Четврта Роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија : Зборник на излагања : тркалезна маса, Битола 29 мај 2009 година

^etvrta Rodnokrajan sredba...


1


ЧЕТВРТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА


Зборник на излагања,
Тркалезна маса, Битола, 29 мај 2009 година




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


2


National Institution – University Library
“St Kliment Ohridski” Bitola


THE FORTH HOMELAND MEETING
OF THE BITOLA WRITERS FROM


MACEDONIA
Collection of presentations,


Round table, Bitola May 29, 2009


Bitola 2009




^etvrta Rodnokrajan sredba...


3


Национална установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола


ЧЕТВРТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО
БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ


ОД МАКЕДОНИЈА


Зборник на излагања,
Тркалезна маса, Битола, 29 мај 2009 година


Битола 2009




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


4


ЧЕТВРТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА НА
БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ


ОД МАКЕДОНИЈА
Зборник на излагања,


Тркалезна маса, Битола, 29 мај 2009 година


Издава
Националната установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ Битола, ул. Ленинова бр. 39, Битола


За издавачот
Науме Ѓоргиевски


Издавачки совет
Науме Ѓоргиевски
д-р Николче Вељановски
Владимир Костов


Главен и одговорен уредник
д-р Николче Вељановски


CIP - Каталогизација во публикација
Национална установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“,
Битола


821.163.3(63)
РОДНОКРАЈНА средба на битолските писатели од Македонија
(4 ; 2009 ; Битола)


Четврта Роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија :
Зборник на излагања : тркалезна маса, Битола 29 мај 2009 година = The
third homeland meeting of the Bitola writers from Macedonia: Collection
of presentations : Round table, Bitola May 29, 2009 / [Главен и одговорен
уредник Николче Вељановски]; [превод и резимеа на англиски јазик Николче
Вељановски]. - Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ = Bitola:
NIUL “St. Kliment Ohridski”.- 97 стр.: илустр..; 24 см


Резимеа на англиски јазик кон текстовите.


ISBN 978-608-4538-07-3


1. Гл. Ств. Насл. 2. Насп. Ств. Насл. 3. Вељановски, Николче
а) Македонска книжевност - Роднокрајни писатели – Живот и дело -
Зборници
COBISS.MK-ID 18469441


Тел.: 047/220-208; факс: 220-515; тел. изд. 232-999;
www.nuubbt.uklo.edu.mk; e-mail: nuubbt@uklo.edu.mk




^etvrta Rodnokrajan sredba...


5


ЧЕТВРТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА НА БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА



По повод Четвртата роднокрајна средба на битолските писатели од
Македонија што се одржа на 28 и 29 мај 2009 година, првиот ден во 20 часот,
во таканаречената Магаза, лоцирана во центарот на градот блиску до Саат
Кулата, еден дел од писателите се претставија со извадоци од своите дела.
Вториот ден, во Библиотеката, се одржа традиционалната Тркалезна маса,
овојпат на тема: „Сонот како стварност во моето творештво“. Излагањата на
писателите: Димитар Богдановски, проф. д-р Благоја Брајановски (отсутен),
Петре Димовски, д-р Цане Здравковски, Владимир Костов, Никола Кочовски
(отсутен), Панде Манојлов, Сања Мучкајева Видановска (прв пат на Средбата),
д-р Ѓорѓија Најдовски (отсутен), Кире Неделковски, Христо Петрески, Ѓорѓи
Прчков, проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, Богоја Таневски, Добре Тодоровски
и Петко Шипинкаровски влегуваат во овој четврти по ред Зборник. Самата
тема ги натера писателите да ‹ пристапат со голем интерес. Неколкумина од
писателите, и покрај тоа што ги испратија своите текстови, не беа во можност да
присуствуваат на Средбата, главно од здравствени причини. Групата се освежи и
со нови имиња меѓу кои беа Мирјана Стојановска Палигора, Весна Мундишевска
Велјановска и Милица Димитријовска Радевска и погоре веќе спомнатата
Сања Мучкајева Видановска. Ветеранот во македонската книжевност и еден од
најреспектираните македонски писатели, Владимир Костов, и покрај своите 77
години со внимание ги слушаше излагањата на сите присутни што, секако, дека
беше голема чест за писателите. За прв пат, Магазата ја откривме како одлично


место каде што може да се
слушне гласот на мајсторите
на перото.

На Тркалезната маса
воведен збор за сонот имаше
организаторот и медијаторот
на Средбата, д-р Николче
Вељановски. Тој даде еден
подолг цитат од книгата на
Екарт Тол, „Нова земја“ за
сонувачот и сонот: Кога ќе се
разбудиме наутро, соништата
исчезнуваат и велиме: ”О,
тоа беше само сон. Не е




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


6


вистинско“. Но, нешто во сонот бездруго е вистинско, инаку би го немало. Кога
наближува смртта, се осврнуваме на претходните денови и се прашуваме дали
и тоа било само сон. ...
Постојат сонот и тој што сонува. Сонот е краткотрајна игра на обликот.
Тоа е релативно, а не апсолутно реален свет. А тука е и сонувачот, човекот.
Човекот е дел од сонот. Сонувачот е подлабок слој, слојот во кој се појавува
сонот, тој што го овозможува постоењето на сонот. Тоа е апсолутното зад
релативното, вонвременското зад временското, свеста во обликот и надвор од
него. Сонувачот е самата свест – тоа што сте вие.




^etvrta Rodnokrajan sredba...


7


ВЕРА СТОЈЧЕВСКА - АНТИЌ


МЕЃУ СОНОТ И ЈАВЕТО

Насловот на избраната тема веднаш ме насочи кон впечатливите
и до денес вчудоневидувачки настани од пораното мое детство во Битола.
Контроверзите што ги доживував преосетливо и речиси потајно, и денес ми
побудуваат мозаични претстави за мојот развој.
Бев во претшколска возраст, кога во семејството започнаа разговори за
мое то запишување во Битолскиот француски колеџ. Јас мирно слушав за ви со-
ки те квалитети на Школото и немав поим што ми подготвуваат. Само сфа тив
дека католичките калуѓерки што минуваа смирено низ битолските улици со
бели штиркани капели како лебеди, се многу просветени, добронамерни, им
по магаат на сиромашните итн.,итн. Сфатив дека тие таму, во Колеџот, ќе ми
би дат учителки.
И започнаа катадневните одења и враќања до Школото, разбирливо
за рака ме водеше, преку далечниот Широк сокак, девојката што ме чуваше
– убавата Еврејка Буника. Го прифатив Колеџот, дури поубаво од описите и
подготовките што ми предочуваа родителите. Нè сместија најмалите во ста-
кле ните сали во дворот, пред големата склуптура на Света Богородица. Во
дворот пресретнав многу деца и сите љубопитно се загледувавме и се за поз-
нававме молчејќи. Во првите денови посебно ме привлече насмеаното русо-
косо девојче Лили Копачкова. Со неа, по долги години, во Торонто се пре се-
ќа вавме на француското училиште, кое и по толку долги години во нас врежа
неиз бришливи траги.


Многу бргу, по учењето на
песничките, една од учи те лките
ни рече одважно: ”Од утре никој
не смее да зборува ма кедонски. Ќе
зборуваме и ќе пееме француски.
Кој ќе прозбори поинаку ќе до бие
црвен јазик и ќе седи во магарешка
клупа.“ Ова не го сфатив како
страшно пре дупредување, но кога
го видов Пеце како го казнуваат со
обле пување на неговата уста и еден
голем и долг црвен јазик, а потоа
целиот час го преседе свр тен со
грбот кон нас на осамената дрвена
клупа, наречена магарешка, се нае-


жив. Помислив: „Јас никогаш нема да седнам на таа клупа.“ Но, затоа занемев,
не зборував, разбирливо ниту француски, ниту македонски. Дома раскажав за




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


8


настаните и посакав да не одам во тоа училиште. Родителите започнаа со убе-
дувања дека мене нема да ми се случи тоа, веднаш започнаа да ми држат најос-
нов ни часови по француски јазик и да ме упатуваат највнимателно да слушам
на часовите во школото, за да видам дека францускиот јазик е многу лесен и
де ка на него „зборува целиот свет надвор од Битола“. Ваквите убедувања беа
успеш ни, јас постепено ги засакав часовите. Тие беа интересни, а најмногу нè
упа туваа кон Бога, кон Мајката на Исуса Христа, Дева Марија и разбирливо
секој ден наставата започнуваше и завршуваше со молитвата „Татко наш“. Уш-
те посвечени беа мисите во Католичката црква. Тишиниата и гласот на свеш те-
ни кот ми внесуваа некој чуден однос и размисла кон Господ, кој бдее над сите
нас невидливо и таинствен.
Но, најсилен впечаток, можам да кажам до денес, ми остави мојата учи-
телка сер Мари. Таа беше млада девојка, стројна, русокоса, бледолика, со си-
ни смирени очи, кои беа најкарактеристични во нејзината појава. Ги голтав
неј зините библиски приказни, кои ни ги оживуваше. И преку збор, но повеќе
пре ку слики. Имаше способност без силни гестикулации да ни ги наслика
инте ресните за децата поглавја од Стариот и од Новиот Завет. Посебен ‹ беше
од носот кон Исуса, кого ни го откри во една волшебна а истовремено најдобра
чо вечка личност со божја промисла. Со денови го сликавме неговиот лик на
крс товите што ги правевме рачно од светликавите и шарени лепливи хартии.
Нив ги носев дома и ги редев во една тетратка, како најчувани и драгоцени ре-
лик вии, зашто јас самата ги изработував.
Еден ден, тоа беше најмачниот ден во моето детство, слушнав дека Фран-
цус кото школо го затвориле, а добрите милосрдни сестри, нашите учителки, мо-
ја та учителка Сер Мари, која ја следев спонтано со голема љубов, ги протерале
од Битола и дека нема повеќе да ги видиме. Занемев и заплакав тивко... Го боле-
дував своето убедување стекнато во Францускиот колеџ. Интровертно го ло-
вев импулсот на новото време во Битола, на новиот социјалистички поредок по
НОБ. Го започнав основното образование на македонски јазик. Една нова сре-
ди на и сите зборувавме само македонски. Часовите не започнуваа со молитва, а
еден ден еден од учителите гласно ни кажа дека господ не постои, само простите
и неуките луѓе веруваат во него. Него никој не го видел, тој е измислен! Се ста-
писав, некој гласно хули по Бога?! Одвај дочекав дома да ‹ го раскажам слу-
ча јот на мајка ми, која, исто така, пред секое легнување ме учеше да ја кажам
глас но пред спиење молитвата Оче наш и постојано ми тврдеше дека Господ
по стои, дека е тој семоќен, дека тој нè гледа и кога сме сами во четири ѕида, и
дека тој е справедлив и човекољубив. Мајка ми ме сослуша внимателно и ми
рече дека тоа што го слушнав не е вистина, дека треба и натаму да си ве ру-
вам во целата ука што сум ја научила во Францускиот колеџ, во нашата црк ва
„Свети Димитрија“, а најмногу од мајка ми. Да, секоја недела татко ми до теран
нè водеше нас децата на служба во црквата „Свети Димитрија“ и ни пов то ру-
ва ше: ”Запомнете, ова е нашата црква, во неа се молел и истурал злато дедо ви
Ни кола, мојот татко!“
Јас скришно се повлекував дома во приемната соба, која секогаш




^etvrta Rodnokrajan sredba...


9


беше свечено уредена, во огледала, изрезбарен црн мебел, кадифени фотели,
а само кога имавме гости се исполнуваше со луѓе. Кога беше празна, таа се
пре твораше во мое скриено царство, се заклучував во неа и ‹ давав голем раз-
мав на својата фантазија. Таму читав сè што ќе ми дојдеше до рака, на удо-
бниот отоман, наспроти сликите на рускиот уметник Журавски. Едната прет-
ставуваше раскошна римска гозба со убави жени, а другата – осамена клу па во
раззеленет парк. Јас се нурнував во нив и создавав романи надвор од целото
општо сиромашно катадневие. До него допрев подоцна. Во целата раз голеност
ми го открија песните на мојот соученик од битолската гимназија Петрe М.
Андреевски. Тие ми ги насликаа разнеубавените села со наметнатите ко лек ти-
ви зации, кои остро ги критикуваше севидливиот и сезнајниот Петре, уште во
тие рани гимназиски години.
Годините продолжуваа со сите придружни настани, со битолската ге-
не рација, која беше сведок на хронолошките настани во градот вклопен во
сеоп штата историја.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


10


D-r VERA STOJCEVSKA ANTIK


BETWEEN DREAM AND REALITY


My biggest impression, even today, was my teacher Ser Mari. She was a
young tall blond girl with pale face and calm eyes which were the most striking
in her countenance. I used to swallow her biblical tales she revived in words and
even more in images. She was capable without strong gestures to give us - the
little children a live picture of the most interesting chapters of the Old and the New
Testament. She had a special attitude towards Christ. She revealed his personality
before us as magical and as most human divine providence. We used to spend many
days painting his head and face on the crosses we made by hand from the gleaming
and multicoloured sticky paper. I used to bring them home and arrange in an exercise
book. I kept them as precious relics, because I made them myself. One day, the
darkest day in my childhood I heard that the French School had been closed, and
the nuns, our teachers, my teacher Ser Mari whom I followed with great love, were
expelled from Bitola never ever to see them again. I was flabbergasted and cried
quietly…




^etvrta Rodnokrajan sredba...


11


ДИМИТАР А. БОГДАНОВСКИ


ОД СОНОТ И ЗА СОНОТ
ВО МОЕТО ТВОРЕШТВО


Предложената тема по повод одржувањето на Тркалезната маса во
рамките на Четвртата роднокрајна средба на битолските писатели под на-
слов ,,Сонот како стварност во моето творештво”, претставува интересна и
инвентивна задача. И навистина е така. Нејзе не е можно ништо да ‹ биде
за бележано, освен...Во неа, меѓутоа спротивно на првобитниот впечаток за јас-
ност, па дури и претпоставената релативна леснотија за нејзиното пошироко
и попродлабочено опсервирање, при поопстоен приод наеднаш произлегува
неш то квалитетно поинакво од првобитниот впечаток, т.е. се трансформира во
за дача со мошне посериозни барања, кои, пак, од своја страна претставуваат
свое виден мошне тежок проблем. Имено, се поставува прашањето како авторот,
на кој начин, тој сон како стварност успешно да го претстави пред читателската
пу блика пред која не е можна каква било импровизација.
Во тој контекст пред мене изнедруваат низ прашања: кој бил мојот сон,
как ви биле моите сонувања, кои и какви соништа се појавувале, создавале, од-
нос но одминувале или трајно останувале во животот, а колку и на кој начин биле
по врзувани или се поврзуваат со моето скромно литературно творештво. При
тоа, на крајот од краиштата, прилично грубо се поставува и следново прашање:
,,Да ли мојот сон треба да биде откриен, дали смеам и дали ќе имам доволна
храб рост за неговото откривње?”, бидејќи тој неспорно претставува интимност
која, пак, понекогаш, сакало тоа да се признае или не, не ретко тежнее да биде


скрие на дури и од самиот себе во
најтајните потони од сопственото
битие. Тој сон по својот карактер и во
дадената ситуација е проблематичен,
па прашање е дали воопшто постои
оправдување за каков било обид тој
да биде откриен пред јавноста. Но,
веднаш интуитивно, спротивно на
претходното се налага твр дењето
кај мене како автор, дека не е ни
можно ни препорачливо за тво ра ње-
то во себе, не е можно сокривање на
тајните ни на соновите, барем не во
апсолутен поглед. Не треба да се из-
гу би од вид дека авторот независно од
пос тигнатата успешност во неговото
ли тературно творештво, сакал или




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


12


не, де факто по автоматизам да ги ис фр лува на површина пред познатата, но
најчесто пред непознатата јавност заед но со своите мисли, размисли, по гле ди
и своите соништа.
Сон, сонувања, соништа! Што фактички претставува сонот сам по себе,
заед но со него и безбројните други соништа во текот на еден животен век? По
дефиниција соновите доаѓаат при спиењето како несвесни психички состојби
кои визуелно се појавуваат. Судејќи според постојните научни сознанија, се
смета дека соновите се засновани врз заборавени или во свеста потиснати слу-
чувања или, пак, поточно кажано, создавање на погрешни претстави од над во-
реш ните надразнувања, како и смалените функции на големиот мозок.
Предложената тема за опсервирање на тркалезната маса, меѓутоа за
цел има поставено нешто апсолутно друго. Значи, не развивање на расправа
за соновите на луѓето, односно не за нивното присуство во мојата проза. А
точ но, пак, таков вид е често застапен во неа. На пример, во расказот „Сон”
од збирката раскази „За славата на...”, во расказот „Зарем е можно?”, потоа во
рас казот „Постои, жива е, а ја нема”, раскази во штоткуку излезената од печат
збир ка-раскази „Човекот во тревата”, но посебно во сè уште непубликуваниот
рас каз, кој јас го сакам, „Баба Благуна”.
Покрај претходно изнесеното, чувствувам потреба, но и долг да се
произ несам, односно накусо да направам обид подобро да откријам нешто по-
точно од сонот како моја стварност во моето творештво. Пред точно 50 го-
ди ни, во текот на октомври 1959 година, по повод мојот роденден, од мојата
то гашна девојка белграѓанка, за подарок го добив романот „На западот ништо
но во” од германскиот писател Ерих Марија Ремарк. Ова навистина прекрасно
де ло во кого војната жестоко се осудува, мене ме воодушеви. И не само тоа,
ту ку придонесе за формирање на моите пацифички сфаќања. Ова дело сум го
прочитал и самиот не знам колку пати. И најбитното за мене во врска со ли те-
ра турното творештво, тоа поттикна сон не само да не ги заборавам ужасите на
вој ната, ами и раѓање на амбиција и самиот јас да пишувам и да создадам нешто
со лидно во врска со таа проблематика. Во текот на декември 1986 година, по
прет ходно направената посета на Француските воени гробишта, го напишав пр-
ви от мој расказ на антивоена тематика „Ноќ прва”, веднаш следуваше вториот
рас каз „Ноќ втора”, како и создавањето на сè уште необјавениот расказ „Пред
кос турницата”. Имињата на протагонистите во посочените раскази Жан Капе и
Пруд Хом Алфред се оригинални препишани од крстовите на нивните гробови.
Ис крено кажано, јас знаев дека овие раскази се добри, но морам да признам не
можев да поверувам дека и навистина се такви. Прв нивни читател беше пи-
сателот Владимир Костов. При една наша случајна средба во близината на Лен-
ски мост, тој во врска со нив, без јас да го прашам, бидејќи немав храброст, ми
рече: ”Се роди нов писател”. Не кријам, таа куса реченица составена само од
четири зборови, не само што врз мене подејствува восхитувачки, туку ме ох раб-
ри и ме поттикна понатаму да пишувам. Всушност, тој исказ за моите раскази
од страна на еден афирмиран писател, беше првиот исчекор кон остварувањето
на мојот сон како стварност во моето литературно творештво.




^etvrta Rodnokrajan sredba...


13


Подоцна го издадов мојот прв роман Мислочитачот. Тој според мис ле-
њето на нашиов битолски литературен деец Илија Мерковски е: ”Ретко, на вис-
тина ретко во големиот наплив на секакви автори и дела во македонската кни-
жевност наидуваме на дело кое целосно нè активира”. Идејата, односно мое то
сонување за создавањето на овој роман со години таеше во мојата свест. При-
лич но долго се колебав, постоеше извесна плашливост. Конечно се охрабрив
и во текот на 2000 година започнав да го пишувам романот, го напишав и го
об јавив. На тој начин еден мој сон беше преточен во прозно дело.
Инаку, како конкретна илустрација на дадената и сега овде опсервирана
тема, е мојот расказ „Човекот во тревата”. Тоа е прилично долг расказ, во кого
се застапени три безимени протагонисти, оригинален по својот раскажувачки
приод, по својата тематика прилично интересен, но и актуелен. Неговата ак-
туел ност, претпоставувам, е најважната поента кај него. Генерално сижето
се однесува на отсекогаш сонуваниот општочовечки сон за постигнување
на долговечен живот. Ете, точно тој расказ, јас барем така сакам да кажам, е
моја творба во која сонот, сонувањето, желбата за подолго живеење, се транс-
фор мирани во стварност и тој е најтипичен по тој однос во моето скромно
ли тературно творештво. Должината на просечниот човеков век очигледно е
релативно куса. Имено, просечниот човеков век во Европа, па и кај нас, за ма-
жи те изнесува 74 години, додека, пак, за жените е со неколку години подолг.
Но, не смее да се заборави, тоа е само просек. Многу од луѓето заминуваат
на оној свет млади, премногу млади, прерано, па дури и на детска возраст. Во
спо менатиот расказ виртуелно е остварен еден мој сон за долговечност, кој де
фак то не е празна фикција, ами се базира врз еден вистински настан. Имено, во
програмата на МТВ е посочен човек по име Ибраим, торбеш, кој тогаш кога се
даваше програмата (се однесува за пред седум-осум години), ја живееше сво-
ја та 113 година. Расказот, всушност, го сочинуваат неколку вистински моменти,
па дури и од автобиографски карактер.
Непосредно пред крајот сметам за должност да споменам дека еден мој
сон пројавен како очаен крик за живот, своевиден протест против смртта, кој се
од несува на неколкумесечен морничав животен период, е даден како стварност
во моето творештво во книшката под наслов „Од мојот автолетопис”. Во неа
спо ред Илија Мерковски е отсликано: ”Преживување на еден потресен животен
нас тан на главниот протагонист, преку суптилна психолошка материја, како и
ана литичко приоѓање кон разработката на настаните претставува задолжителна
ли тература за машката популација”.
На самиот крај сакам да потцртам дека поголемиот дел од моите ра ко-
пи си за мене претставуваат дел од ,,Сонот како стварност”, независно од фактот
што мојот книжевен опус е релативно мал, можеби, недоволно значителен во
оп сегот на нашава современа македонска литература.





NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


14


DIMITAR A. BOGDANOVSKI


FROM THE DREAM ABOUT MY DREAM


In this context many questions appear in my mind: which dream was mine,
what was I dreaming, what kind of dreams used to appear, or pass, or remained
forever influencing my modest literary work. Sometimes I roughly ask myself, “Do
I have to reveal my dreams, do I have enough courage to reveal them in public”,
because this kind of privacy sometimes tends to be hidden even from ourselves in the
most secret recesses. This kind of dreams are problematic, so is it just to be revealed
in public. But, intuitively, opposite to my previous opinion, I know that it is not
possible to recommend introversion into oneself, it is not possible absolute hiding
the secrets from the dreams. No matter how successful is the author, by automatism
he brings to surface in front of the known as well the unknown public, his views and
dreams together with his thoughts and meditations.





^etvrta Rodnokrajan sredba...


15


БЛАГОЈА БРАЈАНОВСКИ


ДВЕТЕ ФАЗИ НА МОЈОТ СОН КАКО СТВАРНОСТ ВО
МОЕТО ТВОРЕШТВО


Ако не си во состојба светлоста да ја забележуваш во себе,
бескорисно е да ја бараш на друго место (Мејбл Колинс).


На почетокот на овој Труд ја искажувам мојата искрена благодарност
на организаторите на Четвртата роднокрајна средба со битолските писатели од
Ма кедонија што бев почестен да учествувам на оваа Роднокрајна средба.
1. Со оглед на тоа што не може да се каже со цврста увереност дека е остварен
или дека не е остварен мојот сон како стварност во моето творештво, туку дека,
глав но, е остварен, бидејќи не постои човек на Земјата кој би можел стопостотно
да каже дека во целост му е остварен или неостварен сонот како стварност во
не говото творештво, па оттаму СОНОТ го прикажувам во два фази:
Според првата фаза, сметано од периодот на средношколските години
не може да се каже дека стопостотно бил остварен мојот сон како стварност
во моето творештво, поради тоа што во тој период целосно сум бил наклонет
кон филозофијата и психологијата, иако со истоветно значење за мене била и
ли тературата, односно литературното творештво. И затоа не е чудно што сум
се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје и во рекордно време сум го
завршил.


Според втората фаза, подоцна, за мене
ис клучивото занимавање со литературно тво-
реш тво би се свело горе-долу, како ”живот во
обла ци”, како што и во народната поговорка се
вели: “Ни на небо – ни на Земја”, па само од себе
и свесно сум одлучил цврсто да се прешалтувам,
ако така може да се каже, на сосема другата
“Прак тична страна на животот,” што за мене
била правноекономската област, па и во таа
смис ла се запишав на Правниот факултет во
Скоп је, и тоа на “најпрактичната” област: пра-
во судната насока, која во тоа време беше многу
блис ка до проблемите на стопанството, онаму
како што се имаше обичај да се каже во тоа


вре ме за таа област: “каде што се вади лебот,” така што по завршувањето на
Фа култетот, ја одбранив магистерската теза на Брадфордскиот Универзитет во
Ве лика Британија, а потоа и докторската дисертација на Правниот факултет во
Скопје, за потоа да се стекнам со звањето доктор на правните науки и со зва ње-
то универзитетски професор.
Што е тоа што можеби придонесе, иако не беше пресудно, за мојата вак-
ва кардинална свртеност? Во времето на моето исклучиво занимавање со ли те-
ра турно творештво бев, така да се каже, постојано во друштво на литературни




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


16


твор ци, што само по себе беше сосема нормална работа. Понекогаш ноќите ги
ми нувавме во кафеани; повеќето од нив се опиваа до бесвест, сметајќи дека
так виот начин на живот е својствен на секој вистински литературен творец,
што за мене, не само што не беше прифатливо, туку немаше никаква основа,
така што јас понекогаш наликував како отпадник меѓу нив, бидејќи речиси се-
ко гаш останував трезен, и не мислев дека со опивањето се доаѓа до некаква
тво речка инспирација. Тоа што за мене беше зачудувачки неприфатливо, е и
фак тот што сосема млади творци кои штотуку запливуваа во литературните
во ди, без да имаат некаков “тренинг” за пиење, тоа го правеа со сила, така што
има ше случаи некои од нив да завршат и во болница. И слично на тоа.
Меѓутоа, мојата свртеност кон правно-економската област, не значи де-
ка кај мене стивнал жарот кон книжевноста и кон литературното творештво, ту-
ку напротив станав голем пробирач на тоа што треба да го прочитам, така што
вре мето посветено на книжевноста беше со изборот на вистински книжевни
дос трели на она што го читав, пред сè, бестселери во книжевноста кај нас, но
и во светот, од кои може само да се научи, не само од областа на книжевноста,
туку и од животот, воопшто да се стекне човек со некаква мудрост.
Она што го сметам за сè уште нереализиран сон во моето литературно
тво рештво, тоа може да се нарече и трета фаза, е тоа што не сум се оддолжил
кон одреден број исклучителни луѓе, за некои од нив слободно да се каже сe и
мои драги пријатели. Исклучителни луѓе ги нарекувам, не само што тоа е не-
как ва моја сопствена констатација, проценка или желба, туку поради тоа што
нив ниот начин на живот, нивните дела ги прават да бидат такви - исклучителни
луѓе, а некои од нив, и мои драги пријатели.
Тоа што мислам дека не сум се оддолжил кон нив, поради тоа што сè
уш те не го заземале заслуженото место во некое книжевно мое дело: роман, а
особено публицистичко дело, го сметам за мој неостварен сон во моето тво-
реш тво, иако можам да најдам некакво оправдување, со оглед на тоа што по
соз давањето на двата романа и стихозбирката, целосно сум се посветил на дела
од правно-економската област (објавени 33 дела, несметајќи ги двата романа и
сти хозбирката, објавените есеи за литературата, објавените критики и осврти
на нови книжевни дела од македонски автори и сл.), на научната дејност.
Мојот роман Песна отпеана доби прва награда на распишаниот конкурс
на Мисла некаде 1967 или 1968 година, кога на чело на Комисијата беше ака-
де мик Димитар Митрев, но поради некои недоразбирања со распишувачот
на конкурсот, Издавачката куќа Мисла, околу издавањето на делото (без да
навлегувам во детали), разочаран од таквото однесување, но и поради тво реч-
ката свртеност на друга страна (правно-екомската област и научната деј ност)
немав никаков интерес за издавање на романот, сè до оној момент кога по ради
други причини имав средба со директорот на една друга издавачка ку ќа, во
1982 година. И кога во разговорот патем споменав за оваа ситуација, ди рек-
торот, како што седеше на бирото наспроти мене, изрипа и рече, пцуејќи: “Јас
ќе го издадам романот. Греота е такво дело да лежи необјавено. Само, се пак,
да најдеме рецензнет. Сè да биде како што треба; по прописи.” И, така, бла го-
дарејќи на овој извонреден човек, со кого немавме којзнае какви блиски ре ла-
ции, романот виде бел ден. Беше издаден.




^etvrta Rodnokrajan sredba...


17


BLAGOJA BRAJANOVSKI


TWO PHASES OF MY DREAM AS A REALITY IN MY
LITERARY WORK


If you are not ready to notice the light in you, it is useless
to look for in another place (Mable Colins)


If I take my secondary school days as a starting point, I can’t say that I have
realized my dream as a reality in my literary work to a hundred percent, because at
that time I had full inclination to philosophy and psychology. I enrolled these studies
at the Faculty of Philosophy and I graduated in a record time. Inspite being no less
inclined to the literary work, I found it as “life in the clouds” which fits the folk
saying: “Neither in the Heavens – nor on the Earth”, so I decided to shift to the other
side, “the practical side of life” to the juridical – economy field…
My unrealized dream in my literary work, which could be my third phase
in life, is to free myself from the debt I have towards several extraordinary people,
some of them my good friends.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


18


ПЕТРЕ ДИМОВСКИ


ВО ЈАВЕТО СОН И ВО СОНОТ ЈАВЕ


Во моите дела сонот постои, го има често, се испреплетува со дејствието
од стварноста и станува стварност.
Бев во немоќ да пронајдам време и инспирација за обработка на темата,
заш то бев презафатен и преокупиран со голем личен ангажман во секојдневниот
жи вот.
И тогаш напомош ми дојде сонот. Со колегите Владо, Димитар и Ра-
до ван, испружени во некаков простор од каде само гласовите допираат до нас,
завлеговме во една инспиративна полемичка креативност, анализирајќи го
делото Набидов, кога доаѓаме до тајната на авторовата вештина каде што тој
во неколку реченици го создава јадрото на романот и од таму започнува го ле-
ми ната на делото, кога главниот лик претседателот Набидов, во својот говор ја
признава целата енергетска супстанција што во него наталожила моќ на извр-
шување и одлучност, а се должи на инспирацијата од неверојатно убавата про-
тив ничка, за која вели дека ако таа го победеше него, светот ќе зачекореше во
ненаслутена благосостојба. Мигот од каде тој ја признава вредноста на про тив-
ни кот го открива како големина од каде започнува и неговиот подвиг.
Бев исполнет со енергија и инспиративност, па веднаш по излегувањето
од сонот се нафрлив на работата на текстот и пред да дојде времето за за ми ну-
ва ње на работа, домашната задача ми беше завршена.
По тоа размислував за сонуваното дело и не го пронајдов никаде во ствар нос-
та.
Сонот е во основата и на мојот иден роман, поставен на работната маса,
кој ме внесе некаде длабоко во времето, отворајќи една чиста и јасна визија за
еден простор и едно време… Јас стојам на некаква кула и низ кружен отвор го
набљудувам просторот. Тој це-
ли от натаму се отвора… Кулата
се наоѓа некаде на местото кај
сто чниот пазар, стои осамено
из вишена, а пред мене се отво-
ра гол простор, ненаселен,
ис полнет со тревишта и гр-
муш ки, со тумби, ридови
и опкружување што го има
реал ната Битола; таму десно
од мене е кривулеста река со
бистра раскокана вода по ка-
ме нестите галести каскади,
со брегови обраснати со густо
дрв је, реката е посеверно од




^etvrta Rodnokrajan sredba...


19


де нешниот тек, некаде во близината на местото по кое денес минува улицата
Иван Милутинивиќ, а таму погоре мала населба од три-четири куќарки, ограда
од глог со пчелини кошари, кози и козарка… во самото подножје на ридот кон
истокот натприродно голем кип на надлактена девојка со бакарен сјај и гла му-
ро зен раскош на телото… се подвижува… само тој изгледа нестварен дел во
це лата апсолутна стварност на видикот… станува, зачекорува по патеката низ
ви соката трева кон јужниот рид од каде доаѓа коњаник … на местото од старата
мле карница запреги и трупци, се работи дрводелство… По сонот имав чувство
де ка го видов пределот на кој е изграден градот од времето пред неговата градба,
пре дел со сиот топографски релјеф, без поновото создадено од човекот.
Сонот веднаш го запишав и тој целосно се пренесува во стварноста на
ро манот, како носечка компонента на неговата сижетност.
Сонот е исполнет со надеж, страв, верба, како и животот, а низ него
мис лата раскршува, превртува, крши, поткопува, сомнежува и инспирира.
Пламенка во истоимениот роман, седна во тревјето, а набргу, занесена
во убавините на ѕвезденото небо, легна и втона во сон. Сонуваше како надоаѓаат
де ца од сите страни, ги има и помали и поголеми, и нејзини врсничиња, и весело
игра ат низ меката песок. Таа се искачува на високиот брег, се стрчува надолу
мав тајќи со рачињата, и гледај чудо, чекор, два, три и нозете не ја допираат зем-
ја та, но се вивнува низ воздухот. Крај себе ги гледа како летаат птиците, таа е
во нивното јато и со нив ги надлетува цветните ливади, а мек повев на ветрот
ја гали и нежно ја скокотка. Летот трае навистина долго. Кога сака чекори низ
ме ката трева, и пак се извишува до синото небо. А просторот има некој блескав
ме сечев сјај со таинствена тишина.
...Ја стегнала раката на дедото, всушност, два прста заробила со малото
ра че, но толку цврсто ги приклештила, што никој не би ги одвоил. Минуваат така
низ едно широко поле, прекриено со кадифест килим од природна ткаенина со
раз нобојни цветови и некоја убавина налегнала пред очите, наслегла во душата
и ги растопува сите чувства. По небото одѕвонува убава песна, гласот ја дофатил
и земјата, и трепери со своите прекрасни акорди. Просторот се бранува, предава
не која скриена моќ, како жубор, како здив на раскокана планинска река и како
ше пот на отворените цветови, ја исполнува со магичен трепет. Гласот како да
капе од синилото на небото, растопен низ волшебни тонови што никогаш до
сега не ги чула.
”Таа е”, вели дедото. Пламенка не знае што вели тој. Што таа? Која
таа?
Попреку низ полето лета црвен коњ. Како штотуку да искокнал од пур-
пур ниот вулкан на зората. Со своите копита ги гали отворените цветови и се чи-
ни толку нежно, што тие само потреперуваат како од здив на пеперутка. Коњот
и коњаникот идат кон нив. Косата и гривата се помешале во сплет на иста игра.
Во далечината Пламенка, под самиот допир на ѕуницата виде друг коњ со друг
ко њаник и неговиот галоп ги завлече по себе сите бои од прстенот на небото. И
пред да го дочуе дедовото ”тие се”, меки кадели налегнаа околу и низ блесокот
на белината ‘ржна ждребе, ‹ дувна скокотлив галеж во лицето на Пламенка, ја




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


20


обви со топлина и таа тогаш сфати дека ја испуштила раката на дедото и нежно
го гали ждребето. Крај неа, слезени од коњите, се држат за раце маж и жена.
Ви де две широки насмевки и се растопи во нив.
”Желбата за ждребето ти ја погодивме!” рече жената.
”Сонував за тоа”, рече Пламенка и се исчуди како и дедото минал на
нив ната страна и ‹ се смешка на внуката.
”Пак сме сите заедно”, рече глас. Дали беше од жената или од мажот?
Де дото ли го рече тоа? Или беше гласот на Пламенка? Во радоста не можеше
да се препознае.
”Ме оставивте! Гладував и патев, паѓав во кошмарот на неизвесноста!
Вие сте можеле да дојдете!” Во гласот има и прекор и лутина.
”Сега сè ќе биде како што си замислувавме да биде”, рече мајката.
”Дедо, не ми кажа дека и тие ќе дојдат? Таен си бил ти деденце!”
”Тоа е силната желба. Само во неа така се може.”
”Јас многу страдав. Зошто ме оставивте толку да страдам? Колку било убаво
да сте со мене! Сега не се плашам од ништо. Ама баш од ништо. Ни од лошите
ко њаници што шетаат со извлечени сабји и подигнати пушки и нè бараат за да
нè убиваат. Ни од ѕверови и глад.”
Раката се пушта кон Пламенка, по нејзините коси, ја гали, а таа се топи
од милина и низ целото тело и струи тој благ трепет на убавината.
”Не ма, чедо ништо да ти пакости, повеќе нема да бидеш сама, во сите неволји
ќе ти сме на припомош! Ние и никогаш и не те оставивме, дете мило!...”
Гла сот на мајката се оддалечува, се губи, секнува и Пламенка вика: ”Мамо,
ма моо!...”
Нежната игра во косата сè уште е тука. Денот ги пробил сите темнини и
со цел сјај влегол во куќата. Пламенка со широко отворени очи гледа во дедото,
а одгласот од сонот се растопува со денот. Не е свесна за измамите во животот
и го прашува дедо си:
”Кај ојдоа мама и тато и каде го одведоа ждребето?”
…Пламенка е жена во бујност, со маж, а согорува во самотија, во меч-
тае ња, со неисполнети желби, неосетена среќа. Кога сонува, тоа е силен, убав
маж, ‹ ја покрива снагата, ‹ ги растопува чувствата, ја пренесува во предели
на пи томина и мирис, низ огнови што распламтиле и осветлуваат, и низ тој сон
пре летува ликот на Спиро. А кога се буди е со силни страсти и прејака желба.
Во моето творештво во сонот има сон и во јавето јаве предадено во сон.
А Јанкула од романот Крилја ја сонуваше Виви. Мазна, скокотлива и жешка,
му ја дава љубовта. Секогаш љубовта со Виви беше со силни чувства. Го пре-
гр ну ва, го зема со својата топлина, го опојува мирисот на силен нагон и трае
дол го тој чин на единствена мисла. Кога и телото, и чувствата, и движењата, и
раз мислувањата го достигнуваат врвот на соединувањето.
Во Сонце во келијата, Ивец сонуваше некоја широка гора, извишен врв по чија
ко сина се пентереше, и оттаму го гледаше целиот свет, од највисоките планини
до најпространите полиња и најдлабоките мориња. Бескрајната синевина му
ле жеше на дланката и го галеше по долгата коштрава коса. Извикуваше од тие




^etvrta Rodnokrajan sredba...


21


ви сини и гласот негов создаваше грмотевици што одекнуваа и се надгласуваа
во силни бранови. Потоа доаѓаа кон него, го подземаа и тој леташе со раширени
ра це, го цепеше воздухот, ги расекуваше облаците и го управуваше телото во
на соката што ја одбираше погледот. Се спушташе надолу, се спушташе, се
спуш таше и ја допре тревата со нозете, а таму трчаше разиграно девојче…
“Те чека Меденка!”
Се случуваше да сонува и нејасни слики, бела светлина и постојано ист
лик, со прекрасна убавина и со чудесна топлина во очите. Се повторуваше таа
слика. Не беше трајна, не беше дофатна, само мигновен сјај, нејасен здив, да-
ле чен блесок.
Во Балканскиот гавол, ликот е во дилема. Не знае дали задрема и дали
со нувал. Сонот и јавето некогаш стануваат трета, помешана категорија.
А Љуби во истиот роман му вели на Никола: “Веќе се сретнавме. Ме
со нуваше. Барем така ми рече во сонот. Заборави? Твоите зборови за мене не
оста наа тајна.”
А Вера кажува, го сонував Роберт (изгубеното дете) на висок врв од
ка де ме довикуваше. Сакав да му се одѕвијам, но ме гушеше стег на вклештена
ра ка и не можеше да излезе извикот. Неговиот повик се продолжуваше и кога
бев будна и се обѕирав кон сите страни да го пронајдам врвот, но ништо не
се гледаше од тешките црни облаци. Секогаш во невреме имало тешки црни
обла ци, си разјаснував за состојбата во која се најдов. Тогаш светлината била
за творена и видикот истечен. Се гледала само црната наметка на ѓаволот што
го чувал животот од смртта. Тоа не беше никаков парадокс. Само ја одлага
за поцелосно да ужива во игрите на мачилиштето што ги поставил по свои
пра вила. Всушност, тоа беше игра без правила, зашто ѓаволските правила се
не правила. И Роберт, по две години од сонувањето, преку хуманитарните орга-
ни з ации Вера го пронаоѓа во Шведска.
Во Потрага по корените, Душица, откако еднаш го сретнува Мартин, ‹
се испомешуваат сонот и јавето и напати не може да ги одреди кое е што, кога
го сонува, а кога несонето го пресретнува.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


22


PETRE DIMOVSKI


THE DREAM IN THE REALITY AND THE REALITY IN THE
DREAM


A dream is a basis of my next novel laid on my work desk, which brought
me deep into the recesses of time, opening a pure and clear vision of space and
time... I am standing on a high tower and through a circular whole I observe the
space that begins to unfold. The tower stands at the place of the livestock fair, it
stands upright and sublime and before me unfolds bare space, uninhabited, filled
with overgrown grass and bushes, with hills and surroundings existing in the real
Bitola; to my right side there is a twisting river with transparent water skipping over
the rocky cascades, with dense forest trees on the banks, the river is at the place of
today’s Ivan Milutinovic Street. Further in the distance there is a settlement of four
houses, hawthorn fence with beehives, goats and goatherd lady... at the foothill to
the еast a supernaturally big statue of a girl with copper radiance and glamorous
luxury of her body leaning on her elbows... It starts moving ... only this statue seems
unreal in all the absolute reality of my perspective... walking through the high grass
towards the south hill from the direction where a horseman appeared... at the place
of the old dairy factory, teams and logs, woodworking is evident... After the dream I
had the feeling that I saw the ground on which the town has been built and the river
appeared, the area with its topographic relief, without man’s present building work.




^etvrta Rodnokrajan sredba...


23


Д-Р ЦАНЕ ЗДРАВКОВСКИ


НЕДОСОНУВАН СОН


Не, со ништо не можете да ме утешите. Ова што го гледам пред себе не
е ни убав сон, ни грдо јаве. Ова е полошо од сè што можев да смислам. Јас веќе
немам ни убав сон ни грдо јаве. Немам ни што да сонувам, ни на што да му се
ра дувам. Едноставно, немам надеж дека кога и да е во блиската или далечната
идни на ќе ми се обвистини и лажната верба. Веќе не верувам дека какво и да
е едноставно и веднаш поминливо сонување може да ме залаже, може да ме
подутеши. А верував, силно верував дека е можно и неможното; дека не е мож-
но сè да се преврти ничкум и сè што е зелено и живо, да се претвори во пе пе ла-
ва, мрачна, темна, црна, неплодна јаловица!
Не! Не свртувајте ми го погледот настрана! Оставете ме и понатаму во
Пе лагон; непрестано да бидам загледан во мојот чудесно убав Пелагон! Залудни
се вашите уверувања, вашите докажувања дека не сум во право и натаму да ве-
ру вам дека ништо суштински не се променило и оти сè си е на свое место, како
што било порано!


Затоа оставете ме и натаму да бидам
ва ка, вечно загледан что ми е зачуван во
опулот, та залудо се обидува да ми из-
бега, да ми исчезне, да ми се витоса од
очите! И, еве! Чувствувате ли? Пак ду-
ва Југот од кај Кајмакчалан и лесите по-
тоци протечуваат низ Пелагон, та се то
село повторно на цут ми мириса. Гле-
дај те како ридот Шарен Камен пак се
раз зеленува и преку своите плеќи пак
ги распостила стадата на Пелагонци. И
ко ријата пак ги извишува гранките, та
чи нам тие со лисја се веќе отежнати. Се-
ло то, еве, повторно на млеко мириса и на
ме со од овен угичлија. ..
Не гледајте ми се во очите! Погледот
веќе ми е расплакан за падините на
Шарен Камен. Еве, и овчарите ги истераа
овците, та и јас веќе не треба да сто јам
вака загледан, задуман и расплакан. И јас
треба да почнам сега по ладот да корнам


по моите рани незаздравени да корнам и да раскорнувам, да крварам сè дури
крвта сосема не ми истече по Пелагониската Суводолица.
Откорнување е ова, синковци мои! Откорнување – на шега! А вие сте
лас тарчиња! Вие знаете само да ме расплачете; да ме откорнете од дојката на




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


24


мојата голема мајка и да ми ги пресушите изворите на нејзиното мирисно мле-
ко. Ете тоа знаете вие. А во мене полињата се раззеленуваа, мириси на пло до-
родието ме опиваа; потсушени лисје постелата ми ја омекнуваа, шумови на
крев ки гранки ме успиваа и со јадри соништа ноќта ми ја исполнуваа, а во
утри ните дување на ветрови ме разбудуваа и надоаѓање на тивки дождови ме
из миваа. Тогаш во мене ртеа никавиците, се раззеленуваа ливадите, се раззе-
ле нуваа ливадите, та слегуваше небото на земјата и надоаѓаше полна дури до
бре говите на Пелагонија Суводолица...
А сега сè ни е залудно и пусто, зашто вие веќе ме откорнавте. Не можам
јас да се скријам под моите кротки јагниња. Нив везден ги носев в раце и растев
со реата на моето стадо. А тоа беше млекото на моето село Пелагон. Сега без
мое то стадо победно ќе е селото; без мојата пот посува ќе е земјата; без нашето
село грда ќе ни биде пустелијава. Но, ајде, не чекајте! Откорнете ме! Витосајте
ме! Секнете ги во мене сите извори на Пелагон и Думковец, и Мала Чешна и
Глав на Чешма, на Сретселото! Само, ве молам оставете ме да се изнаплачам и
да се изнасолзам, но не со солзи, туку со сронување на многу грутки земја во
мои те избраздени дланки...
Само не знам како ќе преживеам сопутјето на багремите во Пелагон и
без цвеќето.Требаше сè да соберам и да го понесам во пазувите, оти без мириси
бр гу ќе умрам, ластарчиња мои. Но, и вие ги натопивте грстовите со синило од
не бото над Пелагон, ама пак не можевте да ‹ се изначудите на мојата лакомост
со која посегам по овие шумови околу мене.
Оставете ме вака испружен на мојата земја за да го исцицам и јас си-
ни лото на моето небо. А после и јас ќе се превртам и долго, долго ќе цицам
ми риси од дојката на мојата голема мајка.
Вечер не ќе можам да заспијам под мојата добра месечина. Таа знае
са мо буден да ме придружува. Во ноќите ми беше чувар на моето стадо до-
де ка тоа цицаше млеко од дојката на нашата голема мајка. Месечината ни ги
ос ветлуваше и врвиците низ бујните шавари на нашата кал. Во бела светлина
ни крцкаа колите, а таа смирено нè галеше сè до изгрејсонце. И сега зарем да
зас пијам овде, под Шарен Камен, и под мојата секогаш добра месечина?
Еве, чекорам низ својата последна ноќ во Пелагон, чекорам, а не знам
ка де, кон што најнапред. Сакам сè да зберам одовде; сите ноќи, шумови, мириси,
свет лината и темнината на сурата, мургава јаловица. Во квечеринава доаѓам во
средината на селото, кај Чешмата, на Сретселото. Таму ме пречекуваат мои-
те расприкажувани врсници. О, колку чудесен сон. Застанувам зашеметен. Сè
околу мене е пусто, замолчено, а така прикажливо, оживеано. Како да не е сон.
Замечтаено ги слушам приказните на Пелагон. Тоа се приказни за угари те, за
ливадите, за пченицата, за околешите на гроздовите, за дождовите, за вет ро ви-
те...
Овде, на Сретселото младувавме, лудувавме и стомни од љубов кр шев-
ме. Секогаш на панаѓурите моми си одбиравме и после со нив лудувавме и
прс тите им ги кршевме. Така, Пелагонската чешма непрестано нè доеше со ши-
ро ки шурки веселост. Таа и Ленка ми ја донесе. Беше поседалка од Паралово




^etvrta Rodnokrajan sredba...


25


и срамежливо прв пат во барде вода ми подаде. Така и се засакавме. Потоа и
свад ба направивме. Ех, свадба беше тоа, не шега. Сета околија ја собравме и
во Пелагон ја испијанивме. Сите мажи по улицата се прпелкаа и жените си ги
бак нуваа. Такви беа свадбите во Пелагон. А Ленка беше убавица, таква свадба
‹ прилегаше.
Сега откај Горна Црква и го слушам гласот како тивко се шири во кве-
чер ината и гледам како ги протега кон мене своите добри раце насмевната,
мла да, убава. Ги протривам очите од водата и легнувам на плеќи, широко се
испружувам. Така легнат, долго мечтаам, со очите затворени... Потоа се ис пра-
вив и кон студениот извор Думковец зачекорив. Овде, кај изворите бевме млади
воло варчиња и израснавме со пиперки и солено сирење. Овде и сватовите ги
пре чекавме кога ја земавме Ленка млада невеста од Паралово.
Сега така исправен тажно зачекорувам надолу кон полето. Набргу, со-
се ма занесен, се изгубив низ високите жита. Неуморно чекорев низ ’ржите,
со рацете широкоотворени и испружени. Сакав цело поле да го прегрнам и
на гради да го притиснам. Сакав сите сокови сосема да му ги исцицам. Но,
ова беше само дел од убавиот и недосонуван сон. Знаев дека никогаш повеќе
Пе лагонското Поле не ќе биде полно со зрна, знаев дека никогаш не ќе бидам
око лешело и натежнато жито. Знаев дека никогаш веќе не ќе дојдат жетвари за
да ги заснопат неговите златни шумови. Знаев дека никогаш повеќе јадрите Пе-
лагонци овде околеши не ќе направат и децата во нив бајки не ќе сонуваат. Зна-
ев дека Пелагонското Поле не ќе биде позлатено со зрело жито и не ќе мириса
на лето. Знаев дека ни јас никогаш веќе не ќе можам да кренам два снопа на
на бодна. Знаев дека никогаш не ќе бидам околеш со сто снопја на плеќи, ниту,
пак, стрниште од лути камења пресушено...
Пред стемнување и кон лозјата се искачив, влегов меѓу грмушките и
пак се испружив низ ластарите. Грабнав в рака јадро гровче и сакав сокот да му
го исцицам, но само го помилував и го оставив да јадрее. Ги закачив рацете до
ра мена и со дланките долго ја милував влажната ровка земја. Чувствував како
да милувам мазно тело и млада и топла жена...
Прилегнат така, со лицето ничкум врз влажната земја, сум завенал и сум
се нурнал во чуден сон: на рамената одненадеж рацете ми нараснале во огромни
ангел ски крилја, со кои замавнав машки и се вивнав над прекрасниот Пелагон,
сиот пливнат во бескрајно пролетно зеленило. Долго и неуморно мавтав со
крил јата и летав над родното село, сега уште пораззеленето и поразубавено
от колку пред неговото ничкосување... Јас уште сум нурнат во овој чудесен не-
до сонуван сон. Таков сон само еднаш во животот се сонува.





NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


26


D-R CANE ZDRAVKOVSKI


UNFINISHED DREAM


No, there is nothing you could comfort me with. What I see before me is
neither a nice dream, nor the ugly present. This is the worst of all I could think of. I
have neither a nice dream nor the ugly present. I have nothing to dream of, nothing
to feel happy with. I have no hope even in the near or distant future to have my
vain faith come true. I believe no more in a transient dreaming to deceive me and
comfort me for a while. I believed, I really strongly believed that the impossible
could become possible; I believed that all that is green and alive would not turn over
into an ashen dark, black and barren soil. No! Do not turn my sight away! Let me
still stay in Pelagon; I would like continuously to stare at my wonderful and beautiful
Pelagon! All your convictions, all your evidence presented to me proving me that I
am not right are in vain. I can not still believe that there is no essential change and
that everything is on its place as it was in the past!




^etvrta Rodnokrajan sredba...


27


ВЛАДИМИР КОСТОВ


СЛОБОДА НА КРИТИКАТА И КРИТИКА НА СЛОБОДАТА


Формулацијата на темата „Сонот како стварност на моето творештво“,
вед наш ме асоцираше на една позната екскламација на Луј Арагон која на вре-
ме то одекна во книжевните кругови на Франција и пошироко како реакција на
надреализмот: „Доста се играше, доста се сонуваше со отворени очи“. Да пот-
се тиме дека Луј Арагон беше не само еден од основачите на надреализмот како
ли тературен метод и правец во литературата, туку - покрај Андре Бретон и Пол
Ели јар – и негов најзначаен теоретичар, како и најзначаен автор кој начелата на
таа литературна програма ги применил на дело во бројни свои поетски и проз-
ни остварувања. Но, што се случи? Токму во расцутот на тој вид литература,
(трие сеттите години на минатиот век) нему – метафорично кажано – му пукна
пер дето пред очи, па разбудувајќи се од надреалистичкиот сон, се судри со пе-
кол ната животна стварност и раскина со надреализмот, приклонувајќи се кон
реа лизмот. Како конвертит во новата вера, истапи со новото „верују“ во бројни
свои поетски и прозни дела, најмногу во романот „Базелските камбани“ (1933
год.).


Инаку, како што е познато, надреализмот
ка ко книжевна теорија и практика, сво ја
филозофска подлога имаше во егзи стен-
ци јалистичката филозофија, пред сè, во
ва ријантата на Хајдегер и Сартр, со таа
раз лика меѓу едниот и другиот што за Хај-
де гер животната стварност, доживеана
ка ко пекол, беше безнадежна, а Сартр,
соод ветен хуманистичко-општествен ан-
га жман, не исклучуваше можност за по-
зи тивни промени во животниот опстој
ме ѓу луѓето. Од тој негов општествено-ак-
тивен ангажман, применет во неговото ли-


тературно творештво, произлезе и поимот ангажирана литература. Таквото сфа-
ќа ње на литературата неминовно водеше кон Марксовиот радикализам, а овој,
по доцна, подложен на ревизија, кон социјалистичкиот реализам во литературата
кој, од своја страна, хуманистичкиот ангажман во неа го шаблонизира и го
вул гаризира, лишувајќи го од неговата изворна животна содржина, како и од
принципот: Слобода на критиката и критика на слободата. Кај нас, со де мо кра-
ти зацијата на општеството, се воспостави слобода на критиката, но во голема
мера изостана критиката на слободата, што овозможи - да се ограничиме са мо
на сферата од културата – агресивен продор на супкултурата и невидена ин-
ва зија на кичот и шундот, сведени на инфантилен паноптикум со апстрактни
сли ки без животна содржина.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


28


Во уметноста, пак, која држи до својот академски дигнитет, се ма ни фес-
ти ра појава на избегнување на актуелни општествени теми, со приклонување
кон теми што ги наметнува уметноста божем како автономна пројава на духот
што е, всушност, пак, калеидоскопски инфантилен паноптикум, кој, за да не ос-
тане теоретски неелабориран, се демонстрира вербална еквилибристика во ос-
но вата на која е тезата (со чесни исклучоци) дека сета суштина – во случајот на
ли тературата – се исцрпува со јазични форми како луцидни пројави на духот,
во вид на спектакуларни стилски егзибиции.
Сеедно како се квалификуваат и како се изразуваат формите на сонот
и соништата, за заеднички именител го имаат апсурдот (Кафка, Џемс Џојс)
со парадигми во европската литература и Борхес во латиноамериканската, со
заеднички именител Албер Ками со неговиот Сизиф. Така манифестиран, со нот
може да прејде во мотивирано сновидение, да се фабулира причински-пос ле-
дично во фабуларниот тек и на тој начин да се искористи како книжевен ма те-
ријал во творечкиот процес: поконкретно, емоционално-идејно да се вгради во
структурата на книжевното дело. На тој начин, ослободено од јаремот на мит-
ски от бог на сонот Хипнос и да се стави во власта на законите на уметноста,
произ лезени од животната стварност. Ваквото сфаќање на сонот, поистоветен
со авторовата имагинација, е присутно во сета моја литературна продукција и
ек стремно до степен на пароксизам, а со цел за нивниот автор, метафорично
ка жано, не само да ја оплакне својата совест и да дезертира со моралната и со
со цијалната проблематика во светот во кој живееме, туку уште повеќе да ја
фик сира, посебно кога е во прашање профилирањето на неговите литературни
хе рои, протејски оплодени и породени во подобија на антички сатири, што им
даде повод на проследувачите на неговото творештво да го окарактеризираат ка-
ко параболично-сатирично. Конкретно, што се однесува до мене како автор, се-
кој пат сум бил воден од реторичното прашање на Отон Жупанчич, чија поезија
во контекст на тоа како кај нас глобално се сфаќа литературата и писателскиот
по зив, може да звучи демодирано: ”Го знаеш ли, поете, својот долг“ кое ме
сле ди уште од моите први
оби ди во литературата - се-
ко гаш и секаде со вистината
и добрината во спрега со уба-
вината (Аристотеловата ка ло-
ка готија). Тоа е поенатата на сè
што сум напишал досега, а што
се вклопува во темата на овој
кни жевен собир, со сонувачот,
ка ко негов поразен херој или
пот тикнувач на креација, на
под виг, небаре е тој Ојдип,
ис правен пред загадочното
пра шање на свингата или -
да го префрлиме прашањето




^etvrta Rodnokrajan sredba...


29


од митот во стварноста – небаре е битолскиот алпинист Димитар Илиевски
- Мурато, исправен ппред стравотниот Монт Еверест, од месното племе на
Шер пасите именуван како Чомолунга, антропоним чие етимолошко значење
дра матично звучи, асоцирајќи на бурен поетски сон, виден со замижани очи,
со очите на слепиот распод на „Илијадата“, каков што го носиме во нашата
прет става.
На зборот згора, и во мојата библиографија е регистриран роман со
нас лов „Битолијада“, адаптација на Хомеровиот еп, напишан преку ноќ спо ред
еден мој сон во време кога се огласуваат првите петли, но литературно, чи нам,
нереализиран така како што беше сонуван во знакот на був, кој според авто ро-
ва та концепција претрпе адаптација во гавранот на Алан По.
И на крајот од овој мој, по малку парадоксален, есеистички состав, вра-
ќајќи се на неговиот почеток во обратна насока, секако дека на неговите про-
сле дувачи патем им падна в очи дека во него не е спомнат Фројд, најголемиот
авто ритет по прашањето на сонот и сновиденијата. Но, тие што читале мои
литературни творби, сфатија, или ќе читаат, па ќе сфатат дека неговата пси-
хо анализа е беспредметна кога се во прашање моите литературни херои кои
со некои свои навидум налудничави постапки, наликувајќи и на шпанскиот
Хидал го, или на битолскиот „Тевекелија“ од Панде Манојлов, повеќе се херои
на нашето време, отколку оние чии автори сонуваат со отворени очи.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


30


VLADIMIR KOSTOV


FREEDOM OF CRITIC AND CRITIC ON THE FREEDOM


No matter how the dream is formed and dreams are qualified or expressed,
their common denominator is absurdity (Kafka, James Joyce) with paradigms in the
European literature and Borhes in the Latino-American literature, under the common
denominator Alber Camus with his Sizif. Manifested in such a way, the dream may
turn into a motivated vision, in the plot the story should be told in a way of cause
and effect, so that it could be used as a literary material in the creative process:
the emotional idea should be integrated in the structure of the literary work. Thus
liberated from the yoke of the mythic god of the dream Hypnos to subdue to the
power of the art laws originating from reality. The dream interpreted in such a way
and identified with the author’s imagination is present in all my literary production
and even in extreme to the degree of paroxysm. The aim of their author, speaking
metaphorically, is not only to clear his conscience and desert the moral and social
problems of the world in which we live, but to fix it even more, especially while
profiling his literary heroes, inseminated and born in bodies of antic satyrs which at
the same time gave motive to the critics to take their work as parabolic and satiric. As
far as I am concerned as an author, I have been always led by the rhetoric question
of Oton Zupancic whose poetry, in the context of the general understanding of
literature and the author’s call in our country, might sound old fashionable: “Poet,
do you know your debt?” that follows me since my first tries in the literature –
always and everywhere with the truth and the goodness in yoke with the beauty
(Aristotel’s calokagoty). This is the main point of everything I have written so far,
which corresponds to the theme of this Meeting, about the dreamer, as his defeated
hero or motivator of his literary work, accomplishment, as if he has been Oedipus,
straightened up before the enigmatic question of the sphinx.




^etvrta Rodnokrajan sredba...


31


НИКОЛА КОЧОВСКИ


СОНОТ ВО МОЕТО ПИШУВАЊЕ


Една веќе самосогледана особеност на мојата проза, иако не и многу
ис такнувана, е посегнувањето кон сонот во третирањето на доста од моите ли-
ко ви. Не е тоа некоја манија; за да прибегнам кон овој феномен на човековата
пси ха, претпоставка е да постои соодветна оправданост, или поточно, убедлива
де лотворност. Тогаш сонот, пасусот со него, се јавува како мој помошник,
како доупотполнување или продлабочување на сликата на третираната лич-
ност. Бидејќи обичај ми е, претежно да следам една личност во определена
оп становка, тема, почесто ми се случува да се послужам со сон кај главната
лич ност, јунакот, односно антијунакот.


Расправањето за оваа страна, или сос-
тав ка на писателското создавање, не кријам,
за мене претставува посебно задоволство.
Оти верувам, тогаш се на разглед мои ус-
пеш ни страници. Повторувам: сонот не ми
прет ставувал манир, без чувство за одбир
ка де и кога, во која творба, има вистинско
мес то за негова примена.
Секако дека при едно навраќање кон
свое то творештво, каков што е овој повод,
ќе има случајност во изборот на примерите
на кои ќе се задржам со цел за барем огра-
ни чено аргументирање на кажаното во прет-
ход ниве редови.


За почеток спомнувам место од мојот најнов роман „Соседовата ко-
кош ка”: Ноќта во која заталканиот млад печалбар Благој (со напуштена девојка
во родниот крај) доцна се враќа од големиот претпразничен собир на неговите
зем јаци во еден клуб, по низа разочарувања од кои останала само празнина
и глад по недоживеана среќа, му се случува сонување (го цитирам текстот):
“Чеш ма грготна селска ≠ идеа и полнеа вода многу девојки, ама тоа беше таа
чешма, истата од пред куќата во Славеево ≠ планинско село и свежина и бис-
три на пролетна. Тука поминуваа со стомни и Светле и Вела и Славјанка, ама
таа, Светле, чудна, како со чалма на главата, со врзоглавка, но така, како од бол-
ка, од болест да ја врзала главата... Што ли ќе беше таа чудна поворка од убави
се ланки, и тоа приказание?”
Но, да прелистам по некои во моите издадени книги.
Во романот „Без свое јато”:
Стариот тешко оболен Трпо во болницата за градни болести сонува како
е земен во операциона сала, докторите, со едни танки искривени сабјички, чудни
ја таганчиња, не да го отвораат како за операција, туку откако ќе подзамавнеа во




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


32


воздухот како што прави берберот со бричот, ќе зарежеа во него, просто од де-
луваа долги ремички месо првин од нозете, под колената, па над колената, од
стапалата, ги истанчуваат нозете, речиси само коски, тој се гуши од страв, а тие
му идат веќе кон лицето, кон градите, почнуваат да му го режат и оттаму месо-
то во фашички. Контекстот е дека старецов веќе си го доживува својот крај.
Кон крајот на романот централниот лик Адам во воз сонува: син му
Цве тен е со двете уништени нозе во судир со моторот, тој го пронаоѓа во
болница, но уште пред да биде виден од него, му го слушнува гласот ”Татее”,
на што се појавува, доаѓа од друга врата неговиот, Адамовиот брат Растем,
гриж но прио ѓа до момчето, го помилува, ≠ тоа е одѕивот на повикот, и треба да
по сугерира сомнеж кај Адама (се разбира, не додека трае сонувањето), зашто
ве ќе во книгата постојат факти за нечесноста на жена му Лида...
На едно место во романот има состојба и не многу јасно разграничена
ме ѓу сонот и јавето. Кога се открива тајната врска меѓу стрикото Растем и
внуката Јагна, мајка ‹ Лида, претходно и од друга страна оптоварена со страв, а
и поради својата немирна совест, запаѓа во тешко хистерично бунило: одеднаш
таа ноќта во постелата морничаво извикува, вџашена од привид на покојниот
све кор, Адамов татко, кој ‹ се ближи со потканлив смев и ја бара за љубов:
”Сега јас и ти!”
Во „Дилко Мијалов”:
По ден на болни преживелици во Америка, младиот Дилко, самјак во
кре ветот сред ноќта, ја сонува црквата во селото Добриново. Варосана бела,
крс тот ‹ се злати во раното изгрејсонце...
На друго место во истиот роман: “Во една матна зора сони сон ≠ девојче од
пет-шеснаесет години со плетенки, а тој зркнат во него, но тоа одмина како
сви ден блен, дури £ се подмавна плетенката, но тогаш небаре при филм почна
да се оддалечува таа копнежна глетка, се сведуваше сè на негов поглед, чудно,
низ прозорец кој се смалува, смалува заедно со сликата, се оддалечува, бега,
ка ко што и девојката бегаше.” Еден прозорец со девојка зад него, постоел во
епи зодичка од неговите години поминати на село.
По момент на осаменост и осведочување за негативности, промашености
и кај други, постари роднокрајци, Дилко “ја сони Америка”, но олицетворена
во кола некаква голема, зададена низ стрмнина, која на тркалата место капаци
го има венецот од главата на големата жена од њујоршкото пристаниште, колата
се ближи, се засилува накај него, а на неа наседнати нему познати земјаци кои
мис лат дека успеале, иако ги мами заблуда, мавтаат кој пред кого весели со ра-
це те во залетот, на кој за да му избегне, се разбудува стреперен.
По средбата по подолго време со фатената, неспособна своја тетка
Богданка, Дилко го сонува нечовечниот, користољубив вујко заслужен за неј-
зината несреќа, како да му израснала голема темна брадавица на лицето, как ва
што имаше фашистичкиот војник, кој еднаш, во детството на Дилко, ја на пас-
тву ваше животински тетка му сама во куќата...
Во романот „Деца на мајката земја”:




^etvrta Rodnokrajan sredba...


33


Централниот лик, младиот Новко, кој има меѓу другарите еден кој се
ви ка Дамјан а е носител на сè зло, уништувачко што веќе почнува да се гнезди
ме ѓу младежта во мачното совремие, по пат на далечна асоцијативност (само во
имињата), го сонува Даме Груев како војвода кој победоносно наслегнува ме ѓу
народот, а зад него повеќе раце на неговите борци високо држат огромна на-
пи шана парола на дршки, со натписот: “ИДНИНА”. Но, доста бргу сè се губи,
на вестеното донесување на иднината завршува со мрак, морничава празност.
На мерата во контекстот е: Збрканиот потиштен Новко е загрижен: кон која
утреш нина води безделната дезориентирана младост тргната по странпатици.
И тој е дел од таа младост. Морам да напомнам: вмешувањето на славната ис-
ториска личност, впрочем како и самата книга, нема никакви политички тен-
ден ции, ниту, пак, алузии. Сонот е плод на конфузија и протест во себе кон
ја ловиот и таговит помин на времето во друштво од петмина, на кое особено
не пријатен печат остава расипаноста помешана со зелени сладникавости на
нај ситниот и најамбициозен другар Дамјан. На сонот поимот Даме му бил по-
тре бен само како предводник и донесувач на нешто ново.
На крајот на романов нешто како сон е применето во вид на посебна
по лубудност, една занесена состојба на јунакот Новко, во која до детали тој го
до живува своето самоубиство ≠ но во фикцијата, што е и поента на книгата.
Со слична состојба на главниот јунак завршува и романот „Бреме”. Иако
тоа никако не е влијание на едната врз другата творба; дури, убаво се сеќавам,
кога ја работев завршницата на „Деца на мајката земја”, немав ни сенка од по-
мис ла, од некакво присеќавање на многу порано напишаното „Бреме”.
И од романот „Раско” ќе спомнам еден сон, кога му се јавува на несреќниот
син покојната мајка закопана надвор од селските муслимански гробишта, из бр-
ка на, опоменувајќи го дека не ја побарува, ја заборавил. Во слушнатиот глас во
со нот, на синот Раско како да му прозвучува и себеобвинување што го сторила
де те на две вери (зашто таа, Македонка, го родила во брак со Албанец), но и
мај чино ободрување, поткрепа во неговиот тегобен млад живот.
Сонување има и во романите „Исконскиот дар”, „Омразениот цвет”, во
дра мата „Дичовица, млада невеста”, во збирките „Родната грутка”, „Времето
на татковците”, а, секако, и во некој од поновите раскази планирани за нова
збир ка.
Зашто сонот не само што произлегува од животот, туку е и составен дел
не гов. Без сонот животот на личноста би ни изгледал посиромашен.
Расказот „Одѕив” („Времето на татковците”) ја добива својата поента во
една будносонувана состојба, кога магацинерката Јагна, злоупотребена и ис ко-
ристена од директорот на претпријатието, на синдикалната конференција, не-
можејќи повеќе да ја издржи неговата чудовишна демагогија, се исправа прос-
тум и викум му ги дофрлува пред присутниот работен колектив сите гадости
на кои со ветувања и уцени ја принудил ≠ но не гласно, туку во себе, во својата
фик ција, додека усните ‹ треперат, а зборови не ‹ излегуваат, седи и понатаму
стес нета на клупата, притискана од големата тежина на душата и совеста. Тоа
е бунилото, тоа е сонот на нејзината одмазда.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


34


Слична улога како поента добива и сонот, вистински сонуван, во рас ка-
зот „Веење на срцето” (збирката „Јаве и сништа”), со таа разлика што тука гла-
сот на потсвеста добива значење на ослободувач од интимниот очај на главниот
лик кој се самообвинувал за смртта на жена си. Како поента сонот го има и во
рас казот „Крановата корпа” (истата збирка), но тука за да опомени на лошата
пос тапка на раскажувачот Гавранко кон една од булукот соседски мачки што
му се здодеале, па во кошмар доживува како и нему слично му се случува, а не
е свесен зошто, немајќи поим за потсвеста.
Не би го оставил неспомнат расказот „Бинго” (во збирката „Нов бран”),
ка де што сонот претставува рамка за поголемиот негов дел. По смислата на
на родната поговорка за гладната кокошка која сонува просо, во овој расказ бед-
ни кот Модруш кој очајува поради лошо разболениот внук за кого нема пари да
го плати скапото лекување во странство, сонува дека богатиот сосед Касапо
би дува среќен добитник на премијата бинго, и во ноќна акција му го краде
до битното ливче, го праќа внукот на неопходното лекување ≠ но тоа трае сè
до дека не се разбуди.
Како може да се замисли целовитото пулсирање на животот без сонот!
Кол ку значајно место ‹ давам на животно-проблемската, посебно психолошката
ка тегорија допрена и од темнините на сонот, чинам најдобро ќе покаже збирката
рас кази што го носи насловот „Јаве и сништа”.
Се потрудив да составам книга за одделни вистини за човекот и чо веч-
ко то, за она што се носи во себе како товар или како копнеж, за пусти желби и
неумитна дејствителност, за човечките реални ограничености и немоќ за и фак-
тичкото застанување на страната на она, носеното понекогаш во длабоко ин-
тимниот, уште детски дел на душите... За човечката природа и за нејзината не-
сов падливост со она што би било идеално доброто, на кое му преостанува само
да биде замислувано во сништа. Можеби токму затоа тие, сништата, можат да
би дат и кошмар пред она кон кое човекот неизбегливо самиот се приближува
како кон судбина. На горе-долу вакви најави во предговорот кон книгата ме
на веде нејзината многузначност, привидна шароликост. Во четири циклуси по-
мес тив дваесет раскази.
Во расказите од циклусот „Јаве” на повеќе места пак е присутен сонот,
иа ко, разбирливо, со значително помала застапеност. Токму тука, како што се
има искажано еден мој критичар (Петре Димовски), јавето преоѓа во сон, и
со нот во јаве. Ќе додадам само: Зашто тоа е едно цело во човечкото поимање.
Ту ка, како реалистички, спаѓааат веќе спомнатите раскази „Веење на срцето” и
„Кра новата корпа”. А ќе го спомнам, покрај нив, и расказот „Сендвичот од ре-
кла мата”, во кој малечкиот Борче, син на тутунарка и физички работник, само
во сон успева да ги види мајка си и татко си убаво насмеани, тие се среќно се-
мејство, имаат блескава убава кола каква што секој ден гледал кај богатото дру-
гар че, а самиот тој во раката држи и јаде пресладок сендвич каков што повеќе
ве чери гледал рекламиран во раката на детето од телевизијата.
Во вториот циклус („Сништа”) два расказа го содржат и во насловите
збо рот сон („Сон во два дела” и „Грд сон”), а другите два претставуваат прошетка




^etvrta Rodnokrajan sredba...


35


на човековиот дух во пределот на незбидливото, идеалното („Еден крај земјин”
и „Новогодишни честитки”), ≠ но таква прошетка, во која едното, соновното,
прои злегува од другото, животното, сакајќи да биде негов коректор, или како
пус та желоба. Расказот „Сон во два дела” има и критичка нагласка, но и задира
во докажаната животна вистина дека во квалитетите на човекот не е вградено
својството совршенство. Дотогаш, пак, „Грд сон”, троа хумористички нагласен,
е никнат од безработицата и гладот, каде сонот сето го преобраќа во убавина,
но ја донесува и ужасната, кошмарна казна за запливувањето во убавина по пат
на злосторство. Будењето е спас од казната и враќање на сиромаштијата.
Од циклусот „Поинакви сништа”, каде не станува збор за сон во бук-
вална смисла, ќе ги спомнам најпрвин расказите „Приказна за царот по ли-
глот”, саркастична алегорија за човековата сервилност, и „Големата дили жан-
са”, таговна алегориска приказна за човековата незаситност во периодот на
самоуправувањето. „Избег” и „Тие, миленици на Бога” настанале од за гри же-
нос та за перспективите на општата иднина.
Помрачни се трите раскази од циклусот „Фантазирања”: Првиот,
„Глас од иднината”, можеби и ги нема сите елементи на расказ, но зборува
за спрженоста на Земјината кора кога ќе дојде да живеат идните поколенија;
вто риот, „Избег”, во фантастична форма за инкарниран човек по смртта во жи-
вот но, зборува за неизбежната досуденост во времињата што се ближат, која се
на метнува во умот на современиците. И најпосле, „Инспиративна секунда на
Амеб” допира до уште подалечни времиња што ги наѕира замислата.
Во мојот случај, и сам чинам дека во оваа книга најмногу може да се по-
чув ствува како реалноста преоѓа во сон, а сонот во реалност. Било посакувана,
би ло застрашувачка, било од некаков поинаков вид и израз.
Заш то сонот е чудолико изматено огледало на човековата свест.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


36



NIKOLA KOCOVSKI


THE DREAM IN MY WRITING


One of my self-perceived characteristic of my prose is the treating the
dreams of my characters. I guess it is not a mania; to resort to this phenomenon of the
human psyche, it is a supposition that there is a corresponding justification, or better
convincing beneficence. In that moment the dream written in the book becomes my
helper that completes and deepens the picture of the treated character. My way of
writing is to follow a character in a certain surrounding, theme, very often I use a
dream dreamt by the main character, the hero, or the anti hero. In the novel “Children
of the Mother Earth”: the main character is the young Novko who has a friend
called Damjan, a symbol of destruction who is the doer of the evil that starts to nest
in the young in our everyday life. If we follow the association of names, he dreamt
Dame Gruev as a leader of the comita who victoriously comes among the people,
and behind him many comitas holding high the written slogan “F U T U R E”. The
already announced future faded away and it turned into dark, ugly emptiness. The
intention is in the context: The confused and depressed Novko is worried: towards
which tomorrow leads the workless disoriented youth and the young going astray?
He is a part of this youth, too.




^etvrta Rodnokrajan sredba...


37


ПАНДЕ МАНОЈЛОВ


СОНОТ КАКО ПРОКОБА ВО МОЕТО ТВОРЕШТВО


Моето детство помина во бурни времиња. Времиња на превирања во
оп штеството, времиња, кога и делот на сегашна Република Македонија беше
само дете, постаро од мене само четири години. Пишувајќи го ова не сакам да
кажам дека мојата татковина била толку млада, но, ете, и ако со илјадници го-
дини постоела, кој знае по кој пат, некои од големите сили и овој пат, во тие
го дини кога пркнав од мајчиното крило, ја беше направил дете што ќе расне
во прегратките на туѓа мајка. Впрочем, како секој еден што доаѓа на власт, ис-
торијата како да отпочнувала токму од него. Значи, нова држава, нов систем,
но во детство...


Детството го минував во најголем дел
со старци. Не да се играм со нив, но да
им помагам во работата (пре теж но при
напасувањето на до би токот) и љубопитно
да ги слу шам нивните кажувања. А
сите тие, во моето родно По родин беа
доселени од Егеј ски от дел на Македонија
и тоа претежно од околината на Ле рин и
Костур. И, речиси, си те тие, на директен
или на ин директен начин биле или учес-
ници во Илинденското вос тание, или во
Балканските и Првата светска војна. Се
разбира, тука беа и нивните кажувања и за
Втората свет ска војна. Но, искрено речено,


за социјализмот не знаеја речиси ништо, а комунизмот им беше нешто како сон
што не можеа ни на сон да го сонат. Со цијализмот и комунизмот беа како мора
што ги мачеше и нивните дни и нивните ноќи. Им се одземаше сè, за сите да бидат
еднакви. а ако, во тие вре ми ња некој и на сон го сонуваше американскиот сон (а
ги имаше мнозина вратено од печалба), се знаеше каде му е крајот - апсаната!
Разговараа меѓу себе тие старци за маките што ги тргале под турско роп-
ство, за Илинденското востание, за војводите и комитите, за пеколот во Бал кан-
ските војни низ кои поминале, за Солунскиот фронт, за доаѓањето на Србите и
српската окупација, за сиромаштијата, за она што им правеле Грците пред да се
преселат во Породин, за некаков си Нејски договор... Но, раскажуваа и за уба ви
мигови, за некои убави и стројни моми, за весели свадби... Се менуваа сли ка по
слика како на филмско платно судбините на луѓето, на оние покрај кои раснев.
Детски, не знаев да разликувам сон од јаве, та, од најмали години, за носно јавето
го претворав во сон или сонот во јаве.
И сето тоа се бележело во вијугите на моето помнење.
Писателот не може а да не биде сонувач. Сонот е иреалното а јавето -
реал ното во секој негов напишан ред во поезијата или прозата. Тука е и дозата
на визијата, дозата на мечтата на писателот која се граничи со претсказание, ка ко
коб.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


38


На почетокот на 70-тите години на
20 век, сè чинам тоа беше во 1970 го дина,
го напишав еден од моите први раскази
со наслов ”Лозјето на Агеј”. Ис ти от беше
награден на конкурсот за кус расказ на
весникот “Студентски збор”, за наредната
година да биде отпечатен во антологискиот
избор на наградени ав то ри на куси раскази
во истоимениот весник. Главниот лик во
овој расказ, Агеј, бе ше ликот на мојот дедо
Јане Манолев, доселеник во Породин од
Арменско, Ле ринско. Лозјето, како едно од
местото на настаните беше нашето лозје во
мес тото викано ”Дапче” во По родин. Не знам дали тој рас каз, кој ме мачеше
со де но ви пред да го напишам беше една визија за судбината на мо јот дедо, на
моето семејство или на лозјето, што се случи по доцна. А сè потоа, сите на ред ни
години се случуваше како што сум го опишал во расказот. Мои те визии од сонот
што сум го сонил далеку во потсвеста, го дини потоа се реализира како ужасна
стварност и ужа сен пустош, од кој, кога и де нес помислувам - треперам! Пус тош
- Илинденското востание, пустош - Балканските војни, пустош - Ма кедонскиот
фронт, пустош - земјоделските задруги, пустош - делбите и раз дел би те: делбите
на Македонија и разделбите - печалбата... Сето тоа како јаве и сон го испусти
селото во кое мина моето детство.
Пишувањето, создавањето, сон ли е или јаве? Зашто кога пишувам, како
да не живеам во овој свет. Тогаш, во тие мигови на творечка треска, живеам ли
друг живот? И, кој ли е тој длабоко скриен во мене што ми диктитира што да на-
пишам? Тајната на потсвеста ли е во мојот код?
Во месец август 1996 година ми беше објавен еден расказ во додатокот
за литература „Лик” во весникот „Нова Македонија”. Тие што го прочитаа то-
гаш ме прашуваа: ”Што ти е Панде, дали си во ред?” Која и каква војна меѓу
ор ли и штркови?” А, ете, таа моја војна од моите сништа опишана 1996 година
се случи во мојата татковина во 2001 година. Кога и денес го читам тој расказ,
се прашувам што ли беше тоа во мене, пет години пред настанот да го сонам тој
сон?
Во 2000 година „Битолски весник” - Битола ми ја издаде збирката раскази
со наслов „Стап”. Сите раскази се и вистина и сон. И претсказание. Во расказот
„Јабанџии” последната завршна реченица гласи: ”Видов ликови на познати, а
потоа облак...”
По една деценија, денес размислувам: Кој ли беше и каков ли беше тој
облак? И што ли ме тераше да инсистирам кај авторот на корицата, мојот син
Јане Манојловски, на неа да стави мотив од Битола, и навален, во неприродна
состојба, уште понавален од кулата во Пиза, да гори, да биде во пламен битолскиот
градски Саат? Гореше ли Битола, гореа ли дуќани година дена потоа - 2001 во
мојот град?
И зарем мораше, мојот сон само по една година да стане морничаво јаве
и слики што го преплавија сиот свет?
Судбините на старците од Породин, нивните некогашни сништа, како
да се составен дел од творештвото на некогашното дете, сега старец. Сонови -
прокоба. Сонови што продолжуваат да го ткаат јавето во најразлични бои како
македонска батанија.




^etvrta Rodnokrajan sredba...


39


PANDE MANOJLOV


THE DREAM AS A CURSE IN MY LITERARY WORK


There is no writer who is not a dreamer. The dream is irrational and the
reality is the rational in every word written in his poetry and prose. The author is also
influenced by his vision and the imagination that very often turns into a prediction,
as a curse. My visions which I had in my subconscious that came out of the dream
were realized as a terrible and a terrible chaos, and even today when I try to think
on it – I am trembling! Wasteland – Ilinden’s uprising, wasteland – Balkan Wars,
wasteland - Macedonian wars, wasteland – agricultural collectives, wasteland –
partitions and separateness: the partition of Macedonia and the separateness – going
abroad for employment… All this as a reality and dream laid waste to the village in
which I had my childhood. Writing, creating, is it a dream or reality? Why when I
am writing I feel that I am not living in this world? In the moments of creative fever
do I live another life? And, who is the one deeply hidden in myself who is dictating
me what to write? Is it the secret of my subconscious in my generic code?




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


40


САЊА МУЧКАЈЕВА ВИДАНОВСКА


СОНУВАВ ЗА ЗАШТИТАТА ПРОТИВ ОД ЗАВИСНОСТА ОД
ДРОГАТА


Имам еден сон... Или повеќе соништа. Сè во едно. Можеби ги остварувам
ка ко имагинација или илузија што се распрснува секој ден, па потоа повторно
се раѓа. Како поленот на ветерот, или капката по дождот.
Но, можеби писателот
има свои, а повеќе туѓи со ниш-
та. Го допираат со жештина
што боли, перципцирајќи ја
реалноста која ја гледа со чув-
ство на учесник меѓу лу ѓе-
то на кои припаѓа. Допира и
има гинарниот сон – желба да
ис прави нешто, да поправи
ма кар со минијатурен дел,
но со жештина на револт кој
затреперува од дното на сто-
ма кот кога започнува пред
праз ниот лист, а буквите па-
ѓа ат една по друга. Дали може
еден автор да го поправи све-
тот, да го замисли општеството со силината на зборовите, а во него да тре пе ри
чувството на сета сила што тлеела некаде длабоко. Остварувањето на реал-
носта и длабочината на сегментот што авторот ја поставил како врска со над-
ворешноста пренесувајќи го соствениот став на револт, како минијатурен при-
до нес, но со голема цел.
Да се зборува за остварување на сон, мал или голем, во творештвото
по влекува лавина на ликови што се пренесуваат со крик на момент, во проза,
со дијалози или монолози. Неостварена цел, љубовен порив, догми што шират
не среќен живот на еден лик, која авторот ја восприемил во својата околина е
доволен поттик сонот да стане имагинарна реалност. Можеби моето прво проз-
но дело е непосредно поврзано со нечиј туѓ сон, кој останува како сенка над
чи тателот што листајќи го, станува остварување токму на неговиот сон. Силен
по рив на искрена љубов, ослободена од силата на наметнатата традиција во
ми натото, кога жената беше – само жена. Без право на сопствен став, како што
и во моето четврто сè уште необјавено дело ја нагласувам како ,,покорна и
тивка, чиста во размислувањата, кога мојата прабаба или баба со наведнат по-
глед го служи мажот, а во неа иако никој не знае треперат емоции не смеејќи
да ги искаже, се исти како кај мене во ова ново време кога традицијата е на
из умирање, а, сепак, љубовта се остварува како сон или реалност. Може да се
ка же дека кај мене како автор еден сон почнал да се остварува.
Зафаќајќи се со овој текст, полека сфаќам дека мојот прв роман, во кој
тра дицијата и неоставањето на правото на избор на жената да го оствари по-




^etvrta Rodnokrajan sredba...


41


ви кот на своето срце, е поврзан со четвртиот роман во ракопис, во кој моите
жел би конечно се исполнуваат, допирајќи и до мене, во мојот лик низ ликовите
на жените што навистина постоеле низ историјата на овие простори. Генезата
што се шири полека низ децении, пренесувајќи се од едно во друго време, мно-
гу почесто разулавено отколку мирно, со крик на очај за еден тежок одраз на
ре волт во мене кон неправдите на поставените норми во општеството.
И сè така навлегувајќи во едно ново време кога ја оставам назад не пра-
ведната историја на жената, кога ја оставам традицијата и семејството, се суди-
рам со нова неостварена желба да спасам некого од современата девијација,
нај големата болест на овој и минатиот век, да се борам повторно но не за мене
и мојот род, туку за нашите деца.
Сакам сонот да ми стане реалност, извикувам и секое дете да го живее
ка ко бајка, како што и мојата книга започнува.
,,Бе ше ова еднаш во една зима кога големи снегулки како лесни пердуви
па ѓаа од небото...,,
Можам да кажам дека и мојот живот некогаш беше како бајка, не по-
сто еа лоши маштеи ниту вештерки што нудеа забрането овошје. Коге бев дете
не мавме чуено за зависноста што ја коси како црна сенка денешнината, но сега
се плашам мојата приказна да не западне во кошмарот кон нашите деца и тогаш
ре шив да го истерам на начин на кого мислам дека најдобро умеам: со врисокот
на двесте страни да ги предупредам младите да не запаѓаат во лажниот сон на
смрт та, туку да го живеат својот живот како вистинска приказа. Онака како што
го живеевме ние. Ја создадов втората книга ,,Грешници-2, Модерна бајка” со на-
деж дека ќе успеам да им ја покажам на младите луѓе, на моите син и ќерка вис-
тин ската вредност, желбата за остварување на здрави навики кон човештвото.
Пи шував за стравотиите предизвикани од хероинот за да го остварам она што
ка ко мајка и жена го чувствував – мојот придонес во заедничката борба со мо-
рал ното и здраво општество. И за тоа сонував. Зошто нем писател е писател
што ги затвора очите пред она што го гледа. А што е остварување на сонот на
оној што твори? Да напише за она за кое живее, можеби за љубов, можеби за
својот народ, соптвеното минато или, пак, сопствената неостварена желба. Во
сите нив со еден дел од себеси. За тоа што упорно чека да му се случи. За што
сонувал уште од млад. Или минатото што поминало, а авторот таинствено чека
да се врати, кажувајќи му го тоа само на празниот лист хартија. Или има сме-
лост да пишува, или нема. Или има смелост да го објави тоа, или нема. И ако
го напише само за себеси, љубоморно чувајќи го во својата фиока, значи дека
со нот како стварност е длабоко заклучен.
Мислам дека со моето трето дело што решив да го извадам пред јав-
нос та што поскоро, ќе успеам да ја остварам мојата желба и да ги пронајдам,
пред сè, во себе, а потоа во другите луѓе вистинските вредности на човештвото.
Тра гајќи по суштината на животот, низ мојот лик се оддалечував од реалноста
за да допрам до имагинацијата на сонувањето во едно утро кога одеднаш се
нао ѓа во една самица. Збунет, како што сите ние некогаш сме се нашле збунети
низ маглата на свеста се прашува, а низ него и јас, кои се вистинските вредност
на човекот. Низ задоволувањето на основните потреби, чувството на глад и
жед, но што со внатрешните пориви кои постојано нè збунуваат водејќи нè кон
грешни соочувања со стварноста. Дали секој човек се запрашува колку чес то ги




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


42


повредувал оние околу себе, анализирајќи ги сопствените постапки. И кои се
вистинските вредности на човекот. Неговиот успех, гордоста, суетата, ин тро-
верноста со која се докажуваме пред самите себеси, или, пак, смислата на жи-
вотот е толку едноставна, како утрото кое се буди и ни ја покажува својата со-
вр шеност. Совршеноста на новиот ден, повторно сон како стварност во моето
тво рештво. Зошто многу пати се потсетувам со тој ракопис дека малите нешта
зна ат да ги израдуваат големите луѓе, а големите нешта се само изговор за
до кажување на човештвото низ историјата. И тука сакам да си дадам одговор
на тоа што значи среќата за мене и за сите околу мене. Секој сонува за среќа,
се кој му се радува на успехот. Сонувањето за среќата е интересна желба која
има различни димензии. Гладниот сонува за леб, жедниот за вода, болниот за
здравје. Јас сонувам поинаку во мојата трета книга. Сонувам да ја сфатам ед нос-
тав носта на животот, да ја откријам доблеста во себе низ ликот во мојата книга
што одамна ја изгубил, како што многу од нас ја изгубиле. Затоа се прашувам
да ли среќата доаѓа тогаш кога ја замислуваш, или тогаш кога не ја очекуваш...
или просто кога ќе бидеш подготвен да ја согледаш.
Осаменоста на луѓето ја поттикнува збунетоста пред предизвиците на
сегашноста. Тоа носи запаѓање од една во друга грешка, со што некогаш на-
мерно, некогаш случајно се повредуваат најблиските. Дали човекот ја носи
доблеста во себеси да ја признае сопствената вина, да го пронајде во себе
човечкото, издигнувајќи се над маните. Тогаш мојата желба се соочува со
пронаоѓањето на таа доблест во себеси, но дали ќе успеам. И се плашам да
признаам дека тоа тешко ми оди. Тој мој сон да ја остварам желбата на по-
кајување, како што и мојот лик запаѓа во човечкиот антагонизам, на која стра-
на е доброто, на која лошото. Самицата во ликот, како што е и насловот на
мо јата книга, се определува за пронаоѓањето на сопственото битие, човечки
без грешно, велам човечки затоа што безгрешни не постојат на овој свет, но
нај важната одлука е да се спротивставиш на предизвиците кои ја одведуваат
ду шата кон оддалечување од самиот себеси и одвојување од најблиските.
За тоа на крајот можам со сигурност да кажам дека ниеден автор воопшто не
тре ба да се запраша дали имал некој сон или желба што преминале или не
пре минале во реалност, а уште помалку не постои дилема за имагинарен сон –
жел ба, затоа што секое творештво претставува сопствена имагинација која не
е само обид да се оствари. Таа сигурно се остварува. Нема дело во кое авторот
не внесува еден макар и најмал дел од себеси, од своите надежи, очекувања,
коп нежи. Можеби во една реченица, можеби како синтеза од карактеристики во
еден лик, или, пак, случка која најсилно ја доживува додека ја пишува, но се кој
текст е проткаен со неговиот сон. Кога ќе падне првата буква на празниот лист
хартија, започнува да се сонува сонот. Кога ќе се оствари првата реченица, про-
дол жува светот на имагинацијата, и како ткаење на разбојот нишка по нишка
во колорит од бои се ткае желбата на остварување на најдлабоките чувства на
авторот. И додека читателот ја чита, го сонува неговиот сон, исто како што ав-
то рот го сонува сонот на читателот додека ја пишува.
Затоа би го завршила текстот со мислата:
,,Сонувањето на авторот е имагинацијата која тој ја предава на читателот,
со вечна анимација на ликовите и само тогаш неговиот сон – желба никогаш не
изу мира, не се распрснува, исчезнувајќи после првото будење во утрото...,,




^etvrta Rodnokrajan sredba...


43


SANJA MUCKAJEVA VIDANOVSKA


I DREAMT ABOUT PROTECTION AGAINST THE DRUG
ADDICTION


My life once was really a fairy tale, for me there
were neither bad mothers in law nor witches who
offered forbidden fruit. When I was a child I didn’t
know about the dependence that mows the present
as a black shadow. Now, being afraid that my story
could cause our children fall into this nightmare
instead of making them aware of it, I decided to
drive it out in the best way I can: with a scream on
two hundred sides to warn the youth not to fall into
the false dream of death, but live their life as a true
story same as the adults do. I created my second


book “Sinners 2, A Modern Fairy Tale” in hope that I can succeed in presenting
to the young people, my son and my daughter the true value in life. I wrote about
the horrors caused by the heroin in order to realize what I myself felt as a woman
and mother – my contribution to the battle of society in the protection against drug
addiction. I dreamt about this, too. Mute writer is the writer who doesn’t want to
talk about what he sees. And what is the realization of the dream of the one who is
creating if not writing about his life, his love, his nation, his past, or his unfulfilled
wish, while waiting to happen what he dreamt of in his youth. Maybe it is the past
that passed for which the author is waiting to return, telling it only to the empty white
pages. Either he is courageous enough to write, or not. Either he is courageous to
publish it, or not. If he writes something and keeps it jealously in his drawer, it means
that the dream as a reality is locked deep inside.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


44


Д-р ЃОРЃИЈА НАЈДОВСКИ


СОНОТ КАКО ТВОРЕЧКА ПРОВОКАЦИЈА


Прославениот француски композитор Жорж Бизе во своите авто био-
граф ски белешки за неговите диригенти вели: ”Не чепкајте ги моите ноти, ту ку
само слушајте ја нивната функција во композицијата...Сонувам и знам да со-
ну вам. Не чепкајте ми ги и утрата кои се будат во мене”. Така Бизе го гледаше
соп ствениот порив до степен кон неговата возвишена цел, расправајќи се со
свои те диригенти во поставувањето на „Ловци на бисери” и „Кармен”, посебно.
Тоа беше неговата интимна исповед за творечкиот сон од која не отстапуваше
по цена и да не бидат поставени на репертоарот.
Мојата прва средба со писател, што се вели во живо, беше загледувањето
во Анѓелко Крстиќ, автор на романот „Трајан”. Тој респективен однос кон пи-
са телот, како тогашен петтоодделенец, го исполнуваше моето љубопитство со
задоволство што гледам писател: мустаќест, црномурест, со густи веѓи и воо-
бичаениот каскет на главата. Па дури и кафето смуртено си го пиеше во ка феа-
на та-чинар, под неговата крошна во Охрид.
Денес, на оваа возраст, тоа сознание се вградило во мојата свест за
сонот и писателот. И тешко се ослободувам од тој впечаток, кој ми се чини
постојано ме обзема и ми ја враќа сликата за него. Кон тоа ќе го додадам и
по доцнежниот на пор на Коле Чашуле кога го убедувал писателот да дозволи
не говиот роман да се преведе на македонски јазик. Без разлика на неговите по-
ли тички убедувања за годините кога го пишувал, Крстиќ си останал доследен
на истите убедувања. За таа упоритост, веродостојност, си имал свој сон во кој
нас танале историските пред расуди.
Неколку години подоцна, по моето побитолчанување, се најдов во
гру пата млади писатели при клубот „Стале Попов”, под закрилата на Ра бот-
нич киот универзитет во Битола, од чии редови се афирмираа мнозина, де-
нес респективни имиња во македонската литература. Сонот кој почна да се
де финира токму низ овој клуб, ни ја гаеше надежта за нешто повеличенствено
кај секого поединечно. Инаку, која е целта за нивното здружување? Сè друго
е индивидиуална работа во изодувањето на сопствениот пат, кој бездруго, ба-
ра многу поширок ангажман во градењето на креативна личност: едукација,
ис тражување и понирање во тајните на зборот и мислата како нескротливи,
про вокативни и целисходни пориви во изразувањето на содржините, кои се
посо чуваат пред јавноста: песна, расказ, роман, критика итн, па сè до про фе-
сио налниот однос во својство на писател.
Ако сонот е своевидна провокација, сè друго е континуирана едукација!
Отту ка, мислам, дека историјата на македонскиот народ, во сите нејзини фази
и периоди на настанувањето, како да се трансформираше и во мојата вокација
од која тешко се ослободувам и, не дај боже, да се ослободам.
Мислам дека постапно почнав и да се “вообразувам”, некои нејзини де-
ло ви да ги реконструирам од аголот на моето гледање, со покритички однос и, се
на девам, со нужна дистанца да ги елеминирам моите субјективистички оценки.




^etvrta Rodnokrajan sredba...


45


Дис танцата тие да се реконструираат низ одредени жанровски видувања, без
при тоа да се робува на идеолошките предрасуди, давајќи им ја смислата на на-
ционалната доблест, ја ослободува енергијата, како за самите настани така и за
личностите во нив. Токму тој мотив тера и на продлабочени истажувања без да
се отстапи од патот кон крајната цел и ја носат основната порака како на цио-
нал на доблест.
Сега и конкретно, од мој аспект и искуство:
Во 1974 година излезе од печат мојот роман „Дејан” (Наша книга,Скопје)
за охридскиот војвода Дејан кој го мотивира селското востание (март 1903), не-
пос редно пред Илинденското востание, познато и како Рбинска битка. Истата
го дина, неколку месеци подоцна, излезе монографијата „Дејан војвода” од д-р
Стојан Ристески, исто од Охрид, а само нецела година потоа беше прикажан и
филмот „Најдолгиот пат” по сценарио на Петре М. Андреевски во режија на
Бранко Гапо. Каква коинциденција! Тројца автори, секој од свој аспект, се нај-
довме во исто време и на иста тематска основа и обврска да се афимира едно
значајно собитие кое остави траги во свеста на месното население, при до би-
вај ќи и митски вредности, особено низ фолклорната традиција преку песната
„Гори балкан” (планина).
Оваа конциденција ја гледам како еден вид ”историска” прозивка трој-
ца та автори да застанат над иста отворена страница од македонската историја


ка ко основна појдовна лектира за
научното, белетристичкото и филм-
ско то реконструирање на еден ист
пе риод со нивните личности што
по веродостојно да ги доближат со-
битијата низ трите жанрови на из-
разување. Во еден разговор на оваа
тема со Петре М. Андреевски ду ри
ми рече: ”Историјата нема ме ѓи, ама,
сепак, си ги бара своите ме ѓници!”
Тој дури подоцна од таа сред ба го
прочита мојот роман, се на девам и на
монографијата за која му укажав.
Во моето творештво кое опфаќа
по веќе жанрови, сепак, како да пре-
теж нуваат темите со историска под -
лога како што се „Сказна за брон-
зе ното срце”, „Црвената песна на
сла вејот” ро манизирана биографија
за пролетерскиот поет Коста Абраш,
„На ционалната ули ца”, роман за со-
ци јалистичката изградба и суди ри те
во ЦК СКМ лоцирани на „Илин де-
н ска” како национална улица, „Де -


фтерски белешки од Дебарца”, по точно за запоставениот рурален дел на Ма ке-
до нија до негово разнебитување, но и романот „Љубовта на заточениците” кои
беа осудени токму во битолската катил-апсана.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


46


Во текот на работата над овие наслови не сум се поведувал според од ре-
дени раскажувачки модели на значајни писатели, туку само на автентичното из-
во риште кое ја побудувало мојата совест. Оттука, раскажувачката постапка мора
да има конкретни авторски особености кои делата ќе ги чинат поприфатливи за
по широкиот аудиториум на читатели, но и на историски едуцираните.
И покрај тоа авторот никогаш не може да рече за себе дека го отсонувал
соп ствениот сон, туку само го надградил со други визии за кои смета дека се
со држини на т.н. глобален сон како амбиција, цел..., се разбира, ако за тоа се
има сопствена појдовна подлога, и едукативна и национална определба.
Мотивот на творечкото сонување, да се застане на постаментот во својс-
тво на писател, е како прво проодување. Колку првиот чекор е значаен, толку и
па тувањето е подалечно и понеизвесно сè дури авторот, еден ден, сам зад себе
не се обѕрне кон патот што го изодел, препознавајќи ги сопствените стапалки
кои ги оставил по него. И, кога ќе се препознае ќе може да рече дека не чекорел
на празно. Препознавањето, сигурно ќе биде во делата кои ги оставил зад себе, и
со својот квантитет и со својот квалитет. Колку тој сон и амбиција се исполнети
е ”обврска” на други проследувачи кои ќе го дефинираат како содржина со од-
ре дена уметничка вредност вградена во националното милје.
Според тоа, мислам, Блаже Конески направи своевидно навраќање кон
тво рештвото на браќата Миладиновци, во т.н. второ читање, што подразбира
со одредена историска дистанца. Следејќи го неговиот пример, веќе имаме и
дру ги најави на ”втори”, ”трето” и т.н. читања што ќе значат и меѓугенерациска
дис танца ослободена од одредени, моментни, субјективизми зад кои стојат и
дру ги интереси. Во тоа е разликата мегу првото, второто, третото... читање,
што би се рекло - преоценување.
Допрва и македонската литература како да ги чека своите покритички
чи татели, со нивниот сон во кој самите ќе се осмислуваат во креативни лич нос-
ти.




^etvrta Rodnokrajan sredba...


47


D-R GORGIJA NAJDOVSKI


THE DREAM AS A CREATIVE PROVOCATION


The famous French composer Zorz Bize in his autobiographic notes about
his conductors said: “Do not touch my notes, but listen to their function in the
composition… I dream and I know how to dream. Do not touch the mornings that
awaken in myself”. Thus Bize sow his inner urge to the height of his exalted aim
while disputing with his conductors when presenting his “Hunters of pearls” and
especially, “Carmen”. It was his intimate confession about his creative dream from
which he had never been retreating even under the price of his operas to be excluded
from the repertoire.
Today, as grown up to this age, the above knowledge about the author and
his dream has been engraved in my conscience and I could hardly free myself from
the impression which always overwhelms me and brings back to me the image of
Angelko Krstik, author of the novel “Trajan”. Also, I will add the effort of Kole
Casule when he tried to persuade the author to give permission for his work to be
translated into Macedonian language. In spite of his political convictions in the years
he was writing, Krstic remained faithful to the same convictions. In his determination,
credibility, he had his dream of how the historic prejudices appeared.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


48


КИРЕ НЕДЕЛКОВСКИ


СОНУВАЊЕ И СО ОТВОРЕНИ ОЧИ


1. (вовед)


Секој автор си има сопствени соништа. За нив мечтае и се обидува да ги
ос твари. Соништата се составен дел на секој творец. Тие го движат напред до
не која граница која сака да ја премине или до некоја цел која сака да ја оствари.
Така било и порано така е и сега, ако сака авторот да ја фати и иднината или
со нот да се живее со зборови во иднината. Кога ја погледнав темава веднаш се
се тив на две песни : едната е ,, Сон сонила Орданица” (“о позната народна
пес на), а другата е ,,Сонував ноќеска дека те немам” (“о позната рок-балада).
Но, се сетив и на некои мои соништа и песни директно поврзани со соништата
кои ги сонував будно или во вистински сон.


2. Сопствени соништа


Моите соништа си имаат некоја
своја енергија и сила која излегува
од начинот на размислување.
Свесно или пот свесно соништата
си имаат моќ која ме освојувала и
ме ис полнувала. Во зависност од
таа невидлива моќ настанале нео-
бични песни, стихови кои немаат
крај, ами продолжуваат од книга
во книга. Директно поврзана со
соништата е мо ја та стихозбирка
,,Судбини и соништа” издадена
во ,,Ма ка веј” “о во 2004 година.
Во таа стихозбирка присутни се
мои те соништа за денешницата и
ид нината и за со ниш тата на мојот
народ. Јас ги следам можностите
и желбите на сопствениот на род.
Јас сум дете на својот народ и го
познавам добро, оти из легов од
оваа сре дина која ја носам секаде
со себе буден или во соништата.
Чудотворен е мо јот сон и на мојот
народ кој немал многу можности


да се радува и да шета сло бод но. Затоа тој во соништата патувал и до крајните
граници кога разговара и со Господ за некои свои проблеми. Имагинарниот
свет кој се соз да ва и живее во пот свеста и во јавето, нашиот човек и авторот го




^etvrta Rodnokrajan sredba...


49


пренесува постојано понатаму. А понатаму е да се зачува таа магична енергија
на животот и живеењето. Да се за чува свежината. Еве какви интересни размисли
ми се на мет нале во песната ,,Соништа”. Енергија“о


Во нив влегуваш
Кога сакаш
И одиш
Каде што посакуваш.
Цел живот
Те носат
Далеку
Таму
Каде што не можеш
Да стигнеш
И каде што немаш време
Да допреш
Нешто.
Ги живееш
Со отворени очи
И секогаш
Доаѓаат
Нови
И поубави
Неможни.
Затоа ти се
Предизвик
И
Те менуваат
Со чудна енергија.



Значи, соништата немаат
крај. Пос тојано доаѓаат но ви,
поубави и таа граница по сто-
ја но се поместува по натаму и
подалеку. Годините и жи вот-
но то искуство си го прават
свое то. Соништата треба да
зна еш да ги сонуваш, треба да
ги упатуваш кон вис тинската
цел на сонот.


3 . ( Завршен дел )


Секогаш се појавувале и
аро гант ни соништа, неможни




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


50


и смешни. Јас се когаш се сме ам кога ќе се сетам на мо јата пес на ,,Нобелова
награда” “о која нормално не е објавена. Почнува:


” Простете
Само сонував”
Сладок сон од зборови...


Соништата немаат крај, тие се нашата судбина. Да се сонува Нешто ото
ло шо е кога ќе остане само Ништо. Но, јас сонувам постојано , сонувам и со
от ворени очи, а тоа е многу важно за еден автор.
Моите соништа за мене се како некакви чуда кои скитаат низ времето и
низ лексиката. Соништата си бараат свое место во сегашноста и во иднината.
Мо јата песна ,, Пес-скитник” го одредува духот на моите соништа.
Значи, моите соништа немаат спокој... а тоа е добро за мене како ав тор.
Ја цитирам мојата омилена песна:

Пес-скитник


Ти шета по лексиката
Од мислите ти гризе
Парче сон, делче спокој ...
Во очите те гледа
Те следи, те цеди
Те прашува:
,,Дали сме ние браќа
Што постојано по друмови
Скитаме со својот народ?!”


Такви се моите соништа и јас си ги сакам.
Со нив ми е поубав животот.

Завршниот дел нека биде со неколку размисли за имагинарниот свет на
се кој автор. Тој свет секој ден и секоја ноќ се надополнува и станува побогат
со нови идеи. Некои од нив ќе се запишат, а некои ќе се заборават за кратко
вре ме. Имагинарниот свет е како некаков лов на лексика, како невидлив запис
на нови идеи. Допрени во сон тие треба да се запишат за да не се заборават.
За таков творечки сон и лов, често пишував и во мојата последна стихозбирка
,,Чест” издадена во ,,Дијалог” во 2008 год. Таму би ги издвоил песните ,,Лесна
по мисла”, „Следното” и ,,Лов на лексика”. Во запишаната лесна помисла, бргу
се доаѓа до конечниот резултат - да се создаде песна за еден миг кој останува
за бележан:





^etvrta Rodnokrajan sredba...


51


ЛЕСНА ПОМИСЛА


Лебед
Ми слета
На јазикот
Сака
Нешто
Убаво
Да ми каже.
Ми ја отвора
Устата
Ме храни
Со зборови
Со соништа
И ме шета
Таму
Каде што не сум бил.
И
Враќање нема ...


Зборовите , идеите и соништата се собираат, а оние што остануваат се
ка ко света вода за авторот. Света вода која лекува и која ке трае низ годините.


,,Слегува
Во
Испружените дланки -
Божја
Сила
Да
Лекува
Тоа што не можат
Другите.”
(Света вода од зборови )



Авторот треба да ја почувствува силата на соништата и подготвено да
ги дочека. Испружената дланка треба да ја запише понудената сила од Бога.
Тој лек кој го немаат сите луѓе лекува и обновува духовно. Такви идеи
тре ба да има секој автор за лесно да минува низ времето и преку времето.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


52


KIRE NEDELKOVSKI


DREAMING WITH OPEN EYES, TOO


My dreams have certain energy and strength that comes out of my way of
thinking. Consciously or subconsciously the dreams had power that was continuously
conquering me and making me self- satisfied. From this invisible power many
unusual poems and verses appeared and continue to appear in one book and another.
I could mention my collection of poems “Destinies and dreams” published in 2004.
In it many of my dreams about the everyday life and the future are present as well
the dreams of my people. I am following the abilities and wishes of my people. I am
a child of my nation and I know its people well, because I grew up in this country
which I carry with me wherever I go in reality or in my dreams. Miraculous are the
dreams of my people who has never had a chance to be joyous. That is why in my
dreams I travel to foreign lands and I talk to God about my problems. This keeps me
always fresh filled with energy. I sang the following verses in my poem “Dreams.
Energy”:


In dreams you enter
whenever you want
you go
wherever you wanted
all your life.
They carry you
far
in places
you can not travel
where there is no time
to reach
Something.
You live them
with open eyes
and they always
come
new
and
more beautiful –
although impossible.
That’s why they are
challenge
and
they are changing you
with magical power.




^etvrta Rodnokrajan sredba...


53


ХРИСТО ПЕТРЕСКИ


СОНОТ КАКО (НЕ)ОСТВАРЕНА ЖЕЛБА И ИНСПИРАЦИЈА


Има една детска песничка од една телевизиска детска серија која често
ми доаѓа да ја потпевнувам, особено наутро кога не сум доволоно наспан, или
ко га рано в зори брзам на работа. Тоа е прашалниот рефрен и истовремено брз
од говор: На светот најслатко што е? - Сонот малечко мое!


Да, токму така.


Сонуваме - патуваме!


Уште од малечки нозе сонуваме да станеме пилоти, фудбалерти, пејачи,
про фесори..., но и новинари, писатели...

Како многу малечко дете најпрвин мечтаев и копнеев да станам овчар, а
по тоа келнер. Првото, зашто сонував да бидам со стадо овци (задолжително со
нај малку едно, но и повеќе кучиња) во планината, покрај извори и поточиња,
со торба со сирење и леб, но и со кавал, сред природата од утро од мрак. А,
вто рото, да имам ретка можност и привилегија да им ги исполнувам на луѓето
жел бите, односно да им велам повелете и да им го принесувам она што тие го
по сакуваат (ќе го нарачаат) и да бидат задоволни.
Откако јавно, што значеше гласно, ги соопштив овие две мои желби, и
тоа не истовремено, зашто по првата многу подоцна следуваше и втората, се
се ќавам дека бев исмеан и прекорен со зборовите: Каков овчар, каков келнер,
ти си одличен ученик и ќе бидеш претседател на Општината! Посакувањата и
претерувањата (на другите) одеа дотаму што ни велеа мене и на брат ми де ка
и двајцата ќе бидеме прет седатели на Општини и тоа (за да не се скараме и да


не чекаме на ред), едниот на
едната, а другиот на дру га та
Општина (се мисли на Кру ше-
во и Демир Хисар). Јас имав
скром на, иако дури и со јузна
по литичка кариера, но брат
ми навистина имаше ви сока
по литичка државна и ме ѓу на-
род на кариера.
Но, сонот си е сон.
Ќе се оствари доколку
жел бата е навистина голема,
но и подготвеноста да се следи
со нот.
А, јас сега со гордост ве-
ќе можам да кажам дека ми се




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


54


оства ри животниот сон да станам писател и издавач. Се сеќавам дека таа желба
ја имав кога го за вршував основното образование и дека додека си играв во на-
ши от селски двор постојано си повторував во себеси дека сакам да пишувам и
да објавам кни ги како Ванчо Николески, Видое Подгорец, Борис Бопјаџиски,
Ацо Шопов, Си мон Дракул, Хенрик Сенкјевич...
Животот сакаше со некои од овие писатели и лично да се запознаам, но
и да бидам многу близок, а денес некои од овие значајни имиња ги красат на-
гра дите кои ги имам добиено за своето творештво.
Но, соништа има толку многу, колку што има и ѕвезди, па тешко дека
сите можат и да се остварат. Така, на пример, додека бев ученик во основно
учи лиште, наставникот по математика и физика велеше дека сигурно ќе станам
науч ник како Никола Тесла, наставничката по македонски дека сигурно ќе ста-
нам писател, а наставникот по француски дека ќе станам полиглот. Но, јас не
ста нав ниту научник, ниту полиглот. Очигледно, станав она што ми беше нај-
лес но и што беше дури посилно и од моите најсилни копнежи, желби, мечти...
Но, без сон нема ни творештво. Кога ќе ви се прекине сонот вие ги по-
мн ите само последните секвенци од сонот, а кога сонувате со отворени очи - то-
гаш и сонувате и чекорите истовремено.
Еден од моите постојани соништа е како да напишам добра хаику песна,
но и добар краток расказ. Дури се обидов да пишувам хаику на свој начин, а
крат киот расказ го дефинирав како спот проза. А, мојот сè уште неостварен
сон се вика роман и тоа за возрасни. Роман во форма на дневник наменет за
по младите читатели веќе објавив и тоа беше мојот прв посериозен тренинг на
тој план, а за другото очигледно сè уште немам ниту време ниту сили... Но, со-
ниш тата не би биле соништа, доколку еден ден навистина и не се остварат.
А, што се однесува до имагинарните соништа, тие се стожерот, јадрото
и основната придвижувачка сила на целото творештво. И во мојата поезија и
про за, но и критиката и есе јот, има многу остварени и неос тварени соништа.
Не кои од нив се децидно и изрично сооп штени, а некое се само на вестени или
спомнати меѓу ре дови, но во секој случај, без со ништа и сонување нема ни
збор, ни ред творештво. Затоа,
уба ва е и инспиративна оваа
го динашна тема за средба и
раз говор, но кој од нас ги знае
и ги помни сите свои соништа,
а и дали и понатаму тие ќе
ја имаат својата функција и
значење доколку бидат јавно
и на хартија соопштени!?




^etvrta Rodnokrajan sredba...


55


HRISTO PETRESKI


THE DREAM AS AN (UN) REALIZED WISH AND
INSPIRATION


There are as many dreams as there are stars in the sky, so it is very difficult
to have them realized. When I attended primary school, the teacher in Maths and
Physics said that for sure I would become a scientist as Nikola Tesla”. The teacher in
Macedonian language said that I would become a writer, and the teacher in French
said that I will be a polyglot. I didn’t become a scientist, nor a polyglot. Evidently, I
became that what was the easiest for me, that what was stronger than my strongest
longings, desires and dreams… But, without the dream there is no literary work.
When the dream is interrupted we remember only the last sequences, and when
dreaming with open eyes – then we dream and walk at the same time.
One of my persistent dreams is how to write a good haiku song, and a good
short story in prose. I even tried to write haiku in my own way and the short story
which I defined as spot prose. My still unrealized dream is a novel for adults. I’ve
already published a novel in a form of a diary for the young generation as a serious
pre-training, but for the former I still have neither time, nor strength… But the dreams
wouldn’t be dreams unless one day they are realized.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


56


ВАНЧО ПОЛАЗАРЕВСКИ


ПИШУВАЈЌИ СОНУВАМ СО ДЕЦАТА ЗАЕДНО ЗА ДЕТЕТО
ВО МЕНЕ



Кога ја прочитав темата на на-
шата најнова средба не можев а да не
по мислам на Луис Хорхе Борхес, слав-
ни от аргентински писател и неговата
пес на Осамнување. Во неколку сти ха
Борхес го искажува својот страв од
прет пос тав ката (базирана врз фи ло-
зо фијата на Шопенхауер и Беркли)
де ка светот на се вкупната човекова
деј ност, дејност на разумот, е сон на
ду шата без темел, цел или обем.



И потоа следејќи ја таа мисла тој пее:


А ако стварите немаат стварност
и ако овој пренаселен Буенос Аирес
не ништо друго освен сон
што го создаваат душите со заедничка чаролија,
тогаш постои миг
кога неговото суштетсво е особено во опасност,
а тоа е треперливиот миг на зората,
кога се ретки оние кои светот го сонуваат
а само некои ноќни бдејци
ја чуваат пепелавата и одвај оцртана
слика на улицата
која после ќе ја дополнат со други.
Час кога упорниот сон на животот
се заканува да се сломи,
час кога на Бог би му било лесно
сосема да го уништи своето дело!


Овие размислувања за сонот му ги оставам на поучени од мене да ги
про длабочуваат и да изнаоѓаат размисли што другите со задоволство ќе ги чи-
таат.
Го спомнав Борхес по ра ди неговата љубов кон фан тас тич ното во кни-
жев носта. А тоа е многу блиско со пишувањето за деца. За вовед во моите раз-
мис ли за сонот и моето творештво овде, меѓу овие редови ќе поместам еден мој
мал расказ за деца:




^etvrta Rodnokrajan sredba...


57


НЕСРЕЌНО ВЉУБЕНИТЕ КРОКОДОКОДИЛИ


Несреќно вљубениот крокодокодил ѕирна со главата над водата од ре ка-
та Си Бил Нил и нервозно шмркнувајќи со полузатнатата ноздра рече:
- Мојата крокодокодилска несреќа е голема, Си Бил Нил е голема река,
све тот е голем...а јас сум мал, и несреќно вљубен.
Таткото на несреќно вљубениот крокодокодил, исто така, несреќно вљу-
бен крокодокодил, којшто иако бил оженет, со семејство, и со многу нервози во
жи вотот, сакал да го утеши својот син, но не знаел како. Затоа само издивнал и
от пливал понатаму чудно плескајќи ја водата со опашот.
Мајката, исто така, несреќно вљу бена крокодокодилка, не мо же ше
да му помогне на својот син затоа што таа беше лоша мај ка, од оние мајки
кои немаат вре ме ниту за себеси, а не, пак, за некакви крокодокодилчиња пу-
бертетлии, кои, згора на тоа, се и несреќно вљубени, па и уште зго ра на згората
се и нејзини деца. Таа обично во такви ситуации не правеше ништо. Па затоа,
си по мисли таа, зошто овојпат би на пра вила нешто кога тоа нешто ќе би ди
ништо.


Така.
Комшијата на нашиот несреќно
вљубен крокодокодил, исто така,
еден ужасно несреќно вљубен
комшија-крокодокодил, беше со
добра душа и здрав желудник. Не
беше ќелав, затоа што тоа е тешко
да му се случи на еден нор ма лен
крококодокодил, не беше ниту
пак ревматичен, или, пак, не дај
боже, да страдаше од несоница,
или од хронично негледање
телевизија или слабо ужи вање
во јадење торти... единственото
нешто што го измачуваше беше


тоа пус то, пусто да би пусто останало, несреќно вљубување. И затоа и тој беше
при лич но неупотреблив, во смисла на давање прва помош на несреќно вљубени
кро ко до ко дили.

За да не ги набројуваме сите други крокодокодили од таа река ќе ви
приз наеме дека сите тие, во рекатата Си Бил Нил беа од необичната сорта на
не среќно вљубени кркодокодили.
Ете така, таква си била реката, таква си била водата, такво си било местото и
нор мално такви си биле и крокодокодилите.
Несреќно вљубени.
И што може сега тука да се направи? Што?!




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


58


Конгрес?! Семинар?! Меѓународна помош?! Рок-концерт?!
Советувалиште за несреќно вљубени крокодокодили?!
Заокружете го, според вас, точното решение и испратете го насекаде.


***


Со години наназад пишувам текстови за деца. Обично вакви, како овој
со крокодилот. Затоа сметам дека е неопходно да се споменат неколку работи
по врзани со детскиот свет, или детето како читач. Детето како читач е едно од
нај благодарните нешта за секој автор. Токму затоа врвни автори не успеале
да не оддолеат на желбата да напишат и некоја (впрочем, одлична) книга за
нај малите. Детето, тој голем човек на иднината, секогаш ми приредувало из-
не надувања. Бидејќи сум имал многубројни контакти со таа публика, можев
да се уверам дека на тој човек на иднината многу лесно можеш да му пријдеш
со своето дело, но дали тој ќе те прифити како интересна случка од своето се-
кој дневние, дали ќе ти дозволи да дејствуваш врз неговата свест, тоа е големо
пра шање. Во тие обиди, сметајќи го детето како мошне искрен, објективен вос-
прие мач на т.н. уметнички дела, како песната или прозата, честопати сум бил
мно гу амбивалентен. Понекогаш под тежок товар на скепсата дека сè е залудно,
дека тоа се личности кои се далеку пред нас, живеат за еден ден можеби да ра-
ботат на Нептун или во друга галаксија, а ние им пишуваме за глувчето што
многу итро сака да стигне до парче сирење. Но, еднипати било обратно, до жи-
ву вав вистинска експлозија на одушевување кога ќе забележав колку радосно
тие прифаќаат песна или проза која успева да комуницира со нивната богата,
аван туристички настроена, отворена и љубопитна природа. Тогаш си велев, да,
тоа е тоа.
И сега стигнувам до сонувањето, до таа измената состојба на свеста,
која има многу, многу сличности со пишувањето. Особено за децата. Тоа пи шу-
ва ње, барем кај мене, содржи многу елементи на фантастичното, а што е сонот
ако не фантасмагорија која си има некои свои длабокопотсвесни законитости
за кои се задолжени психоаналитичарите или некои други стручњаци од таа
об ласт. Моето пишување за деца, всушносот, е заедничко сонување со нив.
От кривање на свет-сон кој ќе им биде по мерка: погоден, забавен привлечен.
Затоа во тоа пишување речиси редовно провејуа поголема количина хумор, кој
како форма е привлечен за детската популација, а мене, исто така, ми е неоп-
ходен за ”приказната”, без оглед дали е тоа проза или песна, да добие из весна
лефтерност, атрактивност и привлечност за читање. Потоа следува дру га та
фаза. Сметам дека така навлечениот читател ќе загази “подлабоко” во чи та ње-
то, ќе биде освоен, придобиен... накусо ќе сака да чита, што е голема, ако не и
нај важна придобивка на секој писател. Најважна во смисла дека секоја книга
тре ба да создава нови читатели, оние верни, доследни и искрени проследувачи
на напишаното, нови фантазери, нови сонувачи. Кога тој дете-читател почне да
ти верува, доволно е и само да посака да патува со тебе по авантурите на тво-
ја та фантазија, ти веќе имаш голема можност, голема шанса што не треба да ја




^etvrta Rodnokrajan sredba...


59


ис пуштиш да дејствуваш врз него. Како? Ако си интересен, автентичен твоите
ли кови и приказни самите ќе велат Ох,, колку е забавно преубаво да се биде
креа тивен, да се има фантазија во разни бои, да се патува и таму каде што никој
не патувал, односно патувајќи да се создава пат за земјата Далекуодовделија...
итн. Да го убедиш преку својата креација и тој да продолжи да мечтае, за на
овој (прилично неудобен) свет да му се дадат/даваат нови димензии, денес из-
мис лени, но можеби веќе утре стварност. Затоа што, да не заборавиме, светот
го менувале фантазерите, утопистите сите оние што верувале во невозможното.
За тоа кога пишувам, на пример, за постоењето на две риби и две нериби, јас
со нувам/верувам за тоа дека некој од читателите на таа мала приказна еден ден
ќе открие суштества кои се многу блиску до тие мои/негови нериби. Доволно
е тој читајќи да поверува, да промисли колку тие можности за откривање, за
пресоздавање на светот околу нас, можностите за негов личен креативен при-
донес кон уметноста се големи. Дека со писателите чии книги ги читаат ни ту
почнало, ниту завршува нешто огромно, величествено како што е тоа умет нич-
ко то гледање на светот околу нас.
Мене тоа ме возбудува, да го видам тоа во младиот читател, и да го ви-
дам во нивните очи оној Ванчо-дете кој со толкав жар и љубопитство гледал во
свои те први книги, кои на моето детство му давале посебен тек.
Оттаму сонувањето, не само во пишувањето, туку и во која и да било
дру га креација е само-по-себе неопходно неизбежно, едноставно таквото со ну-
ва ње е жива стварност!




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


60


VANCO POLAZAREVSKI


WHILE WRITING I AM DREAMING TOGETHER WITH THE
CHILDREN ABOUT THE CHILD IN MY SELF


When I read the topic of our recent Meeting I couldn’t escape thinking on
Luis Horhe Borhes, the famous Argentinean writer and his song “The dawning”. In
several verses Borhes shows his fear from the supposition (based on the philosophy
of Schopenhauer
And Barclay) that the world of all the human activity, the activity of reason, is
a dream of the soul without foundation and aim. Following such thought he sings:


If the things have existence
and if this over-inhabited Buenos Aires
is nothing else but a dream
which the souls created with a common magic,
a moment comes
when one’s being is in danger,
it is the moment of dawning,
when the rare ones are dreaming the world
and when only those who sit up all night
and keep the ashen and scarcely drawn
image of the street
in a twinkle of the eye
will be crowded with others.
The moment when the persistent dream of life
threatens to be crashed,
the moment when it is easy for God
completely to destroy (annihilate) his work!




^etvrta Rodnokrajan sredba...


61


ЃОРЃИ ПРЧКОВ


СУМ СОНУВАЛ ЈАВЕ И ТРЕЗЕН


Ако некогаш, со изострен слух сум се вчудоневидувал на исказите на
оние кои страдале од несоница и паралелно ги жалев нивните ноќи исполнети
со беззвучна тишина, денес се фатив во сопствените убедувања дека нивниот
про блем е далеку помал од оној кој се појави во мојата глава, всушност, во моето
ли тературно творештво, во миговите кога зад очните капаци ќе почнеше да се
слу чува нешто чудно. Сакав да сонувам и преферирав тоа да бидат соништа од
не вообичаена природа, исполнети со колоритни пејзажи или интензитети со
ед накво влијание врз адреналинот како преполн шприц со опојна смеса. Но,
жи вотот носи и несакани допири, кои не се срамат да боцкаат толку силно што
спиењето ми го направија вистинска мора. Со поставувањето на главата врз
перницата оставив место на неа и за стравот кој ми беше чест придружник во
светот на семожното, со цел барем да се помирам со него кога не можам да го
совладам. Кога би можел да бидам искрен со себе, не ми пречеше толку не го-
во то влијание во текот на сонувањето, кое некогаш знаеше да биде пријатно и
сти мулирачки за моето его, впрочем, како и за моето творештво. Но, периодот
на време помеѓу будењето и моментот на осознавање дека моето тело со сите
не гови видливи и просторни параметри, сепак, се наоѓа во секојдневниот
универзум, беше поразувачки за мојата интелектуална посебност, која да се раз-
бе реме, беше карактеристична по своите морални лимити. Со други зборови,
со нот ќе ми ги понудеше имагинарните квалитети на постоење за кое само сум
можел да претпоставам како функционира, додека мигот по штипнувањето по-
доц на ќе се прашуваше на каде сум тргнал . . .


Сум излегол сонувач на разни
со ништа, повеќе неубави, помалку
уба ви, арно ама не во постела. Ноќно
вре ме, кога е време за спиење во мека
и удобна постела, во немирен сон
по тонат не, ами сум станал сонувач
јаве, добар дел од ноќта, ама јаве,
пре ку денот повеќе. Бидејќи таквите
со ништа ми беа мачни, ми товареа
огром на тежина во душата, срцето,
нај многу и најсилно во мислата, спо-
ко ен живот да живеам не ми даваа.
Оп товарен како што сум бил, потреба
имам да се растоварам, пред мене се
ис пречило прашањето каде и како?


По кусо размислување, всушност, тоа не ми беше и некое размислување,
заш то секојдневно, и дење и ноќе, бидејќи средоточен на моето литературно
тво рештво, пишувајќи ги сопствените дела, одненадеж сфатив дека соништата
што сум ги сонувал јаве, токму во моето творештво сум ги трупал, значи тво-
реш твото ми е исполнето од соништа од најразличен вид, ама јаве што сум




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


62


ги ”отсонувал”. Бидејќи, како што реков ме оптовариле, јас почнував да се
рас товарувам, всушност, растоварен, во душата, срцето, најмногу во мислата
чист сум излегувал. Кога делото ќе сум го напишел, бидејќи делото бара да
се препрочитува, да се преработува, јас препрочитувајќи го, соништата пов-
тор но ги сонував, ама повторно јаве и трезен, со чиста душа, здраво срце и
за секого добра мисла. Одненадеж сум дошол до сознание дека соништата ти
би ле стварност, крупни парчиња од животот што секојдневно сум го живеел,
ама сурово, неубаво, дури и грозно, значи во моето творештво, вакви ми се и
соништата. Вака запишани ”сонови” ме растоваруваа, мир, спокојство во жи-
вотот, да продолжам да си го живеам ми даваа, ама откако помеѓу корици, осо-
бе но во тврд подврз ќе ги имав, стварноста ми беше в раце, сон повеќе немаше,
сè јаве.
В рака, додека делото го
др жев, чудно, без разлика што
бе ше доста обемно, не ми те же-
ше, бидејќи од соништата рас-
товарен, делото ми беше лес-
но и за држење в раце, ама и
за читање. Да проверам не ко ја
грешка во печатењето да не на-
пра виле, делото како фи на лен
про извод, којзнае по кој пат го
пре прочитував, си се нас ладував
и повторно исто, мои те соништа
раз работени, во умет ничка фор-
ма, необично, ама уникатно, ка-
ко новитет во македонската ли-
те ратура, пре дадени ми излегле
ка ко ствар ност, една голема, ама
тешка, неубава невкусна вис ти-
на.
Сонот има само боја и случувања, па сигурен сум дека не можев, иако
се обидував, да го почувствувам неговиот мирис. Совеста во зората на будење
ќе си има свои трансформации од чиста во сивкаста која има тенденција на по-
тем нување со секој поглед во животот компариран со мојата умешност, да ги
пре тставам сите негови валканости и понекогаш понекоја радосна случајност.
Не дореченото е толку силно што неговото битисување само по себе ќе бара
на чин да се осамостои и да се издигне дури и над личноста во која се создаде.
Тоа е апсолутен доминатор во светот кој заеднички го делиме, но и надуенко и
во сонот на кој му се заканува да го претвори во јаве кога ќе ја добие својата ме-
уро видна форма. Сонувам дека сум октопод кој во секоја рака, па дури и прсте,
др жам телефон на кој делам инструкции и без поговор очекувам да се извршат.
Соз давам војни таму каде имало глад, а креирам мир во раздвижено осило. Кога
ви дов дека можам, се окуражив на говорница да докажувам дека црното е бело,
но со потемна нијанса. Се хранам со луѓе кои ги изгубиле своите амбиции од
мо ментот кога решија своите соништа да ми ги посветат мене. Регенерацијата
на балонот до момент на експлодирање, во кој бев сум се претворил, нудеше
на деж дека вечно ќе постојам. Дури и сирените се плашеа да се обидат да ме




^etvrta Rodnokrajan sredba...


63


за глушат со својата песна за да не ги претворам во ајкули. Размислувањата,
нор мално не ми беа лицемерни кога посакував земјата да се врати во својата
прво битна форма со што во својата опустеност ќе ми оневозможеше да сретнам
не кого за кого би посакал да го згазнам. Будењето беше само една генетска ос-
тавштина од сонот кој никако не сакаше да ја прифати реалноста и да ‹ се по-
ко ри на нејзината вообичаеност. Упорно ме туркаше по грбот за да станам и се
по грижам за сите мои чекори барем додека ме совлада наредниот сон.
За чуден, полн со изненадувања, колку да проверам, целото мое творештво сум
поч нал да го читам од почеток и во него соништа, соништа, желби, желби, во
изо билство. . . Тогаш, дури и в раце ќе ми притежеа, всушност, ми притежуваа
со ништата, не хартијата и мукавената корица. Од темите неубави, мачни и
гроз ни, од ликовите `рѓосани насекаде низ Битола што ги среќавав. Во душата,
нај многу во мислата, којзнае по кој пат ми тежеа, дури и ми жежеа, ме печеа.
Сме тајќи дека ќе ми олеснат, читав друго дело, ама поголема тежина, пот ме
облеваше, читав трето дело од моето творештво, тежина, жештина уште по-
голема, небаре ме потуриле со врела вода, ме попариле, или на ражен ме ста-
ви ле да ме печат, соништата посилни и подолги, ама стварни - вистински ми
биле. Тогаш сметајќи дека соништата, што сум ги отсонувал јаве, желбите пус-
ти што ми биле, треба да ги коригирам, почнував да пишувам ново дело. Тоа,
пак, исполнето со стварност, со голема вистина, отсонувана на јаве додека низ
улиците на Битола сум расшетувал, додека со разни луѓе сум се среќавал, по-
ве ќето `рѓосани ти биле, пакост, зулум ми правеле, е, токму со нив разговор,
по лемика околу животот сум водел. Тогаш си велев: „Јас не сум способен да ги
запишувам убавите соништа какви што се да ги предавам, значи стварно, вис-
ти ната да ја предадам потреба имам, ама отсонувана не, ама од јаве, од живи
лу ѓе да. Тогаш, Елена мајка му на Секуле, во стварноста ја напиша Историјата
на вистината, всушност, Историјата на стварноста. Мене во душата ми олесна,
заш то сонот, цел живот што ја измачуваше, Елена го прикажа како голема
ствар ност. Радосен бев што беше достапна за секого, да чита, да препрочитува,
всуш ност, за стварноста да учи, како од `рѓосани луѓе да се варди. Дури и ме не
очите, заќоравени како што ми беа, широко ми ги отвори и јас `ргосаните ги
разработив во следното мое дело, ама стварни, Елена како што ме научи. Отто-
гаш луѓето почнаа од нив да се вардат, ама дали се довардија јас не знам, за тоа
ствар носта ќе произлезе изразена во едно од следните мои дела.
- Мајко, зошто твојата книга, „Историја на вистината” не ми ја даде
порано, мајко зошто дури сега?
- Сине, со татко ти сакавме сам да дојдеш до стварноста, сакавме лага
од стварност во секој момент да земеш и да одвојуваш, ама само сам, без ни-
чи ја помош. Кога видовме дека сега имаш излезено способен, стварноста да ја
согледаш, копиљињата лагата вешто имале земено да ти ја подметнуваат, не ба-
ре излегла вистина, бидејќи млад често лагата како вистина имаше земено да ја
при фаќаш, ама повеќе не, зашто соништата ти излегле јаве. . .!
Одев понатаму, на следното дело од моето творештво. Таму, пак, пов-
тор но истата слика, всушност, уште една, ама поголема стварност, небаре ко-
пи ја ми излегла, јајце на јајце. Таму сила демонстрирав, всушност ликовите
де монстрираа, жестоки битки низ улиците низ Битола биеја, ама поттикнати
од змијата и гулабот лоцирани на петнаесеттиот камен од Саат кулата што беа.
А дека се стварни, вистински - неотсонувани, секој може да ги види, дури и




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


64


да ги помилува, а како целата работа на јаве, а не на сон не ќе ми беше, кога
на шиот омилен писател Владимир Костов, своерачно, за задача си зеде да го
пи шува мојот роман, и тој неуморно, деноноќно пишуваше, ама не сонуваше,
ами целата вистина на показ ја изложуваше, за ова сигурен сум, зашто за главен
јунак мене во моето дело ставено ме имаше, ама и самиот најглавниот лик, но-
си тел на дејството во романот беше.
- Во право имаш излезено!- зедов да му велам.- Ами сите книги ги ис-
пре вртив, тетралогијата „Марширања” за која имаше земено да ни зборуваш,
ни каде ја нема, случајно да не си ја заборавил горе, на Земјата?
- Ах, бре, Ѓорѓи бре, како можев да ја заборавам. Да ти кажам една чуд-
на работа излезено што ми има, режимот поради тетралогијата, зеде и ме усмр-
ти, а токму тетралогијата за малку ќе ми го спасеше животот, ама ете, не ми го
спа си. . .
Одев уште понатаму. Згрозен од разни пороци, Верушка како што беше
за фатена, од стварноста да побегнам не можев, зашто беше многу видлива,
опи плива. Скоро в раце ја имав, ама многу тешка, ме подвиткала, за да се ис-
пра вам, целата вистина, макроата што правеле со нашите убави девојки, да ви
ја изложам, беспрекорно чисто и во подробности ви ја изложив, дури тогаш се
ис правив, ама многу радосен, зашто сонот како стварност сум го изнапишал, а
дека стварност е, многу сведоци се јавиле, параф удриле. Задачата е успешно
за вршена. . .
Одненадеж, Верушка на Цигица, во прегратка £ отиде. Лицето £ имаше
из лезено исплашено. Со рацете имаше земено главата да си ја заштитува, од
сил ните удари да се заштитува, зашто силувачите безмилосни излезено имаа,
еден по друг се редеа и многу лошо имаа земено да ја маваат. Одненадеж во
Верушка сили набујаa, кај газдата, макро излезено што имаше отите. На Ве руш-
ка зеде да £ се грози, и дојде да изблуе, ама се воздржа. Пред секого имаше зе-
ме но да застанува и по една клоца да му удира, разлутена, силно имаше земено
да вришти. . .
Пред мои очи, ама будни, олигарсите, народот ми го ограбуваа. Само
од сонот што ќе излезев, да пишувам што ќе почнев, ”Не ти бил сон, ами јаве,
стварност, чиста, кристална вистина” - си велев. Плачот на народот во уши те
ми татнеше, јас предизвикан до крајни граници, мерки преземав, со зеа мау сот
работев, парите од жените на ограбувачите ги земав и до паричка, на огра-
бениот народ им ги враќав, ни повеќе, ни помалку, ами колку ограбен што бе-
ше. А, каков сон ќе беше, кога народот пред мене, со ограбените пари в раце се
радуваше, значи она што го посакував, преку ноќ што го сонував, разбуден во
ствар носта, во голема вистина го преточував.
Понекогаш тешко ми беше да одвојам што е сон, а што јаве. По долго
раз мислување осознав дека отсонуваното, всушност, ти било јаве, лагата вис-
ти на, невозможното возможно и обратно, без разлика што ми било само желба,
ама за моја среќа не пуста, желбата стварна ти била.
Умот со зеа маусот, небаре со нож сум го пресекувал, а тоа да се направи,
само во сон може, ама Патлата ме изучи и јас сонот го преточив во јаве, во го-
ле ма ствар ност.
Патлата и мојата дарба имаше земено да ја цени, зашто како имав земено
да ја обавувам работата знаеше. Патлата го имаше обземено среќа, задоволство
што сум излегол дел од неговата служба, тој дури и сметаше витален дел, без




^etvrta Rodnokrajan sredba...


65


кој не ќе може службата да зема и да ја обавува, ограбените пари ќе си останат
огра бени, а сето тоа по народот многу лошо излезено имаше. . . Патната чанта
и дрвеното сандуче, од „јагуарот„ ги извадов и на Патлата му ги подадов. Кога
зе доа да му тежат, ги отвори, ама зеде и очите ги отвори широко, со носот раз-
мр да, со него му разиграа и мустачињата. Зеде да ми вели:
- Ти низ Битола, со зеа маусот, си зел да работаш, браво, Ѓорѓи браво.
Пат ната чанта, сандучето полни ги зеде, полни ми ги врати, битолчани бргу
обеш тетени ќе излезат. . .
Стварноста ми беше в раце, ми тежеше, ама да работам, коректно ра бо-
та та да си ја обавувам под принуда бев. Од таги и јадови на ангро се умираше,
лу ѓето од `рѓосани што беа, секакви зулуми, пакости на народот му правеа и
тие спасот во смртта го бараа, всушност, `рѓосаните ги испраќаа. Овој роман
сум го отсонувал со широко отворени очи, зашто ортомите од едната страна јас,
од другата Гургуро, `рѓосаните невини луѓе во Светонеделските гробишта што
ни ги испратиле, на очиглед на маса народ, со Гургуро на мајката земја им ги
пре дававме, и каков ти сон, сè стварност - лелеци, плачови, силни пискотници,
не баре од Галичник до Река доаѓаа. . .
Многу силни плачови, пискотници, ревења имаа земено да го најавуваат
мрто вецот. . . Камбаната што имаше земено да ја удира Куциот, плачовите ја
имаа надгласано.
- Ах, ах, ова има излезено некое дете!- изовка Гургуро.
Веројатно по силните плачови, пискотници, по ревењето, Гургуро знае-
ше. Од големото искуство што го имаше низ Светонеделските гробишта знае-
ше. . . Така и се покажа, сандукот само што го поставија над ортомата, а таа
имаше излезено на ровкиот куп од земја, видов дете. . . Плачовите имаа из ле зе-
но стравотни. . .
Суптилно и минуциозно успевав да ги дофатам и уметнички уверливо
да ги предадам битните психолошки црти на граѓанинот, изразени во стварна
форма.
Должност на сите ни е да сведочиме за Светлината за да се осветли
секој човек што доаѓа на светот. Но, посебна чест е промовирањето на искрата
дека некаде постои место исполнето со стварност, како местото во кое сме
се родиле. Стварно е и моето опстојување не само како географски поим или
стан бе на локација, туку нешто макровозвишено и сонувачки во форма на
стварност - заедно. Стварно е дека секој може да се обиде да им го прераскаже
на другите, да симулира восхит и презентерски дар, но освен тоа да ја осознае
вис тината...
Ништо не ми значеше додека цврсто газев по правот и ме бакнуваа со
отворени очи. Но, сонот си имаше своја дефиниција која не дозволуваше да
учествувам со моите препирања за приоритети или минорности. Така тој ме
издигна до ниво на атракција во сопствените очи и предмет на анализа која
ветува воздишки. Гледам или халуцинирам дека нерамнините на мојот исказ
добиле строго геометриско реконструирање кое се редефинирало во стилски
издржан додаток кој влијае доста позитивно врз обидите да ја заокружам целата
моја литература. Будењето ги врати моите соносамоубедувања на вистинскиот
колосек кој на крајот од тунелот ја раскажуваше старата приказна. Ги земаше
контурите од мојата внатрешност, ги ставаше во претходно подготвен калап и
празнините ги исполнуваше со списокот на маните кои сум ги запишал додека
бев најтажен.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


66


Имагинарен сон јас не сум отсонувал, за мене е непознат, зашто моите
со ништа, моите желби секогаш се стварни, од народот произлегле, за народот
сум ги пишувал, некое око да отворам да сонува да престане, се јаве, стварност,
вис тина да гледа. . .
Сонував дека сум Бог. Тоа не смеев дури ни во сонот да си го дозволам,
но ете ангелот отпадник не избираше средства за да ме намами. Одвај за бе леж-
ливо се гледам во старец со бела брада, седнат на престол кој не знае како да
се однесува освен да размавтува со жезолот како да управува со сите живи и
останати суштества. Гледам како наредува да се изработат лажици по глава на
жител, облека по тело и чифт крилја за сите чела носители на крстови. Гле дам
како ги полни казаните според температурата во нив и однесувањето над вор
од нив. Вработен е и не сакам да го прекинувам кога сака некои од мрт ви-
те да поврати, а некои од живите да закопа. Повторно магловито, но сега сè
поси гурно го утврдувам мојот лик, кој ни оддалеку не ја заслужил улогата.
Се будам за да сфатам дека не ја познавам Неговата работа. Она што сонував
де ка го правам, Тој го направи уште пред седмиот ден. Но, дојдовме сите ние
под готвени во дното на душата да Го налутиме во цела Негова решеност да ја
за држи милоста. Добро е што се разбудив пред да се обидам да си препишам
крил ја и за себе, со што би бил навистина некоја ужасна птица.




^etvrta Rodnokrajan sredba...


67


GORGI PRCKOV


WHEN SOBER IN REALITY I DREAMT


I realized that I am a dreamer of various dreams, more ugly ones, less
beautiful ones, without even being in bed. Not at night time when it is time to sleep
in soft and comfortable bed, but in disturbing dream I have been fallen while walking
in reality during the evening and mostly during the day. Because such dreams has
been torturing me as a big load on my soul, heart, mostly on my mind, they have
been giving me no peace to live with. Overloaded as I’ve ever been, I’ve always had
a big need to unload, but now, I asked myself, where and how I’ve been unloading
them?
Since I have no time for thinking except working all day concentrated on my
literary aim, writing for children and adults, all of a sudden I realized that the dreams
I dreamt when sober in reality, I have been unloading in my literary work. I realized
that my literary work has always been filled with various kinds of dreams. That is
why I’ve always felt easy in my heart and soul, especially the peace in my mind.
For example, when I used to finish writing my novel, I started rereading it to find
my mistakes. As I was rereading my work I was dreaming the same dreams again
and again with healthy heart and a sober mind and a positive thought for everyone.
Unexpectedly, I came to know that my reality has been always filled with dreams,
big pieces of my everyday life which I have been living, but severely, ugly, awfully.
I became aware that my literary work is such because it has been resulted from my
dreams.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


68


БОГОЈА ТАНЕВСКИ


ИМАГИНАРНИ И РЕАЛНИ СОНОВИ


Според некои научни сознанија сонот искажува настани или случки
како продолжение од дневните или претходни реални случувања што човекот
ги перципирал од својот живот. Но, има соништа што немаат никаква врска
со животот, соништа кои искажуваат некои апстрактни, фантастични настани.
Спо ред народните толкувања или народната филозофија соништата имаат разни
значења, дури и митски значења, па според разни знаци на случувања и раз ни
делови и часови во ноќите или деновите на сонување соништата имаат раз лич-
но толкување и значење во претскажување на судбината на човекот што го со-
нил соодветниот сон. Ориномантијата е наука која ги проучува соништата. Со
проу чување на соновите се занимавале повеќе луѓе научници и психолози, па и
обич ни луѓе. Сонот се појавува кај сите луѓе и кај мали и кај стари, кај мажи или
кај жени, без оглед на вера и нација. Според тие научни истражувања постојат
по веќе видови на сонови: сонови кои даваат некаква порака, претскажувачки
со нови, сонови кои носат кошмари и други видови. Некои научници тврдат да-
ка сонот не постои, дека тоа било фикција или измислено чувство. Други велат
де ка постои сон и дека неговото времетраење е многу кратко само две секунди.
Но, и ние самите сме сведоци и ние сме сонувале и сонот често трае подолго. И
ние увидуваме дека постојат временски интервали кога сонот се остварува. Се
со нува и дење и ноќе кога се спие. Има и такви сонови наречени имагинарни,
кога човекот ги замислува и кога е буден.
Соновите се застапени
и во народното творештво (на-
род ни песни, народни приказни
и други народни умотворби), а
ги има и во личното уметничко
тво рештво во поезијата и во
про зата.
Од народното творештво
би го спомнале сонот на Јор да -
ница, за мажот ‹ Јордан Пи пер -
ката, познат војвода од Илин ден-
ски от период од нашата историја,
која како што го сонила и така
ко бно се остварува погибијата
на овој македонски војвода.
Во моето творештво со-
нот е доста присутен во повеќе песни и во повеќе мои стихозбирки. Има и вис-
тин ски и имагинарни сонови.
Со стихозбирката „Угорнина“ (1971) ќе споменеме повеќе песни. Во
песната „Петлите ги довикуват зорите“ (стр. 15) младата девојка рано ја про-
бу дуваат за да одат на нива на жетва, сонот и го пореметуваат, а поетот вели:




^etvrta Rodnokrajan sredba...


69


„Расони се Ѕвездо / Петлите ги довикуваат зорите / Завикај ги соништата в па-
зу ви / и понеси ги на срниште / нека венеат“. Но, таков е селскиот живот и мора
да се работи, па таму нека сонува наместо игра и љубов ќе сонува ветришта.
Во истата книга во песната „Коњари“ (стр. 25) коњарите во лето за време на
вр шидбата околу пладне ги паселе коњите, заспале и при дремката сониле мр-
товци, а според народното верување тоа значело дека ќе заврне дожд, па пре-
пла шени стануваат и брзаат за дома дождот да не им го фати вравот во гумното,
жи тото да не им се запусти. Значи, ваквите соништа предупредуваат. Во оваа
кни га во песната „Шарен камен“ (стр. 35) дадена е слика кога децата во зима
се лизгаат од овој рид, а навечер изморени заспиваат на рогузините од шамак и
со нуваат големи мечки од снег. Во песната „Жена“ (стр. 48) жената нероткиња
не само на сон, туку и дење на јаве сонува и таа вели : „Се родив да родам / а
не да бидам проклета јаловица “, значи сонува да има пород, тука поетот ја по-
тен цира таа нејзина голема желба.
Во книгата „Илинденски огнови“ (1980) во поемата „Крвави чукари“
пос ветена на познатиот битолски војвода Ѓорѓи Сугарев од Илинденскиот пе-
ри од, кој славно загина кај Праловските чукари, поетот низ една интересна
има гинација ја дава размислата на Анета, негова љубовница, која низ кошмари
ја насетува опасноста за Сугарев и му вели дека лошо претчувство ја обзема, па
затоа и таа сака да оди со него, но тој ја одбива. Сонот на Сугарев е дециден и
вели: „Македонијо, за народот, за тебе / за иднина расцутена мислам / .... Јас и
да згинам не жалам / Тука е мојата куќа Татковина / ... Тука е мојата мајка Ма-
ке донија / итн.
Во книгата „Чекори во мене“ (1996) во песната „Сонување“ (стр. 27)
пое тот сонува Самовила како го поведува за рака и лета во височини.
Во стихозбирката „Разенување“ (1999) во песната „Соништа“ (стр. 9)
ме ѓу другото поетот вели: „ Соништата младешки / се бесцелни патници / што
то нат / во некава длабочина “. Во песната „Сонот на реките“ (стр. 30) сонот го
да вам во една друга конотација, со моја имагинација дека и реките сонуваат из-
мо рени од своите неповратни патувања, токму на полноќ во глуво доба за миг
зас пиваат и тогаш сонуваат за нови патувања.
Народот верува дека песната на петлите ноќе, односно по полноќ ги го-
ни сите демони, сите ѓаволи и вампири. Народното верување вели да не се па-
ту ва ноќе околу полнoќ, да се причека барем половина час по полноќ, лошите
ду хови да бидат згонети од песната на петлите. Во таа насока ќе ја спомнеме
пес ната „Полноќна песна“ (стр. 29) од книгата „Разденување“ (1999) велам де-
ка сите ѓаволи испукаа, кога пропеаја петлите, оти заспаните деца ги плашат, а
на ноќните патници патиштата им ги свртуваат во друга насока.
Во народните стари обичаи на селските свадби невестите преку ли це
поставуваат невестински превез за да ја прикријат тагата и болките по на пуш-
тањето на родителскиот дом, но зад превезот трепери руменило, трепери стра-
меж лива љубов, што се провира низ имагинарен сон, (песна „Превез“ стр. 27,
кни га „Разденување“).
Во моето поетско творештво, посебно во книгата „Судбини“ (1999) сонот
е претворен во жива реалност во испустените села во Македонија, каде што
оста нале само старците и тие сонуваат со отворени очи, за да се вратат своите
че да, своите роднини, раштркани низ светот барајќи подобра егзистенција. Во




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


70


пес ната „Опустени села“ (стр. 6) меѓу другото велам: „Судбини наши селски /
Суд бини Македонски / висат по ѕидовите / разрушени од ударите / од дотекот
на витлите / на едно мртво време“. Поколенија ќе нè проколнуваат... „ Нема кој
сен ка да им засени / над главите надведнати / ... од припекот на осаменоста /
Не ма кој да им подаде / барде со свежа надеж.“ (песна „Старци задумани“ стр.
21).
Во книгата „Битолски мотиви“ (2005) во циклусот „Хераклејски по-
но ри“ во песната „Јустинијаново кладенче“ (стр. 10) во еден имагинарен сон
го повикувам императорот Јустинијан, кој бил силен император, да ни покаже
каде е тоа негово Јустинијаново кладенче, близу Битола, кај Хераклеја, да се
напие ме и да се измиеме од таа лековита вода, да зајакне нашата верба или во
сон некому да му шепне кој ќе нè извлече од оваа криза. Во песната „Мајка
Те реза“ (стр. 35) на сон дошла во Битола, наместо некој друг хуманитарен по-
да рок јас ‹ подарувам песна.
И во книгата „Повраток“ (2006) во неколку песни застапен е сонот. На-
род ните кажувања потврдуваат дека во далечните минати времиња водениците
би ле врталишта на ѓаволи, вампири, самовили... Денес такви воденици не ма.
Една таква вистинска случка на сон му се случила и на дедо Велјан во шеесет-
ти те години од минатиот век. Тој сон е опеан во песната „Воденицата на дедо
ми“ (стр. 13). Во времето кога работела воденицата, дедо ми ноќта спиел таму.
Око лу полноќ кога длабоко се успал, во сонот му дошле вампири, кои играле
оро околу него, а едно време и го стегале за гуша. Но, тогаш по полноќ пропеале
пр вите петли и вампирите (ѓаволите) избегале и така се спасил.
Во песната „Балада за Дилбер Стана“ (стр. 64) според Стале Попов уба-
ва та девојка Дилбер Стана се мажи за Ѓорѓија, кого не го сакала. Прво се сакала
со Младен. Во бракот со Ѓорѓија околу шеснаесет години немале рожба, за што
постојано имала кавги со свекрвата. Дилбер Стана постојано го сонувала Мла-
ден и сакала да бега за него. Побарала развод, но не добила. Наместо развод
Ѓор ѓија ја задавува и така трагично загинува без да и се исполни сонот.
Сонот во творештвото на авторот му дава нова позитивна енергија. По-
не когаш во сонот се појавуваат убави стихови, убави мисли, убави идеи, кои на
ав торот му отвораат убави почетни инспирации, кои понатаму ќе ги оформи во
уба во дело.




^etvrta Rodnokrajan sredba...


71


BOGOJA TANEVSKI


IMAGINARY AND REAL DREAMS


The dream is present in many poems of my literary work. There are real
dreams and imaginary ones. In my Collection of Poems “A Steep Slope” (1971), I
will put stress on several poems. In the poem “The Cocks Call the Dawns” the young
girl is awakened very early to get ready for going to the field, the harvest. Her dream
is interrupted when the poet calls her “Awaken Star / Wrap the dreams in your armpits
and carry them to the stubble field, let them wither”. The village life needs working
and instead of game and love, villagers dream winds. In the poem “Horsemen” in the
same named collection of poems, the horsemen, during the threshing season around
noon, when they were grazing the horses, used to fall asleep and dream dead people.
In accordance with the folk beliefs it meant rain will come very soon, so they used
to hurry up home in fright that the rain might catch the threshing floor, and perish
the whit. This kind of dreams are predictive. In the same collection, in the poem
“Coloured Stone” there is an image of the children skiing down the hill in winter.
Being very tired in the evening they used to fall asleep very quickly on mats made of
cattail when they dreamt big bears made of snow. In the poem “Woman”, the barren
woman, not only in dreams, but in real also, dreams and says: “I was born to bear a
child, and not to be a cursed barren woman”. The poet stresses her big wish.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


72


ДОБРЕ ТОДОРОВСКИ


СОНОТ ПРЕТВОРЕН ВО СТВАРНОСТ


Длабоко сум уверен во тоа дека нема автор кој не сонувал неговите
со држини и дела да бидат ставени на хартија, односно во книга, која би ги до-
била епитетите на висококвалитетни вредности, а оттаму ќе се поврзе и име то
на авторот. Верувам, како што некогаш во детството јас сум сонувал, со ну вале
многумина автори, кажуваните прикази од постарите, со додавање на умет-
нички вредности, да „доживеат” публикација во еден од литературните жан ро-
ви.
Како потврда на из не-
сеното, односно некогаш со-
не тиот сон, да биде предаден
во книга, ќе ги посочам по-
глав јата во моите творби, како
што е во: романот „Си ви лото
на одот”, во некои од збир ките
раскази „Дума за ду шите”, во
прозните записи „Бо леш ти-
ни”, за да се повторат во мо-
но драмските текстови „Што
ми било пишано” и „Славе
сла вен да биди”. Оттаму за
познавачите на моето ли те ра-
тур но творештво, што се од не-
сува за сонот и сонетото, не е
за изненадување присутноста
на соновите во текстовите.
Но, морам да напоменам, по-
крај тоа мојот сон да стане
реал ност истиот го ползувам
како реални животни слики од
секојдневието на ликовите во
делата, но и како дел од има-
ги нарниот сон на авторот, каде
што од зависност на текстот ќе
мо же да ја прикаже, поведрата,
поу бавата страна или тоа ќе
би де лоша, не посакувана
ствар ност во реалноста.
Мислам дека е овде
мес тото, а во контекст на те-


Актерот Митко Апостоловски чита извадок
од делото на Добре Тодоровски




^etvrta Rodnokrajan sredba...


73


ма та, каде што сонот, од една страна, може да се назначи, како претчуство на
немил настан (до „Дваесеттата”, драмата „Закопана вистина”), што не е не поз-
на ница во народот - толкување на соновите. Ова, од причини што не ги сакам
ло шите работи кои му се случуваат на човекот и како автор кој повеќе е свртен
кон посветлата страна на животот.
Од друга страна, пак, очекуваното да биде онакво како што го посакуваат
сто жерните ликови (монодрамата „Славе славен да биди”). Ликовите сонуваат
за првата средба со од друг најдената идна животна сопатничка, нејзината уба-
ви на, за убавиот живот во далечна земја, за најдено богатство и благосостојба,
за успех во животот, за пород, здравје, радоста и среќата инт., за која силно по-
са кува да биде стварност.
Впрочем, дали не се сонува и кога се работи само за идејата кога се под-
гот вува нова литературно творба, но и кога се работи на содржината на делото,
од носно се прави претстава, како би изгледало фабуларното дејство? Ваквата
сос тојба кај авторот јас би ја нарекол – сон со отворени очи. Тоа оттаму поради
тоа што се прави проценка на чувствителноста и психолошката состојба на
ли ковите, до мерка на позитивна прифатливост кај читачката публика. Не рет-
ко и покрај моето убедување на одреден начин, сум бил приморан заради по-
реал на слика на дејствието, имагинарно, сонот да го претворам во стварност
и обратно. Ова кога се однесува за соновите на ликовите, а за да се избегнат
од редени несакани дејствија-мислења, или доведување на читателот за двојна
раз мисла.
Како се работи за прикази од народното творештво, а стожерните ликови
се обичните луѓе, нивните соништа изразени низ говорната усна раскажувачка,
теш ко може да се импровизираат, (сметам дека тоа би била навистина лоша
им провизација на авторот, а со тоа и искривување на содржината на делото),
ами мора на читателот да се предадат онакви какви што се. Со тоа, како што јас
ми лувам да подвлечам, ќе се зачува од заборав фолклорниот запис за животот
на човекот од овие простори. Јас сум дел од народот.
Познато е тоа дека кај најголемиот дел од авторите, па така и кај мене,
во создадените дела се крие автобиографското на дел од животот, особено кога
се работи за животта, односно за дел од детството или од подоцнежните го ди-
ни. Овде, не ретко, авторот преку ликот во делото ќе посака да го искаже неос-
тва рениот сон, или ќе го опише она за кое мечтае.
Од мое лично искуство, убеден сум дека (ги исклучувам оние автори
кои се задоволиле само со издавање на една или две книги, а потоа престанале
да пишуваат), сонот не завршува со издавањето на првата книга, добиени на-
гради и признанија, а со тоа на одреден начин ќе се стане познат локален ав-
тор, или пошироко. Човечки е да се сонува остварување на желбата во која
се тежнее постигнување повеќе и повеќе успех во литературното творештво,
ис тата постојано да зголемува, односно авторот никогаш да не биде задоволен
од постигнатото, туку да твори сè подобро и подобро. Одовде произлегува дека
со нот во творештвото живее, сè додека е жив авторот.
Што се однесува до мене, како автор, коректно е да се признае да не
биде само сон, ами реалност, моите дела да бидат прифатени од читачката
публика онака како што јас посакувам.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


74


DOBRE TODOROVSKI


THE DREAM BECAME REALITY


I am deeply convinced that there is no author who has never dreamt about
putting his writings on paper, or a book which did not get the epithets of high value
and made its author’s name famous. I believe that in my childhood I dreamt, many
authors dreamt, too, that by adding the stories told by the elders, art values, to publish
in one of the literary genres. As a verification of the stated above, the dream to be a
part of the book, I will list some of my works such as the novel “The grayness of
the walk”, the collection of stories “A thought on the souls” and the prose writings
“Illnesses”, as well as in the texts of my monodramas “Was it by destiny written for
me?” and “Slave glorified shall be”. Therefore, for my readers, as far as the dream
and the dreamt is concerned, their presence in my works is not surprising at all.




^etvrta Rodnokrajan sredba...


75


ПЕТКО ШИПИНКАРОВСКИ


ИСПОВЕД ЗА ЖИВИОТ ДУХ И НЕМИРОТ ВИСТИНИТ


Опсервацијата на денешното мое глаголење е: Соништата како розова
ствар ност во поимувањето и реалноста низ творештвото на авторот или, ис по-
вед за живиот дух и немирот вистинит. За да се започне со дефинирањето на
пред метната метафора, бездруго треба да се изврши членоанализа која би се
сос тоела од: сон, стварност, творештво.


СОН, е поширок оп шт поим на при-
ви денија, или во преносливо значење
прет ска жувања, посакувања или жел би,
кој според поголемиот број мис лители и
теоретичари би прес тавувал живот, сос тој-
ба кога човек спие со својата без мол вена
свест и се состои од мир и спокој. Така
со нот може да се дефинира како голем
и мал сон, состојба кога човекот со ну ва,
и кога сонот пред јавето игра илузорно
прет скажувачко-за слепувачко чувство на
ома ја ност, и длабоко спиење, од носно
сон без соништа. Натака, сонот може да е
мис тично во миграторен чин до степен на
објек тивното и реално (не)остварување,
ка ко и продолжено-пре нос ливо значење
или реинкарнација на сонот за некого не-
достигнат, за друг или трет да биде ос твар-
лив, што значи долгоостварлив.


Тоа значи дека ваквиот пристап кон скалилата на дефиницијата за со-
нот не би бил целосен ако не се даде поширока, посеопфатна анализа. Тоа зна-
чи дека сонувањето не би преставувало сон, само ако човекот е во соновна
сос тојба или, пак, тврдо спиење, сон без соништа. Предмет на расправа овојпат
не е сонот како општ поимм, туку следствено на тоа преточено од стварност,
или како вистинитост, реалност на духот во структуираност и вклопување на
со новата граѓа во јавето.
Број ни се примерите на неостварените соништа како на една цела структура
ет нос или единката како нишка, или како искра во желбата за градба на оп што-
чо вечко, па и духовно добро.
Сонот на една цела структура на етнос, не е ништо друго туку длабок
сон со длабоки скриени (не)остварливи желби: населби, провинции или ре-
гио ни до држави за стекнување на одредени права и слободи. Наспроти ова,
број ни се примерите што речиси да нема човек кој во својата длабока интима
не сонува: краток или долг сон. А тоа значи, краток, кога како предвесник на




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


76


по сакуваниот настан се јавува како личности, предмети, бои и шари, и слично
- дла боко при спиењето, или пред самото будење.
Наспроти краткиот сон, долгиот е долговечен, со исчекување во неиз-
вес носта, престижот и слично.
Најсвеж впечатлив пример на остварувањето на долгиот сон според
ана литичарите е случајот на Барак Обама со изборот за претседател на Сое-
ди нетите Американски Држави, што би претставувало “реинкарнација” или
обновување на посакуваниот сон на познатиот борец за правата на Аме ри кан-
ци те од африканско потекло, Мартин Лутер Кинг, борец за граѓански права. Со
из борот на Обама за претседател, од него тие очекуваа да биде новиот Рузвелт
и нов “New Deal”- нов почеток за Америка, кој на расно, етничкао, религиозно
и економско поле ќе им донесе подобро утре. Таквиот сон на Мартин Лутер
Кинг, со изборот на Обама се оствари, а со тоа сонот за остварување на Кинг
за почна. Но, за жал, Мартин Лутер Кинг не доживеа да го види таквиот сон.
Со атентатот извршен врз него на 4 април 1968 година во градот Мемфис, во
државата Тенеси, неговиот сон остана да живее како завет за неговите след бе-
ни ци во борбата за граѓански права, односно да има пренесувачко мистичко, до
реа листичко остварливо дејствие.
Нескромно е ако во оваа бројаница на истакнати сенародни единки или
првенци нè го сместиме нашето ѕвездено момче, Тоше Проески. Покрај ху-
маниот и културен живот, негова преокупација беше и духовниот храм, по се-
ти те, ритуалите и духовниот вознес.
Сепак, желбата за изградба на црковниот храм Свето Преображение
во Крушево, кај Тоше остана само како негов сон, кој после него го остварија
гра ѓаните на Крушево и на Република Македонија.
СТВАРНОСТ, всушност, е плодот на исфрланото зрно преку ѕидовата
на пукнатина на тврдината преку сонот. Животот дениден такен претставува
жед, сон за дофат, за престиж, или сон во сонот. А тоа значи докажување, по ка-
жу вање моќ, желба за градба и остварување на поголеми ореоли.
Уште со осознавањето, од препознавањето и класификацијата на па-
сии те, занаетите или професиите, човекот мисли дека во животот има одредени
неш та кои треба да се стекнат, кои се благодет за човекот да биде човек: одреден
сте пен на образование кое постојано треба да се надградува, работа според не-
го вото образование, и лични афинитети, општ престиж и наоѓање свое место на
пие десталот, до стекнување на материјална и имотна сигурност и, секако, сето
тоа да се користи на особено задоволство и стекнување на среќно семејство во
среќ на иднина.


Сонот во моето творештво
Исповед за живиот дух и немирот вистинит


Според Библијата, примањето на Живиот Дух, животната сила на чо ве-
кот се кова и се зајачнува уште со самото раѓање и останува во него сè додека
не говото тело е живо.




^etvrta Rodnokrajan sredba...


77


Кај мене, појавните облици на сонот за творештво датираат многу поо-
дам на отколку со појавата и авторството во подоцнежните години од животниот
пат. Зошто? Одговорот, секако, е заснован врз основа на општите социјални со-
стојби при стекнување на знаења во образовниот пат до стекнувањето на ра бот-
ни от однос, и објективни непробојнини во искажување на слободната мисла,
пред сè, од работните обврски и карактерот на работењето, на задолженијата
како општа карактеристика и институционално-државните и административни
доз навки и назнаки.
Искуството низ животниот пат, предизвиците и совладувањето на со-
нот-желба, ги сведувам во контото на, остварливото и неостварливото, не воз-
мож ното нереалното, и покрај тоа што многумина ќе речат дека непостојат не-
реал но неостварливи нешта, иако не секогаш патот човека ќе го носи нè по
не говите - сопствени потреби и желби.
Детските сништа ги доживувам повеќе како фантазија до инкарнација
на духот, односно сништа со реалистички и втемелувачка основа за градба,
виза-ви сон предвесник за искачување како дострел во височината.
Но, моето зацентрирање за сонот во творечката мисла го нагласувам и
како имагинација, што, секако, овде, станува збор за имагинарното како прет-
чув ство во реалното, било тоа да е преминување на сликите од сон во стварноста
по будењето и будноста во блаженствените мигови, или, сонот да е облик на
пред весник на навалата на црнила, мигови на тага и патила, што е составен дел
од животниот пат на човекот: раѓање, живот, и смрт. Но, како употреблива вред-
ност и како претсказание или како мистична јавка, сонот наоѓа своја поткрепа
во реката настани на творевината или граѓата како скелет.
Згора на тоа, поделбата ја темелам како упитница на самата постановка
и опстој, во и крајот на животниот пат:
- Раѓањето на човечкото битие го доживуваме како нешто возвишено за
ро дителот и семејството- репродукција, продолжување на кодот семеен.
- Животот и животниот пат и патоказот на сонот во остварливата граѓа,
и
- Смртта како гаснење на духот, и враќање на телото на човекот во зем-
ји ната утроба.
“…Ете го сонва татка кој во сонот беше си дошол, Марко, та земаше
збо гум со мене: ,,Ае Маро, су’ чул ќе го менваш врталиштето, ми вели, ама Ма-
ро и мене да ме корниш, и моето да го свииш таму, таму да ме сајдисаш, на, на
вековнината моа”- е дел од сонот како казание во моето творештво, како при-
мер кога на Мара и се сонува пред да им дојде помислата со нејзиниот Марко
дека ќе го напуштат селото и засекогаш ќе мигрираат во градот.1


“Со песната на првите петли, неа веќе ја потисна сонот. Нешто, пред
из грејсонце, таа се тргна. Стана присетувајќи се на сонот.
Чекореше Стојна по макадамскиот пат под селото покрај дрвениот
мост. И некој силен татнеж ‹ доаѓаше по течението на реката. Силна матежина
ги заплиснуваше речните брегови, носејќи купишта ѓубре… искршени греди и


1 Петра, роман, самостојно издание, 2004




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


78


гранки, а високо над неа беше се намуртило времето и некоја црна черга пли-
ва ше по нечистото небо од сивите облаци кои надвиснале како некаква црна
сне жна планина која само што не се урнала. Под тешкиот удар на разулавената
ре ка се стресе мостот и од неговата лева страна се слушна кршење на големите
гре ди- носачи, а и потпорите пливаа кон неа. Стојна го сврте погледот кон ви-
со ката карпа на која го виде св. Илија. Немо ја гледаше тој во немилоста во
која таа се најде. Со двете раце ги зграпчи пармаците од мостот кој веќе беше
трг нал во неврат. Дел од неговиот скелет удри во брегот. Со чипчење, таа успеа
да зграби една вејка од жалната врба, која со својата крошна натежнала кон ре-
ка та, а таа со раскрвавените прсти успеа да ја зграби и да се дофати до брегот.
Нок тите ‹ се кршеа заринати по ближната земја во матежината по брегот на
ре ката. Со подвлекување, се смушна таа на сувата трева и се сви во ластарите
од свенатите капини. Реката целосно спласна. Надојде некоја вода, а застрелот
на зраците на острото октомвриско сонце кое беше ги растерало облаците, ‹ ја
топ леше душата. Високо над неа, таа го забележа Андон, кој ‹ подаде топла
на метка и ‹ ја пружи десната рака. Го погледна во неговите бистри очи и му ја
по даде раката.
– Ајде, јас сум Господ спасител твој, ајде, те носам дома, мила! – ‹ рече
Ан дон во сонот.
Таа стана. Од нејзиниот розов фустан се цедеше порој вода, која се
прелеваше во бистрина, а од сончевите зраци, за час фустанчето беше про вев-
ливо – се вееше”*, - е сон-претчувство во длабоката Стојнина интима за неј зи-
но то животно кршење на радостите, болките и тагата.




^etvrta Rodnokrajan sredba...


79


PETKO SIPINKAROVSKI


CONFESSION ABOUT THE LIVE SPIRIT AND THE TRUE
UNREST


I had my dreams far in the past, but they had an influence on my literary
work later when I started publishing my works. Why it is so? The answer lies in
the general social conditions, my education and later the work experience. My life
experience and the fulfillment of the dream-wishes I take as realizable or unrealizable,
the possible and the impossible unreal, in spite of some opinions that there are no
unrealizable things in life. The life path often is not following our will, our needs and
desires. My childish dreams I experience more as a fantasy leading to incarnation of
the spirit, they are dreams with real and core foundation ready for building up, visa
–vi a dream herald of climbing up as an achievement in height.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


80


СОДРЖИНА


ЧЕТВРТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА НА БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА ......................................................................................5


ВЕРА СТОЈЧЕВСКА - АНТИЌ
МЕЃУ СОНОТ И ЈАВЕТО..................................................................................................7


D-r VERA STOJCEVSKA ANTIK
BETWEEN DREAM AND REALITY..............................................................................10


ДИМИТАР А. БОГДАНОВСКИ
ОД СОНОТ И ЗА СОНОТ ВО МОЕТО ТВОРЕШТВО................................................11


DIMITAR A. BOGDANOVSKI
FROM THE DREAM ABOUT MY DREAM...................................................................14


БЛАГОЈА БРАЈАНОВСКИ
ДВЕТЕ ФАЗИ НА МОЈОТ СОН КАКО СТВАРНОСТ ВО МОЕТО ТВОРЕШТВО..15


BLAGOJA BRAJANOVSKI
TWO PHASES OF MY DREAM AS A REALITY IN MY LITERARY WORK..........17


ПЕТРЕ ДИМОВСКИ
ВО ЈАВЕТО СОН И ВО СОНОТ ЈАВЕ..........................................................................18


PETRE DIMOVSKI
THE DREAM IN THE REALITY AND THE REALITY IN THE DREAM................22


Д-Р ЦАНЕ ЗДРАВКОВСКИ
НЕДОСОНУВАН СОН....................................................................................................23


D-R CANE ZDRAVKOVSKI
UNFINISHED DREAM......................................................................................................26


ВЛАДИМИР КОСТОВ
СЛОБОДА НА КРИТИКАТА И КРИТИКА НА СЛОБОДАТА................................27


VLADIMIR KOSTOV
FREEDOM OF CRITIC AND CRITIC ON THE FREEDOM......................................30


НИКОЛА КОЧОВСКИ
СОНОТ ВО МОЕТО ПИШУВАЊЕ................................................................................31




^etvrta Rodnokrajan sredba...


81


NIKOLA KOCOVSKI
THE DREAM IN MY WRITING......................................................................................36


ПАНДЕ МАНОЈЛОВ
СОНОТ КАКО ПРОКОБА ВО МОЕТО ТВОРЕШТВО...............................................37


PANDE MANOJLOV
THE DREAM AS A CURSE IN MY LITERARY WORK..............................................39


САЊА МУЧКАЈЕВА ВИДАНОВСКА
СОНУВАВ ЗА ЗАШТИТАТА ПРОТИВ ОД ЗАВИСНОСТА ОД ДРОГАТА..............40


SANJA MUCKAJEVA VIDANOVSKA
I DREAMT ABOUT PROTECTION AGAINST THE DRUG ADDICTION............43


Д-р ЃОРЃИЈА НАЈДОВСКИ
СОНОТ КАКО ТВОРЕЧКА ПРОВОКАЦИЈА............................................................44


D-R GORGIJA NAJDOVSKI
THE DREAM AS A CREATIVE PROVOCATION.......................................................47


КИРЕ НЕДЕЛКОВСКИ
СОНУВАЊЕ И СО ОТВОРЕНИ ОЧИ...........................................................................48


KIRE NEDELKOVSKI
DREAMING WITH OPEN EYES, TOO..........................................................................52


ХРИСТО ПЕТРЕСКИ
СОНОТ КАКО (НЕ)ОСТВАРЕНА ЖЕЛБА И ИНСПИРАЦИЈА...............................53


HRISTO PETRESKI
THE DREAM AS AN (UN) REALIZED WISH AND INSPIRATION..........................55


ВАНЧО ПОЛАЗАРЕВСКИ
ПИШУВАЈЌИ СОНУВАМ СО ДЕЦАТА ЗАЕДНО ЗА ДЕТЕТО ВО МЕНЕ...............56


VANCO POLAZAREVSKI
WHILE WRITING I AM DREAMING TOGETHER WITH THE CHILDREN
ABOUT THE CHILD IN MY SELF..................................................................................60


ЃОРЃИ ПРЧКОВ
СУМ СОНУВАЛ ЈАВЕ И ТРЕЗЕН..................................................................................61


GORGI PRCKOV
WHEN SOBER IN REALITY I DREAMT......................................................................67


БОГОЈА ТАНЕВСКИ
ИМАГИНАРНИ И РЕАЛНИ СОНОВИ........................................................................68




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


82


BOGOJA TANEVSKI
IMAGINARY AND REAL DREAMS...............................................................................71


ДОБРЕ ТОДОРОВСКИ
СОНОТ ПРЕТВОРЕН ВО СТВАРНОСТ.......................................................................72


DOBRE TODOROVSKI
THE DREAM BECAME REALITY.................................................................................74


ПЕТКО ШИПИНКАРОВСКИ
ИСПОВЕД ЗА ЖИВИОТ ДУХ И НЕМИРОТ ВИСТИНИТ........................................75


PETKO SIPINKAROVSKI
CONFESSION ABOUT THE LIVE SPIRIT AND THE TRUE UNREST....................79




^etvrta Rodnokrajan sredba...


83


ЧЕТВРТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА


Издава
Националната установа – Универзитетска библиотека


„Св. Климент Охридски“ Битола,
ул. Ленинова бр. 39, Битола


Организациски одбор
Науме Ѓоргиевски


Николче Вељановски
Владимир Костов
Јоланда Бошевска


Превод и резимеа на англиски јазик
Николче Вељановски


Лектура
Ивана Коцевска


Печати
АКАДЕМСКИ ПЕЧАТ – Скопје


Тираж
200 примероци