ЕДИНАЕСЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА
Зборник на излагања,
Тркалезна маса, Битола 27 мај 2016 година
National Institution – University Library
“St Kliment Ohridski“ Bitola
ELEVENTH HOMELAND MEETING
OF THE BITOLA WRITERS FROM
MACEDONIA
Collection of presentations,
Round table, Bitola May 27, 2016
Bitola 2016
Национална установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола
ЕДИНАЕСЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА
СО БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ
ОД МАКЕДОНИЈА
Зборник на излагања,
Тркалезна маса, Битола 27 мај 2016 година
Битола 2016
ЕДИНАЕСЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО
БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА
Зборник на излагања,
Тркалезна маса, Битола 27 мај 2016 година
Издава
Националната установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ Битола, ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39, Битола
За издавачот
д-р Лили Бошевска
Издавачки совет
д-р Лили Бошевска
д-р Николче Вељановски
проф. д-р Владимир Костов
Главен и одговорен уредник
д-р Николче Вељановски
CIP - Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје
821.163.3-05(497.774)(062)
РОДНОКРАЈНА средба со битолските писатели од Македонија 11 ; 2016 ;Битола)
Единаесетта роднокрајна средба со битолските писатели од Македонија :
зборник на излагања : тркалезна маса, Битола 27 мај 2016 година / [главен
и одговорен уредник Николче Вељановски]. - Битола : Национална установа
Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, 2016. - 96 стр. :
илустр. ; 25 см
На наспор. насл. стр.: Eleventh homeland meeting of the Bitola writers from
Macedonia : collection of presentations : round table, Bitola May 27, 2016. -
Фусноти кон текстот. - Summaries кон трудовите
ISBN 978-608-4538-62-2
1. Ств. насл. на наспор. насл. стр. . - I. Homeland meeting of the Bitola
writers from Macedonia (11 ; 2016 ; Bitola) види Роднокрајна средба со
битолските писатели од Македонија (11 ; 2016 ; Битола)
а) Македонски писатели - Битола - Собири
COBISS.MK-ID 101853706
Тел.: 047/220-208; факс: 220-515; тел. изд. 232-999;
e-mail: nuub@nuub.mk • www.nuub.mk
Зборникот е финансиран од Министерството за култура
на Р. Македонија.
5
Единаесетта Роднокрајна средба…
11. РОДНОКРАЈНА СРЕДБА
Приредил д-р Николче Вељановски, библиотекар советник
Традиционалната Единаесетта роднокрајна средба на битол-
ските писатели во Македонија се одржа на 27 мај (петок), во про-
сториите на Националната установа – Универзитетска библиотека „Св.
Климент Охридски“ Битола. Тркалезната маса беше на тема: „Препо-
знатливоста на мојот стил на изразување“. Претставник на орга-
низаторот како раководител и модератор на Средбите е д-р Николче
Вељановски.
Секој писател си има свој стил на пишување без оглед на тоа дали тој
свесно го негува или не. Секако дека и во поетското изразување како и во
прозното изразување на писателот постои стил по кого читателите можат
да ги препознаат своите омилени автори. На пр, Ремарк го препознаваме
по кратките реченици кои даваат сликовит приказ на ситуациите и наста-
ните кои ги опишува. Некои писатели се мајстори на наративниот стил
на пишување. Некои пишуваат обемни романи, други пишуваат кратки,
но тоа не ја намалува нивната популарност. Некои писатели ги препозна-
ваме како по темите кои ги обработуваат така и по стилот кој е поврзан
6
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
со нив. На некои писатели им е многу битна пораката што треба да му
ја дадат на читателот. Дури и имаат и одредена филозофија која сакаат
да ја наметнат. Други пак, пишуваат возбудливо. Трети користат одре-
дена симболика. И во изнесувањето на најразличните теми, од урбаната,
руралната средина, војната и сл., писателот тоа го прави со нему својствен
стил. Овој пат самиот писател треба се набљудува себеси од страна и ако
не е доволно свесен за својот стил да си го спореди со стилот на своите
колеги, па така некако да си го препознае својот стил на изразување.
Но секако, споредувањето со другите колеги ДА НЕ ГО ИЗНЕСУВА ВО
СВОЈОТ ТЕКСТ! Различитоста на стиловите може да дојде и од начинот на
комуницирањето со читателот, во зависност дали е тоа преку имагинар-
ното или стварното, егзистенцијалното, фантастичното, комичното, или
трагичното пренесување на настаните и личностите од минатото, сегаш-
носта и иднината. Некои писатели ги негуваат и поетскиот и прозниот стил
на изразување, и секако дека треба да бидат доволно свесни барем за сво-
ите најпрепознатливи карактеристики од страна на читателот.
На средбата зедоа учество седумнаесет роднокрајни писатели писа-
тели од Македонија проф. д-р Вера Антиќ, проф. д-р Владимир Костов (во
отсуство), проф. д-р Христо Петрески (во отсуство), проф. д-р Даниела
Андоновска Трајковска, проф. д-р Благоја Брајановски (во отсуство) Гор-
дана Михаилова Бошнакоска (во отсуство), м-р. Сања Мучкајева Виданов-
ска, Петре Димовски, Добре Тодоровски, Ванде Ганчевски, Ѓорѓи Прчков,
Никола Кочовски, Јован Ѓуровски, Богоја Таневски, Елизабета Јончиќ,
Билјана Т. Димко и Петко Шипинкаровски. По барање од писателот Вла-
димир Костов, неговиот текст во целост беше прочитан пред присутните.
Кај некои автори кои според правилата на Средбата не баш да одговорија
на зададената тема, пропуштени се резимеата на англиски јазик.
7
Единаесетта Роднокрајна средба…
Проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ
МОЈОТ СТИЛ Е НАЈСУШТИНСКИ ПОВРЗАН
СО БИТОЛА
За случајот со грозоморното
убиство на мојата братучеда Здравка
ме распрашуваа мнозина. Посебен
разговор имала мојата сестра Љупка
како гимназијалка со композито-
рот Кирил Македонски, наш пода-
лечен роднина, но голем другар со
Здравка. Сестра ми долго ги паме-
теше долгите разговори со Кирил,
секогаш поврзани со исчезнувањето
на веселата битолчанка Здравка.
Мојот притаен молк за исчезну-
вањето на Здравка од моето секојд-
невие заврши на чуден и непредви-
длив начин. Во Битола беше изра-
ботена во еден совршен научен вид
мојата „Автобиографија“, со ком-
плетна библиографија. Оваа за мене важна дејност ја презеде НУБ „Свети
Климент Охридски“ во Битола. „Започна да се работи во времето кога
на власт беше СДСМ. Кога дојде смената на власта, во времето на ВМРО,
добив приватно известување дека започнатата дејност ќе биде прекината,
зашто ја отпочнала партијата на ССДМ. Се помирив со ситуацијата, не реа-
гирав. Посебно изненадување доживеав кога во 2007 година ми се јавија
од Битолскота библиотека да одредиме ден за промоција на Моногра-
фијата. Бев изненадена, но морам да кажам и многу пријатно, зашто не се
случи изменувањето на одлуката, иако веќе владее ВМРО. Дојде и тој све-
чен ден. Така и тогаш, како што е случај со битолската граѓанска публика,
таа ја исполни салата на библиотеката „Свети Климент Охридски“. Све-
8
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
чениот чин го отвори градоначалникот на Опшптина Битола , господи-
нот Владимир Талевски. Ја истакна мојата поширока научно–истражу-
вачка дејност, која го опфаќа и регионот на родниот град Битола. Промо-
цијата ја отпочна познатиот битолски историско–културен истражувач
проф. д-р Александар Стерјовски. Знаев дека Монографијата ќе биде
реномирано претставена. Таа содржи 108 библиографски единици и над
70 посебни мои изданија во книги. Бев поносна што мојот роден град
Битола, моето најсакано навраќање, ме удостои со посебна „Моногра-
фија“, извонредно сработена по најновите научни светски методи од
колешките Цветанка Дамјановска, Јоланда Бошевска и Лена Секуловска.
Онака расположена пријатно, занемев во еден сегмент од искажу-
вањето на колегата Стерјовски. Тој тогаш ја направи пресвртницата во
моето отворање кон разни точки од мојот живот, а кои ме оддалечуваа од
реалноста, зашто упорно ги избегнував. Стерјовски нагласи: „Ние сите
во поголема или помала мера сме запознати со научната дејност на Вера
Стојчевска Антиќ. Но денес јас сакам да нагласам некои моменти од неj-
зините премолчени страници од нејзината фамилијарна биографија.. Јас
бев средношколски ученик во училиштето „Гоце Делчев“, а математика
ми предаваше нејзината стрина Николина Стојчева. Беше извонредна
професорка. Но ние децата слушнавме за нејзината голема несреќа. Некој
офицер ја убил со седум куршуми нејзината ќерка Здравка, ученичка во
Битолската гимназија. Кога по овој грозоморен настан, од кој се потресе
цела Битола, професорката ја продолжи наставата, ние учениците забе-
лежувавме големи промени. Се случуваше на среде час професорката да
се задлабочи и потоне во свои мисли. Ние го чувствуваме тој момент, се
притајувавме, во училницата завладуваше беспрекорна тишина, мува
да пролеташе ќе беше чуена. Ние, децата, нејзините ученици, исто така
преќутно учествувавме во нејзината болка. Преќутно ја сожалувавме.
По исвесно време, таа ќе се вратеше од невидливиот свет на нејзината
исчезната ќерка и продолжуваше часот по математика. Јас и денес затре-
перувам кога ги евоцирам некогашните слики од часовите, врежани дла-
боко во мене до денес!“
Мојот стрико Томе работеше во Основниот суд во Битола како
судија. Судот беше лоциран крај Драгорот, наспроти нашата куќа. На пау-
зите за кафе стрико ми најчесто доаѓаше кај нас, преминувајќи го малото
дрвено мовче на Драгорот, кое не попврзуваше лесно. Уште од зградата
на тогашана Општина Битола, со хумористичен повишен глас извикува-
ше:„Верче, пак ли е Туфето кај тебе? Зошто тој твојот соученик Смешко
9
Единаесетта Роднокрајна средба…
прашува за тебе? Јас ќе го истерам!“ Јас некогаш се лутев ма неговите
гласни извици, тенденциозно истакнати оддалеку. Сепак сфаќав дека
стрико ми најчесто доаѓа кај нас и заради мене, да се пошегува со нас
децата, а не за кафето, кое честопати и ќе го заборавеше. По случајот со
убиството на Здравка неговите шеги се разретчија. Тој не плачеше гласно,
а венееше. Безволно слушнав дека оболел од карцином. Кога ќе се сетам
на тагата што ја обзеде целата наша фамилоја со тој случај, не е чудно што
добриот мој стрико прв оболе тешко. Го одведоа во Белград, на терапија.
Безуспешно, болката за Здравка беше посилна од сите лекувања. Почина
и мојот пријател, стрико ми Томе.
Во тој младешки период се одвиваа за мене важни настани кои оста-
вија длабоки траги во мојот живот. Помнам како во раното детство моите
родители ме запишаа на претшколска настава во Францускиот колеџ во
Битола ...Колеџот беше далеку од нашата куќа, при крајот на битолското
„Корзо“ или „Широк сокак“. Затоа секое утро до него ме водеше баба
Доста. Во тие први денови учителката сер Мари, замонашена сестра, со
голема бела капа, извести дека не треба да зборуваме македонски, туку
само француски. Ако некој проговори македонски, или направи некаква
белја, ќе седи во магарешката клупа, со залепен долг црвен јазик. Веќе
едно другарче уште првиот ден се најде во таа клупа. Јас бев толку запла-
шена од таа казна, што не се осмелував да проговорам, зашто француски
и не знаев, иако мајка ми се обидуваше пред да заминам во Колеџот да ме
научи да изговорувам основни секојдневни зборови на француски јазик.
Оваа нејзина подготовка, од страв од магарешката клупа, немаше шанса
да ј применам. Молчев и се трудев да ги запомнам зборовите кои педа-
гошки ни ги повторуваше нашата учителка.
По неколку денови настапија многу повпечатливи снеубавени
моменти. Мајка ми одлучи да ме запише во целодневен престој во
Колеџот, сметајќи дека на тој начин ќе го совладам полесно францускиот
јазик. Првата помината ноќ во спалната соба беше тотално непроспиена,
од моето гласно несопирливо плачење. Барав да ме вратат кај мајка ми
дома. Се собраа повеќе учителки, ми покажуваа слики, кукли, шарениот
крст со ликот на Исус Христос, ми подадоа и чоколада, како реткост во тоа
време. Безуспешни беа сите обиди да ме смират. Јас сакав да спијам кај
мајка ми. Помина уште една страшна ноќ, веќе немав сили и да плачам.
Дојде мајка ми, ме одведе дома, каде што се смирив и таа вечер спиев во
нејзиниот кревет. Сабајлината падна домашниот договор, нема да пре-
стојувам целодневно, ќе бидам само на часовите и потоа баба Доста ќе
10
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
доаѓа по мене. И така течеа наредните денови и часови. Мојата смиреност
се поврати, дури дојдов во крајност да жалам кога завршуваше послед-
ниот час, кога се разделував од сер Мари.
Постепено растеше мојата љубов кон сер Мари. Таа беше многу
млада девојка, синоока, убава и тиха, скриена под сестринската криле-
ста бела капа. Со оглед на нашата претшколска возраст, со други зборови
бевме во градинка и постепено го запознававме францускиот јазик преку
куси француски песнички за деца, повеќе сликовито прикажани, а сли-
ките ја доловуваа суштината на содржината, заради нашата недоволна
укост на франсцускиот јазик. Првиот час го започнувавме со молитвата
„Оче наш“, која убаво ја научивме на француски. Бројни шарени сли-
ковници го прикажуваа Исус Христос, делови од Евагелието – слико-
вито прикажани. Неговата мајка Дева Марија посебно доминираше во
сликките и стиховите. Постепено започнуваше нашата рачна изработка
на одбрани ликови, слики, а најчесто доминираа ликовите на Исус Хри-
стос и Дева Марија, вткаени во крстови, облепувани со светликави раз-
нобојни ленти од хартија. Се натпреварувавме кој ќе изработи најубава
ракотворба. Одбраните разнобојни крстови ни дозволуваа да ги носиме
дома, како подарок на нашите родители. Еден од нив, со Исус Христос и
еден со Дедо Мраз, ги чувам во моите спомени, во еден прекрасен Спо-
менар од детството. И денес кога ја отворам тетратката со овие далечни
сувенири, примамуваат насмев и разведрување и колку да се наоѓам во
друга душевна состојба.
Какви спомени донесуваат игрите во дворот на Колеџот, песните
што ги пеевме околу статуата на Дева Марија? Безгрижност и љубов
кон Пресветата Богородица! Само се плашев од трките на Џика Хенто,
мојот постар другар, кој ми се чинеше, не размислува кого ќе те турне
во брзите брканици и натпревари. Најчесто ја барав синокосата убавица
Лили Копачкова. Сакав да ги слушам нејзините извонредни клавирски
изведби. Тој нејзин талент ја зароди и мојата љубов кон клавирот, кој ме
привлече во салата на Колеџот.
Во одредени денови и во некои празници не водеа во Католичката
битолска црква. Таму се чувствував свечено. Веднаш правев разлики и
споредби со нашата православна црква. Како наша црква долго време во
детството ја сметав црквата „Свети Димитрија“, сместена во центарот на
Битола, до познатиот Градски саат. Во оваа црква секоја недела не водеше
татко ми Илија. Некогаш бевме трите деца, постарата сестра Љупка, јас
и помалиот брат Коле. Но, најчесто јас бев сама со татко ми. Мајка ми во
11
Единаесетта Роднокрајна средба…
тие неделни денови рано сабајлината ни ги подаваше испегланите облеки,
зашто во црква треба да се оди во чиста облека, а најчесто за Велигден и
Божиќ во нова. Јас се радував на тие неделни празнувања. Црквата „Свети
Димитрија“ беше секогаш полна со народ. Татко ми ме држеше за рака и не
ми дозволуваше да трчам во и околу црквата. Другите деца беа немирни,
шетаа, трчаа, комшиските другари ме викаа да играме во дворот на црк-
вата, но татко ми не ми дозволуваше. Затоа, кога присуствував на службите
во Католичката црква бев изненадена од црковната тишина, од луѓето кои
не разговараа гласно. Тогаш забележав дека сер Мари ја слуша службата
со скаменет израз и со очи упатени горе кон Господа. Таа тогаш беше во
небесните простори. Почнав да ја имитирам, особено кога се молев, сакав
да наличувам на неа. Постепено мојата љубов кон неа кулминираше. И
кога дознав дека таа е закалуѓерена со цел да допре до Бога, и јас посакав
подоцна, кога ќе пораснам да бидам верник замонашен, како неа. Започ-
наа моите сонови како ќе ми биде убаво на небото, како ќе се доближам до
убавите ангели. Сакав да ги слушам библиските приказни.
Ме збунуваше повторуваната реченица на татко ми, упатена кон
мене: „Не заборавај никогаш. Ние те пуштивме во Франсцускиот колеџ
за да го совладаш францускиот јазик, но Католичката црква не е наша.
Наша црква е „Свети Димитрија. Запамети го ова!“ Се прашував во што е
разликата на „нашата“ и“ нивната“ црква?! Сфатив дека во Католичката
црква владее тишина, почитувана од сите, а во нашата се слушаат и раз-
говори, но и во двете цркви се слават Господ, Исус Христос, Богородица?!
И денес кога размислувам за разликите меѓу двете цркви, тие се мали, за
разлика од нивната заедничка суштина. Не случајно денес се дискутира
за нивните централни насоки.
Од денешен аспект ги анализирам моите религиозни погледи. Нив
ги одреди и насочи на прво место мојата мајка. Сигурно е дека јас не
помнам кои се моите првoизговорени зборови. Подоцна се повторуваше
една констатација на мајка ми, која во детството не ми значела многу, но
постепено ја сфаќав нејзината суштина. Мајка ми повторуваше задоволна:
„Вера по првиот изговорен збор „мама“, го научи насловот на молитвата
– „ОЦЕ НАС“, кој подоцна мина во „ОЧЕ НАШ“. Таа, мојата мајка, беше
ортодоксен православен верник. Библијата и Евангелието и беа животни
примери и од мали ноsе пред спиење, по гласно изговорената молитва
„Оче наш“, следуваше нејзиниот библиски или евангелски расказ. Имав
многу убава сликовница на Библија за деца на француски јазик.
Мајка ми ја ценеше Црквата како највисоко достоинство на хри-
стијанството. По тие исти стапки ме упатуваше нејзината мајка Вангелица,
мојата баба Гица. Таа беше влашка учителка, која завршила Педагошки
12
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
колеџ во Букурешт. Нејзините родители Власи како големи верници го
вткаиле нивниот дух во ќерката Вангелица, таа во својата ќерка Милица, а
мојата мајка Милица – во мене. Јас ги прифаќав поуките за добродетелство,
љубов, насочени против лагата, измамата, користољубието. Во случајов и
денес се потсетувам на тоа религиозно чувство што ми беше пресадено,
прво од мајка ми, потоа од Францускиот колеџ каде се негуваше на прв
план искрената љубов кон Бога и неговите десет заповеди. Кога заминував
во основното образование на еднодневна школска екскурзија до Кисела
Вода или до Крстоaр, таа, мојата мајка Милица, знаеше по којзнае кој пат да
ми порача: „И кога си сама, и кога си на планина, или сама во соба, тогаш
Господ е секогаш со тебе и те гледа!“ Во детските вакви осамувања, првата
мисла што ми се наметнуваше беше дека и овде Господ ме гледа. Ако беше
летен ден, а јас сама во собата, разголена, веднаш се припокривав. Во дне-
шениве доцни размислувања не ја ставам и денес на потсмев оваа препо-
рака, зашто кога сме сами треба да ја негуваме добтродетелта, а не поро-
кот. Тогаш самите самостојно судиме. Не случајно ја апострофирав пона-
пред и песната „Кога си сам...“ Кога си сам ги резимираш доживувањата,
извлекуваш логична поука, и оправдано „Господ те гледа“ и внимавај во кој
правец одиш. И денес, кога и глобализацијата не не задоволува целосно,
се јавуваат спротивположните егзистенцијални правци, едниот кој води
кон позитивна разврска на мислата, а другиот кон негативната проудолна
насоченост, против која се бориме. А кој ќе победи?!Јас лично, уверена сум
во победата на Љубовта и Добродетелта, на Доброто, во што верувале дури
и намножените богомили, иако негативните нецивилизаторски гласови ги
слушаме и чувствуваме непобитно.
Покрај ортодоксното христијанско влијание што го попримав од мајка
ми, со ист интензитет го добивав од татко ми. Во фамилијата е познато дека
Стојчеви имале вистински христијански приод кон светителските искри
на православието. Овде морам да се задржам на малку познатиот лик на
дедо Никола, вљубеник во православието. Во Битола беше познат неговиот
став кон сите доживеани владици. Кај него немаше национален призвук во
однос на нивното потекло. Најверојатно, со оглед на бројните завојувачи на
нашата земја, во народот остана да живее и да се слави православната наша
христијанска црква. Задоен со родителска љубов кон црквата, која опстоју-
вала и покрај насилничките однесувања кон неа, не можел да ја прослави
својата слава „“Свети Никола“ без покана за свечената вечера на односниот
владика. Татко ми раскажуваше посебно уживал да ги носи владиците до
„Свети Наум“, на главната служба, а потоа на печено јагне. Фамилијарните
слики тоа и го документираат.
13
Единаесетта Роднокрајна средба…
Prof. d-r Vera Stoychevska Antic
MY WRITING STYLE IS DEEPLY CONNECTED WITH
BITOLA
I remember my early childhood when my parents enrolled me in pre–
school at the French College in Bitola ... College was far from our house, at
the end of Bitola „Corso“ or „Broad Street“. In those early days my teacher, the
nun Marie with big white hat, informed us that we were not allowed to speak
Macedonian, only French. She told us that if we tried to speak Macedonian
or made any mess, we would be punished to sit in a mule bench, glued with a
long red tongue.
My mother appreciated the Church as the highest dignity of Christianity.
I accepted the lessons of charity, love, directed against the lies, deception and
greediness. Today, I remember the religious feeling that I was transplanted,
first from my mother, then by the French College where the sincere love for
God was cherished, as well as the ten commandments. When I used to go on an
excursion trip to Kisela Voda or Krstoar, my mother Milica used to say to me,
„When you're alone and when you are on a mountain, or alone in the room,
then the Lord is always with you, looking at you!“ Personally, I strongly believe
in the victory of Love and Virtue, of Good in which believed even the Bogumils.
14
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Гордана Михаилова Бошнакоска
ОБНОВУВАЊЕ НА КАЖАНОТО – НАПИШАНОТО
Одредувањето на сопствениот стил на пишување, е како да станеш
објективен посматрач на она создаденото, без присуство на субјектив-
ност. Но улогата е сега друга – потребна е субјективноста во тоа бурич-
кање на сопственото творештво или
поточно откривање на сопствените
„тајни“ во откривањето на инспира-
цијата, мотивите кои ќе ја создадат
содржината на делото.
Бидејќи пишувам превасходно
поезија, но и проза, литературни
осврти за автори и дела, кои го побу-
диле мојот интерес, како и есеји
од областа на ликовната уметност,
ова е еден од можните патишта за
доаѓање до откривањето на „соп-
ствениот стил“.
Најверојатно тој се состои во
она првичното, а тоа е „темата“ на
интерес. Таа го одредува и приста-
пот кој го носи и стилот како одред-
ница на таа севкупност. Секако дека
самата сум таа која ги открива некои творби заборавени, можеби и загу-
бени, па потоа пронајдени и онаа констатација : ова ми личи како да е
мое. Тоа како да е мое, всушност е во откривањето на препознатливоста,
на сопствената мисла која е вградена во делото, текстот или освртот кон
некое туѓо дело. Во туѓото дело да се откриеш себе е како да ги прифаќаш
енигмите на оној другиот, како свои и при тоа, да останеш на некои соп-
ствени согледувања. Тоа значи дека она „сопственото“ го носи твојот
белег или стилот на твоето пишување.
15
Единаесетта Роднокрајна средба…
Покрај темата која ја одигрува важната улога, која го води умот,
сознанието и раката која го пренесува, во оформувањето на целината,
секако е важен и носечкиот фактор, а тоа е интелектуалната подготвеност
и подобност за соопштување на посакуваното од самиот автор. Ова поса-
куваното на некој начин, го креира самиот „стил“ на пишувањето.
Во светската литература се издвојуваат повеќе имиња на автори кои
се наметнале со својот препознатлив стил на пишување, но и со темат-
ска посебност. Во таа група на автори секако дека пред се би ги посо-
чила руските писатели како Толстој, Достоевски Тургењев, Чехов, потоа
Пастернак, Марина Цветаева, Ана Ахматова и др. кои не само што го
изградиле својот стил, но пред се ја наметнале и нивната интелектуална
потенција, која всушност го гради стилот. Во оваа група на автори секако
треба да се нагласи и улогата на француските надреалисти, Бретон, Ара-
гон и др. врз чии револуционерни и иновативни идеи се градел тој нов
стил што извршил големо влијание и врз голем број автори во светот.
Потоа, секако треба да се спомене и магичниот реализам на Јужно Амри-
канските автори Борхес, Маркес и др. кои што влијаеле на многу автори
во светот. Тука би го споменала и современиот турски писател Памук, кој
е на границата на класичниот реализам на Балзак и магичниот реализам,
со посебноста во неговиот стил.
На појавуваноста од оваа богата лепеза на автори од светската лите-
ратура, како и многу неспомнати во овој текст, а кои што исто така се
надоврзуваат на една индивидуална стилска и содржинска реалност, со
својата разнородност и богатсво, влијаат во создавање и на сопствениот
стил. Би можело да се рече дека стилот е всушност еден „систем на размис-
лување“, во кој како најважен елемент е средината од која се поникнува и
во која се живее. Секако, дека тука се вклучени индивидуалните сензори
кои помагаат во регистрирањето на сите појави, настани, интелектуални
„ломови“ во сопствената природа.
Така оваа содржинско и стилско богатство кое се перципира надвор
од личноста на творецот, влијаат и во градбата на сопствениот стил. Пред
с` тука се и невидливите „системи“ на сопствената свесност, за она што се
пишува и, за она како се размислува.
Што се однесува до самата индивидуалност која и го создава стилот
на пишување, важни се неколку битни елементи. Пред се елементот на
издвојување од општоста. Ова е меѓу првите носечки структури на твор-
бата. Значи таа, творбата било од кој литературен вид да е, треба да ја
има тежината на вистинитоста што самиот автор ја носи. И не само онаа
16
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
вистинитост но и нејзината посебност го „гради“ и самиот стил на препо-
знатливост. Друг елемент е тој, до кој степен самиот стил, се задржува како
препознатлив миг во творештвото, бидејќи тој метаморфозира и станува,
со самото тоа непрепознатлив. Често пати се соочуваме со делото на некој
автор, кој што предходно сме го регистрирале во сопствените сознанија,
како автор со одреден стил и тој се појавува со дело, кое што апсолутно
„излегува“ од предходните рамки, на неговиот препознатлив стил. Тоа
значи, дека на големите автори не може да им се „верува“ до крај, на нив-
ната инспирација и како таа ќе ја пренесе. Тука доаѓаме до елементот на
движењето на свеста и сознанијата, кои како градба ја градат идната соз-
давачка потенцијалност. Ако во драмите на Чехов некаде во првата сцена
во сценографијата има пушка, кога тогаш во текот на дејствието таа и ќе
пукне. Ова е препознатливо, но што пак кај некој друг автор се зборува за
река, езеро, море, океан, значи ли тоа дека пливачот треба да се удави. Гра-
дењето на самата идеја во создавањето на песна, расказ, роман, есеј, драм-
ски текст и т.н ја одредува суштината на тоа дело, а со самото тоа и стилот
во неговата „изведба“. Во оваа смисла, би ја потенцирала опседнатоста на
Вирџинија Вулф со водата, реката. Така што на крајот, со наполнети џебови
со камења и се удавува во реката, што не е само водата како причина, ама
секако и повеќе други состојби на нејзиниот дух. Сите ови поединости, а
секако и множествата го градат стилот или стиловите на авторите.
Во таа смисла би сакала да истакнам некои творечки „опседнатости“
кои го градат стилот на авторот. Овие опседнатости се некој од атрибу-
тите и во моето творештво, со кои сум се пројавила во повеќе создавачки
форми, како поезија, проза есеј и др. Се случува додека излегува некоја
песна, да помислам дека е тоа добра тема за проза. Во голем број на слу-
чаи и сум го правела тоа, би се рекло менување на стилови или сепак, во
содржината на овие подлоги лежи задскриен стилот на пишувачот. Тој,
стилот кореспондира и со веќе погоре наведените инспирации, интелек-
туални надградби од прочитаното, проживеаното и секако и од она што
созрева, а ќе дојде некаде во иднината.
Во сите мои книги дали е поезија или проза сум градела и сум над-
градувала некоја мисла, замисла која требала да биде по различна од пред-
ходната, од предходното. Но во сите градби, од кога ќе ги прочитам како
готови, сум откривала нешто да ме поттикне, дека сето ова наликува на
мене, на она што сум јас како осознаено творечко суштество што и, покрај
незадоволствата што нормално се јавуваат во творештвото, сум сакала да
и верувам на иднината, дека ќе го задржам она „моето“ а секогаш ќе му се
приклонам и на она подоброто, во мене и надвор од мене.
17
Единаесетта Роднокрајна средба…
Gordana Mihailova Boshnakovska
RENEWAL OF WHAT IS SAID – WHAT IS WRITTEN
I would like to point out some creative „obsessions“ that build the style
of the writer. These obsessions are some of the attributes in my work, which I
have expressed in many creative forms such as poetry, prose essays and others.
It often happens while I am writing a song, to think that this is a good topic for
fiction. In many cases, I have done it, I would say changing styles or however,
in these changing contents lies the hidden style of the writer. Also, the style
comes out of inspirations, intellectual updates of reading, and of course, from
the experiences in life which make us more mature in the future.
In all my books no matter whether poetry or prose, I've built and upgraded
a thought, an idea that was intended to be a different from the previous one.
But in all the creative products, I discover something that will urge me, saying
this resembles on myself, resembles on me as a self–actualized creative being
that, despite the discontent that normally occurs in my creative work, I would
like to keep what’s „mine“ and always to be inclined towards the good, inside
of me, as well as outside.
18
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Проф. д-р Благоја Брајановски
ПРЕПОЗНАТЛИВОСТА НА МОЈОТ СТИЛ
НА ИЗРАЗУВАЊЕ
Не е лесно, односно е мошне
тешко да се пишува за самиот себе
за да се истакне она што е препо-
знатливо во однос на сопствениот
книжевен стил на изразување; тоа
подобро тоа може да го направи друг
писател. Но бидејќи таков е насловот
на Темата од организаторот на овие
Единаесетти, по ред, Роднокрајни
средби, така и треба да се постапи.
Препознатливоста на мојот
стил на изразување
Мојот стил на изразување во
моите книжевни дела, може, главно,
да се систематизира, како препо-
знатлив стил на изразување, во
врска со:
1. Критички осврт на прозно книжевно дело, и
2. Критички осврт на поетско дело.
1.1. Критичкиот осврт на прозно книжевно дело
Зошто правам ваква поделба кога и прозното и поетското дело
се книжевни, односно литературни дела.
Прво, поради тоа што кај прозното дело, главно, сосема кусо
се oсврнувам, но најчесто и воопшто и не се осврнувам на содржи-
ната на делото; тоа му го оставам на читателот (бидејќи со тоа го
стимулирам самиот, пред се, да го прочита делото и да заземе свој
19
Единаесетта Роднокрајна средба…
сопствен суд, не само за неговиот уметнички дострел, туку, и, што е
уште поважно, да ја открие суштината во него, а тоа подразбира
мудроста во делото и да го упати, ако има такви способности и прод-
лабочени знаења, истите да ги примени).
А) Цане Здравковски. Суштината (мудроста) што ја носи
делото. Поради ограниченоста на просторот, во анализата на суштината,
мудроста (зашто секое прозно, како и секое уметничко дело дело носи во
себе суштина, некаква порака, па и поука за читателот), накусо ќе се задр-
жам само на две прозни дела од еминентните, пред се, прозни писатели:
Цане Здравковски и Владимир Костов). Ако за мене како аналитичар,
како критичар на прозно дело, не се толку битни сите ликови во делото,
зашто тие не ја „носат“ суштината во делото, иако ја „потпомагаат“, ја
„надополнуваат“, туку оние ликови, преку кои критичарот на делото упа-
тува на оние кои ја „носат“ стожерноста, мудроста во делото, како што
е, на пример, со делото Синџир на авторот Цане Здравковски, во кое авто-
рот, преку ликот на Пелагон, го наговестува доаѓањето на Новото време
(востановувањето на Еднопартискиот политички систем во земјата), кога
религијата ќе биде прогласена за „опиум на народот“. Тогаш, за мене
главно е она на што Ц. Здравковски, го потпира доаѓањето на Новото
време пренесувајќи го преку размислувањето на Марко Шаторковски
да му укаже на попот Понимај, и, притоа да не го навреди. Така, „По
патот за Пелагон долгпо размислуваше дека мора да се направи реши-
телниот чекор, но не знаеше како. Како да му каже се отворено на
Понимај, а да не го навреди“, незнаејќи дека и попот веќе живеел со она
што требало да дојде (Новото време), „та и не беше многу изненаден од
пресвртот кај него“.1 Но тоа не значи дека суштината, стожерноста на
делото се препознава и се исцрпува само со овој едноставен пример, туку
со докрај прочитувањето на делото, кога читателот, кој бил учесник во,
не само на почетоците на доаѓањето на Новото време, туку и во него-
вото манифестирање како нов, своевиден политички систем на опште-
ствено уредување. По тоа, на одреден начин, би можело да се препознае
мојот стил на уметничко изразување, кога речиси секогаш, ако посе-
дувам во тој момент нешто што можам да го пренесам на друг, да го
„збогатам“ со нови спознанија, или да ги надополнам неговите дото-
гаш стекнатите спознанија од најразлишни области на животот.
1. Благоја Брајановски: Возвиши се во својата мисла, Книжевни есеи за едно време, Скопје
2015, стр. 23.
20
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Б) Владимир Костов. Што е тоа што го откривам во прозното дело
романот Битолијада на знаменитиот македонски писател, Владимир
Костов, од аспект на суштината, мудроста што ја носи ова знаменито
литературно дело. Она што погоре го бев рекол и за Цане Здравковски, на
одреден начин се однесува и на овој роман на Владимир Костов. Имено,
за мене стожерност на делото е однесувањето на Невеновски, односно
неговото движење спротивно на Текот (што живот значи). Односно Неве-
новски во животот, во услови на Едноумието, не би требало да се однесува
спротивно на Текот што живот значи, Јавно да се манифестира, противи
на тој Тек (Едноумието), туку, со други средства, како што вели Вилјем
Блејк: да се однесува како „Будала која истрајува во својата лудост,
постанувајќи мудра“.
За да ја истакнам стожерноста на делото Битолијада, односно за да
укажам дали главниот лик во делото, Невеновски, треба во се да каже НЕ
како спротивставување, наместо да применува други средства на отпор
против новиот политички систем, наведувам дел од мојот осврт на ова
дело од мојата книга Возвиши се во својата мисла (стр. 105):
„На што н` наведува, речиси без исклучок, ваквото човеково одне-
сување? Н` наведува на тоа дека човекот е склон да не се препушта
на Токот на Времето што живот значи. Тоа што човекот се среќава
со Новина која може во целост да ја разбранува неговата севкупност и
суштина, не подразбира дека таа Новина како р’кулец тлеела во претход-
ната Новина, што сега останува зад нас – како минато. Во ваква ситуација,
не сме свесни дека „новата“ Новина е објективен, неизбежен, судбински
гостин (настан) кој морал да се случи, зборува за фактот дека ние с` уште
не сме го достигнале степенот на нашето духовно созревање (надградба),
дека и ние сме дел од Еднотата, дека и ние сме дел на Универзумот, дека
сме Универзум „во мало,“ и дека Новото е диктат на Еднотата во која и
ние се наоѓаме. Според тоа, на одреден начин – и наш диктат. За да може
да станува збор за достигањето на овој степен на духовно созревање нео-
пходно е Стварноста да ја сфаќаме како стварност што протекува,
недофатна и неописива.2
2. „Затоа страдаш.“ – вели Јогананда. Бидејќи „Сакаш младост, а таа нестанува, сакаш љубов, а таа
се расплинува, сакаш мисла, а таа те остава на цедило, сакаш знаење, а тоа се покажува како куп на
предрасуди, сакаш вистина, а таа се искажува како мислење. Се фаќаш за форми што се минливи
зашто се форми само во твојот дух. Додека ги фаќаш, секоја исполнета желба создава нова и секој
одговор на прашањето раѓа ново прашање. Се наоѓаш во меѓепсан круг. Фиксните форми до кои се
држиш затоа што се боиш дека без нив ќе ја загубиш индивидуалноста, се блато во твојот рибник.
21
Единаесетта Роднокрајна средба…
1.2. Критички осврт на поетско дело
Богоја Таневски. Основна разлика меѓу прозно и поетско дело е во
фактот што при анализа на поетско дело речиси и да нема потреба од ана-
лиза на ликови во делото, што значи не се раскажува делото туку возне-
сувањето на поетот во создавањето на делото, она што по прочитувањето
останува да трепери во нашите дамари, па, на моменти да не наведе солзи
да ни потечат низ образите незнаејќи зошто тоа ни се случува.
Мислам дека основна одлика на поезијата е наративноста но и
спознајноста на нови вистини, како на пример, во песната Процена на
познатиот поет Богоја Таневски:
Откако нештото
ќе го изгубиме
дури тогаш
ни текнува
колку вреди тоа
и по него тагуваме...
„По правило, кусата песна резултира со збиена поетска реч, односно
таа претставува збиена песна, збиена суштина, мудрост до бескрај; и самата
песна е рамна на Бескрајот; и таа е Бескрај. Покрај тоа што во песната
„Процена“ недвосмислено ја откриваме суштината во сета нејзина длабо-
чина колку што е пространо и колку што е длабоко небото, во зависност од
научно–естетскиот профил и хабитусот на читателот, како и во зависност
од неговата состојба на телото и на духот во моментот на читањето, н`
враќа назад во изгубената и со ништо неоповоргнуваната древна мудрост,
за жал – денес напуштена: „Не тагувај откога тагата ќе налегне на тебе,
туку имај смирен дух во моментот на преземањето на дејствата,
откога пред тоа ќе ја откриеш суштината и откога ќе ја отсликаш
во сопственото внатрешно Јас.“ Оттука, само со малу зборови, со ислу-
шување докрај на соговорникот, па макар колку бедни да ти изгледаат
неговите зборови, дејствувај без никакво двоумење, без никаква размисла.
Твојот нервен систем е заматен со наслагите на мајата (илузијата – Заб., е моја). Очисти го. Тогаш
ќе го одразува апсолутното. Сеедно е дали тоа го нарекуваш Празнина, Вакуум, Брахман, Бог, Дух,
Суштина. Кога ќе ~ дојде крајот на метафизиката и кога си ја исцрпил и психологијата, секогаш се
враќаш на примателот, кој е материјален: твоите нерви, твојот мозок.“
22
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Потпри се само на гласот на сопственото внатрешно3F „Јас.“ Зашто, „нема
ништо вредно што можеш да го изгубиш во овој свет.“
Во песната „Процена,“ на почетокот на настанот, селаните не се
свесни за судбината што надоаѓа. Тие во себе се со измешани чувства.
Се плашат од неизвесната судбина, но потајно некаде длабоко во душата
сепак останува место и за радост: – Можеби ќе биде подобро! „Плашли-
воста е запалување на срцето во невреме"4F(Свети Ј. Лествичник).
Меѓутоа, во тој прв настан (момент) тие не се во состојба да ја про-
ценат таа загуба. Достаточна е самата загуба. Да се загуби својството на
селанец, иако некој од нив и тоа потајно го посакува. Староста и осамено-
ста во селото само дотурува масло на веќе разгорениот оган. „Стравот е
опасност на која се мисли уште пред нејзиното настанување. Или:
Стравот е трепетно чувство на срцето кое трепти и тагува поради
неизвесните но можните настани“ (Свети Ј. Лествичник). Немоќни се
во откривањето на вистинската суштина на настанот, затоа што се супер-
фицијални (површни) и затоа што не се во состојба да навлезат подла-
боко. Тука не станува збор за страшливоста како детинестата природа во
суетната стара душа, туку за отсуството на верба во очекувањето на неиз-
весно–извесната несреќа. Но со тоа што не биле во состојба да навлезат
подлабоко во проблемот, особено во однос на последиците за нив самите,
каква е смислата на сето тоа? Дали со тоа би можеле да ~ се спротистават
на судбината? Сигурно – не.
По појавата на настанот, доаѓа последицата, а последицата е иселу-
вањето. Народната мудрост вели дека „не удира гром во коприви". Меѓу-
тоа, авторот во песната „Иселување,“ токму спротивното го говори, дека
„Удри гром во коприви"; почна иселувањето; луѓето „... почнаа да ја
влечат покуќнината надвор.“ Селото Суводол повеќе го нема, камба-
ната плаче, со право извикува поетот.“5
3. „... запознавањето на твоето вистинско Јас, на неговиот потенцијал и на внатрешната динамика,
претставува неоткинлив дел од духовниот пат. Кога ќе се научите да патувате од внатрешните се-
лидби на својата психа и кога ќе се убедите во неговото присуство и сила, ќе можете да го примите
подоблесно променливиот, несигурниот и непостојаниот карактер на надворешниот опкружувач-
ки свет, Во духовното здравје влегува и откривањето на суштинскиот ритам на таа скриена, внат-
решна честичка од самите вас, за да можете да ја синхоронизирате со вашиот емоционален, физич-
ки и надворешен свет“ (Тибетската книга на изцелението, стр. 142–143).
4. „Отерај го песот кој ти доаѓа во моментите на најдлабокиот плач и кој ти говори дека Бог е неми-
лосрден и безчувствителен. Зашто, ако добро погледнеш, ќе видиш дека тој ист пес пред нашиот
грев говори дека Бог е човекољубив, со жалослив и милостив“ (Свети Ј. Лествичник).
5. Благоја Брајановски „Возвиши се во својата мисла“, цит. дело 34–35
23
Единаесетта Роднокрајна средба…
М-р Сања Мучкајева – Видановска
МОЈОТ СТИЛ Е ПОВРЗАН СО ЖЕНАТА
Корелација меѓу минатото и сегашноста, како препознатлив
стил на изразување
Стилот на изразување е израз
на духот на авторот, пропорцио-
нален на неговото восприемање и
истовремено возвраќање кон сре-
дината. Чистата вербална комуни-
кација во која пишувачот општи со
читателот, истовремено е и слика
не само на неговото согледување
на реалноста, туку и фикцијата
која ја посакува, или пак само сака
што послободно да стави акцент на
она што алудира, истражувајќи се
самиот себеси и околината во која
живее.
Изразувањето е форма на сло-
бодоумно искажување и како такво
може да се искористи при нарација
во која минатото, сегашноста и иднината се блиски и неделиво поврзани.
Преиспитувајќи се себеси во овој сооднос меѓу некогаш и денес, но со
порака кон иднината, често го пронаоѓам минатото во своите дела, како
цврст корен за сегашноста, па во таа определба го пронаоѓам изразу-
вањето во кое се пронаоѓам себеси.
Убава тема за размислување! И за анализирање на делата, чии
листови ја виделе светлината, но и на оние дела кои чекаат во затворена
папка од листови или во меморијата на модерното електронско пишу-
вање. И сега размислувам околу тоа, пронаоѓајќи го своето изразување
24
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
низ минатото и сегашноста, каде нивната испреплетеност го обележува
мојот начин на комуникација и нарација со читателот. Убава тема, и затоа
што стилот, како изразно средство е своевиден печат на она јас, а тоа
јас е умешноста на пишувачот да ја води играта во своето искажување.
Моите реченици при тоа водење се почесто долги, си припомнувам сега
додека го пишувам ова. Знам да се прекорам самата себеси понекогаш и
да си речам дека некогаш се доволни малку зборови, и целината е восхи-
тувачка. Остава без здив. Како „Во тишината“, од една строфа и Шопов не
остава во тишина. Без зборови... Божествено восхитувачки!
Кога ќе се навратам на моите дела, се препознавам себеси и во пара-
лелата на ликовите кои никогаш не се среќаваат, но на крајот се спојуваат
со своите животни приказни. Како што тоа бидува во вистинскиот живот.
Мислам дека секоја сторија има свои корени од минатото и како инте-
ресна целина со сегашноста се спојува во една слика и игра на случајно-
сти. Бидејќи често пати се прашувам дали животот е игра на случајност,
или среден хаос кој е предодреден да оди по својата патека, тоа ме одвле-
кува кон тоа минато, како карма што навидумзалутала, за да се најде во
нечија сегашност.
Мислев дека моите стари рани нема повеќе да болат, но...
изгледа постојат рани кои никогаш не зацелуваат! Телото има свој
одбрамбен механизам, но душата, не! Изгледа и кога еден ден ќе мора
да се раздели од телото, таа талка засекогаш низ бескрајот со сите
тие рани кои не зацелуваат. Ги носи како лузни од минатиот живот.
И ако повторно се всели во друго тело, во некој иден живот, ако тоа е
така, ги носи и во него. Тоа е карма!
(Извадок од мојот најнов роман „Ноемвриски крстосници – Mon petit ange“)
На овие простори, светот како да се испреплетувал во мрежа од пре-
брежја. Војната и мирот се менуваа толку често, а судбините на луѓето
се менувале толку брзо, што корените од минатото просто врескаат за
да се испреплетат со сегашноста. Сакале ние, или не. Самото чекорење
низ овој град, се испреплетува со толку многу други чекори од минатото
(блиско и подалечно), што тера како предодредено писание да пишуваш.
За војните на овие простори, за мирот, за неизвесноста, а секое семејство
има сопствен патоказ кој влече корени од минатото. Кога човек би влегол
во секоја битолска куќа, би напишал по еден обемен роман. Тие минати
чекори, живеат духовно овде, меѓу нас и инаетливо ме тераат да се изра-
25
Единаесетта Роднокрајна средба…
зам себеси во тој стил. Минатото и сегашноста со сите тенки нишки на
поврзување, како пајажинеста мрежа, која за да биде потполна, мора да
ја содржи секоја нишка од одминатите години. И оние среќните и несреќ-
ните. И за убавите љубови и за плачот на напуштањето, за туѓината, за
крајот на судбината. Со секој човечки лик кој е само светни – угасни на
животно небо. А, иднината ја оставам на новите генерации, со својот соп-
ствен изразен стил да ја помирисаат новата пролет и да пишуваат за неа.
Кога се вративме во овој град што веќе како да не постоеше ме
пронижа никаде и насекаде. Каде исчезна топлината од огништата?
Никаде! Каде исчезнаа животите и гласовите? Насекаде! Можеби и
не постоеја, можеби сето тоа беше само илузија. Илузија на градот
што некогаш постоел и не постоел. Истркаланите камења се давеа
во калта од улиците, и колку тажно, ах колку страшно подзинато
уништени ги затрупуваа некогаш врамените слики на ѕидовите.
Уништени семејства за секогаш и исчезнати спомени. Никој на ничие,
во оставените празни ѕидишта. А калта ги голта како жива песок,
заедно со гладот и болестите. Да, градот сега има изглед на мртвило
од спомени, чадот секојдневно голта дел по дел, кое ли проклетство!
Се тресев секое утро, додека поминував и газев на тие остатоци. Секој
ден што изминува, проклето голта нови животи како да се заветил
дека на заминување ќе повлече во својата темнина следни избрани
несреќници. Градот го изгуби своето минато, а со тоа изгуби с`.
Чадот од оџаците на малите куќарки покрај кои поминував,
дрвените затворени порти, колку што можеа да се затворат и кои
едвај се држеа да не паднат – онаму каде што останаа од долготрај-
ните бомбардирања и гранатирања и оградите од камен, исто така
оние кои им се спротиставија и останаа доволно високи да го затскри-
ваат гладот и студот. Тој тенок чад, лазеше со тенка линија нагоре
кон сивото небо, како да се плашеше да не ги привлече истите грмоте-
вици од изутрината. Едно мало детенце од пет–шест години, ѕиркаше
низ полуотворената дрвена порта која едвај навалена се држеше да не
се сруши, со остатоци на устата од печеното пченкарно брашно што
го имаше јадено тоа утро. Претпоставив дека тоа ќе му биде целиот
оброк за денес. Му се насмевнав слабо додека поминував покрај него.
Тоа не ми возврати, ме гледаше сериозно под капата, а очите вдлаб-
нати од изгладнетост, изгубено ме погледнаа. Претходно се разделив
со татко ми, кој ме предупреди да не се враќам сама дома и откако му
26
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
ветив дека ќе го чекам на истото место, се сврти назад со брзи чекори
и отиде да види дали нашиот единствен дуќан кој остана неразрушен
го преживеал ова утро.
(Извадок од „Ноемвриски крстосници – Mon petit ange“)
Анализирајќи ја сопствената изразна препознатливост, одам пона-
таму. Го препознавам својот стил во романите, во кого жената го носи
столбот на целосната конструкција, втемелено со женски ликови од мина-
тото, со свои препознатливи приказни, слика на своето време. некогашно
современие и денешна реалност. Но не како женски родослов, зато што
во моето изразување жената не е на висок пиедестал, туку само столб на
животот, еднаков со столбот од другата страна – нејзиниот маж, сопатник,
љубовник. Со кого заедно го носат семејството, подеднакво завземајќи се
за победа на животните предизвици.
Во мир и војна. Во богатство и сиромаштија, и во секој дел од заед-
ничкото стареење. Изразување низ минатото и сегашноста, со испрепле-
тени животни стории. Толку различни, а сепак блиски, акцентирани со
наративноста за подолг временски период. А, кога се пишува за овие про-
стори, таа нарација е изразена со изразена трагика, како реалност зана-
станите кои се опишуваат.
27
Единаесетта Роднокрајна средба…
M-r Sanya Muchkayeva Vidanovska
MY STYLE IS LINKED WITH THE WOMAN
The style of expression is an expression of the spirit of the writer, in
proportion to its perception and at the same time communication with the
surrounding. Pure verbal communication in which the writer communicates
with the reader, is also a picture of not only his perception of reality, but fiction
which he desires or just wants it more freely to emphasize exploring of himself
and the environment in which he lives.
I recognize my style in novels, in which the woman carries the backbone
of the overall construction, founded by female characters from the past, with
their distinctive stories, a picture of its time. Contemporary to former and pres-
ent–day reality. But not as a female genealogy, because in my expression the
woman is not on a high pedestal, but only a pillar of life, equal to the pillar on
the other side – her husband, companion, lover.
28
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Ванде Ганчевски
РЕФЛЕКСИВНОСТА НА СТИЛОТ
Секогаш настојувам мојот стил
на пишување да биде препознатлив
и секогаш да комуницира со прика-
зот на делото од почетокот до крајот,
но и да ја држи комуникацијата со
читателот, со главните ликови, да
биде зачуван низ описите и дијало-
зите... Да ги активира вибрациите
на радост, тага, здодевност, апатија,
иронија, сила, немоќ... И колку тој
останува повпечатлив, знам дека
евентуалната дисхармонија, при-
сутна низ порите на дијалозите и
приказите, станува занемарлива.
Тогаш тој прави страст што делува
како шлаг над описите, било да се
за љубовта, блискоста, поврзано-
ста, омразата, разочараноста, конфликтот, фрустрации... На крајот од
читањето знам дека ќе донесе стоечка интимна овација од читателот,
упатена кон прочитаното, односно индирекно кон мене. Тоа душевно
задоволство е поголемо ако стилот на пишување и творење е повпечат-
лив за самиот читател, лесно да го голта прочитаното. Ова е предзнак за
успешно напишано дело. Затоа секогаш при пишувањето внимавам на
стилот, да му го задржам низ целиот текст неговиот автентичен вкус. Ова
е карактеристика кога пишувам проза. И мене, овој сегашниов ме лабави
низ пишувањето и длабоко останува вкоренет низ мојата вокација, а и
потврден е од неколку критичари и рецензенти како „специфичен лиз-
гав“, „пролетно миризлив“, „...и одмора низ читањето затоа е интересен
и прифатлив за читателот.“ (М. Богдановаки, Р. Бужаровска, Д.Тодоров-
29
Единаесетта Роднокрајна средба…
ски...) Затоа ваков, јас го негувам низ пишувањето и не се обидувам да го
заменам со поинаков.
Се сеќавам, во 1986 година се обидов поинаку да го распостелам низ
расказ. Прозата од расказот „Леската и Дренот“ беше полеана со поетска
роса. Се доби една мешавина на прозно кажување и певливост, прозаич-
ност и поетска комуникација, мешавина од двата стилски изрази...
И токму тој расказ ја доби втората награда на конкурсот во весникот
„Трудбеник“.
Опседнатоста на овој начин со измешан стил на пишување кусо се
задржа низ моето творење. Се работеше за една привидност која може
да збунува иако под неа се открива убавина на проза, која се остварува
со поетската нарација, а која пак ја поедноставуваше мојата мисла. Било
како било, повеќе ми лежеше автентичниот препознатлив мој стил на
пишување. И се вратив повторно да го негувам него. Убеден бев дека тој
ме носи лизгаво низ мислата, не ме замара, не ми дозволува да прецртам
реченица или да стуткам и скинам напишан лист заради одбоен стил во
напишаното. Подоцна се покажа дека сум во право, со позитивната кри-
тика од критичари и рецензенти кон начинот на изразот низ напишаното.
Така останав суверен во сопствениот начин на пишување низ прозната
вокација која изникнува како неминовна сугестија низ творењето, а во
делото да го распостели најелементарното и да даде крајна креативна зав-
ршница.
М-р Р. Бужаровска во својата рецензија за мојот роман „Страчка“
вели: „Формата и стилот се најсилните творечки атрибути. Анализата на
структурата од романот го открива тоа во својата целост, а тоа е креа-
тивната страна на авторот да даде сликовитост на живост низ збиената
содржина."
„Посебниот стил на израз и одбраните расфрлени стилски фигуре
се средства што ја надополнуваат и збогатуваат представата во романот
„Ме топли волнениот шал“ од авторот В. Ганчевски.“ Ќе рече во својот
критички осврт Д. Богдановски.
Познато ми е стилот дека му дава стабилност, цврстина и го гради
делото. Тој е знакот за препознавање на авторот од страна на читателот.
Затоа мислам дека стил на пишување треба да се држи во континуитет...
Да не се експериментира премногу со него. Ако се твори со свој препо-
знатлив стил децении, негуван толку време и ако се направи обид за
промена, мислам дека брзо ќе се влезе во слепа улица на пишување, за
30
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
по време повторно да следи враќање кон стариот автентичен рутиниран
стил на пишување.
Таков беше случајот со мене. Се сеќавам, со новиот стил на пишу-
вање, пишувањето не ми одеше лизгаво и брзо. Беше мачно и бавно..
Затоа го згазив, го отфрлив тој нов примамлив испреплетен стил на
пишување во кој се мешаа и се испреплетуваа прозни и поетски нишки.
Прифатив така да се обидам бидејки бев притиснат од мотивот по ново,
невкусено, кој иритираше во мене. Сега искусно тврдам дека мачнотија
ми носеше низ пишувањето. Сепак сум благодарен кон мотивот што
риеше по ново во мене, што се обидов да напишам нешто во тој стил и да
добијам награда.
Понекогаш вокациската желба за пишување ме враќа во тогашните
спомени низ бодликавите слатки чуства на тие прозни мисли закитени
со поетски зборови како плетенка од коса на девојка со панделка, ме
иритира повторно да напишам нешто такво заборавајќи дека сум кон-
статирал дека тој начин на пишување е болен за моите години...Нави-
дум прозен, а всушност содржаен продлабочен поетски стил со кој нудам
нов автентичен плод на поетско со присуство на прозно зборување, кое
носи стил на посебност. И повторно продолжувам по мојот, долги години
трасиран пат – стил на пишување, лесно и лизгаво како несомнена вред-
ност низ мојот творечки континуитет за остварување на суштината на
моите прозни трудови како креативни подароци за читастелите. Сакам
да речам дека останувам да го применувам едноставниот досегашен стил
кој се гради од секојдневни најобични нешта. А вакво пишување мораме
да признаеме дека е најтешко и најсложено. Така само со одбран сочен и
лизгав јазик во бистра реченица, низ впечатлив дијалог и други вредно-
сти на јазикот, мојата проза ќе продолжи да се прима ненаметливо и со
симпатија од страна на читателот.
Сум втиснал сопствен белег низ неа, години препознатлив со своја
боја, мирис и вкус за читателот, па сега не држи да биде изневерен, ајде
скокај по мотивот за ново и поинаку...
Не, недржи место, нема оправдување, а и годините и силата не ми
дозволуваат да правам експерименти. Е, да бев четириесетина години
помлад... Е, тогаш можев посебен сопствен белег да направам и со тој
нов стил на пишување. Ако не друго ќе се обидев, ќе се ангажирав... Ова
повеќе како сегашен мој став, одколку мое разбирање или толкување. А
на таа материја можам да зборувам бидејки имам и соодветмо искуство,
пишував поезија. Давно се разделив од неа, години заборавив на неа и
31
Единаесетта Роднокрајна средба…
не напишав возвишен збор. Пред десетина години се вратив на неа, без
повод, некако од инает на времето потрошено за пишување проза. Ако
за еден роман ми требаат 6 до 8 месеци седење, напишав прозна збирка
од педесетина успешни песни, барем така се произнесе критиката, за
неполни три недели.
Олеснување беше присутниот мотив и леснотијата. Во многу допри-
нос даде и концентрираниот инает...За да дојде до израз непосредната
тогашна автентична инпресија и да ја одслика стварноста што ја предиз-
викала таа импресија. Е, за ова во друга прилика.
За ова збирка раскази, рецензентот Добре Тодоровски ќе рече:
„Духовните состојби низ стилскиот поетски израз врамени се во иди-
лични пејзажи, чии стилски белези содејствуваат со душевните немири.“
Ова само како показател дека афинитетот за пишување поезија
добиен во гимназиските клупи, с` уште доминира во мене и слободно
можам да речам дека лесно би можел да се вклопам во новиот исплепле-
тен стил на пишување, погореопишан, кој денеска некако срамежливо
зачестено подава глава низ литературата.
32
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Vande Ganchevski
REFLECTION OF THE STYLE
I always try to make my writing style recognizable and always com-
municate with the display of my work from the beginning to the end. I try
to keep communication with the reader, with the main characters, and be
saved through descriptions and dialogues. Also, I try activate the vibration of
joy, sadness, boredom, apathy, irony, strength, weakness. And as it remains
remarkable, I know that any disharmony, present through the pores of the
dialogues and presentations becomes negligible. Then it causes pleasure acting
as an icing above descriptions, no matter whether it's about love, closeness,
connection, hatred, disappointment, conflict, frustration.
At the end of the reading I know that it will bring a standing intimate
ovation from the reader, addressed to what’s read or indirectly to me. That
mental satisfaction is higher if the writing style and creativity makes bigger
impression to the reader, this makes the swallowing and reading much easier.
This is a sign of a successfully written work. So when writing I am always care-
ful of my style in order to keep its authentic flavor throughout the text. I keep
to this when writing a fiction.
33
Единаесетта Роднокрајна средба…
Биљана Т. Димко
„СО ПИШУВАЊЕТО – ГО ОТКРИВАМ
ПОТЕКЛОТО НА МИСЛАТА“
Сакам да пишувам за несреќите
со кои се справува човекот во текот
на неговиот живот, затоа што, сме-
там дека единствено несреќата го
открива човековиот карактер и него-
вата животна определба, и воопшто
неговото справување со предизви-
кот наречен живот.
Мојот стил на изразување е
суров, поретко нежен, и никогаш на
ракописот не му означувам крај.
Занаетот – „пишување“ го учев
од Димитар Солев, Габриел Гарсија
Маркез и Оноре де Балзак.
Солев ме научи да го читам
човекот преку неговите секојдневни
доживувања во моето опкружување
и тоа колку е апсурдно да си уметник
во средина која и по долготрајна еволуција и е непозната свесноста за
сопственото преживување во рамки на сопствените можности и потреби.
Маркез ме научи дека сегашноста не е единственото време со кое се
справува човекот, туку дека неговото однесување има одредена етимоло-
гија. Детството е еден чудесен конгломерат од слики кои носат чудесни
приказни, едноставни, но со животни пораки.
Балзак, односно неговите книги започнав да ги читам на триенае-
сет годишна возраст. Бев многу мала. Неговите четива ми беа екстремно
тешки за разбирање, но чувствував срам, ако престанам да ги читам.
Се плашев дека ќе бидам неписмена и дека ќе не можам да ја реализирам
мојата желба да станам писател.
Сега имам 26 години. Сето ова ми изгледа помалку смешно.
34
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Кон моите ракописи сум доста критична и строга. Не им давам да
живеат ако не ме изненадат од себеси. Во прозните ракописи пишувам
за едноставни луѓе, за тие кои сами го заработуваат лебот, додека пак,
поезијата повеќе ме рефлексивна.
Имам напишано преку 300 песни, 50 раскази и имам започнато два
романи.
Имам објавено три книги поезија.
„Сетнина“
Утре ќе си одам во истата кожа со која влегов во оваа куќа.
Растегната е и на неколку места испарана.
Беззаба и гологлава, како што ме дошика мајка ми на првиот заграб.
Ќе ги прескокнам лесите од дедовиот пра
и без трошка жал ќе го згазам сето писание и неправи думи.
Во врти–сонцето ќе го видам твојот лик како радосно го спрема адот
миејќи ми го патот со магарешки трње
мирно заспива денот под твоите зеници
зазбивтано ја редам бовчата...
две раце, две нозе...и износена кожа.
„Тијана ти не си жена за мене“ (краток расказ)
Во еден тмурен и дождлив ден, кога се реши с` да напуштиш, дури и
оние на кои многу им значиш и требаш ми рече:
– „Доволно сум храбар и паметен да започнам нов живот, без минато
и иднина, сосема сам, секој ден да ми биде ново раѓање.“
Целиот твој живот го спакува во еден ранец, шише вода и сите тек-
стови од песните на Френк Синатра, препишани во една изветвена зелена
тетратка. Маестрално ми ја затвори вратата пред нос, немаше каење во
ниедно твое движење, повеќе би рекла дека беше гадење и нетрпеливост
што побргу да заскиташ.
По ѓаволите, зошто мораше да бидеш толку многу убав тогаш?!
Никогаш не те убедив да се премислиш, ниту кога таа идеја за
заминување од мене ти беше мала, само една здодевна бубачка, а тогаш
требаше, кога знаев дека ти требам многу. И што сега? Што сега? Кога
ми требаш ти, без никаков срам, ми велиш: „Тијана, јас не сум човек за
тебе, ти му си потребна на сиов овој свет, а јас, единствено тебе ти сум
потребен. Немој да им придаваш толкаво значење на хормоните, ќе те
уништат.“
35
Единаесетта Роднокрајна средба…
Biljana T. Dimko
WHILE WRITING – I AM REVEALING THE ORIGIN
OF THOUGHT
My style of expression is stern, less gentle, and I never mark an end to my
writings. My „writing craft“ I was learning from Dimitar Solev, Gabriel Garcia
Marquez and Honore de Balzac.
Solev taught me to read the man through his daily experiences
in my environment telling me how absurd is to be an artist in an envi-
ronment to which, even after a long–term evolution, the awareness
for its survival within its capabilities and needs remained unknown.
Marquez has taught me that the present is not the only time the man copes
with, but that his behaviour has a certain etymology. Childhood is a wonder-
ful conglomerate of images which brings great stories, simple, but with life’s
messages.
I have started reading Balzac when I was thirteen. I was very young. His
readings were extremely difficult to understand, but I felt ashamed if I stop
reading them. I was afraid that I would be illiterate and would not realize my
desire to become a writer.
Now I am 26. All this seems to me very funny.
I am quite critical and severe with my writings. I do not give them life if
they do not surprise me. In prose I write about simple people, for those who
earn their bread alone, while my poetry is more reflexive.
I want to write about man’s woes throughout his life, because, I believe
that only the woe reveals the human character and his convictions, and even
his coping with the challenge of life.
36
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Петре Димовски
ЗА МОЈОТ СТИЛ
Уште за првообјавениот роман
„Пламенка“ критичарот Доне Панов-
ски се искажува за оформен препо-
знатлив стил, каде вели: Она што
остава најсилен впечаток во рома-
нот, тоа е авторовото мајсторско
водење на дејството на романот.
Димовски има смисла за психолошко
мотивирање на настаните и постап-
ките сврзани со Пламенка. Прозата
во „Пламенка“ е кондензирана, цвр-
сто набоена со колоритот на автен-
тичноста и оригиналноста и таа се
доживува како цврсто романескно
остварување кое на авторот широко
му ги отвора вратите во совреме-
ната македонска литература. Има
нешто во овој ракопис што го прави својствен како по конструкцијата во
целост, исто така и во поглед на јазичната материја со која е реализиран
целиот текст. Романот „Пламенка“ го навестува сигурното доаѓање на
романсиерот Петре Димовски и високото место што тој го освојува веќе
со романескниот првенец. Целото дело е остварено со брилијантен стил и
фасцинантна нарација, со чист јазик и јасна мисла и со длабоко проник-
нување во суштината на битието што се наоѓа во авторовото средишно
внимание...
Или за збирката раскази „Жед и жештини“ од истиот критичар:
Легендата и стварноста се мешаат во расказите на Петре Димовски. На
авторот му треба само детал, само мал податок и тој е веќе способен да ја
изгради структурата на расказот и да го исполни со живост и со творечка
37
Единаесетта Роднокрајна средба…
уверливост. Внатрешниот монолог на авторот му овозможува знатно да
го стеснува сижето на расказот, а да го проширува раскажувачкото деј-
ство со подеднакво користење на белешки од стварноста и факти од текот
на потсвеста што не се ништо друго, туку само опачината на животните
факти, другата страна на реалноста. Посебна карактеристика во раска-
зите на Петре Димовски е силната убедливост што ни ја оставаат, а се
однесува на писателовото чувствување на животот. Авторот силно го чув-
ствува животот и затоа онаа точност во описот, сигурност во изборот на
јазичната материја и евидентната конкретност што сето заедно го сочи-
нуваат впечатокот дека во личноста на Димовски имаме редок автор кој
силно го чувствува животот и убаво знае дел од тоа чувство, синтетизиран
дел, да внесе во своите раскази.
Владимир Костов за романот „Хронологија на опстојот“ ќе напише:
Романот се карактеризира со неговата широка епска разгранетост и него-
вата свртеност кон настани од поблиската наша историја. Преку драма-
тично развиена фабула, на едно широко платно ни го изнесува големиот
пат на македонската нација по кој, со голема саможртва, со истрајност и
посветеност секој го дава својот придонес во борбата за самостојност, кој
пат постанал многу трновит, како резултат на нечисти политички затку-
лисни игри на светската политика, кои траат и до ден–денес. Главните
ликови од ова проза ја следат ѕвездата на историската вистина за себе,
како мудреците ѕвездата што ги доведе во Витлеемската пештера со јас-
лите на Младенецот Исус. Во романот широко се отвораат времето и про-
сторот во кој човечката мисла е временската широчина на создавањето
и централната димензија на постоењето, која е и минато и иднина во
напластените слоеви на меморијата.
Владимир Костов, за битката во „Бродови“ ќе напише: Застанат пред
таа морничава мртва глетка, писателот Петре Димовски ја анимира со
својата моќна имагинација како Леонардо да Винчи битката кај Ангиарија
во истоименото свое уметничко дело во кое, покрај уметничкиот ефект,
може да се чуе и ѕвекот на воените операции, по кој настапува морбидна
тишина со одек од копитата на коњите, јавани од аветите на Апокалип-
сата со коси в раце, за да ја собере богатата жетва на тоа човечко безумие.
Во толку е позначаен успехот на писателот, што настаните од
Војната ги поместува на втор план во однос на нејзините последици. Но
впечатокот што го оставаат тие настани во свеста на читателот е посилен
од оној што произлегува од настаните што се случуваат на втор план, а
кои се фабуларно поразгранети и психолошки помотивирани. Се чини
38
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
дека зад нив стои автобиографско доживување, па затоа се предадени реа-
листично, а некои сегменти дури и натуралистички. Најуспешно во кни-
жевна смисла се опишани, и психолошки суптилно изнијансирани во тие
сегменти се мотивите од љубовната врска меѓу главните протагонисти со
посебен акцент на трагичниот епилог на таа врска.
Тој вид на трагика по силината на страстите, не помалку и по изо-
стрениот стил, го среќаваме и во други дела на авторот.
Констатацијата на критиката дека делата на писателот Петре
Димовски се со брилијантен стил и фасцинантна нарација, со чист јазик и
јасна мисла наполно се потврдува и во романот „Хронологија на опстојот",
со додавката дека Димовски во најновиот ракопис постигнал концизност
до една совршена едноставност во која е затворена длабока филозофска
мисла. Изреченото за неговите претходни дела дека Димовски е голем
раскажувач и стилист наполно се потврдува со оваа проза.
Од стилска гледна точка и за романот „Изгубениот пат“ може да се
каже она што е карактеристично и за целокупното творештво на Петре
Димовски, односно парадоксалното во неговиот книжевен ракопис. Тој
парадокс е карактеристичен за него и како приватна личност и како
автор. Нему не му е својствено она што им е својствено на многу лич-
ности од јавниот живот кај нас, во случајов на поодделни личности од
литературниот свет, кои секоја прилика ја користат за промовирање на
својата личност и своето дело, користејќи ги за таа цел печатените и елек-
тронските медиуми, јавните трибини, разни манифестации и сл. Тоа се
случува и кога се во прашање неговите книжевни пројави зад кои тој стои
засолнат зад нив.
Преку драматично развиена фабула, со свој неоромантичен динами-
чен заплет и расплет со прокоба, својствена за ликови на античките траге-
дии, следејќи го историски трасираниот пат, протагонистите на романот
„Изгубениот пат", изгубени во метежот на овој свет – со асоцијација на
долгиот и „изгубен“ пат на македонската нација како резултат на нечисти
политички заткулисни игри на светската политика, кои траат и до денде-
нес – ја следат ѕвездата на историската вистина за себе, како мудреците
ѕвездата што ги доведе во Витлеемската пештера со јаслите на Младене-
цот Исус. Како тема, овој библиски настан најзастапен е во македонската
иконографија, а како книжевен мотив, на него се алудира и во романот
„Изгубениот пат“ кој е ѕвезда на македонското литературно небо која го
води читателот во македонскиот Витлеем.
39
Единаесетта Роднокрајна средба…
Раскажувачот, романсиерот и авторот на монодрами Петре Димов-
ски низ нарацијата на интроспекцијата проникнува во карактерите,
со чувство за талкање и толкување на ликовите што ги претставува од
нивната реалистична положба – до метафизичките расположби, со дес-
криптивна дистанцираност и дискреција оставајќи простор читателот
да донесе лични впечатоци за прочитаното, за личностите, ситуациите,
без да влијае сугестивно, пристрасно инволвирање на авторот со пораки,
наравоученија или било какви дидактички епилози, препуштајќи им го
тоа на тие што ги читаат книгите, ќе напише Ричард Иванишевиќ.
Еве од искажувањето на Ефтим Клетников за романот „Бродови":
Петре Димовски е трпелив, тивок и ненаметлив, но зрел и сугестивен
писател. Тоа е роман пишуван непретенциозно, со едноставен раскажу-
вачки стил, кој меѓутоа токму во едноставното и искрено развивање на
романескната приказна на најубав начин ја демонстрира раскажувачката
магија на перото на Петре Димовски. Таа го заробува уште на самиот
почеток и го држи под своја власт читателот од првата до последната
страница на делото на овој писател. Композицијата на романот е
дводелна, диптих кој претставува складна раскажувачка целина, убаво
уметнички обликувана и мајсторски стилски водена од почеток до крај.
Во романот на Петре Димовски, аналогно на Толстоевиот роман, двете
паралелни приказни што се сменуваат ритмички преку една глава, ги
изнесуваат на површината на текстот исто така дублети: едната Ниче и
Жозефин, а другата Благуна и Рене. Како во романот на Толстој и тука
едната приказна (таа на Благуна и Рене) е трагична, а другата (таа на
Ниче и Жозефин) среќна, и покрај некои тешки егзистенцијални иску-
шенија. „Бродови“ е пишуван со реалистички стил и со многу усет за пси-
холошко портретирање и нијансирање на главните ликови. Пишуван е
едноставно и спокојно, но со потези на зрел и мајсторски раскажувач, кој
на својата навидум проста тема ~ дал битна егзистенцијална и антропо-
лошка димензија. Но иако во основа, според стилот и основниот тон на
раскажувањето, реалистичен, неговиот роман на еден ненаметлив и пре-
финет начин ја содржи во себе фактурата на модерниот роман од моно-
лошко–асоцијативен тип. Се разбира пак, притоа не пречи што таа модер-
ност е градена врз постаментот на класичните романескни премиси што
ја претпочитаат етичката и хуманистичката димензија на содржината и
пораката. Онака како што ја дефинира во таа смисла задачата на лите-
ратурата и Ернесто Сабато кога вели: „Литературата не е ни денгубење,
ни бегство, туку е облик на истражување на положбата на човекот во
40
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
светот, и тоа можеби најпотполен и најдлабок облик.“ Оваа дефиниција
на Сабато, имено, непогрешливо ја дефинира и романсиерската уметност
на Петре Димовски, која е посебно јасно кристализирана и содржински и
поетички сугестивно изложена во неговиот најнов роман „Бродови“, чии
литературни квалитети се несомнено високи.
Науме Радичевски за романот „Крилја“ ќе наведе дека тоа е дина-
мична и читлива проза, испишана на коректен и разбирлив јазик.
„Крилја", како и неговите претходни книги, е дело на талентиран раска-
жувач и романсиер со веќе изграден сопствен стил, дело на автор кој се
обраќа на чист и за своите читатели јасен и достапен говор.
Критичарката Љубинка Донева за „Бродови“ пижува дека тоа е
роман од над 200 страници и се чита во еден здив, а причини има повеќе.
Композициски, книгата е устроена со вовед кој всушност е еден вид про-
лог по што следуваат наизменични (паралелни) раскажувања на авто-
биографски(те) приказни од двата лика, машки и женски, за на крајот да
ја заокружат целината од што пак произлегува епилог. Во воведниот дел,
нараторот објаснува (значи во прво лице еднина) дека за да ја раскаже
својата животна приказна, е предизвикан од писателот.
Топонимот, превозното средство и многуте метафорички и симбо-
лички значења на бродот, Петре Димовски ги згустува во една лирска и
философска потреба за разгатка на стапиците на животот. Нарација од
ваков вид има и кај словенечкиот модернист Отон Жупанчич во поемата
Дума, каде се присутни два гласа: женскиот и машкиот. Женскиот ја
отсликува татковината, огништето, домот, а машкиот е врската со туѓи-
ната, со потребата да се обезбеди основната и подобра материјална егзи-
стенција. И со ова, Петре Димовски е поблизок до Жупанчич.
Средбата со новата средина е всушност средба со една сурова реал-
ност. Очекувањето дека ќе биде прифатен како свој, е изневерено. Таму
нашинецот станал корав и суров, без ни малку разбирање за дојденците.
И преку ова, се исполнува онаа симболика на бродот како средство кое
има функција да пренесе, да внесе од свет на незнаење во сознајност. Тука
Ниче влегува во еден сосем поинаков свет во кој с` е подредено на парите.
Неговото исчекување за новиот свет и поубав живот е всушност исчеку-
вање на можното и потребното враќање, а дотогаш е во приказната на
исчезнатите (како што тоа неминовно го забележува Ташко Георгиевски).
И тие преселби се резултат на најразлични причини, мотиви и
моменти. Социјалната компонента е (можеби) најсилна и најдоминантна.
41
Единаесетта Роднокрајна средба…
Умешно и топло, Петре Димовски му подига зборовен споменик (како и
што заслужува) на Рацин со тоа што меѓу нашинците во туѓина се рецити-
раат неговите неодминливи песни. Со јасната реченица, со дискретната
философија и ненаметливо протнатите „расправи“ за печалбарството, со
лиризмот што исјајува од секоја страница и со стилски збогатениот коло-
рит, Бродови како да го продолжува континуитетот на Сенката на лилја-
кот од Крсте Чачански и така ја брише празнината што мислевме дека
можеби е присутна. Ниче токму мислата кон Жозефин (како помислата
на Доне Совичанов на Ангелина, од Црно семе на Ташко Георгиевски)
го држи смирен и доволно силен да се пресмета со битките на животот.
Авторот дава колективен портрет на македонскиот печалбар, низ густи,
јарки бои и ни прикажува лице искривено од бол, стуткано во тага, но и
со искра надеж за поубав живот и со искрена и топла благодарност кон
солидарниот и помагателот, кон оној свој што е поткрепа и браник од оса-
меност. Психологијата на печалбарот, која толку детаљно ја разресува и
составува авторот, е психологија на млад, здрав, ментално нагласено чист
(и со морални норми) маж, со јасно одредена цел, со впрегнување на сите
средства и сили за постигнување на таа цел.
Описите на сликите на војските што го покриле теренот и на самиот
терен се неверојатно сугестивни и говорливи и сами по себе како слики
одразуваат една мачна атмосфера што всушност е и крајната интенција
да се долови деструктивната и разорна сила и бесмисла на војните. Во
женската приказна, насловот ја потврдува својата симболика на лотка на
смртта која побудува чувство на вина зашто наведува на мислата на лот-
ката на Харон, која секогаш води во адот. Женската и машката приказна
се во неверојатно постигнатиот баланс и содржински и уметнички па таа
книжевна рамнотежа, го прави романов занимлива лектира, а пред с` и
заради психологизирањето и упатството за опстанок и во вакви, ненор-
мални услови. Така, сликајќи ја Благуна, авторот ја слика македонската
жена во која и покрај сето зло со кое е опкружена, нема огорченост, нема
злоба, нема гнев и желба за одмазда. Во неа човечноста препознава човек.
А една забелешка на Благуна како да и ја шепнал Тагоре, кој својата земја
ја именува како кутра но заради тоа не ја напушта… На средината од
романов, авторот ги вкрстува исчезнувањата и враќањата, животот и
смртта, болката и борбата, разочараноста и радоста од победата на живо-
тот на барем еден ден. Тоа е покажано вешто, дискретно со распласту-
вање на постапките на девојката негувателка, со жедта на негуваниот да
преживее…
42
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Со повторувањето точно одбрани глаголи, Петре Димовски постиг-
нува ефект на доближување на одредена ситуација.
И тоа е она чувство, така силно и потресно, апокалиптично и мор-
ничаво доловено, кога живите им завидуваат на мртвите. И токму умеш-
носта да се постигне ова, го дефинира авторов како сериозен аналитичар
на војната преку која го потенцира значењето на мирот.
Овие се куси студии за војната, смртта и патриотизмот низ кои
авторот проговорува за македонските црнила, се страници од македон-
ската недамнешна историја преполна со отчовечување, умирања и вос-
креснувања на овој народ, за кого мирот секогаш бил кревка состојба,
лесно подложна на нарушување. Всушност токму овој парадокс е умет-
ничко потенцирање на книжевната знајба да се направи хармоничен спој
помеѓу суштината на темата и формата со која се постигнува испакну-
вање на поентата. И токму страниците што за војната ги раскажува една
жена и на начин кој е еден рационален, а душевен аспект на истата, се
есеи за војната и с` што таа претставува. А тоа се чувства на напнатост и
страв, исчекување и надеж…, верба
дека ќе се доживее посакуваното. И токму во овој и ваков контекст,
авторот дискретно и топло, го промовира христијанското начело на вера,
љубов и надеж.
Лирски исповедниот тон и нејзините душевни расположби на резиг-
нација и огорченост од војната поради мирисот на смад, гнилеж, смрт и
страв, го прават овој роман слика и пресек на длабоките душевни стра-
дања што војните ги носат и го обезвреднуваат човекот и неговиот живот
како што тоа авторот го претставува преку Благуна. На едно место, низ
три реченици, авторот постигнува градација на состојбата со само една
синтагма која во последната реченица ја отсликува најстрашната улога на
војната–рушителка, големата уста што голта млади животи.
Она што во ритамот на овој роман го потцртува индивидуалното,
оригиналното говорење е кусата, динамична реченица, лишена од претру-
паност, а сепак прецизна, движлива, иако наизглед тој ритам е спокоен,
смирен и сталожен. Сталожен да, но не и спокоен. И постапно водејќи ги
своите ликови кон крајот на текстов, авторот со знајба, ненаметливо, а
речито, ги „спојува“ машката и женската приказна преку ликовите, пока-
жувајќи како едниот ја замислува интензивно до реалност, до физичка
присутност саканата личност, а другиот т.е другата го сонува саканиот
лик реалистички и нагласено исто така до степен на физичка присутност.
Како што романот се доближува до крајот, така напнатоста расне и овде
43
Единаесетта Роднокрајна средба…
во Брод и таму на другиот крај од светот, со ист интензитет и му дава на
делово предзнак на нужно определен исказ кога е во прашање ваква мате-
рија за обработка.
Лириката што како срмена нишка се провлекува низ целиот текст,
при крајот се згустува и заблескува посилно, врзувајќи ги така двете при-
казни, таа на Ниче од туѓина и таа на Благуна од дома, за да се доживее
болката на нашиот човек преку болката на македонската жена, натова-
рена да ги потпира трите ќошиња на куќата.
Никола Кочовски го изнесува мислењето каде необорива вистина
е, и неа секако читателите ја чувствуваат, дека високото ниво на убавиот
квалитет на своето перо Петре Димовски го постигнува особено таму,
каде што има можност да се впушти во разгрголено жив, и динамичен
тек на борбеното, силно емотивно усмерено дејствување, многу често и
со присуство на пребудна свест, како најизразит и најпотполн облик на
живеењето.
Со ваквиот свој препознавлив манир Димовски уште на почетокот
го придобива читателот за она што има да му соопшти, а на тој манир,
веќе подалеку од почетокот, и повторно му доаѓа времето, така што и до
крајот ќе биде задржан читателовиот интерес.
Весна Мундишевска за новелетите од „Две устенки чај“ забележува
дека тоа се рефлексии на душата во огледалото на соништата, наспроти
неодминливоста на минливоста ја поставуваат – вечноста на љубовта. Таа
„нескротлива енергија што го подвижува универзумот“ е во центарот на
слеаните светови на двата главни ликови – нараторот и Катинка. Во нив-
ната сплотеност пулсира животот, оној разбудениот, оживеаниот, возљу-
бениот, обезграничениот, животот „накренат кон отворениот прозорец
на вселената“. Димовски честопати користи богати метафори така што
речениците наликуваат на вдахновени поетски изблици кои го накреваат
чувството на возвишеност и алтруизам. Впечатливите поетско–пејзажни
искажувања за регенеративното себеоткривање во недоисцртаниот круг
на исчекот на рефлексиите од фиксацијата на стремежите, доживувањето
на овие ароматични нанизи го прават значително попривлечно и инспи-
ративно дури и за најпребирливите сладокусци на зборот.
Во оваа нова димензија устенките чај се реликти на вознесот, возљу-
беноста и возвишеноста во безвременоста и беспросторноста на нам
познатите и оние предизвикувачките координати на себиднината.
44
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Joван Ѓуровски
СТИЛ НА ИЗРАЗУВАЊЕ НЕ САМО
ЗА ЛИТЕРАТИ
По вокација сум професор по
Македонски јазик и литература, а
не професионален писател.Така ме
третираат некои одамна познати и
афирмирани наши литерати, а тоа
придонесува дури и јас самиот да се
сметам за таков. А зошто? Можеби
за таквиот став придонесува и мојот
стил на изразување, и тоа најповеќе!
Дури, еден колега на една родно-
крајна средба рече дека треба да се
донесат и правила: кој може да биде
писател, а кој не може?!
Уште како дете, како и многу
други, сум сакал да бидам писател по
примерот на С.Попов, но тоа за мене било сон и неостварливо нешто од
ред–ред причини. Но оставрливо било да станам професор по Македонски
јазик и литература.
При крајот на кариерата по некои објавени литературни конкурси
пријавив песни и почнав да добивам награди, а уште пред тоа, се прија-
вував со хумурески во некои списанија и весници. Инспириран од дожи-
вувањата на децата, пишував раскази што ми се објавуваа. Така настанаа
двете збирки песни, двете збирки хуморески и двете збирки раскази. Со
заминувањето во пензија,п очнав со пишување романи и за 12 години
објавив дванаесет романи.Меѓувреме изготвував и две монографии. На
крајот ги собрав сите мои дела (две книги во една) и во тврд повез, под
заедничко име–Мојата вистина ги објавив во 10 книги. Сите тие дела, се
во самостојно издание, на свој трошок и затоа се во скромен тираж. На
45
Единаесетта Роднокрајна средба…
ни една не и направив промоција ,а скоро со сите романи учествував на
конкурсот за роман на годината на „Утрински весник“. Ни на крај памет
не очекував награда во таква конкуренција, туку објавувањето на дел од
романите беше некаква промоција; моите читатели, веднаш потоа ми се
јавуваа го бараа да му го испратам новиот роман.
Најголемиот дел од животот го поминав како учител и наставник
онаму од каде што потекнувам, но и во градска средина.Нормално дека во
моите книжевни дела се присутни и настани и личности од тие средини,
дотолку повеќе што мојата определба е современиот живот во едноумието
и во повеќеумието во кои општествени системи и живеев. Доминантно
настаните се несекојдневни во тие периоди, а личностите: Мариовци во
нова средина – градска и мои ученици – подоцна мои пријатели, зрели и
оформени личности. Сите тие луѓе не се од големото „добро утро“, биз-
нисмени или политичари, врвни интелектуалци, туку мој еснаф–луѓе.
Нивниот живот–мој живот, нивните доживувања – мои доживувања! Баш
затоа некои критичари забележуваат дека повеќето романи ми се со авто-
биографски карактер, иако никаде јас како Јован Ѓуровски не постојам.
Тие во ликот на Едрејко Даскалот, Невен, Перун, Љубен, Дарко...го пре-
познаваат авторот како прототип (тие што подобро ме познаваат мене), а
и заради почесто употребувањето прво лице при раскажувањето. Но, не е
така! Како човек од средна класа, интелектуалец, преселен од село в град
итн. Даскалот (и другите) се судрил со несекојдневни случки и настани и
ги доживувал како и многу други слични на него. Таквите доживувања и
настани најповеќе сум ги почуствувал на мене за најреално да ги опишам
кај другите.
Мојот стил на изразување е диктиран од интелектот на самите
ликови во делото. Тој стил е лесен, разбирлив за поширокиот клуб на
современици – читатели, класичен стил што некои писатели го сметаат
како значаен, старомоден. За моите верни–најпривлечен! Познавајќи ме
мене и мојата блискост со Стале Попов, многу интелектуалци се склони
да речат дека го имитирам Столепопопвскиот стил на изразување. Секако
дека има и вистина во таквото мислење,но сепак се работи за мој препо-
знатлив стил на раскажување. Еве, зошто!
Никој писател не го донесол својот стил на изразување со самото
неговораѓање. Дури и талентот, го створил, го надградил: онемен човек,
по било која причина, или пак, ако останел неписмен, како ќе можел да
има ваков или онаков стил на раскажување. Значи, сите ние сме се учеле
46
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
од некого, или сме прифатиле нешто од повеќе авторитетни автори и сме
си оформиле свој стил на изразување, препознатлив за нас, индивидуално.
По што е сличен мојот стил со Стaлепоповскиот, по што различен и
од другите стилови?
Кај мене нема тешки филозофски мисли или многу поезија во про-
зата и обратно: проза во поезијата. Застапени се најлесните стилски
фигури кои лесно се определуваат: епитетот, компарацијата, метафората,
хиперболата, персонификацијата...
Разбирливи за секого како и кај Мариовскиот писател. Дијалогот,
монологот доколку се изговорени од ликови кои потекнуваат од Мариово
се со мариовски дијалект.
Во хумореските С. Попов го опишува ликот на Итар Пејо, народниот
итроманец, а јас го експонирам Едрејко Даскалот, тој нов Итар Пејо. Пејо
е неписмен итроманец, вулгарен, шегаџија кој ги надмудрува и Насре-
дин–оџа покрај богатите и алчните и беговите, додека Едрејко Даскалот
е интелектуалец, кој најчесто се исмејува со самиот себе,а сатирата ја
насочува против власта, бирократијата и се што е нехумано, нечовечко
во општеството.
Понатраму! С. Попов не пишувал поезија, а тука наведувам една
строфа од една моја песна по која цела збирка е именувана:
Огромно царство на злокобна
тишина
налегнало над Мариово
дури и безгласна птица
нема
кругови да вежба
во синото вишно небо...
„Онемена тишина“
Стилот и во хумуреските е од тој со Итар Пејо:
Едрејко Даскалот веќе на 70 години оди на болница кај свој уро-
лог,пријател и соселанец и тоа закажан со упат во 7:30, а лекарите
почнуваат со работа во 8 часот.Заедно со лекарите и тој се качува по
скалите во закажаниот термин.Го стигнува неговиот земјак:
– Шо бараш, море,горе на одделение?!Нели знајш дека амулан-
тата е долу,бамуја!...туку, ај ќе свршиме работа и горе...за тебе е
лесно...ти си наш...
– Да влегуам сеа со тебе или...
47
Единаесетта Роднокрајна средба…
– А,бе,чекај мајката, уште не су слечен,ни каве не су се напил...шо
се брзашсинќир говеата ќе ти заминат?!
– Ами, јаска , насабајле да го запаза „Мој термин“ во 7:30 пишуа...
– Ебати „Мој термин“, тоа за тебе не важи
По некое време ме повика.И.,., кажа на сестрата што седеше
пред компјутерот што да направи и си отиде да си го допие кафето.
Кога таа беше готова,го повика за потппис,а јас искористив момент
да му кажам дека ситуацијата „ниту ми се влошува,ниту ми се подо-
брува...ама,најважно ми врши работа...мислејќи дека мокрењето не
се менува со употребата на апчињата.Тие двајцата толку се за кико-
тија што докторот мораше да се враќа во докторската соба држејќи
се за стомакот.
– А,бе,бегај,мавни се...ќе ти врешеле работа на 80 години!...
„Шо му е на човекот?“ од збирката „Даскалот се збогува и од
едниот ум"
С. Попов пишувал историски романи,битовотово Мариово, но ретко
нешто од современиот негов живот.Тоа не е случај со мене: ниту го пре-
познавам минатото, ниту ја пророкувам иднината. Еве го крајот на мојот
последен роман“ Пеколот е во рајот"
Денес е четириесеттиот ден од смртта на дедо ми Љубен Дар-
ковски. Ние, најблиските, ќе го посетиме неговиот гроб и ќе ги извр-
шиме церемониите, вообичаени за ова одбележување на заминувањето
од дедо ми на оној свет. Потоа, се знае: на ручек, во малата сала на
црквата! Ќе се најадеме, ќе се напиеме, дури и без, воопшто да го спом-
ниме името на дедо ми. Уште што не ќе запееме, бидејќи за „пеење“ си
е задолжен попот, а нормално, пејачите и свирачите за секоја песна
си наплатуваат, и на попот ќе му ја платиме „песната“.
На гробот, сега, со другите блиски на дедо ми, како да заклучив
нешто од четириеседневното потсетување на животот на баба ми
и дедо ми. Животот нивни станал гроб, ништо друго! Чувствувам
да кажам уште нешто: Дедо ми ја опиша смртта на баба ми, а него-
вата, секако не можел; никој не знае кога и како ќе умре?!. Неговиот
крај само го прогнозирал или посакувал таков да биде. Но, дедо ми,
слаб бил во својата прогноза. Не почина набргу по неговото враќање
од Старскиот дом, во еднособниот стан, туку многу, многу подоцна.
48
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Јас не сум веќе ученичка во основно училиште, туку осумнаесетго-
дишна девојка!
Сепак, најважното го предвидел: осаменоста ќе го убиела! И
навистина, на дедо ми, таа осаменост му дојде до ак. Осамените луѓе
го губат чувството за времето–часовите им се долги, а деновите бес-
крајни! И душман да имаш во станот, ќе ти биде полесно, а камоли
брачен другар. Многупати, кога ќе отидев да го видам, го прелисту-
ваше албумот со сликите и си повторуваше: „Требаше да те забо-
равам, Драгана, за да продолжам да живеам, во друг свет, но тоа,
овде во станот, не можам да го сторам: тука од секоја слика, од секој
предмет, извира љубовта со тебе. Земи ме, Драгана, не можам сам
да живеам, не можам со сликите и сеќавањата да живеам! Те молам,
земи ме што поскоро!“ Баба ми, сигурно, го послушала и си го прибра
кај неа. Бог нека ги прости!
49
Единаесетта Роднокрајна средба…
Jovan Gjurovski
STYLE OF EXPRESSION NOT ONLY FOR LITERATES
By vocation I am a teacher in Macedonian language and literature, not
a professional writer. Most of my life I spent as a teacher in my birthplace, as
well as in an urban environment. In my literary work are present events and
characters from these areas, together with their social and political life.
Dominant extraordinary events in those periods, and my characters:
people from the village of Mariovo in a new environment – the city and later
my students and my friends, grown ups and mature personalities. All those
people are simple, they are not businessmen, politicians, or top intellectuals,
they are guild–people. Their lives – my life, their experiences – my experi-
ences! That’s why some critics note that most of my novels are autobiograph-
ical. In the characters such as Edrejko the teacher, Neven, Perun, Ljuben,
Darko ... they recognize the writer as a prototype (those who know me better).
Knowing me and my familiarity with Stale Popov, many readers are inclined
to say that I am imitating Stale Popov’s style of expression. Of course, there is
a bit of truth in that opinion, but still it is my typical style of storytelling.
50
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Проф. д-р Владимир Костов
ОКСИМОРОН
– Рефлексии во врска со темата
Кризата низ која врви европ-
с киот хуманистички рационализам
кој, надоврзувајќи се на хуманиз-
мот и ренесансот, ги заплисна сите
сфери на општествениот живот во
европските зеди, сублимиран во
максимата „Cogito ergo sum“ („Мис-
лам, значи, постојам“) на Рене
Декарт, филозоф, повеќе познат
по тоа што се сомневал дека прет-
ставата за светот, проектирана во
свеста на човекот преку неговите
сетила, не ја одразува вистинската
природа на „нештата“ со кои е прет-
ставен, а дека неоспорна е вистината
до која тој дошол преку својата мис-
ловна опсервација и перцепција. На
тој начин се потврди тезата на омразениот од Олимписките богови старо–
грчкиот филозоф Протагора дека мерка на с` е човекот со својот ум. Тоа
револуционерно сознание на Homosapiens–от (Мисловниот човек), до кое
дошол преку Рене Декарт, беше неговиот завршен, поразителен удар на
средновековната метафизика, како мистично учење за светот, создаден
надвор од сетилните забележувања на човекот, а сведено на постулати од
схоластиката како нејзин теолошки пандан.
51
Единаесетта Роднокрајна средба…
И прославата, започната од времето на хуманизмот, продолжи со
поголемо темпо. Вино, песна и љубов! „Тајната вечера“ се претвори во
„Трималхионова гозба“.
Со сознанието дека вистината за човекот е во самиот него, а не
во фактор надвор од него, (во Бог), му се отвори патот на homo faber–
от (Човекот–производител), со своите фабрични производи, да влезе во
секојдневниот живот на луѓето. Ho!... Ho од оџаците на фабриките поч-
наа да излегуваат думани чaд кои, помешани со јаглендиоксид, го затруја
возду хот, а фабричните хемикалии, со истек во реките, предизвикаа
помор на рибите и на сиот жив свет во речните води; бидејќи ја затруја и
почвата, погубно се одрази и врз растителниот свет, ги затру житните и
градинар– ските култури. „Лебот наш насушен“, отсекојпат горчлив, сега
стана отровен. Се појавија смртоносни болести кај луѓето, што предиз-
викаа протести зашто природната животна средина стана неподобна за
здрав живот Но хомофаберите се оглушуваа на таквите протести, така
што фабричните оџаци продолжија да чадат и да го трујат животот на
луѓето, меѓу кои загрозени се најдоа и самите хомофабери (фабриканти)
како луѓе, од што се наложи силогиетички заклучок дека, работејќи во
своја полза, тие во исто време работеа и на своја штета.
Ако овој напис, кој има за цел да укаже на битна одлика на стилот
во делата на неговиот автор, продолжи да се развива во оваа насока, ќе
добие историска димензија. Но, ако притоа.се земе предвид дека авторот
и припаѓа на одредена човечка заедница, тогаш станува раз бирливо дека
овој вовед во обработката на зададената тема, не е дигре сија во нејзи-
ниот развод, туку дека е нејзин составен дел, без кој во широката лепеза
на изразни средства во него, не ќе можат без историски показатели да
се препознаат оние што одреден стил го стигматизираат како посебен.
Ваквата постапка во проседето на едно книжевно дело, како еманација
на човековиот креативен дух, структурално е поврзана со другите негови
компоненти. Секој сегмент на книжевното дело, емпириски издвоен од
него, го нарушува неговиот интегритет. Условно, може да се елаборира
автономно, но не колактерално, туку во составот на структурата на умет–
ничката творба, како нејзин рамноправен составен дел; во толку повеќе
што таа се однесува на јазично–стилските елементи преку кои книжев-
ната творба, како таква, најмногу се манифестира преку нив. И обратно:
тие преку неа. Тоа ќе стане појасно ако се има на ум дека во оформу-
вањето на една мисла, јазикот е тој што мислата ја оформува во реченица,
a мислата, пак, е таа што ја добива својата смисла преку јазикот. Кога е
52
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
во прашање проседето на едно книжевно дело, меѓу поливалентната упо-
треба на јазикот, сфатен како комуникативно средство, тој има своја исто-
рија на развој која паралелно оди со развојот на јазикот како уметнички
израз. Така се додека во книжевната практика не се јавиле тенденции
јазикот, како уметнички израз, да почне да се третира како средство за
комуникација во практичниот живот на човекот како дел од заедницата
во која живее, (според Аристотел, како општествено битие) туку како
израз на начинот на кој тој се одвоил од заедницат и почнал на свој начин
да го живее и да го доживува животот, во зависност од статусот што го
добил во општес– твената заедница која почнала да се раслојува. Таквата
тенденција земаше замав с` додека индивидуализмот не го доведе чове-
кот во апсурдна ситуација да живее сам во себе и сам за себе. Сметајќи
дека општествената заедница му ја ограничува индивидуалната слобода,
одвоен од неа, тој се најде во апсурдна ситуација да живее сам за себе
и во себе. Испадна дека неговата слобода во такви услови, всушност се
претвориво негово поголемо ропство. Бидејќи мисловно суштество, раз-
мислувајќи околу својот статус, дојде до сознание дека неговата грвшка е
во тоа што општеството го поистоветил со државата и дека опншеството
(комшиите) се во подредена положба во однос на државата, што предиз-
вика кај него револт. Таа дистанца стануваше с` поголема, со што рас-
теше и неговиот револт, а истовремено созреваше и неговата мисла за
смислата на животот, со смртта која се обесмислува. Тогаш револтот кај
него доби мистично–филозофски карактер – човекот дојде во судир со
Бога. Независен во мислата од Heгo, почна да проектира свој свет врз
темелот на филозофијата на Анаксагора според која: „Човекот е мерка на
c`“ наспроти Платоновото: „Бог е мерката на с`!“. Препознавајќи се и себе
во сфакањата на Анаксагора, јас како човек и писател, отидов чекор пона-
таму што Аристотел го заобиколив, тој не само што тој беше ставен во
служба на Олимписките и земските богови, туку и зашто на креативните
луѓе им ја ограничи творечката слобода со воведување на МИМЕЗИСОТ
како основа на нивното творештво, на кој начин го сведе на имитатори и
плагијатори на она што Бог го создаде.
Ако се земат предвид ваквите мои сфаќања на истори јата и лите-
ратурата, тогаш може да се сфати мојата ли те ратура, како што ја дефи-
нираат некои нејзини толкувачи, како параболично–сатирична, а фило-
зофската нејзина основа како утопистичка. Токму како таква, не со пред-
намера, (што ќе рече, не тенденциозно), туку спонтано произлегува од
перото што ја пишува таа литература, со тоа јас сум персонифициран во
53
Единаесетта Роднокрајна средба…
перото, а оној што пишува со него, е мој пријател, а пријателот – како што
покажува историјата – кој е, ако не е оној кој ќе ти забие нож во грбот?
На комшијата, се знае: Да му пукне козата. Ама, сепак, е комшија, па се
најдува и во добро и во зло.
Од таквите мoи сфакања, сатирата во моите книжевни дела е толку
изострена што ударите кои Илија ги задава со боксот со цел да ја нокау-
тира хипокризијата, се доживуваат како милувки, без оглед на тоа што неј-
зините угичи поткренаа судска постапка против легалноста на „свадбата“.
Оттаму моите книжевни остварувања во идеен поглед се контраверзни.
Ликовите во нив – бивалентни. Агресивноста на Илија, симболизирана
преку боксот на неговата рака, се компензира со неговите напади на
обилен плач. Алтруизмот на Мара е во сенка на нејзините планови да го
растури бракот на нејзината добротворка за сметка на нејзиниот љубов-
ник. Пројавениот нихилизам на Чопела, изразен преку неговите филозоф-
ски тиради, се наметнува како рефрен на антологискиот избор на народни
песни во кои се глорификува љубовта како најчисто човечко чувство, ја
обезвреднува таа благородна идеја чиј извор го заматува т.н. сексуална
револуција која, во името на благородните феминистички идеи, го мар-
гинализира семејството како темел на општествениот живот.
54
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Prof. d-r Vladimir Kostov
OKSIMORON
I am personified in the pen, and whoever writes with it, is my friend. A
friend – as history shows – is the one who will stab you in the back? With such
my understanding, the satire in my literary work is so sharp that the blows,
which Elijah makes in order to knock out the hypocrisy, are seen as necking, no
matter that her supporters have started a court procedure against the legality
of the „wedding“ . Mara’s altruism is a shadow of her plans to break up the mar-
riage of her benefactor on the expense of her lover. It is not a coincidence that
as an example, through which you can recognize my style of expression, I take
my novel „Mara's Wedding“ in which dominates the oksimoron as an extreme
form of antithesis, distinctive of my other literary works. The expressed nihil-
ism of Chopela expressed through his philosophical tirades, imposes itself as
a refrain in an anthological selection of folk songs in which love is glorified as
purest human feeling, blurs the source and devalues this noble idea, as well as
the sexual revolution which in the name of noble feminist ideas marginalize
the family as the foundation of social life.
The culmination of the controversy is the deeply wounded altruism of
the librarian Mara which happens in an extreme way with the betrayal made by
her groom on the wedding day. Abandoned by all wedding guests, she remains
alone, finding solace in her songs. This is an idea found in many modern phi-
losophers that the solution of the crisis of humanistic rationalism is in reaffir-
mation of the philosophy of Rousseau and Tolstoy by returning to nature, an
idea symbolized in the terrace of Mara’s apartment, as its householder, she
turned into a garden in which there is harmony in living between the beings
with fito–genetic and zoo–genetic origin. It is not a coincidence that I took this
novel as an example, because in it dominates the oksimoron as an extreme
form of antithesis, distinctive of my other literary works, which would not be
expressed in its element, if not set over the language of the Macedonian folk
songs which is rich with lyrical expression.
55
Единаесетта Роднокрајна средба…
Проф. д-р Христо Петрески
(НЕ)ПРЕПОЗНАТЛИВОСТА НА МОЈОТ СТИЛ
НА ИЗРАЗУВАЊЕ
Не така одамна, поточно на
Меѓународниот саем на книгата во
Скопје, писателот и пријател Трајче
Кацаров, додека седевме заедно со
професорката Весна Мојсова Чепи-
шевска од Филолошкиот факултет
во Скопје, започна да прави компа-
ративна анализа: кој македонски
писател на кого личи. Не во физичка
смисла, туку според стилот на „сво-
ето“ изразување. Беше тоа инте-
ресно споредбено размислување и
согледување. И, на крајот, кога дојде
редот да каже на кого јас личам –
Кацаров рече дека јас не личам на
никого, со што се согласи и Весна.
Па, поради моето присуство, се раз-
бира, ме фалеа многу повеќе отколку што треба, но и двајцата беа настој-
чиви во укажувањата и докажувањата (да не речам претерувањата) дека
навистина сум свој, оригинален и различен.
Јас знам дека сум упорен, своеглав, па дури и тврдоглав во она што
сум наумил, па дури и кога ќе ме прекинат јас не се откажувам, туку про-
должувам натаму со говорењето, односно пишувањето, а во поново време
и сликањето.
Кажаа колегите дека сум вулкан, полн со енергија и идеи, специфи-
чен и самосвоен, но тоа беше само усмено кажано, а не и писмено пот-
врдено, а плус и во мое присуство, па затоа сетоа го прифатив и сфатив
само условно и делумно. Како во онаа народната песна за Марко Крале:
56
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
половина тој пие, а половина на коњот Шарец му дава, така и јас не зедов
с` здраво за готово, зашто стотици И илјадници пати сум бил сведок на
кафански фалби или на усмени промотивни пофалби, но истите или
слични зборови никогаш и никаде не сум сретнал...
Но, да се вратиме на темата. Да бидеш препознатлив, всушност и
пред с` значи да си непрепознатлив. Односно, да не личиш на никој друг,
туку само на самиот себеси. Тоа е многу тешко и речиси неостварливо,
не само поради најразличните влијанија, туку и поради коинциденциите.
Колку пати ли само ви се случило да ве споредуваат со некој автор од кого
ништо не сте прочитале или за кого првпат од нив и тогаш слушате.
Темите се универзални, а и изразувачките постапки не се бескрајни
и неограничени. А, штом ќе почнат да ве имитираат – тоа е сигнал и
добар знак дека имате следбеници, но и дека треба да применувате нова
постапка, нови методи и нови начини на изразување.
Тие ќе ве бркаат и следат, а вие ќе бидете секогаш чекор–два пред
нив.
Така и јас постојано се трудам да бидам свој и различен, односно
природен и искрен, а пред с` упорит и ангажиран, зашто знам дека првите
кучиња и мачиња најчесто во вода се фрлаат, односно с` што е ново и раз-
лично не се прифаќа веднаш и одеднаш, туку многу подоцна ќе уследат
признанијата и од оние кои први и најмногу ве негирале.
А, каков е мојот (не)препознатлив стил, ако не: по малку загадочен
и енигматичен, стварносно иреален односно надреално реален, со пре-
сврти и изненадувања, со интеракција и отворен крај...
Леле, леле, ама се испофалив. Умрела Циганката што (ќе) н` фали,
па затоа организаторите смислуваат вакви и слични теми за да ја ублажат
дефицитарноста на суета, нескромност и егоистичност...
Всушност, јас сакам и ја испишувам естетиката на секојдневието, на
делникот и совремието, на обичниот, мал и осамен човек, зашто линијата
и границата од баналното до ингениозното понекогаш е толку тенка, флу-
идна и речиси незабележлива...
На оваа тема имам напишано и објавено и два манифеста – еден
книжевен и еден ликовен. И во двата текста, не случајно, говорам за
естетиката на баналноста, но И за совршенството кое извира и се пот-
пира на обичното и едноставното, па и за бисерите кои најчесто ги јадат
свињите...
57
Единаесетта Роднокрајна средба…
Мојот стил на изразување се трудам да биде концизен, јасен, духо-
вит, лапидарен и есенцијален, а за тоа дали успевам во тоа или не, ќе
кажат (не)пријателите.
Јас главно пишувам кратко и директно, без вртења и замаглувања,
иако употребувам загради поради двозначноста и двосмисленоста...
Кога пишувам критика многумина се разочарани што малку ги
фалам, но затоа пак хаику песните, кратките раскази и мини есеите
(колумните) ги сметам за своја специјалност.
Она што е за едни слабост – за други е предност. Мислев дека нема
никогаш да напишам поема и роман, но напишав на мој начин и со свој
зачин. Всушност, тоа се анти роман, анти поема, а и сликите и расказите
многу често ми се такви.
Не случајно, објавив книга со наслов Погрешен човек, а со поднас-
лов на погрешно место и во погрешно време... Во книгата с` е погрешно,
зашто пишувам зап огрешна врата, погрешен камен, погрешна дијагноза,
погрешна филозофија, погрешна терапија, погрешно куче, погрешно
море...
Ете, таков сум јас и отприлика таков е мојот стил на изразување, но
понекогаш и на облекување, однесување...
До сопствената и туѓата непрепознатливост, но не со импровизации
и замаглувања, туку со јасност и прецизност, со засекувања и продлабочу-
вања, со доволно храброст и максимални ризикувања...
За среќа, светот на уметниците и уметноста е бесконечен, па каде
и да копнете и од каде да почнете да орате – секогаш ќе имате доволно
мегдан сред новата и никогаш докрај неизорана нива...
58
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Prof. d-r Hristo Petreski
(UN) RECOGNITION OF MY STYLE OF EXPRESSION
I know that I am persistent, stubborn in what I have in mind, even when
I'm interrupted I do not give up but keep on with speaking or writing, and
recently painting. My colleagues said that I am a volcano, full of energy and
ideas, specific and full of oneself, but I was only verbally told, but not confirmed
in writing, and plus in my presence, so I understood it as conditional and partial.
Being recognizable in fact and above all is to be unrecognizable i.e. not to
resemble with anyone else, just be one’s own self. It is very difficult and almost
unattainable not only because of various influences, but because of coinci-
dences. How many times you are in a situation to be compared with an author
from whom you have never read anything or first time you hear about.
I have been always trying to be myself and different, i.e. real and
honest, and above all, tenacious and committed, because I know that
the first kittens usually in water are thrown, everything that is new and
different variety not accepted immediately and suddenly, but much
later will follow the awards even from those who denied you most.
And what is my (un) recognizable style, if not: a bit mysterious and enigmatic,
surreal reality that is surreal real, with twists and surprises, with an interaction
and open–ended ... In fact, I love and write the aesthetics of everyday life, of
ordinary, small and lonely man, because the border line from the banal to the
ingenious sometimes is so thin, fluid and almost imperceptible.
59
Единаесетта Роднокрајна средба…
Ѓорѓи Прчков
ПРЕПОЗНАТЛИВОСТА Е ЦЕЛОКУПНОСТ
НА ОСОБЕНОСТИ
Ако стилот е целокупност
на карактеристики на определена
уметност, во овој случај на писмото,
тогаш се надевам дека истовремено
мојот начин на изразување е цело-
купност на особености кои го пра-
ват препознатливо моето јас, и тоа
не на начин на кој тоа го посакувам
туку на волја на моментот на дожи-
вување, превривање и исплукување
на тој, читателот.
Кога се родив и потоа бев дете,
тоа и беше она од кога го помнам
мојот живот. И книгата ми има живот
и затоа да почнам од кога беше за
тие деца, и за моите, и за овие сега,
и за оние кои ќе се родат. Свесно ги
негував морално–психолошките ситуации поврзани со таа популација,
така да односот ученик – наставник, другарство, улицата исто така разра-
ботена како тема во мера во која не ~ наштетува на целата уметничка екс-
пресија, верувам придонесе за естетски ефект кој придонесуваше тие да
се читаат со големо задоволство. Предмет на моето детско творештво во
голем дел е современото дете, низ сите негови манифестации и слоевито-
сти, сите негови односи низ кои ќе се пренесат моите писателски пораки.
Низ мојата литература се застапував за човечност, другарство, чиста при-
рода, поубава средина и се она што е блиску до моето предпензионерско
животно занимање, учител – просветувач и воспитувач на младите поко-
ленија. Има писатели што следат некоја своја мигновена инспирација,
60
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
некој свој моментален порив, па од тоа често ќе излезе нешто истресено
како од ракав, што може да биде и многу добро и многу ефектно, или пак
да не биде ништо. Упорно се надевам дека нема да бидам препознат во тој
вид на писатели. Сепак се трудам да го програмирам своето творештво, во
кодовите јасно се знае кому се обраќам, зошто се работи, како и каде да
се пласира мојата порака. Напишав сказни, а тие како литературен род си
имаат специфични законитости на изразување, посебен тек на развојот
на дејството, посебно обликување на ликовите, градење на ситуациите
каде често реалното и иреалното се испреплетуваат, нудат бројни доживу-
вања и возбуди, предочуваат животни вистини, потфрлаат убави и мудри
пораки, а на крајот читателот е тој што тие богати и вкусни плодови треба
само да ги собере. Или привлечноста на творбата ја причинува тоа, што
сите перипетии и епизоди од, инаку од обичниот живот на куче како
главен лик, се прекршени низ призмата на животинското чувствување,
исполнето толку често со возбуди, како што тоа навистина се случува во
една малечка детска душа, толку недвосмислено подложено на закони-
тостите и судбината на едно животинско живеење, а сепак идентифику-
вано со детето, со она што го исполнува детскиот свет, а сето тоа со една
битна, дидактичка цел: да се откријат хуманите или нехуманите постапки
на луѓето кон едно живо суштество, а понекогаш и помеѓу нив самите.
Доживувањата на кучето се така уверливо и трогателно дадени, што често
читателот запаѓа и во илузија дека сите нив ги доживува не четириножец,
туку едно обично човечко срце. Верувам интересно, живо раскажано,
спонтано и со ненамалена ни за миг љубопитност која го води младиот
читател од ситуација до ситуација, притоа соопштувајќи му значителни
вистини на начин достапен и поимлив за него. И тоа не се измислени
ситуации, тоа се с` околности во кои ние возрасните со топла насмевка
препознаваме дел од нешто наше, дамнешно, од едни преживеани случки
што бурноста на младоста и на постарите години го посипало со заборав...
Зашто секој би сакал да подвлезе понекогаш во волшебната врата што
дава барем илузија на враќање на онаа прекрасност, на онаа нежност и
едноставност – детството! А кај младиот читател оваа творба ќе разбуди
само еден дел на чувствени и морални преживувања – благородност и
добрина. Истовремено со тоа, читателот уште го придобива, низ разните
перипетии, и оној значително духовит тон на раскажувањето, што така
добро му прилега на „сознанијата“ на кученцето, кои подоцна се претво-
раат во централен и егзистенцијален морален проблем со кој се соочува
овој (и размислувај:секој) жив створ: неправдите, контактот со добрите
61
Единаесетта Роднокрајна средба…
и злите трогателните пријателства, разоткривањето на еден свет мошне
целовит и реален, неукрасен, во кој не се заобиколени некои вистини.
Помеѓу редовите содржана е и пораката: од неможното да се дојде до
с`можното, односно да се најде начин, пат, „чудотворна машина“, која
ќе го искорени, ќе го уништи злото, од кое е опфатено целото човештво.
Паралелно со овие, неизбежно е да се допираат и некои други теми како:
улогата на убавите книги во осмислување на детското ученичко секојдне-
вие, толерантноста и меѓусебното почитување на уличното здружување
помеѓу дечињата, нивната љубов кон домашните птици – миленици,
искрената грижа за нив, вметнувањето на темата за негување и чување
на историското борбеното минато, како опомена да не се урива она што
треба да си остане во историјата на градот Битола, па и пошироко, во
регионот и во татковината. Ненаметливо, но доволно сериозно овде се
покажува со прст и кон други горчливи теми, кои заслужуваат посебен
и засебен третман во други современи и актуелни ововременски прозни
кажувања, пред кои речиси замижуваат и нашите ангажирани македон-
ски писатели. Така, токму тогаш кога бевме готови да поверуваме дека
и во ова наше налудничаво, извитоперено време е можно да се напише
неисполитизирана уметничка проза, па дури и роман, одненадеж можеби
проклетството на стилот, односно темите кои ги породил, вниманието
на читателот го свртувам кон други горчливи теми со размислувања кои
несомнено фрлаат сенка, темен мрак врз светлината на безгрижните
детски игри. Како формални белези за ова романесктно кажување, она
врз што посебно ќе се задржува вниманието на читателот е несебичната
синтакса, сликовито кажано пишување во превртена нараквица, кое е
својствено за стилот скоро за сите мои дела, без исклучоци. Намерно
или ненамерно, односно спонтано, природно се одлушнала необична
синтакса, најчесто инверзија, кој на некои места или одредени пасоси
се граничи со можноста да биде уникатна во современата македонска
литература. Кажувањето мошне често има дидактичка насоченост, која
произлегува од желбата да ги поучам дечињата и воспитно да повлијае
врз нивното однесување и кон врсниците, но и кон возрасните луѓе околу
себе и низ училишните клупи, да се пројавува интерес кон еколошката
чистота на средината во која живеат и дејствуваат ликовите... При една
можна реконструкција на романесктното дејство, ќе се дојде до констата-
ција дека приказната за возрасните можеби речиси воопшто не допира
до сфаќањата и сознанијата на дечињата, затоа што таа е несоодветна на
нивната возраст, и тоа се книги со два паралелни тека или два романа во
62
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
една маргина... Како автор се обидов, со соодветен стил да навлезам во
детскиот свет, детскиот сон, во детската психа, нежна душа, чиста мисла,
со што верувам дека тоа и ќе ги плени детските срца.
Кога пораснав и станав возрасен тоа и беше она од кога го пом-
нам мојот живот. Карактеристично за мојата обемна прозна продукција
за возрасни, главно манифестирана преку романескниот жанр, е темат-
ската амбиентална поврзаност со Битола. Роден битолчанец, се трудам
суптилно и минуциозно да ги дофатам и уметнички уверливо да ги пре-
дадам, со себе својствен стил, битните психолошки црти на граѓанинот
од „најградскиот град“ во Македонија кои продефилираа низ неговата
пребогата со динамични настани од историјата литература. Должност на
сите нам ни е да сведочиме за Светлината за да се осветли секој човек
што доаѓа во светот. Но, посебна чест е промовирањето на искрата дека
некаде постои место со таква харизма како местото во кое сме се родиле.
Универзално е неговото опстојување не само како географски поим или
стамбена локација, туку нешто макро возвишено и сонувачки заедно.
Универзално е дека може секој да се обиде да им го прераскаже на дру-
гите, да симулира восхит и презентерски дар, но освен нас никој нема да
го долови моментот. Универзална е и прегратката на родниот крај која
дозволува премин во и од него за сите, но не со оние чекори што зна-
чат поттрчнување со немир од нашите нозе. Со оглед на немаштијата на
сите теми во кои живее Битола, се чувствува во делата дека понекогаш
посакувам да ја напуштам и барем во мислата и да отпатувам. На поло-
вина пат ме враќа обврската која ја презедов заколнувајќи се на вечен
спомен. Битола ја сакам, од срце знај … Го сакам нечистиот воздух кој
не е гаранција дека ќе умрам посреќен отколку ако би бил во Париз или
Рим. Ја сакам улицата во која живеам и во која соседите се среќно поли-
тичко ориентирани и ги сакам темелите од куќата во која ја почувствував
целата тага и радост на овој свет. И доколку постои универзална смрт ќе
посакам и во метаморфозата во прав да го слушам биењето на градскиот
часовник (во стилот на „Битола бабам Битола“) кој ќе одбројува подобро
утре за моите битолчани. Покрај покажувач на изминатоста, часовникот
е носител и на симболите гулаб и змија врежани на петнаесеттиот камен,
кои често ги користам за доловување на вечната борба помеѓу доброто и
злото. Незаборавлив е студениот провев од кај реката Драгор која не тече
бессмислено по насоката на реките, туку е поставена да запишува и да
прераскажува. Интересни се и трговските калкулации од Старата чаршија
кои и дури мртов ќе ме засмејуваат за конзулите кои од имиџ лакомат по
63
Единаесетта Роднокрајна средба…
пари, ама не и работа. Покрај наведените зданија, во моите дела ( стил-
ски ) незаборавени се уште и Широк Сокак, Светонеделските гробишта,
комплексот од згради наречен „Гроздот“, Буковската населба, црквичето
Четириесет маченици, Баба Планина, Баирот, Гимназијата, Кажанските
ридишта, кафеаните Буковче, Интифа, локалитетот Хераклеја и уште
многу други кои еден автор битолчанец, рамнодушен не можат да го оста-
ват. Само што нивната историја не е предадена како хронологија на исто-
риски настани и личности, туку таа имплицитно се содржи во романите,
се чита помеѓу редовите, се манифестира како менталитет на личности
од современиот градски живот, оформени како полнокрвни литературни
ликови повторно мој стил. Како такви, небаре креација на авторовата
имагинација, тие се и тогаш кога во нив можат да се идентификуваат и
конкретни личности од градското миље, во многу случаи предадени со
име и презиме.
Применувајќи посебни литературни постапки, неизбежно доаѓам
до гротеската, сатирата и сарказмот. Тоа е поглед на животот, од него-
вата опачина, карневалски. Таквата авторска позиција (Раблеовска), би
рекол ја наметнува и особината на мојот стил – експлозивни реченици,
без секакви украсни елементи. Не важи правилото на реалистите: „кажи
ја целата вистина, ама на заобиколен начин“, нема заобиколување, без
„пардон“ да се каже целата вистина. И без обзири спрема догмите на
разните книжевни модели, школи и правци. Дури и својот јасно издифе-
ринциран книжевен стил да не се канонизира, туку да се остварува по
инстинкт и (Бергсоновски) следејќи ја својата интуиција. Интуицијата
понекогаш го носи оној свој превез кој не ~ дозволува да прочита со
веројатност поголема од постоењето на желбата нештото да се случи,
но на авторот сепак му причинува задоволство и кога ќе се соочи со
непредвидениот исход бидејќи неговиот лик ќе умее да се справи и со
тоа. Со ваквите свои својства, би рекол дека мојата литература е една од
најавтентичните во современата македонска литература. Да се пишува
за возрасни пред с`, според мое мислење, неизоставно прозаистот има
потреба да го прочита делото на Ерик Фром „Анатомија на човековата
деструктивност“. А зошто препорачувам да се прочита токму ова дело, од
едноставна причина, Фром ликовите за кои пишува ни ги предава со сите
нивни можни и неможни изопачености, всушност ни ги предава доследно
какви што биле, без хиперболизирање. Анализирајќи ги тие ликови авто-
рот доаѓа до сознание каков с` може да биде човекот, од деструктивен,
изопачен до таа мера што зачудува, всушност според мене мерка нема,
64
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
дури излегува и неверојатно. Но, ако прозаистот ликовите ни ги предава
со нивните видливи карактеристики кои на некој начин ги асимилирале
нивните носители во стандардизираната толпа препознаена по своето зло
односно добро дури и од оние од претшколска возраст, тој е само обичен
раскажувач, без уметност во неговата проза, ама и без стил. Настојувам не
само ликовите туку и настаните да ги предадам Фромовски со оној инте-
лект кој е неопходно потребен за да се проникне под површината, со упор-
носта да се оправда некого иако навидум е виновен или некого да обвини
кога изгледа невино. Ако не, останува обичен раскажувач без разлика
колку содржината му е добра, ќе се добие проза напишана буквално, гола
уметност, сликовито да се изразам само од коски, без крв и месо. Таквите
книги се добри за потпал на собулчето, горат небаре кукулички, телото го
топлат, ама душата ја мрзнат. Згуснатоста на дејството во романите дове-
дува да се почувствувате наелектризирани, за потоа да дојде катарза. Овој
ритам на раскажување н` доближува до хибрис и тисис – што се основа
на античките трагедии. Точно дека ликовите страдаат, арно ама не се
жртва на самите себе, туку заради Космичката Дике (вселенска правда)
што некој хибрист ќе ја наруши рамнотежата Дике се враќа во предвиде-
ниот тек, а хибристот трпи казна (тисис). Според дејството, амбиентот го
доживувам веристички, како делата на Џовани Верга, Васко Праголини и
други претставници на Веризмот, со посебен стил.
Би напомнал уште еднаш и друга од главните стилски стојности
во мојата проза како што е пишувањето завиткано во превртена нарак-
вица, а вакви дела во нашата литература или ги има сосема малку или пак
воопшто ги нема, со мали исклучоци. Превртената ракавица е симбол на
речитост исполнета со с` она што здогледала нејзината опачина и безо-
бразно сака да се огради од тоа, но не и дозволува затоа што таа одлучила
да проговори. Тоа повлекува и ликовите да се дефинираат како препо-
родци, како едноимени личности со повеќедимензионална структура кои
напати ќе н` воодушеват со актите на срцевидна благородност, но повеќе
пати ќе н` срамнат со земјата кога сум им доделил доживотност од сето
тоа. Ако современата литература треба да биде докрај отворена и чесна,
со вистината напред да чекори, да не застанува, а времето во кое што
живеемее е она кое го создало револтот во мојата душа и го издигнало на
ниво на лудило, кое за да не биде завршено во установа си бара свој про-
токол. Тоа се заканува, а јас деноноќно пишувам, се растоварувам, желе-
зото усвитено го ставам во ладна вода, го гледам како чврчори и се лади...
Но спокоен, длабок и закрепнувачки сон да имам не ми успева, значи со
65
Единаесетта Роднокрајна средба…
пишувањето с` уште не сум завршил. Ги обвинувам ликовите за мојот
немир, со нив спорам, најчесто доаѓам до жесток судир, иако тие се само
мојот одраз во огледалото, како и мојот стил што е одраз на огледалото.
Целокупниот книжевен опус верувам за критичарите е новитет,
читајќи го, анализирајќи ќе се збркаат. Мојата литература не ќе можат да
ја дефинираат, зашто не спаѓа во ниту еден правец, зашто е непознат во
литературата. Единствено може да се рече дека оваа проза не припаѓа на
ниту еден правец, таа е правец самата за себе и можеби малку непатен-
тирано може да се сврсти во еден нов романтизам, каде припаѓа и Зола
кој не ги штедеше народните јадачи, на кого сакаа да му се одмаздат, да
го отрујат, да го усмртат. Овие романи ако беа објавени во некоја од голе-
мите, книжевно напредни земји, правецот ако не можеа да и го откријат
можеби ќе направеа обид и ќе изумеа наслов по кој доследно ќе се повику-
ваа наредните генерации следбеници на словото. Значи за нашите крити-
чари излегува еден предизвик, ако се чесни спрема него не ќе можат да му
го најдат крајот, покрај за јазикот и стилот што ме прават свој и на ничиј
друг, најповеќе за содржината во која (и критичарите и читателите) ќе се
најдат збунети и исплашени поради битката со моќници кое е несекојд-
невно да ги обвиниш во кулоарите, а камо ли јавно по сите нивни недела.
Според ова излегува дека гласно авторот тешко е дека ќе биде признат,
арно ама ценејќи како продолжил да пишува не очекувајќи признанија и
награди, очигледно го исполнува патот до еден од најплодните писатели,
не само по квалитет туку и по квантитет. А критичарот, уверен сум, сакал
или не ќе му оддаде признание во себе, потпрен во својата удобна столица
каде нема никакви шанси да загуби дел од својата неправедна надница.
Ликовите во моите дела се борат сами, дејствуваат како Крале Марко,
како Робин Худ. До крајни граници сум груб и не поштедувам никого,
ниту главните ликови, ако се огрешиле во животот, ниту пријателите,
роднините, макар ми се и најблиски, (Таков ми излегол стилот, што да се
прави). Главните ликови во романите се изградени врз цврста бинарна
опозиција: духовно и интелектуално богатство (од една страна), но и
крајна беда во материјалната проекција на живеењето (од друга страна).
Минатото на ликовите (т.е. нивниот живот што според дејството не вле-
гува во сегашноста на дејството и раскажувањето) се јавува како благо-
слов или проклетство – постојано присутно (насекаде околу нас) било во
форма на сеќавање или на материјален предмет со семиотичка димензија
(не само украс) присутен за да пренесе порака, ами и како посебна специ-
фика во творештвото. Имињата, особено прекарите на ликовите содржат
66
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
длабока веристичка семантика, постои силна асоцијација помеѓу човекот
и неговото име или прекар која што одлично функционира и има своја
достојна задача и влијание врз дејството. Жените–главни ликови, во тво-
рештвото се убавици, а мажите силни, мускулести, ликови кои распола-
гаат со смелост и силни тупаници, кои така ги решаваат неправдите кои
кај нас изобилуваат, (мој стил). И без да ги именувам романите, читате-
лот ќе ја забележи нивната современост, проткаена со животната судбина
на ликовите со голема нагласка на психолошкото, судбина која секому
може да му се случи во овие извитоперени времиња.
Јазикот, стилот во делата е литературен и уметнички зачинет со
пцовки, напати е и вулгарен, но книжевно дозволен, обележан како
копроларија. Забележително е дека во јазикот нема интернационализми,
зборови за просечниот читател неразбирливи, а ги заменувавам со стари
македонски зборови, значи го има чистиот македонски јазик, употребу-
вам и по некој турцизам, ама одомаќинет во македонскиот јазик.
Според обемноста на творештвото, неминовно се наметнува него-
вата споредба со истото на шпанскиот писател од шеснаесетиот век Лопе
де Вега кој напишал неколку илјади стихови, бројни романи, новели и
новелети. Во врска со енормната продукција на шпански и битолски
писател, само по себе се наметнува прашањето кој е мотивот на нивниот
писателски ангажман? За творештвото на Лопе де Вега, високо валори-
зирано, се имаат искажано бројни историчари на литературата. Моето,
за жал и како квалитет, и како квантитет, по стил, јазик е премолчено. Во
такви услови – слични на оние од шеснаесетиот век, кога како бестселери
масовно се пласираа рицарски романи, се појави Сервантес да им се спро-
тивстави на тогашните олигарси во културата. Но без успех. Во нашиов,
пак, културен простор и во наше време се појави импозантната фигура
на ликот во роман тетралогијата „Марширања“ во кој мојот Хидалго, во
затруена почва на македонската литература, со прскалка преку рамо, ќе
се обиде да го спаси затруениот посев од „филоксера“. Плантажерите тој
негов потфат го оценија како „од Бога росица“. Тогаш ликот им ги покажа
своите „мускули“, со што предизвика смев каков што предизвикуваат
кловнови во циркуска арена. Но „рицарот“ во македонската литература,
одејќи од пораз во пораз, не го напушти бојното поле. (во мини формат и
во кроки – стил, така би го претставил неговиот физички и духовно импо-
зантен профил на авторот како писател во македонската литература ).
Кога сме кај поимот „тетралогија“ нема да биде несфатливо ако се
побара, а не се најде во македонската литература, една нишка која се
67
Единаесетта Роднокрајна средба…
преплетува без да се прекине низ четири книги, почнувајќи нормално
од едната, за да се по правилото за предење задебелила во другата, па
по патот на свилената буба да се истенчи во третата, за конечно да си го
пронајде својот крај во четвртата, каде се заканува да се врати во првата
ако некој се посомнева дека тоа е неможно да се направи (каков стил?).
Можеби е потребен побестрашен приод да се започне со читање најпрво
на капиталните дела во кои ќе ја почуствувате потрошената енергија
која не потклекнува и не дозволува да се нарече трансформациона во
затворени книги, а дури потоа да издишите со помалите додека не ве
престигнал притисокот кој обвинува дека имаше уште нешто за да се
доизрече. Ако по завршувањето на книгата се борите со уште неодгово-
рени прашања, не очекувајте дека вашата љубопитност ќе биде задово-
лена на некоја клупа во паркот, каде некои старци се надмудруваат на
стара шаховска табла. Љубам да ја користам старата филозофија дека „се
што имав да кажам е речено во моите дела“ и не може и најљубезно да
сакам, да излезам од контекстот она што ми е најзначајно да го преста-
вавам преку ликот на хартија, а да земам и да го раскажувам како што
се раскажува некоја „Црвенкапа”. Затоа повелете на полиците од некоја
библиотека како би го запознале вистинскиот автор, оној кој долго нема
да престојува на истите тие полици со оглед на тежината на избраните
дела, и кој сериозно се заканува да го разруши нејзиниот кревок мента-
литет да носи само умерено и не мудро во толкава количина.
Во мојот книжевен опус, верувам направен е мал пропуст што тој
не се поврзува со творештвото на српскиот писател Миодраг Булатовиќ.
Ќе наведам еден цитат од студијата на познатиот литературен критичар
и теоретичар Драган Јеремиќ за творештвото на Булатовиќ, во кој сметам
дека е отсликан и мојот книжевен профил: „Оригинален во својот исказ,
но наклонет кон извитоперен начин на согледување на стварноста, во прв
ред се интересира за мрачните страни на човековото битисување. Многу
преведуван поради неговиот сензационализам, Булатовиќ претставува
авангарден писател кој меѓу тоа е погрешно интерпретиран“.
Од естетско – историска перспектива фрлен поглед врз обемното,
веднаш се забележува дека тоа не е историски детерминирано. Оттука
произлегува главната карактеристика на тоа творештво како наративно
описно, но со тенденција при портретирање на ликовите авторот да упо-
требува црти несвојствени за Аристотеловиот мимезис. Со примена на
една таква постапка, која се темели на писателовата имагинација, стил-
ски тие се наметнуваат како имагинарни романтичарски херои.
68
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Ако некој ја препознае творечката идеја за „атрактивен реализам",
во кој, со примена на експресија карактеристична за бетселер – изда-
нијата се цели, да се реализира литература во која нема да се изневери
нивната хуманистичка порака, тогаш ќе се гордеам со уште еден белег
на моето творештво. Заљубен сум во пишаниот збор. Во мудроста на кни-
гата. На свој начин страствено сум заљубен во нејзината магична форма.
Таа за мене е нешто свето, блиску до мојата душа. Сакам да ја заштитам,
сакам да биде трајна, обвиена со тврд подврз. Сметам дека таа треба да
остане вечна за да сведочи за оној кој ја напишал – за авторот. Мојата
голема љубов кон книгата ја симболизира Божјата универзална љубов.
На моите корици го напишав своето име како траг за иднината кој ќе
зборува за минатото, за сегашноста, односно за вечното кое се излеало од
авторот на неколку илјади бели страници. Писателот Бранко Варошлија
на шега ќе речеше: „им се чудам на Славко и Блаже, притоа мислејќи
на Јаневски и Коневски, како и колку пишуваат, навистина чудно е од
каде таа енергија, сила и во вака зрела возраст, животна и творечка, во
која спаѓам верувам и јас, да се пишуваат с` уште обемни дела, достојни
за почит како по квалитет така и по квантитет, дури и по јазик и стил
во македонската книжевност“? И самиот се прашувам која е потре-
бата за толкав книжевен опус, барајќи одговор наоѓам дека да се
пишува, значи да се живее.
Ако умешно се претвора животната граѓа во уметничка, паралелно
се осмислува како социјалната така и психолошката нарација, а вешто се
користи со истакнување на симболите за предавање на судирите помеѓу
доброто и злото, помеѓу светлината и темнината на времето преполно
со егзистенцијални трауми во противречностите на реалниот и фак-
тичкиот свет, и ако критиката на ступидноста, лакомоста и потсмевот,
жигосувањето на нечовечноста, големата збунетост, хаотичноста и неси-
гурноста, хаосот во душите на луѓето, дисконтинуитетот кој владее со
судбината на личностите, изопаченоста на реалната слика, се дадени со
една психолошка уверливост, тогаш тоа е препознатливост од далеку со
микроскопска прецизност. Низ многуте призми на посматрање, со една
интуиција на згуснатоста на јадрото, преку смели асоцијации се предава
психологијата на средината и менталитетот на масите. Уметничкиот свет
се пренесува со една поетска сугестивност, каде низ човековите трагики
продира и духот на опстојот и духот на вербата. Напати ќе насетиме две
страни каде авторот заглавува во црно–белото сликање и напати оној
револт за неправдата истргнува од авторот патетични восклици, нави-
69
Единаесетта Роднокрајна средба…
дум бзнадежност. Но секако ќе сфатиме дека тоа е опасната стапица во
која се фаќа писателот кога се зафаќа уметнички да го трансформира
времето со настаните во кој бил длабоко врзан и опстојувал со целиот
свој гнев што го создавала неправдата. Со самото влегување во прочит на
книгата, откриваме едно мисловно и уметничко ниво на авторот, опфа-
тен од, секако, една силна инспирација, креативен творечки занес што
го одржувал низ текот на настаните, кои земени од реалноста ги сместил
во еден имагинарен свет, чиј интериер и екстериер зависат од неговото
фантазерско видување.
Да се биде автор е еден вид пијанство. Да се биде опиен од книгата и
пишувањето е рамно на тоа да се биде опиен од животот. Можеби е тоа и
најкорисното пијанство, па макар авторот да бил далеку од вистината за
животот. Опстојувањето се чувствува во идентификацијата на авторот со
неговиот пишан збор. Петре М. Андреевски на Првата роднокрајна средба
пишуваше за зборот кој го надживува авторот. Тоа се зборовите кои про-
излегуваат некаде од средината на градите за да се слеат со белината на
страниците, наоѓајќи го своето право место.
70
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Gjorgji Prchkov
RECOGNITION IS INTEGRITY OF FEATURES
If style is the totality of characteristics of a particular art, in this case the
writing, then hopefully my way of expression is the totality of features that
makes my self recognizable... The motive of my literary creativity is largely the
modern child in all its manifestations, all his relationships through which my
writing messages have been transmitted. . Through my literature I advocate for
humanity, friendship, pure nature, beautiful environment and everything that
is close to my lifework as a teacher and an educator of the young generations.
There are some writers who follow their instant inspiration, some urge as if
shaking the narrations out of the sleeve, which can be seen as very good and
very effective later. I wish I would not be recognized one of them. However I
tend to program my work in order to give a clear reference and direction of
my message.
I have written stories, and they as a literary genre have specific laws of
expression, special course of action development, especially in shaping the
characters, building situations where often the real and unreal are intermin-
gled, offer numerous adventures and excitements, contain life truths, human
and wise messages, and at the end the reader is the only one who can col-
lect this wealthy fruits. Between the lines one can read the message: from the
impossible to come to the possible i.e. to find a way, a „miracle machine“ that
will eradicate or destroy the evil which has enveloped all mankind. Parallel
to these, it is inevitable to touch other matters such as: the role of the beauti-
ful books in the conceptualization of child everyday school life, tolerance and
mutual respect among the children in the street, their love for home birds and
animals – pets, inserting the theme of cherishing and keeping save the histori-
cal struggles past, as a warning not to destroy the history of Bitola, the region
and our motherland.
71
Единаесетта Роднокрајна средба…
Богоја Таневски
ПИШУВАМ КРАТКИ ПЕСНИ
Моето творештво е поезија,
иако имам неколку прозни дела.
Тематиката во моето творештво
е различна: пејсажна, социјална,
интимна, љубовна, историска и
патриотска.
Мојот стил во поезијата е пре-
познатлив по тоа што моите песни
се кратки, а и по тематиката што е
застапена во мојата поезија. Досега
моето творештво се состои од 17
објавени книги, од кои 11 книги
се поезија. Во повеќето мои книги
поезија, препознатлив стилот е по
тоа што пишувам за напуштањто за
нашите села, односно пустењето на
селата од мојот роден крај, селата од
Општината Новаци, а таа тема е универзална, што значи се однесува и на
други села од Р. Македонија што се со слична судбина, пред се тоа се пла-
нински села, каде е тешка егзистенцијата на луѓето од различни причини.
Во Новачка општина има многу села што се испустени во последните
години како што се: Суводол, Врањевци, Билјаник, Паралово, Тепавци
како последица од работата на РЕК Битола, а пред тоа испустени селата:
Балдовенци, Гнилеж, Полог, Грумази, Брник, Ивени, Орле и многу други
села од различни причини. За пустењето на нашите села имам песни во
повеќе мои поетски книги. Посебно е за одбележување и препознатливо
на мојот стил е тоа што во некои мои песни имам повик за повраток на
луѓето во нивните напуштени села.
72
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Поезијата во мојата книга „Нагризени хоризонти“ препознатлива
е и по физички и од психички аспект. Тука е опфатена работата на РЕК
Битола, што од физички аспект се изменети хоризонтите на ликот, изгле-
дот на земјиштето, а психички се раскопани, разболени душите на луѓето
од овие места, што нивните живеалишта, куќите селата, имотот, нивите
се откорнати, ископани што повеќе во нив нема живот и се раселени во
разни места. Проф. д-р Благоја Брајановски, голем проследувач на мојата
поезија (и целото мое творештво), посебен акцент на поезијата во книгата
„Нагризени хоризонти“ вели: „Не се само големите уметнички дострели
на оваа поезија, иако морам да признаам дека се превосходни, туку е пре-
познатливо дадена поетсктата хронологија на настаните (на трагиката),
со градежните дејствија на РЕК Битола и со уништувањето на повеќе села
од Новачкиот регион и со напуштаетро на селата, на нивните вековни
огништа.“
Преследувачи на моето творештво се: Радован П. Цветковски, Доне
Пановски, д-р Цане Здравковски, проф. д-р Благоја Брајановски, Петко
Домазетовски, Ристо Ѓ. Јачев, Петар Колевски, Јован Ѓуровски, Димитар
Богдановски и други. Истите ја оценуваат мојата поезија и прозното тво-
рештво, како доста препознатливо во македонската литература, за што
имам добиено повеќе награди и признанија, а застапен сум во повеќе
зборници, антологии, списанија и весници.
Честопати моите читатели при средба со нив потенцираат дека
моите стихови кога ги читаат кај нив предизвикуваат возбуда за напуште-
ните села, што било последици на едно општествено време – невреме на
негрижа од политиката на државата за подобрување на условите за живот
на луѓето во напуштените села. Немање добри патишта за поврзување
на селата со градовите за снабдување со потребните намирници или за
пласман на нивните производи, или немање добри здравствени услуги,
немање во близина лекари, па аптеки, снабдување со вода за пиење, пре-
секнале нивните стари извори, барајќи подобри услови за живот за себе
а и за нивните деца.
Во моите книги со историска тематика „Илинденски огнови“ и
монодрамата „Параловски чукари“ – се потенцира историското значење
на тие настани во овие наши простори, во кои се искажани достојни пода-
тоци за вистинското расветлување на овие настани во тој период во овие
краишта.
Во книгата со песни „Провир низ времето“ (1993) зафаќа многу
интересна тема – откорнувањето на нашиот човек, Македонецот од род-
73
Единаесетта Роднокрајна средба…
ната грутка. Ја зафаќа миграцијата, нашето секојдневно откорнување,
навалување в град, нашето иселување во прекуокеанските земји. Запусте-
ните села, горчливите глетки на празните простори што болат и ја рази-
шуваат душата – вели познатиот наш писател Радован П. Цветковски.
Битолскиот и македонски литературен критичар Доне Пановски
вели: „Богоја Таневски постапно и суигурно ја гради својата поетика
и остава зад себе стихови кои долго остануваат во сеќавање, зошто се
тоа песни испеани со длабоко чувствување и со силата на несомнениот
талент.“ Проф д-р Благоја Брајановски меѓу другите опширни искази
вели: „И поетот пишува историја... Се заради создавање поинаква суд-
бина за сите нас , но уште повеќе за некои кои што ќе дојдат после нас.“
Во оваа насока ќе ги посочиме песните: „Опустено село“ (Балдо-
венци), „Див орев“, „Осамени страци“, „Усвитено огниште“, „На желез-
ничка станица“, „Куќите чекаат“ и други.
Препознавање на мојот стил на изразување е и кај песните со пеј-
сажно и интимна тематика, каде изразот е збиен со убави метафори.
Со пејсажна тематика да ги споменеме песните: „Утрински пејсаж“,
„Мала брестова шумичка“, Девојки и сонце“ од стихозбирката „Угорнина“.
Со интимна тематика се скоро сите песни од стихозбирката „Чекори
во мене“ кои кај читателите побудуваат препознатлив интерес. Во таа
насока ќе ги посочиме песните: „Јас и песната“, „Неверна муза“, „Жива
слика“, „Внатрешен оган“ и други.
Препознатливи се моите стихови и во збирката песни „Битолски
мотиви“, каде ја опејувам Битола како град на конзулите некогашни и
повраток на сегашните конзули, тука се пее за емиграцијата на луѓето не
само од селата, туку и емиграцијата на луѓето од Битола, бегајќи во стран-
ство, барајќи подобра егзистенција, што беа испраќани од железничката
станица, со свирки и тапани и големи лелеци. Тука многу болно се препо-
знталиви стиховите испеани за големиот грабеж од штедилницата ТАТ од
која се оштетени многу семејства. Тука е опфатен и периодот од транзи-
цијата. Книгата претставува една поетска хронологија за опстојувањето
на Битола низ вековите. Низ песни се претставени повеќе знаменитости
низ градот (културни, историски и археолошки).
74
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Bogoya Tanevski
I WRITE SHORT SONGS
My creative work is poetry, though I have some prose work. The theme
in my work is diverse: landscape, social, intimate, love, historical and patriotic.
My style in poetry is distinguished by the fact that my songs are short, and by
the themes represented in my poetry.
In most of my books of poetry, I write on themes about leaving our villages,
or the villages of the municipality Novaci. This theme is universal, so it takes
into consideration all other villages in R. Macedonia that have a similar fate.
Poetry in my book „Eroded horizons“ is recognizable both in physical and
mental aspect. The existence of REK Bitola, in physical aspect altered horizons
character, changed the layout of the land, and in mental aspect, it caused sick
souls in the people who started leaving their hearths, their habitats, houses and
countryside, the property fields are torn and dug forcing the villagers to move
to other unknown for them places.
Often, when meeting my readers, they emphasize that when they are
reading my verses, excitement of abandoned villages arise in them. They
continue talking about the consequences caused at certain hard times – at
the same time being aware of the storming negligence of the state policy for
improving the living conditions of people in the abandoned villages. They are
talking about the lack of good roads connecting the villages to towns in order
to supply with the necessary groceries or sell their products. For them and their
children of utmost importance were good health services, doctors and pharma-
cies, which were very hard to find, as well as the supply of drinking water etc.
75
Единаесетта Роднокрајна средба…
Добре Тодоровски
ДАЛИ СУМ ПРЕПОЗНАТЛИВ ПО СТИЛОТ
НА ПИШУВАЊЕ?
На сите досегашни родно-
крајни средби, ние авторите имавме
теми со кои дел по дел ја откривавме
навидум нашата тајновитост која се
однесува на делото које го создаваме
или на веќе создадените дела. Овој
пат организаторот на оваа, би рекол,
традиционална манифестација на
роднокрајни автори, ни нуди тема
во која повторно треба да се искаже
самиот автор за неговиот стил на
пишување и неговата препознатли-
вост, што значи уште едно откри-
вање, односно саморазоткривање од
самиот автор.
Иако мој заклучок е дека за
оваа тема би било поприкладно,
анализа и свое мислење да даде друг писател, кој ја познава авторовата
патека во литературното поле, иако помалку или повеќе ние, авторите, се
познаваме меѓусебе, односно си ги знаеме нашите карактерни особини,
не само во пишувањето, ами и стилот на живеење.
Самата тема остава простор за пошироко да се произнесат авторите,
особено што организаторот се потрудил да даде поопсежно образложе-
ние, како надополнување на темата, односно во кој правец би се движеле
размислувањата на составувачите на трудовите на аворите.
Со наума да најдам нешто слично каде што писателот ја комплетира
својата автобиографија вклучително и неговиот живот, па дури и инти-
76
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
мата, мојот колега Панде Манојлов ме убедуваше дека е тоа практика во
скоро сите земји, за авторот да се има пообемна биобиблиографија.
Но, што се однесува до темата. Од самиот почеток на моето тво-
рештво, уште од рана младост, како сама по себе да ми се наметна потре-
бата да најдам сопствен пат во книжевниото творештво, ако веќе се одлу-
чам постојано да се занимавам со пишување. Ми се допаѓаа многумина
автори, особено домашните, кои извонредно знаат да го опишат ликот,
да му дадат душа, да го пренесат настанот, да ја искажат тагата, среќата,
љубовта, или да опишат особени карактеристики на одреден лик и сето
тоа мајсторски да го пресликаат во книгата. Значи, ако кај некои писа-
тели сум забележал зачудувачки опис на просторот, кај други се намет-
нува извонредниот опис на ликот, на времето, или оние кои вршат споре-
дувања, до писатели кои се служат со употреба на дигресии во рамките на
истанчен вкус на мајсторство. Во еден таков мозаик на литературно тво-
рештво тешко е да се изнајде сопствен оригинален пат. Но, сепак треба да
се трага и да се испитува, па во одреден момент, на едно рамниште кога
зад авторот стои поголем литературен багаж може да се согледа и него-
вата препознатливост. Во која мерка е тааа изразена зависи од самиот
автор.
Ова сум го изнесол којзнае колку пати и каде се нe, на состаноци,
тркалезни маси, трибини, интервјуа и сл.
Не сакав да наликувам на некој познат наш автор или на некои од
страна, со кои читателите ќе ме споредуваат, а со тоа и ми даваат оцена за
мојот труд. Одлучив да имам свој стил, во кој ќе го користам дијалектниот
збор, односно прикази кои се одвивале не така дамна, во кои главните
ликови нема да бидат поттикнати да го користат литературниот говор,
ами да се користи слободниот израз од секојденвието. Со тоа ми се чини
го ослободувам и ликот и се дава еден јасен израз, пренесен до читателот,
разбирливо, во изворна форма. Како се работи за настани кај кои глав-
ниот лик е обичен човек, не ми беше тешко да го постигнам тоа. Колку
сум успеал да ги задоволам вкусовите на читателите, оставам да судат
другите.
Да бидам искрен, со досегашната моја творечка работа сум задово-
лен. Особено кога можам да играм со зборовите и мое е задоволството
дали ќе се употреби еден или друг збор, дали ќе оставам дадената фразе-
ологија, незнаен – неискажанзбор, да се пренесе изворно или со објасну-
вање. И таму ја гледам мојата посебност во литературното изразување.
77
Единаесетта Роднокрајна средба…
Оттаму, по толку испишани страници, сметам дека сум препознат-
лив по мојот стил на пренесување на приказната (зборувам за романеск-
ните дејства или расказите).
Затоа, само ќе ги нафрлам моите размислувања, без некое особено
елаборирање, ами, ако веќе зборуваме за стил на препознатливост нека
биде и по оваа тема и по ова мое излагање некоја посебност.
Уште од самиот почеток, од самиот наслов можат да ме препознаат,
и читателите и критичарите. Ќе наведам примери на неколку наслови
од романите, како потврда на горе кажаното: „Сивилото на одот“, Дума
за душите“, „Што ни било пишано“, „Над тагата“, „Прикрај“, „Прокоба“,
„Завештание Велјаново“, „Последниот монах“. Истото важи и за другиот
литературен жанр кој го обработувам.
Значи ли ова дека се, покрај дијалектното изразување, мои најпре-
познатливи карактеристики, кадешто со самиот наслов ја посочувам и
темата и дејството на приказната. Односно, од самиот наслов може да се
насети и содржината за која се пишува во книгата, како провокација за
читателот. Ова уште поодамна во еден разговор ми го спомнуваше мојот
книжевен пријател и критичар Радован П.Цветковски, а тој веќе тоа го
има употребено во повеќе од неговите критики за моите дела.
Ако одиме подлабоко, во поширока анализа на препознатливоста на
авторовото творештво, тогаш доаѓаат до израз и темите кои се обработу-
ваат, по местото и начинот, со особено внимание посветено на обичаите,
верувањата и воопшто на човековата живеачка во времето кога се одвива
настанот. Старите, заборавени и ретко користени македонски зборови,
како и дијалектните зборови ќе останат забележени и оттргнати од забо-
равот, дека некогаш и некаде се зборувало поинаку, се користеле голем
број зборови во секојдневната комуникација, а со времето, за голема
жалба, се заборавени или исфрлени од употреба. Употребата на тие подза-
боравени зборови може само да придонесе за збогатување на зборовниот
обем во речничкиот фонт кој треба да се збогатува.
Можеби еден ден моите искажувања ќе бидат интересни и за нау-
ката, како што денес е тоа со фразеолошкиот речник каде се затапени
голем број фразеологии користени од ликовите во моите книги.
И имињата на ликовите кои ги користам се карактеристични за вре-
мето, а по се изгледа необични за читателите. И тука ја гледам мојата
особеност. Ретки се авторите кои користат имиња од подлабокото наше
минато, кога најчести имиња на луѓето биле, како: Силјан, Софронија,
Велјан, Дамјан, Секула, Горјан, Јон, Сидор, Трајан, Стојан, Кузман и др.
78
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
или женските имиња како што се Велика, Воведа, Неда, Калина, Бисера,
Румена, Арна, Грозда, Војдана, Мирна и др.
Сум имал прилика да слушам коментари во стилот: „краток роман“ ,
„долга приказна“, „кратка песна“ и тн. Нити сум внимавал, ниту сега вни-
мавам на должината на текстот или големината на романот, од причини
што знам дека тоа самото дејствие го одредува. Оној момент кога сум
задоволен од конечната верзија, толку обемен ќе биде и романот–кни-
гата.Како додаток, а што се однесува на должината на реченицата и тек-
стот. Па, јас постојано сум критикуван од страна на организаторот дека
доставувам најкраток текст за роднокрајните средби. Кога ги прегледав
текстовите од досегашните роднокрајни средби, се уверив дека критиката
е на место.
Уверен сум дека по својот начин на изразување, одбир на темите и
мотивите, начинот на објаснување, користењето на говорот, употреба на
дигресиите, вметнување на фразиолошките изрази, обработка на лико-
вите, настаните, па и по комплетната приказна се разликувам од остана-
тите писатели, што ме прави посебен, односно препознатлив по стилот на
литературното изразување.
79
Единаесетта Роднокрајна средба…
Dobre Todorovski
AM I RECOGNIZABLE THROUGH
MY WRITING STYLE?
From the very beginning of my creative work, from early youth, the need
imposed on me by itself to find my own way in the literary work, if I made a
decision to be a writer. I liked many authors, especially the domestic ones,
which knew how to describe the character, to give a soul, to convey the event,
to express sadness, happiness, love, or describe particular characteristics of a
character and all this to replicate masterfully in the book. So if I've noticed in
some writers striking description of space, in others imposes a brilliant descrip-
tion of the character, or time. There are writers who use digressions with pop-
ulist note and mastery.
I did not want to resemble any known Macedonian author or a foreign
one with whom readers will compare me, and give assessment of my work.
I decided to have my own style, in which I will use the dialectal words or
images that took place not so long ago, in which the main characters will not
be encouraged to use the literary speech, but to use the free expressions of
the everyday life. Thus it seems to me it frees the character and gives a clear
expression, conveyed to the reader in a clear way and original form. In events
in which the protagonist was an ordinary person, I didn’t find so difficult to
achieve this. To what extent I have succeeded to satisfy the readers needs, it
depends upon their assessment.
80
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Проф. д-р Даниела Андоновска–Трајковска
КОЈА Е МОЈАТА ПЕСНА? – ОБИД
ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
Како да зборувам за својата
поезија и како да зборувам за мојот
стил на пишување кога тој не е мој,
кога јас не сум таа што го опреде-
лува? Како да зборувам за својот
стил на пишување кога мислата
сама се организира во зборови на
тој начин што го препознава својот
лик во миговите на прасоздавањето
и сеќавајќи се на својата претходна
манифестација, ја имитира и ја пре-
создава? И како да зборувам за тоа
како пишувам, кога прстите непо-
слушни пред рациото застануваат и
кога невидлива рака од светлина и
темнина сочинета остава свој отпе-
чаток, а не мојата? Каде сум јас во
својата ништожност и во својата маленкост кога поезијата како автокрик
на творецот му се враќа во безбројните манифестации на мислата која е
обликувана според устроението на создателот и според поетовата моќ да
го види тоа што другите не можат да го видат. Каде сум јас? Каде моето Јас
ја препознава поезијата и кога му се напнува до пукање жилата на вратот?
За да одговорам, морам да заземам позиција на набљудувач, на критичар,
на човек кому му се туѓи сопствените стихови. Како инаку да кажам какви
се тие, ако не ги погледнам поинаку, оддалеку, од страна?
Во бессоните ноќи и миговите на привидна отсутност, во стутка-
ниот поглед врз испушената цигара фрлена покрај патот, во скршената
81
Единаесетта Роднокрајна средба…
рамка на прозорецот, во скриеното лице на денот, во нереченото, во
искршените прсти, во пената на макијатото, во зрното пченица опиено
од канела, во прашалникот обесен на вратот извира мојата поетска мисла
и како лик со свој идентитет се актуелизира во фономорфолошката, син-
таксичката и семантичката рамнина која се мултиплицира с` додека не ја
добие својата тродимензионалност во светот на кодовите.Булката мора да
го голтне црвеното, а водата –сама да се замати за да се искаже и да укаже
на својата единственост и на својата неповторливост. И кога зборуваат,
ниту булката, ниту водата не мислат на изгубената срж, туку на мислата
искажана преку трансформацијата на нивното суштествување. Така и
моето лирско Јас, не размислува дали траекторијата што ја исцртува ќе
помине низ неговата сушност и ќе го обележи засекогаш, туку едноставно
трепери под дејство на космичката енергија за да оживее во стиховите и
да добие форма на лирска песна.
Зад завесата се одигрува вистинската претстава во која се актуе-
лизирани ликовите на секојдневието и во која актерите не си ги бојат
лицата, не се облекуваат во партали, затоа што парталите им сраснале
со кожата и никогаш не го слушаат суфлерот, затоа што тој не постои. За
таа приказна е заинтересирано моето Јас. За таква драматичност мојата
поезија зафаќа значенски простор и за такво себеидентификување мојот
поетски код истапува пред светот. Извежбаниот говор на актерите и
маската зад која го кријат својот здив не ги забележувам. За нив зборуваат
сите присутни во публиката, сите критичари, сите реципиенти, така што
нема потреба тоа да го правам и јас.
Лирското Јас се идентификува со многу Јас препознати на марги-
ните на општеството („Поема за маргините“). За нив никој не зборува.
Нивното пулсирање во превртливата прегратка на денот лирското Јас ги
презема на своите дланки за да ги принесе до своето срце, да го слушне
крикот нивни, да крикне и тоа во исто време и да прокрвари преку сти-
хот, понекогаш организиран во строфи, а понекогаш неврзан, бел. Речиси
цела моја поезија, која во главно е необјавена, но е бројна, е напишана
како резултат на идентификувањето на моето лирско Јас со Јас на многу
личности кои сум ги среќавала во мојот живот, но и такви за кои сум
слушнала, прочитала или сум ги видела на телевизија. Или едноставно
сум ги доживеала.
Поезијата во која моите мисли се устројуваат содржи фабула во
имплицитна форма. Во таквата фабула се препознаваат и ликови кои
понекогаш се дистанцирани од лирското Јас, а понекогаш се сраснати со
82
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
него и дејствуваат како едно. Оттука, тие се носители на главниот мотив
кој гравитира речиси секогаш кон филозофијата на постоењето, кон егзи-
стенцијализмот вткаен и прикриен во надреалистички поетски слики
создаени со шокирачки метафори кои содржат две шеми што се дијаме-
трално спротивни и неспоиви на прв поглед и кои кај читателот созда-
ваат отпор, но и скептицизам и шок во исто време(Убивачки пиштеше
таванот/ посакувајќи очајнички да се спаси/ од двете мртви птици/
легнати една покрај друга/ со скаменет поглед во прозорецот/ кој и
покрај неговата основна функција/ не успеа да собере ниту една дланка
светлина.// Коси кубеше скршеното столче/ и се молеше тивко во
аголот.../ Вени сечеше една проѕирна бубачка/ застаната на живот-
ниот пат со намера да се самоубие/ не можејќи да се соочи со мртвата
птица/ затворена во својата свест/ оставена без клуч..., „Поема за
маргините“, 2015, стр. 42–43). Затоа, често пати, ќе слушнам дека стихо-
вите мои се тешки и нелогични, дури и одбивни заради суровоста како
карактеристика на нивната експресија.
Деконструкционализмот како постструктуралистичко движење, на
чело со Дерида, верувам, има извршено големо влијание врз начинот на
кој моите зборови се препознаваат и застануваат еден до друг во рамките
на лирската песна. Значењето не постои како чиста форма, тоа се создава
и пресоздава и тоа секогаш на различен начин кај секој историски, култу-
рен, социјален и индивидуален субјект во форма на единствен, само нему
својствен конструкт. Затоа мојот стил на пишување се врзува за мета-
форите (Твојата постела/ спие во јорган од мразулци, „Поема за мар-
гините“, 2015, стр. 34), метонимиите (Насмевката на гладното дете
лежи на земјата/ со лицето завртено кон небото./ Моли за затво-
рање на небото./ Моли за затворање на завесата./ Моли за починка./
Моли за сон., „Поема за маргините“, 2015, стр.14; Кочниците на автобу-
сот/ полн со тешки здивови/ го изораа асфалтот/ без да фрлат семе./
А браздата молскавично/ се фрли под тркалата..., „Поема за марги-
ните“, 2015, стр. 30), симболите (Точката/ пред вратата не ме чека
веќе.// Со трите точки под мишка/ си ги умножувам очите, „Поема
за маргините“, 2015, стр. 61),алегориите (Координатите трчаат без
водач/ со еден лонгитудинален/ и испартален липнеж/ кој се влече на
неговите петици/ држејќи го како заробеник/ во невидлива одаја/ без
решетки/ без прозорци/ без врата/ и без ѕидови, „Поема за маргините“,
2015, стр. 26), персонификациите (Сонцето почнува да ги турка обла-
ците/ со своите шилести лакти,/ бодејќи ги во слабината/ нивните
83
Единаесетта Роднокрајна средба…
секавици, „Поема за маргините“, 2015, стр. 21), затоа што така чувству-
вам дека го создавам кодот или поточно ја создавам празнината, кој(а)
што ќе биде на различен начин декодиран(а) и интернализиран(а), затоа
што читателот сам ќе го(ја) пресоздаде, но со поинаква лирска нота, со
поинаква боја на гласот, со поинаков липнеж и поинаков крик, дури и со
поинаков наративен призвук. И сето тоа – заради контекстуалната спец-
ифика на создавачот (Творецот) и неговата поврзаност со посредникот
– поетот, но и заради специфичнноста на контекстот во кој функционира
пресоздавачот (читателот).
Антропоморфноста како карактеристика на мојата поезија е повеќе
од евидентна, затоа што предметностаи апстрактноста оживуваат и доби-
ваат свој идентитет, препознавајќи се како човечки суштества (Зборот
се заврте,/ ми го исплази јазикот/ и скокајќи замина/ надолу по ули-
цата, „Збор за зборот“, 2014, стр. 24; По прошетката од девет чекори/
Зборот и Вистината/ си ги разменија фустаните/ го голтнаа мири-
сот што испаруваше/ од нив, се бакнаа в образ за добра ноќ/ и си зав-
ртија грб, „Збор за зборот“, 2014, стр. 71).
И не се само семантичките изразни средства присутни во мојата
поезија, иако се најдоминантни, туку и фономорфолошките, односно
оние со кои се засилува емоционалноста на песната преку модифици-
рањето на нејзината звучност и преку артикулацијата на лирскиот миг со
помош на имплицитната употреба на говорниот апарат: дури и кога нема
да се изговори гласно, читателот е свесен за нејзината звучност, затоа
што неговиот внатрешен глас ја изговорил и повнатрешнил. Во следниве
стихови се препознаваат анафората, епифората,парономазијата, асонан-
цата и алитерацијата кои придонесуваат за зголемувањето на звучноста
на песните: Истрчувам пред зелениот камион,/ Додека управувачот
црта/ Осумки во прашината./ Осумте тркала на грбот ги кревам./
Осумте алки на вратот ги нижам./ Осум пара очи/ Оставив дома./
Осум часот вечер/ Отчукува во шаржер./ Осум во круг се редат./
Осум капки крв/ Од тркалата се цедат. (Осум, „Бегство“, необјавена),
Нарамени рамена/ Наредени немеат./ Еден пар тркала/ По ридот се
тркала., (Тркала, „Бегство“, необјавена); Вретенотосеврти/ подпр-
ститенавремето.// Мислата/ сецединавртежот./Навлегувавомал-
терот. (Вретеното, „Вретено“, необјавена).
Римата и ритамот како версификациски елементи не се каракте-
ристични за мојата поезија, но интересно е, пред с`, за мојата перцеп-
ција, тоа што во последно време, моите песни почнуваат с` повеќе да ја
84
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
прифаќаат римата, но и да содржат одредена комбинација од ритмички
стапки, како што се трохејот, дактилот, јамбот, амфибрахот и анапестот:
Елатус,/ чии се овие рамена/ обесени на влезот?// Чии се овие трпки/
преслечени во шепот?// Чии се овие колена/ искривени и жедни?//
Чии се овие усни/– испукана кора,/ ниви неизорани, бедни?//Чиј е овој
камен/ на плеќи ти се качил?/ Над него – челик бос/ се потпрел/ зди-
вот ти го зел? (Чии се?, „Пејзажи на душата“, необјавена). Особено инте-
ресно е тоа што рациото е сосема исклучено во текот на создавањето, а
стиховите се нижат и содржат зборови кои сами се редат. И кога моето
критичко око ќе ги погледне и ќе ги прочита, се изненадувам кога препо-
знавам одреден ритам, но и рима која понекогаш има правилен распоред,
но некогаш – неправилен.
И сега се присетувам на моите чести изјави кога разговарам со
луѓето – роднини по перо, дека јас не знам да пишувам песни со рима и
дека тој дискурс ми е туѓ.Тоа само го потврдува мојот став дека не јас ги
создавам стиховите, туку некое друго Јас со кое се поврзувам во момен-
тите на инспирација кога вселенската прашина ќе ги предизвика моите
носници, а јас нема да се напијам Лоратидин за да го спречам кивањето.
85
Единаесетта Роднокрајна средба…
Prof. d-r Daniela Andonovska Trajkovska
WHICH SONG IS MY SONG? – ATTEMPT
OF IDENTIFICATION
How to talk about my poetry and how to talk about my writing style
when it's not mine, when I'm not the one who determines it? How to talk about
my style of writing when my thought alone is organized into words and in this
way it recognizes its face in the moments of creation, thus recalling its earlier
manifestation, imitates it and recreates it? And how to talk about how I write
when disobedient fingers before the ratio stop, when the invisible hand of light
and darkness leaves its imprint, but not mine?
Behind the scenes a real performance takes place in which the everyday
characters are actualized , in which the actors do not colour their faces, do not
dress in rags, because the rags have grown together with their skin and never
hear the prompter, because he does not exist. For this story concerns my I.
For such dramatics my poetry occupies notional space and for such
self–identification my poetic code acts before the world. The skilful speech of
the actors and the mask behind which they hide their breath, I do not notice.
Everyone in the audience talks about them, all the critics, all recipients, so
there is no need for me to do the same.
And not just the semantic expressions present in my poetry, though most
dominant, but the phonomorphological ones, i.e. those that bolster the emo-
tionalism of the song modifying its resonance and through the articulation of
the lyric moment with the implicit use of the voice: even when it is not spoken
aloud, the reader is aware of its sound, because his inner voice speaks and
accepts it as his own.
86
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Петко Шипинкаровски
СВОЈСТВЕНОСТА ВО СВОИНАТА
НА ПИСАТЕЛОТ
Разговорливоста во комуника-
цијата на човекот е препознатливо-
ста кај авторот, особено во изразу-
вањето и употребата на јазикот во
публицистичкото градиво, овој пат,
стилот на изразувањето во своите
дела. И веднаш, ќе започнам според
народната фразеолошка синтагма
„Прави го тоа што други не сакаш
да ти го прават“, кај мене, е мото
водилка во градењето на уметнич-
кото дело (прозно или поетско) да се
напише сега, да влезе во историјата,
да остане во иднината.
Нескромно е кога човекот,
односно самиот автор ќе говори за
своето дело. Затоа, и јас, а верувам
дека и другите автори тоа им го препуштаат на читателите и иднината.
Најголемиот подарок за авторот е кога неговото дело допира до читателот
и до неговите чувства, кога тој влегува и соживува со настаните, лико-
вите и разговорливоста, втурнувајќи се во нив како да е и тој дел од тие
настани, а да потоа, Тој читателот, раскажува за приказната или пеењето,
драматизацијата, или пак црпи дел од тоа богатство и го репродуцира во
своето творештво – кога се работи во литературната или пак научната
работа.
Првата книжевна рожба на авторот, според мене, претставува
крштевање или симбол на книжевното творештво, нишка водилка што
доаѓа како искра надеж и успехот во творештвото и негова целосност.
87
Единаесетта Роднокрајна средба…
Во врска со тоа, новинарот и публицист Ванчо Меанџиски, за романот
првенец „Откорнати души“, ќе напише: „МРАЧНИ СТРАНИЦИ ЗА ГОЛГО-
ТАТА НА МАРИОВО“ – Во „Откорнати души“ опишан е животот на избез-
умените, ограбените, истоштените, гладните и како вистински маченици
тормозените Мариовци – како наслов и поднаслов во „Македонско сонце“
и да поентира: „Откорнати души“ е тегобна за читање книга, но таа е
многу поучна, провокативна и жестока...
Препознатливоста во изразувањето и пишувањето е вештина каде
авторот црпи стилски и тематски фигури, одбрано да пристапува за да
неговиот производ отпосле биде прибран и прифатен како литературно–
духовно богатство и тарјност.
Започнав случајно, без помисла дека првото книжевно дело ќе наиде
на таков прием како што Меанџиски напиша, а пак потоа и читатеклите
и критичарите ќе се со одбрана, со позитивна реакција.
Туку, започнав уште во раните школски години, подолабавено, без
претензии за забележителен успех, втурнување во јавно искажан збор или
мудрост, кога како ученик ја следев отворената емисија на Радио Битола
(1961), „Даваме најдуховит одговор“, и ја освоив, за мене тогаш, „голе-
мата награда“ – прво место. Така, кај мене се всади духот, или коренот
на желбата да се трага по минатото, да се снаоѓам во сегашноста, да го
оставам бремето на, за мене спознание на совремието: насладата и задо-
волството, односно пораката на иднината.
А пак желбата да се успее и да се чекори по патот кон успехот, спо-
ред мене, овојпат во книжевноста е нишка водилка мотивот: љубовта кон
својот и своето – родољубивоста, каде стремежот е да се даде мал придо-
нес во постанокот, опстојот, стабилноста и непоколебливовста на она што
се вели татковина и племенски дух, визави, да се најде свое место во про-
сторот на системскиот приод и закотвување на книжевната платформа во
гумното на маалото на племенската заедница. Кон сето ова, како зародиш
и умотворба, кајмене се создавало, тлеело и растело обликовано во кни-
жевна творба на духовниот труд, или производ на зрела книжевна проек-
ција, или би рекол: Својственост во своината на писателот.
Спознанијата што доаѓале кај мене на историските настани и случу-
вања, неправдите и поделбите чинети на татковината и на мојот народ,
пренесувањата како поука и амнанети при разговорите со моите претци
од нивните тешки и горливи мигови од животот пат при интернациите
во Балканските војни и потоа, преку медиумските текстови и јавувања,
литературата, како и легендите и приказните – слухот на средината и
88
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
историските појави што доаѓале, како насилие што произведувало гнев
и реакција, е дополнителен мотив да се нурне во откривачката дејност
за појавите и да се напише и објави, во даден случај, тематска збирка,
односно книга.
За уметничката вредност, вистинитоста и насладата од зборовно-
ста во приказната, односно песната, есеите и слично, говорат делови од
пошироките кажувања на угледните автори и критичари:
Ванчо Меанџиски, „Македонско сонце“, 2003: „МРАЧНИ СТРА-
НИЦИ ЗА ГОЛГОТАТА НА МАРИОВО“
– Во „Откорнати души“ опишан е животот на избезумените, огра-
бените, истоштените, гладните и како вистински маченици тормозените
Мариовци – како наслов и поднаслов и да поентира: „Откорнати души“ е
тегобна за читање книга, но таа е многу поучна, провокативна и жестока...
Луан Старова пак, за книгата Рудолф Арчибалд Рајс за Македонија
и за Македонците, покрај другото вели: „Авторот во оваа книга достиг-
нува релативно високо творечко ниво, низ уверлива и интегрална јазична
структура, успевајќи да создаде не само значајна книжевна хроника за
Мариовскиот, Македонскиот и воопшто балканскиот човек, туку и зна-
чајно сведовштво за Мариовци, вредувајќи се во низата најзначајни Маке-
донски автори кои пишувале за овој дел од Македонскиот народ“.
Следствено на тоа, моето скромно творештвото го делам на: тво-
рештво за млади и возрасни; прозно, поетско, драмско, потоа творештво
со историска содржина, публицистичко, книжевна критика...
Слично на тоа, стилот на изразувањето остава длабоки траги во
напишаната форма како наследство (семејно – јазикот од моите пртци)
или дијалект на постојниот систем и устројство во говорната комуника-
ција, кај мене мариовскиот дијалект како свој мајчин јазик, составен во
стандарниот, македонскиот литературен јазик. Оттука и моите заложби
во создавањето на делото во неговата раскажувачка вокација и моќ,
стремам кон запазување на дијаликтичките форми, изрази и фрази, со
користењето и на народните кованици и жаргони и мудрости. А токму за
тоа и препознатливоста во пишувањето на моите дела или творештвото
воопшто, говорат и другите бројни примери на осврти и рецензии на
угледни литературни критичари од Македонија и странство:
89
Единаесетта Роднокрајна средба…
Во својата анализа за романот „Утринска молитва“ Мерсиха Исмајло-
ска ќе напише:
„– Изборот на лексика, блиска до народниот раскажувач открива
зборови кои се подзаборавиле, но кои подобро од било кој други ги доло-
вуваат, именуваат нештата во романот. Зборови како: авале, акал, асли,
бериќет, авлија, витосале, булме, далдиса, ѓурунтија, карак, карцер, мете-
риз, отоман, расотка, рушвет, тофилим, сабра, себап, сефард, стросал,
увејка–птица, ујем, чактиса, штукна,... или, пак,
Смислен како роман во кој нарацијата ја движат противниците и
помагачите на Марија, авторот проговорува и за онаа тенденција да се
уништи поубавиот, подобриот, тенденција присутна дури и кај најбли-
ските. Во духот на народот, секако, бог е присутен во моментите кога
чудесно се разврзуваат таквите ситуации, со што ефектот на deus ex
machina секако на метафорично ниво, е важен дел од структурата на
романот.“ – „Децата на Марија“ – вели Исмајлоска
„Уверливоста се постигнува и со принципот што самите јунаци/
ликови ги раскажуваат своите приказни/судбини. Наспроти оние со
конкретно име и презиме, не само како наратори туку и како комента-
тори, би рекле како судии и трагачи по вистината се релевантните кни-
жевни ликови на човекот собирач на туѓи приказни, Човекот со штрб заб,
Жената со забун, Жената со темни наочари, Човекот несмасно дебеликав.
Суптилно тие ги прошируваат и збогатуваат вредностите на делото и му
го вдахнуваат мирисот и вкусот на магичниот реализам. И она што при-
тоа посебно сакаме да го одбележиме како голема стојност на романот е
прекрасниот дијалог. Неговата дијалектологија истовремено ја потврдува
релевантната универзалност на уметноста. Дијалошката форма во себе
како да ги апсорбирала сета мудрост и убавина од говорот на безимениот
народен гениј. – Ќе рече во својата рецензија Васил Тоциновски за рома-
нот „Утринска молитва“...
Христо Петрески во својата опсежна анализа – приказ за моето тво-
рештво, покрај другото вели: „Речиси во сите свои прозни дела, Петко
Шипинкаровки ја обработува темата, Мариово, Мариово некогаш и сега,
измеѓу животот и смртта, војните, страдањата на македонското населе-
ние, раселувањата, и потоа, постослободителниот периоди миграциите
до истребувањето на македонецот од тие простори; патот по светскит
меридијани и новите живеалишта, миграциите од селата во градовиите
90
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
ширум на Македонија и пустошот кој царува во некогаш живото Мари-
ово, со тенденција да се покрие и последната трага на Маиовецот таму“.
– Понекогаш само еден стих е повеќе од целата песна, односно пое-
зија или
стихот е ’ркулецот на поетските меридијани – ќе рече Милица
Димитријевска Радевска за поетската збирка „Седело на орлица“. –
Овде поетот Шипинкаровски низ синтагматските единици подуена врана
и мразова тупаница, накалемил, несвесно, намерно или интуитивно
повеќе метафорички анаграми. Подуена врана–смрт, болест, неспокој,
внатрешно распаѓање, духовна колизија, себе раскостување, летаргија;
мразова тупаница–решеност, тврдокорност, манифестирање на моќ, нап-
натост, исчекување, страв и сл. – „Седело на орлица, песната „пастир“,
или пак за моето прозно творештво, конкретно романор „Златни обетки
за Марија и неговатата тема и мотиви Димитријевска–Радевска ќе рече:
„Иако авторот делото го обмислил како современ роман сепак во својата
структура ова дело има елементи на историски есеј, дневник и во себе низ
приказните ги сублимира апсолутните вистини за нашето минато кое е
се уште неоткриено, недоволно разбрано, она минатото кое тупоти под
нашите чекори на старите и калдрмисани улици, независно дали тоа е во
Охрид, Велес, Штип, Скопје., за да најнакрај, во својата рецензија Дими-
тријовска Радевска – поентира:„Петко Шипинкаровски искрено верува
во идејата дека млади луѓе се тие кои треба да го запалат светилникот на
надезерскиот град–тој свет град каде освен што ќе ги почитуваат другите
култури, ќе водат грижа и за сопствената“ песната „Во Струга букнува
пролет“, песна од збирката „Седело на орлица“.
Благоја Брајановски, пак, во неговата опсежна рецензија, повеќе
би рекол Студија, за романот првенец „Откорнати души, од многуте кон-
статации, за оваа прилика издвоив само мал дел;
„А еве некои покарактеристични зборови како говорно обележје на
маровскиот говор: „Чуш бе, в’ко да те јаде“; „Да мигна малце, белки ќе
заборава на болките“; „ќе ја наеме (наместо „најдеме“) куќата сета (наме-
сто „целата“); „Кутриот тој, ни ал ни абер, а и кој да го пала (бара)? ; „со
здравје да се јае (наместо „јаде“)“; „Глеаш... – Вија, мислејќи на српските
сили, д’го време останаа туа, , арно им е, ебаи, шо им фале“; “ И буга-
рите... и тиа бе Петре сакаа да не поробат, ебаи мајката, шо јајца бараа
туа?“; „Ама и на тиа, и на тиа, ќе му дое крајот“; „Чекатеме, ќе доа (наме-
91
Единаесетта Роднокрајна средба…
сто „ќе дојдам“) со вас!“; „Ае (наместо „ајде“) ... и ние да поеме (наместо
„да појдеме“), да бегаме као и сите друзи, а ќе ‘а потераме и стоката со
нам, оти туа не ќе се живее“; „...таму, кузнае Петре как е, кузнае как е, а и
коа власт е?“; „та белки ќе му се наат и на татка“: „сме ‘а грешале“; „.. дека
си б’лна...ама ќе уздравиш“; “ та џуот не можа да ви вата“; „току време“;
„кој ‘а глеа маката“; „бумба“ (се отепа Јован со бумба)”, и сл.
Илијана Каракочева алиас, Ина Крејн(Бугарија), исто рака за
„Златни обетки за Марија“: преку средбите на Петар со други херои чита-
телот сфаќа дека историските богатства на секој народ треба да бидат
чувани дека помладата генерација има потреба од вредности, во кои да
биде градење како карактер, дека љубовта во семејството и верноста кон
него не се надминати, напротив , тоа е појасот за спасување за совреме-
ниот хомосапиенс, кој не треба да се откажува од своите корени и хри-
стијанската вера, бидејќи тие можат да го вратат во живот кога науката
се покаже немоќна.
Детството е најдобро милји, повеќето шарени и убава рамка од
човечкиот живот. Но, тоа е и времето во кое секој од нас се гради како
личност. И е исклучително важно во во оваа фаза од нашето постоење не
само што наставниците ќе имаме во училиште, а какви наставници на
душата ќе имаме секој ден во својот живот. Среќен е оној кој во своите
детски години имал животни учител како Филип Царевски – мудрец, дал
со полни раце љубов, вера, сила на едно детско срце и така стана го во
вистински маж.
Јован Ѓуровски во својот приказ за романот „Црна љубов“: „Друг
карактеристичен белег во раскажувањето е ..., народна мудрост, така што
се добива впечаток дека некои од поговорките дури и како да ги среќа-
ваме за првпат во романов: „Паси овци–рани волци“, „Љубов со зорле“,
„Како сурија на крма“, „Од Мариово наше и Господ кренал раце“, „Наша
земја, а грчка територија – твоја земја, а државата туѓа“ итн. со употреба
на подзаборавени, осовремени и новообразувани зборови како што се:
увејка, суцрна боја, пореница, студеноросно шумолење, мошолњето,
матежина, смигнато, ранозорјето, шушуру–бушуру, осамата, помрачина,
натопинка, дангола, распор, гачки, запор, омаеноста,
Светлана Христова Јоциќ: Преку Марија и останатите ликови
Шипинкаровски уште еднаш на читателската јавност ~ нуди текст напи-
92
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
шан на мошне певлив јазик на мариовски говор во дијалогот помеѓу лико-
вите во романот, што на делото му дава посебна боја и го чини интересно
како мудар присет на читателот, поука и предупредување за своето наци-
онално опстојување.
Тоде Илиевски: во стихозбирката „Бели ветрови“ можеме да ги
доживееме и како промена на застрашувачката слика на сегашноста,
односно како обид за нејзино ублажување, не само заради враќање на
трајната верба во животот, туку и заради чувството на лична, и пред се,
творечка одговорност на поетот кон светот на кој тој му припаѓа.
Снежана Дабиќ (Србија) во анализата што ќе ја направи во тек-
стот за романот „Златни обетки за Марија“.
„Главни јунак Петар Царески си поставил задача сам да го открие
својот идентитет, а со тоа и идентитетот на својот народ, и своите научни
откритија да му ги предочи на светот...
...тематско–мотивски – продолжува Дабиќ – добива формула, облик
на емотивно–симболична продготовка за тоа што треба да се случи, низ
персонификовани, и метафорично сложени слики: „Потниот летен ден
се капи во својата врелина“, „...бидејќи јас сум како некоја стара карта,
стара планина која с` има забележано, што с` видела и преживела“, „Езе-
рото сноваше на мирното сунце”, „Ветерот ги затворил своите двери“, ...
„Езерото почна да тане и да се тресе!... „Зимата е на прагот. Само што не
ја облекла својата бела кошула, иако на Галичица и Јабланици ги покажа
своите бели рукави“... Романот може да се гледа и од педагошки аспект
продолжува Дабиќ. Петар Царески, главниот лик во романот „Златни
обетки на Марија“, изложен е под силно педагошко влијание од своите
најблиски, особено од дедото и бабата: „Онај кој што ги почитува покој-
ните, ги почитува и живите“, „Во работата памти и прави граѓа за добри
дела, чедо мое!“, „Снагата на човекот е као стена“, „Човекот живее во
наеж, а надешта никогаш не умире”, „Кога јадеш, не зборувај“, „Занаетот
е злато!“. Како и со стилските и јазичните средства, и демунитивите – гор-
дост дедина, внуче бабино, сестро моја; употребата на сленгови – фрлање
коска, страв; дијалектите – жекција,, жена печена варена; турцизмите –
тефтер, бреј, еј, море, арамија, машала се постигнува автентичноста на
карактерите на ликовите. Таа е продлабочена со благословите, со кратки
формулации и обликувања за искажување на желбите (Господ ја поживеа
93
Единаесетта Роднокрајна средба…
Филипе!“), и клевата, архаичноста на говорот создадено врс основа на
верувањата во моќта на зборот, пратено со силен ем отивен набој(„Гав-
ран, да би семето да му се затре, само несреќи носе!“ „Да би раката да му
се исуши!“; „Да даде Господ да цркнат!“).
Изразеноста на јазикот и стилот кај мене е во функција на употре-
бата на јазичните средства(стандадни–јазичните форми и нестандардни–
дијалекти, па дури и жаргони), што се гледа од моето целокупнотвореш-
тво; поезија, проза, драма, есеистика, литературна критика, публици-
стика..., недвојбено е самокатегорично, некалемено, некрадено, непри-
своено, туѓо, туку изворно, самосоздадено, авторско!
94
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Petko Shipinkarovski
CHARACTERISTIC OF THE WRITER’S PROPERTY
The first literary brainchild of the writer, in my opinion, is a baptism or
a symbol of the literary creation, a guide that comes as a glimmer of hope and
success in work and his integrity. The recognition of expression and writing is
a skill where the writer draws stylistic and thematic pieces, so his product later
to be retracted and accepted as a literary and spiritual wealth.
The spirit stuck in me, or the desire rooted in me to trace the past, to cope
with the present, to leave the burden of the knowledge of the modern era: the
delight and pleasure, it is the message of the future.
And the desire to succeed and to walk the path to success, in my opin-
ion, this time in literature is a guide motive is love of one’s homeland as an
aspiration to give a small contribution to the creation and the survival of our
motherland and our tribal spirit, vis, to find its place in the space of systematic
approach and anchoring the literary platform in the neighborhood of the tribal
community.
My knowledge of the historical events and developments, injustice and
division done to my motherland and my people, transfer lessons and pledges
from their difficult and bitter moments in life time I was receiving through the
conversations with my ancestors who took part in the Balkan Wars and later,
through literature, media texts and calls, as well as the legends and stories – the
historical phenomena that came as violence which produced anger and reac-
tion, is an additional incentive to dive into the discovering activity of the phe-
nomena in order to write and publish a thematic collection of songs, or a book.
According to the popular phrase „Do what you do not want others do to you“ to
me, it is the guiding motto in building an art work (prose or poetry): to write
now, to enter the history, to remain in the future ...
95
Единаесетта Роднокрајна средба…
СОДРЖИНА
11. РОДНОКРАЈНА СРЕДБА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5
Проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ
МОЈОТ СТИЛ Е НАЈСУШТИНСКИ ПОВРЗАН СО БИТОЛА . . . . . . . . . . . . . . . 7
Гордана Михаилова Бошнакоска
ОБНОВУВАЊЕ НА КАЖАНОТО – НАПИШАНОТО . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 14
Проф. д-р Благоја Брајановски
ПРЕПОЗНАТЛИВОСТА НА МОЈОТ СТИЛ НА ИЗРАЗУВАЊЕ . . . . . . . . . . . . . 18
М-р. Сања Мучкајева – Видановска
МОЈОТ СТИЛ Е ПОВРЗАН СО ЖЕНАТА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 23
Ванде Ганчевски
РЕФЛЕКСИВНОСТА НА СТИЛОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 28
Биљана Т. Димко
„СО ПИШУВАЊЕТО – ГО ОТКРИВАМ ПОТЕКЛОТО НА МИСЛАТА“ . . . . . . 33
Петре Димовски
ЗА МОЈОТ СТИЛ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 36
Joван Ѓуровски
СТИЛ НА ИЗРАЗУВАЊЕ НЕ САМО ЗА ЛИТЕРАТИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 44
Проф. д-р Владимир Костов
ОКСИМОРОН . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 50
96
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Проф. д-р Христо Петрески
(НЕ)ПРЕПОЗНАТЛИВОСТА НА МОЈОТ СТИЛ НА ИЗРАЗУВАЊЕ . . . . . . . . . 55
Ѓорѓи Прчков
ПРЕПОЗНАТЛИВОСТА Е ЦЕЛОКУПНОСТ НА ОСОБЕНОСТИ . . . . . . . . . . . . 59
Богоја Таневски
ПИШУВАМ КРАТКИ ПЕСНИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 71
Добре Тодоровски
ДАЛИ СУМ ПРЕПОЗНАТЛИВ ПО СТИЛОТ НА ПИШУВАЊЕ? . . . . . . . . . . . . 75
Проф. д-р Даниела Андоновска–Трајковска
КОЈА Е МОЈАТА ПЕСНА? – ОБИД ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА . . . . . . . . . . . . . . 80
Петко Шипинкаровски
СВОЈСТВЕНОСТА ВО СВОИНАТА НА ПИСАТЕЛОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 86
ЕДИНАЕСЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО
БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА
Издава
Националната установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ Битола,
ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39, Битола
Организациски одбор
Лили Бошевска
Николче Вељановски
Владимир Костов
Јоланда Бошевска
Превод и резимеа на англиски јазик
Николче Вељановски
Лектура
Александар Димитров
Печати
Графо Пром – Битола
Тираж
120 примероци