ЗБОРНИК НА НАУЧНИ ТРУДОВИ
од Работилницата за значењето на книгата
10.07.2013 година, Битола
Битола, 2013.
Издава
Национална установа –
Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола
За издавачот
Науме Ѓоргиевски
Издавачки совет
Ленче Андоновска
Гордана Пешевска
Главен и одговорен уредник
Ленче Андоновска
Гордана Пешевска
Книгата е финансирана од Општина Битола
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
ЗБОРНИК НА НАУЧНИ ТРУДОВИ
од Работилницата за значењето на книгата
10.07.2013 година, Битола
Битола
2013.
CIP - Каталогизација во публикација
Национална установа - Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“, Битола
82(062)
ЗБОРНИК на научни трудови од Работилницата за
значењето на книгата : 10.07.2013 , Битола /
[ главен и одговорен уредник Ленче Андоновска,
Гордана Пешевска ] . - Битола : Национална установа
- Универзитетска библиотека „Св. Климент
Охридски“, 2013. - 71 стр. : илустр. ; 21 см
Тираж 200. Фусноти кон текстот. - Библиографија
кон одделните трудови.
ISBN 978-608-4538-42-4
1. Андоновска, Ленче [уредник] 2. Пешевска,
Гордана [уредник]
а) Книжевност - Собири
COBISS.MK-ID 19432769
5
Поздравна реч на Ленче Андоновска и Гордана Пешевска,
раководители на проектот
„Работилница за значењето на книгата“
Почитувани учесници на работилницата на тема
„Значењето на книгата“ – проект одобрен од Општина
Битола по повод БИТ ФЕСТ 2013 година, дозволете ни да Ви
посакаме успешна и плодна работа, со желба за понатамошно
истражување на оваа дејност што, секако, е составен дел на
севкупниот научно-образовен процес.
Во таа смисла сакаме да ги поздравиме присутните,
а особено гостите и да им посакаме пријатно да се чувству-
ва ат во градот Битола, како град познат со бројни епитети
и определби кои го сумираат значењето во реални контури
и граници, богат со историја и бројно културно наследство.
Да споменеме само еден факт за градот под Пелистер се
испеани над 300 песни, што не е случајност. Градот остава
големи импресии кај посетителите и скоро кај сите нив
постои желба повторно да се вратат во Битола. Битола се
гордее со своите современо образовни, научни и културни
институции кои се базираат на долговековната традиција
и кои земаат активно учество во манифестацијата БИТ
ФЕСТ 2013, која се одржува под покровителство на
градоначалникот на Општина Битола, г. д-р Владимир
Талески.
Корените на градот Битола допираат многу длабоко
и тоа е оној афирмиран атрибут што потврдува дека овде
со векови се натрупувале културни вредности, односно се
6
гаела традицијата за односот кон книгата, нејзиното чување
и дисеминацијата на знаењата.
Истакнувајќи го значењето на ваквите работилници,
сакаме да потенцираме дека присуството на еминентни
научници, кои ќе проговорат за почетоците на книгата па
сè до денес, за нејзиното значење кое само по себе говори за
тежината и многузначноста на потребата да се следи нашиот
историски и културен развој.
Сведочењата на творецот, за неговите творечки
напори и дострели, отсекогаш имале висока вредност и
значење за современикот и за идните генерации. Затоа
одржувањето на наведената работилница претставува идеја
која е за поздравување. Таа претставува залог за иднината
во запознавањето, презентирањето и зачувувањето на
духовните вредности на книгата.
НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола организи-
рањето на научни средби, симпозиуми, работилници и
слично го смета за многу важна и одговорна задача, зашто
тие претставуваат своевидно форма за комуницирање на
стручните работници со јавноста. Пред сè да се мотивираат
еден добар број учесници да пишуваат на една тематика и да
го впрегнат својот креативен ум и потоа да одвојат време
за презентирање на истраженото и проученото не е така
лесно – напротив, доста е сериозно и макотрпно. И така,
темата посветена на книгата е прилично сложена, интересна
и актуелна. Во составот на културното богатство на еден
народ секако централно место зазема книгата. А книгите,
би рекле, претставуваат основна храна на човековиот ум
и разум. Голем број бисери на мудроста се посветени на
важноста на книгата.
7
Како љубител на книгата, а посебно
како автор, имав ретка можност да подарам
повеќе книги на моето семејство, на блиски
пријатели, колеги и сл. и истите да им ги
посветам ним лично. Со посветата, како
блискост и сличност на личноста на која ù ја
подаруваш, фактички ја изразуваш љубовта
и почитта кон истиот. Многу е убаво
чувството кога подаруваш или ти подаруваат
книга со посебна посвета, како, на пример: „На
мојата драга мајка со особена почит“, или:
„На драгата пријателка со најубави желби“
и др. Посветата во никој случај не станува
интересна само по тоа дали е напишана во
стихови или како прозна афористичка мисла,
туку и по нејзината содржина во која она
што не може да го каже испишаната посвета,
го надополнува самиот чин на посветата,
па дури и тоа кој кому му подарува книга,
зашто содржината на посветата има точно
определена цел, во зависност од тоа кому му се
посветува книгата.
Посветата на книгата има повеќе
цели, и тоа: искажување почит кон личноста и
делото негово, одржување и продлабочување на
воспоставеното пријателство и другарство,
споделување чувства на радост и заемна
почит.
8
9
КНИГАТА И ДУШАТА
(вовед кон зборникот)
Книгата се мери со светлината, затоа што и со едното
и другото може најбргу да се стигне до кое било место на
светот.
Книгата се смета за едно од најголемите човекови
достигнувања. Мерило на времето и невремето, завештание
за животот и опстојбата на човештвото, патоказ за иднината.
Во денешно време, во ерата на компјутеризација и
жедта за електронска информација, се чини како книгата да
го губи приматот. Но, длабоко сум убеден, дека тоа е само
краток временски период, лажна претстава за значењето на
книгата која ќе биде со краток здив. Оттаму секоја активност,
особено покрената од оние кои ги засега пишаниот збор,
е за поздравување. Ако, како што рече воведничарот на
работилницата, книгата претставува храна за човечкиот ум
и разум, во која се кријат безброј мудрости, човечки судбини,
искази, запишани народни преданија, но и среќни мигови
од животот на човекот, тоа тогаш со сигурност претставува
духовен стожер, најзначајна алка без која не може да се
замисли човековиот опстој. Оттаму, книгата треба да се
цени и да се вреднуваат напишаните дела и нивните автори.
Книгата секогаш претставувала ука у наука, подадена
рака и пратена порака од авторот, без оглед за каков
литературен жанр се работи, или е тоа книга од областа на
науката, односно обработува поинаква тематика.
Работилницата за значењето на книгата, организирана
10
од НУУБ ,,Св. Климент Охридски“ – Битола, во која учество
зедоа еминентни професори по македонски јазик од нашиот
град, претставува вистински патоказ за тоа како треба да се
цени и да се вреднува напишаното дело.
На работилницата се презентирани грижливо избра-
ни трудови: „Книгата дно нема“ од Гордана Пешевска,
,,Почетоците на првите печатени книги во Македонија“ од
Ленче Андоновска, ,,Нови светови“ од Николина Попо вска,
,,Читањето како потреба на човекот“ од Милица Д. Ра дев-
ска, ,,Книгата - Непресушен извор кој го напојува човеш-
твото“ од Весна Димовска и Илија Мерковски, ,,Некои
аспекти на функциите на книгата во 21. век“ од Билјана
Деспотовска, ,,Едно поразлично читателско искуство“ од
Симона Ристевска, ,,Практичната примена на книгата во
образованието“ од Милица Д. Радевска и Весна Јовановска,
,,Зна чењето на книгата“ од Магдалена Б. Сајковска и
,,Презервација и заштита на старите книги“ од Билјана
Стефановска. Разновидниот пристап со различни тематики
и содржини за книгата, од страна на организаторот и
учесниците, упатуваат на помисла дека, сепак, грижата
за книгата не е оставена на маргините, ами се негува, во
зависност од времето и можностите и се уважува нејзината
значајност.
Без оглед на сè, чувството, кога ќе се земе книгата в рака, е
незаменливо со кој било напреден изум, од каде може да се
добие информација, затоа што книгата е поврзана со душата
од каде извира авторовото знаење.
Добре Тодоровски
11
Гордана Пешевска
КНИГАТА ДНО НЕМА
Преку книгите дишеме, живееме, опстојуваме, како
што рекол Цицерон: „Соба без книги е како тело без душа“.
Тие ни зборуваат за детството, за љубовта, за животот, за
митовите, легендите...спомените.
Според бројните енциклопедии книгата е збир на
пишани, печатени, илустрирани или празни страници,
изработени од хартија, пергамент или друг вид на материјал,
обично прицврстени заедно од едната страна. Секоја страна
на лист од книгата се нарекува страница. Книга направена
во електронска форма е позната како електронска книга
или скратено е-книга. Книгите исто така се однесуваат и
на литературни творби. Во библиотеките постои разлика
меѓу периодичните списанија и книгите. Една книга може да
се подели во неколку тома или секции, и тогаш секоја од нив
се нарекува исто така книга, но содржи и број, на пример
прва книга, втора книга, итн. Вљубеникот во читање книги
се нарекува библиофил.
Прецизно и јасно кажано, но книгата е и многу повеќе.
Книгата има моќ да нè пресели во својот свет и како тихо
ветре да се вгнезди во нашите срца. Таа е како мајка, толку
умотворна и толку прекрасна. Иако е мала во неа можат да
се сместат дворци и планини, големи и високи. Таа може да
нè одведе на далечни патувања, на неверојатни и прекрасни
12
места: на месечината, на дното од морето, во облаците, да нè
врати во времето кое поминало и да ни овозможи да ѕирнеме
во иднината. Книгата на забавен и духовит начин ни ги от-
вора портите на креативноста, ни го зголемува речникот,
културата. Во книгите наоѓаме нови и различни решенија за
проблемите во животот. Една изрека за книгата вели: „Не
е образован оној што чита книги, туку оној што знае што
чита“!
За тоа колку книгата е навистина вредна за човекот
од најстарите времиња па се до денес можеме да дознаеме
следејќи ја историја на книгата низ вековите: Антика -
Древните цивилизации користеле речиси сè што може
да служи како подлога за пишување: камен, глинена плоча,
кора од дрво и друго. Азбуката се појавува во Египет пред
околу 5000 години. Во тоа време најчесто се пишувало на
папирус, растение кое расте покрај реката Нил. На почеток
зборовите биле слеани еден до друг (scriptura continua) и не
постоеле интерпункциски знаци. Текстовите се запишувале
од десно кон лево, од лево кон десно, а најчесто наизменично
и во двата правци.
Папирусот се користел за пишување во древен
Египет, најверојатно уште во текот на првата династија,
но првите зачувани докази датираат од времето на
петтата династија (околу 2400 п.н.е.). Листовите од па-
пи рус биле залепени заедно во форма на свиток. Според
Херодот Феникијците го донесле папирусот во Грција околу
десеттиот или деветтиот век пред нашата ера. Грчкиот
збор за папирусот како за материјал на кој се пишува
бил библион (biblion) а за книга библос (biblos), а доаѓал од
феникискиот град-пристаниште Библос (Byblos), од каде
се извезувал папирусот за Грција. Од грчкиот јазик исто
така доаѓа и зборот том (грчки: τόμος), или на латински
јазик томус (Tomus), со значење посебна книга која е дел од
13
целината на повеќе книги.
Свитоците биле често користена форма за книги во
хеленската, латинската, кинеската и еврејската култура.
За време на Римската Империја е развиен нов формат на
составување на книгите, познат како кодекс. Првата книга
направена во форма на кодекс е од крајот на првиот век.
Форматот кодекс се восочни таблички на кои можело да се
пишува. Тие биле полесни за носење и ракување, а исто така
ја имале предноста на бришење на напишаното со тоа што
восокот можел да се истопи и повторно од него да се направи
восочна табличка за пишување. Ова било значаен фактор
за употреба на овој формат во школите како и при водење
белешки.
После падот на Римското Царство во 5 век, станало
тешко да се набави папирус, заради намалените контакти
со Египет, па така пергаментот станал главен материјал
на кој се пишувало. Во тоа време манастирите ја продолжиле
традиција на пишување, односно препишување на текстови.
Пред појавата на печатарските машини, сите книги биле
препишувани рачно, што ги правело книгите да бидат скапи,
но и во многу мал тираж. До 9. век, поголемите колекции на
книги броеле околу 500 книги, а кон крајот на средниот век
библиотеката на Папата во Авињон како и библиотеката
во Париз на Сорбона содржеле само околу две илјади наслови.
Местото во манастирите каде се препишувале книгите
e наречено скрипториум (scriptorium). Било забрането
користење на вештачко осветлување од страв да не се
запалат ракописите. Учесниците во препишувањето ја
делеле работата на петмина:
•Калиографи (Calligraphers), кои ја завршувале крајната
копија;
•Кописти (Copyists), кои препишувале;
•Коректори (Correctors), кои ја споредувале книгата со
14
ракописот од кој била препишана;
•Илуминатори (Illuminators), кои ги цртале сликите,
илустрациите и
•Рубрикатори (Rubricators), кои ги боеле црвените букви.
Процесот на правење на книга бил долг и макотрпен.
Најпрвин се подготвувал пергаментот, потоа се подгот-
вувале страниците, па се препишувал текстот. Препи-
шувачот оставал празни места за илустрациите и за
големите црвени букви со кои започнувале поглавјата. На
крајот книгата се поврзувала. Биле користени неколку
видови мастило. Текстот бил пишуван во темно кафеава
или црна боја, а црвената и златната боја се користеле за
украсување на текстот. За илустрациите понекогаш се
користеле повеќе бои.
Ирските монаси први започнале со оставање празно
место меѓу зборовите во седмиот век, но ова не било
прифатено како општа употреба сè до 12 век.
Кориците на книгите биле правени од дрво, пресвле-
чени со кожа. Бидејќи пергаментот имал тенденција да
се врати во формата која ја имал пред оформувањето во
кни га, односно страниците се виткале по некое време, на
кориците имало игли за стегнување на листовите.
Арапите го развиле производството на книгите во
нивната „златна ера“. Тие биле први кои произвеле книга
од хартија, откако го научиле правењето на хартијата
од Кинезите во 8. век. Книгите кои ги правеле тие, биле
сошиени со свила и корица од кожа. Бидејќи хартијата
е поотпорна на влага, не биле потребни прицврстувачи.
Производството на книги станало вистинска индустрија,
а во градовите имало улици со книжарници, како на пример
во Маракеш, каде само во една улица имало повеќе од 100
книжарници во 12 век.
Денешните книги се печатат на хартија која е
15
специјално изработена за производство на печатени книги.
По традиција, хартијата е бела за да може лесно да се
чита, и е непроѕирна за да не се гледа текстот отпечатен
од другата страница. Хартијата е исто така со одредена
тежина. Најчесто се користи 80 грамската хартија (80 g/
m²), но сепак се користат различни видови на хартија за
различни намени на книгата која се печати.
Еве зошто книгата е толку драгоцена. Без неа сме
никој и ништо. Без книгата сме слепи и осамени. Книгата е
силно оружје кое ги кине гранките на незнаењето. Таа е клуч
за волшебната земја во која влегуваме мали и неискусни, а
излегуваме големи и полни со знаење. Таа не знае да зборува,
но многу кажува. Книгата е најверниот другар, отворен
прозорец кон светот, најголемиот мудрец и длабоко море
преполно со тајни.
Како што кажал Чарлс Вилијам Елиот - „Книгите се
најтивки и најконстантни пријатели – најдостапни и нај-
мудри советници, но и најтрпеливи учители“!
Библиографија:
1.Miriam A. Drake, Encyclopedia of Library and Information
Science (Marcel Dekker, 2003), "Public Libraries, History".
2.Leila Avrin. Scribes, Script and Books, p. 173.
3.Bischoff, Bernhard (1990). Latin palaeography antiquity and
the Middle Ages. Dáibhí ó Cróinin. Cambridge: Cambridge Uni-
versity Press. p. 11. ISBN 0-521-36473-6.
4.Avrin, Leila (1991). Scribes, script, and books: the book arts
from antiquity to the Renaissance. New York, New York: Ameri-
can Library Association; The British Library. p. 83. ISBN 978-0-
8389-0522-7.
5.Dard Hunter. Papermaking: History and Technique of an An-
cient Craft New ed. Dover Publications 1978, p. 12.
16
17
Ленче Андоновска
ПОЧЕТОЦИТЕ НА ПРВИТЕ ПЕЧАТЕНИ КНИГИ
ВО МАКЕДОНИЈА
Во Македонија, во првите децении на минатиот век,
се забележуваат повеќе иницијативи во просветниот и
црковниот живот што сведочат за постепеното ослободување
од вековната заостанатост. Во втората половина на XVIII
век започнува преселување на поголем број луѓе од селата
во градовите, сè со цел за подобра егзистенција и со тоа се
менува етничкиот состав на градското население. Од тоа
произлегува потребата за елементарна просвета. Во овој
период писменоста беше ретка појава и таа се добиваше во
ќелијни училишта, и тоа со читање црковни книги. Подоцна
започнува да се установува мрежа световни училишта. Пр-
вите македонски печатени книги, чии автори се Јоаким
Крчовски и Кирил Пејчиновиќ, имаат за нас трајна културно-
историска вредност. Таа вредност им ја обезбедува, пред
сè, фактот што тие претставуваат обид да се прилагоди
народниот јазик за писмена употреба. Надвор од она што
живеело и сè уште се создавало во усното народно творештво,
еден уверлив уметнички израз на времето наоѓаме само
во црковната резба. Особено голема културно-историска
вредност има појавата на првите печатени македонски книги
во тоа време. Првите наши книги беа печатени во Будим и за
нивното издавање се грижеле луѓе што по своја работа оделе
18
во тој далечен град. Така, како „настојатели“ на книгите
на Јоаким Крчовски, се одбележани врз нивните насловни
страници имињата на трговците Димитриј Филипович од
Паланка, Димитриј Јованович од Сечишта и Неша Маркович
од Кратово.
Нивните книги се распространиле едновремено
во различни краишта и помогнале многу да си пробие
пат мислата дека за народот треба да се пишува на јазик
што му е разбирлив. Впрочем, тоа била и главната цел на
првите наши писатели. За нашите читатели од првата
половина на минатиот век, книгите на Јоаким Крчовски и
Кирил Пејчиновиќ биле многу посакувани, за што сведочат
зачуваните преписи од тие книги. Луѓе што не можеле да
дојдат до печатените книги се труделе дури и да ги препишат
во целост тие текстови. Тоа го сведочи и фактот што некои
од книгите на Крчовски доживеале и второ, па и повеќе
изданија.
Текстовите на Крчовски и Пејчиновиќ многу придо-
несоа за создавање на писменоста на наш народен јазик, во
поглед на својата мисловна структура тие немаше што многу
да £ предадат во наследство на нашата понова литература.
Јоаким Крчовски е составувач на пет книги печатени
во Будим, кои се одликуваат со течност во прикажувањето.
Книгата „Чудеса пресвјатија Богородици“ доживеала четири
изданија, што докажува колку било големо значењето на таа
книга која ги надминува по значење другите.
Првата книга на Пејчиновиќ, „Огледало“, е печатена
во Будим во 1816 година. Во неа, покрај молитви и „после-
дованија“ на црковнословенски јазик, се содржи како главен
текст Словото за празниците, пишуван на народен јазик.
Но, тој бил упорен и не застанал – напротив, продолжил
со своето пишување и тоа на втората книга „Утешение
грешним“ која има интересна предисторија. Ракописот
19
бил готов уште во 1831 година и, откако луѓето му ветиле
дека ќе ја купат книгата штом ќе излезе, така што во 1832
година го праќа текстот во Крагуевац и го проследува со
писмо до кнез Милош, во кое го моли да биде испечатена во
тамошната печатница. И покрај повеќето преписки и молби,
издавањето на книгата „Утешение грешним“ во Крагуевац
не се оствари. Приморан, Кирил Пејчиновиќ се обраќа до
архимандритот Теодосиј Синаитски, кој е основател на
првата наша печатница во Солун.
Печатницата настрадала во пожар при крајот на 1839,
или на почетокот на 1840 година, кога доаѓаат до контакт
Пејчиновиќ и Синаидски во врска со печатењето на книгата.
Имено, Кирил дал средства за обновување на печатницата, а
за возврат Синаидски искажал благодарност во предговорот
кон „Утешение грешним“, единствен негов зачуван текст.
Пејчиновиќ, како човек што пишува на народен јазик и што
полага грижа книгата да дојде до народот, е, меѓу другото и
со поткрепата на Синаитски, што е секако еден значаен гест
на лешочкиот игумен.
За жал, печатницата на Синаидски немаше долг
век. Негде меѓу 1841 и 1844 г. таа пак изгорела, а нејзиниот
создател наскоро потоа умрел. Со тоа се заврши првиот
сериозен обид да се создаде еден центар за издавање книги
на наш народен јазик.
Меѓутоа, генерацијата на Миладиновци го поставува
веќе народното творештво во основа на новата литература,
како што беше случај и кај други народи што ја доживуваа
својата национална еманципација во минатиот век.
Миладиновци се основачи на националната
преродба во Македонија од средината на деветнаесеттиот
век. Браќата Миладиновци, со диплома на учители, се
вратиле во родниот крај каде учествувале во повеќе места.
Во училиштето во Охрид, Димитар Миладинов се сретнал
20
со познатиот руски научник, славистот Виктор Иванович
Григорович. Оваа средба била пресудна Миладиновци да
почнат да се занимаваат и со собирачка дејност – собирање и
запишување македонски народни песни и други умотворби.
Имајќи го собраниот материјал од народни умотворби,
Константин целосно се ангажирал во реализирањето на
идејата за нивно печатење.
Работејќи на редактирање на песните и другите
народни умотворби и подготовка на Зборникот, Константин
и самиот почнал да пишува поезија. Поетското творештво
на Константин Миладинов, иако скромно со околу
петнаесет песни, го става на пиедесталот на македонската
нова литература како основополжник на македонската
уметничка поезија. Со песната „Т’га за југ“, која има 70
препеви на 42 јазици, секоја година се отвораат Струшките
вечери на поезијата. Константин тешко го доживеал
неус пехот во настојувањата да се испечати Зборникот
на народни умотворби во Москва. Основната причина
за непечатењето на Зборникот во Москва е судирот на
Миладиновци со Цариградската патријаршија во екот на
преродбенската борба. Видно разочаран, Константин ја
напуштил Москва не довршувајќи ги студиите и, на пат за
дома, во Виена се сретнал со хрватскиот бискуп Јосип Јурај
Штросмаер, поглаварот на Хрватската католичка црква, со
кого контактирал уште од Москва пишувајќи му за намерите
за печатење на Зборникот. При оваа средба бискупот
Штросмаер прифатил да го финансира печатењето на
Зборникот. На 24 јуни 1861 г. излегува од печат Зборникот
на народни умотворби на браќата Миладиновци, дело со
речиси 600 македонски народни песни и точно 77 други.
Првите пишувани книги во Македонија го трасираат
патот на писменоста на нашиот народ и понатаму истиот го
продолжуваат нивните следбеници.
21
Библиографија:
1.Избрани текстови, Крчовски-Пејчиновиќ - Скопје: 2002.
2.Миладинов, К. (1980) (избор и предговор Гане Тодоровски),
Скопје: Мисла
3.Поп-Атанасов, Ѓ.(1989) Речник на стара македонска
литература, Скопје: Македонска книга
4.Тодоровски, Т.(1999) Македонија, настани, личности и
дела, Скопје: Матица македонска
5.http://mk.wikipedija.org/wiki
6.http://www.scribd.com/doc/79130857
7.http://mk.orthodoхwiki.org
22
23
Николина Поповска
НОВИ СВЕТОВИ
Кажаниот збор не се враќа, а се помни, во зависност
од тоа колкава е неговата разурнувачка моќ со која нè
освојува, душевна сила или и насушна потреба која нè
облагородува.
Безграничната сила на зборот не сака да остане
бесплодна. Таa врбува простори и време за да биде неко-
лебливо жива. Изложени во безброј расправи, уметнички
слики, доживувања, поетизирања... зборовите ја мерат
тежината на приказната. Земен свет, идеален, замислен...
Умет ничката перцепција на микро и макро космосот на
авторот и нашето восприемање на делото се неделиви
мигови на заемно ангажирање.
Кохан вели: „Да се убие книга, значи да се убие човек.
Дури и полошо од тоа, бидејќи убиецот на човек убил само
разумно битие, а убиецот на книгата го убива самиот разум“.
Се поставува прашањето: Како оваа вистина да се обистини
кај младите читатели зашто времево покажува дека, со
макотрпната работа на писателите, сè помалку млади луѓе
се запознаваат, или само бегло и ограничено, учествуваат во
умствениот, но и практичен животен прогрес што ќе им го
овозможат прочитаните книги.
Проблемот многупати го бараме во времето во кое
живееме, брзиот начин на живот сè да се добие наеднаш,
горчливото продавање на пристојноста да се заложи личната
24
наобразба и да се занемари патот по кој треба да се оди за
да се стигне до целта. А книгата не ги отвора лесно новите
светови. Таа бара време, трпение, работа. Патот до слободата
не е лесен. Беспредметно е да мислиме дека видливите вред-
ности на нашите постапки и делувања ќе бидат темелно
издржани доколку не ги поткрепиме со аргументи, само
така ќе можеме да ја поддржуваме стварноста. Останатото
е сиров обид на пренапрегнатост и променливи принципи
во нашите општествени гледишта и професионалното
делување. Сакаме да одгледаме млади луѓе со замислен и
истенчен видокруг? Сигурно – не! А да се делува позитивно
на моралните доблести на еден млад човек, е во исто време
благородна мисија, но и голема одговорност на секој учител.
Да се поттикне да се насети вкусот на книгата, е потребно
да ја откриеме наклонетоста и да се задоволат вкусовите на
младата читателска публика.
Одамна поминале времињата кога потребата за
читање книги била исполнета покрај каминот, во кругот на
семејството. Идиличната атмосфера, исполнета со мирисот
на изгорената бука, е заменета со домашните апарати за
прочистување на воздухот, а дејноста читање – со преба-
рување во компјутерот. Интернетот секако дека си има
свои предности во добивањето информации од различни
области. Истите ги добиваме брзо, со само еден клик. Тоа е во
согласност со денешната максима на животот и сегашниов
поглед на светот. Но, кога одредено сознание бараме во биб-
лиотека од самиот извор, книгата, патем ние откриваме и
други податоци, побогати сме со нови сознанија, пред нас се
отвораат нови хоризонти, размислуваме, а, како што вели
Русо во една реплика против учењето на материјалистите:
„Што и да кажат филозофите, јас нема да се одречам од честа
да мислам“. А мислата ќе ни овозможи самите да ги донесеме
заклучоците, а не да ги добиваме како готови информации.
25
Придонес во популаризацијата на книгите секако
дека имаат и библиотеките, како јавни установи. Можеби
е добро да се размисли за идејата да се презентираат на
социјалните интернет мрежи листи на одбрани дела од
македонската и светската книжевна сцена. Истите да бидат
рангирани по читаност, или листа на дебитантски автори,
може листата да биде и жанровски определена, да се обрне
повеќе внимание на наградувани автори кај нас и во светот,
или пак почесто да се промовираат книги со дадена куса
содржина и сегменти од рецензијата за да можат читателите
поблиску да се информираат за книгата. Да се ажурираат
статуси со кратки документарни филмови за животниот
пат и делата на познати писатели и понудени предлози на
играни филмови, работени според познати дела. Па, на
ваков начин да се сублимираат интернет информациите со
поттикот да се читаат книги.
Ова е еден начин да се доближи литературата до
читателите. Светот, сиромашен по надворешноста, да го
преобразат во свет богат по внатрешноста. Само така ќе
можат да го проучуваат живописот на Славко Јаневски и
да го откријат митското и историското во неговите дела,
да дознаат за судбината на Венко Марковски, да го допрат
поетскиот јазичен код на Петре М. Андреевски, а неговата
безвременска „Дениција“ да биде севремено присутна,
да ја откријат интертекстуалноста во литературата, но
и да ја запомнат мислата на Константин Миладинов од
предговорот кон „Зборникот“: „Народот наш в најголемата
простота развил в себе си божевата умствена дарба; тој чрез
земледелието, приближен до природата, живјат в секогашни
сношенија со неа, така да речиме се разговорвит со неа, се
одушевљават от неа и црпит тие богати изреквења, кои така
силно поражавает нас со необикновената им хубавина и
виразителност... Народните песни се показаљка на степенот
26
од умственото развитие од народот и огледало на неговиот
живот. Народот в песни изливат чувствата си, в них уве-
ковечвит животот му и давнешните му подвиги, в них
находвит душевна храна и развлечение“.
Koнстантин ја оправда задачата што ја презеде врз
себе да осветли дел од патот на македонското национално и
литературно будење во 19. век. Сега нам ни преостанува, како
единки што сме го избрале позивот наставници, со нашата
волја, совест, професионализам, неминовно да придонесеме
да се врати сјајот на книгата. Оваа работилница посветена на
книгата, е поттик да се организираат литературни работил-
ници и во училиштата, во рамките на додатната настава. Во
нив би учествувале писатели, наставници, библиотекари кои,
со презентираните трудови пред учениците, би поттикнале
аналитички дискусии со нови читања на литературните
де ла, а тоа сигурно ќе придонесе за поголем интерес кон
пишаниот збор. Исто така, на државните институции ос-
та нува задачата да делуваат во градењето на наставната
политика која ќе ги согледа перспективите и насочувањето
на идните наши генерации.
27
Милица Д. Радевска
ЧИТАЊЕТО КАКО ПОТРЕБА НА ЧОВЕКОТ
Читањето е активност на човекот, една од многуте
која човек ја исполнува додека живее. На пример, за да
започне со употреба на некој апарат, тој мора да го прочита
упатството за работа. Едноставно, нели? Кога патуваме, мо-
ра да ги следиме и читаме сообраќајните знаци и ознаки на
патот. Ќе речете дека тоа нè оддалечува од самата тема. Не.
Оваа година учениците на државната матура, по предметот
македонски јазик и литература, можеа да изберат помеѓу
двете понудени теми. Едната од понудените теми беше
„Читањето е потреба на човекот“. Во насоките кои понатаму
следуваа учениците мораа да се раководат од следните
насоки:
– Објасни го читањето како потребна активност на човекот
во современото општетство наспроти други активности.
– Колку со читањето се овозможува развојот на личноста?
– Дали читањето на текстови од една област е доволна
содржина за развојот на личноста?
– Презентирај го сопствениот став во однос на зададената
тема.
Притоа своите размислувања требаше да ги поткре-
пат со најмалку еден пример за секој наведен аргумент и да
не пишуваат општи фрази.
За жал, учениците кои ја избраа оваа тема најчесто
пишуваа општи фрази. Едноставно, тие само ги следеа
28
чекорите и ги прераскажуваа насоките. Дека читањето е
потреба на човекот, дека човекот чита откако ќе ја научи
азбуката, дека читајќи од повеќе области ја развива својата
личност, дека сите треба да читаме итн. Дури и имаше и
текстови со негативна конотација дека денес во современото
општество читањето не мора по секоја цена да биде потребна
активност на човекот. Во ваквите текстови имаше силни аргу-
менти кои сите нас треба доволно да нè подзамислат. Дали
заради тоа што не читаат или заради изборот на книги кои
учениците ги читаат, или едноставно затоа што учениците
имаат несоодветен стил на изразување, кој од своја страна
е поврзан со специфичностите на секоја личност одделно,
или нешто сосема друго. Навистина да се просудува за оваа
тема објективно, рационално, со сите потребни аргументи
и докази, треба повеќе време, посеопфатни анализи не само
на способноста на учениците за читање и пишување, туку
и на другите фактори кои влијаат дополнително на овој
процес. Исто така не е секогаш проблемот дали учениците
читаат, туку колку учениците умеат да читаат, значи не само
да ги забележуваат буквите, зборовите, речениците, туку
колку ја разбираат суштината на прочитаното, колку знаат,
можат да издвојуваат кои работи се важни, суштински,
односно да ги селектираат информациите. Всушност, ту-
ка зборуваме за активното читање и давање правилни
одговори на поставените прашања – кој, што, колку, кога,
каде, како или на прашањата што воведуваат во дебата.
Во тој однос потребата од активно читање и потребата од
селективен пристап на прочитаното се еден од предусловите
учениците за да можат да создаваат, да креираат текстови
или содржини кои ќе содржат и аргументи и докази и ќе
можеме да препознаеме личен став.
Затоа на учениците, уште на првите часови во прва
година, им презентирам една вежба со насоки за правилно
29
читање на текст. Притоа им појаснувам дека активното
читање подразбира неколку предуслови: секој кој чита
и сака да разбере што прочитал, покрај себе мора да има
бележник и молив и да востанови систем на знаци со кои
ќе ги селектира информациите. Потоа им презентирам нас-
тавно ливче со некои востановени знаци, како на пример:
–ПВ – пример важен – доколку во текстот има пример низ
кој се објаснува подредена појава, процес;
–НБ – доколку во текстот има дефиниција, заклучок, теоре-
ма, резиме, важна формула, притоа дополнително овој знак
го дополнуваат со НБ(д);
–ПО (пример објасни) – доколку во текстот има содржина
која треба да се претстави со соодветен пример или непознат
збор кој треба дополнително да се објасни;
–ПГЦС – доколку во текстот има содржина која е претставена
преку цртеж, табела, скица;
–Н – доколку во текстот има содржина која нелогички е
прет ставена, односно текстот содржи одредени технички
грешки.
Секој ученик може да ја дополни оваа листа со
одредени кратенки или знаци кои полесно ќе ги насочат
кон правилното и пред сè активното читање на текст. Оваа
вежба учениците можат да ја применуваат на сите наставни
предмети и воопшто секаде каде што имаат потреба за да го
разберат прочитаното. Стекнувањето на оваа активност кај
учениците создава навика која ќе им овозможи полесно да
се движат во селекцијата на информациите во учебниците
и, што е уште поважно, кога ќе прашаме што е непознато,
да знаат да постават прашање дека тоа и тоа не го разбрале,
затоа што на ова прашање учениците најчесто ги креваат
рамениците или сè им е јасно, а во суштина ние не сме ја
до биле повратната информација за наученото. Сосема
и ден тичен е случајот и при анализа на делата предвидени
30
со програмата. Имате ученици кои ако ги прашате дали ја
прочитале книгата, ќе ви одговорат потврдно, но ако барате
да издвојат некои важни информации за структурата на
дадениот дискурс, за јазикот и стилот, за идејата, односно
движечки настани во делото, тоа оди многу потешко,
најчесто од нив ќе добиете одговор за фабулата на книгата.
Во секој случај, учениците полесно се снаоѓаат во
читањето на прозните текстови, но проблемот е поочигледен
кога читаат поетски текст, односно кога треба да ги откријат
елементите на лириката – од мотивот во песната, поетската
слика, стилските фигури, лирскиот субјект и слично. Секо-
гаш, кога станува збор за анализа на поетски текст со
отворен тип прашања, најчесто одговорите се погрешни
или се пристапува од сосема друг агол.
Постојат повеќе начини за да се пристапи кон
анализа на еден поетски текст и да се доживее поезијата.
Така Јуриј М. Лотман, во неговата книга „Структурата на
уметничкиот текст“, забележал дека уметноста, а со тоа и
поезијата, е едно од средствата за комуникација. Поетскиот
говор има многу сложена структура. Значењето се образува
со правилно внатрешно декодирање. Затоа учениците, за
да можат да го декодираат текстот правилно, потребно е да
направат расчленување на неколкуте јазични нивоа, и тоа:
1.Расчленување на текстот на нивоа и групи по нивоа на
синтагматски групи (фонеми, морфеми, збор, стих, строфа).
2.Расчленување на текстот по нивоа и групи на семантички
сегменти.
3.Издвојувања на сите парови повторувања.
4.Издвојувања на сите парови во близина.
5.Издвојувања на повторувања со најголема моќност на
еквивалентноста.
6.Заемно проткајување на еквивалентните семантички
парови.
31
7.Разгледување на семантизацијата кај синтаксичките
конструкции.
Сето тоа јасно нè доведува до суштината за разбирање
на еден текст, а тоа е познавањето или владеењето на јазикот.
Значи, оваа вежба само по себе е невозможна доколку
учениците не ги познаваат основните структурни елементи
на јазикот. И затоа повторно се наметнува прашањето дека
читањето е потреба на секој поединец. Бидејќи во прва
година средно образование учениците ги повторуваат
и прошируваат знаењата од теорија на литература, тие,
преку оваа вежба, низ анализа на еден поетски текст, имаат
можност да ги издвојат сите нивоа на текстот од фонетското
до синтаксичкото рамниште. И, се разбира, на тој начин се
проверуваат и ги прошируваат и знаењата од јазик.
Но и тоа не е доволно, мора да признаеме, затоа
што читањето е процес, а не усвојување на еднаш утврдена
форма. Затоа постојано мора да работиме учениците да ги
насочуваме и да им ја покажуваме важноста на читањето
низ практични примери. Во таа насока несомнено е важна
и соработката со институциите кои се грижат за книгата.
Релацијата ученик – наставник – библиотекар во ова де-
неш но динамично време, кога учениците сè почесто се
свртени кон компјутерот и социјалните мрежи, мора да
функционира како релација на постојана соработка и
градење доверба. Формите и начините на таа соработка
треба да овозможат постојано присуство на библиотекарот
во училницата и на ученикот во библиотеката. Наставникот,
како медијатор, треба да мотивира, насочува, поттикнува,
следи. Наставникот и библиотекарот треба да ги следат
про мените и новините во издавачката дејност, промените
во стиловите и вкусовите на младите, промените во
динамиката на читање на одреден жанр. Само така книгата
ќе стане вистинска потреба на човекот.
32
33
Весна Димовска
Илија Мерковски
КНИГАТА – НЕПРЕСУШЕН ИЗВОР КОЈ ГО
НАПОЈУВА ЧОВЕШТВОТО
Ќе £ посакам добредојде на среќата зашто таа ми ја
проширува душава. Сепак ќе ја поднесувам и тагата, зашто
таа ми ја отвора душата. Секоја книга има душа, душата
на личноста што ја напишала и душите на оние кои ја
прочитале и сонувале за неа. Сите вистински мудри мисли
биле смислени веќе илјадници пати; но она што ги прави
навистина наши е тоа дека мораме да размислиме за нив
повторно и искрено – и тогаш ќе станат дел од нашето лично
искуство.
Мудроста не се стекнува со читање, туку со
прак тични искуства. Со читањето книги се стекнува
интелектуално знаење и збогатување на фондот на зборови,
но не и на мудрости. Но, доколку книгата е напишана од
вистински мудрец (а тоа не е исто што и интелектуалец),
таа може да биде корисен патоказ, мапа за другите како да
дојдат до мудроста, она што навистина ќе даде практичен
квалитет на секојдневниот живот и ќе нè направи посреќни
и подобри личности, побогати секако. Книгата, покрај
информативната и образовно-воспитната функција, има и
естетска функција... не, не може присуството на книгата во
животот на човекот да се ограничи само на нејзината улога
на непресушен извор на мудрости... И животот, како и
34
книгата, се цени не по должината, туку по содржината. Како
што на телото му е потребна храна, и тоа не каква било,
туку само онаа што му годи, така и на душата £ е потребна
смисла на нејзиното битие, и тоа не кој било, туку оној што
неисцрпно извира од напишаните мисли и мудрости во
книгата. Книгата е наш жуборлив извор. Со векови и векови
сите знаења се ставаат во книгите. Taa e прозорец што силно
отвора крила, ризница со големи богатства. Книгата нема
дно!
Книгата во себе содржи посебен јазик и начин за
комуникација со читателот. Тој, читателот, низ страниците
од книгата бара и пребарува за да дојде до бараните
сознанија. Знаејќи дека во поезијата со јазикот и стилот на
изразот на писателот тој ќе го проучува светот однадвор,
но со спојка за душата на авторот и однатре, видени со
посебен јазик, слика, емоционално врзани со околината
околу себе. Читателот често има свој план на потрага,
за разлика од авторот кој има план на понуда и, ако сега,
кога ја отвара книгата, читателот и влегува во неа и се
однесува како археолог кој бара и прекопува по старините,
станува и тој автор истражувач. Како врвен проучувач на
понуденото тело, тој врши секцирање и избор на она што
го прима, зашто тоа е некаде таму, меѓу страниците, треба
само да се пронајде. Книгата не е само минато во исказот
и не се пишуваат романи, раскази за идни читатели, со
тоа автоматски станувајќи минато. Во книгата најчесто се
понудуваат и богатства за иднината преку визионерскиот
пристап на авторот. Во вакви книги, каде читателот здуш-
но ја открива душата на книгата, играјќи ја улогата на
истражувач, тој во ниеден момент не отстапува, туку чекор
по чекор ја освојува содржината, притоа врзувајќи ја за
својата промисла, за својата визија и на тој начин и тој
станува автор на она што го ископал од книгата, на својата
35
визионерска улога за промена на светот. Книгата го менува
и светот. Колку ли само книги битно влијаеле на судбински
одлуки на големи личности наоѓајќи се пред големи одлуки.
Многу книги помогнале, секако откако биле анализирани, за
донесување исправни одлуки, или дури биле и документ за
осуда на нечии злосторства, разни дневници, нацрти, скици и
слично. Богатството меѓу страниците ќе го затворам, притоа
оставајќи огромни неископани, неистражени подрачја на
човековата моќ втисната во поимањето на еден збор – книга.
Кога прв пат се сретнав со книгата, бев вчудовидена.
Нејзините убави страници ме пренесоа во чуден, волшебен
свет на бајките, па како немирно коњче кое трча низ
полската ширинка, како славејот што весело пее во гората,
бев радосна и секому сакав да му докажам дека сум голема
и дека веќе имам книга. На нејзините страници се редеа
безброј букви и бројки, а јас оттогаш сфатив дека книгата ќе
биде мој најверен другар.
Веќе подолго време луѓето се дружат со книгата,
бидејќи таа нè пренесува секаде, од неа ги дознавамe тајните
на светот. Таа нè доведува до волшебни гори и волшебни
дворци. Ни раскажува за витези кои скитаат по широкиот
свет барајќи згоди и незгоди, за стебла што зборуваат,
извори што леат, букви што се движат. Со неа патувамe и
по зелените полиња, се запознавамe со јунаци, со знајни и
незнајни борци кои се бореле за слобода и кои се пример
за храброст, достоинство и самопожртвување. И уште многу
тајни кријат нејзините страници кои се немир за сечија
душа. А читањето и пишувањето се огледало и патоказ кон
иднината. Затоа секогаш ќе ја сакамe и ќе другарувамe со
најмудриот учител – книгата.
Нема ништо потаинствено од книгата. Таа е најмалеч-
ката златна врата која, со своето знаење и волшебна моќ, нè
води на патување во најдалечните и најчудните места во кои
36
никогаш не сме биле. Книгата дно нема, таа е страна од слики
и зборови, низа од раскази, приказна за кралеви и кралици
и збирка од поуки од кои ќе научиме многу новости, многу
мудрости кои светот ни го прават поинтересен. Книгата е
долг тунел на знаења кои се доволни со вистински труд да
нè направат покултурни и попаметни. Книгата е патоказ за
среќен и удобен живот, таа е свеќа која не догорува и секогаш
ни го осветлува патот кон иднината. Книгата e непресушен
извор која го напојува човештво.
Во својот живот човекот се среќава со многу напиша-
ни книги кои треба со нескриена радост и задоволства да
ги прочита. Не затоа што мора, туку затоа што со тоа ќе се
стекне со многу нови знаења, искуства, мудрости. Значи,
колку повеќе читаме, толку сме помудри, а нашите мисли
добиваат поголема слобода и можат да патуваат, да создаваат
да се движат. Да собираат податоци, да се средуваат и да
испратат сигнал на дофат од кој подоцна, креативно и
имагинарно и ќе создадат друго дело, секако достојно за
почит. Не можеме секогаш да имаме контрола над мислите,
затоа што тие се движат со голема брзина, влегуваат и
излегуваат од нашите глави со космичка брзина, па често и
ги губиме во празниот бескрај. Но, доколку воспоставиме
контрола над зборовите, направиме запис, ги вкнижиме,
тогаш многу лесно ќе започнеме да ги контролираме и
усмеруваме, насочуваме мислите. Вреди да се напомене дека
зборовите напишани во книгите всушност се јазикот на
умот, а солзите се јазикот на срцето. Додека, пак, тишината
е јазикот на душата. Прекрасно би било кога би ја спознале
мудроста на дрвото: да го живееме својот живот на свој
величествен начин, а корените на нашите сништа нека
растат многу длабоко. Нека надежта во сите наши утра расте
високо, а ние треба да се виткаме, но не да се кршиме. Да ги
прифатиме времињата како што минуваат, нè одминуваат
37
и нè менуваат. Тоа, всушност, значи дека книгата, како вис-
тински и непресушен извор на мудрости, нè води во нови
светови, нè учи како да се стремиме кон висините... за да
го достигнеме небото, најдалечното, посакуваното! Таа,
како наш мудар учител со своите добри работи, нè учи
како да бидеме благодарни, а од лошите работи нè прави да
прераснеме во силни борци, цврсти личности. Нè има многу
такви кои тешко се снаоѓаме во безбројните недоразбирања,
судири и битки на овој свет. Не можеме да ги согледаме во
целост, нити пак да им ја сфатиме основната мисла, нити
да разбереме кој ги предизвикува, а кој е предизвикан; кој
напаѓа, а кој се брани. Кој се бори за тоа што мора и затоа што
не може поинаку, а кој се бори, пак, поради тоа што самиот
по себе е воинствен и има убиствена природа. Знаење и
храброст. Врз нив се гради величината. Тие го создаваат тоа
што е бесмртно, бидејќи и самите се бесмртни. Секој вреди
толку колку што знае, а мудриот може сè. Без знаење човекот
е свет во темнина. Умот и моќта се очи и раце. Без храброст
знаењето е јалово.
Во мојата генерација најголемото откритие е дека
луѓето можат да си ги променат нивните животи доколку
го променат нивниот начин на размислување. А, сепак, во
животот нè води мислата од добрите работи учиме да би-
деме благодарни, а од лошите да бидеме силни, мудри,
здрави личности, кои во својот живот неуморно и постојано
ќе вршат потрага низ понуденото богатство од кое, со сласт,
неуморно и постојано ќе се напојуваат од непресушниот
извор на мудрости – книгата!
38
39
Билјана Деспотовска
НЕКОИ АСПЕКТИ НА ФУНКЦИИТЕ НА КНИГИТЕ
ВО 21. ВЕК
Литературата ја одразува потребата на човекот да ги
пренесе сопствените мисли, чувства, ставови за светот околу
себе, но ја отсликува и потребата да создаде еден нов свет
– светот на литературното дело. Таа ја опфаќа целокупната
научна и уметничко-литературна активност на човекот и
претставува основа на човековото знаење и запис на чове-
ковото искуство. Споменатиот термин литература иако,
пред сè, се поврзува со креативните творби, опфаќа записи од
сите општествени области, нации и култури. Кога зборуваме
за литературата, важно е да го истакнеме нејзиниот однос со
писменоста – без писменост, без способност да се чита и да
се пишува, не постои литература и не постои врска помеѓу
заедничкото наследство на човештвото.
Читањето, како еден од најкомплексните антропо-
лошки феномени, се смета за најважен фактор за развој на
човечката цивилизација и, како такво, уште одамна станало
предмет на интерес на голем број науки. Така, во денешно
време, постојат голем број теории за значењето на читањето,
значењето и функциите на книгите во различни форми и со
различни содржини, за нивното место, за нивната улога во
современата култура.
Меѓу најважните цели на читањето книги во денеш-
ниот модерен свет и понатаму остануваат стекнувањето
40
зна е ња и добивањето нови перспективи за прашања кои
се важни за читателот, т.е. за читателската публика –
најважниот услов за опстанок на книгата. Благодарение
на книгите, читателите стекнуваат нови знаења за светот
околу нив, а стекнатите знаења може да ги применат во
секојдневното живеење и на тој начин да го збогатат своето
искуство. Во секоја книга се согледува обидот да се поттикне
развојот на човекот и на човештвото воопшто.
Благодарение на книгите се задоволува човековата
потреба за читање која е мотивирана од различни причини
– од об разовни, културолошки, информативни, естетски,
рекреативни.
Добрите навики и вредности најдобро се усвојуваат
уште во раните фази од развојот на личноста. Токму
затоа, навиката за читање книги мора да се всади уште во
раната детска возраст. Оваа навика најдобро се усвојува во
детството, како што е случајот и со усвојувањето на сите
добри навики и вредности.
Навиката за читање книги мора да се всади уште
во споменатиот период од развојот на личноста, со цел
детето успешно да се воведе во различни концепти и
вештини кои се значајни во животот. Книгите помагаат да
се збогати детскиот речник, да се подобри пишувањето,
но и да се зголемат детските комуникациски способности
воопшто. Поттикнувањето на љубовта за читање на малите
деца им овозможува подобра подготовка за нивните
ангажмани како ученици и студенти. Книгите се заслужни
и за стимулирањето на детската фантазија и, воопшто, за
поттикнувањето на нивниот емоционален развој.
Во врска со читањето, за време на детската училишна
возраст, важно е да се истакне потребата дека читањето не
треба да завршува со завршувањето на часот во училиштето,
односно со завршувањето на наставата. И наставниците и
41
родителите имаат важна задача во поттикнувањето на де-
цата за исклучително важниот процес – читање.
Читањето книги е од огромно значење за човеш-
твото. За голем број млади луѓе во светот читањето прет-
ставува голема тешкотија и процес за кој треба да се
вложи многу голем напор и чии придобивки се мали.
Голем дел од припадниците на споменатата возрасна група
си го поставуваат прашањето: зошто во свет со развиена
технологија и недостаток на слободно време треба да читаат
книги.
Благодарение на читањето книги, младата популација
брзо го зголемува својот вокабулар. Книгите овозможуваат
да се научат нови зборови и да се осознаат нови ситуации
во кои можат да се користат зборовите чие значење веќе е
усвоено. Исто така, читањето книги поттикнува правилен
емоционален развој, а создавањето навика за читање и
развивањето љубов кон читањето вршат подготовка младите
да бидат што поуспешни во денешниот модерен свет со
комплексни барања.
Книгите се заслужни за подобрувањето на грамати-
ката и дикцијата на читателот, но и за ширењето на хо-
ризонтите на знаењето и за збогатувањето на внатрешниот
свет на личноста. Благодарение на ова луѓето што читаат
книги поефикасно и полесно комуницираат со околината.
Редовното читање книги е директно поврзано со развојот
на усната и писмената комуникација. Читањето книги од
различни области овозможува повеќекратно зголемување на
знаењето од различни теми. Покрај тоа што читањето книги
влијае на менувањето и оформувањето погледи за светот во
кој живееме, откриено е дека човековиот мозок физички се
менува благодарение на споменатата човечка активност.
Учењето, како значаен процес во општеството, е
една потврда дека развојот на човештвото е невозможен без
42
читање. Книгата е еден од изворите на знаење што имаат
безброј позитивни страни. Тие имаат огромна важност за
човечката цивилизација од аспект на тоа што тие служат
како инструменти за пренесување информации и идеи.
Кога зборуваме за функциите на книгите во 21.
век, потребно е да се осврнеме и на нивниот исклучително
голем развој во поглед на формата, содржината, улогата,
материјалите на кои е пишувано. Книгите претставуваат
древни човекови творби кои се среќаваат во различни
облици, пред сè во зависност од материјалите за пишување.
Во минатото книгите имале различен облик поради
специфичните материјали на кои е пишувано (коски, камен,
глина, восок, дрво, метал, платно итн.). Нивниот изглед
значително е усовршен кога како материјал за пишување се
појавува пергаментот, кој подоцна е заменет од хартијата.
Но, книгите во 20. век добиваат и сосема нов
изглед и нови значења – среќаваме и книги на микрофилм,
аудиокниги, а најголема промена донесува развојот на
информатичко-компјутерската технологија со создавањето
на електронските книги. Големите научно-технолошки
промени иницираат потреба од полесно достапни
информации, што, од друга страна, резултира и со голема
актуелност на книгите во електронска верзија. Технологијата
секојдневно ни нуди нови решенија и нови предизвици, па
во денешно време на нашите компјутери и телефони можеме
да имаме и цели библиотеки.
Целосно новиот облик на електронските книги е
овозможен благодарение на интернетот. Една од најважните
придобивки на овие книги е тоа што тие се лесно и брзо
достапни, без оглед на тоа каде се наоѓа корисникот,
поточно читателот. Читателот најчесто ги презема од
посебни мрежни страници на електронски книжарници
и библиотеки, од каде можат да се купат или да се симнат
43
бесплатно.
Книгите во електронска форма отвораат нови мож-
ности за пренесување знаења и нови начини за нивно
стекнување. Тие доведуваат до промени во начинот на учење
и поучување, но и до промени во начинот на пренесување на
информациите. Благодарение на нивните мултимедијални
содржини, тие се покажуваат како многу корисни, па дури и
како многу попрактични и пофункционални од класичните
печатени книги. Меѓу недостатоците на електронските
книги се вбројува и тоа дека за еден човек да стане нивен
читател, мора да биде информатички писмен. Овие книги сè
уште го немаат пронајдено патот до поголем број корисници
бидејќи тие, како нов медиум, имаат извесни недостатоци
во поглед на квалитетот на екраните од кои се чита, а не се
погодни и за подолго читање.
Најновите истражувања во светот покажуваат
дека значително поголем процент од младите секојдневно
за читање користат различни електронски уреди, додека
само околу 30% користат печатени материјали. Според
моменталните состојби, можеме да заклучиме дека слична е
ситуацијата и во Република Македонија – и таа е зафатена од
големиот процес на актуелизација на книгите во електронска
форма.
Во мај 2013 г. Британската национална фондација за
писменост објави еден интересен податок за употребата на
книгите во електронска форма. Станува збор за објавувањето
на резултатите од истражувањето спроведено на 34.910
ученици на возраст од 8 до 16 години, кои покажуваат дека
учениците кои читале од електронски уред речиси двапати
е поверојатно дека ќе имаат потпросечни резултати, за
разлика од оние што читале на печатени материјали или
комбинирано од двете форми1.
1 http://www.literacytrust.org.uk/media/5371.
44
Врз основа на досегашните истражувања, може да
се заклучи дека иднината на книгите ја гледаме и во двете
форми – електронска и печатена. Секој читател, кога ќе сака
да прочита одредена содржина, ќе посегне по оној облик кој
најмногу им одговара на моментот и потребите.
Меѓу предизвиците со кои се соочуваат голем број
средини во светот се вбројуваат и намалувањето на интересот
за читање, па дури и зголемувањето на населението кое
е неписмено. Токму затоа акцентот треба да се стави на
мотивирањето на младите да читаат и да развијат успешна
читателска способност уште за време на нивните училишни
денови, што би им овозможило стекнување писменост како
трајна способност на успешното усно и писмено изразување.
Всушност, знаеме дека читањето е основа на
образованието и на секоја економија која се базира на
знаење. Токму затоа овој комплексен феномен треба да би-
де еден од најважните аспекти на јавната политика и една
важна компонента кон чија ефикасност ќе се стреми секое
општество.
Но, доста значајна е и неговата емоционална улога
како појдовна точка за личниот развој на секоја индивидуа.
Истражувањата покажуваат дека, ако престанеме да читаме
книги, стануваме поинакви личности – помалку интересни,
поограничени и со помалку разбирање за светот околу нас.
Токму ова е само една мала причина за да го продолжиме
опстанокот на книгите, а со тоа и да дадеме личен придонес
за подобрата иднина на човештвото.
Задлабоченото читање, како сосема спротивно од
по в рш но то читање што секојдневно го практикуваат голем
број луѓе кои редовно читаат текстови што се поставени на
интер нет-страници, треба да се зачува како посебен начин
на восприемање на уметноста и на знаењето.
Читањето како вештина е основа за успех во
45
денешното современо општество и претставува високо
вреднувана способност која е многу важна за социјален и
економски напредок. Емоционалните ситуации, моралните
дилеми, научните факти и тврдења кои се предмет на
различните видови книги се важна вежба за нашите
ментални процеси и за нашето искуство.
Во врска со улогите и функциите на книгите во 21. век
се и прашањата за нивната актуелност и нивната популарност
кај светската популација. Секојдневно се поставува пра-
ша њето дали нешто се чита во денешниот свет на брз
техничко-технолошки развој, во време кога сме преплавени
од кич и шунд. Сведоци сме дека во денешно време голем
дел од светската популација е во контакт со поагресивни
медиуми, како што се телевизијата и компјутерските игри
кои, без сомнение, треба да ги прифатиме како дел од брзиот
информатичко-технолошки развој, но треба да сме свесни
дека како поагресивни медиуми претставуваат и еден вид
противници на уметноста, па и на читањето и на книгата
воопшто.
На крајот, истакнувајќи го огромното значење на
читањето и на книгата во денешниот 21. век, не треба да
заборавиме дека светот без книги е свет без знаење. Читањето,
како учење за светот, е бескрајно важен услов за идниот развој
на секоја индивидуа. Тоа не претставува само едноставно
откривање на значењето на напишаното, туку подразбира и
примена на прочитаното во секојдневното живеење. Книгите
нудат сознанија за животот, причинувајќи му на читателот
естетско задоволство, учејќи го и воспитувајќи го со цел
да се прошират границите на неговите знаења, искуства и
духовни вредности. Секоја книга содржи одредени пораки
и специфични погледи кон нештата и ги носи специфичните
општествени, политички, економски, научни и културни
карактеристики на нацијата на која £ припаѓа.
Книгите се наши сојузници во ширењето на инфор-
46
мациите, образованието, науката и културата ширум светот.
Библиографија:
1.Живковиќ 2001 – Živković D., 2001: Elektronička knjiga. Za-
greb: Multigraf.
2.Кулунџиќ 1955 – Кулунџић З., 1955: Како је постала књига.
Београд: Народна књига.
3.Кулунџиќ 1957 – Kulundžić Z., 1957: Kniga o knjizi/ historija
pisama. Zagreb: Tehnička knjiga.
4.Мурнан 2012: Murnane G., 2012: A History of Books. Sydney:
Giramondo Publishing Company.
5.Персон 2008 - Pearson D., 2008: Books as History: The Im-
portance of Books Beyond Their Texts. London: British Library;
New Castle, Del.: Oak Knoll Press.
6.Петровски 1998 – Петровски Д., 1998: Библиотекарство.
Битола: Универзитет „Св. Климент Охридски“, Факултет за
учители и воспитувачи.
Интернет-извори:
http://www.literacytrust.org.uk/media/5371
http://www.unicef.org/education/bege_61625.html
47
Симона Ристевска
ЕДНО ПОРАЗЛИЧНО ЧИТАТЕЛСКО ИСКУСТВО
Значењето на книгата преку процесот на читањето
Книгата понира длабоко во човековата комплексност.
Можеби тоа е нејзината најголема магија. Но, нејзиното зна-
чење не доаѓа од нејзината свесност за тоа, туку напротив, од
нејзината несвесност, нејзината ненаметлива моќ да навлезе
длабоко во порите на човековото живеење.
Овој текст има за цел да го прокоментира читател-
ското искуство како дел од практиката, но теоретски
дефинирано и обликувано. Имено, сметам дека во ова
време на т.н. квазилитература, потребно е да се дојде до
проблемот за вредноста на книгата токму преку изборот
на читателот – она што ќе одбере да чита, но и преку она
што, во подлабока смисла на зборот, значи читањето.
Како потврда за ова тврдење, Соња Стојменовска Елзесер,
во својот текст „Активниот читател помеѓу наивноста и
перфекционизмот“, вели: „Неоспорен е фактот дека феноме-
нот читање е многу изместен од она клише што важело за
некои поранешни епохи (...) Естетското уживање е толку
потиснато од агресивната информација, така што, во
времето во кое најмногу се објавуваат книги, читањето е една
од најзагрозените активности на човекот. Или изостанува,
или е изманипулирано под напливот на кичот.“2 Во една
2 Соња Стојменовска Елзесер, „Активниот читател помеѓу наивноста и
перфекционизмот“, (http://, „СПЕКТАР“; Скопје, 2010) 90.
48
ваква состојба сметам дека повеќе од потребна е дискусија
за вредноста на книгата, или уште повеќе за читањето и
неговите контексти и предуслови.
Теоретичарот на книжевноста и зачетник на есте-
тиката на рецепција, Ханс Роберт Јаус, смета дека „...по с-
тојат повеќе празнини и недоречености во толкувањето на
книжевниот феномен, не само од страна на позитивизмот,
туку и на феноменологијата, психоанализата, структурализ-
мот. Во своите истражувања тие обично се движат на
релацијата автор – дело, најчесто потиснувајќи и за-
поставувајќи го третиот член од тријадата, кој во теоријата
на рецепцијата станува главен – читател, реципиент, консу-
мент, оној што ја прифаќа (но и како ја прифаќа) уметноста
воопшто.“3 Делото создава свој внатрешен свет кој коре-
спондира, односно комуницира и паралелно опстојува со
надворешниот, односно реалниот свет. Тука доаѓаме до
една генерализација на два поима: реалност и фикција.
Поставени заедно во објаснувањето на книжевниот фено-
мен, но и малку понатаму во нивното практично поимање,
тие се неразделни, испреплетувајќи си мрежа околу себе
која им ја гарантира кохерентноста. Оттука, тие два света
во книжевноста, но и надвор од неа, стануваат сè повеќе
мотив за кој се расправа, имајќи ја предвид сложеноста
на проблемот да се обезбеди таа онтолошка разлика меѓу
уметноста и реалноста. Ако во прилог на ова ја земеме
за точна интертекстуалната теориска мисла, според која
е неможно „...да се живее надвор од бесконечниот текст
– било тој текст да е Пруст, или дневниот весник, или
телевизискиот екран...“4, под прашање се става дури и таа
реалност за која станува збор, понатаму се преиспитува
3 Коцески, Данило, „Модерно и постмодерно“, 64.
4 Манфред Фистер, „Поимот интертекстуалност“, Ќулавкова, Катица
(прир.), „Теорија на интертекстуалноста„, 119.
49
извесноста на нештата, па дури и искуството кое човекот го
добива читајќи ги симболите и знаците дадени во неговата
непосредна средина, или, накратко кажано, искуството кое
човекот го добива читајќи го животот.
Теоријата покажала дека таа дилема постои. Сло-
женоста и разнообразноста на човековите, антропо лошките
проблеми се токму темите и мотивите со кои еден книжевен
текст се занимава. При поставувањето на предметот и
методологијата со која се занимава компаратистиката,
Даниел-Анри Пажо упатува токму на „границите“ со кои
истата се занимава. И тоа не се само книжевни, ами и јазич-
ни и културни: „...јазичните, историските и културните
податоци доведуваат до преиспитување на простори коишто
се сметаат за истородни и обединети: еден политички систем
(држава), една историска, политичка, социјална и етичка
стварност (нација), една јазична и културна стварност
(книжевност) не се ни еднообразни ни поставени една
над друга.“5 Конечно и значењето од една и значајноста
на книгата од друга страна ќе треба да се дефинираат
во зависност од просторните и временски координати,
околностите, контекстот во кој е напишана истата итн. Но,
во почетните обиди на Бодлер грдото да го прогласи за убаво,
или уште порано кога Аристотел зборува за возвишена смрт
во најсовршениот драмски вид – трагедијата, реципиентот
не е подготвен да ги прифати сугестиите од некој што
поинаку го набљудува светот и уметноста. „Во времето
кога се појавил ’Дон Кихот‘, ’хоризонтот на очекувањето‘
секако бил – витешкиот роман и неговите карактеристики.
Но токму со кршењето на претходните претстави и канони,
тој создал услови за еден нов однос кон книжевното и кон
своето време.“ Оттука, „свеста на оние што го прифаќаат
делото низ историјата е подложна на постојани промени и
5 Пажо, Даниел-Анри, „Општа и компаративна книжевност“, 35.
50
секоја епоха има свој однос и начин на рецепција на делото.
Секое ново дело се јавува во определена средина која има
определени очекувања. Но, постојат дела кои можат да го
„пробијат“ и да внесат измена во тој хоризонт на очекување
со својата исклучителна естетска оствареност.“6
Во тој процес на разбирање, од херменевтичка гледна
точка, велиме дека книгата е вредна ако содржи макар и
мал дел недореченост, нешто што треба, толкувајќи го,
да го открие, да го просветли читателот. Потребно е, со
други зборови, да се разбере текстот, така што ќе се добие
значењето на книгата, односно да се дојде до некакво
преобразувачко, катарзично чувство. Бегајќи од какво било
строго теоретско начело, херменевтичкото учење се стреми
токму кон непосредно, длабоко, внатрешно соочување со
значењето на книжевното дело.
Светот на книжевниот текст – имплицитен читател
наспроти реалниот
Кога авторот го создава делото, претпоставува оп-
ределена публика. „Ако хоризонтот на очекувањето на еден
читател може да нè препрати на некое просто прашање
на рецепција, хоризонтот на очекувањето на делото
претпоставува извесен „имплицитен читател“, што е една
структура впишана во текстот и, сообразно, на којашто
може да се проучува организацијата на текстот.“7 Сметајќи
ја за блиска, но и нужна, естетиката на рецепција во едно
поново време, Умберто Еко, во контекст на Јаусовата
теоретска мисла, пишува: „Текстот е проткаен со празнини,
со бели меѓупростори што треба да се пополнат, а тој кој го
имитирал тоа предвидувал дека тие ќе бидат пополнети, па
6 Коцески, Данило, „Модерно и постмодерно“, 66.
7 Пажо, Даниел-Анри, „Општа и компаративна книжевност“, 88.
51
ги оставил празни од две причини. Пред сè затоа што текстот
е мрзлив механизам што живее од смисловна вредност на
значењето која емитувачот ја вметнува во него (...) И, како
второ затоа што, постепено како што од дидаскаличната
преоѓа во естетската функција, текстот сака да му ја остави
на читателот интерпретативната иницијатива, макар што
обично посакува да биде протолкуван со еден задоволителен
степен на ефикасност. Текстот посакува некој да му помогне да
функционира.“8 Авторот и читателот, според овој теоретичар
и писател, не се само „полови на чинот на искажувањето“,
туку, смета тој, тие имаат и определени „актантски улоги
на исказот“ кои ги вградуваат во самото ткиво на текстот.
„Во вакви случаи авторот текстуално се проучува само како
препознатлив стил, како чиста актанцијална улога и како
илокутивна потреба, или како чинител со перлокутивна
моќ кој поднесува една „претпоставка на искажувањето.“9
Оттука, со алатките кои ни ги дава Еко, може да заклучиме
дека во едно дело авторот и читателот функционираат на
повеќе слоеви и внатре, и надвор од текстот, во и надвор
од контекстот итн. И дека, уште повеќе, исказот може да
содржи перлокутивна функција што значи она што го
кажува нужно се рефлектира или има ефект врз инстанцата
која го прифаќа.
Наместо заклучок, во обид што посериозно да и се пристапи
на книгата
Значењето на книгата во етичка, воспитно-образовна
и, конечно, во естетска смисла го подразбираме токму како
себеоткривање, себенадообразување, себедокажување што
во таа смисла ја зголемува самоувереноста на една лич-
ност, да преземе одговорност кон себеси и кон другите,
8 Еко, Умберто, „Читателот во фабула“, 74.
9 исто, 87.
52
индивидуално или на општествен план. Искористувајќи го
херменевтичкиот код на текстот, читателот, реципиентот
го разбира текстот онолку колку што тоа му го дозволуваат
неговите предиспозиции. Освојувајќи го текстот во тој пог-
лед со тоа што се бараат одговорите во светот на делото,
читателот создава една мрежа на решенија кои детективски
се разработуваат експлицитно или имплицитно во
самиот него како индивидуа, од една страна, а од друга
на макроплан се создаваат матрици или архетипови кои
произлегуваат од односот на авторот, делото и читателското
искуство кое како што гледаме во овој текст е во исто време
и толкувачко искуство. Оттука дешифрирањето на текстот
кое го предлагаат херменевтичарите не се однесува само
на критичката и толкувачката работа на еден теоретичар,
туку многу пошироко; сметам дека тоа треба да претставува
парадигма за еден текст да го наречеме вреден, а искуството
на читателот да биде едно истражувачко искуство кое
ќе го разголи до степен на иницијација, до симболично
преродување. На овој начин читањето престанува да биде
само препознавање, ами веќе станува предизвик, како што
пее Анте Поповски во „Зборот. патријархот“:
„... подготвен ли си сам да ја изодиш пустината
која сама од себеси се возобновува и ништи? (...)
да ги превозмогнеш сите искушенија
низ кои водат зборовите, а да не им наштетиш?
(... ) и на секој бескрај
ќе му ги откриваш границите...“
Тука се поставува прашањето, дали современата ли-
те ра ту ра или она што се нарекува така, може да му го понуди
на читателот тоа задоволство од „откривање на бескрајот“?
Библиографија:
53
1.„Спектар“ (меѓународно списание за литературна наука),
Соња Стојменовска Елзесер, Активниот читател помеѓу на-
ив носта и перфекционизмот, Скопје, 2010. (http://www.iml.
ukim.edu.mk/dokumenti/56.pdf)
2.Коцески Данило, Модерно и постмодерно, Скопје, Ма-
кедонска книга, 1993.
3.Манфред Фистер, Поимот интертекстуалност, Катица
Ќулавкова (прир.), Теорија на интертекстуалноста, Скопје,
Култура, 2003.
4.Пажо Даниел-Анри, Општа и компаративна книжевност,
Скопје, Македонска книга, 2002.
5.Еко Умберто, Читателот во фабула. Скопје, Култура. 2011.
6.Поповски Анте. Света песна, Скопје, Pro Littera, 2003.
54
55
Весна Јовановска
Милица Д. Радевска
ПРАКТИЧНАТА ПРИМЕНА НА КНИГАТА
ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
Да се чита или не? Тоа е прашање на младите на 21. век.
Книгата треба да им овозможи на учениците да восприемаат
поширок спектар идеи од оние кои ги живее локалната
заедница. Тие треба да имаат пристап до различни извори
за да развијат кај себе вештина за критичко размислување и
да се оформат во енергични поборници на интелектуалната
слобода. Прашањето за тоа како да се доближи книгата
до ученикот е секојдневен проблем со кој се соочуваат
наставниците и од основното и од средното образование.
Дополнителна мотивација за да се работи на овој проблем
и потврда на оваа дилема е и текстот на Венко Андоновски,
објавен во „Нова Македонија“ од 03.8.2011 година, под
наслов „Гробничка лектира“. Тоа, секако, е само дел од еден
поширок проблем за практичната примената на книгата во
образованието.
Денес лектирата, (читаме книгата) наместо радоста
за читање и откривање на животните вистини, станува
омразена, инструмент за мачење и принуда. Читањето на дело
само за да може да се потврди дека навистина е прочитано
е бесмислено. Учениците, во трка за оцени, честопати
про наоѓаат на интернет непроверени податоци, кои ги
56
употребуваат непроменети, без свој прилог, критички став,
оригинални идеи. Очигледно е дека во сето ова недостига
ученикот и неговото восприемање на животот и околината,
кои треба да се рефлектираат во анализата на делата, со што
ќе им се даде субјективен печат.
Од друга страна, наставникот губи премногу енергија
во креирањето стапици за ученикот или се поставуваат
вообичаени прашања како: „Што сакал авторот да каже?“. Тоа
кај ученикот предизвикува фрустрации, блокади, односно
на тој начин се оневозможува слободата во комуникацијата
и проток на критички идеи.
Овие проблеми и аспекти на примената на книгата
во образованието нè поттикнаа да направиме едно
истражување за тоа колку учениците читаат и каков вид
литература читаат. До релевантни податоци дојдовме со
користење повеќе техники на интервју, анкета во основите и
средните училишта од Општина Битола. Со истражувањето
беа опфатени околу 200 ученици од основното и средното
образование, со сразмерна застапеност на двата пола.
Од спроведената анкета во основно училиште, на
прашањето кое дело најмногу сакаат да го читаат, добиени
се следните резултати:
литературен вид
вид на
образование
лирски
песни
епови есеи драми романи
останато
(раскази и
стрипови)
основно 16 02 02 27 59 07
средно 02 01
Од спроведената анкета произлегува дека
учениците од основно училиште сакаат да читаат најмногу
романи, исто како и учениците од средните училишта.
57
Интересот за стрипови и раскази кај учениците треба да
биде поттик за анализа на одредени дела преку стрипови
или цртежи.
14%2%
2%
24%52%
6%
лирски песни
епови
есеи
драми
романи
На прашањето: Кои видови романи сакаш да ги
читаш најмногу?, одговориле
литературен вид
вид на
образование
авантур.
романи
истор. психол. научно-
фантас.
крим. љубов.
основно 39 17 02 25 23 22
средно 17 05 10 08 15 39
58
Интересот на учениците е свртен кон авантуристич-
ките, криминалистичките романи кои им овозможуваат да
от кријат возбудливи и необични светови.
Според жанрот најмногу читаат љубовни романи, па
авантуристички, криминалистички и психолошки романи.
Најмногу читаат дела кои се различни по содржина од
нивното секојдневие и претставуваат можност за откривање
нови светови, а истовремено тие се чувствуваат сигурно во
сопствениот емотивен свет. Тоа се потврдува и со изборот
на книги, како што се: „Клетници“, „Демијан“, „Малечката
Фадета“, „Судбината на човекот“, „Злосторство и казна“,
„Ромео и Јулија“.
На прашањето: Кое дело што си го прочитал од
досегашниот избор на лектири ти е најдобро и наведи
причини зошто?, одговориле
вид
на
обра
зов.
литературен вид
осно
вно
Ула
вите
год
ини
20
илја.
мил.
под
мор.
Мар
та
Роб
ин
зон
Кру
со
Хај
ди
Мак.
нар.
при
каз
ни
Пат
око
лу
све
тот
Ср
це
сите не
мам
28 28 04 06 06 05 03 06 10 22
59
вид
на
обра
зов.
литературен вид
сред
но
Клет
ници
Деми
јан
Ромео
и
Ју
лија
Игра
во
’ржта
Злос
торс
тво и
казна
Пе
ко
лот
Мале
чката
Фад
ета
11 10 05 01 06 10 05
Чичко
Горио
Драмите
меѓу
двете
светски
војни
Шинела
Смртта
на Иван
Илич
Гил
гамеш
Или
јада
не
одго
вор
иле
04 10 05 05 02 02 17
Ова истражување понатаму нè мотивираше да
размислуваме за вклучување и на други субјекти релевантни
за книгата од оние кои ја создаваат и издаваат, оние кои
ја дистрибуираат и оние кои се грижат книгата да дојде
до читателите. Во тој однос особено е важно местото на
библиотеките и нивната улога во ширењето на книгата до
најмладите. Ова истражување понатаму со тоа преминува на
едно друго рамниште, односно изработка на методологија за
избор на книгата како задолжителна лектира во основното
и средно образование. Со брзиот и динамичен процес на
создавање и дистрибуција на книги мора да водиме особена
грижа за местото на книгата во образованието, како алатка за
исполнување на најзначајните цели на образованието, а тоа
е создавање здрави и ментално и духовно богати личности.
60
61
Магдалена Б. Сајкова
ЗНАЧЕЊЕТО НА КНИГАТА
Вовед
Размислувањата на оваа тема се скоро на линија на
бестрашност и сериозно навлегување во протолкувањето
на карактеристиките дефинирани низ терминот книга
(очигледно пред можноста да се размислува за секое
книжевно дело низ сите родови и форми, како единствена
и уникатна придобивка на нашата цивилизација кон која
секогаш се навраќаме како кон јадро на основни, исконски
и егзистенцијални идеи). Последователно се потсетуваме на
Евангелието според Јован од Библијата (најстарата збирка
на книги): ,,1 Во почеток беше Словото, и Словото беше во
Бога, и Словото беше Бог. 2 Тоа беше во почетокот во Бога.
3 Сè стана преку Него, и ништо, што стана, не стана без
Него. 4 Во Него беше живот и животот им беше светлина на
луѓето. 5 И светлината свети во темнина, и темнината не ја
опфати. 6...“ Доволно јасно и доволно определено, дури и низ
метафората на божјото создавање и сознание, дека книгата
е рамна на Бога и светлината, еднаква на животот зашто и
живот дава.
Клучни зборови: книга, Светото Писмо, Словото, светлината.
1. За книгата, книжевноста, творецот
Книгата, книжевната уметност настанала од длабо-
ката потреба на човекот за убавината, неговата непобитна
62
потреба да создава, да се искажува, мисли и дејствува низ
чинот на интимното духовно доживување, до импулсот на
ослободување и настанување како засебно јазично битие
кое престанува да му припаѓа само на создавачот ами се
подава и постои за секого.
Богочовекот е творец, тој од почетокот го имал Сло-
во то, па и парадоксот на настанувањето, со моментот на
создавањето да се обезбеди и квалитетот на живеењето
или крајот. Оттука книгата ја надраснува димензијата на
прос торот и времето или ја отвора можноста читањето да
го поддржува сознанието на пријатноста или самото задо-
волство и не само заради својата вешта изработка, ами
заради чувството на задоволство и пријатност само по
себе. Така уметноста ја подразбира книгата од поширок
кон потесен поим и книгата ја опфаќа уметноста, но и низ
принципот на идентификација, книгата е уметност.
1.1.Фази, творечки процеси
Аспектот на потврдување на значењето на книгата
(зашто, дефинитивно, се докажало дека е суштинско и во
сите насоки) може и треба да се разгледува од говорната
традиција на секогаш инспиративниот народен гениј, низ
клучот на усното народно творештво, како миметички танц
чиј епос ги носи истовремено елементите на раскажувањето,
изразувањето на емоции и движења пропратени со драма-
тич ност. Кога се создавала усната традиција, таа само ги ин-
тегрирала вродениот нагон и умешноста да се создава, кој
нагон пак е дистинктивен и по принципот на Креаторот,
селективен само за мал број луѓе, потенцирајќи го чинот на
создавање, но и препознавањето на оние кои го конзумираат
делото. Така од првобитен синкретизам, до литературата на
древните народи, низ илјадалетија на човечки предизвици,
нагони, верски морализаторски пораки и животни фи-
63
ло зофии, книгата предизвикува и кореспондира со уни-
верзалниот услов општочовечкото искуство да го постави
определено од културно-историскиот контекст, мошне
индивидуално во задоволството на читателот.
Од антиката па и подоцнежно време степенот
на знаењата за светот и за уметноста се притискале во
матрицата на текстот, разликувајќи ги само белезите на
жанрот на кој му припаѓале и во кој функционирале, од
линија на најпрепознатливост за просечниот читател,
до исчекорувањата на оние со инакви компетенции, во
единствена смисла на исполнување на сознајниот чин и
врската меѓу сетилата и умот. Таквото искуство оформено
низ тековниот творечки процес со себе го носи ентитетот
за ок ружен на ниво на создавачот, ама и на народот на кој
му припаѓа, филозофијата, историјата и културата, односно
животниот плот.
Поопшто, пишаната уметност низ родот на лириката,
епиката или драмата претставува збир на идеи поврзани со
една тема која и не мора да носи импликации, а и може да
провоцира и повикува на промени или да менува. Ако за едни
книжевноста е симболички запис кој може да носи слики
(напишан збор), за други е аудитивен (изговорен збор) и
носи свои константи како да воспоставува однос меѓу делот
и целината, односно гради сличност на книжевното дело
(неговиот свет) и светот на кој тоа се однесува (реферира).
Книжевното дело, неговиот свет, неговите јунаци севкупно
се една метонимија на светот околу нас како логичен
производ на изборот да се прикаже дел, избор од бескрајниот
простор кој создавачот (писателот) го промовира со својата
селективност од микрокосмосот, но стеснат на неговата
последователна референтност.
Внатрешната длабока смисленост на книгите некаде
дури и како самосвест, внатрешна сила на творештвото,
64
суш тински ги пренесува и стремежите на епохите,
духовниот простор кој го згуснува како трансформациски
тек на една интима. Така се создадени карактеристиките
на различните историски периоди, каде сведоштвата гово-
рат од религиозни и советувачки, до морализаторски
пораки, преку романсата на средниот век и „времињата на
причината“, до националните епови и филозофски мисли,
или пак романтизмот на популарната народна која го менува
и отвора Западот за да ја започне фазата на реализмот
во книжевноста, до натурализам кој, пак, тежнеејќи кон
реалното ќе го повлече на сцена модернизмот, менувајќи ја
психологијата и филозофијата на вообичаениот тек.
1.2.Заклучок
Книгата е спирална линија на случувања, експлозија
на значења, врска меѓу сè што се нижело низ времето и меѓу
самото себе, остварувајќи се како тоталитет во реалниот
свет. Затоа книгата мора нужно да постои, инстантно, си-
мул тано, со сите видови значења кои повикуваат на свеста
на читателот. Книгата е како животот, интернационална,
тран систорична и транскултурна. Таа ги врзува како ва жен
конститутивен елемент, во секоја национална книжевност,
во рам ките на поширокиот наративен дискурс, дисциплини-
те ка ко: историја, антропологија, социологија, психологија,
ка ко синтези на науката и книжевноста и науката за кни-
жевноста, со еден силен интерес за проучување на истите.
Со тоа книгата инсистира и интензивно се наметнува како
доминанта во движењето на културата, свеста на еден народ
и неговата културна историја.
Библиографија:
1.Библија (Стар и Нов завет), превод д-р Душан Х.
Константинов, Битола : Еуролибер, 1999.
65
Билјана Стефановска
ПРЕЗЕРВАЦИЈА И ЗАШТИТА НА СТАРИТЕ КНИГИ
Собирањето на стари книги може да биде вреднувано
искуство за реткоста на книгата и предметот на самата
книга. Додека голем број класици веќе долго време се во
препечатување, како што се делата „Том Соер“ и „Божиќна
песна“, други книги имаат само едно или две препечатувања
за своето време, како на пример „Писмата на Дејвид Герик“
(1907). Постарите книги, за кои е водена правилна грижа со
текот на годините, ќе останат во најдобра можна состојба, во
спротивно истите ќе се оштетат.
Затоа, во прилог на овој текст, следуваат неколку
техники кои се однесуваат на зачувувањето и презервацијата
на вашите стари книги. Пред да ракувате со стари книги,
секогаш бидете сигурни дека ги миете рацете во прв план.
Природните масла од рацете што доаѓаат во контакт со
постарите книги може да остават остаток и да предизвикаат
оштетување на објектите што сакате да се зачуваат и
заштитат. Избегнувајте да јадете или пиете нешто при
читање ако се грижите за вашите книги. Храната и течните
дамки се постојани и не исчезнуваат од како ќе дојдат во
контакт со книгата.
Погледнете низ вашите стари книги за да видите дали
има низ нив какви било хартии или исечоци, обележувачи
кои би се нашле внатре. Отстранете ги нив, како и оние
66
работи кои не би требало да се наоѓаат во нив, како на пр.
стари гумени ленти, кои со текот на времето би можеле да се
распаднат и да остават траги и дамки на другите површини.
Книгите со лабави корици можат да се зачуваат со „архивска
памук лента без киселинска состојка“. Оваа памук лента во-
обичаено е достапна низ специјални архивски продавни ци,
како продажни универзитетски производи што можат да
се набават од таквите специјализирани продавници и оn-
line. Кога ќе се врзе со насловната заедно, бидете сигурни
дека лентата е во рамнина со насловната и дека се поврзани
како целина, направете го јазолот на десниот раб така што
ќе лежи спротивно од надворешноста на страниците.
За книгите со корици коишто потполно се разлабави-
ле од нивното поврзување, алкалната хартија може да биде
искористена за завиткување на истите. Исто така постојат и
специјални картонски кутии за книги со оштетени корици
или разлабавени страници во самата книга. Овие се подобри
за книгите отколку регуларните картонски кутии коишто
можат да појават киселост подоцна, во текот на годините, а
со тоа да привлечат и инсекти (silverfish).
Вашите стари книги можат да бидат изложени на
вашата библиотечна полица, но сè додека не се изложени
на директна сончева светлина. Чувајте ги заедно исправени
на една полица, а не да лежат на нивните страни, заедно со
вашите понови книги на полиците. Чувајте ги во простор
кој има помала температура од собната. Просторијата каде
ги складирате вашите колекции исто така треба да има
влажност на воздухот помалку од 60%.
Се прашувате ли што да правите со вашите стари
книги и документи?
Токму овој мал труд ќе може да ви понуди некои
информа ции и сугестии, во поглед на тоа како да се справите
со најчестите проблеми кои се однесуваат на старите книги,
67
документи, мапи, фотографии и др.
Мувла
Мувлата се карактеризира со леплив мирис и поне-
когаш со прашкаст депозит на една книга. Мувлата е
полесно да се спречи отколку да се отстрани. Ако таа сè
уште претставува проблем и во иднина, потребно е да се
консултирате со стручен конзерватор. Памфлетот „How
to Prevent and Remove Mildew“ (Ref SB741.M65H688x Rare
Book) може да биде доста користен.
Foxing
Досадните ‘рѓа-кафеави мали дамки, кои често се
наоѓаат како отпечатоци, се познати како фоџинг. Тоа е доказ
дека габите во книгата веќе направиле одредена штета, но
дека повеќе не се активни. Но исто така Foxing-от е резултат
на хемиската реакција помеѓу железото и нечистотиите во
хартијата, а воедно и органските киселини.
Овие дамки можат да се отстранат со белење, особено
опасна операција која многу лесно може да ја оштети и целата
книга. Белењето не се препорачува за повеќето библиотечни
материјали, затоа треба да се направи од страна на многу
искусни конзерватори.
Оштетувања од вода
Понекогаш е можно да се заштитат книги и трудови
кои станале влажни, но помошта од професионален конзер-
ватор е неопходна. Откако ќе се открие дека некоја книга
станала влажна, што е можно поскоро ставете ја во пластична
кеса, запечатете ја и веднаш ставете ја во замрзнувач, со
напомена дека, сепак, најдобро е да се направи консултација
со професионален конзерватор за тоа како да се продолжи
понатаму со заштитата на оштетената книга.
68
Кршлива хартија
Хартијата, материјалите, особено предметите испе-
ча тени од 1850 год. често се доста кршливи и треба да
бидеме особено внимателни при нивното користење. Прво
е потребно да се отстрани киселината од хартијата, бидејќи
тоа предизвикува основно влошување. Овој процес, наречен
дезакиселување, обично се прави со перење на хартијата во
воден раствор со цел да се отстранат нечистотиите. Тоа мора
да биде направено внимателно од страна на професионално
лице и може да биде доста скапа процедура. Затоа секогаш
консултирајте се со професионален конзерватор.
Редовни подврзувања
Да се лоцираат фирми кои врзуваат книги, лабави
периодични изданија и поправка на томови со исчезнати
или оштетени корици.
Зачувување на единечни букви, документи
Рамните предмети кои сè уште се во релативно добра
состојба може да се врзуваат во „Миларова“, која обезбедува
некаква точка на поддршка и ја намалува штетата од
ракување, притоа овозможувајќи предметот да биде виден
од двете страни. За инструкции за тоа како да се капсулира
ваков предмет во „Миларова“, може како за консултација да
ви служат некои информации од следниве книги:
Polyester Film Encapsulation. Washington: Library of Congress,
1980. (Ref. Z701.P65x 1980 Rare Book)
Davis, Nancy. Handle with Care: Preserving Your Heirlooms.
Rochester: Rochester Museum & Science Center, 1991.(Ref AM
141.D38x 1991). Rare Book)
Фотографии
Многу стари фотографии, кои биле оставени подолг
69
временски период без соодветна заштита, бараат големо
внимание во ракувањето со нив, како и соодветна нега од
квалификуван конзерватор. За современите фотографии
во боја и негативите загрижува фактот дека тие бледнеат со
текот на времето. Доста корисна книга за консултација за
стабилноста на фотографските негативи и филмови е след-
нава:
Wilhelm, Henry. The Permanence and Care of Color Photo-
graphs.(Ref TR 465.W55 1993 Rare Book).
Ова е само еден мал дел совети за што подобро да ги
заштитите своите библиотечни фондови. Се надевам дека
на многумина од вас ќе им бидат од корист. За таа цел во
продолжение наведени се некои списанија кои се занимаваат
со ова проблематика:
•The Abbey newsletter. Ann Arbor, Mich.: Academy Book Bind-
ery, 1975- (Per Z701.A22x Rare Book)
•Caring for your collections. New York: Abrams, 1992.(Ref
AM303.C37 1992 Rare Book)
•Cole, Susan. Family papers. New Orleans, La.: Historic New Or-
leans Collection, 1983. (Ref CD976.C64x 1983 Rare Book)
•Davis, Nancy. Handle with care: Preserving Your Heirlooms.
Rochester: Rochester Museum & Science Center, 1991. (Ref
AM141.D38x 1991 Rare Book)
•Dolloff, Francis W. How to Care for Works of Art on Paper.
Boston: Museum of Fine Arts, 1971. (Ref N8560.D64 1971 Rare
Book)
•Greenfield, Jane. The Care of Fine Books. New York: Lyons
&Burford, 1988. (G10940 Rare Book)
•How to Prevent and Remove Mildew: Home Methods. Wash-
ington, D.C.: U. S. Govt. Printing Office, 1980. (Ref SB741.
M65H688x 1980 Rare Book)
•ICC Notes. Ottawa: Canadian Conservation Institute, 1983-
(Ref AM141.I25x)
•Reilly, James M. Care and Identification of 19th Century Photographic
Prints. Rochester: Eastman Kodak, 1986. (G8489 Rare Book)
•Sheppard’s Book Dealers in North America: a Directory of Antiquarian
and Secondhand Book Dealers in the U.S A. and Canada. Old Woking,
Surrey, England: Richard Joseph. Annual. (Ref Z475.B63 Rare Book)
•Wilhelm, Henry. The Permanence and Care of Color Photographs: Tra-
ditional and Digital Color Prints, Color Negatives, Slides, and Motion
Pictures. Grinnell, Iowa: Preservation Pub. Co., 1993. (Ref TR465.W55
1993)
71
СОДРЖИНА
1.КНИГАТА И ДУШАТА, Добре Тодоровски, (9)
2.КНИГАТА ДНО НЕМА, Гордана Пешевска, (11)
3.ПОЧЕТОЦИТЕ НА ПРВИТЕ ПЕЧАТЕНИ КНИГИ ВО
МАКЕДОНИЈА, Ленче Андоновска (17)
4.НОВИ СВЕТОВИ, Николина Поповска (23)
5.ЧИТАЊЕТО КАКО ПОТРЕБА НА ЧОВЕКОТ, Милица Д.
Радевска (27)
6.КНИГАТА – НЕПРЕСУШЕН ИЗВОР КОЈ ГО НАПОЈУВА
ЧОВЕШТВОТО, Весна Димовска, Илија Мерковски (33)
7.НЕКОИ АСПЕКТИ НА ФУНКЦИИТЕ НА КНИГИТЕ ВО
21. ВЕК, Билјана Деспотовска (39)
8.ЕДНО ПОРАЗЛИЧНО ЧИТАТЕЛСКО ИСКУСТВО,
Симона Ристевска (47)
9.ПРАКТИЧНАТА ПРИМЕНА НА КНИГАТА ВО
ОБРАЗОВАНИЕТО, Весна Јовановска, Милица Д. Радевска
(55)
10.ЗНАЧЕЊЕТО НА КНИГАТА, Магдалена Б. Сајкова (61)
11.ПРЕЗЕРВАЦИЈА И ЗАШТИТА НА СТАРИТЕ КНИГИ,
Билјана Стефановска (65)
Издава
НУУБ „Св. Климент Охридски“–
Битола
За издавачот
Науме Ѓоргиевски
Лектура
Богомир Наумоски
Печати
Херакли-комерц – Битола
Подготви за печат и
компјутерски ги обработи
Гордана Пешевска
Тираж
200 примероци