13
ТРИНАЕСЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА
ТРИНАЕСЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА
Зборник на излагања,
Тркалезна маса, Битола 8 јуни 2018 година
National Institution – University Library
„St Kliment Ohridski“ Bitola
THIRTEENTH HOMELAND MEETING
OF THE BITOLA WRITERS FROM
MACEDONIA
Collection of presentations,
Round table, Bitola June 8, 2018
Bitola 2018
Национална установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола
ТРИНАЕСЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА
СО БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ
ОД МАКЕДОНИЈА
Зборник на излагања,
Тркалезна маса, Битола 8 јуни 2018 година
Битола 2018
ТРИНАЕСЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО
БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА
Зборник на излагања,
Тркалезна маса, Битола 8 јуни 2018 година
Издава
Националната установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ Битола, ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39, Битола
За издавачот
м–р Бојан Стефановски
Издавачки совет
м–р Јелена Петровска
д–р Николче Вељановски
Академик Владимир Костов
Главен и одговорен уредник
д–р Николче Вељановски
CIP - Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“, Скопје
821.163.3-3(082.2)
РОДНОКРАЈНА средба со битолските писатели од Македонија (13 ; 2018 ; Битола)
Тринаесетта роднокрајна средба со битолските писатели од Македонија :
зборник на излагања, Тркалезна маса, Битола, 8 јуни 2018 година / [главен и
одговорен уредник [и] превод на резимеа на англиски јазик Николче Вељановски].
- Битола : Национална установа Универзитетска библиотека „Св. Климент
Охридски“, 2018. - 92 стр. : фотографии ; 24 см
На наспор. насл. стр.: Thirteenth homeland meeting of the Bitola writers from
Macedonia : collection of presentations, Round table, Bitola, June 8, 2018. -
Summaries кон трудовите
ISBN 978-608-4538-71-4
COBISS.MK-ID 108734218
Тел.: 047/220–208; факс: 220–515; тел. изд. 232–999;
e–mail: nuub@nuub.mk • www.nuub.mk
Зборникот е финансиран од Министерството за култура
на Р. Македонија.
5
Тринаесетта Роднокрајна средба…
13. РОДНОКРАЈНА СРЕДБА
Приредил д–р Николче Вељановски, библиотекар советник
Традиционалната 13. Роднокрајна средба на битолските писатели
во Македонија се одржа во Салата за промоции до пултот за зајмување на
книги на 8 јуни 2018 година со почеток во 10:30 часот. Овој пат, по суге-
стија и организација на в.д. директорката м–р Јелена Петровска, Трка-
лезната маса на тема, беше заменета со Роднокрајна средба на битол-
ските писатели кои ги излагаа своите текстови пред одбрана група на
студенти од Педагошкиот факултет и нивните професори Виолета Јану-
шева и Даниела Андоновска – Трајковска. Овојпат темата беше: „Моите
емотивни изблици преточени во збор“, на која беа присутни седум-
наесет роднокрајни писатели од Битола, Струга и Скопје меѓу кои Вла-
димир Костов (во отсуство), Радован П. Цветковски, Никола Кочовски,
Ѓорѓи Прчков, Добре Тодоровски, Ванде Ганчевски, Петре Димовски (во
отсуство), Весна Мундишевска Вељановска, Сања Мучкајева Видановска,
Биљана Т. Димко, Вера Стојчевска Антиќ, Христо Петрески (во отсуство),
6
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Ванчо Полазаревски (во отсуство), Петко Шипинкаровски, Љубе Митреј-
чевски, Мирјана Стојановска, Гордана Стојановска, Елизабета Јончиќ и
други.
Студентите поставуваа прашања до писателите. Се случуваше некои
од нив да одговорат со изнесување на своите подготвени излагања, но во
вид на разговор. Претходно, сите пристигнати текстови беа поставени на
ВЕБ – страната на Библиотеката за да можат да бидат прочитани од сту-
дентите. На крајот, студентите пополнија анкета за успешноста на сред-
бата. Нивните забелешки за подобрување на истата беа добредојдени. На
сите присутни студенти им беше овозможен бесплатен упис во Библио-
теката. Писателот Радован П. Цветковски им подари своја збирка поезија
на двете најактивни студентки, додека на сите писатели – учесници, од
страна на организаторот им беа доделени благодарници.
На почетокот, присутните ги поздрави в.д. директорката м–р Јелена
Петровска и професорката од Педагошкиот факултет Битола, Виолета
Јанушева. Раководителот на проектот и модераторот на средбата д–р
Николче Вељановски во поканата до писателите им го имаше дадено
следното образложение како насока за пишување на темата:
Целта на една ваква тема на која идеја работев со неколку писа-
тели беше потенцирање на инспирација која е поблиска до поетот,
но притоа водевме сметка да не биде далечна ни за прозаистот кој, се
случува, да напише расказ во еден здив. Еден емотивен изблик кој се
преточува во зборови кои импулсивно се формираат во авторовата
мисла може да биде поетски стих, строфа, но и прозна поезија, или
подолг прозен пасус, подолг опис, како и расказ, роман и сл. Кога се
7
Тринаесетта Роднокрајна средба…
работи за стихот, тој може да кондензира емоции на радост, среќа,
тага, болка, како и убавина, убави и лоши сеќавања, мудрост, порака
и сл., при што читателот може да ги доживува како што се доживува
едно сликарско дело. Емотивниот изблик во прозата може да протече
како мирна река и да го принуди читателот, уживајќи да не го остави
делото додека не го прочита во „еден здив“, би рекле да прерасне во
ремек – дело. Всушност, овде имаме две ако не и три теми во една.
Значи, и покрај тоа што интенцијата беше повеќе да ~ дадеме
предност на поезијата, се очекува писателовата анализа да не биде
ограничена, туку слободна во поглед на изразувањето на својата
поставеност кон поезијата или прозата. На пр.: почнал со поезија, но
во понатамошниот негов развој се покажало дека прозата е неговиот
писателски израз. Исто така, поетот може да каже зошто смета дека
неговата творечка креативност не може да биде прозна, или дека
тој не може да се искаже на прозен начин затоа што таквиот стил
„не му лежи“. Можеби поетот е премногу емотивен и импулсивен во
искажување на доживеаното при што со еден стих или песна сака да
каже „многу“ пред да се „олади“ како што се случува прозаистот кој
треба да го чека „следниот“ момент на инспирација, па „следниот“,
па „следниот“ и тн., како би го завршил својот роман.
Се разбира, прозаистот може и да „не погоди“ неколку, па и
повеќе пасуси, а на крајот неговото дело да биде успешно прифатено
од страна на читателот. Песната „не трпи непогодување“. Како пое-
тот ја создава поезијата, а прозаистот прозното дело. И кај едниот и
кај другиот емоциите излегуват од исто место.
Некои поетски дела ги поминуваат границите на нашата земја
како уметнички дела. Колку тоа можеме да го кажеме за македон-
ските прозни дела, не ми е баш многу познато. Зошто!? Дали кај пое-
тите на Господ Му е полесно да стави рака, отколку кај прозаистите!?
Дали на прозаистите им фали „поетичност“, дали зрела филозофска
мисла вдахновена со писателска дарба, широка душа за универзално
сфаќање и прифаќање на светот, или пак, имаат недоволно писател-
ско искуство и слух за потребите на современата светска книжевност,
би била можеби една од следните теми на која би можело да се дис-
кутира.
Оваа тема нека биде една ретка можност, и како поети и како
прозаисти, да зборувате за поетските, односно емотивните изблици
кои преку вашите мисли се преточуваат во зборови и дела.
8
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Но, сепак, како што и досега важеше за сите изминати теми, моите
образложенија се со цел да ви помогнат во која насока да се движите, а не
да ги сфатите како некакви „мудри мисли“ на кои треба да медитирате,
да ги прифатите, отфрлите, а најмалку да ги критикувате. Мислев дека
досега и се разбиравме во овој поглед, но емотивниот наплив на Сања
се сврти скоро кон секој мој збор и нејзиниот текст премина во критика.
Ваквите излагања, се разбира, се земаат за промашени. На овој текст
му е допуштено да се приклучи на другите само како пример како еден
текст не треба да биде. Во иднина, ако писателот се почувствува засег-
нат, односно дека не е доволно ценет од другите, општеството, институ-
циите и сл., треба да знае каде да се обрати. Имавме еден пример, каде
на зборовите на Ѓорѓи Прчков се огласи се цел текст Владимир Костов.
Сега на текстот на Сања некој од писателите би можел да коментира,
што е и очекувано: „Леле, леле јаката писателка, па требало баш неа да
ја преведуваат!“ Затоа, повторно би ве замолил на темите не одговарајте
со емотивни напливи колку сте онеправдани во ова наше општество или
колку ве повредиле моите лични образложенија, кои би можеле да бидат
донекаде и провокација на која еден барем малку подлабок ум не би тре-
бало да наседне. Мило ми е дека до пред овој случај никој и не наседнал,
односно провокациите биле мудро занемарени. Според мое мислење, а
тоа е и една од целите на овие средби, да ги натераме, односно инди-
ректно да ги убедиме другите околу нас, посебно, сегашните и идните
истражувачи, преку нашите лични емоции и размисли, дури и конфликти
во однос на самите себе, дека ние сме длабоки како писатели со свои дла-
боки чувства и мисли кои произлегуваат од нашата животна, истовре-
мено и универзална филозофија која ја применуваме во животот и сме ја
вградиле во своите дела.
9
Тринаесетта Роднокрајна средба…
Проф. д-р Даниела Андоновска–Трајковска
КОГА ПОЕТОТ ЈА СОЗДАВА ПЕСНАТА…
Едно од најчесто поставуваните прашања во теоријата е прашањето
кое се однесува на создавањето на литературниот дискурс. Што е тоа што
еден текст го издвојува од другите за да се нарече литературен. Или што е
тоа литерарност како карактеристика и кој текст ја има токму таа одлика.
Дали творецот размислува свесно за тоа при создавањето? Ако ова пра-
шање останува неодговорено во целост, тогаш прашањето околу наста-
нувањето на литературното дело останува с` уште да биде енигма и да се
поврзува со магичното, окултното, натприродното токму затоа што не е
подложно на набљудување и поради тоа не може да се опфати со прецизна
дефиниција со која ќе се решат сите непознати во равенката. Единстве-
ниот можен пат за вистинско спознавање на процесот на создавањето е
интроспекцијата, а тоа е исклучително тежок процес затоа што процесот
на создавањето се случува кога несвесното има доминатна улога. Созда-
10
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
вањето е специфично и зависи од многу фактори кои се поврзуваат со
личноста којашто твори, потесниот и поширокиот контекст, но и од видот
на литературното дело и неговите специфики.
Поетскиот јазик се одликува со јадровитости минимализам. Ова
значи дека со најмал број средства (зборови, синтагми, реченици,
односно текст) се случува кодирањето. Лирската песна создава нов свет со
употреба на фигуративниот јазик и на тој начин претставува манифести-
рање на лирското Јас кое е слободно и ослободено од земните стеги кои
ги наметнува општеството. Влегувањето во фиктивниот свет од страна
на читателот би значело почитување на правилата кои владеат во него: а
тоа е – нема правила во конвенционална смисла на зборот! Кога пишува
лирска песна, поетот, понекогаш, свесно ги крши правилата за да поен-
тира. И тоа прекршување на правилата станува код за да се определи нов
значенски простор.
Поетот го доживува творечкиот чин како неопходност чија цел е да
се ослободи од таа состојба на емоционална експлозија која се обидува да
добие друга форма. Тоа е така, бидејќи комплексот од емоции ја достиг-
нал кулминацијата на своето постоење, но и поради тоа дека се поврзу-
ваат со одредена филозофија на егзистирањето. Така, емоциитесе раѓаат
повторно, но во друга форма. На тој начин се преродуваат, се реинкарни-
раат и добиваат статус на нешто што може да се опфати со сетилата или
со нашето внатрешно Јас. Нешто што било внатре (раѓањето на лирскиот
мотив во творецот), преминува во нешто што е надвор (лирска песна), но
со тенденција пак да влезе внатре (доживување на песната од страна на
читателот и оживување).
Во моментот на раѓањето на песната, поетот се обидува да се осло-
боди од чувството на напнатост и не мисли на реципиентот. Можеби,
подоцна, откако песната ќе се роди или кога поетот повторно ќе се сретне
со неа, тој ќе помисли на читателот и тоа во моментите кога свесното ќе
стапи на сцена за да го рецензира тоа што е создадено тогаш кога несвес-
ното било доминантно. И можеби ќе сака, а можеби и не ќе сака да се
врати назад за да ја допише, препише, избрише. Тоа го потврдува и Џон
Стјуарт Мил (Mill, 1860: 95) според кој ...специфичноста на поезијата е во
тоа што таа лежи во поетовата несвесност за слушателот (реципиентот).
Кога емоцијата се појавува кај поетот, кога енергијата во вид на
бран почнува да ја придвижува црвената боја на крвта, кога сите клетки
на поетот ќе си ја напипаат својата жила на вратот, тогаш тастатурата
сама доаѓа под прстите молејќи да биде допрена за да посредува во созда-
11
Тринаесетта Роднокрајна средба…
вањето на песната. Сама, без никој да ` кажува или да ја повикува. Тогаш
и на мобилниот телефон почнуваат нозе да му растат, а иконите на поза-
дината сами се претвораат во папки во кои купишта зборови сакаат да
добијат државјанство. Тогаш, белешките сами се отвораат за да го запи-
шат молкот што од каменот се рони за да означи прво, за после да про-
должи да значи секогаш на свој начин и секогаш поинаку во зависност од
тоа дали очите се на дното на океанот или по површината на морската
шир или можеби како сезнаечки поглед го опфаќаат и дното и површи-
ната и тоа што е помеѓу.
Многу често емоцијата може да суштествува во поетот подолго
време и тој да ја носи со себе како енергија која зрачи и која чека да
биде актуелизирана во момент кога таа ќе стане зрела за да биде обли-
кувана како мисла. Ова тврдење е спротивно од вообичаеното мислење
дека поетите творат тогаш кога кај нив примарно се појавува емоција и
дека по создавањето на песната таа емоција ќе замине. Ако емоцијата
е силна и ако е дел од симбиозата со мислата, тогаш ќе се манифестира
во код. Погрешно е и да се тврди дека песната има само емоционалност
како карактеристика. Ако алудира само на таа компонента и ако се вло-
жува само во неа, тогаш многу брзо тоа може да премине во патетика.
Песната има и референцијална функција. Таа означува, претставува, пре-
несува мисла, е мисла кодирана со употреба на сложен јадровит израз
кој ја користи негативната постапка на одземање за да ја зголеми својата
семантичка вредност или со други зборови кажано – со употреба на згус-
нати семантички одредници таа кажува повеќе отолку што тоа може да
го направи реченицата која има денотативно значење.
Исто така, погрешно е да се тврди дека создавањето на песната се
случува во еден миг за разлика од создавањето на големите епски дела
во проза кое обично трае подолго време. Создавањето на песната започ-
нува со моментот на препознавањето на сликата на душевно рамниште и
тогаш кога ќе се случи зачетокот на мислата за неа. Мислата и емоцијата
во тој симбиотички процес зреат во душата на поетот за тој после во еден
миг да ја кодира, а ако треба и подоцна да ` се врати за да ја допише, да
ја коригира или одново да ја напише. И во тој процес на созревање таа
почнува да звучи уште пред да биде изговорена, уште пред да биде напи-
шана на хартија, затоа што поетот најпрво ја слуша музиката на песната
и станува свесен за нејзината звучност, а потоа ја манифестира со код.
Само на тој начин ќе може да ја ослободи во духовниот простор за таа да ја
продолжи својата егзистенција надвор од поетовото Јас. Џонатан Калер се
12
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
повикува на познатиот став на Мил дека песната е наслушнат исказ и дека
во секој акт на творење или читање постои глас кој ги изговара зборовите
од коишто е составена песната истакнувајќи ја на тој начин и нејзината
музикалност. Односно, ...авторот не ја кажува песната; за да ја запише,
тој мора да замисли глас кој ја соопштува, надевајќи се дека на тој начин
ќе создаде глас кој ќе ги води читателите (Калер, 2011: 73). Лириката
има свој посебен код, посебен јазичен исказ којшто се восприема со напре-
гање на битието и нашата сушност. Поезијата ...врши актуализација
на речевата дејност, таа ги спасува од сивило, од прашиште, зборовите,
синтагмите и речениците, таа е актуализиран исказ (Конески, 2008:
350). Во овој случај, под актуализација се подразбира освежување, доби-
вање ескпресивност на исказот, отстапување од вообичаениот начин на
употреба на јазикот, употреба на семантички изразни средства, особено
на метафората и метонимијата и нивните подвидови. Поезијата е таква
состојба на говорот, која се стреми да ја истисне, да ја „замрачи“, да ја
„притемни“ проѕирноста на текстот, да го ослободи од референција (се
разбира, не и од значења, и во една теориска, хипотетична смисла, да
се доближи до изразот кој единствено поседува „чиста форма, „без содр-
жина“ – музиката (Андоновски, 2009: 132). Ова последново, укажува на
полисемијата во лирската песна, односно на нејзината индицирана семан-
тичка валенција која зависи од контекстот, но и од точката на набљуду-
вање во рамките на тој контекст.
И на крај, наместо заклучок, и тоа во поетски стил, кога може, а кога
не може да се напише песна?
Не може да се напише песна
кога во главата многу гласови
се обидуваат да земат збор
сакајќи да бидат земени за главни.
Не може да се напише песна
тогаш кога сите гласови зборуваат истовремено
обидувајќи се да ја убијат тишината
која го мери апсолутното време.
Не може да се напише песна,
ако музиката на уметничкото дело
не ги повлече мустаќите на генералот
13
Тринаесетта Роднокрајна средба…
кој спие секогаш со главата потпрена на вратата
за да не му избега птицата
која има бисер под јазикот.
Не може да се напише песна
ниту тогаш кога од едната страна
стои нарачателот на песната
кој точно опишал што сака
и како сака да го добие производот
без да помисли на папочната врвца
која цел живот покажува на врската
помеѓу животот и смртта.
Не, не може да се напише песна
ниту тогаш кога мислата
сама седи на престолот,
кога е сама.
Ниту тогаш кога ја нема,
кога ` отстапува место само на емоцијата,
кога е нема.
Ако некогаш некој во некое време
напише песна стокмена,
со сите украси накитена,
со фигури извлечени од фиока,
а претходно испеглани,
со рима колку да ја има,
со наслов колку да е питок,
со става колку да е жена,
со потпис колку да не е своја,
таа песна не е моја.
Кога може да се напише песна?
Само тогаш кога не може, а да не се напише.
Кога не може да се напише песна?
Само тогаш кога интензивно се мисли на тоа
дека треба да се напише нешто
кое и самото не знае што е.
14
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Prof. d-r Daniela Andonovska Trajkovska
WHEN THE POET CREATES THE POEM…
At the time of the birth of the poem, the poet tries to get rid of the feeling
of tension and does not think of the recipient. Perhaps, later, after the poem is
born or when the poet again meets with it, he will think on the reader at the
moment when the conscious will come to the stage to review what was created
when the unconscious was dominant. And maybe he will, and maybe he will
not come back to write it anew, prescribe or erase it thoroughly.
Very often, the emotion can exist in the poet for a long time before he
brings it as energy that radiates and waits to be actualized at the moment when
it becomes mature to be shaped like a thought. This is opposite to the usual
view that poets create when their emotion is primarily eminent, and that after
the creation of the song, that emotion will leave. If the emotion is strong and
if it is part of the symbiosis of thought, then it will manifest itself in code. It is
also a mistake to claim that the song has only emotionality as a characteristic.
If we take emotionality as the only important component, and if the poet
invests only in it, then it can very quickly turn into pathetics. The song also
has a reference function. It signifies, represents, conveys thought coded in a
complex core expression that uses the negative seizure procedure to increase
its semantic value or, in other words, by using dense semantic determinants, it
tells us much more than the sentence that has a denotative meaning.
15
Тринаесетта Роднокрајна средба…
Ванде Ганчевски
БОЛНОТО СТУДЕНИЛО НА МОИТЕ ЕМОЦИИ
Без емотивните напливи, кои навалија низ мене во тој период, кон-
статирам недвосмислено и конкретно дека немаше да го напишам мојот
роман „КЕ ГО ТУЖЕВ ГОСПОД“ и збирката поезија „ПАРТАЛАВ ОБЛАК“
Ако тие емотивни напливи се карактеристични претежно низ пишу-
вањето на поезијата и сликарските дела, кај мене присутни беа низ целото
пишување на романот „КЕ ГО ТУЖЕВ ГОСПОД“, преточени посебно низ
болката и тагата. А тие пак го силеа инаетот во мене, за да си го задржам
дадениот збор дека книгата ќе биде напишана за неполни три месеци...
Си ветив дека до почетокот на наредната година, ќе биде завршена. И
така... Некој ќе рече,“ За кусо време напишан роман...?“ А низ реченото
ќе лебдее недоверба кон квалитетот на напишаното. Јас демантирам и
велам дека секое напишано дело, кога авторот е воден од емоции, мора
да биде добро. Критиката од еминентни го потврди тоа за „ЌЕ ГО ТУЖЕВ
ГОСПОД“.
16
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Некој друг, пак, ќе констатира, повторно со недоверба кон квали-
тетот на напишаното, „...Носен од тагата и болката, напишал роман...Со
солзи во очите, со кочоперна болка која го стега мозокот при помисла на
грдиот спомен. Како тоа ?“ Јас велам, така, може, да се напише, јас иску-
ствено го тврдам тоа, јас го напишав романот „ЌЕ ГО ТУЖЕВ ГОСПОД“,
пливајќи низ агонија на тагата и болката, зачестено бришејки ја солзата
долазана до врвот на мојот нос и тоа за кусо време... Излезе квалитетно
четиво. А верувајте нема ништо потешко и помачно од пишување под
тежина на грди и болни емоции, кои го штипат и го стегаат грозно мозо-
кот, а очите, пак, ги влажни соленило кое печи. Велам, за неполни три
месеци. Го имав целиот материјал низ мојот расплакан мозок, избиран
низ заминатите спомени, ја имав темата, ја имав болката, тагата, жалот,
исплетени низ моите емоции, правеа плима низ мене, која не ми дозво-
луваше да застанам со пишување. Беше сила која ги буди моите мозочни
ресурси...Ме сили, а инаетот го кочопери низ мене.
Организаторот на оваа тркалезна маса, во дописот до мене, разгра-
дувајки ја темата, вели: „Емотивниот изблик во прозата може да протече
како мирна река и да го принуди читателот, уживајки да не го остави делото
додека не го прочита во „еден здив“ Точно е тоа, само кај мене тој емоти-
вен наплив протече низ надојдената немирна река. Зачестено тонеше и
излегуваше на површина, голтајќи ја водата и низ сите три месеци додека
го пишував романот, пливаше низ плимата во спротивен правец низ
надојдената немирна вода. Инспирацијата беше доминантна, емотивниот
изблик ме кострешеше со посебна жештина, зачестено бодејќи ме со неви-
дливи болни шилци, а тие пак ме силеа... Јас продолжував со пишувањето
со замаглени очи... Спомените ги силеа солзите. Некој ќе рече, „Си бегал
од проблемот, си барал утеха во пишувањето...“ Не знам, можеби е така.
Организатотот на оваа тркалезна маса се прашува, „Дали на
Господ му е полесно да стави рака кај поетите, одколку кај про-
заистите ?“ Горното мое прозно искуство кажува дека Господо-
вата мачнотија е подеднаква и кај поетите и кај прозаистите.
И една анализа од моето поетско творење, врзано низ емотивниот наплив
и изблик низ мене... Како во еден здив ја напишав збирката од 87 песни
насловена како „ПАРТАЛАВ ОБЛАК“ И овде емоциите полни со тага и жал
го парчеа времето... Потребни ми беа само 24 дена, да ја комплетирам
триделната збирка од 87 песни. Ме силеа и ме носеа брановите од емотив-
ната разнежена, разжалостена плачлива состојба. Ако не беа тие и ако не
беа такви, никогаш немаше да ја напишам. Интересно, се секавам додека
17
Тринаесетта Роднокрајна средба…
ја пишував збиркта со песни, грдата опсесија ме будеше и во сонот... Над
мене се палеше светлото, се исправав на медовото перниче и пишував
низ темнилото на ноќта... Неколку пати и до изгревот на студеното зим-
ско сонце. А еднаш се сеќавам пишував и со ракавици на рацете, заради
студот.
И во двата случаи ( во поезијата и прозата), ги искусив емотив-
ните изблици на тагата, болот и жалот. Ми е жал што не сум напишал низ
моето творештво, нешто врзано за емотивна веселост, радост, среќа... А
сакам. Сум немал можност Господ да ми подметне платформа од тие вред-
ности, ако тој ги дели.
Еве, во моментов чувствувам дека емотивно сум блокиран, сигурно
од вратените грди заминати спомени на кои ме наврати оваа анализа од
денешната тркалезна маса. А имав многу, премногу да анализирам и да
полемизирам на оваа тема.
18
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Vande Ganchevski
THE PAINFUL COLDNESS OF MY EMOTIONS
I confirm what I have experienced, I wrote the novel „I wanted to sue
the Lord“, swimming through the agony of sorrow and pain, often wiping the
tear falling down to the top of my nose… And believe there is nothing harder
than typing under the weight of ugly and painful emotions, which tighten the
brain, and the eyes moisturized by the salt. I say, in less than three months I
had all the material in my crying brain, chosen from the memories I had, I had
the theme, I had the pain, the grief, the sorrow, intermingled with my emotions
which made a tide through me, and which did not allow me to stop writing. It
was a force that awakened my brain resources ...
And one analysis of my poetic creation, tied to my emotional rush and
spurt ... In a breath I wrote the selection of 87 songs entitled „Ragged cloud“
And here the emotions filled with sadness here were breaking the time. the
time ... I needed only 24 days to complete the three–part collection of 87 songs.
I was silenced by the waves of the emotional, grieving, crying state that carried
me. If they did not exist in such a way, I would have never written the Selection.
19
Тринаесетта Роднокрајна средба…
Петре Димовски
МИСЛИ И АКЦИИ
Емоцијата е светлина за градба на
делото. Таа го отвора просторот низ кој
минува зборот.
Како да се искажат емоциите во
едно дело? Дали во тоа е доволен само
емотивниот изблик кај авторот да го
создаде?
Да го изнесам примерот, еве,
за ликот на Благуна во романот „Бро-
дови“, кој остава силен впечаток на
читателот со емотивните изблици кои
навираат емоции што се пренесуваат од
ликовите на читателите. Ми била тен-
денцијата при пишувањето на делото
емоциите да го допрат читателот. Тој
да ги почувствува тие емоции. Рома-
нот своевремено ја доби наградата на
Друштвото на писателите на Македонија „Стале Попов“. По излегувањето
од печат за многу кратко време беше распродаден во книжарниците на
издавачот, а критичарите го потенцираа изворот на емоции („Застанат
пред таа морничава мртва глетка, писателот Петре Димовски ја анимира
со својата моќна имагинација како Леонардо да Винчи битката кај Анги-
арија во истоименото свое уметничко дело во кое, покрај уметничкиот
ефект, може да се чуе и ѕвекот на воените операции, по кој настапува мор-
бидна тишина со одек од копитата на коњите, јавани од аветите на Апо-
калипсата со коси в раце, за да ја собере богатата жетва на тоа човечко
безумие.“ Владимир Костов).
Емоциите во делото што ги внесувам како негов автор не се мои, но
јас ги чувствувам. И тоа ме уверува дека тие емоции се изразуваат и кај
20
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
читателот, пренесени се преку постапките и акциите на ликовите и тој
ги прима, ги чувствува, опфатен е од нив. Секако, емоциите се предизви-
кани од ликовите на делото. А јас, како автор, не кажувам за нивниот емо-
ционален свет, дека тие ликови се, на пример среќни, или тажни, или кон-
фузни во својата мисла, гневни во настапувањето. Тоа на еден начин го
покажувам низ односот, со дејствието, во акциите на ликовите, нивниот
емотивен живот како се одвива во нивната конкретна животна ситуација.
А ликовите само ако се живи, се и уверливи. И ќе допрат до душата
на читателот и ќе ги активираат неговите емоции. Емоциите што изле-
гуваат од ликот ќе се пренесат и кај читателот. Тој ќе ги развие тие емо-
ции зашто во тој миг се поистоветува со ликот. Го живее неговиот живот.
Минува низ емотивните состојби низ кои минува ликот. Како автор, во
делото опишувајќи ги физичките и умствените реакции на ликовите, нив-
ните постапки и акции, ја отворам нивната душа од која кај читателот се
прелева спектарот на емоциите со кои се соживува, во кои сочувствува
и низ кои минува. Плачев кога го читав романот „Пламенка“, ми кажува
една читателка (Елени). Ликот не плаче, туку жестоко се бори со предиз-
виците што му ги наметнува суровиот свет а читателката сочувствува со
неговата животна борба и тоа кај неа извлекува емоции.
Јас не плачам, но кога го читав расказот „За еден човек“ плачев,
ми пренесува за своите впечатоци и емоциите предизвикани од прочита-
ното читателката (Силвана). Чувствував како ме облазува потта по телото
читајќи за оперативниот зафат на хирургот Жико во расказот за двете
Јасмини, ми потенцира еден друг читател (Боро) за емоциите што изле-
гуваат од акциите на ликот. А друга читателка вели дека се почувству-
вала исполнета со емоции на среќа, се почувствувала многу среќна кога
го исчитала романот „Светлина во празнината“.
Давајќи го емотивниот изблик што од душата на ликот минува кај
читателот, се уверувам дека се движам во рамките на темата што е насока.
Емотивниот набој кај авторот што наведува да го создава делото продол-
жува преку авторот кон ликот а преку ликот кон читателот, кој е главниот
чинител за создавање на дело и за кого постојат и авторот и ликот.
Кога емотивниот набој ќе се активира во еден брз изблик, бара и
брза реакција, да се дофати мигот тоа од мислата да се пренесе во делото.
Како автор, да ги внесам мислите кај ликот, а мислите кај ликот ќе доведу-
ваат до емоции, а емоциите ќе доведуваат до акции. Мое, како автор, е да
го следам тоа, кое потоа, низ тој сложен спој, се восприема од читателот
21
Тринаесетта Роднокрајна средба…
како уметничко дело со кое посакува да се дружи и истрајува до крај во
својата определба.
Не секогаш кај прозното дело се наметнале емотивни бранови тоа
да биде создавано. И кога се отсутни, се создава процес на творење, нара-
тивен тек, описи и факти, слики и простори. Или, има една искра. Искрата
е мал елемент, поим за можна експанзија.
Во мојата мисла е една глочка. Ја гледам само глочката. И почну-
вам да го чувствувам нејзиното дејствие. Потоа се разотвора дејствието
низ главата, низ еден здив се создава расказ. Може да се нагодува дека со
самото седнување да се напише расказот надошол и емотивниот блик,
но ќе биде само претпоставка. Не може да се најде конкретната вистина.
Читателот (Здравко) тоа го забележал, искрата што светнала, ја видел, и
се држи до неа. Тоа е големо мајсторство, од еден ситен податок, детаљ,
да создадеш таков расказ (добитник на награда), ми вели.
Но емоционалниот блик го бара совпаѓањето на времето со акцијата
што треба да ја изведе авторот.
И, седнувам пред малиот светлосен екран низ кој пробива сознани-
ето за една емоционална врска со празнината оставена зад светлосната
рамнина која е само влез во непознатата содржина на умствената сфера.
Таа повлекува со својата праисконска врска како дел кој треба да го
исполни своето присуство со конкретена содржина. што отворајќи се,
се наметнува со својата постојана импулзивност. Светот од кој доаѓам се
губи. Просторот низ кој лута мислата е неограничен и таа никогаш не
го допира бескрајот, како една нелогична категорија на несфатливото.
Во тоа зазбивтано пребарување мислата, загреано вжештена и полетно
разбранувана, ја допира и отвора инспирацијата која забрзано ги испол-
нува разгранетите предели во дејствувањето на создавање нов свет и нов
универзум. Тоа е налик на мигновен блесок, експлозија од која почнува
с` и која константно се шири низ тој нов унивезрум на мислата, мате-
ријализирајќи го времето во креативна градба на умот. Длабочината и
широчината на светлосниот блесок, кој ги простира умствените бранови
е моето пропаѓање во сопствениот интимен свет кој разоткривајќи го го
пресоздавам. Огновите што разгоруваат ослободуваат енергија во која
целосно се растопувам и сега сум само тој чувствен сегмент како дел низ
кој се преточува новата стварност од создавањето.
Создавам дело.
Времето е затворено во набојот на умствениот импулс што ќе отвори
нов експлозивен свет на чувствената, емоционалната хемисфера која
22
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
забрзано го отвора новиот простор целосно исполнет со сензибилитетот
на новото дело што се раѓа.
Епска форма со арматура од поетичен плет низ цврстото наративно
тело. Градба што ќе трае низ времето и ќе ја простира својата структурна
мрежа.
Поетското во прозата е вгнездување на душата во телото. Тело без
душа е само куп на различни елементи, душа без тело е изгубен крик во
длабочината на времето. Убавината на егзистенцијата е во нивниот при-
роден спој што им дава постоење, живот и функција.
Во почетните години на творење пишував песни. Радио Битола
имаше една културна рубрика, се емитуваше (мислам) секој четврток, и
во еден период последователно во низа емисии се емитуваа мои песни,
напати емисијата и целосно беше исполнета со мојата поезија. Напишав
тогаш и една поема, но поради мојот карактер за немарност сето тоа
остана необјавено. Иако во тој период прекарот ми беше Поетот, во бук-
вална смисла не станав поет. Но во душата, и во прозата поет останав.
Мојата немарност за објавување, секако, ја зафаќаше и прозата, зашто
раскази за една целосна збирка, повеќето наградувани во весниците
„Нова Македонија“ и „Студентски збор“, во списанијата, до денешен ден
останаа необјавени, иако во студентските денови дури и од тогашниот
претседател на ДПМ во едно интервју во „Млад борец“ бев посочен како
водечко име во новата македонска проза, повикувајќи ме да се пројавам
со следна книга (тоа ќе го сторам по дваесет и кусур години). Ако не беше
таа моја немарност во објавувањето, најверојатно ќе бев толку поет колку
што сум прозаист. Мојата поетска емоција остана затворена во романот.
И во расказот, секако, но критичарите во повеќе наврати го цитираа
романот.
Мое сознание е дека поетската емоција го збогатува прозното дело,
да го парафразирам искажувањето од погоре, го прави делото со душа.
Чувствените егзибиции што ги исплетувам низ наративниот тек на деј-
ствието, емоцијата што ја ослободуваат ликовите, зборовите кои зрачат
сензитивност, ја допираат и душата на читателот, подлабоко го вовлеку-
ваат во раскажувачкиот тек и го наведуваат да се идентикува со ликот,
настаните да ги почувствува како реално да ја минале неговата емоци-
онална сфера. Читателот е предизвикан, љубопитноста негова е разго-
рена да ја открива натаму следата на дејствието до крајот, до самиот крај
на делото. Ми се јавувале читатели, ми кажувале, ми го повторувале тоа
во следни средби – не го забележувале времето што протекува низ нив
23
Тринаесетта Роднокрајна средба…
додека седеле над книгата, брзајќи да го досегнат крајот – не забележале
дека ја прескокнале ноќта, и не излегле во денот, туку продолжиле да го
освојуваат крајот на книгата. Всушност, тоа е процес на освојување на
делото кое потоа се надополнува во нивната меморија. Трајните вредно-
сти остануваат запишани во тој мемориски трезор, сето друго избледнува,
се повлекува од мисловната активност до исчезнување.
Емоцијата во делото ја засилувам со широка употреба на сликата,
со фигуративна јазична симболика, како и со внесувањето други лингви-
стички и структурални елементи традиционално многу поблиску повр-
зани кон поезијата отколку кон прозата. Тоа поттикнува да се интензи-
вира имагинативната, интелектуалната и естетската сензибилност од
читателот, како што се одразува и во делувањето на поезијата. Со една
суптилно интензивна присутност на емоцијата, не да се каже со авторски
збор, да се пренесе состојбата на душата на ликот. Да се дејствува активно
на чувствата што ќе ја изразат емоционалната слика на ликот, односно
ликот низ своето дејствување да се изразува со особините на уверливо
присутните емотивни реакции.
Во градењето на внатрешниот свет на ликот битното е да се има во
предвид дека мислите доведуваат до емоции, а емоциите доведуваат до
акции. Со покажувањата на емоциите се разгоруваат огновите на душата.
Значи, треба да се изнајдат начини каде преку дејствувањето на ликовите
ќе се изнудат емоции кај читателот преку мисли и акции. Преку описот на
физичките реакции на емоциите.
Емоцијата што низ своите постапки ја изнесува ликот, ќе индицира
варијации колку авторот успеал во создавањето на делото. Ако авторот
кажал дека ликот е гневен, и дека се почувствувал омаловажен, или се
почувствувал фрустриран, или се почувствувал љубоморен, не ја открива
присутноста на успехот. Но кога тоа е присутно во постапките на ликот,
во акциите што се негово дело, во физичкото присуство на елементите
што го создаваат неговиот живот во уметничката креација и ликот ста-
нува животно реален, емотивниот набој ненаметливо ќе се излее низ
бистриот тек на дејствието.
24
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Petre Dimovski
THOUGHTS AND ACTIONS
In building the inner world of the character, it is important to keep
in mind that thoughts give rise to emotions, and emotions lead to action.
Emotions show the fires of the soul.
Emotions I bring in the work as its author are not mine, but I feel
them. And it convinces me that these emotions give impression to the reader,
transmitted through the actions of the characters, he receives them, feels them,
is overwhelmed by them. Of course, the emotions are caused by the characters
in the work. As an author, I do not tell about their emotional world, their
happiness or sadness, or about their confusion in thought, angriness in their
performance. This is one way of showing their emotional life in a particular
life situation.
When the emotional charge is triggered off in a quick spurt, it also
requires a quick reaction, to grasp the moment of thought in order to be
conveyed in the work. Not always the emotional waves are reason for a prose
work. And when they are absent, a process of creation starts, narrative flows
with descriptions and facts, images and spaces. Or, there is a spark. The spark
is a small element, a notion of possible expansion.
I am intensifying the emotion in the work with the widespread use of the
image, with figurative linguistic symbolism, as well as by introducing other
linguistic and structural elements traditionally much closer to poetry than to
prose. It intensifies the imaginative, intellectual and aesthetic sensibility of the
reader, as is reflected in the work of poetry. With a subtle intense presence of
emotion, not to say with the author‘s word, the state of the soul of the character
is transmitted to the reader.
25
Тринаесетта Роднокрајна средба…
Елизабета Јончиќ
ПОЕЗИЈА – СТРАСТ ЗА УБАВИНАТА НА ЗБОРОТ
Убавиот збор е капка роса врз
жеден цвет за човекот. Никој не оста-
нува рамнодушен на убавите зборови,
тие се како слатко задоволство што ја
носат магијата на копнежот. Копнежот
што извира од некои страстни дамари
во душата, од нејзиното дно па се до
висината, се разлева низ секоја нит во
телото станувајќи плот со чувствата. А
чувствата се како луѓето , секој по себе
различен и свој, со свој дух и цврстина,
со свој растеж и пад, со своја тенден-
ција на искушенија кои кулминираат
и се расплетуваат, собираат сили и
одважност сознавајќи си ја структурата
и одлучуваат за следниот чекор. Вос-
хит и идеја. Поезија. Тој што го спознал
чувството, позитивно или негативно и
се спознал себе си, ќе настојува да не ја наруши таа структура, туку ќе ја
присвои и ќе ја насочи кон зачувување на својот интегритет поставувајќи
вериги на размисли кои цврсто ќе го крепат во иднина потпирајќи се на
искрите восхит – идеја. Виктор Иго напишал дека идејата чие што време
е дојдено е многу посилна од секоја војска на светот. Литературната кре-
ативност како ослободување нова визија за потребата од неограниченост
во создавање и изразување на мислите, е игра од таа восхит – идеја, одраз
на внатрешно и надворешно антиципативно доживување. Комуника-
цијата и пренесувањето на пораката комбинирано со уметнички ефекти
кои што произлегуваат од самосвојните објективни и субјективни сетилни
и мисловни анализи му даваат душа на зборот кој понатаму се самопроиз-
ведува. Во моментот не е важна методолошката потенција на изразување
26
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
поезија или проза, важно е какво восприемање има суштината која треба
да се ослободи од внатрешниот свет. Каква ќе биде својствената израз-
ност, каква ќе биде меѓусебната поврзаност со претходните творечки
креации, дали ќе има отстранување на логичките спротивности и како се
тие употребени одлучува визијата. Зошто воопшто создаваме, пишуваме,
што сакаме да кажеме, дали сме понесени од фантастичноста, божемно-
ста, дејството на реалноста, моменталната мотивација или сме емотивно
опиени со една доволно достатна причина за психолошка релаксација
од внатрешната напнатост и конфликтност која би ни овозможила при-
паѓање кон една свест – уметноста. Едно ослободување на внатрешниот
свет, проговарање на замолчените букви низ играта на комбинациите,
наметнување на сопствена филозофија, организираност на формалните
логичности и стварање на литературна архитектура во различни облици
искована со огнената ѕвезда на зборот.
Поетското творење е поставување на мислата. Дали ќе биде синтеза
од наплив на емоции, дали ќе биде образложение, рефлексија од опште-
ствената реалност, нарцисоидна хармоничност и гнев, дали ќе биде мета-
фора, диктира токму таа поставеност на мисловната идеја. Не одговараат
предметите одговара душата. Нижење збор до збор, вткајување на гласно
чувство, пишување на немирни ноти кои што ги забодуваат своите срца
во буквите за тие да ја откријат музиката од жедната душа која што при
потрагата за заситување на жедта ја убива смртта на сите желби и ја изго-
вара стравотно силната мисла во стих. Убиствено и силно но со мирен
сјај избива светлината на стихот. Восхитено трепери и не помислува да
го пресече патот на топлината, се шири и расне стравотно, се кова пупол-
ката ширејќи миризба на цвет, за на крај да добие место, каменен столб
соѕидан од немири, да трае и опстојува за на век. Лирската свеченост
патува со детска радост, со женски плач, со младешки копнеж , старечка
мудрост, со клучот на сонот носејќи ги како литија под огнената ѕвезда
на музата. Огнената ѕвезда на духот. Јас така чувствувам. За творењето
освен емоциите според мене многу важен е духот и неговата способност
за креативно спознание. Зборовите сами по себе се само азбука која нема
живот ако нема вдахнување. С` би се сведувало само на механички усло-
вени изедначени рамнотежи или вон литературни еутаназии без можност
за преминување на границите кои ги нуди метафизиката.
Што е создавањето песна – уметност? Естетско доловување на мож-
носта исказот да ја поттикне апстракцијата на сликата и да го пренесе
чувството. Јасногледост, восхит од зборот – извор , љубов, музика излеан
во поезија. Никулец, изблик на убаво чувство, незгнасено и неизвалкано
27
Тринаесетта Роднокрајна средба…
од гневот и завидливоста, себичноста, своеглавоста, чувство што ја пре-
несува универзалната љубов спрема музиката создадена од мелодијата
на пламнатото срце, немилувана ѕвезда со драгоцена светлина, достоин-
ствен и чуден бег во други светови. Сите линии од патиштата на непре-
болени лелеци, сите набори од јанѕи на исчекувањето, сите призрачни
наслади, цела глад од неплодните обѕири кон искушенијата и сожалбата
на сопствената душа. Ѕиркање во непристапните шуми на чувствата каде
тие ја губат својата невиност и се препознаваат со отруените беседи и
соблазнетите страсти. Избледнетиот сјај на надежта и рушењето на зако-
ните од симетријата. Стилизирање на принудниот комодитет и бегство од
почетокот и крајот од мразот и жарот.
Кој храбро знае да простира спротивни ветрови? Поезијата. Да! Да,
и кога зборот е мраз, и кога е жар, тогаш кога величи и згмечува, тогаш
кога се радува и го одзема здивот. Поезија да, тогаш кога се бориш со
мислата за да ја усмртиш, тогаш кога молчиш а зборуваш, кога ќе го иско-
ваш огнениот ветар и ќе го ставиш во синџирест обрач на небото по кое
пловиш распорувајќи ги емотивните изблици во своевидни пиксели чија
што разделна моќ се чувствува како мозаик ѕвездена светлина од апостол-
ски посланија во градбата на душата. Останува само да се исткае стихот,
да се прикаже контрастот, конфликтот и тежнеењето, секоја нишка да
се вплете соодветно зрачејќи котелци во орнаментот од зборови. И, се
случува тогаш...
„Мисло бедна, душо жедна...
Јазик пламен, душа камен!
Желба јад , срце глад ...
Сонце сјајно, очи копно!
Врел е зборот ...
Пламен јазик, гламна душа.
Гори зборот, и јас горам.
Прибег нема.
Збори зборот
срце погодува
ќе те снема.
Тегнет,
згмечен,
стегнат,
кован.
Лае,
блуе,
28
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
каса,
пцуе.
Расте,
паѓа,
скока,
пее,
плаче...
Плаче зборот
и јас плачам.
Платно очи, видот матен.
Сонце сјајно, сјаеш!
И на небо и на срце знаеш,
врел е, врел е зборот!
Зошто поезија?
Затоа што гласот на поетот како автор полесно се совпаѓа со
лирското „јас“ и знае да „легне“ повеќе од прозата врз неговата душа,
можеби... Можеби затоа што тоа е гласот од восхитот на огнената ѕвезда
од зборот кој предизвикува. Предизвикува емоционални, пренесува сли-
ковити изблици, кој во поезијата не може да се раскаже туку само да се
доживее. Кога сопствените наративни сценарија од доживеаното, се пло-
дат во долги редици зборови но се скржават, кога зборовите камшикуваат
и отвораат дупки низ душата, тогаш стихот е сведок на неодминливото,
ја гризе линеарноста на емоциите и станува авантуристичко рамниште
на прагот од имагинацијата. Тогаш заживува како глас, како знак што
сака да зборува, да плови низ временската оска како свој, да води љубов
со семантичките структури и со конкретното искуство да истече, да се
згусне, да се стопи, како вода , како мед, како мраз во морето зборови
никогаш не доискажани. Љубовта од тој заживен глас, знак, збор, љубовта
од стихот, се пренесува запишана за да трае и да потсетува на големата
сила што го разбранувала и го извлекла од дамарите по коишто тупотат
чалгиите на чувствата за повторно и повторно да се овоплотат. Љубовта
на зборот. Љубовта за зборот. Љубовта што силна и жестока како лавов-
ски рик става стапица на мислата и со жедна непорочност во еден здив ја
води кон восхитот од изворот и изборот – убав збор.
29
Тринаесетта Роднокрајна средба…
Elizabeta Jonchic
POETRY – A PASSION FOR THE BEAUTY OF THE WORD
Poetic creation is the setting of the thought idea. No matter whether it
is a synthesis of a rush of emotions, a rationale, a reflection of social reality,
narcissistic harmony and anger, or a metaphor, it depends upon that placement
of the thought idea. Threading word for word, waking up in a loud feeling,
writing down restless notes that stifle their hearts in the letters to reveal the
music from the thirsty soul that in the search for the saturation of thirst kills the
death of all desires and pronounces the dreadfully strong thought in the verse.
Devastating and strong, but the light of the verse breaks out with a calm glow.
It trembles with joy and does not think to cut the way of the heat, grows
and spreads dreadfully, the bud appears, spreading the smell of a flower, finally
getting a place, a stone pillar built of unrest, to last and survive for centuries.
The lyrical ceremony travels with child‘s joy, with female’s tears, with youthful
longing, wisdom of the old, with the key of the dream carrying them under the
fiery star of the muse. The fiery star of the spirit. I feel this way.
In my opinion, besides emotions, the spirit and the ability for creative
knowledge are very important. The words only by themselves without a
fire spark are an alphabet that has no life. Everything would be reduced to
mechanically conditioned equilibrium or literary euthanasia without the
possibility of crossing the boundaries offered by metaphysics.
30
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Љубе Митрејчевски
МОИТЕ ЕМОТИВНИ ИЗБЛИЦИ
ПРЕТОЧЕНИ ВО ЗБОР
Во многу ладно декемвриско
утро, двеилјади и дванаесеттата година
киниса денот декемвриски со одвечер
наврнати триесетина сантиметри снег.
Ноќта изведрила и студот сабајлечки
касаше од сите страни. Беше четири-
наесетти. Како секој ден, така и овој,
отидов на работа и низ прозорецот,
со поглед, ги пречекував и испраќав
ретките минувачи од другата страна
на улицата. Седнав и почнав да рабо-
там. Не поминаа пет минути кога на
гранките од соголената липа, карши
прозорецот, долета гарван и чинеше со
клунот удри во замрзнатиот снег што се
чипчеше на гранката, кренија главата
и погледни во мене.
„Црн гарван црна судбина
со црн клун и канџи ножишта,
пратен од натемаго,
пуштен од судбината,
утрово слета на липата
откарши мојот прозорец.
Го видов преку него
на снегот како стоеше.
Со клунот тој снег колваше
и зинат везден гракаше“.
31
Тринаесетта Роднокрајна средба…
Долги неколку минути така се гледавме и падевне. Тој мене а
јас него. Ретката и необична средба на две суштества од различен сој
ни ја прекина ѕвонењето на мојот телефон. Го отворив и по вообичае-
ното „добро утро и како си“ пријател од село, не се сеќавам кој беше, ми
соопшти:
– Утрово починал Љубчо Трајковски.
– Кога ќе бидит погребот! – со пауза од запрен поголтај од круша–
оскорушка прашав.
– Утре!
„Бог да те прости пријателе“ промрморев за себе – „и нека ти е лесна
земјата. Значи подмолниот црвец што ти ги гризеше коските те докусури.
Залудно, при последната посета од пред недела дена, на твоите прашања
дали ќе оздравиш, те куражев. А како да чинев поинаку?“ Погледнав кон
липата, а таму, црната птица ја немаше. Како истиклин да беше дојдена
да ме извести за смртта на другарот и скришум да си замине.
„Без сајдис, отказ, изговор,
од утре не е меѓу нас.
Задумал поглед, вкочанил
загледан в бескрај останал.
Свенати очи оставил,
испружил снага, рацете...
Одамна ни го потисна
пред шума да ни пролиста,
пред славеј да ни пропее,
лошата болест подмолна.
В кревет го кутна, в постела,
ни аман да не му даде.“
Замислен и со свежи сеќавања за нашето другарување го поминав
работниот ден. И колку да посакував да се сконцентрирам на работата,
не одеше. Мислите ми беа далеку и ме тргаа кон село. И цело попладне
се прашував како ќе појдам таму по толку студено време, замрзнат снег и
завеани патишта?
„Наполнив куфер јадови
зимбил со горки спомени.
Утре да одам Слојштица,
без ниет, ни планирано“.
Не беше прекршена ноќта кога пак заѕвони телефонот.
32
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
– Внук ти, ...Саше Грнчаровски, ...почина! – испрекинато ми кажа
баџанакот Добре низ плач.
– Не може да е вистина! Лошо си разбрал или лош сон си сонил?
– Од таму идам! Ја затворил кафаната порано, си отишол дома и вле-
гол в капатило да се измијат лице. Таму паднал и одма умрел. ...погребот
е утре! – додаде Добре и прекина.
„Уште полноќ недојден
нов абер, глас ми соопшти.
Глас што трепереше
уво да слуша неќеше.
Ближниот ми кажа плачливо,
Сашета Бог го простило“.
„Од една палев цигари
дури ме чадот опија.
В кревет се најдов некако
од студот криев снагата.
Перница гушнав, потиснав,
солзи ја топев, воденев.
Липав јас гласно времиња
од натре–не запираше.“
„Зарем е можно. Беше толку млад! На болест не се пожали. Па изу-
трина кроевне план да правиме промоција на мојата втора книга. Ми вети
дека ќе направиме толку убава што ќе ја памети Демир Хисар“. – голтав
јад зелен измешан со солзи кои течеја цела ноќ. До обзорување.
Писанија и судбини. Два погреби, на две млади лица, во исти ден,
се случија во Слојштица. Лелек од народ насобран, од секаде, го потисна
селото. Непребол.
„Десет млади слојштичани,
два гроба копаат во тебе,
снагата ти ја претурат,
и со никој не зборуваат.
Длабат и ринат Слојштицо,
со солзи земја воденат.
Да беа лути душмани,
за студот ќе прогореа
за ветрот што ги шибаше,
за снегот што ги мрзнеше.
Копаат и ринат надолу,
копаат не запираат...“
33
Тринаесетта Роднокрајна средба…
Чемер и јад се всели во мене и не стивна. Сон не ми даде трагедијата
од која порој бликна и се излеа на хартија. До поменот четириеседневен
ги напишав баладите „Патот на Болката“, посветени на другарот Љубчо
и фнукот Саше. Побарав совет од мојот книжевен ментор и литературен
учител Радован П. Цветковски и убаво ме подучи:
– Ова писание е како вино шира. Остај го нека преврие!
И така сторив. Вриежот спласна и со избистрен ум многупати ја
преработив поезијата, за баладите „Патот на болката“, ги отпечатам, со
посвета, за годишнината на двајцата. На секој присутен на поменот му
поклонив примерок.
Болката да биде поголема, подлабока и поширока, таа година од
мојата Слојштица засекогаш си заминаа од овој свет и уште четворица
други млади луѓе на кои им посветив по една песна и ги вклопив во кни-
гата балади „Патот на болката“. Меѓу нив беше и режисерот Владе Цвета-
новски – Плевата кој почива на гробиштата во Бутел Скопје.
„Од утро до зајдисонце
над Бела Река везден седеше
и низ бели води изворски
тешки си мисли бистреше.
На блесок песок миеше
по бистри води праќаше.
Да стигнат кај што киниса
пред ти да стасаш изртат.“
Нашето секојдневие е непресушен извор на убави настани,
заплеткани расплети и болни небитнини. Инспирацијата поетот не треба
да ја бара. Не се изнајмува или купува. Не е овошка која ќе ја набереш или
чешма од која ќе наполниш. Таа не се моли да изникне. Напати надоаѓа
како пороен облак и воскликнува од нас а многу пати ја нема. Задремано
заспива. Секнува.
34
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Ljube Mitrejchevski
MY EMOTIONAL SPURTS CONVERTED
INTO WORDS
In a very cold December morning, in the year 2012, the day started with
thirty centimeters of snow. The cleared cold morning was biting from all sides.
As usually, I went to work and from the window, with a glance I greeted all the
rare passers from the other side of the street. I sat down and started working.
It was not five minutes when on the boughs of the bare limestone, opposite to
the window, a raven soared and as if with his beak hit the frozen snow that
enveloped the branch, raised his head and looked at me.
„Black raven black fate
with a black beak and claws like blades,
sent from the devil,
justified from the fate,
this morning landed on the lime tree
opposite my window.
I saw it as it stood in the snow.
with the beak pecking the snow
and then opening its beak upwards,
it was continuously cawing. „
Long few minutes, we watched each other. The rare and unusual
encounter of the two creatures of different strain interrupted the ringing of
my phone. I opened it and after the usual „good morning and how are you“ a
friend from the village, I do not remember who it was, told me the sad news
out of which few of my songs were written.
35
Тринаесетта Роднокрајна средба…
Весна Мундишевска–Велјановска
КОГА ЗБОРОТ СТАНУВА ПЕСНА
Во отсјајот на светкавите траги
од полжавот на времето
вгравирани во релјефот
на една земја – ораница
посадив Збор.
Нагмечени облаци од страсти
ми го брануваат кругот
од меѓниците на погледот.
Во кругот –
конусна бездна на чувства,
концентрично семе на родот,
симболот О...
36
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Кругот –
О,
ОкО,
ОкнО,
епицентар на вибрации,
точка,
бесконечност,
мантра на света животност...
И одеднаш Зборот нараснува во песна –
од никулците
ритмично сраснатипо многужилните рабови
на кратерот на недогледот,
низи озвучени фонеми
надвиснати како конциодластарот на Зборот
ми ги расцветуваат прозорците на согледот.
Ваквиот иницијален (в)глед има логичен след:
Песната (читај: мислата, Зборот) нема ограничувања – не постои
ни време, ни простор, океанот на инспирацијата нема димензионирани
куполи од карпести ѕидови ни базалт во грлото на разбрануваното дно,
има само вулканско петно полно со магма од емоција ослободена од
секакви стеги и силно блесната во форма на галаксија од сончеви гра-
феми кои мудроумат сред универзумот на биднината.
Нема правила во структуирањето на мислата и токму тука е убави-
ната – во слободата на изразот, во не(о)заглавеноста на стихот, во прето-
чувањето на реченицата во стиховен след, во поигрувањето со стиховите
во прозаичен недоглед... и с` така по ред, а без некој пропишан редослед,
без строга стандардизација, и со многу имагинација. Едноставно – вонте-
лесно доживување на осликување на интерниот порив во слив од самосвој
спектар од бои, на платно создадено по сопствена рецептура и со стил на
експресијана себството во дискурс на мелодична симболичност со акорди
на универзалност.
Во ваквата перцептивна рамка, зовриено оживеаните рефлексии
на сопствената и сеопштата присутност во збиднувањата на совреме-
ниот реализам или нему комплементарниот алтернативен модернизам,
генерираат анимации од раздвижени слики по транспарентна лента од
37
Тринаесетта Роднокрајна средба…
секвенци сензибилизирани со одличјата на настанокот, смислата нажи-
веењето, филозофијата на светот и вредностите на човекот.
Во естетиката на функционалноста на спојот на поетската или
прозната организација, сред прагматичната нијансираност на креа-
тивната иницијалност, во пигментите на тоналитетот на прозвучената
концептуалност, зборот станува дело, делото – творба, творбата – умет-
ност (раз)откриена, послужена на дофат секому или свесно (с)криена во
интимното депо на авторот, споделена со малкумина или оставена како
реликвија чија композиција ќе ги скокотка истражувањата на некои идни
генерации по раскопаната археологија на спомените.
И повторно – раздиплена безграничност во која песната може да
биде умственост во лирика излеана или да биде песна звуковно испе-
ана, буквените контури можат да бидат уметничка слика или раритетни
скулптури, метафорите можат да зборуваат со секаков јазик, да бидат
венец–низа од знаци или да бидат сликовни комуникациски структури,
слободоумно визуелно дизајнирани графички текстури...
Зборот преточен во песна е мултимедијален спој зачинет со бле-
скави изблици среќа или горчлив неспокој, лирска апстракција со набој
на срцебиеж пред ерупција, катарзично сликање со звучно совпаднати
римувани значенски единици или произволно распнати скици во едрено–
сводовна конструкција...
Зборопеењето е бесконечност на комбинации – шаховски позицио-
нирани предизвици, хируршки прецизни предвесници, судски предупре-
дувачки обвинители, војнички храбри првобранители, гласноговорници,
психотерапевтски соговорници,реалистични алтернативци вкоренети во
роднокрај, натуралисти сончогледно самоникнати во потрага по злато–
сјај, религиозни инженери кои моделираат симулации на постхумани-
стички рај, креативни имагинативци кои му пркосат на физикатакон-
струирајќи Перпетуум мобиле од стиховно движење до бескрај...
И ова не е крај.... Песната уште е
танц на бројките во елегантно раздвижената математика на слоговите
и строфите,
животворна живост која ја отелотворува секојдневната милост и/или
сивост,
сублимиран импресионизам на парадоксите на секојденот,
ритмичен сплет од творечкаконцептуалност,
интензивно изразена чувственост,
издигната интелектуалност,
38
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
интертекстуалност,
доживеана реалност,
ангажирана мисловност,
колоритна многузначност
...
о о о – Радост!!!!
Ваквото задоволство кулминира во моментот на преклопување (или
уште подобро претопување) на двете страни од кованицата на уметнич-
кото дело – едната со вгравирана субјективност и интимност на созда-
вачкиот чин, и другатасо објективната релативност на воспиемањето
правопрорционално зависна од индивидуалноста на читателот и про-
духовената интимност на чинот на споделувањето.Можеби се работи за
магнетно привлекување на интелектуалните и духовните паралели на
меридијаните на писателот и читателот, можеби е тоа ткаеж на уникатни
примероци од аналогна мисла, од соживеани чувства, од еднодушен крик
или возбудлив восклик...
Недогледи од прашалници и можности браздат по испреплетените
меѓи на вистината. Но, творецот е судбински вкоренет во почвата на Збо-
рот ’ртејќи во ткивото на зародишот на семиотиката на кодот на биду-
вањето.
Во анатомската градба на таквиот биотоп, Зборот вегетира во
порите на мембраната од јадрото на вулканот на дамарите, пулсира како
еден здив, честопати воздив, преточен во поезија чии слова несопирливо
глаголат во континуумот на песната на векувањето.
39
Тринаесетта Роднокрајна средба…
Vesna Mundishevska Veljanovska
WHEN THE WORD BECOMES A SONG
In the glare of flashing traces
from the snail‘s time
engraved in the relief
in one land – a plow
I planted the Word.
And again – unfolded boundlessness in which the poem can be
mindfulness in lyrics casted or a song soundly sung, the lettering contours can
be artistic painting or rare sculptures, metaphors can speak with any language,
be a crown–string of signs or yes, be pictorial communication structures, free–
mindedly visually designed graphic textures… ... The word converted into a
poem is a multimedia connection flushed with dazzling spurts of happiness
or bitter anxiety, lyric abstraction with a heartbeat before eruption, cathartic
painting with sound–matched rhombus units or arbitrarily crucified sketches
in a sailing–vaulted construction ...
40
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
М–р Сања Мучкајева Видановска
ВРТЛОЗИ ВО СРЖТА НА РОМАНОТ
(Под мирната вода на прозаистот, секогаш има вртлози подготвени
да повлечат длабоко во сржта на романот)
Годинашната тема ме наведува
на размислувањето дали емотивните
изблици се импулс кој наведува на
моменталното, или претставуваат
трајно жарче кое стоело затлеено
некаде длабоко, па заискрило во еден
момент, поттикнато од причини вдах-
новени од само еден момент.
Не се слагам со некои редови
напишани во образложението за
темата, во кое пишува дека во стихот
се кондензираат емоциите како радост,
тага, среќа, болка, убавина, убави или
непријатни моменти. Прозаистот треба
да знае, за да напише дело кое ќе го
задржи вниманието на читателот, да
ги вметнува сите овие емоции меѓу
редови и со тоа го задржува правото да
биде непредвидливо предвидлив со сите тие емоции читани меѓу редови.
Точно е тоа дека едно прозно дело може да започне како мирна река
и да го принуди читателот со секоја наредна страница да ја држи книгата
вртејќи ги страните една по една за да истите тие емоции се назираат во
наредните, а сето тоа без здив би го задржувало развојот на настаните.
Можам слободно да кажам дека еден роман е емотивен изблик, но кој
се гради полека и сигурно, со креативна размисла за сите настани, дија-
лози и градацијата на моментот кој го држи читателот буден, а при тоа во
секоја наредна страна, а и реченица се разбира, кондензацијата на емоци-
41
Тринаесетта Роднокрајна средба…
ите прераснува во шаренило од бои кои пак од друга страната писателот
ги перцепира во сржта на своето битие и со тоа придонесува да го оствари
своето право на богато раскажување.
А сето тоа е избликот на емоциите кои ги гради сигурно по патот
на страниците со кои треба да војува, како што војува и со самиот себеси,
во смисла до каде би отишол со таа своја емотивност, односно каде да ја
стави границата на емотивното размислување и она од другата страна,
ладната глава.
Да го појаснам моето гледиште – Кога се работи за приказната, таа
доаѓа во тој импулс на емотивен изблик. Градењето на приказната, наста-
ните и редоследот, е ладната глава во која треба да се задржи креатив-
носта и подготвеноста на писателот да ја обликува фабулата, само за да
повторно дојде до емотивниот момент во кој одредени настани мора да
знае и умее да ги пробие до срж и со тоа да допре и до сржта на читателот.
Емотивноста на сцената која мора да се доживее токму како една песна
во која нема мирна река, туку разбрануваност од тој ист момент кој нав-
легува во порите и ги допира сетилата на читателот. Како визуелните,
така и оние невидливите, психичките, односно да оствари целосна слика
во која истиот ќе биде во центарот на збиднувањата, нем посматрач кој
шепоти, што сочувствува или соживува.
Значи, во долгите прозни остварувања, треба да се знае кога се
плови мирно, а кога се удира во високи бранови од немирно море, во кое
писателот е истовремено раскажувач, учесник и набљудувач. Без да се
удави или опатува на пуст остров, сам и непознат.
Тогаш, констатацијата за оваа тема се сведува на исто: било да се
пишува поезија или проза, емотивноста не изостанува, а пишувањето на
прозаистот со ладна глава во некои сцени, би можело да доведе до пасив-
ност и кај читателот, односно до недопирање на основата на она што сака
да се прикаже. Прозаистот не смее да си дозволи ни една празна страна, а
од друга страна, не смее да си дозволи ни набој од емоции кои би го замо-
рил и него и читателот. Потребно е урамнотежена напнатост и опуштање,
онака како што е потребно и онака како што налага видот, содржината,
жанрот итн.
Вториот дел на напишаното поттикнување и опишување на пробле-
матиката, кое спред мене е сосема друга тема од претходното и некако не
ми се надоврзува едно со друго, ќе напишам дека и за тоа исто така не се
слагам.
42
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Дека поетските дела ги преминуваат границите на домашната сцена
многу полесно од прозните, е точно. Но тоа не е поради тоа што на Господ
му е полесно да стави рака отколку кај прозаистите (ова е доста збуну-
вачко иако сфаќам дека е фигуративно), или пак дека на прозаистите им
фали поетичност, зрела филозофска мисла итн.
Проблематиката е многу пореална и попрактична. А тоа е финанси-
скиот момент. Тоа го кажувам не поради тоа што сум прозаист во пого-
лемиот број од моите дела, туку од лично искуство. Мои песни и раскази
се преведени и објавени надвор од државата, поради тоа што се работи за
кратки форми на искажување, додека романите како долга форма, бараат
финансиски трошоци со кои се соочува лично писателот. Тоа е тема која
бара подолг труд и време за објаснување, а која ги зафаќа политичките
и оштествените сфери, односно пат кој е магловит и неизвесен за автори
кои користа мајчин јазик на мал простор.
Но повторно ќе речам, тоа е тема која опфаќа фактор на едно мини-
стерство кое е должно да ја продлабочи својата политика на работење, со
една сеопфатна анализа за тоа колку, каде и кој треба да се афирмира од
писателите од нашите простори (и тоа во најреални рамки, меѓутоа кај
нас реалното е се уште нереално), како би се афирмирала и нашата кул-
тура и народ, а каде сепак работат и творат прозни автори кои со својот
квалитет би можеле со сигурност да го побудат интересот и на читател-
ската јавност надвор од границите. Само кога релевантните фактори би
се свестиле дека културата на еден народ, традицијата, оставнината и што
е најважно зачувувањето и негувањето на мајчиниот јазик се изразува
токму преку пишаниот збор, а каде би можело да се научи за еден народ
најповеќе и да се пробие сржта на неговото опстојување, сега, во иднина
и она што било во минатото како историско наследство на истиот тој
народ, ако не преку прозата. Каде писателот ги вметнува сите елементи за
потеклото, културата на живеење и поставеноста на социјалните норми
и оние микро односи кои најдобро го прикажуваат менталитетот, вткаен
со векови наназад.
Има уште многу да се пишува на оваа тема, која за мене претставува
вистински проблем, а произлегува од една грешна пасивност на струк-
тури што се зачаурила во својата нефункционалност, но не би зборувала
повеќе за тоа.
Јас сум писател и своите емоции ги прикажувам преку романите,
понекогаш во некој расказ или песна и мое е да пишувам на тој начин. А
останатото, ќе го покаже времето.
43
Тринаесетта Роднокрајна средба…
И на крај би се задржала на третиот дел, односно на македонското
пистаелско искуство и слух за современата светска книжевна сцена.
Ако до пред само дваесетина години, се вртеа имиња кои пишуваа
на слични теми од нашето поднебје (чест на авангардните исклучоци од
тоа време), во поновиот период се случуваат нови текови кои покажуваат
зрелост кон слухот за современата книжевна сцена надвор од нашите гра-
ници. Со нив се излегува и од тој стереотип што е за поздравување, меѓу
автори кои носат свежина и новитети во градбата на една сцена, што сме-
там дека во изминатите десетина години се гради и шири, со мерило на
новитет од еден поинаков ранг.
Во изминатите години се појавува нова македонска современа
сцена, која се истакнува со новитети, успешни опити со свежи теми и
содржини, интересни на начин што излегуваат надвор од границите на
стереотипното прикажување на застарени модели и копии на еден или
втор писател, терк кој се користеше долги години и за кој се сметаше дека
е доволен.
Некогаш треба да се знае кога треба да се заплива во свежи води.
Но, повторно тука се наметнуваат истите структури за кои пишував
погоре, кои треба да имаат чувство за новитетите и да ги истакнуваат и
наградуваат на начин со кој би се афирмирал современиот тек.
И тоа е поврзано со излегување од рамките на домашната сцена, за
што е погоре напишано.
Сметам дека секој писател според својата умешност ќе се пронајде
себеси и својата читателска публика, а времето кое тече остава зад себе
пишувана форма на изразување. Иднината не ги памети неправилностите
на структурите во едно општество и не ги памети проблемите на еден
писател со кои се соочува како пред грда слика која ја уништува креа-
цијата. Иднината ги памети записите и зборовите кои допираат до некого
и остануваат запаметени.
За среќа, кај писателот малодушноста кратко трае. Тој, повторно со
своето проклетство на дарба (помала или поголема) која ја носи во себе
од непознати причини, повторно ќе седне и ќе ги осветлува своите стра-
ници, а проблемите со кои се соочува, како што е издавањето, непрофита-
билноста, борбата со бирократијата се само елементи кои го замаглуваат
ентузијазмот, но не го одземаат проклетството. Така, во однос на про-
бивањето кон пошироката читателска публика, надвор од границите на
домашната сцена, времето покажува колку е тоа взоможно или не. Сето
тоа зависи од мозаикот на коцките и продуктивноста на самиот автор.
44
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
И на крај, со кратките насоки на темата која е зададена оваа година,
иако името на темата бара друга насока од она што подолу образложу-
вате, имате право дека поттикнавте повеќе теми за дискусија, што од една
страна е за поздравување, затоа што при пишувањето на есејот, барем кај
мене поттикнавте емотивен изблик, иако критички а не креативен како
што беше претходните години, а очекував да биде така и оваа година.
Но и критичкиот емотивен изблик е форма на изразување кај писа-
телот, а револтот често поттикнува креативност.
45
Тринаесетта Роднокрајна средба…
M–r Sanya Muchkayeva Vidanovska
VORTICES IN THE CORE OF THE NOVEL
(Under the peaceful water of the prose, there are always whirlpools
ready to pull deep into the core of the novel)
It is true that a prose work can begin as a calm river and force the reader
to hold the book immersed in each page, turning the pages one by one so that
the same emotions are reflected in the next ones, and all this would keep him
breathless through the development of events. I can freely say that a novel is an
emotional spurt, but it is built slowly and surely, with a creative thought for all
events, dialogues and gradation of the moment that keeps the reader awake,
and in each subsequent page, and a sentence of course, the condensation of
emotions turns into a colorful colors that on the other hand the writer perceives
them at the core of his being and thus contributes to realization of his right for
rich narration.
The emotionality of the scene that must be experienced exactly as a song
in which there is no calm river, but agitation from the same moment that enters
the pores and touches the reader‘s senses. Both the visual and the invisible, the
psychical, i.e., to achieve a complete picture in which it will be at the center of
the events, a mild observer who whispers, sympathizes, or feels deeply.
So, in the long prose creations, it is necessary to know when the flow
is peaceful, and when it turns into high waves and a turbulent sea, in which
the writer is at the same time a storyteller, participant and observer. Without
drowning or living on a deserted island, by himself and forgotten.
46
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Радован П. Цветковски
ПИСАТЕЛОТ И ЗБОРОТ
1. Секоја тема има своја цел, свои барања и свои остварувања. Таа,
темата, треба да има отворена врата за влез, но и отворена врата само
на вренгил за излез. Еден наш писател од Битолскиот книжевен круг
вели: „Многу полесно е да се влезе во книжевната ситуација отколку да
се излезе од неа“. Интересно нели? Или слојчанецот во слојчкото народно
искажување отворено убедува: „Сосема голото не ет секогаш голо“. Овој
мој пријател има очи и за преку рид. Тоа не скокотка. Треба да е покри-
ено, потскриено. Му враќам и му противречам дека тоа зависи од употре-
бата на зборот. Се сложуваме само во тоа дека тука лежи почетокот. Тоа
ти било отворање на поводот, разбудување на интересот. „Со каква боја
ме вапцуваш со таква и јас ќе те вапцувам“, рече во една пригода, итрата
вировка кога собирав зборови за моето животно дело „Речник на демир-
хисарскиот говор“ (2008). Значи, ако е така оттука почнува с` што се
однесува до употребата на зборот. За жал не сме ние први, ниту се знае
кои се првите, ако не оние што ја создале азбуката. И пред нас одамна е
47
Тринаесетта Роднокрајна средба…
истражувано полето на употребата на зборот. Тој процес не може да биде
завршен никогаш. И сега, дури и при толкава техника зборовите треба да
се најдат во речниците. Ваквата тема секогаш и секогаш станува од инте-
ресна поинтересна, зашто зборот е жив во неговата употреба.
Од друга страна пак, кога темата за зборот не е докрај дообјаснета,
на читателот му се остава простор и време да сонува буден, да го пресоз-
дава по свое посакување и по свој вкус. Тоа е дотогаш така додека да му
стане јасна, секако според себеси, и употребата на зборот и зборот. Тука
се и почетните грешки. Особено, едно преку друго завјасуваат имагина-
тивното и инвентивното, пред што би требало да претходи скалестата
метода на истражување. Се открива мајсторлакот во градењето на кни-
жевното здание. Во таква отвореност отишле многу автори. Ми се чини
дека не е најпогодна таа насока. Зошто? Затоа што притоа ако станува
збор за лик, за книженото во описот, за логичното, за психолошкото, мора
да биде доживено и толку сугестивно да го наметне и на читателот. Извет-
вена е поставката за намерното задскривање зад недоживеаното врз друг
жив објект „онака голо пренесено без бојата на авторот“. Особено стрч-
ливо станува ако во поставката се открива намерното. Има полно вакви
случаи во современата македонска книжевност, особено и во критиката
без проверени квалитети.
Преку поставката доаѓаме до авторот, едниот учесник што го име-
нуваме писател и првиот збор, неговата секојдневна алатка. Во таква
позиција нема изземање ниту на писателот ниту на зборот. Изземањето
влече во спротивна насока. Овде може да се постави и прашањето: Кој
е раскажувачот и кој е зборот подеднакво и во прозата и во поезијата,
како и со посебно место во народното творештво, особено во анегдотата
(В. Предговор на д–р Томе Саздов), карактеристично со употребата во
сопствените дела како своја мисла што го имаме на претек кај Петре М.
Андреевски, особено ако текстовното е писателско остварување. Зошто
така? Затоа што може да биде преземано од друг и вградено со своја ори-
гинална употреба. Тука како да има префаќање на двајца писатели, а еден
збор во различна употребеност, секако овде по примерот на народниот
раскажувач и оригиналната поставка на писателот. Патот е долг за да се
случи тоа. Вакво мислење потставува и Петре М. Андреевски. Се разбира,
сето тоа видено преку писателот и неговиот збор.
2. Успешноста и специфиноста на темата „Писателот и зборот“,
покрива с` без разлика на разните литературни форми – проза, поезија,
драма, критика, есеј итн. Овдека темата е во поставка да предизвикува
48
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
интерес за истражување. Значи, нема ништо без авторот и зборот. Пред
таков предизвик се ставени и писателите од Битолскиот книжевен круг
кој, за жал веќе почнал да се распаѓа. Белки не е таму оној што сака да
биде прв. Релациите во тоа се и скопски и битолски. Особено кога таму
се најдат и такви кои делуваат и против себеси заради она да се биде
„прв“. Овде може да се посега по искуствата на списанијата, чисто онака
за потпирање, исчекор за повисоко кодирање. Не дава и тука она „прв“.
Ги назначуваме списанијата од Македонија („Соременост“, „Огледало“,
како и надвор од Македонија: „Книжевне новине“, „Градина“, списанија
од Хрватска, од Романиј, Бугарија и др.).
И тука е писателот и зборот, оној во наша сопственост – во широка
употребност и специфична изделеност. Тогаш што немаме? Јас, на при-
мер, не сум најповиканиот, но и не сум ослободен од обврската кон него
и неговата употреба. Би рекол, секој со својот збор како употребувач и
откривач на нови зборови. Треба што потаму во минатото. Патот е долг и
на писателот и на зборот, секој со своето јас, ама никој прв, без мерења,
сите заедно. Во прашање се книжевните квалитети токму по зборот и
неговата употреба. Ова го нафрлам да укажам дека писателот и зборот
ја покриваат испорачаната тема. Значи ли зборот клуч и за песната и за
расказот; и за критиката и за книжевната историја? Значи! Го немаме тоа
или го имаме со затворени врати. Не би рекол дека е сосема така. Имаме
простор со широки врати – и големи и мали. Голема врата за свечено
влегување и мала за излегување, и пак според зборот. Според мене би
требало да биде тешко за влегување, а за излегување и за изземање може
и поскришум.
3. Ако зборот е клуч и за нагоре и за надолу за него треба да постои и
осговорност. Блаже Конески велеше: „Секогаш тргнувај од тоа што сакаш
да кажеш. Но и внимавај како го кажуваш тоа. Со кој збор почнуваш. Со
таква одговорност и јас се најдов во неколку песни („Задуманост во вре-
мето“, „Во денот сега болки ми тежат“, „Кога куќата не е куќа“, „Кажете...
ајде кажете“, „До каде надолу“ со накрената дигресија што ќе ја допреме
потаму во текстов. Има и други со реална подлога од факти кои даваат
простор за реагирање. Реагирам со зборот на дедо ми кога е во прашање
зборот, нашиот збор. Кон овие песни би ги придружил и песните „Сеедно
песната или орото“, „Во душата и душата на песната“, „Барање на зборот“,
„Зборот и душата“ и и други.
Сигурно забележувате дека во поставенава тема акцентиран е збо-
рот, носечкиот како каменот во рацете на ѕидарот. Па, притоа, во завис-
49
Тринаесетта Роднокрајна средба…
ност и од темата и од зборот, зборот треба да ја носи соодветната тежина
(Секој камен вистински тежи на своето место в ѕидан како зборот во
реченицата. Тоа значи дека дури тогаш зборот е во онаа негова функ-
ција. Е, ако така тргнеме во откривањето на неговата тежина не треба да
се заборават обврските и одговорноста на сите нас, посебно на писателот
во неговата употреба. Сигурно, дигресивно можете да се присетите и на
употребата на запирката, оној исклучителен правописен знак и изрече-
ната пресуда на некој затвореникот, пример во практиката како изрека
(„Не, да се обеси и Не да се обеси“). Тогаш, значи ли дека и запирката е
збор? Значи! Сакам да преупредам и на нешто друго, а во врска со раз-
бирањето на песната, расказот, анегдотата итн. Авторот обично тоа го
нагласува, го акцентира, но подскриено, метафорично во преносно зна-
чење на зборот. Ваквото допирање полесно е во песната и анегдотата,
отколку во рaсказот и романот. И тука писателот остава клуч што треба
најпрвин да се најде преку темата и претходното исчитување на соодвет-
ниот автор. Се прикрепувам на сопственото искуство. Овде кажано преку
зборот, важна мудрост употребена по време, простор и идеја. Пр. песната
„До каде надолу“ која ја завршувам со стиховите: „Те чекаат, Рацине,
/ аргати со празни раце. /Леб нема. Да пееме таговно“. Тогаш еден
колега ми постави и вакво прашање: „Како тоа нема леб? Има леб!“ Очи-
гледно, беше не ја разбрал песната, прескокнувајќи го зборот аргати за
да влезе во времето на Рацин. Или во песната „Задуманост во времето“
не случајно е употребен стихот: „Неиспилени геерации“ – без доволна
подготовка во основното образование. По не знам која програма... Па, и
посочените песни во овој дел од есејов, особено песната „Кога куќата не
е куќа“ во широка поставка со времето во кое живееме.
4. Ваква погодност има и анегдотата во која посебно треба да се
открие мудроста, хумористичното, смешното, но и преносното каде авто-
рот ја сместува својата главна мисла, исмевањето и шегата. Ете го тука
обичниот раскажувач во својство на писател. Пак писателот и зборот.
Овде во анегдотите („Маријовци на Месечина“, „На влезот од пазарот
битоўски“ – А бре како цеў Демир Хисар да се натуркаў во Битола. За лек
не мојш да го чујаш зборчет „ШО“. Нема битоўчани. Во пишувањето на
анегдоти обиди прави и писателот, ама ако не се држи до кодот на народ-
ното, анегдотите исчезнуваат, се забораваат. Народот е строг, не прифаќа
с` и сешто. Која е причината? Има повеќе (Лесна за прифаќање, едно-
ставна, кратка со јазикот по простор и по време, да исмева, да подбуцнува
и лесно да се памети). Попрво зависи од умеењето на писателот, раска-
50
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
жувачот, инвентивноста и употребноста, познавањето на дијалектот, ако
тоа е целта, дигресивното и изговорот). Ете зошто требаше темата да биде
насловена „Писателот и зборот“, поoпшто и посеопфатно. Писателот
секогаш пребарува за да дојде до бараниот збор. А зборот, односно зборо-
вите се таму каде што се раскажувачите, оние меѓу обичните луѓе и оние
меѓу писателите најмногу по трагата на дијалектната линија. Обично
препознатлива, а за кажување многу во метафоричните употреби. Кон
сето тоа и песната „Зборот“ со која го завршувам моево искажување по
темата: „ Зборот е морска ширина / збрана во око / колку капка една /
кули и бродови што потопува; // Орев коштанлив / со сладосна јатка /
заби што крши / и знае да врати; // Повев мајкин / што заспива и буди
/ од убод и урок што чува / и таговно што оплакува ; // Сладок залак /
гладни што храни / на трпеза празна, / но и ко пелин што горчи; // Збо-
рот во мудра мисла / го препознава патот / и своето во туѓо скрито / бара
мисла да го врати назад“ (Во автобус за Битола, 24 април 1998 година).
51
Тринаесетта Роднокрајна средба…
Radovan P. Cvetkovski
THE WRITER AND THE WORD
In front of the writer stands the word, the one in our possession – in
widespread use and specific division. Then what do we don’t have? For
example, I am not an expert, but also, I am not free from the obligation to use
it. I would say, each one of us is with his word as its user and discoverer of new
words. I need to go back to the past. The road is long for the writer as well for
the word. The literary qualities could be recognized through the word and its
use. Is word the key both for the song and for the story; and for the criticism
and the literary history? So! We have space with wide doors – both large and
small. Big door for solemn entrance and small exit, and again, in accordance
with the word. In my opinion, the entry must be made more difficult, but the
exit could be at the back door.
If the word is the key both for the up and down for it, there should
be a sense of obligation. Blazhe Koneski said: „Always start from what you
mean. But be careful how you say it. What word you start with. With such
responsibility, I found myself in several songs („Reflections in time“, „In the
day now, my sorrows are weighing“, „When the house is not a house“, „Tell
me... common tell me“, „To what spot downwards with the raised digression?“
There are other songs with a real base of facts that give room for reaction.
I react with my grandfather‘s word when it comes to the word, our word.
To these songs I would also include the songs „Any song or dance“, „In the soul
and in the soul of the song“, „Questing the word“, „Word and soul“ and others.
52
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Проф. д-р Христо Петрески
АВТОРСКИ ЕМОТИВНИ ПОЕТСКИ ИЗБЛИЦИ,
ИЛИ ОСАМЕН ГЛАС ВО ПУСТИНА
Повик, лелек, плач в невреме…
1.
Најпрвин, не само што не сакам, туку и не е можно да се плаче на
сопствениот гроб. Всушност, заморени сме и сити од повторувањето
на конвенционалните и излижани фрази дека денес не е време на пое-
зијата, дека никој не ја чита и дека таа се печати во скромни и минимални
тиражи.
Сето тоа сугерира дека влија-
нието на поезијата врз совремието е
минимално или речиси непостоечко,
што не е сосема точно. Факт е дека во
нашата средина, но не и само кај нас,
дојде до заситување од преголемиот
наплив на поезија и инфлацијата од
најразлични поети и поетики.
Наједноставно кажано: тоа се
случи и поради тоа што речиси с` што
се пишува во стихови и строфи – се про-
гласува за поезија. Дури и менијата во
рестораните наликуваат и се презенти-
раат, прифаќаат, па дури и вреднуваат
како песни.
Исто така, често се повторува,
како ветов и веќе по малку банален
рефрен дека поезијата не може да го
смени и спаси светот. Поезијата нико-
гаш, па ни сега, но и во иднина – нема да може да го видоизмени сосема
и извлече од бездната светот, сфатен и прифатен како глобално, катаклиз-
мично, руинирано и барутизирано (експлозивно) село.
53
Тринаесетта Роднокрајна средба…
Но, улогата и функцијата на поезијата е да ја облагородува човеко-
вата психа и душа. Со своите нежни и чувствителни вибрации, таа допира
директно до и во срцето на консументот, па тој нејзините валери и пораки
ги препознава како ново вљубување и грст љубов, нова верба и доверба,
нов пламен и нова искра надеж...
Но, денес, живееме во антипоетско време, сред сурова и речиси
безнадежна и безперспективна груба реалност, кога материјалното го
истисна, владее и царува над духовното. Шушкањето и ѕвечкањето на
парите – најдалеку и речиси единствено се слуша. Но, борбата и битката
за похумано, посигурно и посреќно утре, се чини, сепак, не е неповратно
изгубена. А, заслуга за тоа има и поезијата која се чита и препрочитува,
обзема и облагородува, подучува и бодри. Нејзини создавачи, но и консу-
менти главно и пред с` се младите. Тие ја пишуваат, помнат и кажуваат
(рецитираат) наизуст...
2.
А, друго прашање е пак, какви песни се застапени во читанките и
другите учебници, па дури и во лектирните изданија. Песните со идео-
лошки содржини и импликации се враќаат како бумеранг и тие се кон-
трапродуктивни. Децата и учениците кога мораат задолжително да учат
песни напамет кои не им се допаѓаат, тоа значи дека неповратно и засе-
когаш ќе имаат отпор кон читањето и сакањето поезија.
Исто така, поезијата нужно и неизоставно треба да се осовреме-
нува, да се приспособува и прилагодува, преке електронските медиуми и
електронското издаваштво, интернетот, социјалните мрежи и слично. Во
спрега со сликарството, театарот, филмот, фотографијата, стрипот, гра-
фитите и другите уметности, поезијата и во иднина ќе опстојува, ќе си го
пронаоѓа и зазема своето с` посигурно, побезбедно и полагодно место.
Експанзијата на електронските медиуми и нивната доминација и
надмоќ над печатените средства за јавно информирање, бездруго, си го
прави своето, но тоа не значи дека поезијата ќе исчезне сосема и дека
таа конечно и дефинитивно ќе се пресели во спомените и незаборавот.
Таа е само привремено истисната и избркана од реалноста, па нејзиното
појавување и присуство повеќе е симболично, нестварно и речиси има-
гинарно.
Луѓето денес имаат повеќе време за с` друго, па и за политиката,
освен но не и за поезијата. Таа не може конкретно и вистински да го
смени светот во ова антипоетско секојдневие, кога човекот има време
(само) за пари, кафе, ќебапи..., речиси за с` друго, но не и за поезија.
54
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
3.
Денешниот лик на човековиот живот е антипоетски. Луѓето живеат
премногу динамично, турбулентно, виртуелно и повеќе милуваат да слу-
шаат политички говори, отколку поезија.
Поезијата ниту можела, ниту сега може да го смени светот. Може
само делумно да го разубави, продухови и украси, како човекот со нова
облека (руво), со нови стихови, мисли, пораки и зборови, кои ги помни
цел живот, постојано си припомнува на нив и неизмерно посакува – ако
не може да ги создаде самиот, тогаш барем да ги пронајде, да ги осознае
и сочува (во и покрај себеси) до крајот на својот живот, но и да ги пренесе
на своите наследници и идни поетски образовани, едуцирани и благо-
родни генерации.
Значи, поезијата може само да го збогатува, облагородува и (до)
очовекува човекот. И илјада песни да научите напамет и наизуст, и на
илјада места да ги кажувате – на луѓето само ќе им подготвите забава. За
нив, ќе бидете артист, забавувач, циркузант...
За жал, поезијата нема да допре толку силно како еден политички
говор и(ли) памфлет со куп лажни ветувања.
Поезија има во убавите народни песни, а по некој убав стих и во
новокомпонираните напеви, но уметничката поезија ја создаваат и
читаат само книжевните творци.
Ретките и вистински љубители на поетската реч се насладуваат во
и од широкиот дијапазон од метафори, поетски елипси и параболи, теми
и мотиви, стилови, изрази и искази...
Денес се живее во премногу динамично време и затоа, се чини,
како да недостасува време за поезија. Луѓето како да наоѓаатг време за
с` друго: за забава и спорт, за субкултура, гастрономија и хедонизам, па
дури и за автомобилизам, астрономија, авантуризам и други разни изми
и пизми, но не и за поезија. Ова е антипоетско време, живееме живот
со многу непоетски елементи, со многу грубости и неотпорности, а пое-
зијата тежнее кон нежности, кон љубов, вистина, надеж...
Денес, овие категории како да се избркани од реалниот свет и живот
и во таква сурова реалност – говорењето за поезијата е фантастично!
Поезијата с` помалку е потреб(н)а, а с` повеќе станува ерес и лук-
суз. Ова е идеално непоетско, непоетично и неетичко време – вистинско
анти време за анти поезија...
55
Тринаесетта Роднокрајна средба…
Prof. d–r Hristo Petreski
ORIGINAL EMOTIONAL POETIC SPURTS, OR A LONELY
VOICE IN THE DESERT
A call, grieving and crying…
Today, we live in an anti–poetic time, in the midst of cruel and seemingly
hopeless and rough reality, when the material pushed out, ruled and carried
over the spiritual. The rustling and rattling of the coins ismost often heard.
However, the struggle and the battle for the human and save tomorrow, does
not seem irretrievably lost. And, thanks to the poetry that is read and re–read,
that overwhelmes and ennobles, teaches and encourages. Its main consumers
are predominantly the young. Also, they are reciting, as well as writing poetry...
Another question is the choice of the songs in the textbooks, as well
as in the obligatory literature. The songs with ideological contents and the
implications return as a boomerang, because they are counterproductive. The
children and the students who must compulsorily learn songs which they do
not like, later get irreversible resistance to reading poetry.
56
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Ванчо Полазаревски
ДЕЦАТА – ПРИЧИНА ЗА МОЈОТ
ЕМОТИВЕН ИЗБЛИК
И убиец и поет некаде далеку на
север, во Норвешка
Честопати во размин со некој
минувач помислувам миговно како
би било кога во мигот кога сме еден
покрај друг јас да ги превземам него-
вите емоции а тој моите, едностано да
направиме некој вид груба „емотивна“
размена.
Така некако сакам да го имам
„оригиналот“ на она што како пишувач
обично, исто како и вие, морам да го
измислувам. А тоа е друг лик, еден и
многу, нешто како нејас а сепак јас, кој
е производ на моите мисли и емоции и
потреба за некој дел од конструкцијата
на пишуваното, кога некој лик треба да
се пикне во некоја замислена рамка. Вака помислувам, каков навистина
би бил тој, оној вистинскиот, во примеров случајниот минувач.
Оттаму гледањето околу себе го доживувам како постојано исчиту-
вање, прелистување, како детектирање на тугоста на тие други емоции
кои се некогаш невидливи а длабоки а понекогаш во изблик а сепак не
нудат баш некој особен материјал.
Е сега самиот изблик на емоции. Тоа еруптирање од нас и во нас
кон други, од други. Кога, како, колку, што со тој толку важен процес на
нашите мисли, толку потребен за потоа ние со зборовите, ваши и мои
алатки, кога пишуваме да можеме од многу навидум банални ситуации
да добиеме раскошни слики на тивкост, крици на птици, пејзажно фасци-
57
Тринаесетта Роднокрајна средба…
нирање, исполнување на нашиот ум со некои фасцинантно благородни
чувства што се случува кога, на пример, гледате со она посебно творечко
внимание се околу вас, нас.
Еве пример, автентичен и свеж. Норвешка. Крај на мај 2018. Пла-
жата на езерото Лебедова песна во близина на Осло. Детенце од две
годинки со пелени патка наоколу, се лизга на пелените на една стена, пак
се искачува на стената и пак прудолу држејќи се со двете раце за каменот.
Ужива како некој истражувач на егзотични краишта, научник, потоа во
тоа откривање на светот околу себе, тие пелени со нозе, се сопнуваат,
паѓаат без вресок, без плач, само со една зачуда и – продолжуваат да тал-
каат со ширум отворени очи откривајќи кој–знае–што и кој–зна–како.
И јас никогаш НИКОГАШ нема да го дознам оригиналниот изблик
на емоции на тоа дете. Ќе го имам за утеха само она што јас како јас можев
да го видам да продрам во мислите на тоа слатко суштество онолку колку
што мојот ум може или умее.
Овој пример на мој емотивен изблик е еден од многубројните не
само на тоа патување туку и воопшто во секојдневието, и би можел да ги
опишувам до детал но тоа во друга прилика.
Само уште глетката кога капка крв на тукушто уловената риба
падна на моите панталони. За миг беше запрен мојот восхит што уловив
трофеен примерок риба од околу 2,5 кг од 40 метри длабоките ледени
води, затоа што сфатив, гледајќи во тоа мазно тело што се прпелка дека
сум убиец на една толку нестварна убавина. Мигот беше молскавично
однесен којзнае каде, далеку од прославата на нас. ловците од забава.
Но дамката крв која веднаш потемне остана како несакан сувенир.
По секој изблик на емоции или тоа нарекувајќи го на многу други
начини, пишувајќи се обидуваме да пикнеме приказни кои, барем јас така
гледам околу мене, се во бесконечен број разлетани околу нас и ги мамат
сите наши сетила, а ние очајно радосно, понекогаш тажно успеваме цели
делови или кој–знае–што да пикнеме во некој наш расказ, некој роман
или што и да е начкртано, без оглед на тоа дали има форма на проза и
поезија.
Ја споменав далечната земја низ која шетав како некоја емоција на
две нозе. Се бањав во Северно море и тогаш како и при долгите прошетки
по неколку града некаков немир во мене тие мои чувства или ете нека
бидат изблици на емоции ги споредуваше со сличните нешта што сум ги
правел со години кога сум бил во Охрид, сум ловел риби таму, или сум се
бањал.
58
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Барав сличности, разлики барав, зошто тоа околу се е толку и така
средено, норвешко, а сепак чувствуваш дека некое големо парче недо-
стига, токму на еден толку убав пејзаж, да речеме во градот Трондхајм,
зошто толку, од некои други делчиња на големиот норвешки мозаик, со
голема радост би сакал да ги видам кај нас...
Сето тоа создаваше од емоциите скица за текст кој би можел да се
нарече со нозете во чекорење покрај Северно море, со рацете во Охрид-
ското Канео. А умот во тоа време се прпелка, мери премерува, доте-
рува, се збунува и којзнае што уште му треба за да си разјасни веројатно
необјасниви, нешта како што е на пример ова. Ти си Норвежанец и таков
си каков што си. И во еден Сириец бегалец пристигнат во твојата земја
гледаш од високо, а тој човек доаѓа од градови во кои уште во деветтиот
век имало поезија за каква викинзите не можеле ни да помислат дека
може да постои. А сепак тоа е така.
Како што јас сум таков каков што сум и им завидувам на огромното
богатство кое Северно море, по години сурово и диво беснеење и сиро-
маштија им го подарило, па сега тие се тоа што се.
И потоа кој треба колку каде и како да менува, да се менува да мери
премерува оценува за да останеме и бидеме пред се луѓе а потоа народи
богати или високи, плашливи и несигурни
или умни, таинствени, хумани...
И потоа уште еден изблик на емоции и оној мир, од блесокот
на убавината околу нас, таа отвореност кон фикцијата, кон мечта-
ењето која за мене е обврска бидејќи пишувам за деца истовремено ста-
нува и задоволство и згора на тоа и награда. Занес кој те води се повисоко,
пругоре кон етеричните сфери а истовремено чувствуваш дека со нозете
си цврсто наземи во обид да не бидеш разнебитен, однесен од деструк-
тивни моќни сили.
Имам обичај, а тоа е посакувњето да ја споделувам со други својата
фасцинација од пишувањето. Тоа го правам и сега. За неа како материјал
не ми треба многу. Само да ме има, да постојам. Да бидам и сум, што би
рекол Борхес.
Таа фасцинација може да биде предизвикана од бескрајно многу
нешта. Од обична случка, од генијално дело на писател сликар музи-
чар и тн. Вредното во тоа за мене што е споделувајќи ја неа, пораката е
јасна, посакувам/е таа фасцинација, тоа мечтаење за нешто подлабоко,
повредно да стане стварност или барем дел од неа да го направи тоа и тоа
од оној поубавиот вид стварност.
59
Тринаесетта Роднокрајна средба…
Така сметам, дека и плус полесно се грдат разни мостови меѓу
луѓето кои премостуваат културни разлики, носат радост на создавањето
на места на кои што со години не капнала ни капка од таа делотвпрна
течност.
Мислам дека кога зборуваме за таа фасцинација разбираме колку
многу ни треба ПОУБАВИОТ ДЕЛ ОД СТВАРНОСТА
Но каде е тој?
БОЛКА НЕПОТРЕБНИ РАБОТИ.
ЛИК НА ЧЕХОВ ВО ВОЗОТ КОЈ ДРЕМЕШЕ КАКО НАЈГОЛЕМИОТ
ПРАВЕДНИК НА СВЕТОТ. МУ ЗАВИДУВАВ НА ФАЦАТА ВО СОНОТ. ТАКВА
ИМААТ САМО ЛУЃЕ СО МНОГУ МИЛОЗЛИВА ДУША И ТН.
60
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Vancho Polazarevski
THE CHILDREN – CAUSE FOR MY EMOTIONAL SPURT
Here‘s an example, authentic and fresh. Norway. End of May 2018. The
beach of Lake Swan Song near Oslo. A two–year–old child in diapers hardly
walks around, slides on a rock, again climbs the rock and slides down while
supporting the body with both hands on the rock. It enjoys being an explorer
of exotic lands, a scientist, then discovering the world around him, the legs in
the diapers stumble, fall without screaming, without weeping, with just one
astonishment, it continues to wander with wide open eyes discovering who–
knows–what and who–knows–how.
And I will never know the original spurt of that child‘s emotions. I will
have to comfort myself only with what I could see and penetrate into the
thoughts of that sweet creature as much as my mind can.
As for the very spurt of emotion which is an eruption inside of us and from
us towards others, and vice versa. When, how, how much, are question words
which in the process of our thoughts in relation to our emotional spurt produce
other words as our common tools for writing to describe many seemingly
dull situations as sumptuous images of silence, landscape fascination, noble
feelings etc. All this happens when the writer sees everything around himself
with such special creative attention.
61
Тринаесетта Роднокрајна средба…
Ѓорѓи Прчков
ЕМОТИВНО ШПАРТАЊЕ НИЗ БИТОЛА
Ако ракавицата фрлена да ини-
цира двобој помеѓу прозаистот версус
поетот беше во знак на заскокоткување
во оваа роднокрајна средба, тогаш да
ја прифатиме и го подготвиме нашето
најсилно оружје: зборот. Како припад-
ник на гардата на прозаисти се согласу-
вам дека поетот доживеаното сака да го
каже импулсивно брзо во еден стих или
песна без прекин и во бура од емоции
кои не смеат да се прекинат, ниту опад-
нат додека тој не се „олади”. Кај нас пак,
и тоа не е ни малку понеинтензивно
отколку кај колегите, се чека моментот
на инспирација, па наредниот, па тој
после него... Но, што се случува додека
се чека, дали постои барем еден неврон
во нашата душа кој вистински мирува и кој е незаинтересиран за след-
ниот чин и кој би можел да се вклопи во секојдневниот живот на авторот–
цивил, да зборува само за исходот од некој важен фудбалски натпревар
или пак за цената на пиперките на локалниот пазар, а притоа да не се
реинкарнира во некој од ликовите во делото кое чека, да земе макар делче
од нивната судбина и го помириса нивниот крај или повторно раѓање
без оглед. Се случува многу, никако мирна река, повеќе би рекол пла-
мен со јачина на разгорена песна, но со долготрајно дејство од конти-
нуирана жештина рамна на пеколната која во една ограничена рамка,
нели тоа е имагинарната слика на душата затворена во човечкото тело, ги
меша емоциите на радост, среќа, тага, болка, убавина, сеќавања, мудрост
и пораки. Подолу да се задржиме на состојките во таа смеса во нашиот
62
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
духовен лавиринт, низ кој тие успеале да се пронајдат и го откријат изле-
зот до белата хартија, секако изобразени во поредок на зборови, плод на
авторовата имагинација.
Како роден Битолчанец во природата ми е шпартањето низ мојот
роден град, низ неговата историја и секојдневност, преку ликовите и
настаните кои го одбележуваат, но и грижата за неговото крварење и
опстојување денес и утре. Пишувајќи за Саат кулата кај мене емоциите
пораснале до степен на загрозување на човечкиот ум. Гледајќи ја бит-
ката за превласт на гулабот и змијата кој да биде симбол на Битола, ме
мачеше мислата анализирајќи според нежната конструкција на гулабот и
лукавата смртоносност на змијата дека доброто би можело да биде пора-
зено. Но, гулабот ја имаше така счипчено змијата да не може да претне
и во еден момент кога камената слика би се анимирала, таа можеби би
се ослободила подготвена гулабот да го касне и да го усмрти. За среќа
сегментот останува како што е, гулабот отрезнат ја смирува змијата, се
смирува и мојата душа и срце, горчливоста е заменета со растоварување.
Го паметам и рушењето на старата чаршија, куќа по куќа со земјата
беше сравнувано, дуќан по дуќан за час исчезнуваа, до Магнолија и нешто
подалеку и наоколу с` опустошено, кога околу двете џамии не остана
ништо, кога кај сегашниот парк на пензионерите само рушевина беше,
покрај силна емотивност што ме обзеде, ами од наплив на солзи повеќе
не можев да гледам, да слушам, значи сум почнал да полудувам. Огро-
мен простор беше уништен, покриен со камени коцки, ниту цвеќе ниту
трева повеќе не никна. Крај Саат кулата поставија огромна бина на која
властодршците дотерани во костуми се качуваа и низ руината пред маса
народ само ЛАГИ кажуваа, ете, чудно ама вистинито, идентично со сегаш-
ната стварност, а мене како и тогаш горчливи солзи во грлото ме задушу-
ваа.
Драгорот сум го поминал и еве не кај Дембел чаршија – Дембел
хаане. Само покрај кафеанчињата што запрев низ главата ми помина
песната на боемите. Тие јадеа, пиеја и боемски песни пееја, душата ни ја
разгалуваа. Денес повеќе ги нема, останаа зборовите некаде далеку низ
ветерот на спомените кои најчесто се повикуваа за потсетување на името
на некоја девојка, на жарот на младоста, на една енергија која се обнову-
ваше со секое ново утро, високо подигната чаша за здравје на многумина
и дружба со истомисленици кои сакаа да го подобрат светот.
По Широк сокак ги доживувавме првите љубовни средби, првите
радости, но и разочарувања, а како краен ефект од таквите средби дури
63
Тринаесетта Роднокрајна средба…
и бракови склопувавме. До Офицерскиот дом сум пристигнал, а таму се
одржуваше натпревар во пеење. Џани ја пееше својата мелодија, а јас му
посакував од срце да пее и да победи. Тој ја разгрна кошулата, срцето ми
го покажа, испеа и победи, ме зафати силна возбуда зашто в раце го имав
неговото срце кое биеше, ми ги скокоткаше дланките, но посилно биеше
моето, ми ги креваше и спушташе градите, дишев тешко и аритмички. И
сега кога би се сетил на таа екстаза би започнал да пишувам нешто што
не би доликувало на мојата старост.
Кога Битола Татката ја урниса, како денес што ја урнисуваат, кога
се упативме кон своите домови лоцирани на Баирот, во нормални услови
угорнината ја искачувавме со леснотија, овој пат Татката силите ни ги
имаше земено, се качувавме бавно и со починки. Тоа се случуваше на
денот кога се чествуваа четириесете калуѓери од црквичето „Четириесет
маченици“ а ние баирчани го славевме богато. Кога стигнавме низ ули-
ците почувствувавме дека по домовите нешто се случува. Во мојот дом
трпезата како обично не беше пренатрупана. Мајка ми, во картонско
тавте н` почести со по едно лебче, неколку маслинки и едно локумче.
Тавтињата пред себе ги зедовме, да каснеме уста не ни се отвораше, со
ограбените битолчани сочувствувавме, а за стотината битолчани, оста-
нати без денар што беа и животот доброволно што си го одзеле солзи про-
леавме. Значи по домовите овој пат не се славеше, а задушница се делеше,
во дополнение и шишиња со ракија. Пиевме без мерка...
Светонеделските гробишта. Човечки е да се живее денес, а да се вло-
жува и надева на утре. Никој не го знае точниот број на своите денови за
да би организирал последна средба со најмилите. За кого бијат камба-
ните? Денес за тебе, а утре можеби за мене. Нивниот одек ќе се слее со
лопатата на гробарот, неподготвен да ги закопа последните илузии, солзи
преполнети со сеуште неактивна тага, незавршени сништа... Последната
рака земја, тогаш најблиската асоцијативна форма на заминувачот. Да не
заборавиме да ставиме пари во џебот за да си го плати патот кој инаку е
бесплатен во едниот и бессмислен во другиот правец. Смеса на чувства
кои би задобиле позитивна енергија само со верба во Новата земја.
На Ленски мост амалите на сонце оптегнати празнат шишиња
ракија, мевовите разголени си ги дрпаат и на убавите битолски дами им
се насладуваат. Едновремено во кафеаната Буковче Цауро од Васето Улото
бара да му ја покаже куклата. Таа без двоумење му ја покажува, веднаш
потоа масата на која е седнат Цаурот почнува да штрака, по мрсниот под
лево – десно да оди, зашто Цауро со раката в џеб, а тој скинат, има земени
64
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
да работа и со исплазен јазик да збивта, тоа трае с` додека со главата
омалаксан на масата н` бапне. Васето свесна што се случило, излагана,
западната во емотивен шок солзите не може да ги запре, тие по вратот
надолу й одат, плаче долго и незапирливо. Една од первезните приказни
кои се пренесуваа од тие времиња, кои предизвикуваа гадост кај едни, но
и уметничка експресија кај други, причина или не да се стави на хартија
како дел од една посакувана или не историја. За жал и потсетување дека
голем дел од човештвото станало многу потмурно спрема погоре опиша-
ното кое е само приказна за добра ноќ мерено според степенот на неиз-
речена ужасеност.
Кога театарот го рушеа, битолчани со гради го бранеа. Копилињата
една вечер одненадеж околу три часот, во глува доба го срушија. Утрото
Битолчани жално во рушевината гледаа и солзеа. За спомен, за сеќавање
кој тулче кој малтерче земаа, еден цел пармак од ложите зеде. Тажни со
рането срце, празна душа, заканувачка мисла во домовите си отидоа.
Трпезите сервирани, ама никој ништо од мака не касна, емоцијата за
театарот што ги имаше зафатено не можеа да ја преболат. Не дека денес
не се ужива и аплаудира од црвените столици на илјадниците претстави
кои поминале во поширокиот комплекс на Домот на Културата, но знаете
носталгијата кон старото понекогаш е неразумна до степен да не сака да
си замине од мислите кои го репризираат откраднатото.
Убави сончеви денови, претпладне низ шеталиштето маса народ,
најмасовни се секогаш мајки со мали деца и шетачите на кучиња. Мајките
водат разговори околу модата и која како се нагримирала, децата пред
нив растрчуваат. Кучињата се даволкаат помеѓу себе и за жал не често
се случуваше да нападнат и некој од невнимателните минувачи. Многу
едноставни утра со уште навидум побезначајни случувања кои сепак ме
интригираа да го овековечам тој џагор не само во моите, туку и да го
наметнам и во мислите на читателот како би можел да разликува и цени
едно вакво безгрижно време со времето во услови на колера, непријател-
ска окупација или недоброволно чмаење во старски дом.
Во Соколаната конзулите организираа забави. Убаво облечени, нај-
силна радост ги имаше опфатено нивните ќерки зошто мистериозната
љубов низ градот што им беше во Соколаната ја наоѓаа. Присутен беше и
Кемал Ататурк, очите од Елени Каринте не ги одвојуваше, ги нарекуваа
балканските Ромео и Јулија. Тур ски те ту ри сти ми ну ва ат ил јад ни ци ки ло-
ме три за да ја по се та т спо мен–со ба та во би тол ски от му зеј, да се фо то гра-
фи ра ат под бал ко нот на Ка рин те, но и да го чи та ат пис мо то што таа му
65
Тринаесетта Роднокрајна средба…
го на пи ша ла на Ата турк. Музиката засвири, Кемал Каринте во прегратка
ја зеде и играта ја почнаа. Играа и од возбуда, радост и среќа трепереа.
Колку и да се трудеа задоволството не можеа да го скријат, љубовните
насмевки ги издаваа... Забранета љубов на девојката која го поарџила цел
живот за еден човек со кого била само еден ден. Кој би можел да остане
индиферентен и да не проговори, уште повеќе да н` крикне против непра-
ведноста на „грижливото“ однесување на еден родител и трагедијата на
еден чин кој требаше да заврши со победа на љубовта на крајот.
Можат ли вакви локации да побудат таков интерес во еден автор
да истиот биде почестен да ги опише со збор кој ќе го пренесе на идните
генерации, но не само од историска гледна точка, туку повеќе во пораката
да остави и свој белег во размислувањата околу нив, можеби со понекоја
воздишка дека тоа што се случило не поминало само покрај неговите емо-
ции туку и земјотресно ги раздрмало. Нормално дека може, посебно во
перцепцијата на читателот кој ќе се почувствува должен да го прифати
и потврди аманетот на авторот дека анализата на субјектот е донекаде
исправна, дека го доловила преминот од приказна во слика и дека апсо-
лутно ја заслужува цената на секоја солза.
Се изнагледав убавини по светот, толку недогледливи и примамливи
да се копнее по нив што тешко е да се компарираат и се избере најубавата
помеѓу нив земајќи го во обзир отскокнувањето на една според надвореш-
ната лика, друга според пламената страст, трета пак поради внатрешната
радост. И секое ново утро ненаситно се бараше уште од нив, да се трошат,
но и да се размножуваат, секогаш да ги има близу, на дофат на раката. Ако
случајно се изгаснат, тогаш навремено да имаат замена, уште поубава,
пофункционална, така да не се забележуваат недостатоци во трагите кои
поранешните ги оставаа. Наспроти нив, што би било тоа што око досега
не видело, а Бог го приготвил за оние кои го љубат? Среде главната улица
и од двете страни на реката е дрвото на животот кое раѓа плодови двана-
есет пати, давајќи плод секој месец, и лисјата на дрвото служат за исцелу-
вање на народите. Што би било тоа што уво не чуло, а Бог го приготвил
за оние кои го љубат? Глас од небото како шум од многу води и како звук
од силен гром, глас на харфисти што свират на харфите свои и како да
пеат нова песна која велеше: „Алилуја, зошто се зацари Господ Бог, Седр-
жителот!” Што би било тоа што ниту на човек на ум му дошло, а Бог го
приготвил за оние кои го љубат? И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите
нивни, и смрт нема да има веќе, ни плач, ни пискот, ниту болка, бидејќи
поранешното помина. Според ова сум се изнагледал убавини по светот
66
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
со изминат рок на употреба, сум дишел со нивната согорливост додека
траеле, не сакајќи да размислувам за нивниот крај и горчината после тоа.
Време беше да се тргне во потрага по оние вечните кои не се сервирани
во чинија со многу зачини кои ја кријат нивната смрдливост подоцна, по
исконските наменети само за жедните кои ќе се напијат и нема да имаат
потреба од друг вкус до секогаш. Тоа сакав да го видам и да ми бликне без
запир, да го вткаам во секоја буква која ќе биде живородна, ќе раѓа новост
со секој поглед врз неа и после секоја напивка од неа. Но, свесен бев дека
небесните убавини ќе бидат подоцна, после писателската дејност која не
би можела да функционира таму горе поради лошата интернет конекција.
Да завршиме со дилемата зошто некои од нашите поетски дела ги
поминуваат границите на нашата земја како уметнички дела, додека не
е тоа случај со истите прозни. Не верувам дека Господ ставил рака само
кај поетите, ниту пак дека на прозаистите им недостасува широка душа
за универзално сфаќање и прифаќање на светот односно имаат неслух за
потребите на современата светска книжевност. Најповеќе би го „обвинил”
силниот и богат маркетинг на прозаистите од светски калибар читани на
многу јазици и подрачја кои користејќи ја сеопфатноста на современите
медиуми успеваат насекаде и до секого да се натурат како дела „бестсе-
лери” и за да се биде во тренд стануваат неминовен дел од библиотеките
на граѓаните на светот. Но, само зачнатата тема секако ќе биде пообемно
обработена на некоја наредна роднокрајна средба.
67
Тринаесетта Роднокрајна средба…
Gjorgji Prchkov
EMOTIONALLY STROLLING AROUND BITOLA
Because I was born in Bitola, in my nature, I use to stroll around my
hometown, through its history and everyday life, through the characters and
events that mark it, but also the care for its bleeding and persistence today and
tomorrow. Writing about the Clock Tower my emotions grew to the point of
endangering the human mind. Looking at the battle for supremacy between the
pigeon and the snake as symbols of Bitola, analyzing the tender construction
of the pigeon and the cunning deadly snake, I was struck by the thought that
the good could be defeated.
But the dove has grabbed the serpent in such a way that only if the stone
image had become animate, the serpent could have been freed itself to bite
the dove. Fortunately, the symbol remains as it is, the dove is sober and calms
down the snake, this calms down my soul and heart, bitterness is replaced by
release.
In Sirok Sokak we use to experience the first love encounters, the first
joys and disappointments. I arrived at the Center for officers’ garden where
Gianni was singing his melody at the song contest which was taking place at
the moment, and from the bottom of my heart I wanted him to sing and win.
He unbuttoned his shirt, he showed me his heart, sang and won, I was
struck by a strong excitement, because in my hands I had his heart that was
struggling, tickling my palms, but mine was stronger, it lifted and lowered
my chest beating faster and faster, my breathing was becoming heavier and
arrhythmic. Even now when I recall that ecstasy, I begin to write something
that does not fit my old age.
68
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ
ПОЕЗИЈА ШТО ПЛЕНИ И ОБВРЗУВА
БЛАЖЕ КОНЕСКИ
Се бараме како раце што пливаат по езеро в мрака,...
и така од рода до рода. (Копнеж)
така рикаше мака во мене
дека сум роден во згазено племе....(Спомен)
и зошто ми иде да плачам ко дета...(Тешкото)
КОЧО РАЦИН
Денот ли дојде тој да се мери–
мерка му нема, а в градите длаби...(Тутуноберачите)
Денови ли се – денови
аргатски маки големи...(Денови)
69
Тринаесетта Роднокрајна средба…
Навистина големо мото, а толку збиено и резимирано! Што ли уште
може да му се додаде? И токму доаѓаат на ред Илинденските денови, орга-
низирани во Битола, пред зурлите, песната и орото пред толпата народ,
зошто ми потекуваа несопирливи соолзи?! Бевме толку многу присутни
битолчани и од други македонски локалитети, но и во вакви радосни
собири извираат макотрпните историски интервали од нашето богато
минато. И кога ја чувствуваме сржта на нашето постоење една незабора-
вена стрела не потсетува да не ги заборавиме сите македонски перипетии,
кои за среќа, не ни го одзедоа идентитетот, зашто тој е наше најдрагоцено
наследтво од нашите предци. Затоа и преживувањата на Блаже Конески
се доближуваат до моите, како и до секој Македонец, со предупредување
да внимаваме да не го изгубиме тој идентитет и нашето место, кога е во
самите нас.
Доживувам извонредна промоција на мојата најнова книга „Влогот
на Конески во Рацин“, токму пред портата од родната куќа на Рацина,
пред слушателите поредени по високите скалила на улицата. Промоторот
Васил Тоциновски навлегол во суштината на мојата книга, финансирана
од Општина Велес и градоначалникот Ице Коцевски. Занемена се внесу-
вам во амбиентот од богатото наследтво што ниго оставил Кочо Рацин.
100 години од раѓањето и 75 години од смртта! Градот е на ноse, со бес-
прекорна чест на починатиот славеник, кој овде е жив, со сите нас.
Со оглед на оваа денешна промоција посакувам да го насочам вни-
манието кон одредени постапки на Блаже Конески кон делото и лично-
ста на Рацина, испреван пред прагот на старата и богата луќа на поетот.
Присуствував на повеќе искажувања на Конески во однос на Рацина, а ми
останале во светса и овие извадоци од две длабоки и искрени негови збо-
ротечини, кои овде повторно оживуваат. Едниот е од „Речта“ на Конески
во 1971 година, Осми Рацинови средби, во Музејот „Кочо Рацина“: „Кога
влегуваме во туѓа куќа, па макар и колку да ни е пријателска, потсвесно
се исполнуваме со едно чувство на внимание дури и бојазан, да не внесе
нашето присуство некаков немир во еднаш создадената и својствена
атмосфера на домот. По наш стар обичај и сега не сосема заборавен, се
собуваа и чевлите пред врата.
Во овој монент, кога треба да кажам неколку збора под овој старин-
ски покрив на родната куќа на Кочио Рацин, јас сум опфатен од истото
тоа чувство, потсилено од респектот спрема великиот човек што се рдил и
израснал овде. И не можам да скријам дека чувствувам некаква кривица
што стапнувам како во музеј на овие чардаци и во овие соби каде што
70
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
заправо минало детството на добар дел на младоста на тој човек што не
дочекал сатрост.
Сепак, ваквите посети можат да имаат смисла и затоа тие се прават.
Тие имаат смисла до колу потврдуваат дека кон споменот и делото на пое-
тот и револуционерот пристпауваме како кон жив извор на духовно обно-
вување и на творечки побуди, како кон АКТИВЕН ЧИНИТЕЛ ВО САМАТА
НАША ОРИЕНТАЦИЈА ВО СОВРЕМЕНОСТА. СААМО ПРИ ТОЈ УСЛОВ
МОЖЕМЕ ДА НАЈДЕМЕ ОПРАВДАНИЕ ЗА СВОЈАТА СМЕЛОСТ ШТО ЈА
НАРУШУВАМЕ ТИШИНАТА НА ОВИЕ СТАРИНСКИ СВОДОВИ...
„Мораме со гола рака да пробиваме тунел низ чудовиштата на робов-
ската темнина“, запишал дванаесетгодишниот Рацин во 1928 година.“
Не помалку е значајна втората „Реч“ на Конески, изговорена на
3 јуни 1978 година во Прилеп, на свеченост организирана по повод 70
години од раѓањето на Рацин, на која подвлекува: „Не беше главно тоа
што јас сум емоционално поврзан со Прилеп, ами главното беше што
самата оваа прослава одеднаш и со голема светлина ми ја доближи мис-
лата дека околу Рацина се создала една посебна историска свест во нашата
средина. Мојата цел во овој краток говор ќе биде да ја објаснам колку што
кожам таа појава.“. Понатаму Конески шишува за големата возбуда кога
на Бајлонова пијаца во Белград, Страшо Пинџур го отворил куферот полн
со изданието на „Бели мугри“. – „Тоа беше настан, тоа беше појава на
македонска поезија! Но дали тогаш можевме веднаш да го сфатиме она
значење што таа збирка го има денеска за нас?“
На оваа промоција на мојата книга неминовно се навраќам кон
моите битолски учебни години, кога во моите определби за книжевната
историја, посебно бев нурната во поезијата на Блаже Конески и Коста
Рацин. Денес, кога размислувам за мојот афинитет кон овие великани на
македонскиот збор, ми станува јасно дека тие ми ја откриваа и историјата
на македонскиот народ, толку несправедлива во однос на извонредните
примери на Македонецот согледан во најубавата метафора – Човек. И
може да се земат како извонредни по два примери од целокупната поезија
на Конески и Рацин – песните: „Тешкото“, „Везилка“, „Тутуноберачите“,
„Денови“. И само со нив може да се прикаже творештво на два македон-
ски великани!
И во овој значаен Јубилеј на Рацин пред нас стои исправен јунак,
жив и овенчан со приказните кои ги сликаат сите бројни негови придруж-
ници во животот, иако кус, но толку богат, неговите дела и мисли!
71
Тринаесетта Роднокрајна средба…
Prof. d–r Vera Stoychevska Antic
POETRY THAT OVERWHELMS AND COMMITS
It‘s really a great motto, and it‘s so compact and summed up! What else
can be added to it? And exactly the Illinden Days, organized in Bitola, came
to the end, in front of the folk trumpets, song and dance in front of the crowd,
why did unstoppable tears flow?! We were so many people from Bitola, as
well from other Macedonian localities, even in such joyous gatherings, the
painstaking historical intervals of our rich past spring forth.
And when we feel the core of our existence, an unforgettable arrow
reminds us not to forget all Macedonian vicissitudes, which, fortunately, have
not taken away our identity, because it is our most precious inheritance from
our ancestors. That is why the experiences of Blaze Koneski come closer to
mine, as well as to every Macedonian, with a warning to be careful not to lose
the identity and our place when it is within ourselves.
72
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Биљана Т. Димко
ИНТУИТИВНО ЧУВСТВО ЗА ВЕЧНОСТА
(„Слободниот чекор по бодликава жица“)
Светов ќе ги открие сите наши
дела, но скоро никогаш нема да ги
дознае нашите намери, а во нив се
содржани нашите најголеми недоста-
тоци и доблести.
Уметноста го лечи човекот од
животот, ги нивелира неговите неста-
билни обиди да се вивне над опште-
ственото тривијално секојдневие и
на некој начин му дава можност да си
изрежира самостојна претстава за да го
постави своето страдање и радосниот
вознес.
Мојата индивидуалност е само
скудна капка во универзумот, па во
име на таа скудност, но не сиромаш-
ност морав да тргнам во поход на про-
наоѓање на смислата на скудноста.
Значи, писател не се создава, писател се раѓа, па с` понатаму е
работа во потполна ангажираност, всушност тоа е така во која било про-
фесија.
Уметникот чувствува, има развиена интуиција, чекори пред вре-
мето, запира пред вечноста, да, тој го бара мирот за својата душа, но тоа
претставува една постојана одисеја, затоа што уметноста е невозможно да
се роди во лулка на целосна потполност и среќа, таа се раѓа во неискажа-
ното, непрегрнатото, невиденото, болното, невидливото...
Во мојата лирика, во мојата проза, јас се оставам себеси, и верувам
дека тоа го прави секој писател, небитно дали е од машки или женски род
73
Тринаесетта Роднокрајна средба…
кој сака да биде запаметен по својот искрен израз, затоа што читателот не
сака да памети лажни изјави, затоа што читателот во книгите бара утеха
којашто нема да го осудува, туку ќе го охрабри. Емоцијата е основната
состојка во создавањето убави стихови, од неа се раѓа и мелодичноста
како во поетскиот, така и во прозниот израз, а уметникот којшто создава
преку зборови тој мора да научи да плива во својот осцилирачко потполно
нестабилен емотивен систем, во спротивност ќе се удави во многуброј-
ните прирачници за самопомош, а таму не верувам дека има инспира-
ција, а ни самодоверба.
„Шеметност“
Каде сум?
Тука, зошто?
Велат од прозорецот
може да се виде светот.
Чуму ни се ролетните?
Велат саатот го кажува точниот час.
А зошто ги врти стрелките во круг?
Го зашеметува времето?
Бесполезни конвенции
ја реметат суштата природа
на насушните мигови безгрижност.
„Тривијалност“
Ништо уметничко нема во послушноста.
Паметта се вивнала во мака
роб стана без да сака.
Длабоки џебови го причестуваат светот
крадци на соништа
истребувачи од огништа.
Очите уморни клапнуваат на прагот
нечија затапена совест
калеми уште една болест.
Зимата дојде непроодна ладна
сивилото на денот брзо–брзо
по неа се загна.
74
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Маслото поскапе.
Догорува кандилцето на една младост.
Плиткиот џеб ја изеде судбината.
Каква светска гадост.
Животот е непрекината борба за слобода. – „..го избираме својот
иден свет според она што го научивме во овој. Ако не научиш ништо,
идниот живот ќе ти биде како сегашниот, со исти ограничувања и теш-
котии што треба да ги надминеш...“ стои во краткиот роман „Галебот
Џонатан Ливингстон“ од Ричард Бах.
Насловот на овој текст е „Слободниот чекор по бодликава жица“,
затоа што сакам да пишувам за да мотивирам. Бодликава жица е с` што
е нерамно, препрека, кочница, а уметникот мора да се ослободи од чув-
ството дека е ограничен и дека има точно определени можности, неговата
размисла, особено неговото дело мора да биде над сите конвенции, за да
може да предизвика некаква реформа. Слободниот чекор е идеал, додека
бодликвата жица е реалност, но нека не биде пречка, туку предизвик.
Битна е целта којашто сакаме да ја постигнеме, затоа што ако зна-
еме што правиме мора да успееме.
Материјалниот свет е множество кое кородира, додека неговата
опозиција е од нерѓосувачки челик. Слобода значи издигнување од незна-
ењето, ментална револуција, совршенство во умешноста и вештината,
работа на талентот и незапирливи изблици на емоции. Уметникотмора
постојано да се бори против буништето на изживеаноста или послед-
ната мода, мора да создаде универзален израз, небитноста произлегува
однедоволно развиената емоционална интелигенција. Чувствувам, значи
човек сум.
75
Тринаесетта Роднокрајна средба…
Biljana T. Dimko
INTUITIVE FEELING OF ETERNITY
(„А Free Step on a Barbed Wire“)
А writer cannot be created, a writer has to be born, and everything
else is working in full engagement, in fact it is so in any profession.
The artist feels, has developed intuition, steps before time, stops before
eternity, yes, he seeks peace for his soul, but it is a constant odyssey, because
art is impossible to be born in the cradle of full integrity and happiness; it takes
birth in the unspoken, incomplete, unseen, painful, invisible ...
In my lyrics, in my prose, I invest myself, and I believe that every writer
does it, no matter whether one is of a male or female genre who wants to be
remembered for its sincere expression, because the reader does not want to
remember false statements, because the reader in the books finds the comfort
that will not condemn him, but encourage him.
Emotion is the basic ingredient in the creation of beautiful verses, it also
gives birth to melody in both poetic and prose expression, and the artist who
creates using words must learn to swim in his oscillating, completely unstable
emotional system, otherwise he could be drown in the many self–help manuals,
and I do not believe there is inspiration, nor self–confidence.
76
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Добре Тодоровски
ГРАДАЦИЈА НА ЕМОТИВНИОТ НАПЛИВ
Мудро смислено, уште помудро најдено решение за искажување
на роднокрајните писатели на темата ,,Моите емотивни изблици прето-
чени во збор”. Човек да не знае од каде да почне, кога посакува самиот да
се искаже по темата за оваа роднокрајна средба. Не дека до сега не сме
зборувале или не се спомнувала емотивноста и емотивниот наплив на
авторот при творење на делото, ами ми се чини како д–р Николче Велја-
новски, дел по дел сака да откинува од нашето битие, да не раслекува,
разголува до гола кожа, со тоа што сме на еден начин повикани самите
да се искажуваме. Па сепак си велам, колку човек и да сака да напише,
никогаш во потполност не може да ја долови вистината, никој не може да
наѕре во душата човечка и да каже како е.
Нејсе. Како и да било, кога веќе до сега сме се произнеле по повеќе
моменти од нашето творештво нека биде и овој пат да си ја искажеме
77
Тринаесетта Роднокрајна средба…
маката, односно да го откриеме моментумот кој, верувам на секој автор,
па и за мене е најважното нешто за да се седне и да пишува. Мислата или
емоцијата да се трансформирам во литературно дело.
Како што прочитав овде во поширокото образложение за темата
пред се се мисли на еден емотивен излив, како што авторите знаат да
кажат, да се инспирираат да напишат песна. Но инспирацијата не секо-
гаш е присутна, за неа е потребно време, да се погоди местото, односно
да се сложат сите условит за пишување.
Малку, многу, најмногу. Ви се верува ли дека емоцијата може да
го погоди писателот во нијанси, или градирано во степени небаре некој
земјотрес сметан по Меркалиевата скала? Кога го смислував насловот на
овој текст бев воден токму од оваа реченица.
Како помлад не бев навикнал да ја чекам инспирацијата, вистин-
ското време и момент, да надојди како надојдена река. Велам, бев млад
и ми се пишуваше, брзав и сакав што повеќе сакав да се истакнувам, да
напишам поубаво, поголемо, значајно, да се цени и тн. Бев помлад и поси-
лен, со многу идеи, цели, половични или само желба да се пишува за одре-
дена тема, а емотивните напливи надоаѓаа едно заедно, валми–валми.
Барем така ми се чини од оваа временска дистанца.
Моите книжевни пријатели ме советуваа поинаку, ме запираа да
не брзам, да размислам, да го препрочитам делото. Најверојатно ми ја
сеќаваа возбудата и внесеноста во темата што ја обработував. Ова осо-
бено се однесува на поетот Радован П.Цветковски. Вооружен со огромно
искуство, со текот на времето, ми ја предаваше во целост играта на збо-
ровите, ми ги посочуваше замките, стапиците кои се наоѓаат на патот
во литературното творештво. Посебно сакам да потенцирам на нашите
безброј седенки и долги дискусии кои се однесува на делови кои го тре-
тираат психолошкото кај ликовите, покрај следењето на романескната
линија со особено внимание на дигресивната поврзаност, како поткрепа
на ликовите или настанот.
Како што одминуваше времето, се ми се чини научив да чекам,
потајум да ја демнам инспирацијата, тој емотивен наплив, како плима да
наиде емоцијата за зададена мисла или тематика, дали се работи за песна
расказ, дел од романот, дигресија или сврзно ткиво во романескното деј-
ствие.
Кога се чита некоја книга многу лесно може да се насети каде се
авторовите емотивни изблици. Онај кој добро ја познава поезијата и про-
78
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
зата, може да го насети моментот на силните авторови емоции во секое
дело.
Сепак за било каков литературен жанр потребна е комплетност, осо-
бено ако се работи за поголемо дело. Овде мислам и на поезијата.
Дури и за поезијата, Петре М.Андреевски велеше, парафразирам:
,,Не е песна ако во истата не препознаеме приказна„. Токму така. Јас
ретко пишувам, но сакам да читам поезија. Безброј пати, токму кај наши
автори сум наишол на песни кои раскажуваат цела една приказна, сторе-
ние, животен пат. Една песна една цела љубовна приказна, неизживеан
живот, неостварена посакувана наслада. Тоа за мене претставува поезија.
Таму се препознава мудроста на писателот – поет, по начинот да ја пре-
несе пораката. Песни на кои сум се воодушевувал, со замисла во кој сте-
пен на занесеност му претекол зборот на поетот. Ги споредувам моите
емотивни моменти на занес со неговота духовна состојба додека го соста-
вувал текстот. Ова затоа што истото важи и за писателите кои се повеќе
посветени на прозата. Како пример ја посочувам песната ,,Веј Вевчани“
која сум ја напишал во две илјади и некоја година. Погоден од ненадејно
надојден емотивен наплив, без посебен повод, при пестој во Подгорци
и посета на Вевчани, за која еден наш еминентен писател нашол дека е
една од подобрите песни напишани за овој крај што ја вклопил во моно-
графијата и речникот на вевчанскиот говор.
Наоѓам за потребно да се каже и за другата страна. Убаво е кога писа-
телот е во постојан контакт со инспирацијата и очекува секој момент да го
зафати тој емотивен изблик. Но не е секогаш така. Има моменти, односно
време кога писателот останува сам. Денови и денови, па и подолго време
да остане во очекување на инспиративен момент или да трага по зборот.
Оној кој го доживеал ова знае дека емотивниот изблик не бира време и
место. Доаѓа ненадејно, што би се рекло во ниедновреме, а истата треба
одма да се забележи, да се запише, да не одлета мислата. Потоа може да се
преработува и да се најде каде може да прилега во текстот. Точно е и тоа
дека понекогаш емотивниот изблик толку добро се вклопил што авторот
нема потреба да се навраќа на текстот и од негово менување
Најчесто скоро секој писател почнал со пишување поезија. И моите
први почетоци во книжевноста беа во поезијата. Ситни искри на заро-
диш на поетика, обична и римувана реченица, онака како што сум видел
и прочитал кај другите. Траеше тоа подолго време, до средношколските
денови и потаму се додека не го напишав првиот роман. Сопственик сум
на една збирка поезија, а во малата збирка прозни записи ,,Болештини“,
79
Тринаесетта Роднокрајна средба…
можев моите емотивни патриотски напливи да ги преточам во пишан
збор. Колку успеав во тоа не знам.
Но некако поезијата ми беше претесна, нешто налик на носење
тесна кошула, куси пантолони, не ме собираше. Во тој мал временски
интервал, од едно до друго пишување, додека седнам и почнам да пишу-
вам се чувствував неисполнето, како во некое одење во празно, а по завр-
шувањето на песната небаре да ми беа одредени верски пости. Сакав да се
изјаснувам нашироко и надолго, удолу и угоре, да објаснувам да додавам
и китам детали, да си играм со зборовите. Да стемнувам и разденувам
кога јас ќе посакам, така нешто отприлика ме тера и насочува во емоци-
оналните литературни води. Ова е само мое и се однесува само на мене.
Познато е дека нема добро литературно дело ако во него не се сле-
ани емоции, ајде да го надоврзам и насловот, емотивен изблик.По мене
тоа е некакво вонвременско доживување, занес, творечки транс, екстаза,
нешто налик созрцание во монашкиот молитвен живот.
Емотивниот изблик може да се случи повеќе насочно. Сакам да
речам може да се однесува на љубовта, патриотизмот, татковината, да се
воспева славата, да се искаже убавината, или спротивно да се однесува на
болката, маката, тагата, жалоста и тн.
Ретки се тие силни моменти. Ова го кажувам од лично искуство низ
годините поминати во дружење со литературата. Токму затоа и мојот
скромен заклучок, што сигурно некаде сум го прочитал или слушнал, дека
и за убавото прозно дело може да се каже дека е поезија.
Успешноста на авторот се состои во тоа колку е тој способен да ја
предаде преку пишан збор во било каква форма. Ова сум го подвлекол
многупати, а можеби може да се најде и во досегашните текстови на род-
нокрајните средби.
На крајот. Се надевам и јас сум еден од оние сонувачи во обид емо-
тивниот внатрешен немир во еден изблик да го преточам во збор.
80
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Dobre Todorovski
GRADATION OF THE EMOTIONAL SPURT
Wisely thought up, even more a wiser solution is the topic on which we have
to discuss: „My emotional spurts turned into a word“. One does not know where to
start, when one is ready to express oneself on the theme of this homeland meeting.
Not that we have not spoken or not mentioned the emotional and emotional
influx of the author in the creation of his work, but it seems to me that Dr. Nikolce
Veljanovski throughout the 13 meetings wants to tear off piece by piece from our
being, by streaking us to bare skin, by calling us at the Round Table to express our
opinions about our works. But no matter whether we want to express us honestly,
there will always remain a part of our truth untold since it is very difficult to open
our soul completely.
When I was young, I was not used to waiting for inspiration, the right time
and moment, to rise as a flooding river. I say, when I was young I was eager to
write, I was always in a hurry and I wanted to stand out in front of others, to write
better, more important things, something that could be appreciated by the readers,
etc. I was younger and stronger, with many ideas, goals, or just a desire to write
about a particular topic, and the emotional spurts came consequently.
My literary friends advised me differently, they were telling me not to rush,
but, to think, to re–read the work. The poet Radovan P. Cvetkovski noticed my
inspiration and the emotional spurts that go together, he made me aware of the
play of the words, and the traps that usually appear on the road of the literary
creation.
I would like to emphasize our innumerable meetings and long discussions
regarding the parts that treat the psychological in the characters, at the same
time following the Romanesque line with particular attention to the digressive
connection, as a support to the characters or the event.
As time went on, it seemed to me that I learned to wait, to keep under control
the inspiration in motion and the emotional rush, to control the spurt for a given
thought or theme, no matter whether it was a song short story, part of the novel,
digression or connective tissue in the novel action.
When reading a book, it is very easy to sense authors emotional spurts. A
person who knows well poetry and prose can sense the powerful emotional spurts
in every literary work.
81
Тринаесетта Роднокрајна средба…
Петко Шипинкаровски
МОМЕНТИ НА ЕМОТИВНИ ИЗБЛИЦИ
Присутни се моментите на
изблик, на воскликнување на чувствата
кон изненадниот видик, или прострел-
ната мисла кон одредена цел: вчудо-
невиденост, миг на задоволство, или
пак изненадно сознание за одредена
(не)реалност за која двосмислено се
двоиме со одредени тези и ставови за
постојниот општествен реализам, било
тоа да е социјален, или пак критички.
Но постојат моменти кога појавата пре-
дизвикува чувство на блаженство од
направеното општетствено добро, или
пак револт кон нагрденото, или пак,
свесно или не на уништеното добро,
било тоа да е индувидуално или пак
колективно, општествено...
Бројни се поводите на овој или пак оној начин на кревањето на гла-
сот, со цел да се предизвика поширок општестен интерес кон доброто, да
се запре, заштити или пак, да се донесе законска регулатива што потрајно
сето тоа ќе го штити.
Еден од многуте примери што кај мене предизвика немир и стремеж
за да се крене гласот и да се запре, односно да престане понатамошната
негрижа кон природата, е примерот:
Подолго време не бев вратен во родното село Будимирци. Тој ден,
заедно со сопругата со возилото тргнавме кон селото. Ја поминавме Црна
река кај Рапешкиот мост и по прашливиот пат ја качувавме угорнината
кон Цериката и месноста Карлица – највисокиот дел од патот, кон Старо
Мариово, од каде како н длан се гледа Мариовската висорамнина и мес-
82
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
носта Кравица, Кајмакчалан, Селечка планина... Веќе го искачивме и
последниот свиок од патот, го поминавме разделот на локалниот пат за
Груниште и пред нас излезе прекрасната панорама враќајќи ми ги мис-
лите од детството и младоста. Ја намалив брзинана на автомобилот и со
погледот зарив кон вишниот и горд Кајмакчалан. Одеднаш, од тоа што го
видов здивот ми запре од она што го видов на планината Ниџе кај месно-
ста Среден рид и Боровиќ. Голи ридишта белеат среде прекрасната пано-
рама од есенските бои што пленат.
– Голосек, реков. – Како, кој им дозволил да си поигруваат со приро-
дата, да ја нагрдуваат, да ја ништат – она што природата го создава, а нам
ни дава здравје и живот.
Така сневеселен го продолжив патот кон селото и пристигнав во
родниот дом. Следниот ден, го зедов фото апаратот и појдов во месноста
Трново каде, од поодблизу, направив неколку снимки – фотографии на
местата каде е направен голосекот и уште некои снимки на убавите пла-
нински поли, на боите на есента, што ја прават планината уште поубава.
Деновите што во селото низ младоста ги поминував, во мислата,
ми ја вратија гордоста и радоста што потекнувам од еден од најубавите
предели на мојата татковина. Но мислата од она што го видов на плани-
ната Ниџе постојано ми чукаше, како звукот на црковната камбана, ми
шеташе, ме притискаше, тежејќи ми дека нешто повеќе треба да напра-
вам. – Што, како?! Што би можел јас против луѓето што се од државата
платени да се грижат за Македонските шуми и да вршат експлоатација, а
да не ги нагрдуваат, уништуваат.
По неколку дена поминати во родното село, се вратив во својот дом
во градот каде живеам.
– Ќе напишам писмо и ќе го испратам во весникот Нова Македо-
нија, во рубриката „Писма“ – си реков. Веднаш седнав, напишав писмо
на машината и го насловив „СЕКЦИЈА НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ НА КАЈМАК-
ЧАЛАН“, поткрепено со 2–3 фотографии и писмното по пошта го испра-
тив до Редакцијата на весникот „Нова Македонија“. Не поминаа 2–3 дена,
утрото излегов по градската чаршија. Го купив весникот, седнав да го
испијам утринското кафе со мојот стар пријател и го разлистив весникот.
За чудо, писмото беше објавено речиси интегрално, онака како што го
насловив. – Види – му реков на стариот пријател и му го подадов текстот
да го прочита.
83
Тринаесетта Роднокрајна средба…
– Убаво си ги подбрал – ми вели пријателот. Потоа разговаравме
околу состојбата на тој дел од општествената одговорност. По два дена,
повторно излегов да се прошетам низ градот.
– Шипинкаровски – го слушнав познатиот глас на, исто така мојот
добар пријател, инаку раководител на подрачното одделение на ревирот
во мојот град. Застанав.
– А, бре, што ни направи!? Вчера Министерот не викна на состанок
и не искара, –каква е таа негрижа кон шумите, кој ни го дава правото да
ги ништиме шумите – ни вели министерот.
– Со годишните планови, плански тоа го правиме – се правдавме
ние...
Од тогаш поминаа речиси четвртина од векот, постојано се нав-
раќам и престојувам во моето родно Будимирци, но од тогаш, кога го
кренав гласот против голосекот, не забележав таква појава.
Значи сум успеал – си велам.
* * *
Рана есен, 1997 година. Со мојот стар пријател, новинар, шетаме по
градската чаршија. Поминуваме покрај продавницата на весници и погле-
дот ми го запре написот на насловната страница на весникот „Политика“.
„Излезе од печат книгата „Чујте Стрби“ од Рудолф Арчибалд Рајс.
– Чекај, му велам на мојот пријател. Ова е интересно. Името Рајс ми
е познато. Има место, кај нас, во Мариово на Кајмакчалан што се вика др.
Рајс. Познато ни е дека таму имало некој странец што ги лекувал ранетите
во Првата светска војна, имало болница, таму на врвот, на највисокиот
дел од планината Ниџе, на боиштето.
Ја купив новината и продолживме со муабетите. По извесно време
се вратив во својот дом и ја отворив новината.
Го прочитав написот и кај мене текстот предизвика уште поголема
љубопитност.
„Рудолф Арчибалд Рајс, пред смртта посакал неговото срце да биде
погребано во црквата „св. Петар“ на Кајмакчалан, а имав чувство дека од
страна на приредувачите на книгата во печатеното српско издание, има
доза на невистина дека, има искривени тези, испревртени настани, чув-
ства, што предизвикува немир.
– Нешто ќе морам да сторам – си реков.
Другиот ден отидов во градската библиотека во Струга и почнав да
барам по книгите со историска содржина, особено од времето на наста-
84
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
ните од Големата војна. По прегледот на повеќето книги што ги најдов,
ми беа понудени два тома „ДОКУМЕНТИ“ од Универзитетот „Св. Кирил и
Методиј“ од Скопје. Во еден од томовите на средината, забележав кратко
кажување потпишано од Р.А. Рајс.
„Реков дека вашите бугарофони би ги нарекол Македонци. Вие ги
нарекувате тие луѓе бугарофони поради нивниот јазик којшто личи на
бугарскиот. Но дали е тоа бугарски, дали е тоа истиот јазик што се збо-
рува во Софија? Не. Македонскиот личи исто толку на српскиот колку
и на бугарскиот. Не сум лингвист и нема да си дозволам сопствен суд,
но незаинтересираните балканолози ми тврдеа дека македонскиот личи
повеќе на српскиот отколку на бугарскиот. Можно е да има лингвисти
што го тврдат спротивното. Но факт е дека македонскиот не се зборува
ни во Софија, ни во Белград. Тоа е посебен словенски јазик, како што е
тоа кај нас, во Швајцарија, романшкиот, што се зборува во Гризо, покрај
италијанскиот.
Спорд мене, Македонецот не може да се нарече ни Бугарин ни
Србин, туку просто Македонец.
Р.А. Рајс, Париз, 1918
– Ова го барав – си реков, ова е најсилното мое оружје – си реков.
Овој човек во македонската историја е негативна личност – ми вели
службеникот во Градската библиотека.
Како, а ова, што е ова, како можи човекот да е негативна личност за
Македонија – му велам, и
Го забележав цитатот, а следниот ден, со автобус заминав за Ско-
поје. Отидов во домот на еден мој пријател, историчар – универзитетски
професор.
Откако се поздравивме и седнавме да се напиеме кафе, за добре-
дојде, отворивме разговор.
– Кое добро те доведе во мојот дом – ме праша професорот.
– Како да започнам – си реков. И веднаш, без многу вртење, одоколу,
едноставно, му поставив прашање.
„Професоре, што Вас ви значи името Рудолф Арчибалд Рајс.“?
Остро ме погледна, Малку се смршти, стана од столот и отсечно, со
револт, серто ми проговори: „Крвник, крвник за Македонија е тој човек,
зошто прашуваш?
Смирено го примив неговиот револт, а од џебот на палтото, му го
подадов краткиот текст што го имав напишано на машината за пишу-
вање.
85
Тринаесетта Роднокрајна средба…
„Го зеде текстот, го прочита, ги смркна веѓите и косо ме погледна.
„Каде го најде ова, што е ова“.
Во томот тој и тој – „ДОУМЕНТИ“ на универзитетот „Св. Кирил и
Методиј, на стр. таа и таа, му реков.
Професорот излезе од собата и по кратко, се верати носејќи ги посо-
чените тома, седна и го зеде томот, што за кој му реков дека на страна таа
и таа е текстот.
Ја отвори големата книга на страницата и почна да чита. Откако
го прочита, стана и повторно ми рече: „Што треба да направам за тебе“.
„За мене ништо, нешто да сториме за Рајс, да ја исправиме неправ-
дата што му е направена нему!“ – му реков. Да појдеме во Институтот за
Национална историја и во НУБ „Св. Климент Охридски“... Да ми помог-
нете, да ми дадат се што има од Рајс. „Одиме“ ми рече и со такси возило
отидовме, најпрвин во Институтот за Национална историја, а потоа и во
НУБ „Св. Климент Охридски“.
Снабден со непобитниот материјал, седнав и го напишав фељтонот
„Рудолф Арчиблд Рајс, за Македонија и за Македонците“ и истиот прот-
ече на страниците на дневниот весник Нова Македонија. Нешто подоцна,
фељтонот го дополнив уште со неколку податоци, насловено „Горчливо
јаболко“ и сега веќе како студија, го објавив во книга. Промоција напра-
вивме, во 2006 година, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во
Струга, а за Рајс и за книгата зборуваше академик Љуан Старова.
Веднаш по објавувањето на фељтонот за Рајс, кај научните и други
автори предизвика интерес, а делови од фељтонот беа цитирани во нив-
ните трудови. Не изостанаа и поединечни јавувања кај мене, со барање на
примерок од книгата, или пак имав јавувања од поедини медиуми.
Но имаше и такви кои вртеа со главата. Еден, инаку и тој професор
од Универзитет, дури си дозволи да ми рече „Не е вистина тоа што го
кажуваш во фељтонот, за што му одговорив: „Пријателе, добро е малку
повеќе да поднаучиш за Рајс!?“ и си заминав.
Со тоа страницата за Рудолф Арчибалд Рајс, мислам, а тоа и други
ми го велат, дека, успеав да ја свртам и од „Крвник на Македонија, како
што провејуваше кај поедини историчари, вистината излезе на виделина
и дека, сепак, тој бил пријател на нашата земја.
Но, исто така, сметам дека недоволно е тоа само што јас го сто-
рив, за големото дело на овој швајцарски научник со германско потекло.
Велам големото дело, зошто тој, во годините на војната, од територијата
на Република Македонија испраќал, и како сам што вели, „извештаи од
86
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
пеколот“, кажувајќи му на светот за стравите и ужасите што се прават врз
македонците, нивните имоти, градовите и селата, а најголемата потврда
за тоа, за неговата љубов е и тезата што ја испратил во 1918 година, во
Париз.
Бројни се примерите, каде, како резултат на љубовта кон исто-
ријата и македонските патишта до слобода и самобитност, ми било нишка
водилка во прозното, драмско (Духот на војводата, монодрама), поет-
ското творештво, во публицистиката и сл.
Во таквиот контекст на следење и творење се родија и романите
со историска содржина:„Откорнати души“, „Дабјак“, „Децата на Марија“,
„Утринска молитва“, повеќе раскази и бројни песни во поетското твореш-
тво, и драмското /монодрамата „Духот на војводата.
Дека задоволството, силните емоции и чувствата што доаѓаат при
и по читањето кај моето творештво е примерот по дебито со романот
„Откорнати души“ за што, од страна на македонската критика беше добро
примен:
„Откорнати души“, проза што се памети „Мрачни страници за голго-
тата на Мариово/Ванчо Меанџиски, Откорнати души – Veli~enstveno delo
– ~uvar izvorniot mariovski govor“, или пак за романот „Децата на Марија“,
писателот и литиратурен критичар Благоја Брајаноски во својот книже-
вен критички труд, ќе рече: „продолжена“ величенственост на неговото
претходно дело (се мисли на „Откорнати души“), кое, не само чувар на
изворниот мариовски говор, туку продлабочено навлегува во судбината
на Мариовецот“,
Се само дел од бројната критика што доаѓа од македонските но и
странски критичари; „Романот жанровски се доближува на моделот на
романот и образованието и романот и воспитувањето каде се прикажува
духовниот развој на главниот книжевен лик кој со учењето се подготвува
и за животот и својот животен лик/Снежана Дабиќ –Белград, Србија, за
романот „Златни обетки за Марија“, каде темата за да се напише поши-
роко четиво, дојде исто така како блик, да се напише роман врзан со исто-
ријата на уметноста, љубовта кон семејството, образованието и воспиту-
вањето на младиот човек, а како повод е Златната маска пронајдена во
археолошките ископини кај с. Требеништа, охридско, во 2013 год.
Летото 2004 штотуку влезе, а и политичката клима во државата со
новото прекројување на општинските територии но нашата земја. Сле-
дуваа негодувања, протести, а во Струга се случи еден од најжестоките
– Протест пред зградата на политичките партии, а подоцна и спречување
87
Тринаесетта Роднокрајна средба…
на редовното одржување на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“.
Фестивалот се одржа во Скопје, а во Струга, фантастично се одржа под
мотото: „Одбележување на Струшките вечери на поезијата“ со учество на
поети од Македонија и странство.
Така, во одбележување на тие вечери со поезија, кај мене се роди
песната:
ВО СТРУГА БУКНУВА ПРОЛЕТ
Дворјани!
Дојдете во Струга на Поетските вечери
да станете гранит,
браник во Паркот на поезијата
да кажеме не на раскуќувањето,
божем азносано утро со вкус на дружба
ни ветуваат,
ни носат урнек,
со мелем целат од синови рани.
Дворјани!
во паркот на поезијата
и на црнодримскиот мост,
испраќаме посланија, со крик
со вик до светот.
Или пак песната,
Господе!
Знај, му нема крај
на раскуќувањето на татковото огниште
спотнато
гаснат утрата.
Дојдете,
во Струга букнува пролет
од мрачни сенки и модра обвивка,
ткаенина од Јуда пајажина што ткае.
88
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Народецу!
Зар не гледаш тринаеста се ближи по стоте,
а синови твои арнисале родини ваши,
од чувства, јадови ти зорат
на браќа и сестри...
Зар не гледаш?
И сега се кренале
да сотрат семе и траги.
Дојдете, овде на ковачница струшка,
во градина цветна да светнат утрата,
дојдете!
Јули/авуст 2004
„Седело на Орлица– 2006“
Или пак, влегувајќи во моето родно село во летото 2005, само на
десетина метри од мојата куќа се препнав на амбарот од мојот сосед со
раскрилен покрив и одвртени завртки и завеани ламарини, а толку убаво
го знаев, со полни прегради жито, кочина со прасиња и се се одвиваше во
најдоброто – во ритамот на животот. И тогаш, кај мене се роди воскликот
за песната што ја напишав во мојот дом;
АМБАРОТ ОСТАНА ГЛАДЕН
Поминаа времињата на големите жетви
кога срп српуваше: ги стрижевме ридјето
и падините окапени и со набабрени класје,
бремени, стенкаа згрвалени од лебно жито.
И амбарот во гумновеење со отворено грло
и со празна утроба спиеше на катот,
со откафтени капаци, со иштрбени рабови,
го сонуваше својот летен сон.
Со лопата по лопата
се вееше лебното жито
и кутел по кутел, осмак по осмак,
во кило лебуваше.
89
Тринаесетта Роднокрајна средба…
Сит до полно грло стенкаше амбарот,
се радуваше, колваа пилињата,
дечињата ронкеа по сметениот двор
и заедно ја играа играта на заминување.
Една подза’рѓосана ламарина се одврзала
од навртката и го заиграла танцот
на пустинскиот ветер откорната и зафучена
далеку преку големите ридје и бари.
Порака од амбарот
и амбарите од соседството
што го заиграа орото на зарипнатите гајди,
каде гладот длаби и полека влегува
преку неговите стреи.
Старите ламарини се веат, штиците
гнијат.
Острата песна на лопатата од букова дланка замира,
куќата е глува.
Амбарот остана гладен, потајно умира.
„Седело на орлица“ 2006, –
се песни на дел од моето поетско творештво, каде оживувањето на наста-
ните, во емоции од една и крик, револт и довик од друга страна, го беле-
жам времето што незапирливо тече, оставајќи ги зад себе спомените кај
луѓето од тоа совремие и песните, записите и други пишани белези за она
што било и што е во од.
90
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Petko Shipinkarovski
MOMENTS OF EMOTIONAL SPURTS
There are moments of emotional spurts, the exclamation of the feelings
towards the surprising sight, or the shattering thought towards a particular
goal: consternation, a moment of pleasure, or a surprising knowledge of a
certain (un)reality that we ambiguously differentiate with certain theses and
views on the existing social realism, no matter whether social or critical. But,
on one side, there are moments when the phenomenon causes a feeling of bliss
when one works for social good, on the other side, a revolt toward the distorted
and destroyed good, no matter whether individual or social.
There are numerous examples in my works where the love of history and
the ways to freedom and independence of Macedonia were my guides in the
prose, „Spirit of the Duke“ (monodrama), poetic creativity, journalism, etc.
In this context of observation and creation, my novels with historical content
were born: „Torn off Souls“, „Dabyak“, „Mary’s children“, „Morning Prayer“,
several short stories and other numerous songs in poetry.
91
Тринаесетта Роднокрајна средба…
СОДРЖИНА
Подготвил: Д–р Николче Вељановски
13. РОДНОКРАЈНА СРЕДБА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5
Проф. д-р Даниела Андоновска–Трајковска
КОГА ПОЕТОТ ЈА СОЗДАВА ПЕСНАТА… . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 9
Ванде Ганчевски
БОЛНОТО СТУДЕНИЛО НА МОИТЕ ЕМОЦИИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 15
Петре Димовски
МИСЛИ И АКЦИИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 19
Елизабета Јончиќ
ПОЕЗИЈА – СТРАСТ ЗА УБАВИНАТА НА ЗБОРОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 25
Љубе Митрејчевски
МОИТЕ ЕМОТИВНИ ИЗБЛИЦИ ПРЕТОЧЕНИ ВО ЗБОР . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 30
Весна Мундишевска–Велјановска
КОГА ЗБОРОТ СТАНУВА ПЕСНА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 35
М–р Сања Мучкајева Видановска
ВРТЛОЗИ ВО СРЖТА НА РОМАНОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 40
Радован П. Цветковски
ПИСАТЕЛОТ И ЗБОРОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 46
Проф. д-р Христо Петрески
АВТОРСКИ ЕМОТИВНИ ПОЕТСКИ ИЗBБЛИЦИ, ИЛИ ОСАМЕН ГЛАС
ВО ПУСТИНА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 52
92
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Ванчо Полазаревски
ДЕТЕТО – ПРИЧИНА ЗА МОЈОТ ЕМОТИВЕН ИЗБЛИК . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 56
Ѓорѓи Прчков
ЕМОТИВНО ШПАРТАЊЕ НИЗ БИТОЛА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 61
Проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ
ПОЕЗИЈА ШТО ПЛЕНИ И ОБВРЗУВА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 68
Биљана Т. Димко
ИНТУИТИВНО ЧУВСТВО ЗА ВЕЧНОСТА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 72
Добре Тодоровски
ГРАДАЦИЈА НА ЕМОТИВНИОТ НАПЛИВ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 76
Петко Шипинкаровски
МОМЕНТИ НА ЕМОТИВНИ ИЗБЛИЦИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 81
ТРИНАЕСЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО
БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА
Издава
Националната установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ Битола,
ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39, Битола
Организациски одбор
Јелена Петровска
Николче Вељановски
Владимир Костов
Јоланда Бошевска
Превод на резимеа на англиски јазик
Николче Вељановски
Лектура
Александар Димитров
Печати
Графо Пром – Битола
Тираж
120 примероци
ISBN 978-608-4538-66-0