БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.44 2017 1
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД
СПИСАНИЕ НА
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
БИТОЛА
*
Издавач
Национална установа
Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“, Битола
ул. Пеце Матичевски бр. 39
*
За издавачот
Јелена Петровска, в.д. директор
*
Издвачки совет:
д-р Николче Вељановски,
претседател
Јоланда Бошевска
Гордана Пешевска
*
Главен и одговорен уредник
д-р Николче Вељановски
*
Редакција:
д-р Николче Вељановски
Јоланда Бошевска
Илче Стојановски
*
Лектура
Александар Димитров
*
Подготовка и печат
Графо Пром – Битола
*
Тираж
300 примероци
ISSN 1409–9497
Тел/факс.: 047/220-208;
Тел.: 047/220-515;
Тел. на Изд.: 047/232-999
www.nuub.mk
e-mail: nuub@nuub.mk
Списанието е финансирано
од Министерството за култура
на Република Македонија
СОДРЖИНА
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
ЈАВНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА БИБЛИОТЕКИТЕ
Подготвила м-р. Јелена Петровска, в.д. директор . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .2
NORTHWEST LIBRARY (Северозападната библиотека)2
Подготвила д-р Лили Бошевска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .3
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ УНИВЕРЗИТЕТСКИТЕ
БИБЛИОТЕКИ ОД БИТОЛА И ВАРШАВА
Проект на: д-р Лили Бошевска
Анета Стефановска – библиотекар советник,
Ленче Андоновска – библиотекар советник и
м-р. Милка Котевска – библиотекар . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .5
УНИВЕРЗИТЕТСКАТА БИБЛИОТЕКА ВО ВРОЦЛАВ, ПОЛСКА
Подготвила Марија Малгожата Мачковска, библиотекар советник . . . . . . . . .6
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ЈАВНИТЕ БИБЛИОТЕКИ И ЗАЕДНИЦАТА
Подготвила м-р. Јелена Петровска, в.д. директор . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .8
СЕМИНАР ЗА АНДРАГОГИКА
Подготвила м-р. Јелена Петровска, в.д. директор . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .9
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА БИБЛИОТЕКИТЕ И НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ
Подготвила м-р Јелена Петровска, в.д. директор . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .9
ПРОЕКТ „ЕКО БИБЛИОТЕКА“
Проект на: д-р Лили Бошевска
д-р Светлана Талеска, виш библиотекар
Александар Крстевски, библиотекар
Менде Доневски, самостоен библиотекарски помошник . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 10
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ,
ПРЕДАВАЊА
Приредила Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 11
РОДНОКРАЈНА СРЕДБА НА БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ
Приредил д-р Николче Вељановски, библиотекар советник . . . . . . . . . . . . . . . . 18
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 44 20172
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
„Никогаш не се сомневајте дека
мала група на разумни, посветени
граѓани може да го промени све-
тот. Навистина тоа е единственото
нешто кое некогаш го променило“.
(Маргарет Мид)
Јавно застапување претставува една од клучни-
те активности во организациската поставеност на
денешните библиотеки, а библиотекарите се ста-
вени во улога на посредници кои со своето јавно
делување ги застапуваат интересите на библио-
течното работење во пошироката заедница.
Во последните години ИФЛА (International
Federation of Library Association) и EБЛИДА
(European Bureau of Library, Information and
Documentation) ја подигаат свеста за важноста
и одржливоста на библиотечното работење со
остварување на целите зацртани со стратегијата
за развојот , зголемување на активностите и до-
датна едукација на библитекарите. ИФЛА во доку-
ментот „Главните стратешки приоритети“ (Main
strategic prioriteties) го издвојува јавното заста-
пување како една од најважните активности за
успешно функционирање на библиотечните про-
цеси.
Јавното застапување во библиотечната деј-
ност претставуаат сите дејства кои поединци-
те или организациите ги преземаат за да влија-
ат при донесување на одлуки на локално, регио-
нално, државно, национално, и меѓународно ни-
во за да помогнат при креирање на посакуваното
финансирање или промена на политиката за под-
ршка на јавните библиотеки. Се работи всушност
за креирање на аргумент за подршка на специфи-
чен предлог, со што другата страна би ја натерале
на афирмативен пристап кон застапуваниот про-
блем. Библиотеките го користат јавното застапу-
вање за да ги унапредат специфичните потреби
како што е буџетот и средства за планираните ак-
тивности. Првата „линија на одбрана“ се секако
библитекарите кои претставуваат една од при-
марни засегнати страни, но не помала е и улога-
та на другите ткн. стејкхолдери (stejkholder). При
нивното идентификување ги имаме во предвид
институциите или организациите кои се сегашни
партнери на библиотеката или сојузници во заед-
ницата кои може да ни помогнат во застапување
на бараната промена. Во изготвување на презен-
тацијата билиотекарите треба да покажат обуче-
ност, посветеност и ислучителна професионална
вештина на убедување со кратки и релевантни по-
датоци, кои што ќе ја мотивираат целната група.
Се користат и ткн. „приказни“ кои се убедливи и
приемчливи за слушателите.
Циклусот на јавно застапување поминува низ
пет чекори: идентификување на проблемот,
истражување, планирање, делување и процен-
ка. Сите овие фази треба внимателно да се под-
готват за да добиеме позитивен резултат. Но за
да можеме навистина да ги зголемиме шансите за
успешно застапување клучен е тимот. Вистински-
те луѓе се клучот на успешна реализација на секое
јавно застапување. Тимот има јасни улоги, задачи
и одговорности. Тие иновативно и креативно ги
поставуваат проблемите, комуницираат и имаат
реални однос на очекувањата. Јавниот застапувач
од страна на библиотеката треба да биде оспосо-
бен да ги соедини и ефикасно искористи потен-
цијалите на својот тим.
Водењето и успешното јавно застапување за-
почнува со дизајнирање на Акционен план за јав-
но застапување, кој воедно е и алатка за успешно
планирање и менаџирање на активностите.
ЈАВНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА БИБЛИОТЕКИТЕ
Подготвила
м-р Јелена Петровска, в.д. директор
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.44 2017 3
Подготвила Д-р Лили Бошевска
Отворена e во 1996 година, Северозападната
библиотека се наоѓа на границата на областите
Колумбус и Вортингтон и е кооперативен проект
на двете библиотеки, Вортингтон и Колумбус Ми-
трополитен библиотеката. Двете библиотеки уче-
ствуваа во трошоците за изградба на објектот и
сега ги делат тековните оперативни трошоци. Во
библиотеката менаџментот и персоналот го обе-
збедува Вортингтон библиотеката.
Северозападната библиотека има 25,481 ква-
дратни стапки на еден кат. Посебно се издвојува-
ат: голем простор за детскиот оддел со ликови од
класичните приказни; несекојдневен и единствен
простор за тинејџери; центар за помош за домаш-
ни работи; прозорец за враќање на книги од ав-
томобил со возење; отворен простор за изведби;
надворешни гардероби за вракање на библиот-
ечен материјал по завршувањето на работното
време; градина со патека на поезијата на која се
поставени постојани поставки на шест поети. Се-
верозападната библиотека има повеќе од 250.000
библиотечни единици и дистрибуирала приближ-
но 1,6 милиони единици во 2014 година.
Библиотеката Вортингтон во 2007 година бе-
ше избрана за Национална библиотека на година-
та и е рангирана како библиотека со пет ѕвездич-
ки. Таа е една од само 20 библиотеки во земјата,
за да се постигне оваа разлика и е на деветто ме-
сто во државата. Оваа Библиотека послужува на-
селение од околу 80.000 жители.
Orange Branch, Delaware County Library
(Портокалова филијала, Библиотека на
округот Делавер)
Портокаловата филијала на Регионална библи-
отека на Делавер округот, беше отворена во 2011
година за да служи како „дневна соба“ за брзо рас-
течките заедници на јужниот дел на округот Дела-
вер. Зградата распространета на 33.000 квадрат-
NORTHWEST LIBRARY
(Северозападната библиотека)
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 44 20174
ни стапки, карактеристична е по флексибилниот
простор: голем оддел за децата, тинејџерска соба
и отворена градина за имагинацијата која содржи
дела од уметници од Округот Делавер.
Westerville Public Library
(Јавна библиотека Вестервил)
Оваа библиотека има рејтинг од 5-ѕвезди од
библиотечното списание Library Journal и по-
стојано е рангирана во првиот 1% помеѓу јавни-
те библиотеки во САД во област со население од
85.000 жители. Ова е библиотека организирана
во една зграда.
Со впечатливи архитектонски елементи, би-
блиотеката се протега на 100.000 квадратни стап-
ки и вклучува само-изнајмување (self-checkout),
услуги за пијалаци, продавница за подароци и
прозорец за враќање книги од автомобил.
Посебен акцент е ставен на одделот за деца,
кој доби награда од списанието “Columbus Parent”
за најдобра библиотека за деца за 2014 година,
Уникатната осветленост, насликаните мурали и
пријатно осмислениот ентериер ги привлекува-
ат родителите и децата. Се поттикнува имагина-
цијата со трансформирање на тематски изложби,
со играчки и игри, кои служат за да ги забавуваат
и да ги едуцираат децата.
Најсовремената технологија е високо ценета
и тука клиентите имаат на располагање да кори-
стат софтвер за фото и видео монтажа и да стек-
нат почетна компјутерска писменост преку игри-
те за мали деца. Екранот на допир нуди начин за
наоѓање на програмата и информациите.
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.44 2017 5
Врз основа на одобрен проект од Министер-
ството за култура на РМ од областа на меѓуна-
родната дејност за 2017 година, во периодот од
22.06.2017г. до 27.06.2017 г. остварена е меѓу-
народна соработка на РМ и Полска преку разме-
на на литература, размена на искуства, потпишу-
вање на Меморандум за долгорочна соработка и
имплементирање на програмата Еразмус во заед-
ничка соработка со Универзитетот „Св. Климент
Охридски“ – Битола. Значајна улога имаше и по-
средувањето на Амбасадата на РМ во Полска
преку вршителот на должност во Амбасадата, г-ѓа
Горица Атанасова – Ѓоревска.
Во делегацијата на НУУБ „Св. Климент Охрид-
ски“ – Битола беа петмина претставници: д-р Ли-
ли Бошевска, директор, Анета Стефановска – би-
блиотекар советник, Ленче Андоновска - библио-
текар советник и м-р Милка Котевска – библиоте-
кар. При посетата на Универзитетската Библио-
тека во Варшава се разменија стручни искуства и
се воспоставија контакти за долгорочна соработ-
ка помеѓу двете библиотеки. Водичот на Универ-
зитетската библиотека од Варшава комплетно ја
запозна делегацијата со библиотечното работење
низ повеќе сектори во нивната библиотека.
Ни беше претставена Салата за конференции,
катчето за информации, Австриската библиотека,
Специјалните збирки, читалните, простор за сме-
стување на книжниот и библиографскиот фонд,
депозниот фонд, јапонско катче и др. Приемот бе-
ше на завидно ниво и на општо задоволство од
двете страни.
Посетата беше официјализирана и со потпи-
шувањето на договор за меѓународна соработ-
ка помеѓу меѓу д-р Лили Бошевска, директор на
НУУБ – Битола и д-р Јоланта Талбиерска (Jolanta
Talbierska Ph.D.), директор на Универзитетската
Библиотека во Варшава, а со посредство на врши-
телот на должност во Амбасадата на РМ во Пол-
ска, г-ѓа Горица Атанасова- Ѓоревска.
Остварена беше средба со Барабара Хмилевска
од Одделот за комплетирање и развој на колек-
ции. Таа беше во еднонеделна посета на НУУБ –
Битола при која ~ беше овозможена работна сред-
ба со одговорните лица од повеќе сектори во Би-
блиотеката.
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ УНИВЕРЗИТЕТСКИТЕ
БИБЛИОТЕКИ ОД БИТОЛА И ВАРШАВА
Проект на:
д-р Лили Бошевска
Анета Стефановска – библиотекар советник,
Ленче Андоновска – библиотекар советник и
м-р Милка Котевска – библиотекар
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 44 20176
Историјата на Библиотека Универзитетска-
во Вроцлав датира од 1702 г., кога на терито-
ријата на тогашниот Вроцлав императорот Лео-
полд I го основа Универзитетот. Сегашната Би-
блиотека ја започна својата дејност во мај 1945
г., искористувајќи ги просториите на поранеш-
ната Универзитетска Библиотека (Staats-und
Universitätsbiliothek) и Градската Библиотека
(Stadtbibliothek). Сочуваните разновидни збирки
од многу предвоени библиотеки станаа дел од но-
вата Библиотека.
Универзитетската библиотека во текот на мно-
гу години својата дејност ја обавува во неколку
места во центарот на Вроцлав. Организациската
структура на Библиотеката ги опфаќа следните
оддели: Комплетирање на збирки, Монографски
публикации, Периодични публикации, Чување
на библиотечни збирки, Работилница за конзер-
вација, Ракописи, Раритетни збирки, Графички
збирки, Картографски збирки, Музички збирки,
Работилиница за репрографија и дигитализација,
Научни информации, Компјутеризација, Научна
документација на културно наследство и тн.
Во 2013 г . беше пуштена во употреба нова
зграда на библиотеката кога почна и постепено-
то преселување на збирките во новите простории.
Современата и функционална зграда овозможува
складирање на богати библиотечни збирки (око-
лу 4 милиони единици од нови збирки и 500.000
единици од специјални збирки), пристап до збир-
ките преку Информаториум, каталозите, читал-
ните, Одделот Зајмување, магацини со слободен
пристап, индивидуалните читални итн. Во зграда-
та има сали за предавања и семинари, како и слу-
шални, а исто така тука е и музејот на Библиоте-
ката, салата за изложби и книжарницата.
Книжниот фонд на Универзитетска библиоте-
ка има универзален карактер. Библиотеката при-
бира книги од сите научни дисциплини опфатени
во Вроцлавскиот Универзитет, со посебен нагла-
сок на изданијата од областа на хуманистички-
те и општествените науки, базични и енциклопе-
диски дела од дисциплини надвор од Универзи-
тетот. Библиотечниот фонд се прибира по пат на
купување, размена, подарување, и преку правото
за добивање на задолжителен примерок. Библио-
течните каталози содржат информации за збир-
ките во Универзитетска библиотека и во специја-
лизираните библиотеки (факултетските, библио-
Подготвила
Марија Малгожата Мачковска, библиотекар советник
УНИВЕРЗИТЕТСКАТА БИБЛИОТЕКА ВО ВРОЦЛАВ, ПОЛСКА
Старата зграда
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.44 2017 7
теките на институтите и др.). Библиотечните ка-
талози се достапни во електронска, дигитална и
традиционална форма.
Универзитетска библиотека во Вроцлав (БУВр)
е факултетска установа со услужна, дидактична и
научна дејност и има функција на општо достап-
на јавна библиотека, која служи за популариза-
ција на науката и културата во општеството. Ми-
сија на Библиотеката е одржување највисоко про-
фесионално ниво на својата дејност, кое има за
цел активна поддршка на научно-истражувачки-
те и едукативните процеси на Вроцлавскиот Уни-
верзитет, согласно со очекувањата и потребите на
научниот кадар и на студентите, како и задоволу-
вање на библиотечно – информативните потре-
би на надворешните корисници. Својата мисија
Библиотеката ја реализира преку организирање
на научни и дидактички работилниции, обезбе-
дување пристап до сопствените збирки и до гло-
балните информациски ресурси , развојот и осо-
временување на услугите, перманентно подобру-
вање на професионалните квалификации на вра-
ботените, обука на корисниците во насока на раз-
вој на нивните способности за пребарување и ис-
користување на информациите, грижа (конзер-
вација и осигурување) на специјалните колекции
кои претставуваат европско културно наследство,
воспоставување на локална и меѓународна сора-
ботка во сферата на заштита на животната среди-
на, промоција и популаризација на Библиотека-
та, нејзините збирки, ресурси и услуги.
Во последните години, согласно со развојот на
информациските технологии, сите полски библи-
отеки, вклучително и БУВр, пројавуваат најинтен-
зивна активност за развој на информативно–би-
блиотечните услуги и соработуваат во нови проек-
ти поврзани со искористување на заедничките бази
и централни каталози, како и размена на податоци.
Локалната соработка на БУВр со библиотеки-
те од Вроцлавскиот Универзитет опфааќа импле-
ментација на системот VIRTUA во нови библиоте-
ки, создавање на бази од публикации во одделите,
полнење со податоци на базата Библиографија на
научни работници на Вроцлавскиот Универзитет,
а исто така соучество во системот FIDKAR (мулти-
пребарувач на вроцлавските научни библиотеки).
На ниво на државата соработката на БУВр се
реализира преку партнерска соработка и поврзу-
вање во конзорциуми, креирање и објавување на
централниот државен каталог NUKAT (Narodowy
Uniwersalny Katalog Centralny), меѓубиблиотечно
позајмување и преку реализирање на програмата
на практики за усовршување на професионални-
те квалификации на персоналот.
Од 1989 година Универзитетската библиотека
во Вроцлав е институционална членка на Меѓуна-
родната Федерација на Библиотекарските Здру-
женија (IFLA). БУВр води интензивна политика
на соработка со европските библиотеки и поши-
роко. Договорот за повеќегодишна соработка и
персонална размена на работници ја поврзува Би-
блиотеката со Народната Библиотека во Прага.
Во 2003 година во рамките на проектот Central
East European MASTERтаа соработка се прошири
и во земјите од Централна и Источна Европа, чија
цел е создавање на база МANUSCRIPTORIUM - на
компјутерскиот каталог на ракописи на HML ја-
зик според стандардите на MASTER (Manuscript
Access throug Standard for Electronic Records). За
истражувачки работи поврзани со обработката
на шлонските збирки се обезбедени дотации од
германски фондации (Fundacja Bosch, Fundacja
Volkswagen). Во рамките на тие активности на-
правени се микрофилмови на ретки ракописи и
шлонски списанија, како и подготвени се публи-
кации на таа тема. БУВр одржува блиски контак-
ти со германските библиотеки од Марбург, Осна-
брик, Херн, Минхен, Франкфурт на Одра и Уни-
верзитетската Библиотека во Грац (Австрија).
Разните контакти на Библиотеката имаат за
цел размена на професионални искуства, попу-
ларизација на збирките преку заеднички излож-
би и едиторски активности, како и поттикнување
на истражувачката работа. Универзитетската би-
блиотека во Вроцлав функционира како центар за
едукација, информација и култура, во кој грижа-
та за европското културно наследство се изразу-
ва преку користењето на најсовремени форми на
пренесување на знаењето и информациите. Со
своето над 300 -годишно искуство Библиотеката
им служи на Универзитетот и на Градот.
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 44 20178
Здружението за развој и иновации на библио-
теките ИННОВА ЛИБ во рамките на активностите
за популаризација на библиотечното работење и
издигањето на свеста за потребата за читање во
соработка со Градската библиотека „Браќа Мила-
диновци“ Скопје се вклучи во проектот за нацио-
нална кампања „Отворена библиотека – Влези
во нов свет“ со организирање на тематски форум:
„Јавните библиотеки одговараат на реалните
потреби на заедницата“.
Форумот се одржа на 6 јуни во главната згра-
да на Скопскиот саем и беше замислен да биде во
два дела. Првиот се однесуваше на меѓународната
средба и размена на искуствата на библиотекари-
те од повеќе библиотеки кои успешно ги импле-
ментирале проектите кои ги решаваат проблеми-
те на заедницата и нудат можности за подобру-
вање на општествената клима и подобра органи-
зација на сродните организации. Во рамките на
првиот дел мошне инспиративни беа искуствата
од директорката Весна Црнковиќ од Библиоте-
ката „Радислав Никчевиќ“ Јагодина (Србија)
која зборуваше за трендови и иновативни услу-
ги во Јагодина со осврт на проектот за руралните
библиотеки АгроЛиб сервис за ширење на новите
информациски технологии во руралните среди-
ни преку мрежа на ткн. Селски библиотеки, ка-
ко и за ЕИФЛ (Electronic Information for Libraries),
за ПЛИП (Public Library Information Programme),
програма што се применува во 23 земји на светот
и е наменета за совладување на информациските
вештини. Проектот е добитник на четири светкси
награди а Јагодинската библитоека се здоби со
значајни финансиски средства за развој на библи-
отечните услуги. Од Р. Бугарија од библиотеката
„Љубен Карвелов“ (Русе) Теодора Евтимова (ди-
ректор) и Силва Василева (заменик директор) ни
ги претставија своите усилби во развивањето на
програмите поврзани со проактивен однос кон
лица кои ја изгубиле работата или се невработе-
ни, за иновативните решенија и проекти поврза-
ни со вработување на лицата со инвалидитет, за
библиотеката како „трето“ место во животот на
најмладите и граѓаните.
Од Маке-
донија со
п р е з е н т а -
ции и освр-
ти кон ак-
т у е л н и т е
состојби во
б и б л и о т е -
ките збору-
ваа д-р Лили Бошевска и Фатма Бајрам Аземовска
од НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола, Биљана
Кочишка од Градската библиотека „Браќа Мила-
диновци“ Скопје, д-р Милена Ристова Михајлов-
ска од НУУБ „Гоце Делчев“ од Штип и Жаклина
Ѓалевска од НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје.
Во улога на модератори беа д-р Биљана Кочишка
и м-р Јелена Петровска.
Во вториот дел на форумот се организираше
средба и интерактивна рабитилница со фасили-
таторот Михаил Китановски, генерален директор
на D2EM Consulting и претставници од Министер-
ство за култура, Факултетот за библиотекарство,
бизнис секторот, претставниците на издавачките
куќи, невладиниот сектор, директорите на наци-
оналните и јавните институции, гости од стран-
ство итн. Воведно излагање, како иницијатор на
средбата, даде м-р Иванка Соколова (претседа-
тел на ИННОВА ЛИБ). Таа ја истакна потребата од
ефективни партнерства кои водат кон создавање
на нови услуги во библиотеките и имаат влијание
врз развојот на локалните заедници и развојот на
иновативните програми за сите возрасти, особено
за маргиналните и групи на корисници со посеб-
ни потреби.
На форумот се дојде до заклучок дека соработ-
ката и креирањето на синергија помеѓу библио-
теките, граѓанските организации и локалната са-
моуправа треба да создава можности за поголе-
мо искористување на фондовите на ЕУ преку про-
грамите достапни во Р. Македонија, пристапот до
другите фондови и соработка со библиотеките од
окружувањето.
ЈАВНИТЕ БИБЛИОТЕКИ И ЗАЕДНИЦАТА
Подготвила
м-р Јелена Петровска, в.д. директор
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.44 2017 9
Здружението за развој и иновации на библи-
отеки ИНОВА ЛИБ на покана на председателот
на Асоцијацијата „Современи читалишта“ Георги
Петров од Р. Бугарија учествуваше на Конферен-
цијата „Андрагогика – виртуална среда за об-
учение на библиотекари„ ( Андрагогика – вир-
туелна средба за обука на библиотекари) која се
одржа на 7 јуни оваа година. Со свои предлози
за содржинската анализа на модулите учеству-
ваа: м-р Јелена Петровска, виш библиотекар од
НУУБ „Св. Климент Охридски Битола и м-р Суза-
на Данаилова, библиотекар советник од Град-
ската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје,
членови на Управниот одбор на ИНОВА ЛИБ.
Конференцијата е дел од Проектот «Андрагоги-
ка – виртуелна средина за обука на библиотекари»
финансирана преку програмата Еразмус+ (плус) и
се имплементира во соработка со библиотекарите
од Литва и Латвија. Програмата е препознатлива
под единствениот назив GOAL (www.go-andragogy.
eu), концепирана преку четири модули:
1. Основни теории и принципи на андраго-
гијата
2. Методи за настава и учење на возрасните
3. Ефективна комуникација
4. Работа со целната публика на библиотеките
Конференцијата помина во конструктив-
на и многу активна атмосфера под работно мо-
то „Учејќи ги другите, ние учиме„ (In teaching
others, we teach ourselves). Сите модули беа раз-
гледани по групите и дадени подобрувања и суге-
стии за нивната имплементација. Преку овие на-
соки библиотекарите ќе можат да се обучуваат за
работа со возрасни групи на читатели и специфи-
ки кои се дефинирани со возраста, полот, религи-
ската припадност, национална припадност итн.
На тој начин современиот библиотекар ќе биде
спремен потполно да одговори на потребите на
различните групи на корисници на библиотека-
та, како и на потребите на пошироката заедница.
СЕМИНАР ЗА АНДРАГОГИКА
Подготвила
м-р Јелена Петровска, в.д. директор
27. Национална конференција на Бугар-
ската Библиотечно-информациска Асоција-
ција (ББИА) на тема „Библиотеките – наци-
онален идентитет и разноликост“ се одр-
жа на 8-9 јуни во аулата на Софискиот уни-
верзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија.
На Конференцијата учествуваа членови на Управ-
ниот одбор на ИНОВА ЛИБ м-р Јелена Петров-
ска, виш библиотекар, НУУБ „Св. Климент Охрид-
ски“ Битола и м-р Сузана Данаилова, библиоте-
кар советник (Градска библиотека „Браќа Мила-
диновци“ Скопје.
Темите на Конференцијата беа разработени
низ следните сесии:
• Разноликоста и национални идентитет во
работата на библиотеките
• Видови на современи библитечни корисни-
ци. Развој на иновативните библиотечни
услуги.
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА БИБЛИОТЕКИТЕ И НАЦИОНАЛНИОТ
ИДЕНТИТЕТ
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 44 201710
• Библиотеките како подршка во образовни
и научни истражувања
• Библиотеките, чувари на националниот
идентитет
• Добри библиотечни практики
Партнери на Конференција се Фондацијата
„Глобални библиотеки“ Бугарија и Универзитет-
ска библиотека „Св. Климент Охридски“ Софија.
ПРОЕКТ „ЕКО БИБЛИОТЕКА“
Проект на:
д-р Лили Бошевска,
д-р Светлана Талеска, виш библиотекар
Александар Крстевски, библиотекар
Менде Доневски, самостоен библиотекарски помошник
На 30-ти март во Библиотека се промовираше
проектот „Еко библиотека“. Во реализацијата
на проектот вклучени се сите основни училишта,
учениците и наставниците кои го поминале и се
уште го минуваат процесот на имплементација на
еколошките стандарди во своите средини. Сите
тие ќе се појават како консултанти на Библиоте-
ката, кои ќе ги водат активностите за подигање
на еколошката свест кај поединците преку подо-
брувања и заштеда во трошењето на ресурсите и
зачувувањето на еколошката средина. Проектот
опфаќа промоција на низа практики за подигање
на еколошката свест и подобрување на информи-
раноста за начините како да се заштити здравата
човекова околина. Преку поврзување на библио-
теката со основните училишта и осмислена сора-
ботка на наведената тема, ќе се преземат мерки и
активности кои ќе бидат насочени кон унапреду-
вање и подобрување на квалитетот на животната
средина и природата, намалување на загадување-
то, подигање на свесноста за еко -средината и на-
чините за нејзина заштита.
Проектот ќе се одвива во три фази, а задолже-
нијата кои ќе ги спроведува Библиотеката се: на-
бавка и поставување на сензори за вклучување и
исклучување на светилките, набавка и поставу-
вање на корпи за селектирање на отпад–хартија,
изработка на Еко–катче во Детската библиоте-
ка со публикации на тема – „Екологија“. Посебно
вниманието ќе биде насочено кон имплементи-
рање на следните еколошки стандарди:
– заштеда на електрична и топлинска енергија
(лед светилки, сензори);
– заштеда на вода – одржување на зградата,
еколошки уреден двор, здрава животна средина и
управување со отпадот библиотеката;
– установа – пријател на средината, која е
истовремено соработник на училиштата во оства-
рување на целта;
– подобра еко–средина со користење на еко-
литература во осознавање и проширување на ви-
диците за еко–свест.
Учесници во проектот ќе бидат ученици од ос-
новните училишта – претставници од еколошки-
те секции и еко–патролите, наставници – коор-
динатори на проектот еко- училишта. Од Библи-
отеката во реализација на проектот ќе учествува-
ат: Светлана Талеска, Александар Крстев и Мен-
де Доневски. Проектот ќе се реализира во текот
на 2017 година, во соработка со основните учи-
лишта од Битола кои имаат добиено Зелено знаме
– највисоко признание за еко–училиште.
Задолженијата кои библиотеката ќе ги реали-
зира во соработка со училиштата се:
– Предавање на тема „Екологија“, со сликовит
приказ за екологијата, енерегијата, можностите
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.44 2017 11
за заштеда итн., кое ќе биде презентирано пред
вработените во библиотеката а ќе се реализира во
втората фаза од проектот (септември/октомври)
Еко–патрола;
– Изработка на Еко–кодекс:
– Драматизација „Еко–свест“ – која ќе биде пре-
зентирана пред вработените во библиотеката во
третата фаза од проектот (октомври/ноември);
– Изработка на упатства за рационално кори-
стење на водата, електричната енергија, за одр-
жување на хигиената во зградата и зеленилото во
дворот итн., а кои ќе бидат истакнати на соодвет-
ни места во просториите на библиотеката;
– Истражувачко пребарување на литература на
тема „Екологија“ во базата на податоци MK.
Илустрација на цртежи за поттикнување и по-
дигање на еколошката свест на тема: Вода Елек-
трична енергија Воздух Отпад
Увид во состојбата на фондот, предлози за на-
бавка на литература и сл.
Исто така, постојано ќе се води: анализа на со-
стојбата, следење на напредокот, ќе се пишуваат
извештаи и тн.
Проектот е финансиран од Министерството за
култура на Република Македонија.
Приредила
Фатма Бајрам Аземовска,
библиотекар
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ,
ПРЕДАВАЊА
17.12.2016
Јубилеј 5 години Ораторско матине
Петгодишниот јубилеј на Ораторското мати-
не се одржа во просториите на Библиотеката.
I награда: Јана Вангеловска 8 одд. ОУ „Даме
Груев“ - Ораторски венец
II награда: Ема Лазарова 8 одд. ОУ „Даме Груев“
II награда: Христина Костовска 8 одд. ОУ „Стив
Наумов“
III награда: Мукадес Ислам 9 одд. ОУ „Даме
Груев“
III награда: Ана Долевска 7 одд. ОУ „Д-р Три-
фун Пановски“
Комисија:Кристина Ташевска - ОУ „Коле Ка-
нински“ Ленче Богоевска – ОУ „Даме Груев“ Иле
Стојановски - НУУБ „Св. Климент Охридски“
31.01. – 01.2.2017
Работилници за жени претприемачи
Во просториите на Библиотеката се одржа обу-
ка за жени претприемачи во Пелагонискиот
регион, која бе-
ше наменета за
сите оние жени
кои имаат наме-
ра да остварат
бизнис или веќе
се во бизнисот, а
и сите оние кои
едноставно сакаа
да бидат дел од обуката и да научат нешто ново.
Предавач на обуката беше Верица Мажевска.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 44 201712
21.02.2017
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
Библиотеката во соработка со ОУ „Коле Канин-
ски“, ОУ „Св. Кирил и Методиј“, ОУ „Ѓорѓи Суга-
рев“ и ОУ „Даме
Груев“ од Битола,
со пригодна про-
грама, го одбеле-
жа 21 Февруари –
Меѓународен ден
на мајчиниот ја-
зик, кој УНЕСКО
го прогласи на 30
– тата сесија на Генералната конференција во
1999 година. Во 2000 година, 21 Февруари е про-
мовиран како Ден на лингвистичката и културна-
та разновидност и мултилингвизам.
5-8.03.2017
Три дена женски активизам во библиотека
Библиотеката и Организацијата на жени од
Битола по повод 8-ми март организираа три дена
женски активизам,
потенцирајќи го
значењето на же-
ната во денешното
општество. Трид-
невната програ-
ма, која се одви-
ваше во библиоте-
ката, опфати промоција на новата стихозбирка
“Душевни болки“ од Светлана Папачек, доделу-
вање на наградите по повод конкурсот за краток
расказ „Жената денес“, и приредба на дечињата
од Центарот за ран детски развој „Бонбончиња“.
Жири комисјата, составена од три члена, доне-
се одлука да ги награди расказите: III награда
расказ: шифра: ЖЕНА автор: Милкица Миленко-
виќ - Стојанова Штип II награда расказ: шифра:
Огнило автор: Јасна Петкоска с. Орман - Охрид I
награда расказ: ,,Таму, каде што си ти“ шифра:
ОГЛЕДАЛО автор: Сузана Ѓорѓиевска Прилеп.
15-21.03.2017
Проект за еколошката
свест
Со цел поттикнување на
еколошката свест на млади-
те, Библиотеката и ОУ„ Д-р.
Трифун Пановски“ - Битола
органираа изложба на ликов-
ни творби на учениците. Те-
ма на изложбата беше „Са-
кам три нешта: зелено, чистo и весело“ и ќе би-
де поставена неколку дена. Беа доделени награди
и благодарници на учениците кои конкурираа на
литературната творба на македонски, англиски и
германски литературен јазик на тема „Природата
е наш мир“.
18.03.2017
Промоција на Збирка песни
Библиотеката и Заедницата на Хрвати во Р.
Македонија – Огранoк Битола организираа про-
моција на две
збирки: Збирка
на песни од уче-
ниците кои се дел
од хрватската на-
става во Р. Маке-
донија и збирка-
та „Души“ од Маг-
далена Џунковска
од Битола. Магдалена Џунковска со хрватско по-
текло, која што од својата најрана возраст пишу-
ва песни, најчесто тематски врзани со нејзиното
растење. Песните се изворно напишани на маке-
донски јазик и преведени на хрватски јазик и се
илустрирани од најмладите учесници на настава-
та, со што збирката добива на својата автентич-
ност.Песните ги редактира и подготви за печа-
тење наставникот Ведран Искра кој часовите по
хрватски јазик и култура ги држи во Скопје, Тето-
во, Куманово и Битола. Промоцијата беше збога-
тена со рецитал од страна на учениците кои сле-
дат настава по хрватски јазик, а беше прикажан и
документарен филм инспириран од самата наста-
ва и нејзините учесници.Наставата по хрватски
јазик и култура ја организира Министерството за
наука и образование за деца и млади на Републи-
ка Хрватска.
72 години НУУБ „Св.Климент Охридски“ –
Битола
Во рамки на одбележувањето на 72 -годишни-
ната од основање-
то на библиотеката
НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Бито-
ла следаа повеќе ак-
тивности:
24-31 март 2017
Во холот на би-
блиотеката беше
поставена тематска
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.44 2017 13
изложба на книги кои се во издание на библиоте-
ката од основањето до денес.
24.03.2017
Проект „Слушај музика – биди среќен“
Во просториите на Библиотеката, се промови-
раше втората фаза од проектот „Слушај музика –
биди среќен“. Во втората фаза, со членовите на
танцовиот спорт-
ски клуб „Step Up”,
имавме можност
да слушаме и тан-
цуваме на разни
видови музика со
различни возрас-
ти од најмлада до
највозрасна група
наши корисници.
27.03.2017
Проект „Театар во библиотека“
По повод 72-риот роденден на Библиотеката,
како и одбележувањето на Светскиот ден на те-
атарот, се одигра
претставата „Теа-
тар во библиоте-
ка“, во соработка
со детското драм-
ско студио „Арт и
медиа“ – Битола.
Децата од драм-
ското студио прикажаа интересни ситуации кој
се случуваат во библиотеката на еден шеговит,
на едукативен и креативен начин и порака за по-
дигање на свеста и културата на читање и кори-
стење на литература. По завршувањето на прет-
ставата следуваше интерактивна работилница
„Нацртај маскота на библиотеката„ (пријател на
книгата), во која учениците – учесници во истата,
дадоа различни ликовни прикази, идеи и предло-
зи за изгледот на маскотата на библиотеката.
28.03.2017
Посета од Оксфорд – Донација на книги
Библиотеката се збогати со нови наслови, по-
дарок од докторантите на Оксфорд универзитетот
од Англија. Гостите се запознаа со работењето на
библиотеката, фондот на книги, организациона-
та структура итн. Гостите ги пренесоа англиските
искуства, посебно функционирањето и работата
на Оксфордската библиотека.
30.03.2017
Проект „Еко библиотека“
Во просториите на библиотеката се промови-
раше проектот „Еко библиотека“
Во реализацијата на проектот во НУУБ „Св.
Климент Охридски“ Битола, беа вклучени сите ос-
новни училишта, учениците и наставниците кои
го поминале и се уште го минуваат процесот на
имплементација на еколошките стандарди во сво-
ите средини. Проектот е финансиран од Мини-
стерството за култура на Република Македонија.
Реализатори на проектот – Светлана Талеска,
Александар Крстев и Менде Доневски. Проектот
ќе се реализира во текот на 2017 година, во сора-
ботка со основните училишта од Битола кои има-
ат добиено Зелено знаме – највисоко признание
за ЕКО училиште.
31.03.2017
Ликовна изложба – In Memoriam
Како завршен настан по повод 83-годишнина-
та од раѓањето на Борислав Талевски, ликовен
уметник од Бито-
ла, во простории-
те на библиотека-
та беше отворена
ликовна изложба
„Ликовни одбле-
соци – сеќавање
на творештвото
на Борислав Та-
левски“.
За творештво-
то на уметникот
зборуваa: Лилјана
Христова – историчар на уметност, Драган Најде-
новски– претседател на ДЛУБ и д-р Лили Бошев-
ска – директор на НУУБ „Св.Климент Охридски“
– Битола. Одбележувањето беше надополнето со
настап на хорот од Државното музичко училиште
– Битола, диригент проф. Лилјана Трајковска –
Димевска.
01.04.2017
Меѓународен проект „Ноќ со Андерсен“
Интернационалниот проект „Ноќ со Андер-
сен“ успеа да ја маѓепса цела Македонија. Учител-
ката Весела Богдановиќ од Битола, заедно со ко-
лешките Зузана Путник, Анна Хркова и ОУ „Мла-
да Поколења” од Ковачица (Србија), а со под-
дршка од страна на Министерствата за култура на
Чешка и Словачка, направија вистинско инспира-
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 44 201714
ворена библиотека – Влези во нов свет“ започ-
на со медиумска кампања (документарен филм и
промотивно видео) на 6-ти април 2017 год., во
рамките на Саемот за книгата. Во предвидените
активности кои треба да се одвиваат во текот на
целата година се приклучија и неколку библиоте-
ки од Р. Македонија, НУУБ „Св.Климент Охрид-
ски“ – Битола, НУУБ „Гоце Делчев“ Штип, НУ Би-
блиотека „Григор Прличев“ Охрид, ЈОУ Градска
библиотека “Борка Талески” – Прилеп, ЈОУ Би-
блиотека „Гоце Делчев“ Гевгелија и др., кои на Са-
емот на книги имаа штандови на кои си ги имаа
изложено своите изданија. Нашата Библиотека
организираше превоз до Скопје за сите свои вра-
ботени, а на штандот беа претставени над 40 из-
данија.
Во делот на тематскиот форум на ИННОВА
ЛИБ, кој исто така беше дел од овие активности,
„Јавните библиотеки одговараат на реални-
те потреби на заедницата“, презентација има-
ше директорката д-р Лили Бошевска на НУУБ „Св.
Климент Охридски“ - Битола на тема „Одржливо-
ста е возможна: НУУБ „Св.Климент Охридски“
- Битола, како лидер на оштествениот развој“
22 Април
Денот на планетата Земја
НУУБ „Свети Климент Охридски “ – Битола во
соработка со Ротари Клубот „Битола Широк Со-
как“ го одбележаа Денот на Планетата Земја под
мотото „Трендафили за
чиста почва“. Идејата на
одбележувањето е да се
сврти вниманието на по-
широката јавност за зна-
чењето на почвата за це-
локупниот живот на Пла-
нетата Земја како и про-
цесите на загадување,
деградација и опустину-
вање. Со засадување на
трендафилите ќе се даде
придонес кон прочисту-
вање на почвата од теш-
ките метали како што се
олово, цинк, кадмиум и други. На неформалната
средба се разговараше за можностите за соработ-
ка и заеднички проекти како што е поставување
на сензори за светло и вода во НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола, идеја што со задоволство е
прифатена од страна на Ротари клубот. Со денеш-
ниот настан се даде придонес кон глобалните на-
пори за спас на Планетата Земја и заштита од де-
тивно движење во
образованието во
овој регион и по-
широко.
За прв пат на
година во просто-
рите на библиоте-
ката, цела ноќ бе-
ше отворена би-
блиотеката и се ре-
ализираа следни-
ве активности; чи-
тање под ѕвездите,
театар на сенки,
креативни работил-
ници, зумба, вечера
под отворено небо.
Преку 140 дечиња од повеќе училишта оваа зав-
ршна ноќ ја поминаа токму тука заедно со своите
наставници и вработените од библиотеката.
11.04.2017
Предавање за босанските пирамиди
Едно инспиративно предавање во вечерните
часови за улогата на пирамидите за присутните
во преполнетата
сала имаше откри-
вачот на Босан-
ските Пирамиди,
д-р Семир Осма-
нагиќ. Тој нагласи
овие откритија го
менуваат текот на историјата на постоењето на
човекот на Планетата Земја, што предизвика при-
сутните да го следат во еден здив.
04-10.04.2017
Саем на книгата
По иницијатива на Градската библиоте-
ка „Браќа Миладиновци“ Скопје, според проек-
тот одобрен од
Општина Скопје,
како најголема
градска библиоте-
ка ја презеде уло-
гата на организа-
тор на активности
поврзани со поди-
гање на имиџот
на библиотеките
во Р. Македонија.
Оваа Национал-
на кампања: „От-
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.44 2017 15
пје организираа
Француско-гер-
мански саем на
детска литерату-
ра, со наслов „Го
читаме другиот“.
Саемот се одржа
во роднокрајната читална на Библиотеката. По-
чесни гости на Саемот беа писателите Јана Хајни-
ке и Марк Бутаван. Во рамки на програмата на са-
емот, се одржаа работилници, книжевни читања
и дебати со гостите.
03.05.2017
Изложба на фотографии од Коста Ќука
Фотографиите на Коста Ќука беа поместени
во холот на Библиотеката. „Кога сонцето заоѓа“
е онаа вистинска
слика на борба-
та помеѓу денот и
ноќта, помеѓу до-
брото и злото.
Да се биде пои-
наков...
Што значи тоа
за Коста Ќука? Тој
веќе 40 години се
бори да докаже дека оној еден хромозом повеќе,
не е недостаток туку можеби дар и бескраен стре-
меж да се биде подобар од сите...
Директорката гостин на ТВ
Директорката на Библиотеката д-р Лили Бо-
шевска беше гостин во емисијата „Голем од-
мор“ на Македон-
ската телевизија.
Гледачите имаа
можност да слуш-
нат дел од актив-
ностите на библи-
отеката која ги
презентираше ди-
ректорката на Би-
блиотеката, во кој се вклучени дел од основните
училишта „Гоце Делчев“, „Кирил и Методиј“, „Ел-
пида Караманди“, учениците од „Кочо Рацин“ од
село Ивањевци – општина Могила, Заводот за ре-
хабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Ра-
цин“ – Битола со ученици, учесници од детско-
то драмско студио „Арт и медиа“ – Битола, хорот
Ѕвончиња, настап на учесниците од танцовиот
клуб „Step Up”, Изабела Насковска – ученичка од
ОУ „Кирил и Методиј“ – Битола, зборуваше за би-
структивното „јас“ на човештвото од кое страда
целокупниот еко -систем.
23.04.2017
Светски ден на книгата и авторското право
По повод светскиот ден на книгата и авторско-
то право 23 - Април, Националната установа Уни-
верзитетска би-
блиотека „Св.Кли-
мент Охридски“
– Битола го одбе-
лежа со пригодна
програма. Се про-
читаa пораките од
г-ѓа Ирина Боко-
ва, Генерален ди-
ректор на УНЕ-
СКО, во која се ве-
ли дека хуманоста
на едно општество
се мери со степе-
нот на грижата кон најранливите категории. Бе-
ше прочитана и македонската порака од проф. д-р
Иван Џепаровски, филозоф и поет во која се ве-
ли „ на Светскиот дена на книгата и на авторско-
то право, е добро да се потсетиме на Умберто Еко
(1932-2016), кој почина мината година, а кој по-
стојано, и во своите книжевни и во своите теори-
ски дела, укажуваше на важноста на книгите, на
библиотеките, како и на меморијата која во овие
светилишта на зборот суверено владее во име на
бесмртните автори“. Инаку пораките од г-ѓа Ири-
на Бокова, Генерален директор на УНЕСКО и ма-
кедонската порака од проф. д-р Иван Џепаров-
ски ги прочитаа библиотекарите Илче Стојанов-
ски и Маријан Котевски. Поезија читаше Елиза-
бета Јончиќ. Им благодариме на учениците од ОУ
„Стив Наумов“ – Битола за нивната поддршка и
појавениот интерес да бидат гости на настанот.
Во завршниот дел присутните ги забавуваше кант
авторот Славчо Спировски – Слав . На крајот на
настанот на читателите им се доделија традици-
онално книги и рози. Во холот на библиотеката,
поставена беше тематска изложба на книги од
великаните на светската книжевност Мигуел Де
Сервантес , Вилијам Шекспир и Лопе Де Вега.
26.04.2017
Француско-германски саем на детска
литература
Националната установа Универзитетска би-
блиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола, Фран-
цускиот институт во Скопје, Гете-Институтот Ско-
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 44 201716
блиотекарската секција при училиштето и за нат-
преварот „Млади библиотекари“, наставничките
Весела Богдановиќ, Јасмина Танчевска, Драгана
Пискачева и Билјана Стојкова.
11.05.2017
Предавања за EBSCO – базите
Националните координатори: Националната
и Универзитетска библиотека „Св.Климент Ох-
ридски“ – Скопје
(претставник м-р
Миодраг Дадасо-
виќ), Македонски
е-електронски би-
блиотеки - МЕБ и
локалните коор-
динатори: Наци-
оналната устано-
ва Универзитет-
ска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола
и Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Бито-
ла организираа предавање на тема „Finding and
retrieving academic information with EBSCO“,
предавач беше ѓ-ѓа Тамила Миркамалова врабо-
тена во EBSCO. Предавањето беше поделено на
два дела и тоа информации за самата база, пре-
глед на претплатени бази на податоци и вториот
дел на работилницата беше со on-line примери од
пребарувањето. Сите заинтересирани читатели
ќе можат да имаат пристап до базите, преку ин-
форматори вработени во библиотеката.
13.05 – 15.09.2017
Проект „Млади поетски перформанси“
Библиотеката започна да го реализира проек-
тот „Млади поетски перформанси“, наменет за
млади автори на
поетски творби од
Пелагонискиот ре-
гион, за ученици
од 5-9 одделение
од основните учи-
лишта, ученици од
средните училишта и млади на возраст од 18 до
24 години. Конкурсот за доставување на поетски
творби, е во периодот од 13.05. – 15.09.2017 годи-
на. Резултатите ќе бидат објавени на веб страна-
та и фејсбук профилот на НУУБ „Св.Климент Ох-
ридски“ – Битола. Најдобрите, најквалитетните
творби ќе бидат објавени во заедничката збирка
на поезија и ќе бидат промовирани во простори-
те на Библиотеката на датум кој дополнително ќе
се определи.
Првата работилница се одржа на ден
13.05.2017 година, во просториите на Национал-
ната установа Универзитетска библиотека „Св.
Климент Охридски“ – Битола, на која предавач
беше младиот поет Филип Димкоски. Димкоски
е автор на две збирки поезија „Најхранливи збо-
рови од детска душа дарови“ (2010) и „Божилак
на исконот“ (2014) која во 2016 година доби свое
српско и свое бугарско издание. Проектот е фи-
нансиран од министерството за култура на Репу-
блика Македонија.
20.05.2017
Рак на дебелото црево
Во организација на Националната установа
Универзитетска библиотека „Св.Климент Охрид-
ски“ – Битола, „Сумнал“ – здружението за раз-
вој на Ромската заедница и Ротари клубот „Ши-
рок Сокак“ Битола, се одржа предавање на тема:
„Превенција, рана дијагностика и третман на
рак на дебелото црево“ – пре-
давач асистент д-р Огнен Ко-
стовски – шеф на отсек за ко-
лоректална хирургија при кли-
никата „Мајка Тереза“ – Ско-
пје. На предавањето присут-
ните имаа можност да слуша-
ат кои се најновите пристапи
во лекувањето, што е најдобра
превенција итн.
На крајот на пре-
давањето орга-
низациите орга-
низатори му до-
делија благодар-
ници за успеш-
ната соработка.
23.05.2017
Интернетот и јазичниот израз на младите“
По повод 24 Мај - Денот на сесловенските про-
светители светите Кирил и Методиј, во Библи-
отеката се одржа презентација на тема: „Влија-
нието на социјалните мрежи и интернетот врз
јазичниот израз на младите“. Учениците Маг-
далена Јаневска и Александар Ивановски ги пре-
зентираа сопствените согледувања за тоа колка-
во е влијанието на социјалните мрежи и интер-
нетот врз нивното секојдневно комуницирање и
правилната употреба на јазичната норма на ма-
кедонскиот јазик. Презентацијата беше збогате-
на со извадоци од книгата „Панонски легенди“
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.44 2017 17
што послужија ка-
ко исконско нав-
раќање низ наше-
то минато и живо-
тот и делото на го-
лемите сесловен-
ски просветители
светите Кирил и Методиј подготвено од профе-
сорката Николина Поповска.
25.05.2017
Проект „Ние сме љубов“
На завршниот настан на проектот „Ние сме
љубов“ учествуваа деца и млади со посебни по-
треби, деца од Заводот за рехабилитација на деца
со оштетен слух, говор и глас и други проблеми
во развојот „Кочо Рацин” Битола, лица со даунов
синдром и пречки во развојот кои се дел од Цента-
рот за поддршка на лица со интелектуална попре-
ченост – „Порака“, во соработка со деца, членови
на модерниот балет во „Анастасија Центар“. Овој
перформанс има за цел да ги обедини сите деца и
млади преку умет-
ничките изразни
средства. Одбрана
е темата „Љубов“
како основна ниш-
ка на постоењето
која ги поврзува и
испреплетува сите човечки битија. Кореограф и
музички педагог во проектот е Стефанија Милев-
ска. Раководител на проектот е Анастасија Милев-
ска, виш библиотекар.
Проектот е финансиран од Министерството за
култура на Република Македонија.
26.05.2017
Роднокрајна средба на битолските писатели
Јубилејната 12. Роднокрајна средба на битол-
ските писатели во Македонија како и секоја
година се одржа во Роднокрајната читална на
Библиотека. На Тркалезната маса на тема: „Ин-
спиративни моменти од мојата автобиогра-
фија“, свои излагања имаа дваесетина роднокрај-
ни писатели од Би-
тола, Струга и Ско-
пје. Раководител
на проектот и мо-
дератор на средба-
та беше д-р Никол-
че Вељановски. На
почетокот присутните беа поздравени од дирек-
торката д-р Лили Бошевска. Со едноминутно мол-
чење му беше одадена почест на неодамна почи-
натиот Богоја Таневски кој како роднокраен пи-
сател беше редовно присутен на Средбите. Од ова
традиционално дружење на битолските писатели,
на есен, ќе произлезе и дванаесеттиот (12) по ред
Зборник на излагања. Како и секогаш Средбата е
спонзорирана од Министерството за култура на
РМ.
09.06.2017
Промоција на книгата
„Мојот професор, пророк“
Книгата „Мојот професор, пророк“ од проф.
д-р Вера Стојчевска-Антиќ е посветена на писате-
лот, поетот и лингвист Блаже Конески, каде што
авторката го опишува својот однос со него, како
и нејзин коментар за некои од песните на Блаже
Конески. На на-
станот поздравно
обраќање имаше
директорката д-р
Лили Бошевска.
Промотор на кни-
гата беше проф.
д-р Александар
Стерјовски. Реци-
талот на песната „Тешкото“ беше на ученикот Бо-
жидар Николовски. „Конески беше мој професор,
а потоа станавме колеги. Во книгата има и наши
разговори, како и мое видување на некои од не-
говите дела. Тој е од преголема важност, но него-
вото дело не е доволно признаено. Затоа и книга-
та ја завршувам нарекувајќи го Џинот од Небре-
гово“.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 44 201718
Јубилејната 12. Роднокрајна средба на битол-
ските писатели во Македонија како и секоја го-
дина се одржа во Роднокрајната читална на Би-
блиотека на 26 мај 2017 година. На Тркалезната
маса на тема: „Инспиративни моменти од моја-
та автобиографија“, свои излагања имаа двае-
сетина роднокрајни писатели од Битола, Стру-
га и Скопје меѓу кои Панде Манојлов, Владимир
Костов (во отсуство), Никола Кочовски, Ѓорѓи
Прчков, Радован П. Цветковски, Добре Тодоров-
ски, Ванде Ганчевски, Петре Димовски (во от-
суство), Весна Мундишевска Вељановска, Сања
Мучкајева Видановска, Елизабета Јончиќ, Биља-
на Т. Димко, Вера Стојчевска Антиќ, Гордана Ми-
хаилова Бошнакоска, Христо Петрески (во отсу-
ство), Ванчо Полазаревски, Петко Шипинкаров-
ски, Јован Ѓуровски (во отсуство) и други. Тие
разговараа и за своите најинтересни моменти од
својот живот кои влијаеле врз нивното творештво.
Раководител на проектот и модератор на средба-
та беше д-р Николче Вељановски, библиотекар со-
ветник. На почетокот присутните беа поздравени
од директорката д-р Лили Бошевска. Со едноми-
нутно молчење му беше одадена почест на нео-
дамна починатиот Богоја Таневски кој како род-
нокраен писател беше редовно присутен на Сред-
бите. Од ова традиционално дружење на битол-
ските писатели, на есен, ќе произлезе и дванае-
сеттиот (12) по ред Зборник на излагања. Како и
секогаш Средбата е спонзорирана од Министер-
ството за култура на РМ.
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ
ОДДЕЛ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУГА
ЗА ВОЗРАСНИ
АНГЕЛСКО ДРВО - Лусинда Рајли
ДЛАБОКО ВО ДУШАТА - Јасмина Кадри
ЧОВЕКОТ ОД МАГЛАТА – Донато Каризи
ЛОВ НА ТИГАР – Џејмс Патерсон
ОДМАЗДА – Ју Незбе
КАЗНА – Јелена Бачиќ Алемпиќ
РИНГИШПИЛ - Јелена Бачиќ Алемпиќ
ЛАСТОВИЦИТЕ ОД КАБУЛ – Јасмина Кадри
ОНАМУ КАДЕ ШТО ПРИПАЃАМЕ – Емили Грифин
ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА
КЛАВИРОТ ТИВКО ПЛАЧЕШЕ – Сотировска, Д.
4 ПРИЈАТЕЛИ ОНЛАЈН – Каприја, Каролина
МОСТОТ ВО ПЛАМЕН – Фланган, Џон.
ЗАМОКОТ НА СТРАВОТ
ДЕЦАТА ОД МОИТЕ СОНУВАЛКИ – Калан, Ѓ.
ВО ОГЛЕДАЛО ОГЛЕДАЛЦА – Цветковски, Радо-
ван П.
110 УЛИЦИ – Гутовска Адамчиќ, Малгожата
ПРИНЦЕЗАТА ТИЈАРА
ХОБИТОТ – Толкин, Џ. Р.
КОНИ И ЉУБОВНОТО ПИСМО – Боеме, Ј
Приредил
д-р Николче Вељановски,
библиотекар советник
РОДНОКРАЈНА СРЕДБА НА БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.44 2017 19
Ванде Ганчевски
ОД ЗАМИНАТОТО ВРЕМЕ
Еве низ мојата автобиографска матрица се
појавуваат и трогателни трагични моменти кои
ме ежат, жалот го силат, болката пече, носат сол-
за во окото... Такви се моментите кога си го изгу-
бил најмилото... споменот за неа секогаш да биде
присутен и свеж. Во нејзин спомен го напишав ро-
манот ЌЕ ГО ТУЖЕВ ГОСПОД.
Петре Димовски
ИНСПИРАТИВНИ МОМЕНТИ ЗА
ТВОРЕЧКАТА МИСЛА
Од мојата родна куќа погледот ја отвора стра-
ната на Кајмакчалан во синкаста маглива далечи-
на каде се губат сите детали во рељефната широ-
чина на сликата. И споменот е силно присутен.
Настан или визија? Низ години потоа застану-
вав на тоа место од каде ја видов неповторлива-
та глетка.
Јован Ѓуровски
НАЈИМПРЕСИВНИТЕ МОМЕНТИ
СТАНУВААТ УНИВЕРЗАЛНИ
Кој е, во стварност Едрејко Даскалот?
Тој е главниот лик во моите романи: дете по
потекло од село, поточно од Мариово, и преселе-
но во градот, уште по основното образование. Во
градот завршува учителска школа и станува учи-
тел по мариовските села, а по завршувањето на
факултетот, е директор на централно основно
училиште, а потоа, до пензионирањето е настав-
ник-професор по македонски јазик во градот. Се
на с`еден човек од средна класа, интелектуалец
од едноумието и во повеќеумието.
Владимир Костов
ALMA MATER
… оние млади луѓе кои и после нивната хе-
ројска смрт, продолжија да живеат во бронзени
споменици по парковите врз кои слетуваа птици,
од кои некои песнопојни, пееја за нивната слава.
најизразит претставник на тој вид слободоумни
луѓе Исус Христос со чии идеи, помешани со мај-
чиното млеко, мајка ми ме задои и мене. Нејзино
чедо подигнувајќи ме, таа се постави спрема ме-
не како Alma Mater, при што ја посочи Библијата
како парадигма на моето литературно творештво,
зашто уште од детските денови ме имаше вете-
но на литературата не како професионален лите-
ратурен деец, кој живее од литературата туку кој
живее од литаратурата, туку кој ќе живее за лите-
ратурата.
Никола Кочовски
ОБИД ЗА РАЗБИРАЊЕ НА СОПСТВЕНАТА
ТВОРЕЧКА ИНСПИРАЦИЈА
Иако сум патувал веќе по три пати и во Австра-
лија и во САД, тоа нема никаква врска со мојата
тематска широчина. Патувањето не ги прави те-
мите, туку болката што притиска во срцето.
Панде Манојлов
НЕШТО АВТОБИОГРАВСКО КОЛКУ
ЗА НЕЗАБОРАВ
На 14 мај 2017 година, ноќта спроти 15 мај, по-
ништив повеќе материјали, претежно весници во
кои сум објавувал свои песни или весници и спи-
санија во кои биле објавени статии за мене и мое-
то творештво. Сум ги чувал, години сум ги чувал,
но таа ноќ, исправен пред моите, веќе одминати
години, исправен пред ништавилото што го гле-
дав неколку месеци и години во мојата Татковина
Македонија, исправен пред болката и прашањето
„Зарем самите себе ќе се уништиме , ќе се изгло-
даме ли самите како народ?“ ја направив оваа по-
тсвесна и несвесна постапка... Кому сето тоа да го
оставам и чуму?
Гордана Михаилова Бошнакоска:
ИСПОВЕД НА ЕДНА ПИСАТЕЛКА
Сега ми е дадена можноста да ги внесам не-
кои слики од целото мое живеење, кои останале
од минатото, но кои влегуваат во паралелни те-
кови на моето постоење. Тоа се понекогаш слики,
а понекогаш фрагменти од слики. Тие доаѓаат од
најраните години и се надоврзуваат на нови со-
звучја кои го обликуваат живеењето во сите него-
ви компоненти
Весна Мундишевска-Велјановска
ЗБОРОТ КАКО НАСЛЕДСТВО
Ме растреперува отсликот на дедо ми како тив-
ко, без жалби, без лелек ја ѕида својата судбина
со мистрија. Уште се наоѓам себеси како поттрчу-
вам да му однесам кафе со многу шеќер за да му
го разблажам вкусот на прашината во устата. По-
сле тивкиот оброк, сред спокојството на недогле-
дот на кроткоста на неговата намачена а бескрај-
но добра душа, пукнатините на рацете ги зацелу-
ваше со добра книга. И се радуваше, и тагуваше,
и сочувствуваше со ликовите. Ги доживуваше и
оживуваше. До неговиот последен здив.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 44 201720
Сања Мучкајева Видановска
МЕНУВАЈЌИ СЕ СЕБЕСИ, ГО МЕНУВАМ
СВЕТОТ
Инспиративните моменти, писателот ги вне-
сува уште со првиот напишан збор. Кога читате-
лот ќе се втурне длабоко во приказната во барем
едно дело на авторот, се соочува со оние делови
од соништата кои кратко излегуваат од доживу-
вањата и меморијата и токму тогаш се среќава со
делови од автобиографската нарација на писате-
лот. Тогаш времето се компонира како една фото-
графија од илјада зборови, донесувајќи ја барем
кај мене како писател блескавата реикарнација
на моето детство и младост, моите копнежи, пла-
нови и стравувања од иднината.
Христо Петрески
ВКУСОТ НА ЦРЕШНИТЕ
Како деца јас и брат ми имавме куче Мурго,
волчјак, попаметно дури и од човек. Возевме ве-
лосипед, коj ние го нарекувавме точак и со него
одевме на училиште во Жван. Одвај чекавме да
узреат дивите јагоди, но и комшиските и селски
црешни и јаболка петровки. Ќе скубневме грозје
од лозниците и малкуте лозја, а имавме и вкус-
ни и крупни лубеници и дињи кои беа презрели
и распукани, но и пиперки долги како рогови од
брав и патлиџани розови и слатки како шербет.
Сега си велам каде отиде (исчезна) сета таа здра-
ва и вкусна храна, па веќе не може да се повтори
и повторно вкуси истиот тој детски вкус!!!
Ванчо Полазаревски
А СЛУЧКАТА КАКО ЈАС, КАКО ТИ
Понекогаш не одејќи таму сум бил и потаму
од тоа таму. Не дека нешто сериозно ми се зака-
нуваше мене, тоа момче, во тогашното мое бити-
сување. Не. Некако светот на возрасните ми из-
гледаше туѓ, далечен, чуден и просто неверојат-
но беше тоа што се без некоја особен мака така
лесно функционира.. Тој привид на функциони-
рање. Тие големи фабрики, држави со долги бо-
гати истории, некои политики и географии... а
за цело тоа време милиони луѓе со возови бродо-
ви и авиони одеа ваму- таму во некои многу важ-
ни мисии. А други многу повеќе милиони гладу-
ваат и гладуваат и умираат и умираат. И нико-
му ништо. Никако да се пикнат на време во не-
која убаво напишана, специјално за нив, книга.
Ѓорѓи Прчков
OД МОЈАТА АВТОБИОГРАФИЈА
Младешки години. Тукашните алтернативни
превирања можеа да ја променат предвидената
насока радикално во состојба со мали повреди на
нечии ега или и понатаму да се продолжи со дет-
ските сништа. Ресурсите беа во полн капацитет,
сите на број и со с` уште недефинирани цели по-
сле чија неодлучност ќе треба да се докаже под-
готвеноста на личноста да се уфрли во виорот на
животот.
Биљана Талевска Димко
ОД ДЕТЕ СЕ ПРАВИ ЧОВЕК
Кога имав девет години почина дедо ми Дим-
ко. Тоа беше крајот на моето детство, тоа беше
крај на еден мој стар живот. Некои таги немаат
име. Понекојпат во некои мигови во животот не-
говиот лик непредвидливо ќе ми се извее во мис-
лите, ко да ме потсетува дека никогаш не ме на-
пуштил, некогаш душава си ја јадам оти сум за-
боравила да се потсетам на него, но овоземсково
преживување продолжува. По смртта на дедо ми,
единствено ми остана да пишувам за да не го за-
боравам.
Добре Тодоровски
АВТОБИОГРАФИЈА НА ИНСПИРАТИВНИТЕ
МОМЕНТИ
Не ретко додека се подготвува едно дело, осо-
бено романескното, претставува вистински коп-
неж по некоја посакувана животна желба. Мис-
лата ми е повеќе насочна, односно копнежот се
однесува на неостварени желби и фантазии од
најраното детстство, младите години и потоа, на
скриена надеж за напредување во работната ка-
риера, интимни моменти кои се провлекуваат до
последните години на животот.
Петко Шипинкаровски
ИНСПИРАТИВНИ МОМЕНТИ ОД МОЈАТА
АВТОБИОГРАФИЈА
А вечерните излегувања и неделите беа праз-
ник за младите. На одредени места во горна, сред-
на и долна маала на селото се збираа момчиња-
та и девојчињата, се забавуваа, пееја, но си зака-
жуваа и одржуваа љубовни средби. Од едни так-
ви доживувања ги носам миговите на љубов, но
и тегобата по изгубеното, и големата желба да се
успее во животот со откажувања на многу потре-
би на младиот човек, па дури подолго вкусување
на жед и глад...!
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ