ДВАНАЕСЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА
Зборник на излагања,
Тркалезна маса, Битола 26 мај 2017 година
National Institution – University Library
“St Kliment Ohridski“ Bitola
TWELFTH HOMELAND MEETING
OF THE BITOLA WRITERS FROM
MACEDONIA
Collection of presentations,
Round table, Bitola May 26, 2017
Bitola 2017
Национална установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола
ДВАНАЕСЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА
СО БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ
ОД МАКЕДОНИЈА
Зборник на излагања,
Тркалезна маса, Битола 26 мај 2017 година
Битола 2017
ДВАНАЕСЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО
БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА
Зборник на излагања,
Тркалезна маса, Битола 26 мај 2017 година
Издава
Националната установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ Битола, ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39, Битола
За издавачот
м-р Јелена Петровска
Издавачки совет
м-р Јелена Петровска
д-р Николче Вељановски
Академик Владимир Костов
Главен и одговорен уредник
д-р Николче Вељановски
CIP - Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“, Скопје
821.163.3-3(082.2)
РОДНОКРАЈНА средба со битолските писатели од Македонија (12 ; 2017 ; Битола)
Дванаесетта роднокрајна средба со битолските писатели од Македонија :
зборник на излагања, тркалезна маса, Битола, 26 мај 2017 година / [главен
и одговорен уредник Николче Вељановски]. - Битола : Национална установа
Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, 2017. - 107 стр. :
илустр. ; 24 см
На наспор. насл. стр.: Twelfth homeland meeting of the Bitola writers from
Macedonia : collection of presentations, Round table, Bitola, May 26, 2017. -
Фусноти кон текстот. - Summaries кон трудовите
ISBN 978-608-4538-66-0
COBISS.MK-ID 104857866
Тел.: 047/220-208; факс: 220-515; тел. изд. 232-999;
e-mail: nuub@nuub.mk • www.nuub.mk
Зборникот е финансиран од Министерството за култура
на Р. Македонија.
5
Дванаесетта Роднокрајна средба…
12. РОДНОКРАЈНА СРЕДБА
Приредил д-р Николче Вељановски, библиотекар советник
Традиционалната 12. Роднокрајна средба на битолските писатели
во Македонија како и секоја година се одржа во Роднокрајната читална
на Библиотека на 26 мај 2017 година. На Тркалезната маса на тема:
„Инспиративни моменти од мојата автобиографија“, свои излагања
имаа дваесетина роднокрајни писатели од Битола, Струга и Скопје: Панде
Манојлов, Владимир Костов (во отсуство), Никола Кочовски, Ѓорѓи Прч-
ков, Добре Тодоровски, Ванде Ганчевски, Петре Димовски (во отсуство),
Весна Мундишевска Вељановска, Сања Мучкајева Видановска, Елизабета
Јончиќ, Биљана Т. Димко, Вера Стојчевска Антиќ, Гордана Михаилова
Бошнакоска, Христо Петрески (во отсуство), Ванчо Полазаревски, Петко
Шипинкаровски, Јован Ѓуровски (во отсуство) и други.
Раководителот на проектот и модераторот на средбата д-р Николче
Вељановски во поканата до писателите даде свое кратко образложение
како насока за пишување на темата:
За прв пат го оставате настрана сопственото писателско тво-
рештвото за да се присетите на настаните, случките или момен-
6
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
тите кои лично ги сметате за неизбежно значаен дел од вашите
животи при создавањето на писателовиот лик. Почнувајќи од
детските игри, другарувањето, училиштето и учењето, воспиту-
вањето и влијанието на блиските и постарите, заедно со влија-
нието на природната позиција на родното место, сето тоа било
емотивен поттик за идниот писател да се сврти кон себе, другите
и настаните кои неминовно станале дел од неговиот живот и тво-
рештво. Детските години се години на градење на писателовата
емоционалност во односот кон себе, другите и целиот свет. Таа се
продлабочува во младешките години кога се помешува со обра-
зованието и желбата да се изразат чувствата кон другите и пред
другите со што започнува градењето на писателскиот дух, се јаву-
ваат разни идеи и амбиции за креирање на дела кои го извлеку-
ваат човекот од анонимност. Подоцна, преку своето творештвото,
писателот ја потврдува својата моќ на влијание и менување на
светот околу себе. Писателот секогаш се набљудува себеси и може
да ги забелжи сите значајни моменти кои придонеле за помал
или поголем пресврт во неговиот живот, го потикнале неговото
творештво, или станале негова водилка како за неговиот живот,
така и за неговата творечка инспирација. Исто така, сопствената
болка, односно тага, може да биде силен двигател на писатело-
виот стремеж и аспирација. на пр.: Ниче ќе рече, „никој не стра-
даше толку многу за она за кое што страдав јас“. Дури и Буда кој
потекнувал од кралско семејство не можел да се помири со поми-
7
Дванаесетта Роднокрајна средба…
слата дека постои старост, болест и смрт, па се посветил на аскет-
скиот живот. Како и да е, љубовта кон себе и/или кон другите се
смислата на писателовото постоење!? Моментите на страдање и
задоволство, моментите на љубов и болка се невидливиот двига-
тел на писателовиот дух.
На Средбата при изнесувањето на делови од текстовите, писателите
разговараа за своите најинтересни моменти од својот живот кои влијаеле
врз нивното творештво.
Писателот Радован П. Цветковски даде краток вовед во збирката
поезија „Зборот и сонцето“ која се промовираше по повод прославата од
формирањето на Сојузот на борци каде на свеченоста доби плакета за
заслуги.
На почетокот присутните беа поздравени од директорката д-р Лили
Бошевска. Со едноминутно молчење му беше одадена почест на неодамна
починатиот Богоја Таневски кој како роднокраен писател беше редовно
присутен на Средбите.
8
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Ванде Ганчевски
ОД ЗАМИНАТОТО ВРЕМЕ
Насловената тема ја активира
мојата мoзочна матрица, а таа ме
прошета низ минатото, неколку пати
ме насмеа, ме разжалости, па ме раз-
нежи, за на крајот да ме осоколи за
да направам анализа на сеќавањата
низ спомените, случувањата... Сите
од еден заминат период кој никогаш
автентично нема да се врати, само
се оживува некако несвесно инспи-
ративно низ пишувањето во моите
прикази. Констатирам недвосмис-
лено, изворот за нив подава глава и
излегува зачестено од нив, таквите
испиративни моменти ме носат во
осумдесетите години од минатиот
век.
Се гледам во пространата канцеларија на правна служба. Петмина
сме... Тројца од нив се деца на бегалци од Егејска Македонија, грлато се
зборува... Се евоцираат кажани спомени од нивните родители за таму,
за преминот на границата, за прифатот овде и во другите Југословенски
републики, како и во околните држави. Поводот беше претстојниот ден,
празник на бегалците од Егејска Македонија. И токму тогаш се роди идеа
да напишам нешто на оваа тема. Е, тој напишан расказ со наслов, КАЈ СИ
БРАТУЧЕД ЈАС СУМ МОКРЕНКА, ми ја донесе првата награда на конкур-
сот во весникот ТРУДБЕНИК, а таа пак ме осоколи и ме стави во канџите
на пишувањето, толку лепливо, денеска некако зараснато во мене и нема
сила што може да ме одлепи од него. Едноставно бев заразен со неизлеч-
лив вирус кој дење и ноќе активен, рие, штипи, боцка... Ненаситно бара
9
Дванаесетта Роднокрајна средба…
да бидат заситени неговите секогаш ненаситни глад и жед... И ноќе од сон
ме буди, за нешто да напишам.
Ако се вратам низ спомените на детството, претрчано таму на
село, а сега лоцирани исплеткано на мојата мозочна матрица, зачестено
носталгично и со топло чувство, веднаш навалуваат кочоперно низ при-
казните кои ми ги кажуваше мојот дедо Тале, секогаш пред заспивање.
Зачестено кажуваше приказни за овчарското куче Мурџо за ловџискиот
загар Црнко, за малото итро куче {арко... и редица други. А јас пак, отогаш
го засакав овај кучешки сој и низ мојот живот сум чувал и сум се грижел
за десетина песови. Оваа всадена љубов кон овај сој, приврзан за човекот,
беше инспирација изникната од моментите запишани во моите сеќавања
од детството. И ја донесе книгата за деца КУЧЕТО БАБО, со седумдесетина
раскази и за секој расказ соодветна песничка
И мојата баба Веса има придонес за напишан мој роман. Таа знаеше
секоја недела да ме однесе во црква. Денеска се гледам во свечени пан-
толони и кошула, испеглани од мојата баба, фатен зарака како ме носи,
зачестено во црквата Свети Димитрија. Ме научи свеќа да палам. Да се
крстам, молба до господа да упатам... Ми всади и чувство да не се плашам
од умирачка. Знаеше да рече на крајот, И другиот живот е убав Кога го
напишав романот БЕВ ТАМУ И СЕ ВРАТИВ , ми се наметна мисла, од каде
дојде оваа идеа ваков роман за задгробниот живот, измешан со прикази
од реалниот денешен, да напишам и опишам без најмалку страв од моја
умирачка. Едноставно, да се соживеам со неа како неминовност, да се
најдaм на горниот свет, а таму да ме пречекаат моите покојни родители,
дедо ми, баба ми и редица другу роднини заминати на тој свет... Од сите
да бидам прегрнат со нивните смртни прегрaтки и да комуницирам со
нив весело. Е, за многумина тоа е сенилна средба, носи страв во коски, а
јас радосен го препрочитувам романот посветен на баба ми Веса.
И така прошетката низ инспиративните моменти од мојата авто-
биографија, ме запира на инспиративните моменти во времето на посто-
ењето на штедилницата ТАТ. Ја слушам зачестено мојата мила како се
јадосува, ... Сите земаат месечна рента како плата, а нашите пари во кисе-
лина... И одлучив да ја послушам. Едно утро ги извадив парите од банка
за таа да ги стави на оплодување во штедилницата. Само по три месеци
земање сочна камата, штедилницата отиде во стечај, а моите пари вете-
рот ги однесе Од јад и горчлив инает присутен низ мене, оваа грда инспи-
рација ме присили да го напишам романот СТРАЧКА .
10
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Еве низ мојата автобиографска матрица се појавуваат и трогателни
трагични моменти кои ме ежат, жалот го силат, болката пече, носат солза
во окото... Такви се моментите кога си го изгубил најмилото. Ми остави
две близначки внуки исти како неа, споменот за неа секогаш да биде
присутен и свеж. Во нејзин спомен го напишав романот ЌЕ ГО ТУЖЕВ
ГОСПОД.
Мозочните складирани спомени од заминато време, се отвараат за
две илјади и прва година. Се гледам како резервен мајор во редовите на
Македонската војска против Албанските бунтовници во северозападните
делови на Македонија. Отаму инсирацијата ја збогатив со четириесет и
два дена, за да ја буди зачестено имагинацијата. Сакав продуктивно да ја
искористам. Напишав десетина прикази и романот СЕНКИТЕ СЕ НЕМИ
ВО СУРОВО ВРЕМЕ
Денеска со побелена коса, имагинацијата веродостојно ме носи кон
автентично пишување. Иако зглобовите стружат, мускулатурата омлита-
вена, моите вистински заби, еден по друг бараат да отстапат место на веш-
тачките, очите ме присилуваат да користам голем диоптер .Јас заразен со
вирусот за пишување несакам да замислам дека посебна тежина е пишу-
вањето, дека треба сонот да го заборавам , ги складирам и зглобовите,
забите и мускулите и очите во некој ќош на одајата наменета за инспи-
ративни моменти и продолжувам... Со секој напишан приказ си давам
олеснителна воздишка. Од една ваква инспиративна опсесија , напишана
е книгата поезија ПАРАЛАВ ОБЛАК
Недвосмислено констатирам дека испиративните моменти од зами-
натиот живот, низ моите лични стории о сеќавањате се интересен избор и
дел од конструкцијата или фасадата , или пак шлагот на моите напишани
литературни плодови... како реална полна и богата бајка, од која сум оде-
лувал и селектирал инспирации. Можеби некои несвесно сум ги разбудил
низ сеќавањата и имагинацијата, во мојата пасија за пишување.
а
11
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Vande Ganchevski
FROM THE TIME THAT HAS GONE
The topic activated my brain matrix, and it walked me through the past,
made me laugh at times, made me sad, gave me pangs and in the end, I wanted
to make an analysis of my memories, the events of a period that will never
return in its authenticity, but it only becomes alive unconsciously in my works.
And so the walk through the inspirational moments of my autobiography, stops
me at the time of the existence of the savings bank TAT. I hear it often, my
dear wife is getting mad ... Everyone takes a monthly rent as a salary, and
our money in acid ... And I decided to put the money in the savings bank. One
morning I took out the money from the bank to put it into the savings house.
Just after three months of taking a lucrative interest, the savings bank went
into bankruptcy, and my money was taken by the wind. This ugly inspiration
forced me to write the novel FRAUD.
In my autobiographical matrix there are also touching tragic moments
that are eating me, the sorrow intensifies, the pain becomes unbearable, brings
tears in the eye ... Such are the moments when you have lost your dearest ...
the memory of her is always present and fresh. In memoriam, I wrote the novel
When I was about to sue the Lord.
12
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Петре Димовски
ИНСПИРАТИВНИ МОМЕНТИ ЗА ТВОРЕЧКАТА
МИСЛА
И денес ме збунува еден настан
од најраното детство. Со чии очи ја
видов живата слика што врежана во
мојата свест остана со сите детали
како да се случува во истиот миг
во кој ја враќам од спомените? Ја
немам конкретната моја возраст на
случувањето, но сознанието дека
се случило пред мемориската аку-
мулација од годините на колекти-
визацијата, за која останале јасни
спомени, веројатно било до петтата
година од моето време.
Од мојата родна куќа погледот
ја отвора страната на Кајмакчалан
во синкаста маглива далечина каде
се губат сите детали во рељефната
широчина на сликата. И споменот е силно присутен. Настан или визија?
Низ години потоа застанував на тоа место од каде ја видов неповторли-
вата глетка. Никогаш повеќе од таа далечина не можев да видам ниту
лисја на гранчиња, ниту дрвја во разгранета бујност, ниту камени гра-
мади и навишени карпи, ниту сртови на раздвоени ридови. Сликата е
постојана, распослана и неменлива во обидот да го најдам тоа што ме
предизвикува и вознемирува. Зошто не можам да ги видам лисјата како
што ги видов растреперени тој единствен миг? Мислата работи, пробива,
разгранува, се отвора далечината во својата длабочина и имагинацијата
развива приказна, секогаш поразлична од првата, секогаш поширока,
посодржајна и поцелосна, а и натаму оставајќи го моето разочарување.
13
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Зошто вистински не се отвора сликата пред погледот што еднаш се слу-
чила за да откријам што станало во тој вознемирувачки нејасен миг, кој и
во сон ја презема мојата мисла?
А се развива само сликата од меморијата на свеста, секогаш иста,
секогаш целосна, со сите детали и со првичната живост се преповторува
во тој миг.
Застанат кон отворениот простор пред планината го изострувам
погледот што се концентрира во фокусот на сликата од нејзината длабо-
чина, во истиот миг губејќи ја широчината. Камион јури меѓу дрвјата,
растресено скокајќи по камењата на надолнината, дури како да го слушам
ѕвекотот на металот во еден вознемирувачки хаос зашто тоа се случува
без контрола на човекот што се насетува дека е во кабината. Се растре-
суваат гранки од дрвјата, се откинуваат и паѓаат лисја толку јасно разле-
тани како исплашени пеперутки во јата. Металната конструкција упорно
ја држи надолнината, застрашувачки искокнува, удира во каменестиот
ѕид кој оградува пат, го разурнува и полетува низ крошните на дрвјата
како џиновска птица во обид да ја прескокне планината.
Сликата се затвора. Нејасното останува. Што се случило понатаму?
Често застанував на тоа место пред куќата и ги барав дрвјата и
лисјето во планината за да ги отворам за погледот како што сум го сторил
тоа во тој единствен миг. Но неменливоста е неумолива, далечината од
планината не се отвора, не се приближува, слеана во нејзината постоја-
ност на магливата далечина во која недофатно се сокрива тоа што го
барам. Прашањето се повторува, се развива, натежнува. Како еднаш сум
можел да ги видам дрвјата и лисјата во планината а не можам повторно?
Мислата работи, пребарува, создава, гради, се развива, пробива, отвора
свои патишта низ кои се формира новата приказна, но очите не можат да
го отворат тоа по кое трагам и кое го предизвикува моето размислување.
Било сон, заклучував во поизразени години и настојував тоа да
го заборавам ама безуспешно, и натаму ми се наметнуваше со својата
реалност за повторливост на обидот за проверка. Иако веќе целосно про-
пуштав дека сум сонувал еден изразито жив сон, продолжував да градам
приказни од јадрото на таа слика, да ја пресоздавам во десетици варијанти
за да ја досегнам вистината.
Во тоа рано детство таа слика неверојатно широко се развиваше низ
мојата мисловна преокупација во обидот да допрам до одговорот дали сум
го видел тоа навистина вистински кое со дел остана во верувањето, сум
сонувал или било некаква визија за која немав објаснување дали и колку
е можна.
14
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
А таа слика, тој миг што долго ја преземал мојата мисловна преоку-
пација, во времето кога се чинеше дека се губи и се заборава, повторно
живо се врати по еден друг настан кој исто така и ме збунуваше, и силно
ја подвижуваше мојата мисловна и творечка енергија.
Моите двајца другари, колеги студенти, Јовица и Мијак, ги известив
дека конечно ќе ги носам во долго планираниот потфат, во мариовската
клисура кај Расинбегов мост на риболов на сомови. Ноќта ја преспавме на
отворен простор крај свежите води на Црна Река. Да напомнам дека тоа
беа години кога водата протекуваше бистра, недопрена од хемиски зага-
дувања. Низ долината веќе блескотно беше растопена златната светлина
од зората кога ги пробудив и кога единствената мисла им беше во ловот
на сомовите, сокриени во длабоките темни води на вировите, таинствено
недопирни под разгранетите стебла на врбите. Со двата мои збора таа
мисла нападно им ја пресеков. „Се враќаме!“
Потоа од моја страна следуваше смирување на нивната сонлива
реакција, зашто бевме дојдени по точно утврден ред и со подготвена
опрема да си ја извршиме одамна поставената задача. Но мојата приказна
само ја потсили нивната сомничавост, зашто се виде дека не поверуваа во
тоа што им го раскажав: Дека мојот брат е вратен од Австралија и треба
да го пречекаме. Тие исто добро го познаваа и другаруваа со него пред
години кога беше тука. Но, не спомнал дека доаѓа, Јовица и Мијак држеа
до вистината. Во последното писмо, испратено пред цел месец а пристиг-
нато пред неколку дена, кое заедно го препрочитувавме не пишуваше,
ниту навестуваше скоро доаѓање. Им кажав дека се разбравме во мојата
визија. И повидно ги разгневив, ама сфатија дека за таков ненадеен пре-
сврт во однесувањето имам своја причина.
Бев во сон или буден? Светлината го отвораше денот. Го гледав дол-
гиот протек на реката како се извлекува од темнината. Карпите од бре-
говите добиваа небесен одблесок кон широчината што се отвораше. Зла-
тесто класје од бујна житна вегетација низ која прелетува фазан и во рас-
топените бои го носи сонцето што се прелева во непостојаната форма на
која во згуснатото јадро се концентрира светлината и се оформува ликот
што ми пријдува. Стигнав! Тоа беа гласот и ликот на брат ми. Веќе бев
буден и со уверување дека тоа така се случило навистина и по моето уве-
рување ги поведов моите другари Јовица и Мијак. Како можеа да веруваат
на сон!? По целиот пат продолжуваа да негодуваат што ја напуштивме во
самиот почеток долго планираната акција, а јас возев забрзано, уверен
дека доцнам на средбата со брат ми. Стигнавме во улицата пред куќата на
15
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Јовица во која и ние со Мијак живеевме. Не пресретна пристара сосетка на
Јовица, која ме познаваше и мене. „Ист како тебе“, ми рече. Сепак, збунето
ја гледав со прашален поглед. „Па брат ти, пристигна, а куќата затворена,
ти нетука да го пречекаш. Се распраша кај мене каде сте, но немав одговор.
Појде да ве бара.“
Претпоставував дека со диво такси, зашто немаше регуларни, зами-
нат е за Брод, каде живее сестра ми и сигурно претпоставува дека таму сум
и јас. Пак возев забрзано по прашливото, раскопано џаде.
„Точно било тоа што ми го кажа. Бил затворен во келија и го слушнал
твојот глас дека ќе ја продадеш колата за да го извлечеш од таму. Не се
задржа многу, таксито не чекаше, па со него се врати во Битола да те бара“.
Сон беше или визија? Пак нејасно. Но јасен беше гласот од брат ми
дека е ставен во затвор и дека му е многу тешко. Потоа на сестра ми и кажу-
вав дека брат ни е затворен и ќе го продадам автомобилот за да го извлечам
од затворот. Тој глас допрел до него во келијата и тоа го кажал на сестра
ми. А бил возач на другари што се степале со друга група, па сите ги при-
твориле.
Со првичната јаснотија се врати оној миг кога како детенце го видов
настанот во планината што постојано ја вознемируваше мојата душа а ја
развиваше мојата мисла. Не сум имал прилика да се искачам на Кајмакча-
лан, ама сега веќе размислував да го сторам тоа. Ме придружуваше Цане,
човек кој поголемиот дел од животот го минал по планината. За она од
моето рано детство не кажував никому, не му го кажав тоа ниту на Цане.
Само ја изразив желбата дека сакам да се искачам до Влашките колиби, и
до Караулата, ако тоа го дозволат граничарите. Цане нестрпливо чекаше да
тргнеме, тој да си ја види планината.
„Веднаш погоре се Влашките колиби, а тука застани!“
Патот беше граден во Големата војна, наместа со камени потпорни
ѕидови кои останале да си ја вршат намената. А Цане преку еден ѕид беше
загледан надолу, меѓу густото борје.
„Ете, уште е тука!“ Потоа ми кажа дека зборува за камионот. Негови
делови се надигаа над лисјето. Неговите зборови ме вознемирија и ми го
отворија времето. Кажуваше дека тука отскокнал дајцот во кој Коле го загу-
бил животот.
Повторно и повторно потреперуваше пред мене растресеното лисје
на дрвјата и ѕвечеше металната конструкција која не се покоруваше на
командите на човекот за кого насетував дека е внатре, во кабината. Со чии
очи ја видов таа страшна слика?
16
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Татко ми се роди кога неговиот татко, мојот дедо Јошко беше заги-
нат во битките на Големата војна. Ми кажуваа подоцна сведоци на вре-
мето како бил пресретнат и присилно мобилизиран во војната и го загубил
животот на големиот фронт на Кајмакчалан. Не се дознало каде почива. Го
разгледувам просторот и се откривам дека го барам неговиот гроб. Како
би го пронашол?!
Уште од детството размислував за загинувањето на мојот дедо. Тоа
многу ја преземаше мојата мисла. Низ просторот, по ридовите, низ доло-
вите, раскопани по поројни дождови постојано се среќавав со остатоците
од војната: шрапнели, пушки, рачни бомби топчести како дињи, нанижани
на нерѓливо синџирче. И тоа постојано ми ја враќаше мислата за дедо ми. И
за баба ми Риза, која исто така не ја запознав. Починала од последиците на
здобиените рани при бомбардирањето на Битола. Нејзините современици
ми кажуваа дека пеела како славеј и при полските работи застанувале арга-
тите во работата да ја ислушаат нејзината песна. Ги пеела своите песни,
ги составувала и ги пеела во продолжен миг и уште од раното детство ми
прекажувале нејзини песни. И го создавале во мене ’ркулецот на поезијата.
Пресудно да го направам мојот обид да измислам песна се случи во
второ одделение кога учителот Павле (во трето го замени учителот Таше)
во одделението ни читаше песнички од „Титов пионер“ и во еден миг н`
повика кон прозорецот да ни го покаже нивниот автор: на брегот од реката
седеше риболовец и на јадицата извлекуваше риби од водата. Ванчо Нико-
лески.
Од тој миг почнав да ја создавам песната. Ме објави „Другарче“. Веќе
станав поет. И останав тоа. Повеќе го слушав името Поетот отколку крсте-
ното име.
Во средното училиште ги исполнував тетратките со песни. Напишав
стотици и стотици песни, на петнаесет годишна возраст и поема, под влија-
ние на лектирната „Божествена комедија“. Пишував за своја душа. Но про-
фесорите сакаа да ме поттикнат да излезам од анонимноста и често часо-
вите (не само по македонски јазик) ги претвораа во мој настап да читам
песни. Верувам дека тоа во пресудни мигови ме задржа на пишувањето.
Културната рубрика на Радио Битола многу често претставуваше мои
песни, напати и целата емисија ја посветуваше на моето творештво.
По завршувањето на средното училиште престојот во Австралија ми
отвори нови патишта и нова инспирација што ја изразив исклучиво низ
прозата. Но и во прозата останав поет.
17
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Petre Dimovski
INSPIRATIONAL MOMENTS FOR THE CREATIVE
THOUGHT
From my native house, the view opens the side of Kajmakchalan in a
bluish, hazy distance, where all details are lost in the relief width of the image.
And the memory is strongly present. Event or vision? Over the years, I used
to stop at that place from where I was looking at that unique view. I could
never see any leaves on branches, no branched lush trees, no rocky heaps, no
ridges of separated hills. The image is constant, stretchable and unchangeable
in attempt to find what is upsetting me.
Why I can not see the leaves as they were trembling in that single
moment? My thought works, penetrates, branches, the distance opens in
its depth, and imagination develops a story, always different from the first,
ever broader, more ample and more complete, but still my disappointment
remains. Why the image does not really open up before my eyes in the same
way as it happened once before in order to reveal to me what happened in that
disturbing obscure moment, which even in my dreams takes over my thought?
In high school I was filling out my notebooks with songs. When I was
fifteen years old I wrote hundreds and hundreds of songs, under the influence
of Dante’s „Divine Comedy.“ I was writing for my own soul. But professors
wanted to encourage me to get out of anonymity, and often the classes (not
only in Macedonian) turned into songs performance. I believe that it didn’t
allow me to give up writing at the crucial moments. The cultural section of
Radio Bitola very often represented my songs and poems or devoted the entire
show to my work.
After finishing high school, my stay in Australia opened up for me new
avenues and new inspiration, which I expressed exclusively through prose. But
in the prose, I remained a poet.
18
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Јован Ѓуровски
НАЈИМПРЕСИВНИТЕ МОМЕНТИ
СТАНУВААТ УНИВЕРЗАЛНИ
Целокупното мое уметничко
творештво (збирките песни, збир-
ките раскази и хуморески, рома-
ните) ги собрав во 10 книги со тврд
повез во едиција: Мојата вистина.
Литературните критичари,
кои лично ме познаваат, сметаат
дека моите литературни дела се пре-
тежно автобиографски што може да
се прифати како делумна вистина.
Но, тоа важи за оние кои доволно
добро ја познаваат мојата биогра-
фија. Другите читатели немаат
можност да донесат таков закљу-
чок, односно можат да претпостават
дека, можеби, има нешто и автобиографско во одредено мое дело. Зошто
ова вака го толкувам!
Темите и мотивите од моите литературни дела се од современиот
живот, актуелниот живот во оние периоди на опшеството што и јас ги
поминав и ги минувам: по Војната и Колективот, Социјализмот (едноу-
мието) и транзицијата со плурализмот. Литературниот критичар Радован
П. Цветковски, најзапознатиот со моето дело, ќе рече: „Под твоето перо
е опишана реалноста, онаква каква што ти ја гледаш и сфаќаш“. Сосема
правилен и точен закључок!
Јас не го пресоздавам минатото, ниту ја пророкувам иднината. И
оваа моја определба да пишувам за она што сум го видел и доживеал, при-
донесува да се мисли дека јас претежно се занимавам со мојата биогра-
фија што не е точно. Дури мислам дека, заради таквото сфаќање, моето
19
Дванаесетта Роднокрајна средба…
литературно творештво не е правилно вреднувано и објективно оценето.
Имам впечаток дека се ценат како повредни, поквалитетни оние дела што
го третираат минатото, реинкарнацијата, потсвеста, животот по смртта
или во свемирот итн. отколку оние што го опишуваат животот во совре-
меноста, реалниот сегашен живот во опшеството.
Навистина, автобиографијата, биографијата и др. дела спаѓаат во
научни дела (неуметнички), но ако се чисто такви како што се насловени.
Но, ако се опишуваат настани и доживувања какви што им се случиле на
безброј луѓе или одредена класа во едно опшество, како и на авторот, кој
во делото е со друго име и презиме, или раскажувањето е во трето лице
итн. тогаш тоа дело не е автобиографија, ами уметничка творба.
Во моите литературни дела (романите) главен лик е Едрејко Даска-
лот, најчесто, но и Невен, Љубен, Јошко, во кои ликови ме препознаваат
некои читатели мене.
Кој е, во стварност Едрејко Даскалот?
Тој е главниот лик во моите романи: дете по потекло од село,
поточно од Мариово, и преселено во градот, уште по основното образо-
вание. Во градот завршува учителска школа и станува учител по мариов-
ските села, а по завршувањето на факултетот, е директор на централно
основно училиште, а потоа, до пензионирањето, е наставник-професор по
македонски јазик во градот. С` на с` еден човек од средна класа, интелек-
туалец од едноумието и во повеќеумието. Неговиот живот и пробивање
во опшеството го имаа илјадници, односно поголемиот дел од народот
во државата. Тој е сведок на настаните што се опишани во моите дела, во
контакт е со ученици, нивни родители, колеги, опшествени и политички
личности, роднини, пријатели итн.
Тој човек го опишувам, бидејќи најповеќе го познавам, и неговите
доживувања (среќни и несреќни) се мои доживувања, но и на многу
други. Секако, Едрејко не живее осамен в планина или в море: неговата
судбина ја делел со оние кои го опкружувале, и тие, како и тој, влијаеле
на неговиот живот, а и тој – на нивниот.
Сега да се задржам на инспиративните моменти од мојата автобио-
графија, поединечно во моите романи, односно на оние најсилните кои,
можеби, биле и основните што ме поттикнале да го напишам одредено
дело.
Најимпресивен момент во мојот детски роман „Кога вампири
шетаа по селото“ е колењето на козата Благица од страна на очувот
на Јошко, пред тројца удбаши во времето на Колективот. Јошко помина
20
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
четири години со неа, чие млеко беше лек за него, а таа – најсакано живо
створение во тој негов детски свет. Џелатското колење на најмилото
суштество во тој живот, а мртвото око на козата го прашува зошто прв
пат ~ е налутен и не ~ помогна да ја спаси од колачите тој момент Јошко
го носеше в срце цел живот како најболен, најдраматичен и најтежок.
Сите други настани се опишани какви што се случиле или можеле да се
случат во Колективот.
Мотото на книгата „Пријателите на Даскалот“ е „Човештината
не е само во Христос“. Даскалот зборува за неколку вистински пријатели
кои ја искажале својата човечност кон него, а заслужува внимание и голе-
мата хуманост на Албанецот Малик, давајќи му пари на заем, без рок на
враќање или било каква возврат за тоа. Даскалот, како и многу други,
мораше да го решава стамбеното прашање, а како човек од средна класа
и сопруга невработена, тешко му беше без да позајми финансиски сред-
ства; неговите роднини и пријатели беа во иста положба како и тој. Некој
од нив му позајми малку пари, но и тие со камата како што му биле на
банка. Него му недостигаа уште цели два милиони динари. Некој му рече,
дека толку пари може да му даде само Малик, еден од ретките Албанци
во селото каде Даскалот беше директор на Училиштето; нормално, ако
има таква доблест! И навистина Малик ја покажа својата човечност и со
еден збор му се најде на Даскалот кога му беше најтешко и никој друг не
можеше да му помогне. На Малик ниту му требаше сведок или гаран-
ција и рок за враќање на парите. Кога Даскалот, после неколку месеци,
го повика да му ги врати и му враќаше плус од долгот (како камата)
односно како на другиот роднина и пријател, за само двесте илјади,
Малик му вели: „Даскале, ти да не полуде?! Јас ти дадов два милиона, а
ти ми враќаш повеќе!“ На објаснувањето од страна на Даскалот дека тие
плусте биле за камата, Малик навреден, му се обрати: „Јас, Даскале, не ти
ги дадов парите за ти да ми платиш камата, туку затоа што те почитувам
како човек и пријател! Ако ми беше за камата, ќе ги дадев в банка, а вака
ти ме тераш, сега да ги фрлам в оган и двата милиона моите, со с` твојата
камата, и ич да не жалам.... ама ќе те изгубам тебе како пријател...“
Овој момент Даскалот не можеше да го заборави и го опиша во
својата книга посветена на своите најдобри пријатели од различна веро-
исповед.
Во седумдесеттите години од минатиот век бев директор на селско
централно основно училиште. Кога училиштето се затвори, заради нама-
лениот број на ученици, бев назначен за наставник-професор по маке-
21
Дванаесетта Роднокрајна средба…
донски јазик во градско училиште. Моите родени деца веќе завршуваа
средна школа.
Во градското училиште се распиша конкурс за директор – местото
беше празно. Јас си конкурирав, бидејќи имав искуство и ги исполнував
сите услови по конкурсот.
Градските татковци, за да си го постават оној што тие си го сакаа,
мене ме одбија со глупаво образложение: сопругата пред дваесет и повеќе
години ми била ученичка; не можеа да најдат друга причина за да ме
одбијат! И овој момент ме поттикна да го напишам романот „Неподо-
бен“. Нормално, Едрејко Даскалот во романот доживува и многу други
настани и случувања, но недавањето согласност за директор заради
жена му, која пред толку години му била ученичка, а му била сопруга и
при двата мандата при директорувањето во селското училиште. Значи,
кога сакаат градските татковци-си подобен, а кога не сакаат-неподобен!
Дознавањето на Едрејко за причината за недавањето на согласноста, е
најимпресивниот момент во овој роман.
Алкохолизмот, пушењето, а со тоа и неморалот се тема во романот
„Секој човек башка будала“. Најсилен момент, најчуствителен, е кога
Даскалот успева со старото „фиќо“ навреме да го однесе брат му в бол-
ница, а таму лекарите не ја сфатија сериозноста на срцевата болка и не
му дадоа навреме брза помош; Едрејко го остави брат му во болничката
соба со негов безпомошен поглед на збогување од животот. Лекарите реа-
гирале со електрични шокови, дури по смртта на брат му.
Последиците од нездравиот начин на животот (пушењето) врз бре-
мената ќерка се присутни и во романот „И судбината не доаѓа сама“.
Даскалот е најпогоден, кога внучето, кое е дете со пречки во развојот, а
за прво одделение, неговите колеги, другари и пријатели избегнуваат да
го земат во своите паралелки. Во тој момент доброволно се јавува настав-
ничка, не толку блиска на Едрејко, која се нафаќа да го земе хендикепи-
раното дете во својата паралелка на општа радост на: Едрејко, ќерка му и
внучето. Тој момент предизвика јад во душата кон своите колеги кои му
глумеле другарство и пријателство.
Мојата определба за опишување е современиот живот исполнет со
несекојдневни настани и доживувања, не само мои, ами и на други околу
мене во било какви односи со нив. Значи, некои настани мене лично ми
се случувале, а на други сум бил сведок и сум ги опишал според мое виду-
вање и размислување за нив.
22
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Во романот „Гулабицата од Ѓупски Баир“ го опишав најимпре-
сивното братово искажување, исповедување за несекојдневната негова
љубов со Турчинката Ханка од Ѓупски Баир, пред нејзиното заминување
во Турција во далечната 1954 год. без да знае дека забременила од брат
ми какошто и тој. По половина век и повеќе, брат ми се запознава со
својата ќерка во Измир со помош на Ајри Демировски- авторот на песната
„Битола мој роден крај”.
Како сведок, раскажувач на туѓи судбини Даскалот се јавува и во
романите: „На почетокот од крајот“ (непослушност на децата кон
родителот кој толку претрпел маки со нив како самохран родител) или
ослепувањето на колега од страна на селска девојка со растворена сода во
очите, заради невозвратена љубов од колегата, а таа веќе трудна со него.
Животот не може да биде само песна, среќа и задоволство. Како некој
ќе знае за среќа и радост, ако не доживеал несреќа и тага, и обратно?! Еве,
дури некој да бил цел живот среќен и задоволен во животот, на крајот
мора да дојде и несаканото заминување на оној свет, негов или на свој
најблизок. Токму затоа мојот роман се вика „Пеколот е во рајот“.
Љубен Дарковски – Дарко и Драгана Караџовска се заљубуваат уште
млади. Силната љубов ги победува сите препреки, иако таквата искрена
љубов мора да има и жртвувања. Дарко, можеби авторот, го доживува
најдраматичниот момент во својот живот кога дознава од лекарите дека
сопругата му е болна од неизлечива болест, и дека е тука крајот за неа –
пеколот стина во рајот!
Во последниот мој роман „Нанапред со назадгазум“ Едрејко
Даскалот зборува за манипулирањето на народот со религијата од страна
на властодршците. Во едноумието црквата си беше одделена од државата
и кој сакаше си веруваше во Бога, а сега се отиде во друга крајност: се
градат цркви-палати, се возобновуваат џамиите, се поставуваат огромни
крстови на сите повидни места како што се прави и со двоглавиот орел за
реванширање. Религијата и верата се користат за истакнување на нацио-
нализмот, патриотизмот и предизвикување омраза, па дури и војна меѓу
православните и муслиманите. Но, Едрејко не мисли дека постои Бог дури
и кога гром удира во куќата на село во која тој си престојува со сопругата
преку лето. Дури и во тој трауматичен момент, размислува за причината
зошто удри громот баш во неговата куќа од она што го знае од науката.
Не сака да смисли дека така наредил Создателот на светот, бидејќи не
може логички да прифати: ако постои Бог-Создател на с`, тогаш зошто
23
Дванаесетта Роднокрајна средба…
не се прашаме-кој пак него го создал?! Ете, тој гром во неговата куќа е
најимпресивен момент од последната моја книга.
Ете, тие се најимпресивните моменти од мојата автобиографија во
моето прозно творештво, но тоа не значи дека се само толку и најпра-
вилно избрани. Современиот живот, односно самиот живот во одреден
опшествен систем си носи секојдневни трауми, радости, предизвикани од
системот или самата индивидуа. Затоа и се вели дека животот ги пишува
романите.
Темата за оваа роднокрајна средба ми се чини, повеќе им одго-
вара на поетите: еден мотив-една песна! Во личните свои мотиви, тие
ќе најдат најимпресивни моменти од својата автобиографија, иако сите
нивни песни се поврзани со авторовите чувства. Во прозата се зафаќаат
многу други поттеми покрај главната, и многу други моменти од живо-
тот на човекот. Но, она што сакам преку овој осврт на зададената тема
да го истакнам е дека автобиографското во кое било литературно дело,
ако е творечки, уметнички предадено, не е за потценување на тоа дело,
ами напротив: стварноста, животот и с` околу него, се искажани, подо-
живеани, постварни, поуметнички. Така обработени автобиографските
моменти во делото, стануваат и универзални што е и целта на литератур-
ното творештво.
24
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Jovan Gjurovski
THE MOST IMPRESSIVE MOMENTS BECOME UNIVERSAL
Who is, in reality Edreyko Daskalot?
He is the main character in my novels: a village child by origin. More
precisely, from Mariovo, who, after primary education, moved to the city.
He received a diploma for a teacher. After graduating he moved from the
Mariovo villages to the city where he became director of a central primary
school. From then on, until retirement, he had been a teacher of Macedonian
language working in the city. He is a middle-class man and an intellectual. I
describe this person because I know him the most, and his experiences (happy
and unhappy) are my own experiences, as well as of many others. Of course,
Edreyko does not live alone in a mountain or at sea: he shares his fate with
those who surround him, and they, influence his life, too.
A competition for a director was announced at the city school – the
place was empty. I competed because I had the experience and I met all the
conditions of the competition. City fathers, in order to set up the person they
chose, rejected me with a stupid explanation: ‘that my wife was a schoolteacher
twenty years ago’. They could not find better reason to refuse me! And this
moment prompted me to write the novel „Not suitable“.
25
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Академик Владимир Костов
ALMA MATER
Поривот за живот е оној vis
vitalis кој го прави човекот да биде
среќен со фактот што постои. Гете
ќе рече: „Меѓу луѓето да си човек е
посебна сласт“. Кај некој таа сласт
произлегува од сознанието дека е
стопан на голем имот . дарио Фо,
пак, нобеловец, при врачувањето на
Нобеловата награда ќе изјави: Досто-
инството на човекот на човекот не е
во тоа да е богат. „Достоинството на
човекот не е во тоа да е богат. Досто-
инството не е и во тоа да имаш прави
нозе, да имаш очи кои гледаат. Досто-
инството е да немаш стопан кој ќе те
потчини. Ова искажување на нобе-
ловецот се совпаѓа со една максима
според која Гоце Делчев се раководел во својот живот, а беше поента и на
сите негови говорни настапи како апостол на Македонската револуцио-
нерна организација. Таа вели: „Ропството се должи пред с` на самиот роб
и се крепи од него повеќе отколку од мачителот и дека кога ќе престане
робот во душата своја да биде таков, ропството исчезнува само по себе“.
Поимот ропство во оваа мнаксима се пројавува со конкретни поли-
тички признаци, за разлика од нејзиниот опозитив слобода кој, употре-
бен независно, како јазична форма се квалификува како апрстрактна
лексема. двата поими, поврзани со конкретна личност, за слободна може
да се смета онаа личност која е независна од државните закони што се
поставени надредено во однос на општествените непишани закони.
26
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Стопанот, за кој погоре стана збор, не мора да се види персонифи-
циран во во одредена личност. Тој може да биде апстрактна идеја која
се претвора во догма, а догмата во ропски јарем на слободната личност.
Според тоа, да живееш СО и ЗА идеја не си слободна личност, нејзин роб
си. А да се определиш за неа од љубов, по диктат на сопствената волја, си
слободен. И таа слобода е ропство. Ама тоа е доброволно ропство. Добро-
волното ропство е слобода. Тоа е единствената слобода за човекот. Друга
нема. Во таа смисла Сергеј Есенин испеал песна во која ја велича: „Животе
мој, те продадов за песна!“ Од таа зделка произлегува профит кој не се
мери со пари и кој калкулиран се се депонира во банки, најчесто кај нас
како тантиеми од исполнување на песни во кои пулсира вештачко срце:
„Пари, пари и цел свет!“
Така сфатен светот, е полигон во кој никнат метрополи со луксузни
градби, наспроти предупредувањата на Исус: „Не печалете за овој живот,
зашто спечаленото молци и ’рѓа го јадат, а печалете за вечниот живот!“
Нашиот поет Рацин, во чуеж со оваа Исусова порака, ќе поднесе отчет
пред онаа преку која дошол на овој свет за тоа дека ги оправдал нејзините
очекувања, дека нејзиниот породилен крик го преточил во химна испеана
во нејзина слава:
„Ако куќа не направив
со високи шимшир порти,
куќа цел свет братски ми е
братски срце што отвара
срце – порта највисока,
срце – куќа најширока!
Во тезите изнесебни во врска со темата „Инспиративни моменти
од мојата автобиографија“, предвидена за Дванаесеттата роднокрајна
средба на битолските писатели во Македонија, меѓу другото се укажува
на детските години како важен фактор во „создавањето на писателовиот
лик“. Од понатамошниот тек на мојот прилог кон споменатата тема, ќе
произлезе дека мојата автобиографија се совпаѓа со мојата библиогра-
фија. Според тоа, ирелевантно би било дека некое мое доживување да
играло важна улога во формирањето на мојот писателски профил. Тоа
не значи дека во мојот живот немало настани кои вредат книжевно да се
одбележат како на пример, што беше случајот со добивањето на Лаворо-
виот позлатен венец на анонимен конкурс од страна на Гритор Прличев
кој ја надминуваше приватноста на авторот и добиваше национално зна-
27
Дванаесетта Роднокрајна средба…
чење. Токму таа димензија на наградата го мотивираше лавороносецот
да ја напише својата автобиографија како уметнички документ што ќе
сведочи за тоа какви настани следуваа во неговиот живот по откривањето
на идентитетот на авторот на наградената поема, поврзани со општестве-
ните состојби во непосредната средина во која тој живееше и твореше.
Мојата прва објава во литартурата беше романот „Лица со маски“
во кој им беа симнати маските на лицата литературно претсатвени како
негови фабуларни и идејни протагонисти. Последица на тоа беше што во
осврти на литературни критичари, тој роман почна да се именува како
„Лица без маски“. Лишени од маските се покажа дека тоа се личности кои
во политичкиот и општествениот живот заземале раководни позиции до
кои дошле демагошки претставувајќи се за огнени застапници на огфи-
цијалната идеолошка определба, историски дефинирана како „Либерте,
фратерните, егалите“, елоквентно елаборирана во разни варијанти и пот-
крепена со бројни цитати од дела на автори кои, за доказ дека ја кажу-
ваат вистината, дека своите манифести ги пишуваат и потпишуваат не со
мастило, подготвено од саѓи и лепило, туку со крв – со крвта на млади луѓе
кои, и по нивната херојска смрт, продолжија да живеат во бронзени спо-
меници по парковите врз кои слетуваа птици, од кои некои песнопојни,
пееја за нивната слава. Персонализирани, нив ги познаваме меѓу поети
кои ја слават слободата. Најизразит претставник на тој вид слободоумни
луѓе е Исус Христос со чии идеи, помешани со мајчиното млеко, мајка ми
ме задои и мене. Нејзино чедо подигнувајќи ме, таа се постави спрема
мене како Alma Mater, при што ја посочи Библијата како парадигма на
моето литературно творештво, зашто уште од детските денови ме имаше
ветено на литературата не како професионален литературен деец, кој
живее од литературата туку кој живее од литаратурата, туку кој ќе живее
за литературата.
Исказот за „песнопојните птици“ ќе го дополнам со податокот
дека тие беа сотрени уште во првиот бран на еколошки затруениот воз-
дух од чадовите помешани со јагленодиоксид што ги испуштаа оџаците
на фабриките. Затруената атмосфера не ги поштеди ни луѓето. Се поја-
вија болести на кои нивниот биолошки имунитет се покажа како слабо
одбранбено средство. А и нивното духовно здравје се најде смртно загро-
зено. Начната уште за време на Римската империја, кога се појави еден
голтар со сандали на босите нозе кој, качен на магаре, се упати кон Еру-
салим. Триумфално пречекан во форумот. изчичкан со Плебејци, одржа
беседа која, како и сите негови беседи, ја заврши со зборовите: „Вистина,
28
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
вистина ви велам кој верува во мене ќе има вечен живот“. Уште ехото
на тие зборови не беше стишано, кога на форумот се појави актуелниот
император Тибериј, исправен на својата златна кочија со исукан меч во
раката, придружен од кохорта на легионери, и тие со исукани мечеви.
Паднати на колена, масата луѓе молкна. Во тишината одекна моќниот
глас на сенаторот Катон кој, без оглед на која тема говореше, како и
секојпат, така и сега својот говор го заврши со фразата: „Впрочем, јас мис-
лам дека Картагина треба да се разори!“ Зад таа лицемерна фраза тој му
се додворуваше на императорот со цел да се здобие со повисоко место во
хиерархијата на власта, зашто, познато е, дека секоја власт својот лажен
патриотизам го храни со јавно прокламирарана омраза кон нејзиниот
противник. Ако таков не постои, треба да се измисли. Љубовта кон тат-
ковината најдобро се докажува преку омраза кон нејзините соперници.
Приврзаноста кон една политичка партија се докажува со омраза и кри-
тика на конкурентската партија. Не само што не се уважува сопственото
мислење на една личност, туку и не се толерира. Дури и кога се појавува
пацифистички. На сила беше непишаното законско правило: „Ако не си
со нас, си против нас“. Што се однесува до мене како писател, јас не бев
ни со едните ни со другите. Бев слободен стрелец. Слободен зашто не
припаѓав на ниедна партија, а стрелец зашто бев непомирлив критичар
на хипокризијата која, задомена во власта, беше во својот автентичен
амбиент и елемент, а бидејќи, според уката на мајка ми, незаинтересиран
за она за што субјектите на мојата критика беа животно заинтересирани,
не гледајќи во мене конкуренција, бев на периферијата на нивниот инте-
рес. „Лае ама не каса!“- беше нивната карактеристика за мене како автор
на сатирична литература.
Од мајка роден, па макар таа беше Alma Mater – што значи и моја
учителка со пресекувањето нма папочната врска со неа, таквиот писател
престанува да ~ припаѓа нејзе, зашто таткото, јаничарски постапувајќи,
генеолошки рожбата ја стигматизира како изданок на неговиот род, при
што му го наметнува неговото име. Отуѓени од мајката, откако ќе дојдат
до неизбежен судир со таткото, во исклучителни моменти тие ќе се при-
сетат на мајката; Есенин со „Писмо до мајка ми, својата мајка ќе ја нарече
родна“. Но, административно водени со името на таткото, дури и мајката
земја, на која се родени, ќе ја именуваат како „татковина“. Ретки се слу-
чаите во кои е именувана како „родина“. Колку што ми е познато, лазо
Каровски има објавено поетска збирка со наслов „Родина“. А и во песната
29
Дванаесетта Роднокрајна средба…
„Македонски монолог“ Гане Тодоровски ~ се обраќа со „Родино“, обземен
од јанsа... „да не би одновои да те раздадеме!“
Кога станува збор за наследство на имот, претендентите, повику-
вајќи се на дел или во целост на правото на тој имот, го нарекуваат „татко-
ина“, повикувајќи се на таткото како стопан на имотот. Државната адми-
нистрација, исто така, се темели на обичајното право. Брачните заедници
во најголем број се формираат и се регистрираат според родословното
име на мажот.
Горе изнесените реални, внесени во автобиографијата на еден писа-
тел, поврзани со таткото, со својата сувопарна транскрипција не се и не
можат да бидат инспиративниза врз основа на нив да се создаде вредно
уметничко дело.
Ваквата практика, традиционално вкоренета во нашиот општествен
живот, а критички подложена во моите литературни трудови, по инер-
ција продолжи да се провлекува низ сите етапи на општествениот развој,
со човекот како круна на тој развој, но не и со моите книжевни трудови
кои беа административно уредно сигнирани, но не и јавно верификувани.
Причината за тоа беше што мотото на мојот прв роман „Лица со маски“
кој претставуваше една изјава на Сократ која гласеше: „Мој главен сведок
дека зборувам вистина, е мојата сиромаштија“. А вистината беше атрибут
што го карактеризираше создателот на светот и човекот во него. Подоцна
им се даде право, во името на нејзиниот сопственик, да ја кажуваат висти-
ната и на неговите застапници во неговото земно царство. Да ја кажува
вистината некој сиромав човек, се сметаше смртен грев. Сократ кој, како
сиромав човек, се осмели јавно, беше осуден да ја проголта со чаша горч-
лив отров. Но жедни за вистината, луѓето и понатаму почнаа да копнеат
по неа. Тогаш меѓу жедните за вистина, се појавија лажни пророци кои
со празни стомни ја згаснуваа нивната жед. Констатирајќи ја таа измама,
голтарот на Alma Mater се појави меѓу луѓето, претставувајќи се за син на
Бога, славејќи го него како олицетворение на вистината, а себеси како
негов син, испратен од него да ги исчисти срцата на луѓето загадени од
лажните пророци. Дека е и тој лажен пророк, излезе на мегдан кога беше
препознаен дека е всушност еден од синовите на дрводелецот од Назарет,
прекаруван како неранимајко. Веднаш беше побарано од татко му да си го
прибере. На заканата од татко му: „Бери си го умот татков народе!“ Исус
му возвратил: „Немам јас татко, мојот татко е мојот Отец на небото!“ па
го насочи погледот кон мајка си за таа да го потврди тоа што тој го рече.
Во потврда на тоа, таа го откри лицето искриено со шамија од срам дека
30
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
е жена, но без да може со него да го сокрие поројот од солзи кои правеа
бразди на нејзиното лице – лице на млада жена која во народните песни
песнопевите ~ се обраќа со „стара ле мајко“ со што го осквернуваа пои-
мот за убавина кој за старогрчките естетичари беше мислата како софи-
стициран производ од работата на умот, а која, бидејќи гола, веднаш по
раѓањето се ставаше во повој, изработен во устата на човекот – ткајачница
на говорот. Повиена, излетуваше како збор, кој, бидејќи суперактивен,
говорното лице веднаш го заузда. Истовремено, преку својата плунка со
својство на серум, имунизиранин и оформени како посебни организми,
според својот имунитет, тие се здружуваа во заедници, во лингвистиката
именувани како лексеми, колоквијално зборови – основен материјал за
структурирање на реченици кои, пак, од своја страна, се во основата на
човечкиот говор. С` на с`, еден процес кој наликува на метаморфозата на
гасеницата од кожурецот во пеперутка; или, на идејата, која, минувајќи
низ таков процес, во главата на поетот, се промовира во песна, односно
во прозна реч.
Збиени во цврсти редови на говорниот и писмениот јазик, под
команда на говорно лице, тие наликуваат на фалангата во војската на
Александар Македонски, амбициозен војсководител, кој во своите амби-
ции, си поставуваше максимални цели - да го освои сиот свет и кој во
безбројните битки беше непобедлив, но во својата алчност и немилоср-
ден, единствен освојувач во историјата кој ги убиваше заробениците, но
решавачката битка за освојувањена светот, која речиси добиена, - бидејќи
непобедлив, со чувство дека е и бесмртен Бог, во моментот кога трубата
ја објави неговата победа, тој здивнувајќи, го симна шлемот од главата со
цел да ја забрише потта. Разголен во вратот, еден комарец – се повтори
случајот со Ахил, непобедливиот војсководец во Тројанската војна, про-
гласен за полубог, пред непосредната инагурација за Олимписки Бог,
стрелата на непознат копјаник од противничката војска го погоди во
петицата, единственото смртно место на полубог кој го лиши од приви-
легијата да се вброи меѓу бесмртните богови, враќајќи му го статусот на
простосмртен. Тоа што беше петицата на Ахил, се покажа дека е разго-
лениот врат на Александар, кон кого стреловито се спушти еден кома-
рец од Пелагониското блато кој го следеше во неговите походи заедно со
чалгаџиите од Битолскиот ѓупски баир, чекајќи прилика да се добере до
делче голотија од неговото тело, и заштитено со оклоп и кога таа прилика
му се даде, - потврдувајќи му ја исправноста на верата дека вистината е во
пословиците, како екстракт на човековата мисла која, метаморфозирана,
31
Дванаесетта Роднокрајна средба…
се пројавува и преку него како создание Божјо - бесшумно, но стреловито
се спушти кон разголениот врат на императорот и му го заби изостреното
осило во неговата животна жила што водеше директно во мозокот.
Неколку дена во маларична треска, Александар Македонски умре
далеку од Македонија, но продолжи да живее легендарно во свеста на
луѓето од неговиот роден крај и низ сиот свет, а неговото име и култот со
него да биде врежан, не само во умовите на луѓето, туку и во материјални
и духовни споменици. Неговото име не остана незабележано и во Светата
христијанска книга, како и во нејзините апокрифни варијанти. Покрај
него, и неговиот комарец. Евангелистите, земајќи ја на заб алчноста на
фарисеите и правосвештениците, меѓу повеќето фигуративно искажани
пејоративни квалификации на нивна сметка ја среќаваме и оваа: „Водачи
слепи, вие комарецот го цедите!“... (Мат. -23,24).
Во беседите на Јешуа (автентично име на Исус), предадени во сло-
бодна авторска интерпретација во овој напис, ја среќаваме и во оваа негова,
канонски предадена, реплика во дијалог со неговите апостоли за сметка на
раскошниот живот на окупаторската власт и на еврејските фарисеи, ста-
вени во нејзина служба, а издвоени од сиромашниот плебс во сиромашниот
дел на Ерусалим: „Го гледате ли сето ова? Вистина ви велам: нема да остане
тука ни камен на камен, а да не биде урнат! (Мат. – 24,2).
Осомничен дека е поврзан со терористичкиот огранок на Движењето
на отпорот против римската окупација, ќе биде исправен да одговара за
горенаведената негова изјава пред Понтиј Пилат, прокураторот на Јудеја,
уважувајќи ја неговата одбрана и констатирајќи дека тој е умен, правичен
и благороден човек, по упорното барање на квинслингзите на поробената
татковина, не по своја волја, а принудно, му ја изрекува најстрогата казна
предвидена според „Римското право“ – распнување на крст. Напуштен од
неговите луѓе, изневерен во нивната верност, исплашени да не ги снајде
неговата судбина: презрен од неговите домашни, дури еден од неговите
браќа, ставен на припомош на неговите крвници, подложен на неснос-
лива тортура и неиздржливи болки од раните на неговото тело, здобиени
од клиците со кои беше распнат на крстот, горејќи во телесен оган од
јарата на небесното сонце, со уста нафрлена со меури, голтајќи вжеш-
тен оган кој предизвикуваше усвитени ребра да му ја пробиваат градната
обвивка и да стрчат надвор од неа, час се онесвестуваше, час се доаѓаше
при свест. При свест ќе ја подигнеше главата и, без да знае кому се обраќа,
кој врши врз него насилие, во еден момент му мина една мисла од Еван-
гелието, кое ја преправи по своему, но реченицата која ја искажуваше таа
32
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
мисла, поврзана со состојбата во која се наоѓаше, ја остави непреправена
и таква каква што беше запишана, сега ја изговори збор по збор со чув-
ство дека таа му носи олеснување: „...Таму ќе биде плач и крцкање со заби
(Мат.13,42). Точно знаеше каде тоа ќе се случеше и кои се тие врз кои ќе
се примени таква тортура што ќе предизвика кај нив крцкање со заби.
Го знаеше и тоа кој предупредуваше на тоа, па, подигнувајќи ја главата
кон небото, со напор изговарајќи ги зборовите, макар што обневиден од
сонцето, му се обрати на својот отец: „Оче зошто ме остави“ и главата му
клапна. Тој момент, мртов – мртов од моментот кога еден од извршите-
лите на смртната пресуда, го прободе со копје неговото срце и, заедно со
двајцата свои помошници, по свршената работа, ја напуштија Голгота,
оставајќи им го неговото безживотно тело на мршојадците – тој ја виде
својата мајка, свиткана во подножјето на крстот, држејќи ги во преграб
неговите нозе приковани со крупни шајки на долниот дел од столбениот
крак на крстот, со намера, воскреснат, да не го испушти при неговиот
возлет кон неговиот Татко кон небото.
33
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Akademik Vladimir Kostov
ALMA MATER
My first publication in the literary work was the novel „Faces with
masks“ in which the masks of the persons, literally represented as their fable
and conceptual protagonists, were taken off. The consequence was that in the
reviews of the literary critics, that novel began to be named „Faces without
masks“. Deprived of the masks, it turned out that they were individuals who
in the political and social life occupied managerial positions as a result of
their demagogically posing for fiery advocates of the idiosyncratic ideological
determination, historically defined as „Liberte, Fraternite, Egalite“ ... It follows
that my autobiography coincides with my bibliography. Therefore, it would be
irrelevant that one of my experiences played an important role in the formation
of my writer‘s profile. Therefore, to live WITH an idea and FOR an idea, you are
not a free person, but its slave. And to determine yourself for an idea with love,
after the dictation of your own will, you are free. And that freedom is slavery.
But it is voluntary slavery. Voluntary slavery is freedom. It is the only freedom
for man. There is no other.
Such example are the young people who voluntarily gave their lives for
the freedom of their homeland. Even after their heroic death, they continued to
live in the bronze monuments in the parks on which birds land, some of them
singing, singing for their glory.
The most expressive representative of this kind of free-minded people
is Jesus Christ, whose ideas, mixed with his mother‘s milk, with which my
mother nursed me, too. As she was nursing me, she was alike Alma Mater to
me, pointing the Bible as a paradigm of my literary work, for since childhood
she has promised me to the literature not as a professional literary figure who
lives from literature, but who will live for the literature.
34
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Никола Кочовски
ОБИД ЗА РАЗБИРАЊЕ НА СОПСТВЕНАТА
ТВОРЕЧКА ИНСПИРАЦИЈА
Кога идејата, како подрастично
и поналожливо проблеснување во
очите на авторот за чувствителната
поставеност на некои нешта кои на
одредени начини влијаат со пози-
тивни или негативни последици на
живејачката, како што се, на при-
мер, болот и страдањето, особено
ако до тоа се дојде не по Божјиот,
уште наречен п природен пат, туку
по пат на нанесена неправда – тогаш
за мене е веќе готов предизвикот,
или постручно уметнички наречено,
инспирацијата: да се впуштам во
творечки зафат каде доволно расвет-
лено ќе ги прикажам чинителите на
таа појава, така што читателите нема
да останат рамнодушни, туку барем чувствено, бурно ќе го доживеат тоа,
сепак само по малку сличи на вистински праведни судии.
Секако се подразбира добро замислена случка, со која ќе се овоз-
можи и добро понудена слика пред читателот, која како појасно воочлив
исечок од реалноста, ќе побуди и размисла за евентуалната изопачено
практикувана вистина што едно време или една инертна безодговорност
ја овозможиле. Пример за ова може секаде да се најде, но јас сум доживеал
особено драстични примери во романот „Владејачи“ од Бруно Травен, кој
третира скоро неверојатно тешки латино–американски услови во првата
половина на минатиот век.
35
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Би можело да ми се приговори за одењето подалеку по пример. Вед-
наш ќе напомнам: колку и да сум бил избеган во временски и просторни
далечини поради моите најнови книжевни интересирања, зашто сите ние
сме на малечката планета Земја и страшно многу си влијаеме, - и во овие
создадби на кои сега работам, всушност секогаш е присутна мојата врза-
ност, на свој начин, за домашните услови и таа ме враќа кон нашата про-
блематика, која секогаш ми лежи и ми тежи, а тоа е присутност ни малку
безначајна и ни малку површна!
Иако сум патувал веќе по три пати и во Австралија и во САД, тоа
нема никаква врска со мојата тематска широчина. Патувањето не ги
прави темите, туку болката што притиска во срцето. Јас патував каде што
се и моите две деца што требаше да бидат мои потомци, двете земји во кои
е отцепен, самоотфрлен и изгубен за оваа земја најголем број наши исе-
леници. Тоа ме боли, како некоја неизлечива општа болест, а судбински
лоша и опасна. Дека е тоа така, уверливо можат да го покажат, и се наде-
вам, ќе дојде ден кога ќе го покажат, моите напишани романи и раскази,
зашто не сакаа да чујат во Министерството кај што ја предложив идејата
за моите три, ако не четири романи, лично не ми треба објавување, веќе
се објавени, во мал, сиромашен тираж.
Но тоа се романи со вистини за црната залудност на иселувањето,
за реката народ што тргна по патот на тешката заблуда празнејќи ја соп-
ствената земја. Предлагав да се овозможи едно бројно тиражно издание
за трите книги: за Америка, па за Австралија, и третата пак за Америка.
Издание кое по багателна цена а и со организирани акции ќе се растура
по нашите млади што седат по кафулињата и го тепаат времето во сону-
вање по своето Елдорадо и барање чаре и тие да го сторат истото: да ја
доиспразнат Македонија, наместо да се фатат за какво било работење!
Го предлагав тоа одвај имајќи време да доискажам колку што треба и
одвај верувајќи дека е тоа ислушано од луѓето како во министерство кое
се грижи за својот народ. Што, да не мислите дека ме пуштија до мини-
стерката? Јас работев на моето книжевно творештво целиот мој живот,
а таа, ете немала не десет, туку ни една минута, барем да ми го видеше
лицето. Дали личев, можеби, на занесеник кој нема ни поим за вистински
книжевни вредности. Стигнав да кажам дека ни еден денар не ми треба
да добијам од тоа, но сакам барем колку што ќе е можно да помогнам.
Нека ги земеа, нека ги прочитаа книгите па нека оценеа дали се исплаќа
да се обидат нешто. Што и да било да се обидат. Да им покажев ли колку
државни награди сум добил? Јас сум писател кој живее во провинција, тие
36
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
многу убаво знаат како се делат наградите, и уште многу други работи
како одат. Затоа така килаво ни одат работите! О, тоа Петар Кочиќ,
заедно со својот Давид Штрбац, да беше уште жив и да беа нешто тука, во
Македонија, убаво ќе го разбереа. Јас не жалев години, години деноноќен
труд, зашто ме болеше тоа што уште од седумдесеттите години самите
дозволиме да си го стори народот, залетувајќи се во навистина погубната
иселувачка еуфорија, – а тие, знаете ли што ми одговорија? Дека средства
за изданија можни биле само преку институцијата конкурс, немале начин
за тоа што го мислев, туку требало да се обратам само прекју некој наш
издавач, па да се направи обид на конкурс. Мислеа дека мастило пијам
место вода. Толку ете посакале да ме разберат, или можеби да ми поверу-
ваат. Чувствувам добро колкаво и какво е нивното вистинско чувство, и
затоа не се чудам на некои работи, само не се нормални, па ме болат. Тоа
е никогаш непрестанато чувство на пропаѓање и на загриженост за ова
парче земја и за ова купче народ.
Тоа кај мене е чувствување како кога најдрагото н е ш т о со кое
свикнало да живее едно л и ц е, кое што без и најмалку да помислило
затоа да се фали, всушност боледува заедно с о т о а н е ш т о, зашто тоа
сакано н е ш т о, бидејќи е живеано во а т м о с ф е р а п р е п о л н а с о
и н ф и ц и р а н о с т отсекогаш е болежливо и ранливо – така што тоа е
н е ш т о без кое, по друг пат на осаменичката своја судбина спомна-
тото лице не може ни да замисли да скршне, па речиси во секој момент
мислите му се свртени кон т о а, на кое единствено се сведува неговото
поимање на светот, за кој што не дека нема доволно сознанија, ама ете,
не може да се откаже од потполниот приоритет на т о а единствено свое,
кое толку пати го правело благородно богат во душата, само е многу
болно, а полека веќе безнадежно болно. Па така тој, л и ц е т о, дефектно
загрижено од кутриот живот на с` потенок конец на она единственото н
е ш т о доделено од скржавата судбина, без кое нема друга алтернатива и
не би можело, да си ја замисли иднината, а ваму гледа како тој најголем
б о л н и к има, за право, и други, уште безброј свои роднини од познатиот
род, исто блиски, а толку рамнодушни и незасегнати, бесчувствени кон
истиот тој болник, така што не само што непопречено во својата којзнае од
каде изнајдена бурна радост, си го живеат со убава полнота животот, туку
се трудат да го напуштат болникот, да избегаат доволно далеку, мечтаејќи
и гледајќи да си го доживеат својот живот во блесок, каде и да било но во
блесок, без нарушувачки сознанија за својот болен близок, какви што оста-
наа, во доста голем број, и нивните мајки и татковци, кои ги создале.
37
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Кога реткото кај нас л и ц е за какво што зборувам, ќе помисли на
„самостојната“, всушност откажувачката, единствено за себе барана пер-
спектива на тие многубројни од родот, која што денес станала речиси
општа ориентација и потрага на населениево, а бидејќи самото тоа оса-
мено л и ц е не го оттргнува вниманието од речиси започнатата агонија
на саканиот, најжален, најбезиднински болник за кого с` поизвесно нема
лек, – се прашувам, дали тоа наше ретко л и ц е навистина не заличува на
оној тип несреќници кои не можат инаку да укажат на настапеното зло,
туку се самозапалуваат!
Па какви создадби би можеле да се очекуваат од еден таков автор?
Со кој вид инспирација?
Од тоа што го кажав досега, а секако е во врска со прашањата
што мене ме инспирираат и со одговорите зошто тоа ме инспирира, а и
дека во мојов случај сум секогаш снабден со богатство од подготвени и
погодни инспирации за успешна работа, но свесен сум, исто така, дека за
тоа беше потребно некои работи кај нас веќе отворено да се кажат, всуш-
ност цела една низа својства на нашиот приватен, народен менталитет со
единствена грижа за материјалниот опстој, од која не сме подготвени ама
ништо да одделиме и жтртвуваме за некакво си наше чувство за припад-
ност на својата нација и нејзино зачувување, за да не се претвориме во
некакво лебдечко меѓуконтинентно население без постојбина кое никаде
не припаѓа.Тоа чувство еве, се вардиме да го покажеме, или го немаме,
навистина не сме доиздржале да го зачуваме. Било како вработени во
институции, кога треба да стапи тоа на сцена, било како поединци, кога
многу заплашени за лебот, сме затрчани во нашата усмереност – кон
нигде! Би требало да се има уште време, да се стигне и за тоа, многу тесно
чувство на рамнодушие, да се напише уште нешто.
А сега, бидејќи и следното се однесува на инспирациите, ќе ви
кажам што ми се случи пред неколку дена, при едно заоѓање на размис-
лата во рекапитулациски сфери. Додека така си работев на подготвување
на моја идна, доста обемна збирка повести и раскази под наслов „Мигови
во времето, точки во просторот“, и покрај проширените интересирања
и надвор од Македонија, сепак со голем дел посветено на она она наше
болно но сакано, увидов во еден миг дека всушност, во мојата пишувачка
пракса, веќе низ не малку години на ред, ми се провлекува извесна понуда
на книжевни ликови која дури сега повидливо и самиот ја забележувам.
Имено, забележувам, дека во одделни раскази, кои се веќе со задовол-
ство завршени создадби, или во по некој дел на роман, поедини ликови,
38
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
некои од побитните свои постапки, или искази, просто како да ги украле
од мене, авторот. Вистина, како карактери, темпераменти, тоа се најчесто
различни личности, според замислата на раскажувањето, но понекаде,
на соодветни, секако обмислени места тие стануваат дури и сосем добли-
жени до авторовите сфаќања. Или уште поточно: ликовите ги доживуваат
проблемите низ мојата точка на гледање. Се разбира, тоа не се врши ни
често, ни воопшто случајно, тие лица се избрани со соодветни особено-
сти за да одговараат, пред с`, на потребите на животната уверливост во
раскажувањето, која ништо не губи со тоа што овие некои ликови како да
гледаат низ една посебна призма, вистина не ни сиромашна, ни проста,
ни лесно забележлива дека се применила.
Би требало човек да ми бил близок и добро да ме познава, па дури
тогаш тоа „мое нешто“ да го препознае во одредени текстови, искажано
подиректно, без овие два збора. Вистина ова заличува на малку самоана-
лиза кон извесни сопствени работи, но како појава во пишувањето, сме-
там дека е сепак доста интересно, а верувам дека го има тоа и кај други
писатели.
Веќе си наброив во умот неколку раскази, некои објавени, некои
необјавени, кои, да не беше пречка релативно скромниот црој на стра-
ници, би ги групирал во посебна книга, под наслов „ПОСЕБНА ПРИЗМА“,
во кои са миот главен лик, во поголем или нешто помал дел сум јас, и
таму, иако се раскажува во трето лице, мнозина би препознале моменти
или проблеми од мојот живот. Тука би дошол расказот „Јазикот на каме-
нот“, во кој, особено на едно место, во изразита форма присутен сум јас,
со нешто изразито свое, иако сврзано со дејство пред неколку векови.
Зашто сосем моја е во него грижата на младиот уметник каменорезец,
разболен од туберкулоза, како да ги зачува да останат и по неговата смрт
неговите обработени мермерни плочи во кои со форми под длетцето и
чеканот ги искажал длабините на својата душа и својата тајна, никому
жив недоверена, секако недозволена љубов кон убавата ќерка на пашата,
на чиј имот тој создавач работи како коњушар.
Но сосем мое во него е грижата на младиот уметник каменорезец,
разболен од туберкулоза, како да ги зачува да останат и по неговата смрт
неговите обработени мермерни плочи во кои со форми под длетцето и
чеканот ги искажал длабините на својата душа и својата тајна, никомју
жив недоверена, секако недозволена љубов кон убавата ќерка на пашата,
на чиј имот тој создавач работи како коњушар. И пред напишувањето на
расказот, не само кај мене, туку и кај мнозина кои сериозно работат на
39
Дванаесетта Роднокрајна средба…
полето на уметноста, природно, била присутна во мене. Зашто порано или
подоцна, создавачот ќе се соочи со грижата: резултатите кои ги дала него-
вата дарба и неговиот творечки труд, во кои вложил многу свои лишувања
и жртвувања што само тој ги знае, не ретко и во часови кога сите други
одмараат, сосем разбирливо тој ги сака како мајката што ја сака својата
рожба. Познато е дека уметникот сака и современите и идните поколе-
нија да се восхитуваат на неговите создадби. Тоа во расказот го доживува
и прикриениот уметник каменорезец, кој во тоа дамно време, најпрвин ги
кител гробовите на починатите со обработени плочи од белиот мермер, а
потоа најдрагите плочи ги засолнувал и грижно ги чувал на сиромашниот
таван во куќата на најблискиот што го имал – својот стечен пријател; но
се разбира, тоа не било доволно гарантирано место. Впрочем, познато е
дека творбата на уметникот, барем со нешто, е дел од него.
По некоја сличност со кажаново, во еден друг, тукушто прерабо-
тен расказ1 верувам дека не би било тешко за разбирање состојбата на
животно ориентираниот создавач и конструктор, кој со радост го пода-
рува на своите средновековни сограѓани новиот, далеку поусовршен и
попросторен тип на дилижанса, кој како леб им бил потребен, - но тука,
спротивно на секакво разбирање и благодарност, нешто друго се испре-
чува на чинот на напредокот, некои темни сили на внатрешно-градски
спротивности го искористуваат замислуваниот корисен, свечен собир,
успевајда распалат голем меѓучовечки судир, со крвопролевање.
Во расказот „Тивката драма на Јанкула и Наде“ важна е првата,
мојата основна инспирација. Дете – бегалче од Егејска Македонија, на
кое татко му учествувал во Граѓанската војна во Грција за ослободување
на тамошниот наш народ, не се дознало повеќе што станало со него, а
мајката на детето починала при неговото раѓање. Бебе. Како бебе, пре-
несено ваму, каде по израснувањето во детски дом, не се дознано повеќе
што станало со него, а мајката на детето починала при неговото раѓање.
Бебе. Како бебе пренесено ваму, каде по израснувањето во детски дом,
а околностите му помогнале да навлезе во историјата на македонскиот
народ, на неговите патила и борби во минатото. Погледот не го оттргнува
од научните сфери, од книги и книги од кои првин учи, но набрзо започ-
нува со работа на свои научни трудови. Првата смисла на животот му е
1. Малиот, објавен расказ „Голема дилижанса“ и дури регистриран заедно сосе мене во некогашнкот
СВР., сега преработен, изразито трансформиран и дури преименуван: „Од мала играчка до голема
плачка“
40
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
неговиот народ и земја, а потоа семејството. Но сопругата Наде е незадо-
волна зашто сака да го има целосно во семејството. Тоа е проблемот и на
авторот на расказот: Од моите книги сопругата не прочитала ни збор, со
право е навредена, зашто посветен на пишувањето, сум ја лишил од многу
нешто. Јанкула во расказот е должен да го доживува Кочовски.
Во нецелосно автобиографскиот расказ „Неколку плочки“, глав-
ниот лик го доживува многу тешкиот момент од животот на својот автор:
поради грешка при хируршката операција од очно „перде“, доживува
големо оштетување на видот, поради што се самоубива. Но јас лично,
како што гледате, сепак успеав да најдам начин да се задржам за смислата
на мојот живот.
Ќе се задржам, за извесна промена, на мал дел од романот „Дилко
Мијалов, Задржувајќи се уште на еден дел од романот „Дилко Мијалов, за
да го спомнам и тоа, дека доста послушно ликот што е пријател на мла-
диот Дилко во Америка, многу успешно го „послушува“ ставот на авторот
и помогнува да биде подложен на критичка осуда извесен наш црковен
одбор во американскиот град, каде авторов веќе трипати патувал, затоа
што тој одбор добиените книги за поучување на нашите деца таму со
поими од религијата и и од нашиот јазик од македонското Министерство
за образование, наменети за приучување на нашите деца и со религи-
ски поими и со родниот јазик, останале воопшто неотворени во пакети
подолго време изразено со години во магацинот на тамошната наша
црква!
Но сакам да не го испуштам еден особено укажувачки момент на
грижа поради можно угинување на сопствената татковина – која
веќе како да се претчувствува во „Деца на мајката земја“ – роман
за транзицијата и нашата жртвувана, дезориентирана младеж,
наппшан од Никола Кочовски и издаден 2006 година. Еве што
може да се прочита во овој роман, на стр. 87, каде малата група
безработни наши млади ја преседуваат ноќта во градскиот парк
с` до зората, кога најосознаениот меѓу нив, Новко, речиси тра-
гично медитира за неизвесната иднина на земјата во која е
тешка состојбата и тргнало с` многу наопаку:
„Истурено црвенило по небото на исток. Како езеро од крв.
Во која ли книга тоа го читал, поплава, вирови пролеана крв од
угинување на еден народ... племе ли беше? Болниот негов ум не
41
Дванаесетта Роднокрајна средба…
може убаво да се сети. Флобер ли беше тоа, Балзак ли... Румени-
лото на оваа зора не навестува ли крв како смрт, како угинување
на друг еден народ, овојпат без војна?... Морничава, крвавобојна
зоро, не претскажуваш ништо добро.“
Секако, имам и други, раскази, објаве ни и необјавени, а и одделни
места во романите, кои можат, во кои можат, како во покажаниов при-
мер, да бидат покажани моите вознемирени чувства, грижи и стравувања
за иднината, преку соодветните ликови во нив. Меѓутоа, колку што се
сеќавам, не постои и мој напишан текст каде јас би учествувал како лик,
со исклучок, се разбира, на мојата автобиографска книга, со творечки
дневнички белешки за период од дваесет години до 2013 година, кога е
издадена под наслов „Мојата слика“. Но тоа и не се вистински книжевни
создадби, туку расправања самиот со ссебеси за книшевни ситуации,
пречки, но и постигнати успеси.
Си одговарам на себе, зошто сум прифатил, без и да го осетам тоа, да
преминам кон ваков, навидум неедноставен, но за мене навистина при-
родно течен начин на раскажувањето? Затоа што за мене инспирацијата,
онаа најносечката, за која зборував досега, станала став и речиси смисла
во постоењето. Дури и кога би станало збор за најновото мое приоѓање
кон идејно–темарски интересирањa за злото и неговото жилаво опстоју-
вање и прогресија низ вековите кај луѓето – и тука, без никакво двоумење
повторувам: Во сила е истата, пред секунда изречена вистина. Само што,
за овојпат нека биде доста тоа што го кажав за инспирацијата кога е во
прашање мојата прва главна тема на работа.
Да, и во новите мои, неколкугодишни творечки интересирања на
втората голема тема, веќе постојат резултати.
Ќе завршам со две констатации: Прва: Никогаш не сум во недоста-
ток за инспирација.
И втора: Таму, каде што ќе биде тоа вистински потребно, ќе гледам
да се ослободам од себеси во пишувањето.
42
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Nikola Kochovski
AN ATTEMPT FOR UNDERSTANDING ONE’S OWN
CREATIVE INSPIRATION
Although I have travelled three times in Australia and the US, it has
nothing to do with my thematic latitude. Travel does not make the themes, but
the pain that presses the heart. I travelled to the place where my two children,
who were supposed to be my descendants, today, live with their families. In this
country, self-expatriated and lost reside the largest number of our emigrants.
It hurts me, like some incurable general disease which is dangerous and fatal.
That it is so, I hope the day will come when my novels and short stories will
convincingly show it.
But these are novels with truths about the black futility of emigration,
for the crowds of people that have embarked on the path of the severe delusion
emptying their own land.
43
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Панде Манојлов
НЕШТО АВТОБИОГРАВСКО КОЛКУ ЗА
НЕЗАБОРАВ
На ветрометините од македонскиот виор
На 14 мај 2017 година, ноќта
спроти 15 мај, поништив повеќе
материјали, претежно весници во
кои сум објавувал свои песни или
весници и списанија во кои биле обја-
вени статии за мене и моето твореш-
тво. Весниците беа во најголем дел
од Република Башкортостан, Руска
Федерација, Бугарија, Романија и од
неколку држави од арапскиот свет...
Сум ги чувал, години сум ги чувал,
но таа ноќ, исправен пред моите,
веќе одминати години, исправен
пред ништавилото што го гледав
неколку месеци и години во мојата
Татковина Македонија, исправен
пред болката и прашањето „Зарем
самите себе ќе се уништиме , ќе се изглодаме ли самите како народ?“ ја
направив оваа потсвесна и несвесна постапка... Кому сето тоа да го оста-
вам и чуму?
Мнозина македонски писатели со кои сум се познавал починаа. И
никој да се се сети, да ги спомне нив. Како никому да не им требаат а оста-
виле дело зад себе кое заслужува почит... Само од починатите битолчани,
учесници на „Роднокрајната средба“ би ги спомнал: Цане Здравковски,
Димитар - Митко Богдановски, Љубомир Груевски, Богоја Таневски... Да
не зборувам за бардот на македонската литература Петре М. Андреев-
44
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
ски кој, во неговото Слојштица беше погребан како последниот селанец
(а, присуствував на тој чин на болка и очај што државата не му оддаде
достојна почит)...
Ванчо Николески, основоположникот на македонската литература
за деца и млади со години е починат, со децении, а неговиот гроб на
охридските градски гробишта никој не го посетил, барем полско цвеќе
да стави на него...
И, ајде сега, драг и сакан мој народе, кој сум и што сум јас да оста-
вам траги зад себе? Кој сум јас со троа и малцичко познато име во маке-
донската литературата – Панде Манојлов? Или, она, официјалното, заве-
дено во документите на Демократска Федерална Југославија, па ФНРЈ, па
СФРЈ или на Република Македонија или во угурсус светот заведена како
FYROM , (а едноставно треба да се вика Македонија) како Пандил Анастас
Манојловски?
Како и со мојата татковина Македонија, така и со моето име и пре-
зиме се правело исто: кој од матичарите ќе дојдел до службеното столче
(а сите биле полуписмени или едвај писмени) така и запишувале... А кан-
целаријата во која ме заведувале во матичната книга на родените, секо-
гаш се наоѓала во селото Велушина, во близината на моето родно село
Породин.
Значи книгата на родените заведен сум како Пандил Манојловски
од татко Анастас и мајка Доста, роден во с. Породин во петок на 02 мај
1948 година. Но, вистината е друга по зборовите и на татко ми Анастас
(нагалено го викаа и Наце и Настас) и на мајками Доста (а сите ја зна-
еја како Доља па и таа така се кажуваше дека се вика), роден сум на ден
Велики петок на 23 април 1948 година! Арно ама, по тогашните обичаи
се чекало детето да преживее шест недели, за не дај боже да не почине (а
мојот прв брат постар од мене се викал Лазо починал на неколку месеци,
се уште бебе), па стрина ми Донка Манолева (моминско презиме Мосева),
по потекло од селото Кономлади, костурско, отишла кај матичарот за да
ме пријави – да пријави дека се родило новороденче за истото да биде
запишано во матичната книга на родените. Кога му рекла дека сум роден
на Велики петок, на големиуот верски празник, матичарот ~ се развикал,
па ~ рекол дека така не може во социјализмот, дека е умрена и верата и
Господ и ме запишал со името ПАНДИЛ (како во целото село Велушина
што било вообичаено за ова име) а не Панде. А и презимето го ставил
МАНОЈЛЕВСКИ (останато од време на Србите каде имало име Манојло,
а не Маноил или Маноле). Подоцна, еден друг службеник, самоволно го
45
Дванаесетта Роднокрајна средба…
пречкрта и запша МАНОЈЛОВСКИ. А и ден денес, речиси еден век по исе-
лувањето на моите претци од селото Арменско, Леринско, познати сме
како семејство МАНОЛЕИ и кога понекаш одам таму ме викаат Панде од
Манолеи.
Значи, во официјалните документи ми е изменето и име и презиме
и датум на раѓање. Како дете во некои документи името ми го пишу-
ваат Панде, Пандо, Пандил, а презимето Манолев, Маноилов, Манојлов,
Манојлевски, Манојловски...
Така е кога други ти ја пишуваат и историјата па и идентитетот...
Нешто, што ми останало во сеќавање за моето потекло:
По татко ми Анастас потекнувам од селото Арменско, Леринско а
по мајка ми Доста од селото Желево, Леринско (каде бил роден дедо ми
Васил Вангов) и баба ми Грозда , мајка на мајка ми од селото Оштима,
Леринско...
Селото Арменско или Ерменско, кое селаните а и моите претци
правилно го викаа ‚Рменско (по пделбата на Македонија по Првата свет-
ска војна припаѓа кон Грција и со промената на имињата на грчки сега
се вика Алона) се наоѓа десетина километри кон планината над градот
Лерин. Отсекогаш било населено со Македонци и така останало до ден
денешен. Сум сретнал во некои документи дека уште пред времето на Цар
Самоил било населено со народот Ерменци та затоа се викало и Ермен-
ско...
Нешто бледо, според сеќавањата, прокопувам по лозата, по трагите
на мојот род: татко ми се викаше Анастас, татко му на Анастас се викаше
Јане, татко му на Јане се викаше Димитрија, татко му на Димитрија се
викаше Богоја, а таткото на Богоја најверојатно се викал Маноле или
Маноил па отаму и презимето добиено уште во времето на Османлиите
и турската држава. Значи, сите овие мои претци се родени во Арменско.
Прадедо ми Димитрија, дедо ми Јане и татко ми Анастас со целото семеј-
ство во селото Породин се преселени по потпишувањето на Нејскиот дого-
вор (за размена на населението) во 1925 година.
Дедо ми Јане Манолев (цел живот така си го кажуваше свото пре-
зиме) беше роден 1893 година во с. Арменско а почина во Битола во 1982
година и погребан е во гробиштата во селото Породин. Неговиот татко
се викаше Димитрија ( починат е и погребан во с. Породин 1937 година)
а неговата мајка се викала Танаска, родена во селото Трсје, Леринско.
прадедо ми Димитрија имаше два сина (Ѓорѓи и Јане) и две ќерки (Менка
која починала млада и е погребана во Арменско и Маса која, откако се
46
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
омажила заминала за САД каде и почина). Братот на дедо ми Јане, Ѓорѓи
беше роден 1890 година, бил печалбар во САД многу години и со дел од
неговите спечалени пари е купен имотот во селото Породин од месното
турско или арнаутско население, како што тогаш ги викале денешните
Албанци. Дедо ми Јане имаше три синови и една ќерка: Анастас (татко
ми), Илија, Трајче и Ордана (Данче). Татко ми Анастас и стрико ми Трајче
починаа и погребани се во Мелбурн, Австралија, стрико ми Илија почина
и погребан е во градчето Гиславед, Шведска, а тетка ми Данче почина на
денот на осамостојувањето на Република Македонија и погребана е во
Породин.
Дедо ми Јане Манолев (така цел живот велеше дека му е прези-
мето) прекрасен човек и домакин за кого ќе пишувам подоцна, убаво го
помнеше Илинденското востание и палењето на селото Арменско, коле-
жите на луѓето и палењата на селските куќи во август 1903 година... Но
бил само дете, а татко му Димитрија Маноле бил комита во селската чета.
По крвавите настани и палењето на нивната куќа во септември месец
1903 година прадедо ми Димитрија Маноле заедно со неговите синови
Ѓорѓи и Јане бегаат во Бугарија и таму, во селото Мадара, во близината
на градот Шумен остануваат да работат како бичкиџии на дрва до 1908
година, односно до Хуриетот, кога се враќаат во родното село Арменско.
Непосредно по тоа почнуваат Балканските војни и Првата светска војна.
Во 1918 година дедо ми Јане присилно е земен од грчките андарти да
служи како грчки војник во армијата на Грција и тука служи цели пет
години во касарните во градовите Кардица, Трикала, Солун, Лариса и
Аласоња за на крајот да учествува во грчко–турската војна каде е заро-
бен и во турско заробеништво како воен заробеник останува цели седум
месеци. Во таа војна е ранет во десната нога и цел живот останува инва-
лид зашто ногата му беше права и не можеше да ја свитка во коленото... Е,
овој прекрасен човек, кој знаеше да чита и пишува на македонски, бугар-
ски, српски, грчки и турски јазик ме научи и пред да одам на училиште
и да читам и да пишувам, но ме научи и да бидам трудољубив како него.
Баба ми по татко (или мајка на татко ми Анастас и сопруга на дедо
ми Јане) се викаше Елена Ќатипова од татко Коте (кој загина затрупан
во рудник во Америка во 1904 година) и мајка Сотира, била родена 1900
година (и самата кажуваше дека, кога се случило Илинденското востание
имала само три гдини) а почина во јули месец 1979 година во Битола и
погребана е во селото Породин.
47
Дванаесетта Роднокрајна средба…
По едно кажување на баба ми Елена која до крајот на живот беше
многу лична, како мало девојче од два–тринаесет години била грабната
од некој си бег, но ненапакостена за неколку дена ја вратиле на семеј-
ството. Но за овој трагичен настан не се зборуваше многу.
Нешто и за лозата по мајка ми Доста. Татко му (или мојот дедо
по мајка) се викал Васил Вангов роден во селото Желево, костурско на
1 јануари 1882 година. Во српско, србите во документите го завеле како
Димитриевиќ Димитрија Васил. Почина, ако не се лажам 1952 година.
Беше изврсен кларинетист кој свирел со тајфа на многу свадби и во Поро-
дин и во околните села но и во Канада, каде, речиси го минал најголе-
миот дел од животот како печалбар. Мајка ~ на мојата мајка (моја баба
по мајка) се викаше Грозда, родена (со моминско презиме Тасева) на 10
јануари 1884 година во селото Оштима, леринско од татко Коста (Коте) и
мајка Велика. Почина во 1965 или 1966 година и погребана е во с. Поро-
дин. Васил и Грозда Вангови имаа шест ќерки: Јана, Ристана, Зоја, Доста
(мојата мајка), Трајанка и Мара. Јана, Ристана и Трајанка починаа и
погребани се во Торонто, Канада, тетка ми Зоја беше мажена и почина во
селото Глабучишта, Леринско, мајка ми почина на 1 август 1978 година
во Мелбурн, Австралија и таму е погребана, а тетка ми Мара која с` уште
е жива и има 90 години (во оваа 2017 година, кога го пишувам и овој
текст) живее во Мелбурн, Австралија. Тука сакам да напоменам дел од
една македонска семејна трагедија: тетка ми Јана која беше најстара од
сестрите никогаш во животот не се виде со мојата мајка Доста, зашто се
омажила на 16 години и си заминала на печалба во Торонто, а мајка ми
била бебе. Се допишуваа но никогаш не се видоа.
Според изводите од матичните книги на родените во селото Велу-
шина, Битолско (сега матична книга на родени на Општина Битола) за
татко ми Анастас Манојловски е запишано дека е роден на 21 јануари
1925 година во село Арменско, леринско од татко Јане и мајка Јелена
(наместо Елена). Склучил брак со Доста Илиевска (наместо Ванговска)
на 7 мај 1944 година. Во 1964 година живееше во Породин, кога замина
на печалба за Австралија каде и почина на 4 септември 2007 година.
Мајка ми Доста (која цел живот кажуваше дека се вика и ја викаа
Доља,) во матичната книга на родените за Општина Битола што се води
за местото с. Породин под тековен број 3 за годината 1924 е запишана
како Доста Манојловска, моминско презиме Илиевска (а со мој очи видов
дека сеуште останало од Србите како Илиќ) наместо Ванговска, од татко
Васил и мајка Грозда родена на 13 јуни 1924 година во селото Оштима,
48
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Леринско. Почина во Мелбурн, Австралија на 1 август 1978 година и таму
е погребана, во истиот гроб со татко ми а во православните гробишта на
кои пишува дека биле грчки и православни... Што значи и тука полити-
ката замешала рака и во работите на Господа, а на тие православни гро-
бишта се погребани луѓе од многу држави од светот... Така до гробот на
татко ми и мајка ми има гроб на православни верници од Либан. И тие
ли се Грци?
Да напоменам еден важен податок: и татко ми додека беше жив а и
јас на неколку пати се обидов да извадам документи – крстеничиња дека
и татко ми и мајка ми се родени во сегашна Грција, никогаш не добив. А
заведени се во тамошните црковни книги...
Татко ми Анастас и мајка ми Доста имаа пет деца. Првото, најста-
рото се викало Лазо и починало како малечко бебе од неколку месеци.
Потоа се родив јас, авторот на овој текст, а по мене, како близнаци на
06 февруари 1953 година се родија сестра ми Марија (омажена за Митко
Тноковски и сега со презиме Тноковска) и брат ми Дончо (оженет со Цве-
танка Велевска) а подоцна, во 1957 година е роден брат ми Кочо (оже-
нет со Аница). Браќата Дончо и Кочо одамна се иселени во Австралија
и живеат во Мелбурн, Австралија, а сестра ми Марија живее во градот
Скопје.
Судбина наша македонска: прадедовците и дедовците родени за
време на турско, државјани на Турција и Отоманската империја, за подо-
цна, по поделбата на Македонија да станат грчи државјани, па државјани
на кралството СХС, потоа, помладите, за време на бугарско и државјани
на Бугарија , па на Демократска Федерална Југославија, па СФРЈ и на крај
на Република Македонија... Во меѓувреме некои од мојот род како и татко
ми добија австралиско државјанство, други шведско, трети канадско...
Да се плаши човек, да се плаши Македонецот како што ли ќе го наречат
кога ќе се роди и како што ќе умре а едноставно си е само Македонец и
по душа и по срце!
А колку сум богат, може да се виде од досега напишаното но и кажа-
ното во мојата песна со наслов „Богатство“ објавена во стихозбирката
„Ветровито време“ издадена од книгоиздателството „Дијалог“ – Скопје во
2015 година:
49
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Б О Г А Т С Т В О
Мој народе,
народе мој,
знаеш ли
колку сум богат?
Многу,
многу сум богат!
Имам
пет гробни места:
едно,
во Арменско, Леринско,
кај коските на прадедо ми,
друго,
во Породин, Битолско,
кај коските на дедо ми,
трето,
во Мелбурн, Австралија,
кај коските на мајка ми,
четврто,
во Малме, Шведска,
кај некој идни коски
на мојот род,
и петтото,
во Битола...
Пет гробни места
за едно тело,
за еден битис,
а за душата,
за мојата душа,
само
едно:
Македонија!
Богат сум,
мој народе,
многу сме богати!
50
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Pande Manoylov
SOMETHING AUTOBIOGRAPHICAL AND NOT
FORGETTABLE
In May 14, 2017, in the early hours of May 15, I destroyed a number
of materials, mostly newspapers in which I published my own songs or
newspapers and magazines in which articles about me and my work were
published. I have kept them for years, but that night, I saw myself in a situation
of stupid nothingness that has lasted for many years, especially in the last
several months in my Fatherland Macedonia. Now, the question is clear and so
painful, „Will we destroy ourselves, will we Macedonians be gnawed between
ourselves in spite of our belonging to the same nation? „I did this subconscious
and unconscious procedure ... I asked myself, „To whom should I leave them
and why?“
Many Macedonian writers I knew are dead. I could see no one to
remember or mention them. As if they are not needed anymore in spite of the
work they had left behind and the respect it deserves. I would mention some of
the deceased Bitola writers, as well as citizens, participants of the „Homeland
Meeting“: Cane Zdravkovski, Dimitar – Mitko Bogdanovski, Ljubomir Gruevski,
Bogoja Tanevski ... What to say about the bard of the Macedonian literature
Petre M. Andreevski, who was buried in his village Sloeshtica as the last
peasant (and I attended that act of pain and despair, because the country did
not pay him respect).
Vanco Nikoleski, the founder of the Macedonian literature for children
and youth, has been deceased for decades, and no city officials has visited his
grave at the city cemetery in Ohrid, at least put flowers on it ...
And now, my dear and beloved people, who am I and what am I to leave
traces behind? Who am I with my little name in the Macedonian literature -
Pande Manoylov? Or, the official one Pandil Anastas Manojlovski recorded in
the documents of the Democratic Federal Yugoslavia, later FNRY, then SFRY or
the Republic of Macedonia or in the ugly world registered as FYROM (simply
called Macedonia)?
51
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Гордана Михаилова Бошнакоска
ИСПОВЕД НА ЕДНА ПИСАТЕЛКА
Стојам пред една дадена можност да се вратам на првите сознанија
за моето постоење. Ова ме поставува
пред многу прашалници од моето
живеење. Дали ќе допрам до сите и
дали ќе можам да ги најдам одгово-
рите.
Сега ми е дадена можноста да
ги внесам некои слики од целото
мое живеење, кои останале од мина-
тото, но кои влегуваат во паралелни
текови на моето постоење. Тоа се
понекогаш слики, а понекогаш
фрагменти од слики. Тие доаѓаат од
најраните години и се надоврзуваат
на нови созвучја кои го обликуваат
живеењето во сите негови компо-
ненти.
Животот е сместен, поточно
сеќавањата, спомените се некои три
кутии, затворени со капак, кој само јас можам да го отворам. Понекогаш
тоа ми успева да го сторам многу лесно, а по некогаш не сака да се отвори.
Некои невидливи сили, а кои од мене излегуваат, претпоставувам се тие
кои ги отежнуваат овие нешта.
Ова се три кутии, во различна големина. Првата е најмала и прет-
поставувам дека таму е детството и првите сознанија, дека јас постоја.
Втората е малу поголема и во неа е сместена младоста, првите години
во откривањето на светот во мене и околу мене. Третата е најголема,
доминантна, во која се собрани мноштво настани, години на најголемите
сознанија, откритија и нивната примена.
52
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Веројатно постои уште една најголема, конечна, во која на крајот
од постоењето ќе влезат сите три предходни. Капакот на оваа најголема
кутија, секогаш е отворен, с` уште.
ПРВАТА КУТИЈА
Таа стои во најдалечната и најприсутната свест. Тоа е детството на
првите години од моето раѓање и моето живеење во куќата на мојот дедо
Митре и мојата баба Стојна. Во оваа куќа покрај Драгор, (која сеуште
постои, но во неа живеат некои други сопственици) се стаени лелеавите
сознанија дека јас постојам. Во големиот двор зад куќата, живееше некој
друг свет. Тој двор за мене беше шума, која започнуваше со големиот
бадем, па некои други дрвја, низ кои се протињаа со својот живот наса-
дени и самоникнати цвекиња. На почетокот од таа дворна шума стоеше
еден гранитен камен голем, долг и цврсто налегнат врз земјата, на кој
седевме многу често со мојата баба Стојна. Таа беше непресушен извор на
песни , што ми ги пееше со нејзиниот јасен, мек глас. Таа беше народното
творештво на моето детство. Тоа беа песни, кој како некое чудо останаа
во мене и до ден денешен. Тие песни многу покасно ги наоѓав, во Збор-
никот на Браќата Миладиновци.
Во нејзиното пеење и тоа седење со мене, јас затутулавена во нејзи-
ниот скут беше некоја заедничка одбрана или сокривање од другиот свет.
Од она секојдневно живеење. Додека ме думкаше и додека одеше од една
кон друг песна, ги завршуваше со бакнежи по моите образи. Така што тие
бакнежи од мојата баба Стојна јас и ден денес ги чувствувам по образите,
во мигови кога ми е потребна некоја поткрепа, за некој мој потфат.
Ови наши седења во бесконечниот двор од време на време беа про-
следени со летањето на гулабите, во еден агол од дворот од нивната куќа.
Овие гулаби беа на вујко ми. Тој ги леташе, да ги бараат другите јата од
другите гулабари во Битола. Понекогаш некој од нив и не се враќаше.
Имаше некој таен, немушт говор меѓу гулабите и вујко ми. Така што некој
загубен гулаб уловен во туго јато се враќаше назад. Но во исто време
доаѓаа и некој други гулаби, од други јата. Тие остануваа некое време и
на некое следно летање, веројатно наоѓајќи ги своите јата, не се враќаа.
Тогаш додека ручавме на големата маса во дворот, се водеа жолчни раз-
говори за летот на гулабите. Му замеруваа на вујко ми што толку многу
им се посветува, а тој само велеше и јас летам со нив.
Ова „и јас летам со нив“ остана во мене како постојана мисла за
предностите на летањето, во однос на предностите на одењето. Така што
53
Дванаесетта Роднокрајна средба…
моите прошетки низ џунглата на дворот беа многу често и со застанувања
до големиот бунар, кој беше окриен со капак направен од штици. Но меѓу
нив имаше процепи низ кои гогледав мојот лик во длабоката темна вода.
Тоа за мене беше толку таинсвени и застрашувачко, во исто време. Ми
забрануваа да одам до таму. А тој длабок бунар, сега помислувам дека
разбуди, во тоа време некои необјаснати нешта до кои треба да допрам,
да дојдам, да ги видам, да ги почувствувам.
Едно од тие во тоа време, беше и необјаснивото чувство одењето
во црква, за Велигден со баба ми. Тоа беше поврзано со шиење на нова
облека, нови кондури и капа. Имав едно мантилче од заматена розе боја.
Ме држеше баба ми за рака и одевме на Христос Воскресе. Не смееш да
заспиеш, немој сон да те фати, ми велеше баба ми и ми подаде едно бело
кошниче онаправено од свеќа, која требаше постојано да гори. Но одвит-
кувањето на кошничето и горењето на свеќата не завршуваше само на
еден Велигден, ами се чуваше и за идниот. Токму на тој Велигден кога го
носев розовото мантилче ми искапе на него, восок од свеќата. Знам дека
плачев поради тоа. Не плачи, ми рече баба ми, со пегла и весник, мајка
ти ќе го извади.
Плачењето во тие најрани години ми беше како издишка, а не знаев
поради што. Само знам дека плачев кога дедо ми лежеше на големиот
железен кревет, а луѓе доаѓаа и осознавав дека тој веќе нема да стане.
Потоа од време на време плачев седната на тој кревет, а мајка ми ме пра-
шуваше, зошто, така сакам да плачам и одговарав. Тоа беше време кога
од дворната пумпа доаѓаа да полнат вода некои војници кои зборуваа на
некој непознат јазик. Тоа беше времето на војната, а татко ми една ноќ
го зедоа некои непознати луѓе. Мајка ми во ранецот му местеше топла
облека, волнени чорапи исплетени од баба ми. Треба да помогнеш во сло-
бодните територии за шумата, да не ја сечат селаните, му велеа. Треба
да се направи ред. Татко ми беше шумарски инженер, што студирал во
Белград.
Кога заврши војната, по една година ме запишаа во прво одделе-
ние. Училиштето беше кај Црн мост. А првата учителка се викаше Лепа,
со убаво лице и побелена коса собрана одзади во „кох“. Овде го спуштам
капакот на првата кутија.
ВТОРАТА КУТИЈА
Го отворам капакот на втората кутија. А во неа првиот „Буквар“,
со еден играорец на корицата. Буквите беа најубавите нешта што ми го
54
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
откриваа светот на зборовите. Од кога го совладав овој свет на буквите
продолжив во Скопје, во училиштето Гоце Делчев. Тоа беше нашата пре-
селба од Битола, поради работата на татко ми, во првото Министерство
за шумарство на Република Македонија.
Тоа влекување во светот на пишаниот збор, песните од најраното
детство, а некои од нив и ден денес ги паметам, направија некој внатре-
шен чекор во мене и јас самата да се обидам да напишам некоја песна. Од
раскажувањата на татко ми за една прабаба, Темјана и нејзината бујна
природа. По големите преселби од Мијачките села, тие од Тресонче со
семејството дошле во Охрид. Таа створила слободна „зона“ од нејзината
улица, со пукање во оџакот од првата фурна под нивната куќа. Така сејме-
ните се плашеле да врват по таа улица, а во куќата доаѓале од време на
време, по потреба чети од комитите. Некои од нив се хранеле и преспи-
вале во темната одаја. Ете тоа беше првата моја песна со наслов „Баба ми“.
Учителката Арнаудова која предаваше македонски, од кога и ја прочитав
песната, ме поттикна да пишувам уште. За што, ја прашував. За се што ќе
ти запне за око. Бев активна во литературната дружина на училиштето.
И така, како што ми сугерираше учителката, започнав да пишувам за она
„што ќе ми запне за око“.
Ова мое интересирање продолжи и преку раскажувањата на баба
ми Ерефили, што беше мајка, на татко ми. Таа раскажуваше некои неве-
ројатни приказни. Еден деталј ми остана во сеќавање за убавата девојка.
Била нападната од натрапници и за да се спаси влегла во црквата, отки-
нала едно влакно од косата и го протрила од шанданот, на кој гореле све-
ките. Шанданот се отворил и низ таа невидлива порта убавицата влегла
и се сокрила во шанданот. Од кога поминала опасноста, повторно со
протривање на влакното, низ отворениот шандан таа излегла. Оваа при-
казна како и некои други од раскажувањата на баба ми, се надоврзаа кога
ја добив на подарок првата книга во мојот тогашен живот. Еден колега
на татко ми по потекло од Прилеп, со кој студирале во Белград, а сега
работеа во Скоје, ми ја подари книгата„Руски народни бајки“. Беше на
српски, ама јас ја читав, но маката не беше голема. Таму имаше толку
интересни нешта, кои што доаѓаа од еден друг свет, но не многу далечен
за нас. Особено приказната за „Василиса прекрасна“, која имаше моќ да
прави чуда. Така некако овие две личности Убавицата од приказната на
баба ми Ерефили и приказната за Василиса прекрасна, станаа некои сим-
боли во мојата свест. И едно сознание дека од зборот сложен во реченица
може да излезат секакви „чуда“.
55
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Тоа направи да започнам да пишувам и проза. Јас секогаш ги одби-
рав, на писмените задачи, слободните теми. Тоа беше забележано од про-
фесорките особено од Вера Поленак во гимназијата „Цветан Димов“. Така
открив дека може и едното, поезијата и другото прозата, да одат пара-
лелно во мене.
Ова беше време на откритија, во кој голема улога имаше татко ми.
Тој беше вљубеник во музиката. Свиреше виолина и гитара, но почесто
виолина, а знаеше многу арии од познати опери, кои ги слушал додека
студирал во Белград. Уште од тие најрано осознаени години од мојот
живот, со моите родители ги посетувавме оперите во Македонскиот
народен театар. Тоа беше една преубава зграда покрај Вардар. Се стиг-
нуваше преку дрвеното мовче и влегувањето во таа зграда беше како да
се влегува во еден друг, волшебен свет. Тогаш двигател на тој оперски
живот беше прочуениот маестро Ловро Матачиќ. Пееја големите прима-
дони од Македонија: Данка Фирфова, Павлина Апостолова, Васка Биџова,
Марија Скаловска која беше сопруга на Македонскиот диригент Тодор
Скаловски. Јас самата ја пеев аријата на Џилда, од операта „Риголето“ и
сакав да пејам како Васка Биџова, која се прослави преку оваа опера, а и
прку некои други како „Волшебната флејта“, во улогата на „Кралицата на
ноќта“. Сите ови нешта правеа да се зголемат моите интереси и не само
за литературата, туку и за другите уметности.
Но сватив дека јас ќе пишувам, зашто тука се наоѓав себе и се околу
мене.
Започнаа да ги објавуваат моите песни, во тогаш познатите спи-
санија како „Разгледи“, „Современост“ и весникот на младината „Млад
борец“. Некои од моите песни беа и наградувани, а имав само шеснаесет
години.
Овде го затворам капакот од втората кутија, а го отворам капакот
од втората.
ТРЕТАТА КУТИЈА
Во тоа времеедна една од моите тетки се пресели од Битола во
Скопје. Таа имаше голема желба да замине во Канада, кај татко и. Но
постапката за нејзиното заминување беше компликувана и неизвесна.
Таа остана во Скопје повеќе од колку што планираше. Инаку таа многу
читаше и една од нејзините книги ми ја даде да ја прочитам. Тоа бeше од
францускиот писател Оноре де Балзак романот „Беатриса“.
56
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Во подоцнешните мои читања, открив дека тој негов роман и не е
толку познат, како другите. Но таму имаше една приказна за историја
на еден нож. Тоа беше на иколу сто страници. Со неброени детали, како
да беше напишано за нешто многу живо и многу конкретно. Бев фасци-
нирана од опсервацијата, согледувањата и навлегувањата во деталји кои
ја создаваа целината на приказна за ножот. Тоа подоцна го открив во
прозата на Слободан Мицковиќ и неговиот голем роман „Александар и
смртта“. Ова беа некои показатали по кои се стремев да оди моето пишу-
вање. Особено поезијата и прозата на Влада Урошевиќ го побуди моето
интересирање. Неговата проза изобилуваше со такви деталји во опи-
сите на местата и личностите, кои откриваа некои фантастични светови,
некои ликови, некои суштества кои сакаа да го откријат и да го прикажат
своето битие. Наспроти овие дела на Влада Урошевиќ се појавиваше една
проза која опишуваше луѓе и настани со чудни и трагични судбини, а тоа
беше Живко Чинго. Содржините на овие автори како да беа поставени на
едниот и другиот тас на терезијата.
Многу бев посветена на читањето кое ме внесуваше во нови све-
тови, богати, несекојдневни и некако далечни. Го открив фантастичниот
реализам, кој го наоѓав во делата на Јужно Американските писатели, како
во прозата, така и во поезијата. Но поезијата беше доминантна. Многу од
Македонските автори, и лично ги познавав. Мојата комуникација со нив
беше многу жива, зашто перманентно ги читав.
Мојата прва поетска книга „Времето го нема“ беше објавена, а и
пред да биде објавена, јас учествував на првите Струшки вечери на пое-
зија. Таму беа веќе сега македонските на нашата литература: Блаже Коне-
ски, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Даница Ручигај, Ацо Шопов, Влада
Урошевиќ, Србо Ивановски, Зоран Јовановиќ и др. Јас бев најмлада.
Имаше писатели и од други земји.
Од единаесет книги поезија, објавени во текот на педесет годиш-
ното мое творештво, наградени се „Планини од картонски кутии“ на СВП
со „Браќа Миладиновци“ за 1998 год. како и најновата поетска збирка
„Песна на ридот“ со наградата „Ацо Шопов“ за 2016 год. што ја доделува
ДПМ. Наградена песна на манифестацијата „Празник на липите“ што
исто така ја доделува ДПМ. Носител сум на признанието „Витез на Маке-
донскиот пишан збор“. Како и други признанија за поезија и проза. Во
едицијата на Македонското радио „Антологија на Македонската поезија“
застапена сум со избор. Македонската телевизија сними две емисии.
57
Дванаесетта Роднокрајна средба…
„Избор од поезијата“ во емисијата „ТБ лирика“, како и по расказот „Танго“
во рамките на „ТВ експеримент“
Како прозни остварувања се збирката раскази „Босфорско лето“
и романот „Потрега по приказна“. Повеќето од расказите се добитници
на награди на анонимни конкурси. Моите песни и прози се застапени
во сите антологии во Македонија и во други земји. Избор од поезијата
што го направи Влада Урошевиќ со негов предговор е застапен во еди-
цијата „Македонска поезија“ што ја издаде Министерството за култура на
Р. Македонија, на Македонски и Англиски јазик . Застапена сум и во
првата „Енцклопедија на Македонија“.
Во посебни книги сум преведена на Бугарски јазик, поетската книга
„Толкување на морето“ во превод на Роман Кисјов, како и избор од пое-
зијата „Бесконечното“ во превод на Анго Бојанов. „Тринаесет ѕвезди на
словенското небо“
ја издаде „Словенската литературна и уметничка академија“ од
Варна во рамките на манифесацијата „Словенска прегратка“ што ми
додели и членство во Академијата и највисокото признание „Големо
летечко перо“ за целокупно творештво. Во оваа антологија застапени
се најзначајните поетеси од словенскиот свет како, Елисавета Баграјана
(Бугарија), Марина Цветаева (Русија), Десанка Максимовиќ (Србија),
Весна Парун (Хрватска) и др. а од Македонија сум застапена јас со избор
од поезија како и со текст од уредничката и поетеса Елка Његолова.
Во оваа „кутија“ има и други за мене значајни нешта, а тоа е дека
најзначајните имиња од македонската литература се изкажале за мојата
поезија и проза. Тука е и мојата работа како уредник во Македонската
теливизија, каде сум остварила емисии од областа на културата (лите-
ратура, ликовна уметнос, историографија) со врвни творци од нивните
области.
Знам дека многу нешта не ги споменав, а кои го исцртуваат мојот
живот. Но како битни нешта се содржините од оние две предходни „кутии“
кои направија да може да ја исполнам, оваа третата.
На крајот останува една „кутија“ која ќе ги збере сите три во себе.
58
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Gordana Mihailova Boshnakoska
CONFESSION OF A WRITER
Now I have been given the opportunity to bring in some pictures of my
entire life, which have remained from the past, but which enter the parallel
flows of my existence. These are sometimes pictures, and sometimes fragments
of pictures. They come from the earliest years and attach to new compositions
that shape life in all its components. Crying in those earliest years was like
a sigh, and I did not know why. I only know that I was crying when my
grandfather was lying down in the big iron bed, and the people around him
realized that he would no longer exist.
Then from time to time I cried sitting on that bed, and when my mother
asked me why, I used to reply, I want to cry that’s why. It was a War time
when some of the soldiers who spoke in an unknown language came to the
yard water pump. It was the War time, when one night my father was taken
from some unknown people. My mother put in his rucksack warm clothes
and knitted woolen socks made by my grandmother. You have to help in the
free areas with the forest, to prevent it from cutting by the villagers, they told
him. You must put it in order. My father was a forest engineer who studied in
Belgrade.
59
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Весна Мундишевска-Велјановска
ЗБОРОТ КАКО НАСЛЕДСТВО
Сред недогледот на камено-
ломот на животот, во прашините
на одбирот, во накревањето на
непроѕирот – лебди Зборот. Од кога
знам за себе ги дофаќам неговите
нанизи и се впуштам во бестеле-
сната авантура на пишувањето. Во
мојот наум да ги расплетам илуми-
нациите на постоењето во полето
на бескрајот и да ја дофатам живо-
тосмислата – зрее промислата. Вжи-
лен во мислата, замислен или изре-
чен, запишан или недоречен, зборот
жегнува и пече или блеснува и тече
во калемење мудрост од раскопот на
битисувањето, или во оспокоен вос-
пев на спитоменоста на бидувањето.
Кога „стетеравен во својата комплексна преегзистенција животот боли
посилно од смртта“2, зборот исцртува безвременски слики. Но, во летот
над беспросторот, предизвик е преобликувањето на болката во анимација
на стремежот за проекција на копнежот во мотивирачка реализација и
светлобојно дизајнирање на остенот на денот.
Првата помисла на зародишот на оваа неразделност со зборот ми
обденува во трепетот од помислата на Крушево и неговата нескротлива
заводливост.
2. „Контурна линија“ / Весна Мундишевска-Велјановска – „ДвОглед“ (Матица македонска, Скопје,
2015 г.)
60
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Се одвиткува филмот во кој незапирливо се поттурнуваат кадри од
сцени кои осликуваат недогледен мир сред недосонуваноста на сонот,
сосредоточеност на мислата сред баналните недоветности на секојденот,
втемелена возљубеност во очи на туѓите нечовечности, хармонија на
семејството наспротилавините беспокојности, виножита надеж распос-
лани сред зенитот од безнадежности... И љубов, чиста, видлива, непре-
бирлива, ненаметлива, толку обична а возвишена љубов за с`.
Ме растреперува отсликот на дедо ми како тивко, без жалби, без
лелек ја ѕида својата судбина со мистрија. Уште се наоѓам себеси како
поттрчувам да му однесам кафе со многу шеќер за да му го разблажам
вкусот на прашината во устата. После тивкиот оброк, сред спокојството
на недогледот на кроткоста на неговата намачена а бескрајно добра душа,
пукнатините на рацете ги зацелуваше со добра книга. И се радуваше, и
тагуваше, и сочувствуваше со ликовите. Ги доживуваше и оживуваше. До
неговиот последен здив.
Баба ми, пак, мојата маја3, е приказна чиј почеток нема крај... Еееех,
со нетрпение исчекував да легне ноќта, а ние двете во нашата соба, во
двата кревети разделени со печка на дрва. И сега ми оживуваат искрите
нацепениците од распламтениот оган. И сега ми баботи возбудата од
интересните приказни што секоја вечер ги слушав. Ноздрите с` уште ми
ги дразни мирисот на исчекувањето, воодушевувањето, спокојството,
безмерната љубов. Пламти од восхит каруселот на неуморноста и енер-
гичноста на раскажувањето, на новосоздавањето на истата приказна, на
освежувањето, на мајсторското поигрување со исчекувањето.
Секоја болка, секој лелек, секој задушен крик го обвиваше во
збор–грамада кој ги пеплосуваше сите страданија, во збор-непрегор кој ги
оѕвездуваше сите неба, во збор – бучен извор кој истекуваше како мудрост
од нагмечените дамари, а дотекуваше како изгрев на возљубеноста во
љубопитните очи на неискусните детски срца.
Од неа научив да живеам со светот околу себе во себе. Научив да
сликам со сеживотни бои.
Зборот ми е нејзиното наследство, пишувањето – нејзиниот благо-
слов.
И ете: секојдневно зборот созрева – во љубовта, во болката, стра-
дањето, состраданието, во нелогичноста, во безнадежноста, во обично-
ста, во среќата, во одекот на секојдневието, во самоодрекот... И јас зреам
3. маја – баба (на влашки)
61
Дванаесетта Роднокрајна средба…
со него. Зборот мој, зборот наш, зборот сечиј, зборот насушен и универза-
лен, тој Збор – распупува, расцутува и овоплодува во двигател на инспира-
тивните потекувања на оросената мисла, во дотек на зародишот на себе-
откривањето и себеразоткривањето, во сатисфакција од спознавањето
и споделувањето на мудроумието и едноставноста на метафизиката на
бидувањето.
Баба ми одамна почина, но во мене секој ден силно одѕвонуваат
нејзините досетки и приказните кои течеа во река. Уште ме милуваат,
ме растреперуваат... Често ги раздиплувам чарфашите од каселата што
ни ја остави за нејзиниот мирис повторно да ми ги разнежни ноздрите
и да го растресе вулканот што дреми во епицентарот на есенцијата на
капкитеживот. Па така, како и сега, се разлевам во лава врз белината на
листот и осликувам со сите волшебни бои на животворноста на универз-
умот растајнувајќи ја безвременоста на бескрајната љубов.
62
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Vesna Mundishevska Veljanovska
THE WORD AS A HERITAGE
My grandfather’s countenance used to make me tremble when I remind
myself how he quietly, without appeals, builds his fate with his trowel. I still
find myself running around him to bring him a cup of coffee with a lot of sugar
to soothe the taste of the dust in his mouth. After a quiet meal, in the midst
of the tranquility of the infinite meekness of his endlessly good soul, he cured
the cracks on his hands with a good book. And he rejoiced, and grieved, and
sympathized with the characters. He was experiencing and reviving them.
Until his last breath.
My grandmother, is a story whose beginning has no end ... I eagerly
waited for the night to lie down, and to be with her in our room, in two beds
separated by a stove. And even now the sparks of the flaming fire become alive
before my eyes. Even now, the interesting stories I was listening to every night
excite me very much. The nostrils are still teased by the scent of anticipation,
enthusiasm, tranquility, immense love. The merry-go-round of admiration of
the unrestrained and energetic narration, the new creation of the same story,
the refreshment, and the magic playing with the anticipation, is still flashing.
I learned from her to live with the world around me. I learned to
paint with lifelike colors. My word is her heritage, writing – her blessing.
Every day the word matures – in love, in pain, in suffering, in compassion, in
illogicality, in hopelessness, in simplicity, in happiness, in the echo of everyday
life, in self denial... And I am with it. My word, our word, word of all, the daily
word, as well as universal ...
63
Дванаесетта Роднокрајна средба…
М-р Сања Мучкајева Видановска
МЕНУВАЈЌИ СЕ СЕБЕСИ, ГО МЕНУВАМ СВЕТОТ
Кога си дете, го прифаќаш све-
тот онаков каков што е. Го перце-
пираш на начин, соодветен на око-
лината. Случувањата, емоциите и
местата, поминуваат како слики што
се менуваат во бои, толку брзо што
знаат да се вкопаат некаде длабоко
во скриени бранувања од емоции.
И тука застануваат. Мируваат.
Но, заспано, овде – онде ќе се
појават во некое делче од сонот за да
повторно се впијат небаре привиде-
ние што сака да води во моментите
кога идните денови созреваат со
нова движечка сила. И повеќе, не си
дете...
Повеќе не перцепираш па-
сив но, туку се движиш со сопствени согледувања, а целите започнуваат
да се појавуваат со сета бунтовност на младешките спомени. И тука, за
еден автор, започнува с`.
Од таа точка, од почеток наивно и ненамерно ги извлекува оние
привиденија кои почнуваат да го составуваат мозаикот на сопствената
креативност. Кога духовите оживуваат. Дел, по дел. Чекор по чекор, низ
сите години што минуваат, сета младост и остварените и неостварени
љубови.
Та кој човек не љубел во младоста, со сета занес која завзема дел од
срцето и се вкопува засекогаш? Додека тоа чука? И кој автор не пишува
макар една сцена, која некогаш и несакајќи излегува крадешкум од тоа
делче, за да оживее со секој читател што доблесно ќе ги врти страниците
64
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
и ќе се пронајде себеси, а со тоа го пронаоѓа и авторот? И води дијалог
со него. Таешкум, тивко во скриените зборови од заедничката приказна
меѓу тие редови.
Инспиративните моменти, писателот ги внесува уште со првиот
напишан збор. Кога читателот ќе се втурне длабоко во приказната во
барем едно дело на авторот, се соочува со оние делови од соништата
кои кратко излегуваат од доживувањата и меморијата и токму тогаш се
среќава со делови од автобиографската нарација на писателот. Тогаш вре-
мето се компонира како една фотографија од илјада зборови, донесувајќи
ја барем кај мене како писател блескавата реикарнација на моето детство
и младост, моите копнежи, планови и стравувања од иднината.
Особено во мојот четврт роман „Петтата приказна‘‘, почувствував
дека нешто се исправа и си доаѓа на свое место, за да после завршувањето
на романот, духовите од минатото повторно се вратат во она делче од
сеќавањето. Повторно се мирни, но не знам до кога.
Тоа беше оној нежен тупот во градите, од споменатите години и
мирисот на детството, мирисот на првиот училишен ден, пионерските
црвени марами, униформите со иста боја и заедничката заклетва. И подо-
цнежниот отпор во мене кон таа униформираност на која како дете бев
толку горда. Не е сон ниту мирисот на кујната на баба ми, мирисот на
дунките и црвените пиперки со лук. Ниту насмевката на дедо ми, кога ми
раскажуваше за затворот во кого отслужувал казна за која не знаеше со
што ја заслужил. И раскажувањето на мајка ми и моите тетки за посетата
во ладното ноемвриско утро на тој затвор, премрзнатите прсти и ветерот
што свирепо им вртеше околу ушите, додека потскокнувајќи од едната
нога на другата, трпеливо со баба ми чекаа да го видат. Тоа ладно пред-
зимско утро во 1949-тата година. Со плетените чорапчиња на нозете и
шаловите над кои нивните очи ѕиркаа кон вратата за да ги пуштат и да
го прегрнат за кратко. Таа прегратка остана меѓу зарѓаното железо од
решетките на прозорецот низ кои дедо ми ги поздрави со мавнување на
дланката, со истата насмевка која и јас ја паметам до ден денес, и неми-
лосрдниот ветер. А ноемвриското студено сонце, како за инает им светна
токму во тој момент и сето тоа се сведе на една силуета зад решетките, та
не беа сигурни дали навистина ги поздрави, или само тоа им се причини,
кога баба ми им извика Ене го татко!
И толку од прегрнувањето.
Дедо ми ми велеше: Цаце моја, така милуваше да ме вика од мала,
Маж што не бил во затвор во такви времиња, не е маж!
65
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Ми изгледаа чудни тогаш тие зборови негови, но подоцна ги раз-
брав. Разбрав дека лежеше три и пол долги студени години, ја делеше и
ќелијата со Методија Андонов Ченто, иако за време на војната пренесу-
ваше партизани преку Кајмакчалан од другата страна на границата, иако
и за тоа лежеше во затвор фатен од бугарската војска. Но тој им прости,
така ми рече, им прости одамна, та зошто и јас не би им простила?
Го паметам и гласот на моите родители, мирисот на семејниот дом
кој и сега ми предизвикува болка. Не за друго, туку затоа што го нема
повеќе тој мирис. Куќата е тука, но тој не! Младоста со тој мирис, гимна-
зијата, факултетот, сопругот кого го запознав во тие факултетски денови
и почетокот на еден нов живот. Кога почнаа да оддекнуваат нови закани.
Та, на Балканот работите се менуваат толку брзо, континуирано се сее зло
и добро, убавина и грдост, што се прашувам кој автор од овие простори би
го одминал тоа во своите дела? Кој автор не би ги внел тие закани, падови
и повторни успеси? Стравотни вести за војни и разделувања. Страв од
неизвесноста...
А потоа, транзиција. Во која или се давиш или пливаш, се одржуваш
на немирно тло. Па те влече кон дното, повторно пливаш силно со крајни
сили и излегуваш на површина и се бориш. Или ќе победиш, или ќе се
удавиш. Друго нема. Во тие води мојата генерација се изгуби. Во запене-
тите бранови на самоодржување. До последен здив до брегот, за да стиг-
неме забревтани, уморни, со длабоки и силни отчукувања, небаре пред
инфаркт, но принудени да продолжиме понатаму, понатаму... Заради
нашите поколенија.
Планината ги пушти ветровите, иако беше јуни. Знаев дека нешто
сака да ми каже. Тогаш ги видов и Стана и Јана, ја видов мајка ми, додека
беше мала. Низ виулиците на минатото, во кои провејува една вистина.
Борбата која откинуваше месеци и денови, ќерките на една планина, се
видов и себеси со мојата ќерка и тогаш го сфатив шепотот. Се пронај-
дов себеси во времето и тоа беше најважно. Имав свое семејство, свопја
куќа и моите мисли кои запишуваа. Со нив успеав да препливувам и да ги
отфрлам стегите на нозете од новите времиња. Животот носи борби,
неочекувани и очекувани, па ја одвојува својата победа, онака како што
секој умее да се носи со судбинската страна. Прредодредената, во која
ниту Стана, ниту Јана или мајка ми не можеа да ја предвидат. Но, да
се рече не, тоа е страната која се бори и одредува нечие кажување. Кога
Милица реши да се мажи за татко ми, беше победата над разбојот, тка-
66
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
еното беше на мајка ми. Ја избра онаа страна која сакаше и тоа беше
доказ дека ќерките на планината ги менуваат тековите на реката. Веќе
не ја следеа низ оние места кои ним не им се допаѓаа. Ниту моите тетки,
што исто така избраа сами на која страна ќе тргнат. И сето тоа е веќе
традиција. Нова, си велам, додека стојам така и се обидувам да ја здогле-
дам куќата на Стана од истата страна од која таа за прв пат ја виде
и речиси го чувствувам стравот во неа. Оној, од врвот, додека слегуваше
низ него.
Борјана нешто ме прашува, јас ~ одговарам. Има шест години и
сакам да ~ објаснам каде ја донесов. Зошто се искачуваме толку високо.
Гледаш, – ~ велам – од тука се гледа куќата на прабаба ми, мајката
на твојата прабаба.
Која е... која? - ме прашува.
Она таму е црквата, па погоре од неа десно... – се трудам да ~ пока-
жам, но знам дека тешко ќе ја види. Од таму чадат само неколку оџаци.
Како облаци заборавени од времето. Старите жени забрадени во црни
шамии н` пречекаа кога стигнавме во селото. Им кажав кои сме, а тие
н` бакнуваа како свои.
Ти студи? – прашувам.
Не, – ми вели, па ми ја пушта раката привлечена од малите цве-
тови со жолти ливчиња кои се нишаат на ветерот.
Ја гледам како се наведнува и ги собира. Светлата косичка ~ пои-
грува на ветерот, тука горе на планината.
Тоа е мојата Петта приказна, за моите прабаби, баби, мајка, тетки,
за мене... За која с` уште имам да пишувам.
Секој автор е обележје на своето време, со печат на сопственото
битисување и спомените од мирисот на доживеаното. Тоа и го прави без-
временскиот тестамент за времето во кое живеам. Со сета автобиограф-
ска наративност за идните генерации, како доказ за настаните околу мене
и луѓето кои чекореле заедно со нив. Нека е тоа само мал елемент, или
страници испишани во момент на инспиративна духовност. Сепак е дел
од сопственото битисување. Моето битисување.
Од надежите, доживеаното, одживеаното, стравовите и радостите,
со сите убави и неубави настани од времето во кое живеам.
67
Дванаесетта Роднокрајна средба…
M-r Sanja Muchkayeva Vidanovska
CHANGING MYSELF I CHANGE THE WORLD
The writer introduces the inspirational moments with his first written
word. When the reader plunges deep into the story in at least one of his works,
he faces those parts of dreams that briefly emerge from experiences and memory
and then he feels that he encounters parts of the author‘s autobiographical
narration. Since the time is composed as a photography of a thousand words, it
brings to me as a writer the brilliant reincarnation of my childhood and youth,
my desires, plans and fears from the future.
Each author is a mark of his time, with a seal of his own existence and the
memories of the smell of the experienced. That makes the timeless testimony
of the time in which I live. With all the autobiographical narratives for the
future generations, as evidence of the events and the people around me. It
maybe only a small instant, or pages written at the moment of an inspiration.
Yet it is part of my existence.
68
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Проф. д-р Христо Петрески
ВКУСОТ НА ЦРЕШНИТЕ
Само тој што не започнал да
раскажува – не раскажал ништо,
односно не стигнал од една до друга
точка, не направил ни една стапка
ни постапка... Така и јас, си добив
домашна задача да раскажам за
моето детство, но од каде да почнам
и каде да завршам... Дали да раска-
жувам за првата или за втората куќа,
зашто имавме и живеевме во две
куќи во селото Растојца – Крушев-
ско, а сега Демирхисарско. Дали да
раскажувам за кучето Мурго, коњот
Брешко, кравата Мерка, или...
Па, ајде веќе раскажувај – како
да го слушам Вашиот глас и негоду-
вање.
Или, како да не раскажам дека учев во три села: Растојца, Ракитница
и Жван, а потоа – во Белград!
Но, како што секоја приказна има свој почеток и крај, така и јас
најпрвин ќе кажам (потсетам) дека селото Растојца е едно од најубавите
села, зашто не е ниту полско, ниту планинско, туку и едното и другото
истовремено.
Под селото тече реката со многу необично и оригинално име – се
вика Жаба, зашто има жаби, но има и риби, а во неа ловевме и тоа со раце
под камчињата – покрај мренчиња и кленчиња и пастрмки со вистин-
ски црвени точки. Не многу големи, но доволни ако не да се најадеме,
тогаш барем да пробаме и да се пофалиме со низалката од врба на која ги
нижевме.
69
Дванаесетта Роднокрајна средба…
А, кога сме веќе кај врбата – токму од врба правевме свирчиња, во
пролет, кога врбите имаа сок, а ние ги делкавме и правевме свирчињата
и така трчајќи и свиркајќи беревме и јадевме киселица по ливадите. Но,
беревме и јаглики, качунки, темјанушки, боливач, липа, кантарион, вра-
тика... Всушност, бевме дел од природата и живеевме и со неа и сред неа,
да не речам во неа!
Како деца јас и брат ми имавме куче Мурго, волчјак, попаметно дури
и од човек. Возевме велосипед, коj ние го нарекувавме точак и со него
одевме на училиште во Жван. Одвај чекавме да узреат дивите јагоди, но
и комшиските и селски црешни и јаболка петровки. Ќе скубневме грозје
од лозниците и малкуте лозја, а имавме и вкусни и крупни лубеници и
дињи кои беа презрели и распукани, но и пиперки долги како рогови од
брав и патлиџани розови и слатки како шербет. Сега си велам каде отиде
(исчезна) сета таа здрава и вкусна храна, па веќе не може да се повтори и
повторно вкуси истиот тој детски вкус!!!
Колбасите беа со чисто месо, со праз и црвени пиперки, а највкусни
беа варени со грав или испечени на раженче над жарјето од огништето
во шпоретот на дрва.
Ако продолжам вака со набројување и потсетување само за храната
– некој ќе рече дека сме биле гладни, што и не е далеку од вистината,
зашто одвај чекавме да си заминат гостите па да остане нешто и за нас
децата!
Но, не бевме само гладни, бевме и алчни и стрвни, немирни и
постојано во движење (шетање и трчање), лекциите ги учевме од нога,
а и домашните ги пишувавме најбрзо што може – под газиена ламба, а
подоцна и под електрична сијалица.
Со парчето леб намачкано со свинска маст, сол и пипер, или со вода
и шеќер, или со зејтин и пипер, одевме на фудбал, на капење, на клиска,
криенка-миженка, брканица, а понекогаш и на малку крадење во некоја
забранета градина, лозје, бостан или овоштарник.
Најголема беше радоста, дури волшебна, од качувањето на коњ,
возењето точак на еден педал, играњето во сламата и сеното во плав-
ната... Таму се чуваа зелените лубеници, но и крушите кои дозреваа од
доцна есен до рана зима.
А, кога ќе паднеше првиот снег – ние бевме први со самонаправе-
ните санки и дрвени скии на најблиската тумба на ридот.
Но, не сакав физичко и музичко, ниту општотехничко и хемија, туку
математика, физика, македонски, историја, географија, биологија... Ги
70
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
сакав учителот Миле од соседното село Ракитница, каде завршив трето
и четврто одделение, но и класниот Стојан од Брезово кој ми предаваше
француски и Бошко од Доленци кој ми предаваше математика и физика,
а добри беа и Ило од Граиште кој ми предаваше историја, Иванка од Жван
по македонски и речиси сите други наставници во Жван.
Како деца им помагавме на родителите со носење вода од селските
чешми, сечење и трупење дрва, нижење тутун и слични други работи,
но најмногу им се радувавме на селските слави: Ѓурѓовден, Меркурија и
Свети Ѓорѓија, а се разбира и на празниците: Велигден, Бадник, Коледе,
Василица...
Моите родители Васил и Круна и брат ми Гоце и јас точно знаевме
од каде и кога изгрева и заоѓа сонцето, па не ни требаше ни вистински
часовник и затоа гледавме што побрзо да излеземе од дома, а што подоцна
да се вратиме од полето и нивите...
Се радувавме, па дури и потскокнувавме од радост кога ќе добивме
петка, а најмногу кога ќе ни беа сите оценки петки и кога ќе добиевме
книга како подарок за одличниот успех и примерното поведение!
Газевме длабоки снегови, кои беа навистина големи но и ни се
гледаа така зашто ние бевме мали. Дури и кога би можело – никогаш не
би го променил своето детство, истото она кое беше и гладно и бедно,
и премрзнато и плашливо, и храбро и немирно, и единствено и непо-
вратно...
Па, токму и поради тие незаборавни и несекојдневни спомени,
минатата година ја реновиравме родната куќа, ја обновивме авлијата,
ги исчистивме и средивме (модернизиравме) собите, зашто сега имаме
и дома чешми со купатила и вода, каучи а не железни и дрвени кревети,
радија и телевизори, па дури и интернет што тогаш не можевме ни да го
сониме, а не пак и да го замислиме...
Мојот наставник Бошко, математичарот и физичарот, предвиду-
ваше дека ќе станам втор Никола Тесла, но ако Тесла не станав – станав
новинар, писател и професор, па еве вака можам самиот и постојано и да
си ги запишувам, раскажувам и објавувам своите спомени, сеќавања, кои
се едни и единствени!
Сега во Растојца расте висока трева, нивите се претвораат во ливади,
но белки еден ден повторно ќе растат и трчаат по ливадите, низ реката и
по селските улици – немирни, весели и убави деца!
71
Дванаесетта Роднокрајна средба…
КОГА МАЈКА МИ МЕ КАПИ
Кога мајка ми ме капи
тогаш не ми требаат никави капи
ниту шалови и ракавици
ниту палта и капути
ни пантолони со и без ногавици
Таа тогаш ме соблекува угол гол
и мене ми е срам поради тоа
а таа вели: ти си уште мал –
значи можам да шлапкам во вода
и да си играм спокојно во кал
Па наместо голем ќотек
чинија топло млеко и двопек
во ред ако водата е топла
ама ако е ладна мраз
ќе ми смрзне голиот г..
Е кога ме капи мама
селото ечи од галама
таа гребе трие стружи
ноктите в коси ги пика
па кој ли нема да вика
Но мама веќе не ме капи
јас не бегам не се плашам
почист сум од било кога
но верувајте тоа не е тоа
гњавењето ми фали троа!
72
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Prof. d-r Hristo Petreski
THE TASTE OF THE CHERRIES
In my childhood, my brother and I had a dog, Murgo, a wolfy dog,
smarter than a man. We were going to school in the village of Zhvan on a bike.
We were eagerly waiting to see the wild strawberries grow ripe, as well as the
neighboring and village cherries and summer apples, as well. We would scrape
grapes from the vines and the few vineyards, and we also had delicious and
coarse melons, melons that were overgrown and cracked, but also peppers long
alike the horns of a ram and very sweet pink tomatoes. Now I am asking myself,
„Where all this healthy and tasty food had gone (disappeared)“, so it can no
longer be repeated and again and again tasted thаt same childlike taste !!!
Or, I do not want to tell that I studied in three villages: Rastoica, Rakitnica
and Zhvan, and finally – in Belgrade! We were not only hungry, but we were
greedy, restless and constantly on move (walking and running), we learned
the lessons standing, and we wrote the homework as fast as we could – under
a gas lamp and later under an electric bulb.
We were happy and even jumped with joy when we got excellent five,
and most of all when all our grades were five and when we got a book as a gift
for the excellent success and the exemplary behavior!
We walked in deep snows, which were really big, or they seemed to us so,
because we were small. Even if I could – I would never change my childhood,
the same child who was hungry and poor, frozen and frightened, brave and
restless, unique and irretrievable...
73
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Ванчо Полазаревски
А СЛУЧКАТА КАКО ЈАС, КАКО ТИ
Понекогаш не одејќи таму
сум бил и потаму од тоа таму
Јас, Скопје 22 мај 2017
Не знам што се случи и зошто
беше така, но да треба сега со една
прецизна, изострена, остра слика
да се видам себеси пред мноогу
години, тоа ќе биде слика на голоб-
радо момче пикнато меѓу купишта
книги, како жедно голта букви и со
нив трага по нешто. Што? Тогаш се
уште недефинирана Одисеја, наве-
стено олеснување, возбуда, радост
што има некаде некој друг свет кој
не е барем толку суров, па ниту бана-
лен како оној што го опкружуваше.
Не дека нешто сериозно ми се зака-
нуваше мене, тоа момче, во тогашното мое битисување. Не. Некако све-
тот на возрасните ми изгледаше туѓ, далечен, чуден и просто неверојатно
беше тоа што се без некоја особен мака така лесно функционира. Тој при-
вид на функционирање. Тие големи фабрики, држави со долги богати
истории, некои политики и географии... а за цело тоа време милиони
луѓе со возови бродови и авиони одеа ваму–таму во некои многу важни
мисии. А други многу повеќе милиони гладуваат и гладуваат и умираат и
умираат. И никому ништо. Никако да се пикнат на време во некоја убаво
напишана, специјално за нив, книга.
Се подготвував и јас да патувам, да бидам во тој свет. С` уште бев
во некој личен не–свет. Затоа. Што е сето тоа, т.н. не–-свет, се обидував
да дознавам. Преку книгите. Многу им верував. А пак писателите, тие за
74
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
мене беа нешто сосема посебно, така што ниту средбите со чичко Ванчо
Николески кој со точакот се враќаше од риболов правејќи низ мојата
улица осмици не ме поколебаа во тоа дека тие ја имаат најубавата работа
на светот.
Многу, многу време ми беше потребно да сфатам дека се она што се
прекршува во мене, сето тоа читање и трагање, се се тоа всушност некои
страници од мојата главна, голема и најважна книга. Книгата на мојот
живот, мојот живот всушност, но некако пикнат меѓу кориците, па осло-
боден, па пак пикнат во некој игра која беше сериозна и истовремено
ужасно смешна. Но како да ја читам правилно неа. Тоа беа други знаци,
симболи, навестувања. Почнав да читам уште пожестоко. Па и, гледај
чудо, и да пишувам. Така се надевав дека ќе ја научам азбуката со која
најпосле ќе ја читам МОЈАТА книга. Книгата на животот на мене самиот.
Тоа беше уште поневозможна мисија. Секо читање нова книга, секое
ново сознание, ново учење, запознавање други личности, мои разно разни
случки од животот, кој се обидував да го направам посодржаен и тоа по
цена на кркање огромни количини страв, сето тоа на случајот јас МОЈАТА
книга му даваше нови и нови димензии. И тоа трае се до ден–денес кога
знам дека не можам а да не си ја живеам својата книга секој ден секој час,
како да ја читам и испишуваш истовремено. Просто да не знаеш дали прво
ја пишуваш или прво ја доживуваш па потоа таа се испишува. Гооолема
долга и сложена книга. Но токму онаа што мене ми треба. И што ме ослобо-
дува од многу нешта што личат на обврски, стравови. неверувања, лаги...
Пишував книги и пишувам, повеќе за децата но тоа е за мене важен сег-
мент затоа со нив успевам да го нахранам оној дел од детето во мене кој
ми носи свежина по некое сеќавање на младоста, на бистрото детско око
и љубопитниот ум пред кој се беше голем, но не несовладлив предизвик.
А денес и случаен поглед фрлен низ прозорецот кон глетката на мајка
и синче и ете една поплава од емоции, сеќавања од онаа густа измаглина
наречена мое детство. Јас и мајка ми на улица. Сеќавање на сеќавање на
сеќавање и тн. Слоеви и слоеви сеќавања предизвикани од глетки, мисли,
прочитани нешта разговори со ќерка ми... и ете го тоа, секој од нив им
дава нова нијанса на оние сеќавања кои еднаш ти се чини зацврснале, се
бетонирале во мислите. Таа напластенсот се како некој хумус на животот
кој ми помага да гледам на некои условно поважни настани од детство на
еден покомплексен начин.
Всушност никогаш, никогаш нема да мислам на случката со рибо-
ловот со татко ми на оној начин на кој мислев чувствував тоа рано утро
75
Дванаесетта Роднокрајна средба…
пред мнооогу години. Тој Ванчо кој ја фрли всушност таа му падна, малата
јадицата плас пред нозете и покрај убавите објаснувања и насоки на татко
како се замавнува и фрла јадица. И во тој миг уплашен збунет почуствував
какао нешто да ми ја исполнува миговната желба да се извадам од таа
ситуација здрав, неповреден и тап – невидена радост, затоа што тука пред
нозете, на така фрлената јадица, се запрпелка риба. Првата моја уловена
риба, несмасно, со некоја моја посебна ванчовс..
Првата моја уловена риба, несмасно, со некоја моја посебна Ван-
човска среќа. Дали тој настан ќе ги определи или ги определил сличните
настани. Не, се разбира. Тој може да биде само, на пример, вовед во некои
нови риболови, несмасни и со среќа зачинети, пренесени во одењето во
училиште, изразувањето симпатии кон девојчињата пишувањето песни
или моето однесување кон родителите кои стареа а јас чекорев несигурно
кон се позрелите години.
Тој неисцрпен извор, детството, кај мене се преобликува секој
момент, секој нов настан, па и оваа средба со вас со некој ваш текст
барем за нијанса ги преобликува моите посети на далечните предели на
детствувањето. И што... па ете, на пример, можам цврсто да застанам на
ставот, споделен неодамна на една работилница за пишување книга за
деца во Падула, Италија, дека насекаде наоколу како впрочем и сега и
овде, има безброј приказни и тие се, ете, безброј полски цвеќиња, ги пода-
ваат рацете кон тебе–мене и ти велат–ми велат на свој различен начин,
напиши ме, мисли ме, радувај ми се, биди медиум на мојата убавина за
другите кои ете, зафатени, не ме гледаат.
И јас да, понекогаш ги кинам и сместувам меѓу кориците на некоја
книга, некогаш ќе ги погалам и ќе одмавнам со главата, во ред е, доста е
и толку, благодарам, понекогаш ќе се загледам во нив длабокоумно и паф
ништо од тоа, нема длабоки мисли само некоја топлина што гледам така,
за мене сфатливи нијанси.
И ете ме до мислата дека секој и најмал контакт со се она што е во
погоре прочитаното во мене го држи во живот оној дел од детето кој е
супстрат на радост, улиште од желби, идеи што еден ден а нив ќе ги има
мнооогу ќе се остварат.
Веројатно постојат некои клучни настани во годините што како од
некое друго време несфатливо по своајта едноставност сега ми ги нудат
своите изнијансирани чувства. тоа е моето долго возење на велосипед
кога татко ми ме носеше да примам инекција по еден незгоден пад од
ѕидот под белите дудинки. Глетката на мајка ми целата во црнина како
76
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
се враќа од Кичево каде била на погребот на мојот дедо. Смокот кој еден
ден се појави и во сивата прав на нашиот двор направи вистински дар-мар
скокајќи и камшикувајќи го воздухот. Па оние наши детски горди, воин-
ствени враќање од војната со планините со трофеи во рацете. А трофе-
ите беа толку мирољубиви, китки темјанушки врзани на врвот од некоја
гранка. Колењето свиња како ритуална лапачка за сите. Со с` она што
таа доооолга вечер се претвораше во прослава на џваќањето, смеењето
и забрзаното прибирање на месото маста и друго при што ние, децата со
нетрпение го чекавме мочниот меур кој утредента ќе беше нашиот нов
фудбал....
И по тие најдетски денови се напластуваат случки кои на прв поглед
вредат да бидат важни, да бидат некои пресвртници но за моето пишу-
вање во нив не гледам нешто посебно. Меѓу нив нема случка настан што
радикално би го изменил мојот однос читач–пишувач–живеач. Ниту пак
во настаните што потоа се нижеа војски женачки дете дружења патувања
пишувања работа ...
Се околу мене се згуснуваше во една СЛУЧКА. Се околу мене и денес
е огромна да речеме, бразилска плажа. Зрнцата светкаат на сонцето и се
мислат поважни од другите. Не ни можам да ги издвојам, се вртам кон
плажата и погледот на сините мечови кои го сечат океанот како остри
но и правдољубиви бранови, галебите кои исцртуваат портрети на непо-
знати плажни љубовници во воздухот.
Затоа пак пред некој ден случка достојна да порасне во расказ.
Чекам автобус во близина на хумантираниот дом Даре Џамбаз во Скопје.
Минува еден мој познаник, човек веќе во години но со прилично нежен
психолошки статус. Секогаш го поздравуваме и разговараме. Тој поч-
нува да зборува од некое среде. Лесно се вклучувам во муабетот, та не
мие првпат. Овој пат се жалеше на нешто не баш прецизно дефинирано
а на мојата забелешка дека светот би бил многу полесен за живеење кога
барем не би си правеле толку лоши работи едни на други. Тој, молкум, без
никаква промена на изразот на лицето ме фати за левата рака и ја навали
главата на моето раме. Ја подржа таму неколку секунди. Ме гушкаше. На
свој начин. Го погодив а богами и тој мене. Таква гушка, со толку вистин-
ска радост не сум доживеал со години, толку емоции. Се беше јасно и си
разделивме молкум.
Така, слично на оваа случка се нижеа години во мојот живот кога
требаше да се направи оној вистинскиот потег, да се најде соодветен
збор, во разно разни доживувања за да дојде до една таква гушка. Тешко
77
Дванаесетта Роднокрајна средба…
е, тешко беше и ќе биде и за мен... и за мене и за многу како мене. Но јас
пешачам, пишувам, разговарам и очекувам такви гушки, невидливи пода-
дени раце, глави оддалеку потпрени на рамиња, гушки погледи, гушки
зборови. Така се испишуваат страници, а така богами преку еден допир
на рамото се кажува неискажливото, нешто што нема уште збор.
Тоа се страниците на мојата книга што се нижат, страници кои ги
читам и пишувам истовремено, отворени и за други. Во нив има и реченици
од вашите книги поезија или проза, пикнати некаде каде што мислам дека
им е местото и тие таму чекаат да бидат прочитани, гушнати, разбрани
како дел од нашето големо семејство пишувачи–гушкачи и сонувачи.
Верувам во таквото пишување кое како да е тукушто полетана птица од
твојата рака која си сакал и не си сакал да одлета, тоа е и како да се глу-
пираш на секој чекор замислувајќи се дворски шут на кралот Ден. Што се
заедно сепак изнудува насмевки, пријателства нови инспирации иако по
својата специфична тежина не спаѓаат во нешто особено.
Особеноста ќе ја добијат кога за тоа ќе дојде време, ќе дојде некој
мил човек со некој свој гест во нив ќе го препознае токму оној дел од
своите соништа по кој толку време трагал, или можеби тоа ќе биде мала
веднаш препознаена надеж лага која за миг ќе му ја олесни понатамош-
ната потрага.
Ете еден дел од моето секојдневно инспиративно живеење, романот
кој ве кани да гостувате во една негова глава. Да му го додатете она што
не може никој друг освен сега и овде вие и јас заедно. Верувам во секое
миговно менување на авторот и кога сега пак би седнал пред компјутерот
и би почнал на истата тема да пишувам тоа би била една навистина НОВА
Случка. И така си била една случка и уште една и уште една. Всушност да
не се лажеме. Тоа биле три случки. Која од нив е главна? Па, од каде да
знам, кога тие уште се случуваат. Да живеат случките што се случуваат и
не случуват и ќе не случуваат што е можно подолго време.
78
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Vancho Polazarevski
AND THE EVENT SAME AS ME AND YOU
I do not know what happened and why it was so, but I need now with
a precise, sharpened, sharp picture to see myself far in the past, it will be a
picture of a beardless boy among a bunch of books, in its thirst swallowing
letters in quest of something.
Somehow the world of the grownups seemed strange to me, distant and
just amazing, because it functioned without any particular effort, so easily. That
functional illusion. These large factories, countries with long rich histories,
some policies and geographies ... and throughout that time, millions of people
in trains, ships and planes moved here and there in some very important
missions. And many more millions of other people starve and starve and die
and die, as if there is nothing wrong. They even do not succeed to enter on time
in any beautifully, especially written book for them.
A casual look thrown out of the window toward the view of a mother
and a son causes a flood of emotions, memories of that dense mist called
my childhood. I and my mother in the street. Layers and layers of memories
caused by sights, thoughts, readings and conversations with my daughter ...
and that‘s it, each gives a new nuance to those memories that once seemed to
be solidified, concreted in our thoughts ...
79
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Ѓорѓи Прчков
ОД МОЈАТА АВТОБИОГРАФИЈА
Во почетокот Бог ги создаде
небото и земјата. И го создаде Бог
човекот според образот Свој од
прав земен и му дувна во лицето дух
животен и човекот стана жива душа.
Што се случи за после да се изроди
писателот лично не знам, но прет-
поставувам дека Тој некому дувнал
повеќе од креативноста Негова и го
благословил да ја распространува
на хартија, разбранува низ мислите,
за на крај да ја закотвува во дама-
рите, како израз на исполнетост. И
за прв пат да го оставам настрана
моето писателско творештво, за да
не помислам дека јас сум еден од
благословените и едноставно само
се потсетам на настаните кои неизбежно станаа значаен дел од животот
при креирањето на моите ликови.
Детство, детски игри, другарување, учење и училиште, воспитување
и пркос. Табула раза во почетокот, но требаше да се внимава од нечитки
записи. Во прво време детето ќе перцепира информации од сите извори
без оглед на потеклото со што се заокружува неговата генерална моќ на
спознание. Благодарение на механизмите на селектирање на податоците
во соба за чекање, соба без врати и ходник без сигурносни контроли, веќе
малата личност крои вистински одговори. Во најлош случај личноста, сега
веќе можеме да зборуваме за личност, може да дозволи непријателски
агенси да ја пробијат резервата на совест, блиндирана таму длабоко во
затемнетите стакла на воспитанието. Влијание на блиските и постарите
80
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
најчесто се одразува како ожитворувањето на копијата од уметникот кој
доколку е неумесен ќе направи дело за потсмев, односно обратно, право-
пропорционално на неговата професионалност и вдаховеност ќе направи
дело за уживање. Што бев ако се погледнам во тој мој детски свет, тогаш
несфатен поради зрелоста која не сакаше да размислува за настанокот
на звездите, ако не темел на емоционалност во односите кон себе, дру-
гите, целиот свет и повторно во себе како единствен носител на бремето
наречено живот. Секако детството не е поврзано само со јас детето, туку
го помнам и јас воспитувачот. Имено, мојата целоживотна работна про-
фесија како наставник по македонски јазик и литература, ги создаде и
поведе најчестите теми во почетокот и доста потоа во книгите за деца
и млади. Морално – психолошките ситуации поврзани со оваа попула-
ција и односот ученик – наставник го отслика присуството на педагошко
– дидактичкиот аспект во мера која не и наштетува на уметничката екс-
пресија на делата и истовремено предизвикува естетски ефект кој придо-
несува тие да се читаат со големо задоволство.
Младешки години. Тукашните алтернативни превирања можеа да
ја променат предвидената насока радикално во состојба со мали повреди
на нечии ега или и понатаму да се продолжи со детските сништа. Ресур-
сите беа во полн капацитет, сите на број и со с` уште недефинирани цели
после чија неодлучност ќе треба да се докаже подготвеноста на личноста
да се уфрли во виорот на животот. Блага критика и воедно дескрипција на
овој период како ентузијастичко цицање од сите корени на благосостој-
бата без оглед на потеклото на коренот и должината на редот на чекање.
Или тест прашање прилагодено преку следната алегорија: што е најлесно,
најмало и најбавно? Човечката добрина денес ја има помалку од еден пер-
дув на петел во селски кокошарник. Човечката мудрост денес ја собира
во малата заграда во формулата за коефициентот за интелигенција. Вер-
бата во Бога денес е дел од куќичката на полжавот учесник во трката без
награди, чија цел не е целта. Тоа го научив тогаш. И тоа не стоеше во мене,
сакаше да експлодира и да ме однесе со себе во воздухот, секако ако му
дозволев. Но, јас го нареков чувства кон светот кои и треба да се искажат
пред светот преку некој друг јас, алиас писателот во мене. Така почнаа да
зовриваат идеи и амбиции, кои во почетокот не беа намерени кон бег од
анонимноста, но подоцна тоа и ми го сторија. Со секое нивно пласирање
во јавноста се повеќе ја чувствувам моќта да влијаам и го менувам светот
околу мене. Тоа не беше видлива промена како градењето на облакодер,
но беше минорен глас на совеста која сакаше да се вгнезди во душите нао-
81
Дванаесетта Роднокрајна средба…
колу и ги натера да поитаат кон сродноста, бидејќи пред гревопадноста
беа замислени идентични, барем во поглед на љубовта. Без дидактички
морализам, а сепак чувствителен кон моралната проблематика, најавуван
уште во книгите за деца и млади, продолжуваше експонирањето на при-
стапот во литературата пишувана за возрасни. После турбуленциите во
државата и стеснувањето на просторот за детската литература, промената
на стилот и јазикот беше неминовна. Уште и влијанието на природната
позиција на родното место се манифестираше преку романескниот жанр
кој обемно ја изразува тематската и амбиентална роднокрајна поврза-
ност со Битола. Роден битолчанец би требало суптилно и минуциозно,
совршено и уметнички уверливо да ги предаде најбитните психолошки
црти на граѓанинот од „најградскиот град“ во Македонија, кој се профи-
лира низ неговата со драматични настани пребогата историја. Имено таа
не е предадена како хронологија на историски настани и личности, туку
имплицитно се содржи во романите, се чита помеѓу редовите, се иска-
жува како менталитет на личности од современиот градски живот. Често,
иако навидум креација на авторовата имагинација, во нив можат да се
идентификуваат и конкретни личности од битолското милје, во многу
случаи предадени со име и презиме. Примената на таквата литературна
постапка доведува до сатира, односно гротеска, како на некои инспира-
тивни мигови од животот би се гледало од нивната опачина, карневалски.
А, сето тоа алковидно во синџир поврзано, си бараше соодветен стил и
јазик интересно одомаќинет во експлозивни реченици. И можеби секој,
и не од писателската фела, би побарал и напишал зборови за визуелизи-
рање на обиколката на Саат Кулата, плоштадот, Безистенот, паркот на
пензионерите, џамиите, старата чаршија, Широк Сокак, шеталиштето,
Тумбе Кафе, железничката станица, Хераклеја, Сива Вода, Светонедел-
ските гробишта, околните ридишта, гимназијата ... места за кои набљу-
дувајќи се себеси, забележав многу значајни моменти кои придонесоа за
помал или поголем пресврт во мојот живот, моменти кои не само што
ми дозволуваа да уживам во нивните раритети како родност туку и ста-
наа моја пасија, водилка и творечка инспирација. Обиколувајќи ја Битола
направив круг за повторно да се вратам кај Саат Кулата, и тука моите
инспиративни моменти да завршат.
Смислата на писателовото постоење. Згаснување на животот или
како што старите рекле: век ко снег. Дури и Буда кој потекнувал од кралско
семејство не можел да се помири со помислата дека постои старост, болест
и смрт, па се посветил на аскетскиот живот за да открие нешто повеќе.
82
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
За прв пат личноста има можност да се заврти позади себе со носталгија
или каење низ ретроспективите кои заради природноста на законот дека
идното доаѓа по поминатото, овозможува само воајерски реплики во веќе
мозочни конзервирани слики, а не и репетиција на потребни секвенци.
Околу неа огледалата ќе промовираат детали од незавршените обврски,
од повикот на крвта и нескриена гордост за генерациите кои доаѓаат и
се најубавиот дел од планот. Ако во претходните периоди се грабаше она
што доаѓа без оценка на потрошените сили во офанзивата, овде страте-
гијата наметнува вдишување на аромата на поседуваното нешто во прво
време, за потоа да се пролонгира неговата употреба до максимум од рокот
на употреба. Атрибутите на младоста ќе мора да се коцкаат со тајмингот и
тоа само на една карта со тоа што со вртењето на стрелките во правец на
часовникот останатите карти се познати. Волјата едни стимулира да оста-
рат во текот на запишувањето на сопствената судбина, додека другите да
го вратат својот дух некоја година порано, кога не му беше потребно да
чека чаша вода. Зар не е доволна грбата на старецот преполна со грижи
кои не се задоволиле со паразитско вселување во неговото срце, туку се
прелеале низ душата во рахитичната топка? Атеистичките скршнувања го
оневозможуваат неговото легално прифаќање на смртната раса и заблу-
дата ја претвораат во фобија. Надежта, за жал заминува со последната
лопата земја, а споменот ќе бледнее од непомирливоста. Еден старец нато-
варен со дрва, воздивнувал и ја барал смртта. Кога таа дошла и го прашала
зошто ја вика, не се двоумел да ја замоли да му поткрене на товарот. Но,
не се плашете, има уште еден чин. И видов ново небо и нова земја, зошто
поранешната земја помина, и морето го немаше веќе. Потоа ги видов мрт-
вите, мали и големи како стојат пред Бога. Се отворија книги и судени
беа мртвите според запишаното во книгите, според делата нивни. И кој
што не беше запишан во книгата на животот, беше фрлен во Огненото
езеро. Блажени се оние кои ги исполнуваат заповедите Негови и ќе бидат
достојни за дрвото на животот и да влезат во градот низ портите.И гра-
дот нема потреба ни од сонце, ни од месечина, зошто Божјата слава го
осветлила. Вистината е на послужавник, критериумите за добивање на
влезницата се запишани на стотици јазици, нејзината цена е платена на
Голгота. Што сакаме повеќе? Збунети од сопствената несреќа паѓаме во
искушение да се сомневаме во единствениот пат. Збунети од среќата на
оние кои не ја заслужуваат се препираме со Творецот на единствениот
пат. Збунети од нашата конфузија се поблиску сме до местото надвор од
портите. Уверени во сопствената кристалност не можеме да го поднесеме
83
Дванаесетта Роднокрајна средба…
понижувањето. Уверени во гревот на другите не се согласуваме со нив-
ната добивка. Уверени во нашата увереност повторно сме подалеку од
портите. Приемниот тест за вечноста е однесувањето на земјата. Мате-
ријалните и духовните задоволства се поставени на штанд и се користат
по принцип на самопослужување. И едните и другите може да стигнат
во погрешни раце и злоупотребата да создаде пропаст или моќ, со што се
нарушува локацијата на носителот. Површинскиот поглед открива мир и
среќа, подлабоката анализа е исто измамена со благосостојба без грижа
на совест, а суштината е во тоа што ние малцина во нивна кожа не се
чувствуваме така.
Смислата на писателовото постоење. Ниче велеше за себе дека никој
не страдал толку многу за она, како што тој страдаше. Дали е тоа сопстве-
ната болка и тага, кои во почетокот се толку непријатни, а подоцна само
цел за доделување облик, за формирање на нешто видливо кое ќе може да
се искаже, напише, стане писателски стремеж, искачи на пиедесталот на
анализата, додека не почне самото да се намалува како олеснувањето по
вбризганиот медикамент. Или тоа е љубовта кон себе, која иако не бара
свое ако е вистинска, се поставила грижливо спрема нејзиниот носител и
ги раширила своите штитови способни да ги одбијат стрелите на Злиот.
Или љубовта кон другите кои треба да научат од туѓите грешки кои не
болат на листот хартија и не бодат со црното мастило, ами само предупре-
дуваат на знаците на патот кои без превезот на гордоста читливо се гле-
даат. И доколку споменатите филозофи тоа се запрашале и којзнае дали
го добиле одговорот кој го очекувале, што ми преостанува? Можеби само
пофалба до мојата автобиографија и сите нејзини моменти кои станале
инспиративни и доволно силни да говорам денес за мојот писателски дух.
Немајќи мирен сон, горенаведеното не можев да го оставам незапи-
шиано, истргнато од целото мое творештво, сместено во три тома од по
пет до шест илјади страници.
84
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Gjorgji Prchkov
OUTLINES FROM MY BIOGRAPHY
Youthful years. The resources were at full capacity, all in number and
with still undefined goals and indecision which have to prove the readiness of
the person to throw himself into the whirlpool of life.
Is it one‘s own pain and sorrow, which in the beginning are so unpleasant,
and later only the purpose of giving shape, forming something visible that can
be expressed, written, become writer‘s aspiration. Finally, it could climb the
pedestal of the analysis after which it begins to reduce itself as a relief after the
injected medication. Or is it the self–love, which is selfless when true, which
has taken care of its bearer at the same time ready to spread out its shields
capable of rejecting the wickedness of the Evil One.
Perhaps only praise to my autobiography and all of her moments that
have become inspiring and strong enough to speak today on my writer spirit.
Lacking a peaceful dream, I could not leave the aforementioned,
unwritten, extracted out of my whole creative work, placed in three volumes
of five to six thousand pages.
85
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ
МАРИОВСКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
Новиот закажан Собир во При-
леп на тема за Мариовскиот регион,
ме наврати на изминатите години,
поминати во летните месеци во
Мариово. Имено, Катедрата за исто-
рија на книжевностите на народите
на СФРЈ започна проект – Моногра-
фија за културното, фолклористич-
кото и етнолошкото наследство на
Регионот. Целиот состав на Кате-
драта три години, вообичаено во
месеците септември или јуни, рабо-
тевме во три правци. Во 1976 година
допатувавме во Старавина. Ги обра-
ботувавме фолклорно, етнолошки,
историски, селата: Старавина,
Маково, Орле, Градешница, Зовиќ,
Груништа и Будимирци. Во 1977 година допатувавме во Витолиште,
значи од Битолскиот мариовски регион се преселивме во Прилепскиот, во
селата: Витолиште, Бешиште и Полчишта. Во 1978 година го обработивме
локалитетот Кавадарски. Работевме во селата Рождени и Мрежичко.
Работевме заинтересирано и долго во ноќните часови, кога изморе-
ните селани од полето се враќаа дома. Собравме задоволителен материјал
за Монографијата, снимен на касети. За жал, се случи невиден настан.
Раководителот на проектот проф. д-р Кирил Пенушлиски ги сместил касе-
тите, собрани од сите нас учесниците, во библиотечните полици во својот
кабинет на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Кога ги
побаравме за да започне проектот, касетите исчезнале. Објаснението
беше дека во летниот период се вршеле поправки на Факултетот и мајсто-
86
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
рите, најверојатно, ги украле касетите. Јас бев вчудоневидена, зашто три
години го лишував семејството од моето присуство дома и работев многу
заинтересирано на трагите од богомилското учење во Мариовско. Нај-
дов прекрасен богат материјал и одвај чекав да ја започнеме работата
врз Монографијата. Бев хендикепирана, а верувам и сите учесници. Но,
до ден денес не можам да не си го поставам прашањето: „Зар не се случи
задолжителна истрага по крадците?“ Да, не се случи. За дел од тоа истра-
жување имав зачувано во дупликат одредени фолклорни материјали, еден
мал дел, и ги објавив во Зборникот, посветен на богомилството, од одржа-
ниот Меѓународен симпозиум посветен на богомилското движење.4 Нас-
ловот на мојот текст гласеше: „Дуалистички елементи во македонскиот
фолклор“. Рефератот предизвика интерес на одржаниот Меѓународен
симпозиум во МАНУ, во 1979 година, на 30-31 мај.5
Во случајов не е важен мојот настап на овој Симпозиум, колку што
денес овде сакам да нагласам дека исчезна неверојатно богата материјал,
кој денес ниту во еден процент не може да се собере во испразнетите
мариовски села. Ако одразот на богомилството го објавив во незначи-
телна мера одразен во творештвото на жителите од Мариово, а тој најде
значаен одзив кај истражувачите на богомилството, се прашувам колкаво
би било значењето ако беше објавен целокупниот мој собран материјал?
За корените на богомилството и денеска се јавуваат разногласија, но
изворите и фактите се на наша страна. Зарем тој богат собран материјал
во Мариовско, собран на крајот од 20-от век, не ќе покажеше каде биле
вкоренети богомилските општини? Сепак, доколку се најдат сили за една
нова Монографија за Мариово, укажувам да не се заборави барем и овој
кус објавен текст. Во моите долгогодишни истражувања за развојот на
богомилството , особено низ целиот терен на Р. Македонија, особено на
неговите траги, истакнувам дека најбогати показатели останале во Мари-
ово. Доколку не ги извршевме тригодишните истражувања во седумдесет-
тите години на 20-от век, за овие показатели денес ќе немавме никаква
претстава.
Не можам да се помирам со паралелите што ги направив минатата
година, на времето кога работевме во него, и денес. Школите во селата
вриеја од ученици, учители. Особено предничеше Старавина, со големо
4. Вера Антиќ, Дуалистички елементи во македонскиот фолклор, Зборник: Богомилството на Балка-
нот во светлината на најновите истражувања, МАНУ, Скопје 1982, 113-127.
5. Симпозиум: Богомилството на Балканот во светлината на најновите истражувања“, 1978.
87
Дванаесетта Роднокрајна средба…
училиште, полно со деца, лекари, учители, полиција, кафеанчина, дуќан-
чиња. Денес, во летниот период, кога Старавина ги открива своите при-
родни убавини, таа е празна, пуста, одвај да сретнеш некој старавинец,
придојден на летен одмор. Идентичен е случајот со селото Витолиште,
со училиштето „Стале Попов“, кое денес е празно. Одвреме навреме слу-
шам за некои обиди да оживее овој крај. Денес во Мариово не работи
нити едно училиште?! Се распослале само природните нејзини убавини,
и единствениот жив манастир „Свети Никола„ со игуменот монах Никола
(Трајковски) и уште еден помлад монах, а колку нив ги имало активно
неодамна? Во овој манастир откриени се трагите на црквата уште од
11-от век. Замираа и пребогатите средби на Друштвото за организирање
на Мариовско-мегленските културни средби. На една богата средба што
се одржа во 1990 година, учествував со делумниот фолклорен материјал
од споменатите претходни истражувања.6 Рефератите од Собирот беа
објавени во 1994 година во посебен Зборник.7 Собирот донесе добар
материјал, како што беше случај, за секоја пофалба, и со другите Средби
организирани од Друштвото. Денес охрабрувачки потег е да дојдеме до
целисходни цивилизаторски одлуки, за да се зачува, ако не општестве-
ниот миг на Мариово, тогаш богатото културно и духовно наследство.
Затоа овој Собир во Прилеп нужно е да донесе мерки во правец на реа-
лизација на сите можни ситуации за реафирмација на Регионот, покрај
многу пропусти направени во минатиот период.
Честопати состојбата со опустошеното Мариово е предмет на дис-
кусии, околу неховата реанимација. Се споменува американската ком-
панија „Dupon“, за производство на бензин, која би требало да започне
со работа идната година. Други предвидуваат отворање на сточарски
задруги, пчеларски здруженија. Селото Манастир (Манастирец) на денот
на патронот во изминатите години доаѓале околу 30 славеници, а денес
нивниот број со туристичките агенции е околу 400. И оваа бројка не е
голема, но во разговор со игуменот се добива впечаток дека туристите
заминуваат од манастирот со убави впечатоци , сместен во селото во кое
нема ниту еден жител.
Посочувани се примери за оживување на запустените места со
изградба на стопански објекти, кои носат луѓе, деца. Покрај тоа се ука-
6. Фолклорот и етнологијата на Мариово и Меглен, објавени материјали од Научниот собир одржан
во Прилеп и Витолишта на 24 и 25 мај 1990,
7. Фолклорот и етнологијата на Мариово и Меглен, Прилеп 1994.
88
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
жува и на неколку значајни потфати. Може да се се земат предвид свет-
ските трендови за развивање и добивање на енергија, од изворите: ветер-
ници за производство на струја, сончеви панели за производство на струја
и водотоци на мариовските мали реки. Овие укажувања можат да донесат
инвеститори за искористување на сончевата енергија, за користење на
ветровите и за искористување на малите водотечени, каде што можат да
изникнат повеќе производители на енергија. Позитивно знаеме дека еден
германски инвеститор сакаше да направи една од најголемите сончеви
централи во Регионот, но беше одбиен со недообјаснети аргументи. И
трите овие споменати извори се неискористени. На овој план незаоби-
колни се студиите објавени од стручнии научни лица, како што е евиден-
тен примерот со студиите на Илија Андонов Ченто, објавени во посебни
зборници, а снимени се и во CD дискета.
Сведоци сме на убави примери во соседните и други земји, кога во
едно полу иселено село животот продолжува со пригодни туристички и
приватни објекти, не од прва категодија, но симпатични со својот локален
стил. И приватните куќи, прилагодени кон посовремените туристички
објекти, привлекуваат гости, особено од видот на тие што сакаат мир
во извонредните бои на пребогатата природа. Мариово во изобилство е
податливо од овој аспект. Со оглед на тоа што селото Манастирец е се
почесто се споменува, токму во него можни се неколку скромни, но уре-
дени, објекти, кои ќе им подадат рака на туристите, а и на љубителите на
природните убавини. Само за почеток!
Во секој случај, како учесник во Мариовско–мегленските средби,
особено со мојот колега Георги Сталев, со кого и започнаа понапред спо-
менатите научни истражувања за Монографијата на Мориово, сакам да
укажам дека и постојниот историски, фолклорен, етнолошки, културо-
лошки прибран материјал, треба да се сумира во едно пошироко резиме
за минатото на Мариово. Секако, тоа треба да го подготви и реализира
сериозно избран Одбор, кој понатаму врз основа на сумираните резул-
тати, ќе даде правци на идна работа. За разновидните дадени насоки
во правец на насловот на овој наш Собир, би било целисходно за секоја
област да се побара исклучително општествено стручно и научно мислење
од најкопететни лица. Во овој правец ќе се земат предвид и имињата на
лицата кои се јавуваат или често се повторуваат во издадените зборници
и разновидни книги со проблематиката која сега , иако многу задоцнето,
се наметнува како императив, зашто регионот Мариово е нераскинлив
орган од телото на Република Македонија. Како основа пред нас го имаме
89
Дванаесетта Роднокрајна средба…
пообемниот наслов „Мариово, природни и социо–економски облежја и
можности за развој“, со видувања во овој правец на еминентни истражу-
вачи, стучни и научни лица. Собирот бил одржан во 1986 година во При-
леп и Витолиште, а Зборникот бил бргу објавен во 1987 година.8 Во него
дадоа свој придонес 40 личности од разни научни области.
Овде сакам да укажам на еден извонреден пример за развој на многу
мала држава, која се наоѓа многу далеку од нас. Всушност станува зор за
Сингапур, за чиј развој и слика денес имаме совршена претстава, но тоа
не било ни оддалеку така во минатотот. Имено, премиерот Ли Куан ЈУ
владеел во Сингапур од 1959 до 1990 година. Се школувал во Кембриџ
и на 31 година бил избран за премиер. Во земјата и надвор од неа бил
познат под името „Мал азиски тигар“ Со своето владење остварил силна
економија, пристоен живот за сите граѓани. Една од мерките за напредок
на државата бил неговиот цврст став за афирмација и дејност на високо-
умните луѓе, задржувајќи ги во својата земји најуспешните млади умови,
со давање на посебни привилегии и услови за работа и живот. Имав чест
да го запознам една вечер во Сингапур, во хотелото во кој бев сместена,
каде што ми пријде да ме запраша каков е мојот впечаток од Сингапур.
Јас му одговорив со извонредни пофалби, без да имам појма со кого раз-
говарам. Отпосле, откако видовме дека тој им пријде и на други гости, ни
соопштија дека е тоа премиерот Ли Куан Ју. Да, тој најде време да ја види
сликата за Сингапур на една непозната Македонка. И во нашите мудро-
носни поговорки среќаваме: „Умот царува во светот“. Тој голем Човек на
една мала земја, почина оваа година, испратен со солзите на сите свои
жители, на 22 март 2015 година.
Денес постојат извонредни богати можности да се проследат пози-
тивните примери кај Другиот и да се задржат или применат во друг лока-
литет.
8. Зборник: Мариово, природни и социо-економски обележја и можности за развој, Прилеп 1987.
90
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Prof. d-r Vera Stojchevska Antic
MARIOVO CULTURAL HERITAGE
In my many years of research for the development of Bogomil movement,
throughout the whole territory of the Republic of Macedonia, especially its
traces, I point out that the richest indicators remained in Mariovo. If we hadn’t
performed the three–year research in the seventies, for these indicators today
we would have no idea.
I can not reconcile with the parallels I made last year, at the time we
worked in it, even today. Schools in the villages were boiling with pupils,
teachers. Staravina, had such a big school, full of children, doctors, teachers,
police, cafes, shops. Today, in the summertime, when Staravina reveals her
natural beauty, it is empty, deserted, scarcely to meet a Staravian, who is on a
summer vacation.
The case with the village of Vitolishte is identical with the „Stale Popov“
school, which is also empty.
91
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Биљана Талевска Димко
ОД ДЕТЕ СЕ ПРАВИ ЧОВЕК
Мојата година на раѓање ана-
лизирана во општа смисла ама
воопшто ништо не значи, таа е
само фактички податок во матич-
ната книга на родени, но, ако таа
година се анализира заедно со зби-
рот состојби и настани од тој период,
тогаш с` некако има смисла, особено
сето она што нема смисла.
Родена сум во мугрите на уми-
рањето на Титова Југославија. Ве
молам простете ми поради тоа што
немам апсолутно никакво позна-
вање за земјата во која се родив,
освен скудните лекции од учебни-
кот по историја и татковата значка
од ЈНА заедно со книгата „Ми смо
титови, Тито је наш“ којашто ден
денес ја чувам поради тврдиот повез како пример за добро уредена книга,
во денешно време ретко се печатат таков формат на книги.
Деведесеттите години беа зародиш на духовната беда на балкан-
скиот човек. Ова го дознав по години кога сретнав мноштво луѓе кои
живееле подолго од мене во земјата во која се родив. Кај некои од нив
незадоволството од новата татковина беше поголемо од она во старата,
назад немаа каде, а новиот живот им беше некако блуткав и на крајот се
одлучија „да животарат како знаат и умеат“.
Моето семејство отсекогаш било дел од решавањето на национал-
ната стратегија – создавање татковина. Мојот прадедо имаше дваесет и
три години кога загина во Втората светска војна, овој неблагодарен факт
често ме иритира затоа што неговата смрт го поремети целиот разгранок
на семејното дрво, верувам да останеше жив, многу работи ќе беа поинаку
92
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
и тука морам да го поставам полупрашањето колку за мене толку и за
читателите: што разбира млад човек од дваесет години за воена состојба,
освен да послужи како топовско месо?
Љубовта кон татковината ако не е контролирана, може да прерасне
во опсесија, а ние луѓето на Балканот горе–долу сме програмирани на
краток фитиљ и за кратко може да настане холивудски карамбол.
Човекот е цел систем на противречности кои едни со други се
непријателски поставени веројатно затоа што тој уште долго нема да биде
во ментална можност да ги сфати неговите биолошки ограничувања, а
едно од нив е дека животот има крај.
Како и зошто се одлучив за писателскиот занает?
Кратко и јасно, мојот дедо Димко е виновен и неговата амбиција да
ме воспита во суштество кое размислува и расудува.
Кога се родив бев првото женско дете во семејството по мајчина
страна, сите беа претерано радосни за моето доаѓање во овој свет, но
морам да кажам дека и на мене го применаа тертипот од воспитувањето
на машките деца, а тоа значеше ред и дисциплина, а истовремено и многу
детски палавости од различни размери. Бев среќно дете, с` додека не поч-
нав на училиште. Штом човек во животот почнува да добива обврски во
животот му се крати слободата. Го сакав учењето и уште и секогаш ќе ме
држи љубопитноста во живот, но меѓу тие ѕидови, никогаш не се почув-
стував духовна нахранетост.
Кога имав девет години почина дедо ми Димко. Тоа беше крајот на
моето детство, тоа беше крај на еден мој стар живот. Некои таги немаат
име. Понекојпат во некои мигови во животот неговиот лик непредвид-
ливо ќе ми се извее во мислите, ко да ме потсетува дека никогаш не ме
напуштил, некогаш душава си ја јадам оти сум заборавила да се потсетам
на него, но овоземсково преживување продолжува.
По смртта на дедо ми, единствено ми остана да пишувам за да не го
заборавам, а тоа значеше будно зачувување на неговиот лик и дело, сепак
јас бев деветгодишно дете и згора на с` полуписмено. Направив неброени
обиди додека не стигнав до првата реченица во којашто имаше и смисла
и граматичка правилност.
„Засекогаш е додека се може“ (на дедо ми Димко)
Вруток од сеќавања
плеска по лицето
фотографиите по ѕидовите оживеале...
мама, тато, бато, баба и еве го дедо.
93
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Еве го дедо, гледа во мене
ме гледа и ме укорува.
Споменот за него упорно бледнее
чинам близина, ама не останао ништо.
Празно, попразно не може да биде
името – бигорот длабоко го исковал
смеата ја има и радоста не е за поќуд
грутката пустата не се сронува
тргни напред – не чини
врати се назад – ич не чини
туку животот е ко вртелешка.
Некое весело песниште урлика
ко цел свет понова да се раѓа,
да ти било виното негово годиште.
Во мојот живот голема важност ~ давам на мајка ми и нејзината
мајка – баба ми. Додека дедо ми ме воспитуваше, тие две ме научија
многу животни вештини.
Јас сум приврзана за корените на моето потекло и чинам дека секо-
гаш ќе останам живо заинтересирана за потеклото на начинот на однесу-
вањето на човекот скоро во сите животни ситуации.
Прашањето ми е: Од каде доаѓа љубовта и каде оди љубовта кого
луѓето кои умеат да љубат умираат?
Во моето творештво се обидувам да го претставам моето патеше-
ствие во животот додека ја барам неговата смисла или неговата бесмисла.
Не сакам да фантазирам, но сакам да замислувам поубави предели,
појасни решенија на проблеми и свет со ментално здрави луѓе.
Не ми е воопшто лесно, постојано ме критикуваат по различни
делови од мојот живот, Но што научив јас? – Ако не ме признаваат не
значи дека не вредам. Баба ми вели „Луѓето се Јуда“. Па затоа, ги почиту-
вам, па и ги сакам , но не им верувам многу.
Јас сум постојано поделена меѓу два света, едниот е мојот – книжев-
ниот и другиот е бирократскиот, борбата е постојана, особено онаа за
идентитетот, но наспроти сите тектонски движења, јас сум неконвенцио-
нално среќно дете со широка насмевка.
94
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Biljana Talevska Dimko
IN THE CHILD GROWS THE MAN
I was born in the dawn of the death of Tito‘s Yugoslavia. Please forgive
me because I have absolutely no knowledge of the country in which I was born,
except for the meager lessons from the history textbook and my father‘s badge
from the JNA together with the book „I‘m Tito, Tito is ours“, which I keep today
because of the hardcover as an example of a well–edited book, nowadays such
books are rarely printed. Briefly and clearly, my grandfather Dimko is guilty
because of his ambition to educate me in a thinking and a judging creature.
When I came in this world I was the first female child in the family on my
mother‘s side, all of them were overjoyed to my arrival in this world, but I have
to say that they applied to me the treatment taken from the education of male
children, and that meant order and discipline. I had been a happy child, before
I started school. As soon as a person in his life begins to receive obligations, his
freedom is shortened.
When I was nine, my grandfather Dimko died. It was the end of my
childhood. Some sorrows do not have a name. At times, his face appears in
my thoughts, reminding me that he has never left me. Sometimes I feel guilty,
because I forget to remember him, but the life goes on. After my grandfather‘s
death, I continued to write in order not to forget him.
95
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Добре Тодоровски
АВТОБИОГРАФИЈА НА ИНСПИРАТИВНИТЕ
МОМЕНТИ
„Единствениот закон кон го обврзува романсиерот, без разлика
по кој пат оди, е нужноста да биде доследен во однос на некој
план, да го следи начелото што го усвоил“.
Перси Лубок
Текстот го предавам напишан
во еден инспиративен наплив, без
при тоа да се потрудам повеќе да раз-
мислувам, да внимавам на редосле-
дот на речениците и пасусите,
поточно во една слободна форма на
изразување. Му доаѓа понекогаш на
човека и убаво е да се искаже во еден
опуштен стил, да ја пушти мислата,
во една сложна слободна реченица.
Не ретко додека се подготвува
едно дело, особено романескното,
претставува вистински копнеж по
некоја посакувана животна желба.
Мислата ми е повеќенасочна,
односно копнежот се однесува на
неостварени желби и фантазии од
најраното детство, младите години и потоа, на скриена надеж за напре-
дување во работната кариера, интимни моменти кои се провлекуваат до
последните години на животот.
Не знам кој е творецот на мислата кој рекол: ,,секоја тема, сама по
себе се наметнува, да се доживее како универзална“. Додуша и е универ-
зална, само е прашање колку сме успеале во тоа романескното раскажу-
96
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
вање да го подигнеме на такво рамниште. Детството е секаде детство,
љубовта е љубов, или секоја рана подеднакво го боли човека. Сето тоа
секој го доживува на свој начин и во други услови. Затоа сум на мислење
дека приказната може да биде локална но подигната на универзално рам-
ниште.
Длабоко сум убеден во тоа, кога пишувам, да се држам до местото од
каде сум потекнал, сум никнал. Односно таму каде што е мојата емотивна
територија, тука е и извориштето на моите инспиративни моменти, емо-
ции кои можам да ги пренесам на хартија. Тука најдобро може да има
влијание творечката инспирација, искрено да се излеат емоциите и
почувствува болката, тагата или среќата. Да се развие мислата опточена
со препознатливоста на авторовото постоење.
Доколку сакаме да бидеме автентични, препознатливи автори од
своето поднебје, од особена важност е да се пренесуваат прикази од дожи-
веаното и преживеаното. Се знае за голем број автори кои се во самиот
врв на светската литература, а се препознатливи токму по реченото.
Би се лажеле себеси, а и другите, ако не изнесеме како во поголе-
миот број од темите кои ги обработуваме, не внесуваме нешто автобио-
графско, нешто доживеано или што би сакале да ни се случи. Подвлеку-
вам, се однесува на делови од животот, било да е тоа од детските – млади
години, љубовно доживување, па ако сакате и во делови од научнофан-
тастичните приказни. Слатки соништа што би сакале да се остварат во
даден момент од животот.
Ќе се обидам да дадам објаснување во два примери: Пред повеќе
време прочитав роман од наш автор кој го опишува животот на еден
човек во Индија. Најверојатно авторот ја посетил оваа земја, па сакал да
остави трага за неговиот престој. Се потрудил на повеќе испишани стра-
ници да ја долови сликата на местото, за кое читателот може да си создаде
слика на настанот и да ја претпостави територијата. Читајќи ја книгата,
повеќе пати проверив да не се работи за превод, дотолку ми беа несложни
имињата и топонимите. Знаејќи дека тоа го пишува македонски автор,
некако четивото ми стана страно, одбојно. Бев упорен и ја дочитав кни-
гата до крај. Беше пишувана во модерен стил, без емоции и доловување на
психолошки моменти. Романот повеќе личеше на патеписна репортажа.
Не ми остави впечаток, така што го заборавив и авторот и насловот.
Не сум против тоа да се пишува за било што видено по светот, но ми се
чини нереално е да се опишува настан на луѓе од некоја далечна азиска
или афричка земја, при тоа да се бара успешност на приказната, особено
97
Дванаесетта Роднокрајна средба…
по однос на психолошкиот приказ. Сепак се работи за друг менталитет,
обичаи и начин на сваќање на животот.
Од друга страна пак, еден мој драг пријател писател, скопјанец од
едно демирхисарско село, кога се сретнавме пред некое време, ме прашу-
ваше дали познавам еден човек, нашинец, кој во шеесеттите години бил
на печалба и ми го кажува името, презимето и секако прекарот. Печалел
во некои длабоки рудници на Хамерзли планините, во северна Австра-
лија. Подолго време пишувал за него, односно посакал тоа да биде роман.
Кога го прашав зошто не го објави? Не знам, ми рече, во него внесов толку
емотивност, толку се соживеав со ликот и неговата работа, што ми се чини
познавајќи го човекот и неговиот карактер, ќе добијам клаустрофобија.
Ете до каде и колку може да значи занесеноста на писателот во
делото доколку се работи за позната личност со позната психолошка
состојба .
Многу убаво забележал и ни посочил во текстот, организаторот на
роднокрајната средба, д-р Николче Велјановски, каде што во еден дел ги
подвлекува: „..моментите на љубов и болка се невидливи двигатели на
писателскиот дух“. Јас само би додал дека тоа за невидливи двигатели се
однесува и на инспирацијата и емотивниот наплив.
Кога станува збор за директното влијание на инспирацијата, би
рекол, за тоа може повеќе да се пишува, согледувано од разни аспекти.
Верувам дека е силно присутно и таквото влијание, при што секој автор
го доживува на свој начин, во зависност од опкружувањето во кое живее,
не ретко економската состојба (лична и колективна), но пред се ми се
чини воспитувањето и литературната подлога, што ја сметам како темел
за сериозна надградба и запловување во литературните води.
За ова повторно би се послужил со личен пример. Неодамна,
поправо само пред седум дена, настапив на средбата на меѓународниот
научен собир: „Врските меѓу Р.Македонија и Р. Србија низ вековите и
денес“, со тема ,,Влијанието на српската книжевност врз моето твореш-
тво“. Во моето излагање го изнесов влијанието на српската, односно
тогаш југословенската книжевност во моите литературни творби, од при-
чини што средно училиште завршив во Сараево, каде што четири години
имав предмет „Книжевност“, а како теми ги обработувавме делата на
југословенските писатели. Настојчивоста на професорката беше таква да
не можеш а да не се потрудиш, делото ем да го прочиташ, ем да го анали-
зираш. По истиот предмет полагав и завршен испит, матура. Ете каде го
гледам влијанието на средината, но и образованието.
98
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Се редат настани кои треба да бидат забележени, се јавуваат идеи во
инспиративните моменти, но зависи и од амбициозноста, подготвеноста
да се креира такво и такво дело.
Како што ми одминуваат годините с` ми се чини за секоја нова
книга, ај што имам мерак да ја напишам, арно ама и се внесувам и морам
с` повеќе и повеќе да истражувам, да бидам во близина на настанот, или
да бидам дел од темата. Така барем знам, како што нагласив погоре, нема
ништо од приказната, ако барем малку не си дел од неа.
Така се случуваше и со мојот последен роман „Последниот монах“.
Се изнаодев по манастририте, разговарав со монасите, честопати бев дел
од нивните долги заеднички молитви, чествувања во доцните вечерни
и раноутрински часови, пеењата на знајни и незнајни духовни песни,
псалми и славењето на Господа и нашите светци. Го почувствував нив-
ниот пост, смиреност, силна верба и благородна душа. Со оглед дека се
работи за чувствителна тематика, каде што не сакав да направам грешка,
подолго време се подготвував. Оној момент кога ми се чинеше дека можам
да работам на таа тематика, тогаш почнав со составување на ракописот.
Истото се однесува и на другите романи и книги со раскази. Секаде,
на некој начин сум дел од приказната.
Можеби ќе се повторам во излагањето, но јас токму на овој начин ја
црпам инспирацијата при составувањето на романескното дејствие. Како
што подвлекол Перси Лубок она што го обврзува романсиерот е да биде
доследен при пишувањето на начелото што што го усвоил.
На крајот, коректно е да признам, судот за тоа колку сум постигнал
ќе го кажат читателите. Моја, како и желба на секој писател е книгите да
не ,,фатат“ премногу прашина.
99
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Dobre Todorovski
AUTOBIOGRAPHY OF INSPIRATIONAL MOMENTS
It‘s not uncommon when writing, especially a novel, it is a real longing for
fulfillment of one’s life desire. My thoughts are multidirectional, i.e., longing
refers to one’s unfulfilled wishes and fantasies from the earliest childhood, a
hidden hope for advancement in the working career, intimate moments that
have stretched to the last years of life.
I am deeply convinced that while writing, I have always in mind my
place of birth. I always draw from my emotional territory, as a source of my
inspirational moments, emotions that I can put on paper, sincerely to pour out
emotions when feeling pain, sadness or happiness. To develop the thought
bulked with the recognition of the author‘s existence.
When we speak of the direct impact of the inspiration, I would say, it can
be written more, perceived from various aspects. I believe that such influence
is strongly present, with each author experiencing it in his own way, depending
on the environment in which he lives, the economic situation (personal and
collective), but above all my education and my literary background, which I
consider foundation for serious upgrading and floating in literary waters.
That‘s what happened with my last novel, too. The Last Monk. „I visited
many monasteries, I talked to the monks, I was often part of their long joint
prayers in the late evening and the early morning lessons, the singing of
spiritual songs, psalms and praising of the Lord and our saints. I felt their
fasting, calmness, strong faith and noble soul. Since I treated it as a sensitive
subject, my preparations lasted longer, in order not to make a mistake. The
moment I felt ready to work on the subject, I started compiling the manuscript.
100
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Петко Шипинкаровски
ИНСПИРАТИВНИ МОМЕНТИ ОД МОЈАТА
АВТОБИОГРАФИЈА
Потребната врска помеѓу движењето и
времето е вистинска, времето е нешто што
душата го создава во движење
Арапска поговорка.
Појдовна основа за да се твори,
генерално според мене потребно е
да се има надареност но и мудрост
кон спознавањето и опстојот на пое-
динецот или колективитетот, да се
одбираат и оставаат зборови како
разумен спој и совет, а во правец на
развојот на настаните на моралните
вредности и норми, и сето тоа да се
слева во еден реален исказ во сти-
лот, како што вели Блаже Конески:
„Да бидат морални судии над сите
други, што се, да кажеме, една маса,
една сурија неиздиференцирана, а
само некои имаат морален примат.
Јас таа улога никогаш не сум сакал
да ја земам на себе, нити сум си ја припишувал.“ – Конески/ „Кажувања
12, „Окно“
Раните години од детството се панорама исполнета со моменти од
неизбришливи траги, или белези од детството на патиштата од родното
село како идила и копнежи, но и како лузни од моментите на добивање
101
Дванаесетта Роднокрајна средба…
на спознанија за татковината и маките и страдањата на претците. Тука се
и моментите на лична или семејна среќа.
Сместено во поткајмакчаланските пазуви е родното село Буди-
мирци. Во средината од минатиот век селото броело стотина куќи и уште
толку домаќинства, а денеска речиси оставено – и наполно напуштено, се
гуши во самотијата.
Семејството на моите родители се состоеше од шест деца, четворица
машки и две женски, односно, бевме четворица браќа и две сестри, дене-
ска среќно вдомени и со оформени семејства.
Голема е улогата на родителите што кај сите нас оставија впечаток
на вистински родители, како треба да се одгледува и воспитува своето
чедо, особено во својот развојот: домашното воспитување што значи
однесувањето на детето, дома и надвор, во средината каде што ќе работи
и живее. Се присетувам на зборовите на мојот татко. Многупати околу
вечерата не советуваше; „Да не посегнувате по туѓото, тоа што не е ваше,
што не ви припаѓа не го земајте, кражба е. И маска и гуска, кражба е! Ќе
ви донесе срам, вам, но и на вашето семејство.
Знаеше да речи и; „Господ е голем, на сите вам ќе ви даде „друшка“,
сопатник, односно маж или жена“ – ќе ни велеше. „Да си ја сакате татко-
вината, земјата своја, деца мои, да си ја почитувате власта, да одите не
сте против неа, оти ако сте против неа, исто е како да одите против Бога,
против неговата воља! И уште нешто – ќе ни речеше. Да си ја почитувате
„друшката“, децата, чеда мои, да ги почитувате луѓето, да не одите по
патиштата на ѓаволот та тој да ве прелаже, зошто лагата е со кратки нозе
и кога да е ќе ве издаде, а срамот и одмаздата се сурови – ќе ни велеше.
Таквите зборови на татко, останаа аманет со силно влијание во животот
во поглед на правилно однесувањето на животните патишта.
Во моменти на починка, како дете, дома од моите родители исто
така дознав за големите трагедии што го снашле мојот народ од делот на
Мариово, газењето на туѓи војски, освојувачки; отоманското петвековно
владеење, потоа балканските војни кои оставија сведоштва, гробови,
белези од освојувачките походи што ги правеле соседните народи, како
и настаните од двете големи војни. Дотолку повеќе што, како борци во
освојувачките походи служеле Македонци против својата воља, наменето
и со прелага! Со некои од нив сум имал прилика и да разговарам.
Во Големата војна – Првата светска војна е и големата голгота за
Македонците од овој дел на Мариово, с. Будимирци и соседните села.
Мачни се страдањата што моите родители уште како деца, години поми-
102
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
нале во бегство – по татко во Тиквешијата, а по мајка, во с. Жеври, од дру-
гата страна на Кајмакчалан, во поробената Македонија, или денеска во
делот на Јужниот сосед. Родителите нашироко ми зборуваа за бегањето од
агресорот, тамошниот живот и враќањето на животот и потоа во селата...
И во разговорите со други постари лица што често пати имав мож-
ност да се запознаам за маките и страдањата на Мариовецот, сето тоа аку-
мулирано историско благо, го носев и носам со себе што како скриен вул-
кан тлееше, жареше, за да во даден момент заискри и се роди приказната
на моето дело. Бројни се делата со предзнак историски; „Рудолф Арчи-
балд Рајс, за Македонија и за Македонците, „Откорнати души“, „Дабјак“,
роман, „Децата на Марија“, роман, „Утринска молитва“ роман, „Духот на
војводата“, монодрама, книги раскази, поетски книги, есеи, голем број
трудови...
ТАТКОВАТА КУЌА
...
Тагуваш по изгубен детски плач
и крик на родилка
и училишно ѕвоно слеано во уткина песна
што на полноќ те буди
и по весела моминска песна
кај кошарите горномаалски
што потонаа во вознесот на
пустелија што се спушта низ синдилијата
на непреболот, на невратот.
...
Петко Шипинкаровски
„Седело на орлица“ 2006
Љубовните пејсажи, релјефните слики и бои, се составен дел во
обликувањето и градењето на книжевното дело независно дали е во проз-
ното или пак поетското творештво, или било тоа доаѓа со природни реф-
лексии или пак сопствени проекции и клишеа. Кон ова со себе ги носам
како на лична среќа, или препреки и тегоби низ годините од раното дет-
ство кај мене вечно жаре и заискрува, а голем е бројот на згоди незгоди
од тогаш и сега:
103
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Годините и школските денови од училиштето, државните и вер-
ските празници како и работата во селото, особено земјоделските, жет-
вата и тутунарството, ми останаа во трајно сеќавање.
Насадувањето на вравот и се потоа што следува на гумното, рабо-
тев. Наспроти работата, тоа беа времиња на безгрижен живот; се одеше
групно на извршување на некоја од земјоделските работи, се помагаше
кај другиот да се заврши започнатата работа, се одеше по нивите и се
враќаше дома со песна. А вечерните излегувања и неделите беа празник
за младите. На одредени места во горна, средна и долна маала на селото
се збираа момчињата и девојчињата, се забавуваа, пееја, но си закажуваа
и одржуваа љубовни средби.
Амбарот остана гладен
Поминаа времињата на големите жетви
кога срп српуваше: ги стрижевме ридјето
и падините окапени и со набабрени класје,
бремени, стенкаа згрвалени од лебно жито.
И амбарот во гумновеење со отворено грло
и со празна утроба спиеше на катот,
со откафтени капаци, со иштрбени рабови,
го сонуваше својот летен сон.
...
„Седело на орлица“ 2006
Од едни такви доживувања ги носам миговите на љубов, но и тего-
бата по изгубеното, и големата желба да се успее во животот со откажу-
вања на многу потреби на младиот човек, па дури подолго вкусување на
жед и глад...!
„Од капењето, речната вода ме измори. Си прилегнав на песокта,
ја ставив десната надлактица од раката под главата место зглавје и брзо
заспав. Сонот тврдо ме потисна.
Не знам колку време сум лежел. Само знам дека повеќе часа цврсто
сум спиел. Спиев тврдо. Доцна пред полноќ оддалеку сумив гласови. Се
подразбудив.
– Еве го луѓе...! Ристе! Еве ти го детево, заспано е на песокта. Стани
бре прле едно, ‘и анѓелоса татко ти, мајка ти, стани! – остро подвикна
машкиот глас...9“
9. Фрагмент од романот во ракопис „Зелени брегови“.
104
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Или пак,
„Во градското пазариште имаше ресторан со натпис: „Турска менза“.
И овој пат бев многу гладен. Веќе втор ден немав лепче вкусено. Но ја
знаев постапката на послужување во мензата. Решив да влезам.
Седнав на првата маса откај вратата. Дојде келнерот.
– Еден празен грав (празен грав, е полна порција грав, без месо),
побарав. Веднаш бев послужен со полна порција грав и две лепчиња.
Полека, полека го исркав гравот и ја искористив приликата на невнима-
ние на келнерот, излегов и брзо се оддалечив.10“ – рече момчето.
И општествено–политичките прилики колективизацијата и остана-
тите превирања кај мене оставаа силен импулс во формирањето на инди-
видуалната свест и размислувањата околу решенијата што следеа на одре-
дени прилики, или пак требало да бидат; миграцијата село–град, потоа
големите преселби, на според мене економската емиграција на Македо-
нецот во прекуокеанските земји и големите разделби, љубовни драми и
преселби, разделбите од татковите огништа, од селото и на железничката
станица во Битола..., се неизбришливи траги што носат лузни и трауми
кај поединецот. „Петра“, роман, „Црна љубов“, роман, раскази, поетски
творби...
Наспроти љубовта кон општото и човечкото, за невозвратеното
добро, или пак лоша мисла, и во творештвото, љубовта кон своето, кон
посакуваното, ја искажувам во пораките со револт и бес.
ВО СТРУГА БУКНУВА ПРОЛЕТ
На сите македонски родољуби
Дворјани!
Дојдете во Струга на Поетските вечери
да станете грнит,
браник во Паркот на поезијата
да кажеме не на раскуќувањето,
божем азносано утре со вкус на дружба
ни ветуваат,
ни носат урнек,
со мелем целат од синови свои рани.
...
10. Исто.
105
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Зар не гледаш!?
И сега се кренале
да сотрат семе и траги.
Дојдете, овде на ковачницава струшка,
во градина цветна да светнат утра,
дојдеде!
Јули/август 2004
„Седело на Орлица“ 2006
ДА БЕВ
Да бев камен,
грб на шеснаесеткрако сонце,
развеано платно
во твоите раце, Македонијо!
Да бев песна в срце што пее од чедо вечно
погубено
на твоите плеќи в гора Македонијо!
Да бев птица будилка в лет од в зори да сенам
по твоите полиња и пространи планини,
Македонијо!
Да бев гулаб ...
Да бев...
Петко Шипинкаровски
„Злоуми“ 2011
Дека моќта на писателот и неговата интуиција кон пристапот за
менување на одредено научно–историско мнение кон одредена (не)
вистина покажува и примерот на сериозниот пристап кон одредена лич-
ност за неговиот удел во афирмацијата и заложбите кон исправување на
одредена (не)вистина за Македонија. Понекогаш нештата доаѓаат слу-
чајно за да писателот, или пак публицистот, тргне кон исправување на
(не)вистината. Кон ова би додал дека и книгата „Рудолф Арчибалд Рајс
за Македонија и за Македонците“ е труд каде постои силна желба за да
се успее и да се докаже дека тој не бил непријател за Македонија, туку
106
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
напротив, со неговото присуство на боиштата на Првата светска војна на
македонските мегдани, како експерт за судско медицински истражувања,
вршел и воено-репортерски јавувања со пораки до светот за македонската
вистина.
„Реков дека вашите бугарофони би ги нарекол Македонци. Вие ги
нарекувате тие луѓе бугарофони поради нивниот јазик којшто личи на
бугарскиот. Но дали е тоа бугарски, дали е тоа истиот јазик што се збо-
рува во Софија? Не. Македонскиот личи исто толку на српскиот колку
и на бугарскиот. Не сум лингвист и нема да си дозволам сопствен суд,
но незаинтересираните балканолози ми тврдеа дека македонскиот личи
повеќе на српскиот отколку на бугарскиот. Можно е да има лингвисти
што го тврдат спротивното. Но факт е дека македонскиот не се зборува
ни во Софија, ни во Белград. Тоа е посебен словенски јазик, како што е
тоа кај нас, во Швајцарија, романшкиот, што се зборува во Гризо, покрај
италијанскиот.
Според мене, Македонецот не може да се нарече ни Бугарин ни
Србин, туку просто Македонец. – завршува Рајс.
Ова е само дел од творечката импулс мисла каде по нејзиното
раѓање, со сериозен пристап и книжевна проекција се создавани и созда-
ваат моите книжевните дела.
107
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Petko Shipinkarovski
INSPIRATIONAL MOMENTS OF MY AUTOBIOGRAPHY
I recall the words of my father. Many times around dinner time we could
hear his advice: „Do not stretch your hand to take that which is not yours,
which does not belong to you, do not take it, it is theft. The same is meant
for the mule and the goose, it is theft! It will bring shame to you and to your
family.
He used to say; „The Lord is great; To all of you, he will give you а
companion, a man or a woman; „Love your fatherland, your country, respect
the government authority, do not be against it, because if you are against it,
it‘s like going against God, against his will! Such words of my father remained
a promise with a strong influence in my life in terms of the proper behavior in
all situations.
The evening goings out and Sundays were a holiday for the young. At
certain places in the upper, middle and lower neighborhoods of the village,
boys and girls gathered, they used to sing, had fun, made love dates. From such
experiences I bring the moments of love, but also the anxiety about the lost,
and the great desire to succeed in life with the abandonment of the many needs
of the young man, and even longer tasting of thirst and hunger ...!
Both the social and political circumstances, collectivization and other
turmoil left me with a strong impetus in the formation of the individual
consciousness and thoughts about the solutions that followed on certain
occasions; the migration village-town, then the big migrations, according to
me, the economic emigration of the Macedonians in overseas countries and the
great separations, love tragedies and movements, the parting from the father‘s
hearth, the village and parting at the railway station in Bitola ... are inevitable
traces that carry scars and traumas in the individual. Followed the novels:
„Petra“, „Black Love“, many short stories, poetic works ...
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
СОДРЖИНА
Подготвил: Д-р Николче Вељановски
12. РОДНОКРАЈНА СРЕДБА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5
Ванде Ганчевски
ОД ЗАМИНАТОТО ВРЕМЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 8
Петре Димовски
ИНСПИРАТИВНИ МОМЕНТИ ЗА ТВОРЕЧКАТА МИСЛА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 12
Јован Ѓуровски
НАЈИМПРЕСИВНИТЕ МОМЕНТИ
СТАНУВААТ УНИВЕРЗАЛНИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 18
Академик Владимир Костов
ALMA MATER. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 25
Никола Кочовски
ОБИД ЗА РАЗБИРАЊЕ НА СОПСТВЕНАТА ТВОРЕЧКА ИНСПИРАЦИЈА . . . . . . 34
Панде Манојлов
НЕШТО АВТОБИОГРАВСКО КОЛКУ ЗА НЕЗАБОРАВ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 43
Гордана Михаилова Бошнакоска
ИСПОВЕД НА ЕДНА ПИСАТЕЛКА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 51
Весна Мундишевска-Велјановска
ЗБОРОТ КАКО НАСЛЕДСТВО . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 59
М-р Сања Мучкајева Видановска
МЕНУВАЈЌИ СЕ СЕБЕСИ, ГО МЕНУВАМ СВЕТОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 63
Дванаесетта Роднокрајна средба…
Проф. д-р Христо Петрески
ВКУСОТ НА ЦРЕШНИТЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 68
Ванчо Полазаревски
А СЛУЧКАТА КАКО ЈАС, КАКО ТИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 73
Ѓорѓи Прчков
ОД МОЈАТА АВТОБИОГРАФИЈА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 79
Проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ
МАРИОВСКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 85
Биљана Талевска Димко
ОД ДЕТЕ СЕ ПРАВИ ЧОВЕК. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 91
Добре Тодоровски
АВТОБИОГРАФИЈА НА ИНСПИРАТИВНИТЕ МОМЕНТИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . 95
Петко Шипинкаровски
ИНСПИРАТИВНИ МОМЕНТИ ОД МОЈАТА АВТОБИОГРАФИЈА . . . . . . . . . . .100
ДВАНАЕСЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО
БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА
Издава
Националната установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ Битола,
ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39, Битола
Организациски одбор
Јелена Петровска
Николче Вељановски
Владимир Костов
Јоланда Бошевска
Превод на резимеа на англиски јазик
Николче Вељановски
Лектура
Александар Димитров
Печати
Графо Пром – Битола
Тираж
120 примероци