KATALOG_MOJATA_BITOLA_A5

МОЈАТА БИТОЛА


Вера Марковска Марија Марковска
Битола, 2025




Добредојдовте во нашиот каталог!


Во овој каталог можете да ги погледнете прекрасните
фотографии направени во нашиот град Битола и нашата Национална
Установа - Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ -
Битола.


Фотографиите се направени од повеќе ученици кои
учествуваа на нашите работилници, заедно со фотографот
Александар Василевски. Направени беа повеќе фотографии низ
Библиотеката и град Битола. Нашата Битола позната како градот на
конзулите или како што е насловот на нашиот каталог „Мојата
Битола“ е прекрасен град со многу историски, културни и
археолошки знаменитости.


Во нашиот каталог можете да ги погледнете најубавите и
најпосетуваните места фотографирани од страна на учениците и
фотографот. Дел од фотографиите беа направени и во нашата
библиотека каде што најголем интерес за фотографирање учениците
покажаа во музејската поставка, магацините и новата читална „Горан
Стефановски“. Каталогот е поддржан и финансиран од
Министерство за култура и туризам на Република Северна
Македонија во соработка со НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола,
а главни и одговорни уредници и реализатори на проектот се
библиотекарите Вера Марковска и Марија Марковска вработени во
Библиотеката.


Уживајте во фотографиите!




Во нашата
библиотека,во 2024
година беше
отворена читалната
во чест на Горан
Стефановски која е
простор за учење,
истражување,читање.
.


Читална „Горан Стефановс
ки“


Вовед - Националната установа - Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола е
основана на 25 март 1945 година и претставува една од најстарите и најзначајни јавни библиотеки
во Македонија. Основана веднаш по Втората светска војна, библиотеката одиграла клучна улога
во обновата на културниот и просветниот живот на регионот, станувајќи централен извор на
знаење, образование и духовен развој. Во почетокот библиотеката располагаше со 300 книги, а
денес брои над 600.000 книги, списанија, весници, зборници, дробен печат итн.




Роднокрајниот оддел
е оформен во 1970
година, во кој се чуваат и
негуваат изданија од
авторите од нашиот град.
Располага со
библиотечен материјал
од околу 5.000 изданија
на роднокрајни автори.


Колекција од роднокр
аен оддел




Оддел Периодика - располага со
околу 2.500 наслови на периодични
публикации, меѓу кои весници,
списанија, зборници, билтени и
други изданија. Овие публикации
претставуваат непресушен извор на
информации, нудејќи автентичен
приказ на настаните и развојот во
политичкиот, економскиот,
културниот и научниот живот.




Раритетни книги –
Библиотеката располага со
279 уникатни примероци на
книги кои што во нивниот
библиографски запис се
означени како раритетни.




Музејска поставка во Библиотеката – покрај овие
раритетни примероци се чуваат две машини за печатење,
преса, машина за пишување и друга опрема која се
користела во минатото.




Детски оддел -
е простор во кој децата
се чувствуваат среќни,
безбедни и слободни.
Располага со над 38.000
примероци на детска
литература и
претставува важен
едукативен и креативен
центар што ги поттикнува
љубопитноста,
имагинацијата и
читачките навики кај
најмладите.






Магацин за возрасни -
располага со над 220.000
примероци
на библиотечен материјал.
Од нив 70.000 се архивски
примероци и претставуваат
библиотечно добро
на Установата. Овие
материјали се чуваат во
посебни услови со цел нивна
заштита и долгорочно
зачувување.






Споменик на Филип II Македонски-се
наоѓа на плоштад Магнолија,посветен на
старомакедонскиот крал Филип II, кој бил
основач на античкиот македонски град
Хераклеја Линкестис.


Католичка црква


Пресвето Срце И
сусово -


Црквата Пресвето
Срце


Исусово, позната
меѓу


локалното населен
ие и како


Католичка Црква,
е сместена


на главната улица
во Битола


– Широк Сокак. О
ваа градба


претставува еден о
д


симболите на град
от и


значаен духовен и
културен


центар за католичк
ата


заедница во регио
нот. Со


својот карактерист
ичен


архитектонски стил
и


историско значење
, црквата


привлекува бројни
верници,


посетители и турис
ти. Саат кула - Саат кулата е најпрепознатливото обележје во Битола,изграден е во 1830 година и се наоѓа во срцето на Битола, во Градскиот парк меѓу црквата Св. Димитрија и Јени џамија.




Спомени
кот на б


ранител
ите, позн


ат и како


„Ангелот
“, се наоѓ


а во цент
ралното г


радско


подрачје
на Битол


а. Овој с
поменик


е посвете
н


на загина
тите борц


и кои ги п
оложија с


воите


животи за
одбрана


та на татк
овината.


Статуата


на ангело
т, со поди


гнати кри
лја, симб


олизира


мир, наде
ж и благо


дарност.


Фонтана на
Филип II Мак


едонски


Саат кула




Соборен храм Свети
Великомаченик Димитриј -
претставува една од најзначајните
православни цркви во Битола и
пошироко. Се наоѓа во централното
градско подрачје и е посветен на
свети Димитриј, заштитникот на
градот. Изграден е во втората
половина на 19 век и претставува
значаен пример на македонската
црковна архитектура од тој период.
Храмот се одликува со
монументална внатрешност,
прекрасен иконостас, уметнички
резби и фрески кои ја сведочат
богата духовна и културна
традиција на регионот.








Споменикот на македонската револуционерна борба - во Битола е посветен на борците и дејците од македонската историја кои се залагале за национално ослободување и самостојност. Поставен е на видно место во градот и претставува симбол на храброста, пожртвуваноста и непокорот на македонскиот народ низ различни историски периоди.




Споменикот на
Милтон Манаки -
Милтон Манаки заедно
со својот брат Јанаки,
оставил длабока трага
во историјата на филмот
како еден од првите
сниматели на подрачјето
на Балканот. Нивната
камера ги овековечила
секојдневието,
културниот живот и
важните настани од
крајот на XIX и почетокот
на XX век.


Киното „Манаки“ во Битола претс
тавува значаен културен објект со б


огата традиција.


Се наоѓа на главната улица Широк
Сокак.




НУ Завод и музеј Битола - е
една значајна културна институција
во нашиот град, а и во нашата
држава, со богата традиција во
зачувување, проучување и
презентирање на историското и
културното наследство на регионот.
Музејот има клучна улога во
истражувањето, заштитата и
презентацијата на културното
богатство од праисторијата до
современото време.




Офицерски дом - претставува
еден од најрепрезентативните
објекти од периодот на доцниот
XIX и почетокот на XX век, кој со
својата архитектонска вредност и
историја има посебно место во
урбаната и културната меморија
на градот.
Со својата монументална
фасада, високи тавани,
пространи сали и декоративни
архитектонски елементи,
Офицерскиот дом претставува
врвен пример на неокласична
архитектура. Денес служи како
простор за одржување на
концерти, изложби, свечености,
конференции и други јавни
настани, збогатувајќи го
културниот живот на Битола.




Широк Сокак - е
најпознатата и најпрометната
улица во Битола,
препознатлива по својата
архитектонска убавина,
историско значење и жив
културен ритам. Сместена во
срцето на градот, оваа
пешачка улица претставува
симбол на битолскиот дух и
место каде се вкрстуваат
историјата, традицијата и
модерниот урбан живот.
Прошетката по оваа улица е
доживување што го спојува
минатото и сегашноста на
еден од најубавите градови во
Македонија.




Улица Рузвелт
ова


Пионерски дом „Трајче Магловски“ - Пионерски дом Трајче Магловски во минатото имал значајна улога како центар за воспитание и развој на младите, особено во периодот по Втората светска војна. Во времето на социјализмот, Пионерскиот дом бил место каде што се организирале пионерски и младински активности, едукативни програми, културни манифестации и спортски натпревари


Мал Битолски Монмартр – Се наоѓа во срцето на Старата битолска чаршија, место посветено на младите уметници и љубителите на уметноста. Овој културен простор претставува живописна галерија и креативна оаза каде децата и младите имаат можност да ги изразат своите идеи, таленти и инспирации преку ликовни активности, изложби и работилници.




Стара
Битолс


ка чар
шија -


претста
вува ис


ториско
и култу


рно


срце на
градот


Битола
. Оваа


стара


трговск
а и зан


аетчиск
а зона,


со


своите
тесни у


лички, к
амени к


алдрми


и тради
ционал


ни дуќа
ни, е св


едок на


бурнио
т разво


ј и бога
та исто


рија на


градот
низ век


овите.


Безистен – Битолскиот Безистен е најстара
градба во Отоманското Царство и е изграден
во XV век , тој претставува покриена пазарна
хала каде што се одвивала трговијата со разни
стоки – од текстил и накит до зачини и други
производи, што го правело централно место за
економскиот живот на градот. Исто така е еден
од најголемите пазари во регионот.


Безистен




Издавач
Национална установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола


ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39, Битола


Автори
Вера Марковска


Марија Марковска


Уредник
Марија Марковска


Фотограф
Александар Василевски


Печати
„Графопром“ – Битола


ул. „Димитар Влахов“ бр.3, Битола


Тираж
200 примероци


Финансирано и поддржано од
Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија


Битола, 2025


CIP - Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје


77:938.1(497.784)"2025"(084.1)
930.85(497.784)"2025"(084.1)


МАРКОВСКА, Вера
Мојата Битола / Вера Марковска, Марија Марковска : [фотограф
Александар Василевски]. - Битола : Национална установа Универзитетска
библиотека "Св. Климент Охридски“, 2025. - 24 стр. : илустр. ; 21 см


ISBN 978-608-5045-06-8


1. Марковска, Марија [автор]
а) Фотографии -- Битола -- 2025 -- Каталози б) Битола -- Културна
историја -- Фотографии -- 2025 -- Каталози


COBISS.MK-ID 66372869