БИБЛИО ЕЧЕН РЕНД СПИСАНИЕ НА НАЦИОНАЛНАТА УСТАНОВА...

БИБЛИО ЕЧЕН
РЕНД


СПИСАНИЕ НА НАЦИОНАЛНАТА УСТАНОВА
УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА


„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА


бр. 57 / 2023 год.


ДНЕВНА СОБА НА ГРАДОТ - НОВ
ПРОСТОР ВО БИБЛИОТЕКАТА


ТРЕТ ФОРУМ НА
БИБЛИОТЕЧНАТА УНИЈА


БИБЛИОТЕКИТЕ ВО ПОДДРШКА
НА ЕВРОПСКАТА ГОДИНА НА
ВЕШТИНИ


ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ
СПРЕМА ПЕЧАТЕНИТЕ


18-ТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО
БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА,
ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И
ПРЕДАВАЊА


БЕСПЛАТНИ ВАУЧЕРИ ЗА СИТЕ
ПРВАЧИЊА


20 години
2003 - 2023




Библиотечни услуги Цена (ден.)
Членарина (оддел возрасни и детско) 200,оо
Членарина (пензионери и претшколска
возраст)


0,оо


Зајмување на библиотечна граѓа 10 дена 7,оо
Доцнење на библиотечна граѓа на ден 5,оо
I, II, III и IV опомена 30,оо
Изгубена членска карта 100,оо
Меѓубиблиотечно позајмување 50,оо
Резервација на книга 10,оо
Сала за промоции (мали сали) 1000,оо
Сала за промоции (I кат) 2000,оо
Сала за промоции (I кат) 2 часа 3000,оо
Сала за промоции (I кат) над 2 часа 4000,оо


НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА
„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА


тел: 047 220 515
тел/факс: 047/220-208


тел. зајмување: 047/232-999
ул. Пеце Матичевски 39


7000 Битола


Работно време:
од понеделник до петок
07:00 - 19:30


www.nuub.mk
e-mail: nuub@nuub.mk


41.02735, 21.33302




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 2023 3


СОДРЖИНА


Издавач
Национална установа


Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ - Битола


ул. Пеце Матичевски бр. 39


За издавачот
м-р Бојан Стефановски


Главен и одговорен уредник
Маријан Колевски


Издавачки совет:
Маријан Колевски


м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски
Марија Марковска


Редакција:
м-р Јелена Петровска


Лидија Мирчевска
м-р Фатма Бајрам - Аземовска


Лектура
Вера Марковска


Фотографии
Слободан Пачовски


Печатница
Графо Пром - Битола


Тираж
150 примероци


ISSN 1409-9497


Списанието е финансирано
од Министерството за Култура


на Р. С. Македонија


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ДНЕВНА СОБА НА ГРАДОТ - НОВ ПРОСТОР ВО
БИБЛИОТЕКАТА
м-р Јелена Петровска ...............................................................4
ПРОЕКТ ХОРТИКУЛТУРНИ БИБЛИОТЕКИ
м-р Јелена Петровска ...............................................................6
БИДИ СВОЈ – КРЕАТИВНИ ПРОГРАМИ ЗА СИТЕ
ВОЗРАСТИ
Маријан Колевски и
м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски ................................7
БИБЛИОТЕКИТЕ ВО ПОДДРШКА НА ЕВРОПСКАТА
ГОДИНА НА ВЕШТИНИ
м-р Фатма Бајрам Аземовска ...............................................8
ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ СПРЕМА
ПЕЧАТЕНИТЕ
Маријан Колевски .....................................................................10
ДЈЕЧИЈЕ ОДЈЕЉЕЊЕ ХЕРЦЕГНОВСКЕ БИБЛИОТЕКЕ
Јелена Ѓоновиќ ...........................................................................12
ЕКО ПРИЈАТЕЛСКА МОБИЛНОСТ .......................................14
23 СЕПТЕМВРИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА
ЗНАКОВНИОТ ЈАЗИК ................................................................16
КАКО ДО ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА НА
БИБЛИОТЕКИТЕ .........................................................................18
ТРЕТ СТРУЧЕН СОБИР НА ФАКУЛТЕТСКИ БИБЛИОТЕКИ
Ирена Колевска .........................................................................19
18-ТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ
м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски ..............................20
49 ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА БЗМ ......................................21


МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОТЕКАТА
ТРЕТ ФОРУМ НА БИБЛИОТЕЧНАТА УНИЈА
м-р Јелена Петровска ............................................................22
СТРУЧЕН СЕМИНАР СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО
м-р Јелена Петровска ............................................................24


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ,
ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
м-р Фатма Бајрам Аземовска и
м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски ..............................25
БЕСПЛАТНИ ВАУЧЕРИ ЗА СИТЕ ПРВАЧИЊА ..................28
НЕДЕЛА НА ЗАБРАНЕТИ КНИГИ ..........................................30
РЕГИОНАЛНА ЕПАЛЕ СРЕЕДБА ...........................................32




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 20234


04 септември 2023


Јавните библиотеки имаат важна
социјална функција во животот на секој човек.
Тие се безбедни места кои ги зближуваат
луѓето со различни интереси и возраст.
Современите библиотеки прераснаа во мулти-
функционални центри и нивните простории
освен книга и информација нудат програми за
квалитетно поминување на слободното време.
На 04 септември 2023 во НУУБ „Св.
Климент Охридски“ беше отворена Дневната
соба. Таа преставува нов мулти-функционален
простор за сите читатели, кој што на едно
место ги поврзува локалната заедница,
науката, културата и библиотеката.


Координаторот на Проектот,
програмски раководител м-р Јелена
Петровска со тимот на библиотекари го
осмислија просторот со подвижен мебел
и можности за различни библиотечни
содржини, како и елементи кои допринесуваат
за опкружување кое ќе ги мотивираат
корисниците од сите возрасти да го користат
просторот не само за барање на едукативни
и информативни содржини ,туку пред се и за
квалитетно користење на слободното време.
Виш библиотекар Милка Котевска заедно
со своите колеги се погрижија за соодветни
решенија и обележувањето на библиотечната
граѓа, како и за можности за креирање на


различни библиотечни содржини.
Дневната соба им овозможува
на читателите да го поминат времето во
Библиотеката во пријатен амбиент, сличен на
домашниот, опремен со книги, бестселери,
сликовници, странска популарна литература,
дневен печат, секаков вид на списанија,
стручна литература. Просторот е со слободен
интернет пристап, корисниците имаат
можност да добијат информации и предлози
за читање, помош при пребарување, можност
за друштвени игри. Но, и катче за изложби,
работилници, курсеви, закажување на средби
и фото сесии.
Дневната соба е отворена со поддрш-
ка на Министерството за култура, а на
свеченоста по повод пуштањето во употреба
присуствуваше и министерката Бисера
Костадиновска - Стојчевска.
„Промовираме нов библиотечен прос-
тор наменет за граѓаните, симболично
наречен Дневна соба. Битола добива место
каде младите, но и сите генерации можат да
се среќаваат, да учат, да го унапредуваат
знаењето и да стекнуваат нови пријатели.
Овој мултифункционален центар ќе понуди
програма за квалитетно поминување на
слободното време, литература за сечиј
вкус, можности за истражување, дружење и
социјална комуникација. Новиот библиотечен
простор во светот познат како “Commu-
nity hub” се отвора согласно заложбите на
светската организација на библиотеки
со голема и безрезервна поддршка на
Министерството за култура. Моја цел
е сите национални установи да бидат
целосно отворени и насочени кон граѓаните и
токму преку вакви катчиња секој да може да
почувствува дека е дома, односно во својата
дневна соба“, рече министерката за култура
Костадиновска - Стојчевска.
Директорот на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ м-р Бојан Стефановски истакна


ДНЕВНА СОБА НА ГРАДОТ
НОВ ПРОСТОР ВО БИБЛИОТЕКАТА




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 2023 5


дека Дневната соба е правена по тек на
современите библиотеки во светот.
„Во 21 век правото на корисникот
да ја види книгата е задолжително и овој
сон станува реалност со поддршката на
Министерството за култура. Драго ми е што
граѓаните на Битола и поширокиот регион ќе
имаат можност да дојдат, да поминат свое
време тука. Не само најмалите и младите,
туку и повозрасните, граѓаните од трето
доба, маргинализираните групи, лицата
со посебни потреби и др. Сите ќе имаат
можност да уживаат во оваа соба“, рече
директорот Стефановски.
Мирко Марковиќ, библиотекар
советник и раководител на мрежата на
хортикултурни библиотеки рече дека
повеќе не треба да патуваме низ светот за да
дознаеме што е современа библиотека, туку
доволно е да дојдеме во Битола.
„Отворањето на овој објект во библио-


теката е многу значаен за регионот. Тој
покажува дека не е значајно каде нешто се
случува, туку што се случува. Може да ни биде
светилник како понатаму. Не мора повеќе
да одиме во Америка и скандинавските
земји, само дојдете во Битола и видете како
најсовремените методи за комуникација на
локалната заедница, библиотеката, науката
и културата можат да се случат на едно
место. Ова е светлоста која води напред и
укажува дека науката, културата и животот
во локалната заедница мора секогаш да
бидат заедно“, рече библиотекарот Марковиќ.
На отворањето на Дневната соба при-
суствуваше и Јасмина Иванковиќ, директор
на Библиотеката „Димитрије Туцовиќ“ од
Лазревац, Србија. Таа ја истакна важноста
на мултифункционалните простори за
корисниците на библиотеките,но и интересен
податок за сличноста помеѓу лазаревачката
и битолската библиотека од минатото, што
двете се отворени во објекти кои некогаш
биле болници, па корисниците денес
кажуваат дека се родени во библиотека,
во истата онаа во која што сега читаат
книги. Библиотеката од Лазаревац е дел од
хортикултурна мрежа на библиотеки во која
членува и нашата библиотека, а од неодамна
е и носител на хортикултурна мрежа на
библиотеки во Македонија.


м-р Јелена Петровска
библиотекар советник - приограмски


раководител




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 20236


ПРОЕКТ ХОРТИКУЛТУРНИ
БИБЛИОТЕКИ


04 септември 2023


Националната установа – Универзи-
тетска библиотека „Св. Климент Охридски“
– Битола од 2017 година со поддршка од
Министерство за култура на Република
Северна Македонија во рамките на годишните
програми, активно учествува во промоцијата
на хортикултурните библиотеки. Иницијатор
на овој проект е Мирко С. Марковиќ,
консултант библиотекар и менаџер на
хортикултурната мрежа на библиотеки од Р.
Србија, која што во голема мера придонесува
за воведување на нови иновативни
библиотечни програми кои имаат голема
препознатливост и влијание во средината.


Хортикултурните библиотеки се
нов тренд во библиотечното работење,
поддржан од Интернационалната федерација
на библиотеки ИФЛА (International Feder-
ation of Library Association) и составен дел
на Агенда 2030 на Обединетите нации,
која што промовира програми за развој
на т.н. паметни градови посветени на
еколошки содржини. Инаку, хортикултурата
има долга традиција уште од времето на
Персија, а хортикултурните библиотеки се
специјализирани за зачувување и собирање
литература и материјали за растенијата.


Нивна цел е книгите од областа на ботаниката
и екологијата да ги направат достапни за оние
што истражуваат на овие теми, научници
и обични граѓани кои сакаат да читаат и
да користат стручни совети. Се работи
за исклучително креативни библиотечни
програми кои вклучуваат дигитален хербариум
и вклучување на образовните институции во
реализација на библиотечните програми.
Библиотеката од Битола во рамките
на реализација на проект Хортикултурни
библиотеки – развојна мрежа на хорти-
културни библиотеки во РСМ, ги покани
сите библиотеки од државата на заедничко
делување и формирање на хортикултурна
мрежа на библиотеки во РСМ.



На настанот свое излагање имаше
библиотекарот Мирко С. Марковиќ, кој што
зборуваше за можностите и новите иновативни
методи за развој на хортикултурните
библиотеки. Директорката од библиотека
„Димитрије Туцовиќ“ од Лазаревац посочи
примери на добрата практика од нивната
библиотека. Исто така беа разменети
искуства на библиотеките кои веќе работат
на хортикултурни содржини како што се
градските библиотеки од Радовиш, Скопје и
Пехчево, кои што поттикнаа создавање нови
идеи и решенија за реализација на нови
библиотечни програми.


Координатор на проектот
м-р Јелена Петровска, библиотекар советник


– програмски раководител




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 2023 7


Во рамките на проектот „Биди свој –
креативни програми за сите возрасти“, во
организација на библиотекарите Маријан
Колевски и Гордана Ѓоргиевска - Неделковски
се одржаа четири работилници од различен
тип на активности, наменети за различни
групи на граѓани:
На првата работилница насловена
како „Читање заради задоволство“,
во просториите на библиотеката беше
организирано поетско читање по повод
Денот на поезијата (21 март). На настанот
присуствуваа повозрасна група на граѓани кои
имаа можност да ги издвојат нивните омилени
стихови поезија и да ги презентираат пред
присутните гости.


Денот на поезијата е празник кој
е значаен не само за поетите, туку и за
читателите бидејќи овие креации живеат во
душата на секоја личност. Поезијата е одраз
на слободата, моќта на говорот и составен
дел од културата не секоја нација. Затоа со
овие активности ние правиме сè, за да ги
поттикнеме оние кои ја создаваат и негуваат
поезијата, бидејќи таа продира најдлабоко
во нашата душа и е наша заедничка културна
животна сила.
На 7 април во Детскиот оддел
на библиотеката беше одржана втората
работилница насловена „Како до убава
фотографија?“ На работилницата учествуваа
ученици од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ –
Битола, ООУ „Коле Канински“, СОУ Гимназија


„Јосип Броз Тито“ и претставници од
невладиниот сектор. Стручно предавање
одржа фоторепортерот Сашо Ристевски,
главен и одговорен уредник на порталот bito-
lanews, кој пред присутните гости откри дел од
своите техники кои што ни овозможуваат да
создадеме уникатна фотографија.


На предавањето беше истакната исто-
ријата на фотографијата во нашиот град,
нејзиниот развој како и денешната високо-
квалитетна технологија кој што овозможува
создавање на совршена фотографија.
На 13 мај, во соработка со школата
за ликовна уметност „Адамс Арт“ се одржа
третата работилница насловена како
„Ликовна уметност - сликање“. Оваа
работилница беше насочена кон сликањето
со различни техники, а темата на сликањето
беше „Книгата и детето“. Овие работилници
кои се дел од проектот „Биди свој!“ се
наменети за развивање на креативноста
на најмладите и нивно изразување преку
уметнички творби. Со тоа сакаме да ги
оттргнеме од секојдневните стресни ситуации
кои ги создаваат современите начини на
живеење и технологијата која што е длабоко
имплементирана во нивниот живот и од
најрана возраст. Да ги насочиме најмладите
да го исполнуваат нивното слободно време
со активности во кои ќе ги развиваат нивните
мисловни способности и идеи.
На 31 мај во просторијата на книжар-


БИДИ СВОЈ – КРЕАТИВНИ ПРОГРАМИ ЗА СИТЕ ВОЗРАСТИ




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 20238


ницата Book’s House, се одржа четвртата
и последна работилница насловена како
„Фиктивни - реални приказни“. Рабо-
тилницата беше спроведена во соработка со
членовите на Здружението на дијабетичари
од Битола и нивниот претседател Душанка
Атанасовска. Поттикнати од потребите и


проблемите кои тие како дијабетичари ги
имаат во нивниот живот и нивната борба
со оваа подмолна болест, ги охрабривме да
ги раскажат нивните реални приказни. Со
оваа активност пласиравме дел од слатко-
горчливите маки на дијабетичарите, а нивните
реалните приказни можат да претставуваат
совет и лекција за сите нас.


Со овие активности наменети за сите
категории на граѓани, ние дејствуваме на
развивање на нивната креативност, т.е. сло-
боден дух на изразување во секој домен на
културата. Нашите активности наидоа на
голем одзив кај јавноста кои поттикна интерес
и услови за наша понатамошна соработка.
На сите учесници во работилниците им
благодариме за својот придонес и се надеваме
на наши заеднички идни проекти.


Координатори на проектот, библиотекари:
Маријан Колевски и


м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски


БИБЛИОТЕКИТЕ ВО ПОДДРШКА НА
ЕВРОПСКАТА ГОДИНА НА ВЕШТИНИ


На своето годишно обраќање на 14
септември 2022 година, претседателот на
Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја
објави својата намера 2023 година да биде
прогласена за Европска година на вештини.
Европската година на вештини има цел да ја
забрза конкурентноста на работната сила,
да ги подобри можностите за инвестирање
во обука и усовршување за да се обезбеди
стекнување на работниците со бараните
вештини на пазарот на труд, вклучително
и дигиталните вештини. Според Еуростат,
моментално 37 % од возрасните во ЕУ следат
обуки на регуларна основа, а на многу од нив
им недостасуваат основни дигитални вештини.
Освен тоа, оваа иницијатива ќе се фокусира
врз активирање на повеќе жени, млади и
ранливи групи на пазарот на труд.
Библиотеките во 21 век се развиваат


за да ги задоволат променливите потреби
на нивните заедници во дигиталната ера.
Додека тие сè уште ги одржуваат своите
традиционални улоги како складишта на
знаење и центри за учење, библиотеките
ја прифатија исто така технологијата и ги
проширија своите услуги на различни начини.
Библиотеките играат клучна улога во
поддршката на целите на Европската година
на вештини преку обезбедување пристап до
информации, ресурси и можности за учење
и усовршување. Еве неколку начини на кои
библиотеките придонесуваат за подобрување
на вештините, вклучително и дигитални
вештини и поддршка на конкурентноста на
работната сила:
Пристап до информации и ресурси.
Библиотеките нудат широк спектар на книги,
е-книги, онлајн бази на податоци и други




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 2023 9


материјали поврзани со различни вештини
и предмети. Тие обезбедуваат вредно
складиште на знаење до кое поединците
можат да пристапат за да ги развијат своите
вештини, вклучително и дигитална писменост
и владеење со технологија.
Обука за дигитални вештини.
Библиотеките често нудат програми за обука
и работилници фокусирани на дигитални
вештини, како што се компјутерска писменост,
користење на интернет, софтверски
апликации, кодирање и многу повеќе. Овие
иницијативи им помагаат на поединците да ги
стекнат потребните дигитални компетенции
потребни на денешниот пазар на трудот.
Платформи за онлајн учење. Многу
библиотеки обезбедуваат пристап до онлајн
платформи за учење и ресурси за е-учење.
Академската заедница на Република Северна
Македонија и МЕБ имаат повторно пристап
до високоцитираните бази на EBSCO. Освен на
добро познатите бази овозможен е пристап
до најкомплетни научни бази Academic Search
COMPLETE, Business Source COMPLETE, новите
бази American Doctoral Dissertations, Psychol-
ogy and Behavioral Sciences Collection, како и
пробен период на eBook Academic Collection
Trial. Овие платформи нудат широк спектар
на курсеви и упатства, овозможувајќи им на
поединците да развијат нови вештини или
да ги надградат постоечките, вклучително и
дигитални вештини.
Простори за заедничко учење.
Библиотеките служат како центри на
заедницата, обезбедувајќи простори за
заедничко учење и споделување вештини.
Тие често организираат настани, состаноци
или клубови за кодирање каде што
поединците можат да се соберат за да научат
и практикуваат нови вештини. Овие простори
ги олеснуваат можностите за учење и
вмрежување меѓу колегите.
Иницијативи за дигитално вклучу-
вање. Библиотеките играат клучна улога
во премостувањето на дигиталниот јаз
преку обезбедување бесплатен пристап до
компјутери, интернет конекција и дигитални
уреди. Ова им овозможува на поединците кои


можеби немаат сопствена технологија или
пристап до интернет да стекнат и практикуваат
основни дигитални вештини.
Доживотно учење. Библиотеките
го промовираат концептот на доживотно
учење, охрабрувајќи ги поединците
постојано да стекнуваат нови вештини
и да се прилагодуваат на променливите
барања на пазарот на труд. Тие нудат
поддржувачка средина за поединци од сите
возрасти и потекла да продолжат со личен
и професионален развој, обезбедувајќи
квалификувана и конкурентна работна сила.
Партнерство и соработка. Библио-
теките соработуваат со локални образовни
институции, владини агенции, бизниси и
организации во заедницата за да ги поддржат
иницијативите за развој на вештини.
Со партнерство со засегнатите страни,
библиотеките можат да понудат сеопфатни
програми и ресурси кои се однесуваат на
специфичните празнини во вештините и се
усогласуваат со потребите на пазарот на
трудот.
Генерално, библиотеките служат како
инклузивни центри за учење кои обезбедуваат
пристап до информации, обука и ресурси за
поединците да ги стекнат и да ги подобрат
вештините потребни за конкурентна работна
сила. Преку нивните разновидни понуди
и ангажман во заедницата, библиотеките
значително придонесуваат за целите на
Европската година на вештини, вклучувајќи го
и развојот на дигиталните вештини.


м-р Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар
советник - раководител на оддел Развој на


библиотекарството, меѓународна соработка,
маркетинг и односи со јавноста




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 202310


Нашиот свет постојано се менува, а
неговиот развој е заснован врз основа на
целокупното знаење на човештвото. Библио-
теките имаат клучна улога во зачувување
и пренесување на знаењето кое што
претставува движечка сила на развојот на
општеството. Со постојаните промени во
нашиот свет и неговиот технолошки развој,
електронските информации стануваат сe
повеќе доминантни во современото општес-
тво. Паралелно со технолошкиот развој
се менуваат и библиотеките кои што се
прилагодуваат на постојаните промени.
Со експанзијата на електронска
револуција, библиотеките се обидуваат да
го пренесат седиштето на своето внимание
од збогатувањето на своите библиотечни
фондовите кон обезбедување на пристап до
информации. Тие се обидуваат да ги средат,
класифицираат и складираат сите податоци
на одделни сервери т.е. бази на податоци
преку кои тие меѓусебно се поврзуваат и
овозможуваат електронски пристап до бара-
телот на информацијата.



Масовноста на електронските медиуми
доведува да електронските информации се
наметнат се повеќе над печатените медиуми.
Тие се лесно достапни и практични, а
потребата од нив станува неопходна за брз


и непосреден пристап до информации. Без
оглед дали некој бара дело од некој автор
или податоци од некое истражување, сето тоа
станува сe повеќе достапно по електронски
пат. Заради тоа раширени се гледишта дека
поради полесниот пристап до електронските
информации, традиционалните хартиени
форми и библиотеките во кои се сместени сe
повеќе губат важност.
Заговорниците за целосен електронски
свет дури сугерираат дека сè може да биде
на интернет или на некој негов поголем и
побрз наследник. Во таков свет информациите
секако би биле веднаш и секогаш достапни,
така што ќе нема потреба од нивно локално
(традиционално) чување. На тој начин никој
нема да мора да трага низ сѐ што постои за да
одбере материјал кој е корисен и потребен
за одредени делови на популацијата. На
пример за деца на школска возраст сѐ што
ќе се внесе во глобалната база на податоци
ќе биде точно и ажурно, а пристапот ќе биде
многу поедноставен и лесен. Но сепак сето
тоа е сѐ уште далеку од стварноста и затоа
библиотеките се тие кои што и понатаму
треба да го складираат и чуваат целокупното
знаење, а тоа значи рамноправно да распо-
лагаат со печатените и електронски медиуми.

Според делото на Крафорд и Гор-
ман1 ова се некои од причините поради
кои библиотеките треба да располагаат со
електронски и печатени информации:
• Сѐ додека луѓето сакаат да читаат
од печатена страница, електронската
дистрибуција на печатот на барање ќе
биде еколошки и економски набљудувано и
катастрофална замена за користењето на
печатените фондови и традиционалното
издаваштво.


1 W. Crawford and Gorman, Future libraries: dreams,
madness and reality, American Library Association, 1995,
103.


ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ СПРЕМА ПЕЧАТЕНИТЕ




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 2023 11


• Трошоците за електронска дистрибу-
ција кои не содржат и трошоци за печатење
на секој долг текст кој треба да се прочита
се контрапродуктивни и претставуваат
параван за префрлање на тие трошоци
од институцијата на корисниците. Што
се однесува на библиотеките, со тоа се
занемарува традицијата на давање јавни
добра за бесплатно користење.
• Без силни јавни библиотеки и нивните
печатени фондови кои континуирано се
одржуваат, електронската дистрибуција ќе
предизвика дополнителни пречки на оние луѓе
кои веќе се на некој начин попречени.
Од друга страна пак масовноста
на електронски информации не значи
дека секогаш дека ја имаме вистинската
информација. Кога на глобалната интернет
мрежа правиме некое едноставно истра-
жување користејќи наједноставни фрази или
клучни зборови, секогаш надоаѓаме до голем
број на информации. Но едноставноста не е
исто што и ефикасноста од тоа истражување,
бидејќи голем број од нив нас воопшто не ни
се потребни.
Пример доколку на апликацијата
Google пребаруваме за поимот „здравје“,
резултатот од тоа пребарување се преку 13
милиони извори на електронски информации,
а доколку тоа го направиме на англиски
(health) тогаш ќе добиеме и преку 15
милијарди резултати. Иако сме преплавени
од информации во нашето пребарување,
главниот аргумент на противниците на
дигиталната плима е дека „повеќето содржини
на глобалната мрежа се обичен смет“,
аргумент кој подеднакво може да се однесува
и на многу печатени работи. Од сето тоа нам
всушност ни е потребно стручно проверување
и вреднување на тие безбројни информации
и изработка на водич за нивна селекција.
Иако се тоа задачи кои информационите
експерти ги обработуваат и уредуваат во
своите софтвери, многумина проценуваат
дека глобалната компјутерска мрежа со текот
на времето ќе ги надмине своите недостатоци,


а со тоа потребата од библиотеките ќе стане
излишна.
Но во секој период од историјата на
човештвото, библиотеките се докажаа како
најсигурно засолниште на целокупното зна-
ење, носејќи се со предизвиците од своето
време. Така и во 80-тите години од минатиот
век библиотеките реагираа на зголеменото
присуство и софистицираноста на аудио-
визуелните медиуми – кои сега се нарекуваат
мултимедиуми, филмски и звучни снимки кои
се користат за образовни цели – така што
потоа и нив ги вметнаа во своите фондови.
Тогаш како и сега библиотеките нудеа
информации, без оглед на нивната форма
и во секоја форма што им одговараше на
корисниците.2
Информациите во електронска
форма суштински и не се разликуваат
од информациите во другите форми, но
библиотеките се тие кои што мораат да
обезбедат организиран пристап до нив,
подеднакво како и информациите во печатена
или мултимедијална форма. Библиотеките
доколку сакаат да ја сочуваат својата
традиционална улога на пристапни места и
водичи низ базите со податоци, ќе мора и
понатаму да ги задоволат информациските,
образовните и рекреативните потреби на
своите корисници во било каква форма, а
таа мешавината од печатени и електронски
извори претставува совршен темел на совре-
мените хибридни библиотеки.


2 P. McNally, Multimedia information resources,
Macmillan, 1997.


Маријан Колевски, библиотекар




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 202312


развија активности установе у сусрет
потребама туриста, и оних најмлађих, али и
становника који радо прихватају програме
на отвореном попут Међународног сајма
Трг од књиге и вечери намијењеним дјеци
(гостовања познатих писаца и позоришна
представа), а планирају се и програми љетњег
читања. Најбројнији корисници Библиотеке
јесу дјеца и њима се, и у циљу стварања и
његовања будућих читалаца и корисника,
поклања највећа пажња те се и развој
библиотекара за дјецу креће у смјеру сталног
личног усавршавања, спровођењу нових идеја
и праћењу ове врсте рада с дјецом у свијету, а
Библиотека је посебно поносна на својеврсну
форму игроказа Мали новски књигољупци,
који изведен на Тргу од књиге и на Которском
фестивалу позоришта за дјецу прије неколико
година.


Наставно-образовном процесу у
Библиотеци поклања се нарочита пажња,
како би се изграђивао кључан однос
повјерења с библиотекаром који постаје
неизбјежна карика образовног ланца, с
већим одговорностима, у информацијском и
медијском описмењавању ,а незанемарљива
је и његова васпитна улога, те су за дјецу
као најзначајније кориснике осмишљени
програми у којима Библиотека има
обавезујућу сарадња с локалном заједницом,
а прописало их је Министарство просвјете
Црне Горе за све образовне установе, школе и
вртиће, током школске године. То су програми
који се стално разрађују и обогаћују: Имаш
право да знаш, Први пут у библиотеци, Часови
у библиотеци, Часови лектире у библиотеци,
Истраживачки пројекти у библиотеци, Мој
пријатељ библиотекар, Библиотека у посјети
школама/вртићу, Међушколска сарадња у
Библиотеци, Библиотека у посјети... Програм
Мој пријатељ библиотекар одвија се као
индивидуалан, предан рад библиотекара
с корисником. У оквиру програма Имаш
право да знаш и Први пут у библиотеци кроз


ДЈЕЧИЈЕ ОДЈЕЉЕЊЕ ХЕРЦЕГНОВСКЕ БИБЛИОТЕКЕ


Одјељење за дјецу и младе ЈУ Градска
библиотека и читаоница Херцег Нови ради
без издвојеног простора за дјецу већ дуги низ
година, са свега укупно осморо запослених, од
тога само је један дјечији библиотекар, Јелена
Ђоновић, мср српског језика и књижевности,
аутор и реализатор већине програма за дјецу
и младе и реализује преко 100 програма за
дјецу годишње (мимо ванредних ситуација,
нпр. ковид-19). То би значило да у Библиотеци,
која сарађује с бројним образовним,
културним и другим јавним установама и
појединцима у граду и држави, скоро сваког
трећег дана у години постоји садржај и
програм намијењен дјеци. Максимално
посвећена креативном раду с дјецом и
младима библиотекарка инвентивним
мултидисциплинарним методама гради
друштвени идентитет Библиотеке одржавајући
тако и њен имиџ, с идејом да с временом ти
програми постану и бренд туристичког града
Херцег Новог, наравно, када Библиотека буде
добила простор према задовољавајућим
стандардима и са одговарајућим мобилијаром
за смјештај цјелокупног Фонда књига за дјецу
у слободном приступу.


Налазећи се на једном од најљепших
тргова у Старом граду, на Белависти (итал.
‘лијеп поглед’), покрај Цркве Св. архангела
Михаила и Градске чесме, у аутентичној и
атрактивној згради, дјечији библиоткар




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 2023 13


за ученике ЈУ СМШ Иван Горан Ковачић
обиљежава се Свјетски дан књиге и ауторских
права – 23. април. Ови се конкурски реализују
на јединствен начин, увијек у исто заказано
вријеме и на једном мјесту, у школама или
у Библиотеци, и под шифрама, што даје
аутентичност и оригималност дјечијим
радовима, а и главни критеријуми приликом
оцјењивања.


Библиотекару новог доба, а нарочито
дјечјем библиотекару, библиотека није је-
дини извор информација. Придружујући
се концептима „доживотног учења“ и
„учења ван зидова библиотеке“, он се
на различитим нивоима образовања
користи дисперзивном наставом, у складу
са формалним и неформалним системом
образовања. Херцегновска библиотека шансе
за проширивање услуга и дјелатности види у
изграђивању културног идентитета града, Боке
Которске и Црне Горе на бројним отвореним
просторима у граду попут паркова или „руже
вјетрова“, степеништа, а најприје испред биста
и спомен-плоча значајних писаца због којих
Херцег Нови називају „градом писаца“.


Херцегновска библиотека препознат-
љива је по редовним програмима суботом
које рализује већ дуги низ година, у
прољећном циклусу, од јануара до јуна, и
јесењем, од октобра до децембра. Будући да
су конципирани као дио ране писмености у
породичним дружењима програмима могу
присуствоватии у њима учествовати, што


духовите игре стичу се основна знања у
вези с могућностима библиотека, бонотону
у библиотеци и понашању према књизи,
за млађе основце и предшколце. Старијим
основцима, средњошколцима и наставницима
представљају се библиотечке услуге, нпр.
Питај библиотекара, Међубиблиотечка
позајмица и 48 сати, као и информације које
могу пронаћи на сајту или Fb страници, и
обучавају се за претраживање у COBISS-у,
значајном за даље образовање. Током 2022. и
2023. започело се и са реализацијом програма
Библиотека у посјети... Библиотека је два пута
посјетила КСЦ Диано, најпопуларнији плесно-
балетски студио у Херцег Новом, с циљем
помоћи у припреми балетских кореографија
– Крцко Орашчић и Копелија, Е. Ф. Хофмана.
Програм Читамо заједно започет са ЈУ Дневни
центар за дјецу са сметњама и тешкоћама
у развоју Херцег Нови, прекинут почетком
пандемије ковид-19, свакако ће се обновити и
унаприједити. У краћем периоду за кориснике
65+ реализовао се програм Достава књига на
кућну адресу. Треба га проширити за дјецу са
сметњама у развоју, слијепу и слабовиду дјецу,
као и за другу дјецу са посебним потребама,
нарочито с обзиром на инфраструктуру у
граду и немогућност приласка Библиотеци
свој дјеци. Интезивираће се и дружење
између корисника старије и најмлађе доби
осмишљавањем заједничких сусрета, у
сарадњи с Клубом пензионера. Повремено се
организују посебни програми: Новогодишњи,
Светосавски (сарадња с православном
црквеном заједницом); Стрип радионица
(сарадња са Херцегновским стрип
фестивалом); Школа калиграфије (за дјецу и
одрасле, сарадња с Калиграфском школом
Дијак), као и бројна гостовања завичајних
и писаца за дјецу из региона током године,
а координацију свих програма, и помоћ у
реализацији, пружа дјечји библиотекар.
У оквиру обиљежавања Свјетског дана
књиге за дјецу – 2. априла, у протекле двије
године осмишљен је литерарни конкурс за
ученике основних школа Херцег Новог, а
традиционално, већ 14 година, Литерарним
конкурсом Отвори књигу, отвори свијет




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 202314


Упркос препрекама и непогодним условима
(ограничен број дјеце у читаоници, мањак
кадрова који раде с дјецом, неадаптираност
простора), дјечја знатижеља и воља да долазе
на суботње радионице стално расте, те су,
из године у годину, из суботе у суботу, ови
програми све популарнији у граду, а мјеста
увијек попуњена.


Јелена Ѓоновиќ
ЈУ Градска библиотека и читаоница


Херцег Нови - Р. Црна Гора


је врло пожељно, и одрасли (родитељи,
старатељи...). Сваке суботе у читаоници
Библиотеке (изузев љетњег и зимског
распуста) одржавају се програми Игром
до књиге (за дјецу од 5 до 8 година), од 10
сати и Читам, маштам, стварам... (за дјецу од
8 до 12 година), од 11 сати. Ови програми
познати су по истраживачком приступу
и усвајању знања на неконвенционалан
начин, а карактеришу их нове методе учења,
уз коришћење расположивих дигиталних,
видео и аудио средстава, и креативност и
мултидисциплинарност дјечјег библиотекара,
Јелене Ђоновић. На овим програмима
дјеца уче цијелим својим тијелом и свим
чулима, цртањем и важним шкрабањем,
кроз игре претварања и друге дјечје
игре. Осим по начину рада, издвајају и по
континуираном термину одржавања, изузев
када се настава одржава суботом, јер тада
Библиотека планира програме са школама,
прилагођавајући их наставним темама.


ЕКО ПРИЈАТЕЛСКА МОБИЛНОСТ


5 јуни 2023



По повод 5-ти јуни - Светскиот ден
на животната средина, НУУБ „Св. Климент
Охридски“ во соработка со Зоолошката
градина, Ротари клуб „Широк сокак“ и
Здружението за развој на ромската заедница
„Сумнал“ сите од Битола, организира настан
„Еко пријателска мобилност“. Учесници на
настанот беа ученици од основните училишта
„Ѓорѓи Сугарев“, „Даме Груев“ и „Трифун
Пановски“ – Битола кои возеа велосипеди
од спортската сала „Боро Чурлевски“ до
Зоолошката градина. Во Зоолошката градина
се одржа пригодна програма каде низ игра и
песна се прослави Светскиот ден на животната
средина. На настанот беа присутни и родители
кои го искажаа своето задоволство од целиот
проект.


На крајот од настанот директорот
на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – м-р
Бојан Стефановски, им додели наградите
на најдобрите учесници на изложбата и
благодарници за сите учесници на настанот.




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 2023 15


ИСТРАЖУВАЊЕ ВО РАМКИ
НА ПРОЕКТОТ „SASAS JEKH-


VAR JEKH – НЕКОГАШ... И
СЕГА“


31 август 2023


На оваа работилница беше спроведена
анкета преку која што сакавме да го
истражиме потеклото на ромските бајки и
да откриеме како тие влијаеле на културата
на ромскиот народ. Со оваа анкета која
што беше спроведена на дел од ромската
заедница, сакавме да откриеме сè што тие
знаат за потеклото на ромските бајки. Секое
прашање од спроведената анкета допринесе
на бројните мистерии кои ги има оваа нација
и даде целосна поддршка за зачувување на
ромскиот јазик и културното наследство.
Ромите имаат многу малку пишано
минато, а нивните приказни кои се
пренесуваат од генерација на генерација
се сè уште живи. Тие имаат значајна улога
во зачувувањето на ромската култура,
вредностите и моралните принципи на
ромскиот народ. Анкетираните граѓани,
експерти, наставници, познавачи на ромската
култура ни помогнаа во зачувувањето
на ромското културно наследство и
споделувањето на нивната мудрост.


Овој проектот е кофинансиран
од Европската комисија преку Еразмус +
програмата и координиран од германската
организација „Југендстил“.


СРЕДБИ ПОД ЈАВОРИТЕ –
ВИДЕО ПОДГОРЕЦ


6 јуни 2023


На 6 јуни во Струмица се одржа
литературна манифестација „Средби
под јаворите - Видое Подгорец" – 2023,
на која беше доделена наградата за
најдобар библиотекар „ПАВЛИНА ЦУНЕ-
ВА МАКАЗЛИЕВА" за 2023 година. На
манифестацијата беше одржано и еднодневно
советување на библиотекари на тема
„Библиотеката - темел на писменоста“
на кое се споделуваа добри практики во
библиотечната дејност“.


Претставник од НУУБ „Св. Климент
Охридски“- Битола беше библиотекарот
м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски која
се претстави со нејзиниот труд „Креативни
забавни работилници за поттикнување на
читањето на деца со попреченост“. Таа пред
присутните библиотекари ги презентираше
добрите практики кои се спроведуваат во
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола при
работењето на библиотекарите заедно со
лицата со попреченост.




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 202316


23 СЕПТЕМВРИ –
МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА


ЗНАКОВНИОТ ЈАЗИК
22 септември 2023


Во НУУБ „Св. Климент Охридски“
– Битола се одбележа 23 Септември –
Меѓународниот ден на знаковниот јазик со
учениците со оштетен слух од ОУРЦ „Кочо
Рацин” – Битола и ученици од трето одделение
од редовната настава во ООУ „Даме Груев“ –
Битола.
Во оваа работилница учениците
можеа да другаруваат и да научат како да
комуницираат со лица (деца) кои имаат
оштетен слух. Со помош на Сузана Станоевска
– презентер и Мери Нестороска – толкувач
на знаковен јазик сите заедно можевме да ја
научиме знаковната азбука со една и две раце
и неколку основни знаци за запознавање.


Учениците со оштетен слух од I до IX
одделение од ОУРЦ „Кочо Рацин” – Битола,
имаа можност да бидат учители и да им
покажат на учениците дека помеѓу нив не
постои разлика, дека преку мимики и со
помош на знаковниот јазик тие можат да ги
срушат сите бариери и заедно да другаруваат.
Библиотеката уште еднаш покажа дека
е топло катче каде сите можат да другаруваат.
Благодарност до тимот од ОУРЦ „Кочо Рацин”
– Битола, Ивана Карајанова – претседател на


библиотекарската секција, Сузана Станоевска
– презентер, Мери Нестороска – точкувач на
знаковен јазик, Лиле Христова – одделенски
раковидител на ученици со оштетен слух,
Кристина Трајчевска – педагог, Биљана
Дамчевска Бакиевска – директор на на ООУ
„Даме Груев“ – Битола, Катерина Митревска
- специјален едукатор и рехабилитатор,
учениците од III-в и наставниците Весна
Беровска и Христина Апостоловска.


АВСТРИСКИОТ
АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА


БИБЛИОТЕКАТА
23 септември 2023



Директорот на Националната установа
Универзитетска библиотека „Св. Климент
Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски,
оствари средба со австрискиот амбасадор,
Н.Е. м-р Мартин Памер, кој гостува во
Битола по повод отворањето на 44 издание
на ИФФК „Браќа Манаки“. Во неговата
Агенда меѓу другото беше и посетата на
Австриската библиотека која е во составен
дел на Национална установа Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола и
е единствена австриска библиотека во нашата
држава.




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 2023 17


Директорот Стефановски заедно
со д-р Валентина Илиева - раководител
на Австриската библиотека, го запознаа
амбасадорот м-р Мартин Памер за обемот и
видот на библиотечниот фонд на Австриската
библиотека и за заедничките активности:
бројните работилници со ученици кои
го изучуваат германски јазик во нашиот
град, семинари за проф. по германски
јазик, литературни читања и филмови.
Амбасадорот Памер ја разгледа библиотеката
и беше запознаен со начинот на работа на
библиотеката и нејзините тековни и развојни
планови.


На состанокот Фатма Бајрам Аземовска
- библиотекар советник, го информираше
Амбасадорот за проектните активности од
меѓународен и домашен вид. На состанокот се
разговараше и за можностите за соработка на
полето на културата и библиотечната дејност,
како и за доближување на културите на двата
народа преку меѓусебна размена на содржини
од областа на културното наследство. На
средбата исто така се разговараше за книгите
кои се донација од Австриската амбасада и
нивната улога во делот на популаризација
на австриската култура и јазик. Беа
посочени конструктивни идеи и мислења
во врска со организирање на активности
поврзани со запознавање на германскиот
јазик и австриската култура, уметност и
организирање на активности во интерес на
нашите читатели.


ДОНАЦИЈА НА КНИГИ ОД
ШВАЈЦАРСКА АМБАСАДА


25 септември 2023


Полиците на Библиотеката се збогатија
со нови наслови благодарение на донацијата
од Швајцарската амбасада. Од донираните
книги има бројни придобивки, како за
поединците така и за општеството во целина.
Еве неколку убедливи причини зошто треба да
се донираат книги:
• Се промовира писменоста
• Донирањето книги помага да се
зголеми пристапот до материјали за читање,
особено за оние кои можеби немаат средства
да купат книги
• Со донирање книги можете да придо-
несете за интелектуалниот раст и развој на
поединци, особено на децата и студентите.
• Пристапот до различни книги може
да инспирира љубов кон читањето, што е
од клучно значење за когнитивниот развој,
проширувањето на вокабуларот и вештините
за критичко размислување. Донираните книги
можат да ги запознаат луѓето со нови жанрови,
автори и идеи со кои инаку не би се сретнале.
• Донираните книги можат да до-
прат до недоволно опслужените или
маргинализирани заедници, обезбедувајќи им
пристап до информации, знаење и можности
за личен и професионален раст.
• Донираните книги може да помогнат
во зачувувањето на културното наследство
со тоа што значајните текстови и историски
документи ќе бидат достапни на пошироката
публика. Ова е особено важно за книгите кои
се раритетни.
• Донирањето книги на локални библи-
отеки или центри на заедницата го поттикнува
чувството на заедница и ја поттикнува
социјалната интеракција.
•Подарувањето книги поттикнува
култура на споделување и великодушност.
Тоа поставува пример за другите што треба
да го следат, создавајќи позитивен ефект на
бранување во заедницата.




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 202318


КАКО ДО ПОДОБРИ
УСЛОВИ ЗА РАБОТА НА


БИБЛИОТЕКИТЕ


27 септември 2023


Библиотекарското здружение
на Македонија оваа година ќе го
реализира проектот што е финансиран од
Министерството за култура на РСМ, а носи
наслов „Како до подобри услови за работа
на библиотеките и до подобра норматива
за вршење на библиотечната дејност“.
Соработниците на проектот Јелисавета
Костадинова и Наум Ѓоршовски, одржаа
средба во просториите на библиотеката
каде се разгледуваа прашалници кои
што вклучуваат прашања потребни
за пополнување на Светската мапа на
библиотеки (ИФЛА), прашања за реалните
услови за работа на библиотеката како и
прашања во поглед на законската регулатива.


По состаноците и спроведената
анализа, на 31 октомври во склоп на
годишното собрание на БЗМ ќе се одржи
средба каде што од собраните податоци
од прашалниците ќе се направи заедничка
анализа и дискусија за понатамошна
реализација на проектот.


СОСТАНОК СО МАКЕДОНСКО
ЗДРУЖЕНИЕ ОД ТРЕЛЕБОРГ


28 септември 2023


Директорот на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола, м-р Бојан Стефановски
оствари средба со членови од македонското
здружение „Пелистер“ од Трелеборг –
Шведска, односно Мариан Бошевски -
претседател и Александар Дамев – член на
управен одбор.
На средбата се разговараше за
заеднички активности, кои имаат за цел
зачувување на македонскиот јазик кај
нашите сограѓани кои живеат и работат во
Шведска. Исто така предмет на дискусија беше
начинот на збогатување на книжниот фонд на
библиотеката во Трелеборг.


Македонското друштво „Пелистер“
од Трелеборг постои 53 години, но фондот
на книги со кои располага е мал и застарен.
Зачувувањето на јазикот е од многу важно
значење за иднината на младите кои
ги напуштаат своите родни огништа од
различни причини. Затоа библиотеката
и здружението „Пелистер“ во иднина
планираат реализирање на различни
активности за зачувување и популаризација
на македонскиот јазик помеѓу македонските
доселеници во Шведска.




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 2023 19


ТРЕТ СТРУЧЕН СОБИР НА
ФАКУЛТЕТСКИ БИБЛИОТЕКИ


05 октомври 2023


Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ –
Битола во рамките на реализација на проекти
подржани од Министерство за култура на Р.
Северна Македонија се одржа Трет стручен
собир на Факултетски библиотеки на тема :
„Автоматизација на библиотечните процеси
како процес за подигање на студирањето
на Универзитетот „Св. Климент Охридски“
– Битола. Собирот со воведни излагања го
отвори директорот на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски.
На собирот со свои презентации се
претставија м-р Јелена Петровска, библиот-
екар советник - програмски раководител и
Ирена Колевска, библиотекар. Со нивното
излагање се поттикна темата за статусот на
факултетските библиотеки во рамките на
УКЛО, можноста за стекнување со стручни
звања и напредок во професионалната
кариера. Учесниците имаа дискусија по
однос на темите, можност да ги евалуираат
предавачите и да добијат сертификат за своето
присуство. Со овој собир на библиотекари
беа дадени предлози за стратегија за развој
на факултетските библиотеки како и тема за
следниот стручен собир.


Координатор на проектот:
Ирена Колевска, библиотекар


УЧИМЕ И ИСТРАЖУВАМЕ
ЗАЕДНО


09 октомври 2023


Ученици од билингвална паралелка на III-12 и
IV-11 од СОУ „Таки Даскало“ – Битола
заедно со професорката по англиски јазик
Анета Темелковска, одржаа час во склоп на
проектни активности на тема „Современа
музика во Велика Британија и САД“.
Учениците се запознаа со можностите за
користење на библиотечниот простор
(читални) во библиотеката за работа во групи
и реализација на проектни активности и
истражувачки постапки.


Програмскиот раководител м-р
Јелена Петровска одржа кратко предавање
за користење на библиотечните фондови,
истражување на релевантни податоци за
подготовка на семинарски и стручни трудови,
како и за начини на цитирање литература и
можности за позајмување на стручни книги од
другите библиотеки. Учениците имаа прилика
да се запознаат со новиот библиотечен
простор – Дневната соба на градот и да дадат
конкретни предлози за креирање на нови
библиотечни програми и организирање
на дебати, литературни клубови и други
активности.




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 202320


30 октомври 2023


На ден 30.10.2023 година
се одржа 18-тата Роднокрајна средба со
битолските писатели на која присуствуваа
писателите: Добре Тодоровски, Светлана
Папачек, Сања Видановска-Мучкајева,
Кире Неделковски, Златко Жоглев, Даниела
Андоновска-Трајковска, Весна Муднишевска-
Вељановска Мирјана Стојановска, Зоран
Пејковски, Петре Димовски, Биљана Димко,
Ванде Ганчевски и Илче Стојановски.
Средбата беше од отворен тип на која
покрај битолските писатели присуствуваа
и ученици од СОУ „Таки Даскало“ и „САБА“
– Битола. Средбата ја отвори директорот
на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола,
м-р Бојан Стефановски кој им се обрати
на присутните гости, потоа збор зеде
поранешниот координатор на средбата д-р
Николче Велјановски.
Координатор на проектот м-р Гордана
Ѓоргиевска-Неделковски за овогодишната
средба на тркалезната маса, ја постави темата
„Огледало на мојата душа“, поттикнувајќи ги
писателите да творат во нивен стил, во проза
или поезија. Присутните гости имаа можност
да слушнат творби од роднокрајни писатели
кои ги имаа избрано за овој настан.


На средбата пред писателите со
свои лични творби се претставија и дел од
учениците, млади поети на кои им значи
критиката и мислењето од повозрасните.


За крај се разви плодна дискусија на која
учениците имаа можност да се запознаат
подобро со роднокрајните автори, а
писателите на поставените прашања им
одговорија дека: од случките и спомените
кои ги доживуваат секој ден, тие ја црпат
мотивацијата, како и од читателите кои ги
читаат нивните дела.


Битола може да се пофали со голем број
писатели кои секојдневно ја претставуваат
нашата книжевност и нашиот град, не само во
Битола туку и надвор од државата.
Од оваа средба произлезе Зборникот
на излагања „18. Роднокрајна средба на
битолските писатели од Македонија“ кој
ќе биде промовиран по повод патрониот
празник на библиотеката.


Координатор на проектот:
м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски


18-ТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА СО БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ




БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 2023 21


07 ноември 2023


Во Центарот за конференции и студии
во НУ-НУБ Св. Климент Охридски” - Скопје, со
почеток во 10.30 часот се одржа редовното 49
Годишно Собрание на Библиотекарско здру-
жение на Македонија.
Темата за дискусии на оваа средба на
Собранието беше „Како до подобри услови во
библиотеките и до подобра норматива за
вршење на библиотечната дејност“.


Покрај иницијалното обраќање
на претседателката на Б3М, д-р Јана
Михајловска, свое обраќање имаше г.
Александар Марјановиќ од Фондацијата „Ѓорѓи
Марјановиќ“, претставник од „Инфокод“ и Наум
Ѓоршовски.






Според Агендата на Собранието
следуваа: Извештајот за работата на БЗМ,
како и избор на Комисијата за млади
библиотекари и изборот за домаќин на
„Млади библиотекари“. Потоа следуваа бројни
прашања од членовите како и дискусии за
нормативата на библиотечната дејност.


На самиот крај од 49 Годишното
собрание беа претставени и новите
членови на Библиотекарското здружение на
Македонија и тоа: библиотеката на Народна
банка на Република Северна Македонија
и библиотеката на Филолошкиот факултет
„Блаже Конески“ – Скопје, кои беа топло
поздравени од присутните.


49 ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА БЗМ




МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОTEKATA


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 202322


На покана од организаторот на
форумот - Јавна библиотека од Нанјинг (Кина),
од нашата држава учествуваа програмски
раководител на НУУБ „Св. Климент Охридски“
– Битола, м-р Јелена Петровска - библиотекар
советник, од Градската библиотека „Браќа
Миладиновци“ од Скопје, директор Снежана
Стојчевска и библиотекарот советник Ивона
Џаматовска - Јанкуловска.
Библиотеката од Битола беше
претставена со учество во два панели:
* Иновативните пристапи и значење
на роднокрајните фондови во промоцијата
на библиотеките како културни дести-
нации (Innovative approaches of the coolection
of regional fund in the promotion of the library
as a cultural destination)
* Помеѓу предизвиците и потребите
- Дневна соба на градот - Битола (Between
challenges and needs – Community hub Library
Bitola, North Macedonia)


Форумот во свечената атмосфера и со
многу видни гости од целиот регион на Кина
беше отворен со презентации за важноста
на библиотеката како „трет“ простор, како и
теми од областа на архитектонски современи
решенија и нови иновативни подвижни
библиотеки. Особено внимание е посветено


на темите поврзани со конзервација и
методите на заштита на старите ракописи,
како и претставувања на големи регионални
библиотеки. Меѓу бројните гости освен
библиотеки организатори, беа директорите на
Hebei Library,Shanxi Library, Jinling Library,Ning-
bo, Shandong Library, Qingdao Library, Wu-
han Library, Hefei City Library, Xiamen Library,
и многу други. Беа присутни и претседатели
на Здруженија на библиотекари од Кина,
како и директори од повеќе библиотеки од
југоисточна Европа.


На маргините на конференцијата се
одвиваа организирани изложби на стари
ракописи и книги, како и работилници на кои
се презентираа древни вештини и изработки
на печатени текстови и слики. Агендата на
културни посети и активности вклучуваше
посети на Претседателска палата, Нанјинг
библиотека, Нанјинг музеј,Др. Сун Јат-сен
Маузолеј и историско-културна поставка на
десет кинески династии.
Во рамките на Форумот програмскиот
раководител м-р Јелена Петровска оствари
работна средба со директорот на јавната
библиотека од Нанјинг, Чен Јун (Chen Jun).
Тие разговараа за најразлични прашања
од областа на библиотечното работење


ТРЕТ ФОРУМ НА БИБЛИОТЕЧНАТА УНИЈА


23 октомври 2023


Трет форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина
3rd China – CEEC CURATORS’ FORUM OF LIBRARIES UNION, Nanjing - China 2023




МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОTEKATA


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 2023 23


Во разговорот беше посочено дека
основањето на Унијата во Хангџу, покажа
дека библиотеките во цел свет освен својата
тековна работа, имаат и многу различни
креативни и иновативни програми кои се
од исклучителна важност за споделување
на добри практики и ширење на меѓусебна
соработка преку размена на библиотечни
материјали, заеднички проекти и воведување
на нови содржини. Средбата во Варшава,
како дел од активностите на Форумот, беше
и практичен пример за напредок на Унијата
преку организација на тренинзи од областа
на заштита на културното наследство и
старите ракописи, како и најновите сознанија
за чување на библиотечниот материјал и
воведување на поголема дигитализација.


Директорот и честита на нашата
држава за организација на вториот Форум
кој се одржа хибридно 2019 година во Скопје
во ГБ „Браќа Миладиновци “Скопје. И двете
страни изразија задоволство од прикажаните
презентации и можноста за поголема размена
на искуства.Учество на Форумот го подржаа
Министерство за култура на РСМ и НУУБ „Св.
Климент Охридски“ - Битола.


м-р Јелена Петровска
библиотекар советник - програмски


раководител


и значење на иницијативата за соработка
на земјите од југоисточна Европа и Кина.
Предизвиците со кои постојано се судруваат
библиотеките, промени предизвикани
со развојот на технологија и промена на
потребите на корисниците беа во фокусот
на разговорот. Иако неспоредливи по
просторни можности и техничка опременост,
библиотеките од Европа ни малку не
заостануваат со иновативни идеи во
пристапот кон корисниците, и токму форумот
е платформа за размена на нови идеи и
можности на добрите практики.


Домаќинот се заблагодари за
поддршката на Форумот од страна на
библиотекарите од нашата држава, кои
патуваа од далечни дестинации за да можат
да ги презентираат своите библиотечни
програми во Кина. Генералниот секретар на
Форумот Алиби Јо изрази своето задоволство
за учеството на нашата библиотека во два
панели со актуелни теми од библиотечната
пракса и изрази желба во иднина да ја посети
нашата земја, вклучително и библиотеката.
Во рамките на Форумот беше
остварена средба со генералниот секретар
на Библиотечната унија кој ја извршува и
функција на директор на Јавната библиотека
од Хангџу, Лиу Донг. Тој го истакна неговото
задоволство од потпишувањето на
меморандумот за соработка кој што беше
потпишан во 2017 год. од страна на НУУБ
„Св. Климент Охридски“ - Битола во име на
македонските библиотеки учесници.




МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОTEKATA


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 202324


и презентации на еминенстни стручњаци од
овие области.
Последниот ден на Семинарот
учесниците имаа можност да самостојно
креираат QR кодови, а организиран е и ткн.
„саем на идеи“ применливи во секојдневната
работа.


Посетени се и повеќе културни
дестинации, назначени како „not a conference“
во Моравци, Ба, Диќи, Бојковци во соработка
со Музејот Таково и невладини организации.
На Семинарот е промовирана и стручна
книга од библиотекар Велентина Поповиќ „
Дигитални алатки“.
Семинарот вклучува единствен баланс
на академското и практично ниво од овие
области.


м-р Јелена Петровска
библиотекар советник - програмски


раководител


30.5 – 1.6.2023. Љиг (Бања Врујци) Р. Србија


Тренинг центар „ИнтернетКлуб“ –
Србија организираше тридневен стручен
семинар со меѓународно учество на повеќе
библиотекари од регионо. Семинарот е
акредитован од Народна библиотека на
Србија и стручно воден од библиотекар
советник и организатор на Семинарот Мирко
С. Марковиќ.
Темата на Семинарот „Културните
содржини, нематеријални културни добра
и улога на библиотеките во функцијата на
културниот туризам“ кореспондираше со
значењето на родкнокрајните збирки за развој
на културниот туризам и препознатливост на
програмите значајни за локалната заедница.
Посебен сегмент е запознавањето со
методите на работа на современите
туристички организации и можностите
кои традиционалните и новите туристички
манифестации ги даваат за изведување на
новите програми во партнерски однос со
библиотеките. .
Учесниците имаа можноста да се
запознаат со достапните форми на ИКТ
кому-никација во реалното опкружување на
библиотечната активност преку ткн. мапирање
на дигитални комуникациски канали и
содржина со QR код.
Со користење на мобилните апликации
се повеќе библиотеките стануваат вид
платформи за барање на сите видови
информации поврзани со едукација на
нејзините корисници, со цел квалитетно
користење на слободното време.
Семинарот користеше видео линкови на
скарт дисплеима од новата генерација, како


СТРУЧЕН СЕМИНАР СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО


„КУЛТУРНИ СОДРЖИНИ, НАМАТЕРИЈАЛНА КУЛТУРНА ДОБРА
И УЛОГА НА БИБЛИОТЕКИТЕ ВО ФУНКЦИЈА НА КУЛТУРНИОТ


ТУРИЗАМ“




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 2023 25


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


ЧИТАЊЕТО КАКО СОНУВАЊЕ
СО ОТВОРЕНИ ОЧИ


31 мај 2023


Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ –
Битола се реализира шестата и последна
работилница од проектот „Креативни забавни
работилници за поттикнување на читањето
на деца со попреченост“, кој е поддржан од
Министерството за култура на Република
Северна Македонија.
На оваа работилници ученици од
ДЦУРО „Св. Наум Охридски“ – Скопје со
дисперзирана паралелка во Битола заедно
со професорката по теоретски графички
предмети и практична настава Елена
Чукалеска заедно со библиотекарите
подготвија постер со прекрасна мисла за


читањето „Читањето е како сонување со
отворени очи“. Начинот на изработка се
одвиваше со многу интересна техника на
виткање на мали долги ливчиња, со кои потоа
се украсуваа буквите.
Теа, една од учесничките во проектот
ни приреди прекрасно изненадување. Таа
ни прочита прекрасна песна, а потоа ни ја
развесели работилница пеејќи ни многу песни
кои нејзе и се омилени.


Со активностите од оваа работилница
го завршивме реализирањето проектот
„Креативни забавни работилници за
поттикнување на читањето на деца со
попреченост“ одобрен од Министерството
за култура за 2023 година. Но соработката со
овие ученици продолжува и понатаму, а дел
од нив ги испративме како матуранти и им
посакавме во најскоро време да се вработат
по нивната струката како графичари.


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И
ПРЕДАВАЊА


м-р Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар
советник - раководител на оддел Развој на


библиотекарството, меѓународна соработка,
маркетинг и односи со јавноста



м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски,


библиотекар




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 202326


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


ЧИТАЊЕ НА ГЕРМАНСКИ И
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК


01 јуни 2023


Во библиотеката беше организирано
читање на сказни од браќата Грим на
германски и македонски јазик. На настанот
учествуваа учениците од германската секција
при ОУ „Даме Груев“ – Битола со наставничката
Данијела Босилковска.





Учениците ја читаа биографијата на
браќата Грим и ги читаа сказните „Frau Holle“
(Фортуна) и „Der Froschkönig” (Принцот жаба).
Потоа учениците заедно со библиотекарката
Ирена Колевска ја посетија австриската
библиотека која е во рамките на НУУБ „Св.
Климент Охридски“ и имаа можност да видат
со кои наслови располага истата.


ДРУЖЕЊЕ ЗА ЛЕТЕН РАСПУСТ


9 јуни 2023


Учебната година ја завршивме со
учениците од второ одделение од ООУ „Елпида
Караманди“ и „Тодор Ангелевски“ – Битола
кои ја посетија библиотека заедно со нивните
наставници. Учениците имаа можност да ја
запознаат библиотеката и нејзините оддели,
да го разгледаат музејот, магацините со книги,
детската билбиотека и нејзините читални.
Библиотекарите ги запознаа учениците со
нивната работа и најискрено им одговараа
на нивните љубопитни прашања. На крај им
посакавме да имаат убав летен распуст и да
ги поминат летните денови дружејќи се со
книгите и лектирите наменети за нив.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 2023 27


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


ИТАЛИЈАНСКАТА ПРИКАЗНА
ЗА МАГДОНОВЧЕ


13 јули 2023


Летните горештини ги минуваме
дружејќи се со книгите и волшебните
приказни кои се кријат во нив. Овој пат на
гости им бевме на децата од Едукативниот
центар „Малиот принц“. Тие не пречекаа со
нивната топла насмевка и желба да научат
нешто ново.



Денот го поминавме со италијанската
приказна „Магдоновче“, извадок од книгата
за деца „Најубавите приказни за принцези
од целиот свет“. Откако ја слушнаа магичната
приказна за Магдоновче, принцезата со
зелена коса, децата имаа задача да ја нацртаат.
А потоа ние имавме можност да слушнеме
други приказни за принцези кои што децата ни
ги прочитаа, бидејќи тие сакаа да ни покажат
дека научиле да читаат и дека многу сакаат да
читаат.


РАБОТИЛНИЦА СО „SMART
HEAD“


03 јули 2023


На 3 јули се празнува големиот празник
Св. Наум Охридски. Тој бил најмалиот ученик
на сесловенските просветители Кирил и
Методиј и верен соработник на Св. Климент
Охридски со кој заедно работат во Охридската
книжевна школа. По тој повод оваа
работилница му ја посветивме на овој учител.
Учениците на работилница имаа
можност да видат дел од најстарите книги
поставени во музејот на библиотеката, да
научат се развојот на библиотекарството низ
годините како и за целокупната збирка со
која располага денес нашата библиотека. За
крај библиотекарката им прочита една кратка
сликовница „ А зошто?“ од Бистра Георгиева и
Катерина Николовска.


А зошто?
Затоа што во летните денови треба дел од
времето да го поминеме во читање.
А зошто?
Затоа што пола час до еден час на дел е
доволно да другаруваме со книгата.
А зошто?
Затоа што книгите содржат волшепства кои
чекаат да бидат откриени.
А зошто?
Затоа што со книгата е забавно да се
другарува и во лето, а ние тоа го докажавме
на работилницата со децата од Едукативниот
центар „ Smart Head“.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 202328


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


РАБОТНА СРЕДБА СО
ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ЖЕНИ


ОД БИТОЛА


17 јули 2023


Години наназад нашата библиотека
соработува со Организацијата на жени
од Општина Битола, преку најразлични
активности. Денес имавме уште една работна
средба со нив. Ниту пеколните горештини не
ги спречија да бидат дел од овој настан и да
споделат со нас што тие читаат во слободното
време. Од најновите романи до весници, беа
дел од нивните одговори. Многу пријатни
разговори и размена на искуства течеа за
време на состанокот, а се разговараше и за
идни заеднички проекти.


ИЗЛОЖБА НА КНИГИ
ПО ПОВОД ДЕНОТ НА


ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ


БЕСПЛАТНИ ВАУЧЕРИ ЗА
СИТЕ ПРВАЧИЊА


01 септември 2023


Национална установа – Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
и оваа година продолжи со својата кампања
„ВАУЧЕР ЗА СИТЕ ПРВАЧИЊА“, со која што на
првачињата запишани во учебната 2023/2024
година им се овозможи да добијат бесплатна
членарина во библиотеката.


Најпрво ги изненадивме најмалите
ученици од ООУ „Гоце Делчев“, на кои
директорот на библиотеката м-р Бојан
Стефановски лично им ги подели ваучерите и
им посака среќен и успешен почеток.


Во наредните денови следеше посета
на првачињата од ООУ „Даме Груев“, ООУ „Св.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 2023 29


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


Климент Охридски“, ООУ „Св. Кирил и Методиј“,
ООУ „Елпида Караманди“, ООУ „Стив Наумов“,
ООУ „Д-р Трифун Пановски“, ООУ „Ѓорѓи
Сугарев“, ООУ „Коле Канински“ и ООУ „Тодор
Ангелевски“ сите од Битола, каде исто така беа
доделени ваучери.



Со оваа кампања вкупно беа доделени
околу 800 ваучери, со кои на најмалите
ученици им се пружи можност да ја запознаат
библиотеката. Нивната насмевка зборуваше
за тоа колку се тие среќни и желни за знаење,
а нашата желба е тие да станат наши верни
читатели.


Благодарност на сите раководни лица
во основните училишта кои ни дозволија да
бидеме дел од првите училишни денови на
најмалите ученици и заедно да ја споделиме
нивната радост.


МУДРОСТИТЕ НА СТРАНИЦИТЕ
НА Д-Р ЗОРАН КРСТЕВСКИ


23 септември 2023


Пред преполната сала во НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола за нашите верни
читатели, предавање одржа проф. д-р Зоран
Крстевски кој зборуваше за мудростите
кои стојат на страниците на неговите книги
„Излез од криза“ и „ Исцелување на душата“.
За него Битола претставува град со висока
културолошка вредност кој е полн со
прекрасни луѓе, со кои може интелектуално да
се другарува.
Професорот Крстевски е познатиот
астролог, писател и филозоф кој досега има
објавено 10 книги со различна тематика како
што е филозофијата, етиката, астрологијата
итн.


Пред присутните тој зборуваше за тоа
како да го пронајдеме мирот, како можеме да
си ја исцелиме душата и како да се справиме
со кризните моменти. Тој рече „Секој човек
е предодреден за нешто. Тоа го носиме во
нашите гени, добро и лошо се тука, само
ние одлучуваме што ќе одбереме и каде ќе го
насочиме целото наше знаење.“
„Треба да бидеме храбри, решителни и
настојчиви бидејќи суштината на животот
не е во избегнувањето на падовите, туку во
стремежот да учиме од грешките – тие го
јакнат духот и го трасираат патот што




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 202330


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


води кон победите“, извадок од книгата „Излез
од криза“
„Поуката е да не се грижиме премногу
поради поразите во минатото и неизвесната
иднина, туку да го јакнеме духот и насочиме
кон единствената работа која навистина
ја имаме- сегашноста“ извадок од книгата
„Заштита од злото и негативните вибрации“
Неговите книги се полни со совети и
мисли во кој секој еден може да се пронајде
и да пронајде поттик како да излезе од
настаната криза. Вербата во небесниот бог и
астрологијата е она од каде што професорот
д-р Зоран Крстевски ја црпи својата енергија
и истата се труди ја пренеси онаму каде што
им е потребна. Секој од нас треба да знае
дека во книгите се кријат вековните мудрости,
затоа на крај на присутните нашиот гостин им
порача да читаат книги. Библиотерапија е една
од најдобрите. Затоа наши драги читатели
ние се потрудивме неговите книги да бидат
достапни и во нашата библиотека.
Овој настан е дел од проектот
„Културни манифестации“ кој е поддржан
од Министерството за култура на Република
Северна Македонија.


Координатори на проектот:
докторанд Фатма Бајрам Аземовска,


библиотекар советник и
м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски,


библиотекар


НЕДЕЛА НА ЗАБРАНЕТИ
КНИГИ


Во периодот 01-07 октомври 2023 год.,
во холот на библиотеката беше поставена
изложба на книги кои што биле забранети во
минатото на некои земји.
Неделата на забранети книги се
одбележува ширум светот, а за прв пат се
одржува во САД уште во 1982 година под
мотото „Learn, not burn!“. Забранувањето и
палењето книги не е новост. Тоа се случувало
од постоењето на пишаниот збор. Низ
историјата секогаш имало книги кои ги
раздрмале општествените норми и правила,
критикувајќи ја лицемерноста и двојните
стандарди во општеството. Некои директно
напаѓаат одредени општествени и политички
системи, а некои едноставно ни покажуваат
дел од суровата стварност за која не сме така
добро запознаени. Поради овие причини
многу книги биле забранети, а некои се уште
недостапни за читателската публика.
Векови наназад се палеле книги, се
уништувале библиотеки, а таа пропаганда
продолжува и до ден денес. Од сумерските
глинени плочки, египетскиот папирус, преку
Гутенберговата печатница, книгата поминала
низ долг развоен процес на обликување,
употреба, но и уништување и забрани. Факт
е дека книгите ќе постојат се додека некој ги
чита или пишува. Забранетите книги се оние
кои одредена категорија на луѓе ги смета за
несоодветни и сакаат истите да се тргнат од




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 2023 31


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


полиците на библиотеките, книжарите и
училиштата или да се уништат.
Цензурата на одредени книги може
да биде политички, религиозно или етички
обоена, а со самата забрана се излегува
од рамката на спонтан развој на мислата
на едно општество. Според тоа, основната
цел на оваа акција е ширење на свеста
за слободата на читање и слободниот
пристап до информациите. Правото на
слободно изразување и слободна мисла се
едни од најважните човекови права кои се
загарантирани со Универзалната декларација
за човекови права. Со цел да се подигне
свесноста и да се насочи вниманието на
јавноста кон овој проблем кој сѐ уште постои
во голема мера и треба да нѐ загрижи, секоја
година се одбележува „Неделата на забранети
книги“ (Banned Books Week).
„Без зборовите, без пишување на книги,
не постои историја, не постои концептот на
човештвото.“ – Херман Хесе


ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА
ВО РАМКИ НА НАСТАВАТА


03 октомври 2023


Учениците од втора година графичка
струка, профил графички техничар и графички
уредник – дизајнер, под менторство на
одговорниот наставник Весна Мундишевска-
Велјановска ја разгледаа библиотеката.
Нивната посета беше во склоп на наставата по
графичките стручни предмети кои учениците


ги изучуваат. Учениците се запознаа со
одделите на библиотеката, музејската
поставка во која учениците имаа можност да
ги видат машините кои биле користени во
минатото за печатење, периодиката, дробниот
печат, читалните и дневната соба.
Овие ученици како идни графичари
можат многу да придонесат во светот на
книгите, периодиката и дробниот печат. Затоа
во иднина се планираат работилници во кои
овие ученици ќе можат да бидат креативни и
да го искажат своето знаење.


СРЕДБА СО ПИСАТЕЛКАТА
МАРИЈА СТОЈАНОВСКА


03 октомври 2023


Секоја средба не е случајна, таа е
само предвесник за она што ќе се случува
во иднина. На една од работилниците
имавме можност да се запознаеме со
младата писателка Марија Стојановска. Таа
е ученичка во средно економско училиште
„Јане Сандански“ во Битола и е млад дух кој
наоѓа време за сè и сешто. На наше огромно
задоволство таа ни ја подари нејзината прва
книга „Љубовта е уметност“.


Што подготвува Марија во иднина
ќе имаме можност наскоро да дознаеме
и нејзиниот нов роман со нетрпение го
очекуваме на полиците во библиотеката.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 202332


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


РЕГИОНАЛНА ЕПАЛЕ
СРЕЕДБА


04 октомври 2023


Во периодот 4-6 октомври во Скопје
се одржа Регионален собир на амбасадори
и учесници во Европската електронската
платформа за учење кај возрасните (ЕПАЛЕ),
од националните центри на Северна
Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и
Херцеговина, Хрватска и Словенија.


Од НУУБ „Св. Климент Охридски“
- Битола присуствуваа библиотекарите
докторанд Фатма Бајрам Аземовска и м-р
Гордана Ѓоргиевска - Неделковски. Тие веќе
неколку години се дел од ЕПАЛЕ тимот
и со своите активности придонесуваа за
афирмирање на работата на библиотеката
како дел од образовниот систем на државата.
На средбата беа дефинирани тематски фокуси
во стратегијата на ЕПАЛЕ, се разговараше
за вештините на ЕПАЛЕ амбасадорите и беа
разменети примери на добри практики во
работата со целни групи возрасни кои тешко
се вклучуваат во образовните иницијативи.
На крај беа разгорени плодни дискусии и
презентации на многу конкретни методи за
работа со возрасни.


СЛЕМ ПОЕЗИЈА
18 септември 2023


На работилницата за слем поезија
што се одржа во библиотеката, зедоа учество
млади и креативни творци од СОЕУ „Јане
Сандански “ – Битола, под менторство на
проф. по македонски јазик и книжевност
Лидија Атанасасовска, која воедно е и еден
од предавачите на работилницата, заедно со
Михајло Свидерски и Елена Богдановска.
Учесниците имаа можност да се запознаат со
слем поезијата, нејзината историја и развој,
појавните облици и социјалната ангажираност,
како и можноста за изведување на поезија на
сцена со натпреварувачки карактер.


На ден 20 септември се одржа втора
работилница на која учесниците имаа
можност да се претстават со свои творби и
на креативен начин да ја пренесат својата
порака. Авторските творби ќе бидат дел од
слем натпревар каде што ќе се чуе гласот на
младите и моќта на говорниот збор.
Слем- поезијата е одлична можност за
младите да ги научат современите уметнички
перформанси и да ги изразат својот личен
став во стихови со кои ќе поттикнат важни
прашања во заедницата.
Проектот е поддржан од Министер-
ството за култура на Р. С. Македонија




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 2023 33


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


стануваат мајки“, истакна м-р Фатма Бајрам
Аземовска, библиотекар советник.
Жанета Ристевска која е лиценциран
психолог, на активностите за одбележување
на Светскиот ден на менталното здравје,
потенцира дека е потребно да ја подигнеме
свеста за менталното здравје. Од исклучителна
важност е раното детектирање на проблемите
кај младите кои се повеќе се под притисок
на влијанието и прекумерната употреба на
социјалните медиуми, големото количество
информации, кои не се слика на реалноста
и создаваат услови за повлекување на
младите и нивна социјална изолираност. Се
почести се случаите на училишен мобинг,
депресија, анксиозност, панични состојби и сл.
Менталното здравје вклучува емоционална,
психолошка и социјална благосостојба. Тоа
влијае на начинот на кој размислуваме,
чувствуваме и дејствуваме и е важно во секој
период од нашиот животот.


ДОБРЕДОЈДЕ ЗА НАЈМАЛИТЕ
ЧИТАТЕЛИ


10 октомври 2023


Дел од првачињата од ООУ „Трифун
Пановски“ – Битола, заедно со родителите
ги искористија ваучерите за едногодишна
бесплатна членарина во нашата библиотека.
На ова групно зачленување учениците имаа
можност да се запознаат со детскиот оддел и
каква литература ( сликовници, енциклопедии
и др.) се крие во магичниот свет на детскиот
магацин.


ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА
ЗА САМОДОВЕРБА


10 октомври 2023


Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ –
Битола се одржа едукативна работилница
за самодоверба по повод Светскиот ден
на менталното здравје и Светскиот ден на
девојчињата. На работилницата учествуваа
ученички од средното економско училиште
„Јане Сандански“ – Битола. Работилницата
на тема самодоверба ја водеше Жанета
Ристевска, лиценциран психолог.
Меѓународниот ден на девојчињата
е основан од Обединетите нации за да ги
промовира правата на девојчињата и да
одговори на предизвиците со кои се соочуваат
на глобално ниво. Повеќе од 62 милиони
девојчиња ширум светот немаат пристап до
образование. Девојчињата на возраст од 5
до 14 години поминуваат над 160 милиони
часови повеќе за домашни работи отколку
момчињата на иста возраст, а едно од четири
девојчиња стапува во брак пред да наполни
18 години.


„На 11 октомври 2016 година, Ема
Вотсон, амбасадорка на добра волја на
Обединетите нации ги повика семејствата
ширум светот да го спречат бракот кај
децата. Многу девојки ширум светот се
жртви на сексуално насилство, а сторителите
честопати остануваат неказнети. За жал и во
нашата држава се уште голем дел малолетни
девојчиња се мажат на рана возраст и




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД бр. 57 / 202334


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


10 октомври 2023


Во месецот на книгата Октомври, НУ
Универзитетска библиотека „Св. Климент
Охридски” – Битола, реализира позитивна
практика – инклузивна работилница со
членовите на ЦПЛИП Порака од Битола, во
соработка со учениците од 4 одд. од ООУ
„Тодор Ангелевски“ под менторство на
одделенски наставник Весна Гагаловска.


Членовите од здружението нè
изненадија со прекрасните подготвени
подароци изработени од нивните вредни раце
и оваа прилика ја искористија да донираат
книги во нашата библиотека.


БИБЛИОТЕКА, ИНКЛУЗИЈА,
НАПРЕДОК


КНИГАТА – ПРОЗОРЕЦ КОН
СВЕТОТ


24 октомври 2023


Во Месецот на книгата (15 октомври
-15 ноември) во соработка со Центарот за
поддршка на деца и лица со попреченост ,,
Сложувалка - Срце “ во пријатната и идилична
атмосфера на Дневната соба на библиотеката
беше реализирана работилница под мотото ,,
Книгата -прозорец кон светот”.


Целта на оваа работилница беше
реализација на низа инклузивни активности
и вклучување на деца со типичен и атипичен
развој во нив, поттикнување на интерес и
љубопитност кон книгата, проширување на
знаењата и создавање на навики за читање
во магичниот круг на библиотеката. Во низата
заеднички активности читавме, истражувавме,
разговаравме и фантазиравме а со тоа ја
зајакнавме нивната емоционалната врска и
социјализација.