СПИСАНИЕ НА НАЦИОНАЛНАТА УСТАНОВА
УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА
„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
Број 40 2015
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД
СПИСАНИЕ НА
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ
ОХРИДСКИ“, БИТОЛА
СОДРЖИНА
БИБЛИОТЕКАТА НА ВРОЦЛАВСКА ПОЛИТЕХНИКА
(ВРОЦЛАВ, ПОЛСКА)
Приредила: Марија Малгожата Мачковска, библиотекар советник..........................2
42. ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА БЗМ 11-12 јуни 2015, Македонска Каменица
Гордана Пешевска, виш библиотекар / Благој Николов, библиотекар советник...........7
ВЛИЈАНИЕТО НА ЧИТАТЕЛОТ ВРЗ БИБЛИОТЕКАТА
Приредила: д-р Светлана Талеска, виш библиотекар..........................................................9
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ И ПРЕ-
ДАВАЊА
Приредил: Илче Стојановски, виш библиотекар................................................................11
БИЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ: ОДДЕЛ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ
И УСЛУГА ЗА ВОЗРАСНИ / ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА..................................17
ВАТИКАНСКА БИБЛИОТЕКА
Приредилa: Лидија Мирчевска, виш библиотекар........................................................18
15. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“
Приредила: Јоланда Бошевска, библиотекар советник................................................20
БИТФЕСТ 2015
Приредила: Ленче Андоновска, библиотекар советник...............................................21
ДИГИТАЛНАТА БИБЛИОТЕКА ВО НУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИД-
СКИ“ - СКОПЈЕ
Приредил: Наум Ефтимов, библиотекар.........................................................................23
ОСВРТ КОН ДЕЛОТО „РАКОПИСОТ ОД АКРА“ ОД ПАУЛО КОЕЉО
Приредил: д-р Николче Вељановски, библиотекар советник....................................28
РАЗГОВОР СО ХРИСТО ПЕТРЕСКИ...................................................................26
ЗА ЗБОРОТ НАШ И СОНЦЕТО..............................................................................22
ОТВОРЕНА НОВА ЧИТАЛНИЦА НА ЕВН ВО БИТОЛА..........................21
МАЈКА ТЕРЕЗА - ВЕЧНИОТ АНГЕЛ НА МИЛОСРДИЕТО.....................19
МИНИСТЕРКАТА ВО ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА................................5
ЈУБИЛЕЈ 70 ГОДИНИ НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИСКИ“ - БИТОЛА........6Издавач
Национална установа
Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“, Битола
ул. Ленинова 39
За издавачот
Науме Ѓоргиевски, директор
Издавачки совет:
д-р Николче Вељановски,
претседател
Јоланда Бошевска
Гордана Марковска
Главен и одговорен уредник
д-р Николче Вељановски
Редакција:
д-р Николче Вељановски,
Јоланда Бошевска
Илче Стојановски
Лектура
Александар Димитров
Печати
Европа 92 - Кочани
Тираж
300 примероци
Тел/факс.: 047/ 220-208;
Тел.: 047/ 220-515;
Тел. на изд.: 047/ 232-999
www.nuub.mk
e-mail:@nuub.mk
Списанието е финансирано од
Министерството за култура на Република
Македонија
ISBN 1409 - 9497
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
2
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
БИБЛИОТЕКАТА НА ВРОЦЛАВСКА ПОЛИТЕХНИКА
(ВРОЦЛАВ, ПОЛСКА)
Историјата на Вроцлавската Политехника
почнува во 1910 година кога е основана Кралска-
та Висока Техничка Школа во Вроцлав (Königliche
Technische Hochschule Breslau). По Втората светска
војна во објектите на Technische Hochschule со ис-
користување на нејзината опрема и библиотеки во
1945 г. е формирана Вроцлавската Политехника.
Значајна заслуга во уредувањето на објектите и
организацијата на факултетот имаа научните ра-
ботници од варшавските и љвовските факултети.
Од самиот почеток на својата дејност Факултетот
е важен центар за техничко образование. Денес е
една од најголемите и најдобрите политехники во
државата – на 15 факултети-смерови во Вроцлав,
Јелениа Гора, Валбжих и Легница високо образова-
ние стекнуваат над 35 илјади студенти, на кои им
предаваат над 2 илјади академски професори.
Вроцлаваска Политехника е автономен тех-
нички факултет и универзитетска научна инсти-
туција. Факултетот својата мисија ја реализира
преку инвестиции во иновации, највисоки стан-
дарди во научните истражувања, висок квалитет
на образование и пренесување на знаењето. Вроц-
лавската Политехника како научна заедница ги не-
гува вредностите и универзитетската традиција и
е отворена за сите, развива сестрана соработка со
други факултети и се стреми кон сè попрестижно
место меѓу европските и светските универзитети.
Политехниката им овозможува на студенти-
те образование според стандардни програми, но
дозволува и избор на индивидуален тек на студи-
ите. Непосредните контакти го поврзуваат Факул-
тетот со многу наставно-истражувачки институ-
ции скоро во цел свет, почнувајќи од Европа до
Америка. Благодарение на потпишаните партнер-
ски договори студентите и научните работници
на Вроцлавска Политехника имаат можност да се
едуцираат надвор од границите на државата и да
учествуваат во заеднички истражувачки проекти.
Факултетот учествува во реализацијата на след-
ните научни програми: LLP-Erasmus, Erasmus-
Mundus, Leonardo da Vinci.
Во кругот на Политехниката дејствуваат мно-
гу студентски здруженија и организации во кои
студентите имаат можност да ги развиваат своите
научни и творечки способности.
Благодарение на високото светско ниво на
научните истражувања од страна на научните ра-
ботници и одлично опремените научни лабора-
тории се развива соработка со многу домашни и
странски фирми.
Вроцлавската Политехника се смета за еден
од најдобрите факултети во Полска. Според Вебо-
метрискиот Ранкинг на Светските Универзитети
од јануари 2015, година кој го покажува ангажи-
рањето на академските институции во постоење-
то во ВЕБ мрежата, Факултетот зазема 3-то во
Полска и 650-то место во светот меѓу сите типови
на факултети.
Приредила: Марија Малгожата Мачковска,
библиотекар советник
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
3
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
Библиотеката на Вроцлавската Политех-
ника својата дејност ја започна во 1945 година
со искористување на преостанатите збирки од
германската Висока техничка школа и со созда-
вање на полска збирка на Политехниката. Својот
сегашен профил Библиотеката го оформи на
почетокот на 70-тите години благодарение на
делувањата во сфери како што се: информатив-
ните услуги, водењето на научни истражувања
и наставата од областа на информативните
системи, проектирањето и примената на ком-
пјутерски системи. Проработи тогаш и компју-
терскиот систем за селективна дистрибуција на
информации и системот за документирање на
научните трудови на вработените во Вроцлав-
ската Политехника. Започна и автоматизирана
каталогизација на книгите. Во 90-тите години е
воведен Комјутерскиот интегриран библиоте-
карски систем АПИН. Од 2002 година во Биб-
лиотеката дејствува системот АЛЕФ. Основа на
функционирањето на Библиотеката на Вроц-
лавска Политехника претставува едиствениот
библиотечно-информативен систем. Централна
единица на тој систем е Главната библиотека и
Центарот за научно-технички информации со
кои соработуваат библиотеките во факултети-
те, институтите и библиотеките во образовните
центри надвор од Вроцлав.
Библиотеката на Вроцлавска Политехника
ги содржи сите видови на збирки кои се неоп-
ходни за водење на научни истражувања и ре-
ализација на наставниот процес на Факултетот,
книги и списанија (печатени и во електронска
верзија), информативни изданија, компјутерски
бази на податоци, како и специјални збирки. Те-
матскиот опсег на збирките ги опфаќа пред сè
техничката литература од областа на дисципли-
ните застапени на Факултетот, изданијата од
математичките, физичките, хемиските, како и
економско-општествените науки. Библиотеката
исто така поседува публикации од областа на
педагогијата, психологијата, филозофијата, из-
данија за изучување на странски јазици, како и
дела од хуманистичките науки.
Книжниот фонд на Библиотеката брои над
900 000 единици книги и изданија, како и над
200 000 единици од специјалните збирки. Во
збирките постојат над 4000 наслови на списанија
(полски и странски). Основниот книжен фонд
кој се наоѓа во библиотечно-информативниот
систем на Факултетот се собира и обработува
централно во Главната библиотека. Информа-
цијата за збирките е достапна преку интернет.
Во каталозите има информации за сите биб-
лиотеки кои функционираат на Факултетот. За
пребарување на информациите за содржината
на библиотеката се користи пред сè компјутер-
ски каталог кој му нуди на читателите 5 бази
на податоци: Книги и списанија, Белетристика,
Странски списанија во библиотеките во Вроц-
лав и Ополе, Каталог со каталожни картончиња
(on-line), Научни достигнувања на вработените.
Библиотеката на Вроцлавска Политехника
има улога на јавна научна библиотека чии збир-
ки се достапни на сите корисници во читалните,
со позајмување на збирките надвор од библио-
теката и позајмување од надворешни домашни
и странски библиотеки. Дигитализацијата на
библиотечните збирки на Вроцлавска Поли-
техника трае повеќе години. Дигиталната биб-
лиотека на Вроцлавска Политехника своите
дигитализирани збирки ги презентира во кон-
зорциумот Долношлонска дигитална библио-
тека (ДБЦ) во чиј состав влегуваат и други ин-
ституции од Вроцлав и регионот Долни Шлонск
( Економскиот Универзитет, Природонаучниот
Универзитет, Медицинската Академија, Биб-
лиотеката Оссолински, Музичката Академија
и др.). Долношлонска дигитална библиотека
(ДБЦ) овозможува пристап до своите дигита-
лизирани збирки користејќи интернет. Можно
е пребарување, преглед и читање во полн текст
по електронски пат на www.dbc.wroc.pl/dlibra.
Повеќето полски дигитални библиотеки вклу-
чително и ДБЦ работат на заедничка системска
платформа која овозможува истовремено пре-
барување на содржините на тие библиотеки.
Освен тоа дигиталните документи се достапни
и со користење на популарните интернет пре-
барувачи и преку каталогот на Библиотеката на
ВП. Главната библиотека за корисниците на ВП
преку својата интернет страница нуди пристап
до електронската верзија на научните книги и
прирачниците од различни области. Во функ-
ција се сервисите за електронски книги SAFARI,
KNOVEL, Korpo.ibuk.pl, MyLibrary. Дигиталната
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
4
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
библиотека исто така овозможува достапност
до електронските списанија и преку модулот
„е-czasopisma”, кој опфаќа збирки странски (над
17 000 списанија) и домашни (над 700 списанија).
Во Главната библиотека функционира ком-
пјутерски информативен систем за научни
трудови создадени на Вроцлавска Политех-
ника – DONA http://apin.bg.pwr.wroc.pl/Aleph/
formDONA.htm. Системот на информации
за научните достигнувања на вработените на
Вроцлавска Политехника се создава од 1969 г.
Формиран е со цел за помагање во менаџирање-
то на научните истражувања. Во моментов ба-
зата содржи над 200 илјади записи и годишно
се зголемува за 5,5 илјади описи. Во базата се
документирани сите публикации, како и непу-
бликувани трудови врз основа на оригиналите
претставени од страна на авторите. Базата овоз-
можува пристап до избрани полни текстови на
написи, книги, докторати, патенти - директно
на нивото на библиографскиот опис (LinkSource
на фирмата EBSCO).
На почетокот на 2014 г. Библиотеката на
Вроцлавска Политехника ја смени својата орга-
низациона структура и назив и се трансформи-
ра во: Центар за наука и научно техничка ин-
формација. Сега таа е општа високообразовна
организациона единица со научна, истражувач-
ка, образовна и услужна дејност. Во состав на
Центарот влегуваат:
• Класична библиотека (со печатени збирки)
• Електронска библиотека ( со дигитализи-
рани збирки)
• Центар за соработка на науката со сто-
панството
• Контактен центар за трансфер на техно-
логии
• Комплекс на научно-истражувачки лабо-
ратории
• Локални оддели во разни организациони
единици на факултетот (поранешни биб-
лиотеки на факултетите и институтите)
Досегашните збирки на Главната библиотека
сега се во склоп на Центарот, а нејзините читате-
ли се корисници на Центарот. Условите за корис-
тење на збирките не се изменија.
Центарот за наука и научно техничка инфор-
мација (порано Главна библиотека) е организа-
тор или соорганизатор на локални и државни
конференции, семинари и средби од различен
вид, наменети за библиотекарските средини во
најширока смисла. Во организирањето на такви-
те зафати не ја промовираат само сопствената
дејност, туку пред сé се трудат да поттикнат теми
кои се важни за современите библиотеки. На че-
тири конференции организирани во 2001, 2009,
2011 и 2013 г. („Вроцлавски средби на библиоте-
кари„) учествуваше претставничка на Универзи-
тетската библиотека „Св. Климент Охридски“ -
Битола (авторката на овој текст), презентирајќи
реферати за библиотекарството во Македонија.
Во ноември 2014 г. во кампусот на Вроцлав-
ската Политехника беше отворена нова дигитална
библиотека БИБЛИОТЕХ, односно Библиотека
на природните и техничките науки. Во една со-
времена зграда со над 11,5 илјади метри корисна
површина се лоцирани 570 компјутерски места,
лаборатории, соби за мултимедијални проекции
и огромна сервер-соба. Освен дигиталната биб-
лиотека во состав на комплексот меѓу другото
влегува и Регионалниот центар за информации
за патенти, Регионален пункт за информации за
норми, Информативно биро за нови технологии,
а исто така лаборатории за компјутеризација и
обработка на податоци на Вроцлавскиот Центар
за мрежи и суперкомпјутери, како и комплекс на
научно-истражувачки лаборатории.
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
5
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
Библиотех исто така е седиште на Центарот
за наука и научно технички информации, чија
задача меѓу другото е и да ги поврзува научни-
ците со стопанствениците и да им помага на
едните и на другите во градењето на соработ-
ка. Новата библиотека ја користат студентите
на Политехника, но и научниците, истражува-
чите, стопанствениците и претставниците на
бизнисот. Во зградата на Библиотехот има сали
за семинари со мултимедијални екрани, каме-
рални сали за индивидуална и групна работа,
простории за изложби. На отворен простор на
повисоките нивоа за потребите на корисниците
има четиристотини терминали каде читателите
можат да ги користат дигитализираните збирки
на факултетот (книги, прирачници и електрон-
ски списанија, бази на податоци и резултати од
истражувања). Библиотеката на Вроцлавската
Политехника има огромно значење за факулте-
тот и регионот и слободно може да се каже дека
е тоа вистинска библиотека на 21 век.
Министерката за култура на Република
Македонија, Елизабета Канческа – Милевска,
во присуство на бројни посетители, новина-
ри и вработени во Установата, на 23.02.2015
год., во 11 часот, свечено ги пушти во упо-
треба новоизградените простории во НУ
Универзитетска библиотека „Св. Климент
Охридски“ – Битола, чија изградба беше фи-
нансирана од страна на Владата на Републи-
ка Македонија. Новиот простор кој опфаќа
околу 500 м2 е современ и функционален и ќе
биде наменет за корисниците на услугите на
библиотеката и воопшто граѓаните на Битола
и пошироко.
- Со оваа инвестиција издвоена од буџетот на
Министерството за култура заврши целосна-
та надградба на библиотеката, почнувајќи од
зафатите за реконструкција на фасадата на
стариот дел од библиотеката, па сè до обезбе-
дувањето на нов корисен простор за читате-
МИНИСТЕРКАТА ВО ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
6
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
лите – истакна министерката за култура на
одржаната прес-конференција.
За време на посетата во Битола, во прос-
ториите на библиотеката, министерката
оствари средба и со директорите на нацио-
налните установи од областа на културата
и со градоначалникот Владимир Талески.
После свеченото давање во употреба на
новоизградениот простор во библиотека-
та, беше одржана и прес-конференција за
медиумите, на која министерката Елизабе-
та Канческа – Милевска ги наведе најзна-
чајните идни чекори во остварувањето на
позначајните проекти од областа на кул-
турата кои се планираат да се реализира-
ат во Битола. Потоа се обрати градоначал-
никот Владимир Талески, кој ги истакна
сите активности кои ги поддржува и треба
да се преземат во областа на културата во
општина Битола. Директорот на библио-
теката Науме Ѓоргиевски се заблагодари на
Министерството за култура за целосната
поддршка во сите активности на установа-
та, какао и за сè што досега е направено во
поглед на реконструкциите и доградбата на
библиотеката.
НУУБ „Св. Климент Охридски” - Битола во
изминатите 70 години бележи постојан развој
преку осовременување на библиотечните про-
цеси, современ библиотечен простор од околу
3000 м2 со околу 600.000 книги и 7000 читате-
ли. Освен библиотечната дејност, значајна е и
издавачката дејност, а битолската библиотека
има издадено повеќе книги од сите библиоте-
ки заедно во земјава, вклучувајќи ја и нацио-
налната библиотека од Скопје, рече директо-
рот Науме Ѓорѓиевски.
Пригодна реч имаше и битолскиот градо-
началник Владимир Талески.
ЈУБИЛЕЈ 70 ГОДИНИ НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИСКИ“ - БИТОЛА
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
7
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
Проф. д-р Вера Стојчев-
ска – Антиќ се обрати со
текстот НУУБ „Св. Климент
Охридски“ - Битола - мојот
втор дом. Јубилејниот број
39 на списанието „Библио-
течен тренд“ го претстави
г-дин Илче Стојановски.
Беа доделени плакети за
повеќегодишна успешна со-
работка на: министерката
д-р Елизабета Канческа Ми-
левска, ректорот на Унивезитетот во Битола проф. д-р Златко Жоглев и градоначалникот д-р
Владимир Талески.
(ЗА ВРАБОТЕНИТЕ, РАБОТНИТЕ МЕСТА И АКТИВНОСТИТЕ ПОВЕЌЕ ВО ПРЕТХОДНИОТ ЈУБИ-
ЛЕЕН Библиотечен тренд бр. 39.)
42. ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА БЗМ
11-12 јуни 2015, Македонска Каменица
На 11 – 12 јуни 2015 год. се одржа 42. годиш-
но собрание на БЗМ. Делегатите на Собрание-
то ги поздрави градоначалникот на општина
Македонска Каменица, г-дин Дарко Митевски
и им посака пријатен престој и успешна ра-
бота. Потоа се обрати претседателот на БЗМ,
Благој Николов, кој исто така ги поздрави
присутните делегати и авторите на стручните
трудови и ја презентира агендата за двата ра-
ботни дена. Следуваше еден прекрасен гест од
гостинките од НБ „Стеван Сремац“ од Ниш, Р.
Србија, кои во знак на благодарност и почеток
на една меѓународна соработка во областа на
библиотекарството, на претседателот на БЗМ
му доделија Монографија.
На првиот работен ден беа пријавени 12, а
презентирани 10 стручни трудови на тема Биб-
лиотеките како места за истражувачки и кре-
ативни активности кои ги водеше модерато-
рот м-р Миодраг Дадасовиќ. Учесници имаше
од повеќе библиотеки во државата.
За првпат по долги години на постоење на
БЗМ присуствуваа и настапија со свој научен
труд гости од Република Србија од Народна-
та библиотека „Стеван Сремац“ од Ниш, со
што ова наше здружение ги отвори вратите за
учество на сите заинтересирани библиотекари
надвор од нашата држава, а со тоа во иднина
овој дел од годишните собранија да го напра-
виме со меѓународна назнака, истакна претсе-
дателот на БЗМ.
Презентираните стручни трудови ги опфа-
тија скоро сите видови на библиотеки - јавни,
високошколски и училишни и може слободно
да се каже дека секој труд е насока како треба
библиотеките по својата организациска поста-
веност да бидат дел од истражувачките и креа-
Гордана Пешевска, виш библиотекар
Благој Николов, библиотекар советник
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
8
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
тивни процеси. Овие трудови ќе бидат објавени
во најновиот број на списанието „Библиотекар-
ство“. Во продолжение имаше дискусија за ква-
литетот на изложените трудови, а потоа следу-
ваше дружење на свечен ручек.
На вториот работен ден од Собранието,
претседателот на БЗМ, Благој Николов, најпр-
во ги извести членовите со текот на првиот ра-
ботен ден и го претстави Дневниот ред на кој
како прва точка се најде Извештајот за работа-
та на ИО на БЗМ за период јуни 2014-јуни 2015,
во кој се истакна дека и покрај тенката финан-
сиска состојба беа реализирани сите предвиде-
ни активности.
По однос на втората точка - Колективниот
договор, претседателот на БЗМ презентираше
неколку „болни“ точки кои треба да се предложат
до Министерството за култура на РМ и СОНК за
подобрување на Колективниот договор:
1. Забелешки за член 44:
• Коефициентите во библиотекарството
се многу пониски во споредба со коефи-
циентите во уметничките дејности.
• Бараме изедначување на коефициентите
со уметничките дејности во културата.
Предлог: библиотекар советник да биде
изедначен со актер – I група.
• Разликата меѓу библиотекар помошник
и самостоен библиотекарски помошник,
библиотекар – виш библиотекар – биб-
лиотекар советник е незначителна.
• Треба да се поведе сметка носителите на
дејност да не бидат со понизок коефици-
ент од вработените во јавната админи-
страција.
Бараме секоја установа, заради нормално
и непречено функционирање, да има назначен
програмски или уметнички раководител незави-
сно од бројот на даватели на услуги заради не-
пречено одвивање на програмските активности
на установата:
2. Забелешки за член 90:
• Да се стави граница односно наведеното
во член 44 да се реализира најдоцна до
01.01. 2016 година.
3. Забелешки за член 59:
• Во членот 59 за организирање штрајк во
согласност со закон наведено е дека рабо-
тодавачот е должен да исплати придонеси
од плата за време на штрајкот, меѓутоа не
е наведено кој ќе ја сноси одговорноста за
исплата на плата за време на штрајкот.
4. Забелешки за член 16:
• Да се избрише ставот 3 и да се додадат
нови два става, и тоа:
• Став 3: Програмата за професионално
оспособување и начинот на спроведу-
вање на постапката ја донесува матич-
ната установа за секоја дејност.
• Став 4: Програмата и начинот за спро-
ведување на приправничкиот испит ја
донесува управниот одбор на јавната
установа од областа на културата, на
предлог на директорот.
5. Забелешки за член 17:
• Во став 1 зборовите – 3 (три) да се заменат
со 6 (шест).
• Во став 2 зборовите – 6 (шест) да се заме-
нат со 12 (дванаесет).
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
9
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
Напомена:
Колективен договор да не се потпишува без
усогласување на коефициентите во културата
кај сите даватели на услуги.
По однос на третата точка едногласно е до-
несен ЗАКЛУЧОК на Локалната самоуправа од
Македонска Каменица да се даде поддршка за
основање на локална библиотека. Во проце-
дурата за основање, како и стручна помош и
безрезервна поддршка, ќе даде НУБ - Скопје.
Се усвои предлогот за ново дополнето из-
дание на Прирачникот „Млади библиотекари“,
а библиотеката „Искра“ од Кочани е избрана за
домаќин на 16. републички натпревар Млади
библиотекари 2015.
Собранието заврши со општа констатација
на сите учесници дека имаше прекрасна атмос-
фера, прекрасно дружење меѓу учесниците и
порака до сите кои не дојдоа да дојдат догодина
во Гевгелија.
ВЛИЈАНИЕТО НА ЧИТАТЕЛОТ ВРЗ БИБЛИОТЕКАТА
Времето во кое живееме, во кое исчезну-
ваат едни, а се раѓаат други вредности, носи
со себе и свои длабоки влијанија врз книгата
и пишаниот збор. Нашата цивилизација сè по-
веќе станува роб на електронските медиуми,
кои нè менуваат и тогаш кога не сакаме, кога
мислиме дека не им дозволуваме, нè менува-
ат неосетно и континуирано. Дали информа-
тичката империја ќе ја уништи Гутенбергова-
та, дали книгата во нејзината класична форма
ќе ја изгуби битката со далеку помоќниот не-
пријател - техничкиот напредок. И покрај ва-
квите песимистички предвидувања, книгата во
нејзината печатена форма опстојува како трај-
на вредност и како сè уште неодминлив и не-
надминат фактор во процесот на воспитание,
образование и културна надградба на секоја
Приредила: д-р Светлана Талеска,
виш библиотекар
современа индивидуа. Т.н. „криза на книгата“
всушност е привидна, таа е само една манифе-
стација на новата положба на книгата во светот
на информатиката која служи како средство да
понатамошно пласирање и ширење на книгата
и пишанот збор.
Книгата е неопходна потреба во животот
на човекот како фактор во проширувањето на
сознанијата и можностите за завладување со
сè посложената реалност. Токму затоа, согле-
дувајќи ја важноста на книгата како незамен-
лив фактор во воспитно-образовниот процес
и во процесот на создавање на културни нави-
ки и вредности на индивидуата, неодминливо
е согледувањето и проучувањето на терминот
читател, како битен елемент во библиотечнот
процес.
На читателите мора да им се посвети
заслуженото внимание, мора да се анализира-
ат и проучуваат, за да се оствари квалитетно
задоволување на нивните барања, адекватно
и целосно нивно реализирање и остварување,
како и за изнаоѓање на нови начини и приста-
пи во реализирањето на секојдневната прак-
тична работа со читателите.
Во библиотечната теорија, која иако има
долгогодишна традиција, сè уште не е до крај
дефиниран поимот читател.
Под поимот читател во библиотеч-
на смисла се подразбира секоја личност која,
според правилата на библиотеката, ги користи
библиотечните фондови на одредена библио-
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
10
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
тека. Меѓу читателот и библиотеката постојат
цврсти меѓусебно воспоставени права и обвр-
ски кои се регулирани со правилник за корис-
тење креиран од библиотеката.
Но, ваквата дефинираност на поимот чи-
тател во суштина е многу формалистичка, па
според тоа не може да се изведе заклучок кој
е всушност вистински читател, односно што е
читател во вистинското значење на зборот. Во
библиотечната теорија се смета дека читател во
вистинска смисла на зборот не е секој оној кој
ќе дојде во библиотеката да зајми библиотечен
материјал, туку поимот читател се доведува во
врска со квалитетот на читањето, што од своја
страна пак е во врска и во зависност од самата
личност на читателот, неговото образование,
општата култура, навиките, животното иску-
ство итн.
Одредени библиотечни истражувачи сме-
таат дека вистински читател е оној кај кого
перцепцијата од прочитаното дело најпотпол-
но се остварува. Постои мислење дека квали-
тетен читател мора да исполнува три услови:
годишно да прочита најмалку десет книги; нај-
малку еднаш месечно да набавува билтени за
нови книги; да не потпаѓа под влијание на по-
пуларноста на насловот, посебно во случај со
бестселерите1.
Се смета дека читателите се покомуника-
тивни во секојдневниот живот од оние кои не
читаат. Оние кои многу читаат, не го прават тоа
за да побегнат од светот и надворешноста, туку
за да се вклопат и живеат подобро во тој свет.
Една крајно поедноставена типологија,
читателите ги сведува на два типа: активен чи-
тател и пасивен читател.
Основната карактеристика на активни-
от читател се согледува во тоа што книгата за
него не е рамка и единствен извор на мислење
и случувања, туку го поттикнува на сопстве-
на активност. Тој не го прифаќа прочитаното
само такво какво што е прикажано, туку се
инспирира, надградува, па дури и влегува во
конфликт со авторот. Активниот читател прет-
ставува повисок степен на читател.
1 Владимир Јокановиќ, Савремени библиотекар и читалац.
Београд 1983, 52.
Она што еден читател го класифицира како
активен или пасивен е неговиот однос кон чи-
тањето и прочитаното. Според Hans Robert
Jauss во ваквата класификација многу важен
фактор и еден од основните елементи кои чи-
тателот го прават активен е хоризонтот на оче-
кување. Новиот текст буди во читателот сеќа-
вање на поединости од веќе познати хоризонти
на очекувања, кои во новата интерактивна ко-
муникација читател - текст се менуваат, кори-
гираат или само репродуцираат.
Активниот читател „комуницира“ со авто-
рот и преку него се постигнуваат посакуваните
ефекти - согласување или спротивставување.
Volfgang Iser, исто така го отфрла мислењето за
читателот како пасивен субјект и само набљу-
дувач во процесот на читањето и истакнува
дека читателот е единствено одговорен за соз-
давање на естетската визуелизација од прочи-
таниот текст. Читателите се активни учесници
во случувањата во литературното дело, кому-
ницираат со него, влегуваат во конфликт или
се активни поддржувачи.
Кај пасивниот читател сè е едноставно. Тој ја
прелистува книгата од првата до последната
страница, нему му е важна фабулата, случу-
вањата, јазикот, стилот; тој ги доживува и вос-
приема случувањата такви какви што се при-
кажани.
Важен фактор за зголемување на интересите
на читателите кон книгата и читањето секако е
и ширењето и развојот на мрежата на библио-
теки, бидејќи густата мрежа на библиотеки им
овозможува на читателите физички пристап
до нив. Со читањето се стекнуваат знаења за
светот во кој живееме, тоа овозможува прис-
тап до естетските вредности, нуди задоволство
и забава, дава можности за самопотврдување
и формирање на сопствената личност и основа
да се доживее духовна сродност и солидарност.
Според Шопенхауер, читањето не поттикнува
во читателот некакви нови квалитети, но во
него се будат, обогатуваат и развиваат оние
кои веќе читателот ги поседува.2
2 В. Јокановиќ, Савремени библиотекар и читалац.
Слобода, Београд, 1983
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
11
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ,
ИЗЛОЖБИ И ПРЕДАВАЊА
Приредил Илче Стојановски, виш библиотекар
20.10.2014 г.
На 20.10.2014 година, библиотеката ја посе-
тија ученици од ОУ „Гоце Делчев“ - Битола, заедно
со нивните наставнички.
22.10.2014 г.
На ден 22.10.2014 година, библиотеката ја по-
сетија ученици од ОУ „Ѓорги Сугарев“ - Битола,
заедно со своите наставници.
И при двете посети учениците ја разгледаа
музејската библиотечна поставка, детската биб-
Посета од ОУ „Гоце Делчев“ - Битола
Посета од ОУ „Ѓорги Сугарев“ - Битола
лиотека, роднокрајното одделение, читалната и
др. Притоа од страна на Илче Стојановски, вра-
ботен во библиотеката, им беа дадени основните
податоци за формирањето, развојот и функцио-
нирањето на установата.
22.10.2014 г.
По повод 23 октомври - Ден на македонската
револуционерна борба, во холот на библиотеката
беше поставена изложба на монографски публи-
кации од фондовите на библиотеката.
04.11.2014 г.
По повод 4 ноември – Ден на ослободувањето
на Битола, во холот на библиотеката беше поста-
вена изложба на книги од фондовите на библио-
теката.
Изложба на книги
Изложба на книги
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
12
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
31.10.2014 г.
На 31.10.2014 година во Велес се одржа 15. Репу-
блички натпревар „Млади библиотекари“, организи-
ран од Библиотекарското здружение на Македонија
и локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес. На
натпреварот зедоа учество 22 напреварувачи од цела
Македонија.
Победник на 15. Републички натпревар „Млади
библиотекари“ беше прогласена Емилија Илиевска од
ОУ „Кирил и Методиј“ од Битола, на второ место беше
Пале Ѓорѓиева од ОУ „Кирил и Методиј“ од Велес. На
трето место беше ученикот Мартин Николов од ООУ
„Даме Груев“ од Свети Николе. На наградените им беа
врачени дипломи и награди за освоените места.
На сите учесници на натпреварот им беа доделе-
ни благодарници и по една книга, а исто така со бла-
годарници се стекнаа и нивните ментори.
10.11.2014 г.
15. републички натпревар
„Млади библиотекари“
Посета од ОУ „Ѓорги Сугарев“ - Битола
На 10.11.2014 година, библиотеката ја посетија
ученици од ОУ „Ѓорги Сугарев“ - Битола, заедно
со своите наставници. Притоа тие ја разгледаа му-
зејската библиотечна поставка, детската библи-
отека, роднокрајното одделение, читалната и др.
Од страна на Илче Стојановски, вработен во уста-
новата, на посетителите им беа презентирани по-
датоци за основањето на библиотеката, развојот и
нејзината функција.
20.11.2014 г.
На 20.11.2014 година во 11 часот дечиња од
претшколска возраст од едукативниот центар „Сту-
диорум“ ДКЦ „Студио кидс“, ја посетија библиотека-
та. Најмногу се задржаа во детскиот оддел на библио-
теката, каде љубопитно разгледуваа.
Во салата за промоции потоа водевме разговор за
и околу книгите. Задоволни децата ја напуштија биб-
лиотеката и ветија дека ќе станат нејзини членови.
05.12.2014 г.
Во петокот во 11 часот, во просториите на
НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола свечено
беше одбележан патронатот на библиотеката. Во
програмскиот дел најпрвин со поздравна реч на
присутните им се обрати директорот на библио-
теката, Науме Ѓоргиевски, кој се осврна на живо-
тот и делото на свети Климент Охридски, како и
активностите на библиотеката во текот на изми-
натиот период. Потоа следуваше промоција на из-
Посета од детска градинка
Патронат на библиотеката, 2014 г.
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
13
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
данијата: Зборник на излагања од IX роднокрајна
средба на битолските писатели од Македонија и
списанието на библиотеката „Библиотечен тренд“,
за кои зборуваше д-р Николче Вељановски; Ката-
лог на дробен печат на НУУБ „Св. Климент Ох-
ридски“ - Битола, кој го промовираше наставнич-
ката Николина Поповска.
По овој повод, исто така во холот на библио-
теката беше поставена изложба на книги – посве-
тена на свети Климент Охридски.
17.12.2014 г.
Во присуство на бројни посетители, на ден
17.12.2014 г. (среда) со почеток во 12 часот, во
просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“
– Битола беше отворена изложба на тема „Мајка
Тереза – вечниот ангел на милосрдието“. При
отворањето со пригоден текст се обрати директо-
рот на библиотеката г-дин Науме Ѓоргиевски и ди-
ректорката на НУ Спомен-куќа на Мајка Тереза,
г-ѓа Рената Кутера – Здравковска, како и комеса-
рот на изложбата Цветанка Вучковска - кустос во
НУ Спомен-куќа на Мајка Тереза, а свечено беше
отворена од страна на примариус д-р Димитар
Котевски. Во склоп на програмата беше изведена
музичка нумера компонирана на текстот од пое-
мата „Проштевање“, напишан од Мајка Тереза, а
во изведба на кант авторот Драган Мијалковски.
На изложбата се претставени ретки фото-
графии од младоста и детството на Гонџа Агнес
Бојаџиу, период кој го поминува во Скопје заедно
со нејзиното семејство. Фотографии од нејзините
Отворена изложба за Мајка Тереза
посети во Скопје, нејзиниот погреб и беатифика-
ција.
Изложбата беше поставена до крајот на де-
кември.
05.02.2015 г.
На 05.02.2015 година, ученици од ОУ „Гоце
Делчев“ - Битола ја посетија библиотеката. При-
тоа ја разгледаа детската библиотека, библиотеч-
ната музејска поставка, начинот на работниот
процес во библиотеката, а особено се интересираа
за електронските начини на пребарување на биб-
лиотечниот материјал од фондот на библиотеката.
24.02.2015 г.
Министерката за култура на Република Ма-
кедонија, Елизабета Канческа – Милевска, во
присуство на бројни посетители, новинари и
вработени во установата, на 23.02.2015 год., во
Посета од ОУ „Гоце Делчев“ - Битола
Министерката во посета на
библиотеката
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
14
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
11 часот, свечено ги пушти во употреба ново-
изградените простории во НУ Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола,
чија изградба беше финансирана од страна на
Владата на Република Македонија.
Новиот простор, кој опфаќа околу 500 м2, е
современ и функционален и ќе биде наменет за
корисниците на услугите на Библиотеката и во-
општо граѓаните на Битола и пошироко.
- Со оваа инвестиција издвоена од буџетот
на Министерството за култура, заврши целос-
ната надградба на Библиотеката, почнувајќи од
зафатите за реконструкција на фасадата на ста-
риот дел од Библиотеката, па сè до обезбеду-
вањето на нов корисен простор за читателите –
истакна министерката за култура на одржаната
прес-конференција.
За време на посетата во Битола, во просто-
риите на Библиотеката, министерката оствари
средба и со директорите на националните уста-
нови од областа на културата и со градоначал-
никот Владимир Талески.
После свеченото давање во употреба на но-
воизградениот простор во Библиотеката, беше
одржана и прес-конференција за медиумите, на
која министерката Елизабета Канческа – Ми-
левска ги наведе најзначајните идни чекори во
остварувањето на позначајните проекти од об-
ласта на културата кои се планираат да се реа-
лизираат во Битола. Потоа се обрати градона-
чалникот Владимир Талески, кој ги истакна сите
активности кои ги поддржува и треба да се пре-
земат во областа на културата во општина Би-
тола. Директорот на Библиотеката Науме Ѓор-
гиевски се заблагодари на Министерството за
култура за целосната поддршка во сите актив-
ности на установата и сè што досега е направено
во поглед на реконструкциите и доградбата на
Библиотеката.
05.03.2015 г.
На 05.03.2015 година, а по повод 8 Март - Денот
на жената, деца од детските градинки „Кокиче“ и
„Качунка“, ја посетија Библиотеката. Откако ја раз-
гледаа детската библиотека и музејската библиотеч-
на поставка, во салата за промоции од нивна страна
беше одржана свечена програма посветена на праз-
никот на жените вработени во Библиотеката и им
подарија цветови изработени од самите деца.
17.03.2015 г.
Посета од градиниките „Кокиче“
и „Качунка“
Посета од ОУ „Тодор Ангелевски“ -
Битола
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
15
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
20.03.2015 г.
25.03.2015 г.
НУУБ „Св. Климент Охридски” - Битола во изми-
натите 70 години бележи постојан развој преку осо-
временување на библиотечните процеси, современ
Посета од библиотекарската секција
при ОУ „Кирил и Методиј“ - Битола
Јубилеј 70 години постоење
на Библиотеката
библиотечен простор од околу 3000 м2 со околу
600.000 книги и 7000 читатели. Освен библиотечната
дејност, значајна е и издавачката дејност, а битолската
библиотека има издадено повеќе книги од сите биб-
лиотеки заедно во земјава, вклучувајќи ја и Нацио-
налната библиотека од Скопје, рече директорот На-
уме Ѓорѓиевски.
Пригодна реч имаше и
битолскиот градоначалник
Владимир Талески.
Проф. д-р Вера Стој-
чевска - Антиќ се обрати со
текстот НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола - мојот
втор дом. Јубилејниот број
39 на списанието „Библио-
течен тренд“ го претстави
г-дин Илче Стојановски.
Беа доделени плакети
за повеќегодишна успешна соработка на: министер-
ката д-р Елизабета Канческа Милевска, ректорот на
Унивезитетот во Битола проф. д-р Златко Жоглев и
градоначалникот д-р Владимир Талески.
23.04.2015 г.
По повод Светскиот ден на книгата и автор-
ското право кој во НУ Универзитетска библиоте-
ка Св. Климент Охридски беше прочитана пора-
ката на генералниот директор на УНЕСКО, Ирина
Бокова, како и македонската порака од академик
Луан Старова.
Идејата за одбележување на овој ден потекнува
Светски ден на книгата и
авторското право
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
16
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
од Каталонија, каде на 23 април на денот на католич-
киот празник Св.Јурја, традиционално се подарува
ружа за секоја подарена книга, традиција која трае
скоро 100 години.
Живееме во време на планетарно братство, кога
човештвото се соочува со новите предизвици и при-
оритети на колективниот опстанок, време кога нови
научни парадигми на развојот брзо ги заменуваат
старите. И во овие времиња, и покрај своите мета-
морфози предизвикани од дигиталната револуција,
книгата не престанува да ги здружува луѓето, да
ги урива границите во времето и просторот, да ис-
трајува како светилник на надежта, се вели во маке-
донската порака од академик Луан Старова.
По повод денешниот ден беше одржано лите-
ратурно читање и изложба насловена „Ѕвездите на
светската книжевност“, на која беа поставени 150
светски книжевни брендови.
11.05.2015 г.
Во бројните активности по повод 9 мај, датум на
кој годинава се одбележуваат 70 години од денот на
победата над фашизмот, беше вклучена денешната
промоција на збирката на современа револуционерна
поезија „За зборот наш и сонцето“. Писателот Радо-
ван П. Цветковски се осврна на значајните историски
настани и ликови од периодот на двата Илиндена.
Во НУУБ „Св. Климент Охридски беше про-
мовирана збирката на современа револуционерна по-
езија „За зборот наш и сонцето“ од битолскиот поет
Радован П. Цветковски. Поводот за објавување на
оваа поетска книга е големиот јубилеј 70-годишнина-
та од Денот на победата на фашизмот, 9-ти мај.
„За зборот наш и сонцето“
„Книгата всушност содржи револуционерни
песни, кои се посветени на Втората светска војна, но и
порано во историјата. Меѓу нив се стиховите од пло-
чите кај Црн Мост, за Стив Наумов, Мите Богоевски,
Крсте Петков Мисирков и др.“ - рече Цветковски.
Цветковски преку збирката „За зборот наш и
сонцето“ потенцира дел од историските настани од
битолскиот регион и неговата околина, но исто така
и личности и револуционери кои имале свој удел за
време на двата Илиндена.
„Денес малку се пишува револуционерна поезија
и токму затоа за мене беше предизвик за овој датум да
ја објавам оваа збирка“ - истакна Цветковски.
Оваа збирка на современа револуционерна пое-
зија е издадена од Општинскиот одбор на Сојузот на
борците од Народноослободителната и антифашис-
тичка војна во Македонија. (текстот е преземен од тв
Орбис)
31.05.2015 г.
На 31 мај, во читалната на роднокрајното одделе-
ние при НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, се
одржа 10-тата Роднокрајна средба на битолските пи-
10. Роднокрајна средба
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
17
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
сатели во Македонија. На Тркалезната маса на тема: „
Творечката имагинација и уметникот во моите дела“
учествуваа околу дваесетина писатели. „Сите автори
зборуваат исклучиво само за себе и за своите дела. Во
сите десет средби има доста интересен материјал за
истражување на оние кои се занимаваат со литерату-
ра. На оваа средба има право да доаѓа секој роднокра-
ен автор, правило беше да биде член и на Друштвото
на писатели на Македонија, но покануваме и помлади
членови“ – изјави д-р Николче Вељановски, модера-
тор на средбата. За писателите од Битола и Битолско
оваа средба е многу значајна, затоа што на овој начин
оставаат свој белег во македонското литературно
творештво. „Чест и задоволство ми е да присуствувам
на една ваква средба која библиотеката по десетти
пат ја организира и ги собира писателите од Битола
и од Битолско. Ми претставува задоволство што јас
по десетти пат учествувам на теми кои вредните луѓе
од библиотеката ги одбираат секоја година за тво-
рештвото на писателот, за ликовите, делата итн. Око-
лу самите средби би рекол дека ретко која установа
во Македонија ги собира роднокрајните писатели на
едно место и морам да изразам задоволство и благо-
дарност до библиотеката“ – вели Петко Шипинка-
ровски, писател.
Финален производ на роднокрајната средба е из-
давањето на зборник во кој ќе се најдат текстовите на
сите писатели кои зедоа учество и/или испратија свои
текстови.
БИЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ
ОДДЕЛ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУГА ЗА ВОЗРАСНИ
1. ПАРАДА НА МАРИОНЕТКИТЕ – Евгениј Хоум
2. ПАТУВАЊЕ ОД СТО ЧЕКОРИ – Ричард С. Морејс
3. КРАЛСКА АФЕРА – Нора Робертс
4. КРИТИЧНА ТОЧКА – Хуан Гомез Хуардо
5. НА БАЛКАНОТ И ДОЖДОТ МИРИСА ПОИНАКУ – Гордана Куиќ
6. ТОЛКУВАЊЕ НА СОНИШТАТА – Зигмунд Фројд
7. SВЕДЕНА ПРАШИНА – Нела Гејмен
8. ПЛАМЕН ОД ИСТОКОТ – Кејт Форнивал
9. ДЕВОЈКАТА ОД БОНДСТИЛ - Тања Јанковиќ
ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА
1. МАГИЧЕН РОДЕНДЕН НА СТЕЛА – Сантини Габриела
2. ЕСЕНСКО ЗАЈДИСОНЦЕ – Здравевска Ангела
3. БЕЗ ТАТКОВИНА – Шири Јохана
4. УМЕЕШ ЛИ ДА СВИРКАШ, ЈОХАНА? – Старк Улф
5. ПРИНЦЕЗАТА ДЕЈЗИ – Френч Вивијан
6. ВО ОГЛЕДАЛО ОГЛЕДАЛЦА – Цветковски П. Радован
7. ПЕТТАТА ПЕПЕРУГА – Петровиќ Урош
8. БАБИНИТЕ ПРИКАЗНИ – Пирузе Сотир
9. ПРВИТЕ ЗРАЦИ НА ЉУБОВТА – Трајчевска Сара
10. НАДАРЕНИ 1, 2, 3, 4, 5, 6 - Кеј Мерилин
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
18
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
Ватикан, градот држава е еден од европските
микроградови кој привлекува со своето големо умет-
ничко богатство, како и со многубројните споменици.
Неговите фрески, склуптури и архитектура пленат
со својата убавина и раскош. Расположен е во запад-
ниот централен реон во Рим, односно во срцето на
италијанската престолнина. Во центарот на Ватикан
се наоѓа плоштадот на Св. Петар. Покрај базиликите
на Св. Петар и Сикстинската капела, ќе ја споменеме
Ватиканската или Апостолска библиотека и Ватикан-
скиот музеј, кои воодушевуваат со својата градба и
грандиозност, како и Апостолската палата во која се
наоѓаат апартманите на папата, владини и црковни
канцеларии, капели, Рафаеловата соба, и музеите пос-
ветени на римокатоличките поглавари од минатото,
кои содржат најголем број од колекции, непроценливи
антиквитети и уметнички слики.
Апостолската библиотека е основана за време на
папата Никола V, во средината на 15 век, кога папата
собрал околу 350 грчки, латински и хебрејски кодекси
наследени од неговите претходници, како и од својата
сопствена збирка, помеѓу која и ракописите од царска-
та констатинополска библиотека (Biblioteka Apostolica
Vatikana), односно таканаречениот “Kodeks B”, кој по-
текнува од околу 327 год. и е еден од 50-те, кој ги на-
бавил царот Константин, првиот римски христијан-
ски лидер. Званично повелба за нејзино основање
потпишал Сикст IV, во 1475 год. Библиотеката се на-
оѓа покрај ватиканската тајна архива, која ја содржи
повеќевековната дипломатска преписка од Ватикан.
Нејзиниот прв библиотекар, Бартоломео Платина
(Bartolomeo Platina) направил попис во 1481 год. и ут-
врдил дека библиотеката поседувала преку 3.500 дела,
со што била најголема во западниот свет. Околу 1587
год. папата Сиксто V, го најмил архитектот Доменико
Фонтана (Domenica Fontana), да ја конструира новата
зграда за библиотеката, која е во употреба до денеш-
но време. Фондот на Апостолската библиотека опфаќа
преку милион книги и 75 илјади ракописи, со што се
вклучени 8.500 инкунабули (печатени во Европа). Ва-
тиканските тајни архиви се одвоени од библиотеката,
во почетокот на 17 век. Тие содржат 150 илјади дела.
Меѓу најпознатите дела во библиотеката е Ватикан-
скиот кодекс (Codeks Vaticanus), (целосниот ракопис
на Библијата), Александрискиот и Синајскиот кодекс,
како и најзначајните колекции на историски текстови.
Историјата на Ватиканската библиотека се дели на пет
периоди, и тоа: предлатерански, латерански, авигнон-
ски, предватикански и ватикански.
Во читалните и депоата на Апостолската биб-
лиотека се воведени најсовремени климатски системи
и заштитни уреди. За да се заштитат книгите од изне-
сување надвор од библиотеката, во 70.000 примероци
се вградени комјутерски чипови, со што ќе се доприне-
си за чувањето на вредниот и уникатен книжен фонд.
Како повод за воведување на новите безбедносни мер-
ки, послужил случајот на професорот по историја на
уметноста на Универзитетот во Охајо, Ентони Мел-
никас (Entonij Melnikas),
кој во 1987 год. ги изнел
од библиотеката некол-
куте страници на еден
manuscript од 14 век, кој
некогаш припаѓал на Пе-
трарка. Мелникас е осуден
во 1996 год. на 14 месеци
затвор, по самото призна-
вање на кражбата.
Ватиканската библио-
тека користи NASA техно-
логија за префрлање на 80
илјади древни ракописи
ВАТИКАНСКАТА БИБЛИОТЕКА
Приредилa: Лидија Мирчевска,
виш библиотекар
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
19
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
во дигитален формат. Таа е прва установа на културата
во светот која за организација на дигиталната архива
користи универзален флексибилен систем за пренос
на слика (Flexible Image Transport system). Ватикан-
ската библиотека е единствена во светот по начинот
на кој ги архивира манускриптите. Кога се скенираат
ракописите се користи современа технологија, која ги
чува ракописите од оштетувањето при скенирањето.
Ватиканската библиотека била реконструирана.
Нејзината обнова траела три години, за во 2010 год.
повторно да ги отвори вратите за сите вљубеници во
науката. Главниот библиотекар на Светата столица
Рафаел Фарина Rafael Farina (Ra aele) бил многу бла-
годарен на разбирањето на истражувачите кои биле
приморани три години да чекаат за да Ватиканската
библиотека биде повторно отворена. Годишно, околу
5.000 академици добиваат дозвола за работа во Вати-
канската библиотека. Ниеден примерок од ракописите
не смее да се изнесе надвор од библиотеката, а строги
се и правилата на самото работење во неа. Во читал-
ните не е дозволено да се внесуваат пенкала, како ни
храна, ниту пак вода.
МАЈКА ТЕРЕЗА – ВЕЧНИОТ АНГЕЛ НА МИЛОСРДИЕТО
Во присуство на бројни посетители, на ден
17.12.2014 (среда) со почеток во 12 часот, во простори-
ите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола беше
отворена изложба на тема „Мајка Тереза – вечниот
ангел на милосрдието“. При отворањето со пригоден
текст се обрати директорот на Библиотеката г-дин На-
уме Ѓоргиевски и директорката на НУ Спомен куќа на
Мајка Тереза, г-ѓа Рената Кутера – Здравковска како и
комесарот на изложбата Цветанка Вучковска - кустос
во НУ Спомен-куќа на Мајка Тереза, а свечено беше от-
ворена од страна на примариус д-р Димитар Котевски.
Во склоп на програмата беше изведена музичка нуме-
ра компонирана на текстот од поемата „Проштевање“
напишан од Мајка Тереза, а во изведба на кант авторот
Драган Мијалковски.
Изложбата насловена „Мајка Тереза - вечниот ан-
гел на милосрдието“ е дел од Културниот караван - про-
ект на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза. Оваа патувачка
изложба својот прв успех го доживеа во 2012 година во
Струмица, а во 2013 година беше претставена пред пуб-
ликата во Крива Паланка. Проектот е целосно поддр-
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
20
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
жан од Министерството за култура на РМ, во рамки на
Годишната програма за проекти од национален интерес
во културата.
На изложбата се претставени ретки фотографии од
младоста и детвството на Гонџа Агнес Бојаџиу, период
кој го поминува во Скопје заедно со нејзиното семејство.
Фотографии од нејзините посети во Скопје, нејзини-
от погреб и беатификација. Исто така се приложени и
ексклузивни фотографии од нејзината мисионерска
работа во Калкута како и незината посета на Хрватска,
откупени од хрватскиот фотограф Звонимир Атлетиќ.
Во склоп на изложбата беа проектирани и документар-
ни филмови за хуманистката Мајка Тереза: нејзината
посета во Скопје, говорот по повод добивањето на Но-
беловата награда за мир и др. Освен прикажувањето на
15. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“
На 31.10.2014 година, во Велес се одржа 15. Репу-
блички натпревар „Млади библиотекари“, организи-
ран од Библиотекарското здружение на Македонија и
Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес. На нат-
преварот зедоа учество 22 напреварувачи од цела Маке-
донија. По поставените прашања од страна на тричле-
ната комисија во состав Пепи Ставревски, претседател
и членовите Јадранка Мајсторова и Снежана Петкова,
учесниците преминаа на одговарање на прашањата.
Со оглед на на тоа дека на овој натпревар, знаење-
то на кандидатите беше на високо ниво имаше повеќе
кандидати со исти поени по завршувањето на тестот,
односно два учесници со по 183 поени и три учесници
со по 182 поени. За нив Комисијата спроведе писмено
испитување. За првото односно второто место одгова-
раа Емилија Илиевска и Пале Ѓорѓиева кои имаа најго-
лем број на бодови. По поставените прашања од страна
на комисијата за победник на 15. Републички натпре-
вар „Млади библиотекари“ беше прогласена Емилија
Илиевска од ОУ „Кирил и Методиј“ од Битола, на вто-
ро место беше Пале Ѓорѓиева од ОУ „Кирил и Методиј“
од Велес. Истата постапка се спроведе и за стекнување
на третото место. Комисијата по поставените прашања
за трето место го избра ученикот Мартин Николов од
ООУ „Даме Груев“ од Свети Николе. На наградените им
беа врачени дипломи и награди за освоените места.
На сите учесници на натпреварот им беа доделени
благодарници и по една книга, а исто така со благодар-
ници се стекнаа и нивните ментори.
Приредила: Јоланда Бошевска, библиотекар советник
животот и делата на Мајка Тереза, на оваа изложба беше
промовирана и Спомен куќата, преку штандот со пуб-
ликации и сувенири за Мајка Тереза.
Изложбата беше поставена до крајот на декември.
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
21
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
БИТФЕСТ 2015
По повод десетгодишниот јубилеј од одржу-
вањето на БИТФЕСТ 2005 -2015 година, под покрови-
телство на градоначалникот на Општина Битола Д-р
Владимир Талески, Библиотеката активно учествува
во програмата на БИТФЕСТ. Со оглед на фактот што
предлагачи во Јавниот повик за учество во програма-
та на БИТФЕСТ можат да бидат институции, здру-
женија на граѓани, неформални групи и поединци за
проекти од: музичката, музичко сценската, театарска-
та, ликовната, видео, фото, филмската, литературна-
та, фолклорната како и други уметности, Библиоте-
ката се јавува како активен учесник во програмата и
тоа со повеќе проекти. Секое лето Битола како град
со историско и културно наследство успева да го за-
држи вниманието на голем број на граѓани, туристи
и слично, се работи за програма која се презентира
почнувајќи од крајот на месец јуни до крајот на месец
август, која е исполнета со најразлични културни на-
стани (промоции на книги, изложби, театарски прет-
стави, концерти на врвни музичари и др.), и истите
се одвиваат во културните институции, и тоа: Завод и
музеј, амфитеатарот во античкиот локалитет „Херак-
леа Линкестис“, Магазата, Библиотеката, Центарот за
култура, Народниот театар, Широк сокак, Битолската
чаршија и сл. Од досегашните реализирани проекти
имаме оставено траги и во издавачката дејност, и тоа:
„Зборник од Работилницата за значењето на книгата“,
„Каталог на дробен печат“, брошури, плакати и др.
Оваа година имаме аплицирано со повеќе
проекти, и тоа: „Книгата мост на пријателство“, „Сите
заедно читаме“, „Мини библиотека“, „Со читање на
книга до најдобра порака и личност“, со кои сметаме
дека ќе го збогатиме културното лето 2015 во Битола.
ОТВОРЕНА НОВА ЧИТАЛНИЦА НА ЕВН ВО БИБЛИОТЕКАТА
Работилниците во чиј фокус е книгата и подигну-
вање на свеста за придобивките што ги носи читање-
то, од вчера се одржуваат во новоотворената читал-
ница во Универзитетска библиотека „Свети Климент
Охридски“ во Битола.
Еднаш неделно во читалницата ќе се одвиваат
едукативни работилници за млади на возраст од 6
до 14 години, кои ќе ги спроведува Асоцијацијата
„Паблик“ во соработка со Здружението за граѓан-
ски активизам ФОРУМ 16 – Битола. Работилниците
ќе ги посетуваат групи ученици од основните учи-
лишта: „Коле Канински“, „Св. Кирил и Методиј“ и
„Св. Климент Охридски“.
- Развивање позитивен став кон книгите и подо-
брување на читачките навики на младите се главните
очекувања кои треба да произлезат од овие работил-
ници. Истите ќе се темелат на спектар креативни ме-
тоди и техники на работа, кои ги ослободуваат уче-
ниците од оценување. Во мисијата младите повеќе да
ја засакаат книгата веруваме дека ќе помогне и моти-
вирачкиот амбиент каде ќе се одржуваат овие средби,
кој пред сè е пријателски поставен кон учениците и
нивните потреби, рече Анета Ристеска, едукатор и
координатор на едукативните работилници.
Оваа современа читалница е трета по ред во
земјава која се отвора во рамките на кампањата за по-
дигнување на читачката култура кај младата публика,
во соработка со ЕВН Македонија.
Приредила: Ленче Андоновска, библиотекар советник
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
22
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
- Кампањата која ја креираме и спроведуваме со
нашите партнери има цел преку неконвенционални
методи да им се доближи книгата на учениците, но,
притоа да се тргне и од нивните индивидуални по-
треби и афинитети. Или едноставно да читаат зошто
сакаат, а не затоа што мораат, рече портпаролот на
ЕВН Македонија Атанас Ковачевски.
За амбиентот на сите три читалници, во Скопје,
Струга и Битола, се погрижи македонската компа-
нија „Дилајт“, користејќи ги искуствата од светскиот
лидер во оваа област, „Стилкејс“, кои овозможуваат
училишни простори адаптирани на современите тех-
нологии.
ЗА ЗБОРОТ НАШ И СОНЦЕТО
Во бројните активности по повод 9 мај, датум на кој
годинава се одбележуваат 70 години од денот на победа-
та над фашизмот, беше вклучена денешната промоција
на збирката на современа револуционерна поезија „За
зборот наш и сонцето“. Писателот Радован П. Цвет-
сковски се осврна на значајните историски настани и
ликови од периодот на двата Илиндена.
Во НУУБ „Св. Климент Охридски беше промо-
вирана збирката на современа револуционерна поезија
„За зборот наш и сонцето“ од битолскиот поет Радован
П. Цветковски. Поводот за објавување на оваа поетска
книга е големиот јубилеј 70-годишнината од Денот на
победата на фашизмот, 9-ти мај.
Книгата всушност содржи револуционерни песни,
кои се посветени на Втората светска војна, но и порано
во историјата. Меѓу нив се стиховите од плочите кај
Црн Мост, за Стив Наумов, Мите Богоевски, Крсте пет-
ков Мисирков и др.“ рече Цветковски.
Цветковски преку збирката „За зборот наш и сон-
цето“ потенцира дел од историските настани од битол-
скиот регион и неговата околина, но исто така и лич-
ности и револуционери кои имале свој удел за време на
двата Илиндена.
„Денес малку се пишува револуционерна поезија и
токму затоа за мене беше предизвик за овој датум да ја
објавам оваа збирка“ - истакна Цветковски.
Оваа збирка на современа револуционерна поезија
е издадена од Општинскиот одбор на Сојузот на бор-
ците од Народноослободителната и антифашистичка
војна во Македонија. (текстот е преземен од тв Орбис)
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
23
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
ДИГИТАЛНАТА БИБЛИОТЕКА ВО НУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - СКОПЈЕ
Проектот DLI – Digital Libraries Initiative е ре-
зултат на Европската комисија и на нејзината стра-
тегија за развој на дигиталната економија изнесена
во „2010 strategy“. На иницијатива на шест земји –
членки во 2005 година за креирање на виртуелна
европска библиотека со цел европските културни и
научни записи да бидат достапни до сите, се усвоју-
ва иницијативата „2010: Digital Libraries“, којашто се
однесува на европското културно наследство, а во
2007 година и „Communication … on acces to scienti c
information in digital age“. „2010: DIGITAL libraries“
обработува три основни подрачја за акција, и тоа:
• Дигитализација на аналогни колекции за
нивна поширока употреба во информатич-
кото општество,
• Достапност он-лајн, состојба за максими-
зирање на користа што ќе ја имаат граѓани-
те, истражувачите и компаниите од инфор-
мацијата,
• Заштита и чување, со цел идните генера-
ции да достапат до дигиталниот материјал
и оневозможуавање на губење на вредни
материјали.
Денеска никој повеќе не го споредува интер-
нетот со електронската библиотека – во интерне-
тот откриваме огромен, хаотичен и неорганизи-
ран ресурс, додека во електронската библиотека,
информатичките ресурси се специјално одбрани
и структурирани. Како технологија интернетот е
основа за создавање на електронската библиотека,
а самата таа е дел од мрежните интернет ресурси.
Оттука целта за создавање на електронската биб-
лиотека е брзото и ефективно добивање и корис-
тење на информација преку интернет1.
Во современиот библиотекарски свет разви-
токот на електронската библиотека еднозначно се
прима како една од карактеристичните тенденции
на информатичкото општество, како систем, со-
дејствувајќи со достапот на корисниците до соп-
ствени или туѓи електронски ресурси. Стратегија-
та при создавање на електронската библиотека
треба да се потпира на три основни компоненти:
Интернет, правно законодавство и приложување
на современи информатички технологии за орга-
низација и достап до електронските ресурси. Ва-
жен фактор е и компетентноста на персоналот во
библиотеката за воведување и поддршка на елек-
тронските архиви и на архивите на веб – ресурси-
те. М. Даулинг во статијата „Библиотеки, библио-
текари и библиотекарски асоцијации во САД во
2001 година: обновени во епохата на спознание-
то” апострофира дека денешниот брз развиток на
библиотеките – тоа е иднината на универзитет-
ските и другите библиотеки.2
Ан Окерсон го постави актуелното пра-
шање за содржината на електронската библиоте-
ки, создавани од универзитетските библиотеки
во својата статија, со наслов: „Се бара: Модел за
електронски архиви”.3 Врз основа на заклучоците
од спроведениот проект BYTES (Books You Teach
Every Semestar), авторката соопштува дека најго-
лем проблем предизвикува изработувањето на
точни критериуми за избор на наслови, кои ќе
бидат дигитализирани и претставени во on – line
режим. Предизвикот е голем за секоја универзи-
тетска библиотека, споделува авторката.
Е. Буњ и А. Балацкај ја изведуваат принципи-
елно новата улога на електронската библиотека
во образовниот систем: не само да создава, чува
и да предлага електронски образовни ресурси, но
во исто време да го координира информатичкиот,
1 Шрайберг, Я. Л. Библиотеки, компьютерные технологии и
информационное общество прошедший и год грядущий /
Научные и технические библиотеки, 2003, № 1, с. 38 – 39.
2 Пак таму, с. 44
3 Okerson, Ann Wanted: A Model for E – Reserves. / Library Jour-
nal, 9/1/2001, Vol.126, Issue 14, p. 56
Приредил: Наум Ефтимов,
библиотекар
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
24
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
образовниот и културниот обем, да биде методолог
и водач во единствената информатичко – образов-
на средина.4
Во процесот на создавање на Електронска (ди-
гитална) библиотека секако е вклучена и Република
Македонија преку НУБ „Св. Климент Охридски од
Скопје“. Досега на тоа поле се преземени и напра-
вени повеќе чекори и Библиотеката има одредени
етапи во досегашната соработка со европските биб-
лиотеки.
НУБ „Св. Климент Охридски“ од Скопје е член
на Конференцијата на европски национални биб-
лиотеки (CENL). Пред десетина години CENL даде
препораки да се дигитализираат старите и ретки
книги (ракописи и старопечатени изданија), со цел
запазување на движното културно наследство како
општоевропска и глобална тенденција.
Во 2005 година е донесена Резолуција за диги-
тализација на европското културно наследство. Таа
резолуција е донесена од CENL и со неа се препора-
чува: Развој и координација на стратегиите за диги-
тализација и дигиталните библиотеки вклучувајќи
ги техничките елементи, процесот на селекција на
материјалите; индентификација на можностите за
размена и развој на европска критична маса на ди-
гитални содржини и др.
Дигитализацијата на ретките фондови е важна
задача пред библиотеките во современата инфор-
матичка епоха. Се постигнува зачувување на кни-
жевното културно наследство преку преставување
во дигиталната средина, со создавање на виртуелни
информатички ресурси, дозволувајќи библиотеката
да стане активен учесник во меѓународната инфор-
матичка, научна и културна размена.
Дигитализацијата на одбрани колекции е етапа
од стратегијата на универзитетските библиотеки за
создавање на сопствени информатички продукти,
преку кои ке се популаризира македонската наука
и култура како дел од светското цивилизациско на-
следство.
Во рамките на НУБ „Св. Климент Охридски“ од
Скопје има специјализирано одделение кое дигита-
лизира одредени збирки. Досега се дигитализирани
дел од Археографската збирка – ракописни и старо-
печатени книги. Дигитализирани се 55 старословен-
4 Бунь, Е. В., Балацкий А. Н. Центральная библиотека
образовательных ресурсов: цели, задачи, перспективы. /
Научные технические библиотеки, 2004, № 4, с. 62.
ски ракописи од 13 век до 18 век и претстои да се диги-
тализираат уште околу 250 старословенски ракописи.
Тие се распределени во векови, писма, јазици.
Што се однесува до збирката Ориенталистика,
скоро целата збирка е дигитализирана и во нејзина-
та реализација беше вклучена и Националната биб-
лиотека „Сулејманија“ од Истанбул, Република Тур-
ција. Процесот е пред финализација. Целта на
процесот што тече е да се комплетира Дигиталната
библиотека и засега се дава предност на ракописни-
те и старопечатените книги. НУБ „Св. Климент Ох-
ридски“ од Скопје дигитализираниот материјал го
пласира за широката македонска и светска јавност
преку нашта веб – страница htt://www.nubsk.edu.mk
и преку порталот Dlib.mk. Преку овој портал се
овозможува на посетителите пристап до различни
библиографски содржини како што се книги, рако-
писи, списанија и периодични публикации, статии,
географски карти, ноти, проекти...
Порталот Dlib.mk, пред сè има за задача да зачува,
презентира и дистрибуира најразлични библиограф-
ски содржини во дигитална форма како дел од про-
грамата за заштита на културното наследство и про-
мовирање на нашата култура во јавноста. Дигиталната
библиотека е изградена Open Source - платформата
Ликовни уметности
Ориентални ракописи
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
25
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
Dspace која покрај можноста за презентација има
за цел и долготрајно чување и управување со диги-
тални објекти. Универзитетската библиотека има
создадено, а и се уште се создаваат и унапредуваат
стручни лица – библиотекари кои работат на тој
процес. Во поодмината фаза е дигитализацијата на
ретките збирки и процесот продолжувa со три из-
вршители кои работат во овој процес.
Во периодот од 1999 – 2002 година со финан-
сиска поддршка на Министерството за култура на
Република Македонија издаде три ЦД РОМ-ови кои
содржат 1500 дигитализирани страници од Архео-
графската збирка на Библиотеката. Опфатени се 70
ракописи. Истите се достапни на интернет: http://
www.nubsk.edu.mk. Постои копија на овој фонд
дигитализирани страници во стандарден TIF-фор-
мат, така што истиот би се користел во процесот на
дигитализација на Археографската збирка.
Во 2001 година воспоставена е соработка со
CENL, односно партиципирано е до дигитализи-
ран примерок – страница од ракописот „Посен
триод“ – втора половина на 13 век од Археограф-
ската збирка за издавање на публикацијта „Европ-
ски национални библиотеки“.
За потребите на порталот ГАБРИЕЛ доставени
се три описи на старословенски ракописи од Архе-
ографската збирка: „Кратовско четвороевангелие“,
„Фрагмент од посен триод“ и „Молитва“. Придру-
жен елемент на описите е и по една дигитализира-
на страница, соодветно.
Во текот на 2007 година е формиран тим за из-
работка на нацрт-програма за дигитализација на
фондовите на Библиотеката. Истовремено е под-
готвен писмен материјал упатен до Министерство-
то за култура на Република Македонија во кој се
бара да се иницираат на државно ниво прашањата
во однос на дигитализацијата на културното на-
следство на Македонија и да се воспостави органи-
зиран приод кон овој процес.
Во 2008 година Библиотеката учествуваше со
свои дигитализирани примероци од старосло-
венските ракописи, од картографската збирка, од
Збирката ориентални ракописи и од Збирката со-
времени ракописи во ТЕЛ (Европската библиоте-
ка). Исто така во истата година направени се ини-
цијални контакти за вклучување на Библиотеката
со содржини од специјалните збирки во европски-
от проект МИНЕРВА. Активностите се во тек.
Дигитализацијата на специјалните збирки ќе
придонесе за формирање на дигитална библиоте-
ка на Македонија и ќе претставува значаен сегмент
во информациската инфраструктура на Републи-
ка Македонија. Тоа ќе овозможи слободен WEB
- пристап до вредните библиотекарски збирки за
граѓаните на Македонија и пошироко во светот. На
овој начин ќе се партиципира во размената на ин-
формациите за книжното наследство меѓу народи-
те во светот.
Дигитализацијата ќе продолжи и во 2015 годи-
на во план е дигитализирање на 46 илјади македон-
ски изданија.
Ретка периодика
Археографска збирка
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
26
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
РАЗГОВОР СО ХРИСТО ПЕТРЕСКИ
1. Какви беа Вашите книжевни почетоци?
Речиси како и кај сите други писатели.
Најпрвин објавив песничка во „Наш свет“ со
наслов „Пролет“, а потоа од петто до осмо од-
деление пишував песни и ги добивав сите на-
гради (и прва, и втора и трета) за патрониот
празник на Браќата Миладиновци во с. Жван,
Демирхисарско. Во петто одделение напишав
и краток роман со воена тематика кој започ-
нуваше со борба на штрковите кои навес-
туваа војна. Како средношколец во Белград
пишував и на српски јазик, а прва книга обја-
вив кога се вратив и започнав да студирам во
Скопје. Беше тоа мојата прва книга - стихоз-
бирката Огледало, а ја објави списанието Со-
временост, па Култура ми ја објави Вулканска
потреба, па во Сплит ми ја објавија Разговор
со ѕидовите...
2. Во Вашата кариера, покрај работата
како новинар и критичар, Вие сте поет и рас-
кажувач. Од каде ја црпевте инспирацијата,
дали тоа беше Вашето родно место Крушево
и/ или некој од постарите и познати домаш-
ни и странски писатели?
Инспирацијата ја црпев и ја црпам од жи-
вотот. И тогаш и сега. Динамичен и непред-
видлив. Рурален, па урбан. Неизвесен, напо-
рен, но единствен и убав...
3. За што конкретно пишувате, што е она
што сакате да им го соопштите на читатели-
те во Вашите дела?
Пишувам за животот, за секојдневните и
катадневните Сцили и Харибди. За обичниот,
мал, осамен, заборавен и (п)отфрлен човек...
4. Добитник сте на повеќе награди, ќе ни
кажете ли нешто за нив?
Наградите се за да се радувате вие, а за да ве
мразат другите. Секогаш се радувате како мали
деца кога ќе ги добиете... Тие се како бонбони,
сладолед или лижавчиња... Некогаш се само
хартии, некогаш поткрепени и со нешто малку
пари, но секогаш се вредни и незаменливи како
суво злато! Нема кој не посакува и замислува
награда, колку и да се прави лажно скромно.
Наградите мотивираат, валоризираат, поткре-
пуваат и крепат, односно значат и зрачат...
5. Вие сте меѓу најредовните учесници на
Роднокрајната средба во библиотеката во Би-
тола. Што е тоа што ве влече кон овој собир?
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
27
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
Па, прво и прво сакам да бидам сериозен и
одговорен човек, иако некои поради тоа што
постојано се шегувам најчесто и најслатко на
своја сметка не мислат и не гледаат баш така,
но и поради љубовта кон Битола, кон родниот
крај и кон писателите и пријателите...
6. Повеќе години сте директор на книго-
издателството „Феникс“ Скопје. Дали тоа Ве
исполнува?
Фениксот се создава и летнува од пепелта,
а за да не се претвори и самиот повторно во
пепел - мора постојано и макотрпно да се ра-
боти, да се црнчи, да се биде како еквилибрист
на жица од еден до друг почеток и проект, од
еден до друг брег на и преку разбурканата и
немирна река...
7. Станавте и доцент на Универзитетот за
аудиовизуелни уметности, Европска филмска
академија ЕСРА – Скопје. Учествувате во про-
екти. Кажете ни нешто повеќе за оваа ваша ра-
бота и активност?
Станав доцент, а сега сум и професор на
Универзитетот ЕСРА во Скопје. Предавав и на
Универзитетот Св. Апостол Павле во Охрид.
Тоа е големо искуство и задоволство...
8. Ќе ни откриете ли уште некои моменти
од Вашата работа како критичар?
Како критичар, се знае, слично како и кај
судиите, драг сте, посакуван и прифатен кога
фалите, но не и кога кудите. Иако, критиката
не е фалење и кудење, туку разбирање и тол-
кување...
9. Секако дека со целокупната ваша ак-
тивност не Ви преостанува многу време за
некоја активност која треба да ве опушти и
повторно да Ви ги наполни батериите. Како
го постигнувате тоа?
Ако немате доволно време, ќе си купите
или позајмите. Се шегувам. Јас сум воркохо-
лик - зависник од работата, односно живеам
за да работам, а не работам за да живеам... Но,
наоѓам време и да возам точак, пливам, пеша-
чам, а пред сè и над сè - да сликам!!!
10. Нешто за што не сум Ве прашал и кои
се Вашите планови и следни активности?
Планови има многу, а некои од нив се: ос-
новање и отворање институт, селски туризам
и здрава исхрана, слики и изложби, почесто
(на)враќање во родниот крај - во селото Рас-
тојца, Демирхисарско, и во новото ликовно
ателје во близината на населбата Ѓорче Петров
во Скопје...
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
28
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
ОСВРТ КОН ДЕЛОТО „РАКОПИСОТ ОД АКРА“ ОД ПАУЛО КОЕЉО
„Нашата душа е раководена од четири невидли-
ви сили: љубовта, смртта, моќта и времето. Ние
мора да сакаме затоа што сме сакани од Господ“.
(Ракописот од Акра)
Во делото „Така зборуваше Заратустра“, Ниче
ќе рече „Добрата војна ја облагородува душата“.
„Вашата работа нека биде вашата борба, а вашата
победа вашиот мир.“ Само така можеме да биде-
ме успешни, да зборуваме за успех во животот и
победа над смртта. „Збогум“ (Good bye), или „Се
вратив“ (I returned) може да рече само оној кој се
бори со сомнежите во себе, оној кој има надеж во
подобро утре. Тој знае и за успех затоа што пре-
ку неговиот пораз во војната со сомневањата, тој
всушност се помирува со себеси и станува побед-
ник. Знае како е да се биде успешен. Само ваквите
„воини“, ќе рече Коељо, знаат што е љубов, одмор
и зацелување на своите рани. Таквите се реконва-
лесценти кои се себенадминуваат. На друга стра-
на, пак, се оние кои никогаш не се бореле. За нив
сите битки се добиени, никогаш не биле поразени
за да ја искусат љубовта и вистината и секогаш се
чувствуваат среќни и супериорни, „Тие се секогаш
на страната на силните. Тие се како хиените, секо-
гаш го јадат она што останало по лавовите“. Ова
е моќта на Пауло Коељо, преку магичното прене-
сување на зборовите на хартија и извонредната
наративна вештина, која често пати изгледа како
бесмислено нафрлање на зборови, да го внесе чи-
тателот во светот на самоспознанието.
Борбата на индивидуата е во потрагата по
своето „Јас“ (Јаство) „што не било создадено
од физичкиот татко или мајка, или училиште-
то, туку искусеното низ сите минати свои жи-
воти и животи на минати генерации“. А каде е
љубовта, каде е нејзиниот престол? Тоа е тајна
која им се открива само на заљубените, на оние
кои ѝ се „потчинуваат на љубовта“ и ги „држат
вратите и прозорците отворени за интуицијата
и за неочекуваното. Успехот не доаѓа со туѓите
признанија на нашите дела, туку е плод на семе-
то посадено со љубов. Не е богат оној што посе-
дува купишта злато, ами оној кој е постојано во
контакт со енергијата на Љубовта“. ‘Успех е кога
можеме секоја вечер да си легнеме со концен-
трација на средината на градите и почувствува-
ме дека се опуштаме во мир’.
Кога Коељо зборува за супериорните кои
никогаш не се бореле затоа и не биле поразе-
ни, ниту пак ја искусиле љубовта, тој зборува
за оние кои се збогувале (Good bye) со својата
вистинска Природа кога биле деца на Бога (God
boy(s)). Оние ретките, пак, се враќаат (return)
преку својата осаменост, но и свесност дека не
се сами, туку дека се со универзумот, дека не се
бескорисни и дека со милоста на Бога ќе го над-
минат немирот во себе кој е дел од Љубовта и
дека нивната иднина е успехот, мирот и радоста
во повторната средба со Творецот, „Мојот син
беше мртов и повторно оживеа, беше изгубен и
повторно е пронајден“. Коељо во посебни крат-
ки поглавја зборува за осаменоста, корисноста,
немирот, милоста на Бога, иднината и лојалнос-
та, односно посветеноста на Бога. Тој зборува
и за жртвата. Ниче, иако навидум супериорен,
„јас секогаш живеев под сенката на мојот меч“,
ќе си признае, „Никој не страдаше толку многу
за она за кое страдав јас“.
Оној кој ќе успее да го разбере ова дело
секако дека е на патот на успехот, а оние мно-
губројните други читатели ќе се почувствуваат
супериорно затоа што ги читаат делата на еден
од денешните најпопуларни писатели. Но, се-
пак, каква е таа наука која поучува како да го
почувствуваме поразот во борбата со себе за да
станеме успешни!?
Приредил: д-р Николче Вељановски,
библиотекар советник
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
29
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
30
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
31
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
70 ГОДИНИ НУУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
32
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 40 2015
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ
ОХРИДСКИ “- БИТОЛА
ГОДИНИ
ISBN 1409 - 9497