14-ta RodnokrajnaZbornik-2019.indd

ЧЕТИРИНАЕСЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА


Зборник на излагања,
Тркалезна маса, Битола 31 мај 2019 година




National Institution – University Library
„St Kliment Ohridski“ Bitola


FOURTEENTH HOMELAND MEETING
OF THE BITOLA WRITERS FROM


MACEDONIA


Collection of presentations,
Round table, Bitola May 31, 2019


Bitola 2019




Национална установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола


ЧЕТИРИНАЕСЕТТА РОДНОКРАЈНА
СРЕДБА СО БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ


ОД МАКЕДОНИЈА


Зборник на излагања,
Тркалезна маса, Битола 31 мај 2019 година


Битола 2019




Издава
Националната установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ Битола, ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39, Битола


За издавачот
м–р Бојан Стефановски


Издавачки совет
м–р Јелена Петровска
д–р Николче Вељановски
Академик Владимир Костов


Главен и одговорен уредник
д–р Николче Вељановски


CIP – Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“, Скопје
821.163.3.09(062.552)
821.163.3-3(082.2)
821.163.3-1(082.2)
РОДНОКРАЈНА средба со битолските писатели од Македонија (14 ; 2019 ;
Битола)
Четиринаесетта роднокрајна средба со битолските писатели од
Македонија : зборник на излагања, Тркалезна маса, Битола, 31 мaј 2019
година / [главен и одговорен уредник [и] превод на резимеа на англиски
јазик Николче Вељановски]. - Битола : Национална установа Универзитетска
библиотека “Св. Климент Охридски’, 2019. - 127 стр. : фотографии ; 25 см
На напор. насл. стр.: Fourteenth homeland meeting of the Bitola writers
from Macedonia : collection of presentations, Round table, Bitola May
31, 2019. - Summaries кон трудовите
ISBN 978-608-4538-81-3
а) Македонска книжевност - Теми, мотиви - Мајка - Излагања од собири
COBISS.MK-ID 111682058


Тел.: 047/220–208; факс: 220–515; тел. изд. 232–999;
e–mail: nuub@nuub.mk • www.nuub.mk


Зборникот е финансиран од Министерството за култура
на Р. Македонија.




5


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


14. РОДНОКРАЈНА СРЕДБА


Приредил д–р Николче Вељановски, библиотекар советник


14. Роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија
се одржа на 31 мај (петок) во 10:30 часот, во читалната од Роднокрај-
ното одделение.


Темата на Тркалезната маса беше: „Мајката – инспирација и/или
значаен лик во моето творештво“.


На Средбата со свои излагања учествуваа дваесет и двајца родно-
крајни писатели меѓу кои: академик Владимир Костов (во отсуство),
проф. Вера Стојчевска Антиќ (во отсуство), проф. д-р Христо Петрески
(во отсуство), Биљана Т. Димко (во отсуство) Добре Тодоровски, Панде
Манојлов, Петко Шипинкаровски, Никола Кочовски, Ѓорѓи Прчков,
Петре Димовски (во отсуство), Јован Ѓурвски, Ванде Ганчевски, проф.
д-р Даниела Андоновска – Трајковска, Весна Мундишевска Велјановска,




6


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


Милица Димитријовска Радевска, Сања Мучкајева Видановска, Елизабета
Јончиќ. За првпат на Средбата присуствуваа и Благој Попоски, Илче Стоја-
новски и Симона Петровска, а гости беа Михајло Свидерски и Михајло
Гаџова Свидерска.


Присутните на почетокот беа поздравени од директорот м-р Бојан
Стефановски. Модератор на средбата беше д-р Николче Вељановски.


Раководителот на проектот и модераторот на средбата д-р Николче
Вељановски во поканата до писателите даде свое кратко образложение
како насока за пишување на темата:


Кога станува збор за тоа што претставува зборот мајка, посебно
како тема на сегашната средба би сакал да го гледате пошироко. За
некого мајка е природата, па и мајката Земја доколку така сме ја гле-
дале во некое свое дело, или пак земјата (нивите) кои раѓаат плодови
за да се прехранат луѓето, вклучувајќи ја тука, се разбира доколку
имате и трогателни моменти на однос кон татковината како кон
мајка. Мајка е и Богородица за која сме сите ние нејзини чеда. Мајка
е и онаа жена која нема деца доколку како лик ги сакала другите деца,
како што и во Библијата се вели, ‚блажена е онаа утроба што не раѓа
деца затоа што сите деца се нејзин~. Има дела во кои е опишан машки
лик кој е и татко и мајка за некого. Најчесто е претставен ликот на
жената – сопруга и мајка што секако дека е обработуван во најраз-
лични ситуации, почнувајќи од семејство со едно или повеќе деца,




7


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


посвоено или посвоени деца, со хендикепирани деца и тн., и тн. па се
до мајки на кои им се одземени децата по некаква судбина.


Не смееме да ја заборавиме и тагата на мајката по загубено
чедо во несреќа, по чедо кое се одделило и заминало од неа и сл.
Има синови кои заради одредени семејни причини со години биле
во странство и не сакаат или не сакале да си ги видат своите мајки и
покрај тоа што и самите страдале. Има и обратни случаеви, ме пот-
сети една поетска збирка на еден наш сограѓанин кој во туѓина на
печалба ги излева своите трогателни чувства кон мајката.


Заради самата тема имаше голем одзив од страна на писателите кои
со голема емоција ги пишуваа своите текстови. Средбата помина во кон-
центрирана, но и пријатна атмосфера.





8


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


УДК 821.163.3-3(062.552)


Проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска


МАЈКАТА КАКО КОД, КАКО ЛИК И КАКО
МЕТАФОРА ЗА ЖИВОТОТ ВО МОЕТО


ТВОРЕШТВО


Неодамна мојот почитуван професор д-р Јордан Стојаноски читајќи
ја мојата с` уште необјавена поетска книга со наслов „Куќа на контрасти“
за која тој во моментот пишува рецензија ми рече дека моето писмо во таа
книга било нетипично женско. „Не е!“ – му се спротиставив. „Јас не пишу-
вам женски!“, мислејќи притоа на тоа дека во мојата поезија нема многу
лиризам, заобиколувања и патетика, туку гола семантика која произле-
гува од неочекувани и шокирачки споеви на лексеми. Почна да се смее,
но и да ми објаснува дека својот став ќе го поткрепи со аргументи. Така
почна да ми наведува стихови во кои употребувам зборови кои упатуваат
на жена, но пред с` на мајка: папочна врвца („Мојата азбука се раѓа на
ножот со кој се пресекува папочната врвца“, Азбука, 2019а), матка („ќе
ми ги затвориш сите вулкани/ со кои дишев во матката на векот“, При-
питомени зборови, исто), „Матката на ноќта/ ги чува двата плода/ до
срцето“ (2019в: 30), утроба, постелка („Н` зачешува постелката/ зди-
плена со 2 грама нафталин/ и фрлена под тепихот“, Подвижни слики,




9


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


2019а), раѓање („печатот на раѓањето/ ни ги одделува очите од душата“,
Ништо, исто), породилни болки („мислата ми заглавуваше в грло/ во
породилни болки и затворено небо“, Изронети зборови, исто; „ играта
помеѓу тебе и мене/ ги пие врутоците на огнот/ испружен меѓу две нерам-
нини/ кој се тркала по трите точки на реченицата/ во породилната
болка на универзумот“, Истркалана игра, исто), колкови („со раширени
нозе ми ги кршеше колковите/ за да го немам твојот лик во огледалото“,
„Клеточно дишење на тишината“, исто), папок, гради („под моите гради
празниот скуток растеше во форма на кружница…“, Солено ехо, исто),
ДНК („во мојата ДНК ти ја гледам опашката/ како се влече/ барајќи
дупка за да излезе“, Синџирот на вечноста, исто), фетус („Тој се врти кон
Неа во фетус позиција/ Таа без размислување го зема во својата матка/
иако е двојно помала од него“, Никаде нема толку вистина колку во спал-
ната соба, исто). Оваа теза ми ја потврди и почитуваната колешка д-р
Славица Гаџова Свидерска која исто така пишуваше за оваа книга. Таа
уште на почетокот од нејзината анализа вели вака: „Она што најпрво
може да се забележи и да се подвлече е дека поезијата на Даниела Андо-
новска – Трајковска е еклатантен пример на женско писмо – `criture
feminine, кое во суштина е нетипично и некласично, затоа што призмата
на оваа авторка ја надминува класичната рамка на т.н пишување од утро-
бата.“ И тогаш станав свесна дека овој код несвесно сум го создавала во
текот на годините, особено во последните три-четири години со цел да
означам различни нешта: дефиниција на моето писмо, создавање на пое-
зијата, свесност за распаѓањето на човечката цивилизација токму во неј-
зината кулминација, дегенерацијата на човештвото, егзистенцијализмот
во секојдневието, основниот создавачки принцип во природата и Бог
ослободен од антропоморфизам и од религиски определби, но и за да ги
прикажам меѓучовечките односи, особено односите помеѓу мажот и
жената. Сето ова укажува на тоа дека жената-мајка во мојот случај ста-
нува посебен јазик со посебни и индивидуализирани јазични идентитети
кои се употребени со конотативно значење проширувајќи го на тој начин
семантичкото поле на можни јазични манифестации. Ако вака кодира-
ното женско писмо се развлече на пошироки контексти, тогаш се мулти-
плицираат и семантичките полиња. И покрај тоа, употребата на јазич-
ните елементи од овој вид овозможува да се појави поголема интима
помеѓу песната и реципиентот, затоа што таа содржи женски атрибути со
кои се разголува душата и кои упатуваат на создавањето и творењето
воопшто: од свесното до несвесното создавање и од создавањето во при-
родата, до создавањето надвор од неа.




10


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


Лирското Јас во мојата поезија зема различни идентитети, така
што е и женско (мајка, жена, девојка, девојче), но и машко и детско и
персонифицирано и апострофирано. Исто така, има и наративни еле-
менти за да создаде фабула во згусната форма, но и други ликови кои
понекогаш се поклопуваат со лирското Јас, како што се: мајка на дете
со аутизам (Светот во мене, 2015: 92), на слепо дете (Сине,/ ќе форму-
лирам реченица/ за оваа ружа/ која води љубов со розовото/ не срамејќи
се да го покаже/ својот адреналин/ пред твоите разиграни прсти/ кои ~
ја напипуваат вратната жила, 2015: 84), на глуво дете (Не ми ја раска-
жувај/ приказната за уловените гласови/ во оваа пајакова мрежа, Не
ми раскажувај, 2015: 88), мајки кои ги изгубиле своите деца во војната
(Минута потоа/ мајките си ги кршеа прстите/ и ги собираа во кутивче
кибрит, Машина за мелење месо, 2015: 136), мајка – бегалец (градите
~ горат од мртвото жарче, Плач, 2017а: 8), маќеа, мајка на лирското
Јас, мајка на дете-филозоф кое во неа го буди прашањето за смислата на
постоењето и потрагата по себе си (Мама, кој сум јас, 2019а), изневерена
жена (Мојата перница/ осамено лежи во ќошот на креветот,/ стуткана
како фетус и со грчеви стомакот, Мојата перница, 2015: 101), самохрана
мајка (Еден ден/ враќајќи се од училиште/ ги донесе боцките собрани во
малите дланки свои./ Ги замисли наденати/ врз избричената глава на
зборот/ и обеси прашалник/ на трепките мои, Прашалник, 2015: 11),
мајка на дете-тинејџер кој умира од предозираност (Мајката го покрива
синот со своето тело./ Црната кутија ги проголтала доказите, (Само)
убиство без предумисла, 2015: 42), неротка (Прекапува млекото ненадој-
дено во твоите дојки,/ а колковите ти стежнуваат/ од годините обесени
на нив…/ Прстите искршени/ од долготрајните чекања/ по ходниците/
во кои нечии оплодени јајце клетки/ ти се смеат/ назабени/ и со песја-
ците ти каснуваат од матката, Урна, 2015: 114).


Еден од најкоригираните мои текстови е автобиографскиот текст за
мајка ми кој прво беше во форма на едноставна и едноделна лирска песна
со наслов „Мајка“ напишана во 2008, потоа премина во повеќеделна лир-
ска песна која постојано трпеше промени (најмалку триесетина) и на крај
– прерасна во кратки раскази со лирски призвук со наслов „Онтогенеза
на црвеното“ и поднаслови: Мајка ми и црвеното небо, Јас и црвеното
небо, Јас и црвеното, Јас и извичникот, Јас и отвореното небо, Црвено во
зборовите и Препознавање. Овие раскази сега се дел од збирката раскази
„Кафе, чај и црвено небо“ (2019б) која е во процес на објавување. Тоа е
во суштина една приказна за циклусот на раѓањето, зреењето и мудро-




11


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


ста кој постојано се пресликува во животите на луѓето, тоа е приказна
за долгото исчекување на новиот живот, за зачнувањето, раѓањето, за
постепеното осознавање за постоењето, за себепронаоѓањето преку оса-
мостојување и откинување од мајката, за напуштањето на домот, но и
за папочната врвца која никогаш вистински не се пресекува и која цел
живот ги поврзува новите и старите генерации и ги враќа назад во домот,
а особено за клучната улога на мајката во тркалото на животот чие прису-
ство симболично е претставено со црвена боја, затоа што црвената боја е
боја на интензивни емоции. Таа во исто време е љубов и лутина, раѓање,
созревање, плодност, зачнување, раѓање и умирање кое не претставува
крај туку нов почеток: Тогаш си го поткасав јазикот со црвените зборови
кои ме потсетија дека времето е тркалезно и дека секое време рони црвени
крвни зрнца од своето небо. И дека небата сепак се слични./ (Црвено во
зборовите)… Небата се отворија едно кон друго за да истече црвеното
и да не се изгуби ниту една капка крв (Препознавање). Затоа може да се
рече дека ова не е песна за мајка ми, туку за човекот и неговиот живот во
кругот на создавањето, трансформацијата и ресоздавањето.


Мајката во моето творештво е и бабата која е создадена од контра-
сти: кротка, а бунтовна, молчелива, а мудра, мала по раст, но голема по
душа, мајчинска фигура која е извор на универзалната љубов кон с` што
постои и допрва ќе постои. Таа е и лик во мојата поезија, но и нејзин
извор, таа е и провокација и артикулација (Твоите зборови се во моите
зборови/ и те има/ во мене, 2017б: 59). Затоа и ќе завршам со расказот
Црвено небо (2019б) во кој посредната родителка е лик кој ја пренесува
мудроста за создавањето на поезијата, затоа што и тоа е раѓање: Баба
ми велеше дека секое црвено небо е матка од која се раѓа зборот, а јас
задумана постојано ја прашував зошто тогаш мислите ни заглавуваат в
грло. Зарем од ресичката на денот се плашат?


– Не се плашат – пресекуваше баба, – трпеливи се, зашто знаат дека
нашето небо раѓа ноќе.




12


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


Прилог:


ОНТОГЕНЕЗА НА ЦРВЕНОТО


0. МАЈКА МИ И ЦРВЕНОТО НЕБО.
Црвеното небо се спушташе на клепките на сонот за да се погледне


во очите на мајка која секоја ноќ на своите дланки ја бараше приказната
што требаше да се роди.


Одеше по доктори и по бајачки и кога конечно сфати дека нема да
ме има, се помири со судбината и исфрли с` од старата куќа во која нок-
тите зарастуваа со месото за да болат.


Тогаш под каучот најде крваво клопче волница. Во истиот миг осети
силен удар во стомакот, но од внатрешната страна на небото.


1. ЈАС И ЦРВЕНОТО НЕБО.
Првата година со часови гледав во црвеното небо, а оттаму распла-


кани ѕвезди ми капеа по лицето за да ме научат дека с` што е горе, може
да слезе долу и дека с` што е долу сака да се искачи горе.


Тогаш мислите се оптегнуваа на зглобовите за да ја научат азбуката
на тишината.


Едно време го слушав и морето во школката и музиката во жицата
што осцилира и светот го гледав во очите на мајка за да научам дека с`
што е големо во една точка го собира и дека од таа точка с` се раѓа.


2. ЈАС И ЦРВЕНОТО.
Првите букви на три години ги научив, а на четири – „Малиот


принц“ го читав за да научам дека само припитомувањето може да ме
отвори кон други неба, дека детето во мене не смеам да го заспијам со
теории и дека мајка ми секогаш ќе биде до мене колку и да бегам од неј-
зината планета.


И каде и да одев по црвеното дома се враќав.


3. ЈАС И ИЗВИЧНИКОТ.
Кога наполнив 16, мајка ми се претвори во прашалник, а јас почнав


да личам на извичник.
– Каде ќе одиш? Со кого? Ќе се вратиш ли до 12? Кој друг излегува


толку доцна? Ги заврши ли домашните работи?
– На Корзо! Со другарките! Сите! Не и немам намера!




13


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


Во дневникот пишував со азбука моја сочинета од букви кои живи
пред мене ги гледав. И извичници ~ пишував на мајка, зашто мислев дека
ме чита, дека претура по мојата фиока за да најде парче од моето црвено
небо.


И во моите најлуди кошмари ја замислував како пред мене стои со
небото во рацете, мавта со него пред моите очи и ме тера да признаам
каде сум го изгубила и кој тоа ми го зел? И како сум можела и како сум
смеела и како сум дозволила?


Црвеното почнав да го мразам, иако моето небо цело беше.


4. ЈАС И ОТВОРЕНОТО НЕБО.
Кога небото се отвори и ме погледна со вода во очите, булки во дво-


рот почнаа да ми растат, а душата моја црташе кругови од кои се цедеше
огнот.


И јас осетив, како и мајка ми пред 24 години, силен удар во стомакот
од внатрешната страна на небото.


5. ЦРВЕНО ВО ЗБОРОВИТЕ.
И додека пиев црно кафе кај мајка ми во дворот, син ми ја турна


масата на која имаше зрели цреши од дрвото на кое се јазлев како дете и
ми рече дека не му се допаѓа тоа што мојот грб личи на прашалник.


– Прибери го извичникот! – му реков.
Тогаш си го поткасав јазикот со црвените зборови кои ме потсетија


дека времето е тркалезно и дека секое време рони црвени крвни зрнца од
своето небо. И дека небата сепак се слични.


0. ПРЕПОЗНАВАЊЕ.
Булките во дворот го плукнаа небото во кругот за да ја обојат фабу-


лата која полека си ги препознаваше своите сижетни линии.
Небата се отворија едно кон друго за да истече црвеното и да не се


изгуби ниту една капка крв.




14


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


Prof. d-r Daniela Andonovska – Trajkovska


THE MOTHER AS A CODE, AS THE MAIN CHARACTER
AND A METAPHOR OF LIFE IN MY WORK


Although the criticism of my poetry goes in the direction of being a
classic example of female‘s writing – `criture feminine, there is a critic who says
that it is essentially atypical and non-classical, because my prism transcends
the classical framework of the so-called womb-writing. It made me aware that
this code I have been unconsciously creating over the years, especially in the
last three or four years in order to mark different things: the definition of my
writing, the creation of poetry, the awareness of the disintegration of human
civilization right at its climax, the degeneration of mankind, existentialism
in everyday life, the basic creative principle in nature and God free from
anthropomorphism and religious beliefs, but also to show interpersonal
relationships, especially relationships between mаn and woman. All this
suggests that the mother-woman in my case becomes a separate language
with separate and individualized linguistic identities that are used with
connotative meaning, thus expanding the semantic field of possible linguistic
manifestations. If such coded feminine writing is being expanded to broader
contexts, then the semantic fields are multiplied, too.


However, the use of linguistic elements of this kind allows greater
intimacy between the poem and the recipient, as it contains female attributes
that reveal the soul and which refers to creation and writing in general.


Wherever I went I was longing for the red at home. In the diary, I was
writing with my self-made alphabet of letters that I was watching in front of
me. And I used to write exclamations to my mother because I thought she was
reading to me, that she was searching my drawer to find a piece of my red sky.


I even started to hate the red even though my sky was red all over. Then
I bit my tongue with the red words that reminded me that time is round and
that it pours red grains from its sky. The skies opened to one another for the
red to flow out and not a single drop of blood to be lost.




15


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


УДК 821.163.3-31(082.2)(062.552)


Ванде Ганчевски


ИЗВАДОК ОД КОНЦЕПТ НАМЕНЕТ ЗА РОМАН


Тоа утро во дворот на школото
лоцирано во близина на центарот на
градот, вриеше од деца, носени за
рака од своите мајки. Сите со мајките,
само јас со мојата баба. Сите посебно
исшечлани и облечени во нови облеки.
Таков и јас. Мојата баба Веса предход-
ниот ден ја испегла мојата облека, а
утрото посебно ме исчешла. Првооде-
ленчињата чекаа да се огласи училиш-
ното звонче.


Едно русокосо со две плетенки на
чии краеви висеа црвени панделки и
шепотеше на својата мајка *…Она дете
има стара мајка…* Не слушнав што и
одговори нејзината мајка, звонењето
на училишното звонче повикуваше да
влеземе. И влеговме.


Очекував учителка, а н` пречека учител. Неговите неговани муста-
чиња, над неговата присутна насмевка, оставаа кај мене посебен впеча-
ток. Е, тој учител беше четири години мојот насмеан учител, кој секој
осми март ни задаваше на час да кажуваме или пишуваме нешто за денот
на мајката. Тој час секогаш ќе најдеше нешто, мене да ме ангажира да
одсуствувам од часот… Да му купам бурек од подалечна бурекџилница,
да му купам весник од трафика во центарот на градот, цигари…Така ниту
една година не ме остави да напишам нешто за тој празник, а имав многу
да кажам и да напишам…Судбината да ја исплеткам и изгмечам, да ја
истегнам, да ја искинам, да ја опсујам…Знам, не ќе можев да ја пресвр-
там, мајка ми да биде покрај мене. Сакав само нешто да напишам, засто-




16


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


ениот талог низ мене кој ми тежи, да го исфрлам, да си олеснам. Наред-
ните години разбрав зошто така… Знаеше тој дека немав мајка. Сигурно
знаеше и дека страдам заради нејзиното одсуство. Сакаше да ме поштеди
од болка.


1
Е, тој ден, по четири изминати години, на учителките им носевме


букет цвеќе… Купено или одкинато од дворовите. Многумина од учени-
ците им носеа и на своите мајки. Јас носев на гробот од мојата мајка, чиј
лик го паметам само по сликата залепена на гробната плоча. И секако,
подарував букет цвеќе и на мојата баба. Тогаш таа со насмевка ќе го при-
меше цвеќето, ќе ги покажеше вештачките заби, ќе ме гушнеше, а јас ужи-
вав во нејзината миризлива преграtка.


Ја завршив осмолетката без мајкино присуство на завршната све-
ченост.И средното училиште…И факултетот… И војска да служам зами-
нав без поздрав и преградка од мајка. А секогаш, во такви пригоди, сите
останати се топлеа во мајкина прегратка. Јас само предпоставував дека е
мека, топла, заносна, миризлива. Јас среќа немав да ја запамтам таква…
Како честитка, како порака, како посакување на среќа, посакување на
леснотија, сигурност, надеж… А помислата дека таква посакувам, но ја
немам, оставаше низ мене некој талог, заседнатост засушена која стега,
притиска, мачнотија и болка носи. Тоа го почуствував и дојде до полн
израз кога се женев, на мојата свадба. Се обидов прегратката, тогаш
подарена од мојата баба Веса, да ја заменам со мајкина… Успеав само во
дел, минијатурен дел, претпоставен дел, кој можев само да го замислам…
А никогаш не сум го доживеал. Тоа беше очигледно, дека сака мајки-
ното одсуство, да го замени со нејзиното присуство низ сите изминати
години… Болката што ја носам да се зблажи, да се зашекери, разредена
да стане, да не боцка, да не пече, да престане да боли.


Убедувањето, дека така требало да биде, без мајка да бидам, не го
прифаќам. Мојата баба Веса знаеше да рече, дека така напишале нареч-
ниците, третиот ден по моето раѓање, јас се кострешев пред неа со пра-
шања, како така, зошто така…Зошто моливот не му се скршил на тој што
пишувал да не може така да напише. Нагласував дека тоа е глупост. И
по години не се согласував со нејзината суеверна теза. Посебно кога ќе
речеше дека таква ми била одредена судбината и среќата. Јас во судбина
и среќа не верувам, нив ги заменувам со случајности. И одговор давам
дека тоа што го тврди баба ми, е чиста глупост.




17


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


2
Така и денеска по изминати четириесет години, го застапувам


моето гледање на работите и не сум смирен, посебно кога лебдее ликот
на мојата мајка од сликата поставена на надгробната плоча… Зачестено
е залепен за мене. Се прашувам, каква магнетна сила го лепи во мене . А
тогаш на него излегува повторно мојата баба Веса и вели дека таква суд-
бина ми била одредена.


Тоа е тоа, да се смирам со одсуството на мајка, да живеам без мајка,
само со споменот за неа, кажуван од баба ми. Ех, колку би сакал тогаш да
можев, компромис да направам со судбината, да ја молам и да ја разубе-
дам дека не е во ред без мајка да растам, страдалник да бидам, споменот
за мајка ми, главоболка е жеста во мене да го толчи, а крештав страчкин
глас да се слади на украденатра среќа… Или грда случајност како судбина,
цел живот да бидам залепен за посакувана личност мајка, без шанса да ја
имам… Мојата интима да страда, во денови и солза да носи, ноќта сонот
да го парчи, а само кога ќе отидам на нејзиниот гроб, смиреност…




18


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


Vande Ganchevski


EXCERPT FROM THE CONCEPT INTENDED FOR A NOVEL


Even if I interwened and crushed destiny, stretched it, teared it, dried
it, cursed it … I know, I wouldn‘t be able to change it, to bring my mother
by my side. I just wanted to write something, the stale sediment through me
that weighs on me, to throw it away, to relieve myself. In the years to come I
found out why it was so … He knew I had no mother. He also knew that I was
suffering because of her absence. He wanted to spare me from the pain … to
reconcile with my mother‘s absence, to live without my mother, only in the
memory of her, told by my grandmother. Oh, how much I wish I could, at that
time, make a compromise with fate, beg her and convince her that it is not all
right to grow up without a mother, to be a sufferer … Or an ugly coincidence
as fate, to be stuck for a lifetime to the desirable mother person, without the
chance to be with her … My intimacy suffers day after day and wears tears, the
night breaks the dream, and only when I visit her grave, the quiet overwhelmes
me…




19


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


УДК 821.163.3-3(062.552)


Петре Димовски


МАЈКАТА НИЗ МЕНИТЕ НА ЖИВОТОТ


Мајката е најсодржајниот поим
во сите јазици на светот. Таа е универ-
залниот симбол на продолжување на
животот, симбол на сите возвишени
чувства, верувања, најсилната љубов,
најголемата храброст, безмерната
пожртвуваност, постојаната топлина,
искреноста. Таа е заштитничка, храни-
тел, учител, советник.


Во моето творештво присутна
е мајката како лик, како поим, како
идеал.


Расказот „Бабали Мете“ ја има
мајката која секогаш го изнаоѓа патот
што води до заштита на нејзиното дете,
независно колкава жртва побарува тој
пат. Таа е одвоена од своето чедо по


законот на народната борба против окупаторот на татковина и Револу-
цијата. Кога во еден миг, не можејќи да ги контролира чувствата на љубов
кон надредениот, и во забранети околности од таа љубов раѓа дете, ни
во еден миг не се повлекува под помислата да го заштити низ неговиот
животен пат, останувајќи постојано во негова близина. И во оној миг,
кога човекот со кој го има детето од забранетата љубов е стрелан за неза-
конски дејствија кон Партијата, доаѓа во домот каде е сместено детето,
избирајќи живот во кој ќе настапува како нема личност, за да го одбегне
гневот на масата, и успева постојано да биде крај своето дете, така да го
заштитува и изнесува низ животот, поставувајќи ја онаа огромна жртва
на одрекување од сите свои животни предизвици а служејќи му само на
мајчинството. И во тој живот не остава место за тага, болка, незадовол-




20


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


ство, туку само целосна исполнетост со среќа. Таа среќа ја чувствува како
мајка, предодредена од мајчинството.


Расказот „Изгубена битка“, добитник на награда по анонимниот
конкурс на весникот „Нова Македонија“ ја третира темата на мајчинската
пожртвуваност, но не кај човекот туку кај другите врсти што живеат на
планетата Земја. Се води една битка меѓу човек, кој одгледува живина,
пилиња и настрвен орел кој постојамо му ги краде, му ги одзема и со
пленот полетува некаде кон височините на планината. Човекот, со сите
расположиви средства се обидува да се одбрани, да ги зачува за себе
пилињата што ги одгледува, но секогаш, при сите спротивставувања и
поставени стапици, орелот излегува победник – со својата стрпливост,
исчекувањето, вештото прелетување, брзината, и не се откажува од својот
плен. За да го измени исходот на битката, да стане победник и да се спаси
од штетникот, решава да го следи кога полетува со пиле во канџите, за да
го пронајде неговото гнездо, да го разурне и да го отпади во други краеви.
По големи напори и долги искачувања го пронаоѓа гнездото од орелот,
горе на осамена карпа и успева да дојде до него. И, тогаш човекот ќе го
почувствува поразот. Во гнездото на орелот здогледува – мали орлиња.
Открива дека орелот е всушност орлица – мајка. И во тој миг знае дека е
победен. Дека битката ја води со една мајка и дека неминовно таа битка
е изгубена.


Животна приказна од автобиографскиот свет давам во делото
„Мајка на сите“. При школување надвор од местото на живеење сместени
сме во куќа, тука во близина на сааткулата петнаесеттина школници, а
газдарицата на куќата е и мајка на четири деца. Таа жена, таа мајка мај-
чинската љубов ни ја подарува и нам, на сите други деца што сме сме-
стени во нејзиниот дом, грижна подеднакво и за нашето здравје и нашата
среќа. Ќе изнесам еден пример од таа нејзина мајчинска грижа, кон нас
кои не бевме нејзини родени деца и која имаше кому да ја подари мајчин-
ската љубов и на кои им ја подаруваше целосно, но од таа љубов голем
дел одвојуваше и за нас. Годините беа почетокот од шеесеттите години на
минатиот век, зимски училишен распуст кога сите си заминавме во сво-
ите домови, а фатија големи студови, страшна зима, наврна многу снег,
пренатрупа и затвори с` пред видикот, замрзна таа година и Пелагони-
ското Блато, и во такво невреме, кога од сите превозни средства постоеше
само пешачкото движење привршуваа деновите од распустот и претсто-
еше враќање во градот на школувањето. Пешачевме четириесет-педесет
километри, издолжувајќи го патувањето за да ја преминеме Црна Река, на




21


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


која од големата поплава беа разурнати мостовите и пред Клисурата преку
жичарница, што ја постави Војската, да стигнеме од страната на Битола.
Да, патувавме низ намети снег, виулица со кореографија на северецот
и сега, пристигнувајќи во глувата доба од ноќта бевме во грижа како ќе
влеземе во куќата, кој ќе н` чуе во тоа време та да ни отвори. Одејќи, го
победувавме студот, а кога ќе застанеме, тој ќе постане победник. И само
што стигнавме пред куќата, само што надежно ги подигнавме глвите кон
затемнетите прозорци од ноќта и од сликите од мраз вешто насликани
од природата, на прозрачноста што ја даваше белината на снегот го забе-
лежавме ликот преку стаклото. Мајката Панаги со денови надгледувала
надвор за нашето пристигнување, отворајќи ни ја топлината на својот дом
и топлината на својата душа. Нејзините синови сега, во денешново време
животот го живеат во туѓина и кога излезе книгата дојдоа да ми забла-
годарат на тоа дело и за благодарноста што ја изнесувам преку него за
нивната мајка и мајката на сите деца што беа сместени во нејзиниот дом.


Еден расказ имам за борбата на мајката да го спаси чедото од смрт-
ната напаст. Во „Против ѕверот“, ликот мајка голорака, но со најмоќното
оружје кое го поседува како мајка му се спротивставува на оѕверениот
пес кој го нападна нејзиното дете. Таа, со голи раце е во борба во која
озабената челуст на ѕверот крволочно напаѓа да раскине и убие. Детето
го покрива во заштита со своето тело за да ги пренасочи острите песјаци
на песот од целта кон детето кон своето тело. И со храброст, и сила што
ја дава мајчинството, противставувајќи ги голите раце кон разјарената
ѕверска жедност, успева да го надвладее, победи и изгони, така не дозво-
лувајќи ниту да биде допрено детето од неговите заби. Потоа и самата ќе
биде изненадена како во таа борба успеала да биде победник, констати-
рајќи дека ниту во еден миг не почувствувала страв туку само храброст
да истрае и да победи. „Ако во ваква битка се најдев самата јас, без да
заштитувам туку само да се одбранам себеси, ќе ја изгубев битката. Во
победата ми помогна отсуството на стравот за опасноста по мојот живот и
избликот на храброста по секоја цена да го спасам детето. Ако го чувству-
вав тој страв, истиот ќе ме перализираше и ќе ми ги одземеше силите за
одбрана. Заштитувајќи го тоа што ми е најмило, а кое е немоќно со малата
сила да се одбрани, и кое бескрајно веруваше во заштитата од својата
мајка, смее ли една мајка да го изневери тоа чувство, неговата верба, без-
мерната надеж?!“


Во романот „Пламенка“ предадено е дејствието кога ликот Пла-
менка, мајката, го губи чедото, убавата Надежда. Еве го описот што се




22


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


случило: „А едно августовско попладне се рече и се разгласи дека се уда-
вила Надежда. Веста така се прошири, што не се забележа кој ја кажа, а
брзо и до сите се пренесе, и настана голема потрага по удавената девојка.
Цел ден момчињата од слободните смени ги пребаруваа вириштата, но
ги имаше многу, а со сигурност не се знаеше во кој завлегла и каде ~ е
најден фустанот. Во наредните денови пребаруваа и низ Клисурата, но
во тие темни и мутливи виришта не се стигаше сегде до дното и целосно
кон процепите.


Се остави на времето жртвата да ја исфрлат и покажат водите, ако
не е запната и заглавена во длабините.


И во најтешките, безнадежни мигови надежта на мајката опстојува
дека ќерката еден ден ќе се појави, жива. И продолжува да трага по неа:


Пламенка растрчуваше по бреговите, по секое изнурнување на тра-
гачите од длабините ~ остануваше зрнце надеж дека не е во водите, дека
не е удавена и дека од некаде ќе се појави жива. Ја знаеше својата ќерка,
родена и израсната во водата, вешта и силна во пливањето, не би напра-
вила таква неразумна грешка, при толкаво друштво да се капи сама!


Но с` посилно ~ се кршеше срцето и поцелосно ја вклештуваше бол-
ката, зашто, иако не ја најдоа мртва, жива не се појави.


Пламенка пребаруваше и тагуваше по Надежда. Се отвори уште една
голема болка, а со неа посилно печеа и досегашните, зашто ги немаше
веселата смеа и пркосниот скокот од Надежда за да се прекриваат и смек-
нуваат. Големата болка ги отвораше и другите големи болки. Животот ~
го обзема таа што најсилно боли, вечно пече и до века не олузнува. Удира
на убавината, на младоста, во самото срце. Ја раскинуваше тоа што не
најде од Надежда ни потрага ни глас. Катаутро се завлекуваше крај брего-
вите на Црна, по цели денови загледуваше, бараше, растргнуваше, водата
не сокрива трајно и вечно, а пак никаде ништо немаше откриено.


Да се надева, а во што!
Згаснуваше и онаа прикриена надеж дека, и колку да го познаваше


своето чедо и колку да не очекуваше такво нешто од неа, беше можно
и веројатно, и сега толку го присакуваше тоа, да била побегната кај
момче, со друштво, со скитници. Младоста е непредвидлива, бунтовна
и љубопитна, ненасетливо секогаш што се таи во развиената мисла, во
набујаната желба, во следниот чекор на одлуката. Или е грабната, при-
силно некаде задржана, одземена од светот и се чека времето да се открие
тајната. Но времето истекува, одминува, не носи никакво сознание ни
поткрепа на некоја мисла.




23


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


Животот на мајката Пламенка се претвора во исчекување. И никој
не кажа да наишол на трага од девојката. Кај Пламенка надежта за Наде-
жда остана, но остана и болката, отворена и зината, и времето не носеше
новост да ја затвори. „Ни чедо, ни гроб“, ќе издишеше, ќе речеше.


И што остави за нив? Болката по Надежда помачно ~ натежнува,
~ го обви и срцето и тоа почна да ~ крвари. Како целата темница да ја
влечеше по себе, чекор по чекор газеше низ големата неизвесност. Што
преостана од животот, од надежта, од идеалите и убавината? Што остана
од животната борба што ја започнала уште во кожувните пелени, уште
по излегувањето на свет? И дали некогаш животот ќе престане да биде
борба? И дали некогаш ќе биде живот?


Стои на другиот брег од Црна Река, мавта со раката кон тие што
заминуваат, а с` потешка е тагата, зашто на преминскиот брег с` помалку
ги има. Дали и Надежда не е стигната таму по некои тајни патишта од
тоа време, налегнува мисла во Пламенка. Но толкумина преминчани има
таму, веста од нив ќе стигнеше до тука, гасне мислата.


По долго време најдени се остатоците од телото на ќерката која била
убиена и фрлена во провалија од партискиот моќник Ѓоко.


По известувањето, Пламенка беше превиена од обновената болка,
што никогаш не смалила, и од силниот бодеж на злосторството што се слу-
чило над нејзината ќерка. Немаше објаснување како се нашло таму неј-
зиното тело, но секоја мисла водеше до свиреп чин што го извршил некој
и ја фрлил во големата провалија, што ја познавал и наполно бил сигурен
дека до неа никогаш никој нема да има пристап. Од големата болка или
веќе од староста, мислите ~ беа плитки и никако не можеа да стигнат до
дното на мистеријата, кој и зошто го сторил тоа и како незабележано ја
изнел нејзината Надежда толку далеку, полден човечки од. Дали против-
ниците се пресметале со неа одземајќи ~ го животот на ќерка с~? Толку
бил подмолен нивниот пробив? Толку крволочен нивниот од? Затоа ја
оставиле неа, да пати и страда, и да се ситат над нејзината болка? А само
тие имаа возила и само со нив можеше да биде однесена толку далеку, и
се враќаше вистината за времето.


Надежда не му се предавала на алчните страсти на Ѓоко кој владеел
над нејзината судбина.


Девојките се растрчаа и ги наполнија грстките, а како примамени
ѕверови по насетена трага навјанаа тројцата другари, големци, и од нив
прв настигна Ѓоко и лапаше и лижеше со исплазен јазик од грстките на
Надежда. Отпрвин тоа ~ изгледаше привлечно, весело и засмеано, дури




24


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


и ги топореше Надежда кон него грстките, но кога го дофати неговиот
вкрвавено здивен поглед со надојдена страст, кога виде како на приод-
ниот пат препречија големо крошесто стебло и го чу истрелот во пито-
мата слатка срничка што љубопитно пред тоа ги гледаше со подигната
глава таму потаму, Надежда ја пресече жег, ја насети измамата и ги откри
лакомоста, перфидноста и самоволието. Првиот прекршок за неа беше
болка, го направија чуварите на чуваното. Се растрчаа и по други срни, се
отворија, разоткрија и покажаа во подруго, ненамислено видело.


Беа и насетни и воздржани тие приоди на другарите кон девојките.
Надежда ја преполни гневот, ја разбесна лагата, ја отрезни болката:


„Не си достоен да цениш за мајка ми! Зборовите од твојата уста, и да се со
значење на големина, се евтини, гнасни и изопачени трикови! Знам дека
ти ~ го подметна она затворање!“ неочекувано испука Надежда .


„Ќе ја уништам, наполно ќе ја уништам ако ми се противиш и ако не
умееш да го прифатиш договорот! Ако не умееш да се жртвуваш за рево-
луцијата, научи да се жртвуваш за мајка си, која, откривам, многу ја сакаш
по ова што го изговори! И знај, мојата моќ е неограничена! Нема човек,
не од моите претпоставени што ќе ја земат твојата вистина за вистина,
зашто ако го прифатат тоа, признале дека и тие се такви каков што сум
јас, а во истото оро сме, па и нив им треба мојата поддршка, не само мене
нивната. Тие знаат дека малите задоволства се поттик за големите дела
што ги остваруваме, а секое противење на нашиот збор е предавство на
револуцијата. Тука ти немаш вистина. Овде вистината е само една, и тоа
е мојата вистина, а ти силна од желбата и младоста, желна за висок функ-
ционер, опоена од виното и од тишината ми се нафрлуваш, и јас не можам
да се одбранам. Ме изненадуваш, ме совладуваш, не сум го очекувал тоа,
не сум ни помислувал на тоа и не сум подготвил одбрана. Ќе бидеш жиго-
сана, отфрлена, оставена на ѓубриштето од животот! Никој не ќе сака да
се дружи со тебе, да ти зборува, да е во твоја близина. Така најтешко и
најсилно се страда. Јас тоа што го барам од тебе и ќе го земам, но сакам
сама да ми го дадеш!“ Гласот му беше силен, зовриен, исполнет со пијана
енергија и здивен дух.


Тоа го чу Пламенка, за ќерката која била уценувана а не се предала,
при што моќникот и го одзел животот.


И Пламенка се поднакрена, се подисправи, и го префрли далеку
погледот.


Надежда падна како одлучен борец, не победена а победник. А побе-
дата често го бара животот, тоа е достоинството на постоењето.




25


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


И забрза по патот.
Трагата ја доведе до Старскиот дом, до ниската барака со темни про-


зорци и оветвени завеси.
Ѓоко, во годините на големите промашени инвестиции завлегол


во тешка проневера, од каде паднал, без да се накрене повеќе. Неколку
години е овде, а должината на сечиј крај е неизвесна.


„Нема да ја забележи вашата посета“, ~ рече негователката што ја
внесе во неговата соба.


На железниот кревет лежеше, за Пламенка, непознат човек. Во
вдлабнатините од очите се насобрала муфлива корупка, под очните
капаци останал само стравот и едно исчекување на нешто што го сма-
лува, го тутчави, спуштајќи го кон дупката што стои под него отворена и
тој очигледно ја чувствува само неа.


Тоа не беше Ѓоко и Пламенка немаше со кого да се пресмета.
И со истата стаена немост излезе од бараката.




26


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


Petre Dimovski


THE MOTHER THROUGH THE TURMOIL OF LIFE


The mother is the most comprehensive term in all the languages of the
world. It is the universal symbol of life extension, the symbol of all sublime
feelings, beliefs, the strongest love, the greatest courage, the immense sacrifice,
the constant warmth, the sincerity. She is a protector, a nourisher, a teacher,
a counselor. In my work the mother is present as a character, as a concept, as
an ideal.


There is a life story from the autobiographical world in “The Mother
of All”. While studying outside of the place of living fifteen of us stayed in
a housе near the Clock Tower, and the owner of the house is a mother with
four children. This woman gives her motherly love to us, to all the other
children in her home, taking care equally for our health and our happiness.
In the novel “Plamenka” the action starts when the character Plamenka, when
the mother, loses her child, the beautiful Nadezda.




27


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


УДК 821.163.3-3(062.552)


Јован Ѓуровски


ВИСТИНСКИОТ БОГ ЗА ЧОВЕЧКИОТ РОД


Човекот може да мисли дека мајка
за с` живо и неживо е Природата, но за
човечкиот род, вистинскиот создател е
мајката. Таа го раѓа човекот, со години
и години, го оспособува за самостоен
живот, и до крајот на својот живот, бдее
над својот пород. Колку нејзиното дете
да биде оспособено, посилно од неа,
за неа ќе остане нејзино дете-за него
и животот, воопшто не би го жалела,
доколку се работи за него. И во оган
ќе се фрли, ако нејзиното чедо гори!
Природата, Господ, ја задолжил со
најодговорна задача: да го носи живо-
тот во својата утроба цели девет месеци,
да го догледува своето дете, скоро, две
децении за самостоен живот, да биде


жртва за него, а за возврат ништо да не очекува, ниту да бара некаква
благодарност. Најчесто, не ја ни добива, бидејќи синот не може да биде
мајка; таа тешка задача Господ ја доделил само на мајката!


Ние велиме дека сме чеда на мајка Богородица. Не може тоа да е
вистина, бидејќи таа е мајка на Христос. Човекот, луѓето постоеле и пред
Богородица да го родила синот Божји. Можеме да ја поистоветуваме со
мајка, и земјата во која сме се родиле, нeоправдано нарекувајќи ја татко-
вина. За светица се прогласи и Гонџа Бојаџиу и стана Мајка Тераза. Сите
тие се нарекуваат „мајка“ заради тоа што дејствувале и суштествувале
како мајки, со тешката и одговорна улога на жената-мајка.


Разгледувајќи ги насловите на делата од литературата, се добива
погрешен впечаток дека авторите ретко се инспирирани од мајката или




28


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


~ го посветиле делото нејзе. Веднаш ќе си го спомениме делото на Максим
Горки. Но, не е така! Нема авотр кој не пишувал за најважниот човек во
својот живот-мајката. Сите писатели пишуваат на различни теми каде,
воопшто, и во ниедно објавено дело да не ја третираат мајката како лик,
но не можеле да не пишуваат за мајката, барем во основно училиште; тој
лик таму е неизбежен! Можеби, и во средната школа!


Мајката како тема и мотив, не била инспирација само кај оние
што се занимавале со литературата, туку и кај сите други уметности и
науки. Еден мој другар од детството на село, кој не продолжи со школу-
вање во средна школа, во градот, замина на 20 години, во Австралија, а ја
остави мајка си сама во, веќе запустеното село во Мариово. Тој свиреше
на хармоника и беше талентиран народен пејач. Тогаш многу потешко
се доаѓаше во татковината, и тој не се врати додека мајка му беше жива,
но ја напиша песната за мајка му и нејзините чувства, која стана хит во
Австралија, а и во татковината:


„Проклета да е, сине, туѓината
тебе што те раздели од родата


не можам да си видам внучињата
сама сум со птиците и кучињата“


Ова е само рефренот од песната, а таа стана популарна, бидејќи
преку зборовите и мислите на мајка му, искажани во писма до него, толку
верно ја опиша душата на мајка си како и на секоја мајка чии чеда се одде-
лени од неа.Таа вели: „Врати ми се, мило чедо.дури мајка жива е /оти ќе
зажалиш и не ќе затаиш/но мајка нигде и никогаш не ќе најдеш“


Мајчините чувства и мисли, секако, верно ги искажал, и затоа многу
мајки ги прифатиле како такви, но тие, во мајката, сигурно, с` уште под-
лабоки и поболни, Само таа знае колку ~ било тешко без него!


Можеме ние и таткото да го третираме како мајка, сурогат-мајката
како мајка, посвоителката-како мајка, неродкињата-исто така, но вистин-
ска мајка е онаа, која сите маки и тешкотии ги претргала, од зачнувањето
на животот на човекеот во неа, па се до нејзиниот крај; маки, страдања,
радости, болки итн., со нејзиниот пород. Секако дека како што има
грешки на Природата, има и грешки во мајките , но зборуваме за вистин-
ска мајка која си ја извршила својата задача дадена од Господ во целост.


Ликот на мајка ми во моето творештво е застапен, скоро, во секое
дело. Зашто? Моја определба е современиот живот! Многу читатели или




29


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


литературни критичари, кои добро ме познавааат, по читањето на моите
дела, заклучуваат дека има доста автобиографско во нив, иако пишувам
во трето лице и со измислени настани и имиња на ликовите. Морам да
се согласам со нив, бидејќи, навистина, Едрејко Даскалот, во сите мои
романи сум јас-човек од средна класа во нашето општество, интелекту-
алец, кој го познава животот на луѓето во тоа општество, критикувајќи
ги негативностите, а и фалејќи го тоа што е добро. Тој во современоста
живее меѓу своите блиски, роднини, пријатели, соработници, полити-
чари, криминалци и др. Нормално, и со својата мајка. Ете затоа ликот
на мајка ми е присутен, во секое мое дело-романче. Но, сметам дека ни
најмалку не и се оддолжив за с` она што таа го стори за мене, за сите маки
и тешкотии што ги претрга со мене…


Последното мое дело,романот „Без свест за совест“ го посветив на
мајка ми, Риза Ѓуровска, во романот како Румена Мариовката. Во кни-
гата го поставувам прашањето: Дали породот (синот, керката) можат да
ја одиграат улогата на мајка кон својата мајка? И заклклучувам дека не
може синот да биде мајка на својата мајка! Таа улога, таа пожртвованост,
таа љубов, таа храброст… Господ и ја доделил само на мајката! Темата на
романот, можеби е мојата грижа на совеста, не што немав мајчина сила
да и се реванширам за се што направи за мене, туку што не и помогнав
полесно да замине од овој свет. Но, мајка ми ни за тоа не ми замери:


„ – Едре, Едре, Едре!
– Што е бре мајко,сега,пак?!
– Заврти ме, Едре, на другата страна!
Едрејко мораше да прави она што мајка му го бараше од него, но


мислеше дека Румена тоа го повторува автоматски и не свесно. Додуша,
и сите мислеа дека таа ја има изгубено свеста. Така мислеше и Едрејко,и
по неколку повторувања,неможеше да издржи:


– Аман бре мајко! Што е ова што ми го правиш?! Аман, бре Боже,
земија да ја куртулиш и неа и нам! Умри, бре мајко, умри и тебе ќе ти биде
пдообро и нам!


– Уште само сега, чедо, уште само сега, мајкин!
Едрејко се ужасна, се здрви од тоа што го слушна! Мајка му го слуш-


нала и разбрала како Едрејко ја проколна, да умре за да го остави слободно
да спие! Како не помисли дека мајка му може во некој момент, и да се осве-
сти. Таа се обвини што мораше, да го замолува својот син да ~ помогне,
да ја сврти на онаа страна што е одморена, и не ја боли како на таа што
којзнае колку ја болеше во тој момент.




30


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


– Мајко моја?! Зарем ти знаеш дека сум тука… и слушна што ти
реков?! Зарем ти се освести?! Опрости ми, мајко! Опрости ми ти, оти јас
никогаш, ова не ќе можам да си го опростам!!!


– Не, чедо, не, сине! Ништо не знам, ни разбирам, а камоли да сум
слушнала што си рекол!: Само уште сега, Едре, само уште сега, мило, и
нема да те будам!:“




31


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


Jovan Gjurovski


THE TRUE GOD FOR THE MANKIND


One may think that the mother of all living is Nature, but for the human
race, the true creator is the mother. She gives birth to man, for years and years,
enables him to live independently, and all her life, watches over her off spring.
She is ever ready to sacrifice her life for her child. And she will throw herself in
the fire in which her child burns!


My mother‘s character is represented in almost all my work in every
work. Why? My determination is the modern life! Many readers or literary
critics who know me well after reading my work, in spite of writing in third
person and with fictional events and character names, conclude that there is
always something aubiographical in them.


My last work, “Withоut Awareness for Conscience” I devoted to my
mother Riza Gjurovska. In the novel Rumena Mariovka I asked the question:
Can the offspring (son, daughter) play the role of a mother towards their
mother? And I conclude that the son cannot be a mother to his mother! With
that role, that sacrifice, that love, that courage … God granted only the mother!




32


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


УДК 821.163.3-1(062.552)


Академик Владимир Костов


СТАРА ЛЕ МАЈКО!


Сметам дека во моето релативно
обемно творештво карактеристичен
лик е „тетка Вета“ од мојот роман „Учи-
телот“ баба на научникот д-р Ушлин-
ков кој по трагичната смрт на неговите
родители, оставен е на грижата на
баба му. Бидејќи тукушто роден (уште
во пелени), баба му е ставена во улога
на мајка и татко што е не редок случај
во родовото дтебло на македонските
семејства со одраз во народната поезија
каде мајката ономастички често фигу-
рира преку типизираната синтагма:
„стара мајко!“. :


„Ја излези стара мајко надвор на портата,
па да видиш, стара мајко, што песна се пее“
„Оздола иде едно лудо младо
стани стани стара мајко, стани и му отвори“.
„Другари верни другари
ко ќе поминат низ село,
мајка ми ќе ве опита:
Каде е син ми Костадин?
Вие на нејзе вратете:
Стара ле мајко, мајколе,
Синти се мајко ожени
За черна земја невеста…*
„Дојде време, стара ле мајко,
партизан да одам!“




33


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


Честицата „ле“ ја засилува експресијата на фразеологизмот „стара
мајко“, а со тоа вонтекстуално употребена, ја засилува бесмисленоста
на нејзината семантика, уште повеќе ако лексемата „мајка“ во тој состав
укажува во биолошка смисла, на млада жена. Алогизмот на синтагмата
„стара мајко“, со кој е проткаен сиот текст на романот „Учителот“ , сфа-
тен во неговото преносно значење (како тропа) и донесен во врска со
сфаќањето на античките писатели на литературата како калокаготија,
што значи е спој на естетското со етичкото, не само што не ја проблемати-
зира смислата на поимот „мајка“ кога атрибутски е определен како „стара
мајко“, туку, напротив, ја афирмира мајката како решавачки фактор за
обнова на родот, како мајка – создателка, како мајка – матица.


Во општествениот живот на луѓето од светската заедница, без оглед
на религиозните, идејните и политичките противречности, мајката ужи-
вала респект и чевствување на ниво на култ, па токму со тие свои свој-
ства била манипулирана во политички цели. Како припадник на нежен
пол, општествено била маргинализирана или сосема елиминирана како
општествен субјект. Но со драматизацијата како светски процес, како и со
активностите на меѓународните феминистички движења, таа формално
се здоби со граѓански и дури со квалификатив на револуционерни при-
добивки, од кои некои сфатени како слобода без обврски, го деградираа
нежниот пол, со што ~ се нанесе штета на мајката и на ннејзиниот општ
статус со поразни последици врз нејзиниот пород.


Авторот на овој напис како уводен текст на прилогот „стара ле
мајко“, што го предлагам за 14-та Роднокрајна средба, апистоларно
обраќајќи му се на Николче Вељановски како идеен творец и организа-
тор на Средбата, сакам во свое име да му оддадам признание што една
толку актуелна тема ја стави на елаборација на „Тркалезната маса“ со
препорака до евентуалните учесници да си дадат слобода пошироко да се
искажат во своите осврти на што, од моја страна следува извинување што
ги пречекорив пропишаните рамки.


Бидејќи темата „мајка“ од необјасниви причини (апсурдни) исчезна
од репертоарот на македонските автори, песната на истакнатата маке-
донска поетеса Вера Чејковска „Големата мајка“ објавена на почетниот
лист од „Стожер“, ја сфатив како поттик за обнова на тој мотив во маке-
донската литература.




34


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


Academician Vladimir Kostov


THE OLD MOTHER!


I think that in my relatively extensive work a significant character is “aunt
Veta” in my novel “The Teacher”. She is the grandmother of the scientist Dr.
Ushlinkov who, after the tragic death of his parents, is left on his grandmother‘s
care. Having just been born (still in diapers), his grandmother has been put in
the role of mother and father, which is not uncommon in the gender tree of
the Macedonian families with a reflection in the folk poetry where the mother
often figures in the typified syntagm: “old mother!”


The particle “le” reinforces the expression of the phrase “old mother”,
and thus non-textually used, reinforces the nonsense of her semantics, even
more so if the lexeme “mother” in that composition indicates a young woman
in a biological sense. The alogism of the syntagm “old mother”, which appears
in the entire text of the novel “The Teacher”, understood in its transmissible
meaning and adopted in relation to the understanding of the ancient writers
of literature as a kalokagotia, which means a fusion of the aesthetic with the
ethical, not only does not problematize the meaning of the term “mother”
when it is attributably defined as “old mother” but, on the contrary, affirms
the mother as a decisive factor for gender renewal, as a mother – creator, as a
mother – queen bee.




35


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


УДК 821.163.3-3(062.552)


Никола Кочовски


ИЗВЕСНИ НАСПОМНУВАЊА ЗА ВРСКАТА МЕЃУ
ПОИМОТ МАЈКА И МОЕТО ТВОРЕШТВО


Во мојот случај можеби пови-
стинито би било ако би се рекло дека
се работи за отсуството на мајката и
моето прибегнување кон книжевноста.
Но сепак, не би сакал оваа вистина да
добие звучност на наслов. А напомну-
вам, дека и покрај извесни посебни мои
ангажираности во ова време, би сакал
да не ја одбегнам можноста за колка-
ви-толкави искажувања по оваа, лично
многу чувствителна тема.


Мајката е едно од најприсутните
нешта во човековиот живот на земјата.
Пред с`, таа се радува на своето чедо
со огромна радост, од моментот кога
го донесува на свет, па во неговите
целокупни напредувања и поситни и


покрупни во развојот. Неа ја усреќуваат безброј поединости од првиот
глас на детето, првиот насмев, движењата на рачињата, на ноџињата, гуш-
нувањата… Меѓутоа, од своја страна, пак, таа станува извор на бескрајна
радост што му ја пружа на детето, осветлувајќи го неговиот живот…


„Мајко, мајко, зошто тажиш,
мајко зошто плачеш ти,
не ги жали мојте мајко,
мојте рани цветни дни.


Ти си в гробот темен, бледа,
на лице ти тага зреј:
зошто, зошто твојто чедо
в младост бура да го веј!“




36


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


Нешто што уште го помнам од моите први обиди во литературата и
сум го сметал за некаква поезија.


Јас дете од петнаесет години, дотогаш безгранично предаден на
игри и радости со другарчињата, одеднаш останав со душа што молку-
ваше за околните текови на животот, а која само во песна запеа за тежи-
ната во своите длабочини. И пред мене: место вистински живот, мож-
ности за повеќе животи, не свои, во кои се впуштав и им се предавав.
Тоа беше читањето. Читање неуморно и незаситно. Дури и на часови,
од професорите, кои веќе ме познаваа, ми бидувало речено: „Кочовски,
свиткај го листот до каде што си стигнал во читањето и остави ја книгата
под клупа.“


Во тие големи читања, од англиски, руски, француски и други јазици
на понапредните народи, многу често во проблемите на луѓето ја среќа-
вав мајката. Општо мајката. Во тоа време и во нашата, македонска кни-
жевност ми стануваа познати мајки: и неутешни страдалнички на кои им
биле погубени чедата (како што Жинзифов тоа го пее во својата поема),
но и гневна болка на мајка која го загубила во јуначка борба својот син,
заштитник на селаните од пљачкаши и силници, избркувајќи ги нажале-
ните соселани од својот дом, зашто му се доста нејзините, мајчини пла-
чови на нејзиниот загинат син Кузман Капидан.Нека си ги жалаат тие
своите ќерки и невести, кои повеќе нема кој да ги штити. И понатаму,
по виорот на Ослободителната борба против фашизмот за бројни мајки
пишувале, како Радослав Петковски, Владо Малески, Лазо Каровски и
други.


Испадна природно, по толкаво читање и самиот јас посериозно
да се препуштам на книжевно создавање. Иако третираните теми, осо-
бено во пораниот мој период претставуваа прилично богата шароликост,
сепак ликови на мајки, пократко или пошироко се одликувале со сериозна
достоинственост и со посебен пиетет.


При ова фрлање бегол поглед врз моето творештво, иако многу
нешто е веќе тешко да се врати во сеќавањето, сепак има и позафатни,
пообемни создадби кои не се забораваат така лесно.


Така уште во „Малата Билја“, мојот почетен романескен обид, свое
забележително место зазема вдовица во оддалечено планинско село, која
загрижена да му отвори пат во живот на своето машко чедо Веле, дожи-
вува морален пад, предавајќи му се на имотнит селанец Силјан, со кого
ги сврзува своите идни надевања. (Името на момчето Веле тука го спом-
нав, зашто тоа е главен лик во романот „Омразениот цвет“ кој е продол-




37


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


жение на погорново кратко раскажување.)Во слично немоќна состојба
е предадена и мајката на Дилко Мијалов во романот наречен по негово
име, која што напуштена и заборавена од сопругот, заминат на печалба
во Америка, во подолгогодишниот мачен, всушност, вдовички живот, го
послушува вмешувањето на својот брат, човек со доста лабилен карактер,
кој всушност за своја значителна награда ја премажува и ја испраќа од
градот во подалечно село, каде синот нејзин го чека овчарување.


Но, ако овие две мајки се покажуваат како покорни послушнички,
веќе во еден друг роман, „Исконскиот дар“, пак во лицето на една вдо-
вица, е претставена мајка многу порешително приврзана кон својот син.
Вистина оваа жена, граѓанка, по изгубениот маж, само заради своето
чедо кое веќе застранило по недобри патишта, ја прифаќа понудата на
веќе старец, пензионер за втор брак. Кога од сите очекувања за избав на
синот, доживува очигледно уверување дека тој се повеќе задлабува во
нечесност, криминал и друга расипаност, многу разочарана, таа се кае,
всушност за залудноста на своето преомажување и изгубување, покрај тој
старец, секаква перспектива за барем малку среќен човечки помин. Да, но
мајката, иако со бистар ум, е толку блокирана со безуспешноста на изна-
оѓање добро решение за синот, превидувајќи го сето тоа што нему „му
се случува“, согледува со својот непоправливо убеден поглед во доброто
кое „му следува“ на синот, само други, погрешно извршени постапки го
попречиле тоа. Во оваа своја состојба, мајката доживува погрешен заклу-
чок и „ја наоѓа“ вината не во синот, туку во старецот со кого заглупавено
се поврзала. Сметајќи дека оттаму тече сета нејзина несреќа, таа замав-
нува со секира по главата на старецот, убивајќи го.


Меѓу романите што сум ги напишал би го издвоил романот „Без свое
јато“ во кој една од централните личности, Адам се сеќава за нешто многу
болно во врска со мајка си која во времето на фашистичката окупација,
при празнување во еден манастир, поради заврнат дожд, „добротворно“
била поканета со други граѓани дојдени на манастир, да биде вратена во
нивен војнички камион во градот. Меѓутоа ова нешто завршило со неј-
зино задржување во дел од касарната со Германци и таму станала предмет
на нивни долни изживувања.


Мајката во многу мои раскази е застапувана со доживувања што
одговарале за времето во кое се случувало дејството. Во расказот „Изго-
неници“ од збирката „Неизгубливи нешта“, каде бегалци од село, над-
вор од нашите граници, по воени случувања тргнале престрашено да го
напуштат родниот крај, една од жените, забележувајќи дека нејзината




38


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


ќерка не е во групата, успева да им се истргне на останатите кои ја спре-
чуваат, за да ја бара, што се случило со нејзината ќерка, а многу веројатно
е дека и со неа, како и со бројни селани ќе се случи смртта.


Во еден роман, на пример, се случува една тешка несреќа: мајката
изгорува како самјачка во пожар на својата куќа, без никого друг покрај
себе, зашто син и избегал илегално во Австралија каде по долги прежи-
велици ќе пожали и за својата самоизиграна судбина, по откажувањето
од својата сакана девојка во селото, бремена напуштајќи ја, а дојден во
далечната земја, откако „се оженува“ за неморалница, бидува прогласен
за татко на нејзина рожба, донесена во бракот од сосем друг, непознат
татко – а покрај својата иронично случена несреќа, ќе пожали исто така и
за изгорената мајка, за што причина бил тој. Тоа се подробности од рома-
нот „ Соседовата кокошка“.


Вистина, во огромниот број случаи мајката се доживува како нешто
најсвето на оваа небесна топка, но не изостанува од моето творечко вни-
мание и случај каде што одредена мајка, со своите постапки станува мон-
струм, тешко омразнат и од тие што ги родила. Со случаи на таква мајка
ќе можат да се сретнат читателите во романот што скоро треба да излезе
од печат под наслов „Чекори накај боговите“. Имено, мајката на момчето
Луциј, убивајќи го својот маж, како мошне убава и претставителна жена
ја прифаќа брачната понуда на прилично остарениот цар, Клаудиј, да
му стане сопруга. Со ова се запознава нејзиниот син Луциј, така што низ
целиот свој иден живот тој ќе ја мрази и еден ден и ќе ја убие родител-
ката, од која се гади не само поради спомнатово, туку и од многудруги
нејзинипостапки што таа мислела дека незабележана од своите две деца
ги извршила. Поради тоа Луциј тешко замразува се што е родителско, се
што е роднинско, дури и се што е човечко.За да биде заблудата голема и
последиците од неа многу тешки за средината во која тој живее, самиот
лично мисли дека ќе стане бог и за него ќе бидат дозволени полно ниски
постапки, како и мајчините, кои, се разбира, не се допуштени за обич-
ните, простосмртници. Зашто тие се еден ситнеж, едни мравји созданија
кои, тукуречи, и не е оправдано што ја газат земјата.




39


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


Nikola Kochovski


EXCLUSIVE NOTES ON THE RELATION OF THE NOTION
MOTHER WITH MY CREATIVE WORK


Something that I still remember from my first attempts at literature and
considered it to be poetry. A child of fifteen, boundlessly devoted to games
and joys with friends, I was suddenly left with a soul that was silent about the
surrounding currents of life, which only sang in the song about the weight of
her depths. And before me: instead of real life, opportunities for more lives,
not my own, in which I was being involved and surrendered myself. It was the
reading. Reading which was tireless and insatiable. Even in classes, from the
professors who already knew me I was being told, “Kochovski, fold the sheet
то the page you’re on and leave the book under the bench!”


In those long readings, from English, Russian, French, and other
languages of the more advanced nations, I often encountered the mother in
people‘s problems. Mother in general. At that time and in our, Macedonian
literature I used to know mothers both the unfortunate sufferers whose children
were killed (as Zinzifov sings in his poem), and the angry pain of a mother who
lost her son in a heroic battle, protector of villagers from robbers and thugs,
who were chasing the grieving villagers out of their home, because they had
enough of their motherly cries, for ex. for the dead son Kuzman Kapidan.


Its true, in the vast majority of cases the mother is perceived as the most
sacred person on this heavenly ball, but my creative attention didn‘t miss the
cases in which a particular mother, with her actions, becomes a monster, so
much hated even from those whom she had given a birth. Cases with such a
mother can be found in the novel that is almost out of print under the heading
“Steps towards Gods”. Namely, the mother of the boy Lucius, as a very beautiful
and representative woman, kills her husband and accepts the marriage offer
of Claudius, a very old king, to become his wife. Lucius finds out about his
mother’s crime and throughout his future life he hates her, and finally, he kills
his parent.




40


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


УДК 821.163.3-3(062.552)


Панде Манојлов


МАЈКА МИ…


ПРСТИТЕ НА МАМА


Пристигна на пладнина во воена
униформа со висок војнички чин. Прв
братучед на мајка ми. Со двајца вој-
ници во придружба, со црвени пето-
краки на капите.


На мајка ми му донесе подарок
кафе „Дифка“ и килограм шеќер. Мене
силно ме прегрна и ми подаде чоко-
ладо.


Моите помали два брата и сестра
ми беа оти ле во блиската ливада да
му однесат ручек на дедо ми. Нивните
чоколади ги подаде на мајка ми.


– Прости ми, братучед, немам што да ве почестам. Сиромаштија не
снашла, вчера порезникот ни ги собра сите пари до динар… Но, имам
топол леб, тукушто изваден од фурната и ќе ви испржам некое јајце!


– Не сме гладни, сестро, но ајде да не ти го расипеме атерот,– рече
роднината и седна на дрвената клупа под сенката на петровката јабол-
кница.


Војниците зборуваа на туѓ јазик што не го разбирав. Покажуваа со
прст кон мене и со насмевка на лицата гласно се восхитуваа:


– Види га, колико је леп!
Тоа „леп“ ми наликуваше на зборот леб, а мама сеуште не го донела


лебот.
Ги гледав дојденците шмркајќи со носето и поткревајќи си ги пан-


толончињата закрпени на неколку места…
Ме гледаше и роднината. Ме зеде в прегратки и почна да ме милува:
– Ти си мој, ти си мој! – зборуваше со треперлив глас.




41


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


Мајка ми, ја постави софрата без чаршав на неа, зошто немавме
таков луксуз, како што имаа луѓето од побогатите куќи во селото. Го стави
топлиот сомун леб, бакарната тава полна со пржени домашни јајца, три
алуминиумски вилушки, неколку млади кромитчиња и полна стомна со
пресна бунарска вода.


За гостите немаше чаши зошто ги немавме во куќата. Бевме сиро-
маси.


– Детето оди на училиште? – праша роднината.
– С` уште не, но наизуст го знае целиот буквар! – одговори мајка ми.
И ме натера да им ја изрецитирам стихотворбата „Чиста Дана“… А


јас ја знаев и „Орлите на Македонија“ од Венко Марковски, ми се чинеше
поголема и таа почнав да ја рецитирам.


Ме гледа вујкио ми воено лице и се воодушевува! Ми аплаудираше
цела една вечност…


Потоа ~ се обрати на мајка ми:
– Братучедо, знаеш, јас и Невена немаме деца. Поминаа години! Во


Белград имаме голем стан, јас имам голема плата…
– Со здравје да си ја трошите, Господ ќе ви даде и челад, братучеду!–


возврати мајка ми.
– Ти имаш четири деца, нека ти се живи. Живеете во голема сиро-


маштија. Ај, дај ми го Панде, ова ангелче, да си го посинам, да биде мое
чедо!


Мајка ми од возбуда, само што не падна од столчето триножниче на
кое беше седнала. Си ја поднамести шамијата и плетенката од косата и со
плам на мајчинска љубов во гласот, крикна:


– Не, Стојане, не братучеду! И десет деца да имам ниту едно никому
не давам! Ги гледаш ли моите десет прсти на двете раце? И кој прст некој
да ми го посечи, ќе ме изгори болката до срцето!


Не се стопи мајчината љубов.
Си останавме цел живот сиромаси но среќни, со сите прсти од мај-


чината рака.


ОФТИКА


Пролет. Месец мај. Времето и топло и врнежливо. Спарно.
– Се ближи пладнина! Панде, земи ги рачниците полни, едното со


манџа со коприви а другиот со маштеница и однеси им ги за ручек на
мајка ти, татко ти и дедо ти. Тие го прашат лозјето, ене го каде е нема ни
три километри. Само внимавај да не го истуриш јадењето, та да ги оста-
виш без јадење.




42


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


Ги зедов цингените посатки со двете раце и заминав во горештината
кон лозјето во месноста што се викаше „Дапче“. Одев по прашливиот пат,
ги слушав гласовите на полските птици, на еребиците и потполошките но
внимавав да не излезе змија на патот.


Кога пристигнав, прва ме забележа мајка ми. Ја остави мотиката,
притрча, дојде, ми ги зеде рачниците да не се истури јадењето и силно ме
прегрна:


– Мајкино мое, јунак на мајка! Ми порасна да ни носиш ручек а
имаш само седум години!


Ме гушнаа и татко ми и дедо ми. Пред да почнат да јадат, мајка ми
ми рече дека е време да се вратам в куќи и да му дадам трева на теленцето.


Се враќав дома со забрзан од. Но наеднаш од небото се истури дожд.
Се засолнив под еден даб и чекајќи да преврне, сум заспал. Жива вода сум
бил. Некој од селото минувал покрај мене со чезата, ме забележа и уште
сонлив ме качи на седиштето до него.


– Жива вода си, детенце! Офтика ќе те фати! – зборуваше гласно и
удираше со камшикот по коњот за да забрза колку што може.


Вечерта ме фати температура. Горев како оган. Мајка ми пачеше
над мене:


– Ќе ми ти помине, сине, ќе ми ти помине, мајкино чедо… Ете, ќе те
измачкам со лута ракија, потоа со сало!


Ме мачкаше со с` и сешто. Ја викнаа и бајачката Митојца, таа со
баење да помогне. Ништо. Горев од оган!


Во бунило и со солзи во очите ја прашав мајка ми која трепереш над
мене и која на челото ми ставаше ладни облоги:


– Мамо, од офтика ли се разболев, како комшивката Софа? За неа
велите дека крв плука и дека ќе умре… Мамо, ќе умрам ли јас?


– Не, чедо мајкино, не! Таквите болести се за стари луѓе а ти сеуште
си дете и ќе ми живееш! Ајде плукни ми в рака, ќе видиш дека нема крв?–
плачеше мака ми.


Му плукнав во белата риза што ми ја подаде. Немаше крв.
– Ти немаш ни кашлица, сине мој! Мама ми те чува од сите зла а


од офтиката и мајката Божја Богородица, ќе ми те чува, од офтиката, од
проклетата болест! – ме тешеше со топол глас.


Многу ноќи над мене бдееше мама. И Богородица на икончето зака-
чено на ѕидот бдееше над мене како над нејзино чедо…


И секој ден инјекција пеницилин, педесет на број!




43


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


СЛИКА ЗА СПОМЕН


Скриен во една сенка на бор, блиску до воената зграда на Дивизио-
нот во велешката касарна, облечен во воена униформа на обичен војник,
му пишував писмо на мајка ми:


– Мила мамо! Во твоето последно писмо ти ми напиша дека со брат
ми Кочо, заминувате за Австралија. Јас, го премолив и поручникот и капе-
танот да дојдам да ве испратам, но не ми дозволуваат да си дојдам. Дојди
ти и брат ми, со возот дојдете од Битола. Душата ќе ми пукне од жал.


Се расплакав потоа. А војник не смее да плаче.
По неколку дни, во ден недела, отидов на железничката станица да


си ги пречекам најмилите: мајка ми и брат ми.
Треперев од некое чудно претчувство и со солзи на очите ја читав


жолтата табла над вратата: Железничка станица Титов Велес… А потаму
– Скопје… А уште понатаму – Австралија…


Возот пристигна.
Не можев да се одделам од прегратките на мајка ми. Плачеше,


срцето ~ липаше…
– Ние ќе си одиме за Австралија а ти сам остануваш, чедо мое. Ти и


сестрати во Скопје…
Плачев. Плачеше и брат ми.
Наместо во хотел или кафеана, заради сиромаштијата што не пра-


теше цел живот нас, некогашни селски кулаци како што не нарекоа и ни
одзедоа с`, седнавме на тревата во еден парк. Беше ми донеле печена
селска кокошка и неколку парчиња пржено свинско месо. И шишенце
домашна ракија да ми се најде, не за пиење, туку за мачкање, ако случајно
како војник настинам а мајка ми не е покрај мене…


Разговаравме за с` и сешто, за сиромаштијата и печалбата.
По некое време на улицата во близината свиреше музика… Велеш-


ките чалгии ја пееја песната: „Возот браќа тргнува, право за Австралија“…
Мајка ми писна од жал на сиот глас:


– Некој испраќаат, а ти не ќе можеш да не испратиш, сине!
Со војнички глас, за да ја избегнам тагата и болката реков:
– Ајде да одиме да се фотографираме! За спомен!
Притоа, како пред очи да ми се појави сцената од филмот „Бони и


Клајд“ кога овие два херои отидоа, пред да ги убијат, на фармата на Бони
и кога се фотографираа со мајката за спомен.


Уште едно збогување пред големото збогување…
Кога по една седмица отидов да ги земам фотографиите од фотогра-


фот, на гушата , на грлото од мајка ми забележав мал оток, дамка!




44


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


Тоа беше јадот и плачот, лошата болест на мајка ми што ја регистри-
рал обичниот фотографски апарат. За спомен и смртта што доаѓа!


Во Мелбурн, во Австралија го констатираа и тамошните лекари:
– Болеста дојде од стрес и тага по чедото. Лек нема.


ПРЕТЧУВСТВО


Паметам и никогаш не заборавам. Последниот ден на јули 1978,
топол и претопол. Кога бев дете, мајка ми ќе речеше:


– Лебот се пече, житото зрее! Затоа е толку топло!
Кај нас лето, во Австралија зима. Што ли направил Бог? И за мајка


ми што ли е сега таму, во Австралија, зима или лето?
– Ајде да одиме до Бистрица или Кисела вода. Облечи го син ми, – ~


велам на сопругата.
– Што ти е? Што се случува со тебе? Нешто си блед,– ми вели таа.
– Ме стегаат градите! Те молам да одиме!
Влегуваме во „фиќото“. Ми се тресат рацете, во грлото грутка ми се


бере!
Плачам на глас. По мене и петогодишниот син Јане. Се уплаши


кутрото, плаче и ме гушка:
– Тато, што ти е!? Да не си болен?
– Ништо, сине, ништо не ми е. Некој жал , тага ме притиска…
Се сетив на последното писмо на мајка ми испратено од Австралија


до мене, нејзиното чедо: „Ќе одиш синко во Охрид, во манастирот Свети
Наум и ќе го молиш Светецот да ме земе! Доста беше, не се издржува бол-
ката и јадовите печалбарски!“


Требаше по два дена, за празникот „Илинден“ да одам во Охрид,
во манастирот „Свети Наум“ да го замолам Светецот да ~ даде здравје на
мајка ми а не да ја земе…


– Јас не плачам, сине, душата ми плаче, – му велам на синот а ќена
ми го гушка ли гушка, мајчински топло.


Кога плачев, кога се гушев од болка во истите мигови умираше
мајка ми.


Така ми пишуваше татко ми во телеграмата што ја добив три часа
подоцна.


Со неизмерна болка веднаш напишав и испратив телеграма до
моите најблиски во Австралија, до татко ми и двата браќа: „Знаев! Бог да
ја прости!“


Ми кажа моето претчувство за смртта на мајка ми!




45


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


МАЈЧИНАТА ЉУБОВ


С` почесто
почетокот ќе ни биде
с` подалечен и подалечен,
ќе заборавиме
кога сме ја напишале
првата буква,
ќе го заборавиме
првиот учител,
другарчињата од прво…


Насекаде е присутен
господарот на заборавот,
првин ги запоседнува
ликовите што си ги познавал,
потоа, еден по еден,
ги брише спомените
додека ти го затемни умот.


Како превез да имаш врз очите,
заробен си истоштен
и сите обиди
да ги вратиш сликите
се болни и безуспешни,
но, само на едно, едничко,
со насмев
и пред смртта ќе се сетиш:
на мајчината љубов!




46


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


Pande Manojlov


MY MOTHER…


AN IMAGE FOR RECOLLECTION


Hidden in a shade of а pine, near the Division‘s military building in the
town of Veles barracks, dressed in a military uniform of a soldier without any
rank, I was writing a letter to my mother:


– My dear mother! In your last letter you wrote to me that you were
leaving for Australia with my brother Kocho. I asked the lieutenant and the
captain, too to allow me come and see you off, but they didn’t give me a
permission. Come together with my brother, come by the train from Bitola.
My soul will burst from sorrow. I cried afterwards. A soldier mustn’t cry.


A few days later, on Sunday, I went to the train station to greet my
beloved ones: my mother and my brother.


I was trembling with a strange foresight and with tears in my eyes I was
reading the yellow board above the door: Railway Station Titov Veles … And
further – Skopje … And further – Australia …


The train arrived.
I couldn‘t separate myself from my mother‘s arms. She was crying, her


heart was weeping …
– We will go to Australia, but you are left alone, my child. You and your


sisters in Skopje …
I was crying. My brother was crying too.
Instead of in a hotel or a coffee bar, because of the poverty that had been


following us all our lives, once village lessors, as we were usually called and
took everything we had away from us, we sat on the grass in the park. They
had brought me a roast chicken and a few pieces of fried pork. And a bottle of
homemade brandy to be found, not for drinking, but for massage, because I am
a soldier and this was if in case I got a cold and my mother is not beside me …


We talked about everything and anything, about the poverty and the
migrant workers.


After a while in the street nearby I heard music playing … The Musicians
of Veles were singing the song: “Brothers the train is leaving, straight for
Australia” … My mother screamed in all her voice:




47


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


– Someone is seen off, and you won‘t be able to see us off, my son!
In a soldier‘s voice, to avoid sadness and pain I said:
– Let‘s take a photo! For rememberance!…
I remembered the last letter my mother sent from Australia to me, her


child: “You will go to Ohrid, to the St. Naum Monastery, and beg the Saint
to take me! I had enough of the pains and suffering of the migrant workers, I
cannot endure them any longer! ”


For the “Ilinden” Holiday was in two days time, I planned to go to Ohrid,
to the St. Naum Monastery and beg the Saint to give health to my mother and
not to take her …


MOTHER’S LOVE


More and more often
our beginning will be
farther and farther away,
we will forget
when we wrote
the first letter,
we will forget
the first teacher,
the friends from first class…


He is omnipresent
the Master of oblivion,
first He occupies
the characters familiar to Him,
then one by one,
erases the memories
while darkening one’s mind.


As a veil on your eyes,
you are trapped exhausted
and all attempts
to return the images
are painful and unsuccessful,
but only in one, one,
with a smile
and in the death bed you will recall:
your mother’s love!




48


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


УДК 821.163.3-32(062.552)


Љубе Митрејчевски


МАЈКА – УБИЕЦ


Саботно утро се капи во бистрина
и сонце го заплискува денот. Влегувам
во дворот и полека ја отворам вратата
од родното огниште. Ја гледам мајка
ми, застаната простум на средината од
одајата. Станала од креветот и со раши-
рени раце ме пречекува. Го гледа мојот
лик, посветол од најсветлите зраци и
намерачено, со насолзени очи и тре-
петна става, деведесе годишната ста-
рица ме зема во прегратка. Со отворена
насмевка ме гушка и ми спушта возвра-
тен бакнеж на лицето. Радост ~ читам
од избразденото лице и не дава да ја
одвојом својата, од нејзината испиена
рака.


– Ти дојдов, мајчичке! – ја поздравувам.
– Добро ми дојде, чедо мое! Да си ми здрав и векоит! – блика од


среќа.
– И ти мајчичке моја! Уште многу години да ме пречекуваш на пра-


гов!
Вака, секој викенд ме пречекува мајка ми в село. Светлина ~ ја


полни одаја посакуваниот лик и ~ ја топли душата. Така, до недела вечер,
кога заминувам. А тогаш, со поинакви солзи, ја затвора портата по мене.
Додека го гледа ликот од возилото стои скаменета и со крената рака. Не
посегам во нејзината душа. Знам дека ~ е полна со тага и дека посакува
ново видување.


Ете, такви се мајките. Како таа што, берејќи смил в планина, за да ги
одбрани своите малечки деца од гладната мечка, со српот ~ се спротивста-




49


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


вила. Како другата која превртела кола за да го извади прегазеното чедо
од под колцата. И како мајка му на Андре и на Никола која посегнала по
богат живот. Потресена и далдисана по среќа за своите најмили. Спремна
с` да стори за да им стокми сетнина на нејзините чеда.


Мајката, како значаен лик и инспирација, онака како што слушнав,
така ја опишав во расказот „Дали вредеше“, од мојата збирка раскази
„Облазана судбина“. Дејствието се случува во првата светска војна кога
разбиената српската војска се повлекува кон Крф. Во него Андре на патот,
пред селската црква, сретнува војник кој моли за конак и за едно преспи-
вање:


„…тоа беше Андре кој се прибираше дома. Му однесол вечера на
брат му Никола, ги затвориле измешаните кози и овци во трлото и се
враќаше назад. Никола, откога умре татко му млад, мораше да се грижи
за стоката која му беше с` што имаа. Без неа ќе умреа од глад. Затоа тој
живееше во трлото, го вардеше имањето, да не влезат волци и да му го
исколат стадото. Цела зима не слегуваше в село.


– Добра вечер, војниче! – го поздрави Андре.
– Добра вечер, јуначе! – држејќи го за водило коњот, испрекинато


врати изгубениот патник и со мавтање, со двете раце, на неразбирлив
јазик за Андрета, проба да кажи дека му треба преноќиште. Да се прибери
под суво.


Андре застана на два чекори од непознатиот и убаво го измери вој-
никот од главата до петиците. Дури тоа го чинеше туѓинецот свати дека
сака да му го види лицето, па набрзина ги изваде капата и поткапата. Под
не бриченото лице се криеја младешки образи со затегната кожа. И на
нив и на високото чело кое го оцртуваше кратко потстрижена црна коса.
Иако на слаба виделина, Андре процени дека се скоро на иста возраст,
а можеби, тој беше помал две-три години од војникот. Ако беше така,
момчето беше врсник со брат му Никола. Кратко време се двоумеше и се
мислеше Андре и на крајот му рече:


– Идај по мене!
Кога влегоа во дворот, домаќинот го поведе коњот за узда и го врза


во тремот. Војникот ги растовари двете дрвени сандучиња, ги зеде за
рачки во по една рака и Андре напред, гостинот по него, се качија на
чардакот. Додека домаќинот го спушташе ќепеникот, војникот ги остај
дрвените сандучиња, едно на друго, во ќошот од чардакот. Ја однамна
пушката од на гуша и му ја подаде на Андрета. Тој ја отвори дрвената
врата од левата страна на чардакот, и потамин, ја обеси на брутот зад




50


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


врата. Ги крена и сандучињата и ги остави во истата, мала одаја, која му
служеше за остава.


Тогаш, од средината на чардакот, со чкртање се отвори иста таква,
но поширока врата и на неа се подаде женски лик. Жената беше облечена
во долг, црн, волнен вустан и со црна шамија, врзана под гуша. Преку
половината беше запашана со волнен скутник, кој со долгите врвки ~
беше заврзан од назад. Гласното отворање на вратата му го сврте вни-
манието на гостинот и отсечно се заврте. На светлото од кандилото што
жената го држеше в рака му замрзна крвта. Му се причини дека дотогаш
нема видено толку страшен и намрштен лик на жена како нејзиниот. Но,
не беше така. Домаќинката кога се убеди дека дошол синот го смена омја-
зот и со блага насмевка праша:


– Кој е овај, Андре? Кај најде војник?
– Залутал мајко! Молеше за преноќиште! Прости, ако згрешив, што


го доведов!
– Не чедо! Не си згрешил! Кој и да е, чоек е! Нема да ни е изејт


куќава, ако преноќит кај нас! Вистина е дека не се водат дома непознати
в овие измешани времиња! Туку, ај, да се прибериме! Ај, влезете дома, да
се стоплите! И двата све замрзнати! Студит и на чардаков!


– Не да студит?! Жива душа нема на мегданон! Никого не сретнавне!
Никој не не виде и никого не видовне! И пес на лавна! И тие се скриле од
студов!


Таа се заврти и зачекори во одајата. Зад неа киниса Андре, а по него,
со не сигурни чекори, влезе и војникот, кој ништо не разбра од разго-
ворот на домаќините. Кога пречекори два чекори во одајата, мајката ја
затвори врата и го остави кандилото на малата трпеза. Со помош од сла-
бата светлина од кандилото и разгореното огниште, гостинот, во исча-
дената и широка одаја, на средината од левиот ѕид виде оџак низ кој се
креваше чад од дрвата што гореја. На саѓосан синџир, над огнот, висеше
мало котле, покриено со капак. Од него се ширеше миризба на пресно
сварен грав. Лево од оџакот, имаше текме, на ногари, во кое домаќин-
ката го чуваше лебот. Од десната страна виде полица на која беа наредени
неколку дрвени чинии и заграб помали и поголеми дрвени лајци. Околу
кружната, не вешто делкана трпеза, имаше наредени три, триножни
столчиња, кој, во средината наликуваа на големо, сплескано зрно грав. И
трпезата, и столчињата беа многу стари и од многу годишната употреба
беа сосем поцрнети и распукани.


– Слечете се! Овде е топло!…Туку, се секирам за Никола! Му рече
да се покријат уште со еден ложник? – праша мајката, поднаместувајќи




51


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


ги гламните во огништето. Кога слушна потврден одговор од синот, про-
должи:


– Седнете да вечерате! Сигурно и тој е гладен! – со долгата маша го
однамна котлето од над огнот и го остави на земи.


Андре го слече волненото палто и го обеси на една од трите шајки,
заковани на вратата и на гостинот му рече да го сторит истото. Војникот
го отпетла широкиот ремен и со ред сите копчиња ок шинелот. Го слече и
со сите обесени матракулки, на широкиот ремен, го обеси на слободната
шајка. Ја изваде капата и ја обеси над шинелот. Поткапата ја истрга преку
глава и ја вотна во џебот од шинелот. Ја замазни косата и се сврте кон
Андрета, чекајќи нова наредба. Домаќинот ја поднамести трпезата, му
подаде стол на гостинот и двајцата седнаа. Низ главата му прелета мисла
да го земи паурчето од долапот и да го почести гостинот со чаша ракија,
но знаеше дека е празно и дека во куќата нема ниту една капка ракија.


Домаќинката изваде ‘ржана погача од ноќвите и од неа, по целата
должина пресече неколку танки парчиња. Ги кладе на трпезата и во две
дрвени чинии тури од гравот. Му подаде дрвени лажици на двајцата и
излезе на чардак. Од водникот зеде стомна со вода, одма се врати назад и
ја остави на земи, меѓу двајцата.


Додека така шеташе низ одајата, на гостинот морници му лазаа
по снагата. Од појавата на тааа жена пот го облеваше. Не најде одговор
зошто така се чувствуваше иако таа покажа гостољубивост и мајчински
се однесуваше. Ако тој, беше машко и војник, се плашеше од нејзиниот
лик. Колку таа се оддалечуваше од кандилото, толку нејзината сенка ста-
нуваше поголема и пострашна. Тоа му создаваше немир и посакуваше таа
да седни во аголот од одајата, или, додека вечераа со Андрета, да излези
надвор.


– Земи! – му подаде домаќинот парче од лебот, да ја тргне од него
замисленоста. Тој се поднасмеа, покажувајќи ги белите заби. Мрдна со
главата во знак на благодарност и се прекрсти. Додека двајцата сркаа од
гравот се погледнуваа, се поднасмевнуваа и се зближуваа. Се запознаваа,
се спријателуваа и се распознаваа.


Мајката посла рогузина на земјениот под и на неа козинав ложник.
Над него остави уште еден за покривање. Крај ѕидот кладе конопна, долга
перница, наполнета со слама. Набрзина го стори истото и на другата
страна од одајата, за гостинот, со постела која ја донесе од надвор. Од
оставата, во која, Андре ја обеси пушката и ги смести двете сандучиња.
Го зеде кандилото и одма замина во малата одаја, оставајќи ги младите да
вечераат на слабата светлина што ја даваше огништето. Немир ја обзеде




52


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


кога виде таму оставени работи и радознало посака да дознае што доне-
сол војникот. Го принесе светлото за убаво да ги види двете сандучиња и
надворешно ги предледа. Прво го крена горното и го затресе за да сети
што има во него. Така направи и со другото. Преку нишањето и клац-
кањето наслуша како внатре ѕвечи некаков метал, кој не знаеше што е. Не
можеше да ги отвори оти беа заклучени со мали катанчиња чии клучеви
беа во некој од џебовите на дојдениот.


Се замисли и посака тоа да е злато. Во главата ~ се всади мисла дека
војникот е благајник и внатре носи плата за војската. Не ~ беше важно
чија е таа војска и на кој народ му припаѓа. Во мигот таа се претвори во
ѕвер и во неа оживеа сатаната. Силно ~ зовре крвта и очите ~ се закрва-
вија. Дивото се измеша со радост и со мисла дека некој, ете ноќта, ~ донесе
азно. Нејзе, и на децата, му донесе многу пари а тие немаа ни ситен грош.
Ни сол да си купат. Дека тој младич, тој странец, за кој не знаеше од каде е,
~ донесе среќа и ги легна на богата сетнина. Не бедна, туку среќна иднина
на нејзините најмили. Тогаш, во тој миг, с` се испреврте и се испретури во
неа и на ништо друго не мислеше освен на посаканото, само дојдено дома,
богатство. Го имаше на дофат и в раце тука, во нејзината одаја. Само тре-
баше да го освои, да го отми од војникот, кој, со богатството, сабајлето
требаше да замне и да го продолжи патот.


Двете млади момчиња завршија со вечерата и се напијаа студена
вода од бардето. Прво Андре, а по него, и војникот. Со насмевка и со
пријатен поглед, еден во друг, си дадоа знак дека е време да легнат. Вој-
никот седна на крајот од рогузината, ги собуја чизмите и ги стокми до
постелата. Со насмев погледна во гостопримливиот домаќин и со рака
му даде знак дека ќе спие. Тој му врати поубедлива насмевка и продолжи
да седи на триножното столче. Војникот ја спушти главата на перница и
одма заспа.


Во одајата влезе домаќинката и прикладе дрва во огништето. Тури
од гравот и почна да вечерат. Закрвавениот поглед ~ беше вперен во туѓи-
нецот и наместо во лајцата, непрестано гледаше во него. Андре стана од
трпезата и се пресели на рогузината. Иако имаше дваесе години, за атер
на нејзиното самување и мизерно минато, без домаќин, многу ја почиту-
ваше. Никогаш не помисли да ~ се спротивстави и лош збор да ~ врати. Ни
збор, ниту заповед. Се испружи на постелата и се навали на перницата.
Мајка му го забележа тоа и со касајот в уста, тивко, ама отсечно, му рече:


– Не легнувај! Работа не чекат! Оди да ја донесиш секирата!
Андре стана и слезе во тремот. Се праша зошто и е секирата, но ја


зеде од трупалката и одма се врати назад. Таа простум го пречека, му ја




53


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


грабна од рака и клекна над војникот. Ја крена над неа, ја засили и со еден
удар му ја одвои главата од трупот.


– Земи ја и изнеси ја надвор! – викна мајка му и му ја подаде нато-
пената секира со крв.


Андре кој подлипна од виденото, со два прсти ја зеде за врвот од
рачката и ја изнесе на чардакот. Почна да се треси и да се превиткува. Да
лелека без глас, да липа од мачнина во стомакот и да рони солзи. Душата
го болеше од тоа што го виде и од тоа што го стори мајка му. За таква
мајка, за таков крвник, дотогаш, не знаеше. Животинското во мајка му
што наеднаш оживеа, ја натера да крене рака и да изврши злосторство,
не го познаваше. Несвесно ја вртеше главата лево и десно и се прашуваше
дали е таа или некој монструм, што го донесол ѓаволот. Тоа чувство му
внесе вудвосан страв од неа. Ја потпре секирата на ѕидот и се фати за сто-
мак. Нешто во утробата му се поткрена, некаква тегоба во желудникот. С`
му се измеша и се затетерави на шиндрите од чардакот. Лицето му поцрне
и почна да повраќа.


– Слези во ќеварон и ископај дупка! – од врата му довикна мајка му
и се врати назад.


Замаено Андре го крена ќепеникот и полека слезе по скалите. Од
тремот зеде казма и лопата и влезе во ќеварот. Низ малото прозорче, во
ќошот од просторијата допираше слаба светлина од месечината. Тука
ископа дупка. Широка и длабока. Се врати назад и ја начека мајка му
како ги превртува сите џебови од облеката на војникот. Кога таа изваде
некакви клучеви од кошулата на закланото момче, свати дека таа ги
барала нив, за да ги отклучи сандучињата. Таа се исправи и ги остави на
трпезата. На софрата, на која, само пред еден час, со Андрета вечераше
закланото момче. Го завитка телото со крвавиот ложник и вртејќи се кон
сина си, праша:


– Готова е дупката?
Андре мрдна со главата и глас не испушти. Беше шашардисан, заше-


метен и без одговор, зошто мајка му го закла војникот, со кој, само за
кратко време станаа толку блиски и како да имаа заедно растено.


– Кревај! – викна таа со остар тон.
Нејзиниот рапав глас го врати Андрета во стварноста. Таа крена


напред на ложникот а тој од кај нозете. По темница го сметнаа телото по
скалите и влегоа во ќеварот. Го спуштија војникот во пресно ископаната
дупка и го покрија со шинелот. Целиот војнички прибор, обесен на широ-
киот ремен, пушката, седлото од коњот и уздата ги наредија крај него.
Андре ја запрета дупката, убиецот ја нагази земјата и нареди:




54


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


– Облечи се и изведи го коњов над село! Никој да не те видит! Заколи
го таму за ноќеска да го изејт дивина! Никаква трага да немат и никој да
не научит дека некој бил кај нас!


Андре го облече палтото, со страв ја крена крвавата секира, и со јаже,
околу вратот, го врза коњот. По скришни патишта и низ бавчи го водеше
зад него. Право одеше кон трлото нивно и на стотина метри над него му го
изваде јажето. Го погали по челото и со солзи во очите му дошепна: – оди
сега! Коњот заржи, се растрча по чистинката и се изгуби во темницата,
кон високата планина. Се спушти во реката, ја изми секирата и со песок
ја протри. Се качи до трлото и без да го сети брат му Никола, ја смести во
мутлите. Уплашен, потиштен и згрозен од убиството, се врати дома.


Ја отвори вратата од местото на злочинот, зеде столче и седна во
ќошот. Мајка му, незнаејќи по кој пат, го претураше едното сандуче и
ги преместуваше неколкуте конзерви, од едниот крај на другиот. Освен
нив и половина сомун, мувлосан леб, ништо друго немаше во сандучето.
Го спушти капакот, налутено го тресна од подот и го клоцна во ќошот од
одајата. Го крена другото на трпеза и го отклучи. Го отвори капакот и
почна да буричка во него. Одвнатре, на трпезата изваде грст алуминиум-
ски динари и сношче книжни пари. Една по една ги претураше паричките
од левата во десната рака и ги прегледуваше. На светлината од кандилото
никое од нив не даваше отсјај на злато. Како што беше безвреден металот,
така знаеше дека и книжните, големи како блостур лисја хартија, немаа
никаква вредност. Тоа што го бараше, тоа што го очекуваше и посаку-
ваше, тоа за што копнееше и за кое изврши убиство, во сандучињата го
немаше. Ги бапна во сандучето парите, па и него го удри од земи. Скокна
од столот и бесно за’ржа. По кого, освен по Андрета:


– За вас го сторив ова! За ваша среќна иднина! За достојна сетнина!
За спас од бедава која висит над нас! Енаа! Закачена на гредиве се ѕверит!
Не демнит и не голтат! Андре! Не молчи! Кажи нешто!


Андре ништо не прозборе. Ни при претурањето на сандучињата,
ниту сега. Го облече палтото и замина во темницата. На трло кај брат му
Никола.“


Кутрата мајка со двајцатата сиромашни синови! Без сон процрнила
уште неколку години живот со грижа на совест. Со голем грев заминала в
гроб оти посегнала по туѓото.


Ликот на мајката? Тој е како надојдена река, разигран ветер, расцве-
тана ливада и бескрајно небесно синило. Вечна инспирација.




55


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


Ljube Mitrejchevski


MOTHER – KILLER


Mother‘s character? It is like a flooding river, a playful wind, a blossoming
meadow and an endless blue sky. Eternal inspiration.


The mother, as an important character and inspiration, as I heard it, was
described in the story “Was It Worthy” from my collection of stories “Obscured
Destiny”. The story takes place in the World War I when the cracked Serbian
army retreats to Corfu. There, on the road, in front of the village church, Andre
meets a soldier pleaing for a lodging… Andre covered the hole, the killer
trampled the ground and ordered:


– Dress up and bring the horse outside the village! Let no one see you!
Kill him and throw him in the wilderness! Don’t leave a track and be sure no
one knows that someone visited us tonight!


Andre put on his coat, raised his bloody axe in fear, and tied the horse
around his neck with a rope. On secret paths and through gardens he led him
behind him. He passed the sheepfold and when he was a hundred meters away
pulled out the rope from its neck. He caressed the horse’s forehead and with
tears in his eyes whispered: – go now! The horse ran, ran down the clearing,
and disappeared into the darkness toward the high mountain. He went down
into the river, washed his axe and rubbed it with sand. He climbed up to the
sheephold and, quietely he hid the axe, without any noise to wake up his
brother Nicholas. Frightened, depressed and horrified from the murder, he
returned home.


– I did this for you! For your happy future! For a decent life! For salvation
from the misery that hovers above us! There it is! Hooked on the beams lurks
to swallow us! Andre! Do not be quiet! Say something!


Poor mother with two poor sons! Without any sleep, she lived a few more
years with a feeling of guilt. She went to the grave with great sin because she
took someone’s life.




56


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


УДК 821.163.3-1(062.552)


Весна Мундишевска-Велјановска


МАНИФЕСТАЦИИ НА ГРАНДИОЗНОСТА
НА ЕДИНСТВЕНОСТА НА МАЈЧИНСТВОТО


Уште при првата намисла на збо-
рот мајка, молскавично пред очите
се оцртува силуета која се аплицира
себеси во осветлена едноставност, но
по промисленото загледување – и во
сета своја комплексност. Силуетата
метаморфозира во многу облици дви-
жејќи се по апцисата на прапочетокот и
светот, со n-та мултипликација до недо-
гледот, во своето кодирање поставу-
вајќи се на променливи растојанија од
оските на животот изразени со единица
должина – постоење. Во хиперрамни-
ните на своите проекции од самопози-
ционираната нулта точка како папокот
на човекот, до отклонот од себе или отскокот по досегот, таа многукратно
димензионира вредносни одредници на бидувањето.


Во симболиката на перцепцијата мајката ги животвори деновите,
ги одржува дејствителни спомените, го скротува неспокојот во соновите,
го посипува со љубов секој атом присутност, постои со мерка – безуслов-
ност, беседи со разбирање и трпеливост притоа голтајќи го секој бран
беспокојство, наметнувајќи го секој морничав трепет со плашт од насме-
ана безгрижност, проблеснувајќи и како чувар на сувереноста на родот
со свилена добродушност или борбена пожртвуваност, како подучувач,
советодавач и другар-сонувач, како поддршка, пријателка, водилка, при-
мерност, посебност, сигурност, неопходност…


И во поетскиот изблик на мојата чувственост одекнува громкоста на
безгласниот заграб во дланките на оспокоеноста, на мајката која стои ста-




57


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


мено пред сивото исчекување на небиднината, која со искраднати чекори
ги скротува сите варијации на судбината. Во низите стихови присутна е
жена која, повеќе интуитивно отколку нагласено профилирана, се под-
разбира или уште повеќе – се чувствува, како мајка, баба, заштитничка,
светица, ангел:


„На последното вртење,
пред родината на татко ми,
погледот с` уште ми го влечат
дрвена клупа и дрво.


Сношти и ги сонив,
но и женичка во црно
час до клупата, до дрвото,
час и над врвот.


Долго газев камења
за да стигнам до нив.
Дрвото ми избега,
но клупата ја зграбив.


Почнав да липам,
па ме вкорени тлото.
Женичката за раце ме фати,
јас – во вратот ~ ги вдлабив.


Од ортомите на срцевината
сред дрвото крошна ми сплети,
ја одврза волнената скутина
и непреболот ми го покри.


Отклучи катинар некој
и поттурна небеска порта
– недогледот на оспокоеноста
нежно-грижно ми го отскри.“
(„Клупа и дрво“, книга „Поетски дијалог“, стр. 69)


Широка е лепезата на разноформната комбинаторика на еле-
менти од мајчинското: утроба, бременост, раѓање (обденување, никну-




58


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


вање), воплотување, ’ртење, плод, прегратки, нежност, готвење, месење,
кафе-варење… Во песната „Фанурија“ (книга „ДвОглед“, стр. 14) тежи-
ната на живеењето преносно е прикажана преку бременоста, деветте
состојки од кои што се подготвува ова желбено лепче се алузија на деветте
месеци од благосостојбата на женското тело, а раѓањето позиционирано
на крајот на песната е всушност почеток на олеснувањето на душата низ
чинот на облагородено доживување на љубовта како животна мудрост.


Но, раѓањето освен среќа, симболизира и болка. „Бремени дилеми
и самозалажувања“ на човекот испаничен од суровите околности на
небидот, дремат сред калта на заблудите и израѓаат скичмено небитие
кое сраснато со јанѕите станува дволичје на лирскиот субјект („Небитие“,
книга „ДвОглед“, стр. 10), додека стиховите „Молњи/ ја параа/ утробата/
на ноќта“ („Предвестие“, книга „Неспокојно сонце“, стр. 29) се претстава
на предвестието на доаѓачката несреќа која, распарчувајќи ја внатреш-
носта ставена во функција на развитокот и растежот на новозачнатите
надежи, сред несонот изродува бура. Се раѓа и плач – „Во пламенот на
бремето, во плима се раѓаат капките“ („Доаѓање“, книга „Ден денување“,
стр. 16), а и „дождот виножита раѓа“ („Пресврт“, книга „Ден денување“,
стр. 41).


Се раѓа пород, нов живот, но и човекот се раѓа во себе. Се слеваат
грстови мајчински излеани прочувствувања во стихови за раѓањето,
животопаѓањето, (не)снаоѓањето, созревањето, одновораѓањето…


Мајката-вода раѓа утра во скутот на виножитата затскриени зад пре-
вез од дождовите на живеењето („Вознес“, книга „Во сонот сон“, стр. 42).


Мајката-земја раѓа синови и им дава полет за процут низ мудроумно
спроведување на научените лекции за љубов, доблест и среќа изразени
преку благотворното (себе)дарување низ секоја фаза од нивното рас-
тење, но таа е и мајка која низ горчината на солзите достоинствено го
дочекува и принудното приземјување на своето чедо земајќи си го назад
„вечно в прегратка да ~ почива“ („Синот на земјата“, книга „Неспокојно
сонце“, стр. 23). Неизмерната болка од незамисливата загуба ја прави и
мајка-расадник која со болнокрикот на проследеното рушење на своето
чедо станува сочност за да го амортизира неговиот пад, но и за да биде
плодно тло од кое тоа повторно ќе изникне, а истовремено и мајка-спокој-
ство чија рака невидливо се појавува во најтешките моменти на танц со
биднината по ветровитиот подиум на животот и живуркањето, мајка која
своето постоење не го отелотворува туку го покажува низ прегратката
на сета своја смирувачка чудесност („Во дланките на биднината“ / книга




59


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


„Во сонот сон“, стр. 34). Топлината на таквата прегратка ги стопува сите
немири и возбуди, го скротува секој разбрануван замор и секоја трпка
недоверба, го смирува секој трепет, пројавувајќи се како најсветлата свет-
лина проблесната во физиономијата на мајката-сонце („Сонце“, книга
„Неспокојно сонце“, стр. 16)


Мајката-пролет, пак, разнежнето ги обвива телцата на младите кои
во својата добродушност и наивност стануваат збунети жртви на својата
немоќ да ги препознаат и да истраат пред налетите на разбеснетите гро-
мови и скаменетите ветришта на опстојот, за да им биде лечебница или
дар за задушница („Повлекување“, книга „Птицоврик“, стр. 39)


Носејќи ја саможртвата како амајлија на градите, мајката не сонува
туку инстинктивно се дава себеси за среќата и добробитта на децата и
семејството, сораспната со болката, но жилава, самозаборавена во тагата,
а соживеана со радоста што ~ тече како медовина од усните, всликувајќи
ја љубовта кон чедото, и кон сите, како заслепувачки сјај во очите. Со
овие, и сите погоре наведени квалитативи (и уште многу такви недоизре-
чени), мајката многузначно ја модифицира секоја секојдневност давајќи
~ дури призвук на волшебност. Во таквата необичност на надземското
искуство, нејзината слика станува ослик на мајка-светица која со својата
кроткост, стабилност и одмереност (и на мислата, и на зборовите, и на
движењата), благоразумно имплантира себеостварување и несетено пот-
тикната автономност на своето чедо кое ја решава загатката на самоиден-
тификацијата во уникатноста на откриеното спокојство:


„Со расплесканите истеци
на ктиторската чешма
честопати пладнувањата
си ги капев во пена.


Сред едно обременето измивање
од в зори згушеата бура
низ тешко-дишечкото испарување
препознав – жена.


Се извиваше од зад завесата
од згужвани капки прочистување
прскајќи со нежност
и нескриено човекољубие.




60


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


Во еруптивните вдахновувања
с прекривки од облаци
раните на духот
ги залекуваше со мудроумие.


Се препуштив на милувањето
на благословеното мајчинство
впивајќи ~ го дишењето
– да не ми го земат.


Успокојувајќи се
во вознесот на единственоста
открив дека и изворите
кон Небото се стремат.“
(„Чешма“, книга „Вибрации на духот“, стр. 32)


Мајчинското можеби е најизразено од позицијата на јас-мајка низ
грижливоста, нараснатата чувственост и метафоричноста на раѓањето
кое се пројавува во различни варијанти – од новораѓање, преку раѓање
во себеси, до преродување.


Пред огледалото на душата во песната „Секое утро“ (книга „Поетски
дијалог“, стр. 5) тоа е поклон и молитва пред благодатната мајка олице-
творена во Богородица, со чиј благослов „секое утро,/ како и денот,/ во
утрото покрстена/ одново се раѓам“ низ највозвишениот чин на врвосу-
вање на овоземската среќа кој ги поместува познатите граници на живе-
ењето по вертикалата на небесното и вонвременското. Вдахновението
ја растерува напрегната неизвесност за раѓањето на копнежите, а про-
најдениот пат до разденот е радосно отелотворување на надежите („Раз-
денување“, книга „Поетски дијалог“, стр. 7) Со моќта да се стивнат сите
сакалми се осоколува и храброста за препород, па новонадежно созрева
спокојот „во врвот на небеските скали“ („Подновување“, книга „Птицов-
рик“, стр. 82).


Токму таму, од „недостигот на утеха во голготата на секојдне-
вијата“, од неподносливата празнина создадена од физичкото отсуство на
родителот, на душата во душата („Недостиг“, книга „Вибрации на духот“,
стр. 39-40), јас-детето израснува во јас-сопруга која си создава сопствено
парче рај преплавено со сеприсутна вљубеност и во кое дуалноста на
сопружниците „благословено катарзира во тројност“ како животворност




61


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


која возвишува возљубеност („Простор на љубовта“, книга „ДвОглед“, стр.
67-68). Со ваквата љубов како „секвенца од времето/ овековечена/ во
безвременост“, јас-детето се трансформира во јас-мајка. Новооткриеното
суштествување, низ скромно искажани стихови за неискажливата љубов,
се врвосува во песната „Ангел“ посветена на мојот син Ангел (книга
„Вибрации на духот“, стр. 43-44), која е вознес на величествената воздиг-
натост што ја продуцира блаженоста на издигнатиот водопад зовриена
нежност како врвно себеспознание и спознание на „нескротливоста на
себеизворите“, која станува „животна инспирација“ и двигател на сите
инкарнации на јас-мајката.


Овде спомнатите мајка-вода, мајка-земја, мајка-расадник, мајка-спо-
којство, мајка-сонце, мајка-пролет, мајка-светица и конечно јас-мајка,
имаат уште бесконечно многу алтернативни манифестации овопло-
тени во грандиозноста на единственоста на сумарноста на рождеството,
потомството, родителството, почитувањето, помагањето, жртвувањето,
болувањето, споделувањето, себедавањето, бескрајнољубењето…, екви-
валентна на светоста на мајчинствувањето.




62


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


Vesna Mundishevska-Veljanovska


MANIFESTATIONS OF THE GRANDIOSE
UNIQUENESS OF MOTHERHOOD


In the symbolism of perception, the mother gives life to the days, keeps
the memories active, tames the restlessness in dreams, embraces with love
every atom‘s presence, exists with measure – unconditional, speaks with
understanding and patience, shining forth as a guardian of the sovereignty
of with silent heartedness or fighting sacrifice, as a tutor, counselor, and
companion – dreamer, as a support, friend, guide, exemplarity, uniqueness,
certainty, necessity …


The mother’s role is mostly expressed from the position “I – the mother”
through caring, increased sensitivity and metaphorical nature of birth that
manifests itself as a birth anew or rebirth. New birth, a new generation. Floods
of feelings in the verses describing the birth, life pitfalls, (not)finding one’s
way, spiritual growth in the birth anew…


The mother water gives birth to mornings in the lap of the rainbows
hidden behind the veil of living rains (“Exaltation”, book “In a dream dream”).


The mother-earth gives birth to sons and gives them the blossom of
wisdom through the learned lessons of love, virtue, and happiness expressed
through the soothing (self) gift through each stage of their growth, but she is
also a mother who through the bitterness of her tears with dignity receives the
forced landing of her child, taking it back “to rest in her arms forever” (“Son of
the Earth”, book “Restless Sun”).




63


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


УДК 821.163.3-31(082.2)(062.552)


М-р Сања Мучкајева Видановска


БОЖЕСТВЕНОСТА НА МАЈКАТА


„Бог не може да биде насекаде, па затоа ги создал мајките“
еврејска поговорка


Љуби. Преживува. Откорнува…
Може да се влече, откорнува од


срцето љубов парче по парче, а крвта
во дамарите ја прави само пожестока
додека лази на сите четири, но со откор-
нати парчиња се бори. Против болката,
страдањата, животот, смртта…


Чиниш секоја линија на лицето
исцртува еден ден, а секоја брчка ткае
своја приказна.


Пишувам за секоја мајка, од ста-
рите фотографии на кои се насмев-
нува со сенка под капаците, во време
и невреме на преживување. Секоја
педа од ова парче земја е обележано со
отпечаток од нечија мајка, тивка, но
непокорна, заштитничка на животот


со шепотлива историја, на секоја страница од книгите пишувани за неа.
Секоја со свое предание и желба за победа над сите недостатоци од вре-
мето во кое живее.


Но, со исти желби, љубов и стравови за своите чеда.
Нема различна љубов од онаа на мајката кон своето дете, нити пак


поинакви стравови. Кога би се обединиле каде и да се, тие се само една
заедничка енергија на неповторливото и повторливото.


И секогаш кога ќе се спомене мајка, помислувам на сите мајки, и
оние на родителите и нивните родители… И нивните мајки и нивните…
Со свеќите во раката, кога иконите поигруваат низ пламенот на свеќите,




64


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


во длабочината на некој храм. Низ блажениот сјај на мајката над мајките,
Родилката која него го родила. Создателката на утешението кон сите
јадови и стравови за своите чеда.


После изедената пита, баба ми Зора, која ние внуците ја викавма
Нана, секоја прва недела од месецот ја даваше истата наредба.


„Измиј се убаво и пресоблечи се!“, му велеше додека ~ го облекуваше
фустанчето – летно или зимско, во зависност кое годишно време беше,
на неговата сестричка. Тој ги пронаоѓаше црните пантолони со цак и
белата кошула на закачалката, уредно ставени во дрвениот шкаф. Сме-
еше да ги носи само во црква и за време на празници. Го ставаше качкетот
на црната, кратко потстрижана коса, кој му ги покриваше очите затоа
што беше за два броја поголем со очекување дека за брзо ќе му порасне гла-
вата, како и телото. Децата брзо растат, а таа од малата пензија на
покојниот му татко, не можеше да купува качкети или обувки со следење
на неговиот брз раст.


Така и во обувките, нозете му шетаа малку лево – десно, но беа
комотни. За неговата сестричка, сега за сега не се грижеше, во однос на
облеката, затоа што педантно ги чуваше фустанчињата од едната
покојна сестричка која умре од шарлах на свои четири години. Се сеќа-
ваше на неа како низ магла, а на другата која умре додека беше бебе не се
сеќаваше, затоа што и самиот тогаш имаше само две години.


Татко ми, еднаш, но само еднаш шлапкајќи покрај неа додека пети-
ците му подизлегуваа од обувките, ја запраша зошто откако умре татко,
немаа никогаш веќе појдено во будистичкиот храм, на кого толку убаво се
сеќаваше, на сите средби и заеднички молитви со неговите сонародници,
на мирисот на храмот и венците од цветови на сликите кои и до ден денес
не ги разбираше.


„А, будистички или православен, што би ти менувало тоа тебе?
Помоли се ти сине мој и покрај овој калив пат, ако сакаш, па ако постои
оној горе, ќе се смилува на нас“, и го погледна со поглед од кого знаеше дека
не треба веќе да поставува прашања, иако беше готов да продолжи со
прашањето за тоа, тогаш што бараат во црквата „Св. Никола“, до која
требаше да пешачат околу половина час и притоа да ги држи стапалат
цврсто стегнати за да не ги загуби по патот обувките два броја пого-
леми. Зошто тогаш едноставно не застанат покрај каливиот пат и не
се помолат, ако Бог би ги слушнал каде и да се?


Можеби заклучи, затоа што покрај патот немаше од каде да купат
свеќи. И повеќе, не праша.




65


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


Но од кога влезе Хитлеровата восјка, а помина повеќе од месец дена,
немаа ни во црква отидено. А Зора, не само што немаше отидено во црква,
туку ја немаше добиено ни пензијата за наредниот месец и сега размислу-
ваше кои молитви би помогнале. Оние во црквата „Св. Никола“, или оние
во Будистичкиот храм?


И тогаш почувствува грч во желудникот и помисли дека с` што
преживеала до сега и што ќе преживее понатаму, е можеби распнатоста
помеѓу Буда и Исус Христот, која нејзините деца ја чувствуваат низ нив-
ната крв, само не дај Боже, си помисли со страв, да не крвават. Од глад
и студ. И дали би имало разлика во нејзините молитви, кои си ги кажу-
ваше во себе и на каливиот пат и во креветот додека чекаше сонот да ја
совлада, гледајќи ја месечината таа пролет како тивко заоѓа и изгрева
меѓу бледите облаци во ноќта, како да се прашува како неа, дали секоја
свеќа гори исто?


Моите први сеќавања, се врежани длабоко со мрморењето на усните
на баба ми, кога ме носеше во црква за Велигден на Голема Сабота, и со
целата ширина на љубовта се молеше за своите чеда, оние родените и
оние неродените. Родените, нејзините деца, внуци, како и неродените,
идните кои ние требаше да ги родиме. Само љубовта може да биде толку
голема, сместена во срцето на праисконското возвишување, кое со нежна
дланка ги милува образите. Кога се бори во сиромаштија, или благосо-
стојба, војна или мир, а трепетот од сите стравувања го носи во срцето до
крајот на животот. И ден денес, кога и сама мрморам молитва во храмот,
истите очи го исцртуваат пламенот на сеќавањата, а моите молитви се
изедначуваат со нивните.


И не е само мајка над мајките, баба или тетка на внуците… Таа е
крв која тече низ слабоста и пот која тече низ радоста. Само ширината
на единственоста ја означува вистинската молитва на усните, како едно
мрморење, изедначено и обединето. Мајката, храмот го носи во своето
срце и пали свеќи со своите солзи. Кога се радуваат нејзините чеда, се
радува и таа. Кога плачат тие, плачот ~ тече низ дамарите. А, стравот се
всадува со првиот плач на детето и трае до крајот на животот.


Тоа го наслушнував низ шепотот на баба ми, сега се сеќавам во црк-
вата. Дури после повеќе години ми беше јасно што шепотела таа уста, од
која излегуваа најчистите молитви, некогаш одамна. Во време на војната,
немаштијата и гладот. Како и секоја мајка, се бореше на свој начин.


Често сонувам дека сум на непрегледна полјана полна со цвеќиња.
Трчам босонога, млада сум повторно иако сум и во реалноста млада по
години, но душата од ден на ден ми старее. Трчам во тишината, ослобо-




66


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


дена од сите грижи, а зад мене галопира коњ без јавач. Успорувам, сакам
да го причекам. Но секое успорување го оддалечува од мене, копитата
замолкнуваат низ ветерот што ја замира секоја моја мисла дека ќе се
пресретнам со него.


Коњ без јавач. Осамен на полјаната, го бара својот господар на спро-
тивната страна. Тргнува по него, но исчезнува во недогледноста. Се будам
со празнина, погледнувам во моите деца кои спијат со загладнет сон и се
обидувам да ги затворам очите, да го барам повторно. Коњот со јавач.


Денес ќе се согласам да го продолжам животот. Со сета надеж дека
наредните години нема да бидат потрага низ пустата полјана на гало-
пот кој исчезнува.


Вдовица во воено веме е исто како црна врана заробена во кафез и
секое ослободување е само едно мало отворање на вратничката од кафе-
зот колку да го провне клунот за да заколва од храната со издолжен врат.
Со страв дека вратничката може да се спушти во секое време на вратот
и да ~ го откине.


Сакам да се ослободам од кафезот не поради себе, туку за да ги
нахранам моите пилиња, гладни во гнездото на целиот овој ужас одо-
колу. Капата да си ја најдам. Гологлава лесно можам да ја загубам гла-
вата и да ги оставам моите деца сираци. Уплашена сум од сите тие вој-
нички чизми кои ги гледам секогаш кога минувам низ улиците со главата
надолу. Не се осмелувам да погледнам никого во очи. Не ја кревам главата.
И покрај тоа, пред очите ми излегува свастиката на стравот и земјата
која се затресува под тешките ѓонови на окупаторот. Извикот ‹Халт›
ми ја замрзнува крвта. Куршум ми забива во срцето секое легитимирање
и погледот кога го подавам аусвисот е соочување со погледот на смртта.
Сама жена, со торбата во раката и намирниците во неа, е како јагне
пуштено меѓу волци.


Да, ќе се омажам за тој човек. Каква и капа да ставам на глава, како
што нашиот народ вели ‹Жена без маж е како глава без капа на виулица›.


Ќе го известам Милан. И на мојот малечок син морам да му објас-
нам. Иако има само девет години, ќе ме разбере. Тој секогаш прашува, се›
што го збунува сака да го открие на негов начин. Чудно е тоа дете, и
зрело. Заштитнички е настроено кон мене и неговата малечка сестра.
Од кога го изгубивме Доржа, како да порасна преку ноќ. Но и неговиот
стомак е празен. И стапалата му мрзнат во зима. Иако не се буни кога
носи на себе поголем број и шлапка со нив, јас го забрзувам во одот за да
не мисли на тоа. Затоа што, тешко ми е да му објаснам зошто капата
му паѓа на очите и му го покрива видот, а тој сака да види се›. Да знае се›




67


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


Па, драгиот Бог нека ни е напомош. Со новиот човек.


(извадоци од мојот најнов роман во ракопис Кругот до степата)


Имам пишувано многу страни за мајката. За многу мајки… Оние
од минатото и денешницата. И сите приказни се слични. Мислите кои
обземаат, оние кои и мене ме обземаат додека пишувам. Родословот на
мајките, може да се пишува секогаш одново и одново. Не престанува
никогаш, затоа што секоја ткае своја посебна нарација.


Како конц по конец на разбојот, секој конец со своја боја, како тка-
ењето на килимот, секоја раскажува приказна за некои мали очиња, кои
го отвораат новиот свет и се огледуваат во малите рачиња на ќерката која
го става првиот конец на разбојот. И учи за животот, преку прстите на
мајката, како што и таа учела од нејзината мајка.


Својата судбина ја ткае повторно преку живите бои на конците,
учењето на светот, чии бои се менуваат со поинаков редослед, шарите се
плетат според судбината и иако се чини дека секоја е различна, сепак е
иста.


Ако можеа да се соберат во едно чувствата на сите мајки, тие би
биле испомешани со сите шаренила од бои, нивната енергија би се суди-
рала, но и истовремено поклопувала, а сета таа бескрајност само би го
заокружувал циклусот на раѓање и умирање.


Поради тоа, сметам дека мајките на моите родители се херои на тоа
време и на ова време. Чувствувам должност да оставам зад себе споменик
за нив. Само така можам да им ја покажам својата почит. И двете живееја
во исто време. Но, на сосема различни простори. И покрај тоа, судбините
им беа слични. Оставија зад себе, по три женски деца и по едно машко
дете. Едната имаше две умрени малечки ќерки, а другата изгуби штоутку
роден син. На едната, мајката на мајка ми, се сеќавам во делови. Кога
тешко дишеше од асмата која ја доби како последица на студовите кога
одеше километри пеш за да донесе кришум вреќа брашно и да ги прехрани
децата додека дедо ми беше во затвор. Заоа што еден ден, го испрати на
работа и тој не се врати. Со месеци не знаеше каде е. Никој ништо не ~
кажуваше, дури ни луѓето кои ненајавено влегоја во куќата и зедоја се›
вредно. Трите мали девојчиња на ушите имаа пар златни обетки. И тие
беа истргани од нивните уши.


Дедо ми се врати од затвор, на 29-ти ноември, после три и пол
години кога беа ослободени сите предвоени капиталисти.




68


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


Рано утрото, додека Димитрија се› уште не беше заминат на учи-
лиште, само што станаа и девојчињата, а Јана беше со големи подоч-
ници од непроспиената ноќ, се слушна силно тропање на долната врата.
Кучето лаеше кога се отвори, а стаклото се затресе удирајќи се од
железната рамка, уште пред да се сети дека треба да праша кој е и да
отвори. Низ скалите се слушаа тешки чекори од војнички чизми, истрча
кон вратата и ги здогледа луѓето кои се качуваа по скалите, додека оде-
кот од нивните стапала се одбиваше од салонот, страшно, со ехо што
се забиваше во целата куќа. Симе, исплашен и блед, одеше зад нив внима-
вајќи да не им се приближува многу, па ги оставаше две – три скали пред
него. Не чекаа да ги повика да влезат. Се втурнаа низ вратата, аЈана
инстиктивно се тргна на страна. Грлото ~ се стегна, но веднаш зад чове-
кот во партизански алишта здогледа познато лице. Грчот на мускулите
малку ~ попушти. Децата се сокрија зад неа, а таа успеа да ги опфати со
рацете, прегрнувајќи ги. Ја слушна малечката од другата соба. Плачеше,
исплашена од ненадејната викотница во куќата. Јана ја позна Божна,
внуката на јатрва ~, жената на Алексо. Знаеше дека е партизанка. Зад
нив стоеше уште еден човек со големи црни мустаќи, крупен, со извалкани
каливи чизми. Но, кога го погледна Симе како стои зад него, блед со стег-
ната уста, срцето повторно ~ затропа силно, иако момент пред тоа ја
препозна Божна, која ја немаше видено од девојка, пред да се преселат во
Битола.


„Јана Тодоровска?“, извика човекот што влезе прв, кој беше толку
близу па здивот ја заплисна низ лицето силно, колку што бепе гласно
поставено прашањето.


„Да…“, одговори сосема тивко.
„Ова се твоите деца?“
„Да…“, срцето ~ застана кога ги спомена децата. Одвај се слушаше


нејзиниот глас, додека со двете раце ги стегаше за рамениците. Погледна
во Божна, но во нејзиниот поглед не можеше да прочита ништо, така да
~ помина низ главата да не се препозна. Човекот со светла, израсната
коса и со капа со петокрака на главата, на околу триесеттина години, ја
пикна раката во џебот под палтото и извади лист хартија. Го отвори
со огрубените раце и Јана го виде пиштолот опашан на панталоните
додека го вадеше документот, како и Божна со реденик со куршуми околу
појасот и плетенките што ~ се спуштаа напред кон градите од капата,
надолу. Чекаше пресуда, иако не знаеше што направила.


„Ви името на месниот комитет на Комунистичката партија…“,
бучавата во ушите и с` посилниот плач на Нада, ја спречи да слушне с`




69


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


што читаше, па успеваше да разбере само делови. „И во името на наро-
дот на Демократска Федеративна Југославија“, викаше на цел галс додека
читаше како да рапортира, „Куќата од денес е во сопственост на наро-
дот!“ Го затвори листот, по што го врати во џебот. Палтото повторно
се рашири на долниот дел, а пиштолот уште еднаш се покажа пре неј-
зините очи, сместени во кафеава футрола на појасот. Тешки и калливи
чекори газеа низ куќата. Прво ги вадеа сликите од ѕидовите, грубо тргајќи
ги од шајките. Ѕидот се ронеше од местото каде беа обесени.


„Капиталистичко ѓубре!“, викаше третиот човек, додека насилно
ги тргаше. Божна одеше од соба во соба и вадеше с` од фиоките и поли-
ците. Го пронајде златниот накит на Јана, кого Јане го купуваше кога
одеше во Скопје уште пред војната. Јана планираше да им го подели на
девојчињата кога ќе се мажат. Златниците кои ~ беа дадени од свекрвата
кога се мажеше и сребренината купена во Солун, уште пред Јана да дојде
во новата куќа, исто така беше одземена. Божна ги вадеше трескајќи ги
вратите, а една фиока силно удри на земјата.


„Види, види…“, му покажа на помладиот човек. „Додека ние гиневме
по планините, тие прибираа злато и сребро! Свињи буржоаски!“, викаше
сега таа.


Јана и децата седа на каучот во дневната соба. Пикнати со гла-
вите во неа, не се осмелуваа да го кренат погледот. Јана ги држеше сите
четири во неа, заштитнички и се обидуваше да остане смирена за да не
ги вознемирува уште повеќе.


(извадок од романот „Петта приказна“ – 2011 година)
На другата, мајката на татко ми, не се сеќавам, бев многу мала кога


умре. Но, тука се раскажувањата кои ги внесувавм во моите книги. За да
се сеќавам, да не заборавам…


Ги одбрав овие извадоци, за да ја покажам силината на мајките од
тоа време – невреме, со гордост пишувајќи за нив, затоа што само храбро-
ста, пожртвуваноста и љубовта кон децата може да се исправи пред пре-
дизвиците и опасностите. Мајката не размислува за својот живот. Нејзин
живот е животот на децата.


И зато, ништо веќе не можам да кажам, од она што веќе сум го рекла
на многу страници обајвени и оние кои допрва треба да се објават.


За крај би завршила со цитат:
„На почетокот на секоја твоја приказна, постои приказната на


твојата љубов. Таа е таму, каде ти почнуваш.“
– Мич Албом –




70


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


M-r Sanja Muchkajeva Vidanovska


THE DIVINITY OF THE MOTHER


“God cannot be everywhere, so he created mothers”
Jewish proverb


And she‘s not only a mother above mothers, a grandmother or an aunt
to the grandchildren … She is blood flowing through weakness and sweat
flowing through joy. Only the breadth of uniqueness signifies the true prayer of
the lips, as a murmur, unified and united. The mother carries the temple in her
heart and lights candles with her tears. When her children rejoice, she rejoices.
And the fear is embeded in the child‘s first cry and lasts to the end of his life.


My father‘s mother, I don‘t remember. I was very young when she died.
But here are the stories I put in my books in order to remember, not to forget …


I chose these excerpts to show the strength of the mothers of that time,
proudly writing about them, because only the courage, sacrifice, and love for
their children can stand the challenges and dangers. The mother does not think
about her life. Her life is the life of her children.


And every time when the mother is mentioned, I think of all the mothers,
those of our parents and their parents … And their mothers and theirs … With
candles in their hand, when the icons are playing through the candle flames, in
the depths of a temple. I feel the blessed glow of the Mother above the mothers,
the Lady who gave birth to them, the Creator of the consolation to all sorrows
and fears for their children.




71


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


УДК 821.163.3-3(062.552)


Проф. д-р Христо Петрески


МАЈКАТА – ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА


1.
КОГА МАЈКА МИ МЕ КАПИ


Кога мајка ми ме капи
тогаш не ми требаат никави капи
ниту шалови и ракавици
ниту палта и капути
ни пантолони со и без ногавици


Таа тогаш ме соблекува угол гол
и мене ми е срам поради тоа
а таа вели: ти си уште мал –
значи можам да шлапкам во вода
и да си играм спокојно во кал


Па наместо голем ќотек
чинија топло млеко и двопек
во ред ако водата е топла
ама ако е ладна мраз
ќе ми смрзне голиот г..


Е кога ме капи мама
селото ечи од галама
таа гребе трие стружи
ноктите в коси ги пика
па кој ли нема да вика


Но мама веќе не ме капи
јас не бегам не се плашам
почист сум од било кога
но верувајте тоа не е тоа
гњавењето ми фали троа!




72


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


2.
МАЈКА
ја свлечкаа жената од првите кон последните редови за да не ги гру-


бее и грдее првите, да не стои каде не ~ е местото, а таа беше возрасна
стара како мајка ми присуствуваше на сите промоции на книги со надеж
дека ќе ~ дадат книга без пари, но и дека ќе има каква таква закуска, па
да ја засити малку од малку не само духовната туку и физичката глад.
Тие ја свлечкаа како партал од првите редови таму на крајот во послед-
ните каде ништо не се слуша не се гледа и не се разбира, Таа впиваше
секој збор регистрираше секој опул беше алергична на површни аморфни
и безидејни песни, но и на празни банални недоживеани и неискрени
раскази па постојано стравуваше некогаш да не се заборави и да извика
гласно: доста веќе ме умревте од глупава наратологија, а тие ја свлечкаа
н` ~ дадоа ни да гледа ни да слуша ни да разбере нешто, но пред с` никој
да не ја гледа неа зашто беше стара и неугледна гладна и жедна, а сакаше
да чита книги од утро до мрак божем е животот книга божем нема друга
смисла и божем, така, Господ ја наградил односно казнил, но таа кога ја
свлечкаа назад од првите кон последните редови. Taa не се ни наведна
зашто и онака беше наведната лицето и беше везден свртено кон земи,
па си велеше, па, дури и посакуваше камен да ~ се стори еднаш ниту да
гледа ниту да слуша ниту да разбира штом се претворила во партал кој
секој може да го фрли и потфрли да го премести кога ќе сака како ќе сака
и каде ќе посака, а таа можеше на сите да ни биде мајка не само на кни-
гите кои ги љубеше како најродена рожба и можеби Господ н~ ја испра-
тил да н` гледа, да н` слуша да н` разбира нас никаквите самбендисаните
фодулите, компирите, фазаните… кои не читаа книги иако денизден ги
пишуваа истите не им беше сеедно што ќе речат другите за нив, но и тие
за никој друг не изговараа ни еден единствен убав збор се читаа само
самите себеси, па и мајката на книгите не ги читаше зашто не можеше да
ги свари ниту како брза инстант храна ниту како зготвено и преварено
јадење ниту како предјадење ниту како десерт, а најмалку пак како главна
софра и гозба, затоа кога ја исфрлија мајката од првите во последните
редови не се побунија туку само се поместија понапред и на нејзиното
место, а кога ја отфрлија и исфрлија и од последните редови надвор тие
не ни забележаа зашто ништо не им недостасуваше тука беа сите на број и
тие некадарните писатели и никаквите книги само ги немаше тие кои ќе
ги разлистаат прелистаат и прочитаат, а не пак разберат и запомнат нив-
ните писанија за некоја друга и нечија друга, а не нивната родена мајка.




73


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


Prof. Dr. Hristo Petreski


MOTHER –ONE AND ONLY ONE


They dragged the woman from the first to the last rows so she wouldn‘t
make ugly the first, not to stand where she does not deserve and she was as old
as my mother and attended all book promotions in the hope of being given a
book for free, in hope that there would be such a snack so that it could saturate
her not only the spiritual but also the physical hunger. But they dragged her
like a rag from the forefront to the end where nothing is heard, seen and
understood. She absorbed every word she registered every eye upon her and
was allergic to superficial amorphous and boring songs, as well as empty banal
unsettled and insincere stories, so she was constantly afraid of shouting aloud:
you had already killed me with your stupid narratology, and they dragged her
away not to see or hear or understand anything,


First of all no one was looking at her because she was old and unrespected,
hungry and thirsty, and she wanted to read books from morning till dark as
though life is a book, as if it had no other meaning. and as if the Lord rewarded
i.e. punished her, but when they dragged her back from the front to the last
rows. She did not even bend because she has been bent anyway and she has her
face fastened to the ground, saying, and even wishing to become stone which
neither sees nor hears nor understands since she had become a rag that anyone
could throw and replace it whenever and wherever one wants and wishes. But
she knew she could be our mother, the mother to all of us, not only to the books
that she loved as her birthright. Maybe the Lord has sent her to take care of
us, to listen to us, understand us, the ego-loving and ego-bound people… who
are writers without reading other books, as well as neither cared what others
would say about them, nor they want to say a single nice word about anyone
else. They are reading only themselves. so when they threw the mother out of
the first rows they didn‘t rebel but just moved forward and in her place, and
when they threw the mother out of the last rows they don‘t even notice because
they don’t lack anything for they are all in number with their books, but lack
the readers, because these writers are not writing in the name of their own
physically existing mother, as well as the holy Mother.




74


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


WHEN MY MOTHER BATHES ME

When my mother bathes me
then I don‘t need any hats
nor scarves and gloves
nor coats and windjackets
neither trousers nor pants

She then strips off me all my clothes
and I‘m ashamed of it
and she says: you‘re still young -
so I can slap in the water
and play calmly in the mud


So instead of a big beating
a bowl of warm milk and bread
okay if the water is hot
but if it‘s cold ice
my naked ass will freeze

So when mom bathes me
the village echoes of uproar
she scratches scrubs
her nails she puts in my hair
so who won‘t yell

But my mom no longer bathes me
I‘m not running away I‘m not afraid
I‘m cleaner than ever
but believe me that‘s not it
The mistreating I miss a bit!




75


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


УДК 821.163.3-1(062.552)


Симона Петровска


МАЈКА – ЖЕНА – СОЗДАТЕЛ


Моето творечко искуство освр-
нувајќи се на мотивот на мајката како
инспирација ќе биде претставено преку
едно несомнено сврстување со мојата
теориска анализа, поместена во кри-
тички текст „Архетипот и симболот во
Света песна од Анте Поповски“, објавен
во 5-от број на списанието „Современи
дијалози“ (изд. „Македонско научно
друштво“, Битола, 2017 г., стр.113-117),
во која, фигурата на мајката ја става на
пиедесталот и претставува фундамент
на битисувањето, во симболична слика
на основните архетиски претстави за
животот и смртта.


Битието во оваа смисла се наоѓа
помеѓу тие две точки, но воедно и ги сое-


динува на микро и макро-ниво. Од мајката и нејзините симболички прет-
стави поетскиот восклик достигнува ниво на разгатнување и растајну-
вање на Универзумот.


Жената во творештвото многу често го врзува индивидуалното и уни-
верзалното токму во зборот Мајка, или поконкретна да бидам, во нејзината
утроба. Создавањето и созданието на битието се случува токму во утробата
на Жената-Мајка, а пак останките ги чува и памети Земјата – Мајка. Во
тој вечен и повторувачки процес препознаваме копнеж за преродување.
Остануваат спомените длабоко издлабени во раните од породилниот рез
и борите на лицето, но и во кристалниот поглед во очите и избледената
насмевка на лицето. Оттука и мотивот за моите стихови од песната „Ста-
клена насмевка“ објавена во „РАСТ – списание за книжевност, уметност и
култура“ (изд. „Битолски книжевен круг“, Битола, 2019 г.):




76


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


„Ликот твој како икона бледа,
иста боја, истиот срам и јад.
Око, втренчено гледа,
душата од окови бега,
гради за себе храм,
а во него својата слобода ја слави.“ (РАСТ, 2019, 57.)


Таа стаклена насмевка за која пишувам е посветена на мојата баба,
Жена – Мајка, чиј спомен го чувам бледо исто како нејзината насмевка, и
сликата со нејзините сини туку-речи стаклени очи.


Фасцинацијата за Жената – Мајка е добиена од нејзината расче-
речена утроба во која се создава семето на животот, а нејзиниот живот
времето ќе го однесе во неповрат изненадувајќи ја со својата брзина и
суровост.


Така е и во мојата песна „За неа“, објавена во „РАСТ – списание за
книжевност, уметност и култура“ (изд. „Битолски книжевен круг“, Битола,
2019 г.). Во песната жената го носи животниот контраст и превласт на
доброто и лошото во единството на Универзумот, односно:


„Животот е создаден,
со нејзини раце,
и на светот душа му вдахнува,
тоа ѓаволско лице,
таа нежна душа.


Сонцето и ѕвездата,
на нејзиниот ден, светат најсилно,
и тие се едно,
две реки слеани во една.


Таа река
сме сите ние,
нејзините поколенија,
срцето на овој свет.
А, ако има друг, некаде далеку,
и тој ќе се насмевне
за нејзината среќа. (РАСТ, 2019, 56/57.)




77


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


Оската на светот, во нејзиното симболичко претставување, често
е прикажана како стебло со две гранки, во определена форма – Y, кое го
претставува дрвото на животот и стеблото на крстот.


На гранката расте плод кој содржи коска – семка, таа семка преку
цикличното движење на нештата паѓа на земјата (во земјата) во вид
на семе и создава услови за повторно оплодување и создавање на нов
живот.


Мајката Земја ги чува коските како семиња за повторно оплоду-
вање, но ги чува и коските кои значат смрт, минливост на животот, од
другата страна на оската. Земјата е како лулка, како матка, како утроба.
Како фетусот во матката, како новороденчето во лулката, земјата ги чува
коските кои значат меморија.


„Не размислувајте
од каде доаѓаат морињата,
погледнете околу вас,
ќе ја видите неа!
Онаа која може и земјата и небото
да ги спои во една своја солза.


Во срцето на една жена,
вистината и лагата се едно,
тие се молбата до бога,
тоа е гласот до сите,
оние сите,
кои не ја разбираат големата тајна на постоењето.“
(РАСТ, 2019, 56/57.)


С` се памети преку цикличноста на процесите и динамичното раз-
менување на енергиите: онаа на создавањето и онаа на уништувањето,
во постојан дијалог на Ерос и Танатос. Преку симболичките и архетип-
ските претстави на каменот, тој означува цврстина, материја, меморија,
така го означува и телото (материјалноста) на битието. Затоа каменот
има интимна и длабока врска со птицата која пак, ја означува душата на
покојниот. Таа душа птицата ја издига до ѕвездите. Затоа ѕвездите светат
толку силно. Тоа се камења со душа, оѕвездени камења. Така симболот на
ѕвездата како висока духовна сила која се наоѓа таму горе на небото крие
големи тајни, исто како и во стиховиве:




78


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


„Ги гасне сите ѕвезди
што заедно ги украдовме од темносиното небо,
за да бидат само наши,
да ни ја згреат душата, да ни блеснат во очите.“


Тоа е насмевка на душата ранлива, но горда,
чиста пред рајските порти,
блажена пред љубениот,
таа е мост
помеѓу анѓелот и ѓаволот,
Едниот зарем е непогрешлив пред Бога,
А Другиот пак го зема, тоа што го нема.“


(РАСТ, 2019, 57.)


Во јазикот и отаде него симболиката на сите фигури ја носи потре-
бата од растолкувањето на сите нешта во светот. Перипетиите на душата
стануваат теоретски постулати ако треба да се објасне како чувствуваме,
како пишуваме и конечно како твориме. А, Творецот на сите е Мајката
наша, Мајката-Земја, Мајка-Жена – Создател.




79


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


Simona Petrovska


MOTHER – WOMAN – CREATOR


The creation in general and the creation of being takes place right in
the womb of the woman as a Mother, and the remains are preserved and
remembered by the Earth-Mother. In that eternal and repetitive process we
recognize the longing for rebirth. Memories remain deeply carved in the
wounds received during giving birth to her children and in the facial wrinkles,
but also in the crystalline look of the eyes and the faint smile of the face.


Fascination for the mother is derived from her torn womb, in which the
seed of life sprouts, and her life will take time irretrievably, surprising her with
her speed and cruelty.


In the language and beyond it the symbolism of all the figures carries the
need to unravel all things in the world. The plot of the soul become theoretical
postulates if it is to explain how we feel, how we write, and finally how we
create. And the Creator of all is our Mother, the Mother – Earth, the Mother-
woman, the Mother – Creator.


Mother Earth preserves the bones as seeds for refertilization, but also
preserves bones that signify death, transient life on the other side of the axis.
The earth is like a cradle, like an uterus, like a womb. Like the fetus in the
womb, like the newborn in the cradle, the earth guards the bones that hold
memory.




80


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


УДК 821.163.3-1(062.552)


Благој Попоски


МАЈКАТА, МИЛОСТА И МИРОТ


Мајката – човек, мајката Пресвета
Богородица, мајката природа, мајката
Земја даваат храна, милост и мир.


Сонце пролет,
лист од дрво,
с` се раѓа
пак отпрво.


Јас не сакам мајко
темен мрак,
јас сакам мајко
да се вратам пак,
да се родам пак.


Во животот човекот остава траги
кои ниту можат да се избришат ниту да
се заборават.


Но, чувството кое е помогнато или добиено како дар од Господ не
може да се објасни или напиши на хартија. Јас пишувам за печалбар-
ството, посебно за мајката и за земјата кои тешко се забораваат од момен-
тот кога земав збогум од нив. На денот кога си заминував штрковите и
ластовиците патуваа на југ, а јас на Запад. Тие пееја, јас плачев. Тие пату-
ваа во јато, а јас сам. Патував со бродот „Маркони“ од Генова за Сиднеј.
Овие и други спомени и чувства од и за време на печалбарството, вклу-
чувајќи ги песните на Кочо Рацин, ме потикнаа да ти пишувам. Буква по
буква, збор по збор, ред по ред почнав да пишувам стихови за минатото.




81


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


СТОМНА


Скрши сине Се скрши стомна
стомна полна со вода, се разлеа вода,
за последно се расплака мајка
земи збогум и цела рода.
со цела рода.


Останало адет Збогум се зеде
уште од време со секој еден.
да се истури вода Се разжали печалбар
пред збогум нажален и беден.
да се земе.


КУЌА СТАРА


Низ патишта усвет Седнав на прагот
нарамо со црна торба од куќата стара
ткаена од мајчинска рака, за здив да земам
дар полна со солзи и пред смрт да ме згасни.
аманет за навек,
Да се вратиш сине Ластар ми погали чело
од печалба дома од старата лоза,
мајка ќе те чека. а јас пијан без капка вино
низ соништа
Но патиштата долги мајка барам.
избришаа мисли и
брзото време О куќо стара
аманет зеде. пајажини те крепат
што е толку ладен
Старец се вратив со бела коса овој камен
со уморни очи кај што седам,
и бразди на чело. да не лежи под него лута змија
за смрт да ми крои.




82


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


КАДЕ Е МОЈАТА МАЈКА


Добро утро А мојата
пријателе руса Стојна
добро утро дали уште чека таа?
куќо стара. Е сакаше многу мајка
да ~ биде снаа.
Да те прашам
пријателе Те чекаше руса Стојна
каде е мојата од чекање болна беше,
мајка стара. а ти долго не се врати,
тука брате
Дали в поле равно малку згреши.
негде кус
јачмен си си мајка жние. Те чекаше руса Стојна
3 години полни
Или болна малку На трета година почна
ми е, па си туѓина да колни.
легна да си
поспие.


Еј јунаку
печалбару
брате, брате,
брате мили мој.


Не познаваш
брате мили
братот, братот
роден свој.


Те чекаше
мајка стара
5 години тешки цели,
ниту еднаш
кутра мајка
не се развесели.


Не е баш пријатно да се зборува за мајките пушачи кои не внима-
ваат ни во својата бременост на своите деца во утробата. Поттикнат од




83


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


трагедијата на детето на една комшивка и пријателка кое преживеа црни
денови, ја напишав песната:


МАЈКА – ПУШАЧ И ДЕТЕ


Јас бев мал кога те молев Учи ме мајко
плачев од утро до мрак како да дишам.
да престанеш еднаш
со цигари пусти Јас немам појќе солзи
за лесно да дишам, да плачам
со гради болни од очиве почна
од отровот силен да капи крв,
на лутиот чад а болеста милост
што убива деца за никого нема.
кај и да ги стигни.
О Господе кажи
Не подаде рака зошто се родив.
за да ме спасиш, Сонцето sирка
ко не можев оган низ прозорец рано.
со солзи да згаснам Сака да види
ко тагував сам дали сум жив.
на болнички кревет
ко борба водев Цвеќе и пиле
со црниот чад јагне и риба
ко Господ го молев го мразам чадот
да останам жив. над нив што виси,
а пчелите без ум
Јас не барав ништо не знаат кај летат
на светот што нема сите се мртви од лутиот чад,
ниту пак лек барав а медот ми беше
за градите мои основниот лек.
само чист воздух
Господ на сите Сонувам пиле
што ни го дал. со скршено крило
Иста клетва
Некој му дал.
Тоа не можи да лета.
а јас не можам да дишам.
Кој него му скрши крило,
а кој мене ми изгоре душа!?




84


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


Blagoj Poposki


THE MOTHER, GRACE AND PEACE


In life, man leaves traces that can neither be erased nor forgotten.
But the feeling that is helped or received as a gift from the Lord cannot be


explained or written on paper. I am writing about labor in the foreign countries,
especially for the mother and the land, which are hard to be forgetten from the
moment I said good-bye to them. On the day I left, the storks and swallows
traveled south, and I traveled west. They were singing, I was crying. They were
traveling in a flock, and I was alone.


THE OLD HOUSE


On the roads of labor
with a black bag
the shoulder.
by the mother’s hand woven,
a gift full of tears and
eternal plea,
come back my son,
your mother waits for you.


But the long roads
erased the thoughts
and the quick time
forgot the plea.
As an old man I came back
with white hair,
with tired eyes
and wrinkles on my forehead.


I sat on the doorstep
of the old house




85


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


to take a breath
before death
extinguishes my life.


A lather patted my forehead
from the old vine,
and I drunk without a drop of wine
through dreams I am
looking for my mother.




86


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


УДК 821.163.3-3(062.552)


Ѓорѓи Прчков


МАЈКАТА – ЛИК СО НАЈСВЕТЛИ ДОБЛЕСТИ
ЗА СВОИТЕ ДЕЦА


Што е мајката за еден автор
освен родилка на неговото тело, згри-
жувачка на неговата детска невиност,
воспитувачка на неговата тинејџерска
разузданост и молителка за неговата
зрела неподготвеност? Секако и лик,
но не како и секој друг отсликан во
неговата лоша или добра или пак сива
конотација, туку повеќе свет, поттик-
нат низ редовите да провејува поради
должниот пиетет кон него, или уште
повеќе генетска поврзаност која после
одделување од утробата пека по нејзи-
ната сеприсутност како темел за сепо-
тпирање. Така се случи со овој збор
и во моето творештво, неминовно се
истурка за првенство во цела дузина на


романи преставувајќи се како тажна, весела, загрижена, закрилничка,
пожртвувана, спасителка и се она што ~ беше доделено од почетокот на
креацијата од Бога па се наваму низ еволуцијата на светот каде нејзината
улога воглавно ги задржа најсветлите доблести.


Верушка одненадеж западна кај група бричени во главите типови,
зборуваа на туѓ јазик. Не можеше да ги разбере ништо кога силум во
една кафеана ја однесоа. Во почетокот похотните посетители наддаваа
со цените проценувајќи ја нејзината стокова вредност, а потоа животин-
скиот порив колку и таа да се бранеше беше посилна да го изврши злоста-
вувањето. Кога нејзините ја пронајдоа веќе беше доцна, Верушка почну-
ваше да полудува. За да си ја земат наидоа на отпор, газдата на кафеаната




87


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


никако не сакаше да го испушти профитот толку лесно. Кога мајка ~ виде
во каква состојба се наоѓа, со склокотена крв прстите ги испружи и на
газдата в очи му ги зари, содржината му ја ископа. Тој главата ја поткре-
ваше и вриштеше, неговите послушници се обидоа да го заштитат, таа го
исползува моментот кога газдата главата ја имаше поткренато, вратот
кога на дофат ~ излезе, ја отвори устата, забите во гркланот му ги стави и
му го скина, крвта заедно со парче од гркланот на толпата му ги исплука.
Ја зедoa Верушка и во нивната спална соба ја однесoa, ја легнаа помеѓу
нив и цела ноќ мајка му остана будна во таванот загледана. Дали таму
горе ја бараше одмаздата с` уште со неизгасена жед по крвта на мачите-
лите или се молеше болката на девојчето да се префрли во нејзините пре-
пони, избезуменоста од нејзината убава главичка да стане нејзин кошмар
и веќе да престане бодењето на она што се случи, да избледнее споменот
на црните ноќи кои наместо со заљубен говор кон месечината завршуваа
со смрдливи допири и отровни нечовечки блуеници.


„Мајка“ Карка живееше во двокатна куќа, и бидејќи сама, одлучи
собите да ги издава под наем. Доаѓаа битолчани, но само со поглед што
ќе ги опфатеше, ќе завртеше со главата, луѓето си одеа. Еден ден дојдоа
четири момчиња, а по нив и три девојки. Таа си помисли: „Еве, еве моите
деца ми дојдоа, синовите и керките ми дојдоа“. Со раширени раце пред
себе ги зеде и по собите ги распореди!


Една од девојките ~ рече:
– „Ние сме студенти, не знаеме колку ќе треба за да ги подмириме


трошоците“!
– Ооо, за тоа бидете без грижи, јас тие работи врз себе ги земам,


ваше е да учите, „мајка ви“ да не ја посрамотите!
По четири години родителите на студентите, тогаш веќе дипло-


мирани граѓани, неизмерно ~ беа благодарни на „мајка“ Карка што за
нивните деца несебично грижи водеше, на прав пат морално ги воспита
и од срце се заангажира за студиите со успех и навреме да ги завршат.
Таа им возвраќаше дека иако за нив родена челад, за неа „деца“ станаа
со кои сешто се преживеа, но во разбирање, слога и љубов. Како што во
Библијата се вели: „блажена е онаа утроба што не раѓа деца затоа што
сите деца се нејзини“, Карка го заслужи епитетот воедно и синоним за
возвишена состојба поради навидум хендикепот да нема сопствени чеда
што не беше причина за таа да стане егоистично насочена кон оние кои
ги имаат или уште полошо кон самите деца, туку сосема напротив покажа
неизмерна љубов кон нешто не откинато од телесноста, со силно духовно




88


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


привлекување кон срцевноста. Резултат беа новосоздадените родителски
стеги кои не пуштаат кога болат од загриженост или ослободуваат иако
горат поради неизвесноста на полетувањето.


Мајка ми ги собра паднатите свеќи, направи снопче од свеќите и од
пламенчето што го фрлаше запалката на Лотар ги запали. Просторијата се
осветли, таа надвисна над мене, кога ме забележа растурен ми ги намести
маицата, кошулата, панталоните, златното синџирче ми го стави на сре-
дината од градите, со него беше и плочката.


– Сега ми си убав!– рече и бликна во силен неснослив плач …
– Доаѓаат по него, да го погребаме, веднаш да го погребаме. Ќе ни го


земат, брзо и тајно да го погребаме !!!– викаше мајка ми. Го кренаа сан-
дукот, од мојата куќа до Буковските гробишта беше близу. Кога тргнаа,
повторно нададе силен плач, жално јачеше, и само велеше:


– Мојот син не заслужува ваков погреб. Н` има само неколкумина,
чекајте не заслужува без поп, без опело, чекајте да повикаме свештено
лице, да се помоли за покој на неговата душа. Не брзајте! – велеше мајка
ми,– воедно се молеше Господ да се смилува и да ме однесе во рајот. Восо-
кот од свеќите се топеше и по рацете ~ лазеше, многу ~ жежеше, ама жеш-
тината од восокот, бидејќи посилна во душата, срцето, мислата ~ беше од
восокот не ја ни чувствуваше.


– Не!– се јави татко ми,– на погребот учествуваат барем милион и
половина обожаватели од нашата земла, од нашата најскапоцена М А Ј К А,
ама за голема жал проклетниците ни ја продадоа и така без најмилата
мајка н` оставија. Нашиот син е во нивните души, во нивните срца,
огромна армија луѓе е со него, тој е и во најголемото срце на нашата земја,
нашата татковина, јас ќе запишам и М А Ј К О В И Н А!


– Како малку народ, татнежот што н` поткрева од неговите луѓе е,
сите што го сакаат итаат на неговиот погреб. Специјалците, луѓето од
режимот не се способни, немаат толкава сила – моќ, нашата голема мајка
да ја поткренат, земјотрес да предизвикаат. Тие тајно како ѓаволи, впро-
чем и ѓаволи се, тајно се прикрадуваат и тајно убиваат, како што го убија
и твојот сакан син. Маса народ, од неколку страни на нашата најголема
М А Ј К А доаѓа да му оддаде последна почит на твојот син, О, мајко, мајко
биди горда, биди среќна што си родила таков син!


Миксот на тага на мајката која загубила син и причината поради која
тој неповратно си заминал за една друга, погенерализирана, на повеќе од
едно дете мајка, ми овозможи не така психолошки лесно да си поигру-
вам со зборовите мајка и татковина– мајковина. Едниот на онаа која го




89


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


родила херојот, а другиот за онаа која го подзела во својата црна утроба
на два метра под земјата. Едниот за расплаканите очи и откорнатото срце,
другиот за гордата која историски овековечува и плете приказни за гене-
рации. И двата збора се многу слични и различни според начинот на кој
живот даруваат и одземаат, и според жртвата која толку многу ги љуби
што без размислување би сторил с` за нивната волја и слобода.


– Тој ден може и да не дојде! – велеше нејзината пријателка „Кај
мене дојде, дете си родив, време е да родиш и ти, ама с` уште не си забре-
менила!“


– Пријателке, полна сум со надеж дека тој ден и кај мене ќе дојде!
– Аха, аха, оди ти со тој ум, ниту ќе дојде ниту ништо – за себе си


велеше пријателката.
Времето одминуваше, синот на пријателката растеше, арно ама таа


с` уште не забременуваше. Загрижена со сопругот обавија разговор, се
договорија дете да посвојат. Бидејќи материјално добро стоеја бргу од
домот за сираци син посвоија. Се грижеа со сите сили, детето растеше со
мајчинска љубов, беше среќно, среќни беа и неговите родители…


Ликот на мајка детепосвоителка е во секој случај тажен лик кој на
таков акт се одлучи најчесто после долги години на чекање и крајна без-
надеж. Иако процесот на раѓање е сосема поразличен од добивањето
на дете во определена институција, неподелената љубов во ништо не е
помала кога и со двете се детерминира односот мајка-чедо. И двата пара
очи ќе го гледаат тоа беспомошно суштество дури и во сонот како би ја
забележале промената на физиономијата за да протолкуваат дали му е
потребна помош против уроците. И двата пара раце ќе гушкаат посилно
од стегот на питонот кога некоја несреќа ќе се обиде да го засени нивното
младенче додека тоа наивно си поигрува во животот мислејќи дека тој не
демнее. И двете срца ќе копнеат за целата среќа на тоа дете и подоцна
личност која ќе мора да се трансформира во пеперутка, барем во нивните
фантазии полни со честички на егоизам.


Ева, во гимназијата беше девојка со реноме, скромна и исполни-
телна, важеше и за убавица. Еден ден професорот по математика во
кабинетот ја заклучил, употребил сила и ја обесчестил. Таа скршена во
срцето, во душата и мислата срамот што ~ беше нанесен не можеше да го
сокрие. Набргу лошиот глас стигна до нејзините родители. Татко ~ лут, не
можеше да го поднеси срамот и од домот ја протера. Мајката на коленици
падната го молеше да ~ прости, го убедуваше дека таа не е виновна ама
без резултат. Девојката замина, но немаше каде да се засолни. Прво што




90


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


~ падна на памет беше Хераклеја, несвесна дека таму се собираа немо-
ралните девојки кои опстанокот го обезбедуваа со продажбата на своето
тело, но мислеше дека барем ќе најде засолниште подалеку од очите на
злобните битолчани. По нечија промисла, еден од тие денови Џика одејќи
кон Сива Вода и колку и да беше сокриена ја здогледа девојката. Му се
нажали кога ја виде колку е ослабена, бледа, одвај на нозете стоеше па
ја однесе дома и на мајка му му ја прераскажа целата приказна. Старата
жена во Ева се загледа, ~ навлезе во зениците и бидејќи искусна во неа
откри необична девојка. Оттогаш грижата за неа ја презеде таа, прво со
покалорична храна, пристојна облека, а подоцна кога излезе пополнета
мајката почна да ја гримира, накит да ~ купува, помодерна облека и така
од Ева направи убавица. Дури тогаш на син му ја предаде и со сериозен
тон во гласот му рече:


– Синко, мајка ти не греши, ти ја предавам девојката сега да се гри-
жиш ти, а минатото што ~ се случило таа виновна не е. Јас обавив разни
разговори и дојдов до сознание дека Ева е девојка родена за тебе, јас ти
кажувам, а ти како сакаш прави, всушност ако мајка ја послушаш ќе пра-
виш како што ти вели срцето, како што ти сака душата, ама ќе си ја слу-
шаш и мислата!


– Добро! – ~ рече Џика, откако се дотераа, фатени за рака излегоа
да прошетаат . . .


Ако еднаш животот жигосал и тоа поради туѓо влијание врз расме-
стеноста на коцките, не значи дека жртвата е виновна и дека треба да
добие уште една казна поради озборувачките капацитети, посебно на
оние луѓе кои не се соочуваат со сопствените неволји туку наоѓаат за посо-
одветно да бидат судии врз судбините на другите. Ева веќе потиштена од
делото на развратникот, оттурната не само од околината туку и од своите,
станува згриженик на мајката на момчето кое случајно го сретнува. Неј-
зината наивност, чистина ~ паѓаат во очи на старата жена која искусила
и сито и решето и знае да ја препознае неизвалканата бистрина од мат-
ната кал. Бисерот загаден од свињата го подзачистуваше доволно време
за повторно сјајот да излезе на виделина и во ангелска форма да му го
поддаде на своето чедо на кое можеше само да му посакува таква животна
сопатничка. Мајчинското во неа не се излажа дури ни во допирот со нај-
долните сфери во човечкото битисување.


Колку може да биде силна една мајка не беше доволна инспира-
ција да го напишам романот „Тримајка“. Самиот наслов кажува дека ми
била потребна тројна кауза за дооформување на идејата за припадност




91


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


кон три силни мајки. Првата која го родила и од оправдани причини го
загубила, втората која го посвоила и третата која го разгалила. Критич-
ниот момент во романот е силната љубов на сите кон детето, но верувам
и делумно себичноста во борбата да се оствари единственото право врз
него без оглед на последиците од збунетоста на малечкото дека сите три
продефилирале низ неговата душа како најсветото нешто за една детска
поимливост. За жал таа борба се одвива низ институциите на системот
кои и онака не функционираат во полза на човекот, до крај заблудени
дека го знаат правецот за детето надвор од лавиринтот. Доколку се збо-
рува за суд по чии норми би се одлучило која да биде вистинската, ниту
мојата маленкост не би била сигурна во која и да било одлука поради ком-
плексноста на приказната која на крај сигурно ќе доведе до растргнатост
на предметот на интерес на кутрите мајки.


Елена, мајка и учителка, ги воспитуваше малите дечиња на битол-
чани вистината да им биде света, идеал и патоказ во животот, додека
лагата како нешто што треба да се избегнува, ниту да се изговори. За
време на распустот се имаше повлечено во летната куќарка и ја пишуваше:
„Историјата на вистината“, фактографија многу различна од историјата
што ја имаа напишано историчарите и им беше сервирана за учење по
училиштата. Кога книгата се растури низ широките маси, народот почна
лагата да ја заменува со вистина и на режимот с` му излезе наопаку. Исто-
ричари по порачка започнаа да атакуваат против ова дело, да го негираат,
прогласуваат за шунд и воопшто деградираат и зборовите и самиот автор.
Но народот ја прифаќаше вистината, ја пиеше како нектар и пополека
излегуваше од мракот кој ги заробил сите нивни сетила. Зошто оваа мајка
толку одлучно го напуштила шпоретот, пеглата и секојдневните обврски
кои ги имаше преку глава и се впуштила во борба со перото, во полнење
на шприцот со патриотизам и будење и ставање директно во срцето на
обичниот човек наместо адреналинска инјекција с` само заради непоми-
реноста да се живее во свет конструиран од неколкумина малоумници
кои мислат дека се богови на земјата? Веројатно поради нејзините при-
родни својства на орлица која си го штити сопственото гнездо во случајот
проширено на површината на саканата земја мајка, на лавица која р’жи
низ џунглата наречена општество со интензитет на звук доволен и мрт-
вите да ги напуштат гробовите и осичка која напаѓа и боде и по цена да
биде смачката од големите шепи.


И што би бил заклучок на денешнава тема освен нешто што требаше
да биде всушност почеток на овој труд, репликата на сите мајки од сите




92


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


творештва во ликот на Богородица мајка. Ангелот Гавриил ~ соопшти на
девојката Марија свршена за маж по име Јосиф дека треба да се радува
за нејзината благодатност, за нејзината благословеност помеѓу жените,
за тоа дека ќе зачне во утробата и ќе роди Син кој ќе се нарече Исус.
Девојката Марија се зачуди како е можно тоа кога таа не знаела за маж
до моментот на случувањето, а ангелот одговорил дека Светиот Дух ќе
слегне на неа и Севишниот ќе ја осени, па затоа роденото ќе биде свето
и ќе се нарече Син Божји. Една е мајката Марија, но многу мајки помеѓу
страниците биле благословени да добијат рожба и тоа дете да биде толку
посакувано како Спасителот од светот или да биде отфрлено како Спаси-
телот на крстот. Многу мајки помеѓу страниците поверувале дека ќе зач-
нат по благодат на Господа, но многу тоа го сториле без да благодарат за
дарот кој го добиле од погрешни намери. Светиот Дух се обиде да направи
храмови во секоја од нив, свети места на кои Тројцата ќе си имаат почи-
валиште и ќе донесат спокој на душата, но пречесто тие се претвораа во
дувла на демоните кои не го дозволуваа рајот на земјата. На крај сепак
останува надежта во веста на Ангелот Гаврил кој ни рече да не се плашиме
зошто царство небесно е многу близу, а мајките ќе бидат помеѓу првите
патници за таму.




93


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


Gjorgi Prchkov


THE MOTHER – CHARACTER WITH THE BRIGHTEST
VIRTUES FOR HER CHILDREN


What is the mother of a man other than the mother of his body,
the guardian of his childhood innosence and an educator of his teenage
undiscipline. Certainly a character, but not like any other portrayed in his bad
or good or gray connotation, but more sacred, driven through the rows to glorify
him due to the obliging piety towards him, or even more her power of genetic
connection that, after separating from the womb, makes the child attach to
her omnipresence as the foundation for support. That is what happened to
this word and in my work, it has been inevitably pushed to a championship in
a whole dozen of novels presenting itself as sad, cheerful, anxious, abusive,
self-sacrificing, a savior and all that was given to her from the beginning of
creation by God and so on., onward through the evolution of the world where
her role largely retained her brightest virtues.




94


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


УДК 821.163.3-1(062.552)


Илче Стојановски


МАЈКАТА – СÈПРИСУТНА ВО МОЕТО
ТВОРЕШТВО


Мајката – инспирација и значаен
лик во моето творештво, постои во сите
димензии во нашето постоење…


Покрај на Господ Бог, ние непре-
стано припаѓаме и на Пресветата
Мајка која ги љуби ангелите и светите-
лите. Така н` љуби и нас, нудејќи ни ја
својата прегратка.


Тоа го чувствуваме преку молит-
вата – мирот и тишината во срцето. Таа
е бесконечна љубов и бесконечен мир.


Љубовта, радоста и мирот, тоа се
божествени дарови, божествени осо-
бини. Тие поединечно можат да пра-
ват чуда. Љубовта содинува с` во едно;
мирот исто така зрачи од човекот, дава
тишина; радоста прави да се симне


тежната од човечката душа: кога ќе дојде некоја радосна душа кај тажна
и му каже некои благи, тивки мисли, одеднаш како да се разденило.


Мајката од повеќе аспекти е присутна во моето творештво, во
збирките поезија „Остров во окото“, кое будно бдее над нас, над нашиот
живот; „Поглед низ прозорецот“, поглед кој е насочен кон надворешноста,
кон надворешниот свет, светот на мајката земја, на природата и „Рачна
резба“, резбата во душата и духовниот свет кој го облагородува човекот
и неговиот живот.


Воедно, во песните од моите збирки ја гледам и ја чувствувам топли-
ната на мајката и мајчинсвотото како енергија, како плодотворка, инспи-
рација и сила, за вивнување кон висините, кон небото и кон себе. Тоа




95


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


се одразува преку гледањето и размислувањето за вечната борба меѓу
доброто и злото…


Сето тоа е содржано во животот, земјата, природата, домот, собата
во која живеам, коренот, дрвјата, тревата, цвеќињата, водата, денот и
сонцето, ноќта, тишината, месечината и сонот, спомените, вечноста…
Значи, се прашувам: Кој сум?, Што сум?, Каде одам?…


Секоја тема од животот на авторот се отсликува или во одредени
делови провејува во неговото творештво.


Јас како автор, сериозно пристапив кон оваа тема, размислувајќи
при тоа подолг период за своето творештво и мајката како инспирација
или значаен лик во моето творештво.


При тоа морам да кажам дека е потешко да се истражува, размис-
лува и пишува за своето, отколку за нечие друго творештво, ако се гледа
од подолга времеска дистанца и одреден континуитет на своето творешво.


Се сеќавам, моите почетоци во литературното творештво беа
одамна, уште во детските години – доцните шеесетти и почетокот на
седумдесеттите години (1969/70) година, кога сум бил ученик во основно
училиште.


Во овој период претежно пишував се разбира детска поезија, од која
подоцна дел од истите се објавени како поетски творби или како текстови
на детски песни на повеќе детски музички фестивали: СИ ДО и Тра ла
ла Битола, Златно Славејче Скопје, како и други музички фестивали на
народна и забавна музика.


Во средношколските години членувајќи во литературната секција,
Литературниот клуб „Стале Попов“ – Битола, Книжевна младина на Маке-
донија и други асоцијации, објавувајќи литературни творби кои со текот
на времето и возраста созреваа во мене, во мојата мисла и зборот, сти-
хот во песните кој го искажував во тој период од моето литературно тво-
решто… Учествував на повеќе литературни творби во земајта и поши-
роко… Во тие периоди секако дека сум пишувал творби, претежно пое-
зија на оваа тема, некои се објавуваа во весници, списанија, заеднички
збирки и зборници, ѕидни весници во училиштата каде се школував итн.


Подоцна, во осумдесеттите години, и потоа… преку поетскиот израз
во поетското творештво подоцна преку поетскиот израз и симболиката
во творештвото во објавените стихозбирки, сето тоа може да се почува-
ствува преку стиховите од песните кои се содржани во нив.


На пример, во поетската збирка „РАЧНА РЕЗБА“, песната „Раѓање
на резбата“:




96


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


„…Од каменот никнува тревата, тврда како кулата што се издигнува
на ридот“.


„…Крај реката дрво со разгранет корен од дамнина стои“.
„…Расте како возбуда од скриен поглед што го гали целото тело… а


резбара… резбата е дел од мечта како минато детство, спомен за спокојот
што се родил молкум од телото на дрвото и раката на мајсторот за да све-
дочи за нашите писанија…“


Самото раѓање е чин кој сведочи на зачеток на живот на човекот
од мајката, на природата, дрвото, цвеќето, тревата, од мајката земја итн.


„Последниот круг“ :
„…Длабејќи во дрвото ги откриваше неговите тајни“
„… Раката со трепет од возбуда го раѓаше откривањето на послед-


ниот круг“


„Живот на раскрсница“ :
Во овие песни исто така се поставуваат прашањеата за осознавањето


себе си, кој си, што си, од каде си и каде понатаму?… се употребубаат
осаменост, ноќ, тишина, спомен стар итн. „Како немирна река истекува
сонот …“


„Иронија“
„… Тишината ти е мајка, самотијата сестра, страдањето учител,


татко ти е погледот што те води понатаму…“


„Некогаш овде…“
„Колку се тажни врбите крај реката… Воденицата е мајка на твоето


место“.
„Птицата што повикува мислата те води насекаде во минатото,


сегашноста, иднината… и така во круг … раѓањто на зборот на песна“


„Река на ридот“
„… Времето се споило со водотекот тоне и извира вековен од судби-


ната на земјата…“ Во овој дел се опипува раѓањето, детството, спомените,
соништата, бреговите, водата што извира (животот) и тече во устието на
душата (се влива).


Одредени поими поврзани со темата се застапени и во песните од
поетската збирка „ПОГЛЕД НИЗ ПРОЗОРЕЦОТ“ на пример:


„Камена кула“
„Ја ѕидам со години со векови, од колено на колено, кој знае од кога


постојам (и кулата) како ситна рашинка во просторот.“




97


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


Во моето творештво во песните застапени во стихозбирките при-
сутни се поимите: куќа, воденица, птица, човек, жена, дете, детство,
семејство, сонце, сон, спомен, мисла, земја, цвет, буква, збор, стих, песна,
корен, дрво, трева, вода, извор, река, езеро, брег, … мост што спојува све-
тови, животи, животни судбини итн.


„Доаѓам во утробата на нејзиниот свет, како живот во отворена
врата за да го трошам воздухот од нејзините гради. Изглегувам без песна
во устата“


„Ако аголот (е) биде буква веднаш влези… вратата е вистинска… ,
асоцира на градење гнездо, куќа, дом, живот“


„Време“
„Под сонцето, солзата е светла како еликсир, како лек за лелекот, за


трагите на месечината кога утрото се раѓа“
И повторно, како во животот, така и во поезијата се појавува диле-


мата – кој сум?…


„ОСТРОВ ВО ОКОТО“
Соопштувајќи го светот кој не опкружува, всушност се соопштуваме


себе си, тогаш, дури тогаш го правиме првиот чекор кон песните, тво-
рештвото и кон нас како автори. Самото раѓање е создавање на живот, е
всушност почеток


Самото раѓање е создавање на живот, песната „Почеток“
„Ќе дојдам…“ и понатаму „ете денес ќе дојдам со збор вратата да ја


отворам“


„Појава“
„Сенката на планината потоната в длабочина. Езерото сонува сино


– зелено… распрскува ВОДАТА“.
Во наредните песни од стихозбирката преовладува оваа тема осо-


бено во следните:


„Немирни води“, животот со сите свои карактеристики, и пона-
таму – песната „Око“, „Ќе остане островот“ и „Есен“. Во овие стихови
се присутни поимите за времето, минливоста, животот и плодотворноста.
„Плодна е есената на островот, ме храни со овошките, та сеуште мирисот
го чувствувам како вкус од минатото. Крушата повторно созреа во истото
време“.


Континуитетот на моето творештво продолжува и се отсликува и
во најновиот поетски ракопис „СОНЦЕ ВО СОНОТ“ и песните содржани




98


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


во него. ракот на светлина што зрачи живот, тој патоказ што води кон
совршенството на духот во секој нов ден што се раѓа, утрото како радост
на постоењето, на зборот што торженствено го искажуваме за да допре
до височините, до сечија душа како трепет кој разгалува и го прави убав
нашиот животен сон… Тој сон јас како човек и автор го сонувам уште од
детството. Сите тие поими од нашиот живот и постоење претставуваат моја
инспрација во творештвото, за да се спознаам себе си и светот. Постојано се
прашувам: Кој сум?, Што сум?, Од каде сум? и Каде понатаму? …


„Судбината“
„Човекот во мислата, секој ја носи врз себе тежината на судбината“.
„Таа е во него, од раѓање, од создавање, вгнездена во дамарите“.
„Самоспознавањето ќе му помогне“.
„Да ја допре, да ја почувствува и да знае да живее со неа“.


„Раѓање – Живот“
„Кротко се раѓа Сонцето создавајќи светлини и сенки врз Земјата


како и животот…“
„… Пред да заспие, човекот посака пак да се роди утрото со зракот


на сонцето“.


„Водотечение“
„… Нурнати спомените длабоко во водата мируваат. Сонуваат


тишина во тој магичен свет на засидрен молк…“


„Сам на брегот на сонот“
„Вечерва ги сонував твоите прегратки, како сенка невидлива од дру-


гата страна на ѕидот низ твојата светлина“.
„Ги сетив изворите што гргорат од далечината ја видов реката како


ги тркала капките како солзи од планината до полето…“
„Ете денес ќе ги отворам тие железни порти на мојот сон, создадени


од светлини и сенки што го чинат животот убав, та ќе нурнам брзо во пре-
гратки топли и нежни, да заспијам, да го досонувам остатокот од животот,
тој краток неизвесен крадец на мојот немир“.


„Сонце во сонот“
„Пиле мое песнопојно со нежни крила, јас сум твојата сенка. Те сле-


дам постојано слушајќи ја твојата милозвучна песна. Ми летна за момент
од глездото свое. Застани малку на мојата дланка кријата да ти зацврснат
небото и воздухот не се како земјата. Тоа е високо далечно и бескрајно,
незивесно… Застани малку, чувставта ти се кај мислата,




99


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


Јас сум сенка на твојот сон, сонце што те грее. Нема да те оставам
без зрак на надеж кој постојано ќе те следи на патот до сонот, до сонцето.
Ќе ти дава сила и моќ да продолжиш понатаму…“


„Бран“
„… Само јас останувам да го чекам бродот на мојот сон на приста-


ништето, во заливот на моето детство“.
„Бранот ми ги врати спомените, носталгијата ми ја разбранува, ме


потсети на тебе, мило мое топло гнездо. Срцево ми е полно со сонцето
твое, во мојот сон што постојано го сонувам“.


„Преспа“
„Распослана убавна меѓу Галичица и Пелистер и езерскиот брег…


Вечната вода… во едилична слика постојано ја сонувам“.
„Секоја вечер ми се враќаат спомените како дробни бисери скриени


во далгите, во капките вода со лик на дете“.
„Одлетани птици од гнездото кон небото, кон сонцето патуваат, за


пак да се вратат тука – во своето гнездо“.
„Мајката Земја ги пречекува, да ги нахрани со својот духовен мир


што сјае во очите на домашната икона“


„Крошна“
„Кротоко дете спие во неа, закрлано од нежна мајчинска рака. Расте


во прегратките на сонот со зрак сонце во очите и ѕвезда на челото“.
„На овој простор – Остров во окото што се гледа, со Поглед низ про-


зорецот, со збор во Рачна резба издлабен. Светлини и сенки. Спомени во
сонот“.


„Таа крошна што како брод се ниша над длабока вода, животна при-
казна е од трите наречници на третата вечер што претскажале“.


„Таа судбина што како сенка н` следи во секој чекор, напред – назад,
лево и десно, горе и долу“.


Господе Боже дај му здравје, среќа и успех, храброст сила и мудрост
на ова дете – се помоли мајката, гледајќи во крошната.“


„Брег“
„… Брегот с` уште опстојува како засидрена чунка и сомените


сеуште ги чува пред налетот на ветрот што дува и ми носи мирис на свежо
испечен леб од старата фурна…“.




100


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


Ilche Stojanovski


THE MOTHER – OMNIPRESENT IN MY CREATIVE WORK


Besides belonging to the Lord, we also belong to the Holy Mother who
loves the angels and the saints. So she loves us too, offering us her embrace.


We feel it through prayer – peace and silence in my heart. It is infinite
love and infinite peace.


Love, joy and peace, these are divine gifts, divine attributes. They can
make miracles individually. Love unites everything into one; peace also
emanates from man, it gives silence; joy takes down the burden of the human
soul: when a joyful soul comes to a sad soul and tells it some gentle, quiet
thoughts, all of a sudden it dawns.


The Mother is present in many ways in my creative work, in the poetry
collections “Island in the Eye”, watches over us, over our lives; “A Look Through
the Window”, a view that is directed towards to the outside world, the world of
the Mother – Earth, to nature and “Hand Carving”, the carving in the soul and
the spirit world that refines man and his life.


At the same time, the songs of my collections breathe with warmth of
the mother and motherhood as energy, as a parent, inspiration and strength,
for ascending to heights, to heaven and to myself. It is reflected in seeing and
thinking about the eternal struggle between good and evil …


It is all contained in life, the Earth, the nature, home, the room in which
I live, the root, the trees, the grass, the flowers, the water, the day and the Sun,
the night, the silence, the Moon and the dream, the memories, eternity … So,
I wonder: Who am I? What am I? Where am I going? …




101


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


УДК 821.163.3-94(062.552)


Вера Стојчевска Антиќ


МОЈАТА МАЈКА МИЛИЦА


Мојот животен пат е пронижен
со голем број личности, но, секако, тој
започнува од домашното огниште, кое
е и мојот извор на животна егзалта-
ција. Последниов заклучок може да го
даде само животниот патник по долга
изодена патна врвица. На тој пат, ако
треба да издвојам само една личност
која оставила траен печат во моите
животни чекори, без посебно размис-
лување, е мојата мајка Милица. Во слу-
чајов не сакам да ги омаловажам пате-
шествијата со мојот не помалку сакан
татко Илија, или со моите сакани баби,
што ги љубев како втори мајки, со
мудрите дедовци, тетки, стрини, бра-
тучедите, итн. Не сакам да правам пре-


цизни компарации, но мојата рана непоматена поврзаност со мајка ми
останува како мој свет непоматен патоказ, пред да ги направам чекорите
кон непознатите предизвици.


Со моето 80-годишно искуство денес правам честа ретроспектива
на мојата природна, па на крајот и неприродна, љубов, почит, поврзаност
со мајка ми. Тогаш, кога растев, кога се откриваше пред мене дрвото на
спознанието, не можев да ја сфатам педагошката ука што ми ја пренесу-
ваше мајка ми. Таа, пред с`, успеа да зароди во мене респект кон нејзи-
ните совети, што јас ги прифаќав, заради сознанието дека Таа ме сака ,
ме следи, ми отвора непознати врати. Морам да признам, но сега, кога
со големо доживеано искуство размилсувам за сите постапки и совети на
мајка ми, моето внимание го насочувам кон неколку примери, а тие беа
безбројни и секојдневно предавани.




102


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


Една идеа на мојата мајка, која ја реализира, со години предизви-
куваше интерес и љубопитност кај соговорниците, на кои им го раска-
жуваше следново. Кога јас прв пат сум го изговорила зборот „Мама“, таа,
мојата мајка започнала да ме учи да го иззговорам насловот на молитвата
„Оче наш“. Многу се израдувала кога го изговорив зборот, но со очевидни
несоодветни гласови. Но, таа мајка ми, ги препознавала тие гласови и
знаела дека тие значат „Оче наш“. Во понапредните претшколски години
сум ја научила молитвата целосно и ја искажував полугласно, честопати
и во себе, пред ноќниот сон.


Постои и продолжение на молитвата, кога претшколскиот период
го минував во Францускиот колеџ во Битола, кога пред часовите, пред
секој оброк и попладневно спиење, ја рецитиравме истата молитва , но
на француски јазик – „Notre p`re“. Уште првите месеци забележав дека
мојата учителка , милосрдната сестра „S`re Marie“, Французинка, кога ја
потпева тихо молитвата, нејзините очи се впиваа во високото небо , а јас
чувтвував дека таа е во дослух и контакт со Бога. До денес ги паметам тие
молитвени сини очи, кои во тишината ме понесуваа кон небото, над кое
владее Господ. Во сознателните години на мало девојче, Таа, со безброј-
ните приказни на Андерсен, со внимателност ми говореше за големата
сила и добрина на Господ Бог. Ми читаше библиски сказни, достапни
библиски вистини за мојата возраст. За да ми ја наслика силата и добри-
ната на Господа, ми раскажуваше дека таа негова сила е способна да допре
до секој кат на светот, и ако јас сум сама на Пелистер, или во својата дет-
ска соба, Господ ме гледа, ме дарува со благодет. Оваа библиска вистина
ми се доближуваше особено во моите претстојувања во нашата приемна
соба. Кога дома сите ќе прилегнеа попладне да се одморат, јас нечујно
излегував од мојата детска соба, се вовлекував во приемната соба и се
заклучував. Таа соба посебно ме привлекуваше со стилскиот полиран црн
мебел со огледала, со прекрасни слики од рускиот уметник Журавски, а
најголемата, најпривлечната за мене беше „Римска свеченост“, со многу
убави жени во разнобојни долги и проsирни облеки. Јас легнував на кади-
фениот трослон и почнував да „сонувам“, да навлегувам во прикакзните,
кои френетично ме привлекуваа. Сакав и да ги проширувам. И тогаш се
појавуваше мојот Господ Бог, онаков каков што само јас го замислуивав,
најсличен на големите шаренолики слики што ги имав со саканиот Дедо
Мраз. Со поглед кон извонредните пејзажи од сликите на Журавски ги
плетев приказните за Снежана, Црвенкапа, видени во дрворедите на сли-
ките, така што личностите од нив добиваа природна насликана убавина




103


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


во бои од руските степи. Сметав дека Господ е задоволен од мојот свет и
нашата приемна соба. Но , кога во летните денови ќе легнев разголена,
ми надоаѓаше мислата од мајка ми дека „Господ те гледа и кога си сама во
собата“, јас веднаш го повлекував чаршафот и се покривав до рамената и
продолжував со своите фантастични фатаморгани.


Подоцна, во осмоделенските класови пред себе ја имав и Библијата
за возрасни, која ми ги прошируваше сознанијата за нејзиното четиво.
Во неделите татко ми задолжително н` водеше во црквата „Свети Дими-
трија“, празнично дотерани од нашата мајка. И таму продолжуваа тек-
стовите за големината на нашата Црква и Господ. Да се потсетиме на
големите битолски празнувања посебно за Божиќ и Велигден, кога и во
нашата куќа се славеше Господ Исус Христос, за што посебна грижа пока-
жуваше мајка ми, кога за нас децата секогаш подготвуваше нова облека,
свечен чин за ручекот и целиот ден.


По долги минати години го дочекав и дипломскиот испит за кни-
жевностите на народите на СФРЈ, а потоа и приемот за асистент при
истиот Фалултет, кога ми беше доделен предметот Средновековна маке-
донска книжевност. И дојде на ред веќе научното сознавање и преглед
на Библијата, како насушна моја потреба и интерес. Христијанството
и македонската православна црква, низ вековите до денес. Судбинска
проблематика, осознаена од првите чекори на мало дете! Прегледот на
христијанските хагиографии, апокрифи, романи и раскази, разновидни
црковни слова ме преокупираа пасионирано и задлабочено. Но, во про-
грамата не беше внесена историјата на Библијата. А како би се дошло
до сите ракописни текстови со библиска тематика, а Библијата некои од
студентите во прва година не ја ни виделе? Јас имав смелост да ја внесам,
зашто повеќе од јасно беше дека без нејзиниот текст моите студенти нема
да имаат претстави како настанале текстовите за Прекрасниот Јосиф, За
Аврам, за Давид? Јас самосвесно предавав за неа, за нејзиниот строеж, за
настаните во неа, за нејзината историја. Не погрешив со смелиот пато-
каз, зашто сигурна сум дека генерациите студенти на кои им го предавав
предметот Средновековна (црковна) македонска книжевност не забеле-
жаа како спонтано ги прифаќаат средновековните црковни текстови и
нивниот пат.


Во тие универзитетски мои предавања јас повторно се навраќав кон
христијанскиот светоглед на мојата мајка, која го наследила од својата
мајка одличен педагог, се присетував на нејзината постепена ука според
мојата возраст. И не само за библиската слика, туку и за ред други најзини




104


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


падагошки влијанија, кои оставија длабоки траги и по нејзината смрт. Да
резимирам, јас останувам верник и денес, со однос кон ортодоксното хри-
стијанство, не кон накалемените додавки во разни ситуации и од разни
намерници. Од фатаморганичните претстави останаа приказничните
и едно верување, или можеби повеќе желба – дека мојот дух и духот на
мајка ми и денес се во склад, а пожелувам некаде повторно да се сретнат
во љубов.


Уште еден запаметен пример. Во гимназиските клупи Таа го сле-
деше секој мој чекор, секој мој поминат час. Еднаш неделно од гимна-
зијата н` водеа на кино, а понекогаш на театар. Јас можев да одам на тие
претстави само ако на мајка ми ~ гарантирав дека во доцните часови ќе
се враќам или со мојот школски другар Симе Симјановски или со Владо
Милев. Јас ја исполнував нејзината желба. Тие ми беа добри другари и
бев задоволна што имам дозвола да им се придружам на моите другарки и
другари. Но, денес јас точно знам зошто мојата мајка ги одбра токму нив,
без многу да се дружи или контактира со нив. Таа беше – одличен психо-
лог, кој никогаш не погреши во своите психолошки заклучоци.


И денес, кога сакам да дадам одговор на некое двосмерно прашање,
можам да погодам кое е подоброто, ако размислам каков би бил Нејзи-
ниот одговор!




105


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


Vera Stojchevska Antic


MY MOTHER MILICA


In my life path I met with many people, but it certainly starts from the
home fireplace, which is also my source of life‘s exaltation. The latter conclusion
can only be made by the live traveler after a long journey. On that journey, if
I have to single out one person who has left a lasting mark on my life‘s steps,
and without thinking, it would be my mother Milica. In this case I do not want
to belittle my travels with my no less beloved father Ilija, or with my beloved
grandmothers, whom I loved as second mothers, with my wise grandparents,
aunts, uncles, cousins, etc. I do not want to make precise comparisons, but
my early undisturbed connection with my mother remains as my undisturbed
roadmap before taking the steps towards the unknown challenges.


One idea of my mother, who implemented it, for years has aroused
an interest and curiosity among the interlocutors, to whom she relates the
following. When I first uttered the word “Mama”, she, my mother, began
teaching me to utter the title of our Father‘s Prayer. She was very happy when
I spoke the word, but with obviously inappropriate pronunciation. But my
mother was recognizing the words which meant “Our Father”. In my more
advanced preschool years, I had learned prayer fully and uttered it aloud, often
in myself, before the night‘s sleep.




106


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


УДК 821.163.3-1(062.552)


Биљана Т. Димко


ПОЕЗИЈАТА Е И МАЈКА И ДЕТЕ


Еднаш и јас бев дете, невино и
чисто, недопрено од светските гадо-
сти, дете чиј свет беше онолакав колку
широчината на мајчината прегратка,
тогаш ми беше најубаво, за подоцна с`
да добие една друга димензија мерена
по потребите на општеството, а скро-
ена по моите можности, и тука гласно
го поставувам прашањето, – кому му е
потребно брзањето по пари и моќ кога
умираме, а ковчезите немаат џебови
да го понесеме стекнатиот товар од ова
бидување.


Откако почнав да пишувам,
не запрев, продолжив, опијанета од
редењето на гласови кои ми ја перат
душата и со секоја логично испишана
мисла ми потврдуваат дека од мене никогаш нема да биде ни физичар,
ни математичар. Пишувам во болка, пишувам во радост, пишувам кога
ме јаде животната беда, пишувам секој миг кога некоја птица е заробена
во градите и треба слободно да полета кон небесниот свод.


Мојата мајка, барам соодветен епитет, што ќе ја претстави сета неј-
зина грамада и ќе ме објасни во целост. Нема. Мајката е продолжена рака
на Бог, а Бог е љубов. Мајката во светски рамки е синоним за безгранична
и безусловна љубов и поддршка и како таква претставува еден цел домен
во уметноста со потточки од сите науки, како алфа и омега на егзистен-
цијата.


На македонската книжевна сцена се појавив како поет, а без неј-
зина поддршка ќе бев поет/поетеса кој само пише и запишува некакви




107


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


стихови во тетратка со дебели корици со пенкало за посебни пригоди.
Благодарение на неа, моите стихови испливаа во печатница за да ја видат
светлината на денот надвор од дрвената фиока.


Првата книга поезија „Кругови на животот“ ја објавив во 2003
година, а стихови посветени на мајката, на мојата мајка има во четирите
стихозбирки, нејзината улога ми е крајно функционална затоа скромно
ми се наметнува и преовладува во мојот мотив. Во продолжение ќе прет-
ставам четири песни посветени на мајката/жената , а низ нив читателот
ќе може да го забележи мојот поетски раст како дете/девојче, девојка,
жена и мајка.


МАЈКА
Како златен блесок,
како пролетрен сончев зрак
на убав бел лист е
испишан еден прекрасен збор
Мајка.
Да, мајка!
Мајка над мајките.
Убавица над убавиците.
Цвет над цветовите.
Кога би го барале
човекот на светот –
тоа би била мајката.
таа е посилна од
било која карпа,
побрза од било која ракета.
Таа е поскапоцена од
секој дијамант, од секој цвет.
Да, тоа се нашите мајки,
Тоа е мојата мајка! (Кругови на животот, 2003)


ЖЕНА
Блесок во темнината
извајан со магија.
Строг трепет на срцето.
Тврдоглавост никната од утробата.
Божество во очите нејзини.




108


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


Корен на плодноста.
Жена – универзумот се поколонува
пред нејзината лукава убавина.
Од неа започнува
патот до совршенството. (Сцена зад кулисите, 2007)


СУДИР
Те разочарав.
Знам.
Не го кажуваш тоа гласно,
но затоа се слуша, постојано го премолчуваш.
Не се плаши за мене.
Го знам она што треба да го знам,
доволно ми е. Борба!
Зошто не ме зачна со лак и стрела, лоша нарав,
туку ми дари безброј доблести
и ме роди во депонија.
Не те обвинувам.
Залудно е да се понижувам пред златните ќупови,
да барам ордени за храброста,
круни од кралствата,
почести од државите.
Те молам, пушти ме да живеам.
Смртта кога тогаш ќе ми прати црв,
ќе ме изеде, каде ќе го понесам златото.
Дај ми вода,
постојано жедта ме потсетува на крајот,
дај ми вода, за да не дојде брзо,
во меѓувреме, ајде, да муабетиме за убави работи.
Не те обвинувам,
љубовта ги простува и најголемите гревови,
а ти ми си најголема љубов. (Дами и господа гологлави, 2012)


МАЈКА
Мојата мајка, таа нема да ме заборави
кога ќе се одречам од гравитацијата.
Ти љубов моја, набрзо ќе најдеш љубов нова
додека сум на половина пат до мојата конкретна цел.




109


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


Мојата мајка, таа само нема да ме заборави
кога ќе напукне грозјето и веселби ќе ги натиснат винарските визби.
Мојот пријател со друг пријател ќе наздравува
додека сум на половина пат до мојата конкретна цел.


Мојата мајка, таа нема да ме заборави
Кога нејзините други синови, синови ќе имаат.
Срце од срцето откинат дел.


Мојата мајка, таа само нема да ме заборави
кога превезот на староста ќе ~ го земе видот.
Таа чудесна основа на биднувањето
единствен паметник на истрајната љубов.


Мојата мајка, таа само нема да ме заборави
кога ќе помине с`, еден ден повторно,
одново ќе си се радуваме на заграб прв. (Поштомување, 2018)
Мојата мајка беше пред мене, по мене го оставам мојот син. Мојата
мајка ми беше, ми е потпора, а мојот син, секој здив што излегува
од мене е за него, тој е мојата инспирација.


Од срцето откинато срце
Те носам во долапите на душата
од пред да настанат моите претци,
се вработив во чекалницата на трпеливоста
и побарав биро до прозорецот
за побрзо да ја дочекам иднината.


Те откинувам од срцето, те положувам пред светов.
Имаш мали ноџиња, долги патеки за изодување
мали рачиња, голем свет за прегрнување
Назад сум јас, напред си ти, гологлав и штрбав човеку
со мали екстремитети, а големо значење.


Те откинувам од срцето,
сам бирај го својот пат и товарот на плеќите,
немоќно ќе ти ги исправувам кривите патеки
и доживотно ненаспана ќе ја сонувам само твојата среќа.
Те откинувам од срцето и те положувам пред светот.




110


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


Со моите ракописи во проза и поезија се обидувам да го направам
светот подобро место за живеење, се вложувам и како жена и како мајка,
затоа што менталната хигиена е еднакво важна како и хигиената во јав-
ниот тоалет. Нема компромис во градењето на подобра иднина за нашите
деца. Јас умеам да пишувам, некаде сум романтичарски расположена,
некогаш реализмот блика од мене, едно е сигурно се борам секојдневно
со егзистенцијализмот.




111


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


Biljana T. Dimko


THE POETRY IS BOTH MOTHER AND CHILD


My mother, I am looking for an appropriate epithet that will present all
her kindness and at the same time to explain my feelings in full. I can‘t find
one. The mother is the extended arm of God, and God is love. The Mother of
the World is a synonym of boundless and unconditional love and support and
as such represents a whole domain in art which contains parts of all sciences,
such as alpha and omega of existence.


Thanks to her, my verses swam in the printing press to see the light of the
day outside the wooden drawer. With my prose and poetry manuscripts I have
been trying to make the world a better place of living, investing myself both
as a woman and as a mother, because mental hygiene is as important as the
hygiene in the public toilet. There is no compromise in building a better future
for our children. I can write, I‘m sometime romantic, sometimes realism flashes
through me, but one thing is for sure, I’ve been struggling with existentialism
all my live.


MOTHER
As a golden flash,
like a spring sunbeam
on a beautiful white sheet of paper,
a wonderful word is written -
Mother.
Yes, mother!
Mother above mothers.
Beauty above beauties.
Blossom above blossoms.
If you would look for the
man of the world -
without any doubt
that would be the mother.
She is stronger




112


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


Than any rock,
faster than any rocket.
She is more precious than
any diamond, than any flower.
Yes, these are our mothers,
That‘s my mom! (Circles of Life, 2003)




113


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


УДК 821.163.3-3(062.552)


Добре Тодоровски


МАЈКАТА КАКО ИНСПИРАЦИЈА


– НЕПРЕЛЕЖАНА БОЛКА –


„Мајка, пусто, да не се роди“или
,,Кога се раѓа женско и стреите плачат“


– народни поговорки –


За оваа роднокрајна средба, пред-
лагачот ни предлага тема за која сум
убеден, како да ја замислиш, обмис-
лиш, нема ниту почеток ни крај. Темат-
ски израз кој е поврзан со пишување
каде што како инспиративен момент
е мајката, користен, верувам од секој
оној кој, не само писател, ами и оние
кои пишуваат од лично задоволство, е
навистина емотивен момент, односно
дел каде се вложуваат и излеваат силни
емоции, во настојување што поубаво да
се прикаже ликот на мајката во замис-
лената епизода. Од нас, пред с` се бара
општенит опис на мајчиниот лик во
сопствените дела, или можеби елабо-
рација на одредено дело каде што се
појавува.


Како што е наведено и во појаснувањето мајката се спомнува во
разни ситуации и се однесува на родената мајка, мајката земја, мајката
Божја и т.н




114


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


Јас ќе се задржам во оној дел на моето творештво каде што како
инспиративен момент го користам ликот на родената мајка. Се водев од
замисла на просто искажување на начинот на претставување, како епизо-
ден или стожерен лик на жена-мајка, користен во раскажувачкиот опус.


Во една самоанализа, длабоко размислување, потоа консултирање
на литература, размена на мислење со повеќемина, дојдов до заклучок,
како во нашата, така и во светската литература, мајката најчесто асоцира
на искажување болка, таговност, несреќа… Ретко сум сретнал писанија
каде што таа се прикажува во некое среќно светло, или делото завршува
со среќен крај за неа. Па ме тера на размислување, како инаку кога од
памтивек не само во нас, ами и во крвта на нашите предци, кога им било
најтешко ја повикуваат мајката, или повикот се однесува како избор за
негодување во реченицата, како: ,,Оф мори мајко мила“ ,,Мајко мори,
мајчице!“…


Но, иако ретко исто се однесува и кога се сака да се искаже вооду-
шевување, успех и слично на тоа: „Види мајката!?“, ,,Макјата!?“. Подвле-
кувам, за да нема недоразбирање, oва него измислив јас, ами е чуено и
научено, односно превземено од народниот говор, како што милувам да
кажам, усната раскажувачка.


Нема мерка и мерило за инспирација во описот на мајката, како што
е Велика, во романот Пиреј, од великиот Петре М.Андреевски. Со секое
препрочитување се отвора нова длабина во нејзината душа, неизмерна
добрина, храброст, снаодливост, издржливост до крајни граници, за на
крајот повторно биде со крената глава. Таа е столб на с` што е вредно,
достоинствено и на еден начин мерило за чесноста на семејството,
основна клетка на секое општество.


Ако веќе во обид да се најде приближна мера, тогаш со сигурност
треба да се бара, како што нагласив, во мајчинската добрина, нејзина
болка, жал и понекогаш среќа… Именки кои со времето не се менуваат,
ами остануваат исти кај луѓето како генетски код, карактерна особина.
Сепак, претставувањето зависи од стилот на пишување и изразување на
авторот, начинот на приоѓање, обработка и градење на дејството соод-
ветно на темата.


Во моите дела често може да се сретне физичкиот и психичкиот
опис на родената мајка. Тогаш со големо внимание ги бирам зборовите,
за случајно да не ја повредам, воден од мислата какво значење за неа има
моето постоење, скриено некаде во нејзините душевни поли.




115


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


Болно е и мачно опишувањето на мајката паталец, што е најчест
начин на прикажување, во моментите кога се разделува со најмилите.


По мое мислење, иако сум се трудел во секој расказ или роман, но
ми се чини најдобро што сум можел да отсликам една ваква ситуација, во
наплив на силна инспирација, е во романот ,,Сивилото на одот“, каде што
се обработува миграционо – печалбарска тематика.


Како поткрепа на кажаното и дообјаснување. Кога имав шест-се-
дум години, татко ми замина на печалба во Австралија. Го испративме на
железничка станица, со многу народ и сите плачевме, а најмногу мајка му.
Можеби и разбирав зошто плачат постарите: се делат од чедото на подолго
време, а тој заминува во ни чуено ни видено. Но, никако не ми беше јасно,
кога по неколку месеци ни стигна писмо и во него фотографија. На фото-
графијата беше татко ми насликан пред некои бараки, насмеан и озарен
од среќа во ликот. И додека јас се радував, другите, мајка ми, баба ми и
дедо ми, пак плачеа и офкаа. Имав, велам, шест-седум години и не можев
да ја сфатам нивната болка.


Пред две и кусур години, син ми замина на другиот крај од светот, во
Америка. Не на фотографија, ами се гледаме и разговараме преку ,,скајп“
(модерни времиња). Го гледам, ми кажува како живее што работи и како
работи, се фали колку му е убаво. Се така додека како родител, инстик-
тивно не посакам да го гушнам, онака татковски како што го гушкав.
Тогаш гласот ми затреперува, ми се стега срцето, душата ми се збира во
едно, клопец. Прекинуваме во некој молк и скржав поздрав. Долго потоа
останувам со врежана слика во мислите со ликот на син ми. После толку
години ја сфатив болката на баба ми, како мајка. Ми ти било навистина
многу тешко, неописливо. Си го препрочитав романот.


Кога дискутиравме за темата со еден колега писател тој искаже дека
не може да пишува на оваа тема. Пораката ми беше јасна зашто му ја пре-
сретнав мислата, му ја насетив тагата. Го прифатив тоа со одобрување,
затоа што претпоставив кон каде, кон која посока би се однесувала содр-
жината на неговото претставување на ликот на мајката.


Познавав една мајка на која синот единец ~ замина, не многу далеку,
овде во Скопје и никогаш не се врати да ја види. Ја остави сама-самцата,
а таа испека по него, пресвисна, пред време остаре. И секогаш кога да ја
прашале: ,,Како е син ти, дали се јавуват?“, таа никогаш лошо не рекла за
него, ами ги бирала зборовите и со некоја изнудена насмевка ~ се враќала
надежта за некој негов краток повраток, колку да го види. Тој не дојде




116


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


ниту на незиното последно испраќање. Не е тешко да се претпостави кон
каде ~ заминала последната мисла.


Нејзиниот лик ми беше инспирација во неколку дела. Доволно ми е
само да ја замислам и она што ми е потребно да го пренесам во текст на
хартија. Забележано е тоа во романите; ,,Завештание Велјаново“, ,,Про-
коба“ и во некои од драмските текстови.


Можеби е вредно овде да се забележи, не како инспирација, ами
употребата на зборот ,,мајка“ во дигресивна смисла. Ова од причини што
во народниот говор и во раскажувачката линија во моите прозните дела,
како и кај многу наши познати автори се користат повеќе народните
поговорки, како на пример: ,,Му се плака мајката“, „Сега му е мајката“,
„Мајката!“(како изненадување), а со одредено значење во реченицата.


Или во прилог на темата, а поврзано со творештвото и ликот што
го обработуваме, би сакал само да подвлечам и да потенцирам еден од
примерите каде што се проткајуваат зборовите на една наша поговорка:
,,Тоа што ти мисли мајката, никогаш да не те снајде“. (а што ти мисли
жената е нешто друго). За потсетување, во народниот жаргон, ако не е на
време вратен синот, мајката мисли само на најлошото. Заклучокот е јасен,
а објаснувањето би било подолго и пошироко.


И обратно. Токму во народниот говор, низ народното творештво, со
сигурност, дамна некои се досетиле, ако се сака некому да се напакости,
инспиративно му ја спомнува мајката, како најголема човекова навреда.


И на крај, општо позната реплика, кога во силната желба некој во
нешто да ни поверува, се колнеме во мајката, испирација на вистина,
ваистина. Таа се спомнува и кога се фрлаат клетви, колнатии и прокоби,
именки како единствен сведок за правоверие и правда. С` е тоа инспира-
ција.


Ова е дел од моја мисла и размисла. Што е за право треба да се каже
како инспиративните моменти се со различна амплитуда, како и во слу-
чајов. Но, ете, накусо, отприлика, така е претставен ликот на мајката во
сите мои досегашни писанија.




117


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


Dobre Todorovski


MOTHER AS INSPIRATION


– UNKNOWN PAIN –


“Mother, desolate, not to be born” or
“When a woman is born and the eaves cry”


Folk saying


I will focus on that part of my work where I use my mother’s image as an
inspirational moment. I was guided by the idea of simply expressing the mode
of presentation, as an episodic or pivotal image of a mother-woman, used in
the narrative opus.


In one self-analysis, deep thinking, then consulting literature, exchanging
opinions with many, I came to the conclusion, that both in ours and in world’s
literature, my mother often associates pain, sadness, unhappiness … I have
rarely met writings in which she is portrayed in a happy light, or the work ends
with a happy ending for her. So it made me think, as if from time immemorial
not only in us, but also in the blood of our ancestors, when it was most difficult
for them they called their mother, or the call refers to a choice of indignation
in the sentence, such as: “Oh, my dear mother!” “Mother where are you!”…


And vice versa. It is precisely in the folk speech, seen in the folk literary
works, if one wants to injure someone, one mention his mother as the greatest
human insult.


Finally, a well-known replica, when in the strong desire for someone to
believe in our words, we swear in our mother, the inspiration of the truth, the
truth. She is also mentioned when casting curses. It‘s all inspiration.




118


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


УДК 821.163.3-3(062.552)


Петко Шипинкаровски


МАЈКАТА – И МАЈКА И ТАТКО


Љубовта на мајката е неиз-
мерна што ја дава без возвраќање.
Е постојана, што грее од нејзината
душа и ни го осветлува животниот
пат, стојалиштето и иднината. Неј-
зината љубов е нескриена, блага,
со благи насмевки и весел поглед…
Мајка! Таа е ѕвезда што сјае и непре-
стано блеска во соѕвездието над
нашите, животните патишта.


Кусо, за поимот Мајка


Универзалноста во значењето на
зборот Мајка е разнострано, или поед-
ноставено, синоним – поим на голема
љубов, проткаена во човековиот инти-
мен свет како поглед и прифатеност:
кон жената мајка, кон родната земја – татковината, кон пчелата мајка,
во универзалниот жив свет родилката мајка, во духовноста кон Мајката
Божја, кон природата – мајката природа, кон извориштето на појавата –
реката….


Оттука и дефиницијата за универзалноста е комплексна и повеќе
значајна што не ни дава за право, фокусирање на нештото кон поедино-
ста, туку кон распространетоста на различностите на – мајка, овде, во
реалниот свет.


Исконска е љубовта и приврзаноста кон мајката, независно дали е
тоа биолошката мајка, родната земја или пак олицетворение на рожба и
родилка во животинскиот и сеопштиот свет, од каде авторот се прона-




119


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


оѓа во инвентивноста и го црпе вдаховението во инспирацијата и созда-
вањето на своето уметничко дело.


За мојата мајка…
Патеката на животот и како цел на достиг, успехот, пред с` е вгра-


дената љубов во одгледот и воспитувањето, низ практична примена на
знаењето и искуствата во саможртвата, да се биде вредна домаќинка и
мајка на повеќедетно семејство и со труд и беспрекорно да им го покаже
вистинскиот пат на своите чеда. Вредна како мравка, кротка – тивка како
мирна ноќ, грижлива мајка, внатрешно цврста како камен, но во душата
мека, како кревок сон. Накусо, тоа беше мојата мајка.


Свежи, и неизбришливи се делата низ кои таа ми го подари вред-
носниот систем на моралните норми и принципи во однесувањето, како
пример и како Божја заповед: „Не лажи, не кради“… Aналогно на тоа,
убедувањето дека синонимот мајка не е само биолошки родител туку
широк поим на добрини со кои мајката не обдарува. Нејзината грижа кон
правилниот развој и воспитување на своите деца, кон сите нас, јс насочи
токму во правец на тие норми и правила во однесувањето што не следат
и ни го трасираат вистинскиот пат, на животот и успехот.


И како што е ред, дојде и денот, поединечно за сите нас, разделба од
родниот дом и своите најдраги! Со стекнатата возраст, знаење и способ-
ност за работа, животниот пат тоа го налагаше… -Разлетаа како пилињата
од седелото на мајката“ – често знаеше да рече нашата мајка, за нашето
заминување од мајчиниот дом и во потрагата по нов живот, работа, егзи-
стенција, семејства. Сето тоа беше пресудно, го налагаа општествените
и животните потреби, спротивно на обичајните и семејните норми и
правила, за физичка делба од своите родители и имотот и формирање
семејства во родното село, засекогаш да се напушти татковата куќа,
селото, родниот крај. Но и покрај сето тоа тоа, едно е сигурно: За на век,
останаа спомените и присет на моето детство и раната младост, топлите
мајчини прегратки, плачовите, радостите, веселите детски ѓаволштини,
навиките…, од една страна и мајкините поуки дека родителот е најод-
говорен за однесувањето на своите деца, работната навика и грижата за
своите семејства, или со нејзината мудрост на скромна, но силна мајка,
од друга…!


Оттука и констатацијата за поимот Мајка: Љубовта на мајката е
неизмерна што ја дава без возвраќање. Е постојана, што грее од нејзината
душа и ни го осветлува животниот пат, стојалиштето и иднината. Нејзи-




120


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


ната љубов е нескриена, блага, со благи насмевки и весел поглед… Мајка!
Таа е ѕвезда што сјае и непрестано блеска во соѕвездието над нашите,
животните патишта.


Како сенка ме следеа и следат спомените, како аманет или должност
ми одѕвонуваа дека дел од сето тоа треба да се одбележи и трајно заживее
ликот и делото на мојата мајка. Кон ваквата размисла е и податокот што
уште со мојата прва збирка „Седело на орлица“ низ стиховите на песната
„Сонот на пеперутката“ ја искажав обостраната, особено мајчинската
љубов:


„ …
Ја видов пеперутката на катот,
на темелот од летната ноќ и разбрав:
тоа беше душата на нашата мајка што н`
грее, ја видов…“
„Сонот на пеперутката“/„Седело на орлица“,
е нејзината порака дека родителската – мајчината љубов и грижата
кон своите деца е непресушна, останува и по заминувањето од реал-
ниот, во духовниот свет.


За духовниот свет и мајката…
Постои невидливата, боженствена сила што неприметно не опкру-


жува Божјата љубов, особено Мајката Божја како олицетворение на онаа
вистинската мајка што како нејзини Божји чеда грижељубиво бдее по,
нашите, животните патишта. И тука, премал е влогот на мојот придонес
кон одбележувањето на нејзината љубов, иако повремено си припомну-
вам и како верник ја побарувам нејзината помош, како и помошта на
Господ Бог.


Оттука и мојата, со љубов, приврзаност кон нашето духовно богат-
ство, духовните вредности, кон Господ Бог и Божјите следетели, за повре-
мено навраќање и одавање почит на нашите починати и кон духовниот
отец и Мајка, и кон духовните пространства на постоењето. А по ваквата
констатација ја споделувам и народната мудра мисла: „Тој што ги почи-
тува починатите, знае да ги почитува и живите.


…Златокосо покапани лисја в дворје-
колоритно блеска Божјиот храм.
И, наоколу златолисје, гора и
вишни борје, опој на поленов мирис.
Царев Врв гордее, жив тајнопис чува,




121


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


Пораки носи.
И глеј!
Преродбеник поддава рака,
Јоаким,
отворени порти, река народ протекува.
Заминувам јас,
заминува мојата сенка
трага остава


„Осговски“/„Бели ветрови“


За родната земја, татковината
Неизмерна е љубовта кон татковината – Родната земја, каде испре-


плетено, под мишките ги носам огништата на моите претци запретани во
роднокрајните предели на Мариово, емотивните наклоности и чувствата.
И сето тоа исконски поврзано низ мојот емотивен систем и принципи,
каде недвосмислено е искажано во поетското, и прозното творештво осо-
бено за драматичните настани што се случувваа на македонската почва
и пошироко, а каде сржта им е дела со историска содржина: „Откор-
нати души“, „Петра“, „Дабјак“, „Црна љубов“, „Златни обетки за Марија“,
„Децата на Марија“, Утринска „молитва“(романи), „Рудолф Арчибалд Рајс
за Македонија и за Македонците“ (книга со историска содржина), „Духот
на војводата“ (монодрама за Толе Паша), и публицистиката (записи и
репортажи) и др. И тука, бројни се испреплетеностите на настаните и
пораките на моите (на нашите претци) страдалници, кои како завет и
аманет моќно испраќаат заветнини за чување на Татковината и нејзините
човекови, материјални и духовни вредности.


“…
А бре ме изедоа пците едни!“
– Држте се браќа, држи се сине мој, Велјане!“ -
викнав и се свиснав од коњот,
паднав во долот, ете така.
И ме допре некаква ладовинка,
некоја свежинка која ми дојде по снагата
моја и заспав.
И ме фати сонот, ме одвеа високо
дури на врвовите на Пелистер, Кајмакчалан,




122


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


на Шара на Пирин и Пајак.
Ја гледам така Македонија во едно,
како на некој бљуд ја гледам раширена.
И некој црн облак се надвил над неа.
И син ми Велјан го гледам: трча под ровјата
и ми довикнува:
“И сонот е сладок кога си меѓу своите, татко!
Ене ја ѕвездата Деница и таа се роди.
Ене ја над бљудот грее,
над нашата Македонија!
А таа, ѕвездата Деница, ~ праќа штит,
Александров штит ~ праќа.
Оти таа е ѕвезда вечна, што грее вечно
во соѕвездието трепери
од пакоста што ~ ја прават
гаврани некои со црни крилја.
Ѕвездата Деница грее од искона, бре татко,
и нашата Македонија трае вечно и ќе трае!”
„Кај Гудјаково“/„Седело на орлица“, или


„…Стори се ниет ќерко», – ми вели во сонот татко, «стори се ниет
и по некојпат со Марко скокнете до Баница, кај Лерин, на гробот на
татко, на татко му негов, на дедо ми, и запали му свеќа ќерко, ми вели,
оти знаиш, падна во илјада деветстотини и третата година, на дваесет
и деветти мај, во нерамна борба со аскерот, Маро, ми вели, ги остави
коските таму за татковината, ќерко!»


Фрагмент од романот „Петра“
….Не можев да се одречам
од тебе, роден крају!
Безуспешен е обидов да ја заборавам
селската идила:
прашливите патишта,
веселата игра на селото…
Ѕвонот на камбаната,
венчавки и рожби,
ороводци на животот што беа.


„Селска убавина“ / „Доаѓаа дождовите“
е песната посветена за родниот крај, или




123


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


„Да бев камен,
грб на шеснаескрако сонце,
развеано платно
во твоите раце, Македонијо!
Да бев песна в срце што пее од чедо вечно
погубено
на твоите плеќи в гора Македонијо!
„Да бев“/„Дождовите доаѓаат“,


Се само дел од многубројните записи, пораки и мисли, за љубовта
кон татковината што непрекинато притиска и потсетува.


За несреќните детства и осамата на мајките
Нема поголема радост и среќа кога детството се минува во семеј-


ството, заедно со двајцата родители, во слога, разбирање и родителска
грижа кон одгледувањето и развојот на детето. Но на жалост, секогаш, не
е така. Постојат безброј причини кога, вака или онка, судбината си пои-
грува – влегува „злото“ во семејството.


Има моменти кога негрижата на родителите, овојпат, пропаѓањето
на бракот поради вина на родителот (таткото) и разделбата, грижата кон
децата останува на мајката и таа станува, и мајка и татко. Кога прорабо-
тува она исконското, мајчинството и по секоја цена е решена таа да го(ги)
извади своето чедо на вистинскиот пат, да стане свој човек, родител и
општествено корисен граѓанин.


…….
Андон Калачковски седеше крај јаболкницата во семејниот двор.


Почувствува како да го напушта средовечноста и завлегуваше во раната
старост.


„Се уморив од животот, животот ме умори, ми стана мачен!“ – си
рече тој. „Вистина овде стекнав с`, ама баш с`. И семејство формирав
овде, фала му на Бога! И деца Господ ми даде, и куќа, пари имам! – си
рече. Мислата го врати пред повеќе од триесетина години, кога замина
од неговото родно Мариово, од Битола.


„Животот знаел да биде суров, толку суров што ти го гори срцето,
горовина, гламна во душата да носиш!“ – си рече Андон. „Ете. Такси-
ратите и овде ми натежнаа, ме потиснаа. Ме казни Господ. Ги оставив
Стојна, децата… И татко, мајка како да ги заборавив! Што човек станав
јас? Човек или…? Казната го стигнува човека порано или подоцна за зло-




124


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


делото што го сторил. А јас. Ете за страдањата на тие што им го сторив,
платив со главата на синот овде.“


„А таму. Во мојата земја, во мојот град, мојата голема љубов! Како е
таа? Како е сега низ годините. Дали таа остана верна? И децата треба да
се пораснати. Ме имаат заборавено. Стојна, а и синот Петар… и Борис…
Рековме да го носи името на братот Борис, да му се споменува, да му се
слави името. Кутриот. Само еден Господ знае за неговата судбина. А јас
останав овде, Австралија, преку седум води! Овде коскиве ќе ги турам,
зашто сум срамен. И Стојна, ама и децата ќе ме прекорат, ќе ме гледаат
со презир.“


„Не остави од еден залак месо на рацете од мајка. Каков човек си ти?
Човек или ѕвер, што си?“ – ќе ми речат.


Фрагмент од романот „Црна љубов“


Вардејќи ја традицијата, жената, по било кој основ, останата и
мајка и татко, ја жртвува својата младост скршена во осамата и мислата
за туѓите погледи и озборувања на неправо обвинувања за нејзиното
морално поведение, со цврст став и чисто срце ја брани својата чест, угле-
дот на семејството и на своите деца. Мајка!




125


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


Petko Shipinkarovski


THE MOTHER – AS BOTH MOTHER AND FATHER


There is no greater joy and happiness then childhood spent in the family,
with both parents, in harmony, understanding and parental care for the child‘s
upbringing and development. But unfortunately, it is not always the case.
There are countless reasons when, because of this or that, fate makes the “evil”
enter the family.


There are times when the carelessness of the parents, this time, the
collapse of the marriage due to the guilt of the parent (the father) after the
separation, children’s care is given to the mother and she becomes, both
mother and father for them. When the mother’s instinct is awakened, she is
determined to get her child on the right path, to become a man, a parent, and
a socially useful citizen.


Following the tradition, the woman sacrifices her youth on any ground,
both as a mother and a father, broken into loneliness and her thought on
others‘ views and gossip about unjust accusations of her moral conduct, with
a firm attitude and a pure heart defending her honor, the reputation of the
family and the children. Mother!


Hence the conclusion about the term Mother: The love of the mother
which she gives without reciprocity is immense. It is constant, shining from
her soul and illuminating our way of life, attitude and future. Her love is
undisturbed, mild, with mild smiles and a cheerful look … Mother! It is a star
that shines and shines unceasingly in the constellation of our life paths.




126


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


СОДРЖИНА


Подготвил: Д–р Николче Вељановски


14. РОДНОКРАЈНА СРЕДБА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5


Проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска


МАЈКАТА КАКО КОД, КАКО ЛИК И КАКО МЕТАФОРА ЗА ЖИВОТОТ
ВО МОЕТО ТВОРЕШТВО . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 8


Ванде Ганчевски


ИЗВАДОК ОД КОНЦЕПТ НАМЕНЕТ ЗА РОМАН . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 15


Петре Димовски


МАЈКАТА НИЗ МЕНИТЕ НА ЖИВОТОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 19


Јован Ѓуровски


ВИСТИНСКИОТ БОГ ЗА ЧОВЕЧКИОТ РОД . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 27


Академик Владимир Костов


СТАРА ЛЕ МАЈКО! . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 32


Никола Кочовски


ИЗВЕСНИ НАСПОМНУВАЊА ЗА ВРСКАТА МЕЃУ ПОИМОТ
МАЈКА И МОЕТО ТВОРЕШТВО . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 35


Панде Манојлов


МАЈКА МИ… . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 40


Љубе Митрејчевски


МАЈКА – УБИЕЦ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 48




127


Четиринаесетта Роднокрајна средба…


Весна Мундишевска-Велјановска


МАНИФЕСТАЦИИ НА ГРАНДИОЗНОСТА
НА ЕДИНСТВЕНОСТА НА МАЈЧИНСТВОТО . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 56


М-р Сања Мучкајева Видановска


БОЖЕСТВЕНОСТА НА МАЈКАТА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 63


Проф. д-р Христо Петрески


МАЈКАТА – ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 71


Симона Петровска


МАЈКА – ЖЕНА – СОЗДАТЕЛ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 75


Благој Попоски


МАЈКАТА, МИЛОСТА И МИРОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 80


Ѓорѓи Прчков


МАЈКАТА – ЛИК СО НАЈСВЕТЛИ ДОБЛЕСТИ
ЗА СВОИТЕ ДЕЦА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 86


Илче Стојановски


МАЈКАТА – СÈПРИСУТНА ВО МОЕТО ТВОРЕШТВО . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 94


Вера Стојчевска Антиќ


МОЈАТА МАЈКА МИЛИЦА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .101


Биљана Т. Димко


ПОЕЗИЈАТА Е И МАЈКА И ДЕТЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .106


Добре Тодоровски


МАЈКАТА КАКО ИНСПИРАЦИЈА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .113


Петко Шипинкаровски


МАЈКАТА – И МАЈКА И ТАТКО . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .118




ЧЕТИРИНАЕСЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО
БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА


Издава
Националната установа – Универзитетска библиотека


„Св. Климент Охридски“ Битола,
ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39, Битола


Организациски одбор
Јелена Петровска


Николче Вељановски
Владимир Костов


Превод на резимеа на англиски јазик
Николче Вељановски


Лектура
Александар Димитров


Печати
Графо Пром – Битола


Тираж
150 примероци