БИБЛИО ЕЧЕН
РЕНД20 години
2003 - 2023
СПИСАНИЕ НА НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА
УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА
„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
бр. 56 / 2023 год.
Работна средба во рамки на
проектот „Sasas jekhvar jekh –
Некогаш одамна и сега“
Четврта меѓународна
конференција на библиотекари,
архивисти и музеолози
Патронен празник на
Библиотеката
Библиотечната традиција во
Битола
Трета меѓународна
конференција на библиотекари
во Охрид
Книжевен портрет на Јордан
Плевнеш
Ацо Шопов низ периодиката
Промоција на книгата „Папокот
на светлината“
Библиотечни услуги Цена (ден.)
Членарина (оддел возрасни и детско) 200,оо
Членарина (пензионери и претшколска
возраст)
0,оо
Зајмување на библиотечна граѓа 10 дена 7,оо
Доцнење на библиотечна граѓа на ден 5,оо
I, II, III и IV опомена 30,оо
Изгубена членска карта 100,оо
Меѓу-библиотечно позајмување 50,оо
Резервација на книга 10,оо
Сала за промоции (мали сали) 1000,оо
Сала за промоции (I кат) 2000,оо
Сала за промоции (I кат) 2 часа 3000,оо
Сала за промоции (I кат) над 2 часа 4000,оо
НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА
“СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ„ - БИТОЛА
тел: 047 220 515
тел/факс: 047/220-208
тел. зајмување: 047/232-999
ул. Пеце Матичевски 39
7000 Битола
Работно време:
од понеделник до петок
07:00 - 19:30
www.nuub.mk
e-mail: nuub@nuub.mk
41.02735, 21.33302
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 2023 3
СОДРЖИНА
Издавач
Национална установа
Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ - Битола
ул. Пеце Матичевски бр. 39
За издавачот
м-р Бојан Стефановски
Главен и одговорен уредник:
Маријан Колевски
Издавачки совет:
Маријан Колевски
м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски
Марија Марковска
Редакција:
м-р Јелена Петровска
Лидија Мирчевска
м-р Фатма Бајрам - Аземовска
Лектура:
Вера Марковска
Фотографии:
Слободан Пачовски
Печатница:
Графо Пром - Битола
Тираж:
100 примероци
ISSN 1409-9497
Списанието е финансирано
од Министерството за Култура
на Р. С. Македонија
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОТЕКАТА
ПОСЕТА И РАБОТНА СРЕДБА ВО ГЕРМАНИЈА
м-р Јелена Петровска .......................................................................................5
„SASAS JEKHVAR JEKH – НЕКОГАШ ОДАМНА … И СЕГА“
м-р Фатма Бајрам - Аземовска ....................................................................7
ПОСЕТА НА НАЦИОНАЛНАТА БИБЛИОТЕКА ВО ЛАЈБЦИГ
м-р Фатма Бајрам - Аземовска .....................................................................8
ЧЕТВРТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИБЛИОТЕКАРИ,
АРХИВИСТИ И МУЗЕОЛОЗИ
м-р Јелена Петровска .......................................................................................9
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА БИБЛИОТЕКАТА .............................................10
БИБЛИОТЕЧНАТА ТРАДИЦИЈА ВО БИТОЛА
д-р Светлана Талеска .....................................................................................12
НАГРАДИ ЗА НАШИТЕ ЧИТАТЕЛИ И РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ .......15
ТРЕТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИБЛИОТЕКАРИ .......16
ПРИДОБИВКИТЕ ОД ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ И ГРАНТОВИ ..........17
КНИЖЕВЕН ПОРТРЕТ НА ЈОРДАН ПЛЕВНЕШ ........................................18
РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“ .....................19
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ,
ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
ИЗЛОЖБА „BOOKFACE - ДРУГОТО ЛИЦЕ НА КНИГАТА“ .....................20
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ДЕН НА ЕКОЛОШКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ......21
ПОРАКИ ЗА ЉУБОВТА .....................................................................................23
ОПАСНОСТИТЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ..........................................24
АЦО ШОПОВ НИЗ ПЕРИОДИКАТА .............................................................25
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА КРАТОК РАСКАЗ .........................................25
ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ПАПОКОТ НА СВЕТЛИНАТА“ ................27
ОДБЕРИ ЈА СВОЈАТА ПРОФЕСИЈА .............................................................28
ПЕСНАТА НА ЦАРЕВАТА ЌЕРКА ...................................................................29
ИЗЛОЖБА НА РАРИТЕТНИ КНИГИ .............................................................30
ЛИКОВНА УМЕТНОСТ - СЛИКАЊЕ ............................................................31
ПОТТИКНУВАЊЕ НА ЧИТАЊЕТО НА ДЕЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ....31
МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БИОЛОШКАТА РАЗНОВИДНОСТ ...............32
ТАНЦОТ НА ГЛАГОЛИЦАТА И КИРИЛИЦАТА .........................................32
НОВИ БИБЛИОТЕЧНИ ИЗДАНИЈА
НОВЕ ПЕРСПЕКТИВЕ БИБЛИОТЕЧКО-ИНФОРМАЦИОНОГ РАДА У
ОКРУЖЕЊУ
Ирена Зечевић, Александар Радовић ....................................................33
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 20234
Списанието БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД е стручно и популарно списание на Националната
установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола. Тоа се изработува
20 години и од самиот почеток во 2003 година непрекинато и успешно не претставува
во јавноста, градејќи не во сериозна институција која има голем удел во културно-
општествениот живот на граѓаните.
Минувајќи низ разни периоди од своето постоење списанието ги апсорбира сите
позначајни активности на библиотеката. Тоа излегува секоја година во 2-4 броја годишно
и досега се издадени вкупно педесет и шест броја. Во него се прикажуваат активности кои
се реализираат во и надвор од библиотеката, стручни трудови на библиотекари од нашата
држава, интервјуа и разговори со реномирани писатели, информации кои се од значење за
литературниот свет, информации од локалната и меѓународната соработка на библиотеката,
услугите и можностите кои ги нуди библиотеката, нови публикации со кои располага
библиотеката итн. Со списанието се промовира библиотечната дејност како во државата така
и во странство, а воедно допринесува и за нејзино унапредување. Тоа дава еден поглед на
јавноста кон установата и дава преглед на работењето на сите библиотекари од различни
оддели.
Во оваа прилика сакаме да им се заблагодариме на сите соработници, колеги и
професионалци, а особено на библиотекарите кои со своите трудови, работилници и
настани, придонесоа списанието непречено и успешно да излегува сите овие години.
Посебно благодарност му искажуваме на Министерството за култура кое финансиски
го подржува излегувањето на списанието и исто така им благодариме на сите граѓани,
писатели, наставници, професори, студенти и ученици кои што учествуваа и допринесоа во
реализирањето на заедничките проекти и активности со кои ги збогатуваме страниците на
ова списание.
Списанието веќе 20 години популаризира библиотечното работење преку бројни
содржини од стручен и популарен карактер, а на своите корисници и пошироката јавност
им нуди увид во најсовремените трендови во библиотечното работење. Веруваме дека и во
годините кои се пред нас ќе продолжиме да работиме со ист ентузијазам и посветеност, а на
идните генерации ќе им оставиме еден печат на времето во кое активно сме дејствувале.
Ви благодариме
Од редакцијата
20 ГОДИНИ БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОTEKATA
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 2023 5
28-31 ноември 2022, Бохум - Германија
На 28 ноември 2022 год. претставници
од библиотеката м-р Јелена Петровска,
библиотекар советник и Лидија Мирчевска,
библиотекар советник имаа можност
да остварат посета и работна средба со
библиотекари од Универзитетската библио-
тека во Бохум (Р. Германија). На работната
средба беа претставени проекти и активности
на двете библиотеки.
Улрик Зенер (Ulrike Zehner)
раководител на одделот за информации и
кориснички услуги преку повеќе презентации
ги пренесе искуствата на библиотеката од
Бохум во врска со организација на групни,
туторски и online курсеви за пребарување
на каталогот на библиотеката и за пишување
на стручни и научни трудови. Особено
се значајни курсевите, консултациите
и информациите за истражување на
библиотечни ресурси, софтверот за
управување со литературата, како и поддршка
на научно истражувачката работа од најмалата
возраст па се до академско ниво, како и
кариерно водење на средношколците.
Директорот на библиотеката Dr.
Jörg Albrecht изрази задоволство заради
интересот на македонската библиотечна
делегација. Универзитетот Рур во Бохум
(германски: Ruhr-Universität Bochum, RUB)
е јавен истражувачки универзитет сместен
во јужните делови на централната област
Рур, Германија. Основан е во 1962 година
како прв јавен универзитет во Германија по
Втората светска војна. Универзитетот нуди
вкупно 184 различни студиски програми
од сите академски области застапени
на универзитетот. Значајна е и големата
ботаничка градина во кампусот која се
простира на 13 хектари површина со над
10.000 различни растенија во чиј состав се
тропска куќа, пустинска куќа, кинеска градина
и куќа во савана. Секако дека студентите
имаат ретка прилика за проучување на
ПОСЕТА И РАБОТНА СРЕДБА ВО ГЕРМАНИЈА
богатата флора и фауна, но и идеално место за
одмор и учење.
Во рамките на Универзитетот делуваат
21 факултет со околу 50.000 студенти. Секоја
единица има своја библиотека, но главна и
централна библиотека на Универзитетот е
Универзитетската библиотека Бохум, која
врши централни задачи за снабдување
на литературата за студии, настава и
истражување, online курсеви и пристап
до голем број на бази на податоци. Покрај
традиционалната библиотечна граѓа поседува
и голем број на дигитализирани единици. Со
фонд од над 1,6 милиони печатени медиуми
во универзитетската библиотека и лиценци
за голем број електронски ресурси, таа е
една од најголемите библиотеки во Северна
Рајна - Вестфалија. Покрај за членовите на
универзитетот, таа е достапна и за пошироката
јавност.
Наредниот ден бибклиотекарите
имаа посета на Централната библиотека во
Дизелдорф, каде што остварија средба со
библиотекарите од одделите за циркулација
на библиотечна граѓа, информации и
периодика. Библиотеката се наоѓа во сосема
нов простор каде што е преселена од 2021
год. и се наоѓа во близина на железничка
станица, што овозможува извонредно лесен
пристап до библиотеката. Новата Централна
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОTEKATA
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 20236
библиотека е многу модерна, удобна и исто
така енергетски одржлива. Се снабдува со
енергија преку фотоволтаичен систем на
покривот. Градот Дизелдорф во проектот
инвестираше вкупно околу 19 милиони евра.
Во истата зграда се отвора и театарот Форум
Фрејс. Библиотеката располага со 8.000
квадратни метри јавен простор, вклучувајќи
книги, ЦД-а, ДВД-а, игри, дигитални
медиуми и листови. Онлајн библиотеката
има околу 16.000 единици, вклучувајќи
списанија, дневни весници, MP3-датотеки,
видеа итн., кои регистрираните корисници
во Дизелдорф можат да ги преземат.
Библиотеката е целосно автоматизирана, така
што корисниците имаат можност сами да ја
побараат, задолжат и раздолжат посакуваната
граѓа. Библиотекарите се тука да помогнат при
пребарувањето и да дадат совети за најновиот
библиотечен фонд. Во рамите на библиотеката
е и мошне популарен библиотечен кафе
ресторан Хафе, кое е омилено место на
студентите и сите граѓани.
На 30 ноември библиотекарите ја
посетија Градската и Државната библиотека
во Дортмунд. Таа е една од најголемите
германски библиотеки во регионот и се наоѓа
во центарот на градот Дортмунд, директно
спроти главната железничка станица.
Централната библиотека е дизајнирана
од архитектот Марио Бота од Лугано –
Швајцарија, и освен централната библиотека
во состав има уште девет библиотеки во
градот. Освен најсовремено уреден простор
прилагоден кон сите видови корисници и
голем број на разновидна библиотечна граѓа,
библиотеката се издвојува по уметничката
колекција т.н. Артотека (Artothek) која
што нуди позајмување на 1300 експонати
на современа уметност од регионални,
национални и меѓународни уметници во
многу стилови и техники (најчесто графика).
Графики, акварели, скулптури и цртежи
можат да се позајмат на три месеци. Исто
така организира уметнички изложби од
регионални уметници, промоции и разговори
со уметниците.
Услугата „мобилна библиотека“ на
корисниците кои не можат самите да ја
посетат библиотеката поради болест или
неподвижност, им нуди снабдување со книги,
аудио книги и други медиуми од Градската и
Државната библиотека до нивните домови.
Библиотеката е позната по сеопфатната
програма за обука на средношколци, која се
одвива во тесна соработка со подрачните
училишта. Библиотеката нуди програма за
промоција на читањето, како и специјални
понуди за настава по информатичка
писменост и тури низ специјалните збирки.
Со порталот за пребарување Di-
gibib plus, корисниците на библиотеката
можат истовремено да пребаруваат во
каталогот на библиотеката, да имаат
пристап до електронски списанија, е-книги,
универзитетски тези и бази на податоци со
целосни текстови. Дополнително, насловите
кои не се достапни на интернет или во
библиотеката може веднаш да се нарачаат
преку меѓу-библиотечно позајмување.
Збирката на библиотеката вклучува голем
број специјализирани е-книги од различни
предметни области и други е-книги.
Електронските ресурси се исто така достапни
за пристап од дома.
Библиотеката плени со својот
современ изглед, просторни решенија, лесно
пронаоѓање на библиотечната граѓа и пред се
професионални и љубезни библиотекари.
м-р Јелена Петровска, библиотекар советник –
програмски раководител
Лидија Мирчевска, виш библиотекар
м-р Даниела Ќурчиевска, член на Управен
одбор на библиотеката
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОTEKATA
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 2023 7
Со овој проект ќе бидат изразени
имагинациите, идентитетот и сеќавањето на
ромските заедници, како и нивните навики,
вредности и традиции, ќе се промовира
писменоста на Ромите (читатели и слушатели),
децата на Ромите ќе најдат подобар пристап
до својот мајчин јазик и полесно ќе го
учат, ќе се поттикне желбата за читање и
литература, ќе се посредуваат приоди за
решавање на проблемите и вредностите од
поглед на ромските заедници, ќе се подобрат
когнитивните, лингвистичките и креативните
вештини за пишување, ќе се најдат одговори
на прашањата за потеклото, пренесувањето
и зачувувањето на ромските бајки и нивното
значење за културниот идентитет на Ромите…
Ова ќе придонесе за зачувување
на ромскиот јазик како релевантен дел од
културниот идентитет на Ромите, за негово
искористување за конкретни понуди за
доживотно учење, особено во образованието
на возрасните, и за промовирање на
вклученоста на Ромите.
Националната установа Универзитетска
библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола е
дел од проектот Sasas Jekhvar Jekh. Once upon
a time – and now. Sasas Jekhvar Jekh е Еразмус
проект. Земјите партнери се Германија,
Бугарија, Унгарија, Србија, Романија и Грција.
м-р Фатма Бајрам - Аземовска, раководител од
областа Развој на библиотекарството
01 април 2023, Плауен - Германија
На работната средба во рамки на
рамки на проектот „SASAS JEKHVAR JEKH –
НЕКОГАШ ОДАМНА … И СЕГА“ во Плауен,
Германија, присуствуваше м-р Фатма Бајрам -
Аземовска, раководител од областа на Развој
на библиотекарството.
На средбата се дискутираше за
Европската книга за ромска бајка која ќе
содржи вкупно 40 ромски бајки од 8 земји
партнери, секоја секоја на националниот
јазик и најчесто зборуваниот ромски дијалект
, за карактеристиките на книгата: формат/
големина/ корица, наслов, големина на
фонт, број на страници, број на илустрации,
прелиминарни забелешки/предговори,
издавачка куќа.
Исто така се разговараше за избор
на бајки за кои е потребна илустрација за
тестирање кои ќе треба да ги направат сите
партнери, како и за Монографија за ромските
бајки што го опишува нивното потекло,
традиција и значење за културното наследство
на Ромите и за европското културно
наследство.
РАБОТНА СРЕДБА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ
„SASAS JEKHVAR JEKH – НЕКОГАШ ОДАМНА … И СЕГА“
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОTEKATA
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 20238
ПОСЕТА НА STÄDTISCHE
BIBLIOTHEKEN DRESDEN
30 март 2023, Дрезден - Германија
М-р Фатма Бајрам - Аземовска,
раководител од областа на Развој на
библиотекарството, меѓународна соработка,
маркетинг и односи со јавноста на ден
30.03.2023 година беше во посета на
Библиотеката Städtische Bibliotheken Dresden -
Германија.
Библиотеката нуди поддршка на сите
фази на доживотното учење од училишна
возраст, па се до возрасните читатели преку
различни активности.
- Обезбедува места за средби, размена и
радост на животот поврзан со книги и читање,
каде што се зајакнува идентификацијата со
градот
- Нуди еднакви можности преку создавање
пристап и информации за сите
- Се промовира читањето како клучна
културна техника
- Исто така нуди вештини за справување со
новите медиуми
- Нуди поддршка за справување со
секојдневниот живот и креативните слободни
активности.
ПОСЕТА НА НАЦИОНАЛНАТА
БИБЛИОТЕКА ВО ЛАЈБЦИГ
08 мај 2023, Лајбциг – Германија
Германија има две Национални
библиотеки од кои едната е во Лајбциг,
а другата е во Франкфурт. Историјата на
библиотеката во Лајбциг започнува уште во
1914 година, каде после одржувањето на
Меѓународна изложба на книги и графика,
целиот библиотечен материјал бил оставен
и искористен за отворање на Националната
библиотека на Германија. Библиотекарите го
архивира наследениот библиотечен материјал
и почнаа да ги собираат и документираат сите
публикации издадени на германски јазик,
преводи на странски дела и дела на германски
емигранти издадени во странство, а со тоа се
создадоа услови да сите тие станат достапни
на германскиот народ.
Германската национална библиотека
одржува соработка со субјекти на национално
и меѓународно ниво. Соработката на
Националната библиотека од Лајбпциг со
издавачите е регулирана со закон уште од
1935 година, а на франкфуртската библиотека
од 1969 година. Должностите на двете
Национални библиотеки се поделени и секоја
ја насочува својата дејност во одредена
област.
Библиотекарите м-р Фатма Бајрам
- Аземовска и м-р Гордана Ѓоргиевска -
Неделковски имаа можност да ја посетат
Националната библиотека во Лајбциг и да го
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА БИБЛИОTEKATA
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 2023 9
разгледаат музејот на стари книги кој е во
рамките на библиотеката. Книгите кои се
издаваат во Националната библиотека можат
да се користат само во нејзините читални.
На располагање на корисниците се осум
читални наменети за различни категории
на корисници, а за јавноста е достапна и
најстарата читална која е карактеристична со
својот автентичен изглед.
Стилот на стариот оддел од
библиотеката помешан со новите
архитектонски достигнувања на современата
библиотека ги оставаат нејзините посетители
без здив и создаваат најпогодни услови
за негување и користење на германското
културно наследство.
ЧЕТВРТА МЕЃУНАРОДНА
КОНФЕРЕНЦИЈА НА
БИБЛИОТЕКАРИ, АРХИВИСТИ
И МУЗЕОЛОЗИ
25-26 мај 2023, Цетиње - Р. Црна Гора
Професионализацијата на библиотеч-
ниот кадар е услов за извршување на
квалитетни библиотечни задачи, но и
стекнување со работни компетенции за
креирање на нови и креативни библиотечни
програми. За таа цел оваа година претставник
на НУУБ „Св. Климент Охридски“ библиотекар
советник и Програмски раководител
м-р Јелена Петровска презентираше стручен
труд на тема „Доживотно учење како „modus
vivendi“ на корисниците на библиотеката“, за
важноста на доживотно учење и образование,
особено за повозрасна популација како начин
на животот.
На Конференцијата беа презентирани
најнови трендови во библиотечното работење
со учество на повеќе библиотекари од
различни држави, а трудовите ќе бидат
печатени во Зборникот. Посебен акцент
беше ставен на развојот и спецификите на
завичајните (роднокрајни) фондови и нивното
поврзување со културниот туризам. За таа
цел беше организиран и Панел со учество
на повеќе земји, каде што беа презентирани
искуства од библиотекарите од регионот во
врска со културниот туризам, промовирање
на читање, користење на роднокрајна
библиотечна граѓа и можности за соработка.
На покана од Претседателката Јасмина
Бајо од Здружението на библиотекари
на Р. Црна Гора м-р Јелена Петровска ги
претстави најновите програми на нашата
институција и предлог проектот за поголема
видливост на содржините од роднокрајниот
фонд на библиотеката. Панел дискусијата
беше организирана под покровителство на
Националната библиотека „Ѓурѓе Црнојевиќ“
– Цетиње и Министерството за култура на Р.
Црна Гора.
м-р Јелена Петровска, библиотекар советник -
програмски раководител
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 202310
На 7 декември 2022 во холот на
НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола
беше одбележан патрониот празник на
Библиотеката.
„Библиотеката отсекогаш била место
на еден вид магија, простор каде што луѓето
кои сакале нешто повеќе од секојдневието
се впуштиле во интелектуални авантури.
Како центар на интелектуалниот живот, без
разлика дали станува збор за приватни или
јавни библиотеки, тие неизбежно се поврзани
со чувството на нешто мистично, способноста
да се нурне во светот на книгите и со тоа да се
пресели на другата страна на реалноста. Да се
излезе во заедницата и сретне со читателот
е императив на новото време“, посочи
директорот Бојан Стефановски.
Настанот беше пропратен со изведба
на учениците од Државното музичко училиште
и со говорот „На Климент“, во изведбана на
проф. Николина Поповска. Манифестацијата
беше одбележана и со промоција на 55-тиот
број од списанието „Библиотечен тренд“ од
страна на библиотекарот Маријан Колевски,
кој е и негов главен и одговорен уредник.
„Списанието „Библиотечен тренд“
е традиционално и стручно списание на
Националната установа – Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ –
Битола, кое од самиот почеток во 2003 год.
непрекинато и успешно не претставува
ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА БИБЛИОТЕКАТА
во јавноста, градејќи не во сериозна
институција која има голем удел во културно-
општествениот живот на граѓаните“, истакна
библиотекарот Колевски.
На настанот исто така беше
промовиран и зборникот од 17-тата
Роднокрајна средба на битолските писатели,
од страна на библиотекарот м-р Гордана
Ѓоргиевска Неделковски. Од страна на
директорот беа врачени благодарници на
сите учесници кои помогнаа во реализација
на проектот „Другото лице на книгата“, а
беа доделени и ваучери за едногодишна
бесплатна членарина на студентите од
Факултетот за Информатичка и комуникациска
технологија (ФИКТ) од Битола, заедно со
претседателот на студентите Софиja Гајтанова.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 2023 11
ЕДУКАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ
ЗА АКАДЕМСКО ПУИШУВАЊЕ
16 декември 2022
НУУБ „Св. Климент Охридски“ започна
со нов циклус предавања и работилници
наменети за подигање на компетенциите
за пишување на стручните трудови на
средношколците, студентите, како и сите кои
се заинтересирани за акакдемско пишување.
Првото предавање беше организирано
во соработка со проф. Николина Поповска
од СОУ „Таки Даскало“ и проф. д-р Виолета
Јанушева од Педагошкиот факултет Битола.
Предавањето беше наменето за начинот
на пишување на есеј како завршен стручен
труд во средните училишта. Учениците имаа
можност да дискутираат и да дадат мислења
за организирање на следните предавања кои
би биле во функција на нивните потреби за
наставно-образовниот процес.
Следните теми на едукативните
работилници ќе се однесуваат на изработу-
вање на проектни задачи, презентации,
цитирања, парафразирања и многу други
теми, кои за крајна цел имаат квалитетно и
ефикасно академско пишување. Работилници
ќе бидат организирани во следната година
како редовна активност на библиотеката
во областа на напорите на библиотеките за
подигање на квалитетот на учење.
ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА
БИБЛИОТЕЧНИОТ МАТЕРИЈАЛ
23 декември 2022
Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ како
дел од годишните програми за усовршување
на библиотечниот кадар во библиотеката и
пошироко е организирано предавање кое го
одржа информатичарот и долгогодишниот
раководител на ИТ сектор од Народна
библиотека на Р.Србија од Белград, Мирољуб
Стојановиќ.
Пред библиотекарите од нашата
институција и библиотекари од регионот
и пошироко предавачот зборуваше за
основите на дигитализацијата, правните
аспекти и авторските права, критериуми за
дигитализирање, опремата која се користи,
како и за сите предизвиците кои стојат пред
библиотеките кога се работи за процесот на
дигитализација на библиотечниот фонд, кој
треба да биде усогласен пред се со барањата
и интересите на корисниците во поширока
смисла.
Во предавањата беа разменети искуства
од дигитализација од библиотеките во Р.
Србија и Р. С. Македонија, особено во делот
на регулирање на стратегии и правилници
од страна на надлежните органи, како што се
ресорните министерства и матичните служби од
националните библиотеки.
м-р Јелена Петровска, библиотекар советник -
програмски раководител
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 202312
од неговиот развој, се случува под окупација.
Најпрво тоа се османлиските освојувачи, па
српското владеење и бугарската окупација.
Тоа е период од неколку века, но период во
кој македонскиот народ покажал и докажал
дека е цврст во своите убедувања и упорен во
спроведувањето на посакуваната цел.
Она што е карактеристично за
библиотекарството во Битола, е податокот
дека тоа својот процут го доживеало во
времето на османлиското владеење. Во
1469 година за првпат се споменува името
библиотекар, а лицето кое ја извршувало
библиотекарската служба добивало
парична надокнада за својата работа.
Историски гледано, најголемиот растеж
библиотекарството во Битола го доживеало во
периодот на втората половина на 19 век.
Меѓутоа таквата констатирана
состојба не треба да нè доведе до погрешен
заклучок, бидејќи се однесува само на
квантитативните показатели. Бројката од 37
библиотеки - главно по верските училишта,
странските мисии, конзулатите и медресите
- и 6 читалишта, во османлискиот период,
наведува на помислата дека битолчани и
македонското население, во тоа време имале
голем пристап до книгите и литературата, но
фактичката состојба покажува дека тоа биле
библиотеки на странски пропаганди, кои на тој
начин ги остварувале своите асимилаторски
идеи.
Бројната состојба на библиотеките во
Битола се намалила во времето на српското
владеење и бугарската окупација, но сепак
постои значителна бројка од 27 библиотеки
и 3 читалишта во српскиот и 8 библиотеки и 1
читалиште во бугарскиот окупациски период.
Оваа бројна состојба на библиотеки, повторно
се однесува на библиотеки во друштва,
клубови, богословии, државни институции,
работнички комори и странски мисии.
Меѓутоа она што е посебно значајно за
овој период и кое треба да се нагласи, тоа е
појавата на илегалните библиотеки, што јасно
БИБЛИОТЕЧНАТА ТРАДИЦИЈА ВО БИТОЛА
д-р Светлана Талеска
библиотекар - советник
Кога станува збор за библиотечната
традиција во Битола, јасно е дека се работи
за многу обемна, сложена и комплексна
област, која бара максимален ангажман и
студиозно истражување. Проучувањето на
процесот на создавање на библиотечната
дејност и нејзино развивање, во град како
што е Битола, значи враќање низ историјата за
многу долг временски период, бидејќи Битола
под ова име опстојува веќе над илјада години,
а создавањето на библиотечната дејност
сигурно датира уште од многу поодамна.
Токму поради тоа можеме да кажеме дека
Битола е град кој има своја богата традиција
во секој поглед, па и во сегментот што
значи образование, културно издигнување,
традиција кон читањето и негување на
библиотечната дејност.
Постои голем број на достапни извори
на информации и податоци за истражување и
проучување на библиотекарството во Битола.
Тоа се пишани извори, оригинални документи,
артефакти, учебници, енциклопедии,
списанија итн.
Библиотекарството во Битола, со своите
скромни почетоци кои датираат од 11. век, по
црквите и манастирите и со фонд од мал број
на ракописни книги со религиозни содржини,
полека, но сигурно си го наоѓа својот пат и
опстојува низ времето и временските прилики,
кои не му одат во прилог. Создавањето и
развојот на библиотекарството во Битола, од
неговите почетоци, па низ најголемиот дел
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 2023 13
укажува на будењето на националната свест
на македонското население. Во периодот од
1912 до 1941 година, во Битола се појавиле
осум илегални библиотеки. Овие библиотеки
тајно функцонирале во склоп на битолската
гимназија, студентските здруженија и
клубовите на прогресивната младина, како
и во партизанските одреди. Бројката не е
голема, но сепак укажува на една состојба
на раздвижување и внесување на нови и
прогресивни идеи.
После ослободувањето, сликата за
библиотекарството во Битола драстично се
изменила. Се отвораат библиотеки по работни
организации, училишта, месни заедници.
Но, сепак, најзначајно од сѐ е формирањето
на првата повоена Народна библиотека во
Битола на 25 март 1945 година, која со текот на
времето претрпела многу измени и во своето
име и во својата структура, за денес да постои
како Национална Установа - Универзитетска
библиотека „Свети Климент Охридски“ –
Битола, библиотека со најсовремен систем
на работа и во тек со најновите случување и
начини на работа во библиотекарството во
светот.
Ваквата современа и напредна
состојба на библиотекарството во Битола
денес, состојба која значи одржување чекор
со движењето на библиотечната наука во
светски рамки, покажува дека она што со
векови се подготвувало и кон кое се тежнеело,
веќе е остварено. Од создавањето, преку
унапредувањето и модернизирањето, па сè
до денешното време, кога библиотекарството
конечно како научна дисциплина го добива
заслуженото место во образовниот ситем,
Битола повторно дава свој огромен придонес.
Сите овие достигнувања и
постигнувања во библиотечната наука се
остварени и се должат токму на ваквото
осознавање на корените и согледувањето на
развојниот пат на библиотекарството, бидејќи
тоа е традиција која покажува кои сме, каде
ни се корените, колку сме постигнале и што е
она што можеме и треба да го направиме за
нашата професија во иднина.
ФАКУЛТЕТСКИТЕ
БИБЛИОТЕКИ КАКО ДЕЛ ОД
cobiss.mk СИСТЕМОТ
03 март 2023
Како дел од активностите на библиоте-
ката за развој на библиотечната мрежа со
вклучување на факултетските библиотеки
во системот COBISS.MK, во соработка со
Универзитетот Св. Климент Охридски“ –
Битола, беше организирана презентација за
можности кои ги нуди програмата за подигање
на квалитетот и ефикасноста на учење во
рамките на Универзитетот.
Со користење на различни сегменти
кои што ги нуди програмата, професорите и
студентите на УКЛО ќе имаат повеќекратна
корист во професионалната работа, работа
со цитирана литература, ажурирање на
персонални библиографии, реализирани
проекти и пристап кон библиотечната граѓа.
Предавањето е организирано во
соработка на НУУБ „Св. Климент Охридски“
– Битола, УКЛО – Битола и НУБ „Св. Климент
Охридски“ – Скопје, Центарот ВБМ од Скопје
со предавачите библиотекари советници
Жаклина Ѓалевска и Јелисавета Костадинова,
во присуство на Ректорската Управа и
деканите на единиците, факултетите на УКЛО.
м-р Јелена Петровска, библиотекар советник -
програмски раководител
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 202314
ИДНИНАТА Е ЖЕНСКИ РОД
08 март 2023, Скопје
На Меѓународниот ден на жената – 8
Март, евроамбасадорот Дејвид Гир, сопругата
на претседателот Стево Пендаровски,
Елизабета Ѓоргиевска и Моника Сандри, ВД.
директорката на ОН, ја отворија изложбата
„Иднина е женски род“ во Ист Гејт Мол во
Скопје.
Една од 12-те протагонисти е Фатма
Бајрам Аземовска, раководител од областа на
Развој на библиотекарството, меѓународна
соработка, маркетинг и односи со јавноста
при НУ Универзитетска библиотека „Св.
Климент Охридски“ и претседател на „Сумнал“
– Здружение за развој на ромската заедница.
Инаку, Аземовска е добитник на многу
награди, една од позначајните е првата ЕУ
награда за интеграција на Ромите во Западен
Балкан и Турција.
Изложбата беше составена од 12
приказни за извонредни жени кои ги кршат
бариерите и стереотипите и докажуваат дека
полот не е пречка, туку можност. „Иднина
е женски род“ е за 12 извонредни жени од
различни сфери на животот.
„Овие дами се пример за истрајност,
волја за живот, храброст, мудрост, а иднината
е во жените кои веруваат во себе, своите
способности и нивниот потенцијал да водат и
инспирираат позитивни промени“ – истакна
м-р Фатма Бајрам Аземовска
78 ГОДИНИ НУУБ
„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
22 март 2022
По повод 78 години од своето посто-
ење, библиотеката го одбележа својот
роденден заедно со учениците на Државното
средно училиште за рехабилитација и
образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје,
кои имаат дисперзирани паралелки во
нашиот град. Со торта и подароци за овие
ученици беше прославен овој значаен ден
на установата во просториите на училиштето
каде присуствуваа нивните родители и
професори.
Директорот на библиотеката м-р Бојан
Стефановски им подели материјали за работа
на учениците, им посака успех и им вети
дека библиотеката ќе биде нивни сојузник
во воспитно-образовен процес со нивно
вклучување во одредени активности.
Библиотеката веќе започна со
реализирање на проектот „Забавни креативни
работилници за поттикнување на читањето
на деца со попреченост“ одобрен од
Министерството за култура во кој се вклучени
деца од ова училиште.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 2023 15
НАГРАДИ ЗА НАШИТЕ ЧИТАТЕЛИ И РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ
24 март 2023
По повод 25 март, роденденот на Национална установа Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ - Битола, во просториите на библиотеката беа доделени доделени
награди на читателите кои изнајмија најмногу книги во изминатата година, како и на тројца
роднокрајни автори кои дадоа најголем придонес во развој на литературата за 2022 година. По
тој повод на сите присутни им се обрати директорот м-р Бојан Стефановски:
Оваа година славиме 78 години од постоењето на нашата библиотека. Таа е во служба
на народот правејќи сè за потребите на нашите читатели во изминатите години. А вие наши
драги и верни читатели, сакаме да ви се заблагодариме за довербата што ни ја дадовте на нас и
ви посакуваме и понатаму да го исполнувате вашето слободно време со рекреативно читање.
Бидејќи секоја книга има мал дел од душата на оној кој што ја напишал и оној кој што навистина
ја прочитал, вие што често доаѓате кај нас му давате душа и на оваа наша заедничка установа.
Добитниците на наградите по категории:
предучилишна возраст - Димитар Алачкоски;
основно образование - Костадин Христов;
средно образование - Ангела Брбевска;
возрасни - Анастасија Шалевска;
пензионери - Розитка Тодоровска.
Оваа година за прв пат библиотеката додели и на награди за Роднокраен автор за
2022 година. Добитници на наградите за родно-краен автор по категории:
поезија - Даниела Андоновска – Трајковска;
проза - Христо Петрески
и животно дело на родно-краен автор - Владимир Костов (постхумно) за целокупното
негово животно творештво.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 202316
СОРАБОТКА НА
БИБЛИОТЕКАТА СО ДРУГИТЕ
УСТАНОВИ
Во изминатиот период директорот
на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
м-р Бојан Стефановски, потпиша повеќе
договори за соработка со други установи
од нашиот град. На ден 04.04.2023 година
беше официјализирана соработката со ООУ
„Коле Канински“ – Битола под раководство на
директорката Дијана Толевска - Христовска.
На 24 април со градинката ЈОУДГ „Мајски Цвет”
- директор Кристина Лајмановска, а на 23
мај 2023 меморандум за соработка потпиша
и директорката на ОЈУ Зоолошка градина –
Битола, Елена Мирчевска.
Целта на договорите е воспоставување
на соработка и реализација на заеднички
проекти, заемна размена на информации,
знаења и искуства од областите на
образованието, науката, културата и билош-
ката разновидност, потоа одбележување на
значајни настани преку организирање на
работилници, предавања, трибини, промоции
и сл.
ТРЕТА МЕЃУНАРОДНА
КОНФЕРЕНЦИЈА НА
БИБЛИОТЕКАРИ
Во периодот од 27 до 28 април 2023
год. во оргаганизација на Библиотекарското
здружение на Македонија, во амфитеатарот
на Универзитетот за информатички науки и
технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, се
одржа Трета меѓународна конференција на
библиотекари насловена како „Библиотеките
како ризница на движното културно наслед-
ство“.
На конференцијата свое поздравно
обраќање имаа претседателот на Библио-
текарското здружение на Македонија – Јана
Михајловска и директорот на НУБ „Григор
Прличев“ од Охрид – Милчо Јовановски.
Директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“ од
Скопје – Рахметула Куќи ја имаше честа да
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 2023 17
прими благодарница од претседателката
на здружението - Јана Михајловска за
несебичната поддршка која Националната и
универзитетска библиотека ја пружи кон сите
активности на библиотекарската асоцијација.
На дводневната конференција
учествуваат излагачи од нашата држава и
од регионот (Србија, Црна Гора, Босна и
Херцеговина, Унгарија итн.), а свое видео
обраќање имаше и претседателката на
Меѓународната федерација на библиотекар-
ски здруженија - ИФЛА, Барбара Лисон. Како
почесни гости и излагачи беа и директорот на
Националната и универзитетска библиотека
на Босна и Херцеговина и заменик-
директорката на Унгарската национална
библиотека.
На Третата меѓународна конференција
на библиотекари учество зедоа и
библиотекарите од НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола. Со свои трудови
на конференцијата се претставија виш
библиотекар докторанд Фатма Бајрам
Аземовска на тема „ГОРДОСТ 1- Зачувување
на ромскиот јазик преку употреба на
онлајн речник“ и библиотекар м-р Гордана
Ѓоргиевска-Неделковски на тема „Креативни
забавни работилници за поттикнување
на читањето на деца со попреченост“.
Програмскиот раководител м-р Јелена
Петровска беше модератор на пленарната
сесија, а воедно и промотор-рецензент на
публикацијата „Упатство за нормативна
контрола на лични имиња на автори“ од
авторите Јелисавета Костадинова и Валентина
Дојчиновска - Илиоска.
ПРИДОБИВКИТЕ ОД
ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ И
ГРАНТОВИ
13 мај 2023
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
денеска беше дел од настанот „Придобивките
од европските фондови и грантови“ во
организација на општина Битола. На
настанот учествуваа наставници и ученици
од основните училишта: „Свети Климент
Охридски“, „Стив Наумов“, „Ѓорги Сугарев“,
„Даме Груев“, „Елпида Караманди“, „Александар
Турунџев“ од с. Кукуречани, средношколците
со своите професори од Гимназијата „Јосип
Броз Тито“ и „Таки Даскало“, Здружението за
развој на ромската заедница „Сумнал“ како
и студенти и професори од Универзитетот
„Свети Климент Охридски“.
Учесниците на настанот низ презента-
ции и штандови ги претставија успешните
приказни, резултатите и придобивките од
реализираните проекти во повеќе области,
финансирани од европските фондови.
Присутните ги поздрави градоначалникот на
општина Битола - Тони Коњановски, честитајќи
им за досегашните успеси и посакувајќи им
многу нови успешни проекти и позитивни
искуства кои ќе можат да ги пренесат на
своите соученици. Со реализирање на
заеднички активности да се создадат подобри
услови за младите кои живеат во општината
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 202318
сè со цел да се едуцираат, живеат и работат во
нашиот град.
Настанот беше дел од активностите кои
општина Битола ги организираше по повод
одбележувањето на Денот на Европа.
КНИЖЕВЕН ПОРТРЕТ НА
ЈОРДАН ПЛЕВНЕШ
22 МАЈ 2023
Во просториите на Библиотеката се
одржа прекрасен книжевен портрет за Јордан
Плевнеш - поет, драматург и романсиер,
амбасадор на нашата држава во Франција,
Португалија и Шпанија. Беседа одржа
почитуваната професорка д-р Кристина
Николовска.
-Свеченост е да се слави грандиозноста
на големиот македонски духовен и твроречки
подвиг. Оној кој земјата и традицијата, речта
и јазикот ни ги воскрена на највисоко, рече
Николовска.
Таа за Плевнеш истакна дека е
општественик, дипломат, амбасадор на нашата
држава во Франција, Шпанија и Португалија,
амбасадор на УНЕСКО, амбасадор на нашата
култура, но и амбасадор на арното, убавото,
профаното. Афирматор на македонските,
семакедонските вистини во светот. Добитник
на многу престижни награди.
Плевнеш е жител на светот кој живе,
твори и гласно говори во Париз, Скопје
и останатите светски метрополи. Каде и
да стапне со своите дела создава културни
престолнини, а Битола и Скопје ги возвиши во
светските театарски води.
Проф. д-р Христо Петрески,
претседател на ДПМ настанот го направи
многу интересен и сите присутни уживаа,
затоа што Плевнеш одговараше на прашањата
кои што му ги постави професорот.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 2023 19
Рушити од ООУ „Братство Миѓени“ од Тетово,
со менторката Гонџе Ејуби и првото место
го освои Матео Матевски од ООУ „Браќа
Миладиновци“ – Куманово, со менторката
Жаклина Трајковиќ.
За првите три места, покрај диплома,
имаше подарок книги, донација од НУ НУБ
„Св. Климент Охридски“ – Скопје, како и
ваучери добиени како донација од Нептун,
а останатите учесници и нивните ментори
добија подарок книги и дипломи.
ПРОЕКТ НА БИБЛИОТЕКА
„ФЕТКИН“ И БЗМ
На 22 и 23 мај се одржа национален
настан кој беше дел од проектот „Структурен
дијалог за Заштита и унапредување на
библиотекарството во време на економска
криза преку размена на добри практики“.
Настано е во организација на библиотека
„Феткин“ – Кавадарци во партнерство со БЗМ
(Библиотекарско здружение на Македонија).
На настанот учество зеде и библиоте-
карката м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски
од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
заедно со библиотекари и директори од 20
Јавни Библиотеки од Македонија.
Проектот е финансиран од Министер-
ството за Култура на Република Северна
Македонија, а негов краен резултат е
изработка на документ со препораки, по
кои би работеле сите библиотеки во нашата
држава со цел унапредување на нивната
работа.
РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР
„МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“
На 12 мај 2023 година во Библиотеката
„Искра“ во Кочани се одржа 22. Републички
натпревар „Млади библиотекари“ во
организација на Библиотекарското здружение
на Македонија.
На натпреварот учество зедоа 26
ученици од 24 основни училишта ширум
државата. Комисијата во состав: Гордана
Ѓеоргиевска-Неделковски , Билјана Огненов-
ска и Себахате Ибраими како и член од
домаќинот и член од менторите, го спроведоа
тестирањето и по прегледаните тестови
ги објавија следниве резултати: третото
место припадна на Сара Ѓоргиевска од ООУ
„Гоце Делчев“ – Битола со менторката Маја
Марковски, второто место припадна на Лина
Рушити од ООУ „Братство Миѓени“ од Тетово,
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 202320
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
ИЗЛОЖБА „BOOKFACE - ДРУГОТО ЛИЦЕ НА КНИГАТА“
02 декеври 2022
Во во холот на библиотеката беше поставена изложба на фотографии со наслови на книги
на еден поинаков начин, насловена BOOKFACE – Другото лице на книгата.
Не ја судете книгата според нејзината корица. Нека книгата биде ваш пријател со која
ќе се дружите и ќе се забавувате. Книгите имаат милион начини како да ве направат среќни.
Им благодариме на читателите кои беа дел од оваа активност: Елизабета Ќебапоска, Јована
Трајчевска, Анисија Делев, Билјана Андоновска, Тома Делев, Јована Матевска – Атанасова, Ангела
Пандовска, Андреа Илијовска и Ивана Христова.
м-р Гордана Ѓоргиевска – Неделковски, библиотекар
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 2023 21
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ДЕН НА
ЕКОЛОШКОТО ОБРАЗОВАНИЕ
26 јануари 2023
По повод 26 Јануари –
Интернационален ден на еколошкото
образование, во библиотеката беше
организиран настан во соработка со
учениците од средното училиште „САБА“. На
настанот се дискутираше за проблемите кои ги
има во нашата животна средина и начините на
кои можеме да дејствуваме за да ја заштитиме
нашата околина. Учениците во соработка на
наставничката Бисера Бијелиќ - Стојчевска,
подготвија прекрасни видеа кои едуцираат
за заштита на животната средина, односно
посочуваат на главните проблеми и навики со
кои луѓето штетно влијаат на околината.
Интернационалниот ден на еколошкото
образование за прв пат беше одржан во
1975 година, кога во Белград – Југославија
во периодот од 13 до 22 октомври истата
година беше одржан Меѓународен семинар
за еколошко образование каде учествуваа
експерти од преку 70 земји. Како резултат
на овој семинар бил објавен документот
„Белградска повелба”, кој ги утврдува
целите, целните групи и основните насоки
на програмите за еколошка едукација на
глобално ниво.
Средината во која живееме од ден
на ден се повеќе покажува знаци на наша
негрижа, сè повеќе имаме масовно
уништување на природните ресурси и големо
загадување на средината во која живееме.
Од овој светски проблем сме засегнати
сите, а јавноста мора да биде информирана,
свесна и едуцирана околу ова прашање,
да се изнајдат начини за решавање на
комплексните еколошки проблеми и да се
започне со спроведување на акции, со кои ќе
се направат сериозни промени во начинот на
кој дејствуваме на природата.
1 ФЕВРУАРИ – СВЕТСКИ ДЕН
НА ГЛАСНОТО ЧИТАЊЕ
Библиотеката го одбележа 1 февруари
– Светскиот ден на гласно читање, заедно со
учениците од второ одделение од подрачното
училиште „Тодор Ангелевски“ – Горно Оризари.
Кампањата „Да читаме на глас“ се организира
по повод Европската година на гласно читање,
прогласена од Европската организација за
унапредување на читањето EU READ, со што
се нагласува важноста на гласното читање во
развојот на навиките и вештините за читање
кај децата.
Учениците врз себе носеа кокичиња
изработени од хартија, цвеќе кое ја
симболизира упорноста и издржливоста и
во најстудената студената зима. Заедно со
наставничките Бисера Петровска Аргиновска
и Тинка Стојановска тие ни подготвија една
џиновска книга за зимата. Многу песни,
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 202322
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
текстови и слики ја красат секоја страница
од оваа книга. Потоа учениците ни покажаа
како умеат убаво и течно да читаат на глас.
Голема благодарност до раководителот на
училиштето Благоја Трајковски за поддршката
во реализирањето на заедничките активности.
Совет од нас до сите читатели, ученици,
родители: Практикувајте барем 15 минути да
им читате гласно на децата и најдете време за
тие, вам да ви читаат гласно. Само така можат
умешно да ја научат вештината на читањето, а
вие да уживате во милозвучноста на нивното
читање !
УБАВИ ЗБОРОВИ
06 февруари 2023
„Убавите зборови малку чинат, а
многу вредат“. Со оваа порака ни пристигнаа
учениците од петто одделение од подрачното
училиште „Тодор Ангелевски“ - Горно Оризари.
Тие заедно со наставничките Мирјана
Пупуноска и Лиле Котевска ни ги донесоа
најубавите зборови и пораки што ги има во
секое детско срце. Учениците читаа песни од
лектирата и акростих кои сами го подготвија.
Книгите можат да се читаат лесно и
брзо. Тоа го покажавме со лектирата „Убави
зборови“ која што заедно ја обработивме во
убава атмосфера, исполнета со игри и смеа.
Научивме многу убави зборови кои можеме да
ги подаруваме за да ги направиме среќни сите
околу нас.
ЧИТАМЕ ПРИКАЗНИ ЗА
ДРУГАРСТВОТО
08 февруари 2023
На 8-ми февруари ги посетивме
учениците од трето одд. во ООУ „Даме Груев“
- Битола како дел од кампањата за учениците
се повеќе да читаат. Учениците има можност
да другаруваат со книгите „Девојче и мече“
од Ване Костуранов и „Шарени приказни“
од Ана Бунтевска. Децата на оваа возраст
се наоѓаат во еден крстопат да остават едно
детство зад себе и полека да запловат со
обврските на поголемите деца. Овие две
приказни зборуваат токму за другарството
кон играчките и кон нашите училишни
другарчиња. Пат кој мора секое дете да
го помини. Во оваа забавна работилница
учениците можеа да покажат колку убаво
знаат да читаат, но и да разговараат за
другарството.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 2023 23
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
ПОРАКИ ЗА ЉУБОВТА
12 февруари 2023
„По допирот на љубовта секој станува
поет“. Детските срца секогаш знаат да сакаат
искрено. Во нивната душа расте најубавото и
најискреното чувство, а тоа е љубовта. Таа е
најубавиот подарок во животот. Да подариме
љубов, да подариме среќа!
По повод Денот на љубовта, учениците
од прва, втора и трета година графичка
струка од СОУ „Таки Даскало“ – Битола,
заедно со професорите Весна Мундишевска
-Велјановска и Катерина Спасовска - Маурдева
подготвија прекрасна палета на хартиени
производи. Честитки, писма со пораки,
картички и други изненадувања се дел од
предметите кои ги изработија овие вредни
ученици и ни ги подарија за нашите верни
читатели.
ЉУБОВТА И ВИНОТО СПОЕНИ
ВО ЕДНО
13 февруари 2023
По допирот на љубовта секој станува
поет. Да подариме насмевка, да подариме
љубов и среќа.
По повод месецот на виното и љубовта,
во холот на Библиотеката беше поставена
изложба со книги за виното и љубовта.
Исто така дел од изложбата беа и рачните
изработки на учениците од графичката струка
од СОУ „Таки Даскало“ - Битола кои што ги
изработија по повод 14 Февруари – Денот на
виното и љубовта.
КРЕИРАМЕ КОРИЦА
На 13.02.2023 година библиотеката
ја посетија учениците од прва, втора и
трета година од графичката струка од
ДСУ за рехабилитација и образование „Св.
Наум Охридски“ – Скопје, дисперзирана
паралелка во Битола заедно со професорката
по македонски јазик Елизабета Јончиќ и
Елена Чукалеска - професорка по теоретски
графички предмети и практична настава.
Целта на оваа посета беше учениците
да ги видат различните повези на книги, но и
самите да бидат креативни, односно тие имаа
задача да илустрираат корица за книга, да
творат текст и да го прочитаат.
Библиотеката од секогаш е катче за
сите. Место каде секој може да биде креативен
и да научи нешто ново. Многу малку луѓе
знаат дека постои оваа паралелка, во која
наставниците го даваат својот максимумот за
овие деца. Учениците од оваа паралелка: Теа,
Тео, Јована, Никола, Никола, Стефан, Мартин
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 202324
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
и Илми сакаат да бидат идни графичари. Во
нивната наставната програма тие учат се за
книгата од нејзиното печатење до нејзино
врзување со различни повези.
Националната установа Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ –
Битола и оваа година доби поддршка од
Министерството за култура на Република
Северна Македонија за работа со лица со
попреченост.
Сите заедно да направиме подобра
средина за овие деца!
ОПАСНОСТИТЕ НА
СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ
20 февруари 2023
Во библиотеката беше реализирана
рабо-тилница на која учество зедоа 45
ученици од основните училишта ООУ „Гоце
Делчев“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од
Битола. Работилницата на тема „Опасности
кои демнат на социјалните мрежи и
дезинформациите кои се шират. Колку ги
препознаваме?“ ја водеа психологот Жанета
Ристевска од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ –
Битола и библиотекарите м-р Фатма Бајрам
Аземовска и м-р Гордана Ѓоргиевска -
Неделковски. Во работилницата се вклучија
и директорките на двете основни училишта
Жанета Тошеска и Наташа Ставревска,
психологот Елена Милошевска и педагогот
Елизабета Шалевска. Целта на работилницата
беше како учениците да ги препознаат
опасностите и дезинформациите кои се
појавуваат на социјалните мрежи, како тие
влијаат врз нив и нивниот развој и како тие да
се однесуваат наспроти нив.
Во вториот дел од работилницата
учениците од двете училишта имаа можност
да работат во групи, да разговараат и да
размислуваат на одредени теми како:
1. Книга во раце или да читаме од телефон?
2. Сајбер насилство - опасни игри.
3. Позитивни и негативни страни од
користењето на социјалните мрежи.
4. Влијанието на јутуберите, тиктокер и
гејмери, колку ги идеализираме и зошто ги
сакаме.
5. Дали виртуелниот свет доведува до само-
изолација и самоуништување.
6. Зависност од компјутерските игри .
Овие се проблеми со кои сме
засегнати сите и со оваа активност сакаме
да ја подигнеме свеста кај младите за оваа
проблематика на денешното време. Од
одговорите на учениците можевме да видиме
колку тие се свесни и како размислуваат, да
ги упатиме како да ги избегнат опасностите
од медиумите и да не подпаѓаат под влијание
на дезинформациите кои секојдневно сè
помасовно се шират.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 2023 25
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
АЦО ШОПОВ НИЗ
ПЕРИОДИКАТА
23 февруари 2023
Во библиотеката се одржа работилница
насловена како „Ацо Шопов низ периодиката“
со ученици од СОУ „Јосип Броз Тито“- Битола.
Поаѓајќи од идејата да се збогати „Лирскиот
дом на Шопов“ со текстови кои Ацо Шопов ги
оставил во своето уметничко и есеистичко
творештво, а со цел да се даде голема почит
пред се на неговата дарба да напише и да
остави во аманет она што сме и тоа што
треба да бидеме, учениците од Гимназијата
“Јосип Броз-Тито”- Битола имаа можност да
се најдат “очи в очи” со еден поинаков свет,
свет пренесен преку страниците на дневниот
весник “Нова Македонија”.
Младите генерации за жал се помалку
користат периодични пишани медиуми
(весници, списанија) кои се дел од книжевната
критика. Некогаш традиција од секојдневниот
живот на луѓето, традиција да се читаат
весници кои сублимирани во неколку
страници пренесуваа новости испишани со
чист и писмен јазик. Светот којшто се отвори
пред учениците за време на работилниците
низ библиотечната периодика ќе биде,
веруваме, засекогаш запаметен.
Во чест на годината на Ацо Шопов се
потсетуваме на вистинските вредности, за кои
ќе знаеме само ако си го запознаеме нашето
минато, историја, литература и култура. И
оваа втора работилница беше реализирана
под менторство на професорката Симона
Петровска и Марија Марковска, библиотекар
од одделот периодика со поддршка на
директорот на НУУБ “Св. Климент Охридски”,
м-р Бојан Стефановски.
Голема благодарност упатуваме до
ќерката на великанот Шопов, г-ѓа Јасмина
Шопова за идејата и поддршката.
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА
КРАТОК РАСКАЗ
03 март 2023
По повод 8 Март – Меѓународниот
ден на жената, Организацијата на жени
на Општина Битола и НУУБ ,,Св. Климент
Охридски,, – Битола распишаа традиционален
литературен конкурс за краток расказ. Оваа
година по десети пат. Конкурсот беше отворен
од 25 Јануари до 25 Февруари, а годинешната
тема беше Чест. Главната манифестација
се одржа на 3-ти март, кога беа доделени
наградите. Ова е само еден од настаните кои
Организацијата на жени ги организира во
текот на годината.
Што е честа освен девственоста која
се поврзува со жената? Именка од женски
род која изразува морални особини сврзани
со достоинството на човекот, поврзани
со неговото добро име во општеството“,
со овие зборови се обрати на присутните
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 202326
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
претседателот на Организацијата на жени од
Битола, Светлана Папачек.
Оваа година комисијата беше во
состав: Илче Стојановски – НУУБ,, Св. Климент
Охридски “ – Битола , Маргарита Кочанковска
Папачек дип. Професор по Македонски
јазик и книжевност и Светлана Папачек
од Организацијата на жени од Битола. Тие
едногласно ги награди следните учесници
поделени во две категории
Категорија ученици:
1. расказ Чест – шифра: Феникс13
Анастасија Малеска – Струга
2. расказ Чест – шифра: Глувче
Ангела Ангелеска – Битола
3. расказ Чест – шифра: Златна ѕвезда
Фунда Демир – Битола
Категорија возрасни:
1. расказ Чест – шифра: Сѐ не се продава
Лупче Данилоски с. Другово – Кичево
2. расказ Чест – шифра: Тетка
Снежана Паноска – Прилеп
3. расказ Чест – шифра: Карактер
Весна Шереметкоска – Прилеп
Наградените учесници добија плакети
за освоените места, парични награди од S/N
финансиско друштво и награда од нашата
библиотека. По доделувањето на наградите
учениците од Центарот за поддршка во
учењето на децата со попреченост при
ООУ,,Ѓорѓи Сугарев” – Битола им го честитаа
на присутните Денот на жената со лично
изработени честитки, а Лука Ристановски се
претстави со неговата песничка „Како сите
други”.
ОД КНИГА ДО ПРЕТСТАВА
13 март 20223
Во библиотеката се одржа прекрасен
настан во соработка со ООУ „Св. Кирил и Мето-
диј“ – Битола со наслов „Од книга до претстава
– да ги оживееме драмите“. Љубов кон книгата
и читањето, мајчиниот јазик, нашата традиција
и музика. Tоа најдобро се постигнува со
оживување на македонските драми преку
претстава. Библиотеката е место каде ова
може да стане реалност.
На овој настан учествуваа учениците
од осмо одделение под менторство на
психологот Жанета Ристевска кои изведоа
сцени од драмата „Бегалка“ од Васил
Иљоски, учениците од петто одделение под
менторство на нивната наставничка Весна
Јанкулоска кои изведоа сцени од драмата на
Васил Иљоски, „Чорбаџи Теодос“. Настанот
го збогатија со своја точка и учениците од
училишниот хор под менторство на Катерина
Пејовска. За нивниот труд, директорот на
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола м-р
Бојан Стефановски ги награди нашите млади
глумци со ваучери за едно годишна бесплатна
членарина во нашата библиотека.
Секоја книга има тежина доколку
се чита и доживува. Учениците искрено ги
доловија ликовите во овие две прекрасни
македонски драми и ни овозможија вистински
да уживаме.
Kоoрдинатор на проектот: м-р Гордана
Ѓоргиевска – Неделковски, библиотекар
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 2023 27
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА
„ПАПОКОТ НА СВЕТЛИНАТА“
15 март 2023
Порано луѓето им завидуваа на оние
кои имаа пари за живот и ги убиваа. Доаѓа
време кога луѓето ќе и завидуваат на оние кои
нашле смисла во животот, и ќе ги убиваат, исто
какао да имаат пари, Јан Лудвиг дваесет и две
години по „Папокот на светот“ . (Извадок од
„Папокот на светлината“ - Венко Андоновски).
Венко Андоновски е еден од најчита-
ните и најизведувани драмски македонски
автори во последниве две децении. Неговиот
роман „Папокот на светот“ до сега е печатен
во 15 000 примероци, а „Вештица“ во 11 000.
Делата му се преведени на десетина јазици,
меѓу кои и на англиски, француски, руски,
унгарски, грчки, словенечки, хрватски,
српски, бугарски. Дваесет години после
издавањето на „Папокот на светот“, Венко
Андоновски со најново прозно остварување,
„Папокот на светлината“. Романот е петти
по ред и неодамна се закити со наградата
“Стале Попов“ на ДПМ за најдобро прозно
остварување во 2022 година. Вака започна
Винка Саздова писателка промотор на книгата
„Папокот на светлината“ на Венко Андоновски
во проториите на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ Битола.
Венко Андоновски продолжи: Во
“Папокот на светот“ се постави прашањето
Дали може човекот да го промени светот?
Партијата со големо “П“ во овој прв роман
е тоталитарна организација која се храни
со просечноста, и го прогонува младиот
човек, главниот лик Јан Лудвиг не е тоа. Тој
како натпросечна личност, е непотребен
дури и штетен за “Партијата“ и завршува
песимистички. Сега во моето најново прозно
дело „Папокот на светлината“ ќе го поставиме
прашањето “Што се смени од тогаш“? Тука
„Партијата“ е целото човештво каде се
потребни само просечни, послушни. Јан
Лудвиг 20 години подоцна се прашува „Можно
ли смислата да биде само во послушноста,
просечноста, во тие тоталитарни системи“.
Што е злото во човекот? „Зошто почесто го
избираме злото, меѓу кое е и таа послушност?“
Тука дојдов до некоја виша реалност
која треба да ја бараме. Затоа овој роман се
однесува на светлината. Не е ралигиозен,
морам да кажам, иако некои така го
претставуваат. Јан Лудвиг доброволо се трга
од светот во егзил, оди на Хиландар, за да ја
побара смислата на животот. Да го пронајде
БОГ.
Промоцијата заврши со многу емоции и
дружба со писателот.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 202328
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
21 МАРТ - ДЕН НА ПОЕЗИЈАТА
21 март 2023
Во библиотеката се одржа првата
работилница насловена како „Читање
заради задоволство“ која претставува
дел од проектот „Биди Свој! – Креативни
работилници за сите возрасти“. 21 Март е ден
на поезијата, пролетта и ден на екологијата,
а библиотекарите Маријан Колевски и
м-р Гордана Ѓоргиевски – Неделковски го
одбележаа со организирање на поетско
читање.
Денот на поезијата е празник кој
е значаен не само за поетите, туку и за
читателите бидејќи овие креации живеат во
душата на секоја личност. Поезијата е одраз
на слободата, моќта на говорот и составен
дел од културата на секоја нација. Затоа ние
правиме сè за да ги поттикнеме љубителите
на книжевноста кои ја создаваат и негуваат
поезијата, бидејќи таа продира најдлабоко
во нашата душа и е наша заедничка културна
животна сила. Светскиот ден на поезијата е
покана да се размислува за моќта на јазикот
и развој на креативните способности на секој
човек.
Присутните густи заедно со
библиотекарите од нашата библиотека имаа
можност да уживаат во читањето поезијата на
домашни и странски поети, но и во личната
поезија која не е издадена, туку стои на некое
парче хартија и чека на своја интерпретација.
ОДБЕРИ ЈА СВОЈАТА
ПРОФЕСИЈА
19 април 2023
Во организација на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола, ООУ „Коле Канински“
– Битола и Ротари клубот „Широк Сокак“ –
Битола на ден 19.04.2023 година се одржа
работилница на тема „Одбери ја својата
професија“. Учениците од 9 одделение имаа
можност да слушнат различни професии од
нашите говорници:
– Билјана Петровиќ – биотехнолог,
– Ѓорѓи Мијалчев – информатичар,
– Лидија Павловска – одделенски наставник,
– Маргарита Камбовска – доктор, педијатар,
– Марта Соклевска – администратор за
човечки ресурси,
– Светлана Глигоровска – педагог,
– Билјана Врчал Ванчевска – стоматолог.
Говорниците говореа за нивните
професии кои што можат да претставуваат
една визија за идните средношколци и да
помогнат во одредувањето нивното идно
занимање. Нивни совети беа насочени кон
самостојно определување на средното
образование базирано врз следните
принципи:
– Идентификувајте ги вашите интереси и
страсти. Размислете што уживате да правите и
кои теми или области ви се интересни;
– Размислете за вашите вештини и силни
страни. Размислете за работите во кои сте
добри и областите каде што се истакнувате;
– Истражувајте ги потенцијалните кариери.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 2023 29
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
Погледнете во различни работни места
и кариери кои се усогласени со вашите
интереси и вештини;
– Побарајте совет од училишниот педагог и
психолог, професионалци, кариерните центри.
Разговарајте со луѓе кои работат во областите
за кои сте заинтересирани за да добиете увид
во нивната секојдневна работа и потребните
квалификации,
– Добијте искуство преку волонтерство.
Ова ќе ви помогне подобро да ги разберете
различните кариери и да видите дали тие се
погодни за вас.
На крај на настанот низ заедничка
дискусија се констатира дека изборот на
средното образование не е лесна одлука
и затоа треба да се одвои време и да се
истражат различните можности за подобро да
се определи кое средно училиште е најдобро
за секој иден средношколец. Да се раководат
по себеси и да го остварат својот сон, а не што
тоа велат другите, бидејќи успехот во работата
пред се зависи од нив.
Им изразуваме благодарност на сите
кои допринесоа за да помогнат во изборот
на овие идни средношколци. Особено
им благодариме на директорката Дијана
Толевска Христовска, Советот на родители
при училиштето ООУ „Коле Канински“- Битола
и на претседателката Марија Наумовска за
реализирање на оваа активност.
Модератор на настанот беше м-р Фатма
Бајрам Аземовска, раководител од областа
Развој на библиотекарството
ПЕСНАТА НА ЦАРЕВАТА ЌЕРКА
20 април 2023
Во библиотеката се одржа четвртата
работилница од проектот „Креативни
забавни работилници за поттикнување на
читањето кај деца со попреченост“. Една
бајка се пишува, се чита и може да се одигра,
a овој пат имавме прекрасно изведена
претстава во нашата установа. Членови од
едукативниот центар „Едусфера“ се претставија
со изведба на бајката „Песната на царевата
ќерка“. Публиката составена од учениците
од ДСУРО „Св. Наум Охридски“ – Скопје со
дисперзирана паралелка во Битола, членовите
на здружението за лица со попреченост ЦПЛИП
„Порака“, децата од едукативните центри
„Малиот Принц“ и „Smart Head“, ученици
од ООУ „Даме Груев“ и останатите гости,
беа воодушевени од прекрасната изведба.
Во библиотеката се случуваат
магични нешта каде царува насмевката
на детските лица и тука сите сме едно. По
завршување на претставата сите заедно
се дружевме, игравме и пеевме песни
заедно со актерите од претставата. Уште
еден незаборавен ден во библиотеката.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 202330
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
ЛЕКТИРИ НА ГЕРМАНСКИ
ЈАЗИК
12 мај 2023
На покана на Австриската библиотека
од Битола на ден 12.05.2022 година, во НУУБ
„Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа
работилница со ученици од Центарот за
германски јазик „Илиеви“, од средните училишта
„Таки Даскало“, Државното музичко училиште
и студенти од Меѓународниот славјански
универзитет под менторство на проф. Елена
Сотиров и проф. Кристина Атанасовска.
Работилницата се одржа на тема „Лектири
на германски јазик – читање и разбирање “.
Раководителката на Австриската библиотека
во Битола д-р Валентина Илиева ја водеше
работилницата претставувајќи ги лектирите на
германски јазик од Австриската библиотека.
Лектирите можат да ги читаат членовите на
библиотеката дури и со основните познавања
на германскиот јазик. Еден текст од лектира од
А1 ниво „Роња трча“ беше земен како пример
за разработка. Ваквите лектири од веб страната
на издавачката куќа можат да се симнат и да
се слушаат како аудио книги, а најинтересниот
дел од работилницата беше секако работата во
парови на вежбите по секој текст, вежби кои ни
овозможуваат проверка на прочитаниот текст.
Учесниците со големо внимание ја
следеа работилницата и изразија желба за
почести работилници од ваков вид, а на крајот
раководителката Илиева им подари на сите
учесниците мали речници и бележниците како
спомен од оваа дружба.
ИЗЛОЖБА НА РАРИТЕТНИ
КНИГИ
24 април 2023
Во холот на библиотеката беше
отворена изложбата на 100 книги, стари 100
години од фондот на Библиотеката „АЛБИ” – с.
Бабино.
На изложбата свој говор имаа: м-р
Бојан Стефановски, директор на НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола, сопственикот
на библиотеката „Алби“ – г-дин Стево
Степановски, писателот Добре Тодороски и
претседателот на ДПМ Христо Петрески. Овој
настан беше реализиран по повод Светскиот
ден на книгата и авторското право, каде
беше пренесена пораката од г-ѓа Одре Азуле,
генерален директор на УНЕСКО и пораката од
проф. д-р Ана Стојаноска.
„Книгата е огледало на збиднувањата
низ вековите и човековите стремежи кои
се реализираат и живеат во пишаниот збор.
Книгите се печат на едно време…“
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 2023 31
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
ЛИКОВНА УМЕТНОСТ –
СЛИКАЊЕ
13 мај 2023
Во рамките на проектот „Биди свој!
– Креативни програми за сите возрасти“ се
одржа и третата работилница насловена како
Ликовна уметност – сликање, во соработка со
студиото „Адамс АРТ“ предводено од Анкица
Стевановска.
Со овој проект се предвидува
одржување на повеќе работилници наменети
за развивање на креативноста во уметноста
и науката. Со тоа ние сакаме да ја оттргнеме
јавноста од секојдневните стресни ситуации
кои ги создаваат современите начини на
живеење и технологијата која е длабоко
имплементирана во нашиот живот. Да ги
насочиме најмладите да го исполнуваат
нивното слободно време со активности
во кои ќе ги развиваат нивните мисловни
способности и идеи. Затоа оваа работилница
ја насочивме кон сликањето со различни
техники, а темата за сликање беше „Книгата и
техники, а темата за сликање беше „Книгата и
детето“.
Учесниците на работилницата имаа
можност да фантазираат, да другаруваат и
да бидат креативни и сето тоа го изразија
во нивните уметнички дела. Цртежите од
работилницата беа изложени наредниот ден
во холот на Библиотеката.
Координатори на проектот:
библиотекари Маријан Колевски и
м-р Гордана Ѓоргиевска - Неделковски
ПОТТИКНУВАЊЕ НА
ЧИТАЊЕТО НА ДЕЦА СО
ПОПРЕЧЕНОСТ
18 мај 2023
Во градскиот парк во Битола се одржа
петтата работилница од проект “Креативни
забавни работилници за поттикнување
на читањето на деца со попреченост“ во
организација на НУУБ “Св. Климент Охридски“
од Битола, заедно со учениците од ДЦУРО “Св.
Наум Охридски“ од Скопје со дисперзирана
паралелка во Битола.
Учениците заедно со библиотекарите
Вера Марковска, м-р Гордана Ѓоргиевска –
Неделковски и Ирена Колевска, професорката
по македонски јазик, Елизабета Јончиќ,
и професорката по теоретски графички
предмети и практична настава, Елена
Чукалеска, изработија цртежи за прекрасна
цветна бајка со цвеќињата кои ги собираа.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 202332
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
ТАНЦОТ НА ГЛАГОЛИЦАТА И
КИРИЛИЦАТА
26 мај 2023
Библиотеката го одбележа 24 мај –
Денот на сесловенските просветители, браќата
Кирил и Методиј, со доделување на награди
на најдобрите литературно-ликовни творби
на учениците кои учествуваа на конкурсот на
тема „Танцот на глаголицата и кирилицата“.
Овој настан со свое присуство
и учество го збогатија учениците од
Едукативниот центар „SmartHead“ и учениците
од ООУ„ Елпида Караманди“ – Битола под
менторство на наставничката по македонски
јазик Сузана Петковска, кои пред присутните
гости прочитаа нивни лични творби за ликот и
делото на Светите браќа Кирил и Методиј.
Голема благодарност до сите оние
кои се пријавија на конкурсот и исто така
благодарност кон сите гости кои дојдоа да
ги поддржат овие млади ученици со нивните
творби.
МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА
БИОЛОШКАТА РАЗНОВИДНОСТ
23 мај 2023
По повод Меѓународниот ден на
Биолошката разновидност, во просториите
на НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола се
реализира работилница насловена “Природа
убавина”, каде гости беа учениците од четврто
одделение од О.У. „Гоце Делчев“ – Битола со
своите наставнички.
На настанот свое излагање имаа Петар
Ставрев – новинар и Сашо Ставрев – фотограф.
И двајцата се љубители на природата кои
успеаја на еден начин да им ги доловат
наједноставните и најважните делови за
заштита на природата, а посебно растенијата,
животните, водата во неа и надвор од неа
и сето тоа поддржано со слики, звуци од
природата, растенија од природата (посебно
лековити растенија) и слајдови. Меѓу другото
учениците се запознаа со водите и заштитата
на целата флора и фауна.
Со оваа работилница учениците се
запознаа со биолошката разновидност и се
извлече заклучок дека кон природата треба да
се однесуваме како со скапоценост која не ни
е дадена само нам и која треба да ја чуваме и
негуваме за идните генерации.
Работилницата ја реализира
д-р Јасминка Кочевска, библиотекар
НОВИ БИБЛИОТЕЧНИ ИЗДАНИЈА
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 2023 33
Ирена Зечевић
Библиотека Матице српске, Нови Сад
irena.zecevic.bp@gmail.com
Александар Радовић
Библиотека Матице српске, Нови Сад
araddovic@gmail.com
После 2020: нове прилике и перспективе: зборник радова. Београд: Библиотекарско друштво
Србије, 2022.
Констатације друштвених аналитичара о „крају Историје“ допуњене су, недавно,
злослутним предвиђањима коју је изазвао COVID-19. Последицâ „короне кризе“ свесни су,
између осталих, и библиотекари који су последњих година радили у измењеним условима рада
прилагођавајући се онлајн пословању.
Кровна установа библиотекарâ Србије је 17. међународну конференцију одржала путем
Зум платформе (2020), а околности су дозволиле да се наредни стручни скуп Библиотекарског
друштва Србије одржи у хотелу „Крагујевац“ (14-16. децембар 2021.) али и на Интернету (Зум,
Јутјуб канал Секције за дигиталну трансформацију БДС-а).
Под насловом После 2020: нове прилике и перспективе појавио се, 2022. године,
зборник радова са конференције у највећем шумадијском граду, а представљено је 11 радова
под уредничким вођством Ане Јанковић. Писало се о новим парадигмама у библиотечко-
информационом раду (мобилне апликације у раду са грађом и изворима) и о томе да библиотеке
иновирају пословање да би се приближиле корисницима услуга (инфомациони центри „хабови“,
репозиторијуми).
Зборник отвара текст Бојане Ч. Грујић из Градске библиотеке у Новом Саду о пројекту „Нови
Сад – биодиверзитетски град“ који је, у сарадњи са међународним и домаћим установама културе,
покренула матична библиотека у главном граду Војводине током пролећа 2021. године. Резултати
истраживања публике са питањем „Како побољшати биодиверзитет ?“ у тој средини показали
су да се све већи број корисника библиотечких услуга занима за еколошке теме. Сарадња
библиотека са другим чиниоцима културних процеса да би се, библиотечка грађа и извори,
учинили доступним грађанству одавно је у жижи интересовања стручне јавности. У зборнику
После 2020: нове прилике и перспективе Библиотекарског друштва Србије двоје библиотекара
из града домаћина 18. међународне конференције БДС-а, Гордана М. Вучковић и Марија Д. Ракић
Шаранац, пишу о сарадњи Завичајног одељења Народне библиотеке „Вук Караџић“ са приватним
колекционарима из Крагујевца. На традиционалној манифестацији „Дани крагујевачке књиге“
самостални истраживачи Слободан Лазић и Бранко Комненић представљају резултате рада у
интеракцији са запосленима из библиотеке града на Лепеници. Тиме (су) „истраживачи су постали
и креатори и коаутори садржаја који су библиотекарима веома важни, а често недоступни или
непознати“ .
У зборнику радова са годишњег скупа библиотекара Србије и региона представљени
су „Новости у програмској опреми COBISS3“ (текст Душана Стошића и Мирослава Коларича из
НОВЕ ПЕРСПЕКТИВЕ БИБЛИОТЕЧКО-ИНФОРМАЦИОНОГ
РАДА У ОКРУЖЕЊУ
______________________________
1) Утицајна студија Френсиса Фукујаме Крај историје и последњи човек први пут објављена 1992.
године.
2) Гордана М. Вучковић, Марија Д. Ракић Шаранац, „Сарадња Завичајног одељења са
истраживачима и колекционарима – добар пут за попуњавање Завичајне збирке“, У: После 2020:
нове прилике и перспективе: зборник радова. Београд: Библиотекарско друштво Србије, 2022, 35.
НОВИ БИБЛИОТЕЧНИ ИЗДАНИЈА
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 56 / 202334
IZUM-a), а писало се о могућностима, употреби и перпективама Српског УДК Онлајн о чему у
истоименом тексту, информише Ана Ђ. Стевановић из Народне библиотеке Србије.
Да је библиотечко-информациона делатност (посебно у 21. веку) „блиска“ радиофонији
истиче Мирко Дрманац из Градске библиотеке „Владислав Петковић Дис“ из Чачка. Та установа
културе 2007. године je започелa циклус аудио снимања (најаве књижевних програма, ТВ
рекламе), а пресељењем у нову зграду Библиотека (2019) унапређује свој рад снимајући
„војсофтвер у библиотеци“. Техника развијана у оквиру америчког библиотекарства омогућује
снимање гласа (војсовер) који „се може директно поставити на неку друштвену мрежу (као моно-
снимак) или миксовати са музичком или другом подлогом...“ За реализацију програма потребно
је, уз простор и рачунар, да се обезбеди микрофон, мониторски звучници и слушалице, као и
аудио-интерфејс, истиче Мирко Дрманац.
Ана Д. Ђорђевић са Хемијског факултета Универзитета у Београду пише о дигиталном
репозиторијуму Cherry који се у тој академској установи користи од новембра 2018. године, а
стручњацима који раде у књижницама високог школства Србије посвећен је текст Кристине Б.
Ковачевић и Ирене Њежић. Питања која постављају односе се на стручност особља које услужује
академске грађане, а библиотекари у сусрету са студентима стичу нова искуства пратећи њихове
потребе. Да је „Библиотека – модерна образовна установа којој се учи на мање формалан начин“
тврде у поглављу заједничког текста Ивана Хренко, Марија Симовић и Александар Димитријевић
из Народне библиотеке „Стефан Првовенчани“ из Краљева. Да би основцима приближили
библиотечко-информациони рад аутори рада помињу платформу Kahoot, пословање уз таблетê и
друга наставна средства.
Електронске књиге, њихова позајмица и читање у библиотеци – „домаћину“ 18.
међународне конференције Библиотекарског друштва Србије тема је текста Анђеле З. Огњановић
и Николе Д. Станковића са карактеристичним насловом – Поглед у будућност. Крагујевачки
стручњаци са књигом у руци развијају нове „алате“ прикључујући се корисницима библиотечких
услуга, а један од њих је веб и мобилна апликација Vuk eBook истичу Огњановић и Станковић.
Гошће из Хрватске Божица Драгаш и Сњежана Ерцеговац (Књижнице града Загреба) су,
на 18. међународнoj конференцији Библиотекарског друштва Србије у Крагујевцу, представили
пословање установе у којој раде. Упркос неповољним здравственим приликама током епидемије
COVID-19, а у периоду од марта 2020. до децембра 2021. године, КГЗ и Књижница Марина
Држића којој је посвећен текст увеле су нове програмске садржаје попут квизова и радионица уз
остварених 7 виртуалних изложби. Библиотекарке из главног града Хрватске су саме израживале
и монтирале видеоприлоге које су постављали на интернет страницу Књижницe Марина Држића
као и на друштвене мреже.
Учесница стручног скупа којем је посвећен овај текст била је и Марина Ђачић из
Библиотеке Матице српске. У тексту Агрис центар – савремени информациони центар (хаб) у
Библиотеци Матице српске она је пружила историјат специјализоване агенције Уједињених
нација за храну и пољопривреду (FAO) као и њен учинак у српској науци од 1982. године када се
Библиотека Матице српске прикључила поменутом програму. Ђачић је подробно информисала о
активностима центара Агрис-а широм света од 2019. до 2021. године, нагласивши значај те мреже
када је у питању књижна продукција из пољопривреде и сродних области.
Зборник радова са 18. међународне конференције Библиотекарског друштва Србије
објављен је у тиражу од 300 примерака.
_____________________________
3) Мирко Дрманац, “Војсовер у библиотекама“, У: После 2020: нове прилике и перспективе:
зборник радова. Београд: Библиотекарско друштво Србије, 2022, 51-52.
4) https://cherry.chem.bg.ac.rs/?locale-attribute=sr_RS
5) https://www.kgz.hr/hr/knjiznice/knjiznica-marina-drzica/o-knjiznici-663/osnovni-podaci-205/205