of the Literary club "Stale Popov" Bitola. Не wrote
several books: "Uphill" (poetry, 1971), "Steps inside me" (poetry, 1996), "Paralovs-
ki cukari" (monodrama, 2002), "Bitola motives" (poetry, 2005), “Return” - poetry,
2006; ; “Lower Oreovo” - professional monography, 2010; Hunting records - other
literary forms, 2011; “Life is a prickly uphill” - poetry, 2011 “The Writers From
Novaci” - collection, 2014; Не has been awarded several awards.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
70
РАДОВАН П. ЦВЕТКОВСКИ
(1931, с. Сопотница, Демир Хисар – 1922, Битола)
Поет, раскажувач, критичар, писател за деца и млади, фолклорист.
Роден е во 1931 година во с. Сопотница, Демирхисарско. Работел како
професор, директор во училиште, секретар на битолската издавачка
дејност при "Битолски весник" и списанието " Развиток" . Бил член на
претседателството на ДПМ. Познати дела: " Моето поднебје" (поезија,
1971), "Дедо ми во Балканските војни" (поезија, 1985), " Смокот пештерски"
(раскази за деца, 1992), " Сказанија демирхисарски" (записи, 1996), "Рашко"
(роман за деца, 1997), "Видувања" (критики, 2003), „Сонето претчувство“ –
поезија, 2006, „Разглопки“ – есеј, 2012, „Во огледало, огледалца“ – поезија,
2013, „За зборот наш и сонцето“ – поезија, 2015; „Зборот на други јазици“
– поезија, 2016; „Потпрено небо“ – поезија, 2017, „Анегдотски кажувања“
– кратка проза, 2018, „Отаде и одавде времето“ – книжевен приказ, 2019;
„Ангелот, клучот и умот“ – кратка проза, 2020, „Детство, и сега в душа
те носам“ – книжевен приказ, 2020, „Навите“ – поезија, 2021. Добитник
е на наградата "4-т"Ноември" на градот Битола и наградата на Културно-
просветната заедница на Македонија како и неколку други награди за песни.
RADOVAN Р. CVETKOVSKI
( 1931, Sopotnica, Demir Нisar – 1922, Bitola)
Poet, prose writer, writer for childreп and teenagers, folklorist. Bom in
the village of Sopotnica, Demir Hisar. Worked аѕ а high school teacher, head of а
school, secretary of the publishing house "Bitolski vesnik" and the joumal "Raz-
vitok". One-time member of the Presidency of the Macedonian Writer's Associa-
tion. Known works: "Му country" (poetry, 1971), "Му grandfather in the Balkan
Wars (poetry, 1985), "The Smooth Snake Cave" (short stories for children, 1992),
"Stories from Demir Hisar Region" (notes, 1996), "Rashko" (novel for children,
1997), "Reflexions" (criticisms, 2003), “Dreamed premonition” - poetry, 2006,
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
71
“In the mirror, mirrors” - poetry, 2013, “For our word and the Sun” - poetry,
2015; “The word in other languages” - poetry, 2016, “Leaning Sky” - poetry, 2017,
“Anecdotal narratives” - short prose, 2018, “From Beyond Time and From This
Time “ - literary review, 2019, “The Angel, the Key and the Mind” - short prose,
2020, “Childhood, and now I carry you in my soul” - literary review, 2020, “The
Navites” - poetry, 2021. Не has been awarded the "4th November" prize of Bitola
and the award of the Macedonian Society for Culture and Education. Не is а prize
winner of several awards for poems.
ПЕТКО ШИПИНКАРОВСКИ
(1946, с. Будимирци, Битола – 2020, Струга)
Основно образование завршил во с. Будимирци и с. Старавина.
Средно училиште во Битола. Дипломирал на Факултетот за безбедност
и општествена самозаштита. Негови дела се: " Откорнати души" (роман),
"Духот на војводата" (монодрама) и "Петра" (роман, 2004), „Црна љубов“ –
роман, 2006, „Седело на орлица“ – поезија, 2006, „Бели ветрови“ – поезија,
2009, „Откорнати души“ – роман, 2010, „Златни обетки за Марија“ – роман,
2011, „Децата на Марија“ – роман, 2012; „Бели утра“ – поезија, 2013, „Доаѓаат
дождовите“ – поезија, 2015 „Утринска молитва“ – роман, 2015; „Еден живот
една приказна“ – раскази, 2016, „Никулци во утрините“ - поезија, 2017,
„Разбранувани води“ – раскази, 2017, „Крлеж на вратот“ – драма, 2017,
„Златне минђуше за Марију“ – роман, 2018, „Саемско небо“ – поезија, 2019,
„Вечен живот“ – кратка проза, 2020, „Обедница“ – поезија, 2020.
РЕТКО SHIPINКAROVSКI
(1946, ѕ. Budimirci, Bitola – 1920, Struga)
Primary school attended in the villages Budimirci and Staravina. Second-
ary school in Bitola. Не graduated at the Faculty of Security and Societal Self-pro-
tection. His works: "Souls pulled out by its roots" (novel), "The Spirit of the Duke”
(monodrama) and "Petra" (novel, 2004), “Black Love” - novel, 2006, “The Nest of
an eagle-lady” - poetry, 2006, “White Winds” - poetry, 2009, “Torn Souls” -
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
72
novel, 2010, “Golden Earrings for Mary” - novel, 2011, “Children of Mary” - nov-
el, 2012, “White Mornings” - poetry, 2013, “The rains are coming” - poetry, 2015,
“Morning Prayer” - novel, 2015,“One life one story” - short stories, 2016, “Stumps
in the Morning” - poetry 2017 “Stormy Waters” - short stories, 2017, “Tick on the
Neck” - drama, 2017,“Golden Earrings for Mary” – novel (Serbian translation),
2018,“Fair Sky” - poetry, 2019, “Eternal Life” - short prose, 2020, “Obednica” -
poetry, 2020.
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
73
СОДРЖИНА
ЗА 17. ЗБОРНИК НА ИЗЛАГАЊА
(17. Роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија) ----------- 5
м-р Сања Мучкајева Видановска
БЕСМРТНОСТА Е ЖИВОТОТ ПОСЛЕ СМРТТА
(за Петре М. Андреесвски) ------------------------------------------------------- 6
Проф. д-р Христо Петрески
ЗБОРОВИТЕ ШТО (НЕ) ИСЧЕЗНУВААТ
(За Петре М. Андреевски и неговите зборови кои зрачат и значат) -------11
Петре Димовски
СОМНЕЖОТ Е ПОСИЛЕН ОД БОЛКАТА
(За два романи на Благоја Брајановски) ---------------------------------------13
Проф. д-р Христо Петрески
ЗА ПАНДЕ МАНОЈЛОВ И РАДОСТА НА СОЗДАВАЊЕТО И
ЖИВЕЕЊЕТО
(Кроки – скица за еден можен портрет на еден писател и пријател) -------19
Весна Мундишевска-Велјановска
ЗА КОРЕНОТ НА ИДЕНТИТЕТОТ
(Панде Манојлов, „Ветровито време“) -----------------------------------------20
ИЗЛОЖБА ВО СЕЌАВАЊЕ НА ПАНДЕ МАНОЈЛОВ
(НУУБ „Св.. Климент Охридски“ Битола) -------------------------------------23
Елизабета Јончиќ
ЗА КНИГАТА РАСКАЗИ „ВЕЧЕН ЖИВОТ“
ОД ПИСАТЕЛОТ ПЕТКО ШИПИНКАРОВСКИ ----------------------------27
Проф. д-р Христо Петрески
СТИХОВИ КОИ ИСТОВРЕМЕНО БУДАТ И СМИРУВААТ
(Петко Шипинкаровски) ---------------------------------------------------------30
Весна Мундишевска-Велјановска
ОД РАФТОВИТЕ НА САЕМОТ НА ЖИВОТОТ
(Петко Шипинкаровски) ---------------------------------------------------------31
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
74
Весна Мундишевска-Велјановска
ЧАСОВНИКОТ КОЈ ГО ПРИДВИЖУВА БИДУВАЊЕТО
(Петко Шипинкаровски) ---------------------------------------------------------34
Добре Тодоровски
МОЈОТ КНИЖЕВЕН ОРИЕНТИР
РАДОВАН П. ЦВЕТКОВСКИ ---------------------------------------------------37
Проф. д-р Христо Петрески
ЈАСИКИТЕ КАКО ПАТОКАЗ ДО ЈАСТВОТО
(Песната за јасиките од Радован П. Цветковски како знак и патоказ) -----40
Весна Мундишевска-Велјановска
ГОЛЕМАТА СЛИКА ВО ОГЛЕДАЛО
(Радован П. Цветковски) -------------------------------------------------------- 41
Весна Мундишевска-Велјановска
ЛИТЕРАТУРНИТЕ РЕЛИКВИИ НА РАДОВАН П. ЦВЕТКОВСКИ -------43
Љубе Митрејчевски
НЕСКРИЕН КОПНЕЖ
(Задоцнето писмо до Радован П. Цветковски) --------------------------------47
Биљана Т. Димко – книжевник
ШЕКСПИР НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ИЛИ ЗАДАЧАТА НА
ПРЕВЕДУВАЧОТ
(проф. д-р Драги Михајловски) -------------------------------------------------49
Илче Стојановски
ЗА РОМАНОТ МРАЧНАТА СТРАНА ОД СВЕТЛИНАТА
(од Димитар Богдановски) -------------------------------------------------------53
Проф. д-р Христо Петрески
НАЈУБАВИОТ ТОВАР ОД КНИГИ
(За Цане Здравковски и неговиот нарамник од книги) ----------------------55
Проф. д-р Христо Петрески
ЗА ЕДНО ГОЛЕМО И ЕДИНСТВЕНО “ЗА”
(Една од многуте иницијативи на Љубомир Груевски) ----------------------56
Седумнаесетта Роднокрајна средба...
75
Проф. д-р Христо Петрески
ТИВКИТЕ ЛУЃЕ И ЗБОРОВИ ШТО ТРААТ И ОДЅВОНУВААТ
(Збор-два за тивките писатели Науме Радически и Ѓорѓија Најдовски) ---57
Љубе Митрејчевски
ЗБОГУМ (На писателот Златко Бошевски,
од Демирхисарско, Вирово) ----------------------------------------------------- 8
КРАТКИ БИОГРАФИИ НА ПОЧИНАТИТЕ
РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ -------------------------------------------------------60
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
76
СЕДУМНАЕСЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО
БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ВО МАКЕДОНИЈА
Издава
Националната установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ Битола
ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39, Битола
Издавачки совет:
м–р Јелена Петровска
д–р Николче Вељановски
Академик Владимир Kостов
Превод на англиски јазик
д–р Николче Вељановски
Лектура
Александар Димитров
Печати
Графо Пром - Битола
Тираж
60 примероци