Петта Роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија : Зборник на излагања : тркалезна маса, Битола 4 јуни 2010 година



Петта Rodnokrajan sredba...


1


ПЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


2


National Institution – University Library
“St Kliment Ohridski” Bitola


THE FIFTH HOMELAND MEETING
OF THE BITOLA WRITERS FROM


MACEDONIA


Bitola 2010




Петта Rodnokrajan sredba...


3


Национална установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ – Битола


ПЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО
БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ


ОД МАКЕДОНИЈА


Битола 2010




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


4


ПЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА НА
БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ


ОД МАКЕДОНИЈА


Издава
Националната установа – Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ Битола, ул. Ленинова бр. 39, Битола


За издавачот
Науме Ѓоргиевски


Издавачки совет
Науме Ѓоргиевски
д-р Николче Вељановски
Владимир Костов


Главен и одговорен уредник
д-р Николче Вељановски


CIP - Каталогизација во публикација
Национална установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“,
Битола


821.163.3(63)
РОДНОКРАЈНА средба на битолските писатели од Македонија
(5 ; 2010 ; Битола)


Петта Роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија :
Зборник на излагања : тркалезна маса, Битола 4 јуни 2010 година = The
forth homeland meeting of the Bitola writers from Macedonia: Collection
of presentations : Round table, Bitola June 4, 2010 / [Главен и одговорен
уредник Николче Вељановски]; [превод и резимеа на англиски јазик Николче
Вељановски]. - Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ = Bitola:
NIUL “St. Kliment Ohridski”.- 105 стр.: илустр..; 24 см


Резимеа на англиски јазик кон текстовите.


ISBN 978-608-4538-19-6


1. Гл. Ств. Насл. 2. Насп. Ств. Насл. 3. Вељановски, Николче
а) Македонска книжевност - Роднокрајни писатели – Живот и дело -
Зборници


Тел.: 047/220-208; факс: 220-515; тел. изд. 232-999;
www.nuubbt.uklo.edu.mk; e-mail: nuubbt@uklo.edu.mk




Петта Rodnokrajan sredba...


5


ПЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА НА БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА 2010


По повод Петтата роднокрајна средба на битолските писатели од
Македонија што се одржа на 4.06.2010 година, во 11 часот во Роднокрајната
читална на Библиотеката., се одржа традиционалната Тркалезна маса,
овојпат на тема: „Мојот несекојдневен оригинален лик“. Излагањата
на писателите: Димитар Богдановски, проф. д-р Благоја Брајановски,
Петре Димовски, д-р Цане Здравковски, Никола Кочовски, Панде
Манојлов, Сања Мучкајева Видановска, Кире Неделковски, Ѓорѓи
Прчков, проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, Богоја Таневски, Добре
Тодоровски, Весна Мундишевска Велјановска, Мирјана Стојановска
Палигора и Петко Шипинкаровскi (излагањата на Владимир Костов
и Христо Петрески беа прочитани во нивно отсуство) влегуваат во
петтиот по ред Зборник.


На почетокот, со едноминутно
молчење им беше оддадена почест на
починатите писатели д-р Ѓорѓија Нај-
дов ски и академик Гане Тодоровски. Во
име на организаторот, д-р Николче Ве-
ља новски како медијатор на средбата
им посака на писателите добредојде на
петтата по ред Роднокрајна средба на
битолските писатели од Македонија.
„Темата на овогодинашната средба
на Тркалезната маса е: “Мојот не-
се којдневен оригинален лик” .
Секој писател пишува според својата


инспирација. Најразлични се темите и ликовите. Преку своето дело
секој писател директно или индиректно ја дава на читателот својата
порака. Овај пат, темата секој од вас ја доживуваше на свој начин. Тоа е
можеби и заради тоа што секој го нашол својот херој во себе или покрај
себе, пред себе во животот, или во контактите со своите јунаци, дури
можеби длабоко во своите најскриени идеи. Сепак, би сакал да изразам
благодарност за вашата искреност во вашите настојувања да си ја




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


6


сочувате оваа Средба како ваша Средба. Треба да сме сите свесни дека
во моментот светот е навлезен во една голема финансиска криза така
што средствата се минимални, барем оваа година, можам слободно да
речам, незначителни. Дојдовме до момент кога треба само да се обидеме
да ја држиме во живот оваа Средба, а критиките не знам колку би ни
помогнале. Искрено се надевам дека и понатаму ќе се гледаме со уште
посилни содржини и со уште поголема надеж во нашето дружење“.


Во поканата до писателите во поглед на поставената тема се
вели: „Да се обидеме да излеземе од стереотипноста на секојдневното
живеење на обичниот секојдневен човек и да го изнајдеме посебниот,
несекојдневен оригинален лик во нашите дела кој можеби припаѓа на
„глувците – херои“, но може да припаѓа и на ретките херои сличен на
Ничеовиот натчовек кој е во потрага по бесмртноста. И во двата случаи
хероите ги краси една посебна инспирација од внатре, на несекојдневна и
чиста љубов. Значи, овој посебен лик треба да остави белег на еден град,
држава, или народ, или пак на генерации интелектуалци и сл. Овде би
биле надвор од темата доколку зборуваме за народни херои или некакви
подвизи во време на војна. Се разбира дека овие ликови треба да биле
веќе во вашите дела. Таквите херои може да биле и ваши измислени
ликови. Како и на другите Средби, времето на излагање треба да биде не
повеќе од 10 минути“.




Петта Rodnokrajan sredba...


7


ДИМИТАР БОГДАНОВСКИ


ЧИЧКО КРСТЕ НАУМОВСКИ


И при оваа средба, впрочем како и на сите одржани поранешни
средби на роднокрајните битолски писатели, очекувано ќе биде зборувано
за проблематика која, де факто, на своевиден начин директно засега во
интимата на литературниот творец. Предложената тема за опсервирање:
,,Мојот несекојдневен оригинален лик “ има специфичен карактер која
поттикнуа на попродлабочена размисла кон разоткривање на извесни
сегменти од сопственото творештво на писателот и тоа на поконцизен
начин отколку при самото презентирање на реалните или измислени
личности во сопствените дела.


Ненадејно по запознавањето со предложената тематика, пред мене
се исправи прилично сериозна дилема, така што признавам, донекаде се
најдов во небрано. Од дадената тема произлегува нешто, на прв поглед
речиси, парадоксално. Имено, лично мене како автор кој сум создал
или презентирал одреден број литературни ликови во моиве раскази,
монодрами и романи, не ми е ни лесно ни просто да изберам, односно
одвојам ,,несекојдневен оригинален лик “ , за кого од иницијаторот
сликовито е кажано дека можеби припаѓа на ,,глувците херои “ или, пак,
на Ничеовиот ,,натчовек “.


Јунаци ,,надлуѓе “, во мојата проза нема, со исклучок на еден од
јунаците кој по исклучителен случај се стекнува со натчовечка моќ
да ги открива човековите мисли, па дури на луѓето да им го сугерира
однесувањето ( ликот Марко во романот ,,Мислочитачот“). Сепак, тој во
никој случај не може да се вметне во редот на Ничеовските ,,надлуѓе “,
бидејќи и покрај стекнатото необично својство останува обичен човек
кој со ништо друго не се разликува од останатите,туку останува онаков
каков што бил порано.


Но за жал, меѓу моите јунаци мнозинство претставуваат нега тив-
ци те. а пример, ,,другарот“ во поранешниот општествен ситем, односно
сегашниот ,,господин“ Петар А., поранешен директор во државната
безбедност, од кусиот расказ ,,Зарем е можно? “ Или , пак, можеби, ликот
на Петре Старец јунак од расказот ,,Вистината за Петре Старец”. Овој
човек, кој преживува длабока старост, во една единствена ноќ на млади
години, заради приграбување на богатство, ладнокрвно, без око да му
трепне, убива тројца луѓе, двајца немоќни старци и еден релативно млад
човек. Животот го продолжува како примерен, од околината почитуван




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


8


граѓанин и навидум голем верник. Злосторството по години го открива
неговиот внук, носител на неговото име, кој неможејќи да го издржи
откриеното за својот дедо, човекот кого го обожувал, се самоубива.


Посебен случај на негативец,
инаку ситен бизнисмен, морално
изгубен и пропаднат човек, но
исполнет со завист и неразбирливо
голема злоба е главниот лик во
кусиот расказ ,,Му завидувам“. Тој
го убива човекот кој единствено
му помага во најтешките
моменти. Убиството го извршува
непланирано, дури случајно, па
можеби дури и без а сака, така
што при една прилика ненадејно
го турка од високиот каменен
кеј во збеснатата надојдена река.
Интересно, тој пријателот не го
убива од користољубие, какошто веднаш може да се помисли, туку од
омраза. Таа омраза, и тоа е посебно чудно и несфатливо, произлегла
поради тоа што неговиот пријател за разлика од него, бил извонредно
добар човек кој секогаш е подготвен да помогне, да се насмее, да се
пошегува, да каже добар збор. Омразата долго, долго се таела во него.
Меѓутоа, во раното утро на таа иста ноќ, по извршеното убиство, и
самиот настрадува. При преминување на улица го удира возило и тој
останува целосно парализиран.


Сепак, чичко Крсте, меѓу пријателите во Битолската чаршија
познат по прекарот Чункот, носечката личност од расказот ,,Берачот на
коприви“, битолчанец, починат пред дваесетина години, во контексот на
предложената тема заслужува посебно внимание и, веројатно, во случајов
по однос на својот карактер, природа и однесување, е најпогоден од моите
јунаци за опсервирање согласно со темата. Тој човек, инаку припадник
на постарата генерација од нашите сограѓани кои порано постојано
се среќаваа низ битолската чаршија, располага, барем според мене,
со извесни мошне интересни особености. Тие луѓе, неговите врсници
или еснафи, обично не привлекуваа посебно внимание врз себе, туку
најчесто поминуваа незабележани, тивко, покрај нас. Го запознав покрај
десниот брег на реката Драгор, веднаш над мостот викан Железниот
Мост, на новачкиот пат. Помнам, беше средината на месец март, ведро
сончево, но студено време. Тој на јужната страна на насипот од брегот,




Петта Rodnokrajan sredba...


9


висок, слаб, незначително поднаведнат во плеќите, собираше коприви.
Случајна неветуачка средба, како и многу други, од која единствено
можеше да се очекува обичен разговор кој веднаш се заборава и ништо
повеќе. Меѓутоа, таа средба само по неколкуминутен разговор иницира
причина за попродлабочена размисла неочекувано резултирајќи со
своевидни пораки. Бев изненаден тогаш, сум изненаден сега и што е
најчудно или најнеобично, изненадувањето од разговорот со тој човек
остави бележит печат врз мене. И сега, по толку долго минато време, тој
разговор остана втиснат во сеќавањето. Додека, пак, напишаниот расказ,
инициран од него, верувам ќе остави подолготраен траг за случајно
запознатиот обичен, но сепак невообичаен човек.


Тој човек својот живот целосно го минал во сиромаштија, на самиот
раб од животната егзистенција, едвај успевајќи да врзе крај со крај,
но успеал да создаде семејство, децата да ги издигне и извади на пат.
Обичен човек, типичен претставник на својата социјална група, речиси
неписмен, единствено знае да го потпише своето име. Но, зборува,
раскажува и прераскажува на начин кој неможно е да се игнорира, ами
по својата убавина некако едноставно и природно привлекува, односно
наметнува внимание, времето го враќа наназад со децении, триесет,
четриесет, педесет или повеќе години. Арно ама, интересно за периодот
по Втората светска никогаш, по ослободувањето на земјата, ни збор не
проговорува. Зошто? Одговорот не е јасен, подоцна се подразбра дека тој
наводно бил замешан во некаква националистичка организација, каква
ни самиот господ не знае, а камоли чичко Крсте. При собирањето на
коприви што независно од поодминатата возраст, вешто го правеше, така
патем, можеби и како некакво изненадување, а и себе оправдување, рече:
,,Подобро нешто да се работи отколку така, залудо да се седи. Додека
можеш да работиш –работи. Работата е живот“.


Зад надворешната старечка мудра смиреност при малку
повнимателно погледнување, се чини се крие нешто нејасно,
неразбирливо, па дури и таинствено. Инаку, воопшто незамисливо е на
прв површен поглед во ваква личност да биде откриено или осознаено
нешто особено. Арно ама, произлезе дека не е така. Чичко Крсте Чункот
претставува вистинско изненадување, особено во моментот кога тој
во својот слушател ќе забележи интерес. Тогаш ,,во тивкиот певлив,
помалку задавен глас на старецот се чувствува задоволство помешано
со нескриена гордост. Чиниш, раскажувањето го подмладува. Ситните,
исплакнати очи радосно блескаат“.


Кај не сум бил, другар, по овие планините, зборува. Цело Ниџе,
почнувајќи од Црна Река, па нагоре до Кајмакчалан, ова полето,




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


10


Пелистеров, потаму на другата страна на Преспа, Галичица. Се`, секое
место, ритче, долче, знам на прсти.


Од неговото раскажување произлегува дека во годините по
завршувањето на Првата светска војна, сиромаштијата, гладот, борбата
за преживување принудило многу луѓе преку собирање на остатоци од
оружје да обезбедуваат парче леб.


,,Години не една или две, по кинењето на Битолскиот фронт, по тие
пустелии собирав железо, бомби, коски од паднати војници. Еее, што не
сум правел за лебот на децата!“


Коски од паднати војници?!
За собирање на старо железо, неговото предавање во собирните


центри, за нашиве луѓе не претставува новост, бидејќи многу луѓе од
постарите генерации, за време на Кралството Југославија, па дури
и подоцна, го собирале. Некои од нив, на пример, Вангел Ропотко
од маалото Пустовци- Генимаале, Ишо, Абедин Турчинот, останале
парчосани по поранешните, непрегледни по својата должина линии на
Македонскиот фронт, кога ги барале, носеле, отворале. Но, за собирање
коски од паднати војници никогаш, се` до средбата со него, не сум
слушнал. За мене тоа беше фрапирачко, неверојатно и грозно сознание.


... овде на тој фронт многу војници, млади луѓе, уште деца и од
едната и од другата страна ги оставија засегогаш коските. Планините,
чукарите и доловите побелеа од нив, раскажува чичко Крсте. Откако се
расипа фронтот и престанаа битките, Французите, Србите и Германците
ги собраа коските од своите војници. ...Ние ги откопувавме и собиравме
и едните и другите. Добро плаќаа. За еден скелет од француски војник
прибран во вреќичка, плаќаа петнаесет банки. Две вреќулна со коски,
наполеон и половина. А да видиш, коските не се тешки како железото и
тучот.


Јунакот на расказот раскажува за многу нешта, од нив најпотресни
се две случки. Првата, кога горе на Пелистерот по откопувањето не пет
скелети, откопуваат мумифициран француски војник. При вадењето
на големиот златен прстен од прстот на десната рака на војникот, се
откорнува и прстот. Потресен од тој момент, тој заедно со неговиот
другар Вангел Ропотко, престануваат да собираат коски, но не и со
собирањето на железо, бомби и други материјали останати на пустите
боишта. Вториот случај станал десетина дена по првиот. Тој заедно со
Вангел Ропотко, горе меќу селата Крклино и Облаково, турско село кое
во пеесеттите години од минатиот век жителите го напуштиле, собирале
железо. Вангел нашол голема граната и се обидел да ја отвори. Мајстор
беше Вангел за таа работа, раскажува Крсте Чункот. Никој не можеше да




Петта Rodnokrajan sredba...


11


ги отвори гранатите побрзо од него. Оваа не ја отвори. Близу бев. Имав
среќа. Бев слезен во голем длабок ров. Гранатата експлодира. Земјата се
стресе, ушите оглувнаа. Од силината на експлозијата паднав на дното од
ровот.... Најпосле, излегов од ровот. Што ќе видам! Грозотија! Вангел, за
грев човекот, никаде го нема. На местото се беше отворила голема дупка.
Наоколу од неа расфрлани камења и парчиња човечко месо. Откината,
само главата останала цела.


Инаку, тој мирен, тивок, незабележителен човек, во себе криеше
низ непознати, и не само интересни по случувањето нешта, ами мошне
важни за откривањето на начинот на живеењето на битолското население
за времето меѓу двете светски војни, па и потоа. Например, како луѓето
се снаоѓале во настојувањето да преживеат и обезбедат живеачката на
своите деца. ,,А и тогаш, бре другар, во тоа српското, имаше пари, не да
немаше. Тие во малку раце беа, исто како сега. Сиромаштијата немаше
пари. Па, ако ги имаше не ќе беше сиромаштија, ја! А од каде пари? Од
каде сиромавиот ќе ги најде? Кој ќе му даде? Како ќе ги спечали, ја! Од
него само се зема. Земањето туѓо мајката му е на богатењето, ја, така да
знаеш! Секогаш така било, белки не секогаш така ќе биде, ама вака како
што тераат работите не ми се верува дека нешто ќе се измени “.


Претставувањето на мојот јунак од расказот ,,Берачот на коприви“
е само обид да се одговори на дадената тема ,,Мојот несекојдневен
оригинален лик“. За жал, поради ограничениот простор не е можен
поопстоен приод кон целосното успешно извршување на мојата задача.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


12


DIMITaR BOgDaNOvSKI


UNCLE KRSTE NAUMOVSKI


“Suddenly after I had become familiar with the suggested theme, in
front of me appeared a very serious dilemma, so I admit, I found myself in an
unpleasant situation. Out of the given theme appeared something, at first sight,
paradoxical. as an author who had created and presented certain number of
literary characters in my stories, monodramas and novels, it is not easy for
me to select, or separate “an unusual original character”, as suggested from
the initiator, that belongs to the level of the “mice – heroes”, or Nietzsche’s
“superman””.


Heroes -“supermen” in my prose do not exist, except only one hero who
is an isolated case. He acquired a superhuman power to read one’s thoughts,
and make others obey his telepathic commands. (Marko in the novel “The
Thought Reader”). But he cannot be taken as Nietzsche’s “superman”. In
spite of his unusual extraordinary power he remained an ordinary man equal
to all others”.




Петта Rodnokrajan sredba...


13


Д-Р БЛАГОЈА БРАЈАНОВСКИ


МОЈОТ НЕСЕКОЈДНЕВЕН ОРИГИНАЛЕН ЛИК


Иако секој автор тешко може да издвои лик од ликовите во неговите
дела кој би можел да се оквалификува како несекојдневен оригинален лик,
а најмалку тоа може да биде се однесува на родител на главната личност.
Таков е случајот со родителот на главниот јунак, Трајан, во мојот с¡
уште необјавен роман, во кој всушност е продолжение “дообјаснување”
на неговиот лик од романот: Песна отпеана.


Оваа средба на железничката
станица меѓу, Трајан, главната
личност во с¡ уште необјавениот
роман, и неговиот татко, откако
била пронајдена сестрата на
Трајан, која, во егзодусот на
граѓанската војна во Грција, била
однесена во друга држава, така
што со време не ни помислувале
дека ќе дојде денот кога одново
ќе се најдат во преградка, освен
нејзината мајка, која никогаш не
ја напуштила надежта дека кога
и да е ќе дојде време кога ќе го


прегрне своето изгубено чедо, Марија, со која, пак, Трајан, незнаејќи
дека се работи за неговата изгубена сестра, Марија, заедно работат во
иста канцеларија, па така, со време меѓу нив бил воспостевена одредена
доза на младешка привлечност, но сепак, за среќа, постоела некаква
граница до каде можело да се оди во таа интима, и с¡ останало на тоа.


Ова подолу е првата средба меѓу, Трајан, и неговиот татко на
железничката станица откако, Марија, неговата сестра веќе се наоѓала
насело во домот на неговите родители.


Овде за нас, водејќи сметка за темата на оваа Средба: “Мојот
несекојдневен оригинален лик,” не е толку битна самата средба, отколку
реакцијата, пред с¡, на татко му на, Трајан, односно како во вакви
трогателни и болни и за телото и за душата се однесува еден едноставен,
но мудар човек.


Иако, за докрај да се направи анализа на таткото на Трајан, што
горе-долу има и допирни точки и со таткото на самиот автор, поради




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


14


просторот допуштен за овие Средби, а и поради самиот профил на
прилозите, не е можно.


Еве само еден сегмент од анализата на таткото на главната
личност, Трајан, во романот, кој, за мене е, а се надевам и – за читателот,
е несекојдневен оригинален лик, на кој и несакајќи ќе се навраќам во
натамошното прозно творештво, како некаков вид “дополнување,”
но и како показ како би требало да наликуваме секој од нас, и заради
позитивниот одраз врз мнозинството, па и пошироко.


***


На железничката станица, нешто што беше невообичаено досега:
ме чекаше татко ми. Иако татко ми немаше обичај во секоја прилика
да ги прегрнува или да ги гушка своите деца, во оваа пригода постапи
спротивно: така силно и отсрце ме гушна на своите гради, така што ја
чувствував силната возбуда кај него. Силно се тресеше неговото тело,
а главата која лежеше на моето десно раме, одеше нанапред, а потоа се
враќаше наназад. Никогаш порано не беше сум го видел во такво светло
татко ми. Никогаш како сега не беше сум го видел во вистинското светло
сопствениот татко; тоа значи дека недоволно сум го познавал, или тој
самиот не сакал ние, неговите деца, да дојдеме до таквото спознание.
Под наметката на неговата смиреност и трпеливост, под наметката на
дозираната строгост спрема сопствените деца, се криела силно душевно
бранувана личност. Иако не можев да ги видам неговите очи, сигурен
бев дека од нив се тркалаат солзи. Стискајќи ме така татко ми на градите,
и самиот го почувствував тој силен татков трепет и во сопственото
тело: како сиот тој трепет да беше се преселил и во мене. Иако бев
крајно возбуден, сепак не можев така лесно сето тоа да го прифатам
како нормална работа, како што многу тешко на мирен начин може да
се прифати болеста, а уште потешко - смртта. Најдобро би било, кога
не би можеле да го одбегнеме случувањето на болеста, но ако таа се
случи, ми надојде мислата на Далај Лама, подоро е да ја прифатиме,
што не значи дека не треба и да се обидеме да се излекуваме од неа, а
заедно со ова ме налегна и мислата и на индискиот мудрец Шантидева,
што често ја бев слушал од Учителот, дека: «Ако не постои начин да
го превозмогнеме страдањето, тогаш нема потреба од грижи; ако не
постои начин да го превозмогнеме страдањето, тогаш нема никаква
корист од загриженост.”


„Ова не оној мој татко што порано го познавав”, си велев во себе.
„Ова не е оној мој татко, иако, ние – неговите деца, знаевме дека


неизмерно н¡ сака, но ние, барем чувствувавме доза на одредена оддале-




Петта Rodnokrajan sredba...


15


ченост од него, доза на одредено навидум службено однесување од него,
како и тој – од нас, извикав силно но нечујно во себе, и наместо ехо во
околината, ехото се врати десетпати посилно во мене одекнувајќи како
осамен бран кој не го наоѓа сопственото задоволство одново да се врати
во својата матица. Осаменоста е распослана напред исто колку што е
назад. Ехо кое, како да се слуша самото себе.”


„Тате!,” во еден момент, не можејќи да се додржам, извикав со
пригу шен глас, во моментот кога татко ми се одвои од мене, со рацете на
очите, а од дланките му капеа солзи, а с¡ уште со едната рака го држев
татко ми за крајот на палтото, како да сакав и понатаму да се чувствувам
близу до него; врзан за него. „Сега е готово. Марија е кај нас,” му велам,
како тој да не го знае тоа, како некој друг да зборува наместо мене, и
успевам некако да го смирам сопственото но и неговото разбранувано
тело.


„Која е таа радост, сине мој, што може да ја замени, да ја надомести
оваа радост,” ми вели татко ми и гледа настрана избегнувајќи го мојот
поглед. Знаев дека, кога во моментите го свртува погледот од соговорникот
кој стои очи во очи со него, татко ми се обидува да сокрие некое чувство
во себе, кое е толку силно што би можело да го измести целосно од
положбата на наводната смиреност. Го знаев тоа, бидејќи често пати
ни зборуваше нам, - неговите деца дека, колку што се може би требало
да се настојува со смирен дух да се решаваат работите. Ова, особено –
при донесувањето на судбоносни одлуки. А посудбоноста ситуација од
оваа сегашната: здравје! – си помислив во себе, и стојам така пред него
незнаејќи како да постапам понатаму; се најдов како да сум виновен
кога се работи за мојата сестра, Марија; не знам што им кажувала таа
на моите родители, а сепак верувам, знаејќи ја мудрата глава на мојата
сестра, дека с¡ е во ред!


Не знам каков товар тие носат на своите плеќи.
„Ти с¡ уште,” со тивок глас, гледајќи питомо во моите очи, продолжи


татко ми, „не си станал родител за да можеш стопостотно да го разбереш
чувството на родител. Ако човек во ваква пригода не се однесува онака
како што го создала самата природа, ако неговите однесувања и постапки
не се одраз на таа вистинска природа што секој одделно од нас ја носи во
себе, тогаш можеме многу блиску да се најдеме во сопствениот безизлез;
тогаш ќе се најдеме во положба од таа силна екплозија на насобраната
енергија во нас да бидеме иницијатори на нашето сопствено целосно
разнесување, распарчување на ситестрани. Тоа би било рамно на
експлозија.”


„Да ја затвориме вратата на стравот зад нас за да можеме многу
бргу да се соочиме со вратата на вербата отворена пред нас”, самоотсебе,




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


16


незнаејќи зошто тоа го изговорив, знаејќи дека тоа тешко ќе може да го
разбере мојот татко, туку така едноставно – ми излета неконтролирано.


А татко ми, го запре погледот на моите очи, исчуден од она што го
бев рекол, а јас, за да ја забошотам таа работа едноставно реков: „Тате,
тоа е мисла на еден мој пријател,” намерно одбегнувајќи да го именувам
мојот Учител, Рамон, за да не го доведам во уште поголема заблуда,
така што можеби ќе го доведам во положба, наместо со мислите да е кај,
Марија и за с¡ друго што е во врска со неа, да има дополнителни грижи
и со мене: со мојот мозок, со моето здравје, можеби.


И наместо татко ми да биде доведен во положба каква што бев
очекувал, што сепак реална потпора наоѓав во фактот што тој, иако
начитан во споредба со огромното мнозинство во селото, како што го
сметаа во селото но и пошироко, како и поради тоа што имаше завршено
еден клас Трговачка академија во градот, ни на крај памет не ми паѓаше
помислата дека ќе ја сфати суштината на реченицата што пред малку
несвесно ја бев изрекол, тогаш тој, со блага насмевка рече: „Рака под
рака одат снагата и борбата”. И додаде: „Моќта да се сфати како доблест,
а не како слабост, е да се даде поголема и подобра услуга отколку што
ти е платено за тоа, така што порано или подоцна - кога и да е - ќе го
добиеш она што ти следува од твоето вложување.”


„Колку повеќе даваш, толку повеќе добиваш”, реков, и гледав со
нескриена радост во радосните очи на мојот татко. А тој на тоа рече
дека, тоа што сум бил оставен сам во градот, како едноставно да сум
слегол со падобран во непознато место, зборува за тоа дека, сакал да сум
се сретнал со проблеми и тешкотии за чие решавање немало помош од
друг, туку само од самиот мене, зборува, како што споменав во првата
негова реченица, за фактот дека сум успеал да воспоставам некаква
рамнотежа меѓу сопствена снага, меѓу сопствената моќ и напорот,
борбата за нивното решавање.


„Да се биде среќен, значи дека и некој друг, исто така, треба да биде
среќен,” реков, сега во прегратките на мојот татко, и притоа го слушнав
неговиот тивок и запорничав глас: „Ти ни ја донесе сета среќа во нашата
куќа. Ако не се одлучевме јас и твојата мајка, иако, морам да признам,
со тешко срце, сам да те оставиме во непознатиот град каде што немаш
никој познат, тогаш, јас, а особено твојата мајка с¡ уште ќе копнееше по
твојата сестра, Марија, а прашање е колку долго ќе можеше да издржи
нејзиното срце. Тоа - само јас го знам. И сега, кога одново помислувам
на сето она што го беше преживувала твојата мајка за, Марија, треперам
како лист на висока топола под налетите на силен ветар. Тоа што ти, се
јави на распишаниот конкурс и што токму тебе те примиле од којзнае




Петта Rodnokrajan sredba...


17


колкав број на други, и тоа што,” продолжи татко ми, „токму во твојата
канцеларија да работи и, Марија, твојата изгубена сестра, зборува за тоа,
како што порано ми беше рекол еден нетукашен, кого сите во селото го
сметаа за пустиник, кој се занимаваше со копање по селските ридови
барајќи закопано железо од Првата светска војна за да може истото да го
продаде во градот, а кој често навраќаше кај нас дома, а кого барем јас
така сметав дека поседува некаква внатрешна длабока мудрост што нам
ни недостасува, во една прилика ми беше рекол дека ништо на овој свет
не се случува случајно, дека не постои коинциденција, зборува потврдно
за таа негова мудрост, кого повеќепати некои во селото ја исмејуваа
неговата кроткост, неговата таинственост, неговата едноставност,
неговата надворешна понизност, неговата внатрешна истрајност,
трпеливост и простосрдечност.”


Во ваква пригода не ми остануваше ништо друго, освен да стојам
пред мојот родител, а ветрот што почна силно да дува, го разнесе во
далечините и писокот на локомотивата. Почувствував олеснување во
душата од тој писок на локомотивата, и бев уверен и самиот незнаејќи
зошто дека и тој писок на локомотивата не е наменет само за поаѓањето
на возот, на локомотивата на тој воз, туку дека тој писок исто така и
истовремено е наменет и на сите нас што сме го слушнале, на сите луѓе,
на сите живи суштества на Земјата, на самата Земја. Со тоа што и јас со
тој писок го почувствував сопственото душевно олеснување зборуваше
за тоа дека тој писок не бил наменет само за мене, туку и за сите оние кои
го чувствуваат избликот на бескрајната радост, но исто така и за оние кои
го чувствуваат товарот на бескрајната тага, на бескрајната болка, зашто
само еден чекор н¡ дели меѓу големата радост и големата болка.


„Видиш,” си велев во себе, „колку е танко, ако воопшто и го има,
растојанието меѓу радоста и тагата, така што понекогаш не сме во
состојба да разликуваме што е радост а што е тага. И неслучајно беше
кога, Рамон, нам – неговите ученици – н¡ уверуваше дека треба со
голема внимателност да се прима радоста, задоволството, или кога н¡
обзема тагата. Ова особено кога н¡ обзема бескрајна радост; радоста
треба да се прифати со смирено срце и со смирен ум, како кога долго
прегладнетиот човек, ако сака да остане здрав, а можеби и жив, во тој
почетен момент не смее во целост да го задоволи со храна сопствениот
организам; не смее во целост да го надомести загубеното. С¡ треба да се
зема со смирен ум, со врамнотежен ум”.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


18


D-R BLagOJa BRaJaNOvSKI


MY UNUSUAL ORIGINAL CHARACTER


“It is very difficult for an author to separate a character out of his works
and qualify him as an unusual original character, let alone if this character
happens to be author’s own parent. It is the case with the father of the main
character Trajan in my not yet published novel, which is a continuation and
“explanation” of his character “The song already sang”.




Петта Rodnokrajan sredba...


19


ПЕТРЕ ДИМОВСКИ


ВО СРЦЕТО НА КАМЕНОТ
За ликот на Јанкула во романот Крилја


Го познавате ли Јанкула?
Претпоставував дека не, зашто не ве познава ни тој, затворен во


тунелот под Големата Планина во Сиднеј, по наша мерка далечната
Австралија, зашто растојанието го мериме од нашето родно огниште до
крајот на светот.


Тој Јанкула е еден јунак, влезен во мојот роман Крилја во оној миг
кога влезе во тунелот да пушти вода да не би му распукало бабулето.
И повеќе не можеше да излезе од таму. Се одронаа големи карпи и ги
затворија влезот и излезот. А не го виде никој кога се одвои од групата
зашто и никој не го познаваше и не го забележуваше. Необична случка
што го направи необичен човек во необични околности. Остана заробен
во тунелот, тој без светот и светот без него. Кракот од тунелот не беше
во ничиј интерес, зашто требаше да се продолжи со копање под Сиднеј
уште многу години и потоа да дојде ред за неговото изградување во
одводен канал. Треба тоа да е крај. Но беше необичен почеток за еден
необичен човек.


Тунелот е отвор во каменот, во карпата на планината. Ја имаме таа
претстава независно дали сме престојувале во него. Каменот е постојан
и цврст, но сепак наликува на сунгер кога ќе забележиме како од него
исцедува вода во постојан тек. Тоа го забележа и Јанкула и во првиот
миг не се исплаши од жедта. Жедта, логично, во вакви услови може да
постане смртен непријател, да го стопи телото, сурово да си ја извлече
водата од него. Но повторувам дека каменот бил сунгер иако воопшто
природата не го наменила за таков.


До оваа забелешка Јанкула дојде преку сетилото за слух.
Слушаше како водата капи од таванот, и како нозете му шлапкаат при
одот. Вообичаено тоа се открива со сетилото за вид, но овде тоа не му
функционираше: беше стопостотна темнина. Како во гроб.


Секако Јанкула го почувствува тоа смрзнувачко студенило во
душата од реалната асоцијација, зашто не можеше да пронајде друго
име, иако знаеше дека е жив. Јунакот западна во необични околности
и како при тоа може да му избега на очајот? Но кај Јанкула очајот не го
забележуваме. Го краси една добра особина, да се надева, и надевајќи
се, да живее. Јанкула првпат слезе во тунелот, знае дека тунелот пред




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


20


него се затвори со голем одрон на камен, и до исцрпување на последните
сили не успеа да ги помрдне камењата. Надежта дека други ќе ги
растргнат од другата страна долго го држеше, и најпосле таа наполно го
напушти откако сфати дека и долго чекаше да се случи тоа. Но остана
надежта дека тунелот има уште еден крај и дека низ него ќе се врати во
цивилизацијата.


Но судбината за Јанкула е
немилосрдна. Во еден миг му ја одзема
и таа надеж. Открива дека отворот
е само една мала дупка во камениот
брег, во висина, во ширина, во длабина
е мазен, вертикален камен, кој најдолу
завршува со гребенести карпи. Надежта
умира. Ако последна умира надежта,
што останува после неа? Кај Јанкула
останува инстинктот да се преживее.
Ја нема надежта што ќе го одржува,
но го има инстинктот. Парадоксално
за случајот. Јанкула знае дека не може
да излезе од тука. И знае дека го нема третиот елемент за живот: има
вода, има воздух, но – нема храна. На тоа, тие два присутни елементи
остануваат невредни. Но Јанкула дише. Тоа е инстинкт. Јанкула ја
изгаснува жедта, пие вода. Тоа е инстинкт. Јанкула живее. Тоа е инстинкт.
Сега се поставува прашањето, дали со таа природна дарба наречена
инстинкт ќе продолжи да живее и надвор од времето што го определува
гладот. Секое друго суштество би стигнало дотука. Може да се реши да
скокне за да избега од заробеништвото, и ќе се убие на карпите под него.
На тоа гладот несомнено би го натерал како последен чин од обидот да
го зачува животот. Но во овој случај се работи за јунак во делото кој е
човек. И како на човек, својствено му е да има мисла. И, сега мислата
го продолжува тоа, што не може инстинктот, и Јанкула користејќи се
интензивно со неа, доаѓа до едно сознание дека, покрај каменот и водата
што навидум се единствено присутни, може да има уште нешто што ќе
му ја измени судбината. Во првиот миг не е свесен што може да биде
тоа, но мислата му открива дека може да постои нешто недефинирано,
некој остаток од човековото присуство пред него. Во свеста се отсликува
целиот процес на дробење на каменот, на пробивање на отворот низ
каменото срце на планината додека светлината на свеста не ги открива
танките метални жички со кои се поврзани мините пред експлозијата,
и кои раскинати низ каменот, ги изнесуваат натоварени на вагонетките.




Петта Rodnokrajan sredba...


21


Тунелот наполно е исчистен. Но, иако надежта еднаш умре, се враќа
повторно. Сега Јанкула трага по остатоци. И кога Јанкула пребарувајќи
низ темнината на тунелот напипува жица, има чувство дека повторно го
открива светот, и дека всушност тоа е најголемото откритие што тој го
признава. Зашто, сите дотогашни откритија на човештвото во тој миг за
него се бескорисни. Јанкула и како да го има тоа чувство, како да е на
самиот почеток на отпочнувањето на светот. И како се да започнува од
него и од тој миг. Размислува интензивно како да се послужи со жицата
по која толку многу трагаше и која му ја врати надежта. Секако не
можеше да се спушти по неа од брегот, зашто, иако ослабнат, пак не би
докрепила ни стотинка од неговата тежина. Но Јанкула започнува една
животна битка на мислата и ја бара трагата до надежта што му ја донесе
жицата. А кога ја провиснува кон бездната, открива дека таа нагоре може
да му донесе риба. Секако за јадицата што ја изработува треба и мамец,
и колку за толку може да одвои од своето тело за да ја фати првата риба,
и потоа таа го разгранува уловот. Така опстојува се до оној миг кога во
отворот на тунелот надоаѓаат птици за гнездење, па има во менито јајца,
а во ненасетената опасност и птиците лесно стануваат негов плен.


Така Јанкула живее. Но светот се уште е далеку од него. Се уште
само небото и морето се негов видик, и само тие постојат за него.


Но Јанкула во тие необични несекојдневни околности умее да се
користи со мислата, и кога овде доаѓаат и одлетуваат само птиците, тој
во цивилизацијата може да се врати само како птица. Односно, само со
лет. Тој и не бара невозможен лет, не е фантазер, но е реалист и знае
дека летот и само неколку метра да го оддалечат од брегот, ќе ја избегне
опасноста да се убие на каменот, но ќе ја дофати водата, за која поседува
соодветна вештина да се справи со нејзината лакомост. беше уверен дека
ќе може да плива паралелно со брегот додека да стигне до пристапно
место кон копното.


Кога веќе идејата е родена во главата на Јанкула, тој цврсто ја
заграбува и фанатично работи на неа.


Крилјата што ги прави од крилјата на птиците ќе го отфрлат до
водата и ќе го вратат во цивилизацијата.


Додека е затворен во тунелот, Јанкула не е затворен и во себеси.
Успева да се отвори со светот на Виви, девојката која остана во
цивилизацијата, и која ја нема трагата каде се изгубил тој, зашто кога
се раздели со неа и самиот не знаеше дека работа ќе најде во тунелот, и
секако не претпоставуваше дека таму ќе биде заробен.


Секако, физичкото опстојување му го овозможија трите елементи
кои ги имаше: водата, воздухот, и пресудниот чинител до кој стигна




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


22


благодарение на неговата мисла. Но Јанкула ја задржа и душата, живеејќи
во светот на минатото кој постана негова сегашност и во кој Виви
постојано го придружуваше. Несомнено без нејзината поддршка Јанкула
немаше да остане цел, зашто постоеше опасност да залута од реалноста,
во која ни крилјата што го вратија на копното не ќе беа способни да го
вратат во неа.




Петта Rodnokrajan sredba...


23


PeTRe DIMOvSKI


IN THE STONE’S HEART
(On the character of Jankula in the novel “Wings”)


“Thus lives Jankula. But the world is far from him. The sky and the sea
are still in his sight, only they exist for him. In those unusual circumstances
Jankula used to think: “only the birds could reach here and fly away, to
the civilization he could return only flying as a bird. He doesn’t need an
impossible flight, he is not a dreamer, he is a realist who knows that even
flying few meters could avoid the danger of killing himself on the stone, but
he will reach the water anyway for he is skillful in fighting with its greed. He
was sure that he is capable of swimming along the coast until he reaches an
accessible spot on land.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


24


Д-Р ЦАНЕ ЗДРАВКОВСКИ


МОЈОТ ЈУНАК САМО СО СЕБЕ


„Тој ова ми го кажа како на најблизок човек. Како да поприкажува во
доверба со својот постар брат, оти секому не му се кажува за се што боли
внатре, во срцето и пред секого не се отвара душата! Сега многу нешта
станаа непредвидливи. Затоа веќе е сосема одделен од секојдневието што
така лудо го влечеше по селските свадби и панаѓури. Тој сега не може ни
да ја почувствува чудесната грациозност со која паѓа моминската руба по
витките стави на селските убавици, кратко фатени на невестинското оро
и сосема предадени на неодгатливата таинственост на народните танци.
Тој досега се восхитуваше не само на нивното прекрасно моминство,
туку и на потајните соништа, во кои селските убавици скришум и мудро
го вежбаа падот на моминската руба по кршната става, но и на жолтите
алтани врз елеците по белината на голото моминско грло.


Досега тој јас-
но ги одгатнуваше и
молчеливото дос тоин-
ство на моминските лица
и на раскошното везмо на
нивната руба, но и на тив-
ки от трепет на тенките
те ла во занесниот ритам
на селското оро. Сега
и најблискиот дослух
и најнепредвидливите
неш та, па дури и
наметливоста на нај нео-
че куваниот случај стана
не гова недоизречена
дарба. Затоа, и најобичните, секојдневни слики од жи вотот одненадеж
пред него израснуваат во визуелна атрактивност, та дури и чадот од
пушките на коњаниците – свадбари се претвора во оли цетворено
претчувство на опасноста што демне од падината на која бо дин каат
разјуначените свадбари.


Тој сега ниту претчуствува дека во неговиот волшебен свет, што
не повратно го остава зад себе, спонтано се проткајуваат фантастичноста
и реалноста, илузијата и вистината. Така, минатото втиснато во живи




Петта Rodnokrajan sredba...


25


слики, сега полека се прелева во сегашноста и ги раскинува бариерите
на времето. На тој начин неочекувано, но бавно, а упорно блуткавоста
на сегашноста се испреплетува со сеништата на минатото. Одненадеж
настаните и личностите остануваат моќници во зачувувањето на своето
вистинско значење“. Извлечен од хаотичната маса на мноштвото настани;
спасени случајно, или намерно од анонимноста или заборавноста, тие
веќе ја надрастуваат својата првобитна намена и влегуваат во историјата
на едно одминато време. Документарноста полека се подредува на
ритуалноста; неа ја прифаќаат сите учесници во играта. Дури и обичната
игра одненадеж добива функција на сведоштво за историски настан,
кој има согледливо значење и за бројноста на жртвите и за големината
на победата во конкретното историско време. Затоа и не ги поднесува
новите облици, кои незапирно се вселуваат во неговата свест. Нему сега
му е од особена важност историската трајност, но без запоставување на
естетските достоинства.


И сега: каде да им го најде вистинското место на своите сограѓани,
револуционери, политичари, дипломати, војници, чорбаџии, занаетчии,
свадбари, комити? Во колку неодгатливи облици се манифестира нивното
живеење и живуркање? Некој можеби естетското ќе го бара во пејсажот,
друг во настанот, трет во ликовите. А за него сето тоа е неделиво. Тој
не може драматичноста на пејсажот да ја одвои од драматичноста
на настанот, ниту пак драматичноста на настанот да ја оддели од
драматичноста на доживувањето на личноста. Така, одненадеж, тој ја
надраснува својата првобитна намера да биде сведок и се преобразува
во чудесна илузија. Неговото избирливо око се задржува врз европско
пристаниште; по широките мирни води пловат огромни прекуокеански
бродови. Освен тоа архитектурата на големиот град е монументална.
Влијанието на европските архитектонски форми е сосема видлива. Но,
наспроти нив, се чувствува напливот на оригиналната орнаментика.
Градот е опфатен од свечено расположение. Неговото избирливо око
точно знае да открие, да го фиксира, да го илустрира гостопримството,
со впечатливи детали од лелеавото море по кое гостољубиво се нишаат
бели чунови; љубезните домаќини понизно го пречекуваат почесниот
гостин, чија силуета уморно се движи, малку подгрбавена од бремето на
годините и со веќе истрошено достоинство. Меѓутоа, градот останува
нем и рамнодушен сведок на ексклузивната свеченост.


Така, истоштениот османлија станува метафора на разнишаното
царство, а ритуалните почести заликуваат на гротескна претстава.
Мојот прозен јунак сега не може да си го објасни сопствениот восхит
од живописните свадби на македонските планински села, потоа од




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


26


церемонијалните пикници на конзулскиот кор или од обредните глетки
на народните ора, ниту пак да ја скрие тагата на мноштвото убиени или
обесени македонски војводи, комити и партизани.


Може ли некој од него да бара да ги знае законите на спонтаниот
творечки порив? Меѓутоа, страстниот набљудувач на неговите творечки
пориви, кои се сведуваат на потраги и немилосрдни заклучоци, ќе станат
сосема бесмислени... Тој е навидум секогаш ист, а всушност е постојано
различен. Безрезервно му се подава на занесот, но не ретко и на тагата од
трагичните сведоштва. Неговиот душевен свет се претвора во еуфорија
пред заедничките веселби, наспроти монденските изопачености.


Сепак, најчесто е прерадуван од славеничките свечености.затоа
неговите коментари имаат емотивност на субјективен коментар, зашто
тој поседува извонредно чувство за одбирање на карактеристични
детали. И никогаш не се служи со клишеата на карактеристичен детал.
Тој е пленик на деталот. Тој никогаш не го издвојува од целината. Но,
деталот секогаш го издвојува од безличните подробности.


Пред неговите очи живо се расплетуваат селски свечености.
Меѓутоа, многу нешта остануваат неразјаснети пред неговиот замрежен
поглед. Битолските улици се тесни и темни кога е убиен рускиот конзул.
Како да се ставаат во ист ред убиените комити и дембелите од Битолската
чаршија? Пред неговите замрежени очи се одвива голема селска свадба.
Тоа е широка панорама на селски обичаи, фолклорна лиричност,
масовни народни ора. Затоа тој е бучен, комуникативен, енергичен,
витален, екстровертен... Една глетка му го осважува погледот; млади
професори на излет крај Охридското Езеро. Но, одненадеж челото му
се збрчкува, лицето му се смуртува, станува сериозен. Пред него сега се
редат: илинденци, комити, војводи со долги коси и бујни бради со пушки
в раце, со исконска бодрост и младешка сила. Потоа општонародна
веселба. Илјадници битолчани, насобрани на Широк Сокак ја изразуваат
радоста од надежта дека им е блиска слободата. Меѓутоа,тешката јанѕа
продолжува да го јаде. Сиот трепери од нездржан уплав. Веќе се готви
за најтажниот чин...


Реката му блеснува во очите како искршено огледало.Истрчува
од шумичката и се обидува да загази во матните плитоци. Колебливо
загазува по камењето. Тетераво се занишува и во неколку скокови го
претрчува прлиткото. Се стуткува зад грмушките и трепкаво ѕирка низ
гранчињата. Се обѕирнува околу себе. Грмушките се празни и глуви.
Веќе го заплашува мислата дека е сосема сам. Веќе не може и натаму
да се нурка во грмушките. Се обидува да се поткрене за да истрча кон
реката, но уште при првиот обид чекорот му е пресечен. Пак се враќа




Петта Rodnokrajan sredba...


27


зад грмушките. Вџашено гледа низ гранчињата. Скокнува од грмушките
и пак се впушта кон реката. Во еден миг вкочането застанува во местото.
Тврдо застанува, решен да загине. Скокнува пак назад зад грмушките
и се чувствува како уловена ѕверка. Веќе посегнува кон бомбата. Само
така може да и избега на стапицата. И веќе цврсто ја држи бомбата во
раката. Треба уште да направи нервозно шлибнување со лактот и додека
да трепнеш, се е готово.


Во решителните мигови така постапувале комитите... Му се чини
дека веќе не го држат на нишан. Втренчено загледува кон шумичката. Ни
трага од никого; очајно се вѕира кон стеблата. Налудничаво продолжува да
се обѕира околу себе. Погледот возбудено му заскитува кон планинските
врвови. Тие се темни, сури, црни, но влечат, мамат, викаат. Сега веќе не
мисли на бомбата. Одненадеж ги напрегнува мускулите и се впушта во
силно трчање кон врвовите. Го претрчува подножјето на планината и се
прикрива во шумата. Тука се обидува да здивне. Застанува на штрек и се
потпира на дебело стебло...


Полека се спушта квечерината. А тој почнува да се искачува по
планината. Врвовите го влечат, тргаат со извишеноста, та зазбивтан
се промолкнува низ густежот. Не може да си го објасни сопственото
безумство. Знае дека уште чекор – два понатаму и ќе се струполи,
но чудна мисла го влече нагоре. Подобро е да загине затрчан кон
височините,отколку зајачки потпикнат во грмушките.


Здивнува на мала висорамнина. Вџашено се обѕирна наоколу. Во
длабочината трепкаат градовите и селата. Оттука тие изгледаат далечни и
тажни. Има мигови кога човекот веќе не мисли на себе, туку на народот...
Црвени зраци паѓаат врз планината. Црвенилото брзо се разлева и во
него се случува чудо. Сиот се претвора во напнат устрем кон врвовите.
Никогаш толку возбудливо не го почувствувал повлекувањето на мракот.
Муграта полека се наѕира во височините. Возбудата во него полека
почнува да клокоти. Но, одненадеж нешто црно ги замаглува врвовите.
Не е облак,туку темна човечка фигура. Цврсто стои врз карпите сосема
ги скрива врвовите. Тоа силно го збеснува и луд скокнува врз шкрапецот.
Сеништето главечки се струполува...


Обрачот брзо се стеснува. Тие доаѓаат сосема блиску до него и
посегаат да го дофатат. А тој со крајни напори ги искачува и највисоките
карпи и веќе застанува на врвовите. Чувствува како да е застанат на
најголемата извишеност. Така, му се чини дека е голем, многу голем, како
џин, како горостас кој ги доизвишува врвовите на планините. Едната
нога ја става на едниот врв, а другата на другиот и така опчекорен ја
крева пушката високо над себе. Не се обѕира на пукотниците, погледот го




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


28


свртува кон планините. Со занес гледа кон планините. Потоа го спушта
кон езерата. Долго го задржува врз нивното синило. Пукотниците околу
него го предупредуваат, но тој натаму стои загледан во себе. Сепак,
повеќе од секогаш го сака животот...




Петта Rodnokrajan sredba...


29


D-R CaNe ZDRavKOvSKI


MY HERO ONLY BY HIMSELF


“He told me this as to a close friend as if he was talking to his older
brother in confidence, because that what hurts inside cannot be told to everyone,
inside the heart and in front of everyone one cannot open the soul. Now, he
doesn’t feel any presentiment that in his magic world, that he irretrievably
leaves behind, spontaneously the imagination and reality, illusion and truth
are permeated. … My prose hero cannot explain himself his own delight from
the vivid weddings in the Macedonian mountain villages, from the ceremonial
picnics, from the consul corps, or the ritual sights and folk horas, nor can he
hide his sorrow because of the murdered and hanged Macedonian leaders of
the komita, komita and partisans”.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


30


ВЛАДИМИР КОСТОВ


НИЧЕОВИОТ ЧЕКАН


Како што е општо познато, методот на реализмот како литературен
правец, сеедно дали е тој класичен или модерен, дури и во мноштвото
варијанти на неореализам, се темели на литературната формула: „Типични
ликови во типични околности“ со додатно образложение: „Субјективен
израз на објективната стварност“. Одредницата „типичност“ се
надоврзува на монументалниот книжевен опус на Балзак кој се јавува како
реакција на романтизмот, (откога и Балзак на овој литературен правец
му го платил својот „данок“) а чиј метод произлегува од сфаќањето на
литературните ликови како „необични ликови во необични околности“.
Овие, пак, со појавата на реалистичките ликови, кои своите прототипови
ги имаа во реалниот и општествен живот на луѓето, се чинеше дека
засекојпат се елиминирани од уметничката литература, но кои, се покажа
дека се неуништливи како троскот, и кои, во наше време реставрирани,
доживуваат невиден буеж. Од своја страна, парадоксално, преку т.н.
бестселер-романи создадоа основа за еден нов вид реализам, што не
се случи, на пр., со таканаречените рицарски романи, кои со појавата
на нивната пародија преку Сервантесовиот „Дон Кихот“, се избришаа
од старниците на литературните дела. За тоа да се случи, се разбира,
придонесоа новите општествени околности поврзани со хуманизмот и
ренесансот.


Појавата на современиот вид на реализам на местото на
класичниот, исто така е поврзан во своите различни варијанти со новите
општествени околности, особено со секавичниот подем во областа
на науката и технологијата како претпоставки на таканареченото
кибернетичко општество кое откорен го измени статусот на човекот
во развојот на цивилизацијата, со homo-novusot на историската сцена.
Согласно тоа, тој вид литература – што се заговара во овој разглед – со се
уште нестекнат граѓански статус, не е доволно афирмиран, а бидејќи со
скудна номенклатура, не е доволно теоретски елабориран и дефиниран.
А тоа е така зашто овој вид литаратура се појавува како негација на сите
досега познати нејзини правци, но, пак парадоксално, токму СО нивните
урнатини како книжевен материјал. Поинаку и не можеше да биде зашто
една книжевна градба, за да ја одржи својата статика, мора антејски да
се потпира на почва, односно на животната стварност.


Кога во овој разглед се зборува за литература која оди кон тоа
радикално да раскине со вековната традиција на реализмот, се мисли




Петта Rodnokrajan sredba...


31


на раскин со неговата форма, а не на раскин со манифестацијата на
неговата суштина, но и со човекот како негов книжевен херој, конечно не
и со нејзиниот творец, писателот, како човечко суштество општествено
детерминирано. Во спротивност, човекот-креатор се дехуманизира и се
деградира, а неговите духовни производи во таков случај би се симнале
од скалата на општествените вредности, во случаи кога и неговиот
опстој во кибернетистичкото општество би се свел на апсурд (Семјуел
Бекет). Но дури и во такви случаи, кога животот на Бекетовскиот Годоа
се сведува на бесмисла, со самиот факт што тој е креација на човек, а не
на машина, што постои како книжевен лик кој егзистира на „штиците
што живот значат“, ја негираат идејата на авторот за бесмисленоста на
човековиот живот во согласност со идејата на Луиѓи Пирандело, изнесено
во врска со неговата драма „Шест лица го бараат својот автор“ според
која авторот, како и животот, е променлив и смртен, а уметничките ликови
се непроменливи и вечни. Но во својот БИТ, а не во својата ФОРМА
која, условно земено, се третира како посебен поим во литературата и
која, во зависност од промените на општествените услови, е секојпат
променлива, но во одредени рамки и според одредени стандарди кои во
наше време, меѓутоа, се нарушени до степен на анархија и хаос. Но,
пак и пак парадоксално, кога е во прашање литературното уметничко
творештво, начелото на анархизмот: За има ред, мора да има неред, а
променливо зашто го афирмира индивидуализмот, spiritus – movens
на тоа творештво, наспроти нормативизмот, да речеме, на Боало во
класицизмот и догматизмот на Жданов во теоријата и во практиката на
социјалистичкиот реализам.


„Кога станува збор за методот на проседето на моето творештво –
на што инсистира зададената тема на оваа Тркалезна маса – во рамките
на погоре изнесените тези, наспроти тезата за „типични ликови во
типични околности“, а во контекст на метажарновските структури на
современата литература, стои истата таа теза, но сфатена и применета
обратно пропорционално, односно: Нетипични ликови во типични
околности. Оттаму и парадоксот се налага како главно изразно средство
во современото уметничко творештво, во тој ред и во моето творештво,
а најизразито во неговата парадигма романот “УЧИТЕЛОТ“, определен
од неговите толкувачи како роман на антиципација, фантастичен
роман, психолошки, Ничеански, Кафкијански, социјален, идеолошки,
политички, пикарски, сатиричен итн. “ Сето тоа е „Учителот“ во неговата
поливалентност, сето тоа е, но истовремено и не е зашто тој не може
типски да се определи бидејќи е без пандан во класичната и современата
литература, а поради што не е податлив за анализа според стандардите
на класичната и модерната критичарско – теоретска мисла, освен ако




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


32


се земат споредбите со „Дон Кихот“ (Георги Старделов) како репер
кој ориентационо би ги насочил евентуално идните обиди за негова
литературна идентификација.


Сето тоа, секако, го имале предвид и составувачите на „Персоналната
библиографија“, посветена на моето творештво, во издание на Установата
која ја организира оваа Тркалезна маса, кога во мотото истакнале, според
мислење извлечено од текст на Слободан Мицковиќ: „Ние сме опкружени
со една малечка, но значајна среќа зашто сме запознале некого кој ни
говори „поинаку“, но кого многу добро го разбираме“. Ако е така, авторот,
на кого тоа се однесува, може да биде и е исто така среќен, но со една
ограда која се однесува на мојата дилема: Дали неговата уникатност е
негово предимство или хендикеп? Или, ако сакаме фигуративно да го
поставиме прашањето: Дали, создавајќи го учителот како лик, авторот
се метаморфозирал како волк-самјак (степски волк) или во единка од
глутница, а можеби и во магаре, како изразито плотно животно, според
метаморфозите на римскиот писател Аполеус, (II век пред н.е. и со цел
да укаже на хедонизмот на своето време, карактеристичен и за нашето
време.


И на крајот: Дали Учителот како лик е општествено-историски
обусловен или е надвор од историско-општествениот контекст, дали, со
други зборови, според Аристотеловиот „мимезис“, одразот си го нашол
во него својот израз? Ако е така, тој се одразил сатирично не во рамно, а
во конкавно-конвексно огледало. Можеби е така, а можеби и не е.


Според Сент-Бев, кој ја проучувал психологијата на литературното
творештво, биографијата на писателот игра решавачка улога во
создавањето на неговите ликови. Ако не е индискретно, а ако е во врска
со темата која е предмет на оваа Средба – во мојата биографија нема
нешто ексклузивно што би можело да ја провоцира појавата на Учителот
како лик во истоимениот роман.


Кога е во прашање мојата литературна активност, која во претходното
излагање ја определив со синтагмата „моето творештво“, пред с¡ го имав
предвид токму „Учителот“ и неговите сурогати, изоставајќи ги бројните
мои литературни творби пишувани во реалистички манир, многу повеќе
прифатени од читателската публика и од критиката. И пак дилема: Дали
амбивалентноста на моето творештво го нарушува неговиот интегритет
или, напротив, го комплементира?


При вакви или слични квалификации на моето творештво, со
„Учителот“ како негов најрепрезентативен продукт, би го издвоил
мислењето на споменатиот критичар Слободан Мицковиќ: „Светот на
„Учителот“ е свет кој има свои закони и свои вистини. Останува читателот




Петта Rodnokrajan sredba...


33


да ги пронајде и да ги доживее. Но, секако, останува и вистината дека
нешто одсвоите намери и авторот ќе успее да му сугерира“.


Николче Вељановски, пак, со својот аналитички продлабочен осврт
кон „Учителот“ го има индикативно насловено: „Учителот со Ничеовски
чекан“, мислејќи притоа на чеканот со кој се удира врз наковална небаре
во ковачницата на олимпискиот ковач Хефест кој го ковал штитот на
Хомеровиот Ахил, а контроверзниот роман за кој овде станува збор – и
тој небаре ковачница во која се создава Учителот, херој на нашето време,
соочен со предизвикот да се биде како Бог кој ќе загосподари со својата
судбина или Годоа кој докрај ќе ја обмисли неговата егзистенција и
апокалиптично ќе ја запечати неговата судбина.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


34


vLaDIMIR KOSTOv


NIETZSCHE’S HAMMER


as far as the method of my literary work is concerned, on which the given
theme of the Round Table insists – in the context of the above thesis, against
the thesis “the typical characters in typical circumstances”, and in context of
the metagenre’s structures of the modern literature. counts the same thesis,
but understood und applied in a reverse connotation, i.e. untypical characters
in typical circumstances. Therefore, the paradox is used as a main expression
means in the contemporary literary work as it is used in my works, the most
expressive in its paradigm in the novel “The Teacher”, determined by its critics
as a novel of anticipation, fiction novel, psychological, Nietzscean, Kafkian,
social, ideological, political, satirical etc. “The Teacher” is all the previously
stated in its polyvalence, at the same time is not all, because it cannot be
typically determined, for it is without a pendant in the classical contemporary
literature, and because of the impossibility of analysis in accordance with
the standards of the classical and modern critical and theoretical thought,
exceptions are the comparisons with “Don Kihot” (georgi Stardelov) as a
reference point and as an orientation which could direct the eventual future
tries for its literary identification.




Петта Rodnokrajan sredba...


35


НИКОЛА КОЧОВСКИ


ЗА ХЕРОЈСКОТО КАКО РЕТКА
ВПЕЧАТЛИВОСТ НА ЛИКОВИТЕ


Излагање врз сопствени примери


Пишувам веќе голем број години, и секако дека сум создал не само
една проекција, визија на размислувач и дејствувач.


Типот на моите херои, или почесто, жртви-херои, е зависен од
задачата што јас сметам дека треба да ја има литературата.


Јас не сум пропагатор на “херои” кои со зацртани и остварени
идеи под името “нови” успеале да го придобијат истомислењето и
одушевеноста на масите и така станале духовни предводници на своето
време. Такви имало низ историјата многу, кои предизвикувале војни и
диктатури, и уништувања и геноциди.


Моите херои не се од таков вид.
Моите херои ја имаат задачата да ја зачуваат вистината за времето


и народов онака како што тоа може да го стори само литературата.
Таа вистина е многустрана, каков што е, всушност, и животот, но


секогаш е само тоа, вистина, и задира длабоко.
Нивната задача, на хероите, ≠ а не ќе биде далеку ако речам ликовите,


≠ е да ја соопштат вистината, на пример, за неправди, понижувања и
страдања, за копнежи за кои се фнтазира и бленува, за заблуди, робувања
на ефемерното, за животни грешки и промашености, за полно битни
нешта.


Уште однапред напоменувам: иако пишувам, главно, за секојдневни
луѓе, сепак и кај мене ќе се најде по некој посвоевиден херој или
“херој”.


Ќе започнам со расказот “Сувата грутка”, еден од постарите,
поместен 74. год. во втората моја збирка, “Вознемирена совест”. Не
зашто се вклопуваше во книгата, туку за да најдам место за него, а во
95 год. уште еднаш внесен во книга, во збирката “Родната грутка”, каде
си припаѓа покрај другите раскази со историска тематика. Осумнаесет
страници, осетно надмината мерката на раскази што обично ги
пишувам. Содржината нема да ја раскажувам, но ќе кажам дека с¡ што
се случува тука е во врска со главниот лик Дељо Карпов. Тој е херој во
вистинската смисла на зборот, маркантен, забележителен и се оптоварил
да направи нешто за да се задржи неговото племе во крајов каде што




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


36


се доселиле, покрај големата река која не е достатно решение за да им
обезбеди живот на собраќата сред голите. неплодни ридишта. Мислата,
набљудувањето на природата непосредно покрај реката и работата,
обидите на несмирениот ум, му помогнуваат да изработи направа, некој
вид тапан, или “родан” со црпалки што ќе зафаќаат вода од реката, која ќе
ги движи, ќе ја врти направата и со тоа самата ќе биде кревана во висина,
за да протече по жедната земја. Успева со својата замисла, неговиот
пронајдок е дар за целото племе, крунисан со брак со саканата девојка
Русана. Така потекуваат животните сокови на опстојот. Колегата Радован
П. Цветковски напиша критика за книгата, со наслов инспириран токму
од овој расказ: “Големото тркало на животот”.


Инаку, најголемиот број мои ликови не се толку ни исклучителни
ни ретки во животот. Па сепак, со своите особености и со своето
дејствување тие ликови носат нешто значајно од средината од која се
земени како инспирација и потоа, според движечката идеја, бидувале
конкретно оформени, дефинирани.


Би го спомнал сега расказот “Одѕив” и однапред ќе кажам дека тој
е расказ кој се разликува од другите по едно карактеристично херојство:
херојство во себе, во своето замислување, а не фактичко. Жената Јагна,
магацинерка во земјоделско стопанство во претходниот поредок, во
кое на собир се расправа за слабости во работата што доведуваат до
назадување, поттикната од критиките на инженер-агрономот Соколе
кој ја разоткрива несовесната и штетна работа на директорот Сотир, и
сама пламнувајќи од горките искуства на злоупотребувања, сексуални
искористувања од тој директор под закана за работното место, скокнува
од седиштето и ги извикнува фактите за принудените средби со него,
дури и во природа, при што и ги фотографирал колега ≠ уценувач, па
сета во гнев, ја размавнува фотографијата пред очите на сите, ≠ но тоа
се одигрува само во нејзината свест, таа не е станата, таа не мрднува
скупчена на клупата меѓу другите, само усните £ поттреперуваат
испуштајќи некои обиди за гласови. Зашто, ако инженер-агрономот
можел да си дозволи храброст и отворено да проговори, тоа не можела
една работничка со четврто одделение. Но авторот не го интересира
толку храброста на овој високо стручен поединец, туку притиштеното,
притуленото херојство на жената останато непокажано. Тоа, изложено
во расказот, е сепак доста речовито. И за состојбите и за времето.


Веднаш ми се наметнува сатиричниот расказ “Новогодишни
честитки”, и тој стар, објавен најпрвин во “Нова Македонија” под
наслов “Невозможен рискс” а пред неколку години застапен во збирката




Петта Rodnokrajan sredba...


37


“Јаве и сништа”. Чувствителна тема од тогашниот социјализам:
покорност, отсуство на смелост да се искаже отворено незадоволството
од устоличениот директор во претпријатието, иако таа незадоволство
“врие” кај масите, во прикриени шушкања. Дека е така, покажува овој
расказ и херојот во него, Андре Шандански, работник. Иритиран што пред
празникот “фрчат” честитки до директорот (пред кого беше и замерен со
некои свои забелешки), а тој не доби ни една, накупува куп честитки
и испишувајќи ги најразлично, како од име на многу испраќачи, ги
адресира до себе во работниот колектив. Гледаат другите работници и се
чудат на неговата омиленост, популарност, значи погрешно мислеле дека
е тој бојкотиран. Побрзуваат, кој пред кого да му испратат честитка. Вака
искажаната солидарност со него, само што се ослободиле од мислењето
дека е жигосан, “табуиран”, уште посилно ја искажуваат при гласањето
за реизбор на директор, кога своеглавиот Андре Шандански се дрзнува
да конкурира за тоа раководно место. Шандански ги добива при тајното
гласање, сите гласови ≠ се случува чудо. Токму невозможното. Ете каде
лежел клучот за добивање наклоноста на средината.


На сличен начин, иако
со спротивна завршница и
значење, се одвива и але-
го рискиот расказ “Го ле ма
дили жанса”, во кој, нег-
де во средновековието,
науч никот ≠ добротвор на
градот кој измислил сред-
ство за подобрување на ко-
му ницирањето и животот на
лу ѓето ≠ голема дилижанса,
очаен си го одзема животот
уда вувајќи се во градската
ре ка откако станал очевидец
на “самоуправни” карања


ме ѓу вработените околу дилижансата, кој поголема плата да добие за
сво јот придонес и заслуга. Овој мал расказ ја имаше една од заслугите
ав торот да биде проследуван од тогашниот СВР.


Пејко во расказот “Чекајќи го попот”, е херој само кога е лесно
да се биде тоа, убивајќи во време на партизанството, како еден од ра ко-
вод ителите, видни, можеби и посебични луѓе од селата посочени како
пре давници. Меѓутоа, многу нехеројски, нека не биде речено кукавички,




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


38


плач но се однесува кога му се случува, подоцна, да ја доживее горката
уло га на татко на разболен син од леукемија кој умира.


Автомеханичарот Коте, во истоимениот расказ, се наосилавува да му
се одмазди на гимназискиот директор, всушност само такавикан педагог,
кој го брка неговиот син од училиштето дека бил недисциплиниран и
дека би му пречел нему и на професорите во спокојството на работните
места. Но иако лутината на тоа го сили, да му се одмазди додека му
ја поправа колата во претпријатието, рацете, како будна совест, го
работат спротивното, не камуфлирано да му ја вратат колата со лабав,
неприцврстен безбедносниот шраф, поради кој би доживеал несреќа на
патот за кој се брза, туку дури го престегнуваат спомнатиот шраф, за да
не остане ни трага од неговата намисла за одмазда. Да, Коте можеби не е
баш несекојдневен херој, но не е, исто така, ниту чест.


И едно повистинско херојство, симпатично мислам, без оглед
што минало невидено од повеќе очи, а да било видено, веројатно ќе
останело да се раскажува и да трае со својата многу проста храброст
и човечка природност. Меѓутоа во живо сеќавање (така и се вика
расказот, “Сеќавање”) се задржало само кај една жена, како свидна
слика од времето кога била дете. Девојчето било испратено со кошничка
да набере грозје од блиското семејно лозје, кое заедно со многу друго
било одземено и претставувало имот на селската задруга. Тоа набрало
грозје, одбирајќи од подобрите лози. Било видено од задружниот полјак,
останало и без грозје и без кошничка, па уплакано, се вратило дома.
Ама баба £, дознавајќи што £ се случило на внучката, ја зема за рака
и, водена од старата правда, брзајќи стигнува до куќата на полјакот, па
му надала зборови и клетви повеќе отколку што можел да поднесе во
својата бојазливост, со мака измолувајќи ја да престане и враќајќи им ја
кошничката со грозје.


Посебен, приказнички вид херој веројатно ќе се забележи во расказот
“Балада за срцето”, во кој во Америка, кога на балканецот Пленомир,
уште жив исечен, ќе му биде опљачкано срцето за пресадување во
градите на индустријалецот Милер, неговиот брат, Тагорид, дознавајќи
го тоа, долго ќе живее несреќен, с¡ до една ноќ кога ќе провали во куќата
на индустријалецот и му кажува дека му должи нешто и ќе си го земе,
па лесно го соборува на подот, му ги раскинува градите и истргнувајќи
го од нив братовото срце, со крвави раце истрчува до гробиштата, го
откопува и го отвора братовото тело, го враќа во него срцето, и потоа с¡
враќајќи како што си било, побрзува в полиција да се пријави.


И за можниот негативен набој во “херојот” за кого се пишува. Или
пологично речено, ликот. За пример го земам расказот “Младиот артист”.




Петта Rodnokrajan sredba...


39


Во него е Марко Бршленков, изневерник, неодговорник, во животот
глуми карактер, божем сериозен интелектуалец. Пишувајќи го овој расказ
пред неколку децении, авторот појде од мислата за типичноста на овој
припадник на нашето тогашно жално секојдневие. Тој е олицетворение
на нешто многу пошироко, прелажно и празно.


Во расказот, пак, “Избег”, алегориски се кажува дека современиот
херој, макар и колку силен, не може да има избег, избав од злото, кое е
веќе блиску, повикано, демне.


Коњушарот на пашата, Мирјан, во “Јазикот на каменот”, е херој со
многу чесен и тажен живот, кој рано му завршува, бидејќи спасувајќи
од смртна опасност детенце, добива удар во градите што се развива во
туберкулоза. Во краткиот живот неговата душа ја сознала и болката на
прикриената љубов, а неговата рака создала прекрасни каменорезечки
слики во мермерот, овековечувајќи ја во нив таената недозволена љубов,
и тоа е највредното што останува од него, заедно со вистината за големата
грижа како да ги дочува и по смррта своите дела, дилема која измачувала
и измачува голем број уметници.


Во најновата, необјавена збирка раскази “Трлото”, претежно има
жртви. Дури и еден херој на способностите на рацете и на умот, завршува
жално, невработен.


Во оваа книга има еден расказ кој токму го носи насловот “Херојот”.
Краток расказ, дејството му е во иднината. Го слават во иднината херојот,
портретот му е истакнат на многу места, особено во училиштата.
Репродукција од слика изработена на бојно поле од борец-уметник.
Сликан таков каков што бил виден за последен пат во борбен судир.
Пронижан од куршум, паднат на земјата што доброволно се пријавил
да ја брани, некаде во последните мигови од животот, виден со чудна
малечка насмевка на лицето. Не била ведрина тоа. Нешто како каење,
како прашување дали вредело да се жртвува животот. Оти расказот е
кус, ама во него се спомнати и негативности, кои не биле толку невини,
од кои тој се сневеселувал додека го изградувал во себе патриотизмот.
Насмевката била доследно внесена во портретот, а уметникот реалист
не бил ни свесен што значела таа. Само ете, реално ја застапил. Не ја
разбирале, сигурно, ни тие што ја умножувале и ја истакнувале сликата.
Ете што можело да се случи во тој палежен поим за херојското!


Ќе спомнам уште некој случај на херои во посебни, позабележливи
околности.


Во романот “Исконскиот дар” вдовицата Китенка, работничка
во старечки дом, се преомажува за еден старец оттаму, иако млада, го




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


40


жртвува идниот дел од својот неодживеан живот, само да му обезбеди
иднина на синот Ласте, зашто стариот Секул е и доста имашлив човек.
Меѓутоа синот е веќе тргнат по згрешен пат и никако да се поврати. По
среќавање со повратникот од печалба Гошо, со кого ја сврзувало соседско
другарување во детството, полека оваа жена увидува дека направила
животно утнување, синот £ го зголемува тоа чувство со постојаните
незгоди што £ ги донесува со својата израсипаност сред лошо друштво,
кулминира маката на женава Китенка и ја доведува до тоа, да изврши
злостор. Крева секира и ја спушта врз главата на ≠ Секул, старецот
сопруг. Тој како да бил причината за сето зло што £ се насобрало. Таа е
еден вид литературна хероина која вистина е неправична, но е хероина
на мајчинското чувство. Затоа така и мислела. Не можела поинаку да
расудува. Слепа била за вистинскиот причинител на животот полн со
измачувачки премрежја. Нив ги гледала на погрешно место. Била мајка.


На сличен начин, низ најголем број страници на романот
“Омразениот цвет”, младиот протагонист Веле станува херој-жртва.
Тој против многу препреки се бори за љубовта на Билја, девојка од
заедничкото родно село, пронајдена во градот, но има нешто што му ја
сенее, што му ја темнее таа љубов ≠ тоа е понесената уште од селото
претстава за расипаноста на женскиот род, една грда вистина за мајка
му вдовица, која еднаш морално паднала, иако во жртвување токму за
неговата иднина. Сепак, поради силината на заемните чувства меѓу него
и Билја, исто така и младоста, ќе ги надвијат тешките пречки.


Посебно своевиден во третиранава смисла е романот “Раско”. Не
дека во него хероите, двата централни лика (Раско и Марта) не се трагични.
Уште повеќе се самотни. За самотниот уште од мал Раско, зашто е син
на Македонка и Албанец, единствена светлинка што ќе го подлаже со
надеж за среќна иднина, ќе се појави во лицето на прекрасната Марта,
видена уште малечка, но кога ја среќава, во израснати години, во Скопје,
спасена од земјотресот, веќе е начната од туберкулоза, која во тоа време
с¡ уште судбински косеше. Но тоа нема да биде пречка да се развие меѓу
нив силна љубов. С¡ повеќе таа љубов пламнува, колку што болеста се
продлабочува во неа. Но тоа е веќе судбина. Тоа е роман ≠ балада. За една
очајна љубов. И за едно повторно пропаѓање во судбинската осаменост.


Романите “Дилко Мијалов” и “Соседовата кокошка” донесуваат
по еден тажен жерој на прокоцкувањето на своите животи и својата
Македонија. Во едниот младиот Дилко заскитува кон туѓината по
принуда, а во вториот ≠ Благој Кошнов на тоа се решава од авантуризам.
И му нема избав. Додека првиот, Дилко, доживува барем повремени




Петта Rodnokrajan sredba...


41


ведри претстави на иднината, вториот, Благој, потполно е виновен за
себе. Со својата момчешка алчност за поубаво и побогато. Тој ќе доживее
и старост (во туѓината), но, се чини, само затоа за да види колку бил во
заблуда и колку катастрофално згрешил.


И да не должам повеќе, да не одам по дејствата на други мои
раскази и романи. И од досегашните примери ќе може мислам да се сфати
карактерот на моите херои. Главно, набиени со многу психологија. Без
неа не може да се замисли, а не пак да се сфати она што го пишувам.


Во секој случај, најбитно е ликовите, или хероите што ги
обработуваме, колкаво значење имаат за средината од која се земени, и
за овој народ.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


42


NIKOLa KOCHOvSKI


ON THE HEROIC AS A RARE IMPRESSION
OF THE CHARACTERS


Presentation out of my own experiences


“I have been a writer for number of years and I have created not only
one projection, as a vision of a thinker and as a man of action. The type of
my heroes, or more often, heroes – victims, is dependent on the task which I
take as the mission of the literature. I am not a propagator of the “heroes” who
are planned and realized under the term “new” who succeeded in obtaining
people’s positive attitude and excitement and became spiritual leaders of their
time… My heroes have the task to save the truth of the time and the people
in a way the literature knows. That truth is multisided as the life itself. Most
of my characters are neither very unusual nor rare in life. My characters and
their action carry something very significant from the surrounding where they
are taken from as an inspiration and later, in accordance with the driving idea,
they are defined as such”.




Петта Rodnokrajan sredba...


43


ПАНДЕ МАНОЈЛОВ


ЛИКАТА НА ЕДЕН ГРАД

Битолчани, горди на тоа што се и сме, по малку фудули и кочеперци,


често знаат да се пофалат дека нивниот град - градот под Пелистер, е
најградски град, дека е конзулски град, град на клавирите... Има нешто
вистина во тоа, вистина, но, нова, која се овистинува и се преточува
во поезија, убава глетка, некој чуден занес. Но, историјата на овој град
маѓепсник е чудна, а уште почудни биле и се луѓето кои живееле или
живеат и создаваат во него. Тоа се луѓе, безмерно вљубени во Градот,
вистинските македонски алхемичари од романот „Сто години самотија“
на славниот писател со светска слава, Маркес. Луѓе кои живеат некаде
меѓу сонот и јавето, меѓу реалното и иреалното.


Битола, била конзулски
град? Да, но чиј конзули
и во чија држава? Била
град на клавирите? А, кој,
во своите домови имал
клавир? Македонците ли?
Македонската раја во ти ња та
на пет вековното ос ман лис ко
ропство, ли? Од тука произ ле-
гу ва, дека „пусто турско“ било
по добро од денешнината, па
ајде да му го вратиме сјајот.


Таа е некогашната реал-
ност испомешана со алхемијата
на илузиите на битолското
кафе со локум и фудулукот


како прелив но не од чоколадо, зашто во тие времиња го немаше, туку
од наут.


Од тие некогашни времиња треба се издвојат македонските
револуционери, македонските даскали, македонските вљубеници во
Македонија, битолските патриоти и вистинските битолчани кој безмерно
го сакале својот град... А, конзулите, оние странските, се знае зошто биле
во Битола: да си ја бркаат работата, онаа, нивна, дипломатска, да им
служат на своите држави, на нивните пропаганди а не на македонскиот
народ и на битолчани...




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


44


Романтика блек а не романтика блу... Но, романтика!
Денес, Битола, Градот во кој живеам и создавам и кој безмерно го


љубам, е нешто друго. Тоа е град со стара и сеуште зачувана архитектура
која потсетува на минатото, тоа е град во кој сеуште живее некогашното
градско, а не велеградско (како на пример што е Скопје), се живее на
битолското Корзо како да е центар на светот за битолчани, се живее
живот сеуште во бавен од, ориентално а не во трка, се живее во спомени,
битолчани сеуште се знаат и познаваат еден со друг... Битола денес е
вистински конзулски град зашто има десеттина конзулати но тоа се
конзуларни претставништва во Битола, Македонија а не во Румелија...
Ги имаме клавирите и сјајните музички педагози од битолското Музичко
училиште, од чии клупи излегоа највидните музички македонски ѕвезди,
вклучувајќи го тука и македонскиот ангел Тоше Провски. Тука се и
битолските „Боеми“, тука е Петар Георгиев - Калица. И многу, многу
други „ деца на сегашните битолски клавири“. Тука, во овој најградски
град со својата проза и прозно творештво е и легендарниот битолски
писател Владимир Костов, кој ја овековечи Битола како никој друг пред
него. Тука се и останатите битолски писатели како сите ние збрани на
оваа наша роднокрајна средба.


Во контекст на претходното, не можев и не можам да не бидам
маркесов битолски алхемичар: ја напишав и во 2009 година објавив
стихозбирката „Битола, љубов моја“. Првите песни се родија 1978 година
а последните 2008 година... Точно три децении ме мачеше таа љубов кон
овој прекрасен град со кој е исполнато моето срце. Тоа е книга евангелие
за Битола, книга споменар, книга поетско-ликовна разгледница која се
носи во спомените, во пазувите како љубовно писмо, а не како СМС
телефонска порака која туку-така се брише.


Јас сум мала битолска прашинка, прашинка од битолската Гимназија,
а Битола е убав, старовремски сарај во моето литературно творештво
или само еден од МОИТЕ НЕСЕКОЈДНЕВНИ ОРИГИНАЛНИ
ЛИКОВИ како дел од моето поетско творештво.


Животот го сваќам како илузија, свеќа во душата која никогаш
не знаеш кога ќе догори. Човекот е прашинка, дел од атомот, а јас
сум само најмало делче од најмалата прашинка... Мала сум невидива
школка скриена во водите на реката Драгор, школка во која го чував
и чувам бисерот наречен „Битола, љубов моја“. Бисер кој нема цена.
Тумбе Кафе, Корзото, Безистенот, Јени Маале, Влашко Маало, Дрвен
Пазар, Хераклеја и други знаменитости и личности кои оставиле траги
во ѕвезденото парче небо на мојата татковина , се дел од мојот поетски
мурал, несекојдневни облици на мојата поетска визија како делови




Петта Rodnokrajan sredba...


45


од ликот или ликата на градот, препознатливи места што ја означуваат
анатомијата на мојот поетски занес - градот со нејзиното срце, Саатот.
Тоа се Градби и надградби од смислата на вечното постоење на овој
град, како што беше и стариот турски сарај изграден 1837 година во
познатото Влашко Маало во кој, во сиромаштија но и желба за ука ги
минав најубавите денови од мојата младост. Тој сарај на некој битолски
бег, подоцна куќа на познатото семејство Киријас, па и куќа на мојот
татко по потекло од Арменско, леринско, веќе го нема. Се разбира, освен
во моите спомени.


Ајри Демировски, автор на песната и химна на градот „Битола,
мој роден крај“ ми беше голем пријател. Тој е легенда, битолски гениј,
човек кој ја задолжи Битола. Првиот примерок од мојата книга го доби
тој. Беше среќен што го продолжив неговото дело - да ја сакам Битола
како што тој ја љубеше. Ми остави аманет, а аманетот, завештанието е
закон кој треба да се почитува: Градот да се љуби! Само што, јас на тој
аманет додадов еден свој белег: да се љуби како Бог и Свети Нектариј
(битолскиот светец и патрон на градот) што се љубат!


„Ќуп полн соништа“ е воведна песна од мојот најнов поетски
ракопис кој планирам да биде објавен во најскоро време. Некој нов
несекојдневен оригинален лик на стихот . Стих создаден во мојата
Битола во која децении дишам и од некои „луѓе“ го чувствувам товарот на
нивната духовна бедотија како тежина врз мојот самар... Покрај среќата
што живеам во овој град ете, по некогаш, и јас како и сега покојниот
Ајри Демировски, посакувам некому в лице да му речам: „О, човеку без
душа, па и магарето има душа!“


Та, нели и сонот и ликот или личбата на мојата и наша Битола е
алхемија? Недопирлива и необјаслива, ставена на масата за толкување.
Не е ли сонот и љубовта загатка, како и животот? Сонуваме често, ќуп
полн со злато, а потоа испаѓа дека не е злато туку ќумурчиња, црна
прашина наместо ѕвездена...


Мојот сон никогаш не било златото, туку македонското ѕвездено
небо, моето македонско поднебје, мојата Битола со сите маани и доблести,
но МАКЕДОНСКО! И сето тоа, верувам дека ќе биде една моја нова
Герника на моето поетско платно, но, мислите, моите поетски мисли,
мојата поетска палета, чувствувам дека повтор ќе бродат во боите на
добрината, во боите на убавината и пак се така испревртено а се така
на место, во некој, пак несекојдневен поетски оригинален лик на мојата
поетска потсвест...




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


46


PaNDe MaNOJLOv


AN IMAGE OF A TOWN


as far as the method of my literary work is concerned, on which the
theme


Bitola dwellers are proud and we are proud on what we are, a little
bit foolharders, very often boasting that their town under the Pelister Peak
is the most townlike among all Macedonian towns, consul town and town
of pianos…There is some truth in this, truth, but, new, which actualizes and
turns into poetry, a pretty view, some strange fascination. The history of this
wizard - town is strange, even stranger are the dwellers living and creating in
it. These people are in infinite love with the town, true Macedonian alchemists
same as in the novel “a hundred years loneliness” of the famous world writer
Markes. These people live between the dream and the reality, between the real
and the unreal. Today, the town in which I live and create and which I infinitely
love is something else. This is a town with an old well kept architecture that
reminds on the past, it is a town in which still lives the old small town life,
but not the large city life (for ex. Skopje), mainly on the Bitola Korzo as if it
is the centre of the world for the Bitola dwellers, life which is still slow in an
oriental way, not dynamic, life full with memories, the Bitola dwellers still
know each other




Петта Rodnokrajan sredba...


47


ВЕСНА МУНДИШЕВСКА ВЕљАНОВСКА


МОЈОТ „ПТИЦОВРИК“ – ЧОВЕЧКИ,
СЕБЕОТКРИВАЧКИ, ВОЗљУБУВАЧКИ КРИК


Мешањето на искуството со продлабочените размислувања за себе
и за опкружувањето, нивното зачинување со безмерна љубов за сè и за
сите, а потоа осликувањето на мигот на спознавањето и осознавањето на
нештото, како и неговото оформување во нишка спојница со читателите,
со сродните, носи посебна радост.


Во сите мои досегашни дела, се чини, непрестано нуркам во
душата постојано преоблекувајќи се во сонце, месечина, пчела, бумбар,
школка, дрво, цвет и сл. Но, и не само тоа, туку сите овие најчесто
ги користам како отсликувачи на разни човечки карактери, постапки,
досетливости, подлости, разочарувања и радости. Во ваквите слики
доминираат пејзажите како поткрепа на видиците доживеани со очите на
душата, пејзажи осликани со чувства, а не со бледи бои на веќевиденото
и баналното.


Напати остра, напати иронична и
сар кастична, а истовремено исповедно
неж на и ранлива, секогаш сум во мис-
ловен напор да го досегнам, да го
дофатам реалното, иреалното, не доп-
реното, невиденото, невидливото, ово-
зем ското, вонземското.


Таквата потрага, на несекојдневен
на чин, во 2000-тата година ја оте-
лотворив во стихозбирката „Пти цов-
рик“. Тоа е една силно разбучена по-
тра га по себеси во капките живот од
надојдените води во воденицата на


чувствата. Тоа е сплетот јас – човекот – птица во рамката животот –
светот – недогледот. Тоа е силно чувствување, но и сочувствување, на
секој животворен момент на отпластувањето на душите, на нивното рас-
пос тилање и здиплување, гужвање и превиткување, воздивнување, на
нив ното разурнување и обновување, издишување, полноградно дишење,
љу бење, возљубување, нивното радување, плачење, оплакување, барање,
ис тражување, возвишување, откривање, вознесување.


Човекот е во средиштето на видикот, чувствувањето на животот е




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


48


крикот. Мојот несекојдневен херој – птицата е тело, гнездото е и град и
село.


Сржта е во убавината на летањето, а не во квалитетот на
преживувањето. Богатството е во откривањето и уживањето во плодовите
на љубовта и доблеста, широкоградоста, несебичноста, добрината, во
надраснувањето, споделувањето и радувањето.


Летот го започнав вака:


„Од под
расквасената
земја
изникна
јато птици“ („Здомување“)


И го распослав платното на живеењето. Не се работи за тоа да се
биде или не, туку за уметноста на опстојувањето, повеќе за уживањето
во летањето, за разбудувањето на силата на љубовта, за возвишувањето
на убавото, за моќта на здружувањето. Во средиштето не се издвоени
карактери, туку јатото птици. Така, јатото на птицоврикот го чинат
упорни, вредни птици, птици со ѕвезди во клуновите, пожртвувани
птици кои голтаат дожд „да го испијат немирот на времето“, птици кои
вдишуваат натежнати ветришта „да го избришат здивот на бремето“,
птици во мисија „да ја разбудат волшебноста на сонот“, прегрнати во
волшебен сплет дури и по цена во срцето на безвремето да лебдат во
кристален лет, птици кои несебично ги кршат клуновите „копајќи по
вонземски сводови“, но и збунети, несмасни, тврдоглави, немилосрдни,
наивни птици, со навлажнети очи, со хаотични крици, птици кои колвајќи
ја земјата не сакајќи и камењето ги разгоруваат, птици со скршени крилја,
плиткоумни, кусогледи птици, птици грабливци.


Птиците ја преживуваат неизвесноста на денот, голотијата на
секојдневијата. Столчени од бремето, расчрчорени се прпелкаат во правта
од виулиците на времето, претаат искубани, а среќни, за да го затоплат
домот, па бркајќи го сонцето сред збуботено небо често ги обескрилува
громот. Сепак, тие стоички му пркосат на невремето гледајќи го во очи
и со гордост тивко го поднесуваат пукањето на срцата збогатени со
поуката од секоја лекција за порази и падови. Свесни за неопходноста од
зачувување на посебноста, тие достоинствено се носат со улогата на црв,
зашто се спознале себеси, но и другите, ја спознале и љубовта за себе и
за сите, и така се посилни, посигурни и полни со верба, со плодотворна
волја, а метаморфозата во пеперутка е волшепството на светот и ќе стане




Петта Rodnokrajan sredba...


49


предизвик и за создавачите на ветрот.


Токму стихот
„Само
сонцето може
да го почувствува
бакнежот
на небото.“ („Предупредување“),


е такво предупредување за контрола во летањето, но и потсетување
за мудроста на вивнувањето, за достоинственоста во вгнездувањето, за
прочистувањето, исцелувањето и одновораѓањето.


Во „Птицоврик“ баботат вистините, пука од болка воздухот, се
дават во кома треперејќи дните, силно клокоти очекувањето, проблеснува
себеоткривањето, се кали истрајувањето во врвосувањето на соништата,
раззорува себебудењето окрилено тргајќи во потрага нова, дури и кога
врз птиците ќе е истурена лава.


Притоа не укажувам на патот туку го осветлувам крстопатот на
животот за слободен избор на писта за свој лет, ги отворам прозорците
за вивнување во сопствен свет. Цел да биде освојувањето на недопрени
пространства и тоа со чисто срце, со добра мисла, со новосоздадени бои,
а не војувањето, расчовечувањето. Не да се отплетува пејзажот, туку да
се збогати витражот.


Секој е посебен на свој начин. Умешноста е во откривањето на таа
посебност, во самосвесноста за неа и во нејзиното негување и развивање.
Ако не се бориш за нешто или за некого значи дека не го посакуваш од
дното на душата. Ако знаеш што сакаш, и ако сакаш искрено, чисто и
безрезервно, нема нешто што може да се испречи на патот. Волјата може
да ги надвиши сите висини, да ги исплива сите длабини, може да ги
премости сите простори. Само таа има сила душите да ги разбуди, само
така може човек да се прероди.


Во просторот парче воздух и сончев зрак за сите има, а создаваме
кафези сред бескрајот. Умешноста на живеењето е во слободата
на летањето, не е само во летнувањето, туку и во техниките на
приземјувањето. Лесно е со крилјата од зенитот да се обликуваат од
просторот чуда, денот пак в гнездо птиците ги зајдува. Мудроста е таму
да созреваат спокојни танцувајќи во врвот на небеските скали.


Птицоврикот го завршив со верба во моќта на единството, на
сплотеноста, верба во моќта на љубовта, и со надеж за поинтензивно,
поинспиративно доживување на боите што ги создаваат животните




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


50


пространства, но и со надеж за создавање на нови рајски простори:


„Едногласни,
птиците,
за нова надеж
со гордост
збореа.“ („Подновување“)


Всушност, сите творби во оваа стохозбирка, впрочем и во сите
други досега издадени, ги поврзува нишката – човекот, животот и моќта
на љубовта чиста и вонвременска. Сите се бои во акварелот на (себе)
барањето и (себе)откривањето, на откорнувањето и вкоренувањето, на
истрајувањето и надраснувањето.


Токму така и ќе го заокружам ова себераздиплување, со мислата
што ми клокотеше подолго време во дамарите, а ја отпенив кога им ги
стопив ѕидовите со зовриеното духовно ослободување:


Небото се слева со
човекољубивите, неповторливите,
ослободените, безвремените -
сонцето е достижно
само за оѕвездените.




Петта Rodnokrajan sredba...


51


veSNa MUNDISHevSKa veLJaNOvSKa


MY “BIRD’S SHRIEK” – HUMAN,
SELF-REVEALING, LOVING SCREAM


Mixing my experience with my deepest thinking about myself and
surrounding, their seasoning with infinite love for everything and everyone,
picturing of the cognition moment and the knowledge of a thing and its forming
in a thread-connection with the readers, with one’s own kin, brings exceptional
joy. In all my works, incessantly I dive in my soul continuously redressing in
the Sun, the Moon, bee, bumblebee, shells, tree, flower and so on. But, not
only this, all of them I use as portrayers of different people’s characters, acts,
resourcefulness, meanness and happiness. at times sharp, at times ironic and
sarcastic, at the same time confessional, tender and vulnerable, always in a
thinking effort to achieve, to reach the rational, the irrational, the untouchable,
the unseen, the earthly and the unearthly. This quest in an unusual way, in the
year of 2000 I realized in my collection of poems “Bird’s shriek”. The man is
in the center of the sight, the feeling of life is the shriek. My unusual hero –
the bird is body, the nest is town and village.


The essence lies in the beauty of flying and not in the quality of surviving.
The richness is in discovering and self-satisfaction through the fruits of love
and virtue, generosity, unselfishness, goodness, in overcoming, sharing and
feeling happy.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


52


САњА МУЧКАЈЕВА ВИДАНОВСКА


МОЈОТ НЕСЕКОЈДНЕВЕН ОРИГИНАЛЕН ЛИК


Оригиналноста, произлегува од несекојдневноста. Остверено меѓу
редовите на секојдневието, авторот обезбедува приказна за обележјето
на внатрешното чувство, што ликот го води кон остварување на текст
низ кого се движи можеби навидум еден обичен лик. Инспирацијата што
од внатре го води самиот писател во потрага по чистата, исконска љубов
, кој трага низ психата на неискажаноста, она што тлее во секој автор и
отвора нови хоризонти.


Дали постои обичен лик?
Навидум, да. Но секој


пи шуван понатамошен збор
ис кажан низ размислите на
ав торот, открива нова потрага
кон несекојдневното. Кој би
пишувал за секојдневието,
без внатрешен порив, да се
прочита меѓу редови. Секој
автор ја остварува својата
фантазија, што претставува
водилка кон остварувањето
на неговите дела, а токму таа
фантазија се открива преку
трансформацијата на себе
внесувањето, повеќе или помалку, во едно или повеќе дела – но секако
ја внесува инспирацијата што ја носи во себе за несекојдневната и чиста
љубов.


Би зборувала за само еден мој лик, во кого сметам, секој би се
пронашол. Можеби мојот лик, кој едноставно праисконски го нареков
Адам, прапочетокот на човештвото, чистата љубов на почеток, а подоцна
низ гревот на задоволствата, самољубието и суетата, што сметам (и затоа
го избрав за појдовна точка на мојот несекојдневен лик, меѓу останатите
мои создадени ликови) до ден денес остава трага на човештвото. Не
како херој, туку како човек со сите свои слабости и внатрешни борби,
човек кој понекогаш има сили да се искачи на врвот на планината, а во
следниот момент да се уништи во сопственото славољубие. Но, што би
бил човекот, ако не е подводлив, како првиот човек, Адам, кој како и




Петта Rodnokrajan sredba...


53


мојот лик во потрагата по чистата и несекојдневна љубов, посегна по
плодот кој беше забранет. Секое Зошто, велам и понатаму тврдам, има
свое Затоа.


Сенката што се спушта, понекогаш значи освестување за човекот,
кој претходно размислувал поинаку. И тогаш се поставува прашањето
каде води херојството на човекот, кој размислува кон насоката за
самодокажување, криејќи го вистинскиот страв.


Повторно би нагласила, овој лик не би оставил белег на цел град,
држава... Би остваил дел за размислување кај секој читател, зошто секој би
ги пронашол во себе прашањата што Адам од памтивек си ги поставува,
а секој сигурна сум, би дал свои одговори. Можеби секој автор, преку
своите ликови е во потрага по бесмртноста. И преку нив го остварува
своето право. Читајќи го насловот на темата и размислувајќи за истата,
ме наведе на уште едно длабоко размислување кое веднаш започна со
прашањето, за чистата и несекојдневна љубов. Дали таа треба да се бара,
или доаѓа сама и само тогаш, како и мојот лик, човек успева да навлезе
во себе, да ја почне потрагата. И тогаш, во Адам, навираат спомените
и целата животна лента на спомените, кога себеси се замислува
несекојдневен и семоќен. Но, само една случка, еден момент, со кого
херојот веќе не раководи, го брише натчовекот и го враќа на првичното:
протераниот Адам од рајот. И тука се губи потрагата по бесмртноста, а
се буди стравот, длабоко закопан во суетата на Адам. Да, секој може да
пронајде дел од себе...


И тогаш една чиста љубов, пристигната задоцнето, отсликува
генерации и гради илузија која секого би можела да поведе.. Адам,
својата ја бара на „врвот на светот’’, високо на планината, каде кафеавата
мирисна земја, мириса на почетокот на рајот, а надолу низ карпата,
излезот на рајот, онаму долу право кон чистилиштето.


Има правила на игра, што еден херој, каков и да е тој замислен
лик, го водат по сопствениот животен пат. Во еден момент бесмртен,
но само во следниот разнишан, на врвицата на животот. Обележје, што
го отсликува секој човек. Денес толку силен, а утре сосема кршлив,
во рацете на превртливата судбина. Тогаш, се поставува прашањето за
каков херој се работи? И дали се се создаваат секојдневи ликови. Но,
секојдневието е навидум обично, па може да започне со едно утро како
и претходното, за да, како што е тоа и во секојдневието – наречено
живот, сосема се испреврти наредниот момент. До кои граници може да
оди човековата самодоверба, дури и кога ќе ја пронајде својата чиста и
несекојдневна љубов. Какви би биле делата на тој лик, што сосема грубо
се трансформира во секојдневен, низ патот што самиот го зацртува.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


54


Можеби претходно, неговото херојство, низ истиот тој лик давал слика
на човек со белег на само потврдување, но слабоста на човекот е реална,
како што таа внатрешна борба го издава херојството, на една генерација
во која живее ликот на Адам.


Суштината е во чистата љубов, која е пронајдена сосема ненадејно.
Секој трага по една таква љубов, што пак од друга страна води кон
посегањето на забранетото овошје и тогаш ја крши самодовербата. Но,
никогаш не се размислува за тоа, води ли нагонот коу бара да се исполни
внатрешната желба, без последиците што се отфрлаат како непостоење
на лицемерието што остава белег, остварувајќи го внатрешното барање.
Поврзувајќи се со суштината на она што го движи светот, барањето по
чистата љубов. А што е оставањето на мислите кои се запишуваат во
ликот што авторот го создава, ако не херојство на една генерација, ако не
потрага по бесмртноста. Секој лик тежнее да биде бесмртен, секој автор
остава наследство преку херојот во ликот што го создава.


Не постојат мали и големи ликови. Не постојат секојдневни
остварувања. Само прашање е колку тие успеваат да го поттикнат оној
што ги открива да го разбудат сеќавањето во него, кај читателот да го
оттргнат сомнежот на поистоветувањето, како што ветерот ја открива
тајната на поленот. И ја раѓа силата во оној што што го чита делото за
херојот, да ја открие тајната на писателот.


Зошто, кој не би сакал да биде бесмртен?
А храбрите се обидуваат да се спротивстават на конечноста,


криејќи се зад своите ликови. Само фантазијата ја подржува храброста
на ликот да го искаже своето мислење, како што мојот лик Адам, првиот
човек на Земјата, ѕиркаше низ малиот прозорец и се обидуваше да го
осознае раѓањето на денот, создавањето на животот. Како што и тој
како лик се роди, почнувајќи со Будење во осамата на својата самица.
Чудни се остварувањата на човекот низ призмата на животот, кога тој
се обидува да стане херој. Не со мисла на почетокот да остави трага врз
современиците, туку едноставно будење, од еден грубо прекинат сон.
Токму со желба да излезе од стереотипноста на секојдневното живеење,
во кого изигруваше херојство, лизнувајќи се на сопствените грешки, на
врвот на животот. Можеби е тоа и некаков страв кој се јавува во сите
нас, па лудо загубени во секојдневието, ссакајќи да излеземе од него, се
прашуваме, што би било кога би било. Само кога би ја имале храброста
на Адам, да го издадеме тоа секојдневие. Херојство, кој можеби подоцна
ќе се удави во сопствените грешки. Каква е линијата меќу херојството
на Ниче, бесмртноста што мошне често го издава сопствениот живот и
хероите - глувци, кое во некое друго време и услови би биле херои на




Петта Rodnokrajan sredba...


55


современието. Тенката линија која може дабиде сосема прекината, ако
човек размислува во насока на фантазијата, или низ некој сон што токму
тогаш се остварил како реалност.


Би завршила на крајот, со моето размислување дека обидувајќи се
да одговорам на предизвикот на поставената тема низ мојот лик, сепак
си го поставувам прашањето: Дали ликот што секој од нас го создава,
може да биде несекојдневен?


Не е ли и обичниот човек одговор на оваа дилема. Кој секако може
да започне како едноставен лик со кого можеби и би се сретнале на улица
без да го забележиме, но во кого се крие тајната на приказната. Секогаш
велам:


„Еден живот, еден сон. И една приказна, за несекојдневниот лик
низ бесмртноста на херојството што се крие восекого однас. Само кога
би имале храброст...’’


Има еден лик, една приказна, во чие постоење има херојство, кое
тежнее кон бесмртноста. Секој човек сака да остане засекогаш оведе, со
храброста на белегот за неговот постоење.


И на крајот што е авторот со неговите остварувања, ако не херој,
кој тежнее кон бемрноста, во потрага по чистата и вистинска љубов.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


56


SaNJa MUCHKaJeva vIDaNOvSKa


MY UNUSUAL ORIGINAL CHARACTER


The originality comes out of unusual. Between the rows of the
everyday usual life, the author obtains a story on the mark of the inner feeling
that the character leads him to realization of the text in which it seems that
an ordinary role takes place. The inspiration and urge leading the author
towards the pure, primordial love, he who quests through the psyche of the
unspeakable, that which burns in every author and opens new horizons. Does
an unusual character exist? I would like to talk only about one character in
whom I think everyone could recognize oneself. Maybe, my character whom
I called with the primordial name of adam, symbolizing the primordial love
at the beginning when there was the Word, who had to pass through his sin,
selfishness and vanity, even today, has left a mark on the whole humanity.
Therefore, I took adam as a starting point of my unusual character among the
rest of my created characters.




Петта Rodnokrajan sredba...


57


КИРЕ НЕДЕЛКОВСКИ


БЛАЖЕ КОНЕСКИ Е МОЈОТ НЕСЕКОЈДНЕВЕН ЛИК


Интелектуална инспирација
Секој автор си имал барем на почетокот од неговото творештво лик


- инспирација , односно водилка по која почнал да оди и да го следи .
Важно е да верува во него во неговата духовна сила , а потоа и


во себе дека ќе го надмине со времето кое доаѓа . Треба да верува дека
зрелоста доага со посветеноста кон ТОА што се работи за да остави
трага или да остави белег во народот и пошироко во светот . Јас сум
имал повеќе вистински ликови кои го задолжиле овај народ . Некои
лично ги познавав , а некои ги проучував преку нивното творештво . Низ
овие изминати децении низ ситото на времето ми останале само неколку
примарни ликови , а за другите скоро сум заборавил или ќе се сетам
случајно .


Посветеност
Оригинален лик во моето тво-


реш тво уште од најраните мои години
бе ше Блаже Конески. За него сум пи-
шувал повеке пати. Го познавав и
го следев неговиот животен пат, не-
го вата несекојдневна и чиста љубов
кон својот народ и грижата кон но-
ви те генерации кои доаѓаат. Мирен
и подготвен да даде совет, спремен
да говори за она што го создавал и за
она што сака да го направи. И денес
ко га размислувам зошто останал
мој примарен и оригинален лик и се


преис питувам повторно го тврдам истото - Блаже Конески си остана
Блаже Конески .


Мојата „Песна за Блаже Конески“ е моја најпечатена и нај-
преведувана песна , факт и констатација која укажува дека духовно му
се приближив и го пренесов како лик во моето творештво. Лик кој со
својата ненаметливост го вртеше вниманието кон себе. Еве ја песната во
целост :




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


58


Песна за Блаже Конески


Подвижен вулкан
Од душата го вади молчењето
Ерупција
Пластови на времето .
Река од книги
Прочистена протекува
Силата
Кон својот Златоврв .
Си мислиш стопен си
Во неговиот глас ,
А во мислите разговарате
За можната рамнотежа
На генерациите .
Така татковината
Се подготвува
Да ги збие редовите
Барем во книгите .


Основните идејни по ра ки или цел корпус на идеи е дека оваа
земја со векови се брани со својот говор со својот автентичен јазик кој
се негувал и се обновувал од секоја нова генерација . Опстојувањето
и отпорот против негирањата е со говорењето и со пишувањето на
македонски јазик . Јазикот е нашата сигурност или нашиот немир дека
продолжуваме понатаму да ја шириме славата на оваа држава на овој
народ овде и низ дијаспората. Никогаш нема да знаеш кој те чита, каде и
кога те фали или те оспорува.


Доаѓаат и се дружат многу генерации и разменуваат мислења и
позитивна енергија меѓу себе, а заслуга за тоа е нашиот мајчин јазик кој
се говори и со многу дијалекти. Но основната цел е постигната.


Ние ќе ги збиеме редовите за одбрана на својот народ и своето
име.


Јас не сум познат како автор кој сака да си ги објаснува и да
коментира за своите песни или да ги открива стилските фигури и начинот
на творење, но кога се работи за Блаже Конески веднаш се откриваат
идејните инсталации за кои говорам со некакво старо задоволство.


Во истата стихозбирка ,,Некои нешта’’ од 1994 година во издание
на БИД ,,Мисирков” објавив песна со поднаслов ,,Разочаран по смртта
на Конески”. Пристапот и размислите се со меланхоличен тон.




Петта Rodnokrajan sredba...


59


Цитирам: ,,Тажна приказна на времето
Нашите живи гулаби
Се претвориле во хартиени летала”...
Може да се забележи и да се открие дека нашиот живот е да


создаваме, а што ќе остане низ времето за тоа ќе кажат други луѓе и
автори.Нашето творештво е како да создаваме живи гулаби кои после
смртта ќе се претворат во хартиени летала и кој ќе ти знае каде ќе стигнат
и како ќе бидат прифатени од следните млади генерации кои доаѓаат.
Но времето си е една тажна приказна која ги пренесува нашите чувства
понатаму во некои следни децении и во сите континенти.


Но заклучувам со некаква поента која се шири дека ние сме на
вистинското место - овде во центарот на Македонија и светов.


Ова е наше време со наши ликови со почитувани луѓе и јас
запишувам дека ова е и мое време.


За да го нагласам несекојдневното и оригиналното за ликот во мојот
живот и творештво ќе продолжам со уште една песна за Конески.


Песната е напишана после посетата на родната куќа во Небрегово
и претставува продолжение на силата и енергијата на човекот кој и после
физичкото заминување остави белег и дух кој го следиме.


Еве како ќе прозвучи песната ,,Во Небрегово” после многу години:
,,Немаат брегови зборовите


Се прелеваат во народот
Надојдените води
На македонскиот јазик.


Седиме и слушаме под стреата
Како постјано надоаѓаат
Нови генерации - млади сили
Македонисти
Кои го освежуваат говорот
Го реновираат споменот
На куќата и на Човекот
Од каде пеењето
Продолжи да се шири
Со обновувањето на лексиката.


Мојот лик беше вистинит и само го искористи своето време со
зборови да навлезе во нашето време и во иднината.


Неговото дело се шири се освежува, а и нашиот јазик се проучува
потемелно од младите сили - македонисти. А тоа е најважно кога еден




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


60


човек добива наследници во својата работа.

3. Завршен дел или крај без крај
Овие мои размисли или овој мој есеј напишан спонтано неможе


да има крај. Ако јазикот е нашата татковина,тогаш лексиката и говорот
немаат граници, немаат ни одредено време. Мојот лик бил и е посветен на
својата работа, а што е ретко денес - не се интересирал за материјалната
страна, колку ќе заработи. Има и денес автори кои не се интересираат за
хонорарите, но тие се ретки во ова ново време.


Затоа потенцирам дека ликот и делото на Конески навлегло
длабоко во овој народ - овде и низ дијаспората. Намерно не ги спомнував
објавените дела на мојот лик и проектите во кои учестувавал, не ги
набројував ни неговите функции, оти списокот ќе немаше крај. Јас само
го пренесов духовно мојот лик во една нова деценија.




Петта Rodnokrajan sredba...


61


KIRe NeDeLKOvSKI


BLAZE KONESKI IS MY PRIMARY ORIGINAL CHARACTER


The original character since the beginning of my literary work has
been Blaze Koneski. Many times I’ve been writing on him. I knew him, I
followed his life, his unusual pure love for his people and his care for the
coming generations. Peaceful and always ready to give advice, always ready
to talk about his work and his future plans. even today, when I think why he
always remains my primary original character, analyzing myself, I stand on
my previous same decision – Blaze Koneski is Blaze Koneski… “The Song
on Blaze Koneski” is my most published song and the most translated one.
This fact shows that I have spiritually come closer to him and transferred him
into my literary work.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


62


ХРИСТО ПЕТРЕСКИ


МОЈОТ СЕКОЈДНЕВЕН (НЕ)ОРИГИНАЛЕН ЛИК


Прво, дали креираме несекојдневни и оригинални ликови, бедруго,
треба да кажат другите, а не ние самите. Затоа, овојпат, јас ќе напишам,
осносно ќе допишам збор-два за моите секојдневни и (не)оригинални
ликови. Всушност, ќе се навратам на ликовите од мојата прва книга
“Огледало”, објавена во сега веќе далечната 1979 година, како сепаратен
прилог на списанието “Современост” во Скопје.


Во таа и таква, мала по обем книга, но за мене мошне значајно
остварување, се обидов да го најавам сопствениот влез во македонската
литература со прва своја самостојна објава, водејќи сметка за темите,
но и за начинот на нивното транспонирање, обработка и презентација.
Во прозодиска форма, и тоа уште во првиот циклус “Осаменици од
зад планината”, во стихозбирката пишував, т.е. ги опејував ретките и
карактеристични ликови од мојот роден крушевско-демирхисарски
крај.


Така, преку песните за Јордан од Радово, Милан од Кочишта,
Мито од Железнец, Попот Журечки и други, јас не само што сакав да
ги овековечам и оттргнам од заборавот самите нив, туку настојував да
создадам творби со личен/сопствен белег, рефлекс и афинитет за навидум
општопознатите, општо(не)прифатените и (нај)карактеристичните ли-
ко ви.


Сите тие имаа име и родно место, а да се пишува за осаменици,
за таканаречени маргиналци, за оние кои сите ги гледаат а никој не ги
забележува - за мене беше посебен предизвик. Едноставно, затоа што
однапред знаев дека правам пред с¡ човечки, а дури потоа и творечки
гест.


Но, да се овековечуваат личности уште за време на нивниот живот,
тоа значи да се биде и премногу претпазлив, поради евентуалните
непријатности, кои многу ретко изостануваат.


Така, с¡ уште живо се сеќавам на едно доцно попладне, кога во
селската продавница, која сите ние ја викавме “кооперација”, во моето
родно Растојца, дојде Јордан од Радово. Онака низок, со стари алишта,
забраден и неуреден, тој веднаш праша кое е тоа “детиште” од Василета,
што за него пишувало дека нема лична карта, вадејќи некаков истуткан
лист од пазувите на долгото и излижано палто, кој требаше да послужи
како доказ дека поднел документи за лична карта.




Петта Rodnokrajan sredba...


63


Јас за миг останав стаписан, сфаќајќи ја мојата огромна грешка,
што токму таа песна ја објавив и во весник, а да беше само во книгата
- сигурно немаше информацијата за песната да стигне до повеќемина,
па и до ушите на Јордана. Ми беше жал што тој не ја разбрал и
сфатил пораката, па јас и најмалку тоа го очекував од него, но и од
другите тамошни жители, кои од целата подолга песна го запомниле и
прераскажале само тој (поетски) податок дека Јордан од Радово нема
лична карта. А, тоа што вратот му е целиот со лузни и гасеници, бидејќи
беше дрвосечач, што јаде само сув леб со сол и пипер и пие планинска
вода, тоа беа само додатни и неолеснителни обвинетелни факти за мене.
Едноставно, Јордан можеше пред сите во кооперацијата (значи, пред
сведоци) за извади парче сирење завиткано во весник или во најлонче
и јас да почувствувам дополнителен и страв и срам. Од обвинение и
пресуда, за среќа, немаше потреба.


Но, сепак, за да не дојде до тоа, или до некоја друга непредвидена
ситуација и нови непријатности, јас нога под нога веднаш излегов од
продавницата и се упатив дома (каде е секогаш најсигурно), извлекувајќи
ја поуката дека не е едноставно (читајте: опасно е) да се пишува отворено
и искрено за своите современици.


За среќа, другите опеани ликови, или не ги прочитаа песните, па не
дознаа за нив, или јас намав директна средба и близок контакт со нив.


Но, во истата таа моја Растојца, имав уште една непријатност, кога
еднаш напишав и објавив репортажа со наслов “Судбината на кантар”,
во весникот “Нова Македонија”, за откупот на тутунот. Па, сакајќи да
ја доловам попластично злоупотребата и експлоатацијата при откупот,
забележав дека кога го откупуваат тутунот, наведувајќи го името на
мојот вујко, наместо втора класа истиот го откупуваат како четврта класа
(внимавајте: колку повисока класа, тоа значи дека е понеквалитетен и
многу поефтин). Но, џабе ја опишував селската мака, уште рано в зори,
на големиот студ, со воловски или коњски запреги, кога снегот “чкрта”
под тркалата на тешкиот товар, кој набрзо по симболични цени ќе биде
префрлен и натоварен во огромните монополски камиони и однесен
во магацините на вештите трговци од Крушево. Згора на тоа, тие -
проценителите, или “ценачите” како што ги нарекуваме ние, не само
што ќе изглодаа по некое пилешко бутче, туку ќе изедеа и цела кокошка,
и тоа токму кај моите вујна и вујко...


Но, едно утро, уште се не бев разбудил, кога на порти дојде мојата
вујна, и тоа не да се поздрави со мене, туку да се кара, затоа што сум
направил голем срам за нивното (а и наше, зашто сме роднини) семејство,
посебно за нејзиниот син кој работи и живее во Битола, па како сега ќе




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


64


излезе в град и што ќе им рече на познаниците, затоа што тие немале
ни еден лист четврта класа, туку сиот тутун им бил, како што лутито ми
подвикна: чисто двојче и единиче. Со себе дури го носеше и откупниот
лист како доказ, а јас уште еднаш узнав дека таму (во родниот крај, меѓу
блиските и подалечните) едноставно нема место за шега, алегории и
метафори...


Дури тогаш, сфатив на какви маки бил и еден мој постар колега-
новинар, кој исто така потекнуваше од моето село, кога објави репортажа
во весникот “Трибина” за девојките (пардон: момите) кои со години не
беа мажени, наведувајќи ги нивните имиња, сакајќи можеби и на тој
начин да им помогне да излезат од маѓепсаниот круг... Но, кога дознале
погодените селани (родителите на немажените чупи), го грабнале
целиот тираж на весникот од домот на служителот во училиштето, кој
патем беше и поштар и метеоролог во тоа време, зашто ги мереше и
бележеше врнежите во дворот на училиштето за потребите на Хидро-
метеоролошкиот завод во Скопје. Репортажата за четирите вредни, убави
и млади, а сепак немажени Растојчанки, така не беше прочитана од сите
жители на селото, за да не пукне срам и брука, а новинарот со месеци не
ни помислуваше повторно да го посети селото, се разбира, додека не се
оладија зовриените страсти...


Но, не можам да го заборавам несекојдневниот и оригинален лик на
Милана од Кочишта, кој како и сега да го гледам пред себе, кога качен на
едно слабо, доодено и изнемоштено, можеби затоа и послушно магаре,
заедно со белото кученце (со железна алка околу вратот за да не го дават
поголемите кучиња) кое постојано го придружуваше страдалникот,
дојава во нашиот двор и веднаш побара тутун од низалките за “качак”
во старата, рѓосана и излупена железна табакера, но измоли и ракија за
шишенцето кое врзано со врвка за устинката го носеше околу вратот.
Всушност, тој не побара и не измоли, туку изнуди од мене тутун и ракија,
зашто самиот тргна кон низите со тутун да граба и жули суви тутунови
лисје, а со рацете и нозете удираше на вратата од визбата, најверојатно
воден од мирисот на ракијата кој допираше од таму, точно знаејќи каде
се наоѓа и едното и другото. Тој подобро и од мене знаеше каде што има,
зашто јас со години бев во Белград и во Скопје.


Милан од Кочишта (од родното село на татко ми) слезе (подобро
речено падна, се свлечка) од магарето, но откако отпи повеќе голтки од
ракијата со која јас му го наполнив испразнетото чоканче, тој почна да
лази по тревата, се преврте на грб и легна како мртов. Јас толку многу се
исплашив, зашто и челото му беше раскрварено, потрчав кај комшиите,
но кога се вратив тој веќе лежеше помешечки, постојано мрморејќи ги




Петта Rodnokrajan sredba...


65


зборовите “дај... дај... дај ми...” и обидувајќи се да ја крене главата, но не
можеше никако да се исправи на нозе и самиот да се качи на магарето.
Затоа, јас го држев цврсто под мишките, додека успеав некако да го
префрлам на самарот од магарето, кое (кутрото тоа) не ни сонуваше
дека врз своите кревки плеќи, носи еден од моите, несекојдневни
и оригинални херои, инаку знаменити крушевско-демирхисарски
бескуќни, инспиративни и, пред с¡, вистински приодни ликови.


Се сеќавам кога бев ученик од петто до осмо одделение во
Основното училиште “Браќа Миладиновци” во Жван, Демирхисарско,
а интернатот го заменив со пансионот на тетка ми Пера, која за мене
се грижеше како вистинска мајка, еден зимски ден дојде мирниот но
незгрижен скитник и страдалник Мито од Железнец да се згрее малку
покрај шпоретот на тетка ми Пера и тетин ми Нове. Тетка ми, секогаш
насмеана и добродушна, го понуди Мито: Што сакаш да ти сварам - чај
или кафе, а кутриот тој неопределено одговори: Чај нека е, кафе нека
е..., по што тетка ми му свари и кафе и чај, на тој начин решавајќи ја
дилемата, по што гостинот си замина презадоволен од домаќинскиот
пречек. Не беше во прашање само напивката, туку и стоплениот дом со
шпоретот во кој баботеа дабовите дрва, но и убавиот збор, а најмногу
(и денес сум во тоа сигурен) искрената и срдечна понуда на тетка ми
со два пијалака истовремено. Значи, понуда од која може да се направи
избор, па макер тој избор да биде и тежок, и неодлучен, и непредвилив,
и двоен.


Оригиналноста на ликот како фактичка и автентична појава, може
но не мора апсолутно да соодветствува на книжевниот лик во делото, но
во овој случај беше постигнат еквивалент и рамнотежа помеѓу поттикот
и изведеноста, односно означеното и обработката.


Сеедно, дали со или без лична карта, со или без никотин и алкохол,
со или без божји благослов, во моето дебитантско “Огледало”, всушност,
јас како најдлабоко да се загледав и препознав себеси. И денес, неколку
децении потоа, задоволен сум од токму тоа и такво силно доживеано и
незаборавно искуство, кое не само што се вкорени во мене и на одреден
начин ме предодреди пред бројните животни искушенија и беспатици,
туку го определи и насочи и нагорниот и нерамен творечки пат...




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


66


HRISTO PeTReSKI


MY EVERYDAY (UN) USUAL ORIGINAL CHARACTER


I would like to go back to the characters in my first book “Ogledalo”
published in the far back 1979 year as a supplement to the journal “Sovremenost”
in Skopje. In this, small book, but for me very important work, I tried to
announce my entering the Macedonian literature with my first announcement,
being very careful in choosing the themes and the way of their presentation.
In prose form, even in the first cycle “Osamenici zad planinata” (“The lonely
men behind the mountain”), in this collection of poems I wrote about, or I
sang about the rare characters from my Krushevo-Demirhisar Region where
I was born. By the songs on Jordan from Radovo, Milan from Kochishta,
Mito from Zeleznec, The Priest from Zurovo etc., not only that I wanted to
make them monuments and pull them out of the oblivion, but I tended to
create works in my personal mark, reflex and affinity for the generally known,
generally (not) accepted and (the most) impressive characters.




Петта Rodnokrajan sredba...


67


ЃОРЃИ ПРЧКОВ


НИТУ ОГЛЕДАЛОТО МОЖЕШЕ ДА ГО
РЕФЛЕКТИРА ПООРИГИНАЛНО



Големиот филозоф Ниче истакнал дека за иднината треба да


се одржуваат само луѓето кои се способни да се соочат со неа, кои
ќе ги отфрлат сите вредности и ќе си постават свои правила кои
мнозинството ќе ги следи. Од тоа произлегува и идејата за натчовекот,
кој би бил слободна личност кој себеси се потврдува преку борбата како
гениј, смел и храбар, творец и возвишен, создавач и уривач. Натчовекот
не подлегнува на никакви правила освен на тие што сам си ги поставил.
Тој во занес оди од потфат во потфат. Од аспект на денешниот
постојан морал натчовекот прави зло, но тој ги отфрла наметнатите
вредности следејќи ја својата анархија. Иако посакувам моите ликови
да се наречат натчовек, не би ја позајмил таа титула од Ниче поради
неговиот атеизам, кој мислам дека доволно го заслепил да забележи
дека неговиот натчовек, колку и да ги носи сите горенаведени епитети,
се наоѓа неколку скалила подолу. Над него ценам дека е Бог, Создателот
на една таква несовршена фигура која секако има некоја улога во
човештвото, па моите ликови, угаснати праведници кои сепак следат
некоја морална правда, па невините јагненца кои блеат пред Велигден,
па...


Ликот беше белег на цел град ако се земе во обзир неговата
(всушnост мојата) амбиентална поврзаност со Битола која најповеќе
од с¡ посакуваше никогаш да не се оддалечи од објектите кои покрај
него беа комплетни не во нивната убавина, туку содржина заокружена
со историја, за која верувам е поиздржана со некој херој покрај себе
си.


Градскиот часовник имаше земено да ја отчукува познатата народна
песна: “Битола бабан Битола”, застанав во став мирно и зедов да пеам.
Хелга со внимание имаше земено да ме слуша. Часовникот ја досвири, а
јас ја допеав песната. Хелга ми рече да земам и да ñ ја преведам. Јас ñ ја
преведов. Имаше излезено мошне задоволна . . .”


Беше белег на еден цел народ, кој во првиот момент се засрамил
да се нарекува со неговото вистинско име заради ужасот кој мораше
да го поднесува и немоќта да ја подигне главата повисоко од нивото
на кое наведнатата глава обично не се пресекува. Потребен му беше
на еден таков народ, таков лик во кој ќе може да се погледне чисто




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


68


без честата последица на искористеност и да го добие оној тупот во
градите кој адреналинот го меша со патриотизмот и ја раѓа слободата.
Па ако треба ќе трага по тој поглед дури до вратите на пеколот или
во утробата на земјата која сакала или не ќе го изблуе неговото тело
полно со идеи ...


- А, ти си Ѓорѓи, нашиот спасител кој умре за да живее!- зборовите
имаше земено да ги изговара тешко, јас вложував напор да ги разберам.


- Од каде ме познаваш?- изненаден го прашав човекот.
- Ѓорѓија наш, го познава секој!
- Кога дојде и зошто во пеколот?
- Е, па вака, имав земено да водам поголема група луѓе, бевме


цврсто решени да присуствуваме на твојот погреб, макар да излеземе и
усмртени, решително тргнавме кон Буковски гробишта. Мислам дека не
направивме грешка што го испланиравме твојот погреб. Сакавме да те
погребаме со сиот христијански церемонијал, со сите почести какви што
заслужува човек што го положил животот за сопствениот народ. Како
што имаат земено да се погребуваат великаните, познати во историјата
излезено што имаат. Арно ама она што го планиравме не ни излезе така. На
патот ни се испречија луѓето од највисоките басамаци на вечното Тркало
на животот, всушност ни се
испречи силата на власта.
Би дејќи многубројни,
теш ко вооружени, со то-
по ви, тенкови, на коњи,
со оружје од секаков
вид излезено имаа, ни го
попречија патот. Ние, би-
деј ќи голораки, со гради
имав ме земено да запираме
теш ки ѓулиња, гранати,
од бивавме жестоки ра-
фа ли, барикади имавме
на правено од живо, голо
месо!


- Значи, тупотот имал
из лезено од тенковите, од
то повите, не од тврдиот чекор на народот?!- му реков.


- О, не, не, тупотот беше наш, имавме тврд и силен чекор. Топовите
и тенковите ги надвладавме, тие имаа земено да се тресат од нашиот
чекор. Планот имаше излезено наш. Нешто подоцна сфативме дека




Петта Rodnokrajan sredba...


69


од планиран погреб нема да излезе ништо. Тогаш удривме во марш,
марширавме од душата, од срцето, прифативме една “игра” во тој момент
што имаше земено да ни се чини дека е најдобра. Со тврд чекор да
удриме по Земјата, таа мајчински да се отвори, да те прегрне и да те
скрие од режимот, од кремот во нашата мала и мила државичка. Тие пак,
беа решени твоето тело да го земат, пред очите на народот да го запалат,
народот, место тебе, пепел да земе да гледа. Твоите непријатели само
така ќе те убиеја во душите, во срцата, во добрата мисла на народот. . .!


Беше посебен лик кој можеше да се реинканира во секого и по
потреба да се врати во себе си без притоа да загуби дел од своето
достоинство кое туѓиот карактер колку и да би бил морален можеби
нема да биде доволно компактибилен да го прифати со обете раце. Се
обидуваше да не се шета во лошите ликови, не од страв да не заглави
помеѓу нивните дамари, туку поради чувството на гнасење кое не
можеше да си го дозволи, а да остане навистина посебен, несомнежливо
прочистен.


Само ја пресековме улицата, се испровревме помеѓу начичканите
такси возила и влеговме во паркчето што го обиколуваше Градскиот
часовник. Го фативме патчето што водеше кон југо-источната страна.
Застанав оддалечен десетина метри, Хелга ја фатив за раката и зедов да
ñ велам:


- Хелга, го гледаш издадениот дел од градбата?!
- Го гледам!- ми рече Хелга откако го пронајде!
- Е, сега, од издадениот дел земи и број ги камењата, на петнаесеттиот


застани. . .
Гулапчето се вознемири, присуството на Хелга го вознемири,


змијата сакаше да ја исползува вознемиреноста на гулабот, се обиде да
му откине, кога ќе ñ успееше силно викнав:


- Неее!!!
Гулапчето отрезна и борбата почна. . .
Погледав во Хелга, имаше земено да гледа со огромно внимание, и


таа исплашена за судбината на гулабот кога јас викнав “не”, таа крикна.
Борбата имаше излезено жестока, се водеше на живот или смрт, да


се биде или да не се биде.
- Што треба ова да значи?- се огласи Хелга.- Ова има излезено


нерамноправна борба. . . Гулаб да се бори со змија, тоа ниту сум чула,
ниту сум видела, гулабот има излезено толку нежен, толку племенит. . .


- Исто како и добар дел од мојот народ!- и реков.
- Гулабот има излезено кревок...!
- Ама многу борбен излезено има! - ја прекинав. Многу ја сака




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


70


слободата и гледај како змијата ќе ја совлада!
- Змијата е многу опасна, гледај, главата ја има завртено и ќе го


касне, ќе го отруе!
- Опасна има излезено колку царевите, кралевите, фараоните,


владите, парламентите, арно ама моралот и има излезено опаднат,
опасноста има земено да ја дебне од повеќе страни, чувствува дека
битката кога - тогаш ќе ја изгуби. Ете, гледај, гулабот веќе ја совладува,
опасноста по него помина, вратот, гулабот и го има приклештено, со
главата не може да мрдне!


Хелга воздивна со олеснување. Рече:
- Како има излезено возможно гулабот да ја совлада змијата?
- Моралот му е силен, волјата голема, храбар излезено има, борбен,


со здраво срце и чиста душа.
- Како тебе!
- Нека биде така!
- Дури сега разбирам, гулабот има излезено симбол на народот,


змијата симбол на моќниците, недофатливите, како што си зел да ги
велиш, дури сега сфаќам, во тебе има излезено гулабот! “Ако сите
се бориме како гулабот, мајсторот што им го остави како симбол на
широките народни маси, за народот ќе излезе добро. Змиите ќе бидат
победени”.


Беше измислен лик исто толку како и вистински поради болката
која ја носеше додека се породуваше неговата страст да се биде
споменик пред кој нема да се застанува само преќутно да се чевствува
додека птицитe го поганат, само и само да биде поинаков од оние кои не
се наоѓаат скаменети во некој парк. Сакаше споменикот да проговори,
да наговори некого да ја прифати заштитничката рака додека самиот
не се претвори во барем сенка од тој мраморник.


Пипин имаше излезено збркан. Се подготвуваше да ми го постави
прашањето: “Зошто ти?”


- Зошто јас? - на ова прашање имав излезено без конкретен одговор.
Му реков:


- Некој мора да е! - ама и продолжив:
- На пример, зошто Крале Марко се борел против петвековниот


поробувач, зошто со сабјата што се диплела на дванаесет дипли, со еден
замав убивал по сто, по илјада Турци, зошто со коњот скокал од планина
на планина и ги биел Турците?! Знам, ќе ми речеш Крале Марко, како
лик е измислен во песните, дека е легендарен лик. Пипин сметај ме и
мене измислен, сметај како сам да сум се измислил и сега му помагам
на нашиот настрадан народ. Крале Марко го измислил народот, немој да




Петта Rodnokrajan sredba...


71


мислиш дека тој имал излезено бесполезен, наивно е така да се мисли,
народот, со измислувањето на Крале Марко, нашол утеха, маката си
ја намалувал, впрочем мечтаел за сила каква што му припишал, или
испеал. И во тоа народот успеал, мечтите им станале вистина, сонот
јаве, и му имало излезено полесно, е, Пипин, јас се измислив себе си, си
дадов сила, со надеж дека на народот ќе му помогнам, дека ќе му излезе
полесно. И задоволен излезено имам, засега, иако сум на почеток доста
сум помогнал. Пипин, дали сега си зел да ме разбираш, а?


- Во глобала да, арно ама во суштина не. Компарацијата со Крале
Марко среќно си ја избрал, арно ама во суштина се разликувате. Тој бил
само легенда, опеан во народните песни!


- Ама за потценување излезено немал!?
- За потценување немаш излезено ниту ти!?
- Кој знае!?
Беше несекојдневен човек кој одлучил да го напушти креветот


многу порано од исцицувањето на вообичаената доза доволна за
останатите да го проживеат својот суетен живот. Можеби во целa
воена анархија во неговата глава се раководеше од Божјото: “Возљуби
го својот ближен како себе си”, упорно докажувајќи си дека оние од
власта не се негови ближни, барем според сатанските гени кои ги
поседуваа.


- И со кучињата излезе победник!- ми рече.
- Ништо, само ги заштитувам ПОСЛАБИТЕ!
- Како ништо?!- Пипин зеде да се тревожи.- На еден пес му го спаси


животот, едно дете врати од бессознание, зар тоа има излезено ништо!
- Тоа ми има излезено должност, да ги штитам немоќните!
- Зар мене не ми има излезено должност? Зар на останатиот свет не


му има излезено должност, излегува дека само тебе ти е должност!?
- Секој за себе, можеби јас предвреме сум излегол расонет, не


знам!
“Секој за себе”, ова го протолкував дека само јас сум способен


да помагам, себе си се ставав пред другите. Особено пред него, а
многу ми помагаше. Можеби требаше да му речам дека насилство не
поднесувам!


Одненадеж ми дојде идеја, веднаш му ја соопштив на Пипин. Му
реков:


- Пипин, не сакав да те навредам, еве, долго време размислувам да
ти дадам адекватен одговор, одговор што ќе ја расветли мојата личност.
И јас сакам да знам кој сум. Ме познаваш од мал, ти добро ме знаеш какво
момче излезено имав - сонливо, арно ама повеќе не. Пипин расонат сум, и




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


72


кога спијам сум буден, очите затворени, јас буден, и во најдлабокиот сон
јас сум со проблемите на нашите луѓе во Државата, а каков сум станал,
тоа зело да те збунува, на твоите прашања вистинскиот одговор е:


- Насилниците треба да бидат казнети!- ете тоа има излезено мојот
вистински одговор, кој зел да излегува од душата, од срцето, од мојата
мисла!


- Насилниците треба да бидат казнети!- повтори Пипин, имаше
излезено подготвен да ме демантира.


Беше необичен човек кој ненаситно гладуваше и жеднееше за
правда, кој ја презираше печалбата од насилство, кој ги тресеше
рацете да не прими поткуп, кој ги затнуваше ушите да не чуе за
крвопролевањата, кој ги затвораше очите да не види зло . . . Знаеше
дека праведничката патека е како светлината на разденувањето, што
е с¡ појасна до полниот ден.


“Навистина, кој сум јас? Кој сум јас да делам правда без закон и
без суд? Ме фати за гуша ова прашање. Трескавично имав земено да
размислувам, да најдам одговор. Си ветив, по патот, ако го најдам,
веднаш Пипин ќе излезе известен”.


- Знам што сакаш да речеш!- побрзав.
- За насилниците има закон, за насилниците има суд!- овој пат, за


овие прашања имав одговор, па му реков:
- Пипин, го сретна ли некаде законот, го виде ли некаде судот?


Судската палата да, секој ден ја гледаме, поминуваме крај неа кога се
враќаме од училиште. Реката Драгор што убаво си жуборка, наспроти
Палатата, на неа терезијата во рацете на Јустиција, и двоостриот меч
јако има земено да го стега - симболот на правдата излезено има, арно
ама тасовите зеле да и одат едниот кон небото, другиот длабоко во
земјата. Зошто двата таса не излегле рамни - нивелирани, тоа би значело
подеднакво правда за сите!


Колку и да не сакав на денешното заседание да зборувам за воените
подвизи, ми се наметнуваа боксови кои повеќе се разменуваа со волјата
на духот, отколку на стариот варварски начин. Нивните последици
ги чувствуваше ликот потрезвено од посериозна скршеница, истите
групирајќи ги на оние кои се амортизираат и на оние кои доброволно
се примаат до длабочина на границата нешто да оштетат. Првите
се озборувањата на далечната средина кои сакаат да ја израмнат
човековата личност со прашината изгазена од сечии нозе. Додека
вторите се од шепотот на своите кои кога ја предале сопствената
совест, не верувам дека не би биле способни тоа да го сторат секому .
. .




Петта Rodnokrajan sredba...


73


- Тешката рака на Бомбардикос зафиука, боксот заврши во мојата
вилица, нешто ми крцна во вилицата, веројатно ми ја исчаши. И покрај
тоа не паднав, малку се затетеравив, арно ама не паднав. Динката и
Шунда, а и нивните помошници зјапнаа во мене. Досега никој боксот на
Бомбардикос не го издржал стоечки. И Бомбардикос остана изненаден.
Бомбардикос очигледно дека си знаеше за боксовите, за техниката на
ударот, арно ама за душата, за срцето, не знаеше ништо, ама баш ништо,
неук, ќорав излезено имаше!


- Боксот реши да си го испроба и човекот во долгиот црн мантил.
Како боксерска вреќа обесена на чингел им овозможував да “тренираат”,
силата да си ја испробаат. Човекот со долгиот мантил, бидејќи левичар,
ме изненади од левата страна. И неговиот бокс заврши во вилицата, таа
повторно ми крцна, арно ама помалку, неговиот бокс ја немаше јачината
што ја имаше боксот на Бомбардикос!


- Пипин, ги поднесов сите налети стоечки!
-Тогаш некој викна:
- Што стоите, зар не гледате дека е непобедлив, зар не чувствувате


дека не порази, колку повеќе удираме, толку поразот ќе ни излезе
поголем. Бегајте додека главите ви се на раменици, ако му удрите уште
неколку боксови, ќе паднат вашите глави. Доволно има излезено душите
што ни ги распарчи, срцата што ни ги скрши, ни останаа само главите, а
тие празни. Бегајте, бегајте, тој има излезено неуништив! Тој е потомок
на некој чуден сој...!


Беше лик со чиста љубов во себе, навидум тврдина, негова
заштита, штит зад кој се засолнува . . . Посакуваше, барем додека
му трае славата, да ги стави порозните дури и во пукнатината на
карпата само за да не им фали влакно на главата. Им беше и дневна и
ноќна стража, им беше пастир кој беше подготвен да ноќева под ведро
небо, чувајќи го своето стадо. Ги учеше да одат држејќи ги со своите
раце, додека не осознаа дека навистина тој се грижел за нив . . .


- Чуден некој народ, многу чуден излезено има, веројатно и добар,
племенит, ти веројатно прилегаш на твоите предци! Имаш земено да
постапуваш многу правилно и за твојот народ имаш излезено од голема
полза, авантура не е. Ти од душа, од срце биеше битки за твојот народ и
многу му помагаше. Што мислиш, ако ти не почнеше со твојата служба,
сестричката, близначињата нешто ќе направеа. Ѓорѓи ништо, ти им
имаше излезено појдовна точка. Режимот го разниша ти, ти ги удри
темелите на НОВОТО ВРЕМЕ !


Разговорот имаа земено да го слушаат Пипин, Томче и Марето.
Пипин зеде збор:




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


74


- Без тебе ќе бевме никој и ништо!
- Томче:
- Без тебе режимот ќе не усмртеше!
Марето:
- Без твојата чиста душа и здраво срце ќе излезевме брод без


капетан, а штом бродот капетан нема, општо има излезено познато, дека
тој потонува. Ќе потоневме во бездна и нашиот народ ќе земеше да си
страда со векови!


Никој од тројцата, во одговорот, немаше излезено доволно уверлив,
затоа им реков:


- Не сакам да ме величате, заслугата е ваша и на младата генерација,
јас можеби ви имав излезено од припомош, арно ама мала-незначителна...!
Не се доискажав, кога, на рамото ми слета гулаб. Јасно го слушнав, го
слушаа и Пипин, Томче и Марето:


- Заслугата има излезено само твоја и на никој друг!.
Не беше народен херој околу кој разни организации со медиумски


публицитет ќе се натрчуваат кој ќе направи поекслузивна посета. Беше
јунак поради кој неговите гонители ќе се сопнат и нема да го надвладеат,
ќе ги засрами многу со поразот нивни и заради незаборавениот вечен
срам. Ќе ги повика со борбен извик на последниот танц, како петелот
што смело се шета помеѓу кокошките, за да на крајот од нив малкумина
да останат...


Како што имав излезено на коленици, се потпрев со раката, вложив
напор и се исправив. За да не паднам ме придржуваа Пипин, Марето и
Томче, крај нив имаа излезено Хермина и Лорета. Одненадеж ме нападна
нервна криза, свеста ја изгубив. . .


Во “ординацијата” на чичко Васил, прислужникот во училиштето,
ме потурија со вода. Кога ги отворив очите многу глави имаа излезено
надвиснати над мене.


- Ги победи!- го чув гласот на Пипин.
- Ги победи!- го распознав гласот на Марето.
Чичко Васил имаше излезено зафатен со моите рани. Крвта ми


имаше излезено засушена и тој ја чистеше. Вешто, со рацете, шеташе
по раните, проверуваше да не открие нешто сериозно, кај секоја рана
подзапираше, ќе ја провереше и велеше:


- Добро е, добра целата работа излезено има!
Погледот ми прелета од лицето на Хермина преку лицето на Лорета.


Имаа земено да ме сожалуваат. Марето забележа и зеде да им вели:
- Изгледа бедно, но за сожалување не е, тој победи многуброен


непријател, сожалувај те ги нив, зашто тие имаат излезено за




Петта Rodnokrajan sredba...


75


сожалување.
Пипин зеде и потврди:
- Овој што лежи во рани има излезено херој, хероите не се


сожалуваат, тие се слават, потреба ни има излезено да го славиме, да
го величаме!


Марето, Пипин и Томче, од “ординацијата” излегуваа, имаа излезено
мошне радосни. . .


Лорета и Хермина останаа. Се уште жално имаа земено да гледаат
во моето бедно тело.


- Не треба да го сожалувате, славете го, фалете го, донесете му
цвеќе, сплетете му венче околу главата, како ореол на светец!- им велеше
чичко Васил.


Кога повнимателно се загледав, гулабот го препознав. Тоа имаше
излезено гулабот од петнаесеттиот камен од Саат Кулата во Битола. Тој
зеде и ме увери.


- Оф, и гулапчето има излезено тука! Ами змијата?- се штрекнав.
Гулабот ја растресе главата. Веднаш зеде да ми вели:
- Со режимот си отиде и змијата. Кога режимот се сруши небаре


имаше излезено кула од карти, змијата доброволно се предаде и таа сега
има излезено некаде во пеколот, мене ме гледате, со вас во рајот. Сигурно
на големи маки е! Мене овде ми има излезено убаво, а со доаѓањето твое
дојде најголемиот пријател што сум го имал во животот!


- А, како дојде во рајот?- го прашав.
Тоа повторно ја растресе главата. Повторно ми велеше:
- Од старост, кога останав на каменот сам, ми имаше излезено


здодевно, арно ама кога гледав народот колку има излезено среќен,
душата имаше земено да ми се полни. Годините си поминуваа, народот
си старееше во радост, среќа и убавина, во блажевина си стареев и јас,
остарев и умрев, а ангелчињата ме доведоа во рајот!


- Така, така, ти за во рајот излезено имаш! Ами симболот на
Битола?


- Амииии, со една гулабица, со чиста душа и здраво срце изведовме
едночудо малечки, го одбрав најумното и го поставив на петнаесеттиот
камен. Битола симбол си има повторно гулаб!


- Ама без змија?- го потсетив.
- Змии во Битола повеќе нема, само гулаби, цели јата имаат земено


да ја надлетуваат. Дење, ноќе ја надлетуваат, имаат земено да гугаат, да
ти е милина да ги слушаш!


Слатко се изнасмеав и му ги замазнив крилјата на гулабот.
Ме обзеде радосно чувство. Гулапчето ми го врати рас по ло же ние-


то.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


76


Беше нестереотип кога се зборуваше за неговите средби со злото.
Вообичаена постапка тогаш е бегство од местото на настанот,
само да се спаси дел од голата кожа. Но тој, сакаше да се загледа во
нивните очи, да се увери дека тие лесно не се откажуваат од гревот,
за да би можел со целата совест да го организира нивното патување
без враќање. Но, ќе доживее и многу изненадувања заради пакосните
очи кои денес знаеја многу да сокријат, додека во нивните зеници се
подготвуваше нешто ужасно.


- Значи, насилниците го употребуваат методот низок удар”- си
реков повеќе за себе.- И животните кога напаѓаат, се притајуваат, арно
ама напаѓаат в лице, да можеш да им ги видиш очите и да прочиташ
колку имаат излезено крволочни, а овие не дозволуваат ни око да им
видиш, а јас би сакал да им погледам в очи; да се сретнеме очи в очи,
да видам колкава храброст има земено да се крие во нив; и со колкава
жестокост имаат земено да располагаат, ете, Пипин, тоа го сакам! Само
кој ќе ми овозможи таква средба?


Марето повторно зеде и крикна.
- Животните пред да нападнат ‘ржнуваат, на некој начин ја


предупредуваат жртвата да се брани!
Марето крикна посилно. Таа ме предупредуваше да се бранам.


Ме предупредуваше да внимавам, зашто се наоѓам во опасност, според
крикот, голема опасноста ми имаше излезено.


Со ова заврши преставувањето на ликот и неговата инспирација
од внатре. Сето друго не беше веќе важно, бидејќи јас наполно се
согласувам со него и секое спротиставување ќе го чувствувам како
повик на двобој на кој ќе одговорам со убиствена тишина . . .




Петта Rodnokrajan sredba...


77


gORgI PRCHKOv


NEITHER THE MIRROR COULD REFLECT
HIM MORE ORIGINALLY


although I would very much like my characters be called superman, I
wouldn’t borrow this title from Nietzsche because of his atheism. I think he
had been enough blinded to see that his superman, no matter how big epithets
carries, is several stairs lower than the ordinary man. In his delirium he goes
from one project to another. From aspect of today’s moral the superman does
evil, because he abandoned the social values following his anarchy. … he was
an unusual character who could reincarnate in anyone and was able to return
again in himself without losing even a small part of his dignity no matter how
big moral has the other character. He tried not to mix with the evil characters
not because he was afraid to get stuck in them, but because of his feeling of
disgust for them. He wanted to remain exceptional, purified from any doubt.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


78


ПРОФ. Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ


ЗБОРОТ - МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧКИ ЕСЕЈ


Насловната синтагма ја иницира, разработува и открива суштината
на есејот, а пак наднасловот „Зборот“ - авторовата заклучна цел како
сопствена аксиома.


Внатрешниот порив на човекот првобитно го одрази звукот во
збор. Јаството се претстави јавно. И не случајно се вкоренија подоцна
почетните стихови од Евагелието од Јована:


„Во почетокот беше Зборот
И Зборот беше во Бога
И Бог беше Збор.“
Минатата година во Битола одржа говор мојот колега академикот


Виктор Фридман, по повод добиената награда. Кога размислував колку
високо да го рангирам и претставам колегата, највисок дострел достигна
моето сознание, дека колегата го почитувам над се и заради длабочината
и темелитоста на неговиот Збор. А колкав домен достигнувал неговиот
Збор го согледав во насловот на научниот Зборник од Тратата
северноамериканко-македонска научна конференција во Торонто,
вдахновен од професор Кристина Крамер од Торонто. Поентата на
насловот секој ја согледува, зашто тоа се често цитираните стихови на
Блаже Конески:


„...Држи го зборот добро врзан...“
Семантиката на „зборот“ се проширувала низ вековите, од


постанокот на светот до денес, со неверојатна повеќезначност на бес-
кај на виделина:слово, буква,
кни га, знаење, светлина, видик,
бес крајност, длабочина, висина,
не дофатност, со најновото што
го слушнав – зборот е приказна,
без крај. Последнава може да би-
де куса, долга, лична, поетска,
па триотска, легендарнба, фан-
тас тична, историска, но таа е
произ вод на „заборот“. И еве, јас
се определив за насловот „Зо-
рот“, развиен во приказна, наша
ис ториска, со семантичкото цен-




Петта Rodnokrajan sredba...


79


трал но значење на ноговата важност. Ја избрав неа, сфатена како наша
морална предавана традиција, со цивилизаторска поента прифатена од
умствениот морален дострел.


Во нашето маало во Битола, познато како „банкарци“, се досели
нов комшија Ристо Маневски. Неговите две машки деца Миме и
Мишко ги прифативме веднаш во маалските детски игри. Бевме сите
во претшколска возраст. Јас бргу се спријателив со Миме, а мојот помал
брат Коле – со Мишко. А татко ми ги разврза долготрајните разговори со
комшијата Ристо, секогаш разговорлив за политичките теми, а насмеан
со нас децата.


Еден ден татко ми се врати дома весел и од вратата соопшти:„Ристо
Манев победи на првите повоени избори во Битола, ќе ни биде првиот
градоначалник!“ Во тие години не ја сфаќав суштината на изборите , но
бев среќна што добриот чичко Ристо станал „важен“ човек во Битола.
Еден ден Ристо доведе во нашата куќа, исто така, „важна“ личност со
чудно име – Ченто. Еден мој другар искоментира:„Не може да се вика
Ченто, такво име нема!“


Еден ден, кога сакав да играм со Миме, дознавме дека фамилијата
Маневски ја снема наспроти нашата куќа. Никој не знаеше каде заминаа.
Јас долги денови ожалостена очекував да се појават...


По триесет години од овие настани, учествував на една Научна
средба во Битола, кога и ја добив Монографијата на градот. Веднаш
забележав дека меѓу наброените градоначалници на Битола го нема
името на Ристо Манев. Се збунив, побарав објаснувања во Битола, но не
добив одговор. Ги побарав Мишко и Миме во Охрид, каде што и денес
живеат и го дознав продолжението на содржината од приказната.


Ристо Маневски првпат се побунил кога збаележал дека
магицините со собраните скапоцености прибрани од богатите граѓани
во Битола се полупразни. Не добил одговор за магацините, иако побарал
и објаснување по писмен пат, зашто и тој имал клуч од истите. Набргу го
добил и списокот со битолчаните кои трабало да бидат стрелани, по разни
поводи. Прв на листата бил д-р Константин Робев. Ристо се изненадил
и сметал дека познатите граѓани на Битола по судска постапка не би
добиле повеќе од неколку години затвор. Заминал веднаш во селото
Бистрица кај Богоја Фотев, тогаш министер на Македонската влада за
земјоделие. Го замолил да замине кај маршалот Тито и да му каже дека
со оваа постапка ќе предизвика заслужен револт во Битола. Маршалот
веднаш му се обратил на републичкиот обвинител д-р Цанко Христов,
кој по маршаловата препорака заминал веднаш во Битола и стрелањето
на битолската група не било извршено. Не се повториле случувањата од




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


80


Куманово и Велес.
Набргу по овие превирања една ноќ Ристо бил разбуден од еден свој


пријател. Тој накратко му рекол:„Уште оваа ноќ бегај со семејството од
Битола, утре може да ти се случи лошо! Вети ми дека никому, никогаш,
нема да го изговориш моето име, зашто така ти ќе ми ја уништиш
фамилијата, а јас ја спасувам твојата.“ Ристо кажал само еден „збор“:
„Ветувам!“


И по триесет и повеќе години ја сфатив приказната започната
во 1945 година. Тогаш исчезнаа од Битола моите другарчиња. Крајот
на приказната го доврши помалиот син на Ристо, на принципиелниот
комунист во Битола, денес познат сликар Мишко Маневски: „Јас и брат
ми Симе (Миме) до смртта го молевме татко ни да ни го открие името на
човекот што ни ја спасил фамилијата. Сакавме дискретно, без сведоци, да
му погледнеме во очи, да ја чуе нашата бескрајна благодарност. Татко ни
секогаш постојано ни одговараше со зборовната синтагма, со вкоренета
семантика: „Не, јас му го дадов „зборот“ !


Синовите никогаш не го дознаа името на добротворецот!




Петта Rodnokrajan sredba...


81


PROF. D-R veRa STOJCHevSKa aNTIC


THE MACEDONIAN WORD POLITICAL ESSAY


One day my father returned home cheerful and entering the door he
exclaimed: “Risto Manev won the fist post- war elections in Bitola and he will
be our first town mayor!” In those years I couldn’t understand the meaning of
the elections, but I was happy that the good uncle Risto became “significant”
man in Bitola. One day Risto brought in our house another “significant”
person with strange name – Chento. One of my friends commented: “There is
no one named Chento, Such a name does not exist!”


One day when I was playing with Mime, we found out that the family
Manevski across our house disappeared. No one knew where they had gone.
Many days in sorrow I waited for them to appear. … after thirty years from
this event, I was participating at a Scientific meeting in Bitola, where I
received the Monography of Bitola. Immediately I noticed that among the
Bitola mayors the name of Risto Manev was not there. I was confused, I
asked for an explanation, but I couldn’t find the answer. I went to Mishko and
Mime in Ohrid in their home and heard the continuation of the story.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


82


БОГОЈА ТАНЕВСКИ


НЕСЕКОЈДНЕВНИ ЛИКОВИ


Размислувајќи по темата „Мојот несекојдневен оригинален
лик“ понудена за Петтата роднокрајна средба на битолските писатели
од Македонија, редно е да кажам дека животот, времето, односно
животните ситуации низ разни временски периоди создаваат вакви или
такви ликови, вредни или невредни, храбри или страшливи, секојдневни
или несокјдневни ликови. Моето творештво превосходно е поетско, но
имам и една монодрама. Сепак имам такви ликови на дадената тема и во
монодрамата и во мојата поезија.


Еден таков несекојдневен лик во моето творештво е ликот на Блаже
Трајчевски – Ербоски од с.Врањевци, Битолско, споменат во мојата
монодрама „Параловските Чукари“ (2002) посветена на погибијата на
битолскиот револуционер, војводата Ѓорѓи Сугарев од пред Илинденскиот
и по Илинденскиот период, член на ВМРО, учесник на Смилевскиот
конгрес, организатор на четите од битолките села. Сугарев храбро загина
со своите 25 соборци - комити во април 1906 година во нерамен бој со
турскиот аскер над манатсирот „Св.
Ѓорѓија“ кај с.Паралово. Имено Блаже
Трајчевки – Ербоски во тоа време момче
од два-тринаесет години со сигурни
податоци се сеќаваше на тие настани и
по седумдесет години од трагедијата,
кога раскажуваше за тогашните настани
(1976).


На повикот на народот од
Мариовскиот крај поради зулумите
што ги правеле грчките чети – андарти,
палење куќи по тие села и убиства на
невини луѓе, Сугарев со својата чета
тргнал од Демирхисарско да оди таму
за да го заштити народот во овој крај.
Пред да стигнел таму, пред кобниот ден,
Ѓорѓи Сугарев рано ноќта престојувал
во куќата на Блаже Ербоски, каде
требало да се сретнат со војводата Велко




Петта Rodnokrajan sredba...


83


Скочивирски за заедно да дејствуваат во заштита на населението од овој
крај. За тој престој на Сугарев во нивната куќа, Блаже го опишува ликот
на овој револуционер како смел, пргав и храбар војвода и борец, а се
сеќава и на комитите, кои дисциплинирано со своите коњи чекале во
нивното гумно. Откако не стигнал Велко во Врањевци, каде требало да
се сретнат, Сугарев со сојата чета тргнале за с.Гнилеш, ранкото уште
неразденето. Тие се разминале кај врањевските лозја. Велко мислејќи
дека е турски аскер не се јавил. Сугарев со дружината стигнал во
с.Гнилеш уште пред да се раздени во куќата на Боне. Незнаејќи дека бил
предаден од врховистите, а турскиот аскер уште предходниот ден завзел
позиции јужно од с.Гнилеш. На судниот ден потерата почнала утрото
да накренува кон с.Гнилеш за што Сугарев бил навремено известен од
селаните и порано тргнале кон Чукарите. Се сеќава Блаже дека борбата
со аскерот кај Чукарите траела скоро до пладне во тој априлски ден на
сам празник Благоец.


Откако завршил бојот, во кој целата чета била погубена, а Сугарев
сам се самоубил, аскерот забележал дека војводата Велко Скочивирски со
својот придружник со коњи влегуваат во с.Врањевци. Турскиот офицер
испратил свои чети во с.Врањевци и го опколиле целото село. Но пољакот
врањевски предвреме ги известил селаните дека иде аскерот, двајцата
комити брзо биле скриени во амбарите на Ербовци. Сите луѓе од селото
биле собрани под село кај Манова Чешма со пушките вперени во нив.
Почнал претрес низ куќите. Ако биле најдени овие комити, сите селани
ќе биле убиени, а куќите ќе ги запалеле. Се сеќава Блаже дека каракулот
суводолски Барјо ги спасил. Дошол навреме со каракулот новачки
во нивната куќа, кога се правел претресот тука. Барјо се познавал со
Темелко, таткото на Блаже. Татко му при поздравот со Барјо му ставил
златник во раката, а тој вкопчал во што е работата и му рекол на аскерот
дека нема никој тука и да не прават претрес. Во нивната куќа рекол дека
ручал тој со каракулот новачки. Така селото било спасено.


Во овие настани ликот на Блаже Трајчевски – Ербоски е прикажан
како посебен од останатите селани, како витален, претставителен човек,
кој добро памти и раскажува со посебен патриотски плам. И каракулот
Барио е прикажан како несекојдневен и оригинален лик, кој го спасува
селото и луѓето, ако е од турска националност.


Друг лик во моето творештво како несекојдневен е ликот на дедо
Велјан од с.Долно Ореово прикажан во мојата поезија, посебно во
стихозбирката „Повраток“ (2006).




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


84


Во годините по ослободувањето на тогашна Титова Југославија
(после 1945 година), дедо Велјан тогаш на возраст од околу педесет-
шеесет години беше најимотен домаќин во селото со педесет хектари
земја, со триста глави овци и друг добиток и имот. Поради тоа над него
многу политички фактори, вршеа економски и други големи и тешки
тортури врз него. Тој беше храбар и издржлив. Му беше одземено
половината земјиште без пари (национализација). Мораше да дава на
државата поголем дел од земјоделското и сточарско производство (жито,
месо, сирење, волна и друго), се за беспари. Јас се сеќавам многу убаво,
бидејќи бев очевидец на сите настани, бев момче на четиринаесет
години кога во гумното наше беа наредени сите селски коли во долга
колона, чекаа по селските улици (над 30 воловски коли) за да го земат
и натоварат нашето жито од гумното и од амбарите и тоа за беспари,
присилно, таканаречен нарјат и го носеа во Битола божем за потребите
на државата, а којзнае што правеа со него. За да биде поголема тортурата,
некои кодоши од селото на политичките власти им велеа божем дедо
Велјан во житото турал песок правел саботажа за што уште повеќе
го измачуваа. И тие знаеја дека тогаш житото се вршеше со коњи на
замјени гумна, бидејќи тогаш немаше комбајни. При збирањето житото
од вравот се корнеа и камчиња од копитата на коњите. Поради тоа тие
сакаа уште поваќе да го измачуваат човекот. При рачното веење на
житото не беше можно да се отстрануваат тие камчиња. Поради ова го
тераа дедо Велјан рачно да го сее житото со дрмон и решето, лично тој
и други луѓе поставуваше за таа работа на кои им плаќаше дневници.
Замислете не е лесно да се сее рачно со решето над триесет коли жито.
Тоа е како убиство, несекојдневна тортура.


Како несекојдневен настан и несекојдневен и оригинален лик го
гледам дедо Велјан и за време за колективизацијата на нашето село.
Тогашните агенти, државни и комунистички функционери вршеа голем
и несекојдневен притисок со закани дури и со пиштол на уста со сила да
прифати да влезе во колективот. Дури да се согласи неколкупати ноќе го
тормозеа во куќата на селскиот полјак за да влезе во тој лош колектив
наречен Селска работна задруга – СРЗ, кога се испустија нашите села.
На крајот дедо Велјан мораше да прифати и влезе во тој колектив, а
другите домаќинства лесно беше да ги приклучат во колективот. Тие и
тоа го чекаа, ама и за нив тоа беше пустење, па затоа по три години тие
селски задруги беа расформирани. Сите домаќинства по укинувањето на
колективите останаа уште посиромашни, имотите уште повеќе им беа
испустени.




Петта Rodnokrajan sredba...


85


Дедо Велјан со низок раст, со мустаќи, со лулето в уста, како сега
да го гледам беше добродушен, широкоград, гостопримлив човек. На
сите им помагаше бесплатно. Сите што доаѓаа во селото: милиции,
службеници, разни мајстори, калајџии, питачи беа добро пречекувани
и гоштевани во домот на дедо Велјан. Тој беше горд човек, домаќин,
работлив, храбар и издржлив, токму прикладен на дадената оваа тема
„Мојот несекојдневен и оригинален лик“.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


86


BOgOJa TaNevSKI


UNUSUAL CHARACTERS

Thinking on the theme “My unusual original character” I would like to


say that the time, life, life situations in different periods create such and such
characters worthy or unworthy, courageous or cowards, usual or unusual. My
literary work is in the field of poetry, but I have one monodrama, too. I have
such characters in both. Blaze Trajchevski – erbovski is shown as an unusual
character different from the other villagers, vital man with good memory
and who is retelling with exceptional patriotic passion. Bario is shown as an
unusual and original character who saves the village and its people in spite
of his being with Turkish nationality. another unusual character is grandpa
veljan from village Dolno Oreovo described in the collection of poems
“Return”.




Петта Rodnokrajan sredba...


87


ДОБРЕ ТОДОРОВСКИ


СТОЖЕРНИОТ ЛИК ВО МОИТЕ ДЕЛА


Уште со самиот наслов на зададената тема: ,,Мојот несекојдневен
оригинален лик,, се побудува размислата на ликовите во делата, особено
оние стожерните, кои го носат главното фабуларно дејство.


Можеби насловот потсетува на еднаш обработувана тема, но
кога подлабоко ќе се анализира, сепак се доаѓа до заклучок дека ова е
провокација кон писателот, да го открие, односно да го обележи своето
видување за ликот кој го обработуба, било тоа да е измислен или во
стварноста постоел во времето, а со самото негово битисување оставил
трага на сеѓавање и тоа на повеќе генерации.


Секое ново книжевно дело на писателот, има и свој стожерен лик,
опишан многу повеќе од останатите, заради што по него ќе се препознае
и делото и авторот.


До сега не сум сретнал единечна мерка за јунаштвото, или за
херојството на еден човек. Дефиницијата за среќа и радост, за тага и
болка сеуште не е измислена.


Несомнено во темата го
препознавам мојот, како што
се вели во насловот ,,ори-
гинален,, лик, со силна жел-
ба и надеж дека јас како ав-
тор, ќе бидам препознатлив
ток му во ликот што го об-
ра ботувам. Впрочем не ед-
наш е констатирано дека
не кои одлики на ликовите
се афтобиографски пре не-
сени од самиот автор. Ли-
ковите во моте прозни дела
не се научници, нити ве ли-
кодостојници, високи вој-
нич ки чинови, нити надежни
и безнадежни политичари,


ме цени или луѓе опседнати со титули. Ова од причини што сметам дека
так вите ликови се оддалечени од обичниот човек, однародени, живеат во




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


88


некој нивни-свој замислен свет и на се гледаат поинаку.
Мојот оригинален лик ќе го препознаете во оригиналноста


,,скриена,, во кожата на обичниот човек со сето бреме што го носи
животот, кој ги споделува со оние околу него, сите маки и патила, тага
и болка, но секако и она малку среќа и радост што повремено ќе му се
случи.


Во таквите ликови, јунаци на делото, може да се препознае дел од
времето во кое живееле и начинот на кој живееле.


Понекогаш главниот јунак во делото може да се сретне како е
опишан со самото негово појавување (што се однесува на физичкиот
изглед и неговите карактерни особини, но не ретко практикувам истото
да се случува додека трае раскажувачкуто, а целосно неговата слика да
се прикаже при крајот, или на самиот крај


Преку таквите ликови лесно може да се градат дејствијата сврзани
со обичаите на народот, да се користи нивниот секојдневен живот,
надополнет со народниот хумор и сатира, клетви, пцовки и други
модалитети поставени во функција на психолошкото претставување на
ликот, откривање на менталитетот, а со тоа и доближување на сликата
до читателот, односно да може ада го вклопи во претставениот амбиент
на романескното кажување. Ова токму затоа што, таквите ликови на
себепрепознатлив начин знаат и умеат да го направат обичајот онаков
како што треба да биде, да го прикажат хуморот на начин какоистиот би
бил во функција, да измислат или пренесат анегдоти, да испеат песна и
сето тоа да го негуваат и чуваат за идните поколенија.


Со таквите оригинални ликови, поставени во разни сетуации,
негативни и позитивни улоги во расплетот на зададените романескни
дејствија, се инсистира на изградбата и приказот на мозаикот на
колкетивното меморирање на светот и на животот.


,,Единката не постои без колкетивот ниту пак тој и може да
опстојува и да има смисла без среќната и слободна индивидуа,,.


Овде, во нашето современо творештво, низ една нагласена
творечка тенденција, со сликање на времињата, просторот, настаните и
секако носечките ликови и оние до него, лесно може да се препознае
онаа замислена нишка која ќе го поврзува нашето минато, традиција и
авторовата заложбена порака за иднината.


Најчесто, при формирањето на дејствието во моите литературни
дела како оригиналност и моја препознатливост користам исповед во
прво лице, од причини што, не само што упатува на веродостојност и
уверливост на кажуваната животната приказна и негова судбина, туку
и како логична подршка кон вистинитоста во која со сигурност, луѓето




Петта Rodnokrajan sredba...


89


со својата автентичност и препознатливост ќе се идентификуваат во
времето и настанот.


Лесно забележливо е дека секогаш како раскажувач на човечките
судбини се јавува мажот. Ретко може да се случи оригиналниот лик да го
претставува жена, освен во монодрамата ,,Последниот од Зовиќ,, ,,Така
кажуваше мајка,, или да биде сосем блиску до стожерниот лик. По мое,
мажот е оној столб и темел на семејството како елементарна и суштинска
единица на човештвото.


Што се однесува до дијалозите на главниот лик со пропратните
ликови не се строго временски определени ( овде пред се мислам кога
се работи за прикази од народното творештво) заради што и силината на
дијалогот е повеќе нагласена.


Користењето на дијалктниот говор во дијалозите што ги води
стожерниот лик, претставува богатство на јазикот и одраз на опшествено-
културниот развој на човекот во времето за кое се говори во делото,
а во градењето на разни дејствија, плод на неговата интелектуална
способност и вроден инстикт. Овде може да се насети потеклото на
настанот, односно дадениот приказ во книжевната форма, пренесена од
раскажувачката постапка од безимениот народен гениј.


Во зависност од стилот кој го негува авторот, оригиналниот лик
може да претставува единка, или да се однесува на повеќемина, група
луѓе, а не ретко и преку него ќе се претстави цел еден регион, а и народот
од кој потекнува.


Ако се работи за ликови со строго опишување на карактерните
особености, главни јунаци во литературната творба обележени со
вистинското име и презиме, таквите оригинални ликови во мојот творечки
опус, можат да се сретнат во монодрамите: ,,Борис Баѕернички”, ,,Славе
славен да биди”, ,,Што ми било пишано” и др.


Од мое лично искуство и искажаната критика од еминентни
критичари, обработениот лик во монодрамата ,,Борис Баѕернички”,
насловена по стожерниот лик, како да бил многу повеќе во фокусот на
вниманието, (иако се работи за прилично негативна животна личност)
често анализиран, па дури и цитиран. Овде оригиналноста доаѓа до израз,
како што нагласив, затоа што се работи за личност со не лоши мисли,
пакосни науми кон друг и другите. Зафатен од порокот-алкохол, ќе ја
живее живеачката, би рекол, праволиниски, без дотерување, изведување
и гримаси. Дури и кога би сакал да го опишам поинаку, не бил можел.


Тоа е еден од оригиналните ликови препознатливи по својот
карактер и начин на живеење.


Во еден разговор со авторот на темата д-р Николче Велјановски, се
сложивме во тоа дека, кога би правел споредба, такви ликови во нашиот




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


90


град, во времето минато би биле, за битолчани добро познатите: сликарот
Милтон Манаки, навивачот на спортските натпревари Мате Шундовски,
Маријанти, кенлерот Кумануди, Борис Ќорио, чевларот Стив и др. Ете
и овие ликови оставиле белег на своети постоење, а ги паметат повеќе
генерации. Тие не се никакви херои на своето време, затоа и се оградувам
од нивниот прилог и оставштина во позитивна или негативна смисла,
ами ги наведувам само како личности кои се прифатени и како такви
поединечно ценети од средината во која живееле.


Честа појава во книжевните дела се и измислените ликови, преку
кои се пренесува одредена порака од некого, или се сака да се зачува дел
од историјата, дел од народното творештво (во делата на Марко Цепенков,
Стале Попов, Петре М.Андреевски...) со често преувеличување на
главните јунаци.


Моите оригинални ликови се јунаци на своето време, иако многу
од нив се измислени, но се поставени во функција и одбрана на без
број слични ликови со слични или исти судбини, односно судбински
поврзани.


Секој од авторите се обидува, а што е главната, посакувана порака,
или мисла, успешно да се пренесе преку ликот кој го обработува во своето
дело. Ако тоа авторот го оствари, нели е тоа херојот за кого трагаме?




Петта Rodnokrajan sredba...


91


DOBRe TODOROvSKI


THE ESSENTIAL CHARACTER IN MY LITERARY WORKS


Maybe the theme reminds us on an already worked on theme, but if we
look deeper into it we come to a conclusion that this is a provocation for the
writer to reveal, or write about his attitude towards the character in his work,
no matter whether he is in author’s imagination or he lived in reality and as
such he left a track of remembrance for several generations. The characters in
my prose works are not scientists, neither dignitaries, officers in high ranks,
nor hopeful or hopeless politicians, benefactors, people obsessed with titles. I
think these characters are far from the usual man, alienated, living in their own
world of imagination and look upon life from their own angle. My original
character you could recognize by its originality, “hidden” under the skin of the
usual man, under the weight that life can bring, sharing it with others around
him, filled with all the toils and sufferings, sorrow and pain and of course,
with the little luck and happiness that happens to him from time to time.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


92


МИРЈАНА СТОЈАНОВСКА ПАЛИГОРА


НЕОБИЧНИОТ ЅВЕР И ЈАС - ЛИКОТ


Лирскиот субјект во поетиката на еден автор /поет несомнено
упатува на неговата автохтона проекција како сублимат на неговото
перцептивно, естетско, лингвистичко, метафизичко, логистичко,
анолошко и преде сě емоционално милје со кое тој располага како
квантум на неговото лингво- интелектуално ниво со моќ на селективно,
синтетизирано и еклектично изразување во стихови низ парономазично
–миметичка и над сě метафорорична игра на зборови.


Лирскиот субјект во македонската поезија во најголем број
случаи навидум се дистанцира од авторот/поетот, па се остава впечаток
дека рефлексивноста во поезијата е некакво дистатно искуство за кое
авторот говори многу живо и многу емотивно. Ова произлегува од две
причини: првата, бидејќи во основата на поетското изразување стои
метафората како транспарент на повеќеслојното денатативно читање
на конотативните синтагми кои од стих во стих се прелеваат, не ретко
како чисто ларпурлартистички форми во нагласен асонантен или
алитерарен тон. Втората причина произлегува од социјалниот аспект на
гео-морфемската поставеност на македонскиот лирски субјект да не ја
открива својата субјективност целосно или до крај туку само да допира
до извесни точки при што од време на
време поетот директно го поврзуваат
со поетскиот запис. (Ова на пример
не важи за еден американски поет
или воопшто уметник кој на директно
прашање детално би го дескриптирал
личното доживување, настан, случка
како директна експликација во неговата
уметничка творба). Секако дека има
случаи и во македонската современа
поезија каде експлицитноста на
личното,индивидуалното се поклопува
или јасно кореспондира со изразениот
лирски субјект во песната.


Трагањето по оргинален поетски израз е практика во сите времиња
на сите литерарни школи и правци од најстари времиња, па до денес.
Невообичаениот лирски субјект е тој што привлекува внимание во




Петта Rodnokrajan sredba...


93


мноштвото на поетски записи и го исфрла како прв меѓу првите, како
предвесник на некоја транскрипција на поетскиот израз или барем како
автохтоно стихување каде делириумичноста ќе го дофати секој кој ќе ја
апсорбира таа одредена поезија.


Во потрага по еден таков оргинален поетски израз го создадов
субјектот –Ѕвер кој е присутен скоро во сите песни во првиот циклус под
наслов: „Во фантастичната игра на 2050“ во поетската книшка „Заѕидана
врата“ (објавена во „Дијалог“,2007). Ѕверот секаде се проследува во
однос на јас-ликот. Јас-ликот говори во прво лице, значи секаде стои
личното доживување и чувство, а сепак ликот Ѕвер е доминантен на
ментално перцептивно ниво и веќе никој не се интересира за јас- ликот
туку за ликот Ѕвер иако компаративно е помаку присутен во однос на
јас-ликот, како во однос на овој циклус песни, така и во однос на целата
поетска книшка. Се поставува прашањето: Зошто токму ликот Ѕвер е тој
што го привлекува вниманието во оваа поезија?


Одговорот е јасен и оди во две посоки. Првата е тоа што овој
фонолошко-морфолошки, графичко-лексички и пред сě семантички
продира силно како знак, како ознака и како симбол. Тој е збор кој е на
самиот почеток во оксиморонска спрега со поимот поезија. Едноставно,
на денотативното значење на зборот Ѕвер не му е местото во поезијата.
Но, тука почнува интригата. Тоа е веќе вториот аспект на анализа на
овој лик кој добива цела лепеза на претпоставени ликови кои ги толкува
Ѕверот. Имено Ѕверот е: второто „јас“ кај секој човек, реална пречка во
животот, еротизиран субјект, субјект во емотивна врска со лирското јас,
суштество од иднината, суштество од минатото, суштество кое силно
привлекува, но кое и одбива, еднаш со Кралемарковска сила, другпат
како Дон Кихот, како вистински виртуоз и како огромна внатрешна
сила која влече напред и во еден момент се поистоветува со ликот-јас.
Всушност ликот Ѕвер во оваа поезија го помага дескриптот на лирското
јас, на ликот-јас, да ја опише љубовта како движечка сила во животот на
човекот која постојано влече напред. љубовта постои и човек постојано
треба да ја бара и тогаш кога не ја чувствува треба да ја создава во својата
фантазија, да ја поттикнува во себе, да ја бара околу себе. Единствено
таа-љубовта е смислата на животот, таа му дава полност, таа обединува,
таа го оправдува постоењето. љубовта е еднаква на Бог во сите религии
без исклучок. Дури и најголемите атеисти веруваат, ја почитуваат и
имаат потреба од љубов.


Како овоземско суштество човекот ја става, или сместува, или
поистоветува, или создава, или врзува љубовта за одреден субјект-човек
со кого влегува во вербална и невербална комуникација. Тој човек во




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


94


поетската имагинација во книгата поезија „Заѕидана врата“ е Ѕверот кој
ја содржи севкупната енергија или огромната љубов на лирскиот субјект-
јас да оди напред во животот и покрај бројните пречки создадени од
човечки фактор или од еден глобален општествен контекст. Токму ваквата
димензија на Ѕверот му го а дава универзалното значење на овој лик
како начело на универзумот за поистоветување на позитивната енергија
со љубовта и Бог како највисока смисла на ововековното живеење и
битисување на овој свет.





Петта Rodnokrajan sredba...


95


MIRJaNa STOJaNOvSKa PaLIgORa


THE UNUSUAL BEAST AND THE I - CHARACTER


In search of the original poetic expression at all times it has been practice
of all literary schools from ancient times till today. The unusual lyric subject
is the one that attracts attention among many poetic records, as a herald of
some transcription of poetic expression.


In search of such an original poetic expression I created the subject –
Beast which is present in almost all poems in the first cycle under the title:
“In the fantastic play of 2050”.In the poetic booklet “The walled up door”,
the Beast follows my I – character. The I – character talks in the first person,
everywhere stands the personal experience and feeling, and the Beast is
always dominant on the mentally perceptive level so that no one is interested
in the I – character. all the interest is in the Beast although comparatively it
is less present than the I – character, not only in this cycle of poems, but in
comparison to the whole booklet.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


96


ПЕТКО ШИПИНКАРОВСКИ


ИЗМЕШАНИ ВРВУЛИЦИ НА СВОЈАТА
ТЕКОВНА ЗАСЛАДА


Токму така. Мојот несекојдневен оригинален лик не преставува
лик на мојата недоживеана, замислена, неостварена мостра, туку тоа
преставува лик на инспирации, или пак во најголема мера, тоа е основа
на неисцрпената поставка од базенот на реално доживеаната приказна.
Во најголема мера, основата на приказната се црпи и калеми во самото
јадро на човековата, овојпат на писателовата, (на мојата) сеинтима,
што сето тоа го носи, доживува или стилизира како бреме, како татнеж,
како тежок товар во преокупацијата за создавање свој производ во
литературното творештво, наменет за поширокиот читателски пазар.


И тука започнува играта за да се раскрилат портите на големото
акумулирано знаење во складиштето на писателовата граѓа. Тука
творецот беседничи со јазикот на својата раскажувачка нарација, или
пак преку поетско стихување, тој влегува во својот лик и во ликовите на
своите блиски јунаци на неговото време, ги носи, анимира и ги оживува,
разговара, и чекори по скалестите патеки на измешаните врвулици на
својата тековна заслада. Ги воведува во широките пространства на
откриените тајни и бесмртнини.


Личен, попрво, семеен е животниот водотек во кој писателот
слегува на неговиот слив. И оттука, тој силно зачукува по бреговите
порти носен од неизмерната
жед и желба на приказната,
за да киниса по животекот и
да се врати на самиот извор.
Оттука тој провирајќи се
низ дрми, шибјаци, кањони
и клисури за да ја напише и
создаде во најголемиот дел
на својата творба, големата
вистина.


Така пишувале, и така
пишуваат големите светски
мајстори, така пишувале и
македонските писателски
родољуби, творци и собирачи




Петта Rodnokrajan sredba...


97


на народни умотворби.
Во романот Дон Кихот, Мигел Де Сервантес ја опишува


трагикомиката на својот живот, полн со јунаштва, случки и катастрофални
незгоди. Дон Кихот е јунакот – рицар тажно лице и неговиот весел слуга
Санчо Панса се пародија на рицароманија што ја зафатила Шпанија во
средновековието, се карактеризира со безумието на идеалистот- рицарот-
скитник и трезвеното задоволство на неговиот слуга.


Констанитин Миладинов, пак, големиот македонски првенец-поет
со кој започнува плејадата на преродбеници од деветнаесеттиот век, во
најантологиската „Т’га зајуг“, тој пее и силно довикнува од цикните
мрачни московски ноќи, за својот изгор по топлиот југ, за родниот
крај, посакувајќи ја дури и смртта таму. Или пак Коста Солев Рацин
во најголема мерка пее за суровата вистина, како што тој тоа го сторил
денеејќи над накантарената во грутка судба, и одгрнувајќи го тешкиот
ојаремен живот на својот народ. Без исклучок, во сите песни на „Бели
мугри“ од Рацин, содржана е стилската метафора на македонската
судбина, дотолку, дури кога и ветриштата и пороите донесувале крв.
И кај двајцата поети, отсликан е несекојдневниот оригинален лик на
македонецот. Во ликовите на Миладинов и Рацин преставен есвојот, во
преносно значење со националниот лик.


Но која е скриената образина, односно, несекојдневен оригинален
лик на моето творештво. Тука пред се е големиот жар и оган да се
помогне низ историското ноќденеење – да се биде слуга на својот народ,
отцртување на вистината за да допре дури и до „семоќните“ креатори
и креации на човековите „затруени“ патишта, и ‘рѓав обрач на мајката
земја, и печат на постанокот, опстојот и осознавањето кај секој поединец
од својот род или сосед.


Големиот ’ркулец и ниукулец секако и кај мене се раѓа како потреба
за отсликување на актуелниот миг во својот визуелен свет, или пак,
реално ревидирање, односно, осврт, или поглед наназад за доживеаното,
за да се каже; пишаниот збор, е сведок, или пак, непобитна вистина.


Како резултат на големите пожари што ги зафаќаат моите претци
од семејството по крв во права линија во не така далечното минато и
нивните гламјосани души, (не)доживеани мигови на среќа, несреќи и зла
заедно со својот напатен народ; изгорени куќи и опустошени села или
региони во поширока смисла, на својата напатена земја. Кај мене тлееше
напластениот чемер на душите сеедно мртви, или пак живи сведоци
се, односно страдалници во вителот на Големата војна. Познавајќи ги
приликите, како и присетувајќи се на свежите сеќавања од разговорите со
моите претци, го носев тој несекојдневен тагобреме лик на страдалник,




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


98


соживувајќи се и соочувајќи се со нивниот – сеедно на кој лик од јунаците
во романот, и носејќи ја тагата. Како пролетен плод, кајмене зрееше
тагомислата за пишување на поголем фактографски ракопис, со што се
роди и база или основа за мојот првенец, романот „Откорнати души“,
авторски несекојдневен неоригинален, односно семеен лик.


„Мрачни страници за голготата на Мариово.
Романот “Откорнати души” е тегобна за читање книга, но таа е


многу поучна, провокативна и жестока*.
По заокружувањето на своето прво литературно „чедо“, писателот


тука не запре. Следуваат нови идеи, нови приказни, ново вдаховение во
кое се опишуаваат: љубовта која со својата заслепеност руши граници, и
злата судбина што следи како кооб..., (романот Петра) каде по големата
љубовна завршница со среќен крај, едноподруго наголема врата
излегуваат црнилата, чемерат и гризат, за да најнакрај кај јунакот Петра
блесне виделината, да кајнеа се врати како-така, спокојството.


Следат романите „Црна љубов“ и „Дабјак, и делото извадено од
групацијата нацоионални јунаци монодрамата Духот на војводата, па
романизираните монографии „Кога тргнав, Цвето, во туѓина и „Струшки
сведоштва“, збирката раскази „Залезнина“, трудот за македонската
сага; „Рудолф Арчибалд Рајс, за Македонија и за Македонциоте“,
поетските збирки; „Серело на орлица“ и „Бели ветрови“..., и повеќе
публицистички трудови.


Пекот и мечтата за да се побара и да се остави врежан белег кој
ќе е достапен за запознавање со с¡ она што кај мене предизвикува
нескротлив циклон на жештина, жед и желба за осмислување, образување
и стилизирање на таквиот настан, постојано бијат како повик на жетвар
по впрегнат ат крај стожер, што е карта за едно узбуричкано време на
поединецот, или пак во поширока смисла, колективно.


Со самото нурнување во настанот и започнување на реченицата,
имам чувство дека го оставам сопствениот лик да мирува, како за момент
дека сум го запрел сопственото време, пренесувајќи се во туѓиот лик и
настаниот, и ги раздвижувам дисатанцата и запреното верме.


Емотивната возбуда од туѓите ликови ја влечам, говорам, ги водам
дијалозите, а за монологот се пренесувам во душевниот живот на личноста,
станувајќи двојник во книжевното огледало. Значи, самошепотењето
кое е производ на нараторот, а кој е сведетел во литературниот процес
на расправата, крчка низ поставеното лирературно гумно на чисто збор
зрно.


Употребата на изамислени ликови во литературното дело, кајмене
е обид за да се сочува таинственоста на вистинскиот лик или личноста,


*. Ванчо Меанџиски/„ Македонско сонце“, Скопје, 2003




Петта Rodnokrajan sredba...


99


како и придружен лик кој што ја збогатува и ја краси приказната како
добар играч или пак учесник во натпревар до самиот епилог.


Копнежот за родниот крај, за татковината, за нешто што е мило и
сакано, понекојпат предизвикува тага, се влечи како привезок или сенка
надвисната над здравиот разум, преитиска како стега, како менгеме за
нови и нови откопи, докажувања, вадење на артефакти за одбрана на
темелот на татковата куѓа, на селскоит атар, на татковината.


Болат спомените кои н¡ враќаат на древните времиња на целовитата
ни домовина, и на нејзиниот целовит двор, на премрежијата и бесилките,
на узурпаторите и освојувачите, на приграбувачите и асимилатоирите,
на колачите и делачите на искршената погача земја, на печалбарите, на
селидбите и големите преселби, на свадбите и разделбите, на љубовта и
љубоморите, на грабнувањата и пустите мераци.


ДА БЕВ


Да бев камен грб на шеснаесеткрако сонце
развеано платно
во твоите раце Македонијо
Да бев песна в срце што пее од чедо вечно
погубено
на твоите плеќи в гора Македонијо
Да бев птица будилка в лет од в зори да сенам
по твоите полиња и пространи планини
Македонијо
Да бев гулаб гласник што спојува дворови
да расчистам дири од твоите трња плотови
Македонијо
Да бев сонце без зајднина вечно да грее
над твојата стројна снага целовито
Македонијо


Да бев …**


Сето тоа преставува мотив повеќе за изнаоѓање на кревок филиган
во големата шара на везот што кај мене одважно, смело и силно чекори
по самарите и сртовите на нови виденија и доказанија.


Со самото објавување на делото, радосни се чувствата за
излегувањето на виделина на новото обликувано литературно „грнче“,


** Петко Шипинкаровски/Во необјавената поетска збирка Злоуми.




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


100


радоста за совладување на своите и освојување или пак положување во
ракопис на туѓите емоции. Но и тажни понекогаш, поради скриените
намери и цели на туѓите преобразени во гримаса ликови; брани и
препреки, блокади, или според убавата наша народна поговорка: „туѓото
секогаш е подобро“, што не ме успокојува, напротив ме чини уште
посилен тег или рамнотежен баласт.


Сепак, вистинскиот неоригинален лик на писателот според мене е и
кога тој се обидува, создава, и пред пошироката јавност пласира писмен
приказ во кој ја одмерува грамажата на содржајноста на туѓиот труд, и дава
своја оценка, притоа водејќи сметка дека сепак, оценката треба да биде
на рамниште на вистината и вистинитоста. Значи, влегувањето во туѓиот
лик и ликовите на неговите јунаци во литературното дело не е ништо
друго, туку обид да се компензира и компарира на својот интелктуален
глобал, со тежината и хитот на постигнатиот туѓ литературен поен.




Петта Rodnokrajan sredba...


101


PeTKO SHIPINKaROvSKI


MIXED PATHWAYS OF MY OWN
CURRENT SWEETENING


My unusual original character does not represent a character of my
unexperienced, imaginative, unrealized ideal, but it represents a character
inspirations from the inexhaustible pool of a rally experienced story. Mostly,
the basic story is drawn from the one’s essential (this time the author’s –
my) intimate matter which carries all the experience as a heavy weight in its
preoccupation to create its own product in the literary production which is
meant for the wide readers market. But, who is the hidden persona, or better
my unusual original character in my literary work. It is the enormous fire of
the will to help in the historic “nightdawning” – being servant of one’s own
people, drawing the truth in order to reach even the “allpowerful” creators
and creations of the men’s “poisoned” pathways, and the rusting circle of the
mother earth and the seal of the genesis, the existence and cognizance in the
cognate




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


102


СОДРЖИНА


ПЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА НА БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА 2010 .............................................................................5


ДИМИТАР БОГДАНОВСКИ
ЧИЧКО КРСТЕ НАУМОВСКИ .......................................................................................7


DIMITaR BOgDaNOvSKI
UNCLE KRSTE NAUMOVSKI............................................................................................12


Д-Р БЛАГОЈА БРАЈАНОВСКИ
МОЈОТ НЕСЕКОЈДНЕВЕН ОРИГИНАЛЕН ЛИК.......................................................13


D-R BLagOJa BRaJaNOvSKI
MY UNUSUAL ORIGINAL CHARACTER........................................................................18


ПЕТРЕ ДИМОВСКИ
ВО СРЦЕТО НА КАМЕНОТ...........................................................................................19


PeTRe DIMOvSKI
IN THE STONE’S HEART..................................................................................................13


Д-Р ЦАНЕ ЗДРАВКОВСКИ
МОЈОТ ЈУНАК САМО СО СЕБЕ....................................................................................24


D-R CaNe ZDRavKOvSKI
MY HERO ONLY BY HIMSELF.........................................................................................29


ВЛАДИМИР КОСТОВ
НИЧЕОВИОТ ЧЕКАН.....................................................................................................30


vLaDIMIR KOSTOv
NIETZSCHE’S HAMMER...................................................................................................34


НИКОЛА КОЧОВСКИ
ЗА ХЕРОЈСКОТО КАКО РЕТКА ВПЕЧАТЛИВОСТ НА ЛИКОВИТЕ......................35


NIKOLa KOCHOvSKI
ON THE HEROIC AS A RARE IMPRESSION OF THE CHARACTERS.........................42


ПАНДЕ МАНОЈЛОВ
ЛИКАТА НА ЕДЕН ГРАД................................................................................................43




Петта Rodnokrajan sredba...


103


PaNDe MaNOJLOv
AN IMAGE OF A TOWN....................................................................................................46


ВЕСНА МУНДИШЕВСКА ВЕљАНОВСКА
МОЈОТ „ПТИЦОВРИК“ – ЧОВЕЧКИ, СЕБЕОТКРИВАЧКИ,
ВОЗљУБУВАЧКИ КРИК................................................................................................47


veSNa MUNDISHevSKa veLJaNOvSKa
MY “BIRD’S SHRIEK” – HUMAN, SELF-REVEALING,
LOVING SCREAM..............................................................................................................51


САњА МУЧКАЈЕВА ВИДАНОВСКА
МОЈОТ НЕСЕКОЈДНЕВЕН ОРИГИНАЛЕН ЛИК.......................................................52


SaNJa MUCHKaJeva vIDaNOvSKa
MY UNUSUAL ORIGINAL CHARACTER.......................................................................56


КИРЕ НЕДЕЛКОВСКИ
БЛАЖЕ КОНЕСКИ Е МОЈОТ НЕСЕКОЈДНЕВЕН ЛИК..............................................57


KIRe NeDeLKOvSKI
BLAZE KONESKI IS MY PRIMARY ORIGINAL CHARACTER......................................61


ХРИСТО ПЕТРЕСКИ
МОЈОТ СЕКОЈДНЕВЕН (НЕ)ОРИГИНАЛЕН ЛИК.....................................................62


HRISTO PeTReSKI
MY EVERYDAY (UN) USUAL ORIGINAL CHARACTER ...............................................66


ЃОРЃИ ПРЧКОВ
НИТУ ОГЛЕДАЛОТО МОЖЕШЕ ДА ГО РЕФЛЕКТИРА ПООРИГИНАЛНО.........67


gORgI PRCHKOv
NEITHER THE MIRROR COULD REFLECT HIM MORE ORIGINALLY.....................77


ПРОФ. Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ
ЗБОРОТ - МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧКИ ЕСЕЈ.........................................................78


PROF. D-R veRa STOJCHevSKa aNTIC
THE MACEDONIAN WORD POLITICAL ESSAY...........................................................81


БОГОЈА ТАНЕВСКИ
НЕСЕКОЈДНЕВНИ ЛИКОВИ.........................................................................................82


BOgOJa TaNevSKI
UNUSUAL CHARACTERS.................................................................................................86


ДОБРЕ ТОДОРОВСКИ
СТОЖЕРНИОТ ЛИК ВО МОИТЕ ДЕЛА......................................................................87




NUUB „Sv. Kliment Ohridski“ Bitola


104


DOBRe TODOROvSKI
THE ESSENTIAL CHARACTER IN MY LITERARY WORKS.........................................91


МИРЈАНА СТОЈАНОВСКА ПАЛИГОРА
НЕОБИЧНИОТ ЅВЕР И ЈАС - ЛИКОТ..........................................................................92


MIRJaNa STOJaNOvSKa PaLIgORa
THE UNUSUAL BEAST AND THE I - CHARACTER.......................................................95


ПЕТКО ШИПИНКАРОВСКИ
ИЗМЕШАНИ ВРВУЛИЦИ НА СВОЈАТА ТЕКОВНА ЗАСЛАДА...............................96


PeTKO SHIPINKaROvSKI
MIXED PATHWAYS OF MY OWN CURRENT SWEETENING...............................101




Петта Rodnokrajan sredba...


105


ПЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА


Издава
Националната установа – Универзитетска библиотека


„Св. Климент Охридски“ Битола,
ул. Ленинова бр. 39, Битола


Организациски одбор
Науме Ѓоргиевски


Николче Вељановски
Владимир Костов
Јоланда Бошевска


Превод и резимеа на англиски јазик
Николче Вељановски


Печати
АКАДЕМСКИ ПЕЧАТ – Скопје


Тираж
200 примероци