БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.43 2016 1
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД
СПИСАНИЕ НА
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
БИТОЛА
*
Издавач
Национална установа
Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“, Битола
ул. Пеце Матичевски бр. 39
*
За издавачот
Д-р Лили Бошевска, директор
*
Издвачки совет:
д-р Николче Вељановски,
претседател
Јоланда Бошевска
Гордана Пешевска
*
Главен и одговорен уредник
д-р Николче Вељановски
*
Редакција:
д-р Николче Вељановски
Јоланда Бошевска
Илче Стојановски
*
Лектура
Александар Димитров
*
Подготовка и печат
Графо Пром – Битола
*
Тираж
300 примероци
ISSN 1409–9497
Тел/факс.: 047/220-208;
Тел.: 047/220-515;
Тел. на Изд.: 047/232-999
www.nuub.mk
e-mail: nuub@nuub.mk
Списанието е финансирано
од Министерството за култура
на Република Македонија
СОДРЖИНА
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
82. МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА ИФЛА
Подготвила: Д-р Лили Бошевска, директор . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .2
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИБЛИОТЕКАРИ
ВО ВРОЦЛАВ (ПОЛСКА)
Подготвила: Марија Малгожата Мачковска, библиотекар советник . . . . . . . . .5
СОРАБОТКА СО УНИВЕРЗИТЕТСКАТА БИБЛИОТЕКА ОД БАМБЕРГ
Приредиле: Гордана Пешевска, виш библиотекар
м-р Милка Котевска, библиотекар . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .7
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
КОНФЕРЕНЦИЈА COBISS 2016
Приредиле: Александар Крстев, библиотекар
Зоран Јанакиевски, советник за информатички работи . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .9
РАБОТИЛНИЦИ И ПРОМОЦИЈА НА ЗБОРНИК „КНИГАТА И
БИБЛИОТЕКАТА – МОСТОВИ КОН НЕНАСИЛНА КОМУНИКАЦИЈА“
Приредиле: Ленче Андоновска, библиотекар советник
Гордана Пешевска, виш библиотекар . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 10
ОБУКА ЗА ЈАВНИ БИБЛИОТЕКИ ВО МАКЕДОНИЈА
Подготвила: м-р Јелена Петровска, виш библиотекар . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 12
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“ 2016
Подготвила: Јоланда Бошевска, библиотекар советник . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 14
РЕПУБЛИЧКИОТ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“ 2016
Подготвила: Гордана Пешевска, виш библиотекар . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 15
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ 1100 ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО
НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
Подготвил: д-р Николче Вељановски, библиотекар советник . . . . . . . . . . . . . . 16
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКАТА И МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА
ВО ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 17
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ, ПРЕДАВАЊА
Приредила: Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 18
АСТРОНОМИЈА И НАУКА – (ОТВОРЕНА БИБЛИОТЕКА)
Приредил: Маријан Котевски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 22
МАНАСТИРСКИОТ КОМПЛЕКС „СВЕТИ ГАЛЕН“ ВО ШВАЈЦАРИЈА
Приредила: Лидија Мирчевска, виш библиотекар . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 23
КНИЖАРНИЦАТА ЛЕЛО (LELLO) – ПОРТО, ПОРТУГАЛИЈА
Подготвил: Александар Крстевски, библиотекар . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 24
СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМАТА
НА ПРОФ. Д-Р ВЛАДИМИР КОСТОВ ЗА ПОЧЕСЕН АКАДЕМИК НА МАНУ
(Извадоци од говорот на академик Владимир Костов) . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 26
НАВРАЌАЊЕ КОН „СВАДБАТА НА МАРА“ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 28
ЛИТЕРАТУРНО–ТЕАТАРСКА КРЕАЦИЈА НА ВЛАДИМИР КОСТОВ
И ЉУБИША ГЕОРГИЕВСКИ
Приредила: д-р Светлана Талеска, виш библиотекар . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 28
ДРАМАТИЗАЦИЈА НА „УЧИТЕЛОТ“ ОД ВЛАДИМИР КОСТОВ
Приредил: д-р Николче Вељановски, библиотекар советник . . . . . . . . . . . . . . . 30
СВЕЧЕНА ПРОГРАМА ПО ПОВОД ПАТРОНАТОТ НА БИБЛИОТЕКАТА И
1100 ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ . . . . 33
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 43 20162
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
Подготвила Д-р Лили Бошевска, директор
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола, на
меѓународниот конгрес на информации и би-
блиотеки 2016, во Колумбус Охајо, САД (IFLA
WLIC 2016)
На осумдесет и вториот Меѓународен конгрес
во Колумбус, Охајо САД, организиран од Меѓуна-
родното здружение на библиотекарски асоција-
ции и институции – ИФЛА, во периодот од 13-19
август 2016, како претставник на НУУБ „Св. Кли-
мент Охридски“ Битола, присуствуваше директо-
рот д-р Лили Бошевска. Битолската библиотека
ја претстави со својот научен труд „Одржливо-
ста е возможна: Националната установа- Уни-
верзитетска библиотека (НУУБ) од Битола ка-
ко лидер на општествениот развој“. Преку тој
труд, директорката се осврна на можностите од
имплеметирање на целите за одржлив развој до-
несени од Генералното собрание на Обединети-
те нации објавени во документот „Трансформи-
рање на нашиот свет: 2030 Агенда за одржлив
развој“ (Transforming our world: the 2030 Agenda
for Sustainable Development).
Трудот беше презентиран на 115-тата сесија
„Улогата на националните библиотеки во при-
донесот кон постигнување на целите за одржлив
развој“ на 15.08 2016 во 16h во официјалната про-
грама на Конгресот. Покрај Македонија, со трудо-
ви беа презентирани и Националните библиоте-
ки на Кореја, Франција и Јужна Африка. Сесијата
се одржуваше под раководство на г-ѓа проф. д-р
Роки Ралебипи-Симела, универзитетски профе-
сор по библиотекарство и Главен национален би-
блиотекар од Јужноафриканската Република во
рамките на Групата со посебен интерес – Наци-
онални информациски и библиотечни полити-
ки (National Information and Library Policy Special
Interest Group (SIG)). Трудот е објавен на елек-
тронската ИФЛА библиотека http://library.ifla.
org/1485/
http://library.ifla.org/cgi/search/
simple?q=Lili+Boshevska&_action_
search=Search+Library&_action_search=Search&_
order=bytitle&basic_srchtype=ALL&_
satisfyall=ALL
На конференцијата пред меѓународната јав-
ност беше образложен предизвикот за национал-
ните библиотеки во Македонија да ги исполну-
ваат националните политики за библиотечна деј-
ност, како што е предвидено со Законот за библи-
отеки и Законот за култура. Националниот инте-
рес во културата е јавен интерес за сите граѓани
на Република Македонија и нејзиниот најважен
аспект е достапноста на културата на сите граѓа-
ни под еднакви услови:
– Обезбедување на соодветни услови за зачуву-
вање на културното наследство
– Поттикнување разновидност во културата
– Обезбедување достапност до културните
вредности и нивно споделување
– Создавање на услови за зачувување на кул-
турниот идентитет на различните заедници.
82. МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА ИФЛА
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.43 2016 3
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
– Овозможување на еднаков и рамноправен
културен развој во Македонија
– Афирмирање на културата и културната раз-
новидност на Република Македонија во странство
Околностите и условите кои се креирани од
законот, создадаваат основа за унапредување на
учеството на националните библиотеки кон раз-
вој на целите за одржлив развој на Обединетите
нации. Националната установа - Универзитетска
библиотека во Битола се соочува со предизвик да
создаде своја сопствена библиотечна политика
преку споредба и користење на постоечките рам-
ки и модели за библиотечни и информациски по-
литики од целиот свет и да придонесе кон развој
со акцент на социјалната димензија на одржливи-
от развој.
Во фокусот на трудот е да се одговори на пра-
шањето: Која е улогата на библиотеката како на-
ционална установа во повиците за акција од Обе-
динетите нации и како може да помогне на про-
цесот на позитивни промени во нашиот свет.
Во трудот се објаснува поврзаноста на Наци-
оналната установа- универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски „од Битола, со петте об-
ласти од клучно значење за човештвото и плане-
тата: луѓе, планета, просперитет, мир и партнер-
ство. Трудот ги опишува можностите за отворање
на дебати и преземање акции за да се остварат це-
лите за одржлив развој објавени во документот на
Обединетите нации: „Трансформирање на наши-
от свет: 2030 Агенда за одржлив развој“ кој треба
да се имплементира на светско ниво во периодот
од 2015- 2030 година..
IFLA WLIC 2016
IFLA WLIC 2016 се одржуваше во простории-
те на големиот конференциски центар (Greater
Columbus Convention Center ) во градот Колумбус,
сојузна држава Охајо, Соединетите американски
држави. Првиот ден на конференцијата започ-
на со научната програма и одржување на делов-
ни средби во областите: Менаџмент и маркетинг;
Роднокрајни збирки; Академски и истражувачки
библиотеки; Писменост и читање; Аудиовизуел-
ни и мултимедијални содржини; Библиотечни
згради и опрема; Менаџмент на знаење; Библио-
теки за деца и млади.
Воведна сесија и свечено официјално отво-
рање Во неделата на 14 август
Делегатите на Конгресот имаа можност да
присуствуваат на грандиозното официјално от-
ворање на 2016 WLIC. За време на свеченоста,
делегатите се запознаа со историјата и култура-
та на Колумбос и САД низ презентации, музика и
танци. Темата на свеченото отворање „Пронајдо-
ци и иновации“ ја нагласи науката, индустрија-
та и информациите, кои денес го менуваат све-
тот. На отворањето се обратија Дона Шедер (Dona
Scheeder) претседател на IFLA, Керол Питс Ди-
дрих (Carol Pitts Diedrichs) директор на универзи-
тетските библиотеки на Охајо , Патрик Лосински
(Patrick Losinski) директор на Метрополитен би-
блиотеката од Колумбус и Џон Глен поранешен
пилот, астронаут и сенатор - првиот американец
кој орбитирал околу Земјата. На свеченото отво-
рање, на препознатлив американски гламурозен
начин, беа претставени спецификите на Охајо
и САД, со настап на повеќе популарни музички
ѕвезди и познати личности. Исто така беа претста-
вени и најпознатите американски библиотеки и
беше посакано добредојде за сите учесници.
После свеченото отварање,од 12ч се продол-
жи со Конгресната програма http://2016.ifla.org/
conference-programme во која во следните денови
паралелно се одвиваа повеќе сесии на различни
локации и сали во Greater Columbus Convention
Center.
Беа одржани повеќе сесии меѓу кои со прет-
ставници од Франција, Исланд, Тајван, САД,
Хрватска: Сегашност и иднина на комуникација-
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 43 20164
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
та со медиумите; Партиципативни проекти во би-
блиотеките: поврзување на заедниците преку со-
работка – Библиотечна теорија и истражување;
Потоа следеа претставниците на Италија,герма-
нија,Австралија, Романија и тн. со сесијата, Ака-
демски, јавни и училишни библиотеки: соработка
и размена на јавните библиотеки со академските,
истражувачките и училишните библиотеки; Сим-
позиум на индустријата OCLC; Решенија за диги-
тализација од Zeutschel; Одржливост на животна-
та средина и библиотеките и тн.
Како заклучок од сите презентации произле-
зе дека секоја библиотека треба да размислува за
потребите на сите категории корисници, дури и
ако библиотеката е строго универзитетска, јав-
на или училишна. Преку соработката се стигну-
ва до различните групи на корисници и услугите
и ресурсите се ставаат на располагање на пого-
лем број поединци и групи. Светски популарна-
та компанија OCLC ги презентираше иницијати-
вите, трендовите и истражувањата кои ќе влија-
ат на библиотеките во светот. „Како да го напра-
виме светот помал?“ Тоа е предизвикот за OCLC,
во смисла на поврзување на светот со достапност
до информации и ресурси, заради остварување на
јавно добро. Мисија на OCLC е преку заедништво,
истражување, споделување, соработка, да овоз-
можат секоја библиотека да придонесе за слобод-
ното време, информациите, образованието и кул-
турата за сите.
Сесијата Подготовка на библиотечни услуги
за деца и млади - се одржа во главната зграда на
Колумбос Митрополитен библиотеката.
Во пријатната атмосфера на библиотеката беа
презентирани повеќе трудови.
Низ презентациите, учесниците се запознаа
со различни искуства кои библиотеките ги пре-
вземаат за популарицација на книгата кај децата
и младите, почнувајки од најраната возраст, низ
процесот на описменување, усовршување на чи-
тањето до непреченото користење на литерату-
рата за деца и содржините од наставата. Созда-
вањето на пријатна, креативна и поттикнувачка
среднина за децата и младите е основа за секоја
библиотека која работи со оваа група на корисни-
ци. Во продолжение на сесијата, присутните имаа
можност да ја разгледаат библиотеката со фокус
на детскиот оддел, каде се согледа како практич-
но се применуваат редовните активности на оваа
библиотека кои ги презентираше директорката
на детскиот оддел Кети Шабудаги.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.43 2016 5
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
Од 14 до 16 септември 2016 година, во Вро-
цлав се одржа V Меѓународна Конференција на
Библиотекари. Организатори на конференцијата
беа Центарот за Знаење и Научно-Технички Ин-
формации при Вроцлавската Политехника, како и
Институтот за Научни Информации и Библиоте-
карство при Вроцлавскиот Универзитет. Почесни
покровители на конференцијата беа ректорот на
Вроцлавската Политехника и КДАБПШ – Конфе-
ренција на Директорите на Академските Библио-
теки на Полските Високи Школи.
Петтата конференција од циклусот на Вроцлав-
ските Библиотекарски Средби беше насочена кон
пошироката стручна јавност во Полска и стран-
ство, но исто така и кон вработените на универзи-
тетите, издавачите, политичарите, корисниците
на библиотеките и сите други кои се интересира-
ат за проблематиките на библиотекарско-научни-
те информации.
Рефератите презентирани на конференцијата
беа поделени на неколку тематски групи. Насло-
вот на првата група е „Библиотеката во универ-
Подготвила
Марија Малгожата Мачковска, библиотекар советник
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИБЛИОТЕКАРИ
ВО ВРОЦЛАВ (ПОЛСКА)
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 43 20166
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
зитетот и регионот“, која се занимаваше со след-
ните теми:
• Местото на библиотеката во унивезритет-
скиот ситем;
• Што може библиотеката да му понуди на
универзитетот?;
• Искористувањето на неуниверзитетски фи-
нансиски средства за реализација на библи-
отекарски проетки.
Се дискутираше за функционирањето на уни-
верзитетските библиотеки како делови на сложен
организам. Отворена беше и темата за државни-
те и универзитетските правни норми кои го ре-
гулираат постоењето и функционирањето на би-
блиотеките и нивните вработени, како и соработ-
ката на универ-
зитетските би-
блиотеки со неј-
зината матична
установа. Стана
збор и за опти-
малните начини
на огранизација
и финансирање
на универзитет-
скиот библиот-
ечен систем во
контекст на ис-
п о л н у в а њ е т о
на задачите. Се
дискутираше и
за тоа што може
библиотеката да
понуди покрај стандардните услуги, дали во со-
времениот свет библиотеката му е нопходна на
универзитетот, и како можат неакадемски сред-
ства да придонесат во развојот на библиотеката.
Втората тематска група беше „Информаци-
скиот систем за високо образование ПОЛ-он и
библиотеките“, во кои беа обработувани след-
ните теми:
Собирање, контрола на точноста и пренесу-
вање податоци во ПОЛ-он (Интегриран Систем
на Информации за Наука и Високо Образование);
Соработка на библиотеката со универзитетот
во резлиацијата на задачата.
Се расправаше за потребните организациски
промени на универзитетските библиотеки, про-
блемите и решенијата произлезени од новите по-
барувања поврзани со параметризацијата на на-
учните установи.
Третата тематска група „Електронската граѓа
на библиотеките“ ги опфати следните теми:
• Корисникот како сотворец на дигиталната
граѓа;
• Универзитетски бази на дигитална граѓа –
организациски предизвици (правни, еко-
номски, информатички, содржински) како
и оценка на нивното функционирање;
• Комерцијални бази на електронска граѓа –
оценка на содржината, достапноста и иско-
ристувањето.
Рефератите презентирани во оваа тематска
група се занимаваа со предизвиците на електрон-
ската револуција, која им налага на библиотеки-
те оформување на соодветни стандарди за потре-
бите на современиот корисник, кој сака с` поак-
тивно не само да ги користи, туку и да учествува
во создавањето
на електронска-
та граѓа. Новите
дигитални би-
блиотеки, архи-
ви, информаци-
ски бази, созда-
ваат потреба за
нови правни ре-
шенија, превзе-
мање финанси-
ски одлуки, ад-
министративни
и содржински.
Се дискутира-
ше за тоа како
у н и в е р з и т е т -
ските библиоте-
ки се справуваат со новите предизвици, дали ко-
мерцијалните бази на електронската граѓа се за
нив неопходен, неискористен потенцијал или пак
можна конкуренција.
На конференцијата учестуваа над 100 изла-
гачи, претставници на сите академски установи
во Полска, како и учесници од САД, Велика Бри-
танија, Германија, Литванија, Унгарија и Маке-
донија. Рефератот, кој го презентирав на Вроц-
лавските Библиотекарски Средби носеше наслов
„Имплементација на системот COBISS во балкан-
ските библиотеки“.
Вроцлавската конференција со години наназад
наидува на голем интерес кај академските библи-
отекарски центри, овозможува размена на иску-
ства, конструктивни дискусии, како и зацврсту-
вање на меѓународната соработка.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.43 2016 7
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
Постојаната комуникација и размена на иску-
ства со библиотеките од нашата држава, но и над-
вор од неа, се предуслов за успешно работење и
прогрес на библиотечната дејност. Националната
установа – Универзитетска библиотека „Св. Кли-
мент Охридски“ – Битола соработува со библио-
теките од нашата држава, но и со библиотеките
надвор од неа, се со цел за меѓусебна размена на
информации и искуства од областа на библиотеч-
ното работење. Токму затоа нашата библиотека,
на иницијатива на Советникот за меѓународна со-
работка, д-р Валентина Илиева, претставник на
Универзитетот Битола и со поддршка на прорек-
торот на Универзитетот од Бамберг Проф. д-р Се-
бастијан Кемпген, пристапи кон интензивирање
на соработката со Универзитетската библиотека
во Бамберг, Германија. Оваа посета беше реали-
зирана од страна на директорката д-р Лили Бо-
шевска и библиотекарите: Анета Стефановска,
библиотекар-советник, Гордана Пешевска, виш
библиотекар и м-р Милка Котевска, библиотекар,
во периодот од 17.10 до 19.10.2016 година.
Универзитетската библиотека во Бамберг е со-
ставна членка на Универзитетот во Бамберг. Уни-
верзитетот во Бамберг бил основан 1647 година
како Academia Bambergensis, која во 1803 година
е затворена и потоа повторно обновена. Денес го
носи името „Ото-Фридрих Универзитет во Бам-
берг“ и брои 13000 студенти, 160 професори, 700
научни кадри, 500 вработени во администрација
и 4 факултети: Хуманистички факултет; Опште-
ствените науки, економија и бизнис администра-
ција; Хумани науки и образование и Факултет за
информатички системи и применети компјутер-
Приредиле
Гордана Пешевска, виш библиотекар
м-р Милка Котевска, библиотекар
СОРАБОТКА СО
УНИВЕРЗИТЕТСКАТА БИБЛИОТЕКА ОД БАМБЕРГ
ски науки. Универзитетската библиотека во Бам-
берг е одговорна за снабдување на Универзите-
тот со литература и информации за истражување
и настава.
Своите ресурси ги прави достапни за науч-
ни ипрофесионални цели, како и за образовни и
континуирани обуки за секој кој е заинтересиран.
Универзитетската библиотека ја сочинуваат шест
библиотеки (т.н. Teibibliothek) сместени во раз-
лични згради кои се дел или му припаѓаат на фа-
култетот од кој го имаат и соодветниот фонд на
библиотечен материјал поделен по области.
Во првиот ден од нашата посета, директорот
д-р Франке подетално ни ја претстави и н` запо-
зна со работата и функционирањето Библиоте-
ката, а со колегите разменавме искуства околу
стручното работење. Потоа следеше посета на Би-
блиотеката за социјални науки, економија и биз-
нис администрација. Оваа библиотека е сместена
во универзитетскиот кампус на Централната би-
лиотека (административната зграда) и тука це-
локупниот фонд е од општествените науки, еко-
номија, бизнис администрација и право, како и
фонд за спорт и спортско образование. Фондот
брои околу 431.000 единици, од кои околу 40%
се сместени на полици со отворен пристап. Има
260 места за учење, 12 индивидуални читални, 4
простории за групна работа (од кои една со ин-
термедијален екран). Во текот на истиот ден од
вработените во Универзитетската библиотека ни
беа презентирани одделите Зајмување и Катало-
гизација, како и работата во секторот за перио-
дичните публикации (Discovery Service, Electronic
Journal Library, Database Information System).
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 43 20168
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
Вториот ден вработените во Универзитетската
библиотека од Бамберг организираа повеќе пре-
давања и презентации за нивната работа со сту-
дентите, како и посета на детската локална би-
блиотека (Bücherei Stegaurach). Библиотеката се
наоѓа во идиличното место Aurachtal која има
17000 книги за деца и возрасни. Таа е во тесна со-
работка со локалните градинки и училишта и ну-
ди книжен материјал за читање од различни жан-
рови, како и специјални филмови за деца, адолес-
центи и возрасни. Библиотеката Stegaurach била
основана во 2001 година и во неа работат библи-
отекари исклучиво на волонтерска основа.
Третиот ден беше резервиран за посета на
останатите библиотеки кои ја сочинуваат Уни-
верзитетската библиотека: Библиотеката за тео-
логија и филозофија, Библиотеката за хумани на-
уки, Библиотеката за јазик и литература, Библи-
отеката за историја и гео-науки (науки за земја-
та) и ЕБРА библиотеката – за комјутерски науки,
уметност и музика.
Библиотеката за теологија и филозофија е
најстара од сите и ја продолжува традицијата на
високото образование во Бамберг. Читалната би-
ла комплетно завршена во 1791 година и од то-
гаш претставувала значаен центар на универзи-
тетот. Во истата зграда била сместена Државната
библиотека на Бамберг, но кога таа се префрли-
ла во 1966, станува библиотека на Филозовски и
Теолошкиот факултет, со околу 166 000 единици,
од кои третина се со отворен пристап, а 373 се пе-
риодични списанија, дневни и неделни весници.
Оваа библиотека има 46 места за учење.
Библиотеката за хумани науки била отво-
рена во 1992 година, а студентите ја нарекуваат
Marcushaus. Нејзиниот фонд го сочинуваат книги
од областа на образованието, психологијата, ди-
дактиката, протестанската теологија и религиоз-
ното образование, како и учебниците кои теков-
но се користат. Фондот е околу 260.000 единици;
околу 70.000 се со отворен пристап; 387 тековни
списанија, вклучувајќи дневни и неделни весни-
ци. Оваа библиотека има 56 места за учење.
Библиотеката за јазик и литература во про-
летта на 2004 година се преселила во нова згра-
да, каде се обезбедил простор поголемиот дел од
фондот да биде достапен до студентите и со отво-
рен пристап. Со современата опрема во магаци-
нот се овозможи
максимално искористување на просторот. Во
тек е изградба на втората зграда од оваа библио-
тека со што уште повеќе ќе се добие на простор за
читални, магацин и места за учење. Во моментот
за студентите достапни се 100 места за учење, ин-
дивидуални и групни читални. Фондот брои око-
лу 529.000 единици; околу една петтина се наре-
дени на полици со отворен пристап.
Библиотеката за историја и гео-науки (нау-
ки за земјата) е сместена во новата зграда, изгра-
дена во 1987 година веднаш до старата барокна
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.43 2016 9
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
зграда од 1742 година и има најубав поглед на ре-
ката Регниц. Од нивните места за учење студен-
тите имаат прекрасен поглед кон Бамбершката
катедрала, Новата резиденција и мирната река.
Фондот на библиотеката брои 272 000 единици,
од кои 85000 се со отворен пристап, а 689 пери-
одични единици. Во фондот се поместни и околу
20000 географски мапи и карти.
ЕБРА библиотеката – за комјутери и комју-
терски науки, уметност и музика започнала со
работа во зимскиот семестар 2012/2013 година и
претставува библиотека која нема вработени, ту-
ку корисниците (студенти, професори, вработе-
ни) можат да влезат со нивната чип картичка. Це-
локупниот фонд, кој изнесува околу 20000 публи-
кации сместен е на полици со отворен пристап и
секоја книга е заштитена со RIFD чип. Корисни-
кот може да ја позајми книгата преку двата тер-
минали за автоматско задолжување.
Истиот ден ја посетивме и Државната библио-
тека во Бамберг. Бамберг бил прв град каде печа-
тени книги на германски јазик биле илустрира-
ни со резби. Иако во Државната библиотека мо-
жат да се најдат само фрагменти од првиот пери-
од на печатење во Бамберг, 3500-те инкунабули
во Библиотеката сведочат за широкиот спектар
на производство на книги во 15-от век. Библиоте-
ката може да се пофали со богата збирка драгоце-
ни ракописи од времето на царот Хенри II, како и
многу ретки книги од 12 век напишани од страна
на бенедиктинските монаси на планината Свети
Михаил. Во текот на 19 век, библиотеката била
збогатена со збирката од Џозеф Хелер, составена
од 80.000 графики и цртежи. Државната библио-
тека на Бамберг е комбинирана универзална, ре-
гионална и истражувачка библиотека со приори-
тет на хуманистичките науки. Фондот од 500.000
тома се следи и зголемува континуирано во си-
те општи области, како и во специјализирани об-
ласти како што се историјата и географијата на
(Горна) Франконија и историјата на уметноста.
Вечерта беше организирано отворање на из-
ложба за модата „Ansichtssache – Anziehsache“, ка-
де бевме почесни гости.
Сите овие искуства за НУУБ „Св. Климент Ох-
ридски“ – Битола беа од огромно значење за по-
натамошната соработка со Универзитетот, како и
за унапредување на работата и услугите кои Уни-
верзитетската библиотека што им ги нуди на сту-
дентите, наставниот кадар и други научни работ-
ници од Универзитетот од Битола и пошироко.
Приредиле
Александар Крстев, библиотекар
Зоран Јанакиевски, советник за информатички работи
КОНФЕРЕНЦИЈА COBISS 2016
Конференцијата COBISS 2016 се одржа во про-
сториите на IZUM (Институтот за Информациски
науки од Марибор) на 22 и 23 ноември. Во делега-
цијата од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
учествуваа директорот д-р Лили Бошевска, Алек-
сандар Крстев – библиотекар и Зоран Јанакиев-
ски – советник за информатички работи. Оваа
традиционална конференција беше дваесетта по
ред со учесници од земјите членки во COBISS си-
стемот, како и гости од Холандија, Данска, Ав-
стрија, Швајцарија и Велика Британија.
Првиот ден, предавачите (библиотекари) да-
ваа анализа на постојната состојба во библиоте-
карството и ја претставија визијата кон каде тре-
ба да се стреми системот во целина и библиотека-
рите како негови учесници.
Вториот ден повеќе беше наменет за техно-
лошки теми од колегите во IZUM кои успешно ги
имплементираат разните технолошки иновации
кои се појавуваат на светско ниво и ги спроведу-
ваат истите како алатки во COBISS системот.
Значаен сегмент од секоја конференција од
овој вид се и меѓусебните средби на библиотека-
рите, на кои средби имаше можност да се слуш-
ни за различните искуства и процесите на рабо-
та во матичните институции, како и да се возоб-
новат личните познанства. Во рамките на тој дух
на соработка, на иницијатива на вработените од
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола беше одр-
жана средба со претставници од IZUM. На истата
средба, која се одржа пред почетокот на конфе-
ренцијата, беа споманати некои програмски из-
мени во сегментот Позајмување, а стана збор и за
фискализацијата како составен дел од работата на
овој сектор. На взаемно задоволство состанокот
помина во позитивна работна атмосфера и се до-
несе заклучок дека промените треба да се импле-
ментираат во најскоро можно време.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 43 201610
Темите кои беа опфатени на оваа дводневна
конференција:
Како да ги задржиме библиотеките во диги-
талната ера?; Развој на национална дигитална
библиотека; Библиотеките во Копенхаген и Ге-
нерацијата Z; Димензионалност и влијание на
квалитетната каталогизација; Анализа на публи-
кациите со слободен пристап на словенечките ис-
тражувачи во 2015 г. : влијание и економичност;
Предизвиците на каталогизацијата во се попо-
врзаниот свет: дали FRBR и RDA можат да пону-
дат решение?; COBISS+ (OPAC v7); Користење на
квантитативни оценки при избор на пријави во
Јавната агенција за истражувачка дејност на Репу-
блика Словенија; Достапност на базите на подато-
ци: читање за сите; Позитивната страна на библи-
отекарството; Дијалогот во Југоисточна Европа за
управување со интернетот; Новитети во библио-
графиите; Онлајн ажурирање во E-CRIS; Деловен
модел единствена набавка и обработка на библи-
отечниот материјал во јавните библиотеки; Пор-
талот Образование; Архитектура на OPAC; Репо-
зиториум на дигитални објекти; COBISS3/Извоз
на податоци; Помалку познати услуги во врска со
платформата COBISS; Простори на иднината.
Целокупниот впечаток од посетата на оваа
конференција е воодушевувачки, особено заради
тоа што, според наше мислење, треба да се истак-
не потребата од меѓусебна комуникација и сора-
ботка на библиотекарите (во и надвор од грани-
ците на една држава) и тоа да не биде случај само
на настани од овој вид.
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
Во рамките на проектот „Управување со кон-
фликти- едукација на млади“, Книгата и библио-
теката – мостови кон ненасилна комуникација, во
септември и октомври се одржаа уште три рабо-
тилници и тоа:
Работилница бр. 1 на тема „Сајбер насил-
ство“, со мото „Лајк за ненасилство“, реализира-
на од тимот: д-р Лили Бошевска, директор (НУУБ
„Св.Климент Охридски“-Битола), д-р Аница Зла-
тевска, психолог (ОУ „Коле Канински“ - Битола),
Весна Жоглева, социолог (СОУ Гимназија“ Ј. Б.
Тито“) и Жанета Ристевска, психолог (ОУ „Св. Ки-
рил и Методиј“ - Битола).
Главната активност во оваа работилница беше
видео-презентација за интернет- насилство, а по-
тоа децата-учесници дискутираа за тоа дали неко-
гаш биле жртви на интернет-насилство и како се
чувствувале. Учениците мотивирани од видеото
предлагаат начини за заштита од интернет насил-
ство и дискутираа за истите.
Работилница бр. 2 на тема „Насилство врз
деца со посебни потреби“, со мото на работил-
ницата беше „Различни, а исти“, реализирана
тимот: Ленче Андоновска, библиотекар-совет-
ник (НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола), Ан-
дријана Шокларовска, дефектолог (ОУ „Св. Кли-
мент Охридски“ - Битола) и Ана Здравкова, би-
блиотекар (ОУ „Св. Климент Охридски“ - Битола).
РАБОТИЛНИЦИ И ПРОМОЦИЈА НА ЗБОРНИК „КНИГАТА И
БИБЛИОТЕКАТА – МОСТОВИ КОН НЕНАСИЛНА КОМУНИКАЦИЈА“
Приредиле
Ленче Андоновска, библиотекар советник
Гордана Пешевска, виш библиотекар
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.43 2016 11
Главната активност во оваа работилница беше
презентацијата за насилство, и насилство врз де-
ца со посебни потреби, односно како секое дете
би почувствувало како е да се биде дете со посеб-
ни потреби, конкретно со оштетување на видот.
Работилница бр. 3 на тема „Книгата мост
кон ненасилна комуникација“, со мото „На кни-
гата не и снемува батерија“, реализирана од ти-
мот: Гордана Пешевска – виш библиотекар (НУУБ
„Св. Климент Охридски“ – Битола), Мирјана Ги-
чевска – професор, психолог (СОУ „Таки Даскало“
- Битола), Лидија Споа – психолог (СОУ Гимназија
„Јосип Броз - Тито“ – Битола), Билјана Поповска –
педагог (ОУ „Тодор Ангелевски“ - Битола), Драган
Ристевски – библиотекар (СОУ Гимназија „Јосип
Броз – Тито“ – Битола) и Нина Тасевска, психолог
(Државно музичко училиште – Битола).
Главната активност во оваа работилница се со-
стоеше од креативно пишување и читање, а со цел
да се нагласи дека книгата, односно читањето е
најцивилизираниот и најкултивираниот процес
и начин на средување на мислите, емоциите на-
спроти агресивни и несоодветни начини на тро-
шење на време и енергија. Книгата е моќно сред-
ство против насилство – неа никогаш не и снему-
ва батерија, никогаш не н` остава на цедило.
Завршната мани-
фестација на про-
ектот Управување
со конфликти – еду-
кација на млади се
одржа на 16.11.2016
година на Меѓуна-
родниот ден на толе-
ранцијата 16 Ноемв-
ри, со промоција на
„Зборник на струч-
ни трудови“ како
завршен дел на Про-
ектот.
Зборникот на стручни трудови Книгата и би-
блиотеката – мостови кон ненасилна комуника-
ција беше промовиран од проф. д-р Љупчо Кеве-
рески кој се осврна посебно за секој стручен труд
и нагласи дека секој труд носи во себе соодветна
порака, кој беше следен со големо внимание од
присутните гости.
Истакна дека педагошките идеи и пораки на
практичарите не се само дијагностички ситуации
на реалноста туку тие нудат алтернативи и реше-
нија за најрелевантните субјекти и институции
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 43 201612
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
кои треба да се вклучат во постигнувањето на за-
едничката цел: учење и живеење без насилство.
На крај даде повеќе препораки од кои издвоју-
ваме „Почитувањето на толеранцискиот макси-
мум е оригинален зачин кој може да се најде во це-
лиот свет“… „Флексибилноста во комуникација-
та е една магична формула за успех“... „Успешни
комуникатори се оние кои не го знааат однапред
исходот и резултатот“.
Примената на ненасилната комуникација ќе
придонесе да се движиме кон претпоставка дека:
можеби не можеме да го промениме светот, но ќе
го промениме квалитетот на нашиот живот.
„Јавно застапување, подигање на свеста и
комуникација за библиотеки“
Работилница (19 – 20 мај)
Работилница (28-30 септември)
Здружението за равој и иновации на библиоте-
ки „ИнноваЛиб“ е формирано со иницијатива на
група ентузијасти, библиотечни професионалци
со цел размена на знаења, вештини и искуства,
организирање на семинари и обуки особено во
работа со едукација на библиотекарите, изготву-
вање на библиотечни пројекти, јавно заговарање
и потикнување на иновативните програми и ак-
тивности. Претседателката на здружението м-р
Иванка Соколова обезбеди реализација на Семи-
нарот и логистичка медиумска покриеност со што
ја зајакна препознатливоста на библиотеките за
пошироката јавност.
Подржани од ЕИФЛ (Electronic Information for
Libraries) организирани се две работилници за
јавно застапување. Во работилниците учеству-
ваа претставници на библиотечната јавност од
Министерство за култура, Библиотекарското
здружение на Македонија, претставници од На-
Подготвила
м-р Јелена Петровска, виш библиотекар
ОБУКА ЗА ЈАВНИ БИБЛИОТЕКИ ВО МАКЕДОНИЈА
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.43 2016 13
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ционалната библиотека, директори на јавните
библиотеки, како и специјалисти во PR (Public
relations) кои имаа задача да ги застапуваат биб-
лиотеките на локално и национално ниво.
Првата работилница е одржана во Скопје (19-
20 мај) на тема: „Јавно застапување и лобирање
на јавните библиотеки„.
Обуката е дел од иницијативата на EIFL-PLIP за
Балканот за 2015-2016, за јакнење на капаците-
тите на проактивни библиотекари од јавните би-
блиотеки за застапување и лобирање преку обу-
ка и претставување на можностите и придобив-
ките од релевантните регионални истражувања.
Цели на обуката:
• Јакнење на капацитетите на директорите
на јавните библиотеки за зголемување на
финансирањето на библиотечните услуги и
воведување на нови услуги
• Изградба на партнерства со други органи-
зации и мрежи за заедничко застапување со
цел да обезбедат финансирање на проекти
• Поддршка на националните здруженија кои
ги претставуваат јавните библиотеки за ис-
тражување на потенцијалните врски помеѓу
услугите на јавните библиотеки и владини-
те политики.
Работилниците ги водеа врвни експер ти од об-
ласта на библиотекарството: Пол Баран – по ра-
нешен директор на програмата БИБ ЛИОНЕТ во
Романија и експерт кој има работено на нацио-
нални и меѓународни кампањи за застапување
во делот на подршка на јавните библиотеки и Ан-
ка Рапену – директор на библиотеката Митропо-
литан во Букурешт, која претходно работеше во
Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.
Во рамките на првата работилница учесници-
те се запознаа со иновативни и нови библиотечни
услуги во заедницата преку примери на добрата
пракса од Штип, Романија, Хрватска, Србија, Бу-
гарија итн.
Во рамките на темата се работеше на техники
и вештини за јавно застапување. Од дефинирање
на помите за јавно застапување и лобирање, до
идентификување на целните групи, утврдување
на приоритетите во библиотечното работење, ре-
шавање на проблемите, па се до изнаоѓање на ре-
ални патишта за реализирање на планираните
пројекти во библиотеките и правење тим за спро-
ведување на активностите на библиотекарите
кои проактивно работеа на агендата.
Втората работилница се одржа во септември
(28-30 септември) со тема „Јавно застапување,
подигање на свеста и комуникација за библио-
теки „Работилницата ја водеше Каспарс Руклис -
меѓународен обучувач за јавно застапување и ко-
муникации кој работи со библиотеки од 2007 го-
дина како менаџер за јавно застапување за развој
на јавните библиотеки во Латвија.
Библиотекарите имаа исклучителна можност
да ги прошират своите знаења со запознавање на
техниките за подготвување на план за јавно за-
стапување за вложување труд во национално/ко-
ординирано јавно застапување во одбрани прио-
ритетни области. Преку подготвување на сопстве-
ни презентации библиотекарите и практично ги
совладаа вештините кои се потребни за прегова-
рање. Една од темите беше обучување на вработе-
ни во библиотеките со знаење и вештини за кому-
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 43 201614
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
никација, јавно застапување и подигање на све-
ста за важноста на библиотеките во општество-
то, како и создавање на позитивна коима и споде-
лување на искуства за јавно застапување и кому-
никација меѓу учесниците. Предавачот Руклис ги
подготви учесниците за самостојно изготвување
на акционен план за јавно застапување преку ин-
терактивно учество на сите библиотекари и ткн.
работна книга развивајуќи можни и применливи
модели за застапување пред сите заинтересирани
страни.
Семинарот беше одлично прифатен, изготвени
се евалуациони листи, со што добивме повратна
информација за ефектите на обуката и вредноста
на професионалното усовршување на библиоте-
карите.
На Семинарот од НУУБ „Св. Климент Охрид-
ски“ учествуваа:
Др. Лили Бошевска, директор НУУБ „Св. Кли-
мент Охридски“ Битола
Мр. Јелена Петровска, член на Управниот од-
бор „Иннова Либ“
Благој Николов, претседател на Библиотекар-
ското здружение на Македонија.
Националната установа – Универзитетска би-
блиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола по-
стапувајќи по известувањето од Библиотекарско-
то здружение на Р. Македонија објавено на www.
bzm.org.mk, состави тричлена комисија за спро-
ведување на 17. Општински натпревар за избор
на најдобар млад библиотекар во Општината Би-
тола, со претседател Јоланда Бошевска, библиоте-
кар советник.
Општинскиот натпревар „Млади библиотека-
ри“ беше реализиран на ден 14.10.2016 год. со по-
четок во 11 часот.
Натпреварот се одржа во новата читална во
поткровјето од новиот дел на Библиотеката. Уче-
ство зедоа четиринаесет ученици од сите основ-
ни училишта од Битола и по еден ученик од учи-
лиштата во Бистрица, Новаци, Могила, Добруше-
во и Српци.
Подготвила
Јоланда Бошевска, библиотекар советник
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“ 2016
Првото место му припадна на ученичката Миа
Дарковска од ОУ „Елпида Караманди“ IX-а од-
деление, со освоени 90 бодови од вкупно 100.
Второто место му припадна на Ана Долевска
VII-а одд. од ОУ „Д-р Трифун Пановски“ Бито-
ла со освоени 88 бодови, а на третото место беше
Марија Ѓоргиевска VII одд. од ОУ „Славко Лум-
барковски“с. Новаци.
Присутните ги поздрави и наградите им ги
врачи директорката на Библиотеката д-р Лили
Бошевска. Најдобрите тројца учесници добија на-
гради во луксузни изданија од детски енциклопе-
дии. На сите учесници им беа доделени благодар-
ници и по една книга и најновиот број на списа-
нието Библиотечен Тренд. На нивните ментори
им беа доделени потврди за учество на натпрева-
рот. Победникот на овој натпревар ќе учествува
на 17. Републики натпревар „Млади библиотека-
ри“ што ќе се одржи vo Локалната библиотека „Го-
це Делчев“ во Велес на 28 октомври 2016 година.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.43 2016 15
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Подготвила
Гордана Пешевска, виш библиотекар
РЕПУБЛИЧКИОТ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“ 2016
Републичкиот натпревар „Млади библиоте-
кари 2016“, седумнаесетти по ред, се одржа на
28.октомври во просториите на Локалната библи-
отека „Кочо Рацин“ во Велес. На натпреварот уче-
ствуваа 23 ученици, победници на општински-
те натпревари „Млади библиотекари 2016“ од Р.
Македонија. Натпреварот го спроведе тричлена
комисија во состав: претседател Гордана Пешев-
ска – виш библиотекар (НУУБ „Св. Климент Ох-
ридски“ – Битола), Јадранка Мајсторова – библи-
отекар (Локална библиотека „Кочо Рацин“ – Ве-
лес) и Пепи Ставревски, претставник од основни-
те училишта и член на Извршниот одбор на БЗМ.
Прашалникот се состоеше од 25 прашања (со до-
полнување, заокружување и целосни одговори), а
максималниот број на освоени бодови беше 101.
Првото место го делеа Миа Дарковска, ученич-
ка во ОУ „Елпида Караманди“ – Битола и Игор
Стојков, ученик во ООУ „Тодор Јанев“ - с. Чашка –
Велес со освоени 101 поен и трето место - Милена
Николовска, ученичка во ОУ „Браќа Миладинов-
ци“ Ресен, со освоени 100 поени.
Со оглед на тоа дека двајцата први натпрева-
рувачи имаа ист број на поени – 101, се приста-
пи кон усно одговарање на прашања. Може да
се каже дека и двајцата натпреварувачи се но-
сеа рамноправно се до поставувањето на петтото
прашање, по кое натпреварувачот Игор Стојков
и честита на натпреварувачката Миа Дарковска
која го освои првото место. Таа е ученичка од ОУ
„Елпида Караманди“ од Битола, второто место му
припадна на Игор Стојков од ООУ „Тодор Јанев“
– с. Чашка – Велес и третото место и припадна на
Милена Николовска од ОУ „Браќа Миладиновци“
од Ресен.
Наградите им беа врачени од претседателот
на Библиотекарското здружение на Македонија,
Благој Николов, библиотекар-советник. На сите
учесници им беа подарени по една книга и благо-
дарници за учеството, додека, пак, на сите менто-
ри им беа дадени потврди за учество.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 43 201616
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
За потеклото, местото на раѓање и мледешки-
те години на свети Климент Охридски не се знае
многу. Се знае дека серодил околу 840 година, а
се знае дека починал на 27 јули 916 година, во
сопствениот манастир во Охрид. Повеќе слави-
сти сметаат дека се родил во Охрид. Свети Кли-
мент Охридски бил најдобриот ученик на светите
браќа Кирил и Методиј. Од млади години го сле-
дел Методиј, а со него бил и Кирил. Тој учеству-
вал во Моравската мисија. Во Рим добил свеште-
Подготвил
д-р Николче Вељановски, библиотекар советник
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ 1100 ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО
НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
нички чин и годобил името Климент. Истата 886
година стигнал кај кнезот Борис и заминал во За-
падна Македонија и во Охрид ја основал прочуе-
ната Охридска школа. Она што тој го направил со
својата дејност останува како трајна придобивка
на македонската историја и култура. Во Охрид-
ската книжевна школа учениците ја изучувале
глаголската азбука.
Во тоа време Западна Македонија влегувала во
составот на средновековната бугарска држава. И
додека во Охрид се ширела глаголицата, во Источ-
на Бугарија, во Преславската книжевна школа, се
ширела кирилската азбука.
Учениот и талентиран хагиограф Теофилакт
вели дека од Охридската школа излегле 3500 уче-
ници. Климент распоредува по 300 од нив во сите
делови на Македонија со што ја ширел писмено-
ста пошироко. Истите тие ученици се занимавале
и со организирање на македонските цркви, спо-
ред напатствијата на учителот Климент.
Климент се занимавал и со книжевна дејност, а
во црквите им држел христијански поуки. Во 893
година Климент Охридски го напуштил учител-
ското место во Охрид и бил назначен за прв сло-
венски епископ во Велика, а неговото место го
зазел неговиот сопатник и брат Наум Охридски.
Свети Климент се стремел во с` да го поучи наро-
дот, како родоначалник на средновековната ма-
кедонска книжевност.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.43 2016 17
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКАТА И МИНИСТЕРКАТА
ЗА КУЛТУРА ВО ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА
Во рамките на посетата на Француската алијан-
са која работи во просториите на НУУБ „Св. Кли-
мент Охридски“ – Битола, претседателот на Репу-
блика Македонија, Ѓорге Иванов ја посети Библи-
отеката при што беше придружуван од директор-
ката д-р Лили Бошевска и нејзините соработници
од Установата.
Претседателот се интересираше за работата и
активностите на нашата Институција, разгледу-
вајќи го Одделението на книги за деца кое е ре-
новирано и збогатено со нови инвентарни дода-
тоци, во просторот каде децата престојуваат и из-
најмуваат книги, и каде во иднина ќе можат да се
одвиваат разни форми на активности поврзани
со детското книжевно творештво и библиотечна-
та дејност при нивните организирани или поеди-
нечни посети. Претседателот ги посети и разгле-
да новоизградените читални во Библиотеката. Во
рамките на посетата министерката за култура на
Република Македонија Елизабета Канческа – Ми-
левска, го разгледа реновираниот простор на Од-
делението за детска литература, придружувана од
директорката д-р Лили Бошевска.
Министерката се интерсираше за активности-
те и работата на ова одделение, а воедно и Библио-
теката во целина, при што нагласи дека Министер-
ството и понатаму ќе продолжи да ги поддржува ак-
тивностите во областа на библиотечната дејност, а
во рамките на тоа и на Библиотеката во Битола.
Исто така претседателот Ѓорге Иванов се за-
позна и со изложените капитални проекти на пе-
чатени книги од страна на Владата на Република
Македонија, односно Министерството за култура,
наменети за продажба: 130 тома македонска кни-
жевност; Врвови на светската филозофија, исто-
рија и психологија со психоанализа; Ѕвезди на
светската книжевност; Подготовка, превод, лек-
тура и печатење на 5 дополнителни наслови од
Проектот 135 тома македонска книжевност; пре-
вод и печатење на 130 тома македонска книжев-
ност на англиски јазик; Превод на македонски
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 43 201618
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
јазик на дела од албанската и турската книжев-
ност во Македонија и печатење на публикации со
прилог CD за документарни филмови – Македон-
ски искушенија. Воедно, на претседателот и на
Министерката им беа подарени изданија од из-
давачката продукција на НУУБ „Св. Климент Ох-
ридски“ – Битола, како и благодарници за нивна-
та досегашна поддршка во развојот на библиотеч-
ната дејност.
Потоа, својата посета и разговор, претседате-
лот Ѓорге Иванов ги продолжи во просториите на
Француската алијанса, со нивните претставници.
08.09.2016
„БЕЛА НОЌ ЗА 25 ГОДИНИ
НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“
По повод 8-ми септември – независноста на
Република Македонија, Националната установа -
Универзитетска библиотека „Св. Климент Охрид-
ски“ - Битола, учестуваше во одбележување на на-
ционалната програма „БЕЛА НОЌ ЗА 25 ГОДИНИ
НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ .
Приредила
Фатма Бајрам Аземовска,
библиотекар
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ,
ПРЕДАВАЊА
Програмата започна во 19 часот во простории-
те на библиотеката со изведба на „25 песни за 25
години независна Република Македонија“ (уче-
ство на детскиот хор „Sвончиња“) во придружба
на уметничките соработници Андријана Думев-
ска и Марина Коруновска. Во 20 часот започна
настанот „Поетско – музички вибрации за Маке-
донија“ со реномираните писатели членови на
Друштвото на писатели на Македонија и со писа-
тели членови на Битолскиот книжевен круг; Ко-
чо Топузовски, Панде Манојлов, Христо Петре-
ски, Игор Крајчев, Радован П. Цветковски, Нико-
ла Кочовски, Петре Димовски, Кире Неделковски,
Весна Мундишевска – Велјановска, Милица Ди-
митријовска – Радевска, професор д-р Златко Жо-
глев, Мирјана Стојановски, проф. д-р Даниела Ан-
доновска – Трајковска, проф. д-р Гордана Стоја-
носка, проф. д-р Валентина Гулевска, Билјана Т.
Димко, Елизабета Јончиќ и Никола Илијоски, Ил-
че Стојановски.
Со музичка придружба на Лука Тошев на кла-
сична гитара.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.43 2016 19
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Во 21 часот следеше настапот на Дарко Саве-
ски, II клас, отсек кларинет од Државното музич-
ко училиште – Битола.
Во холот на библиотеката, во 22 часот беше от-
ворена тематската изложба на книги „Растежот
на Република Македонија документиран во моно-
графските публикации“.
20.09.2016
Управување со конфликти – едукација на
млади“
Во рамки на проектот „Управување со кон-
фликти – едукација на млади“, чија цел е книги-
те да бидат мост кон ненасилна комуникација кај
младите, се одржаа три работилници.
20.09.2016
Прва работилница
Во просториите на Библиотеката се одржа
првата работилница на тема „Насилството преку
социјалните мрежи, ЛИКЕ за ненасилство“. На-
ционалната установа Универзитетска библиотека
„Св.Климент Охридски“ - Битола во соработка со
стручните соработници од основните и средните
училишта од Битола, се определи да влијае заед-
нички во разрешувањето на конфликтите помеѓу
младите со презентирање на стручни трудови, од-
држување на работилници на различни теми, а се
со една цел разрешување на конфликтите – еду-
кација на младите. Активностите кои се презема-
ат, вклучуваат промени во рамка на почитување
на човековите права, елиминирање на комуника-
циски и физички бариери, самопретставување и
учество на младите и возрасните во сите процеси
на живеење. Вклучени се стручни работници од
неколку основни и средни училишта и околу два-
есеттина ученици од основните и средните учи-
лишта.
27.09.2016
Втора работилница
Втората работилница на тема „Насилство врз
деца со посебни потреби, а мото на работилни-
цата беше „Различни, а исти“.
Тимот за спроведување на оваа работилница
беше во состав: Ленче Андоновска - библиотекар
советник, Андријана Шокларовска - дефектолог и
Ана Здравкова - библиотекар.
Работилницата предизвика голем интерес и
учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“ - Бито-
ла, имаа можност во текот реализацијата на ак-
тивностите од оваа работилница да употребат по-
себни очила кои ги користат лица со оштетен вид
се со цел да помогнат на лицата од оваа катего-
рија, односно лица со посебни
04.10.2016
Трета работилница
Третата работилница е под мотото „Книгата
и библиотеката – мостови кон ненасилна ко-
муникација кај младите“,со мото „На книгата
никогаш не и снемува батерија“. На работна-
та средба учествуваа ученици од три средни и ед-
но основно училиште од нашиот град. Целта на
оваа работна средба е поттик за читање вистин-
ски книги, т.е извлекување на позитивното од чи-
тањето и трансфер на негативната енергија во по-
зитивна активност (читање и пишување).
14.10.2016
Општински натпревар
„Млади библиотекари“
НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола тради-
ционално го организира 17-тиот општински нат-
превар „Млади библиотекари“ кој се одржа на ден
14.10.2016 година, во просториите на поткровје-
то во новиот дел од Библиотеката .
На натпреварот учествуваа ученици од основ-
ните училишта од Битола и околината (Новаци,-
Бистрица, Могила, Добрушево и Српци).
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 43 201620
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Прва награда освои ученичката Миа Дарков-
ска, 9 одд, ОУ „Елпида Караманди“ - Битола. Вто-
рата награда и припадна на Ана Долевска, 7 одд,
ОУ „Трифун Пановски“ - Битола. Третата награ-
да и припадна на Марија Ѓоргиевска, 8 одд, ОУ
„Славко Лумбарковски, Новаци.
Им честитаме на наградените ученици, а на
останатите ученици и ментори им благодариме
за учеството.
Најдобриот ученик од овој натпревар се стекне
со право да учестува на Републичкиот натпревар,
која оваа година ќе се одржи во локалната библи-
отека „Гоце Делчев“ – Велес.
17.10.2016
Предавање на Амбасадорот на САД
во Р. Македонија
Амбасадорот на САД во Р. Македонија Џес Л.
Бејли во просториите на Библиотеката одржа
предавање на тема „Претседателските избори
во САД“.
Присутните студенти од Правниот факултет ос-
вен што имаа можност да го слушнат предавање-
то на амбасадорот имаа можност да поставуваат
прашања на наведената тема. Едночасовната пре-
зентација на Амбасадорот Бејли ги рефлектираше
неговите лични гледишта за американскиот избо-
рен процес за претседател, но опфати и еден по-
широк историски осврт на избирачките практики
и процеси во САД. Амбасадорот исто така ја по-
тенцираше и важноста на социјалните медиуми
во изборната кампања како и учеството на мно-
гу важни познати личности во САД во изборните
кампањи на актуелните кандидати за претседател
на САД. Настанот се заокружи со интересни пра-
шања од студентите и професорите.
19.10.2016
Промоција на книгата
„ЗБОРОТ НА ДРУГИ ЈАЗИЦИ“
Во преполнетата сала на НУ - Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, по
повод 85 години живот и 70 години од објавата
на првата песна на писателот Радован П. Цвет-
ковски, се одржа промоција на книгата „ЗБОРОТ
НА ДРУГИ ЈАЗИЦИ“ (песни преведени на петна-
есет јазици).
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.43 2016 21
Христовска – генерален секретар и Калиопа Кри-
вашија Стилиновиќ – раководител на сектор за на-
става, наука и меѓународна соработка, ја посетија
Националната установа – Универзитетска библио-
тека „Св. Климент Охридски“ – Битола на 3-ти но-
ември во попладневните часови.
Директорката д-р Бошевска и раководителот
на сектор д-р Николче Велјановски, ги запознаа
гостите со работата и организационата структура
на Библиотеката, како и со начините на функци-
онирање и партнерството како придружна член-
ка на Универзитетот во Битола. Гостите ги прене-
соа кинеските искуства и искажаа подготвеност
за размена и соработка со нивната универзитет-
ската библиотека што од домаќините беше при-
фатено со задоволство. Гостите ја разгледаа и му-
зејската поставка во Библиотеката.
Промотор и водител на промоцијата беше Сил-
вана Петрова – Насухи, додека музичка илустра-
ција Мери Кавкалеска – Стоилкова.
19.10.2016
Посета на ученици од
ОУ „Коле Канински“ – Битола
60-тина ученици од 4-то одделение при ОУ
„Коле Канински“ – Битола беа во посета на библи-
отеката. Оваа посета беше искористена ученици-
те да се запознаат со начинот на функционирање
на библиотеката, книжниот фонд со која што таа
располага, како и услугите кои им ги нудиме.
03.11.2016
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КИНА
Делегација од Технолошкиот универзитет Да-
лиан (DUT) од Народна Република Кина: заменик
директорот за меѓународна соработка, проф. Нинг
Гилинг (Ning Guiling), вонреден проф. Гуо Шухонг
(Guo Shuhong), проф. Хао Хаи (Hao Hai) во при-
суство на проф. д-р Сашо Коруновски – ректор,
проф. д-р Марјан Ангелески – проректор за наста-
ва, проф. д-р Светлана Николоска – проректор за
финансии и развој, проф. д-р Елизабета Бахтовска
– проректор за наука, проф. д-р Виолета Манев-
ска – проректор за студентски работи, м-р Офелија
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 43 201622
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Во склоп и како директна последица на ини-
цијативата на директорката на „НУУБ Св. Кли-
мент Охридски“ - Битола, д-р Лили Бошевска која
има за цел да ја отвори институцијата за соработ-
ка за сите здруженија и настани за кои граѓаните
би имале интерес, се остварија и две презентации
и предавње од областа на астрономијата.
Првата презентација се случи на 11.11.2016.
Во соработка на Библиотеката со Астрономското
друштво од Битола, во салата за промоции, беше
прикажан документарниот филм „100-те најго-
леми откритија во астрономијата“. Заради го-
лемиот интерес беше закажан и следен настан на
25.11.2016 година на кој предавање имаше Кри-
стијан Нонкуловски, добитник на општински и
државни награди од областа на физиката и астро-
номијата. Беше прикажан докумнтарен филм за
настанокот на универзумот што воедно беше и
тема на предавањето.
За наредниот период, односно на 16.12.2016
година е закажано следно предавање и презента-
ција на документарен филм.
Сите овие настани се во директна соработка
помеѓу „НУУБ Св. Климент Охридски“ и Астро-
номското друштво од Битола се со цел за под-
дршка и унапредување на науката како и добли-
жување на литературата од оваа област со која
располага библиотеката до граѓаните на Битола.
Настаните се и медиумски покриени од интер-
нет портали и локални телевизиски станици.
Приредил: Маријан Котевски
АСТРОНОМИЈА И НАУКА
(ОТВОРЕНА БИБЛИОТЕКА)
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ
ОДДЕЛ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУГА
ЗА ВОЗРАСНИ
КУЌАТА НА ОРХИДЕИТЕ – Лусинда Рајли
ВО ЕДЕН МОМЕНТ – Гијом Мисо
НЕЗАБОРАВ – Алисон Ричман
СОЛОМОНОВИОТ ЗНАК – Ју Несбе
НЕИСПОЛНЕТО ВЕТУВАЊЕ – Линвуд Баркли
ЦЕНТРАЛ ПАРК – Гијом Мисо
КАДЕ Е ЕЛИЗАБЕТ – Ема Хили
СУДЕЊЕ – Џејмс Патерсон
ЖЕНА ВО СИНО – Ејлин Гоуџ
РИБЈА КРВ – Јиржи Халичек
ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА
110 УЛИЦИ – Адамчиќ, М.
ДЕЦАТА ОД МОИТЕ СОНУВАЛКИ – Калан Ѓ. Т.
СВЕТОТ НА СРЕБРЕНИОТ КЛАДЕНЕЦ – Милков, К.
КОНИ И ЉУБОВНОТО ПИСМО – Јулија Боеме
ЗАМОКОТ НА СТРАВОТ – Згардоли Г.
ПРИКАЗНА ЗА ДОКТОР ДУЛИТЛ – Хју Лофтинг
СИНИОТ ВЕЛОСИПЕД – Попов, В.
ШТО СОНУВА ЛЕВАТА, А ШТО СОНУВА ДЕСНАТА
ПЕРНИЦА – Петрески, Х.
КНИГА ЗА ДЕВОЈЧИЊА –
РОНИ – Вујадиновиќ, Н.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.43 2016 23
Приредила Лидија Мирчевска,
виш библиотекар
МАНАСТИРСКИОТ КОМПЛЕКС „СВЕТИ ГАЛЕН“ ВО ШВАЈЦАРИЈА
Манастирскиот комлекс „Свети Гален“ (St.
Gallen) во истоимениот град Свети Гален, во
Швајцарија е верски комплекс, еден од најстари-
те во Европа. Во него се наоѓа и една од најубави-
те библиотеки. Основан е од свети Отмар во 715
година, а во следните стотици години претрпел
неколку окупации, променил сопственици, па ду-
ри бил и опустошен.
Следело време на хаос и во тој период „Свети
Гален“, станал бискупска резиденција. Реновиран
и обновен е помеѓу 1755 - 1768 година во нов мо-
дерен архитектонски стил - барок . Во 1805 годи-
на, овој манастирски комплекс престанал да биде
жив манастир, само библиотеката која била под
управување на католичката власт, останала да ра-
боти с` до денес.
Библиотеката поседува многу вредни ракопи-
си, а меѓу нив и планот на манастирот „Свети Га-
лен“ од 816-830 год., кој претставува најстар ар-
хитектонски цртеж на светот. Манастирската би-
блиотека „Свети Гален“ (Stiftsbibliothek St. Gallen)
е позната како
една од најбо-
гатите библио-
теки во светот.
Во неа се наоѓа-
ат збирки од
раносреднове-
ковни ракопи-
си на герман-
ското говорно
подрачје во Ев-
ропа, 160.000
книги, од кои 2
100 ракописи,
(половина од
средниот век,
а 400 стари и
по илјади годи-
ни). Во фондот
на библиоте-
ката се наоѓа-
ат и 1500 ин-
кунабули (ста-
ри печатени
книги), како и
еден ракопис
кој е украсен со
скапоцени ка-
мења и злато.
Библиотека-
та денес прет-
ставува голем
културен цен-
тар. Градбата
од 18 век, прет-
ставува барок-
но здание со
оргинални златни украси, додека внатрешноста
е дизајнирана од архитектот Петер Тумб (Peter
Thumb) во рококо стил со изрезбарени дрвени по-
вршини и зидови насликани со штуко – техника.
Оваа библиотека е запишана во UNESKO-вата ли-
ста на 100 најзначајни споменици на културното
наследство на Европа.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 43 201624
И како што обично бидува во животот, сите
поголеми успеси и достигнувања се првично одо-
брени или потркепени од најтесното опкружу-
вање – семејството и фамилијата, особено ако и
членови на истата учествуваат во тој успех, што
сам по себе го прави достигнување за почит.
Таков е почетокот и на оваа успешна приказ-
на, имено во овој текст нема да проговориме за
знаменитости и објекти од областа на библиоте-
карството (Универзитетски, Јавни и др. вид на
библиотеки, ниту пак ќе говориме за некои об-
ласти ширум светот кои се значајни да се споме-
Подготвил Александар Крстев
библиотекар
КНИЖАРНИЦАТА ЛЕЛО (LELLO) – ПОРТО, ПОРТУГАЛИЈА
нат заради своите особености), туку ќе се осврне-
ме на, според многумина, најубавата книжара во
која можете да купите парче духовна храна, кни-
жарницата Лело (Lello).
Овој храм за душа и тело се наоѓа во градот
Порто, вториот најголем град во Португалија и
најверојатно тоа е најубавата книжарница во
Португалија, а според севкупниот впечаток сигур-
но спаѓа и во една од најубавите воопшто во свет-
ски рамки – според некои интернационални ран-
гирања таа го зазема високото трето место, иако
според личниот впечаток на авторот на овој текст
таа сигурно е апсолутен победник.
Секоја успешна приказна има свој почеток, па
така, почетоците на „Livraria Lello“ – како што е и
официјалното име на книжарата, се во далечната
1906 година, поточно на 13 јануари, кога и било
свеченото отворање. Од тогаш па до денеш ден
во овој значително интересен и спектакуларен
објект се одржале бројни социјални собирања,
настани, дури и музички и други уметнички пер-
форманси, секако и литературни читања, промо-
ции и средби.
Всушност, ова е приказна за браќата Хозе и Ан-
тонио Лело (José Lello, António Lello) кои се сино-
ви на еден земјопоседник од областа Fontes, Santa
Marta de Penaguião во Португалија. Постариот од
нив, Хозе, беше љубител на литературата, книги-
те, музиката, уметноста во целина и беше прв од
браќата кој се преселил во Порто со амбиција да
стане продавач на книги односно сопственик на
книжара во која ќе се впие цела негова љубов кон
книжевноста и пишаниот збор, така и беше. По-
четоците беа во рамките на фамилијата и со не-
говиот зет за сестра – како бизнис партнер, ја от-
ворија нивната прва книжара и воедно издавач-
ка куќа во 1881 година. Подоцна, кон оваа идеја
се приклучува и помладиот брат Антонио и заед-
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.43 2016 25
но ја формираат компанијата José Pinto de Sousa
Lello & Irmão, од каде и практично се изроди сама-
та книжара. Останатите успеси се само една пре-
красна историја на луѓе со визија, идеја и огромна
љубов кон магијата која се движи помеѓу корици-
те на една книга.
Нео-готскиот стил кој го негува ова здание е
дело на Франциско Хавиер Естевес (Francisco
Xavier Esteves) (1864-1944), кој ја дизајнира згра-
дата, научник но исто така голем љубител на ли-
тературата и пишаниот збор. Сепак, покрај над-
ворешноста всушност внатрешноста на овој про-
стор е она што го одзема здивот. Прекрасните ор-
наменти, чувството дека се наоѓате во некој сред-
новековен храм или пак скалите што едноставно
одземаат здив, ќе Ве направат да се почувствува-
те пријатно во сопствената кожа само заради тоа
што стоите во место кое истовремено воодушеву-
ва заради специфичноста на просторот, а од друга
страна крие толку многу вистини во книгите и ли-
тературата која ја нуди на своите полици.
Како значајна пикантерија поврзана за ова ме-
сто е и информацијата дека токму J.K. Rowling,
познатата англиска писателка, ја добива својата
инспирација за да го напише Хари Потер токму во
оваа книжара. Имено, Rowling за време на својот
десет годишен престој во Порто, каде работел ка-
ко професор по англиски јазик, често своето сло-
бодно време го поминувал во просториите на ова
неверојатно здание. Дури и постојат сличности со
скалите кои се наоѓаат во книжарницата со оние
опишаните кај Hogwarts – училиштето за магио-
ничари и волшебници (во делото Хари Потер), ка-
ко и во ученичките т.е. студенските наметки кои
ги носат учениците во Hogwarts со оние од ко-
леџите во Португалија. Ваквата поврзаност и ин-
спирација не е случајна туку само покажува кол-
ку и како може ова место да влијае врз обичниот
љубител на книгата. Магично место за магични
луѓе, би рекол. Во секој случај, достигнувањата на
една единка не се мерат со овоземни титули, туку
со продуховеноста која може да ја достигнеме во
потрагата по себе си, а книжарницата Lello е ме-
сто кое секој од нас треба да го посети со надеж
дека ако не најде барем една книга на нејзините
полици, барем ќе се најде себе си помеѓу степе-
ните на скалите или орнаментите на ѕидовите во
прекрасното чудо наречено живот. Дефинитивно
место и втор дом на секој библиофил.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 43 201626
За прв пат во историјата на градот Битола бе-
ше доделена титулата почесен член на Македон-
ската академија на науките и уметностите (МА-
НУ) на писател кој живее надвор од метрополата.
Изборот беше направен на Изборното собрание
на МАНУ на 17 јуни 2015 година, а на 6 декемв-
ри истата година му беше врачена диплома за по-
чесен член на МАНУ од претседателот на МАНУ ,
академик Таки Фити.
Најпрво, беше прочитана рецензијата од чле-
нот на Рецензионата комисија при МАНУ, ака-
демик Георги Старделов кој воедно, во книгата
„Ноќен градинар“, за писателот Костов има напи-
шано критика од околу 60 страници. Откако ги
поздрави претседателот на МАНУ, академик Таки
Фити и претседателот на МНД – Битола, Марјан
Танушевски, на овој свечен чин, писателот Влади-
мир Костов ќе му се заблагодари на Старделов кој
со својот авторитет на исклучителна личност во
афирмацијата на македонската култура го вовел
во европската култура.
Владимир Костов ќе се обрати до присутните
во салата „Уважени гости, блиски роднини, коле-
ги и пријатели! Ви благодарам за вашето прису-
ство! Бидејќи, подготвувајќи го ова мое обраќање,
тоа придоби форма на послание, ќе ми биде поу-
добно да седнам и да го прочитам… Промотивна-
та реч на вк. Георги Старделов ја доживеав како
крешчендо на неговата симфониска интерпрета-
ција на моето литературно творештво, небаре ин-
спириран од триумфалната „Ода на радоста“ од
Бетовен, за што му искажувам благодарност со
елативно значење... Старделов беше тој што ми
сврти внимание за блискоста на моето творештво
со творештвото на Томас Ман. Пред тоа, најмногу
ме споредуваа со Достоевски. Лично сметам дека
нагласениот морализам во моето творештво е ди-
ректно влијание на Толстој.
Костов ќе продолжи: „Без да го потценам при-
донесот на многумина кои за мојата писателска
афирмација имаа свој влог, во оваа прилика по-
себно сакам да ја истакнам заслугата на писате-
лот и академик Божин Павловски кој, како осно-
вач и директор на книгоиздателството „Мисла“ го
прифати и го објави мојот прв роман „Лица со ма-
ски“, макар што тој, во однос на тогаш форсира-
ната литература, апологетски поставена спрема
актуелната власт, претставуваше критика на неј-
зината хипокризија. Божин Павловски сфати де-
ка тој роман е напишан во духот на критиката на
големиот српски писател Велјко Летровиќ, насо-
чена против граѓанскиот конформизам како вид
на лажен патриотизам, впечатливо искажана во
неговата знаменита максима: „О,роде мој, јас те
мразам, зашто премногу те сакам!“
Подоцна така ги прочита моите книги и Раде
Силјан како оснивач и директор на книгоиздател-
ството „Матица македонска“. Тој, не само што ги
СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМАТА
НА ПРОФ. Д-Р ВЛАДИМИР КОСТОВ ЗА ПОЧЕСЕН АКАДЕМИК НА МАНУ
(Извадоци од говорот на академик Владимир Костов)
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.43 2016 27
издаваше моите книги, туку, бидејќи сестрано на-
дарена книжевна личност, како критичар и исто-
ричар на македонската литература, мошне пози-
тивно се произнесуваше за мене,претставувајќи
ме како значаен автор, за што во оваа прилика му
искажувам голема благодарност.
Иако во својата 85 година од животот и во бор-
ба со „паркинсонот“, Владимир Костов одлично
функционира во својата мисла и с` уште е во тво-
речки елан. Тој не заборави да ги спомене и им
се заблагодари на своите колеги по перо кои го
поддржувале постојано преку нивни критики и
извадоци од неговите дела во списанија, разгово-
ри и сл. Писателот Петре Димовски како уредник
на списанијата „Раст“ и „Стожер“ во поново вре-
ме направи интервју со Костов од 8 страници. За
него ќе рече: „тој своето реноме на истакнат пи-
сател, колегијално го вложи во афирмација на мо-
ето творештво“.
Неговата благодарност беше упатена и на
проф. д-р Златко Жоглев кој како тогашен рек-
тор на Универзитетот беше иницијатор за него-
вото промовирање во почесен доктор на науки
во 2010 година како и за портретот што заедно со
Раде Силјан го претставија во 2009 година во Би-
блиотеката, „тој се пројави и како суверен толку-
вач и валоризатор на моето творештво...“. д-р Ни-
колче Вељановски, односно мене ќе ме спомене
преку мојот осврт во Библиотечен тренд, „со Ни-
чеовиот чекан опфатен е основниот агенс на мое-
то творештво“ (на повеќе наврати правев осврти
на неговите дела)... додека „Од Битолскиот кни-
жевен круг, посебно го апострофирам Панде Ма-
нојлов кој во континуитет ја следи мојата книжев-
на продукција, и самиот со своето дело е поврзан
со Битола, како нејзин spiritus loci, ретко кој како
него, автентично ја дофати локативно -генетса-
ката димензија на моето творештво. Доне Панов-
ски, од историско-литературна позиција, мошне
високо ја рангираше мојата литература и на таа
линија беше и Цане Здравковски кој го осветли
моето творештво од нејзиниот општествено-по-
литички аспект. Радован П. Цветковски го воо-
чи и го потенцира жанровскиот ексклузивитет на
мојата книга „Битолските приказни на Марко Це-
пенков“, додека пак, Никола Кочовски, покрај не-
говата главна романсиерска преокупација успеш-
но се пројавува и во полето од литературната кри-
тика,од која не е исклучено и моето творештво.“
На крајот Костов истакна дека за сите негови
романи е заслужна неговата сопруга Ружа, рома-
нот „Учителот“ како и низ сите други мои седумна-
есет романи и десет збирки на раскази и новели,
сите од првиот до последниот збор дактилограф-
ски, лекторски и коректорски подготвени за печат
од мојата сопруга, - овде присутна - сите тие проз-
ни творби, меѓу кои, нагласувам, и една единстве-
на песна од мојата младост, насловена со името
на најубавото создание на фито-генетскиот свет,
во ботаниката именувана како роса, а во мојата
био-библиографија со антропонимот ружа“.
„Откровението“ на Јован Богослов, со својата
страсна и беспоштедна критика на хипокризијата
на, во негово време владетелските државни и цр-
ковни кругови не само што до денденес не изгу-
било ништо од својата актуелност, туку, примене-
то на делови и поединци од современите владеач-
ки елити, се чини дека е дело на современ непот-
куплив писател во кој, ако некој читател ме пре-
познае мене, ќе ми служи тоа на чест. Со апосто-
лот Јован Богослов и неговото „Откровение“ ли-
стата на авторите блиски на моето творештво, не
само што се прошири, туку ми даде можност пре-
ку нив да дојдам до едно сознание дека парадиг-
мата на едно дело се формира не само врз основа
на сличности, туку и врз основа на разлики...
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 43 201628
Роднокрајниот оддел како составен дел од НУУБ
„Свети Климент Охридски“ – Битола има значајно
место во постоењето и работењето на библиотека-
та, но и во општественото и културното живеење
на градот. Овој оддел со својата роднокрајна збир-
ка, претставу-
ваа хроничар
на настаните во
секој сегмент
од живеењето
на Битола. Тој е
сведок на мина-
тите времиња,
чувар на исто-
ријата и буден
набљудувач на
сите настани
и литературни
случувања. Пре-
ку роднокрајни-
те дела кои се
наоѓаат во овој
оддел, ги следи-
ме случувањата
во литературниот живот на градот, а преку содр-
жините на тие дела ги откриваме минатите вре-
миња, настаните, историските прилики, с` она
што во минатото се случувало. Преку нив се гледа
и растежот и разивањето на македонската литера-
тура, стиловите, надградувањето на јазикот, осо-
временувањето на темите, промената на опште-
ствените прилики, сфаќањата, менталитетот, жи-
веењето, дишењето и пулсирањето на градот.
Но, во целата таа променливост и движење има
нешто постојано и трајно, кое е одлика на овој од-
дел. Тоа е неговото континуирано и перманентно
пронаоѓање и зачувување на роднокрајниот лите-
ратураен материјал, големата грижа и љубовта во
прибирањето и чувањето на трајните вредности
кои се непресушни и кои во изобилие ги нудат би-
толските уметници.
Пред околу 40 години, двајца врвни уметници
од Битола, ги испреплетија своите раскошни тво-
речки таленти и преку една величествена креа-
ција создадоа уметничко дело кое остана врежано
во културното паметење на градот и многу поши-
роко, дело овенчано со Златни ловорови венци на
Фестивалот на малите и експериментални сцени
– „МЕСС“ во Сараево. Тоа се Владимир Костов и
Љубиша Георгиевски, двајцата креатори на неза-
боравното литературно и театарско дело - „Свад-
бата на Мара“.
Ова значајно дело носи во себе широка и уни-
верзална порака, длабоко хуманистичка, општо-
човечка и опш товажечка.
„Свадбата на Мара“ е приказ на време со скаме-
нета свест, конформистички идеи и претензии, ср-
Приредила д-р Светлана Талеска,
виш библиотекар
НАВРАЌАЊЕ КОН „СВАДБАТА НА МАРА“
ЛИТЕРАТУРНО–ТЕАТАРСКА КРЕАЦИЈА
НА ВЛАДИМИР КОСТОВ И ЉУБИША ГЕОРГИЕВСКИ
Во текот на неговото излагање, интуитивни-
от дух на Костов како да виде дека заедно со овој
текст во најновиот број на Библиотечен тренд ќе
има два осврти, едно до друго, за „Свадбата на Ма-
ра“ и за драматизацијата на романот „Учителот“
во неговото најново дело „Декалог“, па во продол-
жение ќе рече: „Ако кројката на „Свадбата на Ма-
ра“ е по шема на некоја „фигурина“, за разлика од
„Учителот“ кој изгледа шајачно обработен, тоа не
значи дека тие не се дела на ист автор, секое со
своја посебна етногенеза, но така стигматизира-
ни, што генетски си припаѓаат едно на друго.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.43 2016 29
ца без љубов, личности кои немаат време за сакање,
нежност и слични „глупави нешта“.
Тоа е приказ на еден затворен свет на разниша-
ни погледи на реалноста, мрачни и ретроградни
цели, уништување на личната слобода, потхрану-
вање на заблуди и развивање на илузии. Свет во
кој владее провинциската психологија, провин-
цискиот моралитет, малограѓанштината затст-
криена зад „алтруистички дела“. Тоа е свет на
расчовечување во име на човечноста, свет на лич-
ности - нечовечни, лажливи, лажни, неморални,
свет на општествениот талог, руиниран и расчо-
вечен. Свет во кој владеат маските и сокривањето
- едни од други и самите од себе.
Затворена во таков свет, личноста - олицетво-
рение на чист оптимизам и верба, личноста без
маска, „гола“ е и незаштитена. Збунета е и немоќ-
на да ја сфати дехуманизацијата и распаѓањето
на моралот. Таквата личност во своето срце има
само љубов, нежност и обично, чисто, ѕвонливо
смеење. Таа има верба во добрината, човечноста,
искреноста, чистотата. И убеденост дека ТОА е
спасот.
Тегобноста што ја создава оваа литератур-
но-театарска авторска креација ја надминува ди-
лемата дали борбата за морални вредности со су-
рови средства не е поддржувач на ништожноста
и распадот. Ова сурово прикажување на руини-
раноста на духот и личноста, претставува обид за
надминување на целата таа распаднатост, гни-
еж и реа. Издигнувањето на условната сегашност
(тогашната, сегашната, идната) во состојба на
„безвременост“, дава време и создава услов за неј-
зино анализирање, расчленување, разглобување
и пресоздавање во нова сознајност за светот.
Во тоа е големината на вредните уметнички-
те дела – создавање на таа втора реалност, која
со своето имагинарно постоење дава шанса да се
реши дилемата: дали злото кое нуди моментално,
краткотрајно и привидно издигнување е попри-
фатливо од алтруизмот кој ја самоуништува лич-
носта. Тоа дава можност за преиспитување, ко-
ригирање и менување на тој морално пропаднат
свет и менување на личноста, во вистинската ре-
алност, овде и сега.
А одлуките и решенијата??? Тие се избор на
поединецот, преку преиспитување на вредности-
те, преиспитување на свеста и совеста. Ова дело е
„само“ иницијатор на менливоста и трансформа-
цијата. Уметничка литературно-театарска креа-
ција, која преку субјективизирање на објективно-
ста нуди нејзино објективно восприемање и тол-
кување од субјектот - читател, гледач, во сооднос
со неговите интелектуални способности и морал-
ни вредности.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 43 201630
Задлабочен во суштинска мислата „cogito ergo
sum“ („мислам значи постојам“), писателова-
та визија лебди над мрачниот материјален свет
полн со спротивности. Немоќен пред ужасот на
стварноста, не се предава, туку полн со верба во
посветло утре бара излез. Се прашува, дали е тоа
бегство од стварноста? Смета дека во суштината
на Логиката на logos-от лежи човечкото достоин-
ство. Без него постои само ужас и мртвило во све-
тот. Учителот Исус Христос, односно чистото хри-
стијанство зборува за воскресение на мртвите ду-
ши, мртвите во животот. Човекот нема друг учи-
тел освен него, кој го тера да воскресне, да оживее
како Лазар. Сите луѓе се Лазар. Сите луѓе се уче-
ници. Кое е учењето?
„Најпрво животот треба да го набљудуваме од
растојание. Потоа следи анализа, на крајот синте-
за. Ова е логиката. Најнапред субјектот се одвоју-
ва од предикатот, потоа следи спојување, а при тој
спој се доаѓа до суштинска мисла“, ќе рече Костов.
Значи, најмоќна од с` е мислата. Таа светнува
во мракот на умот. А таа доаѓа откако се издиг-
неме над животот, односно од калта, за да може-
ме да погледнеме од страна. Да излеземе од калта
значи, ненасилство, односно на злото да не одго-
вориме со зло, со насилство, туку христијански.
Десната рака секогаш треба да ја држи левата под
контрола, за „да не си ја толчи сопствената гла-
ва“. Зарем целта на човекот е смртта?, се прашува
писателот и низ целата драма им го нуди на луѓе-
то она што им припаѓа со самото раѓање, а тоа е
ВЕЧНИОТ И СРЕЌЕН ЖИВОТ.
Неколкупати сум го запрашал професорот Ко-
стов, „Зошто не го скратите Вашиот роман „Учите-
лот“ од 600 страници? Луѓето немаат ниту време
ниту нерви да читаат толку долго со внимание“.
Овојпат, Костов преку една симболика блиска на
нашето поднебје, преку имињата на ликовите и
нивните активности, зборува за моќта на мисла-
та која го води човекот кон светлината и бесмрт-
носта. Како може и колку долго може авторот да
истрае во своето лебдење доколку нема повеќе
такви столбови во животот полни со верба во веч-
носта? Која сила го води авторот за да истрае и
покрај физичката ограниченост, староста и боле-
ста кои би требало да го сронат. Како проклетство
за сите нас е чувството на немоќ кога староста не
подготвува да се соочиме со сопствениот физички
крај, како никогаш и да не сме постоеле, без оглед
на возвишеноста на целта за која сме живееле, ве-
лејќи си на самите себе, „Готов сум! Со мене с` е
свршено. Овој пат, во драматизацијата на „Учи-
телот“, на 80-тина страници со 14 сцени, издаде-
на во книгата „Декалог“,во 2015 година, во која е
сумирано творештво на писателот Костов во вид
на драми, ја извлекол сржта од неговиот роман
„Учителот“.
Кои се ужасите на стварноста, Костов ни ги от-
крива преку зборовите на Маџунков, главниот
„силеџија“ – претставник на физичкиот свет кој
истовремено е најголемата препрека како во са-
Приредил д-р Николче Вељановски,
библиотекар советник
КОН ДРАМАТИЗАЦИЈАТА НА
„УЧИТЕЛОТ“ ОД ВЛАДИМИР КОСТОВ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.43 2016 31
миот човек, преку предрасудите, така и надвор од
него, создавајќи му страв од губиток на сопстве-
ниот физички живот. Препреките се причина за
мртвилото на човекот. Препреките се причина за
човековата смрт, односно тоа се препреки пред
неговиот спас - ВЕЧНИОТ И СРЕЌЕН ЖИВОТ:
„Професоре, ако баш професорски сакаш да ти
кажам, чесниот човек треба да го бараш меѓу не-
чесните луѓе. Јас сум таков! Лажам, крадам. Ама
од мојот нечесен живот живеат мноштво луѓе со
своите фамилии... јас професоре лажам, мамам,
во лагата се крстам, но со тебе ќе бидам искрен.
Со ова шише имав намера да те удрам в чело и по-
тоа за ќеф на моите гости да те фрлам на Градско-
то буниште.“
Се прашуваме зошто еден ваков роман? Зошто
и со ова петто издание на „Учителот“ се измачува
професорот Костов? „Малку се оние кои летаат, а
ползавиците постојано се множат!“, вели тој.
Отсуството на љубовта меѓу луѓето е слична
со кучешката чест. Напуштени куќи, згаснати ог-
ништа, испустени ниви, градини, лозја, загадени
бунари, разградени трла, патови и патеки зарас-
нати во трња, сето тоа го тера човекот да полуди,
да се изроди во пес и да почне да каса. Дали е тоа
заради пустошот или пустошот е заради изгубе-
ниот допир со љубовта која луѓето одамна ја за-
губиле, заради алчноста и желбата за власт. Де-
нес е позната фразата дека и сиромашните не мо-
жат да влезат во рајот, зашто и тие потајно сакаат
да станат господари над другите, наместо на се-
беси, заради што и тие не можат да оживеат: „да
се раскомотам во природата – не можам да си до-
пуштам. Ми пречи сознанието дека не сум овде
стопанот“. Колку двосмислено! Каква загатка! Тој
пекаше по човечка бесмртност, но стравот да не
западне во утопија – карактеристичен за совреме-
ните мислители, беше човековата најголема пре-
прека – мислата дека сме смртни. Во општествата
сите психолози, социолози и психијатри се сложу-
ваат: „повеќе не можеме да го задржиме стариот
однос кон смртта, а нов, уште немаме најденО“.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 43 201632
Мото на денешниот човек е: „Верувај во своја-
та НИШТОЖНОСТ, и ти си здрав и среќен човек...
биди овца и покори се на овчарот, живеј во стадо.
И така како научници тие се всушност овчари, ка-
ко филозофи – овчарски песови, како хумани ле-
кари – ветеринари“. Каква критика би му дал ов-
де на авторот кога појасно не може да биде. Ов-
ците лесно се ставаат под контрола со помош на
овчарскиот стап. Стапот е Господ за овците. Ако
не можеме да постигнеме бесмртност тогаш по-
добро е да бидеме едно со Стапот отколку да би-
деме овци. Најверојатно овците си велат, подобро
е да си останеме овци отколку да „му бериме гајле
и на стапот“. Како што денес можеме да видиме,
уште владее кај човекот мотото, трпение – спасе-
ние. Ние да си ја тераме нашата работа.
Еднаш, една полуписмена жена во една туѓа
земја вака ми рече: „Секогаш кога сакам некому
да направам добро ми се враќа со лошо, затоа по-
добро е да му направам лошо и ќе се чувствувам
подобро. Учителот го провоцира Лазар, „ако го
удреше ти, тој немаше да те удри“. На друго место
Костов ќе рече: „џганот беше тој што го распна
Исус Христос“. Сепак, секој човек живее во страв
да не го загуби својот живот или животот на бли-
ските. Се бори за егзистенција, притоа обидувајќи
се да ја наметне својата контрола врз другите, во
согласност со силата на страстите и можностите,
така што стигнал и до „човек на човека, волк е“.
Авторот и понатаму лебди и чека еден ден да се
изменат луѓето. Мртвите уши не можат да слуш-
нат, бидејќи двајца чувари постојано се на вле-
зот, го чуваат приодот. Кога ли човекот ќе се от-
тараси од својата двојност на мое - твое? Стојан
Ушлинков со титула доктор, кој физички е мртов,
с` уште е жив! Тоа е пораката на авторот до чита-
телите, односно барем до оние кои имаат уши да
слушнат. А такви уши имаат оние кои знаат за љу-
бов, зашто „посилна од смртта ... е љубовта. Само
таа може да воскреснува, да оживува. Кој ли му ги
украде ушите на човекот? Каде се ушите што мо-
жат да ја слушнат љубовта? Каде е љубовта? Како
да ги отстраниме двајцата чувари кои ни ги за-
робиле ушите? Како да се куртулиме од двајцата
чувари кои ни ја забраниле љубовта? Сакаме ли
да се идентификуваме со љубовта или со злото,
омразата, тоа зависи од нас самите.
Лазар во ликот на вистинољубец и духовен чо-
век (кој се вратил од мртвите) не сака да возвраќа
и физички со некого да се пресметува затоа што,
смета тој, „колку повеќе ќе го удирам, толку по-
веќе во него ќе расте злото“. Неговата десница на
боксер ја подготвува за да зададе удар на стерео-
типите на живеењето како би се здобил со мило-
срдноста на Бога, односно со вечен и слободен
живот, затоа што вели Костов, „тоа е мисијата на
Лазар“.
Во сите обновени изданија на „Учителот“ авто-
рот обрнува внимание на крајот, „Во мракот само
светка фенерот од количката на Трпко... Во тиши-
ната се слуша: „запеј ми Славче, запеј ми... од ед-
но грло два гласа...“ Лазар и Ленчето, ослободени
од своите земни предрасуди, надминувајќи ги си-
те препреки, ќе можат да се венчаат и двата гла-
са да ги извадат од едно грло - две тела, една ду-
ша. Ова е и авторовата порака за љубителите на
пишаниот збор, дека ако човекот сам се заробил
во сопствениот страв, алчност, страст и желба за
моќ, има шанса во овој живот сам да се ослободи,
а човечкото достоинство е во тоа човекот да пре-
познае дека „луѓето се родени за да бидат бого-
ви, а не да умираат како робови на сопствени-
те страсти и заблуди“.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.43 2016 33
По повод Патронатот на Библиотеката на 6
декември со почеток во 11 часот во големата са-
ла за промоции се одржа свечена програма која
беше отворена со поздравната реч за Свети Кли-
мент Охридски од директорката на Библиотеката
д-р Лили Бошевска. Програмата започна со Сцен-
ско – драмската адаптација на драмскиот текст
„Апостолска чудотворност“ од авторот м-р Зо-
ран Пејковски, а во изведба на актери од народ-
ниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.
Исто така, беше промовиран и Зборникот на
излагања од 11. Роднокрајна средба на битол-
ските писатели од Македонија и списанието Би-
СВЕЧЕНА ПРОГРАМА ПО ПОВОД ПАТРОНАТОТ НА
БИБЛИОТЕКАТА И 1100 ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО
НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
блиотечен тренд бр. 42 . Промотор беше д-р Ни-
колче Вељановски, библиотекар советник. Во хо-
лот на Библиотеката беше отворена и изложба
на книги – 1100 години од упокојувањето на
Свети Климент Охридски – Чудотворец, живот
и дело.