Библиотечен тренд бр.42

СОДРЖИНА


ОД ВИЗИЈА ДО ПРОМЕНИ ВО БИБЛИОТЕКАТА


-д-р Лили Бошевска, директор........................................................2


НАУЧНИ БИБЛИОТЕКИ ВО ВРОЦЛАВ:


национален институт Осолонски


-Приредила марија Малгожата Мачковска,


библиотекар советник......................................................................3


РАЗГОВОР СО БАРБАРА ЧМИЕЛЕВСКА...................................5


-Разговорот го водеше д-р Николче Вељановски


ГОДИШНО ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА БЗМ


-Приредил Благој Николов,библиотекар советник.......................11


УЧИЛИЧНИТЕ БИБЛИОТЕКИ И КУЛТУРНИТЕ


ВРЕДНОСТИ КАЈ МЛАДИТЕ


-Приредила Фатма Бајрам Аземовска,библиотекар.....................12


КНИГАТА И БИБЛИОТЕКАТА МОСТОВИ КОН
НЕНАСИЛНА КОМУНИКАЦИЈА КАЈ МЛАДИТЕ


-Приредила Ленче Андоновска,
библиотекар советник...............................................................14


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА,ПРОМОЦИИ,
ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА


-Приредила Фатма бајрам Аземовска 15-23


РОДНОКРАЈНА СРЕДБА
-Подготвил д-р Николче Вељановски
библиотекар советник...............................................................24


МАНАСТИРСКИ КОМПЛЕКС АДМОНТ
-Приредила Лидија Мирчевска,
виш библиотекар.......................................................................28


ПИСАТЕЛОТ ВЛАДИМИР КОСТОВ ПОЧЕСЕН
АКАДЕМИК НА МАНУ...........................................................29


СРЕДБА СО АНГЕЛА ФИЛОВСКА......................................30


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД


СПИСАНИЕ НА
НУУБ "СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ",


БИТОЛА


Издавач
Национална установа


Универзитетска библиотека
"Св. Климент Охридски", Битола


ул. Ленинова 39


За издавачот
Д-р Лили Бошевска, директор


Издавачки совет:
д-р Николче Вељановски,


претседател
Јоланда Бошевска


Гордана Марковска


Главен и одговорен уредник
д-р Николче Вељановски


Редакција
д-р Николче Вељановски


Јоланда Бошевска
Илче Стојановски


Лектура
Александар Димитров


Подготовка и печат
Графо Пром-Битола


Тираж
300 примероци


ISBN 1409-9497


Тел/факс.:047/220-208;
Тел.:047/220-515;


Тел. на изд.:047/232-999;
www.nuub.mk


e-mail:@nuub.mk


Списанието е финансирано од


Министерството за култура на Република


Македонија




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 20162


ОД ВИЗИЈА... ДО ПРОМЕНИ ВО БИБЛИОТЕКАТА


Д-р Лили Бошевска, директор

Секоја промена на директор, обично значи и


промена во работата на организацијата. Тоа го
наметнува прашањето: „Кога е најдобро време
да започнеме да се променуваме?“. Најприфат-
ливиот одговор би бил: „Тогаш кога сме најдо-
бри“. Тоа е вистинското време, кога енергијата
на искуството ќе се надополни со ентузијазмот
на младоста, кога идеите на помалку искусните
ќе се надградат со виртуозноста на библиотека-
рите кои се темелот на НУУБ „Св Климент Ох-
ридски“ Битола, кога полетот на новиот дирек-
тор ќе се засили со непресушната желба за на-
предок и усовршување кај сите вработени.


Промените кои секојдневно се случуваат во
библиотечната дејност и новите трендови во ра-
ботењето на библиотеките, бараат подготвеност
и сериозен пристап од водството на секоја би-
блиотека. Од директорот на библиотеката, како
водач на промените, се очекува да биде подго-
твен за управување со промените. Од директо-
рот се бараат знаења, вештини и компетенции
за подобрување и развој на стратешките цели,
образовната технологија, пристапот кон човеч-
ките ресурси и организациската структура. Во
традиционалната библиотека, постои строго хи-
ерархиска поставеност на организација и ме-
наџмент.


Во трансформираната современа библиотека,
во управувањето со промените во библиотеката
покрај директорот и раководните кадри, се вклу-
чуваат сите вработени. Библиотекарите се охра-
бруваат да станат лидери на промената што ги
вклучува како активни чинители на секое орга-
низациско ниво и ги поттикнува да иновираат и
експериментираат, од аспект на својата стручна
позиција и искуство.


Промените во библиотеката се вистински
предизвик не само за Министерството за култу-


ра, преку креирањето на Националната страте-
гија за развој на културата и не само за директо-
рот преку креирањето на Стратегијата за развој
на конкретната библиотека, туку и за сите оста-
нати кои работат или се заинтересирани за рабо-
тата на библиотеката.


Мора да се напомене дека и покрај сознание-
то дека се е подложно на промена, сепак кај би-
блиотекарскиот и небиблиотекарскиот кадар, па
дури и кај водството на библиотеката, постои и
одреден отпор кон институционалната промена.
За тоа постојат повеќе причини: страв од про-
мената заради можноста да ја засегне или вло-
ши предходната состојба, страв од неизвесноста
која ја носи, аверзија кон евентуална контрола
на спроведената промена, загрозување на веќе
воспоставените општествени позиции и односи.


Оттука може да произлезе идејата дека отпо-
рот кон промената би се намалил доколку дирек-
торот и вработените ја почувствуваат потребата
од промена, ако тие се иницијаторите на проме-
ната или барем партиципираат во планирањето
и изведувањето на истата. Библиотеката е инсти-
туција во која непосредно се чувствуваат потре-
бите на читателите, учениците, студентите, ро-
дителите, локалната средина, наставниците, фа-
култетите, бизнис заедницата. Ако библиотека-
та, поттикната од потребите на сите категории
корисници, се појави како иницијатор на проме-
ната, тогаш фазите на инплементација би течеле
поприродно и поуспешно.


Не би можело да се развива и унапредува би-
блиотеката, ако се нема увид во новите техни-
ки и технологии на учење, како тие влијаат врз
редефинирањето на процесите на учење/поучу-
вање и кое е местото и улогата на библиотеката
во помагање и олеснување на тие процеси. Нај-
голема опасност за библиотеката не се Интер-
нетот, е-книгите, Амазон или Википедија, туку
нашата неподготвеност за промени и недости-
гот на креативност и иновативност. Од нас како
библиотека, јавноста очекува конкретна акција
за остварување на визијата за успешна и проак-
тивна библиотека по мерка на различни катего-
рии граѓани, библиотека како културен центар
на градот, библиотека како поттикнувач на трај-
ни позитивни вредности, библиотека за сите.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 2016 3


НАУЧНИ БИБЛИОТЕКИ ВО ВРОЦЛАВ :НАЦИОНАЛЕН ИНСТИТУТ ОСОЛИНСКИ


Приредила Марија Малгожата
Мачковска, библиотекар советник


Националниот Институт Осолински (Zakład
Narodowy im. „Ossolińskich”) е многу значајна
научна и културна институција во Вроцлав. Во
минатото Осолинеум (Ossolineum) беше еден од
најважните центри на полската култура, чие зна-
чење се потврдуваше пред сѐ преку богатите би-
блиотечни збирки кои според вредноста беа на
второ место во Полска после краковската Јаге-
лонска Библиотека.


Фондацијата под име Национален Институт
Осолински е основана во 1817 година од Јозеф
Максимилиан гроф Осолински (1748-1826) - на-
учник и библиофил, колекционер и член на мно-
гу научни здруженија. По падот на Република-
та ( третата поделба на Полска во 1795 г.) гроф
Осолински сакаше да изгради институција која
ќе му помогне на полскиот народ да го сочува
националниот идентитет и да ја подгрее волјата
за независност.


Институтот Осолинеум беше пренесен од Ви-
ена во Лвов во 1827 година. До 1939 година во
склоп на Институтот функционираше библи-
отека, книгоиздателство и Музеј на Кнезовите
Лубомирски. За време на австриското владеење
Институтот го обединуваше полското интелек-
туално движење и беше еден од најважните цен-
три за работа на изградбата на полската култура
кога земјата беше под окупација и со наметна-


та германизација. И покрај окупацијата Осоли-
неум цврсто остана да биде центар на науката и
културата. Согласно со намерата на основачот
Институтот стана еден од најважните центри за
истражување на историјата и на полската лите-
ратура меѓу другото и поради фактот што распо-
лагаше со една од најголемите книжни збирки,
ракописи и автографи од средниот век и поста-
ри.По присвојувањето на Лвов од СССР во сеп-
тември 1939 година Осолинеум претрпе реорга-
низација. Институтот беше преземен од Совет-
ската Академија за Наука и стана нејзин дел, а
збирките беа национализирани и делумно рас-
крадени и уништени. По Втората Светска Вој-
на во 1945 година Институтот Осолинеум е пре-
несен во Вроцлав. Библиотеката на Институтот
Осолинеум пред војната имаше над 220 илјади
дела, над 6 илјади ракописи, над 3 илјади мапи,
како и комплетна збирка на полски списанија од
19 и 20 век. За жал, по војната само еден дел од
збирките беше вратен во новото седиште на Ин-
ститутот во Вроцлав. Над 70% од библиотечните
збирки останаа во Лвов. Во 2003 година украин-
ските власти дозволија целосен достап до пол-
ските колекции зачувани во Библиотеката „В.
Стефаник“ со можност за нивно копирање ( пра-
вење на микрофилмови и скенирање) како и нив-
на обработка. Библиотеката Осолинеум собира
полски хуманистичко-општествени изданија со
посебен акцент на историјата на Полска, исто-
ријата на литературата, културата и уметноста,
лингвистиката, библиологијата, библиотекар-
ството, правото, полските изданија во странство,
славистиката, материјалите и мемоарите поврза-
ни со дамнешната и современата полска култу-
ра, изданијата на светските литературни класи-
ци и на современите писатели. Библиотечните
збирки бројат 1.800.000 единици (2015 г.) вклу-
чувајќи и монографски изданија, списанија, ра-
кописи, документи, стари писма, цртежи, резби,
слики, екслибри, медали, монети, печати, мапи
и планови, брошури и афиши ( документи од се-
којдневниот живот), микрофилмови и дигитал-
ни збирки.


ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 20164


Библиотеката Осолинеум има класични ка-
талози (скенирани и достапни online) и компју-
терски каталози: www.oss.wroc.pl. За обработ-
ка на збирките се користат два компјутерски си-
стеми: VIRTUA- за каталогизирање на старите и
новите монографски и периодични публикации
и MONА - за каталогизирање на специјални-
те збирки: документи од општествениот живот,
графички и нумизматички збирки, како и збирки
на печати.


Осолинеум покрај главната дејност да им ги
нуди своите библиотечни збирки на читателите
и давање тековни библиотечни, библиографски
и каталошки информации, организира разновид-
ни изложби, промоции, средби и други научно-
културни настани. На средбите и авторските ве-
чери настапуваат познати научници, писатели и
актери. Во Библиотеката исто така се одржуваат
концерти и театарски претстави.


Институтот Осолинеум редовно прима гру-
пи на посетители - ученици на основни и средни
училишта, студенти на хуманистичките факулте-
ти како и библиотекари и архивари.


Во Осолинеум од 2005 година се дигитали-
зираат библиотечните збирки во склоп на Дол-
ношлонската Дигитална Би-блиотека (www.dbc.
wroc.pl) која е оформена од 23 научни библиоте-
ки од Вроцлав, Јелења Гора и Ополе.


Библиотеката има богата издавачка дејност,
повеќе години издава Списание на Национал-


ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА


ниот Институт Осолинеум, Инвентар на ракопи-
си на Библиотека Осолинеум,а Вроцлавски го-
дишник, разни информатори, каталози на излож-
би, како и каталози на своите збирки.


Во библиотеката освен прибирање и обрабо-
тување на библиотечен материјал, редовно се
врши конзервација и заштита на библиотечните
збирки, како и репрографски, фотографски, ин-
тролигаторски и кон-зерваторски услуги.


Институтот Осолинеум е најбројно посетуван
од студентите и од научните работници на Вроц-
лавскиот Универзитет.


Библиотеката во секој поглед отворена е на
потребите на корисниците, им нуди особено бо-
гат библиотечен фонд, многу добри услови за
наука и истражувачка работа, стручна помош и
сестрана библиотечна информација.





БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 2016 5


ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА


РАЗГОВОР СО
БАРБАРА ЧМИЕЛЕВСКА


Библиотекар во Универзитетската би-
блиотека на Универзитетот во Варшава, Пол-
ска. Работите во одделот Комплетирање на
библиотечен материјал. Можете ли да ми ка-
жете нешто повеќе за Вашето образование,
работните задачи, колку долго сте вработени
во Библиотеката и колку библиотекари рабо-
тат во неа? Колку оддели имате?



Во Библиотеката работам веќе 9 години. Ди-


пломирав на Руска филологија. Неколку години
останав да работам на мојата докторска теза на
факултет, но посакав и да работам. Се вработив
во Библиотеката. Од 2013 Јас сум менаџер на
Одделот за комплетирање и развој на колекции-
те. Ние сме тим од 15 вработени. Нашата главна
задача е да истражуваме и да го снабдуваме Од-
делот со книги и друг библиотечен материјал.
Во библиотеката сме вкупно 255 вработени.


Кој е лимитот на изнајмување/ зајму-
вање книги? Какво е работното време? Да-
ли книгите се изложени на отворени полици?
Колку монографски публикации има фондот
на Библиотеката? Дали имате и периодични
весници и списанија?


Нашите членови можат да зајмат до 5
книги за еден месец. Академскиот персонал мо-
же да зајми до 20 книги за еден месец, или 10
книги за 2 месеци. Работното време е од 9 ча-
сот претпладне до 9 часот навечер. Во време на
испитни сесии дури и до 5 часот наутро. Зна-
чи, два пати годишно ние сме отворени скоро 24
часа. 1/3 од нашите колекции како дупликати се
изложени на отворени полици.



Librarian at the University Library…
in Warsaw, Poland You work in the Acquisition
Department. Can you say something more about
your educational background, about your work
tasks. for how long have you been employed
etc. How many librarians are employed in the
Library? Can you list some of the Departments
in the Library.


I’ve been working in the library for nearly
9 years now. I graduated from Russian philology,
for some years I stayed at the faculty trying to work
on my doctoral thesis, but eventually I had to look
for another job. So I found a place in the library.
Since 2013 I am the manager of Acquisition and
Collection Development Department. We are a team
of 15 people. Our main task is to search and acquire
books and other library materials for the collection.
All together in the library there are 255 workers.
Here you can find a list of our other units; http://
www.buw.uw.edu.pl/en/index.php?option=com_co
ntent&task=blogcategory&id=36&Itemid=80



What’s the limit of lending/ borrowing


books? What are the working hours of the
Library? Are the books exposed in open stacks
or closed stacks? How many monographic books
are stored in the Library. Also, Do you have
serials?


Our patrons are allowed to borrow up
to 5 books for one month. The academic staff
can borrow up to 20 books for 3 months, and the
employees of the library can borrow up to 10 books
for 2 months. We are open from 9 a.m. to 9 p.m.,
during examination sessions we are opened even
longer, from 9 a.m. to 5 a.m. of the following day.
So twice a year for three weeks we are open nearly
24 hours. 1/3 of our collection is located in so called
open stacks, both books and journals.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 20166


Ова се однесува и за книгите и за спи-
санијата. Останатиот фонд се наоѓа во магаци-
нот, како и во Одделот за специјални (посеб-
ни) книжни фондови (фотографии, стари фото-
графии, картографски материјал, скрипти и сл.)
Според извештајот од 2015 во моментот Библи-
отеката располага со над 3 милиони книги. Има
библиотечен материјал кој не се изнајмува над-
вор од Библиотеката. Тоа се: книгите на отворе-
ните полици кои со црвени етикети или црвени
точки (книгите со сини етикети и точки се изнај-
муваат; книгите и списанијата од библиотечните
оддели, како и читалните, библиотечниот мате-
ријал од Посебните книжни фондови; енцикло-
педии, речници и библиографски публикации и
други публикации кои не се за изнајмување; пе-
риодичните публикации, весниците; публикаци-
ите издадени до 1950 година; библиотечни ма-
теријали кои се во изветвена состојба; ретките
книги, оние кои тешко се набавуваат и оние кои
содржат многу табели, карти илустрации и ма-
териајли на кои лесно можат да им се извадат
страниците, како и микрофилмови.


Како Ви се подредени книгите на по-
лиците, дали според Дјуи децималната кла-
сификација или предметната класи-фикација
на Конгресната библиотека во Вашингтон?
Дали ја ставате етикетата (сигнатурата) на
‘рбетот од книгата? Можете ли да ни ја опи-
шете? Дали постои ограничување во бројот
на дупликати во фондот?


Монографските, како и периодичните
публикации на отворените полици подредени
се според предметната класификација на Кон-
гресната библиотека. Сите книги и списанија се
со црвени и сини етикети. Црвените не се изне-
суваат надвор од Библиотеката, додека сините се
зајмуваат.



The rest of the collection in stored in closed stacks
and in Special Collection Departments (Print Room,
Old Prints, Musical Prints, Cartography, Ephemera,
Manuscripts, etc.) According to the annual report
from 2015 we have now more than 3 million items.


University of Warsaw Library does not lend
out: items from Open stacks marked with red
labels or red points; items from separate Library
divisions and reading rooms; items from Special
Collections; encyclopedias, dictionaries and
bibliographic publications and other publications
of reference character; periodical publications;
newspapers; items published before 1950; items
in poor condition; items rare, difficult to purchase
or containing numerous tables, maps, illustrations,
files or with loose sheets of paper; items marked as
rare – “Cim.” Symbol and microforms.


How do you arrange the books on the
stacks, is it by Dewey Decimal Classification or
Library of Congress Subject Classification? Do
you put the label (Call number) on the rare of the
book? Can you describe it? Is there any limit of
storing books in the stacks?


The monographs and also the periodicals in
open stacks are arranged according to the Library of
Congress Classification.


ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 2016 7


ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА


На отворените полици книгите и списанија-
та се подредуваат по 8 главни предмети а класи-
фикацијата подразбира комбинација на букви и
броеви. На пр.: книгата „Македонската историја
(„Македонија и нејзините односи со Грција … е
со следна класификација: DR2196.G8M35131993,
каде “D” е за „Европска филозофија“, “R” е за
„Балкански полуостров“, “M” е првата буква од
насловот или авторот, “1993” е годината на изда-
вање. Секако, имаме по еден примерок од книги-
те, но дозволени ни се до три дупликати од ист
наслов. Ова го правиме со публикациите од пол-
ските универзитети за дела со вредност. Во на-
шиот фонд имаме посебен дел само за студенти,
каде чуваме и до десет дупликати од еден наслов,
во зависност од нивните потреби за часовите и
предавањата.


Спомнавте дека Вашата Библиотека е
депозитна. Колку депозитни библиотеки има
во Полска и дали книгите од тој фонд можат
да се изнесуваат надвор?


Да, нашата Библиотека има интерес од За-
конот за депозит. Има 15 библиотеки во Полска
во кои се складираат овие депозитни примеро-
ци. Националната библиотека на Варшава и Ја-
гелонската библиотека во Краков чуваат и по два
дупликати, но тие мораат нив да ги чуваат во ар-
хива без да ги издаваат. Во случајот на другите
депозитни библиотеки, во нив читателите можат
да го зајмуваат и депозитниот фонд.


Како се вика програмата за автоматска
обработка на монографските и сериските пу-
бликации? Дали е применета како единствена
во Полска, или таа е само за Вашата Библио-
тека? Спомнавте дека намеравате да преми-
нете на друга програма? Каква е блиската ид-
нина на развојот на Библиотеката? Дали ко-
рисниците имаат пристап преку Интернет?
Дали можат да ги резервираат книгите итн.


All the books and journals are labeled with
red and blue stickers. The red ones are available
only on the spot, the blue ones are available for
circulation. Our open stacks collection is divided
into 8 main subjects and the classification involves
a combination of letters and numbers. For example,
a book on Macedonian history (“Macedonia and its
relations with Greece / [contributions by the follow.
: Evgeni Dimitrov et al. ; editorial board Georgi
Stardelov, Cvetan Grozdanov, Blaže Ristovski
; transl. by Blagorodna Bogeska-Ančevska et
al.].), which is located in the open stacks has the
following classification: DR2196.G8M35131993,
where “D” is for European history, “R” stands for
“Balkan Peninsula”, “M” – the first letter whether
of the title or of the author, and “1993” the year of
publication. Normally, there is only one copy of a
title but we are allowed to keep up to three copies
of a title. We do this especially with publications
of Polish universities or for general works of great
value. Within our collection we have also a special
part only for students, where we keep even up to
ten copies of one title, depending on the material
required for lectures and classes.


[P - language, literature ; B, L - psychology,
philosophy, religion, education; AM C D-F GN700-
875 – history; GF Q R-V - geography, mathematical,
natural and applied sciences; K, J - law, political
science; A, Z - general works, library science; M, N
- music, architecture, fine arts ]


You mentioned that you store also the
legal deposit funds in your Library. How many
libraries in Poland store the legal deposit and
can the readers borrow it?


Yes, our library benefits from legal deposit
law. There are 15 libraries in Poland that are given a
legal deposit copy. The National Library in Warsaw
and the Jagiellonian Library in Cracow receive
even two copies but they are obliged to storage it
indefinitely. The patrons can borrow legal deposit
books as well as other books.


What’s your Library support program for
automated processing of books and serials? Is
this program applied in all Poland in one unique
network or it is separate just for your Library?
You mentioned about testing of another program.
What is its near future development? Do the
users have access to your catalogue via Internet?
Can they make reservation of books etc.?




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 20168


ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА


Во 1997 ја имплементиравме Виртуелната
библиотека, производ на американската компа-
нија VTLS. Нашиот Оддел за комплетирање на
библиотечен материјал не започна да работи во
овој систем затоа што имаше многу недостато-
ци токму во сегментот за комплетирање. Оваа
година тестираме друг библиотечен систем на-
речен „Sierra“. Тој е произведен од компанија-
та „Innovative“. Само некои од библиотеките
во Полска работат во овој систем. Најголемиот
дел од библиотеките го користат „ALEPH“. Ние
имаме заеднички централен каталог за академ-
ските библиотеки – „NUKAT“. Повеќе од 150
библиотеки во Полска се влезени во него и ги
споделуваат своите библиографски записи, до-
дека пак „NUKAT“ е поврзан со „OCLC“. Затоа
записите ни се видливи на „WorldCat“. Централ-
ниот каталог од научни и академски библиотеки
„NUKAT“ се заснова врз методот на единстве-
на каталогизација каде библиографскиот опис
се креира според ISBD во MARC 21. Секако де-
ка нашите читатели имаат пристап преку Интер-
нет. Многу би сакале тие да ги користат нашите
алатки при пребарувањето во текот на нивното
научно истражување, а не тоа да го прават пре-
ку Google или Wikipedia, како што тоа многу че-
сто се случува. Секој академски корисник може
да ни понуди книга која може да биде во наши-
те колекции. Една од нашите задачи во Одделот
е да работиме со ваквите барања. Најчесто, ги
прифаќаме и ги купуваме, или ги наоѓаме насло-
вите преку размена на публикации.


Дали имате дигитализирани ко-
ле-кции? Со кој софтвер дигитализирате?


Постои посебен оддел, односно Диги-
тална библиотека таканаречена “e-bUW”, која
е основана во 2007 година. Во моментот посе-
дува над 100.000 документи, повеќето перио-
дични списанија од 19. Век. Една од целите на
“e-bUW” е да овозможи пристап до помалку ко-
ристените документи, односно до историските
документи до кои во моментот е тешко да се дој-
ди. Во најголем дел дигитализираме периодич-
ни списанија издадени во Варшава и околина-
та. Скоро сите 47 библиотеки на Универзитетот
во Варшава учествуваат во овој проект. Нашата
Библиотека е главен координатор и менаџер на
“e-bUW”.


In 1997 we implemented Virtual library system,
a product of the American company VTLS.
However my department didn’t start working in this
system due to huge disadvantages in the acquisition
module. This year we are testing another library
system called “Sierra”. It is developed by a company
“Innovative”. Only some libraries in Poland work
in this system. Most of libraries in Poland use
ALEPH. We have a central union catalogue for
academic libraries – NUKAT: www.nukat.edu.pl
More than 150 libraries in Poland contribute to this
central catalogue with new bibliographic records
and NUKAT also collaborates with OCLC. That’s
why our records are visible in WorldCat. The central
catalogue of scientific and academic libraries
NUKAT is based on the method of co cataloguing.
It is the place where bibliographic description are
created (according to ISBD in MARC 21).


Our patrons can access our catalogue via Internet.
We wish a lot they would start their scientific
research more often with library catalogue or multi-
search engine, which our library also provides, but
very often they go simply to google or Wikipedia.
Every user has also the possibility to recommend a
book that should be included into our collection. It is
one of the tasks of my department to deal with such
requests. Mostly, they are approved and we try to buy
or find a title with the exchange of publications.
Do you have digitalized collections? Do
you have other separate collections? Do you store
rare books and do they have any protection?


There is a special department or Digital Library,
so called “e-bUW” (http://ebuw.uw.edu.pl/dlibra
?action=ChangeLanguageAction&language=pl).
It was established in 2007. Currently it hosts over
100,000 documents, the majority of which are XIXth
century periodicals. One of the aims of establishing
e-bUW was to enable access to less used documents
or to the historical documents that can no longer
be presented to the users easily. We digitize mostly
periodicals from the end of XIX century published
in Warsaw and surroundings. Nevertheless all 47
faculty libraries of Warsaw University are invited
to participate in the project. Our Library is the main
coordinator and manager of the e-bUW.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 2016 9


ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА


Колективниот карактер на дигиталната би-
блиотека е изразен и во името “e-bUW”. Малото
“b” а не големо “B”, е за да се разликува помеѓу
главната библиотека (при „UW“- Универзитет
во Варшава) и сите други библиотеки во систе-
мот. Секој публикуван документ во “e-bUW”
има своја предметна карактеристика на полски
и англиски јазик. Покрај пристапот преку ката-
логот на Библиотеката, пристапот може да биде
преку Интернет, во земјата и странство.


Нашата Дигитална библиотека е дел од Диги-
талната федерација на библиотеки, голем при-
мер за соработка и извор за истражување и про-
учување. Пред неколку години, заедно со еден
мој колега одржавме предавање на оваа тема.
Интересно е да се види овај труд на: http://www.
emeraldinsight.com/doi/full/10.1108/01435121311
328663„dLibra“- софтверот е првиот полски си-
стем за градење на дигиталните библиотеки. Тој
е нашироко користен од институции како што
се академските и јавните библиотеки, музеите
и архивите за да обезбеди дигитална форма на
нивните збирки. Денес тој е најпопуларниот си-
стем во дигиталните библиотеки на Полска.


Ако има нешто околу Вашата работа, или
за Библиотеката што не сум Ве прашал, сло-
бодно кажете.


Оваа година славиме 200 години од осно-
вањето на Универзитетот во Варшава, а за 2 го-
дини и нашата Библиотека ќе го слави својот ју-
билеј 200 години. Во 1999 година се преселивме
од главниот кампус на друго место до реката,
во нова зграда со градина на врвот. Оттогаш
имавме можност да го смениме и соседството.
Пред да дојдеме тоа беше напуштено место. Се-
га се изградија нови згради, кафулиња и ресто-
рани, а Библиотеката е меѓу десетте – топ де-
стинации што треба туристите да ги посетат.


The collective character of the digital library is
expressed also in the name of the digital library. It
is a small “b” not the capital “B” to differentiate
between the main library and a system of all libraries.
Every document published in e-bUW has its subject
characteristic in Polish and in English language.
Internet users, apart from accessing the content
directly from the library’s home page, also have
other possibilities of reaching the e-BUW collection
via various access point, domestic or foreign.


Our digital library is a part of Digital
Libraries Federation (http://fbc.pionier.net.pl/) – a
great example of cooperation between libraries and a
great source for research and study. Some years ago,
together with a colleague of mine, I held a presentation
on that topic. If it is interesting for you, you can find
the article here: http://www.emeraldinsight.com/
doi/full/10.1108/01435121311328663


dLibra software is the first Polish system for
building digital libraries. dLibra is widely used by
institutions such as academic and public libraries,
museums or archives to provide digital form of their
collections. It is now the most popular system for
building digital libraries in Poland.


If there is something about your work or
the Library that I didn’t ask, feel free to say.


This year we are celebrating 200 years of
Warsaw University and in two years we will have
a round 200 years of the library. In 1999 we moved
from the main campus to a new place, close to the
river, to a new modern building with a garden on
top. And since then the library was able to change
the whole neighborhood of this part of Warsaw.
Before we moved here it was a rather abandoned
place. Now it thrives with new buildings, fancy
cafés and restaurants and the library is among top-
ten “must see” places in Warsaw.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 201610


ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА


Ние се гордееме со ова и секогаш настоју-
ваме за корисниците да бидеме инспирација. За-
тоа и јас патувам во другите европски библио-
теки преку Ерасмус + програмата, барајќи нова
инспирација и напредок.


Дали имате семејство? Какви кни-
ги читате? Дали имате некакво хоби? Колку
трае Еразмус + програмата, Ве молам каже-
те ни нешто околу Вашата одлука да конку-
рирате на оваа програма и дали планирате да
учествувате и во други програми во Вашиот
професионален развој?


Мое најблиско семејство се брат ми и
снаа ми, јас не сум мажена. Ги сакам книгите за
морски патувања и морска историја. Добрите де-
тективски приказни ми се драги. Сакам да играм
игри, игри со карти или да решавам енигми.
Исто така сакам да учам странски јазици. Што
се однесува за Еразмус + програмата, на универ-
зитетскиот кадар му се овозможува да посети
некоја европска библиотека или слична институ-
ција за време од една недела. Според мене, ова е
добра можност да видам како работат другите и
во кои услови, како ги решаваат проблемите. Ќе
се обидам да конкурирам секоја година со цел да
посетам и други библиотеки. Оваа година, тоа
беше Вашата Библиотека во Битола (Национал-
ната установа Универзитетската библитека „Св.
Климент Охридски“ Битола) и тоа беше едно
убаво искуство за мене.


Вашата библиотека е мала, и затоа гле-
дам голема предност, бидејќи вие сите знаете кој
што работи, кои се вашите задачи. Тоа помага.
Имам впечаток дека доколку сакате промени, во
смисла на имплементирање на нови технологии,
или учествување во некој проект, можете да го
искористите искуството на поразвиените библи-
отеки и нивните најдобри решенија. Ви посаку-
вам успех!


Разговорот го водеше:
д-р Николче Вељановски


Превод од англиски јазик:
д-р Николче Вељановски


We are really proud of that and of course
we try hard not only to be a cool site but as well
a reliable source of information and inspiration for
our users. That’s why I travel to other libraries using
the Erasmus + program. To search for inspiration
and improvement.


Do you have a family? Which books do you
prefer reading? Do you have any hobby? What’s
the length of your Erasmus Plus Program, would
you please tell us about your decision to apply to
this Program and are there any other Programs
that you plan to realize for your professional
development?


My closest family is my brother and his wife,
I’m not married. When I read, I like books about sea
voyages and naval history. A good detective story
is also welcomed. I like playing games, cardboard
games or riddles. I also like to learn foreign
languages. Regarding the Erasmus + program there
is a possibility for the university staff to spend up to
5 days in an European library or similar institutions.
In my opinion this is a very good opportunity
to see how other people work, what are the work
solutions and conditions. I try to apply every year
to visit a new library. This year it was your Library
in Bitola (National Institution University Library
“St. Clement Ohridski”) and it was a very nice
experience. You are a small library, which I see as
a great advantage, because every one of you knows
what others do, what are your tasks. It helps a lot.
And I have the impression, if you want to change
something in the future, I mean implement some
technologies or participate in a project, you can gain
a lot from experience of more developed libraries
and choose the best solutions. I hope it will be like
this!




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 2016 11


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


ГОДИШНО ИЗБОРНО
СОБРАНИЕ НА БЗМ


Приредил Благој Николов
библиотекар советник


43. Годишно изборно собрание на Библиоте-
карското здружение на Македонија се одржа на
15 и 16 јуни 2016 година во Гевгелија. Домаќин
на ова собрание беше ЈОУ „Гоце Делчев“ од Гев-
гелија. Дводневното собрание се оджа во мотел
„Вардар“ на преифријата од градот. На почеток
на присутните гости, членови и делегати им се
обрати м-р Миодраг Дадасовиќ - модератор на
настанот, кој го претстави работниот дел со во-
ведно претставување на агендата и дневниот ред
и го најави обраќањето на домаќинот.


По поздравното обраќање на директорот на
ЈОУ „Гоце Делчев“, Дамјан Ѓуров и на претседа-
телот на БЗМ Благој Николов, модераторот м-р
Миодраг Дадасовиќ ја најави стручната сред-
ба која што беше поделена на три дела според
стручните трудови пишувани на препорачаните
теми на ИО на БЗМ:


- Библиотеките поврзуваат луѓе, заедници и
нации


- Libraries repositioning within the knowledge
society


- Библиотекарството во Македонија и новото
време


- The librarianship in Macedonia and the new
time.


- Позиционирање на библиотеките во опште-
ство базирано на знаење


- Libraries repositioning within the knowledge
society


На средбата беа пријавени 22 стручни трудо-
ви од кои на првата тема 6, на втората тема 7 и на
третата 9. Учествуваа библиотекари од библио-
теките во Македонија, но и по вторпат присуни
беа гости – библиотекари од Народната библио-
тека „Стеван Сремац“ од Ниш. Претставување-
то на стручните трудови го отвори Анета Стефа-
новска, библиотекар советник, НУУБ „Св. Кли-
мент Охридски“ – Битола со трудот „Библиоте-
ките и знаењето нашата иднина“.


Може да се каже дека од година во година
овие стручни средби се повеќе добиваат на ква-
литет, а со тоа се повеќе се издигнува професи-
оналноста на библиотечната дејност. На крајот
од првиот ден Извршниот одбор на барање на
одреден број на библиотеки, предложи изме-
на на Статутот во член 16 став 2 за големување
на можноста на членови кои се бирани во ИО да
имаат можност доколку тоа го согледа Собрани-
ето на БЗМ на трет мандат. Предлогот беше при-
фатен со еден глас против.


Вториот ден се пристапи кон постапката за
избор на ново раководство на БЗМ. Претседате-
лот го поднесе извештајот за работата во пери-
одот од јуни 2014 – мај 2016 година, со назна-
ка дека и покрај минималните финансиски сред-
ства целокупната програма предвидена за овој
мандат беше реализирана. Извештајот едноглас-
но беше прифатен од делегатите. Претседателот
Благој Николов на крајот со загриженост објави
дека за наградата „Климентова повелба“ за жи-
вотно дело не пристигнала ни една пријава, така
што во овој период истата не беше доделена. За
инертноста која за жал сеуште ја имаме во наша-
та дејност зборува и фактот немањето пријава и
за наградата „Библиотека на годината“, која исто
така не беше доделена.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 201612


Беа избрани новите тела на БЗМ за пери-
одот 2016-2018 година, Извршен одбор, Надзо-
рен одбор, Комисија за доделување на наградата
„Климентова повелба“ за животно дело и Коми-
сијата за доделување на наградата „Библиотека
на годината“ за 2016 година.


Извршниот одбор по трет пат беше избран со
мнозинство на гласови односно три делегати беа
против.


Благој Николов по трепат е избран за
претседател на Извршниот одбор на Библиоте-
карското здружение на Македонија.


На крајот претседателот на БЗМ, Благој Ни-
колов им се заблагодари на присутните делега-
ти и во име на ИО на БЗМ се заложи на следната
средба 44. годишно собрание да бидат поканети
гости од балканските простори и пошироко како
овие средби би добиле меѓународен карактер, а
со тоа и списанието „Библиотекарство“ со без-
резервен напор од библиотекарската фела де се
вброи ви признати меѓународни списанија.


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


УЧИЛИШНИТЕ БИБЛИОТЕКИ И
КУЛТУРНИТЕ ВРЕДНОСТИ


КАЈ МЛАДИТЕ
Приредила Фатма Бајрам Аземовска,
библиотекар
Треба да нагласиме дека секое училиште по-


требно е да има училишна библиотека која по-
стојано ќе им е на располагање на учениците. За
отворање на училишна библиотека треба да би-
дат исполнети неопходни услови и тоа: простор,
фонд, опрема, стручен кадар и сл.Во училишни-
те библиотеки потенцијалните кори-сници се од
различна структура, а тоа се децата од претшкол-
ска возраст, учениците од основното и средното
образование, наставниците и др.


Постоењето на училишните библиотеки, гле-
дано од стручен аспект, треба да делува многу
позитивно на учениците кои се потенцијални
интелектуалци и на нив би требало воспитно да
делуваат. За жал, во Р. Македонија училишните
библиотеки во еден дел не располагаат со соод-
ветни услови и набавката на соодветна литера-
тура не е на завидно ниво, а недоволното кори-
стење на книжните фондови се должи на малиот
број примероци од бараната литерату- ра. Иако
училишните библиотеки во овој момент не се на
завидно и посакуваното ниво, тие претставуваат
основното јадро за стекнување љубов на децата
кон книгата, како да ја користат, односно зашти-
тат истата што е мошне важен услов за внесу-
вање на најмладите читатели во тајните на пи-
шаниот збор, зошто тука се создаваат навиките
за читање. Сето тоа остава траги за понатамош-
ните духовни развивања на младата личност која
од тука ги црпи првите и трајни читателски ис-
куства.За привлекување поголем број корисни-
ци, библиотекарот во училишната библиотека е
потребно да поседува ентузијазам, да има чув-
ство за афинитетот на корисниците и правилно
да ги насочи кон бараната литература, а со тоа ќе
дојде до израз дејноста на библиотекарот која е
истражувачка.
Доколку библиотекарот правилно ги информи-
ра своите корисници што, исто така, е должност,
обврска и работа на библиотекарот кој треба да
се служи со сите форми на информации и созна-
нија од искуства што потекнуваат и се стекнува-
ат со самата работа со корисниците, успехот ќе
биде двостран, односно професионален библи-
отекар и задоволен корисник. Со тоа во целост
ќе бидат исполнети неопходните услови за кори-




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 2016 13


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


налност разбудува интерес за продлабочување
на сеќавањето на контактите во училишна-
та библиотека, контактите со библиотекарот,
другарувањата со своите врсници и сл. Мал-
ку, сигурно во пишувањето на првиот стих или
проза, ги доведува младите до времето кога
нивните предци ги правеле првите чекори во
пишувањето. А, тој чекор е овој најважниот,
најзначајниот зошто со него се одредува насо-
ката во која се движат младите генерации. Де-
цата и младите денес многу читаат, но најм-
ногу од компјутерскиот екран, електронски-
те игри или од мобилниот телефон. Затоа на
е-читателите им се неопходни вештини за ин-
формациската писменост за да знаат критич-
ки да пристапат на содржините пронајдени на
интернет.


Информатичка писменост е способност за
користење на компјутерот и неговите програ-
ми, додека информациска писменост претста-
вува согледување на потребите за информации
и поседување знаење како да се дојде до нив,
нивно вреднување и нивно искористување.
При тоа како извори на информации можат да
бидат книгите, весниците, компјутерот, теле-
визијата итн. Улогата на библиотекарот е да ги
поучи корисниците на информациска писме-
ност, односно како да ја пронајдат потребната
информација, како да ја анализираат и вредну-
ваат и како да ја употребат.


Во минатото како извори на информации
најчесто се сметале печатените (книжните) ма-
теријали. Во денешно време во библиотеката
корисникот може да дојде до информации со
користење освен на книжен и со користење на
разновиден некнижен материјал. „Современа-
та технологија овозможи нови, воглавно диги-
тализирани извори. Такви информации наоѓа-
ме на CD/DVD медиумите и интернетот (елек-
тронски книги, енциклопедии, речници, лек-
сикони, филмови, музиката...). Пристапот до
овие извори на информации е достапен само
на информатичките писмени лица“.Целокуп-
ниот библиотечен материјал плански се наба-
вува и проверува од страна на библиотекарот,
во согласност со училишниот наставен план
и програма, возраста, интересот и се набавува
материјал кој ќе влијае поттикнувачки за раз-
војот на ученикот.


сникот повторно да се врати во училишната би-
блиотека и да побара соодветна литература. За-
доволниот корисник своето искуство го прене-
сува на своите другарчиња соученици и кај нив
се создава желба да ја посетат училишната би-
блиотека и само така се создава навика кај мла-
дите да ги посетуваат библиотеките, како би ги
оттргнале од пороците кои владеат, со што ќе
создадеме млади и здрави генерации подготве-
ни да го продолжат животот со позитивна мисла.
Преку училишните библиотеки и училиштата се
издигнуваат културните вредности на младите,
односно тие осознаваат дека друштвото не е со-
ставено од родителите, роднините, пријателите,
туку дека во одделението, односно класот, мож-
ностите и условите се еднакви за сите. Тука ги
осознаваат разликите меѓу партикуларистичките
и универзалистичките норми на вреднување, а
тоа е важно за да се вклучат во светот на возрас-
ните. Партикуларните норми значат вреднување
на поединец по она што е, а не кој е.


Родителите ги вреднуваат децата како свои,
како посебно, а не како другите деца.Овие се
стандардите поврзани со пропишаната пози-
ција. Универзалистичките норми значат дека по-
единецот е само една од многуте (еднаков) и де-
ка неговата позиција е условена од споредба со
другите, а не однапред загарантирана. Ова значи
дека неговите постигнувања се вреднувани од
гледна точка на општите стандарди, прифатени
од опшеството, а не од гледна точка на одредени
критериуми (да биде нечие дете или да припаѓа
на некоја раса, религија, нација и т.н). Точно ту-
ка детето ја учи разликата што е многу важно да
се подготви за иднината.


Од гледна точка на социјализација,училиш-
ните библиотеки и училиштата не подразбира-
ат само пренос на вредности и норми на опште-
ството, но таму се учат најважните правила на
животот.Темата „Училишните библиотеки и
културните вредности кај младите“ предизвику-
ва интерес кај сите нас, зошто оваа идеја со себе
носи раритетна поставка и можеби денес, а и во
иднина кај младите ќе разбуди посебни чувства,
за и тие да се појават како идни автори. Возбуда-
та кај нив за тоа како се случило чувство да по-
крене песна, проза и сл. и така оформен текст
да се пренесе на хартија, тоа е оној момент, оној
краток момент на раѓање на идејата и чувството
кои младите ги преточуваат во стихови и проза.


Вака покренат овој труд со сета своја ориги-




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 201614


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


КНИГАТА И БИБЛИОТЕКАТА
МОСТОВИ КОН НЕНАСИЛНА


КОМУНИКАЦИЈА КАЈ МЛАДИТЕ


Ленче Андоновска, библиотекар советник
Во програмата за работа на Библиотеката за


2016 година од Министерството за култура, одо-
брен ни е проект Управување со конфликти –
едукација на млади. Со оглед на фактот што би-
блиотеките како места за истражувачки и кре-
ативни активности им дават можност на мла-
дите сами да ги истражуваат можностите и ал-
тернативните решенија за одредени ситуации,
им овозможува индивидуална работа на млади-
те која ќе им ја зацврсти сигурноста за нивните
можности, квалитети и остварувања.


Динамичното време налага развивање на ка-
пацитетите на младите за успешно управување
со конфликтите и вештините за ненасилна ко-


муникација. Со цел да им се помогне на млади-
те што повеќе да се насочат кон работи кои во-
дат до развој и нивно усовршување, потребна е
континуирана едукација на истите. Со овој про-
ект ќе им се овозможи на младите - учесници
на предавањата и работилниците кои етапно ќе
се спроведуваат, самостојно да ги истражува-
ат и користат соодветните материјали достапни
во Библиотеката, да се здобијат со знаење кое е
потребно за конструктивно разрешување, усме-
рување на конфликтите како и да водат принци-
пиелни преговори.Реализацијата на наведениот
проект се одвиваше во неколку фази и тоа:


средба со стручните работници од основните
и средните училишта од општина Битола на која
зедоа учество 21 лице (педагози, психолози, со-
циолози и дефектолози);


На средбата беа договорени насоки за из-


готвување на стручни трудови на тема „Упра-
вување со конфликти – едукација на млади“, со
поднаслов Книгата и библиотеката – мостови
кон ненасилна комуникација кај младите. На ис-
тата средба беше договорена промоција на про-
ектот;


на ден 20.04.2016 година во 11 часот во хо-
лот на Библиотеката беше поставена и отворена
изложба на ликовни дела од учениците од СОУ
Гимназија Ј.Б.Тито и ОУ „Крил и Методиј“ – Би-
тола а потоа имаше претстава – драматизација
од СОУ Ј.Б.Тито – Битола на тема „Стоп за на-
силството“.


Истиот ден во новата сала на Библиотеката
беа презентирани сите стручни трудови кои ќе
бидат публикувани во Зборник на научни тру-
дови;


на ден 05.05.2016 година се одржа работил-
ница за стручни соработници;


во септември и октомври 2016 година ќе се
одржат и тоа: прва Работилница - на тема „На-
силството преку социјалните мрежи“ со мото
„LIKE за ненасилство“; втора работилница – на
тема „Насилство врз деца со посебни потреби“
со мото „Различни а исти“ и трета работилни-
ца „Книгата мост до ненасилство“ со мото „На
книгата не и снемува батерија“.


Работилниците ќе се одржат во Библиотеката
и секое училиште ќе испрати по 3 деца (учени-
ци), а потоа учениците кои ќе бидат учесници на
работилниците истите ќе презентираат во нив-
ните училишта.


На ден 16.11.2016 година – на Денот на толе-
ранцијата ќе биде завршната манифестација од
наведениот проект и на тој ден ќе се промовира
Зборникот на стручните трудови.





БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 2016 15


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА,
ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕДА-


ВАЊА


Приредила Фатма Бајрам Аземовска,
библиотекар


21.02.2016
СВЕТСКИ ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК


По повод одбележувањето на 21 февруари –
Меѓународен ден на мајчиниот јазик, во Библио-
теката се промовираше проектот „Година на кни-
гата, книга за секое дете“, исто така беше поста-
вена и тематска изложба на книги на македон-
ски, турски, албански, ромски, српски, хрватски,
бошњачки јазик и други јазици.


Проектот „Година на книгата, книга з се-
кое дете“ има за цел масовно бесплатно зачле-
нување на децата кои посетуваат предучилиш-
ни установи и центри за ран детски развој, по-
голема популаризација и промоција на читањето
книги и достапност за сите деца со цел правилен
интелектуален развој и полесно поаѓање во прво
одделение. „Проектот е насочен како книгата да
се користи на сите нивоа во образовниот процес,
и мислам дека ќе успееме да кажеме дека деца-
та читаат и тоа ќе биде една навика без која не се
може“, вели директорката на библиотеката, д-р
Лили Бошевска.


„Ако се оди според тоа дека првите пет годи-
ни се најважни, тогаш зачувувањето на мајчи-
ниот јазик може да се одржи преку читање, тоа
го покажуваат и најновите истражување“, рече
надворешната соработничка на библиотеката,
проф. доц. Билјана Граматковски.


Грижата за јазикот не е нешто што се случува
само еднаш на еден собир или манифестација,
тоа е континуиран процес на постојана опсер-
вација и подложување на процесот на нормира-
ност.


Имињата на Јозеф Добровски, Рина Усикова,
Виктор Фридман, Хораст Лант, Мјечислав Ма-
лецки, Зузана Тополинска, Воислав Илиќ, Ва-
трослав Јагиќ, Ватрослав Облак, се само дел од
имињата на слависти кои дале несоборливи ар-
гументи за постоењето и посебноста на маке-
донскиот јазик. Исто така голема улога во за-
чувувањето и афирмацијата на македонскиот ја-
зик низ годините одигра и Меѓународниот семи-
нар за македонски јазик, литература и култура
кој секоја година во Охрид привлекува интерес
на нови научни работници од земјата и светот
кои го истражуваат македонскиот јазик, литера-
тура и култура, истакна професорката г-ѓа Ми-
лица Радевска Димитријовска .


Здружение за македонско-италијанско
пријателство
07.03.2016


ПОЕЗИЈА ПОСВЕТЕНА НА ЖЕНАТА И
ЉУБОВТА




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 201616


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


По повод Меѓународниот ден на жената 8
Март, поезија на македонски, италијански, гер-
мански, турски, руски и француски јазик имаа
можност да слушнат присутните на манифе-
стацијата „Поезија посветена на љубовта и же-
ната“, која е единствена од ваков тип во наша-
та земја. Поезија од македонски автори читаа -
Александар Ортаковски Кога ја љубев Дениција
од П.М. Андреевски и Стефан Бојаџиев Молит-
ва на моето тело од Ацо Шопов. Поезија од ита-
лијански автори презентираа Климентина Патче
и Матија Цветковска, Ќе поминам по плошта-
дот Штанија од Чезаре Павезе и Жена од Џенова
од Дино Кампана. Лорелај од Хајне Хајнрих, ја
презентираа Кристина Илиева и Билјана Китев-
ска , Фани Димитровска ја презентираше Дожд-
ливата убавица на Оздемир Инџе, Каролин По-
тел Златевска од Француската алијанса, читаше
поезија на француски.
Оваа година во соработка со здружение-
то за македонско-италијанско пријателство са-
кавме да и пристапиме на жената од аспект на
поезија, жената како инспирација за поетите,
изјави д-р Лили Бошевска, директор на НУУБ
„Св. Климент Охридски“ Битола. Оваа ма-
нифестација се одржува над 20 години со пре-
кини. Оваа манифестација е единствена од овој
вид, последните години решивме да ја обнови-
ме и да продолжиме со неа секоја година, изјави
Кирил Добрушевски, претседател на здружени-
ето за македонско-италијанско пријателство. По
повод 8 Март, во Библиотеката беше отворена
тематска изложба на книги од писателки, членки
на Друштвото на писателите на Македонија.


Инситут за македонски јазик
11.03.2016


НОВО ИЗДАНИЕ НА „ПРАВОПИС НА
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК“


Во новото издание на Правописот на ма-
кедонскиот јазик може да се забележи дека си-
те поглавја на постојниот Правопис на македон-
скиот литературен јазик издаден во 1998 годи-
на претрпеле измени и дополнувања, доуточну-
вања и дообјаснувања, претставени што е мож-
но поедноставно за да бидат достапни за поши-
рок круг корисници, велат авторите. Правописот
од една страна е конзервативен затоа што прави-
лата вообичаено многу тешко се менуваат, но од
друга страна, пак, го следи и развојот на јазикот.


Во изработката на новиот Правопис би-
ле вклучени 48 соработници, пред се универзи-
тетски професори од Институтот за македонски
јазик „Крсте Мисирков“ и од Филолошкиот фа-
култет „Блаже Конески“. Тој ќе добие и елек-
тронска верзија, а како втора фаза од работата на
Правописот се планира изработка на Правопи-
сен речник. При крај е работата на Речникот на
синоними во македонскиот јазик, се прават под-
готовки за електронски корпус на македонскиот
јазик, етимолошки речник итн.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 2016 17


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


Основни училишта во Битола
14.03.2016


БИБЛИОТЕКАТА ВО ФУНКЦИЈА НА
ОБРАЗОВАНИЕТО


Во роднокрајната читална на Библиоте-
ката директорката д-р Лили Бошевска оства-
ри средба со директорите и претставниците на
основите училишта во Битола. Националните
установи од областа на културата може и тре-
ба да се вклучат активно во културното обра-
зование на учениците од основните и средните
училишта..Библиотеката ги презентираше меѓу
другото проектите „Слушај музика“, „Јас читам,
а ти?“, „Поставување на мини библиотеки“, но
листата на проекти што заеднички би биле реа-
лизирани, може да претрпи измени и да биде до-
полнета.


Правен факултет - Битола
17.03.2016
ПОСТКОНФЛИКТНО ОПШТЕСТВО И


ЕВРОПСКИОТ ПАТ


Приближувањето на БиХ кон ЕУ е
предуслов за економски развој, односно
предуслов за одржување на елементарни усло-
ви за функционирање на БиХ, ова беше основ-
ната порака која што денеска проф. д-р Мла-
ден Иваниќ од Универзитетот во Бања Лука и
член на Претседателството на БиХ им ја пре-
несе на присутните. Суштинскиот проблем на
БиХ е тоа што има три различни визии за неј-
зината иднина. Едната е Бошњачка-Сараево,
која кажува: БиХ без идентитет, со еден прет-
седател, со една влада и со еден парламент,
втората е за Бања Лука-Српска која сакаше да
има потполно независна Р.Српска и третата во
Мостар, која бара трет идентитет. И кога има-
те три различни визии, единствено решение е
она што имате минимум заедничко, а тоа е ЕУ.


ОУ „Гоце Делчев“ - Битола
21 03.2016
СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПОЕЗИЈАТА


Со читање на поезија од странски и домаш-
ни автори во Библиотеката беше одбележан
светскиот ден на поезијата 21-ви Март.


Со читање на поезија од домашни и стран-
ски автори учениците дадоа печат на поезија-
та.


Имајќи го предвид значењето на поезијата,
целта на денешниот настан е да им се доближи
поезијата до децата кои читајќи ги стиховите
на поетите ги пренесуваат нивните пораки.


Дека младите ја сакаат поезијата, доказ се
нивните лични творби за кои добиле призна-
нија не само од своите наставници, туку и на
разни литературни конкурси.





БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 201618


Завод за рехабилитација на деца со оште-
тен слух, говор и глас и други проблеми


во развојот “Кочо Рацин“ – Битола


25.03.2016
71-ВИОТ РОДЕНДЕН НА БИБЛИОТЕКАТА


Библиотеката, годинава својот 71-ви роден-
ден реши да го прослави со најмладите ученици
кои го посетуваат Заводот за рехабилитација на
деца со оштетен слух, говор и глас и други про-
блеми во развојот “Кочо Рацин“ – Битола, да им
подари соодветна литература за нивните потре-
би, со заедничка роденденска програма со уче-
ниците и вработените од двете установи. Во хо-
лот на библиотеката беше поставена изложба со
книги, списанија и друг библиотечен материјал
во издание на библиотеката.


28.03.2016
„ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА


ПОСТ-АМЕРИКАНСКИОТ СВЕТ“

Денес НУУБ „Св.Климент Охридски“ Бито-


ла ги промовира книгите од едицијата посветена
на правото, безбедноста, криминологијата, од-
браната, разузнавањето.


Тоа се книги кои се капитални инвестиции
од владата, сакавме да ги промовираме на по-
инаков начин. Има повеќе наслови од повеќе
области, да понудиме нешто поактуелно, со
што ќе ја привлечеме стручната јавност од
оваа област, изјави д-р Лили Бошевска, дирек-
тор на НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола.


Денешни промотори и модератори беа
професорите од Правниот факултет при Уни-
верзитетот „Св.Климент Охридски“ – Бито-
ла, проф. д-р Горан Илиќ кој имаше предавање
на тема „Предизвиците на пост-американски-
от свет“ и проф. д-р Ангелина Станојоска со
предавањето „Криумчарењето мигранти и за-
творањето на Балканската рута: Дали ја затво-
ривме вратата засекогаш“.


05.04.2016 2
“JOURNAL OF LIBERTY AND
INTERNATIONAL AFFAIRS”


Во преполната сала на Библиотеката беше
промовирано меѓународното научно списание
“Journal of Liberty and International Affairs” Из-
давач на списанието е Институтот за истражу-
вање и европски студии – Битола. Toa излегува
три пати во годината, според open access мо-
делот (или моделот на отворен пристап), а со


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 2016 19


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


тенденција за деталнопроучување на слободата
и меѓународните односи во сите нивни аспекти.


Списанието гравитира во областа на политич-
ките науки, меѓународното право и меѓународ-
ните односи. Во контекст на уредувачката струт-
кура, научното списание вклучува меѓународен
програмски и советодавен комитет во кој парти-
ципираат 35 научници од 28 држави ширум све-
тот, а кои даваат посебен придонес во квалите-
тот и меѓународниот карактер на списанието.


08.04.2016
8-МИ АПРИЛ МЕЃУНАРОДНИОТ


ДЕН НА РОМИТЕ


Националната установa универзитетска би-
блиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола и
ромските невладини организации „Сумнал“
– здружение за развој на Ромската заедница и
„Баирска Светлина“ заедничко го одбележува
8-ми Април – Меѓународниот ден на Ромите.


Одбележувањето на 8-ми Aприл Светскиот
ден на Ромите претставува можност да се потсе-
тиме на историскиот развој на борбата за оства-
рување на правата на Ромите на меѓународно
ниво, но и да ја пресликаме рефлексијата на ста-
тусот и состојбата на Ромите во Република Ма-
кедонија. Периодот на изолираност и маргина-
лизираност денес претставува само една фаза од
развојот на заедницата на Ромите во Република
Македонија. Програмата започнува со доде-
лување на бесплатни ваучери на децата кои го
посетуваат центарот за ран детски развој „Сум-
нал“ – Битола и децата од проектот „Инклузија
на деца Роми во јавните предучилишни устано-
ви“ од градинката „Естраја Овадија Мара“ – Би-
тола. Децата за ромската култура и традиција“,
следеше прикажување на документарниот филм
„Придонесот на Ромите во изградба на совреме-


ното македонско општество“.Преку продукција-
та на документарениот филм се евидентираат
значајни личности Роми, од сферата на профе-
сионалниот, општествениот и јавниот живот во
Република Македонија и нивниот придонес во
изградбата на современото македонско опште-
ство и објаснување како тие секој во својата об-
ласт, даваат придонес во креирањето и спрове-
дувањето на јавните политики.


И на крај присутните имаа можност да слу-
шат поезија испеана и посветена на Ромитe (Па-
пуша, Тагоре и Лорка).


20.04.2016
ПРОЕКТ „УПРАВУВАЊЕ СО


КОНФЛИКТИ - ЕДУКАЦИЈА НА МЛАДИ“

Во Библиотеката денес беше промовиран


проектот „Управување со конфликти – еду-ка-
ција на млади“. Стручните соработници на про-
ектот, психолози, педагози, дефектолози и би-
блиотекари одржаа заедничка средба на која
презентираа свои трудови поврзани со насил-
ството меѓу младите, како да се препознае и ка-
ко да се постапи. Проектот се реализира со фи-
нансирање од Министерството за култура на
РМ. Сите трудови ќе се најдат во зборник што ќе
биде промовиран на завршната манифестација
од проектот што ќе се одржи на 16 ноември оваа
година. Учениците од средното општинско учи-
лиште гимназијата Јосип Броз Тито имаа изло-
жено цртежи на тема насилство, а за присутните
, исто така на оваа тема, одиграа драмска прет-
става.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 201620


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


22.04.2016
ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ


ДЕН НА КНИГАТА


Националната установа универзитетска би-
блиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола де-
нес го одбележа Светскиот ден на книгата и ав-
торското право, традиционално со читање на по-
раката на Ирена Бокова, генерален директор на
УНЕСКО и македонската порака на Љубиша
Георгиевски. Библиотеката ја продолжи тради-
цијата, додели книги и цвеќе на оние читате-
ли што по повод овој ден напишаа најубава по-
рака поврзана со книгата и поставена изложба
на книги во холот на библиотеката од Вилијам
Шекспир.


26.04.2016
ПРОМОЦИЈА НА СЛИКОВНИЦАТА


„БОН ТОН“ НА ТУРСКИ ЈАЗИК
Македонско турското здружение ”Мустафа


Кемал Ататурк” – Битола и НУУБ ”Св. Климент
Охридски” – Битола ја промовираа сликовни-
цата за деца од предучилишна област ”Бон тон”
од авторот Ели Маказлиева, издадена на тур-
ски јазик од страна на издавачката куќа ”ЕДУ-
КА МАК”-Скопје. Промоцијата е во рамките на
проектот ”За сите деца”, координиран од страна
на м-р. Нермин Теловска.


09.05.2016
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА НА


ТРАЈЧЕ КАЦАРЕВ
Во Библиотеката се одржа промоција на романот


„О, зарем тоа сте вие господине Памук“ (краток коми-
чен роман за непреболот),од авторот Трајче Кацаров.
За делото зборуваше промоторот д-р Златко Жо-
глев, редовен професор на Педагошкиот факултет
во Битола.


16.05.2016
ПРОЕКТ „СЛУШАЈ МУЗИКА И


БИДИ СРЕЌЕН“
Проектот „ Слушај музика и биди среќен“,


поддржан од министерството за култура на Ре-
публика Македонија. Проектот се состои од две
фази: Првата фаза од проектот започна да се ре-
ализира на ден 16.05.2016 година во музичкото
катче во просториите на Библиотеката , додека
втората фаза од проектот започна да се реализи-
ра на 27.05.2016 година.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 2016 21


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


Во првата фаза на проектот се одржаа рабо-
тилници со професорката Марина Коруновска
од средното музичкото училиште од Битола и
ученици од основото училиште „Стив Наумов“
– Битола, додека во втората фаза беа вклучени
децата од центарот за ран детски развој „Бон-
бончиња“.


Со промовирањето на катчето за музикалии
влијаеме на развојот на децата од најмала воз-
раст од периодот на доенче, на мало и предучи-
лишно дете, од големо значање е создавањето на
нивниот интерес за музиката. Во рамки на про-
ектот децата слушаа музика од различни хип-
хоп, хеви метал, готик, панк, техно, хардхаус,
поп, џез или класична музика, македонска из-
ворна и современа музика и музика од различ-
ните заедници во Македонија.


17.05.2016
СОРАБОТКА СО УНИВЕРЗИТЕТСКАТА
БИБЛИОТЕКА ОД ВАРШАВА – ПОЛСКА





М-р Барбара Чмиелевска (Barbara
Chmielewska) од Варшава (Полска) е на студи-
ски престој во Битолската библиотека преку
програмата „Еразмус плус“од 17 до 25 мај. Таа е
раководител на Одделот за набавка на библиот-
ечен материјал. Целта на посетата е да се воспо-
стават контакти, да се разменат искуства и да се
согледа можност за понатамошна соработка со
нашата Библиотека како дел од процесот на Ев-
ропска интеграција на Република Македонија и
вклучување во современите текови на библиоте-
карството преку партнерства, вмрежување и со-
работка.




18.05.2016
ЗБОРНИК “МОЈАТА ТАТКОВИНА,


МОЈ ДОМ“
Во долната сала за промоции на Библиотека-


та беше промовиран зборникот на песни на уче-
ници од основните и средните училишта од Би-
тола „Мојата татковина, мој дом“, а воедно беа
доделени и награди на првите три најдобри пес-
ни, пофалници на уште на четири ученички од
основно и средно образование за уметничките
постигнувања за своите творби, како и благодар-
ници за менторите за поддршката на своите уче-
ници. Проектот „Мојата татковина, мој дом“ е
дел од годишната програма на здружението за
наука и култура НОВА кој има за цел да се по-
дигне патриотизмот кај младата популација.


23.05.2016
ПРОМОЦИЈА НА 130 ТОМА


МАКЕДОНСКА КНИЖЕВНОСТ

По повод 24 Мај денот на просветителите


светите браќа Кирил и Методиј, во долната сала
на Библиотеката беа промовирани четири книж-
ни дела од едицијата „130 тома македонска кни-
женост” од г-ѓа Николина Поповска професор
по македонски јазик и книжевност.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 201622


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


Промоцијата беше посветена на Свети-
те браќа Кирил и Методиј, како основополж-
ници на сесловенската писменост. Книгите го
опфаќаат периодот од 9 до 11 век односно пе-
риодот од Кирил и Методиј до преродбеници-
те. За мисијата на Светите браќа Кирил и Меtо-
диj, за нивните ученици свети Климент и све-
ти Наум Охридски на овие простори како и на-
тамошните дејци врз почетоците и развојот
на македонската просветеност зборуваше Ва-
ско Гичевски ученик во СОУ „Таки Даскало“
од Битола. Промоцијата се одржа со помош на
учениците од СОУ „Таки Даскало“ од Бито-
ла и настап на поетесата Билјана Тодоровска.
Оваа едиција е дел од неколкуте капитални из-
давачки проекти на Министерството за култу-
ра, односно Владата на Република Македонија.


27.05.2016
ПРОМОВИРАНА ЗБИРКА ПЕСНИ НА


ЗОРАН ПЕЈКОВСКИ




Во салата за промоции на Библиотеката беше
промовирана збирката песни „Да не ми е сон“
на авторот Зоран Пејковски. За книгата авторот
вели: Среќата на човекот му е дадена од Бога и
затоа повикува на битка против сомнежот, кој
истовремено е едно од најсилните оружја про-
тив злото. Рецептот и препораката на поетот е да
не се подложуваме на болки, кои произлегува-
ат од различни видови неверувања. Промоторот
проф. д-р Златко Жоглев истакна дека по дол-
готрајната анализа на поетската збирка “Да не
ми е сон”, слободно може да се констатира де-
ка најдоминанти тематски преокупации во ис-
тата се љубовта, сонот и јавето. Освен нив, како
значајно присутни тематски преокупации се и
убавината, спомените, страдањето, минливоста
и вечноста. Неодамна Зоран Пејковски ја доби
наградата „Јован Котески“ за необјавена поет-
ска книга, за неговото дело „Златната прашина“.


27.05.2016
РАБОТИЛНИЦИ ЗА ХРВАТСКИОТ ЈАЗИК



Здружението на Хрватите во Република Маке-
донија – Огранок Битола во соработка со Наци-
оналната установа Универзитетска библиотека
„Св.Климент Охридски“ – Битола организира-
ат работилници за хрватскиот јазик и литерату-
ра. Проектот ги следи основните заложби на За-
едницата поврзани со чување на националниот
идентитет, негување на јазикот, пишаниот збор и
културното наследство. Освен во Битола проек-
тот минатата година беше успешно реализиран
во Скопје и Охрид со голем број на посетители.


Работилниците по хрватски јазик ги водеше
проф. д-р Сања Вулиќ од Филозофскиот факул-
тет од Загреб (Хрватска). Часови по хрватски
јазик се одржуваа во периодот од 23.05 до 27.05
2016 година.


27.05.2016
11. РОДНОКРАЈНА СРЕДБА


Традиционалната Единаесетта родно-крајна
средба на битолските писатели во Македонија
се одржа во роднокрајната читална на Библиоте-
ката. Темата на Тркалезната маса беше: “Препо-
знатливоста на мојот стил на изразување”. Свои
излагања имаа петнаесет реномирани писатели
од Македонија.Проектот секоја година е реали-
зиран од д-р Николче Вељановски, библиотекар




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 2016 23


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


советник кој е воедно и модератор на средбите.
Излагањата на писателите ќе бидат публикувани
во Единаесеттиот Зборник на излагања.


31.05.2016
ИЗЛОЖБА „ЖАН МАРИ 2015“

Делегацијата на Европската Унија, Општина


Битола, ЕУ инфо точка при општина Битола и
Националната установа Универзитетска библи-
отека „Св.Климент Охридски“ – Битола се орга-
низатори на изложбата на професионални фото-
графии во рамки на наградата за медиуми „Жан
Моне 2015“. Именувана е по еден од татковците
на ЕУ францускиот дипломат и економист Жан
Моне кој заедно со Роберт Шуман се авторите на
познатата Шуманова декларација со која се по-
ставија темелите на денешната модерна Европа.
Наградата за најдобра професионална фото-
графија ја освои г-н Наќе Батев. Фотографија-
та е направена на границата со Грција во близи-
на на Гевгелија. Фотографијата е за Европска-
та прес фото агенција а беше објавена на позна-
тиот британски „Гардијан“ и на други портали
за вести од целиот свет. Победникот во катего-
ријата најдобар новинарски текст е г.ѓа Марија
Тасев, за серијалот текстови посветени на ми-
грантската криза. Новинарските записи ја следат
приказната на две сестри од Сирија на својот пат
кон Германија. Победникот во категоријата ама-
терска фотографија е Г.ѓа Кристина Нановиќ.


Изложбата беше отворена и изложена во
холот на библиотеката 15 дена.


07.06.2016
КНИГА ЗА ТЕРОРИЗМОТ


Во салата за промоции на Библиотеката беше
промовирана книгата „Тероризмот и кризата на
демократијата“ на познатиот театарски и филм-
ски режисер, драматург и македонски интелек-
туален бард проф. д-р Љубиша Георгиевски. Во
препораката кон изданието, поетот и литерату-
рен критичар, директор и главен уредник на из-
давачката куќа „Макавеј“ Бранко Цветкоски, ве-
ли дека книгата „Тероризмот и кризата на демо-
кратијата“ претставува фуриозна интелектуална
расправа за позицијата на слободната личност


низ историјата, во политичкиот живот, во умет-
носта и во одбраната на сопствената хумани-
стичка визија. Промотори беа и проф. д-р Бра-
нислав Саркањац и проф. д-р Сашо Коруновски,
ректор на Универзитетот во Битола.


БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ


ОДДЕЛ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ
УСЛУГА ЗА ВОЗРАСНИ


КАЗНА ЗА ГРЕВОТ – Јелена Бачиќ Алимпиќ
Ноќта кога дојдоа сватовите
КАЗНА ЗА ГРЕВОТ – Јелена Бачиќ Алимпиќ
Книга на спомените
КАЗНА ЗА ГРЕВОТ – Јелена Бачиќ Алимпиќ
Молитва за прошка
ЧИРАКОТ НА АРХИТЕКТОТ – Елиф Шафак
ГОЛЕМИ МАЛИ ЛАГИ – Лиен Мориарти
ТАЈНАТА НА СОПРУГОТ – Лиен Мориарти
МРАЧНИ МЕСТА – Џилијан Флин
ДЕВОЈЧЕТО НА ГРЕБЕНОТ– Лусинда Рајли
ШТО НОСАТ БРАНОВИТЕ – Карен Гилис
СЕНКИ ОД МИНАТОТО – Лусинда Рајли




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 201624


ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА


ШТО СОНУВАШЕ ДЕДО МРАЗ – Биљана
Црвенковска


ШАРМЕРИ ОД ОСМО – Велко Неделковски
ФРАГАРИЈА – Ралповска, М.
ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА ЗА
ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ПРИКАЗНИТЕ –


Биљана Станковска
ЧУДНИОТ СЛУЧАЈ НА ВУЛКАНОТ
СМРДИФЕРО – Џеронимо Стилтон
СРЦЕНЦА ОД ВЕДРО „А“ – Велко Неделк


овски
МОРСКИТЕ САНМОВИЛИ – Л. Френк Баум
СВЕТЛИНА НА ПРАЗНИНАТА – П. Димов


ски
ГРОТЕСКНИ ДЕЦА – В. Манчев
„МАЧКИ ДЕТЕКТИВИ“ – А. Готи, Д. Моро


синото


11. РОДНОКРАЈНА СРЕДБА


Подготвил д-р Николче Вељановски
библиотекар советник


Традиционалната Единаесетта роднокрај-
на средба на битолските писатели во Македо-
нија се одржа на 27 мај (петок), во простории-
те на Националната установа - Универзитетска
библиотека“Св.КлиментОхридски”Битола. Тр-
калезната маса беше на тема: “Препознатливо-
ста на мојот стил на изразување”. Секој писател
си има свој стил на пишување без оглед на тоаа
дали тој свесно го негува или не. Секако дека и
во поетското изразување како и во прозното из-
разување на писателот постои стил по кого чита-
телите можат да ги препознаат своите омилени
автори. На пр, Ремарк го препознаваме по крат-
ките реченици кои даваат сликовит приказ на си-
туациите и настаните кои ги опишува. Некои пи-
сатели се мајстори на наративниот стил на пи-
шување. Некои пишуваат обемни романи, други
пишуваат кратки, но тоа не ја намалува нивна-


та популарност. Некои писатели ги препознава-
ме како по темите кои ги обработуваат така и по
стилот кој е поврзан со нив. На некои писатели
им е многу битна пораката што треба да му ја
дадат на читателот. Дури и имаат и одредена фи-
лозофија која сакаат да ја наметнат. Други пак,
пишуваат возбудливо. Трети користат одредена
симболика. И во изнесувањето на најразлични-
те теми, од урбаната, руралната средина, војната
и сл., писателот тоа го прави со нему својствен
стил. Овој пат самиот писател треба се набљуду-
ва себеси од страна и ако не е доволно свесен за
својот стил да си го спореди со стилот на своите
колеги, па така некако да си го препознае својот
стил на изразување.


Но секако, споредувањето со другите коле-
ги ДА НЕ ГО ИЗНЕСУВА ВО СВОЈОТ ТЕКСТ!
Различитоста на стиловите може да дојде и од
начинот на комуницирањето со читателот, во
зависност дали е тоа преку имагинарното или
стварното, егзистенцијалното, фантастичното,
комичното, или трагичното пренесување на на-
станите и личностите од минатото, сегашноста
и иднината. Некои писатели ги негуваат и по-
етскиот и прозниот стил на изразување, и се-
како дека треба да бидат доволно свесни барем
за своите најпрепознатливи карактеристики од
страна на читателот.


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 2016 25


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


Вера Стојчевска Антиќ


МОЈОТ СТИЛ Е НАЈСУШТИНСКИ
ПОВРЗАН СО БИТОЛА


Помнам како во раното детство моите ро-
дители ме запишаа на претшколска настава во
Францускиот колеџ во Битола ...Колеџот беше
далеку од нашата куќа, при крајот на битолското
„Корзо“ или „Широк сокак“.Во тие први денови
учителката сер Мари, замонашена сестра, со го-
лема бела капа, извести дека не треба да збору-
ваме македонски, туку само француски. Ако не-
кој проговори македонски, или направи некаква
белја, ќе седи во магарешката клупа, со залепен
долг црвен јазик.


м-р Сања Мучкајева – Видановска


МОЈОТ СТИЛ Е ПОВРЗАН СО ЖЕНАТА


Го препознавам својот стил во романите, во
кого жената го носи столбот на целосната кон-
струкција, втемелено со женски ликови од мина-
тото, со свои препознатливи приказни, слика на
своето време. некогашно современие и денешна
реалност. Но не како женски родослов, зато што
во моето изразување жената не е на висок пие-
дестал, туку само столб на животот, еднаков со
столбот од другата страна – нејзиниот маж, со-
патник, љубовник.


Ванде Ганчевски


РЕФЛЕКСИВНОСТА НА СТИЛОТ

Секогаш настојувам мојот стил на пишување


да биде препознатлив и секогаш да комуницира
со приказотна делото од почетокот до крајот, но
и да ја држи комуникацијата со читателот, со


главните ликови, да биде зачуван низ описите
и дијалозите... Да ги активира вибрациитена ра-
дост, тага, здодевност, апатија, иронија, сила,
немоќ... И колку тој останува повпечатлив , знам
дека евентуалната дисхармонија, присутна низ
порите на дијалозите и приказите, станува за-
немарлива. Тогаш тој прави страст што делу-
ва како шлаг над описите, било да се љубовта,
блискоста, поврзаноста, омразата, разочарано-
ста, конфликтот, фрустрации...


Биљана Т. Димко


„СО ПИШУВАЊЕТО – ГО ОТКРИВАМ
ПОТЕКЛОТО НА МИСЛАТА“



Сакам да пишувам за несреќите со кои се


справува човекот во текот на неговиот живот, за-
тоа што, сметам дека единствено несреќата го
открива човековиот карактер и неговата живот-
на определба, и воопшто неговото справување
со предизвикот наречен живот.


Мојот стил на изразување е суров, поретко
нежен, и никогаш на ракописот не му означувам
крај.Занаетот- „пишување“ го учев од Димитар
Солев, Габриел Гарсија Маркез и Оноре де Бал-
зак.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 201626


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


Joван Ѓуровски
СТИЛ НА ИЗРАЗУВАЊЕ НЕ САМО


ЗА ЛИТЕРАТИ
По вокација сум професор по Македонски ја-


зик и литература,а не професионален писател.
Така ме третираат некои одамна познати и афир-
мирани наши литерати, а тоа придонесува дури
и јас самиот да се сметам за таков.А зошто? Мо-
жеби за таквиот став придонесува и мојот стил
на изразување, и тоа најповеќе!


Владимир Костов
ОКСИМЕРОН


Јас сум персонифициран во перото, а оној
што пишува со него, е мој пријател. А пријате-
лот – како што покажува историјата – кој е, ако
не оној кој ќе ти забие нож во грбот? Од таквите
мои сфаќања, сатирата во моите книжевни дела
е толку изострена што ударите, кои Илија ги за-
дава со боксот со цел да ја нокаутира хипокри-
зијата, се доживуваат како милувки... Не случај-
но како пример, преку кој може да се препознае
мојот стил на изразување го земам мојот роман
„Свадбата на Мара“ од причини што во него до-
минира оксимеронот како екстремна форма на
антитезата, карактеристична и за други мои кни-
жевни остварувања.


Проф. д-р Христо - Петрески

(НЕ)ПРЕПОЗНАТЛИВОСТА НА МОЈОТ


СТИЛ НА ИЗРАЗУВАЊЕ
А, каков е мојот (не)препизнатлив стил, ако


не: по малку загадочен и енигматичен, стварнос-
но иреален односно надреално реален, со пре-
сврти и изненадувања, со интеракција и отворен
крај...Всушност, јас сакам и ја испишувам есте-
тиката на секојдневието, на делникот и совреми-
ето, на обичниот, мал и осамен човек, зашто ли-
нијата границата од баналното до ингениозното-
понекогаш е толку тенка, флуидна и речиси не-
забележлива...


Ѓорѓи Прчков
ПРЕПОЗНАТЛИВОСТА Е


ЦЕЛОКУПНОСТ НА ОСОБЕНОСТИ
По вокација сум професор по Македонски ја-


зик и литература,а не професионален писател.
Така ме третираат некои одамна познати и афир-
мирани наши литерати, а тоа придонесува дури
и јас самиот да се сметам за таков.А зошто? Мо-
жеби за таквиот став придонесува и мојот стил
на изразување, и тоа најповеќе!


Богоја Таневски
ПИШУВАМ КРАТКИ ПЕСНИ


Моето творештво е поезија, иако имам некол-
ку прозни дела. Тематиката во моето творештво
е различна: пејсажна, социјална, интимна, љу-
бовна, историска и патриотска.


Мојот стил во поезијата е препознатлив по
тоа што моите песни се кратки, а и по темати-
ката што е застапена во мојата поезија... Во по-
веќето мои книги поезија, препознатлив стилот
е по тоа што пишувам за напуштањето за наши-
те села, односно пустењето на селата од мојот
роден крај, селата од Општината Новаци, а таа
тема е универзална, што значи се однесува и на
други села од Р. Македонија што се со слична
судбина.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 2016 27


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


Добре Тодоровски
ДАЛИ СУМ ПРЕПОЗНАТЛИВ ПО


СТИЛОТ НА ПИШУВАЊЕ?
Не сакав да наликувам на некој познат наш


автор или на некои од страна, со кои читателите
ќе ме споредуваат, а со тоа и ми даваат оцена за
мојот труд. Одлучив да имам свој стил, во кој ќе
го користам дијалектниот збор, односно прикази
кои се одвивале не така дамна, во кои главните
ликови нема да бидат поттикнати да го користат
литературниот говор, ами да се користи слобод-
ниот израз од секојденвието. Со тоа ми се чини
го ослободувам и ликот и се дава еден јасен из-
раз, пренесен до читателот, разбирливо, во из-
ворна форма. Како се работи за настани кај кои
главниот лик е обичен човек, не ми беше тешко
да го постигнам тоа. Колку сум успеал да ги за-
доволам вкусовите на читателите, оставам да су-
дат другите.


Проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска


КОЈА Е МОЈАТА ПЕСНА? – ОБИД
ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА


Како да зборувам за својата поезија и како да
зборувам за мојот стил на пишување кога тој не
е мој, кога јас не сум таа што го определува?Ка-
ко да зборувам за својот стил на пишување ко-
га мислата сама се организира во зборови на
тој начин што го препознава својот лик во ми-
говите на прасоздавањето и сеќавајќи се на


својата претходна манифестација, ја имитира
и ја пресоздава? И како да зборувам за тоа ка-
ко пишувам, кога прстите непослушни пред
рациото застануваат и кога невидлива рака од
светлина и темнина сочинета остава свој отпе-
чаток, а не мојата?



Петко Шипинкаровски


СВОЈСТВЕНОСТА ВО СВОИНАТА
НА ПИСАТЕЛОТ


Според народната фразеолошка синтагма
“Прави го тоа што други не сакаш да ти го пра-
ват“, кај мене, е мото водилка во градењето на
уметничкото дело (прозно или поетско) да се на-
пише сега, да влезе во историјата, да остане во
иднината... Така, кај мене се всади духот, или ко-
ренот на желбата да се трага по минатото, да се
снаоѓам во сегашноста, да го оставам бремето
на, за мене спознание на совремието: насладата
и задоволството, односно пораката на иднината.





БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 201628


Библиотеката е поделена на три дела, со вкуп-
на должина од 230 метри. Наубавиот дел е го-
лемиот ходник, долг 70 метри, широк 14 и ви-
сок 11 метри, каде се сместени околу 70 000 кни-
ги, кои се дел од 200 000 книжевни дела со кои
располага оваа библиотека. Ходникот е осветлен
со 48 прозорци, а светлината која рефлектира од
златно-белата внатрешност создава простор кој
плени со својата убавина. Таванот се состои од
7 куполи. Централната купола и сводовите се
украсени со фрески изработени од Бартоломео
Алтомонте (Bartolomeo Altomonte), а Јозеф Ста-
мел (Josef Stamel) ги изработил склуптурите, од
кои посебно се истакнуваат четири, кои симбо-
лично претставуваат Смрт, Последен суд, Рај
и Пекол. Во централната купола се наоѓа сцена
од Божественото Откровение. Барокниот стил и
склуптурите уште повеќе ја надополнуваат уба-
вината на оваа библиотека, кој многумина не
случајно ја нарекуваат осмо светско чудо.


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


МАНАСТИРСКИ КОМПЛЕКС АДМОНТ
(Admont Abbey)
Приредила Лидија Мирчевска
виш библиотекар

Во манастирскиот комплекс Адмонт (Admont


Abbey) се наоѓа најголемата манастирска би-
блиотека во светот. Манастирскиот комплекс се
наоѓа на самата граница на националниот парк
Gesause National Park, на крајбржјето на реката
Енс (Enns) во градот Адмонт, Р. Австрија. Нејзи-
ното име Admont значи во „планините“а ова име
го добила токму поради местоположбата која
нуди спектакуларни глетки на природни убави-
ни.


Познат по својата барокна архитектура мана-
стирот датира од 1074 година, а изграден е од
бенедиктинските монаси од Салзбург. Изград-
бата на библиотеката завршува во 1776 година.
Нејзината внатрешност е обновувана неколку
пати. Последната реставрација била од 2004-
2008 година и таа плени со својот гламурозен из-
глед. Нарачател на манастирскиот комплекс бил
свештеникот Матанс Офнер (Matthans Offner),
а бил изграден од страна на Јозеф Хуебер (Josef
Hueber) од Грац.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 2016 29


Сите љубители на уметноста и пишаниот збор
имаат можност во оваа библиотека да ги истра-
жуваат културните вредности: древните ракопи-
си кој датираат од 8 век, старата црковна, како
и медицинска и научна литература, a воедно и
1.400-те уникатни ракописи како и 530-те инку-
набули, меѓу кои посебно е значајна Библијата
од 11 век. Манастирот и библиотеката ги прежи-
веале Наполеоновите војни. Но, во 1865 година
се случил голем пожар кој ги уништил велелеп-
ните фрески на библиотеката, но за среќа книги-
те биле спасени.


Во овој мастирски комплекс има и два музеи,
кои заедно со библиотеката и прекрасната при-
рода на националниот парк, ги привлекуваат ту-
ристите од целиот свет.


ПИСАТЕЛОТ ВЛАДИМИР КОСТОВ
ПОЧЕСЕН АКАДЕМИК НА МАНУ


На 18. Изборно собрание на Македонската
академија на науките и уметностите одржано на
17 јуни 2015 година писателот Владимир Костов
е избран за нејзин почесен член. Даваме извадо-
ци од предлог - рефератот на Академијата:


Владимир Костов е роден во Битола 1932 год.
Основно образование и гимназија.


завршил во родниот град, а Филозофски фа-
култет во Скопје. Работел како професор на Пе-
дагошката академија при Универзитетот „Св.
Климент Охридски“ во Битола од нејзиното ос-
новање. Сега е во пензија. Бил еден од основачи-
те како и главен уредник на списанието „Разви-
ток“. Инаугуриран за доктор на филолошки нау-
ки при Универзитетот „Св. Климент Охридски“
Битола.


Има објавено 17 романи, 10 збирки новели и
раскази и 8 книги за деца и млади. Застапен е во
антологии на македонскиот расказ кај нас и во
светот. ... За литературната дејност одликуван е
со орден „Заслуги за народ со златен венец“. До-
бивник е на повеќе награди и признанија, меѓу
кои во два наврати наградата на градот Ботола
„4-ти Ноември“, како и трет пат за животно де-
ло, како и на републичките награди:


„11 Октомври“ за романот Црквичето 40 ма
ченици во Битола“;


„1 Мај“ за романот „Свадбата на Мара“;
„Рациново признание“ за романот „Битолска


хроника“;
Наградата на Друштвото на писателите на


Македонија „Ванчо Николески“ за романот
„Солза за Мите“;


„Гоцева повелба“ за литературна дејност итн..
Од 1967-та, кога Владимир Костов го објави


својот прв роман, „Лица со маски“, па се до по-
следниот „Дива Мисла“ (2014), минуваат, еве,
шест децении. Во сите овие години се појаву-
ваат неговите романи, новели и раскази, од кои,
повеќето од нив, спаѓаат меѓу најзначајните ан-
тологиски прозни дела печатени на начиот јазик,
а, притоа ние, со ретки исклучоци, не стасавме
да го констатираме и објасниме токму тој факт –
книжевниот феномен Владимир Костов, автор кој
спаѓа меѓу највидните раскажувачи што се поја-
вија во нашата литература во трите последни де-
цении на македонскиот книжевен XX и XXI век.


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 201630


атрофија? ... Човекот, според него, ја бара своја-
та среќа тукму таму каде што извираат сите не-
гови несреќи, па силата на злото растеше се до-
дека во нашиов век не ги достигна размерите на
атомската бомба.


Има ли тогаш спас за човекот? И големиот
проповедник на доброто, верникот во еден вечен
човек и еден среќен свет, писателот Владимир
Костов, капитулира со својата филантропија. Ро-
манот „Битолска хроника“ ја убива надежта во
неа. На човекот му нема спас. Оној што има па-
ри ќе оздраве, оној што има пари се колне на ви-
стинското место. Затоа воскликот во овој роман
што често го слушаме: М’ни, М’ни, како спод-
вижник на се во човечкиот род, е восклик кој
раѓа и убива се, од исконот до денес.


Ecce Historia!
Ecce homo!


СРЕДБА СО АНГЕЛА ФИЛОВСКА







Ученичка за седмо одделение при ОУ „Тодор


Ангелевски“ Битола, со полни единаесет годи-
ни. Како член на детското ликовно студио „Св.
Кирил и Методиј“ – Битола, на пет години го
освојува првото место на меѓународниот кон-
курс во Троа - Франција. На 9 години во 2013
години ја добива наградата Гранд При од Кан-
гава, Јапонија. Поезија пишува од својата ос-
ма година. Нејзина прва збирка беше ,,Животен
шепот‘‘ издадена во 2015 година. Повод за сред-
бата е нејзината втора збирка на песни „Ста-
кленца“ која беше промовирана од Милица Ди-
митријоска Радевска на 25.05 во малата сала на
Центарот за култура. „Инспирација може да ми
биде еден збор, идеја, настан, ситуација, а потоа
продолжувам да ги замислувам и така ги пишу-
вам своите песни. Ги пишувам во моментот како
ми доаѓаат на било какво ливче што ми е при ра-


СРЕДБА СО ...


Роден во Битола во 1932 г. Костов остана во
својот роден град да го векува целиот свој жи-
вот, а сета Битола пак да векува во неговата
обемна литература. Битола го најде во овој наш
автор својот редок книжевен хроничар. Тој ја
откри неа, нашата бабан Битола, во временски
распон од повеќе столетија... Многу од негови-
те книжевни теми кои се случуваат во битолски-
от ареал имаат универзално значење и само на
ограничената распространетост на јазикот на кој
тој пишува се должи фактот што Владимир Ко-
стов остана непознат во поширокиот балкански
и европски простор...


Владимир Костов ги испишува страниците на
своите дела, поаѓајќи од она што Ниче го кнаре-
куваше “amor fati” т.е. од љубовта кон судбина-
та, која според авторот на „Волја за моќ“ е нај-
плодното начело на постоењето. Него-
вите ликови пијат од праизворите и длабочините
на изворот. Тие не се оттргнати од сопствената
културна и историска традиција, туку произле-
гуваат од неа, произлегуваат од сопствените ми-
тови, религии, верувања. Тие се пренатрупани
со човечки маки и страдања, но и од борбата во
себеси да се извишат од еден почовечен и по-
среќен свет. Ја бараат земјата, а го откриваат не-
бото и летаат во неговиот бескрај. Го бараат и
донкихотски копнеат по еден почовечен свет, но
како сите до еден дазавршуваат со своите соп-
ствени морални ломови и бездни.


Владимир Костов е, несомнено моралист, но
тој е тоа не затоа што неговите ликови честопати
изгледаат како морални проповедници, туку за-
тоа што верува во моралната преобразба на чо-
вечкиот род. Ако таа верба ни се одземе, смета
тој, треба да кренеме раце од литературата, за-
што се што е човечко неразделно е поврзано со
неодминливото прашање: Чуму, чуму сето што
го презема човекот ако е се бесповратно изгубе-
но и ако се завршува во апсурд или во морална




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 2016 31


ка, па дури и картонче итн.“, рече Ангела. Мајка
и и ги препишува на компјутер. Тивка е и мал-
ку зборува. Не знае кое е значењето на одреде-
ни слики кои ни ги дава. Понекогаш пишува ка-
ко да е девојче, некогаш како да е жена, а неко-
гаш и во машки род, што и нејзе и изгледа чудно.
Секако дека Господ ставил зборови во нејзината
глава и засега не можеме да речеме дека е пое-
теса затоа што е многу млада, но дека може да
им биде пример на младите поети и поетеси за
тоа како треба да изгледа поетската мисла, тоа е
сигурно. Еве, што Ангела ми напиша за посвета
на нејзината прва збирка песни „Животен ше-
пот“: „Слушни го зборот од куќата на баба ми ...
Ја фаќам грубата рака на баба ми која на огледа-
ло ме гали“. Еве една нејзина песна која ја напи-
шала во еден здив откако се наљутила на час по
математика:





СРЕДБА СО ...




КОГА ОДЗЕМАШ БЕЗ ДА СОБИРАШ


Агломерот го мери твојот лик
прецртувајќи ги твоите контури
на небото на sвездите, во облаците...
Резултатите се испишуваат
врз белата табла, додека ТИ,
се криеш во трема,
под прозорецот...
Срцето ти чука низ капките
врз моите дланки...
Не плаши се!
Тоа е врвцата врзана
околу твојот мозок,
која досега не си ја одврзал,
само сега...
прегратките ме тераат
да го заборавам бројот
во буквата, врз книгата
на корицата, до крвта,
зад твојата отровна мисла,
во твојот оклоп,
на шилецот,
низ алката заплеткана
во белата длабочина.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.42 201632


ИМА ЛИ НАДЕЖ


Брановите ме турнаа
дури на другата страна.
Површините ме голтнаа,
мене и мојот леб.


Го извадив ножот...
И успеав да ја претепам маглата.
Но има уште нивоа и рунди.
Аги, бегови и паши
протегнале живот,
а јас стојам и чекам
да пристигнат следните
животни престојалишта.


Религиите се сменија,
а плеќите пропаднаа во својот ум и мисла.
Крвта се засуши во мраз
и остана трага за друг да ја пронајде,
па да си ја проба силата.


Земјата е надворешна кожа и збор,
а надежта е слама.
Ако ја немаш,
ќе се скине
како една обична жица.


МАЈКА НАД МАЈКИТЕ


Преку душата на дедо ми
Гледајќи ја месечината,
ја гледам мајка ми.
Таа ноќ беше многу тажна.
Јас бев само дете...
...Не разбирав и бев среќен...


Следниот ден видов како
ковчег извлекуваат
од мојот дом,
го прочитав името,
за да ги изгубам зборовите.
Се стрчав по ридот,
гушкајќи го ковчегот,
го почувствував допирот на мајка ми.


Одеднаш одблесок од минатото,
се враќа како рефлексија...
Ме викнаа да ги водам воловите,


СРЕДБА СО ...


оние што ја носеа мајка ми.
На грбот носев милион мисли,
требаше да и ги кажам,
Но ги закопав заедно со неа...
Денот кога се вратив,
ме дочека тишината,
се беше како без човек,
само јас и големиот свет.
Бог ми рече: „Ќе ти кажам тајна,
мајка ти е тука.
првата sвезда што ќе ти падне на око,
ТОА Е ТАА“.


ТИ БЕШЕ
На почетокот не беше жив,
беше нешто измислено,
во кое луѓето веруваа
и се уште веруваат.
Беше како испишана тетратка,
со мисли,
со чудесни зборови.
Ти беше мелодијата што излегуваше
од човечкиот срцев удар.
Ти беше обичен човек,
додека не стана сведок
на своето срце.
Меморирај се сега,
зашто повеќе нема да постоиш.
ти не си едноставен,
ти си загатка
која со векови чека
да биде решена.


КУЌАТА


Куќата во која се родив...
сега е запалена...
Тивко во мојата душа се слуша гласот
на човекот,
кој ми викаше да му подадам рака.
Во мојата мисла,
во моето чувство,
Куќата беше стара,
а беше парче од мојата душа.