БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД
СПИСАНИЕ НА НУУБ
„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
БИТОЛА
*
Издавач
Национална установа
Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“, Битола
ул. Пеце Матичевски бр. 39
*
За издавачот
м–р Бојан Стефановски
*
Издвачки совет:
д-р Николче Вељановски,
претседател
Илче Стојановски
Гордана Пешевска
*
Главен и одговорен уредник
д-р Николче Вељановски
*
Редакција:
д-р Николче Вељановски
Илче Стојановски
*
Лектор:
Валентина Јовановска
*
Подготовка и печат
Арт принт студио
*
Тираж
460 примероци
ISSN 1409–9497
Тел/факс.: 047/220-208;
Тел.: 047/220-515;
Тел. на Изд.: 047/232-999
www.nuub.mk
e-mail: nuub@nuub.mk
Списанието е финансирано
од Министерството за
култура на Република
Северна Македонија
СОДРЖИНА
НОВ ЕРАЗМУС ПРОЕКТ НА БИТОЛСКАТА БИБЛИОТЕКА
Подготвила м-р Фатма Бајрам Аземовска,
виш библиотекар ....................................................................................2
СТРУЧЕН СОБИР НА БИБЛИОТЕКАРИ
Подготвиле м-р Јелена Петровска, библиотекар советник и
Лидија Мирчевска, виш библиотекар ...................................................2
ЕТИЧНОСТА – ИМПЕРАТИВ ЗА ПОЗИТИВНА
ОРГАНИЗАЦИСКА КЛИМА
Приредила д-р Светлана Талеска, библиотекар советник ..................3
ПОЛИФУНКЦИОНАЛНИ ЗБОРОВИ ВО ГРАМАТИКАТА НА
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Подготвил д-р Николче Вељановски, библиотекар советник .............4
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ,
ПРЕДАВАЊА
Подготвила м-р Фатма Бајрам Аземовска, виш библиотекар ...........6
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ .............................12
15. РОДНОКРАЈНА СРЕДБА
Приредил д-р Николче Вељановски, библиотекар советник ..............13
РАЗГОВОР СО ДОБРЕ Ј. ТОДОРОВСКИ
Разговорот го водеше д-р Николче Вељановски ..................................16
ДИГИТАЛНАТА БИБЛИОТЕКА ПРИ НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ
ОХРИДСКИ“ БИТОЛА
Приредил м-р Зоран Јанакиевски, советник
за информатички работи ....................................................................21
КОЛЕКЦИИТЕ ВО ДИГИТАЛНАТА БИБЛИОТЕКА НА НУУБ
„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА
Приредил м-р Зоран Јанакиевски, советник
за информатички работи ....................................................................22
ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА КУЛТУРНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО
БИТОЛА НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА ПЕРИОДИКАТА
Подготвилa м-р Милка Котевска, библиотекар ................................29
ПО ПОВОД 8-МИ ДЕКЕМВРИ - ДЕНОТ НА ПАТРОНОТ НА
БИБЛИОТЕКАТА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
Подготвиле м-р Зоран Јанакиевски и Слободан Пачовски ....................30
2
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
НОВ ЕРАЗМУС ПРОЕКТ НА
БИТОЛСКАТА БИБЛИОТЕКА
Подготвила Фатма Бајрам Аземовска, виш
библиотекар
Нашето стратешко партнерство „Sasas Jekhvar
Jekh – Onceupon a time...“ започна!
Од 13-17-ти октомври, 2020 година, почетниот
состанок и воведниот тренинг на проектот се одржаа
во Унгарија.
Првите два дена, го одредија текот на имплемен-
тацијата на проектот. Дојдовме до согласност за пла-
нот на координација и менаџмент, којшто е водичот
за сите проектни активности.
За време на воведниот тренинг, учесниците се
подготвија ментално за имплементација на планира-
ните активности во партнерските земји. Тоа, главно,
се состоеше од следните теми:
- Ромски јазик – Истражување и секојдневен жи-
вот;
- Бајки/комуникација;
- Различни инструменти за интервју, комуника-
ција и документација со вклучени симулации и веж-
би;
- Ракување со аудио и видео технологии за сни-
мање.
Дополнително, го одредивме минималниот
број на бајки што треба да се собере по категорија и
земја, ги испланиравме мултипликаторските обуки и
дојдовме до согласност за следните работни чекори.
Освен слободните активности, како на пример
јавањето на коњ, секоја вечер имаше настан што по-
себно се истакнуваше. Заедно седевме во пријатна
атмосфера со топло вино, чоколадо и колачиња, а
учесниците им читаа бајки од нивната земја на ос-
танатите. Ова беше особено посебно и емотивно би-
дејќи сите нас не потсети на детството кога нашите
родители, баби или дедовци ни читаа или раскажу-
ваа бајки. Потоа, дискутиравме за пораката на секоја
бајка и се обидувавме да ја поврзиме со нашиот се-
којдневен живот и секојдневниот живот на Ромите во
Европа.
Следниот партнерски состанок е планиран да се
одржи во февруари, 2021 година во Турција. Проек-
тот е финансиран од програмата Еразмус плус. Коор-
динатор на проектот е германската органиција Југен-
дстил.
На 22.10.2020 г. во НУУБ - Битола се одржа Пр-
виот стручен собир на библиотекари од факултетски-
те библиотеки во Битола. Темата на собирот беше
„Организација и услуги на факултетските библиоте-
ки на Универзитетот „Св. Климент Охридски Бито-
ла“ – развој на библиотечната дејност“. На собирот
учествуваа библиотекарите од факултетските библи-
отеки на УКЛО и беа испочитувани сите процедури
за организирање на настани за време на пандемија со
ковид-19. На собирот се укажа на стручноста на биб-
лиотекарите и потреба за користење на референтна
литература на студенти и научни работници на Уни-
верзитетот, но пред се и на значењето на библиотеч-
ните сервиси на ниво на Универзитетот како и пот-
полна препознатливост во средината.
На средбата исто така беа опфатени теми од
организациската поставеност на факултетските
библиотеки во интегриран универзитет, работа со
библиотечната граѓа и корисници, управување со
информации, автоматизација на библиотечното ра-
ботење и изготвување на насоки за развој на библи-
отечната дејност што е од особено значење за евалу-
ацијата, квалитетот и изведувањето на образовните
програми на универзитетот. Како посебен дел беа об-
работени темите за стручно усовршување на библио-
течниот кадар и можности за стекнување на стручни
звања во струката. Предавачи на Собирот беа библи-
отекарите м-р Јелена Петровска, библиотекар совет-
ник и Лидија Мирчевска, виш библиотекар.
СТРУЧЕН СОБИР НА
БИБЛИОТЕКАРИ
Подготвиле м-р Јелена Петровска, библиотекар советник
и Лидија Мирчевска, виш библиотекар.
Од меѓународната соработка
3
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
ЕТИЧНОСТА – ИМПЕРАТИВ ЗА ПОЗИТИВНА ОРГАНИЗАЦИСКА КЛИМА
Приредила д-р Светлана Талеска, библиотекар советник
За успешно одвивање на секоја работа и за ква-
литетно функционирање на една организација,за
ефективно и ефикасно извршување на работните
задачи во неа, за задоволни вработени и квалитетно
услужени клиенти, многу важна е атмосферата во
која таа работа се извршува, амбиентот за работа,
работните услови и колку благопријатна организаци-
ска клима постои. Библиотечната клима претставува
токму такво преплетување на меѓусебните односи на
сите непосредни и посредни учесници во библиотеч-
ниот процес -вработените, читателите,
услугата како организиран процес, нивните вза-
емни субјективни реакции, перцепции, чувства и
емоции. Квалитетната организациска клима подигна-
та на највисоко ниво на свест за неа, би претставу-
вала основа за напредок, или пак, би претставувала
препрека за внесување на неопходните развојни про-
мени во процесот на т.н. растеж и издигнување на
организацијата.
Библиотечната клима е чувството за библиоте-
ката, односно, индивидуалните и споделените пер-
цепции и ставови на членовите на библиотеката за
неа. Таа се заснова врз чувството за организациска-
та култура - респектот кон долгорочното постоење
и опстојувањето на формалните и неформалните
системи, правилата, традициите и обичаите. Тогаш
кога активностите на сите учесници во библиотечни-
от процес имаат етички карактер , а во работењето
и меѓусебните односи се сретнуваат етичките еле-
менти, можеме да кажеме дека е постигнат главниот
фактор за квалитетен, високопрофесионален и коле-
гијален работен процес.
Оваа перцепција во поглед на тоа што се чув-
ствува за библиотеката, произлегува од тоа колку
вработените веруваат во активностите кои се превзе-
маат во неа. Овие активности влијаат врз индивиду-
алната мотивираност и задоволството ОД работата и
ЗА работата.
Библиотечниот процес мора да е заснован на
вредностите, карактеристиките, квалитетите, вешти-
ните и акциите, како и на приоритетите кои се по-
ставени и кои треба да бидат извршени. Сето тоа
го определува чувството на вработениот за органи-
зацијата, кое се однесува и на тоа колку добро чле-
новите на библиотеката комуницираат или се од-
бегнуваат меѓусебно, дали се создаваат конфликтни
ситуации, колку често се појавува потреба од разре-
шување на конфликти и дали разрешувањето на та-
квите конфликти се одвива на еден културен, профе-
сионален и цивилизиран начин.
Само тогаш кога активностите имаат етички ка-
рактер, а во однесувањето на сите вработени се срет-
нуваат основните елементи на етичко однесување,
може да се каже дека е создаден амбиент во кој може
да се реализира квалитетен работен процес кој е од-
раз на тоа како во него се чувствуваат и однесуваат
вработените, но и корисниците на библиотеката.
Етичкото однесување претставува императив во се-
којдневното работење на библиотекарите, тоа во се-
кој момент треба да претставува водич во работната
комуникација и работното однесување. Колегијал-
носта, професионалноста, довербата, високо подиг-
натата свест (најпрво за сопственото однесување,
сопствената коректност и етичност), одговорноста за
сопствените постапки и ефектот кои тие го предиз-
викуваат врз другите - тоа се основните услови за
воспоставуање здрава работна средина во која секој
од вработените би се чувствувал пријатно, задовол-
но, со вистински работен елан и енергија за совладу-
вање на секојдневните задолженија и работни зада-
чи. Само на тој начин библиотекарите ќе можат да
го зачуваат сопственото достоинство, достоинството
на библиотечната професија и достоинството на биб-
лиотеката како институција.
Библиотеката низ оддели и активности
4
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
1. Меѓу зборовите се забележуваат битни раз-
лики според нивното значење и нивната служба во
реченицата.
Делејќи ги зборовите понатаму ги добиваме
следните зборовни групи:
I. Полнозначни зборови:1. именка, 2. придавка,
3. број, 4. заменка, 5. глагол, 6. прилог.
II. Службени зборови: предлог, сврзник, части-
ца.
III. Од двете споменати групи се одделуваат, по
специфична употреба, модалните зборови.
IV. Посебна зборовна група го чини извикот.
Авторот на овој текст во својата докторска ди-
сертација „Функцијата на неопределените детерми-
натори во англискиот и во македонскиот јазик – кон-
трастивна анализа“ согледува дека членот и другите
зборови кои посочуваат, односно кои го посочуваат
предметот на мислата во именската синтагма недос-
тасуваат во македонскиот јазичен систем на зборов-
ни групи. Ако во англискиот јазик детерминаторите
стојат пред именката, истото се однесува и за опре-
делениот и неопределениот член, во македонскиот
јазик, постпозитивноста на определениот член го
прави единствено тој да стои „залепен“ на крајот од
именката што најверојатно довело до тоа да не се од-
делат и другите детерминатори како посебна зборов-
на група во македонскиот јазик.
Кога Конески зборува за првата група на полноз-
начни зборови тој вели: ‘тоа се зборови кои побуду-
ваат определени поими, било да се означува предмет,
качество или дејство и др. (дрво, висок, носи). Тие
се членови на реченицата’. На овој начин ги одвоил
именките, придавките, броевите, заменките глаголи-
те и прилозите, сметајќи дека тие сами по себе се по-
ими, додека службата (функцијата) во реченицата ја
добиле преку втората група: предлозите, сврзниците,
частиците и ги нарекол службени зборови, или служ-
бена зборовна група.
Во англискиот јазик, на членот, како и на пол-
нозначните зборови квантификатори (придавки),
броеви и заменки им се дава служба (функција) на
определувачи на именската фраза, односно на имен-
ската синтагма.
Од погоре изнесеното, земајќи ги детермина-
торите и правилото по кои тие се детерминатори
во англискиот јазик, а тука спаѓаат и некои од пол-
нозначните зборови кои истовремено имаат и служ-
ба (функција), не ни преостанува ништо друго туку
членот и овие други определувачи да влезат во сос-
тав на една сложена (збирна) зборовна група на Пол-
нозначни (и) службени зборови, како трета или петта
комбинирана зборовна група која има служба (функ-
ција) на посочување на именската синтагма.
Сепак, оваа докторска дисертација е само
едно гледање на детерминаторите во македонскиот
јазик според правилата на детерминаторите во ан-
глискиот јазик и резултатите кои произлегоа од тоа
истражување.
Авторот даав своја дефиниција за детерминато-
ри:
Детерминаторот е оператор на референција, број
и квaнтитет кој во релација со предметот на мислата
(референтот) покажува разни прагматички и семан-
тички контрасти, како и граматичка полифункцио-
налност.Дефиниција во поширока смисла: детерми-
натор е оператор на референција (идентификација),
квантитет и број кој, во релација со предметот на
мислата (референтот), покажува разни прагматички
(деиктичност) и семантички контрасти (дистрибу-
ција, дисјункција, негација, евалуација), како и гра-
матичка полифункционалност.
Македонската дефиниција за детерминатор се
разликува од англиската дефиниција затоа што чле-
нот и другите полнозначни зборови кои имаат служ-
ба да посочуваат имаат или носат род и број: Детер-
минатори се членот и другите полнозначни зборови
кои стојат пред именката и се во релација со предме-
тот на мислата, ОЗНАЧУВАЈЌИ ја ПОСОЧЕНОСТА
на именската синтагма, РОДОТ, БРОЈОТ И КВАН-
ТИТЕТОТ. Авторот воведува 20 видови неопределе-
ни и 10 видови определени детерминатори во
Што се однесува до детермина-
торите во македонскиот јазик, темата
имплицира дека, и покрај тоа што не
постојат како посебна зборовна група
во Граматиката на македонскиот јазик
од Блаже Конески (изд. 1999 : 227-229),
детерминаторите се спомнати во служ-
ба, односно функција на определувачи,
‘определеноста наоѓа свој белег во чле-
нот, а неопределеноста во неговото от-
суство’... ‘Во својата вистинска служба
(функција) членот ја означува определе-
носта на даден предмет’...
И покрај тоа академик Блаже Ко-
нески, не се знае од кои причини, опре-
делувачите, односно, детерминаторите
не ги сврстил во посебна зборовна група
во Граматиката на македонскиот јазик.
Конески (1999 : 213-214) кога зборува за
зборовните групи во македонскиот јазик
ќе рече:
ПОЛИФУНКЦИОНАЛНИ ЗБОРОВИ ВО ГРАМАТИКАТА
НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Подготвил д-р Николче Вељановски, библиотекар советник
Библиотеката низ оддели и активности
5
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
македонскиот јазик.
Прикажани се само дел од нив, а повеќе за нив
во книгата, „Неопределените детерминатори во ма-
кедонскиот јазик со контрастивна анализа во англис-
киот јазик“ од д-р Николче Вељановски, издадена во
2019 година.
Неопределени детерминатори:
Неопределен член:
еден(иот), една(та), едно(то), едни(те)
Екскламативни (извични) детерминатори:
каков, каква, какво, какви; колкав, колкава, кол-
каво, колкави; што
Прашални детерминатори:
кој, која, кое, кои; чиј, чија, чие, чии; што, каков,
каква, какво, какви (What kind?); колкав, колкава,
колкаво, колкави (What size?); колку
Номинални релативните заменски детерминато-
ри:
кој-годе, која-годе, кое-годе, кои-годе;
кој било, која било, кое било, кои било;
(Whichever?) (any)
Заменски детерминатори:
еден(иот), една(та), едно(то), едни(те); некој(си),
некоја(си), некое(си), некои(си); и едниот и другиот,и
едната и другата, и едното и другото; (двата, двете,
двете) и едните и другите;извесен, извесна, извесно,
извесни (a, some, certain)
Присвојни заменски детерминатори:
нечиј, нечија, нечие, нечии; (some one’s); сечиј,
сечија, сечие, сечии (every one’s); било чиј, било
чија, било чие, било чии како алтернативен
Определени детерминатори:
Определен член –от, -та, -то, -те
Определени деиктички членови:-ов, - ва, -во, -ве;
-он, -на, - но, - не
Показни детерминатори: тој, таа, тоа, тие...
Показни деиктички детерминатори: овој, оваа,
ова, овие; оној, онаа, она, оние
Присвојни детерминатори: мој, моја, мое, мои,
мојот, мојата, моето, моите; твој,...
Присвојни деиктички детерминатори: мојов,
мојава, моево, моиве; мојон, мојана, моево, моине;
твојов,...
Универзални (заменски) детерминатори: сиов,
сева, сево, сиве; сион, сена, сено, сине; двава, двеве;,
двана, двене, (all, both)
Други најнови изданија на авторот се: “The
Indefinite determiners in the English Language with
contrastive notes on Macedonian” и A Clock Tower
(книга за трансценденција на его- јас преку сѕмболи
на зборови на англиски јазик, сонови, духовни иску-
ства на авторот и сл.) издадени во 2019 год. Во мо-
ментот работи на вториот дел, A Love Number :
My Hellen
Авторот е и преведувач на книгата „Битолијада“
од писателот, академик Владимир Костов која е во
подготовка за печатење.
Библиотеката низ оддели и активности
6
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
Алберт Ајнштајн сметал дека бајките се важни
затоа што ја стимулираат имагинацијата. Тој дефини-
тивно верувал во користење на имагинацијата: „Има-
гинацијата е поважна од знаењето, бидејќи знаењето
е ограничено, додека имагинацијата го опфаќа цели-
от свет, стимулира напредок, раѓа еволуција“.
февруари –март 2020
Курс за ИТ - вештини
Во периодот февруари –март 2020 година, во
просториите на Библиотеката се одржа краток курс
од 7 часа за ИТ-вештини од областа на фотошоп,
илустратор и видео едитирање. Часовите се одржу-
ваа еднаш неделно. Овој курс го оодржа волонте-
рот Андреи од Романија кој е дел од ЕВС проектот
„Кажи да за промена“ финансиран од Еразмус + про-
грамата.
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ, ПРЕДАВАЊА
Подготвила м-рФатма Бајрам Аземовска, виш библиотекар
Еден од најпознатите цитати на Ајнштајн е:
„Ако сакате Вашите деца да бидат интелигентни, чи-
тајте им бајки. Ако сакате тие да бидат уште поинте-
лигентни, прочитајте им повеќе од нив “.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола започ-
на да го реализира новиот проект „Да им читаме на
децата“. Проектот започна да се реализира во месец
јануари и за жал поради пандемијата траеше до пр-
вата недела од месец март 2020. Во текот на овие два
месеца имавме над стотина деца.
Секој ден им се читаа книги на децата, се обра-
ботуваа содржините, ги раскажуваа приказните де-
цата и библиотекарите.
Потребно е да се поттикне детската фантазија.
„Да им читаме на децата“
21.02.2020
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
јан - март - 2020
НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола со
низа настани го обележа 21 февруари - Меѓуна-
родниот ден на мајчиниот јазик. Учениците под
менторство на наставниците читаа поетски твор-
би на македонски, албански, ромски, турски,
влашки, англиски и француски јазик.
На почетокот на настанот директорот на
НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола м-р
Бојан Стефановски го истакна значењето од збо-
рувањето и творењето на мајчиниот јазик. Потоа
на учениците и менторите им подели благодар-
ници за нивното учество.
Во 2000 година 21 февруари е промовиран
како Ден на лингвистичка и културна разновид-
ност и мултилингвизам.
Библиотеката низ оддели и активности
7
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
Во рамки на одбележувањето на Меѓународени-
от ден на мајчиниот јазик една од активностите беше
посетата на децата во градинката „ Пролет“ - Бито-
ла . Децата имаа можност да ги слушаат приказни-
те за „Бон тон“ и „Како да се однесуваме во парк“.
На децата им читаа библиотекарите Вера Марковска,
Јасмина Кочовска и Слободан Пачовски. Додека пак,
при посетата на градинката „Снегулка“ – Битола,
библиотекарката Гордана Ѓорѓиевска-Неделковски
им покажуваше како изгледа 3Д сликовница и воедно
ја слушаа приказната за „Јовче и дрвото грав“.
25.02.2020
Кариерно и професионално насочувње
Во рамките на проектот „Што е следно?“ пре-
ку Еразмус програмата, основното училиште „Св.
Климент Охридски“ од Битола беше домаќин на
претставници од Норвешка, Данска, Германија и
Полска.
Гостите беа запознати со работата на одделите
како што се: заштита на книга, периодика, обработка
на книгите, програмата COBISS, запознавање со те-
ковни проекти итн. Тие беа заинтересирани и за на-
шето учество во програмата Еразмус.
На 7-ми март во НУУБ „ Св. Климент Охрид-
ски“ - Битола, се одржа доделувањето на наградите
по повод традиционалниот литературен конкурс за
краток расказ. Беа доделени симболични награди и
благодарници за учесниците на конкурсот. Тричлена-
та комисија во состав Илче Стојановски претседател
на комисијата и претставник од НУУБ „Св.Климент
Охридски“ - Битола, Маргарита Кочанковска дипл.
проф. по Македонски јазик и книжевост и Светлана
Папачек - Организација на жени на општина Битола,
донесоа едногласна одлука и ги доделија наградите
на :
- Категорија возрасни: 1. Сејфула Елези –
Скопје; 2. Јагода Василевска – Битола,
3. Белинда Сипкоска Гаштарова - Битола
- Категорија ученици: 1. Нектарија Илиевска –
Битола, 2. Михаела Стефановска - Битола
Благодарност до сите учесници и честитки до
наградените.
07.03.2020
Конкурс за краток расказ
Библиотеката низ оддели и активности
8
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
Семинарот “Современи методи и алатки при
работа со ученици со дислексија и дискалкулија” се
одржа во НУУБ “Св. Климент Охридски” Битола, во
соработка со Здружението за Дислексија Ајнштајн од
Скопје. Семинарот беше наменет за сите наставни-
ци/професори, специјални едукатори и рехабилита-
тори, педагози, психолози, логопеди, родители како и
за сите заинтересирани граѓани.
Дамјан Николовски од Здружението за Дисле-
ксија Ајнштајн од Скопје укажа на потребата од
едукација на родителите, но уште повеќе на настав-
ниците за препознавање на проблемот кој води кон
тешкотии со учење. Од името на Библиотеката, про-
грамскиот раководител м-р Јелена Петровска збору-
ваше за важноста на ангажирањето на библиотеките
во програмите на заедницата врзани со важни про-
блеми во едукативниот процес,во секојдневно жи-
веење на граѓаните па се до заедничко креирање на
библиотечните проекти. Беше најавена и претстојна-
та кампања на библиотеката насловена како „Читај за
да го промениш светот“.
Семинарот го водеше водеше лиценцираниот
предавач за корекција на дислексија, дискалкулија
и АДХД по светски познатиот метод на Рон Дејвис,
г-ѓа Славица Тасевска Николовска од Скопје.
По завршување на Семинарот сите учесници до-
бија сертификат за учество и едукативни материјали
за работа со ученици со дислексија и дислалкулија.
НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола по по-
вод 8-ми Меѓународниот ден на жената, постави те-
матска изложба на книги од жени писатели во холот
на библиотеката.
21.05.2020
Хортикултурни библиотеки
НУУБ „Св. Климент Охридски беше учесник во
смотра на хортикултурни библиотеки во регионот.
Љубов кон цвеќето и поезијата е патот што не води
во цветна иднина. Следејќи ги иновативните и кре-
ативни програми во регионот и светот НУУБ „Св.
КлиментОхридски“ – Битола пред три години стана
дел од мрежата на хортикултурни библиотеки. Кон-
цептот се состои во запознавање, користење и прак-
тична апликација на знаења и литература од областа
на ботаниката, како и промовирањето на литература
од истата област, со што библиотекарите го унапре-
дуваат квалитетот на своите услуги преку поголемо
користење на фондовите на библиотеката и облику-
вањето на позитивна свест за уредување на работ-
ни и животни простори. Со видео учество се при-
дружија библиотеките од Србија, Хрватска, Босна и
Херцеговина и Македонија (Битола и Радовиш).
Изложба по повод 8-ми март07.03.2020
Семинар за Дислексија
Библиотеката низ оддели и активности
9
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола е учесник
во проектот „Виртуелна училница за поддршка при реа-
лизација на училишните обврски кај ученици Роми од I-V
одделение за време на COVID-19 “, кој го реализира здру-
жението за развој на ромската заедница Македонија- СУМ-
НАЛ – Битола. За таа цел здружението во соработка со
наставници од основните училишта “Климент Охридски“
„Ѓорги Сугарев“ – Битола и НУУБ „Св.Климент Охрид-
ски“ – Битола и универзитетски професори работеа заед-
нички на организација на виртуелни училници со примена
на online наставни форми и методи за реализација на про-
цесот на учење, како и примена на креативни методи и тех-
ники за развој на креативноста во процесот на учење кај
учениците Роми од I-V одделение.
Промоцијата на едицијата „Децата го менуваат светот“
од авторката д-р Горица Поповска Налевска во издание на
Топер, се одржа просториите на НУУБ „Св.Климент Ох-
ридски“- Битола, каде авторката реализираше интерактив-
на работилница на која децата се запознаа со дел од лико-
вите во сликовниците и имаа можност на креативен начин
да ги презентираат обработените теми, меѓучовечкитеод-
носи, вредности и чувства.
Едицијата „Децата го менуваат светот“ составена од
7 сликовници, праќа силна порака со поучен карактер од
аспект на развивање на морални вредности, емпатија и ал-
труизам.
Над 50 деца на предучилишна возраст и ученици
од основните училишта, средните училишта од Битола
слободното време од распустот го исполнија со креативни
ликовни активности. Децата твореа по свој избор и ги из-
разуваат своите чувства. На децата им недостига другару-
вање и учењето во училишните клупи, затоа овие онлајн
средби преку mesinger и Zoom - платформата ги очекуваат
со нетрпение.
14.08.2020
Промоција на „Децата го менуваат светот“
Библиотеката - виртуелната училница
Проект Креативни работилници
Библиотеката низ оддели и активности
10
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола заедно
со ЕРЦ СОРАБОТКА организираа вечер за прикажу-
вање на кратки филмови поддржана од Министер-
ството за култура на Северна Македонија. Целта на
проектот беше подигање на свеста за семејните вред-
ности, домашната злоупотреба и влијанието на меди-
умите и социјалните медиуми на помладата генера-
ција во едно домаќинство. Учесниците имаа шанса
да гледаат кратки филмови од Велика Британија,
Турција, Чешка, Украина и Северна Македонија. На
настанот, имавме 15 учесници од различна социјална
припадност и образовно ниво.
По повод 4 Ноември – Денот на ослободувањето
на Битола, во холот на Библиотеката е поставена из-
ложба на книги.
Во просториите на Библиотеката се промовираа
расказите кои се дел од проектот „Мојата дигитал-
на сликовница“. Расказите се заеднички проект на
НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола и Едукати-
вен центар „Едусфера“ – Битола. Во изминатиот пе-
риод претходеше јавен повик до сите заинтересира-
ни ученици да достават раскази по слободен избор.
Најдобрите раскази беа наградени со доделување на
книги и благодарници на сите кои учествуваа.
Расказите се достапни на македонски, англис-
ки и германски јазик.Со овој проект се приближува-
ме и до една специфична категорија на љубители на
книги – лицата со оштетен слух, говор и вид. Проек-
тот е финансиран од Министерството за култура на
Република Северна Македонија.
По повод 23 Октомври – Ден на македонската
револуционерна борба, во холот на Библиотеката е
поставена изложба на книги кои не потсетуваат на
23 октомври 1893 година во Солун кога е основана
Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна
Организација (ВМОРО), која подоцна станува ма-
кедонско национално движење и дејствува со цел за
извојување автономија на Македонија преку револу-
ционерна борба.
„Денови на светската култура“ 30.10.2020
Проект „Мојата дигитална сликовница“
30.10.2020
Изложба по повод 4-ти Ноември
Изложба на книги по повод 23
Октомври
Библиотеката низ оддели и активности
11
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, на со-
цијалните мрежи ги покани сите читатели да учест-
вуваат во креирањето на нови иновативни програми
наменети за младата генерација. Наидовме на голем
интерес од нашите читатели, кои ни испратија кре-
ативни, забавни и иновативни фотографии. Најус-
пешните фотографии беа објавени на нашите со-
цијални мрежи, а како подарок добија и бесплатно
едногодишно членство во нашата библиотека. Коор-
динатор на проектот е м-р Гордана Ѓорѓиевска-Не-
делковски.
Се одржа првиот од серијата промотивни наста-
ни поврзани со воведувањето на македонскиот јазик
во ЕПАЛЕ- платформата.
Средбата се одржа во НУУБ „Св.Климент Ох-
ридски, “ – Битола, а наши гости беа претставници
на повеќе библиотеки од пелагонискиот регион. Ор-
ганизатор м-р Фатма Бајрам Аземовска.
На средбата воведен збор имаше Марко Ѓорги-
евски, в.д директор во Националната агенција за ев-
ропски образовни програми и мобилност и ЕПАЛЕ
Националниот сервис за поддршка. Тој ја потенцира-
ше потребата од поголема видливост на квалитетни
содржини од македонските корисници, интеракција
со колегите од странство, креирање на заеднички
проекти и интернационализација на работата на ин-
ституциите вклучени во образованието и учењето за
возрасни.
Потоа, следеше презентација од Љупка Ќуркчи-
ева- ЕПАЛЕ -Координатор.
Во практичниот дел, секој учесник на состано-
кот имаше можност самостојно, чекор по чекор, да
отвори свој профил на ЕПАЛЕ или да објави вест/
информација за својата организација.
Библиотекари од нашата установа, ги посетија
учениците од второ одделение од ОУ “Елпида Кара-
манди“- Битола, со цел да им ја “доближат“ библи-
отеката на најмалите ученици. На учениците библи-
отекарката им ја прочита сликовницата “Девојчето
и дванаесетте месеци“, со што учениците кои сега
почнуваат да се описменуваат, слушнаа како треба
правилно да се чита. При посетата беа запазени сите
протоколи, при што на влезот беше измерена темпе-
ратура, а во училниците на растојание пред таблата
беше поставено место за седење се со цел да се из-
бегне било каков контакт со учениците и со учител-
ката.
Проект- Направи Selfie 24.11.2020
ЕПАЛЕ – платформа
Читање од сликовница
Библиотеката низ оддели и активности
12
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
Познатиот македонски писател ПЕТРЕ ДИМОВСКИ со расказот „ТРКА ЗА ЖИВОТОТ“
ја доби првата награда на традиционалниот конкурс за најдобар расказ на весникот „Нова
Македонија“)
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ
Конкурсот беше анонимен а во конкуренција
биле околу 200 раскази. Тој е најреномираниот кон-
курс за краткиот расказ на кој македонските рас-
кажувачи ги одмеруваат своите творечки сили.
Најдобрите македонски раскажувачи се пројавиле
токму преку овој конкурс, како
Петре М. Андреевски, Живко Чинго, Венко Ан-
доновски, Блаже Миневски. Петре Димовски уште
во своите почетоци од раскажувачката дејност, во
1970 година, како студент, беше награден на овој
конкурс со „Расказ за слепиот коњ“, а со најновата
награда само се потврдува неговата раскажувачка
вештина.
Според Весна Дамчевска, уредничка на редак-
цијата за култура и претставничка на „Нова Маке-
донија“, меѓу критериумите на жири комисијата при
избор на наградените раскази биле автентични и
иновативни теми, коректна јазична структура, стил-
ска разноликост и вешта раскажувачка техника. Рас-
казот „Во трка за животот“ е работен по современа
тема и со нов модерен израз.
Во изјавата селекторот на конкурсот Александар
Прокопиев истакнува дека „Првонаградениот расказ
„Во трка за животот“ на Петре Димовски е напишан
возбудливо, монтажно, како филмско сценарио, но со
една подлабока порака што ја носи, порака за живот-
ната трка и трката со животот. Напишан е со многу
духовити решенија, ја има таа нота на непредвидли-
вост и хумор и е доследно изведен од почетокот до
крајот. Изобилува со прекрасна техника на раскажу-
вање, многу е духовит, напишан од човек со големо
животно искуство.“
ОДДЕЛ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУГА ЗА ВО-
ЗРАСНИ
ШТО НАПРАВИ!? – Клер Мекгован
ВИЛИНО – Винка Саздова
ПРЕСМЕТКА – Ирса Сигурдадотир
ЧОВЕКОТ ОД МАГЛАТА – Донато Каризи
ПОГЛЕДОТ НА ДЕЛФИКА – Мирон Динков
АВИЈАТИЧАРОТ – Евгениј Водолазкин
ЦАРИЦАТА РОМАНОВА – Кристофер Б. Гортнер
ЖИВ МРТОВЕЦ – Шерон Болтон
ПРИЈАТЕЛИ ВО ГРОБ – Неле Нојхаус
ТИ ТРЕБА САМО ЉУБОВ – Мари Форс
ТИ СИ SВЕР – Џен Синсеро
ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА
НОВИОТ ПОЛИЦАЕЦ – Кејт Томсон
ТЕРИ И ПРИНЦОТ- ЗМИЈА – К. В. Јохансен
220 ЛИНИИ – Малгожата Гутовска – Адамчиќ
КАКО ВО ФИЛМ – Винко Модерндорфер
МИ ЧУКА ЛИ СРЦЕТО ЗА ТЕБЕ I, II – Оливера
Николова
КАПЕТАНОТ ТОРНАДО – Миливој Матошец
ЈАЗОВЕЦОТ ИТРЕ ЈА НАЈДЕ ГОЛЕМАТА ЉУ-
БОВ – П. Станчиќ, Л. Дворжакова
ПРИКАЗНАТА ЗА СИНАТА ПЛАНЕТА – Андре
Снаер Магнасон
СУПЕРВЕШТЕРКАТА, МАЧКАТА
И ШЕСТЕ ВОЛШЕБНИ КОЛАЧИЊА – Биљана С.
Црвенковска
ШТРАКА ШТРУКЕ – Александар Кујунџиски
БИЛО И СЕ СКРИЛО – Киро Донев
Библиотеката низ оддели и активности
13
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
15. РОДНОКРАЈНА СРЕДБА
НЕПРАВДАТА ГО ЈАКНЕ ЧОВЕЧКИОТ УМ... ВРЕМЕТО НЕ ГИ БРИШЕ ЧОВЕЧКИТЕ
ВРЕДНОСТИ
Петнаесеттата роднокрајна средба на битолски-
те писатели во Македонија која Националната ус-
танова – Универзитетска библиотека „Св. Климент
Охридски“ Битола ја организираше преку темата:
“Моите ликови – од страв и немоќ во револт кон чо-
вечките вредности”.(За поетите Револтот на поетот
во мене кон...) се одржа на 13.10.2020 г. во читалната
на Роднокрајното одделение. На оваа традиционална
Средба по 15-ти пат, овојпат во дупло помал број на
присутни заради пандемијата на вирусот COVID 19,
но со 17 текстови од учесницитеод Битола, и Скопје
меѓу кои Академик Владимир Костов (во отсуство),
Никола Кочовски (во отсуство), Ѓорѓи Прчков (во
отсуство), Љубе Митрејчевски, Добре Тодоровски,
Елизабета Јончиќ, Петре Димовски (во отсуство),
Весна Мундишевска Вејановска, м-р Сања Мучкаје-
ва Видановска, Биљана Т. Димко, проф. д-р Христо
Петрески (во отсуство), Ванчо Полазаревски (во от-
суство), Јован Ѓуровски (во отсуство) и за прв пат,
Благој Поповски, Илче Стојановски, Биљана Тодо-
ровска и Николина Ѓуровска (во отсуство) и други на
кои не им беа прифатени текстовите.
На почетокот воведен збор имаше директорот
на Библиотеката, м-р Бојан Стефановски кој топло
ги поздрави присутните и им заблагодари за прису-
ството и покрај ситуацијата која не затекна со пан-
демијата. Организаторот и модератор на Средбата
д-р Николче Вељановски, библиотекар советник им
се заблагодари за храброста на присутните, накратко
образложувајќи ја причината за една ваква тема која
произлезе од една ваква посебна ситуација во која се
најдоа сите луѓе од целиот свет. Пред да почне сред-
бата со едноминутно молчење му беше дадена по-
чест на неодамна починатиот Петко Шипинкаровски
кој беше постојан учесник на Средбата, доаѓајќи од
Струга. (Организаторот, пред присутните, изнесе и
кратка негова биографија).
Еднаш ја распостелив и ја ветив младоста пред
овој свет, тогаш бев млада и неука во болката, непис-
мена во мудроста која извира од трпеливоста, неви-
на пред неправдата. Годините си го прават своето,
спрегнати како на воденички камен постојано го
мелат човека, да искуси се што можат да издржат
неговите коски, а да не се предаде, еднаш еден чо-
век ми даде еден едноставен совет: „Неправдата го
зајакнува карактерот на човекот“.
За напредок треба да се ангажираат вредностите.
Невредностите произведуваат револт. Една власт во
своето владеење толку ќе биде успешна колку што ќе
умее да го искористи вредносниот потенцијал акуму-
лиран во државата.
Во поканата до битолските роднокрани автори
беше дадено и кратко образложение за темата.
Денешното врме е време на голем технолошки
напредок во кое светот е наречен „глобално село“.
Истовремено, тоа е време на губење на човечките
вредности, односно, меѓусебниот респект кај луѓе-
то...
По Средбата, на присутните им беше придадено
едно мало внимание, нотес и стило. Со надеж дека
повторно ќе се видиме на 16. Роднокрајна средба.
Приредил д-р Николче Вељановски, библиотекар советник
Библиотеката низ оддели и активности
Биљана Т. Димко Петре Димовски
14
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
ВРЕМЕ НА ОТТУЃУВАЊЕ И ОД
НАЈБЛИСКИОТ
...ТРПЕЛИВОСТ, БУНТ И ОХРАБРУВАЊЕ
НА ПОЕТОТ ВО МЕНЕ
ОД ЖЕД ДО УБИСТВО
ЕКОТ НА ПОЕТОТ ВО МЕНЕ
ЗА ЗАГУШЕНИТЕ ЧОВЕЧКИ ВРЕДНОСТИ
РЕВОЛТОТ НАД ЖЕЛБАТА
A N G E L U S
РЕВОЛТОТ ВО МЕНЕ КОН СУДБИНАТА НА
МАЈКАТА ШТО ГО ИЗГУБИ СВОЕТО ЧЕДО
КОГА И БОГОВИТЕ ИМААТ ИНТЕРНЕТ,
РЕАЛНОСТА МОЛЧИ
Скоро во сите мои романи-прозни дела,присутен
е како раскажувач или главен лик-Даскалот во кого
го препознаваат авторот. Даскалот е човек од „сред-
на“ класа: нити богат, но нити сиромав за да го гледа
животот од овој агол, реално, објективно. Човечките
вредности ги прокламирал да речеме, Синот Божиј,
Христос, ама Бог ги создал, измислил и човечките
невредности.
Кога станува збор за револт, јас лично го дожи-
вувам внатре во мене, го чувствувам гледајќи ја се-
која неправда во опшеството која на нас младите ни
го стеснува патот до успехот и ни ја гаси и последна-
та капка надеж што останала во нас.
„Границата е пократка од должината на наде-
жта!“
Општествената појава на колективен страв
предизвикан од фобија на пандемијата Ковид 19 во
сите ја разбранува рамнодушноста. Не оставајќи ни-
кого без разбранувани емоции едноставно нѐ прити-
сна како бранот зрната песок. Луѓето се повлекоа во
интеракција со системот за да се изборат со сопстве-
ната вознемирена психичка активност во обид да ги
заштитат најблиските, себеси и општеството.
Во врска со темата, обидот да го сумирам во
еден текст мојот опус од енциклопедиски карактер
и размер, ми излезе неуспешен. Таквите текстови се
содржат во книгата „Хераклејски мозаик“, која прет-
ставува зборник од 151 новелети кон кои се приклу-
чени и уште 52 новелети во книгата „Хераклејски
мозаик – додаток“:
Двајца војници на српската војска, Србин и
Македонец, заскитани со денови по планината по
уништувањето на нивната борбена единица во ката-
строфален борбен јуриш, убиваат здогледан дезер-
тер од бугарската војска. Во време на извршувањето,
на убиството, тие биле свесни дека војната ги отчо-
вечува луѓето, ги прави крвожедни...
Така и посакувам. Сиот мој свет да биде среќен.
Заедно да ја споделуваме радоста. Да ни се полни
душата со успехот на роднините, на соседот, на ко-
легата од работа. Но сепак, неизбежни се несреќите
како онаа што го снајде Виктор и неговите најблис-
ки. Тогаш ја напишав песната „До сите Вас“:
Ова е време на парадокси! Време во кое нормал-
ното станува сè понеприфатливо, обезвреднувањата
стануваат нови вредности, време во кое мноштво ни-
ски човечки страсти вешто маскирани се сервираат
како модерни човечки доблести, а човекот можеби
повеќе од секогаш е во потрага на пат кон себеси.
Лажните богови се насекаде околу нас. Носат
промени со лажни вредности, искривени слики од
реалноста, сите вредности собрани во една црна
вреќа и исфрлени на ѓубриште... Богот на интернетот
е буквално новороденче споредено со останатите
богови, се уште нема име. Може да се вика Ченџер,
си велам, изведено од англискиот збор change (про-
мена). Тој е толку заводлив, толку неодолив, што
Аполон паѓа во потполна сенка покрај него. Никој
повеќе не принесува жртви на ниеден бог. Сите жрт-
ви се принесуваат на Ченџер.
Библиотеката низ оддели и активности
Јован Ѓуровски
Елизабета Јончиќ Академик Владимир Костов
Никола Кочовски Љубе Митрејчевски
Весна Мундишевска-Велјановска М-р Сања Мучкајева Видановска
Николина Ѓуровска
15
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
КОНСТРУКЦИЈА, ДЕСТРУКЦИЈА,
ПРОЕКЦИЈА...
Или: накратко за едни метални кутии,
синџири и катанци...
К О Р О Н А
ЗА ЦРНО – БЕЛИОТ СВЕТ
КАКО СЕ ПЛЕТЕ МРЕЖАТА ЗА
УЛОВЕНИОТ ЛИК ДА БИДЕ ГЛАВЕН
МОИТЕ ЛИКОВИ – ОД СТРАВ И НЕМОЌ ВО
РЕВОЛТ КОН ЧОВЕЧКИТЕ ВРЕДНОСТИ
РЕВОЛТОТ НА ПОЕТОТ ВО МЕНЕ
Во една Библиотека во Републикава - внимател-
но и грижливо ги чуваат ракописите на роднокрајни-
те писатели во метални сандуци. Во друга Библиоте-
ка, исто така во Републикава - книгите се ставени во
плакари заклучени, но и врзани со синџири и уште
еднаш заклучени со катанци. Но, за жал, ракописите
се ставени во метални кутии, кои многу наликуваат
на мртовечки сандуци. На металните кутии, пардон
сандуци - го пишува и името на авторот кој ги оста-
вил како завештание. Темата е суптилна, опозитна
и реверзибилна, а јас во свое име и во име на моите
ликови, сакам да сум надвор од тие метални санду-
ци, клучеви и брави, синџири и катанци...
Јас не ги признавам главните јунаци за главни,
тие се само еден дел, еден сегмент од неверојатната
сложеност на сложените соодноси на човечките би-
тија без оглед на тоа каква улога им припаднала во
какво и да е пишувано/компонирано/сликано дело.
Со оглед на тоа што подолго време медицината
не го има откриено лекот за корона вирусот ковид 19,
човекот е подеднакво блиску како до животот така и
до смртта. Мајката природа го предупредува човекот
да биде повнимателен со својата алчност, страст и
желби:
Орото напред смртта го води
Запејте петли за ужас со крај
Сестро sвездо месечино сјајна,
Подај ми рака за да се спасам
Чудо се случи на земјата цела,
Човек од човек подалеку бега...
Се чувствувам како бланко љубовник кој понеко-
гаш и љубовта кон себе, единствена и нарцисоидно
- изопачена, ја претворам во себесожалување. Значи
неодреден, на врвот од случувањата со високо подиг-
ната глава, полн со исправни теории, стојам и не се
помрднувам ни за милиметар како би сторил нешто.
Со малото прсте се обидувам да љубам несимпатич-
ни лица кое во некое јалово минато би ги срамнил со
земјениот прав, и после само неколку милjи конвер-
зации чуствувам пот во пазувите... А и Исус не дојде
на земјата за да донесе мир, туку меч.
Морам да стигнам до прагот и да зачекорам мол-
кум во тишината во куќата на желбата збор што се
вика и цврсто и силно да стапнам за да не ме убие
неговата моќ.“
„Аманет кој се чува, се сонува во сонот. Де-
сетденарка скриена во дланката, изгужвана, нерасит-
нета, и неколку врвци во џебот за да си ја заврземе
лозата, да ја зачуваме“.
Не, јас не сум поет, јас сум само Господар на ха-
осот во моите мисли создаден од стравот. Моите ли-
кови се болни, од љубов, за љубов, копнеат да бидат
сакани, да сакаат. Денес често ја сретнувам мислата:
„ Сакајте се себе си.“ Токму во тие моменти кога ја
слушам, ми се превртува желудникот, добивам на-
гони за повраќање, заради нејзиното грешно толку-
вање. Како може во ова време на современа техноло-
гија, напреден свет, преку вештачката интелигеција
толку ad hominem, да се токуваат мислите?
Библиотеката низ оддели и активности
Проф, д-р Христо Петрески Ванчо Полазаревски
Благој Поповски
Илче Стојановски Биљана Тодоровска
Ѓорѓи Прчков
16
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
МОЈОТ РЕВОЛТ КОН ЧОВЕЧКИТЕ ВРЕДНОСТИ ИМА МЕРКА
РАЗГОВОР СО
Кај голем дел од ликовите во моето творештво базичното е во настојба за опстојба, односно каква таква
егзистенција, забележена во времето и просторот во кој се наоѓал. Тоа не се имотни, имашни ликови, ами за
сосема обични луѓе, и покрај сите случувања, стравови и ужаси, тешки човекови неправдини, омаловажување,
потчинување и потценување од сите околу нас, од оние кои полакомиле по македонското парче земја. Револтот
се јавува кога ќе се посегне по неговото достоинство, негирање на неговото, одземање на зборот, небаре е
безгласна лиотинка, затоа што со тоа умира и честа како највисока морална и етичка вредност.
ДОБРЕ Ј. ТОДОРОВСКИ, (1960) еден од по-
познатите македонски писатели. Напишал 10 романи
и 7 книги со раскази. Неговиот последен роман „Се-
стра Касијана“ побуди голем интерес кај читателска-
та публика, што беше и повод за нашиот разговор.
Својот работен век го поминавте како воено
лице кое цел живот знае за ред дисциплина, прет-
поставувам и неголема верба во религија и Бог.
Вие во своето творештво се свртивте кон теми со
религиозна содржина, романот ,,Последниот мо-
нах“, а потоа романот ,,Сестра Касијана“. Што ве
натера на таа страна?
- Добро рековте. Јас како воено лице живеев и
работев во поранешната држава во која преовладува-
ше атеизмот. Но, никогаш не ми беше забрането да
ги почитувам верските обичаи, како посебност кои
не одвојуваат од другите народи. Бев обичен верник.
Со издавањето на овие два романи не значи дека го
напуштив стилот во пишувањто. Погледнете ги на-
словите од моите книги ќе видите дека не е така.
Но, во време кога не ви го признаваат јазикот,
верата, црквата и што уште нè, токму оние истите
кои се молат и веруваат во истите светци и ги сли-
каат истите икони, кога сте негирани од таквите, ми
се чини дека некаков внатрешен револт поттикна
идеја, да се напише и запише нешто за тие луѓе кои
секојдневно настојуваат да ги обноват нашите духов-
ни христијански храмови.
Ако го следите моето творештво ќе забележите
дека секој од моите романи (како и расказите, дра-
мите, монодрамите) се со различна тематика, кои се
надевам побудуваат интерес кај читачката публика.
Една случајна средба со еден монах, кој по потекло
е од моето родно Бабино, Демир Хисар, ме натера
еден дамна чуван текст да го искористам, а при тоа
како последно духовно лице од Бабино (затоа што
таму веќе нема жител и сè може да биде последно)
да го вметнам во темата. Го посетив манастирот во
Слепче и таму се роди друга идеа. Најдов дека таков
роман, или поскоро, романизирана историја на една
(или повеќе) монашки приказни, всушност би прет-
ставувале новост, во современата македонска кни-
жнина.
Точно е тоа дека романите ги пишував скоро
осум години, со посета на манастирите, при што се
трудев да ги запазам сите канонски норми (утврдени
црковни правила) и присуство на монашките послу-
шанија. Тоа, од причини што се работи за специфич-
на тематика, за луѓе кои се одлучиле животот да го
живеат поинаку од другите, посветен Господу. Луѓе
со подруги сфаќања и однесување кое го наложува
црквата.
И во едниот и во другиот роман обработувам
реална приказна за два живеани света на носечките
ликови, оној од секојдневното живеење и тематики
од монашкиот живот на сестрите монахињи. Како
да Ви кажам. Тоа е еден таинствен свет, исполнет со
молитви, немерлива љубов и среќа во славењето на
нашиотБог.
Добре Тодоровски
Интервју...
17
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
Како дојдовте до идејата да го пишувате романот Сестра Касијана. Која е Касијана?
Каков е предизвикот да пишувате за еден живот сосема различен од Вашиот световен живот?
- Идејата за роман со таква тематика веќе ми
беше присутна, како посебност, нешто што би било
подруго од, до сега пишуваното. Бев со намисла да
биде тоа трилогија со духовна тематика. Собирајќи
материјал за ,,Последниот монах“ имав претстава за
монашкиот живот, но трагав по карактеристичен лик
од некоја монахиња. За таа цел посетив повеќе ма-
настири. Но, како главен ,,виновник“ би можел да го
посочам писателот Радован П.Цветковски, кој при
една посета на манастирот во Рајчица, Дебарско ја
запознал монахињата Касијана. Неговото запозна-
вање е опишано во романот. Со Радован многу пати
водевме долги разговори за содржината на романот
,,Последниот монах“, и во една прилика му ја открив
идејата дека сакам да пишувам и за монахиња.
Како се работеше за посебна личност, оперска
дива со исклучителен талент, позната меѓу своја-
та фела, само по себе се наметна идеата таа да биде
главниот носечки лик на романот.
Сè уште не беше објавен романот ,,Последниот
монах“, кога при една посета на Бигорскиот мана-
стир се запознав со Владиката Партениј, тогаш игу-
мен на Бигорската монашка обител и разговаравме
за романот ,,Последниот монах“. Како што е ред во
православието, од него побарав дозвола и благослов
да пишувам за монахињата Касијана.
Монахињата Касијана, како и другите сестри
монахињи се кротки духовни чеда, посветени на
своите послушанија и мисијата за која се заветиле.
Сестра Касијана по потекло е битолчанка, од позна-
то музичко семејство. За нејзиниот моќен глас сум
слушал од други додека не ја запознав. Иако подолго
време ја пишувавме содржината, кај неа секогаш на-
оѓав коректен соговорник и соработник. Секако дека
ми помагаше околу употребата на црковните терми-
ни, поими, текстови од псалми, толкувања на некои
нејаснотии. Велам, исклучителен соработник. Во те-
кот на тие четири - пет години додека го работев тек-
стот, често бев присутен во манастирот и присуству-
вав на нивните чествувања и послушанија, водејќи
грижа да не им го реметам редот, или да биде опте-
ретување моето присуство.
Во содржината на книгата е опишан дел од жи-
вотот на сестра Касијана.
Секој оној кој ќе го посети манастирот и ќе се
сретне со монахињите ќе го доживее тоа чуство на
духовност и чистота.
- Возбудливо. Верувајте многу возбудливо. Се
среќавате со еден посебен начин на живеење и сла-
вењето на Бога. Со секоја посета на манастирите бев
на некој начин радосен, не само што сум забележал
нови настани, ами што ете, барем за кратко, ја имам
таа можност да бидам дел од нивната заедница.
Човек мора да биде претпазлив што ќе на-
пише. И она што е напишано мора да е во рамките
на дозволеното, како што реков со запазување на ка-
нонските норми. Чудна состојба. Во еден момент се
чувствуваш толку слободен, а од друга страна кога
ќе почниш да пишуваш небаре некој ти се одзема таа
слобода, па се стеснува, се смалува темата за која си
имал идеа толку многу да испишеш. Ја немаш таа
слобода на изразување кога се пишува тема од реал-
ниот живот. Сепак големата поддршка од отец Паре-
тениј, благопријатниот прием од монахињите ми да-
ваа поттик да продолжам со пишувањето.
Со објавувањето на романите ,,Последниот монах“ и „Сестра Касијана“, како писател имав за цел да
дадам еден скромен придонес кон нашата света вера и оние кои во потполност се посветиле да гослават Господа
и сите наши знајни светци во кои постојано се молиме.
Интервју...
18
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
Што виде Вашето око во Касијана. Како ја гледате Касијана?
Промоцијата на книгата Ви беше спектакуларна. Многу од посетителите не можеа да влезат во
салата за промоции. Доаѓаа и оние кои воопшто не Ве познаваа. Какво беше Вашето чувство
тогаш и сега? Станавте популарни и во црковните кругови.
- Како што спомнав, кога веќе се зафатив да пи-
шувам роман со религиозна проблематика, трагав по
некој карактеристичен лик во монашкиот живот. За-
познав повеќе монахињи со разни професии и духов-
ни задолженија. Некако најинтересен и најприкладен
лик за обработка ми беше ликот на сестра Касијана,
а тоа го потврдив кога ја запознав.
Таа е еднамлада енергична девојка - монахиња,
која поседува исклучителен талентиран оперски
глас, кој ги надминува границите. Имав можност во
неколку години да го следам нејзиниот монашки ми-
рен животен òд, секогаш со силна желба да се вдахне
духовност на обездуховениот народ, за што одлучила
да се замонаши. Како што еднаш ми рече ,,Замисла
одроденото да се препороди, да се врати животот во
светите манастири, како духовна поткрепа и верба
на нашиот човек“. Монашкото име Касијана го до-
била по Преподобната монахиња Касијана една од
најпознатите химнографи, светителка која живеела
во време на царот Теофил (829 - 842). Напишала пре-
красни црковни песни. Родена е во Константинопол,
а се упокоила на егејскиот остров Касиос. И нејзи-
ните родители како и на Касијана во романот биле
музички образовани за тоа време и напишале повеќе
црковни песни.
Сестра Касијана ја гледам како нешто возвише-
но.Таа е со силна верба во Бога, монахиња предод-
редена да биде токму таму каде што и сега се наоѓа
и даде свој придонес во обновата на манастирите
и нивната духовност на нашата света православна
вера.
- Би бил некоректен ако речам дека не бев за-
доволен, дури и возбуден на промоцијата. Од иску-
ство Ви кажувам дека на моите промоции, каде и да
се одржувале секогаш имало подоста публика, но ова
навистина беше фасцинантно. Од фотографиите на
порталите дознав колкумина не можеле да влезат во
салата. Стои тоа дека многумина дојдоа заради мо-
ето творештво, но многумина доаѓаа и заради сес-
тра Касијана. Ќе се сложите ова беше редок момент
каде што на бината ги имате авторот и главниот лик
во книгата, а особено ако се работи за монахиња. Ми
годеа и коментарите кои отпосле ги слушнав, луѓе-
то кои ми се јавуваа и честитаа. Промоцијата беше
вистински раритет. Уште траеше промоцијата, кога
Панде Манојлов ми рече дека олку народ немало од
времето кога се промовирала некоја книга на Бла-
же Конески, во седумдесеттите години. Убаво е да
го чуе тоа писателот, особено од свој колега. И во
Скопје промоцијата ја следеше мноштво народ. Но,
за жал многу малку писатели.
Не знам дали станав популарен во црковни-
те кругови, но ќе ми биде задоволство ако сум ги ис-
полнил нивните очекувања. Но, да не бидам нереа-
лен, секаде каде што ќе појдам, во било кој манастир
во Македонија, ме познаваат и се интересираат за ро-
маните.
Интервју...
19
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
Книгата постигна голема популарност. Што велат на тоа сестра Касијана и нејзините
приврзаници? Што велат на тоа Вашите колеги - писатели?
Да ни кажете нешто повеќе околу финансирањето на издавањето на книгата. Каде се се
продава или подарува книгата? Што вели за тоа издавачот?
Дали би напишале и трета книга врзана за монашкиот живот? Дали сметате дека Вашата
верба во религијата и Бога се зголемиле?
- И јас имам такви сознанија. Би го парафрази-
рал еден балкански писател: Јас само запишав за жи-
вотот во еден манастир и животот на една монахиња,
од едно силно монашко братство и сестринство на
Бигорската обител. Запишав за да се знае во идни-
на, за сето тоа да не го однесе река Радика во Црни
Дрим, а тој во морето, а оттаму којзнае каде. Запи-
шав за да не ни се изгуби трагот, да се знае дека сме
биле и постоеле.
Очекував да побуди интерес кај читателите, но
да бидам искрен не во толкава мера. Оттаму и пока-
ната и учество на сите наши национални телевизии,
каде што беше презентирана книгата. Ми годи, како
и на секој уметник, кога ќе те сретнат и препознаат
во градовите и ти кажуваат дека ја прочитале кни-
гата и прашуваат за одделна содржина. На исто ми-
слење како Вашето е и мојот издавач, односно вра-
ботените во книги-издавачката куќа ,,Матица“.Токму
од Ваша страна сум известен дека и во библиотеката
,,Св. Климент Охридски“ во Битола, романот се бара
и постојано е издаден.
Со зборови не се објаснува колкаво е задо-
волството на Владиката Партениј, монасите и мона-
хињите. Или да посочам, на прославата ,,1000 годи-
ни постоење на Бигорскиот манастир“ која се одржа
на 18 октомври, оваа година,бев почестен, удостоен
на свеченоста при што ми беше врачено и признание
од Македонската православна црква.
Се надевам барем малку, како што напомнав,
придонесов да се спознае монашкиот живот во на-
шите манастири.
Што се однесува до колегите писатели, некои
веќе пишуваа критики, за едниот и за другиот роман
како, Раде Силјан, Паскал Гилевски, Блаже Минев-
ски, Радован П.Цветковски, Панде Манојлов, Биља-
на Т.Димко и други. Претежно добивам позитивни
критики од оние колеги кои ми значи нивното ми-
слење. Има и такви на кои не им се допаѓа она што
го работам. И тоа е во ред. Не би било добро, ако е сè
добро.
- Романот ,,Сестра Касијана“ не доби финан-
сиска поддршка од Министерството за култура. Из-
даден е сосопствени средства, односно со донации
од љубители на книгата. Истата се наоѓа во кни-
жарниците на ,,Матица Македонска“, но, ја имам
сретнато и во подвижни книжарници во Скопје, Ве-
лес, Прилеп, Охрид...Дел од тиражот го донирав во
манастирот „Св. Ѓорѓиј Победоносец“ во Рајчица, а
дел по битолските книжарници. Некои и лично ми се
јавуваат и ја набавуваат книгата.
Издавачот е презадоволен затоа што за крат-
ко време првиот тираж од 1000 примероци беше рас-
продаден, па се испечати и второ издание во исто
толку примероци, за кое имам сознанија дека е при
крај.
За жал, оваа година се случи да имаме панде-
мија со ,,Ковид 19“ и мерки на претпазливост, така
што повеќе промоции во многу градови беа откажа-
ни.
Во контактот со издавачот се договараме за
трето издание, но затоа треба да видиме како ќе се
одвиваат состојбите со пандемијата. Се надевам, от-
како ќе заврши оваа пандемија ќе продолжиме таму
каде што застанавме.
- Верувајте имам материјал за уште еден роман
со слична содржина. Но, мислам дека е доволно, за-
тоа што постои можност, несвесно, во некои работи
да се повторувам, а тоа не би го сакал. Ме радува тоа
што во моите текстови се наоѓаат многумина од мо-
насите, па и монахињите. Но, којзнае, во иднина мо-
жеби ќе се роди и друга идеја што ќе ме понесе во
тој правец, во тие духовни поли, па да се зафатам да
напишам уште нешто во тој стил.
Што се однесува за другото прашање, не е коре-
ктно да кажам дека мојата верба во религијата и Бога
се зголемила. Јас сум обичен верник како и сите.
Но, да бидам искрен, после честите посети на ма-
настирите и дружењето со монасите и монахињите,
чествувањето на верските празници, на кратко дел
од нивниот начин на живот, прават многу подруго
да гледам на работите кои се поврзани со религија-
та и Господа. Не дека човек на мои години може да
се вцркови, но може многу повеќе да го почитува и
цени она што го прават монашките заедници.
Интервју...
20
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
Ова оттаму што низ годините додека собирав
материјали за романите, бев сведок на вознобнову-
вање на повеќе наши манастири и од ден на ден се
поголемата присутност на луѓе желни за духовна
храна. Верувајте, во нашите напуштени и запуште-
ни краишта, онаму каде што се обновуваат манасти-
рите, се враќа и животот. Сведок сум на тоа. А, по
однос на тематиката за која зборуваме, ја завршив во
ракопис и третата книга посветена на еден манастир.
Духовен центар во нашиот вилает, кој за жал од го-
дина во година сликата за него се менува на полошо.
Граден е во 15 век. Што сè не издржал за овие пет
века, а ете, сега ова се навистина неговите тажни го-
дини.
Содржината на книгата се темели повеќе на ис-
ториографија, со презентирање на манастирскиот
белег низ историјата. Опфатен е дел од животот на
тамошното население, поврзано со празнувањето и
чествувањето на манастирот.
Се надевам со излегување на книгата посветена
на манастирот да се поттикне внимание и да се стори
нешто за оваа наша вековна светиња.
Дали во моментот работите на нова книга?
Ако има нешто што не сум ве прашал, а сакатеда кажете, повелете.
- Писателот мора постојано да работи и да твори. Така барем учев од постарите колеги писатели,
таква ни била судбината.
Да работам. Очекувам, повторно во издание на книго издавачката куќа ,,Матица“ да излезе
книгата раскази
- Не ми е сеедно што и покрај таквата заинтересираност и успех на романот ,,Сестра Касијана“,
низ цела Македонија, ниту Министерството за култура, нити Општинскиот сектор во Битола, надлежен
за литературата, и другите институции, не покажаа ни малку интерес.
Кога го велам ова не мислам само за мене и за овој роман, ами се однесува и за другите писатели
и книги кои постигнале некаков успех. Значи, од тие институции изостана поддршката.
Интервју...
21
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
Дигиталната библиотека е комбинирана аплика-
ција која во позадина треба да ја има вклучено апли-
кацијата Greenstone3 Server, која мора да биде вклу-
чена за да ги услужува клиентите (читателите) на
дигиталната библиотека. При нејзиното вклучување
во Windows, главнината од своите работни дејства ја
прави како позадински процес (без интеракција со
администраторот кој го користи серверот),
Една од апликациите во пакетот Greenstone3
е Greenstone Librarian Interface (GLI), кој го прет-
ставува Librarian- интерфејсот што го употребува-
ат администраторите со дигиталната библиотека за
додавање на нови содржини или изменување на по-
стоечките. Greenstone Librarian Interface е десктоп
програма на оперативниот систем, што значи дека
основен начин на администрирање на содржините на
дигиталната библиотека е со пристап до работната
површина (десктопот) на серверот, а нема можност
тоа да се направи преку веб-интерфејсот (кој е на-
менет исклучиво за читателот, па е наречен уште и
Reader интерфејс), како што е случај со некои други
управувачки системи за дигитални библиотеки со от-
ворен код.
Greenstone Librarian Interface преку своите ме-
нија нуди разновидни опции за создавање и ад-
министрирање на колекции од електронски книги
(или друг вид дигитални документи). Првата опција
[Download] нуди можност да се спуштат располож-
ливите електронски книги (односно друг вид диги-
тални документи) од некоја друга дигитална библио-
тека (или друг вид на портал). Оваа е многу корисна
алатка за разменување на електронските книги меѓу
дигиталните библиотеки што се со сродна природа
(на пр. универзитетски библиотеки во повеќе уни-
верзитети во кои на студентите од исти насоки им се
препорачува да учат од исти електронски учебници).
Со опцијата [Gather] на Librarian интерфејсот
е овозможен преглед на колекциите од електронски
документи на локалната дигитална библиотека (ло-
калниот сајт), на кои им се пристапува исто како на
папки со датотеки, при што се достапни и датотеки-
те на локалниот компјутерски систем за да може да
се вршат Copy/Paste/Cut/Delete операции. Од дес-
ната страна може да се види структурата на самата
колекција, при што се забележува дека една елек-
тронска книга документ може да биде претставена
преку една датотека (обично кога се работи за PDF
или Word Document), но и преку повеќе датотеки
(обично кога се работи за HTML документ како има
една датотека за самиот HTML, сликите што се дел
од документот се одвоено претставени како дополни-
телни датотеки).
Во третата опција Enrich се содржани мета-по-
датоците кои се внесени од библиотекарот: Наслов,
Автор, Издавач, Година на издавање, ISBN број и
Јазик на кој е напишана книгата. На сликata е прет-
ставена opcijata Enrich od прилагодената верзија на
Greenstone 3.
Во четвртата опција Design во Search Indexes се де-
финирани индексите по кои можи да се пребарува. Во
Browsing Classifiers се дефинирани класификаторите
по кои ќе може да се прелистува колекцијата.
Во шестата опција Format, во FormatFeatures е дефи-
ниран програмскиот код на шаблоните Browse, Search,
Global и Display кои претставуваат XML датотека. Со
уредување на оваа датотека е направено секогаш да
се прикажуваат оние мета-податоци за електронските
книги што постојат во колекцијата. Исто така, и за ко-
лекциите со мултимедијални документи е уреден ша-
блонот global за приказ на соодветните мета-податоци
за таквите документи.
Постојат два начини на кои може да се дојде до ба-
раната електронска книга во дигиталната библиотека
која работи на системот Greenstone3: со прелисту-
вање (browsing) или со пребарување (searching) на
колекциите.
Прелистувањето е позгодно за помали колекции, кај
кои што може да се видат на екранот сите електрон-
ски книги; притоа тие можат да се сортираат азбучно
според различните класификатори определени за нив
од страна на администраторот што ја создал колек-
цијата: според насловот (title), предметот (subject), ав-
торот (author), организацијата (organization) итн.
Пребарувањето по клучен збор е позгодно ако се ра-
боти за голема колекција, или ако не се знае насловот
или авторот на книгата, туку само треба да се видат
сите расположливи електронски книги што го содр-
жат клучниот(те) збор(ови) кои се од интерес.
ДИГИТАЛНАТА БИБЛИОТЕКА ПРИ НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ БИТОЛА
Приредил м-р Зоран Јанакиевски, советник за информатички работи
22
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
КОЛЕКЦИИТЕ ВО ДИГИТАЛНАТА БИБЛИОТЕКА НА НУУБ
„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА
Во рамките на Дигиталната библиотека при НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, беа прибрани
(а понекогаш и дигитализирани од хартиен облик, или дополнително софтверски обработени) голем број
електронски книги и мултимедијални документи. Тие беа сортирани според природата на нивните содржини
во дванаесет колекции и секоја од нив беше изградена со слична постапка како мини-колекцијата. Од почетната
страна на Дигиталната библиотека при НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола може да се стигне до секоја од
колекциите преку кликнување на соодветното графичко копче.
Книги – содржи 20 книги со монографски публикации, повеќето од областа на библиотекарството.
Книгите се издадени од НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола во периодот од 2006 до 2019 година (една
книга издадена од Македонското научно друштво од Битола. Книгите, „НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола
во меѓународната соработка“, „Библиотекарството во Битола, Библиотеките на Универзитетот во Битола
и Библиотеките во Преспанско-Пелагонискиот регион се од Анета Стефановска и Науме Ќоргиевски;
Едицијата „Значајни личности“ е од авторите; Анета Стефановска, Науме Ѓоргиевски, Ленче Андоновска,
Гордана Пешевска, Благој Николов, Светлана Талевска; На (книга 1 и книга 2) Библиотечната дејност во
Битола и Битолско работат: Анета Стефановска, Науме Ѓоргиевски, Гордана Пешевска, Благој Николов, Зоран
Јанакиевски, Илче Стојановски, Цветанка Дамјановска и Јоланда Бошевска.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола
во меѓународната соработка
Библиотеките во Битола
Приредил м-р Зоран Јанакиевски, советник за информатички работи
Поангажираните читатели можат да го користат и напредното пребарување (advanced search), во кое
клучните зборови можат да се комбинираат со логичките сврзници AND, OR и NOT за да се добие сложена
фраза која ја одразува потребата на читателот (на пример, ако се бараат електронски книги во врска со детето-
волшебник Хари Потер од писателката Џоан Роулинг така и литературните критики за овие дела, во напредното
пребарување може да се направи логичка фраза во која името Хари ќе се јавува во насловот на книгата, но нема
да се јавува како име на писател на книгата).
За практично да ја прикажеме работата на Greenstone3 на примерот од „Библиотечна колекција“ од
три електронски книги во PDF формат, издадени од Македонското научно друштво од Битола: „Прилози 3“
издадена во 1963 година, „Мајко, прочитај, научи и одгледувај ме правилно“ од прим. д-р. Вера Пренда –
Нича издадена во 1984 година и книгата „Под чукарите“ од Димитар Богдановски издадена во 2015 година. Со
кликнување на копчето ... Колекција] лесно се прелистува колекцијата, а потоа можат да се изберат два начини
на читање на документите – да се отворат како HTML документи, без симнување, или пак да се симнат локално
како PDF документи и да се отворат со Adobe Reader.
23
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
Библиотеките во
Универзитетот
Св.Климент Охридски -
Битола
Значајни личности за
Битола
Значајни личности за
Битола :
образование и наука
Значајни личности за
Битола :
писатели
Креирај - слемирај
Составиле: Фатма Бајрам
Аземовска, Илче Стојановски
Библиотечната дејност во
Битола и Битолско.
Книга1, Од зачетоците до
1974 година
Значајни личности за
Битола : култура
Библиотеките во Универзитетот
Св.Климент Охридски - Битола
Библиотечната дејност во
Битола и Битолско.
Книга 2, Од 1974 година до 2013
24
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
Млади поетски
перформанси
Уредници: Фатма Бајрам
Аземовска,
Илче Стојановски, Зоран
Јанакиевски
Млади поетски
перформанси. Книга 2
Песни, од ракопис до книга
Ванчо Николески
Повоените македонски
писатели II
Милка Котевска, Лидија
Мирчевска
Приватните библиотеки во
Битола
Ленче Андоновска
Развојот на библиотекарството
во Битола и Битолско и видови библиотеки
Анета Стефановска, Науме Ѓоргиевски, Благој Николов
Повоените македонски писатели
низ страниците на периодиката
во НУУБ „Св. Климент Охридски”
- Битола. I
Млади поетски
перформанси. Книга 3
25
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
Библиотечен тренд, бр.9
По повод 60 – години НУУБ
- Битола
Библиотечен тренд, бр.1
2003
Библиотечен тренд, бр.2
2003
Библиотечен тренд, бр.39
По повод 70 – години НУУБ
- Битола
Библиотечен тренд, бр.50
По повод 75 – години НУУБ
- Битола
Периодични списанија – ги содржи периодичните списанија „Библиотечен тренд“,
„Библиотекарство“ и „Современи дијалози“.
Библиотечен тренд - стручно и популарно списание на НУУБ „Св. Климент Охридски“
Битола кое почнува да излегува од 2003 година.. На почетокот излегува на секои три месеци на
32 + 4 (корици) страни во црно бело, потоа на секои 6 месеци. Од 2010 – 2016 година излегува
наизменично по еднаш или двапати и е половина во колор. Од 2016 до денес излегува целосно
во колор. Досега се издадени 50 броја. Главен и одговорен уредник е Николче Вељановски.
26
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
• „Библиотекарство“ - стручно списание кое го издава Библиотекарското здружение на Македонија
(БЗМ). Излегува еднаш годишно. Здружението има издавачки совет од библиотекари од цела Македонија, а
го уредува тековниот претседател на Здружението. Избраните примероци прикажуваат каков бил форматот и
дизајнот во одредени периоди:
Библиотекарство, бр.1/2,
2001
Библиотекарско здружение
на Македонија
Библиотекарство, бр.1/2,
2016
Библиотекарство, бр.1/2,
2020
Библиотекарство, бр.1, 2005 Библиотекарство, бр.2, 2009
• Списанието „Современи дијалози“ има 3 изданија. Излегува еднаш годишно, а изданијата се од
2013 (прво издание), 2014 и 2015 година. Ова е списание за култура – литература, драмска уметност, филм и
издаваштво, чиј издавач е МНД од Битола, а неговиот дигитален облик е во вообичаениот PDF формат. Во него
се содржани песни, раскази, фрагменти од романи или драми, книжевни критики, есеи и осврти напишани од
различни автори.
• Каталози – содржи 4 каталози од различни оддели при НУУБ - Битола: одделение Периодика, Детско
одделение, одделение Дробен печат и ретки книги:
27
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
Водич низ периодиката
во НУУБ „Св. Климент
Охридски”
Лидија Мирчевска, Милка
Котевска
Каталог на стари и ретки
книги во
НУУБ „Св. Климент
Охридски“ - Битола
Книгата и библиотеката - мостови кон
ненасилна комуникација кај младите :
зборник на стручни трудови
Училишните библиотеки во Битола и
Битолско
: зборник на стручни трудови
Каталог за Одделение за деца
Олга Кузманова
Каталог на дробен печат
Ленче Андоновска, Гордана
Пешевска
• Зборници – содржи 4 зборници:
- „Роднокрајна средба на битолските писа-
тели во Македонија – Зборник на излагања“;
- Зборник на научни трудови од Работилни-
цата за значењето на книгата;
- Книгата и библиотеката - мостови кон не-
насилна комуникација кај младите;
- Училишните библиотеки во Битола и Би-
толско
• Зборникот на излагања кој произлегува од
традиционалната годишна средба, на Тркалезна маса
на тема, на роднокрајните битолски писатели во Ма-
кедонија која се одржува во НУУБ – Битола. почна
да излегува во 2005 година и досега се издадени 15
зборници. Секој текст содржи црно бела фотографија
од авторот, а после секој текст следи резиме соста-
вено и преведено на англиски јазик од д-р Николче
Вељановски кој е воедно организатор, модератор и
главен и одговорен уредник. На трите други зборни-
ци уредници се Ленче Андоновска и Гордана Пешев-
ска.
28
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
• Библиографии – Единиците во библиографиите се избирани од базата на Библиотеката и други
бази, од домашни и странски списанија и весници, од приватните извори на институциите и авторите и сл. Тие
се изработуваат според Меѓународниот стандард за библиографски опис (ISBD – International Standard Book
Description), а се систематизираат според Универзалната децимална класификација (УДК). Во одделението
Библиографии се изработени 6 персонални библиографии: (за академик Владимир Костов, проф. д-р Вера
Стојчевска Антиќ, Ѓорѓи Димовски Цолев, Никола Кочовски, Радован П. Цветковски и Љубомир Трифуновски),
5 свески библиографии за Битолски весник, 2 библиографии за одбранети магистерски трудови и докторски
дисертации на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, како и библиографија за НУУБ „Св. Климент
Охридски“ Битола. Во моментот се почна со нивно внесување во базата и досега колекцијата има само една
библиографија.
Библиографија на магистерски трудови и докторски дисертации одбранети
на Универзитетот „Св. Климент Охридски” - Битола, 1991 - 2016
Јоланда Бошевска, Гордана Пешевска
Втора Роднокрајна средба на
битолските писатели од Македонија :
зборник на излагања : тркалезна маса,
Битола 23 мај 2007 година
Главен и одговорен уредник: д –р Николче
Вељановски
Петнаесетта роднокрајна средба...
: зборник на излагања (2020)
Зборник на научни трудови
од Научната средба „1100
години од смртта на Св. Наум
Охридски“
Уредник: Ленче Андоновска
29
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
• Научна литература –содржи 3 книги со научни трудови од областа на македонската историја и
македонската лингвистика. Трудовите се издадени од Македонското научно друштво од Битола во периодот од
2012 до 2015 година.
• Прилози – содржи 3 изданија на периодичното научно списание „Прилози“ кое го издава „МНД“
(двапати годишно или еднаш како двоброј), во кое неговите членови објавуваат научни трудови од разни
подрачја: општествени науки и право, применети науки и медицина, технички науки и историско-географски
науки. На крајот од списанието „Прилози“ има и научни биографии на членовите на Друштвото што починале во
тековната година. Трите изданија се од современиот период (од 2013, 2014 и 2015 година) и веќе беа изработени
во дигитален облик како PDF документ.
• Ракописи – во оваа колекција се содржани скенирани (во JPEG формат со висока резолуција)
ракописи (вклучувајќи и машинописи) на поезија, проза и есеи од повеќе автори, што настанале во XX век и се
архивирани во НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола. Колекцијата содржи по една страна од 28 ракописи и
8 машинописи.
• Звучни записи – содржи 1 звучен запис, односно приказната „Снежана и седумте џуџиња“, која
е снимена во 2011 и има долижина од 21 минута и 9 секунди. Звучниот запис е во популарниот MP3 формат и
може да се репродуцира како на современите компјутери, смартфони и дигитални телевизори, така и на уредите
специјализирани за дигитален звук: MP3 плеери и дигитални радиоприемници (со USB приклучок).
• Видео записи – содржи 10 видео записи во врска со НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, кои
се снимени во периодот 2008–2019. Сите видео записи се достапни во популарниот формат MPEG-4 (.MP4) кој
нуди добра компресија и може да се репродуцира не само на современите персонални компјутери, туку и на
современите смартфони и дигитални телевизори.
• Разгледници – содржи околу 109 разлгедници од места во Северна Македонија, во вообичаениот
JPEG формат скенирани со висока резолуција.
Оваа колекција од JPEG фотографии, како и претходната од скенирани ракописи во JPEG формат, при процесот
на градењето (Build) се обработува со помош на Image Plugin од Greenstone3.
• Статии – содржи околу 59 статии од периодични изданија во периодот од 1950 до 1955, во облик на
JPEG формат скенирани со висока резолуција.
Статиите се дел од проектот „Дигитализација на културните активности во Битола низ страниците на
периодиката во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола : во период до 1955 година“, одобрен и реализиран
во 2020 година.
Дигитализација на културните активности во Битола
низ страниците на периодиката
Дигиталната трансформација на културното богатство претставува нов и модерен начин на
институционално работење при што се создаваат и обезбедуваат нови услуги за нашите корисници, а воедно
претставува зачувување и мултимедијално презентирање на нашето културно наследство.
Oдделението за комплетирање и обработка на библиотечен материјал (периодични публикации) преку
реализацијата на проектот „Дигитализација на културните активности во Битола низ страниците на периодиката
во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола : вопериод до 1955 година“ ќе придонесе за зачувување и промоција
на материјалите кои одбележале дел од културната историја на Битола, опфатени до 1955 година. Проектот е
одобрен од Министерството за култура, а раководители се м-р Милка Котевска, библиотекар; Лидија Мирчевска,
виш библиотекар и м-р Даниела Ќурчиевска, надворешен соработник. Реализацијата на проектот се одвиваше
преку набавка на скенер за дигитализација; истражување низ периодичните материјали за да се најдат статиите
за културните настани во Битола и Bитолско; нивно скенирање; обработка на статиите во дигитализирана
форма и поставување на нашата веб страна за да бидат достапни до нашите читатели.
Дигитализираните материјали ќе им бидат од голема корист и значење на сите оние кои сакаат да
дознаат за културното минато на нашиот град, но и на сите културни работници на Битола кои се занимаваат
со научно-истражувачка дејност од областа на библиотекарството, театарот, музеите, архивите, од областа на
литературното творештво, ликовната и филмската уметност, како и новинари, а пред се на научните работници
од Универзитетот „Св. КлиментОхридски“ –Битола.
Досегашните дигитализирани статии можат да се видат на следниотлинк:http://nuub.hopto.org/ под
Статии.
Подготвилa м-р Милка Котевска, библиотекар
30
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
По повод 8-ми декември - Денот на Патронот на Библиотеката
Свети Климент Охридски
Преку ВЕБ – страницата на Библиотеката беа промовирани овогодинешните изданија на НУУБ -
Битола со пригодна изложба за нејзиниот 75 – годишен јубилеј
Подготвиле м-р Зоран Јанакиевски и Слободан Пачовски
ПЕРСОНАЛНА БИБЛИОГРАФИЈА
ЉУБОМИР ТРИФУНОВСКИ
Во Библиографијата се вклучени монографски публикации, статии и прилози, како и библиографски
единици за животот и делото на диригентот Љубомир Трифуновски кој е уметнички директор на КУД „Стив
Наумов“ Битола во кое го води мешовитиот и женскиот хор повеќе од 50 години. Учествувајќи на бројни
домашни и странски фестивали добил повеќе награди и признанија.
Статиите и прилозите се избрани од македонските, ЈУ просторите и некои странски периодични
и сериски публикации, како и монографски публикации застапени во фондовите на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ –Битола, како и од архивата на авторот. Составувач на Библиографијата е Гордана Пешевска,
библиотекар советник.
31
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
ЗБОРНИК НА ИЗЛАГАЊА ОД 15. РОДНОКРАЈНА СРЕДБА
УЧИЛИШНИТЕ БИБЛИОТЕКИ ВО БИТОЛА И БИТОЛСКО – ЗБОРНИК НА СТРУЧНИ
ТРУДОВИ
ЈУБИЛЕЕН БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД
Библиотечниот тренд бр. 50 е целосно во колор, посветен на библиотекарите вработени во НУУБ
„Св. Климент Охридски“ Битола по повод нејзиниот 75 – годишен развој. Претставени се сите 4 сектори со
раководителите, одделенијата и вработените со своите работни задачи. На 20 страни, по четврт пат продолжение
(на секои 5 години), дадаена е Хронологијата на Библиотеката од 1945 – 2020, вклучувајќи го основањето,
местата на работа, вработените со години на вработување, работни задачи и пензионирање, поважни активности,
набавка на средстава и опрема за работа, изградби, доградби, реновирања и осовременување на библиотечните
процеси, меѓубиблиотечната соработка во земјата и странство преку посети и средби, учество на семинари,
рабтилници, конференции и сл. Главен и одговорен уредник е д-р Николче Вељановски
Добре Тодоровски, Елизабета Јончиќ, Петре Димовски (во отсуство), Весна Мундишевска Вејановска, м-р Сања
Мучкајева Видановска, Биљана Т. Димко, проф. д-р Христо Петрески (во отсуство), Ванчо Полазаревски (во
отсуство), Јован Ѓуровски (во отсуство) и за прв пат, Благој Поповски, Илче Стојановски, Биљана Тодоровска
и Николина Ѓуровска (во отсуство) и други на кои не им беа прифатени текстовите.
Во 15. Зборник на излагања сместени се 17 текстови од гореспоменатите автори со нивни портретни
фотографии во црно бело. После секој текст стои резиме на англиски јазик, певедени од д-р Николче Вељановски
кој е воедно и модератор и организатор на Средбата, како и главен и одговорен уредник на Зборникот.
Зборникот содржи 23 трудови од кои 7 трудови се од библиотеки од средните
и 14 (4 селски) библиотеки од основните училишта во Битола и Битолско.
Трудовите се подготвени од наставници задолжени за овие библиотеки,
како и од други наставници по македонски јазик. Во Зборникот се вклучени
и два труда на уредниците кои се и раководители на проектот: Ленче
Андоновска, библиотекар советник и Гордана Пешевска, библиотекар
советник.
Петнаесеттата роднокрајна средба на битолските писатели во Ма-
кедонија која Националната установа – Универзитетска библиотека „Св.
Климент Охридски“ Битола ја организираше преку темата: “Моите ли-
кови – од страв и немоќ во револт кон човечките вредности”.(За поетите
Револтот на поетот во мене кон...) се одржа на 13.10.2020 г. во читалната
на Роднокрајното одделение. На оваа традиционална Средба по 15-ти пат,
овојпат во дупло помал број на присутни заради пандемијата на вирусот
COVID 19, но со 17 текстови од учесниците од Битола, и Скопје меѓу кои
Академик Владимир Костов (во отсуство), Никола Кочовски (во отсу-
ство), Ѓорѓи Прчков (во отсуство), Љубе Митрејчевски,
32
Библиотичен тренд l бр. 51 l 2020
ИЗЛОЖБА „НАШИТЕ 75 –ГОДИНИ“
По повод одбележувањето на патрониот празник, а воедно и 75 години раст и развој на НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола, во холот на библиотеката поставена е изложба „Нашите 75 години“ на која
претставени се неколку одделни поставки.
- Монографски изданија за Св. Климент Охридски, како и изданија на Библиотеката во овие плодни 75 години
раст и развој
- Публикации на Библиотеката кои се издадени во 2020 година
- Најновите книги во детскиот оддел
- Фотографии од вработените кои дале свој придонес, Библиотеката да биде она што е денес.
- Збирката разгледници
Богатата и разновидна дејност на Библиотеката ќе биде поставена од 4 до 11 декември 2020 година.
Ве покануваме да ја посетите за достојно да го одбележиме патронот и 75-те години плодна и активна
дејност што библиотеката ја има во збогатувањето на културниот живот на нашиот град.
МЛАДИ ЛИТЕРАТУРНИ ПЕРФОРМАНСИ
(Избор на литературни творби) - Книга 4
Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ –
Битола и оваа година го реализира проектот „Млади литературни перформанси“,
наменет за млади автори на литературни творби од Пелагонискиот регион, за
ученици од основните училишта, ученици од средните училишта и млади на
возраст од 18 до 24 години.
Целта на проектот е да ги поттикнеме и мотивираме младите литературни творци
да пишуваат, да го промовираат и афирмираат своето креативно творештво,
за првпат да објават свои творби во збирка литературни творби со што ќе им
се даде можност да се претстават пред пошироката јавност. Во подтекст на
проектот е заложбата за силна и директна стимулација на творештвото на
младите автори од нашата земја.
Проектот опфаќа конкурс зад оставување на литературни творби, кој беше
јавно распишан во текот на 2020 година. Најдобрите и најквалитетните творби
кои беа доставени, ее објавени во оваа заедничка збирка литературни творби.
Уредници на проектот „Младил итературни перформанси“ се: м-р Фатма
БајрамАземовска, Илче Стојановски, м-р Зоран Јанакиевски.