Втора Роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија : зборник на излагања : тркалезна маса, Битола 23 мај 2007 година

ВТОРА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА


Зборник на излагања,
Тркалезна маса, Битола 23 мај 2007 година




National Institution – University Library
“St Kliment Ohridski” Bitola


THE SECOND HOMELAND MEETING
OF THE BITOLA WRITERS FROM


MACEDONIA
Collection of presentations,


Round table, Bitola May 23, 2007


Bitola 2007




Национална установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола


ВТОРА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО
БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ


ОД МАКЕДОНИЈА
Зборник на излагања,


Тркалезна маса, Битола 23 мај 2007 година


Битола 2007




ВТОРА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО
БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА


Зборник на излагања,
Тркалезна маса, Битола 23 мај 2007 година


Издава
Национална установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ Битола, ул. Ленинова бр. 39, Битола


За издавачот
Науме Ѓоргиевски


Издавачки совет
Науме Ѓоргиевски
д-р Николче Вељановски
Владимир Костов


Главен и одговорен уредник
д-р Николче Вељановски


CIP - Каталогизација во публикација
Национална установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“,
Битола


821.163.3(63)
РОДНОКРАЈНА средба на битолските писатели од Македонија
(2; 2007; Битола)

Втора Роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија :
зборник на излагања : тркалезна маса, Битола 23 мај 2007 година = The
second homeland meeting of the Bitola writers from Macedonia: Collection
of presentations : Round table, Bitola May 23, 2007 / [Главен и одговорен
уредник Николче Вељановски]; [превод и резимеа на англиски јазик Николче
Вељановски]. - Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ = Bitola: NIUL “St.
Kliment Ohridski”.- 146 стр.: илустр..; 24 см


Битолското книжевно наследство/Златко Жоглев: стр.120–143.- Резимеа на
англиски јазик кон текстовите.


ISBN 9989-9702-9-7
1. Гл. Ств. Насл. 2. Насп. Ств. Насл. 3. Вељановски, Николче
а) Македонска книжевност - Роднокрајни писатели – Живот и дело -


Зборници
COBISS.MK-ID 18096961


Тел.: 047/220-208; факс: 220-515; тел. изд. 232-999;
www.nuubt.uklo.edu.mk; e-mail: nuubt@uklo.edu.mk




5


Втора Роднокрајна средба…


ВО СВЕТЛИНАТА НА ВТОРАТА ЛИТЕРАТУРНА СРЕДБА НА БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА


Втората роднокрајна средба на битолски писатели од Македонија пов-
торно ги донесе маѓесниците на зборот во Библиотеката во Битола, која беше
по втор пат домаќин на 22 и 23 мај оваа година.


Претставувањето на род-
нокрајните автори пред читател-
ската публика, се одржа во втор-
никот на 22 мај, со почеток во 12
часот. Од вкупно 17 автори кои
доставија свои текстови (3-5 стра-
ници) за Тркалезната маса која се
одржа наредниот ден на 23 мај),
четворица беа оправдано отсут-
ни. Пред авторите да излезат и да
прочитаат по еден извадок од сво-
ите дела, гостите ги поздрави ди-
ректорот, а јас како организатор
на средбата ги повикав сите при-


сутни да станат и со едноминутно молчење да му оддадеме почест на неодам-
на починатиот писател и еден од основоположниците на македонската кни-
жевност академик Петре М. Андреевски. По тој повод д-р Вера Стојчевска
Антиќ прочита дел од подготвениот материјал, по овој повод, за својот поко-
ен другар и колега.


Вториот ден со почеток во 10 часот се одржа Тркалезната маса на те-
ма: „Авторот за спецификите во своето творештво“. На неа присуствуваа
15 автори, а Петре Шипинкаровски и Јозо Т. Бошковски беа отсутни. Како
медијатор на средбата прочитав краток поздравен текст за да се потсетиме
на Првата роднокрајна средба: Голема е честа за НУУБ - Битола, за градот
Битола и за мене како раководител на Втората роднокрајна средба. Ме раду-
ва тоа што повторно ве гледам во Библиотеката, на ова исто место, во ова на-
ше и ваше роднокрајно катче. Навистина, правиме напори оваа Роднокрајна
средба да стане и традиционална средба. Сепак оваа Средба е еден мал исто-




6


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


риски настан, голем за нашата Библиотека и за градот Битола. Сметам дека
еден ден ќе влезе и во литературната историја на Македонија. За жал денес не
е меѓу нас академик Петре М. Андреевски. Тој на првата средба, и покрај не-
говото крхко здравје, направи напор и дојде токму само за Тркалезната ма-
са да го прочита текстот за „силата на Зборот кој го надживува човекот“ и си
замина, за потоа да си замине од овој свет и од Македонија и од нас на кој тој
толку многу ни остави. Јозо Т. Бошковски испрати текст, повторно заради
лошото здравја не беше во можност да дојди. Исто така, Петко Шипинкаров-
ски испрати писмо во кое вели дека заради семејните обврски жали што не
можеше да дојди, а текстот го добивме.


Како организатор на оваа Роднокрајна средба Библиотеката се радува
кога секој од нас сериозно си ја сфати својата улога и важноста на оваа Сред-
ба. Се надевам дека кон вас како автори не поставуваме некои големи задачи
затоа што секогаш настојуваме тие 3-5 страници да бидат за вас и за вашата
инспирација и творештво. Не бараме тоа да биде никаква посебна позитив-
на или негативна критика за вас и вашето творештво. Ние ги бараме вашите
лични чувства во поглед на самите вас и настани кои само вие ги знаете во
контактите со себе, читателите и вашето пишување. Односно се обидуваме
да извлечеме од вас што е она што ве преокупира во вашето творештво и зо-
што тоа го правите. Што се однесува за темата, се обидов да се консултирам
со неколкумина од вас и кога добив зелено светло ви ја пративме со покана.
За пропозициите знаете, вашите текстови кои се од 3-5 страници треба да ги
изнесете во време од околу 10 минути“.





7


Втора Роднокрајна средба…


Проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ


ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ- ПИСАТЕЛОТ СО ИСПРАВЕНА КИЧМА
И СТАМЕНИТ ÒД


(прочитано на претставувањето на роднокрајните автори, 22 мај, 2007.)


Помнам, бевме заедно со
Петре во Охрид, на литератур-
но читање, ученици од Битолс-
ката гимназија. И сите посакав-
ме да се најдеме среде синило-
то на Охридското Езеро, во мал
чун, застарен, охридски, (колку
ми е драга таа љубоморно чува-
на фотографија, ние сите во ма-
лиот чун). Поетски расположе-
ни, полни со вистинска радост
што се најдовме меѓу галебите,
притаено секој во себе ги дожи-
вуваме чувствително охридските


временски отчукувања, со трепет да не нè одминат. Тогаш сите ја знаевме на-
изуст песната „Дојди во Охрид“ од младиот поет Гане Тодоровски. Пред да ја
ставам на хартија веќе обмислената песна „Галеб“, посакав да му го изрецити-
рам на Петрета најомилениот афоризам од Џон Дон, од штотуку прочитани-
от роман на Хемингвеј „За кого бијат камбаните“. Петре спокојно ја слушаше
во мирот на синилото мојата агзалтација, која ми прилегна оттогаш до денес:
„Ниеден Човек не е Остров, сам по себе Целина; секој Човек е дел од Конти-
нентот, дел од Земјата; ако морето однесе Грутка земја Европа е помала,како
да однесла некој рид, Посед на пријателите или твој сопствен; смртта на се-
кој Човек ме намалува мене, бидејќи јас сум опфатен од Човештвото. И затоа
не прашувај за кого бијат камбаните; тие бијат за Тебе!“ Петре се замисли и
рече: „Премногу вистинита и човечна!“


Јас бев многу задоволна од одговорот, зашто во тоа време бев ученичка
прва година гимназија, а Петре трета година, разликата не беше голема, но за
мене беше мудрец, кој не зборува многу, а толку знае за селаните, за задругите
кои ги упропастуваа селата. За нив со голем чемер занесено ми зборуваше,




8


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


а јас, можеби како градско дете недопрено до селото, дознавав непознати
случувања. И само можев да ги замислувам. Од него научив дека љубовта сама
доаѓа кај изморените селани и си заминува без тие да ги бараат причините.
Јас тогаш бев толку далеку од романот на Андреевски „Последните селани“,
а тој уште тогаш „го беше напишал“. И најчесто ми зборуваше за Слоештица,
(колкупати тргнувавме за тоа село, за да ги видам тие негови живи комшии,
а никогаш дотаму не стигнувавме), а колку не осознавав дека уште тогаш сум
била можеби првиот читател на „Пиреј“, „Последните селани“, „Сите лица
на смртта“, но и на извонредните од душа излеани стихови на „Дениција“.
Колку денови ѝ посветував на „Дениција“, а потоа дојде и леснотијата на
„Пролет за приказ“.


Имав извонредна богата можност да ги разменувам мислите за
поезијата и прозата на Петре М. Андреевски со бескрајно богат собеседник
од Литературната дружина - Слободан Мицковиќ, кој најчесто, слушајќи
го многу внимателно мојот занес по творештвото на Петре, задолжително
додаваше: „Ете, угледај се на него, а не на твоите Марусји, Наташи, кои не се
меѓу нас!“ Колку извонредни патоводители имав во Битола, а меѓу нив, пак
видовито се слушаше складниот стих на Петре Бошковски?!


И како може да се опстојува со заминувањето по вечниот пат на овие
битолски, македонски и светски литерати? Колкав дел од нашето поднебје
е однесено, колку сме посиромашни од тој Збор, Книга на животот, што го
практикуваа, дружејќи се? Дали заминувањето на Човекот тогаш во Охрид
вака го сфаќавме? Многу години подоцна, изненадно, сред разговор, Петре
ми соопшти: „Се сеќаваш на Џон Дан во Охрид? Најголемата мисла за
одот на цивилизацијата. И кога сакав честопати да ја искажам, отстапував,
зашто ја сметав за твоја сопственот!“ Јас уште во гимназијата ги собирав и
препишував максимите, но оваа од Џон Дон, навистина се вткаи во мојата
мисла. И со заминувањето на драгите личности ја чувствував вистинската
соголеност, на мајка ми, татко ми, професорот Мошин, професорот Конески,
Слободан Мицковиќ, а сега и Петре отиде, а само пред неколку дена бескрајно
беседувавме, навистина со доза на неодредено неспокојство, немир, како и
со доза на мудрувања и присетувања на тие гимназиски денови. Во бескрајот
на болот и патот на неминовноста на смртта, добивам чудотворна моќ да
живеам со одминувачите на животот како да се крај мене, со нив можам да
разговарам, да прашувам и да добивам одговори, од тие со кои зоровите ни
имаат спојувачко познато значење. И затоа сум сигурна во нивните одговори.
Да, останува трагата на делото, можноста да ги превртувам познатите




9


Втора Роднокрајна средба…


страници на Петре М. Андреевски, да ги изнаоѓам истите заеднички мисли,
пораки, опомени, јасни одговори. Така, не им даваме лесно да нè одминат,
зашто одамна го распознавме кодот на пораката, а тоа е и одговорот на
гатанката поврзана со Сфингата - Човекот.


Го паметам Петрета како ученик во гимназија. Исправен во одот, во
темно сино сако, во зима секогаш со крената крагна, сериозен, со дигната
глава, стабилен, чиниш во него царува спокојот. Не зборува многу, но секоја
забелешка е пословична, таа е израз на мудроста апсорбирана од Слоештица.
Од неговите селани. Оттаму се оплоди делото на Петрета. Од дете го задоиле
слоештани, бабите Велика, Милка, Севда, родителите, комшиите, целото село.
Му го вдахнаа зборот, за да остане и само да е со „Пиреј“ наш, македонски
зналец, пророк, наш писател со корен, едноставен, како што е едноставна
и проста македонската песна на Блаже Конески. Не е случајно што читајќи
го Петрета честопати ги доловувам сопствените мисли. Во деновите кога
се чувствував толку допрена од смртта на Блаже Конески, во весниците ја
прочитав изјавата на Петре М. Андреевски за Блаже Конески: „Светски поет
и лингвист: најбогата библиотека собрана во еден човек. Можеби малку биле
моите незаборавни средби со него, но со неговото дело ми биле постојани.
Блаже Конески умре и нека му е лесна земјата. ДАЈ БОЖЕ, БАРЕМ НА
СЕКОИ СТО ГОДИНИ ДА НИ СЕ РАЃА БЛАЖЕ КОНЕСКИ.“ Петре ги
следеше пораките на нашата традиција, препознатлива и приемлива. Тие
селани, мудри, блиски и до митологијата и до секојдневните патила, го калеа
Петрета и го подготвија да го создава литературното дело и да пишува не
пасионирано, туку, како што самиот додава со доза на реалност и хумор
:“Пишувам само тогаш кога не можам да не пишувам. И во тоа никогаш не
сум имал криза во изборот, ни недостиг на решение.“


Петре продрел во душата на своите соселани. Во самата посвета на
романот „Последните селани“ потсетува: „На Мице Мравевски, учесник во
Илинденското востание во четата на Јордан Пиперката. Умре на 115 години
заборавен од сите, па излезе дека живеел половина живот помалку. И на
Менка Мравевска која сето ова можеше поубаво да го раскаже.“ „Учејќи
од ваквите примероци на животот, самиот почеток на романот го открива
раскажувачот кој многу научил од учителите селани: „Секој понеделник, среда
и петок во селото доаѓа комбито со леб. И ете, оние малкумина што останаа,
извираат од куќите. Ним им е судено да не можат да го сменат местото, како
што и дрвото не го менува. Излегуваат од куќите оставајќи ги вратите ширум
отворени...“ Не случајно во пристапното предавање во МАНУ Андреевски




10


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


искрено изјавува: “Јас многупати сум се прикрадувал до некој добар народен
раскажувач за да научам нешто од неговото вдахновено редење на зборовите:
како ги одбира и како им го одредува вистинското место во својот сликовит
и сложен состав. И со колкаво мајсторство ги оживува и подгорените корени
на некои заборавени зборови наоѓајќи им ново место и значење...Ете тие
златоусни раскажувачи ми беа првите учители од кои научив како треба
да се каже и она што не е за кажување. Така ја открив прасликата на
зборовите и дека токму зборовите се нашите први споменици и нашите
клучни сведоци за првата осознаена вистина за нас.“ Петре не го заборава
големиот придонес и влог на народот во поединците творци, кои толку многу
се обогатиле од зборот на народот, што дури се забоиравиле вредностите на
тој вложител. И затоа ќе истакне: „Но народот на кој се крепи нивната аура,
речиси редовно го изоставаме. А го изоставаме зашто никогаш не сме се
прашале колку сме позајмиле од него.“


Кога го потенцирам физичкиот исправен од на Петре повеќе мислам на
неговиот духовен патоказ, секогаш прицврстен и континуирано придржуван
за земјата во која се родил, свесен дека од неа нема друга поубава. Како
ученик стоеше исправен и прицврстен за земјата и рано ги чувствуваше
сите непроболи нејзини, некогаш несвесно, но секогаш свесно наклонет
да се бара излезот, не само лично поврзан со него, туку со битието кое се
осознава. Темата за смртта лебдеше некаде во нашите претстави, можеби
како вечна тема и антитеза за животот. Следејќи ја мислата на Цветан
Тодоров дека во хероизмот смртта има надредедна вредност во споредба со
животот, поетот Андреевски се потсетува на применливоста на споредбата
во периодот од својата рана младост, луцидно забележувајќи еден настан:
„Јас тој гест (за надреденоста на смртта над животот) прв пат го доживеав
зимата 1943 година, кога неколкумина партизни отцепени од главнината,
престојуваа во нашата куќа. Ги видов во нивната решеност дека, можеби
утре или задутре, ќе мора да умрат. Затоа и нивните зборови, дури и кога
го одрекуваа бога, ми се чинеа богоугодни и со немелива трајност. Јас тогаш
учев бугарско училиште. Нè учеше Стеван Поповски, кој, кога ќе дознаеше
дека ќе нè посети некој бугарски инспектор, редовно нè замолуваше барем
пред него да се помачиме да вртиме малку на бугарски јазик. Ете, таа
негова реченица е најкусата лекција што ја запаметив, зашто и кажуваше
многу повеќе отколку што имаше зборови во неа.“ Токму за тие години е
поврзан почетокот на литературното творештво на Петре М. Андреевски.
Токму затоа сега можам полесно да го сфатам поетот и раскажувачот Петре




11


Втора Роднокрајна средба…


во гимназиските клупи, секогаш со вперен поглед кон настаните од нашата
современост, буден и отворен до крај. И таков , со секогаш исправена кичма,
ги согледуваше настаните на денот. Покрај творештвото, се собраа неговите
дневни реакции на случувањата, и така собрани во публицистичката книга
„Сегашно минато време“ денес најубаво ја следат стаменитата и никогаш не
камелеонска мисла на писателот. И овде тој е јасен, дециден, уште во воведот
објаснителен: „Зошто се решив на ваков наслов? Па затоа што сметам дека
минатото време не е толку минато за да не може да ја допира и сегашноста.
Од друга страна пак сè што се случува сега, веднаш станува минато. Секој
изговорен збор, секој творечки потег што го спроведуваме сега, токму во
овој момент, веќе е минато време, сегашно минато или историски презент,
како што сакате... додавајќи луцидно и толку вистинито... Можеби само
кај што нема живот, нема и никакво време.“ Во публицистичката статија
„Некои срамно печалат“ е уште појасен во својот граден став за историјата
на таковината, од првиот контакт со партизаните, до веќе својата искусна
зрелост, кога запишува: “Македонија не е географска област, туку територија
со строго определени граници и нејзиното име се поврзува со најголемиот
војсководител на сите времиња Александар Македонски, наречен уште
Велики. Македонија е библиска земја и првиот мост на христијанството во
Европа. Апостол Павле уште во првиот век стапнува на нејзиното тло за да
го шири христијанството...“


Токму кога Петре ги имаше веќе јасните параметри на Слоештица,
(ја сфаќам судбински Македонија) го вткаи довршениот историски мозаик
во романот „Пиреј“, поистоветувајќи ја неуништливата трева пиреј, која
во допир со земјата и митски и практично оживува, потерува и „ништо не
ја ништи таа трева“, со нашата самобитност. Таа цврста вера во иднината
како дел од единството на котегориите време, уште подецидно ја открива
во „Пролет за приказ“: “...да ја доистуриме таа одамнешна вода од стомните,
другари, таа нечиста вода со раски и удавени животинки, таа вода подврзана
во модрикави правови кои не можеше да ги раздува нашата мала душа, таа
вода со жабјаци, со отровни мрморци што претаа во неа како живи влакна
и нас нè правеа болежливи, гнасни и подолни од сите. Победата е веќе наша,
другари, и не сме ничија приопашка. Сега е часот да ја доистуримее таа
одамнешна вода и да налееме нова што ќе ни ја врати убавината и мислата
на везачките: за да купат нови конци, и мислата на sидарите: за да го менат
каменот и начинот на sидањето, оти го имаме веќе она за кое нашите предци
доброволно се убиваа, иако немаше меѓу нив никој да го запише тоа тоа за




12


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


да се знае, сепак тоа остана да се знае и да се прикажува.“ Сфаќајќи ги сите
три категории на времето во единствена историја тој ја изградува нашата
вистинска и единствена историја. Затоа, прашајте кој и да било македонски
граѓанин кој е Петре М. Андреевски, или бројните читатели, секој од нив ќе
ви рече: „Пиреј е Петре М. Андреевски!“


Иако Петре Андреевски живее во светот на Слоештица олицетворена
во Македонија, неговата мисла понира во иреалниот свет на духот, а животот
и смртта му се на дофат, што фасцинантно го откриваат филигранските
раскази во збирката „Сите лица на смртта“. Колку долги беа нашите разговори
за романот на нашиот гимназиски другар Слободан Мицковиќ „Александар
и смртта“! Сега, исправена пред вечната тема на човекот за смртта, која ни
го одзеде и Петрета, ги превртувам неговите испишани страници, излеани
зборови со висока цена, а тие, даваат сигурност дека сум и сме во контакт со
трајноста на Петре. Еве уште една негова незаборавна поетска и мудроносна
песна-порака, како да знаел Петре дека таа, иако напишана во шеесеттите
години на нашиот век, некогаш и некаде, од некого или секого, ќе длаби во
нечија мисла, со што поетот и писателот останува со нас:




Гатанка


Кога дојдов јас, ти не беше дојден,
кога дојде ти, јас веќе не бев тука;
ти дозна за мене иако бев сјојден,
но дури некој се раѓа и смртта ќе трае,
па еднаш и ти, за мене, како поука
не ќе можеш ништо да знаеш.





13


Втора Роднокрајна средба…


D-r Vera Stojchevska - Antik


PETRE M. ANDREEVSKI - WRITER WITH A STRAIGHTEN UP
SPINE AND A FIRM STEP


I remember once we, the students from the Bitola Gimnazium, were together
with Petre at a literary reading in Ohrid. We all wanted to be in the middle of the
blue waters of the Ohrid Lake, in a small canoe, old Ohrid canoe, (oh, how dear
is this jealously kept photo, we all in the small canoe). All lost in a poetry mood,
filled with real happiness being in the midst of the seagulls, we were secretly and
sensitively experiencing our days staying in Ohrid trembling in slight fear for them
not to end. At the time we all knew the poem written by the young poet Gane
Todorovski, „Come to Ohrid“. Before I wanted to put on paper the poem „Seagull“,
I got the feeling to recite my favourite aphorism by John Done, from the already
read novel by Hamingway „For Whom the bells toll“. Petre was listening to my
exhaltation patiently, and I liked it very much then as well as today: „No Man is
an island by himself alone as a Whole; every Man is a part of the Continent, part
of the Earth; if the sea takes away a lump of earth, Europe becomes smaller as if it
had taken away a hill, your friends possession or your own possession; the death of
every Man lessens me, because I am enveloped by the Mankind. Therefore, do not
ask for whom the bells toll; they toll for you!“ Petre immersed in his thought said:
„Too real and too human!“




14


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Димитар Башевски


АВТОРОТ ЗА СПЕЦИФИКИТЕ НА СВОЕТО ТВОРЕШТВО


Кога слушнав како ќе гла-
си денешнава тема, ми се виде
интересна. Кога седнав пак да
размислувам што би можел да
кажам денеска, видов дека е де-
ликатна. Сакал или не, писателот
е ставен во ситуација, наброју-
вајќи ги спецификите на свое-
то творештво, да изнесува и су-
дови. Тие судови, освен ако не е
мазохист и освен ако нема пот-
реба да се касапи себе си овде на
тркалезнава маса, би биле пози-
тивни. На пример, специфика-
та на јазикот (сиромашен или раскошен), или стилот (бароктен, или смирен,
пргав, синкопичен), психолошката зафатнина (длабоко или плитко), речени-
ца (фина, чиста или пренатрупана и неуредна) и тн. и тн. За тематската стра-
на на делата пак, иако и таа не е неважна и е една специфика на творештво-
то на авторот, сепак е полесно да се разговара, тука помалку е инволвира-
но вреднувањето. На таа точка се водеше ланскиот разговор овде кога збо-
рувавме за родното место како универзален топос во литературата. Но кога
се работи за спецификите, тука сепак најмногу доаѓаат во вид прашања кои
се најблиску до формата, односно до самата уметност. Она што во основа ја
прави уметноста е формата со својствата способни да предизвикаат восхит,
трогнатост или потрес, баш збирот специфики за кои зборуваме - ракурсот
од кој се гледа на предметот во делото, начинот како е поставена и како се
води приказната, јазикот, стилот, психологијата, карактеризацијата, мотива-
цијата, фантазијата и тн.


Оној автор што би седнал да ги вреднува своите книги, би требало да
знае дека тоа го прави истовремено со критичарите, односно со читателите,
кои несомнено имаат многу поголемо, ако не и единствено, право и автоно-
мија. По објавувањето, делото живее свој живот, не може авторот да оди по




15


Втора Роднокрајна средба…


него и да го штити, тврдејќи дека не бил добро разбран, дека наишол на зли
читатели и сл. Па и да му се даде малку простор за тоа, најчесто тој таа „од-
брана“ ја прави на невешт начин, неминовно упростува, прераскажува, за-
фаќа, се разбира, многу помалку отколку што самиот кажал во книгата.


Оттука, значи, во оваа ситуација во која сме ние сега, авторот има три
можности: 1. Да набројува специфики на своето творештво што не зборува-
ат ништо добро за него, 2. Да изнесува специифики кои го претставуваат во
убава светрлина, за што ризикува да биде обвинет за невкус и 3. Да го избег-
не и првото и второто и да зборува за нешто слично, но не исто, т.е. да збо-
рува за она што се нарекува творечка лабораторија, за тоа како тој работи во
неа, како истражува, што му се чини важно, а што не и тн. Тоа, конечно, и не
би било нешто далечно од денешнава тема и би го задоволило во една мерка
нашето љубопитство.


Најпрвин да кажам за изборот да се живее во една таква лабораторија.
Дали е тоа избор? Верувам дека не е, дека не е избор во смисла дека сме биле
ставени пред неколку можности, па сме се определиле просто за една од нив.
„Изборот“ да се биде писател, уметник воопшто, произлегува од природата
што ја носиме, една склоност или талент, како што се вели, да се проникнува
во светот зад она што е на прв поглед видливо, да се прима тој и да се гледа
низ емотивната мисла и естетскиот облик. Значи, да се биде писател не е из-
бор, туку еден вид внатрешна принуда, една посебна мака. Па и самиот јас,
да ја немав таа мака, како други што је немаат, ќе ми беше листот чист, неис-
пресечен со алегории и параболи, и ќе можев во него да си завиткам еден за-
лаг леб и грутче сол, и ќе си терав некој друг пат, пругоре или прудолу, како
дрварот патот до дрвото, и дрвото до огништето, како што велам во една пес-
на. Но не е така. Тоа би била, во случајов, судбина на некој сосема друг.


Иако не се држам многу за креда и цврсти формули, сепак едно мое
кредо би било: „Чувај се од општи места, следи го човекот“. Впрочем, ова е
основно кога станува збор за литературата и за уметноста воопшто, бидејќи
во центарот на секој роман, секој расказ, секоја песна, е човекот, неговиот
егзистенцијален, емотивен и мисловен свет. Уметноста ја карактеризира ин-
дивидуалноста на нејзините манифестации. Поединечното е основното. Де-
таљот е елемент на карактеризацијата. Обопштувањата или поимските дефи-
нирања, се работа на други дисциплини.


Кога седнувам во својата „творечка лабораторија“, она што многу чес-
то најпрвин го гледам, е слика во некоја перспектива. Таа слика потоа се при-
ближува и се исполнува со поединости. Дури и кога најпрвин ќе „видам“




16


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


идеја, таа идеја се стреми веднаш да се отелотвори во слика, да се конкрети-
зира и да се лоцира во времето. Тоа е, по малку, халуцинантна состојба. По-
тоа почнува да тече раскажувањето, се движат луѓето, говорат, плачат, се ра-
дуваат. Сето тоа во целосната тишина на приказната.


А таа приказна не тргну-
ва секогаш лесно. Треба да се ба-
ра, да се провоцира, а кога ќе дој-
де, доаѓа божем само од свој ќе-
иф. Вдахновеноста, инспирација-
та, значи, понекогаш затајува.
Таа вдахновеност некои автори
ја поврзуваат дури и со најеле-
ментарни работи - собата во која
се работи, начинот на кој стојат
наоколу книгите, времето кога
се седнува да се пишува, звукот
со кој чука машината (компјуте-
рот), погледот свртен кон прозо-
рецот или кон ѕидот и тн. Некои
вакви елементи и мене понекогаш одлучувачки ми влијаат. По однос на ма-
ката со вдахновението, добро зборува и самиот почеток на романот „Бунар“,
кога велам: „Листот бел и празен, без ни една црна буква на него... Зајден сум
некаде, а тоа некаде не ми враќа ништо, нема одѕив од светот“. А пак Лена, во
мојот најнов роман „Братот“, по повод вдахновението и концентрацијата по
однос на предметот за кој се пишува, вели: „Еве, дури и кога би седнала да
пишувам за ова околу мене, за природата, би морала да се затворам во одаја-
та, да не го слушам ниту зуењето на инсектите, па и темно перде да закачам
на прозорецот...“


И, ете, споделувајќи ја таа таква судбина на внатрешна принуда за ли-
тературата, во еден период се напишале еден број книги и се сториле еден
број други работи. А всушност, човек постојано се подготвува, „зрее“, за да
може да наброи што повеќе специфики, одлики што би биле за фалба за де-
лото, постојано се стреми да ја достигне онаа, некоја „важна точка“, а таа точ-
ка постојано му бега, му се оддалечува, како што му се оддалечуваше Исто-
кот на Александар Македонски, и како што Трајан, римскиот војсководец,
застанат крај голем залив во Персија, ја сфати на светот бескрајноста.




17


Втора Роднокрајна средба…


Dimitar Bashevski


THE WRITER ON THE SPECIFICS IN HIS WORKS


The theme that the writer elaborates in his work, although it is easy to
talk about, and inspite of uninvolved valuing by itself, it is not an unimportant
specific in his work. We had such elaboration in our previous homeland meeting
when we talked about the homeland as an universal topic. This time, when we
treat the specifics, we have to elaborate the form and the art in our works. The
art in its essence is the form that is able to produce astonishment, thrilling and
trembling, the totality of specifics that shape the overall impression in a direction
the writer wants to lead his narration, language, style, the psychological effects
of the characters, their motivation and fantasies etc. … When I use to sit in my
„working laboratory„, I often see an image of certain perspective. The image comes
near and gradually is filled with particularities. Even if I first see an idea, it tends
to become an abstract image, that later becomes objectified and easy to locate it in
time. This is in a way a hallucinogenic condition. So the narration starts flowing,
people are moving, speaking, crying or laughing joyfullying. It is a narration in
complete silence.




18


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Јован Боцевски


АВТОРОТ ЗА СПЕЦИФИКИТЕ ВО СВОЕТО ТВОРЕШТВО


Едно од најкомплицира-
ните теми на еден автор е кога ќе
треба самиот да зборува за свои-
те дела. Односно, за своето тво-
рештво. Затоа и мислам дека ав-
торот ако треба да зборува за се-
бе, да се ограничи исклучиво за
она што го чуствува како автор
и за она што како автор го пре-
несува на белата хартија која по-
доцна ќе прерасне во песна, рас-
каз или роман.


Јас како автор на не многу
големо творештво за разлика од
другите автори кој не би сакал да ги споменувам во ова мое изјаснување за свое-
то творештво, ќе напомнам дека: како автор не сум се определил само за еден пра-
вец во своето пишување. Затоа ќе започнам со она што веќе сум го напишал, а кое
е дел од тоа творештво кое е и објавено како поединачно во дневните весници и
списанија што излегувале кај нас и во поранешните ЈУ републики.


Реков најтешко за еден автор е кога самиот треба да пишува за себе, за
своите дела и за она што го пишува или го има во предвид да го пишува. Затоа
сметам дека сето тоа што го пишував, го пишувам или ќе го пишувам, треба
за тоа да зборуваат критичарите, а пред сè, самите читатели за она што е на-
пишано и е објавено во весниците, списанијата или како целокупни дела.


Моето творештво за разлика од другите наши автори што живеат и тво-
рат во нашиот град, во нашето роднокрајно место е разнолико. Најпрво мои-
те почетоци во литературата ги започнав со пишување на раскази под влија-
ние на нашиот писател и поет Кочо Рацин, за подоцна да се ослободам од тоа
влијание и да започнам да пишувам нешто свое кое ќе наликува на мене, и на
она што сум. Моите почетоци беа во времето на моето школување во основно-
то училиште Даме Груев, за подоцна кога ќе се запишам во Економското учи-
лиште, да го продолжам тоа творење ослободен од секакво влијание од други-




19


Втора Роднокрајна средба…


те наши или надворешни автори. Отпочнав интензивно да творам. Но, за раз-
лика од другите автори, сето она што го пишував го чував љубоморно за себе,
плашејќи се да не дознаат моите другари и другарки со кои се дружев во учи-
лиштето и во градот, да не ме исмејуваат за она што го пишував. Знаев, дека
секој почеток е тежок, но не се предавав. Продолжував да пишувам и сето тоа
љубоморно да го кријам како од себе, исто и од оние со кои разговарав за лите-
ратурата, за писателите од нашата Република и од светот. Без да им кажам дека
и јас ги правам првите мои чекори на литературно поле.


Кога дојдов во допир со повеќе весници и списанија што излегуваа кај
нас во Републиката, и кога се сретнав со поголем број на наши истакнати по-
ети и писатели, и кога видов каде се тие, а каде сум јас, интересно е тоа што
неколку денови размислував за моето творештво, најпосле се одлучив. А што
беше тоа што навистина се одлучив, дали тоа беше позитивно или негативно
за мене и за моето творештво сè уште не сум сигурен дали тоа што го напра-
вив беше позитивен чекор, но го направив. Кога ги уништував сите песни и
раскази што ги пишував плачев но морав. Затоа видов се она што дотогаш јас
сум го пишувал како ученик во основно, а и во почетокот на средното обра-
зование кон она што се печатеше и се објавуваше од нашите автори, сватив
дека тие мои почетнички творби никој не би се одлучил да ги печати во вес-
ниците или списанијата. Затоа решив сè она што сум го напишал, а реков де-
ка во почетокот бев под силно влијание на Кочо Рацин, го уништив. Во раз-
горената соба кога ги фрлав тетратките со сè она што сум го пишувал гледав
како огнот љубоморно ги голташе страниците и сè она што беше напишано
во него. Се сеќавам кога ме забележа сестра ми, ми рече, „зошто бате, зошто
целиот твој труд што си го напишал до сега го фрлаш во огнот?“ - Тогаш со
насолзени очи ѝ реков: „Од мене не може да биде писател како што се оние
кои објавуваат кај нас во Републиката“. А таа ми рече, „бате грешиш, ти не
смееш да го уништуваш она што веќе си го создал со макотрпна работа. Ос-
тави ги, потоа наврати се на нив и од ново преработи ги, и ќе видиш дека она
што си го создал ќе биде навистина вредно за во некое списание или за некој
весник каде што се објавуваат песни, раскази или критики“. Но, бев упорен
и сè она што го имав напишано го фрлив во огнот, пламените јазици гладно
го голтаа сето она што јас го имав пишано и чувано во голема тајност од сите
мои другари и другарки, па дури и од моите наставници кои ни предаваа по
мајчин јазик и литература.


Но, мислам дека она што тогаш го направив вредеше за мене. По извес-
но време од кога сè она што го има в напишано беше ставено на клада, ако така




20


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


може да се рече, почнав да пишувам пред сè за моето поднебје. За се она што ме
опкружуваше и ме опкружува. Но за разлика од многуте други автори почнав
да пишувам песни за моето Јужно поднебје, а и за деца, како што се песничките
и раскасчињата во кои го насликував детето што беше и ме опкружуваше мене.


Но не би сакал да зборувам какви беа тие песнички и тие раскасчиња
за деца што тогаш ги пишував. Но знам дека во почетокот моите први пес-
нички ги испратив во тогашното детско списание „Титов пионир“ под псев-
доним Јован Врбјански. И за среќа една од тие песни беше објавена. Кога го
забележав моето име и мојата песничка во списанието за деца, навистина бев
пресреќен. Веќе размислував да праќам и во други списанија и весници, а
пред сè во „Нова Македонија“ во рубликата за деца - „Колибри“. И почнаа да
се печатат песничките за деца, но не како Јован Врбјански туку како Јован
Боцевски. И навистина наоѓав место во сите весници и списанија што изле-
гуваа во нашата Република. Потоа почнав да праќам и раскасчиња за деца а
подоцна и песни и раскази за возрасни.


Но не би сакал да зборувам за моите песнички или раскази за деца.
Но сметам дека треба да кажам дека моите песнички беа кратки, а раскази-
те толку кратки што им станав омилен кај помладата читателска публика. И
навистина бележев успеси во детската литература и почнав да ги објавувам
и првите книги за деца. Иако не се во голем број објавени, сепак би ги спом-
нал: „Црвените чевлички“, „Чудниот крадец“, „Есента на моето детство“, „Јан-
ко Врбјанко“ - еден вид сказна за деца, „Дивите рогушки“ и „Кој ја скрши
вазната“. Но како што реков не останав верен само на детската литература,
туку пишувам и песни и раскази за возрасни и сите тие беа повеќето со тема-
тика од моето Јужно поднебје. Многу од нив се објавени, а дел од нив беа на-
градени и откупени од повеќе весници и списанија.


Но специфично за моето творештво е како што што реков песничките
и расказите за децата што ме опкружувале и ме опкружуваат. Додека песни-
те и расказите за возрасни повеќето од нив се еден вид автобиографски, го
опишуваат моето откорнување од родната грутка како дете кое сè уште не го
знаеше животот туку го познаваше само она негативното што му се наложу-
ваше од страна на оние што со помош на оружјето го окупирале и го анекси-
рале нашиот Егејски крај, а нас со помош на оружјето не протераа од нашите
огништа корнејќи не од нашите вечни корени и огништа . . .


А пред две години, ако може така да се рече, за прв пат пред читателс-
ката публика им се преставив со мојот роман за возрасни „Мојата втора љу-
бов“ кој е автобиографски и кој од страна на сите оние што ме познаваат




21


Втора Роднокрајна средба…


или ме запознале на некој начин ми се обраќаа со пофалби, а што е најважно
за мене, дознав дека и по школите и во нашата Универзитетска библиотека
Св. Климент Охридски овој роман е навистина добро прифатен од читател-
ската публика. Сметам дека авторот не смее сам да се фали за себе, дека тоа


треба да го прават критичарите
и самите читатели, но ете тоа се
бараше од мене како автор да го
кажам она што јас самиот треба
да го кажам. Па затоа не верувам
дека сите оние што ќе го слуш-
нат ова или ќе го прочитаат, ќе
бидат принудени да го прифатат
она што го велам и што го напи-
шав на овие неколку страници.
Сепак би рекол дека специфики-
те во моето творештво се пред
сè, децата, луѓето кои ме опкру-
жуваат и оние настани што оста-


нале во сеќавање од мојата рана младост кога бевме принудени под закана на
оружјето да ги напуштиме нашите родни огништа и да дојдеме во овој убав,
прекрасен и опеан град не само во песните туку и во романите и расказите
од нашите поранешни и денешни писатели кои навистина му се оддолжуваат
за убавината на Широк Сокак, за убавините на реката Драгор и прекрасниот
Пелистер со своите насекаде прочуени борови и моликата која опијанува.


Дозволете уште еднаш да им се заблагодарам на сите оние што ме поз-
наваат и што ме запознале преку моето творештво дека секогаш ќе бидам ве-
рен не само ним туку и на оние што доаѓаат по нас со она што го пишував и
го пишувам за нив.


Спецификата во моето творештво е да бидам близок со сите оние што
ја сакаат литературата без оглед дали таа е пишувана за деца или за возрасни,
зашто сè она што е напишано, а е прифатено од нив, е успех, за еден автор.
Затоа им благодарам на сите оние кои успеале да прочитаат дел од моето тво-
рештво и да ме запознаат не само како автор туку и како човек кој ќе им би-
де благодарен што навистина ме прифатиле како граѓанин на овој град и ка-
ко литературен творец за помладата и постарата генерација од нашиот град
и републиката . . .




22


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Jovan Bocevski


THE WRITER ON THE SPECIFICS IN HIS WORKS


When for the first time I came across Macedonian poets and writers in
the daily newspapers and periodical magazines, I compared myself with them, I
started meditating on my literary work, and finally made a decision. I burnt all
my work. When I was doing it, I was crying. Even today, I am not sure whether it
was a positive or negative decision. I burned all my work, because comparing my
works with the published works of the other authors, I came to a conclusion that
my pioneering work from the Primary and Secondary School was not ripe enough
to be published. At the beginning I was under the strong influence of Kocho Racin.
I watched the fire flames in the stove burning my exercise books with my writings,
the fire was jealously swallowing the pages with everything written in it. I see the
specifics of my literary work in being close to all who love the literature no matter
whether for children or grown ups, because the acceptance of one‘s work from the
readers is a success for the author.


Од претставувањето на писателите на Првата Роднокрајна средба
на 17 март 2005.




23


Втора Роднокрајна средба…


Петре Димовски


РИТАМОТ НА МОЈОТ ЖИВОТ ШТО СЕ ВНЕСУВА ВО ДЕЛОТО


Специфично за моето тво-
рештво е што со него не сум вр-
зан за еден крај, за една област,
ни за едно тематско подрачје. Се-
како тоа е поради моето живе-
ење во повеќе места и работење
во повеќе дејности.


Уште од второ одделение,
кога ја напишав првата песнич-
ка, во мене се всели сонот да ста-
нам писател. И токму таа идеја
останува определба од каде трг-
нуваат сите мои патишта на жи-
вотот. Човекот во мене го прила-
годував на писателот од иднина-


та. Така, низ животот минував специфична „обука“, подредена на потребите
на писателот. По тие патишта сум минал тежини до граница на издржливост:
глад, студ, болка, гнев, револт и задоволство кога ќе се совладале тешкотии-
те. Спецификите во моето творештво, по мое мислење и искуство се созда-
ваат од животот низ кој минувам и начинот на кој го прифаќам. Писателот
пишува биографски и тогаш кога не внесува фактографска поткрепа во дела-
та од својата биографија. И кога раскажува за доблесното и деструктивното,
пак до најголем израз доаѓа автобиографското на сфаќањата во определбата
за и против, колку едното е благородно а другото разорно.


Водејќи ме писателовата желба да го откривам животот, често одев низ
неоткриени предели. Како ученик, за летните одмори работев низ гевгелис-
кото поле, на 18 годишна возраст печалбарев низ Австралија, каде работев
во тунели, на патишта, по градилишта, во фабрики; низ градови и на плани-
ни. Низ сите тие авантури многу пати се најдов до црвената линија меѓу жи-
вотот и смртта, кога ги разделува само миг кој не допушта едното да се слее
во другото, животот во смртта, а таа се отвора пред очите со сиот свој ужас.




24


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Тие мигови барале интензивно размислување, активирање на сите одбранбе-
ни механизми.


Тој интензитет на живеењето го дава и специфичниот белег во творе-
штвото како мој личен, индивидуален печат. Во моето творештво се препоз-
нава мојот живот, односно мојот животен пат ги дало специфичните црти на
моето творештво.


Бев печалбар, и дел од моите дела ја носат таа специфика во која се
препознава тој животен нерв на печалбарот, вграден низ нарацијата и ли-
ковите. Расказите во Преломи ја носат таа специфика. Здивот на печалбарс-
ко чувствување, сознанија, видувања. Доживувањата на свеста, прифаќање-
то или отфрлањето на чинот. Книгата Преломи не носи автобиографски рас-
каз, но носи автобиографски елементи на мојот филозофски поглед на све-
тот, ја носи мојата автобиографска специфика која дише со полн здив низ
дејствијата. Било кој писател да го напишеше Демонот на парите, расказот
немаше да диши со мојот здив. Специфичното што јас сум му го дал. Дека
парите имаат демонска моќ, дека ја запоседнуваат свеста, дека господарат со
Миле Ниневски и тој е немоќен да се одвои од нив, да им ги однесе на своите
деца за нивна благосостојба, цел која го довела на печалба, но мутирала под
тежината на големите искушенија во рефлексија на опојната сила на парите.
Тоа не е мое сфаќање и мое прифаќање. Тоа е мое сознание, моја убеденост,
моја спознајна логика на нелогичното. Живеев во два система, воспитуван
од еден, експлоатиран од друг.


Што е специфично за мојот прв роман за Пламенка? Нејзината борба,
нејзината решителност, нејзината голгота, прометејското во неа, суровоста
на животните услови, сизифовиот нерв постојано да се обидува. Згуснатоста
на дејствието, вербата, љубовта и надежта, вистината дека злото се победува
само со решителна борба, непоколебливата истрајност, доблесните сфаќања
и прифаќања. Големата космичка љубов. Бескрајниот оптимизам.


Што е специфично во монодрамите за Шатев и за Шишков? Мое?
Обесправеноста. Револтот на изневера од тие во кои веруваш,


непомирливоста со судбината дека умира вербата. Горчината што останува
излепена како горевина. По завршувањето на факултетот четири години
не добивав работа затоа што сум пишувал за големите иселувања од мојата
земја. Така, можев да го репродуцирам незадоволството кај ликовите од
нанесените неправди.


На пример расказот Вода ја носи спецификата на мојата борба со во-
дите. Детството го минав крај Црна Река, крај оној нејзин најбучен дел, каде




25


Втора Роднокрајна средба…


бега од полето кон клисурата, а во време кога се извршуваа прокопи за ис-
цедување на блатото. Еве само еден настан кој ќе го пренесам во кратки цр-
ти: Водата ги имаше однесено сите мостови, три момчиња и две девојчиња се
враќавме од градот, а нашето село беше од дртугата страна, паѓа мрак, јану-
арска вечер, снег над колена, бреговите на реката се премрзнати, по водата
пловат санти мраз, на брегот има мала лаѓа со едно весло, заврзана со челич-
но јаже. Од спротивниот брег обично надгледува човек ако некој ја преми-
нува реката, да му притекне во помош, но веќе темнината прекрила, студот
стегнал и никого не би очекувале да дојде во невреме. Ако останеме на таа
страна од реката ќе смрзнеме во моќта со минус триесет степени. Затоа за-
пловуваме. Имаме само едно весло. Реката е посилна од нас и нé носи по сре-
дината. Веќе сме под селото. Еднаш успеавме да му се доближиме на брегот.
Треба некој да скокне на брегот и да ја повлече лаѓата. Го земам челичното
јаже, скокам, брегот е мраз и се лизнувам во водата. Само главата ми е над
студената вода, едната рака ми е во заграб во пукнатината во мразот, со дру-
гата го држам челичното јаже, водата ја влечи лаѓата, јажето ме влечи мене,
студот го стега телото. Сега имам интензивна мисла. Сега веќе се работи за
живот и смрт. Треба да ја додржам и лаѓата зашто во неа се моите пријатели
и врсници, го слушам нивниот страв, треба да се извлечам од водата која ме
повлекува да ме проголта. Јажето е и студено и има челични боцки што ми се
забиваат во дланката, но таа болка тој миг не ја чувствувам. Водата е посил-
на и успева да ми го извлече јажето од смрзнатата рака. Сега се борам да се
извлечам од студената вода, гребам по мразот, а веќе ме стегнува панцир од
мраз, облеката смрзнува. Се исправам, трчам и викам за помош на другите.
Расказот Вода обработува сосема друга тема. Дејствието се случува во лето,
Бисо ја води битката со водената стихија да ја спаси нивата, не носи ништо
автобиографско од фактографските слики, но во него автобиографско е бор-
бата со водата, со опасноста, интензивните чувства да се освои победата. Тоа
е таа специфичност, мојата особеност, тој мој белег што го носи расказот.


Сум бил многу нешта низ животот: калемар што ги облагородува
овошките, работник на станица, булдожерист, багерист, минер во тунел, ра-
ботник на фабричка лента, сечач на стакло, автомеханичар, извршував ТВ и
радио поправки, таксист, монтер на електрична инсталација, извршител на
компјутерска обработка на податоци, лектор, новинар, уредник на весник,
библиотекар, професор, професионално сум водел станбени комисии за дел-
ба на станови, поротник, претседател на основни организации и дисциплин-
ски комисии, подофицер, итн итн. Никогаш не сум бил хирург. Но напишав




26


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


еден расказ за операција на срце, вистински настан каде постои прототип,
кој кога го прочитал расказот се препознал, се распрашувал и ме пронајде,
силно возбуден од средбата со авторот кој ја препишал неговата сторија, ги
пренел неговата мисла, неговите чувства, неговиот страв... Како што за мене
беше несфатлив, со најскромни хируршки средства, без соодветна опрема,
да изведе успешна операција на срце, за него беше несфатливо како сум ги
пренел неговите мисли, неговите чувства, неговиот страв и неговата испол-
нетост, неговата битка да спаси човек. Дали си хирург, ме праша. Не, му од-
говорив. Како автентично ги пренесе моите чувства, моите мисли, мојата
борба? Тие трепети, тоа исчекување, потта што го облева телото, срцето
што тревожно бие?


Тоа беа туѓи чувства, чувства на еден хирург, пренесени на ликот. Спе-
цифично е што сето тоа постоело и во моја битка, кога извлекував врсник од
водите на Црна. Тие допирни точки, таа борба да се спаси туѓ живот ја изра-
зиле специфичноста на моето раскажување


Бев и берач на билки по планините во оние 4 години каде човек е сам
со дивината, тоа е едно посебно чувство кога чувствуваш дека од некаде те
демне опасноста, ја разгорува фантазијата во која си нападнат, конструираш
борба, се браниш, се одбрануваш и измислуваш сè нови и нови битки. Само
Хемингвеј можел да го напише Старецот и морето затоа што ги познавал
тие чувства на таа борба. Тоа станало негова специфика. И секој автор си ја
открива и ја има својата специфика.


„Секое творечко дело е нужно автобиографско... Секој сериозен тво-
речки труд мора да биде во основа автобиографски и дека човек мора да ги
познава материјалите и искуствата од својот сопствен живот ако сака да
створи нешто од битна вредност“


Пред да ја сретнам оваа мисла на Томас Вулф, размислувајќи за творе-
штвото, доаѓав до сознание дека неминовно секое дело мора да носи автобио-
графски белези, ако тоа не е во фактографијата, тогаш во начинот на сфаќање-
то, чувствувањето, приодот, селективноста, што всушност е авторов стил на
изразување и преку кој се искажува неговата специфичност, посебноста, ин-
дивидуалитетот, погледот на светот. Наполно ми се потврди тоа сознание и
таа изречена мисла и ми се отвори специфичноста што ја содржат моите де-
ла по која се препознатливи, што всушност е нивниот заштитен знак. Откри-
вам дека јас сум споен со моето дело, страснат сум во него и кога сето она мое
би се одвоило од делото ќе остане само урнатина. Значи јас сум станал спој-
ка во моето дело, се провлекувам низ него, и без да сум бил свесен за тоа, без




27


Втора Роднокрајна средба…


да сум се трудел да биде така, без да сум размислувал на тоа. Моето дело било
едно соединение од повеќе елементи, од кои еден елемент сум јас и тој елемент
му ја дава специфичноста по која тоа се разликува од другите и останува са-
мо мое по особини, чувства, интензитет, концентрирана мисла која брзо тече.


Се троши голема енергија, како
мисловна, така и физичка, често
се стигнува до границата на из-
држливоста, чувствата се силни,
многумина читатели ми кажува-
ле дека ги расплакувала средбата
со ликовите, подземени од тој ин-
тензитет на болка, на упорност,
на среќа, на радост, на верба, на
љубов, на издржливост. Други-
те елементи се универзални, сите
нив ние ги користиме и ги внесу-
ваме во својата градба, во соеди-
нението што го создаваме. На си-
те на располагање ни се истата


лексика, истите бои, истите тонови, но сликата, музиката во моето дело носи
само мој белег, има своја специфичност, секако и своја специфична тежина по
која се мери и вреднува.


Така, во расказот Доверба лекот го пие Александар Македонски во на-
метнатиот страв од вестите на генералот Парменион дека лекарот од Акар-
нанија ќе му даде отров место лек и сознанието за вредноста на довербата,
што го потчинува да го пие, и тие факти настаните ги одредуваат, но не и ав-
торот. Оној интензивен тек, згуснатоста на дејствието, треперењето во воз-
духот на исчекувањето, насобраниот електрицитет до експлозија, чувството
на страв, одговорност, неизвесност, доверба, кои секавично се менуваат меѓу
ликовите, тоа е мојот дел, мојот удел, мојот елемент, специфичноста што ја
носи расказот и по која се препознава. Специфичното е мојот пулс што го вг-
радувам во делото, мојот уметнички параф кој е неповторлив од друг, својс-
твен за мене.


Пишувам многу брзо и тој интензитет се чувствува во моите дела, тоа
е како буица што се стрмоглавува низ долината. И тогаш се потврдувам во
напишаното. На пример во 1973 година во еден ден со еден здив напишав
4 куси раскази и сите беа наградени на конкурсот на Студентски збор. Три




28


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


раскази напишани во ист ден беа наградени на конкурсот на Нова Македо-
нија 1996 година. Најновиот мој роман од четиристотини страници го пишу-
вав четириесет дена. Тоа е еден голем интензитет со кој работам и му го пре-
давам на делото, јас согорувам со сета своја енергија, потоа останувам сого-
рен ≠ многу слично како при сексуалниот чин, со една голема концентрација
и внесеност ги истрошувам сите атоми енергија, и кога се читаат моите дела
тоа се чувствува, тоа ми го кажале многумина читатели, тоа станало препоз-
натливо, специфика на моите дела. Потоа правам поголема пауза, работам
на други полиња, овие денови на пример ги спојувам дивината и питоми-
ната, на површина од 3 илјади квадрати садам автохтони растенија, и околу
петстотини диви растенија ги пресоздадов во питоми, ја збогатувам флора-
та, населувам фауна. Тоа ќе биде специфика во моето дело кое ќе ги носи бо-
гатствата на новите сознанија.


Јас немам напишано ниедно автобиографско дело, во онаа права и ого-
лена смисла на зборот. Но начинот, приодот, чувствувањето, стравот и тре-
петот, концентрацијата, брзата мисла во средбите на ликовите со змиите во
два романа и во неколкуте раскази на таа тема ја носат специфичноста на
моите реални средби со змии и реалната опасност во која сум се наоѓал.


Всушност, што е специфично при создавање на моето дело? За да го
создадам, јас влегувам во ликот и во неговиот живот ги внесувам моите впе-
чатоци, знаења, сознанија, сфаќања, страсти.


Кај ликовите не преовладува очајот. Размислувајќи на оваа тема, дој-
дов до тие сознанија. Ликовите во сите свои борби се исполнети со голем оп-
тимизам. Го следам прометејското во човекот. Секако, кога пишувам, за сите
тие елементи не сум свесен. Ме понесува инспирацијата, возбудата, момен-
тот, животот на ликот кој ми извира како наполно реален, дали тоа е земено
од животот или од имагинарната сфера живее со иста вдахновеност, со оп-
шточовечки значења и искуства и ликовите продолжуваат да живеат со пол-
нокрвна животна уверливост. Моментот во делото се наметнува со една ана-
томска анализа.


Мојот тематски круг го зафаќа античкото време, византиското, тур-
ското, двете светски војни, колективизацијата, печалбарството, војните по
распадот на Југославија, транзицијата со сите свои деструкции, моралните
падови, суровата борба со суровите услови, психолошките преломи, трагање
по излезот, светлината.


Специфичното во моето дело!




29


Втора Роднокрајна средба…


При оној сон над белото поле јас сум акробат, чекорам по жица која
трепери, вибрира, дава големи осцилации, но мојот оптимизам се пренесу-
ва на дејствието и ликовите со сета своја животна енергија преземаат да го
отвораат патот низ непознатиот опасен простор, и сега тие кои јас ги созда-
вав и ги одржував во живот ме водат до безбедното место, низ сите настани
и доживувања, низ сиот свој живот. Потоа, кога сум на крајот, кога веќе на-
полно се познаваме, сме соживеале и сме воделе иста битка на животот и ми
ги довериле своите тајни, своите желби и намери, верувања и копнежи, стра-
дања и болки, сфаќам дека тие се напоиле од мојата енергија, ги истроши-
ле моите мисли, ги презеле моите верувања, моите погледи на животот, дека
сум станал наполно одговорен за нивното дејствување и јас ќе страдам за сé
што ќе се случува во нивниот живот. Тие станале наполно способни за са-
мостоен живот и јас постанувам нивна сенка. А останува дилемата дали сум
јас во нив или тие се во мене. Која нитка нé спојува, а која не разделува. Тие
се мои, но никогаш целосно и наполно. Јас, кој автократски сум владеел со
нив и над нив, сега наполно ја губам таа власт и досудено ми е да ги посмат-
рам отстрана. Ставени сме двете страни во специфична положба. Тие се спе-
цифично мои, но јас ја изгубив власта над нив и сега тие ја имаат власта над
мене, сега јас останувам нивни потчинет и така ќе биде за секогаш. Сега јас
сум специфично нивни. Тие можат да го менуваат мојот статус, јас нивниот
не можам.


Уште по што е специфично моето дело?
Специфично е по онаа банална вистина, дека само јас за моите дела мо-


жам да речам дека се мои. Повеќе никој друг. Ни тој што ги сака, ни тој што
ги нејќи. Иако повеќе не се под моја власт, се одвоиле наполно и сме ја заме-
ниле нашата улога, јас и натаму останувам одговорен за нивните постапки.
Целосно одговорен. И исто така никогаш не ќе можам да ја отфрлам таа од-
говорност и да се откажам од неа, да се оградам, да избегам, да се ослободам.
Иако додека сум ги создавал ја имав власта над нив, сега ја немам власта ни
да се одбранам од нив.


Мојот специфичен живот станал специфичен живот на ликовите.
Во еден период потребите на мојот живот бараа дом. Бидејќи не бев


во можност да купам, решив да изградам. На тоа пак ме натера писателската
определба, што тврдоглаво ме убедила дека треба во сé да се вмешам. Куќа-
та, на четири ката, ја изградив сам. Без мајстори, без архитекти, без градеж-
ници. Без калфи. Копав визби, темели, турав стопи, ѕидав, шеловав, бетони-
рав, покривав, малтерисував, бојадисував, поставував електрична инстала-




30


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


ција, одвод, довод, паркет, дограма (создадов мала работилница во која изра-
ботив прозорци), швајцував балконски огради, уредував двор. Тоа се внесе и
во моето творештво. Несвесно, ненајавено, се прелеа од мене во него.


Таа стрпливост, упорност, верба, оптимизам. Дали можев да ја затво-
рам славината и тоа да не се преточи кај ликовите? Не. Тоа е тој личен, специ-
фичен дел што ми го одзедоа делата и по кои се препознаваат.


Интензитет, трепет, брза мисла, реакција, концентрација, стишаност,
изострување на чулата, спас. Тоа го има во мојот живот. Тоа станало специ-
фично за моите дела.


Еве уште една епизода од мојот живот:
„Рамнина во Австралија. Машина за сепарација на шут. Од мојата


страна багерот ја полни рилката и сум во невидливата страна на возачот.
Од другата страна на машината булдожерот кипер истура бетонски блоко-
ви над машината. Во оние мали паузи од нивното растоварување јас се иска-
чувам на купиштето сепарирани бетонски блокови и ги отфрлам металите
и дрвото. Го следам ритамот на трите машини со голема концентрација. Јас
сум меѓу нив и сме воспоставиле една хармонија која ме заштитува само ме-
не. Чулата ми се изострени. Ништо друго не постои од светот. Во мислата ми
е пресметано: багерот ја полни рилката, булдожерот тргнал да ја полни. Миг
ми избегала мислата (а можеби и не), багерот сé уште ја полни рилката. Ис-
тото време му треба и на булдожерот. Јас сум на купиштето бетон и на стра-
на фрлам метали. Затрепери воздухот. Тревожен звук. Како секавица што на-
вести страшна експлозија. Но експлозијата ќе се случи многу брзо, зашто из-
вориштето на секавицата е само на неколку метри над мене. Не знам од каде
и како го дофатив тој шум. Искокав од купиштето гаспрекуглава. Машината
скрца под тежината на бетонските блокови, кои следниот миг се истркалаа
на купиштето, каде пред тој миг јас извршував работа. Можеби во прашање
беа само стотинки од секундата. А мислата која открива што можело да се
случи го смрзнува телото. Во мојата пресметка, во мојата мисла, по аналогија
дека штом багерот ја полни рилката, булдожерот сé уште се движи во оддале-
чување. Каде настана грешката? Не открив.


Спецификите во моето творештво. Тој белег на доживувањата се все-
лува во него со свој ритам, со свој пулс, со свое време. И со своја тежина.


Специфично по интензитетот на раскажувањето, по богата лексика и
по јасен стил.


При изнесувањето на особините на моето творештво во многу се ко-
ристев од критичарските искажувања за него.




31


Втора Роднокрајна средба…


Petre Dimovski


THE RYTHM OF MY LIFE THAT ENTERS MY WORK


The most specific thing in my literary work is that I am not bound to one
place, one area, nor to one theme. However, this is because of changing my place of
living and the work I do in various fields. Since, second form in the Primary school
a dream to become a writer moved inside me. This very idea became the point from
where all my ways in life started. My inner man I was adapting to the writer of the
future. Life‘s circumstances led me through a specific „training„ that later met the
needs of the writer. On my path I have passed hard times and suffering bringing me
to the edge of endurance: hunger, cold, pain, anger, revolt - and pleasure when they
were overcame. The specifics in my literary work came out of the way of life and the
way I accept it. The writer writes biographically even though he is not giving facts
support. Even in the virtuous or destructive narration, the personal understanding
of the writer plays the vital role in his final decision, for or against either one of
them, the generous or the destructive. My specifics in life became specifics of the
heroes in my novels. My house has four floors. I built it by myself. I was digging
up the celler and putting the foundations, I was doing the building of the house,
doing the roofing, plastering, painting, putting the electric installation, drain, water
supply, parquet, carpentry (I made a small workshop where I made the windows)
welding the balcony fences and I took care of the courtyard. Willy-nilly, it entered
my literary work, too. On one side, patience, persistence, faith and optimism, on the
other side, intensity, trembling, quick thought, reaction, concentration, steadiness,
sharpening of the senses, salvation. All has been accumulated in my life. All became
specifics in my literary work. When writing about the specifics in my literary work
I had in mind the words of the critics on my work.




32


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Д-р Цане Здравковски


НЕКОИ СПЕЦИФИКИ НА МОЕТО ПРОЗНО ТВОРЕШТВО


Најпрво сакам да го иска-
жам моето мислење дека мошне
некоректно и нескромно е писа-
телот самиот да говори за себеси,
па и за специфичностите на сво-
ето литературно творештво. Нај-
добро е кога тоа го чинат оние,
кои се чувствуваат компетентни
и повикани за тоа, односно ли-
тературните критичари. Но, ор-
ганизаторот на оваа трибина, во
формулацијата на нејзината тема
„инсистира“ токму на тоа, однос-
но учесниците во неа, всушност
самите автори, во овој случај роднокрајните писатели од Битолското подра-
чје, самите да ги откријат според сопствените уверувања, специфичностите
на своето литературно творештво пред овај почитуван аудиториум, а подоц-
на и пред широката читателска, особено научната публика која ќе го прочи-
та Вториот зборник, посветен на искажувањата на оваа средба на битолските
роднокрајни писатели. Но, чинам доволно без заобиколувања. Да минеме на
конкретната тема ...


Моето севкупно прозно творештво, односно романите и расказите мо-
жат да се поделат на следните три тематски подрачја: минатото на Битола и
Битолско, односно поширокиот географски регион, потоа раслојувањето на
современото македонско и поконкретно пелагониско село и преселбите на
луѓето од селото кон градовите, но и во прекуокеанските земји, со посебно
акцентирање на нивната немоќ да се вклопат во новите животни средини.
Во трите темио третирам некои проблеми од нашата современост, во ововре-
менските животни простори, во кои тие живуркаат.


Овде сакам да истакнам дека, иако моето прозно творештво може да
биде поделено според трите тематски подрачја, сепак романите и расказите
во него не може мошне прецизно да се подведат, со строга тематска припад-




33


Втора Роднокрајна средба…


ност, зашто таа и не му била целта на авторот. Всушност, расказите и рома-
нескните содржини самите по себе се наметнувале и спонтано се вклучувале
во конкретни романески или раскази, па и драмски остварувања.


Па сепак, поставената тема тоа недвосмислено ни го наметнува, и ние
еве, пристапуваме кон ова спонтано себеоткривање. Мојот прв роман „Дам-
ка“, објавен во далечната 1968 година, му припаѓа на второто глобално те-
матско подрачје, кое го третира раслојувањето на нашите селски семејства
под напливот на незадржливоста на миграцијата на селаните кон градот, а
подоцна и на емиграцијата од татковината кон прекуокеанските земји. Оваа
тема поопстојно се обработува во мојот втор роман, „„Синџир“, објавен, ис-
то така, во далечната 1972 година. И во него воочливо е мигрирањето на се-
ланите, како незадржлив процес, обусловен од желбата на нашите луѓе да си
обезбедат попристојна егзистенција.


Меѓутоа, нивните надежи целосно се изневерени во новата градска
средина, што е мошне сликовито илустрирано во мојот трет роман „Дојден-
ците од Хера“, објавен во 1980 година. Не можејќи да преживеат во таа туѓа и
неприфатлива, градска средина, тие излез од безизлезот бараат, а некои и на-
оѓаат во Рударско-енергетскиот комбинат во непосредна близина на Градот.
Така, Комбинатот за многумина сега значи обезбедена егзистенција. Но, за
многумина тој значи самоубиствен чекор. Ова доволно илустративно е тре-
тирано во романот „Црно злато“, објавен во 1995 година. Во него младите се-
лани, штотуку излезени од нивјето и угарите, неуки се качуваат на примам-
ливите багери, од каде некои главечки се струполуваат кон плодната црница.


На овој начин само привидно се затвори Вториот тематски круг, зашто
со романот „Црно злато“ се навлегува во тематските свијоци и вртлози на
Третиот содржински (тематски) круг, свртн кон нашата неодминлива сегаш-
ност.


Инаку, Првиот тематски круг, во кој го третирам главно, минатото на
Битола и поширокиот пелагониски регион, во кој бил сместен Третиот рево-
луционерен округ, почнува со мошне обемниот историски роман „Конзулс-
ки град“, објавен во 1987 година. Во него на читателот му се отвораат вратите
кон мноштво настани и личности од предилинденскиот период, односно од
времето кога војводите и комитите вршеле сериозни подготовки за идното
Илинденско востание. Притоа, мошне илустративно се откриени сложени-
те меѓусебни односи на мноштвото конзули во конзулскиот град. Како сво-
евидно продолжение на романот „Конзулски град“, се појави романот „Трој-
ниот меч“, објавен во 1997 година, а за да посведочи, доста документаристич-




34


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


ки, дури и со камерата на Милтон Мнаки, кој се јавува како нарратор на овој
роман, за еден мошне значаен период. Со тоа мошне конкретно проговору-
вам за Илинденското востание, но и за занесите и траумите на учесниците
во него.


Кон првиот тематски круг
се свртени и романите: „Ататурк
пророк“, објавен во 1993 година,
посветен на творецот на совре-
мена Турција, потоа трите рома-
ни: „Огнено вишнеење“, објавен
во 1984 година, „Аманет“, обја-
вен во 1996 година и „Црн Мост“,
објавен 1999 година, посветен на
личности и настани од време-
то на Народно-ослободителната
борба и Револицијата на југосло-
венските народи и народности.
Кон овој тематски круг, но сосе-
ма условно, би можеле да се најдат и романите: „Велеградот‘, објавен во 2000
година, „Охридскиот лебед“, објавен во 1999 година и „Широк Сокак“, обја-
вен во 2006 година.


Романот „Огнено вишнеење“ е посветен на животот и револуционер-
ната дејност на народниот херој Стив Наумов; романот „Црн Мост“ во под-
робности се задржува врз подготовките на бегство од затворот „Црн Мост“
на повеќемина политички затвореници, учесници во Револуцијата, додека
романот „Аманет“ му е посветен на моралното пречистување на нашите бо-
риц во Народно-ослободителната борба. Кон овие три романи би можело да
им се приклучи и романот „Стела“, објавен во 1991 година. Во овој роман се
говори за судбината на Македонка од Егејскиот дел на Македонија, жртва на
Граѓанската војна во Грција.


Третиот тематски курс, свртен кон нашето овавременско живеење и
живуркање, го чинат романите: „Лудиот пасторал“, објавен во 1992 годи-
на, „Жешки жени“, објавен во 1998 година, „Професорот Диман“, објавен во
1999 година, „Нарцисие“, објавен истата година и романот „Сребрена свад-
ба“, објавен во истата година, а во склопот на Прозниот сектет.


Овде да споменам уште дека двсте збирки раскази: „Откорнување“,
објавена во 1970 година и „Матни води“, објавена во 1999 година се своевид-




35


Втора Роднокрајна средба…


ни надополнувања на двете тематски подрачја: Минарито и Сеашноста, од-
носно се вклопуваат во откривањето на Битола и Битола, порано и сега.


Моето прозно творештво пре читателот не поставува никакви загат-
ки, нити се обидува да поставува нерешливи проблеми. Едноставно, тоа е
напишано така како што сум ја доживеал и почувствувал инспиративноста
на обработените содржини. Затоа мошне битна одлика на моето раскажу-
вање е спонтаноста на изразот, бујатоста на лексиката, широката комуника-
тивност со читателот, желбата да допре до неговите сфаќања, доживувања,
чувствувања. Токму поради тоа основно мислење на книжевната критика за
моето прозно творештво е тоа дека превосходно реалистично, со несомнени
заложби на авторот да го модернизира сопствениот наративен израз, а и да
го збогати тој израз во лексичка смисла, со мошне доловливи содржини во
сижејниот романескен сплет.


Би било нескромно, дури непристојно да цитирам мислења на крити-
ката околу мојот романескен израз, но едно нешто е апсолутно несомнено:
богатството на лексичкиот фонд, заснован врз фолклорната традиција. Тоа е,
всушност, битна одлика на мојот прозен исказ, така што зад неговото богатс-
тво се засолнуваат и некои прозни неотпорности во презентирањето на ро-
манескната фибула или во градењето на ликовите.


Разбирливо е дека авторот би можел со часови да говори за одликите
на сопственото творештво. Доволно му е само да му се даде еден ваков повод
и да гргне неговата пренапната буица. Но, мудроста на воздржаноста мора
да биде одлика особено на расприкажаниот прозен автор. Тој во секое свое
дело би можел да открива специфики на прозниот израз и на тој начин да ја
проширува значенската лепеза на секој прозен зафат, засебно. Но, јас самиот
си се ослободив од таквиот занес и воопшто не си поставив пред себе таква
обврска. Впрочем, моите читатели тоа мошне лесно ќе можат да го согледаат.


Сепак, овде, пред вас, ќе откријам една своја креативна тајна. Кога јас,
како автор, сум наратор на расказното, односно на романескното дејство, на
сижето, тогаш сум подиференциран во нарацијата и таа содржи своевидна
дистанца и од ликовите и воопшто од текот на романескното дејство. Меѓу-
тоа, кога нарацијата ѝ ја препуштам на некоја од личностите, тогаш таа е по-
онтана, побујна и поуверлива, та не случајно во повеќе мои романи нара-
цијата им ја допуштам на главните ликови во романот или расказот. Ми се
чини дека ним повеќе им верува читателот, отколку мене.




36


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Впрочем, за специфичните одлики на кажувањето во кое и да е прозно
дело, тоа самото може најискрено и најнепогрешо да проговори. Доволно е
само да се отворат неговите старници.


D-r Cane Zdravkovski


SOME SPECIFICS IN MY PROSE WORK


My complete prose literary work such as the novels and stories, can be
divided in three thematic groups: Bitola and the Region of Bitola in the past, i.e.
the broader geographical region, disintegration of the Macedonian or better the
Pelagon village layers and the migration of the people from the villages into the
towns, and their immigration to the overseas countries, especially their incapability
to adapt in the new surroundings. My first novel „Stain“, published in the far 1986,
stands in the second group of the disintegration of the Macedonian village families
because of the strong current of migration of the villagers into the towns, and the
immigration to the overseas countries. My prose work is never a riddle for the
readers, nor tries to present certain unresolved problems. It is simply written in
the same way I have experienced or felt the inspiration of the contents. Therefore,
an important specific in my narration is the spontaneity of my expression, lexical
richness based on the folk tradition, wide communication with the readers, the
desire to touch his recollections, experiences and feelings. In fact, the work itself is
the best witness and proof of the specifics that sprout up. It is enough for the reader
just to open up the pages of the book.




37


Втора Роднокрајна средба…


Владимир Костов


ТРАКТАТ ЗА ТРАКТАТИТЕ ВО „УЧИТЕЛОТ„


На почетокот ќе го кажам
она што и во други прилики сум
го кажувал, бездруго зашто е во
чуеж со поетиката на моите оби-
ди во литературата. Имено, ци-
тирам: „Има вистина во тоа што
уште старите Грци го тврделе де-
ка поетот не ја сфаќа смислата на
своите зборови, дека тој е инс-
трумент во рацете на музите“. До
такво сознание дошол и Конески
кој во своите „Записи“ го фина-
лизира своето искуство во него-
вото богато поетско творештво


со рефлексијата: „Поривот не знае за смисла“. Во тој поглед и Петар Бошков-
ски во „Постела од трње“ ги срочува следните стихови: „Дење издигаме кула
што е над сите кули, ... а ноќе нешто ја троши во прав од камен и тули“. На
таа релација е и Адрон за кој (според Сретен Мариќ) „уметничкото дело е за-
гатка која нејзиниот толкувач - а никако не и неговиот автор - може да ја од-
гатне“. Тоа, сепак, по мислењето на литературните теоретичари, не значи де-
ка и самиот автор не може да се јавикако толкувач на своето дело, со ризик
да згреши при дешифрирањето на неговата шифра, погрешно да го открие
неговиот код. Тој ризик се намалува во толку во колку кај авторот е попри-
сутно историско-општествената и историско-литературната свест. Уште по-
веќе, ако тој свесен однос кон содржината и формата на уметничкото дело
имплицитно, дури и експлицитно се гради во него без да го засегне неговиот
интегритет. За едно современо литературно дело, таа интелектуална димен-
зија, чинам дека дури и е наопходна.


Во потврда на погоре реченото, ќе се задржам на искуството што го
имав со мојот роман „Учителот“, кој го сметам парадигматичен за моите оби-
ди во литературата низ кои проличува и мојот авторски став во прашањето
што е тема на овој симпозиум. Тоа ќе го сторам по цитирањето на фрагменти




38


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


од критики, осврти, прикази и студии на литературозналци кои се обиделе
да ја дофатат спецификата на романот со заклучок кој ја потврдува конста-
тацијата на истакнатиот македонски теоретичар од белградскиот македонс-
ки книжевен круг Христо Георгиевски дека „Учителот“, цитирам: „Спаѓа во
оној вид романи кои типолошки најтешко прецизно можат да се одредат“. Од
своја страна би рекол дека проблемите настануваат кога од идејно-содржинс-
ката позиоција се трансферираат на неговата форма, кога настаните од обич-
ната животна стварност, ќе почнат да се реализираат иреално, кога ликови-
те, осветлени, фигуративно речено, од живототворното сонце на денот, ќе
почнат литературно да се рефлектираат на месечева светлина. На тоа посеб-
но укажува Георги Старделов во студијата „Литературата и филозофијата“,
објавена во неговата книга „Ноќен градинар“. Не е ли, се прашувам, „Ноќни-
от градинар“, токму Учителот од истоимениот роман, со својата мистична
идеја за слободен, среќен и вечен живот на луѓето. „Во тоа- цитирам - имено
верува Учителот... дека во ужасната денешна битка меѓу доброто и злото мо-
жен е вечниот и среќен живот на човештвото кое зачекорило по оној трно-
вит пат кон ѕвездите, иако на тој пат се испречуваат мноштво бариери што
мора да се совладаат. Отаде неговиот судир со актуелното општество кое го
оневозможува тоталниот хуманизам и верата на луѓето во идејата за вечен
и среќен живот, единствено достоен за нив. Тој, предвремено пензиониран
универзитетски професор, непогоден за работа со студентска младина, сака
со своевидна просветна диктатура, за која ламентираше и Шилер, да ја вос-
постави таа вера. Овој роман ја претставува дилемата: Што ќе земе чиовекот
за своја парадигма на својот опстој: Орелот или црвот, односно летот, или
ползењето? ... Учителот со едноставни зборови ги подучува своите учени-
ци како да полетаат од овој свет, во кој доминира, злото, злобата, егоизмот,
пакоста, конформизмот, кариеризмот, суетата, развратот? Сите тие пороци,
кои ги среќаваме на секој чекор, го туркаат човекот во бездната на нејзиното
морално извртено живеење и затоа единственото решение Учителот го гле-
да во својата проповед: Да ја исчистиме ‚рѓата од која не ни се гледа човечко-
то лице! Учителот е, всушност, новиот Проповедник, Проповедникот на XX
век. За романот да не биде, или колку што е можно помалку да биде мора-
листички, или филзофски трактат без животворна сила, авторот ги лоцира
животот и борбата на Учителот во конкретни животни ситуации. Мајстор
на фабулата и на градењето на своите ликови, тој ги вградува во необични
собитија. Овој македонски Дон Кихот го бара невозможното - вечниот и веч-
но добриот и среќен свет“.




39


Втора Роднокрајна средба…


Од моја страна како информација наведувам: Не само Сервантес, туку
низ текстот од над 600-те страници на романот дефилираат и мноштво други
писатели, филозофи и научници, носители и навестувачи на таа на прв пог-
лед илузионистичка идеја за бесмртен живот на луѓето кои од романот пра-
ват интертекстуално четиво подведено под заеднички именител: спомнатата
идеја за слободен, вечен и среќен живот на луѓето. „Учителот“, би рекол е ро-
ман-фокус во кој се имаат апсорбирано сите мои филозофски и литературни
идеи, дисперзирани во мноштвото мои романи , новели и раскази. Имајќи го
тоа предвид, Милан Ѓурчинов во својата студија „Развој на романот во новата
македонска литература“, осврнувајќи се на моите романи, ќе рече: „Во негови-
те хибридно испишани романи се мешаат реалноста и фантазијата, гротеска-
та и ирационалноста. При сета необична стилска структура, романите наовој
автор содржат во себе недвосмислен, јасен и непомирлив етички ангажман и
протест против новопоникнатите разлики и неправди меѓу луѓето“.


Таквото согледување може да се константира и кај Слободан Мицко-
виќ, особено во неговиот обемен текст со индикативен наслов: „Владимир
Костов, или трагање по нова реалност“: (цитирам): „Потекнувајќи од една та-
ква инспирација, таа литература се стреми да влезе зад параванот на видли-
виот свет, да се нурне во длабочините на она што се случува под таа измамена
преграда. Затоа авторот и го запоставува тој видлив свет и под (или над) не-
говото ниво гради други, поинакви односи меѓу луѓето, дури навидум и по-
инакви луѓе. ... Светот на „Учителот“ е граден со посредство на една жива и
моќна имагинација која паноптикумот на збинувањата авторот умее да ги из-
меша или да ги подреди, да ги доведе пред една коса проекција која постоја-
но е на работ на фантасатиката. Кога му приоѓаме на овој роман, со намера да
го согледаме целосно, да ги исцрпиме сите негови значења и пораки, слоеви и
структурни градби, референци и намери, ќе се најдеме пред една од најкомп-
лицираните и најблагородни задачи поставени пред нашата критика“.


Метажанровската поливалентност на романот овој критичар ја конс-
татира на следниов начин: „Во овој роман речиси рамноправно се се оства-
руваат неколку типа романи. Тука ќе го согледаме, според иднинското кон
кое авторот стреми, романот на антиципација и, воопшто слојот кој му при-
паѓа на фантастичниот роман. Меѓутоа, паралелно со тоа определување, ќе
го согледаме оној слој кој делото го определува како психолошко. Исто така
ќе видиме дека има една доминантна струја во романот која го определува
како љубовен, а ќе пронајдеме доста елементи и на социјалниот роман, и на
хумористично-сатиричниот, и на пикарскиот роман. Сето тоа е поврзано во




40


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


сплетот на оваа книга во една чудесна целина, задржано е во рамките на ед-
на книга со силата на авторовата имагинација. Сепак, во првиот контакт со
книгата, најсилно ќе нè привлече оној слој кој можеме да го одредиме, според
типолошката припадност, како роман на идеи. Идејата која авторот ја вари-
ра, која ја следи низ целиот текст е стремежот на главниот јунак, Учителот,
да постигне вечен и среќен живот на луѓето.“


За „Учителот“ опширно и мошне аналитично се искажува и Цане
Здравковски (цитирам): „Протагонистот на овој роман во одредена смилса
се доживува и како неуништив симбол на доброто, кој низ сите битки, и во-
ени и мирнодопски, излегува речиси неранлив. Тој е идеалист, и алтруист, и
занесен проповедник на доброто, со утопистичка верба дека има крај на зло-
то, смело тврдејќи: Верувам во идниот вечен и среќен живот на луѓето!“


На тоа становиште стои и Миодраг Друговац во неговата „Историја на
македонската книжевност XX век“ (цитирам): „Кај овој автор перманентно
се во судир две утопии. Едната од нив секогаш еволуира кон анти-утопија.
Катарзата е по превасходство, анти - утописка. Ако така може да се рече, ро-
маните на Костов се гротескни и трагично - гротескни анти - утопии“.


Односот реално и иреално го потенцира и Љубиша Станковиќ. (ци-
тирам): „Една од познатите определби на Костов е неговиот став дека одваи
постои граница помеѓу стварното и замисленото, меѓу реалното и иреално-
то. Јунаците на Костов живеат во една сопствена стварност, која се разлику-
ва од надворешната која често им е наметната и која ги притиска“.


Олга Арбулеска, пак, констатирајќи ги и сублимирајќи ги спецификите
на романот и карактерните особини на неговиот протагонист, Учителот, до-
аѓа до крајната консеквенца - у ч и т е л и з а м, поим искористен и за наслов
на еден нејзин есеј кој предизвика во македонската литература и една мала
полемика. Претпоставувам, капислата на таа полемика беше еден провока-
тивен фрагмент од романот, наведен како негово мото: „Што има да нè инте-
ресира објективната, што има да нè интересира апсолутната вистина? Дали
нашето сознание за стварноста ѝ соодветствува на стварната стварност, за
нас тоа не е битно. Можеби погрешно го примаме светот. Можеби живееме
во нестварност. Но тоа за нас не е важно. Таа нестварност е наша стварност,
таа измама е наша вистина. Та затоа да си ја гледаме нашата работа. Да трага-
ме по нашата вистина. Упорно. Страсно. Занесено“.


Кон сето погоре изнесено, од моја страна ќе кажам дека, пишувајќи
го „Учителот“ имав чувство како да минував низ стихија или, поточно, ура-
ган како да помина низ мене, пустошејќи го мојот авторски персоналитет. За




41


Втора Роднокрајна средба…


да не зазвучи ова мистично, ќе укажам на термините: инспирација, фанта-
зија и интуиција, својствени за секој уметник при создавањето на своето де-
ло и кои во психолошка смисла пак се сведуваат на стихија која создава. Во
мојот случај, пак, кој урива. Кога таа ќе папса, при авторизирање на делото,


доаѓа до израз животното и тво-
речкото искуство на авторот со
интервенции во текстот. „Учи-
телот“ имаше четири изданија со
разни стилски и јазични поправ-
ки како и додавки во текстот со
тоа што притоа строго внимавав
за да не се изневери протоизда-
нието, првичната идеја, да не се
пресече папочната врска со неа
и да не се повреди зародишот.
Без контакт со таа идеја, читате-
лот на „Учителот“ (и на кое да е
уметничко дело), како структра
на затворено, не ќе може да дој-


де до клучот кој ќе им го отвори вратничето или, сеедно, царските двери на
таа структура. Што се однесува до „Учителот“ како парадигма на сè што сум
напишал, клучот е оној на кој укажал Теодосие Синаитски: „Не клуч од среб-
ро или злато, но клучод железо кој отворует сердцето ваше“. Под тој желе-
зен клуч тој го подразбираше народниот јазик наспроти архаичниот цркве-
но-словенски, клуч со кој се влегува и во „Учителот“ и кој го отвара негово-
то вратниче низ кое ќе се протне Еол, античкиот бог на ураганот кој сè што е
материјално ќе го збрише од земјата без притоа, како што се вели во Еванге-
лието, „ни камен врз камен да не остане“, отварајќи простор за нови градби,
но духовни и, како такви трајни, вечни, во кој се всели слободниот, среќни-
от и вечен живот на луѓето. Ништо повеќе и ништо помалку од она што го
прави и постигнува креаторот на народните приказни. Во потрага по естет-
ското во романот, а неискажливо со вообичаениот вокабулар на литератур-
ната терминологија, напишав и објавив четири верзии на романот не со цел
да ја дефинирам неговата експресија, а да им дадам, се надевам, валиден ма-
теријал на оние кои се квалификувани тоа да го сторат и така да го направат
достапен за рецепција кај читателите, без да се залажувам дека со терминот
„Учителизам“ по примерот на реализмот со бројните негови варијанти: кри-




42


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


тички реализам, натурализам, неореализам, магиски реализам, енциклопе-
диски реализам итн., без да се залажувам, повторувам дека со тој термин да-
вам материјал за создавање нов правец во литературата. Велам, моја задача
беше да создадам прикаска, - признавам многу тешка задача - рамна на онаа
со која алхемичарите се обидувале обичните метали да ги претворат во зла-
то. Тоа што ним не им појде од рака, го остварија создавачите на прикаските,
во „Силјан Штркот“, на пример, како обичен човек (Силјан) е ставен во не-
обични околности, трансформирајќи се од човек во штрк, каде утопијата се
остварува во стварност, реалното се спојува со фантастичното, каде рацио-
налното се спојува со ирационалното при што, во духовна смисла се добива
злато, хибрид, и не со цел да се постигне илузионистички ефект, туку токму
тоа - да се добие злато во духовна смисла, да се предизвика преобразба кај
читателот преку катарза. Така сфатен „Учителот“, филозофски кажано, ако
не се лаже неговиот автор, е еклектичка творба: спој нап о својата природа
неспоиви елементи или неспоиви идеолошки начела: материјализмот со иде-
ализмот. „Учителот“ како литературна творба, без оглед на своите 600 стра-
ници трактати, е, сепак, една прикаска. Најавувајќи ја прикаската, авторот на
овој роман така и го започнува, со реченица синтаксички неоформена, да-
вајќи му можност на читателот, по прочитувањето на романот да ја оформи
„како во прикаска“. Така романот и завршува: „Количката на Трпко зачкрипи
во тишината на ноќта како да редеше зборови од древна прикаска: си биле
дедо и баба, си имале еден син“...




43


Втора Роднокрајна средба…


Vladimir Kostov


TREATISE ON THE TREATISES IN „THE TEACHER„


At the beginning I will state something that I have said in other occasions,
because it is in accordance with the poetic tries at the literature. However, (I
cite): „There is truth in the affirmation of the Old Greeks that the poet does not
understand the meaning of his own words, that he is an instrument in the hands
of the muses„... The teacher in simple words teaches how to rise above this world
in which the evil, the egoism, harm, conformism, careerism, vanity and perversion
dominate. All these vices that we meet with at each step we make, push the man in
the abyss of his moral and twisted living. Therefore, the only solution the teacher
sees in his sermon: „Let‘s clean the rust which hides the man‘s face! In fact, the
teacher is the new Preacher, the Preacher of the XX century„. From what I stated
above, I can admit that while writing „the Teacher“ I had the feeling that I pass
through a flood or better a hurricane that passed through me as a destructive
power destroying my writer‘s personality. .. „The Teacher“ is a novel - focus in
which all my philosophical and literary ideas are absorbed, dispersed in all my
novels, novellas and stories. In spiritual sense when the rational and the irrational
are in balance, the gold is produced, the man is transformed through catharsis.
„The Teacher“, as a literary work, inspite of its 600 pages of tractates, is a story. …
An Ancient story ending: „once upon a time lived a grandfather, a grandmother,
they had a son…“




44


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Никола Кочовски


АКТУЕЛНОСТА И БЕЗ ДА МИСЛАМ, СИ ДОАЃА


Наместо давање намен-
ски напишана себеанализа како
творец, за темата на собиров, ќе
прочитам извесен избор од она
што сум го запишал во мојот ли-
чен дневник што веќе деценија и
пол го водам како вид творечка
биографија, и се надевам дека со
тоа поцелисходно ќе одговорам
на својата задача овде. Секако,
тука ќе биде проговорено за са-
мо нешто од тие карактерности,
што може да ги има еден авторов
опус. Јас би го употребил, сепак,
терминот, не: „спецификите“како што ни беше најавено со поканите, туку
некои признаци на моето творештво.


1. декември 1998 год. (мој родеден)
Некогаш можеби некој ќе озаглави оглед: „Никола Кочовски или едни


мрачни тонови во македонската литература“.
И најмрачно кога се пишува, тоа е – жед за светлина. Тоа е копнеење


по светлината, љубов за светлина онаква каква што во срцето како желба се
носи, како верување дека еден ден ќе светне. Сликањето на мрачност – тоа е
верување во светлина каква што во срцето ја г л е д а, ја чувствува човек. И
при тоа дури, не е, значи, човек најизгубен во апсолутна непроѕирност. Не.
Напротив. Тоа е во име на светлината.


Па, според тоа, не е ли и таквата слика оптимизам?
На овие мисли бев поттикнат денес, кога сум во тек на создавање на


расказот „Есен, време на берби“, а во него станува збор за две јамки.
10. декември 1998 година
...Еве една рефлексија, чинам независна од она што, инаку, го пишувам, небаре


долетана однекаде:
Праша големиот:




45


Втора Роднокрајна средба…


– Кој сака...
– Јас!!! – полно кренати раце.
– Зошто креваш ти рака?
– Не знам. Прашањето... Само не ова што е досега.
6. мај 2000 година
...Започнав да го „нафрлувам“ на хартија романот за Раско, за кој првин


го имав работниот наслов „Меѓу две вери“. Сакам да ја покажам, и низ пси-
холошки третман, големата несреќност на младо лице со кое судбината си
поиграла да припаѓа по малку на две вери и нации (мајка Македонка, а татко
Албанец). Имам голема желба да придонесам луѓето од овие простори да се
почувствуваат помалку туѓи и омразни едни на други. Зашто за жал, денес се
случуваат некои нешта кои ги двојат, ги прават непријатели. Против таа тра-
гедија сакам да напишам роман. И се разбира, во него ќе нема политика, туку
она што се заврзало во душите, во свеста на луѓето, што е резултат сепак на
некоја политика а е болно. Не знам сé уште колку ќе успеам во тоа. Се случија
многу нешта на Балканот, а потребен е мир, почитување, соживот на луѓето.


Зрно придонес кон ова е, се надевам, и расказот „Албина“ што пред не-
колку недели ми беше објавен во „Нова Македонија“ а го бев напишал лани
додека престојував во Америка кај синот, како и уште три други раскази, од
кои првиот исто така ми излезе во овој весник негде по Нова година...


11. јули 2000 година
Во пишувањето, кога се нафрлуваат од сите страни нештата врз гла-


вата, творецот треба да води сметка за избор, редослед, форма, склад, мерка,
тон. Тоа е единство на композицијата. Затоа, успешно создаденото дело пре-
тставува композиција.


Е во мене оформено сознанието дека со училиштето, со ангажиранос-
та, грижите, преокупираноста, а и подразбирливиот замор со нив – многу
сум изгубил! Ненадоместливо. Од време и енергија. Ми забележува Пера:
„Што се мислиш ти: колку години имаш, си се запрашал?“ Тоа за да не се на-
прегам сега, да не правам глупости работејќи до два по полноќ. Ѝ одгово-
рив токму она со што почнува овој пасус. Иако знам дека во тоа, во тоа мое
претерување и нештедење, се крие опасност, и за моите очи, и за останатото
здравје. Го пишувам „Раско“.


18. септември 2000 година
Секоја напишана глава е низалка. Прво ќе се наниже во неа сето за-


мислувано, набележувано, што требало да биде во неа, а дури после ќе се ви-




46


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


ди, што од низата треба да отпадне, да се оттресе, или пак да се придодаде, за
да стане добра и добро искитена.


29. септември 2000 година
Вечерва ја завршив основната, главната верзија на романот „Раско“.


Имам за отчукување на машина уште дваесетина страни, но се готови и утре
мислам тоа ќе го сторам. Така ќе ја запазам констатацијата која веројатно на
крајот на текстот ќе стои дека книгата е напишана во времето од пет месеци:
мај – септември 2000 година.


Ќе има околу 110 страни. И предговорот (две реченици) вечерва е де-
финитивно оформен.


Никоја моја ваква, поголема творба не сум ја работел со толкава забр-
заност и толку течно, мислам без поголеми проблеми притоа. Ова беше трес-
каво работење, од кое кога ќе прекинев доцна ноќе, ми бучеше главата, си-
гурно од зголемен крвен притисок, и потоа не можев по долго да заспијам. И
тоа во лето, во многу жешко лето.


Треба да си пазам, другпат вакво оптоварување да избегнувам.
Очекувам многу од оваа книга. Затоа морав да ја напишам, да побрзам


да ја довршам.
А ја носев пред тоа прилично време како замисла.
26. март 2001 година
Сега, кон крајот на март почнувам со конципирање на новиот роман


(работен наслов „Дилко Мијалов“), чиј прв дел треба да биде приказна за
многу спомени, односно искуства од детствувањето мое и сознанија за вре-
мето пред него, додека вториот дел сум го замислил како една животна дра-
ма на наш млад печалбар преку океанот. И тие, и тие доживувања ми одго-
вара да бидат обединети во една личност. Тоа е решение за глобалната ком-
позиција. Тие два дела ќе бидат проткаени со одреден, обмислен број врски,
така што природно ќе се надополнуваат едниот со другиот.


27. мај 2001 година
Една замислена можност кога сум дојден негде до пред крајот на први-


от дел од „Дилко Мијалов“:
Ако би требало напишанава проза досега, да завршува тука место да


претставува прв дел на поинаку замислен, целовит роман, тогаш би можел
над неа да стои насловот „Мојот неразделен џеб“, а на крајот, по текстот, да
ги допишам речениците:


„Сето овде раскажано се однесува на мене или на моите некогашни дру-
гари. И сето тоа ми е како напишано в џеб кој го имам со себе и кој го носам ка-




47


Втора Роднокрајна средба…


де и да одам. За правина, понекогаш и заборавам на с е т о што се натискало
во неговото дно, но сепак знам едно: го имам негде тоа, мое е.“


16. јули 2002 година
Добро ја владеам личнос-


та за која што пишувам и има да
го доживува она што треба да го
доживува! Претпоследната глава
од „Дилко Мијалов“.


24. август 2003 година
Во прежешково лето ника-


ков повтеж за творечка работа.
Просто се прашував загрижен,
дали некогаш пак ќе ми се врати
онаа работливост како лани со
„Дилко Мијалов“ и како пред тоа
со „Раско“. Седиме многу чес-
то со жена ми Пера и решаваме
крстозбори, купуваме да имаме


доволно да пополнуваме, но освен моментното задоволство, ништо повеќе,
единствено грижа на совеста за изгубеното време. Не би смеел така, зашто
сум го одминал веќе доста животот.


Почнувам, вистина, понекоја забелешка да си регистрирам во една тет-
ратка, како нафрлен материјал за новиот роман, но – како кога со замаец и ја-
же се обидуваш да го вклучиш еден мотор да заработи, па не успева да запа-
ли. Пак тишина и бесцелност. Празност. Во жешкиве денови, за голема жал,
единствена цел ми е да го отепам времето што тие го претставуваат. Ми ос-
танува да се надевам дека со заесенувањето ќе ми тргне белки да заработам.


Меѓутоа... денес замаецот троа како да киниса. Веќе паднаа и првите
реченици, почетните во романот, од кои дел и ќе остане. Почнувам уште ед-
наш да верувам дека намисленото ќе успеам да го сторам. Ова ми го прави
денот како празник. Ќе треба, се разбира, многу напори, но сеќавам дека ќе
успеам. Тоа ми го кажува едно возбудно сознание со кое се премостуваат из-
весни нешта, што изгледаа неможни.


Сакам да е романов што помал. Но да тежи. Поправо, да ја апсолвирам
онаа голема, многу присутна проблематика, за која денес и на Пера ѝ реков
дека не можам да се откажам а да не ја внесам во романот, тоа го сеќавам ка-
ко должност. Ми одговори: „Пред кого должност, пред општеството ли што




48


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


не сака да даде ни паре за да ти отпечати книга?“ Не, ѝ реков, пред мене ми е
тоа должност.


Како било. Насловот, останува да биде како и што мислев: „Деца на
мајката земја“, и во почетокот на романот ќе стои:


„И ние сме деца на мајката земја,
и ние имаме право да живејме...“
Македонска народна песна


Но на нашите млади не им е дадено, поточно им е одземено правото да
живеат достојно и забележано човечки. Место тоа, јаловост, најжална јало-
вост им ги голта деновите. Ја подвлеков оваа реченица со црвено тука, зашто
би сакал и во романов да си најде место, да ја пренесам.


10. септември 2003 година, работејќи го почетокот на романот „Де-
ца на мајката земја“


Прво се плашев од тоа: како ќе го усогласам редоследно, хронолошки
материјалот, од кој сум набележал веќе повеќе десетини точки. Чинам, тоа,
истовремено, ако така го гледам, би предизвикало некаков хаос... Меѓутоа не
попусто старите ја оставиле поговорката: „Неолата ум дава на човека“. Ра-
боти, па ќе ти се осветли патот. Што се случи? Нешто што ми донесе голема
леснотија и што ми ја прикрепи, зацврсти вербата дека од овој актуелизиран
материјал (за денешниот поминок на младите) ќе успеам да направам роман:
значи, се почна, и при идните навратувања, важно е, во раскажувањето, низ
дофрлувањата на личностите, забележувањата, низ сé, да се допирам, да се
„тријам“ постојано со битното во носечката идеја, а колку за тоа, по кој ре-
дослед ќе се нанижат случките, епизодите, чинителите на фабулата (која и не
ми е до подробности сé уште разоткриена) – тоа нека биде сосема случајно.
Дали она ќе биде прво, а не ова... И самиот живот е склоп од случајности, и
сега увидувам: токму следејќи го случајниот бран на излевање на живејачка-
та (во мојов случај, бележење на доживувањата), ќе постигнам во најголема
мера вистинита слика на животот. Без толку многу, крупни конструирања.
Ова ми е принцип кој секако и порано, спонтано, сум го застапувал, но дури
сега ми значи вистински, низ искуство откриен, најкраток пат.


10. октомври 2003 година
Книга на осуда. Некој им го одзеде тоа право (на живот). Кој? Во кни-


гата не е ни целта толку да одговори на самово ова прашање. Тоа, впрочем е
прашање на историјата. А јас, како што веќе запишав, ќе ги наведам првите




49


Втора Роднокрајна средба…


стихови од народната песна (парафразирана во мојов наслов), како мото на
книгата. Тоа ќе биде книга за една с о с т о ј б а, во која се останало без право
на човечко живеење. Подносителите на оваа состојба се нашето младо поко-
ление. Многу, многу изгубено. Или жртвувано, сеедно.


27. јануари 2004 година
Денес се зароди во мене идејата за феникс. И дека има нешто во мене,


нешто од неисцрпниот оптимизам за кој ни никнуваат сили при секое пов-
торно дограбување до надеж и по толкуте упорни разочарувања и обесхраб-
рувања. Мислам на себе како предодреден да работам, и покрај тоа што не се
јавил никој да ми даде поддршка.


28. април 2004 година
Утре: прво да се дополни, со некоја нужна додавка, набележана не-


где, на некое од хаосот ливчиња, после да се почне, полека-полека да се „пот-
чешлува“ тоа бушавило. За „нафрлената“, XI глава од „Деца...“


17. мај 2004 година
Кога пишувам, се чувствувам како Балзак, како Достоевски, како Тол-


стој, и како Фокнер, и како пишувач на поглавје од Библијата.
Лето, 2004 година
...Во врска со завршетокот на „Деца...“, чија корекција сега ја работам,


за некое интервју би изјавил:
Фикцијата, без оглед што си има и други значења, им служи на луѓе-


то за задоволување на она што не можат да го постигнат (убави занесувања),
или, на други, за избегнување на она што сепак не можат да го сторат (зашто,
сепак, најголемиот број луѓе не сакаат да бидат жртви на сопственото грозо-
морие).


Второво кај мене веќе во два наврати било прашање на завршеток на
роман, каде тешката дејствителност, според некогашните творечки шеми, би
го навела јунакот на самоубиство, меѓутоа во моиве случаи, протагонистите,
достасани вистина близу до крајот, во својата фикција, во своето унесено за-
мислување, се сведоци на своето самоубиство, и понатаму останувајќи жи-
ви, не преминувајќи ја критичната точка, а авторовата цел е пак постигната.
Така во „Бреме (1980 г.), тешко растроениот Бранко, возејќи по стрмнината,
до подробности си ја доживува сликата како искокнал со колата од патот и
се истепал, а во романов „Деца на мајката земја“, Новко, во приближна мачна
душевна состојба, премеќавајќи се во креветот, си ја замислува разрешница-
та како прифатил да учествува во грабеж, во кој, смислено, ја предизвикува
полицијата да го застрела.




50


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


11. декември 2004 година
Расказот „Епископ“, денес нафрлен на листови, е плод на возбудување-


то што ме обземало и ме обзема од чинот на интелектуалното творештво, на-
следството што го остава мислата како порака за идните поколенија.


17. јануари 2005 година
Задоволен сум од преработувањето на расказот „Годишнина“, кој сега ста-


на: „Годишнина по ослободувањето на Македонија“. Успеав да внесам во него дел
од себе. Вистина на тешко забележлив начин. Но ова најмалку е дел од себе...


Преработуваево на раскази ќе го продолжам, оти може да ми дојде ка-
ко добра подготовка за мошне крупните натамошни преработки – на моите
први два романи.


23. ноември 2006 година
И во „Кокошката...“ што ја пишувам, како што се чувствува и во почет-


ниот дел, а еве и денес во главата V од вториот дел кога напишав: „Благој не са-
каше играње. Беше возбуден од песната, но не мрдна од местото“ – всушност
запишав нешто свое, длабоко свое. Па дигресивно, моја лична, авторова мис-
ла ми се наметна, на која ѝ е местото тука: И во недамна напишаниот расказ
за Јанкула и Наде, и на други места, често во моето пишување, носечките лич-
ности ми се повлечени од веселби, со таложени останки сивило, од дамнешни,
детски денови... Па тоа зарем не е, – си откривам во моментов, – ништо друго
туку последица на тоа што со тие личности се внесувам толку многу, што неза-
бележливо тие стануваат јас (населен во прозната ситуација), и во проблемите
што ги доживуваат тие сум толку убеден, што станале мое живеење, исто како
што ги живеам и секојдневните, реални настани и настанчиња што ми го оби-
колуваат дишењето. Тоа е една единствена реалност. Впрочем, поради долгите
часови што ги поминувам во работатењето, напати чинам, јас и повеќе живе-
ам со своите херои и хероини и со проблемите за кои пишувам, отколку со она
што ми е пред очите. Небаре, веќе загрижувачки исклучен од колосекот што
нормалните со полна пареа го врват. Судбина творечка.


Ќе додадам: Секако, жално би било ако би било тоа празна донкихотш-
тина. Јас верувам дека не е. Ќе има некои што и ќе го прочитаат тоа што сум
го напишал. Мислам, доволно совесни.


Но да допрецизирам: Тоа, сепак, не е крајност. Тоа е показател само на
вживеаноста со личностите, на тоа дека јас го живеам романот.


И уште напомена, идејата, замислата, си оди, се реализира, без оглед на
спомнатото „поистоветување“ во дел од карактерностите на протагонистот,
што понекогаш ми се случува ете, зависно од самиот концепт на творбата.




51


Втора Роднокрајна средба…


4. декември 2006 година
Една девиза која порано долго сум ја носел и сум гледал негде и да ос-


тане забележана, е мојата мисла дека младите не ќе имаат оправдување за
својата младост ако не направат макар еден чекор понапред од она што го за-
текле од претходниците. (При ова, пред да ја допишам комплексната мисла,
ми се наметнува една доста разочарувачка вистина: Но за жал, нашите мла-
ди, гледајќи да си најдат избав, го напуштаат бродот што тоне – мислам во
национална смисла брод – па се распливнале по другите земји, тука спаѓаат и
моите чеда.) А сега веќе, можеби почнувајќи со доста раскази во „Времето на
татковците“, па целиот „Нов бран“, особено откога почнав со работа над „Де-
ца на мајката земја“, втората, нова моја девиза од која не можам да се ослобо-
дам како од опсесија, е, дека старите ќе бидат без оправдание за своето толку
долго живеење, ако не остават по себе цврсто, вредно и делотворно наследс-
тво што ќе си најде позитивно место во вековитата судбина. Пак во нацио-
нална смисла, зашто сум загрижен, многу загрижен. Затоа вложувам речиси
сé од моите веќе пододмалени сили во работењето над романов „Соседовата
кокошка“. Зашто жално е, многу. Па барем нека остане една осуда...


По запишувањето на сето ова, ми притекнува да допишам: Ами оттука
се гледа, дека јас сум бил, значи, активен со својот став во напишаното? Ова
речиси ме изненадува. Толку скромно мислење сум имал, ете, за себе.


16. декември 2006 година
Секој дел (заглавие), особено додека почнувам да го пишувам, ми пра-


ви проблем, небаре некое нескротено животно, сé додека не го фатам убаво
за главата, за ушите, и потоа – не дека јас не го пуштам, туку веќе тоа не ме
пушта мене. Ова не значи дека не ми е концепцијата на целиот роман веќе
одамна во главата. Туку ете така. Треба првин да го завладеам делот. А потоа
тој господари со мене.


19.декември 2006 година
Јаки мрежи има што ме тргаат и откако ќе легнам, само ако им се пре-


пуштам макар и малку да помислам на деловите на главата што ја работам. И
тогаш нема спокојно заспивање.


19. декември 2006 година
Книгава треба да биде, изгледа ќе биде (макар и да не е среќно најден


изразов:) анатомија на човековото алчно потрчување по среќа, кое обично
значи задлабување во батак.


Книгата, всушност, во најголемиот дел јас предвремено ја пишувам.
Само несредено. Со голем број белешки, ливчиња и листови.




52


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


10. јануари 2007 година
Се зафатив, паузирајќи со пишувањето на романот, да подготвам збир-


ка раскази. За да можам да ги поместам во неа и раскази за психолошки дла-
бини на човекот, и за Македонија, и за сеопштото, односно и за минатото и
за она кон што не толку одговорно се движиме и како грст од жители и како
човештво, – размислувам за „мото“ во нејзиниот почеток:


„Припаѓаме на себеси и на универзумот“. Или можеби: „Не припаѓаме
само на себеси“ – сепак поневеројатно, не. Или: „Не припаѓаме само на де-
нешнината“, односно: „Не е само денешнината“. Но најверојатно: „И вон од
денешнината“. Зашто, во разни времиња се случуваат дејствата во одделни-
те раскази, кои сепак ги сврзува во целост филозофијата на опстојот, и вооп-
што, и посебно како нација – почнувајќи од дамното средновековие, преку
совремието, па до далечната иднина што нé чека.


А ми се врти во умот и ваква формулација: „Човекот чувствува дека не
припаѓа само на овој момент. Тој е дел од она што се случува, и навестување
на она што ќе се случи.


10 април 2007 година
Животот има нежно чувствителни составки и преоди. За да бидам по-


малку нејасен: мислам на извесни човечки особини, или други препознавли-
ви работи што ги има или имало кај мои блиски луѓе, а сум решил да ги „по-
зајмам“ за „Соседовата кокошка“. Заради потполно реализирање на идејата.
Тоа, сепак, ме призабавува во напредувањето со прозава.


Бидејќи во Дневникот досега немам поподробно запишано за мојата
склоност да се служам во своите поголеми или помали остварувања со сонот
на личноста како говор на потсвеста и начин за нејзино попотполно изразу-
вање,– го оставам ова прашање за некој иден евентуален сличен само-разглед.





53


Втора Роднокрајна средба…


Nikola Kochovski


ACTUALITY COMES TO ME WITHOUT EXPECTATION


Instead of giving on purpose written self-analysis as an author, in respect
to the theme of today‘s meeting, I will read a selection of the contents written in
my diary for the past fifteen years as an author‘s biography, and I hope this will
be a decent compensation for the given task, here. Also, I would like to mention
something about the term „specifics„and turn it into some „traits“ of my literary
work.


December 1, 1998 (my birthday)
I might expect that someone in the future will write a title: „Nikola


Kochovski or dark tones in the Macedonian literature. Even if I write dark pages
- it is a thirst for light. It is longing for light, love for light, for the same light that
one carries in one‘s heart with faith that one day it will shine forth. Painting the
darkness - it is a faith that makes me not lost in the absolute undercover. No! On
the contrary, it is in the name of the light! Is this image not an optimistic view of
man‘s goal?




54


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Панде Манојлов


ДРУГ ЗА ТЕБЕ ДА ЗНАЕ...


Палестина има речиси ис-
та или слична судбина како и
Македонија. Судбината на Па-
лестинците е слична на онаа на
Македонците. Војните и воени-
те конфликти си го чинат своето.
Уште потешко е кога судбината
ти ја кројат „големите“, кога не-
кој се договара како да те подели
како народ, да те откорни од род-
ното огниште, затоа што, ете, не-
кој имал поголемо право од тво-
ето, та твоето не било твое туку
на друг... Како да нема подеднак-
во место под сонцето за сите народи на оваа планета. Дел од Македонија и
дел од македонскиот народ се стекна со држава под привремено име, дел од
државите не признаваат под уставното име, други ни го оспоруваат името,
трети ни ја оспоруваат македонштината, не оспоруваат како Македонци, ни
го оспоруваат јазикот.


Во Палестина, со години трае борба за опстојба, борба за палестинс-
ка држава, за признавање на Палестинците како народ. Палестинците, про-
гонети по светот велат дека најголем непријател на Палестина е израелската
политика а не самите Евреи. Непријатели им се и дел од големите сили, шнај-
дерите на судбината на малите народи. Со години не им признаваа право да
имаат своја држава та мораа да се борат со години, со децении. Да се борат
нивните родни огништа да бидат нивни. Во последно време и внатрешните
судири им станаа потешка болка од онаа вековната: во појасот Газа се води
крвава војна меѓу спротивставените палестински движења Хамас и Фатах.
Братубиствена војна како некогаш онаа меѓу централистите и врховистите
во редовите на ВМРО.


Како што многумина писатели од светот, своевремено, за време на
Илинденското востание, беа загрижени за судбината на Македонија и маке-




55


Втора Роднокрајна средба…


донскиот народ, или подоцна за време на Граѓанската војна во Грција и ег-
зодусот на Македонците од тие краишта, и некои од македонските писатели
не останаа рамнодушни на судбината на Палестина и трагедијата на Палес-
тинците... Во 1982 година имаше крвав пир на Палестинците во Сабра и Ша-
тила. Изгинаа деца,мајки, старци, изгина невин народ. Инспириран од овие
крвави настани, ја напишав песната со наслов „Палестина“ и истата беше
објавена на страниците на весникот „Нова Македонија“ во бројот од 26 сеп-
тември 1982 година. Меѓу другите во песната беа и овие стихови:


„Во тишината на пустината
Опстојува коренот
Во тишината на пустината


Како одвлечена вода
Смртта кон изгрев не носи
Како одвлечена вода.“


Ја објавив песната, тагувајќи за Палестина и Палестинците, притоа
споделувајќи ја нивната судбина со онаа на моите претци доселени во се-
лото Породин од егјскиот дел на Македонија. Знаев дека со објавувањето на
песната, со нејзиното обзнанување не е повеќе моја, не е дел од листовите од
моите тетратки полни со песни, туку дека е и на други, дека ќе се најде некој
кој ќе ја прочита. Но, не сонував, ниту на крај памет ми паѓаше како на на
поетот, кој, ете, живее во Битола, во провинција, дека таа песна ќе стигне до
Палестина, дека ќе биде препеана на арапски јазик во многу арапски држави,
објавена во повеќе антологии и отпечатена во 28 весници и најново, во ав-
густ 2006 година рецитирана на Радио Монте Карло во емисија на арапски ја-
зик со напомена дека е една од најубавите песни посветени на Палестина, и,
речиси толку популарна како да станува збор за химна на еден народ.


До јануари месец 2007 година, што значи цел четврт век, не знаев
ништо за судбината на оваа моја творба. Како да заборавив на неа, повеќе од
скромност сметајќи дека не напишав кој знае што, кој знае колку убава пес-
на. Но, исечокот од весникот, сум го зачувал го зачувал во својата архива.


Кога сум при ова навраќање кон минатото, помнам, пред две-три годи-
ни, дојде во Битола ценетиот мој пријател писателот Иван Чаповски, кој на-
шол некоја моја дамна објавена песна на која сум заборавил, па ме праша зо-
што не ми е објавена во книга. Се стаписав. Во тој миг се потсетив, се вратив




56


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


со мислите назад дека навистина, стотина и повеќе песни што сум ги објавил
по разни весници и списанија останале така, како што впрочем се и денес.
Но моја ли е тоа негрижа или да го наметнам горливото прашање: А кој ли
издавач и со кој пари ќе ги објави?


Но, да се задржам на судбината на песната „Палестина“.
На 25 јануари на телефон ми се јави ценетиот пријател професор д-р


Константин Петковски. Ми вели дека на неколку пати за мене прашувал не-
кој Палестинец и сакал да се сретне со мене во врска со некоја објавена пес-
на за Палестина. Тој господин ќе бранел пред него специјалистички труд на
29 јануари, па ако сакам да одам за едно со него за да воспоставам контакт со
непознатиот за мене Палестинец. Се согласив, но длабоко во себе почнав да
„пребарувам“ по спомените од некогашното младешко творештво. Ја преба-
рав старата лична архива и го најдов исечокот од весникот Нова Македонија“
од 26 септември 1982 година. Изминале веќе 25 години,навреа спомените...


Во понеделникот на 29 јануари 2007 година во 10 часот стигнав во
Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Во
малата, свечена сала имаше неколкумина што помлади што повозрасни гос-
пода кои меѓу себе зборуваат на арапски јазик. Присутните го поздравувија
професорот Константин Петковски но почнаа да се поздравуваат и со мене,
мислејќи дека и јас сум професор. Но кога Константин му кажува на пос-
тдипломецот Абас Абделкарим кој требаше да го брани специјалистичкиот
труд „Раководење и одлучување во малиот бизнис“ дека човекот до него е
поетот Панде Манојлов,кого со години го бара, на Палестинецот му потекоа
солзи радосници. Исто и на неговите сонародници од други арапски држави
кои живеат во Скопје.Со треперливи гласови повторуваа:


– Ти си наш брат! Ти ја овековечи Палестина!
Во тие мигови не бев свесен што се случува. Чувствував блаженство,


среќа, но и нестрпливост да чујам нешто повеќе за мојата песна. По успеш-
ната одбрана на трудот, среќата на Абас Абделкарим роден 1964 година во се-
лото Кофроана блиску до Јафа, Палестина, електроинженер по професија и
новинар истовремено за повеќе арапски весници, е двојна: што го одбрани
трудот на чист македонски литературен јазик и за средбата со писателот кој
го барал речиси 25 години.


Потоа, почнаа кажувањата на Абас за песната „Палестина“. Цела исто-
рија, своевидна судбина:


Во 1982 година како млад студент бил дојден во Скопје, дваесетина де-
на по објавувањето на песната. Некој негов пријател по потекло од Палести-




57


Втора Роднокрајна средба…


на а кој тогаш студирал во Скопје му кажал дека скоро била објавена песна
за Палестина и му го дал весникот. Учејќи го македонскиот јазик, првен што
научил, ја научил на памет оваа песна која и до ден денес со радост ја рецити-
ра. Ја препеал на арапски јазик и ја објавил во весникот „Ел Талија“ кој се пе-


чати во Кувајт. Била објавена на
првата страница на ударно мес-
то. Се заинтересирал за авторот,
кој ли е тој Панде Манојлов. По
некое време отишол кај писате-
лот Јордан Даниловски да праша
каде живее. Не знае од кој при-
чини, Абас не добил одговор.


Песната веднаш потоа е
објавена во весници во Кипар и
Дамаск, Сирија. Редакциите од
тамошните весници бараат пода-
тоци за авторот. Група од некол-
ку Арапи на чело со Абас одат
во МАНУ кај Славко Јаневски и


Матеја Матевски да се заинтересираат за авторот на песната но и зошто не-
кои стихови се повторуваат. Академиците им одговориле дека песната е на-
пишана во стилот на старите македонски фолклорни песни но дека авторот е
анонимен и дека не знаат каде живее.


За Манојлов се интересирале и во Загреб Хрватска, имајќи мали созна-
нија дека студирал таму. И од таму не добиле никаков одговор.


Истата година во Македонија доаѓа господинот Омар Ектеш главен и
одговорен уредник на весникот „Ел Хадах“ кој напоредно се печател во Да-
маск и во Кипар. И тој на неколку места бара информации да се сретне со ме-
не, но наоѓа на молк дури и во ДПМ одговарајки му дека тој е некој анонимен
автор.


Омар Ектеш е упорен и во 1987 година повторно доаѓа во Скопје со
цел да ме пронајде и да разговара со мене. Отишол во Нова Македонија, ја
прашал новинарката Невенка Митревска дали знае каде живее Панде Маној-
лов, зашто веќе станал славен во арапскиот свет со неговата песна посвете-
на на Палестина. И таа му одговорила дека ништо не знае. Тогаш само писа-
телот Миле Неделковски му кажал дека бараниот писател живее во Битола.
Прашале некој битолчанец, но и тој не знаел за таков писател.




58


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Омар Ектеш со „празни раце“ се враќа во Дамаск, ја препечатува во
истиот магазин веќе познатата песна, со напис од Македонија и жалење дека
не можел да го сретне толку популарниот автор во повеќе арапски земји.


По повторното објавување на песната „Палестина“ во магазинот „Ел
Хадах“ на уредникот Ектеш му се јавуваат колегите од весниците „Ал Захв“ и
„Ал Ахдар“ (Зелениот марш) од Триполи, Либија. Се интересираат за авторот
кој е и што е (повторно непознат поет од Македонија, СФРЈ) и ја објавуваат
на ударни места со што таа станува литературен хит во писателските круго-
ви на Либија.


Во 1987 година по секоја цена како автор ме барал професорот д-р Абд
Ел Гани од националниот универзитет на Мароко и главен и одговорен уред-
ники на магазинот „Ен Вал“. Наоѓа на молк во Македонија но песната, исто
така ја објавува на ударно место во неговиот весник, со забелешка кон неа
дека оваа песна е една од најубавите песни посветени на Палестина и сите
Арапи, но и со жалење дека не успеал да го пронајде авторот за да разговара
со него.


Песната „Палестина“ веќе станува антлогиска во повеќе арапски држа-
ви. Се изучува во училишта, по универзитетите. Само во 1989 година во Јор-
дан (каде живета многу протерани од родните огништа Палестинци) е обја-
вена во весниците: „Ел Хинал“, „Алива“, „Адустур“, „Араи“, „Ал Мажд“, „Ал
Билад“, „Ал Мехуад“, „Ал Џезија“ и „Ал Шехид“. Нешто подоцна, исто така на
ударно место е објавена на ударно место во весникот „Ал Хаифа“ кој се печа-
ти во Ерусалим.


Популарноста на оваа песна од ден на ден по барање на читателите во
1990 година е објавена во весникот „Ал Харија“ кој се печати во Дамаск, Си-
рија и неколку весници во Кипар. Во 1991 година е отпечатена во магазинот
„Ишрин“ кој се печати во Сирија... Напоредно во овие години песната е обја-
вувана во повеќе поетски антологии и учебници.


Сите овие исечоци од весници пред неколку години биле однесени во
Друштвото на писателите на Македонија и предадени на писателот Трајан
Петровски кој исто така не му дал податоци на Абас Абделкарим за мене
како писател. Заа жал (!?) во тоа време бев и член на претседателството на
ДПМ. Зошто не дал податоци, никој не знае, а Петровски, да напоменам, бил
и амбасадор, дипломат, ја претставувал и СФРЈ и Македонија во други држа-
ви (Турција).


Најновата „промоција“ на песната „Палестина“ била на брановите на
Радио „Монте Карло“ во август месец 2006 година во емисијаја на арапски ја-




59


Втора Роднокрајна средба…


зик. Се зборувало за значењето на песната, но со жалење дека авторот никој
не го познава, и немаат биографски податоци за истиот (исто како да живеел
3 илјади години пред нашата ера а не во наши дни). За песната биле прочита-
ни и значајни искажувања од повеќе професори на универзитети од повеќе
арапски држави.


– На почетокот на оваа година во Скопје пристигна професорот док-
тор Адел Насар Абу Ел Басар овластен од претседателот на „Ел Шарион“ ше-
икот д-р султан Бен Мухамед Ел Касими од Арапските Емирати. Се интере-
сираше за тебе , бараше од мене по секоја цена да те пронајдам, ми ја зеде
песната за да ја објави во најчитаните весници во оваа држава. А треба пов-
тор, наскоро да дојде. Се прашував, јас живеам повеќе години во Македонија
и да не го најдам? Кога разбрав дека мојот ценет професор д-р Константин
Петковски е битолчанец, се осудив да го прашам дали го знае писателот Ма-
нојлов. Кога ми одговори дека ти бил и пријател, многу се израдував. Среќен
бев дека, конечно овој пријател на Палестина и Палестинците ќе го најдам и
ќе биде претставен достојно во сите арапски држави и љубителите на лите-
ратурата,- ми рече при првата средба палестинецот Абас Абделкарим кој го-
дини бил во потрага по мене.


На 11 април 2007 година како знак за признание во Скопје, од Здру-
жението за Македонско-арапско пријателство на голема свеченост ми беше
доделена диплома. Притоа ми беше најавено дека наскоро во Македонија ќе
пристигне господинот Ел Касими кој годинава ја објави пораката за светски-
от ден на театарот, кој треба да ми врачи специјална награда...


На крај, се прашувам самиот себе: кој се спецификите на мојата песна
„Палестина“ та станала толку популарна во арапскиот свет? Кои се специфи-
ките на нашата литературна критика кој знае да премолчи поготово творе-
штво на автор кој живее во македонска провинција? Или сме македонски пи-
сатели кои не се познаваме меѓу себе? Или, пак, најгрубо речено: ти не си во
мојот клан та не те познавам?


Сепак, иако оваа моја беседа „бега‘‘ од темата, е дел од спецификата на
македонското литературно и човечко битисување: Друг за тебе да знае, ти за
себе да не знаеш.





60


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Pande Manojlov


OTHERS KNEW ABOUT ME WHAT I….


I wrote the poem under the title „Palestine„ and it was published in the
pages of „The New Macedonia„ daily newspaper on September 26, 1982. I can
quote some of the verses:


„In the silence of the desert
The Root survives
In the silence of the desert


As a taken away water
The Death brings us to sunrise
As a taken away water.„


I published the poem suffering for Palestine and the Palestinians, at the
same time they were sharing similar destiny with my ancestors who migrated to the
village of Porodin from the Aegean part of Macedonia. I knew that by publishing
the poem it was not mine any more, it was not a part of the pages in my exercise
books filled with poems any more. I knew that it belonged to other people, too. I
knew that there will be someone who will read it. But, as a poet who lives in Bitola
I did not even dream that this poem will come to Palestine, that it will be translated
into Arabic language in many Arabic countries, published in many anthologies and
printed in 28 newspapers. Recently, in August 2006, it was recited on Radio Monte
Karlo in the Program on Arabic language, with reference that it is one of the most
beautiful poems dedicated to Palestine, and, almost as popular as a hymn of one
country. Until January 2007, for almost a quarter of a century, I had not been aware
of the destiny of my poem.




61


Втора Роднокрајна средба…


Гордана Михаилова Бошнакоска


ОД ДРУГАТА СТРАНА НА ОГЛЕДАЛОТО


Да откријам, зошто го са-
кам мирисот на тукушто паднат
дожд“ е, прашање што се крие,
од една друга страна на сознани-
ето. Треба да истражувам:


прво - за дождот
второ - за облаците
трето - за земјата и
четврто - некои нови, не-


познати и непредвидени созна-
нија.


„Дождот настанува, со
кондензација на водената пареа,
во облаците. Издвоените кап-


ки вода се создаваат, од нивната тежина и привлечени од гравитацијата на
Земјата, се оделуваат и паѓаат од облаците, но не стигнуваат сите, до површи-
ната на Земјата. Ако е воздухот сув, некои од нив испаруваат, на својот пат.
Дождот ја има главната улога во хидролошкиот циклус.


Водата испарува од океаните, се кондензира во облаците и се враќа на
Земјата, во облик на врнежи. По некое време, повторно стигнува во океанот.
Малите капки дожд имаат облик на правилни топки- сверични се. Просечна-
та големина на една капка, изнесува еден до два милиметра.


За многумина, па и за мене, мирисната трага која ја остава дождот, од
кога ќе падне на сува површина, или на земја е пријатен и знае да делува
опуштувачки. Изворот на тој мирис е ПЕТРИКОР, масло кое го произведу-
ваат билките и кое се апсорбира во капките од тлото, каде што паѓа. Откако
дождот ќе падне, на топлото суво тло, тој во поголем дел испарува, а притоа
со водената пареа се ослободува и мирисот на маслото, кое толку благотвор-
но влијае на сетилата“.Овие податоци доаѓаат преку едно неочекувано и не-
надејно соопштение, кое навлегува во неоткриените илузии за дождот, за об-
лаците, за земјата, за океаните и другите фактори на еден возбудлив осет, кој
бара некоја друга разрешница, во некој иден, возможен текст.




62


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Зошто му се посветив на ова соопштение за „мирисот на паднатиот
дожд“ со вакво внимание, а при тоа, тој да не наруши некоја предходна има-
гинација, за поинакво толкување. Тоа толкување, не е емпириско за мене, до
мигот додека не го „прочитам“ овој текст, кој би требал, да изврши некои
поместувања, влијанија на мојата свест „за мирисот на туку што паднатиот
дожд“. Што е тука нарушено?


Моето чувство за дождот, за неговата возможна широчина на толку-
вања, во еден иден имагинарен текст, се судира со сознанијата за неговата
вистинска природа и дали во исто време влијае на „другото“ толкување, кое
е повеќе творечко и само мое, а помалу до вистината на природата. До ка-
де се протега, таа невидлива и растеглива граница, на она што сознанијата
на науката ни ги открива и сознанијата на „измисланото“ го создава и го су-
герира. На што треба да му се верува? На она што дождот сам по себе е, во
толкувањата на науката или во имагинарниот текст на пишувачот - изми-
слувачот?


Ова се дилемите кои стојат од „другата страна на огледалото“ и не са-
мо за дождот, ами за се што е невидливо и, живее зад живиниот амалгам.
Амалгамот на творечката мисла и замисла, се обидува да се протне, во светот
на новата „наука“, онаа што пишувачот ја создава и ја пушта пареата на него-
вата душа, врз замагленото огледало и сака да остане што подолго, додека не
ја избрише воздухот. Дали пишувањето е поради изнудување на едни други,
возможни или невозможни сознанија, кои треба да се спротивстават на три-
вијалното. Она, што возбудува во откритието, на нешто неочекувано и ново
во себе и надвор од себе, е веќе востановената состојба што влегува, во тој
циклус на создавањето.


Дождот беше повод, или еден од поводите да се навлезе во откривање
на можните елементи, кои го градат светот на идните песни, раскази, рома-
ни. Веројатно е, дека се можни и други објаснувања, за нештата што се вло-
жуваат, во градењето на текстовите. Но, секогаш испливува едно прашање,
дали треба да се допре „вистинската“ вистина или треба да се гради една но-
ва, „творечката“ вистина, на авторот на текстот. При тоа, се создава сугес-
тијата за пренесување, на она што е, какво што е, или пак она што ја сугерира
творечката имагинација. Тој свет се лепи на тоа околу, на тоа во и, на тоа што
не е никаде, ами веројатно само во „искривеното огледало“, на пишувачот.
Повеќе сакам, да му се обраќам на тоа и такво огледало, да им се приклону-
вам на необичното, невозможното и да се обидам да ги направам и „обично“




63


Втора Роднокрајна средба…


и „возможно“. При тоа, го следам неочекуваното, како возможен елемент за
реалното.


Во тие обиди, доаѓа до некои неочекувани судири на теми, кои пре-
раснуваат во дилеми. Нешто што очигледно е за песна, дали може да стане,
расказ, па дури и роман. Да дојде, до некое намерно прелевање на илузијата,
за тоа каде и е местото на темата. Која била вистинската форма за дадената
тема, а која ќе стане новата вистина, за предодредената тема, да стане нешто
друго. До која мера може, да се влезе во она другото, а да не се напушти она
првичното, онаа искра од која почнало сè.


Ненадејностите се изненадувањата, што се очекуваат да се случат, во
самиот тек на создавањето. Доаѓањето на таа ненадејност е, во самата суш-
тина на слободата на творењето, во нејзините неоткриени патишта што се
наслутуваат, се очекуваат, но може и да не се појават, ами може многу лесно,
да се влезе во „замките на слободата“. Замките се невидливи, неочекувани и
многубројни. Тие може да повлијаат, во менување на целокупната замисла,
за структурата на текстот да го направат почетокот, да стане непремостли-
ва пречка, да се размислува за еден „друг“ почеток, кој влегува во една друга
суштина и друга состојба. Станува се друго.


Она „другото“ бара да стане примарно, се бори за своите зборови, кои
треба да ги изнедри од пишувачот, за да стане дело со свој живот и постоење.
Тоа ги бара своите зборови, реченици, страници на идната книга.


Сака да стане тело. Создадена е една нова искра. Ова се бесконечнос-
тите во кои намерно, а почесто и ненамерно влегува создавачот - пишува-
чот. Во веќе заживеаните состојби, се наметнуваат и нови, кои се создава-
ат по разни поводи. Се патува некаде, при што се носи тој мисловен багаж,
без разлика дали е веќе запишан или не. Отворени се прозорците на душата
и влегува она „новото“, она што има свое место, во неговото место и се бори
да влезе низ тие, ново отворени прозорци. Тоа им се случува многу често на
патувачите - создавачите. Не може да се одбрани мислата и свеста од тие ата-
ци, благотворни, хаотични, веројатно потребни за да создадат, еден нов „по-
редок“ во замислата, за конечното на создавачот. Влијанијата се непредвид-
ливи и неочекувани.


Така и овој новопрочитан текст, за „мирисот на дождот“ е еден од тие
нови мотиви, кој го бара своето место, во предходната замисла кај создава-
чот, како да го доживее, како да го објасни, тоа сакање на одредениот мирис,
предизвикан од дождот и учеството на природата во тој предизвик. После




64


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


ова, дали ќе се измени нешто во моето чувсво за тој мирис, дали ќе мислам,
на маслото на природата, на ПЕТРИКОР!


Значи ли тоа дека со ова мало пледоаје, кон смата себе, се обидувам
да навлезам, или да објаснам нешто што навидум е необјасниво, а влегува во
корпусот на она, што како спе-
цифика го одредува моето тво-
рештво, во контекст на смата
себе, а и во контекст на другото
или другите творештва. Сека-
ко, дека како финален дел на се,
е самото дело, како такво, кое ги
содржи поинаквостите од друго-
то и другите, но и поинаквости-
те од сопственото, дотогаш на-
правено-создадено. Па што е тоа
што ме одредува да бидам тоа
што сум, во она што го создавам,
а да бидам поинаква или сите тие
што создаваат, да бидат поинак-
ви од другите, а понекогаш и од самите себе. Колку пати само, сум се судрила
со едно прашање, зошто ова сум го напишала вака?


Веројатно е и оваа една од тие состојби, да навлезам во описот на не-
која од „инспирациите“ кои стануваат специфики.


Таква е состојбата со „чувството за дождот“, која станува дел од опш-
тото кон индивидуално и, дел од еден елемент на творечка придобивка, која
се вклопува во еден можен текст, кој треба да ги дообјасни елементите на
„инспирацијата“ и да стане, таа самата, специфика.


Во оваа смисла би можеле, да се набројат и редица од повеќе специфи-
ки кои се поврзани или одвоени од се, но кои се стремат кон се. Што би мо-
жело да биде тоа се, се наметнува прашањето, кое што бара одговор. Дали
може да се оделат тие, само како суви одговори, а при тоа да се пренебрегне
самото дело, кое како дрво со стебло, гранки, лисја, се издига од коренот, без-
бројните корени, кои преку гранкте го означуваат светот на основната мис-
ла-замисла. Во оваа смисла, би можела да направам еден долг список на спе-
цифики, кои така поредени сами за себе, веќе би си обезбедиле една симбо-
листичка творба, која и како таква, би создала можност за една „нова“ ве-
ројатна специфика.




65


Втора Роднокрајна средба…


Така, се доаѓа до една констатација: ништо не може да се објасни, бар
не од самиот автор, попрецизно, од мене самата, а при тоа да не се навлезе
во лавиринтот на новите истражувања, кои сами по себе се веќе, еден вид на
специфика. Каде оди оваа бесконечност, ако не кон нешто ново, до колку се
има можност, време и над се, творечка среќа.


Gordana Mihailova Boshnakoska


FROM THE OTHER SIDE OF THE MIRROR


To discover, why I love the smell of the already fallen rain is a question whose
answer is hidden on the other sides of the knowledge. I have to make my research:


first - about the rain
second - about the clouds
third - about the Earth
forth - some new, unknown and unexpected realizations.
For many and for me, too, the smelly track that the rain leaves, after it falls


on a dry ground is very pleasant and relaxing. The source of this smell is petrikor,
an oil that the plants produce and it is absorbed in the drops on the ground where
it has fallen. After the rain falls on the dry hot ground, it mainly evaporates, at
the same time, freeing the odor of the oil that beneficially affects the senses. This
facts come through an unexpected and sudden announcement, that enters the
undiscovered illusions for the rain, for the clouds, for the Earth, for the oceans and
other factors of a thrilling sense that needs another solution, in a possible text in
the future.





66


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Д-р Ѓорѓија Најдоски


ВО ПРЕДВОРЈЕТО НА ИСТОРИСКИОТ ПРЕДИЗВИК
Во контекст на темата: „Авторот за спецификите во своето творештво“


Ако животот, во најширо-
ка смисла на зборот, е содржина
на литературата, тогаш смислата
на литературата е да го продол-
жи и одржи тој живот во трај-
носта на зборот. Тоа би значе-
ло до онаа трајност колку што
се денес, на пример, житејските
вредности во македонската усна
и писмена традиција. Таа еднос-
тавност на единство меѓу живо-
тот и литературата во суштина е
неоспорен квалитет кој не ќе мо-
же да опстои еден без друг, ка-
ко што не може мислата без зборот, гласот без финемата (знакот), меѓусебно
анимирајќи се во конкретна функционална вредност. Тоа се оние патишта од
животот кои се отсликуваат во творештвото и кои паралелно се создаваат и
го чинат маршот како национален поход. Се разбира, за таа цел се потребни,
покрај мотивот за патување, да се има и одреден багаж - енергија (како агенс)
и фиксирана цел до која треба да се стигне без некое лунѕање и, над сé, тво-
речки предиспозиции на исцрпувачкиот животен пат и - патувањето.


Сумирајќи ги овие сознанија од мојот искуствен творечки пат, ги по-
дотворам моите хоризонти кои од ден-низден ме примамуваат исто како ко-
га ќе се стигне до одредена точка фиксирана на хоризонтот и, токму до неа ќе
се стаса, веќе другата се наѕира како нова одредишна цел. И така, секогаш, се
чуствувам на почетокот и секогаш на отворен пат. Тоа чувство не само што
ме опседнува туку и опседнато владее со мене, особено по завршувањето на
мојот роман-трилогија „Дефтерски белешки од Македонија“.


Колку што животното искуство се согледува низ годините, толку и
предизвикот е постојан, сè додека еднуш секој за себе и зад себе не се обѕрне,
како што ќе рече Блаже Конески, исповедно, за своите песни - ,,па тие веќе ме




67


Втора Роднокрајна средба…


обврзуваат“. Тоа би значело дека творечкиот живот обврзува да се остане и
опстане во литературата како патник на пат кој не се доодува.


Во таа смисла, ако животното искуство е дадено да се осмислува во
конкретна содржина, литературата е таа која ќе го димензионира со нејзини
селективни критериуми, да не речам корективи и, по биолошкиот нестанок,
авторот да ја остави својата душа, пулс, динамика онака како што го живеел
и вреднувал своето постоење на креативец, притоа оставајќи го својот печат
како стапалките кон кои се обѕрнал.


Се чини дека токму низ тоа обѕрнување се гради авторскиот критери-
ум и степенот на неговата одговорност, се разбира ако се има чувство за тоа
и сопствен критички однос кон делата што ги создава. Оттука, моќта не е во
стакленцето, туку во емајлот за да се застане пред огледалото и да се препоз-
нае личноста на писателот. Овде веќе се работи за ,,реална“ визија која е се-
когаш со корективна моќ, обидувајќи се низ критичката мисла да се навлезе
во животната искуствена структура, било да се работи за историски предиз-
вик, било тоа да е со социјален мотив, менталитет... но секогаш со одредена
визија до каде сме стасале и до каде сме можеле да стигнеме, од поединеч-
ните до колективните патувања во единствениот национален марш. Најве-
ројатно тука се крие и одговорот на прашањето, повеќе дадено во извична
форма, дека писателите се совеста на своето време, која се, или сакаат со неа
да се - поистоветат. Друга, посилна, потпора се чини како да нема! Такви беа
и времињата на Константин Миладинов (Т‘га за југ), Григор Прличев (Скен-
дербег), Стале Попов (Крпен живот), Лазо Каровски (Крвава блокада), Слав-
ко Јаневски (Маракули на грозомората), Јован Бошковски (Солински атента-
тори), Ѓорѓи Абаџиев(На Ножот), Владо Малески(Разбој), Владимир Костов
(Црквичето Четириесет маченици во Битола), Петре М.Андреевски (Пиреј),
Божин Павловски (Подвижни гробови) и други бројни имиња, и како наши
современици и пред нив, чиј број, за среќа, во македонската литература е ог-
ромен и од секого, поединечно, значаен влог во фондот на националната ма-
кедонска книжевност.


Оттука, е време да се ослободиме од додавката дека македонската ли-
тература е ,,мала“ и ,,млада“! Напротив, таа е трајна, долговечна и темелита,
притоа ослободувајќи се од накалемената деминутивна содржина и значење
кои сами себе си ја прилепивме како национален комплекс. Изгледа истори-
чарите на литературата немале ни стакленце, ни емајл за да застанат пред ог-
ледалото, што би се рекло пред одговорноста што си ја презеле како нејзини
трибуни!




68


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Јас немам амбиција сам себе да се вреднувам, меѓутоа имам право, и
тоа право си го дозволувам, да се произнесам за моите преокупации. И без
да имам зла намера да ѕиркам отаде плотот во родните бавчи на моите коле-
ги иако често на тој род, плодноста, искрено се радувам. Кај сите нив, на од-
реден начин, помалку или повеќе, е застапена историската нитка без разлика
дали е кажана во определено, неопределено, минато или сегашно, време на
изразување е содржина на таа вредносна компонента. И да сакале не можеле
да се ослободат. И мојот интерес се движи на тие релации - историјата пог-
ледната од одредена дистанца како временска категорија или пак е таа плод
на т.н. визионерска дистанца, со одредена критичка мисла, но и секогаш пог-
ледната од национален ракурс. Овде не сакам да бидам разбран и како одре-
дена совест на своето време иако тој атрибут од секого е посакуван. Сега не е
мое за него да се чипчам.


Историската особеност, ценам, дека е на некој начин нагласена содр-
жина и во мојот поетски, прозен и есеистички израз. Кога веќе го самоде-
финирам или се обидувам тоа да го сторам, како историска категорија, не
можам докрај да се согласам дека историјата е само минато. За современи-
ците и актуелната сегашност е со тој предзнак, дотолку повеќе ако авторот
успее од позиција на дистанца да застане на посочена тема и да навлезе во
нејзината суштина, па макар и визионерски. Овде, нужната дистанца ја осло-
бодува емотивната приврзаност, придобивајќи пошироки, национални, ди-
мензии. За да се дојде до тоа неопходно стојалиште, нужно е да се има сопс-
твена визија за националните интереси на својот народ, критички однос кон
темата на интересирање и, што е можно попродлабочено, до крај, да се даде
оптимална критичка визура на настаните кои го мотивираат авторот. А тие
се безбројпати потврдувани во македонската историја и се реповторуваат во
нашево време.


Стремежите секогаш имале свој мотив и произлез, со сакана и неса-
кана цел. Авторот е тој кој настаните ќе ги доведе во одредена корелација
со мотивот, стремежот, како цел иако не биле како што почнале. Всушност,
примерите ги имаме: Илинденското востание, Сремскиот наспроти Солун-
скиот фронт... сè до неодамнешното откривање на бугарските гробишта во
Струмица (дали тие се од бугарски окупатори или се од мобилизираните
струмичани...). Дали приемот на членови во МАНУ ќе се одвива според Ох-
ридскиот рамковен договор (еден Македонец, еден Пиринец, еден Албанец,
еден Влав...) без разлика на багажот што го носи кога се знае содржината на
кратенката на - МАНУ! И, дали сè уште ќе се занимаваме со Дефтерите од




69


Втора Роднокрајна средба…


отоманскиот период кога, веќе, затаи македонската статистика, притоа и са-
мата служејќи се со нив или дефтерството остана како педантна евиденција
до денов денешен (со примерот на - тапиите), имплементирајќи се и во свес-
та на македонскиот менталитет. Или, пак, уште ќе го градиме култот од на-
родната поговорка со робовска содржина - ,,Наведнатата глава сабја не сече“.
Ете, примери на историски корелации. Само е прашање кој како и до каде ги
гледа или, пак, ќе се замиже пред испустеното Мариово, Дебарца, Поречие-
то, Азот... во кои се менува или е на пат да се видоизмени етничкиот состав
и мапата на тие предели. Или колективно ќе се радуваме дека по неколку де-
цении во Мариово се завеале на некое чардаче бебешки пелени или негде, во
Вевчани се родила тројка, во Штип, пак, и четворка - и едните и другите ос-
танаа осирочени без никаква грижа на социјалната држава - Македонија...


Историската наука и книжевната реч го величаат исконското битие на
личноста на човекот, во негувањето на придобивките на генерациите низ ус-
ната и писмената традиција до степен на трајно споменичко одбележување.
Наспроти нив како сенароден кодификат, постојат и одредени сатрапнички
гледања и други форми во манифестирањето како обид во уривањето на на-
ционалниот мит кон што и македонската историја не е имуна. Отука, е „раз-
бирливо“ дека историјата во нејзиниот тек не е секогаш со мирен доток на
свежа вода, идеи, во нејзината матица. Таа појава, во современи услови, не
е борба на мислење како демократски чин во изразувањето, туку повеќе за-
личува на топорење врз националната свест до степен на нејзино разнебиту-
вање или, како што ќе рече Блаже Конески во песната „Нож“ од циклусот за
Григор Прличев - „За ова срце седге острат нож“, а негде, дури“...ножот веќе
забоден е внатре“! Тоа топорење денес како да претставува своевиден Да-
маклов меч по кој посегаат и некои негови, Конески, студенти, магистранти,
докторанти, и врсници и современици, како „иноватори“ на одредени


„доктрини“
Како, поинаку, ќе се објасни обидот да се пречекори националниот праг


кој со векови се градел и се разгазувавал, и тоа во три скорешни налети:
– првпат, со обидот и јавната декларативност, за размена на македонс-


ки територии во текот на етничкото чистење на Македонците во 2001 година
од челниците на МАНУ- еден генетик, еден естетик и еден историк;


– вторпат, со гласноговорничкиот обид, „случајно“ пак во МАНУ, за
албанизација на Георги Кастриот - Скендербеј, и


– третиот, за релативно кус и збит период, во истата научна устано-
ва, се случи чипчење за словенското потекло на македонската културна тра-




70


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


диција, притоа фрлајќи ни светлосни и топлотни зраци в очи од сонцето на
Вергина до степен на заслепување (парафраза од реакцијата на Радован Пав-
ловски, во својство на академик)?Нели е тоа некакво забаталување само во
Заткарпатието, афирмирајќи ја послушноста на тезата од социјалистички-
от период, и пред тоа, како идео-
лошка одредница! Или пак се
има намера да се поистоветат ан-
тичкото со атинското (полисно)
потекло!?


Не би сакал да верувам де-
ка зад тој „пакт“ кој асоцира или
коинцидира со „тројниот“, се во
некоја спрега ујдисани, меѓутоа
имам право, барем во оваа фаза
на размислување, и да се сомне-
вам. Мене не ме интересира Ста-
тутот на МАНУ, туку статусот на
академиците од тој „пакт“ покрај
творечкиот опус кој е респективен, и покрај тоа да се здобијат со корифејс-
киот атрибут кој почнале сами да си го - нагризуваат.


Според искуствените учења на историјата и литературата до тој поса-
куван стадиум на“вечноста“ и корифејството, ќе следат и други преоценки и
студиско-критички читања па се до евентуалната сенародна верификација.
И без- пардон!


Колку во оваа фаза тие ќе бидат „разбрани“ како визионери или ќе ос-
танат во некоја фуснота ако е потребно да се приобјасни значењето на- сат-
рапништвото. Пак повикувајќи се на искуствените учења, за одделни темел-
ни национални вредности и не е толку значајна и нужна т.н. временска дис-
танце, ако не се реагира во истиот временски период на анационалната екс-
пликација, притоа и тој што ја подотвара Пандорината кутија, со ризик да се
стави на истата историска одговорност.


Современата литература и нејзините автори се должни да одговорат
во името на сопствената совест. И кога се повикувам, со право или не, на со-
веста, поистоветена со националната доблест, одговорот мора да биде и че-
сен, и жесток, и безмилосен со јазикот во нивното изразување. Овде како да
ги наѕирам веќе вперените копја, закрвени во зборот, како мегусебно да си
одѕвонуваат.




71


Втора Роднокрајна средба…


Дури и да не е тоа насетно ѕвечкање, времето на одговорот ќе дојде и
во некои, доколку ги има чесни, мемоарски белешки, пак како одговор на со-
веста, кога ќе се откријат и мотивате за тој потход, иако не сакам да верувам
дека се работи за оделни комерцијални слабости, престижни дипломатски
кариери каде азната се потешки од зборовите или пак да се цапне во атинс-
ките кругови, се едно,одговорноста е подеднаква.


Македонската историја, вклучително и сегашнава, најновата, не е веќе
зла судбина зад која се крие или се менува овчјото руно со волчјото зад не-
која европска одредница на т.н. граѓанско општество, без да се има предвид
домицилното население како носител на државноста во Македонија - одред-
ница на секоја држава и по тоа самите да се - препознатливи.


Ако овие прашања се со дилемичен или декларативен ,,хуман,, одговор
на одредена политичко-партиска номенклатура, без разлика на нивните мо-
тиви и ,,европски,, определби, тогаш и Франција и Германија, како иниција-
тори на европската унија, патем речено, по примерот на ,,јагленот“ и ,,чели-
кот“, досега требаше да бидат и африканизирани, и муслимизирани и - кан-
тонизирани. По примерот на овој спој меѓу воената омраза и економскиот
интерес, но и со национална доблест, двете земји си го задржаа својот иден-
титет на моќни европски сили. Денес Македонија се чипчи на ,,демократс-
ките“ искуства од таа француско-германска демократија, и не низ примерот
на нивните искуства, нудејќи некоја бездушна демократија која, во доглед-
но време, ќе осамне во Македонија како своевиден ,,европски“ пример кој
би бил повеќе за потсмев и најпогубен. Тој процес е веќе силно отпочнат со
двојазичноста, дури и билингвистички, на цели региони од Македонија, вк-
лучително и Скопје, не помалку и Битола со ,,транспарентната плоча“ за по-
теклото на албанскиот јазик. Има ли овде потреба за некаква историска дис-
танца и наместо оданде да гледаме одавде судбината на македонскиот народ,
па дури и ,,среќни“ што таа демократија се „зародила“ токму во Македонија.


Колку совеста на интелектуалниот потенцијал, мислечкиот, креатив-
ниот, визионерскиот е во дослух со своето време и што ќе се остави во на-
следство на следните генерации или, пак, тоа ќе биде ,,мирно“ лудило на пре-
кршени копја како седумте прачки од народната приказна!? Според мене
почна и снопчето да се крши наместо прачка по прачка на сложните браќа.
Која е функцијата на литературата токму во овие невремиња и колку тие те-
ми се предизвик за тој македонски потенцијал или сите заедно се во спрега
со - стихијата, анационалноста, макар таа да е и - ,,европска“! Нели е тоа сво-
евиден аванс во цената што допрва ќе се плаќа и тоа кога ќе доопустат па-




72


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


зарните тезгички сосе зајрето кога ќе нема ни ,,туч“ ни ,,кантар“ според Кочо
Рацин, кој ќе го мери нашиот ,,труд“ или, според Вапцаровото ќе воскликне-
ме ,,Простете, вината (не) е наша!?“ Изразниот потенцијал во македонската
литература, макар и асоцијативно, има силна моќ тој потиштен крик да ги
издигне до национална доблест или, пак, наведната глава и натаму сабјата не
ќе ја сече!?


И тоа е дел на моето актуелно творештво кое во голема мера е заокру-
жено со трилогијата ,,Дефтерски белешки од Македонија“ споредувајќи ги
отоманските со сегашните години на транзиција како најпогубни од сите бу-
ни, востанија, револуции, без разлика на нивниот предзнак досега или от-
сега што ќе го носат. Македонија е веќе клекната на колена и доведена до ро-
бовската поговорка за главата и сабјата, што ќе значи и негација на сопстве-
ната историја. Писателот ако е веќе горд дека е совест на своето време, треба
да биде подготвен тоа и да го оправда, или таму негде, на нејзините маргини,
ќе го најдат заспан пред татковинската обврска.


Мојата определба е, ако е нужна и формална декларативност, да се
удостои , и историски и легаслативно, македонскиот државнички статус како
стекнат традиционален облик кој е веќе фиксиран во националната свест на
македонскиот народ во неговите етнички граници.Оттука, сулуда е идејата
допрва да се обликува некаква државничка структура според“проевропски“
аршини кои наликуваат на демократско помодарство како Охридскоит дого-
вор. Македонија, поправо Република Македонија, нема свој потенцијал ос-
вен самата себе да се вложи сосе нејзините векови како интегрална целина во
ЕУ- заедницата на нашиов континент.


Овде сакам да верувам во својот оптимизам бидејќи дел од тој багаж
носам и како своја тежина. Или, пак, како што ќе забележи првиот германски
амбассадор во РМ и виден научен истражувачи и публицист г-дин Ханс Ло-
тар Штепан - „...тажачката на еден Македонец...поделбата на Македонија ни-
когаш не ја преболува! „


Тој украден багаж нашите соседи многу тешко го симнуваат од сопс-
твената совест, придодавајќи си „букурешка“ татковштина. И овде сум не-
поправлив оптимист: Со дебановизирањето на еден дел од Македонија во Ре-
публика Македонија, и логично и природно, би следела и дебугаризација и
дееленизација на другите два дела. Само на тој начин е можна примена на
Берлинскиот договор (1878) кој не успеа да го имплементира Отоманска Тур-
ција во однос на преземените обврски од Договорот кон Македонија. На тие
релации треба да се гледа улогата на европските сили кои беа креатори, и на




73


Втора Роднокрајна средба…


едниот и на другиот, Берлинскиот и Бикурешки договор, како, впрочем, и на
- Охридскиот!


Ниту историјата има крај како мој предизвик, ниту литературата, како
моја вокација, ќе ја препознае точката во својата соджинска проекција.


Во рамките на предметнава тема сакам да го свртам вниманието и за
македонската Прокрустова постела како Прокруст да бил роден Македонец
или постелата била скроена, изделкана, според негов терк за Македонија. И
да не е така, прокрустовштината остана како метод на размислување и одне-
сување, наоѓајќи примена и во нашата историја.


Ако за историјата на македонскиот народ се напишани трите тома,
веќе се објавени и други три тома за предавствата кои, мегусебно, сакале или
не, се надополнуваат. Колку овие томови (3+3) го сочинуваат македонскиот
пејзаж, бездруго нашле одраз и во современата македонска литература, вк-
лучувајќи ја и фолклорната традиција.


Еден таков лик, и тоа жена, се провлекува и во моите „Дефтерски бе-
лешки..“ во лицето на автентичната Божана која ги обединува крајот од ото-
манскиот период до средината на Втората светска војна на македонка-
та територија каде наоѓа свое цврсто стојалиште.


Отварањето на Пандорината кутија со најавената лустрација, особе-
но во оние втори три тома за предавствата, ги обелоденуваат новите про-
крустовци, сега и меѓу интелектуалниот дел, не помалку функционален од
информбировштината. Се што беше поистакнати меѓу личностите од култу-
рата, особено со национален набој, беше сатанизирано од интелектуалните
идеопоклоници на системот во кој се создаваа.


Ако тогаш совеста се поистоветуваше со идеолошката припадност не
значи дека се намалува функцијата на современата прокрустовштина, меѓу
другото и - денес. И тоа се темните предворја како своевиден предизвик за
книжевната преокупација. Овде, бездруго, не е оправдување дека тие проце-
си се плод на некаква идеолошка еуфорија, туку само како поединечни при-
мери кои застанале на сатрапнички , петоколонашки и други позиции, зане-
марувајќи го националниот интерес во контекстот на сопствената национал-
на традиција. Колку тие да се незначајни и пресудни за историските процеси,
сепак се истрчани пеливани по македонските чаири - ливаѓе, при што секој
пеливан бил и судија за себе! Со еден збор, всушност, нема табу - тема за ли-
тературата, без разлика колку се тие болни. Болката се преболува кога ќе се
изнајде националната дијагноза за да отпочне и нејзиното лекување и откор-




74


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


нување од националното ткиво. Дури и кога се спие совеста на штрек го др-
жи своето око.


Ако на претходната средба, во овој храмот на Свети Климент Охрид-
ски во Битола, запрев до Катил апсана од каде што беа испраќани македонс-
ките заточеници во Дијарбекир на по 101 година заточение, мислам дека сега
се наоѓам истрчан токму на македонските чаири, ливаѓе, со сегашниве соби-
тија во Македонија.


На тие релации се и моите ,,Дефтерски белешки од Македонија“, че-
кајќи го благословот од Министерството за култура, ако се оттргне од сопс-
твените, комисиски, канџи на дрчноста.


На писателот и тоа му е судено да го издржи, и без патос, и без болка,
достоинствено!


D-r Gorgija Najdovski


IN THE ENTRANCE HALL OF THE HISTORIC CHALLENGE


If life, in the broadest meaning of the word, is a content of the literature,
then the aim of the literature is to lengthen and maintain the very life through the
everlasting word such as the lasting of the value of the oral and written tradition
in Macedonia. This simplified unity between life and literature, in essence, is of
indisputable quality and cannot exist without each other, same as the thought and
word are dependent on each other, the voice and the sign, animating themselves in
a particular functional value. These are those ways of life that are reflexion of the
creative work that parallely appear and make the march a national achievement.
Of course, in order to achieve this goal, besides the motive for traveling, certain
baggage is needed - energy (as an agent) and a firmly fixed aim to which one has
to reach without loitering, and above all, creative potentials through exhausting life
and - the journey.


Summing up this knowledge from my experience, every day, I open my
horizons more and more. They attract me and when I arrive to a point fixed on the
horizon, the other point comes in view to be reached as a new determined goal.
So I always find myself at the beginning and always on open road. This feeling not
only possesses me but possessively governs me, especially after writing my trilogy
- novel: „Notes from Macedonia“.




75


Втора Роднокрајна средба…


Горјан Петревски


А И ТИ СИ, НО ТУКА ТИ Е УСПЕХОТ


Кога ја добив поканата
за учество на денешнава Втора
роднокрајна средба на битолс-
ките писатели од Македонија и
темата за тркалезната маса „Ав-
торот за спецификите во свое-
то творештво“, најпрво се под-
замислив дали би можел да из-
најдам потребна храброст, но ис-
товремено и неминовна скром-
ност, како доблест, се разбира,
која, според мене, безусловно,
треба да се има и да се покаже.
Множество од неколку особини


за да можеш да размислиш, а потоа да седнеш и да се зафатиш да се проана-
лизираш себеси, извлекувајќи некоја особеност, нешто што ќе те окарактери-
зира, нешто што е твоја специфика. А сето тоа преку творештвото, се разби-
ра, она што е духовен производ за кого што си се обврзал во животот (може-
би случајноста те определила, преку клетва или благослов, сеедно!), притоа
мора да се води сметка до каде е границата на скромноста или нескромноста,
како да се проговори за себе, да се расчепка по она за кое самиот автор, без-
друго, во многу нешта, и не е свесен.


Но кога размислив малку поопсежно, ако сакате и поаналитички, сфа-
тив дека одредената тема, сепак, е предизвик, можеби умесна провокација
која бара искрен и самокритичен приод, да се свртиш кон она што е твое обе-
лежје и карактеристика, а кои дошле преку вреднувањето на читателската
публика без која, книгите што ги пишуваме, не би ја имале неопходната уба-
вина. Залуден бил трудот доколку не допре до неа, доколку, на овој или оној
начин, не биде извреднувана. Зашто, секој од нас, преку искуството низ тво-
рештвото, бил на проверка и пред себеси, но, сепак, најмногу - пред публика-
та. Макар што авторот, поет или раскажувач, застанувајќи пред предизвикот
песна или расказ, стихозбирка или роман, драма или кој и да е друг литера-




76


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


турен род, најпрво тргнува од тоа да се покаже и докаже пред себеси, да ве-
рува дека она што го работи ќе има помин и опстој. Никој не може да го по-
тврди спротивното дека писателот кога твори, пишувајќи, всушност, сака
да ги фасцинира оние до кои книгата што ја создава ќе дојде. Дури таквото
тежнение да биде и самозалажување кое е потребно кога ќе се застане да се
пишува. Сето тоа е на место и човечки, но и творечки, се разбира, па од кој
агол и да се погледне кон нештата.


Е, сега, откако сме го напишале, условно, романот и под претпоставка
тој да доживеал успех кај читателите, се поставува прашањето што е тоа со
кое сме ја освоиле публиката? Пред што „паднала“, та да ни го посвети вре-
мето и да се занимава со нас!?


Уште од почетокот кога почнав да се пројавувам со првите раскази, а
подоцна и со романи, оние што ме анализираа - критиката и читателите, за
моето творештво, преку објавувани текстови во весници и списанија или ис-
кажување на промоции, се сложуваа дека основна карактеристика ми е она
што се нарекува - лирско и чисто во прозата. Имаат право. Држам и сами-
от до оваа основна карактеристика со која ме препознаваат, а зошто да не - и
вреднуваат. Се разбира, тоа ми е определба без која не би можел да се изјас-
нам онака како што сум посакувал, но само во расказите и романите намене-
ти, условно, за младите, за тинејџерите. Поинаку и не би можел да пишувам,
затоа што, кај таа возраст, постои строга линија која не смее да се пречекори,
зашто со еден непромислен потез може сè да се урне, да се уништи градбата
што е создавана.


Во времето кога се јавив со првите раскази, генерацијата на која ѝ при-
паѓам, во прозата, главно се одушевуваше од чинговскиот и петреандреевс-
киот приод. На гимназиските литературни средби во Прилеп, Битола, Стру-
га, Скопје, со хуморот што го нудев во таа проза, (така велеа другите!), знаев
да ја кренам на нозе публиката. Се обидував да понудам сочен изворен говор
и хуморен белег што доаѓаше токму од врутокот што не пресушува, а има
име - народ. (Подоцна некои од тие текстови објавував во хумористичнотио
списание „Остен“ каде што беа вонредно добро прифатени).


Но, сепак, творештвото им го посветив на тинејџерите, тврдоглаво др-
жејќи се до тоа да направам проза која ќе им се допадне и на младите, но и
на возрасните. И не жалам поради тоа, затоа што ми е возвратено на начин
каков што посакував. А и сè уште не сум се повлекол од идејата да го доодам
достоинствено обележаниот пат, непоправливо верувајќи во него. Некои ве-
лат дека успевам да освојам дел и од возрасната публика, што ми е и цел, се




77


Втора Роднокрајна средба…


разбира, преку заложбата да не ја делам литературата на „детска и возрасна“
или, ако сакате, да ја издигнам „детската“ на рамниште од „возрасната“. По-
некогаш, утешно си помислувам: „Кој би можел да ја разграничи литерату-
рата!?“


Сепак, „строгата критика“ и теоретичарите ќе направат таква поделба,
но не и добрите читатели. Податоците од библиотеките, но и контактите со
читателите, ми се даваат за право да верувам дека допирам и до оние, повоз-
расните. А кај нив влегувам - (можеби!) преку тагата за младешките години,
за она што е толку минливо, па дури и апсурдно во животот!?


Ќе се обидам да не се расплинам и да не ги пречекорам правилата на
средбава со тоа што ќе се задржам токму на л и р с к о т о во мојата проза.


Одамна, пред повеќе од триесет и пет години, со писателот Видое Под-
горец (чие творештво го карактеризираат лирски нијанси), во еден разговор,
во момент на искреност, а можеби и на тивко разочарување, но и на мое из-
ненадување, кога стана збор за лирското во неговото творештво, се случи
момент кој никогаш не го заборавив.


– Понекогаш се мразам себеси што сум таков... - ми рече Подгорец. -
А и ти си, но тука ти е успехот...


Тогаш, како сè уште млад раскажувач, малку ме подзамисли, но не ме
поколеба. Денес, по толку години, сепак, кога станува збор за моето творе-
штво, издашниот писател на лирика, имаше пророчко право.


Оттогаш напишав, покрај книгите со раскази, повеќе и од десетина ро-
мани за кои можам да речам дека се добро прифатени од читателите, се пре-
издаваат. Во нив лирските елементи и „душата на личностите“, никогаш не
ги напуштив, не отстапив од нив, затоа што чувствував - така треба да пи-
шувам. Дали поради фактот што поезијата многу ја сакам и ја читам, но не ја
создавам!? Или поточно, никогаш и не помислив да ги објавувам оние 150 до
200 обиди оставени по некои тетратки и нотеси во форма на „песни за воз-
расни“. Да бидам искрен, самиот никогаш не си ги извреднував и мислев, но
и сè уште не отстапувам од тоа, дека не заслужуваат да се појават. Ако за тоа
не се избориле кај мене пред повеќе од триесет години, денес уште помал-
ку ја добиваат борбата. Во тоа сум уверен, но, сепак, како да немам доволно
храброст за да можам туку-така да се откажам од нив со тоа што ќе ги ис-
кинам. Зашто, и покрај лириката во нив, тие никогаш не го исполнија мојот
критериум! Токму затоа немав право да им ги натурам и на други.


Некои мислат дека денешното време е поинакво и младите не се прео-
купирани со „лирика и романтика“, но моето искуство покажува дека не е та-




78


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


ка. Ним, токму тоа, можеби, им недостасува!? Духовна топлина што, главно,
ја немаат, а им е од насушна потреба. Всушност, отсекогаш, на овој или оној
начин, било така! Затоа и овие генерации, колку и да се изложени на подбив
од поединци, мој впечаток е - сакаат чисти чувства, бранејќи се од опасноста
и од сопствената убеденост дека нив сè помалку ги има!? .


Не го тврдам ова случајно. Со години наназад, многу испиративно, но
и грижливо, (да не речам загрижено!), ги проследувам проблемите на млади-
те не само преку непосредни контакти, туку и преку писмени искажувања.
Би го навел податокот дека во списанието „Наш свет“ ја водам, временски,
најдолготрајната рубрика - Вљубена страница, ни помалку, ни повеќе, туку
рамно 28 години или поточно од 1979 г. На нејзината адреса ми пристигну-
вале и сè уште добивам многу писма со најразлични содржини во форма на
поезија и прозни искажувања, но и на бројни проблеми од семејството, ин-
тимниот живот што, главно, ја подразбира првата љубов. Но не само неа... Во
мојата архива имам сочувано неколку илјади писма. Кога сето тоа мноштво
ќе се проанализира може да се дојде до интерерсни заклучоци.


Временската дистанца, онаа од пред 28 години споредена со сегашново
време, не е мала, а низ тие години многу нешта се изменија, доаѓале нови ге-
нерации, но суштината и на едните и на другите, не е променета. Сепак, мое
сознание е дека оние од пред 28 години со сегашниве, барем според трепетот
во себе кога е во прашање интимниот живот, многу не се промениле. И оние
некогаш, а и овие сега, тагувале за исти нешта. И некогашните, главно, би-
ле осамени, а тоа се и денешниве. Имало недоразбирања во семејствата, а ги
има и сега... И некогаш, а и денес, им треба топлина и разбирање. Особено на
онаа возраст кога сме „ни мали ни големи“. Па оттука, она, лирското, би ре-
кол, им доаѓа како „мевлем на лута рана“.


Токму затоа упорно настојувам духовното и чистото, преку своето
творештво да го поминам кај нив, но на голема врата. Да им го понудам она
што можеби им недостасува и толку им е потребно. Такви се јунаците во мо-
ите романи кои, на моја среќа, тие ми ги читаат.


Како пример би го навел романот „Марта“ кој излезе пред 20 години,
но и сега е актуелен и ги допира нивните проблеми (така ми велат во учи-
лиштата!) и досега е преобјавуван во осум изданија. Првото изнесуваше 2000,
претпоследното 3000, а најновото е објавено во тираж од 4000 примероци.


Склон сум да бидам убеден дека лирското не им е туѓо и не треба да ги
одмине и овие генерации, затоа што многумина од нив тоа го сакаат. Тогаш,
зошто и да не им се понуди!?




79


Втора Роднокрајна средба…


Нема и понатаму да отстапувам од лирското, затоа што е моја карак-
теристика и белег според кој ме вреднуваат и критичарите. Но и читатели-
те. Барем оние што ме читаат и позитивно се искажуваат за она што го пи-
шувам. Во прв ред, поради топлината во нив. И понатаму ќе продолжам да
пишувам романи на психолошки, но сложени теми, со уверување дека ќе ги
допрам и тинејџерите, и возрасните. Зашто, проблемите на младите се и про-
блеми на оние што не се млади, во прв ред - родителите. А времето е онаа си-
ла што ги вреднува и превреднува нештата. Она што ќе го издржи временс-
киот налет, ќе остане и во негова заветрина.


Gorjan Petrevski


AND YOU, TOO, BUT HERE IS YOUR SUCCESSS


Now, after we have written, conditionally, the novel that achieved success
in front of the readers, we must ask ourselves what was the reason for the success.
Since the beginning when I first published my stories and novels, the critics and
the readers agreed in my specific lyric and pure in the prose. They were right. I
continued to cherish this specific style so the readers could recognize my work
and value it, too. Of course, this is my determination in order to express myself
as I would like to express, especially in the stories and novels for the young, the
teenagers. Besides my stories I have written more than 10 novels that have found
their place among the readers. In all of them the lyric elements and „the soul of the
heroes“ I‘ve never left.


The personal problems of the youngsters are the problems of those who are
not young any more, in the first place - the parents. As an example I would give
my novel „Marta“, it was published 20 years ago, but the problems of the young
remained almost the same. Its first edition was in 2000 copies, the next was 3000,
and the latest one is 4000 copies. I cannot write with another style, because writing
for these age, I must not cross the strict line, because only one wrong move can
destroy my whole building.




80


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Христо Петрески


НАРЦИС ПРЕД СВОЕТО ОГЛЕДАЛО


Да говори авторот за спе-
цификите во своето творештво,
или за самото творештво воопш-
то, тоа значи, веднаш да кажеме,
да биде пристрасен и да не биде
сосема објективен. Тоа е исто ка-
ко кога наутро ќе застанете пред
своето огледало (како Кралица-
та од „Снежана“) и самиот на се-
беси ќе си речете: „Леле, ама сум
убав!“. Но, ако малку повеќе и
подлабоко (читајте: потемелно)
се загледате во сопствениот лик
во своето огледало, сепак ќе за-
бележите брчки, бразди и други навидум невидливи нешта, кои ќе ви го ра-
сипат првичниот позитивен впечаток и вие одеднаш ќе се загрижите, зашто
за миг ќе помислите дека гледате друг човек!


Значи, внимавајте, зашто пречестото и предолгото гледање во сопстве-
ното огледало не е ништо друго туку нарцисоидност и тоа од прв ред, по што
нема враќање назад. Творецот е Нарцис, но тој мора да се огледува првенс-
твено во туѓите, па макар тие биле и криви огледала, доколку сака да има ка-
ква- таква претстава и за сопствениот лик.


Но, не се огледувајте премногу и во туѓите огледала, зашто тие не ви
припаѓаат вам и можно е кога-тогаш во нив да го изгубите сопствениот лик.


Внимавајте: овде не станува збор за угледување, туку за огледување!
А, дека и од огледувањето може да има некоја полза (не само кај стакларите,
козметичарите и сличните на нив), туку дури и кај самите творци, посведо-
чува фактот дека тие најдобро си ги знаат сопствените предности и маани.
Се разбира, во однос на другите, но и во компарација со сопствениот твореч-
ки пат.


Творецот е чист и невин како дете сè додека не посегне по јавната пре-
зентација и афирмација. Тогаш веќе започнуваат да владеат други закони




81


Втора Роднокрајна средба…


(правилата на стадото или толпата), при што индивидуата е исправена пред
два предизвика: да се приклони кон глутницата, или осаменички да продол-
жи да чекори сам. Значи, средината и окружувањето, на микро или на поши-
рок план, или ги прифаќа или ги отфрла спецификите на секој автор во опре-
делен временски миг. Кој ќе победи - тој ќе раскажува!


Не е мал бројот на оние кои скршнале од патот, затоа што превисок
бил ѕидот на кој наишле, или на оние кои ја нашле златоносната жица многу
лесно и брзо, но не продолжиле да длабат на истото тоа место и на истиот
тој начин, па токму затоа - на друго место и на друг начин - откопувале само
јалови грутки земја...


Еден од тие кои не сакаат да бидат добри на истиот претходен начин
сум и јас. Во постојаната потрага по нови теми (а нели сите теми се вечни?)
и нови изразни средства (а нели сè е веќе видено?) на патот зад себе оста-
вам многу повеќе почетоци, отколку завршетоци. Ќе се навратам ли повтор-
но пак таму каде што некогаш сум бил, или од ново ќе тргнам по новиот и
неизвесен пат?!


Одговорот како однапред да го знам, но нели никогаш не треба да се
вели никогаш...


Инаку, да се пишува за сопственото творештво е исто како сами-
от на себеси да си правите интервју, па не знаете дали да си постави-
те поубави прашања, или да дадете поубави одговори. Моновјуто, кол-
ку и да не биде самопофалбено, тоа сепак ќе ја следи линијата на помал от-
пор, т.е. ќе ги одразува поблагите, а не погрубите црти на автопортретот.
Ретки и речиси непостоечки се и автопортретистите кои при сопствено-
то овековечување не си го разубавиле барем малку својот лик. Тоа е ис-
то како од мајката да побарате да проговори нешто лошо за сопствено-
то чедо. Таа ги знае и лошите особини на сопствената рожба, но вешто ќе
ги прикрива сè до крајот на својот живот, се разбира доколку не се слу-
чи нешто непредвидено и тие не излезат сами по себе на површината.
Исто или слично е и со творештвото. Актерот е сам на сцената. Неговата мо-
нодрама, или пантомима сеедно, може да започне во секој миг. Светлата се
запалени. Публиката молчи и е во големо исчекување. А, од актерот зависи
дали ќе биде на крајот исвиркан, или вратен на бис.


Доколку се совпадне „размената“ на емоциите - успехот, односно ефек-
тот ќе биде постигнат. Така е и со (за)пишувачот на овие редови. Не ретко,
од една помала или поголема временска дистанца - сум зачуден, или подоб-




82


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


ро речено - изненаден од она што претходно (читајте: некогаш) сум го запи-
шал.


- Та, зарем јас сум го напишал ова, или попрецизно: Па, зарем јас сум
можел да напишам вакво нешто?! - се прашувам тогаш јас.


Во тие ретки и величенствени мигови на очудување авторот како да не
може да им верува на сопствените очи, зашто: прво) тоа што повторно го чи-
та - веќе го заборавил; второ) тоа што сега го гледа пред себеси, при повтор-
ниот и нов прочит, му се чини поинспиративно и поимагинативно отколку
моменталните идеи за реализација на истата таа тема со расположливите из-
разни средства; и трето) тоа што било тогаш толку добро или лошо сеедно
- за среќа, или за жал - сега на авторот му се чини дека не е веќе така! Дали
е тоа реалност или привид, тоа зависи и од моменталното расположение, са-
мосвеста и нивото на рецепцијата, самокритичноста и слично.


Значи, станува збор за моменти, поточно за еден одреден и специфи-
чен миг кога (за)пишувачот ќе оствари неповторлива средба на својата рака
со хартијата. Затоа, од сопствено искуство, можам да пренесам еден мал со-
вет до младиот писател: не ги фрлај и не ги уништувај никогаш сопствени-
те ракописи, колку и да ти се чинат во тој миг лоши и безвредни! Зашто, во
друг миг ќе сфатиш дека пречкртаните реченици и зборови, пасуси, или це-
лите уништени ракописи - се повредни од она што останало негибнато, или
било објавено.


Авторот, колку и да има, или да мисли дека има апсолутна самосвест и
објективен став и контрола над самиот себеси и творештвото кое притоа го
создава, сакал или не, но постојано се соочува со она што се нарекува овде и
сега, па секоја интроспекција и вивисекција - не само што е пожелна, туку е
и нужна.


Само оној што внимателно гледа назад - може сигурно да чекори на-
пред! Авторското Јас при автокритиката е нешто што може и треба да се
чувствува, но кое не треба и премногу да се нагласува од страна на самиот
автор, зашто ако сонцето е силно - тоа и оддалеку се гледа, а ако е скриено
далеку зад облаците - попусто ќе го барате и покажувате со прст. Значи, она
што се гледа, слуша, чувствува, препознава... нема потреба и да се именува!


Се разбира, авторот и неговото творештво допираат до очите и срце-
то на читателот, а доколку тоа не се случи - нараторот или ќе нема кој веќе да
го слуша, или самиот тој ќе се запраша зошто попусто поминал толкав пат!?




83


Втора Роднокрајна средба…


И, уште само една малечка фуснота: само ретките мајстори и стилисти
знаат кога да престанат со понатамошното нанесување боја на сликата, или
шминка на лицето...


Конечно, што е тоа што јас самиот самобендисано мислам дека е моја
специфика во творештвото. Тоа е хаику песната, краткиот расказ и новинс-
ката критика. Хаику песната зашто е лапидарна и со минимум изразни средс-
тва изразува повеќе значења. Краткиот расказ зашто е концизен и со отворен
крај, па од читателот прави соучесник. Новинската критика зашто е импре-
сионистичка, актуелна и кратка и јасна. Или, како што умно велеше Петре М.
Андреевски дека критиката не е фалење и кудење, туку разбирање.


И, што друго да се каже, освен дека и за првото, и за второто, и за тре-
тото, ставот и судот треба да го каже некој друг (во случајов: читателите,
критичарите, теоретичарите... се разбира, доколку сè уште ги има!?).


Колку пати ли ви се случило да ве сретне некој божемен познавач на
литературата кој бесрамно ќе ви каже дека многу му се допаднала корица-
та на вашата книга (што значи дека не ја ни отворил), или некој литературен
критичар наместо за содржината на вашата книга на промоцијата да говори
само за нејзиниот наслов и тоа преку толкувањата од речниците на симболи,
или во библиотеката да си ја најдете вашата книга со картонче во кое не е за-
пишан ни еден читател...


Но, наспроти тоа, некој ја изрежал вашата песна од весникот и ја вра-
мил, друг повеќе од вас знае колку книги сте напишале, по кој редослед и
што има сè во нив, трет кој воопшто не ве познава ја купува токму вашата
книга во книжарницата...


За жал, има многу помалку светли мигови отколку црни. Читателската
публика не се создава лесно, а мал е бројот и на авторите кај нас кои воопшто
водат сметка за височеството наречено читател. И потписникот на овие ре-
дови не може да се пофали со тоа.


Затоа пак, наспроти ветровите и страничните удари, авторот продол-
жува да додава барем по едно камче во мозаикот на македонската литера-
тура и во почетокот на овој век, а што ќе остане, што ќе се просее, ќе све-
дочи времето и, бездруго, објавените наслови и необјавените ракописи како
единствен и неспорен факт...




84


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Hristo Petreski


NARCISSUS IN FRONT OF HIS MIRROR


There is no author who can speak about the specifics in his literary work and
not being prejudiced or not being objective. It is the same when in the morning
one stands in front of the mirror (same as the Queen of „Snowhite„) and one says
to oneself: „Ah, how handsome I am!„But if, we concentrates deeper on one‘s face
in our mirror we will notice wrinkles, furrows and other invisible things which can
spoil the first positive impression and immediately we become worried, because in
that moment we think we see another man! Beware! The long standing in front of
the mirror is nothing else but narcissisism of first degree, after which there is no
return. The Creator is Narcissus, but he must see himself in the alien, no matter
whether twisted mirrors, if he wants to have a correct view of himself.


Finally, what is that which egotistically I think is a specific in my literary
work. It is my haiku poetry, the short story and the journalist criticism. The
haiku poem is lapidary with minimum expression means which have numerous
meanings. The short story is concise with an open end, which makes the reader a
collaborator. The journalistic criticism is impressionistic, actual, short and clear, or
as Petre M. Andreevski used to say, “criticism is not mere praising or scolding, but,
it’s rather an understanding”.




85


Втора Роднокрајна средба…


Ванчо Полазаревски


СПЕЦИФИКИ НА МОЕТО ТВОРЕШТВО
– куса расправија со самиот себе –


Ете, пишувам, разгова-
рам со себе. На компјутерскиот
екран се појавува нова реченица.
Мојот обид да биде што е мож-
но покуса а сепак речита е како
некоја искубана кокошка. Може-
би некој друг ќе има поинакво
мислење, можеби... Ја гледам и се
смеам. Што сега со неа, една но-
ва, најнова, гланц ако воопшто
може така да се каже, реченица
напишана со мнооооогу страст?
Што со неа? Па и да ја пуштам
некаде по светските електрон-


ските патишта, па дури и тоа? Кај нас таа реченица не ја очекува баш не-
која голема иднина. Среќни се и пресреќни автори на реченици што ќе бидат
прочитани... Од кого. Од една рака чудаци, читачи. Па што? Во нив, во нив-
ната страст/жед за читање е содржана страста на многуте нечитачи, страста
на прочитаното. Сепак, се прашувам ЗОШТО ВООПШТО ПИШУВАМ?


Оваа реченица со џиновски канџи лета над мене со години, ми се зака-
нува, ме пцуе, ме зграпчува повремени и ме лета над градот заканувајќи ми
се дека во секој миг може да ме испушти небаре сум храна за нејзините чав-
чиња...


Арно ама, од друга страна си гледам јас, си мислам јас бидејќи, дал Гос-
под идеи, и јас ете не се плашам дека тие еден ден ќе пресушат, сум во пос-
тојана потрага по некакви мали парченца слики, градски слики, фрагмен-
ти од нашето (моето, твоето, нивното...) секојдневие... потрага што потоа се
преточува во компјутерски текстови, се стега како зелка во каца елктронски
спакувана во мојот компјутер и таму чека да се „роди во вид на некој вид ли-
терар-дело.


И така...Што е темата?




86


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Па и кус разговор помеѓу двајца обични пивопијачи прислушкуван во
некое кафуле е дел од тој огромен, тој бесконечен мозаик наречен СРЧА НА
АСФАЛТОТ со кој се обидувам да видам/дадам една своја слика на големи-
от зазбифтан град со чии влакнести пипала секојдневно се среќавам, на секој
чекор, во секој миг и кога спијам или вчудовиден гледам толкузелени листо-
ви на детелинка во улога на чеда на автомобилски издувни гасови, бетонски
лелеци и цивкања на расипани (низаедни) лифтови...


Тоа опишување на фрагментарното околу мене, особено кога инајџис-
ки ќе запнам да стигнам до самото дно на, на пример, на сликата на која ко-
лешката од работа, на терасата (внатре е забрането) пуши цигара, пие нес-
кафе а истото тоа го прави една дама на долниот кат и тие се една над дру-
га не знаејќи дека во тој миг се имитираат себеси не сакајќи се реплицираат,
прават исти движења, изрази на лицето...


Тоа/такво гледање ми е потребно за да можам, онака до детал, да го ви-
дам со голо око тоа што секој ден ме преокупира.


И тоа дрво во Свети Димитрија спроти некогашниот Офицерски дом
во Скопје е одличен пример за можноста да се отпатува на некое островце
на среќата длабоко задлабочен во сликата на стебло со четирикраки дебели
гранки небаре четирите апостоли слегле и од оревот се чудат што се прават
божјите чеда или знаејќи го тоа о-хо одмана му дале душа и око на дрвото и
уште можност на некој седнат спроти него да измислува приказни за посети-
телите на преубавата црквичка истражувајќи го одот, облеката, гестикулаци-
ите на сите нив во рок од, на приемр, 45 минути.


Монолошки, долго а понекогаш афористички, со кус стегнат израз,
одам на друга сликичка. Арт кафе на горниот кат и низа од постмодернис-
тички слики на Пепси од далечните осумдесетти години кога беа работени
под влиајние на чајот, разговорите и прошетките во старата скопкска чар-
шија и седенките во Галерија 7.


Напливот на мојата свест се претопува во друг тек на мислата, оној
малку постегнат и насочен кон моето лично време наспроти другото време
што разулавено и бесно ржејќи протрчува покрај мене. Јас и столчето произ-
ведено во Кина се наоѓаме во едно лозје, во околина на село Ракотинци.
Го чекам овчарот. Тој мора да дојде. Така се случи и пред 23 години во околи-
ната на Битола и јас сум сигурен дека овчарот ќе дојде. И тој дојде. Не е изне-
ден ШТО МУ ОДДАВАМ ПРИЗНАНИЕ за неговата неверојатно упорна бор-
ба зо бесмисленоста кога онака потпрен на стапот го врви својот пладневен
одмор додека овците знаат дека треба да почекаат и мирно стојат во место, не




87


Втора Роднокрајна средба…


мелат трева и така си ја обезбедуваат својата минимална доза на овчја среќа.
Фантазмагоричното во мене неочекувано ме води кон бањата на мојот дом
во населбата Капиштец, улица Народен фрон број 5.


Соочен сум со точно 3573 поправки што ме очекуваат во мојот дом
а јас немам сила да почнам со ниту една од нив. Ако тоа го наречам хаос се
фаќам во костец со една од најтешките работи во мојот живот, но...


Тука можам да кажам дека земам здив со едно лично гледање на темата
ЦРВЕНКАПА што гласи отприлика вака:


Црвенкапа
Црвенкапа беше девојче кое поради предозираност на гледање теве са-


пунски серии и склоност кон нездрава храна, полна хормони, пред време на-
влезе во тинејџерските години. Сходно на тоа, кога се упати со кошничката
кон легендарната баба, на првата шумска кривина таа се пресоблече во танга,
мини здолниште и проѕирна блуза. Оваа реквизита и беше неопходна со ог-
лед на тоа што претходниот ден фати работа, учество во проект дониран од
неколку меѓународни организации а наречен: Истражување на однесување-
то на секусалните манијаци ПРИМАТИ за кои се претпоставуваше дека се
уште можат да се сретнат на Балканот, а кои за жал во другите краеви на Ев-
ропа (де)еволуираа во сериски касапи и ни оддалеку не можеа да се споредат
со суптилноста на штипскиот сексуален манијак (момче кое силуваше 78 го-
дишна баба..).


Проектот беше мошне интересен, особено од аспект на хонорарот со
кој Црвенкапа ќе можеше да си ја обнови гардеробата бидејќи нејзиното те-
ло незапирливо напредуваше во сите правци кон поконкретен облик, попоз-
нати во круговите на машките шовинистички свињи, како тело... И уште не-
што, таа немаше многу време за фрлање и затоа интелигентно одбра самата
да биде мамка.


Одеше бавно како млада личност без иднина.
И така Црвенкапа невесело, како и секое урбано девојче, се влечкаше


меѓу дрвјата толку идивидуални што од нив не се гледаше шумата. Најпосле
го сретна Волкот кој потекнуваше од богато белгиско педофилско семејство
и својата пензија ја арчеше во, токму таа, балканска шумичка, иако мошне
сомнителен за другите жители тој беше сигурен под заштитата на локална-
та менувачница. Но, со време, дали заради близината на Велес и осиромаше-
ниот ураниум, овој белгиски волк мутираше во дебел англиски хомосеексу-
алец, така што средбата со Црвенкапа за него преставуваше уште еден ма-




88


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


лер во поглед на можни средби со непознати и, евентуално нивно искористу-
вање за сопствените малцински сексуални склоности.


Волкот тажно и махинално рече: А татко ти?
Што тој? - одговори Црвенкапа со значителна доза на младешка агре-


сија од типот „кон постарите“.
Не можеше тој да го но-


си ручекот а не ти, вака малечка
и... женска - невесело продолжи
Волкот носталгично загледан ту
во неа, ту во Белгија (накај Ан-
глија), ту во својот (историски
гледано) предмутантски период.


Ова можеше да ја навреди
Црвенкапа но таа со вродената
и на млада генерација практич-
ност, плус уводните упатства од
споменатиот проект, остана кул
и веднаш ги запиша зборовите
на непознатиот чуден странец
кој и делуваше прилично живо-
тински. Го игнорира и неговото интересирање за својот дилитиран татко и
му рече:


– Ако си шумски волк со екстремен лифтинг на твојот ментален склоп
би можеле да соработуваме со обостран, се разбира, материјален интерес.


– Да. Тој сум, а ти си во право... – рече Волкот кому пензијата почна да
му доцни поради појавата на тероризам во нашите краеви и, како нус-произ-
вод на тоа, огромни дози на хуманизам на неговите земјаци.


– Одлично - рече Црвенкапа. Колку да знаеш од интерент ги имам сим-
нато сите сајтови кои те спомнуваат во најразлични контексти и затоа не се
обидувај да ме прејдеш. Но, да не губиме врем, треба само да инсценираме
мало класично силување во кое главен учесник си ти, осамен, класичен ма-
нијак маскиран во волк од приказна. Ако се уште си заинтересиран за добра
заработувачка а мала експлоатација, веднаш викни го ловџијата кој како што
е општо познато ја дели твојата постела, или за соодветна надокнада во нату-
ра, те растертува од твојата сексуална напнатост. Но, ти поради својата поз-
ната промискуитетност...


– Добро де – ја прекина Волкот. - А зошто ни е тој?




89


Втора Роднокрајна средба…


– Тој ќе биде сведок? Без него мојот извештај би бил некако нецелис-
ходен.


Волкот се согласи и со тајни шумски знаци веднаш упати порака до
ловџијата.


За несреќа, кусогледиот ловџија токму тогаш ја имаше упукано бабата
излезена надвор да ја поднамести теве антената. Таа му заличе на срна а мо-
жеби во него проработи неговата позната потсвесна омраза кон се што мрда
во шумата. Да останеше жива бабата заради таа замена на нејзиниот иденти-
тет од радост ќе прифатеше да биде убиена уште барем печеспати, но тоа по-
ради објективни причини не беше можно. Ловџијата во склад со виденото во
еден крими филм не се двоумеше многу, ја фрли бабата во бунароот а потоа
со ракописот на волкот на масата остави порака: – Јас сум волк, мојата волчја
природа ме натера на овој мошне разбирлив чин и се надевам дека на бабата
сега и е многу потопло во мојот желудник отколку во таа мразарник куќар-
ка. Сепак, длабоко се каам во име на можна средба со луѓето од Хаг, ветувам
дека ова нема да се повтори, барем не со истава личност. Потпис: Шумскиот
Волк со мало ментално растројство комбинирано со извесно, но дозирано,
незадоволство со општите волчји права вградени во стариот Шумски устав.


Нејсе, кога им се придружи на Црвенкапа и Волкот, шумарот со радост
се согласи да соработува за да може колку-толку да ја намали грижата на со-
вест која ја чувствуваше кон Волкот.


Волкот, игнорирајќи го мислењето на Црвенкапа за природните де-
вијации во сексот кај мажите, нежно му рече на шумарот: – Здраво душо, ка-
ко е твојот син (еден прекрасен примерок на Аполон чиј сексуален развој бе-
ше прилично класично насочен и кој беше внимателно и на смени чуван од
сурија тинејџерки од тој крај.)


Од разбирливи причини шумарот го игнорира ова прашање и се скри
зад една грмушка, нестрплив да биде сведок на настанот што следуваше.


– Ѕиркај низ двоцевката, така ќе изгледа подраматично - рече Црвенка-
па инаку поборник на уметнички дела со мултимедијален концепт наречени:
Еден автор, многу глупости.


Потоа Црвенкапа обеси аматерска филмска камера Пансоник на една
гранка, као заборавена и вклучена. Со неа се сними импровизираното силу-
вање. При крајот на сцената во кадар влета ловџијата и со кундакот ја плесна
Црвенкапа меѓу рогови, се разбира, по грешка. Не баш одушевена Црвенка-
па станувајќи изјави дека токму таа сцена, ќе и даде висока веродостојност
на снимката.




90


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Потоа сите тројца го прегледаа материјалот. Црвенкапа рече – Јас сега
си одам за да го дообработам а вие ќе внимавате да не ви се случи нешто
слично. Волкот и неговиот љубовник се согласија весело и одмавнаа со ра-
цете во знак на поздрав и се упатија кон првата грмушка. Црвенкапа се пре-
соблече и некако пристојна (за да ги задоволи потребите на мајка ѝ од имање
пристоен пород) се упати дома. Во главата веќе ѝ беше платениот, со нејзини
заработени пари, билет за шопинг во Лондон.


А бабата?
Ох, да бабата. Таа прво беше пензионер, сходно на односот кон тие


суштества во оваа земја таа не постои, дури ни во приказните, а со оглед на
грижата кон стари изнемоштени лица та уште една не постои, значи ја нема
на квадрат. И тоа е доволно за сите скептици.


Тоа што Црвенкапа се упати кон неа е само мала дрматуршка неопход-
ност за да дојде до првичниот заплет.


Vancho Polazarevski


A SHORT DISPUTE WITH MYSELF


HERE, I WRITE, I HAVE A CONVERSATION WITH MYSELF. On the
computer screen a new sentence appears. My try to make it as short as possible
on one side and also, meaningful on the other side, seems to be like a hen without
feathers. Someone might have other opinion, maybe … I look at it and I laugh.
What to do with it, a new, brend new, if i dare say it in this way, a sentence written
with too much passion? What to do with it? Even if I send it via electronic way,
even that, too? This sentence has no big future in our country. Those writers of
sentences are lucky and happy if they are read… By whom? From a few readers. So
what? In those people, in their passion/thirst for reading is consisted the passion of
the non-readers, the passion of the read. From time to time I ask myself, Why I still
write?... But, there is something in me saying or making me think that God gives
me always new ideas and they do not scare me that one day they could dry up. I
am in a constant seach for small pieces of images, city images, fragments of our
(my, yours, theirs) everyday life… the search that later is transferred into computer
texts, is tensed hard as a cabbage in a wooden tub, packed in an electronic way in
my computer waiting to be born in some kind of literary work.




91


Втора Роднокрајна средба…


Ѓорѓи Прчков


АВТОРОТ ЗА СПЕЦИФИКИТЕ ВО СВОЕТО ТВОРЕШТВО


Да се пишува за возрасни
пред сè, според мое мислење неи-
зоставно прозаистот има потре-
ба да го прочита делото на Ерик
Фром „Анатомија на човековата
деструктивност“. А зошто пре-
порачувам да се прочита токму
ова дело, од едноставна причина,
Фром ликовите за кои пишува ни
ги предава со сите нивни можни
и неможни изопачености, всуш-
ност ни ги предава доследно ка-
кви што биле, без хиперболизи-
рање, анализирајќи ги тие лико-


ви прозаистот доаѓа до сознание каков сè може да биде човекот. Од деструк-
тивен, изопачен до таа мера што зачудува, всушност според мене мерка не-
ма, дури излегува и неверојатно. Фром, ликовите, како што реков предавајќи
ги реално, исклучиво со нивните настраности, покажува дека возможното
излегува невозможно и обратно невозможното возможно. Таа е специфика
во моето творештво на едно создавање во кое ликовите, но и настаните из-
легуваат необично предадени, е типичен и еден од ретките примери во ма-
кедонската литература, кој го среќавам во прозата на мојот омилен писател
Владимир Костов, и во овој случај спецификата на моето творештво е таа
- Фромовска. Бидејќи живееме во време на копии можеби некој ќе се запра-
ша зошто авторот зборува за некоја своја мисла која ја разложил на некол-
ку илјади страници, а се родила во главата на некој умник (Фром) кој денес
е починат. Слободно авторот може да се гордее на копија која се роди како
копија во времето кога тој сè уште светот го гледаше со розовите очила и го
натера да го изблуе мајчиното млеко при што неисчистени капки останаа по
неговата душа. Копијата набргу се претвори во свој оригинал со кој веќе и со
затворени очи можеше да го скенира човекот и да каже од кои несостојки се
содржи. Ако во прво време сликата покажа кратери на злото кои ме фрлија




92


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


во депресија, со филозовско самоубедување подоцна ме натераа против него
да се борам со тоа што ќе го обелоденам и жигосам со јавен презир - специ-
фика во моето творештво. Често читателот ќе помисли дека тие грозотии не
се стационирани во една душа од можеби според најновите сознанија од 21
грам, но до крајот, како специфика во мојот книжевен опус ќе почувствува
внатрешни гласови кои ќе го провоцираат да стори нешто необично со што
би го дофатил нивото на не секогаш измислените ликови. Дали ќе го стори
тоа или ќе си остане во својата дремлива обичност е од голем интерес за ав-
торот. Ако прозаистот ликовите ни ги предава обично, тој има излезено оби-
чен раскажувач, без уметност во неговата проза, без разлика колку содржи-
ната му е добра. Содржината на прозаистите не ја потценувам, зашто и таа
во делото е дел од уметноста, арно ама според мене ако прозата е напишана
обично тоа излегува гола уметност, сликовито да се изразам само од коски,
без крв и месо. Ако пак се пишува необично си добива комплетна уметност,
со ликови и настани уметнички предадени, веќе оживеани, кои и да сакаат
нема да можат да се вклопат во средината која полека изумира во јаслите на
монотоноста. Ако ми дозволите и не ми земете за зло, ќе го цитирам еден од
главните ликови во тетралогијата „Марширања“ кој вели: „Јас сум прочитал
маса книги, арно ама бидејќи обично напишани, само раскажувачки, излегле
без уметност. Со таквите книги си го потпалував собулчето, гореа небаре ку-
кулички, арно ама телото ми го топлеа, самата душа ми ја мрзнеа“


Анализирајќи ја необичноста како доминантна специфика во моето
творештво не би сакал да не кажам и некој збор за останатите специфи-
ки. Литературата, за која самиот си изнесувам мислење, сметам дека треба
да биде докрај отворена и чесна, со вистината напред да чекори. До крајни
граници можеби и сум груб не штедам никого, не ги штедам главните лико-
ви, ако се огрешат во животот ако излезат пакозџии, зулумџии не ги штедам
ниту пријателите, роднините, макар ми излегле и најблиски. Во моето творе-
штво преовладува испревртена синтакса, токму тоа е и еден интересен про-
најдок во литературата, значи непроценлива специфика за мене. Скоро це-
ла моја литература е напишана во инверзија. Сè е извитоперено, сум предал
свет во превртена нараквица, а тоа според Владимир Костов е еден новитет
во македонската литература. Мојата литература, како повеќемина што велат
е сатирично - параболична, во основата на сето тоа стои морална определба,
всушност во основа сум моралист, а по формата сатиричар. Според начинот
на кој го воведувам читателот во дејството, преку моето творештво, доктор
Весна Калпаковска вели дека амбиентот го доживува како веристички, како




93


Втора Роднокрајна средба…


делата на Џовани Верга, Васко Праголини и други претставници на Вериз-
мот. . .


Не ретко употребувам пцовки, стручно кажано кажано КОПРОЛА-
РИЈА, за кои веројатно не е виновна мојата покојна мајка која добро не ме
воспитала, туку мојот страствен темперамент, силен револт, кој мерка нема,
ме тера да ставам точка на сè, а она несовршеното да го зачинам. Јазикот во
творештвото е литературен и уметнички, воглавно нема интернационализ-
ми, зборови за просечниот читател неразбирливи, а ги заменувам со стари
македонски зборови, значи го користам чистиот македонски јазик, има и по
некој турцизам, ама одомакинет во македонскиот јазик. Како шлаг на збирот
од сево ова кое дава посебен колорит, ако може да се нарече специфика, ро-
манот „Марширања“ е тетралогија, а јас во македонската литература друга
тетралогија не познавам, ако некој знае нека ми каже да ја научам.


Кога се зборува за специфика во творештво од пишани зборови, го-
лем товар и заслуга понесуваат и ликовите во нашите дела. Ликовите во мое-
то творештво се препородци. Се борат сами и дејствуваат како Крале Марко,
како Робин Худ и сл. Старите злодуси се заменети со макроа, а принцезите со
бели робинки. Треба да се прегазат и‚ Рѓосаните кои доминираат во живо-
тот. Главните ликови во творештвото често се изградени врз цврста бинарна
опозиција: духовно и интелектуално богатство (од една страна), но и крајна
беда во материјалната проекција на живеењето (од друга страна). Минатото
на ликовите (т. е. нивниот живот што според дејството не влегува во сегаш-
носта на дејството и раскажувањето) се јавува како благослов или проклетс-
тво - постојано присутно (насекаде околу нас) било во форма на сеќавање
или на материјален предмет со семиотичка димензија (не само украс) прису-
тен за да пренесе порака - уште една специфика кај мене.


Згуснатоста на дејството во романите доведува да се почувствуваме
„наелектризирани“, за потоа да дојде катарза. Овој ритам на раскажување го
доближува читателот до хибрис и тисис - што се основа на античките траге-
дии. Точно дека ликовите страдаат, арно ама не се жртва на самите себе, туку
заради Космичката Дике (Вселенска правда) - штом некој хибрист ќе ја нару-
ши рамнотежата Дике се враќа во предвидениот тек, а хибристот трпи казна
(тисис).


„Без дидактички морализам, а чувствителен кон моралната проблема-
тика, најавена уште во творбите за деца и млади, попрецизно во сказните, за-
што сказната е основна творба на авторот, во тој поглед особено се експони-
ра во својата литература пишувана за возрасни. Она што е карактеристично




94


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


во обемната прозна продукција, главно манифестирана преку романескниот
жанр, е тематската и амбиентална роднокрајна поврзаност со Битола. Роден
битолчанец, суптилно и минуциозно, успева да ги дофати и уметнички увер-
ливо да ги предаде битните психолошки црти на граѓанинот од „најградски-
от град“ или градот на клавирите
во Македонија кои профилираа
низ неговата пребогата со драма-
тични настани историја - во за-
писот вели Панде Манојлов, а јас
велам ми открил уште една спе-
цифика во моето творештво кое
е предмет на оваа тркалезна ма-
са. Сигурен сум дека историјата
во моите дела не е предадена ка-
ко хронологија на историски на-
стани и личности, туку таа ком-
плицирано се содржи во моите
романи, еднаш како што реков
тоа е превртена нараквица, се чита меѓу редови, се манифестира како мента-
литет на личности од современиот градски живот на битолчани, оформени
како полнокрвни литературни ликови. Како такви, небаре креација на авто-
ровата имагинација, тие се и тогаш кога во нив можат да се идентификуваат
и конкретни личности од „најградскиот град“, ама уште повеќе кај дојденци-
те, во многу случаи предадени со „име и презиме“ - кое е смела специфика во
творештвото.


Накратко уште неколку специфики за ликовите што творештвото го
прават различно од другите, како што вели Владимир Костов. Исклучиво во
романите чекорам со вистината напред, кај главните ликови лага нема. Ин-
тересно е дека во сите романи, на крајот, ликовите ги собирам на едно место,
било останале живи или пак мртви. Некои средба оствариле во рајот, во ка-
феана, во фасцинантната градба на Патлата, еден од главните ликови во ро-
манот „Зеа маус“ па дури и низ светонеделските гробишта. Жените - главни
ликови, во творештвото се убавици, а мажите силни и мускулести, ликови
кои располагаат со смелост и силни боксови, кои така ги решаваат неправди-
те кои кај нас изобилуваат. Имињата, особено прекарите на ликовите содр-
жат длабока веристичка семантика. Во романот „Верушка“ на пример, пос-
тои силна семантичка асоцијација помеѓу човекот и неговото име или пре-




95


Втора Роднокрајна средба…


кар која што одлично функционира и има своја достојна задача и влијание
врз дејството, специфика за овој вид романи.


Ако ова сам сум го помислил или сум слушнал збор - два од моите
пријатели и читатели кои ми се верни барем до толку да ми бидат и крити-
чари (пред сè мислам на мојот омилен писател Костов), сепак ми недостига
уште една алка во синџирот која цврсто би ме приземјила. Тоа се луѓето кои
професионално се занимаваат со анализа на пишаниот збор и „умеат“ да ви-
дат повеќе отколку што обичниот читател може да почувствува. За нив мое-
то творештво мислам дека ќе биде новитет, ќе се збркаат, мојата литература
не ќе можат да ја дефинираат, зашто не спаѓа во ниту еден правец, излегува
непознат во литературата. Единствено може да се рече дека мојата проза мо-
же да се сврсти во еден нов романтизам, нео романтизам, како што во една
прилика писателот Костов зел да вели. Критичарите и читателите излегува-
ат збунети, зашто стилот, експресијата е завиткана во уметност, ама досега
невидена уметност, за многумина непозната. Колку и да се трудев да ја свр-
стам во некој правец на новите современи романи, не ми успева. Моите ро-
мани ако беа објавени во некоја од големите, богатите земји, правецот ако не
можеа да ѝ го откријат ќе патентираа нов, впрочем ако ги имаше десет ќе го
пронајдеа единаесеттиот. Значи за критичарите излегува еден новитет, ако
се чесни спрема мене не ќе можат да ми го најдат крајот, зашто се работи за
една посебност, особено во стилот, јазикот. Што се однесува до содржина-
та ќе се најдат исплашени, ќе се накострешат што сум зел да се пресмету-
вам со силници, моќници. Според ова излегува дека јавно тешко е да бидам
признат, арно ама јас не очекувам признанија и награди. Критичарот, уверен
имам излезено дека во себе, сакал или не ќе ми оддаде признание, ама во се-
бе, арно ама јавно да се произнесат ги зафатило страв, излегле додворувачи
на режимот. Сепак јас не се разочарувам, продолжувам, со вистината напред
да пишувам уште повеќе. Овде ќе се послужам со еден пример од српската
поезија. Поетот Сарајлија имаше излезено среде Белград крунисан за кнез на
поезијата, такви ги има и кај нас, дури и во Битола, и што се случи? Едно вре-
ме се јави критичарот Скерлич и работите ги постави на свое место. Скерлич
не работеше по баби и стриковци, не по син за татко, татко за син, тој дела-
та ги ценеше исклучиво по квалитет, и повторно што се случи: Сарајлија го
симна од височините, од облаците каде што имаше земено да лебди, го симна
на земјата, дури и во најцрната кал, а Змај го вивна во височините. Дали тоа
ме измачува да мислам дека такво нешто се случува и во нашата кутра, нама-




96


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


чена држава, дури и во Битола. Или ме радува што во ваквите збиранија ќе
видам искра која ќе ја потпали засега пропаднатата надеж?


Gorgi Prchkov


WRITER ABOUT THE SPECIFICS IN HIS LITERARY WORK


If a writer wants to write prose for adults first he must read the work of Erih
Fromm, „Anatomy of the human destructivity“. So, why I recommend this work,
is for a simple reason, From gives us his characters in their possible and impossible
distortions, in fact, he introduces them as they are without hyperbolizing. Analyzing
these characters the prose writer comes to a conclusion of what kind is the man.
The character could be represented so destructive that one finds its character traits
to be impossible. The characters being real with their distortions, now seem from
possible became impossible, and vice versa. This specific in my literary work is a
rare example in the Macedonian literature that I meet in the works of my favourite
author, the respected writer Vladimir Kostov. The specific in my literary work is
Frommian. .. Analyzing the specifics in my literary work I would like to mention
the sincere and honest way of narration lead by the truth as a first step. I am
extremely rude, I do not spare anyone, I do not spare main characters if they do
something wrong in life, if they are evil, I do not spare neither my friends, relatives,
no matter whether very near and dear to me.




97


Втора Роднокрајна средба…


Проф. д-р Вера Стојчевска - Антиќ


КОН ПАТОПИСНАТА ЛИТЕРАТУРА


Минатата година излезе
мојата шеста книга патописи. Во
случајов сакам да ги појаснам мо-
ите побуди за авторството на ис-
тите. Главната причина да се осв-
рнам кон патописите беше мојата
идеја да останат забележани сите
научни средби на македонистика
во светот, бидејќи по многу годи-
ни извештаите за нив стануваат
беспредметни, зашто нема да се
најдат во ниту една библиотека.
И така започна мојот патопис, а
познато е дека во нашата литера-


тура овој книжевен род не е негуван. Притоа, за да не бидат тоа само изве-
штаи од науката, интересни за одреден број консуматори, јас во нив ги вмет-
нувам и интересните средби со разновидни личности, настани. Во секој сл-
чај, во нив доминираат три дела: научните средби во светот, интервјуа со зна-
чајни слависти - македонисти од целиот свет, а третиот дел, мислам, најинте-
ресно за читателите, се кратки реалистични цртици поврзани со времепло-
вот на патописот од минатото и сегашноста. Интересно се дека овај дел најм-
ногу ги привлекува љубопитниците. Тие сфатиле дека една случајна средба
со еден човек ги проширува нашите хоризонти, ја обогатува нашата личност,
и ние се збогатуваме незнаејќи свесно за тоа. Еден ваков пример, случајно
избран меѓу повеќето, само ќе го илустрира тоа богатство.


Стариот прозорец
До самиот прозорец од мојата работна соба е сместена уметничка ама-


терска фотографија „Стариот прозорец“, експонат во димензии 30x22 см, на-
правена од Никола Кујунџиски. Фотографијата ми е дар од случајниот поз-
најник, господинот Никола Кујунџиски, правник по професија, а вљубеник
во аматерската уметничка фотографија. Случајната средба изгради еден мој




98


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


нов контакт. Професорот Конески ми беше закажал средба околу одредени
службени активности во МАНУ. Обично разговорите и подготовките ги вр-
шевме во бифето на Академијата. Тој ден, само што пристигнав во определе-
ното време, Професорот ме замоли да имам трпение , да направиме една па-
уза, во времето кога ќе се појави неговиот стар пријател од Куманово - Ни-
кола Кујунџиски. Професорот беше секогаш точен, исполнителен, со осет за
времето на луѓето, и во случајов, ми објасни дека состанокот бил индирек-
тно закажан и немал можности да го презакаже. По една недела од нашата
случајна средба ми пристигна необичниот дар, фотографијата „Стариот про-
зорец“, која ја ставив во мојата работна соба. Брзо се вклопи меѓу бројните
сувенири на дрвена позадина. Моето око и моето внимание се прилепуваат
врз и во фотографијата. Првиот впечаток на напуштеност и осама, одамна
поминал. Постепено се фаќав како навлегувам во во внатрешноста зад про-
зорецот. Се доближував до женско лице, застоено зад стаклото, со втренчен
поглед кон светот од надвор. А каков ли бил тој свет? Едно лесно невидливо,
незабележливо, едно женско суштество лебди над боите, во свежината над
росата, или во мирисот на зајдисонцето? Или времето, тоа времето, бавно и
одмерено отчукувало од стариот дрвен часовник, заради што женската си-
луета се исклучувала од него, со навидум бегство во непознатиот простор и
убавина, за да се врати повторно зад решетките, како да не се капела во дар-
бите на денот и светлината. И затоа, замислена честопати можеби не осозна-
вала колкав е просторот зад прозорецот, пред него, колку бескрајно е време-
то, што лажно часовникот како да го одмерува, или разграничува?!


И така, постепено, решетката исчезнуваше од мојата претстава ка-
ко граница во ист простор, зашто духот одвнатре, а имаше многу духови, ги
совладуваше и ѝ ги уништуваше физичките граници. Колкаво внимание и
однос покажал кон мене „одвај познатиот“ господин Кујунџиски! Прво ми го
подари бескрајниот прозорец, кој е, и не е прозорец веќе, туку некаков сѕм-
бол кој исчезнува и се враќа. Потоа уследи честитката-фотографија со при-
казните за неповторливоста на природата, каменот и водата. И постепено ја
сфаќам самостојно во мислите врската меѓу Конески и Кујунџиски. Се бара-
ат сличните водотечини. Се присетувам на стиховите од песната на Блаже
Конески, „Послание“ „... ние сеи одиме, а земјата останува.“ Во тој спој со ве-
личието на природата и понирањето во животот, но во оној обичниот, кој ни
е надофат на раката, на отсјај од окото, се открива бескрајот на убавината.


Исто така, господинот Кујунџиски се присетуваше на последната
средба со Блаже Конески, во куманово, на 9-ти ноември 1993 година, само




99


Втора Роднокрајна средба…


еден месец пред часот на смртта. Блаже Конески пристигнал во Куманово
на литературната вечер што во негова чест ја приредил Домот на култура-
та. Таа пријатна средба Кујунџиски ја опиша во кумановскиот дневен лист
„Наш весник“ (25 ноември 1994). Тој беше често наш гостин, како во култур-


ни, научни и литературни наста-
пи и средби, исто така, и заради
пожелни и пријатни средби со
наши луѓе, и тоа не само со луѓе
од културата туку и со „обични
луѓе“. Доаѓаше заедно со своите
пријатели на „еден час разонода“,
зашто Куманово и кумановци му
беа блиски, како луѓе со ведар
дух и луѓе склони на хумор и ше-
га, својства кои и самиот ги посе-
дуваше и „заразно ги сееше“. Та-
ка, за некој час се оддалечуваше
од „разумното сивило“ на секојд-


невието, што ќе го искаже во својата песна „Улавштини“... „ Во салата влезе
видно расположен, насмеан, и со дигнат бастун ги поздрави „присутните со
зборовите: „Драги мои кумановци - здраво“. А сите ние со аплауз му отпозд-
равивме.


Ми раскажуваше Кујунџиски за литературната средба на Конески,
кој на крајот му се приближил на пријателот и го замолил да го одведе на не-
говата изложбан а фотографии. На 10 ноември Конески ми раскажуваше за
пријатните часови поминати во Куманово. За сопствената вечер само кусо
проговори, а акцентот во разговорот го постави врз изложбата на Никола.
Се сеќавам, истакна: „Вредеше да се оди до Куманово за таа изложба!“ Ни-
кола ми раскажуваше за свежината на насмевката упатена до кумановците,
за духот на пријателот кој лебдел во салата, добредојден секогаш во градот.
Последна останува меѓу хартиите статијата на Никола во кумановскиот вес-
ник, со фотографијата на Конески. Под неа читам: „Конески снимен во ок-
томври 1987 година од госпоѓата Милка Хамза Блаќанин од Загреб, негова
пријателска од студентските денови“. Една од најимпресивните фотографии
на Конески е сигурно оваа. А Никола не случајно ја претставил. Од неа вид-
ливо пленува нечујниот, а сепак ѕвонлив смев, или Конески е токму таков,
каков што го диоживуваа кумановци, или токму онаков, каков што Конески




100


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


се чувствуваше меѓу нив. Разговорите на Конески за драгите сопатници, со-
ученици, колеги како да навираат од фотосот на весникот. Чинам како Ко-
нески одамна да го открил и распознал стариот прозорец. А врската на си-
те споменати, именувани и неименувани пријатели со прозорецот ја откри и
придвижи прекрасниот фотограф ... Тој на 29 ноември 1994 година приреди
ретроспективна изложба, на фотографии „Променада“, во спомен на прија-
телот Блаже Конески.


D-r Vera Stojchevska - Antic


ABOUT THE TRAVELS LITERATURE


Last year was published my sixth book on travels. In this case I would like
to give an explanation of my urge to write them. My only reason to write them was
my idea to put on paper in order not to be forgotten all the scientific meetings on
the Macedonian language in the world, because with the years they pass as if they
had never existed, since the documents are not held in the libraries. Besides being
only reports on the science, I introduce many interesting personal meetings with
known scientists as well as interesting events. In all my travels dominate three main
parts: the scientific meetings in the world, interviews with many known Slavists -
Macedonists from all over the world, and the third and the most interesting part
for the readers, are the short real parallels between the past and the present. One
accidental meeting with someone broadens our horizons, enriches our personality
without being aware of it. Every example in my travels is just an illustration of this
nonmaterial wealth.




101


Втора Роднокрајна средба…


Јозо Т. Бошковски


ИЗБОРОТ НА ТЕМАТА Е ИЗБОРОТ НА ПАТОТ


Беше тоа на крајот од септември, во 1949
година, кога опснежи првиот снег и снежно за-
белеаја ридовите околу моето родно село Ос-
трилци, кај Крушево, под Илинденското бо-
иште „Мечкин Камен“, каде што врви Новиот
пат Крушево - Битола, - кога тргнав на учење
во овдешната Учителска школа „Браќа Мила-
диновци“.


По 12 саати патување со коњска кола
„четворка“, - вечерта, кај 7 часот стигнавме на
влезот во Битола, од страната на Демир Хисар
... и на влезот во Градот, се случи, за мене едно
необично изненадување: На широката раскрс-
ница, - одненадеж ме облеа некаква голема, за
мене непозната светлина од Улична ламба, од
што бев стресно изненаден. .. (Интересно е тоа
што таа изненадна светлина, често пати и не-
очекувано, се повторува во мојот човечки век).
За кратко време се прилагодив на интернатски-


от живот и на животот во градот, - на Вечерното корзо на Широк Сокак, ка-
де се појавував, облечен во последната мода, според обичајот на животот во
Градот на конзулите...


Произлегувам од Семејна лоза со долга традиција на народни раска-
жувачи, - меѓу кои Приказничарот Бошко Јонов и син му Томе... И ние од
Осмата генерација сукцесори: Јозо, Петар, Бранко и Божидар, кои се афир-
мираме како писатели со пошироки интересирања: Јас, се однесувам како
Полихистор (под I)...


Почнав со суптилна лирика, зимата, во 1947 година ... Потоа се зафа-
тив со рефлексивна и со драмска поезија, со проза, есеистика и ликовна кри-
тика и со философија ... Како човек, кој произлегува од македонската народ-
на традиција : изворно го знам македонскиот јазик со сите стари - норматив-
ни форми на зборовите од богатата македонска лексика и народни идиоми,




102


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


кои се подзаборавени и се прераскажуваат, или се отуѓени или се отуѓуваат
... Уште во детството учествував во народниот карневализам од обреди и ри-
туали и во реалниот живот на луѓето и во земјоделското производство и во
сточарството ...


Ја доживеав и ја преживеав Втората светска војна, во која учествував
како дете курир.... Играв Јонче во една партизанска пиеса и над 10-годишна
возраст - одржав говор за успесите на нашите партизани - пред насобраниот
народ во Училиштето во Острилци - на неслободна територија - пролетта во
1944 година.


Како учесник во Учителската школа, во Битола, сериозно се зафатив со
организирање на литературната активност и со пишување на Македонската
трагедија, - (фантасмагорија - стихијопеја, по примерот на Горски венец од
Његош, која ја завршив дури во Скопје, во 1956 година, кога ја објавив како
издание на авторот, бидејќи во тоа време беше тешко да се протнат такви
творби на државна врата. ... Тоа беше првиот мој успех во совладување на го-
лемите форми, со кои се занимавам во целиот мој опус...


Промотор на „Вечниот оган на философијата“, проф. д-р Ферид Мухиќ,
26 септември 2007 година




103


Втора Роднокрајна средба…


Во Скопје ги проширив своите интересирања и за Мајаковски, Бодлер
и Рембо и сите познати модернисти од светската литература. .. Како заљубе-
ник во поезијата, - напишав повеќе збирки песни, кои беа добро прифатени...
Блаже Конески, смело објави и еден текст за Македонската трагедија. Се-
пак, преќутно бев третиран како дисидент. ...


Моите домашни успеси, беа и сè уште се замаглени – по инерција..., ка-
де ја добив и Првата Европска награда за поезија, во 1980 година, на Анони-
мен Конкурс на Европската Академија за литература, наука и умретност, со
централно седиште во Неапол, Италија – под покровителство на Европската
заедница.


Ќе ги наведам позначајните наслови на МОЈОТ ВЕРЗУМ: ситуиран во
моите дела и тематските валери - валенции - илуминации, - од насетената
нова ренесанса: „Бој со гадурија“, (1963); „Активен поет - Говорник“, (1966);


„Македонска трагедија“ - (фантасмагорија) - Стихијопеја, чии две дела
беа објавени во првата книга: „Бој со гадурија“, К. Рацин, Скопје, 1963 годи-
на, (Интегралниот текст беше објавен во 1966 година, а во 1987 година, изда-
вачката куќа „Наша книга“, во Скопје, објави дополнително издание; „Цвето-
вина“, песни и цртежи (1969); „Мудроста на сонцето ЗНАЈА и крајните кон-
секвенции, песни, цртежи и есеи, (1976); Чудотворниот конец на убавината“
- (Материјали од областа на материјалната култура на македонскиот народ(,
објавувани повеќе пати низ продолженија низ печатот на Радиото и Телеви-
зијата; Il fume eterno“ (Вечна река) - наградените песни со Првата европска
награда за поезија, во 1980 година, Неапол, Италија, Специјално издание на
македонски и на италијански јазик, Скопје, 1980 (Каталогизрано во Европ-
слата академија); „Деца и цвеќиња и ѕвезди“ - песни за деца и цртежи (1981);
Longing for the South (Т‘га за југ) - Антологија на современата македонска по-
езија, заедно со индискиот поет Ситакант Махапатра, во два тома: на анг-
лиски јазик, во Њу Делхи (1981) и на јазикот орииа, во државата Ориса (Кни-
гата беше промовирана од Министерот за надворешни работи на Индија На-
расима Рао, во музејот Џавахарлал Нехру, во Њу Делхи); Избор песни „Ос-
ветлен човек“, Култура, Скопје, Скопје, (1984); Избор на песни „Poesia nera“
(Црна поезија), Ital - jug, Рим (1984); Избор песни „Сетва свемира“ (Сетва
на вселената) Гардош Земун и Cross Cultural Communications, Њујорк, (1989);
Есеите НОВ СВЕТ (1990); Автомонографијата УМИШТЕ - ГЛАВА НА ВСЕ-
ЛЕНАТА, издание на Европската академија за литература, наука и уметност,
(Accademia d‘ Europa) (1990); „Big bang“ - песни и есеи и „Лек против смрт-
та“ - песни и есеи, Нов Свет, Скопје, 1992 година; Книги раскази: „Скопска-




104


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


та овца“, (1997) „Откопување на историјата: Атлантида вистинската и Маке-
донија - Високоцветна Македонија, (1998), за која добив поздрави и најубави
желби од Кралот на Шпанија Хуан Карлос I, Кралицата на Данска Маргарета
II, од Претседателот наАмерика Бил Клинтон, Од Претседателот на Франција
Жак Ширак и од Конгресната библиотека во Вашингтон, од Руската држав-
на библиотека во Москва, Англиската библиотека во Лондон, и од Библиоте-
ката на Словенија, Србија и Бугарија); „Умонаут“ - песни и есеи (1998); „Три-
умф на материјата“, (2000) Избори и преводи: „Толстој за децата, Толстој со
децата“ (1966) (Тираж од 10.000 примероци); „Цртици и повести“ од Иван
Цанкар (1967 и 1970); „Игра ли то срце јунаково“ (Избор јуначки народни
песни); „Песни од Бранко Момировски, (Посмртно издание на Бранковата
оставштина - песни и хуморески) (2000/2001); Најновите книги: „Приказ-
ничарот Бошко од Острилци“, „Нејасни сили“ и „Уметноста е вечна сфин-
га“ (2002); „Панта реи“ - песни и есеи, (2003); „Орфеј“ - песни и есеи (2004);
„Мојот евангелиум - Идни спомени: Стрелата на времето - Новата слика на
светот - Историја на иднината (филокалиа и евристика) (2006) и „Вечниот
оган на философијата: Актуелизирана историја на философијата (Пред Сок-
рат) - Најнова хрестоматија (Documentum veritatem) (2006).


Во 1998 година, успеав да ги посочам искривувањата на Светската ис-
торија - од најстари времиња - до сега, и ги исправив и објавив во моите кни-
ги и посебно во книгата: „Откопување на историјата - Атлантида вистинс-
ката и Македонија „Високоцветна Македонија“ за која е подготвено и второ
- дополнето издание. Во „Вечниот оган на философијата“, се зафатив со про-
учување на историјата на философијата, каде што, исто така пронајдов тем-
порални пропусти, за кои предложив соодветни исправки – како „Актуели-
зирана историја на философијата (пред Сократ)“, - што претставува Најно-
ва хрестоматија од оваа област. Промотор на ова мое дело беше професорот
Ферид Мухиќ (промоцијата се одржа после доставувањето на овој текст).


Иако ми беа прилепувани квалитети на скромност, - скромноста во
творештвото, не е мое убедување, ниту моја особина: мојата литература не е
заинтересирана за скромноста, која претставува непотребен реквизит и не-
ма никакво значење во нашава работа...


Јас се раководам од моите нејасни сили, кои ме водат по непознати вр-
вици – низ непознати и неизодени предели:


1. Триумф на материјата
2. Големата експлозија (Big Bang)
3. Изедначување на верзумот со универзумот




105


Втора Роднокрајна средба…


4. Осветлениот човек
5. Внатрешната обоеност на човекот
6. Развојаната стварност
7. Уметноста е вечна сфинга
8. Умонаут
9. Темпонаут
10. Производство на време и свест
11. Недијалектичко време
12. Плазмофизика - Плазмопоезија - Плазмопоетика
13. Поезија со висока резолуција
14. Верзумот
15. Метеорски дождови
16. Рев на празнината
17. Пирамидуиум
18. Насмеано сонце
19. Дека Вистинскиот Бог е човекот
20. Човекот е глава на универзумот
21. Нов свет
22. Вистинскиот рај го изградуваме ние луѓето
23. Метајазик: Алетиологија - Дианопоезија - Диано (по) етика
24. Императорот на злото (Поетска драма)
25. Високоцветна Македонија
26. Мудростите на Сонцето
27. Чудотворниот конец на убавината
28. Митологија - Митологика
29. Лек против смртта
30. Македонска трагедија
31. Умиште - Автомонографија
32. Јозоизам - Правец во литературата
33. Нервоизам - Правец во ликовната уметност




106


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Jozo T. Boshkovski


THE CHOICE OF THE THEME IS THE CHOICE OF THE WAY


I come from a family with an origin of long literary tradition as folk
narrators. I behave as a Polihistor. I started writing subtle lyrics, in the winter 1947.
Then I found myself in the reflexive and drama poetry, prose, esthetics, literary
and fine art criticism, as well as with philosophy. As a student of the School for
Teachers in Bitola, I got seriously engaged in organizing literary activities among
which was my writing the „Macedonian Tragedy“, (phantasmagoria - epic poems,
following the example of Njegosh‘s „Forest Wreath“, I finished in 1956, in Skopje, as
an author publication, because in those times it was very difficult to publish text on
governmental door. ..It was my first success in overcoming the literary challenge.
My successes were and still are dimmed = under inertia, but my literary work
achived the highest literary peak of Europe, where I got my first European reward
for poetry, in 1980, on an anonymous Competition of the European Academy
for Literature, Science and Art, with the central seat in Neapol, Italy = under the
patronage of the European Union.




107


Втора Роднокрајна средба…


Добре Тодоровски


ИЗВОРНИОТ ГОВОР ВО ЛИТЕРАТУРАТА


Во мноштвото обработени
теми, во зависност од времето во
кое живее и твори, секој автор
во неговите дела остава трага на
препознатливост, како и начинот
на опишување или опејување на
тематската содржина.


Можноста да се најде меѓу-
простор каде што авторот ќе се
најде себе си е онолку поголема
или помала, во зависност од ин-
тересот за темата, како и тоа кол-
ку и во кој обем истата е обрабо-
тувана. Овде, пред сè, мислам на


обработка на теми од нашето поднебје: теми со миграционо-печалбарска те-
матика, љубовна, трагедии, историски, легенди, преданија и др. И сето тоа
во рамките на еден одреден простор, или искажување на паралелен приказ
на настаните кои се одвиваат во книгата, во зависност од местото каде се на-
оѓаат стожерните ликови (во мојата литература тоа најдобро може да се за-
бележи во отсликување на ликовите и дејствијата во романите „Сивилото на
одот“ и, „Над тагата“).


Уште во самиот почеток од моето прозно творештво, чувствував пот-
реба од запишување на настани во кои главниот јунак ќе биде обичниот чо-
век, со сите негови фолклорни карактеристики, како начин со кој ќе го одбе-
лежат како посебност, различен по мислата и сваќањето на животниот пат
од другите околу него.


Секој автор има свој начин и пристап кон творештвото. Што се однесу-
ва до специфичноста на моето творештво, повеќе од упадливо е користењето
на дијалектот на Битолско-демирхисарскиот говор, повеќе вториот и упот-
ребата на изрази при секојдневната комуникација помеѓу луѓето, тематски
врзани за ограничен простор и време, обидувајќи се на тој начин да изгра-
дам сопствен стил на изразување и препознатливост.




108


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Од друга страна, пак, со користење на дијалектот во дијалозите на ли-
ковите, некаде повеќе, во некои дела помалку, се обидувам тоа да го наречам
како благо и тврдо користење на дијалектната форма на говорот, со можност
да се вршат помали интервенции на авторот, но без никакви дотерувања или
искривувања во фабуларното де-
јство. Овде пред сè мислам на
неговата ,,сочност“ при изразу-
вањето, без кратенки, иниција-
ли и скриени знаци, уверен дека
било која обработена литератур-
на творба ќе ја зачува својата из-
ворна форма и ќе го отслика вер-
ниот приказ.


Само така, низ таквите ка-
жувања ќе се насети човековата
животна борба, во рамките на
неговите можности во дадените
историските прилики, за опстој-
бата на овие простори. Токму за-
тоа на ликот сакам да му ја дадам природната димензија, каде ќе може да си
ја отвори душата, при што се изразува неговата наративна дарба во устната
раскажувачка, впечатлива по говорот и начинот на искажување. Со други
зборови, во таа слободна нарација, низ неговата вистинска исповедност, мо-
же најубаво да се почуствува револтот, маката и тагата по веќе заминатото,
да се прикажат судбините и трагедиите, но и она малку среќа што некогаш ќе
го засегне, како и силно да се почувствува и почитта кон сопствениот корен
и земјата што толку ја сака, вткаена во човечноста и мудроста, снаодливоста
и итроста која ја поседува човекот на овие простори.


Овде би сакал како посебност да ја издвојам и подвлечам наративната
моќ за искажување на хуморот и сатирата, својствени за нашеве простори.


Тоа ми дава поттик за натамошни пребараувања, на теренот на битол-
скиот и демирхисарскиот простор, по неоткриени, незабележани раскази,
судбински врзани за човекот.


Познато ми е дека повеќето автори, особено прозаисти, никогаш не се
задоволуваат со крајниот резултат на книгата. При секое навраќање на рако-
писот, секогаш се можни корекции, додавања и одземање на дел од текстот,
јазични и интерпункциски исправки, па дури и кога материјалот е финали-




109


Втора Роднокрајна средба…


зиран во книга. И сега, кога се навраќам на моите книги, вршам забелешки и
исправки на некои зборови, реченици па дури и на цели пасуси, за во случај
истата да биде препечатувана, тие забелешки да се внесат. И тогаш, може да
се најде нешто за корекција.


При собирањето на материјалот за нова книга, а како се работи за од-
реден простор, не ретко ќе се најдам на местото и ќе сретнам некои од лико-
вите од претходната книга. Во неодминливите дијалози за книгата ќе се от-
крие уште по некој настан врзан за ликот, просторот или времето за кое веќе
е пишувано, а што би требало да биде забележано. Но, неговото забележу-
вање отвора можност за збогатување на материјалот, на еден одреден начин
и прелевање на дел од настанот или ликот во друг разказ или роман.


Друга карактеристичност во моето творештво е и тоа што повеќето од
делата се базираат врз вистински настани, врзани за ,,жив јазик“, односно
директно кажување во сегашно или минато време. Директниот контакт со
ликовите или користење на очевидци, секако на теренот за кој се зборува во
делото, ми овозможува внесеност во самиот настан, може да се почувствува
дејствието, да се видат и верно да се опишат предметите, па во одредени мо-
менти низ кажувањата дури и да се побудат емоции.


Оттаму, кога е во прашање нова книга, инспирацијата за мене е најпри-
сутна и наидува токму тука, на извориштето на настаните. При тоа секогаш
настојувам приказите да ги забележам автентично, со исклучок на некои рас-
кази кои ја третираат легендата или измислени раскази. Колку да се тоа тра-
гични кажувања, иако се однесуваат за мојот народ, моја рода по крв, луѓето
од моето поднебје, од непосредното опкружување, познати и непознати. Ин-
тересно е тоа што, при раскажување на случките, секаде каде е тоа можно, се
вклучува неодминливиот хумор и сатира, како лек на рана, како да е вклопен
во делот од секојдневната живеачка, па колку и да било тешко по човека.


Бележити се одредени фолклорни навики или обичаи, пренесувани од
колено на колено и цврсто поврзани со ликот или дејствието, кои исто така
се пренесени во изворна форма, за кои сметам дека, заедно со литературата
која ја проучува фолклористиката, ќе се оттргнат од заборавот, ќе се зачува
коренот на зборот, и како што погоре нагласив, ќе се даде посебност на жи-
веачката на овие простори.


Според мое мислење, тука писателите се најповикани и тие со свои-
те записи ќе ја завештуваат вистината и ќе го зачува нашиот збор, за да не
му се заметне трагот, или да биде извитоперен во употребата на туѓи јазици,




110


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


в прочем и како што се случувало . Овде мислам на користењето на изворни-
от говор и помалку употребувани македонски зборови.


Во едно свое кажување, Петре М.Андреевски еден од великаните на
македонската литература, ќе забележи: ,,Загубата на еден збор е многу по-
тажна од загубата на еден човечки живот, зашто зборот опслужувал еден цел
народ и тоа многу подолго од сите наши животи и зашто во неговото зна-
чење се среќавале сите луѓе на тој народ“.


Во принцип не сум шкрт на зборовите, но темата, барем кога се одне-
сува до моето творештво, има подоста допирни точки со обработуваната те-
ма на првата роднокрајна средба, под наслов ,,Потпора на коренот“. Па затоа,
нека не ми биде забележено, ако во некои делови се сретнат сличноси со мо-
ето излагање од првата средба на роднокрајни автори.


Dobre Todorovski


THE AUTHENTIC SPEECH IN LITERATURE


The most of the themes dealt with, is in dependence of time in which an
author lives and works. Every author lives a self recognizable track, as well as of
the way of describing and extolling of the thematic content. From the beginning
of my prose literary work, I felt an inevitavble need to write down events in which
the main character is the ordinary man, with all his folk characteristics as an
outstanding and unique way, different in thought and understanding, from the
life of the others around him. Here, I would like to extract as a specific, to choose
and underline, my narrative power for expressing the sense of humor and satire
typical for these regions. This gives me an inspiration for further research on the
Bitola and Demir Hisar Region undiscovered, not yet written down stories that are
crucially related to man.




111


Втора Роднокрајна средба…


Петко Шипинкаровски


РОДНОКРАЈНИТЕ МЕЃИ, РАСПАТИЈА, ГРАНИЦИ, ОГНИШТА, МОЈА
ИНСПИРАЦИЈА


Детските мигови приковани во меморијата
на писателот, битијата ткаени низ лединините и ле-
дени патишта, уката и надградбата, сè е нишка во-
дилка - инспирација во сезнајното градиво и градба
на фабулата за откоп од растоката кон изворот и на-
појот - моќ за заезерување на спомените, аманетите,
семејните пораки, обичаите, традициите навиките...
Не така ретко, роднокрајното огниште на семејниот
спотнат оган, на меѓинците и поседот и незаборав-


ните дружби, згоди-незгподи, веселите мигови, тагата и тажачките се вртат
како сенки во зајднината до изгрејзората - и пев низ лириката,


„Не екнува камбаната од вечниот божји храм,
се витосала, пискотници на новороденчиња
одамна занемеле
и невестинскиот венец од бршлен свенал.
Само помен со ехо од камбана за редок закоп
со мирис на темјан лелекнува жално.


Стари клопотарци, ѕвонци по мутли се топат.
Ги снема белите стада по чукарите,
на синорот селски. Со лавежот песот
со остри заби папсал во пустината,
со задоцнето кукурику: ранобудни петли
осамено пејат во пукнатините
на мугрите и зазорот на денот.“


(„Седело на орлица“/ , „Седело на орлица“, поезија,
Струга, 2006/ авторско издание.



Откорнувањето на семејната и роднокрајна лоза здремено по тланици-


те ко нема стража во тркалото на пустелијата, невратот и непреболот кај пи-




112


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


сателот побудува искра секнаница за распукување на здреманите ѕидишта и
накана за ‘ртежина и одново вдомување:


„Чекаш,
чекаш навалица на дрво,
што граби од исток во запустено село
и во разурнати маала на царштината пуста.


Но искрат искри од таткови потомци
со здив на топлина врз родната грутка,
ти даваат свежина, душа,
ги сушат корените на горидрвото“


(Татковата куќа) Седело на орлица, поезија,
Струга, 2006/ авторско издание.


– Знам бе Петре, знам! - му одговори Стево. - Знам дека ко бил овде,
во Градешница, пред да го отепаа бил кај Босеата со дестина во дружината.
Раздумале! - продолжи Стево. - Раздумале дека има и во наште мариовци по-
сестрими и побратими со Турците, туку Толе и за ни’ има лек - рекол! Нивата
треба да се чисте од куколо. И во стадото на кривоглавото шилеџе треба да
му се скршат рокчињата и да се турлоса во мело, рекол тој. Ете тоа им треба
и на виа наште кодоши-предавници шо ни ’а резилат верата наша. И сеа бе
Петре, и сеа има такви, ене ’и туку се мифтарат околу виа, како сукала околу
витки се вртат, бе Петре. Туку...“ „Откорнати души“, роман, „ИРИС“, Стру-
га, 2003.


Навиките, родителските поуки и пораките, обичаите и обредите, ори-
гиналниот мариовски говор, како и други бисери што се користат во насли-
кувањата и монологдијалогот се основната нишка на ткаенината во нижење-
то на нишките на проектот заокружувајќи ја неговата целосна облигација на
ентериерски аранжирана публикација, во жанрот, со припом на македонски-
те страданија, за убавите моменти на животот човечки, за злото, за правич-
носта:


„Стори се ниет ќерко, ми вели во соно татко, стори се ниет и по некој-
пат со Марко скокни до Баница, кај Лерин, на гробо на татко, на татко му не-
гов, на дедо ми, и запали му свеќа ќерко, ми вели, оти знаиш, падна во илја-
дадеветстотини и третата година, на дваесетидеветти мај, во нерамна борба




113


Втора Роднокрајна средба…


со турскио аскер, Марко, ми вели, ги остави коските таму за ’ваа нашта Ма-
кидонија, ќерко! „


(Петра, роман, 2004, Струга, авторско издание).


Исконска е врзалката на спојот, на родителската грижа, и одрастот и
одгојот на челадта, кон пекот за одот и освојувањето на животните висови,
со пораките за еден врат кон кореновите патишта, кон чувањето на сојнина-
та, родата:


„Во едно такво време на корнење на луѓето и на кршење на нивните
млади срца, на прагот од есента, во домот на Петре Калачковски, се мешаа
радоста и тагата. На разделбата, Петре, не можејќи да го скрие јадот, силно го
прегрна својот син и му посака среќа да го следи во животот него и неговото
семејство.


„И чувај се, за да ја чуваш своината, синко! Имај ги крај себе снаата
и внукот, оти ти си им сенка! А, и нас со мајка ти не заборавајте нè, оти
влегуваме во кревки години, старост, болести! По некојпат скокни си дотука,
оти денес сме со мајка ти, утре не! Не ќе сме колку што сме биле! Немој да си
го заборавиш коренот! И ние оттука колку што можеме ќе ви сме од помош.“
(„Црна Љубов“, роман, авторско издание, Струга, 2006.


Никнатицата - проткаено градиво во литературната творба: прозното
творештво, драмата, есејот, поетиката и научната мисла го темелат збирот на
писателсовата литературна севкупнина:


„Никна никнатица,
со фиданки од браќа и сестри,
од семето напаѓано од молци и какол,
некои за мајката велат дека е ќерка.“


(Семиња и времиња/ Седело на орлица, поезија,
Струга, 2006 / авторско издание.


Мошне чудно - чудесно е чувството на слогосложување на плетеница-
та: понекогаш со пенлив пев, понекогаш нараторски, но понекогаш тоа чувс-
тво предизвикува немир... бес во душата на писателот, драма низ испрепле-
теноста во мрежата на творечкиот јунак и неговиот спој на душите: писател-
јунак... Токму тука, во разиграната имагинација на љубовта како чин на емо-
ција и човечноста како збир на правичност до разбеснетите страсти на брана
и одбрана на своето човечко его како индивидуа или пак во таа чудесна иг-




114


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


ра на зборови, жолчноста се истура како порој во одбраната своја и на сета
своја своина:


„Врз мојот врат повторно паѓа неговата рака. Блага топлина ме облеа
по вторпат, милна кога се свртев со погледот кон него. Истиот момент него-
виот здив плисна врз моето лице. Ги почувствував неговите полуотворени
врели усни врз моите веќе ≠ гладни. Опијанети, силно ме стиска вклештена
околу неговите гради и с посилно се распламсува зовриената крв. Околу ме-
не, на хоризонтот, голи гладни ридишта се лулаат жедни за капка дожд. На
моите набабрени темносини усни, модри како трнинки, линееше жежок по-
рој правејќи бразда кон грлото и раскопчаните гради. Се слуша силен глув
татнеж од далечината на градското корзо и се разлева околу нас.“


(„Петра“, роман, 2004, Струга, авторско издание).


…другиот ден ти го начекав тој чорбаџијата Стево под казарницата
Митрева и си му велам:


,,А бре, чиа ливадка сакаш да косиш бре мајчин?“.
И кога ме виде, се препна и ги овргали очите двете четири и го грабнав,


ете така, со едната рака кај затилакот, со другата кај гашникот и сум го кут-
нал како некој угич за стрижење на плеќи и со колената му згазнав на меот и
на грчмалникот го стегнав. Почна да грче и да го бара Госпот, оти само тогаш
тој му треба на тие побратимите турски, а бре на тие бездушниците, та така
и тој Стево, тој бре еба си го мајката, почна да грче подмене како крмнак ко-
га колиш, и му удрив уште по некоја ете така опачички, и некоја клоца по тој
дивиот негов и го пуштив. Тој стана и кога ќе видам бре бале вирче под него
навирило кај што беше легнат сиромашкиот - вирче направил преку бечви-
те од зорт, еба си му спечалот, еба си му!“ „Духот на војводата“, монодрама,
Струга, 2003, „Ирис“.


Ноќните гранични патеки и патишта низ времето одглавувани- гладот
и неспокојот копаа во душите за неизвесните утрешнини кај младиот човек,
за во одредени периоди патиштата да бидат нагазувани, во глубодобите, се
трасираа нови кон далечнините, скок во соседството и отскок во прекуоке-
анските и европските држави... во скандинавијата. Свежи се сеќавањата за
настаните на будењето осамени трла, за пролеаните мајчински солзи и тат-
ковата болка по своето чедо. Подоцна илегалните патишта на државната гра-
ница одново закоравеа, но преселбите и селидбите продолжија со засилено
темпо да длабат по катовите и тланиците, а државната граница со блгослов,
со изим се празнеше татковината, се пустеше македонското село, мариовско-




115


Втора Роднокрајна средба…


то го зафати пајакова преѓа, ‘рѓаат крововите, се уриваа темелите, амбарите
останаа гладни:


„Една под’рѓосана ламарина се одврзала
од навртката и го заиграла танцот
на пустинскиот ветер откорната и зафучена
далеку преку големите ридје и бари.


Порака од амбарот
и амбарите од соседството
што го заиграа орото на зарипнатите гајди,
каде гладот длаби и полека влегува
преку неговите стреи.


Старите ламарини се веат, штиците
гнијат.
Острата песна на лопатата од букова дланка
замира, куќата е глува.
Амбарот остана гладен, потајно умира.“


„Амбарот остана гладден“/ Седело на орлица, поезија,
Струга, 2006/ авторско издание.


Љубовта кон роднокрајната грутка, татковината, семејството и одот
на челадта низ згработ за да се живее, стојноста и опстојот во „модерниот“
танц на „Тешкото“, се желбата на писателот за да се остави отпечаток од тра-
гите во нашето македонско бреме:


„Во просторијата налегна молк. Дејвид и Џорџ збунети ја посматраа
драматичната средба. Андон со последните сили успеа да си ја поврати
стабилноста.


– Да, да, да! – рече тој. –Возможно е! И ти си дојде токму на местото од
Роберт да го пополниш, синко. Роберт, постариот син, ми почина неодамна.
Немал век кутриот наш Роберт! - рече Андон. Него и Дејвид ги крстивме по
желба на Мери. А и Џорџ! - Ѓорѓи, да е наше македонско, да влечи... Но ете!
И тебе Господ сакал - те донесе синко! Од денес ти си член и на ова мое се-
мејство. А, за твојата свадба - ако ми дозволиш да те викам, синко... За твоја-
та свадба со Дана велиш! Пушти им абер на мајка ти, Стојна и на синот мој
првенец, Петар, да дојдат! За престојот овде, мое ми е гајлето, а и после. Го-
дините сè уште ме крепат. И здравјето! Ќе даде Господ ќе се вратам во нашата




116


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Македонија, во Мариово и во селото! Ќе запалам свеќа на коските од моите
стари! Ќе побарам прошка и од нив, ако има место за простување. Се наде-
вам дека ќе ми простите.


- Сето тоа, сета љубов што ја имав кон Стојна, но и љубовта кон Петар,
кон родителите, кон татковината, се стопи! Црна љубов! Ете! Еве го пред мене
сега и Борис. Што сè истрпеле Стојна, Петар... Децата машала, пораснале!
Душата моја е грешна! Грешна душа носам!“


Petko Shipinkarovski


HOMELAND LANDMARKS, BORDERS, FIREPLACES -
MY INSPIRATION


Children‘s moments nailed in the memory of the writer, the beings weaved
through the fields and the ice fields, the study and the progress, everything is a
thread leader - an inspiration of the all knowing building material and structure
of the fabula used for excavation from the squander towards the source and the
watering place - power of laking the remembrances, testaments, family messages,
customs, traditions and practices. It is not very rare, the homeland fire of the family
fire, on the borders of the possession and the unforgotten friendships, good events
- bad events, happy moments, grief and laments are circling as shadows from the
sunset to the sunrise - and the singing in the lyrics,


“It is not the tolling of the bell from the God‘s Temple,
it disappeared, and screaming of newborns
became dumb long ago
and the brides ivy wreath withered.
Only requiem mass with bell‘s echoing for rare funeral
with the smell of incense are wailing with regret.”




117


Втора Роднокрајна средба…






ДОДАТОК
Од отворањето на Изложбата „Битолско книжевно наследство“
на 1 јуни, 2007 година во Културниот информативен центар на
Р. Македонија во Софија, НР Бугарија.




120


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


БИТОЛСКОТО КНИЖЕВНО НАСЛЕДСТВО
(скратен текст)


д-р Златко Жоглев
редовен професор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола


ВОВЕД
Книжевниот завет на битолските предци е гордост за сите жители на


Битола, но и силна обврска за сите интелектуалци од нашиот град, без разли-
ка дали живеат во Битола или надвор од неа.


Едно од најзначајните наследства се библиотеките во Битола и кни-
жевното наследство од Средниот век. Средновековно ракописно наследство
пред се било сместено во Манастирските библиотеки, но и во другите сред-
новековни библиотеки.


Книжевното наследство во Османскиот период во Битола е нераскин-
лив дел од традицијата и културата на Битола.


Посебно е значајно што разни странци, кои поминувале и живееле по-
кусо или подолго во Битола, дале драгоцен придонесот за битолското кни-
жевно наследство. Ова посебно било изразено за автори од 19-тиот и поче-
токот на 20-тиот век во Битола.




121


Втора Роднокрајна средба…


Посебно место во книжевното наследство на Битола има Митрополит-
ската библиотека, која има многу стари ракописи, но и голем број книги од
разни области.


Книжевното творештво во Битола доживеало ренесанса после Втората
светска војна, а посебно после 70-години од 20-тиот век.


Битолското книжевно наследство од аспект на етничката припадност,
заради вкрстувањето на многу култури е многу значајно заради неговата раз-
новидност, а во таа смиса посебно треба да се споменат: Исламското книжев-
но наследство во Битола, Еврејските библиотеки, Руското книжевно наследс-
тво во Битола и Француски книги и книжевно наследство во Битола.


Книжевното наследство во одредени училишта и високошколски ин-
ституции и грижата за истото е многу значајно, па затоа се за поздрав сите
иницијативи за негово, одржување, обновување и афирмација.


Во таа смисла е посебно големо значењето на некои побогати семејства
за битолското книжевно наследство (на пример семејството Робевци и нив-
ната библиотека).


Но, за сето тоа пошироко во некоја друга прилика и по некој друг повод. А
сега нека ни биде дозволено да направиме еден кус преглед на позначајните


МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ДРУШТВО
(порано „Друштво за наука и уметност“ – Битола)


Формирано во далечната 1960 година како Битолско-прилепско на-
учно друштво, па Научно друштво - Битола, преку Друштво за наука и умет-
ност - Битола, па се до Македонско научно друштво - Битола.


Од своето формирање ова друштво имаше многу значајна улога во за-
чувување, афирмирање и развивање на битолското книжевно наследство.
Посебно е значаен придонесот на ова друштво на планот на продуцирање на
стручна - научна и уметничка литература.


Активностите на друштвото се одвиваа преку повеќе одделенија, ка-
ко што се: Одделението за општествени науки и право, Одделение за природ-
но-математички науки, Одделение за применети науки и медицина, Одделе-
ние за технички науки, Одделение за уметност, Одделение за лингвистика и
литературни науки и Одделение за историско-географски науки.


Во досегашниот период се значајни проектите што се реализирани
преку Друштвото, а тие за книжевното наследство се важни бидејќи по за-




122


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


вршувањето на секој проект, најчесто се издавала монографска публикација
или одделен стручен труд.


Исто така друштвото организирало голем број стручни и научни
конференции, семинари, симпозиуми и слично, после чие завршување, по
правило биле објавувани најразлични зборници или други публикации.


Како најзначајни публикации од кои може да се црпат податоци за
работата на Друштвото во оваа прилика ќе ги спомене следните:


- Библиографијата 1960-1990, од Ѓорѓи Димовски - Цолев (1990),
- Монографијата „Друштво за наука и уметност - Битола: 1960-1990“,


од Трајко Огненовски и Ѓорѓи Танковски (1990) и
- Прегледот на докторски и магистерски трудови, објавен во соработ-


ка со МУБ „Климент Охридски“ - Битола (1990).
Во досегашната работа на Друштвото се објавени околу 200 монограф-


ски публикации и книги, а во Прегледот на докторски и магистерски трудо-
ви се наведени имињата на 165 автори.


Накусо, Македонското научно друштво - Битола е една од најзначајните
институции, која се грижела и се грижи за битолското книжевно наследство.


Секако дека НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола, која во соработ-
ка со Културниот информативен центар на Р Македонија, ја организира оваа
изложба, игра огромна улога во популаризацијата и заштитата на битолското
книжевно наследство преку својот Роднокраен оддел, но за тоа повеќе ќе чуете
од директорот и програмскиот координатор на Библиотеката.




123


Втора Роднокрајна средба…


АВТОРИ – СТОЛБОВИ И АФИРМАТОРИ НА БИТОЛСКАТА КНИЖЕВНОСТ


Не случајно овој преглед на автори го започнуваме со дама. Проф.
д-р Вера Стојчевска – Антиќ, е родена на 10 август, 1939 година во Битола.
И покрај долгите години на поминати во Скопје, таа остана голем вљубеник
во својот град во кој што е многу често присутна со свои промоции на кни-
ги. Неодамна битолската Национална установа - Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ Битола изготви посебна „Персонална библиогра-
фија за Вера Стојчевска - Антиќ“. Таа е доктор по филолошки науки и про-
фесор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.


Има објавено огромен број статии, студии и книги, како во Р Македо-
нија, така и во странство. Нејзин централен интерес е средновековното кни-
жевно наследство. Од позначајните книги што ги има објавено, во оваа при-
лика ќе ги спомене:


– Од средновековната книжевност
– Меѓу книжевниот текст и фолклорот
– Свети Клименту
– Време и пат (патописи)
– Локални хагиографии во Македонија
– Култот на Света Богородица и др.
Добитник е на бројни награди и признанија меѓу кои и на престижни-


те „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“ и „11-ти Октомври“.
Како родена битолчанка и вљубеник во својот град, таа има значајно


место во роднокрајниот оддел на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.


Проф. д-р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА АНТИЌ
(1939, Битола – )




124


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


D-r VERA STOJCHEVSKA - ANTIK
(1939, Bitola – )


Literary historian and theoretician. Born in 1939 in Bitola. Ph.D. in
Filology. Professor at the faculty of Philology „Blaze Koneski“ in Skopje. Known
works: „From the medieval literature“ (1976), „Between the Literary Text and
Folklore“(1987), „To Saint Kliment“ (1993), „Time and Journey“ (travelogue, 1996),
„Local Hagiographies in Macedonia“ (2003), „The Cult of the Holy Mother“(2003)
etc. She has been awarded with the „Kliment Ohridski“, „11 Oktomvri“ and „Goce
Delchev“ awards.




Промоција на книгата „Ореолот на Дева Марија и Св. Богородица
Слимничка во Преспа“ на 21 септември 2007. во Библиотеката




125


Втора Роднокрајна средба…


После претставувањето на една дама, каква што е проф. д-р Вера Стој-
чевска – Антиќ, од машките како прв заслужува сосема оправдано да биде
претставен проф. д-р Љубиша Георгиевски. Не, само заради неговиот кни-
жевен придонес за Битола и Р Македонија, туку уште повеќе заради фактот
што тој беше и амбасадор на Република Македонија во Бугарија. Значи, тој е
човекот кој претставува спојка меѓу македонскиот и бугарскиот народ.


На македонската интелектуална јавност познат како режисер, сцена-
рист, драмски автор, есеист, теоретичар и колумнист.


Роден е во Битола на 30 мај 1937 година. Дипломирал режија во кла-
сата на проф. Вјекослав Африќ на Академијата за театар, филм и радио и те-
левизија во Белград. Професор е на Факултетот за драмски уметности во
Скопје. Почесен член е на Друштвото на писатели на Македонија.


Покрај режиите и телевизијата ги режирал и целовечерните играни
филмови:


„Под исто небо“, „Планината на гневот“, „Републиката во пламен“,
„Цената на градот“.


Има објавено повеќе книги и тоа:
– Онтологија на театарот
– Технологија на судбината
– Политичката иднина на Македонија
– Генезата на македонскиот игран филм
– Човекот и маската
– Претседателски кандидат и др.
– Од повеќето драми кои ги напишал овде ќе ги споменеме само


„Филоктет“ и „Црна“ (коавтор).
Тој беше еден од клучните режисери кои имаа значаен придонес за раз-


војот на Народниот театар во Битола. Имено, Љубиша Георгиевски заедно со


Проф. ЉУБИША ГЕОРГИЕВСКИ
(1937, Битола – )




126


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Душан Наумовски, како млади режисери, испишаа значајно поглавје во рабо-
тата на Народниот театар од Битола. Тие по завршувањето на Академијата за
театар, филм и телевизија во Белград во сезоната 1960-61 год., своите диплом-
ски претстави ги реализираа на сцената на битолскиот Народен театар.


Георгиевски беше еден
од водечките режисери во Ју-
гославија и Македонија, про-
фесор на Факултетот за драм-
ски уметности во Скопје, те-
атарски творец кој своите ре-
жисерски можности ги пре-
зентирал и во странство, ка-
ко дипломска претстава ја
подготви драмата „Потоп“ од
Уго Бети.


Долг е списокот на ре-
жиите на Љубиша Георгиев-
ски остварени на битолскта
сцена. Во него најпрвин ќе
се најдат неколку капитални
дела од светската и домашна
драмска класика - „Хамлет“од
Шекспир, што претставуваше
прва изведба на ова дело во Македонија, „Покојник“ од Нушиќ и други. Првото
осовременување на Нушиќ во Југославија, наспроти мошне контраверзните
мислења, му го донесе и првиот поголем успех на Георгиевски на југословенски
план, па битолската режија беше најава и почеток за една позабележлива негова
афирмација на творец, кој со своите смели иновации има што да покаже, кој го
сврте вниманието на целата југословенска театарска јавност. (Постановката на
спомнатото Нушиќево комедиографско остварување, како што е познато, со
некои мали, скоро незначителни модификации, Љ. Георгиевски ја пренесе нешто
подоцна на сцената на скопскиот Драмски театар).


Пројавувајќи посебно интересирање и љубопитство кон комедијата и
фарсата, Георгиевски, на битолската сцена режираше и текстови што малку
или воопшто не се играни кај нас во Македонија, што претставуаа реперто-
арска свежина и пробив кон создавањето на еден современ, актуелен и дина-
мичен драмски репертоар. Оттука и неговите не мали заслуги, впрочем ка-


Љубиша Георгиевски,
претседател на Собранието на РМ




127


Втора Роднокрајна средба…


кви што беа и заслугите на другите дипломирани македонси режисери кои
дебитираа, кои своите дипломски претстави ги реализираа во битолскиот
Народен театар во поглед на обезбедувањето на еден порадикален и посов-
ремен сценски израз и на драмски содржини што ќе ја носат ознаката на не-
конвенционалност и актуелност. Овие одлики Љубиша Георгиевски ги пре-
зентираше најпрвин со поставувањето на драмата „Арсеник и старата танте-
ла“ од Ото Кесерлинг, а својот нескротлив сценски темперамент и страствен
истражувач за нови сценски валери, ги потврди со режирањето на познатата
драма на Диренмат - „Физичари“. Овие две постановки само ја потврдија не-
сомнената нагорна линија на Георгиевски и мошне јасно ги најавија неговите
склоности и способности за негување на една поспецифична драматургија.


Од постановките на Георгиевски, остварени некаде во средината на
шеесеттите години, секако треба да се издвои неговата режија на пиесата
„Швејк во Втората светска војна“ од Брехт, што претставуваше прва сценска
презентација на големиот германски и светски драматичар. И во овој сценс-
ки проект младиот режисер оствари дострел што заслужува висока оценка.


Меѓу првите, ако не и прв кој на битолската драмска сцена режираше
дела од богатиот комедиографски опус на најголемиот мајстор на водвиљот
- Жорж Фејдо, беше Љубиша Георгиевски. Во една иста година (1966) тој ги
постави Фејдовите комедии „Магаре“ и „Венчавката на Барион“. Постановката
на „Венчавката на Барион“ ќе биде повод за извесно скандализирање и
шокирање на дел од критиката поради дозволувањето на режијата една
женска личност „да се соблекува на сцената по здолниште и така непотребно
соблечена да ја продолжи својата натамошна интерпертација на сцената“.


Немирниот дух на Љубиша Георгиевски, во изнаоѓањето на еден
посовремен комедиографски материјал, ќе го поттикне на сцената на
Народниот театар во Битола да ја реализира малку необичната комедија
„Оскар“ од францускиот писател Клод Мание. Со оваа постановка, остварена
во далечната 1963-та година, Георгиевски ќе се издвои како режисер со
изграден профил, како творец кој знае да проникне во текстот на еден мошне
продуховен и оргинален начин.


Линијата на трагање на еден по малку необичен репертоар, што со некои
елементи се доближува и до оние таканаречени морбидни комедиографски
текстови, Георгиевски ја продолжи и многу подоцна, кога на едно од своите
гостувања во 1971-та година се зафати со реалицазија на фарсата „Плен“ од
Џо Ортон. Независно од тоа колку оваа постановка, поради специфичното
милје на пиесата, е блиска до барањата и сфаќањата на публиката и кртитката,




128


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


останува недвосмислениот впечаток дека и во вовој режисерски зафат беше
„остварен максимум“, инаку карактеристичен за најголемиот број постановки
на Љубиша Георгиевски на битолската драмска сцена.


Во 1976-та година, Љ. Георгиевски, на сцената на Народниот театар
во Битола, ја оствари една од своите најдобри постановки што беше скоро
еднодушно прифатена како врвен театрски чин во нашата Република и
во другите југословенски театарески центри. Станува збор за режија на
„Свадбата на Мара“, јавувајќи се во овој проект и во уште друга значајна
улога - како автор на драматизацијата на истоимениот роман на Владимир
Костов. За оваа вонсериска сценска реализација е врзан досега најголемиот
триумф на битолскиот театар, постигнат на МЕСС.


За релативно кратко време на сцената на народниот театар во Бито-
ла, познатиот текст на Макијавели - „Мандрагола“ доживеа две сценски ви-
дувања. Најпрвин во 1971-та година, спомнатиот текст успешно го постави
Душан Г. Наумовски, а една деценија подоцна на ова дело да му се наврати и
Љубиша Георгиевски. Овојпат, потпирајќи се врз младите актерски сили, од-
носно на артистите тукушто излезени од Факултетот за драмска уметност во
Скопје, Георгиевски се определи за една строго експериментална претстава.
Текстот го имаше земено како повод за една своја сопствена режисерска ви-
зија, создавајќи на тој начин една мошне провокативна, смела,, иако докрај,
сосема неиздиференцирана претстава. Љубиша Георгиевски на битолската
сцена до 1984 година ја режираше документарна драма „ЦРНА“, во која заед-
но со Богомил Ѓузел се јавува како еден од двајцата автори на текстот.


Овој Битолчанец е познат по неговите колумни кои ги објавуваше по-
долго време во весникот „Дневник“, но и во бројни други весници во Р Ма-
кедонија.


Исклучително елоквентен, полиглот, проф. Љубиша Георгиевски пре-
тежно се пројавува како прозен писател со извонредна луцидност и креатив-
ност. Со неговото севкупно творештво тој ја задолжи Битола и битолчани и
има посебно место во битолското книжевно наследство.





129


Втора Роднокрајна средба…


LJUBISHA GEORGIEVSKI
(1937, Bitola – )


Director, screenplay writer, essayist, theoretician. Born on the 30th May,
1937 in Bitola. Gradusated from the Academy of Theatre, Film, Radio and
Television in Belgrade, stage/film directing. Profesor at the Faculty of Dramatic
Arts in Skopje. Ambassador of R. Macedonia in R. Bulgaria. Currently a Speaker
of the General Assembly in the Parliament of R. Macedonia. Honorary member of
the Macedonian Writers’ Association.


Apart from the TV directing, he is the director of the feature films: „Under
the Same Sky“ (1964), „Tha Mountain of Wrath“ (1968), „The Republic in Flames“
(1969), „The Price of the Town“ (1970). He is an author of the following books:
„World Dream“ (1978), „Ontology of Theatre“ (1985), „Technology of Fate“ (1990),
„The Political future of Macedonia“ (1991), „Genesis of the Macedonian Feature
Film“ (1992), „The Man and the Mask“ (1996), „The President Candidate“ (1998),
Filoktet (play, 1998).




130


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Душан Хр. Константинов е роден во 1924 година во Крагуевац. Секако
дека е една од најинтересните личности поврзани со Битолското книжевно
наследство и тоа од повеќе причини: заради тоа што поседуваше приватна
библиотека од околу 20000 (дваесет илјади) книги, од кои повеќето се многу
вредни, а голем дел од нив и уникатни. Тие после неговата смрт се оставени
во наследство на неговото семејство; потоа, заради разновидноста на него-
вото творештво - тој пишувал од поезија, проза, историски текстови, фол-
користички текстови и студии, текстови поврзани со македонскиот јазик и
со другите јазици, научни трудови од областа на општествените науки и сл.
и исто така, затоа што единствен од сите автори кои се презентираат во овој
текст е човек кој има два докторати на наука.


Досега ги објавил следните книги:
– Кучка
– Судир
– Лазо од Врбница
– Безсмртни љубовници
– Златно пиле
– Климент Охридски
– Стихови за Даме Груев
– Љубов под сенката на кукастиот крст и др.
Се до својата смрт, целиот живот го поминал во Битола, живеејќи мно-


гу скромно, но творејќи вредно и според продукцијата и разновидноста на
творештвото е еден од најперспективните автори.


Д-р д-р ДУШАН ХР. КОНСТАНТИНОВ
(1924, Крагуевац – 2002, Битола)




131


Втора Роднокрајна средба…


D-r D-r DUSHAN HR. KONSTANTINOV
(1924, Kraguevac – 2002, Bitola)


Born in 1924 in Kraguevac, R. Serbia, he is one of the most interesting
authors related to the Bitola literary heritage. He wrote poetry, proze, historic
articles and books, folklore texts and studies, works related to the Macedonian
language and other languages, scientific works from the societal sciences etc.


He publishedthe books: „Bitch“, „Collision“, „Lazo fromVrbnica“, „Immortal
lovers“, „Golden Chicken“, „Clement Ohridski“, „Poems for dame Gruev“. He also,
published numerous articles, studies etc. All his life he lived in Bitola. He had his
own library with about 20000 books, among which rare originals, too. He was
promoted to two Ph.D’s.




132


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Роден е во 1950 година во с. Жван, Демир Хисарско. Со Битолското
книжевно наследство го поврзува неговото учење во гимназијта Ј.Б. Тито во
Битола, како и дел од неговото творештво кое е неразделно поврзано со Би-
тола и Битолско.


Завршил Филолошки факултет во Скопје. Пишува поезија и литера-
турна критика, а бил и приредувач на повеќе книги (избори) и антологии.
Денес е еден од најуспешните издавачи во Р. Македонија и тој на најдобар мо-
жен начин покажа дека не само што може да се живее за книгата, туку многу
добро може да се живее и од книгата. Така, со бумот што го направи во изда-
вачката дејност, со популарните цени за книгите, тој го спои убавото со ко-
рисното и успеа да го оствари сонот на многумина - да се спои вокацијата и
професијата и од тоа добро да се живее.


Досега објавил повеќе стихозбирки и тоа:
– Третиот лик на времето
– Сенки на јавето
– Гласник
– Заѕидување на сенката
– Пресликано време.
Исто така тој ги објавил и критичко -есеистичките книги:
– Пронајден облик
– Дијалог со времето
– Магијата на зборот
– Литературни координати
– Прилози за наставата по литература (во шест томови).
Составувач е на повеќе антологии со студии, а коавтор е и на петтом-


ната едиција „Македонската книжевност во македонската критика“.


РАДЕ СИЛЈАН
(1950, с. Жван, Демир Хисар – )




133


Втора Роднокрајна средба…


Раде Силјан е застапуван во антологиски и панорамски избори од ма-
кедонската поезија. Тој е еден од оние наши автори кои се преведувани на
најголем број други јазици и тоа на: англиски, турски, романски, руски, срп-
ски, чешки, бугарски и албански јазик.


Добитник е на бројни награди, меѓу кои и на:
– Кочо Рацин
– Студентски збор
– Браќа Миладиновци
Ацо Шопов, како и на посебно вредната награда на меѓународната


фондација „Арџесис“ - од Букурешт, Романија.


RADE SILJAN
(1950, vill. Zhvan, Demir Hisar – )


Poet, essayist, literary critic, transator. Born on 16th April, 1950). Graduated
from the Faculty of Philology - Department of South Slavic Literature at the
University of „Sts Cyril and methodius“ in Skopje. Worked as a journalist in „Nas
svet“, „Studentski zbor“ and Radio Skopje. He was a director of the publishing
house „Makedonska kniga“ in Skopje. Currently, a director (founder) of the
publishing house „Matica Makedonska“ in Skopje. Member of the Macedonian
Writers’ Association since 1982. Its secretary (2000-2004).


Works: „Third Image of Time“ (poetry, 1975), „Shadows of Reality“ (poetry,
1980), Dialogue With Time“ (criticism and essays, 1988), „The world’s Magic“
(criticism and essays, 1991), co-author of „The macedonian Literature in Literary
Criticism“ in five volumes (criticism, 1973/74). Also, compiled the antologies:
„Macedonian Poetry of 19th century (1989), Macedonian Drama of the 19th and
the 20th century“ (1990), „A hundred Years of Macedonian Drama“ (1992), „New
and Contemporary Macedonian Poetry“ (1997), Voice of the Ancestors“ (poetry,
2001), „Romantism“ (review, 2003).


Awards: The award by the Macedonian Society for Culture and Education
for best criticism published in a newspaper in 1987, „Kocho Racin“, „Studentski
zbor“, Miladinov Brothers“, „Aco Shopov“, Goceva povelba“ and the International
Foundation „Argesis“ Buchurest (Romania).




134


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола




Роден е на 6-ти мај во село Ново Село, Демирхисарско. Основно и сред-
но образование (гимназијата „Јосип Броз Тито“) завршил во Битола. Дипло-
мирал на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
во Скопје. На истиот универзитет магистрирал и докторирал.


Бил новинар во „Нова Македонија“ и Радио Скопје и уредник во изда-
вачката куќа „Мисла“ од Скопје. Работи како научен советник во Институ-
тот за македонска литература во Скопје и е доцент на Студиите по новинарс-
тво на Правниот факултет во Скопје.


Во 1989 - 1990 година бил на едногодишен студиски престој на универ-
зитетот Ломоносов во Москва. На покана на истиот универзитет остварил
студиски престои и во 1993 и 994 г.


Од 1994 до 1997 година бил лектор по македонски јазик на Карловиот
Универзитет во Прага. Во исто време бил и акредитиран новинар - допис-
ник на Македонското радио за Средноевропскиот регион од Прага.


Бил претседател на Советот на Струшките вечери н поезијата и секре-
тар за меѓународна соработка на ДПМ.


Бил и претседател на Друштвото на писатели на Македонија. Член е на
Македонскиот П.Е.Н. центар.


Моментално работи како научен советник при Институтот за маке-
донска литература во Скопје и како вонреден професор на Студиите по но-
винарство на Правниот факултет во Скопје.


Автор е на следните книги:
А. КРИТИКА, ЕСЕИСТИКА И НАУКА:
– Крстопати на зборот - 1987.
– Критички нотес - 1988.
– Поетика на сонот - 1988. (магистерски труд)


Д-р ВЕЛЕ СМИЛЕВСКИ
(1949, с. Ново Село, Демир Хисар – )




135


Втора Роднокрајна средба…


– Книжевни посланија - 1991.
– Процеси и дела - 1992.
– Аспекти на македонската литература 1945-1985 (докторска дисерта-


ција 1993).
– Фокусирања - 1999.
– Аспекти на новинарската теорија и практика - жанрови (1999).
– Литературни студии - 2000.
– Есеи - 2003.
– Новинарски лексикон - 2004.


Б. ПОЕЗИЈА
– Слика што согорува - 1974.
– Кафез - 1978.
– Диши длабоко - 1985.
– Одзив на здивот - 1987.
– Подвижни точки - 1990.
– Гребнатинки - 1995.
– Педесет песни. Скопје: Макавеј 2000.
– Педесет допевања - 2005. (Награда, „Ацо Шопов“ за 2005 година)


Во посебни книги објавени се избори од неговата поезија на чешки,
срп ски и албански јазик.


Застапен е во антологии на македонската поезија објавена во Англија,
Белгија, Индија, Чешка, Малезија, Словачка, Полска, Србија и Турција.


В. ПРИРЕДУВАЧ И КОАВТОР: Македонската книжевност во кни-
жевната критика, антологија во 5 тома (коавтор 1974.)


ДОБИТНИК Е НА НАГРАДИТЕ:


– „Крсте Петков Мисирков“ (1989) за серија новински литературни
критики објавени во 1982 година;


– Награда за критика на весникот „Комунист“ (1988);
– Наградата „Ацо Шопов“, за книгата Педесет допевања (2005)




136


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


D-r VELE SMILEVSKI
(1949, vill. Novo Selo, Demir Hisar - )


Poet, essayist, literary critic, scholar. Graduated from the Faculty of
Philology at the Univesity of „Sts Cyril and Methodius“ in Skopje, where he gained
his M.A. and Ph.D. degrees. He was a journalist in „Nova Makedonija“, editor in
the publishing house „Misla“ and the Macedonian Television. He was accredited
journalist on the Macedonian Radio, corresponding from Prague (1994-1997).
Currently he is a senior research fellow at the Institute for Macedonian Literature.
He is also an Associate professor at the faculty of Journalism at the Faculty of Law
in Skopje. Completed a study visit at „Lomonosov“ University in Moscow“ (1989-
1990). Was appointed visiting lector of Macedonian Language and Literature at
the karl University in Prague (1994-1997). One-time President of the Board of the
Struga Poetry Evenings Festival and secretary in charge of international cooperation.
Member of the Macedonian P.E.N. Centre. Member of the Macedonian Writers’
Association since 1972. President of the Macedonian Writers’ Association (2000 -
2004).


Works: co-author in the five volumes edition „The Macedonian literature
and literary criticism“ (1973), „A painting that is burning out“ (poetry, 1974) ,
„The Cage“ (poetry, 1978), „Critical notebook“ (1988), Macedonian short stories“
(1990), „Processes and works“ (criticism, 1992), Aspects of journalistic theory and
practices - genres“ (study, 1999), „Literary studies’ (2000), „Fifty poems“ (2000),
„Essays“ (2002), „Journalistic criticism“ (2003).


Awarded with: „Mlad Borec“, „13 November“, „Krste Misirkov“, also award
for best criticism in Macedonia.




137


Втора Роднокрајна средба…


Роден е во Битола во 1951 година. Завршил гимназија во родното мес-
то а потоа Филолошки факултет во Скопје, каде што денес е професор. Како
автор, досега објавил повеќе дела и тоа:


А. КНИГИ РАСКАЗИ: „Речно улиште“ (1981), „Ѓон“ (1990), „Скок со
стап“ (1994), „Триполската капија“ (1999), „Раскази од шести кат“.


Б. РОМАНИ: „Пророкот од Дискантрија“ (2001), „Смртта на дијакот“
(2002), „Мојот Скендербеј“ (2006)


КНИГИ за ДЕЦА (ДВОЈАЗИЧНИ): „Сиромавиот и чучурлигата“
(2000), „Волшебното котле и други бајки“ (1995)


В. ЕСЕИ, и ПРЕВОДИ и сл.: „Нераспнати богови“ (1991), „Под Вави-
лон: задачата на преведувачот“ (2002)


Од англиски превел (препеал) преку 60.000 стихови,
– „11 драми“ од Вилијам Шекспир објавени на импозантни 900 страни.


Скопје: Каприкорнус, 2003.
– епот Загубениот рај од Џон Милтон,
– поезија од Т.С. Елиот, Џон Киитс, П.Б. Шели, Вилијам Вордсворт,
– проза од Џон Дан, Стојан Христов, Тони Морисон, Кензабуро Ое,


И.Б. Вајт и др.
Добитник е на следните награди и признанија:
– Рациновото признание (1994) за книгата Скок со стап и на
– Наградата Григор Прличев (1996) за преводот на епот Загубениот рај


од Џ. Милтон.
– Стале Попов (2006) за романот Мојот Скендербеј.


Д-р ДРАГИ МИХАЈЛОВСКИ – ПИСМОТО
(1951, Битола – )




138


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Во 11 драми од Шекспир Драги Михајловски - Писмото меѓу другото,
има напишано дека:


Преведувањето на големите автори од светската книжевност меѓу
кои, секако Вилијам Шекспир е еден од најголемите, се уште за жал, е една
од клучните задачи на современиот македонски преведувач. Велиме за жал,
зашто голем пропуст е на нашата национална култура што досега не ги
приопштила неговите 37 драми, многуте сонети и неколкуте т.н. недрам-
ски дела и покрај постоењето на толкав број школoвани англисти, тален-
тирани поети, писатели, преведувачи.


Откако наведува што сè е преведено досега од Шекспир (при што ги
наведува досегашните преводи на различни Шекспирови дела од страна на:
Ацо Шопов, Блаже Конески, Георги Сталев, Иванка Ковилоска -Попоска, Бо-
гомил Ѓузел, Таска Дубровска и на крајот се става себе си Драги Михајловс-
ки) авторот како своја задача си го поставува (до) преведувањето на двана-
есет драми од вториот најголем создавач на светот по Бога (Виктор Иго),
зашто никој (освен Бог, се разбира) не успеал да биде толкумина или, како
што најчесто се вели, не создал толкав број ликови со кои навлегол во, речи-
си секоја сфера на човековото живеење, го опфатил, речиси, секој слој на оп–




139


Втора Роднокрајна средба…


штественото уредување, осветлил толку многу особини на човечкиот ка-
рактер, дал толку многу ситуации или, едноставно речено, го напишал ур-
нечкиот ракопис на нашата живеачка во овој, секак, убав, необичен и, не до
крај познат за нас, свет (Борхес).


Живее и работи на релација Скопје - Битола.


D-r DRAGI MIHAJLOVSKI
(1951, Bitola - )


Short story writer, novelist essayist, scholar, translator. Born on the
16th October, 1951 in Bitola. Graduated from the Faculty of Philology at the
University of „Sts Cyril and Methodius“ in Skopje. Ph.D. in Philology. Professor
at the Department of English Language and Literature. Professor of Theory and
Practice of Translation. member of the Macedonian P.E.N. Centre. Member of the
Macedonian Writers’ Association since 1992.


Works: „The beehive“ (short stories, 1981), „Sole“ (1990), „Uncrucified gods“
(essays, 1991), „The Merry Women from Windsor“ (translation, drami, 1998), „The
Tripoli Gate“ (1999), Under Babylon - the task of the translator“ (doctoral thesis,
2000), „The Prophet from Discountria“ (novel, 2001) „Death of the Diak“ (novel,
2003), „11 Dramas“ (2003), „Sonets from Shakespeare“ (translation, 2004), „My
Skenderbej“ (novel, 2006), etc.


Awards: „Stale Popov“ award from the Macedonian Writers’ Association
he received twice. „Racinovo priznanie“ and „Grigor Prlichev“ are awards for
translation.




140


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


Владимир Костов, најголем меѓу најголемите не само битолски, туку и
македонски автори.


Според квантитетот и квалитетот ненадминат во своето творештво,
кое е претежно прозно. Ако некој рекол дека од делата на Балзак може да се
научи повеќе за француската историја и култура, отколку од делата на мно-
гу историчари од тоа време, слична мисла може да се примени и за Владимир
Костов во однос на историјата и културата на Битола. Имено, од неговите де-
ла може да се научи многу повеќе отколку од делата на многу историчари кои
ја проучувале Битола.


Најголем и недостижен е Владимир Костов, најпрво според квантите-
тот на продукцијата, а потоа и според наградите, што само по себе зборува
дека, неговото творештво е висококвалитетно. Тој е и убедливо најмногу на-
градуван битолски писател кој живее и работи во Битола. Но, за наградите
нешто подоцна. Најпрво неколку основни податоци за неговиот живот.


Роден е во Битола во есента 1932 година. Ова е добар повод за претс-
тавување на него како човек и автор и на неговото творештво, бидејќи оваа
година e 75-годишнина од неговото раѓање. А тоа е уште една причина, да се
разбере зошто нему во во оваа прилика му се посветува посебно внимание,
во споредба со другите автори.


Основното образование и гимназија завршил во родниот град, а Фи-
лозофски факултет во Скопје во 1955 година. По дипломирањето и отслужу-
вањeто на воениот рок, работел како професор по македонски јазик во Вете-
ринарното училилште во Битола, а потоа на Педагошката академија - Битола,
од нејзиното основање во 1964 година. Сега е во пензија, но сеуште активен и
континуирано пишува и објавува. Бил еден од основачите, но и главен и од-
говорен уредник на битолското литературно списание „Развиток“.


ВЛАДИМИР КОСТОВ
(1932, Битола – )




141


Втора Роднокрајна средба…


Застапен е во антологии на македонскиот расказ кај нас и во странс-
тво, а со романот „Нов ум“ и во антологијата на македонскиот роман која е
објавена во 1980 година во избор на академикот Георги Старделов, Милан
Ѓурчинов и Слободан Мицковиќ.


Со романот „Свадбата на Мара“ застапен е во едицијата најчитани ма-
кедонски романи, која излезе како издание на „Мисла“ - Скопје.


Неколку негови романи беа драматизирани и изведувани на сцената
на Народниот театар од Битола. Истите, се прикажувани и во театри од по-
ранешна Југославија, на разни театарски фестивали (во Сараево, Нови Сад,
Дубровник и сл.), што помогна за негова поголема афирмација како автор,
посебно преку добивањето на највисоки награди на таквите фестивали. Ро-
мани кои се драматизирани и прикажувани и во други театри и надвор од
Македонија се следните: „Свадбата на Мара“, „Црквичето четириесет маче-
ници во Битола“ и новелата „Грешниот Захарија“.


Добитник е на повеќе награди и признанија. Во продолжение ќе бидат
споменати само некои:


– 11 Октомври за романот „Црквичето...“
– 1 Мај, за романот „Свадбата на Мара“
– Рациново признание, за романот „Битолска хроника“
– Награда на друштвото на писателите на Македонија „Ванчо Нико-


лески“ за романот за млади „Солза за Мите“
– Награда на сојузот на здруженијата на наставниците по македонски


јазик и литература
– Награда за драматизација на Театарските игри „Војдан Чернодрин-


ски“ во Прилеп и др.
Ги има објавено следните дела:
– Лица со маски, роман (1967 и 1983)
– Свадбата на Мара, роман (1968, 1980, 1983, 1986, 1990 х 2, 2002. Овој


роман е застапен во училишната лектира за средните училишта
– Игра, збирка раскази
– Нов ум, роман (1970, 1980, 1986)
– Ах, бре, збирка раскази
– Учителот, роман
– Каде си тргнал сине, роман за млади
– Шумата ечеше, сказна
– Маски, избор на романи со избор на критиката од творештвото на


авторот




142


НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола


– Вујко, роман
– Избрани дела во четири тома (1986)
– Грешниот Захарија, новели
– Тестамент, новели за млади
– Пријатели, избор на раскази
– Чума, новели
– Ми кажа, роман за млади
– Ќелешот, новели
– Битолскиот триод, роман
– Сениште во град Битола, роман
– Маргарит, збирка раскази
– Солза за Мите, роман за млади
– Суровата школа на животот, раскази за деца и млади
– Битолска хроника, - Обителска трагедија, два кратки романи
– Тане, роман
– Златното руно, новели
– Фауст, драматизација на истоимената новела во книгата „Македонс-


ката голгота„, „Монодрами“
– Часовници, драма.
– Цената за љубовта, драма
– Битолските приказни на Марко Цепенков.
Според најновите информации, Владимир Костов штотуку го завршил


делото „Еврејчето Шами“, збирка раскази, а целокупниот тираж на ова најно-
во дело го подарил на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола.


За Владимир Костов многу е пишувано. Еден одличен, обемен и сту-
диозен труд напиша и академикот Георги Старделов под наслов „Литерату-
рата и философијата“ и истиот е објавен во книгата „Битолските сиџили“ од
Владимир Костов, објавена како издание на Про Литера, стр. 689-734. Во не-
го е направена темелна анализа на ликовите, нивните карактеристики, сти-
лот на писателот и вредностите кои се сретнуваат кај главните јунаци. Исто
така е даден еден темелен приказ на дилемите на луѓето во различни живот-
ни ситуации и како Владимир Костов ги решава истите. Но, творештвото на
Владимир Костов е податливо, не само за филозофска и литературна анали-
за, туку и за социолошка и психолошка анализа. Но, за тоа некогаш повеќе
во некоја друга прилика, бидејќи времето ни е лимитирано.


Ви благодарам за вниманието.




143


Втора Роднокрајна средба…


VLADIMIR KOSTOV
(1932, Bitola – )


Novelist, short story writer, writer for children and teenagers. Born in 1932
in Bitola. Worked as a professor at the Pedagogical Academy at the University of
Bitola. He is one of the founders - Editor - in - Chief of the journal „Razvitok“
Bitola.


Known works: „Faces with masks“ (novel, 1967), „Mara’s Wedding“
(novel, 1968), „The Teacher“ (novel, 1976), „The church Forty Martyrs in Bitola“
(novel, 1984), „The Bitola Triod“ (novel, 1994) etc. The novels „Mara’s Wedding“,
„The Church Forty Martyrs in Bitola“ and his novella „Zaharie the Sinner“ has
been dramatized on the stage of the Public Theater in Bitola. His last books are
„Bitoliada“ (novel, 2006), the 4th edition of the novel „The Teacher“ (2007) and
„The Jew boy Shami“ (story, 2007)


He has been awarded with: „4th November“ prize of Bitola, „11th October“,
„1st May“, Racin’s Prize“ and „Vancho Nikoleski“.


Од 60-тиот јубилеј на Друштвото на писателите на РМ,
одржан на 9 Ноември 2007. во Библиотеката




С О Д Р Ж И Н А


Од уредникот
ВО СВЕТЛИНАТА НА ВТОРАТА ЛИТЕРАТУРНА СРЕДБА НА БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5


Проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ
ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ- ПИСАТЕЛОТ СО ИСПРАВЕНА КИЧМА
И СТАМЕНИТ ÒД (прочитано на претставувањето на роднокрајните
автори, 22 мај, 2007.) . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .7


Димитар Башевски
АВТОРОТ ЗА СПЕЦИФИКИТЕ НА СВОЕТО ТВОРЕШТВО . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 14


Јован Боцевски
АВТОРОТ ЗА СПЕЦИФИКИТЕ ВО СВОЕТО ТВОРЕШТВО . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 18


Петре Димовски
РИТАМОТ НА МОЈОТ ЖИВОТ ШТО СЕ ВНЕСУВА ВО ДЕЛОТО . . . . . . . . . . . . . . . . 23


Д-р Цане Здравковски
НЕКОИ СПЕЦИФИКИ НА МОЕТО ПРОЗНО ТВОРЕШТВО . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 32


Владимир Костов
ТРАКТАТ ЗА ТРАКТАТИТЕ ВО „УЧИТЕЛОТ“ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 37


Никола Кочовски
АКТУЕЛНОСТА И БЕЗ ДА МИСЛАМ, СИ ДОАЃА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 44


Панде Манојлов
ДРУГ ЗА ТЕБЕ ДА ЗНАЕ... . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 54


Гордана Михаилова Бошнакоска
ОД ДРУГАТА СТРАНА НА ОГЛЕДАЛОТО . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 61


Д-р Ѓорѓија Најдоски
ВО ПРЕДВОРЈЕТО НА ИСТОРИСКИОТ ПРЕДИЗВИК
Во контекст на темата: „Авторот за спецификите во своето творештво“ . . . . . . . . . . . . 66


Горјан Петревски
А И ТИ СИ, НО ТУКА ТИ Е УСПЕХОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 75


Христо Петрески
НАРЦИС ПРЕД СВОЕТО ОГЛЕДАЛО . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 80




Ванчо Полазаревски
СПЕЦИФИКИ НА МОЕТО ТВОРЕШТВО – куса расправија со самиот себе – . . . . . . 85


Ѓорѓи Прчков
АВТОРОТ ЗА СПЕЦИФИКИТЕ ВО СВОЕТО ТВОРЕШТВО . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 91


Проф. д-р Вера Стојчевска - Антиќ
КОН ПАТОПИСНАТА ЛИТЕРАТУРА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 97


Јозо Т. Бошковски
ИЗБОРОТ НА ТЕМАТА Е ИЗБОРОТ НА ПАТОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 101


Добре Тодоровски
ИЗВОРНИОТ ГОВОР ВО ЛИТЕРАТУРАТА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 107


Петко Шипинкаровски
РОДНОКРАЈНИТЕ МЕЃИ, РАСПАТИЈА, ГРАНИЦИ, ОГНИШТА, МОЈА
ИНСПИРАЦИЈА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 111


Д О Д А Т О К


Проф. д-р Златко Жоглев
БИТОЛСКОТО КНИЖЕВНО НАСЛЕДСТВО (скратен текст) . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 120


Автори – столбови и афирматори на битолската книжевност . . . . . . . . . . . . . . . . . . 123


Проф. д-р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА АНТИЌ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .123


Проф. ЉУБИША ГЕОРГИЕВСКИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .125


Д-р д-р ДУШАН ХР. КОНСТАНТИНОВ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .130


РАДЕ СИЛЈАН . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .132


Д-р ВЕЛЕ СМИЛЕВСКИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .134


Д-р ДРАГИ МИХАЈЛОВСКИ – ПИСМОТО . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .137


ВЛАДИМИР КОСТОВ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .140




ВТОРА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ
ОД МАКЕДОНИЈА


Издава
Национална установа – Универзитетска библиотека


„Св. Климент Охридски“ Битола,
ул. Ленинова бр. 39, Битола


Организациски одбор
Науме Ѓоргиевски


Николче Вељановски
Владимир Костов
Јоланда Бошевска


Превод и резимеа на англиски јазик
Николче Вељановски


Лектура
Стево Гаџовски


Печати
МИКЕНА – Битола


Тираж
200 примероци