БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.52 2021 1
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД
СПИСАНИЕ НА
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
БИТОЛА
*
Издавач
Национална установа
Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“, Битола
ул. Пеце Матичевски бр. 39
*
За издавачот
м–р Бојан Стефановски
*
Издвачки совет:
д-р Николче Вељановски,
претседател
Илче Стојановски
Гордана Пешевска
*
Главен и одговорен уредник
д-р Николче Вељановски
*
Редакција:
д-р Николче Вељановски
Илче Стојановски
*
Лектура
Александар Димитров
*
Фотографии
Слободан Пачовски
*
Подготовка и печат
Графо Пром – Битола
*
Тираж
200 примероци
ISSN 1409–9497
Тел/факс.: 047/220-208;
Тел.: 047/220-515;
Тел. на Изд.: 047/232-999
www.nuub.mk
e-mail: nuub@nuub.mk
СОДРЖИНА
РАЗГОВОР СО М-Р БОЈАН СТЕФАНОВСКИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 2
Директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ПРЕРЕДУВАЊЕ НА ЕДИЦИИТЕ „ЅВЕЗДИ НА СВЕТСКАТА КНИЖЕВНОСТ“
И „МАКЕДОНСКА КНИЖЕВНОСТ“
Приредил Менде Доневски, самостоен библиотекарски помошник . . . . . . . . . .5
ИЗГРАДБА НА ПОЛИЦИ ЗА ФОНДОТ НА ПЕРИОДИЧНИ ПУБЛИКАЦИИ
Приредиле: Менде Доневски, самостоен библиотекарски помошник
и Александар Јовевски. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .7
БИБЛИОТЕЧНО КАТЧЕ ВО УЧИЛНИЦА
Подготвил Маријан Колевски, библиотекар . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .8
ГОРДОСТ - 1
– ЗАЧУВУВАЊЕ НА РОМСКИОТ ЈАЗИК ПРЕКУ УПОТРЕБА
НА ON-LINE РЕЧНИК -
Kooрдинатор на проектот м-р Фатма Бајрам Аземовска,
соработник м-р Јелена Петровска. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 10
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ, ПРЕДАВАЊА
Подготвилe: м-р Фатма Бајрам Аземовска, виш библиотекар
и м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски, библиотекар. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 11
THE PROCESS OF TRANSCENDENCE
Подготвил д-р Николче Вељановски, библиотекар советник . . . . . . . . . . . . . 17
ИНТЕРВЈУ СО БИБЛИОТЕКАРИТЕ ПРЕД ПЕНЗИОНИРАЊЕ
Подготвил д-р Николче Вељановски, библиотекар советник . . . . . . . . . . . . . 19
Разговор со Трајан Чагорски (Таше) . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 19
Разговор со Атанас Тргачевски (Сташе). . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 21
Разговор со Благој Бошевски (Бакало) . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 22
Разговор со Науме Ѓоргиевски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 23
Разговор со Марија Малгожата Мачковска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 25
Разговор со д-р Николче Вељановски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 27
СРЕДБА СО ДОНА ПЕТРОВА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УСС УКЛО
Подготвила м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски, библиотекар . . . . . . . . . . 30
РАЗГОВОР СО ВЕСНА МУНДИШЕВСКА – ВЕЛЈАНОВСКА
Подготвила м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски, библиотекар . . . . . . . . . . 31
РАЗГОВОР СО СВЕТЛАНА ПАПАЧЕК . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 32
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 52 20212
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“
Битола
Како магистер од областа на менаџментот
дојдовте на функција директор на Библиоте-
ката. Бевте ставени пред голем предизвик да
водите специфична установа од областа на би-
блиотекарството. Секако дека не Ви беше лес-
но на почетокот.
Роден сум во Битола каде завршив основно и
средно образование. Дипломирав на Американ-
скиот колеџ во Скопје. Магистрирав на ЕСРА како
магистер по продукција. Пред да дојдам на пози-
цијата директор во Библиотеката работев на про-
екти во првата независна театарска куќа што ја
формира мојот татко Благој Стефановски. „Мал
драмски театар“ - Битола беше во состав на Меѓу-
народната асоцијација на театри „НЕТА“, така да
соработувавме со повеќе театрки куќи и фестива-
ли надвор од нашата земја. Имавме соработка со
преку шеесет театри и фестивали. На пр., во по-
граничниот проект кој побуди микс на две кул-
тури на интернационално ниво, бидејќи мулти-
културата е предност и тоа е перспектива за сите
оние кои живеат на овие простори. Соработката
беше со Театарот и школата за театар „Андреас
Вуцинас“ од Солун каде што со наши професио-
нални актери од Битола и нивни заедно ја изведо-
вме претставата „Кралот Рес“ од Еврипид во ам-
фитеатарот во Хераклеа.
Библиотекарството беше нова област за мене
и затоа искусните библиотекари ми помогнаа да
се вклопам во работите од библиотечната дејност.
Секако дека некои работи ги исправавме, а други
ги прифаќав. Јас не се соочив со кочење во работ-
ниот процес и тоа за мене беше олеснително во
работата. Уште на почетокот морав да реагирам
на тоа вработените да си ги поправаат на своја
сметка столиците на кои седат на работното ме-
сто, или пак да си носат од дома, истото важеше
и за некои греалки кои вработените сами си ги
купиле. Беа купени нови столици за сите работни
места и повеќе компјутери кои се најпотребната
алатка на вработените.
Поголемиот дел од професионалните кадри
се со над 30 години работен стаж. Досега не се
има слушнато за некакво негодување на вра-
ботените кон Вас. Дали Ви беше тешко да да
се прилагодите во поглед на нивното органи-
зирање?
Секогаш имав и во иднина ќе продолжи мое-
то почитување кон вработените кои го поминале
својот животен век во оваа установа, и преставу-
вале столб на Библиотеката низ годините. Поста-
рите вработени помогнаа во обуката на нововра-
ботените десет (10) библиотекари за каталошка
обработка на библиотечниот материјал (пешки)
која, благодарение на условите што им ги созда-
довме, се одржа во нашата Библиотека, а со пре-
давачи од ВБМ – Центарот при НУБ – Скопје. Се
планира новите кадри да се дообучат и со замину-
вањето на старите кадри во пензија, да го зачува-
ме реномето на Библиотеката кое се градело по-
веќе од 75 години. Тогаш и новите кадри ќе си го
најдат соодветното работно место.
Дел од обуките за новите вработени беа пре-
кинати со пандемијата. Кажете ни нешто по-
веќе за оваа ситуација.
И покрај новонастанатата ситуација со панде-
мијата, додека постарите вработени си ја работеа
стручната работа, новите вработени беа достој-
на замена на пултот за зајмување за возрасни, во
Детската библиотека и во Магацините за моно-
графски и сериски публикации, а некои од нив
одеа по училиштата заради реализација на одре-
дени проекти. Прво, четири месеци не работеше
Библиотеката, а потоа работевме преку еден ден
и со скратено работно време. На пултот за зајму-
вање за возрасни и Детската библиотека се на-
правија повеќе пократки смени. Работевме спо-
ред протоколите од Министерството за здравство
и до денес не се доведовме во ситуација читатели-
те да останат без нашите услуги. Имавме среќа да
немаме голем број на заразени, а не се креваше
РАЗГОВОР СО М-Р БОЈАН СТЕФАНОВСКИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.52 2021 3
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ниту паника околу тоа, така да со нивна соодвет-
на замена работата се одвиваше непречено, како
во зајмувањето, така и во обработката.
И покрај ситуацијата со пандемијата, која
Ви го окупира повеќе од половината од Ваши-
от мандат досега, успеавте, кај вработените да
се наметнете со, во што сите се сложуваат, со
Вашето домаќинско работење.
Никогаш не застанавме со набавка на најно-
ви компјутери, штампачи, скенери, комбинира-
ни копири како за професионалните кадри така
и за администрацијата и зајмувањето. Во магаци-
нот за монографски публикации начекав хаос, по-
себно кај задолжителниот примерок за кој нема-
ше повеќе место на полиците. Истото важеше и за
просторот за периодиката. Брзо реагиравме со ре-
новирање на нови подрумски и други простории
на приземје и првиот кат на местото од старите
т.н. индивидуални читални. Ставивме и соодвет-
на изолација во подрумските простоии и напра-
вивме многу железни сталажи и полици од ивери-
ца со помош на наши вработени кои се вложија и
со идеи и со работна сила.
Од просторијата за задолжителен примерок
беа префрлени над 1200 магистерски трудови и
докторски дисертации на посебно место. Од пе-
риодиката, постарата периодика ја дислоциравме
на новонаправените сталажи во подрумските про-
стории. Колекциите „Sвездите на светската кни-
жевност“ со околу 500 наслови, односно, 7-8000
книги, како и едицијата од Македонската и од Ал-
банската книжевност со преводите на англиски
јазик си го најдоа своето место во посебна про-
сторија и соодветни сталажи на приземјето. На
приземјето ја реновиравме и комплетно го заме-
нивме подот и ја офарбавме, ставивме и соодвет-
на канцелариска опрема, во просторијата за За-
штита на книгата. На првиот спрат, во просторот
на старите индивидуални читални дополнително
ќе се дислоцира дел од туѓата литература, а дел
ќе останат индивидуални читални. Ослободивме
простор за библиотечниот материјал за во наред-
ните неколку години.
Во магацинот за монографски публикации ста-
вивме нова ПВЦ - дограма, проект финансиран од
Министерството за култура, а се промени освет-
лувањето и беа поставени камери за поголема за-
„Sвездите на светската книжевност“ Магистерски трудови и докторски дисертации
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 52 20214
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
штита на библиотечниот материјал. Крпењето,
малтерисувањето и фарбањето беа со помош на
вработени во Библиотеката. Истата ваква догра-
ма се планира за Детската библиотека, додека пак
со сопствени средства ставивме ПВЦ - дограма во
целата т.н. читална на ЕВН, како и додатни ра-
дијатори за парно греење. Во читалната ќе бидат
поставени и полици финансирани од Министер-
ството за култура. Читалната треба да послужи ка-
ко дневна соба за граѓаните во која тие ќе се запо-
знаваат со алатките за работа на Интернет, како
и за десиминација на културата и едукативни со-
држини и со содржини, односно, со каталогот на
Библиотеката.
Со Вашето доаѓање, за првпат, после повеќе
години Библиотеката има парно греење и во
попладневните часови. Како успевате во тоа?
Две години наназад имаме парно греење во по-
пладневните часови како за вработените од Зај-
мувањето и Магацинот за возрасни така и за чи-
тателите, најчесто за студентите кои учат во чи-
талните на вториот кат од новото крило. За не-
кои канцеларии со повеќе вработени, поставивме
и клими (лето/зима). Истото го направивме и за
салата за промоции итн. Сметав дека читалните
треба да бидат пријатно катче за учење во текот
на целиот ден. На овој начин привлекуваме и по-
веќе читатели. Од друга страна, преку парното
греење, ја отстрануваме потенцијалната опасност
со греалките по магацините да се создадат и дру-
ги проблеми.
Во Вашите три години како директор на Би-
блиотеката се набавени голем број на книги,
како во одделот Зајмување за возрасни, така и
во Детската библиотека.
Не се мешам во набавката на книги, кои книги
и од каде да се набават. Тоа им го препуштив на
вработените на пултот за зајмување и комисијата
за набавка. Барав да има поголем фонд со барем
три примероци однаслов, посебно кога се работи
за белетристиката. Да има лектирни книги и кни-
гите за обработка по училиштата. Да има и кни-
ги на албански и турски јазик. До моето доаѓање
Министерството финансираше по 350.000 дена-
ри, сега 500.000 денари. Кориците се скенираат и
се ставаат на ВЕБ-страната на Библиотеката. Исто
така, има информации за содржините на одреде-
ни изданија. Значи, ниту една издавачка куќа не-
ма предност, се набавува, воглавно, она што се ба-
ра, а комисијата се грижи за стручните наслови.
Посебно се грижиме за пристигнатиот задолжи-
телен примерок.
Повеќето млади директори во минатото ја
искористија функцијата да излезат надвор од
државата, како што (не) популарно се вели
меѓу вработените, „да се шетаат“ зад завесата
на склучување договори за соработка. Вие до-
сега таквата можност постојано и ја препушта-
те, воглавно, преку проектите, на Вашиот про-
грамски раководител, и покрај Вашето добро
познавање на англискиот јазик.
Кога дојдов за директор во Библиотеката, по-
стоеја 2 (два) меѓународни проекти за кои сметав
дека треба да си ги реализираат раководителите
на проектите како искусни библиотекари и со-
знанијата од посетите да им ги пренесат на други-
те во Библиотеката. Само што добивме можност
преку Министерството за култура да се предста-
виме како држава и она што е значајно за нас ка-
ко Библиотека со штанд на Саемот на книгата во
Лајпциг, Германија, настапи пандемијата и про-
ектот се одложи на неодредено време. Други се-
гашни проекти ги имаат вработени кои успеаја
да ги остварат преку Еразмус + прогарамата во
соработка со Библиотеката, и тоа е за пофалба, за-
тоа што и Библиотеката има некаква добивка од
истиот во одредени средства за работа. Секогаш
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.52 2021 5
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ќе им давам шанса на поискусните библиотекари
кои можат да ги пренесат искуствата од струката.
Три години раководите со Библиотеката и
50-те вработени. Во колкава мера беа исполне-
ти Вашите очекувања?
Мислам дека коректно си ја вршев својата ра-
бота, одговорно и чесно и се надевам дека ќе ми
биде дозволено да продолжам и понатаму на ова
работно место. Сега сум прилагоден со работата и
вработените, и очекувањата што ги имав од оваа
установа се оправдаа. Установата ја сметам за ед-
на од најзначајните во градот.
Дали на личен план имате некое хоби и кои
се Вашите идни планови на професионален и
личен план?
Гледањето театарски представи и ракомет-
ни натпревари, во најново време ги заманив со
посветување големо внимание на моето синче
Борјан. С` друго ставив на втор план. Во оваа пан-
демија го изгубив и родителот – татко ми. На ра-
ботното место го минувам поголемиот дел од ра-
ботниот ден и лично сметам дека е голема приви-
легија да се води една ваква универзитетска би-
блиотека.
Разговорот го водеше д-р Николче Вељановски
Приредил Менде Доневски,
самостоен библиотекарски
помошник
ПРЕРЕДУВАЊЕ НА ЕДИЦИИТЕ „ЅВЕЗДИ НА СВЕТСКАТА
КНИЖЕВНОСТ“ И „МАКЕДОНСКА КНИЖЕВНОСТ“
Во периодот од мај и јуни 2021 година е напра-
вена акција на прередување на книгите од еди-
циите „Ѕвезди на светската книжевност“ и “ Ма-
кедонска книжевност“, книги кои се преведени и
испечатени по идеја и финансиска поддршка од
Владата на Република Македонија, од кои дел беа
донирани во библиотеката НУУБ „Св. Климент
Охридски“-Битола. Овие книги пред неколку го-
дини беа обработени, направени списоци и скла-
дирани во хартиени пакети согласно со одлуките
и планот на тогашното раководство. Изминатите
години покажаа низа на недостатоци на таквиот
начин на складирање а посебно екстремно теш-
киот начин на пребарување и пронаоѓање на са-
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 52 20216
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
каната книга. Исто така, истите беа подложени на
влага и мувла поради немањето на вентилација
т.е. струење на воздух помеѓу книгите, како и ди-
рекниот допир на првите пакети со подот.
Поради претходно увидените слабости дирек-
торот на библиотеката м-р Бојан Стефановски
донесе одлука за прередување на овие книги, во
консултација со неколку библиотекари. Основна-
та идеја за начинот на прередување на книгите ја
даде Александар Јовевски, а деталната разработ-
ка ја направија Менде Доневски и Александар Јо-
вевски. За реализација на оваа акција беше потре-
бен минимум од две двострани полици со должи-
на од 4 метри. Направена е една полица од челич-
ни цефки, челични профили и плочи од иверица
со должина од 4 м, ширина 0,5 м и висина од 2,5 м.
Втората полица со димензии од 3х0,5х2,2 метри е
доградена, надградена и зајакната за да служи на
намената. Оваа постапка на градење и адаптација
на полиците ја направија Александар Јовевски и
Менде Доневски, а бојадисувањето на челичната
конструкција го изврши Игор Цинцаровски. Усо-
гласувањето на димензиите на полиците со ва-
жечките библиотекарски прописи и препораки
го направи Менде Доневски. Во редењето на кни-
гите на полиците учествуваа Александар Јовев-
ски, Менде Доневски, Илче Стојановски и Јулија-
на Христовска Кулевска. Ажурирањето на списо-
ците по реден број на книга (наслов, автор), не-
опходни за успешно и брзо автоматизирано пре-
барување го направија д-р Николче Вељановски,
библиотекар-советник и м-р Зоран Јанакиевски,
советник по информатичи прашања.
Важно е да се напомене дека полицата од че-
лични цефки и иверица е направена со сопствени
финансиски средства на Библиотеката. Исто та-
ка, изведбата на полиците ја извршија гореспом-
натите вработени, така што, таа кошташе 10 пати
поевтино од слична полица направена од фирма.
При изградбата на полиците се употребени
сите потребни принципи на механика и стати-
ка што спаѓа и во рамките на струката на изве-
дувачите на градењето на истата. Исто така из-
вршена е целосна примена на библиотекарските
правила и препораки за димензиите на полица-
та. Таа е направена за да се складираат книги од
II (втор) формат, што значи за книги со висина
до 25 см. мерена по рбетот на книгата. Од крајот
на книгата до наредната плоча од иверица е оста-
вен празен простор од 3,2 см ( а минимално пре-
порачано е 2 см.) потребен за безбедно извлеку-
вање и редење на книгите како и за вентилирање
на истите. Првата плоча од полицата е издигната
10 см над подот, со што се овозможува значајна
вентилација кај книгите кои се најблиску до по-
дот, а исто така се оневозможува навлажнување
на книгите при постапките на чистење на подот.
Висината на полицата е 2,5 метри и тоа е малку
над препораките за висина во универзитетски би-
блиотеки, но е корисна за складирање на поголем
број книги во ист простор.
Во изборот на начинот и ситемот по кој ќе би-
дат наредени книгите на полиците водена е смет-
ка да барањето и наоѓањето на саканата книга се
изведе најбрзо, најлесно и најсигурно.
Анализите укажуваат дека оваа акција на пре-
редување на книгите ги даде своите резултати во
насока на поефективно складирање на книгите
како и за побрзо и поуспешно пребарување на ис-
тите. Исто така, со ова се докажа дека со добро ос-
мислени проекти и нивна успешна реализација
може да се средат и другите горливи проблеми во
Библиотекта од аспект на немање простор и по-
лици за складирање на библиотечниот материјал.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.52 2021 7
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Во пролетта 2021 година, за првпат од посто-
ењето на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола,
беа направени 10 нови полици за фондот во одде-
лението Периодика во Секторот, Комплетирање
и обработка на библиотечен материјал, библио-
графии и збирки според сите важечки библиотеч-
ни прописи од страна на дел од вработенните и
со сопствени финансиски средства од Библиоте-
ката. Сето тоа е преземено заради решавање на
постоечките проблеми со книжниот фонд како и
потребата за сместувањето на дел од фондот за
периодични публикации лоциран во подрумот на
старото крило на Билиотеката. Овие публикации,
во папки, долго време беа сместени на ученич-
ки клупи во хоризонтална положба со што беше
отежнат начинот на пребарување и редење на ис-
тите, а исто така, и нивното проветрување. Прет-
ходно, беше реновирана една просторија со под
поплочен со керамички плочки, во старото крило
на Библиотеката. Во неа беа поставени половина
(5) од новите полици.
Изведбата на полиците беше условена од рас-
положивиот простор во кој требаше да бидат сме-
стени истите, што значи од површината на про-
сторијата, нејзината квадратност односно правоа-
голност, а пред се од висината од подот до таванот
која изнесува 2,15-2,2 метри. Заради оваа виси-
на на просторијата беше неопходно да се отстапи
од пропишаната висина на полиците за овај тип
на Библиотеки која изнесува 2,25 м, но со добри-
от избор на димензиите помеѓу плочите на поли-
ците се постигна целосно запазување на другите
библиотечни стандарди. Полиците се изградени
од челични цевки и челични профили заварени
помеѓу себе а плочите се од иверица со дебели-
на 18 мм. Овие полици се долги 3,0 метри, ши-
роки 0,44 м, високи 2,0 м со можност последната
книга на најгорниот ред да се смести на висина
од 2,15 м. Растојанието помеѓу плочите е 65 см со
што се овозможува сместување на публикации од
IV (четврт) формат каде најголема висина на кни-
гата мерена по ‘рбетот на истата е 60 см. Од врвот
на наредената книга до следната плоча од поли-
цата е оставен празен простор од 5 см ( минимал-
но препорачано е 2 см) со што се овозможува без-
бедно редење и извлекување на публикациите, а
исто така се обезбедува простор за нивно венти-
лирање. Првата плоча на полицата е издигната
15 см над подот за да се овозможи поголема вен-
тилација, притоа, водејќи се од фактот дека про-
сторијата во која се наоѓаат полиците е во подрум
вкопан 1,5 метри во земјата.
Реновирањето на просторијата за половината
од полиците, беше идеја и практично изведено со
туркање на внатрешни sидови од Александар Јо-
вевски. Основната идеја за изгледот и структура-
та на полиците ја даде Александар Јовевски, на-
тамошната разработка, усогласеност со статич-
ко-механичките принципи и изведба ја направија
Александар Јовевски и Менде Доневски, додека
ускладувањето на димензиите со важечките би-
блиотекарски прописи и препораки ја направи
ИЗГРАДБА НА ПОЛИЦИ ЗА ФОНДОТ НА ПЕРИОДИЧНИ ПУБЛИКАЦИИ
Приредиле: Менде Доневски, самостоен библиотекарски помошник и Александар Јовевски
Александар Јовевски и Менде Доневски Сузана Најдановска и Лила Трајковска
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 52 20218
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧНО КАТЧЕ ВО УЧИЛНИЦА
Знаејќи дека најмладите читатели се понеко-
гаш зависни за да стигнат до Библиотеката, се по-
ставува прашањето: „Како да ја доближиме Би-
блиотеката до учениците“? Одговорот се состои
во создавање на библиотечно катче во училница.
Тоа е дел од училишната библиотека кој ќе се на-
оѓа токму во училницата. Библиотечното кат-
че претставува една помала збирка на книги,
подредени во определен дел во училницата,
кои што се претходно селектирани од настав-
никот и библиотекарот, соодветнo на возрас-
та на учениците. Неговиот фонд и обем може де
се менува во текот на целата учебна година, за-
висно од потребите на учениците и можностите
на училишната библиотека. Библиотечното катче
може да претсатавува еден нов центар за забава,
едно ново место за дружење на учениците во учи-
лиштето и како такво може, а и треба да стане дел
од секое одделение.
Создавање на библиотечно катче
во училница
Иницијативата треба да биди на наставникот,
а можностите се на училишната библиотека. Со
каков литературен вид и со колкав обем на кни-
Менде Доневски. Бојадисувањето на челичните
делови од полиците го извршија Игорче Цинца-
ровски и Панде Симовски. Во прередувањето на
библиотечниот материјал учествуваа: Алексан-
дар Јовевски, Лиле Корлевска, Лила Трајковска,
Сузана Најдановска, Менде Доневски, Милка Ко-
тевска и Лидија Мирчевска.
Со ова се покажа дека со библиотекари со до-
бри и во реалност остварливи идеи, со работен ка-
дар кој е мотивиран да работи и директор кој има
визија и намера да ја унапреди и подобри инсти-
туцијата, се можни големи промени и ефективно
решавање на потребите на Библиотеката. Капа-
цитет и желба за работа постои и кај други вра-
ботени кои не се спомнати во текстот со тоа што
треба во иднина да им се даде можност да си ги
докажат своите потенцијали. Исто така, ова може
да им послужи на сите поранешни, сегашни и ид-
ни раководни кадри како да работат домаќински
и за напредок на установата, како да се стават во
преден план заедничките пред личните интереси
и како да ги мотивираат вработените. На новите
полици беа преместени и околу 1200 магистерски
трудови и докторски дисертации.
Подготвил Маријан Колевски,
библиотекар
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.52 2021 9
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ги располагаат училишните библиотеки е една од
најважните компоненти за да наставниците заед-
но со библиотекарот создадат библиотечно катче
во секоја училница. Училишните библиотеки во
кои покрај учебници се чуваат и друг вид на лите-
ратура како: бајки, раскази, романи, научно- фан-
тастичен роман, енциклопедии и други, можат да
бидат изложени во библиотечното катче во секоја
училница. Всушност, тоа е фондот со кој треба да
располага едно библиотечно катче. Библиотечен
материјал кој е претходно селектиран и одбран
од страна на наставникот во консултација со би-
блиотекарот, материјал кој ќе претставува забава
и пробуди интерес кај учениците. Прво, настав-
никот треба да одбери место во училницата каде
би се чувале книгите. За почеток е доволно само
полица или две, работна маса, а може и во кутија,
каде би се сместиле книгите. Потоа, наставникот
треба да се задолжи со книги од училишната би-
блиотека, притоа, изборот на материјалот го вр-
ши заедно со библиотекарот, зависно од фондот
и видот на книги со кои располага училишната
библиотека, соодветно на возраста на учениците.
И самите ученици можат да донесат свои кни-
ги, кои би биле изложени во нивното библиотеч-
но катче. Така во текот на целата учебна година,
тие ќе имаат можност да ги разменат своите кни-
ги, а со тоа и своите впечатоци од своите омиле-
ни јунаци.
Фондот на книги во библиотечното катче, на-
ставникот треба да го менува доколку има недо-
стиг во училишната библиотека, односно тој да
ротира и во другите одделенија. Доколку постојат
можности фондот на книги може да се надограду-
ва, но најважно од с` е да се користи рационално.
Со создавањето на библиотечното катче се соз-
дава една нова атмосфера и едно ново сакано ме-
сто во училницата. Тоа може да стане една мати-
ца каде би се раѓале нови знаења. Тоа може, но и
не мора, да зазема голем простор во училницата -
но може многу нешта да поттикне кај учениците.
Целта на библиотечното катче
Целта не е да се располага со обемен фонд на
книги, туку да се создаде љубов кон книгата уште
од најрана возраст на децата. Потоа, тие книги
наставникот може да ги менува во непосредна вр-
ска со библиотекарот од училишната библиотека.
Наставникот не треба да ги присилува учениците
да земаат книги како дел од наставната програ-
ма, туку учениците треба самите да си одберат, а
наставникот да биде тој што само ќе ги поттикне.
Книгата која е хит во одделението, книгата
која некои ученици ја прочитале и им се допад-
нала, може да претставува магнет и за останатите
ученици, може да претставува основа за изграду-
вање на еден нов поглед кон книжевноста, еден
нов свет на фантазијата и реалноста, свет кој е
толку блиску, но сепак далеку, свет кој ќе ја пот-
тикне имагинацијата на децата и развие свеста за
вистинските вредности. Со книгата која станала
хит се шири љубовта кон книгата врз сите учени-
ци, дури и кон оние кои никогаш дотогаш немале
изградено таков однос. Со разговор и дискусија
меѓу учениците кои прочитале некоја книга, се
раѓа љубопитноста и кон останатите ученици. На
овој начин учениците со задоволство и самоини-
цијативно пристапуваат кон книгите и се создава
еден магичен круг меѓу децата и книгата.
Како треба да функционира едно
библиотечно катче
Наставникот е тој кој ќе одреди кога децата ќе
имаат повеќе слободно време да прочитаат некоја
книга. Тој е оној кој ќе им даде насоки на учени-
ците да си одберат некоја книга од библиотечно-
то катче која би ја прочитале за време на викенди-
те, празниците или зимскиот распуст.
Наставникот треба да ја води евиденцијата за
зајмените книги. Тоа може да го прави со една
мала картотека или со телефонска апликација ка-
ко classroom library app.
Со создавањето на библиотечното катче, сите
ученици ќе имаат можност во една друга атмос-
фера, создадена од наставникот, да изградат еден
поинаков однос, едно ново запознавање, односно
едно ново чувство на љубопитност кон книгата,
која не е само задолжителен предмет (учебник).
Најважно е тоа да го искусат најмладите ученици,
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 52 202110
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола започ-
на да го реализира проектот „ГОРДОСТ 1“ – За-
чувување на ромскиот јазик преку употреба на
on-line речник.
Проектот ќе се реализира во наредните 16 ме-
сеци. Проектот е во рамки на програмата клучна
акција 204 – Стратешки партнерства за образова-
ние на возрасни, клучна акција 204 – Стратегиски
партнерства за образование на возрасни, финан-
сирана од Европската комисија преку Еразмус +
програмата.
НУУБ - Битола е прва културна установи во др-
жавата кој ќе реализира Еразмус проект во наша-
та држава. Целта на проектот „ГОРДОСТ 1“ е да
открие дали on-line платформата за ромски јазик
би била разумна алатка и за зачувување на ром-
скиот јазик како дел од културниот идентитет,
притоа, овозможувајќи им на Ромите да учеству-
ваат во доживотно учење. Во проектот освен Би-
блиотеката од Битола се вклучени организации
од Србија, Грција, Романија, Унгарија, Германија
и Бугарија.
Вкупniot буџет на проектот изнесува 67.050 ев-
ра. Средствата се наменети за реализација на про-
ектот и транснационалните средби.
Проектот опфаќа три фази.
ФАЗА 1:
• Анкети со Роми и експерти (септември 2020
година - февруари 2021 година)
• заедничка дефиниција на предметот на ис-
тражувањата; опис на проширувањето на
истражувањата, како и утврдување на пои-
мите;
• Изработка на прашалници и упатства за на-
сочени истражувања, истражувања и
• интервјуа во ромските заедници на партнер-
ските земји, вклучувајќи го определување на
целната група;
• Изработка на прашалници и упатства за на-
сочени истражувања, истражувања
• интервјуа со експерти од земјите партнери;
• Имплементација и документација на истра-
жувањата и интервјуата, како и нивнна
• проценка;
• Изработка на национални извештаи од сите
партнери во проектот;
• Изработка на извештај за синтеза од страна
на Библиотеката.
но никогаш не е доцна ни за повозрасните. Први-
те книги кои децата ќе ги прочитаат за забава, ни-
когаш нема да бидат заборавени, тие ќе останат
засекогаш врежени во нивните сеќавања. Затоа,
прва можност за некои ученици може да претста-
вува токму училницата т.е. нејзиното библиотеч-
но катче.
Откако ќе се роди љубовта кон книгата, таа за-
секогаш останува. Натамошното дружење со кни-
гата може да се одвива во некоја поголема библи-
отека. Бибилиотечното катче во голема мера ќе
придоносе за зголемување на бројот на потен-
цијално, односно, идни, а подоцна редовни, а во
исто време, и задоволни читатели.
Денес, со оглед на големото влијание на елек-
тронските уреди, децата се исклучени од класич-
ниот начин на комуникација и забава. Со библи-
отечното катче во училницата, учениците се од-
делуваат од нивните електронски уреди од нивно-
то преголемо влијание кое е штетно по нивното
здравје. На овој начин, децата се враќаат на ви-
стинските вредности, т.е. дружење и знаење. Де-
цата колку повеќе читаат, толку подобри читате-
ли стануваат.
ГОРДОСТ - 1
– ЗАЧУВУВАЊЕ НА РОМСКИОТ ЈАЗИК ПРЕКУ УПОТРЕБА
НА ON-LINE РЕЧНИК -
Kooрдинатор на проектот м-р Фатма Бајрам Аземовска, соработник м-р Јелена Петровска.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.52 2021 11
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Направи Selfie со твојата омилена книга
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ги по-
кани сите читатели да уче-
ствуваат во креирањето на
фотографии, да направат
Selfie со својата омилена
книга. Секој читател е уни-
катен во креирањето нави-
ки при читањето на својата
омилена книга. На наше
огромно задоволство, инте-
ресот беше огромен. Најдобрите фотографии беа
објавени на нашите социјални мрежи, а како по-
дарок добија и бесплатно едногодишно членство
во Библиотеката. Координатор на проектот м-р
Гордана Ѓоргиевска – Неделковски.
03.02.2021
3-ти Февруари - Светскиот ден за читањето
на глас
Светскиот ден
на читањето, 3-ти
Февруари го од-
бележавме преку
неколку активно-
сти, преку онлајн
– читања во кој се
вклучија наставнички, родители и ученици од ос-
новните училишта со читање на раскази, бајки.
Методот на гласно читање е клучен за развојот
на навиките за читање и подоцнежниот успех во
училиштето и воопшто за успехот во стекнување-
то знаења и вештини.
„Да читаме на глас!“
Библиотекари-
те од НУУБ - Би-
тола во рамки на
проектот, ги посе-
тија учениците од
второ и трето од-
деление од О.О.У.
„Елпида Караман-
ди“- Битола и уче-
ниците од тре-
то одделение од
О.У.“ Стив Нау-
мов“-Битола ко-
га им прочитаа и
прекрасни бајки.
Методот на глас-
но читање игра
важна улога во
правилното раз-
ФАЗА 2: Развој на концепти
• Идентификување на релевантни чинители и
спроведување на истражувања и
• упатства за интервјуа, разговори и размена
на најдобри практики со засегнати страни;
• Воспоставување на соодветни работни
структури (на пр.: Транснационални темат-
ски работни групи), вклучувајќи комуника-
ција;
• Развој на концептот.
ФАЗА 3: Планирање на проект (септември
2021 - декември 2021)
• Дизајн на Стратешкото партнерство „ГОР-
ДОСТ 2“ во кое ќе се воведе и воспостави on-
line платформата за ромскиот јазик.
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ,
ПРЕДАВАЊА
Подготвилe: м-р Фатма Бајрам Аземовска, виш библиотекар и м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски, библиотекар
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 52 202112
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
бирање на она што го читаме. Ова е многу важ-
но особено кај учениците кои сега го изучуваат
читањето, се со цел да се подобри начинот на кој
што читаат. Потоа, заедно со библиотекарите, цр-
таа и се забавуваа.
05.02.2021
Награди за најверните читатели
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и оваа
година ги награди најредовните читатели. Секој
читател е посебен
за нас. Нивната
желба за читање
на книги од наша-
та Библиотека ние
ја наградуваме на
симболичен на-
чин.
Добитниците
на наградите се
поделени во неколку категории и тоа:
• Читател на годината со најмногу изнајмени
книги во 2020 година е Жанета Тошеска;
• Најмлад читател со најмногу изнајмени кни-
ги е Никола Ицоски;
• Категорија - основно образование, добитник
е Марија Јоновска;
• Категорија – средно образование, добитник
е Ивона Бејковска.
• Категорија – возрасни, добитници се: Ро-
зитка Тодоровска 2. Слободанка Ристевска
3. Споменка Илиевска 4. Сане Момчилов
5. Славица Тромбева 6. Белинда Сипкоска
Гаштарова.
01 - 03.2021
Собирање на стари ромски бајки
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола е дел од
проектот „Sasas Jekhvar Jekh – Си беше еднаш“ кој
е финансиран од
Европската коми-
сија преку Еразмус
+ програмата.
Откако се об-
учија 6-те мулти-
плаери, и беа про-
најдени стари Ро-
ми кои знаат да
раскажуваат ром-
ски бајки, во јануари 2021 година, се премина на
сензитирање на собирачите со цел процесот на
снимање да се одвива без проблеми. Процесот на
собирање на бајките започна во февруари 2021
година и траеше до крајот на март 2021. Бајки-
те се собираа на тој начин што мултиплаерите се
среќаваа со раскажувачите и ги снимаа додека
тие раскажуваат. Кога процесот на собирање на
бајките беше завршен, се презеде следниот чекор
– нивна анализа и категоризација според слично-
стите и разликите.
Координатор на проектот е германската орга-
низација JugendStil Е.V.
21.02.2021
Одбележување на денот на мајчиниот јазик
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и О.У.“
Гоце Делчев“, преку литературно читање, го одбе-
лежа 21 Февруари, Меѓународниот ден на мајчи-
ниот јазик. Во настанот беа вклучени ученици од
шесто до деветто оделение, кои се претставија со
лични творби, како и со избор од современата ма-
кедонска поезија.
26.02.2021
Интернационалниот ден на бајките
По повод Интернационалниот ден на бајки-
те, партнерите од конзорциумот кои работат на
проектот „Sasas
Jekhvar Jekh- „Си
беше еднаш…“
читаа бајки, па
така имавме мож-
ност да слушнеме
бајки од Турција,
Грција, Бугарија,
Романија, Герма-
нија и се разбира
од нашата држа-
ва. Претставникот од НУУБ „Св. Климент Охрид-
ски“ - Битола, м-р Јелена Петровска, прочита ма-
кедонска бајка насловена „Волшебниот прстен“.
Средбата беше онлајн и претставуваше одлична
можност да се слушнат бајки од различни држави
и да се ужива во нив.
05.03.2021
Хортикултурни содржини во НУУБ - Битола
На 5-ти Март 2021
година, во холот на
НУУБ „Св. Климент
Охридски“ - Битола
беше отворена излож-
ба, по повод Меѓуна-
родниот празник на
жената, со тема „Од
градината на баба
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.52 2021 13
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ми“. Изложбата со своите содржини, преку слики
со мотиви на цвеќе од авторот Слободан Рајчев-
ски, ги спои уметноста и литературата претста-
вена преку изложените книги на жени писателки
- носители на Нобелова награда за книжевност.
По повод 8-ми Март
По повод 8 март, во НУУБ “ Св. Климент Охрид-
ски“ - Битола, се одржа доделувањето на наградите
на традиционалниот литературен конкурс за кра-
ток расказ, на те-
ма: „Битолската
жена како вечна
инс пи ра ци ја низ
времето“. Беа доде-
лени симболични
награди и благо-
дарници за учесни-
ците на конкурсот.
08.03.2021
Дебата за родова еднаквост и заштита на
жените од насилство
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола зеде
активно учество на on-line (“Google Meet“) - деба-
тата организира-
на од Македонско-
то научно друшто
– Битола во сора-
ботка со Правни-
от факултет при
УКЛО – Битола, а
по повод, Меѓу-
народниот ден на
жената 8. Март, на
тема: “Родова ед-
наквост на жените и насилството, приоритет
или предизвик“. Целта на настанот беше да се
развие дискусија за нивото на родова еднаквост
кај нас, пред се од аспект на заштитата на жените
од насилство. М-р Фатма Бајрам Аземовска, виш
библиотекар имаше излагање на наведната тема.
24.03.2021
Одбележан Светскиот ден на поезијата -
- 24. Март
НУУБ „Св. Кли-
мент Охридски“
- Битола и Битол-
скиот книжевен
круг денеска го од-
бележаа Светски-
от ден на поезија-
та. Денес, се дава поддршка на поезијата, враќање
на усната традиција на поетските рецитали, про-
моцијата на едукација за поезијата, обновување-
то на дијалогот меѓу поезијата и другите уметно-
сти (театарот, танцот, музиката, сликарството),
поддршката на малите издавачи и создавањето
атрактивна слика за поезијата во медиумите.
Изложба на тема „Сподели авторка“
По повод светскиот ден на поезијата, во холот
на Библиотеката, беше поставена изложба на
книги од жени ав-
торки со наслов
„Сподели автор-
ка“. Сподели же-
на авторка е ини-
цијатива чија цел
е да ги доближи
писателките и фе-
министичката ли-
тература до мла-
дите девојки во библиотеките во Северна Македо-
нија.
2-ри Април - Светски ден на литературата
за деца
НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола и на-
ставничката Жанета Тошеска со учениците од ОУ
„Кирил и Методиј“ - Би-
тола го одбележаа, 2-ри
Април, Светскиот ден на
литературата за деца. Во
текот на работилницата,
со учениците се разгова-
раше за најголемиот пи-
сател за деца на сите вре-
миња Ханс Кристијан Ан-
дерсон, кој е тој, кои се не-
говите најпознати бајки.
Потоа наставничката им
ја прочита на учениците приказната „Грдото Пај-
че“, ја анализираа на часот и работеа на настав-
ното ливче. Овој ден се одбележа со уште една ак-
тивност. Оваа работилница ја водеше Гзиме Ко-
миновска од градинката „Снегулка“ – Пролет. Таа
на децата им ја прочита приказната „Мачорот во
чизми“, а потоа сите заедно гледаа видео.
8-ми Април - Меѓународен ден на Ромите
НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, по по-
вод одбележувањето на 8-ми Април - Меѓународ-
ниот ден на Ромите, започна да го реализира про-
ектот „Читаме он-лајн -приказни за деца и роди-
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 52 202114
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
тели во време на пандемијата КОВИД 19“. Проек-
тот вклучи он-лајн активности на деца и родители
(читање на приказни) како и активности поврза-
ни со едукација на децата од страна на родители-
те, за начинот на реализација и поддршка при со-
владувањето на наставните содржини преку ко-
ристење на литература, лектири и дополнителни
образовни ресурси. Целната група беа деца Роми
од 2 до 10 години со нивните родители и сите за-
интересирани. Проектот е поддржан од Мини-
стерството за култура на Република Северна Ма-
кедонија. Координатор на проектот беше м-р Фат-
ма Бајрам Аземовска.
Читаме гласно, бидејќи читањето е забава!
Од месец април НУУБ „Св.Климент Охрид-
ски“ – Битола започна со нов проект. Преку он-
лајн работилни-
ци, учениците од
ООУ „Елпида Ка-
раманди“-Бито-
ла читаа на агли-
ски, германски и
македонски јазик.
Вкупно се одржаа
4 работилници за
читање на англиски јазик каде учествуваа 26 уче-
ници од 4 одделение, 2 работилници со ученици-
те од 4 и 5 одделение кои читаа на германски ја-
зик и 2 он-лајн работилници со учениците од 7 од-
деление кои читаа на македонски јазик свои твор-
би, наградени на различни конкурси. По завршу-
вањето на проектот, учениците беа наградени со
благодарници, од страна на директорот на Библи-
отеката м-р Бојан Стефановски. Координатор на
проектот м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски
22-ри Aприл - Денот на планетата Земја
По повод одбележувањето на Денот на плане-
тата Земја, НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Бито-
ла се одржа работилница во рамки на проектот,
„Читаме он-лајн приказни на деца и родители во
време на пандемијата Ко-
вид-19“. Проектот е поддр-
жан од Министерството за
култура на Република Се-
верна Македонија. Актив-
носта се состоеше во раз-
говор со децата за зачуву-
вање на планетата, изра-
ботка на цртежи за Земја-
та и се гледаа едукативни
и забавни видео-прикази.
Им беше укажано на деца-
та за загадувањето на воз-
духот, водата и штедењето
на струја. Работилницата
ја реализираа Гзиме Коминовска со помош на би-
блиотекари од одделението Развој на библиоте-
карството.
23-ти Април – Светски ден на книгата и ав-
торските права
Оваа година НУУБ „Св. Климент Охридски“-Би-
тола, по повод 23-ти Април, Светскиот ден на
книгата и автор-
ските права, ги
награди, со сли-
ковници, најм-
ладите посети-
тели во детскиот
оддел при НУУБ
„Св. Климент Ох-
ридски“- Битола.
„Корица на мојата омилена книга“
НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, по по-
вод Светскиот ден на книгата и авторските права,
го започна проектот „Корица на мојата омилена
книга“. Сите заинтересирани требаше да креира-
ат корица на книга. Најдобрите дизајни, односно
корици на книги, беа наградени со благодарници
и симболични награди.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.52 2021 15
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
26.04.2021
On-line драма од проектот
„Читањето треба да биде забава!“
НУУБ.“ Св. Климент Охридски“- Битола во со-
работка со учениците од 2-4 одделение од О.О.У.“
Тодор Ангелев-
ски“-Битола, под
менторство на на-
ставничката Дра-
гана Шерденков,
направија пре-
красна он-лајн из-
ведба на драмата
„Веселата шумич-
ка“ како дел од
проектот „Читање-
то треба да биде забава“. Координатор на проек-
тот м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски.
Читањето треба да биде забава!
Reading should be fun! Lesen soll Spass
machen!
НУУБ “ Св. Климент Охридски“-Битола започна
со реализирање на нов проект преку он-лајн - ра-
ботилници на македонски, англиски и германски
јазик во текот на целата учебна година. Во овој
проект учество зе-
доа учениците од
О.У.“ Елпида Кара-
манди“ - Битола и
у ч е н и ц и т е о д
О.У.„Коле Канин-
ски“ -Битола. Про-
ектот се одвиваше
во неколку фази.
Во првата фаза
учениците имаа
можност да се за-
познаат со литера-
турата соодветна
за нивната возраст
со која располага
Библиотеката. Учените имаа можност да видат
дека Библиотеката, покрај книги на македонски
јазик, има книги и на англиски и германски јазик.
Во втората фаза, учениците се потрудија да бидат
илустратори, така што изработија корици од кни-
гите кои тие ги избраа. Во третата фаза учениците
зајмуваа книги и со нив си правеа селфи. За својот
труд во овој процес учениците беа наградени со
благодарници и симболични награди. Координа-
тор на проектот м-р Гордана Ѓоргиевска-Недел-
ковски.
19.05.2021
Промоција на книга
Во НУУБ “ Св. Климент Охридски“- Битола, бе-
ше промовирана книгата „Стилските фигури во
наставата по ма-
кедонски јазик“ –
магистерски труд
на Мирјана Стоја-
новска. Во недо-
стиг на литерату-
ра од овој вид,
книгата се очеку-
ва да даде значаен
придонес во на-
ставниот процес, како книга-прирачник за на-
ставниците, професорите и учениците од основно
и средно образование, нагласи промоторот проф.
д-р Даниела Андоновска - Трајковска.
21.05.2021
Нашите први учители „Св. Кирил и Методиј“
Во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола се
одржуваше on-line - рециталот посветен на првите
словенски учите-
ли светите Кирил
и Методиј, што го
подготвија учени-
ците од О.У.„Ел-
пида Караман-
ди“-Битола под
менторство на на-
ставничката по
македонски јазик
Сузана И. Петков-
ски. По повод престојниот празник, овие ученици
не запознаа, во кратки црти, со животот и делото
на солунските браќа Константин и Методиј и нив-
ните мисии.
Промоција на романот „Јоше“
од Петре Димовски
Во салата за промоции на Библиотеката, беше
промовиран романот „Јоше“ од писателот Петре
Димовски. Овој роман е издаден со поддршка од
Министерството
за култура на
РСМ, во рамките
на годишните
проекти од нацио-
нален интерес за
културата за 2021
г. Промотор беше
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 52 202116
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Елизабета Јончиќ, претседател на Битолскиот
книжевен круг.
08.06.2021
Креативно пишување и создавање култура
за читање
Одржувањето на работилниците во рамки на
проектот за креативно пишување и поттикну-
вање на култу-
рата за читање,
помогна млади-
те средношкол-
ци да го зголе-
мат својот инте-
рес кон книжев-
носта, интерпре-
тацијата, творештвото, креативното пишување
и нивниот личен и професионален развој. За
средношколците од средното општинско учи-
лиште “Таки Даскало“ – Битола, предавањата
на Работилницата ги одржа професорката Ни-
колина Поповска, од истото училиште. Во те-
кот на проектот се реализираа следните теми;
1. Творечко говорење и пишување 2. Креа-
тивнст (поим) 3. Насоки за пишување есеј
4. Насоки за пишување песна 5. Избор на лите-
ратурни текстови и коментирање на стиловите
5. Новинарски текстови (дискусија) Дебатирање-
то ги опфати: поимот, академската дебата, теата-
рот и филмот, критичкиот осврт на гледана прет-
става, филм и презентацијата на нивните трудо-
ви. Средбата се одржа on-line, на платформата Zо-
ом. Проектот е поддржан од Министерството за
култура на Република Северна Македонија. Коор-
динатор м-р Фатма Бајрам Аземовска.
Креативни летни работилници
НУУБ“ Св. Климент Охридски“- Битола ова ле-
то организираше креативни летни работилници
за најмладите,
преку читање и
забава. На рабо-
тилниците зедоа
учество мајки со
деца до 3- годиш-
на возраст и една
работилница бе-
ше за деца од 4 до
10 години. На
овие работилници нашиот библиотекар им про-
чита прекрасни книги наменети за нивната воз-
раст. Потоа децата имаа можност да цртаат, да
бојат и да се забавуваат.
Книги и кафе со наши писателки
НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, ова ле-
то ги претстави дел од нашите локални писател-
ки низ прекрасна дружба и кафе, жени чие име го
афирмира нашиот град и држава. На наше огром-
но задоволство со нас на кафе беа проф. д-р Дани-
ела Андоновска-Трајковска, Весна Мундишевска
- Вељановска и Светлана Папачек, писателки кои
зад себе имаат оставено повеќе дела. На овој на-
чин сакаме да ги доближиме нивните дела до чи-
тателите.
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ
ОДДЕЛ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУГА
ЗА ВОЗРАСНИ
1. СОБАТА НА ПЕПЕРУТКИТЕ – Лусинда Рајли
2. СТРАВ ОД ЛЕТАЊЕ НА 7 А – Себастијан Фицек
3. СЕНДМЕН – Лаш Кеплер
4. ВОЗОТ СО СИРАЦИ – Кристина Бејкер
5. ЗАВЕТОТ НА КРАЛИЦАТА – Кристофер Гертнер
6. ИСЧЕЗНАТОТО – Тес Геритсен
7. ДЕВОЈКАТА И НОЌТА – Гијом Мисо
8. ПОСЛЕДНАТА КАМЕЛИЈА – Сара Џио
9. ПОКАНА ЗА ПРОВАНСА – Елизабет Адлер
10. ВО СЕКОЈА ЉУБОВ ИМА МАЛКУ ЛУДИЛО –
Мари Борс
ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА
1. КРАЛОТ НА СВЕТКОШОРЦ – Енди Рајли
2. ИСИДОРА МУН СЛАВИ РОДЕНДЕН – Х. Мункастер
3. КРАЛОТ НА КОТОРЕН – Ј. Терлоу
4. АГЕНТОТ НА ОРБУЛАТОРОТ – Вилијам Венстон
5. ПОЛИКСЕНА СО ПРАСЕТО – Б. Пицорно
6. САКАМ ДОМА – Ј. Петровиќ
7. АЈВИ – А. Цветаноска
8. ЗАСПИВАЛКА – Т. Бајрактарова
9. ПОСЛЕДНАТА БОСАНСКА ПРИНЦЕЗА –
И. Бабачиќ
10. САФАРИ НА ДУХОТ – Нада Бучевиќ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.52 2021 17
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
(Поглавје од најновата книга Number of Love)
From the spiritual point of view, we, the people,
are all dead while living if we are not in the quest or
ACT of looking, “Who am I?” and transcending our
lower emotions. Transcending means dying of the
lower self on account of the higher Self whose goal
is the knowledge of the Self and finally, reunion with
the Father. For the Self-knowledge one has to pray
to the Divine Mother, the energy part of the Father.
One must be aware that there are two mothers and
two fathers. For our birth we have to thank to God,
spiritual teachers and our parents. So the spiritual
teachers are alike our mothers. Also the Divine Moth-
er teaching us Self-knowledge is within everyone. Sai
Baba (Shakti and Shiva) wanted me to pray to the Di-
vine Mother.
The transcending process is on a vertical level
or the level of the head, of course connected with
the Heart. In a daydream in Puttaparthi, India I am
looking at a table on which there is a head. First I
see the head of my yoga teacher Swami Vishnude-
vananda who initiated me with a “mother”- mantra
on a Teacher Training Course at Bayona Playa, Vi-
go, Spain which was turning into Sai Baba’s head.
In a crying voice I was asking Baba, “Why I feel sor-
row (sad /SED/)= 28(10) (OM) when I am near
your face?” repeating it twice. In the dream at the en-
trance door of the Library, a day before Sai Baba part-
ed his earthly body, a tall young man in his thirties
with a part in his short black hair, dressed in indigo
long coat whom, at first, I thought to be my passed
away colleague MIT-RE, later Baba, asked me: “And
what are you doing now?” – I SORROW – was my re-
ply. The real meaning for myself is ‘I continue tran-
scending /realizing (CA)’.
Later I had another dream with an old lady’s head
in the lower left corner of a square screen opening her
mouth as if talking fast turned towards the center. It
seemed that I was looking at her right cheek, but it
was the reflection of her left cheek in the mirror. And
diagonally on a table is lying half-naked young man
wearing black trousers. His left hand is stretched up
and his head rests on the left shoulder with the face
towards his left arm pit. Then I heard, “you can do
with no more than two, but you love three”. When
I woke up I was sleeping on my left side with my left
arm stretched up, facing my left arm pit. The dream-
ing and the waking states (the awakening process
starting at Vishuddha chakra (AVVA=55)(1+4-4+1
fingers = two hands at heart) are always reflection of
the Highest Reality). So, I had my right arm stretched
up, I was facing, turned to the right, my right armpit.
I’m P (T) (I am Union and the realized Self). Later in
this book I am describing Pingala as Self which in its
name has twice ATTA(33) = 66 (Sahasrara’s chakra
opposites number ATTA) (12+21 = 33). It has the
same meaning of the above old lady’s statement,
“you can do with no more than two, but you like
three”. The word “love three” means that I could not
do with two, unless I have “LOVE” for the /TRI/ (the
Apple Tree). The Tree /TRI/ = 47/20 or 11/20. Re-
sembles the love number 112, and not only Union =
11 = 20 (T).
The following dream resembles to the previous
one. As for three months I had a problem with some
kind of energy disturbance in my throat I went to
a cardiologist, but he said that I was all right (OK).
On the Christmas Eve (EVA) night I found myself
in a square room with four doors, as if two pairs of
doors opposite to each other (V = 22 – 10 o’clock). A
stream of water was coming under each of the doors
making an X – letter, cutting in the center. Suddenly,
the streams were becoming bigger and bigger until in
the Center became a fountain filling the whole room
with water splashing the walls and the ceiling. I be-
came frightened and a thought came to me to escape
from the exit door on my left. But my attention was
attracted by a tall young blond woman with straight
long hair that I couldn’t see clearly behind the water
jets in a long white dress. She said: Repeat after me,
THE PROCESS OF TRANSCENDENCE
Подготвил д-р Николче Вељановски,
библиотекар советник
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 52 202118
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Haldun talkative, Haldun talkative… (/TKA/tiv) It
was strange that Haldun was a very shy person, son
of uncle Pala in a Turkish series. As I was repeating
on my right side I saw a water closer of a TAP. First
with my right hand I turned off the closer and the wa-
ter jets were almost stopped. Then with my thumb
and the index finger of my left hand (actually, vice
versa) I turned the closer to the end. There was not a
trace from the water streams. When I woke up I had
no problems with my throat. In the Union all pains
disappear.
The symbols of transcendence such as the quar-
rel or the “fight” (Union) between the Father and the
Mother on the spiritual level are inevitable, especial-
ly, as in my dream, somewhere on the way to Gogo’s
house corner I saw my father went towards my moth-
er very close and turned his back to me while facing
her. I thought he is beating my mother. After a mo-
ment I saw one of her four upper teeth fell down, ac-
tually, one of her lower teeth went up, the Self had
transcended up, because four is the symbol of the
lower Chakras. If I connect this dream with the above
one, in which we had two doors opposite to each oth-
er = V (22), then it reminds me on the naked eternal
feminine with two eyes and two nipples as circles
(EVA). This time, the Self, because of its love urge
or urge for Union (11) with the Father, was doubled
(represented by EVA (Ida) = 22(V)). Actually, Pin-
gala’s (son’s) love for the Father does not exist with-
out its love or union with Ida (EVA) = 22(V). Thus
we come to V-OM (Ida and Pingala in balance / un-
ion/love, represented as the EVA’s potential energy
22 (V) (Sai Baba says that four (4) is the most pow-
erful number)), related to the “I” counterpart ITTI
(92+29) = 121 (31) (CA)-Realization or Union or
Love = V-OM-ITTING (Return) (my colleague MIT
– RE). Here, we have TC(K)A as 2x cars (C/K/A’s)
etc…
It was a great revelation for me, since the left side
does not exist at the top. My Hellen does not exist.
She is my Mother, she is my Self. She is my soul. She
is the eternal feminine in whom I was in love and not
in all the other girls to which I was attracted.
In order to transcend, the main pre-requirement
is the word ‘OR’ (in French ‘gold’). The son carrying
my name asked his mother, “Mother! Is there any-
thing more precious than gold?”. The Mother took a
clean white plate and handed it to him, saying: “This
is more precious than gold”. So, the pure heart same
as the white dress of the lady behind the fountain and
the white plate under the lighted candle is a prereq-
uisite as the first aim of the Quest. The straight white
candle without support is the passage that extends
through the fire of the sorrow for reuniting with the
Father which Baba has lighted for me until the final
destination, Union in Oneness seen in, “Repeat /
ri –PiT/ fast Haldun talkative /tokativ/”. Repeating
it very fast /toka/TKA/tiv/ (K=11 = AA = TAAA),
as it is the opposite of the ACT/AKT/ of looking or
questing. Also, seen in the TAP /T-AP/; In the word
“UP” /AP/. “/jU/” is substituted by “A”.
РЕЗИМЕ
Вечната потрага на човекот КОЈ СУМ ЈАС? не
води кон размислувањето, кои сме ние луѓето, од
каде дојдовме и кон каде одиме, односно, кој е чо-
векот? Доколку е точна размислата дека човекот
е создаден во ‘лика и прилика’ на Творецот, однос-
но, Создателот, или поточно Таткото, тогаш несо-
мнено е дека целта на човекот е да се врати назад
кон Создателот. Ако падот на човекот е неговата
инволуција, неговото враќање е неговата еволу-
ција. Зошто падот? Зошто враќањето? Ако, спо-
ред Светото Писмо – Библија, Ева и Адам живееле
чисто и непорочно во Градината на Рајот, тогаш
зошто човекот се нашол на Земјата за да биде ‘гре-
шен’? Данте Алигиери својата „Божествена коме-
дија“ ја базира врз пеколот и рајот, а Земјата е чи-
стилиштето. Филозофот Ниче во својот ‘генијален
подарок’, книгата „Така зборуваше Заратустра“,
ќе рече: „Човекот е распнат помеѓу животното
и натчовекот“, што би рекле, во својата борба со
животното во себе како би се надминал себеси ка-
ко човек (човек на човекот е волк) и го достигне
натчовекот во себе. Да го достигне чистото Јаство
во себе со што неговсата идентификација со Апсо-
лутот, односно, Највисоката реалност, ќе достиг-
не изедначување со Творецот, како што Исус ќе
рече: „Јас и Таткото сме Еден“.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.52 2021 19
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Ваквата тенденција која води кон целта на
општочовечката потрага КОЈ СУМ ЈАС? е про-
цес на прочистување на нашите сетила, односно,
на нашето ЕГО – ЈАС кое се постигнува преку ре-
лигиозните и филозофски системи кои не го ис-
клучуваат карактерот на човекот, а посебно вна-
трешниот порив да се биде Еден со Создателот.
Овој процес е наречен процес на трансценден-
ција на човечкото ЕГО – ЈАС, кој во превод значи,
‘да го сочуваме ова тело и нашиот живот во него,
а притоа, да создадеме живот полн со љубов без
презир кон човекот онаков каков што е’. Постоја-
но да го препознаваме нашето ЕГО како наше те-
ло, мисли, идеи, емоции, физичка љубов, желби,
страсти за поседување и сл., а истовремено ис-
тите да ги трансформираме, односно, трансцен-
дираме во несебичност, објективност, помагање,
знаење за јаството, односно, душата и да развие-
ме универзална љубов која треба да биде што по-
сеопфатна со една последна желба за препород
на човештвото.
Книгата Number of Love (2021), во која спаѓа
горното поглавје, „Процесот на трансценденција“
е продолжение и теоретско објаснување на прет-
ходната моја книга A Clock Tower (2019) која е
проткаена со симболики од Библијата, Јогата, Са-
моспознанието и Алхемијата, изнесени исклучи-
во преку англискиот јазик, латиничната азбука,
часовното време и чакрите (енергетски центри
на трансформација) во однос и симболичка спо-
редба со означувањето на трите крајни точки на
триаголникот, а нејзин вистински автор е мојот
Ментор.
Уште со првите броеви на библиотечното спи-
сание „Библиотечен тренд“ започнавне со ин-
тервјуирање на библиотекарите и директорите на
НУУБ – Битола и пошироко, во Македонија. Први-
те интервјуа со најстарите библиотекари се поја-
вија во Библиотечниот тренд бр. 9 од 2005 година
и продолжија и понатаму под наслов „Библиоте-
ката – наша судбина“. Интервјуата со библиоте-
карските помошници на пултот од Одделот за зај-
мување за возрасни се појавија во Библиотечниот
тренд бр. 23/24 од 2008 година. По повод 10 го-
дини од излегувањето на првиот број на на спи-
санието „Библиотечен тренд“ и 30 – години од не-
говата работа беше направен интервју (Библио-
течен тренд бр. 35-36, 2013) со неговиот главен и
одговорен уредник д-р Николче Вељановски, би-
блиотекар советник, кој и сега е еден од шесте (6)
вработени кои во 2022 година први ја напуштаат
библиотеката – одат во пензија: м-р Марија Мал-
гожата Мачковска, библиотекар советник, Нау-
ме Ѓоргиевски, библиотекар советник, Благој Бо-
шевски, библиотекарски помошник, Трајан Ча-
горски, самостоен референт – сметководител и
Атанас Тргачевски, библиотекарски помошник.
Во наредната 2023 година во пензија заминуваат
уште тројца вработени: Анета Стефановска, би-
блиотекар советник, Анастасија Милевска, виш
библиотекар и Елица Ѓорѓиевска, библиотекар-
ски помошник.
РАЗГОВОР СО ТРАЈАН ЧАГОРСКИ (ТАШЕ)
Роден сум во 1956 година. Во Библиотеката се
вработив, со средно гимназиско образование, на
одредено време, во 1982 година, со работни за-
дачи зајмување книги во реонските библиотеки
„Кочо Десано“ и „Чинаро“ и четири саати во Ма-
гацинот за книги за возрасни. Во 1983 година за-
минав на отслужување на воениот рок, а во 1984
Самостоен референт – сметководител
со ликвидатура
ИНТЕРВЈУ СО БИБЛИОТЕКАРИТЕ ПРЕД ПЕНЗИОНИРАЊЕ
Подготвил д-р Николче Вељановски,
библиотекар советник
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 52 202120
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
година, со акцијата за вработување бев распреде-
лен во Библиотеката на неопределено време со
работни задачи подврзувањево Заштита на кни-
гата и Подвижна библиотека. Потоа работев по-
ловина работно време како благајник, а другата
половина во одделот Заштита на книгата. Во 1988
година дипломирав на Вишата економска школа
во Прилеп, и како економиста со комерцијална
насока, од 1989 година бев распределен на работ-
но место во сметководство – благајник ликвида-
тор. Со измените во систематизацијата од 2006
година до 2015 година работев како самостоен
референт во финансиска оператива. Со система-
тизацијата од 2015/16 година работам како само-
стоен референт – сметководител со ликвидатура
- благајник.
Таше (Ташко) го познаваме како педантен,
точен, принципиелен и ажурен во работата,
но и како човек занимлив, интересен, вицкаст,
посебно отворен кон женскиот пол, весел и
„прв“ за играње на свечените собири на врабо-
тените од Библиотеката. Сепак, до крај, остана
скромен, чесен, и пред с`, домаќин.
Сето гореспомнато е точно. Јас работев со ко-
лешки и секогаш се трудев, кога беа нервозни и
нерасположени, да ги насмеам и расположам со
по некој комплимент. Покрај мојата работа уче-
ствував во бројни активности организирани од
Библиотеката: акции, саеми, културни манифе-
стации, проекти, замени, пописи и сл.. и со свое-
то искуство придонесував за успешна реализација
на истите.
Познат си по своето хоби – работата во Фе-
ријалниот сојуз на Битола и Феријалниот сојуз
на Македонија.
Составен дел на мојот живот, покрај мојата ре-
довна работа во Библиотеката беше и остана мо-
ето хоби. Ме привлече мотото на Феријалниот
сојуз на бивша Југославија „Запознај ја таткови-
Идеја за полици – Роднокрајна читална 2002 г. Патронат 2007 г.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.52 2021 21
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ната, за да ја сакаш повеќе“. Во јавноста сум по-
знат по ентузијазмот и љубовта, во слободното
време, да работам во Феријалниот сојуз на Битола
од 1980 година. Активно сум вклучен во работа-
та на Феријалниот сојуз – Битола; во Феријалното
одмаралиште Преспа – Претор. Сум бил и на по-
веќе функции, прво, како член, потоа како прет-
седател неколку мандати на Феријалниот сојуз на
Битола, и неколку мандати член на Извршниот
одбор на Феријалниот сојуз на Македонија. Во-
лонтерски учествував на многу манифестации,
собири, маршеви и семинари во бившите Ју-про-
стори. Посетив многу места и стекнав пријател-
ства кои траат до ден денес.
Моментално сум секретар на Здружението на
феријалци – Битола и одговорен за работењето
на Феријалното одмаралиште Преспа – Претор.
Во нашето одмаралиште доаѓаат, рекреираат и
воспитно се образуваат млади организирани во
групи од нашата држава и странство. Доаѓаат и
пријатно се чувствуваат во местото и уживаат во
убавините на природата и езерото и нашето го-
стопримство. За неколку месеци ќе се пензиони-
рам и имам каде и како да го поминувам своето
слободно време.
РАЗГОВОР СО АТАНАС ТРГАЧЕВСКИ (СТАШЕ)
Роден сум во Згожелец, Полска (60 км од Дрез-
ден) на германско-полската граница, од родители
Македонци – бегалски од Граѓанската војна во Гр-
ција во која учествуваше и мојот татко. Основно
и средно образование (Техничко училиште) зав-
ршив во Битола. Се вработив во јуни 2008 година
како портир во наредните 7-8 месеци. Во овој пе-
риод одев на замени и во Магацинот за монограф-
ски публикации за возрасни, каде и бев распреде-
лен во 2009 година. Оттогаш до денес сум на исто-
то работно место. Задоволство ми е да работам
со книги за разлика од претходните мои врабо-
тувања. Во „Фринко“ (познат како „Фрижидери“)
работев 20 години, како и шест (6) грејни сезони
во „Топлификација“ – Битола. Задоволството да се
работи во Библиотеката е до толку поголемо што
таа е во центарот на градот и излегувајќи во пре-
срет на потребите на читателите, запознав повеќе
читатели – академски граѓани од полето на култу-
рата, образованието, науката, уметноста, здрав-
ството и тн., помагајќи и услужувајќи ги со бара-
ната литература и покрај тоа што најчесто кни-
гите од Магацинот, преку лифт, ги доставувам до
пултот за зајмување.
Понекогаш знаете да бидете многу срдит,
па како се сложувате со Вашите колеги? Дали
нешто Ви пречи кај нив?
Одам на смени и со колегите од мојата смена
на пултот за зајмување одлично се сложуваме,
Библиотекарски помошник
(Магацин за монографски публикации за возрасни)
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 52 202122
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
што не е случај и со другата смена. Но, со колега-
та Менде од Магацинот отсекогаш добро сме се
сложувале.
Кога се вработив во Библиотеката сметав дека
треба и јас и сите други од персоналот, како и чи-
тателите, да имаме врвна култура на однесување.
Она што најповеќе ми пречи е недоличното пона-
шање на некои мои колеги од персоналот во одре-
дени ситуации. Јавно не сум се расправал со ние-
ден мој колега. Лутината ја чувам во себе.
Истата ја надминувам затоа што работата ме
исполнува.
Што после пензионирањето?
Имам пасија или хоби како сакате речете, љу-
бител сум на животни како што се расните шар-
планинци, а сум чувал и гулаби. Исто така, љуби-
тел сум на природата. Сакам да се движам. Тоа го
имав и на работното место. Тоа го потврдив и со
тоа што го потсетив дек често се сретнуваме на
Шеталиште.
Сопругата ми е покојна веќе дваесет (20) годи-
ни. Имам возрасни синови. Едниот има завршено
средно образование, а другиот заврши Драмски
факултет, отсек монтажер.
РАЗГОВОР СО БЛАГОЈ БОШЕВСКИ (БАКАЛО)
Роден сум во 1956 година во Битола. Во април
1984 година, со акцијата за вработување бев рас-
пределен со средно образование како библиоте-
карски помошник во Библиотеката на работно
место, Магацин за книги за возрасни. Од 1984 –
2002 година работев на ова работно место. Рабо-
тата во магацинот за книги бара посебна дисци-
плина и издржливост, посебно бара соработка со
другите колеги од Издавањето. Во сите овие годи-
ни честопати ги заменував колегите и на пултот
за Зајмување за возрасни и деца. Мене работата
ми е задоволство. Со оглед на тоа што од Магаци-
нот книгите се испраќаат по лифт, за мене, качу-
вањето и слегувањето по скалите од магацинот
до пултот за издавање ми беше еден вид мал тре-
нинг, односно за да услужам една странка со задо-
волство слегував и се враќав со книги и по некол-
ку пати. Задоволство ми беше и тоа што во мојот
долг работен стаж на ова работно место ги научив
каде се наоѓаат скоро сите книги. Најчесто, довол-
но ми беше само да ми го кажат насловот на кни-
гата без да запишуваат број. Работата ми помага-
ше во одржување на мојата форма за пинг-понг
натпреварите во неделите. (Разговор во Библиот-
ечен тренд, бр. 11 јули – септември, 2005)
Во магацинот за книги работев на смени, прет-
пладне и попладне, се менував со Елица Ѓорѓиев-
ска. Една година бев во смена со Лена Секуловска
која работеше на пултот за издавање на книгата,
а со Ричард Иванишевиќ работев 10 години. По
неколку месеци на пултот работеа Благој Нико-
лов и Науме Ѓоргиевски. Шест години бев во сме-
на со Лидија Мирчевска и на крајот една година
со Светлана Талевска. (Разговор во Библиотечен
тренд, бр. 23-24, 2008)
Од 2002 година не работите повеќе на сме-
ни. Кажете ни нешто повеќе?
Од крајот на 2002 година работам во одделот
Прием и техничка обработка на книгата. Отка-
ко пакетите со книги се распакуваат во одделот
Набавка на библиотечните материјали, се пра-
ват листи, а јас ги потпечатував и до 2011 годи-
на (во март почина) му ги доставував на колега-
та во одделот за УДК, Митре Талевски, а потоа ги
носев кај колегите во каталошката обработка. Во
меѓувреме се укина работното место УДК. Од по-
ловината на 2016 година монографските публи-
кации се носеа прво кај колегата Науме Ѓоргиев-
ски кој, тогаш, започна со работа на Влезната кни-
га (програм – софтвер) во Одделението за компле-
тирање на библиотечен материјал, и до денес, ги
потпечатувам книгите и ги доставувам до катало-
гизаторите.
Со воспоставувањето на сегментот COBISS
2/Зајмување (прва библиотека во Македонија)
помагавте и на друго работно место.
Во еден период 2003/2004 година со воспо-
ставувањето на сегментот COBISS 2/Зајмување,
Библиотекарски помошник
(Прием и техничка обработка на книгата)
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.52 2021 23
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
помагав и при компјутерското изработување на
членски карти во просторијата на сегашни Ин-
формации заедно со тогаш новиот колега Ма-
ријан Котевски. Автоматизацијата на библиотеч-
ните процеси воопшто не беше проблем за мене.
Помагав каде што е потребно, заменував во Мага-
цинот за книги за возрасни и во Детската библи-
отека, помагав при набавка на материјалите за
Библиотеката, пакетите со задолжителен приме-
рок, а посебно големите пратки на монографски
публикации од Министерството за образование и
наука, а најмногу бев ангажиран за време на сае-
мите на книгата во градот кои ги организираше
Библиотеката, пред Народниот театар и Магно-
лија (летни саеми) како и на мини-саемите во хо-
лот на Библиотеката.
За Вашето хоби пишувавме во Библиотечен
тренд број 11?
Фудбалот и пинг понгот. Со пинг-понгот сум и
денес. Во бившите ЈУ - простори учествував на по-
веќе републички и државни првенства. Еднаш бев
првак на Југославија и три пати на Македонија.
Три години бев во првите десет спортисти на гра-
дот. Се натпреварував 14 години за пинг-понгар-
скиот клуб ППК “Струга” од Струга, а истовре-
мено учествував во тренирањето на младите
пинг-понгари, понекогаш сум нивен официјален
судија на натпреварите. Од пред три четири годи-
ни се натпреварувам за клубот „Мултитекс“ – Би-
тола и оваа година го внесовме во Суперлигата.
Од пред неколку години ги подготвував младите
од школските клубови во салата на Гимназијата
„Јосип Броз Тото“ во Битола.
РАЗГОВОР СО НАУМЕ ЃОРГИЕВСКИ
Роден сум во 1956 година. Основно и средно
образование завршив во Битола. Дипломирав на
Филозофски факултет, група “Историја на умет-
ност со археологија“ при Универзитетот „Св. Ки-
рил и Методиј“ Скопје
Во Библиотеката сум вработен од 1986 год. На
почетокот, како и секој нововработен работев две
години во одделот Зајмување и услуга за возрас-
ни. После тоа добив ново работно место во одде-
лот Набавна политика. Во 1995 година како до-
датни задачи ми беше дадено и Роднокрајното од-
деление. Во меѓувреме ги совладував сите проце-
си во библиотечната дејност.
Со доаѓањето на ова работно место воспоста-
вив контакт со сите издавачки куќи во Македо-
нија и со издавачките куќи од Бивша Југославија.
Одделение Комплетирање на библиотечен
материјал
Влезна книга
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 52 202124
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Во мене се роди идејата да организираме Саем на
книга во Битола. Првиот саем на на книга го ор-
ганизиравме во 2004 год. Во Центарот за култу-
ра. Бевме принудени да ги ограничуваме издава-
чите да не го носат нивниот цел продажен фонд,
бидејќи немаше простор. Затоа, од година на го-
дина, Саемот ги менуваше локациите, Домот на
АРМ, Музеј на град Битола, во холот на Народни-
от театар, а повеќе години беше пред Народни-
от театар на отворен простор. Саемот се одржува-
ше секоја година во последната недела на месец
мај. Во склоп на Битолското културно лето, орга-
низиравме мини-саеми на книги „Битола чита“
Во 2002 година бев прогласен за најдобар библи-
отекар меѓу двата саеми на книги на Саемот во
Скопје.
Ја имам добиено и наградата на град Битола,
„4-ти Ноември“ заедно со другите учесници со
свои трудови во тритомното издание на книгата
„Печатарството и издаваштвото во Битола“.
Во 2001/2002 година, во соработка со Сојузот
на студенти – Битола, а со средства на USAID, бев
учесник во формирањето на „КНИИЦ“ (Компју-
терски научно – истражувачки и информативен
центар (I – фаза).
Од 2006 – 2016 година бев на функција дирек-
тор на НУУБ – Битола. (Разговор во Библиотечен
тренд бр. 33-34, 2012 год.). Во 2010 година добив
звање библиотекар советник. Автор-коавтор и ко-
автор - составувач сум на повеќе изданија (книги)
на Библиотеката, меѓу кои би ги издвоил „Библи-
отекарството во Битола“ во коавторство со Ане-
та Стефановска, (промовирана во НУБ – Скопје,
Куманово и Битола) изданијата на Значајни лич-
ности (Битола, писатели, култура, образование и
наука) како составувач - коавтор, „Ванчо Нико-
лески –раскази и народни приказни“ (уредник) и
„Ванчо Николески – песни (од ракопис до книга)“
(уредник), Библиотечната дејност во Битола и Би-
толско – кн. 1 и кн. 2 и др. (составувач - коавтор)
Од 2016 година до денес работам како библи-
отекар советник (2010) во Секторот комплети-
рање и обработка на библиотечен материјал, би-
блиографии и збирки, во одделението Комплети-
рање на библиотечен материјал, на автоматизи-
раната т.н. Влезна книга. Во неа ги внесувам сите
монографски публикации за сите Одделенија во
Библиотеката, без исклучок, вклучувајќи ги на-
бавените, подарените и задолжителниот приме-
рок, во Магацинот за монографски публикации,
Збирката Туѓа литература, Роднокрајната збирка,
Австриската и Детската библиотека. Подготвувам
листи со книги за обработка за 6 (шест) каталоги-
затори. Откако тие се обработени, повторно до-
аѓаат кај мене и го внесувам нивниот ID – број,
инвентарен број и сигнатура и потоа истите одат
во Магацинот за возрасни и Детската библиоте-
ка. Во последниот месец, првиот дел од работата
со листите се работи од вработена со работно ме-
сто во просторијата за прием на библиотечниот
материјал на приземјето од старото крило на Би-
блиотеката.
Како пензионер од половината на следната
2022 година повеќе внимание ќе си посветам на
своето здравје. Ќе продолжам со моето хоби – пе-
шачење, секојдневно од 7-8 км, од центарот на
градот до врвот на Тумбе Кафе. Понекогаш возам
и велосипед.
Саем на книгата во Дом на АРМ, 2005 Хол на Народниот Театар – Битола, 2007
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.52 2021 25
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
РАЗГОВОР СО МАРИЈА МАЛГОЖАТА
МАЧКОВСКА
Дојдовте во Македонија од Вроцлав, Полска.
Создадовте свое семејство. Се вработивте во
Библиотеката и целиот работен век го поми-
навте во неа. Македонскио јазик го совладавте
дури и подобро од многумина Македонци. Да-
ли сега, после толку години, се каете што сте
дошле кај нас?
Потекнувам од западниот дела на Полска. Ро-
дена сум во 1958 година. После завршување на
студиите на Вроцлавскиот Универзитет и стек-
нување со звање магистер по полска филологија,
се преселив во Makeдонија. Во текот на 40 годи-
ни живеење во Битола создадов семејство, како
и голем круг на пријатели. Македонија ми стана
втора татковина. Зеадно со сопругот Васил - ди-
пломиран економист, подигнавме три деца: ќер-
ките Марта и Ева и синот Андреј, а дочекавме и
две внуки. Марта е магистер по англиска фило-
логија, Ева е дипломиран професор по англиски
јазик. Двете ќерки моментално живеат во Холан-
дија. Андреј е магистер по археологија, веќе две
години работи на Универзитетот во Берн, Швај-
царија и подготвува докторската дисертација по
дендрохронологија.
Во 1986 година се вработив во Универзитет-
ската библиотека во Одделот Стручна обработка
на монографски публикации, каде што работам
и денес.
Македонскиот јазик го изучувам од првите де-
нови на моето пристигнување од Полска, а се тру-
дам и понатаму да го усовршувам. Повеќе од два-
есет години сум судски преведувач од полски на
македонски јазик и обратно. Владеење со маке-
донскиот литературен јазик, како и со современи-
от полски јазик, секогаш ми беа приоритет.
Уште со вработувањето, Вие работите на
стручна обработка на монографски публика-
ции. Познати сте по тоа дека ревносно и прин-
ципиелно си ја работите работата. Не можеме,
а да не се консултираме со Малгожата кога се
работи за каталошките записи. Исто така, им
влевате сигурност кај нововработените во од-
нос на нивната обука.
Целиот работен стаж во Библиотеката се зани-
мавам пред с` со стручна обработка на монограф-
ски публикации, во последните години, и со об-
работка на архивскиот примерок. Над 15 годни
изработував исто така ЦИП-записи на ново изда-
дени монографски публикации од битолски авто-
ри, како и од авторите од Пелагонискиот регион.
Работев повремено и во други оддели на Библио-
теката. Учествував во повеќето активности на Би-
блиотеката, вршев обука на библиотекари од ре-
гионот. После десет години работа како активен
библиотекар се стекнав со звање виш библиоте-
кар, а после дваесет и пет години работа се стекна
со звање библиотекар советник.
Искрено ја сакам својата работа, се залагам по-
натаму да го усовршувам моето знаење. Се тру-
дам да им помагам на моите колеги со стручни со-
вети, посебно на младите библиотекари. Секогаш
сметав дека знаењето треба да се сподели, да се
пренеси на помладата генерација, бидејќи со тоа
придонесуваме за квалитетот на нивната работа.
Важно е сите да се грижиме за квалитетот на би-
блиографските записи кои ги изработуваме во ло-
калната и заедничката база на податоци, и на тој
начин, да им дадеме на читателите комплетна ин-
формација за библиотечниот фонд. Затоа е многу
важно да им го пренесеме на помладите колеги
нашето знаење и искуство. Нивната посветеност
Хол на Народниот Театар – Битола, 2007
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 52 202126
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
и стручност ќе бидат мотор за понатамошниот
развој на оваа институција. Тие се иднината на
нашата Библиотека.
Иницијатор сте и на обработката на публи-
кациите на ЦД и ДВД. Во последните две три
години се создаде еден сериозен фонд на исти-
те. Кажете ни нешто повеќе за нив.
Повеќе години наназад електронските изда-
нија (ЦД и ДВД) не беа тековно внесувани во би-
блиотечната база. Пред две години иницирав ак-
ција на нивната стручна обработка. Успеавме да
внесеме во базата над 1.500 електронски библи-
отечни единици. Сите ЦД и ДВД беа стручно об-
рaботени како додаток кон книгата, или како са-
мостојно електронско издание. На тој начин им
овозможивме на нашите корисници пристап до
потребните информации за електронските публи-
кации и нивното користење. Во моментов врши-
ме стручна обработка на електронски публика-
ции и дополнување на библиотечната база.
Вие сте библиотекар советник. Сте биле
присутни на конференции во земјата и стран-
ство, како и на неколку конференции на пол-
ските библиотекари од цел свет во Вроцлав. На
сите сте имале свои предавања со кои сте ги за-
познавале присутните за состојбите во нашата
Библиотека и библиотекарството во држава-
та. Сте ги публикувале во полски списанија на
полски јазик.
За време на мојот работен стаж учествував во
повеќе меѓународни конференции во Полска, ка-
де што презентирав трудови на тема на библиоте-
картсвото во Македонија и на Балканот. Се трудев
да пренесам што повеќе информации за равојот
на библиотекрската дејност. Исто така учеству-
вав на меѓународни конференци во Македонија
и ги презентирав достигнувањата на полските и
другите европски библиотеки. Сите мои трудови
беа печатени во полски научни списанија и се на-
оѓаат во збирките на нашата библиотека. Трудо-
вите презентирани на конференциите во Маке-
донија објавени се во македонски библиотечни
списанија.
Успеав да ги заинтересирам полските библио-
текари за соработка со македонските библиоте-
ки и да ги иницирам нивните службени посети во
Македонија. Успешно беа реализирани неколку
проекти за соработка на нашата Библиотека со
полските библиотеки во Вроцлав и Варшава. Оваа
година во план е реализација на проектот за со-
работка со Универзитетска библиотека при Уни-
верзитетот Мариа Кири-Склодовска во Лублин.
Меѓународна соработка е многу корисна за сите
библиотеки и многу важна за развојот на библио-
текарството. Размената на исуства, организација-
та на заеднички проекти, учеството во меѓународ-
ните конференции имаа многу позитивно влија-
ние врз работењето на библиотеките.
Постојано ја популаризирате полската кул-
тура кај нас преку организирање на традицио-
налната „Шопенова вечер“, а полските библи-
отеки во нашиот Библиотечен тренд.
Дел од фондот на е-книги на ЦД/ДВД, 2019 г.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.52 2021 27
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Во Македонија постојат активни друштва за
македонско-полско пријателство. Секоја година
се организираат Денови на полската култура во
Македонија, каде е презентирана полската култу-
ра преку разновидни концерти, изложби и други
манифестации. Како претседател на Друштвото
за македонско-полско пријателство и соработка
„Висла”, огранок во Битола, иницирав организа-
ција на бројни концерти и изложби. Веќе 28 годи-
ни го организирам концертот „Шопенова вечер”
во соработка на Државното музичко училиште
во Битола и Амбасадата на Република Полска во
Скопје. За време на концертите младите пијани-
сти изведуваат дела на полскиот композитор Фре-
дерик Шопен, исто така се читаат фрагменти по-
езија и проза од полски автори на македонски и
полски јазик. Концертите придонесуваат за попу-
ларизирање на полската култура во Македонија.
Успеав да иницирам помош од Полската Амба-
сада во Скопје за Државното музичко училиште
во Битола. Набавен беше концертен клавир за по-
требите на училиштето, клавирски столчиња, ди-
дактички материјали и др.
Повеќе години се трудам да објавувам тексто-
ви во нашето спиание „Библиотечен тренд”, ин-
формации за полските библиотеки, нивни разно-
видни проекти, организација на работата, сора-
ботка со читателите, нивната визија за развој. Ве-
рувам дека многу нивни идеи можат да бидат пре-
неси на македонската библиотечна почва.
Заради Вашите деца морате често да пату-
вате во Полска, Холандија и други места. За не-
колку месеци заминувате во пензија. Дали тоа
значи дека целосно ќе и се посветите на фами-
лијата? Какво е чувството дека нема повеќе да
бидете во Библиотеката?
Поседувајќи голема фамилија, водам многу ак-
тивен живот. Често патувам за да ги посетам на-
шите деца во државите, во кои моментално жи-
веат. Патувам, исто така, и за Полска, каде што
живеат мојата сестра и братот со нивите фами-
лии. Одморите ги користам за патувања и во дру-
ги земји. Патувањата се неразделен дел од мојот
живот.
Кои се Вашите понатамошни лични плано-
ви и исполнување на желби за кои ние не сме
знаеле?
За неколку месеци заминувам во пензија. Пла-
нирам да сум многу активен пензионер. Веројат-
но доста време ќе трошам за патувања, посети на
фамилијата, но, исто така, и за патувања во држа-
ви каде сеуште не сум била, а кои отсекогаш сакав
да ги посетам.
Можно е дел од времето во иднина да посветам
на преведување на полска литература на маке-
донски јазик и на македонска литература на пол-
ски јазик. Работата како преведувач, посебно пре-
водите од областа на литература ми даваат голе-
ма сатисфакција.
Имам и други планови за во иднина, но за нив
ќе разговараме тогаш, кога ќе почнам да ги реа-
лизирам
Разговорот го водеше д-р Николче Вељановски
РАЗГОВОР СО Д-Р НИКОЛЧЕ ВЕЉАНОВСКИ
Роден сум во 1958 година во Битола. Прва го-
дина средно образование во Tempe High School,
Сиднеј, Австралија. Дипломирав на Филолошки-
от факултет „Блаже Конески“ при универзитетот
„Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, група Англиски
јазик и книжевност. Во 2018 година, на истиот
Факултет ја одбранив докторската дисертација на
тема: „Функцијата на неопределените детерми-
натори во англискиот и во македонскиот јазик –
Шопенова вечер, Завод, музеј и галерија, 2019 г.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 52 202128
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
контрастивна анализа“, како трет по ред доктор-
ат, со што се стекнав и со титулата Доктор по фи-
лолошки науки.
Во Библиотеката се вработив со т.н. распредел-
ба во 1983 година, како библиотекар, во Магаци-
нот за книги за возрасни. После една година од
1984 – до крајот на 1986 работев во Оделот зајму-
вање за возрасни. Од 1986 година до почетокот
на јули 1987 година работев во Одделот Каталош-
ка обработка на монографски публикации, од ко-
га започнав со работа во Одделот за роднокрајна
и странска литература. Тоа беше време на работа
на каталожните картончиња, прво се работеа на
матрици, а потоа се умножуваа на т.н. минифиш.
Во Роднокрајното одделение, каде работев 7 (се-
дум) години до 1995 година, во 1989 година на
матрици го испечативме првиот „Билтен на род-
нокрајни монографски публикации“. Од 1987 –
2019 година работев на Збирката туѓа литература
(Посебни книжни фондови). Од 2006 - 2019 годи-
на работев како раководител на Посебни книжни
фондови.
Од 2016 – 2019 година имав додатни работни
задачи – Раководител на Секторот комплетирање
и обработка на библиотечен материјал, библио-
графии и збирки (неплатено). Во него е опфатено
и Одделението Периодика. Од почетокот на 2020
до денес работам на посебно (платено) работно
место Друг раководител во истиот Сектор.
Во 1994 година бев промовиран во звање Виш
библиотекар, а во 1998 година станав прв доктор
на науки и првиот библиотекар советник во Би-
блиотеката.
Продолжив со работата на Збирката туѓа лите-
ратура (комплетна каталошка обработка со УДК)
и покрај моето ангажирање на автоматизацијата
на библиотечните процеси во Библиотеката. Во
1990 година работев на првиот терминал доне-
сен од Министерството на бивша Југославија кој
беше сместен во просторијата на сегашни Инфор-
мации десно од влезот на Библиотеката. Во 1994
истиот беше преместен во Роднокрајната читал-
на. Дотогаш бевме поврзани преку ЈУПАК – мре-
жата. Во договор на нашата Библиотека со ИЗУМ
– Марибор и во соработка со инженери од фирма-
та ECS – Скопје и јас со задачи на систем – библио-
текар (немавме инженер во Библиотеката), успе-
авме во 1996 година да поставиме автоматизиран
библиотечен систем врз словенечката COBISS –
платформа на новонабавениот Алфа – сервер и
постоечките терминали и компјутери. На терми-
налот во Роднокрајната читална ги обучував си-
те вработени, поединечно, за каталошка обработ-
ка како на монографските така и на сериските и
периодични публикации на системот, претходно,
бев на еднонеделна обука во ИЗУМ – Марибор.
(Разговор во Библиотечен тренд бр. 35-36, 2013)
Во 1996 година ја воведов предметизацијата во
каталошката обработка. Дотогаш се предметизи-
раше само во Одделот Библиографии. Од 1996 до
2002 година бев одговорен за ретроактивната об-
работка на монографските и сериските публика-
ции од страна на повеќе вработени, дури и некои
кои не работеа во каталошката обработка. Лич-
но обработив и над 200 странски списанија кои
ги набавувавме во тој момент, или ги добивавме
по пат на донација. Од страна на Сорос Отворено
општество Македонија беа донирани енциклопе-
диите Британика, Универсалис и др.
Со проект во 1993/94 година преку Фонда-
цијата Сорос Отворено општество Македонија до-
бивме донација на првите два Gateway – компју-
тери во Библиотеката, штампачи и 2 (два) чењџе-
ри со 6 ЦД-ромови за пребарување на медицин-
ски бази на списанија. Во 1995 година го добивме
и посебниот програм за пребарување на списа-
нија на ЦД – PROQUEST со 400 списанија со полн
текст и 600 списанија со апстракти. Во 1996 го-
дина со проект до Министерството за култура из-
дејствувавме по еден компјутер и печатач за сите
библиотеки во Македонија, освен НУБ – Скопје.
Во соработка на Библиотеката и Сорос Отворено
Општество Македонија, преку претходни 2 пола-
гања на TOEFL – тестови за англиски јазик добив
петмесечен престој во првата автоматизитана би-
блиотека на Универзитетот на Илиноис – главна
гранка во Урбана – Шампањ, САД.
Проектот на списанието Библиотечен тренд го
започнав со реализација, како главен и одговорен
уредник, во 2003 година. До денес имаат излезе-
но 52 броја. До патронатот на Библиотеката тре-
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.52 2021 29
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ба да излези и бр. 53. Во 2005 година започнав
со реализација, како организатор и модератор на
Средбите на роднокрајните битолски писатели во
Македонија, секоја година преку излагања на Тр-
калезна маса на тема која, претходно со насоки,
им ја поставував на писателите, а истите беа пу-
бликувани, во досега, 16 (шеснаесет) Зборници
на излагања. Подготвив две брошури, едната (ка-
талог) по повод 150 години од првото читалиште
во Битола и 65 – години јубилеј на Библиотеката,
насловена „Од читалиште до Библиотека“ (2010)
а другата, по повод 20-години од смртта на Дими-
тар Илиевски – Мурато, „Од љубов кон Пелистер,
засекогаш на Еверест“ во 2009 година.
Од каталогот ми произлезе и идејата и подго-
товката на изложбата на голем постер, која Би-
блиотеката ја реализира и ја постави горе во кру-
гот на тркалото каде што и денес стои.
Од мојата докторска дисертација произлегоа
и две книги. „Неопределените детерминатори во
англискиот јазик ...“ и „Неопределените детерми-
натори во македонскиот јазик...“ (2018) во која ја
поставувам македонската дефиниција за детер-
минатор и предлагам нова зборовна група детер-
минатори во граматиката на македонскиот јазик
со 30 неопределени и определени детерминато-
ри. (Библиотечен тренд бр. 51, 2020)
Од 2010 до 2012 бев претседател на Библио-
текарското здружение на Македонија (БЗМ). Од
2010-2011 година бев претседател на комисија за
избор и преизбор во библиотечни звања при Ми-
нистерството за култура. Во 2012 година ја добив
наградата „Климентова повелба“.
Од моето хоби – духовното созревање на чове-
кот преку јога практиката произлезе мојата маги-
стратура и докторат од областа на Социологија-
та, со што се стекнав со титулата Доктор по со-
циолошки науки (прв докторат 1998), а подоц-
на и со докторат од областа на филозофијата со
што се стекнав со титулата Доктор по филозофски
науки (втор докторат 2008). Во летниот семестар
на 2002 година предавав на постдипломци, пред-
мет кој сам го составив, „Психологија на духовен
раст“ на Универзитетот на Торонто, Институтот
за образовни науки на Онтарио, при Одделот за
советодавна психологија. Од ова хоби произлегоа
и повеќе книги, а последните две се пишувани на
англиски јазик: A Clock Tower (2019) и Number of
Love : my Hellen (2021) кои се теорија и вовед во
науката за Самореализација, односно, теорија за
трансцендирање на човечкото его – јас (Едно по-
главје во овој број). Бестселерот „Комплетна илу-
стрирана книга за јога“ од Свами Вишнудеванан-
да е првата преведена книга за јога на македон-
ски јазик (1993). Ја преведив на англиски јазик и
книгата „Битолијада“ од Владимир Костов заради
содржината која има силна духовна симболика
(2021).
14. Средба на роднокрајните битолски автори, 2019
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 52 202130
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
По повод кампањата „Сите во библиотека“
разговараме со претседателот на студентите на
Универзитетскиот сојуз на студенти (УСС) при
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Бито-
ла (УКЛО), Дона Петрова. Со оглед на универ-
зитетската функција на библиотеката беа от-
ворени прашања за доближување и креирање
на нови библиотечни програми кои би биле во
функција на студентите и професорите од на-
шиот универзитет. Едно од прашањата за кои
се разговараше беше и акцијата на библиотека-
та „Сите во библиотека“, каде што нашата Би-
блиотека даде можност за бесплатно зачлену-
вање на студентите од прва година на Универ-
зитетот во Битола. Освен можноста за беспла-
тен упис студентите можат да ги користат сите
ресурси на Библиотеката: научната литература,
учебниците, читалните, меѓубиблиотечно по-
зајмување, како и услуги на библиотекарите -
информатори.
Претседателот на УСС при УКЛО ни искажа
задоволство од идејата и ни понуди соработка
со медиумска покриеност преку нивните рас-
положиви средства, како што се Студентското
радио, известување по одделни единици на УК-
ЛО и поддршка преку Унијата на студенти. За-
еднички беа размислувањата во врска со кори-
стењето на библиотечните фондови, каде сту-
дентите ќе имаат можност своите семинарски,
проектни задачи, дипломски и слично да ги
прават стручно, без плагијат и неточни инфор-
мации кои можат да се сретнат на Интернет.
Новиот метод на студирање, односно ЕКТС
системот, ги вреднува овие изработени трудо-
ви со што им се олеснува на студентите во пола-
гањето на испитите, а со тоа и семинарските се
изработуваат на академско ниво.
На оваа средба се разговараше и за поната-
мошна соработка во различни активности по-
меѓу НУУБ „ Св. Климент Охридски“- Битола и
УСС при УКЛО, особено во делот кој што се од-
несува на можноста за учење во зимски усло-
ви во загреани читални, користење на индиви-
дуални читални и можности за пребарување во
базите на податоци во државата и во регионот
преку користење на COBISS програма. Низ раз-
говорот протекоа многу позитивни идеи кои се
планирани да се реализираат во наредниот пе-
риод.
Беше посочено дека многу мал број на сту-
денти користат научната литература со која
располага библиотеката и дека квалитетот на
студирањето би бил подобрен доколку секој
студент со запишување автоматски би станал и
член на универзитетската библиотека. По збо-
ровите на Дона Петрова би се намалило влија-
ние на ткн. виртуелен свет и социјалните мре-
жи, кои на младите им нудат најчесто само за-
бавни, и често непроверени содржини. На тој
начин и професорите би ги подигнале своите
критериуми во однос на семинарските и про-
ектните задачи, така што сите заедно во обра-
зовниот процес би ги подигнале компетенции-
те за квалитетно студирање.
СРЕДБА СО ДОНА ПЕТРОВА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УСС УКЛО
Подготвила м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски,
библиотекар
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.52 2021 31
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Голема чест и привилегија беше да се слуша-
ат зборовите на Весна Мундишевска-Велјанов-
ска, професорка по графички стручни предмети
во СОУ „Таки Даскало“ – Битола, но и поетеса со
повеќе збирки поезија. Таа со невиден ентузија-
зам ни раскажа како створи една непроценлива
симбиоза помеѓу двете работи што таа најмно-
гу ги сака, а тоа е работата (графиката) и пиша-
ниот збор.
Кога ја запрашавме за нејзината љубов кон
пишаниот збор и кон графиката, таа ни одго-
вори: „Љубовта кон пишаниот збор ми ја вгра-
дија моите родители и баба ми. Баба ми беше
позната по раскажување на многу убави при-
казни. Начинот на кој таа го правеше тоа беше
посебен, вистинско волшепство. Мајка ми, пак,
читаше многу книги и самата пишуваше, но и
двајцата родители вложија во мене бидејќи тие
секогаш ги следеа културните случувања и ма-
нифестации и таа љубов ми ја пренесоа и ме-
не. Пишувам од кога знам за себе, од самото
описменување. Голем број мои песни и тексто-
ви уште во основно училиште беа испраќани на
различни конкурси, беа наградувани и објаву-
вани во списанија.“
Кога ја прашавме, ‘која ~ е прва објавена
книга?’ - Таа ни раскажа: „Пресвртот се случи
кога мојата дебитантска книга беше наградена
на анонимен републички конкурс и потоа ис-
тата беше испечатена. Тоа е книгата „Во сонот
сон“ (Книжевна младина на Македонија, Ско-
пје, 1994).
Весна има освоено повеќе награди и призна-
нија, но кога ја замоливме да ни издвои која на-
града ~ е посебна таа ни одговори: „Сите се зна-
чајни на свој начин, сите носат поттик за да се
создаваат нови творби. Но, еве кога настојува-
те, секако покрај оваа награда за првата кни-
га, би ја издвоила наградата „Караманов“ што
ја добив за книгата „Вибрации на духот“, награ-
дата за поетска творба „Празник на липите“ од
Друштвото на писателите на Македонија, како
и наградите од Македонското научно друштво –
Битола и од Битолскиот книжевен круг.“
Не смееме а да не спомнеме дека Весна е ав-
тор на 13 книги поезија, 2 книги со критичко-е-
сеистички текстови и коавтор на книга со пес-
ни за деца, а автор и коавтор е и на 6 стручни
книги. Нејзината поезија е преведена на повеќе
странски јазици. Но, нејзиниот труд не застану-
ва тука, таа веќе подготвува нови книги, нови
предизици.
Секогаш е чест и задоволство да се биде во
друштво со една ваква прекрасна жена, мајка,
професорка и писателка, со која разговорите
никогаш не би имале крај, затоа што секогаш
може да се слушне нешто убаво. За крај, на пра-
шањето, „Што би им порачала на нашите чита-
тели?“ - Таа ни одговори: „Да споделуваат љу-
бов, за другите, за животот, за с`. Да ги зграбат
семожностите и да бидат писатели на својата
креативност на бидувањето!!!“
На наше огромно задоволство таа ни пода-
ри книги со посвета, па затоа, ги покануваме
нашите драги читатели да дојдат и да изнајмат
нејзина книга за да пловат низ нејзината пре-
красна поезија.
РАЗГОВОР СО ВЕСНА МУНДИШЕВСКА – ВЕЛЈАНОВСКА
Подготвила м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски,
библиотекар
Весна Мундишевска – Вељановска во средина
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 52 202132
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Светлана Папачек е писател и поет чии што
дела зборуваат за сиата на жената. Родена е во
Скопје, но љубовта ја носи во Битола, каде за-
снова прекрасно семејство, богато со историја
на животниот пат на лозата Папачек.
На наше огромно задоволство можевме да ја
запознаеме од блиску. Низ кафе и разговор таа
ни раскажуваше за неа. Кога ја запрашавме да
ни каже, од каде и кога се јавува нејзината љу-
бов кон пишаниот збор, таа ни одговори: „Уште
како ученичка во основно училиште бев дел
од литературната секција и членка на библио-
текарската секција, со што од најрана возраст
имав можност да бидам со книгите и убавиот
пишан збор.“ Таа додаде дека тоа го споменува
и во својата книга „Препород низ бессознание“.
Кога разговаравме за книгите, таа скромно
ни сподели еден прекрасен спомен. Со себе ја
носеше книгата „Шекспир во приказни“ од М.
Ч. Лемб од 1954 година, кое генерациски се чу-
ва во нејзиното семејство, а и е драг подарок од
свекрва и. Книгата му припаѓала на нејзини-
от татко кој многу сакал да чита. Токму затоа
и сентиментална вредност е уште поголема. Ни
рече: „Ова е мојата најомилена книга. Се слу-
чува често да проверувам дали е на своето ме-
сто во мојата домашна библиотека, бидејќи ми
е премногу важна. Ми значи.“
Светлана Папачек има објавено свои творби
во многу заеднички изданија во нашата Маке-
донија како и низ бившите Ју-републики. Неј-
зини посебни книги меѓу кои има и поезија и
проза се : „Препород низ бессознание“, „Стра-
сти“, „Душевни болки“, „Женски Откровенија“,
„Љубов и вера“. За своите дела таа ни сподели:
„Моја прва објавена книга е „Страсти“, но моја
најдрага книга е „Женски откровенија“ за што
истата е добитник на Златно перо за 2020 год.,
во која пишувам за сите предизвици со кои же-
ната се соочува на својот животен пат.
Таа има освоено многу награди, но кога ја
прашавме која награда и е најомилена таа не
се двоумеше: „Од многуте награди најдрага ми
е таа што ја добив во Ниш за песна и краток
расказ напишани на нишки дијалект. „Ja vjeni
dies“ ( Идат денови) е краток расказ со исто-
риски факти за едно дете еврејче кое е спасено
преку посвојување. За овој расказ ја добив 2-та
награда“ од Фондот на холокаустот на Евреи-
те од Македонија кој за прв пат организираше
литературен конкурс за краток расказ насловен
„Раскажувам фотографија“. Покрај ова ни ре-
че: „Сите награди ми значат и имаат секоја по-
себно место во моето срце. Но ете кога веќе ме
прашавте...”
За крај ја замоливме да им порача нешто на
нашите читатели, а таа со пријатна насмевна
ни одговори: „ Да биде секој свој, животот тече
и како човек старее така мудрее“. Се осознава
себеси, но и останатите. Подобро од било кога.
И како што велам во песната посветена на Исус,
после животот го добиваме она што сме го за-
служиле. Мал фрагмент од
СИНОТ ГОСПОДОВ
........................................................
Умираме пополека грешни ние.
Плаќаме за смртта негова,
мачење и страдание.
До судниот ден!
Потоа ???
Секој по заслуга.
РАЗГОВОР СО СВЕТЛАНА ПАПАЧЕК
Светлана Папчек во средина