БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021 БИБЛИОТЕЧЕН ТР Д...

БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕНТР ДБР,54,2022


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНД


СПИСАНИЕ НА


НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“


*
Издавач


Национална установа
Универзитетска библиотека


„Св. Климент Охридски“ Битола
ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39


*
Заиздавачот


м-р Бојан Стефановски
*


Издавачкисовет:
д-р Николче Вељановски, претседател


Илче Стојановски
Гордана Пешевска


*
Главениодговоренуредник


д-р Николче Вељановски
*


Редакција:
д-р Николче Вељановски


Илче Стојановски
*


Лектура
Александар Димитров


*
Фотографии


Слободан Пачовски
*


Корицаипечат
Графо Пром – Битола


*
Тираж


200 примероци
*


ISSN1409-9497
*


Тел/факс: 047 220 208
Тел: 047 220 515


Тел. На Изд. 047 232 999
www.nuub.mk


e-mail: nuub@nuub.mk


Спианието е финансирано од
Минстерството за култура на Р.С.


Македонија


СОДРЖИНА


ОДМЕЃУНАРОДНАТАСОРАБОТКA


ХОРТИКУЛТУРНИ БИБЛИОТЕКИ – РЕГИОНАЛНА СРЕДБА


м-р Јелена Петровска, програмски раководител------------------- --2


ТРЕТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИБЛИОТЕКАРИ, АРХИВАРИ
И МУЗЕОЛОЗИ


м-р Јелена Петровска, програмски раководител----------------------3


ИЗЛОЖБА НА УМЕТНИКОТ ПЕЦЕ ВРЖОВСКИ
м-р Јелена Петровска, програмски раководител----------------------5


БИБЛИОТЕКАТАНЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ


НУУБ - БИТОЛА ГИ НАГРАДИ НАЈВЕРНИТЕ ЧИТАТЕЛИ-----------8


СМЕСТУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ НА БИБЛИОТЕЧНИОТ МАТЕРИЈАЛ ВО


НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛA
Подготвил Менде Доневски, самостоен библиотекарски пом. --10


БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРEПОРАЧУВАAТ-------------------------------------11


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ, ПРЕДАВАЊА


Попдготвиле: Фатма Бајрам Аземовска и
м-р Гордана Ѓоргиевска – Неделковски-----------------------------12


НАКАФЕСОРОДНОКРАЈНИАВТОРИ-ИНТЕРВЈУ


РАЗГОВОР СО ПИСАТЕЛКАТА ИВАНА БАЛТОВСКА


Разговорот го водеше м-р Гордана Ѓоргиевска – Неделковски--23
РАЗГОВОР СО МИЛИЦА ДИМИТРИЈОСКА -РАДЕВСКА


Разговорот го водеше м-р Гордана Ѓоргиевска – Неделковски--24




ОДМЕЃУНАРОДНАТАСОРАБОТКА


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 ТРЕ ДБР,54,20222


содржини во регионот.
Мирко С. Марковиќ, кој е идеен творец на
хортикултурната мрежа, присутните ги поттикна
за осмислување на иновативните програми во
локалната средина. Јасмина Иванковиќ, директор
на Библиотека „Димитрие Туцовиќ“ од Лазаревац
(Р.Србија) ги запозна присутните со најавената
соработка на РЕК Битола и РБ Колубара од Србија


поврзана со рекултивација на земјиштето. Нена
Ѓениќ од Златиборската библиотека (Р.Србија)
зборуваше за креативни поттикнувачки програми
за анимација на корисниците, додека колегите Ива
Грковиќ од Винковци, (Хрватска) Негосава Нега
Степановиќ (БИХ) и Јелена Ѓоновиќ од Херцег Нови
(Црна Гора) споделија импресивни искуство во
работата со хортикултурни библиотечни програми
во своите средини. На покана од Битолската
библиотека, директорката Јорида Дхемби од
библиотеката „Тими Митко“ од Корча ја претстави
својата библиотека и можностите за соработка во
областа на научните истражувања од ботаниката во
Албанија.
Заклучок од средбата е дека вмрежувањето
на библиотеките со хортикултурен предзнак е само
почетен чекор во понатамошната соработка во
широкото поле на библиотечната дејност.


ХОРТИКУЛТУРНИБИБЛИОТЕКИ–
РЕГИОНАЛНАСРЕДБА


Подготвила м-р Јеленa
Петровска, програмски
раководител


На Регионалната средба на хортикултурни
библиотеки која се одржа од 19-21.04.2022 година во
РС Македонија, а домаќин беше НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола, учествуваа библиотеките
од нашата земја, Р.Србија, Босна и Херцеговина,
Албанија, Хрватска и за првпат Црна Гора.
На 20 април, во хотел Молика се одржа
работна сесија на која библиотекарите имаа можност
преку презентации да не запознаат со нивната
работа од областа на хортикултурата. Учесниците на
оваа работна сесија ни покажаа дека библиотеките
се повеќе се ставаат во служба на народот и во
одржување на поубава околина за живеење преку
најразлични работилници и проекти поврзани со
хортикултурата. Вредноста на хортукултурата беше
препознаена и поддржана од град Битола, РЕК –
Битола, ЈП Комуналец – Битола, БИМИЛК – Битола
и Винарска визба „ Бовин“ – Неготино кои после
доделување на сертификатите за учество овозможија
дегустација на вина од нивната винарска визба.
По завршувањето на работниот дел на
Регионалната средба на Хортикултурни библиотеки,
учесниците имаа можност со двајца библиотекари
Никола Марковски и Гордана Ѓоргиевска -
Неделковски да прошетаат по историската патека
и да ги видат прекрасните цвеќиња и шума што ја
красат нашата преубава планина. Чистиот воздух,
мирот и мирисот на планината е непроценливо
богатство.


Регионалнасмотранахортикултурни
библиотеки


Како дел од постапките за дисеминација
на проектот „Регионална смотра на хортикултурни
библиотеки“, на 21 април се одржа средба во НУ
„Григор Прличев“ во Охрид.. Охридските колеги
имаа прилика да се запознаат со различни искуства
од библиотечната работа со хортикултурните




ОДМЕЃУНАРОДНАТАСОРАБОТКА


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 Б Б ТЕ Е ТРЕ ДБР,53,2021 ТРЕ ДБР,54,20 2 3









ТРЕТАМЕЃУНАРОДНАКОНФЕРЕНЦИЈА
НАБИБЛИОТЕКАРИ,АРХИВАРИИ


МУЗЕОЛОЗИ
Подготвила м-р Јелена Петровска, библиотекар -
советник
На 17 и 18 мај во Националната
библиотека на Црна Гора „Ѓурѓе Црнојевиќ“
во Цетиње се одржа Третата меѓународна
конференција на библиотекари, архивари и
музеолози – ЛАМ, Црна Гора, 2022 година.


На Панел дискусијата на тема „Улогата
на библиотекарот : предизвици и успешни
практики” учествуваа: Драгица Ломпар, директор
на Националната библиотека на Црна Гора „Ѓурѓе
Црнојевиќ“, Сузана Танасијевиќ од Градската
библиотека во Јагодина, Ивана Јањушевиќ, од
Библиотеката „Влада Аксентијевиќ“ од Обреновац,
Јелена Петровска од НУУБ „Св.Климент
Охридски“ од Битола, Славица Гленџа, Драган
Мирковиќ, Вјенчеслава Шеваљевиќ, Драгана
Мирковиќ, Данијела Радуловиќ, Борис Калуѓеровиќ
од Народната библиотека на Црна Гора „Ѓурѓеќ
Црнојевиќ“, Ардита Миркојајинов од Националната
библиотека на Црна Гора Народната библиотека
„Радосав Љумовиќ“ од Подгорица, Софија
Јеловац од Националната библиотека „Стеван




ОДМЕЃУНАРОДНАТАСОРАБОТКА


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 ТРЕ ДБР,54,20224




ГОРДОСТ1
–завршенпартнерскисостанок-


Проектот „ГОРДОСТ 1 – Зачувување на
ромскиот јазик преку употреба на онлине речник?“
доаѓа до својот крај. Од 11 до 12 април 2022 година
во Лазаревац (Србија), се одржа завршниот состанок
со партнерите „Jugendstil“ од Германија, „BARIKA-
NIPE“ од Скопје.


PROUDI–PROJECTBOOKLET

Во брошурата можат да се прочитаат
резултатите од реализацијата на проектот ГОРДОСТ
1 – Зачувување на ромскиот јазик преку употреба на
онлине речник? Проектот е во рамки на програмата
клучна акција 204 – Стратешки партнерства за
образование на возрасни, клучна акција...






Самарџиќ“ од Плевља и Наташа Шпадијер од Градската библиотека и читална „Његош“ од Цетиње.
Модератор на панелот беше Јасмина Бајо, претседател на Здружението на библиотекари на Црна Гора.
Во отворена и инспиративна дискусија, учесниците зборуваа за тоа како библиотеките би можеле да
ги исполнат очекувањата на корисниците и заедницата денес. Тие презентираа примери на успешна
практика од нивните библиотеки, а ги посочија проблемите и предизвиците со кои се соочуваат
библиотеките, особено во регионот, почнувајќи од нерешениот статус на народните библиотеки,
недостигот од буџетски средства за книги, како и процедурите за набавка на книги и недостатокот
на квалитетни добавувачи. Се сподилија искуства кои ги регулираат овие прашања во различни
земји, а учесниците се договорија за соработка во различни области на библиотечното работење.
Заклучок на панелот е дека денешните библиотекари мора да бидат креативни, имагинативни,
аналитички, комуникативни луѓе кои се способни да се поврзат со заедницата, да ги препознаваат
нејзините потреби и во соработка со корисниците да ги развиваат online услугите кои се
најпотребни за одредени прашања и за подигање на квалитетот на живееење во своите средини.


ПОСЕТАИРАБОТНАСРЕДБА







Како продолжување на воспоставената
соработка на НУУБ „Св. Климент Охридски“
– Битола и Градската библиотека и читаоница
Херцег Нови, програмскиот раководител м-р Јелена
Петровска оствари на 8-ми јуни оствари работна
средба со директорката на Библиотеката Јасна
Маслан. Беа пренесени предлози од директорот
м-р Бојан Стефановски и одговорните лица за
реализација на повеќе библиотечни програми и
активности кои ќе придонесат во збогатување на
библиотечниот фонд на двете институции, размена
на библиотечни искуства и практики, организација
на Саеми на книгата, развој на одделни библиотечни
збирки и учества во заеднички проекти. На средбата
се разменаа мислења во однос на проблемите со
заштитата и популаризацијата на библиотечниот
материјал, особено на Роднокрајната збирка.
Директорката Маслан ја поддржува иницијативата
за развој на иновативни и креативни проекти
во регионот, како дел од ЕУ програмите за
остварување на целите од УНЕСКО Агендата
2030. На средбата беше посочена двострана
заинтересираност за соработка и учества во
регионалните проекти во однос на изложби и
стручни средби на повеќе библиотеки од Црна Гора.




ОДМЕЃУНАРОДНАТАСОРАБОТКА


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 Б Б ТЕ Е ТРЕ ДБР,53,2021 ТРЕ ДБР,54,20 2 5


ИЗЛОЖБА„ПОМЕЃУЈАВЕИСОН“


На 21.04.2022 г. во холот на Библиотеката
беше поместена изложба под наслов „Помеѓу јаве и
сон“, Авторката Јасминка Иванковиќ е инспирирана
од истоимената песна на Лаза Костиќ во која поетот
опишува посебна состојба на духот во кој се губи
границата помеѓу имагинарниот и реалниот свет.
Ослушнувајќи ги импулсите на своето срце и занес,
авторката Јасмина Иванковиќ е свртена кон
своето битие. Таа создава мозаик на уметничкиот
свет со вез, ткаење, хеклање и со други техники,
во кои освен срцето, алатки за работа се рацете и
плетењето.
Сè е создадено во ритамот на стихот:
„Срце мое самохрано,
кој те покани во мојот дом?
Неуморна плетачке,
Што плетиво плетеш тенко
помеѓу јаве и сон “.



Неуморната плетачка Јасмина Иванковиќ со
плетење се обидува да ги поврзе невидливите нишки
на човечката душа, бегајќи од мрачната реалност
која не демнеше целата 2020 година, но давајќи ни
надеж дека убавината е секогаш присутна, правејќи
ги луѓето повозвишени и поблагородни. Нејзините
ракотворби во 2021 година ќе бидат лековити за
сите оние кои ја ценат креативноста и самосвеста:
„Срце мое, лудо срце,
Што ти мислиш за плетењето?
Ко плетачка онаа стара,
денот што ткае, во ноќта го пара,
помеѓу јаве и сон“.
Затоа изложбата треба да се погледне и во срцето да
се сочува.
Проф. д-р Милорад Ѓоковиќ


ИЗЛОЖБАНАУМЕТНИКОТПЕЦЕ
ВРЖОВСКИ


Подготвила м-р Јелена Петровска, библиотекар
советник
Во НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола
на 21.04.2022 г. беше отворена ликовна изложба
на уметникот Пеце Вржовски. Изложбата е во
рамки на меѓународниот собир „Хортикултурни
библиотеки“ на кој освен претставници од земјава,
учествуваа и гости од библиотеки од Србија, Босна
и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Албанија.
Нашата библиотека од 2017 година активно
учествува во промоцијата на хортикултурни
библиотеки и е членка на регионалната мрежа.
Неговата техника е пастел и акварел, навидум
едноставни техники кои ја пренесуваат чистата
емоција и носат единствена приказна, но тие имаат
свои барања, а само вистински уметник може да ги
преточи нежните бои во белината на платното.
Приказната за цвеќето е вечен мотив на природата, и
токму цветните мотиви кои се застапени во неговото
творештво од самиот почеток, ја носат силната
порака за убавото и волшебното, кое што најчесто и
не го приметуваме.





БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,54,2022
6


Цвеќето е мотив кој го наоѓаме уште од
самиот почеток на цивилизацијата. Во нашата
култура сме придружени со букети цвеќе во сите
сегменти од нашето постоење, и кога се радуваме и
кога тагуваме, цвеќето е природен одраз на нашето
битие. Цветовите низ историјата имаат свој говор, а
секој цвет има свој симбол, така што може изворно
да ја пренесе емоцијата, да ни зборува и да биде
посредник меѓу природата и човекот.
Човек – уметник комуницира со цвеќето,
комуницира со природата, а не често се појавуваат
и други учесници во природниот циклус на
опстојување на природните закони, а што е цвет без
пчела…
Во нежните нијанси на акварелите се
создава прекрасен свет на бои, симфонија на светли
и темни тонови, кои на некои цртежи имаат помалку
драматичен акцент кој го покажува сензибилитетот
на уметникот. Застануваме пред сликите кои ни
раскажувват приказна за убавото, за секојдневното
гледано од поинаква перспектива, магија од ситни
детали,интимно засолниште, не само на авторот
туку и на гледачот, заедно да останат заробени во
просторот од убавините на најголемиот мајстор, на
сликарот – природата.


ВЕЧЕРНАВЕСНИЦИТЕ„ЛАЖНА-ТОЧНА
ВЕСТ“


НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола во
соработка со невладината организација „ДОГМА“
на 19.05.2022 г. во Хотел Театар ја реализираше
третата вечер од проектот „Вечери на кративноста“
одобрен од Министерство за култура на Република
Северна Македонија.
Оваа вечер на наше огромно задоволство
ја посветивме на печатените медиуми, весници
и списанија со цел да ги запознаеме младите со
начинот на добивање и препознавање на „Лажна-
точна вест“. Ни беше огромно задоволство што
оваа вечер наши гости и говорници беа новинарите
и уредници на печатени и електронски медиуми:
Гордана Гравчева-Ивановска од списанието
„Јавност“, Панде Димитровски од списанието
„Без навреда“ и Жанета Здравковска, којашто
во минатото работела во печатени медиуми, а
сега ги води online страните Апла.мк и СДК.мк.




БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021
БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,54,2022 7


„МЛАДИПОЕТИПИШУВААТЗА
ПЛАНЕТАТАЗЕМЈА“.



По повод одбележувањето на 22 април,
Светскиот ден на планетата Земја и 23 април,
Светскиот ден на книгата, Ротари Клубот Битола
„Широк Сокак“ започнува со реализација на проектот:
Реализацијата на овој проект ќе биде во чест
на упокоениот, почитуван Ротаријанец и активист
Нешат Аземовски. Аземовски беше истакнат,
активен долгогодишен еко- активист и основач
на НВО „Биосфера“, борец за здрава животна
средина, иницијатор на активности за еколошка
едукација на младите, промотор на вредности
за мултикултурализам. Препознатлив по својот
активизам на локално, национално и меѓународно
ниво. Целта на проектот е да се поттикнат и мотивираат
младите поети да пишуваат, промовирајќи го своето
креативно творештво. На тој начин ќе може да ги
афирмираат своите творби пред пошироката јавност.
Проектот преку објавување на творбите на
младите поети ги истакнува заложбите на Ротари
Клубот Битола „Широк Сокак“ за силна и директна
стимулација на творештвото на младите поети од
Пелагонискиот регион. Конкурсот е наменет за
млади автори на поетски творби, на возраст од 8 до
18 години.
Конкурсот за доставување на поетски творби
започна од 23.04.2022 година и траеше до 20.05.2022
година.
Секој учесник имаше право да учествува
со една поетска творба на тема екологија, животна
средина, заштита на Планетата Земја итн.


Поетските творби беа напишани во формат
Times New Roman, со големина на буквите 12.


Секоја поетска творба содржеше име и
презиме, возраст, адреса, училиште, телефонски
број. Литературните творби се доставуваа на меил:
nuub.bitola@gmail.com со назнака: ЗА КОНКУРС
МЛАДИ ПОЕТИ.
Резултатите беа објавени на 25.05.2022 година на
веб страната: Nuub.mk и на Facebook профилот
НУУБ „Св.Климент Охридски“- Битола.
Најдобрите поетски творби беа објавени
во заедничка збирка на поезија и беа
свечено промовирани на 05.06.2022 година.
Збирката поезија беше промовирана во
Зоолошката градина – Битола, по повод Светскиот
ден на животната средина. Збирката поезија
содржи 43 песни.




БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,54,2022
8


ПОСЕТАНАСТУДЕНТИОДФИКТ


На 06.05.2022 г., Библиотеката беше посетена
од студенти од Факултетот за информациски и
комуникациски технологии-Битола со својата
професорка вонреден проф. Мимоза Богданоска-
Јовановска. Целта на оваа посета им беше да се
запознаат со системот COBISS и E-CRIS.MK со кои
нашата библиотека е мрежно поврзана со библиотеки
од повеќе земји на Балканот. Библиотекарите
м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски и Маријан
Колевски им овозможија на оваа група на
студенти одблиску да ја запознаат библиотеката,
нејзините функции и работата со COBISS и
E-CRIS.MK системите за мрежно поврзување на
податоците со кои располага библиотечниот фонд.


НУУБ-БИТОЛАГИНАГРАДИ
НАЈВЕРНИТЕЧИТАТЕЛИ


Битолчаните секогаш знаат дека книгите
се нивните најдобри пријатели. Затоа ние
во изминатиов период им овозможивме да
другаруваат со најчитаните светски наслови, а
тие ни возвратија со редовна посета на Нашата
библиотека. Читателите од секоја категорија
се дружеа со жанрот кој нив најмногу им
одговара, а ние се потрудивме да ги задоволиме
и најпребирливите. Но, секоја посета на нашата
библиотека не останува незабележана, па затоа
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и оваа
година ги наградува најредовните читатели. Секој
читател е посебен за нас. Секое нивно доаѓање и
изнајмување на книги од нашата библиотека ние
решивме на симболичен начин да ја наградиме
и оваа година. Добитниците на наградите се
поделени во неколку категории и тоа: - Читател
на годината од категорија возрасни со најмногу
изнајмени книги во 2021 година е:
1. Жанета Тошеска;
2. Сане Момчилов;
3. Анастасија Шалевска
- Најмлад читател со најмногу изнајмени книги е
Петар Велевски;
- Категорија - основно образование, добитник е
Марија Јоновска;
- Категорија – средно образование, добитник е
Марија Стојановска;
- Категорија- студенти, добитник е Марија
Митревска
- Категорија -пензионери, добитници се:
1. Розитка Тодоровска
2. Владо Ивановски
3. Ратка Дајовска




БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021
БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,54,2022 9


MЕМОРАНДУМЗАСОРАБОТКА


На 22.06.2022 г., директорот на
Националната установа Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р
Бојан Стефановски оствари средба со претседателот
на Ротари Клуб Битола „Широк Сокак“ со
седиште во Битола, Владимир Христовски.
На оваа средба овие две институции
потпишаа меморандум за соработка, на
кој начелно се поставени начините и
условите за спроведување на соработката.
На оваа средба претставниците од Ротари Клуб
Битола „Широк Сокак“ Владимир Христовски
и Моника Марковска беа запознаени со
проблемите и со новитетите во Библиотека, а
се разговараше и за идни заеднички проекти.


Републичкинатпревар–„Млади
библиотекари“



21. Републички натпревар „Млади
Библиотекари“ 2022 се одржа во Националната
институција Библиотека „Григор Прличев“ –
Охрид на 20.05.2022 г. На овој натпревар учество
зеде и Анамарија Ристевска која имаше освоено
прво место на Општинскиот натпревар „Млади
библиотекари“ во Битола.




БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,54,2022
1 0





СМЕСТУВАЊЕИЧУВАЊЕНАБИБЛИОТЕЧНИОТМАТЕРИЈАЛВО
НУУБ„СВ.КЛИМЕНТОХРИДСКИ“–БИТОЛА


Подготвил Менде Доневски, самостоен библиотекарски помошник


На сместувањето и заштитата на библиотечниот материјал во Библиотеката отсекогаш му
се приоѓало многу сериозно и покрај, честопати, недоволните финансиски средства за таа намена.
Уште од самите почетоци на работата на Библиотеката, таа беше соочена со проблеми
(неколку промени на местото) на сместувањето на библиотечниот материјал, а уште повеќе со
недоволно стручен и обучен библиотечен кадар, кои во библиотекарството се два основни услова
за успешна работа на една јавна библиотека, а да не зборуваме за една универзитетска библиотека.
Откако Библиотеката, во 1974 година го најде своето место во сегашното т.н. старо крило, а од 1981/82
во сегашното ново крило, заедно со надградбата на поткровните читални над истото, во 2014 година, беше
обезбедена добра заштита на библиотечниот фонд, како и задоволителни современи просторни услови за
користење на истиот. Се постигна добра заштита, добра прегледност и лесно пронаоѓање на библиотечниот
материјал, а со тоа и побрза услуга на корисниците.
Имајќи го во предвид расположливиот простор за сместување на публикациите, намената и видот на
користење на истите, уште од формирањето на библиотеката НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, е избран
комбиниран начин на сместување, и тоа, за монографските публикации, според локација, формат и "numerus
curens", а во детскиот оддел е избран системскиот начин комбиниран со азбучен ред. Сето тоа е видливо на
сигнатурата на книгата, која на почетокот беше пишувана рачно на соодветни лепенки, а потоа со воведување
на автоматизацијата и прифаќањето на COBISS системот се прави со помош на компјутер и соодветен печатар.
Ако направиме споредба на прегледноста на физички сместениот библиотечен материјал на полиците
пред четириест години и денес, гледаме дека истата е сосема намалена, а останат е само минимален простор
за движење на библиотечниот работник за пронаоѓање на истиот.
Во Магацинот за книги кој функционира заедно со Одделот за зајмување и услуга за возрасни како
најтрајни и најдобри за употреба се покажаа металните сталажи каде полиците се со конзолни држачи
за плочите и поместливи држачи за книги, направени од професионални фирми за таква дејност. Заради
недоволно финансиски средства, во 2021 година во Библиотека се пристапи кон изградба на 10 нови
професионални сталажи со полици според сите важечки библиотечни прописи и препораки, со сопствени
финансиски средства на Библиотеката, а изведени од ентузијасти - вработени во истата без парична или
друг вид надокнада. Квалитетот им е многу добар и не заостануваат зад фабричките, цврсти се и трајни, а
десетпати поевтини од оние направени од професионалните фирми.
За полесно пронаоѓање на библиотечниот материјал и побрза услуга на корисниците поставени се
лепенки со броевите од сигнатурите на секоја полица и на дел од плочите од полиците. Ова се прави неколку
децении и секое вложување, пред се, на работа и минимални материјални средства во оваа насока, се исплаќаше.
Во однос на климатските компоненти за чување на библиотечниот материјал неопходно беше да
се запазат одредени норми. Оптималните вредности на температурата да бидат во границите од 14-20 ℃,
а на релативната влажност на воздухот 40-60 %. Во Магацинот за монографски публикации успешно се
постигнуваат препорачаните температури и тоа во зима со постоекиот систем за парно греење кое постигнува
температура од околу 15 ℃, а во лето 18-20℃, благодарение на влијанието на подрумските простории
каде што се сместени овие публикации. Во услови на зголемена влажност во воздухот се проветрува со
отворање на врати и прозорци. Проветрувањето се врши на суво и сончево време. За таа цел беше направен
и одобрен проект од Министерството за култура за поставување нови прозорци во одделот за монографски
публикации и реализиран во текот на 2019 година. Прозорците се пластични (PVC) со термопан стакло и
посебно се водеше сметка да секој прозорец има механизам за отварање и кипање со што се доби одлична
можност да се регулира количината на проток на воздух, како и да се насочува промајата низ просториите со
што се регулира влажноста на воздухот и се отстранува можноста за појава на мувла во критичните места.
Посебно внимание се посвети и на осветлувањето на просторот во кој се чува библиотечниот
материјал. Во последните 4 години со поставени многу нови флуоресцентни и лед светилки на оние места




БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021
БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,54,2022 1 1


во магацините каде што не беше доволно осветлено заради несоодветната разместеност на светилките во
тие делови. Во 2019 година се направи акција од вработените во библиотеката за фарбање на ѕидовите во
магацинот за монографски публикации, и со тоа покрај добриот изглед и одредена дезинфекција се
доби и подобро осветлување заради употребената бела боја која ги рефлектира зраците од светилките.
Имајќи го во предвид хемискиот состав на самата хартија (дрвена каша, лепило, киселини, боја
и сл. ) од која е направен библиотечниот материјал, евидентно е дека со текот на времето и неговата
употреба истата е подложна на континуирано стареење, пропаѓање и оштетување. Затоа, велиме дека
оштетувањето на библиотечниот материјал може да биолошко, физичко и хемиско.
Во Библиотеката континуирано се преземаат мерки за заштита од овие штетни влијанија. Од
биолошките фактори влагата и мувлата најповеќе се превенира со честа или континуирана добро
осмислена и насочена вентилација и промаја на воздухот околу библиотечниот материјал. Дезинсекција
се применува повремено и по потреба на места каде се појавуваат инсекти, а во магацинот за
монографски публикации тоа се прави многу ретко бидејќи скоро да не се јавуваат инсекти поради
сместеноста на истиот во подрумските простории. Преку одводниот систем понекогаш се случувала
појава на глодари и затоа редовно се врши дератизација и тоа најмноги по хемиски пат а поретко по
механички, додека биолошкиот начин не се применува. Хемиската дератизација се применува околу
две децении, се состои од тврди коцки и течност поставени во одделни садови и е многу ефикасна.
Од хемиските оштетувачи на библиотечниот материјал најчеста е прашината која се наталожува
на него со текот на времето, и таа се отстранува од него со многу малку влажна крпа и пребришување на
плочите од полиците, а секако дека треба да се набават специјални правосмукалки со посебни додатоци
за одземање прашина од истите. При ова посебно треба да се внимава да не дојде до оштетување на
повезот (подврзијата) на книгите.
Останати начини на заштита на книжниот фонд кои се применуваат во библиотеката „Св.
Климент Охридски“ – Битола се: постојано следење на состојбата на библиотечниот материјал, ревизија
на библиотечниот фонд, отпишување на библиотечниот фонд (расходовање) и поправка, укоричување
и хевтање на библиотечниот материјал.
Активностите поврзани со местото и условите на сместување, чување и ракување на
библиотечните материјали, претставуваат еден многу значаен основен сегмент без кој ниедна библиотека
не може успешно да функционира. Затоа е потребно, сите стручни и раководни тимови во библиотеките
да им посветат должно внимание на овие активности, како би го оправдала своето постоење.


БИБЛИОТЕКАРИТЕВИПРЕПОРАЧУВААТ


ОДДЕЛЗАЈМУВАЊЕИУСЛУГА ДЕТСКАБИБЛИОТЕКА
ЗАВОЗРАСНИ


1. ЏЕЛАТОТ, УБИЕЦОТ СО РАСПЕТИЕТО - Крис К. 1. ВОЛШЕБНИТЕ ПРЕГРАТКИ - Марија Костадиновска
2. НЕМАТА ПАЦИЕНТКА - Алекс Мајклидис 2. ИСЧЕЗНАТИОТ МАРКИЗ - Ненси Спрингер
3. МОЈАТА ПЕПЕЛАШКА - Колин Хувер 3. КИТИ И ЗВЕЗДЕНАТА ПЕСНА - Пола Харисон
4. ЈУЖЊАКОТ СО СИНИ ОЧИ - Лиса клејпас 4. ПОЛИКСЕНА СО ПРАСЕТО - Пицорно Бјанка
5. МИСТЕРИОЗНИОТ СТРАНЕЦ - Британи Чери 5. ОБИДИ СЕ ПОВТОРНО МАРВИН - Сер Стивен
Стивенсон.-
6. ЧЕТИРИТЕ ВЕТРИШТА - Коистин Хана 6. НАПАД НА ЗЛАТНАТА СТАТУА - Џеронимо Стилто
7. ИТАЛИЈАНСКАТА ДЕВОЈКА - Лусинда Рајли 7. ГОЛЕМАТА АВАНТУРА ВО ЊУЈОРК - Теа Стистон
8 ШЕФОТ НА СОНИШТАТА - Бас Киленд 8. АКАДЕМИЈА ЗА ЕДНОРОЗИ - Џули Сајкс
9. УЛИЦАТА НА БРОДОВИТЕ - Сара Џио 9. ЧУДОВИШТЕТО ОД МОЧУРИШТЕТО - Црвенковска
Б.С.
10. БРОНЗЕНИОТ КОЊАНИК - Паулина Сајмонс 10. ДЕЦАТА ОД БУЧНО СЕЛО - Астрид Линдгрен




БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,54,2022
1 2


ПОПУЛАРИЗАЦИЈАНАКНИГАТА,ПРОМОЦИИ,ИЗЛОЖБИ,ПРЕДАВАЊА


Подготвиле: м-р Фатма Бајрам Аземовска, виш библиотекар и
м-р Гордана Ѓоргиевска – Неделковски, библиотекар


„Изложбаналиковнитворби“
Во холот на Библиотеката беше поставена изложба на ликовните творби испратени на конкурсот
на тема „Со маските научивме да се смееме со очите “ во организација на Inner Wheel Club-Bitola и
Друштвото на ликовни уметници на Битола. Најдобрите 3 цртежи во две категории добија вредни
награди.


НаградизанајубавиБожикнипораки


По повод Божиќните празници НУУБ
„Св. Климент Охридски“ – Битола и Ротари
клубот Битола Широк Сокак наградија повеќе
читатели за најубави пораки поврзани со Божиќ
и волшепствата што овој празник ги носи.


26.01.2022г.


Заштитанаживотнатасредина
По повод 26 Јануари-Светскиот ден за
едукација за заштита на животната средина
Библиотеката во соработка со ученици од
Приватната Гимназија САБА изработија прекрасни
видео - прикази на кои се прикажува важноста на
средината во која живееме и колку треба да вложиме
истата да ја заштитиме.


08.02.2022г.


Тефтерчињасопоракизаљубовта


Во месецот посветен на љубовта,
Библиотеката реализира работилница со
учениците од СОУ„Таки Даскалот“-Битола.
На оваа работилница учество зедоа учениците
од прва до четврта година од графичката
струка, сите профили. Тие изработија
прекрасни тефтерциња со пораки за љубовта.


09.02.2022г.
Обележувачизакнигисомислиза
љубовта
Во просториите на СОУ„Таки Даскало“-
Битола се одржа работилница на која се
изработија обележувачи за книги. Учениците
од втора и четврта година графичка струка,
низ неколку фази изработија прекрасни
обележувачи за книги со мисли за љубовта.
Почнувајќи од компјутерска подготовка и
дизајн на обележувачи за книги, до нивно
печатење и обрежување, до финален производ.




БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021
БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,54,2022 1 3


16.02.2022г.


Штандсотефтерчиња
Во холот на НУУБ „Св. Климент
Охридски“-Битола беше поставен штанд со
тефтерчиња и обележувачи за книги со мисли за
љубовта. Директорот на Библиотеката м-р Бојан
Стефановски, на нашите редовни читатели им ги
подели, посакувајќи им да ја сакаат книгата и да
продолжат да бидат наши верни читатели.


Читаменаповеќејазици
Една од активностите на НУУБ „ Св.
Климент Охридски“-Битола со учениците од
ООУ„ Елпида Караманди“- Битола беше читање
на лични творби на повеќе јазици. Учениците
под менторство на наставничката по македонски
јазик Сузана Петковски, ни прочитаа творби на
македонски, влашки, албански, англиски, германски
и на италијански јазик со што се одбележа
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.


Поракизамајчиниотјазик
Со прекрасни мисли од познати македонски
и странски автори, учениците од 7 одделение од
ООУ„ Елпида Караманди“- Битола под менторство
на наставничката по македонски јазик Маја


Јанакиевска изработија обележувачи за книги. За
крај изработија прекрасен цвет од зборот “Здраво“
напишан на дваесеттина јазици од целиот свет.


21.02.2022г.
Меѓународенденнамајчиниотјазик
Учениците од трето-2 одд. од ООУ„Ѓорѓи
Сугарев“ заедно со својата наставничка Наташа
Тодоровска го одбележаа Меѓународниот ден на
мајчиниот јазик со рецитирање на песни и изработка
на постер за значењето на мајчиниот јазик.


Замајчиниотјазик
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик на
многу интересен начин го одбележаа и учениците
од 4 и 6 одделение од ООУ ,, Славко Лумбарковски",
о.Новаци. Тие имаа можност да се запознаат
со денот на македонски и англиски јазик преку
PPT презентација. Потоа учениците изработија
постер со пишување на мисли за мајчиниот јазик
од домашни и светски автори. Во оваа активност
учениците работеа под менторство на наставниците:
Вецко Стојчевски, Билјана Цветковска, Анета
Соклевска и библиотекарот Даниела Ристевска




БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,54,2022
1 4


Изведбанабајка
По повод Меѓународниот ден на читање
на бајки, учениците од 6, 7 и 9 одделение од ООУ
„Кирил и Методиј“- Битола, под менторство на
наставничката Александра Упале ни ја изведоа
бајката „Ѓаволот и трите златни влакна“ од браќата
Грим. Со нивни уникатни маски, ја доловија целата
бајка, а нивната глума беше навистина посебна.


OnlineлитературночитањевоАвстриската
библиотекавоБитола


Роденденнасветскатабајка
Во чест на роденденот на светската бајка,
ученичките од деветто одд. Матеа Велјановска,
Јована Горко и Христијана Поповска ги
оживеаја најубавите бајки специјално за својата
публика, учениците од второ одд од ООУ,,Стив
Наумов"Битола, со наставничките Билјана
Кузмановска и Лилјана Трајчевска.


Мартинкизанашитеверничитатели
Библиотеката, на своите верни читатели
им поклони мартинки, посакувајќи им да ги прати
среќа во текот на целата година и да продолжат да
бидат наши читатели.


„8ПОЕТЕСИЗА8-миМАРТ“
По повод Денот на жената-8-ми Март,
Библиотеката во соработка со Битолскиот книжевен
круг, објавуваше по една творба на поетеси од
нашиот град. Поезијата ја споделивме на уникатно
дизајнирани картички со уметнички слики од
ликовниот уметник Љубица Мешкова Солак.
Графичкиот дизајн на картичките го изработи
писателката Весна Мундишевска-Велјановска.


Изложбанакнигипоповод8Март
По повод Меѓународниот ден на жената 8 Март
во холот на Библиотеката поставена е изложба
на жени авторки од Битола, како продолжение
на низата активности посветени на жената.




БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021
БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,54,2022 1 5


Разновидните изработки со пораки за
жената (тефтерчиња, пликови, папки, обележувачи
за книги и картички, паспартуа, честитки),
надополнети со привезоци-нотеси, организери за
картички, оригами, персонализирани чоколади и
др. создадоа многубојна палета со која сакаме да
им го направиме денот посреќен на нашите верни
читателки!


Штоезадецатасреќата???
На ова прашање ни одговорија учениците
од петто одделение со своите наставничките
Лилјана Стојковска, Наташа Стојановска и Билјана
Костадиновска од ООУ„Коле Каниски“- Битола,
кои среќата ни ја опишаа преку преубави стихови
во песнички, преку акростих од зборот среќа, преку
многу весели цртежи, ѕид на зборови и со што уште
не. Семејството, другарството, играта, беа само
дел од многуте работи што нив ги прават среќни.


Светскиденнапоезијата
НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола
заедно со поетесите од Битолскиот Книжевен
Круг го одбележа 21 Март- Светскиот ден на
поезијата. Светскиот ден на поезијата е можност да
се сврти вниманието на секој жител на планетата
кон единствената карактеристика на поезијата,
допирање на најдлабоките жици на душата во
една личност, будење на креативни способности и
одговарање на какви било духовни прашања.
На овој онлајн настан се обрати директорот на
НУУБ „ Св. Климент Охридски “- Битола м-р


Наградипоповод8-миМарт


По повод 8 Март -Меѓународниот ден на
жената, директорот м-р Бојан Стефановски им го
честита празникот и им подари цвеќе на дел од
поетесите од Битолскиот книжевен круг, воедно
им ги додели и наградите на добитничките кои ни
испратија најубави пораки за 8 Март.


Меѓународенденнасреќата


За да ја покажеме нашата среќа и заеднича
соработка учениците од ООУ "Св. Климент
Охридски"- Битола и нивната наставничка Виолета
Стевановска се организира литературен настан за
одбележување на денот на среќата. Учениците од
V-1 одделение кажаа дека за нив среќа е љубовта од
семејството, другарувањето, гушкањето, слушањето
музика, спортувањето, да не носат повеќе маски
и со пишување на текстови и пораки ја искажаа
нивната среќа. Додека пак за нивната наставничка
среќа е насмеани лица, гушкање, патување...


„Книжнагалантеријапоповод8Март“


Одбележувајќи го Меѓународниот ден на
жената 8ми-Март, НУУБ „Св. Климент Охридски“-
од СОУ „Таки Даскало“ и нивните менторки
Битола заедно со учениците од графичката струка
професорките Весна Мундишевска-Велјановска,
Катерина Спасовска-Маурдева и Снежана Паскова
во месеците февруари и март изработија широка
палета производи од книжна галантерија кои ќе
бидат подарени на нашите верни читателки


во вторник.




БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,54,2022
1 6




2 На овој онлајн настан се обрати директорот
на НУУБ „ Св. Климент Охридски “- Битола м-р
Бојан Стефановски и претседателката на БКК
Елизабета Јончиќ која заедно со проф. д-р Даниела
Андоновска Трајковска, Мирјана Стојановска и
нашиот колега Илче Стојановски го обогатија овој
настан со неколку нивни лични творби.
На наше огромно задоволство настанот го
следеа и ученици од СОУ „Јосуп Броз Тито“-Битола
со професорката по македонски јазик Симона
Петровска.


Изложбанафотографии„Believe“


Во холот на НУУБ „Св. Климент Охридски“-
Битола е поставена мала изложба на фотографии под
насловот „ Believe“. Како изгледаат фотографиите
пред и по едитирање е труд на младата ученичка
Михаела Стојановска 4 година смер информатика
при САБА -Битола, која избра својата пасија да
почни да ја претвора во професија.


Изработка на велигденски украси
По повод претстојните Велигденски
празници НУУБ „Св. Климент Охридски“-
Битола ја реализира првата работилница со
креативните ученици од прва година од текстилна
насока од СОУ„ Таки Даскало“- Битола под
менторство на професорката Ема Ќука. Во оваа
работилници учениците од специјален материјал
– филц, изработија дел од велигденските украси.
Најразлични зајачиња, пилиња, морковчиња,
се само дел од украсите кои овие ученици ги
изработија.


31.3.2022 г.


Работилница за деца со попреченост
На година во просториите на НУУБ
„Св. Климент Охридски“- Битола се реализира
. Климент Охридски“- Битола се реализира
првата работилница од проектот „ Креативни
забавни работилници за поттикнување на
читањето на децата со попреченост“ одобрен
од Министерството за култура на Република
Северна Македонија. Во оваа работилница
имавме можност да се запознаеме со: Вероника,
Бојан, Никола, Јована, Андреј, Христијан,
Ивана, Ана Марија, Ава, Марија, како и децата
од ЦПЛИП „Порака“-Битола: Теа, Александар,
Томи и Декран. Тие се деца со насмевки на своите
лица со кои беше чест да се другарува. Многу
разговори, боење и цртање на омилените ликови
од книги и сликовници, беа само доказ дека овие
деца се навистина посебни. Нивните вештини за
цртање и боење не воодушевија. Библиотеката е
дом за сите.




БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021
БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,54,2022 1 7










02.04.2022г.


Светскиденналитературатазадеца


Од 1967 год., на 2 април се слави
Светскиот ден на литературата за деца. Идејата
е да се поттикне љубовта кон читањето и да
се сврти вниманието кон книгите за деца. По
тој повод во НУУБ„ Св. Климент Охридски“-
Битола се реализира читање на дела од Ханс
Кристијан Андерсен. Библиотекарките Вера
Марковска и Јасминка Кочевска на учениците од
V одделение од ООУ„Стив Наумов“-Битола им
ги прочитаа бајките „Грдото пајче“ и „Девојчето
со кибритчињата“. Но тука овие бајки не
завршија. Учениците имаа можност да бидат во
улога на писатели и сами да напишат поинаков
крај на делата. А атмосферата да биде уште по
возбудлива и во стилот на шегата, учениците со
својата наставничка Виолета Цигарида пристигаа
маскирани со прекрасни маски.


Девојчетосоќибритчињата


Една од најубавите приказни од детството
е приказната за „Девојчето со кибритчињата“,
прекрасно дело на Ханс Кристијан Андерсен.
Секогаш успева да ни ги насолзи очите, да нè
потсети за значајните работи во животот, да нè
врати во детството и училишните клупи кога
уживавме во убавите сказни. Наша желба е
да си ја сочуваме оваа преубава приказна за
да може да си ја прочитате во секое време...
„Девојчето со кибритчињата“ го задржа
вниманието на учениците од II в одделението
од ОУ „Даме Груев“ - Битола. Наставничката
Гордана Јанкуловска им го задржа вниманието на
учениците со помош на повеќе техники од јазична
писменост и секако неизбежните илустрации.


РастемесоАндерсен!
На денешен ден во 1805 година во Оденсе,
Данска е роден најголемиот писател за деца, Ханс
Кристијан Андерсен!
Во негова чест учениците од II a одделение
од ООУ” Даме Груев”- Битола со својата
наставничка Наташа Настевска го одбележаа
овој значаен ден, обработена е бајката
“Принцезата на зрно грашок”


Книгаицвеќепоповод23Април–
Светскиотденнакнигата


23 Април е Светски ден на книгата и авторските
права, по тој повод денес директорот на НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола, м-р Бојан Стефановски


на нашите драги битолчанки им подари книга и цвеќе
и им ги честита претстојните велигденски празници


Изложба„Бидимодендизајнер“
Во холот на библиотеката е поставена
изложба на цртежи на децата кои се дел од
работилниците од проектот „Креативни забавни
работилници за поттикнување на читањето на децата
со попреченост“ поддржано од Министерството за
култура на РМ.


29.04.2022г.


Работилница3–„Бидимодендизајнер“
Продолжуваме со работилниците наменети
за децата со попреченост, кои се дел од проектот
„Креативни забавни работилници за поттикнување
на читањето на децата со попреченост“ поддржано
од Министерството за култура на Република
Северна Македонија.Нашите мили дечиња:...




БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,54,2022
1 8














03.05.2022г.
Мобилнабиблиотека



Невладината организација Лоја од Тетово
заедно со Битолската библиотека, организиравме
работилница со цел да ги промовираме
интеркултурните вештини за читање и демократските
вредности преку културата на читање и на ракување
со регионални висококвалитетни литературни дела.
Во работилницата беа вклучени ученици од
ООУ „Стив Наумов“ – Битола, се разговараше околу
навиките на читање на учениците, презентација
на творби од самите ученици, рецитирање на
поезија, креирање на приказни, креативни игри и
работилници итн. И благодариме на директорката
Дијана Христовска од ООУ „Стив Наумов“ – Битола
и наставничката Магдалена Сајкова за одличната
соработка и препознавањето на квалитетните
проекти за вклучување на учениците, како и во
вчерашната работилница.
12.05.2022г.


Какоедасебидeглумецвотеатар


Се реализира четвртата работилница
во рамките на проектот „Креативни забавни
работилници за поттикнување на читањето
на деца со попреченост“ од НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола поддржана
од Министерството за култура на РСМ..


14Мај–Светскиденнаптиците
преселници


Светскиот ден на миграторните
(преселните) птици е инициран во 2006 година
и е годишна кампања за подигање на свеста
истакнувајќи ја потребата за заштита на
миграторните птици и нивните живеалишта.
Тоа е заеднички организирано од страна на
секретаријатите на...


ИзложбапоповодМеѓународниотден
насемејството


Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
по повод 15 МАЈ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА
СЕМЕЈСТВОТО, поставена е тематска изложба
на книги. Поставените книги се со интересни
наслови за семејството, семејството и општеството,
здравјето...


Проект„Читајми“


Националната установа Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
по повод 15 МАЈ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА
СЕМЕЈСТВОТО, продолжува со нови активности
за важноста на читањето во раната возраст
како дел од светскиот план „Визија 2030“ ...




БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021
БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,54,2022 1 9


18.05.2022г.


„Подарикнигаоднашавтор“

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола во
соработка со невладината организација „ДОГМА“
започна со реализирање на проектот „Вечери на
креативноста“, одобрен од Министерство за култура
на Република Северна Македонија. На
Во Хотел Театар се реализира втората вечер – Вечер
на книгата „Подарикнигаоднашавтор“.
На наше огромно задоволство, гости на
вечерта беа писателите: Вера М. Самарајнин
(Благојевиќ), Билјана Андоновска, Ивана Килибарда,
Биљана Тодоровска и Влатко Стојковски, кои
специјално за оваа вечер подарија над 60 книги.
Сите присутни на настанот имаа можност да се
запознаат со писателите и да уживаат во нивната
поезија, рецитирана во духот на оној што ја напишал.
Подарените книги беа поделени на гостите. Секој
доби книга како спомен од оваа вечер. Останатите
книги беа поделени на случајни читатели во НУУБ
„Св. Климент Охридски“ – Битола.


19.05.2022 г.


Подаренинад60книгиодпроектот
На нашите драги читатели во НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола им подаривме книги,
кои писателите ги подарија како дел од проектот
„Вечери на креативноста“. Им благодариме на
писателите Вера М. Самарајнин (Благојевиќ),
Билјана Андоновска, Ивана Килибарда,
Биљана Тодоровска и Влатко Стојковски, кои
специјално за оваа вечер подарија над 60 книги.


20.05.2022 г.


Изложба„Бидиитистрипмајстор“
Во холот на Библиотеката беше поставена
изложба со стрипови коишто ги изработија
учениците од I, II и III година од насоката
Графички дизајнери-уредници при СОУ„Таки
Даскало“ – Битола на првата вечер од
проектот „Вечери на креативноста“ –...


23.05.2022г.


ИзложбазасветитебраќаКирили
Методиј



По повод 24 Мај – Денот на македонските
и сесловенските просветители и учители
Кирил и Методиј, во холот на Библиотеката
поставена беше тематска изложба на книги.


26.05.2022г.


Креативнизабавниработилници


Се одржа последната работилница
во рамките на проектот „Креативни забавни
работилници за поттикнување на читањето на деца
со попреченост“ во НУУБ „Св.Климент Охридски“
– Битола поддржана од Министерството за култура
на Република Северна Македонија. Нашите јунаци:
Кристијан, Марија, Андреј, Афродита, Артемида
и Андреј имаа можност да се прошетаат низ
библиотеката и да видат што се има во неа. А за
да ни биде прошетката поинтерсна, си направивме
една преубава фотосесија. Овие дечиња ни покажаа
дека можат да бидат модели. Секој предизвик го
исполуваа со огромна желба. Под мотото „Сите сме




БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,54,2022
20


исти“ и јас и ти и тој и таа, со прегратки и песна
го завршивме проектот во кој овие дечиња
имаа можност да другаруваат со книгите.


27.05.2022г.


Книгатакакомедиум


Книгата е пишан медиум кој изобилува со
информации. Секоја книга има предговор, поговор,
може да е во делови или томови итн. Уште многу
податоци за неа, научија учениците од VI одд. од
ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола кои со својата
наставничка по македонски јазик Александра Упале
ја посетија Библиотеката. Исто така учениците ги
разгледаа магацинските простории, роднокрајната
збирка, читалните, Одделот Периодика и музејската
поставка во приземјето на старото крило на
Библиотеката.


03.06.2022г.


СредбасоМарјанЃуровски


Директорот на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски
оствари средба со универзитетскиот професор
Марјан Ѓуровски од Филозовскиот факултет од
Скопје. На оваа средба почитуваниот професор
подари негова стручна литература од областа на
безбедноста и меѓународните односи. На средбата
се разговараше за потребите од стручна литература
во универзитетските библиотеки со цел нивна
поголема достапност до идните истражувачи.


23.06.2022г.


Едукативниотцентар–„SmartKids“

Библиотека ја посетија децата кои го
посетуваат едукативниот центар во Битола- „Smart
Kids“ со своите наставнички Маја Јовановска и
Елена Дуле Димитровска . Оваа посета ја започнавме
со една забавна прошетка низ библиотеката во која
сите заедно уживавме...


04.03.2022г.


Доделенинаградитезакратокрасказ

„Секое време си носело норми на
облекување и разни стилови. Но, што со шамијата
кај жените? Веројатно и таа датира одамна. Гледано
преку религијата, модата, уверувањата…направена
од волна, свила, кашмир, се носела за добри и
лоши моменти…“ извадок од говорот на Светлана
Папачек По повод 8 Март – Меѓународниот ден
на жената, Организацијата на жени на Општина
Битола и НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола
на 4 март ги доделија наградите за краток расказ на
тема „Шамијата како обележје на македонската жена
низ историјата“. Тричлената комисија составена од
м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски-претседател,
Светлана Папачек- член и Илче Стојановски-член,
од 28 пристигнати кратки раскази, едногласно ги
доделија следниве награди:


Категорија ученици:
Прво место – Анастасија Малевска од Стуга
Второ место – Михаела Марковска од Мусинци
Трето место – Офелија Настеска од Прилеп
Категорија возрасни:




БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021
БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,54,2022 2 1


Прво место – Сабахета Ета Мерсими од Житоше
Второ место – Емилија Каранфилоска од Охрид
Трето место – Весна Шереметкоска од Прилеп
Сите наградени ученици покрај наградите од
Здружението на жени, добија и парична награда од
Општина Битола.


15.02.2022г.


Работнасредбасочленовина
Локалниотмладинскисовет


Во Библиотеката се реализира работна
средба со членовите на Локалниот младински совет
од општина Битола предводени од претседателката
Ивана Атанасовска и други млади советници со
директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ -
Битола м-р Бојан Стефановски и м-р Фатма Фатма
Бајрам Аземовска раководител од областа на Развој
на библиотекарството, меѓународна соработка,
маркетинг и односи со јавноста.


18.01.2022г.


ГрадоначалникотКоњановски
донирашекнигисоБрајовописмо


Градоначалникот на Општина Битола, Тони
Коњановски, донираше книги со Брајово писмо
во НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола. Со
зголемувањето на библиотечниот фонд со овие
лектирни изданија, се овозможува нивна достапност
и за децата со оштетен вид. Донацијата се реализира
по повод Меѓународниот ден на Брајовата азбука
4 Јануари, а се состои од повеќе примероци на
книгите Гоце Делчев од Ванчо Николески, Песни од
Миладинов, Автобиографија на Григор Прчличев и
Малиот Принц од Антоан де Сент Егзипери.




20.02.2022г.


КристинеНестлингер


Австриската писателка Кристине
Нестлингер е тема на втората работилница
организирана од страна на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола и Австриски библиотеки во
Битола која е една од 65 Австриски библиотеки во
28 држави во светот. Работилницата беше наменета
за средношколци и спроведена во месецот на
книгата и најголемиот австриски литературен
фестивал во неговото 14. издание „Австрија чита.
Место за средба – Библиотека“. Истиот се одржува
од 14.10.-20.10.2019 во Австрија и е понуден и на
Австриските библиотеки во странство. Учество
зедоа учениците од СОЕУ „Јане Сандански“ Битола
предводени од нивниот професор по германски
јазик д-р Николче Шулевски. Идејата за вакви
средби со ученици е да се запознаат со начинот
како да пребаруваат во Австриската библиотека,
да изнајмат книга и да читаат од богатиот фонд
на германскојазичната литература. На учениците
им беше претставена австриската писателка
Кристине Нестлингер, автор со книжевен опус
на повеќе од 150 книги преведени на околу
30 јазици. За време на презентацијата на оваа
значајна авторка од страна на раководителката на
Австриската библиотека од Битола д-р Валентина
Илиева беа и изложени голем број на книги од
Кристине Нестлингер на германски јазик, неколку
преводи на македонски јазик и магистерски труд
изработен за делата Нестлингер од страна на м-р
Симона Монавчева одбранет на Педагошкиот


факултет под менторство на проф. д-р Петер Рау.




БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,54,2022
22


ИВОАНДРИЌ–60ГОДИНИНОБЕЛОВА
НАГРАДАЗАЛИТЕРАТУРА




Подготвил Маријан Колевски,
библиотекар


По повод 60 години од Нобеловата награда
за литература на Иво Андриќ, НУУБ– Битола го
одбележа овој јубилеј преку повеќе активности
наменети како за читателите така и за библиотекарите
кои Андриќ високо ги ценеше. На 20.12.2021 во
холот на Библиотеката беше поставена изложба на
тема „Иво Андриќ – 60 години Нобелова награда за
литература“.
На изложбата беа претставени дела со кои
Андриќ остави трага во историјата на човештвото,
и беше изработен каталог со цел да се стави акцент
на неговото творештво.




На 22.12.2021 во просториите на
Библиотеката се одржа работилница со учениците
од Приватното средно училиште „САБА“.
Библиотекарите од нашата Библиотека накратко ги
запознаа учениците со работата и истражувачката
дејност што тие ја направија при подготовката на
изложбата посветена на Андриќ. Учениците имаа
предизвик да истражуваат за животот и делото
на Андриќ под менторство на професорката по
македонски јазик Бисера Бијелиќ - Стојчевска.
Најдобрите ученици своите есеи ги презентираа пред
соучениците, темелно опфаќајќи ги животот, делото,
нобеловата награда, и читаа прекрасни извадоци од
неговото дело „Проклета авлија“. Тие имаа можност
да слушнат краток есеј подготвен од нивната
професорка, за достигнувањата и карактеристиките
на Андриќ, за кој потоа дискутираа.
На 24.12.2021 во просториите на
Библиотеката се реализираше работилница со
учениците од IV година од СОУ „Јосип Броз Тито“-
Битола. Тие под менторство на професорката по
македонски јазик, Симона Петровска.


На 28.12.2021 во просториите на
Библиотеката, учениците од IV-5 од СОУ „Јосип
Броз Тито“ - Битола имаа можност да слушнат
интересни податоци за животот и делото на
Андриќ. На оваа работилница учениците заедно со
својата професорка по македонски јазик, Даниела
Петровска, направија еден критички осврт на делото
„Мостот на Дрина“.
Иво Андриќ е значаен за Библиотеките
затоа што целокупниот паричен износ од наградата
го донира на библиотечниот фонд на Босна и
Херцеговина. Исто така често учествува во акции
за помош на Библиотеките и финансиски помага
во хуманитарни цели, што ја покажува неговата
човечност. Благодарение на големиот епски стил
кој го поседувал, многу успешно опишувал теми од
историјата на својата земја и судбината на луѓето од
тие подрачја.
Неговиот труд резултира со Нобелова награда
за литература во 1961 година, иако покрај него во
најтесниот избор се и врвните: Лоренс Дарел, Грем
Грин, Џон Штајнбек и Алберто Моравија.
Нобеловата наградата што му ја доделува Шведската
кралска академија се однесува на неговото дело
„Мостот на Дрина“ (1945), како и целокупното негово
литературно творештво составено од: „Ex Ponto“
(1918), „Немири“ (1920), „Патот на Алија Ѓерзелез“
(1920), „Травничка хроника“ (1945), „Госпоѓица“
(1945), „Приказна за везировиот слон“ (1948),
„Проклета авлија“ (1954) и др. Потоа неговите дела
се преведуваат на повеќе странски јазици и почнува
уште поголемо да биде интересирањето на светот за
делата на писателот од Балканот.
Изложбата и активностите ги подготвија:
Маријан Колевски, Марија Марковска и м-р Гордана
Ѓоргиевска-Неделковски.




ИНТЕРВЈУ


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,54,2022


НАКАФЕСОРОДНОКРАЈНИПИСАТЕЛИ


2 3


НАКАФЕСОПИСАТЕЛКАТАИВАНА
БАЛТОВСКА


Подготвила м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски
библиотекар
НУУБ „Св. Климнт Охридски “ – Битола
секогаш ги прати новините. Секогаш се трудиме
да ги имаме сите жанрови на книги, со кои ќе ги
задоволиме сите вкусови на нашите читатели. По
тој повод овој пат на кафе ја поканивме младата
писателка Ивана Балтовска која пишува трилери.
Еден од најмистериозните стилови кои до крај те
држат во неизвесност. Кога ја запрашавме зошто го
одбра баш овој стил за пишување, таа ни раскажа за
своите почетоци: „Започнав со пишување некаде во
прва година средно училиште. Ги запишував сите
весели, но и тажни моменти што ми се случуваа.
Водев еден вид на мини дневник. Ретко пишував и
поезија, но некако прозата повеќе ме привлече.


Мојата љубов кон правото и мојата
професија беа причината јас да почнам да пишувам
ваков стил на книги.“ Ивана Балтовска е магистер по
кривично право, нејзината љубов кон наоѓањето на
правдината преку откривање на сторителот е уште
посилна инспирација за да ги напиши овие книги.
Кога ја запрашавме како ја избра оваа професија и
што ја привлече, таа ни раскажа: „Од секогаш сакав
да сум обвинител или инспектор за крвни деликти.
Да истражувам што точно се случило во некоја
несреќа и на крај да се изборам за правдината на
жртвата. За да се дојде
до вистината секогаш треба да се разгледаат
двете можни сценарија. Едното на сторителот, а
другото на жртвата.“ Нејзина прва објавена книга
е „Неискажани зборови“ за која добива втора
награда „Книжевни меридијани“ и печатење на
книгата на конкурсот објавен од „Дата Песнопој-
Битола“. Од оваа книга нејзин најомилен расказ е
„Неоснованиот страв“ во кој се зборува за стравот
од нешто што сите непотребно го чувствуваме.
Наредните две книги се психолошки трилери, кои


мора да се читаат со внимание, но и тогаш вистината
ќе ве изненади на крај. За „Пајажина од тајни“,
Ивана ни раскажа накратко дека се работи
за испреплетени тајни и неизвесност кој е убиецот.
Додека во „Чекор пред нив“ се зборува за сериски
убиец кој секогаш е чекор пред полицијата, за да
дознаете кој е и дали ќе биде фатен на крај, треба
што побрзо да ја прочитате книгата. За крај ја
запрашавме дали работи на нешто ново, а таа со
задоволство ни кажа дека веќе наредната книга
„Споменар на пеколот“ чека да биде испечатена. За
крај, на младата Ивана и посакавме уште поголеми
успеси и се договоривме за наредни соработки, а
таа на нашите верни читатели им посака: „Секогаш
одберете книга која ќе успее да ви го привлече
вниманието и да ве држи во неизвесност до крај.
Можеби не секоја книга ќе ве натера да не ја
испуштате од рацете, но ве уверувам дека трилерите
ќе го постигнат баш тоа. Така што, секогаш читајте
и збогатете го вашето искуство со уште една
новопрочитана книга во вашиот живот, бидејќи
книгите се најголемото богатство.“


НакафесоМилицаДимитријовска-
Радевска


Подготвила м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски,
библиотекар




Иако зимата е прилично ладна, секогаш е погодна
за топли разговори. По тој повод НУУБ „Св.
Климент Охридски“-Битола на кафе и книга овој
пат ја покани професорката по македонски јазик
и литература Милица Димитријовска- Радевска.
Прекрасна личност, која зрачи топлина со секој
нејзин збор. Жена, мајка, професорка, поетеса и
несомнено литературен критичар која со својот
стил на пишување остава белег во македонската
книжевност.
Разговорот го започнавме како и секогаш
со прашањето за тоа кои се двигателите кои ја
воведоа во водите на пишаниот збор. „Основното




НАКАФЕСОРОДНОКРАЈНИПИСАТЕЛИ


БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,542022
2 4


образование го започнав во ОУ „Ѓорги Сугарев“.
„За моја среќа во тоа време таму работеа прекрасни
наставници, како Милица и Митре Петковски, Ружа
Клекачковска кои во секое време нѐ мотивираа и
инспирираа да го пронајдеме својот пат во животот.
Потоа како средношколка во Гимназијата „Јосип
Броз -Тито“ под влијание на професорката по
македонски јазик и литература Анушка Костурска,
ја пронаоѓав оската на зборот, концизноста на
изразот, блажеконескиот дух на песната.“ - ни рече
Милица. Исто така во тој контекст зборуваше за
работата на зборникот „40 години поезија“ во кој се
објавени творби на поети кои учеле и биле дел од
работата на литературната секција во гимназијата.
Зборувајќи ни за овие наставници, таа ни го истакна
значењето на наставникот како педагог, мотиватор,
од времето кога таа била ученик, па сѐ до денес
кога и таа самата како професор се обидува да ја
разгори таа духовна искра во своите ученици. Од
тие средношколски денови се потсети и за нејзиното
учеството на средбата на младите поети од тогашна
Југославија во Кикинда.
Од периодот на студентските денови ги
издвои публикувањето на првата книга „Обидници“
во рамките на конкурсот на Книжевна младина
за најдобра поетска книга на млад автор, како и
за нејзината соработка со Македонското радио.
Извесен период работи и како соработник во
весникот „Република“, за потоа да заплива во водите
на образованието каде работи и денес како професор
по македонски јазик и литература во СОУ„Таки
Даскало“-Битола.
Денес, таа ја има улогата да биде мотиватор
за многу деца, кои го сакаат пишаниот збор.
Особено ја истакна соработката со својата колешка
Весна Мундишевска-Велјановска, со која работат
на многу заеднички проекти не само во врска со
учениците и наставата туку, пред сѐ, во освојувањето
на духовниот мегдан-светот на поетската реч,
односно таков пример е и заедничкиот проект,
стихозбирката „Поетски дијалог“. Таа е автор и на
книгите „Воздишки на ветрот“, „Сам во пределите
на сонот“, „Лузни на зборот“, „Лечебница“. Но таа
исто така е критичар, и во таа смисла има напишано
и објавено критички осврти за многу македонски
современи писатели.
Исто така зборуваше за нејзиниот интерес
за лексикологијата и фолклористиката, како и
за нејзината соработка со писателот Радован П.
Цветковски, на неговиот Речник на демирхисарскиот
говор и Сказанијата демирхисарски.
Кога ја запрашавме што сака повеќе да


пишува критики или да пишува поезија, таа ни
одговори:„ Сѐ си има свое место и своја мерка, но
за да се биде критичар треба да се имаат пошироки
теоретски познавања, да се следи постојано
литературата и литературните процеси, да го
разгатнете тајнописот на секој автор, најпрвин да го
запознаете како човек, за потоа да го барате клучот
и клучалката на зборот.“
Нејзиниот стил е посебен, таа користи
многу архаични зборови, зборови кои се поретко ги
слушаме.
„Чуму ти се челенки!?!- Намнисувам Те џбарам во
окото. А ти чурук, каскатија
Часкум се чпиртоса. Ти секна чекулецот. Сеѓере
чепорошки... Чинам со раатот...“
Таа е член на Друштвото на писатели на
Македонија, односно во овој мандат и член на
Претседателството на ДПМ, како и претседател
на клубот „Даница Ручигај“. Нејзината соработка
со НУУБ „Св.Климент Охридски“ е несомнена,
постојано е присутна со свои трудови, критики,
настапи на важни културни настани, промоции,
одбележувања на личности и јубилеи.
За крај ја замоливме да им се обрати на нашите
читатели: „Многу често поставувано прашање за
учениците е дали читаат. Но, мислам дека ние треба
најпрвин да одговориме на прашањето какви услови
создаваме за читање и колку и како ги мотивираме
учениците да читаат. Во тој однос особено е
значајна врската помеѓу писателот, библиотеката
и читателот и важноста што ја има библиотеката
во остварувањето на таа врска, но и присуството
на писателот во училиштата пред најмладите
читатели.
Љубовта кон зборот треба да се негува
од најрана возраст. Во една прилика на покана
од учителките од една битолска градинка имав
можност да зборувам за значењето на мајчиниот
јазик и на децата да им подарам книги од
писатели од Битолскиот книжевен круг. И децата
и воспитувачките беа пресреќни. Тоа треба да
го правиме почесто. Создавајќи духовно богати
личности, градиме бесценети вредности.“