УЧИЛИШНИТЕ БИБЛИОТЕКИ
ВО БИТОЛА И БИТОЛСКО
ЗБОРНИК НА СТРУЧНИ ТРУДОВИ
Битола, 2020.
Издава
Национална установа –
Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола
За издавачот
м-р Бојан Стефановски
Издавачки совет
Ленче Андоновска
Гордана Пешевска
Главен и одговорен уредник
Ленче Андоновска
Гордана Пешевска
Книгата е финансирана од Министерство за култура на РСМ
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
УЧИЛИШНИТЕ БИБЛИОТЕКИ
ВО БИТОЛА И БИТОЛСКО
ЗБОРНИК НА СТРУЧНИ ТРУДОВИ
Битола
2020.
CIP - Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека "Св.
Климент Охридски", Скопје
027.8(497.784)(082)
УЧИЛИШНИТЕ библиотеки во Битола и Битолско :
зборник на стручни трудови / [главен и одговорен
уредник Ленче Андоновска, Гордана Пешевска].
- Битола : Национална установа Универзитетска
библиотека "Св. Климент Охридски", 2020. - 148
стр. : фотографии ; 21 см
ISBN 978-608-4538-75-2
а) Училишни библиотеки - Битола - Зборници
COBISS.MK-ID 52168965
5
Предговор
Темата на проектот „Училишните библиотеки во
Битола и Битолско“, кој е одобрен од Министерството
за култура од областа на библиотечната дејност за 2020
година, беше предизвик за раководителите на проектот
Ленче Андоновска и Гордана Пешевска, библиотекари
советници, да се навлезе подлабоко во работата, функци-
онирањето и проблемите во училишните библиотеки, како
и да им се даде примат на овој вид библиотеки кои постојат
многу одамна во склоп на основните и средните училишта
во Битола и Битолско. Со тоа се заокружува една форма и
областа на библиотечната дејност и работа, особено важна
за воспитно-образовниот процес.
За таа цел воспоставени се контакти со библиоте-
карите во училишните библиотеки, а во поголемиот дел
извршен е увид и истражување во училишните библи-
отеки, односно истите се посетени и, во соработка и
одредени консултации со библиотекарите, од нивна страна
изработени се стручни трудови за нивните училишни
библиотеки (историјат, развој, книжен фонд, активности и
сл.) и истите се доставени до раководителите на проектот.
Застапени се 23 стручни трудови, врз кои е
извршена лектура, истите се компјутерски обработени
и отпечатени во Зборник на стручни трудови, кој за
првпат се објавува и претставува одраз на опстојувањето,
работата, развојот на дејноста и активностите од областа
на библиотекарството во овие средини – основните и
средните училишта во Битола и Битолско во минатото,
сегашноста и иднината.
6
Со особен респект кон раководителите на
наведениот проект, кои се зафатија со реализација на оваа
макотрпна работна активност која успешно и на најдобар
можен начин ја извршија, сублимирајќи и соединувајќи
ги сите училишни библиотеки во Битола и Битолско
преку нивната долгогодишна дејност и активност, а
трудовите кои произлегоа од овој проект да ги објават во
публикацијата Зборник на стручни трудови, што самиот
по себе има научна, но и репрезентативна улога и мисија
пред нашите читатели, но и многу пошироко, при што во
целост го оправдува потфатот и трудот на авторите Ленче
Андоновска и Гордана Пешевска, извршувајќи ја оваа
благородна дејност.
Оваа публикација воедно го збогатува и надопол-
нува фондот на изданија при НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола, со литература од областа на библио-
текарството и библиотечната дејност во Битола и Битолско.
Илче Стојановски, виш библиотекар
7
Училишните библиотеки – императив
во напредокот на цивилизацијата
(стручен труд)
Ленче Т. Андоновска, библиотекар советник
НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола
e-mail: lence.andonovska@yahoo.com
Апстракт
„Библиотеката е место на минатото,
сегашноста и иднината во кое времето
е занемарлива категорија, но дополнета
со искуство кое значи живот на секое поле!“.
Во Библиотеките се одвиваат низа активности со
разнообразни библиотечни културни, истражувачки, ин-
телектуални, образовни вредности што имаат важност за
севкупната мисија која е присутна во секојдневниот живот
и постоење. Истите играат важна улога во поврзување-
то на луѓето од најразлични заедници и нации, со што се
овозможува брз проток на информации без просторни
ограничувања и нивно навремено користење, што е
од непроценливо значење за сите нас. Познато е дека
големината на цивилизациските достигнувања на држави-
те низ епохите сведочат за тоа какви библиотеки имале.
Постоеле периоди низ историјата кога моќниците се
натпреварувале со изградба на прекрасни градби за
библиотеки и во нив сместувале што е можно поголем и
поразновиден библиотечен материјал. Ниту еден обра-
зовен процес не може да се замисли без наука, култура,
уметност и рекреација. Сите нешта од областа на
културата, уметноста и рекреацијата кои се забележани
8
во просторот и времето како сведоштво, било тоа да е
од камен, глина, хартија, платно и друго, претставуваат
библиотечен материјал. Според дефиницијата на УНЕСКО,
библиотеките обезбедуваат трајност и комплетирање
на библиотечниот материјал, негова обработка и
откривање на содржините, со цел да се пренесат
информации за потребите на истражувањата, образо-
ванието, рекреацијата и сл. Развојниот напредок на
комуникациската технологија, особено компјутеризација-
та, дигитализацијата, интернетот и медиумите, вршат
голем притисок во начинот на работата на библиотеките,
во правец на зголемување на нивната ефикасност и
постигнување поголема интерактивност.
Клучни зборови: библиотека, училишна библиотека,
образование, корисници.
Улогата на библиотеките и библиотекарите во
образованието
Имајќи го во предвид фактот што библиотеките
како културни институции односно дел од културата
во една држава имаат моќ да ги поврзуваат луѓето, заед-
ниците и нациите, водејќи се од мислата дека културата и
образованието се најмоќното оружје во намерата светот
да се промени на подобро, во време на современото
општество кое подразбира низа економски и социјални
промени, како и брзата транзиција на општеството во
„општество на знаење“, се јавуваат нови предизвици за
нов пристап кон образованието и учењето. Библиотеките,
како центри на најразлични збиднувања (културни,
научни, образовни, истражувачки и сл.), ги подразбираат
сите облици на усвојувања на знаења, вештини, како низ
формално така и низ неформално учење во сите животни
9
периоди. Во библиотеките се среќаваат најразлични луѓе
од различни заедници и различни нации, а сите имаат
скоро иста цел: да ја развијат потребата и важноста на
доживотното учење кое има две димензии: временска
димензија – која подразбира дека „човекот учи додека е
жив“ и просторна димензија – која подразбира „да не се
учи само во образовните институции, туку на секое место
и во сите животни ситуации“.
Библиотеките денес минуваат низ крупни и
непрекинати промени во своето работење, како последица
од брзиот напредок на информатичката технологија,
информациската наука и општеството. Тие иновативни
промени треба да се искористат и да се приспособат,
со што би се зголемил интересот на популацијата за
библиотеката и за користење на нејзините фондови и
услуги. Со позитивните промени од повеќе области, се
менува и функцијата на библиотеката и сè повеќе таа
прераснува во библиотечен, информативен и мултиме-
дијален центар.
Во ова време на постојани промени на секое поле,
факт е дека библиотеките пружаат можност за поврзување
на голем број луѓе со различни кариери. Кариерата е
уникатна појава која секој човек ја гради согласно својот
избор. Таа се протега во текот на целиот наш животен
век и ги вклучува не само нашите занимања, туку и
работните и социјалните улоги кои ги имаме. Планирањето
на кариерата е од голема важност за секого и со неа се
започнува од најмали нозе, но најважно од сè е во кој
правец сака да ја развива својата кариера.
Училишните библиотеки заземаат значајна
функција во современото образование и воспитание. Од
својата појава до денес секогаш се вели: „добро училиште
сигурно има и добра библиотека“. Затоа училиштето
10
секогаш треба да има јасна политика кон библиотеката.
Тоа значи политика за развој, за простор, за фонд, за
библиотечен кадар, да има добро осмислена набавна
политика, слободен пристап до информации и активна
улога во подучувањето.
Во рамките на училиштата функционираат
училишните библиотеки, кои со своите фондови им
помагаат на учениците и наставниците во извршувањето
на секојдневните задачи и осовременување, односно
унапредување на воспитно-образовниот процес. Преку
неа се остварува контакт меѓу наставата, наставниците
и учениците, односно се настојува да се приближи
до учениците и да стане подостапна до читателската
публика. Оттука, улогата и работата на библиотекарот,
како стручен соработник во училиштето, произлегува од
динамичноста и комплетноста на активностите кои треба
да ги реализира училишната библиотека. Активностите
кои ги презема училишниот библиотекар за работењето
на библиотеката се одвиваат преку реализирање на
библиотечно-информативна и стручна активност, кул-
турна и јавна дејност и воспитно-образовна активност,
кои произлегуваат од програмските подрачја за работа
на библиотекарот. Со својата работа библиотекарот
ги промовира сите форми и методи на воспитно-
образовниот процес преку работата со учениците, нас-
тавниците, стручните работници и другите органи во
училиштето и надвор од него. Библиотекарот секојдневно
извршува конструктивна, групна и индивидуална ра-
бота на учениците преку усна и писмена форма, и тоа
препишување, раскажување, илустрација на прочитана
содржина, рецитација, разработка на содржина и сл. Во
училишната библиотека се одвиваат литературни читања,
креативно-творечки работилници, литературни конкурси,
11
книжевни средби со афирмирани писатели, организирани
посети на библиотеки и други институции, посета на
саеми на книгата и сл. Значајно е да се каже дека е огромна
улогата на воспитната компонента на библиотеката и
библиотекарот во подигнувањето на свеста на учениците
за дружба со книжните извори, мотивирање на учени-
ците за изразување на своите чувства, размислување на
ставови преку ораторство и, секако, преку пишаниот збор.
Со претходно наведените активности библиотекарот им
ја вгнездува на учениците лековитата моќ на читањето,
па оттаму и оправданоста за формирање секција на
библиотекари.
Библиотекарската секција е наменета за учени-
ци кои имаат особен интерес и навики за читање книги
и коишто сакаат да ги продлабочат своите знаења и
познавања за светот на литературата, како и функционира-
њето на училишните библиотеки. Преку формите за работа
на библиотекарската секција, учениците имаат можност
да читаат книги по слободен избор, да творат на различни
теми и во различни форми, да истражуваат теми поврзани
со книжевноста и пошироко и да го прошируваат своето
знаење за различни области на човековото знаење.
Книжен фонд во училишните библиотеки
Училишните библиотеки располагаат со различни
фондови на книги, односно нивниот книжен фонд и
по квантитет и по квалитет е различен. Ако се прели-
стаат книгите, почнувајќи од најстарите изданија па сè
до денешните, најнови и ако се разгледаат печатите на
тие книги, може да се забележи историскиот развој на
училиштето и на неговата историја. И денес, како и пред
многу години стремежот за набавка на библиотечен
12
материјал е предизвик кај библиотекарот и училиштето.
Секое училиште си набавува книжен фонд во
зависност од потребите на своите читатели – корисници,
според спроведени анкети, а во согласност со финансиски-
те средства предвидени за таа намена.
Библиотеката е, секако, една од најстарите ин-
ституции во која започнува историјата на цивилиза-цијата.
Сигурно е дека од сите светови кои човекот ги создава
со сопствениот дух, на книгата ѝ припаѓаат широки
простори на комуницирање и затоа таа не може да се
одвои од историските и цивилизациските токови. Ако е
точно дека сегашноста и иднината не се ништо друго, туку
проекција на минатото, тогаш и синтагмата „библиотечно-
информативен систем“ е неделива од она што досега сме
го имале во теоријата и практиката во библиотеките и
библиотечното работење. Нагласувањето на тој конти-
нуитет ни е потребен заради полесно и поцелосно
согледување на местото и улогата на библиотеките, во овој
случај училишните.
Принципи и правила за работа со корисниците,
користење на училишната библиотеката и библиотечни
услуги
• Се замолува корисникот – читателот, со почит да ги
следи правилата кои ќе помогнат во зачувувањето и
заштитата на книжниот фонд;
• Со книгата треба да се ракува внимателно, зошто треба
и некој друг да ја чита;
• Поттикнување слободен проток и размена на идеи,
мисли и погледи;
• Овозможување квалитетни услуги спрема корисни-
ците;
13
• Обезбедување достап и користење на сите видови
информации;
• Примена на меѓународни стандарди и правила во
работењето;
• Слободен проток на библиотечен материјал;
• Приватност на корисникот во однос на потребите на
библиотечниот материјал кој го бара, го користи и го
зајмува;
• Принцип на рамноправност, непристрасност и по-
читување на човековите права;
• Афирмирање и подржување на авторските права;
• Давање точни, квалитетни и ефикасни информации;
• Почитување на достоинството на секоја личност и
право на поинакво мислење;
• Решавање проблеми низ отворен дијалог;
• Залагање за висок степен на професионален и морален
углед на библиотеката;
• Сестрана соработка на библиотекарите во неа и надвор
од неа;
• Заштита на библиотечниот материјал од уништување;
• Не допирај ја книгата со валкани раце;
• Не пишувај по страниците на книгата;
• Постојат книги кои не смеат да се изнесуваат од
библиотеката, нив можеш да ги читаш во просторот на
библиотеката;
• Биди редовен посетител во библиотеката за да земеш
книга, да учиш во тивко и спокојно катче, па дури и да
бидеш учесник во нејзините активности;
• Во библиотеката секогаш можеш да подариш книга и
на неа со гордост да стои дека е твој подарок, твој траен
печат што ќе го оставиш во библиотеката;
• Зајмување на книги и друг библиотечен материјал;
• Користење читална или друг вид простор во склоп со
14
училишната библиотека;
• Изложби и промоции на книги, организирање на
трибини на различни теми и сл.;
• Соработка и организирање различни активности со
други јавни институции од општината и пошироко.
„Имајте книга секогаш до вас – ако немате кому, нејзе
подарете и дел од својата душа, за таа да ви очисти срце
и со очи да ве слуша!“
Училишните библиотеки во сегашноста и иднината
Училишната библиотека зазема значајна функција
во современото образование и воспитание. Тоа е инсти-
туција чија образовна, библиотечна, информативна, вос-
питна и културна активност се реализира во рамките на
основните и средните училишта.
Во најважните меѓународни програмски документи,
какви што се Манифестот на училишните библиотеки
подготвен од страна на IFLA (Меѓународна федерација
на библиотечни асоцијации и институции) и потврден
од UNESCO, на Генералната конференција од ноември
1999 година, наведени се функциите кои придонесуваат
за квалитетот на педагошките процеси и успешноста
на учениците во наставата. Според Манифестот:
„Училишната библиотека е интегрален дел од образовниот
процес“.
Овој Манифест за првпат е објавен во 1999 година
на 24 јазици кои се зборуваат во Европа. Ова овозможува
училишните библиотекари од многу различни земји
во Европа да се запознаат со него и да ги користат
содржините за промовирање на нивната работа.
Водичот за училишни библиотеки на IFLA/UNESCO
15
за прв пат бил објавен во 2002 година, за да им помогне на
училиштата и училишните библиотекари да ги спроведат
принципите изразени во Манифестот.
За подобро согледување на потребите на училиш-
ните библиотеки, во април 2007 година, се одржува
првата Европска конференција за училишни библио-
теки во Велс, Горна Австрија. Темата на Конференци-
јата била „Училишните библиотеки како места за учење:
нема учење без читање“ и била организирана од страна на
библиотечните сервиси за училиштата.
Во одредувањето на задачите на современата
училишна библиотека, треба да тргнеме од сознанието
дека знаењето не може да се даде на учениците, туку дека
тие го стекнуваат со активна работа на изворите на знаење.
Со ова можеме да кажеме дека задачите на современата
училишна библиотека се остваруваат преку развој на
индивидуалните творечки способности на ученикот и
оспособување за самостојно учење, врз основа на истра-
жувачки пристап.
За да може секоја училишна библиотека да ги
реализира задачите кои се бараат од неа, потребно е да пос-
тојат одредени претпоставки, особено во поглед на соод-
ветен библиотечен простор, библиотечна опрема, библи-
отечни корисници, библиотечен фонд и библиотечен
кадар.
Целта на училишната библиотека е иста: да се
пробуди кај учениците интерес за читање, да се развива
културата на читањето, да се гради естетски однос кон
книгата.
16
Заклучок
Денес сè повеќе во училишните библиотеки се
афирмираат одредени принципи, кои во извесна мера
го коригираат традиционално доминантниот стил на
наставната практика – фронтална работа со учениците. Во
последно време, многу често се артикулира констатацијата
дека живееме во време на интензивни промени во
општествената сфера, каде е интегрирана образовната
парадигма. Во контекст на таа суштествена парадигма
ќе потсетиме на ставот на психологот Ф. Лутанс, кој
смета дека треба да се променат правилата и начинот
на однесување во образовната средина во сосема нови
граници на размислување и делување. Кога овие научни
согледувања би се адаптирале на фокусот на интерес во
овој труд, тоа би значело дека се чувствува потреба од
промена во идеологијата на погледите, однесувањето
и третманот на надарените ученици. Со позитивните
промени во образованието се менува и функцијата на
библиотеките и сè повеќе таа прераснува во библиотечен,
информативен и мултимедијален центар. Современата
библиотека на суптилен начин ја обединува традицијата
и современоста, претставувајќи линк на временската
вертикала, бидејќи таа ги следи најновите образовни и
информациски потреби на своите корисници.
Среќни сме што ние самите, а не некој друг, ја
откриваме нашата историја, сегашност и даваме активно
учество во креирањето на иднината.
17
Користена литература
1. Андоновски А., Петровски П., Бошевски М.
Минимум стандарди за училишните библиотечно-
информативни центри во СР. Македонија. Библи-
отекарство: зборник на материјали. Скопје: Народна и
Универзитетска библиотека „Климент Охридски“, 1986.
2. Димова Виолета, Методика по наставата по
книжевност, Литературно дело и реципиентот. Штип:
Универзитет „Гоце Делчев“, 2007.
3. Бидете креативни. Ју Кам Кеонг. Скопје, 2010.
4. Воспитни крстопати: педагошка ревија со стручно
популарен карактер/главен и одговорен уредник Ленка
Гогоска, Скопје, 2016;
5. Гаџова, Славица, Книжевноста и дискурсите на моќта:
компаративни паралели: магистерски труд. Скопје,
2010.
6. Демократијата и младите, Детски парламент на Маке-
донија. Скопје. 1999.
7. Knowledge, International Journal Scientific and applicative
papers, 2015.
8. Јаневска Весна... и др. Креативен пристап во настава-
та, прирачник за наставници кои развиваат критичко
мислење кај учениците. Скопје. 2013.
9. Панзова, Виолета, Науката како занает, Филозофски
факултет. Скопје, 2003.
10. Спектар (меѓународно списание за литература и наука),
Скопје 2010 и
11. Стаменковски, Алекса. Деловно комуницирање. Скопје,
2006.
18
Училишните библиотеки – ризници на знаење и култура
(стручен труд)
Гордана Пешевска, библиотекар-советник
НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола
e-mail: gordana.peshevska@yahoo.com
Апстракт
Современото образование го обврзува училиштето,
на учениците да им обезбеди функционално знаење, и
посебно да ги оспособи за самообразование. Училишната
библиотека има значајна улога во ова. Преку разни форми
на работа, училишната библиотека, со индивидуален и
колективен пристап кон учениците, буди интерес и љубов
кон книгите, ги проширува нивните културни хоризонти,
а истовремено ги оспособува и навикнува самостојно да ги
користат библиотечните и другите извори на информации.
Улогата на училишната библиотека во училиштето
може да се согледа во поширок контекст, преку учество
во спроведувањето на наставниот план и програма, во
соработка со учениците, наставниците, родителите, учи-
лиштето и пошироката заедница. Нејзиното постоење
и уредување како простор за читање, учење, создавање,
дружење и културно-забавен живот на училиштето
бара континуирано духовно и материјално вложување
на сите поединци заинтересирани за просперитетот на
библиотеката. Училишната библиотека е единствената
просторија во училиштето со широка намена и повеќе-
кратни можности за реализација и на наставните и на
воннаставните содржини и активности. Може да биде
место за учење, центар за информации и комуникација на
училиштето, простор за дружење со пријателите и книгата,
19
изложбен простор, место за одржување литературни
вечери, промоции на книги, трибини, состаноци со
популарни личности.
Клучни зборови: училишна библиотека, библиотекар,
дигитализација, иднина
Вовед
Училишната библиотека зазема значајна функција
во современото образование и воспитание. Тоа е ин-
ституција чија библиотечна, информативна, воспитна и
културна активност се реализира во рамките на основните
и средните училишта. Според Манифестот на училишните
библиотеки, подготвен од страна на ИФЛА (IFLA)
(Меѓународната федерација на библиотечни асоцијации
и институции) и потврден од УНЕСКО (UNESCO) на
нејзината Генерална конференција во ноември 1999 година,
„училишната библиотека е интегрален дел на образовниот
процес”. Во Манифестот се истакнува дека училишните
библиотеки ги имаат следниве задачи:
• систематско и организирано запознавање на учениците
со библиотечниот фонд и услугите на библиотеката,
• поддршка на воспитно-образовниот процес во сог-
ласност со мисијата на училиштето,
• организирање проекти кои ја поттикнуваат соци-
јализацијата и социјалната сензибилност на учени-
ците,
• соработка на библиотекарите со наставниците и струч-
ните соработници во училиштето и ускладување на
активностите и проектите поврзани со реализирање на
наставните содржини и дополнителните активности,
• стекнување вештини во оспособување на корисниците
за самостојно пребарување на интернет,
20
• поддршка на учениците во развојот на навиките за
читање и перманентното користење на библиотечните
ресурси,
• презентација на библиотечните услуги и проекти на
локалната заедница,
• промовирање на идеите дека информациите и знаењата
се предуслов за развој на демократските процеси.
Современа училишна библиотека
Современата училишна библиотека е извор на
информации и знаење, потпора на сите наставни и вон-
наставни активности на училиштето, место за собирање
и поминување на слободното време, со што училишната
библиотека станува значаен фактор за модернизација на
воспитно-образовниот процес”. За современа училишна
библиотека можеме да зборуваме ако:
• е достапна за сите ученици, наставници, стручни
соработници и останатите вработени во библиотеката;
• ги оспособува учениците за самостојна работа;
• ги образува корисниците за користење на библиотечно-
библиографските помагала;
• создава навика и вештини за користење на сите извори
на информации и знаења;
• ги запознава корисниците со можностите на библи-
отеката и базите на податоци, особено на-ставниците и
стручните соработници;
• создава услови за учење на учениците;
• развива методи и техники за самостојно образование;
• организира и учествува во активностите со надарени
ученици;
• со содржината и големината на фондот ги задоволува
современите потреби на наставните планови и програ-
21
ми и индивидуалните интереси на корисниците;
• обезбедува услови за современа настава и учење;
• разбудува интерес и љубопитност;
• создава навика и потреба за читање и следење на
литературата;
• организира и ја помага работата на воннаставните
активности;
• остварува корелација на наставните предмети и под-
рачја;
• овозможува стручно, доживотно образование на
наставниците и стручните соработници;
• воведува иновации во наставата;
• овозможува пристап до сите извори на знаење и
осигурува слободен пристап на знаењето.
Современата училишна библиотека треба да
биде „интелектуален центар“ кој, преку контакти со
членовите на локалната заедница, ќе овозможи прибирање,
обликување и дисеминација на информации значајни за
локалната заедница. Библиотеката може да ги прошири
своите дејности преку дополнителни активности наменети
на сите граѓани, и тоа: информирање за училишните
активности поврзани со одбележување на значајни јубилеи
на заедницата и вклучување на ученици и наставници
во реализирање на програмата на прославата; промоција
на млади таленти (научници и уметници) и помош
при објавување на нивните први книги; започнување
и уредување на училишни списанија, билтени или веб-
сајтови, организирање курсеви (странски јазици, про-
грамски јазици, пишување и сл.; организирани посети
на саеми на книги; училишната библиотека како локален
информативен центар; училишна библиотека како
поддршка во реализација на локалните проекти (на пр.
„Училиште без насилство“).
22
Иднината на училишните библиотеки
Влегувањето на библиотеките во електронскиот
свет, што е овозможен од развојот на информатичката
технологија и појавата на светската мрежа, придонесува
библиотеките да се менуваат на повеќе нивоа. Со појавата
на мрежните ресурси доаѓа до промена во библиотечните
фондови, додека со појавата на дигиталните збирки
доаѓа до промени во организацијата на библиотечниот
материјал, начинот на манипулирање со фондот со нови
алатки за пребарување и начинот на користење на фондот
– пристап до интернет. Во таа смисла, денес сè повеќе
зборуваме за електронската библиотека, каде корисниците
ќе можат да користат библиотечен материјал преку
интернет каде и да се: дома, на училиште, на работа, на
универзитет итн. Електронска библиотека може да значи
и „посебна збирка во рамките на целата колекција на една
библиотека“, односно библиотечен материјал достапен
преку компјутер.
Покрај терминот електронска библиотека, се
користи и терминот дигитална библиотека. Треба да се
напомене дека терминот „електронска библиотека“ е
поширок концепт од терминот „дигитална библиотека“,
но и дека тие два термини не се исклучуваат еден со друг.
Дигиталната библиотека, главно, се концентрира на
прашањето на „дигиталната меморија“ на културното
наследство. Дигиталните библиотеки се создаваат „со
пренесување материјал во електронска форма претходно
создаден во традиционален формат“ и „со вклучување на
електронски изданија“ во дигитални колекции.
Денес во училиштата во Македонија нема вис-
тински електронски библиотеки, туку претежно библи-
отеки од традиционален тип, кои работат според сов-
23
ремениот модел и се отворени за сите нови форми на
знаење и пренос на податоци – затоа, покрај книгите, тие
вклучуваат електронски извори и ги инсталираат сите
нови начини на комуникација (т.н. хибридни библиотеки).
Може да се забележи дека училишните библиотеки во
образовниот систем на Македонија многу компетентно
ја преземаат одговорноста за прилагодување кон новите
начини на учење, мудро задржувајќи ги педагошкиот
пристап, квалитетните методолошки модели и воспитно-
образовната улога.
За реализирање на основните задачи на училишните
библиотеки, потребно е да постојат предуслови, и тоа:
соодветен библиотечен простор, библиотечна опрема,
добро организиран библиотечен материјал (10 книги
по ученик, најмалку 2.500 библиотечни единици за сите
возрасти, способности и нивоа на знаење и најмалку
60% од фондот да се состои од некнижни извори кои се
однесуваат на наставната програма), библиотечни ко-
рисници и стручно оспособен библиотекар.
Училишен библиотекар
Училишниот библиотекар е носител на дејноста
на училишните библиотеки и од него се очекува
професионален пристап во комуникацијата и работата,
способност за разбирање на корисничките потреби,
информациските вештини и знаење (Zovko M. Školska
knjižnica, XIX. Proletna škola školskih knjižničara RH. Šibenik
2007”, стр.8).
Училишниот библиотекар е професионално квали-
фикуван член на персоналот, одговорен за планирање и
раководење со библиотеката, по можност помогнат од
соодветен персонал кој работи заедно со сите членови
24
на училишната заедница и соработува со народната
библиотека и со други установи (Манифест на ИФЛА за
училишните библиотеки, 2003, Библиотекарство, бр.1-2,
стр. 95). Значи, според ИФЛА Манифестот, од училиш-
ниот библиотекар се очекува стручност, квалификуваност,
одговорност за планирање на работа и управување со
училишната библиотека.
Современ училишен библиотекар
Библиотекарот во современото училиште треба да
биде информатички описменет, подготвен да им препорача
литература и да им ја даде потребната информација на
корисниците. Барањата кои се поставуваат пред учи-
лишниот библиотекар се сè побројни и посложени.
Работата на училишниот библиотекар мора да биде
координирана со промените во воспитно-образовниот
процес, што значи нивна целосна интегрираност во
училишните активности и обука на вработениот за оваа
работа. Бидејќи во поголем број училишни библиотеки
работи само еден човек, тоа значи дека училишниот
библиотекар треба да покрива широко и разновидно
подрачје од стручната работа, па затоа перманентното
образование е потреба и обврска. Во едно информатичко
општество и библиотекарот треба да стане информатички
стручњак и да ги усоврши неговите вештини кои се
потребни при користење на новата технологија. Тој
треба да биде во можност да им ги понуди сите извори
на информации и да ги научи како слободниот пристап
на информации да го насочат во постигнување на
сопствените цели. Во светот денес библиотекарските
училишта нудат програми кои образуваат стручњаци кои
ќе можат еднакво да управуваат како со традиционалните,
25
така и со хибридните или дигиталните библиотеки,
односно стручњаци кои своето знаење ќе можат да го
користат во кое било подрачје од човечкото делување, во
кое се бара способност за пронаоѓање, организирање и
посредување со информациите (Kovačević, 2004, стр.63).
Информатизацијата на училишните библиотеки
и осигурувањето пристап на интернет во училишната
библиотека има голема корист. Автоматизираното
работење ја забрзува обработката, позајмувањето и пре-
барувањето на библиотечниот материјал, а со тоа на
библиотекарот му останува повеќе време за обучување
на учениците и наставниците за користење на новите
извори на информација. Според Манифестот на ИФЛА
за училишните библиотеки, „Училишните библиотеки
обезбедуваат информации и идеи што се функционални за
успешно функционирање на денешното општество, кое сè
повеќе се базира на информации и знаења. Тие се грижат
учениците да се стекнат со вештини за доживотно учење,
ја развиваат нивната имагинација и ги оспособуваат да
станат одговорни граѓани” (Библиотекарство, 2003, стр.
93).
Воспитно-образовната работа се одвива преку
целата учебна година, преку запознавање на учениците
со работата на училишната библиотека, нејзиниот
фонд, можностите за негово користење и стекнување
навики за чување на истиот. Библиотекарот, преку оваа
активност, настојува да ги воспитува своите корисници
да ја засакаат книгата, да им помогне на интровертните
деца да го пронајдат својот пријател во книгата, да ја
усогласи понудата со нивните интереси, да ги запознава
корисниците со новите наслови и да им помага при
изборот на книга. Целта е да се оспособат учениците
поединечните наставни задачи да знаат да ги обработат,
26
во корелација со повеќе наставни предмети и со повеќе
информациски извори со кои располага училишната
библиотека.
Заклучок
Училишните библиотеки се единици на обра-
зовниот систем на училиштата. Тие треба да им служат
на корисниците во школската заедница и да ги задо-
волат посебните потреби на различните целни групи.
Нивната задача е да ги промовираат сите форми и
методи на воспитно-образовниот процес, да нудат по-
мош во професионалниот развој на наставниците и
учениците и да создаваат навика за читање и користење
на библиотечните услуги. Но, со позитивните промени во
образованието, се менува и функцијата на библиотеките
и тие сè повеќе прераснуваат во библиотечен, инфор-
мативен и мултимедијален центар, а со тоа работата на
библиотекарот станува многу комплексна и динамична.
Училишните библиотеки веќе не можат да бидат само
место за позајмување книги, туку таков ресурсен
комуникациско-информативен и мултимедијален цен-
тар кој ќе биде прилагоден на возраста на учениците,
нивните потреби, како и на потребите на наставниците
во целокупниот процес на воспитување и образование.
Библиотекарот во училишната библиотека станува
посредник помеѓу читателите и книгите, читателите и
електронските бази на податоци, наставниците и стручната
и општата литература.
27
Користена литература
1. Андоновски А., Петровски П., Бошевски М. Минимум
стандарди за училишните библиотечно-информативни
центри во СР Македонија. Библиотекарствo: зборник
на материјали, Скопје: Народна и универзитетска
библиотека “Климент Охридски”, 1986.
2. Jovanova, V. Istraživanje potreba korisnika u narodnim
knjižnicama. Zadar: Sveučilište, Odjel za knjižničarstvo,
2009.
3. Krušelj-Vidas, I. Novi izazovi za školske knjižničare, XXII.
Proljetna škola školskih knjižničara republike Hrvatske,
Zagreb: Agencija zaodgoj i obrazovanje, 2010.
4. Манифест на ИФЛА за Интернет. Библиотекарство,
20(1-2),180-182, 2002.
5. Манифест на ИФЛА за училишните библиотеки.
Библиотекарство 21(1-2), 93-96, 2003.
6. Петровски, Д. Трансформација на библиотеките во Р.
Македонија. Битола: Друштво за наука и уметност, 1996.
7. Puljek-Bubić, Narcisa, Bogućanin, Ferida. Izazovi
digitalizacije: kreiranje digitalne biblioteke i očuvanja
digitalne građe.
8. Vučković, Ž. Korišćenje školskih biblioteka kao faktor
uspešnosti ucenika
URL: http://scindeks-clanci.nb.rs/data/pdf/0031-
3807/2008/0031-38070804694V.pdf(2020-04-17);
9. Дигитално упатство ПУЛМАН
URL: http://www.pulmanweb.org/dgms/DGM-FYROM-
Ver-Nov02.doc (2020-08-07);
10. Гоцевски, Т. Образовен менаџмент
URL:http:// jser.fzf.ukim.edu.mk/index.php?option=com_
content&view=article&catid=52%3A1998-2-%20
3&id=504%3A2009-08-11-19-54-36&Itemid=58 (2020-08-
02).
28
Минатото-растеж, иднината-сон, денешната реалност:
краток осврт врз работата на библиотеката во СОТУ
„Ѓорѓи Наумов“ - Битола
(стручен труд)
м-р Даниела Манческа, дипл.инж.
стручен соработник-библиотекар
СОТУ „Ѓорѓи Наумов“- Битола
„Секогаш го замислував рајот во облик на библиотека“
Хорхе Луис Борхес (1899-1986), аргентински писател
1. Средното техничко училиште во Битола, осно-
вано е во 1957 година, како Индустриско училиште,
со машински и електротехнички отсек.1 Иако од
почетокот до денес училиштето повеќепати го менувало
називот (Индустриско, Техничко, Училиште за високо-
квалификувани работници, Електро-машински центар,
Електро-машинско училиште) и просторот за вршење
на дејноста, константи се: образование во областите
машинство и електротехника, образование за возрасни,
значајна застапеност на практична настава и поврзаноста
со стопанството. Задоволство е што и библиотекарството
може да се вброи во константите при функционирањето на
училиштето, и тоа од 1958 година до денес.
Библиотекарството во Училиштето започнува со
набавка на мал број примероци стручна литература и
лектирни книги уште во 1958 година. Првата училишна
библиотека била сместена во приспособен простор и се
водела нестручно, но важно е што е започнат процес на
1 Решение број 16471 од 07.10.1957 година на Народниот одбор на
Битолската околија, Народна Република Македонија
29
проширување на книжниот фонд. Па така во далечната
учебна 1967/1968 година во библиотеката се закнижени
околу 2.000 книги.2 Во 1986 година, при преселувањето на
Училиштето во сегашниот објект, изгубени се значаен број
книги, меѓутоа во новоизградениот објект, училишната
библиотека се сместува во соодветни простории, според
сите стандарди за училишни библиотеки (простор за
сместување на книжниот фонд, канцеларија за издавање
книги и читална за учениците и наставниците), а, исто
така, се вработува и библиотекар со постојан работен
однос, сега пензионираната г-ѓа Љубинка Доневска,
извонреден библиотекар, целосно посветена на својата
професија.
2. Училишната библиотека во СОТУ „Ѓорѓи Наум-
ов“ е сместена централно, на приземјето од објектот
на Училиштето, според сите стандарди за училишни
библиотеки и од учебната 2019/2020 година располага со
две простории: просторија за библиотекарот и за издавање
книги, просторија со полици за книги и една дополнителна
просторија – магацин за складирање и чување на
бесплатните учебници.
Училишниот библиотекар е еден од ретките во
училиштето кој нема обврска да ги оценува учениците.
Неговата работа е да ги мотивира да ја користат библи-
отеката, да им помогне да научат како се учи, како се
истражува, но и како да се ужива со библиотечниот ма-
теријал, а притоа да ја рaзвиваат својата личност. Имајќи
предвид дека библиотеките даваат услуги, а знаејќи дека
единица мерка на давањето услуга е корисникот, следува
2 „Библиотекарството во Битола и битолско“, 1994, зборник на
материјали од Научниот собир одржан на 6 и 7 декември 1994 година,
Битола
30
дека колку повеќе услуги се даваат, т.е. колку поголем број
корисници постојат, толку библиотеката е поуспешна.3
Библиотеката располага со околу 14.000 лектирни
изданија, белетристика, стручна литература преку 7.000
книги и други наслови. Вработен е еден библиотекар со
соодветно образование, положен стручен испит и звање
магистер.
Библиотеката поседува одлична стручна литература
на англиски јазик за тригодишни занимања од двете
струки, како и дваесетина наслови од програмата на
Владата на Република Македонија од 2009 година, за
преведување на 500 стручни, научни книги и учебници
од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните
универзитети во САД и ЕУ. Последна поголема набавка на
книги со сопствени средства на училиштето, се случи во
учебната 2011/2012, кога се набавија околу 200 наслови,
лектирни изданија и белетристика. Значајно е да се
спомене и збогатувањето на фондот во текот на 2013, 2014
и 2015 година, за околу 500 наслови од проектите „Ѕвезди
на светската книжевност“ и „Превод на литературни
дела од автори кои добиле Нобелова награда“ на Владата
на Р. Македонија. Библиотечниот материјал за да биде
достапен и лесно пребарлив за корисниците, мора да
биде систематизиран, односно на некој начин обработен.
Обработката се одвива на две нивóа:
1-техничка обработка (инвентарирање и сигнирање) и
2-формална (каталогизација) и стручна обработка (систе-
матизација и предметизација).
Во сигнирањето, библиотеките имаат слобода да го
3 Манческа Д, „Стручен соработник – библиотекар“, научна
конференција: Реформите во воспитно-образовниот систем во
Република Македонија, Мај 2014, Институт за педагогија, Филозофски
факултет, Скопје
31
изберат најпогодниот начин за нив во зависност од типот
на библиотеката, што не е случај со формалната обработка
каде се применуваат меѓународни стандарди (ISBD).
Во оваа библиотека сигнирањето е според форматот
на библиотечната единица, а инвентарирањето е според
редоследот на пристигнување. Ваквата техничка обработка
не дава естетски изглед на полиците односно публикации
со иста или слична содржина, повеќетомни дела, серии и
слично не може да се најдат на исто место, но предноста е
во заштеда на просторот.
Активности во читалната на училишната библиотека,
учебна 2017/2018 година
Вообичаено, учениците во задоволителен број ја
посетуваат библиотеката и позајмуваат книги, најчесто
лектирни изданија, а помалку белетристика и стручна
литература, додека наставниците најчесто користат
учебници и стручна литература, а поретко белетристика.
Библиотеката во рамките на своите материјални и други
можности, задоволително ги исполнува културните и
образовните потреби на своите корисници, што не значи
дека во иднина не е потребно проширување на книжниот
фонд и тоа претежно стручна литература за машинската
и електротехничката струка, лектирни изданија, белет-
32
ристика и литература за која читателите пројавуваат
поголем интерес. За утврдување на афинитетите на
учениците се спроведуваат анкети.
Се прави физичка обработка на набавените книги и
учебници, нивна евиденција како и секојдневна евиденција
на корисниците и на позајмените книги, а редовно се
води дневна и месечна статистика. Во табелите подолу е
дадена евиденција за последните пет години и истите се
изработени според податоците од годишните извештаи за
работа на училишната библиотека.
Овде мора да се споменат и активностите со
бесплатните учебници: се користат пропишаните стандар-
дизирани обрасци за работа со бесплатните учебници,
правовремено се поднесувани сите формулари до
Министерството за образование и наука, на страната
http://ucebnici.mon.gov.mk.
Новопристигнатите учебници се евидентирани,
заведени во библиотеката, во инвентарна книга и
електронски во матична табела од првиот пристигнат
учебник во 2009 година до денес, и се подготвени за
користење, веднаш по пристигнувањето. Училиштето
моментално располага со 9.453 бесплатни учебници од 76
наслови.
табела 1. Динамика на посетеност и позајмување книги
во последните 5 учебни години
учебна
година
број на посети
на библиотеката
број на
позајмени книги
број на
вратени книги
2015/16 2.856 661 596
2016/17 3.002 628 643
2017/18 3.383 825 823
2018/19 2.468 582 561
2019/20* 1.717 440 438
33
*заради пандемија учениците посетуваа редовна настава само
до март 2020
табела 2. Број на членови на библиотеката
во последните 5 учебни години
учебна членови на библиотеката од кои новозачленети
2015/16 335 70
2016/17 238 85
2017/18 282 117
2018/19 261 72
2019/20* 221 55
*заради пандемија учениците посетуваа редовна настава само
до март 2020
Освен активностите со целокупниот книжен фонд,
користење на библиотеката, динамика на позајмување на
книги, водење на документација и обработка и складирање
на бесплатните учебници, библиотеката учествува во
планирање и програмирање на воспитно-образовниот
процес, изработка на годишна програма, извештај за
библиотечниот фонд, годишен извештај за работата на
библиотеката и работа во библиотеката по месеци, учество
во планирање на набавка на библиотечниот фонд за
реализација на наставата и образовно-воспитниот процес,
следење и вреднување на воспитно-образовниот процес,
работа на подобрување на информациската, медиумската
и информатичката писменост на корисниците и развивање
на критички однос спрема различни информации и
извори на сознанија и естетски вредности. Библиотечни
корисници во училишната библиотека се учениците,
наставниците, стручните соработници на училиштето и
родителите. Тие бесплатно ги користат библиотечните
услуги. Библиотеката е обврзана да им ги соопшти
34
правилата на корисниците на соодветен транспарентен
начин. Учениците се главна целна група на библиотеката
и можат да ја користат библиотеката од различни
причини, а таа треба да остави впечаток на отвореност,
слободно опкружување за учење, каде учениците можат
да ги работат сите видови на задачи, индивидуално или
групно и при тоа да не се почувствуваат загрозено. Затоа
со учениците се работи секојдневно на запознавање со
книжниот фонд, популаризација на книгата и читањето,
на развивање на навики и интерес за користење на
библиотеката низ различни облици на работа. Со
заинтересираните наставници, библиотеката има одлична
соработка во облик на консултации, стручна помош
при подготовката на часови, присуство на часови, избор
на наслови, договор за бројот на лектирните изданија,
проектна настава и слободните часови на училиштето.
Постои континуирано системско усно или писмено
информирање за новоиздадените книги, учебници и
друга литература. Исклучително важна е соработката на
библиотекарот со класните раководители заради давање
на информации во врска со развивање на читателската
заинтересираност за читање и потребите на учениците, но
и со родителите кои се грижат за развивање на читачките
навики на нивните деца.
Денес сè повеќе слушаме за Е-библиотеки, Е-книги
и денешниве генерации ученици повеќе преферираат
интернет отколку книга. Ова не е личен впечаток, туку
заклучок после спроведената дебата „Книга или интернет“
со учениците. Меѓутоа според податоците од Табела 1,
може да се каже дека во ова училиште, библиотеката/
книгата, успешно се спротивставува на овој тренд, имајќи
предвид дека вкупниот број ученици во односниот период
изнесувал помеѓу 600 и 700. Единствено е извесно дека
35
и печатената и електронската форма ќе преживеат, не
смее да се занемари печатениот облик или за сметка на
електронските да исчезнат печатените книги. Интернетот
нѝ овозможува да бидеме добро известени, но ништо не
може да ја замени книгата во смисла на образованието.
3. Развиеноста, организираноста и благосостојбата
на едно општество, покрај другото може да се согледа и
од состојбите и третманот на библиотеките во истото.
Создавањето, развојот и посебната грижа за библиотеките
се одлики на квалитетно организираните и високо
функционалните држави.4 Во тој поглед, важно е да
се забележи дека во скандинавската правна традиција
(Данска, Шведска, Финска) постојат Закони за Училишните
библиотеки, според кои, секое училиште треба да има
библиотека и во неа да работи стручно обучен училишен
библиотекар и право е на секој ученик да има пристап
до добра ресурсна училишна библиотека и услуга од
добро обучен библиотекар. За жал оваа логика не ја следи
нашата земја и не постои соодветен член или став, ниту
во Законот за основно образование, ниту во Законот за
средно образование, ниту во Законот за библиотеките,
а уште помалку постои посебна законска заштита на
училишните библиотеки по примерот на други развиени
држави со квалитетни образовни системи. Училишните
библиотекари во нашата земја не се здружени во некое
здружение за заштита на нивните потреби и потребите на
корисниците, туку сé е оставено на самоинцијативност и
меѓусебна комуникација. Затоа Училишните библиотекари
се здружуваат за да си помогнат, да се поддржат еден
4 Безброј примери, почнувајќи од збирката глинени плочки
на Асурбанипал, Александриската библиотека, до денешните
универзитетски библиотеки во Британија, Германија, Русија, кралските
библиотеки во Италија, Данска...
36
со друг во нивните потфати за да не се чувствуваат
осамено. Работата на Училишниот библиотекар е многу
специфична и бара многу усовршување. Тој мора постојано
да ги надградува своите знаења за да може да се справува
со новите ситуации. Тоа се постигнува со: редовно
образование или базично професионално образование, со
практична работа или работно воведување и дополнително
образование или професионално усовршување. Често
училишниот библиотекар се чувствува деградиран,
пред се поради недостаток на наменско финансирање на
библиотеката и проблемот со стручното усовршување
на библиотекарот. Обично библиотекарите сметаат де-
ка нивната професија е потценета и дека колегите од
училиштето немаат сознание за библиотекарската работа,
но ова се должи на фактот дека со години во библиотеката
се вработуваа оние на кои им се потребни надополнување
на часовите. Таквите библиотекари немаат основно биб-
лиотекарско знаење, ниту пак можат да одговорат на
стандардите на библиотечното работење. Во тој случај
нема мотивираност за квалитетно извршување на
библиотечните задачи. И денес сèуште е присутна старата
перцепција за библиотеките. За да се смени ставот на
сите вработени кон библиотеката, самите библиотекари
треба да дејствуваат да ја сменат перцепцијата, во тоа дека
„секое квалитетно училиште треба да има квалитетна
библиотека“.
37
Училишните библиотеки – гордост на нашето училиште
(стручен труд)
Елена Николовска, професор
по француски јазик и книжевност
СОУ „Јане Сандански“ - Битола
Кога со поетски јазик би го опишале значењето
на постоењето на библиотека во современото училиште,
би рекле дека таа е срцето на училиштето. Училишната
библиотека е место на библиотечно-информативни,
воспитно-образовни, едукативни и културни активности
на училиштето. Училишната библиотека е единица на
образовната институција која нуди потребни книги
и ресурси на учесниците во образовниот процес.
Својата воспитно-образовна функција библиотеката ја
остварува преку работа со учениците на тој начин што
38
им овозможува достапност на информации од сите
области на знаење. Најважна и во исто време главна цел
на работата на училишната библиотека и библиотекарот
е да поттикнуваат читање, да развиваат читачки вештини
кај учениците, да ги поттикнуваат на читање од забава
и задоволство и да развиваат естетски вредности кај
учениците. Исто така библиотеката поттикнува и разви-
ва креативност кај учениците што придонесува во зголе-
мување на нивната самодоверба.
Покрај развивањето на навика и култура за читање,
задача на училишниот библиотекар е кај учениците да
развие и навика за користење на услугите во библиотеката.
Многу важна задача е и да го подобри изгледот и угледот на
библиотеката. Во создавање на добар публицитет и углед
на библиотеката примарни се услужливоста и љубезноста.
Училишниот библиотекар е промотор на училишната
библиотека, а крајната цел е да се создаде сакана слика за
училиштето и нејзина библиотека.
39
Програмата за работа на училишната библиотека е
составен дел од училишната програма.
Фондот во нашата училишна библиотека ги задо-
волува потребите на корисниците односно учениците и
наставниците во поглед на образование, информации,
личен развој. Во фондот се наоѓаат лектири, учебници,
стручна литература, класична книжевност, белетристика,
литература од сите области. Вкупниот библиотечен фонд
содржи 6.156 библиотечни единици. Библиотечниот
фонд покрај библиотечни единици на македонски јазик
располага и со библиотечни единици на српско-хрватски и
англиски јазик.
Според анализите направени на крајот на секоја
учебна година учениците најмногу користат, односно
позајмуваат, лектирни изданија (лектири) предвидени со
Наставниот план и програма.
Библиотеката на нашето училиште е од затворен
тип. Активни корисници на услугите на библиотеката се
сите ученици од прва до четврта година, сите наставници,
стручни соработници и останатата административна и
техничка служба така што слободно може да се каже дека
бројот на читатели во текот на една школска година е над
500, бидејќи нашето училиште го посетуваат околу 540
ученици и околу 40 наставници.
40
Библиотеката е сместена на првиот спрат во училиштето и
нејзината површина изнесува околу 30 м2.
Работно време на библиотеката е секој работен
ден, во текот на наставниот ден, такашто се опфатени
двете смени. Работното време е истакнато на влезот во
библиотеката.
Изградување на професионален однос од библио-
текарот бара усовршување и надоградба во областа на
библиотечно работење. За таа цел нашето училиште има
учество на курс за техничка обработка на библиотечен
материјал во Национална и универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Скопје и успешно положен
испит за истиот.
41
Мото на нашата библиотека е цитат од Ернест Хемингвеј.
„Не постои пријател толку верен како книгата“.
Порака до учениците
Со бродот на младоста пловите низ најубавиот дел
од животот. И кога ќе ги посакате морските длабочините,
побарајте го чичко Жил и зануркајте дваесет илјади милји
под морето. Сигурно ќе излезете збогатени со незаборавно
искуство. И ако овој читачки брод случајно или намерно ве
однесе во Франција, дадете му шанса на Малиот принц, да
ве запознае со неговата роза и да ве научи „дека вистината
може да се види само со срцето“.
Учениците од III година за книгите и училишната
библиотека:
- Ива Лазаревска: „Училишната библиотека е извор на
безброј мисли од големи автори и беспрекорни реченици
кои ме фасцинираат со секое читање“.
- Елена Ристевска: „Книгата е непресушлив извор на
знаења, нè води низ вековите кои одминуваат, а таа
останува во библиотеката како непроценлив предмет“.
42
Менаџирање на училишната
библиотека во современото училиште
(стручен труд)
Катерина Сотиров Кирјаковска, библиотекар
ОСМУ „Јован Калаузи“ - Битола
“Libraries are full of ideas-
perhaps the most dangerous
and powerful of all weapons!”
-Sarah J. Maas
За продлабочување на знаењата на учениците, како
и стручно усовршување на наставниците, во функција е
ставена училишната библиотека, во рамките на ОСМУ
Д-р Јован Калаузи-Битола. За успешно остварување на
работата на библиотеката, училишниот библиотекар
навремено ги планира годишните задачи, содржини и
активности, за секој месец поединечно, каде се опфатени
покарактеристични задачи, содржини и активности, во
следните програмски подрачја:
• библиотечно-информативна и стручна работа;
• соработка со учениците, стручните соработници и
родители;
• работа со медијатека;
• воспитно-образовна работа со учениците;
• културна и јавна дејност.
Библиотечниот книжен фонд брои 7.306 книги
уметничка и стручна литература, списанија и весници
на неколку наставни јазици: македонски јазик, српско-
хрватски, руски, француски и англиски јазик. Оваа
литература е достапна за секој наставник, вработен во
училиштето и користи за реализирање на новите содржини
43
според новите наставни планови и програми што се
реализираат во училиштето. Библиотечниот книжен
фонд придонесува за развивање на културата за читање
кај учениците, за развивање на творечкиот потенцијал и
креативните способности, поттикнување на интересот
на учениците за поактивно учество во културната и јавна
дејност на училиштето, општествената средина, како и за
развивање на трајните културни вредности.
Библиотеката, како интегрален дел на училиштето,
зазема значајно место во наставниот процес и датира уште
од самото основање на училиштето, во 1956-та година.
Разлистувајќи ги книгите, почнувајќи од најстарите
изданија, може да се забележи целиот историски развој на
нашето училиште. Избледеното мастило на страниците на
книгите остави траг низ времето и говори за непресушната
44
жед за знаење и читање која била присутна уште кај
првите, наши генерации. Постојат книги кои сведочат
дека се подарени од ученици низ минатите генерации, на
кои последната страница им е испишана со своите имиња
и дати, а потоа се нижат настани во кои препознаваме
подарок на книги од други училишта или културни дејци
од минати времиња. Иако, училишната библиотека се
оформила со скромен фонд на книги, стремежот за развој
на библиотеката е ист и денес, како и низ минатите години,
што резултира со организирано, планско и системско
збогатување на библиотечниот книжен фонд.
Значајно е да се каже дека е огромна улогата на
воспитната компонента на библиотеката во подигнување
на свеста на учениците за дружба со книжевните извори,
мотивирање на учениците за изразување на своите
45
чувства, размислувања и ставови преку ораторството и
секако преку пишуваниот збор. Токму тоа, неколку години
го реализира „Клубот на читатели“, со бројни активности:
промоции на литературни дела на ученици од нашето
училиште, одбележување значајни датуми, литературни
читања, гостувања на промоции на книги и капитални
дела, организирање на предавања и панел дискусии на
гости – предавачи, посета на библиотеки, саеми на книги,
хуманитарни акции…
Oд сoдржинитe и активнoститe прoизлeгуваат и
задачитe на библиoтeкарoт, кoи слeдуваат:
• кoнтинуиранo и систeматскo вoдeњe на прoпишаната
eвидeнција, дoкумeнтација и заштита на библиo-
тeчнo-мeдијатoчниoт матeријал;
46
• oспoсoбувањe на учeницитe за самoстoјнo, брзo и
eфикаснo прoнаoѓањe на пoтрeбнитe инфoрмации
при барањeтo на oдрeдeна литeратура вo училишната
и другитe библиoтeки;
• развивањe на културата на читањe, твoрeчки
пoтeнцијал, критички и сoциoкритички oднoс на
учeницитe;
• пoттикнувањe на интeрeсoт на учeницитe за
пoактивнo учeствo вo културната и јавната дeјнoст
на училиштeтo, oпштeствeната срeдина, какo и
развивањe на трајнитe културни врeднoсти;
• пoттикнувањe и oспoсoбувањe на учeницитe за
кoристeњe и рабoта сo аудиoвизуeлни матeријали;
• нeпoсрeдна примeна вo наставната практика учи-
лишнитe РТВ eмисии, нивнo систeматскo слeдeњe и
прeснимувањe;
• oрганизиранo, планскo и систeмскo збoгатувањe на
библиoтeчниoт-мeдијатoрeн фoнд (книжeн и нeкни-
жeн фoнд).
1. Упатувањe на учeницитe за мoжнoститe и начинoт на
кoристeњe на училишната библиoтeка-мeдијатeка:
• планирањe и oбнoва на книжeн и нeкнижeн фoнд;
• слeдeњe на интeрeсoт на кoрисницитe и рeдoвнo
писмeнo извeстувањe за пoтрeбитe за набавка на
сooдвeтна литeратура;
• oбeзбeдувањe на пoтрeбна литeратура прeку размeна
и пoзајмувањe сo други училишта, институции и
пoeдинци;
• стручна oбрабoтка на библиoтeчниoт матeријал
спoрeд мeѓунарoднитe стандарди;
• фoрмирањe на азбучeн каталoг;
• инвeнтирањe, сигнирањe, смeстувањe;
• заштита на книжниoт фoнд;
47
2. Планирањe и сoрабoтка сo наставницитe и стручнитe
сoрабoтници кoи прoизлeгуваат oд гoдишниoт план
на училиштeтo при сooдвeтни прoграми и прoeкти,
сoрабoтка сo наставници вo планирањeтo за набавка и
oбнoва на книжниoт фoнд;
3. Кoристeњe на различни звучни и аудиoвизуeлни
матeријали;
4. Развивањe на читатeлски и крeативни спoсoбнoсти на
учeницитe:
• развивањe и насoчувањe на интeрeсoт на учeницитe
за книгата, вo склад сo нивнитe жeлби, склoнoсти и
пoтрeби;
• фoрмирањe навики кај учeницитe за вниматeлнo
ракувањe, чувањe и заштита за библиoтeчниoт
матeријал кoј штo гo кoристат;
5. Планирањe и рeализација на културнo-прoсвeтнитe
манифeстации вo училиштeтo и пoсeта на сooдвeтни
манифeстации и oрганизации надвoр oд училиштeтo:
• пoдгoтoвка на разни тeматски излoжби;
• oрганизирањe на пoсeта на Саeмoт на книгата;
• oдбeлeжувањe на Мeсeцoт на книгата;
• гoстувањe на пoeт/писатeл;
• литeратурнo читањe пo пoвoд Патрoниoт празник на
училиштeтo, литeратурнo читањe oд најнoви книги;
6. Oрганизирањe и кooрдинирањe на начинoт на приeм
на бeсплатнитe учeбници, сooдвeтна и наврeмeна
испoрака дo учeницитe, какo и кoнтрoла на квалитeтoт
на учeбницитe при пoвтoрна дoстава вo училишната
библиoтeка, запазувајќи гo прeдвидeниoт рoк;
7. Снабдувањe на учeницитe сo списанија, какo и
прoнаoѓањe на сooдвeтни сoдржини за израбoтка на
учeнички прoeкти, кoи прoизлeгуваат oд рeализацијата
при наставата;
48
8. Oрганизирани пoсeти на учeницитe на тeатарски и
филмски прeтстави, сo цeл културнo збoгатувањe на
духoт;
9. Мoжнoст за вклучувањe на систeмoт COBBIS, кoј
прeтставува oрганизациски мoдeл за пoврзувањe на
библиoтeкитe вo библиoтeчнo инфoрмациски систeм,
кoј ќe oвoзмoжи oбрабoтка на ситe видoви библиoтeчeн
матeријал билo спoрeд мeѓунарoдни стандарди и
прeзeмањe на записитe oд кoја заeмна база на пoдатoци
COBBIS и oд каталoгoт OЦЛЦ, а сe планира и мoжнoста
за прeзeмањe на библиoграфски записи oд нeкoи oд
заeмнитe каталoзи вo Eврoпа и САД;
10. Збoгатувањe на библиoтeчниoт фoнд сo нoви книги
прeку дoнации и буџeтски срeдства;
11. Мoжнoст за урeдувањe на библиoтeката сoгласнo EУ
стандардитe вo библиoтeчнo рабoтeњe;
12. Oспoсoбувањe за тeхничка oбрабoтка на библиoтeчeн
матeријал, каталoгизација на мoнoграфски публикации,
систeматизација и прeдмeтизација на библиoтeчeн
матeријал и инфoрмациска дeјнoст вo библиoтeката
и бази на пoдатoци, сo цeл да сe пoдгoтви училишната
библиoтeка уштe нарeдната гoдина да запoчнe сo
издавањe на свoја публикација.
Училишен библиотекар е специфичен вид на
занимање со кој сите повеќе или помалку се среќаваме
во животот, но и работа за која многу малку се знае
во поглед на неговите вештини, способности и знаења
кои ги применува при работењето. Многумина сметаат
дека библиотекарската работа е монотона и еднолична.
Но, библиотекарот во современото училиште не
треба да биде личност која ќе седи позади пултот и
неговата работа ќе се сведува само на издавање на
книги. Библиотекарите треба да обрнат внимание на
49
модификување на нивните традиционални услуги во
услуги што ќе овозможат достапност во користењето на
сите извори на информации. Тоа значи, дека тој треба да
биде информатички описменет, подготвен да им препорача
литература и да им ја даде потребната информација
на корисниците. Значи, со позитивните промени во
образованието, се менува и функцијата на библиотеките и
сè повеќе таа прераснува во библиотечен, информативен и
мултимедијален центар. Со тоа, работата на библиотекарот
станува многу комплексна и динамична која бара мена-
џерски способности.
50
Историскиот развој на
Гимназијата „Јосип Броз Тито“ - Битола
(стручен труд)
м-р Драган Ристевски, библиотекар
Гимназија „Јосип Броз Тито“ - Битола
Гимназијата „Јосип Броз Тито“- Битола својата
образовна функција започнала да ја обавува во далечната
1892 година, најпрво како нижа гимназија, а од учебната
1896 година, таа се трансформирала во полна гимназија
(Идади Мектеби), при што образовниот процес се одвивал
во седумгодишно школување.
Гимназиската зграда, на почетокот била приватна,
семејна куќа на богатиот битолски бег Сали Паша, од кого
за 620 златни лири ја откупил валијата Фахим Паша. За да
се преуреди од семејна куќа, за потребите на училишна
51
зграда, биле потрошени уште 600 златни турски лири,
за реновирање и внатрешна адаптација на просториите.
Во тој период во гимназијата се образувале ученици од
Битолскиот вилает, а за оние ученици кои не живееле во
Битола, било организирано интернатско сместување, во
состав на самото училиште.
Дваесеттина години од постоењето на гимназијата,
се предавало на Турски наставен јазик. Така било до
почетокот на Балканските војни 1912 година. Во учебната
1912/13 во виорот на војната, гимназијата била затворена,
а од следната 1913/14 година, во зградата на дотогашната
турска гимназија, се сместила Српската православна
гимназија со осумгодишно образование. Во 1914 година
гимназијата ја посетил и српскиот престолонаследник
Александар Караѓоргевиќ, по што следело и промена на
нејзиното име во „Српска кралска гимназија“. Почетокот
на Првата светска војна во овие простори каде биле
воените дејства од Македонскиот фронт, од 1915 до 1918
година, го одлага редовното школување во гимназијата,
која заради тоа според одредени српски извори се
дислоцира во Волос, Грција сè до 1918 година.
Битолската гимназија, својата работа во својот град
ја продолжила во учебната 1918/19 година, а тоа може
да се потврди од првата страница на главната книга од
таа учебна година, каде е запишано дека учебната година
започнува со работа од месец декември 1918 година.
Во периодот меѓу двете светски војни гимназијата
работи на српски наставен јазик. Нејзиното име во
кралството Југославија било „Битолска српска гимназија“.
Во текот на втората светска војна поголемиот дел на
Македонија бил под Бугарска власт, вклучувајќи ја и
Битола. Бугарската власт во оваа зграда организирала
настава од први до четврти клас како прогимназија
52
и од петти од осми клас како гимназија. Името на
гимназијата било променето во Иван Вазов. Гимназијата
станала значајно училиште во Царството Бугарија. Голем
број на ученици од тој период станале активисти на
комунистичката младина на Македонија и Југославија и
биле идни учесници во НОБ. Меѓу поранешните учесници
имало голем број првоборци и народни херои меѓу кои
Стеван Наумов Стив, Мирче Ацев, Кузман Јосифовски
Питу, Елпида Караманди, Борка Талески и многу други.
По ослободувањето на Македонија, особено по
седницата одржана на 3 ноември 1944 година, било доне-
сено решение за отварање на гимназии во повеќе градови
во Македонија, меѓу кои и Битола. На 1 јануари 1945 година
бил одржан првиот наставнички совет, под раководство на
директорот Ордан Печијаре. Името на Гимназијата било
променето во Гоце Делчев, а биле формирани 13 мешовити
паралелки со вкупно 572 ученика. Тоа се случило на 5
февруари 1945 година, кој се смета за нов почеток на
работа во гимназијата на наставен мајчин македонски
јазик.
53
Паралелно со промените на наставните јазици во
гимназијата од страна на актуелните власти и поробувачи,
се збогатувал и книжниот фонд на училишната библи-
отека. Од тие причини, денес полиците и витрините на
училишната библиотека се исполнети со најразлична
литература од различни јазици. Така, вкупниот број на
книги денес изнесува 20.054 единици со вкупен број
од 9.609 наслови. Од нив најголемиот број 16.934 се на
македонски јазик, на српски се 748, хрватски 507, бугарски
430, албански 17, турски 10, словенечки 51, германски 138,
англиски 172, француски 418, руски 126.
54
Книжниот фонд на училишната библотека редово
се збогатува со нови изданија од македонски автори кои
најчесто своите книги им ги подаруваат на библиотеката.
Значаен момент е тоа што старите книги од над сто
и повеќе години се чуваат како книжно богатство на
библиотеката. Библиотеката и библиотекарската сек-
ција организираат редовно книжевни настани со из-
ложби на книги на конкретни автори, поетски читања,
драматизации, приредби и тематски изложби.
55
Библиотеката-бескрајно училиште
за минатото, посветеноста на сегашноста и осветлување
на патот кон иднината
(стручен труд)
Мери Најденовска, професор по
македонски јазик и литература
СОЗУ „Кузман Шапкарев“ - Битола
„Книгата е повредна од сите споменици и
од сите украсени храмови, зашто таа самата
гради споменици во срцето на оној кој ја чита”
(поговорка - 3600 год. пред н.е. Египет)
Ако само една книга има таква скапоцена вредност,
тогаш библиотеката е ризница на најголемото богатство на
светот-знаењето.
Библиотеката е една од најстарите институции со
која започнува историјата на светската цивилизација.
Централно место во цивилизацискиот раст на
Македонија има, градот на конзулите, Битола. Старите
битолчани свесни за бесценетата вредност на книгите,
почнале да создаваат индивидуални библиотеки.
Многу наскоро почнуваат да се создаваат и
училишните библиотеки за потребите на наставниот кадар
и учениците.
СOЗУ Кузман Шапкарев – Битола е најстарото
училиште во Битола и пошироко. Точно пред 112 години,
односно во 1908 година со одлука на турските власти
во Битола, отворена е Сточарска станица со курсеви за
ученици.
56
Во 1912 год, новата српска власт, Станицата ја
претворила во Ниже земјоделско училиште-прво од ваков
вид во Македонија.
За време на фашистичката окупација, Бугарите го
претвориле Училиштето во Средно земјоделско училиште
со четиригодишно образование.
По ослободувањето, пролетта 1945 година Средното
земјоделско училиште отпочнало со настава на македонски
јазик. Оттогаш Училиштето работи континуирано, без
прекин до денес.
Во самостојна Р. Македонија, училиштето го добива
називот Средно општинско земјоделско училиште „Кузман
Шапкарев“ –Битола.
Од своето основање во 1908 година, Училиштето
почнало да создава свој книжевен фонд кој постепено се
зголемувал и прераснал во библиотека. Тоа значи дека
и нашата училишна библиотека е најстара во Битола и
пошироко.
Интересот за збогатување на библиотеката постоел
од времето на српската и бугарската окупација.
Српската власт ја опремила библиотеката со
најпотребни учебници од стручен карактер и со учебници
по општите предмети на српски јазик.
Бугарските окупатори донесле стручна литература и
белетристика од Бугарија се разбира на бугарски јазик.
И српските и бугарските окупатори, училишната
библиотека ја користеле како простор за растурање
на пропаганден материјал за развивање љубов спрема
нивните кралеви и нивните држави.
Обично библиотеката ја воделе наставници по
српски/бугарски јазик или по историја. Учениците
не смееле учебниците да ги изнесуваат надвор од
библиотеката.
57
Во времето на Версајска кралевина Југославија
на библиотеката и се посветувало сериозно внимание.
Фондот на книги се зголемил на 1.917 книги, бројка
што за тоа време заслужува внимание. Имало книги и
списанија печатени во Белград, Загреб, Софија и Париз.
На француски јазик имало 48 книги, најмногу на туѓ јазик,
бидејќи во Битола, во тоа време, се посветувало големо
внимание на изучувањето на францускиот јазик. Тие што
го познавале францускиот јазик биле ценети и се сметале
дека се во т.н. монденско друштво, а тоа биле побогатите
граѓани.
По ослободувањето, по Втората светска војна,
библиотечниот фонд од година во година станувал се
побогат со стручна литература, списанија и белетристика.
Од 1967 год. со одлука на Наставничкиот колегиум
библиотеката е уредена по примерот на Градската
библиотека-Битола. Таа година училишната библиотека во
својот фонд имала 7.500 книги.
58
Училишната библиотека е сместена во посебна
просторија и располага со библиотечен инвентар, потребен
за сместување на книжниот фонд со уредно водена
картотека.
Денес, училишната библиотека на СОЗУ Кузман
Шапкарев - Битола, располага со над 12.000 книги. Таа
спаѓа меѓу најбогатите училишни библиотеки во Битола.
Има книги и на следните јазици: српски, хрватски,
словенечки, босански, англиски, германски, руски, хо-
ландски и дански. Но, најголем број од книгите се на
македонски јазик.
59
Книгите ги користат ученици и од други училишта
(Спортска академија) бидејќи располага со сите лектирни
и дела за обработка по македонски јазик и литература,
исто и со списанија и стручна литератута и по другите
општообразовни предмети.
Располага и со значителен број стручна литература
која ги задоволува потребите на учениците за успешно,
продлабочено, изучување на предметите од смеровите:
фитомедицина, агроменаџмент, ветеринарна медицина и
агротехничар.
Белетристиката го задоволува естетскиот интерес на
нашите ученици, но се чувствува потребата од набавување
и на поголем број современа белетристичка литература.
Во училишната библиотека се сместени и учебни-
ците за потребите на сите ученици.
Книжниот фонд на библиотеката се зголемува и со
книги, како подарок, од поранешни ученици кои станале
писатели, поети, научници и универзитетски професори.
Освен во три инвентарни книги, целокупниот книжен
материјал е заведен и во електронска форма.
Библиотеката ја водат повеќе професори и затоа таа
е достапна секојдневно и во секое време за потребите на
учениците.
Во неа често се реализираат часовите по македонски
јазик и литература и така на најнепосреден начин се
користат делата за обработка според наставната програма.
Училишната библиотека е омилено место за одржување
на некои настани или одбележување на значајни датуми
и од стручен и од општ карактер (стручни презентации,
литературни читања, дружби).
Таа просторија плени со посебна магија која ги
облагородува и наставниците и учениците.
60
Библиотеките, како духовни стожери, преку сјајот
на книгите, sвездите водилки, ни ги пренесуваат лекциите
од оние кои не се повеќе со нас дека човештвото создавало
знаења, напредувало, се надградувало наместо да ги прави
нештата одново, од почеток, на тој начин го осветлуваат
цивилизацискиот од кон подобра иднина на човечкиот
род.
Имаме обврска да ги поддржуваме и постојано
да ги збогатуваме училишните библиотеки, тоа е наш
императив.
Да ги користиме и да ги поттикнуваме нашите
ученици да ги користат училишните библиотеки.
Само на тој начин ќе докажеме дека не ги
замолчуваме гласовите на минатото и не ѝ наштетуваме на
иднината на нашата цивилизација.
61
Развојниот пат на Библиотеката при
СОУ Таки Даскало - Битола
(стручен труд)
Мирјана Наумовска, библиотекар
СОУ „Таки Даскало“ - Битола
„Кажи ми што читаш па ќе ти кажам кој си“
(François Mauriac)
Низ историјата најсилното нешто што создавало,
но и уништувало е човековиот збор. Зборот ги преточува
човековите мисли во глас кој го моделира светот, а книгите
се колективната историја на тие мисли. Уште старите
египетски народи сфатиле дека книгата е повредна од сите
споменици и гробници, бидејќи таа сама гради споменик
во срцето на оној кој чита.
Читањето ни отвора нови светови на знаење и
искуства. Може да биде забавно. Може од нашата сегаш-
ност и стварност да не однесе во минатото, во иднината,
или во непознати краишта. Можеме да ѕирнеме во умовите
на вистинските и фиктивните ликови, да ги поделиме
со нив најскриените тајни, смеа и солзи. Запознавајќи
ги нивните животи, дозволуваме да навлезат во нашето
секојдневие и со тоа да влијаат врз нашата реалност
дозволувајќи накратко да избегаме од истата.
Бегството низ полиците на нашата библиотеката
започнува уште во далечната 1977 година кога е заведена
првата книга. На 27.01.1984 год. со трансформација –
здружување на гимназијата „Браќа Миладиновци“ и
Училиште за занимање на ученици во стопанство „Кочо
Рацин“ – Битола библиотеката го добила денешниот изглед.
Најстарата книга во библиотеката е „Француска
62
читанка“ од д-р Јулие Адамовиќ, издадена во Загреб, 1930
год.
Училишната библиотека во рамките на своето
работење ги врши следните дејности: набавува, заведува,
чува, реставрира, заштитува и дава на користење
библиотечен материјал.
За учениците и наставниот кадар вклучен во
воспитно-образовниот процес училишната библиотека
при СОУ Таки Даскало-Битола располага со: лектирни
изданија, учебници, енциклопедии, лексикони, списа-
нија кои им се лесно достапни под раководство на
библиотекарката Мирјана Наумовска.
Библиотечниот материјал има главна книга,
63
а книгите се сместени на рафтови и селектирани по
сигнатура, инвентарен број и формат.
Училишната библиотека на располагање е секој
работен ден од 08:00 до 19:00 часот и ги задоволува
потребите на учениците, наставниците од сите сфери на
интереси: уметничка и стручна литература.
ПРЕГЛЕД НА БРОЈНА СОСТОЈБА
НА БИБЛИОТЕКАТА НА КНИГИ ЗА 2019/2020
Стручна литература
KI-542 наслови инв.бр.898
KII-2.246 инв.бр.3.862
KIII-420 инв.бр.695
вкупно 3.208 наслови вкупно 5.455 бр. на книги
Уметничка литература
KI-1.159 наслови инв.бр.4.446
KII-5.513 инв.бр.16.431
KIII-216 инв.бр.618
вкупно 6.888 наслови вкупно 21.495 бр.на книги
Вкупен број на наслови 10.096
Вкупен број на книги 26.950
Библиотеката располага и со учебници за гимна-
зиско и стручно образование.
Во рамките на училишната библиотека волонтира
и библиотекарската секција која има задача во работењето
на библиотеката со кои се одвиваат литературни читања,
креативни работилници, литературни конкурси, книжевни
средби со современи македонски писатели, организира
посети на библиотеки и други институции, посета на
64
Саемот на книгата и реставрирање на учебници (графичка
струка) и сл.
Учениците имаат можност да читаат книги да
истражуваат со што го прошируваат своето знаење во
различни области.
Воедно библиотекарот активно учествува во
организирање и реализирање на културни настани во
училиштето.
Ако се разлистаат книгите почнувајќи од најстарите
изданија со обледен печат па сè до денешните, печатите
на тие книги се забележува целиот историски развој на
нашето училиште СОУ „Таки Даскало“ - Битола.
Работејќи низ полиците на библиотеката се
набројуваат повеќе библиотекари од самите почетоци на
библиотеката па сè до денес а тоа се: Весела Христовска
Марга Цокинска, Тони Соклевски, Владо Ѓоргиевски,
Мирјана Наумовска и Ленче Х. Георгиева.
65
Бегството секогаш завршува низ полиците на
библиотеките, каде треба да се создаваат трајни навики за
читање, истражување и самостојна работа.
66
Историја на библиотеката при
Државно музичко училиште Битола
(стручен труд)
Вилма Костовска, професор
по македонски јазик
ДМУ „Тоше Проевски“ - Битола
На 17.2.1947 година започнува со работа Нижото
музичко училиште, а со тоа и библиотеката, зашто таа
е неминовно врзана со специфична нотна литература.
Имено, нотната литература се партитури по кои се
изведува едно дело. Имало еден клавир, две труби и
неколку виолини. За таа цел партитурите рачно биле
пишувани на нотни листови. Библиотеката поседува
оригинални изданија од многу познати издавачки куќи
како што е Peters издание од Германија. Во 1962 година
се формира и Средното музичко училиште, а со тоа се
збогатува и библиотечниот фонд. Денес библиотеката
располага со: нотна литература за сите инструменти
(клавир, гудачки инструменти, дувачки инструменти, соло
пеење, удирачки инструменти, хорски партитури) околу
3.000.
67
Стручна литература од областа на солфежот,
теорија на музика, историја на музика, фолклор, енцикло-
педии и лексикони, околу 850, белетристика околу 1.250,
музички списанија околу 220, прирачници за настава и
кариерен центар околу 36.
Нашата библиотека е мала, но единствена. Нејзи-
ната вредност е голема затоа што книгите кои ги поседува
од областа на стручната литература можат да се најдат
само овде. Служи за потребите и на учениците и на
наставниците.
Некои книги и партитури се постари и од 70 години,
грижливо собирани и купувани уште во времето на СФРЈ.
Нотната литература се чува во картонски кутии
за таа намена нумерирани, а потоа во шкафови за да се
заштитат од надворешните влијанија.
Библиотеката има и медијатека исто од времето кога
техниката не беше толку развиена. Голем број плочи од
разни концерти на големите светски оркестри и диригенти
и композитори се чуваат во библиотеката. За жал нивната
вредност е само историска, бидејќи нема можност на
грамофон да се слушаат тие прекрасни изведби.
Со годините со голема заложба на наставниците
68
и раководството на училиштето се зголемува бројот на
нотната литература по одредени инструменти.
Брзото темпо на развојот на технологијата ги стави
аудио снимките (ЦД, плочи, видеа) како историски алатки,
бидејќи со интернетот и користење на бежични звучници
на учениците им се достапни сите изведби на големите
мајстори!
Треба да се потенцира дека училишниот фонд
постојано се обновува. Понекогаш тоа се донации на
книги од самите наставници, повеќето се купени од
средства на училиштето, а во 2016 година, МОН ги обнови
училишните библиотеки со 100 книги на македонски авто-
ри и на албански и турски автори во Македонија, како и
100 наслови од светската белетристика.
Да се напомене дека првата „постојка“ на учениците
е токму библиотеката. Доколку нема некоја книга било
белетристика или стручна, се бараат други извори. Но
денес со интернетот се повеќе информации им се достапни
на учениците во секое време, па така повеќето го ползуваат
интернетот отколку библиотеката. Но останува фактот
дека книгата е незаменлива. Мирисот на хартијата која
поминала низ многу раце, врз која е ставен печат на
многу читателски солзи, буди емоции и ја разбранува
фантазијата.
Е – книгата не го дава тоа чувство! Или можеби ние
69
постарите генерации сме носталгични.
Во секој случај книгата е душата на секоја
библиотека без оглед колку таа е технички опремена со
најнова технологија. Без оглед дали е стручна, класична,
бестселер или сликовница, книгата уште долго ќе
опстојува, а со тоа и библиотеките и нивните најверни
конзументи – учениците.
70
Краток историјат на
Библиотеката во ООУ „Гоце Делчев“ - Битола
(стручен труд)
Мендо Волчевски, библиотекар
Маја Марковски, библиотекар
ООУ „Гоце Делчев“ - Битола
ООУ „Гоце Делчев“ Битола се наоѓа во самото
централно градско подрачје и е сместено во повеќе објекти.
Во изградените објекти во 1847 година (Османлиска власт)
со работа започнува грчко училиште кое прераснува во
грчка гимназија. Истото покрај пожарот, во 1851 година
ја продолжува својата дејност како грчко училиште
сè до виорот на Балканските војни од 1913 година. Во
просториите на поранешното училиште „Никола Тесла“,
односно сегашното ОУ „Гоце Делчев“ се до 1912 година
работела и влашката машка гимназија.
По поделбата на Македонија од 10.08.1913 година
(балканските војни 1912-1913 година), Битола потпаѓа под
српска управа со што грчката гимназија се преименува
во „Св. Сава“ под истото име, овај пат на српски јазик,
настава се изведува до 03.04.1941 година, со адреса на
училиштето ул. Алимпиќиева бр.11, Битола. Работата на
училиштето била прекината само една година и тоа во 1915
година кога истото било претворено во Воена болница
на фронтот на Првата светска војна (1914-1918) кој
поминувал токму низ Битола.
Во текот на Втората светска војна (1939-1945)
продолжила работата на училиштето. По окупација на
Битола во април 1941 година сè до ослободувањето на
градот Битола, ноември 1944 година, наставата се одвива
на бугарски јазик и тоа во училиштето „Отец Паисиј“.
71
Конечно во 1945 година, поточно на 04.12.1944
година, училиштето „Отец Паисиј“ било преименувано
во „Св. Климент Охридски“ каде наставата се одвива
за прв пат на македонски наставен јазик. Наредната
учебна 1945/1946 година од V, VI и VII одд. произлегла
Прогимнзијата „Гоце Делчев“. Во истата учебна година
во другите простории, со паралелките на турски јазик е
формирано Основното училиште „Адем Махмуд“, а од
паралелките на албански јазик е формирано Основното
училиште „Фахи Ибраим“. Овие две училишта во учебната
1957/1958 година функционираат под заедничко име
„Никола Тесла“. Во истата учебна година 1957/1958,
училиштето „Св. Климент Охридски“ и Прогимназијата
„Гоце Делчев“ се соединуваат во едно училиште од I до
VIII одд. – Основното училиште „Гоце Делчев“. Во 1977
година Основното училиште „Никола Тесла“ се припојува
кон Основното училиште „Гоце Делчев“, а од 1983 година е
извршена целосна интеграција во еден правен субјект.
72
Во училиштето постоела и училишна библиотека,
така во 1948/49 година со средствата собрани од
родителите биле купени 160 книги за училишната
библиотека. Училишната библиотека континуирано се
збогатува со нова литература така денес располага со
броен книжен фонд од 9.368 книги на македонски, албан-
ски, англиски и српски јазик.
73
Библиотеката располага и со околу 10.000 учебници
за учениците и друга стручна литература за едукација на
учениците и наставниот кадар.
Во Библиотеката се вработени 2 библиотекари,
Мендо Волчевски и Маја Марковски.
По повод Месецот на книгата, на ден 26.10.2018
година во Универзитетската библиотека „Св. Климент
Охридски“ - Битола благодарение на училишната библио-
текарка Маја Дамевска и дел од учениците од ОУ „Гоце
Делчев“ - Битола се реализираа следниве активности:
- Диктат со трчање и
- Краток квиз.
Одлични креативни и иновативни активности во
кои уживаа учениците и присутните лица.
74
Почетокот и развојот во ОУ „Даме Груев“ - Битола
(стручен труд)
Благој Огненовски, библиотекар
Весна Рабаџиевска, библиотекар
ОУ „Даме Груев“ - Битола
Библиотеката без книга,
е како тело без душа!
ОУ „Даме Груев“ Битола се наоѓа на ул. „Ѓорче
Петров“ бр. 7, во месноста Јени Маале.
Во Записник бр. 1 од 01.09.1941 година во Книгата
за протокол е запишано: Училиштето се преименува во
Првоначелно училиште „Даме Груев“ според македонскиот
револуционер Даме Груев. Првите училишни згради се
наоѓаа во централниот дел на Јени Маале, на ул. „Даме
Груев“ бр.5. Ја започнува својата работа со 356 ученика и 9
учители. Во март 1945 година училиштето работи по прв
наставен план добиен од Министерството за просвета на
Македонија.
Во учебната 1946/47 година за прв пат во
училиштето се отвора Библиотечна книга и се збогатува
фондот на книги. Во учебната 1948 година започнува да
се изведува настава во новата училишна зграда на ул.
„Ѓорче Петров“ бр. 7 во Битола. Посебно се истакнува
владеењето на македонскиот литературен јазик од страна
на наставничкиот кадар.
Во рамките на Годишната програма за работа на
училиштето е и програмата за работа на библиотекарот
т.е. работата на училишната библиотека. Во училишната
библиотека работаат два библиотекари кои ја реализираат
програмата на библиотеката со заеднички, но и со посебен
ангажман т.е. активности во текот на учебната година.
75
Со својот ангажман библиотеката ја прават да биде
катче во кое се развива љубов и интерес кон книгата и
нејзино популаризирање меѓу учениците.
Оваа цел се реализира преку изготвена Годишна
програма за работа на библиотеката во која се опфатени
различни форми на работа во библиотеката како на
пример: максимално користење на библиотечниот фонд
на книги, кој располага со лектирни изданија и стручна
литература, набавка, прием, предавање и електронско
ажурирање на бесплатните учебници во соработка
со МОН, учество во Екопроекти-ПМИО, бесплатни
учебници, соработка со службите и наставниот кадар,
стручните активи, контакти со родителите, градската
библиотека, разни советувања со цел информирање за
активностите и новините во библиотекарството како во
земјата така и надвор. Библиотеката ги врши следните
активности: одбележување на значајни празници и настани
76
меѓу кои и одбележувањето на патрониот празник на
училиштето со учениците од библиотекарската секција,
учество на натпреварот Млади библиотекари, санирање
на оштетените книги, ажурирање на членовите на
библиотеката, евиденција на издадени и вратени книги и
доделување на Благодарници на учениците за најчитани
книги.
77
Годишна програма на Библиотекарската секција
при ОУ „Даме Груев“ - Битола
Септември
1. Формирање на секцијата
2. Прибирање на податоци за детскиот печат
3. Растурање на детскиот печат
4. Издавање на книги
Октомври
1. Уредување на библиотеката
2. Растурање на детски печат
3. Месец на книгата-изложба на нови книги
4. Издавање и враќање книги
5. Еко стандард
Ноември
1. Растурање на детски печат
2. Заштита на оштетените книги
3. Издавање на книги
4. Книгата што ми остави најсилен впечаток
5. Тема: „Книгата е најголем другар“
6. Пишување на пораки за книгата на плакат
Декември
1. Растурање на детски печат
2. Лепење на оштетените книги
3. Издавање на книги
4. Евиденција на нови книги
Јануари
1. Издавање на книги и списанија
2. Подредување на книги
78
Февруари
1. Растурање на детски печат
2. Популаризација на книгата
3. Издавање на книги
4. Учество на членовите во детски списанија
Март
1. Литературно читање
2. Издавање на книги и списанија
3. Уредување на библиотеката
4. Растурање на детски печат
Април
1. Издавање на книги
2. Акција за собирање на книги
3. Посета на градската библиотека
4. Евиденција на нови или подарени книги
5. Тема - Списанија
6. Читање на списанија
Мај
1. Растурање на детски печат
2. Пишување на мисли посветени на книгата
3. Издавање на книги
4. Подредување на книги
5. Еко стандард
Јуни
1. Прибирање на книгите
2. Анализа на постигнатите резултати со библио-
текарската секција
79
Користење на Библиотеката од страна на настав-
ниците:
• Наставниците во текот на учебната година конти-
нуирано соработуваат со библиотеката при што позај-
муваат литература која им е потребна за реализација на
наставниот план и програма;
• Често пати по потреба наставниците одржуваат отво-
рени часови во Библиотеката;
• Користат стручна литература и енциклопедии;
• Библиотеката ја посетуваат и соработуваат и настав-
ниците од подрачните училишта, за кои подигаат книги
и потребна литература.
80
Книжен фонд во Библиотеката:
Книги - 13.368
Лектири - 950
Наслови - 3.827
Стручна литература - 220
Списанија - бројката е варијабилна.
КНИГАТА Е НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ НА ЧОВЕКОТ!
81
Во училишната библиотека
има место и љубов за сите деца
(стручен труд)
Загорка Јовчевска, библиотекар
ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола
ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ е централно училиште сместе-
но во тесното градско подрачје на „Градот под Пелистер“.
Низ патеките на успешната традиција на ова
училиште добро е да се потсетиме на почетоците...
47 години од првата учебна година во 1973 година. Богато
присуство на воспитно-образовната дејност. Во своето
полувековно постоење училиштето е добитник на бројни
награди и признанија од сите области, на општински,
регионални и државни натпревари. Училиштето кое
е пионер во организирање на пријатен и позитивен
мултикултурен амбиент. Тоа само ја продолжува опре-
делбата во следење и унапредување на официјалното
училишно лого ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ ИМА МЕСТО
И ЉУБОВ ЗА СИТЕ ДЕЦА!
82
Училиштето е учесник во бројни проекти, обуки и
професионално усовршување на вработените.
Во напорите за јакнење на меѓуетничката
толеранција меѓу учениците се и проектите на УСАИД
„Меѓуетничка интеграција во наставата“ и „Меѓуетничка
соработка меѓу општините“. Во рамките на овие актив-
ности, ученици на ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ престојуваа
во Швајцарија. Проектот е прифатен и од страна на
родителите кои учествуваа во повеќе мултиетнички
работилници, а една од нив е и изработка на кукли во
традиционални носии на сите етнички заедници.
Да ја истакнам соработката и со Шведската амба-
сада, проект од хуманитарното живеење и воспитување
на учениците, неколкукратните посети на ученици и
наставници во Шведска, но и нивното гостување и
дружење во Битола.
Училиштето е претставено на сите значајни настани
и манифестации: активности од областа на екологијата,
83
одбележување на Денот на Европа, одбележување на
настани од националната историја, посета на културно
историски споменици, посета на природните убавини на
Македонија.
Посебно место има одбележувањето на Патрониот
празник. Ученици од музичката, драмската, ликовната,
спортската секција и многу други ја збогатуваат програ-
мата.
Во рамките на училиштето подолг период работи и
училишната библиотека.
Библиотеката во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ располага
со простор од 80 m2 и истата се користи како читална,
медијатека и простор за бројни училишни манифестации,
семинари и работилници.
84
Библиотеката располага со богат книжен фонд
од околу 13.000 книги. Од нив најголем дел се лектири,
стручна литература, а во изминатите неколку години
збогатена е и со познати дела на светската книжевност,
како проектот „Ѕвезди на светската книжевност“ и дела на
нобеловци.
На 29 октомври 1984 година во инвентарната книга
под број 1 е заведена првата набавена лектира „Волшебно-
то самарче“. Понатаму следуваат неколку илјади дела на
југословенската книжевност кои ги читале многу генера-
ции како лектири и денес истите не се обработуваат.
Меѓутоа ние им ги препорачуваме на учениците да ги
прочитаат.
Најголема љубопитност постои меѓу најмладите
читатели кои најмногу ги бараат бајките и сказните.
Најчитани остануваат лектирите предвидени со наставната
програма. Посебен интерес кај учениците од повисоките
одделенија се енциклопедии од областа на природните
науки.
85
Иако интернетот им нуди доста информации на
учениците, сепак траен впечаток остава прочитаната
книга. Мојата препорака до сите ученици гласи:
ПОСЕТЕТЕ ЈА УЧИЛИШНАТА И ГРАДСКАТА
БИБЛИОТЕКА!
86
Библиотеката при ОУ „Елпида Караманди“ – Битола
(стручен труд)
Ивона Гроздановска, библиотекар
ОУ „Елпида Караманди“ - Битола
Училиштето отпочна со работа на 9 февруари 1981
година (2 полугодие). По предлогот на Сојузот на борците
од Битола прифатено е новото училиште да го носи името
на народниот херој од Битола, Елпида Караманди.
ОУ „Елпида Караманди" - Битола е лоцирано во
МЗ „Васко Карангелевски", на истоимената улица и ги
опфаќа учениците од таа месна заедница и дел од МЗ
„Јонче Мурџевски" - Битола, која го опфаќа населението во
населбата Нова Битола.
87
Во состав на Училиштето работи подрачното
деветгодишно училиштето во с. Цапари кое ја опфаќа
популацијата од подрачјето на селата: Цапари, Ротино,
Рамна, Горно Српци, Лера, Кажани, Доленци, Ѓавато и
Маловиште и подрачното четиригодишно училиште
во с. Доленци ги опфаќа учениците од албанска нацио-
налност кои своето натамошно образование претежно
го продолжуваат во ОУ „Гоце Делчев” - Битола, во
паралелките на албански наставен јазик.
Глобална структура на дејноста
Организацијата на работа се заснова на календарот
за работа на основните училишта за учебната 2019/2020
година. Учебната година започна на 03.09.2019 год., а
заврши на 10.06.2020 година со вкупно 180 работни дена.
Наставната програма во оваа учебна година се
реализираше за учениците од прво до петто одделение
во 16 паралелки (одд. настава) и од шесто до деветто
одделение во 13 паралелки (предметна настава), вкупно 29
паралелки.
Во ПУ с. Цапари наставата е организирана во 6
паралелки од кои 2 комбинирани паралелки одделенска
настава и 4 чисти паралелки предметна настава. Наставата
се изведува на Македонски наставен јазик
Во ПУ с. Доленци наставата е организирана во две
комбинирани паралелки во одделенска настава. Наставата
се изведува на Албански наставен јазик. ПУ работат во
една (претпладневна) смена.
Училишната библиотека е составен дел на цело-
купната воспитно-образовна дејност во едно основно
училиште. Преку неа се остварува контакт меѓу наставата,
наставниците и учениците.
Во склоп на нашето училиште е училишната библи-
88
отека раководена од училишните библиотекари Ивона
Гроздановска и Илчо Белџигеровски.
На задоволство на учениците, вработените и
родителите, во училиштето со години функционира
училишната библиотека.
Книжниот фонд содржи стручна литература
за наставниот кадар, задолжителни лектири, сликов-
ници, актуелна литература за деца и млади како и
најсофистицирани енциклопедии преку кои систематски
се развива културата на читањето и претставува голема
помош во учењето.
Библиотеката е целосно инкорпорирана во настав-
ниот процес и таа претставува едно од најомилените
и најфреквентните катчиња во училиштето во кое со
задоволство учениците и вработените ги реализираат
своите програмски задачи од редовната настава, додатната
89
настава и слободните ученички активности.
Библиотеката во нашето основно училиште
„Елпида Караманди“ - Битола има книжен фонд од 11.036
книги, од кои 8.929 се лектирни изданија за учениците.
Сите тие се библиотечно обработени, средени и наменети
за задоволување на потребите како за учениците, така
и за наставниците, вработени во нашето училиште.
Библиотеката секоја година изработува распоред за
нејзино работење со кој настојува да се приближи до
учениците, односно да стане подостапна до читателската
публика. Работата на библиотеката се состои од издавање и
примање на книги, евиденција на прочитаното, водење на
библиотечна книга, список на членови и друго.
Најголем дел од книгите се за потребите на
наставата по македонски јазик и литература, за нејзино
продлабочување и вистинско оживување на сите предло-
жени дела во програмата за наставата по овој предмет.
Освен тоа има и книги од областа на разни други
наставни предмети: историја, географија, ликовна
уметност, музичка уметност, спорт и спортски активности,
биологија, физика. Тука на рафтовите како продлабочени
мисли-спијат, но и сонуваат лексикони, речници, стручна
педагошка и психолошка литература за наставниците.
Фонд од книги кои напросто мамат со својата длабочина,
блиска до Океан, а сепак примамлива како опоен мирис.
Корици нови и стари, измешале раси, а сепак сите заедно
почиваат во еден прекрасно-разновиден библиотечен
фонд. Тоа е нашата библиотека!
Тука ќе се пронајде душата и жигот на времето
кое: како минувало - така се запишувало со мастило, кое
потајно и скржаво избледува како да сака да сокрие тајна.
Потребата од училишна библиотека, од создавање интерес
и навика за читање кај учениците била присутна уште кај
90
првите наши генерации. Се среќаваат книги во кои на
последната страница учениците го запишувале своето
име, годината и податокот дека тие самите ја подаруваат
книгата на училиштето. Потоа се нижат и настани во
кое препознаваме подарок на книги од други училишта
или културни дејци од минати времиња, но веројатно
така се оформила училишната библиотека, во почетокот
со скромен фонд од книги. Ги поминале тие книги сите
премрежја за овој голем период и денес, денешните
генерации на запишани ученици можат во секој момент
да ги позајмат на користење. И денес, како и пред години
стремежот за развој на училишната библиотека е ист: да
се пробуди кај учениците интерес за читање, да се развива
културата на читањето, да се гради естетски однос кон
книгата.
Една мисла: „Имајте книга секогаш до Вас - ако
немате кому, нејзе подарете и дел од својата душа, за таа да
Ви очисти срце и со очи да Ве слуша!“
Училишната библиотека има многубројни актив-
91
ности како што се учество на натпревари, активности
со библиотекарската секција, активности за месецот
на книгата, посета на саеми за книги, активности во
библиотеката и многу други.
Во прилог еден есеј:
ЖИВОТОТ Е ПРЕМИЕРА, ЗА НЕГО НЕ ПОСТОИ
РЕПРИЗА
Светлата се вклучени. Црвениот килим е послан
во недоглед. Врие од луѓе кои се тискаат еден до друг да
добијат што поубаво место за фотографирање со главната
ѕвезда на настанот наречен – ЖИВОТ.
А, што всушност е тоа? Дали може да се најде дефиниција
во некој учебник, дали има познати физички и хемиски
својства, дали некој го насликал тој Господин, дали е
тоа долга развлечена и милозвучна симфонија? Можеби
се наоѓа на сред плоштад со гордо крената глава или
пак можеби срамежливо ѕирка од некое сокаче. Некои
велат дека е тоа маратон...за некои тоа е техно забава
долго во ноќта...за некои бесконечна низа од обиди и
грешки...качувања и паѓања. А, дали е можеби загатка?
Има ли равенка која полесно ќе не доведе до решението
на лавиринтот – наречен живот. Тој најчесто себеси се
претставува како една гоооооолема именка што сака
да биде и песна и расказ и енциклопедија и супер херој.
Но посакува да биде и успех и пораз и изненадување
и убавина и ветување. Како и да е ... Ние со него под
рака и мушнати во неговите пазуви да бидеме најдобра
верзија од себе си. Зашто реприза нема. Никој нема да
ни го врати она што поминало. Сè што правиме нека
го има нашиот сопствен печат. Со искрена насмевка
и љубезност да стоплиме многу срца и да го отвораме
92
патот кон среќата. Постојано да го храниме умот, да го
искористиме секој миг и да му дадеме цели на животот.
И да бидеме трпеливи остварувајќи ги. Да го направиме
денес тоа што можеби нема да имаме можност и сила
утре. Одлуката да чекориме во нашите чевли храбро и
достоинствено, од нас да изгради силни личности со кои
ќе се гордеат родителите, општеството и ние самите. Да
бидеме пример за добри ученици, мили внуци, дарежливи
соседи, вредни работници. Сега да го поделиме ѓевречето,
сега да отстапиме место во автобус, сега да прочитаме
најдобро. Ништо нема да нè чини добрината, сомилоста,
простувањето. Ако животот го темелиме на човечност
треба да ги издржи и најсилните удари што не очекуваат.
Во другарството да бидеме без предрасуди, несебични,
а на навредите да одговараме со крената глава зашто
само небото е граница. Да не престанеме да сонуваме
ако сме имале кошмар, оти само со силна воља нашите
желби стануваат вистински... Да изиграме најдобро. Сум
прочитал дека „играта е тајна на вечната младост”. А, таа
има правила кои треба да се почитуваат , а може и да се
кршат или избегнуваат. А, може и да се состават нови, без
да се создаде неред. Животот ни дава можност да учиме
правилно да управуваме со нашиот брод и со поволен
ветер во грб долго да патуваме и откриваме. Да си ја
цениме слободата, да креираме и да даваме љубов на луѓето
кои нè поддржуваат за нашата ѕвезда да сјае и да ја одржува
премиерата актуелна.
Секоја генерација има своја борба. А, водачите на
сегашнава сме НИЕ, ЈАС, ТИ и НЕКОЈ на другиот крај
од планетава. Сеедно. Треба да бидеме доблесни да ја
износиме иднината што е пред нас МОЖЕМЕ САКАМЕ
ЗНАЕМЕ....
93
Стручните компетенции на училишниот библиотекар,
како рамка за активности за поттикнување на читањето
(стручен труд)
д-р Лили Бошевска,
стручен соработник - библиотекар
ОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Битола
Апстракт
Училишните библиотеки и библиотекарите како
стручни соработници и поддржувачи на учениците и
наставниците во воспитно-образовниот процес, можат
да превземат активна улога во поттикнување, помагање и
стимулација на активности за поттикнување на читањето
во училишната библиотека и училиштето воопшто.
Во овој труд, ќе бидат разгледани специфичните
активности и улоги кои може да ги преземат училишните
библиотеки и библиотекари, а кои се компатибилни
со поединечни професионални компетенции, кои мо-
жат да обезбедат континуирана помош, стимулација
и реализација на активности кои ќе се практикуваат
како редовни активности на училишните библиотеки.
Секоја група на предложени активности, придружена е
со практични примери од реализирани активности на
училишната библиотека на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ -
Битола.
Клучни зборови: училишни библиотеки, активности,
поттикнување на читањето
Воведни разгледувања
Комплексноста на активностите кои ги има
училишниот библиотекар во рамките на своите компе-
тенции и задолженија, може да се збогати со улогата на
поттикнувач, помагач и стимулатор на активностите за
94
поттикнување на читањето во училиштето и училишната
библиотека.
Ако ги имаме во предвид редовните професионални
обврски на училишниот библиотекар како стручен со-
работник, може да се издвојат следните подрачја на ком-
петенции: (Основни професионални компетенции и стан-
дарди за стручни соработници, 2016, стр 113-125)
Подрачје 1: Работа со ученици, (поддршка на учениците
во учењето; следење и поддршка на развојот на учениците;
професионална и кариерна ориентација на учениците)
Подрачје 2: Работа со наставници (поддршка на
наставниците за планирање и реализирање на воспитно-
образовниот процес; поддршка на наставниците за работа
со учениците; поддршка на наставниците за работа со
родителите)
Подрачје 3: Работа со родители (индивидуални и групни
советувања и консултации со родителите; едукација
на родители; вклучување на родителите во животот и
работата на училиштето)
Подрачје 4: Соработка со заедницата (соработка со
локалната заедница; соработка со стручни институции и
организации)
Подрачје 5: Професионален развој и професионална
соработка (личен професионален развој; поддршка на
професионалниот развој и соработката во училиштето)
Подрачје 6: Аналитичко истражувачка работа (анализа и
проценка на воспитно-образовната работа; истражување
на воспитно-образовната работа)
Подрачје 7: Училишна структура, организација и клима
(училишна структура и организација - планирање, следе-
ње и евалуација; училишна клима, безбедна средина и
демократско учество).
Училишниот библиотекар, во работата со учениците, освен
95
што им обезбедува различни извори на информации и
им дава насоки за користење на изворите за учење, исто
така, организира и се вклучува во различни воннаставни
активности (библиотекарска, литературна, драмска,
фолклорна секција, клуб на млади писатели). Една од
важните компетенции на библиотекарот е да им дава
поединечна и групна поддршка на учениците, за развој
на нивните вештини, за читање литература со различна
намена и за различни потреби, како и развој на вештини
за истражување преку користење на различни извори на
знаење.
Во работата со наставниците, библиотекарот треба
да има доволно информации за наставните програми
кои тие ги реализираат и за потребните ресурси за
реализација на наставата, но и да ги следи новините во
издаваштвото, за да може тие информации да ги поврзе
со достапните изданија кои се релевантни за воспитно-
образовната работа во училиштето. Со тоа, како соработ-
ник на наставниците, училишниот библиотекар ги
поддржува идеите за избор и користење на материјали
од библиотеката, при реализирање на задолжителните
и изборните наставни предмети и воннаставните
активности.
Во работата со родителите, библиотекарот им
помага во изборот на литература која е најсоодветна
за нивното дете, без разлика дали се користи за учење
и истражување или за читање за надградување и
задоволство. Исто така, ги вклучува родителите во
работата и активностите на библиотеката, збогатувањето
на книжниот и воопшто библиотечниот фонд и за негова
посоодветна искористеност.
Соработката со заедницата, училишниот библио-
текар ја остварува преку соработка со невладини органи-
96
зации, културно - уметнички друштва, фестивали,
етнолошки збирки и музеи, книгоиздателства и други
институции од локалната заедница, кои во фокус ја
имаат книгата, творештвото и интелектуалниот развој
на учениците. Покрај тоа, библиотекарот развива
професионална соработка со останатите библиотеки
(училишни, градски, универзитетски и национални) и
со издавачките куќи од кои ги обезбедува потребните
материјали и литература за различни наставни предмети,
кои не се достапни во фондот на библиотеката, а можат да
се обезбедат од другите библиотеки и издавачи.
Во делот за професионален развој и соработка,
училишниот библиотекар има важна улога во создавањето
на збирка стручни материјали за поддршка на личниот
професионален развој на наставниците, вклучувајќи и
збирка наставни материјали (во печатена или електронска
форма) кои ги изготвиле самите наставници, а можат да
бидат користени од сите наставници, а се поврзани со
поттикнување на читањето.
Други клучни улоги кои ги има библиотекарот
во останатите подрачја од неговата работа се развој на
библиотеката, како центар за учење, читање и размена на
информации.
Уште поголема поддршка, библиотeкарот може
да понуди, при креирање на иновативни активности
во кои активно ќе ги вклучува учениците, со што ќе ја
развие вклученоста на учениците во различни креативни
и воспитни активности кои го поттикнуваат интересот
за различни видови литература и создаваат потреба за
читање и интелектуален развој кај учениците.
Од сите овие подрачја на делување на училишниот
библиотекар, може да се согледа дека не само што
може, туку и треба да им дава поддршка на учениците
97
и наставниците при развивање на навики за читање кај
учениците преку обезбедување на различни извори за
учење и давање на поттик, инструкции и насоки за нивно
користење.
Насоченост кон иднината - истражување и примена
на активности за популаризација на библиотеката и
библиотечниот материјал и поттикнување навики за
читање кај учениците во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ -
Битола
Претходно наведените подрачја за работа на
библиотекарот, секогаш се преклопуваат, и најчесто,
работата со учениците вклучува и соработка со
наставници, работа со родители и поширока заедница,
а речиси секогаш активностите произлегуваат од анали-
тичко истражувачката работа, предвидена во шестото
подрачје за работа. Училишната библиотека, преку истра-
жувањата на постојните практики и искуства ги планира и
предвидува идните трендови и тенденции.
Со цел да се зголеми интересот за читање кај
учениците, библиотеката спроведува акциски истра-
жувања на бројот на активни читатели и предвидува мерки
за зголемување на активното читање во училиштето.
ИНДИКАТОР за УСПЕХ: Подготовка на годишен извештај
со Анализа на бројот на активни читатели и можностите за
зголемување на активното читање во училиштето.
Со спроведување на акциски истражувања и
анализи на флуктуацијата на бројот на читатели и
зајмени книги во библиотеката, како и со користење на
современата литература и истражувањата од светски
рамки, училишната библиотека ги одредува причините
за зголемување или намалување на интересот за читање
98
и ги одредува идните чекори за делување. Токму затоа,
врз основа на резултатите од спроведените акциски
истражувања, училишната библиотека при ОУ „Св. Кирил
и Методиј“ - Битола предвидува мерки за подобрување
на читањето и применува нови методи за популаризација
на библиотеката и библиотечниот материјал. Преку тие
методи и активности, библиотеката им се доближува на
сите ученици, а со тоа се зголемува интересот за читање кај
учениците, што покажуваат и резултатите од секое следно
акциско истражување на ниво на училишна библиотека.
Училишната библиотека, под водство на библио-
текарот, во соработка со стручната служба, сите
одделенски и предметни наставници, родителите и
пошироката заедница, ги реализира следните активности
и работилници за популаризација на библиотеката и
99
библиотечниот материјал и поттикнување на читањето:
• Подготовка на промотивни материјали за одреден
библиотечен материјал или активности на библио-
теката (информативни постери, флаери, брошури
и презентации за достапни книги, списанија и
активности);
• Работилници за популаризација на книгата и читањето;
• Работилници за читање на приказни и бајки за 1 и
2 одд., за секоја паралелка посебно. Се поттикнува
интересот за читање и зајмување на други книги преку
поттикнување на активно слушање и развивање на
дискусија, врз основа на повеќе поставени прашања;
Реализирани работилници за читање на приказна
„Дедо е секогаш во право“
100
• Работилници за поттикнување на читањето;
• Работилници за поттикнување на творештвото
кај учениците - творење по пример на претходно
прочитани дела;
Реализирана креативна работилница „Мојата приказна“
– за пишување на приказна и илустрирање на истата, од
страна на учениците
• Поттикнување на читањето со доделување на награди
за најдобри читатели, за секој месец во учебната година;
• Организирање на пригодни, креативни активности
за одбележување на значајни личности, датуми од
домашната и светската литературна и научна ризница.
(на пр. Годишнина од раѓањето на Коста Рацин, Ден на
мајчиниот јазик, Светски ден на книгата, Ден на читање
101
на бајки и сл.);
• Организирање на училишни мини саеми за книги и
организирање на посети на саеми на книга во градот и
државата за запознавање со изданијата;
Промоции на книги и списанија во училиштето, во
соработка со различни издавачки куќи и претставување на
поети и писатели и нивните дела
• Организирање на продажни саеми во соработка со
родители, за собирање на средства за набавка на книги,
во чиј избор учествуваат и учениците („Новогодишен
библиотекарски базар“ и Велигденски саем „Подари
книга за велигденско јајце“);
• Активности за поттикнување на користење на стручна
литература;
102
• Промовирање на активностите на училишната библи-
отека за поттикнување на читањето, на Меѓународни
конференции и одржани предавања, од страна на
училишниот библиотекар;
• Посета на семинари и конференции од страна на
библиотекарот и наставниците, за стекнување на
компетенции и нови сознанија за начините за поттик-
нување на читањето кај учениците.
Заклучни согледувања
Работата на библиотекарот распределена во седумте
подрачја на делување, согласно со Професионалните
компетенции и стандарди за стручни соработници-
библиотекари, предвидена со Годишната програма за
работа на библиотекарот, во текот на една учебна година
ги вклучува и активностите со кои се поттикнуваат
учениците за читање и користење на литература
достапна во училишната библиотека, но исто така,
достапна и во гратските и националните библиотеки.
Во тој процес, училишната библиотека истражува
состојби, детектира причини и можности, делува за
определување на мерки за подобрување на условите
и мотивацијата за читање и определува, развива и
реализира активности за подобрување на читањето кај
учениците, во што ги вклучува, активира и соработува со
наставниците, стручната служба, родителите, издавачите,
медиумите, другите библиотеки и сите релевантни
поединци и институции од непосредната околина.
Процесот на поттикнување на читањето и создавање на
активни читатели од учениците е процес во кој, покрај
наставниците и родителите, треба активно да биде вклучен
и библиотекарот и училишната библиотека. Во тој процес,
103
сите се подеднакво одговорни и затоа заеднички треба да
се спроведуваат осмислени и ефикасни активности, кои
ќе поттикнат и креираат навики за читање преку кои кај
учениците ќе се создадат услови за побрзо и полесно учење
и ефективен интелектуален развој.
Користена литература
1. Основни професионални компетенции и стандарди
за стручни соработници (2016) Македонски центар за
граѓанско образование БРО, Скопје, стр 113-125
2. Стручен соработник од почетник до ментор (2016)
Македонски центар за граѓанско образование БРО,
Скопје,
3. Бошевска, Л. (2016) Појдовни чекори на библиотечното
водство, кон воведување на промени во библиотеката,
во Библиотекарство, Скопје: Библиотекарско здруже-
ние на Македонија
4. Boshevska, L. (2017) Changing condition in the School
Library: How to change the librarian role from information
provider to educator, Paper presented at: International
Scientific Conference, Macedonian Science Society (on-line
paper)
5. Бошевска, Л. (2017) Промена на условите во
училишната библиотека: Како да се промени улогата
на библиотекарот од давател на информации во
едукатор, Труд презентиран на Меѓународна научна
конференција „Образованието на крстопат-состојби,
предизвици, решенија и перспективи“ Битола, 10-11
ноември 2017, Македонско научно друштво, МАНУ
6. Бошевска, Л. (2019) Анализа на бројот на активни
читатели и можностите за на активното читање во
училиштето, Битола, ОУ „Св Кирил и Методиј“.
104
Развојниот пат на библиотеката при
ОУ „Св. Климент Охридски“ - Битола
(стручен труд)
Живко Петровски, библиотекар
Ирена Георгиевска, библиотекар
ОУ „Св. Климент Охридски“ - Битола
Пред 30 години, во учебната 1989/90 година, во
новоизграден објект започна со работа училиштето
ОУ „Св. Климент Охридски“ лоцирано во Брусничко-
лавчанскиот регион на Битола. Со својата педагошка
функционалност овозможува опфат на над 1.000 ученици
од предвидениот реон, планиран според реонизацијата
подготвена од општината Битола, а се ученици-обврзници
кои учат во деветгодишното образование. Целта на
сите активности преземени во нашето училиште е да
обезбеди сигурна и безбедна средина за учениците, а со
реализацијата на својата воспитно-образовна дејност,
овозможува да се формираат личности кои во иднина
ќе бидат подготвени со своите знаења и разбирања да
изградат лични особини со кои ќе можат да се соочуваат со
предизвиците на животот.
За потребите на учениците со отпочнувањето на
работа во училиштето профункционира и училишната
библиотека. Целта беше учениците и наставниот кадар
да можат да изнајмуваат книги, наставни и методолошки
материјали. Учениците и наставниците, исто така, да
добиваат помош и напатствија од библиотекарот на
училиштето во реализирањето на наставниот процес и
развојот на личноста на учебниците.
Литературата во библиотеката беше набавена
со сопствени средства, а дел беше добиен и од јавните
105
установи во градот и универзитетската библиотека во
вид на донации. Во текот на развојот на училиштето
редовно се врши надополнување на библиотечниот фонд.
Библиотекарите изработуваат презентации, наставни
ливчиња и други нагледности. Се води и електронско
евидентирање на книжниот фонд. Библиотеката секоја
година изработува план, распоред за нејзино работење со
кои настојува да се приближи до учениците.
Нашата библиотека претставува библиотечен-
информативен центар кој постојано собира, стручно
обработува и дава на користење потребен материјал на
учениците и наставниот кадар.
Во состав на активностите на библиотеката спаѓа
и активното работење на библиотекарската секција
која секоја година се збогатува со нови членови, со кои
се украсуваат паноа, се посетува Саем на книгата, се
организираат литературни читања, изложби на книги и
средби со познати писатели и поети од нашата земја.
Долгата и успешна соработка со НУУБ „Климент
Охридски“ - Битола е исто така неизоставно обележје
106
на нашата библиотека, секоја година земајќи учество на
натпреварот „Млади библиотекари“ и Месецот на книгата,
како и многу други заеднички настани, активности и
работилници.
107
Во развојот на училиштето како библиотекари биле
ангажирани повеќе професори кои дале свој придонес како
библиотекари.
Библиотекари кои работеле во училишната библиотека:
Димитар Богдановски, Лилјана Ивановска, Стевче
Тодоровски, Маргарита Поповска, Ана Здравкова, Надица
Трпковска, Живко Петровски и Ирена Георгиевска.
Библиотеката располага со следниот библиотечен фонд:
Реден број Библиотечен фонд Количество
1 Одделенска настава /лектири 3.720
2 Предметна настава/лектири 4.100
3 Светска литература, поезија, проза 2.300
4 Стручна литература за наставници, прирачници... 1.300
5 Списанија, Национална географија... 600
Вкупно: Сè 12.020
108
Извештај за работата на библиотеката во
ОУ„Коле Канински“-Битола
(стручен труд)
Блага Митревска, библиотекар
Билјана Најденовска, библиотекар
ОУ „Коле Канински“ - Битола
Во современиот свет незамисливо е успешно
функционирање на образовниот систем без целосен син-
хронизиран и комплементарен развој на современото
библиотекарско работење.
Библиотекарството е севкупна дејност на библио-
теките и библиотечните работници. Кај најмладата
популација се развиваат навики за користење на
библиотеките како организирани институции што
овозможуваат достап до извори на информации и се
мотивираат за читање и развој на совесноста за чување на
книгите.
Називот на нашето училиште е ОУ „Коле Канински“
- Битола и во склоп на ова училиште е училишната
библиотека.
Историја на библиотеката:
• Библиотеката е формирана во 1962 година;
• Постои магацин за складирање на материјали од 55m2;
• Работен простор од 30m2;
• Обработка на материјалот-инвентарен;
• Азбучен каталог;
• Има 580 читатели.
Вкупниот библиотечен фонд на библиотеката е
13.980 примероци-книги. Бројот на наслови е 4.510. Сите се
на македонски јазик.
Во библиотеката постои библиотекарска секција
109
која е вклучена во проектите ЕКО и МИО.
110
Активности-работилница:
Работилница: Изработка на обележувачи на книга;
Работилница: Еко проект;
Работилница: Цитати за книгата;
Работилница: Библиотеката-богатство на книги и
Работилница: Одбележување на Осми март.
Во нашата библиотека интересот за читање е доста
голем. Учениците пројавуваат интерес од мали нозе со
читање на сликовници и лектири.
Соработката со градската библиотека е на високо
ниво. Но кај нас се пројавува потреба за: енциклопедии,
сликовници, лектири, лектирни водичи, слободна лите-
ратура и сл.
Функционирањето на нашата библиотека би било
поуспешно доколку има поголем простор и обновени
рафтови.
111
Низ историјата на училишната библиотека
(стручен труд)
Снежана Најдовска, библиотекар
Даниела Јовановска, библиотекар
ОУ „Стив Наумов“ - Битола
Основното училиште „Стив Наумов” од Битола е
едно од најстарите училишта во градот. Местоположбата
е на местото каде се наоѓало Турско женско работничко
училиште, каде се школувале ќерките на побогатите Турци
од овој реон. Ова училиште постоело сé до 1912 година.
Од 1913 година со поделбата на Македонија на три
дела ова училиште било претворено во српско училиште со
настава на српски јазик. Училиштето било четиригодишно
училиште и се викало „Арнаут Мале“ според реонот во кој
се наоѓало истото. Во 1927 година училиштето го добива
името на големиот српски реформатор „Вук Караџиќ“.
Тогаш во ова училиште почнал да учи и Стеван Наумов-
Стив. Претежно се школувале машки деца, а школувањето
не било задолжително.
Од 1934 година започнала изградбата на новото
училиште. Новата училишна зграда била изградена на
околу десетина метри западно од старата.
Основното училиште Вук Караџиќ со настава на
српски јазик работело од 1927 година сè до капитулацијата
на Југославија, односно до 6.04.1941 година. Училиштето
ја продолжува работата, но сега со наставата на бугарски
јазик. Напоредно со тоа и името на училиштето било
сменето и тоа било прекрстено, па така новото име на
училиштето било „Митрополит Григориј”. По осло-
бодувањето на Битола од 4.12.1944 година училиштето
ја започнува својата работа со настава на македонски
112
јазик, добивајќи го името на некогашниот нејзин ученик,
првоборец и народен херој Стеван Наумов – Стив.
Училиштето располага со 21 училница, 4 помошни
простории, 4 канцеларии, 2 кабинети, библиотека која
зазема 53,2 m2 од вкупната површина.
Училишната библиотека се спомнува уште во 1941
година кога новата бугарска окупаторска власт ја уништила
училишната педагошка евиденција и документација и
книгите од училишната библиотека со цел да го асимилира
македонското население. Но својата целосна улога ја
добива со конечното ослободување на Битола и Битолско
во 1944 година, започнувајќи да работи со настава на
мајчин јазик.
Училишната библиотека во текот на годините
претрпела различни промени и дислокации низ училиш-
тето. Неминовно е да се спомне и поплавата во која
беа изгубени, но и повторно реставрирани книги кои
се вратија за користење. Во последните 20 години се
113
наоѓа на денешната локација и можеме да кажеме дека со
реновирањето си ја има целосно својата функционалност.
Училишната библиотека исто така функционира и како
медиотека, опремена со смарт табла и два компјутери.
Во библиотеката се одржуваат и интерни часови и
обуки сè со цел за подигнување на квалитетот на наставата.
Во училишната библиотека има фонд од околу 8.000
книги од кои лектири, стручна литература, белетристика,
енциклопедии, списанија за деца (Росица, Другарче,
Развигор и Наш Свет). Секогаш достапна како за своите
ученици така и за нашите колеги. Учениците покрај
лектирните изданија ја користат и останатата литература
како сликовници за најмалите и енциклопедии за
останатите ученици. Училишната библиотека ја користат
и колегите наставници кои ја користат белетристиката и
стручната литература.
114
Во сите овие години фондот на библиотеката се
стекнува и проширува со набавка на лектирни изданија
од страна на училиштето, со донации од Министерството
за образование и култура, од приватни донатори и од
писатели кои ни подаруваат од нивниот книжевен опус.
Во училишната библиотека се одржуваат средби
со писатели, работилници во кои се доближува пишаниот
збор до учениците и сè поттикнува креативното размис-
лување.
Нашата училишна библиотека соработува со НУУБ
„Св. Климент Охридски“ - Битола во која неколку пати
годишно се остваруваат различни средби и се одржуваат
читачки сесии со учениците од најмала возраст.
Училишната библиотека исто така организира и
историски часови со внукот на нашиот патрон Стеван
Наумов - Стив на кои учениците се запознаваат со ликот и
делото на Стив Наумов.
Последно, но не и помалку важно училишната
библиотека се грижи за набавување и одржување на
учебниците кои се користат за работа во наставниот
процес во училиштето.
115
Библиотеката во екот на модерното време
(стручен труд)
Андриана Ѓеоргиев, библиотекар
ОУ „Тодор Ангелевски“ - Битола
Училиштето „Тодор Ангелевски“ е основно училиш-
те во нашиот град Битола, уште се нарекува баирско
училиште. Првите темели се ставени уште во 1928 година,
кога еден дел од зградата била училишна, а другиот дел
функционирал како затвор. Својата преродба училиштето
ја добило во 1957 година и започнало да функционира
како образовна институција според сите нормативи
здобиени тогаш. Од таа година функционира и училишната
библиотека која ги задоволувала вкусовите на учениците и
потребата од лектирни изданија и стручна литература.
Во склоп на централното училиште функционираат
и подрачните основните училишта во приградската
населба Горно Оризари и во населбата Стрелиште.
Училиштето „Тодор Ангелевски“ е добро опремена
116
зграда на два ката каде наставата редовно ја посетуваат
ученици од прво до деветто одделение. Има голем број на
кабинети и училници каде наставата редовно и успешно се
изведува.
Во една просторија од централното училиште се
наоѓа и училишната библиотека, која ја координираат
двајца библиотекари Ирена Настевска и Јасминка
Стојановска. Во библиотеката има и медиотека, која
исклучиво ја користат ученици, наставници, стручна
служба. Библиотеката располага со голем фонд на книги:
лектирни изданија, стручна литература, бестселери и др.
1. Лектирни изданија:
• Наслови: 192;
• Вкупно лектирни изданија: 5.650;
2. Стручна литература: 2.833,
• Наслови: 374;
3. Бестселери: 201;
4. Постара литература: 11.286;
5. Вкупен број на книги: 19.769.
Библиотеката во подрачното училиште во Горно
117
Оризари располага со библиотечен фонд од 457 лектирни
изданија. Во неа постои библиотекарска секција која се
грижи за одржување на библиотечниот фонд и за услугите
кои се вршат во истата. Неа ја извршуваат ученички од
деветто одделение под менторство на наставничката по
македонски јазик Адриана Ѓоргиев.
Во текот на учебната година во училишната
библиотека се одржуваат разни активности: подготовки
за натпревари, организирање на низа работилници,
посебен осврт се става на Месецот на книгата, едукативни
активности и разни едукативни предавања, презентации,
анкети, драматизации, литературни читања, програми
за прекугранична соработка. Меѓу другото библиотеката
освен што служи како место за издавање на книги, таа е
и место каде учениците се подготвуваат за своите часови,
118
натпревари и сл. Како резултат на сите овие активности,
училиштето се здобива и со низа награди: прва награда
на 52-те детски Рацинови средби, трета награда на
регионалниот натпревар Млади библиотекари, второ место
на литературниот конкурс организиран од здружението
„Нова“ - Битола. Минатата година училиштето влезе во
светски проект со активности од областа на екологијата во
однос на климатските промени.
Учениците, поткрепувајќи ја идејата на Хемингвеј
„Не постои пријател толку верен како книгата“,
обрнуваат големо внимание во однос на зачувувањето на
непроценливиот споменик во животот, а тоа е книгата!
119
Нашата училишна библиотека - свет на магија и шарени
настани, место да се развивам и релаксирам
(стручен труд)
Снежана Терзиевска,
стручен соработник - библиотекар
ОУ „Д-р. Трифун Пановски“ - Битола
Основното училиште „Д-р Трифун Пановски“ -
Битола се наоѓа во централното градско подрачје и едно
од најстарите училишта во градот. Во нашето училиште
поминале бројни генерации и како прв приоритет секогаш
бил да се створи љубов кон пишаниот збор, навика книгата
да ни биде постојан сопатник низ животот. Секако во
остварувањето на оваа мисија клучна улога одиграла
училишната библиотека и колегите кои низ годините
придонесувале да се развие читателскиот дух кај децата
организирајќи бројни активности преку кои библиотеката
стана волшебно катче во нашето училиште каде учениците
ќе ги задоволат своите апетити за знаење.
120
За една библиотека да функционира нормално
треба постојано да се обновува бројот на наслови кои
се дел од неа, нашата брои околу 3.500, но секако ние се
трудиме постојано да ја надополнуваме со нови автори
и дела кои се од интерес на младите, неизбежните
класици и нормално лектирните изданија. За среќа
имаме пријатели и одговорни граѓани кои ни излегуваат
во пресрет и подаруваат книги за нашата библиотека.
Последни поголеми донации на книги кои значително
го збогатија нашиот читателски фонд беа направени од
страна на Владата на Р. Македонија, едиции на нобеловци
и дела на класичната литература. Исто така преку донација
на лектирни изданија успеавме да направиме и мала
библиотека во село Трново.
121
Со цел учениците да се запознаат со начинот на кој
работи библиотеката и да се прошират нивните интереси
поврзани со библиотекарството и книжевноста, долги
години успешно и активно работи библиотекарската
секција. Покрај нивните секојдневни активности
учениците од библиотекарската секција заедно со
својата менторка се тука да не потсетат на доајените на
македонската книжевност, но и светската преку органи-
зирање на разни литературни читања, чествувања на
нивните животи, одбележување на важни датуми, денови
на книга и сл.
Ќе издвојам само неколку од нашите најмили
активности:
Традиционално секоја година го одбележуваме
празникот Св. Климент Охридски со литературно читање и
122
свечена реч за великанот.
Патрониот празник никогаш не поминал без
традиционалните литературни читања на кои ни гостуваат
ученици од сите основни училишта во градот.
Исто така одбележување на Светскиот ден на
поезијата, со читање на дела од наши и странски автори.
Оваа учебна 2019/2020 година ќе ја паметиме по
големото зло кое нè снајде, пандемијата со КОВИД 19,
во ова време невреме на ученици им требаше нашата
поддршка повеќе од било кога, па затоа ние не застанавме
со работа и активности.
Светскиот ден на книгата и авторското право
23.04.2020 година го одбележавме со литературен конкурс
на тема „Книгата – мојот волшебен свет“, традиционалниот
литературен конкурс по повод Патрониот празник не
го пропуштивме, а го одбележавме секако и „Св. Кирил
и Методиј“ Денот на словенските просветители, Ден на
просветните работници во нашата земја.
Натпревар „Млади библиотекари“
ОУ „Д-р. Трифун Пановски“ Битола секоја година
учествува на натпреварот „Млади Библиотекари“ во
организација на Националната установа – Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола. На
18-от по ред натпревар одржан во 2018 година нашата
ученичка Ана Долевска од IX одд. го освои првото место.
Нашата победничка го претставуваше училиштето
на републичкиот натпревар по библиотекарство во
Народната библиотека „Илинден“ во Демир Хисар каде
заврши на четвртата позиција.
123
Богатиот книжен фонд во училишната библиотека при
ОУ „Гоце Делчев“ – Могила
(стручен труд)
Евгенија Дика Талеска, библиотекар
ОУ „Гоце Делчев“ - Могила
Селото Могила е едно од најголемите битолски
села, а воопшто и пелагониски. Селото претставува
административно седиште на истоимената општина. Се
претпоставува дека името на селото потекнува од зборот
„могила“ (гроб или споменик), бидејќи имало остатоци
од некогашни гробници, кои народот ги викал могили.
Ова големо село се наоѓа во Пелагонија, во
средишниот дел на Битолското Поле, во јужниот
дел на територијата на Општина Могила. Се наоѓа
непосредно на патот Прилеп-Битола, а од самиот
град Битола е оддалечено само 13 километри. Во
рамки на селото влегуваат неколку општествени
установи: централно основно училиште „Гоце
Делчев“, пошта, здравствен дом, дом на култура,
ветеринарна станица, дом на пензионери и сл.
Могила е село кое пулсира во ритамот на модерните
текови на животот во сите аспекти, а неговите жители го
пратат тој ритам во сите сфери на живеењето и работата.
Плодната пелагониска земја се обработува со најсовремена
механизација, по сите светски стандарди, а возвраќа со
богат род што секако придонесува за благосостојба на
населението во најголема мера.
Во непосредна близина на општинската зграда, во
срцето на селото, се наоѓа зградата на основното училиште
„Гоце Делчев“, во чии рамки влегува и новата спортска
сала, како и едно надворешно фудбалско игралиште и
мала амфитеатрална сцена или бина, како што ние си ја
124
нарекуваме, во самиот училиштен двор.
Училиштето претходно било подрачно основно
училиште на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Битола, па
на ОУ „Кочо Рацин“ од Ивањевци, сè додека не станало
самостојно. Комплетно е реновирано во 2008 година,
па денес може да се гордееме со неговиот изглед, како и
условите за изведување на настава.
Денес, во училиштето, во вкупно 9 паралелки,
настава посетуваат околу 150 ученици, а во рамки на ова
училиште влегуваат и двете подрачни училишта во селата
Радобор и Чарлија, претежно со комбинирани паралелки,
поради малиот број на ученици. Наставата во трите
училишта се изведува на македонски јазик. Училиштата
можат да се пофалат со стручен и посветен наставен
125
кадар кој со многу љубов и посветеност го пренесува
своето знаење на генерациите ученици кои, од своја
страна, достојно го претставуваат училиштето на бројни
општински и државни натпревари, но и како учесници во
најразлични државни и меѓународни проекти.
А она по што можеби и најмногу се издвојува ова
училиште од останатите рурални училишта, е секако
богатата училишна библиотека, која денес брои околу
5.000 книги, односно 3.500 наслови. Поголемиот дел
од овој библиотечен фонд е постар и датира некаде
од времето пред осамостојувањето на нашата држава,
но е сепак вредно да се спомене дека тоа е всушност
една несебична донација од Градската библиотека во
Битола, според кажувањето на поранешни вработени во
училиштето, пред повеќе од 15 години. Помеѓу овие дела
126
доминира белетристиката, дел од насловите се донација
од Министерството за култура, претежно дела на автори
добитници на Нобеловата награда за литература, дел е
стручна литература од различни образовни области, која е
секако неопходна во работата на наставниот кадар и секако
тука се и најважните лектирни изданија, како и друга
литература за деца, кои им се најпотребни на учениците,
но за жал се исто така постари изданија, кои не се во
корелација со најновите наставни планови и програми.
Со цел надополнување на овој библиотечен фонд
со тековните наслови претежно на лектирните изданија,
училиштето во неколку наврати во последниве години
организира најразлични настани и работилници во кои
се вклучени учениците и наставниците, но и родителите и
пошироката општествена заедница, со еден збор, сите кои
можат на било кој начин да помогнат во обезбедување на
неопходната литература за децата од прво, па сè до деветто
одделение.
Меѓу кои, вреди да се споменат:
• велигденскиот панаѓур „Јајце за книга“, на кој
учениците ги „продаваа“ своите рачно изработени
велигденски јајца во замена за книги кои стануваа дел
од нашата библиотека;
• изработка, печатење и промоција на толковен речник
„Светот во и околу мене“ како дел од проектот
„Градиме мостови“ во текот на учебната 2014/15 година.
Во работилниците за подготовка на толковникот
директно беа вклучени 60 ученици, а индиректно сите
ученици од ОУ „Гоце Делчев“ - Могила и ОУ „Мустафа
Кемал Ататурк“ од село Количани. Од наставниците беа
вклучени 20 наставници. Толковникот беше испечатен
во 300 примероци. Примероци од толковникот беа
испратени до сите основни училишта во општина
127
Могила и општина Битола, како и во основните
училишта во општина Студеничани. Исто така
толковникот им беше поделен на сите присутни
на промотивниот настан, на претставници од БРО
(Биро за развој на образованието) и ДПИ (Државен
просветен инспекторат). Толковникот беше публикуван
и во електронска форма;
• хуманитарниот настан „Моја книга за нашата
библиотека“, организиран по повод чествувањето
на денот на Св. Климент, на 08.12.2016 година на
кој учениците, но и претставниците на пошироката
општествена заедница со секоја донирана т.е. подарена
книга стануваа учесници во симболична наградна
игра, која беше интересен сегмент од целодневните
случувања тој ден, посветени на книгата, но и на ликот
и делото на големиот словенски просветител Свети
Климент Охридски. Со меѓусебна соработка на повеќе
наставници беа смислени пет различни работилници,
кои се одвиваа паралелно со акцијата за дарување
книги во просториите на училишната библиотека:
1. Изработка на глинена книга;
2. Изработка на хамер во вид на стар папирус со мозаик
со старослованската азбука;
3. Портрет на Св. Климент Охридски со посебна техника
на гребење;
4. Отворена книга со мудрости и
5. Изработка на стари папирусни хартии со „мудри
мисли за убав ден“ во форма на мали подароци кои беа
понудени и подарени на сите учесници во акцијата, за
да им го разубават денот, а воедно и да им се изрази
благодарност за нивниот чин.
Оттогаш наваму, секоја година на тој ден се
планираат и организираат слични настани, сè со една
128
цел – развивање припадност на учениците, како дел од
училиштето и пред сè библиотеката, и негување на нивната
љубов кон книгата и литературата како уметност на
пишаниот збор;
-следи реализација на проектот „Дијалектен наспрема
стандарден јазик“ во текот на месец ноември и декември
2018 година. Завршната активност беше на ден 10.12.2018
год. кога се одбележуваше денот на Св. Климент Охридски.
Целта на проектот беше учениците да научат за важноста
на Св. Климент Охридски за писменоста на еден поинаков
начин преку активности поврзани со дијалектниот
наспроти стандардниот јазик.
Во акцијата за одбележување на денот во чест на
Св. Климент Охридски, преку различните активности
учествуваа скоро сите ученици и поголем дел од
129
наставниот и стручниот кадар во нашето училиште. Како
резултат на активностите воспоставена е и соработка со
Лајонс клубот од Битола, кои беа и наши гости и ги следеа
сите активности, па е договорено и зачленување на дел од
учениците во овој клуб. Собраните средства од продажбата
на обележувачите за книги, изработени од ученици и
наставници, беа дел од хуманитарната акција која оваа
година веќе традиционално се организира во соработка
со Лајонс клубот од Битола. Беа подготвени новогодишни
пакетчиња кои наши ученици ги донираа во посебните
паралелки во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола. Оваа активност
ни е особено драга не само поради хуманитарниот
карактер, туку и поради можноста нашите ученици да учат
за разликите и за прифаќањето.
На ѕидот од библиотеката, каде и се одвиваа
најголемиот дел од активностите, беа поставени
составените слагалки, со дефинирани поими за
литературен јазик и дијалект, а исто така на црната
фолија останаа испишани стихови од песна на
литературен јазик и неколку поговорки на народен
јазик. Со сите овие активности се даде до знаење дека
дијалектите се исто така важни и треба да ги чуваме
и негуваме како и литературниот македонски јазик,
се подигна свеста на учениците, наставниците и
сите присутни за важноста и значењето и на нашиот
литературен македонски јазик, но и на дијалектите од кои
тој произлегол.
130
Училишната библиотека при О.У. „Кочо Рацин“ –
с. Ивањевци (Могила)
(стручен труд)
Елизабета Дамева, библиотекар
ОУ „Кочо Рацин“ - с. Ивањевци
Селото Ивањевци се наоѓа во југо–западниот дел
од најголемaта македонска житница – Пелагонија, во
рамките на општина Могила. Од најблискиот град Битола е
оддалечено 26 km.
Нивите со жито и тутун околу селото, стадата
овци и крави кои одат на пасење, цвеќињата кои
срамежливо ѕиркаат низ ливадите и дворовите од куќите,
гостопримливите жители, бабите кои седнати пред портите
плетат во топлите приквечерини, малечката река (рај за
пајките во пролетните денови) која минува низ селото,
децата кои играат фудбал и криенка, малото комбе кое
ги превезува учениците од нивните домови од соседните
села до основното училиште, православната црква со
прекрасните фрески и иконостасот, поштата, амбулантата
која ја делат докторот и стоматологот, ресторанчето со
прекрасната скара и мирот кој царува тука – тоа е декорот
во кој пулсира ова село.
Училиштето кое гордо се извишува на ридот на
крајот од селото го носи името на познатиот македонски
револуционер и поет „Кочо Рацин“ и во него учат 178
ученици на возраст од 6 до 15 години. Според кажувањето
на жителите на селото стариот дел на училиштето бил
изграден во периодот од 1920 до 1922 година од страна на
општината и тогашниот градоначалник Панто Јовановиќ.
Пред изградбата на училишната зграда, учениците следеле
настава во црквата и нејзините простории. Така, црквата,
од објект со една намена станала објект со двојна намена
131
– и црква и училиште. Како осмолетка училиштето е
регистрирано во 1962 година, кога за негов директор
бил назначен Душко Поповски – наставник по хемија.
Во 1965/1966 година, заради големиот број на ученици и
недостаток од училници, бил дограден „новиот“ дел од
училиштето.
О.У „Кочо Рацин“ – с. Ивањевци
Моментално во склоп на училиштето се наоѓа и
деветгодишното подрачно училиште во с. Долно Српци во
кое наставата ја следат ученици од I до IX одделение, како
и пет подрачни училишта во селата Беранци, Вашарејца,
Лознани, Св. Тодори и Трновци во кои наставата се
одвива само од I до V одделение, најчесто во комбинирани
паралелки.
132
Училиштето во с. Долно Српци
Учениците од околните села на наставата во
деветтолетките доаѓаат со училишно комбе. Училиштето
може да се пофали со вредни ученици кои достојно го
претставуваат на натпревари од различни области и
наставен кадар кој со љубов им го пренесува своето
знаење.
Училиштето располага со две библиотеки – една
во с. Ивањевци а друга во с. Долно Српци и библиотечен
фонд, кој во најголема мера, датира од времето пред
осамостојувањето на нашата земја. Во 2013 година
библиотечниот фонд броеше околу 4.000 книги од кој
најголем дел (заради просторни услови) се чуваше во
библиотеката во с. Долно Српци. За жал, таа година,
училиштето во с. Долно Српци беше опожарено и
изгоре до темел. Заедно со него изгореа и сите книги од
училишната библиотека. Наредната учебна година нас-
тавата се одвиваше во општинската зграда во која немаше
услови за библиотека па така потребите од лектири и друга
литература за учениците кои посетуваа настава во с. Долно
Српци се надополнуваше со позајмување на материјали
од библиотеката од училиштето во с. Ивањевци. Во 2014
133
година започна со работа новото училиште во кое, за
жал, не беше предвидена просторија за библиотека. Но
училиште без библиотека не е вистинско училиште па
затоа една мала помошна просторија беше адаптирана во
библиотека и во октомври, 2014 година, на импровизирани
полици беа наредени и првите 100 книги земени од
библиотеката во с. Ивањевци.
Почетоци на донации на книги од родители и ученици
Наредните неколку години беа години на
постојано барање на донации за книги за двете училишни
библиотеки со акцент на библиотеката во училиштето
во с. Долно Српци, како и, истовремено, развивање
на културата на читање кај учениците која од многу
причини беше навистина на незавидно ниво. Како главни
виновници за оваа состојба би ги навеле:
• непостоењето на библиотека и немањето можност за
снабдување со книги за читање во текот на речиси две
училишни години (книгите мораа да бидат позајмувани
134
од библиотеката од друго село);
• фактот што најголем дел од учениците потекнуваат
од семејства со низок социјален статус и родители
од различна националност, од кои едниот родител,
најчесто таткото, од македонска а другиот, мајката,
од албанска националност, од Албанија. Мајките со
тек на време го совладуваа македонскиот јазик, но
дел од нив ниту знаеа да читаат ниту да пишуваат на
македонски јазик. Овој факт негативно се одразуваше
врз училишниот успех на учениците кои, најчесто, во
домот не ја добиваа потребната поддршка во учењето.
Многу често, и родителите и учениците немаа читачки
навики и ретко ја разбираа потребата од читање книги.
За да ја надмине оваа пречка училишната библиотека
организираше голем број на активности од кои како
најзначаjни по прикажаните резултати се издвоија:
• „Мудриот раскажувач“ и „Писателско столче“ во кои
децата учествуваа со голема желба и ентузијазам. Целта
на активностите беше да се иницираат низа позитивни
промени во однос на читањето и кај учениците и кај
пошироката јавност и воедно, преку презентирање
на ваквите активности на социјалните мрежи, да се
поттикне донирање на книги со цел зголемување на
библиотечниот фонд кој во тој период, посебно во
библиотеката во училиштето во с. Долно Српци, беше
навистина сиромашен.
Кои беа активностите кои ги сочинува „Мудриот
раскажувач“ и „Писателско столче“?
• ЧИТАМ ЗА ДА РАСКАЖАМ – Книгите што
учениците ги читаа, потоа, еднаш до два пати месечно,
им ги раскажуваа на своите соученици од I до IX одд.
По презентацијата на прочитаната книга, соучениците
имаа можност, на ученикот што презентира, да му
135
постават прашања кои се однесуваат на содржината на
книгата, авторот или емоциите кои таа ги предизвикала
кај него. На секој учесник во активноста му се доделу-
ваше диплома за учество.
• ДОНИРАЈ КНИГА ЗА СВОЕТО ДЕТЕ – Активностите
кои ги спроведуваше библиотеката редовно беа
постирани на социјалните мрежи проследени со повик
за донации на книги.
• УЧАМ ОД ТУЃИТЕ ПОБЕДИ И ГРЕШКИ –
Преку ликовите од прочитаните книги учениците
запознаваа добри и лоши примери на човечкото
однесување, ги развиваа вештините за говорење пред
публика истовремено развивајќи ја емоционалната
интелигенција и усвојувајќи ги моралните вредности и
етичките норми на однесување.
• „ПЕТКА ЗА ГОЛЕМИ И МАЛИ“ – Признанијата
за вложениот труд ја зголемуваа мотивацијата за
читање кај учениците, а последователно и кај нивните
родители кои се повеќе им помагаа при обработката
на содржината на книгата и нејзината презентација
пред соучениците. Полека, но сигурно, се зголемуваше
интересот на родителите за македонската и светската
литература за деца како и мотивацијата на мајките
Албанки да го научат кириличното писмо и во многу
поголема мера да им помагаат на сопствените деца во
усвојувањето на наставните содржини.
Активноста „Писателско столче“ им даде прилика
на младите читатели да ја развиваат креативноста,
имагинацијата и желбата за пишување и сами да се
испробаат во пишување на текстови, поетски творби,
презентации.
136
„Добивме дипломи... Јупииииии“ –
(„Мудриот раскажувач“)
Реализацијата на активностите и нивната промоција
на социјалните мрежи вроди плод па полека почнаа да
се остваруваат целите предвидени со гореспомнатите
активности: зголемување на библиотечниот фонд, директ-
но и индиректно поврзување на генерации и луѓе со
различно ниво на образование, различни култури и
стекнати навики, менување на начинот на размислување
кај сите вклучени во активностите, оспособување на
учениците да читаат со разбирање и да ги развиваат
вештините за полесно усно и писмено изразување пред
публика, поттикнување на срамежливите ученици да
излезат од сенка и храбро да ги бранат своите ставови
и да ги презентираат заклучоците од прочитано дело,
мотивирање на учениците да се испробаат како писатели
и вклучување на родителите да земат активно учество
во наставниот процес. Родителите, помагајќи им на
учениците да се подготват за активностите организирани
од библиотеката, почнаа да го менуваат и сопствениот став
за наставата, образовниот систем и работата на наставниот
137
кадар во училиштето. Сè поголем е бројот на родители
кои ја вреднуваат работата на училиштето во целост и
многу почесто учествуваат во училишните активности не
оправдувајќи се со обврските околу нивите и стоката.
Учебната 2019 / 2020 година ја започнавме со надеж
дека реализираните активности на училишната библиотека
од с. Долно Српци како и активната потрага по донации
на социјалните мрежи ќе вроди со плод. Велат кога нешто
сакаш целата вселена ти помага да ти се оствари желбата.
Така беше и со нас. Во декември 2019 година добивме
голема донација од книги од градската библиотека
„Григор Прличев“ од Охрид благодарение на нашата
сограѓанка Весна Ѓоршевска - Палмер, како и донации
од книги од познати и непознати личности од нашава
земја и од странство, меѓу кои и нашите драги битолчани,
професорот Борис Ангелков кој подари стотина лектирни
138
изданија од неговата лична библиотека и г-ѓата Вера М.
Самарјанин. Книги донираа и здруженија, родители,
поранешни ученици во училиштето како и иселеници кои
долги години живеат надвор од земјата но кои секогаш го
носат нивниот роден крај во срцето.
Благодарение на донациите библиотечниот фонд
во училишната библиотека во с. Долно Српци се искачи
на 1.564 книги од различни жанрови. Истовремено со
донациите во книги за библиотеката во училиштето во
с. Долно Српци се зголемуваше и библиотечниот фонд
на библотеката во училиштето во с. Ивањевци па така
библиотечниот фонд на двете библиотеки во нашето
училиште моментално брои над 3.000 книги. За жал,
пандемијата на Ковид-19 ги спречи активностите со
евидентирање на донираните книги како и приемот на
донациите во најава. Веруваме дека без неа фондот на
139
книги кои би ги поседувале двете библиотеки на нашето
училиште би бил многу поголем и поразновиден. Се
надеваме дека, набрзо, позајмувањето на книги од нашите
библиотеки ќе стане дел од секојдневните ученички
активности и дека учениците со уште поголем жар ќе и се
вратат на книгата и читањето затоа што искрено веруваме
дека училишните библиотеки и книгите во нив се тајни
врати за откривање на нови светови и места во кои се
создаваат луѓе кои светот ќе го водат во подобра иднина.
140
Скромната библиотека на ОУ „Крсте Петков Мисирков“
(стручен труд)
Кристина Неделковска,
професор по македонски јазик
ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - с. Бистрица
Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“
од Бистрица се наоѓа на југ од Битола, кон македонско-
грчката граница. Тоа денес претставува училиште со
најмногу подрачни училишта во Македонија, дури
петнаесет, од кои две деветтолетки. Јазикот на кој се
изведува наставата е македонски и албански.
Старите училишни згради во Бистрица и во
околните села се изградени во периодот меѓу двете
светски војни. Меѓутоа, со решение од 13.11.1964 година
училиштето се преименува во централно основно
осумгодишно училиште. На некој начин, во тој период
започнува со работа и библиотеката во училиштето.
На почетокот библиотеката е подружница на
НУУБ „Климент Охридски“ од Битола, а подоцна станува
самостојна библиотека на ова училиште.
141
Библиотекари кои дале посебен придонес во
областа библиотекрство во ова училиште од почетокот,
па сè до денес се Милка Каранџуловска, Ангелина
Бимбиловска, Глигор Николовски, Љупчо Стефановски,
Јованка Трајчевска, Кристина Ташевска, Кристина
Неделковска, Весна Димитровска Станчевска и Димитар
Пипилевски.
Во училишната библиотека најбројни се лектирните
изданија, стручната литература за наставниците, енцикло-
педии, зборници, брошури, но и литература од големите
класици и нобеловци.
Моментално, бројот на книги изнесува без малку
142
10.000. Секако, поголемиот дел се на македонски јазик, но
има и на албански јазик, како и мал дел на јазиците што
се изучувале и се изучуваат во училиштето, англиски,
германски, француски и српско-хрватски. Многу мал
процент од овие книги се за расход.
Најголем број од книгите се снабдени на
ини-цијатива и со средства на самото училиште, но
во библиотеката книгите се и од донации. Имено,
Министерството за култура, Ротари клубот од Битола,
Здружението за регионална соработка 22 ментори, Биб-
лиотеката на тркала, како и битолски писатели имаат
придонес што библиотеката е исполнета со значајни дела.
Воедно, сите овие одговориле на потребата за подобра
едукација на учениците и наставниците.
Исто така, училиштето долги години за време на
велигденските празници ја организира активноста „Подари
книга, земи јајце“. Учениците срдечно се вклучуваат во
оваа акција и дел од книгите што ги красат полиците
на скромната библиотека се донесени од домашните
библиотеки.
Училишната библиотека ја има посетено и
писателот Радован П. Цветковски и има подарено свои
книги.
Во училиштето функционира и библиотекарска
секција и секоја година по еден претставник зема учество
на натпреварот „Млади библиотекари“ организиран од
НУУБ „Климент Охридски“- Битола. Освен пофалници
за учество, две ученички, Емилија Јосифовска и Марија
Михајловска, се имаат и закитено со трети места на овој
натпревар.
Членови на библиотеката се сите ученици и сите
вработени од училиштето. Вратата кон знаењето и науката
во секое време е отворена за нив.
143
Нашата библиотека - нашето омилено катче
(стручен труд)
Даниела Ристевска, библиотекар
ОУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци
Училишната библиотека е составен дел на цело-
купната воспитно-образовна дејност во едно училиште.
Преку неа се остварува контакт меѓу наставата, настав-
ниците и учениците.
Библиотеката во нашето основно општинско
училиште „Славко Лумбарковски“ - Новаци има околу
15.000 книги, од кои најмногу постари лектирни изданија
но и стручна литература за наставниците, енциклопедии,
прирачници, речници, списанија, весници и сл.
144
Училишната библиотека во нашето училиште
своевремено функционирала и како медијатека со читална,
но, поради недостигот на простории, односно училници во
училиштето, денес е училишна библиотека без читална, но
доста функционална.
Библиотеката во 2016 година беше реновирана,
односно беше опремена со нови полици, работна маса,
компјутер, столчиња и доби посовремен изглед кој е
привлечен за читателската публика т.е. за учениците.
Покрај училишната библиотека во централното
училиште, училишни библиотеки има и во сите подрачни
училишта кои се во склоп на основното училиште, и тоа:
во ПУ Рибарци околу 250 книги, ПУ Рапеш околу 1.000
книги, ПУ Далбеговци нешто повеќе од 900 книги, ПУ
Агларци нешто повеќе од 1.000 книги, ПУ Добромири
145
околу 850 книги, ПУ Бач има нешто повеќе од 1.800 книги,
ПУ Живојно околу 250 книги и во ПУ Гермијан имаме
училишна библиотека во која најголем дел од книгите се
подарени.
Во нашата училишна библиотека фондот на
книги секоја година се зголемува благодарение на сите
оние кои донираат книги, а тоа најчесто се поединци
или здруженија, но исто така секоја година училишниот
библиотекар организира акција „Подари книга“ со цел
збогатување на фондот.
Добредојдени се сите љубители на книги кои сакаат
да донираат и со тоа да помогнат нашата библиотека да
прерасне во едно современо катче кое ќе ги задоволува
потребите на сите ученици, а со оглед на промените во
образованието и измените во наставните програми повеќе
од потребно ни е да ги обновиме задолжителните лектирни
изданија.
Библиотеката секоја година изработува годишна
програма за работа на библиотекарот и распоред за
нејзино работење со кој настојува да се приближи до
учениците, односно да стане подостапна до читателската
публика. Работата на библиотеката се состои од издавање
и примање на книги, евиденција на прочитаното, водење
на библиотечна книга, список на членови и друго, но
исто така, работата на библиотеката и библиотекарот е
да ги прима и евидентира и бесплатните учебници кои се
употребуваат во воспитно - образовниот процес.
Активностите кои ги презема училишниот
библиотекар за менаџирање во библиотеката се одвиваат
преку реализирање на библиотечно – информативна
и стручна активност, културно и јавната дејност и
воспитно – образовната активност кои произлегуваат од
програмските подрачја за работа на библиотекарот. Со
146
својата работа библиотекарот ги промовира сите форми и
методи на воспитно - образовниот процес преку работата
со учениците, наставниците, стручните работници и
другите органи во училиштето и институции надвор од
него.
147
Библиотекарот секојдневно извршува инструктивна
групна и индивидуална работа на учениците преку усна
и писмена форма, и тоа препишување, раскажување,
илустрација на прочитана содржина, рецитација, разработ-
ка на содржина и сл. Во соработка со наставниците,
библиотекарот организира часови чии што содржини
се во корелација со наставниот материјал и програмата.
Исто така, во рамките на училишната библиотека се
одвиваат литературни читања, креативно – творечки
работилници, литературни конкурси, книжевни средби со
современи писатели, организирани посети на библиотеки
и други релевантни институции, посета на Саемот на
книгата и сл. Воедно, библиотекарот активно учествува
во организирање и реализација на културните настани
во училиштето. Исто така, библиотекарот со претходно
избран ученик секоја година учествува на натпревар по
библиотекарство „Млади библиотекари“.
Изминатата 2019 година, беше доста успешна
година за нас, затоа што освоивме ПРВО место на
општински натпревар по библиотекарство „Млади
библиотекари“ кој се реализираше во НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола. На натпреварот нашето училиште
учествуваше со ученичката Стефанија Цветановска, менто-
рирана од училишниот библиотекар Даниела Ристевска.
Овој натпревар нѝ овозможи учество на Државниот
натпревар по библиотекарство „Млади библиотекари“ кој
се одржа во Градската библиотека
„Браќа Миладиновци“ – Скопје. И на овој натпревар
имавме победа, овој пат освоивме ВТОРО место на
Државно ниво, што секако е огромен успех за нас.
Во училиштето, формирана е библиотекарска
секција која што ја организира и води библиотекарот
на училиштето. Библиотекарската секција е наменета
148
за учениците кои имаат особен интерес и навики за
читање книги и коишто сакаат да ги продлабочат своите
знаења и познавања за светот на литературата, како и
функционирањето на училишните библиотеки.
Преку формите на работа на библиотекарската
секција, учениците имаат можност да читаат книги по
слободен избор, да творат на различни теми и во различни
форми, да истражуваат на теми поврзани со книжевноста
и пошироко и да го прошируваат своето знаење за
различни области на човековото знаење.
Со еден збор, библиотеката е место за сите
вљубеници во книгата и пишаниот збор, но и за сите
останати се со цел да ги поттикне сите што повеќе да
читаат затоа што книгата е извор на целокупното човеково
знаење или ќе се послужам со еден многу убав цитат кој
вели: „Знаењето никој не може да ви го земе“.
Содржина
Предговор, Илче Стојановски ................................................5
Училишните библиотеки – императив во напредокот
на цивилизацијата, Ленче Т. Андоновска .............................7
Училишните библиотеки – ризници
на знаење и култура, Гордана Пешевска ...............................18
Минатото-растеж, иднината-сон, денешната
реалност: краток осврт врз работата на
библиотеката во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ - Битола,
Даниела Манческа ......................................................................28
Училишните библиотеки – гордост
на нашето училиште, Елена Николовска .............................37
Менаџирање на училишната
библиотека во современото училиште,
Катерина Сотиров Кирјаковска ..............................................42
Историскиот развој на Гимназијата „Јосип Броз Тито“ -
Битола, Драган Ристевски ........................................................50
Библиотеката-бескрајно училиште за минатото,
посветеноста на сегашноста и осветлување на
патот кон иднината, Мери Најденовска ...............................55
Развојниот пат на Библиотеката при
СОУ Таки Даскало - Битола, Мирјана Наумовска .............61
Историја на библиотеката при Државно
музичко училиште Битола, Вилма Костовска .....................66
Краток историјат на Библиотеката во ООУ „Гоце
Делчев“ - Битола, Мендо Волчевски и Маја Марковски ...70
Почетокот и развојот во ОУ „Даме Груев“ - Битола,
Благој Огненовски и Весна Рабаџиевска ..............................74
Во училишната библиотека има место и
љубов за сите деца, Загорка Јовчевска ..................................81
Библиотеката при ОУ „Елпида Караманди“ – Битола,
Ивона Гроздановска ...................................................................86
Стручните компетенции на училишниот
библиотекар, како рамка за активности
за поттикнување на читањето, Лили Бошевска ..................93
Развојниот пат на библиотеката при
ОУ „Св. Климент Охридски“ - Битола,
Живко Петровски и Ирена Георгиевска ...............................104
Извештај за работата на библиотеката во
ОУ„Коле Канински“-Битола,
Блага Митревска и Билјана Најденовска .............................108
Низ историјата на училишната библиотека,
Снежана Најдовска и Даниела Јовановска ...........................111
Библиотеката во екот на модерното време,
Андриана Ѓеоргиев .....................................................................115
Нашата училишна библиотека - свет на магија и шарени
настани, место да се развивам и релаксирам,
Снежана Терзиевска ..................................................................119
Богатиот книжен фонд во училишната библиотека
при ОУ „Гоце Делчев“ – Могила,
Евгенија Дика Талеска ...............................................................123
Училишната библиотека при
ОУ „Кочо Рацин“ – с. Ивањевци (Могила),
Елизабета Дамева .......................................................................130
Скромната библиотека на
ОУ „Крсте Петков Мисирков“, Кристина Неделковска ....140
Нашата библиотека - нашето омилено катче,
Даниела Ристевска .....................................................................143
Издава
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
За издавачот
м-р Бојан Стефановски
Корица
Сузана Томовска
Лектура
Богомир Наумовски
Печати
Печатница Полиграфика – Битола
Подготви за печат и
компјутерски ги обработи
м-р Зоран Јанакиевски
Тираж
150 примероци