Трета Роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија : Зборник на излагања : тркалезна маса, Битола 23 мај 2008 година

TRETA RODNOKRAJNA SREDBA


Z
B


O
R


N
I


K
T


R
E


T
A


R
O


D
N


O
K


R
A


J
N


A
S


R
E


D
B


A




ТРЕТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА


Зборник на излагања,
Тркалезна маса, Битола 23 мај 2008 година




National Institution – University Library
“St Kliment Ohridski” Bitola


THE THIRD HOMELAND MEETING
OF THE BITOLA WRITERS FROM


MACEDONIA
Collection of presentations,


Round table, Bitola May 23, 2008


Bitola 2008




Национална установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола


ТРЕТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО
БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ


ОД МАКЕДОНИЈА
Зборник на излагања,


Тркалезна маса, Битола 23 мај 2008 година


Битола 2008




ТРЕТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО
БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА


Зборник на излагања,
Тркалезна маса, Битола 23 мај 2008 година


Издава
Националната установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ Битола, ул. Ленинова бр. 39, Битола


За издавачот
Науме Ѓоргиевски


Издавачки совет
Науме Ѓоргиевски
д-р Николче Вељановски
Владимир Костов


Главен и одговорен уредник
д-р Николче Вељановски


CIP - Каталогизација во публикација
Национална установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“,
Битола


821.163.3(63)
РОДНОКРАЈНА средба на битолските писатели од Македонија
(3; 2008; Битола)

Трета Роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија :
Зборник на излагања : тркалезна маса, Битола 23 мај 2008 година = The
third homeland meeting of the Bitola writers from Macedonia: Collection
of presentations : Round table, Bitola May 23, 2008 / [Главен и одговорен
уредник Николче Вељановски]; [превод и резимеа на англиски јазик Николче
Вељановски]. - Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ = Bitola:
NIUL “St. Kliment Ohridski”.- 97 стр.: илустр..; 24 см


Резимеа на англиски јазик кон текстовите.


ISBN 978-9989-2783-7-2
1. Гл. Ств. Насл. 2. Насп. Ств. Насл. 3. Вељановски, Николче
а) Македонска книжевност - Роднокрајни писатели – Живот и дело -


Зборници
COBISS.MK-ID 18352449


Тел.: 047/220-208; факс: 220-515; тел. изд. 232-999;
www.nuubt.uklo.edu.mk; e-mail: nuubt@uklo.edu.mk




5


Трета Роднокрајна средба…


ТРЕТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА НА БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА


На 22 мај во 18 часот, трет пат по ред Библиотеката беше домаќин
на Роднокрајната средба на битолските писатели од Македонија. Овој пат, на
Средбата ги немаше ниту Петре М. Андреевски, ниту Јозо Т. Бошковски. Оваа
година беа поканети уште три млади писатели и поетеси: Весна Ефтимовска
Сотировска, Весна Велјановска Мундишевска и Мирјана Стојановска
Палигора. Поканет беше и проф. д-р Благоја Брајановски. Сите учествуваа
со свои текстови и следниот ден на Тркалезната маса на тема: Главниот лик -


проекција на авторовата визија.
На почетокот имавме мала
дискусија во која збор зедоа
Димитар Башевски, Христо
Петрески, Благоја Брајановски
и Цане Здравковски. Се постави
прашањето за некои проблеми
во организирањето на Средбата,
односно на посетеноста на
првиот ден од средбата кога беа
претставени писателите пред
читателската публика. Беше
предложено секоја година да
се претставуваат по неколку


автори, со нивна биографија, во некое училиште или на друго место. Исто
така, беше предложено Тркалезната маса да не биде од затворен тип, туку да
биде јавна и да се одржува во салата за промоции.


Во официјалниот дел пред почетокот на Тркалезната маса беше
побаран поголем респект кон писателите од страна на организаторот.


Како и да е, потребна е поголема сериозност од двете страни со почи-
тување на правилата и роковите за доставување на текстовите. Како орга-
низатори сме свесни дека сите роднокрајни писатели не се на исто ниво, но
нас не ни е целта некого да навредиме за сметка на друг, туку целта ни е ова
дружење со роднокрајните писатели заживее и премине во традиционално.




6


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Ако можеше еден Петре М. Андреевски и во лоша здравствена состојба да
биде присутен на Средбата, зошто тогаш на друг да му биде под чест што во
групата имало и помалку познати автори. Како организатори се обидовме да
поставиме некои критериуми според кои ги покануваме писателите. Се од-
лучивме главен критериум да биде членството во Друштвото на писатели на
Македонија, но секогаш покануваме и по неколкумина кои на се членови, ка-
ко што тоа беше случај оваа година. Некои од оние кои не се членови на ДПМ
не треба да бидат засегнати ако наредниот пат не бидат поканети, а на нив-
но место дојдат нови автори. Сепак, од одредени причини на организаторот,
бројот на учесниците е ограничен на околу петнаесет до дваесет автори.




7


Трета Роднокрајна средба…


Димитар Башевски


ГЛАВНИОТ ЛИК - ПРОЕКЦИЈА НА АВТОРОВАТА ВИЗИЈА


Својата визија, слика за
животот или идеја, писателот ја
реализира преку своите лико-
ви. Главниот е еден од нив и, ка-
ко главен, би требало да ја носи
главната тежина во таа реали-
зација. Притоа, тука не стану-
ва збор за негово, по секоја це-
на, најголемо материјално при-
суство во романот, туку негово
присуство баш како фокус во кој
се концентрира авторовата ви-
зија. Лукач смета, на пример, де-


ка во историскиот роман, главниот лик треба да биде што поотсутен, да биде
во позадина, дека неговото присуство за целото време и во целиот процес е
потребно, пред сè, како идеја што обединува, баш како точка на проекција на
авторовата визија, а не како негово материјално присуство.


Природно, литературата е врзана за ликот, што ќе рече – за човекот.
Ако меѓу животот и книгите може да се прави разлика, тогаш може да се ре-
че дека сета моја литература, се разбира, со ликовите во неа, за основа го
имаат животот. Тоа е една карактеристика. Тие не се правени според модели
од книги. Во основата на секој мој роман, секој расказ, секоја песна, е чове-
ковиот егзистенцијален, емотивен и мисловен свет. Јас мислам, и не само јас,
дека уметноста ја карактеризира индивидуалноста на нејзините манифеста-
ции. Детаљот е елемент на карактеризацијата, посебно на ликот, и по тоа ка-
ко се варира тој детаљ, се покажува уметничката осетливост на писателот.
Бидејќи животот е фантастичен, прашањето е како романот да биде реал-
ност, онаа уметничка реалност што ја сугерира силата на можното... Живо-
тот има многу скриени нешта, многу тајни поединости, магливи празнини за
нашиот поглед. Писателот, ако е надарен со уметничка дарба и голема про-
никливост, ги открива тие тајни и скриени нешта, ги пополнува празнините,




8


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


ја интензивира реалноста и често преку хипербола создава потполната слика
од онаа што ја нарекуваме вистинска или реална слика на животот.


Во тие рамки се движи и создавањето на ликот. Тој може да биде зе-
мен директно од животот како што се земаат понекогаш готовите настани,
да се земе дури и неговиот физички изглед, но може да биде и „измислен“,
ако е тоа вистинскиот збор, зашто и „најизмислените” ликови не се прос-
то измислени, туку повикани од магличавоста на некои, можеби, заборавени
искуства, а Јунг би рекол од колективното несвесно. Вистинските настани и
личности имаат предност со фактот што веќе постојат, но и тие потоа, мину-
вајќи низ крвотокот на писателот, стануваат фикција, ги растегнуваат грани-
ците на стварноста и носат до непознатото и до најдлабокото.


Не може да се порекне дека стварните луѓе можат да послужат како ис-
кра, но штом еднаш влезат во книгата, настапува голема промена. Знаеме дека
многу големи писатели, па и ние, сме имале или имаме примери во конкретни
луѓе (кај мене во Бунар, некои епизодни личности имаат или би можело да се
рече дека имаат пандани во стварноста, во Братот такви пандани нема, тие
ликови се измислени, односно ликови кои ги формирала колективната свест,
слично е и со ликовите во Враќање и Нема смрт додека ѕвони). Но што зна-
чи тоа за некој што чита во Унгарија или во Данска, или во Боливија, што зна-
чи дали поттикот е некоја конкретна личност или таа личност е плод на фан-
тазијата на авторот? Ништо. За него е важно само дали е во сугестија на авто-
рот и дали им верува на личностите, дали се идентификува со нив.


Што е она што прави самиот автор, а потоа и читателот, да верува во
таа визија? Ќе речете, сугестијата што ја создава уметникот. Тоа е точно, но
нели вака кажано делува премногу воопштено, со оглед на тоа што ликот се
гради од конкретен материјал – од песок, вар, тули, звуци, бои, конци и сл. И
се става и дејствува во одредени околности. Контекстот, значи, станува сло-
жен. Ваквите прашања се поставуваат и со оглед на правците на современи-
от роман. Уште Флобер беше рекол: “Литературата сè повеќе станува наука;
таа главно ќе биде излагање, што не значи дека ќе биде дидактичка...” и тн.
Подоцна, и сфаќањата и практиката очигледно одеа во сличен правец. Сов-
ремениот читател не се задоволува со „чистите” фантазии, не е подготвен да
верува во нив. Во прашање е, се разбира, идејноста и стилот на времето. Чи-
тателот бара факти. Така почнува да се „препишува” историјата или да за-
владува надворешниот свет на предметите во духот на постмодернизмот кој
става на преиспитување сè и сешто и се сомнева во цврстите формули на мо-
дерното време. Натали Сарот, во таа смисла, го цитира Жак Турние кога тој




9


Трета Роднокрајна средба…


со загриженост вели дека “единствено е важен документот, определен, дати-
ран, проверен, автентичен. Делото на фантазијата се исклучува затоа што е
измислено... За да верува во она што се раскажува, на публиката £ е потреб-
но да биде сигурна дека не ја лажат.. Вреди само вистинскиот настан...” Сарот
додава дека Турние не требало да биде толку загрижен и го посочува дури и
Балзак со неговите документирања in extensio.


Ова го кажувам зашто, иако генерално уметност си има свои естетич-
ки начела, проектирањето на визијата на главниот јунак не се одвива баш со-
сема надвор од временскиот и идејниот концепт, од современите сфаќања за
романот и за литературата воопшто. Литературата не е скаменета појава. Да
се потсетиме дека дури и ние, во нашето збиено македонско време, пишува-
ме поразлично од само пред триесет години, но што е исто така важно, и чи-
таме поразлично. Значи, кога го проектираме главниот лик, ние не ги исклу-
чуваме таканаречените вистински настани и вистински личности како пот-
тик за таквата проекција; второ, речиси секогаш пред нашите очи искрснува
мерката на биографијата, независно во која мера потоа таа ќе биде употребе-
на и деформирана; трето, она што се нарекува употреба на личните заменки
во романот – дали ќе пишуваме во трето лице, или главниот јунак ќе зборува
во прво. Употребата на прво лице е помодерен облик и дури, ми се чини, збо-
рува за самосвеста и освоената слобода на човекот во историјата. Тој начин
психолошки е посугестивен и начин кој поефикасно му ја одзема на читате-
лот можноста да биде нешто друго освен она “јас” во романот (кај мене Си-
мон во „Бунар“, ликовите во „Братот“ и др.).


Понатаму, во проектирањето на визијата на главниот лик, неопходно е да
се земе предвид сета сложеност, па и противречност човекова, за да не се проек-
тира упростена слика на лик. Достоевски е вистинскиот мајстор кога се во пра-
шање ваквите сложености. Јас во „Бунар“ се обидов да создадам лик кој зема
улога на добротвор, го покажувам неговото добротворство, но во истовреме и
неговите скриени мотиви на суета и потребата преку тоа добротворство да ги
подвласти другите. Идејата е дека и од нечесни побуди може да се создадат доб-
ри дела, но дека тоа сепак ќе биде прозрено и казнето. Во „Братот“, каде што си-
те личности зборуваат во прво лице, проектирам визија, покрај другите, на при-
мер, на таканаречен позитивен женски лик, ангел кој е изневерен од животот,
на крајот уште еднаш повреден, а сепак, нејзината убавина, а пред сè душевната
полнота, £ обезбедуваат да стои достоинствено. Таа вели: “Може човек да би-
де огорчен, во еден момент да се чувствува дури и сронат, но јас нема да паднам
пред искушението на изгубена верба. Таа се губи само тогаш кога човек самиот е




10


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


виновен за таа изневера”. И ова го кажувам како пример за обидот да се побара
посложената страна во проекцијата на визијата на ликот.


Инаку, начинот на кој се остварува ликот, формата, изгледа спонтано се
наметнува во согласност со природата на авторот, но голема грешка и голема
опасност е доколку романсиерот не успее да се дистанцира од своите ликови и
доколку остане на препишување на себе си, на својот физикус, на своите чувс-
тва и на својата приватност воопшто. Исто така, романот не се пишува и не се
проектира лик во него, од омраза, за некој да се повреди. За жал, ние денес кај
нас, во Македонија, имаме барем три романи кои се напишани “против”. Тоа е
злоупотреба на литературата. Морална и уметничка нула.


Да завршам овде, иако би можел да продолжам со анализата, повику-
вајќи се како на туѓите, така и на сопственото искуство во проектирањето на
ликовите, посебно во романот, како жанр.


Dimitar Bashevski


THE MAIN CHARACTER – PROJECTION OF THE AUTHOR’S
VISION.


The writer is realizing his vision or his life idea through his characters. The
main character carries the heaviest load during this realization. It is not his biggest
physical presence in the novel in question, but his presence is a focus in which the
author’s vision is concentrated.


It cannot be retracted that the characters who are life existent serve as
a spark, but once they are in the novel, a big change comes forth. Many known
writers including myself have had life existent characters (While in my “Well”, the
secondary characters have their match in the existent reality, in “The Brother” such
pendants do not exist, the characters are invented, the characters are formed by the
power of the collective consciousness, as it is with the characters in “The Returning’
and “There is No Death While Talling”.


The way the character is realized is spontaneously imposed in accordance
with the authors nature, but it is a big mistake and a great danger if the novelist does
not succeed to emancipate from his characters and if he starts describing himself,
his physicus, his feelings and his privacy. The novel should not have a character
through which the author projects his own hatred directed to insult someone. It is
a pity, in Macedonia we have at least three novels of this kind. This is abuse of the
literature, moral and art’s zero.




11


Трета Роднокрајна средба…


Димитар Богдановски


МОИТЕ ЛИКОВИ СЕ ПРОЕКЦИЈА НА МОИТЕ СЕЌАВАЊА


Пред да почнам со елаборирање на предви-
дената тематика за расправа, чувствувам потреба
накусо да посочам некои специфичности од мои-
те прозни творби. Моето творештво целосно се од-
несува на Битола, битолчани, на луѓето од нејзина-
та потесна или поширока околина. Освен ова, карак-
теристично е што речиси сите ликови лично сум ги
познавал или, пак, тие живееле во моето поблиско
опкружување. Исклучок, инаку наполно спротивен


на погоре изнесеното, претставуваат само јунаците на два мои раскази.
Главниот лик- проекција на авторовата визија, претставува интерес-


на, мошне провокативна, истовремено извонредно амбициозна и деликатна
за секој автор, тематика. Таа, директно, би рекол, без ни мал вовед и приод го
соочува авторот со самиот себе што, пак, погледнато од малку поинаков ас-
пект, предизвикува танталови маки, бара сериозни размисли и уште подоб-
ро промислени одговори. Во секој случај, соочувањето на авторот со самиот
себе (што претставува постојан непрекиден процес), преку промовираните
ликови од него, она вистинското соочување, воопшто не е наивно. Напро-
тив, наложува многу повеќе од очекуваното во првичниот момент, настојчи-
во и енергично бара продлабочена ретроспекција на авторовото творештво,
неговите поранешни гледања, сфаќања не ретко спротивно на постојното,
реалното, сегашното, како во целост или барем на извесен сегментиран дел
од него, впрочем каков што е во овој случај.


Дадената тематика најпрвин ја разбирам како промовирање на прашање
или прашања што претставува или, пак, што би требало да претставува лите-
ратурниот лик на некои од јунаците проектиран од авторовата визија.


Мојот, за жал, не обемен литературен опус (книга раскази, книга мо-
нодрами, два романи, како и неколку неиздадени литературни дела), претс-
тавува своевиден лимит за поопстоен приод на ликовите, но истовремено и
извесна предност во однос на другите автори по однос на дадената тема.


Ќе се задржам на неколку ликови од збирката раскази “За славата на...”,
како и на еден лик од една моја монодрама.




12


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Во два раскази: ”Ноќ прва” и ”Ноќ втора”, под заеднички наслов “За
славата на...” (Источна француска армија), главни јунаци се две момчиња. Во
првиот од нив единствениот лик е Жан Капе, француски војник од околи-
ната на Париз, убиен во секторот на Битолскиот фронт, во атарите на селата
Кременица и Негочани (Р. Грција), во средината на октомври 1916 година.


На неговиот железен крст забиен во бетонска греда, како и кај сите
илјадници крстови на овие гробишта, аплицирано е француско знаме, не-
говото име и бројот 4703. Тие се единствените познати податоци за тој млад
човек, всушност дете убиено во жестоките крвави битки. Уште е познато де-
ка под железниот крст со посочениот број се закопани само неговите коски,
бидејќи неговиот труп цели осум години бил погребан во привремените вој-
нички гробишта во близината на селото Кременица. Овој податок го знам од
еден друг мој литературен лик во расказот „Берачот на коприви“, печатен во
истата збирка, кој бил еден од оние сиромашни луѓе, кои соочени со сиро-
маштијата, гладот и борбата за основната животна егзистенција, биле прину-
дени да ги ископуваат коските на паднатите војници и собираат во вреќул-
чиња. За секое вреќулче коски се добивале француски франкови. За коските
кои имале бројка, добивале повеќе пари.


Значи, во времето кога се зафатив со пишувањето на расказот за вој-
никот Жан Капе, де факто од неговото тело во постојниот гроб немаше ни
траг. Да, ништо не е постојано, а најмалку човековото мртво тело.


Негов сосед по гробното место е Пруд Хом Алфред, кој, судејќи според
името, потекнува од северните краишта на Франција.


Во мометот на запишувањето на нивните имиња, во мојот нотес во да-
лечната 1985 година и не само нивните туку и на повеќе други, за жестокос-
тите на бојните полиња од Првата светска војна многу малку, поточно ништо
позначително не знаев и не можев да знам, иако на овие наши терени, на се-
која педа биле убивани и сакатени безброј млади човечки животи. Тогаш
единствено го знаев она што го знам и сега, дека на Француските воени гро-
бишта има погребано над 13 000 војници чии имиња се познати, но и на 6 000
безимени.


Од каде и како кај мене потекнува идејата за пишување точно за таа
болна тема, трагична и морничава за разните интересни и привлечни за чи-
тателите теми од обичниот секојдневен живот? Одговорот не можам точно
да ги дефинирам.


Тој сигурно се крие во моето детство, таму на улиците пред куќните
порти на Генимаaле, во вечерните раскажувања и прераскажувања за страш-




13


Трета Роднокрајна средба…


ните ноќни случувања во и околу француските воени гробишта (вампи-
ри, змии со човечки глави, скелети кои шетаат во ноќите до пропевањето
на првите петли, нападите врз случајните ноќни минувачи итн.). Подоцна,
преку читање на литературни дела, особено на дела од германскиот писател
Ерих Марија Ремарк (“На западот ништо ново”). Во секој случај, врз мене
повлијаеле и сеќавањата од постарите луѓе за паднатите војници во Прва-
та светска војна на битолскиот сектор од Македонскиот фронт. Признавам,
ништо поконкретно и поопстојно за мене не постоеше во врска со таа човеч-
ка кланица, со исклучок на виреењето на некои матни, нејасни чувства, а тие
опсесивно наложуваа потреба од разјаснувања.


Случајно запишаните имиња од погребаните војници напишани на
железните крстови беше првиот чекор од обидот за создавање некаква про-
екција за моите мртви ликови. Потоа, некако само од себе, а како дури и за
самиот мене, нејасно настана пишувањето. Напишав три приказни под посо-
чените наслови, од кои третиот, за жал, остана ненапечатен.


За мене, меѓутоа, во тој период најважното, најсуштинското беше не-
опходноста духовите на некои од паднатите жртви од војната, барем за мо-
мент да ги донесам, исправам пред себе како да се живи, да ја доловам колку
што е можно повеќе и подобро нивната општопозната судбина. Всушност,
барав без и самиот да знам што навистина барам, нешто поинаку од тоа.
Имено, сакав да навлезам во нивната интима, радостите, надежите, стравот,
сооченоста со ужасот, болката, смртта, ама и со љубовта, исконската љубов
кон животот. Брзата смрт, онаа смрт кога артилериска граната паѓа во ров со
војници, летањето во воздух на распарчените тела помешани со кал, прав,
барутни гасови, грмежите и врескањата на ранетите, е вистински пеколен
ужас. Ужасно е и кога живи луѓе со оружје в раце паѓаат покосени од непри-
јателскиот оган. Меѓутоа, секогаш постоело и постои од страшно постраш-
но. Имено, уште пострашна е смртта која полека но сигурно настапуваше кај
беспомошниот смртно ранет млад човек, оставен на бојното поле, мојот ју-
нак Жан Капе.


Сметам дека при пишувањето на тие мои неколку раскази постигнав
релативно успешна проекција на дел од кусиот војнички живот на двајца,
која како зраци, насочени кон екран, односно преку напишаните букви, сло-
гови, реченици, создадов слика, жива претстава во свеста на читателот за за-
лудно жртвуваните илјадници млади луѓе, од каде што произлезе саканата
визија.




14


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Инаку, самата проекција на мојата визија можеби би требало да биде
доловена од духот на самиот Жан Капе:”...кој може, кој е во состојба да каже
како му е на човекот осуден да умре без сопствена вина. Или единствената
негова вина е што е млад... А кажете ми и како, со кои и какви зборови да се
искаже тој проклет страв. Стравот може само да се почувствува.


На, господине, не учеа да убиваме и да бидеме убиени. Не убиваа, уми-
равме. Само никогаш не се научивме да умираме. Кој, господине мој, знае
да умира? На кој млад човек, па уште дете полно со соништа, му се умира?
Младите не се создадени за смрт, туку за живот и живеење. Убивав и сам. на
фронтот за тоа бевме доведени. Штом видиш крв, штом го сетиш нејзиниот
мирис, ја продупчиш првата дупка во човековото тело, прво се уплашуваш,
потоа се уверуваш дека убивањето не е тешко”.


Накусо, можеби и најкарактеристично во мојата визија - невизија се
моите зборови искажани преку Жан Капе, кон крајот на расказот: „Некогаш
во моите ретки моменти на мир и тишина, кога нема пукање, засолнет на по-
сигурно место, минуваат мисли, соништа за иднината. Тогаш го гледам мојот
крај, куќата, момчињата, девојчињата, мојата Катрин, која само неколку пати
сум ја бакнал”.


Довде изнесеното, всушност, ја претставува мојата проекција од ви-
зијата за судбината на еден млад човечки живот, која пак нужно може да се
надополни и стане појасна, т.е. многу поизразито при видувањето одблизу на
самите гробишта, за да не се запостави фактот дека гробиштата не се наме-
нети исклучиво за мртвите, туку многу повеќе за живите, особено како пре-
дупредување.


За слична судбина се зборува и во вториот расказ „Ноќ втора”, во кој се
открива дека војникот Пруд Хом Алфред, не е француски војник, туку бугарс-
ки војник, Македонец мобилизиран од селото Долно Оризари, по име Стојан,
од татко Ордан, од мајка Невена, од семејството Петковци. Се открива и уш-
те нешто. Тој на фронтот, во битката кај реката Коњарка, наидува на потресна
слика. Имено, неговиот соборец и соселанец Иљо наеднаш застанал. “Зошто
застанал кај Србинот, се прашувам. Кога се приближив, кога гледам што ќе ви-
дам: Спасе, брат му на Иљо, најмладиот, лежи. Блузата, кај левото рамо крвјо-
сана. Ја крева десната рака накај Иљо , ја отвора устата, сака нешто да каже, са-
мо гргори, а збор од устата не излегува”.


За жал, посочениот случај е вистинит.
Врз основа на направената основна проекција, барем според мене, ба-


рем според она на што јас субјективно претендирам, преку расказите ожи-




15


Трета Роднокрајна средба…


вуваат силни чувства, се добиваат силни впечатоци, неподносливо болни и
предупредувачки.


На крајот, ќе се обидам да ја предадам мојата визија за еден јунак од
мојата монодрама „Знаев дека знаеш”.


Кој е тој човек што кон крајот од монодрамата се вика Пецо. Обично
име за обичен човек кого секојдневно го среќаваме по улиците од нашиов
град. Само, ете, во тоа обично име на еден обичен човек, ненадејно се созна-
ва дека тој не е обичен секојдневен човек, туку страдалник за една идеја, за
едно долгогодишно несебично настојување да се бори и избори за своите чо-
вечки идеали за слобода. Но, тој иако се бореше, никогаш не се избори, туку
предаден низ години од својот живот ги изгубил меѓу ѕидовите на злогласни-
от затвор во Идризово.


Ќе цитирам само еден кус фрагмент: „После шест или седум години
од моето ослободување...откако бев пуштен од затворот, бев жими слободен,
постојано бев под полициско набљудување,.., а одвреме навреме, кога некој
големец ќе доаѓаше во нашиов град, задолжително ме притворуваа. Некој
звони. Како и обично, не сакав да отворам ама морав. Отворив. Пред мене
непознат човек, релативно добро стросан. –Добар ден, Пецо,- ме поздравува
со тивок, ми се причини срамежлив треперлив глас. Го фатив за десното лак-
то, го вовлеков во салонот. Тогаш го познав. Се стаписав. Беше Цане Н. мојот
клеветник во затворот. Во моментов ми дојде да го истуркам надвор. Не го
истуркав. Се здржав. Секогаш се здржувам...Пецо, јас сум Цане Н., заедно со
тебе лежев затвор. Да, реков, те познав. -Пецо, дојдов, одвај те пронајдов. Но,
не сакам да се оправдувам. За некои нешта нема оправдување. Не барам ни
прошка. Моето не е за проштавање. Сакав само да ти кажам. Пецо, не сакам
да те...Знам, Цане, реков и станав. Стана и тој гледајќи во мене во некое оче-
кување. Посегнав кон него, го повлеков кон себе прегрнувајќи го. Знам, знам,
повторував без ништо друго да кажам. Стоеше вкочанет во мојот прегратка.
Не можеше ни да мрдне. Потоа, ме прегрна и тој. Го сетив, липа”.


Да, потресна, повеќе од потресна приказна за двајца луѓе жртви на сво-
ето време со непоправливи последици за себе. Воопшто не ми беше лесно да
ја напишам таа монодрама. Но, ја напишав за релативно кусо време од десе-
тина дена, просто во еден здив. Дали монодрамата претставува добра проек-
ција на мојата авторова визија, не можам да тврдам, но и ден денеска кога са-
миот ја читам и препрочитувам, и покрај нејзиното познавање, се наежувам.




16


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Dimitar Bogdanovski


MY CHARACTERS ARE PROJECTION OF MY MEMORIES


In my literary work Bitola and its citizens take the biggest part. Almost all my
characters I knew personally. The author faces himself, too, through his characters.
His former views and understandings very often opposite from the existing, the real
and the present. My literary opus which is not so big (stories, monodramas, two
novels and few unpublished works) limits the detailed and profound description of
my characters by which my readers will recognize my works.


Where does the idea of writing on the themes of the victims of the First
World War come from? They are painful and tragic themes from everyday life
attractive for the readers. I can’t define the answers precisely. One of them is
hiding in my childhood, there in front of the house doors of Jenimaale, in the
evening’s conversations and retellings for the dreadful nights around the French
army cemeteries (vampires, snakes with men’s heads, skeletons that walk in the
night before the first cock’s crow) Later I identified myself in my works with Erih
Maria Remark, especially his work “In the West There is Nothing New”. Also, I was
influenced by the stories of the older men about the victims of the First World War
in Bitola at the Macedonian front.


I wonder if my monodrama is the best projection of my vision, but even
today when I reread it I am freezing.




17


Трета Роднокрајна средба…


Проф. д-р Благоја Брајановски


ОНА ШТО НЕ СЕ ЗНАЕ - Е ВИСТИНСКОТО СФАЌАЊЕ
(Повод: ликот на Трајан во романот „ПЕСНА ОТПЕАНА“)


Признавам дека покана-
та да учествувам на Третата
род нокрајна средба на битолс-
ки писатели од Македонија што
се одржува во оваа (2008) година
во Битола (за мене - прв пат), ми
претставува посебно задоволс-
тво, чест и предизвик. Но, воед-
но, за прв пат и соочување сами-
от автор да се осврнува на свое
дело, што, мора да се признае,
претставува посебно освежу-
вање од досега познатите стерео-


типи во македонската литературна средина.
Можеби некому ќе му изгледа несвојствено кога авторот на главниот


лик - Трајан, во делото, не се осврнува само на настаните редоследно помес-
тени во делото, а што се во непосредна врска со самиот лик на Трајан, туку
повеќе се осврнува на она што „не се гледа“ во романот; она што е зад завеса-
та, во она во што можеби и лежи „зајакот“ - суштината на пораката на авто-
рот (а оставено е самиот читател да го стори тоа, доколку читателот делото,
не го подразбира само како збир на редоследни настани и, дека друго ништо
не останува од она што е претставено во делото (во она што не се знае,
всушност, лежи вистинското сфаќање на проблемот), но кој заради
најразлични причини, најчесто водејќи сметка за моменталните морални,
општествени и слични норми во времето на пишувањето на романот, свесно
нив јавно не ги обелоденил, пред сè, под диктатот на едно Време. На пример,
кога одреден настан треба изворно да биде поврзан со Бог, а станува збор за
безбожничко општество, какво што во тој период беше и нашето, сигурно е
дека авторот на настанот ќе му даде подруга јавна димензија: во согласност




18


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


со тој востановен општествен морал, водејќи сметка за себе, но можеби и за
други, што секако дека е дискутабилно прашање.


Ако авторот не го заинтригира читателот дека нешто важно, нешто
битно треба да се дознае во делото, нешто што се крие зад невидливата заве-
са, а му е оставено на самиот читател да дојде до него, тогаш станува збор за
дело што не носи мудрост1 во себе, не носи порака која на самиот читател му
е оставено да ја открие, нешто слично како кога посетител го прашал авто-
рот – сликар, дека тој во сликата гледа говедо како пасе на ливада: „Дали на-
вистина е тоа?,“ на што сликарот му одговорил: „Ако е тоа што ти го гледаш,
тогаш е тоа.“ „А дали и ти истото тоа го гледаш,“ одново прашал посетите-
лот?“ „Не, јас гледам нешто сосема друго, што е сосема нормална работа,“ од-
говорил авторот, и продолжил: „Јас, кога гледам слика, го ‘гледам’ и она што
е зад сликата. А тоа не може да се види со очите, туку со силата на умот.“


ТРАЈАН - ГЛАВНИОТ ЛИК ВО РОМАНОТ „ПЕСНА ОТПЕАНА“


1. Овде не се задржувам само на претставување на ликот на Трајан ка-
ко главна личност во романот „Песна отпеана“ (роман кој, на распишаниот
конкурс за необјавен роман во 1967 година од Издавачаката куќа „Мисла“ -
Скопје, ја доби првата награда) туку, преку настаните во романот, да укажам
на една горе - долу истоветната положба во која се наоѓаа младите во тоа без-
божничко време, на патот на сопственото индивидуално реализирање, било
на планот на литературата, науката или во другите области од општествени-
от живот.


Она што се однесува на ликот на Трајан, на одреден начин, се однесу-
ва и на сите млади во Македонија, во напорите за сопственото индивиду-
ално литературно издигнување. Она што како посебно може да се забележи
кај Трајан, а што на соодветен начин може да ја допира и судбината на други
селски деца, е фактот што тој, за разлика од градските деца (кои своето обра-
зование го продолжиле во средината во која се родиле; под закрилата на сво-
ите родители), без никакво сознание за новата средина, без никаква родител-


1. Оние кои самите не се слободни од световните цели, не можат да сторат ништо за другите, зашто тие
не остваруваат заслуги. Тоа е исто како кога човек, носен од буицата, би сакал да спасува давеници...
Оној кој се приклонува неослободен од желбата сличен е на слепецот кого го водат други. На оној, пак,
кој исправно мисли, ништо не му се промакнува. Бидејќи Свемирот е бескраен и бројот на осетливите
битија е бесконечен, вие секогаш ќе имате прилики да им помогнете на другите, кога за тоа ќе бидете
способни („Миларепа“, стр. 199).




19


Трета Роднокрајна средба…


ска заштита, се отиснува во таа нова средина како што падобранец, дуван од
налетите на ветрот, ќе падне во сосема непозната средина; се загледува на си-
те страни: се ново и непознато. Она што во тој момент му останува е – како
тој самиот да се снајде.


Она што, како дополнение на ликот на Трајан, односно на неговата
судбина, што е одлика и на сите селски деца во таква состојба, е големото ср-
це на неговите родители. Откако Трајан, завршен средношколец, конкурира
и доби потврден одговор за вработување во главниот град на државата, за
тоа прво го известува својот татко. Татко му се замислува над смелоста што
се граничи со авантура на млад човек; знае на што се може да наиде во град
во кој никого не го познава, во кој никогаш дотогаш не беше бил, и покрај
неизмерната внатрешна возбуда и немир, мора да одлучи: дали да ја даде или
да не ја даде својата согласност. Да не ја даде согласноста значи да се „стапне“
на среќата на синот, а да ја даде согласноста, се согласува синот во сосема но-
вата средина да се снаоѓа како знае и умее.


Го гледа синот, да не ќе открие некаква друга вистина во сето ова, но
вистината останува во тоа дека единствено тој ќе треба да ја донесе одлуката.
Бидејќи таткото тргнува од фактот дека вистината се содржи во она што не
е објавено, во она што не е напишано; дека - сè е добро и - сè е зло (зависи од
кој агол го гледаш), одлучува да ја даде својата согласност. Зашто, како што
вели еден познат зен-будистички мајстор: да се размислува за доброто и за
злото, е исто како истовремено да се биде и во рајот и во пеколот.


Иако таткото не ја знае ова вистина, иако одлуката ја донесува како да
се потпира на неа, се допира до една друга древна мудрост:


Тие кои други сакаат да водат
а самите не знаат каде,
си наштетуваат себе си и на другите.2


Тоа што таткото не присуствува на испраќањето на синот на железнич-
ката станица, не подразбира дека не се согласува со заминувањето на својот
син, туку тоа повеќе е одраз на смирување на односот меѓу сопствената ак-
тивност и сопствената агресивност. Зашто, ако таткото би присуствувал на
испраќањето на синот, би можел да се доведе во искушение да ја отповика
еднаш веќе донесената одлука, што не е случај и со мајка му на Трајан, која, и


2. „Миларепа“, стр. 184.




20


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


ако би сакала да се случи тоа, не само што не би смеела, поради општоприфа-
теното правило на однесување во таков случај, туку и не би можела. На ва-
ков начин, таткото, и не знаејќи ја суштината на сето тоа, остава можност ра-
ботите самите да си дојдат на своето место.


Читателот, можеби, ќе запраша зошто авторот не го појаснува отсуст-
вото на таткото на Трајан – Остоја, при неговото испраќање во градот С, ко-
га би било сосема нормално, па може да се помисли дека таткото не се согла-
сува со Трајановото заминување на работа во С, иако тој својата согласност
јасно и гласно ја даде токму пред Трајан.


Авторот оценува дека објаснувањето за тоа што таткото не присуству-
ва на испраќањето на неговиот син во С, самото по себе се подразбира и се
наметнува, така што го остава на читателот да ѕирне, ако сака, зад завесата,
односно дека тоа не се должи на неговото несогласување за Трајановото за-
минување, туку на фактот дека ако би присуствувал, како што реков погоре,
постои можност да биде доведен во искушение – да ја отповика еднаш веќе
дадената согласност. Зашто, само тој и никој друг има таков империум; тоа
мајката на Трајан, и кога би сакала не би можела, без согласност на таткото на
Трајан да донесе одлука што би била спротивна на еднаш веќе дадената пози-
тивна одлука од таткото на Трајан. Вака, кога него го испраќа неговата мајка,
татко му може да биде сигурен дека неговата одлука може да биде остварена,
и во никој случај не може да биде отповикана. Зашто, кога се однесува до по-
ложбата во која се наоѓа Трајан, неговиот татко – знае сè, во смисла:


Оној кој знае сè
не отфрла ништо.
Секому му личам на
она што тој мисли дека сум.3



2. На читателот, што се однесува до ликот на Трајан, не му останува


ништо друго освен констатацијата за крајно немирниот дух на Трајан кој
не се задржува лесно на едно работно место. Од асистент на директорот во
Земјоделскиот институт, каде што му е добро, набргу одлучува да го напуш-
ти Институтот, без пред тоа да обезбеди друго работно место, и така одреден
период на време, немајќи средства за живот, живее од милоста на девојката
спрема која, за разлика од неа, нема којзнае какви љубовни чувства. Но тоа


3. Оно најбоље од живота, str.8.




21


Трета Роднокрајна средба…


не значи дека таквиот однос секогаш и во секоја прилика е исклучиво од лич-
на, индивидуална корист. Сепак следи, иако недоволно дефинирано, некакво
морално однесување; тоа девојката го знае, го чувствува и го цени.


Она со што читателот, ако сака подлабоко да навлезе во суштината на
ликот на Трајан во романот „Песна отпеана“ ќе сретне е тоа што во животот,
Трајан како да се препушта на диктатот на судбината (има некаква вечна си-
ла која го проникнува сиот Семир - Сила која до таа мера е свесна за самата
себе, што може да одговори на повикот или на командата на секој човек што
го сака и што го знае тоа.4


Но тоа не подразбира дека Трајан, препуштајќи се на Текот на животот,
на дејството на Таа вечна сила (Универзалната животна енергија), не е и са-
миот активен учесник во сето тоа, туку напротив. Трајан, иако не го знае тоа
за да може свесно да дејствува во таа насока, - се однесува така. А тоа дејство
на Вечната сила, на кое не се опира Трајан, доведува до тоа тој да ја оствари
задачата заради која е роден, заради која е дојден на Земјата. Не опирајќи се
на Универзалната животна сила, на Бога, ако сакате, Трајан, иако се среќава
со одредена доза на заљубеност во својата колешка, Марија (која всушност
била неговата изгубена сестра по прогонот на Македонците од Егејска Маке-
донија), на работното место, бидејќи и двајцата работат во една просторија,
во една канцеларија, следејќи го диктатот на Вечната сила (судбината, во ин-
дивидуалната смисла на манифестацијата), останува чист во тој однос меѓу
нив двајцата, па така, останува една неостварена љубовна врска.


Трајан, иако несвесен за тоа, го почитува допирот на раката Божја, не
се противи на тоа, не се опира и без поговор го следи тој Тек на животот и не
дозволува во тоа неопирање да се однесува како безначаен трупец што надо-
јдената река, буицата, го носи ваму - таму каде што посакува таа. Тој, во сето
тоа - е и активен учесник.


3. Општо земено, недвојбено е дека човекот многу ниско го вреднува
времето (збиеност),5 особено на млади години, со чувство дека тоа, ако не


4. В. повеќе: Карлос Кастанеда, Магија покрета, стр. 41.
5. Збиеност на времето значи исполнување на задачите за време покусо и од најтрудољубивиот и
од најпродуктивниот, и од најефикасниот и, најнакрај, од најекономичниот вршител (извршител) на
истите работи на земјината топка. Под збиеност на времето не се подразбира само продуктивност,
ефикасност и економичност на трудот (извршувањето на работните обврски односно задачи), туку
и неоставање слободен простор за забава, вршење на работи и задачи кои по смртта на извршителот
ќе остават каква било трага од неговиот живот, од неговото постоење, од неговата ангажираност на
Земјата. Па така, тоа ќе го означува неговото сопствено оддолжување спрема Бога за тоа што во чо-
вечки облик го испратил на Земјата. Само во ваква состојба ќе биде оспособен да одговори на вечни-




22


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


вечно, тогаш - долго ќе трае, иако тоа е најскапоцениот подарок од Бога во
нашиот живот. И не е случајно што големите тибетски лами и Хинду јоги-
ните, времето го вреднуваат со највисока можна цена, така што одат дотаму
што, во извршувањето на обврските од секој поединец бараат не само ви-
сока продуктивност во смисла на усвоената практика во западните капита-
листички земји со развиена економија, туку бараат и збиеност на времето,
што подразбира резултати повисоки и од резултатите постигнати со највисо-
ка продуктивност на трудот. Или, со други зборови, ако е можно, да не се ос-
тави ниту еден момент без соодветно ангажирање.


Ако времето би била нашата најголема вредност, тогаш сигурно е де-
ка и ликот на Земјата, и ликот на Природата, поинаку би изгледале, а заед-
но со тоа – и ние самите: создадениот енормно повисок обем на вредности
би бил од обостран корист: како за човекот и за сите живи битија на Земја-
та, така и за Природата; за Еднотата, што се однесува на толку посакуваната
рамнотежа.


И Трајан не е исклучок од сите други „Трајановци“на неговата возраст
во однос на продуктивното користење на времето. Познато е дека на млади
години, во врска со времето, се среќаваме, главно со:


– Чувство на бавно течење на време, и
– Непродуктивно користење на времето како начин за негово (не)вред-


нување.
Иако Трајан, на одреден начин, се доближува до другите млади во не-


продуктивното користење на времето, со оставање голем простор за бездел-
ничење, сепак нијансирано гледано, може да се каже дека, на одреден начин,
се изделува од нив, ако се има во вид фактот дека е во работен однос и лите-
ратурно твори. А литературниот ангажман не е факт самиот засебе, туку е во
врска со следење на оние литературни и други дела (критики и сл.) што се во
врска со тоа, а што подразбира ангажирање на времето за читање.


Зашто, ако младиот творец сосема ноншалантно се однесува спрема
времето, односно ако времето не го вреднува високо, пропорционално на та-
квиот негов поглед, такво ќе биде и „производството“ на литературни дела,
како индивидуален придонес во македонската литерарна ризница.


те прашања што секој треба да си ги постави по доаѓањето (раѓањето) на Земјата: "Кој сум јас", "Зошто
сум овде (на Земјата)?", "Во што се состои моето страдање овде", "Зошто некои луѓе се слични на Бога,
а други - на ѕверови?"




23


Трета Роднокрајна средба…


4. Заклучок. Секој автор, кога се осврнува на лик од свое дело, во не-
говото претставување може да постапи на различен начин. Така и јас пра-
вам со тоа што се обидов да извлечан одредени акценти од ликот на Трајан
во романот Песна отпеана, на начин за кој мислам дека само така треба да
се постапи.


И при пишувањето на овој труд, а и сега, мислам дека би било непро-
дуктивно, како што делум и наведов на почетокот во трудот, кога ликот на
Трајан би го претставил онака како што е во романот - вадејќи само оддел-
ни делови од романот, што би било само губење на драгоцено време, особено
за оној читател кој го прочитал делото, а за оној кој тоа сè уште не го сторил
– губење на интересот да го прочита истото.


Мојот приод во претставувањето на ликот на Трајан, се надевам, е ус-
пешен, пред сè, поради тоа што, преку ликот Трајанов ја докоснувам општо-
човечката димензија на секој човек, она што би можело да биде заедничко,
односно – општочовечкото својство.


D-r Blagoja Brajanovski


BEHIND THE APPARENT – LIES THE REAL UNDERSTANDING
(Motive: Trajan as a main character in the novel “The Song That Is Sung Back”)


The essence of the author’s message, for variety of reasons, very often
because of current moral and societal norms, taboos and prejudices in the time
of creating of the novel, remained wrapped in a symbolic story. The character of
Trajan concerns all other young people in Macedonia in their effort of personal
literary development (upliftment).


Trajan is a village boy as many other village boys who continued his
education in different environment without his parents protection. Compared to
his fellow boys from the town he was like parachutist from the sky. The unknown
environment constantly puts pressure upon him. Everything is new and unknown
to him. Everything is left to his resourcefulness.




24


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Петре Димовски


КОСМИЧКАТА ВИЗИЈА НА АВТОРОТ


Главниот лик во секое мое
дело е наполно моја креација,
мое видување, моја визија, преку
која е изнесена мојата идеја што
во тој миг ме преокупирала и се
наметнала за да ја поставам и из-
несам; тоа се моите сфаќања, мо-
ите сознанија, моите познавања,
погледите на светот, мојата фи-
лозофија. Тоа е наполно мој про-
ект, мој начин на изразување.


Колку таа визија ќе ја прене-
сам на ликот зависи исклучително
од мојата вештина на уметничко изразување, од моето животно и творечко ис-
куство, од силата на имагинацијата со која ме презел чинот на создавање.


Тоа е еден мал космос во мојата меморија, кој има свои правила на кои
се потчинува, законитости по кои се управува, орбита по која се движи. И
гравитација која го држи во светот на моите барања и очекувања.


Притоа, интересно е дека јас самиот ги поставувам правилата на дејс-
твувањето.


Пилотот во „Балканскиот ѓавол“ е визијата на мојата идеја дека војната
носи разурнувања и страдања и деструктивната сила треба да се трансформи-
ра во енергија што ќе и користи на љубовта, со давање можност таа отворено
да дејствува за да им се спротивстави на мрачните сили што носат зло. Поле-
тувајќи со авионот, кој е во тој миг олицетворение на уништувањето, мојата
идеја го иницира и прави оној пресврт кога пилотот Никола го менува праве-
цот од маршутата во наредбата, за да ја спаси целта што треба да ја уништи, и
по цена на ризик од самоуништување. Никола не сака да живее во разурнат
свет, мојата визија не е тој разурнат свет, но спротивставување на деструктив-
ната сила и прифаќање борба тој да се зачува и спаси од разурнување.


Полетувањето на авионот, неговото движење низ воздушниот простор
може да се и надвор од мојата идеја , тие може да и припаѓаат и на антиидеја-




25


Трета Роднокрајна средба…


та. Мојата идеја е, тој миг да се спречи уништувањето што ќе го предизвика
авионот, зашто неговата цел за полетување е токму одредена за уништување,
односно неговата мисија е со деструктивна порака од командното место. Тој
авион јас го пуштам да полета, исто како што го пушта неговата команда.
При тоа полетување ние имаме различни идеи, воената команда што ја да-
ва наредбата и јас-писателот, што наметнал друга визија. Значи, тука се ос-
тварува мојата визија, а не визијата на командната гарнитура. Јас не се спро-
тивставувам на полетувањето на авионот бидејќи без неговото полетување
нема да имам дело. Тука не можам ништо да сторам, мојата интервенција би
била исто така уништувачка-би го уништила делото. Авионот полетува, ави-
онот е во небесните висини и заканата е наполно реална тој да ги фрли бом-
бите кои со својата експлозија ќе предизвикаат големо уништување. И сега
од овој момент јас го преземам авионот од командната кула и постанувам
навигатор, сега настапува мојата визија за одвивањето на дејствието и сега се
остварува мојата идеја, да се одбегне уништувањето. Но тоа не може напол-
но да се анулира, зашто командната кула задржува извесна моќ над леталото
и кога пилотот ја одбива наредбата на командната кула и ја прифаќа мојата
да не ги фрли бомбите над населеното место, но да избега кон планината, тие
што сè уште имаат моќ над него му ја праќаат ракетата да го уништи. Авио-
нот е нивни и тие го уништуваат, но пилотот е мој и го катапултирам за да
слезе безбедно во шумата. Притоа јас ги следам моите сфаќања, мојата идеја
да се одбегне уништувањето и мојата визија пилотот да се спаси од предиз-
викување злосторство.


Некогаш има моја идентификација со ликот. Но, мојата идентифика-
ција не е секогаш застапена и не смее да биде, зашто во некои ликови изне-
сувам и своја антиидеја, своја антивизија за да може мојата идеја и мојата
визија да се сфатат, да се прифатат, да постојат, да егзистираат, да ја изразат
мојата филозофија.


Каде се движам натаму?
За да го проектирам ликот Пламенка (во истоимениот роман), мојата ви-


зија се движи во димензии на времето и просторот од цел човечки век, на ма-
кедонски простор од предилинденскиот период до создавањето на самостојна
независна Македонија, време на страдања, востанувања, борби и опстанок, бе-
зизлезност и надеж, отпор и саможртва, кога се менуваат завојувачи и окупа-
тори, кога созрева сознанието за самопочит, самоиницијатива и самостојност.


На тој лик јас му го внесувам моето сфаќање за просторот и време-
то каде го сместувам и каде му одредувам дејствие. Јас го водам низ негови-




26


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


от живот, но често тој може да ми забега по свои патишта, надвор од мојата
мисла и контрола, да се наметне со својата индивидуалност и посебност ка-
де не може да се интервенира, било да ја заведе мојата мисла во други насо-
ки и поради мое невнимание да ми ја замени идејата. А јас сè уште можам да
бидам во заблуда дека сум ја следел својата идеја, но кога читателот ќе от-
крие друга насока, мене ми останува да се бранам дека тој не ја открил мојата
идеја. И кој треба тука да биде во право: јас-писателот или тој-читателот? На
тоа би следувало двобој-полемика, и пак од софистицираноста на оружјето
што го поседуваме и вештината со која ракуваме ќе се остварува резултатот.


На пример, во романот „Крилја“ главниот лик носи еден мој одреден
поглед на ситуација која не се случила, но можела да се случи. Додека рабо-
тев во еден тунел, се случи експлозија. Тоа е вистината на која се базира содр-
жината на ова дело. Тоа е појдовната поента од каде мојата фантазија создава
случка после експлозијата. Се урива тунелот. Главниот лик, за кого никој не
знае дека бил овде, зашто тоа му е прв ден на работа и сè уште не е евиден-
тиран, па никој не трага по него, останува заробен во тунелот. Мојата главна
идеја е како во дадената ситуација би се однесувал и како би опстанал одво-
ен од светот толку долго колку што е потребно да се врати пак во истиот тој
свет од кој насилно е одвоен. Јанкула, главниот лик од романот, ја следи моја-
та идеја, мојата визија на тој имагинарен живот кој треба да се трансформи-
ра во реален за да биде уверлива приказната. Единствениот излез од тунелот
е отворот низ каменот над океанот, од кој се простира рамен брег што не мо-
же да се совлада, нити да се скока од таа висина, зашто долу се гребени биени
од брановите.


Но, кај главниот лик треба да остане надежта, тоа е мојата идеја дека ќе
го охрабри и подготви за спас, така ќе издржи во заробеништвото и ќе опс-
тои до спасоносниот миг, кој во неговата надеж постои. И кај Јанкула: „На
место очај навлезе верба.


„Ќе има спасение! Само треба побрзо да се подготвам за да го изведам
летот кога таа ќе дојде! А ќе се врати!“


Знаеше дека шумот на морето го одзема довикувањето. Не може да
се чуе. Затоа треба да е подготвен за скок. Но не во амбис, туку со лет, спа-
соносен, во меката прегратка на морето. Потоа ќе го започне пливањето во
друштво со девојката.


А еве, девојката се појавува од ширината на морето. Не плива, туку тр-
ча по гребенестата синевина. Босите нозе одвај дали ја допираат водата. Лес-
но отскокнува од бран на бран. Косите £ се развеани и го фаќаат ветрот во




27


Трета Роднокрајна средба…


своите раздипли. Таа го гледа, го топи со погледот, размавтува со рацете и го
довикува.


„Дојди! Ќе скокаме по водните сртови!“
Денот е со месечев сјај и се простира низ сребрениот блесок на измаг-


лината.
Јанкула стои на работ од понорот. Под него разлетуваат пердувестите


перничиња од брановите. На рацете му се поставени крилјата. Размавтува,
го исчешлува каменот, ја раскрева прашината што се таложела по нерамни-
ната и, полетува. Не како птица, туку како бумбар. Главата му е погоре, но-
зете отпуштени надолу, а со рацете вешто и брзо мавта, го заграбува возду-
хот, и тој струејќи крај него, му го гали и освежува лицето. Му се растегнува
широка насмевка. Брановите минуваат далеку долу, а летот е така лесен и ед-
ноставен, што се исчудува зошто не го испробал порано и зошто, всушност,
човекот толку долго чекал за да почне со своето летање. Девојката е пониско
од него. Довикува и убаво ја слиша: „Ајде како птица! Летај како птица!“ Ги
издолжува рацете, сега крилја, замавнува силно и крилјата го понесуваат кон
врвовите. Под него исвирува воздухот, а косата му се развева и му се брану-
ва. Во голема брзина прелетува над девојката, потоа секавично се извишува
кон небото, а околу него летаат многу птици, разиграни и расцрцорени. Јан-
кула понира надолу кон морето, кон девојката и гледа како таа се зголемува,
се оформува од точка во прекрасна птица и го пресретнува во висината.


И го започнуваат танцот над морските бранови. Се превиваат и ис-
кршуваат, а ѕвонлива смеа го надзвучува ветрот и пробива кон сите страни.
Долетуваат на голема карпа што се издига над морето и се спуштаат на маз-
ниот камен, вајан од брановите. Тогаш Јанкула забележува дека девојката не-
ма крилја. Се погледнува себе и се преплашува: „Како сум можел да летам
без крилја?!“


Од далечината се задава маглива белина што се движи кон нив и ги
подзема. Пак се високо горе, фатени за рака пловат под синото небо. „Сега нè
носи ветрот“, се присетува. „Инаку како би летале без крилја?“


Девојката се одвои од него. Се оддалечува и му мавта со рацете. Тој ја
довикува да го причека, но таа заминува и се губи, а по неа останува гласот
што пробива како ѕвонливо ехо од белата измаглина. „Пак ќе се вратам! Јас
сум надежта!“ слуша.


Онака сам, се заплашува дали без крилја ќе умее да лета. Мавта со ра-
цете, а разбеснетото море се накрева за да го дофати. Размавтува посилно и
побрзо и, слуша крик на птици. Првкаат и одлетуваат низ ноќта. Низ про-




28


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


зрачноста го гледа таванот од Светлата одаја, го препознава по сите толку
пати видени бележја, но во свеста уште му е летот и уште мавта со рацете.


„Беше убаво“, рече, станувајќи од подот на тунелот. „Беше волшебно
убаво!“


Надежта како привидение го води кон неговата цел, кон бегството од за-
робеништвото во тунелот, кон спасот, кој со една голема верба во можноста,
го остварува.


Petre Dimovski


THE COSMIC VISION OF THE AUTHOR


The main character in every work of mine is my creation in full, my view,
my vision, through which I present my idea that preoccupied me at the moment
and forced me to expose it; it is my understanding, my knowledge, my views of the
world, my philosophy. It is my own project, my own way of expression. In what
extent I will project my vision through the character depends upon my skillfulness
and art expression, from my life and creative experience, from the power of my
imagination in the act of creating. It is a little Cosmos in my memory, that has its
own principles to which it surrenders, laws by which it is governed, orbit along
which it moves, also the gravity that holds my world of needs and expectations.


It is important for me to set the action rules by myself. The pilot in “The Balkan
Devil” is the vision of my idea that the war always brings ruination and suffering and the
destructive force should transform itself into an energy that will serve love. I give love
the opportunity to oppose the dark forces that bring the evil. When the plane is taking
off, it is the moment of ruination, my idea initiates the transformation, the pilot Nikola
changes the route of the command in order to save the aim planned to be destroyed. I
give the character my understanding of space and time by putting him in such situation
and action. I lead him through his life, very often he escapes in his own ways, beyond
my thought and control, imposing his individuality and exceptionality where I cannot
interfere, misleading my thought to other directions, especially when I am not aware
to change my idea. I could be in illusion that I had followed my own idea, but when
the reader discovers the other direction I begin defending myself by saying that he
misunderstood my idea.




29


Трета Роднокрајна средба…


Весна Ефтимова - Сотировска


УМЕТНИЧКАТА ЛИТЕРАТУРА – ФОРМА НА ИНТЕРПРЕТИРАЊЕ
НА СВЕТОТ


Со самото раѓање, со самото излегување од мајчината утроба, човекот
влегува во светот на Непознатото, во светот исполнет со нечитливи, необјас-
ниви, таинствени, шифрирани, настани/прагми, парадоксални и двосмисле-
ни појави и нешта, неразбирливи текстови, почнувајќи од текстот на Бога.
Оттаму и човековата потреба да се распрашува кој е и што е? Како и кога на-
станал Светот и неговиот обид да го протолкува светот, неговите необјасни-
ви појави и текстови.


Уметничкото творештво е облик за толкување на светот. Толкувајќи
го светот човекот се толкува себе си, па оттука книжевноста е толкување на
човекот. Литературните приказни и животните истории не се исклучуваат,
туку се надополнуваат. Приказната му припаѓа на животот пред да се проте-
ра од животот во пишувањето и повторно се враќа назад, во животот по пат
на присвојување. Преку приказната се толкува светот. Таа е чин, таа е све-
доштво преку кое се искажува светот. Приказната не се раскажува сама, таа
треба да биде раскажана, во тој миг на искажување навира сеќавањето, на-
вираат живите слики и емоциите. Со тоа што ќе се искажат тие ќе се запаме-
тат (јазикот е меморија, она што не е запишано има шанси да се подзаборави,
пред да се освести во збор), јазикот помни и против нашата волја.


Не може да има приказна без раскажувач, приказната и раскажувачот
се основните конститувни елементи на расказот и на романот во кои имаме
присутен раскажувач и присутна приказна. Умберто Еко вели дека “раска-
жувачот ја посредува субјективната и колективна свест зад коишто секогаш
се крие нечиј интерес, некој етички систем на вредности, некоја интенција”.
Расказот/романот е облик на толкување на некоја стварност, на некое време,
на нечија етика


Постои и некој кој ја дознава приказната, ја преработува и ја пренесу-
ва на друг, другиот ја пренесува на трет човек и така приказната се прераска-
жува што е многу битно затоа што со прераскажувањето приказната се тол-
кува и се меморира.


Романот “Средба со непознатиот” го опишува животот на една гене-
рација која штотуку влегува во посериозните животни искушенија, во лави-




30


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


ринтот на животот. Преку своите ликови се обидува да ги разработи, да ги
протолкува, да ги проектира, проблемите на луѓето овде и сега, проблемите
кои секојдневно нé опкружуваат сите нас. Главниот лик се обидува да го до-
лови ликот на современиот човек кој страда од чувство на невдоменост, од
чувство на просторна нелоцираност, без стабилни пунктови за мапирање и
освојување на светот околу.


Кате (главниот лик во романот „Средба со непознатиот“) е родена во
Македонија, тука се нејзините корени, тука ги направи првите чекори, тука
ги изговори првите зборови, тука ги научи тајните на животот. Дали геогра-
фијата се потврдува како зла судбина на Кате и на сите други родени во Ма-
кедонија, родени на Балканот, ако се знае дека на Балканот човекот ги губи
своите права и своите вредности, го губи својот идентитет. Ако се знае дека
балканците се одредени како Друго во однос на Западна Европа.


И да не заборавиме дека Балканот е кризно подрачје кое го влече со
себе прашањето на опасност, на војна која доаѓа од него. Тој се здоби со глас
како место на несигурност, место на конфузија и непријатности, место кое
изобилува со опасности. Насилството и убиството се примитивни црти при-
пишани на словенските народи.


Кате е убава млада девојка која потекнува од сиромашно семејство,
растена без татко, го завршува економскиот факултет со одличен просек и
очекува набргу потоа државата да застане зад неа и да й најде работа, очеку-
ва да почнат да се остваруваат нејзините соништа, да почне да ги следи сво-
ите идеали. За жал, наместо животот да £ се одвива како што очекува, неа ја
следат низа неприлики, почнувајќи со тоа што не може да најде работа, не-
јзините молби не се прифатени во ниту една банка, во ниту една приватна
фирма, во ниту една државна институција, и во неа “оживува немирот и не-
спокојството, што ги имаше закопано длабоко во себе. Й се отворија стари-
те рани скриени во нејзината душа кои никако не може да ги излекува. По-
разена и скршена го чува револтот во себе поради неправдите што й ги носи
животот и светот во којшто живее. Немоќна сето тоа да го исфрли од себе,
постојано £ струи низ крвотокот и си носи со себе негативни последици по
нејзиното расположение и по нејзиното здравје”. Полека го прифаќа поразот,
сфаќа дека овде светот од нејзините соништа не може да го допре на јаве, за-
тоа се почесто размислува да го напушти родниот град.


Запознавањето со Сашо, кој патем речено е згодно момче со крупни
плеќи како “незаменлив знак за машкоста” и кој е дојден од Австралија, £ ну-
ди можност да ја остави татковината, одредена како периферија на западно-




31


Трета Роднокрајна средба…


европското јадро, негово економско и социјално слепо црево и да замине во
Австралија, земја која е синоним за напредок, ред, развиток, земја која е сли-
ка на еден идеал. Додека Балканот е етикетиран со валканост, пасивност, не-
сигурност, склоност кон интриги, неискреност, опортунизам, мрзливост, су-
еверие, тромост, неефикасност, нестабилност, додека Балканот е синоним за
племенското, примитивното, варварското и назадното, Австралија ја симбо-
лизира чистотата, редот, самоконтролата, чувството за правдата или, поточ-
но речено, повисокиот степен на културен развој којшто го облагородува чо-
вечкото однесување. Се смета дека жителите на Балканот не водат сметка за
стандардите коишто цивилизираниот свет ги поставил како нормативи.


Кате уште од самиот почеток го наметнува проблемот на егзистен-
ција на младите, проблемот на себеоткривање, на откривање на сопствениот
идентитет и себелоцирање во светот кој не опкружува, таа е типичен претс-
тавник на младата генерација. Кате го опишува нивниот секојдневен живот
со сите препреки кои го оневозможуваат неговиот нормален тек.


Сашо му ја нуди својата љубов, на спектакуларен начин £ предлага
брак, но ништо конкретно не £ ветува. Љубовта и сознанието за туѓата земја
на Кате £ ја враќат надежта и ја стават на границата меѓу овој свет и светот
кој е далеку оттука, светот од нејзините соништа и фантазии, свет кој треба
да £ ги исполни сите неостварени желби. Понесена од љубовта ќе ја донесе
одлуката да замине далеку од нејзината фамилија, со својата визија за среќен
живот, за исполнет живот.


Медениот месец, прошетката низ австралиските знаменитости й го ве-
туваат замислениот живот, но таа визија кратко трае. По доаѓањето во Сид-
неј работите нагло се менуваат, следат низа осамени и таинствени денови.


Кате го менува физичкиот, екстерниот, надворешен свет, но нејзината ин-
тима останува иста. Ниту таму во земјата на нејзините соништа не £ се испол-
нија желбите. Нејзиниот нов почеток со болно заминување од родната грутка во
непознатото £ покажа дека мистеријата на животот е иста на секое тло.


Далеку од дома, оставена самата на себе, и мајка £ е и сестра и другарка
и пријателка, оставена на границата меѓу веселиот град и мртвата куќа. Неј-
зиното присуство во огромната куќа не е добредојдено, ја избегнуваат свеко-
рот и свекрвата, додека “заморот на нејзиниот сопруг е поголем, од желбата
за нејзиното топло тело”. После низата осамени денови и непроспани ноќи
повторно се наоѓа на раскрсница, која од неа бара одлука, бара да се одлучи
меѓу неа, мајка £ (која Кате постојано ја лаже дека во Австралија £ е убаво) и
нејзиниот сопруг. Притоа, потенцирам дека конзерватизмот и старомоднос-




32


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


та се неразделни од провинцијата од која потекнува Кате. Тука се верува дека
жената треба да и биде подредена на мажот, покорна и послушна, затоа што
Господ ја создаде Ева, првата земска жена, за да го спаси мажот од осаменос-
та. Господ жената му ја наменил на мажот. Овде вековите не се менуваат, тие
постојат напоредно, старите обичаи не се нарушуваат, мртвите идеи не се за-
копуваат, балканците се одликуваат со идеален конзерватизам.


Затворена во нејзиниот свет, недостапна за никого, се обидува да се
сети на нешто заборавено, нешто што £ тлее на самиот раб на разумот, но не
£ текнува. Направи напор за да сфати што сака совеста да £ каже. Полека £
идеа мислите по ред. Тоа е тоа. Кате сфати дека клучот е во неа, дека не тре-
ба да дозволи никој да фрли сенка врз нејзиниот ден, дека не треба никој и
ништо однадвор да влијае врз нејзиното расположение, ниту еден ден од неј-
зиниот живот. Сфати дека ова е нејзиниот живот и дека треба да се потруди
да го живее најдобро што може во условите кои што £ се дадени. Одлучи да
живее за себе, за сопругот и за нивната иднина, верува дека само така ќе мо-
же јасно да го следи патот на својата судбина.


Кате е книжевен лик превземен од реалноста, во неа се гледам себеси,
те гледам тебе, ја гледам неа, ве гледам сите вас, млади луѓе. Таа ја раскажу-
ва мојата, твојата, вашата судбина, мојот, твојот, вашиот живот....живот нај-
ден на раскрсницата меѓу овде и таму, меѓу домот и непознатото, меѓу своите
и меѓу туѓите. Во неа секој може да се препознае и од неа секој може да на-
учи. Таа ја проектира днешнината, овде и сега, пренесувајќи една многу важ-
на порака, а тоа е дека вистинската среќа е скриена во нас самите и ја предла-
га љубовта како моќно оружје во борбата со животот, притоа мислам на љу-
бовта кон себе и љубовта кон другиот.


Проектирањето на интимата треба да ги земе во предвид личната
представа за вистината/реалноста, но и представата на другиот, за да може
да се дефинира како индивидуален и колективен субјект во контекст на за-
едничко живеење во рамките на дадени институции.Трагањето подобар жи-
вот, кон доброто живеење, на извесен начин ја опфаќа и смислата на правед-
носта, што значи дека не се ограничува на интерперсоналните релации туку
се простира и врз животот на институциите, каде под институција се под-
разбира структурата на заедничкото живеење во рамките на еден народ, на-
ција, држава, општество... Од една страна станува збор за етички примат на
заедничко живеење, наспроти заедничкиот живот над принуди кои се врза-
ни за правните системи и политичката организација. Да не заборавиме дека




33


Трета Роднокрајна средба…


на Кате й беше оставена можност да живее со сопругот две години за да го
земе австралиското државјанство, но таа категорично го одби тој предлог.


Кате, како и сите ние едноставно е вплетена, втурната во една дија-
лошка, динамична реалност во која нема дадено една apriori смисловна рам-
ка, туку не остава сами да трагаме по смислата на сопствениот живот.



Vesna Eftimova - Sotirovska


THE BELLETRISTIC LITERATURE IS A FORM
OF INTERPRETING THE WORLD


Interpreting the world, the man inteprets himself, therefore the literature is
an interpretation of the man. The literary stories and life histories do not oppose
each other, but they complement each other. The story belongs to life before
driving it out of life into writing and it returns back to life through usurping.
The story interprets the world. It is an act, it is a testimony by which the world
expresses itself. The story does not retell itself, it has to be retold, in this moment
the memories erupt, erupt the live images and emotions. When out they can be
momorized (language is a memory, that what is not written down could be easily
forgotten, before turning into word), language memorizes again our will.


Kate is a literary character taken over from reality, I see myself in her, I see
you, I see her, I see all you young people. She is retelling my destiny, your destiny,
my life, your life found on the crossroads between here and there, between the
home and the unknown, among your nearest and among the strangers. In her,
everyone can recognize oneself and from her everyone can learn. She is a projection
of the everyday life, here and now, bringing a very important message of the real
happiness that is hidden in us, proposing love at the same time as a powerful
instrument in the battle of life which is the love for oneself and the love for others.




34


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Д-р Цане Здравковски


МОИТЕ ЈУНАЦИ


Прелистувајќи ја книгата
„Отаде системот“ на Иван Џепа-
роски, наидов на чудесната вис-
тина дека „биографијата најчесто
говори малку, но неодминлива е“.
Ова е вистина, која буквално се
однесува на севкупното мое про-
зно творештво, зашто тоа, всуш-
ност, е своевидна автобиографија.
Неа ја почнав уште во далечна-
та 1956 година со првиот објавен
расказ „Недоизреченост“, посве-
тена на младешката непостоја-
ност, да не речам и неверност, во времето на студентските години кога мла-
дите момчиња лесно „скокаат“ „од трн на трн“, не оставајќи зад себе ни лузна
од таквиот „грев“. Така, всушност, започна растежот на првиот циклус раскази
за пелагонискиот ороводец Андреја Џумковски, објавен во првата моја збирка
раскази „Откорнувања“. За тоа симпатично момче не без занес, а сепак со мно-
гу искреност еве вака сум проговорил во тие далечни времиња:


„Топли раце секогаш се подаваа кон него, а тој лакомо ги прифаќаше и
сиот им се предаваше. Не, не ги прифаќаше Андреја. Не беше неверен Анд-
реја. Тоа беше само луда игра на крвта пелагонска. Секогаш шумеше ветрот
вонеа и тој страстно ги развртуваше девојките околу себе... Тоа оро ергенско
уште како дете го заучи. Тогаш беше малецкав, но јадер во раменцата и де-
војчињата го задеваа. Андреја ги збираше околу себе и во ливатките ги во-
деше, па береа таму киселец и млечки што се јадат, а потоа збираа капинки и
рачињата си ги драскаа, та крв им протекуваше. Тогаш Андреја им ја брише-
ше крвцата од рачињата, им ги кршеше прстињата, а момичките се кикотеа и
си ги поткреваа фустанчињата за да си ги стават во нив капинките. Ѕиркаше
скришум Андреја и почна чекор по чекор момчето орото да го заучува.“


Така , младиот ерген ороводец, набргу стана мошне вешт љубовник,
та ја доведуваше во тешко искушение дури и верната жена Велика Паралов-




35


Трета Роднокрајна средба…


ска, сопруга на првоборецот Марко Шаторковски. Но, како сè што одмину-
ва во животот, така одминуваше и младоста на Андреја Џумковски, така што
во расказот „Уморениот ороводец“, објавен во мојата втора збирка раска-
зи „Матни води“, го гледаме и неуспехот, поразот на некогашниот неуморен
ороводец, лудо растрчан по убавите девојки. Сега со сета своја резигнација
тој ја сфаќа вистината за себе и поразен го напушта ергенското оро.


Меѓутоа, Андреја сериозно се замешува во личниот живот на татко си,
Толе Џумковски, и го наговара да појде со него в град, со што, всушност, ја
предизвикува прераната смрт на својот родител. Но, како што Толе тешко го
напушта родното село Пелагон, така и Андреја мачно ја напушта татковина-
та и на тој начин е заокружен животот на овој впечатлив млад јунак во моето
прозно творештво. Сепак, него го среќаваме и во необјавениот роман „Вос-
крес“, каде сме сведоци на неговото враќање од туѓина. При ова не можеме, а
да не признаеме дека во повеќе елементи при градењето на ликот на Андреја
мошне лесно се препознава авторот ...


Еден од главните ликови во мојата проза е веќе спомнатиот Толе Џум-
ковски, татко му на Андреја. Тој е мошне впечатлив лик особено со огром-
ната љубов кон привлечностите во неговото родно село Пелагон, а и со мач-
ното „откорнување“ од него. Токму за „откорнувањето“ проф. д-р Благоја
Брајановски вели: „Описите што ни ги дава писателот се најубавите страни-
ци во романот; тоа се и најубави страници во нашата повоена македонска
проза“. Еве еден кус цитат за „откорнувањето“ на Толе од Пелагон: „Ајде! Не
чекајте! Откорнете ме, однесете ме, секнете ги во мене изворите на Пелагон;
изматете го во мене виното од лозјата! Само, ве молам, оставете ме да се из-
наплачам, но не со солзи, туку со сронување на многу грутки земја врз моите
избраздени дланки. Причекајте ме да го соберам целото путје од багремите,
од ливадите, од пчениците и да го понесам во пазувите, зашто без мирисите
од полето, брзо ќе ви умрам, синчиња мои!“


Толе Џумковски е нараторот на мојот прв роман, „Дамка“. Тој како лик
е мошне впечатлив и во романот „Синџир“. Неговата разделба, најпрво од
Пелагон, потоа и од синот Андреја, а најпосле и неговото загинување под за-
бревтаните тркала на локомотивата, тоа се мигови кои тешко бледнеат во
сеќавањата ...


Како Толе Џумковски, така и Марко Шаторковски е неизоставно при-
сутен во повеќе мои романи: „Дамка“, „Синџир“, „Дојденци на Хера“, „Црно
злато“, па и во веќе спомнатиот необјавен роман „Воскрес“. Марко Шатор-
ковски најпрво го запознаваме како првоборец во борбата за ослободување




36


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


од фашистите, а потоа како ослободител и градител на татковината, но и ка-
ко главен виновник за неизбежната миграција село - град. Тој континуирано
прави натчовечки напори да им помогне првенствено на своите соселани,
најпрво во селото, а потоа и во градот, со желба, со искрена настојчивост да
ги извлече од безизлезот во кој паѓаат, а за што чувствува и сопствена вина.
Со таквата настојчивост, тој на свој начин се диференцира како главна лич-
ност и оформен лик во мојата романескна проза. Во оваа пригода само уште
ќе спомнам дека немав творечка смелост да го завршам романот „Црно зла-
то“ сè додека татко ми беше меѓу живите мои прототипови. А кога се случи
неминовниот крај, тогаш дилемите веќе самите по себе беа решени ...


Како што секој човек во животот има пријатели, исто така има луѓе кои
се обидуваат да му го попречат патот. Така, како главна негативна личност во
веќе спомнатите романи е Гроздан Невеновски. Од разбирливи причини се
воздржувам да го именувам прототипот за градењето на Гроздановиот лик.
Но, тие читатели кои поодблиску ги познаваат изворите од кои се напојува
моето прозно творештво, мошне лесно ќе го препознаат. Битно е што тој лик
доследно се однесуваше на релацијата добро - зло до крајот на својот живот.
Впрочем, во таквото однесување немаше нешто ненормално, а со тоа и мош-
не воочливо. Впрочем, на сите страни околу нас има луѓе кои се радуваат на
нашите успеси, но и такви кои се радуваат на нашите неуспеси и порази.


На крајот би кажал збор - два за главниот женски лик во мојата про-
за. Без сомнение тоа е сопругата на Марко Шаторковски, Велика Параловска.
Таа е патријархална жена во нашата современост, која уверливо ги потисну-
ва во себе сопствените страсти и успева да ги скроти, па дури и да ги изгасне
за да му остане докрај верна на својот сопруг. А тоа што таа реално е доведе-
на до работ на неверството самото по себе мошне речито говори дека на вис-
тинскиот човек не му е ништо туѓо и несфатливо сè што е човечко.


Говорејќи за неколку поважни јунаци во моето прозно творештво, со-
сема сум свесен дека правам грев на мноштво други јунаци, кои овде вооп-
што не ги спомнувам. Но, концепцијата на овој респективен аудиториум тоа
не ми го дозволува, зашто и нема претензии на сеопфатност, така што споме-
натиот грев самиот по себе се елиминира. Свесен дека на волку скуден про-
стор не е можно да се каже нешто повеќе, останувам со надеж дека тоа веќе
поопстојно е сторено во другите мои романи, такашто тоа што не успеавме
да го кажеме овде, тоа тие ќе го сторат пред своите читатели. Со таква надеж
и го завршувам ова мое излагање.




37


Трета Роднокрајна средба…


D-r Cane Zdravkovski


MY HEROES


My whole proze literary work is in a way my biography. I started it in the
far 1956 with my first published story “Partially stated in words”, dedicated to
youthful inconsistency not to say unfaithfulness, in the time when I was a student,
when youngsters easily “jump” “from thorn to thorn”, without living a trace of a
scar because of their sin. It is the time of the development of the cycle of stories
about the Pelagon, the hero leader Andreja Dzumkovski published in my first
collection of songs “Uprooting”. Of this nice young man, not without fascination,
in those times I spoke like this: “Hot hands always are stretched towards him, he
accepted them with passion in full surrender. No, no Andreja was not accepting
them. Andreja was not unfaithful. It was only a crazy dance of the Pelagon blood.
The wind was always rustling in his blood and he was reaming the girls around
him.” Tole Dzumkovski is the narrator of my first novel “The Stain”. As a character
he is making a big impression in my novel “The Chain”. His separation, in the first
place, from Pelagon, later from his son Andreja, at the end from his life under the
rumbling wheels of the locomotive, these are moments that hardly fade away from
my memory…




38


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Владимир Костов


АТРАКТИВЕН РЕАЛИЗАМ


Сеедно како се именуваат
и класифицираат литературни-
те правци и сеедно со каква аргу-
ментација теоретски се елабори-
раат, белетристичките форми на
нивните автори верификувани
се со печатот на времето во кое
се создадени и со потписот на
авторот кој е чедо на своето вре-
ме. Поинаку речено, тие се опш-
тествено и историски детерми-
нирани. Што се однесува до ав-
торството, тоа може да се потвр-
ди со името и презимето на авторот или авторот тоа да го стори со псевдо-
ним, но тој во никој случај не може да ја избегне својата идентификација за-
што стои зад секој збор од вокабуларот на својот уметнички текст. Дури и во
херметички затворени дела, тој ќе најде начин да се пројави како менс - легис
на уметничкиот текст, оклештен дијаболично или во лик на Агнус Деи. Во
разногласието (по Бахтин) на уметничкото дело или во какофонијата на овој
вревлив свет, неговиот глас евангелски ќе се огласи зашто уметноста е рели-
гија со сите атрибути што £ припаѓаат, а најмногу со мистиката во нејзината
основа, од едни сфатена како повторно соединување со Бога, од други антро-
полошки реализирана преку човекот како Бог. Вака сфатено, делото на умет-
ничката литература се пројавува како духовен производ, супстантивизиран
во својата содржина преку „волшебната“ формула вокс попули - вокс Деи.


Иако креацијата е индивидуален чин, таа ќе биде реализирана само ако
е поттикната и активирана среде милјето на сложените општествени систе-
ми, проникнати со идејата за хуманизам. Проникната со родољубие, ќе биде
родољубива само ако е истовремено и човекољубива. Меѓутоа, според акту-
елниот национален и светски тренд, литературата креирана според тој прин-
цип може и во најголем број случаи се пројавува како дехуманизирана, како
естетски феномен опстојувајќи и сама по себе и сама за себе, но, парадоксал-




39


Трета Роднокрајна средба…


но, само наспроти нејзиниот хуманистички ангажман, како негова негација
при што кај тој вид литература (формалистичка во сите нејзини варијанти)
катарзата доаѓа по истиот пат по кој дошла до својот поетски апогеј, но изо-
ден во обратна насока според примерот на античките трагедии.


Во современите литературни дела, создавани во епоха на сеопшта кри-
за на моралот, констатираме и криза на естетиката. Испразнети од содржи-
ната, тие се лишени од формата како од нејзин духовен екстракт, па се нала-
гаат како сеништа, како фантоми од стрип - сториите кои покрај во улични-
от печат, парадитираат и во детските списанија. Потенцирам, како фанто-
ми, а не како духовна вредност, како духот во Хамлет наспроти кој данскиот
принц се отелотворува, и не како Исус кој со „смртта, смртта ја победи“.


Обесветена и профанирана, консументите на таа квази - литература,
на тој книжевен сурогат, при недостиг на критичко мислење, ја прифаќаат
неа како етичка и естетска вредност, пласирана од различни центри на кул-
турно-политичка моќ како духовна храна. Особено таа културна диверзија
се врши во духовната и во емоционалната сфера преку моќните средства на
пропагандата, божем како цивилизациска придобивка. Доведени сме во ап-
сурдна ситуација: квази - културата преку таканаречените бестселери и хит-
изданија, пласирани на книжевниот пазар во огромни тиражи, се промовира
како врвна вредност. Во скалата на естетските и моралните вредности, суб-
културата ја потисна вистинската култура. Дури се оди во таква крајност,
општествено ангажираната литература да се смета за нуспродукт; уште ако
оди со нагласен алтруизам, да се анатемиса како ерес.


Оттаму претпоставувам дека Сартр (кој се смета за творец на поимот
ангажирана литература), наместо традиционалниот термин порака на дело-
то во смисла на неговата хуманистичка мисија, го употребува поимот „апел“
со она алармантно SOS на брод што тоне. Има ли кој да го чуе тој очаен по-
вик? Има ли спас за бродоломниците? Спасот е во ангажираната литерату-
ра, но пројавена во нова, атрактивна форма, во форма, - звучи парадоксал-
но - во форма на бестселер! Тоа значи, да се победат кичот и шундот со нив-
ните изразни средства, сликовито речено, да се победи ѓаволот со неговото
оружје на негов терен, во неговиот пекол.


Ако треба вербално да ја дефинирам таа и таква литература, и би ја
дефинирал како атрактивна со сатирата како нејзин спиритус мовенс во си-
те нејзини форми: содржински како активистичка, борбена, социјална, идео-
лошка, политичка, филозофска, моралистичка и тн., но бидејќи таа е умет-
ничка литература, истовремено и интересна, привлечна, примамлива, мил-




40


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


на, милозвучна, вчудоневидувачка, волшебна итн. во таа естетска насока, а
пред сè катарзична. Стариот добар реализам - особено оној со фолклорна
провиниенција, карактеристичен за нашата книжевна средина - да се обле-
че во ново руво.


Тоа ново руво не е како што е новата мода во облекувањето, поточно
во стриптиз соблекувањето; не е во тоа што во литературниот текст се на-
пушта ортографијата, па и тој се пројавува соголено; промената не е, значи,
соблазнително помодна, туку длабинска, океанска, интуитивно насетена уш-
те од Артур Рембо во неговата поема „Пијаниот брод“, кој во поетовата ви-
зија е антиципација на луксузниот брод „Титаник“, тргнат да плови од Анг-
лија во Америка, но кој удирајќи на санта мраз, претрпе бродолом.


Литературата не е луксуз. Таа е општествена свест и совест. Лишена од
тоа својство, а наконтена атрактивно, тоа е шунд и кич, историски обуслове-
на, сеедно во каков контекст се реализира содржината на книжевното дело,
тоа бара соодветна форма. Овде може и треба да се постави прашањето: на-
калемени на ангажираната содржина, нема ли атрактивните форми на шун-
дот да ја одбијат таа форма како туѓо тело? Или, сеедно, формата да ја одбие
атрактивната содржина? Впрочем, Достоевски, кој беше рекол дека убавина-
та е таква сила што може да го спаси светот, своите теми ги преземал од цр-
ните хроники на дневните весници.


Покрај мноштвото новитети во сите области на животот нема причи-
на тој калем да не се прифати како новитет; покрај неореализмот, магискиот
реализам, поетскиот реализам и мноштвото други „изми“, атрактивниот ре-
ализам, што се заговара во овој свет, може да изигра значајна улога во ели-
минирањето на доминацијата на шундот кој како ‘рѓа го јаде духовниот жи-
вот на луѓето. Оваа моја пилот-идеја, која сама по себе е атрактивна (можеби
и шокантна), без претензија е да се понуди како литературен манифест за кој
претпоставка е посицрпната и попрецизна елаборација. Мојот залог во тој
поглед е мојата литературна визија проектирана во моето литературно тво-
рештво, парадигматично во ликот на Учителот од истоимениот роман кој го
сметам за роман - фокус во кој се апсорбирани сите мои литературни идеи,
вклучително и идејата за атрактивен реализам. Дисперзиран речиси во сите
други мои романи, новели и раскази, тој модел може да се препознае и во ли-
кот на Вујко од романот со ист наслов кој е пандан на Учителот, негова сати-
рично - параболична верзија, негова опачина преку која денес светот повеќе
се пројавува отколку преку своето лице.




41


Трета Роднокрајна средба…


Vladimir Kostov


ATTRACTIVE REALISM


No matter how we name or classify the literary styles and no matter of the
arguments of their theoretical elaboration, the belletristic forms of their authors are
verified with the seal of time of creation and writer’s signature being a child of his
own time. In other words, they are determined by the society and the history. As
far as the authorship is concerned, it is confirmed by his name and surname or his
pseudonym, but he cannot avoid his own identification, because he stands behind
every word of the vocabulary in his belletristic text. Even in the hermetically closed
works, he finds a way to introduce himself as “mens legis” of the belletristic text.


My literary vision projected in my literary work, paradigmatically in the
character of the Teacher in the same - titled novel I take for a novel – focus of
all my literary and philosophical ideas including the idea of the attractive realism.
Dispersed in almost all my novels, novellas and stories, the model can be recognized
in the character of The Uncle in the same - titled novel who is a pendant to The
Teacher, his satirically – parabolic version, its reverse side through which the world
of today functions rather than though his own face.




42


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Никола Кочовски


КАКО НИКНАЛЕ МОИТЕ ЛИКОВИ


Поседувам ли волшебна
прачка?


Смешно прашање? Па ка-
ко инаку да речам. Дали е мојата
пишувачка рака, со моливот во
неа, волшебна или е обичен про-
изведувач на нешто за што е пот-
ребна „суровина“?


А каде би била суровината
за мојот производ?


Веднаш ќе одговорам. Су-
ровината е во мене, насобрана со
моите очи, со моите уши, со мое-
то перцепирање на светот во кој
сум се случил. И во тоа што го напишала мојата рака, внесен е дел од мене.


И сигурно е, не сум јас исклучок во тоа. Секој писател, творец во вис-
тинската, кај нас усвоена смисла, пишувајќи за луѓето, за нивниот живот, за
нивните односи меѓусебни, пишува, всушност, за она како ги сфаќа луѓето,
како ги гледа, или како би сакал да ги види. Тоа е простата причина што зад
секој создаден книжевен лик, се крие авторот. Авторот со своето, некогаш,
одобрување, или дури и потполно согласување како со оживотворена слика
која е поистоветена со неговите сфаќања, погледи, а некогаш, пак, исто та-
ка, со своето неодобрување, давање можност да дојде до израз, евентуално,
и сета опачина на она што е спротивност на неговите разбирања за животот
и човекот во него. Претпоставка е, при ова, дека тие авторови разбирања се
позитивни, хумани и напредни, зашто само тогаш добива вистинска смисла
творечкиот чин. Се разбира, таа позитивност, хуманост и тн., може да биде
директна, индиректна, алегориска, во разни конкретни форми. Тука се надо-
врзува и прашањето за пораката на уметничката литературна творба, за сте-
пенот на нејзината вредност, која, секако, ја прават и повеќе други чинители
на писателскиот труд. Додавам уште: кога велам авторот е во делото, речиси
воопшто не мислам на “користење” на некои негови манифестирачки лични




43


Трета Роднокрајна средба…


особености како физичка даденост, туку на пренос (преку тајната на писате-
ловиот занает) на она што е многу позначително, она што ја чини авторовата
добро оформена морално-интелектуална индивидуалност, до која израснал.


Би имал, секако, многу примери, како потврда на реченото погоре, но
бидејќи темата на денешнава средба предвидува да се осврнеме на сопстве-
ниот творечки учинок, ќе се задржам само на неколку, така да ги наречам, се-
бесогледувања. И веднаш насетувам дека обидот ќе ме доближи, бездруго, и
овојпат, до она што на претходната, ланска средба овде, го реков и со самиот
наслов на тогашното мое излагање: “Актуелноста, и без да мислам, си доаѓа”.
Зашто тоа е еден круг, она што е мое, присушто на автор кој сериозно и одго-
ворно мисли, и е одразено во моето творештво. Како актуелност. Како нешто
во кое сум се рефлектирал јас со своите верувања и стремежи.


Има во мои раскази, и не само раскази, автобиографски секвенци, или
наслаги, или и целости, во кои сум се пренесувал себеси, негде со душата, не-
где со мислата, кои овде нема да ги посочувам, иако автобиографската фор-
ма, прикривана, а недоприкриена, била, всушност, првата моја врата во ли-
тературата. Ќе се обидам да подизбегнам од тоа, од автобиографското. Ама
тешко се успева да се избегне од доживеаните вистини.


Се навраќам на расказот “Чекање” (од првата моја збирка “Зарезготи-
ни”), сега темелно преработен како приказна за можноста на среќата во ре-
алноста и во сонот – само што и во него, копнежите, со сила на мечтите изну-
дената слика-доживување на вљубениот млад учител – се проекција во која
се рефлектирала душата на авторот. Оттогаш, од младите години.


А зарем расказот “Годишнина” (подготвен во најнова збирка за објаву-
вање), не е проекција на огорченоста на авторот дека со светостите од мина-
тото се случувало да се поигрува и најдолниот пијаница?


Или во расказот “Одѕив” (преземен од “Современост” во едно претс-
тавување на македонската литература во југословенските “Књижевне нови-
не”). Зарем историјата на една жена, злоупотребена и злоупотребувана од
директорот од кого £ зависела работата и егзистенцијата – не е израз на ав-
торовата огорченост од дејствителноста во т. н. социјалистички поредок, на
авторовото вселување во душата на таа жена?


Исто како што и во расказот “Калинка” (во збирката “Нов бран”), е
рефлектирана пак авторовата индигнација, но сега во однос на младата де-
војка Калинка, вработена во овој, транзициониов период, кај приватен бакал
– и злоупотребена, злоупотребувана!




44


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Во ликот на Виде, од драмскиот текст “Дичовица, млада невеста” (со-
здаден во седумдесеттите години), се обидов да го отелотворам моето уште
одамнешно гледање со неодобрување на еуфоричното иселување преку оке-
аните и во Европа, кое, според драмата, продуцира раскин на една љубов и
еден брак кога нашиот млад човек таму (во срцето на Европа), се нашол со-
очен со примамливото, но и многу нездравото. Секако, свитливоста на ка-
рактерот на протагонистот Виде е во функција на успешното докажување на
погледите на пишувачот, кои во никој случај не беа само плод на замисла, ту-
ку на реалност произлезена од самата живејачка, во која сите ние, помалку
или повеќе, сме од месо и од крв.


Своето гледање, своето верување за соживотот меѓу Македонците и
Албанците авторот “им ги позајмил” на Фидан, од една страна, и Амет со
жената, синот и внукот, од друга страна, ликови во расказот “Луѓе сме” (од
збирката “Времето на татковците”). Спасувајќи го Македонецот – ранет вој-
ник во екот на фашистичката наезда, албанското семејство го скрива и исце-
лува со прекрасна хуманост од која ќе се роди срдечно пријателство и побра-
тимство. Со ова сакаше авторот да ги вдахни ликовите, зашто го има чуено
како автентичен случај.


А во расказот “Кон засолниште” (од збирката “Нов бран”) страдаат не-
моќните жени муслиманки во Босна, станувајќи исказ на авторовата осуда
на војната како тешко безумие. Осуда вее речиси од секоја страна на сати-
ричниот расказ “Ден од седмицата на функционерот Ренков” (од збирката
“Јаве и сништа”), каде ликот на општинскиот моќник од времето на измина-
тиот општествен поредок, функционер надуен со важност, е жално празен
од и најмали познавања за културата и за сè друго надвор од неговата алч-
ност за стекнување. Слична осуда дише и од расказот за корумпираната про-
фесорка, “Скриената насмевка на Роки” во истата книга. За целава спомната
книга, за јавето и сништата, ме држи убеденост небаре се проѕирни страни-
ците и зад секоја од нив се наѕира авторот, со својот јасен став, иако ненамет-
нуван со коментари. Дури и во фантастичните раскази, алегориски и без але-
горија, секогаш, по последната точка останува “надвисната” грижата или за
безработицата со сето зло кое таа го носи, или за длабоките човекови слабо-
сти, или општо за иднината на планетава. Во ликовите за кои зборува, е ав-
торот со својата размисла. Сепак, посебно сакам да го посочам на средбава
расказот “Јазикот на каменот”, во кој лошо разболениот млад уметник-каме-
норезец Мирјан, коњушар кај турски паша, насетувајќи си го блискиот крај,
длабоко е обземен од грижата, што да направи за да останат и по него зачу-




45


Трета Роднокрајна средба…


вани неговите камени резби. Може ли таа грижа да е туѓа за кој било умет-
ник творец, па и за прозниот писател, кој се досетил и на тоа човечко пра-
шање да го сврти читателовото внимание? Чија грижа, всушност, ја искажу-
ва ликот Мирјан? Вистина, горното е само една подробност во расказот, во
која, можеби, и нема секој читател толку да проникне.


Во ликот на раскажувачот во прво лице во расказот “Придружник” (од
збирката “Времето на татковците”), се сместува речиси наполно авторот, иа-
ко во навидум наивна и некоментирачка форма. Овој тукашник, дочекувајќи
го и придружувајќи го малку подолго време својот братучед Жаре со жена
му, големец од Белград со завршено политичко училиште, доживува многу
нешта кои ќе му кажат и нему и на читателот за тесната, бедна душа на гос-
тинот кон кого биле упатени големи надежи, како и на неговата сестра Јелена
со болно, неподвижно дете в постела – бесчувственик од кого зрачи лага со
секој изговорен збор на ветување, а е обземен само со својот конфор, ужи-
вање и планот да ја лиши сестра си и од куќата на умрените родители. Треба
ли коментар за намерата на авторот? Прашање би можело да се постави само
доколку е таа постигната.


Грижливата критичка нагласка сигурно ќе се насети и во поголемиот
расказ “Нов бран” (од истоимената збирка), во кој речиси зад сите ликови,
пуштени да дејствуваат во условите на транзициската корупција, енергич-
но е застанат авторот, за да ги покаже многуте искривулчени патишта по кои
се движат луѓето под ова поднебје: од снаодливиот имотен селанец Славко
Трупишнов, свикнат отсекогаш да гледа напред низ широко отворениот хо-
ризонт на подмитување, преку разгалениот негов син Бесцен, научен друг за
него да добива оценки и во средното училиште и да му “пробива” пат и на
факултетот и во војската, така што ќе достаса до мигот кога сè пред него се
урива, а сам тоне во зависност од дрогата, па до обичниот шеф на автотранс-
портно претпријатие кој го краде тоа претпријатие колку што може повеќе.


Може вака да се оди до многу далеку. Но да се задржам на некој од ро-
маните.


Од романот “Омразениот цвет”, со главен лик Веле, кој и физички и
емотивно-темпераментски израснал многу сличен на мене, доволно ќе биде
да се задржам на една, навидум, не толку клучна сижејна компонента. Име-
но, на повремените влегувања на младиот Веле во собата на силно саканата
Билја, каде за негова мака, се две сожителки, другата е Билјината ривалка Ја-
сминка, неинтересна за него и полна со горчина и злобна осилавост, со која
во секоја дадена пригода се труди да му врати. А тој, бидејќи уште не е госпо-




46


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


дар на срцето на Билја, страда со секое влегување, си изгледа на себеси бед-
но кутар, во смешна положба. Но, не може поинаку, во име на љубовта, про-
должува да го прави тоа. Да се понижува. Го објавив ова и како фрагмент,
ако точно се сеќавам, под наслов “Влечењето на срцето”. Непријатностите на
протагонистот Веле ги чувствував толку мои, што за тоа објавување придо-
несе и мотивација од мојот личен живот, како службеник: предавав во учи-
лиштето особено несакан предмет, но трпев, тоа го правев, како и Веле, во
име на нешто повозвишено – во мојот случај: леб за моите деца. На еден тука
меѓу вас, за ова сум му раскажувал.


По нешто слична прикриена подробност, а многу своја, вткал овој ав-
тор и во романот “Без свое јато”. Всушност, во една мошне деликатна состој-
ба, меѓу централниот лик Адам и жена му Лида искрснува целосно несла-
гање: Тој, Адам, жали и би сакал да ја помогне спречената љубов на “ќерката”
Јагна, која му е многу блиска на срцето иако не е негова крв (донесена му е
во бракот зачната од друг), со неговиот роден, помлад брат Растем, дојден од
Австралија. Жена му, длабоко патријархална, веќе оптоварена со својот грев,
никогаш непризнат од нејзината уста, а заплашена сред една сложена психо-
лошка ситуација во врска и со нивното помало, заедничко дете, згрозена од
откритието на таа љубов, и не ни гледајќи со блокираниот ум на фактот де-
ка “роднинството” биолошки не постои, запаѓа во тешка халуцинантна ноќ-
на хистерија – љубовта бидува уништена. А дури и некои од критичарите го
осудуваат печалбарот Растем за инцест, неосновано засегнувајќи го и Адам,
а и мене, авторот, зашто и двајцата тагуваме за таа љубов како за нешто живо
и убаво, осудено на гибел. Секако, неразбирања во литературата имало. Но
зборот ми беше дека и Адам и јас, авторот, со своите погледи тука сме еден
ист субјект.


Но, проблеми и романи уште има.
Пред тешкотии во детскиот и младешкиот интимен живот е ставен ли-


кот Раско (во истоимениот роман), и тоа е реалност во која сосем природ-
но се нашол тој, како син на Македонка и на Албанец, и душата му врие со
несреќност, предодредена од судбината. Тука е авторот со своето жалење и
својот неизречен, но јасен апел. И него го боли како страдниот Раско, за чо-
вечко место во животот, зашто е тоа така. Тагата на Раско е и тага на авто-
рот. Пред Алах или пред Господ да се моли Раско? Ами зарем не е тој еден. И
не создал ли еднакви созданија, макар и под двете имиња? Раско е суштество
кое го знам, со кое сум навикнал во мислите, небаре од раѓање сум го гледал.
И ми се чини, и на улица ќе го сретнам таков каков што го имам во мислите.




47


Трета Роднокрајна средба…


Треба ли поголема идентификација на авторот со создадениот лик. Тој е не-
гова рожба со која си го меша идентитетот. И му е досудено да живее со неа
сè дури е жив.


Зашто верува во тоа што го пишува.
Понатаму, се надевам, секој кој го прочитал романот “Деца на мајката


земја” открил дека централниот лик Новко е носител на сфаќања и расудоци
кои го одликуваат секој сериозен и одговорно критичен човек денес кај нас,
за каков си допуштам право да се сметам и јас, писателот на книгата.


И на крајот, во новиот роман “Соседовата кокошка”, кој се надевам ќе
се појави во текот на оваа година, централниот лик Благој, макар колку да
е, првично, носител на грешки, во натамошните страници, станувајќи про-
куденик од татковината без враќање, до крајот на животот останат зад оке-
анот, отрезнувајќи се од младешките занесувања кои го однеле таму, бавно
но и целосно се разбудува, согледувајќи ја големата своја заблуда за она што
мислел дека ќе го најде надвор од татковината. Сите тие сознавања за нашите
губитници таму, се гледишта мои, на авторот, кој длабоко сум убеден во тоа
што мисли и си го кажува мојот лик, Благој, та и книгата завршува со него-
вите зборови: “Лудост! Лудост!” Таму тој доживува, како еден силен охридс-
ки пливач се удавува среде крајокеанските витли заробен под вода, со вкле-
штена нога меѓу карпите. И одродувања на наши луѓе. И многу други нешта.
Зашто тоа го видов и јас. И го доживеа тоа резонот во мене.


Ако на минатогодишната средба исклучиво изнесов делови од мојот
личен дневник како творец, овојпат само ќе завршам со две кратки белешки
од истиот тој дневник, запишани пред да завлезам во ова себесогледување:


30. февруари 2008 год.
“Јас не сум јас. Мене речиси 99 насто ме нема. Јас сум ликот. А преку


него, преку неговата целосна поставеност – егзистирање, дејствување, мис-
лење, говорење – ги постигнувам своите цели во замислата.


Ова сознание, во моментов уште еднаш, повпечатливо го доживувам
како вистина за себе, споредувајќи се со еден друг битолски писател, од кого
скоро читав книга.”


29 март 2008 год.
“Што се однесува барем до мене, треба да нè сфати граѓанството: писа-


телите не се тие што ги гледаат по улиците, тие се, највистинските, во книги-
те, што значи, во ликовите што ги создале.”




48


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Nikola Kochovski


THE WAY MY CHARACTERS SPROUTED


Do I own a magick stick? A Funny question? How to express myself in a
different way? Is my writing hand, with the pen in it, a magic hand or it is a simple
producer of something which needs a “raw material”. But where should I find the
raw material for my product? The raw material is in myself, absorbed through
my eyes, my ears, through my perception of the world in which I happened to
be born. In that what my hand has written I have a part of myself. Every author,
writing about the people and their lives, about their relationships, he puts on paper
his own understanding of the people as they are, or as he wants them to be. For
this simple reason behind the created literary characters, their author hides. The
author with his agreement or disagreement gives the reader his life views and his
full understanding of life as well as giving the opportunity to the the reverse side of
his views and understanding.


Only when there is a supposition that the writer’s understanding is human,
positive and progressive, only then the creative act receives its right sense. This
positive and human thought could be expressed directly and indirectly, in an
allegoric form or in many other forms. Here comes the question of the message of
the belletristic work, its value level and, of course, the other factors influencing the
author’s work.




49


Трета Роднокрајна средба…


Панде Манојлов


ДА НЕ СЕ ОСТАНЕ ОТСУТЕН ЛИК ПРЕД БОГА


Од првите почетоци на
моето творештво кои започнаа
во познатата битолска Гимна-
зија (која во своето повеќедецени-
ско постоење го менувала своето
име, за сега сè уште да се вика „Јо-
сип Броз - Тито“), пред нешто по-
веќе од четири децении, никогаш
не сум сакал да бидам „контроли-
ран“ автор. Над сите „контроли“
секогаш сум сакал да доминира
моето „лично“ и автетично неза-
доволство од општествените со-


стојби и положбата во која се наоѓала или наоѓа мојата татковина Македонија,
макар истото било со низа слабости. Личната идентификација ми била глас-
носта на татковинската тема, без поставување граници. Свет кој го обликував
и во култните времиња на социјализмот, пустошењето на мојата татковина низ
пустошот на селата низ селидбите и преселбите во стиховите на мојата деби-
тантска стихозбирка „Црвен немир во црвено пламти“ (1971):


„На невиен дорија
мислите јаваат.


Затревен пат.
Море од трње.
Тишина гробна в капини спие.


Искра по искра
огнот се гасни...


Лудувај Македонијо во моите солзи
матни од спомени




50


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


црвени од тага“
(„Тага за југ“)


Позицијата на млад автор во тие времиња со „подруга“ свест, со некол-
ку реда ја одбележи само, сега покојниот Петар Ширилов кој, по прочитот на
книгата специјално допатува од Скопје во Битола само да ме запознае и да
ми честита на храброста и да прославиме со чаша боза за утопијата на истос-
та на прогонетите (тој - Егеец, јас со егејски корени).


Татковината, Македонија, во тие времиња беше музеј на егзотично-
то, изолирана именка во рамките на општојугословенското, маргина во мар-
гиналиите, време во кое општото беше над личното, а личното татковинско
чувство знаеше да биде детерминирано како „гротексно-иронично“. Но, мо-
ра да се признае дека суптилната контрола немаше таква моќ како во други-
те земји од Источниот блок или таканаречен Социјалистички лагер. Егзилот
беше наметнатата самоизолзција и честопати „молк“ за делото, како истото
воопшто да не се појавило. Казна не беа занданите туку безименоста во гло-
балната општојугословенска опстојба: првен ќе ја воспеваш Југославија, пар-
тијата и водачот, а потоа можеш и сопствената тага за некоја татковина во
селски рамки, за да не се налути и полјакот од тоа твое „село“, но и полјаците
од соседните села (Грција, Бугарија, Србија и Албанија).


Само за потсет: во тие шеесетти години, ние, тогашните млади генера-
ции, знаевме ли нешто за Мала Преспа, за Пустец? Ништо! Скриената камера
на сеќавањата на повозрасните генерации од страв или некаква си автоцен-
зура не сакаше да го репродуцира скоро виденото.


Како „неконтролиран“ автор следеа и песните од моите стихозбирки
„Соѕвездие на болот“ (1977) и „Огнена земја“ (1983, во коавторство со Љубо-
мир Груевски).


За мојата двојно „контролирана“ стихозбирка „Песни за Тито“ која ја
напишав и објавив по налог на македонската патриотска дијаспора од Авс-
тралија, која се бореше за самостојност на Македонија, а првите контакти ги
имав 1979 година (Панко Стамковски, Стојан Сарбинов, Џим Антон и дру-
ги), во друга пригода.


Тогаш, во тие времиња „мораше“ да се биде соц-југословен како сега
транзиционен западен Балканец: смееш да пишуваш за еко-татковината (пак
селска или модерно проевропски речено - рурална), но не смееш да ја навре-
диш Европската Унија, не смееш да го навредиш глобалното село со единс-
твениот полјак - НАТО.




51


Трета Роднокрајна средба…


„Неконтролиран“ од проевропските идеи, настроен антиглобалистич-
ки, со длабоки македонски чувства во себе, чувствувајќи дека татковината
ни е во опасност и пред разнебитување на нејзиниот идентитет, во 2005 го-
дина ја издадов стихозбирката „Љубов и чемер“. За да судите за мојата „бун-
товна“ неконтрола ќе цитирам само една моја песна:


Т а п и ј а


Во потрага
по небиднина
и по Илиндени
со години
го баравме сонот.


Се прашувавме
што стана
со Великиот:
беше ли наш
и македонски?


На крајот,
пред будење,
како на првачиња
ни рекоа
дека сме варвари.


Дека варварите
немаат крал,
немаат држава,
ниту знаме,
ниту историја.


Новата тапија
со показалец
да бидеме мирни
ни ја заверија
во европскиот катастар.




52


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


„Неконтролирано“ во мојот чемер од оваа стихозбирка пишував и за
македонското ропство над Македонците, едно од најтешките ропства што ги
преживувал и преживува нашиот човек:


А р а м и и


Едно
гладно детенце
од самопослугата
украде чоколадо.


За стореното
дело
го истераа
од училиште.


Еден
дебел директор
на работниците
им ја украде
фабриката.


За стореното
дело
го избраа
за министер.


Денес, како да не постои контрола. А како да постои кога ретко во Ре-
публика Македонија некој чита, поготово поезија? Може ли во едно транзи-
циско време, кога не се контролира криминалот, да се контролира стихот?
Книгата не се оценува или се оценува поединечно и изолирано ако припаѓаш
на некаков си клан. Но, како ништо да нема значење, не се слуша ни фонот,
а не гласот на стихот. Дури државното службено уво на тајните служби како
да оглувело...


Нивна државна констатација е дека поетите, писателите се тевекелии,
нетокму, ниту будали ниту луди за да бидат затворени во душевни болни-




53


Трета Роднокрајна средба…


ци... Незнаејќи притоа дека зборот тевекелија има друго значење: миг на ко-
муникација на човековата душа со Бога!


Мојот дом за македонското и македонштината, во овие луди и налуд-
ничави денешни времиња, кога светот, правејќи не нас луди, се прави луд
(со исклучок на чесните кои знаат и кои сме и што сме и која и што е Маке-
донија), го врамив годинава, во македонскиот уриет кога повеќето од нас се
срамат да речат Македонија, туку се чукаат в гради дека сме само Републи-
ка Македонија, во стиховите од стихозбирката „Тевекелиски песни“. Гонет од
стравот дека ќе ни го сменат вековното име, брзав „тевекелиски“ како теве-
келија, со стих да кажам кои сме и што сме, пред маглата да падне над моја-
та татковина која сè уште се наѕира од адот на соседот и котелот на големиот
Сатана.



„За да му кажеме
на светот:
Македонија е во Македонија,
сонце во капка роса,
чиста пазува
на гордоста!“
(„Сонце во капка роса“)


Едноставно, и со оваа книга не сакав да премолчам, а најмалку контро-
лиран од менанџерите на балканските историски глупости.


Со зборот тевекелија што го нема во Речникот на Македонскиот јазик
сакав само симболично да го протолкувам мојот духовен немир, да ја про-
толкувам љубовта на Македонецот и недостижната негова опстојба, да го
протолкувам сопствениот немир скриен во пространствата на среќата но и
на злото.


Наместо поетиката, во оваа стихозбирка помили ми беа зборовите во
слава на Татковината, во чест на зората на македонскиот опстанок, макар би-
ле тие и убиствени.


„Неконтролирано“ и пред есенските бури треба да се стои без страв
дека листовите од дрвјата ќе испаднат. Стиховите не се листови, ами се за-
пишани на листови. Тие, како запишана мисла, не пожолтуваат и не паѓаат.
Ако поетот, писателот, не е бесмртен, бесмрттно е неговото дело. Само едно
и единствено треба: и покрај сите стеги и покрај сите башибозук-времиња,
творештвото да не остане отсутен лик пред Бога!




54


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Pande Manojlov


NOT TO REMAIN ABSENT CHARACTER IN FRONT OF GOD


My literary work beginnings were around fourty years ago in the
Gymnazium “Josip Broz Tito” Bitola and since then I have never wanted to be a
writer “under control”. Above all the “controls” I wanted my “personal” authentic
unsatisfaction to dominate inspite of the unwanted state in which our society and
my country Macedonia was fallen into. My personal identification has always
been my homeland theme written “aloud”. The ruination of my fatherland brought
chaos in the villages. It was the reason for the migrations. I wrote about this in my
collection of poems “Red unrest in red burns” (1971)


“An invisible horse
the thoughts ride on


Grassy road
the Sea of thorns.
Death silence in the blackberry sleeps.


Spark after spark
the fire burns out…
O Macedonia be crazy in my tears
from memories vague
from sorrow red.”


Free from any control over me even before the autumn storms I had to stand
without fear that the leaves will fall down under the trees. Verses are not leaves, but
the text is written. They with the thought written on them do not turn yellow and
do not fall down. If the writer is not immortal, eternal is his work. There is only
one thing needed: besides all the cramps of time and all the times in chaos, the
belletristic work not to remain an absent character in front of God.




55


Трета Роднокрајна средба…


Весна Мундишевска Велјановска


ИЗВОРОТ НА ЗБОРОТ


„Поезијата е исто што и
создавачките сили на Вселената,
зашто Зборот е способен да ста-
не наша Суштина... Се сеќавам
како некогаш... како Огнен столб
ми се причини, ми се покажа Со-
здавачкиот збор... Јас никогаш не
се откажав од реалноста на тоа
видување.“ (Генадиј Ајги)


Поезијата не е само збор,
не е само мисла, не е само тука,
не е само таму и не е само вчера
и не е само сега, таа е ерупција од


слики беспросторно врамени, помалку од миг, а повеќе од вечност. Таа е ник-
нување, немо бранување на нескротливи мечтаења и стварности.


Поетот нурка во длабочините на космосот, трча по патеките на бес-
крајот неуморно трагајќи по збор – извор непресушен. Во една прилика, раз-
мислувајќи токму на оваа тема, запишав:


Бескрајни се полињата на Универзумот.
Сепак, неуморно низ нив ора Човекот.
Недогледни се ридовите на Умот.
Сепак, им зеленеат лисјето и им белее снегот.
Недоодни се патиштата на Денот.
Пустини и оази исфрлаат на брегот.
Недостижно е срцето на Изворот.
Го допреш ли, се раѓа Зборот.


Бележејќи ги овие стихови постојано го имав на ум изворот што секој
човек го носи скриен длабоко во дамарите, извор што ни ги преплавува срцата
со радост, што ни ја гали душата со милина, но и извор што клокоти од немири
и знае да надојде како лавина. Во потсвеста и денес редовно ми се развикуваат




56


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


„Зборови
охрабрувачки настегани
во надојдена река.“,
а ме одржуваат во живот
„вербата,
самоисцелувањето
и извесноста
што трпеливо чека.“ („Конфликт“)


Она што некако ми се наметнува како основна нишка на творечкото
расплетување, се разбира, мислам на моите поетски испливувања, е постоја-
ното навраќање кон себеси, нуркањето кон дното на душата, метаморфозите
во ликот на цветот, дрвото, пчелата, птицата.


Во лавиринтот на бидувањето, некаде пред вратата на одамнасоздаде-
ните римски базилики, еден мозаик потопен во разнобојноста на срцебие-
жите на младоста го растргнуваат јужните ветрови што ја галат песокта. До-
ловувајќи ги боите на перјата на духот, уживајќи во споделувањето на мигот
на радоста на откровението со читателите, запознавам и доживувам убави-
на како најсовршен облик на перцепција на себеси и светот. На тој начин ја
имам можноста да допрам во тајните на мудроста на живеењето и ќе речам:
„Ослободено од времето / в шума се врати дрвото, / да се стопи во единстве-
ност. / Впивајќи силно / од дождот на вечноста, /кората издиши / мудрост“.
(„Будење 3“)


Користејќи ги неисцрпните природни богатства, сонцето, небото, ѕвез-
дите, Месечината, дождот, виножитото, цвеќињата, дрвјата, птиците, истите
ги ставам во функција на отелотворување на човековите карактери, непро-
мислености, подлости, но и мудрости, и низ сите нив се откривам и себеси.
Стегајќи ги силно конците на таквиот витраж, доаѓам до сознание дека


„истрајувањето
ќе ми ја открие
волшебноста на пејзажот.“ („Ридот-музеј“)


Учејќи лекции од природата низ постапките на птиците, созревам. От-
кривам дека не е доволно само да се допрат висините, туку дека треба да се
биде одмерен во летот, да не стане претесен светот. Лесно е да се освојува со
крилјата на зенитот “обликувајќи од просторот чуда” и уште – неумесен е




57


Трета Роднокрајна средба…


напорот за пребојување по туѓ крој – уметноста на живеењето е во тоа да не
се биде сечиј туку свој.


Од сликата на црвот што „во пеперутка првна“ уште една лекција врв-
на со која го разголувам надвладувањето, безкрупулозноста во поигрување-
то на моќните со послабиот, но и волшепството на себебудењето и моќта на
вербата во себеси.


Нема фајде од бркање на виножитото за да му се дофати крајот. Ќе ос-
танат само празни дланките, а тоа ќе исчезне итро во недоглед носејќи го де-
нот во рајот. Вреди да се кршат клуновите копајќи по вонземски сводови – ќе
го додржи срцето многукратното распукување при учењето на нови падови.
Треба да се воспева живеењето зашто:


„Душата
е премногу нежна
за камшици од
бесмислени
јадови.“ („Соочување“)


Сонцето, ѕвездите, Месечината, птиците и дождот, се малку на број, но
сплотени посилни се од шуми безброј. Тие во мојата поезија се поистовету-
ваат со човекот и токму тоа е метафората што ја проткајувам во мозаикот на
есенцијалното и егзистенцијалното разбирање на животот и човекот. Во таа
смисла на шумите им давам митска димензија низ која се рефлектираат мож-
ностите за надраснување на единката во однос на универзумот. Но, секогаш
ќе се најде некој од остатокот на родот, ќе прозвучи громко нечиј глас без
страв дека некого ќе навреди (иако многу гневови врз себе ќе наведи), а ма-
сата ќе ги отвори срцата свои заслушувајќи се за момент во шумолењето на
лисјето и птичјиот пој, ќе зачекори несигурно дозволувајќи сувите гранки да
крцкаат под нозете, ќе ги рашири крошните да ги збере ѕвездите, ќе проник-
не до сржта, длабоко во душите, пребарувајќи си ги дамарите... и тогаш ќе
има шанси да ги открие вредностите расфрлени по патот, само тогаш ќе има
очи да го препознае Човекот.


„Сред јатото птици
со ѕвезди во клуновите
спознав дека
Небото




58


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


секогаш се претопува
со Осветлените.“ („Слет“)


Често пати и низ други стихови размислувам за потребата, односно за-
доволството од откривањето на својот извор, од осознавањето на својата вода.
Да се набљудува кротко и да £ се восхитува на капката не е зло. Таа ќе знае да
возврати обезбедувајќи за набљудувачот безбедно тло. Но, да се игнорира ври-
ежот, да се прекинува текот, е убиство на стремежот и безгласен екот.


Верувам дека живеејќи ги стиховите ќе им овозможам на читателите
заедно да ја вајаме душата на Човекот низ анализа на неговите сеопфатни
постапки. На тој начин во еден континуитет го следам внатрешниот глас кој
ми овозможува без субјективност да ги разберам криковите на илјадници
животворни капки, да ги откријам новосоздадените пејзажи на зборот и ко-
нечно да им овозможам на читателите да ѕирнат во срцето – таму е Изворот.


„Откако се сретнав со Ангелот
ја спознав нескротливоста
на себеизворите.“ („Ангел“)


Тоа е таа исконска нужност, сопствената енергија, безвремената љубов
за сè и за секого, да се пренесе, да се прелета времето, просторот, стиховите.


„Виножита во очите имам,
раширени раце –
светот да го стоплам.“ („Сонување“)


Со конците на возљубеноста да се сплетат волшебни крилја и да се от-
скокне „лебдејќи во алејата на Ослободените“. Да се проникне во волшепс-
твото на себепреобразбата, да се почувствува магијата на себеослободување-
то, да се исткае светлина која ќе блеска во ноќта како божилак после дожд,
како небо во себе, како свежина после тегобност, за да се надрасне животот.


„По тактот на неземското
се раслекував вознесена
расфрлувајќи се
себе си како невиност
за да го прекројам божилакот.“ („Слет“)




59


Трета Роднокрајна средба…


Секој од нас во себе носи вулкан. Кај некој вулканот спие, кај друг бур-
но клокоти, врие. Секој од нас има свој немир. Секој има свој сон. Некој ги
потиснал силно, друг им изградил трон.


Во пепелта некој гледа почеток, а некој крај. Во огнот ужас или рај. Во
каменот сила или лад. Во облакот освежување или чад.


Зедов камења, земја и кал, со пепел и оган отворив кратер мал. Од вит-
ражно обоени парчиња копнежи и сталактитно обликувани сомнежи изѕи-
дав град. Создадов мозаичен склад.


На врвот од кратерот гушната со денот, во зениците всадив сонца и от-
ворив душа. Ми трепери срцето. Верувам, се слуша.


Впрочем, тој трепет се преточува во зборови „охрабрувачки настега-
ни во надојдена река“ од раштркани и ненадејно насобрани капки кои час
збунето се судираат една со друга, час кристално чисти спокојствуваат сред
немирот. Тоа се капки чиј пулс бие во ритамот на младоста, капки кои се то-
пат во вителот од искуства и чувства, капки кои прераснуваат во бранчиња
што час нежно го милуваат брегот, час бучно удираат по камењата, за на крај
прегрнати, пак да се престорат во едно и да продолжат да дишат од воздухот
околу нив, од водата во нив, да продолжат да жуборат со реката ненаситно
голтајќи ја секоја капка искуство, секоја роса новост, секоја понорница чувс-
тва, за да станат посилни, поединствени, поискусни, помудри.


„Успокојувајќи се
во вознесот на единственоста
открив дека и изворите
кон Небото се стремат.“ („Чешма“)

Сега спокојна и видно среќна, несебично и без рамислување дарувам


делчиња од себеси за да ги усреќам другите. Делчињата, притоа, грижливо
ги обојувам во боите на вечната љубов, единствената вистина, ги преобли-
кувам со моќта на чувствата, со нив, задоволна, го насликувам соединување-
то на универзумот со нитките на среќата и чистотата на духот, за потоа мо-
заикот да ликува, и... да векува. Зашто не смееме да бидеме крик без корење
– „ние сме Постоење. Имаме лик и имаме име – ние сме Надежта, ако сакате
– Спасот! Или – Гласот!...“ („Бумбаров лет“)


Сè уште „копам ѕвезди“ за да ги „запалам бреговите“. Се надевам дека
„полесно можеби ќе ни испливаат деновите.“ („Бидување“)




60


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Vesna Mundishevska Veljanovska


THE SOURCE OF THE WORD


Poetry is not only a word or a thought, it is not only here or there and not
only yesterday or now, it is an eruption of images in no space framed, less than a
moment, more than eternity. It is sprouting, mute agitating of untamed fantasies
and realities. The poet dives in the depths of the cosmos, runs along the path of
infinity tireless in the search of a word – the source inexhaustible. There is no use
of chasing the rainbow to catch the end. Only empty palms will remain, because it
will cleverly disappear as far as the eye can see, carrying the day in the Heaven. It is
worth of crushing the beaks digging the unearthly arches – will the heart endure its
manifold cracking while learning new falls. We have to sing the glory of life in order
to get into the magic of the self-transformation, to feel the magic of self-liberation,
to fabric light that will glow in the night as a rainbow after rain, as a sky in itself,
as freshness after the hardship аs to overcome the life. We all carry a volcano in
ourselves. In someone the volcano is asleep, in others it works pounding, boiling.
Everyone of us has his unrest. Everyone has his own dream. Someone suppresses it
strongly, while another builds it a throne.




61


Трета Роднокрајна средба…


Ѓорѓија Најдоски


ПРЕПОЗНАТЛИВОСТА НА МОИТЕ ЛИКОВИ


Третата тематска средба на
роднокрајни писатели од Бито-
ла, како што, впрочем, беа и две-
те предходни, е ретко провока-
тивна за одреден авторски приод
кон нејзиното елаборирање. Со
тоа се овозможува самонавлегу-
вање во сопстената интима и до-
крај да се откријат оние траги и
вредности кои ќе ја посочат пот-
рагата по својот лик, патем рече-
но, и на другите, информирајќи
го читателот за градењето на од-


редена уметничка содржина. Мислам дека иницијаторот успеал да ја возбуди
совеста на писателот да допре и таму каде што тој се чуствува суверен и да го
извлече максимумот од неговата креативност.


Оттука, ликовите кои се трансформираа во авторовата перцепција се
онолку убедливи и веродостојни колку што е моќта да се осознаат во нивна-
та совтеменост, историската улога или се, пак, реконструктивни кажувања
од нивните непосредни современици покрај авторовата имагинација.


Авторот преку своите ликови, најчесто, се доведива до искушение и
пред себе и пред читателот, посебно пред информираниот, за целите кои тре-
ба да се постигнат низ книжевната ефектура. При овој случај треба да се има
предвид комплексноста на настаните. Фабулата, автентичноста на личности-
те од историјата или пак тие особености ги придобиле низ други книжевни
форми- фолклорот, народните кажување и сл. Тие ликови се, најчесто, идеа-
лизирани само од светлата страна на огледалото што ќе рече дека се еден вид
митски особености. Од ова моќно влијание, авторот е тој кој тргнува по дру-
ги аспекти, создавајќи ја нужната дистанца од влијанијата, обидувајќи се но-
сечкиот лик да ги добие реалните карактеристики на самородна личност со
сите негови слабости и доблести. Тој лик само така може да биде прифатлив




62


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


за упатениот читател кој ќе верува во моќта на книжевната трансформација
од неговиот автор.


Во тој контекст, не случајно бројни автори се дистанцираат од своите
ликови преку фразата „настаните се автентични, ликовите се имагинарни“.


Тоа е еден вид „отварање“ на творечката слобода од стегите на одре-
дена догма во која ликот се трансформира во митска личност. Во тие рамки,
на некој начин, се движи и авторот во креирањето на својот лик како носи-
тел на уметничкото дејствие, но со многу поголема претпазливост од митс-
ката тенденција, нијансирајќи ги и другите придружно, плејадни, ликови кои
се со сопствени карактери. Сите тие, преку личноста на писателот, ја имаат
истата одговорност и значење и тука нема „милост“ за авторот. Тој е секогаш
исправен пред сопствената совест и совеста на информираната јавност од
редот на неговите читатели.


Кога сум веќе на овие прашања, ќе се обидам да се освртам и кон сопс-
твеното творечко искуство, компаративно, како што е романот за Коста
Абраш“Црвената песна на славејот“(„Детска радост“) или пак за колективис-
тичкиот лик Милан Крчин од романот „Националната улица“ -(Илинденска,
пред зданието на ЦК СКМ). Едниот лик е автобиографски, за Коста Абраш, а
вториот, според мене, е перцептивна реконструкција на лик од идеопоклонс-
твото на одреден период од државниот етатизам. Во вакви случаи, авторот е
лимитиран, прво од сознанијата за историска личност (Абраш) и пренагла-
сената (М.Крчин) која се поистоветува со системот на владеење.


Ако за Коста Абраш е потребна одредена количина „штоф“, нужно е
потребна и кројка за да го покрие неговото слабуњаво тело, па дури и ог-
рдено (абрашесто), скудно, но затоа пак неговата визија е некројлива. Доде-
ка, пак, кај Милан Крчин тој ист „штоф“ е бесконечен, но, пак, мерката е не-
дефинирана и несфатлива, без разлика со колку макари конец се располага.
Двата лика се неспоредливи: едниот лик е личност за себе, другиот му при-
паѓа на колективистичката визија која е аморфна, еднолично фасадна како и
објектот во кој се остварува.


Во тој контекст се и критичките осврнувања на моите рецензенти и
промотори на романот „Националната улица“- Томе Арсовски и Науме Ра-
дически, кои го одвоија како роман за социјалистичкиот период во Македо-
нија со што другите мислења тука запреа и онемеа. Јас, од оваа гледна точка,
ги „разбирам“ и ги „оправдувам“ тие премолчувања, ценејќи дека се уште се
под плаштот на „строго дов“. Како и да е, тоа веќе не е мој одговор и не тре-
ба од мене да се очекува. Останува да верувам во „природната“ дистанца која




63


Трета Роднокрајна средба…


ќе настане со други генерации кои не се оптоварени со актуелното минато.
Според мене, во тој неминовен распад на ЈУ- федерацијата, сепак имаше тен-
денција да се оди по линијата на Кралството на Србите, Хрватите и Словен-
ците...Мегутоа, тука се испречија Македонците и некои други ентитети кои
не можеа да се вклопат во тој концепт.


Во продолжение ќе се обидам да загатнам и еден друг тип лико-
ви кои го носат предзнакот на главни во романот „Дефтерски белешки од
Дебарца“(во печат), кои се препознатливо, било да се од скорешното мина-
то или се од сегашноста во која живееме. Во овој роман-трилогија ликовите
го задржале“дефтерското“ како психологија на мислење и однесување, како
рецидив од отоманскиот период, токму тогаш кога затаила современата ста-
тистика, методологијата во одредувањето на сопственоста- тапиите. Што би
значело тоа: земјашите се „пограѓанија“ како економска категорија, наместо
да се пограѓанат условите во кои живееле, со сите стандарди. Напуштените
предели - региони, покрај Дебарца се и Мариово, Азот, Поречието... чиј до-
мороден етнички и домицилен карактер веќе се менува со други етникуми.


Навистина тој процес е постапно граден, но и под силна присмотра на
одделни анационални амбиции, менувајќи го и демографскиот карактер на
населението. Таму, денес, повеќе се бројат гробовите, наспроти живите, а ка-
моли пак пелените на чардаците како обележје на континуиран наталитет.


И тоа не е“на некој начин“ туку процес на разнебитување на етничко-
то ткиво на автохтоното население со етникуми во кои владее многудетско-
то семејство.


Оттука, патриотизмот не е романтичарска категорија кон одредена
носталгија, туку егзистенцијална категорија со социјална, национална, до-
мицилна мотивација.


По својата природа ликовите во овој трилогиски роман се колективни,
секој за себе -препознатлив и обединувачки по својата трагедија, оставени
сами на себе.


По се изгледа дека треба многу сезони да поминат за да се дочека ма-
кедонската пролет за едно поинакво мислење и однесување кое ќе внесе еден
друг импулс поистоветен со темелните со темелните, национални и држав-
нички стремежи за македонските генерации низ нивното вековно опстоју-
вање, па дури и сега.


Моите ликови размислуваат за Македонија како за минато и сегаш-
ност, како што и сегашноста за нив да е веќе -минато, настојувајќи, и едни-
те и другите, мегусебно да се надополнуваат во стремежите. Оттука, нашиот




64


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


вакуум е толку голем што допрва, отсега, треба да се досложува. Секое пре-
молчување е само своевидна неума, празнина. Од тие причини на писателот
мора да му се верува во онаа мера колку што се разбрани неговите пораки.


Можеби упатените читатели и подоцнежните критичко -мисловни по-
единци поинаку и подлабоко ќе ги разгледуваат делата на своите писатели,
како што велеше и Блаже Конески, низ некои втори, трети итн. читања, што
ќе рече, низ нови генерациски преоценувања и -вреднувања.


И, секако, без предрасуди!


D-r Gjorgji Najdovski


THE IDENTIFICATION OF MY CHARACTERS


It is not unexpected that many authors disassociate from their character
using the phrase “events are authentic, the characters are imaginary.” It is a kind of
“opening” of the creative freedom from the restraints of a particular dogma in which
the character is transformed in a mythic personality. In these frames, the author
moves the author while creating his character as a carrier of the belletristic action,
but with big caution with the mythic tendency, shading the other accompanying
pleiad characters who have their own characters. The writer’s personality is in all of
them, so they have the same responsibility and they are as important as the main
character without any “forgiveness” for the writer. He is always standing in front of
his own conscience and the conscience of the public as his readers.


My characters think of Macedonia in the past and the presence, as if the
presence was a past, trying to be complementary in their aspirations. Therefore,
our vacuum is so big that it has to be filled up. All the suppressing of facts is a kind
of mad emptiness. Because of this, we should trust the writer to a point to which
his messagee are understood.




65


Трета Роднокрајна средба…


Христо Петрески


ГЛАВНИОТ ЛИК ЈАС ИЛИ ЈАС КАКО ГЛАВЕН ЛИК...


1. (Oпшто)
Во романот “Обломов“


(1859) од Иван Александрович
Гончаров, главниот лик Илја Об-
ломов е чувствителен лик кој са-
мо сака да живее мирен и споко-
ен живот. Идилична егзистен-
ција полна со сеќавања од де-
тството на имотот од своето се-
мејство. За да ја задржи таа иди-
ла, тој одбегнува каков било кон-
такт со надворешниот свет. Не-
говиот пријател Столз и неговата


единствена љубов Олга успеваат во еден период да го активираат, но кога
тој сфаќа дека на неговата идила £ се заканува надворешниот свет, се повле-
кува во својот дом каде и умира како момче...


Главниот лик во “Дамата со кученце“ (1899) од Чехов, сфаќа дека жена-
та со која има кратка афера, всушност, станува љубов на неговиот живот...


Гилгамеш - бил најјак човек, храбар борец, крал... Една третина бил чо-
век, а две третини бог. Гилгамеш паѓа во тага кога неговиот сакан пријател
Енкиду умира. Станува очаен, знаејќи дека и тој ќе умре и заминува на па-
тување до крајот на светот во потрага по одговорите за животот и смртта.
Енкиду пак, бил пријател и сопатник на Гилгамеш. Боговите го создале како
див човек, кого го одгледале животните. Енкиду, физички бил рамен на Гил-
гамеш...


Во песните на Тагоре жената е најчест главен лик Најверојатно, затоа
што положбата на жената во Индија била незадоволителна, односно таа би-
ла покорна во секој поглед и немала права да ги изрази своите чувства. Та-
горе преку неговите песни се обидел да им даде поттик и надеж. Јарило во
словенската митологија е персонификација на пролетта, бог на вегетацијата
и плодноста. Јарило е момче со исклучителна убавина, носи круна направе-
на од полско цвеќе и заврзок класје во рацете. Шерлок Холмс (1854) е при-




66


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


ватен детектив кој се појавува како главен лик во редица книжевни дела на
британскиот писател и лекар Артур Конан Дојл. Холмс е познат по реша-
вањето на случаите со внимателно разгледување и логичко заклучување, па
често се занимава со проблемите кои за другите истражувачи се претешки.
Главен лик на романот “Идиот“ од Фјодор Достоевски е рускиот кнез Лав
Николаевич Мишкин.


И така натаму, и така натаму. Редица сосема случајно (по сеќавање од-
брани во овој миг) главни ликови. Речиси во секое ново дело - се појавува и
нов главен лик. Не мора да значи, но за да постои ново дело треба да има нов
главен лик, но и обратно. Но, и кога би постоело ново дело без главен лик,
туку само со споредни ликови (еден или повеќе), повторно ако е еден тој би
бил единствен и главен, а ако се два или повеќе, пак еден од нив ќе биде про-
гласен од страна на авторот, читателите, или критиката, за главен!?


Без намера да навлегуваме поопсежно во расправа зошто е тоа така,
поради инерција, востановена шема, творечки манир и слично, не оцену-
вајќи ја креативноста на тој и таков чин, всушност, повеќе како да говориме
за формата, а не и за содржината. Но, од формален аспект, и во овој случај,
содржината е поврзана и, дури би рекле, зависна и неразделна од формата.



2. (Лично)
Главниот лик Јас или Јас како главен лик. Тоа е насловот на оваа моја


кратка екстликација на тема „Главниот лик - проекција на авторовата визија“.
Во првиот дел, колку за илустрација, наветов само еден мал избор на главни
ликови. Што се однесува, пак, до моите книги, колку и да е тоа нескромно,
факт е дека најчесто во нив е присутен авторот и тоа преку сопственото ис-
куство презентирано преку главниот или некој од другите ликови. Ја сакам
Јас-формата и не одбегнувам тоа директно и конкретно да го именувам. Но,
бидејќи литературата е многу повеќе од лична исповед, од секојдневен запис,
од реалистичен одслик и сувопарна фактографија, авторот го има и во него-
вата имагинација, фантазија, фикција.


Авторовата нарцисоидност и самобендисаност не е исклучена. Напро-
тив. Но, при именувањето на некои еротски, ласцивни сцени, тоа редовно им
се случува на некои други личности.


Се сеќавам на еден мал настан од младоста, кога започнав надолго и на
широко да говорам за себеси. Тогаш бев прекинат од лицето со кое разгова-
рав, или поточно му се исповедував, со зборовите: “Нема потреба да ми го-
вориш за себеси, јас речиси сè знам за тебе, ги прочитав сите твои книги...“




67


Трета Роднокрајна средба…


Тоа го сфатив како комплимент, а го прифатив и како укажување, опо-
мена, опасност.


Оној што знае да чита меѓу редови, сигурен сум дека сè ќе прочита и
многу лесно и многу брзо. А, дали е главниот лик проекција на авторова-
та визија, тоа не само што го знае авторот, туку често може да го открие и
читателот. Тој не мора да го познава лично авторот, туку доволно е да биде
привлечен од неговата искреност, доживеаност, оригиналност и неповтор-
ливост!


Авторовата интроспекција, но и авторовата посесивност, мошне често
знаат и да му попречат на делото на авторот, доколку тој и премногу инсис-
тира на Јас-формата, или на своето потекло, животно искуство, вкус и кри-
териуми и слично, уште повеќе ако се обидува нив да ги наметне или докол-
ку ги прогласи за единствени. Не. Никогаш не смее да се заборави дека Јас-
искуството е едно и лично и е само дел од колективното, може да е, но не мо-
ра да значи дека е универзално. Затоа, при индивидуализацијата на ликовите
авторот мора да води грижа за сите нивни поединечни (лични) и заеднички
(општи) карактеристики, но и за инкорпорирањето на сопственото писмо
во корпусот на сопственото дело, а во рамките на националната и светска
литература!


На крајот, повторно колку за илустрација, ќе наведам само неколку де-
лови од мојата најнова поетска книга „Бело мастило“:


„...ние дома имаме тајни жители од видот на лебарките,
молците, пајаците, мравките, комарците, мувите и другите
пустиножители, кои попусто се обидуваат да ни станат домашни
миленици, а очигледно живеат во погрешно место и време и со луѓе со
многу лоши навики и слаби нерви...


Претходната година
Со постојано кренати глави додека врвевме покрај дрворедите


во Кина ја баравме липата. Но, попусто ги подигнувавме главите
кон небото, небаре ги броиме ѕвездите, и попусто им објаснувавме
на кинеските пријатели што е тоа што толку љубопитно го бара-
ме. Имаше премногу видови дрвја, но липата никаде ја немаше. Ниту
едно стебло, ниту еден лист, ниту еден цвет.


Мислевме дека ако не ја препознаеме по изгледот, дека тоа
ќе го направиме барем според убавиот опоен мирис. Но, попусто ја




68


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


опишувавме, ја цртавме, па дури и некои латински имиња по сеќа-
вање спомнувавме...


Следната година
Сега нашите кинески пријатели дојдоа кај нас. Седевме пред


кафеаната „Идадија“ и еден од поетите праша: „Како се вика ова
дрво што е над нас?“ Беше изненаден од широко разгранетата крош-
на со долги надвиснати гранки полни со златен цут, кои допираа ре-
чиси до нашите глави. Не можеше да не скине барем еден цвет и да не
му ја сети миризбата.


- Ете, тоа е липа! - задоволно му одговоривме, присетувајќи
се на нашите безуспешни потраги и објаснувања во Пекинг, Хенан,
Шангај...


Значи, требаше повторно да се сретнеме во Скопје, на крајот од
залезот од еден век и почетокот на друг, за подобро да се разбереме.“


Hristo Petreski


THE MAIN CHARACTER – I OR I - AS A MAIN CHARACTER


As far as my books are concerned, no matter how immodest it is, it is a fact
that the author is a part of them with his own experience represented through his
main character or the other characters. I love the I – form and I do not ran away
from the direct and concrete personalizing. But, because the literature is much more
than personal confession, more than an everyday record, more than a realistic image
and a dull factography, the author has his ‘I’ present in his imagination, fantasy and
fiction.


The author’s narcissism and self-love are not excluded. On the contrary,
while describing erotic scenes, they are regularly happening to some other people.


I can recall a small event from my youth when I started to talk about myself
in great detail. I was interrupted by the person I had the conversation with, or better
to say confession, with the following words: “There is no need you tell me about
yourself, I know almost everything about you, I ‘ve read almost all of your books.” I
took it for a compliment and I accepted it as a decree, a warning and danger.




69


Трета Роднокрајна средба…


Горјан Петровски


ЛИ КОТ СО НЕОБИЧНО ИМЕ, НО СО МНОГУ ТОПЛИНА


Уште пред да почнам да го
пишувам романот, сосема инту-
итивно, кога ќе ми се на мет не
некој лик (или ликови) - вооби-
чаен или необичен, мојата авто-
рска во о браз ба е оптоварена со
визијата за неговиот физички
и духовен профил. Кај ме не тој
веќе е издигнат, заживува, ми го
сугерира оптималниот начин за
својот пат до оние до кои е адре-
сиран - читателите. Во одреден
миг, фиктивно по ста ву вај ќи се


во нивна позиција, дури и како да ја чувствувам реакцијата. Јасно е: ако не-
ма стожерен лик со коj ќе се идентификуваат, четивото не ќе може да по ми не
добро. Барем кај младите ( а зошто да не и кај возрасните), кои трагаат по ју-
нак понеобичен од другите, по некој што можеби не го сретнале, а (најчесто
пот свес но) посакувале да го сретнат. Тоа може да е главен (но и патемен) лик
што ќе биде во состојба да решава сè, а тоа значи - на извесен начин - и осо-
беник , кој ќе се одважи да постапи изненадно. Може да биде и антијунак, не-
кој што е, на пример, плашлив, но на тој начин и симпатичен. Во секој случај,
станува збор за особини што, можеби, самите, како непосредни соочувачи со
приказната, ги не ма ме, но по кои копнееме. Некогаш, особено кога сме мла-
ди, кревки и су ге стивни, и ги прифаќаме. Ова го посочувам како читател.


Оние што ми ги анализирале книгите (од стручен аспект), ќе речат де-
ка тоа се при каз ни на ликови, што значи дека сум успеал во своите творечки
намери. А на тој начин - и кај читателите заинтересирани за протагонистите
кои ги до жи ву ва ат како свои јунаци.


Ко га ќе се преиспитам, потајно се прашувам кој од тие ликови е најб-
лизок до ме не. Можеби никогаш немаше ни да дојде до ваков запис ако не
бев пре диз ви кан токму од оваа наша денешна тркалезна маса во НУУБ “Св.
Климент Охрид ски“, во оваа роднокрајна Битола.




70


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Во моето творештво, ако не највпечатлив, тогаш барем најскокотлив
лик е Спо мен ка. Мотивираноста на името е очигледна - сеќавање и минли-
вост, топлина и неж ност, а скокотливоста е во тоа што читателите го врзува-
ат токму со мене, за тоа што и приказната е пренесена преку јас-формата, при
која се презема од го вор ност за опасноста од препознавање автобиографиз-
ми во наративниот глас, но која £ дава автентичност на фикцијата. А тој лик
е создаван и живее во овие нас ло ви: „Споменка“, „Спомените за Споменка“ и
„Сонот со Споменка“, како три ло ги ја. (Но и со уште еден со истиот лик или
ликови - „Задоцнети писма до Споменка“).


Ка ко се случи носечкиот лик да биде токму Споменка?
Тој, најпрво како нејасна топлина од раните детски години, како насе-


тен мо мент за бесповратноста на времето, до мене дојде на овој начин и пре-
ку овие сти хо ви:


Ро си ца рано ранила/ кога се раѓа роса,/ отишла долу в градина,/ не чуј-
но, тихо, боса. /Набрала цвеќе различно,/ китки мајски да прави,/ облекла ру-
во празнично,/ панделка в коси ставила./ Со неа Ленка, Споменка,/ китки во
раце носеа...


Тој блесок на името Споменка ме возбуди уште кога бев дете, ја имав,
ја не мав девет години, на чудесен начин затрепери во мене, уште од самиот
час ко га ја прочитав песната, а и подоцна, кога ја препрочитував, и засекогаш
остана та му каде што се втемели во почетокот. А и денес, одвреме-навреме,
па те тич но ќе си ја изрецитирам, ќе си ја преповторам повеќе за себе, но само
до „ки тки во раце носеа“... Во моето паметење тука е прекината. Песната е од
Васил Ку но ски и го има моето посебно вреднување, поради наклонетоста, во
прв план, спрема лирското пеење, но не помалку или - подобро - најмногу и
не из беж но е името - Споменка!


Мно гу подоцна, веќе како писател со објавени книги, а и со многу про-
долженија во „Наш свет“ на моите „Задоцнети писма до Споменка“ во сре-
дината на се дум де сет ти те години, кои беа вреднувани од читателите и, по
нивно барање, вра ќа ни да продолжуваат, песнава му ја рецитирав на Васил
Куноски, кој тогаш беше гла вен и одговорен уредник на „Наш свет“. Му беше
драго што сум ги запаметил сти хо ви те, но и ми рече дека таа му е подзабора-
вена и не е застапена во ниедна сти хоз бир ка. Сфатив, можеби и самиот не си
ја извреднувал за да ја постави во не ко ја стихувана целина, а името, за мене
духовно и синоним за минливоста на жи во тот, му е употребено само заради
метричките потреби: Ленка-Споменка (не го ва та четврта, најмала ќерка, го
носи името Росица и, веројатно, стиховите £ беа наменети нејзе). Но, јас си




71


Трета Роднокрајна средба…


го присвоив и си го задржав за себе пер и фер но то име во песната, веќе забо-
равено и од авторот.


Ко га почнав да ги пишувам првите раскази, „синоокото и русокосо де-
војче“ беше при сут но во нив, а мојата интима асоцираше на одреден лик од
детските години, кој не мора да имал руси коси и сини очи, но случувањата
во нив можев да ги пре ра ска жу вам само преку името Споменка.


Зна ев дека тоа име не ќе ме напушти, дека ќе ме следи... Така и се слу-
чи. Пр ви от расказ, со наслов „Трнливата слива ги чува спомените“, го напи-
шав во но ем ври 1966 г., во интернатската зграда во Прилеп, кога имав пет-
наесетина, а во него девојчето со сини очи го губам засекогаш. Веројатно, во
настојувањето да не се препознае онаа што носеше поинакво име. Можеби
поради младешката гор дост, не знам што, се обидував да не ја обелоденам, а
ако откривав нешто пред чи та те ли те, само кажував и залажував. Затоа и ја
жртвував Споменка. (По доц на, во 1971 г., расказот под името „Споменка“го
објавив во „Наш свет“, и тој ми е во првите пет-шест првообјавени раска-
зи). Но потоа сфатив дека Споменка тре ба да ја оживеам, да биде поинаква,
да направам впечатлив лик што ќе се запамети и што ќе биде само мој. (Низ
текот на животот такви ликови и срет ну вав, особено еден или два што беа
слични на неа, на онаа, опишуваната, а не на прототипот, па така таа добива-
ше двојници, но во интимата £ останувам тво реч ки верен само на првата -
поради времето, поради годините на дет ство то, поради она што никој не мо-
же да ни го врати во животот.)


Ли кот на Споменка го понесов како опсесија, како творечка визија,
но требаше да го оформам целосно. Така го напишав првиот дел со наслов
„Споменка“ уште во 1972/73 г., но тогаш не успеав да го објавам во издавач-
ката куќа „Мисла“, во која со преселбите се затури некаде и не ми беше вра-
тен, но ја имав копијата. Ликот на Споменка ми живееше. (Подоцна, во 1980
г., учествував на конкурсот за најдобар роман рас пи шан од „Детска радост“
со преименуван наслов „Јоргованите прецутуваат“ и добив откуп за објаву-
вање, но за да го „залажам“ жирито, името Споменка, кое ве ќе беше врзано
со мене, го заменив со Јана, а откако беше готово сè, го об ја вив со сегашниот
наслов - „Споменка“).


По ве ста „Споменка“ беше прифатена од читателите. И почнав да до-
бивам писма од нив да ја продолжам приказната. Барањето беше недвосмис-
лено - среќен крај. Тоа го направив во 1986 г., но вториот дел остана необја-
вен сè до 2006 г., рам но дваесет години. Многу се колебав дали да го објавам
или не. За да не се рас и пе впечатокот за првиот, и покрај тоа што приказна-




72


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


та, на некој начин, ми бе ше воздржана прва љубов, затоа што, во времето ко-
га ја создавав, во раните се дум де сет ти, во еден поинаков општествен систем,
уредниците како да немаа до вер ба во темата „прва љубов“. Оттука и приказ-
ната, барем за мене, како да бе ше недоречена, строго исконтролирана, а и та-
ква заживеа со читателите.


Но, по вториот дел - „Спомените за Споменка“ (за кој во 2006 г. ја до-
бив и на гра да та на ДПМ „Ванчо Николески“), морав да го понудам и трети-
от, „Сонот со Спо мен ка“, зашто двата, поради обемот, не можеа да се појават
во еден.


Сега при каз на та е целосна, се читаат трите дела, секој како засебност,
но и како целина, и покрај тоа што сторијата е од некое друго време. Ќе згре-
шев ако не го на пра вев тоа. Судејќи барем според реакцијата на читателите.
И не е точно дека де неш ни ве млади не сакаат романтика. Напротив. Го сака-
ат, можеби, она што го не мат доволно во своето време и за својата возраст, а
Споменка е чиста и пре сил на љубов, онаква каква што нема, а каква што би
сакале да имаме. Особено ко га сме тинејџери, кога мислиме дека првата љу-
бов е и последна. А зошто да не ма и таква приказна во која првата љубов ќе
биде една и единствена!?


Ина ку, имав верзија и во трето лице, која како да не беше моја, ми се
причини де ка е потуѓа, но кога би се прашувал денес, сепак, би ја избрал неа,
за да ја из бег нам посочената опасност, зашто читателите премногу ја врзува-
ат со мене. Но и покрај тоа што Споменка асоцира на главен лик, Бојан, ве-
ројатно, е по до ми нан тен. А таа е голема во мислите на главниот машки ју-
нак, барем во првиот дел.


Е, сега, кога размислувам за ликовите, во приказната има и еден друг
- Вера Пре те рал ка, во која, самиот, како автор, сум заљубен. Да не ми е таа,
при каз на та би била помалодушна и поздодевна. Многу читатели, барајќи не-
гативен лик во приказната, ја идентификуваат како антагонист. А не е. Всуш-
ност, таа е ве дри от дух на сета приказна, катализатор на збиднувањата и,
од самиот почеток, ка ко карактер, не се менува, туку си останува доследна
на себе - сплеткар меѓу сво и те врсници, со неочекувани или очекувани, но
на свој начин непредвидливи по стап ки. Непредвидливи - за да го изневери
хоризонтот на очекувањата. Оста ну вај ќи неутрална, не припаѓа на ниедна
страна и суди според својот аршин, кој е ист за секого. Без Вера Претералка
ќе ги нема онаа потребна динамика во при каз на та, духот и хуморот. А кога
и самата би се поправила со растењето, би из гу би ла од својата автентичност,




73


Трета Роднокрајна средба…


од шармот. Нејзе £ е дадена шансата најдолго да остане дете, дури и тогаш
кога настаните ќе се преселат во средношколските клу пи.


Во моите книги, особено во романите, создадов и други ликови: Мар-
та, Кли мен ти на Евин, Сара Кадина и Павел Рампа, Ана и Ангел... Сепак, овие
што ги на бро јав како имиња, може да ги употреби и некој друг. Но ако се
обиде да ми го при свои името Споменка, не ќе може, зашто е несекојдневно,
специфично, особено.


Тоа име, тој лик - Споменка, од самиот почеток ми создава убави тво-
речки мо мен ти, топли и искрени, некогаш духовити... На средбите младите
читатели ме пра шу ва ат која е Споменка, дали сум ја сретнал, дали сè уште ја
сакам... Прем но гу ја врзуваат со мене. Но и се интересираат дали мојата со-
пруга се лути затоа што пишувам за Споменка.


При јат но им е кога ќе им раскажувам доживеана случка во која, во
училиштето во еден град, ми се јавило девојче со чија мајка сме биле пријате-
ли во детските го ди ни. А токму во него сум го препознал ликот на Спомен-
ка, преку нејзината ќер ка... И уште дека во нивното семејство се читаат мои-
те книги.


Пи шу вај ќи го текстов, се обидов да одбегнам детали, макар што сфа-
тив дека ли кот на Споменка е уште подлабок и дека заслужува многу поис-
црпна анализа. Не знам дали ќе можам да го нијансирам тоа на начин што ќе
ја осветли целосно ви сти на та за неа.


На крајот ќе посочам момент од годинашниот Саем на книгата во
Скопје, каде што иронијата малку си поигра со мене. Трите дела со ликот на
Споменка до жи ву ва ат нови изданија, а и на Саемот се продаваа извонредно.
Поминуваа многу чи та те ли и родители, ми упатуваа размисли. Но, меѓу нив
и една обична жена во го ди ни, која почна да ги прелистува и едната и втора-
та и третата... Кога се по ну див за помош, таа ми рече:


- Не, не треба... И јас се викам Споменка, затоа. Само сум љубопитна...
Се насмевнав и отидов понастрана. И јас веќе немам црна коса. А оваа


Спо мен ка, која се интересира за името, не требаше да се појави на овој на-
чин. Не тре ба ше...




74


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Gorjan Petrovski


THE CHARACTER WITH UNUSUAL NAME AND SO MUCH
WARMTH


Secretly I ask myself, who is the character that is closest to me. In my
literary work, if not the most impressionable, but the most challenging character
is Spomenka. From the meaning of the name, it is evident that memories
and transiency, warmth and tenderness, and the challenge, the readers relate
this character to my life. Because the story is told in the first person, there is
responsibility for the danger of recognizing autobiographical data in the narrative
voice. The character is created and lives in these titles: “Spomenka”, “The Memories
of Spomenka”, “The Dream with Spomenka” and “Late Letters to Spomenka”.


This name, this character from the very beginning awakens in myself strong
creative moments, warm and sincere, sometimes witty… When I meet with the
young readers they usually ask me, “Who is Spomenka? Have I met her? Do I
still feel love for her? They attach her too much to me. They are also interested in
whether my wife is jealous on me because I write about Spomeka.




75


Трета Роднокрајна средба…


Ѓорѓи Прчков


ПИСАТЕЛОТ ЈА ПРЕЗЕМА СУДБИНАТА ОД НЕГОВИТЕ ЛИКОВИ


Aвторот ја живее реал-
носта онака како што другите ја
кројат со сосема истиот аршин
кој ја прави привилегирана само
нивната класа, но не и слоевите
подолу. Затоа авторот ја презеде
судбината во свои раце и ја ро-
ди визијата. Бидејќи имаше из-
лезено стар и немоќен сам да ја
отсонува, своите погледи ги по-
дари на неговите ликови кои не-
маа намера да се откажат од неа
се до последната страница. Авто-


рот, подготвувајќи се да создаде едно дело, покрај темата се подготвува и за
ликовите, било да излегле главни или споредни. Во секој случај, предност им
дава на главните ликови, всушност, се подготвува да ги проектира визионер-
ски сопствените ликови во сопствените дела.


Можноста да се предаде својата далекувидност врз адолесцентна креа-
тура или пророчки дар врз дооден старец, истовремено е способност да се има
интуиција тука и таму да се коригира животниот век на ликовите, да се има
халуцинации во кои се гледа светлото на крајот од тунелот и откровение каде
и како сè да се заврши. Добриот писател треба да е визионер, еден вид пророк,
да има богато развиена фантазија, умешност - полн со идеи, да поседува муд-
рост, ама пред сè, да има визија. Писателот не би излегол добар писател ако не
е подготвен видливото да го направи невидливо и обратно, невидливото да го
направи видлива. Е, токму тука е клучот на визионерството.


Во романот „ Хераклејски прстени“, авторот однапред - излегол визи-
онер, на ликовите да им даде ролја низ целиот роман да ја земат содржината
и да ја играат на сцена и под маски. За да се предаде една Ева - главен лик, во
состојба необична за секојдневноста, авторот има потреба од визија. Затоа
тој гледа далеку и широко, ликовите ги подложува на страдање, арно ама за-
едно со нив страда и тој. И во тоа е визионерското, авторот успеал да ја пос-




76


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


тигне однапред одредената цел. Ева да ја прикаже како се жртвува низ хе-
раклејските простори, да ја открие целата нечистотија на Битола, зашто тука
се случуваат настани од најстариот занает. Ева гледа сè, слуша сè. Заедно со
машкиот главен лик Бледото имаат земено нечистотијата да ја чистат. И, на
крајот, авторот излегол визионер, ги направи среќни. Нивната врска ја кру-
нисал со брак, значи низ цел роман страдаат, за во последната страница да
излезат среќни.


Цитат од романот: „Хераклејски прстени“.
-. . .Една вечер, кога рацете ми излегоа закрвавени од копање по


гробот во којшто имав земено да спијам, сум ископала една коска. В
раце сум ја зела, бидејќи рацете окрвавени излезено ми имаа, сум ја
окрвавила и коската. Тогаш коската в раце зеде и ми се раздвижи.
Имав земено да чекам нешто да ми рече, арно ама не ми рече, нададе
само едно чудно смеење, а за себе зеде да си вели“ Уф каква маска,
колку чудна и невообичаена маска оваа ковчеста девојка зела и си
изработила, ќе ја замолам, всушност од девојката ќе ја позајмам и
следната ролја под ваква маска ќе ја изиграм, ама изненадување ќе им
приредам!- Од гробот излезена, имаше земено да си вели хераклејката
Аврелија Фила. . .“


-. . .Откако вечераа, закрепнати си легнаа и долго во ноќта
имаа земено еротски да се опслужуваат. Можеби и на второ дете
имаа земено да работат, зашто за да се изигра мачната ролја во
животот, полесно ќе им излезеше на двајца, ама и на тројца. Имаа
земено да работат долго во ноќта, само што повремено плачот на
бебето имаше земено да ги прекинува. . .“


Ева, девојка со лошо мислење за животот бара причина да ги прекине
сите можности за радост со деструктивниот избор, како кревет да користи
гроб, а за соговорник-древно хераклејско суштество, со што би се прибли-
жила до преминатите. Нема визија во дијалог со човечки остаток туку само
огорченост што тие ни оставија девијантни наследници за кои се плашиме и
да пишуваме. Има визија во предходниот пасос, во плачот на бебето од кое
излезе искрениот крик на авторот дека и спасението е на работ кој не смее да
се пречекори.


Визионерското во романот „ Бурмут“ е жртвата на Јованка кон семејс-
твото. Авторот проектира Јованка да почне да страда по мажот, а најлошото
е што зела да страда по синот кој патиштата ги згрешил, зел да практикува
најлоши пороци. Авторот ги прошетал низ Битола, дури ги однесол и во Гер-




77


Трета Роднокрајна средба…


манија за таму да го покажат своето знаење, компјутерската ерудиција. Авто-
рот успеал, како брачен пар да ги стави пред германската ученост.


Цитат од романот: „Бурмут“.
-. . . Зумбуло околу себе зеде и се разврти, по плочникот со ши-


роко отворени очи зеде да гледа, всушност некоја испушена, ама
недопушена цигара да здогледа, некое догорче. Кога сè имаше излезе-
но чисто, забележа канта за ѓубре. Само што се надвисна, само што
зеде да чепка, догорчиња најде многу, две - три зеде, ги распартали,
тутунот на дланката го собра и зеде да го шмрка. Откако исшмр-
ка, откако дланката од тутунот си ја исчисти, зеде да кива долго и
силно, кога да крвави зеде, носот со шамија го стегна. . .“


Бурмутот навидум еквивалент на цигарата, токсичен по својата при-
рода, не дејствува врз Зумбуло онака како што тоа би му се случило на оби-
чен пушач кога никотинската прашина би ги прекрила белодробните крила.
Целта на авторот е, визионерски да го обедини целото зло на пороците и да
го стави во главата на некој налик нас со безброј проблеми, со што експло-
зијата која следи нема да го распарчи само неговото мускулесто тело, туку и
неговиот мозок, сегментите кои нема да признаваат ништо свето дотогаш.


Од цитатот излегува видлива необичноста, всушност визијата на ав-
торот, во недостиг на бурмут, авторот, главниот лик кој е зависен од бурмут
да го натера да земе да се послужи со тутун од недоиспушени цигари, многу
штетни по неговото здравје.


Цитат романот: „Марширања“.
-. . . Имавме земено да сметаме дека рајот си зел да го заслу-


жуваш, арно ама пресметавме дека пополезен ќе излезеш во пеко-
лот. Причината ни имаше излезено едноставна, сите од режимот
кога - тогаш ќе ти дојдат тука, сите имаат излезено печени за во
пеколот - толку грешни излезено имаат така што мајката земја
ќе се згрози од нив, ќе земе да блуе. Значи подобро во пеколот помеѓу
непријателот, отколку во рајот помеѓу своите. . . Значи повторно
кога - тогаш ќе се сретнат со мене, е, тогаш пред мене ќе излезат на
распит, гревовите ќе земат да ми ги изложуваат, на земјата што
немав успеано да разберам, во пеколот ќе земат да ми се доверуваат,
зашто имаат земено да ме знаат како моќен на земјата, а сега сум
излегол и моќен во пеколот.


- Каде е осуденикот, сакам да го видам!?- зеде да ни вели Орман-
ко.




78


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


- Еве го, пред тебе излезено има!- престана со пишување
писателот.


Орманко зеде да гледа во Пестицидов, а писателот бргу зеде да
бриши и да пиши.


- Е, сега, кога имаш излезено осуден на смрт, пред да земеме и да
ја извршиме смртната казна, имаш право да ја кажеш последната
желба!


- Зар мртов и во пеколот!?
- Да мртов и во пеколот!
Напорот да направи сцена и во пеколот го чинеше авторот повеќе од


обична несоница. Но, блажен е заради утринската радост кога ќе помисли
дека неправедниците ќе го доживеат својот распит пред да бидат распределе-
ни во казаните. Не се занесува со идејата дека ќе има поставен за нив судија,
знаејќи Кому тоа место припаѓа, но би го продал и сопственото перо кога би
можел да напише дел од пресудата.


Цитат од романот: „Верушка“.
-. . .Уште имав земено да си мислам: Дали моите другари,


икончето на лакираната наткасна, осветлено преку златест аба-
жур имале земено да го гледаат и ако го виделе, што врз него зеле и
откриле, дали чистиот лик на Марија Магдалена или нешто сосема
друго, имав излезено сигурен дека го виделе правото лице кое имаше
земено да зрачи од добрина, всушност во ликот на Марија Магдалена
го препознаа ликот на Верушка.


-...Верушка полудена како што имаше излезено, преку
половината ја зедов и во нашата спална соба ја однесов, зедов и среде
брачниот кревет ја легнав. Од едната страна легнав јас, од другата
Цигица, Верушка со матен, отсутен поглед нè опфати и веднаш
заспа...“


Верушка е стереотип на една просечна девојка која материјалниот бе-
зизлез го гледа во давањето на своето тело за одреден надомест. Не е ништо
ново моралниот пад на една личност за која реалноста ни наложува да неоче-
куваме да се подигне од маргините на сивилото. Можеби надежен е обидот Ве-
рушка да се врати на оној пат по кој продолжила Марија Магдалена откако
Исус не дозволил ниту еден од грешниците да земе и да го фрли првиот камен.
Можеби и визијата го изневери авторот кој не одолева да ја спречи само и само
да го остави читателот во највоодушевувачка физиономија кога ќе ги затвори
кориците.




79


Трета Роднокрајна средба…


Цитат од ромамнот: „Зеа маус“
-. . .Откако работата со зеа маусот ñ имаше излезено


неподнослива зеде да вели:
- Оф, оф леле, мајко, ме раскина, имам земено да крвавам!
- „Има земено, од мажот ти, да крвави и мојот народ!“- си


помислив.
-. . . Жената од капатилото излезсе завиткана во бањарка.


Зедов да ја гледам и пред очите со двата прста да ñ тривнувам. Ме
сфати и во другата соба зеде да оди. Излезе бргу, со себе имаше земено
да влечка едно сандуче. Кога го видов излегов многу зачуден, ова има
излезено војничко, куршуми што имало излезено полно, види, види
во што имаат земено да ги кријат од народот ограбените пари.
Сандучето го зедов, жената имаше земено да се бунтува, сум ñ зел
многу пари, а сум ñ зел колку од народот зеле и ограбиле, толку да му
вратам, ни повеќе ни помалку“.


„Зеа маус“ или кочан, како што нашиот народ го нарекува, е само ору-
дие кое ги променило своите основни функции. Авторот замешува прсти во
природата и го користи симболот на животот како алатка за прераспредел-
ба на богатството од оние кои го стекнале на економски недозволив начин,
на оние ограбени и социјално понижени, кои ќе се согласат да се избаланси-
раат иако понудени со еден нелегален пакет. Повторно деформитети во ко-
ристење на љубовната игра, но општеството е тоа кое ги создало правилата
на игра, а авторот е тој кој со крајна тврдоглавост се обидува да пронајде ме-
тоди тоа да го заокружи со среќен крај, ако такви во целост постојат.


Цитат од романот:“Битолски подробности“.
- Која има излезено жената?- зеде да прашува Секуле.
- Жената, според граѓаните на Битола има излезено Васето


Улото, или Васето со парталчињата, а имаат земено да велат и
Васето со фигурините!


- Оној, со раката во џебот излезено што има, постојано масата
што има земено да ја треси има излезено Цауро, ментална маана,
има земено да прави фискултура. Секогаш од Васето улото има земе-
но да бара да му ја покаже „куклата“, а таа од што има излезено доб-
ра. . . Имам земено да ти велам секогаш Васето Улото „куклата“ има
земено да му ја покажува, него тоа има земено да го подгрева и кај него
тресењето на раката има земено да засилува, фискултурата излегу-
ва мошне интензивна. И кај двајцата менталната маана има изле-




80


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


зено очигледна. Од парталчињата, со кои имаше земено да располага
Васето Улото ја отвори „Свиларницата“. Профитот ñ имаше изле-
зено голем“.


Сознанието дека однапред е дефинирано местото каде ќе престојува-
ат луѓето со помрачени умови, не го спречи авторот да ги извади од тој кон-
текст и да ги стави во почетокот во една изолирана просторија, за по сплет
на околности подоцна да добијат можност и да се измешаат меѓу „нормални-
те“ и дури да достигнат високи позиции. За чудо, нивните ментални маани
остануваат видливи, но не и од оние навикнати да си ја гледаат својата рабо-
та. Тука визијата на авторот се покажа оправдана со фактот дека голем дел од
неговите ликови си ги зазедоа своите високи места и над нашите животи.


Авторовата визија стигнала дотаму, што луѓето од меаната, со ментал-
на маана ги направи големи бизнисмени, со пари исполнети, материјално ја-
ки, ама духовно слаби.


Цитат од романот: ‚Рѓосани“.
-. . . Мажот, жената и децата, со дрвеното сандуче в ра-


це застанаа крај гробот. Сандучето го ставија на ровкиот куп од
земја. Имаа излезено плакани. Очите закрвавени, лицата од плачење
влажни. Мажот од сандучето зеде и капакот го тргна настрана. Во
мало розово ќебе имаа завиткано мртво кученце, мало, влакнесто,
веројатно имаше излезено пекинезерче. Тогаш четворицата нададоа
плачови, не пискотници, не ревење, ами имаа земено да надаваат
обични плачови, солзи имаа земено да леат небаре дождец. Имаа зе-
мено да плачат од душа, од срце. . . Со Гургуро кученцето зедовме и го
погребавме. Мажот, жената и децата имаа земено горчливи солзи да
леат...“


Социјалната незгриженост, авторот сметаше дека може да го обезвред-
ни ликот, своето универзитетско образование да го замени со за многу луѓе,
неподносливата работа на гробишта. Да се има за храна она кое треба да се
фати за душа на мртвите, да се имаат за пијалак солзите по најблиските кои
ќе патуваат, да се има за сон врисокот за непомирливоста кон смртта, го пра-
ват ликот несреќник кој требало да го сфати животот на потешкиот начин.
Во прв момент делува дека тој со секоја лопата земја ќе ја добие вештината
на еден хирург кој со отворени очи сечи низ живото човечко месо, арно ама
само авторот преговара дека гробарот оставил независно парче душа од која
постепено ќе се откинуваат доволно големи парченца во знак на сочувство.


Цитат од романот: „Маченица“.




81


Трета Роднокрајна средба…


-... Вие маченица сте излегле, голема маченица, а во денешно вре-
ме а се излезе маченик, е еднакво да се биде светец, ама Вие за светица
од нас хиротонисана имате излезено, Вие сакале или не, ете, ние како
таква Ве имаме примено.


-... Тетка Карка плочката ја зеде, на дланката раширена из-
лезено како што и имаше ја стави, погледот го изостри и од чудо
подзина. На плочката од злато си го виде сопствениот лик, ама така
убаво изгравиран излезено имаше, тетка Карка кога се виде со ореол
на светица околу главата, излезе на местото скаменета, од возбуда
солзи по лицето имаа земено да £ се тркалаат...


Тетка Карка е добродетелка која денес ја има ни малку ни многу. Од оние
кои ги има многу се тие кои ја имале таа чест да поминат низ процедурите на
издигнување до пиедесталот со многу аплаузи и подметнати рамења. Таа е од
оние малку која за влакно ќе проструеше во својата анонимност и споменатост
само во благодарните усни. Но визијата на авторот неколку родители да мо-
жат да £ се восхитуваат на начин кој не познава граници е повеќе од благород-
на, кога дозволи да £ доделат титула „светица“ која, верувам, е лично од Бога
одобрена.


Цитат од романот: „Жими крст и кандило“.
- Мице, зар и тебе глувчицата зеде и те остави, зар и децата


ти ги зеде?
Мице зеде и главата ја наведна, од ситните очиња имаше земе-


но солзи да лее.
- Мице зошто, ти отпатувала некаде далеку, друг маж си најде,


случајно да не излегла некоја ороспија?
Од очите на Мице имаше земено да тече река од солзи.
- Ајде, земи и јади, ете јас јадов, останав сам и јадов, ќе јадеш и


ти!
Мице душна, зеде и грицна некое залаче и со наведната глава


под гардеробот си отиде во неговата „гарсониера“. Благоја го повика.
Кога Мице се врати зеде да му вели:


- Многу од жените имаат излезено ороспии, како мојата, како
твојата излезено што имаат.


Благоја не е луд кога земајќи заедничка тема со глувчето. Последова-
телно, тој е маченик, сведок на сончеви денови, па изневерен и на крајот до-
волно осамен за да си ја пронајде сродната душа, макар и во анималот, од-
носно во авторовата визија. Авторот се обидува да не прави плагијат од жи-




82


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


вотот на многумина. Ќе остане да лебди во воздухот тезата дали поделената
радост е поголема радост, а поделената тага помала тага, за да сите се увери-
ме дека човештвото без соединување ќе заврши со бришење.


Главниот лик во романот „Аманет“, авторот го однесе до таму, сам да
земе и да си го копа гробот. Визијата овде е во самиот чин на копање на сопс-
твениот гроб. морбидно, арно ама вистинито. Авторот, пред смртта, на глав-
ниот лик визионерски му даде да го пишува аманетот за роднините.


Цитат од романот: „Аманет“
-. . . И животот на што зел да се сведува? Според мене бркање


ветер и магла, всушност од една врата си влегол низ друга си изле-
гол, ама во лицето си излегол исчаден и со длабоки лузни, по душата,
срцето, и за секого добрата мисла или најточно, најпрецизно, це-
лиот мој живот, ама и животот на Добринка, ама и вашиот и на
многу други, впрочем на сите луѓе во светот, зел да се сведува само на
три дупки.


Уште една морбидна вест: авторот подготвувајќи си го леглото за своја-
та вечна почивка, зел да пишува аманет. Терминот „тестамент“ е познат ка-
ко документ за распределба на имотот по смртта, како би се спречила војна-
та меѓу наследниците за трошките кои ја иритираат едната страна од вагата.
Аманет е усно пренесение, исто со посмртно извршување, невообичаено во
овој случај што ограничува многу редовни дејствија, за чија сметка уфрла но-
ви по желба или хир на авторот. Се доаѓа до смешната теорија на трите дуп-
ки која вели дека човекот се родил од дупка, живее за дупка и завршува во
дупка. Не заостанува и тука визијата за влијанието врз животот после смрт-
та, кое е толку неизвесно колку и нашето постоење во следните мигови ...




83


Трета Роднокрајна средба…


Gjorgji Prchkov


THE WRITER TAKES ON THE DESTINY
OF HIS CHARACTERS


To judge some one by one’s own standards, especially when the privileged
authors do not want to see the other class of unprivileged authors, means designing
somebody’s destiny. That is why the writer takes on the destiny in his own hands
and gives birth to the vision. Because he was old enough and too weak to dream
it himself, he decided to present his views to his characters who did not have an
intention to give up from them up to the last page.


When the writer starts preparing to create a belletristic work, he is preparing
for the characters, too, no matter whether primary or secondary. He gives the
priority to the main characters. In fact he prepared himself to project his vision
through the characters.


There is something so morbid in this: the writer, trying to prepare himself
for his final resting destination, actually he is writing his testament. The word
testament is a document that distributes the private property after death in order
to prevent the war among the heirs for the remnants which press one side of the
scale. In fact, the writer has the vision to influence the life after death which is so
uncertain same as our existence on Earth in the next moments…




84


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Вера Стојчевска-Антиќ


ПРОЕКЦИЈАТА НА АВТОРОТ НИЗ ПАТОПИСОТ


Уметничкиот креатор ги
одбира личностите што ќе ги
обработува, слика, ваја, опишу-
ва, воспева, разбирливо според
својот афинитет кон нив, или ка-
ко пандан на спротивставените
сфаќања за нив. Овој своевиден
однос кон луѓето, кон светот, кон
цивилизацијата, можеби откри-
ва, од друга страна, напласти на
восприемања кај самиот автор,
чиј дух се самооткрива. На по-
долгите патувања патописецот
има можности да длаби и открива непознати суштини во намерниците со
кои се среќава. На разни меридијани и простори. Но што тогаш се случува
во оваа потрага со самиот автор на патописот? Очевидно, овој вовед открива
една широка тема која заслужува внимание. А во случајов, со оглед на вре-
мето и просторот што ни е одреден, јас ќе се обидам да дадам една сопствена
самооткривачка прокеција на мојот однос, како автор на досега шест објаве-
ни книги патописи.


Во мене постоеше некој вроден немир уште од првите сознанија за све-
тот, во правецот на откривањето на непознатото. Добро знам дека пасиони-
рано ме интересираа приказните. Сакав притаена во креветот да ги слушам
доживувањата на другите, а мојата фантазија ги прошируваше недогледните
хоризонти. Но, најмногу за нивното проширување придонесоа приказните
на мојот дедо Пецо. Тој имаше во Битола кафана покрај Драгор и по затво-
рањето на кафаната минуваше покрај нашата куќа и најчесто, ако забележе-
ше светло на прозорците, навраќаше кај нас. Тогаш мојата радост беше бес-
крајна. Мајка ми строго се држеше на принципот дека во осум часот навечер
морам да бидам в кревет. А јас знаев дека дедо Пецо наминува по десет часот,
и го чекав со немир во душата, прашувајќи се дали воопшто таа вечер ќе на-
врати. Ако го слушнев крцкањето на металната порта во дворот, јас изрипу-




85


Трета Роднокрајна средба…


вав од креветот и за миг ги прескокнував речиси скалилата, наоѓајќи се пред
вратата на долниот кат од куќата. Потоа, никој не можеше да ме оддели од
дедо Пецо и неговите бескрајни и секогаш разновидни приказни. Денес, по
долгогодишниот изоден пат и од ниво на универзитетски професор, можам
само да заклучам : ако ги запишував сите раскажани приказни од дедо Пецо,
денес би имале не помала збирка на битолски приказни од тие на Шапкарев,
Цепенков, Икономов... За жал тие само придонесоа да се развие мојата фан-
тазија со љубов кон зборот, како код на сознание, откривање, книга, писмо...


И како можев по еден ваков почеток на мојот развој да не понирам во
непознатите краеви од светот? Можеби и можностите што ги имав да ги по-
сетам пунктовите на разновидни средини на континентите придонесоа да се
проектирам и јас со својот поглед, мисла, збор, во тие средини.


Овде ќе наведам само неколку примери од моите патописни книги.
Првата земја што ја испитував, запознавав, во континентот Африка, беше
Тунис. Средоземното Море и пустината под него, соединети во една циви-
лизација, со пејзажи и бескрајни видици, со муслимански кафулина, а со ев-
ропски плажи, со ориентална музика, но и со шансоните на Франција и Едит
Пјаф. Меѓутоа, за мене беа интересни Тунижаните, кои беа затворени во сво-
ите типски бели домови и куќи, со чудни бели sидови. Нив ги немаше по ули-
ците. Во туѓите земји, покрај знаменитостите, пасионирано ме интересираа
луѓето кои живеат во неа. И јас зачукав на првата бела куќа. Цела комплетна
фамилија како да ме очекувала во пријатното домашно студенило, наспроти
вџештеноста на улицата. Две деца од фамилијата говореа добро француски и
нашата конверзација започна. Како да сме се познавале одамна. Врв на моја-
та компарација и љубопитност беше идентичноста на македонската народ-
на песна „Кажи, кажи, либе Стано“ со нивната туниска песна, на иста тема,
безмерната тага на бездетната невеста, преведени на француски, не зближи
сите присутни. Тие не знаеја дека таа беше најсаканата и најпеаната песна од
мајка ми. А кога ја пееше како дете размислував дека таа мора да е најубава-
та песна, штом неа ја избрала мајка ми! И солзи кај стутканите жени на висо-
киот миндерлак, како и кај мене! Првиот мој допир со Африкациве, а толку
исти чувства, желби. Најстарата домаќинка стана, се изгуби во собата, за да
се врати оттаму малиот Керим, подавајќи ми жолт прстен, изработен од ту-
ниски жолт камен. Тој мал и драг предмет и денес ме поврзува со семејството
кое ме чекаше да се појавам на нивната врата…


Првпат стапив на индиска почва. Знаменитостите на земјата каде што
се раѓале и приказните на дедо Пецо. Мојата љубопитност беше видлива.




86


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Не сакав да спијам, секој проспан час значеше изгубено доживување. А тол-
ку многу ги имаше во Њу Делхи! Приказната за принцезата од Таџ Махал ја
пронајдов по толку години наназад. Наспроти неа бројни несреќници, инва-
лиди од невидени размери се движеа не на сон, туку во реланоста на улиците
од Њу Делхи. А потоа, се наоѓам во Катманду, во срцевината на најраскошна-
та пролетна природа и центарот на хипиците и наркоманите од целиот свет,
собрани овде купче. Се промешуваат сновиденијата, приказните, остатоците
од вековните убавини, но и сликата на цивилизацијата на бројните жители.
Во разговорот со индиската „кралица“ Индира Ганди, во нејзината интимна
куќа среде Њу Делхи, сфаќам дека е таа божицата Мајка на Индија, сеопфат-
ност во говорот, сеопфатност во грижата за сите свои сограѓани. Како кра-
лиците од приказните.


Во Катманду се соочив со најмладата жива Божица – Кумари. Во еден
дворец, на прозорецот се јавува живата божица Кумари, девојче околу осум-
годишна возраст, со невина раскошна убавина. Според непалската легенда
во неа е вселен духот на божицата Кумари. Еден од кралевите, Мали, го пре-
кршил заветот и го тргнал пердето пред божицата. Таа веднаш исчезнала, не
смеел да ја види обичен смртник, а потоа се вселува нејзиниот дух во чисти
девојчина, кои зрачат убавина, затворени во дворецот. Тие ја губат во живо-
тот можноста да се омажат, остануваат чисти и невини меѓу боговите и луѓе-
то во Непал.


Патописот ме води пред Монт Еверест и Анапурна. Не сум добар рек-
реативец, нагорнината не ми е пријатна. Вчас се јавува пред мене осумгодиш-
но мургаво индиско девојче. Таа е Бисну Маја. Ми ја подава раката и ми да-
ва знак дека таа ќе ме води по проугорнината. Бара само две рупии?! Чекори
пред мене. Како да не стапнува на земја со босите слаби ножиња, како да ле-
та, а мене како да ми се претвори телото во крилесто суштество, зашто ја сле-
дев малата и нежна Бисну Маја во летот над миризливата планинска трева и
растителност. Каков допир, како да ја гледав нејзината рака, без осет дека таа
ја држи мојата дланка! И во овој денешен миг ја чувствувам таа леснотија. А
тогаш, ми се пристори, или навистина тоа се случи, очите на Кумари, впиени
во моите, сега се всадиле во Бисну Маја. Дали тоа беше Бисну Маја во Кума-
ри, или Кумари во Бисну Маја?!


Од оваа цивилизација патот ме насочи во Лос Анџелес. Непрегледен
град, како ли се снаоѓа човекот во овој непроод? Океанот го продолжува гра-
дот, од вткотвениот „Титаник“, до бескрајот на водата. Овде се шири и гра-




87


Трета Роднокрајна средба…


дот Холивуд, и големиот универзитет УКЛА, и Беверли Хилс од приказните
и сегашнината.


Од Индијана, дефинитивно стигнувам во куќата на мојата братучеда
Љуба, во предградието на Индијанополис. Првпат се среќаваме во живо, во
поодмината возраст. И како да не била таа судбинска пауза од педесет и пет
години несреќавања. Љуба е родена во Индијанополис, од родители битол-
чани, веднаш по свадбата преселени во големата и далечна Америка. Какво
чудо, Љуба живее со Битола, во Битола, со Смилево, во Смилево, од каде што
и потекнуваат родителите. Таа знае сè за мене, и јас за неа. Само писмата и
сликите ги приближувале крајностите на светот. Нашето понирање во фами-
лијата, во корените, како да започнува од мигот фатен во стапица во Индија-
нополис. Јас останав таму некаде во дворот на Љуба, седната под кајсијата,
како да бев била со неа во Битола, под кајсијата од нашиот двор. Во нејзината
богата библиотека и архива го открив печатеното издание на Чернодрински,
непознато дотогаш во нашата средина, како и слики од македонските извед-
би на „Македонска крвава свадба“ во САД. И денес ние со Љуба контакти-
раме живо, духовно. Духот е мисла без крај, нема завршеток додека живее-
ме. И тој останува и зад нас, зашто од каде ни се сликите невидени, а толку
интимно доживеани? Духот нема граници, тој не знае за крај на времето, на
просторот. И затоа останува и по нас, можеби како најубава утеха дека и по
смртта човекот живее.




88


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Vera Stojchevska Antik


THE AUTHOR’S PROJECTION THROUGH HIS TRAVELS


The arts creator chooses the characters on which he intends to work,
paint, carve, describe, glorify in accordance with his affinity towards them, or as
pendants of his opposing understanding. This kind of attitude towards others, the
world, the civilization reveals the author’s accumulated views. During the long
journeys the autor who writes the travels has the opportunity do dig and discover
unknown experiences in the cotravellers he meets on his way. I am aware that the
places I have visited and people I met in almost all the continents contributed in
the projection of my views, thoughts and words.


In Indiana I visited my cousin Ljuba, in the suburb of Indianopolis. For the
first time we met in live, at this age. I felt that the past period of fifty five years
apart had never existed. Ljuba is born in Indianopolis from parents born in Bitola,
who moved to USA immediately after their wedding.


What a miracle, Ljuba lives with Bitola, in Bitola, with the village of Smilevo,
in Smilevo where her parents originate from. She knows everything about me and
I know everything about her. Only our letters and photos made closer the special
distance between us. Our digging into the roots of our family started in the moment
I entered her house in Indianopolis. Even today we have a live contact with Ljuba.
Our souls have no beginning and no end. Inside our souls there are common
images of the warm experiences we have had even without being together. If there
is an attraction of two souls then there are no limitations of space and time for
them. That’s why the belief that the man lives after his death remains.




89


Трета Роднокрајна средба…


Мирјана Стојановска Палигора


ПОЕЗИЈАТА - ЛИЧНО ЕМОТИВНА, ИМАГИНАРНА,
НО И КОНКРЕТНА СТВАРНОСТ


Книжевното дело е специ-
фична јазично-уметничка струк-
тура. Ваквото тврдење не е ника-
кава нова теза. Напротив, за тоа
говорат философите уште од ан-
тичко време, па се до денес. Тол-
кувајќи ја поезијата, Лотман за-
бележува дека наспроти при-
родните јазици (македонски, ан-
глиски, француски и други) би
можеле да се издвојат таканаре-
чени ,,второстепени јазици“ кои
ги надоградуваат природните ја-


зици, користејќи ги истите само како материјал. Според Лотман, поезијата
е естетски организиран јазик, како естетско средство и медиум на комуни-
кација со сопствен семиотички код. Де Сосир, исто така, тврди дека без ог-
лед на подрачјето на испитување на книжевноста од: формален, структура-
листички, стилистички, семиотички план, се потврдува интеракцијата меѓу
книжевниот и стандардниот јазик, при што книжевниот се јавува како едно
проширување на структурата на еден стандарден јазик.


Во однос, пак, на пристапот кон поетскиот предмет на интересирање,
во науката постојат различни гледишта: додека едни ја истакнуваат темата
како предмет на интересирање во поезијата, други аналитичари ја исклучу-
ваат темата, (предметот на поетското писмо) доближувајќи се до познати-
от ларпурлартистички пристап во толкувањето на поезијата каде се истак-
нуват музикалноста и поетските слики. Па така, Маларме бара да се избрка
,,стварноста“ од поезјата, а пак Херман Брох вели дека,, поезијата треба це-
лата да гори во стварност,,. Во таквите анализи на релација-форма или со-
држина, низ историјата се формирале најразлижни поетски правци и струи
кои ја подржуваат едната или друга опција во однос на приматот односно
предметот на поезијата.




90


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Во извесен дистанциран дискурс, може да се заклучи дека сите тие
рамки за дешифрирање на поезијата се правеле или се прават со цел полесно
или посеопфатно анализирање на поетските писма како пројави на една епо-
ха, на една национална култура и слично. Професор д-р Венко Андоновски
на пример, правејќи анализа на својствата на македонската поезија, односно
македонската песна, тврди дека постојат пет можни својства


1
и тоа: метафоричко структуирање, метонимиско структуирање, пое-


зија со зголемен степен на материјалност на песната (музикалисти), поезија
со зголемен степен на нематеријалност на песната (полемички песни) и ин-
тертекстуална песна односно поезија.


Сите тие пристапи се преклопуваат во единствената претстава за по-
езијата дека таа известува за некои аспекти на стварноста и вечноста, за
времето и човекот (Катица Ќулавкова, ,,Одлики на лириката“). Пред сè, тоа
е субјективен пристап на поетот кон сите тие егзистенцијални, општестве-
ни настани и длабоко емотивни состојби и рефлексии на таквите појави но-
тирани со поетско писмо. Значи, со поезијата се евоцираат и се асоцираат
најразлични вонјазични елементи од една лично-емотивна, имагинарна, но и
конкретна стварност.


Конкретно, кога јас тргнав во светот на мојата поезија, секако дека ги
имав во предвид ваквите анализи и книжевно-историските придобивки на
светската и домашната литература и критика како и трендот на постмодерно-
то изразување. За среќа, не се оптоварив со фактот дека ,,топлата вода одамна
е измислена,, туку се поведов од внатрешниот инстикт да направам еден по-
етски запис, секако, поведена од некоја внатрешна творечка енергија. Пред-
мет на анализа во мојата прва книга поезија ,,Хроносот на зборот,,(,,Кубоа“
1995) е токму зборот како прапочеток преку чии трансформации го следам
развојот на поезијата, но и развојот на животот, на светот од најстаро вре-
ме до денес. Книгата е поделена во три циклуси како симбол на три поголе-
ми периоди (епохи). Првата насловена како ,,Креација и историја“ зборува
за иницијалната фаза на животот воопшто, каде во сосема лапидарен стих
се нижат песните: „Праглед“, „Линија“, „Битие“, „Звук“ и „Мимеса“, како по-
етско пресоздавање на она што го создал Бог. Со вториот циклус е опфатен
оној долг среден век на стагнација во секаква смисла, насловен како,,Време
на молчење“. Тука зборот како субјект доживува внатрешни борби и пре-
вирања. Доминантна стилска фигура тука е асонанцата и парономазијата (во
песните ,,Семем“, ,,Зрнест збор за составот на собитија“). Од овој циклус ка-




91


Трета Роднокрајна средба…


ко посебна и самостојно егзистенцијална песна би ја издвоила ,,Одамна збо-
рот не збори ништо“. Третиот циклус го следи зборот како знак, кој како се-
мем и триопа(стилска фигура) секогаш има пат за нов развој и своја иднина.
Со таквата поетска концепција ја напишав првата книга поезија ,,Хроносот
на зборот“, каде зборот е субјект и има свој пат низ времето.


2
,,Хроносот на зборот“ беше одлично прифатена од мои професори, пи-


сатели и поети кои ме поддржаа во креирањето поезија. Но, во исто време
сакав да го слушнам гласот и на читачката публика, при што наидов на една
забелешка во завиткатна форма, дека поезијата е премногу далечна за обич-
ниот читател, дека доминира интертекстуалноста за сметка на интимно-емо-
ционалната нота која просечно -ерудитен читател сака да ја сретне во совре-
мената поезија, да нејде поетска наслада. Поезијата постои за да биде блиска
и достапна до публиката, бидејќи дури тогаш таа почнува да живее. Тоа беше
одлучувачки момент да го сменам правецот за мал агол при што мојата поет-
ска преокупација, како интимно доживување на реалноста, на секојдневие-
то, на социјалните и други проблеми, почна да добива малку појасен облик.
Така во втората книга поезија ,,Двобој со тишината“ за нијанса, барем мис-
лам, дека добив повеќе транспарентно писмо.


Книгата ,,Двобој со тишината“ содржи четири т.н. циклуси. Првиот е
,,Поплава“ во кој, готово како некој гатач, си предвидов еден тежок период во
мојот живот. Циклусот ,,Поплава“ ја доби првата награда на ,,Карамановите
средби“ многу порано пред објавувањето на книгата. Судбината ја предви-
дов, но не ја изменив туку од оваа дистанца сум ја прифатила како неминов-
ност, па оттаму и во интертекстот на стиховите се асоцира и алудира на сти-
ховите на грандиозниот Блаже Конески: ,,Ќе ја однесе ли Река/ онаа вреќа/ од
нанос на песочиште/ и чакалиште/ што ги натрупав/ пред дувлото/ да кре-
пат?“ Во таква меланхолична нота е целата книга, како една тивка борба на
длабоко емотивен план, но и рефлексија на општествениот, социјалниот жи-
вот каде силите не се мерат според вообичаените критериуми, па едноставно
се чека она природно задвижување на животното тркало од мртва точка.


Третата книга ,, Заѕидана врата“ (,,Дијалог“ 2007) е сосема поразлич-
на и нов пристап во моето творештво. Тоа лично го чувствувам во циклусот
,,Во фантастичната игра на 2050“ каде сегашноста ја рефлектирам како ид-
нина, каде на интимната компонента и давам примат на љубовта како енер-
гија, како визија и преокупација која му дава содржина на секојдневното жи-
веење.Овие песни ги доживувам урбано, непосредно, дури со извесен умет-




92


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


нички баналитет. Со нив сум поблиску до современиот конзумент на вакви
творби со кој коинцидирам во однос на темата, на перцепцијата, на доживу-
вањата. Циклусот ,,Прозаичен свет“ е спротивност на првиот. Содржи реф-
лексии од ентериерниот живот, историските пресвртици и крикови на акту-
елното време каде се допираат егзистенцијалните прашања на мојата земја
каде и јас како единка не можам да направам промени, освен еден


3
поетски запис како што всушност и правам, при што се наметнува кон-


статацијата дека во едно општествено лудило најдобро е човек ,,да се повле-
чи во својата градина на сини ружи…“ (,,Прозаичниот свет пред мојата гра-
дина“).


Во поднасловот ,,Ренесансата на Курбиново и Битола“ потенцирам
дека за значењето на нашите културни споменици повеќе се интересираат
странските истражувачи кои многу добро знаат што значи манастирот во
Курбиново и тие ликовни записи што му претходат на ликовниот европски
хуманизам. А песната за Битола ја испеав едноставно од срце, како слика на
моето време, како нешто што јас можам да направам за мојата Битола…


Морам да признам дека ми беше мило кога слушнав од моите читатели
и пријатели дека ја доживеале оваа моја трета книга поезија, па дури и дека
се препознале себе си во одредени стихови. Тоа навистина ми е многу важно,
искрено, ме направи среќна. На ваков начин мислам дека ги задоволив двата,
секако мои субјективни, пристапи во творењето: метафоричноста како на-
чин на мој готово автоматизиран начин на пишување во моментот на инспи-
рација (зашто, сепак, вдаховеноста е првиот принцип во секој, па и овој вид
на творештво), во допир со актуелните книжевно - естетски компоненти во
поезијата; а од друга страна, мислам дека го задоволив и оној втор аспект или
принцип - уметничкото дело да живее со својата публика, а не само да биде
поезија за книжевната елита и критика.


На крајот, како свое искуство, морам да ја потврдам вистината за по-
етското писмо, дека поетите, всушност, во својата бивалентност сакаат да
искажат една тешка реалност од нивниот живот на која и се спротивставува-
ат од дното на душата, а го изразуваат преку поетскиот израз каде вистина-
та и не мора да ја кажат директно, в очи. На таков начин, од својот проблем
тие прават своевидно уметничко, јазичко- естетизирано дело, кое преставу-
ва лично-емотивно, според својот внатрешен свет –имагинарно дело, кое во
најдиректна смисла има врска и е одраз на реалноста, на стварноста. Тоа де-




93


Трета Роднокрајна средба…


ло продолжува да живее самостојно, без својот создател, со јавноста. Конеч-
но, тое е целта на творечкиот чин, на уметничкото создавање.


Mirjana Stojanovska Paligora


THE POETRY – EMOTIONAL, IMAGINARY
AND LIVING REALITY


When I entered the world of poetry I had in mind the analysis and the
literary progress in the domestic and world literature as well as criticism and the
postmodern expression. Being not loaded with the fact that “the hot water has
been invented long ago”, I was lead by an inner instinct and creative energy to write
poetry. In my first book of poetry “The Chronos of the Word” I analyze the word
as an origin whose transformations show the development of poetry as well as the
development of life and the world from ancient times until today.


From my experience I must confirm the truth about the poetry message, the
poets in their bivalence tend to state in words the heavy reality of their life to which
they oppose from the depths of their hearts and they don’t have to tell the truth
directly. In this way, from their problem they make art linguistic-esthetic work
that is personally emotional and by its inner life – imaginary work with its direct
reflexion of the reality. The work continues to live independently with the reader,
without its creator. In fact, it is the aim of the creative act and the artistic creation.





94


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Добре Тодоровски


АВТОРОВАТА ПОРАКА ПРЕКУ ЛИКОТ НА ДЕЛОТО


Имајќи ја предвид темата,
тргнав од тоа дека во секое де-
ло (расказ или роман), значајно
место се остава за главниот ју-
нак, кој е во центарот на дејстви-
ето. Тој, се разбира, со себе носи
одредени белези на однесување,
насочувања, поуки и тн., а преку
него, авторот треба да ја испрати
пораката до читателот.


Во зависност од тоа каква
тематика се обработува, во која
просторна и временска димен-
зија се одвива дејството, секој автор, во своето дело вградува дел од сопстве-
ните животните случувања и искуства, кои се одвиваат во детството или по-
касно, било како учесник во настанот, набљудувач, или ползувач на раскази
пренесувани од колено на клено.Оттаму, авторовата идентификација може
да се препознае во повеќе дела.


Сфаќајќи ја темата како таква, за обработка го издвоив Димко Велја-
новски, еден од стожерните ликови од романот ,,Над тагата“ . Се водев од тоа
што ваков лик, со таков животен пат, е пресликување на животот на многу-
мина кои ги поминале годините на ликот. Неговите мисли, размислувања и
желби, се истите оние кои ги посакува секој човек на овие простори. Главни-
от лик никогаш не е сам. Неговата слика ја надополнуваат споредните, епи-
зодни ликови кои силно се потпираат еден врз друг со што се создава поса-
куваното дејство, каков што е случајот со ликот на Крсте Стрежевски, во ис-
тоимениот роман, без малку носечки лик во романот.


Суровоста на воените дејствија ја почувствуваа голем број македонс-
ки семејства, а реалноста сиот народ. Една идилична слика на среќни семејс-
тва, уживање на нормални животни услови кои се пренесени во првиот дел
на книгата, насилно се растурени преку ноќ, а не по сопствена вина. Ликот
овде е растрган на две страни. Од авторот и неговата визија ќе зависи на која




95


Трета Роднокрајна средба…


страна ќе го постави ликот. Кон ова, секако, потребно е да се знае содржина-
та на книгата, за подобро да се разбере искажаното.


Воден од случувањата на овие балкански простори, во деведесеттите и
2001 година, особено кога тоа се однесува на нашиот народ, се обидов да ја
разберам и пренесам во романот ,,Над тагата“ улогата на Македонецот, ка-
ко што горе наведов, во стожерниот лик на Димко Велјановски, односно не-
говите гласни размислувања кои упатуваат на тоа како се однесува нашиот
човек како индивидуа во составот на опшеството, на кој начин и во колкава
мера ќе го искаже патриотизмот, приврзаноста кон семејството и земјата, а
што можат да се сметаат и како авторова порака. Како поткрепа на ова, една
мала фрагментарна илустрација, на разговор меѓу двајца македонски старе-
шини, со повисоки чинови во поранешната армија.


„-Каква војска, бре Димко, каква армија?
- Наша, македонска.
- Ти мислиш дека тие голтари долу, ќе направат армија? Така си чул! Те


лажеле!- скоро се развика Серафимовски
-Па кога можат и другите...
- Со кој ние бре, кој?-го прекина. Димко се подисправи.
- Па, јас, Вие...
- Мене немој да ме спомнуваш, јасно! - се издра. Мене ме токмат за ко-


мандант на прва Армија, ми ветија, а и ќе бидам, така да знаеш...
- Така нека биде, ама кој друг, ако не ние што сме оттаму. Не е грев да


пробаме, може на убаво да излези.
- Може, а? А, ако не излези, што тогаш?“
Растурањето на поранешната држава, и секако нејзината најсилна


страна, армијата, Димко не ја доживува само како растурање на државната
заедница, туку и распаѓање на една, еднаш стекната човечка живеачка, раз-
небитување на семејства, љубовта и почитта. Тоа е едната страна на меда-
лот. Од друга страна, пак, се наѕира надеж за создавање на своја држава, зна-
ен и толку посакуван, исконски идеал на нашиот човек, во која за прв пат ќе
имаме бранители на нашите граници, на нашата самобитност и слобода. Ако
веќе неизбежно е потребна жртва со македонска крв, нека биде тоа овде на
нашата земја, дадена во одбрана на своето.


Како да не ни се доволни делбите и поделбите, преселбите во туѓи
земји, како за некој инает или колнатија останало на овие простори да се
повторува еднаш стореното, повторно се јавуваат (и тоа во не мал број) оние
кои на прво место им е удобноста и личните интереси. Оние кои во други-




96


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


те гледаат авторитет и големина и убавина, а нашето го минимизираат. Една
мисла од Петре М. Андреески, најдобро ќе го претстави ова: „Зошто сите на-
ции се бранат самите себеси, а нашава како се уште да се брани од самата се-
беси, односно од самите нас,, .


Не е реткост, авторовата визија да се препознае и во говорот на епи-
зодните ликови, кои во тематската содржина на дејствието во романот, обич-
но се наоѓаат во сеќавањата на главниот лик. Овде, пред сè, мислам на ко-
ристење на народните поговорки, досетки, гатанки и други народни сказа-
нија, во говорот на епизодните ликови.


Растев и работев во време на рационализација, живеев и подигав се-
мејство во транзиција, стареам во време на некаква си стабилизација за асо-
цијација. Препознатливо време на живеачка и за ликовите од романот ,,Над
тагата“ како и стожерниот лик Димко, кои се исполнети со желба за мир и
човечко достоинство на парчето замја што толку го љубат.


И уште нешто. Јазикот со кој се служат ликовите. Бидејќи главниот
лик е битолчанецот Димко Велјановски, а одма до него Крсте Стрежевски,
лик од околните битолски населби, се одлучив за користење на битолскиот и
демирхисарскиот дијалект, или говор со кој најдобро се изразува ликот, но и
со цел запазување и зачувување на постари, подзаборавени или сосема забо-
равени зборови од нашиве краишта. Оттаму, сметам дека негувањето на ја-
зикот во слободна говорна форма кај ликовите, е од огромно значење, токму
заради тоа што и македонскиот литературен јазик се темели на ова говорно
подрачје.


Во потрага по реченица или пасус со кој ќе се сумира, или издвои како
посебност, авторовата идентификација со ликовите, во случајов тоа се јуна-
ците од романот ,,Над тагата“ тогаш нека биде тоа како повик за силна љубов
кон земјата, нашиот јазик и историја, семејството и почитта кон народот, ка-
ко свето нешто кое не бележи како посебност и постојаност.




97


Трета Роднокрајна средба…


Dobre Todorovski


THE MAIN CHARACTER IS THE AUTHOR’S MESSAGE


Having in mind the theme much importance is given to the main character
who is the center of attention. He has certain attitudes, manners, wisdom, actually
the main character is the author’s message. Every author in his work engraves part of
his life experiences from his early childhood no matter whether he is a participant,
observer or handing down the traditional stories. The author’s identification can
be traced in most of his works.


As an example, I took Dimko Veljanovski, one of the key characters in my
novel “Over the Sorrow” who is reflection of the life of many people. In quest for
a sentence or a paragraph to summarise or single out what is outstanding in the
author’s identification, if not the characters of the novel “Over the Sorrow”, I take:
the call for unconditional love for our country, our language and history, the family
and the respect towards our people, as something holy and a mark of our country’s
independence and permanence.




98


СОДРЖИНА


ТРЕТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА НА БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ
ОД МАКЕДОНИЈА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5


Димитар Башевски
ГЛАВНИОТ ЛИК - ПРОЕКЦИЈА НА АВТОРОВАТА ВИЗИЈА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7


Димитар Богдановски
МОИТЕ ЛИКОВИ СЕ ПРОЕКЦИЈА НА МОИТЕ СЕЌАВАЊА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 11


Проф. д-р Благоја Брајановски
ОНА ШТО НЕ СЕ ЗНАЕ - Е ВИСТИНСКОТО СФАЌАЊЕ
(Повод: ликот на Трајан во романот „ПЕСНА ОТПЕАНА“) . . . . . . . . .17


Петре Димовски
КОСМИЧКАТА ВИЗИЈА НА АВТОРОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 24


Весна Ефтимова - Сотировска
УМЕТНИЧКАТА ЛИТЕРАТУРА – ФОРМА НА ИНТЕРПРЕТИРАЊЕ
НА СВЕТОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 29


Д-р Цане Здравковски
МОИТЕ ЈУНАЦИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 34


Владимир Костов
АТРАКТИВЕН РЕАЛИЗАМ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 38


Никола Кочовски
КАКО НИКНАЛЕ МОИТЕ ЛИКОВИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 42


Панде Манојлов
ДА НЕ СЕ ОСТАНЕ ОТСУТЕН ЛИК ПРЕД БОГА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 49


Весна Мундишевска Велјановска
ИЗВОРОТ НА ЗБОРОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 55


Ѓорѓија Најдоски
ПРЕПОЗНАТЛИВОСТА НА МОИТЕ ЛИКОВИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 61


Христо Петрески
ГЛАВНИОТ ЛИК ЈАС ИЛИ ЈАС КАКО ГЛАВЕН ЛИК... . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 65


Горјан Петровски
ЛИ КОТ СО НЕОБИЧНО ИМЕ, НО СО МНОГУ ТОПЛИНА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 69


Ѓорѓи Прчков
ПИСАТЕЛОТ ЈА ПРЕЗЕМА СУДБИНАТА ОД НЕГОВИТЕ ЛИКОВИ . . . . . . . . . . . . . . 75




99


Трета Роднокрајна средба…


Вера Стојчевска-Антиќ
ПРОЕКЦИЈАТА НА АВТОРОТ НИЗ ПАТОПИСОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 84


Мирјана Стојановска Палигора
ПОЕЗИЈАТА - ЛИЧНО ЕМОТИВНА, ИМАГИНАРНА, НО И КОНКРЕТНА
СТВАРНОСТ. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 89


Добре Тодоровски
АВТОРОВАТА ПОРАКА ПРЕКУ ЛИКОТ НА ДЕЛОТО . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 94




100


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


ТРЕТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ
ОД МАКЕДОНИЈА


Издава
Националната установа – Универзитетска библиотека


„Св. Климент Охридски“ Битола,
ул. Ленинова бр. 39, Битола


Организациски одбор
Науме Ѓоргиевски


Николче Вељановски
Владимир Костов
Јоланда Бошевска


Превод и резимеа на англиски јазик
Николче Вељановски


Лектура
Здравко Божиновски


Печати
МИКЕНА – Битола


Тираж
300 примероци




ISBN 978-9989-2783-7-2


Z
B


O
R


N
I


K
T


R
E


T
A


R
O


D
N


O
K


R
A


J
N


A
S


R
E


D
B


A