СПИСАНИЕ НА НАЦИОНАЛНАТА УСТАНОВА
УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА
„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
Број 41 2015
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД
СПИСАНИЕ НА
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ
ОХРИДСКИ“, БИТОЛА
СОДРЖИНА
ИЗВЕШТАЈ ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА СО Р. ИТАЛИЈА
Приредил: Благој Николов, библиотекар советник........................................................2
РАЗВИТОК НА БИБЛИОГРАФСКИОТ ОПИС
Приредил: Наум Ефтимов, библиотекар............................................................................3
КОН ЈУБИЛЕЈНАТА 10-ТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА
Приредил: д-р Николче Вељановски, библиотекар советник.................................................7
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И
ПРЕДАВАЊА
Приредилa: Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар................................................................12
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“ 2015
Подготвила Јоланда Бошевска, библиотекар советник...........................................................18
КОН ВИСТИНАТА ЗА ПАВЕЛ ШАТЕВ
Рецезент: Радован П. Цветковски.................................................................................................29
РАЗГОВОР СО ПРОФ. Д-Р ДАНИЕЛА АНДОНОВСКА –ТРАЈКОВСКА И
ДОЦ. Д-Р ГОРДАНА СТОЈАНОСКА.........................................................................22
КНИГАТА - МОСТ НА ПРИЈАТЕЛСТВО.................................................................20
РАЗГОВОР СО СОЊА ЛЕЧКОВСКА.........................................................................24
РАЗГОВОР СО ЗЛАТКО ЛЕЧКОВСКИ.....................................................................27
Издавач
Национална установа
Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“, Битола
ул. Ленинова 39
За издавачот
Науме Ѓоргиевски, директор
Издавачки совет:
д-р Николче Вељановски,
претседател
Јоланда Бошевска
Гордана Марковска
Главен и одговорен уредник
д-р Николче Вељановски
Редакција:
д-р Николче Вељановски,
Јоланда Бошевска
Илче Стојановски
Лектура
Александар Димитров
Печати
Европа 92 - Кочани
Тираж
300 примероци
Тел/факс.: 047/ 220-208;
Тел.: 047/ 220-515;
Тел. на изд.: 047/ 232-999
www.nuub.mk
e-mail:@nuub.mk
Списанието е финансирано од
Министерството за култура на Република
Македонија
ISBN 1409 - 9497
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
2
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
ИЗВЕШТАЈ ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА СО
Р. ИТАЛИЈА
На седницата на Извршниот одбор на Библи-
отекарското здружение на Македонија, одржана
на 11. 09. 2015 година, разгледувајќи го проектот
за меѓународна соработка донесе заклучок да се
воспостави меѓународна соработка со Sistema
Bibliotecario Cittadino, општина Палермо,
Италија. Овој проект е финансиран од Министер-
ството за култура.
На 15. 09. 2015 година петточлена делегација
од БЗМ во состав: Благој Николов, претседател на
БЗМ, Охридија Лазарева, член на ИО на БЗМ и
членовите Анета Стефановска, Анита Ангелевска
и Дивна Грданова Караџова во попладневните ча-
сови заминаа за Палермо, Италија.
Во Палермо, делегацијата пристигна на
16.09.2015 г.во поладневните часови и смести во
хотелот. Утредента на 17.09.2015 г. ја посетивме
Библиотеката Sistema Bibliotecario Cittadino
и воспоставивме првични контакти со директо-
рот Филипо Гутусо. Во текот на средбата беше
поставена изложбата на изданија на Национал-
ните установи Универзитетска библиотека „Св.
Климент Охридски“ – Битола, Универзитетска
библиотека „Гоце Делчев“ – Штип и Библиотеката
„Григор Прличев“ – Охрид.
Директорот Филипо Гутусо подетално ни ја
претстави и не запозна со работата и функциони-
рањето на нивната библиотека, а со колегите раз-
менавме искуства околу стручното работење. На
Приредил: Благој Николов,
библиотекар советник
крајот од средбата се договоривме утрешниот ден
да се искористи за претставување на БЗМ и биб-
лиотеките, отворање на изложба на изданијата од
трите библиотеки и нивно подарување, со кои во
Библиотеката ќе бидеме присутни и презентира-
ни како градови и држава и промоција на книгата
Библиотеките во Битола.
Следниот ден на 18. 09. 2015 година при пов-
торната посета на Библиотеката, чест ни ука-
жа советникот во одделот за култура на градот
Палермо Andrea Cusumano со кого подетално
продискутиравме околу потпишување на дого-
вор/протокол за соработка меѓу библиотеката и
БЗМ, за што добивме убедување дека локална-
та самоуправа, тој чин, на нареден состанок ќе
го поддржи. Понатаму претставени беа БЗМ од
страна на Благој Николов, НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола од Анета Стефановска, а
Охридија Лазаревска ги претстави Библиотеки-
те од Охрид и Штип. Промовирана беше книгата
Библиотеките во Битола од Анета Стефановска
и Науме Ѓоргиевски, промотор Анита Ангелевска
и реализирани беа задачите предвидени од прет-
ходниот ден. Разговарано беше за вклучување на
некоја библиотека од членките на БЗМ во европ-
ски проект со кој тие ќе конкурираат. Отворена
беше изложбата на изданијата на трите библи-
отеки со вкупен број од 74 публикации, а потоа
беше донирана на библиотека - домаќин.
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
3
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
Каталозите секогаш биле поврзувачки систем
меѓу корисниците и документираните извори на
информации, кумулирани во библиотеките. Нив-
ното значење се утврдува уште од минатото, но за
На 19. 09. 2015 година на предлог на еден
од домаќините го разгледавме стариот град и
посетивме повеќе знаменити објекти.
На 20.09.2015 г. во утринските часови за-
минавме за Битола. Во Битола пристигнавме
во попладневните часови на 21.09.2015 година.
РАЗВИТОК НА БИБЛИОГРАФСКИОТ ОПИС
сериозен научен развој на теоријата на каталоги-
зацијата можеме да зборуваме одвај од втората
половина на 19-от век.
Брзото зголемување на библиотечните фон-
дови на водечките европски библиотеки се повеќе
создава тешкотии во составувањето на каталози-
те во вид на ракописна книга. Еден од првите ре-
ализатори на идејата за каталог, изграден со кар-
тички, е французинот Розие (Rozier) (1734-1793).
Во 1775 г. тој го споделува својот обид за корис-
тење на картичките, која секоја го содржи описот
на само една книга.1
Првите национални каталогизациски правила
во Франција од 1791 г. целосно се орентирани кон
создавање на каталози со фиши.
Во првата половина на 18-от век формата на
1 Shera, J. H. Research and development in documentation. //Li-
brary trends, 1957, № 2, p. 187.
Приредил: Наум Ефтимов,
библиотекар советник
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
4
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
каталогот во вид на список веќе живее. Во практи-
ката тоа продолжува да се користи и во 19-от век,
бавно го отстапува местото на каталозите со фиши.
Карактеристично за 18-от век е издавањето на
печатени каталози на големите библиотеки во све-
тот, кои денеска се најценети извори за изучување
на фондот на литературата од тоа време, за соста-
вот на книжните фондови, за принципите на избо-
рот на литературата, за методите на описот, како и
користењето на класификациските системи.
Предноста на каталозите со фиши, започну-
ваат постепено да се осознаваат од библиотека-
рите во многу земји. Низ 19-от век каталогот со
фиши проникнува се пошироко во практиката на
националните библиотеки во Европа и од втората
половина на векот тој е претпочитана и основна
каталожна форма.
Центри за развој на каталогизаторската тео-
рија најчесто стануваат националните библиоте-
ки. Во Европа теоријата за библиографскиот опис
на книгите и составувањето на азбучниот ката-
лог добива брз развој во работата, спроведена во
врска со составувањето на азбучниот каталог на
Библиотеката на Британскиот музеј.
Развитокот на теоријата и прак тиката на аз -
бучниот ка та лог во Европа е сврзано со и ме то на
Ан то нио Пани ци (Anto nio Panizzi) (1797-1879),
ги разработил познатите „Правила за составување
на каталог“ на биб лио теката на Бри тан ски от музеј.
Тие добиваат го лема про чуеност под на зивот „Де-
ве де сет и едно пра-
ви ло на Па ни ци“
и станува ат „ве ли-
чес твен до ку мент“
за сите след ни ка-
та ло ги за тор ски ин-
струкции.
Важно е да се
истакне, дека во
сво ите „Правила“
Па ници точно ги
објаснува две те за-
дачи на азбучниот
ка талог, кој и до ден
денес се сметаат за
основни: да покаже дали библиотеката има опре-
делена книга и да собере под една и иста форма на
редниот збор книгите на определен автор, како и
сите изданија и преводи на определена книга. Ва-
жно принци пиелно зна чење има и препораката на
Па ници, публикациите на установата и организа-
циите да се опишуваат под „колективен автор“ и на
таков начин да се
раши ру ва созна-
нието „автор“. Во
инстрикциите на
Паници се при-
знава и приори-
тетот на наслов-
ната стра ница за
опишувањето.
Суштествен
придонес во тео-
ријата за библио-
графскиот опис од вто рата поло ви на на 19-от век
се и двете ин струк ции на американците Чарлс Ц.
Џјуит (Charles C. Jewett) (1816-1868) и Чарлс А.
Катер (Charles
A. Cutter) (1837-
1907). Во 1841 г.
Џју ит ја предво-
ди библиотеката
на универзите-
тот „Браун“, во
кој создава ори-
гинален систем
од каталози, кои
понатаму се при-
фатени од многу американски библиотеки и пред-
извикале интерес и во Европа. Од 1848 г. следните
десет години е библиотекар во Смитсонови от ин-
ститут во Ва шинг тон, каде про должува да ра бо ти
на про бле мите на ка та ло ги за ци ја та, каде што соз-
да ва и проект за изработување на своден каталог
на книгите, кои се наоѓале во јавните библиотеки
на САД, врз основа на централно отпечатени ката-
ложни картички. Во 1850 г. тој создава инструкции
за опис на книгите кои се состоеле од 33 правила,
во кои ја препорачува употребата на еднообразна
форма на редниот збор опис на книгата, издадена
под различни форми на името на авторот. За раз-Ан то нио Пани ци
Џејмс Џјуит
Џејмс Катер
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
5
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
лика од Паници, тој препорачува книгите, издаде-
ни под псевдоним, да се опишуваат под вистинско-
то име на авторот, кое е несомнено чекор напред
во теоријата на библиографскиот опис. Џјуит ги
усовршува и правилата за описот под колективен
автор, кои имаат влијание врз развитокот на тео-
ријата на каталогизацијата. Џјуит во последните 10
години од животот ја раководи познатата Бостон-
ска јавна библиотека, во која ги приложува своите
познавања од каталогизацијата. Во 1869 г. местото
го наследува Чарлс Катер и тука ја создава својата
„Експанзивна класификација“ (1879-1898), врз која
се засноваат и познатите „Авторски таблици“, кои
и ден денеска се користат во многу библиотеки во
целиот свет при редењето на книгите во полиците.
Од 1874 до 1882 г. Катер го изработува и го публи-
кува петтомниот каталог на Бостонскиот Атенеум,
составен врз основа на правилата на Џјуит. Во 1876
г. целата своја научна концепција ја изложува во
„Специјален реферат“ во два дела и го доставува до
Американската дирекција за образование која пак
во тоа време управува со сите јавни библиотеки во
САД. Се состои од два дела. Првиот дел е „Библио-
течни каталози“, а вториот дел ги содржи „Правила
за составување на каталог на речници“. Двата доку-
менти се најавторитетните библиотекарски трудо-
ви, создадени во втората половина на 19-от век.
Како последица од работат на Катер за созда-
вањето на каталог на речници тој успева точно и
логично да изведе и некои основни принципи на
библиографскиот опис, кој изигрува суштествена
улога за развитокот на теоријата на каталогиза-
цијата во светот.
Уште во 1869 г. тој објаснува: „Сега сите пра-
вила можат да бидат сведени со два основни прин-
ципи: првиот е дека книгите треба да бидат опи-
шани под името на нивните автори или редактори
(кај зборниците), или под насловот на установата,
која е носител на одговорноста на изданието. Вто-
риот се состои од тоа дека ако тие се непознати, во
реден збор треба да се постави првиот збор од на-
словот, кога тој не е член или предлог“.2 Сфаќање-
то за неопходноста сите дела на еден автор да
бидат поставени во каталог под една иста форма
2 Lubetzky, Seymour. Cataloging Rules and Principes. – Waching-
ton, 153, p. 42.
на името го излага во „Правилата“ на следниот
начин: „Во однос на авторскиот опис треба да на-
помнеме дека неговата цел не е само во тоа да го
олесни наоѓањето на определена книги по името
на авторот. Ако со тоа се исцрпуваат неговите за-
дачи, би било подобро да го составиме описот под
форма на името дадено на насловната страница,
но ние сме должни да се соочуваме и со една дру-
га негова цел –овозможување преглед на сите дела
на еден автор, кои ги има во фондот на библио-
теката“.3 За Катер е особено важно во азбучниот
каталог да не се одразат литературните појави во
вид на посебни изданија, а да се изгради целосен
комплекс од делата на еден автор, јавувајќи се како
алка во општиот литературен процес. Создавајќи
ги правилата за описот, Катер секогаш дава пред-
ност за олеснување на пребарувањето од страна
на читателот пред удобноста на каталогизаторот.
Во 1901 г. Библиотеката на Конгресот го по-
ставува почетокот на централизираното отпе-
чатување на каталожните картички во САД. Во
врска со тоа ALA го поставува прашањето за во-
ведување на единствени правила за библиограф-
скиот опис, еднакви со тие кои ги користи Библи-
отеката на Конгресот. Отпечатени се во 1902 и во
1904 г. и тие во најголем степен се потпираат врз
правилата создадени од Катер.
Правилата за библиографскиот опис и „Пра ви ла
за составува ње на каталог на реч ници“, кој од 1876 до
1904 г. пре трпува 4
изда ни ја, а подоцна
про дол жува да рас-
те бро јот на издани-
ја та се зна чаен ли-
чен придонес на
Ка тар не само за
аме риканското би-
блио текарство туку
и за светското биб-
лиотекарство.
* * *Големо зна-
чење на ин струк-
ци јата на Катер се
пот врду ва со ви-
3 Cater, Ch. A. Rules for a Dictionary Catalog. – Wachington,
1904, p 42.
С. Р. Ранганатан
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
6
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
сока оценка која ја добива 90 години покасно од
познатиот индиски библиотекарски науч ник С.
Р. Ранганатан (S. R. Ran ga nathan), кој се утвр-
дува во свет ското библиотекарство со трудови
од областа на каталогизацијата и класификација-
та. На каталозите тој ги посветува фундаментал-
ните книги „Теорија на библиотечниот каталог“
(„Theory of Library catalogue“, 1938), „Библи-
отечен каталог, основни процедури“ („Library
Catalogue, Fundamentals and procedure“,
1950) – труд, поврзувајќи ги истовремено функ-
циите на практичното раководство, помагало
по методика на предавањето и за самостојна-
та подготовка, „Практикум по каталогизација“
(„Cataloguing Practice“, 1975). Ранганатан на-
пиша и самостојни монографии, посветени на
одделни видови каталози: азбучен, систематски,
предметен, кои се реиздадени неколку пати.
Во 1955 г. Рангантан за „Правилата за со-
ставување на каталог на речници“ на Катер го
пишува следното: „Тие несомнено се кла си чен
производ. Тие се бесмртни. Нивното вли ја ние
било несов лад ливо. Тие по доцна се претвора-
ат во ос но вен извор за создавање на подоцните
правила на англискиот јазик.“4 * * *
Истовреме но со раз ра бот ката на прави ла за
опис во САД и Ан глија, аналог но се раз ра бо тувале
и во Гер манија. Сериозна дејност, која има вли ја-
ние на ка та ло ги затор ската практика во зем јите на
Централна Ев ро па развива биб лиотекарот Карл
Дзјацко (Karl
Dziatzko) (1842-
1903), кој во 1872
г. ја раководи
Кралската и Уни-
верзитетска биб-
лиотека во Бре-
слау (денешен
Вроцлав). Тој ја
изработува река-
толигизацијата
на фондот и
соз дава азбучен
ка та лог на ка-
4 Rangantan, S. R. Heading and canons: Comparative study of
» ve catalogue codes. Madras et London, 1955. P. 15.
таложни картички. Како резултат на таа негова
работа, во 1886 г. ја издава книгата „Инструкции
за картички. Како резултат на таа негова рабо-
та, во 1886 г. ја издава книга та „Инструкции за
подредување на описите во азбучен картичен ка-
талог на Кралската и Универзитетска библиотека
во Бреслау“5 и оваа книга во 1890 г. е преведена на
англиски јазик од американскиот библиотекар К.
Линдерфелт (К Линдерфелт). Инструкцијата брзо
добива популарност и од 1892 г. се користи во
сите пруски библиотеки, иако во нејзината основа
Дзјацко ги поставува традиционалните правила
за опишување, користени во каталогизациската
практика на европските библиотеки. Разликувајќи
се суштествено од англо-американскиот систем
за опишување, таа се карактеризира со доста сла-
бости, кои ја предодредуваат нејзината конзерва-
тивност, што доведува до брзо губење на нејзини-
от авторитет. Каталозите на бројни библиотеки
во Германија, Австрија, Чешка, Полска, Шведска,
Данска, Норвешка и Швајцарија, изградени врз ос-
нова на пруската инструкција, тешко се користат и
од самите Германци. Затоа, таа е повеќе пати кри-
тикувана, а по Втората светска војна многу гер-
мански библиотеки се откажуваат од неа.
Од 1905 г. американската и англиската катало-
гизациска комисија работат заеднички и во 1907
г. подготвуваат, а во 1908 г. и публикуваат во две
паралелни изданија (американско и англиско)
„Правила за составување на каталог по автори и
наслови.“6 Англо-американската инструкција, во
која се формулирани основните принципи на со-
времениот библиографски опис, има доста силни
страни, поради кое се применуваат во каталогиза-
циската практика во многу библиотеки во Аме-
рика, Европа и Азија и практично имаат најсилно
влијание во светот при создавањето на општова-
жечки правила во сферата на каталогизацијата.
5 Dziatzko, Karl. Instruktion für die Ordnung der Titel im al-
phabetischen Zettelkatalog der Königlichen und Universitätsbibliotèk
zu Breslau, 1886.
6 Catalog rules : Author and title entries / Comp. by
the committees of the American library assoc. and of the
British library assoc. – Boston et London, 1908. – 16, 66 p.
Карл Дзјацко
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
7
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
Приредил: Николче Вељановски,
библиотекар советник
КОН ЈУБИЛЕЈНАТА 10-ТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА
Поминаа 10 Тркалезни маси, почнувајќи од
2005 година (само 2006 година Средбата не се одр-
жа) со 10 различни теми на кои писателите се јаву-
ваа со свои излагања. Можам да речам дека имаше
и прекрасни текстови, а темите беа разновидни:
1. „Универзалноста на роднокрајната идеја
во литературното творештво на родно-
крајните битолски автори“;
2. „Авторот за спецификите на своето тво-
рештво“;
3. „Главниот лик – проекција на авторовата
визија“;
4. Сонот како стварност во моето тво-
рештво“;
5. „Мојот несекојдневен оригинален лик“;
6. „Потребата од религиозен лик во моето
творештво“;
7. „Жената – муза на моето творештво“;
8. „Моите ликови – страдалници со силен
копнеж по среќата“;
9. „Мојата писателска работа – творечко дело
или заблуда“;
10. „Творечката имагинација и уметникот во
моите дела“.
ОВОЈ ПАТ ТЕМАТА НА ТРКАЛЕЗНА
МАСА “ТВОРЕЧКАТА ИМАГИНАЦИЈА И
УМЕТНИКОТ ВО МОИТЕ ДЕЛА“
Во изминатите броеви имавме различни теми
во поглед на ликовите, нивната оригиналност,
религиозност и стварност, но досега писателите
не пишуваа за своите имагинарни ликови – целта
заради која ги создале и на кој начин биле проек-
тирани врз читателот. Во колкава мера се прифа-
тени како стварни со своите квалитети и маани
зависи од умешноста на уметникот во писате-
лот да создаде универзален лик во зависност од
улогата, за да биде препознаен од страна на чи-
тателот. Читателот често ужива во цела таа има-
гинација на писателот, дури и без да се запраша
дали е ликот имагинарен или реален. Честопати,
во едно исто дело ликовите можат да бидат ис-
преплетени; имагинарни и стварни. Творечката
имагинација на писателот е неограничена. Него-
во лично право е како ќе ги претстави ликовите
во делото. Секако дека творечката имагинација
зависи од способноста на писателот да му даде
уметнички израз на неговото дело, а притоа да не
ја изгуби реалноста на улогите и настаните. Од
една страна, симболиката на улогите на ликовите
искажана преку мајсторисувањето со зборот во
однос на нивното сликовито изнесување во дело-
то, всушност претставува мерило за длабочината
на философскиот ум и уметничкиот израз со кој
располага писателот во сета своја скромност и
љубов кон читателот. Од друга страна пак, писа-
телот треба да е свесен во колкава мерка таквиот
уметнички израз допира до читателот, односно
во колкава мерка го прифаќа како стил на пишу-
вање што може да доведе до лесно прифаќање,
или одбивање на она што писателот сака да му го
соопшти. Едноставно кажано, ваквата тема бара
од писателите да ја искажат својата „свесност“ за
начинот на кој „се обраќаат“ до читателите, затоа
што кај некои писатели кај кои истата ја нема се
„заљубени“ во своите зборови, реченици, разми-
сли ... итн. Каде е тогаш творечкото, уметничко-
то, ВРЕДНОТО?
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
8
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
Вера Стојчевска Антиќ
ИМАГИНАЦИЈАТА НА ЕДЕН
НЕСЕКОЈДНЕВЕН ЛИК
Имено во мојот ран развој, свртена со љубов
кон уметничкото творештво, толку многу се од-
далечив од тлото на кое живеев, што се искачив
високо над земјата, создавајќи исклучително има-
гинарни личности и појави, особено во моите
прозни состави „Зелените витрини“. Со оглед на
моите бројни настапи во странство, насочени кон
македонистичката проблематика, поривот ги из-
роди моите бројни објавени патописи.
Димитар Богдановски
ИМАГИНАЦИЈАТА ВО МОИТЕ
ЛИТЕРАТУРНИ ДЕЛА
По мое лично мислење ни во едно литературно
дело независно од неговиот квалитет или големина
не е можно отсуството на имагинацијата како своеви-
ден литартурен елемент. Имагинацијата како дефи-
ниран израз неограничено е присутна во мојот прв
роман „Мислочитачот“, по својата природа исклу-
чиво фантастичен роман, каде неопходните реалис-
тични делови се делумно присутни. Во останатите од
мене издадени романи реалниот карактер доминира,
во нив имагинарноста е ограничено присутна.
Проф. д-р Благоја Брајановски
ПРЕКУ ТВОРЕЧКАТА ФАНТАЗИЈА
(МЕЧТА) ВО ДЕЛАТА, УМЕТНИКОТ ГО
ПОУЧУВА ЧОВЕШТВОТО
Мештата не се манифестира само во моментот
на создавањето на делото на/од писателот. туку таа
е постојана со него, составен дел е на неговото по-
стоење. Со други зборови, мештата. иако навидум,
така изгледа како да не е пресудна во мотивирање-
то писателот да седне и да создава уметничко дело,
туку, напротив, таа е пресудна, бидејќи таа е нераз-
делена од суштината на неговото постоење, колку е
поголема мечтата (фантазијата) на творецот, толку
е побогато и поразновидно неговото творештво.
Фантазијата, мечтата на уметникот е вид на потра-
га по вистината бидејќи и недвојбено е дека висти-
ната е една, но секој различно ја толкува.
Весна Мундишевска-Велјановска
ИМАГИНАТИВНА ИНТРОСПЕКЦИЈА ВО
БЕСПРОСТОРОТ НА ЗБОРОТ
Поетската книга „ДвОглед“ не е само двојно гле-
дање, двоен глед, туку е и оглед и соглед, еден прис-
тап кој ги сублимира турбуленциите на секојднев-
ните опстојби и психолошките реакции од нив во
една модерна естетика на егзистенцијализмот.
М-р Сања Мучкајева Видановска
ДЕСЕТТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА
НА БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ВО
МАКЕДОНИЈА
Дали неограничената творечка имагинација е
истовремено и стапица во која влегува самиот пи-
сател при неговиот обид ликовите да ги приближи
до читателот со прецизна дозираност, а да не го
изгуби уметничкиот израз на себеоткривањето?
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
9
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
Ванде Ганчевски
УМЕТНИЧКАТА МАГИЈА НА
ПИСАТЕЛСКИОТ ЗАНАЕТ
Само низ пишувањето творечката имагина-
ција ми се доближува до реалноста низ давежот
на времето и низ мојата рамнодушност за него.
Едноставно заборавав на времето, не мислев за
вчера, за утре... Се напишано, дојдено или зами-
нато беше мојата опсесија, велам сега болна, зара-
зена од вирус за пишување, против коja нема лек.
Биљана Т. Димко
„МОИТЕ ЛИКОВИ СЕ ВИСТИНСКИ,
НАСПРОТИ РЕАЛНОСТА“
Во моите дела, ликовите не ги измислувам, тие
се дури поживи од мене, со нив многу полесно се
разбирам отколку со себеси… Сите ликови кои ги
имам делумно или целосно разработено, негде ги
имам сретнато, сум имала некаква комуникација,
вербална, невербалана, сме купувале заедно детер-
генти во продавница, заедно сме плаќале смет-
ки во поштата....ми побарале пенкало на заем, ме
прашале колку е часот.... накратко, тоа се моите ли-
кови... тие, така како суров материјал се внесуваат
во моите мисли и на некој начин сам по себе, таков
што не може да се објасни ми се откриваат, и тие и
случувањата околу нив и така јас ги откривам.
Петре Димовски
ИМАГИНАЦИЈАТА МУ ВДАХНУВА
ДУША НА ДЕЛОТО
Чинот на создавањето, чинот на творечката
имагинација ги обединува мислата и духот. Инспи-
рацијата ја наоѓам, колку од реалниот свет низ кој
минувам, толку и од имагинацијата која низ мене
минува. Но, минувајќи, таа има моќ и посилно да ме
понесе, до границите кога целосно излегувам од ре-
алниот свет а за тоа постанувам свесен кога повтор-
но се враќам во него, кога творечкиот чин завршува.
… И најреалистичните ликови во моите дела
се облагородени со творечката благотворност на
имагинацијата.
Јован Ѓуровски
ВРЕДНОТО Е ВО ЧИТАТЕЛОТ
Самото,,пресоздавање” на еден изживеан
живот со зборови, и филозофијата на авторот, е
фантазирање, имагинација, затоа што писателот
си поставил некоја тема, идеја што сакал да ја
разработи и оствари. Темата и идејата ја избира
авторот, а не ја одредува животот.
Каде е сега уметничкото, творечкото, вредното?!
Вредното е во читателот! … Јас пишувам за оние
кои ги разбираат моите романи и ги читаат од
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
10
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
шувајќи за македонската историја тоа го чинеше
како никој друг посонцељубиво. Аво науката науч-
но, во литературната критика критички воздржано.
Гордана Михаилова Бошнакоска
МУЗИЧАРОТ, БОСТАНОТ И ЖЕНАТА
Многу одамна на моите почетоци, бидејќи и
покрај поезијата ме привлекуваше и прозата, ме
изненади и самата мене едно наметнато, речиси
ненамерно размислување. тали може темата за
позија- песна, да стане тема на расказ и обратно
темата на расказонт да стане песна. Значи боста-
нот требаше да добие една поетизација во смисла
на целата песна. Имено се наметнува чуството. а и
осетот за крцкањето на лубеницата кога се сече и
мирисот на дињата. Овие овоштија се издвоија во
мојата свест и во тој миг, како доминантната ка-
рактеристика за нешто сугерира топлина, сладост
омекнати осети, за благодетите на летотот.
Проф. д-р Христо Петрески
КОЈ-ДРУГИОТ?
Но, така е во животот: не за кого е печено, туку
за кого е речено, и обратно. Другиот е постојано
некој друг, погрд и полош од самите нас, а многу
поретко и поубав и подобар од сите други.
И да е така, кој тоа ќе му го признае на другиот,
кога сме сите толку многу возбудени и вљубени во
почеток до крај, без да ги остават од рака. Ете ова
го сметам, за уметничко, творечко, вредно, а се
друго е споредно!
Владимир Костов
ТВОРЕЧКАТА ИМАГИНАЦИЈА -
УТОПИЈА И РЕАЛНОСТ
Без да поседува творечка моќ, писателот не
е во состојба да создаде литературн атворба.
Во отсуство на „мимезис“, неговите записи ќе
бидат мртви зборови испишани на хартија. Да
го отелотвориш зборот и да го оживееш, треба
да си надарен, односно проникнат со Божји
дух. Според мене, ако (парадоксално) младиот
писател не е стар, а стариот млад, од нив не
може да произлезе уметничко дело, што може да
се потврди со примерите на Гете, кој на својата
осумдесетгодишна возраст пишувал љубовни
песни, а Рембо, осумнаесетгодишен, пишуваше
песни проткаени со филозофска рефлексија.
Никола Кочовски
ИМАГИНАРНОТО КАЈ ПИСАТЕЛОТ
Што се случува при употребата на сликовитиот
јазик? Комбинирање, пресоздавање на сликата
што ја даваме како вистина, така што таа станува
почитлива, подобро приемчива за читателот, а без
никаква загуба во самата вистинитост. Не е ли тоа
наше комбинирање, пресоздавање елементарен
и всушност непрестајно употребуван вид на
имагинацијата, или со попознатата заемка кажано:
на фантазијата во работата на писателите?
Панде Манојлов
„За Гане Тодоровски пет години посмртно“
НЕИМАГИНАРНИОТ ЛИК НА
ВЕЛИКАНОТ ГАНЕ ТОДОРОВСКИ
Пеејќи за татковината, Гане пееше. како никој
пред него со препознатлив и автохтон јазик, а пи-
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
11
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
м..., јадат и с..., љубат и мразат, молчат и се караат,
па црното го прават бело, а белото црно и се така
во круг, да не знае и да не види никој друг...
Ѓорѓи Прчков
ТВОРЕЧКАТА ИМАГИНАЦИЈА И
УМЕТНИКОТ ВО МОИТЕ ДЕЛА
Секако творечката имагинација на еден автор
не смее да дозволи читателот да се дезориентира и
покрај неговиот компас, да ја загуби перцепција-
та на реалноста на улогите и настаните. Стилот
на пишување на авторот може да доведе до лесно
прифаќање или одбивање на тоа што сакаше да
биде соопштено. Читателот често ужива во цела
таа имагинација на писателот, дури и без да се за-
праша дали е ликот имагинарен или реален, дали
му е дозволено да погреши или не.
Добре Тодоровски
УМЕТНОСТА ВО РАКОПИСОТ
Една општо прифатена дефиниција, умет-
носта ја дефинира, цитирам: ,,Како авторова деј-
ност која има за цел да ги стимулира човековите
чувства, духот и умот“. Оттаму произлегува дека
намерата на уметникот, во конкретниов случај
пи-сателот е со своето умеење, знаење, имагина-
ција и креативност, на хартија да ги пренесе него-
вите замисли, психолошки состојби и емоции.
Петко Шипинкаровски,
ТВОРЕЧКАТА ИМАГИНАЦИЈА И
УМЕТНИКОТ ВО МОИТЕ ДЕЛА
Личното доживување и познавањето на приказна
и носечките ликови, било тоа да се имагинарни
или реални, претставува битен елемент и фактор
во играњето на дадената улога, од една страна, и
способноста на авторот, како што е и поставено
во тезите на темата, низ философскиот и умет-
ничкиот израз, да ги долови, етаблира и елабори-
ра низ пишаното четиво.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
12
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
Книгата не само што е мост на пријателството
туку е и мост до знаењето. Во ерата кога дигитали-
зацијата се шири во сите сегменти од животот, кни-
гата е таа што се уште зазема посебно место кај оние
што сакаат да ја читаат, „Средбата со читателите е
многу важна, има повратен репер, најпрво како ги
прифаќаат моите книги, колку ја сакаат литерату-
рата. Можам да кажам дека не сум од оние скепти-
ци кои велат дека сегашните деца не читаат книги.
Оние што читаат , тоа извонредно го прават, умеат
да разговараат, да прашуваат, да ставаат забелеш-
ки. Јас сум одушевен од оваа генерација на читате-
ли, вели Горјан Петрески. “Детската литература не
зазема голем простор, но Петрески верува во до-
бри моменти за оваа литература. Ваквите моменти,
како денешниот настан, се едни од оние што само
може да придонесат во подобрувањето на состојби-
те во литературата за деца и млади.Горјан Петрески
е еден од ретките автори кој постојано е присутен
на вакви настани и како што вели, бил сакоро во
сите училишта и библиотеки во државата. На за-
едничките дружби со младите читатели учествува
со големо задоволство затоа што токму на такви-
те средби може да се направи нешто повеќе околу
популаризацијата на книгата и да им се покаже на
младите дека навистина „Книгата е мост на прија-
телство“ како што е насловен и денешниот настан.
16.07.2015
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И
ПРЕДАВАЊА
Приредила: Приредила Фатма Бајрам Аземовска
библиотекар
„КНИГАТА МОСТ НА ПРИЈАТЕЛСТВО“
координатори на проект Ленче Андоновска, библиотекар
советник, Гордана Пешевска, виш библиотекар
„Книгата мост на пријателство“ е проект
што се реализира во новата читална на НУУБ Св
Климент Охридски, наменет за најмладата чита-
телска публика. Познатиот автор на детска лите-
ратура Горјан Петрески оствари средба со децата
што ја посетуваат оваа читална и преку разговор
се обиде да им објасне колку е важно читањето на
книги во развојот на децата и младите.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
13
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
20.07.2015
„ЧИТАМЕ СИТЕ ЗАЕДНО“
Координатор на проектот Фатма Бајрам Аземовска
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
во рамките на БИТФЕСТ 2015 започна со спро-
ведување на проектот „Читаме сите заедно“.
Следејќи ги светските трендови и текови на
развој на библиотеките, со овој проект се нудат
современи алтернативни форми на промоција
и популаризација на книгата поврзувајќи ги
културата на читање книги со општата култура
и цивилизацискиот развој на Битола.
Во спроведувањето се вклучени значајни
личности од јавниот живот на Битола љубители
на книгата кои преку својата животна приказна
им го претставуваат значењето на книгите во
постигнувањето на нивниот успех.
На денешниот настан присутни беа Дими-
тар Андоновски – естраден уметник, Маја Андо-
новска Илијевска - актер, доцент д-р Валетнина
Илиева почесен конзул на Република Австрија во
Република Македонија, Жанета Михајлова – вос-
питувач, Мартин Николовски – средношколец,
Иван Марковски поранешен ракометен репрезен-
тативец, Радован П. Цветковски – писател, Неда
Маретиќ – новинар и тв водител и д-р Ели Тасев-
ска Димовска – специјалист педијатар.
Децата имаа можност да дознаат како книгите
влијаеле на нив да станат успешни и кои им биле
омилените книги како деца.
29.07.2015
„СО ЧИТАЊЕ НА КНИГА ДО
НАЈДОБРАТА ПОРАКА И ЛИЧНОСТ“
НУУБ „Св. климент Охридски“ - Битола во
рамките на БИТФЕСТ 2015 го реализира проектот:
„Со читање книга до најдобра порака и личност“.
Проектот има за цел преку креативни рабо-
тилници да направи спој помеѓу културата на чи-
тање книги како дел од личната и општа култура
која треба да се развива и негува уште од најмала
возраст. Креативните работилници ги водат Жа-
нета Михајлова и Весела Богадновиќ еминентни и
признати работници во делот на предучилишното
основното образование.
Содржина:
Реализација на креативни работилници за
уметничко читање и анализа и обработка на дет-
ска литература.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
14
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
Цели:
Преку различна детска литература и жанр кај
децата:
• Да се негува љубовта и позитивниот однос
кон книгите;
• Да се поттикнува и развива интересот кон
читањето на книги;
• Да се поттикнува и развива интересот за
писмено изразување;
• Да се воведува и запознава со основите на
пишаниотјазик;
• Да се поттикнува творештвото;
• Да се развива способноста за слушање и раз-
бирање на говорниот јазик;
• Да се развива способноста за правилно
зборување и елоквенција;
• Да се развиваат јазичните способности
како основа за развој на сопствениот, на-
ционалниот и културниот идентитет;
• Да се развива способноста за слушање, раз-
бирање и доживување на јазикот;
• Да се развива способноста комуникациски
вештини;
• Да се развива способноста за смислено и
граматички правилно изразување на свои-
те мисли.
• Да се развиваат навики за посета на библи-
отека
• Да се развиваат навики за правилно однесу-
вање во библиотека;
• Да се поттикнува фантазијата и креатив-
носта;
• Да се развиваат способност за примена а
стекнати нови искуства и да се развива ког-
нитивниот и социо-емоционалниот развој.
28.07.2015
„МАРКО И НЕГОВИТЕ ПРИЈАТЕЛИ“
(ПРВА РАБОТИЛНИЦА)
Креативна работилница за уметничко читање
„Марко и неговите пријатели“ – се одржа во но-
вата детска читална при НУУБ „Св. Климент Ох-
ридски“ Битола.
Работилницата се состоеше од:
• Уметничко читање (со користење на ани-
мација, ономатопеја) на сликовницата
„Марко и неговите пријатели“од страна на
воспитувачот Жанета Михајлова.
• Разговор и анализа преку серија од 4 слики
(постери ) од приказната со цел да се дојде
до пораката од сликовницата и целта на ра-
ботилницата: стекнување знаења и навики
за одговорност кон луѓето, кон природата,
кон предметите....
• Креативна игра „Октопод“ - физичко-мо-
торна активност за релаксирање после чи-
тањето – нижење пластични цевки на ко-
нец и колективна изработка на Октопод.
• На децата им беа подарени беџови со афир-
мација на книгите.
30.07.2015
„МИМИ ОДИ НА ОДМОР“
(ВТОРА РАБОТИЛНИЦА)
Креативна работилница за уметничко читање
на расказ од книгата „Мими оди на одмор“ и Басната
„Лавот и глушецот“ се одржа во новата детска читал-
на при НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола.
Работилницата се состоеше од:
• Уметничко читање на расказ од детската
книга „Мими оди на одмор“ од страна на
Австрискиот конзул во Битола доцент д-р.
Валентина Илиевска;
• Разговор и анализа на расказот преку пре-
зентација на слики во Power Point од рас-
казот , со цел да се дојде до целта – Бонтон
(културно однесување) при патување со
автомобил на море;
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
15
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
• Уметничко читање (со користење на ани-
мација, ономатопеја) на басната „Лавот и
глушецот“ преку дијалог со воспитувачот
Жанета Михајлова и новинарот Маја Куз-
мановска
• Разговор и анализа на басната, со цел до-
аѓање до пораката – другарството се негу-
ва, а во неволја се помага
• Игра за концентрација и физичко-моторен
развој: „Играј со лавот“
• На децата им беа подарени беџови со афир-
мација на книгите.
04.08.2015
„КУЌИЧКАТА“ (ТРЕТА РАБОТИЛНИЦА)
Креативна работилница за уметничко чи-
тање„Куќичката“ одржана 04.08.2015 год. во но-
вата детска читална при НУУБ „Св. Климент Ох-
ридски“ - Битола
• Уметничко читање (со користење на ани-
мација, ономатопеја) на сликовница-
та„Куќичката“ со користење на макета од
ликовите во приказната и куќичката;
• Разговор и анализа на приказната со цел
доаѓање до пораката – слогата е столб
на пријателството и другарството. При
тоа децата се запознаа и со поими од
математика – величини, тежина, броеви
од 1 до 6, со што го развиваа логичкото
размислување и вниманието;
• Подвижна игра со пеење песна „Зајче скок!“;
• Игра за развој на координацијата меѓу
видот и фината моторика (рацете);
• „Гладен Зајко“ при што со куглање, децата
ја ставаа топката во устата на зајкото;
• На децата им беа подарени беџови со
афирмација на книгите.
„РОДИТЕЛИ И ДЕЦА“
(ЧЕТВРТА РАБОТИЛНИЦА)
На работилницата учествуваа дечиња од 3дo7
години заедно со своите родители.
Децата активно учествуваа во активности кои
вклучуваа читање и анализа на приказна со приме-
на на забавни игри, едукативни техники и инспи-
ративни и привлечни дидактички средства во вода.
Покрај доживување на читањето како забавен
процес и унапредување на желабите за поната-
мошна активна дружба со книгите, преку содржи-
ната на оваа приказна дечињата имаа прилика:
• Да се запознаат со професијата чевлар и че-
вларскиот занает во споредба со совреме-
ното фабричко производство на обувки;
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
16
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
• Преку едукативната игра “Водена приказна
- Воден предизвик” опишуваа и анализираа
ликови и нивните постапки;
• Со примена на драмската техника “Клучни
зборови, дечињата, иако слушатели, стану-
ваа директни партнери во читачкиот про-
цес, помагајќи со “оживување” на клучни
зборови во приказната;
• Анализа на порака-поука и ја поврзавме со
реални животни ситуации;
• Преку работни задачи за унапредување на
логичкотомислење, дечињата им помагаа на
ликовите да завршат неколку предизвици;
• Ја прифатија фантазијата како интересен
елемент за богато литературно творештво –
умеат да проценат и разграничат фантастич-
ни застапени елементи, ликови и настани;
Активностите се креирани и реализирани во
насока да го унапредат развојот на дел од клучни-
те вештини на 21 век кај децата на возрастод 3 до
8 години.
ПЕТТА РАБОТИЛНИЦА
Реализирани содржини и активности:
• Интерактивно читање на еко приказната
“Рипчето кое сонувало чиста река” од Ве-
села Б, со кои дечињата беа ставени во уло-
га на партнери во читањето, во моментот
додека ја слушаа приказната, а пораката и
поуката беа практично применети низ за-
бавна симулација
• Истражувачка активност: Плива или пото-
нува;
• Драмско читање-Театар на подот“Морските
авантури на госпоѓицата Жолтоперковска ”
Автор Весела Б. Приказна со пораки за прија-
телствата и прифаќање на различните од нас;
• Фати го рипчето - Игра за унапредување на
вештини за тимска работа и соработка;
За време на сите активности паралелно беа
презентирани идеи и постапки за изработка на
бесплатни домашни образовани ресурси за уна-
предување и поттикнување на читачки и мате-
матички вештини и интереси, а за време на сите
активности беше презентирана и користена до-
машно изработена сликовница, како идеја за ро-
дителите и дечињата;
Активностите се креирани и реализирани во
насока да гоунапредат развојот на дел од клучните
вештини на 21 век кај децата на возрастод 3 до 8
години.
ШЕСТТА РАБОТИЛНИЦА
Акцентот беше ставен на:
• Унапредување на интересот и желбата за
дружење со литературните дела за деца;
• Извлекување поука од текст и нејзина ди-
ректна апликација во рамки на групата
преку изведување игри кои бараат тимска
работа и соработка;
• Изведување на истражувачка постапка со
цел да се добие домашен ликовен материјал
за креативно изразување-Претставување
на сцени од приказната;
• За време на сите активности децата вежбаа
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
17
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
правилно именување и применување на
редните броеви;
На работилницата учествуваа дечиња на возраст
од 3 до 8 години.
• Започнавме со подготовка за креативно
и интерактивно читање, припрема на де-
чињата за активно вклучување во самиот
тек на приказната која следеше: Креирање
облека за дечињата - Изработка на костими
бубамари, со пренамена на најлонски кеси;
• Потоа следуваше интерактивно читање на
содржината на приказната “ Бубамари по-
жарникари” со користење на драмски тех-
ники и мала сцена при што дечињата беа
ставени во улога на партнери слушатели и
реализатори на целите;
• Преку игра за унапредување на тимскиот
дух, ја раскажавме содржината на приказна
и ја проверивме поуката во пракса, изведу-
вајки делови од приказната;
• Преку претпоставки, обиди и грешки си
играме истражувачи и успеавме да добиеме
светло зелена и темно зелена боја со комби-
нирање на различна колична вода и мешање
прехрамебни бои. Сега знаеме дека сината и
жолтата прават зелена;
• Потоа преку работа и соработка во парови,
белиот кокос го обоивме зелен за на крајот да
добиеме зееднички производ на ниво на цела
група
• Сцена од приказната. На неа ги поставивме
бубамарите направени со обојување кам-
чиња а научивме и како се прави домашен
пластелин и домашни темперни боички;
• За крај изигравме уште две игри за унапреду-
вање на тимскиот дух, согледување на потре-
бата од квалитетна соработка помеѓу члено-
вите на една група и другите околу нив;
• Активностите секреирани и реализирани
во насока да го унапредат развојот на дел од
клучните вештини на 21 век кај децата на во-
зрастод 3 до 8 години.
„ИНТЕРАКТИВНА РАБОТИЛНИЦА НА
РОДИТЕЛИ И ДЕЦА“
Координатор на проектот Фатма Бајрам Аземовска
Во прекрасна атмосфера во детскиот блок се
одржа работилница за родители и деца како за-
вршен настан на проектот „Со читање книга до
најдобра порака и личност“. На интерактивен и
интересен начин родителите имаа можност да раз-
менат информации и знаења за тоа кога е најдобро
да им се чита на децата, на кои места, како да ги
мотивираме децата да читаат итн. На родителите
им беа претставени повеќе методи за развој на ди-
вергентното мислење и развој на креативноста.
ИНСТАЛАЦИЈА НА МИНИ БИЛИОТЕКИ
Координатор на проектот Фатма Бајрам Аземовска
Проектот „Инсталација на мини библиотеки” беше промови-
ран од страна на Националната установа Универзитетска биб-
лиотека „Св.Климент Охридски” – Битола.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
18
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
Проектот „Секој има право да го разберат“ е
поддржан од Министерството за култура и освен
развој на библиотечната дејност овозможува и
директна помош и поддршка на лицата со оште-
тен говор, слух и вид.
- Во рамките на овој проект обработени се по-
веќе раскази во ДВД формат чија содржина се рас-
кажува и со знаковен јазик. На овој начин напра-
вивме мал чекор но голем напредок кон социјална
интеграција и еднакви можности на лицата со ош-
тетен слух, говор и вид. Во трите ДВД-а поместе-
ни се раскази од македонски и писатели од стран-
ство, како и познатите цртани приказни за деца
„Мачорот во чизми“, „Пепелашка“ и „Црвенкапа“.
Во проектот на НУ Универзитетска библиоте-
ка „Св.Климент Охридски“-Битола беа вклучени
и децата од ЈУ детска градинка „Естреја Овадија
Мара“, клон „Пролет“, беше потврдено на денеш-
ниот промотивен настан во овој град.
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ
БИБЛИОТЕКАРИ“ 2015
Подготвила Јоланда Бошевска, библиотекар советник
Националната установа – Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола по-
стапувајќи по известувањето од Библиотекарско-
то здружение на Р. Македонија објавено на www.
bzm.org.mk, состави тричлена комисија за спрове-
дување на 16. Општински натпревар за избор на
најдобар млад библиотекар во Општината Битола.
Општинскиот натпревар „Млади библиоте-
кари“ беше реализиран на ден 16.10.2015 год. со
почеток во 11 часот.
Првата читална под отворено небо е отворена
во паркот кај Саат кулата во овој град.
Поставувањето на мини-библиотеки има за
цел да го поттикне интересот за читање, размена
на книги и социјализација на љубителите на кни-
ги. Тој посочи дека на локациите каде ќе бидат
отворени популарните мини-библиотеки, љуби-
телите на книгата ќе можат да позајмат книга, да
ја прочитаат и вратат, но истовремено и да пода-
рат книга. Освен во паркот кај Саат кулата, мини
библиотеки се поставени во холот на Клиничка
болница-Битола и во непосредна близина на До-
мот на АРМ во овој град.
СЕКОЈ ИМА ПРАВО ДА ГО РАЗБЕРАТ
Координатор на проектот Фатма Бајрам Аземовска
НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент
Охридски“-Битола приреди промоција на 3 ДВД-а,
(над 10 раскази) чија содржина се интерперетира
и со знаковен јазик и ќе им бидат на располагање
на лицата со оштетен говор, слух и вид.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
19
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
Натпреварот се одржа во новата читална во пот-
кровјето од новиот дел на Библиотеката. Учество зе-
доа петнаесет ученици од сите основни училишта
од Битола и по еден ученик од училиштата во Бист-
рица, Новаци, Могила, Добрушево и Цапари.
Првото место му припадна на ученичката Еле-
на Костадиновска од ОУ „Тодор Ангелески“ IX-1
одделение, со освоени 100 бодови од вкупно 100.
Второто место му припадна на Елена Шулев-
ска од ОУ „Коле Канински“ IX – 3 одд., со освоени
96 бодови, а на третото место беше Јана Ѓоргиева
од ОУ „Кирил и Методиј“ IX-6 одд. Присутните
ги поздрави претседателот на Библиотекарското
здружение на Македонија, Благој Николов, библи-
отекар советник, а наградите беа врачени од ди-
ректорот на Библиотеката г-н Науме Ѓоргиевски.
Победникот на овој натпревар ќе учествува
на 16. Републички натпревар „Млади библиотека-
ри“ 2015 кој ќе се одржи на 30 октомври во ЈОУ
Библиотека „Искра“ во Кочани.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
20
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ
ОДДЕЛ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУГА ЗА ВОЗРАСНИ
• НА ЕДНА СВАДБА – Џули Џејмс
• НА УЛИЦА ДАБЛИН – Саманта Јанг
• 1Q84 – Хируки Мураками
• ИГРИ НА ТРОНОВИ – Џорџ Мартин Р.Р.
• АНГЕЛСКИ ПОВИК – Гијом Мисо
• И ОДДЕДНАШ ЕДНО ЛЕТО – Џули Џејмс
• А ПОТОА – Гијом Мисо
• ЉУБОВНИКОТ НА КУРТИЗАНАТА – Габриела Ким
• ПРЕЉУБА – Пауло Коелјо
• ОПАСНО БЛИСКУ - Линвуд Баркли
ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА
• ПРИКАЗНИ ОД КУЌИЧКАТА НА ДРВО – Донев Киро
• ТИЈАРА КЛУБ – Френч Вивијан
• КНИГА ЗА ДЕВОЈЧИЊА – Фостер Ј.
• БУДЕЊЕТО НА КОЛОСОТ – Лерангис Питер
• ВОЛШЕБНИКОТ ОД ОЗ – Баум Л. Ф.
• ОГНЕНИОТ ПРСТЕН – Бакаларио Пјердоменико
• ВЕСЕЛ ЗОО ПАРК – Донев Киро
• ХАРИ ПОТЕР 1-7 ДЕЛ – Раулинг Џ. К.
• ДЕВОЈКИТЕ СЕ ОД САТУРН,
• МОМЧИЊАТА ОД ЈУПИТЕР – Лем К.
• ПРИКАЗНИ ЗА ПРИНЦЕЗИТЕ
КНИГАТА - МОСТ НА ПРИЈАТЕЛСТВО
сретнеме и да поразговараме со врвниот македон-
ски детски писател Горјан Петревски кој повеќе
години ги освојува срцата на многубројната дет-
ска и млада публика. Модератор на средбата беше
Марија Станојоска.
Огромно беше задоволство да го претставиме
омилениот писател Горјан Петревски, роден во с.
Мренога Демир Хисар. Писател со ретка дарба, чии
книги привлекуваат големо внимание кај читате-
• Ленче Андоновска, библиотекар советник
• Гордана Пешевска, виш библиотекар
Проектот „Книгата - мост на пријателство“,
одобрен од општина Битола во рамките на БИТ-
ФЕСТ 2015, беше реализиран од раководители-
те на проектот Ленче Андоновска, библиотекар
советник и Гордана Пешевска, виш библиотекар
на 16 јули, во новоотворената детска читална на
Библиотеката. На средбата имавме можност да се
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
21
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
лите и побудуваат голем интерес. Најчесто тоа е
поради неговата непосредност, лирските нијанси
во делата како и поради чувствата што се раѓаат кај
младите и првите љубови. Автор е на поголем број
на книги меѓу кои: „Гороцвет“, „Тажниот свирач“,
„Споменка“, „Марта“, „Исти очи“, најновата книга
со раскази „Девојките се чудни“ и многу други.
Прогласен е за најчитан писател во 2014 годи-
на, според анкетата спроведена од градската биб-
лиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.
Посетата на Горјан Петревски претставуваше
редок настан за директен и непосреден контакт
како со најмладата така и со повозрасната публика.
Неговите директни обраќања кон присутните, кон-
тактите, искажаните песни и анегдоти и сл. никој
не оставија равнодушен, туку кај секој разбудија
чувства на оптимизам, враќање кон младоста а кај
младите поглед кон иднината. Горјан Петревски е
човекот кој најдобро знае да ги одгатне детските
тајни, да раскаже за кревките чувства во младоста
и да ве наврати во детството ако веќе сте станале
дел од светот на возрасните.
Средбата беше насочена кон запознавање и
продлабочување на творештвото на Горјан Петрев-
ски, како и насочување на младата популација дека
книгата е непроценливото богатство за секого и
покрај тоа што денес, живееме во ерата на дигита-
лизација и компјутеризација. Горјан Петревски се
обиде да им објасни на децата колку е важно чи-
тањето на книги во нивниот развој, дека книгата не
само што е мост на пријателството туку е и мост до
знаењето, „Средбата со читателите е многу важна,
има повратен репер, најпрво во тоа како ги при-
фаќаат моите книги, колку ја сакаат литературата.
Можам да кажам дека не сум од оние скептици кои
велат дека сегашните деца не читаат книги. Оние
што читаат, тоа извонредно го прават, умеат да раз-
говараат, да прашуваат, да ставаат забелешки“.
Горјан Петревски е еден од ретките автори кој
постојано е присутен на вакви настани и како што
вели, бил скоро во сите училишта и библиотеки во
државата. На заедничките средби со младите чита-
тели учествува со големо задоволство, затоа што
токму на таквите средби може да им се укаже на
младите дека навистина „Книгата е мост на прија-
телство“ како што е насловен и проектот.
ИНТЕРВЈУ СО ...
22
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
Универзитетскиот литературен клуб „Дени-
ција“ беше формиран на 26 мај 2011 година по
иницијатива на студентите со посебно залагање
на проф. д-р Даниела Андоновска – Трајковска,
доц. д-р Гордана Стојаноска, лектор по англиски
јазик м-р Стела Босилковска, се разбира со голе-
ма поддршка на проф. д-р Златко Жоглев, во тоа
време ректор на Универзитетот. Неофицијално
претседател е доц. д-р Гордана Стојаноска.
Повод за нашиот раговор беше последниот
настан во рамките на БИТ – ФЕСТ 2015. Моите
две соговорнички проф. д-р Даниела Андонов-
ска-Трајковска и доц. д-р Гордана Стојаноска,
вработени на Педагошкиот факултет- Битола, ми
рекоа: „Овој пат поетско – музичката вечер „Збор
во зборот“ која се одржа na 24 август 2015 на Тум-
бе Кафе беше интернационална средба на поети
од Македонија, Србија, Хрватска, Војводина и
Словенија. Просторот беше исполнет до послед-
ното место, а ние имавме само 150 гласачки лив-
чиња за публиката. Учеството на поетите на оваа
средба е по претходно објавен конкурс на ВЕБ –
страницата на Универзитетот.
Литературниот клуб „Дениција“ во рамките
на БИТ-ФЕСТ три пати ја организира поетско –
музичката вечер „Збор во зборот“, 2013 (на Тумбе
Кафе), 2014 (во Магазата) и 2015 година повторно
на Тумбе Кафе.
РАЗГОВОР СО ПРОФ. Д-Р ДАНИЕЛА АНДОНОВСКА – ТРАЈКОВСКА
И ДОЦ. Д-Р ГОРДАНА СТОЈАНОСКА
Стручната жири комисија во состав: проф. д-р
Јордан Стојаноски, д-р Валентина Илиева и проф.
Милица Димитријоска Радевска ги додели следните
награди во вид на цертификат и уметничка слика:
првата награда му беше доделена на д-р Силвана
Нешковска, втората на Весна Мундишевска Веља-
новска и третата на Владимир Котевски, дипломи-
ран студент на Педагошкиот факултет. Наградата за
странски автор му беше доделена на Снежана Але-
ксиќ Станојловиќ. Публиката својот глас го даде за
младата единаесетгодишна поетеса Ангела Филов-
ска, која воедно беше и најмладиот учесник. Умет-
ничките слики беа спонзорирани од уметниците:
Илија Кочовски, Димитар Кочевски - Мичо, Стефан
Малбашиќ, Златко Лечковски, Кети Слезинковска
Мавропулу, но и од „Мал Монмартр“ - Битола и НУ
ИНТЕРВЈУ СО ...
23
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
„Завод и Музеј“ - Битола. Во музичкиот дел
учествуваше професорката м-р Мери Кафкалеска
Стоилкова, а исто така посебно задоволство беше
да се проследи учеството на Танцувачкиот клуб
„Dance Expose“. Проф. д-р Златко Жоглев, ректор
на Униврзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола
го промовираше зборникот, втор по ред, со ист на-
слов како иманифестацијата во којшто се објавени
песни од минатогодишните учесници на настанот.
Се очекува следната година да излезе и третиот
зборник со песни од овогодинешните учесници.
Нашиот разговор ќе беше непотполн ако мо-
ите соговорнички не кажеа по неколку скромни
зборови за себе. Моето прашање беше едноставно:
Од кога се занимавате со пишување и што сте
објавиле досега?
Од кога ја научив азбуката читањето и пи-
шувањето се нешта што ме исполнуваат, ќе рече
доц. д-р Гордана Стојаноска – Имам еден необја-
вен роман и 2 необјавени поеми. Имам добиено
награда за најдобар расказ „Владимир Костов“ во
2012 година, а тука се надоврзува и проф. д-р Да-
ниела Андоновска – Трајковска која рече дека и
двете се добитници на интернационалната награ-
да “Nosside” во 2011 година и објавиле поезија во
„Светската антологија на поезијата Nosside“. Сти-
хозбирката „Збор за зборот“ , објавена во 2014
година е наше коавторство со проф. д-р Златко
Жоглев, додека другата „Поема за маргините“,
објавена во 2015 година, е само наше коавтор-
ство. Изминативе години бевме повеќе фокуси-
рани на нашата научна и наставна дејност, а поет-
ското творештво беше повеќе за наша душа, а не
за публика. Сепак, во план е натамошно објаву-
вање на збирки поезија од кои некои се веќе на-
пишани, а некои сè уште се пишуваат, самостојно
или повторно во коавторство.
Зошто во вашите Збирки секогаш се јавувате
во коавторство?
Моите соговорнички се сложуваат во своите
одговори: - Не пишуваме секогаш песни кои се
обединуваат во заеднички збирки. Пишувавме и
сè уште пишуваме самостојно, иако самостојните
збирки не се објавени, а некои се пишувани пред
повеќе години, бидејќи поетското творештво е
пред сè, индивидуален чин, но во еден момент,
или поточно во октомври 2010 (тогаш беше ост-
варена првата меѓупоетска комуникација) сфа-
тивме дека со обединувањето зборот станува по-
моќен и посилен и дозволува да се презентираат
повеќе гледишта, да се искажат повеќе емоции и
да се спротивстават различните размисли. Ток-
му заради тоа „зборот“ зазема централно место
ИНТЕРВЈУ СО ...
24
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
и во нашата прва стихозбирка со наслов „Збор за
зборот“. Само еден збор понекогаш има сила да
предизвика солзи, болка, очај, војни, рушење и
уништување и обратно - еден збор може да изди-
га и слави и вознесува и да лечи. Целта ни беше
да ја обединиме оваа праисконска сила на наши-
те зборови и да го промениме општоприфатеното
мислење дека поетскиот чин не може да се одвива
преку комуникација на две души или дека таквото
творештво е помалку вредно.
РАЗГОВОР СО СОЊА ЛЕЧКОВСКА
Читателка сте на Библиотеката. Од кога? Што
претставува за Вас Библиотеката?
- Од најрани години, уште како ученичка во ос-
новно училиште, редовен посетител сум на библи-
отеката без која не би била ова што сум сега.Не мо-
жев да и одолеам на таа книжевна ризница од која
црпев знаење меѓу магичната атмосфера на тишина.
Која литература ја читате? Која е Вашата омиле-
на литература и писател?
- За разонода читам секаква тематика. Бе-
летристика, поезија, домашни, странски писа-
тели.(Славко Јаневски, Анте Поповски, Петре
М.Андреевски, Никола Маџиров, хаику-поезија,
руски класици и руска филозофија). А, за духовна
надградба најпривлечна ми е православната ли-
тература (Библија, Житија на светителите, поуки
од светите отци и старци...) и во споредба со неа
се друго испаѓа суета и лов на ветер.
Како ја гледате перспективата за запослу-
вање со завршен Факултет за биотехнички нау-
ки и дали постојат амбиции за понатамошно об-
разование. Мислите ли дека Вашето хоби, љубов
- иконографијата може да Ви обезбеди доволен
приход во иднина да издржувате семејство? Кол-
ку години сте во овој занает и кои се Вашите по-
тенцијални нарачатели?
- Јас потполно се пронајдов во она што го ра-
ботам, т.е во иконописот и воопшто не размислу-
вам за работа на друго место. Моето хоби и мојата
љубов истовремено е и мојата единствена живот-
на професија. Како што рекол мудриот Конфучиј
: “Ако ја најдеш работата што ја сакаш, тогаш цел
живот нема да работиш.” Живееме буквално од
Бога и веруваме во Него, а штом сме Божји, Бог
своето не го остава.
- Инаку, со оваа работа се занимавам 9 години.
Изработуваме приватни нарачки, икони за ико-
ностаси, ѕиден живопис во манастирите и црквите.
Дали библиотеките, односно литературата, Ви
помага во Вашата работа?
- Секако. Без познавање на животните па-
тишта на Божјите угодници не би почнале со ра-
бота на истите. Па, потребно е и проучување на
стручна литература, техники на сликање, ерми-
нии и сл. За да дојдеме до тие информации, од го-
лема помош ни е Универзитетската библиотека.
Цртате, сликате правите иконописи, живопи-
си на sид, се разбира постојат и други мотиви како
небескиот живот и сл. Кажете ни на кои светители
работите најчесто, а во случај кога нарачатели се
црквите, на кои мотиви. Можете ли да ни кажете на
кои цркви имате работено досега и број на икони и
живописи што сте ги сработиле? Дали сте работеле
на портрети од секојдневни личности?
- Во црквата си има (однапред одреден) ре-
дослед за тоа кој светител на која позиција треба
да се изобрази. Се фрескоживописува во некол-
ку зони во зависност од големината на храмот (се
сликаат светители - преподобни отци, архиереи,
маченици, пророци, апостоли, дел од житието на
светителот на кого е посветен храмот, потоа ком-
позиции, христови празници, и др.).
ИНТЕРВЈУ СО ...
25
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
Порано, пред потполно да се определам на
иконопис, предизвик ми беа децата (заради нив-
ниот чист, невин и незлоблив лик)
Ако не е тајна, од кого сте го научиле занаетот
на иконографијата? Дали тука лежи и причината за
Вашата инспирација да работите токму на светите-
лите и мотивите од христијанството?
- Во најтесниот круг, татко ми се занимава-
ше со уметност. Макар што, не постои жив човек
без таленти, и кога ќе се откријат потребна е нега
и одговорност од наша страна за да се умножу-
ваат, а не бесплодно да се закопаат во земја. A
инспирацијата за сликање на светители ми дојде
од восхитот и воодушевеноста од старите икони
и фрески работени во православен византиски
стил кои можат да се видат насекаде низ нашите
цркви и манастири.
Можете ли да ни го опишете процесот на
едно ваше дело? Кога се работи за лик на светец,
дали чувствувате поголема одговорност. Дали
Ви е и светецот на ум во тоа време? Што ако го
згрешите ликот?
- Јасно е дека претеча на секое дело е мислата
(доколку не се работи за нарачка, туку за личен
избор). Потоа, се што правиме е во функција на
неј зи на реализација (снабдување со материјал,
под готовка на основата, грундирање, ставање на
позла тата, изработка на иконата (со нај различни
техники - темпера, акрилна, маслена бо ја) и на
крај заштита со лак. Инаку, се вели де ка иконата е
веќе изо бразена, а иконописецот само ја от крива.
Таа го покажува светителот во неговата небесна
озареност, како жител на Царството Небесно, тоа
е приказ на неговата духовна убавина и непропад-
ливост, на надвременската и надматеријалната ст-
варност.
- Се започнува со сликање од најтемна нијанса, а
ИНТЕРВЈУ СО ...
26
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
потоа со секој нареден слој само се осветлува со
провидни лазурни наноси додека на крај завршува
со ритмички повлечени потези кои се нарекуваат
- оживка. Значи тоа е работа со светлината.Тука
естетиката и онтологијата се слеани и нераздвој-
ни. И секако дека одговорноста е голема, зашто
иконата е печат на Боговоплотувањето а иконо-
писот, ќе се осмелам да речам, е на некој начин
богослужење.
Што Ве тера за време на овој процес да се осами-
те или да постите, гладувате и сл.
- Иконописот бара посветеност,
концентраци ја, смиреност, тишина и духовна
собраност. Само во таква состојба и во такви
услови може да се размислува за значењето на
секоја мисла изразена преку боите, за духовната
содржина, за обратната перспектива и за сибо-
личката смисла на иконата, зашто и самата икона
е еден вид “пост за очи”и молитвено тихување.
Во неа се крие, поточно се открива (или наѕира)
неминливата слава и “тајната на идниот век.”
Што за Вас претставува Исус Христос и Мајка
Богородица?
- Исус Христос –“Патот, Вистината, Жи-
вотот... Воскресението.” A, Богородица прва по-
сле Бога “почесна од Херувимите и неспоредливо
пославна од Серафимите, Бога Словото девствено
што Го роди...”
Кои се Вашите неостварени желби и планови во
иднина?
- Посебни планови нема. Ќе продолжиме
со она што сме го започнале и ќе го остварува-
ме колку што е во нашата сила, останатото го
оставаме на Божјата волја. Битно е никогаш да
не бидеме доволно задоволни од своето дело за
со тоа да оставиме простор за возрастување и
усовршување.
Дали има нешто што не сум Ве прашал, а сакате
да кажете?
- Треба да се знае дека постоењето на ико-
ната е втемелено од самиот Исус Христос, кога
на царот Авгар му ја испрати неракотворената
икона на Своето лице - Светиот Убрус.
Постои и празник на светите икони како
победа на Православието, кој се слави во пр-
вата недела од Велигденскиот пост. И светиот
апостол Павле за Христос вели дека е “икона
на невидливиот Бог, совршена икона Божја”
Односно, откако Творецот стана материја
(значи –Го видовме, затоа и го сликаме) заради
наше спасение, и “материјата е носител на бла-
годат, првенствено преку Богочовекот, а после
и преку сите оние што го примаат откровение-
то на божествените енергии од најситното зрн-
це прашина до целиот космос, од виртуозните
димензии на Светите Тајни до простото слу-
жење на најмалиот Христов сродник.“
ИНТЕРВЈУ СО ...
27
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
РАЗГОВОР СО ЗЛАТКО ЛЕЧКОВСКИ
Читател сте на Библиотека та. Од ко га? Што
претста ву ва за Вас Библиоте ката?
- Читател сум на библиотеката уште од 15 годиш-
на возраст, штом го започнав сред ното образовани е
и се доселив во Битола. Тоа е некаде во периодот 1998
г. Би блиотеката за ме не претставува една голема ри-
зница на знаењето или чувар на науката, историјата,
културата низ вековите...а мојата пасија и желба за
читање и за библиофилство беше уште многу порано
пред да дојдам во Битола...читав се што ќе најдев и на
било каква книга да наидев, ќе читав.
Која литература ја читате? Која е Вашата омилена
литература и писател?
- На почетокот читав дела на наши познати авто-
ри и светски познати класични дела, но подоцна по-
веќе стручна литература и конкретно за темата која
што ќе ме интересираше (во моментот)...
Мојата омилена литература се книгите за исто-
рија на уметноста и сликарството низ вековите, како
и проучување на делата и животите на големите сли-
кари, покрај тоа, интересот мој е и чисто на историја,
археологија, религија, филозофија ...
Немам многу омилени писатели, од Македонска-
та, Богоја Ничев и Славко Јаневски, како и Венко Ан-
доновски и Гоце Смилевски, а од Светската, позна-
тите автори како, Острогорски, Дејвид Талбот Рајс,
Вил Дјурант, Ернст Гомбрих, Тургењев, Достоевски,
Голсфорти ....
Имате 32 години. Не сте вработени, но изгледа
дека и не верувате дека образованието во нашата
земја може да ви донесе запослување.
Мислите ли дека Вашето хоби, љубов - иконографија-
та може да Ви обезбеди доволен приход во иднина да
издржувате семејство? Колку години сте во овој за-
нает и кои се Вашите потенцијални нарачатели?
-Сигурен сум дека иконографијата, како и на ред
други кои го работат истото, може да биде доволна
за да се егзистира и да се одгледува семејство. Што
се однесува за моите почетоци, тоа беше прилично
рано, на 13-14 годишна возраст. Нарачатели се ве-
рниците кои сакаат да си имаат дома светител или
празнична икона (во зависност, дали ќе биде според
именденот, според домашната слава или пак нешто
сосема трето), плус во мојата домашна галерија на
икони доаѓаат и многу луѓе на високи функции од
цела Македонија!
Дали библиотеките, односно литературата, Ви по-
мага во Вашата работа?
-Придонесот на библиотеката за нашето изгра-
дување на личноста и во усовршување на работата
– секако дека многу ни помогна...сите тие книги, тек-
стови, статии придонесоа за олеснување на нејзиниот
процес низ времето.
Цртате, сликате правите иконописи, живописи на
sид, се разбира постојат и други мотиви како небески-
от живот и сл. Кажете ни на кои светители работите
најчесто, а во случај кога нарачатели се црквите, на кои
мотиви. Можете ли да ни кажете на кои цркви имате
работено досега и број на икони и живописи што сте
ги сработиле? Дали сте работеле на портрети од се-
којдневни личности?
ИНТЕРВЈУ СО ...
28
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
- Покрај сликањето на икони на дрвена ос-
нова, изработуваме и живопис (врз ѕид) по црк-
вите и манастирите во Македонија и подалеку.
Најчесто ги изработуваме фигурите на св.Ни-
кола чудотворец, св.Петка, св.Георгиј, св.Дими-
триј, св.пр.Илија, како и на многу македонски
и локални светители од поново време .... а, во
црквите се изработуваат по одреден програм
или определена шема (за секоја икона и компо-
зиција се знае каде треба да стои), за тие кои не-
маат прочитано, тоа да биде еден вид Библија во
слики, со сцени од Христовиот живот ...
Претежно во цркви кои се наоѓаат во прес-
панскиот регион: св.Наум (село Болно), св.Петка
(село Лавци), св. Илија (село Кривени), св.Спас
(село Крушје), св.троица (село Болно), а во не-
колку цркви и преку граница, во соседна Грција,
во св.Ирина, св.Нектариј, св.Илија и св.Георгиј.
(таму се работи со техниката “платно врз ѕид“,
дома се работат на големи платна, па после во
ролни се транспортираат преку греаница и таму
на ѕидот се лепат со лепило.
Ако не е тајна, од кого сте го научиле занаетот
на иконографијата? Дали тука лежи и причината
за Вашата инспирација да работите токму на све-
тителите и мотивите од христијанството?
- Најпрво како мало дете го гледав татко ми
како изработува уметнички слики, цвеќиња,
пејзажи, бакрорези и графики, па тоа беше ос-
новната иницијација. На 15 години двапати
неделно, во текот на две години, го посетував
ателјето кое што се наоѓаше во просторите на
храмот прсвета Богородица во Битола, кај многу
познатите уметници-иконописци Никола Крн-
чев и Ристо Димовски-Ице, двајцата од школата
на познатиот руски живописец Иван Мелников!
Можете ли да ни го опишете процесот на едно
Ваше дело? Кога се работи за лик на светец, дали
чувствувате поголема одговорност. Дали Ви е и
светецот на ум во тоа време? Што ако го згрешите
ликот?
- За да се наслика еден светител, најпрво тре-
ба да се прочита неговото житие (животниот
пат), за полесно да може да се претстави и да се
акцентираат неговите црти на иконата, за да сме
поблиску до оригиналот и првобитниот лик,
за да не можеме да забегаме со нашата слобод-
на имагинација и да промашиме. Нормално е и
ИНТЕРВЈУ СО ...
29
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
тоа дека додека се работи, мислите се насочени
токму кон тоа што се слика и изобразува, а од-
говорноста е голема – секако. На почетокот (пр-
вите години) грешките беа многу застапени, но
со самата работа и пракса, се поретко и поретко
се грешеше, а сега можеме само да се запрашаме,
што е тоа грешка? Веќе нема грешење или неси-
гурност во иконографијата што ја работиме!
Да ни кажете нешто повеќе за Вашата живот-
на фиозофија и за изјавата: „Подобро да трпиме
отколку некому да нанесуваме неправда“.
- Просто е и воопшто не е тешко да се раз-
бере! Само ќе ги наведам прекрасните и висти-
нити зборови на Христос, напишани преку пе-
рото на евангелистот Матеј: „Кој се фаќа за нож,
од нож ќе загине“ (Матеј 26, 52).
(Добре Тодоровски: „Трите смртни пресуди
на Павел Шатев“, изд. „Матица македонска“,
Скопје, 2015)
Делото на Добре Тодоровски, не случајно
насловено „Трите смртни пресуди на Павел
Шатев“, еден од најголемите револционери од
тој период на опстојување на Македонија, е
романизирана повест, дури и многу повеќе од
тоа. Настаните во делото датираат од крајот
на 19. и почетокот на 20. век. Носител на тие
настани е младата генерација што се бори за
сопствената идентификација и што не призна-
ва потчинетост. Тој пат води кон сонцето, но
бара и жртви. А тие беа свесни за тоа, зашто
тие што војуваат за својата земја имаат гробо-
ви на сите планини, на сите ридови - оттука до
Фезан во Африка и назад. Тој пат до слобода-
та го поистоветуваме и со Павел Шатев, како и
со оние до него, гемиџиите, со оние пред него
и со оние по него.
Добре Тодоровски вели на едно место:
„Не е грев да се прости. Грев е да се забора-
ви и омаловажи поменот на жртвата што ја
дале младите водени од идејата за слобода на
својот народ со идеал рамен на воскресение“.
Сигурно сфаќате дека ние потпрени на тради-
цијата треба да ја сочуваме приказната за него
како историски раритет. Шатев е „преживе-
ан гемиџија за кого три пати е барана смртна
пресуда , осудуван на смрт и ослободуван во
три држави, од три системи, од тројца влада-
ри“, тој е огледало наше како треба да се сака
својата земја.
Добре Тодоровски своето место во редот
на современите македонски раскажувачи го
најави уште во 1998 година со своите први
прозни книги, романот „Сивилото на одот“ и
збирката раскази „Дума за душите“. Потоа тој
ôд го продолжи со монодрамското дело „Што
ни било пишано“, што претставува важна
спојка и во неговиот творечки континуитет и
во неговото творечко нагорно искачување.
Тоа беше неговиот прв чекор во книжевноста.
Тогаш си реков во себе: Овој автор ќе граби
напред. Еве и сега велам пред сите вас, пред
овој ценет аудиториум, повторувајќи го како
целосно самопотврдување - со неговото нај-
ново дело, повеста „Трите смртни пресуди на
Павел Шатев“ ви издание на реномираната и
најголема издавачка куќа во Македонија „Ма-
тица македонска“, со напомена дека некол-
кумина прозаисти од демирхисарскиот аре-
ал, во својата творечка работа го користат
демирхисарскиот дијалект како нивни по-
себен стилски белег со што на прозата и да-
КОН ВИСТИНАТА ЗА ПАВЕЛ ШАТЕВ
Рецензент: Радован П. Цветковски
ИНТЕРВЈУ СО ...
30
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
ваат посебна сочност. Таа прозна бразда ја
започна Петре М. Андреевски, а ја про-
должуваат Добре Тодоровски и други.
Авторот Добре Тодоровски го следам од не-
говото прво книжевно дело. Беше му рекл
еден историчар, мој пријател: „Ќе те прочита
стариот уште кога ќе влезеш кај него. Ќе мора
да се испотиш“. Јас го прочитав и го исчитав во
позитивна смисла на зборот. Ашто се испоти, се
испоти, ама не попушти, доработуаше и прера-
ботуваше. Ме послуша. И токму тогаш, во тие
контакти: дојди - наврати, во него открив ав-
тор кој ќе држи до перото и стилот, но пред сè
и над сè ќе држи до уметничките стојности во
неговото творечко докажување, што ќе држи до
психолошкото во ликовите, што ќе држи до асо-
цијативното и дигресивното во размислувања-
та на ликовите, дека ќе го има романескното
дејство искотирано предвреме уште во идејата
за делото со продолжение во истражувањата и
дека преку внатрешните состојби на ликовите и
нивните дигресивни допири со надворешниот
свет, со оној надвор од нив, успешно ќе ги надо-
полнува книжевните ситуации во логична по-
ставка: повод, причина, приказна. Тодоровски
токму и го прави тоа во ова свое најново дело,
онака како и во неговите претходни дела.
Ете, тоа е она што го прави стамен, строг и
незадоволен со eднаш постигнатото. Таков е тој
кога работи врз делото. Јас не се излагав ниту
во него, ниту во неговото дело. Ме убеди мене
тој, еве, ме убедува и сега со ова најново негово
дело - „Трите смртни пресуди на Павел Шатев“
во кое сè е кренато на универзално ниво, па и
дробната црта дека некој некогаш и некаде гре-
шел со смртните пресуди, а тие за чудо го одми-
нувале гемиџијата Павел Шатев. Ако е тоа факт,
а и е, повторувам, бидете убедени дека во дело-
то сè е поткренато на универзално: по времето,
и темата, од една, па по просторот и ликовите,
од друга страна, чиниш во онаа чеховска реал-
ност, но на своја авторова оригинална јазично
– стилска назначеност, Тодоровски постигнал
многу.
Во раскажувачката постапка романот, би
рекле, има и длабока и чудесно магична при-
влечност и уверливост што ги откриваме уште
во насловеноста на делото. Ова не е случај само
со ова дело, туку и воопшто во неговата сев-
купна творечка оствареност по насловеноста
(„Сивилото на одот“ „Дума за душите“, „Што ни
било пишано“, “Прикрај“, „Завештание Велја-
ново“, „Со проштение“, „Прокоба“, „Над тага-
та“ итн.), која насловеност, не само од одбрана
подбрана, туку и по она што таа психолошки
ја надополнува авторовата идеја, за авторот
важен творечки белег со своја оргиналност во
изделени глави што прифаќаат континуитет во
романескната линија, од една, и што кај читате-
лот побудува необичен интерес кон делото, од
друга страна.
И уште нешто кон ова. Од книжевните си-
туации произлегува дека споредните личности
се нешто повеќе од епизодни. Тоа е она негово
посебно книжевно умеење во континуитетната
градба на книжевниот прозен текст. Чиниш, тие
како да се во постојано движење од ситуација
во ситуација, во некое чеховско секојдневие,
уверливости со кои се допираат личностите од
свои позиции и позиции на ниво на целосната
романескна композициска поставка. На тој на-
чин Тодоровски го доотсликува носечкиот на-
стан врзан за смртните пресуди на Павел Ша-
тев, што треба да се сфати, а и така се сфаќа, во
една поширока поставка видена од сегашноста
на ова време. Тоа е најлогичната поставка на
авторот, што симболизира погорно скалило на
уметничкото во делото
Што значи сето тоа? Тоа значи дека Добре
Тодоровски освојува нови книжевни простори
ИНТЕРВЈУ СО ...
31
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
и времиња толку едноставно и толку успеш-
но како да произлегува од реалното секојдне-
вие, она некогашното и она сегашното. Тоа кај
овој автор посочува интересна и продлабочена
книжевна поставка кога се допираме и кога ги
осознаваме ликовите , особено стожерниот лик
Шатев и Таинствениот. Тука не помала е важ-
носта на меанџиката Жизел по нејзината опре-
делба, интимната топлина и меаната како прос-
тор потсилен и психолошки и револуционерно
преку песната „Налеј, налеј, налеј меанџике...“
Неверојатно романескно остварување. Високо
доживеана книжевна ситуација во сценска по-
ставка.
Или, на крајот, како што не случајно за-
почнува делото, така и, пак не случајно, завр-
шува со средбата на Шатев и Таинствениот во
црквата св Димитрија. Не случајно да се срет-
нат во црквата св. Димитрија, обајцата загле-
дувајќи се во едн знак симболот што му ги од-
лагаше смртните пресуди на Павел Шатев. Тоа
сепак говори за нешто повеќе од тоа. Ова збо-
рува и за нешто друго судбински предодредено,
повозвишено, реално откриена вистина што
била недостапна за обичниот човек и заменета
со друга реалност. Станува збор за две висти-
ни. Ние само се допревме до тоа за да укажеме
дека не треба да се заборава минатото. Нашата
историја е преполна со настани што треба да се
откопуваат , да се расветлуваат, да се откриваат
и проучуваат како што ни ги отвораат вратите
на странските архиви. Ете, како што е тоа со
гемиџијата Павел Шатев.
Искрено речено, за гемиџиството пишу-
вали повеќе писатели (Стојан Христов, Ѓорѓи
Абаџиев, Јован Бошковски, Јован Павловски,
Васил Тоциновски, Зоран Ковачевски, Иван Ча-
повски, можеби и други, но не како Добре То-
доровски со Шатев како централен лик во ро-
манот и врзаноста на дејството за неговите три
смртни пресуди.
Секој обид, што се однесува до ваквите
историски настани, би паднал во вода, ако по
тематиката за делото не се истражува. Овде не
е таков случајот. Тодоровски направи солид-
ни истражувања затоа и напиша солидно дело.
Авторот сфатил дека тоа е повеќе од потребно,
зашто истражувањата, во овој случај, му донесоа
целосен успех. Авторот го сфаќам дека овде, во
овој случај, успехот му го носат истражувањата.
Тоа е она првичното без кое не може. А кај То-
доровски не е само тоа, истражувањето, туку и
идејата која севкупно го опфаќа делото. Значи,
сакаме да укажеме не само на она колку опфатно
е обработен книжевниот лик, туку и колку ши-
рока е композициската поставка за целосното
до оформување на главниот лик. Особено кога
сето тоа го следиме преку главниот дел, а тоа е
третиот дел, одработен во кратки глави и без да
забега дејствието во недоречености. Овде, во-
едно, така внимателно, така чувствително, така
поедноставено, чиниш патуваш со главниот
лик низ сите згоди и незгоди на неговиот жи-
вотен пат, чиниш душата си ја распослал на тој
пат. Толку топло, толку лирично. Или така тол-
ку сликовито, толку мајсторски, толку реално,
чиниш авторот покажува фотографии, најду-
вајќи мерка за историска и своја експонажа низ
книжевните стојности. Мозаик од историски
вистини. Кога го предочуваме ова, пред сè ми-
слиме на главниот дел - оној третиот, оние чети-
риесет и девет глави што ја носат историската
важност, и книжевната содржина и главниот
лик во делото, Павел Шатев.
Ете, тоа е најновото дело на писателот Добре
Тодоровски, кое по сè, и пред сè по уметнички-
те стојности и неговата актуелност гледана од
историски и од книжевен ракурс, престаса по-
високо од неговите претходни дела.
32
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 41 2015
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ
ОХРИДСКИ “- БИТОЛА
ГОДИНИ
ISBN 1409 - 9497