БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.45 2018 1
ÁÈÁËÈÎÒÅ×ÅÍ ÒÐÅÍÄ
СПИСАНИЕ НА
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
БИТОЛА
*
Издавач
Национална установа
Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“, Битола
ул. Пеце Матичевски бр. 39
*
За издавачот
Јелена Петровска, в.д. директор
*
Издвачки совет:
д-р Николче Вељановски,
претседател
Јоланда Бошевска
Гордана Пешевска
*
Главен и одговорен уредник
д-р Николче Вељановски
*
Редакција:
д-р Николче Вељановски
Јоланда Бошевска
Илче Стојановски
*
Лектура
Александар Димитров
*
Подготовка и печат
Графо Пром – Битола
*
Тираж
200 примероци
ISSN 1409–9497
Тел/факс.: 047/220-208;
Тел.: 047/220-515;
Тел. на Изд.: 047/232-999
www.nuub.mk
e-mail: nuub@nuub.mk
СОДРЖИНА
СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН ПАТРOНИОТ ПРАЗНИК . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 2
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
83. КОНФЕРЕНЦИЈА НА IFLA 2017 ВО ПОЛСКА
И ДОГОВОРИ ЗА СОРАБОТКА
Подготвиле: м-р Јелена Петровска, в.д. директор,
Марија Малгожата Мачковска, библиотекар советник. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .3
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА СО БИБЛИОТЕКИ ВО ВРОЦЛАВ, ПОЛСКА
Подготвила
Марија Малгожата Мачковска, библиотекар советник. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .4
ИЗРАЕЛСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА. . . . . . . . . . . . . . . . 6
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
СТУДЕНТИТЕ И БИБЛИОТЕКАТА
(Работна средба со претставници од Ректоратот) . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7
ОХРИДСКАТА И БИТОЛСКАТА БИБЛИОТЕКА ПАРТНЕРИ ВО
ИДНИТЕ ПРОЕКТИ. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7
44. СОБРАНИЕ НА БЗМ
Подготвил
Благој Николов, библиотекар советник . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .8
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“ 2017
Подготвила
Гордана Пешевска, виш библиотекар . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .9
18. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“ 2017 . . . . . . . . . . . 10
ЗНАЧАЈНОСТА НА ПЕРИОДИЧНИТЕ ПУБЛИКАЦИИ
Подготвила
Лидија Мирчевска, виш библиотекар . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 10
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЗБИРКАТА ДРОБЕН ПЕЧАТ
Подготвила
Ленче Андоновска, библиотекар советник . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 11
ПРОЕКТ „МЛАДИ ПОЕТСКИ ПЕРФОРМАНСИ“ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 12
ДОНАЦИЈА ОД АВСТРИСКАТА АМБАСАДА
Координатор: Фатма Бајрам Азмовска, библиотекар
Соработник: Илче Стојановски, виш библиотекар . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 12
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ, ПРЕДАВАЊА
Подготвила
Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 13
БИБЛИОГРАФИЈА НА ДОКТОРСКИ ДИСЕРТАЦИИ И
МАГИСТЕРСКИ ТРУДОВИ
Подготвиле:
Јоланда Бошевска, библиотекар советник
Гордана Пешевска, виш библиотекар . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 20
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 45 20182
По повод одбележувањето на Денот на патро-
нот Свети Климент Охридски, Библиотеката орга-
низираше свечена програма во салата за промо-
ции на 7-ми декември.
Во програмскиот дел прв настапи младински-
от хор на Културно - уметничкото друштво „Стив
Наумов“ – Битола под диригенство на Љубомир
Трифуновски.
Воведен збор имаше м-р Јелена Петровска, в.д.
директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Би-
тола. Денес нашата библиотека го прославува
својот Патрон. Св. Климент Охридски, нашиот
учител, просветител, писател, инспиратор – ќе ре-
че директорката. Таа го покани м-р Александар
Гулевски да го презентира видео – записот со нас-
лов „Моќта на буквите“ за постанокот на глаголи-
цата. Ја најави и изложбата по овој повод поставе-
на во холот на Библиотеката со наслов: Свети
Климент Охридски, од Бога даруван – Пастир и
учител.
На настанот присутна беше градоначалникот
на Општина Битола м-р Наташа Петровска. Ми-
трополитот г-дин г-дин Петар. Во оваа институ-
ција се сместени илјадници изданија, илјадници
страници во кои што се кријат мноштво информа-
ции кои што едноставно му пружаат информации
на младите генерации а и на сите луѓе, можност
да ги прошират своите знаења, видици и богат-
ство. - изјави Наташа Петровска, градоначалник
на Општина Битола.
Потоа, беа претставени изданија на Библиоте-
ката и тоа:
– „Библиографија на магистерски трудови и
докторски дисертации одбранети на Универзите-
тот „Св.Климент Охридски“ – Битола 1991 – 2016
година“, составена од
Јоланда Бошевска, библиотекар советник и
Гордана Пешевска, виш библиотекар, како и
Зборникот на излагања од 12. Роднокрајна сред-
ба со битолските писатели во
Македонија и Списанието „Библиотечен
тренд“ бр.44, а беа најавени и содржините од на-
редниот бр. 45.
СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН ПАТРOНИОТ ПРАЗНИК
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.45 2018 3
На конференцијата на Меѓународната федера-
ција на библиотечни асоцијации во Вроцлав, Пол-
ска, Библиотеката имаше двајца свои претставни-
ци: м-р Јелена Петровска, в.д. директор и Марија
Малгожата Мачковска, библиотекар советник.
Одлично организирана и поддржана од Наци-
оналниот комитет на Полска, конференцијата бе-
ше отворена во прекрасниот амбиент на стого-
дишната сала со настап на уметниците од Вроцлав
кои со мултимедијален пристап ја прикажаа исто-
ријата на Вроцлав. Од спектакуларното отворање
кое што наликуваше на вистинска „олимпијада“
на библиотекарите учесници и земји од сите кон-
тиненти, па се до дискусијата и гласањето во вр-
ска со Глобалната визија на ИФЛА каде учеству-
ваа речиси 360 луѓе со право на глас - ИФЛА ги
исполни очекувањата. Библиотекарите и библио-
течните професионалци од цел свет го кажаа сво-
ето мислење за можните правци, решенија, ко-
ристење на јазиците, проток на идеи и обедину-
вање за заедничко делување и претставување на
библиотеките како центри и влијателни инсти-
туции во заедницата. Над 3000 делегати од 122
земји имаа можност да разменат искуства, да пре-
зентираат успешни проекти, да дознаат за новите
технологии и решенија. Тоа што сигурно остану-
ва како трајна вредност се бројните контакти и
пријателства, можноста заеднички да работат на
проекти, размена на луѓе и идеи во создавањето
успешна приказна во својата средина. Следната
Конференција на ИФЛА ќе се одржи во Куала Лум-
пур - Малезија.
Врз основа на проектот за меѓународна со-
работка со библиотеки од Полска, поддржан од
Министерството за култура на Република Маке-
донија, во периодот од 19.08.2017 до 24.08.2017
година потпишани се три договори за соработка
на Националната установа Универзитетска би-
блиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола и тоа
со: Библиотеката на Вроцлавската Политехника,
Универзитетската библиотека и Долношлонска-
та јавна библиотека „Тадеуш Микулски“ од Вро-
цлав - Полска. Веруваме дека потпишаните дого-
вори за соработка со библиотеките ќе придонесат
за развој на нашата инстутуција, зајакнување на
врските и размена на искуства, а непосредно ќе
поттикне и соработка на Универзитетот „Св. Кли-
мент Охридски“ - Битола со Вроцлавска Политех-
ника и Вроцлавскиот Универзитет од Полска.
83. КОНФЕРЕНЦИЈА НА IFLA 2017 ВО ПОЛСКА
И ДОГОВОРИ ЗА СОРАБОТКА
Подготвила: м-р Јелена Петровска,
в.д. директор
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 45 20184
НУ Универзитетска Библиотека „Св. Климент
Охридски“ од Битола во периодот од 20 до 24-ти
август оваа година реализира проект поддржан
од Министерство за култура на РМ за меѓународ-
на соработка со полските библиотеки. Во рамки-
те на овој проект беа посетени четири значајни
библиотеки во Вроцлав во Полска и една библио-
тека во Берлин, Германија од м-р Јелена Петров-
ска в.д. директор и Марија Малгожата Мачков-
ска, библиотекар советник. Престојот беше повр-
зан со истовремено учество на директорката на
83. Конгрес на Меѓународната федерација на би-
блиотечни асоцијации (IFLA), кој од 19-25 август
2017 година се одржуваше во Вроцлав.
Во понеделникот, на 21 август, беше посетена
библиотеката на Политехника во Вроцлав. Дирек-
торите на двете библиотеки, м-р Јенджеј Лесниев-
ски и м-р Јелена Петровска, потпишаа договор за
меѓусебна соработка меѓу двете институции.
Библиотеката на Политехника има огромно
значење за факултетот и регионот и слободно мо-
же да се каже дека е тоа вистинска библиотека на
21 век. Книжниот фонд на Библиотеката брои над
1 000 000 единици, како и над 200 000 единици
од специјалните збирки. Библиотеката овозмо-
жува пристап до над 17 000 наслови на странски
списанија и над 700 полски списанија. На почето-
кот на 2014 година Библиотеката на Вроцлавска-
та Политехника ја смени својата организациска
структура и назив и се трансформира во: Центар
за наука и научно технички информации. Во
состав на Центарот влегуваат: Класична библи-
отека со печатени збирки, Електронска библио-
тека со дигитализирани збирки, Центар за сора-
ботка на науката со стопанството, Контактен цен-
тар за трансфер на технологии, комплекс на науч-
но-истражувачки лаборатории и локални оддели
во разни организациски единици на факултетот.
Во ноември 2014 година во кампусот на Вроцлав-
ската Политехника беше отворена нова дигитал-
на библиотека БИБЛИОТЕХ, односно Библиотека
на природните и техничките науки.
Во една современа зграда со над 11,500 м2 ко-
рисна површина се лоцирани 570 компјутерски
места, повеќе лаборатории и простории за мул-
тимедијални проекции и огромна сервер-соба.
Освен Дигиталната библиотека во состав на ком-
плексот влегуваат и Регионален центар за инфор-
мации за патенти, Регионален пункт за информа-
ции за норми, Информативно биро за нови техно-
логии, а исто така и лаборатории за компјутери-
зација и обработка на податоци на Вроцлавскиот
Центар за мрежи и суперкомпјутери, како и ком-
плекс на научно-истражувачки лаборатории. (ви-
ди посебен текст во бр. 40 од 2015 год.)
Истиот ден, во попладневите часови, беше по-
сетена и мултимедијалната библиотека Медија-
тека, сместена во центарот на градот. Медијате-
ката е формирана во 2004 година во Вроцлав во
рамките на проектот на германската Фондација
Бертелсман во соработка со градските власти и со
Општинската јавна библиотека од Вроцлав. Таа
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
Подготвила
Марија Малгожата Мачковска, библиотекар советник
Политехника - Вроцлав
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА СО БИБЛИОТЕКИ ВО ВРОЦЛАВ,
ПОЛСКА
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.45 2018 5
е прва мултимедијална библиотека за млади чи-
татели која во рамките на својата понуда има бо-
гат книжен фонд како и мултимедии – вкупно над
30.000 единици.
Во мултимедијалните збирки на Медијатеката
читателите можат да најдат филмови, ДВД, БЛУ
РЕЈ, музички плочи, аудио-книги, компјутерски
игри како и електронски едукативни програми.
Библиотеката исто така овозможува пристап до
електронската база на книги E-book. Медијате-
ката не е само библиотека туку и место на сред-
би и интересни културни настани. Во текот на ед-
на година Медијатеката активно ја користат над
10 000 лица.
За време на посета на Медијатеката имавме
можност да слушниме предавања за искуствата на
детски оддели во скандинавските библиотеки, пре-
зентирани од страна на неколку учесници на IFLA.
((види посебен текст во бр. 33-34 од 2012 год.)
Наредниот ден беше посетена Долношлонска-
та јавна библиотека „Тадеуш Микулски“. Дирек-
торот на Библиотеката, Анджеј Тивс, ни ги пре-
зентира активностите на институцијата и плано-
вите за нејзиниот динамичен развој.
Освен својата основна дејност како јавна би-
блиотека ДЈБ врши и улога на централна библи-
отека во регионот Долни Шлонск, која го поддр-
жува развојот на над 300 помали библиотеки. ДЈБ
организира конференции, научни средби, помага
во развојот на мрежата на библиотеки, организи-
ра курсеви за библиотекари од регионот, сорабо-
тува со сите научни институции во Вроцлав, a сту-
дентите од Факултетот за библиотекарство и на-
учни информации доаѓаат тука на стручна прак-
тика. Во Библиотеката функционира Американ-
ско катче, читална на Ghete Institut, Романска чи-
тална, Кореанско катче, а во фаза на подготовка е
отворање на Словенска читална. Библиотечниот
фонд има универзален карактер и опфаќа околу
600.000 единици.
Најзастапена е хуманистичката и општестве-
ната литература, научната и научно популарна-
та литература, белетристиката и литературата за
деца и возрасни. Освен тоа ДЈБ има и богата фо-
нографска збирка со аналогни и DVD плочи, CD
ROM-ови, аудио и видео касети, книги снимени
на касети и CD ROM-ови како и богата збирка до-
кументи од општествениот живот. ДЈБ нуди ши-
рок избор на популарни и научно популарни пол-
ски и странски списанија како и локален печат.
(види посебен текст во бр. 27-28 од 2009 год.)
Универзитетска Библиотека од Битола има
воспоставено соработка со Долношлонската јав-
на библиотека уште во 2008 година. Таа годи-
на директорот на вроцлавска Билиотека Анджеј
Тивс, заедно со заменик директорот и една вра-
ботена, ја посетија НУУБ - Битола. Истата годи-
на беше возвртаена посетата од страна на нашата
институција. Оваа година беше официјализирана
меѓусебната соработка и беше потпишан договор
меѓу двете библиотеки, кој веруваме дека ќе ни
помогне во зајакнувањето на врската помеѓу на-
шите институции.
Третиот ден од престојот беше посетена Уни-
верзитетска Библиотека во Вроцлав. Директор-
ката м-р Гражина Пиотрович ни ги претстави ак-
тивностите и планови за развој на Библиотеката.
Беше потпишан договор за меѓусебна соработка
меѓу двете институции.
Универзитетската Библиотека во Вроцлав во
текот на многу години својата дејност ја обавува-
ше во неколку места во центарот на Вроцлав. Ор-
ганизациската структура на Библиотеката ги оп-
фаќа следните оддели: Прибирање на збирки, Мо-
нографски публикации, Периодични публикации,
Чување на библиотечни збирки, Работилница за
конзервација, Ракописи, Раритетни збирки, Гра-
фички збирки, Картографски збирки, Музички
збирки, Работилиница за репрографија и дигита-
лизација, Научна информација, Компјутеризација,
Научна документација на културно наследство.
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 45 20186
Во 2013 година беше пуштена во употреба но-
ва зграда на Библиотеката кога почна и постепе-
ното преселување на збирките во нови просто-
рии. Современата и функционална зграда (околу
38.000 м2 корисна површина) овозможува склади-
рање на богати библиотечни збирки (околу 4 ми-
лиони единици од нови збирки и 500.000 единици
од специјални збирки), пристап до збирките преку
Информаториум, каталози, читални, Оддел за зај-
мување, магацини со отворен пристап, индивиду-
ални читални. Во зградата има сали за предавања,
семинари и слушални, а исто така музеј на Библи-
отеката, сала за изложби и книжарница. Универ-
зитетската Библиотека во Вроцлав функционира
како центар за едукација, информација и култура.
(види посебен текст во бр. 44 од 2017 год.)
Последниот ден од патувањето беше искори-
стен за посета на Централната јавна библиотека
„Пабло Неруда“ во Берлин, Германија. Библиоте-
ката им нуди на своите корисници околу 100.000
книги и мултимедијални збирки за деца, тинејџе-
ри и возрасни. Интересен дел претставува семејна-
та библиотека која вклучува музичка библиотека,
библиотека за уметност и мултимедијален цен-
тар. Просторот на Библиотеката е прилагоден кон
корисниците и нивните потреби, нуди богат из-
бор на услуги и активности. Библиотеката распо-
На 16 октомври 2017 година Библиотеката бе-
ше посетена од делегација од Израел во која уче-
ствуваа d-r Rachel Shely Levi Drummer –секретар
за академски работи, Ilia Rodov – оддел за академ-
ска уметност, Bar – Iian University, Ramat – Gan,
Izrael, Yael Alef – архитектонски конзерватор. На
средбата, в.д. директорката м-р Јелена Петровска
ја претстави Библиотеката преку реализираните
проекти и активности. Тие се интересираа за би-
блиотечниот фонд , а посебно за одредени списа-
нија тематски поврзани со животот на Еврејска-
та заедница пред и после Втората светска војна.
Се разговараше за можните начини за истражу-
вање и изготвување на библиографии, on-line до-
стапност, збогатување на библиотечниот фонд и
инсталирање на информативни бази поврзани со
одделот за еврејската уметност. Интересни книги
и иновативни начини на презентирање на детска-
та литература беа посочени како една од актив-
ностите кои библиотека заедно со Амбасадата на
Израел во Република Македонија може да ги реа-
лизира во многу кус период, особено поради нео-
дамнешната посета на израелскиот амбасадор во
Р. Македонија, г-нот Ден Ориан.
ИЗРАЕЛСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
лага со разновидни училишни помагала, образов-
ни водичи за повозрасните генерации, специјал-
ни збирки со книги за полесно совладување на
германскиот јазик преку читање на класична гер-
манска и светска литература, па се до најнови из-
данија од областа на музиката и филмот. Библио-
теката има многу богата музичка збирка, како и
оддел за зајмување на уметнички слики. Со орга-
низирањето на бројни активности библиотеката е
препознатлива во целиот регион и служи за при-
мер како една современа институција.
Договорите за соработка со спомнатите библи-
отеки, искористување на нивните искуства, висо-
ките стандарди на услуги и динамичен развој ќе
придонесат за развој на нашата институција.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.45 2018 7
НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Ох-
ридски“ – Битола, како придружна членка на Уни-
верзитетот и член на Сенатот, во текот на своето
работење има потреба од остварување и на својата
универзитетска функција. Во таа смисла беа разгле-
дани можностите за набавка на стручна литература,
начинот на пристап до базите, односно библиотеч-
ните фондови од страна на студентите и професо-
рите. Стана збор за организирање тематски конфе-
ренции, соработка со други универзитети и универ-
зитетските библиотеки во земјата и странство, из-
готвување на заеднички проекти со заедничка ини-
цијатива за поголема вклученост во научните истра-
жувања, како и за важноста од евалуација на библи-
отечните процеси во рамките на Универзитетот.
Сите заложби за натамошна соработка беа до-
прецизирани од што произлегоа активности со точ-
но утврдени рокови и стратегии: Стручната служба
за развој на библиотеките при НУУБ „Св. Климент
Охридски“ да изработи документ за фактичката со-
стојба на библиотеките - членки на УКЛО Битола,
да се разгледаат можностите за користење на про-
грамата COBISS во факултетските библиотеки, со
цел да се има увид во состојбата на стручната лите-
ратура, како и можноста за целосна автоматизација
на библиотечните процеси во рамките на Универ-
зитетот.
Како плод на соработката на членките на Уни-
верзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, во
просториите на НУ Универзитетска библиотека „Св.
Климент Охридски“ – Битола, на 01.11.2017 година,
се одржа работна средба на в.д. директорот м-р Је-
лена Петровска со Ректорот на Универзитетот проф.
д-р Сашо Коруновски и неговите соработници про-
ректорот проф. д-р Виолета Маневска, г-ѓа Калиопи
Кривашија и други.
По официјалната средба од пред десетина дена
во Ректоратот на Универзитетот, каде се разговара-
ше за темите кои се од исклучително значење за те-
кот на учењето и работните активности на студен-
тите, покрај другото, стана збор и за подоброто ис-
користување на ресурсите на Универзитетот, а во
склоп на тоа и на факултетските библиотеки.
СТУДЕНТИТЕ И БИБЛИОТЕКАТА
(РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД РЕКТОРАТОТ)
ОХРИДСКАТА И БИТОЛСКАТА БИБЛИОТЕКА ПАРТНЕРИ ВО ИДНИТЕ ПРОЕКТИ
На 02.11.2017 година во просториите на НУ Би-
блиотека „Григор Прличев“ - Охрид е одржана работ-
на средба на в.д. директорите Гордана Змејковска
и в. д. директорката на НУ универзитетска библио-
тека „Св.Климент Охридски м-р Јелена Петровска.
Состанокот беше инициран од двете страни ка-
ко можност за поголема регионална соработ-
ка во однос на зголемувањето на компетенции-
те во библиотечното работење, размена на иску-
ства поврзани со актуелните затекнати пробле-
ми во самите институции и нивно решавање ка-
ко што се: функционалноста на просторот, про-
блеми во врска со сместувањето и користење на
книгите донирани од Владата и други прашања.
Во присуство на библиотекарите и соработниците
на библиотеката беа договорени заеднички актив-
ности по повод одбележување на значајни датуми и
настани, како и можноста за промовирање на родно-
крајните писатели и заеднички промоции на најно-
вите изданија на писателите. Беа разгледани можно-
стите за започнување на проекти поврзани со попу-
ларизација на читањето и информациската писме-
ност. По работната средба директорката Петровска
имаше прилика да се запознае со просторните мо-
жости на Библиотеката, вработените и нивните ак-
тивности поврзани со Центарот за култура во Охрид.
Следната средба е закажана во Битола со посета на
директорите од Библиотеките од Охрид и Струга,
каде што ќе биде донесена и програма за заедничка
соработка.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 45 20188
44. Собрание на Библиотекарското здружение
на Македонија (БЗМ) се одржа на 16-17 ноемв-
ри 2017 година во просториите на Националната
универзитетска библиотека „Св. Климент Охрид-
ски“ Скопје. На Собранието беа присутни 63 деле-
гати – учесници и 25 други присутни од сите би-
блиотеки на Р. Македонија.
Собранието беше отворено со поздравните об-
раќања на г-ѓа Зоја Андоновска, раководител на
Одделот за библиотекарство при Mинистерството
за култура на Р. Македонија. г-ца Сенка Наумов-
ска, в.д. директор на НУБ “Св. Климент Охридски“
Скопје, м-р Миодраг Дадасовиќ, национален ко-
ординатор на МЕБ и г-н Благој Николов, претсе-
дател на БЗМ.
Во работниот дел на Собранието во текот на
двата дена се одржуваше конференција на која
беа претставени 20 трудови од областа на библио-
текарството. Конференцијата се одвиваше на ма-
кедонски и на англиски јазик. Модератор на кон-
ференцијата беше м-р Миодраг Дадасовиќ, би-
блиотекар советник. Спонзори на Собранието беа
Jacek Lewinston
P u b l i s h e r ’ s
representat ive
Central / Eastern
Europe во чие
име презенти-
раше и негови-
от сопственик
Jacek Lewinson,
IOP Publishing
C o m p a n y o f
the Institute of
Physics, Bristol,
England, во чие
име презенти-
раше м-р Миод-
раг Дадасовиќ,
претставувајќи
ја презентација-
та на Франче-
ска Бразорото (Francesca Brazzorotto), региона-
лен менаџер за продажба во Италија, Балтички-
те држави, Источна Европа (освен Русија и Пол-
ска), Малта, Грција и Кипар. Во име на EBSCO
Information Services, презентација имаше Дали-
бор Параќ (Dalibor Parać), Senior Library Service
Engineer за Централна и Јужна Европа.
Подготвил
Благој Николов, библиотекар советник
44. СОБРАНИЕ НА БЗМ
Поздравно обраќање на г-ѓа Зоја Андоновска
раководител на Одделот за библиотекарство
при МК на РМ
Благој Николов, претседател на БЗМ
Сенка Наумовска, в.д. директор на НУБ
Презентација на Далибор Парач
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.45 2018 9
Откако Библиотекарското здружение на Ма-
кедонија на својата Веб – страна го даде известу-
вањето за реализирање на општинските натпре-
вари „Млади библиотекари“ во Македонија, На-
ционалната установа – Универзитетска библио-
тека „Св. Климент Охридски“ – Битола состави
тричлена комисија за спроведување на натпрева-
рот. Комисијата во состав: претседател Јоланда
Бошевска, библиотекар советник, членовите Ил-
че Стојановски, виш библиотекар и Гордана Пе-
шевска, виш библиотекар ги извести сите основ-
ни училишта во Битола и Битолско.
На 17. 10. 2017, со почеток во 11 часот, во но-
вата читална на вториот кат од стариот дел од
Библиотеката се одржа Општинскиот натпревар
„Млади библиотекари“, на кој зедоа учество уче-
ници од основните училишта од Битола и по еден
ученик од училиштата во Бистрица, Новаци и До-
брушево, вкупно единаесет претставници. Нат-
преварот траеше еден саат. По прегледувањето
на тестовите беа познати најдобрите тројца нат-
преварувачи: Првото место со освоени 91 поен е
Благица Митровска, 9 одд. ОУ „Браќа Миладинов-
ци“ с. Добрушево, Могила, ворото место му при-
падна на Изабела Насковска, 9 одд. ОУ „Кирил и
Методиј“ – Битола со еден поен помалку (90 пое-
ни) и на трето место се најде Марија Михајловска,
9 одд, ОУ „Крсте Петков Мисирков“ с. Бистрица со
87 поени.
Присутните ги поздрави и им ги додели награ-
дите в.д. директорката м-р Јелена Петровска. Нај-
добрите тројца учесници добија награди во лук-
сузни изданија од детски енциклопедии. На сите
учесници им беа доделени благодарници и по ед-
на книга и последниот број на списанието Библи-
отечен тренд, а на нивните ментори, потврди за
учество.
Според утврдените правила за овој натпре-
вар на 18. Републички натпревар „Млади библи-
отекари“ што ќе се одржи во Центарот за култура
„Браќа Миладиновци“ во Струга на 03.11.2017 г.,
ќе учествува првопласираната ученичка Благица
Митровска.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Подготвила
Гордана Пешевска, виш библиотекар
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“ 2017
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 45 201810
18. Републички натпревар „Млади библиоте-
кари“ се одржа на 03.11.2017 година во НУ Цен-
тар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
На натпреварот учествуваа дваесет (20) ученици
од основните училишта на Р. Македонија.
По прегледувањето на тестовите, петчлената
комисија во состав: Мариче Богданова – виш би-
блиотекар, претседател, Ели Наумоска Монеска –
библиотекар, член, Пепи Ставревски – претстав-
ник од училишните библиотеки и секретар на Из-
вршниот одбор на БЗМ, член, Жаклина Линкова,
член и Љупка Стојменова, член и двете претстав-
ници од присутните ментори на учесниците, ги
соопшти резултатите. Со 130 бодови беа првопла-
сираните: Анаста-
сија Младеновска
од ОУ „Крсте Пет-
ков Мисирков“ –
Куманово, Благица
Митровска од ОУ
„Браќа Миладинов-
ци“ – с. Добруше-
во, Могила, Изабе-
ла Насковска од ОУ
„Кирил и Методиј“ – Битола и Трајче Манчевски
од ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица.
Со оглед на тоа што, според правилата на нат-
преварот беше потребен само еден победник, се
пристапи кон усно одговарање на прашања. Крај-
ниот победник беше, Трајче Манчевски, на второ
место дојде Благица Митровска, а третото место
му припадна на Изабела Насковска.
На првите тројца, претседателот на БЗМ Благој
Николов, библиотекар советник на првите тројца
натпреварувачи им додели дипломи и енциклопе-
дии. На сите учесници им додели благодарници, а
на нивните ментори потврди за учество.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Подготвила
Лидија Мирчевска, виш библиотекар
ЗНАЧАЈНОСТА НА ПЕРИОДИЧНИТЕ ПУБЛИКАЦИИ
18. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“ 2017
Покрај монографските публикации, сериски-
те заедно со монографските публикации претста-
вуваат основен фонд на една библиотека, каде се
собираат, чуваат, стручно обработуваат и даваат
на користење на читателите. Тие се главни носи-
тели на актуелни информации и сознанија од си-
те научни дисциплини, кои најнепосредно ги от-
сликуваат настаните во политичкиот, економски-
от, културниот и научниот живот во земјата и све-
тот воопшто. Се почесто се случува да се најдат во
една сериска публикација податоци (статии) кои
никаде дотогаш не биле публикувани. Статиите
кои се објавуваат во списанијата, претставуваат
за корисниците вистински извор за бараната ин-
формација од нивната сфера на интерес.
Сериските публикации како континуиран из-
вор се објавуваат непрекинато во посебни све-
ски или томови, обично нумерирани и нивното
излегување не е временски ограничено. Тие оп-
фаќаат: весници, зборници, годишници, кален-
дари, алманаси, годишни извештаи, статистич-
ки билтени итн. Весниците како дневен или не-
делен печат, имаат информативна улога и изве-
стуваат за тековни настани. Списанијата пак из-
легуваат неделно, месечно, односно периодично.
Во нив среќаваме различни содржини како науч-
ни, стручни, политичко-информативни, култур-
ни, забавни, енигматски, детски итн. Периодика-
та претставува чувар на минатото. Старата и рет-
ка периодика има статус на културно богатство,
каде е отсликана историјата на едно општество
(култура, традиција и сл.) Иако поголемиот број
од насловите се на туѓи јазици и излегувале во
други земји, значењето на овој фонд е неоспорно,
затоа што претставува изворен материјал за про-
учување на историјата на еден народ.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.45 2018 11
Периодичните публикации се значаен сегмент
во истражувачката работа на многу научни работ-
ници, а средношколците и студентите во нив нао-
ѓаат многу критички осврти на дела од домашни
и странски автори, како и други содржини кои се
предмет на нивното изучување. И повозрасните
читатели наоѓаат занимливи теми низ периодич-
ниот материјал. Со ова уште еднаш се потврдува
значењето на периодиката за една библиотека ка-
ко посебен дел во движното културно наследство
на библиотечни добра.
Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола, од-
делението „Стручна обработка на периодични
публикации“, располага со богат фонд (вкупно
наслови 2058) од кои списанија (1649) и весни-
ци (409) од различни области, што секојдневно
стојат на располагање на читателите од нашата
библиотека.
На 09.08.2017 година беше претставена Збир-
ката Дробен печат која е поставена во холот на
третиот кат во стариот дел од зградата на Библи-
отеката, во застаклени витрини во кои е сместен
само еден поголем дел од дробниот печат.
Основна мисија на секоја национална библио-
тека е да го комплетира, чува, обработува, созда-
ва и промовира библиотечниот материјал, во кој
влегува и дробниот печат кој рапидно расте.
Проектот Содржинско средување и поста-
вување на дробниот печат во витрини – по-
стојана поставка е одобрен од Општина Битола
во рамки на програмата на БИТФЕСТ 2017. Овој
проект е од големо значење со оглед на фактот
што се овозможи презентација на дел од библи-
отечниот материјал – дробен печат, кој со години
е прибиран, а досега не бил презентиран односно
јавно достапен на граѓаните.
Селектирањето на дробниот печат е детерми-
нирано од формалните и содржинските својства
на библиотечниот материјал и тоа: масовност на
слични публикации, прирачност, информатив-
ност, инструктивност и формален изглед.
Збирката Дробен печат ќе биде постојана по-
ставка и граѓаните на општина Битола и сите го-
сти кои доаѓаат во Битола и кои се заинтересира-
ни за овој вид библиотечен материјал ќе имаат
можност во секое време да ја посетат Библиотека-
та и да ја разгледаат Збирката Дробен печат, која
е уникатна и во неа е претставено минатото со
различни културни, образовни и научни средби,
фестивали, изложби, спортски настани и други
активности кои се одржувале на овие простори.
Битола и понатаму продолжува со својот при-
донес во книжевната традиција на Македонија,
затоа и нашата Библиотека, односно, ние библио-
текарите, свесни за улогата на библиотеките во
заштитувањето и чувањето на старите и новите
дела, како и за зачувувањето на трагата за вред-
ните општествени случувања во градот, реализи-
раме проекти за нивно осветлување од минатото
во сегашноста и иднината.
Подготвила
Ленче Андоновска, библиотекар советник
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЗБИРКАТА ДРОБЕН ПЕЧАТ
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 45 201812
Националната установа Универзитетска библи-
отека „Св.Климент Охридски“ – Битола пред 4 ме-
сеци со голем ентузијазам започна да го реализира
проектот „Мла-
ди поетски пер-
форманси“, на-
менет за млади
автори на поет-
ски творби од
Пелагонискиот
регион, за уче-
ници од 5-9 од-
деление од основните училишта, ученици од сред-
ните училишта и млади на возраст од 18 до 24 го-
дини. Промоцијата на збирката поезија се одржа на
25.08.2017 година во просториите на библотеката.
Целта на проектот беше да ги поттикнеме и мо-
тивираме младите литературни творци да пишува-
ат, да го промовираат и афирмираат своето креа-
тивно творештво, за прв пат да се објават во збир-
ка поезија со што ќе им се даде можност да се прет-
стават пред пошироката јавност. Во предтекстот на
проектот е заложбата за силна и директна стимула-
ција на творештвото на младите автори од нашата
земја.
Проектот опфаќаше конкурс за доставување на
поетски творби, кој беше јавно распишан во текот
на 2017 година. Најдобрите и најквалитетните твор-
би кои беа доставени се објавени во оваа заеднич-
ка збирка поезија. Во збирката се опфатени над 30
творби кои учестуваа самостојно или со ментори –
наставници.
Во рамки на проектот се одржаа работилници на
следните теми: „ Модерни текови и трендови во со-
времената поезија“, „Предавање од областа на пое-
зијата, посочување теми, пишување на песна и ин-
терпретација на напишаната песна“,„Електронските
алатки и можноста за промоција на поетското тво-
рештво на младите поети“„Од развивање на идеја –
дело до промоција на дело“ итн. Проектот е финанси-
ран од Министерството за култура на Република Ма-
кедонија и општина Битола – БИТФЕСТ 2017.
Во средата на 13 декември, Библиотеката беше
посетена од м-р Ренате Коблер, амбасадор на Р. Ав-
стрија во Р. Македонија. Таа ја предаде овогодишна-
та донација на книги за Австриската библиотека во
состав на НУУБ -Битола.
Донацијата се состои од: литература од австри-
ски писатели, литература од германски писатели,
методски прирачници за наставници по германски
јазик, учебници и работни тетратки во издание на
Австрискиот фонд за интеграција (Österreichischer
Intergrationsfonds), лексикони за австриската кни-
жевност и стручна литература од областа на инфор-
матиката по барање на Факултетот за информатич-
ки и комуникациски технологии во Битола (ФИКТ).
По повод на посетата, Ученици од ОУ „Елпида
Караманди“ - Битола кои го изучуваат германскиот
јазик кај наставничката по германски јазик Билја-
на Митковска, пред Амбасадорката го презентираа
проектот „Читање и преведување на дела од лите-
ратура за деца и млади - романот „Katzenmusik“ од
Renate Welsh“.
Овој проект беше еден од проектите со кои Ав-
стриската библиотека, НУУБ „Св. Климент Охрид-
ски“ и Почесниот Австриски конзулат во Бито-
ла го одбележаа фестивалот „Австрија чита 2017“
(Österreich liest 2017), а истиот се организира секоја
година во Р. Австрија и во сите Австриски библиоте-
ки ширум светот.
Учениците, исто така, ја најавија австриската пи-
сателка за деца и млади Ренате
Велш и нејзиното доаѓање во Битола, во март
2018 година). Учениците ја прочитаа прераска-
жаната приказна „Мачкина музика“ со паралелен
превод на германски јазик и и го подарија на г-ѓа
Коблер.
Координатор: Фатма Бајрам Азмовска, библиотекар
Соработник: Илче Стојановски, виш библиотекар
ПРОЕКТ „МЛАДИ ПОЕТСКИ ПЕРФОРМАНСИ“
ДОНАЦИЈА ОД АВСТРИСКАТА АМБАСАДА
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.45 2018 13
Подготвила
Фатма Бајрам Аземовска,
библиотекар
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ,
ПРЕДАВАЊА
30.06.2017
Децата читаат
Во рамки на своите активности за популари-
зација на книгата и подигнување на културата на
читање, НУУБ – Битола и издавачката куќа Еду-
ка Мак организи-
раа креативна ра-
ботилница „Деца-
та читаат“ на која
беше доделена
наградата за нај-
добар читател во
Детското одделе-
ние при Библиоте-
ката и наградата„ „ЅВЕЗДЕНИ ТРЕПЕТИ“ која и
припадна на авторката Ели Маказлиева за кни-
гата „Авантурите на мачорот Перко“. НУУБ – Би-
тола ќе продолжи да ја доделува секоја година
за најпопуларна, најомилена и едукативна книга
за деца.
30.06.2017
Средба со писатели
Во просториите на детската градин-
ка „Пролет“ – Битола, се одржа средба на де-
цата со писателите за деца Ели Маказлие-
ва, Панде Манојлов и Александра Велинова.
Во текот на средбата беа промовирани најнови-
те книги за деца: „100 ИЛУСТРИРАНИ БАСНИ
ОД ЕЗОП“,„АВАНТУРИТЕ НА МАЧОРОТ ПЕРКО“,
„БИДЕЈЌИ СУМ
ДЕТЕ“. Настанот
беше во соработка
со НУУБ „Св. Кли-
мент Охридски“ –
Битола, издавач-
ката куќа Едука
Мак и градинката „Естраја Овадија Мара“ – Бито-
ла (клон Пролет)
Литературното творештво за деца е од особено
значење во текот на нивното воспитување, обра-
зование и правилен развој и истото треба се по-
веќе да се негува и популаризира. Беа промови-
рани новите книги на Едука Мак и доделени на-
гради на 12 деца «НАЈЧИТАТЕЛИ» и тоа на: Ма-
рија Јоновска, Јован Српчански, Петар Лозанов-
ски, Ангела Димовска, Константин Стојановски,
Ана Стојанова, Ана Дичовска, Мирем Ахмедова,
Јована Арсоска, Анастасија Дурлова и Ангела Ме-
шеска.
19-30.07.2017
Книги под ведро небо
07.08.2017
Работилница за едицијата
„Македонски искушенија“
Во роднокрајната читална на Библиотеката
се одржа работилница во рамки на проектот „По
врвиците на хероите на Македонија“, едиција-
та „Македонски искушенија (5 мултимедијални
настани), беше најпрво претставена од профе-
сор Ѓорги Чекутков, кој зборуваше за Павел Ша-
тев. Беа прикажа-
ни инсерти од до-
кументарни фил-
мови кои ја даваа
историската ди-
мензија, однос-
но придонесот на
истакнатите ма-
кедонски дејци за
ослободувањето и
осамостојувањето
на Република Ма-
кедонија и соод-
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 45 201814
ветните настани и околности во времето во кое
тие живееле, твореле и се бореле. Проектот е под-
држан од Министерството за култура на Републи-
ка Македонија и општина Битола во рамки на
програмата БИТФЕСТ 2017.
28.07.2017
„Љубовта кон читањето“
Во Детската библиотека на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола се реализира работилница на
тема – „Љубовта кон читањето“. Работилницата
ја реализира одделенскиот наставник од ОУ „Да-
ме Груев“–Битола,
м-р Нела Недел-
ковска, а учеству-
ваа младите чита-
тели на пишаниот
збор. Целта на ра-
ботилницата беше
да се развие љубов
кон читањето. Да научат дека читањето ја поттик-
нува и развива фантазијата, креативноста и има-
гинацијата. Читањето го збогатува речникот и
опушта. Присутните ги поздрави в.д. директорка-
та на НУУБ – Битола, м-р Јелена Петровска – ги по-
здрави присутните деца и родители и ги воведе во
правилата на работилницата. Се водеше дискусија
и се даде до знаење дека книгите се многу подобри
од филмовите, бидејќи се она што е напишано во
книгата не може да се пренесе на големо платно.
Сите деца самостојно си одбраа омилен лик од
прочитана книга и истиот го илустрираа. Следе-
ше презентација. По завршувањето на работил-
ницата следеше и запознавање со просториите во
библиотеката
11.08.2017
„Мојата поинаква лектира – книга во кутија“
Во рамки на БИТФЕСТ 2017 – во Библиотеката
се одржа работилница на тема „Мојата поинак-
ва лектира – книга во кутија“. На работилницата
учествуваа ученици од второ до петто одделение,
изведуваа активности по лектирно дело кое им
оставило најголем впечаток, изработуваа цртежи,
корици од прочитаното лектирно дело. Работил-
ницата траеше еден час. После завршената работа
учениците го пре-
зентираа она што
го изработија, из-
влекуваа заклучо-
ци, зошто се одлу-
чиле да го работат
токму тоа лектир-
но дело. Посебно беше задоволството од услови-
те во Библиотеката наместо во школските клупи.
16.08.2017
Детето кое не сакаше да чита
Во рамки на БИТФЕСТ 2017 година, во просто-
риите на Библиотеката се одржа театарска прет-
става „ДЕТЕТО КОЕ НЕ САКАШЕ ДА ЧИТА“, тек-
стот е адаптација од авторско дело на српската
писателка Јасминка Петровиќ. Оригиналниот на-
слов е „Како постати и остати глуп!“ – лесна, за-
бавна поучна содржина со хумористични елемен-
ти. Главниот лик има голема аверзија кон кни-
гите и читањето, но да се спаси од секојдневните
притисоци на родителите, мудро се крие во школ-
ската библиотека.
24.08.2017
„Македонски иселенички меридијани“
Промоцијата на книгата „Македонски исе-
ленички меридијани“ од авторот Славе Катин.
се одржа во просто-
риите на библиотека-
та со почеток во 19 ча-
сот. Книгата е објаве-
на од издавачките куќи
„Македонска искра“ и
„Матица македон-
ска“ од Скопје, а
рецензенти се по-
главарот на МПЦ-
ОА архиепископот
Стефан и проф.
д-р Вера Стој-
чевска – Антиќ.
Изданието беше претставено од писателот Добре
Тодоровски и проф.д-р Вера Стојчевска – Антиќ.
Делото на Катин е еден вид именик, или биограф-
ски колаж со карактеристични податоци поместе-
ни со низа бројки и факти од животот и делата на
150 личности од македонско потекло. Во книгата
на 600 страници се објавени имиња на познати
и признати личности, со различни образованија
и занимања, општественици и духовници вгра-
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.45 2018 15
крајот на настанот,
присутните гости
уживаа во прекрас-
ната храна подгот-
вена со многу љу-
бов од самите уче-
ници.
26.09.2017
Средба со амбасадорот Дан Оријан
Националната Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“ - Битола беше посете-
на од изреалски-
от амбасадор во Р.
Македонија, него-
вата екселенција
Дан Оријан. На
средбата в.д. ди-
ректорката м-р Је-
лена Петровска го запозна амбасадорот на Изра-
ел со работата на библиотеката, функционирање-
то и проектите. На средбата се разговараше и за
иницијативи за идни соработки.
26.09.2017
Мултимедијано ЦД
Во просториите на НУУБ – Битола се промови-
раше мултимедијално ЦД „Кога тато ќе порасне“
од авторот Дан Оријан (Dan Oryan).
Неодамнешната промоција на книгата за де-
ца „Кога тато ќе порасне“ од авторот Дан Оријан
– амбасадор на Израел во Република Македонија,
која беше презентирана во Библиотеката и како
мултимедијално ЦД, предизвика голем интерес и
внимание кај најмладите
читатели.
Библиотеката во сора-
ботка со „Естреја Овадија
Мара“ – Битола – објект
„Снегулка“, на 5 октомв-
ри 2017 им го претстави
мултимедијалното ЦД, како и истоимената книга
„Кога тато ќе порасне“ од Дан Оријан.
дени во изградбата на македонските православ-
ни цркви од нивното конституирање од дамнина
до денес. Овој импозантен број имиња е значаен
за македонската национална, духовна, културна,
стопанска и научна дејност, со што се прикажува
вистината за македонското иселеништвото во ми-
натото и сегашноста.
22.09.2017
Глобалната Визија за библиотеките
Во организација на Здружението за равој и ино-
вации на библиотеки „ИНОВА ЛИБ“, во простори-
ите на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“
Скопје, бе-
ше одржан
с о с т а н о к
на тема :
Дискусија
за Глобал-
ната Визија
за библи-
о т е к и т е .
На соста-
нокот, како претставници на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола беа присутни: м-р Јелена Пе-
тровска – в.д. директор, Фатма Бајрам Аземовска,
библиотекар, Александар Крстев, библиотекар.
Учесниците имаа можност да дискутираат по
различни прашања и притоа беа изнесени профе-
сионалните искуства и размислувања на библи-
отекарите од Р. Македонија со што се даде осврт
на моменталната состојба и се предложија насо-
ки во склад со глобалната визија за библиотеките
која оваа година беше сугерирана на работилни-
цата IFLA Global Vision која се одржа во Мадрид на
5-6 јули 2017 каде на покана од ИФЛА учествува-
ше м-р Вилма Јованова, секретар на Здружението
Инова Либ.
26.09.2017
Европски ден на јазиците
Француската Алијанса Битола и Национална-
та установа Универзитеска библиотека „Св.Кли-
мент Охридски“ - Битола го одбележаа Европскиот
ден на јазиците 26 Септември преку европски ку-
линарски обичаи.
Учесници беа уче-
ници од основните
училишта од Бито-
ла, каде што што се
учи француски ја-
зик и секое училиште подготви храна според ку-
линарските обичаи од некоја европска држава. На
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 45 201816
05.10.2017
Книга за наставата по германски јазик
Во рамки на издавачката дејност на УКЛО на
Светскиот ден на учителите, во НУУБ „Св. Кли-
мент Охридски“ – Битола, промивирано е издани-
ето „Методи на наставата по германски јазик
како странски јазик“. Проректорот, проф. д-р Ви-
олета Маневска, во својство на промотор, истак-
на дека издавачка-
та дејност на УКЛО
етаблирана низ из-
данијата Билтен
на Универзитетот,
е- весникот Уни-
верзитетски глас
и научното спи-
сание Хоризонти,
меѓу другото вклу-
чува и поттикнување преводи на учебници и учеб-
ни помагала, како што е изданието „Методи на на-
ставата по германски јазик како странски јазик„
од авторите Герхард Нојнер и Ханс Хунфелд што
претставува прв превод во Република Македонија,
по претходно добиено авторско право за издавање
на преводот, извршен од: д-р Валентина Илие-
ва, м-р Симона Монавчева и Кристина Илиева.
Професорот од Педагошкиот факултет, д-р Дани-
ела Андоновска Трајковска потсети на значење-
то на методиката како важна научна дисциплина
и ја истакна поддршката на УКЛО за научната и
стручна мисла на Универзитетот.
06.09 – 31.10.2017
Меѓународниот ден на писменоста
Оваа година, Меѓународниот ден на писмено-
ста (8 септември) ќе се прослави низ целиот свет
под темата „Писменост во дигиталниот свет“.
Следејќи ги светските трендови во библиотечна-
та дејност, кон оваа глобална акција се вклучува и
НУУБ“ – Битола со бесплатно зачленување во би-
блиотеката на сите деца запишани во прво одде-
ление од основните училишта во Битола и про-
мовирање на елек-
тронски читачи
на книги (e-book
readers).
Акцијата започ-
на на 06.09.2017
и траеше до
31.10.2017 година
со приложување на ученичка легитимација или
ученичка книшка.
Октомври - месец на книгата 2017
Една од најважните функции на Библиотека-
та е популаризацијата на книгата и читањето,
развивање на свеста и на-
виките за читање. Октомв-
ри е месец на книгата, ко-
га се трудиме да го поттик-
неме читањето, и не само
тоа, туку преку проектот „Сликовница за секое де-
те“ и „Месец на книгата“ – НУУБ - Битола, го про-
мовираше читањето и моќта на книгата меѓу најм-
ладите. Проектот е само еден од многуте проек-
ти што го поттикнуваат и стимулираат читањето.
Исто така, за млади и возрасни ќе се организира Де-
батен клуб, „Клуб на читатели за млади и возрасни“,
во рамките на кој ќе се анализираат различни кни-
ги, ќе се дискутира за омилени книги и писатели.
02.10.2017
Заедно со најмладите читаме
По повод октомври – месецот на книга-
та, во холот на библиотеката е поставена из-
ложба на книги наменета за нашите најм-
лади читатели. На следниот линк следат по-
веќе фотографии https://www.facebook.com/
pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_
id=10155837824668679
• „Опасна игра“ - Виварели, Ана
• „Клавирот тивко плачеше“ – Сотировска,
Душица
• „Четири пријатели онлајн!“ – Каприја, Ка-
ролина
• „110 улици“ – Гутовска - Адамчиќ, Малгожата
• „Децата од моите сонувалки“ – Калан,
Ѓорѓи Т.
Предлог наслови на нови книги за читање во
идниот период:
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.45 2018 17
18.10.2017
Промоција на книга
ЗА ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА
Во организација на Македонското научно
друштво од Битола во соработка со НУУБ „Св. Кли-
мент Охридски“ –
Битола, се одржа
свечена промоција
на книгата „Обли-
кување на името
Република Маке-
донија на држава-
та“ (второ допол-
нето издание), од
авторот д-р Ѓорѓи
Михајловски. За книгата зборуваше промоторот
проф. д-р Трајан Дојчиновски. Книгата е во изда-
ние на Македонското научно друштво од Битола.
19.10.2017
Посета на ученици од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“
Ученици од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола, заед-
но со своите наставнички, ја посетија НУУБ „Св.
Климент Охрид-
ски“ - Битола, при
што беа запозна-
ени со основање-
то, работата и раз-
војот на Библио-
теката. Во текот
на посетата беше
организирана и
кратка креативна
работилница посветена на книгата и нејзиното
значење. Учениците со посебен интерес и задо-
волство ги разгледаа детската библиотека, библи-
отечниот музеј и читалните.
19.10.2017
Посета на ученици
ОУ „Св. Климент Охридски“
Наставничката Гордана Анастасова и учени-
ците од ОУ „Климент Охридски“ - Битола ја посе-
тија библиотеката, се запознаа со работата на би-
блиотеката, со
професијата би-
блиотекар и со
музејската по-
ставка. Во текот
на посетата им
беа покажани
новите читал-
ни, функциони-
• „Кони и љубовното писмо“ – Боеме, Јулија
• „Принцезата Тијара“
• „Приказни од Алхамбра“ – Ирвинг, Ва-
шингтон
• „Тајната градина“ – Хоџсон Барнет, Френсис
• „Ученикот на ренџерот“ – Фланаган, Џон
Недела на забранети книги
Во некои земји, властите, дури и во денешно
време, наметнуваат што е морално да се чита врз
основа на лични убедувања на
поединци - на пр. во Иран (ја-
нуари, 2011) забранети се кни-
гите на Паоло Коелјо, а во Ру-
сија имаше неуспешна ини-
цијатива да се забранат Набо-
ков и Маркез односно нивни-
те дела: „Лолита“ и „Сто годи-
ни самотија“, кои се наведува-
ат како дела што поттикнуваат
„перверзни страсти и ги прават
поединците несреќни“.Неделата на забранети
книги се одбележува ширум светот, уште од 1982
година. Оваа недела беше одбележана и во битол-
ската библиотека, а со цел читателите да се запо-
знаат се повеќе со насловите кои се забранети, из-
ложбата на забранети книги беше продолжена до
7 октомври.
13.10.2017
Писателите зборуваат за книгата
Една од активностите предвидени во месецот
на книгата е и средбата на ученици со битолските
писатели „Писателите зборуваат за книгата“, со
цел учениците да се запознаат со писателите, нив-
ната дејност и творештво, воедно да се мотивира-
ат да ги читаат нивните дела, и самите да пишува-
ат . Писателите
Панде Манојлов,
Елена Ѓорѓиевска
Костандиновиќ и
Радован П. Цвет-
ковски се дружеа
со учениците од
ОУ „Даме Груев“ –
Битола и настав-
ничката Нела Неделковска . Активностите по по-
вод „Месецот на книгата“ се организираат со цел
поголема популаризација и афирмација на книга-
та и творештвото, важноста и значењето на чи-
тањето, особено во најраната возраст.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 45 201818
ридски“ - Битола, поставе-
на беше тематска излож-
ба со наслови од фондот
на Библиотеката како што
се: Библиотеките во Бито-
ла, Црквите и манастирите
во Битола и Битолско, Пе-
чатарството и издаваштво-
то во Битола, монографии-
те за Битола, како и книги
за развојот на образованието, културата, стопан-
ството итн.
27.10.2017
Посета на студенти - претставници од
Државниот универзитет во Тетово
Библиотеката беше посетена од студентите од
четврта година на студиската програма по гер-
мански јазики книжевност при Државниот уни-
верзитет во Тетово и нивните професори и шеф
на катедра. Го-
стите ги поздра-
ви в.д. директо-
рот м-р Јелена Пе-
тровска и ги запо-
зна со структурата
на НУУБ „Св. Кли-
мент Охридски“ во
чиј состав е и Австриската библиотека во Бито-
ла. Австрискиот лектор Лазим Ахмеди, заедно со
неговите студенти, подготви литературно читање
на избрани текстови и истите беа презентирани
пред почесниот конзул на Република Австрија и
раководител на Австриската библиотека во Бито-
ла д-р Валентина Илиева.
03.11.2017
Промоција на „Тајната на нашите корени“
Книгата „Тајната на нашите корени“ од автор-
ката Весна Илиовска беше промовирана во сала-
та за промоции
на Библиотеката.
Промотор на кни-
гата беше Лилја-
на Стефановска.
Тоа е книга за
печалбарските
корени на двете семејства, по линија на нашите
двајца поранешни вработени, Десанка и Алексан-
дар (Цане) Врклевски, сега покојни, истражувани
подолго време од страна на нивната ќерка, автор-
ката Весна Илиовска.
рањето и правилата во читалните, идеи како мо-
же максимално да се користат итн. Учениците на
крај се сликаа за новите членски картички. Љубо-
питници Ви благодариме за покажаниот интерес
да ја посетите нашата библиотека, бидејќи ова е
еден од начините на кој се стекнува навика за чи-
тање и љубов кон книгата.
3.11.2017
Промоција на две книги
Во библиотеката се одржа промоција на книги-
те „Песната палимпсест“ од авторот Веле Смилев-
ски и „Устата на јавето“ од Раде Силјан. Промото-
ри на книгата беа проф. д-р Даниела Андоновска
– Трајковска, проф. д-р Златко Жоглев и проф.Ми-
лица Димитријов-
ска - Радевска. На
присутните гости
им се обрат м-р Је-
лена Петровска,
в.д. директор. Во
издание на книго-
и з д а т е л с т в о т о
„Матица македон-
ска“ од Скопје из-
лезе од печат по-
етската книга
„Устата на јавето“
од современиот
македонски писа-
тел Раде Силјан.
Во своето седумнаесетто поетско дело авторот за-
стапува седумдесет песни, поделени во седум те-
матски циклуси, кои сочинуваат неразделна те-
матска целина.
Во присуство на писателите Веле Смилевски,
Раде Силјан и проф. д-р Златко Жоглев, в.д. ди-
ректорката м-р Јелена Петровска го запозна ам-
басадорот на Сло-
венија во Р. Маке-
донија, професор
Милан Јазбец со
работата на би-
блиотеката, функ-
ционирањето и
проектите. На средбата се разговараше и за ини-
цијативи за идни соработки и проекти. Беше по-
ставена изложба од авторите Веле Смилевски и
Раде Силјан.
ИЗЛОЖБА ПО ПОВОД 4-ТИ НОЕМВРИ
По повод 4-ти Ноември - ослободување на гра-
дот Битола, во холот на НУУБ „Св.Климент Ох-
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.45 2018 19
06.11.2017
Едукативно предавање – Учење од далечина
Во просториите на Библиотеката се одржа пре-
давање за сите оние кои сакаат да бидат тутори
или да учат од
комотноста на
својот дом, да не
одат никаде, а да
научат или спо-
делат знаење од
јазици, математика, електротехника, креативно
пишување. Преку услугите на teachoot.com и ќе се
изненадите од добиената услуга.
16.11.2017
Книга „Говор на телото“
Промоцијата на книгата „Говор на телото“ од
проф. д-р Зендел Абедин Шехи, всушност, прет-
ставува комплетен
навигациски во-
дич за невербал-
на комуникација.
Во книгата се збо-
рува за историја-
та на невербална-
та комуникација,
нејзината природа, еволуција на говорот на тело-
то. Универзални фацијални експресии, читање и
анализирање на луѓето околу нас.
11.12.2017
Недела на човековите права
Француската Алијанса од Битола, Француската
амбасада, Националната установа Универзитет-
ската библиотека „Св.Климент Охридски“ – Бито-
ла и правниот факултет – Кичево, по повод денот
на човековите права, организираа работилници
за ученици од основните училишта од Битола.
Работилниците се одвиваа во просториите на
Универзитетската библиотека „Св. Климент Ох-
ридски“ – Битола.
Во холот на библиотеката поставена беше ли-
ковна изложба од ликовниот натпревар на тема
„Право на живеење во здрава средина и недискри-
минација.
ФРАНЦУСКИ УМЕТНИЦИ
ВО БИБЛИОТЕКАТА
Во рамките на проектот за одбележување на
човековите права, пред влезот на библиотеката
се црташе мурал на тема „Фауна и Флора – пра-
во на живот во
здрава средина“.
Настанот го орга-
низираше Фран-
цуската Алијанса
од Битола, Фран-
цуската амбасада
и Националната
установа Универ-
зитетската библи-
отека „Св.Климент
Охридски“ – Би-
тола. Ова дело го
нацртаа уметни-
ците Херве Потел
(Herve Potelle) и
Александар Рајко-
виќ (Alexandre
Rajkovic).
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ
ОДДЕЛ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУГА
ЗА ВОЗРАСНИ
РОБИНКАТА – Кетрин Лим
СЕ ЗАПОЧНА ВО МОНТЕ КАРЛО – Елизабет Адлер
ЦАРСКА ПОТЕРА – Стив Бери
ЈАС ПРЕД ТЕБЕ – Џоџо Мојес
ПОСЛЕ ТЕБЕ – Џоџо Мојес
ЛИНДА - Леиф В. Г. Першон
ВЕЛИКАНОТ –Колин Фолконер
ТЕ НЕМА НИКАДЕ – Јелена Бачиќ Алимпиќ
ТЕРАПИЈА - Себастијан Фицек
Апартман во париз - Гијом Мисо
ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА
ТАЈНАТА ГРАДИНА – Френсис Хоџсон Барн
БРАЌАТА ЛАВОВСКО СРЦЕ – Астрид Линдгрен
ЌЕРКАТА НА СОНЦЕТО – Магдалена Царева
БЕЛИОТ КЛОВН – Дамир Милош
ДЕВОЈЧИЊАТА СЕ ЧУДНИ – Горјан Петревски
МЕ ВИКААТ ЦИГАН – Ника Мај
МОРСКИТЕ САМОВИЛИ – А Френк Баум
СВЕТОТ НА СРЕБРЕНИОТ КЛАДЕНЕЦ – Коста
Милков
КРАДЕЦОТ НА ЛУРИДИУМ – Боби Пирс
ДЕЦАТА ОД МОИТЕ СОНУВАЛКИ – Ѓорѓи Т. Калан
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 45 201820
По повод Денот на патронот Свети Климент Охрид-
ски, во Библиотеката на
07.12.2017 година беше промовирана новата „Библи-
ографија на магистерски трудови и докторски дисер-
тации одбранети на Универзитетот „Св. Климент Ох-
ридски“ Битола во периодот 1991 – 2016. Промотор бе-
ше Јоланда Бошевска, библиотекар советник.
На оваа најнова Библиографија работеа Јоланда Бо-
шевска, библиотекар советник и Гордана Пешевска,
виш библиотекар кои се воедно и составувачи, уредни-
ци и редактори на избраните библиографски единици.
Д-р Светлана Талевска, виш библиотекар е соработник
во изработката на библиографските единици, а д-р Ни-
колче Вељановски, библиотекар советник го направи
преводот на англиски јазик на предговорот. Компју-
терската обработка е на Гордана Пешевска. Библио-
графијата е печатена во Графопром-Битола. Финанси-
ски е поддржана од Министерството за култура на РМ
На 272 стр. застапени се вкупно 807 библиограф-
ски единици и тоа: 602 библиографски единици за ма-
гистерските трудови и 205 библиографски единици за
докторските дисертации. Се разбира дека ова не е ре-
алната бројка на одбранети трудови. Со оглед на крат-
киот временски рок, податоците се истражувани само
во локалната база и взаемната база COBISS.МК. Библи-
ографските единици во публикацијата се одредени со
следните елементи: автор, наслов на трудот, место и
назив на научната институција каде што е бранет тру-
дот, година на одбраната, број на страниците и УДК
индекс. Библиографијата е средена азбучно во два де-
ла и секој дел содржи Регистар на автори и Регистар на
наслови. Регистарот на наслови ги содржи сите главни
стварни наслови на библиографските единици кој исто
така е подреден азбучно. Регистарот на автори содржи
имиња на лица коишто учествувале во создавањето на
содржините на вклучената библиографска граѓа, како
и имиња на автори цитирани во библиографската за-
белешка. Регистарот е подреден азбучно, застапени се
сите форми на имиња кои упатуваат на единствената
именска определница.
Библиотечно-библиографскиот информативен од-
дел, како организациона единица на МУБ Св. Климент
Охридски – Битола, е формиран во 1982 година, за по-
тоа во април 1986 година, откако претходно беше ка-
дровски оспособена, да прерасне во Бибиблиографски
оддел. Прва изготвена публикација на Одделот беше
„Прегледот на докторски дисертации и магистер-
ски трудови на научни работници од подрачјето на
Битола, одбранети на Универзитетите во земјата и
странство во периодот од 1955-1990 .
Во понатамошната работа, вработените во одделот,
целиот свој капацитет и ентузијазам, го усмерија на ис-
тражување на фондовите на Библиотеката кои беа до-
стапни за де визу обработка.
Од 1996 година библиографиите целосно се изго-
твуваат со програмска поддршка COBISS (Cooperative
On-line Bibliographic System and Services) со што библи-
ографските записи станаа достапни за голем број кори-
сници. Со текот на времето Одделот ги збогати своите
содржини и продолжи со изготвување на разни видови
специјални библиографии и тоа:
Ретроспективни библиографии:
• Статии од Битолски весник (1964….2000) - 4
свески изд. 1993,1997,1998, 2004год.;
• Библиографија на Универзитетот во Битола
(1979-1999) - изд. 2003 год.;
• Библиографија на Националната установа
Универзитетска библиотека „Св.Климент Ох-
ридски“ (1945-2008) - изд. 2008 год.;
• Библиографија на магистерски трудови и док-
торски дисертации одбранети на Универзите-
тот „Св. Климент Охридски“ Битола во перио-
дот 1991 – 2016 - изд. 2017 год.
Авторски, односно персонални библиографии за:
• Владимир Костов - изд. 2004;
• Вера Стојчевска-Антиќ - изд. 2007;
• Ѓорѓи Димовски-Цолев – изд. 2010;
• Никола Кочовски – изд. 2013
• Радован П. Цветковски – изд. 2015
Во периодот од 2007 до 2009 година, Одделот изго-
тви два проекти со работен наслов: Заштита на стари
книги и ракописи во Битола и Битолско и тоа:
• Од ризницата на стари книги во битолските
цркви ЦД-РОМ - изд. 2007; Од ризницата на
стари книги во црквите во Битолско ДВД-РОМ
– изд. 2009.
Со оваа значајна публикација, претставувајќи ги
трудовите на научните работници одбранети на Уни-
верзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, одделот
Библиографии направи напори да остави една значај-
на публикација за идните истражувачи.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Подготвиле:
Јоланда Бошевска, библиотекар советник
Гордана Пешевска, виш библиотекар
БИБЛИОГРАФИЈА НА ДОКТОРСКИ ДИСЕРТАЦИИ
И МАГИСТЕРСКИ ТРУДОВИ