1
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
SODR@INA
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД
СПИСАНИЕ НА
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ
ОХРИДСКИ“
БИТОЛА
Издавач
Национална установа
Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“
Битола
ул. „Ленинова“ бр.39
За издавачот
Науме Ѓоргиевски, директор
Издавачки совет
д-р Николче Вељановски,
претседател
Јоланда Бошевска,
виш библиотекар
Гордана Марковска
Главен и одговорен
уредник
д-р Николче Вељановски
Редакција
д-р Николче Вељановски
Јоланда Бошевска
Илче Стојановски
Лектура
Ивана Коцевска
Фотографии
Драги Кабровски
Компјутерска обработка
и печат
Академски печат - Скопје
Тираж
300 примероци
ISSN 1409 - 9497
Тел: 047/220-208;
Тел/факс: 047/220-515;
Тел на Изд.: 232-999
www.nuub.mk
e-mail: nuub@nuub.mk
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА,
ВО МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА ВО 2011 ГОДИНА ....................................................................... 2
III МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИБЛИОТЕКАРИ ВО ВРОЦЛАВ .............................. 4
УНИВЕРЗИТЕТСКАТА БИБЛИОТЕКА ВО ВАРШАВА И НАЈГОЛЕМАТА
ГРАДИНА НА ПОКРИВ ВО ЕВРОПА ........................................................................................................... 5
РАЗГОВОР СО Д-Р ХРВОЈЕ СТАНЧИЌ ....................................................................................................... 6
38. ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА БЗМ ВО ТЕТОВО ................................................................................... 8
ПРЕРЕГИСТРАЦИЈА НА БДМ ВО БЗМ И НОВА ВЕБ-СТРАНИЦА (ПОРТАЛ) ............................. 9
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ .............................................................................. 10
ИНТЕРЕС ЗА „КНИжЕВНИОТ ЗБОРНИК НА БИТОЛСКИ ПИСАТЕЛИ“
ВО СТРАНСТВО ................................................................................................................................................ 12
ПРОМОВИРАНА ПЕРСОНАЛНАТА БИБЛИОГРАФИЈА ЗА ЃОРЃИ ДИМОВСКИ ЦОЛЕВ .... 12
СЛУШАЈ КНИГА .............................................................................................................................................. 14
ТАЏ МАХАЛ ....................................................................................................................................................... 14
ПОРТРЕТ НА ПИСАТЕЛОТ РАДОВАН П. ЦВЕТКОВСКИ ................................................................. 15
ШЕСТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА НА БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА 2011 .......................................................................................................... 18
11. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ 2010“ ВО ПРИЛЕП ..................... 20
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“ .............................................................. 21
12. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ 2011“ ВО СТРУМИЦА ............... 21
ПАТРОН ПРАЗНИК НА БИБЛИОТЕКАТА ПРОГРАМА ЗА
ОДБЕЛЕжУВАЊЕ НА 7.12.2010 ................................................................................................................... 22
1100 ГОДИНИ СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ ............................................................................................... 22
БИБЛИОТЕКИТЕ ВО ЦРКВИТЕ И МАНАСТИРИТЕ ВО
ПРЕСПАНСКО- ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН ...................................................................................... 23
ЗБОРНИК ОД ПЕТТАТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА 2010 ...................................................................... 25
ПРОМОЦИЈА НА ИЗБРАНИТЕ ДЕЛА НА ЃОРЃИ ПРЧКОВ .............................................................. 25
ПАТРОН ПРАЗНИК НА БИБЛИОТЕКАТА ПРОГРАМА ЗА
ОДБЕЛЕжУВАЊЕ НА 5.12.2011 ................................................................................................................... 27
КНИГАТА „БИБЛИОТЕКИТЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ............. 28
КНИГА „ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА - ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА“ ............................. 28
РЕЦЕНЗИЈА КОН КНИГАТА „МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА НУУБ
„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА, ................................................................................................ 29
ПОВОЕНИ МАКЕДОНСКИ ПИСАТЕЛИ – ВТОР ДЕЛ ......................................................................... 31
ЗБОРНИК ОД ШЕСТАТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА 2011 .................................................................... 32
2
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
- БИТОЛА, ВО МЕЃУНАРОДНАТА
СОРАБОТКА ВО 2011 ГОДИНА
Приредила
Анета Стефановска,
виш библиотекар
Во рамките на своите активности НУУБ „Св. Кли-
мент Охридски“ - Битола, активно и содржајно е при-
сутна во меѓународната соработка и размена со околу
дваесетина библиотеки од Европа и светот. Во тој од-
нос се потпишани договори и спогодби за меѓународна
соработка и размена на публикации. Меѓу позначајните
би ги издвоила учеството на трите конгреси на IFLA во
Милано, Италија; Гетеборг, Шведска и Сан Хуан, Пор-
торико, учеството на Симпозиумот на балканските биб-
лиотеки во Едрење, Турција. Воспоставена е соработ-
ка со библиотеки од Амстердам, Холандија; Вроцлав,
Полска; Сплит, Задар и Дубровник, Хрватска; Едрење и
Истанбул, Турција; Софија и Пловдив, Бугарија; Корча,
Албанија; Москва, Русија; Барселона, Шпанија; ИЗУМ
- Марибор, Словенија, каде сме учествувале на повеќе
наврати на повеќе стручни усовршувања, семинари и
конференции од областа на библиотекарството и про-
грамата COBISS, која ја имаме целосно имплементи-
рано и ја користиме во работата на нашата установа.
Ќе се задржам на активностите и соработката што ја
остваривме во втората половина на 2011 година во Хр-
ватска, Шпанија и на конференцијата на IFLA во Сан
Хуан, Порторико.
Задар, Хрватска
На 21.7.2011 година претставници од НУУБ „Св.
Климент Охридски“ - Битола, во состав: Анета Стефа-
новска, Илче Стојановски и Зоран Јанакиевски прес-
тојуваа во Градската библиотека во Задар, Р. Хрватска,
како дел од проектите за меѓународна соработка одо-
брени од Министерството за култура на Р. Македонија
за 2011 година. Во програмскиот дел од посетата во
Градската библиотека во Задар, покрај разговорите за
соработка со директорот Иван Пехар и неговите сора-
ботници, беше разгледана Библиотеката, а во продол-
жение преку мултимедијална програма, во мултиме-
дијалната сала на Градската библиотека во Задар пред
присутните беше претставена Р.Македонија, градот Би-
тола и НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола.
Во вториот дел од програмата беше потпишан
Договор за заедничка соработка меѓу Библиотеките
од Битола и Задар, а воедно беше отворена изложба на
30-тина наслови, книги – изданија на НУУБ „Св. Кли-
мент Охридски“ - Битола, при што истите им беа пода-
рени на домаќините, Градска библиотека Задар, и исти-
те ќе станат дел од нивниот книжен фонд. Во третиот
дел од програмата пред присутните беа претставени
две книги, изданија на НУУБ „Св. Климент Охридски“
- Битола, и тоа „Библиотеките во Битола“ и „Библи-
отеките во црквите и манастирите во Преспанско-
пелагонискиот регион“. Во текот на посетата, исто
така, се оствари средба и со Мирјана Мајиќ, претстав-
ник на македонското национално малцинство за Задар-
ската жупанија, како и други присутни членови кои ја
следеа програмата и кои придонесуваат за соработката
помеѓу хрватскиот и македонскиот народ. Во врска со
потпишаниот Договор за соработка се огласи и Задар-
ската жупанија со пригодна порака, во која ја поздрави
соработката помеѓу двете земји и библиотеки, воедно
напоменувајќи дека Македонците се добар и топол
народ со кој секогаш е задоволство да се соработу-
ва. И тука видовме за нас некои нови и посовремени
начини на библиотечно работење кои ќе ги примениме
и кај нас.
Барселона, Шпанија
На 22.9.2011 година беше остварена средба и со-
работка со Националната библиотека во Барселона,
Каталонија, Шпанија, според одобрен проект за меѓу-
народна соработка од Министерството за култура на
Р. Македонија. За таа цел Каталонската библиотека ја
посетија претставници од НУУБ „Св. Климент Охрид-
ски“ - Битола, во состав: Анета Стефановска, раково-
дител на проектот, со соработниците: Благој Николов,
Јоланда Бошевска и Зоран Јанакиевски. Во текот на по-
сетата беше реализирана програма која се состоеше од
следните активности: претставување и разгледување на
3
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
Каталонската библиотека, изложба на книги – изданија
на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, мултиме-
дијална презентација за Р. Македонија, градот Битола
и НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, размена и
подарување на книги од изложбата и потпишување на
билатерален договор за заемна соработка, присуство
на македонската литература на македонскиот јазик,
популаризација на нашата установа и збогатување на
книжниот фонд за странска литература во нашата
институција.
IFLA 2011 – Сан Хуан, Порторико
Двајца претставници од Р. Македонија учествуваа
на 77. Светски конгрес на библиотеки и информации
IFLA (Меѓународна федерација на библиотечните здру-
женија), кој се одржа од 13 до 18 август 2011 год. во
Сан Хуан, Порторико.
Претставниците од Македонија, Анета Стефа-
новска од НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола,
и Охридија Лазарова од НУБ „Гоце Делчев“ - Штип,
остварија контакти со Универзитетите и Универзитет-
ските библиотеки од Оксфорд, Кембриџ, Американска-
та асоцијација на универзитети и др.
Исто така, беше контактирано и разговарано со
директорката на Библиотеката од Хелсинки, Финска,
каде идната 2012 година ќе се одржи наредниот Кон-
грес на IFLA.
Во текот на престојот и присуството на Конгре-
сот во Порторико, исто така, беше воден разговор и со
претставниците на библиотеките од Кенија, како и во-
општо со други претставници на библиотеки од држави
во Африка.
Беше стапено во контакт и со потомците на по-
знатиот финансиски магнат Рокфелер, претставници на
Универзитетот во Харвард и особено со библиотекари
од речиси сите балкански држави.
Притоа, беа разменети покани за соработка и
научни средби во форма на семинари, симпозиуми и
др., особено со нашата библиотека НУУБ „Св. Кли-
мент Охридски“ - Битола, и воопшто со Р. Македонија.
Потенцирано беше дека при соработката особе-
но треба да се иницира меѓубиблиотечната соработка
преку размена на публикации од нашата институција,
државата и обратно, од другата страна, односно соод-
ветната институција и држава.
Посебна тема која преовладуваше на Конгресот
и воопшто при контактите и разговорите со сродните
институции од областа на библиотечната дејност беше
Глобализацијата на информациите во меѓународни,
односно светски рамки и размена на истите.
Беа иницирани и понатаму конкретно се вршат и
ќе се вршат преговори на ниво на држава, за добивање
на техничка опрема и други проекти од областа на биб-
лиотекарството и неговиот современ развој.
Во сите можни моменти и прилики во текот на
престојот и учеството на Конгресот на IFLA, беше про-
мовирана и презентирана нашата држава, Р. Македо-
4
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
нија, преку воспоставените контакти и разговори, ини-
цирајќи понатамошна соработка, размена на искуства
во работата и развојот на институциите од областа на
Од 30 јуни до 1 јули оваа година во Вроцлав,
Полска, се одржа Меѓународна конференција на биб-
лиотекари под името „III Вроцлавски средби на биб-
лиотекари“ во организација на Главната библиотека и
Центар за научно-технички истражувања при Вроцлав-
ската политехника. На Конферецијата учествуваа 150
библиотекари од целиот свет: САД, Канада, Германија,
Франција, Унгарија, Македонија, Литванија, Шведска,
Холандија и од сите универзитетски центри од Полска.
Конферецијата ја отвори проректорот за научни
истражувања и соработка со стопанството, проф. д-р
инж. Еугениуш Русински. Свои реферати претставија и
други научни работници од Вроцлавската политехника.
Во програмата на Конференцијата беа предвиде-
ни следните тематски сесии: „Академска библиотека во
факултетите и во регионот“, „Документирање и анали-
за на научните истражувања“, „Работилница: АЛЕФ во
библиотеките“, „Електронските книги во библиотеките
и на пазарот“.
Во презентираните излагања беа опфатени и теми
како што се: развој и перспективи на електронските
библиотеки, едукација на библиотекарите, докумен-
тација на научните достигнувања на универзитетски-
те работници, електронските книги во библиотечните
статистики, развој и модификација на библиотечните
услуги за потребите на е-наука и е-дидактика, катало-
гизирање и информација за електронските книги, фи-
нансирањето и моделите на продажба на електронските
книги и др.
За време на Конференцијата се претставив со ре-
ферат на тема „Манастирски библиотеки во Македо-
нија и дигитализација на библиотечните збирки“. Тема-
та на излагањето и сликите на прекрасните македонски
манастири кои беа дел од презентацијата на рефератот
оставија голем впечаток на пристутните.
Во паузите меѓу предавањата ја разгледавме из-
ложбата на постери посветени на документирање на
научните истражувања, а исто така имавме можност
да се запознаеме со
најсовремената опрема
за дигитализација на
книгите и ракописите.
Во вечерните часови го
посетиме вроцлавскиот
Стар Град и неговите
споменици, ислушавме
убав концерт и бевме
присутни на многу ин-
тересна мултимедијал-
на претстава изведена
над површината на
огромната фонтана во
градскиот парк.
библиотекарството и други значајни прашања од соод-
ветната дејност.
Исто така, начелно се разменети мислења и иску-
ства, а воедно е иницирана и организација на меѓуна-
родна манифестација од областа на библиотекарството
на тема „Новите процеси во библиотечното работење“,
која би се одржала во Р. Македонија и конкретно во Би-
тола.
Меѓународната соработка е многу значаен сег-
мент во развојот на библиотечната дејност, бидејќи се
добива размена на искуства во сите области и сектори
од библиотекарството во врска со новите и современи
процеси на работење и нивна примена во нашата уста-
нова. Истовремено се збогатува фондот со библиотечен
материјал, особено со странска литература, а се овоз-
можува присуство на македонска литература во фондо-
вите на странските библиотеки, се врши презентација
и популаризација на установата, општината, нашата
држава воопшто.
III МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИБЛИОТЕКАРИ ВО ВРОЦЛАВ
Приредила
Марија Малгожата Мачковска,
виш библиотекар
5
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
Вроцлавската Конференција на библиотекарите
беше одлично организирана. Вработените во Главна-
та библиотека на Политехника вложија голем труд во
организацијата, подготвија многу богата програма,
создадоа посебна срдечна атмосфера. Претставените
реферати беа многу интересни и опфатија теми многу
суштински за современото библиотекарство. Учесни-
Универзитетската библиотека во Варшава е офор-
мена во 1816 г., истовремено со создавањето на Крал-
скиот универзитет во Варшава. На почетокот органи-
зационо беше поврзана со Универзитетот, а од 1818 г.
се издвои и стана самостојна институција. Нејзин прв
директор беше истакнатиот лексикограф Самуел Богу-
мил Линде.
Низ годините на развој и зголемување на книжни-
от фонд, Универзитетската библиотека повеќе пати ја
менуваше локацијата, сè до 1999 г. кога целата Библио-
тека со сите нејзини оддели беше пренесена до совре-
мениот комплекс во центарот на Варшава. Современи-
от објект се состои од две згради – фронтална и главна.
Двата дела се поврзани со пасаж, таканаречена уличка,
покриена со застаклен покрив. Во фронталниот дел,
како и во дел од подземјето се сместени комерцијал-
ни институции. Главниот објект на Библиотеката има
влез украсен со голема отворена книга и напис HINC
OMNIA и се состои од четири нивоа од кои за корисни-
ците е достапен само партерот. Читателите имаат сло-
боден пристап до дел од фондот без обврска за попол-
нување на „реверс“ и без посредство на библиотекари.
Меѓу регалите книги со слободен пристап има места
за работа на читателите, како што се маси за неколку
лица или индивидуални работни места, како и целосно
затворени и изолирани кабини со можност за изнајму-
вање на неколку дена или недели.
Зградата на Библиотеката зафаќа површина од 64
000 м2. Освен делот на библиотеката има услужно за-
бавен дел (во подземните нивоа) и канцелариски дел.
На покривот на
зградата има ботанич-
ка градина достапна за
сите и во секое време.
За библиотечните
збирки се наменети 40
000 м2, со можност за
проширување за уште
10 000 м2. Комплексот
на Библиотеката може
да смести 5 милиони
библиотечни единици.
Во моментов во Библи-
отеката има 2 975 876
библиотечни единици
(состојба со 31.12.2009 г.), меѓу кои 1 851 351 книги,
686 277 списанија, 392 125 посебни збирки, 46 123
библиотечни единици во склоп на дидактички збирки.
Од 2007 г. во склопот на Библиотеката функционира
електронска библиотека на Варшавскиот универзитет,
скратено наречена e-bUW (над 8 300 дигитални публи-
кации). Библиотеката, исто така, добива задолжителен
примерок.
Библиотеката на Варшавскиот универзитет пре-
дизвикува голем интерес во академските кругови, како
и кај лица надвор од Универзитетот. Регистрирани се 3
500 посети дневно.
Организационата структура на Универзитетска
библиотека ги опфаќа следните оддели – Оддел за со-
бирање и надополнување на книжниот фонд, Оддел за
сериски публикации, Оддел за складирање на книжни-
от фонд, Оддел за контрола и селекција на книжниот
фонд, Оддел за заштита и конзервација на книжниот
фонд, Оддел за обработка на книжниот фонд, Оддел за
издавање и научни информации, Кабинет за гравури,
Кабинет за стари изданија, Кабинет за збирки од 19 век,
Кабинет за картографски изданија, Кабинет за ракопи-
си, Кабинет за музички збирки, Кабинет за документи
од јавниот живот, Оддел за компјутеризација, Центар
НУКАТ, Административен оддел.
Покрај основната функција, Универзитетска биб-
лиотека реализира бројни изложби, конференции, на-
учни средби и слично.
При посетата на Библиотеката може да се види и
Галеријата на полскиот плакат, во која се наоѓаат ори-
ците на Конференцијата воспоставија многу контакти
кои ќе придонесат за зајакнување на меѓународна сора-
ботка меѓу библиотеките.
Програмата на Конференцијата, претставените
реферати и презентации се достапни на веб-страницата
http://www.wsb.pwr.wroc.pl/wsb_prezentacje,1051.dhtml.
УНИВЕРЗИТЕТСКАТА БИБЛИОТЕКА ВО ВАРШАВА
И НАЈГОЛЕМАТА ГРАДИНА НА ПОКРИВ ВО ЕВРОПА
Приредила
Марија Малгожата Мачковска,
виш библиотекар
6
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
гинални и многу вредни повоени афиши и плакати. Ко-
лекцијата брои над 7 000 наслови, меѓу кои и филмски
плакати, театарски, политички, информативни и други
плакати. Во галеријата можат да се видат и да се купат
плакати на познати полски графичари, како што се: Хе-
нрик Томашевски, Јан Млодожењец, Францишек Ста-
ровиејски и др.
Многу интересен е предниот дел од фасадата на
Библиотеката - таканаречена „културна фасада“. Таа
има за цел да потсетува на минатото, на разновиднос-
та на цивилизациите и изворите на полската култура.
Шесте влезови се одвоени со осум големи табли на кои
се наоѓаат фрагменти од етидите на Карол Шиманов-
ски во нотни записи, табла со математички запис, фраг-
менти на хемиски равенки, компјутерски запис во јази-
кот Паскал, Максвеловата равенка, како и санскритски,
хебрејски, арапски, грчки, староруски и старополски
текстови.
Внатре во Библиотеката до главниот влез за сло-
боден пристап се наоѓа Kолонадата на филозофите.
Сместени на четири високи столбови тоа се споменици
на истакнатите полски филозофи од 20 век – Казими-
еж Твардовски, Јан Лукасиевич, Алфред Тарски и Ста-
нислав Лесњевски.
Најголема атракција на Библиотеката на Варшав-
скиот универзитет е градината на покривот на зградата
која се простира на површина поголема од еден хектар.
Тоа е една од најголемите и најубавите градини на по-
крив во Европа. Проектирана е од архитектот Ирена
Бајерска, а е отворена во 2002 година. Градината се со-
стои од два дела: горен (со површина од 2 000 м2) и
долен дел (15 000 м2), поврзани со поток кој каскадно
се слева надолу. Во горната градина растенијата се по-
садени на слој од 30 см земја истурена врз покривот на
Библиотеката. Градината нè фасцинира со разновидни
растенија посадени во три посебно компонирани дело-
ви. Дополнување е влезната градина – коса патека об-
расната со бршлен која води кон покривот на Библиоте-
ката. Во долната градина, меѓу другото, има и порибено
езерце покрај кое живеат диви пајки. Тука има поса-
дено најразлични дрвја и грмушки. Долната градина е
украсена со гранитни резби на Ришард Стријецки кои
асоцираат на космички мотиви.
Сите градини се поврзани со патеки, мовчиња и
перголи со најразлични видови на лози. Од мовчињата
и од терасата-видиковец може да се разгледува панора-
мата на Варшава, Свиентокшискиот мост и Висла.
Посетителите на градината можат преку спе-
цијални прозорци или преку стаклениот покрив од горе
да погледнат во внатрешноста на Библиотеката.
Универзитетската градина е широко достапна
(иако е заградена и затворена) и претставува одлично
место за одмор не само за студентите и научните ра-
ботници, туку и за варшавјаните кои не се поврзани со
Универзитетот.
РАЗГОВОР СО
Д-Р ХРВОЈЕ СТАНЧИЌ
Од кога сте вработен на Универзитетот во
Загреб?
Вработен сум од 1996 година како рисерч асис-
тент. Магистрирав и докторирав на Филозофскиот
факултет, Отсек за информациски науки во Загреб.
Моментално сум шеф на Катедрата за архивистика и
документаристика. Има и други отсеци: Библиотекар-
ство, Музеологија, Книги и издаваштво, Организација
на знаење, Лексикографија и енциклопедика итн.
Постојат и вонредни студии за библиотекар-
ство, кажете ни нешто повеќе.
На сите вработени библиотекари кои немаат фор-
мално библиотекарско образование дадена им е мож-
ност да завршат 2 години библиотекарство. Ова трае
7
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
Вашата книга „Дигитализација“ е преведена
на македонски јазик?
Ја издадов во 2009 година. Книгата дојде во ра-
цете на Славица Николовска, работи на Филозофскиот
факултет во Скопје, а е соработник на Студиите за ар-
хивистика – помошни историски науки. Книгата чека
во Националната универзитетска библиотека „Св. Кли-
мент Охридски“ - Скопје, за издавање.
Кажете ни нешто за Вашето доаѓање во Маке-
донија на ФАМИС, кои се вашите впечатоци?
Повикан сум на постдипломските студии по
предметот Креирање, управување и долгорочно одржу-
вање на дигитализираните материјали. Во една не-
дела треба да предавам 20 часови, еквивалент на еден
семестар и потоа студентите полагаат испит во облик
на семинарска работа на англиски јазик, кој по пат на
коресподенција по е-пошта го прегледувам и оценувам.
Уште на почетокот од оваа година, колешката
доцент д-р Костандина Вељановска, раководител на
постдипломските студии и на Катедрата за менаџмент
на информациски системи, преку доцент д-р Ана Бар-
бариќ, шеф на Отсекот за библиотекарство при факул-
тетот за Информациски науки ми понуди да предавам и
јас прифатив. Многу убаво сум примен и убаво се чувс-
твувам, како на Факултет така и овде во Библиотеката.
Со деканката веќе ги дискутиравме заедничките про-
блеми – разменивме искуства и разговаравме за можни
понатамошни заеднички проекти меѓу факултетите во
Битола и Загреб. Универзитетот во Битола и Универзи-
тетот во Загреб имаат договор за меѓусебна соработка
поради што и можев да гостувам.
На кои други проекти работите во моментот?
Сум работел на повеќе национални и странски
веќе десет години и сега завршува рокот. Секоја годи-
на овие студенти одат организирано на екскурзија во
странство. Досега биле во Александриската библио-
тека во Египет, во Романија, Северна Италија, Прага,
Атина, Коринт, Крит. Оваа година одиме во Берлин по
повод 1 000 години од еден персиски еп.
Што се случува со градивото откако материја-
лот се дигитализира?
Дури и кога ќе заврши проектот процесот на ди-
гитализација бара стално финансирање: заради одржу-
вање на материјалот и заради напредокот, односно ме-
нувањето на технологијата. Се менува медиумот на кој
е запишано градивото: ЦД, ДВД формат – се случува
некои апликации да не можат да ги читаат застарените
апликации (20-50-100). Долгорочна перспектива е со
активен или подобро проактивен пристап. Да се анти-
ципира и да се види проблемот пред да настапи.
8
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
проекти. Имам работено на ТЕМПУС проектот. Сега
работам на проект за меѓугранична соработка со Сло-
венија наречен Herritage Life, со Универзитетот При-
моски и Универзитетот во Копар. Во овој проект се вк-
лучени и музејски установи од Словенија и Истра кои
се на оддалеченост до 70 км.
Постојат и други т.н. Здружени докторски студии
на Универзитетот во Загреб и Универзитетот во Копар.
Кај нас постојат три степени на образование. Првиот
степен се додипломски студии кои траат 3 години, по-
тоа следуваат 2 години дипломски студии кога студен-
тите се стекнуваат со диплома и звање магистер. Тре-
тиот степен се постдипломските, односно докторските
студии.
На крајот кажете ни за вашиот приватен живот?
Роден сум во 1970 година во Загреб. Основно и
средно образование, како и Факултет за информатоло-
гија и англиски јазик и книжевност завршив во Загреб.
Среќно сум оженет. Хоби ми се фотографирањето, па-
тувањето и возењето велосипед. Сум патувал во многу
градови и земји: Лондон, Истанбул, Грција, Шпанија,
Португалија, Флорида, Кариби, Египет, Тунис, Мароко
и други.
Дали читате?
Стручна литература, Трилогија Милениум од
Стиг Ларсон. Научна фантастика.
Планови за во иднина?
In Future – конференција. Ни одзема многу вре-
ме – немам посебен план. Работење со студентите, пи-
шување трудови. Докторатот да го претворам во книга.
Докторирав на „Зачувување на автентичност на елек-
тронски записи“.
38. ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА БЗМ
ВО ТЕТОВО
Приредила
Розита Петринска – Лабудовиќ
38. Годишно собрание на БЗМ се одржа на 27 мај
2011 година, во зградата на поранешниот Дом на АРМ,
во Тетово, со почеток во 11.00 часот. Присутни делега-
ти - 60. Собранието го водеше претседателот на БЗМ,
д-р Николче Вељановски. Темата на Собранието беше
„Образованието на библиотекарите во Македонија“. И
покрај навремената покана и нивна најава за присуство,
претставниците од Министерството за култура не при-
суствуваа.
Собранието го отвори претседателот и даде уво-
ден говор. Присутните беа поздравени од претставни-
кот на Библиотеката-домаќин, НУ Библиотека „Кочо
Рацин“ од Тетово. Поради отсуство на директорката на
Библиотеката-домаќин, г-ѓа Фиторе Решити, добредој-
де на делегатите им посака претставникот од Библиоте-
ката Ѓултен Ајрули на албански јазик и м-р Елизабета
Трпческа-Петрушевска на македонски јазик.
Претседателот на БЗМ, д-р Николче Вељанов-
ски, поднесе Извештај за работата на БЗМ за периодот
јуни 2010 – мај 2011 и реферираше за финансискиот
извештај. Д-р Николче Вељановски спомна за процесот
на пререгистрација на Друштвото во Библиотекарско
здружение на Македонија, при што пред присутните
го пренесе барањето на Централниот регистар во ид-
нина во Статутот да биде внесен и бројот на делегати
кој секоја библиотека во РМ треба да го делегира на
годишните Собранија на БЗМ. Претседателот спомна и
за проблемите, односно напорите од неколку месеци да
cе промени поддоменот на веб-страницата на Здруже-
нието од bdm.org.mk во bzm.org.mk.
Посебно место во својот извештај претседателот
£ даде на новата веб-страница на Здружението, на при-
чините зошто се решивме на овој чекор и предностите
на истата.
Немаше забелешки за Извештајот од присутните
членови.
М-р Иванка Соколова имаше воведно предавање
„Улогата на јавните библиотеки во локалните заедни-
ци и ИТ-технологијата“. Таа зборуваше за можноста за
аплицирање со проекти, посебно за јавните библиоте-
ки и се задржа на последниот проект кој го добила за
библиотеката во Радовиш. Прикажа кус видеозапис за
проектот и користите од реализацијата на истиот. По-
кажа подготвеност да ги упати и посоветува подетално
колегите кои би биле заинтересирани за аплицирање на
проекти од тој тип.
Разговорот го водеше
д-р Николче Вељановски.
9
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
М-р Розита Петринска-Лабудовиќ одржа презен-
тација на темата на оваа Собрание – „Образованието на
библиотекарите во РМ“, при што се задржа на можност-
ите на стручно усовршување и наобразба во струката.
По презентациите, делегатите имаа дискусија на
обработените теми, но и на други проблеми. Беа спом-
нати новите студиски програми за Библиотекарство
на Педагошкиот факултет во Скопје и Педагошкиот
факултет во Битола, како и тоа дека ИО на БЗМ пред
речиси година, нагласи претседателот, испрати писма
до Министерството за култура, Ректоратот во Битола
и одборот за акредитација во кој беа спомнати недо-
волниот библиотечен кадар за овие студиски програми
(главно тоа се библиотекари од библиотеките во РМ) и
од претходното и од сегашното претседателство со цел
да им се даде до знаење на надлежните дека треба да
£ се даде предност на иницијативата на Националната
универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ -
Скопје, за отворање на катедра на Филозофскиот фа-
култет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. Но,
како што нагласија и претседателот и секретарот на ИО
на БЗМ, генерално го прифаќаме отворањето на вакви-
те и слични студиски програми на факултетите доколку
се тие во координација со Библиотекарското здружение
на Македонија, како што тоа, на пр., го бара и Амери-
канската библиотекарска асоцијација од американските
факултети по библиотекарство.
Реакции имаше на Законот за библиотеките. Бла-
гој Николов од НУУБ - Битола, го изрази својот став
дека Законот во голем дел е препишан од Законот за
музеите и не е соодветен за работата на библиотеките.
Се донесе заклучок дека е потребно да се достави ми-
слење до Министерството по Законот за библиотеки -
за кој поголемиот дел од делегатите смета дека не коор-
динира со потребите на современото библиотекарство.
ПРЕРЕГИСТРАЦИЈА НА БДМ ВО
БЗМ И НОВА ВЕБ-СТРАНИЦА
(ПОРТАЛ)
Приредил д-р Николче Вељановски,
претседател на БЗМ
Со новиот Закон за здруженија и фондации од
16 април 2010 година, Библиотекарското друштво на
Македонија на 22 септември 2010 година беше прере-
гистрирано во Библиотекарско здружение на Македо-
нија, Скопје, со скратен назив БЗМ.
Поради потешкотиите во користењето на застаре-
ните алатки за ажурирање на веб-страницата на БДМ,
Извршниот одбор на Библиотекарското здружение на
Македонија на својот состанок на 24.2.2011 година до-
несе Одлука за ажурирање на нова веб-страница на
Библиотекарското здружение на Македонија, Ско-
пје.
По овој повод, инженерот Зоран Јанакиевски,
вработен во НУУБ - Битола, кој ја изработи оваа веб-
страница ни рече: „Новиот веб-портал кој се наоѓа на
серверот на OnNet е имплементиран во јазикот PHP,
чиишто бази на податоци се во MySQL. Тоа придоне-
се за неговиот елегантен и прегледен дизајн, редовното
информирање на библиотеките околу активностите на
Здружението, како и веб-просторот за јавното мислење
и оценување поврзано околу овие активности“.
Што се однесува до содржините на порталот,
достапни се сите главни акти на Здружението (Статут,
Кодекс на однесување на библиотекарите, правилни-
ци за натпреварот „Млади библиотекари“, наградата
„Климентова повелба“), членови на ИО, членови на
Надзорен одбор, членови на комисии, членови на Из-
давачкиот совет на списанието „Библиотекарство“ и
сл. Поставени се настани за неколку години наназад
(Годишни собранија на БЗМ, Републички натпревари
„Млади библиотекари“) со галерии од слики и виде-
оклипови. Поставен е и прирачникот за натпреварите
„Млади библиотекари“ во електронска форма, како и
повеќе броеви од списанието „Библиотекарство“ со
полн текст. Секоја библиотека во Македонија може да
стави свои содржини – посебни настани кои се во тек
или пак веќе се одржале. Постојат линкови и до некои
од библиотеките кои имаат свои веб-страници, а ќе се
проширува со линкови и до другите библиотеки.
Исто така, сменет е и поддоменот на веб-страни-
цата, ќе се пребарува на www.bzm.org.mk наместо на
старата www.bdm.org.mk.
10
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА
ПРОМОЦИИ, ИЗЛОжБИ, ПРЕДАВАЊА
Приредил
Драги Кабровски
6.12.2010 г.
„ПОЕТСКИ БРАНУВАЊА 2010“
Во чест на патронот на Библиотеката, свети Кли-
мент, по седумнаесетти пат се одржаа „Поетските
бранувања“. Со свои лични творби учество зедоа 70
ученици – членови на литературните секции од основ-
ните училишта во градот. Комисијата во состав: Илија
Мерковски, претседател, Илче Стојановски, член,
и Драги Кабровски, член, ги разгледа пристигнатите
лични творби и едногласно одлучи да додели шест на-
гради на најуспешните, три трети награди, две втори
и една прва награда. Наградите ги обезбеди Библиоте-
ката, а воедно им беа доделени и дипломи. Исто така,
Комисијата избра триесет поуспешни лични творби кои
ќе бидат објавени во Билтенот на Библиотеката.
16.12.2010 г.
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ГЕРМАНСКА ЛИТЕРАТУРА
Универзитетот во Битола, Педагошкиот фа-
култет, Битола, и НУУБ - Битола, во соработка со
Здружението за македонско-германско пријателство
и соработка од Битола на 16 декември 2010 година,
организираа презентација на германската литература.
Во рамките на оваа презентација, во холот на Библио-
теката беше поставена изложба на книги со германска
литература.
28.1.2011 г.
ПАНИХИДА НА ГРОБОТ НА ПАВЕЛ ШАТЕВ
Во организација на НУУБ „Св. Климент Охрид-
ски“ од Битола на ниво на делагација од Општина Би-
тола, градоначалникот Владимир Талески, директо-
рот на Библиотеката Науме Ѓоргиевски и делегација
од градот Кратово каде што се родил револуционерот
Павел Шатев, со нивниот градоначалник со почеток
во 11 часот положија свежо цвеќе на гробот на Шатев
во Светонеделските гробишта, каде и се одржа пани-
хида по повод 60-годишнината од неговата смрт. Па-
нихидата ја одржаа свештени лица од битолската Мит-
рополија.
4.2.2011 г.
„ТРКАЛЕЗНА МАСА“ ЗА ПАВЕЛ ШАТЕВ
По повод 60-годишнината од смртта на Павел
Шатев, истакнат македонски револуционер, член на ге-
миџиите и еден од солунските атентатори, во НУУБ „Св.
Климент Охридски“ - Битола, на 4.2.2011 година се одр-
жа Tркалезна маса на тема: „Павел Шатев - живот пос-
ветен за Македонија“. Пригодно обраќање на истата
имаше г-ѓа Анета Стефановска, пратеник во Собранието
на РМ, а гостите ги поздрави г. Науме Ѓоргиевски, ди-
ректор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола. На
Тркалезната маса зедоа учество еминентни познавачи на
личноста и делото на Павел Шатев, меѓу кои и:
1. проф. д-р Зоран Тодоровски „Павел Шатев - живот
и дело“,
2. проф. д-р Виолета Ачковска „Павел Шатев жртва
на комунистичкиот режим“,
3. проф. д-р Тодор Чепреганов „Павел Шатев за ма-
кедонската национална посебност“,
4.проф. д-р Марјан Димитријевски и м-р Лидија Ѓут-
ковска „Дискусијата на П. Шатев на Второто редовно за-
седание на Уставотворното собрание на НРМ“,
5.м-р Александар Симовски и м-р Марјан Ивановски
11
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
„Македонското национално прашање во говорот на П.
Шатев пред Уставотвотворното собрание на ФНРЈ“,
6.м-р Теон Џинго „Павел Шатев помеѓу комунизмот
и македонското национално револуционернодвижење“,
7. проф. д-р Даринка Петревска „Револуционерната
дејност на Павел Шатев меѓу двете светски војни“.
Во холот на Библиотеката беше поставена изложба од
фотографии, ракописи, писма и трудови за Павел Шатев.
23. 2.2011 г.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА
На 23 февруари 2011 година во организација на
Библиотеката се одржа промоција на историската
книга „Светската касапница“ во Македонија (1914-
1918) од авторот д-р Веле Алексоски од Велес. Во-
ведничар на промоцијата беше Владимир Трајкоски,
а промотор на книгата беше Нада Алексоска од Велес.
4.3.2011 г.
ПРОМОЦИЈА НА СПИСАНИЕТО „БРАНУВАЊА“
ИЗЛОжБА НА КНИГИ ОД СТРУШКИ АВТОРИ
ПОРТРЕТ НА АВТОРОТ ХРИСТО ПЕТРЕСКИ
Во просториите на Библиотеката се одржа про-
моција на списанието за литература, култура и наука
„Бранувања“, чиј главен уредник е Петко Шипинка-
ровски од Струга. Во холот на Библиотеката беше по-
ставена изложба од дела на струшки писатели. Пред
присутните гости поздравна реч имаше директорот на
Библиотеката Науме Ѓоргиевски. Промотор на списа-
нието беше проф. д-р Виолета Маневска од Битола.
Свое обраќање за списанието имаше и м-р Мерсиха
Исмајлоска, а песната Т’га за југ ја изрецитира пра-
внукот на Миладиновци. Следеше и портрет на писате-
лот Христо Петрески од Скопје. За творештвото, во от-
суство на авторот Христо Петрески, говореше Петре
Шипинкаровски. Делата на авторот Христо Петрески
беа изложени во салата за промоции.
IN MEMORIAM
МИТРЕ ТАЛЕВСКИ (05.10.1948 - 08.03.2011)
Почитуван и драг колега Митре,
Со голема тага, ние, твоите колеги од Библио-
теката ја примивме веста дека не си повеќе меѓу нас.
Не очекувавме дека смртта ќе го прекине твојот живот
ненадејно и тивко каков што
впрочем беше и твојот бла-
городен, тивок и ненаметлив
карактер кој засекогаш ќе ни
остане во сеќавање на сите
нас. Во твоите 32 години во
Библиотеката ти не знаеше
да кажеш лош збор за ни-
кого. Не знаеше да го поди-
гнеш гласот ниту пак да се
скараш со некого. Заради ваквата особина која денес
е многу ретка кај луѓето, ние сите те почитувавме како
пример на кој треба да се огледуваме и да го практи-
куваме.
Твојата посебност остави трага и во долгогодиш-
ната работа во Библиотеката каде ти покажа дисципли-
на и љубов кон работата на која можевме сите да ти
позавидиме. Ти беше единствениот библиотекар кој
никогаш не задоцни на работното место, ниту пак одби
некоја работна обврска. За тоа искрено сме ти благо-
дарни.
Во овај тажен момент ние сите заедно ти оддава-
ме почит, а твојот лик ќе остане засекогаш во нашите
сеќавања.
Нека ти е вечна слава
26.5.2011 г.
ПОРТРЕТ НА АКАДЕМИК АНТЕ ПОПОВСКИ
По повод 80-годишнината од раѓањето на ака-
демик Анте Поповски, кој почина во 2003 година, На-
ционалната установа Универзитетска библиотека „Св.
Климент Охридски“ - Битола, во салата за промоции
организираше негов Портрет. Присутните гости на по-
четокот ги поздрави директорот на Библиотеката, На-
уме Ѓоргиевски. Омаж за поезијата на Анте Попов-
ски одржа академик Георги Старделов, а делови од
неговата поезија читаше Софија Гогова Врчаковска.
Во холот на Библиотеката беше отворена комбинира-
на изложба на книги и фотографии, каширани на кар-
тон, насловена „живот и дело на Анте Поповски“.
На свеченоста свои искажувања имаа негови школски
другари и синот на Анте, кој на Библиотеката £ пода-
ри ракопис и други материјали своина на починатиот
писател.
МУЗЕЈСКА БИБЛИОТЕЧНА
ПОСТАВКА
На 2 јуни 2011 година во НУ Универзитетската
библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола, свечено
беше отворена музејската библиотечна поставка, прва
од овој вид во Републиката, која со 600 илјади дена-
ри ја финансираше АД „Електрани на Македонија“, со
средства што ги имаа предвидено за развој на култура-
та и уметноста во битолскиот регион. Традицијата во
Битола продолжува. Првата османлиска библиотека на
Балканот е отворена токму во Битола. Првата комплет-
но автоматизирана библиотека беше во Битола. Оттука
и првата музејска библиотечна поставка која содржи
разни експонати: првите книги од 1879 година, стран-
ски книги кои не можеле да се пишуваат на македонски
јазик и првите книги пишувани на македонски јазик од
12
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
1945 година до денес. Изложени се периодичните вес-
ници од 1927 година до 1973 година, како и сите броеви
на Битолски весник. Во музејската поставка се изло-
жени и две печатарски машини. На едната бил печатен
и вториот број на весникот Нова Македонија во 1944
година. Музејската поставка секојдневно е отворена за
сите посетители. Самата поставка го оплемени и прос-
торот на приземјето од старото крило на Библиотеката.
ИНТЕРЕС ЗА „КНИжЕВНИОТ
ЗБОРНИК НА БИТОЛСКИ
ПИСАТЕЛИ“ ВО СТРАНСТВО
Приредиле
Ленче Андоновска, виш библиотекар
Гордана Пешевска, виш библиотекар
„Книжевниот зборник на битолски писатели“ е
значајна монографска публикација од авторките Ленче
Андоновска и Гордана Пешевска, во која се застапени
11 автори (5 поети, 5 прозаисти и 1 есеист). Зборникот
е подреден азбучно, со био-библиографски податоци за
авторите, секој автор е застапен со своето творештво
на десетина страници, поезија или проза, кој е изед-
начен критериум за сите. Основните критериуми за
застапеност во овој Зборник се писателот да е од Би-
тола, да живеел, живее и твори во Битола и да е член
на Друштвото на писатели на Македонија. Книжевниот
зборник на битолски писа-
тели има репрезентативна
улога пред нашиот читател,
но и пошироко од тоа, кога е
веќе во паралелен превод и
на англиски јазик. Од самото
негово излегување во печат
до денес, интересот за него е
сè поголем, не само во рам-
ките на нашата држава, туку
и надвор од неа.
Од таа заинтересира-
ност се изродија телефон-
ски контакти со македонски
граѓани од повеќе држави, од кои посебно сакаме да
ја издвоиме средбата со директорот на ДООЕЛ „СКА-
ЛИ“, Скопје - германска книжарница г. Детлев Шлот на
ден 10.5.2011 година во НУУБ „Св.Климент Охридски“
- Битола.
Г. Детлев Шлот, директор на германската книжар-
ница во Скопје, беше срдечно примен во нашата уста-
нова и во личните контакти со авторките Ленче Андо-
новска и Гордана Пешевска беше искажана големата
заинтересираност за наведениот Зборник од страна на
германските научници од областа на германистиката, а
директорот несебично воспостави контакт помеѓу две-
те страни.
Авторките, воодушевени од германската заинте-
ресираност за Зборникот, му подарија три книги од ба-
раниот наслов и други книги во кои тие се автори.
Г. Детлев Шлот срдечно им се заблагодари за по-
дарените книги и им посака уште многу вакви потфати
кои оставаат белег во пишаниот збор не само во Р. Ма-
кедонија туку и многу пошироко.
ПРОМОВИРАНА ПЕРСОНАЛНАТА
БИБЛИОГРАФИЈА ЗА ЃОРЃИ
ДИМОВСКИ ЦОЛЕВ
Приредила
Јоланда Бошевска,
виш библиотекар
„Ѓорѓи Димовски Цолев - персоналната библи-
ографија“ од авторите Јоланда Бошевска, Лена Секу-
ловска и Цветанка Дамјановска, виши библиотекари во
Секторот роднокрајна библиографија, беше промови-
рана во рамките на „Деновите на Библиотеката“ на 25
март 2011 г. Промотор беше м-р Ѓорѓи Лумбуровски.
Таа е четврта по ред библиографија во рамките на Еди-
цијата „Познати личности“, која ги опфаќа роднокрај-
ните автори од нашиот град.
Идејата да се зафатиме со изготвување на проект
за делото на Ѓорѓи Димовски Цолев доаѓа од неговата
богата и плодна научно-истражувачка дејност во обла-
ста на историјата. Автор е на повеќе учебници по исто-
рија, како и историски читанки за основното и средно
образование, кои се преведени на албански и турски ја-
зик. Целиот свој работен век го помина како професор
13
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
по историја во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ и Педа-
гошката академија во Битола, успешно воспитувајќи
цели генерации средношколци и студенти. Редовен и
активен член е на „Македонското научно друштво“ од
Битола и долгогодишен соработник на нашата библио-
тека. Добитник е на општинската награда за животно
дело за 2007 година „4 Ноември“.
Целта ни беше да се претстави целокупното дело
и животниот пат на историчарот, педагогот и научен
работник Ѓорѓи Димовски Цолев, кој создаде бројни
научни трудови од областа на историјата, давајќи по-
себен акцент на националната историја. Во неговите
истражувања посебно место заземаат трудовите посве-
тени на животот и активностите на битолските Евреи,
го истражувал печатарството и издаваштвото во Битола
и Битолско, негова пасија е филателијата.
Стручниот дел на Библиографијата на 68 стра-
ници обработува 414 библиографски единици, а при-
логот во вид на фотокопии од статии, фотографии од
весници, книги и стручни списанија за неговиот живот
и дело е претставен на 46 страници. Обработените би-
ографски единици се истражени од повеќе македонски
и југословенски сериски публикации, како и монограф-
ски публикации застапени во фондовите на НУУБ „Св.
Климент Охридски“ - Битола, и во архивата на авторот.
Во недостиг на целосни податоци некои негови прило-
зи се обработени во некнижна граѓа.
Застапените единици се библиографски обрабо-
тени според ISBD (Меѓународен стандарден библи-
ографски опис). Истите се азбучно подредени според
презимето и името на авторот или според насловот,
доколку нема автор. Класификацијата на библиограф-
ските единици е направена според постоечкиот УДК
систем (Универзална децимална класификација). Биб-
лиографијата содржи Регистар на наслови и Регистар
на автори. Регистарот на наслови ги содржи сите глав-
ни стварни наслови на библиографските единици и е
подреден азбучно.
Регистарот на автори содржи имиња на лица ко-
ишто учествувале во создавањето на содржините на вк-
лучената библиографска граѓа, како и имиња на автори
цитирани во библиографската белешка. Регистарот е
подреден азбучно. Застапени се сите форми на имиња
кои упатуваат на единствената именска определница.
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ
ОДДЕЛ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУГА ЗА
ВОЗРАСНИ
Приредил: Марјан Котески
1. РИНГИШПИЛ – Бачич Алимпич
2. ПРОРОШТВОТО НА РОМАНОВИ – Стив
Бери
3. РУСКА ЗИМА – Дафне Калотеј
4. ЈУЛИЈА – Ен Фортис
5. ЗЛАТНОТО ЛАЛЕ – Розалинд Лејкер
6. КУЌАТА НА РИВЕРТОН – Кејт Мортон
7. СОПРУГАТА НА ДИПЛОМАТОТ – Пам
Џеноф
8. ЌЕРКАТА НА МАГДА – Кетрин Калиер
9. АЛИБИ – Сандра Браци
10. ЗАКАНАТА МЕФИСТО – Е. Б. Симор
11. КОДОТ НА АЛТМАН – Роберт Ладлам
12. ДОБА НА СТРАСТ – Даниела Стил
14
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА
Приредила: Снежана Мицевска
1. НИНА И КЛЕТВАТА НА ПЕРНАТАТА
ЗМИЈА – Муни Вичер
2. НИНА И ТАЈНОТО ОКО НА АТЛАНТИДА
– Муни Вичер
3. ОЛИВЕР МЕСЕЧКОВСКИ И ЗМЕЈЧЕТО
БЕЉАЏИЈА – Су Монгредин
4. МОМЧЕ И ДЕВОЈЧЕ – Роберт Грос
5. КНИГА ЗА ДЕВОЈЧИЊА : КАКО ДА БИ-
ДЕШ НАЈДОБАР ВО СЕ - Фостер
6. НАЈУБАВИ БАЈКИ
7. ОЛИВЕР МЕСЕЧКОВСКИ И КОШТАРНИ-
ОТ ЛИЛЈАК - ГРИЦКАЛЧЕ – Су Монгредин
8. ОЛИВЕР МЕСЕЧКОВСКИ – УРНЕБЕС ОД
ВОЛШЕБНИ НАПИВКИ – Су Монгредин
9. ОЛИВЕР МЕСЕЧКОВСКИ – НА ЛЕТ – АУУ
– ВАЊЕ - Су Монгредин
10. СЕЌАВАЊЕ ОД ОСМО – Сара
Трајчевска
СЛУШАЈ КНИГА
Приредила
Фатма Бајрам Аземовска
НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Ох-
ридски“ во соработка со студентското радио УКЛО ФМ
и детската градинка „Естреја Овадија Мара“ го органи-
зираа настанот „Слушај книга“. Настанот се одржа на
9.6.2011 година (четврток) со почеток во 11.00 часот,
во просториите на НУ Универзитетска библиотека „Св.
Климент Охридски“.
Ваков тип на настан прв пат се одржува во Маке-
донија и има за цел да промовира иновативни начини
на дружење со книгата. На настанот беше промовирана
иницијативата на НУ Универзитетска библиотека „Св.
Климент Охридски“ за креирање аудиобиблиотека на
книги. Ова е особено важно, бидејќи некои луѓе имаат
проблем со видот, постојат луѓе кои од различни при-
чини не се во можност да читаат книги, читањето им
претставува напор, подобро се релаксираат и се чув-
ствуваат слушајќи книга, при долги патувања може да
слушаат книга, некои луѓе подобро се концентрираат и
помнат слушајќи книга, малите деца сакаат да слушаат
книга, некои луѓе не можат да држат книга во раце.
Преку настанот сакаме да им дадеме шанса на
сите подеднакво да уживаат во содржините на книгата.
Книгата е посебна цивилизациска придобивка,
а со развојот на техниката и технологијата и нивна-
та достапност не мора да е достапна само на хартија.
Во студиото на Универзитетското радио УКЛО ФМ
е снимена приказната „Снежана и седумте џуџиња“.
Додека се слуша приказната, децата кои ја посетуваат
детската градинка „Естреја Овадија Мара“ ќе изведат
драматизација на истата приказна.
Заинтересираните читатели-слушатели ќе можат
да ја слушаат приказната „Снежана и седумте џуџиња“
на следниот линк
http://soundcloud.com/ljucbt/track
ТАЏ МАХАЛ
– симболот на Индија и споменикот
на вечната љубов
Таџ Махал се наоѓа во Агра, градот во северна Ин-
дија, околу 200 км јужно од Њу Делхи. Мавзолејот Таџ
Махал во Агра го изградил Џахан, како симбол на голе-
мата и вечна љубов кон својата покојна сопруга Мумтаз
Махал. Таџ Махал е најубав пример на архитектонска
мешавина од елементи од персијскиот, отоманскиот,
индискиот и исламскиот стил. На секој агол од оваа по-
зната градба се наоѓа по едно минаре (молитвена кула).
Споменикот е комплекс со правоаголен облик.
Централната осмоаголна градба со купола е висока
околу 55 метри и е изградена од бел мермер. Под глав-
ната купола се наоѓа уште еден полукружен покрив на
осмоаголниот простор, каде светлоста допира низ осум
премини.
Тука се наоѓаат саркофазите на принцезата Му-
мтаз и нејзиниот сопруг шахот Џахан. Големата ос-
моаголна соба се појавува два пати. Едната е на катот
директно под другата. Во двете простории се наоѓаат
по два саркофага, едниот за кралот, а другиот за крали-
цата. Тие во горната соба се за покажување на туристи-
те, додека во саркофазите од долната соба се наоѓаат
посмртните останки од кралот и кралицата. Тие две
простории се посебно акустични.
15
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Поголем број од ѕидовите се украсени со нежни
цветни шари и со уметнички полудраги камења. Покрај
неа се две симетрични градби од црвен камен, една на
северозапад, а друга на југоисток. На северозапад е
џамијата, а на југоисток е куќата за одмор. Пред овие
градби има голема градина поделена на четири дела
на симетрично поставените канали. Рефлектирачките
базени пред оваа прекрасна зграда го нагласуваат ви-
зуелниот шарм на местото. За неговото градење биле
ангажирани 20 000 работници, а илјадници слонови го
пренесувале градежниот материјал.
Градбата е изградена од најразличен материјал:
бел мермер, жад, кристал, тиркиз, сафир итн. Вкупно
30 видови на драг камен се вградени во белиот мермер.
Изградбата почнала 1631 год. по смртта на сопругата
на Џахан, Мумтаз Махал, која починала по раѓањето на
15-тото дете. Шахот Џахан бил очаен, затоа сакал да ја
направи кралицата бесмртна, па £ изградил споменик,
како последно почивалиште, сакајќи да го овековечи
сеќавањето за неа. Кралот Џахан многу скапо го чинело
градењето на почивалиштето за својата сакана. Бидејќи
ја испразнил ризницата, Џахан бил истеран од престо-
лот и затворен последните девет години од својот жи-
вот. Од своите затворски простории можел да го види
чудото во кое лежела неговата драга и каде на крај и тој
ќе биде таму.
Ова светско чудо е навистина непроценливо. За-
едничката креација на различни луѓе придонела оваа
градба да фасцинира со својот раскош и убавина. Мно-
гу патници градбата ја нарекуваат најубавата зграда во
светот. Нијансите на мермерот од Таџ Махал во Индија
варираат од час до час, од едно до друго годишно време.
„Сонот од мермер“ кон крајот на 2007 год. е прогласен
за едно од седумте светски чуда во светот на новата ера.
ПОРТРЕТ НА ПИСАТЕЛОТ
РАДОВАН П. ЦВЕТКОВСКИ
На почетокот од септември оваа година, НУУБ
„Св. Климент Охридски“ - Битола и Битолскиот книже-
вен круг организираа книжевен портрет на писателот
Радован П. Цветковски. Директниот повод за портретот
се 80 години од неговото раѓање и 40 години од неговата
прва поетска книга објавена во далечната 1971 година.
Во врска со неговите книжевни почетоци тој нагласува:
„Првата моја песна, секако, за деца, датира од 1947 го-
дина кога бев во четврти клас, сегашно осмо одделение
во Гимназијата „Гоце Делчев“. Пред пред оваа поетска
книга, кон крајот на педесеттите години во издавачко-
то претпријатие „Кочо Рацин“ во Скопје ми ја изгубија
поетската збирка „Потпрено небо“. Сочувани се мал
број песни, но не и носечката песна „Потпрено небо“,
по која беше насловена и збирката, а која, конечно, кон
крајот на 1969 година, се изгуби во „Битолски весник“,
најверојатно поради метафоричниот израз „не ја докре-
пува синевината“, асоцијација на недокрепена слобода,
кој израз јас не се сложив да биде изменет, преиначен“.
16
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Најпрвин славеникот и присутните ги поздрави
г. Науме Ѓорѓиевски, директор на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ - Битола, а за делото на писателот Радован
П. Цветковски говореа Петре Димовски, претседател
на Битолскиот книжевен круг, Добре Тодоровски и Ми-
лица Димитријовска-Радевска, приредувач на книгата
„Критиката за делото на Радован П. Цветковски“ во
издание на реномираната издавачка куќа „Матица“ од
Скопје, посебно подготвена по повод 80-тиот роденден
на Радован П. Цветковски и објавата на првата поетска
книга, рамно пред 40 години.
Од името на претседателот Раде Силјан и претсе-
дателството на Друштвото на писателите на Македо-
нија славеникот го поздрави Панде Манојлов, секретар
на Друштвото на писателите на Македонија, потенци-
рајќи ја автентичноста во неговото творештво, особено
во поезијата:
„Но, уште попријатно и подоблесно е во тој живо-
тен век да се остават неизбришливи траги зад себе, да
се остави заокружено литературно дело што го красат
уметнички достоинства, дело кое ќе зрачи како факел
во вековите што доаѓаат.
Поетот, преведувачот, фолклористот, литератур-
ниот критичар и педагог, нашиот сограѓанин Радован П.
Цветковски, токму утре, на 3 септември, ќе го прослави
својот 80-ти роденден. Во годината кога истовремено
слави еден голем јубилеј: четириесет години од излегу-
вањето од печат на неговата прва стихозбирка „Моето
поднебје“. Нека слави славеникот, нека слави поетот,
зашто го заслужува тоа, и како тој што се радува, да се
радуваме и ние, зашто како и тој што се радуваше на
излегувањето од печат на секоја негова книга се раду-
вавме и ние, љубителите на неговото творештво.
Се најави со автентичен наслов на својата прва
стихозбирка „Моето поднебје“, со автентичен поет-
ски глас, за да си остане верен на тоа свое претсказа-
ние: пишувајќи, да си вишнее непрељубник на своето
рустикално македонско поднебје, следејќи ја тради-
цијата на народната песна и фолкорното творештво...
Верен на своето творечко определување, на пејзажот,
на силната љубов кон човекот и кон животот, но и кон
својата таковина, успеа да го истакне силниот етички
чин и смело да нурне во возвишените цели кон кои се
стремел како човек и писател. Неговиот поетски јазик,
секогаш празничен, со секој објавен стих извираше и
извира поривно, за неминовно да ја најде сопствената
утока во современата македонска литература и тука,
стамено да го заземе сопствениот пиедестал.
Во име на претседателот Раде Силјан и членовите
на претседателството на Друштвото на писателите на
Македонија, како и во мое лично име, на славеникот
и наш драг колега Радован П. Цветковски му го чести-
там јубилејот, посакувајќи му добро здравје, уште мно-
гу години живот и успеси на полето на литературното
творештво“.
Свои кратки видувања за делото на Радован П.
Цветковски изнесоа Петре Димовски и Милица Дими-
тријовска-Радевска, а Добре Тодоровски се задржа на
неколку битни моменти за неговите први контакти со
Радован П. Цветковски и издавањето на романот „Си-
вилото на одот“.
„Радован П. Цветковски, тој жилав коњаник низ
непознатото, упорно, инспиративно и внесено го над-
градува својот книжевен свет, постојано поставувајќи
нè пред пријатни изненадувања. Поет, романсиер,
раскажувач, есеист и литературен критичар, писател
за деца и млади, фолклорист, лингвист и преведувач,
авантурист во потрагата по зборот, во градбата на де-
лата и во изборот на темите, Цветковски создаде дело
кое претставува гордост на Битолскиот книжевен круг,
гордост на богатата со култура Битола и истакнато име
во македонската книжевна стварност.
Во Битолскиот книжевен круг Цветковски ја вгра-
дува сета своја иницијатива, животно се внесе во него-
виот раст, каде припаѓа од самото негово основање, со
идеи и со дела, со совети и со акции, секогаш подготвен
да се справи со новите предизвици, со новите потреби
на Битолскиот круг и со новите барања на времето и
мислата.
Сум бил рецензент и критичар на прозните дела на
Радован П. Цветковски и одблиску сум ги запознавал.
Најчесто пишувани во анегдотска форма, низ нив се
преплетуваат мудрото, пословичното, еротското, хумо-
ристичното, каде со живописни бои го насликува обич-
ниот човек од неговата секојдневна животна стварност.
Оттаму доаѓа и блискоста на неговото творештво до
народната традиција. А во својата литература за деца,
пак, мошне умешно го вклопил светот на децата во све-
17
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
тот на возрасните. Во романите и расказите Цветковски
многу уверливо и ненаметливо ги пренесува настани-
те и доживувањата. Кон јунаците во делото искажува
една длабока топлина и таа топлина повратно зрачи од
нивните души. Со изборот на суштественото, битното,
егзистенцијалното го гради дејствието со уверлива жи-
вост, давајќи му длабока внатрешна привлечност и од
делото зрачи самиот живот како отслик на еден реален
исечок од реален свет.
Расказите на Цветковски се со едно збиено, вжеш-
тено јадро, кое се разотвора пред читателот во простор
што го опфаќа целосно, заробувајќи му ја мислата во
тие наративни каскадни буици. Расказите обилуваат со
високи уметнички достоинства и импресионираат со
својата искреност, со јасниот стил и живиот демирхи-
сарски говор, богат да ги искаже и најсофистицираните
нијанси на чувствата.
Портретот на Радован П. Цветковски го заокружи
Милица Димитријовска-Радевска, правејќи содржаен
пресек на поетското и прозното творештво, од една,
како и на научното, од друга страна. Своето излагање
го наслови „За едно вредносно творештво низ записите
на литературната критика“. На тој начин таа направи
интересна критичка врска со книгата „Критиката за де-
лото на Радован П. Цветковски“:
Добар ден драги присутни, колеги писатели и
пријатели. Во овој септември, само на ден пред мојот
80-ти роденден, јас сум посебно почестен и пријатно
изненаден од вашето внимание кон мене како кон ваш
сограѓанин и од почитта кон моето дело. Ова е несе-
којдневен настан. Со сите вас ја споделувам мојата ра-
дост и ви благодарам. Посебно им благодарам на орга-
низаторите на мојот портрет. Посебно им благодарам
на Националната установа универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ - Битола, директорот Науме
Ѓорѓиевски и вработените, на Панде Манојлов, кој во
својство на секретар на Писателската асоцијација пре-
несе поздрави во име на претседателот Раде Силјан
и претседателството на Друштвото на писателите на
Македонија, и Битолскиот книжевен круг, колегите
писатели и претседателот Петре Димовски, Добре То-
доровски, Милица Димитријовска-Радевска, прире-
дувач на книгата „Критиката за делото на Радован П.
Цветковски“, поместувајќи во неа издржан предговор и
други два труда, како и на Весна Мундишевска-Велја-
новска за компјутерската подготовка. И ова е пријатно
доживување, зашто во книгата е поместена и најновата
критика, заокружувајќи седумгодишен период, особе-
но со трудот за „Речникот на демирхисарскиот говор“.
Уметничката слика насловена „Поезија“ од ликовниот
уметник Панде Петровски што ми ја подари Битолски-
от книжевен круг, постојано ќе ме потсетува на овој
септември и на мојот 80-ти роденден. Ви благодарам
колеги.
Сега на крајот со некоја притаеност сум во дилема
дали остана простор после толку кажано, после толку
топли обраќања и јас да ви се обратам со нешто посеб-
но...
ГОЛТКА КАФЕ И ТИ ВО
МОЈАТА ДУША
Голтка, само голтка црно кафе
отаде планина во мене сура,
не знам која некаде од Југот
и разурнат брег
во душава моја.
Камен на камен, поле и студ -
голтка кафе, само толку,
од раката твоја
и дланка мека
по душава моја.
Есен зад есен и сè така -
во мене таа
се тркала староста, фаќа слана,
в рака финџал топло кафе кај
кај за душава моја тука на Тумбе Кафе.
Голтка, само голтка кафе
нека е и на седмото небо
дај да смирам душа,
тебе јас, кон мене со финџал кафе
да те сонам пак тука, тука на Тумбе Кафе.
Крајот на април 2011 година Радован П. Цветко-
вски во Битола при едно искачување на Тумбе Кафе.
18
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ШЕСТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА
НА БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ОД
МАКЕДОНИЈА 2011
По повод Шестата роднокрајна средба на би-
толските писатели во Македонија, која традицио-
нално се одржува во Роднокрајната читална на Библио-
теката, на 23.5.2011 г., со почеток во 11 часот, се одржа
Тркалезна маса, на тема: „Потребата од религиозен
лик во моето творештво“. Излагањата на писателите
Димитар Богдановски, проф. д-р Благоја Брајановски,
Петре Димовски, Никола Кочовски, Панде Манојлов,
Сања Мучкајева Видановска, Кире Неделковски, Хрис-
то Петрески, Ѓорѓи Прчков, проф. д-р Вера Стојчевска
Антиќ, Богоја Таневски, Добре Тодоровски (излагање-
то на Владимир Костов го прочита д-р Николче Веља-
новски во негово отсуство), ќе влезат во шестиот по
ред Зборник. Организатор и медијатор на Тркалезната
маса беше д-р Николче Вељановски. Тој им се обрати
на присутните: „Најнапред сакам да ви посакам до-
бредојде на шестата по ред ваша традиционална род-
нокрајна средба. Ме радува што повторно се одѕвавте
на поканата и дојдовте овде на Тркалезната маса во
Универзитетската библиотека.
Не можам а да не забележам со гласно размис-
лување пред сите вас дека речиси секоја наша Сред-
ба ја започнуваме со едноминутно молчење. Прво нè
напушти Петре М. Андреевски, па Јозо Т. Бошковски,
па Ѓорѓија Најдовски и денес Цане Здравковски. Беше
редовен на сите наши средби. Се навикнавме на него.
Сега би ве замолил да станеме и со едноминутно мол-
чење да му оддадеме почест на нашиот драг колега
Цане Здравковски. ...Како и секоја година темата за
Тркалезната маса самата извира на површина и се на-
метнува врз вас. Поради специфичноста на темата не
сакав тоа да биде тема која ќе ве подели на теисти и ате-
исти, на религиозни и суеверни. Токму затоа се решив
за насловот: „Потребата од религиозен лик во моето
творештво“. И овој пат секој од вас одговори на тема-
та со еден свој поглед карактеристичен или својствен
само на вас самите. И овој пат од вас излезе на едно
место во еден здив, можеби и за вас самите изненаду-
вачка, инспирацијата од вербата, верата која влева на-
деж, заштита, утеха и спас од мачнотиите во животот.
Се надевам дека повеќето од вас темата ве погоди и ве
инспирираше. Ви благодарам на присуството“.
Димитар Богдановски
РЕЛИГИОЗНИ НЕВЕРНИЦИ
Факт е дека на голем број од луѓето верата им е
неопходна во животот и тоа задолжително треба и мора
да биде почитувано. На крајот од краиштата, треба да
се разбере дека религиозните уверувања и чувства во
текот на милениумското развивање на човековото опш-
тество станале структурален дел цврсто вграден во
длабочината на човековите гени.
Што, пак, се однесува на ликовите од мојот ре-
лативно скромен литературен опус, не се појавила
премногу голема потреба за опсервирање на животни
патишта или секвенции од животот на религиозни луѓе
на кои религијата им е водителка во животот. Меѓутоа,
тоа не значи и дека ги нема.
Проф. д-р Благоја Брајановски
19
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
За религиозен лик повеќе би можело да стане збор
во публицистичко дело отколку во литературно. Во ли-
тературно дело повеќе може да се зборува за некакви
„парчиња“: од религиозниот лик, преку кого говори од-
реден лик во книжевното дело, но што не ја отсликува
целината на делото на религиозниот лик; како поткрепа
на мудроста што ја искажува нерелигиозниот лик, која,
всушност, и не е негова мудрост, знаење.
Петре Димовски
ЛИКОВИТЕ ГО НОСАТ ПЕЧАТОТ
НА ВРЕМЕТО И СРЕДИНАТА
Во романот
Балканскиот ѓа-
вол во воведните
страници се дадени
вера, љубов, надеж,
творевина на Господ
Бог, и следната стра-
ница, 133 заглав-
ни зборови, можни
оружја меѓу каменот
и атомската бомба што носат смрт, творевина на Луци-
фер лично. Тука се и четирите јавачи на апокалипсата,
и тука е Големата борба меѓу Бог и Сатаната, меѓу до-
брото и злото.
Владимир Костов
КОН ТЕМАТА „ПОТРЕБАТА ОД
РЕЛИГИОЗЕН ЛИК ВО МОЕТО
ТВОРЕШТВО“
П о т в р д у в а м
и повторувам дека
целокупното мое
творештво од 12
тома е проникна-
то со идејата на
христијанството, но
во верзија која него-
виот главен протаго-
нист во последниот мој роман „Писание за страшниот
суд“ ќе го доведе во судир со некои догматски ставови
во неговото црковно практикување, како и во судир со
структури од официјалната политика, карактеристична
за неговото време, за на крајот да се доведе и во судир
со самиот себе откога ќе увиди дека неговите младеш-
ки погледи претрпеле крах.
Никола Кочовски
КОЛКУ Е ПРИСУТНА РЕЛИГИЈАТА
ВО МОЕТО ТВОРЕШТВО
Моќта на џамијата, односно на црквата е таа што
го предодредила младиот Раско да се чувствува сам,
непримен ни кај едните ни кај другите, како и мајка му
Марија, која е закопана надвор од гробиштата во албан-
ското село на татко му Мевљут... Дури, во еден момент,
чувствувајќи се на
раскрс од каде што
не поаѓа кон никаде
пат, се прашува: На
кого да се моли сега
тој: на Господ или
на Алах!
Панде Манојлов
БОГ И МАКЕДОНИЈАНСТВОТО ВО
МЕНЕ
Честопати, пи-
шувајќи ја песната,
потсвесно како да
нуркам во мистика-
та, како да станувам
другар на отците на
пустината или мо-
нах кој божјата бла-
годет ја доживува
како молитвење низ
стихот. Притоа, не сум обземен со црквата и црковни-
те прашања, зашто и многу не сум упатен во нив, туку
со Бог во мене и Бог во сите нас, во луѓето. Бог е мое
лирско доживување во кое религиозното се спојува со
естетското или филозофски речено: спој на Логосот со
Убавината.
Сања Мучкајева Видановска
ПОТРЕБАТА ОД РЕЛИГИОЗЕН ЛИК
ВО МОЕТО ТВОРЕШТВО
Религиозното
движење во тво-
рештвото, поточно
моето творештво,
некогаш се јавува со
дух на светлина над
белиот лист, како
внатрешна свеќа во
осаменоста на ми-
слите кога се раѓа
ликот. Слободно можам да кажам дека религиозниот
лик се јавува во сите мои изразувања, па се изразува и
самиот исказ на верба кон ликот, а во по некој лик авто-
рот внесува и некој свој стремеж кон религијата.
Христо Петрески
ТАжНИОТ ПЕС
Или: за човекот, за кучето, за цртичката...
За религијата обично се вели дека е опиум на
народот, т.е. на широките народни маси, а јас повеќе
би сакал да е афион (иако има психотропни супстан-
ции), значи растение, билка, кое ќе се сади и негува по
македонските ниви како некогаш. Не дека религијата
20
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
нема своја улога
и мисија, напро-
тив, таа им влева
на луѓето верба,
но и страв, но, за
жал, има и злоупо-
треби од страна на
тие што ја пропо-
ведаат, но и од тие
кои беспоговорно
ја практикуваат. Затоа, мојот приватен однос кон рели-
гијата е интимен, а мојот јавен настап на тој план секо-
гаш е резервиран. Па, нема причини така да не биде и
овојпат.
Ѓорѓи Прчков
ВО ВЕРАТА Е ВИСТИНАТА
Да чукнам во
дрво, добро започ-
на низата на збо-
рови кои требаше
да претставува-
ат симпозиум на
дискусии, но по-
меѓу кои се пров-
лекуваше вечното
прашање на цвр-
стината на инспи-
рацијата да се задржи до самиот крај, до оној крај кој
делото го краси. Но, и да не го сторев тоа, чукањето во
дрво, верувам дека мојата намера ќе беше исполнета со
истиот жар како и едноставната верба на една девица
во сјајот на нејзиниот подарок во првата брачна ноќ.
Со други зборови, суеверието дека гнилежното дрво
наречено бог би ми помогнало на некој начин е изопа-
чување на животот и проколнување на вистинската на-
деж, и ниту помислувам да се обидам да наречам тво-
рештво некоја моја реч, а претходно да не ја измолам
нејзината судбина од Создателот...
Вера Стојчевска Антиќ
РЕЛИГИЈАТА КАКО ТРАДИЦИЈА
Постепено се вљубив во мојата учителка, мило-
срдна сестра со голем бела капа како лебед, таа беше
мојата синоока сер Мари. Првиот час го започнував-
ме заеднички со молитвата „Оче наш“, разбирливо на
француски јазик.
Тогаш јас скришум,
под око, сакав да ја
имам во видното
поле сер Мари, која
го упатуваше својот
поглед кон небото,
а јас имав чувство
дека вистински му
се обраќа на Бога, дека многу го сака Бога, едноставно
ја снемува од училницата и лета кон Господа.
Постепено ми се зароди мислата дека и јас имам
голема желба еден ден да бидам сер Мари, да се зака-
луѓерам и да бидам така совршена како неа. Таа висти-
на му се предаваше на Бога. Може ли да се замисли
моето скриено разочарување, кога веќе во прво одде-
ление, веднаш по НОБ, една од учителките влезе во
одделението и ни соопшти: „Господ не постои, во него
веруваат само непросветените“!
Богоја Таневски
РЕЛИГИОЗНИОТ ЛИК ВО МОЕТО
ТВОРЕШТВО
Религијата е неразделен дел од човековиот живот.
Таа го одржува народот во својот опстој, задржување
на својот идентитет и во најтешките моменти, пери-
оди во разни историски ситуации. Во поранешниот ју-
гословенски комунистички систем се водеше кампања
против религијата, се затвораа цркви, на народот му
се забрануваше да оди в црква. Но, народот и во тие
тешки моменти
не се откажу-
ваше од својата
вера и од своите
верски обичаи.
Така и во тие
случаи не се ус-
пеа да го одде-
лат народот од
верата.
Добре Тодоровски
ПРИСУТНОСТА НА РЕЛИГИЈАТА
И РЕЛИГИОЗЕН ЛИК ВО
ЛИТЕРАТУРНОТО ТВОРЕШТВО
... Но, ете не сум наишол на потреба, или како што
е насловена темата на оваа Тркалезна маса ,,потреба од
религиозен лик во моето творештво“.
Не можам да наведам некои особени причини, но
до сега не сум бил инспириран, не сум имал потреба,
или можеби подобро е да се каже дека до сега не сум се
сретнал со так-
ва тема, во која
главната сто-
жерна личност
би била лик со
религиозен ка-
рактер во која
било форма,
или негово ме-
сто во религиоз-
ното верување.
21
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
На 12.11.2010 год. во организација на Библиоте-
карското здружение на Македонија, во просториите на
Јавната општинска установа Градска библиотека „Бор-
ка Талески“ - Прилеп, се одржа 11. Републички нат-
превар „Млади библиотекари 2010“ на кој учествуваа
ученици од основните училишта – членови на јавните
библиотеки во Република Македонија. Натпреварот го
спроведе Комисијата во состав: Елизабета Трпческа
Петрушевска, претседател (НУ Библиотека „Кочо Ра-
цин“ - Тетово), Марија Пажевска, член (ЈОУ Градска
библиотека „Борка Талески“ - Прилеп), Силванa Јаки-
мовска, член (Градска библиотека „Браќа Миладинов-
ци“ - Скопје).
На натпреварот учествуваа 31 натпреварувач, по-
бедници на општинските натпревари „Млади библио-
текари“ организирани од јавните библиотеки во текот
на месец октомври 2010 год.
Натпреварот беше анонимен. Секој натпревару-
вач, пред почетокот на Натпреварот, на посебен лист ги
впиша своите генералии и шифрата под која се натпре-
варува. Потоа, натпреварувачите ги ставија листовите
во пликови и ги залепија пликовите. Последниве беа
отворени откако беа прегледани прашалниците и беше
утврден редоследот на победниците на Натпреварот.
Прашалникот се состоеше од 20 прашања (со допол-
нување, заокружување и целосни одговори), а макси-
малниот број на освоени бодови беше 170. При прегле-
дувањето беше утврдено дека двајцата првопласирани
кандидати имаат ист број на бодови. Поради тоа, а
согласно со чл. 12 од Правилникот за организирање и
спроведување на Републичкиот натпревар „Млади биб-
лиотекари“, на двајцата кандидати им беше поставено
дополнително прашање и според покажаните резултати
Комисијата констатира дека:
Првото место го освои Марина Насковска, ОУ
„Кочо Рацин“ - Куманово (Библиотека „Тане Георгиев-
ски“ - Куманово, со освоени 161+5 (дополнително пра-
шање) = 166 бодови. Второто место го освои Теодора
Сакурмовска, ОУ „Гоце Делчев“ - Битола (НУУБ „Св.
Климент Охридски“ - Битола), со освоени 161 бодови.
Третото место го освои Зоран Гаврилов, ОУ
„Малина Попиванова“ - Кочани (ЈОУ
Библиотека „Искра“ - Кочани), со освоени 160
бодови. Наградите им беа врачени од претседателот на
БЗМ, д-р Николче Вељановски. Исто така, на сите учес-
ници им беа подарени по две книги и благодарници за
учеството, додека, пак, на сите ментори им беа дадени
благодарници. Посебна благодарност со благодарници
им беше изразена на ЈОУ Градска библиотека „Борка
Талески“ - Прилеп, како домаќин на Натпреварот и на
директорот г. Петре Петрески.
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР
„МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“
На 25 октомври 2011 година НУУБ „Св. Климент
Охридски“ од Битола го организираше дванаесеттиот
општински натпревар „Млади библиотекари“ за уче-
ниците од основните училишта во Битола и Битолско.
На натпреварот учествуваа тринаесет кандидати. Нат-
преварот го спроведе комисија во состав: Јоланда Бо-
шевска, претседател, Драги Кабровски, член и Илче
Стојановски, член. На сите учесници им беа доделени
Благодарници и по една книга за учество. За најдобрите
тројца натпреварувачи Библиотеката обезбеди вредни
награди во книги од ИК „Просветно дело“ и дипломи.
Првата награда ја освои Лина Гроздановска 6 одд.
ОУ „Тодор Ангелевски“ - Битола, втората награда £
припадна на Ивона Кикерковска 8 одд. ОУ„Браќа Ми-
ладиновци“ с. Добрушево, а третата награда ја доби
Анета Трајковска 7 2 одд. ОУ „Тодор Ангелевски“ с. Г.
Оризари.
12. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР
„МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ 2011“
ВО СТРУМИЦА
Приредила
м-р Елизабета Трпческа Петрушевска
На 11.11. 2011 год. во организација на Библио-
текарското здружение на Македонија, во просториите
на ЛУ Библиотека „Благој Јанков Мучето“ - Струмица
се одржа Дванаесеттиот републички натпревар „Мла-
ди библиотекари 2011“ на кој учествуваа ученици од
основните училишта – членови на јавните библиотеки
во Република Македонија. Натпреварот го спроведе ко-
мисијата во состав: Елизабета Трпческа Петрушевска,
претседател (НУ Библиотека „Кочо Рацин“ - Тетово),
Тања Гошева, член (ЛУ Библиотека „Благој Јанков Му-
чето“ - Струмица), Илија Захариев, член (ЈОУ Библи-
11. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ 2010“
ВО ПРИЛЕП
Приредила м-р Елизабета Трпческа Петрушевска
22
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
отека „Искра“ - Ко-
чани).
На натпрева-
рот учествуваа 27
натпреварувачи, по-
бедници на општин-
ските натпревари
„Млади библиоте-
кари 2011“ органи-
зирани од јавните
библиотеки во текот
на месец октомври
2011 год.
Натпреварот
беше анонимен.
Прашалникот се со-
стоеше од 20 пра-
шања (со дополну-
вање, заокружување
и целосни одговори), а максималниот број на освоени
бодови беше 180. Откако комисијата ги прегледа тесто-
вите, го објави редоследот на победниците: 1. Бојана
Радевска, ОУ „Браќа Миладиновци“, с. Царев Двор,
Ресен (Јавна библиотека при Домот на култура „Дра-
ги Тозија“ - Ресен), со освоени 174 бодови; 2. Бран-
ко Стефановски, ОУ „Герас Цунев“, (ЛУ Библиотека
„Благој Јанков Мучето“ - Струмица), со освоени 172
бодови; 3. Зорица Георгиевска, ОУ „Лазо Трповски“
- Скопје, (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“),
со освоени 170 бодови. Наградите им беа врачени од
претседателот на БЗМ, д-р Николче Вељановски. Исто
така, на сите учесници им беа подарени по една книга и
благодарници за учеството, додека, пак, на сите менто-
ри им беа дадени благодарници. Посебна благодарност
со благодарници им беше изразена на ЛУ Библиотека
„Благој Јанков Мучето“ - Струмица, како домаќин на
Натпреварот и на директорката г-ѓа Тања Бошева.
ПАТРОН ПРАЗНИК НА
БИБЛИОТЕКАТА
ПРОГРАМА ЗА ОДБЕЛЕжУВАЊЕ
НА 7.12.2010
На свеченото одбележување на 8 декември -
патронатот на Библиотеката, свое обраќање имаа г.
Науме Ѓоргиевски, директор на Библиотеката и г-ѓа
Анета Стефановска, пратеник во Собранието на Р.
Македонија. Промовирани беа книгите „Библиотеки-
те во црквите и манастирите
во Преспанско-пелагонискиот
регион“, „Зборник на науч-
ни трудови од научната сред-
ба 1100 години од смртта на
Св. Наум Охридски“, „Петта
роднокрајна средба со битол-
ските писатели во Македо-
нија - зборник“. Промотор на
овие книги беше д-р Николче
Велјановски, библиотекар-со-
ветник. Потоа, беа промовирани
и следните две кни-
ги: „Значајни лич-
ности за Битола -
култура“ и „Пово-
ените македонски
писатели низ стра-
ниците на перио-
диката во НУУБ
„Св. Климент Ох-
ридски - Битола“.
Промотор на овие книги беше Благој Николов, биб-
лиотекар-советник.
Во рамките на оваа програма во холот на Библио-
теката беше поставена изложба „НУУБ Св. Климент
Охридски (1945 - 2010)“. Изложбата беше комбинира-
на од фотографии, извадоци и статии за Библиотеката
објавени во периодичните публикации. Текстовите и
фотографиите беа каширани на картон.
1100 ГОДИНИ СВЕТИ НАУМ
ОХРИДСКИ
Промотор
д-р Николче Вељановски (рецензија)
Научната средба посветена на „1100 години од
смртта на Наум Охридски“ е одобрен проект од Ми-
нистерството за култура на РМ. На средбата присуству-
ваа еминентни стручнаци од наведената област и тоа
сите со свои трудови на различни теми.
Главен и одговорен уредник на Зборникот на
научни трудови од научната средба „1100 години од
смртта на Наум Охридски“ е Ленче Андоновска, виш
библиотекар. Книгата има 119 страници со црно-бели
фотографии и во неа
се сместени 6 науч-
ни и стручни трудо-
ви за животот и де-
лото на свети Наум
Охридски.
Првиот текст
„Светиклименто-
ва и Светинаумова
23
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
традиција“ е на професор д-р
Вера Стојчевска Антиќ, кој
не само што ја потенцира деј-
носта на првоучителите свети
Климент (подоцна словен-
ски велички епископ) и свети
Наум, туку и нивното пионер-
ско влијание во формирањето
на Охридската патријаршија
на чело со царот Самоил во
X век, како логична последи-
ца. Професорката Антиќ ни
претставува и неколку поет-
ски творби од современи македонски поети посветени
на свети Климент.
Вториот текст „Свети Климент и свети Наум
- основоположници на средновековната словенска
химнографија“ е на професор д-р Ѓорѓи Попата-
насов. Тој нагласува дека почетоците на словенската
химнографија ги наоѓа во преведувачката и книжевна
активност на Кирил и Методиј и неговите најблиски
ученици Климент и Наум од времето на Моравската
мисија. Тој зборува и за пофалните слова, а посебно за
Климентовите слова кои биле достапни и за најпрости-
от народ. Тие, исто така, служеле за духовници со по-
мало проповедничко искуство, кои, пак, ги приспособу-
вале за разни празници според потребата. Химнограф-
скиот жанр продолжува да се негува и во Охридската
книжевна школа.
Третиот и најобемен текст од 37 страници е на
професор д-р Наум Целакоски – „Летопис 1100 годи-
ни свети Наум Охридски“. Летописот е на Димитрија
Петру, посветен на манастирот со црква и на арханге-
лот Михаил. Ова дело се смета за едно од најзначајни-
те литературни творби во XIX век. Во него се наоѓа и
кратката биографија на преподобниот свети Наум. Оп-
ишувани се и честите пожари кои го зафаќале манасти-
рот, економската положба на манастирот, манастирски-
те игумени и монаси, различни настани итн.
Четвртиот текст е на професор д-р Павле Мит-
рески – „Нови сознанија за утврдување на грани-
цата со Албанија кај Свети Наум“. Манастирот „Св.
Наум“ е на границата меѓу Македонија и Албанија. Ма-
настирот станал дел од политичкиот и територијалниот
спор на заинтересираните соседни држави, Кралството
на Србите, Хрватите и Словенците после 1918 година и
новосоздадената држава Албанија. Големите сили, како
Австро-Унгарија, Италија, Велика Британија, Герма-
нија, Русија и Франција учествувале како арбитри при
утврдувањето на државните граници. По завршувањето
на Првата балканска војна со манастирот владеела срп-
ската војска.
Петтиот текст е од писателот Добре Тодоров-
ски – „Одразот на свети Наум Охридски во маке-
донското народно творештво“. Според него, интерес
за народното творештво поврзано со свети Наум Ох-
ридски покажале повеќемина наши и странски истра-
жувачи, меѓу кои д-р Вера Стојчевска Антиќ, која во
„Свети Клименту“ ги нагласува легендите, традициите
и преданијата, д-р Стојан Ристески пишува за чудата на
свети Наум. Ги спомнува д-р Танас Вражиновски, д-р
Драги Стефанија, д-р Харалампие Поленаковиќ, Петко
Домазетовски и други.
Шестиот текст е на Владо Ѓорески – „Совреме-
ната ликовна уметност и свети Наум Охридски“,
со кој добиваме уште еден агол на гледање на ликот и
делото на свети Наум Охридски. Во него е спомната
Охридската иконописна школа и византиското иконо-
писно творештво преку кој се негува духовниот негов
лик претставен во сите фреско и ѕидни претстави на не-
говата светлина. Тука е спомната фреската од црквата
„Св. Ѓорѓи“, ремек-дело од крајот на IX век на островот
Свети Аил – грчкиот дел, а која како што вели авторот
„по смелите линии како да нè воведува во темата на не-
говото присуство во уметноста на XX и XXI век. Авто-
рот спомнува и за претставници на современото маке-
донско сликарство и уметност во кои е присутен ликот
на свети Наум. Неговиот лик е присутен во современа-
та скулптура, архитектура и применета уметност.
Овде е важно да се нагласи и напорот на раково-
дителот на овој проект и главен и одговорен уредник на
Зборникот, Ленче Андоновска, која во име на Устано-
вата успеала да повика научни работници и стручњаци
во својата област кои со своите разновидни текстови ќе
дадат една сеопфатна слика за животот и делото на све-
ти Наум, која, преку овој Зборник, е вредна да се пог-
ледне и многу да се научи не само за ликот и делото на
свети Наум, туку и за неговиот дух кој 11 (единаесет)
векови лебди над ова наше мало македонско подне-
бје и кој врежува голема вера и надеж во љубовта
кај сите нас.
БИБЛИОТЕКИТЕ ВО ЦРКВИТЕ И
МАНАСТИРИТЕ ВО ПРЕСПАНСКО-
ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН
Промотор
д-р Николче Вељановски (извадоци од рецензијата)
Книгата „Библиотеките во црквите и манасти-
рите во Преспанско-пелагонискиот регион“ од авто-
рите Анета Стефановска и Науме Ѓоргиевски, сора-
ботниците Илче Стојановски и Зоран Јанакиевски, е со
околу сто страници, луксузно издание, изработена во
24
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
колор и мал формат со дизајн на
каталог со тврд повез. Вреднос-
та на книгата е дотолку поголема
што во неа постои паралелен пре-
вод на англиски јазик. На прв по-
глед некој би помислил дека кни-
гата е доволно мала за темата која
ја обработува, но таа изобилува
со голем број на податоци и ко-
ристи веродостојни податоци од
веродостојни извори, што се гле-
да и од користената литература.
Постои податок дека во едно
мало парче благословена земја,
односно во Македонија постоеле
245 манастири од кои 90 биле ур-
нати. Црквите и манастирите во Македонија биле
главните жаришта каде се препишувале и ширеле не
само Климентовите творби туку сите други црковни
дела кои претставувале главна и единствена лектира
на македонскиот човек, сè до 19 век, кога се појавиле
делата на македонските преродбеници и просветители,
Co отворањето на првите цркви и манастири од страна
на Климент и Наум во Охрид, како и исполнувањето на
истите со оригинални и преведени дела, се поставија
основите на црковно-манастирските библиотеки во
Македонија. По смртта на Методија, настанале жестоки
прогони на Кирило-Методиевите ученици, меѓу кои
и Климент и Наум. Покрај заслугите што ги има Наум
за својата културно-просветна дејност, тој има огромна
заслуга и за изградбата на еден од најглавните мана-
стири во Македонија. Тоа е манастирот крај Охридско-
то Езеро, на изворите на реката Црн Дрим, посветен
на архангелите, особено на архангел Михаил. Според
првото житие на Наум, манастирот бил изграден во
900 година, според другото во 905 г. Овој манастир
уште во времето на Наум обилувал со богат фонд
на книги, а подоцна низ вековите станал вистинско
хранилиште на словенски книги и ракописи. Co
библиотеката на Климент, која се споменува во житие-
то на Теофилакт, од која еден дел Климент ја завештил
на својот манастир „Св. Пантелејмон“, а другиот дел
на Епископијата, започнала историјата на македонско-
то библиотекарско дело. И двајцата прогонети, под за-
крила на бугарскиот кнез Борис, Климент го започнува
Охридскиот книжевен центар, а Наум Преславскиот.
Секако дека библиотеките, како дел од црквите и
манастирите, трпеле влијание од власта под која во мо-
ментот била Македонија. Во книгата, покрај бугарска-
та, се споменува и византиската, српската и турската
власт. Сесловенските просветители Кирил и Методиј,
покрај првите словенски книги и писменоста, ни пода-
рија и преводи на богослужбени книги од грчки на сло-
венски јазик, кои претставуваат воедно и први словен-
ски книжни фондови што во текот на следните десет
векови се препишувале, дополнувале и проширувале од
разни словенски книжевници. Богатата книжевна тра-
диција на преспанскиот регион, заживеала особено во
времето на Самоиловата македонска држава од крајот
на X и почетокот на XI век.
Битолската област станала и раскрсница за
ширење на книжевните и духовните тенденции што
доаѓале од Света Гора, главно пре-
ку дистрибуцијата од Солун и Сер.
Во средновековниот период Бито-
ла била организирана на духовен и
просветен план преку своја епархија
којашто била раководена од Охрид-
ската архиепископија. Во нејзината
област се изградени бројни цркви и
манастири кои прераснале во актив-
ни скрипторски центри и во истите
се формирале богати библиотеки.
Заслабувањето на централната
византиска власт придонело да
дојде до будење на свеста за духовна
слобода и самостојност по двестего-
дишното економско и духовно ропство на македонскиот
народ. Како резултат на тоа доаѓа до засилена книжевна
дејност. Така, на пример, Болоњскиот псалтир напи-
шан во с. Рамне, Охридско, меѓу 1230-1243 година,
претставува извонредно книжевно остварување од тоа
време. Создадениот ракописен фонд бил богат. Според
некои истражувања се регистрирани 14 манастири из-
градени во Битола и Битолско низ целиот средновеко-
вен период: „Св. Ана“ кај Маловиште, „Св. Богоро-
дица“ во с. Трново, буковски манастир „Св. Преоб-
ражение“ над с. Буково, „Св. Дванаесет апостоли“,
драгошки манастир „Св. Илија“ во с. Драгош, ма-
настир Дуово, „Св. Ѓорѓи“ во с. Магарево, манастир
житоше „Св. Атанасие“ кај с. житоше, „Св. Јован
Крстител“ во с. Беранци, параловски манастир
„Св. Ѓорѓи“ во с. Паралово, „Св. Петка“ кај с. Ца-
пари, смилевски манастир „Св. Петар и Павле“ во
с. Смилево, манастир Стрежево „Св. Стефан“ во с.
Стрежево, „Св. Христофор“ над с. Крстоар и др.
Во книгата се спомнати имињата на Климент
и Наум Охридски, Гаврило Лесновски, Јоаким Кр-
човски, Кирил Пејчиновиќ, Партение Зографски,
Константин Брегалнички, Владислав Граматик,
Тилотеј, Јован и Лазар од Кратово, Висарион од Де-
бар итн., како писатели кои работеле во овие манасти-
ри.
Духовната просвета што ја наследиле Климент и
Наум од солунските браќа св.Кирил и Методиј, во Ма-
кедонија била одржувана околу 800 години од Охрид-
ската архиепископија. Континуитетот на таа просвета
не бил прекинат ни по укинувањето на оваа самостојна
црковна организација во 1767 година. Духовната про-
света и книжнина продолжила главно во манастирите
кои биле центри – жаришта на културно-просветната
дејност.
Една ваква синтеза на досегашните истражу-
вања за постоењето на библиотеките во црквите и мана-
стирите во Преспанско-пелагонискиот регион, во една
практична книга која лесно се чита, а притоа преведена
на англиски јазик, е пристоен репрезент на книжевната
традиција во црквите и манастирите во Македонија, во
земјата и светот. Книгата зборува за корените на маке-
донскиот јазик, за постоењето на македонскиот народ и
неговото натамошно опстојување. Библиотекарството
во Битола и Македонија денес се збогати со уште
едно ретко дело.
25
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
ЗБОРНИК ОД ПЕТТАТА
РОДНОКРАЈНА СРЕДБА 2010
Промотор
д-р Николче Вељановски, библиотекар-советник
По повод Петтата
роднокрајна средба на би-
толските писатели од Ма-
кедонија што се одржа на 4.
6.2010 година во 11 часот,
во Роднокрајната читална
на Библиотеката, се одржа
традиционалната Тркалез-
на маса, овојпат на тема:
„Мојот несекојдневен ори-
гинален лик“. Излагањата
на писателите: Димитар
Богдановски, проф. д-р
Благоја Брајановски, Петре
Димовски, д-р Цане Здрав-
ковски, Никола Кочовски, Панде Манојлов, Сања Муч-
кајева Видановска, Кире Неделковски, Ѓорѓи Прчков,
проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, Богоја Таневски, До-
бре Тодоровски, Весна Мундишевска Велјановска, Ми-
рјана Стојановска Палигора и Петко Шипинкаровски
(излагањата на писателите Владимир Костов и Христо
Петрески беа прочитани во нивно отсуство) влегуваат
во петтиот по ред Зборник. На 105 страници, во Збор-
никот се текстовите од излагањата на авторите и на
крајот од секој текст следува резиме на англиски јазик.
Секој писател си го насловуваше својот есеј
според зададената тема: „Мојот несекојдневен ориги-
нален лик“. „Чичко Крсте Наумовски“ од Димитар Бог-
дановски, „Во срцето на каменот“ од Петре Димовски,
„Мојот јунак само со себе“ од Цане Здравковски, „Ни-
чеовиот чекан“ од Владимир Костов, „За херојското
како ретка впечатливост на ликовите“ од Никола Кочов-
ски, „Ликата на еден град“ од Панде Манојлов, „Мојот
птицоврик“ од Весна Мундишевска Вељановска, „Бла-
же Конески е мојот несекојдневен лик“ од Кире Недел-
ковски, „Ниту огледалото можеше да го рефлектира
пооригинално“ од Ѓорѓи Прчков, „Зборот македонски
– политички есеј“ од Вера Стојчевска-Антиќ, „Несе-
којдневни ликови“ од Богоја Таневски, „Стожерниот
лик во моите дела“ од Добре Тодоровски, „Необичниот
ѕвер и јас – ликот“ од Мирјана Стојановска Палигора,
„Измешани врвулици на својата тековна заслада“ од
Петко Шипинкаровски итн.
Секој писател на свој начин го доживува својот
херој или својот замислен лик. Навистина вистинско
задоволство е да се читаат овие оригинални есеи од пе-
рото на авторот лично за себе, својата инспирација и
творештво, што е и целта на сите досегашни теми на
Тркалезната маса. Не е можно секогаш темата да „го
погоди авторот“, но кога ќе го погоди од него изле-
гуваат молњи. Зошто би го криел она што го мисли и
чувствува за својот главен јунак, особено ако чувството
се претвори во крик: „Напати остра, напати иронична
и саркастична, а истовремено исповедно нежна и ран-
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
лива, секогаш сум во мисловен напор да го досегнам,
да го дофатам реалното, иреалното, недопреното, не-
виденото, невидливото, овоземското, вонземското“ и
го завршува својот крик: Небото се слева со човекољу-
бивите, неповторливите, ослободените, безвремените -
сонцето е достижно само за оѕвездените.
Владимир Костов пред својата дилема: „Или,
ако сакаме фигуративно да го поставиме прашањето:
Дали, создавајќи го учителот како лик, авторот се
метаморфозирал како волк-самјак (степски волк)
или во единка од глутница, а можеби и во магаре,
како изразито плотно животно, според метаморфозите
на римскиот писател Аполеус, (II век пр. н.е. ) и со цел
да укаже на хедонизмот на своето време, карактеристи-
чен и за нашето време“.
Да се надеваме дека Роднокрајната средба ќе про-
должи и понатаму, со Зборник бр. 6. Ви благодарам на
истрајноста.
ПРОМОЦИЈА НА ИЗБРАНИТЕ ДЕЛА
НА ЃОРЃИ ПРЧКОВ
(17.11.2011 Роднокрајна читална)
Промотор д-р Николче Вељановски (извадок)
Јас како ро-
ден битолчанец,
во мојот литера-
турен опус, Бито-
ла ми има изле-
зено. Таа ми е и
мојата најголема
инспирација во
моите дела. Уште
како дете, пред
многу години, ми
останало во сеќа-
вање кога со бо-
сите нозе удирав
по калдрмата,
газев по правта,
прстите ми кр-
вавеа, јас по чи-
кмаците, тесните
улички растрчу-
вав, топката ја
бркав...
Денес, пред нас го имаме вториот избор на дела
во 8 томови од писателот Ѓорѓи Прчков, во кои се
сместени 10 романи и 5 раскази за деца и млади.
На почетокот ќе ги претставам нивните наслови.
Во првиот том на 553 страници e сместен романот
„Тримајка“. Предговорот е рецензијата на писате-
лот Владимир Костов, а на последните 44 страници
имаме додаток со досегашни рецензии за делата на
авторот. Понатаму следуваат: романот „До мудрос-
та и назад“ со 843 страници; романот „Последната
станица“ со 548 страници; романот „Нараквицата
е фрлена“ со 578 страници; во 5-тиот том се рома-
26
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ните „Новата Лела“, „Аманет“ со 519 (297 + 222)
страници; во 6-тиот том се романите „Патриоблаг“
и „Анаконди“ со 502 (255 + 247) страници; во 7-миот
том се романите „Корените“ и „Бравско око“ со 542
(315+227) страници; 8-миот том со 526 страници е
резервиран за деца и млади, со пет раскази: „Чудо-
творната машина“, „Староста или младоста“, „Ан-
гела и кукличе“, „Големиот учител“ и „животот на
тркала“. Прчков ќе рече: „Должност ни е да сведо-
чиме за Светлината за да се осветли секој човек што
доаѓа во светот“. Со оваа литература Ѓорѓи Прчков
и го започнува своето четиридецениско творештво.
Тој пишува за деца и млади на теми со морално-
психолошки ситуации. Секако дека како наставник
не го одминува педагошко-дидактичкиот аспект во
мерка која не му наштетува на неговото уметничко
изразување.
Но, сепак, авторот се наоѓа себе си како автор
во литературата за возрасни каде го опишува мен-
талитетот на современиот градски живот на би-
толчани, при што тие се колку плод на авторовата
имагинација исто толку и конкретни живи ликови
кои произлегуваат од неговиот незгаслив извор на
инспирација, небарем се има качено на некој воз
кој не може да запре додека авторот не испише не-
колку илјади страници. Ако за првите негови из-
брани дела од околу 5 000 страници, односно седум
томови на авторот му требаа триесет и пет години,
за овие втори избрани дела во осум томови, со над
4 200 страници му требаа само пет години. Само
писателите знаат колку е тоа тешко да се постигне,
а притоа авторот во својот творечки занес да не се
повторува. А тоа му појде од рака на Ѓорѓи Прчков.
Во една пригода ќе ми рече: „А бе, не знам од каде
ми навира таа инспирација на идеи и ликови, не мо-
жам да се запрам, само пишувам“.
Прчков си изнесува сопствено мислење како
треба да биде современата литература. Тој смета
дека треба да биде докрај отворена и чесна, со висти-
ната напред да чекори, да не застанува, одлика што
ја има и во вторите избрани дела, а за револтот на
авторот Костов ќе рече: „Го сфаќам дека времето во
кое живее, во кое и ги пишува неговите романи е тоа
кое го создало револтот во неговата душа и го издиг-
нало на ниво на лудило, кое за да не биде завршено
во установа си бара свој протокол. Тоа се заканува,
а Прчков деноноќно пишува, се растоварува, желе-
зото усвитено го става во ладна вода, го гледа како
чврчори и се лади... Но, спокоен, длабок и закрепну-
вачки сон да има не му успева, значи со пишувањето
сè уште не завршил. Ги обвинува ликовите за него-
виот немир, со нив спори, иако тие се само неговиот
одраз во огледалото...“.
Но, јас, сепак, ова незадоволство на авторот
го гледам како производ на неговата загриженост
светот да се базира врз правда и човештина која не
постои без вистината, а тоа не е ништо друго туку
раѓање на љубов.
Прчков не поштедува никого, не ги штеди ниту
главните ликови, ако се огрешиле во животот, не ги
штеди ниту пријателите, роднините, макар му се
и најблиски. Јазикот во делата му е литературен и
уметнички зачинет со пцовки, честопати и вулга-
рен. Чувствувам потреба да се изразувам со фрази во
форма на недолично однесување што ги говорат би-
толчани кога им е одземено правото сами да си одлу-
чуваат за сопствената судбина, макар тие фрази биле
вулгарни за читателите. Однапред им се извинувам, ги
молам да ми простат, зашто моите чувства се по-
силни од сè. Револтот во мене е силен, се крева до таа
мера, што, всушност, мерка нема.
Инспирација на Прчков е народот, тој ќе рече:
„Народот наш мудар и настрадан, пеел, прераска-
жувал, мудрувал...“. Во романот „До мудроста и на-
зад“, учителот му се обраќа на главниот јунак во
делото: „Герасимеее, на дваесеттата излезе убав, на
триесеттата силен, на четириесеттата богат, ама на
27
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
педесеттата мудар не излезе, до шеесет и некоја се
измачуваше, кон мудроста се стремеше, на крајот
ја најде... Мудроста на народот е во вистините што
ги кажувал, „значи лага кај нашиот народ, во на-
родните умотворби немало“, убеден е авторот. Во де-
нешното секојдневие кога не се обраќа внимание на
чесноста и на чистиот образ, во светот во кој живее-
ме каде не се знае за моралните норми, единствена-
та поткрепа на авторот се народните умотворби. Во
романот: „Нараквицата е фрлена“, Прчков гласно раз-
мислува: „Дојде едно време едно матно време, човек
да не знае на која страна да се одреди, да не знае
кој е во право, кој лаже, кој краде, кој е чесниот, кој
арамијата!? ... Јас, сепак, за секоја евентуална по-
тврда за точноста, валидноста на проценката што
самиот си ја направив дека навистина во прикаски-
те, легендите, песните и другите народни умотворби
лага нема, арамии нема, поткрепа побарав...“.
Во романот „Анаконди“ многу е веројатно дека
авторот се идентификува со главниот лик Јашмако
во моментот кога го завршува својот роман. Во збо-
ровите на Јашмако, јас лично, како што и погоре
го цитирав авторот, го препознавам занесот во пи-
шувањето на Прчков, „- Добро еве, токму сега, во
овој момент и пред тебе, романот го завршив, изле-
зе голем, змииште – анаконда, силно клука, ама и
многу околу вратот, околу половината препашува и
стравотно силно стега, усмртува – секогаш без ис-
клучок има земено да голта“. И покрај тоа што го
голта малку по малку здравјето на писателот, Прч-
ков е неуморлив, продолжува со пишување, „Слабо-
стите во општествениот живот, луѓето што зеле да
ги ползуваат живи ги голта, ама јас веднаш почну-
вам друг, зашто да седам неубаво ми е, умот само по
разни теми, идеи зел да ми шета, ниту јадам, ниту
вода пијам, значи да пишувам морам, оддишка на
душата да си дадам принуден излезено имам, зашто
револтот во мене има земено да се крева, Кирач со
страшна сила се крева...“.
Пораката на писателот Прчков до читателот
останува непроменета, таа е дадена во неговиот ро-
ман „Аманет“. Главниот лик во романот си го копа
сопствениот гроб, при што ни изгледа дека животот
е ветер и магла и се сведува на, како што обично се
вели, од дупка излеговме и на крајот во дупка влегу-
ваме. Но, сепак, лузните по душата и срцето што ни
остануваат како трага на живеењето кај секој пое-
динец на овој свет кога и да било, има своја смисла.
Токму затоа, Прчков, на почетокот од романот ја
пишува мислата: „Тој што не почитува аманет, не се
почитува себеси, значи не ги почитува и другите“.
Прчков остава видлива трага – белег на препо-
знавање кој секој оној кој барем една негова книга
прочитал, втората и секоја наредна ќе ја препознае
дека е од истиот автор Ѓорги Прчков. Тоа е новиот
пронајдок во литературата, во неговото пишување
специфичната испревртена синтакса, непроценли-
виот самостоен стил, а со него и уште поспецифич-
ното длабоко понирање во лавиринтите на сопстве-
ната душа, што е голема реткост кај македонските
писатели, себеси да се разоткрива пред читателот со
сите свои мани.
Ѓорѓи Прчков останува до крај во овој свој
стил, за себе, Битола и битолчани: „По сè изгледа
за Битола, за битолчани, ако сланата пред време
не ме собере, уште долго имам за пишување, зашто
инспирацијата што ми ја нуди Битола, битолчани,
крај нема. И навистина нема. Своите инспиратив-
ни текови ги наоѓам на една плодна почва наречена
Битола мој роден крај.
ПАТРОН ПРАЗНИК НА
БИБЛИОТЕКАТА
ПРОГРАМА ЗА ОДБЕЛЕжУВАЊЕ
НА 5.12.2011
Пред голем
број присутни све-
чено беа пуштени во
употреба надвореш-
ниот лед – монитор
за рекламирање на
услугите и актив-
ностите на Библио-
теката и нејзините
спонзори и надво-
решното осветлување на Установата, и двете донирани
од АД „ЕЛЕМ“ (Електрани на Македонија). Беа доде-
лени и благодарници за директорите на АД „ЕЛЕМ“,
министерката за култура г-ѓа Елизабета Канческа Ми-
левска и други.
На свеченото одбележување на 8 декември -
патронатот на Библиотеката, свое обраќање имаа г.
Науме Ѓоргиевски, директор на Библиотеката и г-ѓа
Анета Стефановска, која даде осврт кон авторите
на книгите. Најнапред ректорот на Универзитетот
28
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
во Битола, проф. д-р Златко жоглев, ја промовира-
ше книгата „Библиотеките на Универзитетот „Св.
Климент Охридски“ Битола“, а потоа даде осврт и
на книгата „Значајни личности - образование и нау-
ка“, четврта по ред од едицијата „Значајни личности“,
како втор промотор на книгата беше проф. д-р Борче
Ангелковски. Потоа следуваше промоција на книгата
„Повоени македонски писатели II дел“. Промотор
на книгата беше Благој Николов, библиотекар-сове-
тник. Книгата „Меѓународна соработка на НУ Уни-
верзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“
Битола“ и Зборникот „Шеста роднокрајна средба со
битолските писатели во Македонија“ ги промовира-
ше д-р Николче Велјановски, библиотекар-советник.
Како втор промотор на првата книга беше м-р Анита
Ангелеска. Во рамките на оваа програма во холот на
Библиотеката беше поставена изложба „НУУБ Св.
Климент Охридски (1945 - 2011)“. Изложбата беше
комбинирана од фотографии, извадоци и статии за Биб-
лиотеката објавени во периодичните публикации. Тек-
стовите и фотографиите беа каширани на картон.
КНИГАТА „БИБЛИОТЕКИТЕ НА
УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ
ОХРИДСКИ“
Промотор проф. д-р Златко Жоглев
„Кога ќе си замине од овој свет некој повозрасен,
искусен човек, тогаш исто како да изгорела некоја по-
голема библиотека со многу книги“, африканска пого-
ворка.
Потпалувачот на Александриската библиотека са-
кал да влезе во историјата, по што било, па макар и да
го паметат по лошо, затоа името нема да му го споме-
неме, но само ќе споменеме
дека направил огромно злос-
торство. Но, за среќа, покрај
таквите луѓе кои направиле
штета во минатото има луѓе
кои ја знаат важноста на кни-
гите и библиотеките и кои
прават сè за да ги промовира-
ат библиотеките како универ-
зални храмови... а книгите се
благодарни од своја страна
без разлика дали луѓето се
од различни раси, вери, нации, политички партии итн.,
несебично им го нудат богатството што го содржат во
себе.
Во книгата се претставени специјализираните
библиотеки на Универзитетот „Св. Климент Охрид-
ски“, Битола. За секоја библиотека во факултетите се
спомнува просторноста и бројот на книги и списанија.
Можеби некој ќе рече дека е лесно да се направи вакво
дело, но зошто досега никој не го направил. Еден муд-
рец сакајќи да му каже на својот ученик која е разлика-
та меѓу доброто и злото, му рекол: „Земи ги камењата
од оваа просторија и исфрли ги надвор“. Ученикот ги
зел и преку прозорец лесно ги исфрлил. Потоа учите-
лот му рекол: „Сега оди и донеси ги камењата горе“.
Ученикот се намачил, му требало и повеќе време да ги
донесе камењата горе. „Дали сега гледаш која е разли-
ката меѓу доброто и лошото дело? За доброто дело тре-
баше да се намачиш добро“. Значи, нема добро дело без
добро да се намачиме. Секогаш постојат разни начини
на напор на кој сме подложени за едно дело да ја види
светлината на денот. Не се работи само за напорот при
пишувањето, тука е и напорот да се изнајдат средства,
како и амбиција тоа дело да се заврши итн.
КНИГА „ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА
БИТОЛА - ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА“
Промотор проф. д-р Златко Жоглев
„Да се работи, да се заврши, да се објави“ е ми-
сла на Фарадеј. Човекот треба да работи напорно за да
се развива и така да се доближи што повеќе до Бога.
За ова е доволно да се прочита класичната студија на
Фридрих Енгелс, „Улогата на трудот за трансформа-
ција на човеколикиот мајмун во човек“. Бог шест дена
работел на создавањето на
светот и откако го завршил,
седмиот ден се одморил. Но,
за жал, многумина не работат
од страв да не згрешат. Но,
не е важно само да се работи
туку она што ќе се работи да
се заврши. Постои една инте-
ресна прикаска во која еден
патник одел покрај некоја
река и видел некој човек како
фаќа риби. „Господине каде е
патот за...“, само што посакал
29
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
да му одговори, тапата од јадицата почнала да мрда и
човекот се фокусирал само на јадицата. Ја извадил ри-
бата и после тоа му се обратил на патникот: „Повелете
господине, што сакавте да прашате“? Патникот клекнал
и го замолил: „Ве молам господине да прифатите да ми
бидете учител и да ме научите кога ќе започнам некоја
работа да ја завршам“.
.Важно е луѓето колку работи имаат започнато, но
вистински ги вреднуваме по тоа колку работи успешно
завршиле. Ова е особено важно во врска со пишување-
то и објавувањето. Затоа авторите на оваа монографија
заслужуваат големо признание. Искрена пофалба за
нивната идеја да ги регистрираат луѓето кои се поврза-
ни со Битола (живеат или живееле и работеле во Битола
и за Битола) и работеле во областа на општествените
науки и објавиле резултати од свои истражувања, во
форма на статии или книги. На сите научници творци
им се прави траен споменик и на најдобар начин им се
оддава признание за нивната макотрпна работа.
И покрај сите напори, за што поголема опфатност,
во ова издание на монографијата, веројатно ќе бидат
испуштени (секако, ненамерно) некои научници кои
веројатно заслужуваат да се најдат во оваа неа (според
критериумите кои настојувале доследно да ги следат
авторите на ова дело), но верувам дека во идното изда-
ние сигурно ќе си го најдат своето место.
На крајот по ред, но не и по своето значење, сакам
да ја изразам мојата лична благодарност како на авто-
рите така и на сите кои на кој било начин го дале својот
придонес за нејзиниот подобар квалитет.
Промотор проф. д-р Борче Ангелковски
Како што е
познато, оваа пуб-
ликација е четврта
по ред на издавачот
НУУБ „Св. Климент
Охридски“ - Битола
од едицијата Зна-
чајни личности за
Битола, почнувајќи
од првата општа
публикација издадена во 2007 година, во која беа опфа-
тени 161 личност, потоа специјалната публикација за
значајни личности од областа на писателската работа
(2008), во која беа опфатени 42 личности, специјална
публикација на значајни личности од областа на кул-
турата (2010), во која беа опфатени 119 личности. Еве
денес, пред нас е уште едно специјализирано издание
на значајни личности од областа на образованието и
науката со вкупно 86 опфатени личности. Ваквата пуб-
лицистичка дејност сигурно нема да престане, туку ќе
продолжи со опфат на личности од други области на
човековото дејствување.
Ниедна публикација од ваков вид во светот, па ни
кај нас, не може да биде сеопфатна и комплетна од раз-
ни причини и лимити: недостиг на парични средства
заради опасноста да се внимава на квантитетот, а да се
изгуби на квалитетот, немање прецизни и добро дефи-
нирани критериуми за избор, немање на доволни ин-
формации за поединци кои навистина заслужуваат да
бидат внесени во ваков вид на публикации итн. Јавниот
повик во средствата за јавно информирање воопшто не
беше успешен, бидејќи на истиот се јави само еден кан-
дидат, што е повеќе од малку. Користената база на по-
датоци со која располага Универзитетската библиотека
се покажа како недоволна, а временскиот рок притиска-
ше поради одобрените средства од Министерството за
култура, кои требаше да се употребат до определениот
датум со конкурсот. Одговорноста е, секако, авторска
и според тоа сите успеси и заслуги, но и критики за
одредени недостатоци паѓаат врз издавачот, односно
составувачите што треба храбро да се поднесе. Штета
е што издавачот уште на почетокот не се определил да
формира поширока редакција или да вклучи побројни
соработници од разни научни дисциплини кои се вк-
лучени во работа на разни нивоа на образование, што
најверојатно ќе се прифати како предлог за во иднина
при составување на нови публикации од ваков вид.
Управниот одбор на МНД им дозволи на составу-
вачите да ги користат биографските и библиографските
податоци од досиејата на селектираните членови со кои
располага Друштвото.
На крајот дозволете да им честитам на издавачот
НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, и на соста-
вувачите што направија вонредни напори оваа публи-
кација да види светло на денот, со моја лична желба и
молба, а верувам и ваша да продолжат со оваа макотр-
пна и, наизглед, неблагодарна работа врз нови публи-
кации.
РЕЦЕНЗИЈА КОН КНИГАТА
„МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
- БИТОЛА, од Анета Стефановска,
Науме Ѓоргиевски, Благој Николов и
Јоланда Бошевска
Промотор
д-р Николче Вељановски, библиотекар-советник
Самиот наслов на книгата „Mеѓународна соработ-
ка на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола од авто-
рите Анета Стефановска, Науме Ѓоргиевски, Благој Ни-
колов и Јоланда Бошевска ни асоцира на едно поголемо
значење и улога на една универзитетска библиотека не
само во рамки на државата туку и надвор од неа. Кни-
гата со скромни
средства е спон-
зорирана од Ми-
нистерството
за култура на
РМ. Таа има 149
страници со ко-
лор фотографии
внимателно од-
брани за да не ја
покријат содр-
30
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
жината, и е поделена
на неколку поглавја,
во формат по желба
на авторите. Исто
така, во вториот дел
е преводот на ан-
глиски јазик од Еми-
лија Стефановска.
Соработници се:
Зоран Јанакиевски,
Илче Стојановски и
Александар Крстев,
сите вработени во
Библиотеката.
Книгата има
предговор и пого-
вор и шест поглавја:
Меѓународна сора-
ботка со библиоте-
ки, COBISS – кон-
ференции, КНИИЦ
(Компјутерски, на-
учно-истражувачки и информативен центар), IFLA –
конференции, Соработка со амбасади и Меѓунароодна
соработка на БЗМ.
Во делот на Меѓународната соработка со биб-
лиотеки е прикажан значајниот придонес на авторите
Анета Стефановска, како пратеник во Парламентот на
РМ, и Науме Ѓоргиевски, како библиотекар-советник
и директор на Библиотеката во последните години, во
поглед на градењето на билатерална-културна соработ-
ка со повеќе европски земји: спомнати се дваесетина
библиотеки во европски градови во десет држави: Бу-
гарија, Албанија, Хрватска, Турција, Русија, Полска,
Чешка, Словачка, Холандија, Шпанија. Билатерални
договори за заемна библиотечна соработка Библиотека-
та потпиша со библиотеки и универзитетските библи-
отеки во: Софија (каде се направени изложби за битол-
ското и македонското културно наследство во Македон-
скиот културен центар, 2002, 2006, 2007, 2008 година)
и Пловдив (библиотека „Иван Вазов“ во 2009 година,
при што им беше возвратена нивната посета во иста-
та година), Корча (библиотека „Тими Митко“ во 2006
година, а ни возвратија со посета во истата година),
Сплит (повеќе посети од страна на нашата Библиотека
меѓу 2003 и 2006, како и 2008 година со поголема деле-
гација кога е отворена изложба од наша страна во биб-
лиотеката „Марко Марулиќ“ и беа подарени 300 книги,
а беше посетено и Друштвото за македонско-хрватско
пријателство во Сплит). Од Хрватска имавме две по-
сети од страна на писатели и уметници преку Матица-
та на иселениците во Сплит и Загреб во 2005 и 2008
година. Голема заслуга за овие средби има почесниот
конзул на Р. Хрватска во Битола, д-р Бранко Маретиќ,
Дубровник (посета на Универзитетска библиотека за
технички и биотехнички науки при Универзитетот во
Дубровник во 2010 година), Задар (посета на Градска-
та библиотека), Москва (библиотека „Ленин“ во 2009
година при враќањето е посетена и Градската библи-
отека во Братислава, Словачка), Прага (посета на На-
ционалната библиотека на Чешката Република во 2010
година), Едрење (посета на Централната библиотека
на Универзитетот во Тракија во 2010 година, при што
е потпишан договор за членство во Балканскиот сојуз
на библиотеки, притоа беше посетена и Универзитет-
ската библиотека во Истанбул. Исто така, двајца наши
претставници беа присутни на Симпозиумот на балкан-
ските библиотеки одржан кон крајот на истата година),
Вроцлав (посета на делегација од Долношлонската јав-
на библиотека „Тадеуш Микулски“ во 2008 година со
возвратена посета од наша страна истата година. Исто
така, еден наш претставник присуствува на Меѓународ-
ната конференција, односно на „Вроцлавски средби на
библиотекари со полско потекло“ во 2007, 2009 и 2011
година), Амстердам (посета на Централната универзи-
тетска библиотека во 2011 година), Барселона (посета
на Националната библиотека во 2011 година).
Карактеристично за сите овие посети е тоа што
секогаш имало по неколку наши претставници во деле-
гација, при што не само што се потпишувале договори
за заемна соработка, туку секогаш покрај гореспоме-
натите изложби, исто така, преку видеопроекции било
претставувано културното богатство на Р. Македонија,
претставуван е градот Битола и библиотеките во Бито-
ла. Во богатата илустрирана книга со фотографии во
колор можеме да ги видиме нивните средби со директо-
рите од националните и други библиотеки, честопати и
во присуство на амбасадори на РМ, градски челници и
ректори во посетените градови, како и во Здруженијата
на македонско пријателство со посочените земји. Ток-
му затоа во книгата не се земени предвид останатите
пократки и подолги престои и посети на наши библио-
текари во земјата и странство, вклучувајќи ги тука САД
и Канада.
Во делот на посета на COBISS - конференции да-
дени се посетите на претставници од нашата Библиоте-
ка во ИЗУМ, Марибор, во 2002, 2004, 2006, 2007, 2009
и 2011 година.
Вреден е да се спомене и Компјутерскиот науч-
но-истражувачки и информативен центар, познат како
КНИИЦ сместен во Библиотеката, донација на USAID
Macedonia, Louis Berger Group Incorporated, наменет за
корисниците на југозападниот регион на Македонија во
2002 година.
Во делот на посети на конференции на IFLA
(Меѓународна федерација на библиотечни асоцијации)
се спомнуваат посетите во Милано, Италија, Гетеборг,
Шведска и Сан Хуан, Порторико. Исто така, се споме-
нува и активноста на Библиотеката преку претседате-
лот на Библиотекарското здружение на Македонија со
посета на Хрватското библиотекарско друштво Загреб
на 70. јубилејно Годишно собрание на кое се присутни
сите претседатели на библиотекарски здруженија од
бившите ју- републики.
Средбите на нашите претставници во амбасадите
во Виена, Р. Австрија; Киев и Москва во Русија; Пра-
га и Хаг потврдуваат дека меѓубиблиотечните посети
на библиотекарите од НУ Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ - Битола, се на едно сериозно
ниво што заслужува внимание од пошироката јавност.
За посликовите прикажувања на активностите
при посетите на гореспоменатите европски библиоте-
31
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ки, конференции и семинари авторите Анета Стефа-
новска и Науме Ѓоргиевски изработија мултимедијално
ДВД со фотографии (додаток на книгата), во кое имаме
можност да го слушаме текстот на книгата на македон-
ски и на англиски јазик, преку кој уште еднаш може да
се види огромниот напор на авторите овие меѓународ-
ни активности на Библиотеката да не бидат заборавени.
Токму затоа книгата „Меѓубиблиотечна и
меѓународна соработка на НУУБ „Св. Климент Охрид-
ски“ - Битола“ од авторите Анета Стефановска, Науме
Ѓоргиевски, Благој Николов и Јоланда Бошевска со
превод на англиски јазик е едно мало големо богат-
ство кое произлезе од големиот придонес на авторите
во нивната библиотечна активност, секако, со голема
помош сите вработени во Библиотеката. Посебно е за
пофалба нивниот напор ова богатство да го претстават
пред јавноста. Ова дело ја покажува зрелоста на авто-
рите во нивната книжевната библиотечна продукција,
што е доказ за нивниот раст, како во поглед на идеите и
активностите така и во поглед на авторството.
ПОВОЕНИ МАКЕДОНСКИ
ПИСАТЕЛИ – ВТОР ДЕЛ
Промотор Благој Николов, библиотекар-советник
Вечерва имам
чест да претставам
уште едно издание
на Националната
установа Универ-
зитетска библиоте-
ка „Свети Климент
Охридски“ - Битола,
книгата „Повоените
македонски писате-
ли низ страниците на периодиката во Националната
установа Универзитетска библиотека „Свети Климент
Охридски“ - Битола, кн. II од составувачите Милка Ко-
тевска и Лидија Мирчевска. Оваа книга, претставува
продолжение на кн. I од истоимениот проект одобрен
и финансиран од Министерството за култура, промо-
вирана на Патронатот на Библиотеката во 2010 годи-
на. Првиот дел зборува за првата повоена македонска
генерација, која своето разновидно книжевно дело го
создавала во текот или веднаш по Народноослободи-
телната борба.
Ќе се обидам накратко да ви
ги презентирам нивните биогра-
фии пред да започнам со претста-
вувањето на публикацијата.
Милка Котевска дипломи-
рала во 1999 г. на Факултетот за
учители и воспитувачи, а во 2002
се стекнува со звањето магистер
по кадровски менаџмент. Во пе-
риодот од 2001 до 2007 учествува
во реализација на повеќе проек-
ти, едукатор е во „Life start“, ре-
гионален центар на УНИЦЕФ, соработник на консул-
тантот во Млекара ИМБ во изработка на стимулативен
систем на награди и плати. Во НУУБ „Св. Климент
Охридски“ - Битола, е вработена од 2008 година. Од
вработувањето во Библиотеката па до денес Котевска
се јавува како автор, уредник и соработник во изданија
на Библиотеката.
Лидија Мирчевска, исто така, вработена во НУУБ
„Св. Климент Охридски“ - Битола, од 1989 г. работи
во реонски библиотеки, потоа во Секторот зајмување
и услуга за возрасни, а од 2001 г. прераспоредена во
одделот каталогизација на периодични публикации.
Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје на
групата Историја на уметност со археологија. Во 2005
година се здобива со звањето виш библиотекар.
Автор е на публикацијата „Водич низ периодика-
та во НУУБ “Св. Климент Охридски” – Битола“.
Периодичните публикации претставуваат непре-
сушлив извор на информации од сите области на чове-
ковото творештво. Работејќи во одделот каталогизација
на сериски публикации Милка Котевска и Лидија Мир-
чевска дојдоа на идеја периодичниот материјал што го
поседува Библиотеката на поедноставен начин да го
доближат до читателите.
Вториот дел, односно публикацијата која е пред
нас, говори за авторите од втората и третата повоена
македонска генерација, кои своето разновидно книжев-
но дело започнале да го создаваат од втората половина
на педесеттите години до денес.
На 245 страници се застапени 25 писатели – поети,
раскажувачи, романсиери, драмски автори, критичари,
публицисти и писатели за деца, подредени азбучно и со
стегната био-библиографска изразита лексиконска оф-
орменост во поставката и определеноста, како и библи-
ографските единици кои содржат критички осврти за
нив, истражувани во периодич-
ните списанија со кои располага
нашата библиотека.
Библиографските едини-
ци за секој писател, поодделно,
се стручно обработени според
Меѓународниот стандарден биб-
лиографско-каталошки опис за
сериски публикации ISBN(с) и
содржат: наслов на статијата, ав-
тор, името на списанието, ISSN
број, година на излегувањето,
32
BIBLIOTE^EN TREND • Br. 31-32 • 2011
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
број и од која до која страница се наоѓа статијата во
списанието. Потоа следува регистар на наслови, регис-
тар на автори и предметен регистар.
На крајот од книгата составувачите се потрудија
да ја забележат користената литература од која се ко-
ристеле при составувањето на овој информативен при-
рачник.
Книгата „Повоените македонски писатели низ
страниците на периодиката во НУУБ „Св. Климент
Охридски“ - Битола“ II, претставува значаен инфор-
мативен прирачник што ќе им послужи на прво место
на средношколците и студентите, но во секој случај не
ќе можат да го заобиколат и книжевните истражувачи,
зошто носи релевантни био-библиографски податоци,
поодделно за секој автор.
ЗБОРНИК ОД ШЕСТАТА
РОДНОКРАЈНА СРЕДБА 2011
Промотор
д-р Николче Вељановски, библиотекар-советник
По повод Шестата роднокрајна средба на битол-
ските писатели од Македонија што се одржа на 23 мај
2011 година, во 11 часот во Роднокрајната читална на
Библиотеката се одржа традиционалната Тркалезна
маса, на тема: „Потребата од религиозен лик во мое-
то творештво“. Организатор и медијатор на Тркалез-
ната маса беше д-р Николче Вељановски. Излагањата
на писателите Димитар Богдановски, проф. д-р Бла-
гоја Брајановски, Петре Димовски, Никола Кочовски,
Панде Манојлов, Сања Мучкајева Видановска, Кире
Неделковски, Христо Петрески, Ѓорѓи Прчков, проф.
д-р Вера Стојчевска Антиќ, Богоја Таневски, Добре То-
доровски (излагањето на Владимир Костов го прочита
д-р Николче Вељановски во негово отсуство), влегоа во
овој шести по ред Зборник на 91 страница со посебно
резиме на англиски јазик после секое излагање.
Секој писател си го насловуваше својот есеј
според зададената тема. Како и секоја година, темата
за Тркалезната маса самата извира на површина и се
наметнува врз писателите. Поради специфичноста на
темата како организатор не сакав тоа
да биде тема која ќе ги подели автори-
те на теисти и атеисти, на религиозни
и суеверни. Токму затоа се решив за
насловот: „Потребата од религиозен
лик во моето творештво“. И овој пат
писателите одговорија на темата со
еден свој поглед карактеристичен или
својствен само на нив самите. И овој
пат од нив излезе на едно место во
еден здив, можеби и за нив самите из-
ненадувачка, инспирација од вербата,
верата која влева надеж, заштита, уте-
ха и спас од мачнотиите во животот.
Писателите го заземаат своето
место во Зборникот по азбучен ре-
дослед на нивните презимиња, но со оглед на темата,
излагањето на професорот Костов е ставено како прво,
а веднаш по него е еден мој текст кој не беше изложен
на Тркалезната маса како додаток – појаснување во
договор со Владимир Костов уште пред одржувањето
на средбата, насловено: „Владимир Костов за неговата
осаменост и христијанството“. Ќе спомнам уште некои
наслови: „Религиозни неверници“ на Димитар Богда-
новски, „Бог и македонијанството во мене“ од Панде
Манојлов, „Тажниот пес“ од Христо Петрески, „Во ве-
рата е вистината“ од Ѓорѓи Прчков и „Религијата како
традиција“ од д-р Вера Стојчевска-Антиќ.
Еве неколку извадоци од излагањата: Костов от-
ворено изјавува: „Потврдувам и повторувам дека це-
локупното мое творештво од 12 тома е проникнато со
идејата на христијанството, но во верзија која неговиот
главен протагонист во последниот мој роман „Писа-
ние за страшниот суд“, ќе го доведе во судир со некои
догматски ставови во неговото црковно практикување,
како и во судир со структури од официјалната полити-
ка, карактеристична за неговото време, за на крајот да
се доведе и во судир со самиот себе откога ќе увиди
дека неговите младешки погледи претрпеле крах“.
Панде Манојлов во својата длабока медитација
ќе изјави: „Честопати, пишувајќи ја песната, потсвесно
како да нуркам во мистиката, како да станувам другар
на отците на пустината или монах кој божјата благодет
ја доживува како молитвење низ стихот. Притоа, не сум
обземен со црквата и црковните прашања, зашто и мно-
гу не сум упатен во нив, туку со Бог во мене и Бог во
сите нас, во луѓето. Бог е мое лирско до-
живување во кое религиозното се споју-
ва со естетското или филозофски речено:
спој на Логосот со Убавината“.
Да се надеваме дека и понатаму ќе
се гледаме на Седмата роднокрајна сред-
ба. Им благодарам на писателите за нив-
ното учество на Тркалезната маса, токму
затоа и овој Зборник стана нивни Збор-
ник по шести пат.
Ви благодарам на вечерашното
присуство на сите.
Едно известување: Најновиот број
на Библиотечен тренд ќе излезе од печат
за десетина дена.