1
ЗАЉУБЕНИЦИ ВО СВОЈОТ ЗБОР
(Кон јубилејната 10-та Роднокрајна средба)
Подготвил д-р Николче Вељановски
Поминаа 10 Тркалезни маси, почнувајќи од 2005 година (само 2006 година
Средбата не се одржа) со 10 различни теми на кои писателите се јавуваа со свои
излагања. Можам да речам дека имаше и прекрасни текстови, а темите беа
разновидни:
1. „Универзалноста на роднокрајната идеја во литературното творештво на
роднокрајните битолски автори“;
2. „Авторот за спецификите на своето творештво“;
3. „Главниот лик – проекција на авторовата визија“;
4. Сонот како стварност во моето творештво“;
5. „Мојот несекојдневен оригинален лик“;
6. „Потребата од религиозен лик во моето творештво“;
7. „Жената – муза на моето творештво“;
8. „Моите ликови – страдалници со силен копнеж по среќата“;
9. „Мојата писателска работа – творечко дело или заблуда“;
10. „Творечката имагинација и уметникот во моите дела“.
2
Свесен сум дека не секој писател секогаш можев да „го погодам“ со
зададената тема. Исто така свесен сум дека еден дел од текстовите беа надвор
од темата. Без исклучок на името на писателот се случило да помалку или
повеќе секој барем по еднаш „избегал“ од темата. Не сум почувствувал дека тоа
толку многу смета, и покрај тоа што ми било и укажувано на неколку пати. Не
сакав да навлегувам во тоа од која причина писателите „бегале“ од темата.
Единствено што настојував беше строго насоченото пишување на писателите
по темата во однос на своите дела, а не во однос на творештвото на неговите
колеги-писатели. Токму од оваа причина кон 9-тата и 10-тата тема на
Тркалезната маса дадов малку пошироко образложение со одредени насоки,
истовремено неочекувајќи дека некои од писателите ќе ми се обраќаат мене
пишувајќи на зададените теми.
Морам да напоменам дека во неколку текстови на претходната средба
како доказ дека „писателот не е во заблуда“ беа спомнати позитивните критики
од Владимир Костов, Радован П. Цветковски и тн. Неколкумина автори
напишаа дека во нивните дела се бори доброто против злото и дека вредноста
на неговото дело е затоа што тој „е од страната на доброто“, односно дека тој е
хуманист и дека на неговите читатели им е задоволство да го читаат. Лично сум
сведок и на силната вознемиреност на Петре Димовски во однос на некои
негови колеги кај кои почувствувал дека имаат „негирачки“ однос кон него,
„Себичноста, не е својствена на писателите... писателот е човек со големо
достоинство, и писателот го исполнува, го радува постигнувањето на другиот
и посакува постојано да се среќава со квалитетот на другиот... писател не се
станува, писателот се раѓа писател“. Сепак, ако Петре Димовски успеал да
излезе од негативната енергија која го обзела и почнува да зборува за
писателската работа како за „Божји дар“, за идеал, сон, магија, еден пат, еден
копнеж кој се следи инстинктивно, воедно и патување, движење кое се следи
до една цел, една светлина, извор на светлина кој не се отвара оддеднаш,
неговиот колега Ѓорги Прчков не ја крие огорченоста, покажува дека не може
да ја надмине, Тој во текстот од 9-тата Средба, обраќајќи ми се мене, ќе рече:
„Почитуван д-р Вељановски ... да тоа важи за моите колеги – писатели,
не можам да речам дека не ги признавам, ама дека ги жалам да – велам и тоа
јасно и гласно ... задоволен, радосен сум кога делото ќе излезе од печат само по
рацете на читателите да се рашета, колку низ повеќе раце толку позадоволен,
зашто тие се строги судии за напишаното, а не битолските писатели кои
искажуваат видлива одбивност кон мојата литература дури и како личност,
само што ќе се сретнеме глава вртат, од мене бегаат небаре ѓаволот од темјан.
Зависта, омразата ги опседнале и мене ме напуштиле, а тоа во извесна мера
излегло добро, зело да ми годи...“
3
Наместо да му „годи“ сигурно требало да се запраша Зошто наводно
битолските писатели „го мразат“? Очевидно е дека ја искористил темата да се
обрати кон своите колеги со што не само што „бега“ од темата туку го крши и
правилото на Средбите дека секој треба да пишува за себе, а не да се обраќа кон
другите со што лесно можел да предизвика конфликт.
И кај двајцата гореспомнати писатели револтот се појавува заради
негирачкиот однос на некои од нивните колеги. И покрај тоа што и во двата
случаи се спомнува едно исто име на писател Р.П.Ц., за главен виновник, сепак
писателот треба да ги има гореспоменатите квалитети и да не допушти да го
обземе гневот, а истовремено донекаде да си побара вина и во самиот себе.
Писателот Владимир Костов, во еден текст - додаток заедно со
неговиот текст за 10-тата тема, ме потсетува дека повеќето писатели на
претходната Средба „избегале од темата“. Меѓу нив го посочува името на
писателот Ѓорѓи Прчков дека во некои од своите книги ставал дел од
разговорите со него „од ѓутуре“ иако во еден добар дел од крајот на својот текст
ви сугерира вам, на писателите како колеги на Прчков дека тој ја заслужува
почитта меѓу македонските писатели, а посебно меѓу битолските, како “рицар“
во македонската литература кој „одејќи од пораз во пораз не го напушта бојното
поле“. На крајот од својот текст во post-scriptum, откако претходно зборува за
вредното и инспиративното во неговите дела, се обраќа кон текстот од
излагањето на Прчков на претходната 9-та Средба:
„Со непретпазливото поврзување на моето име со предговорот кон
„Избраните дела“ на Ѓорѓи Прчков и со слободната интерпретација на моите
мислења во врска со неговите романи, колоквијално изнесени, од кои морав да
се оградам, но со уверување дека на тој начин, не само што не му наштетувам
на Прчков како на писател, туку, напротив, како и повеќе пати досега, уште
еднаш со тоа ќе свртам внимание на неговото творештво кое неправедно е
запоставено“.
На овој начин Костов до таа мера излегува од рамките на зададената 10-
та тема и затоа јас морав да го предупредам дека неговиот текст – додаток нема
да биде публикуван.
Најверојатно и писателот Владимир Костов се обидува да му помогне
во својот текст во кој истовремено зборува за карактерот на Прчков и вредното
во неговите дела заради кој несклад најверојатно тој останал во немилост на
другите.
Има и понекој писател кој силно го негира и Богоја Таневски, но тоа
нему не му пречи да извикне, „никако, јас не сум во заблуда“, „како поет и
писател сум задоволен од своето досегашно творештво“. И писателот Костов се
чуди како скоро никој од неговите колеги не го прочитал „Учителот“, а имаат
високо мислење за него самиот!?
4
И повторно се прашувам и ги прашувам писателите, „Што е тоа да се
биде писател? Да се знае, да се каже: „Јас сум писател“. Според текстовите,
остануваме на една главна констатација, „ако има кој да не чита ние сме
писатели“. Значи, писателите треба да имаат свои читатели.
Да речеме дека со нашата 9-та тема на Роднокрајната средба дојдовме
до некое сознание што е целта на писателската работа и што е писател. На 10-
тата тема на Тркалезната маса ставени сте на искушение да се искажете што им
нудите на своите читатели, „добра сторија“, уметност на навезани зборови во
речениците кои асоцираат или даваат убава слика во која читателот ужива,
порака за борбата на доброто против злото, аномалии во општеството,
аномалии кај трговците, политичарите, интелектуалците, писателите и
обичните луѓе, или пак, давате порака за некоја возвишена цел, или пак
вредното го гледате во уметничкото во едно дело. Во што ја гледате како
писатели уметноста, вредноста во своите дела? Или пак, што е она што со
долгата писателска работа ве направило подобри луѓе, повозвишени, похумани,
вашата омраза, или завист ја претворило во сочувство и љубов кон другите.
Зарем целта на писателот не е, помагајќи на читателите, а со тоа менувајќи ги
читателите, да се менува и себеси, односно помагајќи им на другите, во таа
меѓусебна комуникација да си помага и себеси!?
Уште еднаш би се надоврзал на мислата на Петре Димовски со тоа што
би додал дека не само себичноста, туку зависта и омразата не се својствени
на писателите и не им доликува... затоа што правиот писател е човек чие
достоинство не смее преку горенаведените слабости да создава огорченост кај
никого. Исто така, на писателот не му доликува да ја излева огорченоста преку
директно обвинување и вреѓање на другите. Всушност, која би била целта на
10-годишното ваше дружење на Средбите.
Еве како тоа го образложува во својот текст Добре Тодоровски,
образложувајќи една дефиниција за уметноста: „Уметноста е авторовата
дејност која има за цел да ги стимулира човековите чувства, духот и умот“, а
оттаму, вели тој, намерата во конкретниот случај на писателот е со своето
умеење, знаење, имагинација и креативност, на хартија да ги пренесе неговите
замисли, психолошки состојби и емоции. Со еден збор, писателот треба да биде
во секој поглед пример за другите.
Но, јас велам дека е тешко ова да се постигне, ама барем да се
потрудиме.
Овој пат темата на Trkaleznata masa “Творечката имагинација и уметникот
во моите
Во изминатите броеви имавме различни теми во поглед на
ликовите, нивната оригиналност, религиозност и стварност, но досега
писателите не пишуваа за своите имагинарни ликови – целта заради која
5
ги создале и на кој начин биле проектирани врз читателот. Во колкава
мера се прифатени како стварни со своите квалитети и маани зависи од
умешноста на уметникот во писателот да создаде универзален лик во
зависност од улогата, за да биде препознаен од страна на читателот.
Читателот често ужива во цела таа имагинација на писателот, дури и без
да се запраша дали е ликот имагинарен или реален. Честопати, во едно
исто дело ликовите можат да бидат испреплетени; имагинарни и стварни.
Творечката имагинација на писателот е неограничена. Негово лично
право е како ќе ги претстави ликовите во делото. Секако дека творечката
имагинација зависи од способноста на писателот да му даде уметнички
израз на неговото дело, а притоа да не ја изгуби реалноста на улогите и
настаните. Од една страна, симболиката на улогите на ликовите искажана
преку мајсторисувањето со зборот во однос на нивното сликовито
изнесување во делото, всушност претставува мерило за длабочината на
философскиот ум и уметничкиот израз со кој располага писателот во сета
своја скромност и љубов кон читателот. Од друга страна пак, писателот
треба да е свесен во колкава мерка таквиот уметнички израз допира до
читателот, односно во колкава мерка го прифаќа како стил на пишување
што може да доведе до лесно прифаќање, или одбивање на она што
писателот сака да му го соопшти. Едноставно кажано, ваквата тема бара
од писателите да ја искажат својата „свесност“ за начинот на кој „се
обраќаат“ до читателите, затоа што кај некои писатели кај кои истата ја
нема се „заљубени“ во своите зборови, реченици, размисли ... итн. Каде е
тогаш творечкото, уметничкото, ВРЕДНОТО?
6
7
Вера Стојчевска Антиќ
ИМАГИНАЦИЈАТА НА ЕДЕН НЕСЕКОЈДНЕВЕН ЛИК
Во случајов темата за имагинацијата во творештвото на авторот не мора
да произлегува од самиот обид на творецот, туку таа може да е присутна и во
реално жива личност, но чија имагинација е интересна и создавачка. Во
случајов сакам да се осврнам на дел од моето творештво, за што зборував на
една од овие наши роднокрајни средби. Имено во мојот ран развој, свртена со
љубов кон уметничкото творештво, толку многу се оддалечив од тлото на кое
живеев, што се искачив високо над земјата, создавајќи исклучително
имагинарни личности и појави, особено во моите прозни состави „Зелените
витрини“. Заради ваквиот мој однос кон создавањето ме прекори
најдобронамерно високо вреднуваниот автор уште во гимназиските клупи
Слободан Мицковиќ. Ја сфатив мојата оддалеченост од задругите на Петре М.
Андреевски, од нормите на социјалистичко-комунистичкото милие, престанав
да објавувам, но продолжив да пишувам за себе.
Вториот мој период беше универзитетската средина, настапот во
науката за книжевност. Таа ме слезе на реалната површина и се задлабочив во
нејзините вистини. Но, поривот да се доживее и необичното, и чудното, и
иреалното, незапирливо растеше во мене. Со оглед на моите бројни настапи во
странство, насочени кон македонистичката проблематика, поривот ги изроди
моите бројни објавени патописи. Разбирливо целта ми беше двојна, да се
8
одбележат преку пишаниот збор македонистичките пројави во светот, а на втор
план не ги превидував убавините низ кои се движев, како и интересните
личности со кои се среќавав и службено и приватно. Тие ги дополнуваа
научните извештаи и забележав дека токму моите патописи пробудија интерес
кај читателите. Да настапиш во Њу Делхи и Катманду, а да не ги промирисаш
и оживееш хималајските природни убавини би било грев.
Заради ограничениот простор преоѓам од оваа интересна тема директно
на еден избран лик, претставен во патописната книга „Време и пат“. Во неа
покрај насловите: Тајните на детството, Две слеани сеќавања, Битола,
Професорот Мошин, Лидија, Недорек, итн, наоѓа свое место и насловот
“Приказната на Алекс Џигеров „Од срце в срце“. Заради дофатливоста на мојот
избран пример пренесувам неколку најдиректни извадоци:
„ Татко му на Алекс –Кире Џигеров (не ми дозволува да го именувам
Киро, бидејќи Кире му звуичи на Алекс помило) по четврти пат го прелетал
Океанот од Ошчима до Канада, и тој пат во 1008 година неповратно се населил
во Торонто. Мајка му, Велика Крстовска допатувала во Торонто од Желево во
1920 година. Во бракот на двајцата Македонци во Торонто им се родил синот
Алекс во 1931 година, направо со канадско државјанство.
Печалбарската горчина ја почувствувал Алекс најтешко во
гимназиските клупи. Еден ден татко му му соопштил дека треба да го напушти
школувањето, за да работи во неговиот ресторан. Алекс бил одличен ученик и
желбата на татко му му ги сруши детските соништа и колотечината на
другарскиот живот. Алекс седнал на креветот и гласно, гласно, заплакал. Го
дочула мајка му Велика и го запрашала:
-Што толку жално плачеш синко?
-Сакам да учам мајко, не сакам да го прекинам учењето! – одговорил
Алекс.
Мајка му без да размислува, побргу му одговорила:
-Така нека биде синко, како што сакаш ти!“
Алекс го продолжил школуивањето, завршил два факултета. Во 1955
година допатувал во Европа и тогаш првпат ја посетил родната земја на
родителите – Македонија. Многу подоцна Алекс допатувал во Македонија, во
1995 година. И токму тогаш ме повикаа во Матицата на иселениците, ме
запознаа со Алекс, зашто сакал да разговара за азбуката глаголица. Јас го
поканив во мојот дом, каде што ми беа уредени примероците од текстови со
глаголска азбука. Алекс внимателно ги слушаше моите предавања и слики, но
постепено забележав дека се онерасположи од спектарот на сознанијата. Јас му
предложив да го снабдам со нужна литература за азбуката. На овој предлог се
орасположи и се согласи. Во еден миг стана од фотељата и предложи да одржи
9
предавање за симболиката на македонската азбука, зашто дошол до одредени
сознанија, и свечено започна:
„Исправената вертикална линија на буквите од азбуката го симболизира
исправениот човек. Тој човек се движи во светот.Хоризонталната линија е
вториот важен елемент од АЗБУКАТА И ГО ОЗНАЧУВА ЧОВЕЧКИОТ ПАТ
ВО ЖИВОТОТ. Понекогаш ЧОВЕКОТ се допира до животните константи и
затоа е измислена и косата линија. А честопати се потребни две коси линии, за
да ја воспостави иделаната рамнотежа со вертикалите. Таква е буквата М, чиј
симбол е мајката, која во допир со земјата остава свое породилно потомство.
Заокружената линија е една целовитост, а полукругот, на пример буквата С, се
животните недоречености...“
Предавањето на Алекс беше многу долго, а неговиот занес искрен, п-
ламене и бвозбудлив. Трпеливо го чекав крајот и не сакав да го прекинам.
Веднаш потоа извади од својата торба една книга, во која беа испишани буквите
од азбуката, со исцртани нивни симболи. Сфатив колку голем занес постои во
овој човек.
И наредниот дек Алекс посака да дојде во нашиот дом. Донесе голем
лист хамер хартија и ме потсети на ветеното интервју. И додека тоа течеша,
Алекс нешто црташе. Алекс зборуваше со невидена имагинативност и
фантазија за посетените родни села на родителите во 1955 година. Притоа тој
постојано црташе по хартијата. Напомна дека сликал уште во детството. Кога
го спремал докторатот во Лондон, при напливот на проблеми, се зафаќал
веднаш за цртањето. Притоа нагласи: „ Вера, ја виде ли изложбата на Владимир
Георгиевски во Градскиот музеј? Ако не си ја видела да трчаш да ја видиш. Таа
е толку снажна! Каква убавина, каква грандиозност. Јас се уплашив од таа
уметничка сила и му го кажав тоа на уметникот. Во сликите го видов него. Ми
предложихја во Скопје да ми приредат изложба. Јас се израдував на предлогот,
но истовремени и многу се уплашив..“
На крајот од интервјуто Алекс ми го покажа цртежот, мојот насликан
лик. Забележав посебна психолошка приказна. Со еден збор го запознав
дотогаш непознатиот уметник Алекс.
Од средбите со Алекс останува длабоко во мене запаметена приказната
за пилето што му го цртал неговиот татко, упорно и долго време. Контурите на
исцртаното пиле говореле за патот што преселникот го започнува од родното
место и по долги патишта повторно се враќа во него. Правата линија
почнуваше од Ошчима, а завршуваше во Торонто, а веќе косата линија го
враќаше патот во Ошчима. Такви пилиња цртаа сите татковци преселници,
истакнувајќи го завршниот сон со враќање во Ошчима...
Vera Stoychevska Antic
10
THE IMAGINATION OF AN UNUSUAL CHARACTER
In my early beginnings, turned with love towards the literary creation, I moved away
from the grounds in which I had a support so much that I climbed up high above the
Earth creating imaginary persons and things. This could be seen in my prose works
called „ The green displays“ (Зелените витрини“). From my numerous visits abroad,
and my presentations on the Macedonian language problems, out of my urge sprouted
my travels. I made an acquaintance with at the time an unknown artist Alex. From
our conversations I remembered the story of the chicken which his father used to draw
for him for a long time. The gridlines of the chicken spoke about the road that the
immigrant begins from his home land and after long wandering returns there again.
The straight line started from Oshchima, stretching to Toronto, and the oblique line
showed its return to Oshchima. Such chicken used to draw all fathers – immigrants,
whose dream used to end in Oshchima, too.
11
Dimitar Bogdanovski kirilica
ИМАГИНАЦИЈАТА ВО МОИТЕ ЛИТЕРАТУРНИ ДЕЛА
Предложената тема за Десеттата роднокрајна средба на битолските писатели
„Творечката имагинација и уметникот во моите дела“ претставува особено
интересна, можеби по својата цел најинтересна до овој момент од
роднокрајните средби. Таа сама по себе наложува, или така да се изразам го
принудува писателот попродлабочено да размисли за целото свое литературно
творештво. Не губејќи од предвид дека изразот имагинација содржи во себе
повеќе значенија (вообразување, замислување, нешто што по својата природа
е претерано, но не постои), слободно може да се каже дека сите напред
посочени елементи без исклучок постојат во сите литературни дела без разлика
од нивниот литературен вид или уметничка созреаност на авторот.
Во претходниот контекст должен сум да кажам дека не постои ни едно од мене
создадено литературно дело каде имплементацијата на ваков или онаков начин,
во поголема или помала мера не е присутна.
Всушност, општо погледнато по мое лично мислење ни во едно
литературно дело независно од неговиот квалитет или големина не е можно
отсуството на имагинацијата како своевиден литартурен елемент. Инаку,
апсолутно сум согласен со тврдењето во дадената тема дека Творечката
имагинација на писателот е неограничена. Таа карактеристика е клучна во дел
од моите создадени дела, додека само делумно присутна, бидејќи без неа не е
можно во поголема или помала мерка, на сите од мене создадени дела. Од моето
литературно творештво (или творештвото за кое што претендирам дека е
литературно), сум издал осум дела. Од нив погледнато во временски редослед
на издавање, најнапред се печатени шест монодрами („Бегалец“,
„Размислувањето на копукот“, „Кој не го знае Ристо кодошот“, „На Солун“,
12
„Знаев дека знаеш“, „Духот на Енрико“).За нивниот уметнички квалитет
доволно е да се каже дека три од нив се носители на награди.
Имагинацијата како дефиниран израз неограничено е присутна во мојот
прв роман „Мислочитачот“, по својата природа исклучиво фантастичен роман,
каде неопходните реалистични делови се делумно присутни. Во останатите од
мене издадени романи реалниот карактер доминира, во нив имагинарноста е
ограничено присутна. По тој однос особено реалистични се следните романи:
„Од мојот автолетопис“, „Мрачната страна на светлината“, „Чекорење низ
пеколот“, како и новонапишаните неиздадени романи, „Скали“ и „Залудни
очекувања“. Но, сепак таа не е таа и не може да биде исклучена. Напротив,
присутна е. Без имагинацијата не е можно развивање на одредени мисли, не
може без одредено присуство на имагинацијата. Дали моето пишување е на
задоволително ниво за да се привлече читателот, да го натера да размислува за
дадената во текстот тематика, да допре до неговите сфаќања или, пак, да го
отфрли, не можам да тврдам. Мојата суета, впрочем како и на секој друг човек
сака во тоа да има барем минимален успех. Дали го имам не можам да тврдам.
Имајќи предвид дека моите ракописи опстојно ги препрочитувам по прилично
долго изминато време, при тоа отфрлајќи го сето она што не ми се бендисува,
како и додавање многу нешта за кои мислам дека се многу важни, можно е
релативно слободно да кажам дека тие по својот квалитет, по дадената
содржина , се издржани барем по просечното барано ниво.
Одредени мои читатели кои ги познавам, кои инаку не се само
вљубеници во литературата, туку нејзини солидни познавачи со изградени
прилично високи критериуми, за моите печатени работи имаат позотивни
размисли. Од нив слободно можам да се повикам на над десетина. Меѓу нив со
гордост го споменувам нашиот општо познат и афирмиран македонски писател
Владимир Костов. Во тој момент немам потреба да споменувам и други.
Застапеноста на главните и споредни личности во делата е прилично богата .
Нивните мисли, размисли, однесувања се најразлновидни и секој од нив има
забележително значење. Сметам дека застапениот стил е прифатлив и согласно
со тоа близок до читателите. На крајот од краиштата, колкава е големината на
нивната уметничка вредност не сакам да зборувам. Напротив тоа го оставам на
моите читатели.
На самиот крај пред самиот себе должен сум да одговорам уште на едно
прашање. Имено, поради што пишувам? Искрено кажано, иако во самиот
момент, така да кажам, да дадам илјада и еден одговор, фактички не би можел
најправилно да одговорам. Всушност, сакањето да пишувам се должни на
моите рани детски години. Во тој однос виновна е мојата мајка, која постојано
во секој момент сакаше да чита. И читаше најразновидна литература, особено
бугарска и руска. Уште во тој период кога ни самиот не знаев да читам и
пишувам имав обичај да раскажувам за се она што ќе го видам или дознаам.
Межутоа, независно од семојот прв расказ „Бака, бак, сатана“ го напишав во
текот на 1967 година со кого конкурирав на распишаниот конкурс на Нова
Македонија и ја добив втората награда (првата не беше доделена).
Dimitar Bogdanovski
THE IMAGINATION IN MY LITERARY WORKS
13
In one literary work no matter how big or of what quality it is there is no absence of
imagination as a literary element. I deeply believe that the author’s imagination is
unlimited. Imagination as a defined expression is present in my first novel „The
thoughtreader “ („Мислочитачот“), which in its genre is science fiction, but with
certain realistic parts, also. In my other works the realistic part is dominant and the
imagination is limited. Without an imagination it isn’t possible to develop one’s
thought. Imagination itself forces the author to rethink deeply his literary creation. It
contains various meanings in itself and it depends upon the author and his maturity
as a writer.
14
Prof. d-r Blagoja Brajanovski
PREKU TVOREKATA FANTAZIJA (ME^TA) VO DELATA,
UMETNIKOT GO POU^UVA ^OVE[TVOTO
Blagodaren na pokanata za u~estvo i na 10-tata Rodnokrajna sredba, vo
ovoj moj osvrt na Temata na Sredbata: Tvore~kata imaginacija1 i
umetnikot vo moite dela, pokraj toa {to }e se zadr`am na su{tinata na
Temata, so toa {to, }e si dadam za pravo podolu da se osvrnam i na
pra{awa, koi, iako naizgled, ne se sodr`at vo taa su{tina, no koi, sepak,
iako taka izgleda, pridonesuvaat za nejzinoto podobro rasvetluvawe.
Potpreni na vostanovenata blagorodnata ideja za Rodnokrajnata sredba
na mudroto rakovodstvo na Nacionalnata ustanova - Univerzitetska
biblioteka "Sv. Kliment Ohridski" Bitola, vo kontinuitet, stignavme
ve}e do 10-tata Rodniokrajna sredba.
Uveren sum deka, iako na prv pogled izgleda deka e mo{ne te{ko da se
odgovori, poradi, na prv pogled, “slo`enosta” koja proizleguva od
naslovot na Sredbata: Tvore~kata imaginacija2 na umetnikot vo negovite
1 Namesto poimot imaginacija (koj, vsu{nost, ozna~uva ne{to {to mo`e
samo da se zamisli, ne{to {to mo`e da se voobrazi, {to ne postoi, a, kako takvo
- nestvarlivo), potrebno e me~taewe, poim, koj, iako samo naizgled nalikuva na
poimot imaginacija, a, vsu{nost me~taeweto e poim koj uka`uva na ne{to {to
mo`e da postoi, {to e ostvarlivo, {to e dosti`no, no - vo idnina.
2 Namesto poimot imaginacija (koj, vsu{nost, ozna~uva ne{to {to mo`e
samo da se zamisli, ne{to {to mo`e da se voobrazi, {to ne postoi, a, kako takvo
- nestvarlivo), potrebno e me~taewe, poim, koj, iako samo naizgled nalikuva na
15
dela od organizatorot na ovaa 10-tata Rodnokrajna sredba. Me|utoa,
odgovorot bi bil mo{ne ednostaven, ako se otfrli pomislata za
postoeweto dvojstvo pome|u me~tata, me~taeweto (fantazijata) na
pisatelot (umetnikot), od edna strana, i samiot toj kako tvorec, od druga
strana. Ako se prifati postoeweto na ova dvojstvo, spored mene, bi bilo
pogre{no. Zatoa {to, me~ta ne se manifestira samo vo momentot na
sozdavaweto na deloto na/od pisatelot, tuku taa e postojana so nego,
sostaven del e na negovoto Postoewe. So drugi zborovi, me~ta, iako
navidum, taka izgleda kako da ne e presudna vo motiviraweto pisatelot
da sedne i da sozdava umetni~ko delo, tuku, naprotiv, taa e presudna,
bidej}i taa e nerazdelna od su{tinata na negovoto Postoewe. Vo prilog
na ova - konstatacijata: kolku e pogolema me~tata (fantazijata) na
tvorecot, tolku e pobogato i poraznovidno negovoto tvore{tvo. Vo vakov
slu~aj, ne ~uvstvuvaj}i kako neodminlivo minuvaat godinite, a
momentite {to ne se vo neposredna vrska so tvoreweto, za nego
pretstavuvaat samo nepotrebni i beskrajno dolgi. Preku tie nepotrebni
momenti, momenti {to ne se vo vrska so umetni~koto tvorewe, posatelot
~uvstvuva deka tie se samo faktori: N{to`noto da se zatskrie zad
Veli~enstvenoto – umetni~koto tvorewe.
Vo tolkava mera e negovata ponesenost vo radosta i vo sre}ata vo
sozdavaweto na umetni~koto delo. Vo vakvata ponesenost vo radosta i
sre}ata, pisatelot kako umetnik, sozdava i toga{ koga navistina go
sozdava deloto, no i toga{ koga ne go sozdava “manuelno”; pisatelot,
zna~i, sekoga{ sozdava (i koga navistina sozdava, na primer, koga go
pi{uva deloto, no i toga{ samo koga samo go “nosi” vo sebe). Pisatelot
(umetnikot), na primer, sozdava delo i toga{ koga nikoga{ ne }e go
sozdade deloto (nema da go napi{e, na primer, romanot); deloto e
“sozdadeno” i preku negovoto, kako pisatel, odnesuvawe pred drugite,
kako i toga{ koga se vpu{ta vo rasprava za odnosnoto delo, koga dava sud,
vakov ili onakov, za delo na drug avtor... Toj, proiznesuvaj}i se za tu|o
delo od aspekt, pred s# na umetni~kiot dostrel na deloto, se “javuva’ i
kako samiot toj da go pi{uval3 deloto. No, za da se prepoznae toa,
potrebno e poseduvawe na odreden stepen na doza na mudrost.
poimot imaginacija, a, vsu{nost me~taeweto e poim koj uka`uva na ne{to {to
mo`e da postoi, {to e ostvarlivo, {to e dosti`no, no - vo idnina.
3 “Prviot u~itel” (avtorot na deloto), “koj se stopil so ve~nata
beskrajna svesnost na Avatar” (doslovno Avatar ozna~uva “simnuvawe”, pojava
na Sevi{niot Bog vo ovoj, zemski svet), “e u~itel na site u~iteli” (dodeka onoj
koj kriti~ki se osvrnuva na umetni~kiot dostrel na deloto, se javuva kako
“avtor” no samo vo liceto na vistinskiot avtor: u~itel vo ~ove~ka forma, kako
{to e samiot vistinski avtor na deloto). No samo dokolku negoviot kriti~ki
osvrt na umetni~kata vrednost na deloto e od pozitivna gledna to~ka; ako toa
delo navistina, objektivno nosi takvi umetni~ki vrednosti. “Sepak, i koga
Avatarot se inkarnira vo ~ove~ka forma, toj, na sebe ima vel” (prevez), “a toj
16
Pisatelot kako umetnik - e U~itel na ~ove{tvoto. Uveren sum, a ako
nekoj ima sprotivno mislewe, na {to ne bi se protivel, a, {to, glavno,
proizleguva od dosega{nite spoznanija od moeto tvore{tvo, deka sekoe
delo: pozitivno ili negativno oceneto od objektivna kritika, ne samo
{to nosi nekakva su{tyinska poraka do ~ove{tvoto, tuku – sekoga{ go
pou~uva. Pa, vo ovaa smisla, pisatelot se javuva vbo uloga na u~itel, komu
ne mu e do toa, preku likovite vo deloto samo da prika`e, pove}e - da
prenese, odreden nastan, bilo toj da upatuva na toa kako treba ili kako
ne treba da se odnesuvaat ~initelite (likovite) vo toj nastan.
Ottamu, se postavuva pra{aweto: dali objektivnosta vo umetni~koto
vrednuvawe na edno delo (ovde stanuva zbor – za kni`evno delo), na
kriri~arot mu ostanuva samo da se zadr`i na umetni~kiot dostrel vo/na
deloto ili, pak, - ne odvoeno tuku – sekoga{ obedineto, da se osvrne i na
namerata na pisatelot na drugi (~itatelite, glavno; no i onie koi ne go
pro~itale, spored spoznanijata do koi do{le od onie koi go pro~itale),
kakva poraka ispra}a do ~ove{tvoto, a toa, na odreden na~in, sigurno
deka }e ima i kosmi~ki odraz; dali od odnesuvaweto, karaklterite... na
likovite {to go “nosat” deloto se pridonesuva vo zatruvuvaweto na
misleweto so otrovot na suetata i zlobata, ili, pak, se ru{i toa – edna{
sozdadeno “truewe”.
Eve, na primer, vo ova smisla. Jas, vo kriti~kiot osvrt na romanot
Brodovi, na respektivniot makedonski prozaist, Petre Dimovski,
uka`uvam (a toa e i porakata na avtorot) na faktot deka, ne samo {to e
nepotrebno da se vodat vojni, osobeno koga, pod prinuda se regrutiraat
borci koi za da se borat za ostvaruvawe na tu|i interesi – na golemite
sili): “Da se umre za ni{to i za nikogo. A doma”, Zo{to vakviot bolen
vosklik na avtorot: Da se umre za ni{to i za nikogo. Toa, iako
podednakvo se odnesuva i za vojnicite – dojdenci od drugi dr`avi i za
vojnicite prinudno anga`irani kako vojnici od mesnoto naselenie kade
{to se vodele bitkite; onie koi, dojdenata odnadvor voena sila, bez
dozvola i so prisila gi anga`irala da se borat na nejzina strana.
Me|utoa, sepak ima razlika me|u vojnicite – dojdenci, koi bile
instruirani deka se borat za slobodata, za interesite na svojata zemja, a
vsu{nost se borele zaradi tesni, grupni interesi na inicijatorite na
vojnata, i onie prisilno prinudenite, od tloto na koe se vodat voenite
dejstva, a protiv interesite na toa tlo i na `itelite. I za da bide
nesre}ata u{te pogolema, edniot brat da se bori na stranata na onaa sila
(dr`ava) koja prinudno go anga`irala, a drugiot da bide vo rovovite na
drugata stranska dr`ava; da gine za nea – neznaej}i zo{to. I toa – doma.
Od me{tanite -da se u~estvuva vo vojna koja nitu ja predizvikala
negovata dr`ava, a nitu imala nekakva polza od toa, a da se vodi na tloto
na negovata dr`ava. Da se gine za tu|i interesi, da se bide prinuden
vel mora da go otstrani odreden u~itel ili u~iteli” (v. pove}e: Zraci Meher
Babe na Spiritualnu Panoramu, , Belgrad, str. 25-26).
17
(odnеmajkade) da se razoruva sopstvenata zemja zaradi tu|i interesi, a po
zavr{uvaweto na vojnata da se `ivee vo pusto{ot {to go ostavila voj-
nata. Nastrana od toa, neznaej}i i nesakaj}i mo`ebi da se puka vo
sopstven brat, vo sopstvena rod. “Da pukaat, zo{to da pukaat,“ se pra{uva
avtorot, “i ovde se nivni, i od drugata strana se nivni a majka ne gi
rodila da se ispoubijat. No pu{kata e samo za toa: gnev, bes, ludilo”(str.
67).
So ova, avtorot, otslikuvaj}i eden vakov nastan, iako toa jasno ne bi
mo`elo da se zabele`i, saka da uka`e na drugite, koi go ~itale deloto
ili onie koi za ovie sobitija doznale od onie koi go pro~itale, deka ne
e mo`no da se ubiva tolkav broj na lu|e, a pritoa da se zaboravi deka so
toa, predominantno za sprotistavenite voeni sili, zaniv, a ne za onie
prinudno mobilizirani da se vklu~at vo voenite dejstva, da ne se sozdava
te{ka karma, ~ii posledici, koga i da e, }e mora da se “otplatuvaat”,
odnosno da se “otplatat”. Za do izraz da dojde, kako {to velat drevnite
duhovni U~iteli i mudreci: Ni{to`noto da go zatskrie
Veli~enstvenoto.
Vistinata ja nadminuva fantazijata. Bidej}i nedvojbeno e deka
Vistinata e edna, no sekoj razli~no ja tolkuva, toga{ samoto posebe se
nametnuva pra{aweto: ako fantazijata, me~ta na umetnikot e vid na
potraga po Vistinata, kako dopolnenie – u{te edno dopolnenie na
pra{aweto: kakva e vrskata, dopirot na fantazijata so objektivnosta,
{to, za razlika od porano, vo kriti~kiot osvrt na kni`evno delo, barem
spored dosega{nite spoznanija, lipsuva, {to bi rekle Bugarite,
objektivnosta. Za{to, ako ne postoi objektivnost vo vrednuvaweto na
vistinskite umetni~ki vrednosti na deloto – daleku sme od Vistinata,
po onaa po koja, vsu{nost, i tragame. Pa, taka delo so niski umetni~ki
vrednosti mo`eme da go vrednuvame kako da e si visoki vakvi vrednosti,
i obratno, delo so visoki umetni~ki dostreli, da go ne go vrednuvame
kako takvo, u{te podaleku sme od potragata po Vistinata.
No, iako }e ni zvu~i paradoksalno, dokolku stanuva zbor za delo koe,
nominalno, po~iva na nedovolni umetni~ki vrednosti, dali, dokolku vo
negovoto ocenuvawe kriti~arot se potpira na objektivnosta, pred s#
treba da trgne od evaluacijata na negativnite vrednosti? Bidej}i sekoe
umetni~ko delo: so visoki umetni~ki vrednosti i delo so netolkavi
umetni~ki vrednosti, nosi odreden set na poraki do drugi: ~itatelite,
onie koi ne go pro~itale deloto, no do{le preku drugi do spoznanija za
deloto... Ova go potenciram prisetuvaj}i se na izreki na golemi duhovni
U~iteli i Misliteli na Vistinata, deka sekoj ~ovek, kolku da ni izgleda
zol, najprvin treba da se posmatra od negovata dobra strana vo
karakterot, kako ~ovek, a potoa – onaa – temnata – stranata na zloto,
neis~isteno vo nego. Koj do{ol na Zemjata, inkarniraj}i se, ne za da go
namali tovarot na zloto {to go nosi na svoite ramewa po~inati vo
18
prethodniot, odnosno vo prethodnite `ivoti, tuku so predomantnoto zlo
{to go pravi i vo ovoj negov `ivot, ja zgolemuva svojata zla karma.
Vo ova smisla, jas, vo moite dela, uspe{no ili pomalku uspe{no; neka
prosuduva ~itatelot, se trudam da uka`am na lik vo delata, ne spored
negovite nadvore{ni karakteristiki, tuku spored negovoto nivo na
svesta (kakva taa, vsu{nost, bi trebala da bide, a ne kakva {to,
predominatno – e sega); nam nikoj ne ne pravi ni{to; s# {to ni se slu~uva
– e samo na{e delo.4
Znaewe, znaewe, znaewe. Pogre{no e sfa}aweto, kako {to be{e i pogore
podvle~eno, deka “~istata” nauka5 (onaa koja, predominantno, se
zasnovuva na materijalni, materijalisti~ki pretpostavki, koga se
vozgordeat so toa {to go sozdale, a zaboravile za seto ona {to ne go
znaat), e pove}e vredno sotvorenie, vo sporedba so umetni~koto
sotvorenie. Bidej}i t.n egzaktna nauka se potpirala na ona {to se gleda
i {to se dopira, a umetni~koto tvore{tvo, poradi faktot {to se
potpira na “nestvarna” (“letawe vo oblaci”; ona {to ne se gleda i {to
ne se dopira) kategorija, kakva {to e fantazijata, kako duhovna Ubavina
“}e go obedini ~ove{tvoto”. 6
4 Zatoa, mo`ebi so pravo, poznatiot srpski duhoven U~itel i Mislitel,
Spasoje Vlaji}, smeta deka, kako entitet, ne postoi ma|ija, a ona {to ni se
slu~uva kako negativnost – ma|ija, e poradi toa {to samite, poradi na{ite
soodveni misli toa da se slu~i – ni se slu~uva.
Isto taka, vo ova smisla: ’“Dali Bog, upravuvaj}i so skrienite zakoni
vo vnatre{nite sferi, vo potesna smisla, pravi ~uda”? Odgovorot e, “Bog pravi
s# i vo isto vreme. On ne pravi ni{to. On s# prepu{ta na prirodnite i na
natprirodnite sili (a toa zna~i, na nam samite, Zab., moja) koi preovladuvaat vo
spiritualnata panorama na univerzumot (a deluvaweto na prirodnite i na
natprirodnite sili, pak, e samo odraz na na{ite misli i na na{ite dela, Zab.,
moja)” (Zraci Mehir Babe na spirirualnu panoramu, AVATAR, Belgrad, str, 31).
5 “Koga lu|eto pove}e bi mislele na toa deka znaeweto e spas (za
~ove{tvoto, Zab., moja), toga{ nema{e da ima nitu del od stradawe. Znaeweto,
povtoruvame, }e go objavi krajot na nevoljite na ~ove{tvoto. [ireweto na
znaeweto mo`e da go preporodi svetot. Znaeweto mo`e da pravi ~uda.
Zatoa...znaeweto e nad s#” (Nikolaj Rerih, Sedumte golemi tajni na kosmosot,
cit. delo, str. 155).
6 “Umetnosta e edna i edinstvena.Umetnosta ima mnogu granki, no
korenot e eden. Umetnosta e zname na idnoto obedinuvawe. Umetnosta e za site.
Sekoj ja ~uvstvuva vistinata na Ubavinata (Umetnosta sekoga{ odi raka pod
raka so Ubavinata, i, obratno, pa, koga ~ita{ kni`evno delo, ne znae{ dali se
voshituva{ na toa pred tebe e umetni~ko delo ili {to pred tebe - e Ubavina,
Zab., moja). Za site treba da bidat otvoreni vratite na ‘svetiot izvor’.
Svetlinata na umetnosta ozaruva bezbroj srca so nova qubov... A tolku mladi
srca baraat ne{to vistinsko i prekrasno (a }e go najdat vo umetnosta, Zab., moja)
. Dajte im go. Dajte im umetnost na narodot, taa nemu mu pripa|a. Treba da se
ukrasat ne samo muzetite, teatrite, u~ili{tata, bibliotekite, stanicite i
19
Zaklu~ok. Iako, na prv pogled, kako {to potencirav na po~etokot, ni
izgleda deka od naslovot na Temata na ovaa Sredba proizleguva deka
stanuva zbor za ednostavna tema, za {to mu blagodarime na
Organizatotorot na ovaa jubilejna desetta Sredba, naprotiv, stanuva
zbor za mo{ne slo`ena, kompletna i seopfatna, {to ni ovomo`uva da
navlezeme podlaboko vo su{tinata.
Od ona {to pogore go bev napi{al, kako sentencija, proizleguva deka
sekoe umetni~ko delo, preku likovite vo deloto (a ovoj osvrt, pred s#,
akcentot go stava na kni`evnoto delo), celta na avtorot e, istaknuvaj}i
go pozitivnoto i negativnoto {to proizleguva od nivnoto dejstvuvawe i
odnesuvawe, ne e da gi prika`e faktografski tie odnosi i nastanite {to
proizleguvaat od toa, tuku, preku ~itatelite i onie koi {to }e ja sfatat
su{tinata na deloto – nepro~ituvaj}i go, da gi podu~at drugite, da
prenesat znaewe odnosno znaewa. Bidej}i, op{to zemeno, ne postojat
isklu~itelno dobri (od уmetni~ki aspekt) i isklu~itelno lo{i
umetni~ki dela. No, samo dokolku, a taka treba, vo kriti~kiot osvrt na
koe bilo umetni~ko delo (a ovde stanuva za kni`evnite), kriti~arot,
prvo ja otkriva dobrata strana na deloto, a duri potoa slabata strana na
deloto. Ne{to sli~no kako {to na ovoj ili na onoj ~ovek, bez razlika,
kako gledame (spored utvrdenite op{testveni i drugi standardi) dali
toj spa|a vo kategorijata dobar ili lo{ (nedobar), koga prvo trgnuvame
od negovite dobri strani, a ako treba, potoa, na negovite nedobri strani,
so to {to toa, prevoshodno da ne ni bide na{a glavna cel.
Prof. d-r Blagoya Brayanovski
BY THE CREATIVE IMAGINATION, THE WRITER TEACHES THE
MANKIND
The writer’s imagination is not manifested only at the moment of creating the literary
work, but it is constantly a part of his existence. Someone would say that the
imagination is not obligatory in motivating the writer to create his artistic work, but
in real the imagination is inevitable part of his work. The richer artistic imagination
the better literary creation. Writer’s imagination is in a way a product of his quest for
the truth which is only one, but everyone has his own way of discovering or realizing
it.
Весна Мундишевска-Велјановска
ИМАГИНАТИВНА ИНТРОСПЕКЦИЈА ВО
bolnicite, tuku i zatvorite treba da se prekrasni. Toga{ pove}e nema da ima
zatvori...” (Nikolaj Rerih: [ambala, Martina, Skopje, 2010, str. 103-104).
20
БЕСПРОСТОРОТ НА ЗБОРОТ
Патувањето со поезијата е возвишеност што може само да се доживее,
одново и одново, за секого различно, секој пат со инаков интензитет или
сензибилитет, некој пат слично. Оној кој што чувствува неминовно ќе ја
почувствува. Секој стих, секое откорнато парче душа, грми во одекот низ
просторот – се слуша.
Во ритуалот на создавањето поетот поставува патокази за
дешифрирање на симболиката на зборот, но и остава траги за демистификација
на палимпсестите во неговиот корен, во зовриените мислотеци во каселите на
душата, во изворот. Секоја творба е корнатица, зборосликан свој и сечиј живот
во кој и поетот и читателот ќе се препознаваат, ќе се осознаваат, ќе растат и ќе
се надраснуваат, ќе плачат и споделуваат, ќе лечат рани, ќе се издигнуваат и ќе
се радуваат на секој атом суштествување, на секој блесок животворност, на
дофатливата вонземност, на насласката од доживувањето на секојдневната
чудесност.
Емоционален или рационален – секој поетски излив треба да е
функционален, сложен или едноставен – треба да е креативно впечатлив и
инспиративен, свиен во обвивка или отворен – треба да е делотворен, статичен
или акробатичен – не смее да биде обезличен туку треба да е препознатлив,
автентичен, но и заводлив, интригирачки, предизвикувачки, да зборува сам по
себе, да е маѓичен.
Доколку читателот го разбира – ќе го чита и препрочитува, во
спротивно – ќе го одмине и маргинализира или едноставно ќе го игнорира.
Имагинативната проекција на волшепството на создавањето ќе ја
прикажам низ кадри од откровенијата на сопствената интроспекција во мојот
најнов ракопис насловен како „ДвОглед“.
21
Поетската книга „ДвОглед“ не е само двојно гледање, двоен глед, туку
е и оглед и соглед, еден пристап кој ги сублимира турбуленциите на
секојдневните опстојби и психолошките реакции од нив во една модерна
естетика на егзистенцијализмот.
Низ ритмички и звучно оформени интерактивни смисловни слоеви оваа
книга распостила поетски доживувања богати со метафори, рима,
симболичност и мисловност, и со силна сугестивност го дехерметизира
микросветот на единечноста во социјално функционална креативност на
сеопштоста и возљубеноста.
Низ двата циклуси („ОГЛЕД прв – РЕЦЕПЦИЈА“ и „Втор ОГЛЕД –
ПЕРЦЕПЦИЈА“) разработен е различниот пристап на поединецот кон животот
во зависност од неговото восприемање на нештата (рецепцијата) и согледбата
т.е. пристапот кон збиднувањата (перцепцијата).
Зачекор во двоогледот е песната „Птицата во штицата“ која, поставена
како пролог, во себе ги сложува и двата огледи овде насловени како
„Иницијатива“ и „Перспектива“. Таа е растеризација на сувопарната човечка
иницијација за досегање на божественото во безглав акт на креација во кој се
обездушува и обезкоренетото (парчето дрво во намислата да прерасне во
експонат-птица, во резултантата се едначи само со – убава штица), но и на
семоќноста на продуховеното копаничење на душовриежот кое во недогледот
на перспективата возгордено распупува (парчето дрво се рассучува во жица и
се возгордува – Птица).
Во првиот циклус „Рецепција“ песните осликуваат едно инертно
лебдење сред бидувањето, една интроспекција родена во „Долот на болот“ каде
авторот е сопатник на читателот во емпатичното одболување на секојдневните
тиштења и втемелувања во варијаблите на емотивната дисфункционалност.
Во овој прв оглед нема симетрија, нема прецизна геометрија. Тука нема
имагинарни проекции на човекот. Овде ликовите се извајани од реалноста, овде
еден се едначи со сите, овде димензиите просторот го дивергираат во дробност
или го развлекуваат во беспросторност. Овде „отапени чувствата во иритирачка
лежерност се абат до безмилост“, па „во екот на самоодрекот ерозијата на духот
вклештува во немилост“ („Самоодрек“). „Бремени дилеми и самозалажувања
панично ја дразнат рожницата со кал“, а „во желудникот црно превриваат
соголени заблуди сред саможал“ („Небитие“). „Патоказите на невозможноста
во зеницата зарежуваат исчашени видици“ („Безмисла“). Јас, „од навика или
инает бележам скици“. Секој завој од скалилата на животот ги крши вистините,
во својата немоќ ентузијазмот попатно се рони во гола експресија што за едни
е поттик, за други – депресија, некој се губи во својата конфузија, трет блеска
како „Мајстор на илузија“. („Град“)
Во Долот на болот „секој крик е слуштен плик од кожурецот на нечија
рана“, „секој ек е нечиј лек, трепетен отскок од напната мембрана“. Во јатката
на неизбежноста – предизвици, неодлучност, немоќност, но и свесност дека:
„Во релјефот на светот
Долот
на болот
е жилав никулец
22
од стеблото на животот.“ („Долот на болот“)
Лавините недоветности кои го разоруваат сечиј брег, стануваат
иницијација за инсталација на прагматичност во сечиј опсег. („Неизбег“)
Посегот по недосегот, некогаш дофатлив, некогаш – во недоглед, во себесвеста
за неизбегот заспаниот живот го обденува и во полето од црно-белиот сплет на
изместениот свет петтиот елемент го позиционира. Овој, пак, дреми во дилема:
„Да никне, на среќа, во виша математика или да блесне во етерот на својата
метафизика!?“ („Шах-позиција“)
„Во каселата на немоќта
разгмечени калеми замор
и безнадеж во неизбег
развлечено се мрежат
и заплеткуваат јазли
од безнадежни дилеми
сред хаотичен соглед:“ („Свет на бајки“)
Во театарот на нелогичности, претставата на животот во врвот на
својата деградација, созрева во себеидентификација, во смелост „да се
редизајнира остенот на денот“ („Превртен ден“), во одлучност „да се спитоми
бидувањето“ („На балконот“), во свесност за сопственото право на
интроспекција, „на жонглирање со животот со своја перцепција“ („Мојата
столица“). Сега „во обден виори призвукот на дофатливоста“, воскликот од
растајнувањето на зборот „во воспевот на бидувањето го задвижува
себеоткривањето во раскопот на битисувањето“. („Подгон на заблудите“) Сега
„миризлив дожд од цветови го покрива плочникот на зрелоста“, сред клокотот
на врутоците живост проблеснува спознанието за целоста. („Танц со липата“)
Сега секоја метаморфоза се надраснува, сега и сонцето со залезот не згаснува
туку крвари во човечкото срце, така што и метафората оживува пулсирајќи во
животворен крвоток кој го соживува човечкото во човекот, вонземското во
светот, благословеното во поетот. („Залезот в срце“)
Рецептивното одболување на душовриежот, во вториот циклус
„Перцепција“, се трансформира во негово креативно стишување, мислата
преврива редизајнирана со врутоци од страсти и возгордено се раздиплуваат
дамарите. Мултифункционалното свесно или бесвесно мутирање на
илуминациите на постоењето во полето на бескрајот, распостила дилеми од
типот: „Модуларна вентилација или семантичка филтрација?!“ или, пак, „Икри
од С-то на Сјајот или плодови семенки од Рајот?!“ („Илуминации на
постоењето“) Ова навестува недоглед на избори, среќни можности,
слободоумност, радост, полноживотност, добродет, скромност... – вредности
кои зачинети со универзалноста на љубовта стануваат доблести кои
несопирливо ја задвижуваат машинеријата во која
„Погон
на животосмислата е
промислата.“ („Промисла“)
Овде зборот-непрегор е „бесценет камен на универзумот“, а дури и
несреќниот ослик на апстрактна креација „се точи во инспирација за
дегустација“. Нескротливото копнеење станува споделен вриеж, а во слеаните
23
крвотоци пулсот на безвремето – срцебиеж. Сега предизвиците се поле за игра
за оддишка. Сега „и догорената пребирливост искри жарчиња живост“, а
новиот биотоп во компасот на среќната заталканост распрашува заводлива
маѓичност. („Биотоп“)
Овој втор оглед, по рабовите на зовриената кора од јадрото на вулканот
на небегот, концентрично размножува нови димензии на векувањето. Будниот
исчек да се оплодат желбите ги збришува предрасудите и поттикнува наум кој
ќе е за ум заради порамнување на искуствата од минатото со пребирот на
полифоничната сегашност и нивно врамнотежување во спрега со
перспективите на духовната насушност. Вдахновените копаничарски резби на
биднината, поставени во врвот на катарзата на пеколните дразби на
небиднината, ’ртат продуховено раѓање во урбанизираната егзистенција во која
„сите сме архитекти
на естетиката
на контемплацијата
на сопствените
ѕвездени колиби.“ („Современа архитектура“)
На каруселот на опстојбата, сред магични возбуди, блажено ротира
обичноста. И нема изговори, нема бесмислени стравови, нема апатично ниту
драматично препуштање на судбината. Има допадливост на несигурноста и
двоумот, надраснување на секоја саможал, инспиративност на непредвидот и
свесност дека:
„Секој
судбината
во куполата на
својот избор
ја врвосува.“ („Судбина“)
Во скромнава галаксија човекот е бесценет расад кој воплотува
„никулци благовестија во магнетни јадра на земски соѕвездија“ во чиј зенит
созрева мудроста на живеењето со вистината и полноживотно пулсира
единственоста на човекот – како чудо.
„Во новооткриеното
суштествување
новата животворност
возвишува возљубеност.“ Тишината маѓепсува со својата лечебност,
сеприсутната вљубеност ги збришува рамките на просторот, единечноста се
мултиплицира во благословена бројност, циклично ротира среќата, а и
најмалото парче простор, вака вдахновено, станува рајски остров во кој
љубовта е „секвенца од времето овековечена во безвременост“. („Простор на
љубовта“)
Во песните од огледот „Перцепција“ созрева себесвесноста, „сталожен
одек мудрости во храм на спокојот медитира“, „меѓу годовите на времињата
возбудлива радост во реки виталност понира“, еруптира возљубеноста, па
безгрижно и со сладостраст на изрекот се благословува откривањето на
совршенството на обичноста и единственоста на Човекот. („Три планини“)
Срцевината станува епицентар на несовршениот но волшебен свет, станува
24
„иницијација на единството на интервалите во хармонична композиција“.
(„Точката на светот“) Во остварувањето на таквата хармонија на човекот со
себе и космосот пулсираат крвотоците на безвремието, а секоја личност ја
моделира сопствената оаза за духовно и просторно у(с)покоение.
Ако последниов кадар од откровенијата на сопствената интроспекција
се осветли од друг агол, ќе блесне новодимензионална проекција. „ДвОглед“-
от повторно ќе е двојно гледање, двоен глед, оглед и соглед, двоглед... нечиј
самосвој вглед или светоглед. Дводелниот пролог, двата циклуси по дваесет и
две песни, комбинаториката на два по два или два плус два... пак ќе бидат
инспиративни варијации на дуалноста во поставката на делото, во пермутација
која и читателот го позиционира како фигура на двобојното шаховско поле на
животот и светот. Потегот е направен. Сега на ред е имагинативната
продорност на читателот.
Vesna Mundishevska Veljanovska
IMAGINATIVE INTROSPECTION IN THE SPACELESSNESS OF THE
WORD
Imaginative projection of the magic of creation I will show through excerpts of the
revelations of my own introspection in my latest manuscript titled „ДвОглед“.
The book of poetry „ДвОглед“ is not only a double view, but it is a view and
cognition at the same time an approach that sublimates the turbulences of everyday
situations and their psychological effects in a modern aesthetics of existentialism.
Through rhythmic and sonorously shaped interactive meaningful layers, this book
spreads poetic experiences rich in metaphors, rhyme, symbolism and thoughtfulness,
and with strong suggestion demystifies the micro-world from its unity into socially
functional creativity of objectivity and mutual love.
М-р Сања Мучкајева Видановска
ИМАГИНАЦИЈАТА НА РАСКАЖУВАЧОТ
Во името на имагинацијата се обраќаат токму ликовите, како гласници
на раскажувачот
25
Творечкото, уметничкото и вредното, се игра на зборови кои често и се
оддалечуваат, поретко приближуваат. Проширено тројство кога станува збор за
нарацијата преку ликовите, затоа што творечкото остварување е не секогаш и
уметничко, иако се слагам дека уметничкото е секогаш вредно. Да се твори, не
значи секогаш да се создава уметност.
Навраќајќи се на една ваква констатација за творечката имагинација,
уште би рекла и дека субкултурата, односите во едно општество, традицијата,
наследството на кодот во менталната имагинација е решавачкиот збир со кои
се доаѓа до еден одреден уметнички израз. И реалноста на улогите и настаните,
исто така може да се изгуби при имагинативното жанровско пишување, така
што и овој дел е доста деликатен за дебата што можеби би открила нови
димензии кон темата на која се однесува овој осврт.
Имагинативноста на раскажувачот, поигрувајќи си со сопствената
фантазија претставува микросвет од неограничени можности. Со самото
претставување на тие можности тој ја остварува својата интуитивна определба
кон активното создавање на ликови. Често реални, но и создадени при неговата
нарација, како духовно себесоздавање и себеоткривање.Откривајќи се себеси,
отворено нуди и откривање на читателот, но само ако општењето меѓу нив е
комуникација при која се создава тесна наративна врска, а читателот со секоја
наредна страна ментално општи со ликовите, а со тоа и со самиот раскажувач.
Што е уметничка имагинација во писателот? Дали е тоа создавање на еден
посебен свет и сликовито оживување (поточно кажано анимација низ играта од
зборови) на раскажаното. Но, без повлекување на линија меѓу реалното и
имагинативното. Кога во името на нарацијата, се обраќаат токму тие, ликовите.
Создавајќи особен свет, авторот својствено го искажува сопственото
восприемање на оној свет од кого самиот потекнува, а својата топка на замислен
свет ја пакува во себесвојствена улога на емисар, внесувајќи ги внатрешните
симболи, како код впишан во секој лик. И секое пронаоѓање на сопствениот
код, читателот го поистоветува со сопственото врежано искуство. Ако
26
раскажувачот умее да ги прошири искуствата и видиците кај самиот читател,
при тоа воспоставувајќи врска со него, со убедливо прикажување на настаните,
тогаш успеал да го натера читателот внимателно да го слуша што има да му
каже. Тоа е шепот од внатрешен глас на особениот свет во кого читателот
незабележливо се вовлекува и воведува, каде тој ја доживува приказната како
исамиот автор. Тоа не е само едноставно прераскажување, туку е сложен говор
на ликовите. Тие се гласниците на раскажувачот, а настаните се сликовито
доживување на светот во кој живеат. Свесно велам живеат, затоа што секое дело
е создавање на нов свет. И секое пишување е разговор со самиот себеси, но само
до зачувувањето на листовите хартија во меморијата на авторот и, во поново
време компјутерот. Понатака веќе не! Секое пречитување на тоа дело е веќе
разговор на авторот со читателот, оној тивок дел на ментална комуникација,
каде тој зборува, а другиот слуша, со внимание кое зависи од отворената понуда
на сите тие ликови што ја раскажуваат својата судбина. Но кој ја одредува
нивната судбина, особено кога се работи за имагинативната умешност на
раскажувачот? Реална или измислена во рацете на оној кој ја запечатува на
обичен лист хартија, таа се одвива онака како што тој сака – но внимавајте,
подоцна под будното око на читателот.
Беше доцна зимска ноќ. Студенилото на снегот тропаше на
надворешната врата. Пламенот со црвеното лице ја осветли топлината,
задушувајќи се себеси со секое пукање на дабот. Трупците се зажаруваа над
пепелта, а сенките играа околу околните предмети. Пуштаа долги и кратки
затемнети лазачи по ѕидовите. Како раце од долги пајаци, малку потемни од
бојата на ѕидот се слеваа со огнот, се искачуваа и слегуваа, буквите на
писателот одеа исто така горе-долу.
Малку згрбавен, седеше на дрвениот стол со резба на наслонот.
Задлабочен, мислите шетаа низ хартијата, низ која од време на време ја
затемнуваа истите сенки од ѕидовите. Се чинеше дека снегот однадвор го
затрупува секој звук внатре, но писателот сепак слушаше изоштрено и во
моментот пишуваше за белината и студот. Облечен во долга домашна
наметка, малку забраден и разбушавен, пишуваше. Неговата прислужничка
штотуку стави дрва во огнот, потоа и` рече дека е слободна. Сакаше да биде
сам и секое движење ги прекинуваше мислите. Тоа прекинување знаеше да боли
толку многу што татне и чука со продорен звук. Ја крена главата,
здогледувајќи ги истите сенки што заигруваа поради огнот, при што се
чинеше дека бездушно се смеат над листот хартија. Раката се затресе, при
што последниот збор се разлеа, а едно од дрвата запука во огнот и ја осветли
бојата. Зборот над кого го држеше перото, последниот збор слушај, се разлеа
кон горниот ред и Доминик се стресе како навистина да слушнал нешто лошо.
Мислите одлетаа заедно со пламенот што го проголта дабовото парче кое
сега веќе зажари, полека согорувајќи во каминот. Стана брзо, при што ја
затресе столицата и нервозно помина со прстите низ косата што паѓаше на
неговите очи. Повторно погледна на листот хартија, застанувајќи до огнот.
Ја подаде раката, го грабна од масата и со брзи движења го стутка, фрлајќи
го. Потпирајќи се со десниот лакт на сивиот мермер од едната страна на
каминот, повторно со другата рака премина со прстите преку косата и
27
помисли дека една чаша топло, црно вино би го смирила. Само што сакаше да
ја повика прислужничката, се сети дека е доцна и дека претходно ја ослободи
да оди и да си легне. Тишината уште повеќе го мачеше, носејќи ги неговите
мисли на многу страни и чувствуваше дека се судираат во ѕидовите и лазат
на истиот начин како сенките од предметите во собата. Мора да ја заврши
вечерва, мора! Уште само една реченица... Погледна во листовите испишана
хартија, а потоа во огнот. Последниот лист хартија, одамна се претвори во
пепел. Тивко опсу, и со бавни чекори дојде до масата и седна. Сенките одново
заиграа, очекувајќи мастилото на хартијата да продолжи со разгорениот
жар, исто како огнот, право во прстите и да продолжи со закосениот
ракопис. Тишината и ликовите се вратија со дијалогот што за момент се
затна.
Овој момент слушни го, продолжи ракописот, само овој момент, бидејќи
никогаш веќе нема да се врати. Ќе остане засекогаш заробен во атомот на
бесконечноста, а ние можеби... ние можеби ќе се сеќаваме, ако некогаш се
сретнеме во неа! Заврши и полека ги зеде листовите. Превртувајќи ги од
почеток ги разгледуваше испишаните страници, но не ги пречитуваше.
Прелета брзо со погледот на едната, па на другата и се` така по ред, се` до
последната страница. Но, вртејќи ги внимателно за да не остави отпечаток
на нив од извалканите прсти од мастилото. Во својата обземеност, не се сети
прво да се измие. Знаеше дека, ако стане би исчезнала магијата на крајот на
една животна приказна, за која тој, писателот живееше. За почетокот и
крајот. А да се оддалечи, знаеше е грев за перото, што се плаќа подоцна, како
површноста на умот што го креира сопствениот монолог и дијалог и
расправија со неговата замисла. Затоа што само таа замисла можеше да ја
сокрие зад затворената врата на реалноста, белата реалност и студот на
мислите во вистинската соба на сенките од пламенот. И сега кога заврши, се
стресе со превртувањето на последниот лист и последната мисла на ликот,
па почувствува дека уште еден свет умре. Со секоја допишана книга, за него
светот умираше, оној свет што самиот го создаваше, а повторно се раѓа со
секое ново пречитување на читателот. Само пред малку, пред да го заврши,
беше толку топло и совршено, што посака да ги собере листовите, сите
заедно, како една топка на посебен свет, мала планета и да ги фрли во огнот,
се` со цел да може повторно да го креира новиот свет што се судираше во
главата. Затоа што за него, умирањето на светот беше исто како негово
бавно умирање.
Писателот твори, оставајќи огромна трага во себеси, живее со ликовите,
ја зацврстува нивната улога преку зборовите, а светот кој го создава е доказ
дека неограниченоста на умот досега до димензии кои се остваруваат
единствено преку неговата фантазија. Тој постојано се прашува дали може да
создаде свет кој ќе претставува негова лична креација, а при тоа да го завземе
вниманието до крај на секој оној кој случајно или намерно би ја отворил првата
страница. Колкава може да биде неговата успешност да го намами на сите оние
актери кои се јавуваат понатаму, со своевидно истражување на се` она што е
ограничено, или неограничено (во зависност од замислата и умешноста истата
да се реализира), а при тоа да не се наруши ниту интимното доживување на оној
28
кој чита, ниту интимноста на ликовите што во тој момент мора да заживеат, ако
сакаат да останат главни актери во цел тој замислен свет.
Од друга страна, неограниченоста со која писателот како предност се
соочува, поставува пред се` едно реторичко прашање – Дали неограничената
творечка имагинација е истовремено и стапица во која влегува самиот
писател при неговиот обид ликовите да ги приближи до читателот со
прецизна дозираност, а да не го изгуби уметничкиот израз на
себеоткривањето?
Со секое зголемување на шепотот, кое излегува се` погласно и може да
заврши лесно со вресок од зборови, се зголемува и опасноста на таа интимна
комуникација, тој дијалог што се води со секоја нова страница, а дебатата
станува расправа во која писателот многу лесно може да ја изгуби довербата,
со едно недочитано затворање на страницата, каде таа е загубена еднаш за
секогаш. Тогаш раскажувачот останува со празнината на една недоискажана
имагинација, а неговите ликови умираат засекогаш меѓу заборавените
страници.
M-r Sanya Muchkayeva Vidanovska
THE IMAGINATION OF THE NARRATOR
The imagination of the storyteller, while playing with his own fantasy represents a
micro-word with its limitless opportunities. The writer creates, leaving a huge mark
in himself, lives with the characters, strengthens their role through the words and the
world that he creates is a proof that infiniteness of mind reaches the dimensions that
could be realized only in his imagination. Creating a special world, the author
29
expresses his own peculiar perception of the other world from which he comes, and
his ball of the imaginary world packs in his unique role of emissary, bringing the
inner symbols, as a code written into each character. And each finding of one’s own
code, the reader identifies with his own engraved experience. Is the unlimited
creative imagination is both a trap in which the writer enters himself in his attempt
to bring his characters to the reader with a precise dozing, in order not to lose the
artistic expression of his self-discovering?
With each increase in the whisper that becomes louder easily ending in screaming
words, increases the danger of that intimate communication, that dialogue which
continues
with each new page, and the debate becomes debate in which the writer can very
easily lose confidence, because of the closing of an unread page, which is lost forever.
Then the narrator remains with an emptiness of one inexpressible imagination, and
his characters die forever among the forgotten pages.
Ванде Ганчевски
УМЕТНИЧКАТА МАГИЈА НА ПИСАТЕЛСКИОТ ЗАНАЕТ
30
Ако го имаме во предвид фактот, дека стожер на творечката проза треба
да биде ликот и личноста низ неа, поретко настан, појава или случај,
недвосмислено произлегува заклучок дека без разлика дека е вистинит,
замислен или нереален низ секојдневието што го живееме, го гради дејствието
ја црта уметничката компонента и успешноста на неговата улога, заедно со
сликовитото пренесување на прозното дело до читателот. Погоререченото е
врзано за квалитетните ресурси што ги поседува авторот, а тие пак го лансираат
пристапот во пишувањето на прозната композиција кој не треба да биде посен
и едностран за да не се изгуби реалноста на ликот низ настанот појавата или
случајот, без разлика колку зборовите, мислите, речениците и размислувањата
на авторот се сочни и мрсни, без разлика со каков фил или шлаг се премачкани.
Ако тоа се случи, читателот е незадоволен, книгата ја фрла недочитана.
Посебно ова е битна одлика на младите читатели кај кои има инает во читањето,
кај нив нема „нешто помеѓу“... А пак рутинираниот постар читател со напор и
инает ја чита за да ја дочита и на крајот за да констатира дека книгата е
„решетасто напишана“.
Останува констатацијата за двата видови читатели, дека од тој автор,
книга в рака не... Бидејќи го има уметничкото, вредното, релаксирачкото,
творечкото... Ако е така, констатацијата дека пишувањето е занает кој се учи
долги години, секaко низ творење, погоререченото слободно можеме да му го
залепиме како карактеритична појава кај младите автори – почетници, а додека
пак, кај старите рутнинирани писатели – занаетчии, тоа го нема. Тие ништо не
31
оставаат на случајот, секоја ситница е разработена до одредено уметничко
мерило и директно или индиректно, зачестено незабележливо индиректно, го
полеваат ликот со блажина, лутина, горчина, етика, естетика ..., како со магија,
зависно од определената улога во делото, за на крајот портретот на ликот да
биде успешно насликан и гледан со сите негови карактеристики што му ги
залепил авторот, и низ неговиот анфас и низ неговиот профил.
Целото погореречено не е врзано само за улогата на ликот и замислата
на авторот, туку во многу случаи зависи исклучиво од творечаката искуствена
имагинација на самиот автор и подличноста во него, изградена како уметник на
пишаниот збор, за да биде творбата доближена и прифатена од читателот.
Низ моите творби, посебно низ романите се сретнуваат поголем број на
ликови. Впечатливи остануваат сегменти низ кои сум пренесувал гледања,
размисли, случаи и ставови од други споредни ликови, или ликови надвор од
романот, така што на индиректен начин тие ликови ги изнесуваат своите
аспекти. Задоволно констатирам дека ваков пристап бил неопходен за да се
организира и непречено да тече нарацијата, а главниот лик низ посебни слики
индиректно да биде уметнички закитен, повидлив и повпечатлив. И вака, како
споредни, овие ликови добиваат своја мини улога во романот, го движат
дејството напред и ги внесуваат потребните новости во поглед на текот на
приказот, ги лансираат низ него своите карактеристики и особини битни за
сликање на главниот лик.
Кај мене, овој вид на пишувањеме буди, ме сили и ми олеснува низ
пишувањето, а читателот го задоволува, видно од неколкуте рецензии, критики
направени од долгогодишни занаетчии на пишаниот литературен збор.
(„Сенките се неми во сурово време“, 2005 – роман), „ја открива душата на
главните ликови“.
Се сеќавам, тогаш пишував без запирање, без одмор. Зачестено заборавав на
медовата моја перница... Едноставно заборавав на времето, не мислев за вчера,
за утре... Се напишано, дојдено или заминато беше мојата опсесија, велам сега
болна, заразена од вирус за пишување, против кого нема лек. Ќе излажам ако
кажам дека не ми е убаво кога ги кршам, ги ситнам, ги виткам и исправам и
повторно ги составувам зборовите во мисла. Само тогаш извира мојата
спирално извиена имагинација, низ која правам селекција на пишаниот збор,
мисла... За да се залепи до интересното, уметничкото, креативното... Не
забележувајќи дека сум го згмечил времето кое никогаш не ми значеше ништо,
ама баш ништо. Многумина знаат да го ценат и вреднуваат , а јас не. Само низ
пишувањето творечката имагинација ми се доближува до реалноста низ
давежот на времето и низ мојата рамнодушност за него. Е, мислам дека само
тогаш правам целосна слика со уметничка убавина.
32
Низ неколкуте доминантни ликови, кои во романот се држат под
контрола за секој од нив да биде прифатен од читателот, посебно низ ликот на
куциот воденичар Јован од Полог, лик интегриран со сите доблесни особини
кои може да ги има еден човек, во овој роман се трага по одговорите, секогаш
имајќи го во предвид фактот декиа присутна е опасноста, оној што ги бара
одговорите за злобата, омразата, крвопролевањето и убиствата во 2002 година
во северозападните краишта на Македонија, да биде субјективен, неправеден...
И со свеста дека вистината мора еднаш да излезе на виделина, да нема можност
таа да се искривоколчува. Мислам дека сум се доближал премногу близу до
реалноста од периодот на борбените настани во Македонија, а помош за овој
роман низ неговото пишување, ми даде и моето директно учество во редовите
на АРМ, како резервен официр.
Во другиот роман што го одбрав за анализа по барањето на задедената
тема од организаторот, „Бев таму и се вратив“, 2006 г. , невино сум пристапил
кон стравот, кон аверзиите, кон редица налегнати комплексни чувства... Сум
направил разработка, селекција на на низа ликови, кои го градат дејството, а
изникнале од мојата имагинација. Убаво сум ги закитил со „разнобојни
пердуви“ кои лансираат поодделни разни карактери проектирани низ
напишаното. Сум направил јака симбиоза на целата идеа со содржината,
фабулата, посебно со стилот, а ликовите убаво сум ги залепил до реалното,
секојдневието,“ ... „со откривање на нивната душа низ нивната душевна
состојба и нивните постапки во остварувањето на својата улога и сопственото
постоење во романот“ (Рецензија од Р. Бужаровска, стр. 5). Главниот лик е
пастелно насликан со силно развиена интелигенција складирана во поетска
душа, но без никаков емотивен живот. Во него нема простор и сила која ќе ги
всади можностите за доживување на етички дилеми. Во интелектуален поглед
пак, ликот е творец и креатор на пишани дела и тоа успешни“. ... Се добива
впечаток дека овој лик како да е поставен на маргините на нарацијата, но колку
што се навлегува во подлабоко во раскажувањето, се повеќе е видлив
впечатокот дека тој го носел товарот на самата нарација...“ Станува јасно дека
бил присутен насекаде, дека тој е во секој збор на романот, и таму лично каде
се појавува, но и низ постапките на другите ликови.
THE ART MAGIC OF THE WRITER’S CRAFT
Only through writing I use to forget passing of time and I think neither about
yesterday nor for tomorrow ... I would lie if I say that I don’t feel nice when I break,
33
bend and straighten and re-compose the words in thought. Only then spirally coiled
springs my imagination, through which I make selection of the written word, thought
... in order to stick to the interesting, artistic, creative. Well, I think only then I create
full picture of an artistic beauty. Every creative work depends upon the author’s craft
and experience in order to bring closer to the reader. If we have in mind the fact that
the pillar of the creative prose should be the character and personality through it,
rarely event, occurrence or case. The author builds the plot together with figurative
transferring of the prose work to the reader.
Биљана Т. Димко
„МОИТЕ ЛИКОВИ СЕ ВИСТИНСКИ, НАСПРОТИ
РЕАЛНОСТА“
34
Писателот е вајар на светот – ова е мој став, небитно дали ќе го
прифатите или отфрлите. Секој во работата што си работи си има одреден алат
за работа, основен и примарен. Основниот алат на писателот е имагинацијата
во должина и широчина и неуморното љубопитство, додека пак примарниот е
хартијата и писалката. Многупати имам чуено дека, писател не се станува со
текот на животот ами се раѓа, донекаде се согласувам, скоро целосно, но
писателот неопходно е да се школува, да ги замрзне менталитетот, општите
судови, да ги напушти догмите и стегите што му ги наметнува општественото
живеење. Писателот не смее да биде обичен човек, неговата одреденост е да
биде едноставен и да суштествува околу неконвенционалноста, мора да биде
невидлив главатар за да биде гласноговорник, писателот, а и општо уметникот
неопходно е да биде против било кој систем на уредување или моќ на
диригирање, затоа што признавањето на ова единствено може да го уништи
неповратно неговиот дигнитет во сечии очи.
Мене, како писател оваа стварност којашто секојдневно ми се сервира
ми е потполно илузорна. Ми наликува на `слепена кутија` каде се изнапикани
разни дрангулии што произведуваат различен звук истовремено и прават
умоболна врева. Не само писателите...уметниците и многу други луѓе се
чувствуваат тесно во сопствената кожа и своето раѓање го доживуваат како
основна и најголема грешка.
Факт е дека мора да се дојде до помирување помеѓу уметникот и светот,
според мене, важно е да се пронајде изворот на креативнот набој и да се следи
35
неговото течение. Од секоја врба свирка не бидува, па и од секој човек не може
да се очекува дека ќе има `нормален` живот. Јас, вака го гледам спасението.
Во моите дела, ликовите не ги измислувам, тие се дури поживи од мене,
со нив многу полесно се разбирам отколку со себеси, тие ме разбираат и кога
имам потполна блокада со себеси, но настаните, да, ги измислувам.
Сите ликови кои ги имам делумно или целосно разработено, негде ги
имам сретнато, сум имала некаква комуникација, вербална, невербалана, сме
купувале заедно детергенти во продавница, заедно сме плаќале сметки во
поштата....ми побарале пенкало на заем, ме прашале колку е часот.... накратко,
тоа се моите ликови... тие, така како суров материјал се внесуваат во моите
мисли и на некој начин сам по себе, таков што не може да се објасни ми се
откриваат, и тие и случувањата околу нив и така јас ги откривам. Значајни ми
се `малите`, навидум просечните луѓе кои секојдневно попатно до работа си
купуваат ѓеврек и јогурт, подигнуваат кредити за да образуваат своите деца,
мајките кои ги преправаат старите здолништа за да не изгледаат толку
износени, татковците што ги откажуваат цигарите, кога од нив тоа ќе го
побараат нивните деца... бабите коишто ја делат пензијата подеднакво на сите
внуци. Секако ме интересираат и ликовите коишто ова немаат можност да го
прават, бидејќи немаат за кого или едноставно не сакаат да се жртвуваат за
никого, кај ваквите ликови најчесто ја испитувам нивната претходност и
последиците, доколку имам можност. Сето ова досега што го напишав, го
содржи во мојот расказ „Егзибибцион“ :
Феникс сакаше многупати да си ја ампутира својата вдахновена
човечност, бидејќи ништо особено не му должеше на ова општество. Веќе
подолго време сите свои нагони ги потиснуваше во себе и од ден на ден растеше
неговиот срам од тоа да се погледне себеси во огледало. Почна да разговара со
својот пес, им изјавуваше љубов на гладиолите во дворот, а шолјата полна кафе
ја допираше на тој начин како да е женска половина. Успеа да се зароби себе во
себе и траурно да се однесува кон се` што е убаво. Една вечер, токму онаа во
април, кога Лејла конечно после многу време успеа да почувствува нешто убаво
кон некого бидејќи тој нејзин лик, според неа го имал најубавиот сјај во очите,
таа пресреќна затропа на Фениксовата врата и кога тој и` отвори таа само силно
го прегрна и јасно му шепна на уво - „Жива сум!“ - Него се` му беше
јасно. Неговиот израз на лицето остана да биде сериозен и помалку мрачен или
скептичен пак. Лејла не му обрна воопшто внимание на таквиот израз, туку
само весело влета во дневната соба и посегна по колаче од масата. Феникс со
бавни движења седна на фотелјата и само ја гледаше, немо и некако чисто.Лејла
го потсетуваше на еден провинцијалец (тешка суровина од човек) но со голема
неконвенционалност што се граничеше со глупавост, барем за Феникс. Ни
едниот ни другиот не се обидоа да разговараат за нешто, туку молчеа.
Лејла копнееше, веројатно, а Феникс се обидуваше да си открие себеси на кого
му прави арно ова постојано натегање помеѓу машкиот и женскиот род, а во
36
суштина и двата рода се прилично несреќни, о колку само би било помалку
разочарувачки, кога небитно дали машкиот или женскиот субјект ќе биде
реализатор на космичкиот судар. Истот тој миг, една книга падна од полицата
на подот, веројатно и` беше претесно таму. Феникс се сепна и на глас изговори
- „ Идеалисти, ете тие не се за овде....“
- „Молам?“ - го праша Лејла.
- „Велам, жално, колку многу сме свесни за својот очај, а колку малку се
обидуваме да се бориме против него. Не ` изеде, коските ни ги изглода, а ние се
лечиме од реума. И сакам да те прашам, ако си се почувствувала жива, зошто
повторно се врати тука. Здравите луѓе не се враќаат во болница, зошто се врати
ти?“
-„Ама, ова е мојот дом.“ - му одговори таа
-„ Не твој, мој е. Ти се плашиш да бидеш, како она го кажуваш ...жива..се
плашиш да не` умреш повторно. Едноставно, заминувај...она што си го нашла
е реткост, а овој очај, студ и зло е секогаш е сопатник на човекот, кој му спие
по џебовите од неговите пори. Оди побарај го...Бог пред да го создаде мажот и
жената го создал човекот, божјо олицетворение, а не очајни половинки кои
постојано се бараат по друмовите од светов и кога ќе се најдат почнуваат да се
однесуваат ко странци. Срамота! Обиди се да бидеш човек и дај му на некој да
те направи жена, па универзумот да те преобрази во мајка.......заминувај...“.Во
тој миг, Лејла стана од фотелјата и си замина. Феникс ја затвори вратата,
двапати го сврте клучот и почна да плаче, липаше, како мало дете...неговата
тага не можеше повеќе да се опише...
Читателот е важен, но откако ќе се напише делото. Одбивам да бидам
негов слуга, односно, моето пишување да го прилагодам кон неговиот вкус,
тогаш радо би се откажала од пишување. Целта на моите ракописи е да им
открие на читателите што гледам јас, што мене ми важно, каде го гледам
предизвикот, страста, љубовта, да дадам некоја траекторија за подобро
снаоѓање на безпатицава... а не да понудам краткотраен освежителен пијалок.
И на крајот, се` се сведува на љубовта. Љубовта, иако нерационална
многупати во животот, сепак е основата на сите дела коишто траат. Животот е
долг, но кратко трае, сите ние се обидуваме да оставиме нешто трајно зад себе
и оригинално, што е чесно, но тоа е невозможно без љубов и посветеност.
Човекот е билка којашто размислува!
Biljana T. Dimko
MY CHARACTERS ARE REAL, VERSUS REALITY
The writer is the sculptor of the world - this is my view, irrelevant whether you will
accept or reject. Everyone is working with a tool of his own. The basic tool of each
writer is his imagination in length and width with tireless curiosity. In my works, I do
not invent the characters, they are even more alive than me, It is much easier for me
to understand them than understand myself ... All the characters that I have partially
37
or fully developed, I had met somewhere, I had had some kind of communication,
verbal, nonverbal, we had been buying detergents in the same shop, we had been
paying bills at the post office .... I had been asked for a pen, I had been asked the time
.... In short, they are all my characters ... they are the raw material which is imported
into my thoughts and somehow by themselves reveal spontaneously in certain
situations I had met them before.
On the other side, this reality that is served to me I take it as completely illusory. Not
only artists and writers ... but many other people feel themselves enslaved into their
own skin and their birth they take as a biggest mistake.
The fact is that the reconciliation between the artist and the world must be achieved,
in my opinion, it is important to find the source of the creative charge and perceive
its flow.
Петре Димовски
ИМАГИНАЦИЈАТА МУ ВДАХНУВА ДУША НА ДЕЛОТО
38
Размислувајќи на приложенава тема, доаѓам до сознанија дека и
најреалистичните ликови во моите дела се облагородени со творечката
благотворност на имагинацијата. А отсуството на имагинацијата носи опасност
од бледа фактографска едноличност, од голо опишување и банална имитација
која без креативен дух неминовно би настапила.
Имагинацијата е таа што го гради скелетот на формата, му ја дава
животворноста на содржината, вдахнувајќи му ја душата на ликот за да влезе
суверено во животот и да се слее во комуникацијата со читателот како
рамноправен соговорник кој целосно ја исполнува сопствената карактеристика
во постоењето. Во присуство на дарба, уметникот го прави и создава токму
творечката имагинација без која не би имале успешно литературно дело.
Додека реалниот свет ограничува во своите постоечки димензии,
имагинацијата е бескрајна како нов универзум и до каде ќе се стигне во тоа
патување зависи од умствената дарба, од големината на уметникот во себе како
дар од Творецот на светот. Со помош на творечката имагинација на
перцептивната реалност ѝ се дава нова димензија во универзумска широчина,
креирајќи надградена творечка стварност која кореспондира со тајните
сокриени светови на творечката имагинација, интуитивно извлечени од
потсвеста како ново спознание за новата содржина, целосно уникатна и
неповторлива. Создавањето е една голема тајна за која и не сум свесен дека
постои додека трае процесот на создавање. Како творец се откривам сам како
создавам од празнината, зашто и празнината е неделиво постоење од делото на
Творецот на светот, а својството на создавање го имплементирал во кодот на
мојата дарба како автор, да ја поставам во празнината мојата мисла која од
ништо започнува да обликува и создава дело како духовна придобивка на умот
кое може да се материјализира натаму во настапувањето на стварноста.
Ликот Пламенка (од истоимениот роман) во реалниот свет не постоел, но
со помош на творечката имагинација, која широко го отвора својот книжевен
39
универзум, со една вешта комбинација на нови претстави, поими, идеи,
дејствија, создадов лик од имагинацијата кого читателите го идентификуваат
во постоечката реалност, дури, јас како негов креатор излегував често
неубедлив во обидот да докажам дека е само измислен, дека тој е излезен и
создаден од мојата фантазија, потпомогнато од силната желба во мене таков да
го креирам тој лик. Во таа творечка занесеност и авантура, каде реалниот свет
го ставив во хибернација, отворајќи ги сите врати на имагинацијата целосно се
пресоздадов во творец на еден нов лик со еден нов свет кој никаде не постоел
во реалноста. Во тој мој творечки занес интуитивно го отворав новиот тек на
дејствието во кој влегов и јас, заедно со новиот лик во една меѓусебна
комуникација, сложност и конфликт, надмудрувајќи се во тој новопоставен
свет од кој на крајот нечујно се повлеков, оставајќи го ликот суверено да владее
со својот живот, влегувајќи во комуникација со читателот, во тој негов нов свет
каде повеќе не беше можно моето присуство и останував само да го
надгледувам оддалеку како и колку ќе се вклопи и снајде во својот иден свет и
дружењето со читателот. Резултатите беа охрабрувачки: „Е, па тој е многу
баран роман, постојано е кај читателите“, ми кажува Гордана од одделението за
позајмување книги во Библиотеката; „Па што не си кажала дека го имаш во
фиоката“, читателката Менче ми ги предочува зборовите од својата ќерка
средношколка која случајно се сретнала со книгата, „меѓу нас се чека на ред за
прочит на тој роман“. Колку е моќна имагинацијата, со својот синоним
фантазијата, да создаде наполно нов лик со целосно свој неповторлив свет?
Имагинацијата е безгранична и таа креира нови галаксии во својот отворен
универзум. Но тие не се и никогаш не може да се очекува да бидат целосно
издвоени од реалноста туку само претставуваат нова реалност која неодвоиво
се потпира на реалниот живот, на реалното поимање и на искуството од
реалната стварност. Тоа е причината што тие често и се испреплетуваат, се
слеваат едната во другата, се надополнуваат и надградуваат, затемнувајќи ја
допирната линија која ги спојува и која ги раздвојува реалното и имагинарното.
Пламенка навистина е новородено чедо на имагинацијата, но градена и
создавана од материјалот кој се среќава во реалноста, таложен низ мојот живот
на сознанија, перцепции, искуства и опити, оттаму и ликот ги задржува
димензиите и особините на стварноста, создаден во нова стварност. Успехот на
животворност на новиот лик е поврзан со вештината и знаењето во
изведувањето на создавање на делото и големината на дарбата да се служи со
силата на имагинацијата, внесувајќи му полнокрвност и вдахнувајќи му душа.
Додека физичките особености на ликот доаѓаат како креативен импулс на
стварноста се уверувам дека душата што се внесува во ликот е чисто создание
на имагинацијата и способноста делото да се материјализира, да влезе во
материјалниот свет целосно е успех на силата со која дејствувала имагинацијата
во создавањето на креацијата, слевајќи се од имагинарно во реално при
потрагата и препознавањето од читателот. Со нови поими од имагинацијата ја
градам и обогатувам стварноста на делото, антиципирам во таа нова стварност
со имагинативната моќ на помнењето како матрица за новото обликување.
Постоењето на реалниот свет е подеднакво бескраен како и бескрајноста на
имагинацијата и таа недофатна бескрајност е просторот каде тие се допираат,
40
се исплетуваат и се надополнуваат, а тоа како творец го користам како нова
димензија во збогатувањето на светот од страната на видливоста и од страната
што се одразува како отсјај и како присуство изразено во целата димензија на
мојата желба. Да, токму желбата е движечката сила која со несопирна изразност
на енергијата ме уфрла во разиграниот вител на имагинацијата, и преземен
натаму од неа длабоко завлегувам во новиот свет што самиот го создавам со
целосна слобода да го обликувам според сопствената замисла, откривајќи се и
како негов создавач и како негова креација. Од нивото на реалноста влегувам
во нивото на имагинарното, носејќи ме имагинацијата во следното ниво и таа
скалила како бескрајна во себе го задржува принципот на релативноста, и
секогаш ќе се појавува следно ниво што одвојува од апсолутната ограниченост
на можноста. Творечката имагинација ми отвора простор во кој имплантирам
информации што се случуваат во мојот ум токму во мигот на креативниот чин
и како што се отвора и шири имагинарниот простор така постапно го
исполнувам со новата штотуку родена содржина. Дарбата и интелигенцијата се
снопот светлина што ја отвора и шири имагинацијата, осветлувајќи го до тогаш
невидливото и откривајќи ја затворената тајна во реална содржина на ново дело.
Во делото на фантазијата и свеста, каде празнината што претходно зјапала
отворена и застрашувачка, не се користело ништо постоечко од реалноста.
Токму од тоа ништо, со помош на творечката имагинација, ја исполнувам
празнината, користејќи го својот ум. Мислата која првично се изразила во
точка, светнала во искра, ја проширувам до граници на замисленото дело. Тоа
е барањето на желбата. Така замисленото станува стварно, и не е веќе празнина
и ништо, но тоа постои и станува присутно за восприемање од чувствата и
осетите на читателот. Воден од желбата, со сета креативна енергија на
имагинацијата го создавам делото кое е моја замисла, верувајќи во целосното
бегство од стварноста. Стварноста ограничува, имагинацијата пошироко го
отвора својот простор, повеќе и од својата првична појава. Тековите се
разгрануваат, се исплетуваат, се надополнуваат и нараснуваат, претворајќи се
во буица… Владимир Костов, пишувајќи за мојот роман „Резервна тајна“ ќе ја
долови таа особина, дека сум „понесен од спонтаниот лексички порој…“ Тоа е
една нова, преиначена стварност излезена од мојата свест, од она што го гледам
и чувствувам, од она што го спознавам или кон она што целам. Празнината
добива своја слика која постанува видлива, приемлива и која може да се копира
со својата содржина во свеста на читателот.
Појдовно, за да го создадам делото „Бродови“ ја имав силно изразената
желба за тоа. Со изразот на желбата ме исполни силната творечка енергија да
создадам едно дело родено во мојата замисла. Имав реални информации во
свеста од меморијата наталожувана низ децении, факти, слики, дејствија кои
долго го држеа мојот интерес за создавање. Но кога почнав да го пишувам
романот и да ги креирам ликовите, реалната стварност почна да попушта пред
надоаѓањата на фантазијата и почувствував дека силно ме надвлада и презеде
творечката имагинација и настана помешување на реалното со имагинарното
низ целиот творечки чин каде наполно се отвора астралната димензија во
творечкиот процес. Низ тој процес доаѓав до конкретизација на апстрактните
форми што на делото му даваат една целосна реалистичка линија во
41
восприемањето. Притоа емотивната енергија преземена од силната
имагинација ја насочував во обликување на ликови и содржини кои постануваа
реални и кои можеле да се случат иако не се случиле во стварноста туку
постанале само како плод на имагинацијата. Сликите, рефлексиите,
размислувањата и дејствувањата таму каде реално не се случиле водени се од
креативната имагинација како да се случиле. Таму каде немав реална поткрепа
на дејствието, го замислував, воден од творечкиот чин на создавањето. Кога
завлегував во сферата на имагинацијата, се чувствував многу помоќно,
пополетно и покреативно, со изразена слобода во движењето низ настаните и
разрешувањето на ситуациите. При создавањето го имав чувството дека
дејствието на имагинацијата, кое силно ме презело, ќе се пренесе и на читателот
кога ќе ги минува истите патишта што ги минував при создавањето. Сознанието
ме уверуваше дека токму таму и ќе се пресретнеме, иако межеби и нема да се
познаваме, но секој изразито ќе го почувствува присуството на другиот. И
откривам дека таа средба нè зближува и слева во спротивната димензија каде
создавачот е и читател, но и читателот го восприема чувството на создавање
додека чита, токму како што се испомешале и слеале реалното и надреалното
во делото во една целосна синтеза, трансцедентално воспримани.
Чинот на создавањето, чинот на творечката имагинација ги обединува
мислата и духот. Инспирацијата ја наоѓам, колку од реалниот свет низ кој
минувам, толку и од имагинацијата која низ мене минува. Но, минувајќи, таа
има моќ и посилно да ме понесе, до границите кога целосно излегувам од
реалниот свет а за тоа постанувам свесен кога повторно се враќам во него, кога
творечкиот чин завршува.
Petre Dimovski
THE IMAGINATION GIVES SOUL TO THE LITERARY WORK
Thinking of the presented topic, I come to the knowledge that the most
realistic characters in my works are refined with creative imagination. A lack of
42
imagination brings the danger of pale factual sameness, of a bare description and
banal imitation that without creative spirit could inevitably occur.
Imagination builds the skeleton of the form, it gives life to the content, it
gives soul to the character to enter sovereign in life and to enter in communication
with the reader as an equal interlocutor who fully meets his own characteristic in
existence. If there is a talent, the artist and his creative work is recognized through
his creative imagination without which a successful literary work is not possible.
While the world limits us in its existing dimensions, imagination is limitless as a new
universe and its borders depend upon his mental endowment, the size of the gift
received from the Creator of the world.
Creation is a big secret of whose existence I am not even aware during the process of
creation. As an artist I can see myself creating out of the emptiness, because the
emptiness is indivisible existence of the Creator of the world and the capacity to
create it implemented in the code of my talent as an author, to place my thought in
the emptiness whicht begins to shape from nowhere and creates work as a spiritual
benefit of the mind which can materialize on the advent of reality.
With new concepts of imagination I build and enrich the reality of the work, I
anticipate in this new reality with imaginative power of my memory as a matrix for
the new styling.
The act of creation, the act of creative imagination unites thought and spirit.
I find inspiration as much from the real world through which I travel, and the
imagination that goes through me. But passing, it has the power to carry me out of the
boundaries when I fully go out of the real world and I become aware of it again when
I return to it when the creative act ends.
Јован Ѓуровски
ВРЕДНОТО Е ВО ЧИТАТЕЛОТ
43
,,Кога се вратѝ ме со Аркан во Париз и а напушчиме Легијата он ме ангажира,
една негоа швалерка,една лепотица да му а чуам по 24 часа, а за тоа ме
плаќаше.Он сметаше дека она со мене не би легнала макар да а убиа, а он во
мене имаше поверење дека никако не би су дозволил да го изневера тој мој
приател. Сигурно мислел: вој прос Мариовец не го бива ни гаќите да си ги
крене,а камоли да си и турне пред ваа моа метреса. А она најсна, убаво и беше
коа он беше со неа, ама коа го немаше да се врате по цели денови и ноќи.само
да ми се пуле, и јаска а разбра шо сака. И ајде ми ти една ноќ се згрвалиме"
(,,Секој човек башка будала")
Ова е извадок од еден монолог, поточно кажување што сум му го
припишал на Дељо Вагата, еден од главните ликови во романот, гастербајтер
од Мариово во Франција,во Париз. Тој се поврзува со Аркан и извесно време
заедно поминуваат во Легијата на странците.За да не биде убиен од него (кога
Аркан ќе разбере дека Дељо стапил во интимни односи со неговата љубовница)
ја напушта Франција и се враќа во Мариово, оставајќи таму жена и три
малолетни деца.
Што е реално, а што имагинарно во овие ликови од мојот роман. Во
ликот на Дељо Вагата, моите Мариовци го препознаа Ацко Паланза, бидејќи и
овој беше во Франција како гастербајтер и по негово кажување се приклучил во
Легијата на странците,наводно со Аркан, Србинот. Јас како автор на романот,
ниту сум бил во Франција, ниту знам дали овие двајца се виделе некогаш таму,
а камоли да имале некаква соработка.
Мојата тема е современоста на нашите луѓе: иселените Мариовци во
градиштата и дијаспората, бидејќи во Мариово сега веќе нема Мариовци.
Значи, најчести ликови во моите романи се моите земјаци како граѓани во
урбаните населби, и во странство. Како тие живеат, како се пробиваат во новите
44
средини, какви сѐ судбини и радости доживуваат, а секако дека по ништо и не
се разликуваат во споредба со другите Македонци.
Целта ми беше да ја искажам снаодливоста на Мариовците да се
пробиваат успешно и во едно ново, поинакво општество (капиталистичко) каде
мораше да се занимаваат и со работи што ниту знаеле во татковината дека
можат да му носат пари за живот. Дељо Вагата заработува пари, но живее еден
криминален живот, во алкохолизам и блудничење. Но, тој не може да го
рескира животот како Аркан, и бега од тој живот, оставајќи ја фамилијата, и се
враќа во татковината. Во својата земја, сега, иако има пари и презема свој
бизнис, но без фамилија и со новите навики од животот во капиталистичкото
општество, не може да продолжи скромен и нормален живот, а тоа значи
среќен, задоволен, семеен живот.Може да се заклучи дека реални се само
имињата на ликовите , а се друго е имагинарно, измислено, фантазија на
авторот.
,,Што е ова ,Ханка?!. Зошто госпоѓата ...ми се обраќа...со , тате?!. Што
е...Ханка...ова?"
,,Затоа...што...ти е ќерка, Стојан!!! Азра е нашата љубов...од Тумбе Кафе,
во Битола!...Тоа е она што требаше да ти го кажам...при нашето
збогување...ама ти не стигна!...Тоа е она што чичко Ајри не смеел да ти го
каже...без мое одобрување..."
,,Јас сум, тате, Азра Стојан...додека се омажив, а сега - Азра Шчекин...Еееј,
колку сакав да имав татко додека бев во Домот за сирачиња и мали деца?!.
Мама, постојано, ме тешеше дека еднаш, било кога, ќе те видам... и еве, кога
и јас остарев, те гледам...Убав татко сум имала!..Утре ќе те покажам на
сите кои ме знаат како копиле...ќе му кажам: Гледајте ,овој е мојот татко!...
"
(,,Гулабицата од Ѓупски Баир")
Средбата на Стојан со Ханка, неговата прва вистинска младешка љубов од
пред 50 години, во Измир, и со нивната ќерка Азра, за Стојан преставува
шокантно изненадување.
Мојата тема беше : силата на првата љубов,онаа чиста најрана љубов,но
забранета и насилно прекината.Тешки животни последици од една таква љубов
можат да сносат и потомците од таа прекината љубов, а не само директните
љубовници.
Реалното во оваа приказна е постоењето на прототиповите: Стојан (тогаш
доселено Мариовче во Баирот и убавата Турчинка Рука – во романот – Ханка -
и нивната судбинска заљубеност. Исто така и авторот на ,,Битола мој роден
крај"Ајри Демировски!
За Стојан, Рука престана да постои откако таа со родителите во 1955 година
замина во Турција, а Ајри го вметнав во романот користејќи го неговото
доаѓање во Битола и сознанијата за неговите чувства. Ниту јас како автор на
романот, ниту Стојан се сретнал со него, а камоли да се одиграла ваква сторија
во Измир (Стојан нема појдено во Турција) или пак средба на сестрите во
Хамбург, Германија.
Секако оваа измислена приказна можела и може да биде вистинска,зошто да
не?!.Затоа литературниот критичар вели: Кога ќе дојдете до 91 и 92 страница
45
од книгата, не е можно, а да не пророните солзи, читајќи ја потресната судбина
при дознавањето на таткото дека од првата прекината љубов има
педесетгодишна ќерка во Измир, или кога ќе читате за средбата на двете сестри
во Хамбург, големи пријателки, без да знаат дека биле сестри.
За вака читателите да ги доживеат ликовите од романот, сигурно допринесло
сликовитото нивно опишување и мајсторство на авторот уверливо да ги пренесе
ликовоите и настаните кои се целосно измилсени. Затоа и ретко или воопшто
не прашуваат дали тоа и тоа навистина се случило или не; тие се уверени дека
она што го прочитале точно и така се случило.
,,И сега чичко Едрејко, се обидуваш да ми докажеш дека тој не е виновен за
моето раѓање?! Ниту тој, ниту таа, не ме сакале, не мислеле дека сум нивен
пород, нивно човечко суштество...како да биле животни, но и животните си
го чуваат своето потомство..."
( ,,Слеп за секс" )
Дејството и времето во романот се денешно време, но под овој слој паралелно
течат дејства и настани што се случувале во минатото што се каузално врзани
со последиците во сегашноста.Тоа значи дека ликовите се реални, само како
минато, а целото дејство (поголемиот дел) се случува во сегашноста и тоа на
Струшката плажа, по педесет години. Врската во минатото и сегашноста е
учителот Едрејко кој има клучна улога во расплетот на настаните во
сегашноста. Неговиот летен одмор со сопругата добива и друга димензија
:дооткривање на вистината и спречување на нов грев на повидок-овој пат од
незнаење-љубов меѓу брат и сестра. Двете неомажени сестри на
педесетгодишна возраст доаѓаат на плажата, а тука случајно се сретнуваат со
малку повозрасниот Најден, адвокат од Велес, исто така неоженет. Учителот
Едрејко ги забележува неговите сини очи кои го потсетуваат на некои многу
познати, но кога истите тие очи ги виде како во огледало кај едната од сестрите,
заклучи дека тие очи се наследени од Дојко, неговиот роднина и некогашен
колега. Пројавената симпатија (меѓу непознатите и никогаш невидени брат и
сестра) Едрејко ја спречува да не се претвори во трагична љубов. Ете, овие
главни лика во романот се сосема имагинарни, бидејќи реални се само
карактеристичните очи од реалниот Дојко.
,,Тој човек најден беше добар,способен,прав човек и ценет родител на Илинка
и Кристина.Човекот кога е болен и усрамен е најосамен,а тој цел живот беше
усрамен" му вели Едрејко на Најден за неговиот незапознат и веќе починат
татко.
Ликот на Едрејко Даскалот, прво го внесов во моите хумористични и
сатирични творби, а потоа и во делата со сериозна содржина како лик, а
најчесто како наратор. Доне Пановски ме нарече ,,создателот" на тој нов Итар
Пејо, иако сосема подруг од него. Едрејко е даскал, учен, интелектуалец,
снаодлив во секакви ситуации, а немоќен да им се спротистави на крупните
комунистички празни ,,идеали". Тој не се шегачи со народот но го вивисекцира
општеството и ги вади на виделина валканиците. Итар Пејо говори на чист
мариовски говор, исполнет со пцости, клетви итн.Едрејко има чист литературен
говор. Пејо се бори против: аги,бегови,заптии,оџи,попови, а Едрејко-против
бирократијата и лажните комунистички маски кои на своевиден начин ги
46
разоткрива. Значи, во хуморот овој лик стана универзален,но не и во другата
проза.
Литературниот критичар за Едрејко Даскалот ќе забележи дека овој лик
во озбилната литература (романите) еволуира и во неговата романеска
оствареност, е нецелосно завршен како книжевен лик. Во тоа најмногу
повлијаело исповедното и автобиографското. Јас се согласувам со критичарот,
но ниту сум настојувал да створам од него книжевен лик. Едрејко Даскалот го
користам како наратор, нешто како Дујо Вендија од ,,Пиреј" на Петре
Андреевски или како спореден лик што ќе ги поврзува настаните и ликовите во
делото. Колегите, најчесто, во Едрејко ме препознаваат мене како автор и тоа
ми го препишуваат како негативност во моето литературно творештво, иако
моето мислење не се согласува со таквото тврдење: тој е мојот стил на
пишување, тој е мојот препознатлив стил; на некои им се допаѓа, а не некои -
не! Мислам дека е тоа нормално! Читателите лесно го прифаќаат, и тоа оние
кои не се литературно надхранети, оние за кои и ги пишувам, делата.
Јас пишувам класично, во духот на реализмот. Не сум ,,заљубен" во
играта на зборовите (едно велам – друго мислам), не сакам моите читатели да
размислуваат со саати за да одгатнат што сум сакал да кажам ( камен на камен-
мазга) кај мене е : глупав на глупав-идиот!
,,Требаше да те заборавам, Драгана, за да продолжам да живеам,во друг
свет,но тоа, овде, во станов, не можам да го сторам; тука од секоја слика, од
секој предмет извира љубовта со тебе. Земи ме, Драгана, не можам сам да
живеам , не можам со сликите и сеќавањата да живеам! Те молам, земи ме
што поскоро!" Баба ми сигурно го послушала и си го прибра кај неа. Бог нека
ги прости!
( ,,Пеколот е во рајот")
Овој е последниот мој роман. Од моите верни читатели примен е како
најдобар од сите досегашни. Новите литературни верници, довчерашни атеисти
како и мене, го дочекаа на нож, и не сакаат ни да го прочитаат, само заради
насловот. А јас мислејќи да употребам некоја стилска изразност како нив, го
нареков со тој наслов. Инаку, не мислев ниту на Пекол, ниту на Рај. Романот
има три дела (Младост-рај; Зрелост-пекол; Старост-рај и крај) Страдањата,
тешкотиите, несреќите во животот мора да ги има!
Во романот проследен е еден цел живот на двата главни лика: Драгана
и Љубен Дарковски-Дарко. Ликовите се реални: илјадници како нив го
проживеале животот како нив, во социјализмот и во овој нов систем-
транзицијата. Нивниот живот го дознаваме од нивната внука, Јована, која по
смртта и на дедо ѝ Дарко, за 40-те дена, додека оди на гробот место
изнемоштената стара месарица, ни раскажува по еден дел од нивниот заеднички
живот, преку нивните индивидуални искажувања за истите проблеми и настани
од животот.
Литературните самобендисаници, освен за насловот, ќе префрлуваат и
за автобиографското во романот, иако јас и сопругата, фала му на Господ, сѐ
уште сме живи и здрави, а нараторот зборува за покојните Драгана и Дарко.
Што е имагинарното во делото?!
47
Самото,,пресоздавање" на еден изживеан живот со зборови, и
филозофијата на авторот, е фантазирање, имагинација, затоа што писателот си
поставил некоја тема, идеја што сакал да ја разработи и оствари.Темата и
идејата ја избира авторот, а не ја одредува животот.
Каде е сега уметничкото, творечкото, вредното?!
Вредното е во читателот! Оној читател кој е литературно поткован,и
литературата му е животна преокупација, ќе бара одредено дело да ги
исполнува формално естетските, уметничките, стилистичките критериуми, а
оној - другиот, на кој му е поважна содржината, темата, идејата-ќе го
интересираат повеќе овие квалитети на делото. За еден ист автор, двајца
читатели имаат различен третман: „А, бре, ти не си свесен какви прекрасни
романи пишува тој автор?!" А другиот додава: „Аман, бре, оној матарката што
во секоја реченица употребува вулгарности, пцовки, безобразлуци, ќе го
читам?!" Или: „А, бре, јас не знам за кого тој писател пишува кога никој не го
разбира, а мислам дека ни тој самиот себеси не се разбира?!".
Јас пишувам за оние кои ги разбираат моите романи и ги читаат од
почеток до крај, без да ги остават од рака. Ете ова го сметам, за уметничко,
творечко, вредно, а се друго е споредно!
Jovan Gjurovski
THE VALUABLE IS IN THE READER
My goal was to express resourceful men from Mariovo who have
successfully penetrated in the new, different society (capitalist) where they had had
48
to deal with things that they while in their homeland had never before imagined to
bring them money for life.
Deljo vagata (the scale) earns money, but lives as a criminal, in alcoholism
and debauchery. But he can not risk his life as Arkan does, and runs away from that
life, leaving his family, he returns in his homeland.
In his country, now, even though he has money and takes over his own
business, but without his family and with the new habits of life in capitalist society,
he cannot continue a modest and normal life, i.e., happy, family life. It can be
concluded that the only real are the names of the characters, everything else is
imaginary, fictional, writer’s fantasy.
The „recreation“ of one already outlived life with the help of the writer’s
skillfulness in finding words together with his life philosophy, as an aim of his self-
given theme, is nothing else, but his fantasy and imagination.
The theme and the idea are chosen by the author, not determined by life itself.
Then, where is the artistic, the creative, the valuable ?!
The valuable is in the reader! ... I write for those who understand my novels
and read them from beginning to an end, without leave of hand. Well, I consider this,
to be artistic, creative, valuable, and everything else is not worth mentioning!
Владимир Костов
ТВОРЕЧКАТА ИМАГИНАЦИЈА - УТОПИЈА И РЕАЛНОСТ
Во областа на теоријата на литературата регистрирани се многу
литературни методи (проседеа) според кои една литературна творба се создава
и многу литературни правци и видови во нејзиниот развој. Најпознат модус по
таа проблематика од времето на Аристотел до наше време е имено токму
сфаќањето на Аристотел, сублимирно во поимот мимезис, кој подразбира
49
примена на природните закони при создавањето на една литературна творба со
зборовите како нејзин градежен материјал, односно имитирањето на
природната постапка при нејзиното создавање. Токму тоа го имал предвид
евангелистот Јован кој своето Евангелие го започнува со реченицата „На
почетокот беше зборот“, парафразирана од Гете: „На почетокот беше дело“ –
со цел да се направи разлика меѓу празен и делотворен збор, меѓу заговорнички
и мирољубив, меѓу искрен и транспарентен, антиципирајќи ги на тој начин
барутно набиените зборови на т.н. „Фирер“ со кои ја завед масата и ќе ја фрли
во пропаст.
Без да поседува творечка моќ, писателот не е во состојба да создаде
литературн атворба. Во отсуство на „мимезис“, неговите записи ќе бидат мртви
зборови испишани на хартија. Да го отелотвориш зборот и да го оживееш, треба
да си надарен, односно проникнат со Божји дух.
Ваквите гледишта се мистични и утопистички. Феноменот на
уметничкото творештво, е феномен што е предмет на литературната теорија, во
рамките на која постои специјална дисциплина која ја проучува психологијата
на уметничкото творештво чии наоди се егзактно потврдени зашто не можат да
се подведат под општоважечки закони, зашто искуствата на уметниците, при
создавањето на уметничките дела, се различни и неподатливи на рационално
осознавање.
Што се однесува до мене, како автор со долгогодишен стаж во областа
на книжевноста – ако таа активностo воопштo може да се определи како
професија поврзана со работен век, лимитиран со одреден број на календарски
години, според мене, ако (парадоксално) младиот писател не е стар, а стариот
млад, од нив не може да произлезе уметничко дело, што може да се потврди со
примерите на Гете, кој на својата осумдесетгодишна возраст пишувал љубовни
песни, а Рембо, осумнаесетгодишен, пишуваше песни проткаени со филозофска
рефлексија.
Задржувајќи се на моето искуство, условно сфатено, за мене критериум
дали книжевно е успешен еден текст, поврзан со време, завршувајќи го,
погледнувам во часовникот и останувам зачуден дека одминал полноќ, без
воопшто, со некој внатрешен психолошки мерач на времето, да сум имал усет
за неговиот тек. Тоа ми кажува дека ефектот на мојата работа бил резултатен.
Тој феномен може да се сфати и како доказ за исправноста на Ајнштајновата
теорија на релативитетот во која основен чинител, на која се темели нејзината
научност, е категоријата „време“.
Вториот критериум за уметничката успешност на едно дело е ако, по
неговото завршување, останам со чувство дека се случило чудо, соодветно на
она чудо за кое станувало збор во разговор на двајца мои херои од еден мој
роман. Ќе го наведам во целост зашто сметам дека тој дава одговор на многуте
од загадочните прашања што произлегуваат од темата поставена за дебата на
оваа Роднокрајна средба: „Вчеравечер ли беше, - ми се обраќаше мене едниот
од двајцата како на писател на тој роман, со зборови кои јас му ги ставив в уста
– прислушкував разговор на двајца филозофи, ама улави, што е услов да се
кажува вистината, со Ниче, најилустративен пример на ова тврдење,
верификувано со мноштвото книги, што е, мислам, исто. За мене книгите беа
50
не само како десерт по главниот оброк, дури не и како основна храна, рамна на
онаа која, еротизирана, ја добивав од проститутките, туку повеќе од тоа, како
амброзија и нектар, храна на боговите. Се разбира, не можев да дојдам до секое
издание, нешто што го доживував како пораз не знам во борбата со кого, би
рекол со ветерните мелници на Дон Кихот или можеби и со Бог кој сака, како
што е познато, да не држи во незнаење за да не владее. Пред чудата на неговите
дела стоиме со зината уста од вчудоневиденост. Пред некој ден во една меана -
го започна својот исказ – слушнав чуден разговор. Беседеше некој си Илија,
бивш гинеколог кој ја изгубил службата како тотален алкохоличар. „Заедно со
пророкот Исаија – им се обреаќаше на сите во меаната – во чудо се имаме
најдено со мистеријата на раѓањето, со тоа што се случува во мајчината утроба
по нејзиното оплодување? Многу тајни науки ги растајни, а оние што не се
растајнети, и нив ќе ги разјасни. Но тоа не е доволно за да се стекне со
божествена моќ се додека не дознаеме што се случува во утробата на жената по
нејзиното оплодување? Какво чудо се случува за да се создаде човек; за мажот
и жената, двајца, да станат тројца. Кога и таа тајна ќе ја овладее, човекот ќе
стекне божествена моќ. Дури, поточно, и тоа нема да биде доволно за да ги
стекне божествените атрибути. Ќе треба да дознае зошто е тоа потребно! Не
зошто е потребно човекот да создава човек, - и тоа! – туку пред се зошто е
потребно човекот да постои како човек и, воопшто, зашто е потребно да
постои? А и зошто е потребно да умре? Таа мистерија е исто толку
вчудоневидувачка колку и мистеријата на раѓањето. И едниот феномен е дело
на Севишниот - велеше – и другиот, од што испаѓа дека тој е мајстор на два
занаети: гинеколог и гробар. А јас сум пијаница – велеше- како последица на
пијачките што ги добивав, почестен од родителите на новороденчињата, а
подоцна од задушниците на умрените, а најмногу од зашеметеноста на мојот
ум предизвикана од прашањето: Што се случува во мајчината утроба по
нејзиното оплодување – живот или смрт?“ („Писание за страшниот суд“,
Матица Македонска, Скопје, 2011 год., стр. 202-203.
По овој цитат нема потреба да кажам дека она што се однесува за секој
писател, се однесува и за мене како писател, а на што предупредува и
Аристотел: „биди она што си!“. сака да каже: Не преправај се дека знаеш се,
дека знаеш што е вистината, зашто уметничкото дело не трпи лага и
претенциозност, односно преправање дека ти е достапна вистината и дека
искрено ја пренесуваш на читателите. Еден циркуски кловн вели: „Вредностите
на животот се чесноста и праведноста. Ако можете да ги одглумите, се
успеале“. (Гручо, Маркс). Лоренс Оливие, за неговите извонредни заслуги во
подигнувањето на угледот и афирмацијата на театарската уметност, од
Кралскиот двор удостоен со аристократската титула „сер“ и, што е поважно
признат актер во неговиот сталеж, ненадминат во интерпретацијата на Хамлет,
на крајот од својата блескава кариера, ослободен од товарот на славата која го
обврзувала да го одржува имиџот што го уживал, сега ослободен од таа
обврска, небаре од синџири, во еден миг на искреност , по последниот настап
во улогата на Хамлет, само еднаш ми се случи да ја доживеам таа улога како да
сум навистина Данскиот принц!“Точноста на ова признание го потврдува и
51
еден наш познат театролог: „Ако актерот во една улога доживее 10 секунди
вистина, доживеал голема среќа!“.
Со писателите не е така. Барем не за мене. За мене едно дело никојпат
не е завршено, сеедно дали е историски верификувано или е плод на на мојата
имагинација. Кога сметам дека е завршено и го предавам да се печати, уште во
процесот на печатењето вршам, не само јазични и стилски поправки, туку
бришам, или додавам идејни и фабуларни сегменти. Штом излезе од печат, веќе
го планирам неговото ново, дополнето издание. Точна е мислата: „Аавторот
умира, делото продолжува да живее!“ Романот „Учителот“ имаше шест
дополнети изданија, со ревизија на неговата идејно наративна содржина, се со
цел да се избистри мојот (авторскиот) одговор на прашањето: „Што сакал
писателот да каже?“, што ми го поставува претпоставениот читател, кој не е
никој друг, туку тој сум јас, неговиот автор. Мојот читател, сеедно кој,
автоматски е и мој пријател кој не му приоѓа на делото со преднамера да
пабирка по недостатоци во книгата. Ако се работи за Петре Димовски, имајќи
во предвид дека „Учителот“ се јавувал во шест варијанти, ќе се праша: „Кој
кого пресодава: Писателот романот или романот писателот?“ ко станува збор
за Николче Вељановски, тој во Учителот Ќе го препознае, „Ничеовиот чекан“
со кој удира по книгата поставена на наковалната, вулканизирана, усвитена,
подготвувајќи ја – со Господ Бог Нептун напред за нептунизација, пред да дојде
во рацете на критичарите кои, поучени од натурализираната парижанка
Кристева, наместо да зборуваат за делото, ќе зборуваат со делото, ќе поведат со
неговиот автор пријателски разговор. Но, ете, стапува на сцената рецензент,
преку чиј критериум пиле не може да прелета, а да не изгуби туфка од
пердувите. Тој ја прифаќа книгата со два железни прсти на едниот нејзин крај
ја растресува како во намера да ги истресе од неа лагите, небаре чуле од
„Свадбата на Мара“, вошките, и, објавувајќи дека е недопечена, ја фрла во
ложникот на огништето, препорачувајќи му на богот Вулкан да го засили огнот
и да го допече „Учителот“ кој бил, не само недопечен и недоквакан, туку дека
и неговиот „хидалго“ бил недоветен. Но интервенираше ковачот, алипно
човече, ама силно во рацете и во умот, набиен со реченици преземени од разни
дела што ќе допаднеа во неговите раце, која од која поубиствена, во случајот
една реченица која му се припишува на Хегел кој, инаку на државна функција
во Вајмар, бил одмерен во изјавите: „Убиј го тој пес! Тој рецензент!“ Што се
однесува до мене, на тенденциозните критики бев рамнодушен, но не и
квалификацијата за мојот „Хидалго“ како „недоветен“.
И сега водам белешки за евентуално ново издание на романот, за на
„недоветниот“ да му го донесам умот или, обратно, тој да го стори со мене, што
лесно ќе му појде од рака, зашто главниот мој заштитник беше Петре
Андреевски редовен учесникна Роднокрајните средби, но кој, ненадејно и
незнајно каде отпатува, а кој, не само што беше писател, туку и мудрец на чии
што мудри изреки се повикував кога ќе паднев под удар.
„Таквите забелешки за сметка на твојот роман, - беше ми рекол еднаш
– доаѓаат од читатели кои недоволно го преџвакале. Секоја книга, секоја песна,
- велеше – откога ќе се прочита, за да се сфати, треба да се преџвака. Добриот
читател, поучен од животните – преживари, го преџвакува прочитаното за да
52
му ја олесни работата на умот да го разбере“. За потврда на таквото свое
мислење, во една прилика изнесе навод од „Откровението“ на Јован Богослов
кој се однесуваше на тоа, како тпј, по заповед на Бога, изел книга што му ја
врачил ангел: „Ја зедов книгата од рсацете на ангелот, и ја изедов, и во устата
моја ми беше слатка како мед, а кога ја изедов, ми беше горчлива во стомакот
мој“.
Се согласував со таквото мислење и, во врска со тоа, сметав дека
рационализмот, што дојде на местото од еуфорично доживеаниот ренесанс и
хуманизама кои, неподложени на расудок, непреџвакани , претрпија
ревизија од страна на рационалистите – енциклопедисти кои, од своја страна,
го исфорсираа хомо – фаберот, како моторна сила во развојот на општеството.
Но кога вишокот на своите производи, изнесувајќи ги на пазаришните тезгиња
и кога тие добија пазарна вредност, со соодветна печалба, нему и на сличните
на него, им се засилија апетиттите и ја предизвикаа и ја предизвикаа
конкуренцијата за штета на послабо продуктивните кои беа елиминирани од
натпреварот, што прерасна во бизнис, а печалбата во профит, кој пак, со
експанзија на пазаришната дејност, почна рапидно да се зголемува, и
промовиран во капитал, почна да се акумулира кај најуспешните бизнисмени.
Станувајќи темелна основа на општествениот развој, покрај економската
вредност, тој почна и општествено да биде вреднуван, избивајќи на врвот од
скалата на аксиолошки вреднуваните стојности. А неговите сопственици се
најдоа во позиција тие да одредуваат критериуми за тоа што е вредно, а што не
е, во сите области на човечката дејност, вклучително и во областа на науката и
уметноста, прогласувајќи ја профитабилноста на секој потфат за врвна
вредност. И се така, во обнова на митот за подигнувањето на Вавилонската
кула, почнаа да ја подигаат својата кула со цел да се доберат до Бог за да го
детронираат и за на негово место да го устоличат својот Асурбанипал. Но,
неочекувано, кулата што ја подигнуваа, поради лошо пресметаната, поради
лошо пресметаната статика, се навали со можност да се урне. Навалената кула
во Пиза беше симптом преку кој хомополитикусите замижаа, а кој укажуваше
на тоа дека кула, подигната на земјата со поголема висина од највисоката
топола, со пресметки направени без да се земат предвид моралните параметри,
ќе се урне и ќе ги потисне тие што ја подигнаа. Подигната по налог на
„Асурбанипал“ со тапија дека таа е негова сопственост, оспорена од Прудон:
„Сопственоста е кражба!, но, од друга страна, не можеше да се оспори
исправноста на тапијата, со потписи на основачот на модерниот прагматизам,
наречен „инструментализам“, Џон Дјуи и на цела дузина неговии
стомисленици, меѓу кои и со потписот на Киро Глигоров кој, покрај тоа што
беше правник по образование, по нужда беше и економист, познат по неговата
сакрализација на прагматизмот, чија основна вредност е сопственоста која,
фетишизирана, ја среќаваме во неговата афористички дефинирана мисла:
„Светото право на сопственоста никогаш не згаснува!“ Нејзината вистинитост,
потврдена во практичниот живот на луѓето, ги фрли во сенка, ги попари како
слана што „попари цвете“ – од тажаленката на Славко Јаневски по “убиено
дете“ сите идеи, бленови и идеали, опеани во песни, а меѓу нив и идејата на
Учителот во мојот истоимен роман за вечен и среќен живот на луѓето, оценета
53
како утопистичка, наспроти пораката на поетот Андре Бретон до неговите
млади колеги: „Бидете реални, барајте го невозможното“ и наспроти
сознанието до кое дошол возвишениот филозоф Георги Старделов: „Се што е
големо и човечко, ИЗРАСНАТО Е ОД УТОПИЈА“.
Vladimir Kostov
THE CREATIVE IMAGINATION – UTOPIA AND REALITY
In the development of the theory of literature there are many registered
literary methods under which a literary work and many other literary routes and
genres are created. The most famous mode on this issue from the time of Aristotle
until now means the right understanding of Aristotle, summarized in the notion of
54
mimesis, which means the application of natural laws while creating a literary work
with words as its building material, or imitating the natural procedure for her creation.
Without possessing creative power, the writer is able to create literary works. In the
absence of "mimesis" his records will be dead words written on paper. In order to „
embody “ the word and make it alive, you should be talented or endowed with God's
spirit. Such views are mystical and utopian ...
As for me, as an author with long experience in the field of literature - if that
activity can be defined as a profession related to working life, with a limited number
of calendar years, according to me, if (paradoxically) the young writer is not old, and
the old one is not young, the outcome can not be an art work, which can be confirmed
by the examples of Goethe, who being eighty years old used to write love songs, and
Rimbaud, when eighteen years old used to write songs with philosophical reflection.
(What else is this if not a product of the creative imagination).
For me, a work is never completed, no matter whether historically verified or
a fruit of my imagination. When I finish my work I allow its printing, even then, in
the process of printing I make, not only linguistic and stylistic corrections, but wipe
or add ideological and fable segments.
After its publishing, immediately I start planning its new supplemented
edition. I agree with the thought: "The author dies, the work continues to live!
The novel "The Teacher" had six supplemented editions with reviews of its
conceptual narrative content, in order to clear up my (the author's) answer to the
question: "What did the writer want to say?" This is the question of my supposed
reader, who is none other than myself, its author.
Никола Кочовски
ИМАГИНАРНОТО КАЈ ПИСАТЕЛОТ
55
Збор е за имагинарното во нашето творештво ли? За тоа, дали, и во
колкава мера таква особеност е присутна во определена создадба од
уметничката, белетристичка литература?
А зарем може без имагинација да постои писател на оваа литература? Без
имагинација тој не би бил писател, туку обичен регистратор на фактографски
материјал. Постои таканаречен творечки јазик по кој и се препознава
пишуваното од писателот. А што е тоа творечки јазик, односно сликовит,
односно метафоричен, ако не постапка при која авторот, тргнувајќи од реалните
сознајби, дури и да е во прашање една куса реченица, со внимателен избор и
комбинирање на зборовите, врши всушност пресоздавање на вистината, кон кое
во својата емотивно-идејна согледба е ориентиран во конкретната создадба што
ја работи. Кратки примери за тоа би можеле да бидат:
„Се засили борбата“ (сувопарно) - „Се распламти борбата“
(посликовито).
„Во најголемата расиленост на судирот“ (сувопарно) – „Во најжестоката
распламтеност на судирот“ (посликовито).
Што се случува при употребата на сликовитиот јазик? Комбинирање,
пресоздавање на сликата што ја даваме како вистина, така што таа станува
почитлива, подобро приемчива за читателот, а без никаква загуба во самата
вистинитост. Не е ли тоа наше комбинирање, пресоздавање елементарен и
всушност непрестајно употребуван вид на имагинацијата, или со попознатата
заемка кажано: на фантазијата во работата на писателите?
Но се разбира, тоа е толку вткаено, толку неразделно во нашата
создавачка работа, што речиси одвај и да го забележуваме како нешто посебно.
Веројатно за тоа придонесува фактот што сликите, со кои се служме во нашиот
метафоричен израз не се однесуваат на нови, други поими од тие за кои сме го
почнале нашето кажување, кое сме сакале сигурно не толку да го разубавиме,
колку што се обидуваме да го осмислиме. Сепак, додека сме сè уште при овој
56
начин на фантазија, потсетувам дека веројатно на сите ни се сучило, кога сме
се соочиле со дело на изразито даровит поет, па дури и прозаист, веројатно ни
дошло да помислиме со восхит: „Со колку богата, разиграна фантазија се служи
овој автор!“ Или барем: „Успеал да се искаже со еден богат, прекрасен јазик!
И сè во духот на основната своја идеја!“ Што во сушттина е едно исто нешто.
Меѓутоа, се разбира, за имагинацијата во книжевното твореш-тво може
уште многу да се зборува.
Би спомнал за оние подрастични слики, кои понекогаш не ги одбегнува
писателот, а кои предизвикуваат изненадување, силна возбуда кај читателот,
можеби некого дури го тераат да ја одложи книгата за да се одмори малку. Во
ваквите случаи се доближуваме до поими па и претстави под кои најчесто ја
подразбираме имагинацијата. Тоа би било намерно, по потреба и методично
прибегнување кон неочекувани слики, дали како решение на извесни ситуации,
дали, можеби, како безизлез од други ситуации, но слики кои сепак си имаат
свое значење. Како што, на пример, би изгледала една детска избладана
претстава: „Волк кој што свири на кавал“, која што би можела, евентуално, да
потекнува од скришната желба на некое дете да се ослободи од сликата која во
некој ден ја потресла неговата свест, соочено со застрашително прикажување
на дивото животно... Или конкретно, во еден поголем расказ, што го насловив
„Придружник“, дете веќе години лежано в постела, со одземена можност за
одење. Си има интимно блокче, во кое ја развива својата цртачка вештина. Во
почетокот птици, птици, а најуспешно оформени им се крилата... Во еден друг
цртеж, театар. Некакви ложи, прегради, а во една, најзабележлива, седи ангел
со крила и гледа. Ако би му откажале нозате, има крила да лета. И последниот,
уште недовршен цртеж. Нешто што треба да претставува стадион, играчи, тоа,
секако, најдобро самохраната мајка го распознава. Појасно е забележлива само
една патека до извесна висина на трибините, каде до уште недооформеното
дете, од кое веќе се познава раката како замавнува навивачки, веќе е нацртана
тука „дојдена“, по патеката сред гледачите, инвалидска количка - големата
мечта на ова бедно дете...
Пример, кој како и претходниот со волк што свири на кавал, за кој не сум
имал пригода да пишувам, покажува дека покрај тоа што имагинацијата често
ни послужува за благо преиначување, па и збогатување, „украсување“ на
реални ситуации, може да има своја намена за добро претставување на многу
подлабоки прашања. Може да се забележи, исто така, дека, без оглед на
необичноста на имагинативната слика, изворот сепак е реалноста, зашто секако,
само во таквите случаи ќе биде осмислено прибегнување кон имагинацијата во
творечкото писмо.
Така, горе-долу, се случувало со мене во пишувањето. Јас не сум автор
кој малку се служел со имагинацијата, како и со сонот кај одредени личности,
но секогаш водејќи сметка за мерка притоа, а не можам да не нагласам, како и
уште за многу друго. Овие две користени помошни средства: имагинацијата во
разни состојби, дури во полусвесни бладања, и сонот, понекогаш во моето
пишување толку повеќе добиваат важност во самото обликување на одредени
личности, зашто сум убеден во нераскинливата врска меѓу нив и длабоките,
суптилни, само навидум прикриени доживувања на човековата психа. Во
57
книгата раскази „Јаве и сништа“, на пример, а и во извесни раскази напишани
по нејзиното излегување, каде што темите биле сврзани со желбите или со
стравувањата на човекот, односно на човештвото, сум се чувствувал
предизвикуван да се позанимавам со случаи преисполнети со фантазија или
неможни визии со презголемени крајности, во кои се гледа незапирливиот тек
на злото до степен на негова фатална прогресија. Всушност предупредувачки
слики на една навистина многу загрижувачка иднина кон која забрзано, многу
неодговорно се движиме како човештво (било во односот кон безгриижно
уништуваната животна средина, за што зборуваат расказите „Глас од иднината“
и „Овосветски котел“, било загриженост за дејството на новото време врз
самиот човеков организам, за што замислени слики нудат расказите „Новиот
воздух“ и „Инспиративна секунда на Амеб“, било, пак, да е збор за
неодговорност дури до планетарни размери, како што се морничавите
случувања во „Легенда за планетата Граба“. И самиот четврти, последен дел,
услолвно циклус, од спомнатата збирка „Јаве и сништа“ е наречен
„Фантазирања“, кои се всушност посебен вид, будни сништа.
А како пример за творба со избор на слики од една воена реалност полна
со несекојдневни, и пожестоки и поумерени слики, избор при кој, разбирливо,
сум се послужил со измислување, би ја посочил мојата новела „Враќање низ
прегазената земја“, каде двајца германски тенкисти ги издвојувам во тенк, кој
што, при пробивот на Сталинградската опсада во 1943 година, бидејќи
отцепени и изгубени од разбиената матична формациска единица, ќе им стане
дводневна судбина исполнета со низа значителни моменти, како за едниот,
заслепен идолопоклоник на големсиот фирер, така и за другиот, кој мечтаејќи
за своето уште невидено новородено синче, во себе носи долго грозење од она
во што е принуден да учествува, па не ќе може да поднесе кога соборецот убива,
од тенкот, со задоволство, дури невини малечки ученици во територијата што
мораат да ја напуштат. Меѓутоа тука, сред оклопното железо, вистина на
различни начини, и завршуваат тие две судбини. Јас тоа не го видов со свои
очи, но сакајќи на свој начин да придонесам во незаборавноста на тоа што било
безумна историска вистина, сум го замислил и искомбинирал тоа како една
мала очигледност на таа грамадна вистина.
Со слично, доста слободно искомбинирани сижејни решенија
забележливо се исполнети и двата мои најнови романи, едниот објавен
(„Академија“), другиот уште необјавен („Чекори накај боговите“). Во првиот,
сред Берлин, исто во време на фашизмот, се одвиваат несекојдневните
доживувања на младата, одненадеж одбрана група матуранти од двата пола,
издвоени во специјално основана установа каде им е одредена патриотска
нацистичка цел, да се претворат во некој вид мрестилиште на идно, совршено
поколение на германската нација - услови сред кои се случува приказната на
една затечена голема, оневозможена, трагична љубов. И во вториот роман,
сакајќи да ги осветлам сознанијата за човечките, односно нечовечни вистини
на дамна одигрувани зли случувања меѓу исти двоношци како нас и како оние
млади во „Академија“, го земам староримскиот цар Нерон, уште од мали
години, кога не ни сонувал во што ќе прерасне, и потоа го ставам во ситуации
и дејствија, кои навистина не се воопшто оние што историјата ги знае, иако од
58
нив произлегуваат и во нив се вклопуваат, поправо, е логично да било исто така
сосем можно да му се случат на оној историски познатиот Нерон. Еве ја
фантазијата, која има своја делотворност да се покажат, како вид оригиналност
во идејно ангажираната творечка работа, и нови видови на злото, кои доаѓаат
сосем логично можни, кога веќе во тие некогашни објективни можности
постоел еден познат извршител на злото, кое не било помало ни поблаго од тоа
за кое раскажувам. А зарем треба и да го кажам тоа: Раскажувам за злото за да
го нема.
Сум сакал и побудалесто да пофантазирам, иако сепак е тоа одраз на
желбата човекова за вечен живот, на пример во расказот „Тие, миленици на
Бога“, каде сум се впуштил да раскажувам за разумно човечко суштество
сретнато сред нагласено дива природа, кое помни дека во далечните свои, мали
години го проживеал времето на царицата Клеопатра и кому упатените
куршуми му причинуваат само краткотрајно просврбувања. Доста подоцна, на
оваа мечтателна тема уште еднаш сум се навратил, но сепак, со поублажен
занес. Имено, во расправата на една група може да се чуе радосното верување
дури и во повеќекратно зголемување на идниот човеков живот, што би се
постигнало со извесна револуција во развојот на можностите за многустрани
медицински пресадувања на местата на дотраените органи, и тоа сè дотоаш,
додека со векови живеаниот организам најпосле, најпосле не стане непотребен
остаток за исфрлање, во кој сепак веројатно би се нашол уште некој дочуван,
употреблив орган за пресадување кај некој друг долговечник...
Тогаш можеби би настапила доволна заситеност од животот?
Зашто фантазијата може да биде и мечта.
Навистина писателот може да е, а и треба да е, понекогаш дете.
Nikola Kochovski
THE IMAGINARY IN THE WRITER
And indeed is it possible to be a writer without an imagination? Without
imagination he wouldn’t be a writer, but an ordinary registrar of factual material.
There is a so-called creative language by which we recognize the writer. What is a
creative language, or pictorial, or metaphorical, if not procedure in which the author,
starting from his actual insights, even if it is a short sentence, with careful selection
and combination of words, actually recreates the truth.
59
What happens with the use of pictorial language? Combining, recreating the
image that we represent as the truth, it becomes legible, better receptive to the reader,
and without any loss in the truth. Isn’t our combining of words, recreating simple and
incessantly used kind of imagination, the fantasy in the work of the writers?
Панде Манојлов
NEIMAGINARNIOT LIK NA VELIKANOT GANE
TODOROVSKI
(Za Gane Todorovski pet godini posmrtno)
60
Imav cest no i golema obvrska da bidam ~len na Komisijata za
dodeluvawe nagradata "Dimitar Mitrev“ za kni`evno- tvore~kite
dostignuvawa od oblasta na literaturnata kritika na Dru{tvoto na
pisatelite na Makedonija za 2010 godina. Se razbira, eden od trite
~lena, za{to pokraj mene bea i Ilija Velev kako pretsedatel i Kristina
Nikolovska kako ~len. Me|u desetinata naslovi od id isto tolkav broj
na literaturni kriti~ari, za nagradata konkurira{e i deloto
"Javnopis“ od Gane Todorovski. Najobemno, {to bi rekle narodski i
"najdebela“ kniga od site pristignati. No, bezpogovorno i
najkvalitetna. Koga gi dobiv knigite, so zada~a da gi razgledam, prvata
moja li~na odluka be{e, nagradata da mu se dade na Gane Todorovski!
Prijatel mi e, vo `irito nema prijatelstvo, no zaslugata si e zasluga,
kvalitetot e toj {to odlu~uva... I, na sostanokot koga odlu~uva{e
Komisijata, kako najvozrasen prv ja otpo~nav svojata beseda: deka
nagradata treba da se dade na Gane Todorovski zaradi kvalitetot na
"Javnopis“ i zaradi na{iot Gane i negovite godini... A vo taa 2009 godina
"starecot“ so mlade{ko srce Gane Todorovski ima{e objaveno ni
pomalku ni pove}e tuku tokmu 11 naslovi...
Nagradata kako Komisija mu ja dodelivme ednoglasno. I koga
istata mu be{e vra~ena, vo fevruari 2010 godina na denot na
formiraweto na DPM, vo prigodnata beseda korifejot Gane Todorovski
, zablagodaruvaj}i se na prisutnite, }e re~e deka u{te podispraven }e
prodol`i da tvori i pokraj godinite {to gi ima, se razbira, ako go
ostavi slanata...
Po zavr{uvaweto na sve~enata ceremonija, ~estitaj}i mu ja
nagradata me pregrna kako star, dobar prijatel i so po edna solza od
61
negovite o~i padnati na mojot obraz, mi se zablagodari, taksuvaj}i mi,
vetuvaj}i mi kafe koe }e go pieme so lokum i muabeti, no, na [irok
Sokak vo Bitola!
Kafeto, ona vetenoto, taksanoto, so Ganeta ne go ispivme. Vo eden
proleten den padna slana vo bolni~kata postela vo koja be{e ostaven na
milost i nemilost od strana na medicinskiot kadar, go oslani prijatelot
i go isprati, vo grobot pod edna stara buka vo skopsko Ko`le... Da po~iva
vo mir, osamen Makedonec vo Makedonija, kako nekoga{nite
makedonskite vojvodi!
Vo predgovorot na knigata "Dopirawe na nedoprenoto#
(literaturni zapisi) koja ja izdade renomiranata izdava~ka ku}a
"Matica makedonska# od Skpopje vo 2003 godina, Todorovski me|u
drugoto }e go zabele`i i slednoto:
"...Nastojuvam da si go doodam podispraven patot vo literaturata!
]e da e belki mo{ne dolg toj pat? Nema da zgre{am ako mu ja izbrojam
dol`inata so {eestina godini: gi ~uvam svoite tetratki i liv~iwa so
literaturni zala`uvalki od 1943 -ta godina. [est decenii gi ~uvam, za
da mi poveruvaat deka u{te od po~etokot na svojata literaturna
ambicija, koja{to postepeno ili popoleka }e ja preimenuvam,
pretpazlivo, kako literaturna kariera, sum veruval vo svoite po~etoci.
Temelot na svojot literaturen zanes sum si go zapo~nal vo detstvoto, vo
starmaloto detinstvo, vrameno vo grme`ite na Vtorata svetska vojna. I
eve ja taa moja dooduva~ka...#
Dooduva~ka на корифејот trae{e do 2010 godina, stamena kako {to
mu dolikuva{e na makedonskiot literaturen genij Gane Todorovski!
Be{e avtor od najvisokite rangovi ne samo na makedonskite tuku
i na balkanskite prostori. Vrsen kreativec, majstor na
pomakedon~eniot makedonski zbor, prvoklasen makedonski poet ~ii
pesni ostavija traen beleg vo makedonskoto poetsko tvore{tvo,
literaturen kriti~ar i nau~nik, soncequbiv kon soncequbivitee,
eseist i antologi~ar, vrven prepejuva~ na del od svetskata poezija. Gane
Todorovski sozdade granitno delo kako izrazit beleg na makedonskoto
postoewe, na makedonskiot bitis, prepoznatliv znak na makedonskoto kaj
Makedoncite, trajno svedo{tvo za poorivite i podemot na makedonskoto
bitie..
"Se {to }e vnese{ vo pesnata, }e `ivee so vekovi# veli toj. a vo
site negovi poetski knigi, site objaveni pesni se ve~nost. Ili, kako {to
}e napi{e makedonskiot poet i literaturen kriti~ar Rade Siljan "
Ganeviot poetski glas e glas na na{eto vreme#.
Poezijata na Gane Todorovski celosno e posvetena na
makedonskiot bitis i makedonskata sudbina, prekrasna makedonska
poema so~ineta od brojni pesni, tragi~ni, no istovremeno i humorno-
satiri~ni, delni~ni... Pesni istkaeni so makedonski razboj na Racinovo
leneno platno, so tenki konci na crno-crvena osnova, stihovi polni so
sliki od makedonskoto podnebje, polni so metaforika. Toj pee i za
62
delnikot i za li~nosti od na{ite ulici, za rabotnici i ~ista~i, no i za
makedonskite heroi..
Prvite negovi poetski objavi "Vo utrinite# i "Trevo`ni zvuci#
se vo po~etokot na pedesetite godini na minatiot vek koi zazedoa
zna~ajno mesto vo makedonskata literatura. Potoa prodol`i so stamen
poetski ~ekor objavuvaj}i gi zbirkite poezija: "Bo`ilak#,
"Apoteza na delnikot#, "Gor~livi goltki nepremolk#, "Sneubaven den#,
"Skopjani#...
Vo edna prigoda literaturniot kriti~ar Dimitar Mitrev, za
poetskoto tvore{tvo na Gane Todorovski }e go zapi{e i slednoto: " Ovoj
avtor, koj vo literaturata ne e samo toa, kako poetski avtor ne znae ni za
lutawe ni za ekstremnosti... Kako poet, toj e eden {kolski obrazec za
avtorska doslednost, za avtorska karakternost.#
Peej}i za tatkovinata, Gane pee{e, kako nikoj pred nego so
prepoznatliv i avtohton jazik, a pi{uvaj}i za makedonskata istorija toa
go ~ine{e kako nikoj drug posoncequbivo. A vo naukata nau~no, vo
literaturnata kritika kriti~ki i vozdr`ano.
Za stameno i ispraven da go doodi svojot pat so `itejski `ivot so
`itie koe za nego doprva treba da se dоnapi{e!
Kafeto so lokum so mojot drag prijatel Gane Todorovski ne go
ispivme vo Bitola na [irok Sokak, Eden den, toa }e go storime na
naj{irokiot makedonski sokak vo rajskata gradina vo dru{tvo na Boga.
Razmisluvav, dolgo razmisluvav, so godini, no i denes pet godini
po smrta na Gane razmisluvam za negovata pesna "Samoobvina# {to mi ja
posveti mene, avtorot na ovie redovi, objavena vo spisanieto za
kni`evnost i kultura "Akt# (Skopje) broj 17 od 18 avgust 2006 godina.
Samobvina, trogatelni stihovi, stihovi koi dlaboko trognuvaat...
Taa moja razmisla za odgatka Vi ja prepu{tam i vas, ceneti
prijateli.
Imaginacija li? Ili nesto drugo? I seto toa vo mene li e ili von
mene?
NAMESTO PREDGOVOR
Gane Todorovski
SAMOOBVINA
(ili: Oblik na neсobran Ot~et)
Na Pande Manojlov
63
Razmisluvam, se najdam li sam:
Dali `ivotot {turo mi minal?
Sudam... kudam... povtoruvam da znam
Barem edna strana od vistinata?
V takvi vitli mate`ni sum zbran
Posevezden - |avol da me zeme-
Dumam {estam {turo zagledan
Kon duvlata na bolnoto pleme:
Mra~no... Gluvo... a sum minal pat
Krivulest, dolg, strm... i ~unki klocnat
Sfa}am: sepak, `ivotot e pominat,
Setiki, za promeni e docna!
Takov talka~ tagolik sum jas,
Vinovnik e vekot {to me rodil...
Se porevam niz grd poluglas:
Nekadarnik! Bez niet za podvig!?!?
Da - odminatost sum i ni{to`nost sum?!
Ama... nekoj futur }e me gu{ne?
Mlade{koto v stare~kiov um
Glasi: potomstvoto belki }e te slu{ne!
(Objavena vo spisanieto za kni`evnost i kultura
"Akt# ,Skopje, br. 17 od 18. 08.2006 godina)
Pande Manoylov
THE NONIMAGINARY CHARACTER OF THE GENIOUS GANE
TODOROVSKI
Gane Todorovski as a poet is not wandering in extreme. He is a classic example of
consistency, by which his personality is recognizable. His poems are filled by his
homeland contents, written in a recognizable language. Writing for his homeland, he
was doing it like no other poet with so much longing for freedom and love for his
64
country. For science it was scientific, and for the literary criticism, it was reservedly
critical.
In order to end his legendary life proudly with straightened up body, the legend has
to be completed in a written form.
The coffee with lokum we haven’t drunk with my friend Gane Todorovski in Wide
Sokak in Bitola, one day, we will drink in God’s company, in the widest Macedonian
Sokak in the Garden of Eden.
Гордана Михаилова Бошнакоска
MUZI^AROT , BOSTANOT I @ENATA
65
Ova e naslovot na edna pesna koja e vo mojata najnova
poetska zbirka, SLIKI. Se opredeliv za nea , bidej}i
tolkuvaweto za nejziniot postanok se dobli`uva do
zadadenava tema.
MUZI^AROT, BOSTANOT I @ENATA, koga sega go
analiziram nejzinoto nastanuvawe, zapo~na od edna re~isi
banalna sostojba koja nenadejno se nametna vo
razmisluvawata za letoto. Imeno, se nametna ~uvstvoto, a
i osetot za krckaweto na lubenicata koga se se~e i mirisot
na diwata . Ovie ovo{tija se izdvoija vo mojata svest i
vo toj mig, kako dominantna karakteristika za ne{to {to
sugerira toplina, sladost, omeknati oseti, za blegodetite
na letoto . No samo ovie oseti, sekako deka ne se dovolni
da se navleze vo samoto ~uvstvo za letoto. Stanuva zbor
za sostojba koja samata za sebe ne mo`e da go objasni
povodot.
Mnogu odamna na moite po~etoci, bidej}i pokraj
poezijata me privlekuva{e i prozata, me iznenadi i samata
mene edno nametnato, re~isi nenamerno razmisluvawe, dali
mo`e temata za poezija - za pesna, da stane tema na raskaz
i obratno temata na raskazot, da stane pesna. Ova zapo~nav
da go primenuvam u{te vo mojata poetska zbirka VLEGUVWE
VO DELTA od 1981 godina. Ovaa kniga dojde po pesnite vo
proza PISMA, koja be{e objavena vo 1974 godina. Od sega{no
gledawe na ne{tata vo tie damna{ni godini, kako da mi vlea
verba, deka ovaa moja zamisla mo`e, barem da se obidam,
da ja ostvaram. Tie pesni vo proza, na nekoj na~in dobija
svoe prodol`uvawe vo VLAGUVAWE VO DELTA. Taka ovaa moja
66
zamisla za preto~uvawe na poezijata vo proza i obratno,
stanaa moe re~isi, glavno stanovi{te vo site moi
ponatamo{ni desetina poetski zbirki.
Ovaa zamisla sozdava{e nekoi neo~ekuvani i
iznenaduva~ki sostojbi.
Tie premestuvawa na sodr`inite od proza vo poezija i
obratno, osobeno vo poezijata baraa edna nesomnena
esencielnost, edno naso~uvawe koe bara{e prеciznost vo
izrazot, a pritoa da ne se zagubi poetikata,
karakteristikite na poezijata. Pesnata da stane pesna.
Taka pesnata, MUZI^AROT, BOSTANOT I @ENATA, kako i
pove}eto pesni od najnovata zbirka SLIKI, gi imaat tie
karakteristiki na raska`ana pesna, no so govorot na
poezijata. Vo ovaa pesna ima nekolku fazi.
Tie bea potrebni za bostanot kako takov da dobie sozvu~je
{to samiot vo sebe go nosi kako krckaweto, koga se se~e
lubenicata, taka i aromata kako elemen na ise~enata diwa.
Zna~i bostanot treba{e da dobie edna poetizacija vo
smislata na celata pesna.
Prvata faza e koga Muzi~arot so negovoto violon~elo
e sednat na edinstveniot trap vo poleto, nasadeno so
bostan, kade si {irat mirisite pod letnoto sonce, kako i
negovata muzika od violon~eloto. Ovie ne{ta se izme{ani
vo edna
sodr`ina: ...Toj so zatvoreni o~i/ vnesen ,/ gi golta{e
mirisite/ od zreliot bostan.../
Vtorata faza e deka: ...@enata stoe{e pokraj
Muzi~arot/ vo avgustovskoto smiruvawe na denot./ Bostanot
isparuva{e pod zalezot/ potta i go lepe{e fustanot/ vrz
ko`ata,.../ Ovie dve fazi se vo edna slika koja ima i
objasnuva~ki momenti za pejsa`ot, za vrelinata; ...Taa
samo vozdivnuva{e, / a Muzi~arot svire{e.../
Tretata faza e :... Koga zaminaa, ~uvarot / im dade
lubenica i diwa,/ bostanot im go razmirisa stanot/ vo
koj `iveeja./ Gi zasekoa nivnite tela/ I se nasladuvaa od
nivnata/ su{tina/...
^etvrtata faza e na violon~eloto kako tret u~esnik:
... Ova be{e ~udna slika/ za moeto postoewe, / me|u
bostanot,/ moite zvuci tamu/ bea poinakvi/ od onie {to
obi~no/ od mene izleguvaat.../
Petata faza e koga :...Te~nata sladost od
lubenicata/ se razleva{e vrz masata/ i vrz nivnite lica./
Diwata gi opiva{e/ I tie legnaa da spijat,.../
No tie imaat eden nabquduva~ koj gi sledi od nevidliviot
prostor na prirodata. Toj e iznenaden
67
od site ovie senzacii {to se slu~uvaat i na lu|eto vo nea.
Taka, toj :..^ovekot {to gi gleda{e / od dale~inata/
misle{e deka ova e ne{to/ {to ne mo`e da se slu~i..../
[estatata faza e koga tie legnati vo postelata;
...gi potkrenaa glavite/ i poglednaa vo nego./ Se slu~uva,
mu rekoa.
Taka poslednata stih od pesnata saka da ja objasni
celata su{tina na prirodata i ~ovekot vo nea kako
najsovr{eno bitie, koe e vo dosluh so prirodata i vo
dosluh so godi{nite vremiwa i site tajni {to tie kako
promeni gi nosat. Poezijata e taa {to gi razgatnuva, na
nejziniot svojstven na~in, vo oreolot na sevkupnite tvorbi
na pisatelot.
Gordana Mihailova Boshnakoska
THE MUSICIAN, THE WATERMELON FIELD AND THE WOMAN
Long ago, in my beginnings, besides poetry I was attracted by prose, too. I
was surprised by one imposed thought, can a poetic theme become a topic of a story
and vice versa, can a theme of the story become a theme of a poem. I started to apply
this in my first Collection of poems „Entering the delta“ in 1981. This book was
published after I had published my poems in prose „Letters“ ин 1974. This remained
my conception of writing in my later Collections of poems.
These transfers of the content from prose into poetry and vice versa,
especially in the poetry needed essentiality and accuracy of expression, in order not
to lose the poetry style, the characteristic of the poetry.
In this way the watermelon field needs to receive a poetic environment. The
cracking of the watermelon in the moment of its cutting was imposed in my
imagination together with the smell of the melon. At the same time, these fruits were
separated in my mind as a dominant characteristic of something that suggests warmth,
sweetness, soft feelings for the summer fruits. Of course, these feelings are not
enough for entering the feeling for the summer.
68
Проф.д-р Христо Петрески
КОЈ-ДРУГИОТ?
Само што ја избркав лебарката од мојата бела чинија со два излупени
компира во неа и седнав на компјутерот да го запишам овој текст. Сум легнал
преморен и сум заспал, па сум ја заборавил чинијата на масата во дневната соба,
иако фрижидерот е на само неколку метра, но кој да стане кога спие, кој да го
покрие другиот кога и тој самиот отишол, легнал и заспал во другиот кревет,
па ти стануваш скочанет зашто си бил непокриен во другиот кревет, но тука е
барем лебарката и тоа токму во твојата чинија, па не знаеш дали и ти да
продолжиш да јадеш во и од истата чинија, или да ги фрлиш двата лупени
компира без сол и пипер и без и да ги пробаш...
Факт е, во овој случај, другиот е само лебарката и никој друг... Избега штом ја
допрев чинијата, молскавично исчезна пред мојата очигледно побавна рака,
која директно беше устремена врз неа да ја столчи, но таа овојпат беше поумна
и повешта, па спаси жива глава од мене...
По само неколку секунди, јас веќе заборавив на лебарката од пред малку, иако
во кујната, барајќи сол и пипер, погледнав (за секој случај) и таму да не има
69
некоја друга лебарка. Но, за среќа, и нејзина и моја - немаше ни една друга
лебарка!
А дека другиот е само рефлексија за првиот, односно за нас самите; отслик на
она што не можеме да го видиме и регистрираме ни во сопственото огледало, и
дека прибегнуваме кон другиот и другото - за да ги жигосаме или пофалиме, е
доказ и следнава случка од моето детство...
Тогаш, во едно спарно летно попладне, кога со мојот прв другар од соседството
М., штотуку дојден од градот, шетавме покрај реката и не само што се
разладивме во неа, туку побаравме и друго освежување, ние двајцата ги
откривме младите и свежи краставици во првата градина и скинавме не по една,
туку по две (таман по една и за во двете раце). Кутрите домаќини, ги ваделе и
покривале(скривале со лисјата) секој ден, ги оросувале и ѕиркале и не ги ни
пробале, а први ги вкусивме ние - неканети алчни дечишта дојдени од нигде
никаде, крадци и вистински арамии кои секогаш (ќе) го сакаат другото и туѓото
повеќе од своето...
Да, несреќата не доаѓа сама, таа се предизвикува, така и прекрасните
краставици, долги како јагули, боцкави од надвор, а крцкави внатре, завршија
во нашите усти, кои чиниш не ги најадуваше ништо, исто како што на очите сî
им беше малку...
Но, за кражбата никој не нî обвини нас, зашто ние бевме “добри деца“, туку и
тогаш беше виновен некој друг, дежурниот кривец Д., кому и името му
почнуваше со буквата која го означува другиот, различниот, оклеветаниот и
непосакуваниот. Навистина, сî лошо што ќе се случеше во нашето село,
однапред беше прогласено за негово дело. Кој ги обрал првите црешни, кој ги
собрал зрелите круши, кој ставил црвени конци божем се магии на портите од
суеверните жени, кој ги отепал и испекол мисирките, кој дупнал глава на друго
дете со камен, ако не Д., за кого и врапчињата и петлите знаеја дека му фаќа
раката, а имаше срце и душа како Робин Худ, зашто сî даваше, просто
раздаваше на другите.
И за нашите украдени краставици тој го собра стравот и срамот, иако не ги ни
виде, а не пак и да ги допре и гризна, а прашање е дали и ги сони.
Но, така е во животот: не за кого е печено, туку за кого е речено, и обратно.
Другиот е постојано некој друг, погрд и полош од самите нас, а многу поретко
и поубав и подобар од сите други. И да е така, кој тоа ќе му го признае на
другиот, кога сме сите толку многу возбудени и вљубени во себе - божем сме
светци, а не обични страдалници и смртници од крв и месо, кои секојдневно
пијат и м..., јадат и с..., љубат и мразат, молчат и се караат, па црното го прават
бело, а белото црно и сî така во круг, да не знае и да не види никој друг...
Леле, што убаво се римува овој збор друг со струг, но и со плуг, па и со круг!
А, други нема, сите се први и последни истовремено, само зависи кој е за кого
прв (освен за самиот себеси), а кој е втор, трет, претпоследен, па и последен,
кога веќе нема полоши и поникакви и од најдругите и најпоследните, на чие
што место никој не ни помислува, а не пак и да посакува да се најде.
Па, токму во овој миг, најверојатно не случајно и без повод, се присетувам на
епизодата од војничкиот живот, кога старешината (строг и лош млад офицер)
постојано му се обраќаше на еден наш земјак со зборовите:
70
- Македонец, повторно си ти последен!
А, тој покорно му одговараше:
- Друже водниче, некој мора да биде последен!
Навистина, ако не беше тој последен, ќе беше некој друг. Но, зошто постојано
да биде последен токму тој - се прашувавме сите ние, освен самиот тој,
заборавајќи дека станува збор не за влегување, туку за излегување и тоа од
војничката менза, каде се вареше најубавиот грав со ребра и каде нашиот земјак
не само што ќе исркаше две полни порции, туку и убаво со касајот ќе ги
избришеше чиниите и ќе ги вратеше како да се нови.
Луѓе, бегајте подалеку од сенката на другиот, иако понекогаш може да ви биде
пријатно ладно под неа, да ви држи заветрина, да ви го чува срамот и стравот,
да ве храбри и мотивира, но и да ве затскрива, обезличува, демотивира, па и
анулира.
Сето тоа е моќ и заслуга на Другиот , а пораз, несигурност и слабост на оној кој
постојано бара стап за потпирање, бастун, дрво за да се фати или скрие зад
него, иако денес стеблата не им користат многу дури ни на кучињата за онаа
работа.
Затоа, не се потпирајте секогаш (читајте: никогаш) на некој друг, колку и да ви
се чини тоа и нужно и неопходно, зашто дрвената штака никогаш не може да
биде вистинска нога, па колку побрзо ќе научите да одите без неа, толку
полесно ќе пливате и без гума, а колку помалку ќе чукате туѓа рж и слама, толку
повеќе ќе имате време за косење на сопствената трева.
Не дека не треба да се загледуваме во туѓиот двор, во километражникот на
автомобилот од соседот, од чиј што прозорец излегуваат мирисите на
најубавите манџи, и не дека не треба да им се даде право на присуство (но, не и
на првенство) на сите други најразлични другости, убавини но и грубости,
туку единствено треба да му се признае, да се прифати и да се живее само со
својот двојник во себе!
Зарем е тоа малку: да си еден, а да не си сам; да си осамен, а да си со некој друг;
да си секогаш полош, побавен и поглуп од него; да е тој погрд, погруб и
понеумен од тебе - само тогаш кога ќе почувствувате пад на либидото, недостиг
од самодоверба, нервна и душевна криза...
Дотогаш, тепајте и вие лебарки секаде каде што ќе стигнете, или кинете долги
и криви краставици - само внимавајте да не ве фатат, или некој друг појак и
побрз да не ви ја столчи вам главата, а не вие нему...
Или, пишувајте есеј/расказ во три часот и петнаесет минути по полноќ, кога и
стрелките на часовникот се поклопуваат, божем се љубат, демек сакаат да
станат едно и неразделно, пред да се разминат, прашувајќи кога пак ќе бидат
едно до друго, без зазор кој е над а кој е под, кој е помал а кој поголем, зашто
поголемата стрелка ја скрива помалата и таа е повредна и врти многу повеќе
отколку другата, зашто така некој друг мислел, направил и рекол, а јас тоа само
понекогаш го гледам, чувствувам и запишувам...
Па, нека е со лесно - за да (нí) биде полесно. А, јас откако се разбрав и се
договорив еднаш и за секогаш со самиот себеси, ве уверувам и вас во следново:
ЈАС = ДРУГИОТ !!!
71
Prof. d-r Hristo Petreski
WHO – THE OTHER?
But so is life: not for whom it is roasted, but whom it is said and vice versa. The other
is constantly someone else, uglier and worse than ourselves, and very rarely more
beautiful and better than everyone else. If it is so, no one will confess in front of the
other, because we are all so excited and enamored in ourselves - as if we are saints
and not martyrs and ordinary mortals of flesh and blood, who daily drink and eat and
love and hate, peaceful or quarrel and make the black white and the white black and
always in the same circle, as if no one else can hear it or see it…
Isn’t it enough: to be one, but not alone; to be lonely and not to be someone else; to
be always worse, slower and stupider than the other or the other to be uglier, rougher
and not cleverer than you; - just when you feel the drop in libido, lack of confidence,
nervous and emotional crisis…
Until then, you can beat cockroaches wherever you go, or pick up long and curved
cucumbers - just be careful not to get caught, or someone stronger and faster than you
not to crush your head, before you’ve crushed his ...
Well, let it be easy - to be easier. And after I understood myself and agreed once and
for all with myself, also, I assure you of the following:
I = the OTHER !!!
72
Ѓорѓи Прчков
СТИЛОТ НА ПИШУВАЊЕ И ТВОРЕЧКАТА
ИМАГИНАЦИЈА
Ако сум лик во некој роман не би сакал да сум во допир со реалноста
поради нејзината пакосност и егоистична истенченост да ги прифаќа само оние
кои може да ги адаптира кон своите потреби и извештачени нагони да биде рај
на земјата, односно стави пред огледалото, а тие упорно на прашањето кој е
најубав не го премолчуваат нејзиното име. Поради ова и моите ликови се
резултат на креацијата на еден ум, одговорно создадени да и пркосат на
реалноста во сите сфери освен во онаа да ја изиграат, токму на нејзин терен,
прифаќајќи ја играта која од почетокот наликува на наивен чин на решеност да
се припаѓа во циркузијадата наречена живот, а подоцна претворајќи ја во
победа со надмоќ над вистинските случувања кои не можат да ги преминат
границите и запловат во неограниченоста надвор од сетилата. А таму некаде,
далеку од замисленото е вистинската сцена на ликовите каде доаѓа до израз
нивната посебност и самодоживување без корумпираниот придонес на едно
општество кое се движи еден чекор напред, но два назад, како грешка во
рехабилитацијата на умноболни личности со педигре, но не така родени со
пропуст во генетиката, туку повеќе лидерски настроени со убеденост дека
таквата маана би била потенцијал за уредување на поставките на
футуристичкото постоење на генерации.
Учителот е жив во пеколот или мртов на земјата, сеедно за неговата
задача да преставува ноќна мора за олигарсите што го опкружуваат и ја
иритираат неговата сензитивност да живее во близина на смрдеа и блуеници.
73
Ако за момент беше реален лик, кој сегмент од него ќе беше доволно
софистициран да покаже разурнувачка моќ да уништи едно цело човештво на
проклетници кои се зафатиле со посегнување по сопствените интереси и по
цена на жртвување на безимените? Секако ниту еден, бидејќи само моето
проклетство или благослов можеа да го направат херој со натприродни
кфалификации подготвени да се појавуваат, губат, засилуваат, тенчат и
повторно иницираат до потполно заслепување на напријателот.
Или неколку навидум лудо насликани ликови, со физички недостатоци
кои предизвикуваат гадење и безобзирно оддалечување на другите, нормални и
исчистени луѓе, се навистина некогаш постоечки сосед, минувач, кафе
дегустатор на Широк Сокак или дури и продавач на улица, воглавно видени или
прочуени низ мојата Битола. Нивната реалност била толку силна, што многу од
бабите можат веднаш да ви прераскажат барем стотина стории за нив и нивната
луцидност, но никој не може да го предвиди уметничкиот израз на нивната
преобразба во книгите по која наутро нормалниот доктор Џекил се претвора во
навечер повампирениот господин Хајд или обратно, само и само од исмеаните
марионети за саркастична забава на граѓаните од втор ред да се претворат во
бренд за борба против самопрогласените првенци.
Ако читателот се спротиставува на она што сакав да го соопштам
поради моментната неразубеденост дека со “зеа маусот” би можеле да се
спечалат доволно пари и се покријат потребите на мнозина оскудни, секако
нема да заглавам во ќорсокакот на извинувањата дека тоа навистина се граничи
со невозможноста и едноставно било пласирано како “мижи да ти баам”
приказна која имала за цел поигрување со уметноста и заведување на
лековерните дека скапоценоста на книгата се крие во бројот на страниците, а не
во крвта помеѓу редовите. Всушност него ќе му биде понудено “земи или
остави” сознание и малку повеќе способност за создавање престава во главата
дека чудата не се само категорија на неисполнетост и празен маѓионичарски
шешир, туку верување дека нешто се променило, се преместило од мртвата
точка на себепотценувањето во ниво над морската висина каде секој се гледа со
очи на спасител.
Оној кој не е убав во дваесеттата, силен во триесеттата, богат во
четириесеттата и мудар во педесеттата, никогаш нема да биде тоа. Освен ако
авторот се завземе да овие особини ги искомбинира, зачини и исполемизира
сам со себе, со читателот, со критиката и повторно сам со себе, за да ја
искристализира поплаката на оваа невистина. Неговиот лик може да биде и убав
и силен и мудар, и млад и кога е стар, и мудар со наивна глупавост и силен со
љубовна слабост, и богат со недостиг на срце. И тогаш свесно ќе може да им се
соопшти на читателите дека крајот на едноставноста е дојден, дека реалноста
само погребува и дека реченицата е како Циганка која гата од рака полна со
линии, понекогаш испрекинати, но со веќе одредено патешествие.
Читателот често ужива во цела таа имагинација на писателот, дури и без
да се запраша дали е ликот имагинарен или реален, дали му е дозволено да
погреши или не. Така, понекогаш и за жал дури и во прељубниот акт ќе се внесе
лагодно, несеизмички како да се работи за обично отворање на чоколадо пред
почетокот на долгоочекуваниот филм. Патот на тетка Карка исполнет со
74
валканици без оглед на безбројните оправдувања кои би ги измислиле, во
почетокот нема да го доживее како вознемирувачки акт на премостување на
желбата на срцето од една веќе утврдена личност за која биле дадени вечните
ветувања, на друга која со незапаметена страст го освојува туѓото и прави
дисконтинуитет во крвотокот на љубовта. Согласно нејзината катаклизмичка
инфлуенца пред настанокот, грешното лице се однесува како слеп човек без
своето куче водач, втурнат на најпрометниот крстопат каде автомобилските
сирени и пцости го ориентираат кон првата пречка што ќе му предизвика
паѓање. За време на прељубата, грешното лице е во облаци без крила и
падобран, наоѓа утеха во помислата дека ова било она што се дочекува еднаш
во животот и едноставно се паркира во бескрајно среќните денови. Но, после
прељубата, тоа е и најстрашниот дел на мелодрамата, грешното лице е
истолчено, прегазено од булдожер, искасано од мнозинство оси, удавено во
бесконечна река, изгорено на температурата на топење на челикот и оставено
од Бога. Доаѓа имагинацијата или толку посакуваната реалност да се започне
покајание, истото да се отслужи со солзи и прифати од Небото. Товарот му го
даде на Бога, нека го носи на крстот, само Тој тоа го можеше. Поминуваше
покрај огнот, но веќе не се восхитуваше на неговата црвено - златна блекавост,
туку се плашеше од неговата жештина која остава опекотини. Се будеше секое
утро со благодарност до Бога дека вчера не го направила гревот и молитва утре
да биде силна како вчера. И започна спасувачката мисија да се прифатат оние
кои се од сите заборавени, да се допрат оние кои се од никој исцелени, да се
утешат оние кои никој не ги погледнал. Дали таа беше на прагот на светоста?
Моја омилена беседа е онаа која говори за благословот на кротките,
категорија на луѓе во изумирање кои тешко се пронаоѓаат дури и со фенер при
дневна светлина. Ореолот, секако за оние кои можат да им го препознаат, ги
издвојува како зрно од грстови ориз и дозволува да уживате во нивно друштво
со аперитив на чувство осознаено од блискоста помеѓу лав и јагне. Ги гледате
во очите, без оглед на жестокоста на разговорот, а од нив капе смирение кое
може слободно подоцна да го конзумирате со малку памук и да добиете
прекрасен лек против гневот. Нивните раце добродетелки, се еден од знаците
кои ви ветуваат пријател во секое време од ноќта и после секој ваш повик на
немоќ и потреба од рамо за плачење. Таков беше и Бледото, кој душевна
сатисфакција бараше и најде во разговорите со жителите на прастарата
Хераклеја, а својата животна задача ја заврши во извлекувањето на Марија од
урнатините не само на нејзиниот живот, туку и ум. Мои омилени примери за
кротките се воглавно оние раскажани со акцент на нивниот хероизам да се
однесуваат поинаку од средината и призвук на биење на широко срце со големи
сместувачки капацитети. Тоа е оној кој го завртил и другиот образ кога го
удриле по првиот, не со недостаток на храброст како онаа нашата македонска:
“наведната глава сабја не сечи”, туку со доблест на удирачот да му помогне да
го прифати новото, повисоко ниво во неговиот карактер каде милоста го
заменила теророт. Тоа е и оној кој ја подал и кошулата кога му го побарале
палтото, и не за да затрепери од грабнувачот, туку да раструби дека силите на
злото ќе можат се да ви одземат, но не и душата ако веќе сте ја посветиле на
царството во висините. Тоа е и оној кој не тргнал на суд со силникот, среќен со
75
она малку што му останало и свесен за пресудите на овој свет еднакви на
законот напишан со поткуп и гној. Честопати во едно исто дело ликовите можат
да бидат испреплетени, имагинарни и стварни. Тоа се случи и овде, каде миксот
настана и не престана уште од самиот почеток кога преставата се изведе и не
заврши под маските. Иако вообичаено е познато дека маската е чин на
лицемерие или покривало на вистинското лице, многу подлабоко содржински
сакав да ја претставам како нова површина над кожата која ќе биде толку
задебелена и видоизменета што понекогаш ќе ги крие вистинските чувства само
за да останат неповредени или понекогаш толку ќе ги потенцира истите што ќе
станат бескомпромисни освојувачи на својот копнеж со правилни цели.
Секако творечката имагинација на еден автор не смее да дозволи
читателот да се дезориентира и покрај неговиот компас, да ја загуби
перцепцијата на реалноста на улогите и настаните. И Верушка и читателот
често и одново би се прашувале дали нејзината улога од заблудена жена по
толку душопоттикнувачки дејствија во романот се променила на подобро и ќе
кулминира на крајот, и дали настаните онака подробно позитивно стимулирани
ќе изненадат и ќе се претворат во трагедија подоцна. Започна како и Марија
Магдалена во почетокот, многу профитабилни средби со многу машки тела, во
многу недостојни ноќи. Сакаше да заврши како Марија Магдалена покрај
нозете на Исус. Но, дали беа доволни целовечерните преговори и ветувања,
солзи и раскинувања на старото, гнилежното? Така утре, ако сакаат да се
одржат до денот во кој се влегува низ Портите и не завршат надвор од нив со
кучињата, ќе мораат да го свртат погледот од обликот на сатаната. Да се сврти
погледот од тие очи во кои можеби се капеше виножитото додека самовилите
танцуваа, но никогаш нема да бидат огледало во кое ќе си го видат сопствениот
одраз, понекогаш остарен и последен. Да се сврти намерата на тие гради кои
можеби полни со силикон и израмени во дизајнирано деколте предизвикуваат
разблудна меморија, но никогаш нема да бидат удобни, меки, како близначиња
од срна, со мирис на пролет како денот кога би доеле сопствено дете. Да се
сврти намерата на тие нозе кои чекорат кон бездната, кои можеби се уметничко
дело на природата и тесниот фустан кој ги понудил, но никогаш нема да бидат
исправени пред постелата кога бил болен, трпеза кога бил гладен и рамото кога
бил паднат, нејзиниот вистински сопруг. Но, како што реков некогаш
трагедијата си го зема своето, таа под притисок на спокојот дека ја дофати целта
и далечината на оазата поттурната од искушенијата, го губи разумот и
единствената потпора која ја тешеше дека утре ќе биде новиот ден. Посакував
и како автор и како човек имагинацијата да ја завртам во нејзина полза, да
измислам ново битисување со пронаоѓање на она што само може да се отсонува
и таење во неговите прегратки со насмевка на некого не што очекува, туку дава
без да се запре, дури и она необновливото. Но, немав таква творечка
инспирација заради проклетите лекции на овој живот овде и сега.
Во услови на маркетингшки приод во сите односи кои го заокружуваат
човековото постоење, единствена заинтересираност кај мнозинството се
покажува кон валоризацијата на нештата. Просечните размисли се по
формулата: ако автомобилот чини толку, а јас во џебот имам онолку плус
онолку на сметка, ќе ми требаат уште два кредити од банка за да го поседувам.
76
Или: лебот чини толку, па јас нема да можам денес да си дозволам три, значи
ќе мора менито да содржи и компири. Или: додека дедо се умртви, ќе штедам
по еден пар чевли месечно, а потоа лесна му земја, од неговото наследство ќе
го купиме станот на подолниот кат. Длабочината на филозовскиот ум и
уметничкиот израз со кои располага писателот се основната сила со која ќе
треба да го убеди читателот дека се заблудил во горното, ако и само ако
помислил дека тоа е она кое треба да се изживее во овој и само овој живот кој
навистина трае кратко. Џиновската лоза иако не со човечко наличје е илузија за
профит на алеја на едни ликови кои гледајќи ги нејзините врвови во небото го
калкулираат профитот по проценти сразмерно на нејзината висина. Таа не само
што нема да им го донесе благодетот кој го очекуваат туку ќе им приреди и
уништување, ним и на еден цел систем во околината. Нејзината грубост и
велелепие навидум воодушевувачки го криеја трошното и поразителното кое се
хранеше од алчните апетити на засадувачите и секако имаше крај каков што ќе
има и минирана кула од карти.
Стилот на пишување на авторот може да доведе до лесно прифаќање
или одбивање на тоа што сакаше да биде соопштено. Бурмутџијата определил
главоболката да ја лекува со неконтролирани дози на бурмут кој предизвикува
олеснување и нивно краткотрајно одминување. Секако следи самозалажување
и замена на некогашната човечка свест со анимални инстикти на невидена
помраченост. Бог одеше низ рајот во приквечерината и ги изгони Адам и
неговата Ева од градината и постави херувим да го пази патот кон дрвото на
вечниот живот. Оттогаш повеќе не се ни зачна човек со светло око. Господ Бог
пак прави да израстат од земјата секакви дрвја, убави за гледање, но не добри
за јадење бидејќи некој со темно око отровните исцедоци од своите зли
експерименти ги вкопал длабоко под лушпата на плодот. Го дал Господ Бог и
Словото за познавање на доброто и злото, но некој со темно око толку ги
изобличил верата и вистината, што сторијата за Ева и змијата е бајка за деца
наспроти нив. Го воведе Господ Бог човекот сега во градината земска, да ја
обработува и пази, но некој со темно око се досетил да направи робови од
ближните свои кои тоа ќе го прават наместо него, и тоа во полза на времето што
ќе му биде уште недоволно за нови темнини. И пак му заповеда Господ Бог на
човекот да биде послушен во десет реченици за да ја поврати својата
привилегија на вечност, но некој со темно око одлучил тоа да го презре и биде
понизен на сто реченици по волја на похотта. И за да не биде сам, на оној со
темно око му се придружи и жената негова исто така со темно око, и обајцата
беа со валкана облека која не можеа да ја препознаат веројатно поради
темнината. И не им беше срам, тоа беше во тренд сите овие векови. На земјата
секако беше и змијата, полукава од сите луѓе која им рече на сите со темни очи
дека Бог е немилосрден за непослушните и дека единствениот живот кој се има
треба да се потроши на страстите. И луѓето со темни очи гледајќи дека телата
лесно им се задоволуваат, јадеа од забранетите плодови со краткотрајна сласт
која воглавном завршуваше со повраќање. Тогаш ќе им се отворат темните очи
на сите и доколку не е премногу доцна со крајот на зеницата ќе го забележат
зракот над облаците Кој ги осветлува скалилата кои водат горе.
77
И при свршетокот на светот, ангелите ќе ги одделат лошите од
праведните и ќе ги фрлат во вжарена печка. Не сакам ниту да помислам како е
таму, освен во моментите кога сум премногу дрзок пред сопственото смирение.
Веројатно е жешко и влажно од плачот и бучно од крцкањето со заби.
Поразително е знаејќи дека таму се сите оние кои ме наговараа против Бога
нудејќи ми од страстите, сега со раскезени заби и вистински облик на ужас,
подмолно сокриени пред да загосподарат со нашите души. Ќе зборуваат со
вистинскиот речник, со фразите со кои ме измамија и ја донесоа илузијата од
меур сапуница, но сега со акцент на секој збор пеколно мрачен. Едноставно
кажано, ваквата тема бара од писателите да ја искажат својата свесност за
начинот на кој се обраќаат до читателите заради не дај Боже моментната
помисла на аналитичарот дека писателот само се заљубил во своите зборови,
реченици и размисли и заборавил да остави простор некој да го бара и открие
творечкото, уметничкото и заедно заокружено вредното во опусот. Таму на
Светонеделските гробишта, носителите на просторот и функцијата
комуницираат со секој лик кој го погребуваат, го одгатнуваат неговиот живот,
притоа компарирајќи го својот, и охрабрувајќи се уште подалеку евоцирајќи го
својот почеток и потреба да се најдат на едно такво место, лавиринтот на
помисли таму да останат, но и покрај морбидната клима сепак да не се
претворат во Р’ѓосани, ниту до крај поразени.
Младото калуѓерче ја фрли нараквицата кон целото зло по светот. Не
беше имагинација големата бура во животот и брановите кои го покриваа
неговото досегашно спознание полно со неотповиклива доверба во крајот што
секогаш добро завршува и упорно ги распрскува неговите надежи како нивните
капки во молекули од водород, кислород и страв. Очекуваше оправдување во
јачината на бурата и нејзината немилосрдност обучена да уништува до сто
проценти, што од телото, што од душата. Потоа дојдоа и неговите четириесет
браќа маченици. Ќе застанат ли на чело на армијата од илјадници илјади воини
со ореоли кои ќе јурат, ќе не приберат во нивните редови за да удриме по
демоните и нивната зла совест? Ќе седнат ли во ќелијата пред толпата и ќе
раскажуваат параболи со милни зборови кои ќе допираат и до нас вознесени
долу покрај нивните нозе? Им заповедаа на ветровите и на морето, и настана
голема тишина. Треба да почувствуваваме олеснување во дамарите како некои
нови ние. Тие беа кристално чисти, без товар на грбот и световно однесување.
Сакав да ги прашам дали се сврши, но немаше потреба поради благодатта која
се гледа додека извира. Ниту за мирот кој се населил насекаде низ мислите.
Оваа била вистинска, мирна бура, ... си помислив.
Опортунистите се луѓе кои во возот влегуваат на последната станица.
Лица кои во секоја ситуација се прилагодуваат, но не на промените, туку на
своите интереси. Што сака десното око? Нови хоризонти ли, светлина посветла
од сончевата, да компарира помеѓу да се има или не, да ужива без да се пазари
за глетката? Кутро десно око, можноста да се биде прво на вратата на
перцепирањето на околината го направило невнимателно. Превртувајќи со
зениците по надворешната убавина на битијата наоколу, се насладува со бојата
на нивните очи и кожа, со облините поставени во математички размери и ѕирка
длабоко позади нивните облекла со тенденција да создаде дури и бесрамен
78
видео клип во мислите, и онака преполнети со карикатури. Ги слави фасадите
на објектите кои кријат рушевини, базените и бањите со меурчиња во нив,
бескрајните персиски теписи и кинески вазни покрај кои парадирале династии,
подземните гаражи и надземните камини со мечкина кожа до нивната топлина
во чии влакна сеуште останал мирисот на мечињата сирачиња. Лудува по
автомобилите, часовниците, високите потпетици, чантата од крокодилска кожа
и по се што носи име на прочуените, кое не мора дури ни да се експлоатира
бидејќи исполнетоста се доживува само со љубов на прв поглед. И од орган за
вид се претвора во судија кој донесува одлука дека сето погоре напоменато
другите го имаат повеќе, подолго, посјајно, за на крајот да се дрзне и испрати
стрели полни со отров. Затоа, мојот лик ќе го извади и фрли од себе си, за левото
да не заборави и го обнови и претопи во нивните. Што сака десната рака? Други
допири ли, пространост поширока од Небесната, да компарира помеѓу да се
поседува или не, да ужива без да се пазари за грабнатото? Кутра десна рака,
можноста да го прегрне целиот свет и да погали насекаде ја направила
невнимателна. Ги издолжува прстите по надворешната убавина на битијата
наоколу, го планира допирот на облините кои не и припаѓаат и пребарува по
нивните тела поддадени со зла намера. Ги гради фасадите и објектите со базени
и камини, полни со неприлагодливост некогаш да бидат домаќини на
вистинската љубов, на која попатно речено би и било доволна зимската колиба
сместена среде лавина, со два прозорци и оџак од каде издишува
хармоничноста. Очајна е по автомобилите, потпетиците и се што имаат
прочуените, како да заборавила дека нивните отпечатоци се само бледа сенка
на една попуста желба, фатаморгана на капки вода во најжешката пустина. И
од екстремитет се претвора во насилник да опфати се и покрај нејзината мала
волуменозност и недостојност дури и да биде гнездо на штотуку родено
ластовиче. Затоа, мојот лик ќе ја исече и фрли од себе, за левата да не се потсети
и го обнови и претопи во нивните.
Ако сум лик во некој роман не би сакал да сум во допир со реалноста
поради нејзината пакосност и егоистична истенченост да ги прифаќа само оние
кои може да ги адаптира кон своите потреби. За да ја избегнам нејзината
суровост кон дојденците на земјата доволно доблесни да се спротистават на
правилата која ги наметнала, го вклучив и сопствениот низ редовите од еден
роман вооружен само со една лопата во рака. Револуционерното средство
овојпат беше употребено да се копа гроб, дупка која за разлика од нејзиното
најраспространето значење ќе добие ново, некое филозофско, повеќе утешно
отколку практично. Тоа е и потесната смисла на животот дека целата негова
авантура се сведува на три дупки, првата од која се доаѓа на светот, втората од
која можеби се заработува и третата, во која се завршува. Но, реков потесната
смисла, многу далеку од посветлата, вистинската која е привремена борба
против искушенијата и која задолжително завршува со награда на Небото.
Gjorgji Prchkov
THE WRITING STYLE AND THE CREATIVE IMAGINATION
79
Certainly the creative imagination of an author can not allow the reader to disorient
despite his compass, to lose perception of reality, the roles and events. The author’s
style of writing can easily lead to acceptance or rejection of his intention to tell. The
reader often enjoys in all the imagination of the writer, without even wondering
whether the character is imaginary or real.
If I'm a character in a novel would not like to be in touch with reality due to
her selfishness and cruelty in order to accept only those who can adapt to its needs
and artificial instincts as a paradise on earth, for those who in front of the mirror,
persistently ask who is the loveliest, at the same time suppressing her name.
Because of this, my characters are the result of the creation of a mind,
responsibly created to defy reality in all areas, except in the one, to deceive reality, in
its main role, the deceit, accepting the game that from the start resembles to a naive
act of determination to belong to the circus, called life, and later turning it into victory
with supremacy over the actual events which cannot cross the borders, sail into
infiniteness beyond the senses.
And somewhere, far from the imagined is the real scene of the characters
where their uniqueness and self-experience come to the fore without the corrupt
contribution of the society that usually moves one step forward, but two steps
backwards, as an error in the rehabilitation of mentally disturbed with pedigree, but
not born with failure of genetics, but rather directed with a conviction that such a flaw
would be a potential for editing of the settings for the futurist existence of generations.
Добре Тодоровски
УМЕТНОСТА ВО РАКОПИСОТ
80
Дадената тема, ја сватив како опфат на поширок поим за што може да се
изразиме, особено кога се работи за уметничкото во делата на еден автор.
Во повеќе наврати, анализирајќи ги досегашните роднокрајни средби и
темите со кои се настапуваше, со главниот организатор д-р Николче
Велјаноски, а во потргага по тема која ќе ги заинтересира учесниците, односно
писателите да имаат можност да го искажат уметничкото во нив, пренесено во
делата кои ги остваруваат, темата сама по себе се наметна. Овде со посебен
акцент за оставената бележита трага за нашиот уметнички квалитет понуден
на читателите во сегашно и идно време.
Една општо прифатена дефиниција, уметноста ја дефинира, цитирам:
,,Како авторова дејност која има за цел да ги стимулира човековите чувства,
духот и умот“. Оттаму произлегува дека намерата на уметникот, во
конкретниов случај писателот е со своето умеење, знаење, имагинација и
креативност, на хартија да ги пренесе неговите замисли, психолошки состојби
и емоции.
Дилемата дали писателот е уметник во буквална смисла на зборот, или
за тоа има друга дефиниција, ја разјаснив уште пред десетина години кога
Друштвото за наука и уметност, се преименува во Македонско научно
друштво. Незадоволен од тоа што во називот ја нема уметноста, па така
уметниците не ќе можат да си го најдат своето место, тогашниот претседател
д-р Димитар Котевски, во едно негово изјаснување се произнесе. „ Кога
науката ќе го достигне врвот преоѓа во уметност, а кога уметноста ќе се најде
на тоа место, преминува во наука“. Ете така ја видел уметноста во новото
друштво д-р Димитар Котевски. Оттогаш и јас смислата ја наоѓам токму во
тежнеењето на секој автор со секое дело да се докажува, во смисол на
81
зголемени уметнички вредности, вреднувани од критиката и читателите. Затоа
делото преставува одраз на авторот.
Но, каде е уметноста на писателот во делото?
Од моето скромно искуство, доаѓам до заклучок како некои,
уметничкиот израз го гледаат во градењето на приказната, фабулата и врз
основ на тоа ја даваат оценката за квалитетот. Други, пак, задоволството го
наоѓаат во уметничкиот приказ и обликување на ликовите, заедно со нивните
карактеристични навики. Сосем трети, уметничката димензија ја гледаат во
читањето ,,меѓу редови“, или во потрагата на сврзното ткиво на комплетното
романескно кажување. Како и да е, длабоко сум убеден дека зад секое
напишано дело мора да се крие приказна, авторова мисла и замисла, или како
што најчето се употребува, порака.
Би сакал да посочам дека во критиките за моите дела од страна на
читателите има од се по нешто од горе наведеното, но како посебност најчесто
се спомнуваат фразеолошките изрази и дигресиите кои ги користам како
надополнување во описот на главните јунаци или настаните каде што се
случува дејствието. Ова се ретки сетуации и ги ползуваат малкумина писатели.
Коректно е да се кажи „кој работи тој може и да погреши“. Јас
опстојувам во мојот стил, примајќи ги добронамерните критики од вештите
литературни творци, ги согледувам пропустите и се трудам да не се
повторуваат во некое ново дело.
Кога се работи за опис на вистински ликови (некои се уште живи) ми
се чини колку повеќе се опишува психичката состојба на човекот, заедно со
неговото претставување, во озитивна или негативна смисла, толку повеќе
станува интересно, примамливо и податно за читање.
Користејќи го наједноставниот јазик со кој се обраќаме, често
добиваме повратна информација во вид на критика, со кое би требало да
процениме во колкава мера сме го изразиле уметничкото во делото. Убеден
сум дека едноставноста во искажувањето, без непознати или измислени
примеси, употреба на странски зборови, со чесен пристап кон реалноста,
уметничкото во раскажувањето може да се издигне на универзално рамноште,
што сметам дека цели секој кој се занимава со литературата. Таму треба да нè
препознаат нас и нашето поднебје и нашата вистинска уметничка вредност.
Не би сакал да мислам дека има автори кои се врзуваат и одредуваат
мерка како граница до каде би оделе со дејствиоето ако за тоа имаат материјал.
Тука само имагинацијата е пресудна. Но, и овде постои друга димензија во која
може да се западне по однос на силната желба за што подлабоко инфилтрирање
во уметничкиот израз.
Овде пред се мислам вон границите на нашата земја. Засега таков
епитет на импознтни уметнички вредности, дури давани и незамисливи оценки
за квалитет, добила само нашата народна музика. Зошто да не е така и со
нашето творештво, особено ако извориштето за црпење на уметничките
вредности се во народот. Фрустрира сознајбата, како што преовладува
мислење, за жал и кај некои издавачи, дека секој странски автор, па иако се
работи за книга со ниски, минорни уметнички вредности, повеќе е барана и
купувана и од нашите најдобри автор. Ја следам македонската современа
82
книжевност, но и странските автори, правам споредби и анализи на нивните
дела и оттаму револтот кој ми се јавува. Но, наше е да пишуваме, а судот за
колкав уметнички влог се работи нека ценат идните генерации.
Во описот на 10 –та роднокрајна средба се поставува и прашањето за
одбир на темата на која ќе работи авторот, по мене, прашање поставено како
попатна провокација за изјаснување на кој начин постапувам кон создавањето
на едно дело. Верувам, секој си има посебен пристап и начин на работа,
појдовна точка и замислена фабула и одреден крај. Но, како основни параметри
на кои се потпирам, кога се работи за моето творештво, поаѓам од тоа дека,
разумно е секогаш да се проанализира дејствието, начинот на изразување,
говорот кој ќе го користат ликовите (локален, дијалектен или литературен ),
дали е тоа актуелна тема од сегашно време или тема која би побудила интерес
во иднина, како и пораката која треба да се испрати до читателите. За сето ова,
потребно е време, инспирација, материјал, па ако сакате и расположение.
Ирелевантно е кој колку време ќе потроши за да се напише, да речиме
роман. Ако се има предвид обемноста и квалитетот на делото и неговата
уметничка вредност, како и тоа во колкава мерка ќе остави впечаток кај луѓето
што читаат, секако треба да се имаат на ум сите горе наведени факти за
подготовка и пишување на било кое дело од било кој жанр.
Dobre Todorovski
ART IN THE HANDWRITING
A generally accepted definition defines art, I quote:,, As activity of the author which
aims to stimulate human emotions, spirit and mind. "Hence the intention of the artist,
in this case the writer is with his know-how, knowledge, imagination and creativity,
is to covey on paper his ideas, psychological states and emotions.
From my humble experience, I come to the conclusion that some artists, see the
artistic expression in the building of the story, the plot and on such basis they give
their assessment for quality. Others find their satisfaction in the art expression and
in shaping the characters, with their distinctive habits.
Also, there are authors who see the artistic dimension in ,, reading between the lines
", or in the search of the connective tissue of a complete novelistic narrating.
However, I am deeply convinced that behind every written work a story must be
hidden, an author’s thought and conception, or as is most often used, a message.
Петко Шипинкаровски,
ЛИЧНОТО ДОЖИВУВАЊЕ И УМЕТНИЧКАТА ИМАГИНАЦИЈА
83
- својот лик во имагинацијата на речната приказна, и
- ликот имагинарен преточен во мојата течна патека
Насловот и поднасловот ја врзуваат разврската на имагинарниот лик во
универзлниот свет на писателот, од една страна и,
реалниот лик, оној постоечкиот како единка или пак, движечка сила во
семејните и општестено-нацонални културни збиднувања и врски.
Оттука, си земам за право, да ги сублимирам имагинарно-реалните ликови низ
прозното, драмско и поетско творештво, објавувано и нашироко прифатени од
читателите и литературната анализа и критика.
Личното доживување и познавањето на приказна и носечките ликови,
било тоа да се имагинарни или реални, претставува битен елемент и фактор во
играњето на дадената улога, од една страна, и способноста на авторот, како што
е и поставено во тезите на темата, низ философскиот и уметничкиот израз, да
ги долови, етаблира и елаборира низ пишаното четиво. Притоа, кај мене се
јавува потреба од внимателно раслојување и исчекорување на секое следно
скалило, притоа водејќи сметка за вмрежување на читателот во самата игра и
негово активно препознавање во ликовите: внимателно, без употреба на груб и
уличен жаргон во монологот или пак, дијалогот. Таквиот чин на употреба на
имагинарниот вез и поставка, дознавам, дека кај многумина, прескромно е да
речам, кај сите читатели проработува чувството на сласт и напивка од убавината
и мекоста на стилот на изговорот, и патеката водилка низ четивото,. Притоа, кај
добар дел од нив, читателот се впушта и самиот ја игра улогата на „двојник“
низ реката настани по кои поминува како активен чинител на веќе разгазената
патека.
Во повеќето нив (ликови), и самиот се вгнездувам во реченицата или стихот,
притоа отворајќи го огледалото на изминатото, на измореното, но и ведро,
неуништиво време на убавите спомени и младешки меѓи. Особено до израз
84
доаѓа имагинарниот лик на самопоставеното „ЈАС“ во прозното и поетското
творештво, каде низ големиот број настани и песни ја играм улогатана
„ороводец“, или уметник во музичкото творештво, или пак, гледач-поскматрач.
Идеите и понекојпта незаузданите мисли тропаат на заклучените порти кај
писателот, бараат излез, преку зборот, да допрат и до најзабарикадираните, до
нај затворените умови на активните чинители, за да го стркалаат вејот на
приказната и ги нахранат и оживеат позитивните мисли и чувства за градба и
надградба во живиот свет на природата. Но, не само враќањето и оживувањето,
на понекојпат, црните лики низ поминатите времиња, туку и мудроста на
нашиот човек и снаоѓањето на најделикатните животни остри врвици, да се
биде присебен, и активно да се учествува во пораката кон своите потомци, дека,
„животот треба да се живее“.
„– Добре ни дојдовте, пријатели. И нека им е благословено од мене и од Господ
на децава наши! – изговори стрецот.
Трајко, кој беше седнат на крајот од десната страна на челото на масата, се
подзаврте, ја поткрена главата и неговата десна веѓа. Го виде старецот, а крвта
како да му секна низ неговиот поток, опустоши.
„Митко Клепало што ме предаде и ме сурдиса на Отокот!“ – си рече. „Но, Трај
Трајко, трај! Зошто не знаеш судбината каде ќе те однесе во животот. А и чедото
свое не знаеш, ќе те однесе дури и кај најголемиот душман! Димитар, Митко
Клепало, сум дошол во неговиот дом по внуката негова за син ми!“***
Ваквото враѓање на голооточката голгота, е враќање на јадот, горчината, но и
долгогодишната омраза и желба за одмазда кај патилецот, од една страна, но од
друга пак, проработува она, човечкото, да се даде пример на затворање и
санирање на отворените рани и фрлање на горчливиот јазолот по друмовите на
забворавот, заради семејните корења, заради внуката...
Или пак во најновиот роман „Утринска молитва“, каде јунакињата, изморена и
остарена од годините и низ животната голгота, се враќа во својот роден град и
чекори низ сликите на случувањата и реалноста, но тука таа се судрува со уште
една приказна што е слична на нејзиниот народ:
. Се слушна оти таа ноќ, Грците, Андартите; ќе го запалат селото. Ќе има колење
како што тоа го сторија во селото Загоричани во 1905 година, и малку подоцна,
и во Горно Неволјани! – рече старецот и ги забриша солзите на неговите очи.
Потоа направи мала починка. Ја наткрена главата. Се погледна кон југо – исток,
и ми покажа:
- „ Ете, онаму, зад оној голем рид што го викаат Кајмакчалан е моето село. Таму
како што реков, таа ноќ, море заранката, падна квечеринката и веќе се
постилаше над селото. Во селото стигна гласот дека андартите ќе го горат
селото и ќе сечат глави!
Би се навратил само на кратко, дека со самото започнување и запловување по
пистелските
*** „Црна љубов“, роман, 206
85
води, уште во првиот прозен текст „Откорнати души“, со повеќето ликови ја
споделувам односно, секој лик во дејствијата преставува имагинација но и
реалност на вистинскиот улогата на играч, или пак посматрач,.
Многубројни се поетските творби, каде со викот го искажувам својот сирена
глас, со довик:
„Дојдете,
во Струга букнува пролет
од мрачни сенки и модра обвивка,
ткаенина од јуда пајажина што ткае“*,
се искажува гневот кон најавата за насила наменатата (не)волја од другиот, кон
појакиот, посилниот, за промена на сопствената слобода и животна патека,
или пак,
„Долу клетоштината и забот пизмата!
Разбудете се стражи на завеаното виногорје,
птици црноклунци ви ја зобаат јагуридата и
некои темни облаци надвиснато потискаат.**,
каде се искажува револтот кон опшетствената негрижа за продолжување и
оплеменување на животот во руралниот свет, со акцент на роднокрајното абење
и „свлечиштето“, на завеаните гумна и мирисот на пресен леб од куќната фурна
и брановите на селската идила.
Свесноста, за играње на улогата на мазнач по белиот образ на приказната и
позитивната улога низ историските настани и пораки кои што се оставаат зад
себе, се дело на поставеноста за „ненарцисоидно“, туку напротив, реално и
јасно гледање во, понекојпат, измореното, но со длабока емоција и довикување
на блескавите утра и спокоен живот .
Значи, се наѕира констатацијата, дека, имагинацијата и самиот лик на писателот,
треба да ги снема, да се стопи во самата имагинацијата на книжевната
проекција.
*„Седело на орлица“, 2004, „Во Струга букнува пролет“
Petko Shipinkarovski
86
THE PERSONAL EXPERIENCE AND THE ARTISTIC IMAGINATION
The personal experience of the author and his conception of a story with main
characters, be it real or imaginary, is an important element and a factor playing a given
role, on one hand, and the capability of the author, as is set in the thesis on the subject,
through his philosophical and artistic expression, to capture, establish and elaborate
all of them in the written article.
Moreover, a need comes to me for careful stratification and stepping on each
subsequent scale, at the same time taking into account the capturing of the reader in
the game’s net and his active recognition of characters: carefully, without the use of
harsh and street slang in the monologue or the dialogue.
Such an act on the use of the imaginary boat and dock, I found that in many, too poor
to say, that in all the readers, the feeling of lust and a potion of beauty and softness
of the style of expression, as well as the guide track, are activated.
In some of them, the reader gets himself into the role of "a double" across the river
of events in which he passes by as an active player on the already trodden path.