ШЕСНАЕСЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ ВО МАКЕДОНИЈА
Зборник на излагања,
Тркалезна маса, Битола 27 октомври 2021 година
National Institution – University Library
„St Kliment Ohridski“ Bitola
SIXTEENTH HOMELAND MEETING
OF THE BITOLA WRITERS
IN MACEDONIA
Collection of presentations,
Round table, Bitola October 27, 2021
Bitola 2021
Национална установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола
ШЕСНАЕСЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА
СО БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ
ВО МАКЕДОНИЈА
Зборник на излагања,
Тркалезна маса, Битола 27 октомври 2021 година
Битола 2021
Издава
Националната установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ Битола, ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39, Битола
За издавачот
м-р Бојан Стефановски
Издавачки совет
м-р Јелена Петровска
д-р Николче Вељановски
Академик Владимир Костов
Главен и одговорен уредник
д-р Николче Вељановски
CIP - Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека
"Св. Климент Охридски", Скопје
821.163.3(082)
РОДНОКРАЈНА средба со битолските писатели во Македонија (Шестнаесетта ;
2021 ; Битола)
Шеснаесетта роднокрајна средба со битолските писатели во Македонија
: зборник на излагања, Тркалезна маса, Битола 27 октомври 2021 година /
[главен и одговорен уредник Николче Вељановски ; превод на резимеа на
англиски јазик Николче Вељановски]. - Битола : Национална установа -
Универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски"- Битола, 2021. - 80
стр. : илустр. ; 24 см
Текст напоредно на македонски и англиски јазик. - На наспор. насл. стр.:
Sixteenth homeland meeting of the Bitola writers in Macedonia :
collection of presentations, Round table, Bitola October 27, 2021
ISBN 978-608-4538-95-0
а) Македонска книжевност - Зборници
COBISS.MK-ID 55379461
Тел.: 047/220–208; факс: 220–515; тел. изд. 232–999;
e–mail: nuub@nuub.mk • www.nuub.mk
5
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
16. РОДНОКРАЈНА СРЕДБА
Приредил д-р Николче Вељановски, библиотекар советник
Традиционалната 16. Роднокрајна средба на битолските писатели
во Македонија се одржа на 27.10.2021 г. во читалната на Роднокрајното
одделение. Темата на Тркалезната маса беше: „Пишувањето – комуни-
кација со моето небо и другите“.
На темата одговорија 12 писатели: Академик Владимир Костов
(отсутен), проф. д-р Христо Петрески (отсутен), Добре Тодоровски, Ака-
демик Зоран Пејковски, Петре Димовски (отсутен), Ѓорѓи Прчков (отсу-
тен), Љубе Митрејчевски, Сања Мучкајева–Видановска, Весна Мундишев-
ска–Вељановска, Илче Стојановски, Јован Ѓуровски (отсутен), Биљана
Т. Димко (отсутна) и активно присутен Никола Илијовски.
Откако присутните му одадоа почест на починатиот битолски писа-
тел, поет и новинар Панде Манојлов со едноминутно молчење, поздравен
збор имаше директорот на Библиотеката м-р Бојан Стефановски.
6
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Во поканата до писателите, како и секогаш, организаторот и моде-
ратор на Тркалезната маса, д-р Николче Вељановски им даде насоки во
поглед на темата:
Кога се спомне зборот писател, се мисли на оние меѓу луѓето кои
се чувствителни души и во комуникација со својата душа и ги иска-
жуваат своите емотивни изблици на еден уметнички начин со стил
својствен за секој писател. Преку стилот во делата ги препознаваме
писателите од целиот свет. Пишувањето е зависност, споредена со
јадењето, пиењето... итн. Од мое лично искуство со писателите околу
мене, за повеќето, пишувањето е живот, пишувањето е леб и вода
кои го заситуваат авторот и му ја гасат жедта. Без да пишуваат не
можат да издржат многу денови. Ако речеме дека секој жив органи-
зам во основа постои благодарение на љубовта од Бога и сопствената
љубов за себе и другите, тогаш и пишувањето за овие луѓе претста-
вува љубов кон себе и кон другите. Пишувањето ги одржува во живот.
За разлика од зависностите од алкохолот и дрогата кои го одземаат
животот, зависноста од пишувањето, за нив, значи живот и продол-
жување на животот, па, се до постигнување на бесмртност.
Човекот кој не завлегол во писателскиот свет, мисли дека пишу-
вањето е само хоби, или професија на писателот. Но, сепак, целта
на оваа тема е секој писател да си каже за себе низ какви се „маки“
минува во текот на создавањето на делото, односно, од инспирацијата
до неговото осмислување, подготовка, заплет расплет порака и сл.
Всушност, ние како читатели би сакале да слушнеме како „страда“
писателот и кога не му доаѓа инспирација, или кога треба на чита-
телот да му соопшти за некаква трагедија, а истовремено да изнајде
и соодветни зборови за неа. Исто така, и кога е во радост, или здрав-
ствен проблем. Во едно од делата на писателот Венко Андоновски
имам прочитано, парафразирам: Често во делото пред читателот
треба да останам доследен на мојот стил и започнатото, зашто чита-
телот не го интересира што се случува со мене во истиот тој момент
на создавање на делото, дали јас плачам заради несреќа што ме заде-
сила ... и тн. Писателот е тој што комуникацијата меѓу сопствената
душа и другите ја изразува преку објавеното дело и скоро никогаш
читателот, доколку не е близок пријател со него, не знае кога и како
страда, или се радува неговата осетлива душа. Писателот Владимир
Костов кој себеси, пред светот, се претставува како интелектуален
„амал“ и Сизиф, за своето дело „Учителот“ кое доживеа 5–то препра-
7
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
вено и дополнето издание, ќе ми рече ‘ толку многу ме измачува ова
дело‘. А за неговата „Паркинсонова болест“, сите овие години, и да не
зборуваме. Би спомнал уште еден парафразиран цитат на роднокраен
автор: ‘пишувам и покрај тоа што студот и болката во крстот како
анаконда ми ја стегаат половината’... Секако дека во некои од вашите
дела, од време на време, сте искажувале по некоја мака, болка или
радост, а вие поетите преку вашите обоени неба, птицоврици или
крици, врани, гаврани, вишни – марели или мрачно небо сте збору-
вале за својот, или животот на блиските, односно другите.
Во Зборникот се претставени сите 12 текстови со резимеа на англи-
ски јазик, во превод на д-р Николче Вељановски. На крајот има и додаток
со текстови кои досега не беа во практика.
8
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Христо Петрески
НЕБО
Сосема е погрешно дека едно е небото
И дека сите луѓе го гледаат на различен начин
Зашто секој човек во секој нов миг си има по едно ново небо
И истото не го гледа(л) ни пред тоа ни потоа ни Конески ни Рацин.
Едно ли е небото над Растојца Битола Белград Скопје
За банкарите во позлатени кочии и домородците со дрвено копје
И за жал човекот е сведок како Исус на сопственото распетие
Па каде ли побрзо да летне во само едно кратко столетие?!
Не е никогаш небото едно и исто и не е секогаш матно или чисто
Ниту кога со скочанет врат гледаме што кога каде и како ќе ни падне врз
глава
Ниту кога алуминиумската забревтана птица е високо над облаците
Ниту кога на градите ни светат на ордените зраците во знак на вечна слава
Небото се зениците на своите две темни или светли очи
Кои секогаш гледаат напред и се алчни и гладни како бездна
Небото е секогаш отворено и празно за луѓето без почин
И за птиците кои летаат без крилја и немаат трајни гнезда!!!
9
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
Hristo Petreski
SKY
It is completely wrong that heaven is only one
And that all people see it differently
Because every person, in every new moment has sky anew
And neither Koneski nor Racin have seen the same before or after.
Is the sky above Rastojca, Bitola, Belgrade, Skopje one and the same
For the bankers in gilded chariots and the natives with wooden spears
And unfortunately man is a witness like Jesus to his own crucifixion
So, where can he fly faster in just one short century?!
The sky is never the same and it is not always cloudy or clear
Not even when we expect with a stiffened neck
what when and where and how will fall on our head
Not even when the aluminum bird is flying high above the clouds
Not even when the rays of the medals shine on our chests as a sign of
eternal glory
The sky is the pupil of its two dark or light eyes
Who always look ahead and are greedy and hungry like an abyss
The sky is always open and empty for those who never rest
And for the birds that fly without wings and do not have permanent
nests!!!
10
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Биљана Т. Димко
ПОЗИТИВНИОТ ЕГОИЗАМ КАКО ОСОБИНА
НА ИДНИНАТА
Пред, да продолжам со
пишување на овој текст, којшто
го насловив „Позитивниот его-
изам како особина на идината“,
сакам да му кажам на читате-
лот, дека овој свет, ова постоење
единствено можам да го толку-
вам и да го живеам мојов живот
само во насока на книжевноста,
за останатото сум некадарна.
Пандемијата, според мене, иако многумина, сега, би ме распнале,
е најдоброто нешто што можеше да му се случи на светов – глобално.
Потребно беше некакво будење, некоја осама на човекот, библиски –
одвојување на каколот од пченицата. За жал, изгубив многу мили луѓе
од моето тесно семејство, нека им е лесен патот кон светлоста, изгубив и
многу пријатели за кои мислев дека ми се пријатели. Ми се потврди тезата
дека животот е непредвидлив.
Човекот како индивидуа е приморан да се осами и да погледне дла-
боко во себе и длабоко да ги преиспита своите потреби, цели, недоста-
тоци и доблести – својот живот.
Позитивниот егоизам од општествена гледна точка е свртен кон
сеопштиот развој на индивидуата нешто слично ко Натчовекот на Ниче,
човекот во својот целокупен живот се стреми да биде најдобрата верзија
од себеси, постојано работи на истакнување на своите позитивни осо-
бини, без притоа да загрозува нечиј друг живот.
Пишувањето како занает, мајсторисувањето на зборот – е исклу-
чително дисциплинска дејност, затоа што писателот/поетот/ творецот е
човечко натурално битие со вообичаени нагони и потреби, но неговата
11
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
внатрешна средина видно се разликува од останатиот свет, тој е примо-
ран да се прилагоди на својот неуспех/болка/тага да ја припитоми, да
го возљуби страданието и по алхемиски пат да ја издвојува победата на
љубовта, па и во случај на материјален крај – смрт. Не очекувам да ме
разберете, ако сакате прочитајте некој мој ракопис, можеби ќе открите
за што пишувам.
Пишувањето е физичка активност, крај на ментална слика. Не му е
дадено на секој да пишува, некој е предодреден за ова, некој за она, битно
е секој да си ја открие својата конфигурација во ова постоење, некако ми
се чини како усло за среќа.
Живеам во градот на културата, но за жал, одамна овој епитет ко
некој/нешто да го изел. Дипломирав на темата „Човекот како преокупа-
ција во прозата на Владимир Костов“, дипломската работа ја подготву-
вав најмалку шест месеци, без скоро никаков помошен пишан материјал.
В. Костов има значајно место во македонската современа книжевност,
Битола има човек кој треба да биде не само како хроничар на Битола, тој
е езотеричар на македонското постоење, на битолскиот градско–рурален
менталитет, тој со романтичарски пристап отсликува гол реализам кој
читајќи, читателот го учи да страда и да верува во исто време.
Јас претпоставувам дека сум интуитивен писател. Не верувам во
случајности, најверојатно постојам за да оправдам некој или нешто, го
запишувам само она коеме води кон таа цел, не знам дали ќе го довршам
моето дело.
„Ми рече“
Ми рече:
,,Оди спиј, во сонот е реалноста.“
Секоја вечер медикаментозно
и пријдувам на мојата несоница
за да поживеам.
Ми рече,
,,Ако нешто те боли, радувај се, те учам да бидеш силна“.
С` ме боли. Не прекина да ме кошкаш по рабовите на постоењето,
научив да ги читам во ѕвездите, ти ми си дијагонално од срцето.
Ми рече:
,,Никогаш нема да те напуштам.“
Веројатно сме запишани на различни факултети во ова постоење,
јас учам да копам, ти учиш да леташ,
за да се допреме треба да се спои моето дно со твојата височина.
12
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Го цитирам Киркегор со метриката на Есенин,
има ли век изминато, а да не е претходно вдлабен во стих?
,,Нема!“ – ми рече.
Амин.
Позитивниот егоизам му е неопходен на уметникот за да може да ја
слушне вревата во неговата глава, за да може да го изурла мирот што му
се заробил во градите за да изнедри создание, пристапот е секогаш разли-
чен варира од висок хедонизам до краен аскетизам, но суштината е иста.
Егоизмот условен од индивидуализмот е потребен за напредок на светот,
додека колективната свест е подложна на постојан тренинг.
Biljana T. Dimko
POSITIVE EGOISM AS A FEATURE OF THE FUTURE
Man as an individual is forced to be alone and to look deep inside himself
and deeply examine his needs, goals, weaknesses and virtues – his life.
Positive egoism from a social point of view is directed towards the general
development of the individual, alike the Nietzsche‘s Overman, the man during
his whole life strives to be the best version of himself, constantly working on
emphasizing his positive qualities, without endangering someone else‘s life.
Writing as a craft, mastering the word – is an extremely disciplinary
activity, because the writer / poet / creator is a human natural being with
common instincts and needs, but his inner environment is significantly
different from the rest of the world. He is forced to adapt to his failure / pain /
sorrow, to tame them, to love the suffering and to highlight the victory of love
in the way of Alchemy, even in case of a physical end – death.
13
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
Весна Мундишевска–Велјановска
ИСПИСИ НА НЕБОТО НА ВОЗНЕСОТ
„Не гибајте ми во рајот
зашто Сонцето
ќе ми го вознемирите
па ќе земе место в небо
в земја изгревот
да го фрла.
Затоа не земајте ми го милото
штом видите в бескрај
прегратка кај шири
зашто само љубува проѕирното
„Мое небо“
да слушне.
Оставете ме во рајот
низ дождот виножита
да чекам
на колена да им седнам
и заедно утра да гледаме
водата кај раѓа.“ („Восклик“, книга „Во сонот сон“, изд. Книжевна
младина на Македонија, Скопје, 1994 г., стр. 42)
14
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Ја поставив оваа песна (последна песна од мојата прва книга пое-
зија) наместо вовед затоа што е полна со чувства кои во комуникацијата
со читателот многуслојно ги досегаат авторовите (човечките) усилби
за спокојство во кои молитвеното шепотење го насочува својот досег во
рајот кој се доживува и како рај на земјата (волшепство на секојдневието
вжилено во тлото, секојдневие полно со сонца и бури, односно радости и
немири), но и како рај на небесата (многубојно прочистување во изгре-
вот на среќата на новото утре, односно вонтелесно постоење на напате-
ната душа која стреми кон воздигнување и кон свое успокоение).
Секој писателски запис е всушност испис на небото на вознесот.
Истовремено постоење во земјината реалност и во паралелата на нејзи-
ната вонвременска релативност. Ослик во огледалото на биднината и чув-
ствена достижност на бесмртната трајност.
Писателското небо е како кружница, истовремено е и почеток и
крај, пеколно бојно поле или благодатен рај, тоа е и извор и утока, час
урагански немир, час благословен мир.
Секој писател има свое небо – небо на спокојот, на восхитот, на
мирот, но и небо на тегобите, потиштеноста и немирот. Небо кое ги
собира сончевите зраци за да ги мултиплицира во своите конаци, небо
во чија проѕирност се втопува и сончевата грамадност, но и небо чија
мрачнина солзи во дождови чии сливови вријат како вулкани или, пак, ја
плакнат душата со виножитни изливи.
Во полидимензионалниот простор на сеопштото суштествување,
човекот е вцртаната нормална отсечка или дрвото на животот кое ја
крепи паралелноста на рамнината на вкоренетата земска опстојба и рам-
нината распослана како атрактивна дестинација на плотната на разгра-
нетата имагинативност на нашиот желбен восклик.
Наспроти востановените правила на геометријата, паралелата на
комплексноста на човековото бидување и паралелата на неговото поса-
кување или, конечно – битисување, имаат не една туку безброј допирни
точки кои животворно пулсираат и во засебните светови на тие две прави
и во меѓупросторот на нивната колизија.
Таквата поставка на објектите моделира небесна сфера концен-
трична на Биднината, сфера чиј привид се врти на Човекот–оска. Во
координатниот систем на небесните хемисфери нема фиксни позиции на
јаството кое е во постојано движење менувајќи ги своите позиции и одред-
ници. Непредвидливата предвидливост на правците на случувањата на
15
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
катаденот, ја дефинира колоритноста на нашата недефинирана постојба
на ѕвездениот глобус на слободоумот.
Гледиштето на таквиот човек–набљудувач ја поместува неговата
позиција во човек–креатор (во нашиот случај – поет/ писател), во задви-
жувач на можности, во генератор на семожности. За таквиот инспириран
иницијатор безбојноста на воздухот дише во нијансираноста на акварелот
на сите видливи и невидливи бои, неуморно трагајќи по нови перцепции
на брановите должини на спектарот. Филтерот, пак, на човековото око,
во хоризонтот на чистината на релативно задоволувачкото јаве небото
го доживува како сино (јасно, чисто) или како сиво (темно) во услови на
фактичка и духовна загаденост на воздухот, но сензациите на чувствено-
ста го доживуваат и потаму од рамката на видливото поместувајќи го во
космичкиот недоглед, отаде сонот и посакувањето.
Амбицијата за достигнување на повисоките сфери на живеењето
и остварување на мисловноста и просветленоста, во транзитивноста на
елементите јас – стремеж // стремеж – Небо, ги собира поларизираните
човекозраци во оптичката призма на свесноста рекомпонирајќи бела
светлина во чија полихроматска сложенка резултантата на сонцесјајот е:
јас – Небо.
Затоа, нека биде – Небо, нека биде – Мое Небо... Нека биде – Небо
на вознесот!
16
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Vesna Mundishevska–Veljanovska
ASCENSION PRINTS IN THE SKY
Every writer‘s record is in fact an ascension print in the sky. Simultaneous
existence in the earthly reality and in the parallel of its timeless relativity. A
reflection in the mirror of the existence and sensual attainment of the immortal
permanence. The writer‘s sky is like a circle, it is at the same time the beginning
and the end, a hellish battlefield or a paradise of grace, it is also a source and a
collector, a moment of hurricane unrest, a moment of blessed peace.
Every writer has his own sky – a sky of peace and admiration, but also
a sky of sorrows, depression and unrest. A sky that collects the sun‘s rays to
multiply them in its lodgings, a sky in the transparency of which the solar heat
is melted, but also a sky whose darkness tears in rains of watersheds boiling
like volcanoes, on one side, also, rinsing the soul with rainbow eruptions, on
the other side.
The point of view of the man–observer shifts his position into a man–
creator (in our case – a poet / writer), into a mover of possibilities, into a
generator of omnipotence. For such an inspired initiator, the colourlessness
of the air breathes in the tint of watercolor of all visible and invisible colours,
tirelessly searching for new perceptions of the wavelengths of the spectrum.
The filter of the human eye, on the other hand, in the horizon of the purity
of the relatively satisfactory reality, perceives the sky as blue (vivid, clear)
or as gray (dark) in conditions of actual and spiritual air pollution, but the
sensations of feelings experience it even further, moving it from the frame of
the visible to the cosmic infinity, beyond dream and desire.
„Do not disturb my heavens
because you will
upset the Sun,
so instead to my heavens
its sunrise to the earth
will throw.
So do not take my darling
as soon as you see in infinity
17
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
hug at spread,
because „My transparent heaven“
loves to hear
only,
Leave me in paradise
through the rain of rainbows
to wait
to sit on their knees
watching the dawns together
the water which gives birth.“
18
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Добре Тодоровски
КНИГАТА МЕЃУ НАС
Намерно го одбрав нас-
ловот кој треба да асоцира на
некаква оделност, едно од друго,
или спротивно од ова, да е одне-
сува на блискост, поврзаност, не
директна, ами индиректна. Може
да се толкува и по една и по друга
линија.
Во време на супер кому-
никација меѓу луѓето во светот,
сепак пишувањето (заедно со
останатите уметности) остана
како своевиден феномен преку
кој се испраќаат пораки за мина-
тото, се отсликува сегашноста
и се замислува иднината. Тоа не е еден збор, добиен сигнал, прекинат
телефонски разговор, ами остава трага како потсетник на едно време и
човечко битисување.
Токму затоа, една од дилемите кои често се јавуваат кај писателот
е таа, за која тема треба да се определи. Односно тематика која ќе ја раз-
работува и која би побудила интерес кај читачката публика. Знајно е тоа
дека секој автор трага по ексклузивитет. Тема која не е обработена, или
тема за која ретко се пишувало. Овде,како поткрепа на кажаното ги посо-
чувам романите ,, Последниот монах“ и „Сестра Касијана“,како теми со
духовен карактер се предадени во романескно искажување. Тоа, како што
истакна критиката, раритет во македонската книжнина.
Модераторот на роднокрајната средба е добро упатен во работата
на авторите, што вклучува идеа, подготовка, создавање, па с` до финал-
ниот производ, книгата, при што посочува на фанатизам во пишувањето,
19
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
односно зависност од пишување. Се знае дека е сосем нормално да се јави
зависност во творештвото, како и во другите уметнички правци: сликар-
ството, копаничарството, актерството, музиката и тн.) Од лично искуство
велам, јас веќе без книгата и пишувањето не можам. Тоа е логична, па с`
си мислам и природна последица после толку време дружење со книгата
и по толку создадени дела. Ако кажам поинаку би бил некоректен и ретко
кој би ми поверувал. За вредноста, квалитетот и значењето не се диску-
тира.
Што се однесува до периодот кога се завршил еден ракопис, а не се
почнал друг, се трага по тема. Тогаш се чини маката на авторот е најго-
лема. Додуша, маката е постојана и секојдневна, верувам кај сите кога
ќе останат без инспирација, без идеја, ненајдена тема. Ете тогаш, во тој
временски интервал, меѓупростор, без разлика колку е голем, се чини
писателот чувствува страв да се остави моливот, да не ја фати прашина
хартијата, да не остинат. И пак ќе речем, со сигурност ова се однесува за
сите кои станале зависници од творењето.
Што се однесува до создавањето на делото, секој за себе ја замислува
својата писателска работилница. Знам дека има писатели кои откако ќе
го напишат текстот се навраќаат само еднаш, или ниеднаш, препуштајќи
му го делото на лекторот и рецензентот. Во почетокот и јас почнав на тој
начин, но ете, имав среќа да соработувам со повозрасни колеги писатели
кои ме тераа да се навратам на содржината, повторно да ја прегледам
како би ги увидел грешките. Тогаш, сакал или не, доаѓа до корекција на
текстот, се менуваат реченици, пасуси, па дури и ликовите и на крајот се
појавува видnо изменета содржина.
Ми стана навика, по неколку пати да го препрочитам и корегирам
цел текст. Ова особено се однесува на последните романи кои се поо-
бемни. Ќе се сложите тоа не е мала работа. За сето тоа треба време, место
услови за работа и трпение, но преку с` се преоѓа од големата љубов кон
напишаното.
Овде би спомнал и затоа, кога се работи за роман со духовна тема-
тика. Е тогаш навистина треба да се води сметка за тоа што се пишува,
зашто секој погрешно протолкуван збор со себе повлекува непријатности.
Се работи за осетлива тематика која расправа за чувствата на луѓето како
Богослужители, кои својот живот го посветиле во молитва и служба на
црквата, единствена поврзанот со Бога.
Значи, откако ќе се избере темата, неминовно се трага и се соби-
раат сознанија и податоци. Пракса ми е, с` што ќе слушнам, видам и
20
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
дознаам да забележам како мал синопсис кој ќе биде дел од мозаикот на
содржината. Содржината ја пишувам рачно, ја пренесувам на хартија, во
тетратка. Необјасниво е задоволството кога се гледа како се полнат стра-
ниците една по една, се здебелува текстот. Потоа, ја отчукувам на компју-
тер и ја вадам во тврда форма. Отпосле ракописот го препрочитувам при
што менувам зборови, реченици, цели делови и глави. Ги дооформувам
ликовите, заедно со дигресивните моменти поврзани со темата. Тоа е таа
практика која ја практикувам за секое дело.
Никогаш не сум се оптеретувал со обемот на книгата и нејзината
содржина. Оставам да тече мислата, па до каде ќе стигне нека се стигне.
Важно е да се оформи делото, а јас да бидам задоволен. Работам онака
како што сум замислил, така и ќе продолжам. Тешко е, но нема мера на
задоволството, особено кога ќе се држи во раката финалниот производ –
книгата.
Знам дека некои од писателите пишуваат директно на компјутер,
така и корегираат и лекторираат. Ми се чини испуштаат огромно задо-
волство да остават мастилена трага од текстот и нивниот ракопис. Токму
таму може да се види „кршењето“ на авторот, маките писателски, да се
види кога му одело како подмачкано и кога имал застој и закочена мисла
која не течела како што се посакува.
Познато е секој писател во делата внесува и своја автобиографија,
кога помалку кога повеќе. Читајќи ја книгата ќе се забележат разни форми
на искажување, како на пример: ако делото е со хумористична содржина,
кај читателот се створа претстава дека се работи за писател со ведар лик,
ако е тажна и го доведува во тревожна состојба, значи и писателот додека
пишувал бил тажен, или искажува своја мака, своја болештина, ако е во
прашање љубовен чин, тогаш и тој љубел, се смеел, плачел и тн.
Се водам од тоа сиот емотивен наплив што повремено низ збор да
го пренесам, затоа што сметам тогаш сум го постигнал ефектот. Настоју-
вам да бидам непосреден, да го зачувам стилот и нарацијата во прозното
искажување, додека психолошката мотивација на ликот ја поистоветувам
со мене.
Во секој случај читателот одлучува да прочита интересно дело и
донесе свој суд за писателот и книгата. Него нема да го интересира како
и кога е напишано во кои услови, здравствена и психичка состојба, родна
или неродна писателска година.
21
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
Dobre Todorovski
THE BOOK AMONG US
In an age of super communication of the people in the world, writing
(along with other arts) has remained a kind of phenomenon and a means by
which messages about the past are being sent, the present is reflected and
the future is imagined. It is not only a word, a received signal, an interrupted
telephone conversation, but it is a whole trace as a reminder of one period of
time of the human existence.
That’s why one of the dilemmas that often arises in the writer is in
deciding which topic to choose i.e., a topic that will be developed and that
would arouse interest among the readers. It is well known that every author
seeks exclusivity. A topic that has not yet been elaborated, or a topic that has
rarely been written about. Here, as a support to what has been said, I point out
the novels „The Last Monk“ and „Sister Cassiana“, as topics with a spiritual
character narrated with a novelistic expression. As the critics pointed out, ‘…
is a rarity in the Macedonian literature’.
In the period when one manuscript is completed and another is not yet
started, a new topic had been searched for. This period seems to be the author‘s
greatest trouble. Trully, the pain is constant, I believe in every writer who is
left without inspiration, without an idea. In that time interval, no matter how
big, the writer seems to be afraid to leave the pencil, so that the paper would
not catch the dust. And I will say again, for sure this applies to all who have
become addicted to creation.
It is known that every writer includes parts of his autobiography in his
works. Reading the book, you will notice various forms of expression, such as:
if the work has a humorous content, the reader gets the impression that the
writer was in a cheerful mood while writing it, and if the sad content brings
him into a state of anxiety, it could mean the writer was in a sad mood, maybe
because of his pain, or his illness. If he had described an act of love, then he
might have loved, laughed, cried, also, and so on.
22
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Ѓорѓи Прчков
ПИШУВАЊЕТО – КОМУНИКАЦИЈА СО МОИТЕ
ЛИКОВИ И НАСТАНИ
Некој умен човек многу
одамна рекол: „Во писател-
ството, убаво обработена и
напишана лага е подобра од
лошо напишана vистина“.
Неподнесувајќи ја лагата, отто-
гаш јас како писател свесно се
одредив да ја пишувам висти-
ната. Бев при чиста свест, ум и
разум за ризикот што го зедов
врз себе зашто вистината е
голем товар, посебно за оние
со нечиста совест. Загледан во
моливчето, мало и истапено, на горниот крај изгрицкано, зашто додека
размислував вистната да ја откријам, помеѓу забите го стискав, небаре
од него чекав наплив од убави мисли. Косата си ја кубев и на масата
тустињата ги положував, само до вистината да дојдам. Прстите ми беа згр-
чени, ноктите побелени, зафатен од едно чудно чувство, небаре од мене се
бараше подвиг да направам, некое чудо над чудата, а не само една обична
вистина да изложам. Ми дојде да се насмеам „Подвизи прават големите
луѓе!“ – овде со пишувањето запрев и се замислив. По долго размислување
ми се наметна мислата: „Ама понекогаш прават и малите“. Река пот про-
леав, а тоа не беше мала работа, зашто до вистината дојдов. Со малото
моливче во тефтерот запишував. Одговорноста ми беше голема. Стравот,
немирот со мене што завладеа ги истиснав зашто бев ослободен по разни
библиотеки, архиви да одам и да истражувам, да копам по правта, жртва
на писателскиот занает да бидам, некому да робувам. Пишував исклу-
чиво по свое убедување, на нашиот народ им оставив маса романи да ги
23
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
читаат, препрочитуваат, мачни полемики да водат, детални анализи да
им прават, а што беше најважно, најпродуктивно, духот да си го јакнат.
Главната цел, литературата од еден писател читателот што ја бараше
наполно беше постигната. На читателите душата им ја отворив широко,
срцето им го ојачав, мислата им ја направив бистра, бодри беа ама само
добрите луѓе, лошите биеја страшни битки душата, срцето, добрата мисла
да им ја откорнат, ама злата намера никако да им успее во дело да ја спро-
ведат, ѓаволот наречен сатана пред моите огромни дела, анаконди што
беа, никако писателот да го надмудри, зашто романите високо бројни беа,
ама и напишани со пот и крв, во здравје и болест, сето ова беше и при-
чината „Анакондите“ за врат да гo стегне, до здив да не можат да дојде,
добрата мисла никако да ми ја откорне.
Голем број читатели најдоа дека проценката ми е точна, дека по
добар пат сум тргнал да пешачам, всушност да пишувам. Патот трнлив
ми беше полн коприви, трња и троскот, утеха ми беше што сум го одбрал
вистинскиот. Од напнатоста се ослободив, бев чист и релаксиран, ама
аргументирано само за вистината пишував, слабост не дозволив да ме
зафати, да ја покажам и сомнителен да бидам... На нашиот народ и од
една, и од друга и од трета страна само лаги, големи лаги им подметну-
вале и тој збркан бил, така збркан често ја одбирал погрешната страна,
дури и кодоши, вртоверци, вртикапи излегувале и на сопствениот народ,
сопствените браќа, сестри голема пакост им правеле. За таквите луѓе
имав запишано дека се ‹рѓосани луѓе. Штом железото ‹рѓоса станува неу-
потребливо, а неупотребливо е зашто од ‹рѓата не се чисти, најсовремени
препарати, секакви хемиски средства земале, ‹рѓата да ја исчистат, ама
никако да им успее, зашто душата, срцето, мислата од ‹рѓа зафатени не
се чистеле. Таквите луѓе ги поистоветував со ‹рѓосано железо, најчесто ги
имаше низ железната тврдина.
Во пишувањето був бев, а був бев зашто претежно пишував ноќе.
Најмило место ми беше куќата, а моја куќа беше библиотеката исполнета
со многу книги кои обилуваа со многу ликови. Јас бев на нивна страна,
тие на моја, верно им служев јас, верно тие мене и така одлично сорабо-
тувавме. Ликовите ме имаа повлечено по нивни водотеченија, имавме
излезено едно тело една душа, вистината пред нас како ѕвезда водилка ни
беше. Јас, всушност тоа сум моето дело, полно само со мои идеи, со моите
погледи кон светот, пред се кон мојата мила изнамачена татковина, па
вие ако имате смелост просудете ми. Јас сум тука – еве ме сув, црн, изна-
мачен, без сили... Моето дело до крај го доведов и го отпечатив!Во библи-
24
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
отеката штом влезам умот ми се раздразнува, кој знае по кој пат почнато
имаше дури и да ми се помрачува, во ваква состојба тешко ми беше да си
ја обавувам библиотекарската работа која многу си ја сакав. Бев многу
бесен на себе, многу лут. Да размислувам за било што имав престанато.
Се прекорував како можев при очи слеп да бидам, при уши глув, ама ете
бев, зашто додека пишував душата, срцето, мислата ми беа на ситни пар-
чиња расчеречени. Дури и од таму го чувствував бранот од нечист воздух.
Ми мирисаше на старо, гнило, муфлосано. Воздивнав длабоко ама не и
со олеснување, зашто од луѓето пакост што ми правеа, студена тежина во
мене имаше легнато, студена пот по телото ме облеа, по челото надолу
ми слегуваше, подло ми лазеше. Среќавав и онакви кои намќоречки ме
гледаа и ги запишував како „Пакозџија“, „Злосторник“ или уште подобро
„недоветен“. Не им обрнував внимание, ама многу се растревожив. Кни-
гите што беа растурени пред мене ги земав и по полиците на сопственото
место бавно, колку да се смирам ги редев. Кога на себе си дојдов, а си
дојдов кога ликовите од книгите по рацете ме скокоткаа, по умот ми вра-
жаа, се› убави работи ми изнаприкажаа, ама и многу неубави, до срце ме
доболе кога почнаа маките, тагите, јадовите да си ги кажуваат, „Почнале
да се бунтуваат“, јас се исплашив на Пакозџијата да не му се потчиниле и
како што правеше тој битка со мене да не почнат да бијат, всушност бев
исплашен од вистината што му ја кажуваа, а таа имаше излезено мачна,
трагична вистина. Тогаш полн револт, ама окуражен, зашто ликовите
секогаш грбот мu го вардеа, ете така сум ги воспитувал со висока култура,
на Пакозџијата му се вдадов, арно ама овој пат тој имаше на усните воспо-
ставено пријателска насмевка, итро небаре лисица кроце – кроце ми се
доближуваше. Доаѓаше како кон петле, лукаво да се фрли и да го чапне за
врат. Вратот со раширени дланки си го заштитив. Дојде, седна на една од
столиците и на неа почна да се превртува, те право да седнува, те криво,
лево, десно, те на јан јампорос да седнува. Ликовите, ама и авторите во
библиотеката имаа направено сериозни лица. Одненадеж во мене, огнот
тивок како што беше, само што тлееше, што тињаше, одеднаш почна да
се разгорува пламен почнав да фрлам. Се исплашив да не го подгорам,
од мојата „ординација“ да излезе исчаден и со лузни по телото. Всушност
сум се исплашил за книгите и авторите во библиотеката. Се исплашив
да не бувнат во силен оган. Тогаш не ќе имаше сила што ќе ги изгасне.
Затоа на перото му оставив да ме одмазди. Остро е, бричи, дури и на суво
бричи, што да се прави удира право в срце, в душа, в мисла. Зад петиците
ќе им биде, ќе ги гони се› додека ги гледа. Повеќе мирен сон ќе немаат,
25
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
како што го немам ниту јас, бескрупулозно ми го одзедоа, ме оставија да
страдам, дури ноќите во солзи да ги поминувам.
Понекогаш громко смеење доаѓаше од полиците што ми беа над гла-
вата. Витрината се тресеше. Моите омилени писатели Толстој, Достоев-
ски, Каровски, Стале и Костов задоволството не можеа да го скријат. Со
моливите в раце многу брзо и вешто имаа почнато забелешки да фаќаат,
своите дела да си ги обогатуваат. Бирото со столицата пропатува, до след-
ната витрина ме однесе, а таму: „Ние милиони жители сме низ бојните
попришта“. Се јави една мајка, ама пред неа со раширени раце, висок,
поднаведнат имаше застанато Лазо Каровски, мајката се поднакашла,
грлото го зачисти и почна да рецитира:
Ги чував, ги чував ко очите свои.
Се радував сестро, ко мома на цвет,
Мајката заврши и бликна во плач, тогаш плачот се всели и во мене,
песната во умот си ја дорецитирав, последните зборови ми заглавија во
грлото, зашто плачот неутешен и силен ми беше.
Тогаш рој неубави прашања почнаа да ме измачуваат. Одненадеж
ми се јави Рацин, од витрината излезе се исправи, грамада човек излезе
– карпа, со гласот длабок, со погледот строг, раката ја крена и грмна да
рецитира. Пакоџијата го видов колку се исплаши, вратот го собра и во
жакетот се скри. Гласот на Рацин грмеше, кај мене плачот засилуваше:
Исцедете, ограбете
Пот и труд и меса голи,
Уста пуста затворете
Да не каже оти боли.
Јас од устата нададов очаен крик.
Шопов не дотраа, само рече:
Три дена на раце те носевме збрана,
Плачот ми беше неконтролиран, витрините се тресеа, библиотекаta
само што не почна да се распаѓа... Пакозџијата беше од ликовите и авто-
рите изгазен на подот.
Смислата на писателовото постоење. Зависност или начин на
живот? Дали е тоа сопствената болка и тага, кои во почетокот се толку
непријатни, а подоцна само цел за доделување облик, за формирање на
26
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
нешто видливо кое ќе може да се искаже, напише, стане писателски стре-
меж, стане предмет на анализата, додека не почне самото да се намалува
како олеснувањето по инјектиран лек. Или тоа е љубовта кон себе, која
иако не бара свое ако е вистинска, се поставила грижливо спрема неј-
зиниот носител и ги раширила своите штитови способни да ги одбијат
стрелите на Лукавиот. Или љубовта кон другите кои треба да научат
од туѓите грешки кои не болат на листот хартија и не бодат со црното
мастило, ами само предупредуваат на знаците на патот кои без превезот
на гордоста читливо се гледаат. И доколку филозофите тоа се запрашале
и којзнае дали го добиле одговорот кој го очекувале, што ми преостанува?
Можеби само нуркање во моите дела и ловење на сите моменти кои ста-
нале инспиративни и доволно силни да го обележат мојот писателски дух
кој воедно е истиот кој го одржувал човекот во мене сите овие години.
Со умешно претворање на животното битисување во уметничко
добивав можност сеопфатно да ги прикажам судирите помеѓу доброто
и злото, помеѓу светлината и темнината на времето преполно со екцен-
трични противречности помеѓу реалниот и фактичкиот свет, да дадам
критика за глупавоста, лакомоста и потсмевот, жигосувањето на нечо-
вечноста, големата збунетост, хаотичноста и несигурноста, хаосот во
душите на луѓето, дисконтинуитетот кој владее со судбината на лично-
стите, изопаченоста на реалната слика... Низ многуте призми на посма-
трање, со една интуиција и прецизност на хирург, преку смели асоција-
ции ја доживував и предавав психологијата на средината и менталитетот
на масите, всушност човековата слава и трагедија проткаени со духот
на опстојот и духот на вербата. Напати како и секој автор ќе се најдев
пред ѕидот на непроизнесувањето, во црно–бело доживување или во оној
револт за неправдата кој истргнува патетични восклици, навидум бeзна-
дежност. Треба да се потврди дека тоа е непредвидливата стапица во која
се фаќа писателот кога се зафаќа уметнички да го трансформира времето
со настаните во кој бил длабоко врзан и опстојувал со целиот свој гнев
што го создавала неправдата. Со самото влегување во светот на книгата,
подоцна ќе се открие едно мисловно и уметничко ниво кон кое се стремел
авторот, опфатен од, секако, една силна инспирација, креативен творечки
занес што го одржувал низ текот на настаните, кои земени од реалноста
ги сместил во еден имагинарен свет, чиј интериер и екстериер зависат од
неговото фантазерско видување.
Должен никому не сум му останал. Да си одам во пензија, ако Господ
рече, со нечисти сметки, јас нема да одам. Накратко со такви сметки
27
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
никаде не одам. Ако Господ рече, валкано низ библиотеката, ама и низ
Битола не сакам да оставам ништо, зошто тука сум сиот свој живот, и во
најубавите години кога бев радосен и во најтешките моменти кога бев
изморен. Би сакал заради наследството кое го оставив, пензионерските
денови во друштво со моите ликови, автори и настани спокојно да си ги
поминувам, додека бурите ме одминуваат кон боксот на моите херои.
Во пишувањето був бев, а був бев зашто претежно пишував ноќе.
Најмило место ми беше куќата, а моја куќа беше библиотеката исполнета
со многу книги кои обилуваа со многу ликови. Јас бев на нивна страна,
тие на моја, верно им служев јас, верно тие мене и така одлично сорабо-
тувавме. Ликовите ме имаа повлечено по нивни водотеченија, имавме
излезено едно тело една душа, вистината пред нас како ѕвезда водилка ни
беше. Јас, всушност тоа сум моето дело, полно само со мои идеи, со моите
погледи кон светот, пред се кон мојата мила изнамачена татковина, па
вие ако имате смелост просудете ми. Јас сум тука – еве ме сув, црн, изна-
мачен, без сили... Моето дело до крај го доведов и го отпечатив!
28
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Gjorgji Prchkov
WRITING – COMMUNICATION WITH MY CHARACTERS
I was an owl in writing, and I was an owl because I have been mostly
writing at night. My favorite place was the house, and my house was the library
filled with many books that were filled up with many characters. I was on their
side, they were on mine, I served them faithfully, they served me faithfully and
we cooperated, so well. The characters had pulled me along their streams, we
have become one body one soul, the truth before us as a guiding star. In fact,
I identify with my work, filled up with my ideas, with my views of the world,
above all with my dear tortured homeland, so if you have the courage, judge
me. I am here – here I am, dry, black, deceived, without strength ... I have
finished my work and I have printed it!
The meaning of the writer‘s existence. Addiction or lifestyle? Is it one‘s
own pain and sorrow, which in the beginning are so unpleasant, and later
only a goal of giving shape, forming something visible that can be expressed,
written, become a writer‘s aspiration, become the subject of analysis, until it
begins itself to reduce as relief after injected drug. It could be love for oneself,
which, although it does not seek its own reward when it is true, has placed
itself carefully towards its bearer and has spread its shields capable of repelling
the arrows of the Wicked One. It could be the love for others who need to
learn from other people‘s mistakes that does not hurt while being on a piece
of paper and do not sting with black ink, but only warns of the road signs that
can be seen legibly without the veil of pride. And if the philosophers had asked
for the reason themselves, who knows if they got the answer they expected, It
remained my challenge, too.
Maybe just diving into my work and capturing all the moments that have
become inspiring and strong enough to mark my writing spirit is the thing
that has kept the man in me all these years. By skillfully transforming animal
existence into an artistic one, I had the opportunity to comprehensively present
the clashes between good and evil, between the light and the darkness of
time full of eccentric contradictions between the real and the actual world, to
criticize stupidity, greed and ridicule, the stigmatization of the inhuman, the
great confusion, the chaos and the uncertainty, the chaos in the souls of the
people, the discontinuity that rules the destiny of the persons, the distortion
of the real image ...
29
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
Академик Зоран Пејковски
ЗА БОЛКАТА, ЗА ТРАГЕДИЈАТА, ЗА
СТРАДАЊЕТО, ЗА ДУХОВНИОТ ХАОС...
Темата „Пишувањето–
комуникација со моето небо
и другите“ премногу е лична
и таа би можела да опфати
само една група на писатели.
Тоа се поетите и прозаистите,
и затоа (пред да прејдам на
личните моменти во пишу-
вањето), треба да се знае дека
драмскиот писател, никогаш
не пишува тематски драмски
текст за себе, и за минувањето низ личните траурни моменти. Што јасно
ни дава до знаење, дека драмскиот писател никогаш нема да ни даде лична
драма, или можеби само во некој дел при создавањето на карактернот на
ликот во неговата психологија за да биде тој посилен како драмски лик.
Низ историјата на литературата, а посебно низ историјата на свет-
ската драма од Силвио Д’ Амико, како и театарот воопшто, може да се
забележи дека најдобрите ракописи од некој драмски писател излегле
кога тој пишувал со длабока тага, за таа иста длабока тага, за таа болка,
со емоционална последица. Тоа е така, затоа што, голем е периодот на
човекот за повторно да се врати на вистинскиот колосек, имајќи ја пред-
вид неговата доживеана ненадминлива болка. Тоа одзема време, емоции,
насочување и размисла дека ќе биде подобро, а болката останува. И затоа
многумина писатели и отпосле пишуваат за болката.
Тие и таквите моменти се најискрејни, најдлабоко доживеани, и
можеби (авторите) најдлабоко опседнати, затоа што човекот, а во слу-
чајот писателот, кога ќе ги издади од себе своите чувства, тие не се само
30
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
негова болка, туку сечија и тој мора да научи да живее со нив, и да најде
начин да го продолжи животот.
Но, јас, како драмски автор, а пред с` човек кој предава драматур-
гија, драма во стих во македонскиот театар, театар и театрологија на
Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје, истражу-
вајќи низ разните европски архиви, секогаш сум се среќавал со судбините
и трагедиите на различните личности за кои сум читал, а после сум ги
обработувал во драмски текст.
И, бидејќи драмските текстови ги збогатував со автентични, висти-
нити ликови и многу документаристика поврзана со нив, тие драмски
текстови биле посилни, бидејќи н` само што зборуваат за еден нивни
период, туку и со какви с` ликови се сретнувале главните ликови, дожи-
вувајќи ја таа лична трагедија, благодарение на нив.
Навлегувајќи длабоко во нивната лична болка, и претставувајќи ги
автентично, драмските текстови секогаш сум ги поткрепувал со вистини-
тост на приказната, која јас како драмски автор сум сакал да ја доловам
и прикажам пред театарската и читателската публика и слично, бидејќи
само така приказната која се обработува во драмскиот текст ќе биде веро-
достојна.
Така, во 2014-та година, објавена и изведена беше македонската
национална трагедија „Сите наши кодоши“, во која обработувам судбини
и трагедии на голем број ликови, кои биле предизвикани од други лично-
сти и нивните болни умови, но и на едно семејство, што с` тоа доживеало
во тој период.
Замислете, во македонската национална трагедија „Сите наши
кодоши“ има 90 активни ликови, и за сите тие ликови треба да се пишува,
и врз драмската подлошка треба да се направи драматуршката основа,
а во неа, треба да се наведе, низ што с` поминале и како стигнале во тој
драмски текст, токму главните ликови за кој станува збор.
Исто така, во 201-та година од печат излегува и драмскиот еп „Саму-
илово распетие“ кој е одигран. И во овој драмски еп повторно се обрабо-
тува една македонска трагедија за царот Самуил и неговата 14-ет илја-
дита војска.
Потоа во 2017-та година од печат излегува драмата во стих „Реквием
за љубовта“, (26 ликови), пишувана по повод 75-годишнината од холо-
каустот врз македонските Евреи кој се навршуваше во 2018-та година.
И токму таа, 2018-та година иако драмата во стих „Реквием за љубовта“
беше предложена од Драмскиот театар од Скопје да се одигра токму по
31
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
повод на тој трагичен јубилеј, таа драма во стих беше „забранета“..(нели
во прашање беше добрососедскиот договор со Бугарија (?!), па тензиите
меѓу двете историски комисии ќе биле разгорени). Но и покрај забраната
да биде одиграна во Република Македонија, таа својот пат го најде во теа-
три надвор од Република Македонија.
Во драмата во стих „Реквием за љубовта“ јас пишувам за болката,
страдањето и трагедијата на едно Еврејско битолско семејство кое живо-
тот го завршува во логорот во Треблинка. Таа вистинита приказна, таа
нејзина автентичност, како што реков и претходно, ја одведе драмата во
стих надвор од Република Македонија, така што, таа сега е прочитата и
видена од најразличната европска и светска публика и читатели.
Потоа во 2018-та година од печат излегува драмата во стих „Реквием
за смртта“, (35 ликови) која пред да ја напишам, за неа истражував дури
шест години, а во неа станува збор за болната и трагична судбина на
Коста Солев Рацин.
Во објаснувањето на последните страници од книгата, може да се
прочита и насети, низ што с` поминал Коста Рацин и зошто тој, едно-
ставно речено е ликвидиран.
Значи, внатре е разглобено едно судбинско милје на овој наш голем
поет и револуционер, и сосема спротивно од тоа што дотогаш ни беше
пласирано, од некои, условно речено, сведочења за смртта на Рацин. Но,
во тој период таков бил моментот, па и така ни пласирале, тогашните
историчари и „очевидци“, а притоа, не навлегувајќи во суштината и при-
чината за неговата смрт.
И бидејќи, во таа драма во стих повторно сите ликови се автентични,
јас ракописот им го дадов да го прочитаат двајца еминентни историчари,
и тоа: проф. д-р Тодор Чепреганов и проф. д-р Виолета Ачковска. Од нив
барав да ми кажат дали мојот драмски текст е на вистинскиот колосек,
дали тие историски мистичности врзани околу смртта на Рацин се во ред,
и дали воопшто ја обработив темата за Коста Рацин, така како што треба,
бидејќи претходно како што кажав, ја истражував смртта на Рацин.
И на мое задоволство, и обајцата застанаа зад тој драмски текст од
историски аспект, велејќи ми дека, не само што сум загатнал една про-
вокативна тема во расветлувањето на смртта и прашањето за убиството
на Коста Рацин, туку и, сум обработил една голема тема со автентични
ликови, кои можеби некои и во тој период с` уште беа живи, што на тој
начин се смена еден историски момент за смртта на Рацин. Притоа, би
32
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
требало да напоменам дека проф. д-р Виолета Ачковска, напиша и рецен-
зија за драмата во стих „Реквием за смртта“.
Да не заборавиме 2018-та година, беше јубилејна година за Коста
Рацин, 110–години од неговото раѓање и 75-години од неговата смрт,
предизвикана од кукавиците кои не умееле да се соочат со вистината која
постојано им ја кажувал Рацин во лице, па пронајдоа и момент, и начин
за негова ликвидација.
И веднаш да напоменам и оваа драма во стих беше „забранета“,
иако требаше Велешкиот театар по повод својот јубилеј 70-години од
постоењето, да ја постави.
Исто така, во 2017-та година од печат излезе и драмата во стих
„Совршенство или смрт“ посветена на нашиот преродбеник Григор Прли-
чев, кој во 2018-та година требаше да се одбележи 125-годишнината од
неговата смрт. И во оваа драма во стих ја разглобувам животната голгота
на големиот Прличев. И за оваа драма во стих беше наредено да биде
„забранета“ и заборавена...
Е сега, германскиот филозоф Ханс Георг Гадамер во својата книга
„Вистината и методот“ од 1998 година на страницата 160 подвлекува
дека:... „не смее да се разбере што претставува дознавањето во него-
вата најдлабока суштина, ако се знае дека сето се сведува на тоа,
оти нешто веќе познато се запознава одново т.е. се запознава веќе
познатото. Радоста на запознавањето се состои во тоа што се дознава
повеќе отколку што било познато. Дознавањето на тоа што ние веќе
го знаеме, кое настапува благодарејќи на осветлувањето на севоз-
можните случајности и променливите околности кои него го овозмо-
жуваа, претставува суштината и тоа се познава како „нешто“...
Така што, сите овие примери кои ви ги напоменав со драмските
текстови зборуваат дека драмскиот писател најпрвин треба добро да ги
проучи туѓите болки, судбини и страдања, па потоа да пишува и да ги
преточува во силно книжевно дело.
Затоа и сметам дека оваа тема требаше да се подели во два дела.
Првиот дел, би бил за поетите и прозаистите кои пишуваат во прво
лице (за себе), а вториот дел, токму за драмските писатели кои трагаат и
пишуваат за другите кој со себе ја носат траурноста на животот и судби-
ната.
Па според тоа, и во овој контекст ќе ги споменам и зборовите на
Николај Василевич Гогољ, дека:...„театарот претставува катедра од
која може на луѓето да им се кажат многу добри работи. Во нашата
33
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
прагматична епоха, театарските колективи и творечките луѓе треба
да дејствуваат во тој дух не откажувајќи се од исполнувањето на висо-
ката мисија, особено на тие што имаат можност да зборуваат отво-
рено, едноставно и откриено, обраќајќи се кон најразлични аудито-
риуми“...
Аристотел пак, разработил едно цело учење за лечебното дејство на
театарското гледалиште врз душата на гледачите, што јасно ни укажува
за преобразеното и прочистително дејство на театарот.
Вакви слични сфаќања во 30-те години од XX-от век изнесува и
шпанскиот филозоф Жозе Орте–га–и–Гасет во својата книга „Што е тоа
филозофија?“ на страницата 24.
Четири чекори правиме ние, пишува тој, стапувајќи во „животниот
поток“: „Прво, се осознаваме себеси, својот живот во неговата ради-
кална самоизолација. Секој човек е осамен. Чесно, спокојно, свесно
да се согледа одвнатре, да ја осознае својата осаменост – е нашата
првенствена обврска.
Второ, јас те откривам „тебе“, „Другиот“, стапувам во контакт со
близок. Животот на „Другиот“ – секогаш е туѓ, чуден, па дури и чудо-
вишен. За мене туѓиот живот претставува – „околност“, цел и судбин-
ски фактор. Да се совлада отуѓеноста на другиот стапувајќи со него во
контакт е – нашата втора обврска.
Трето, јас сум должен да го прифатам животот на „Другиот“ како
мој проблем, разрешив само со излегување од моите внатрешни мож-
ности и околности. „Другиот“– не е предмет, не е објективен фено-
мен, не е ниту „јас“. Со него јас се борам, му се потчинувам, владеам
со него. Животот претставува – непрекинат дијалог со „Другите“; да
се придаде смисла и форма на тој дијалог претставува – нашата трета
обврска.
Четврто, Јас сум должен да постигнам живо соучество со „Дру-
гиот“. Тоа е – патот на љубовта, дружбата, заедничкото творештво, но
исто така и на омразата, љубомората, кои понекогаш се јавуваат меѓу
блиските луѓе. Потполно соединување со „Другиот“ е невозможно.
Но, и откажувањето од соучество е рамно на духовна смрт.“...
И, ако, кон сето ова го споменеме и Јакоб Морено кој со своето
постојано обраќање кон историјата на културата, теологијата, филозо-
фијата, ги развиваше идеите за семоќта на човечкиот дух, креативноста
и спонтаноста како внатрешна суштина на човекот и играта, во најширо-
34
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
ката смисла на зборот, како важен начин за реализација на таа суштина,
станува јасно дека човештвото не може да се замисли без драмскиот автор.
Притоа, во своите дела Јакоб Морено размислуваше за внатрешната
длабина на суштината во играта и човекот во неа. Затоа и концепцијата
на Јакоб Морено, во таа смисла и неговата теорија за улогите, е во тоа
што ги опфаќа сите позиции од човечкото суштествување, почнувајќи од
највисокото, боженственото или космичкото, и завршувајќи со обичното
и секојдневното.
Берланд пак во својата книга: „Играта како феномен на сознанието“
на страницата 75 ќе го напомене следното: „Да се игра значи да се осло-
бодува од препреките создадени од стварноста“...
Затоа, треба да кажеме дека театарската игра, како таква, се јавува
како предуслов за творечката дејност. Што јасно укажува дека во услови
на тешки историски потреси или стресни ситуации појавени во некакви
други услови, преживува само спонтаниот творечки човек. Што би се
рекло со еден збор – да се игра – значи да се постои.
35
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
Academician Zoran Pejkovski
ABOUT THE PAIN, THE TRAGEDY, THE SUFFERING,
THE SPIRITUAL CHAOS ....
The topic of „Writing – Communication with my sky and the others“ is
too personal and could only cover one group of writers. These are the poets and
the prose writers, and therefore (before I move on to the personal moments
in writing), it should be known that the play–wrighter never writes a thematic
play about himself, and about going through his personal tragic moments.
Which makes it clear that the playwright will never give us a personal drama, or
perhaps only in part, while creating the role of the character in his psychology
to make him stronger as a dramatic character.
Throughout the history of literature, and especially throughout the
history of the world drama by Silvio D‘Amico, as well as the theater in general,
it can be seen that the best manuscripts of a play–wrighter came out when he
was writing with deep sorrow, about that same deep sorrow, about that pain,
with emotional consequence. This is because it takes a long time for a person
undergoing unsurpassing pain, to get back on the track. It takes time, emotion,
direction and thought that it will be better, while the pain remains. And that‘s
why many writers write about pain afterwards.
Those and such moments are the most sincere, the most deeply
experienced, and perhaps (the authors) the most deeply obsessed, because
man, and in this case the writer, when he expresses his feelings, they are not
only his pain, but everyone’s and one must learn to live with them, and find a
way to prolong his life.
Thus, in 2014, the Macedonian national tragedy „All our snitches“ was
published and performed, in which I deal with the fates and tragedies of many
characters, which were caused by other people and their sick minds, as well as,
of a family, which suffered in that period.
Imagine, in the Macedonian national tragedy „All our snitches“ there are
90 active characters, and all those characters should be written about, and the
dramatic basis should be made on the drama background, and in it, it should
36
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
be stated, what they went through and how they got into that dramatic text,
exactly the main characters in question.
Also, in 2014, the drama epic „Samuel‘s Crucifixion“ was published. In
this dramatic epic, a Macedonian tragedy about Tsar Samuel and his 14,000
warriors is reworked.
In 2017, the play in verse „Requiem for Love“ (26 characters) was
published, written on the occasion of the 75th anniversary of the Holocaust
over the Macedonian Jews, which was held in 2018.
In 2018, the play in verse „Requiem for Death“ (35 characters) is
published, which before I wrote it, I had been researching for six years, and it
is about the painful and tragic fate of our poet Kosta Solev Racin.
Aristotle, on the other hand, developed a whole doctrine of the healing
effect of the theatrical audience on the soul of the spectators, which clearly
indicates the transformed and purifying effect of the theater.
Similar views were expressed in the 1930‘s by the Spanish philosopher
José Ortega Y Gasset in his book “What is Philosophy?”
We take four steps, he writes, entering the „stream of life“: „First, we get
to know ourselves, our life in its radical self–isolation. Everyone is lonely. To
honestly, calmly, consciously perceive from within, to realize one‘s loneliness
– is our primary obligation.
Second, I discover „you“, „the Other“, I get in touch with a beloved one.
Overcoming the alienation of the other by coming into contact with him is –
our second obligation.
Third, I am obliged to accept the life of the „Other“ as my problem ...
I struggle with it… Life is – a continuous dialogue with the „Others“; to give
meaning and form to that dialogue is our third obligation.
Fourth, I am obliged to achieve living complicity with the „Other“. That
is – the path of love, friendship, co–creation, but also of hatred, jealousy, which
sometimes occur among close people. Complete union with the „Other“ is
impossible. But giving up fellowship is equal to spiritual death. ...
37
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
Илче Стојановски
ПОГЛЕДОТ И ДУШАТА, ЧУВСТВОТО И ЗБОРОТ
Погледот што гледа,
душата чувствува, а чувствата
изразени во мисла и збор ја
чинат, ја прават поезијата со
сите свои карактеристики и
специфичности. Не случајно се
појавуваат поимите кои сето
тоа го сочинуваат и отслику-
ваат во моето севкупно поет-
ско творештво – Остров, око,
поглед прозорец, резба, душа, сонце, сон, сенка, тајна, тишина, вознесе-
ние,чувство, збор, итн.
1. „Остров во окото“, „АЛФА“, КММ РК – Скопје (1985)
Око – поглед, отворање на вратата и прозорецот кон светот, птицата
која лета со сета своја умешност и глад за простор. Лебдењето на мислата
во просторот, лавиринт од мисли...
Кога ќе помине времето, просторот и островот останува времето да
го означува...
2. „Поглед низ прозорецот“, ДНУ „Браќа Миладиновци“ – Струга
(1991)
„Појава“... Погледот е појава што угрева од огнот на окото светли до
дното на душата го топли чувството. Понекогаш е чист како бисер понеко-
гаш тмурен како облак. Понекогаш ги буди заспаните соништа а понеко-
гаш заспива фиксирана точка. Понекогаш е крадец та ќе јурне од срцето
постуден од камен вечен но заборавен и осамен...
„Поглед низ прозорецот“ ... Отворете го прозорецот со бистер поглед
во мислата срце и желба жед за живот за сенката да ви засветли во погле-
дот заливот да го земе зборот в пазуви како новороденче немирно и чисто.
38
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Отворете го прозорецот за да ви долета птицата на дланката надвор од
кафезот. Песната е поубава кога е недофатлива тогаш допира длабоко во
срцето како мирис на плодна есен што доаѓа. Отворете го прозорецот во
погледот на езерските длабочини за да се роди песната, за да ви остане
окото во островот да се смири и допатува до заливот со бродот и зборот,
да ја каже вистината насликана на ѕидот од собата од сочувани спомени
на стари слики во светлината на сенката...
Сето тоа се отсликува и во наредните песни како тематска опре-
делба – „Вести“, „Игра на сенки“, „Време“, „Пристаниште“, „Бура“, „На
собирачите на школки“, „Невидлива птица“, „Ребус“, „Двете соби“, како
двете страни на животот ... Се нешто се случува само овде не. Не знам
ама не е добро за нас Овде врз ѕидот место слика што го суши мозокот.
Едната соба е топла со слики и светлина... Другата со голи ѕидови студена
и празна. Ја збогатувам со мојот поглед за да и го стоплам срцето. Едната
е вистина и постои во мене. Другата темна сенка на ѕидот а јас сам и
ги палам ноќните светилки...Мислата продолжува и понатаму во истиот
стил и ритам во песните „Градење на кулата“, „Камена кула“, Воинот и
сабјата“... „Размислување“, и Враќањето кон Почетокот“....
3. „Рачна резба“, ИД „Апекс“– Едиција Фондација Ванчо Николески
– Битола (2010)
Поетот во своите творби, во стиховите, остава дел од својата душа
(Поезијата е живот и животот е поезија). Секој има своја сенка и љубов,
секој човек чека капка среќа како сувата зеја дожд и капка вода а пода-
рениот убав збор е најголемо богатство. Меѓу луѓето секогаш е совест ,
чисто лице и бистар поглед ... Човековите состојби – променливи ... Чув-
ства кои се излеваат од длабочината на сопствената душа. Претчувствата
на животот и невремињата кои се случуваат во долината на срцето. (Уни-
верзалноста во животот).
Емотивно проектирање на настаните и времето во сферата на
светот очекуван и стваран (создаван) како поетова загатка – Порака, и
духовно сознание на светот воопшто, и мудро предочување на сознани-
ето за животот. Гравирање на резба во сопствениот несон, во далечната
конечност именувана со името на неизвесноста.
„Рачна резба – 1“... Отворање дел, парче од својата душа. Судбината,
душата, спомените... „Плачот на Рахела“, молитва и светлина – пато-
каз, бранување на душата, сонот – „Кога погледот ми е кон небото“ ...
(надежта), „Гласник“ .... Сенката – „Доаѓање на сенката“ ...
39
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
„Животна раскрсница“ ???, „Ноќна идила“, „Искушение“, „Додека
поминува времето крај тебе“, „Ноќна мора“– мисла, „Медитација“, „Свет-
лината и сенката“, „Исчекување“, „По патот на совеста“, „Аниматор во
мал театар“, „Разговор со човекот“...
„Предизвик“ – споменот, животот, одење по тенка жица од искуше-
нија, предизвикување на животот на двобој.
4. „Сонце во сонот“, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, Еди-
ција Книжевни меридијани (2019)
Светлини и сенки, сонце, судбина, тајна, сон и сончевина... молкот
и тишината, водата, езерото и брегот, каменот и споменот.
Планината и срната; Падината и тревата; Папрат и цвет; Ветерот во
просторот... и пак немир, сонце и дожд ... тоа е животот и секојдневието
на човекот, поимите и предметите што го опкружуваат, неизвесноста на
тоа животно патешествие по кое се движи човекот со својата судбина –
“Отаде сонот“ ...
Животот е почеток и „Таен влез“ за човекот во светот што го очекува
како гнездо од птица песнопојна која преку песната ја праќа пораката
на животот, тоа сонце во сонот со големи очекувања. Таа сила и моќ на
животната игра и нејзините „правила“...
Бранот ја заплискува душата со сите свои неизвесности кои се тало-
жат како песокта на брегот, како спомените ...
Зракот и мислата се постојан придружник како и сенката од сон-
цето, што го сонуваме со сите природни пејзажи во погледот, во просто-
рот ... и животот продолжува и понатаму да ја испишува страницата преку
поетскиот збор како „Видиковец“ на погледот на брегот од сонот, во таа
„Крошна“ расне како дете, Гласот и Зборот како магична слика... И пак на
почетокот ... Сонцето и месечината, тоа деноноќие на животот, секојдне-
вието исполнето со прашалници :
Кој сум јас?, Од каде сум? и Каде понатаму? ...
Во светот на изгубениот сон со „Псалм“ испишан на каменот каде
бдее „Сонот за водата“ и „Детето во мене“, таа „Капка“ роса во бурното
„Деноноќие“, во животот, таа „Бела птица“ на мојот глас и одглас што
слетува врз дланките на денот.
„Зборот“ ... Големиот град од мојот сон и сликата како сини небесни
очи ... Останува да го очекуваме, да го видиме и слушнеме „Вознесението
на зборот“ во „Тајната на тишината“ ...!
40
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Ilche Stojanovski
THE VIEW AND THE SOUL, THE FEELING AND THE WORD
Open the window with a clear view in the thought, heart and desire,
thirst for life for the shadow to illuminate in the view the bay to take the word
in the armpits like a newborn baby restless and clean. Open the window to let
the bird fly in your palm out of the cage. The song is more beautiful when it
is elusive then it touches deep in the heart like the scent of a coming fruitful
autumn. Open the window in the view of the lake depths to give birth to the
song, to keep your eye on the island to calm down and reach the bay with the
boat and the word, to tell the truth painted on the wall of the room being built
by memories on the old paintings in the light, in the shadow ...
The ray and the thought are a constant companion like the shadow
of the sun, which we dream of with all the natural landscapes in the view,
in the space ... and life continues to write the page through the poetic word
like „Vidikovec“ on the view of the dream shore, in that „Canopy“ he grows
like a child, the Voice and the Word like a magical image ... And again at the
beginning ... The sun and the moon, that day and night of life, the everyday
filled with questions:
Who am I ?, Where am I from? and Where to go next? ...
41
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
Јован Ѓуровски
ПРОДАВАВ ЧОВЕШТИНА БЕСПЛАТНО
Се школував, како дете,
учев за да бидам учител, како
младинец, а студирав книжев-
ност за да бидам професор, би
рекол, не за наука за јазикот,
туку цел работен век предавав
со човештина. А како ќе ја пре-
давав (читај продавав) ако ја
немав во мене?!Не се продава
нешто, ако го немаш! Ни на
крај памет немав амбиции да
станам писател, што ни сега се
чувствувам таков, а изнапишав и издадов 24 книги што ги собрав во 12
тома: Собрани дела: МОЈАТА ВИСТИНА–издавани во сопствено издание
и во тираж од по 100 примероци. Од никого финансиски не помогнати ,а
сите раздадени, по моите читатели, без никаква надохнада.Јас, од мојот
труд имам само штета и тоа огромна, но духовната ми е многу, многу
повжна од секаква друга корист: „Во еден здив, без да ја оставам, ја прочи-
тав твојата книга. Големи вистини си докажал во неа. Големи човештини
и нечовештини си потенцирал во неа што обичниот човек не би ги сфатил
како такви, без да ги прочита твоите книги. Не знам и не можам да се
изначудам зошто ти не си афирмиран како писател?!“
За ваквото искажување на моите читатели не сакам да зборувам,
бидејќи имам многу објективни и субјективни причини, а можеби,
најповеќе се наоѓаат во опшествениот систем во кој ги пишував и обја-
вував, самостојно, моите дела. Но, не го обвинувам системот, бидејќи
секој опшествен систем си има позитивни, човечки одлики, како и нега-
тивни, ѕверски. И повеќе од ѕверски, бидејќи ѕверовите унишуваат други
животни за храна, а човекот се уништува самиот себе, и тоа не за храна.
Човечноста сама си го копа својот гроб. Дури има претставка дека вирусот
што ќе го поништеше човечкиот дар, е произведен од самиот човек!? Во
42
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
моите дела јас ја откривам мојата вистина за човешноста и нечовечноста
на другите околу мене, мојата вистина за одредени животни појави во
опшеството. Еден мој ценет пријател и колега, ценет научник и писател
(скоро починат) велеше и докажуваше дека грев е и Господ ќе те казни,
ако знаеш нешто повеќе од другите, а го чуваш во себе и не го споделиш,
со нив. Твојата вистина не мора сите да ја прифата како таква, но доволно
е што те разликуваат, а ќе има многу, многу кои ќе те сфатат и поддржат.
Ќе бидат восхитени од тоа кое, јавно си го кажал–од твојата вистина! Во
моите литературни дела, многу јасно се гледа, се чита и разбирливо е:
како сум почнал да пишувам, зошто не престанав со пишувањето, иако
веќе наполнив осум децении од мојот живот. Зошто велам дека „се гледа“?
Бидејќи во сите нив, јас сум еден од ликовите, иако јас не ги третирам
како автобиографски дела. Тој е мојот стил што на некого не му се бенди-
сува, но за мене, е најоргинален, бидејќи „мојата вистина„ на тој начин
најуверливо беше искажана и се искажува. Јас сум сведок на таа вистина,
учесник во неа, но не како мистично или натприродно суштество, туку
како личност од современото опшетво, карактеристичен за тоа опшетво:
интелектуалец, обичен просветен работник (ни богат, ни сиромав) но
пособен да ги уочува позитивните човечки појави во системот, но и порет-
ките нагативни појави кај луѓето. Но, да бидам поконкретен на темата:
како, зошто и што ме тера да пишувам?! Ова прашање, многумина ми го
поставувале, но од мојот одговор не се задоволни или не веруваат дека е
најискрен и точен. Но, тој е мојот стил на пишување, живеење и дејству-
вање по кој сум препознатлив, и нормално е некој да го прифаќа како
таков, а друг, да го негира и критикува. Но, еве го мојот одговор на: како,
зошто и со каква цел и идеја, не престанувам да пишувам!?
Јас, цели четириесет години работев како учел, наставник, про-
фесор во основното образование. Сум учел околу три илјади и петстони
деца на таа возраст. Во тој, мој работен век, сум ја запознал душата на тие
деца, нивните радости, задоволства, проблеми, трагедии предизвикани
од самите меѓу себе, од опшеството, од родителите, наставниците. Не
можеле тие појави во детските души да не предизвикаат и кај мене одре-
дени трауми или восхитувања како нивен втор родител, воспитувач. Тие
болки во детските души, можеби сум ги доживувал како поболни отколку
кај нив, како повозрасен. Сум бил принуден да ги искажам во расказ или
песна, по детските весници или списанија, а со тоа како да си ја намалував
таа болка, а револтот го искажував кон предизвикувачот на таа траума врз
детската душа. Човештината ја откривавме во литеарурноста (расказите,
детските романи, лектирите за уечниците) и во нивните творби, како и
во моите, ја истакнувавме, ја предававме, ја подававме човештината од
43
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
нас и тоа бесплатно! И усно и писмено! Со пензионирањето, престана
врската со тие дена, со мојата професионална деформација; да објаснувам
и воспитувам, да ги учам учените на човештина, хуманост...во директен
контакт со нив. Но, си пронајдов начин како да ги пласирам, да им ги пре-
дадам моите пораки, идеи и не само на нив, ами и на нивните родители
и сите други кои се желни за човечност и избегнување на лошотилокот
и нечовечноста во луѓето.За пороците, ниските човечки страсти, љубо-
мората, неправдите од страна на системот се теми за кои сметам дека
се интересни, но виситинити приказни.Со тие приказни кои го носат и
насловот на книгите го докажувам замисленото од мојата страна.Значи,
јас не сум писател од своја амбиција, нити писател од хоби, за престиж и
материјална корист, туку од професионална деформација која продолжи
и по пензионирањето. Или, внатрешна потреба за споделување на нешто
за кое сметам дека подобро го знам од другите и сакам да го споделам
со другите; дали и тие ќе се согласат со моето видување на животот или
треба јас да се корегирам во своето мислење.
„Газиената ламба не беше изгасена, заради болеста твоја дедо.
Ние со баба легнавме да спиеме на другиот кревет, што беше до спро-
тивниот ѕид. Сигурно, ти веќе си помислил дека сум заспал, а јас
можев ли да заспијам,од жал за тебе, и со внимание слушав што ~
велеше на баба ми:
„Бабо, в недела ќе умрам многу, многу ми е жал, оти Јошето е с`
уште е мал и не ќе дочекам да потпорасни и да му го раскажам мојот
живот, а тој да ме сфати и разбере...“
„Нема да умриш...не смееш тоа да го сториш додека не му раска-
жиш с`, баш на овој внук, кој е крстен на тебе и ќе го носи твоето
име, и ќе го слави во книги ќе го пишува како и внук ти, Стале... Не
смееш да умреш!..“
„Знам дека така ќе биде, ама сакав од мене да ја дознае висти-
ната за мојот живот,а не од другите,што ќе му ја кажуваат кога
ќе порасне; дали тие другите, ќе му ја кажат правта вистина, или
нивна вистина, оти бабо, секој, за декого си има своја вистина. Јас
сакав Јошето од мене да ја дознаеше таа вистина!..“
Овој момент, сигурно,бил толку чувствителен за мојата дет-
ска душа, така што го носам во мене, еве веќе, седумдесет и повеќе
години. Секако тогаш, уште долго не сум заспал, а се преправав дека
спијам.
И навистина дедо ми умре во неделата што следуваше по два–
три дена, на девеесет и две години.
44
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Jovan Gjurovski
I HAVE BEEN SELLING HUMANNESS FOR FREE
For forty years I worked as a teacher and professor in primary education.
I had taught about three thousand and five hundred children. With such
an experience I became familiar with the soul of those children, their joys,
pleasures, problems, tragedies caused by themselves, by society, by parents,
teachers. These phenomena in the souls of the children caused certain
traumas or admirations in me, too, as their second parent, educator. I may
have experienced those pains in children‘s souls as more painful than they
felt themselves. I was forced to express them in a story or a song, in children‘s
newspapers or magazines, and thus I was reducing that pain, and I was
expressing my revolt towards the cause of that trauma in the child‘s soul.
We discovered humanness in the literature (stories, children‘s novels,
obligatory literature at school), as well as in my books, we emphasized it,
taught it, we were selling humanness for free! Both orally and in writing!
With my retirement, the connection with those days, with my professional
deformity, ceased; to explain and educate, to teach the pupils humanness,
humanness ... in direct contact with them. But I found a way to place them, to
pass my messages on, ideas and not only to them, but also to their parents and
all others who are eager for humanness and want to avoid evil and inhumanity
in people.
For the vices, low human passions, jealousy, injustices by the system are
topics that I find interesting and true stories. With those stories that bring out
the title of the books, I prove what I imagined. So, I am not a writer out of my
own ambition, nor a writer out of hobbies, for prestige and material gain, but
from a professional deformation that continued after retirement. Or, an inner
need to share something I think I know better than others and want to share
with others; will they agree with my view of life or should I correct myself in
my opinion…
45
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
Љубе Митрејчевски
МОЕТО ИНСПИРИРАНО ТВОРЕШТВО
ИСТКАЕНО СО ЦРНО–БЕЛ КОНЕЦ
Во раните гимназиски
денови професорот по македон-
ски јазик и литература ми ја
подаде чашата да ја вкусам слат-
ката напивка која се викаше
љубов и пишување поезија. Први
обиди да се излеат љубовните
чувства кон саканата во занес
што отвораше небо од воздишки
и копнеж. Скромно се слеваа
една по друга љубовни песни кои
го минаа прагот од повеќе од сто.
Некаде стојат како во нафталин и трпеливо чекаат нивна преработка и
објава можна.
Студии економија, без допирни точки со литературата, и иста суд-
бина на моето пишување со некаде архивираните поетски обиди. Прво
вработување, во рудник, и следствено оддалечување од литературата. Па
второ, уште посеверно, кога станав даночник. Но, донесеното од терен од
вработените и секојдневието исполнето со разни луѓе и од разни места,
секој со својата мака и раскажување на нивната среќа или судбина, беа
главен услов одново да му се вратам на пишувањето. Да го распретам
огништето и да го разбудам во мене посеаното, длабоко потиснатото и да
ги запишувам нивните кажувања, нивните мудрувања и секакви табиети.
Понесен од Маркоцепенковото, или ако сакате, од Радецветковото, („Ска-
занија Демирхисарски“ и „Демирхисарски и други сказанија“) со восхит
ги ставав на хартија досетките и вистините на актерите од сите села од
умно раскажувачкиот мој Демир Хисар. Така, дури во две илјади и два-
наесеттата година ќе излезе од печат првата моја книга народни раска-
46
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
жувања насловена „Секојдневни надмудрувања“ – прв дел, а наредната
година и нејзиниот втор дел. Две години покасно ќе се роди и книгата
„Нати–дајми“ со ист опус, но со проширени народни филиграни и надвор
од границите демирхисарски.
Преку овие три книги, со двесте деведесет и седум раскази, го при-
кажав обичниот живот на нашиот сиромав, но богат по дух народ и им
дадов слика на настаните и случувањата, во кои, меѓусебните судрувања,
недоразбирања и кавги, умно нашол да ги решава со хумор и смеа. Олес-
нувањето на умот му давало смисол на животот и го натерале народе-
цот наш да истрае кога му било најтешко. Секој лик во книгиве е наша
историја и секој е херој на своето време, затоа што така ја обвистинил
сопствената опстојба и простумење и станал делче од мозаикот за нашава
денешна опстојба. Преку запишувањето на сите тие стории, сакав да го
оживеам нивниот лик и душа и да им дадам живот и сила, со која ќе про-
должат да бидат озборувани, споменувани и прикажувани. Макар, и низ
приказниве, посакав да ги преселам и архивирам во вечноста. Тие се
главни ликови и мои херои, кои не знам дали успеав да ги воскреснам,
и со најдлабока почит кон нив, да им овозможам еден пристоен духовен
живот и сетнина, на која нашите поколенија, со почит и восхит, ќе се
навраќаат и ќе прикажуваат. Ги насликав без ретуширање, онакви какви
што ги дал Господ Бог. Ја прикажав опстојбата на Ѓоре, Мице, Силјан,
Петре, Боге, Видан, Стојан, Лозан, Трајан..., на Марија, Меглена, Јованка,
Петкана, Ристана, Срета... и на уште многу други кои за секој збор умееле
да најдат одговор. За секоја чивија да најдат „подебела“ и позаглавита и
на секое грнче да стават соодветно поклопче. Во нив ги раскажав стори-
ите на ловецот, на касапот, ковачот, калајџијата, ќумурџијата, грнчарот,
варџијата, берберот, анџијата, ... и на ѕидарот, овчарот, косачот, орачот,
валавичарот. Го запишав мојот народ напатен кој умно знаел кога му е
најтешко да ја крене главата и милост, место бес, да исплука. Ако сосила,
кога му идело да плаче, тој се смеел. Раскажав за мене, те прикажав и
тебе. За навек.
На крајот од две илјади и дванаесеттата година црн декемвриски
ден ќе крене во мене некането болување. Болка и тага и жал до небо ја
потисна мојата душа. Веста за ненајдејна разделба на душата од телото
на мој внук, и на пријател, во исти ден двајцата, ќе ја затемни мојата
Слојштица и ќе ја фрли на колена:
„Црн гарван црна судбина
со црн клун и канџи ножишта,
47
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
пратен од натемаго‘
пуштен од судбината,
утрово слета на липата
спроти мојот прозорец.“
По студот што влегуваше в коски по длабокиот снег, близнак со
отворените душевни рани, следеше одење в село. Во Црквата „Свети Ата-
нас“ и таму, поголтаи од солзи. Глетка пред која и камено срце попушта.
Која не е за гледање, која ведне глава и закопува поглед в земи:
„Десет млади слојштичани
два гроба копат во тебе
снагата ти ја претураат
и со никој не зборуваат.
Длабат и ринат, Слојштицо,
со солзи земја воденат.“
Неспани ноќи, со мрачен повој стегнати, не ми дадоа сон додека не
ги напишав баладите „Патот на болката“ од кои до четириесетдневниот
помен на двајцата беа објавени и делови од траорната поезија се читаа на
нивните вечни почивалишта. Со заминувањето од земниот свет на овие
двајца, моето село запиша групна тажачка за шест млади животи вивнати
кон рајот во две илјади и дванаесеттата. Да не се повтори. Мојата душа
не остана рамнодушна, па, напишав и за другите четворица песни кои го
најдоа своето место во баладите „Патот на болката“.
Во шеснаесеттата година од дваесет и првиов век излезе од печат
збирката раскази „Облазана судбина“ во опусна содржина од десет
раскази. По кажувања од дедо ми и други, она што останало врежано
во моето паметење како превриено вино се избистри и „готово беше за
пивнување“. Свое место во збирката најдоа судбините на печалбарот кој
младоста ја минал преку вода; на ковачот кој се селел од село во село и
ја изгубил ќерката; на ќумурџијата кој парталав и крпа–накрпа го раз-
денувало и стемнувало во планината за сам да ги подига и расне двете
деца и на осаменото девојче кое растело без родители. Писателски порив
во мене кренаа и судбините на двајцата старци кои немаа пород и сета
љубов му ја поклонија на магарето кое го негуваа како сопствено чедо; на
селанецот на кого громот му ги убил двата коњи кои на грб го носеле цел
негов свет и богатство; на свекрвата која донела домазет дома за младата
снаа, каква–таква замена, за изгубениот син, со желба внуката да расне
со татко; за мајката која посегнала по животот на изгубениот војник
надевајќи се дека тој ~ донесол азно. И за облазот на дедо ми Секуле кој
48
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
поминал низ две војни како туѓ војник. Го шибале Бугарите а по нив и
Србите.
Понесен од најмилата вест што ја добив од Рига – Латвија, со испол-
нета душа од радост, посветено ќе напишам:
„Кога водите од Бело Море со високи и пенливи бранови
го заплискуваа брегот од Многубојно и кога невидлив кочијаш
ги заузда и ги покани на трпеливост
а рој од разиграни пеперутки ги касаа градските светилки,
ете тогаш, на свет ми дојде Ти, прво мое внуче,
со абер да наздравам, со мерак да се опијам и од среќа да запеам.“
Одма изрти во мене инспириран наплив и се роди книгата во рацете
на децата „Крај барата“ која ја посветив на првиот мој внук Марко и ја
отпечатив во две илјади и осумнаесеттата година. Песнички за деца за
животинките од тој ареал.
„Спарно утро, сонцето жежи
на барата ширна, денот ~ тежи.
Поплит трски, шамак густи
под вршникот вене, стенка и шушти.
Оддолу па нагоре во синџирот на исхрана во песничките актери се
ројот комарци, пајакот со својата мрежа, зелената жаба, лутата змија,
ешко–таралешко, итрата лиска и гладниот волк. Нивната стрвност ќе им
ја скрати ловџијата Мите кој ќе ги фати во игриво оро, па ги натерал умно:
Ручек да готват,
манџа од бозје,
каша од просо и слатко од грозје.
Со заклетва тврда дадена пред Мите
дека во слога и среќа ќе ги врват дните.“
Оваа книга е збогатена и со четиринаесет оригинални цртежи од
вештата рака на ликовниот уметник Љубе Неделковски – Бобекот и прет-
ставена пред учениците од ОУ „Даме Груев“ во НУУБ „Св. Климент Охрид-
ски“ – Битола, која завршува со пораката:
„Насмеани лица стројни
да живеат без војни.
Без болест и беда
нека растат сегде чеда.
На жолти, црни и бели
нема светот да се дели“.
49
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
Но, тука не секна изворот на поезија за деца, туку го зголеми својот
водотек. Наредната година се појави нова книга во рацете на децата
„Жива Азбука“ во која напишав триесет и една песна редоследно по кири-
личната азбуката. Во неа најдов место поетски да насликам по две живо-
тинки на секоја буква, се разбира таму, каде на таа буква најдов имиња на
две живи суштества. Во римован дијалог, басновидно го внесов нивното
мудрување, и игровито ги наслика, со триесет и една слика, и овој пат,
надарениот слепечки уметник Љубе Неделковски – Бобекот.
„Антилопа брза, скок чекори врза, низ сувата трева
да не крене врева, лавот да го буди, гозба да му нуди.
Се одвои сама убавата дама и на реката појде
пред мракот да дојде. Бистра вода да пие ако алигаторот спие.
Но тој беше буден и со поглед чуден
се прикраде вешто за да касне нешто.
– Те видов, те видов, добро ме служи видов!
На извор ќе појдам, в уста нема да ти дојдам!
– Кратки нозе имам, а заби, врат да скинам!
Тром сум бил ко баба, ми се смее комшивката жаба!“
Убавото јунско сонце, во пресно започнатиот ден, беше ги распос-
лало своите зраци низ пошумената долина и со свежо разбуден мирис
на расцветани билки несебично ни стави добродојдена трпеза. Радост за
душата, во новооткриен простор за очите и со лакома наслада за срцето.
Стрмната долина, заградена од двете страни со високи ридови, благо се
искачуваше кон голата планина која овде–онде, беше го зачувала снегот.
Низ дрворед од јасенови, од дабови и лескови дрвја, возилото полека се
искачуваше по нагорнините од змиулест пат, минувајќи преку многу мов-
чиња под кои водата брзо минуваше и претпоставено, со гласен жубор го
продолжуваше својот пат.
– Зарем и ваму, пријателе, има село? – нестрпливо прашав.
– Не, едно! Две има! – добив насмевнат одговор.
По неколку одминати километри во искачување и во исчекување,
возилото продолжи по рамен пат и во далечината се покажаа првите куќи.
По кусо време влеговме во селото и застанавме пред селското училиште.
Пред него мала рамнинка, со обрастен во трева двор, и повид кој се иска-
чил до покривот по целата лева страна на градбата.
– Живее некој во селово? – праша третиот.
– Постојано, само една фамилија! Овци и крупна стока чуваат! Сите
се отселени во Брод!
50
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Слеговме по стрмниот пат и влеговме во стара куќа. По краток пре-
стој во неа излеговме и тргнавме кон ридот. Од спротивната страна на
селото од каде како на дланка се гледаше целата населба.
– Еве, пријатели! Ова е моето Горно Крушје. А она, лево, на сртот од
ридон, е Долно Крушје!
– Мене, ми гледат, дека твоево е долно а она таму горно! – кажав.
– Така, ти гледат. Ова е на преку илјада и двесте метри надморска
висина, а другоно е на пониско.
– Ти си одовде и во него растен. Нормално е, с` да знаеш за него!
Ние прв пат доаѓаме!
– Го гледаш она маало, над школово? – ме праша.
– Да! Десетина куќи има во него! – такви маала гледав уште три.
Одделени едно од друго и со изградени куќи на стрмолијата.
– Во онаа куќа, која по целата должина има чардаци, се крие една
вистина!
– Какво минато се таи во неа? – праша другарот со кој тргнавме од
Битола.
– Седнете да ви кажам. Една девојка, од таа куќа, се омажила во
кичевско село, еееј.... онаму, преку високана планина! – покажа со рака
и продолжи: – Таму, на годината, родила девојче, ама несреќната, при
пораѓајот умрела. Таткото, само недела дена по раѓањето го зел со себе
девојчето и го вратил кај таткото на жена му. Го оставил, си заминал
и никогаш повеќе не се вратил. Ниту да го види, ни да го побара. Тоа
растело со недостаток во десната нога под камшикот на злобната вујна
која најсурово се однесувала кон нејакото девојче. „Не е Бог мачка, да те
драсне“ – кажа мудра изрека. Ние слушавме со внимание и чекавме да
продолжи пријателот со раскажувањето.
– ... и после десетина години живот–не живот на девојчето, вујната,
ненадејно умрела и девојчето кое претпоставило дека ќе треба да им биде
слугинка на нејзините четири деца, еден ден го напуштило селово. Кажу-
ваа селаните дека со своите десетина години заминало далеку да ги бара
своите вујчеи, други двајца браќа на мајка си. Оттогаш му се губи секаква
трага на девојчето и ништо не се слушна за него.
Се крена возбуда во мене, и таму, на ридот се роди мојата Илина.
Главниот лик во романот „Белегзија“. Одма никна како мое чедо. Излезе
како горска вила од огништето и се покажа на чардакот од куќата во пла-
нинското село од која не можев погледот да го сметнам. Да го приберам
или пренасочам на друга страна.
51
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
– Ете, Бог посакал да ме донесе тука, – се всели мисла и неуморно
вртеше во мојата совест без да посака да се отсели. Душата ми посака да
ја растам Илина и да ја водам низ нејзиниот суров животен тек за што ми
требаше многупати да престојувам во тоа село. Дури тогаш, кога излезе од
печат именованиот роман, во две илјади и дваесеттата година, се смири
мојата душа.
Во романот „Белегзија“, со стожерно кажаното од другарот, го при-
кажав животниот пат на Илина која растела без родители и без своите
најблиски. Без да ја сети мајчинската љубов и татковата прегратка со
родителската грижа за нивното чедо. По смртта на каква–таквата вујна,
ноќен кошмар ќе стане за неа неизбежното заминување од селото со непо-
знато каде. Во суровиот свет за кој не знае ништо. На свои дванаесетина
години заминува од селото и слегува во малото гратче од каде подале-
чен вујко ја испраќа во Скопје кај брат на мајка ~. По десетина поминати
години во неговата фамилија, кога ќе се ожени еден од братучедите, ќе
сфати дека веќе нема место за неа во станот. Носи нова одлука и ново
талкање по светов. Заминува во мало гратче до Белград, кај третиот вујко,
каде ќе работи во неговата пекарница. Тука ќе го сретне идниот животен
сопатник и ќе се омажи за него. Пресреќниот вујко ќе ~ направи свадба да
ја памети населбата. По година дена ќе роди ќерка која ќе го носи името
на баба ~ Милица. Внуката Милица ќе израсне и од срце ќе посака да го
научи огништето и корените од мајка си. Со нејзиниот вереник ќе дојде
на гробот од баба ~, каде, ќе го сретне дедото Дамјан. Дооден старец кој
ги чува малкуте овци крај селските гробишта. Тој ќе гледа како младите
лица го бараат гробот од Милица и нема да остане рамнодушен да не
врзи збор со нив. Држејќи ја раката од убавата Милица, ќе ја препознае
белегзијата која се пренесувала од колено–на колено. Дека таа белегзија
е истата онаа која неговата Милица, на умирање, ќе посака да & биде
предадена на Илина. Тогаш, старецот Дамјан, кој по поминат повеќе од
половина век, ќе се сети на својата ќерка Илина. Радост ќе му ја исполни
душата, што ете, нивната ќерка живее некаде, се омажила и израснала
ќерка. Без да ~ каже кој е, среќен и со полна душа радост, ќе се довлечка
до гробот од неговата прва љубов. Ќе легне на камената плоча и гледајќи
во крстот со насмевка ќе го заврши животот. Насмевка за нивната Илина
која им ја продолжила фамилијарната лоза на двајцата.
Дури минатата година, кога излезе од печат романот „Белегзија“ се
наполни мојата душа и задоволно посака нов предизвик. Нов писателски
порив што веќе се лее врз белата хартија.
52
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Ljube Mitrejcevski
MY INSPIRED CREATION WOVEN WITH BLACK AND
WHITE THREAD
In the early high school days, the professor of Macedonian language and
literature handed me the glass to taste the sweet drink called love in writing
poetry. The first attempts to pour the love feelings towards the beloved female
in ecstasy that opened a sky of sighs and longing. One after another, love
songs were flowing out modestly. They crossed the threshold of more than
a hundred. Somewhere they stand like in naphthalene and patiently wait for
their processing and possible publication.
Sleepless nights, tight with a dark bandage, had not given me sleep
until I wrote the ballads „The Road of Pain“ from which before the forty–day
commemoration for two persons, my friend and my nephew, were published
and parts of the tragic poetry were read at their eternal resting places. With
their departure from the earthly world, my village recorded a group mourning
for six young lives brought to paradise in the year two thousand and twelfth.
Never to be repeated, again! My soul did not remain indifferent, so I wrote
songs about the other four dead persons that found place in the ballads „The
Road of Pain“.
The fates of the two old men who did not give birth and gave all their
love to the donkey that they cared for as their own child; the peasant to whom
the thunder killed the two horses that he carried on his back, all his world and
wealth; the mother–in–law who brought home a son–in–law for the young
daughter–in–law, some kind of replacement for the lost son, with a desire for
the granddaughter to grow up with a father; the mother who took the life of
a lost soldier in the hope that he had money in his pocket; my grandfather
Sekule who went through two wars as a foreign soldier, being beaten by the
Bulgarians and by the Serbs, raised the writing urge in me.
In my works, I showed the ordinary life of our poor but spiritually rich
people and I gave a picture of the events and happenings, in which, its mutual
clashes, misunderstandings and quarrels, people cleverly found to solve with
53
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
humor and laughter. The relief of the mind gave meaning to life and made our
people persevere in hard times. Each character in the books is our history and
each is a hero of his time, because that is how he justified his own existence
and became a part of the mosaic of our present existence.
By writing down all those stories, I wanted to revive their character
and soul and give them life and strength, with which they will continue to
be gossiped, mentioned and portrayed. Even through these stories, I wanted
to move the characters and archive them in the eternity. They are the main
characters and my heroes, whom I do not know if I managed to resurrect,
and with the deepest respect for them, to provide them with a decent spiritual
life and peaceful old age, about which our generations, with respect and
admiration, will narrate.
54
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Петре Димовски
НИЗ СОНОТ И ИМАГИНАЦИЈАТА
Пишувањето го земам како
сон. Средување на хаосот или обид
на средување на хаосот. По мое
мислење сонот е тоа, мислата има
пренатрупаност на информации и
сонот настојува нив да ги среди, не
секогаш успешно. Истото се случува
при пишувањето. Мислата има пре-
натрупаност од информации натру-
пани во хаос и мислата настојува нив
да ги среди во логичен ред, секако
не секогаш успешно. Експерименти-
рам во животот, а експериментот ја збогатува мојата имагинација кога
се наоѓам во судир со времето, да најдам начин да го исполнам вишокот
време. Повеќе значи посветеност на нешто што започнало да се работи.
Кога пишувам, пишувам интензивно. Во средношколските денови пишу-
вав интензивно. И во студентските денови пишував интензивно. Ќе се
постави прашањето: Може ли во студентските денови да останува вишок
време? Животот од секогаш сум го сфаќал многу рационално. Колку одев
на предавања? Еднаш бев кај Конески, еднаш кај Тодоровски. Кај Томе
Саздов не стигнав да присуствувам на предавања ниеднаш. Полагав друг
испит и колега од Битола ме повика да одиме на писмен испит кај Саздов.
Го немав учено материјалот од тој предмет, но поради дружењето при-
фатив. Набргу дојде усниот испит, а на огласната прочитале дека сум го
положил писмениот. Меѓувреме стигнав само дел од материјалот да про-
читам. При испитот ги извлекувам испитните прашања, сите три целосно
непознати. Професоре немам учено, непознати ми се прашањата, призна-
вам. Професорот не ме пушта да заминам. Ме потсетува, ми дава време,
мене ми е непријатно, а професорот и натаму не дозволува да се прекине
55
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
испитувањето. На крајот ми кажува дека жали што мора да ме повика
повторно на испит, а сакал да ме извлече. Писмената ми била 9, а тој
многу многу ретко давал 9 на писмена. Во текот на студиите тој ми беше
единствен испит што не го зедов на прво.
Индивидуално.
Пишувањето е сосема индивидуален чин. Кај мене не се јавува
како зависност, туку тоа е исполнување на вишокот време. Поконкретно
кажано – одмор. Понекогаш презафатен со работи, немам време за одмор
односно за пишување. Не, не сум зависен од пишувањето. Без да пишувам
минав период од 20 и кусур години. И на повеќепати се случувало без
пишување осносно без одмор да минам групирани години.
Исто така никогаш не страдам за инспирација. Постојано ми се
натрупуваат многу теми. Еве во овој момент имам инспирација за десе-
тина романи и околу петстотини раскази. Но мора да го чекаат времето
за одмор во мојот случај за пишување, односно одминување на времето
исполнето со други содржини. Една збирка раскази, за која се напишани
само насловите се предвидени содржини од мојот личен живот, кога сум
бил на линијата каде завршува животот со преминот кон вечноста. Како
при еден случај со пчелите, што ќе го опишам подолу. Но оваа збирка
го чека одморот од пчеларството, односно да помине фазата на пчелар-
ството и да започне фазата на пишувањето.
Пишувањето ми претставува влегување во еден друг свет, во своја
галаксија, создаван и обликуван по своја желба, знаење, вкус, потреба,
храброст. Во тоа создавање се чувствува задоволството на креативниот
чин. Се изразува бунтот кон неусогласеностите. Крикот пред отвореното
сознание на залутаноста на забревтаниот свет од реалноста кон длабо-
ката неизвесност на времето. Се тргнува во потрага, се бара одговорот
на прашањето. Или прашањето на одговорот. Многу е различно а ја има
истата суштина. Колку се оди покомплицирано, толку се осмислува поед-
ноставено. Мислата е с`. Главен двигател, стожерен фокус, несразмерна
широчина или длабок понор што всушност се изразува како искачување
кон височината.
Пишувањето е истражување на животот. Можност да се набљудува
од другата страна. Еден вид сон. По мое размислување главна е мислата
и во сонот, таа го создава, го креира, поставена во едни други можно-
сти. Ослободена од свеста. Свеста е команда, надзор, правила, цензура.
Сонот, како и креативноста може да комуницира со реалноста по целосно
56
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
сопствена желба, и ослободени. Создавани се од релни и имагинативни
сцени. Се разликуваат, сонот и креативноста, по присуството односно
отсуството на свеста. Во сонот свеста не дејствува, дејствува мислата сама.
Ослободена, до тој степен на слобода, ја отвора реалноста. И може да даде
реална, уверлива слика од животот. Животот што во време и простор е
препознатлив. Поставени во редот. Но без влијание и учество на свеста
во одвивањето на сонот, мислата грабина низ својата слобода, отворајќи
слики од меморијата низ разните временски келии. Низ светлите и тем-
ните келии на меморијата врши пресоздавање. Отсутна е свеста, законот
на редот и се губи редоследот, формата и светлината на појавувањето.
Мислата во сонот создава друг свет, различен од оној при будноста на све-
ста, а ограничена во сликите што реалноста ги втиснала во меморијата,
материјалот е ограничен, а формите ги создава имагинативниот агол на
мислата. Сонот исто така се изразува во сегашноста, но ги спојува и изме-
шува минатото и иднината како креативен чин на мислата без свеста.
Делото е креативниот чин, во кој исто така се измешуваат монатото и
иднината под целосен надзор на свеста. Во делото мислата не може без
свеста, таа тоа во сонот го може. Свеста свесно допушта во делото експан-
зија на имагинацијата, во сонот имагинацијата е партнерство на мислата
и можат да создадат делови од креативното дело кои свеста ќе ги прифати
да влезат во писателското дело како креативен и како реален чин.
Мислата е најголемиот истражител и еднаш, поведен од сознанието
дека светот, опстојот и опстанокот на човекот зависи од довербата, тргнав
во истражување на довербата. А недовербата е креаторот на пеколот кој е
во постојана закана по човековиот род. Бев некаде на 15 години. Првпат
ја преоткривам оваа вистина. Мал историјат до суштината на целта. Со
доцнење повеќе од месец дена пристапив во првата година од средното
училиште. Било ден за распит на професорот. Јас појма немам од ништо
што се изучило до тогаш. Единица. Следниот час професорот повторно ме
прозива. Веќе го имав добиено од соучениците материјалот што го учеле.
Следува петка. Видов доверба во професоровата поставеност. Годината
беше жестока во природните појави. Многу студена и снежна зима, по
есенските дојдоа и пролетни поплави, Пелагониската котлина беше пре-
обратена во езеро, мостовите кај Новаци, кај Брод, кај Скочивир, трите
можни премини да се стигне до моето одредиште Брод беа разурнати и
однесени од големите води. За зимскиот распуст влегувањето во Брод
беше овозможено со една мала лаѓа преку водата на Црна Река, излегу-
вањето во метална корпа на импровизирана жичарница што ја постави
57
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
војската кај Скочивир. Во куќата на Јорго Османо бр. 8 во Битола бевме
дваесетина ученици од Брод, Бач, Брајчино… (сите со Б). Греење имаше
само во малата соба на сопствениците. Не можеше да се учи. Освен од
зборот на професорот. Во неверојатно сознание, кога успехот кај сите
што доаѓаа преку Црна Река беше целосно слаб почна да се прераскажува
неверојатна приказна што кај мене комплетно се петки. Се јави недоверба
кон нив дека несериозно си го сфаќаат учењето. Јас сфатив дека тука пре-
судна улога имала меморијата. Ова е воведот. Пред да се започне со истра-
жувањето на довербата. Како се создава и како се губи. Започнува од овде.
Соученикот Кајмаковски побара од мене во летните месеци да го
подготвувам по одредени предмети. Го преслушував неговото прераска-
жување, градивото солидно го освојуваше. Професорот го испитува. Не
знам колку го следеше неговото раскажување, но на крајот заврши со
слаба оценка. Се побуни во мене некој немир. Професорот нема доверба
во неговото учење, во неговото знаење. Довербата е клучен поим во одно-
сот меѓу луѓето. Довербата односно недовербата, отсуството на довербата.
Клучен фактор за светот на човекот. До што с` може да доведе недовер-
бата? Времето беше кога сенката на заканата на новата опасност натем-
нуваше над човештвото. Се вршеа проби на разорната моќ на атомската
бомба. Двете суперсили во светот, Советскиот Сојуз и Соединетите Аме-
рикански Држави се спротивставуваа и конфронтираа меѓусебно, немаа
доверба едни кон други натиснати од заканата на уништувачка војна.
Недовербата го создаваше стравот дека другата сила може да создаде
поголема атомска моќ и да нападне. Војна во која исходот ќе го донесе
изненадувањето, кој прв ќе удри ќе биде и победник. Трката во воору-
жување вртоглаво нараснуваше, се зголемуваше недовербата. Стравот
да не нападне другиот прв може да ја активира капислата на судирот.
Како да се совлада недовербата, да се замени со доверба? Недовербата е
клучна. Може ли да се совлада, да се победи? Колку всушност е присутна и
моќна недовербата? Кајмаковски се измени во однос на своето знаење, го
совлада градивото, но професорот довербата во него ја изгубил и натаму
го прифаќа со недоверба. Влегов во експеримент. Во еден голем експери-
мент. Дали всушност постои недовербата и колку таа е јака? Или такво
нешто нема туку едноставно неа ја создава вообразбата? Сме вообразиле
дека постоела во тој однос недоверба?
Експеримент. Го поставив во функција. Професорот ме прозива за
испитување. Го поставува прашањето. Додека чека да одговорам, кон пра-
шањето го додава одговорот. Го додава одговорот и на потпрашањата. Во
58
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
одговорот кажав само два–три збора. И с` се завршува добро. Ми става
петка, како и при претходните испитувања. Но разликата е многу голема
од нив, јас не кажав скоро ништо во одговор. Професорот веројатно се
водеше од својата доверба кон моето знаење и можеби и не забележал дека
не дадов одговор. И следниот пат не дадов одговор. Сега професорот ми
стави слаба. Истиот експеримент го започнав и со другите професори. Не
давав одговори на прашањата, тие одолговлекуваа да ме казнат со слаба
оценка, но набрзо се надгледуваа еден со друг и дури кај некои и нерас-
прашан, под влијание на слаби оценки од другите ми ставаа слаба. Свесно
завлегував во тој експеримент, со полна доверба во себе дека веднаш кога
ќе почнам да ги давам одговорите ќе ја вратам и довербата дека владеам
со солидно знаење. А за да освојувам знаења внимателно ги следев преда-
вањата и се преслушнував во знаењето. Паднаа дванаесет слаби оценки.
Констатирав дека е време за мојата акција. Да го искажам знаењето што
го поседувам и да ги вратам оценките. Но, настапи големо изневерување
на очекувањата. Ги давав одговорите на прашањата солидно и прецизно,
а слабите оценки ми остануваа. Некои и без да ме испрашаат ги удвоју-
ваа. Недоверба! Довербата во моето знаење ја изгубија, веруваат дека и
натаму немам знаење. Прва ситуацијата на фронтот ја измени професор-
ката по македонски јазик. Не ме прозива за испитување, не ме распраша.
Класниот раководител ми соопшти дека кај неа сум добил петка. Кога на
следниот час еден соученик ја праша професорката, дали на Поетот му
ставивте петка, таа одговори. Тој е голем човек!
Немав увид што се дискутирало во круговите на професорскиот
кадар и какво сознание стекнала професорката, ама нејзиниот одговор
на прашањето на соученикот за мене ми откриваше дека таа ја задржала
довербата, не ја изгубила и не ја заменила со недоверба. Но една поголема
бројка од професори настапи целосно со недоверба и кај нив довербата
дека јас поседувам знаење не се враќаше. Да, требаше долги месеци да
поминат за да ја вратам довербата, а кај некои таа доверба не се врати
туку остана да лебди недовербата. Поетот!
Денес никој не ме познава за поет, но во средношколските денови
името ми беше заменето со прекарот Поетот. Пишував поезија, напишав
стотици и стотици песни, кои низ мојот преселнички живот се изгубија а
не издадов збирка на поезија. Но, живеев со поезијата и работев на пое-
зијата. Настапував на литературни читања, бев наградуван за поезија, со
часови професорите од разни специјалности ме ангажираа да читам од
своите песни пред учениците, многу често песните ги читав пред циме-
59
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
рите во куќата на улицата Јорго Османо, праќав во весници и списанија,
не успевав да следам каде и како завршуваат. Но Радио Битола во седми-
чен ден, мислам беше во четврток, имаше културна рубрика во која еми-
туваше поезија. И, тие години од мојот средношколски период скоро во
секоја емисија се читаа мои песни, а многу емисии беа посветени целосно
на мојата поезија, исполнети со мои песни. Во емисијата слушав многу
песни и од поетот Веле Смилевски со кого немав остварено средба и не
се познававме. По години со Веле се сретнав во Филозофскиот факултет,
кога веќе имав дебитирано со книга, не поезија туку проза и Веле ми кажа
дека често ги слушал моите песни и мислел дека сум вработен во Ради-
ото. Јас всушност во Радиото не познавав никого, а песните ги испраќав
по пошта. Се надевам дека во архивата од Радиото тие песни останале.
А Веле е еден од ретките сведетели во чија меморија во средношколскиот
период сум влезен како поет.
Не сум лудо храбар, но внимателно претпазлив. Веројатно оваа
слика е доволна за тоа. Без вовед. Станав пчелар. И, како што се случува
кај пчелар, добивав по две–три боцнувања месечно од пчелите. Еден
ден, подалеку од пчеларникот, ме убоде стршел. Минав добро на сил-
ниот отров на стршелот. По два дена, при работа во пчеларникот уште
во раните часови од денот ме убоде пчела. Слегов кон работилницата,
на стотина метри подолу да го гребнам осилото. Веднаш се вратив кон
пчеларникот да замам еден алат и минував меѓу сандаците со отворена
капа на лицето. Но, се случи судир меѓу мене и пчелата. Во лет ме удри во
челото и притоа ме боцна. Првпат при убод од пчела мојата свест влезе
во анализа. Излегов од пчеларникот. Го наслушував ритамот на телото,
не изгледаше ништо сомнително. Само вообичаеното печење на челото
од убодот. Тргнав да ја продолжам работата, но свеста ме врати. Просто-
рот е осамен, шумовит потпланински, пчеларникот бодликаво ограден за
заштита од мечки, понастрана од пат, не се случило тука да намине човек.
Решив да ја консултирам матичната лекарка, па тргнав кон Битола.
Возев повнимателно од вообичаено, иако не чувствував промена во
рефлексите. Им кажав на моите дома дека за убодот ќе одам на консулта-
ција кај матичната и слегов на долниот кат од куќата да се подготвам. Во
еден миг забележав дека видот ми се затемнува и алармантно чувство ми
ја исполни секоја келија од телото. Силно удрив на плафонот горе да го
чујат ударот, силно и викнав. Беше очигледно дека тоа не може да допре
до горе и забрзав да се искачам по скалите. Стигнав во дневната просто-
60
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
рија и, опфатен со осип по телото, се изгубив, сум паднал. Брзата помош
стигнала многу брзо.
Од пчеларството не се откажав. Но додека пчеларам пишувањето го
чека одморот за пишување.
Што е за мене пишувањето? Како што веќе напопмнав, одмор.
Исклучиво одмор? Можеби со нијанси на рекреативна авантура. Созда-
вам во етапи, како што и одморот се зема во етапи. Еве кратко за тоа. Во
средношколските денови пишував песни. Напишав и поема, и читајќи
го Пушкин на која годишна возраст дебитирал, чувствував дека доцнам
со објавување. Но поемата не ја предложив за објавување, бидејќи ми се
изгуби кога се изгуби тетратката на која, покрај поемата беше и обрабо-
тена лектира а му ја позајмив на соученик. Ме презедоа други патеки од
животот, одморот на авантурата и не пишував. Во студентските денови
напишав расказ, беше награден на конкурсот на „Нова Македонија“ и
веројатно тоа ме повлече кон прозата. Наредната година, во еден неделен
ден напишав четири раскази, му ги оставив на цимерот Панде Петковски
од студентската соба да ги отчука на машина и да ги испрати на конкурсот
на „Студентски збор“ кој беше во тек, зашто утредента, во трета година
од студиите, продолжувајќи го студирањето како редовен студент, зами-
нав во отслужување на воениот рок. Четирите раскази беа наградени.
Командата на војската, иако военото правило беше да не може да се оди
на отсуство во првите три месеци додека трае обуката, со стаж од месец и
половина во војската добив десетдневно наградно отсуство, ги подигнав
наградите во Скопје и положив два испита на факултетот.
Во трите студентски години пред воениот рок добив 8 книжевни
награди за расказ, дебитирав на конкурсот на КММ каде меѓу 47 рако-
писи јас и Владимир Попов бевме избрани за дебитанти. За дебитантската
книга пишуваа тринаесетина еминентни критичарски пера, имаше иска-
жувања на двете телевизии, на радијата, весниците кои третираа теми од
културата, сите книжевни списанија, федералните весници Политика и
Борба, како македонски претставник бев номиниран за сојузната награда
„Младост“, се развило полемика за добитник каде Ристо Лазаров енер-
гично се заземал за мојата книга, ја доби белградски писател. Бев ста-
вен во најдобрите млади раскажувачи, периодот во литературата беше
наречен демонот на парите по еден мој расказ, тогашниот претседател
на Друштвото на писателите на Македонија Благоја Иванов во дадено
интервју ме повикува да се јавам со втора книга, и да пристапам во член-
ство на ДПМ, а мене ме презеде рекреативната авантура и немав време
61
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
за одмор односно за пишување. Кога ме заборави и времето, одминувајќи
и втората деценија од појавата на дебитантската книга, и кога и самиот
мислев дека се откажав од пишувањето, се јави потреба за одмор и сед-
нав да пишувам. По 21 година излезе мојата втора книга раскази и по
неа дебитирав со роман. Во период од неколку години добив, пак осум,
награди за раскази и за романи (меѓу нив „4 Ноември“, „БИД Мисирков“).
Petre Dimovski
THROUGH DREAMING AND IMAGINATION
I take writing as a dream. Tidying up the mess or trying to tidy up the
mess. In my opinion, the thought has an overload of information and the dream
tries to sort them out, not always successfully. The same thing happens with
writing. Thought is overloaded with information piled up in chaos and thought
tries to sort them out in a logical order, certainly not always successfully. I
experiment in life, and the experiment enriches my imagination when I am
in conflict with time, to find a way to fill the excess of time. It means more
commitment to something that has been started. When I write, I write intensely.
In my high school days I was writing intensively. I was also writing intensively
during my student days.
Writing is an individual act, completely. It does not appear to me as an
addiction, but it is the fulfillment of excess time. More specifically – vacation.
Sometimes I am too busy with things, I do not have time for rest or writing.
No, I‘m not addicted to writing. I went through a period of more than 20 years
without writing. And on many occasions it happened without writing, that is,
without a break, to spend grouped years.
I also never suffer for inspiration. I always have a lot of topics. Here
at this moment I have inspiration for a dozen novels and about five hundred
stories. But they have to wait for my rest time for writing, i.e., for passing the
time filled with other content. A collection of short stories, for which only the
titles are predicted, provides contents from my personal life, when I was on the
line where life ends and the transition to eternity begins.
62
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
As for me, writing is an entry into another world, into my own galaxy,
created and shaped by my own desire, knowledge, taste, need, courage. In that
creation one feels the pleasure of the creative act.
Writing is a study of life. Opportunity to observe from another side.
A kind of dream. In my opinion, the thought creates the dream. Free from
consciousness. Awareness is command, oversight, rules, censorship. Dream,
as well as creativity can communicate with reality at their own will. They are
created from real and imaginative scenes. Dream and creativity differ in the
presence or absence of consciousness. In the dream, consciousness does not act,
thought acts alone ... It recreates through the light and dark cells of memory.
The thought in the dream creates another world, different from the one
in the awakening of consciousness, and limited to the images that reality has
imprinted in its memory, the physical is limited, and the forms are created
by the imaginative angle of the thought. The dream is also expressed in the
present, but it merges and mixes the past and the future as a creative act of
thought without consciousness. The work is the creative act, in which the past
and the future are also mixed under the full supervision of consciousness. In
the work, thought cannot do without consciousness, in the dream state, the
thought works without it.
63
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
М–р Сања Мучкајева Видановска
СТРАДАЊЕТО НА ЕДЕН ПИСАТЕЛ КОГА НЕБОТО
Е ЗАТВОРЕНО
Синилото на бескрајната
инспирација често знае да се
затвори со темни облаци. Засене-
тоста е како умирањето на денот
во кого листот хартија останува
празен. Судирот со себеси е
всушност најтемниот облак кој
ја затемнува сликата и белиот
лист станува сив. Сигурна сум
дека не сум сама во тие денови
кога доаѓам во судир со внат-
решното јас и тогаш небото знае
дека сепак постојат граници.
Во тој круг кој претставува вртлог во кого инспирацијата е изџва-
кана од истиот и поделена на илјадници парчиња, се поставува и пра-
шањето која е причината за празните мисли кои резултираат со празни
листови. Дали е тоа духовното губење на самиот себе или едноставно
некое сивило кој го затвора кругот на целата околина во која се опстојува?
И дали е тоа доволен изговор за сите изминати денови и месеци пред
празниот монитор на кого единственото нешто кое се движи е курсорот
кој пулсира и потсетува дека чека нешто ново и неоткриено?
Мисловните процеси тогаш се едноставно немисловни и само вртат
во круг како темни дупки во кои светлината исчезнала од оние стари
добри денови кога инспирацијата напаѓа на секое место и во секоја ситу-
ација и како проклетство се обидува да те прикова за мислите кои едно-
ствано мораш да ги излееш. И повторно вака размислувајќи се прашувам
дали е проклетство сивото небо со натежнатите облаци без зрак светлина
и секоја испишана реченица е само излевање на маката или се всушнст
64
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
оние денови кои се претвораат во бессони ноќи на макотрпна работа,
кога курсорот не пулсира празен туку се поместува со секоја напишана
реченица, брз како оса која го закачува своето острило во умот на писа-
телот, со секогаш поставуваното прашање што пишувам и зошто тоа го
правам? Иако изгледа како донкихотовска борба со ветерниците, сепак
продолжува проклетието на секое забодување на острилото, кога мозокот
не мирува ниту додека е во сон.
Најтешкото започнува кога ќе се стави првата реченица. Некогаш
таа продолжува со леснотија, но многу често знае да запре пред главната
идеја, она идеализираното кое сака да се материјализира, односно да
оживее.
Вдахнувањето на нов живот е исто како раѓањето на родилката.
Понекогаш е тоа лесно, без компликации, но многу често како што и во
природата бива е макотрпно, толку болно и знае да заврши со смрт. Смрт
на делото, кое незавршено останало во фиока или во последите две – три
децении во некој стар комјутер, чиј хард диск го сокрива мртвиот фетус
кој никогаш веќе нема да оживее. Ќе остане заборавен и нем се’ до него-
вото потполно уништување. Со тоа писателот самиот и свесно решил да
го отстрани плодот од неговото духовно растење, не знаејќи ни самиот
дали од тој неразвиен плод на кого свесно му го одзел штотуку започна-
тиот пулс би се родило нешто ново и здраво со кое тој би се гордеел и би
бил запаметен и за идни генерации.
Но и во оној случај кога е лесно и небото е јасно сино и кога инспи-
рацијата и креативноста е непрегледно море на испишани зборови, ниту
тогаш созревањето на делото не е сигурно во оној дел на изложеност и
отвореност. Секој оној кој ќе ја слуша приказната, онака како што тој ја
доживува придонесува за тоа во кој правец ќе се развива новороденчето.
Секое дело од кога ќе ја види светлината на денот, созрева на особен
начин. Доживувава младост и зрелост, а умирањето на делото зависи од
писателот, односно од тоа колку тој успеал да му вдахне живот и од чита-
телите кои можат искрено или да го оживуваат при секое пречитување
или за кратко време да го погребаат.
Писателот не пишува секогаш. Писателот пишува тогаш кога душата
му е отворена и кога е поврзан со второто јас кое е одделено од егото.
Она кое знае да се затскрие зад секојневието, но демне при секое перце-
пирање на непознатото и познатото. Додека егото надвиснува над него,
се затвора и секоја можност за согледување на внатрешната реалност во
која може да се види себеси низ призмата на креативното изразување
65
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
како и на околината. Егоистичното доживување и преживување се вовле-
кува толку подмолно, што подмолно се губи и синилото на небото и тогаш
секој напишан збор станува само обична книшка од податоци за реално-
ста која секој друг може да ја понесе на сопствените плеќи, без запаѓање
во калеидоскопот на претставување на нештата од поинаков аспект и на
сосема поинаков начин. Оној уметничкиот.
Тоа е изразувањето на болката, тагата, среќата или пак празно-
тијата која како емоции секој ги доживува, но само пистелот умее да ги
рефлектира на листот хартија на свој сопствен начин, со сите емоции на
ликовите, изразувања и стории испреплетени меѓусебно како што тоа и
во вистинскиот живот бива. Како ќе ги доживува читателот во иднина,
зависи од умешноста на изразувањето на целиот тој сплет од компоненти
во симфонијата наречена книга. Писателот ја диригира целата таа сим-
фонија со поединечните звуци на оркестарот, со изострен слух и умешно
или помалку умешно ги изразува, односно соопштува, своите перцеп-
ции. И ја предава сопствената љубов кон светот и прифаќањето на сите
страдалници како свои. Само така може да пишува и да љуби, да пишува
за љубовта, сопствената и на оние другите и тоа да им го соопшти на
многуте читатели кои со уметничко доживување ќе се поврзат во едно со
ликовите.
Во какви бои писателот ќе ги обои своите емоции, со такви бои ќе
биде облеан и самиот читател.
И не! Воопшто не се сложувам со напишаното во текстот во врска
со зададената тема за оваа роднокрајна средба, како што е наведено во
меилот што го добив, парафразиран цитат од друг автор, дека „Често во
делото пред писателот треба да останам доследен на мојот стил и започна-
тото, зашто читателот не го интересира што се случува со мене во истиот
тој момент на создавање на делото, дали јас плачам заради несреќа што
ме задесила...“ Пластифицирањето на чувствата често дава лажна објек-
тивност и тоа може да доведе до студени емоции во самото дело. Напро-
тив, писателот најдобро пишува кога емотивните моменти ја преполну-
ваат чашата и неговата умешност на преточување во емотивната чаша
на ликовите се само одблесоци од вистинската отвореност и ранливост
на писателот. Иако тоа знае да боли многу, иако новороденчето се раѓа
макотрпно, сепак во тие дела искреноста е видлива и читателот тоа нај-
добро знае да го процени. Не е срамно, туку е сосема искрено да се отво-
риш пред читателот преку изразните моќи на ликовите кои ги оживуваш
макар тоа да било на ранлив начин, но во секој случај тоа е сепак искре-
66
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
носта со која го ставаш сопственото его во задните редови пред публи-
ката, а место него најискрено го изразуваш своето место во светот, а тоа
најдобро се прави токму кога во тебе се случува радост или несреќа, плач
или насмевки. Читателот можеби навистина не го интересира што се слу-
чува во писателот додека го создава своето дело, но го интересира дали
со секое ново дело писателот ја достигнува онаа зрелост со која го над-
минува стравот и ја јакне самодовербата да ги излее сопствените емоции
и душевни страдања или пак радости токму во создавањето на делото.
Преку новосозадедоното, искрено се поврзува со читателот и со тоа го
тера и самиот читател искрено да навлезе во сопствениот духовен свет и
да се истражи себеси на поинаков начин. Искрено и без срам.
Во секој лик се внесува сопственото. Во секој опис се внесува дожи-
веаното искуство на боите и мирисот. Делото кое моментално се создава
не може пластично да се огради од писателот. Тогаш тоа би било само
обично недоживено искуство, едно модифицирано прикажување на неш-
тата со параван. Делата не се едноставо раскажување на писателот, кое
не извира од неговата моментална состојба. Тие се совршен склоп на сите
дотогашни искуства, неговата перцепција кон околината, средината, при-
родата, луѓето, ситничавата опсервација на карактерите со кои доаѓа во
постојан допир, неговите лични доживувања кои провејуваат во секое
дело макар само и во една реченица или пак во цело едно дело, напи-
вањето со секоја капка вода од изворот на дотогашните знаења, финан-
сиската состојба, возраста, љубовта, осаменоста, исполнетоста, како и
моменталната тага или радост. Во нив се внесува самиот генетички код.
Не само неговиот личен, туку и на неговото потекло, односно сите тра-
диционални вредности на еден народ, оној чии гени писателот ги носи
во себе, па така природата го создала на таков начин со цел да остави зад
себе едно културно наследство, печат за едно време и народ, социјални и
општествени услови во кои живее.
Без разлика низ какви маки поминува самиот тој додека твори, без
разлика колку таа негова душевна храна е признаена или не од околината
и без разлика на тоа колку читатели ги читаат неговите дела сега или во
иднина, или ги читале па ги заборавиле, тој живее за тоа! Живее за да
пишува, живее за да допре првенствено во себеси, а потоа во другите и
живее да го исполни празниот лист хартија, иако има периоди кога се
разочарува од голем број причини па помислува дека никогаш веќе нема
ништо да напише, сепак продолжува.
Поради себеси... И поради другите...
67
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
M–r Sanja Muckajeva Vidanovska
THE SUFFERING OF A WRITER WHEN THE SKY
IS CLOSED
The blue of the endless inspiration often knows how to close itself with
dark clouds. Shading is like dying on a day when the sheet of paper remains
blank. The collision with itself is actually the darkest cloud that darkens the
image and the white leaf turns gray. I am sure that I am not alone in those days
when I come into conflict with the inner self and then the sky knows that there
are still limits.
Through the newly created, the writer frankly connects with the reader
and thus forces the reader to enter his own spiritual world and explore himself
in a different way. Frankly and without shame.
In one or another way, each character is identification with oneself. Each
description introduces the experienced experience of colors and smells. The
work that is currently being created cannot be plastically separated from the
writer. Then it would be just a simple unexperienced experience, a modified
display of things through a masque. The works are not simple narration of
the writer, which does not spring from his current state. They are a perfect
combination of all previous experiences, his perception of the environment,
the environment, the nature, the people, the meticulous observation of the
characters he comes in constant contact with, his personal experiences that
permeate every work, even in just one sentence or in one deed, drinking
every drop of water from the source of the previous knowledge, the financial
situation, age, love, loneliness, fulfillment, as well as the momentary sorrow
or joy.
No matter what torments he goes through while creating, no matter how
much his soul food is recognized or not by those around him and no matter
how many readers read his works now or in the future, or his books being read
and then being forgotten, the author lives for that! He lives to write, he lives to
cognize himself first and then to cognize others and he lives to fill in the blank
sheet of paper, although there are times when he is disappointed for many
reasons and thinks that he will never write anything again, yet he continues.
Because of himself… Because of others…
68
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Акдемик Влад имир Костов
КАДИЈА
На авторот на овој состав, не
ретко му се случува , со перото в рака,
задуман да стои пред белиот лист хар-
тија, во недоумица како текстуално да
оформи идејно и наративно веќе кон-
ципиран книжевен проект. Во таква
ситуација се најде и сега кога, на зада-
дена тема требаше да изготви книже-
вен состав за 16. Роднокрајна средба
на битолските роднокрајни писатели
во Македонија – традиционална кни-
жевна манифестација, во организација на Универзитетската Библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола. Темата гласеше: „Пишувањето – кому-
никација на моето небо со другите“.
Метафорички формулирана, во исказот, ‘моето небо’, би требало да
се претстават писателите од битолското поднебје во размена на своите
авторски искуства како и во комуникација со „другите“ во кои треба да
се препознаат читателите на нивбните дела. Без оглед дали оваа прет-
поставка е децидно или делумно точна, нема сомнение дека бројчано
изразената синтагма ја карактеризира Средбата, на Роднокрајците им
делуваше мотивирачки, а податокот дека таа се одржува во Битола, уште
повеќе, зашто во совеста на нашите луѓе неизбришливо е проектирана
визијата на Крсте Мисирков за Битола (според словенскиот нсзив ОБИ-
ТЕЛ, а МАНАСТИР како нејзин турски еквивалент, како престолнина на
идната македонска држава, формирана во рамките на својата етничка
територија.
Претпоставките на Македонскиот визионер за Битола како пре-
столен град, со сите топографски и хералдички нишани, беа, историски,
сосема реално реално засновани, ако се земе предвид дека и во рамките
69
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
на Отоманската империја градот одел со приоритет на главно средиште
на Румелија (Европска Турција), са во почетокот на XIX–иот век (1820),
со акт (ферман) на султанот Ахмед II, и официјално промовиран како
таков што му овозможи рапиден напредок во сите области на општестве-
ниот живот, а и пораст на интересот на европските држави за градот како
фреквентно поприште за дипломатска активност која, во соодветен амби-
ент и соодветни услови, за релативно кус временски период резултира
со формирање на низа дипломатски претставништва, со Австрискиот
конзулат како првоформиран во 1891 год., за нардната да се надоврзе
Англискиот, на Рускиот и др., што овозможи формирање на конзуларен
кор кој, во непосреден контакт со месното население би требало да си
наметне улога на катализатор меѓу обесправената раја и апсолутизмот на
султанската власт. Во таа смисла, корот е успешен во елиминацијата на
екстремите на шаријатското практикување на власта, според начелото:
„КАДИЈА ТУЖИ, КАДИЈА СУДИ!“
Кон овој текст, во смисла на погоре изнесенето начело, се додава и
коментар на анализата на почитуваниот академик Љупчо Коцарев, акту-
елен претседател на МАНУ: „ВЛАДЕЕЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА“, објавен во
в. „Нова Македонија“ од 24.03.2021.
70
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Academician Vladimir Kostov
KADIJA
Metaphorically formulated, in the statement, “my sky”, the writers
from the Bitola Region should be presented in exchange for their authorial
experiences as well as in communication with the “others” in which the readers
of their works should be recognized. Regardless of whether this assumption is
decisively or partially correct, there is no doubt that the numerically expressed
phrase characterizes the Homeland Meeting, it seemed motivating for the
Homeland writers, and the fact that it is held in Bitola, even more so, because in
the conscience of our people the vision of Krste Misirkov for Bitola (according
to the Slavic name “OBITUARY”, and MONASTERY as its Turkish equivalent),
as the capital of the future Macedonian state, formed within its ethnic territory.
Within the Ottoman Empire, the city was given priority as a main center
of Rumelia (European Turkey), as early as the 19th century (1820), by an act
(ferman) of Sultan Ahmed II, and officially promoted as such that allowed a
rapid progress in all the areas of social life, and also, the growing interest of the
European countries in the city as a frequent place for diplomatic activity which,
in a suitable setting and appropriate conditions, in a relatively short period of
time, resulted in the establishment of a number of diplomatic offices, such as
the the Austrian Consulate as first formed in 1891, followed by the English, the
Russian, etc., which enabled the formation of a consular offices which, in direct
contact with the local population, should impose itself as a catalyst between
the oppressed “raya” and the absolutism of the sultan‘s government. In this
sense, the diplomats are successful in eliminating the extremes of the Shariat’s
exposing power, according to the principle: “KADIJA SUES, KADIJA JUDGES!”
(“Judge sues, judge judges”)
71
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
ДОДАТОК
72
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Владимир Костов
ДЕСЕТТЕ БОЖЈИ ЗАПОВЕДИ И ЕДНА АНТРОПОЛОШКА
Eдно време, зa да преживеат, луѓето од градот се зафаќаа главно со
некој занает: кој ковач, кој чевлар, кој терзија, кој налбат. Ретки беа шко-
луваните. Херојот на овој запис, син единец на мајка и татко, со потекло
од село, за да се оттргне од мачниот селски живот во мариовските села,
неговите родители, имашливи селени со три илјади грла овци, решија
да продадат дел од овците и да го испратат синот во градот да изучи не
занает, а школа. Мајка му го токмеше за поп, а татко му за доктур. Синот
се колебаше меѓу едното и другото за на крајот да се реши за нешто трето:
Всушност, пак доктор, но не доктур, а д-р на науки. Така желбата на татко
му донекаде беше исполнета. До некаде беше исполнета и желбата на
мајка му зашто, покрај докторската дисертација, зад која пак застанаа
овците на татко му, врз основа на Библијата тој состави и една друга дис-
ертација зэ лична употреба. И таа не беше оригинална, беше препишана,
но на оригинален начин: Ги препиша Десетте божји заповеди, давајќи им
обратни значења, На пример: „Не кради!“ – „Кради!“, „Не лажи!“ – „Лажи“.
Итн. Си ги запиша во умот и, раководејќи се според нив почна да прави
богоугодна кариера, што во неговиот случај значеше докторска.
Со текот на времето неговите Десет божји заповеди се модифици-
раа, се приспособуваа на општествено–историските услови. Така на при-
мер, заповедта: „Почитувај ги родителите!“ Ја оствари на тој начин што
своите родители, откога тие за него ја продадоа и последната овца, ги
остави на село да ги јадат орлите. Имаше случаи, за кои пишуваа и вес-
ниците, дека навистина во Мариово орли нападнале старци. Селата беа
напуштени, овците ги снема, снемэ и секаква друга живина, коските на
загинатите војници од Првата светска војна на Кајмакчалан веќе одамна
без оглодани, така што на орлите им останаа по некои старци, оставени
во пустелијата од синовите.
На тој начин докторот го реши проблемот со родителите, а во врска
со заповедта: „Почитувај ги твојот татко и твојата мајка за да ти биде
добро и да поживееш долго на земјата“. И му беше добро и беше со намера
долго да поживее.
Што се однесува, пак, до заповедта: „Не прељубодејствувај!“, прво
што направи откога докторира беше да ја остави жената со која уште в
село се имаа таксано еден на друг, со која подоцна и се венчаа и добија
73
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
три деца. Ја остави и се ожени за една градска rоспоѓа, вдовица на еден
фабрикант, постара од него, но богата. Кон заповедта: „Не прељубодеј-
ствувај!“, поучен од сопственото искуство, додаде: „Ожени се богато!“
Тоа „Ожени се богато!“ подоцна, пак во зависност од општествено–
историските услови, придоби значење: „Ожени се за функционерка!“ Во
согласност со та заповед, тој ја остави буржујката и се ожени за другарката
Панда. Тоа беше време кога десеттата по ред заповед од Десетте божји
заповеди најде своја широка примена и тој ја примени како прва: „Не
посакувај ништо што е туѓо!“ Се разбира, со нејзиното обратно значење.
За време на конфискациите на имотите од бившите богаташи, настрада
и татко му како кулак. Но она што тој на една страна фамилијарно го
изгуби, на друrа страна како конфискатор – особено на злато – го надо-
мести десеткратно.
Како активист на новата власт настапуваше со паролата дека е
ксплоатацијата на туѓиот труд е всушност грабеж на лебот не работниот
народ, печален мака и пот. Татко му лично го раскулучи но тој остана она
што беше татко му додека имаше за молзење три илјади грла овци – прет-
седател на најrоnемото „серезе“ во Мариово.
Но бргу се растурија задругите и селаните лиднаа по градовите. За
да ги сокрие трагите од изопачената примена на заповедта „Не посакувај
ништо што е туѓо!“, со многу туѓо злато во џебовите, тој се повлече од
политиката и одново се „фрли“ на науката, се активира како д-р, но пак во
тесна врска со идејно–политичките определби на општествениот систем
кој одеше со ознаката „народен“ – од народен одбор, преку народна власт,
до народна држава; од народни претпријатија, народни установи, народни
театри, до народен циркус. Народна наука, сепак, не одеше, но наука во
служба на народот беше препорачливо и својата „наука“ тој ја приспо-
соби на тие потреби. Всушност, откако терминолошки ја приспособи на
владеачката доктрина, тој ја актуелизира – ја пушти во промет – својата
докторска дисертација „Антропогенетика“ која, со политичката поддршка
што ја имаше и со помошта на Панда, која го „туркаше“ како научник,
доживеа неколку изданија со тираж од триесет илјади примероци. Мари-
овскиот рекорд на татко му за десет пати го натфрли. Остана доктор–удар-
ник, како што имаше младинци–ударници по работните акции, рудари-
ударници по јамите. Бидејќи храната с` уште се делеше со купони, доби-
ваше купон „Р/1 – јамски“. И со право. Работеше на изградбата на нов
човек, на ново општество. Времето беше историско. Со голема брзина
се освојуваа пространства, се прескокнуваа историски епохи, се одеше
напред, напред кон Големата цел. Но...
Но неочекувано возот, со кој патува заедно со жена му Панда на
летување во едно синдикално летувалиште на Јадран, наврапито сврти, го
74
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
промени правецот. Панда како куфер испадна од историјата. Тој со крајни
напори се задржа за една рачка. Таа рачка беше заповедта: „He поклону-
вај му се на идоли!“ Обратно сфаќајќи ги божјите заповеди, тој го свитка
грбот и длабоко се поклони.
Пак возот зеде брзина. Сегa низ ревизии на политичките програми,
низ реформи на општествениот систем – пак кон Големата цел. Но и кон
капиталистичките држави, полн со rастајбајтери. Соrлосно новонастана-
тите општествено–историски промени, докторот ги ревизира и ги рефор-
мира своите Десет божји заповеди. Нo се уште шашардисан од неочеку-
ванто свртување на возот во кое тој за малку што не го скрши вратот,
за првпвт се присети на божјата заповед „Шест дена работи, а седмиот
посвети му го на Господа“. Во негова верзија, таа зеде форма: „Не брзај!
Гази пополека, со дикат!“ Си ја запиша во умот. Вградувајќи ја во својот
воз таа сопирачка, одново се ожени, по трет или четврти пат, и пак за
функционерка, за да има со кој да оди на летување по синдикалните
одморалишта на Јадран и – што е поважно, најважно – за да има кој да ro
„турка“ во кариерата. „Туркан“ од неа а и морално–политички „подобен“,
зеде невиден залет во својата„научна“ работа зад која пак стоеше една
варијанта на неговата дисертација, реформирана и во согласност со акту-
елната дневно–политичка терминологија.
Возот татнеше. И..
И пак неочекувано, сега не на свртување, туку наврапито враќање
назад. Пак испаднаа многу куфери. Докторот одново остана политички
вдовец. Но спремен на с`, спремен одново да се ожени, газејќи низ исто-
ријата со „дикат“ зашто се покажа дека историјата е превртлива, спремно
ги дочека историските промени. Веднаш се трансформира. Тој, кој ги
изманипулира дееетте божји заповеди, имаше богато искуство во таа
манипулација: Прво беше кулак, потоа марксист, па ревизионист, сега
стана националист. Но ваков и таков, си остануваше доктор. Се разбира
сега и неговата дисертација претрпе трансформација. Од „Антропогене-
тика“, стана „Етногенеза“, во заrрада: „Од антрополошки аспект“. Човеш-
твото го редуцира, го сведе на етноси, етносите на племиња и индивидуи.
Во прашање беше слободниот пазар и приватната иницијатива. Тоа што
бараше пазарот, тоа тој нудеше.
Но бидејќи немаше повеќе државни фондови, кои тој обилно ги
користеше за многутиражните изданија на својата дисертација, сега се
ориентира на спонзори. Како такви се јавуваа трансформирани прет-
пријатија и акционерски друштва. Не се знаеше ни кој дава ни кој зема, ни
кој пие ни кој плаќа. Се крчмеше општествениот капитал. А се намножија
и докторите, претенденти за спонзорирање. И докторите и доктурите. Нa
тој прв доктор – научник во градот од поново време, продолжител на док-
75
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
торската лоза на Робевци, сеедно што не му се знаеше ни име ни презиме
зашто зад него не стоеше дело, познат среде граfанството како „докторот“
– со тоа што некои, знаејќи дека не е доктор медицинар, ro сметаа за ајван
доктор – го користеше тоа свое предимство и во согласност е своите Десет
божји заповеди како никогаш дотогаш не се чувствуваше толку многу
како Бог. Немаше директор на претпријатие да ја одбие неговата молба
за спонзорство. Бидејќи никој не му бараше отчет за потрошените пари,
дисертацијата, еднаш печатенз во 30.000 примероци, сега ја натфрли таа
норма, ама во обратна насока: не излезе ни во еден примерок. А доби
финансиски средства како тиражната норма да е за стопати надмината.
Парите, се разбира в џеб.
„Будали се луѓето“ – си запиша во умот, како општ заклучок, како
квинтесенција на Десетте божји заповеди, тој како што ги сфаќаше и ги
применуваше.
Можеше да помисли за луѓето како за наивни, лесноверни, дури и
глупави, но намерно го одбра најсилниот збор кој нив ги дисквалифику-
ваше како мислечка категорија.
„Овци се!“ – на кулачки начин ја метафоризираше таа констатација.
Всушност, сеедно низ какви метаморфози минуваше, тој кулак
беше, како татко му, и кулак си остана.
„Овци се и треба да се молзат!“
Тоа му стана рефрен на неговата животна филозофија. Рефрен кој
си го потпевнуваше.
Но еднаш еден директор му ја оспори таа негова филозофема –
директор на приватна фирма.
Зошто не се зафатите со обработка на тема која ви лежи и во врска
со која можете да црпите материјал од сопственото животно искуство? –
го праша.
– А таа тема е? – налета докторот.
– Без ‘рбетниците.
Како да му удри шлаканица. Но бидејќи тој беше без ‹рбетник, лице
немаше, не јв почувствува. Само што кај приватници повеќе не појде
да бара спонзорство. А освен тоа за првпат, со високо мислење за себе
како за поранешен доктор–ударник со „Р/1 – јамски“, потоа за доктор-
ревизионист, сега за доктор–националист, согледувајќи дека неrовата
дејност е шпекулантска, увиде дека тој е всушност доктор–криминалист,
експерт по кривично право и дека неговите Десет божји заповеди се всуш-
ност Кривичен законик. Тогаш за првпат се судри и со божјата за повед
„Нe убивај!“ Според неговиот принцип, за да ја запише во својата глава,
за да ја озакони, тоа можеше да го стори, запишувајќи ја со нејзиното
обратно значење: „Убиј!“ Да се убива, стана секојдневна практика во
76
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
општествениот живот. Немаше ден весниците да не пишуваат за убиства.
Тоа можеше него да го охрабри таа практика да ја озакони во својот Зако-
ник. Но, сепак, не го стори тоа, плашејќи се дека на тој начин ќе остави
трага од убиството, макар и мисловно извршено. А веднаш потоа, бидејќи
е дикатлија, мислата јаnотврди на друга тема за да си обезбеди алиби.
Со алиби, тој спокојно спиеше, откога обилно ќе се најадеше и ќе се
напиеше.
„Со моите Десет божји заповеди добро се живее! – си велеше. – И
долго!“
Остаре, наполни осумдесет, а се чувствуваше млад. Презеде чекори
за веќе не знаеше по кој пат да се ожени. Се разбира, чекореше со дикат.
Но...
Колку и да чекореше со дикат, колку и да беше дикатлија, еднаш
мораше да се лизне. Се лизна буквално. Зимата беше многу остра, со мраз
по улиците. Во палто со крзнена јака и со сплескана шубара, тој беше упа-
тен кон Старата чаршија. Патот до неа преку Ленски мост оди низ удол-
ница. Ѓупците од „Комуналец“, во штрајк поради ниските плати, не го
имаа посипано мразот со сол. Тој тоа го имаше предвид и се така газеше
со дикат. Но истовремено, поттикнат од мислата за Ѓупците кои не си ја
свршија работата, а од чие претпријатие имаше скубнато за „Етногене-
зата“ – помислуваше кое е наредното претпријатие од коеисто така ќе
скубне.
За буџетските претпријатија слабо финансирани од Општината,
го употребуваше изразот „скубнување“. Постојано мислите му беа насо-
чени во таа насока: Од каде и колку да молзне или да скубне. „Главата ќе
ми пукне!“ – им се жалеше на своите спонзори, божем од научни мисли.
А притоа во себе си потпевнуваше: „Колку се луѓето овци!“. Сега, на
замрзнатата удолница, помислувајќи дека и Ѓупците се овци, – вистина
шугави, но овци – уште помисли: „И Бог е овца кога дозволува покрај
него да има и други богови!“ Ја имаше предвид првата од Десетте божји
заповеди: „Немај други богови освен мене!“. Себеси се замислуваше како
Бог, како д-р Фауст, вечно млад и бесмртен. Тоа чувство сега му ro заси-
луваше топлото палто и: шубарата. Но се лизна. Уште непаднат, шуба-
рата му летна настрана и голата глава со темето му ѕвекна на мразот и му
напукна. Во врска со новонастанатата ситуација, помисли не на некоја
од Десетте божји заповеди, туку на „Антрополичката“ запишана во гла-
вата на секој човек, помисли да ја запише во својата глава со нејзиното
обратно значење: „Не умирај!“. Но, бидејќи главата напукната, не му се
здаде тоа да го стори, умре.
77
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
Владимир Костов
ГРОМ
Стариот професор по книжевност и писател го фати невреме и се
засолни во станот на Апостоле (Столе), негов бивш студент и сегашен
млад колега по перо.
– Во вистински час доаѓате! – се воодушеви Апостоле на неговата
посета.
Го затекнал додека работел над својот роман и имал проблеми со
еден збор кој никако не можел да го покори, да го впрегне во својот јарем.
Работа не е соодветен збор за писателската активност, – му забележа
професорот – но него го наметнаа новинарите во интервјуа со писате-
лите: ,,На што работите сега?“ ,,Работам на нов роман“. Ако писателскиот
занает се сфаќа и се практикува како занает, тогаш писателот навистина
работи. Или е небаре ангажиран на земјоделска дејност во која, метафо-
рично кажано, зборовите треба да се впрегнат во јарем како волови за да
се изора нивата.
– А ако цепиш дрва? – чиниш постави непотребно прашање Столе.
Токму тој претпладнето за домаќинството на неговите родители
исцепил пет кубици дрва (откога тие со машина биле исечени на трупци)
и, оставајќи ја жена му да ги среди во визбата, наговорен од неа се вратил
во нивниот стан на мансардата да се одмори. Место тоа, сметајќи ја рабо-
тата над романот како одмор, седнал да работи над него, при што сфатил
дека, да се работи со зборови е исто што и да се цепат дрва, дури многу
потешко од таа активност зашто едно чудо од зборовите биле чаталести.
Токму еден таков збор, предизвикан во неговата речничка меморија од
невремето надвор, – зборот кијамет како еквивалент на невреме, како
негов си ноним – му го посочи на професорот како трупец кој не можел
де го расцепи, па се заинтересира какво е негово то искуство во врска со
тој аспект на творечката дејност, при што го имал предвид неговото ста-
новиште дека за добриот писател синоними нема.
Пред да го добие неговиот одговор, во отсуство на жена му, Апостоле
го напушти местото крај работната маса до прозорецот – на која беше
раскрилен тефтер со ракописот на неговиот роман – и појде во кујната да
свари кафе за да го почести колегата и кумот. Обземен со својот лингви-
стички проблем, тој и од кујната му го наметнуваше на професорот, но
78
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
овој, поради староста малку наглув, не можеше да дофати ни еден негов
збор, освен зборот цепи, цепи...
Кога кафето беше зготвено, послужавникот со двата филџани Апо-
столе го постави на масичката со два стола покрај неа, на едниот од кои
седеше професорот, а наспроти него сега седна Апостоле.
– Во право си, – го продолжи прекинатиот разговор професорот
– многу зборови се чаталести, ако не и сите од сите јазици, ставени во
устата на човекот, само што нив не ги цепи армаџија со својата секира,
туку, по нарачка на Бог, свети Илија со своите громови, истовремено и
запалувајќи ги со цел луѓето да се претворат во прав и пепел.
За така да се изрази и нему, како и на неговото кумче му даде повод
кијаметот кој надвор беснееше: молскаа светкавици, трештеа грмоте-
вици. Но само што го рече тоа, во собата тресна гром погодувајќи го рас-
крилениот тефтер со ракописот на Апостоле, при што прво го расцепи
на две половини, а веднаш потоа или, поточно, истовремено го фрли
во пламен. Со брза интервенција, Апостоле го изгасна пламенот на тој
начин што врз него ја фрли домашната наметка која ја имаше на себе.
Кога потоа ја подигна, на местото каде што беше ракописот, можеше да
се види купче пепел.
Професоре, вие ми го спасивте животот! – му рече Апостоле на про-
фесорот откога дојде не себе по зешеметеноста. – Ако не ми дојдевте во
посета, јас ќе останев над ракописот, така што и мене громот ќе ме пре-
твореше во пепел.
Па ја расчепка пепелта, барајќи чаталест збор кој ја преживеал ката-
строфата. Не наоѓајќи таков, му се обрати на професорот, (дидактичи
произнесувајќи се, небере овој беше ученикот, а ученикот небере ми ти
Платон), во врска со лингвистичкото прашање не чателестите зборови.
– Што ни зборува оваа пепел?
Пред да му одговори, професорот, ставен во улога на ученик, но во
спор со својот учител прво го промеша талогот од кафето, стаен на газерот
од филџанот, го испи со една голтка и одговори на поставеното прашање:
– Таа пепел ни зборува дека на почетокот од создавањето на светот
не бил зборот, макар и чаталест, туку громот.
79
Шеснаесетта Роднокрајна средба…
СОДРЖИНА
Подготвил: Д–р Николче Вељановски
16. РОДНОКРАЈНА СРЕДБА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5
Христо Петрески
НЕБО . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 8
Биљана Т. Димко
ПОЗИТИВНИОТ ЕГОИЗАМ КАКО ОСОБИНА НА ИДНИНАТА . . . . . . . . . . . . . . 10
Весна Мундишевска–Велјановска
ИСПИСИ НА НЕБОТО НА ВОЗНЕСОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 13
Добре Тодоровски
КНИГАТА МЕЃУ НАС . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 18
Ѓорѓи Прчков
ПИШУВАЊЕТО – КОМУНИКАЦИЈА СО МОИТЕ ЛИКОВИ И НАСТАНИ . . . . . 22
Академик Зоран Пејковски
ЗА БОЛКАТА, ЗА ТРАГЕДИЈАТА, ЗА СТРАДАЊЕТО, ЗА ДУХОВНИОТ ХАОС... 29
Илче Стојановски
ПОГЛЕДОТ И ДУШАТА, ЧУВСТВОТО И ЗБОРОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 37
Јован Ѓуровски
ПРОДАВАВ ЧОВЕШТИНА БЕСПЛАТНО . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 41
Љубе Митрејчевски
МОЕТО ИНСПИРИРАНО ТВОРЕШТВО ИСТКАЕНО СО ЦРНО–БЕЛ КОНЕЦ . . . 45
Петре Димовски
НИЗ СОНОТ И ИМАГИНАЦИЈАТА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 54
М–р Сања Мучкајева Видановска
СТРАДАЊЕТО НА ЕДЕН ПИСАТЕЛ КОГА НЕБОТО Е ЗАТВОРЕНО . . . . . . . . . . 63
Акдемик Владимир Костов
КАДИЈА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 68
Додаток – раскази од Владимир Костов . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 71
ШЕСНАЕСЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО
БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА
Издава
Националната установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ Битола,
ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39, Битола
Организациски одбор
Јелена Петровска
Николче Вељановски
Владимир Костов
Превод на резимеа на англиски јазик
Николче Вељановски
Лектура
Александар Димитров
Печати
Графо Пром – Битола
Тираж
120 примероци