БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД
СПИСАНИЕ НА
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
*
Издавач
Национална установа
Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ Битола
ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39
*
За издавачот
м-р Бојан Стефановски
*
Издавачки совет:
д-р Николче Вељановски, претседател
Илче Стојановски
Гордана Пешевска
*
Главен и одговорен уредник
д-р Николче Вељановски
*
Редакција:
д-р Николче Вељановски
Илче Стојановски
*
Лектура
Александар Димитров
*
Фотографии
Слободан Пачовски
*
Корица и печат
Графо Пром – Битола
*
Тираж
200 примероци
*
ISSN 1409-9497
*
Тел/факс: 047 220 208
Тел: 047 220 515
Тел. На Изд. 047 232 999
www.nuub.mk
e-mail: nuub@nuub.mk
Спианието е финансирано од
Минстерството за култура на Р.С.
Македонија
СОДРЖИНА
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
УЧЕСТВО НА НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ БИТОЛА НА
ВТОРИОТ ФОРУМ НА БИБЛИОТЕЧНАТА УНИЈА НА КИНА И ЦИЕ
м-р Јелена Петровска, програмски раководител----------------------2
НАЦИОНАЛНИТЕ БИБЛИОТЕКИ СЕГА 2021 - ДИГИТАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Подготвила м-р Гордана Ѓоргиевска – Неделковски-----------------4
ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА „ПИСМЕНОСТА НЕКОГАШ И СЕГА“
м-р Јелена Петровска, програмски раководител--------------------- 5
РАБОТНА ПОСЕТА ОД ДИРЕКТОРОТ НА ЈБ „ДИМИТРИЈЕ
ТУЦОВИЌ “ОД ЛАЗАРЕВАЦ, Р. СРБИЈА
м-р Јелена Петровска, програмски раководител---------------------5
ПОСЕТА НА ЗАМЕНИК АМБАСАДОРОТ НА КРАЛСТВОТО ШПАНИЈА
ВО Р.С. МАКЕДОНИЈА--------------------------------------------------------------------6
ГОРДОСТ 1 - СОСТАНОК ВО АТИНА
ЕРАЗМУС ПРОЕКТИ – РАБОТНА СРЕДБА
ЕРАЗМУС – ПАРТНЕРСКИ СОСТАНОЦИ ВО НУУБ
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
РАБОТНА ПОСЕТА ОД НУУБ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП
м-р Јелена Петровска, програмски раководител--------------------- 6
РАБОТИЛНИЦА ЗА НОРМАТИВНА КОНТРОЛА
Подготвил Никола Марковски-------------------------------------------- 9
РАБОТЕЊЕ НА НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ “
ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА СО ВИРУСОТ КОВИД-19
м-р Јелена Петровска, програмски раководител--------------------10
НУУБ - БИТОЛА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА СО COVID – 19
Лидија Мирчевска, библиотекар-советник---------------------------12
ФАКУЛТЕТСКИТЕ БИБЛИОТЕКИ И УНИВЕРЗИТЕТСКА ДЕЈНОСТ
НА НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
Подготвила Ирена Колевска-------------------------------------- 14
НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК
Подготвил Маријан Колевски------------------------------------------- 15
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“ 2021
Подготвила Гордана Пешевска, библиотекар советник---------- 16
ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА БИТОЛСКИТЕ РОДНОКРАЈНИТЕ
ПИСАТЕЛИ АУДИО – ЗАПИСИ НА ЦД - 1
Подготвиле: Ленче Андоновска, библиотекар-советник i
Гордана Пешевска, библиотекар-советник-------------------------- 17
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ, ПРЕДАВАЊА
Попдготвиле Фатма Бајрам Аземовска и
м-р Гордана Ѓоргиевска – Неделковски---------------------------- 18
16. РОДНОКРАЈНА СРЕДБА
Подготвил д-р Николче Вељановски----------------------------------- 23
НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА --------------------------------------------------- 25
ИНТЕРВЈУ
РАЗГОВОР СО ПРОФ. Д-Р АЛЕКСАНДАР СТЕРЈОВСКИ
Разговорот го водеше д-р Николче Вељановски-------------------- 26
ИНТЕРВЈУ СО НАЈСТАРИТЕ БИБЛИОТЕКАРИ ПО СТАЖ
Подготвил д-р Николче Вељановски, библиотекар-советник -- 30
РАЗГОВОР СО АНАСТАСИЈА ЗУЛЕВСКА-------------------------------------------
РАЗГОВОР СО ЕЛИЦА ЃОРГИЕВСКА------------------------------------------------ 32
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021 ТРЕ Д БР, 53, 20212
од целиот свет и дека само со заемна поддршка,
размена на искуства и ресурси, светот ќе ја креира
Библиотеката на 21 век. Се обратија и значајни
личности од политичкиот живот, претседателката
на Советот на Град Скопје, г-ѓа Љубица Јанчева,
министер за култура и туризам на Н.Р. Кина, Џанг
Хју, амбасадор на Н.Р. Кина во Р.С. Македонија, ка-
ко и претседателот на ИФЛА Барбара Лисон.
Силна поддршка и укажување на значењето на би-
блиотеките во развојот на современото општество
е основа на Акциониот план за развој со кој
земјите потписнички се заложуваат дека преку
меѓународната соработка ќе имаат можност за
размена на културното наследство, споделување на
библиотечните ресурси и техничка соработка.
На Форумот беа присутни директорот на НУУБ
– Битола, м-р Бојан Стефановски и програмскиот
раководител м-р Јелена Петровска, која на покана од
организаторот, го водеше Првиот модул на Форумот
на тема „Интегр-ација на библиотеките во пост -
пандемиската ера. Што е следно?“
Библиотекарите од НУУБ „Св. Климент
Охридски“ имаа можност да ги следат содржините
на Форумот преку организирана видео конферен-
ција пред компјутерите во просториите и во сала-та
за промоции на Библиотеката.
На Форумот беа разменети искуства од
областа на заштитата на културното наследство,
техниките и начините за конзервација на старите
ракописи, авторското право современите начини
за анимација на корисниците, посебно, искуствата
со т.н. зелени библиотеки, преку инспиративните
презентации од кинеските колеги. Другите теми на
годинашниот Форум се однесуваа на интеграцијата
на библиотеките во пост-пандемски услови за
работа, развојот на иновативните сервиси и т.н.
„паметни“ библиотеки, развојот на библиотечното
УЧЕСТВО НА НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ
ОХРИДСКИ“ БИТОЛА НА ВТОРИОТ ФОРУМ
НА БИБЛИОТЕЧНАТА УНИЈА НА КИНА И ЦИЕ
Подготвила м-р Јеленa
Петровска, програмски
раководител
Библиотеките во предизвикувачки времиња нудат
значајна поврзаност и нови пристапи кон дизајнот
на Библиотеката. Министерството за култура на
Република Македонија во делот на зајакнување
на културните врски со НР Кина, во областа на
библиотечното работење, ја прифати иницијативата
на Јавната библиотека на Хангџоу за формирање
на Унија на библиотеки од НР Кина и сите земји на
Централна и Југоисточна Европа.
По потпишувањето на договорите за соработка
на ниво на министрите за култура од 19 - 22
октомври 2018 година, во градот Хангџоу се
одржа Првиот Форум на библиотечната Унија
на библиотеки од НР Кина и земјите од ЦИЕ. На
Форумот како претставници од Р.С. Македонија
учествуваа НУБ “Св. Климент Охридски” Скопје,
НУУБ “Св. Климент Охридски” Битола, ЈУ Градска
библиотека “Браќа Миладиновци” Скопје и НУ- У
Библиотека “Гоце Делчев” - Штип. На Форумот
беа донесени важни документи кои ја трасираа
работата на Унијата: „Декларација и Акционен план
за меѓусебно разбирање и заедничка соработка на
библиотеките од Унијата“.
Со основањето на Библиотечната унија продолжија
активности на земјите учеснички со организација на
Семинар во Варшава (Полска) на кој беа обработени
темите од областа на организација на библиотечни
програми, авторските права, конзервацијата на стари-
те ракописи, мрежното поврзување на библиотеките,
дигитализацијата и новите библиотечни сервиси.
Вториот Форум на Библиотечната унија на земјите
од Централна и Источна Европа и НР Кина се одржа
во Скопје од 13 - 14 октомври 2021 год. во ЈУ Градска
библиотека „Браќа Миладиновци“. Форумот го
поздрави и подржа министерката за култура, г-ѓа
Ирена Стефоска, која истакна дека библиотеките се
исправени пред големи предизвици, со развојот на
технологијата во време на пандемија од КОВИД-19,
и додаде, дека верува во иднината на библиотеките
и соработката меѓу библиотеките
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021 Б Б ТЕ Е ТРЕ Д БР, 53, 2021 ТРЕ Д БР, 53, 20 1 3
AКЦИОНЕН ПЛАН НА УНИЈАТА НА
БИБЛИОТЕКИ КИНА-ЦИЕ (2022-2023)
НАЦРТ
Со тема фокусирана на „Соработка · Мрежа ·
Споделување“, првиот Форум на куратори Кина-
ЦИЕ се одржа во Хангџу во октомври 2018 година,
со што Унијата на библиотеки Кина-ЦИЕ беше
официјално основана. Во текот на изминатите три
години, Унијата постигна периодични резултати во
споделувањето ресурси, интеракциите со библиоте-
ките, деловната обука и академската размена. Овој
акционен план е направен за поната-мошна заемно
корисна соработка меѓу Кина и земјите од Централна
и Источна Европа на полето на библиотекарството и
меѓусебната соработка.
1. Размена на литература
На членовите на Унијата им се предлага да
прават размена на библиотечната литература со
други библиотеки-членки. Таквата размена може да
се интензивира во однос на категоријата, полето и
количината секогаш кога е потребно, овозможувајќи
им на луѓето пристап до класиците и најновите
книги од Кина и земјите од Централна и Источна
Европа.
2. Размена и обука на персоналот
Обезбедени се редовни размени на членките
и билатерални посети меѓу библиотеките на Кина
и земјите од Централна и Источна Европа со
цел да се подобрат услугите и практиките преку
учење директно еден од друг. Во меѓувреме, за
библиотекарите ќе биде наизменично организирана
обука од страна на членките во врска со заеднички
проучувања и дискусии за прашањата и проблемите
кои им се заеднички.
3. Културни размени
Мултикултурните активности се сметаат за
клучен дел од меѓународната комуникација меѓу
библиотеките. Од членките на Унијата се очекува
по договор повремено да стават на располагање
изложбен простор за промоција на историјата,
културата и урбаните предели на другите земји.
Исто така, мултикултурните активности со
разновидни содржини во различни форми се пот-
тикнуваат за отворање на мултилатерални дијалози
и промовирање на меѓусебна комуникација меѓу
различните култури. Со оглед на тешкотиите во
транспортот предизвикани од моменталната глобал-
на епи-демија, се предлага членките на Унијата да
ги дигитализираат ресурсите на изложбата и да го
пополнат формуларот за информации за ресурсите
на изложбата. Секретаријатот ќе ги собере и
работење помеѓу традиционалното и дигитално доба,
со посебен осврт на технолошките достигнувања,
како и трендовите во дигитализацијата поврзани
со на-учните сознанија и иновациите во заштитата
на старите книги. Форумот се реферираше и на
темите поврзани со промовирањето на читањето
и библиотечните терапии како своевиден излез од
психолошките ефекти од рестриктивните мерки во
времето на пандемијата. Многу голем интерес на
Форумот предизвикаа и работилниците со гости
од Р. Србија. Мирко Марковиќ, библиотекар -
советник за посебни проекти и автор на поголем
број на регионални библио-портали како што се
националните библиотечни портали biblioteke.org.
rs, biblioteke.net, knjiznice.org и т.н., кој што одржа
работилница „Облици и методи на дигиталните
комуникации – социјалните мрежи и Библионица“.
Предавачот Мирољуб Стојановиќ ја одржа
работилницата со тема „Дигитална библиотека
– Омека-Агрегатор“ со детални упатства за
користење на бесплатни алатки за дигитализација.
Работилниците беа инспиративни и високо
професионални со што придонесоа за едукација на
библиотекарите и отворањето поле за меѓусебна
соработка и развој на идни библиотечни проекти,
особено во областа на дигитализацијата.
Заклучокот на овој многу значаен Форум
се однесува на иднината на Библиотечната
Унија, на меѓусебната соработка и размената
на библиотекари. Се донесе и нов Акционен
план за работа за период 2022/23, со мапирање
на професионалните потреби, умрежувањето,
размената на дигитални содржини, чувањето и
презентацијата на културните вредности помеѓу
членките.
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021 ТРЕ Д БР, 53, 20214
НАЦИОНАЛНИТЕ БИБЛИОТЕКИ СЕГА 2021
- ДИГИТАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА
- Меѓународни перспективи за одржување
на Збирките во библиотеките -
Подготвила Гордана Ѓоргиевска - Неделковски
Од 16 - 17-ти Септември 2021 година, за прв
пат се одржа меѓународната конференција за
националните библиотеки од целиот светот.
„Националните библиотеки, сега 2021“ (“National
Libraries Nоw 2021) (NLN 2021) - Англија.
Со оглед на моменталната ситуација со Ковид
пандемијата, оваа конференција се одржа онлајн.
Меѓу 19-те панел - сесии, беше претставен и
трудот на м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски,
библиотекар од НУУБ„ Св. Климент Охридски“-
Битола, „Нови иновативни програми во време
на пандемија“, во 15-тата панел сесија (“Pivoting
in the Pandemic”), заедно со уште два труда кои
ги претставија библиотекари од Националните
библиотеки на Шри Ланка и Јужна Африка.
Секој труд беше претходно подготвен во форма
на презентација на англиски јазик и снимен во
форма на видео, достапен за секој учесник во
конференцијата.
За време на конференцијата учесниците во
својата панел сесија, имаа можност да разменат ис-
куства и да одговараат на прашања, поврзани со
трудот и работата на библиотеките во моменталната
ситуација. Целта на оваа конференција беше
овозможување на непречена размена на идеи
помеѓу библиотекарите во време кога патувањата,
размените и посетите на библиотеките од другите
земји се ограничени или воопшто не се дозволени.
Нашата библиотека покажа дека и во време на
пандемија работата може да продолжи, во сите сек-
тори. Покажавме креативност и брзо приспособу-
категоризира ресурсите и ќе ги претстави на сите
членови.
4. Поширок публицитет
На членовите на Унијата им се предлага да
планираат промотивни активности во комбинација
со размена на литературата, размена на персоналот и
обука и културни размени; да се придонесе со специ-
фични написи за популаризација на библиотеките во
China Library Weekly, единствениот весник во Кина
специјализиран за библиотекарството, за претста-
вување на библио-теките во земјите на ЦИЕ. Се
предлага на сите библиотеки членки промоција во
различни медиуми.
5. Соработка во културни проекти
На членовите на Унијата им се предлага да
спроведат културни проекти во кои заеднички
ќе учествуваат врз основа на ресурсите во врска
со содржината, човечките ресурси и техничките
ресурси на секоја библиотека. Проектите од овој
вид им помагаат на членовите да ги надминат
ограничувањата на поединечна библиотека и да ги
истакнат културните вредности на овие ресурси во
поширока смисла. The Very Collection in My Library
– Збирка во мојата библиотека (проектот кој е во
план).
Библиотеките собираат книги стари илјадници
години, кои го претставуваат културното наследство
на човештвото.
Во исто време, како вид на јавните културни
установи, библиотеките се и културна карта на еден
град, па и на државата. Самата колекција во мојата
библиотека има за цел да ги претстави богатствата
што се чуваат во секоја библиотека - членка на
корисниците во Кина и земјите од Централна и
Источна Европа, а скапоцените антички книги да се
постават во центарот на вниманието. Генералните
директори на библиотеките членки се охрабруваат да
учествуваат во овој проект, со воведување на самата
збирка во нивните библиотеки со триминутно видео.
Серијата видеа има за цел да прикаже фрагменти од
човечката историја во одреден регион во одреден
временски период.
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021 Б Б ТЕ Е ТРЕ Д БР, 53, 2021 ТРЕ Д БР, 53, 20 1 5
и поранешен ученик на Основното училиште „Иван
Горан Ковачиќ “, Данило Мариќ - добитник на прва
награда на годинашниот литературен натпревар
„Отвори книга, отвори свет“, а со користење
на ZOOM- апликацијата учествуваше и нашата
Библиотека со својот претставник.
ЈУ Градска библиотека и читална од Херцег
Нови е организатор и на Регионален Саем на книгата
„Пазар за книги“ кој што повеќе десетини години
се организира во соработка со бројни издавачи од
целиот регион. Оваа година колешката Петровска
доби покана да биде промотор и амбасадор на
Саемот заедно со културните работници од Р. Црна
Гора и Р. Србија.
РАБОТНА ПОСЕТА ОД ДИРЕКТОРОТ НА ЈБ
„ДИМИТРИЈЕ ТУЦОВИЌ“ - ЛАЗАРЕВАЦ, Р.
СРБИЈА
На 5. 08. 2021 година, директорот на НУУБ „Св.
Климент Охридски “- Битола, м-р Бојан Стефановски
во рамките на реализација на партнерскиот состанок
на ЕРАЗМУС + Проектот, PROUD I (ГОРДОСТ 1)
кој што се одржа во библиотеката во период од 04.08
до 09.08.2021 год, се сретна со директорката на
библиотеката „Димитрије Туцовиќ “од Лазаревац,
вање во секоја новонастаната ситуација, па, и во пан
демија, преку многу проекти и работилници.
ПАНЕЛ - ДИСКУСИЈА „ПИСМЕНОСТА
НЕКОГАШ И СЕГА“
- ЈУ Градска библиотека и читална од Херцег
Нови (Р. Црна Гора)
Подготвила м-р Јелена Петровска, библиотекар -
советник
По повод Светскиот Ден на писменоста НУУБ „Св.
Климент Охридски“ во Битола оствари соработка
со ЈУ Градска библиотека и читална во Херцег
Нови (Р. Црна Гора). Во чест на Меѓународниот
ден на писменоста, 8 Септември, Библиотеката
во Херцег Нови, во соработка со Серетаријатот за
култура и образование на Општина Херцег Нови,
организираше панел дискусија за писменоста неко-
гаш и сега.
Во рамките на постојана соработка, размена
на библиотечната граѓа и искуства од областа
на библиотечното работење, на покана од биб-
лиотекарката г-ѓа Јелена Ѓоновиќ, во панел
дискусијата учествуваше м-р Јелена Петровска,
програмски раководител и библиотекар советник.
М-р Јелена Петровска зборуваше за развојот на
писменоста во Македонија, делото на Солунските
браќа, Охридската книжевна школа, за трендовите
и темите во врска со користење на пишаниот збор,
користењето на т.н. сленгови во секојдневниот
говор, дигиталната писменост, развојот и перспек-
тивите на посочената тема.
Учесници на собирот беа еминентни јавни ра-
ботници и работници во културата и образованието
од Херцег Нови: Светлана Јагњиќ - воспитувач,
Весница Ражајски - наставник, Тамара Комар -
професор по српско-хрватски јазик и литература,
Воислав Булатовиќ - политички научник и графички
дизајнер, м-р Ѓорѓе Малавразиќ - есеист и културолог
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021 ТРЕ Д БР, 53, 20216
Р.Србија, г-ѓа Јасмина Иванковиќ. На оваа средба
беше разговарано за потпишување на меморандум
за соработка на двете институции.
ПОСЕТА НА ЗАМЕНИК АМБАСАДОРОТ
НА КРАЛСТВОТО ШПАНИЈА ВО Р.С.
МАКЕДОНИЈА
Заменик - амбасадорот на Кралството Шпанија,
Ернесто Ередеро дел Кампо (Ernesto Heredero del
Campo), на 22.10.2021 година ја посети НУУБ „Св.
Климент Охридски“- Битола. За време на посетата
директорот м-р Бојан Стефановски и м-р Јелена
Петровска, програмски раководител, го запознаа
гостинот со тековните и развојните планови на
Библиотеката.
На состанокот се разговараше за можностите за
соработка на полето на културата и библиотечната
дејност, како и за доближување на културите на
двата народа преку меѓусебни размени на содржини
од областа на културното наследство.
Беа посочени конструктивни идеи и мислења
во врска со организирање на активности поврзани
со запознавање на шпанскиот јазик, литературата
и уметноста, како и можноста за изучување на шпан-
скиот јазик во Библиотеката.
Во текот на состанокот беа предложени актив-
ности за размена на библиотекари, предавачи од об-
ласта на библиотекарство и искуства поврзани со ав
томатизација на библиотечните процеси и дигитали-
зацијата. Се зборуваше и за активности кои можат
да се организираат во областа на остварување на
милениумските цели предвидени со Агендата 2030
на УНЕСКО, за многу различни теми кои ќе бидат
од интерес за пошироката популација.
ГОРДОСТ 1 - СОСТАНОК ВО АТИНА
Од 21 до 23 ноември 2021 година во Атина, Грција
се одржа партнерски состанок во рамки на проектот
„ГОРДОСТ 1 – Зачувување на ромскиот јазик преку
употреба на онлине речник?“ На состанокот беа
претставници од Грција, Унгарија, Германија,
Романија, Србија и нашата библиотека „Св.Климент
Охридски“ - Битола.
На средбата беа презентирани резултатите
од спроведените прашалници за потреба од
подготовка на онлајн речник на Ромскиот
јазик, како алатка за чување и примена на
јазикот.. По развиената дискусија и презентирање
на одговорите од истражувањето во врска со
прашањето за потребата на речникот и неговата
примена, се поттикнаа различни мислења кои
резултираа со потреба од подготовка на сликовен,
визуелен речник за најмладите, како и за зборови
кои најмногу се користат во секојдневниот живот.
Од дискусијата произлегоа и низа иницијативи
за следните активности и за наредни проекти.
ЕРАЗМУС - ПРОЕКТИ – РАБОТНА СРЕДБА
На 17 ноември 2021 година, директорот на
НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, м-р
Бојан Стефановски, оствари работна средба со
г-дин Роналд Ункнехт од германската организација
„Југендстил“.
На средбата се разговараше за двата Еразмус про-
екти во кои е вклучена библиотеката, во рамки на
проектот на стратешкото партнерство „Sasas
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021 Б Б ТЕ Е ТРЕ Д БР, 53, 2021 ТРЕ Д БР, 53, 20 1 7
Jekhvar Jekh – Once upon a time...“ и за проектот
ГОРДОСТ 1 – Зачувување на ромскиот јазик преку
употреба на онлине речник“ на кој Библиотеката е
координатор. Двата проекта се финансирани од
Европската комисија преку Еразмус + програмата.
На средбата г-динот Роналд Шункнехт изрази
задоволство од успешните постигнати резултати, за
активностите и за професионалниот однос и извр-
шување на задачите на лицата кои се вклучени во
проектите.
На состанокот беа присутни м-р Јелена Петровска,
програмски раководител и учесник во проектите, м-р
Фатма Бајрам Аземовска - координатор на Еразмус-
проектите. На средбата се разговараше и за идна
соработка и проекти кои може да се реализираат.
ЕРАЗМУС – ПАРТНЕРСКИ СОСТАНОЦИ ВО
НУУБ
Националната установа Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
минатата недела беше домаќин на партнерските
состаноци од стратешкото партнерство “РомА-
БЦ оди напред - понатамошно развивање на ино-
вативни методи за борба против функционалната
неписменост кај Ромите и други групи со помали
можности во Европа” и на проектот “Грижа за
здравјето на Ромите 2”.
Чест ни е беше да бидеме домаќини на партнерите
од Германија, Унгарија, Романија, Бугарија и Грција,
средба на кој присуствуваа општини и невладини
организации од наведените земји. Присутните гости
изразија благодарност до директорот м-р Бојан
Стефановски за гостопримството и поддршката на
активностите.
РАБОТНА ПОСЕТА ОД НУУБ „ГОЦЕ
ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП
Подготвила м-р Јелена Петровска, библиотекар-
советник
Во рамките на соработката во областа на развојот
и подигање на квалитетот на библиотечното рабо-
тење, директорот Зоран Костовски со колегите од
НУ-Библиотека „Гоце Делчев“ од Штип, ја посети
нашата Библиотека. Тие посетија неколку Оддели
и остварија работен состанок со програмскиот
директор и раководителите на сектори.
Во Одделение за каталошка обработка на
библиотечниот материјал, колегите од Штип разго-
вараа со г-ѓа Малгожата Мачковска за важноста за
потполно, редакциски уредени записи, а со рако-
водителот м-р Фатма Бајрам Аземовска, разговараа
подетално околу активностите во Библиотеката и
начините за вклученост и можностите за аплици-
рање во меѓународни програми, особено во врска
со искуствата на нашата Библиотека со Еразмус +
апликации, учества на конференции и пишување
на стручни трудови поврзани со професионалното
усовршување.
Колегите од периодика ги запознаа гостите со
тековните проекти поврзани со дигитализација и
чување на периодичниот библиотечен материјал.
Во Одделението зајмување и услуга за возрасни
гостите се интересираа за автоматизираното зајму-
вање на книгите во услови на пандемија со Ковид
БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
8
-19, а беа запознати и со новиот проект за мултифунк-
ционална читална и можности за отворен пристап
кон библиотечната граѓа.
На средбата се разменија искуства за реализа-
цијата на тековните проекти во двете библиотеки,
организацијата на библиотечното работење во усло
ови на пандемија во различни Сектори, како и за
решавањето на конкретни стручни проблеми од
областа на библиотечното работење, можностите за
подобрување на програмот за циркулација на библи-
отечниот материјал и процедурите за набавка и еви-
денција на новите изданија.
На состанокот е договорена меѓусебна соработка
посети и реализација на заеднички проекти. Со
оглед дека во штипската Библиотека има и библио-
бус кој што повеќе години работи како мошне
успешен проект, се разговараше и за можностите за
проширување на проектот на повеќе градови во Р.С.
Македонија, вклучувајќи ја и Битола.
ПАНДЕМИЈАТА ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА
ЧИТАТЕЛИ
Подготвила м-р Фатма Бајрам Аземовска, виш
библиотекар
Во текот на минатата година кога многу земји
се соочија со периоди на изолација и луѓето беа
приморани да го ограничат времето поминато
надвор, читањето стана поважно отколку кога било
порано
Во текот на минатата година кога многу земји
се соочија со периоди на изолација и луѓето беа
приморани да го ограничат времето поминато
надвор, книгите се докажаа како моќни алатки за
да се совлада изолацијата, да се зацврстат врските
меѓу луѓето, да се прошират хоризонтите додека
истовремено ги поттикнуваме нашите умови и
креативноста. Во некои земји бројот на прочитани
книги се дуплираше.
Пандемијата, исто така, нè потсети сите на
важноста на книгите и читањето во смисла на
удобност и бегство од реалноста, нешта кои мина-
тата година ни беа потребни на сите. Секогаш ни
е драго кога ќе видиме дека некој наслов е убаво
претставен, бидејќи добрата корица може да ја
направи успешна книгата, но може и да ја повлече
кон неуспех.
Во време кога се препорачува да нема собири и
групирања, луѓето слободното време го исполнуваат
со читање на книги. Во Битолската библиотека
имаме читатели од сите возрасти и се читаат книги
од различни жанрови.
Во повеќето македонски библиотеки бројот на
читатели е зголемен во период, додека се уште светот
и земјата се бори со пандемијата на коронавирусот.
77-годишната Слободанка Ристевска од Битола ја
поминува Ковид - пандемијата полесно со читање
книги, а дневно чита по 150 страници. Таа е една
од највозрасните најредовни читатели за минатата
година во битолската библиотека. Особено и било
тешко во периодот додека не работеше библиотеката,
„Премногу лошо се чувствував, трагајќи по книги по
соседите кои имаат домашни библиотеки, за време
кога библиотеката не работеше. Да се земе книгата
„Милион капки“, да се прочита низ што човештвото
поминало, ќе се види дека ако стегнеме заби може
да го надминеме ова“, рече Слободанка Ристевска,
пензионер.
Битолската библиотека минатата година, три
месеци не работеше поради Ковид, сепак минатата
година зголемен е бројот на читатели, но и на изнај-
мени книги.
- „Се радувам што во година на пандемија и секако
во еден период кога не работеше библиотеката, има
околу 30.000 издадени книги, одвоија дел од своето
време, изнајмија голем број книги“, изјави м-р Бојан
Стефановски, директорот на Библиотеката.
Минатата година, најмногу книги изнајмила
Жанета Тошеска, наставник во прво одделение.
Со ова ја испраќа пораката до родителите дека
навиката за читање мора да се стекнува од
најмали нозе, „Бидејќи моите ученици се уште
не знаат да читаат, останува на родителите да
им читаат, што во последно време сум многу
разочарана, затоа што со генерации не им читаат
на децата, не ги знаат ни приказните со кои ние
пораснавме, постојано им читам на училиште, не
е само играњето и седењето пред телевизор“, рече
Жанета Тошеска, наставник во прво одделение.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021 9
Секоја година Министерството за култура
на Република Северна Македонија го зголемува
буџетот за збогатување на книжниот фонд.
РАБОТИЛНИЦА ЗА НОРМАТИВНА
КОНТРОЛА
Подготвил Никола Марковски
На барање од Библиотекарското здружение на
Македонија (БЗМ) во една од читалните во Новото
крило на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола,
организиравме еднодневна работилница со теми од
областа на Нормативната контрола, на 16.09.2021
год.
На оваа работилница, која е дел од проектот
‘’Тековно работење на БЗМ за 2021 година’’,
поддржана од Министерството за култура на РСМ,
присуствуваа, покрај домаќините од Битола и
библиотекари од библиотеките во Прилеп и Демир
Хисар. Идејата произлезе од претходните искуства
во каталошката обработка дека е потребно да
се унифицираат определниците, односно да се
изедначат податоците за личните имиња на автори-
те од латиничното и кириличното јазично подрачје.
Предавачите Јелисавета Костадинова и Валентина
Дојчиновска-Илиоска од НУБ „Св. Климент
Охридски“ – Скопје, се погрижија за расчистување
на дилемите окулу дефинирање на определниците.
Со цел да бидат опфатени сите библиотекари од
државата, вакви работилници се одржаа во четири
града (Битола, Струга, Радовиш и Скопје) кои, исто
така, беа во улога на организатори.
За учесниците беше подготвен работен материјал
и беа изведувани практични вежби. Од овие
работилници е планирано да произлезе Прирачник
за нормативна контрола кој што ќе послужи за
натамошното работење на библиотекарите.
ПАНДЕМИЈА
ОРГАНИЗАЦИЈА НА КУЛТУРНИ НАСТАНИ
(САЛИ ЗА ПРОМОЦИИ)
Сознанијата во врска со организацијата на
културните настани се однесуваат на можностите за
организирање на настани во Библиотеката (сали за
промоции) и надвор. Се препорачува задолжително
дистанцирање и ограничен број на посетители
според препораките на Државната здравствена
организација.
БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
1 0
РАБОТЕЊЕ НА НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ “ БИТОЛА
ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА СО ВИРУСОТ КОВИД-19
Подготвила:м-р Јелена Петровска, програмски раководител
Согласно мерките и препораките од Владата донесени на ден 10.03.2020.г. НУУБ „Св. Климент Охридски“
Битола донесе одлука дека библиотеката нема да работи со корисниците, односно дека истите ќе бидат
времено затворени.
Библиотекарската, како и пошироката општествена јавност беше затечена со појавата на пандемијата во
широки размери низ цел свет, што директно влијаеше на начинот на организирање на работниот процес во
библиотеките ширум светот, па и кај нас. Веднаш се пристапи кон изготвување на планови и правилници кои
ќе бидат користени во овие специфични услови, кои за прв пат во библиотечното работење се појавуваат како
предизвик за организација на библиотечните процеси. Библиотеката по донесувањето на посочените документи
и потврда од страна на Управниот одбор, работниот процес го организира применувајќи ги препораките на
Владата на Р.С. Македони-ја и релевантните документи од ИФЛА. По предлогот и заклучоците од Комисијата за
заразни болести при Министерството за здравство ,на 6.07.2020. год. беше донесена одлука за отпочнување со
работа на библиотеките, така што НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола продолжи да работи со задолжително
почитување на протоколот за работа на библитеки.
ПЛАН ЗА РАБОТА НА НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА
Секоја Библиотека се задолжува врз основа на општите препораки на Владата и Министерство за култура да
ги донесе своите Правилници за работа во услови на пандемија кои се прилагодени на условите на библиотеката.
Во Битола вработените по сектори имаат протоколи за работа кои се произлезени од Актот за систематизација
на работните места и во согласност со COBISS - програма за автоматизација на библиотечното работење,
со почитување на правила за ракување со библиотечната граѓа кои се дел од Правилникот за користење на
библиотечната граѓа во услови на пандемија.
СОДРЖИНА:
1 .Дезинфекција на просторот и работните површини
2. Планирање по Секторите и работното време
3. Водич (правила за однесување) за вработените
4.Водич за корисниците
5. Отворање на читалните
1. Дезинфекција на просторот и работните површини
После целосна дезинфекција на просторот во Библиотеката потребно е задолжително тековно
одржување на заедничкиот простор, ходници, санитарен чвор и канцеларии на вработените. Секоја
библиотека зависно од услови на работа и бројот на вработени изготвува план за работа на хигиеничари.
•Задолжително повеќекратно бришење на ходници со дезинфекциски средства;
Задолжително одржување на тоалетни чворови и одвојување на тоалетите на вработени од корисници каде
за тоа има услови;
•Секојдневна дезинфекција на работните столови и подовите во канцелариите.
2. Планирање по Секторите
Со оглед дека Библиотеката е организациски поделена на Сектори нивните раководители се задолжуваат
да направат план за работа со почитување на мерките за работа во услови на Ковид 19, согласно Закон
за работни односи, Закон за библиотечна дејност и Правилникот за систематизација на работни места,
како и други Правилници на Библиотеката. Работата во Библиотеката ќе се одвива во договорено сменско
работење (во една смена најмногу двајца вработени во една канцеларија). Тоа значи дека во текот на
работно време вработените ќе доаѓаат на работа во смени и со помал број на работни часа. Помеѓу две
смени потребна е задолжителна пауза од 30 минути за проветрување и дезинфекција на просторијата.
Се препорачува вработените од смени да не се во контакт. Вработени кои во согласност со владините мерки
се ослободени од работа можат да бидат вклучени со работа од дома или со скратено работно време по
личен избор и потпишување на Изјава за работа. Почитувајќи ги мерките за социјална дистанца потребна е
реорганизација на просторот во Библиотеката во работен простор на канцеларии каде задолжително растојание
помеѓу вработените е 1,5 м до 2 м од работно место. Секој вработен од работодавецот ќе добие задолжителна
заштитна опрема, а хигиеничари ќе се грижат за редовно хигиенско одржување на работните површини и подови.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021 1 1
3. Водич (правила за однесување) за вработените
Со повторно отворање на библиотеките заради безбедни услови на работа потребно е вработените да се
придржуваат на следните мерки кои треба да ги применуваат на своето работно место како и во севкупниот
простор на библиотеката.
1. Вработените се должни на работа да доаѓаат одговорно кон себе и другите, што значи со појава на симптоми
како што се покачена температура, кашлање и краток здив треба да се јаваат на одговорно лице за меѓу човечки
ресурси за договор околу отсуство од работа.
2. При влегување во Библиотеката задолжително е носење на маски и дезинфекција на рацете.
3. На работно место се користи заштитна опрема и се применуваат одредбите од Правилникот за користење
на библиотечната граѓа и дезинфекција на работните маси кои библиотеката ги изготвува согласно препораките
на Владата и Здравствената организација и услови кои ги има во Библиотеката. За помали библиотеки каде нема
доволен број на работници се скратува време со странки.
4. Доколку на едно место се собираат група од три до пет библиотекари заради извршување на некои работ-
ни задачи потребна е задолжителна дистанца од 1,5м и заштитна маска.
5. Состаноци на библиотекари можат да бидат физички и виртуелни, но задолжително е применување на
мерките за заштита.
6. Вработените треба да практикуваат задолжително дистанцирање без ракување.
7. Во Одделот на издавање на библиотечниот материјал (деца и возрасни) важи посебен Протокол за работа
кој го донесува библиотеката во зависност од својата организациска поставеност.
8. За лица кои влегуваат во Библиотека, а не се корисници (членови) се води писмена евиденција на портирни
ца. Прием на странки од страна на вработените ќе се врши надвор од канцелариите во определена просторија
за истото.
9. Место за пушачите е надвор од зградата на излез од гаражата. Забрането е групирање на повеќе од 3 лица
и задолжително почитување на растојание од 1м.
Портири и други одговорни лица за редот на влезот во Библиотеката
За одвивање на соодветна работна култура во библиотеката портирите и други одговорни лица се
задолжуваат:
1.Задолжителни дежурства на преден (и единствен) влез додека се одвива работниот процес во
библиотеката.
2. Надзор и применување на мерките за заштита на корисниците на библиотеката што подразбира пуштање
на ограничен број на корисници во исто време на пултот за издавање (се препорачува од 2-4 корисници) и
задолжителна дезинфекција на рацете.
3..Укажување на корисниците да застануваат на обележано место и по оставање на библиотечната граѓа да се
оддалечат на истата позиција додека библиотекарот не заврши враќање или задолжување на материјалот и не го
затвори заштитното стакло, како што е тоа случај во Битола.
4..Со преземање на материјалот не е дозволено задржување во просторот на библиотеката.
5. Портирите или одговорните лица за влез би се менувале на два часа по утврден распоред или по планот за
внатрешна организација.
6..Влезот на библиотеката исто така треба да биде одбележан со растојанија да не се прават гужви пред
влезната врата.
4. Водич за корисниците
• За влез во Библиотеката е потребно задолжително носење на заштитна опрема (маска и ракавици) и
одржување на социјална дистанџа од 2 м. Почитување на препораките за портири.
• Задолжително почитување на правилата за враќање на библиотечната граѓа (книги)
• Се препорачувакористење на услугата нарачка на книги преку е- пошта или онлајн резервацвии.
• Корисниците можат да користат и тн. Готови пакети од две до пет книги по избор на Библиотеката.
• Забрането е подолго задржување во Библиотеката, осверн ако претходно не е договорена услуга за
користење на библиотекар – информатор.
БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
1 2
5. Отворање на читалните
Читалните се отвораат во согласност со препораките на Владата и Министерство за култура почитувајќи ги
сите хигиенски и просторни мерки зависно од големината на библиотеката.
Поради спречување на ширењето на Корона вирус во поголеми простори за повеќе корисници потребно
е да се обезбедат хигиенски стандарди како и задолжително растојание на работните столови и ограничен
број на корисници. На влезот на читалната треба да бидат истакнати информативни упатства за користење на
читални, а истите треба да бидат ставени и на веб страната на библиотеката како и социјални мрежи. Портирите
и одговорните лица треба да го проверуваат спроведувањето на мерките во читалните.
КУЌЕН РЕД ВО ЧИТАЛНИТЕ
Секоја библиотека зависно од бројот на места во читална треба да утврди број на работни места. Препорака
е 15 корисници на 100 м2. Најголем број на корисници кои можат да ја користат читалната одговара на нето-
површина во четворни метри поделено со 7, или пак бруто-површина да се подели со 15. Овие стандарди се
однесуваат на вкупен број на корисници во читална како и на оние кои се движат низ читална.
Потребно е работните места да бидат оддалечени од 1,5 до 2 м или ако е помал простор истите да бидат
одделени со заштитни прегради од плексиглас, или друг материјал погоден за чистење.
Работниот простор и санитарните чворови треба многу често да се чистат и да се врши повеќекратна дезинфекција,
а на влезот во читална да биде задолжителна дезинфекција на рацете.
Препорачано време за работа на читални е најмногу 4 саати во една смена. Се препорачува доколку се работи
во две смени да има простор од 1 час за проветрување на просторија и дезинфекција.
Се препорачува резервирање на библиотечната граѓа преку електронска пошта на библиотеката.
Максимален број на библиотечни едници зависи од одделна библиотека, но се препорачува да не е повеќе од
5 книги.
Потребна е евиденција на посетителите на читалната и истата ќе се спроведува од лица задолжени од
библиотеката. Потребни се информации во случај на заболување на лице кое користело читална и одредување
на евентуално заразени лица.
Зајмената граѓа се враќа на пултот за издавање со почитување на мерките предвидени за работа со библиотечната
граѓа.
Корисниците на читалните задолжително користат маски и ракавици за работа.
Во читалната задолжително треба да биде присутно лице вработено во Библиотеката кое се грижи за
спроведување на режимот за работа во читална. Доколку корисникот библиотечната граѓа ја користи повеќе
денови истата се пакува во најлон или се остава на посебно место предвидено за таков тип материјал. По
враќањето на материјалот истиот се остава во карантин 72 часа на место одредено за тоа.
Користењето на дневни весници е утврдено со мерки на претпазливост и хигиена. Се препорачува карантин
од 24 часа, но можно е и повеќе доколку тоа го утврди Библиотеката и задолжително користење на маска и
ракавици. На крајот на работниот ден читалната се дезинфицира и задолжително проветрува.
НУУБ - БИТОЛА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА СО COVID – 19
- Сектор Информации, заштита, репрографија, книжен фонд и услуги -
Со повторното отворање на Библиотеката во услови на пандемијата,
Секторот кој ги опфаќа одделенијата: Зајмување и услуга за возрасни,
Детската библиотека, Информации и Заштита на книгата пристапи кон
Подготвила реорганизација на работните задачи за вработените. Се изготви План
Лидија Мирчевска, за работа на целата организација за постапката и користењето на
раководител на сектор
библиотечната граѓа, како и се воведоа посебни протоколи за работа со корисниците и начинот за
нивно известување со глед на ограничувањето во физички пристап кон библиотечна граѓа. Според
протоколот, корисниците на библиотечниот материјал во Библиотеката влегуваат низ еден влез со
задолжително носење на маски, за чие спроведување се гржат портирите.
Дезинфекција и проверка врши портирот или одговорното лице. Влезот на Библиотеката е
обележан да не се прават гужви пред влезната врата. Во библиотеката е предвиден ограничен број на
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021 1 3
корисници (се препорачува од 2-4 корисници, за возрасни и деца). Лицата кои не се членови на
Библиотеката, за контакт со вработените од други сектори, се јавуваат задолжително кај портирот кој
ги евидентира и забележува во тетратка. Тие лица се примаат надвор од канцелариите на вработените.
Работењето на одделението Зајмување и услуга за возрасни и Детската библиотека се одвива
во договорено сменско работење. Постојано се изготвуваат распореди за работа, како би се избегнал
контактот на вработените од едната и другата смена. Помеѓу смените се прави задолжителна пауза
од пола час (30 мин.) за проветрување и дезинфекција на просторијата, кое го вршат хигиеничарките.
Зајмување и враќање на библиотечниот материјал
Корисниците при влезот во Библиотеката застануваат на обележаното место и ги остават книгите
на пултот за зајмување, библиотекарот ги зема книгите и го затвора стаклото на пултот кое останува
затворено додека библиотекарот не го заврши раздолжувањето на материјалот. За да им ги даде
зајмените, односно веќе задолжените книги на корисникот, тој повторно го отвори стаклото од пултот.
Библиотекарот задолжително ги почитува мерките за заштита со носење на маска и другите предвидени
мерки. Истата постапка се однесува и при наплата на услугите (закаснување, членарина, резервации и
сл.). Библиотекарот по раздолжувањето на книгата ги извршува сите постапки предвидени за враќање
на граѓата во COBISS -програмата. Се пополнуваат задолжителните полиња во програмата, со што
вратената книга е во т.н. карантин и читателите ја имаат информацијата кога книгата ќе биде достапна.
Граѓата оди во Граѓа на домашна библиотека каде се означува вратениот примерок, со вчитување на
инвентарниот број од книгата и избирање на типката задржи, односно граѓата ја враќа со со задршка
која добива статус Б – задржано. Со оваа постапка се води точна евиденција на истекувањето на
карантинот (статус Б) во COBISS/3 Позајмица. Ако за ваква граѓа била направена резервација, веднаш
по истекот на карантинот ќе му се испише порака на првиот член што ја резервирал граѓата. Членовите
имаат можност да резервираат граѓа со статус задржано.
Вратената граѓа, во согласност со препораките на надлежните установи и Правилникот за работа
со библиотечна граѓа во услови на пандемија, се испраќа во Магацинот за книги (истото важи и за
Детската библиотека), каде библиотекарот ја одлага граѓата на точно определено место од 72 саати. Се
пополнува картица за датумот на прием и истекот на истиот.
За да може библиотечната граѓа повторно да добие статус дека е слободна за позајмување
библиотекарот ја раздолжува со методот Зафатена граѓа/Враќање, бришење, односно типка V.
Начини за избор на библиотечна граѓа во услови на пандемија
Доколку корисникот по влегувањето во Библиотеката има потреба од информација за
библиотечниот материјал се најавува кај портирот кој го упатува на библиотекарот информатор.
Библиотекарите на корисниците кои доаѓаат без запишана сигнатура им помагаат во барањето за
библиотечната граѓа која што сакаат да ја позајмат и ги упатуваат на начините за пребарување кои
БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
1 4
се јасно назначени во холот на Библиотеката. Тие
вклучуваат повеќе видови барања како што се:
- пребарување книги на WEB страната на
Библиотеката преку COBISS + платформата;
- користење на online сервисот Мојот COBISS
(Мојата библиотека);
- пребарување и резервација на книги преку
мобилната апликација COBISS, достапна за An-
droid и IOS оперативните системи;
- резервација и продолжубање на библиотечна
граѓа се врши преку телефонски број и преку
електронска пошта,
- Мојот COBISS (Мојата библиотека) (VEB)
- преку официјалната Facebook страна на
Библиотеката
- информации за нови книги на LED - монито-
рот во холот на Библиотеката
За да можат на корисниците да им дадат
квалитетна и актуелна информација во врска со
бараните книги, информаторите учествуваат и во
селекција и набавки на нови книги, следејќи ги
новите наслови од сите издавачи.
Заштита на библиотечна граѓа
Како и во другите одделенија, вработените
во Заштита на книгата беа организирани во сог-
ласност со упатствата од Правилникот за работа
со библиотечна граѓа во услови на пандемија
и однапред подготвени планови за работа. Тие
предвидуваа следење на оштетената граѓа,
особено во делот на лектирни и популарни
изданија (бестселери) со помали поправки и
заштита на книгите.
ФАКУЛТЕТСКИТЕ БИБЛИОТЕКИ И
УНИВЕРЗИТЕТСКА ДЕЈНОСТ
НА НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
Подготвила Ирена Колевска, библиотекар
Едно од најактивните влијанија на
факултетскитe библиотекi во рамките на новите
предизвици на научно-истражувачката работа и
практикување на наставните содржини во рамки-
те на универзитетот претставува нивни активен
придонес кон процесот на учењето и остварување
на услови за квалитетното извршување на
предизвиците поврзани со научно-истражувачката
работа. Библиотеките мора да ги следат совреме-
ните трендови, да ги следат студентите со
осмислување
на разни аниматорски активности, но пред се да го
збогатуваат својот фонд на стручната литература,
списанија и навремено да ги ажурираат своите
бази на податоци.
Новиот концепт на учење го подржуваат сè
поголем број универзитетски професори кои
стануваат свесни за потребата за сè поголемо
користење на библиотечните услуги и за изградба
на поквалитетен пристап кон информациите
во функција на подобрување на квалитетот на
студиските програми.
Библиотеките кои што делуваат во системот
на високото образование имаат единствена цел
- да бидат логистичка поддршка на образовната,
научната и истражувачката работа на Универзи-
тетот.
Вредноста на една централна универзитетска
библиотека како дел од универзитетскиот кампус,
се гледа во успешноста на својата примарна
функција да ги поврзува факултетските библи-
отеки кои се снабдени со специфична литература
од најразлични полиња, подрачја и области
од науката, од една страна и нејзината јасна
ориентираност кон универзитетската заедница.
Трансформацијата на универзитетската функ-
ција на НУУБ „Св. Климент Охридски“ може
најдобро да се види во компетенциите кои што
секојдневно таа ги презема во областа на научно-
истражувачка работа и во процесот на доживотно
учење. Дигиталната технологија постојано ја
менува средината за учење со воведување на
современи пристапи кон библиотечната работа,
го моделира начинот на учење и изработката
на стручни и научни трудови, со што ги става
нејзините корисници, пред сé студентите и
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021 1 5
научните работници во ситуација постојано да ја
бараат релевантната информација. Библиотеката
токму во тој сегмент може да помогне во
пребарување, изготвување на библиографии и
други релевантни научно истражувачки извори.
Таа треба наполно да биде ангажирана и за
издржани проекти кои се дел од програмата на
универзитетот. Само на тој начин Библиотеката
би можела да стане т.н. „срце на Универзитетот“.
Факултетските библиотеки во системот на
библиотечното работење
Со цел, координирање и реализација на
проекти од заеднички интерес на факултетските
библиотеки при УКЛО – Битола и НУУБ - Битола,
Библиотеката го организираше Првиот Стручен
собир на библиотекари од факултетските библио-
теки на УКЛО – Битола, на тема: „Организација
и услуги на факултетските библиотеки на Уни-
верзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола,
на кој беа доставени и прашалници со прашања
чии одговори требаше да дадат информации за
поставување основа за изготвување на стратегија
за поголема активност на факултетските библио-
теки при Универзитетот во Битола. Освен општи-
те податоци, факултетските библиотекари дадоа
информации во врска со бројот на единици на
библиотечната граѓа во нивните библиотеки,
просторните и техничките можности, статусот
на библиотекарот во однос на вработувањете и
положените лиценци за работа во COBISS -програ-
мата, како и можностите за професионално усо-
вршување и стекнување со стручни звања.
На Собирот беа опфатени теми од организацис-
ката поставеност на факултетските библиотеки во
интегриран Универзитет, работа со библиотечната
граѓа и корисниците, управувањето со информа-
ции, автоматизацијата на библиотечното работење
и изготвувањето насоки за развој на библиотечната
дејност што е од особено значење за евалуацијата,
квалитетот и изведувањето на образовните про-
грами на Уни-верзитетот. Како посебен дел беа
обработени темите за стручно усовршување на
библиотечниот кадар и можностите за стекнување
на стручни звања во струката.
За проблемите во работата на факултетските
библиотеки во услови на пандемија ќе се зборува
на наредниот Собир.
Само со активен однос на Универзитетската
библиотека, со излегување во пресрет на
потребите на факултетските библиотеки,односно,
на студентите и професоритеќе, ќе се воспостави
единствен библиотечен систем во рамките на
УКЛО - Битола.
За поголема искористеност и препознатливост
на универзитетскиот дел на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ Битола, од почетокот на новата учебна
година, Библиотеката организира бесплатно за-
членување за сите студенти од прва година, со
цел за поголемо користење на научна и стручна
литература во студирањето.
НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК
(18 – 23 окт. 2021)
Подготвил Маријан Колевски, библиотекар
По повод Неделата на италјанскиот јазик во
светот, во холот на НУУБ „Св Климент Охридски“
– Битола, беше поставена изложба на тема „700
години од смртта на Данте Алигиери“. Данте
Алигиери (1265 - 1321) е италијански поет, еден од
најголемите книжевници во светската литература и
автор на бесмртното дело „Божествена комедија“,
која претставува едно од најважните литературни
дела на сите времиња, познато во целиот свет.
Роден е во Фиренца, реторика учел во Болоња, а
на вештината на убавото пишување го учел Брунето
Латини, фирентски поет. Во времето на младоста
кога во Италија беснеле борби околу папската
превласт, Данте се залагал за мир меѓу скараните
страни и за одбрана на слободата на својот град, но
тој и неговите истомисленици биле протерани од
родната Фиренца. Кога во 1315 година се здобил
со слава на голем поет, политичките противници
му понудиле амнестија, што гордиот поет ја одбил:
„Ова (амнестија) не е пат за враќање во татковината,
но ако вие или некој друг најдете некој друг што
нема да биде недостоен за славата и името на Данте,
јас ќе тргнам на тој пат со чекор што нема да биде
ни малку бавен. А ако по таквиот пат никако не се
влегува во Фиренца, јас нема да влезам во Фиренца.
Па што тогаш? Нема ли да ми биде одземен сјајот
на сонцето и ѕвездите, макар каде и да се наоѓам..
А леб навистина нема да ми недостига “. Умрел во
Равена каде што и бил погребан.
Во изложбата беа поставени книги од Данте
Алигиери како и од други познати италијански
автори како: Итало Калвино, Алберто Моравија,
Сузана Тамаро, Еко Умберто, Донато Каризи,
Александро Барико, Паоло Џордано и др.
БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
1 6
Во времето на Данте биле биле популарни
две италијански школи на љубовната поезија –
болоњската и фирентиската. Данте пее за својата
идеална, духовна љубов, не кажувајќи го името на
идеалната жена, предметот на неговото љубовно
страдање. Но по смтртта на неговата љубов,
убавата фирентинка Беатриче, тој започ-нува со
неговото најзначајно дело „Божествена комедија“
кое се состои од три дела: „Пекол“, „Чистилиште“
и „Рај“ и работел на него до крајот на својот
живот. Тоа е филозофска – религиозна поема,
со кој Данте го навестил доаѓањето на нова
епоха во историјата на циви- зацијата, епохата
на хуманизмот и ренесансата. Иако Данте ја
започнал „Боженствената комеди-ја“ со намера
да го слави ликот на Беатриче, потоа делото
добило многу поширок опфат, т.е. тоа претставува
портрет на целиот средновековен општествен,
политички, филозофски и културен свет. Неговото
дело напишано на народен италиjански јазик
претставува суштински елемент на идентитетот
на италиjанскиот народ, поради кое тој се смета
за татко на италијанскиот јазик, а неговото дело
успева, во наредните векови, да заземе клучна
улога во културниот живот на Европа во наредните
векови.
Изложбата со своја програма ја збогатија
ученици од СОУ „Таки Даскало“ од Битола,
кои што читаа стихови од поемата „Бoжествена
комедија“, под менторство на проф. Николина
Поповска.
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ
БИБЛИОТЕКАРИ“ 2021
Подготвила Гордана Пешевска, библиотекар-советник
Националната установа – Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола по-
стапувајќи по известувањето од Библиотекарското
здружение на Македонија (БЗМ) објавено на
www. bzm.org.mk, состави шестчлена комисија за
спроведување на Општинскиот натпревар за из-
бор на најдобар млад библиотекар во Општината
Битола. Комисијата во состав: претседател
Илче Стојановски, виш библиотекар и членови:
Гордана Пешевска, библиотекар-советник, Ленче
Андоновска, библиотекар-советник, Гордана
Ѓоргиевска-Неделковски, библиотекар Вера
Марковска, библиотекар и Ирена Колевска,
библиотекар ги извести сите основни училишта
во Битола и Битолско.
Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“
беше реализиран на ден 29.10.2021 год. со почеток
во 12 часот со времетраење од 1 саат. Натпреварот
се одржа во новата читална во поткровјето од
новото крило на Библиотеката. Учество зедоа
вкупно девет ученици од основните училишта од
Битола и еден ученик од Могила.
Комисијата по завршувањето на одговорите на
прашањата од страна на учесниците, ги прегледа
тестовите и ги соопшти резултатите:
1. Анамарија Ристевска, 9 одд. ОУ „Св. Кирил
и Методиј“ - Битола (81) поени
2. Лина Чашитовска, 9 одд.ОУ „Стив Наумов“
Битола (78) поени
3. Лина Христовска, 9 одд. ОУ „Гоце Делчев“
Битола (73) поени
4. Јована Ѓоргиевска, 9 одд.ОУ „Св. Климент
Охридски“Битола (68) поени
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021 1 7
По прегледувањето на тестовите беа познати
најдобрите тројца натпреварувачи: Првото место
со освоени 81 поен и припадна на ученичката
Анамарија Ристевска од ОУ „Св. Кирил и
Методиј“ - Битола,
Присутните ги поздрави директорот на Библио-
теката м-р Бојан Стефановски, а потоа им го доде
ли наградите: Тројцата најдобри учесници доби-
ја дипломи и награди во луксузни изданија од
детски енциклопедии, а на сите учесници им
беа доделени благодарници, додека на нивните
ментори им беа доделени потврди за учество.
Според утврдените правила за овој нат-
превар на 21. Републички натпревар „Млади
библиотекари“ што ќе се одржи во Центар за
култура „Григор Прличев“ во Охрид на 06.05.2022
г., ќе учествува првопласираната ученичка од ОУ
„Св. Кирил и Методиј “ – Битола, Анамарија
Ристевска.
ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА БИТОЛСКИТЕ
РОДНОКРАЈНИТЕ ПИСАТЕЛИ
АУДИО – ЗАПИСИ НА ЦД - 1
Раководители на проектот: Ленче Андоновска и
Гордана Пешевска
ЦД-то е уште едно дело во богатата издавачка
дејност на Националната установа - Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола,
проект одобрен од Министерство за култура на
РСМ во Годишната програма за 2021 година од
национален интерес од областа на библиотечната
дејност. Појавувањето на ЦД - то за Роднокрајните
автори (аудио записи на ЦД – 1) кои спаѓаат во редот
на продуктивните и нагласено ангажирани совреме
ни македонски писатели е од големо значење за
градот Битола и многу пошироко.
Аудио - записите претставуваат заложба битол-
ските писатели и нивните дела да се оттргнат од
заборавот, но и да послужат како патоказ и водич за
идните генерации.
Литературните дела се споменик на еден изминат
пат низ времето и просторот, пат низ книжевното
наследство на градот кој изобилува со творци. Во
ЦД – то, Роднокрајните автори, аудио записи 1, се
застапени 11 автори, кои се членови на Друштвото
на писатели на Македонија:, Радован П. Цветковски,
Владимир Костов, Никола Кочовски, Петре
Димовски, Кире Неделковски, Добре Ј. Тодоровски,
Милица Димитријовска-Радевска, Зоран Пејковски,
Мирјана Стојановска, Весна Мундишевска-
Велјановска и Даниела Андоновска-Трајковска.
Основните критериуми за влез во ова дело
се: писателот да е битолчанец, да живее и твори во
Битола и да е член на Друштвото на писателите на
Македонија. Писателите во ЦД - то се застапени
со аудио запис на био-библиографски податоци и
фотографии. Редоследот на претставувањето на
писателите е според критериумот - возраст.
За нашите битолски писатели, можеме слободно да
речеме: „ ... за битолските автори важи ставот на
Пол Валери, дека поетската мисла во делото треба
да биде сокриена како што е сокриено хранливото
својство на плодот“.
БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
1 8
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ, ПРЕДАВАЊА
Подготвиле: м-р Фатма Бајрам Аземовска, виш библиотекар и
м-р Гордана Ѓоргиевска – Неделковски, библиотекар
30 Jули - Меѓународен ден на пријателството
НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола преку низа активности со читателите го одбележа, на
симболичен начин, Меѓународниот ден на пријателството-30 Јули. Читателите имаа за задача да го
означат својот најдобар пријател или да ни напишат порака за пријателството, или пак, да препорачаат
книга за пријателството која им оставила најубав впечаток. Читателите се нашите наголеми пријатели
и овој ден ние им го посветивме нив.
4-7.08.2021 г.
Гордост 1 – Партнерски состанок во
Битола
Во рамки на проектот
„ГОРДОСТ 1– Зачувување
на ромскиот јазик преку
употреба на онлaјн реч-
ник “, во Битола се одржа
состанок со партнерите
„Jugendstil “од Германија, „BARIKANIPE “од Скопје,
„PANOSER “од Грција, „HEEDA “од Унгарија и
библиотеката „Димитрије Туцовиќ “од Србија.
На состанокот се разговараше и беа презентирани
резултатите од анкетата што се спроведе измина-
тите месеци. Исто така, се разговараше за тековни-
те активности и беа дефинирани идните чекори.
Моја дигитална приказна
Едукативниот центар
„Едусфера“ во соработка
со НУУБ„Св.Климент
Охридски“-Битола запо-
чна да го реализира про
ектот “Мојата дигитал-
на приказна” . Учениците
од овој едукативен цен-тар, читаа прекрасни
приказни кои добија свој видео запис и сите приказни
беа толкувани на знаковен јазик.
Сите во библиотека!
НУУБ „Св. Климент
Охридски “– Битола
започна да ја реализира
кампањата „Сите во
библиотека!“ Кампањата
има цел подигнување
на свеста на важноста за читање, учество на
библиотеката во процесот на формално и нефор-
мално образование, читање од раната возраст и
сите фази во човековиот живот, вклучувајќи го
и слободното време поминато на креативен и
образовен начин. За таа цел, беа доделени околу
2000 ваучери за едногодишно бесплатно членство
на учениците од прво одделение од сите општински
и подрачни основни училишта, за учениците од
прва година од сите средни училишта и приватното
средно училиште САБА, како и за сите студенти кои
се запишаа во прва година на факултет.
8 Септември
- Светски Ден на писменоста-
По повод Светскиот
ден на писменоста –
8 Септември, НУУБ
„Св.Климент Охприд-
ски“ во Битола ост-
вари соработка со
ЈУ- Градска библиотека и читална во Херцег
Нови (Р. Црна Гора). Во чест на Меѓународниот
ден на писменоста, ЈУ Градската библиотека и
читална во Херцег Нови, во соработка со Секрета-
ријатот за култура и образование на Општина
Херцег Нови, организираше панел дискусија за
писменоста некогаш и сега.
Во рамките на постојана соработка, размена
на библиотечната граѓа и искуства од областа на
библиотечното работење, на покана од библио-
екар Јелена Ѓоновиќ, на панел дискусијата,
учествуваше Јелена Петровска, програмски рако
водител и библиотекар советник. Јелена Петров-
ска зборуваше за развојот на писменоста во Маке-
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021 1 9
донија, делото на Солунските браќа, Охридската
книжевна школа, трендови и теми во врска со
користење на пишаниот збор, користење на т.н.
сленгови во секојдневниот говор, дигиталната
писменост, развој и перспективи на посочената
тема.
13-14.10.2021 г.
Втор Форум на Библиотечната унија
на НР Кина и ЦИЕ
Вториот форум на библиотечна унија на земјите
од Централна и Источна Европа и НР Кина се
одржа во Скопје од 13 - 14 октомври 2021 год. во ЈУ
Градска библиотека „Браќа Миладиновци“. НУУБ
„Св. Климент Охридски“ е членка на „Библиотечна
унија на земјите од ЦИЕ од 2018 година кога беше
одржан Првиот Форум на унијата во градот Ханџу
НР Кина, во Градската библиотека каде се наоѓа и
Секретаријатот на Библиотечната унија.
Овој форум го следеа онлајн и библиотекарите
на НУУБ„Св. Климент Охридски“-Битола, додека
м-р Јелена Петровска учествуваше на овој форум
како модератор на една од сесиите.
19-20.10.2021
Две работилници за тефтерчиња
НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола по повод
Месецот на книгата-Месец Октомври во соработка
со СОУ„ Таки Даскало“-Битола реализираа две
работилница за изработка на тефтерчина на чија
корица беше испечатена порака за книгата и
читањето.
Првата работилница се одржа во во просториите
на СОУ „Таки Даскало“-Битола во која учество
зедоа учениците од втора година графичка стру-
ка, графички техничари под менторство на профе-
сорките Весна Мундишевска-Велјановска и Кате-
рина Спасовска-Маурдева. Втората работилница
се одржа во просториите на Библиотеката, во која
учениците ги опшуваа и режеја тефтерчињата.
Учениците има можност да се запознаат со
работата на секторите во библиотеката, а воедно
да видат како течи процесот на реставрација на
книги, која им ја покажа Јулијана Христовска-
Кулевска, библиотекарски помошник од Заштита и
репрографија на книгата.
20-21.10.2021 г.
Месец на книгата - Октомври
По повод Месецот на
книгата во Библиоте-
ката се одржаа 2 чи-
тања на кои присус-
твуваа учениците од
од III-б и III- в одд.
О ОУ„ Стив Наумов“
- Битола со нивните наставнички Даниела
Јовановска и Доста Илиевска, како и учениците
од III-а и III- г одд. со наставниците Даниел
Митревски и Весна Котевска. Библиотекарката
Јасминка Кочевска, на првите 2 одделенија им
го прочита расказот „Овчарчето Тасе“ од Ванчо
Николевски. Библиотекарката Ирена Колевска на
учениците им прочита хумористилчна приказна,
извадок од книгата „Итар Пејо“ од Стале Попов.
Октомври - Меѓународен ден
на училишните библиотеки -
Усната раскажувачка традиција е многу важен
темел во поттикнувањето на љубовта за читањето
кај децата. Усното раскажување приказни на децата
уште во најраната возраст, помага во обликувањето
на нивната творечка фантазија. Секој од нас памети
дека најубавите приказни сме ги слушнале во
најраното детство токму од нашите баби и дедовци.
Националната установа Универзитетска библиотека
„Св.Климент Охридски“ – Битола и основните
училишта „Даме Груев“ и „Елпида Караманди“
- Битола започнуваа со раскажување на стари
приказни - активност во кои ќе бидат вклучени
нивните баби и дедовци.
БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
20
22.10.2021 г.
Промоција на книга
Центарот за истражување на национализмот и
културата (ЦИНИК), во салата за промоции на
Библиотеката, одржа промоција на книгата: „Жените
во печатот од Вардарска Македонија помеѓу двете
светски војни“ и изложба „Архиви на невидливите“.
Со ова истражување се збогатуваат наративите
за биографските портрети на жени значајни за
Битола и Битолско, како хуманитарката Захарија
Шумљанска, просветната работничка Билјана
Трифуновска Каранова и тандемот комитки од Лера
– Среба Апостоловска и Донка Ушлиновска.
28.10.2021 г.
Работилница за оригами
Во една од читал-
ните на Библиотека-
та е одржаа две ра-
ботилници со уче-
ниците од V-a и
V-б одд. од ООУ
„Стив Наумов“
- Битола. Учениците заедно со своите наставнички
Анжелика Петковска и Виолета Цигарида имаа
можност да изработуваат оригами. Оригамите се
креативна техника.
Во првиот дел од работилницата библиотекарите
Гордана Ѓоргиевска Неделковски и Ирена Котевска
им ја прочитаа басната „Мајмунски работи“ од
Киро Донев, извадок од книгата „Басни “ - избор.
Во посета на ООУ „Елпида Караманди“
Библиотекарката Гордана Ѓоргиевска-
Неделковски ги посети учениците од I -б одд.
од ООУ„Елпида Караманди“- Битола и нивната
наставничка Гордана Марковска -Угриновска. Таа
им ја прочита бајката „Девојчето и дванаесетте
месеци„ од книгата „Бајки од Македонија“. Оваа
бајка праќа силна порака за силината на зборовите
кои ги испраќаме кон другите. „Убавиот збор
железни врати отвора “.
Волшебна ноќ во Библиотеката
Во НУУБ - Битола имавме волшебна ,,Ноќ на
тајните” заедно со ,,Книга на тајните” и ,,Магични
стапчиња и шарени лижавчиња”. Се започна со
игра од областа на личниот и социјалниот развој од
,,Книга на тајните”, а се продолжи со читање бајка
со примена на метод на клучни зборови. Дечињата
открија и како се раѓаат приказните, а потоа креираа
приказни според сон, со понудени наслови и со
играчки ставени во кутии. Решававме лавиринти,
баравме скриени предмети, украсувавме лампиони со
илустрации од бајката со двата неумни снешковци и
креиравме ликови со цртање на прстиња. Патувавме
и назад низ историјата и дознавме кој го измисли
првиот Снешко. Ноќната авантура заврши со
прошетка до музејската поставка на библиотеката.
Децата уживаа во прекрасната ноќ благодарение на
наставничката Весела Богдановиќ и организаторот,
м-р фатма Бајрам Аземовска, виш библиотекар.
Волшебната ноќ беше во рамки на проектот на
стратешкото партнерство „Sasas Jekhvar Jekh – Once
upon a time... и одбележување на Меѓународниот
ден на ромскиoт јазик. Проектот е финансиран од
програмата Еразмус плус.
27.10.2021 г.
16. Роднокрајна средба
Во читалната на Роднокрајната збирка се
одржа традиционалната Тркалезна маса на тема:
„Пишувањето – комуникација со моето небо и
другите“ на која текстови доставија дванаесет
битолски роднокрајни писатели во Македонија.
Гостите ги поздрави директорот м-р Бојан
Стефановски. Со едноминутно молчење, му се
оддаде почест на писателот Панде Манојлов кој
почина во ноември минатата година.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021 2 1
29.10.2021 г.
Општинскиот натпревар „Млади
библиотекари“
По известување на Библиотекарското здружение
на Македонија (БЗМ), нашата Библиотека го
организира Општинскиот натпревар „Млади
библиотекари“.
На натпреварот зедоа учество 8 ученици од
основните училишта од Битола и еден ученик
од училиштето во с. Могила. Според утврдените
правила за овој натпревар, првото место ѝ припадна
на Анамарија Ристевска, 9 одд. од ОУ „Св. Кирил
и Методиј“ - Битола со освоени 81 бод. Таа ќе
учествува на Републичкиот натпревар „Млади
Библиотекари“.
04.11.2021 г.
Работна средба
На средба се разговараше за активности
помеѓу двете институции, тековните проекти од
Еразмус плус програмата, но и запознавање со
ЕПАЛЕ платформата која нуди многу можности
за професионален напредок.
26.10.2021 г.
Кампања „Да им читаме на глас„
-Посета на ученици –
По повод Месецот на книгата - Месец Октомври, во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола
се одржаа 2 читања на кои присуствуваа учениците од четири (4) четврти одделенија од ОУ„ Стив
Наумов “- Битола со нивните наставнички Наташа Костовска, IV- a и Гордана Трифуновска, IV - б одд.,
учениците од IV-г и IV-в одд. со своите наставници Никола Пискачев и Ирена Мацевска, како и две
петти одделенија со наставничките Билјана Палашовск, V- в и Весна Стојановска, V- г одд.
Водењето на Работилниците, како и читањето беше на библиотекарката Јасминка Кочевска. На
почетокот се разговараше за значењето на пишаниот збор, за нивната заинтересираност кон пишаниот
збор и дали некој од нив веќе е член на Библиотека, кои книги и јунаци им се омилени.
Учениците од четвртите одделенија имаа можност да ги слушнат расказите „Необичен ѕидар“,
„Пиштолче од дрво“ и „Чудотворен Кавал“, извадоци од книгата „Раскази“, од Ванчо Николевски,
додека учениците од петтите одделенија ги слушнаа македонските народни приказни „Самоилова
невеста“ и „Пиралката невеста - Самоилова“.
18-23.10.2021 г.
700 – години од смртта на Данте Алигиери
По повод „700 години од смртта на Данте Алигиери“, во холот на Библиотеката НУУБ Св. Климент
Охридски - Битола, беше поставена тематска изложба. Изложбата со своја програма ја збогатија
ученици од СОУ„Таки Даскало“ - Битола, под менторство на проф.Николина Поповска.
БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
22
Активности по повод 4 Ноември
Ден на ослободувањето на Битола
НУУБ „Св. Климент Охридски„ - Битола започна да го празнува 4 Ноември - Денот на ослободувањето
на градот Битола, заедно со учениците од ООУ „Елпида Караманди “- Битола и нивната наставничка по
македонски јазик Сузана Петковски. Во кабинетот по македонски јазик и во училишната библиотека учениците
прочитаа прекрасни лични творби посветени на овој празник на градот. На учениците од II-в од ООУ„Даме
Груев “- Битола, водени од наставничката Гордана Јанкуловска, им беше прочитана сликовницата „Темница“ од
библиотекарката Гордана Ѓоргиевска-Неделковски.
Учениците од трето-2 одд од основното училиште “Ѓорѓи Сугарев”- Битола, водени од наставничката Наташа
Тодоровска, ја развеселија нашата установа со изработка на постер со стихови од песната “Битола, мој роден
крај”. На крајот им беше приреден интерактивен квиз - Колку го познаваме градот Битола. Најубавите животни
приказни усно пренесени од нашите баби и дедовци се пренесуваат усно или материјално од генерација на
генерација, сé со цел, да бидат зачувани и пренесени на наредните генерации. По тој повод, во Библиотеката
се одржа една работилница во која учество зедоа бабите и дедовците на учениците од III-в одделение од ООУ
„Даме Груев “- Битола, кои со својата наставничка Марина Божиновска беа дел од ова патување низ времето.
Координатор на проектот м-р Фатма Бајрам Аземовска, виш библиотекар.
20-ти Ноември-Светскиот ден на детето
Генералното собрание на Обединетите нации, во 1954 година го означи 20-ти Ноември како Светски ден
на детето, кој има за цел да обезбеди благосостојба на децата низ светот и да ги потсети возрасните дека
децата како рамноправни членови на секое општество имаат свои права и истите треба да се почитуваат.
По тој повод, Библиотеката, со учениците од III-4 од ОУ„ Тодор Ангелевски“- Битола под менторство
на наставничката Драгана Шерденков, одржа онлајн работилница на која учениците читаа нивни авторски
песнички посветени на детето, а истите ги збогатија со прекрасни цртежи на кои доминираа децата,
виножитото и срцето. Кога ги запрашавме што им симболизира срцето, тие сите одговорија дека тоа им
симболизира другарство и љубов кон другите деца. Дека сакаат да другаруваат и нивното другарство ништо
да не може да го спречи.
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ
ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА
1. ДЕЦАТА ОД БУЧНО СЕЛО – Астрид Линдгрен
2. АКАДЕМИЈА ЗА ЕДНОРОЗИ – Џули Сајкс
3. ЏЕЈМС И ЏИНОВСКАТА ПРАСКА – Роналд Дал
4. КАНЏА ВО МРАКОТ – Б. С. Црвенковска
5. ЗАМОКОТ НА ИЛЈАДА МАЧКИ – Б. С.
Црвенковска
6. ЕРЕБ – Урсула Познански
7. РИБА ЗА ЛУНА – Лиса Аисато
8. ЗИМАВА НЕМА ДА СТУДИ – Ферудин Орал
9. ДРУЖИНАТА НА БОРОТ И ДРУГИ СКАЗНИ – С.
Анастасова
10. ТИНО ОД МОЈОТ ВЛЕЗ – Ж. Кујунџиски
ЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУГА ЗА ВОЗРАСНИ
1. БРОНЗЕНИОТ КОЊАНИК – П.Сајмонс
2. ДЕТЕТО ШТО МОЛЧЕШЕ – Сара Дензил
3. НА РАБ НА ЛУДИЛО – Б. А Парис
4. ВОЗОТ СО СИРАЦИ – Кристина Бејкер
5. СОВРШЕНИ ОСТАТОЦИ – Хелен Филдс
6. САМУРАЈОТ ОД СЕВИЉА – Џон Џ. Хили
7. ЗАГУБЕНАТА СЕСТРА – Лусинда Рајли
8. ТАЈНИ НА ЛЕТНАТА НОЌ – Лиса Клејпас
9. НЕ СУМ ВИНОВНА – Јелена Бачиќ Алимпиќ
10. ЏЕЛАТОТ – Крис Харпер
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021 2 3
16. РОДНОКРАЈНА СРЕДБА
Приредил д-р Николче Вељановски, библиотекар-
советник
Традиционалната 16. (Шеснаесетта) Роднокрајна
средба на битолските писатели во Македонија се
одржа на 27.10.2021 г. во читалната на Роднокрајното
одделение. Темата на Тркалезната маса беше:
“Пишувањето – комуникација со моето небо и
другите”.
На Средбата по 16-ти пат, овојпат во дупло помал
број на присутни како и минатата Средба, заради
пандемијата на вирусот COVID 19, пристигнаа 12
текстови од учесниците од Битола, и Скопје меѓу
кои Академик Владимир Костов (отсутен), проф.
д-р Христо Петрески (отсутен), Добре Тодоровски,
Академик Зоран Пејковски, Петре Димовски (отсутен),
Ѓорѓи Прчков (отсутен), Љубе Митрејчевски, Сања
Мучкајева-Видановска, Весна Мундишевска-Веља-
новска, Илче Стојановски, Јован Ѓуровски (отсутен),
Биљана Т. Димко (отсутна) и активно присутен поетот
Никола Илијовски.
Откако присутните, со едноминутно молчење, му
одадоа почест на починатиот битолски писател, поет
и новинар Панде Манојлов, кој, со свои текстови беше
редовно присутен на Средбите на Роднокрајните
писатели, поздравен збор имаше директорот на Биб-
лиотеката м-р Бојан Стефановски.
Во поканата до писателите, како и секогаш,
организаторот и модератор на Тркалезната маса, д-р
Николче Вељановски им даде насоки во поглед на
темата. На сите учесници, од страна на организаторот
им беше даден по еден USB – стик.
Христо Петрески
НЕБО
Небото се зениците на своите две темни или светли очи
Кои секогаш гледаат напред и се алчни и гладни како
бездна
Небото е секогаш отворено и празно за луѓето без
почин
И за птиците кои летаат без крилја и немаат трајни
гнезда!!!
Биљана Т. Димко
ПОЗИТИВНИОТ ЕГОИЗАМ КАКО ОСОБИНА НА
ИДНИНАТА
Човекот како индивидуа е приморан да се осами и
да погледне длабоко во себе и длабоко да ги преиспита
своите потреби, цели, недостатоци и доблести - својот
живот.
Весна Мундишевска-Велјановска
ИСПИСИ НА НЕБОТО НА ВОЗНЕСОТ
Секој писателски запис е всушност испис на небото
на вознесот.
„Не гибајте ми во рајот
зашто Сонцето
ќе ми го вознемирите
па ќе земе место в небо
в земја изгревот
да го фрла…
Добре Тодоровски
КНИГАТА МЕЃУ НАС
Во време на супер комуникација меѓу луѓето во светот,
сепак пишувањето (заедно со останатите уметности)
остана како своевиден феномен преку кој се испраќаат
пораки за минатото, се отсликува сегашноста и се
замислува иднината.
Ѓорѓи Прчков
ПИШУВАЊЕТО - КОМУНИКАЦИЈА
СО МОИТЕ ЛИКОВИ И НАСТАНИ
Неподнесувајќи ја лагата, оттогаш јас како писател
свесно се одредив да ја пишувам вистината. Бев при
чиста свест, ум и разум за ризикот што го зедов врз
себе зашто вистината е голем товар, посебно за оние со
нечиста совест.
Академик Зоран Пејковски
ЗА БОЛКАТА, ЗА ТРАГЕДИЈАТА,
ЗА СТРАДАЊЕТО, ЗА ДУХОВНИОТ ХАОС....
Драмскиот писател никогаш нема да ни даде лична
драма, или можеби само во некој дел при создавањето
на карактернот на ликот во неговата психологија за да
биде тој посилен како драмски лик. Што јасно ни дава
до знаење, дека драмскиот писател никогаш нема да
ни даде лична драма, или можеби само во некој дел
при создавањето на карактернот на ликот во неговата
психологија за да биде тој посилен како драмски лик.
Илче Стојановски
ПОГЛЕДОТ И ДУШАТА, ЧУВСТВОТО И ЗБОРОТ
Погледот што гледа, душата чувствува, а чувствата
изразени во мисла и збор ја чинат, ја прават поезијата со
сите свои карактеристики и специфичности. Не случајно
се појавуваат поимите кои сето тоа го сочинуваат и
отсликуваат во моето севкупно поетско творештво –
Остров, око, поглед прозорец, резба, душа, сонце, сон,
сенка, тајна, тишина, вознесение,чувство, збор, и.т.н.
БИБЛИОТЕКАТАНИЗОДДЕЛИИАКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
2 4
25.11.2021 г.
Донација на книги Со донација на книги
од Светот на Биби, на 5-ти Ноември им го
честитавме Меѓународниот ден на ромскиoт јазик
на најмалите членови на „Сумнал “- здружението
за развој на Ромската заедница. Благодариме на
Маја Андоновска Илијевска за донацијата на
книгите.
Писатели книги и кафе
Библиотеката, во рамките на проектот „Кафе и
книги со наши локални писатели“, ги покани младите
писатели: Михајло Свидерски и Славица Гаџова
Свидерска, Јована Матевска Атанасова, Биљана
Тодоровска, Весна Трајковска и Влатко Стојковски.
Ова се писатели кои се уникатни во стилот на кој што
пишуваат, а по тоа и се препознатливи. Координатор
на проектот м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски
Јован Ѓуровски
ПРОДАВАВ ЧОВЕШТИНА БЕСПЛАТНО
Се школував, како дете, учев за да бидам учител,
како младинец, а студирав книжевност за да бидам
професор, би рекол, не за наука за јазикот, туку цел
работен век предавав со човештина.
Љубе Митрејчевски
МОЕТО ИНСПИРИРАНО ТВОРЕШТВО ИСТКАЕНО
СО БЕЛ КОНЕЦ
Во раните гимназиски денови професорот по
македонски јазик и литература ми ја подаде чашата
да ја вкусам слатката напивка која се викаше љубов
и пишување поезија.
Петре Димовски
НИЗ СОНОТ НА ИМАГИНАЦИЈАТА
Пишувањето го земам како сон. Средување на
хаосот или обид на средување на хаосот. Мислата
има пренатрупаност од информации натрупани во
хаос и мислата настојува нив да ги среди во логичен
ред, секако не секогаш успешно.
М-р Сања Мучкајева Видановска
СТРАДАЊЕТО НА ЕДЕН ПИСАТЕЛ КОГА НЕБОТО Е
ЗАТВОРЕНО
Синилото на бескрајната инспирација често знае
да се затвори со темни облаци. Засенетоста е како
умирањето на денот во кого листот хартија останува
празен. Судирот со себеси е всушност најтемниот
облак кој ја затемнува сликата и белиот лист станува
сив. Сигурна сум дека не сум сама во тие денови кога
доаѓам во судир со внатрешното јас и тогаш небото
знае дека сепак постојат граници.
Академик Владимир Костов
КАДИЈА
Метафорички формулирана, во исказот, ‘моето
небо’, би требало да се претстават писателите од
битолското поднебје во размена на своите авторски
искуства како и во комуникација со „другите“ во кои
треба да се препознаат читателите на нивните дела.
Порастот на интересот на европските држави за
градот, за релативно кус временски период резултира
со формирање на низа дипломатски претставништва,
на конзуларен кор кој, во непосреден контакт
со месното население би требало да си наметне
улога на катализатор меѓу обесправената раја и
апсолутизмот на султанската власт. Во таа смисла,
корот е успешен во елиминацијата на екстремите
на шаријатското практикување на власта, според
начелото: „КАДИЈА ТУЖИ, КАДИЈА СУДИ!“
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021 2 5
ПРИЗНАНИЕТО
„БИБЛИОТЕКАР НА ГОДИНАТА“ за м-р Фатма
Бајрам Аземовска, виш библиотекар
Признанието Библиотекар на годината „Павлина
Цунева Маказлиева“ за врвни достигнувања од
областа на библиотекарството и информациската
дејност во јавните библиотеки, за 2020 година ѝ
се додели на м-р Фатма Бајрам Аземовска, виш
библиотекар во НУУБ “Св. Климент Охридски”,
Битола.
Имаше 16 критериуми по кои се водеше стручната
жири комисија за доделување на наградата, а
Бајрам Аземовска ги исполнуваше сите. Еве дел
од критериумите: број на реализирани проекти во
библиотечно- информациската дејност, користење
на информациска и комуникациска технологија во
ширењето и збогатувањето на библиотечните услуги,
континуитет во унапредувањето на библиотечно
информациската дејност, поттикнување навики за
читање кај децата, број на објавени научни и стручни
трудови од областа на библиотекарството и друго.
ПОВЕЌЕ ЕУ- НАГРАДИ ЗА ИНТЕГРАЦИЈА
НА РОМИТЕ
Во средината на ноември во Брисел беа
доделени ЕУ - наградите за интеграција на Ромите
во Западен Балкан и Турција - „Исклучителни
луѓе кои промовираат рамноправност преку
вработување“ за 2021 година. Оваа награда има
за цел да ја нагласи важноста на интеграцијата
на Ромите во процесот на проширување на ЕУ
и да ја покаже определбата и посветеноста на
ЕУ за подобрување на социјалната инклузија на
Ромите. Со наградата, ЕУ ги препознава напорите
за зајакнување на Ромите за да го достигнат својот
целосен потенцијал како целосни членови на
општествата во кои живеат и каде што работат.
Наградата ќе овозможи финансирање на идни
проекти и можности во корист на Ромите. Од Република
Северна Македонија првата награда и припадна на м-р
Фатма Бајрам Аземовска.
.
РИЦЕРСКИ КРСТ- ОРДЕН ЗА ЗАСЛУГИ
за м-р Марија Малгожата Мачковска,
библиотекар советник
На 18.11.2021 година, Марија Малгожата
Мачковска, библиотекар – советник, вработена во
НУУБ„ Св. Климент Охридски“ - Битола ја доби
престижната награда „Рицерски крст - Орден за
заслуги на Р. Полска“. Наградата лично ѝ ја врачи
претседателот на Полска, Анджеј Дуда.
Оваа престижна награда се доделува уште од
1923 година на лица кои имаат заслуга за државата
или на граѓаните преку извршување на дела што го
надминуваат опсегот на нивните вообичаени долж-
ности. „Секогаш ме исполнува со гордост кога слу-
шам дека моите сонародници придонесуваат за гра-
дење на просперитетот на другите земји, за нивниот
развој “- рече претседателот Анджеј Дуда.
Малгожата Мачковска е претседател на огранокот
на Друштво за македонско - полско пријателство и
соработка „Висла“. Таа е креатор, организaтор на
традиционалниот концерт „Шопенова вечер“ кој
се одржува веќе 28 години во општина Битола во
соработка со Државно музичко училиште - Битола
и Амбасада на Р. Полска во Скопје, организатор е
на разни културни манифестации, популаризатор
на полската култура во нашата држава, како и
иницијатор на културна соработка помеѓу двете
држави.
ИНТЕРВЈУ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
2 6
РАЗГОВОР СО ПРОФ. Д-Р АЛЕКСАНДАР СТЕРЈОВСКИ
-
Вие сте професор, двапати проректор на Универ-
зитетот во Битола и двапати добитник на награ-
дата на градот 4-ти Ноември, сте биле и новинар,
а во најголемиот дел од Вашата работа сте истражу-
вач – хроничар со над сто статии и дваесетина
книги, воглавно, за Битола. Интересни се Вашите
денови на основното, а посебно средното образование
во едно време – невреме.
Роден сум во 1933 година во Битола каде го завршив основното и средно образование, а дипломирав и
докторирав на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Првите години од моето образование секако дека
имаа влијание и врз формирањето на мојата личност и врз натамошниот мој живот. Основното образование
го завршив во училиштето ,,Кирил и Методиј”, а бидејќи во првите години по ослободувањето не постоеја
осмолетки, како и сите мои врзници и јас ја посетував тригодишната ,Нижа гимназија” во денешната ,,Јосип
Броз Тито”, тогаш со сосема подруго име, ,,Гоце Делчев”. Кога се навраќам на ова дамно и малку намерно
потиснато време, можам да издвојам две сеќавања кои почесто ми се навираат - квалитетот на наставата и моето
затворско приведување. Наставата и не беше и вистинска настава. Не само што немаше квалификуван кадар
за една многу одговорна функција, во отсуство и од учебници, часовите станаа диктовки во кои наставникот ја
диктираше материјата, која, којзнае од каде тој беше ја подготвил, а ние, врз подзаборавени семејни тефтери со
празни страници или врз скрпени тетратки од брашнарски кеси и други хартии, пишувавме целиот час.
Во гимназијата многу рано се појавија групи кои власта веднаш беше им прикачила погрдни епитети
за антидржавни, антикомунистички, ревизионистички, најмногу за ВМРОВ-ски и, очекувано, ги следеше,
откриваше и жестото ги гонеше. Особено будна во тоа беше Младинската огранизација, многу силна и сéприсутна,
всушност, и некаква продолжена рака на полицијата, од која под стрес беа и наставниците и управата. Скоро
сите такви групи набрзо беа откривани, јавно демаскирани, а последиците на поединците крајно непријатни.
Поблага форма беше остранување од училиштето, со право или без право за продолжување во друго училиште
во други градови од државата, но имаше и случаи и нивни на судски разрешници и на затворски казни.
Една од таквите групи, ете, беше и нашата. Се состоеше од 7-8 ученици од ист клас, сите на возраст
од 15-16 години. Еднаш или двапати месечно членовите одржуваа состанок во домот кај основачот, маскиран
божем се подготвуваме за час, а на него, всушност, се дискутираше за актуелната полиитичка состојба, се читаа
некакви забранети или полузабранети книги, некои чиј автор беше Ангел Динев, се говореше и за некаква идна
независна, слободна и обединета Македонија. Веста за нејзиното постоење чинам протече доста брзо.
Првин се случи организиран бојкот против нас, се востанови и гроза со нас да се комуницира и опасност
од прилепување иста вина и на тие што доаѓаа во контакт со нас. Следуваа одведувања и во притвор, првин тоа
го доживеа организаторот, потем мојот бизок другар, кој беше и ме вклопи во групата, додека јас, во очекување
на истото, извесно време продолжив да ја посетував наставата, но под катадневен стрес.
Во истражниот затвор ме извлекоа директно од час, откако стигнавме во Италијанскиот конзулат, во
тоа време истражен затвор, бев предаден на некој друг негов колега, овој пак на трет, кој ме одведе во некоја
канцеларија, каде ми ги запиша генералиите, па потоа ме одведоа во една од визбените простории каде останав
две ноќи и три дена. Испитивањето заврши и заврши мојот престој таму, врочем и немаше што друго да се каже.
Кога ми соопшти дека сум ослободен и дека можам да се вратам дома и на училиште но без да откривм детали
од овој престој, скоро летајќи притигнав дома каде родителите ги најдов под силен стрест.
Младинската организација веднаш се вдаде во сериозна работа, во подготовка на жестоко наше јавно
понижување. Некој од нивното раководставото се искачи на бината и објасни дека денес ќе се одржи јавно
ИНТЕРВЈУ
БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
2 7
судење на антидржавни елементи од гимназијата кои сакаат да ја срушат државата, дека овој суд сепак ќе биде
праведен, ќе има судија, јавен обвинител, но и бранител, кој ќе се обиде да не одбрани и евентуално ако дојде
до казна, истата да биде помала. Јавниот обвинител беше ученик од погорните класови. Подоцна стана и познат
поет. Тој побара најстрога казна, бркање од училиштето, а од власта долг затвор, ,,Вакви гниди никогаш повеќе
не смеат да се појават во нашето школо”, зврши тој гневно.
Следуваа потоа студиите, што остана, пак, од нив во сеќавањата?
Следуваа навистина студиите во Скопје на групата за книжевност на тогашниот Филозофски факултет.
Ми предаваа подоцнежните академици Блаже Конески, Харалампие Поленаковиќ, Димитар Митрев, покрај нив
и Димче Левков. Најсилен впечаток со својот со своето знаење, кроткиот карактер, мекиот глас, особено со
својот осмев, оставаше Конески. Беше тоа за мене втора, жива, средба со него, зашто претходно бев го запознал
преку неговите песни, најмногу преку ,,Тешкото”. Од книгата, пак, на Поленаковиќ, ,,Страници од македонската
книжевност” ние ја учевме книжевната историја на нашиот народ, додека Митрев оставаше многу силен
впечаток со својата елоквентност. Говореше без белешки, со изразито богат стил кој првпат го доживувавме и
го откривавме. Беше тогашен бард и основач на книжевната критика оттаму и многу влијателен особено врз
помладите литерати. Изгледа дека беше и преголем зависник од пушењето, знаеше да запуши и додека течеше
часот, влечејќи цигари од кутијата, кои претходно беше ги преполовил.
Бев сместен во Студентскиот дом ,,Стив Наумов”, примав помала стипендија, која заедно со детскиот
додаток што се добиваше во семејството, го заокружував материјално месецот, а кое значеше дека опашката од
средното образование ќе да не беше стигнала сеуште тука.
Во меѓувреме, на објавен конкурс за млади новинари во тогашното Радио Скопје, врз кое денес се темели
МРТ, се пријавив и јас заедно уште со неколкумина други. Добивме редовна, но хонорарна работа, на должност
се јавувавме редовно како и сите вработени, останувавме и до крајот на работното време, а наградата беше скоро
симболична. Заради новинарскиот ангажман ретко кога можев да ги посетувам предавањата. За две и пол години
новинарство, колку што траеше овој дел од работата во Радио Скопје, најмногу поминав во најдинамичните
редакции, ,,Дневни вести” и ,,Дописници”, а мои уредници тогаш беа новинарите Љубомир Будимовски, Јосиф
Јосифовски, Вања Тошевски, Петре Чауле и некои други. Кога денес размислувам за овој период од мојот
живот, заклучувам дека Тошевски имаше судбински пресврт во мојот живот, ја промени тотално насоката што
почна да се гради. Го послушав, ги завршив студиите и не продолжив како новинар, станав наставник, почнав да
се бавам и со истражувања на теми од историјата на книжевноста и од литературниот фолклор.
Како професор на Педагошкиот факултет дали се пронајдовте себеси?
Последиците за нас, меѓутоа, останаа трајни. Кога се јавив како кандидат на распишаното место за
професор во Педагошката академија во Битола, кога конкурираа уште и 8 или 9 други лица, во комитетот на
Сојузот на комунистите во Битола постоеше строг идеолошки филтер, некаква комисија во која доаѓаа и се
решаваа ваквите и сличните прашања. Коментарот оттаму што дојде подоцна до мене, а во врска со мојата
молба, наводно, гласел: ,,Зар вакви наставници ќе ни ги воспитуваат нашите млади?!”
Меѓутоа, бидејќи рецензијата дадена од врвни стручњаци од Скопје, мои професори, изрично ме посочи
мене за најзаслужен и најстручен, бев избран токму јас и таму јас ја дочекав и пензијата.
Вие сте посветени на Битола. Воглавно, Вашите книги
зборуваат за историјата на Битола. Кога колешките од
Библиотеката Ве запрашаа дали можат да прават Биб-
лиографија, Вие им одговоривте дека е се уште рано,
бидејќи имате напишано само 5 книги за Битола, а во
план Ви се уште 5 (пет). Минатата година излезе од
печат 7-мата нига, Битола. Градби. ,Битолското дессеткни-
жие” - како дојде до идејата и до серијалот што сега се офор-
-ува? Ќе ни кажете ли по неколку зборови за нивнта содр-
жина?
ИНТЕРВЈУ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
2 8
,Руската колонија”, првата книга од моето ,,Битолското десеткнижие” имаше две промоции, едната во
Битола, веднаш по нејзиното излегување и вторпат во Скопје. Почетокот беше непланиран. Еден ден на враќање
во мојот дом, кој се наоѓа во непосредна близина на Стопанска банка - а.д. Битола, на излезот од банката се
појави Јаким Ивановски, тогашен директор на банката. Другиот ден во закажаното време се најдов кај него,
следуваше и негово објаснување дека подолго време размислувајќи е окупиран со судбината на битолските Руси
- белогвардејци, кои, како шо рече, неправено се заборавени и ништо не е напишано за нив, а тие оставиле толку
значајни траги за овој град, оставиле и потомци, втората и третата генерација и ,,јас би ја финансирал таа книга,
продолжи тој, а за автор размислував да те преложам тебе“.
Бев затечен, таква идеја никогаш и не ми падала напамет, но морам да признам дека предлогот предизвика
интерес кај мене. Направив сондирања во Битолскиот архив и открив дека таму ги има подоста, дека фондот дури
е и доста богат, па решив предизвикот да го прифатам. Така дојде до настанувањето на мојата книга ,,Битола-
Руската колонија” (2003 г.). За неа потоа се заинтересира и Руската амбасада во Скопје, се случи на кајот дури и
првиот руски амбасадор во Македонија и да ја промовира во големата сала на хотелот ,,Епинал”. Но, идејата за
настанувањето на ,,Битолското десеткнижие”, се случи со следната, со ,,Битола- Каријатиди на Театарот (2004).
Во 2004 год. во Битола се подготвуваше голем културен настан, јубилеј 60 години од востанувувањето
на Битолскиот народен театар, кој требаше да добие и посебно, национално значење. Совреме беа започнати
подготовките, особено околу ангажманот на оние што ќе бидат вклучени во истражувањето на неговата историја.
Бев повикан и јас да дадам свој прилог. Одлучив да се сконентриран врз подалечното минато на театарот,
најмногу на османлискиот и постосманлискиот период. Копав низ архивите и библиотеките во Битола и Скопје,
патував по податоци и во Белград и во Софија. Морам да откријам и да искажам голема благодарност и кон мојот
пријател Боро Мокров, кој веднаш се понуди да ми остапи со материјали што ги имал во личната библиотека во
неговиот дом, посебно оној со податоци во постарите бугарски весници, а кои денес се наоѓаат во архивот на
Македонската академија за науките и уметноста. Промотор на книгата стана Панде Манојлов.
Токму при работата врз оваа книга се роди и идејата за серијалот. Уште тогаш се нотираа и темите
за следните книги, се одлучи сите да имаат заеднички наслов ,,Битола”, но и секоја да има и поднаслов
со потесната тема. Следуваа и се редеа потоа и книгите ,,Реката Драгор” (2009 г.), ,,Записи за злосреќи”
(2012 г.), ,,Спорт” (2016 г.), „Јавното здравство и превентивната здравствена заштита во Битола“ (2016
г.), ,,Каледиоскоп” (2017 г.), ,,Градби” (2020 г.) и серијалот продолжи да се оформува. При крај сум и со
работата врз осмата книга, ,,Музика”, остануваат книгите ,,Битола-Битолчани”, која поголем дел веќе
е и завршена и ,,Бигола-Маала”, за која материјалот веќе е складиран и среден. Работам катадневно од
околу 6-7 часови, здравјето, за среќа, ме служи, па се надевам планот и да го исполнам.
Кои две свои книги би ги издвоиле како најдраги?
Заедно со неколкуте книги што стојат готови а сеуште чекаат да бидат објавени, а чии број
заокружува бројка од дваесеттина, би издвоил две, едната би била ,,Македонските слепи гуслари”
(1999 г.), издадена од издавачката куќа ,,Матица македонска” од Скопје, другата ,,Битола-Градби”.
Денес и двете и дел од останатите можат да се користат и електронски, преку познатиот и популарен
битолскиот портал ,,Бабамбитола”. Првата веќе предизвика поширок интерес во фолклористичката
наука и благодарејќи на неа и Македонија се најде во сесловенската фолклорна мапа што ги третира
талкачите свирачи. ,,Битола-Градби” заради својата обемност, пак, требаше да биде двотомно издание,
но за да се направи материјална заштеда се определивме бројот на фитографиите да се редуцира,
меѓуредието да се стесне, висината на буквите да се намали и на тој начин да се добие пофункционално
ИНТЕРВЈУ
БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
2 9
еднотомно издаание, многу полесно за читање.
Мислам дека таа книга одговори и на најважните прашања што си ги поставува битолскиот
интелектуалец во врска со својот град, особено со позначајните објекти. Реакциите се мошне позитивни,
книгава се бара и се чита, што ме охрабрува и ме поттикнува во заокружувањето на овој проект
Се сеќавам дека пред години наназад дојдовте кај мене во библиотеката каде што работам
и ми побаравте книга на тема јога. Морам да признам дека тоа ме изненади со прашање од каде
кај Вас таков интерес за таква тема.
Навистина навидум тоа малку е чудно и необично. Но ако кажам дека сум еден, ако не прв, тогаш
веројатно еден меѓу првите во Македонија заинтересирани за оваа древна филозофија и за нејзините
телесни вежби, веројатно сум дал дел од одговорот. Сосема случајно бев дошол до книга за јогата
(Учим јогу) објавена на српски јазик, чиј автор беше Андре Ван Лизбет, некој Белгијанец, кој, како што
спомна тој во предговорот, сосема добро беше ја совладал јогата откако престојувал подолго време на
Истокот. После тоа беше решил да напише книга наменета за современиот европеец, оттаму во неа
не да говори за филозофијата, да ја пропагира нејзината благотворна практична примена, односно да
понуди преку телесни вежби да им помогне на заинтересираните за телесното и менталното опуштање.
Обработи 10 делотворни вежби, некои за правилно дишење, други за зацврстување на делови од телото.
Сите се предадени со можнот самостојно да се совладуваат преку едноставен и приемлив опис и преку
слики.
Така и јас, ете, влегов во тој свет, почнав да ги применувам вежбите врз себе скоро катадневно и
тие станаа дел од мојот живот. Книгата им ја порачував и на други, кои почнаа да ги применуваат и да
ги доживуваат. Се случи вистинско чудо, не само што оттогаш полесно ја минував ноќта во длабок сон,
се намали и бројот на ноќното одење во тоалетот, престанаа проблемите и со бубрезите кои подолго
време ме мачеа создавајќи песочиња и камчиња и неподносливи напади и болки, кои завршуваа по
правило со престои во болницат и со инфузии.
Сега сето тоа, ете, некој го однесе лесна рака и без примена на лекарска или друга интервенција,
едноставано, единствено само со лесни физички вежби. Наскоро се врати бојата на лицето, се
почувствував препороден, па датумот на таа преродба е 1. 10. 1974 год., регистриран и врз книгата.
Сега, при крајот на 9-тата деценија од Вашиот живот неуморно творите, а секојдневно,
во поладните попладневни летни, па, и зимски часови Ве сретнуваме на Шеталиштето и во
битолскиот парк.
Како и кај сите творци, компјутерот и јас сме стандардната двојка, кога ќе се здружиме наоколу
исчезнува сé и настапува тогаш творечката битка која трае додека очите не сигнализираат дека имаат
потреба од одмор. Таквиот ангажман ми прави задоволство и ме опушта, додека, пак, секојдневните
прошети кои траат еден и пол до два часа, ми ја одржуваат физичката кондиција и ми помагаат во
совладувањето на напорот.
Разговорот го водеше
д-р Николче Вељановски
ИНТЕРВЈУ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
3 0
ИНТЕРВЈУ СО НАЈСТАРИТЕ БИБЛИОТЕКАРИ ПО СТАЖ
Приредил д-р Николче Вељановски, библиотекар советник
Уште со првите броеви на библиотечното списание „Библиотечен тренд“ започнавне со
интервјуирање на библиотекарите и директорите на НУУБ – Битола и пошироко, во Македонија.
Првите интервјуа со најстарите библиотекари се појавија во Библиотечниот тренд бр. 9 од 2005 година
и продолжија и понатаму под наслов „Библиотеката – наша судбина“. Интервјуата со библиотекарските
помошници на пултот од Одделот за зајмување за возрасни се појавија во Библиотечниот тренд бр. 23/24
од 2008 година. По повод 10 години од излегувањето на првиот број на на списанието “Библиотечен
тренд“ и 30 – години од неговата работа беше направен интервју (Библиотечен тренд бр. 35-36, 2013)
со неговиот главен и одговорен уредник д-р Николче Вељановски, библиотекар советник, кој и сега
е еден од шесте (6) вработени кои во 2022 година први ја напуштаат библиотеката – одат во пензија:
м-р Марија Малгожата Мачковска, библиотекар советник, Науме Ѓоргиевски, библиотекар советник,
Благој Бошевски, библиотекарски помошник, Трајан Чагорски, самостоен референт – сметководител и
Атанас Тргачевски, библиотекарски помошник. (види Библиотечен тренд бр. 52 од 2021 год.) Во овој
број водевме разговори со Анастасија Зулевска, виш библиотекар и Елица Ѓорѓиевска, библиотекарски
помошник.
РАЗГОВОР СО АНАСТАСИЈА ЗУЛЕВСКА
Од кога сте во
Библиотеката?
на кои работни
места сте
работеле?
Виш библиотекар
Родена сум во 1959 година во Битола.
Дипломирав на Филозофски факултет, група
„Историја на Уметност со археологија“ при Уни-
верзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Во Библиотеката работам од 1987 година. Од
1987 – 1994 работев во одделот Зајмување и услуга
за возрасни, а од 1994 година до денес работам
како библиотекар, подоцна виш библиотекар во
Одделението за каталошка обработка на моног-
рафски публикации.
Сега, две години до пензија, дали работата
во Библиотеката, ги исполнуваше Вашите
очекувања за професијата библиотекар?
Во одделот издавање ги научив основите на
библиотекарството, имав пристап до најновите
изданија во издаваштвото, а бидејќи многу сакам
да читам, работното место истовремено ми
претставуваше и огромно задоволство.Тие години,
работата со читателите, непосредниот контакт со
нив, дружењето, разменувањето на впечатоци
за прочитаните книги ми беа најубавите години
во работното искуство. Со преминувањето во
Одделот за каталогизација, се вклучив во стручната
обработка на библиотечниот материјал, која е
специфична област и практично се вклучив во
процесот на осовременувањето на таа област
во библиотечното работење која во тоа време
се менуваше и преминуваше од изработка на
каталожно картонче на машина за пишување кон
современи компјутерски програми. Тој процес на
осовременување на библиотечното работење трае
и до денес, па во текот на моето професионално
работење активно учествува во сите процеси на
дообучување и стекнување на лиценци за работа.
Библиотекарството е навистина комплексна и
специфична работа која со задоволство ја работев.
Имате интересно хоби , па оттука произлегоа
и неколку заедничи проекти со / во Библиотеката
финансирани од Министерството за култура?
Имавте идеја Вашиот Инфо-креативен центар да
биде во Библиотеката.
По природа сум креативна личност и посакував
токму ваква средина. И покрај мојата професионална
работа како библиотекар, во слободното време
активно работев и се уште работам во областа
на уметноста, како моден креатор и организатор
на модни ревии и перформанси. Сметам дека
Библиотеката можеше повеќе да го искористи моето
искуство и знаење од светот на уметноста и модното
креаторство.
Во 2008 година го реализирав проектот – Нови
форми на библиотечно работење „Формирање
ИНТЕРВЈУ
БИБЛИОТЕЧЕНТРЕНДБР,53,2021 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
3 1
на Инфо – Креативен Центар“. На почетокот од
декември 2008, после промоцијата на книгата
„Значајни личности – писатели“, во холот на
Библиотеката беа претставени младите креативци
со свои точки придружувани со музика (Б. Тренд
23-24, 2008). Целта на проектот беше поттикнување
на талентите за литературен и ументички израз,
користејќи ја литературата од библиотеката, да ја
осознаат моќта на информацијата од книгата. Тој
проект би ја доближил книгата до светот на младите
и би им ја освестил смислата за самото постоење и
функција на библиотеката, во нивното литературно
изразување. Но доколку овој проект беше поддржан
и понатаму, денес Библиотеката би била центар на
младите талентирани креативци.
Во рамките на БИТ – ФЕСТ – 2013, беше одржан
вториот проект заедно со колешката Јулијана
Кулевска, „Детските очи гледаат кон Хераклеа“.
Целта на проектот беше младите да се запознаат
со историските корени и традиции за Битола, т.е.,
со античкиот локалитет Хераклеа (БТренд 35-35,
2013). Во мај 2015 година, како мој трет проект
во Библиотеката се одржа „Ние сме љубов“.
Литературен, музички – танцов перформанс, на
деца и млади со посебни потреби (Даунов синдром,
оштетен слух и говор, пречки во развојот) од Заводот
за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и
глас и други проблеми во развојот, „Кочо Рацин“ –
Битола, учествуваа членови од модерниот балет на
„Анастасија Центар“, деца и млади од основните и
средните училишта од Битола. (Б. Тренд 44, 2017).
Перформанс „Се викам Македонија“
Кажете ни нешто повеќе за Вашиот
„Анастасија Центар“ слави јубилеј 25 – години.
„Анастасија Центар“ е во рамките на Здружението
на креативноста, уметноста и куултурата на
град Битола – „Конзули“. Целта на Центарот е
психофизички и духовен развој на децата, младите
и возрасните, преку уметноста да се вратат кон
вистинските вредности и норми на живеење и
поддршка на младите таленти.
Во рамките на Центарот функционираат:
- Школа за музика (соло пеење, хорско пеење, музичка
терапија (вклучени се и децата со посебни потреби),
изучување на гитара;
- Школа за танц (модерен, современ и џез балет, се
изработуваат музички кореографии за разни културни
настани);
- Манекенство – Модно студио (дизајнирање на
облека, моден дизајнер – Анастасија Зулевска);
- Музичко студио Welcome to Stefanija’s Music World
(компонирање на музика, снимање и сл.);
- Концепт тренинзи за возрасни (Flow & Move-
ment Concept training). Часовите по пеење, музичка
терапија, танц и концептот на тренинзи ги води мојата
ќерка Стефанија, која е дипломирана поп/џез пејачка,
продуцент, кореограф и изведувач, а своето прво
сценско искуство го доби на четиригодишна возраст,
како учесник на моите модни ревии. Фамилијарно
имаме сензибилитет кон деца со посебни потреби и
пречки во развој заради најстариот мој син Игор, кој
имаше церебрална парализа и почина на 38 годишна
возраст. Затоа, во нашиот Центар се одржува музичка
терапија. На оваа тема Стефанија издаде песна со
видео запис и документарен филм – Hey you, Listen!
Во периодот од мојата со Центарот 25 годишна
работа, се реализирани над 30 модни ревии, околу
25 перформанси, учества на музички и танцови
фестивали, изработка на над 1000 уникатни парчиња
дизајнерска облека. Би ги издвоила двата големи
проекти кои беа одржани на ниво на градот Битола:
“Танцувај –Без предрасуди” (2015 – 2019), танцов
хепенинг по повод интернационалниот ден на танцот
и Изборот на битолските таленти, „Битола Те Сакам“
( 2014) година, кој имаше за цел да создаде битолски
бренд. Проекти кои се одржаа на ниво на Македонија,
беа: Модната ревија во 2001 година, која се одржа во
Универзална сала со над 100 учесници и Избор за
најдобро манекенче на Македонија во Скопје 2002
година, на кој изработив околу 300 уникатни парчиња
на облека.
Поборник сте на здрава исхрана и здрав начин на
живот.
Пред околу 10 години почувствував потреба од
промена на старите навики на функционирање,
поради активниот начин на живот, недостаток на
енергија и здравствени проблеми. Тоа ме иницираше
ИНТЕРВЈУ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР, 53, 2021
3 2
да истражувам нов начин на исхрана и дел по дел да го
исфрлам месото и млечните производи од исхраната,
да започнам со тренинг и да внесувам органска жива
храна (која ја берам од мојата градина). Сето ова се
преточи во отворање на ресторан за здрава храна -
Центар, кој беше воден од мојот син Дарко и мојата
ќерка Стефанија, се наоѓаше на Широк Сокак во
состав на Анастасија Центар, со цел да се доближи
овој начин на исхрана до луѓето.
Кои се Вашите планови после пензионирањето?
Да го продолжам континуитетот на 25 годишното
креативно изразување, да создавам нови креации и да
го пренесувам моето искуство на младите генерации.
РАЗГОВОР СО ЕЛИЦА ЃОРГИЕВСКА
Библиотекарски
помошник
Зајмување во
Детска
библиотека
Родена сум во 1959 година во Битола, каде
што завршив основно и средно образование. Во
Библиотеката сум вработена во 1984 година на
работно место Магацин за книги за возрасни.
Во овој период се запознав со целокупниот фонд
на монографски публикации. Посебно беше
задоволството да се работи со книги и да се
запознавам со читателите.
Од 2002 – 2006 година работев на место технички
секретар – архивар. Оваа работа бараше поголема
прецизност, уредност и одговорност, посебно, во
работата со архивската книга.
Во Детската библиотека на пултот за зајмување
работам од 2007 година до денес. На ова работно
место се пронајдов, и тоа ме исполнуваше и
ме исполнува и денес. Да се работи со деца од
претшколска возраст и со деца од претшколска
возраст и до деветто одделение е доста специфично.
Децата од претшколска возраст се најспецифични и
бараат најмногу внимание. Нивното прво влегување
во Библиотеката и изработката на членската карта
за нив претставува голема возбуда. Кога ќе влезат во
Детската библиотека, радоста и возбудата кај детето
достигнува кулминација, незнаат која сликовница
попрво да ја земат в раце. Истовремено сакаат сите
да ги земат. Во последните години бројот на децата
од претшколска возраст е многу зголемен, и тие се
нашите најредовни читатели.
Читателите до четврто одделение најчесто ги
бараат лектирните книги. Особено обрнуваме
внимание на доближување на книгата до младите
читатели, со цел да всадиме кај нив љубов кон
читањето и книгата. Им препорачуваме раскази,
енциклопедии и други книги и им дозволуваме
самите да дојдат во директен допир со книгата.
Со колегите од мојата смена имаме одлична
соработка и не оставаме ниту еден читател да чека
долго, или пак, да си замине незадоволен. Наше
лично мото е „Брза услуга, задоволен читател,
тивок хол“. Пред сé, правиме напори за мотивирање
на навиките и културата за читање, излегувајќи им
во пресрет на младите читатели за нивните потреби
како корисници на библиотечните услуги и според
нив се врши и набавка на нови изданија,
Во детското катче се остваруваат и други форми
на работа со деца, како креативни работилници,
групни посети на деца од предучилишна и училишна
возраст, средби со автори и промоции на нивни
дела за деца, натпревари на млади литературни
творци од градот, преку манифестациите „Поетски
бранувања“, „Поетски перформанси“ и сл., а ги
мотивираме со награди – книги.
ИЗЛОЖБА ВО СЕЌАВАЊЕ НА ПАНДЕ МАНОЈЛОВ
Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, Денот на ослободувањето
на Битола, беше презентирана изложбата на делата на Панде Манојлов,
битолскиот роднокраен писател, поет, раскажувач и новинар. Манојлов е
роден во 1948 година во с. Породин, Битолско. Завршил Правен факултет
во Скопје. Работи во редакцијата на весникот „Битолски весник“, Битола.
Настанот се одржа во НУУБ „ Св.Климент Охридски“ - Битола, а беа
рецитирани и песни во негова чест, од страна на Силвана Петрова
Насух.
Освен делата, беа изложени и признанијата кои тој ги доби не само во Македонија, туку и низ светот,
беше прочитано и писмото, обраќањето од Раде Силјан. Изложбата беше организирана по иницијатива на
г-н Љупчо Василевски во соработка на м-р Добре Тодоровски. Љупчо ќе рече дека со Панде се знаел повеќе
од четириесет години од Литературниот клуб за млади писатели „Стале Попов“ Битола. Исто така, вели
Василевски, негова идеја е да се извадат од заборав писателите и поетите кои целиот свој живот твореле
инспирирани од битолското поднебје, секоја година, на 4-ти Ноември да се одржува поетска манифестација
насловена „Панде Манојлов“.
Манојлов пишува на многу теми, воглавно, поезија, како и поезија за деца, раскази за деца и возрасни,
хумористично-сатирични дела и театарски текстови и критики. Неговата прва стихозбирка „Црвен немир
во црвено пламти“ излезе од печат во 1971 година. Меѓу останатите се и поетските збирки: „Соѕвездие
на болот“, „Песни за Тито“, „Огнена земја“, „Блажевина“, „За Битола, вековите и љубовта“, „Македонски
поетски молк“ и други. За својата поезија знаеше да каже „Јас не пишувам песни, не пишувам раскази, ниту
романи. Тие ме пишуваат мене“. Пишува и за театарот, „Талија на битолската сцена“ (2003). Автор е и на
книгата сведоштва „До Учителот – низ сито и решето“ (2015). Последна во низата објавени книги му беше
„Егзотичен ветер“.
Една од неговите најпознати песни е песната посветена на Палестина. Така во 2017 тата во Скопје
му беше врачено признание од страна на амбасадорот на Палестина. За збирката поезија „Јужни реки“
ја доби наградата на ДПМ за поезија, „Ацо Шопов“ за 2019 година. Член е на друштвото на писателите
на Македонија од 1989 година, почесен член на независните писатели на Бугарија и на асоцијацијата на
писатели од Калифорнија од 2016 година. Почина на 7 ноември 2020 година, на 72 годишна возраст.
Писателот Добре Тодоровски ќе рече: „Љубител на коренитиот македонски збор, бескрајно вљубен
во Македонија, за што како сведоштво за показ на идните генерации ни остави обемен литературен опус
и преубави записи во неговата поезија и проза. Токму во неговите и моите записи ја наоѓавме заедничката
болка за ова напатено парче македонска земја, тој во стих, а јас во проза... Се радував не секое негово ново
дело. Цитирав делови од неговите песни, или прозни записи кои ми оставиле впечаток. Прва прилика кога
ќе се сретневме ги цитирав стиховите, а нему му беше искрено мило. Господе, колку ведрина и среќа имаше
во погледот на човекот тогаш. Само вистински пријател те гледа со такви очи. Средбата завршуваше во
некое од кафулињата на Широк Сокак, каде што му ги пренесував моите импресии од неговото последно
дело... А сега, јас!? Јас си останав без мојот пријател и другар, духовен роднина поетот Панде Манојлов -
Пачо.