SOVREMENI DIJALOZI_2015

МАКЕДОНСКО НАУЧНО ДРУШТВО – БИТОЛА
ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА – ЛИТЕРАТУРА,


ДРАМСКА УМЕТНОСТ, ФИЛМ И ИЗДАВАШТВО




















ISSN 1857- 940X




СОВРЕМЕНИ


ДИЈАЛОЗИ
СПИСАНИЕ ЗА КУЛТУРА – ЛИТЕРАТУРА,


ДРАМСКА УМЕТНОСТ, ФИЛМ И ИЗДАВАШТВО




Год. 3, бр. 3
























БИТОЛА
2015 г.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






2




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ
– Списание за култура – литература,
драмска уметност, филм и издаваштво




ИЗДАВАЧ:
МАКЕДОНСКО НАУЧНО ДРУШТВО – БИТОЛА
Центар за култура – литература,
драмска уметност, филм и издаваштво




ЗА ИЗДАВАЧОТ:
проф. д-р Игор Неделковски






РЕДАКЦИЈА:
м-р Зоран Пејковски, главен и одговорен уредник
Весна Мундишевска-Велјановска, заменик главен и одговорен уредник
Панде Манојлов
Петре Димовски
Добре Тодоровски
Кире Неделковски
Милица Димитријовска-Радевска
Љубица Мешкова-Солак








Битола,
јуни 2015 г.






СПИСАНИЕТО ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ ГОДИШНО
Прилозите, со кратка биографија за авторот, се испраќаат напишани со
фонт Times New Roman со кирилична поддршка, големина 12 pt и со еди-
нечен проред, на адреса:


Ул. „Ленинова“ бб, Битола или на
Е-mail: sovremenidijalozi@yahoo.com


Прилозите претходно не треба да бидат објавувани во други изданија.
Ракописите и фотографиите не се враќаат.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






3








































С
ан


др
а


К
от


ев
ск


а








П
ор


тр
ет



,



м


ас
ло



на



пл


ат
но







СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






4































































































СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






5




Тодор Чаловски




МОЖЕБИ САЛ МИГУМ


Можеби сал мигум
ми крадеш насмевки
дури ги ловиме
досетките на внук ми
и тоа е доволно
со полно срце
да те сакам тебе
неизбежно како некогаш
очекувајќи да внесеме
нови сеќавања во домот
што нема да ги покријат
недоречените зборови
на сегашноста
полна чудна убавина
кога не дозволува
заробена да остаре
да исчезне, да згасне




ЧУДЕСНА ЗЕМЈА ИЛИ СОНОТ ЗА РАМНОВЕСИЕ


Облечени во свечени одежди
одненадеж го разгазуваме
патот по кој ни се укажува
сонот на живото рамновесие
во кое пророчки се пронаоѓаме


Не знаеме секогаш какви пораки
тоа задолжително ни праќа
кога се стеснува или шири
во несразмерни големини
за разлика од првиот импулс


Можеби бргу, во овој миг
благословено ќе ја покаже
трагата а можеби заповедно
ќе ги стиснеме дланките
за да не останеме без илузии




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






6




Само поради тебе ги барам
стапките што ќе ја измерат
мојата земја со прегордо име
спиритуелно овенчана
од плодови и страдни трауми


Сега пријдете £ беспристрасно
разберете ја неа и за навек
без страв и молк за именување
оти нè имало и ќе нè има
со точно означена адреса за сите




ОДРОН


Однекаде со низок тон
ни се обраќа промајата
и бара да го поправиме
ѕидот што почнал да се руши


Сега си во подножјето
на зборот што те бара
да го потпреш, да го исправиш
за да не продолжи да се рони


Знам: во гласот молежлив
се виореше напорот негов
секогаш да ја засведочува
грижата и вештината


Тоа е така оти овде
сè одново божем започнува
во блажен залет на раката
која одронот го заѕидува




ЛИЦЕТО И ОПАЧИНАТА


Сите нешта во принцип
имаат и своја друга страна
поинаква од очите
со кои ти ме гледаш




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






7




Ништо не се преобликува
толку добро и толку вешто
за да не остави свои траги
врз маргините на шапирографот


Дознавам дека по сеќавање
друштво ми правеле нимфите
и мојата сопствена сенка
од која не можам да се ослободам


Страничните удари со кои
рентгенски ме отсликуваш
болат повеќе и подлабоко
од секоја умножена копија


Тогаш веднаш да минеме
на втората страница
од листот на внатрешноста
во која шепотот е посилен од куршум




СТРГУНКИ


Оставете ги сосе лушпите
рибите во водната насмевка
од чист сон и стаклести очи


Градите од кои дишеа
воздух правилно пулсирајќи
подготвено нè очекуваат на маса


Јас ја одбивам љубезноста
со која треба да им се симне
заштитата од надворешниот свет


Се чини треба да се отфрли
барем за миг присноста
која лакомо ја потсилува осаменоста


Само стргунките од далеку
ја посматраа трпезата
со своите во туѓите очи




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






8




СРЕДБА


На аголот од мојата улица
која одвај има тресеттина куќи
со славно минато и непозната
сегашност ме среќава соседот
опален од летното сонце
и ми се обраќа токму мене
загрижен за изгубената почит
што ја немаат помладите
кога се возат во двокатните
нови и црвени автобуси
завјасано брзајќи
кон бирото за вработување


Чувствувам како во мене
се населила неподносливата
горештина дури одговарам
неповрзано климајќи со главата
мислејќи на земјата и билките
што растат просветлени
од јарката дневна светлина
која допрва треба да ги измери
недоразбирањата кои сите
длабоко и нужно нè засегаат




ШЕТАЈЌИ НИЗ УЛИЦИТЕ НА МОЈОТ ГРАД


Ако шетајќи низ улиците
на мојот разубавен град
го откриеме сродството
со славата и лакомоста
на вечните прославувачи
на успехот и ненаситноста
ние нужно го поттикнуваме
галопот што натрапливо
и горчливо го шири здивот
на застоеност и послушност
пред повисоките мерници
на нужната преобразба
која почнува да нè трезни
како расол по големо пијанство




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






9




Панде Манојлов




ГЛУВО ДОБА


И ноќе,
ненајавен
без да затропа
во невреме,
во глуво доба,
некој доаѓа,
поштук некој,
неодмината желба,
гласови доаѓаат
во тишината,
сенки и сеништа
во душа
се сноваат.


Триш
резето го спуштам,
триш
клучот го вртам,
да заклучам
на тврдина
тешки порти,
в спокој
мисла да заклучам,
да заклучам душа
во песната,
во зборот добрина
од денот протеран.




МЕСТО ВО ВРЕМЕТО


Оваа квечерина
ја посветувам на птиците,
на дивите гулаби
исплашени од јато чавки,
на уморните шетачи
ја посветувам,
додека не се заноќило...




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






10




Кога ќе ја снема сенката
доцна е и за сонцето
и за месечината
обвиена во чад од облаци,
за сè е доцна
освен за птиците
без сенки на небото.


Чуму палати,
дворци чуму,
кога денот умира
а ноќта се раѓа,
кога островот осамен
сред океанот
в самотија блешти?


Сè е привремено
како и квечерината:
одредено е местото
во времето,
одредена е судбината
опкружена
со сонот на Икар!




НИШТО НЕ Е ВАЖНО


Ова небо и сонце!
Овој воздух!
Како дојдовме
да бидеме овде?
Што е тоа
Бог или магија?


Малку по малку
се обидуваме,
се обидуваат,
зборуваме,
прашуваме
седнати на тронот на смртта...


Зевс?
Исус?




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






11


Алах?
Јехова?
Буда?
Непознат Бог ли?


Што сакаме ние
на овој свет?
Ништо!
Ништо не е важно
ако продолжиме
да живееме!


05.04. 2015
(Католички Велигден,
Пасха)




ПОЕТ


„Еве нечовек!“
Зборува тој...


„Тој е поет!“
Зборува таа...


Ене нечовек –
Сонува како поет!!!


Имам лоша навика:
Сонувам...


И тогаш сите препознаваат
Поет во мене.


08. 04. 2015



















СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






12




Петко Шипинкаровски




БАКНЕЖИ НА ВИДИКОТ


О, каква егзотика!
Бакнежи на видикот.
На брегот
небото и морето во прегратка
страстно се љубат.
Месечината сонлива плови
кон брегот.


Нулта точка на хоризонтот.
Морето бранува.
Пред градската порта
со звуци на препознатливата
стара песна боговите се ракуваат.
Кој знае!?
Можеби се здравувања за влез
во некој нов свет!
Можеби?
Зашто овде
во небесно морскиот појас
светот е безграничен.




ЅВЕЗДИ ВОЈУВААТ


Дојди!
Во квечерината
езерската клупа осамува.
Зад сртот на запад отпоздравно
тоне денот.


Дојди!
На езерската палуба
надоаѓаат ледени санти.
Старите брегови се згмечени
во крилата на морските височини.
Скршена карпа копнежи
во синилата тоне.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






13




Дојди!
Сончевиот мегдан
и месечевиот пат судат.
Вљубено ѕвезди војуваат.


Дојди!
На крајбрежниот плочник галеби
во песочните плажи слетуваат.
Старите љубови не замираат.


Струга, 05 март 2014




ОДРИНА


Се поднакренаа завесите на замрачените стреи.
Ги разбудија потиснатите ластари на
разгранетата лоза барајќи нов простор,
нови патишта за родот свој.


Се разбудија ластарите – птиците на
„вјаремените“ јата разгласи чинат:
„дајте слобода, доста пранги на забетонираните видици!“


Долу клетоштината и забот пизмата!
Разбудете се стражи на завеаното виногорје,
птици црноклунци ви ја зобаат јагуридата и
некои темни облаци надвиснато потискаат.


Тешка дремка.
Сонот се надвива над одрината.
И стреите втонаа во нови соништа.
Црни сценарија на глодари донавалија,
а мракот падна врз врамената одрина.


Зима и студ!
Лозата ги потсви ластарите.
Мрачна тишина ја обви одрината
чекајќи нови утра и нова пролет
и повев на нови ветришта.







СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






14




МОЈАТА ПОЛЈАНА


Во мојата полјана осамен коњоводец.
Распасени ѕвезди тивко шмукат од
засиреното мочуриште.


Mесечината остана без својот кладенец.
Останаа и ѕвездите неблескави и жедно
шепотат пред новиот бран.


Крвави траги.
Јужните ветрови ечат и
римуваат песни.


Еј, над мојата галаксија разиграни метеори! –
Паѓа мрак на нејзината втора половина.


Еј, Вие гласносечачи!
Растргнете го ноќниот вел, гргорат турбините –
мојата валавница се дозавалува.


Во мојата полјана осамен коњоводец.
Во галоп дојавува големиот воин.
Една стрела патува низ непробојноста.


Зарива во старата изморена Дама.
Една патека остана недоразгазена,
крвави траги, сведоштва, лаги – сиромаштија.
Царува клетвата на векот.




МЕСЕЧИНА


Се раѓаш и како зачеток го започнуваш
патот на твојот жив свет.
Како младо дете – девојка се развиваш
за да блеснеш невестински
овенчана тополка
закитена со својот сребрен венец.


Одиш низ меридијанот и носиш пораки
ракувања.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






15


Со Вечерница ги подаруваш спокојот и сонот.
Со Деница будењето и радоста.
Го заигруваш и водиш орото на бистрината
во небесниот ѕвезден појас.


Ти, Месечино!
Ја параш ноќта и го осветлуваш патот
на живиот свет.
Среќа подаруваш.
Одиш, одиш невесто небесна,
водилке на патот,
на треперливите ѕвезди.


Одиш, а пред тебе и зад тебе
сончеви зраци
го бијат темелот на злото,
на адот и темнината.
Ноќва е моја, Месечино!


Ноќва низ мрачниот прозорец
влезе твојот сребрен меч и
ја расече завесата – сенките на безнадежните.
Блескава сребрена наметка
ја покри мојата изморена душа и
влеа надеж
за нови дни
и нови победи.


Ја милуваш мариовската висорамнина.
Селото и домот мој со радост го примаат,
се дружат и го испраќаат
твојот вселенски брод
за да живеат
и одново да се родат.





















СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






16




Кире Неделковски




МОЈАТА ТАЈФА


Мојата тајфа ја собира
Ноќта по улиците
Шета и разговара со светците
Слезени од фреските
Од здодевност
И ги испраќа до црквите
Рано в зори .
Мојата тајфа
Се прибира во библиотеките
Како дома
И прави нов распоред
На изненадувања.
Мојата тајфа
Не ги уморува нозете
Ни мислите
Лебди над езерата
И брзо се движи низ книгите
Љубопитна оди до небото
И сака се да знае :
Каде се собираат мртвите
Имаат ли и Тие Горе градови
Манастири и читални
За да продолжат
Со своето усовршување
На некој нов факултет
Во некој нов совршен Свет .




МАКЕДОНСКИ ПОЕТИ


Изненаден
И Господ
Се прашува
Од каде толку убавини
И длабочини
Во стиховите
Македонски ...




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






17


Дали од виното
Мајсторски превриено
Или од прекрасните жени
Кои кријат повеќе страст
Или има нешто Трето
За кое не слушнал
Некаква
Неправда
Па народот
Тајно
Создава
Свои вредности .




ОЧИТЕ НА МРТВИТЕ


Замрзнати Езера се
Меѓу нашите врели дланки .
Тие Гледаат некоја своја
Нова Пролет
Далеку меѓу ѕвездите
Патот си го препознаваат
Со блага насмевка
Или
Иронија е тоа
Што ние обичните луѓе
Уште не сме ја одгатнале .
И кога ќе ги затвориш
Ќе се почуствуваш
Мал
Пред Патот
Непознат
Во празната куќа .




СПОКОЈНИТЕ ОЧИ НА СВЕТЕЦОТ


Ставен во златна рамка
Да ги смирува душите на луѓето
Со својата убавина и духовен спокој
За оние кои веруваат во силата
Зад погледот , зад рамката ,
Зад времето .




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






18




Се гледаме очи в очи
О Боже
Кој ми го запира чекорот
И мигот ми го претвора во мир
(Или така ми се причинува)...


Исчекувањето плови во тишината
И го чека одговорот на прашањата :
Кој сум и каде ќе завршам
После овој живот и
Во кое тело ќе се Префрлам


За да продолжам со размислите ?





























































СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






19




Милица Димитријовска-Радевска




КАРПА


Врти вретеното на карпата
Прави кругови од божја рака,
Врти вретеното и ја распукува карпата
Потекува врелина од нејзината истрошеност.
Врти вретеното и ја брани од насилие
врти вретеното и ја создава песната
потраг да имаме за времињата
3а божественото во нас што опстојуваме.




СРАМОТА И ГРЕВОТА


Срамота и гревота!
Гласови пекаат во мракот,
приѕираат сенки
како повит во штуро време,
во ендеците шлапаат
пченкарушките, оскорушките...
Наслушувам...
Апеж на болка под козинестата воздишка,
а редат на глуждави дрва сакми и опути,
ја потсекуваат борината
во траги сетилни што ја крие темнината.


Срамота и гревота!
Каменот црвенее и црнее
од спрепканите гламни на призракот,
така-вака, так,так...
се прпелкаат
дождовните капки на потајот,
се реси маглата како копринена шамија,
Наслушувам...
Јадеж на мислата за утрежот незапатен,
а крцкаат колцата на стравот,
бележат уште една друшка на рабушот
денот во избликот навева оскомина.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






20




НА РУДИНА


На рудина
Играат клиска
Врбови прачки им ги обележуваат сенките,
Така прелетуваат побрзо од птиците, од облаците,
Така ги соголуваат колената, ги распукуваат јанѕите.


На рудина
Играат клиска
Бодинаат, брмчат како раскарани војски пред бој,
Ги сортираат плускавиците, недоделканите јуриши
Ги наквасуват, ги гмечат последните воздишки на детството.




ЗАРОБЕН ВЕТАР


Ветрот заробен меѓу овие ѕидови
беснее како добитче пуштено од огламник,
со нокти го гребе малтарот,
со заби го крши каменот,
се јуначи тој пеливан на воздишките,
ги прескокнува ендеците, цапа по батаците,
кадарен е со повит да ги заслани взорувањата...
Ветрот заробен меѓу овие гради
клокоти како бунар се уште неископан...
со кревки срдби го дразни ирисот,
се накрева и понакрева таа длабочина на осетот.
го грли лепкавецот на душата,
го кроти ставјалото,
кадарен е со ставина да го подлаже
искрењето на духот.




НАВЕВ


Навев...
Зеницата приѕира...
Штурина-пустина – шепоти мракот..
Навев...
Отворена уста – празна камара,
Водникот е жеден, жеголнице!




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






21


- ганголи јазот.
Навев...
И-и-и! – се изука маштијата...
Требен сум ти,
требна си ми,
Зошто сум ти,
Зошто си ми... ме облаза...
Навев...
Страк перје во скутникот,
киселица под гушаре,
нема намуз – каскатија,
без маштија немаштија...
Навев...




ЗРАК


Мразулци на стреата виснале во срам
ветрот се подбива со шуро и ѕвонливо смеење
една сончевина како стрела го распори клеветникот
се откина од себе си скршеното самољубие...
На стреата се разлеа солза што го слави взорувањето.




ЧЕКАЊЕ НА СОНОТ


Го чекам
оној ветар од детството
што свири додека зспиваш
тонови волшепства
те поткреваат од ледината
и мириса тревата
во сонот како нежности.
Го барам
оној ветар од детсвото
што минува во бранови
низ прзтите потопени во реката,
вилини коњчиња те скокоткаат во косата
и мириса црницата
во сонот како наслада.
Го барам
оној ветар од детството
што руменее како зрела јаготка




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






22


нанижана на клас пченица,
папрат се вовира
те драска по колената
и мириса сонот на безвременост.
го чекам се уште
оној ветар од детството
Што натежнува по преслапите на душата,
загризуваш здравец и здравје
од коштавите раце на старицата,
а мириса на неповратност,
е откатува и тебе и времето.




***


Самотно дрво на ридот
оштрбнато
без месо, без става
црнее во утрото...
Ни ветрот не го милува,
ни ветрот не минува
низ неговата болност,
струпје и глуждави засеци,
повит и трн што зрее
му ја раскинува кошулата...
Доберете се!- се превива уплавот,
откинете од овие здробени коски.
Доберете се, запалете страк надежи
за да ги развее ветрот
за ново вжилување на каменот.




ЗАРОБЕН ПОГЛЕД


На душеме се завирил ветрот,
капката ја гушнал, трепери во гласот,
обушје од коприва се сени во мракот...
Се разврте, се раздума, исчезна во зракот.











СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






23




Гордана Стојаноска




ЧЕКОРОТ НА СРЕЌАТА


Зошто ли те чувствувам некаде длабоко во градиве
како песна која никогаш не препејува?


Твојата гордост ми дава сила
со голи раце молња да скротам,
да го уловам громот што татни.


Добивам желба да ти го бакнам челото,
но тоа е како да бакнуваш планина,


да го љубиш нејзиниот врв;
зошто ти никогаш не заспиваш


и занесот не ти ги прелажува очите
будни како верна стража.


Твоето име е името на мојот дом;
чекорот твој и чекорот на среќата исто звучат.








СВИРАЧ


Неговите прсти волшебни
жива птица од гитарата извадoа,


усните сонце повикаа
и цветни градини распослаа.


Од неговите дланки летна гулаб
и како латица од бел трендафил,
капка на ангелска невиност,
нежно на моите дланки капна.


Зошто ме остави сама со свирачот?
И со песната?


Во нејзините пазуви златни
намигна ѕвезда, се излеа милост,


во роб ме претвори.
Зошто ме остави беспомошна со магијата


што како тиранин завладеа
со душата моја,


оној миг, оној светол миг
кога за љубов почна да пее.







СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






24




ПТИЦО МОЈА


Денес си нèма и збунета, птицо моја.
Знам, те мамат росните утра


што слетуваат меѓу трендафилите
и бескрајните зеленила, пролетта китна


како многу години пред оваа.
Ако ги отворам дланките за да ти подарам слобода,


ако ти речам, летни,
нежните и простодушни очи твои


смртничка тага ќе ги облее.
Проклет да е синџирот што нè врза, таго моја!


Ако те притиснам в прегратка силно,
кревка е како трева душата твоја,


ќе те убијам среќо моја
и твојата песна сребрена
никогаш пак не ќе ја чујам


во зорите румени да се источи.
О, проклет да е синџирот што нè спои,


љубов моја,
во безнадеж да робуваме.






КАЗНА


Како непозната болест
ми заседнуваш во градите
и лутам – задоцнета птица,


во секого те барам, те демнам,
во никого не те наоѓам.


Сама сум… проколнати улици
и аголот твој засекогаш празен;


кога само помалку кукавица би бил;
наместо да ме љубиш,


си го раздаде срцето и молкна.
Можеби и ќе те прелажам во оган,


но душава ќе остане кревка,
начната, допрена и болна,


зошто тој допир убавина ќе донеси,
а убавината очај, само кога би знаел…




* * *




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






25




Есента се раѓа во срцето
на плодовите што зазреваат,


студените дни во нектар златен прокапуваат,
и во твоите очи првите дождови наѕирнуваат,


додека долго гледаш хоризонт
на кој мене ме нема…


Плачеш ли? Помислуваш ли на мене
додека казната настигнува


и судбината знаме победнички виори
во пустополието на срцето?


Или, додека свила се лизга во мислите твои,
ти во пајажина чувствата ги облекуваш…

































































СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






26




Весна Мундишевска-Велјановска




КОНТУРНА ЛИНИЈА


Кога ја погледнав
смртта во очи
се расцепив на половина:


едната
неволно ја пропратив
во бестелесна авантура,


другата
свесно ја дораспарчив
– до осмина.


Сенката на првата
за душа ја сошив
во ребреста текстура.


Во центарот на втората
безбојно се згрчив
во контурна линијатура.


Во моето множество
волуменот на двете
секојденот го разградува.


Тегот на предизвикот
час експресионистички
час карикатурно ме оградува.


Збунетата контура
спирално се превиткува
и во бунило крстови црта.


Стетеравен во својата
комплексна преегзистенција
животов
боли посилно од
смртта.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






27




ШАХ-ПОЗИЦИЈА


Во црно-белиот сплет
од наизменични потези
за надмудрување,
се најдов
во изместен свет
сред модерно војување
со чудна тактика:


подметнат пион
напред-назад
безвоздушно кокетира
задоволен
што е почестен
да го збира
правот од здивен коњ
што невешто галопира,


неискусен ловец
со вода во погледот
нова геометрија
експериментира,


од крепоста на кревкоста
за’рѓан топ
огносилно
кралот го матира.


Коцката е фрлена!


Овој обред
со ризична композиција
во својата опозиција
проектира латентна слика.


Петтиот елемент
дреми во дилема:


Да никне,
на среќа,
во виша математика
или




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






28


да блесне
во етерот на својата
метафизика!?




ГРАД


Додека јас и уште
две раце ентузијасти
се трудевме градов во
светилник да го вдизајнираме,
мислев –
задпросторот го досегаме
и со севселенски звуци музицираме.


Не сакавме
да се чувствуваме празно


во овој мртов град.


Во напорот за дофат на висините
секој завој на скалилата
во нов зрак ги кршеше вистините.


Ентузијазмот попатно се срони
во гола експресија.
Тоа за едни стана поттик,
за други – депресија.
Двајца се изгубија
во својата конфузија,
трет блесна како
Мајстор на илузија.


Светилникот се оптегна
во поле за егзибиции
на недовајани фигури
со матни амбиции.


Оросен од чувство на вина,
од немоќ силно се стресе
и замрзна во карабина.


Се чувствувам мртво
во канџите


на овој празен град.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






29




СВЕТ НА БАЈКИ


Во детството
секој животен ткаеж
е возбудлив оглед на бајка
со орнаменти на среќа
во динамична доминација.


Зрелоста е налик
прошетка со пајтон
осликана со мастилав патрон
разлеан низ двоен поглед
во нелогична деформација.


Растрчаност,
раштрканост,
франшизам,
...


згазена достојност,
задавена креативност,
цинизам...


Во каселата на немоќта
разгмечени калеми замор
и безнадеж во неизбег
развлечено се мрежат
и заплеткуваат јазли
од безнадежни дилеми
сред хаотичен соглед:


Светов
е расадник
на соништа
напати стерилен за
ѕвездени промени.


Бајките
се за деца мали,
а нив ги има
дури и премногу
големи.





СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






30




Даниела Андоновска-Трајковска




ГРЕШКА


Грешките
во сонот


како сенки се искачуваат по ѕидовите,
се закачуваат како боцки во грлото,


шибаат во слабините,
ме тргаат за коса,
ме влечат за нос и


ми удираат шлаканица по левиот образ.


Трнот во дланката
ме натера да погледнам во неа


и да ја утешам.


Слепилото со кое ме наметнаа
стрелките на часовникот отчукувајќи полноќ
ме направија свесна за ѕвездата на небото


која гледа во моите очи
за да се огледа себеси.




Дождовите кои ги рушеа ѕидовите
ми ги начулија ушите за секој липнеж


искинат од моиве гради.


Брзаците кои си поигруваа со мене
како со гранка без корен
пуштена по течението,


ми помогнаа да го препознаам својот дом.


Патиштата нерамни
кои со крв ми ги обоија колената


ми подадоа рака.
Ја прифатив.
Се исправив.
Нанишанив.
Кон небото.







СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






31




НЕ СИ САМ


Ти, кој стоиш на планината горе
и ги газиш црвјето што се прпелкаат


под твоите нозе,
погледни во своите дланки
пред да ги закачиш во калта


и да ги осквернавиш со лигавоста на зборот.
Не си сам.




Ти, кој трчаш со брзината на светлината
и му се потсмеваш на полжавот


кој виткајќи се во тркалото на животот
заборава да си ги изброи годините,


подзастани за да го помирисаш цветот покрај патот,
за да £ се израдуваш на живоста на пеперутката,
за да се маѓепсаш од детската игра со топка


за да се убедиш себеси дека си жив.
Дека не си сам.




Ти, кој ги држиш конците
на марионетата што се ниша во театарот со кукли,


не се кикоти толку силно,
зашто твоите конци
ги држи некој друг.
И не, не си сам.




Ти, кој ја љубиш темнината
за да се изгубиш во неа,


во нејзината бесконечност,
во нејзината тишина,


во нејзиното непостоење,
во нејзиното волчешко завивање,


во нејзиното копање по ходниците на смртта,
зар не се плашиш од нејзината нула


со која го множи својот плен?
Не оди,
не си сам.




Ти, кој го слушаш мојот глас
обесен на таванот што те притиска
и ја нагласува твојата осаменост,


погледни:




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






32


до тебе лежи друга душа.
И таа е како тебе.


И таа го бара својот пат.
И таа е истрелана од иста пушка.


И таа мисли дека е сама.
Доближи £ се.
Слушни ја.
Утеши ја.
Возвиши ја.






МОЌТА НА СИНАТА ПТИЦА


Грлото на сината птица
го засопна минувачот


кој бесцелно талкаше низ глувата шума.


Неговите чекори се лепеа
за зелените тревки


кои го врзуваа за себе
со мирисот што ги убива сите епитети


за да се определи себеси.


А неговите мисли
беа подврзани


од болката лоцирана на левата страна
од градниот кош


која му рече добро утро
во текот на минатата ноќ.




Се обидуваше
со едното крајче од погледот
да го препознае синилото


и мелодијата
која му ја бакнуваше и милуваше болката.




Бесцелноста заспа во
слаткоста на раскошниот лет


и веднаш потоа заборави на своето постоење.


Полн со пролетен ветер
минувачот


се наведна за да се напие
од медовината




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






33


која сината птица
ја беше распослала пред неговите нозе.




Додека тој седеше на каменот,
така студен и назабен,


сината птица
го имаше својот најважен настап.


А тој – опчинет,
опијанет и восхитен,


падна во нејзиниот оган.
Го стопи мразот врз кој седеше,


ја прегрна песната која му беше посветена
и широко £ ја отвори вратата


од својот дом.




ПРОШКА (СЛОБОДА)


Дланките ти ги подавам,
иако острицата на ножот
сè уште ја чувствувам
забодена во грбот.




Солзата која го пресретнува
оној чии чекори одекнуваат


во мојот сон:
чекори кои се оддалечуваат
без да погледнат в очи,
го спушта погледот


и го напушта минатото.


Воздишката што се откинува од градиве
го остава товарот свој


пред да биде роден зборот
и подготвена е за уште едно


камшикување
од ветерот што спие под перницата моја.




Мислата моја
ја прегрнува твојата


и покрај издрасканите и исплакани образи
стуткани во скутот на претходната вечер.
Истоварената ноќ ми го избистри погледот.


Подготвена сум за уште една трка.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






34




Елизабета Јончиќ




ПТИЦИ


Го соѕидав мојот страв
ко ластовица гнездо.
Вишнее.
Зборовите ги залепив на ветрот
Тапети, од времето на дедо.
Лебдеат.
Таложејќи се во меѓу просторот
бескрилни,
се враќаат назад по изместени шини
невино откинати.
Трепет.
Сопира патот што не води никаде.
Синџир од палежбен сомнеж.
Стремеж.
Птиците,ќе можат ли да летнат во предели диви
и питоми да бидат?
Ранораници.
Глас ја подучува неизвесноста да се струполи
престрвена,
ко надушкан плен пред надмоќна ѕверка.
Се возобновува ли летот во новата епоха?
Ластовицата секогаш се враќа во своето гнездо.
Кога цвета розата,
никој
не погледнува во трнот.




ВОДАЧ


Примамуваат ли уште од нашиот корен?
Скришни тајни ни сноват ли пред очи?
Лукаво на себе си приграб си даруваат?


Ја стави жегата во нивните срца
жестокост од сторена неправда
лица им потемни.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






35




Разорно се исправи и молсна со поглед
Зборот негов јарост стрелна
Сила имаше во духот.


Болеше
соблазната на ненаситните,
со болки на родилка во секој здив.


Темнина наоколу ,оголена,
опустошува ужасната вистина.
Жегата не се потиснува со
Трње
Таа голта и разурнува се.
Време е,
додека молчиш да не станеш нем.
Време е,
додека мижеш да не станеш слеп.
Време е,
додека јагленот не станал прав.
Време е.




ПЛАЧЕВНА ПЕСНА


Гледај и трепери плачевна песно
На раскопаните тротоари
како питачот исцртува граници
со суво тополово гранче што мириса на чад.
Гледај и трепери плачевна песно
Луѓето во униформи
како
го донесоа
и
однесоа
сметот.
Во подножјето на денот
Поплавата и дождот собираа данок
тмурни
Неротка беше мислата пред зборот,
А букви,
Букви им завидуваа на редните броеви.
Старо мастило се излеа на подот
оставајќи капка за нов почеток.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






36


Трепери,трепери плачевна песно
Стискајќи листови тегавец
подведени силуети чекаат на прагот.
Тегавецот е лек во нивните раце,
животот
залак
во изгладнета уста.
Неутеха и молк го зголемуваат гневот.
Беззаконија.
Сега народот гледа и трепери.





































































СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






37




Никола Илијовски




ГОЛА ПЛАНЕТА


Има една вистина во овие простори
што се пресоблекуваат
под сенката на голотијата. Останатото е привид


Во себе ја носам генезата на сите мои предци
и судбината на неродените потомоци.


Гола е планетата
помеѓу два или три идеали за слободата,
му рече облакот на небото.


Вдишувам од твоите мисли
измешани со копнеж, пот и оган
и себично ја чувам интуицијата
на моите дедовци и прадедовци.


Нашите соништа се замрсени
во долгата коса на ноќта
Испаруваат дождовите, и потопот, и каменот
се рони под сенката на пламенот
Затоа што
Безобразен е повторно денот
во секое издишување на вселената!


Подигни го знамето на голата планета
ти срце што се жариш во името на бескрајот,
му рече недогледот на поетот
кога тој го виде првиот светилник на ѕвездените пристаништа.




ДОЛГИ ПИЈАНИ НОЌИ


Одамна е фајронт
Кафаната е празна како испиена чаша
а во нашите чаши има уште малку вино
Тогаш најреално звучат сите филозофски учења
а можеби се создаваат и нови
но ние веќе го имаме заборавено тоа.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






38


Светлата се исклучени
и будно почнувам да го сонувам мирисот на црното кафе
Студот се движи праволински низ аурата на Широк сокак
Часовникот одамна глупаво изгледа
и веќе со месеци не ги регулирам датите
Улиците се делти што се соединуваат
во перцепцијата на нашата младост
Посакувам вечно да талкам со последниот зимски ветер!
Очите на мачките светат во ноќта
како галаксии што се приближуваат
Сите ние сме бегалци од новите вистини
Често мислам на нејзините малечки гради
Радоста е апсолутна во блузот на ноќта
Студот ги одминува нашите вени полни со црвено вино
додека времето прави кругови
во долгата пијана ноќ...




СЕКОГАШ Е ТАКА


Секогаш е така
нештата имаат смисла кога си гладен
гладен за возбуда
гладен за љубов
гладен за сон
гладен за жена
гладен за лудост


Секогаш е така
има некое проклетство
во зачестените мастурбирања
во воздржаните одговори
во идеализираните жени


Будна е ноќта
Секогаш е така
На радио има добар блуз


Рано утро со силно кафе
и многу чоколадо
И многу непотребни мисли


Долгите нозе имаат смисла
Триаголникот над вагината има смисла




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






39


Снегот останува на покривите
Продолжувам да слушам блуз
Има доста нешта што не треба да се спомнат
Тоа има смисла
Секогаш е така




МЕТАФИЗИЧКА


Ќе го премолчам
само
невидливиот
простор
помеѓу


двете
голи
тела
кога тие
ќе се соединуваат
во
метафизиката
на
б е с к о н е ч н а т а
љубов




ТРПЕНИЕТО ДОГОРУВА
КАКО ЕСЕНСКО СОНЦЕ


Имаше добри нозе
во црните хулахопки


Првиот пат кога ги видов
беа голи и свежо депилирани
под силните рефлектори.


Овој век е брод што лебди во структурата на лагата
Рибите се девојки осудени на вечен лов.
Имаше добри нозе
што сакаше да ги р а ш и р у в а


кога ги гаснев сијалиците.
Трпението догорува како есенско сонце
додека парите се лизгаат како весели деца на тобоган
Оваа ноќ е погодна за 69-ка.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






40


Ти си метафизика
во сонот на врабецот
Тишина.
Заспиваат сомнежите




ВОЗБУДЕНО ПОПЛАДНЕ


Дрвата мастурбираат
во сенката
на искосената трева
додека врапците го одмеруваат растојанието
од еден до друг оргазам


Седам во дворот
и ја набљудувам радоста
во просторот
што се раширува
како возбудена жена


По мојата портокалова маица
се собираат мушички
од сите страни на светот
и длабоко вдишувам -
Почнува да мириса на лето


Мојот жолт мачор
медитира под црешата што се зацрвенува
Неколку бумбари пловат низ воздухот
и нивното брмчење
ја навестува возбудата што оддалеку ни иди


Нашите мисли се најсилни во тишината
и тогаш најгласно се бориме со себе си
Одново гледаме во хоризонтот
што се заоблачува и
по навика го толкуваме загубеното време















СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






41










































Е
л


ен
а


Ѓ
ор


ѓи
ев


ск
а



К


ом
по


зи
ци


ја


,


ак
ри


л
на



пл


ат
но













СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






42































































































СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






43




Владимир Костов




АНГЕЛЧЕТО ЕМИЛИЈАН


Многу сериозен напад на болеста детето доби кога преку прозорец
забележи како се откина пожолтен лист од брезата во дворот.


– Лист се откина! – викна, целото возбудено.
Родителите вознемирено се погледнаа.
– Лист, лист се откина од дрвото во дворот! – се обидуваше тоа да


им сврти внимание на драматичноста на настанот.
– Па што ако се откина! – рече таткото, не покажувајќи ја својата


вознемиреност. – Тоа е најава дека настапува есента.
Не уважувајќи го тоа објаснение, а гледајќи дека родителите не ре-


агираат соодветно на неговото алармантно предупредување, Емилијан сè
така возбуден, истрча од собата во дворот за веднаш потоа, уште повозбу-
ден, со раступкано срце да се врати со паднатиот лист во раката.


Еве го! – рече, покажуваојќи го. – Вратете го на неговото место!
Таткото и мајката разменија уште позагрижени погледи, предизви-


кани од ненормалното однесување на нивниот син.
Како да го вратиме на неговото место? – реагираше таткото.
Земете лепило и залепете го!
Тоа е невозможно. А и непотребно. Зошто да го вратиме на негово-


то место? По тој лист ќе паднат и други листови. Со време сите ќе испад-
нат. Тоа е природно. Дрвото ќе оголи. А напролет ќе се јават нови листо-
ви. Така беше и лани. Така ќе биде и оваа година. И догодина. И секоја
година. Тоа е природно.


Не беше така лани! – се спротивстави Емилијан. – Ти ме лажеш.
Ако ми падне мене прст од раката, напролет ќе ми порасне нов?


Тебе нема да ти падне прст од раката. Кај луѓето тоа не се случува.
А зошто тоа се случува кај дрвјата?
Млад си ти тоа да го сфатиш. Кога ќе одиш на училиште за тоа ќе


учите и тогаш ќе дознаеш многу работи за светот. Твое е сега да си играш
со играчки.


Таткото ги истури играчките од една кутија пред него: разни авто-
мобилчиња, авиончиња и сл.


И да јадеш чоколада! – се обиде и мајка му да го вразуми. Таа нз-
вади едно чоколадо од креденецот и му го подаде.


Но детето го одби. Со нога ги оттурна и играчките. Убедувањата и
советите на родителите не поделуваа на него. Тие го знаеја како инаетчи-
ја, знаеја дека кога беше домал со плачење, а подоцна со инает постигну-
ваше сè што ќе наумеше. Во врска со тоа се консултираа со психолог кој




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






44


таа појава кај детето им ја објасни како преодна и како резултат на пре-
разгаленост. Но се покажа дека случајот не е така наивен. Детето продол-
жи апсурдно да се однесува. Така што се покажа како неопходна консул-
тација и со психијатар. Тој откри во детето потенцијален уметник кој сака
да сврти внимание на себе. Бидејќи каприциозно свртено спрема татко му
повеќе отколку спрема мајка му, не исклучи и Едипов комплекс. Но и тој
оцени дека појавата е од преоден карактер.


Јас ќе го вратам листот на неговото место – рече сега Емилијан.
Каде е лепилото?


И почна да пребарува во фиоките од креденецот.
Таткото сега наеднаш пламна. Грубо го фати детето за рака и го од-


веде во дворот под брезата.
Гледај! – му рече.
И го стресе стеблото на тенката бреза, при што се сронаа многу по-


жолтени лисја.
Не! – крикна детето како тоа да беше брезата и како од него да ис-


паднаа лисјата, нанесувајќи му страшен бол.
Таткото уште повеќе се изнервира. Почна да ги гази лисјата. Таа


негова постапка го предизвика детето да се нафрли на него, да го удира со
тупаници.


Не смееше тоа да го сториш! Не смееше! – му викаше.
Ама што ти е тебе? – падна во очај таткото.
Загрижена, истрча во дворот и мајката. Го зеде синот во својата


прегратка.
Слушај, сине! – почна педагошки.
Таа беше наставничка и педагогијата беше нејзина професија.
Не само што не е лошо лисјата во есен да паѓаат од дрвјата, – му


рече – туку е тоа за нив добро. Тие ќе паднат околу стеблото, ќе згнијат,
ќе се смешаат со земјата и коренот на дрвото ќе ги впие нивните хранли-
ви состојки, така што тие ќе станат храна за брезата која напролет одново
ќе разлисти и ќе расцвети.


Детето, не толку непријaтелски расположено спрема неа, ја гледа-
ше со проникнувачки поглед за да оцени дали таа не го лаже.


Врати го ливчето на земјата – му рече таа со благ глас, сè така оби-
дувајќи се да ја придобие неговата доверба. – Напролет, обновено, зелено
и свежо, пак ќе го видиш на стеблото.


Детето ја послуша мајка си. Се чанеше дека се смири. Но кога се
вратија во куќата, се затвори во својата детска соба, двапати завртувајќи
го клучот на вратата. И не излезе дури до вечерта.


Загрижува – рече таткото. – Очевидно се работи за сериозно пси-
хичко растројство кое зема замав. Ќе мораме пак да се консултираме со
психијатарот.


Психијатарот му беше пријател. Го повикаа во домашна посета.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






45


Емилијан, ангелче на мајка! – го молеше мајка му синчето. – Изле-
зи, зошто си се заклучил? Имаме гости.


Сè додека ме викате „ангелче на мајка“ и „ангелче на татко“ нема
да излезам! – уценуваша тоа.


А како да те викаме? Ти си за нас ангелче
.


Не знам како да ме викате, викајте ме како сакате, ама ангелче не.
Влегол ѓаволот во него! – рече таткото. – Да го избркам со ќотек?
Не! – не допушти докторот.
Не еднаш со својот инает детето добивало шлаканици од татко му:


повеќе за преку нив да го излие својот бес отколку со нив да поделува пе-
дагошки. Но ситуацијата не само што не се поправала, туку се влошувала.


Излези, ѓаволе! – му свика сега татко му.
И небаре токму тоа го чекаше, татко му да му се обрати со ѓаволче,


Емилијан ја отклучи вратата и се појави
.
Се појави со прст насочен кон


татко му. Овој помисли дека со тој гест му се заканува. Но бргу увиде де-
ка тој нешто на врвот од прстот му посочува.


Што е тоа?
Цувка!
Не беше првпат детето да иронизира со него. Фрлен во бес, татко


му сега замавна по неговиот испружен прст. Тоа болно изофка. И, офкај-
ќи, четвороношки почна да лази по подот.


Што правиш, сине? – се загрижи мајка му. – Зошто лазиш?
Ја барам мојата цувка. Помогни ми, чичко, – му се обрати детето на


докторот – да ја најдам својата цувка. И да си ја вратам во носот. Од овие
помош не можам да очекувам.


„Овие“ беа неговите родители како негови непријатели.
Јас да ти помогнам, не можам – му рече докторот. – Стар сум, не


ми се виткаат колената. А бидејќи и „овие“ не сакаат да ти помогнат, сам
барај си ја својата цувка.


И тој им даде знак на родителите да се повлечат во другата соба, да
го остават детето со неговиот „проблем“, сам да го решава.


Да не им се обрнува внимание на неговите постапки колку и да се
необични, а се манифестации на нарцисоидност – им рече кога се најдоа
насамо.


Посоветува да се следи детето како ќе реагира на новата мерка и за
тоа да го известат.


И што повеќе во детско друштво, во игри со другари – препорача.
Но тоа беше исто така проблем – Емилијан не сакаше детско дру-


штво, немаше другари, осаменик беше.
Сепак, мајка му наредните дена успеа да го наговори да излезе на-


двор и да им се придружи на децата пред влезот на зградата откако и нив
успеа да ги придобие да го прифатат. И некако тргна работат на подобро.
Но еден ден, напуштајќи ги другарите, Емилијан се врати дома возбуден.


Тука ли е тој! – ја праша мајка си.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






46


„Тој“, се раабира, беше татко му кој една од собите на станот ја
имаше претворено во свое биро.


Тука е.
Емилијан појде во неговото биро во кое, откога тоа беше опремено


со компјутери и сметачки машини, небаре исплашено од нив, повеќе не
сакаше да влезе.


Што има, сине? – ја прифати татко му сега со радост неговата поја-
ва во бирото.


Емилијан го зеде за рака и го поведе кон прозорецот. Со прст – ис-
тиот оној на кој пред извесно време му ја покажа цувката – му кажа сега
на една сцена што се случуваше пред еден контејнер.


Што треба де видам, сине?
Јаде ѓубре!
Тоа се однесуваше на едно босо, распарталено дете кое, чепкајќи


по контејнерот, извлекуваше од него отпадоци од храна и ги јадеше.
Таткото, како и секојпат, и сага не го сфати својот син.
Гледаш, му рече – ти јадеш чоколада, а тоа ѓубре. И не си благода-


рен.
Мајката, која сметајќи дека во игрите со децата, син £ огладнел, ве-


ќе му нудеше чоколадо.
Не! – одби Емилијан. – И јас сакам да јадам ѓубре!
Таа негова изјава родителите ги стаписа. Тие сфатија дека се рабо-


ти за нов, многу опасен напад на болеста.
Емилијан се заклучи во својата соба. Не се појави да вечера.
Да ти ја донесеме вечерата во твојата соба! – му нудеше мадка му.
Ако е ѓубре од контејнерот! – £ одговори Емилијан.
Не јадеше со ред неколку дена.
Ќе огладне и сам ќе побара! – држеше до својата дијагноза докто-


рот.
Но по неколкудневното одбивање на детето да прими храна, тој


мораше да ја смени дијагнозата.
Се работи за анорексија, – рече – опасна болест која може да има


смртни последици.
Истоштен од нејадење, не напуштајќи ја својата детска соба и од-


бивајќи да се лекува, Емилијан умре по десетдневно штрајкување со глад.
Умре при чиста свест. Умирајќи, го пикна прстот во носот, па, набарувај-
ќи во него цувка, го извлече и, со цувката на него, го насочи кон татко му.

















СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






47




Никола Кочовски




ЦРНА НОЌ ДО ГРОБА


…Рана зора беше, сонцето уште неизлезено, првите зраци допрва
си пробиваа пат низ крупните, веќе подоцртани лисја на доста густата шу-
ма лево и десно од благата длабнатинка, можеби повремен поток, обрас-
тен, небаре некаков некористен пат, со бујна трева, по која што од пред
некој половина час продолжија да се пробиваат. Како да не беа тоа луѓе,
туку лебдечки духови кои воопшто не газат по земјата. Поправо, тие и на-
вистина не ја допираа земјата, туку, според нагласената наредба, претпаз-
ливо тапкаа по дебелката трева, речиси воопшто без слушен шум.


Во еден миг тоа се случи. Живо чувствителниот поглед на војвода-
та Брзок долови кратко болснување, за кое му се излага првата, избрзана
помисла дека е игра на некој допирачки сончев зрак – но беше веќе след-
ниот миг а очите посигурно, подоследно испитливи, веќе стигнуваа до
точното: не од исток, туку од спротивната страна, повторно долета одбле-
сок, сигурно од некое парче стакло, море огледало на некое гранче – и за-
едно со тоа, игриво некако, контурно некако, но сепак постоечка долове-
на, затрепната слика на лик момчешки, убав – и тоа со круна на главата!
Сигурен беше војводата: немаше во тоа ништо што вообразувањето го из-
мислило. Вистински младешки убав лик, дури и рака која повлекува брич
по него...


Ништо друго не направи мудриот Брзок, само внимателно потеру-
вајќи го коњот што кратко го беше подзапрел, побрза по царот, кој пред-
водеше, вчулено наддаден на својот коњ небаре по трага на дивеч. И дури
тогаш кога си дозволи да помисли дека се сигурно далеку од можноста да
ги доѕирне оној лик со круна, поттргнувајќи се од врвицата на останатите,
безгласно, со упадлив повикувачки знак со раката кон царот, и истовре-
мено со настојчиво молежливо лице во провиделувањето на денот, му ја
подзатегна уздата на својот коњ, покорно постигнувајќи со тоа, и царот со
својот доста да подзабави.


Самоил не почека тоа настојување да потрае.
– Што има, Брзок? – Го праша.
– Величество... – Тоа беше шушкот, одвај чујлив, сигурно дури и


за поблиски уши. – Таму десно: близу. Млад. Туѓ момчак во долна обле-
ка, со круна на главата, се бричеше. Сончев одблесок од некакво огледал-
це на гранче, ми го откри. Принц со дружина војници, мислам.


– Побрзај запри ги првите. Ќе ги заобиколиме...
– Ве молам, чујте ме, величество. Веќе го имаме видено тој дел на


земјиштето: и одоздола се гледаше како е стрмно урнисано! Чувството ми




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






48


вели, тоа не е голема војска. Нашата насока не ни е за таму. Мислам,
еден, или два стотника со своите единици да го извршат тоа заобиколува-
ње, а од оваа страна, големава поворка само да запре и да придемне, да не
им дозволи некаков пробив.


Кратко го изгледа царот својот војвода, и беше тоа поглед на со-
гласност и благодарност.


– Добро просудуваш, мој Брзок. Исто толку брзо колку и што до-
гледуваш. Тоа сум должен и јас да го правам.


– Колку пати досега со прекрасни успеси тоа си го сторил, наш чес-
тит царе, и уште колку во иднина ќе го правиш! – со топла, вистински
горда насмевка му одврати поданикот.


Војската во движење брзо сета, до тој степен се притаи, како и да
ја нема. Двесте војници, со своите водачи, по итно заобиколување, извр-
ши нагол притисок, кој брзо премина во жесток напад. И брза победа, со
не многу заробеници, и момчакот со круна, останат паднат меѓу поголе-
миот број мртви негови војници.


Кога набргу по тоа Самоил испрати мала група војници да го доне-
сат кај него, овие не успеаја да го пронајдат. Од главнината на византис-
ката војска, распоредена главно од другата страна на планината, запознае-
ни од викотниците за битката, не стигнаа во самото потребно време да му по-
можат, но стигнаа да го извлечат младиот носител на круна и дел од свои-
те ранети.




„Дремеле! Зора беше веќе, а тие убаво си дремеле!“
Затоа ли беше таму поставен, или пак добро да испитаат кога ќе на-


ближи непријателот, та со време да ни јават и да го победиме изненаду-
вајќи го, така што ние полетно ќе се спуштиме преку планинскиот превој
во големо заокружување! И, што? Се оглушија за својата должност! Дол-
жноста да демнат и извидуваат... Ете ја цената на комотноста и небуднос-
та. Ништо не виделе, а нив добро ги намирисале и ги... и ги... средиле...“


Но несфатливо им беше на доверливите, во близината на царот Ва-
силиj: Иако во неговите несмирливи, скоро заборавено повторувани преко-
ри за својот несреќен млад внук Стефан, се слушаа разборни, војни зборови,
лицето, несоодветно на тоа, таговно, болно му воздиваше. Како да немаше
ништо во тие кутри негови зборови од државната идеја и цел за победа. Како
да немаше во овој ден ништо поважно од неговото поразеничко тагување.
Што ли е ова со царот нивен? Се прашуваа, но се разбира, безгласно.


Колку и највисоките командувачи, исто и сета војска, знаеше само
толку, дека царевиот внук, што имаше посебно место сред неа, и кој секо-
гаш непречено се однесуваше принцовски, настрадал многу тешко во сино-
ќешниот судир со пристигнатиот непријател, и дека големо прашање е дали,
и воопшто колку време ќе преживее.


Беше порачано со најбрзи гласници, и во Солун, и директно во Ца-
риград, по врвни, докажани лекари за тешко ранетиот. И во тоа исчекува-




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






49


ње, сè друго, и неизречено со зборови, беше оставено за подоцна.
Но и надвор пред големиот царев шатор, и внатре во него, се мол-


чеше, и со сериозно подведнати лица се искажуваше почит пред царевата
многу поинаква обземеност отколку што би можело да се очекува. А не-
говите напаѓања, прекорувања, особено на лекоумниот „Стефче“, внукот,
одвреме навреме, не престануваа, му се враќаа со чудна непомирливост,
му трепереа усните што го изговараа тоа.


– Немаа контрола и не знаеја да се вардат!... А тој, о кутар Стефче,
дури бараше посебна задача, настојуваше, не знаеше да се смири... Небаре
така се станува славен!...


Беше тоа, всушност, една нужна, кутро завиена форма на родител-
ски лелек, од кој не можеше да се доздржи.


„...Небаре доволно е само да го сакаш тоа, па ќе се издигнеш ви-
соко... Да, ама во таа висина е смртта... А што ме оставаш мене, ако ме
оставиш – о, Бог да не даде! – без саканиот продолжеток на мојот живот и
наследник на мојот трон? О, сине...“ – тука Василиј штрекнато се поосврна
да не му се испуштил несакано глас при последната мисла, која многу го воз-
немируваше и плашеше Зашто овие ноќни часови, пртесторени во вистин-
ско бунило, го исполнуваа со ппремногу слаба и лажлива надеж Зашто не-
говиот Стефче, немо попречено од него да биде сместен во посебен шатор,
веќе часови, часовви, лебдеше меѓу сознанието и бессознанието, сè почесто
губејќи се во растечки тегоби...


Mеѓутоа, се чувствуваа во воздухот едни нови прашања, за кои очи-
те на придворните големци останаа без одговор на царевото лице: „Дали е
ова веќе знак на старост?“ И неразделено од тоа: „Зарем е можно еден
внук толку да владее со мислите и срцето на еден император?“ Го позна-
ваа многу добро коравиот и секогаш добро зауздуван карактер на царот,
зад кого никогаш дотогаш не се покажало дека може да постои нешто
толку големо, поради кое би се изгубил на еден ваков невиден начин, за-
боравајќи на својата важност и достоинственост.


Сега, утрото по малиот пораз, нанесен од страна на дрскиот воста-
ник од 969 година, кој еве веќе бливу половина век царува, се шири во
својата нова држава што му текнало да ја основа, царот на големата Ви-
зантија дури како во некоја затапеност ги повторуваше незадоволните
зборови, дека слученото заслужено им следува на небудните и неиспол-
нителните, ги спомнуваше загинатите, групата, а во интимните мисли
што никој не смееше да ги дознае, си ја тепаше душата во тага само за ед-
но лице, една непрежално загрозена момчешка душа, сè уште безнадежно
жива – што никако не можеше помирено да го замисли. Тага и страв. Му
го донесоа пред очите толку лошо ранет неговиот млад Стефан, неговиот
љубимец, прекрасен и пресакан Стефан, така што скоро парализирачки
остана немоќен, истовремено избрзувајќи да си го прикрие лицето, кое во
никој случај не смееше да стане негов предавник.


О, како да му помогне сега на разгалениот син што не доседе во




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






50


безбедниот, голем град, туку сакаше да се покаже во војната. Војната што
на толкумина им донесла слава... Е, не седеше мирен и паметен, а сега,
што дека ги испрати тој своите највредни и најсигурни слуги, да донесат нај-
способни, чудотворни лекари што, би сакал, го моли Бога, од рацете на са-
миот Свети Арангел да му ја истргнат младата жртва и да му го вратат...


– Вујко Васи... вујко... мој... – доаѓајќи за кратко до бистрото виде-
ло на денот, и покрај страдно прикованите гради од раните, момчето се
мачеше да искаже видувајќи му го болот во владетелските, толку внима-
телни очи на роднина. – Се обидував... ама не можев... ми се матнееше во-
оо... видот... од блескавите сончеви зра... зраци... Толку заслепува... вач-
ки... небаре ѓаволска црве... никава... темни...


– Немој, немој повеќе, Стефче! Доста... Само да почекаме прво да при-
стигнат учени лекари. – Му доаѓаше да ревне од тежината на очајот, а мо-
леше тихо, со отепан глас.


Но колку можеше таа молба? И што да почекаат? Многу бргу, ду-
шата во испрекинати напори на барање животен воздух, повторно западна
во бессознание.


– Забранувам, никаков збор повеќе! – прос’ска болката од царот,
кој и на нови, со стравопочит искажани добронамерни забелешки, вооп-
што не даде да биде сместен „внукот“ во посебен шатор, во мир, туку ту-
ка, во агол од големиот негов шатор, под непрекинато вардење од по двај-
ца избрани дежурни на смена...


„Само да го застигнат во живот мојот син учените лекари, да ми го
оздрават“, со голема молитва, длабоко закриена, си повторуваше во своја-
та неразбрана, стемнета повлеченост и пред големци и пред неголемци.


„Што се случува со нашиот цар? Зарем е можно толку да владее со
него љубовта кон внукот од сестра му? Олкава тегоба врз душата, на еден
ваков, невиден начин, та заборавил и на својата големина, и на недостиж-
ната достоинственост?“ притлеано шомолкаше, небаре непостоечко пра-
шањето зад потсведнато покорните очи на малцината што им беше дове-
рено да општат со него.




Можеби и да постоеше некаде и пробиена тајната за вистината де-
ка Стефан е негов син, но и ако ја имаше, таа несмело се криеше и тутка-
ше во најскришни длабини, по цена на животот на тој што, всушност,
имал несреќа да ја дознае, зашто не се игра со такво нешто, што би значе-
ло клевета против светоста, и би поминало како најдолно, погано предав-
ство. Затоа и не размислуваше многу за таква можност царов, но сепак
вардеше, таа тајна за синот Стефан ни со најдалечно намнисување, дури
ни во шега да не биде потчепната, најпрвин пред неговата венчана женa,
царицата, која е толку голем противник на брачно неверство, што на ви-
сок глас ги одобрувала веќе два-три сомнителни случаи меѓу аристократ-
скиот свет, на труење на мажи „измамници“, од сопствените сопруги. Же-
на која сакала и сака „да се крсти во него“ како во носител на праведност




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






51


и неизвалкана љубов, а нема поим, не доживеала никогаш да осети што е
тоа слободна еротска љубов од која се побудалува сред возлет на најсил-
на, најобвладувачка страст. И што сега? Нејзе ли да ‹ дава отчет за убавица-
та Архонда во Тесалоники, чија прегратка, што ја дава со целото свое тело,
толку пати го престорува во заробен, најсреќен љубовник! Тоа е неговата
божем „сестра“ Дина, само толку кажана, и не само на жена си смирената,
зашто добро увидел дека му се исплаќа да изигрува темерута и тешко мо-
рална личност и пред неа и пред мнозина други редум, така што со своето
посебно, владетелски остро однесување, со кое си беше обезбедил од неа,
не само да не бара некогаш да биде одведена кај таа сестра, што поради
поголема тајност ја беше нарекол со друго име, Дина, туку не ‹ дошло на
памет ни да побара од него да ‹ каже барем некој збор за неа. Така, на
нејзината строга моралност, тој ‹ ја спротивстави својата темерутост,
смрачен лик со збрани брчки по лицето, се разбира во неговата опседна-
тост со високи државни прашања. Василиј Втори императорот! Што сака
таа повеќе од тоа? Дека не живее со неа повеќе како сопруг? И дека често
патува во непознати за неа, неспомнувани места? Од кои всушност најпо-
веќето само тој знае со кое единствено име се викаат? Па нека направи
таа, ако може, нешто против тоа. Тој е владетел. И точка.


Таа точка, постоеше дури и спрема убавицата викана Дина во заса-
каниот град Тесалоники, кон која сè повеќе се претвораше во телесен го-
сподар, што по своја волја ‹ наредуваше да му ги прикаже своите љубов-
ни умеења, до кои навистина само во залагања со него, сосем верна, беше
дошла. Живеејќи го својот од посебен бог одреден живот, специфично
раскошен, Архонда или Дина вредно и мудро чувајќи му се, беше сè уште
силно примамлива и свежа, иако беа поминале дваесетина години откако
првпат ја виде, во далечното источно гратче, како невеста на богат трго-
вец со зоб за коњи, по што следувваше запријателување, некоја посета во
гостопримниот дом, бездруго со мала свита, и необјасниво исчезнување
на трговецот, па така ја доведе како своја драгоценост во новата, сосем
непозната средина. Како што не ‹ беше кажал никогаш дека мажот ‹ Јо-
ван по негова наредба на таинствен начин е убиен, така исто ‹ забрани,
уште од времето кога Стефче, неговиот и нејзин син, кој будеше силна
љубов во него, почна да станува сознателен, да не смее да ја дознае вис-
тината дека тој, Василиј, му е татко... Та познато е, детето е од веќе покој-
ниот, несреќен татко Јован, но тој, царот, е негов вујко и многу го сака, па
го зеде со себе да му помогне во животот. Не, тој, всушност, ќе смисли, ќе
стори нешто, за кога ќе дојде време да го направи и наследник. Совреме
ќе му го овозможжи тоа...


Така тој живееше еден вид двоен семеен живот, иако оној посака-
ниот многу поретко си го овозможуваше. Со него се занимаваше многу
повеќе во мислите, во мечтите, и покрај намрштениот изглед. Тешко од-
виклив, всушност настрвен „сладокусец“, во последно време, во самото
присуство на веќе поведениот син во војската, му се подлажуваше душата




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






52


по некакво потсетувачко возбудување, просто небаре облизнување, макар
со очи, од она недоисчекливото, толку примамливото, што беше далеку...




Но ете сега?
Часови и часови во овој страшен ден, додека десетици пати го по-


гледнуваше тешко ранетото чедо над кое се дежураше, попусто се зафаќа-
ше со повторување и повторување на тоа што го подготвувал, правел... му
се подзапираа во изневерениот ум, небаре неуспеван ткаеж во некој недо-
бар, недоволно подготвен разбој, неговите желби, планови, како нешто
што бега од него, го напушта...


И пак го одвлекуваше погледот кон маченикот спружен на посла-
ното на подот, кому не му дозапираа прокрвавувањата на завивките:


„О, сега што, Господе мил, предобар, што со мојот избоден син со
толку рани? Ти се молам Господе добар...


Ќе можат ли лекарите, кои сигурно веќе брзаат ваму на Беласица,
ќе можат ли да му ја вратат онаа толкава истечена крв? Како да ја соберат
и како ќе ја вратат во жилите на несреќниот мој Стефан, кој сè полошо се
губи во бессознание и бледнее?“


Додека времето ужасно немилосрдно изминуваше, а тој сè поза-
плашен побегнуваше со мислата на сите страни да догледа некаков спас,
ги помислуваше и убавите цркви изградени во царскиот град во чест и
слава на Таткото Бог и Синот, па се заветуваше дека тој ќе изгради нај-
нов, уште повелелепен храм...


Но, кога сепак тешко осмелен глас изговори дека „внукот“ ја из-
дивна душата, чиста и праведна, дека му ја даде на Бога, уште не ни до-
слушнувајќи го сето значење на смерно искажаното од слугата, со недоза-
узден рик во градите, доживувајќи силна стегнатост во главата, истрча
Василиј надвор во луда надеж дека ќе најде непријателски војник – да му
загризе од стомакот живи парчња со заби!


Дури доцна во ноќта овој цар, кој сепак беше живо биолошко суш-
тество, но со големи можности, што дотука поинакви му се чинеа, беше
совладан од потребата да си ја отпушти малку душата. Сони сон, но и тој
како под дејство на случената несреќа.


Маглени маси темниште напластени густо, наслегле дури до земја,
никаде ништо не можеш да видиш, дури ни самата земја ни листови, ка-
ков ти сончев зрак! Камо ги луѓето, ни еден единствен човек не можеш да
догледаш, иако ги има, тие сигурно исто како ти, не можат ништо да рас-
познаат, дошло време да зајде виделото. Не било тоа, значи, со Стефан
негов, одземеност на моќта да види поради зраците на новиот сончев ден,
ги нема, ни денот ниту помен од зраците, ништо освен разбуричкани сло-
ишта, мрачни и демнечки, но во такво едно морно заплеткано витлиште
под кое никогаш ништо како да не било создадено, освен бескрајни насла-
ги на тоа темниште кое ја исполнува душата со зaмислата дека зад тоа е
завршувањето на сè, со единствена, ужасна слика, којзнае колку дамна и




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






53


во неговата вообразба позната, на раззината челуст на лавиште, со опаш
како на еден царски грб некаде... но расфрчен – синџири како да сака да
искине! Челуст раззината од која нема избег, од која се стега срцето, да
препукне, да го изеде ништото... навистина тука бил крајот на сè!


Како успеа да го избегне сето тоа, да ги извлече очите од таа чудо-
вишност, вратен пак во постелата под својот воен шатор? – му беше прво-
то сознание во реалноста.


Се тресеше, но уште поголема студенина го обзеде кога дури по
неколку мига стана свесен дека тука е со синот, кого повеќе го нема.


И понатаму доживуваше: Тоа... размавтаниот лавовски опаш, од
кој што како да се тресеше самото темниште – небаре повикува на нешто,
сака да му наспомне?...


„О, син ми е мртов, тука треба голема одмазда! – му изревна душа-
та, а глас немаше, претпазлив дури и зад сите мрачнини.


Тоа беше небаре некој моќен довикнат дух да му пружаше помош,
вдахнувајќи го. Во самата средина на ноќта, излезен од шаторот несопир-
ливо одмаздољубив, одвај задржан вик му се заклопчи во грлото, нездр-
жан кркорлив шуштеж му спобегна од задишаните гради: „За синот:
Ова... ова, самиот ветер ќе изјуриши и пред, и посилно од мојата војска!“
– си рече дури промрмнато во ноќта и му остана отворена жедната уста за
големо славје. Ветрот, што небаре во дослух со него, забрзано потшумну-
ваше, се подзасилуваше искренат над земја, и тој солидарно здивајќи се
задаваше нагоре кон самата висина северна, кај што стасани демнеа не-
пријателите... Во добар сојуз со случајно доста бурно живнатата природа,
радосно му дошепнуваше зајдената душа: без тоа, без тој сојуз, не ќе бе-
ше доволно восхитен од никаква помала победа, и истовремено со ново
подмолснување на сликата од сонот, со темното маглиште непробојно за
очите, ниту за сонце дури, се потсети, го беше видел тоа: Тревје!... Ису-
шено тревје што се беше навалмило, нагнетило по длабнатините понадо-
лу од расположената негова војска, имаше да се награба и изнаноси на ку-
пови од пресувото тревиште, кои, кога ќе се потпалат, и само ако потрае
потоа уште еден или макар половина час засилуваниов ветер – тоа му бе-
ше најважно, трепетно тајно дошепнато, но речиси веќе јасно видување
на можната смисла на сонот. „Без видело да се остават проклетите убијци
на Стефан, заплеснати од корисниот повеј заедно со развитлените чадиш-
та кон нив по висините, што ќе ни ја олеснат работата, има да си го про-
колнат мајчиното млеко – па нека м у бидее колку што сака илјадна вој-
ската!“


Дотука. Понатаму, ѓаволот како што ќе помогне. Запрено беше на-
предувањето на замислувањата. Требаше да се повикаат извршувачите и
да им се предаде на извршување планот, и да се успее пред сè, пред сè со
времето, додека се засилува овој восхитувачки ветер!


И се постапи, со тих, арамиски полет по наредбата, ни за влакно да
не се отстапи. Судбински дел за Василиј против Самоил, оти инаку, оти




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






54


без тоа, којзнае дали ќе издржеше и таа втора, претешка ноќ.
И стек на околностите во сојуз со омразата. И напад, вистина, лудо


далечен од можностите на секоја фантазија, изненадлив за секаква внима-
телна начуленост на будните набљудувачи и стражари, и колеж, и удира-
ње во празно во недогледливо за одбрана, и паѓања – поснопица по земја-
та во налетот на заблеснатоста.


И осилени пробиви по страните заедно со ветрот, и заобиколува-
ње, ако е можно кратко, и потаму, веќе спуштајќи се од другата, северна-
та страна, грчовити напори да се спојат крилата дури околу отфрлувачка-
та војска, и... и... и последен, смртен отпор и недавње, недавање, и повици
на најверните, окрвавени околу одвај препознаениот, разжесточениот, џи-
новски Самоил, повторувани, повторувани: да полета назад со коњот – и
несакање ни да чуе, – и тој мора, тој мора, преколнувања: тој е незаменли-
во потребен! И инает кон судбината! – Но лукаво досетување поважно од
секаква послушност... И раскрилено дофрлена наметка преку главата на
царот, и мигум застегнување, заврзување – и веќе сосема некорисни очите
на царот врзан, го влече преданата рака, го влече крајно оддалеку јажето
на уздата на царевиот белец, и побарување најмногу по интуиција некое
долче за стрмоглаво спуштање од заглушливиот котел на човечка касап-
ница, но боли – корне другата рака на тој што бара каков било пат тргајќи
го коњот надолу, ќе му испадне од болка пуста рака, дали не и сосе коска
пресечена, во невиделицата, од жестокиот замав со острицата во раката
на својот господар, кому пена разгневена му дише од устата под завиена-
та глава, не го одобрува сето тоа.


А горе, особено од оваа, севернава страна, веќе се сеќава чувстви-
телно намалениот метеж. Некакво грозно, постепено папсување. И среду-
вање брзо на несреќата, едно по друго, точка по точка, сурово, прежесто-
ко, остро сето како гола прережувачка сабја, во отров натопена, со која за-
едно со другото оружје, се замавнува по заробеничка група како стока по-
терувана...


Триумф на одмаздата и допрвешно молснување во умот: „Невиде-
но завршено... Е па, во невид нивен и одмаздничкава острица моја... О со-
ну, величествен вдахновувач мој!... О, каков невид ќе им приредам јас се-
га ним!“


И небаре дојден првпат во вистинскиот свој м о ж е н елемент, ја
издаде, таму на Беласица, сè така во темното, уште неразденето, наредба-
та, но сепак не даде да се запише – којзнае дали плашејќи се од судот на
иднината.


Задишано, збивтаво размислуваше: „Море ќе ги внесам јас во црна
ноќ до крајот на животот! Каде е сега нивниот цар да ги види... Море ќе
ги види тој!...“


Таа... темницата што му го уби синот, го посоветува: Ништо друго,
само тоа! Ќе им ја земе светлоста на сите нив! „Тоа дури и разжесточени-
от опаш на лавот во темносаниот сон, што не можеше да се задржи, сакаше




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






55


да ми го наложи. Тоа ми е наредба од темницата“. Зашто, крвта во која ле-
жи мојот син, не може а да не биде стократно, илјадакратно поскапо от-
платена. Но со очна крв! Сега, знам што треба да направам“.


– Дајте ми вода, голема жештина имам во себе. Жеден сум. – Нај-
блискиот слуга поита да го услужи.


Беше толку гневен, што го обзеде порив на првиот од заробеници-
те тој самиот да му ги ископа очите со својот царски украсен нож. Но го
сопре потсетување дека тоа ќе биде гледано и ќе остане слика трајно да се
знае, па си рече: „Ами зошто имам јас потчинети! Зарем со голи раце да
фаќам жар?“




(Дел од истоимениот расказ)

































































СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






56




Петре Димовски




ГО БАРАМ ДЕДО МИ


Стојам пред отворот од костурницата на Кајмакчалан во која е за-
творена смртта на војниците што паднале на голиот камен во играта на
громовите во Големата војна. Во видикот е сè така обично и едноставно,
што создава слика на неменливата постојаност на небото и земјата. Траги-
те се само во меморијата која го затворила времето а која ја повикав да го
отвори.


Слегувам низ отворот во подземната костурница за да ги најдам
заедно минатото и сегашноста. Припадници од разни војски, нации и вери
тука се еден до друг во тишината на вечноста. Слегувам тивко, внимател-
но да не го нарушам нивниот затворен сон, како што лазеле тие кон смрт-
та да не ја пробудат во црнилото на ноќта кога изгледало толку необично
празно додека во страшниот рик не искокнувал ѕверот затворен во земја-
та. Така пренесен, споен сум со нивното чувство. Слезен сум целосно во
светот на мртвите и тој бран на морничава тага што минува низ мене, е
одгласот на вековите што минале над мене, носејќи го низ себе големиот
процеп на животот.


Тука долу ги има многу. Заедно, од сите што тогаш лазеле по вр-
вот на Кајмакчалан. И дедо ми, неименуван во живите изгубен во смртта.
Биле исти, наполно биле исти. И сега се исти. И не може да се препознае
кој е кој, кој во кого пукал и кој од кого паднал, ми одзвучува поетскиот
нерв од стиховите за Кајмакчалан. Сите се долу. Биле исти и кога биле го-
ре, само облеката во која биле влезени била знакот со кој се обележува
припадност и различност. Белегот за откривање на целта. За следење на
мислата. За одржување на насоката. За барање на смислата во хаосот што
го подвижил некој а не можел да го сопре никој.


Биле момчиња тие војници. Ги носеле во себе сите желби што ги
отвора животот кон иднината. Некаде низ полите на земјата ги чекале
мајки, свршеници, девојки, ги чекале жени со доенчиња на градите, со
плач што го отворал животот, ги чекале првите зборови од породот кои во
збор ги повикувале да им пријдат. Но не можеле ништо друго да сторат
освен да се убиваат на врвот на Кајмакчалан по испратената порака дека
се живи. Биле толку немоќни во своите надежи! Наполно изгубени во
целта што се побарала од нив.


Сега се тука, заедно сите, прегрнати во тишината на вечноста,
свесни колку е топла прегратката на пријателството а колку е студен зди-
вот на ветровите што раздвојуваат кога налегнува страшно невреме.


Тука застанало времето.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






57


Само јас знам како било пред тоа и што било потоа, по сè што се
случило над оние фосилни камења кои стојат неизменети по својата твр-
дост, вкопаност и масивност.


А тука јас го барам дедо ми. Сакам да си ја претставам неговата
слика, но не можам да ја најдам во меморијата. На помош го повикав тат-
ко ми да ми каже каков беше неговиот лик, појавата на мојот дедо. Не го
видов никогаш, ми рече тажно, несреќен што се случило така, носејќи ја
длабоко во себе големата болка. Тоа ми открива колку страдал мојот тат-
ко по своето детство, барајќи го постојано изгубеното. Јас не бев стигнат
кога замина тој, татко ми, дедото твој, ми кажа. Не се пресретнавме, не се
дочекавме, не се запознавме, го извлекува сето време низ кое минал за да
го пронајде тоа што го барам. По таа средба сме копнееле низ сета веч-
ност до мигот, ми кажува. Додека јас брзав да се сретнам со животот, не-
стрплив во надојдениот предизвик да се прескокне времето, тој приоѓал
кон смртта… Ја пробудил во стравот да не ја пробуде и таа го зела со бо-
деж на секавицата. Кога грмнало тој бил паднат. Насилно бил доведен ту-
ка од една страна, да се бори против друга, од една војска против друга да
војува иако не било негово време за војување, од еден живот против друг
да атакува иако не ја сакал ниту својата ниту туѓата смрт. Околу немал
ништо свое освен својата земја. Но се познал, во смртта да го чува негова-
та земја, со која страсно се преграбиле. И во таа прегратка љубоморно ос-
танале прегрнати еден со друг каде смртта не можела да ги раздели.


Како да го најдам, како да го препознаам во смртта, растревожено
го барам одговорот од татко ми, кој пробуден во сеќавањата се труди да
се присети на нешто што не можел до тогаш да се сети. Најпосле татко ми
го пронаоѓа одговорот што целосно бил во нас и стоел секогаш на дофат
во нашето побарување, во трагата на нашата меморија, во траењето на на-
шето сеќавање во постоењето на земјата.


Тој не понесе сè со себе, рече татко ми, самоуверено за него и
убедливо за мене. Ни остави еден знак, една следа ни остави. Тоа што го
бараме. Својот лик ни го остави, по кој секогаш ќе биде препознаен. Го
предаде кодот на својот род кој секој го носи со себе и не може да го из-
бришат ниту смртта ниту времето, ниту сите насилни обиди на бришење
траги. Ти го предадов неговиот лик што ми го предаде тој кога пристиг-
нав во своето време. Го наследил од предците заедно со животот кој не се
избришува кога ќе се избрише животот, а постојано се предава како што
се предава животот. Откриј го својот лик, ќе го препознаеш и ќе го најдеш
дедо ти. Ќе ги почувствуваш неговиот живот и неговата смрт зашто нив
ги носиш во себе, сине. Ќе го откриеш присуството во тагата и болката
што сме се разминале невидени, во среќата што го продолжуваш неговиот
пат кој не е прекинат. Знај дека неговиот свет не е исчезнат. Пренесен е
на неговите потомци… Гледај како одважно чекорат по земјата! Твојот
дедо само бил несреќен во можноста да го одживее својот живот. Бил сре-
ќен да го предаде и да ја оствари смислата на постоењето, на настанува-




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






58


њето, на движењето. Баба ти ми го раскажуваше неговиот сон. Те сакал
многу, знаел дека ќе дојдеш по мене. Не можел ете да те дочека, но знаел,
тоа непогрешно го знаел. Многу сакал да те подземе во своите раце, да те
прегрне, да те лулка додека сонуваш во неговата мисла, да те изнесе на
висовите и да ти го покаже својот свет што останувало да ти го предаде
во наследство. Ти посакувал многу среќа. Долг живот. Голем пород. Тво-
јата среќа ја чувствувал во неговата. Тоа е вербата во продолжување и оп-
стојување на патот дека ни најголемата катастрофа што му се случувала
на човештвото не може да го одрони, да го прекине, да го избрише.


Потоа почувствував некоја среќа што го открив и што го запознав
дедо ми. До тогаш како да ми беше во некоја темнина.


Кога излегов од темнината на костурницата, во која е затворена
смртта, имав чувство дека се сретнав со животот. Со сознанието дека па-
тот продолжува. Со спомените со кои се влегува во иднината.


Влегувам во светот што продолжува. Се бијат ветровите на врвот
на Кајмакчалан, налегнуваат магли, заблеснува сонцето, откривајќи го
кружниот видик на Солунското и на Битолското поле. За миг згуснуваат
облаци. Се исцртуваат секавици низ мрачнината. Застравуваат татнежи и
громови што го будат животот. Умно е понекогаш да се слезе од врвовите
долу во заветрината на котлината. За да се одбегне ударот на судбината.
Потоа да се продолжи побезбедно.















































СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






59




Зоран Пејковски




СЕРАФИМ


Повторно се најдов во ресторанот на мојот близок пријател Драги,
кој со насмевка, прегратка и взаемна почит како да не сме се виделе одам-
на, а се гледавме скоро секој ден, ме пречека во летната бавча. Јас бев
чест посетител тука, оти никаде не ми беше така убаво како кога ќе се ви-
дев со него, како со свој брат, со кој знаевме понекогаш да испиеме и пре-
многу. Секогаш бевме опкружени со звучни имиња од уметноста што чо-
век можеше само да ужива во разговорите со нив, оти со нив сè беше
опуштено.




* * * * *




Така повторно, додека бев со Драги, на масата ни дојде Серафим.
А Серафим беше интересно човече. Се вљубил толку многу во Ана, а ја
познавал само онака од пресретнатите погледи на улица. Човекот беше го
изгубил паметот оти Ана почна да претставува негова животна опсесија
што делуваше зачудувачки, но наоѓавме и оправдување за неговите по-
стапки кои го тераа кон непромисленост. Така, се замислувал себе си во
улога на маж што ги исполнува нејзините соништа.




* * * * *




– Што ќе биде со Ана, што ќе биде со неа, ако нејзиниот маж вооп-
што не се врати во градот? – занесено го кажуваше Серафим своето чув-
ство кон Ана.


Јас и Драги не знаевме што одговор да му дадеме, и како ќе го сфа-
ти сето тоа. Не знаевме што да мислиме за човекот кој слепо се вљубил во
Ана, затоа што не знаевме и дали Ана воопшто го перцепира Серафим. Не
знаевме ништо за да можеме да го дадеме вистинскиот одговор кој од нас
го очекуваше Серафим.




* * * * *




Со Драги се погледнавме очи в очи, ги кренавме рамениците и во
неможноста да одговориме ги подигнавме чашите со „Johnnie Walker“-от
за да ни биде полна устата, за да не мораме да го дадеме својот одговор.


– Што ќе биде, те прашувам јас тебе, и тебе, ве прашувам и обајца-
та со мојата кралица на моите воздишки? – продолжи Серафим со испра-




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






60


шувањето.
– Но, што ќе биде со тебе? – му се обратив јас на Серафим, – Ти


гледаш, човеку, дека лудееш, ќе те пикнат во некоја лудница заради твоја-
та опсесија. Тоа е болест, човеку, и треба што поскоро да се излекуваш.




* * * * *




Ама Серафим не ме слушаше или не сакаше да го слушне тоа што
му го реков, па сам си продолжи импресивно да нè втурнува во неговите
мисли.


* * * * *




– Ќе стане ли дел од обичната врева на животот во градот? – про-
должи Серафим со своите опсесивни прашања.


Навистина, најпосле и обајцата со Драги се запрашавме, дали таа
беше тоа како што ја замислува Серафим, оти човекот го изгуби паметот,
и за што го изгуби, всушност?


Не беше ли таа една од многуте убави жени во градот кои сакаа
нежност од машка рака?


– Се гордее ли сега со својот херој?! – повторно нè прашуваше Се-
рафим, додека келнерот го носеше неговиот пијалок.


– Не знаеме, Серафиме, не знаеме, – му одговоривме и обајцата.
– Сигурно во нејзината гордост има место и за солзи, – му одгово-


ри Драги.
– Ќе води ли таа битка со себе си, сега кога нејзиниот маж си го ос-


тави семејството за туѓа војна, што мислиш ти Серафиме? – го прашав и
јас.


– Се обидела ли да го спречи?! – му се обрати Драги.
За веднаш по него да се надоврзам и јас.
– Му ја спротиставила ли својата љубов на војничкиот порив?




* * * * *




Целиот наш разговор се одвиваше со прашања како да решаваме
животни загатки, како да решаваме ребуси од кои навистина зависеше
животот на Серафим, обидувајќи се да го одвлечкаме од намерата, пла-
шејќи се за него да не се разочара од нејзините очекувања, па да си пресу-
ди самиот. Оти според разговорот со него, не само овојпат, туку и многу-
пати претходно неговиот ум не ми изгледаше дека ќе го издржи сопстве-
ниот притисок или предизвик.


А Ана, пак, најверојатно во неможноста да направи што било, ја
прифатила високата цена на војничката гордост, како да е повозвишена од
обврските кон семејството и кон синот што веќе го пишувал своето име.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






61


* * * * *




Веднаш ми возврати Серафим со оправдување на своите постапки.
– Таа е жена којашто со сета своја раскош и младост во сите воин-


ствени ноќи ќе копнее по љубов, – додаде Серафим, не сфаќајќи дека мо-
жеби Ана била причината што ја напуштил нејзиниот маж.


– Дај Серафиме, не се остава така едноставно убава жена, како што
ја опишуваш ти Ана, – му се обрати Драги, спуштајќи го на земја за да
сфати дека и нејзе £ било сеедно неговото заминување.


Го знаевме Серафим како добар и скромен човек, но и како човек,
кој кога ќе се вљуби не знае што прави, па во смисла да го заштитиме за
да не влезе во сопствениот кафез од кој потоа без последици не ќе може
да излезе, го разубедувавме на секаков можен начин, барајќи ја вината во
Ана, а не во нејзиниот маж.


– Што мислиш, Серафиме, брате, не можела ли да го расколеба во
жарот на збогувањето, во лудилото на бакнежите што горат пред раздел-
ба, ако ги имаше?! – му реков јас на нашиот Серафим, нарачувајќи уште
по еден пијалок за сите.


– Дај разбистри ја главата и нека ти дојде еднаш одговорот дека
можеби и таа посакала да се одмори од „хармоничното“ секојдневие и
преќутно ја одобрила неговата намера, – му реков на Серафим.


А тој беше толку вљубен што ништо од никого не слушаше и не
сакаше вистински одговори на неговите прашања. Неговата единствена
цел беше да влезе во животот на Ана не одбирајќи ја цената и разумноста,
затоа што, потоа, би се случило. Едноставно, Серафим постојано беше со
мислите кон Ана, колку и да знаеше, и да се сомневаше дека патот, или
чинот кој го прави е погрешен.


Разговарајќи толку долго и исцрпно, часовите одлетаа. Дојде ноќ-
та, а ние сè уште не бевме решиле зошто Серафим се затрескал во Ана, и
зошто е оптоварен со неа во целиот дваесет и четири часовен период.


– Еве се ближи ноќта, – ни се обрати Серафим, - што ако и таа ја
пробдејува оваа ноќ, размислувајќи си за некоја своја нова животна фило-
зофија?


– Серафиме, – му реков јас, – ни рече дека не ја познаваш, верувај
дека ти £ си најмалку влезен во нејзината нова животна филозофија. Ве-
рувај дека таа најмалку размислува за тебе, бидејќи не те ни познава. Од
два-три пати што ви се сретнале погледите на улиците, мислиш ли дека
таа се избезумила по тебе како што си се избезумил ти? Таа, секогаш нај-
веројатно ја приспособуваше средината на себе си, не дозволувајќи му
ниту на тој свој моќен и неприкосновен мажјак да ја потчини, – му кажу-
вав на Серафим за каков примерок на жена станува збор и веќе еднаш да
се спушти на земја.


(извадок од романот „Градот на Јужното Море“)




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






62




Биљана Т. Димко




ИДЕНТИТЕТОТ НА НИКОЈ


Кафаната на Марин Тијагин беше најпозната и најатрактивна во
областа, но често беше озборувана како нечесно место, место каде се
склучуваат зделки коишто го валкаат националниот морал и по луѓе кои
на не толку многу угледен начин постигнуваат да си ги остварат високо
поставените општествени цели и да не заборавам, оваа Маринова кафана
има еден дел што е исклучиво наменет за уметниците од оваа област. Во
овој кафански дел помеѓу облаците од чад од цигари, ждригавиците од
точено пиво, порите кои константно ослободуваат многувидски телесни
киселини и мириси, ете тукa помеѓу сета таа значителна физичка слабост
се раѓаат најтешките, најкомплексните, најреволуционерните, и на некој
чуден начин и најдобрите идеи за преродба на оваа наша татковина. Тука
се собираа актери, музичари, писатели, поети, сликари и многу други чуд-
ни лица, кои преку жестоки разговори залеани со жесток алкохол се оби-
дуваа да ја пронајдат причината за глобалното светско страдање, масак-
рот на исконските морални начела и така постојано по инерција на некоја
космичка магија од каде и се раѓа уметничкиот бит, тие лица да бидат на
значајни места од општествените маргини, а беа таму само затоа што си
дозволуваа гласно да размислуваат за секој еден, па дури и најмал и едвај
видлив со голо око недостаток на педантно корумпираната бирократија.
Максим и Шемсудин беа луѓе кои припаѓаа во овој општествен
круг. Седеа во еден прилично темен ќош и разговараа за најновите неми-
ри на етничка нетолеранција. Шемсудин беше познат како човек со епско
располжение, неговиот глас беше громок и силен, така што Максим, доде-
ка овој му зборуваше го гледаше право в очи, повеќе му се восхитуваше,
отколку што го разбираше:


– „Лошо, многу е лошо кога поради љубовта кон својата родна
грутка, кон својата татковина човек сака да умре. Ами, кој ќе преживее за
да ја ужива слободата. Чии креветски дами ќе станат нашите жени? Мил
мој Максиме, верувам дека нема вечно непријателство, туку тврдам дека
има вечна корист меѓу луѓето. Нашите млади луѓе треба да ги поучуваме
да градат домови, да водат љубов со своите сопруги, да прават деца, веру-
вам дека само така ќе ја спасиме оваа наша мала земја, во спротивно ќе нè
собере во житен амбар и на непријателите верувам дека ќе им се згади да
војуваат против нас, ќе станеме недостојни за нивните сабји“ – откако го
заврши ова свое искажување, Шемсудин ја подигна чашата со коњак, на-
здравија со Максим и натегнаа.


– „Се согласувам со тебе, Шемсудине, на овој наш народ му треба




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






63


ментална револуција, ама, треба силна рака за да ги убие квази-патриот-
скиве инсекти кои непрекинато го заразуваат здравото расудување... не-
возможно е да имаме здраво општество, ако неговите клетки – луѓето се
болни... нашиот колективен дух имам чувство како да вие, знаеш како ра-
нет волк... и плус се наметнува религијата... и така сè повеќе се експонира
модалниот збор „мора“ бидејќи „треба“ може да те однесе зад решетки.“
– Привршувајќи го својот исказ, Максим запали цигара и повика уште
една тура пијачка од келнерот во кафаната, Јан, младич со околу дваесет
и три години.


Јан ги послужи гостите и се врати тромаво со послужавникот на
шанкот.


• „Што си така смуртен?“ – го праша газдата Марин.
• „Можно е ли да му останеме толку многу непознати на светов?


– тивко, повеќе ко за реторско прашање, му одговори Јан.
• „Дете златно, време е повеќе да мислиш на женското меѓунож-


је отколку на смислата на бесмислата... ти си тука попатно, ти
треба да го запознаеш светов... тој бил тука и пред да те напра-
ват тебе...“ – му се насмевна кажувајќи му го ова. – „Колку е
бесмислено страдањето само и колку е бедна среќата“ – изго-
вори зачудено Марин додека ги броеше зрната сув грав и ги
испушташе во големата стаклена тегла, седејќи на високиот
стол на шанкот. – „Не е бедна среќата, таа е неконвенционален
порив и додека трае, човек може да му вети на моралнава кур-
тоазија дека ќе ја претвори во духовно и благородно единство“
– му забележа Јан додека со шмиргла ги вадеше капките вар од
стаклото на прозорецот.
– „Веруваш дека нешто од ова што го работиме има цел?“ –
повторно го праша Јан.
– „ Има цел, ама тврдам дека нема смисла, ама мора нешто да
се работи, инаку е многу здодевно и мачно, и знаеш... понеко-
гаш ми се згадува животот... тешко е да се пронајде правото
решение за трпеливост... знаеш Јан, нема мудри луѓе, еднос-
тавно не верувам ни дека некогаш имало... како може страдање
да ти обезбеди среќа, а среќата да е карактеристика на леко-
мислените...“
– „А што мислиш на кого треба да му се верува?“ – продолжи
Јан да прашува.
– На она што е под тебе и над тебе... поточно небото и земјата,
а меѓу нив е смртта како единствен триумф од оваа бесмисла
на помпезни гладијатори и напудрени змејови. Запамети, од
голема важност е во ова време да бидеш НИКОЈ во светов, би-
дејќи светов никогаш не бил погладен за идеи и за цицање на
нечија крв како сега, како да умира, затоа е веројатно вака...
храбрите ќе издржат ако се мудри, а мудрите мора да бидат по-




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






64


тивки од тишина, ако сакаат да преживеат.“ – Јан го погледна
наеднаш Марин, де го разбираше нешто, де сосема ништо,
знаеше дека не е луд, но не можеше да поверува во ова иска-
жување. – „Млад си, Јане затоа не веруваш, имаш уште сила да
поднесуваш глупости и да им симнуваш капа... ама еден... ден“
– повторно Марин му се насмеа в лице, тоа звучеше повеќе
татковски но и малку саркастично, а Јан продолжи да го трие
стаклото на прозорецот, веројатно размислувајќи како да се
доближи до масите во кафаната и да разговара со некој од тие
субјекти кои ги имаа окупирано, нормално за некоја своја бе-
нефиција.





































































СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






65










































































М
и


р
ја


н
а


Б
уб


ев
ск


а








А
вт


оп
ор


тр
ет



,



м


ас
ло



на



пл


ат
но









СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






66































































































СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






67




Трајче Кацаров




ПОДРЕДЕНО ГОСТОПРИМСТВО
(извадок)




Лица:
Неа,
Еа,
Гласот


Има едноставни правила во гостопримството,
едно од нив е:


филџанот за чај, или за кафе
секогаш се подава со тацна.




Непочитувањата на правилата имаат силен одраз врз општо прифате-
ните норми на однесување...Но, не ќе е штетно ако кажеме дека живо-
тот станува уметност поготово кога изненадувањата ќе станат пред-
ност




НЕОЧЕКУВАНА ВТОРА РУНДА




Неа и Еа влегуваат во салата. Секоја во рацете држи чаша со пија-
лок. Седнуваат на масата на која се гледаат остатоците од тортата во
чиниите и филџаните со кафе.


Еа: Откако ги затворија вратите на ресторанот и келнерите останаа над-
вор на улица, не можам да видам ништо друго освен фотографии по ѕидо-
вите.


Неа: Ја виде ли фотографијата на онаа квачка закачена на ѕидот?
Еа: Колку само модринки имаше по лицето.


Неа: Има повеќе отколку што има ѕвезди на небото.


Еа: Мора да е фотографирана од жена.


Неа: Сакаш да кажеш дека само жената има разбирање за другата жена...


Еа: Жените најмногу сочувствуваат со болката на другите, тоа е во нив-
ната природа, тоа е нивниот инстинкт.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






68




Неа: А жените со цврста волја? Тие можат да згазнат врз секој:


Како да извикуваат пароли. Додека едната ја кажува асоцијацијата
другата соблекува дел по дел од облеката. Го прават тоа во стил на
стриптизета.


Неа: Маж бик!
Еа: (Почнува да го соблекува горниот дел од облеката – кошулата)
Маж вол!
Неа: (И таа почнува од горниот дел од облеката – од кошулата) Маж
слон!
Еа: (го соблекува долниот дел од облеката – здолништето) Маж коњ!
Неа: (Го соблекува долниот дел од облеката – здолништето) Маж ма-
гаре!
Еа: (Ги соблекува чевлите па чорапите) Маж, кусо петле!
Неа: (Ги соблекува чевлите па чорапите) Маж, бесно куче!
Еа: (Останата по долна облека и боса се извива како змија) Маж куче
контењерче!
Неа: (И таа останата по долна облека и боса се извива како змија)
Маж ветер, цунами!


(Почнуваат извивајќи се да се доближуваат една до друга, Се милува-
ат со рацате по телото. Гушнати изведуваат љубовна игра. Гледаат ед-
на во друга и во исто време изговараат кикотејќи се: Мажји прдловци!


Однадвор долетува огромна топка направена од листови од весник.
Всушност, весникот е само обвивка на голем камен. Како метеорит
плеснува каменот врз масата. На сите страни се разлетуваат парчиња
од скршените чинии и филџани. Неа и Еа се фаќаат за главите и
врескаат. Однадвор доаѓаат гласовите на разбеснетата толпа:


Келнери! Келнери!
Во нив е иднината!


Бараме светот да нè служи,
Како што ние му служиме на светот!


Нема да имате утре,
Ако келнерите не ви го сервираат денот!




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






69




Нема да имате сонце
Ако келнерите не ви ја остават
Месечината, да ја изгризете!


Келнери! Келнери!
Секоја убаво сервирана лага
Е вистина!


Секој убаво сервиран пораз е победа!
Келнери! Келнери!


Гласовите однадвор се стишуваат. Се слуша гласот на човекот од
обезбедувањето на ресторанот.


Гласот: Прозорецот е поправен. Ги молиме присутните во ресторанот да
си ги заземат своите места. Ви посакуваме пријатен престој во ресторанот
„ПУБИС-ТУБИС“.


Веќе седнати на масата. Остануваат до крајот на дејствието во долна
облека. Бојата на облеката може да биде секаква само не бела.


Неа: Воопшто не мислев дека пиењето кафе од филџани без тацни ќе пре-
дизвика ваков крш... (паѓа со главата на масата)
Еа: Сега веќе ептен се убедив дека е многу поразлично од седење во тоа-
лет. (Паѓа со главата на масата)


Додека тие се со главите положени на масата, во салонот полека, по-
лека се намалува светлото. Останува само она кое дозволува да се на-
ѕирнат контурите на присутните луѓе и предметите во салата.


Гласот: Драги гости овој амбиент е диктиран од состојбата која ја прават
демонстрантите од улицата пред ресторанот. Се надеваме дека тоа нема
да го расипе вашето добро расположение.


На фонот на тивка романтична музика се слушаат стихови од лирска
песна.


Животот е акција
Секоја акција инспирација –
Да се направи стварна
И најлуда апстракција




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






70




Животот е ваканција
А секоја ваканција инспирација –
Да се продаваат соништа
Без животна гаранција


Животот е сатисфакција
А секоја сатисфакција е инспирација –
Сликата да е вечна
Без потребната анимација





































































СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






71


























































































С
л


ав
и


ц
а


М
и


ха
и


л
ов


а












Em


pt
y


he
ar


t“
,



м


ас
ло



на



пл


ат
но













СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






72































































































СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






73




Васил Тоциновски




ТРАГЕДИЈАТА НА ЕВРЕИТЕ
(Петко Шипинкаровски, Утринска молитва,


изд. Македонија презент, Скопје, 2015)


Холокаусот е ретка тема во современата македонска книжевност.
Таа е инспиративен вруток во новиот седми по ред роман на Петко Ши-
пинкаровски (1946, Будимирци, Битола) насловен Утринска молитва.
Станува збор за романописец кој постојано трага по нови и непознати те-
ми и мотиви, раскажува за подзаборавени или изумени работи. Во нешто
повеќе од едно десетолетие од појавата на романот Откорнати души
(2003) како поет, раскажувач, романсиер, драмски автор, есеист и крити-
чар, новинар и публицист, културен втемелувач и деец интензивно и со
вредни естетски резултати избори сопствени место и значење во македон-
ската литература и култура. Сакаме притоа да забележиме оти секое ново
дело на овој автор претставува ново книжевно изненадување што подраз-
бира оти нему му се туѓи повторувањата и прераскажувањата, тривијал-
носта и баналноста. И новото дело на Шипинкаровски е поврзано со ма-
кедонската традиција, со нејзините корени, со општочовечките и универ-
зални димензии без кои не постојат уметноста и културата. Не суштеству-
ва цивилизацијата. Литературата потекува од самиот живот и притоа да
не заборавиме оти била и останува нешто повеќе од животот. Вредносен
аргумент за тоа е и романот Утринска молитва на Шипинкаровски.
Документарноста на делото доследно се остварува на планот на
времето, просторот и ликовите. Втората светска војна и германското лу-
дило како што го именува писателот, точно ги одредуваат трагичните вре-
миња исполнети со прогонот на Евреите од Македонија и нивното тран-
спортирање до фабриките за смрт расфрлани ширум европските простори
и конкретно во логорот Треблинка. Категоријата време како колективна
мисла и смисла го има и својот простор. Приказната започнува во Битола,
продолжува во Белград, но судбински како свето тројство се осмислува во
пределите на Македонија, Србија и Албанија. Главниот лик Естер Меир е
битолска Еврејка и таа е стожерот на збиднувањата и на другите приказ-
ни/ликови кои се надополнуваат, надоградуваат и дорекуваат во злата
судбина и неповторливата трагедија на субјектот кој прераснува во сим-
бол/метафора за колективното историско меморирање. Среќата и радоста,
подемот и поразот, смртта и поразиите подеднакво и постојано ги добли-
жуваат народите едни кон други. Од причина што животот е еден и не-
повторлив, го уриваат војни, болести, делби и преселби, но постојано
наспрема нив се градат нови мостови на пријателство, доверба и соработ-
ка меѓу народите и државите. При крајот на романот Јелена Бабиќ (Естер




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






74


Меир) настапувајќи на научниот собир со тага и болка се потсетува на
минатото. Прогонот на Евреите како незапамтено злосторство што вооп-
што може да се замисли, а камоли ли да се учествува во него, не треба да
биде заборавена уште помалку затворена историска страница. Не треба
да се отвора и да се копа по нејзините патишта и врвици, а со тоа и да
се фрла дополнителен барут на онака зовриениот Балкан. А, и за тема-
та Македонија... Навистина има за што да се зборува. И македонскиот и
еврејскиот народ се библиски и стари.Сакам да речам дека имаат слични
судбини. Во колективното меморирање на македонскиот народ од тие вре-
миња трајно е впишана Егејската трагедија. Оттука судбината на Јелена
односно Естер ги покажуваат бесмислата, минливоста, апсурдноста и па-
радоксалноста на егзистенцијата. Тие децидно повикуваат оти краткиот
човечки живот треба да се живее полнокрвно и да се исполнува со добри-
на и љубов, почит и доверба. Да се биде човек и човечен.
Животните врвици на главниот лик Естер почнуваат со детството и
младоста на единствената рожба на Сара и почитуваниот и угледен би-
толски трговец Арон Меир. Патот од родната Битола ја донесува на сту-
дии во Белград. Тука со младиот адвокат Крсто Бабиќ го формира соп-
ственото домашно огниште. Повампирениот човечки ум го смислува но-
вото најголемо зло – војната. Најголемо богатство во животот се пријате-
лите. Тие и помогнуваат во идејата на нејзиниот сопруг да се сокрие и со-
чува еден човечки живот чија што единствена вина е таа што е Еврејка.
Поетиката на Петко Шипинкаровски во Утринска молитва се остварува
на две нивоа. Наративната формула е строго реалистичка. Не се измисле-
ни ниту еден настан, време, случка или личност кои некогаш биле живот.
Уверливоста се постигнува и со принципот што самите јунаци/ликови ги
раскажуваат своите приказни/судбини. Наспрема оние со конкретно име
и презиме, не само како наратори туку и како коментатори, би рекле како
судии и трагачи по вистината се релевантните книжевни ликови на Чове-
кот собирач на туѓи приказни, Човекот со штрб заб, Жената со забун, Же-
ната со темни наочари, Човекот несмасно дебеликав. Суптилно тие ги
прошируваат и збогатуваат вредностите на делото и му го вдахнуваат ми-
рисот и вкусот на магичниот реализам. И она што притоа посебно сакаме
да го одбележиме како голема стојност на романот е прекрасниот дијалог.
Неговата дијалектологија истовремено ја потврдува релевантната универ-
залност на уметноста. Дијалошката форма во себе како да ги апсорбирала
сета мудрост и убавина од говорот на безимениот народен гениј.
Од приказната за Естер Меир се раздиплуваат судбините на многу
луѓе кои припаѓаат на различни народи, бои и вера. Иако случките и ли-
ковите се детално обработени, тие се во функција и заокружување на одот
по човечките страдања и со вечниот копнеж да се победи злото. Така и
малото еврејско девојче Боена според нас е само фрагмент од епската кр-
вава европска слика од прекршувањето на Дваесеттиот век. Неговата ми-
тологија како запишана историја збогатена е со легенди и преданија. Тво-




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






75


речката тенденција е оти нештата во човекот, животот и светот треба да
се запишат и само така можат да бидат избавени од прегратките на забо-
равањето. Да бидат можност од нив да се извлечат поуки како да се биде
подобар. Токму во тоа е скриената или поточно ненаметливата идеја/по-
рака на романот Утринска молитва за хумани мисла и акција. Шипинка-
ровски во севкупното свое творештво инсистира за хуманост. Историјата
како локомотива што цивилизацијата ја движи напред својата моќ ја има
во љубовта, добрината, довербата, соработката, чедноста и честитоста,
разбирањето и компромисот. А таа историјата како да нема крај. Зошто
тогаш се повторуваат нови преселби и делби, војни и поразии, та произле-
гува оти ништо не сме научиле од мајката историја. Со чиста совест ова
дело го именуваме како ода за мир и соживот.
Романот Утринска молитва на Петко Шипинкаровски својата уба-
вина ја има во едноставноста. До неа како што е познато најтешко се
стигнува. Таа покажува и докажува, поучува и опоменува. Со само нави-
дум спокојното бележење на траумите на европскиот дваесетти век, под
тивката вековита и лековита вода се откриваат безумието, хаосот, црните
јами, расчовекувањето, расчеречувањето на времињата и просторите. Ако
животот се љуби до задниот здив, вербата стои до последниот миг, тоа ќе
рече оти притоа можеме уште нешто да сознаеме и научиме. На почитува-
ните читатели топло им го препорачуваме романот за прочит. Примамли-
во ве повикува со сопствената леснотија и читливост. Авторот на најдо-
бар можен начин го исполнил сопствениот долг. Натаму остануваат патот
и резултатот до консументите. Секако, за обострано задоволство.

















































СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






76




Панде Манојлов




„АКАДЕМИЈА“ НА НИКОЛА КОЧОВСКИ
– Р ОМАН СО ХУМАНИСТИЧКИ ИДЕИ




Познатиот македонски романсиер и раскажувач Никола Кочовски,
(1933), припаѓа на втората повоена генерација македонски писатели. Во
втемелувањата на современата македонска книжевност како и во нејзини-
от раст до балкански, европски па и светски рамки, неговиот литературен
опус ќе заземе достојно, забележително место. Упорно и одговорно, со
децении го создава своето значајно литературно дело, кое веќе ја дочеку-
ва и својата вистинска валоризација. Автор e на дваесетина книги проза,
не ни дообјавени сите, така што уште еден роман и една збирка раскази ќе
треба да почекаат за издавање. Неговиот прозен опус, плод на опстојна,
долга работа, со најзначителниот дел, може да се рече, претставува еден
вид книжевно дополнение на денешната историја на македонскиот народ.
Тие што малку подобро го познаваме овој трудбеник на перото, знаеме
дека најголем дел од својата долга биографија тој го посветил на книжев-
ното создавање. Тој е пример како човек заради уметноста може од мно-
гу, многу нешто да се лишува. Живеејќи и работејќи во прилично сивата
провинциска сенка каде ги нема оние поголеми стимулативни можности
што една метропола обично, повеќе или помалку, му ги нуди на уметни-
кот, Кочовски сепак многу успешно се претстави со нешто битно за деј-
носта со која што се зафатил, а за тоа му помогна само квалитетот на не-
говото пишување: неговата проза и била, и денес е редовно објавувана во
македонската водечка книжевна периодика. Во спомнатиот поседуван
квалитгет, заедно со свежата привлечност на едно ново книжевно дело,
убеден сум, ќе можат да се осведочат и читателите што ќе го прочитаат
неговиот единаесетти роман, „Академија“, што се појавува во издание на
„Матица македонска“, кон кое ги придружувам моиве искажувања.


Се чини, во новите трворечки зафати Кочовски како да се свртува
кон нешто ново, тематски многу пошироко, општочовечко, иако и во по-
ранешното негово творештво имало не еднаш пројави на тоа „ново“, дури
и цела една книга („Јаве и сништа“ 2003 година).


Всушност, него во прозата, истовремено, покрај македонските теми,
го води и хуманата мисла и определеност, искрено, од дното на душата да
зборува и за судбината на човекот воопшто, судбината што како универ-
зален посредник ги поврзува единките на светот, без разлика на вера, на-
ционалност, боја на кожата. Затоа неговите уметнички констатации, про-
излезени од посочени локални појави, се однесуваат многу често и на оп-
штоважечки вистини, бидејќи него токму тие вистини го интeресираат, па
откривајќи ги во нашето секојдневје, поаѓа од нашата точка на заеднич-
ката Земја.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






77


Покрај современиот живот, покрај проблемите сврзани со опстојот
на овој народ (како што е, на пример, преголемата иселеност од него, како
што е тешката општествена транзиција и сè уште недобриот поминок и
извесна продолжена безориентираност на нашата младеж), за што Кочов-
ски се искажал во поголемиот дел од своите дела, важен творечки предиз-
вик за него претставува и минатотo. Како поблиското, така и подалечното
минато, и тоа пишувајќи општо за луѓето, како народ на Земјата, без раз-
лика на нивната, географска, верска, расна, народносна припадност. Во
оваа тематска област, особено во последните години, тој бара изворни об-
јаснувања за низа пројави што и денес, ненамалено виреејќи во човечките
заедници, ги красат или грдеат луѓето. Поправо, многу поголемо е инте-
ресирањето на Кочовски за појавите на злото. Злото е непријател на чо-
вештвото, и тој никако не може да се помири со неговото натамошно деј-
ствување, препознавајќи во него причина за голема загриженост, дури и
со подалечен поглед во иднината. Кочовски поаѓа од сфаќањето дека ne
изумрело низ вековите и она што претставувало ригорозна грозотија во
времињата. Вистина, не било расветлено тогаш и научно тоа (пројавите
на злото), но сè уште не е доволна користа што денес постојат дебели то-
мови со објаснувања, што се слушаат тиради и тиради за погубноста на
тоа истото, што и понатаму продолжува да постои, и тоа во уште по-
совршени, нови, перфидни форми и видови, тој злокобен црвец на земји-
ната цивилизација. Потребна е, затоа, како што произлегува од пораките
на неговите романи и раскази, непрекината активност против тој жилав
„црвец“, настрвен на здравото кај луѓето. Овие размисли се всушност дел
од филозофијата, погледите на Кочовски, кој со една невидена енергија
веќе години на ред се впушта во анатомијата на злото, уверен дека чове-
кот, неоткажан од човечното, никако не замижувајќи пред прикриените,
демнечки грозоморија на злото, сепак ќе успее да го обессили и да го по-
беди. И дури тогаш заслужено ќе може да ја слави залудноста на неговото
толку долго постоење!


Пишувајќи за изминатите времиња, Никола Кочовски е поблизок до
универзалните прашања на човекувањето. Секако дека временската ди-
станца овозможува појасни и поинтересни, а со тоа и поверодостојни со-
гледби, а притоа секако, како резултат на ваквото тематско интересирање,
се доживува пораката, дека животот е, и треба да биде триумф на човеч-
носта, но исто така и потсетувањето дека тој, животот, не ретко претста-
вувал, спротивно, триумф на човечката лудост, заслепеност и глупост –
морални категории кои многу пати историјата ги посочила како посилни
од спомнатата човечност, љубовта и добрината. Секако резултат на сери-
озни задлабочувања на авторот се констатациите низ неговото поново
творештво дека историјата е зачудувачки, дури застрашувачки богата со
мноштво примери на создавање зло од луѓе за луѓето, зашто тоа, злото,
како погрубо и безобѕирно, израснувало до моќ со која владеело, така
што, низ времињата, драстично надвладуваат случаи од кои се наметнува




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






78


поразното прашање: каде ли била човечноста на толкуте запомнати во ис-
торијата дефилирања на биолошките суштества што го носеле името
човек. Со ваквата вистина на ум, за доминантното владеење на севозмож-
ни зла, насилија, неправди во минатото, а свесен за силниот современ тех-
нички, компјутерски и друг развој, романсиерот и раскажувач Кочовски
не можел да остане рамнодушен, а да не почувствува што значи сето тоа
за иднината, која речиси со секој ден ја гледаме како сè повеќе станува за-
грижувачка, предупредувачка. Кажувањата на историјата не се само при-
каски за забава. Тоа се судбини доживеани од претходните генерации, и
за нас современиците е голем императив да избегнеме да се случат многу
поголеми идни зла. Должни сме да мислиме на нашите потомци, на кои
им следува иднина. А злото знае да се нафрли не само на поединци, како
што тоа на мошне вешт, уметнички начин е прикажано во неговиот нај-
нов роман „Академија“, туку и на човештвото во целина. Кон ваквите
сфаќања на овој наш писател и мислител, многу поосведочено ќе бидат
упатени читателите кога ќе се појави неговата пообемна збирка раскази
„Мигови во времето, точки во просторот“, која е речиси готова, компле-
тирана и во која се почнува од царот Ирод и царот Нерон, а се завршува
со уште ненастапените глобални жештини на планетава, придружени со
многу нешто кое е навистина страшно да се замисли.


А засега, како едно од неговите предупредувања го имаме пред нас
неговиот роман „Академија“, првобитно замислен како еден од расказите
за спомнатата збирка, а еве во 2010 година испадна од тоа цел роман.


Дејството на овој роман, кое се случува во 40-тите години на мина-
тиот век, поточно во 1943 година, е лоцирано во нацистичка Германија.
Местата и настаните па и самите ликови се во Германија и од Германија,
за времето на владеењето на широко прославениот фирер и „татко“ на за-
мислената и прокламирана совршена германска нација, повозвишена од
останатите нации – Адолф Хитлер. Трогателна судбина на еден народ од
заслепеноста на водачот и неговите следбеници и една тажна, многу таж-
на љубовна приказна со несреќен крај, приказна како опомена за човеш-
твото што може да стори „генијалната“ политика на „генијалците“ во реа-
лизирањето на идејата за некаква си нова нација која ќе владее во светот...
Главните ликови се само неколку: момчето Бруно (син на свештеник кој
ја напуштил црквата поради условите во кои била неможна самостојност
на Христовото вистинско учење кога по земјата шетал поголем бог од не-
бесниот); неговата девојка Фрида, чиј татко и брат мобилизирани во фа-
шистичката армија на Германија, се наоѓаат некаде по фронтовите во све-
тот; потоа тука се два лика спротивни на Бруно и Фрида чија единствена
вина е што се сакаат, најискрено, длабоко верно: едниот, полковникот
Херман Милер, нацистички квазинаучник, кој во име на Рајхстагот сака
да ја „усоврши“ својата нација со создавање некаква чиста германска раса
од луѓе со генијални диспозиции, за што е поставен за началник на експе-
рименталната установа, таканаречена „Академија“; а вториот, негов заме-




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






79


ник, мајорот Вилхелм Гринлих, воен лекар по професија, кој не лечи од
болести туку всадува болест како лек – со должност по секоја цена да ги
спари избраните млади, „питомците“ и „питомките“ кои мораат, како во
фабрика за расплод, да раѓаат деца, што ќе бидат почеток на новата, по-
обдарена генерација. Меѓутоа, во таа своја задача овој лекар и поттикну-
вач злоупотребува монструозно да им ја одзема невиноста на младите де-
војки оттргнати од гимназиските клупи. Тој, впрочем, е и причинителот
за смртта на храбрата Фрида, која верна на своето момче Бруно, му се
спротивставува на неговата чудовишна похота по нејзината скромна, сра-
межлива невиност.


Романот „Академија“ е кркорлив здив на едно време, на еден пе-
риод од историјата на фашистичка Германија, кој во никој случај не треба
да се заборави. Како што не треба да се заборави „Дневникот на Ана
Франк“, не треба да се заборават и експериментите со луѓе со цел да се
потврди една луда квазинаучна идеја, родена во агресивниот занес за су-
периорноста на таа нација и создавање на некакви си гении!


Во секавична акција есесовците, предводен од своите старешини,
ги прибираат најздравите, најличните, физички најдобро оформените и
најинтелигентни матуранти и матурантки од една берлинска гимназија.
Ги одбираат оние за кои „научната мисла“ и идеологијата сметаат дека
треба да бидат избрани. Ги одведуваат во новата институција, наречена
„Академија“, во која ќе имаат свои предности: ќе родат деца, ќе дадат по-
род, кој татковината Германија ќе го одгледува и воспитува. Германија,
Германија над сè и пред сè! Забрането е стапување во брак, старата љубов
се брише и е забранета зашто е назадна, и зашто е потребна слобода за
пројавените афинитети во таа патриотска задача, кои се важни. И сето во
еден културен амбиент и етикеција на ниво.


„Најпосле, на самиот Хитлер, зарем не му е потребна, повеќе од
тенковите и авионите – Германија со силно зголемен генијален капаци-
тет?!“ – размислува полковникот Херман Милер. А девизата „Со љубов –
до полетна иднина“ го посочува патот по кој може да се стигне до таа
цел...


А што да прават Бруно и Фрида со нивната искрена, младешка љу-
бов? „О, земјо Германијо, најголема ветрометино на светот, во која што
не може да се надева човек на мирен кат, зарем толкав грев сториле ста-
рите...“ Одлучуваат да дадат отпор по секоја цена: Бруно подготвува бег-
ство кај неговата тетка во друг град, Фрида не се дава никому ниту на
злогласниот лекар при ужасните „лекарски“ прегледи кога тој сака по се-
која цена да ги задоволи своите скриени страсти... Се обидува да ја силу-
ва, но во одбрана на својата чест Фрида умира, умира една современа Ју-
лија, а нејзиниот Ромео, нејзиниот Бруно, бранејќи ја честа на Фрида, за
да замине од таквиот свет со неа, извикува на сиот глас пред насобраните
есесовци и академци дека тој е Евреин и дека неговото име е Барух а дека
тие се непријатели на својот народ и на светот!




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






80


„Еден, два, па и трет испален куршум, го смирија и него на истиот
под, недалеку покрај Фрида...“


Така завршува овој роман но и со еден сон во кој еден од питом-
ците во зората во следниот ден виде, шума од црни знамиња. „Се вееја, се
вееја меѓу лисјата, повеќе црнееше шумата отколку што зеленееше...“


Хумана е пораката на писателот Никола Кочовски во оваа трога-
телна приказна, херојска и трагична истовремено: злото да не се повтори,
шумата треба да зеленее а не да црнее, човекот треба да остане човек а не
да создава монструми и „над-луѓе“...


„Академија“, роман, стишно ткаена проза на мајсторот на прозното
творештво Никола Кочовски, се доживува како искрено уметничко оства-
рување кое не го пушта вниманието на читателот така лесно да се извлече
додека не го исчита до последната страница. Тоа е роман вешто искомпо-
ниран и возбудливо воден, со голема нагласка на психолошкото, на трепе-
тот на душата и длабоките немири – роман за респект.



























































СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






81




Златко Жоглев


ПОЕТСКИ МУДРЕЦ ИЛИ ПРОСВЕТЛЕН ПОЕТ - ОМАЖ
ЗА ОТВОРЕНАТА ПОЕЗИЈА И ОТВОРЕНИОТ ДУХ:
осврт кон најновата поетска книга на Раде Силјан „Отворена книга“.


Скопје: Матица македонска 2014.


За поетското творештво на Раде Силјан и за отвореноста на поезијата
Неисцрпливиот поетски вруток на Раде Силјан на површина (во


јавноста) изнесе уште една поетска книга (20-та по ред). Имено, во след-
ната година ќе се наполнат точно 40 години од појавувањето на првата
поетска книга на Раде Силјан „Третиот лик на времето“ (1975). На втора-
та неговата поетска книга се чекаше цели пет години и така „Сонот на ја-
вето“ излезе од печат во 1980 година, а третата „Гласник“ дури девет го-
дини после втората (1989). Само една година потоа ја објави поетската
книга „Заѕидување на сенката“ (1990).


Требаше да поминат дури шест години за да се појави првиот из-
бор од неговата поезија „Осамен поглед“ (1996). И повторно дистанца од
три години за појава на новата поетска книга „Пресликано време“ (1999),
а всушност, пак цели девет години од “Заѕидување на сенката”. Всуш-
ност, такви девет години разлика меѓу една и друга поетска книга тој има-
ше на почетокот од својата поетска кариера (меѓу втората и третата него-
ва книга). Таквата временска дистанца меѓу две поетски книги скоро ја
преполови, почнувајќи од 2001 година со „Гласот на предците“, а потоа
книгата „Горчлив вилает“ (2006), а меѓу нив избор од неговата поезија во
книгата „Провев во татковината“ (2004).


Неговото поетско творештво добива „правилен“ континуитет пос-
ле 2006 година, кога објавува нови поетски книги секоја година: „Сенки
на татковината“ (2007), „Врвови“ (2008) , „Кругови“ (2009) и „Завештани-
ја“ (2010). Во истата година го објавува и изборот од неговата поезија „На
мегдан за татковината“ (2010). Со „Молитвење“ ја започнува 2011 год., па
продолжува со „Блажена“ (2012) и „Сенка на векот“ (2013.), кога го обја-
вува и четвртиот избор од неговата поезија во збирката „Огледало на ве-
ковите“ (2013.). Во годинава што изминува ја објави книгата - поетски
триптих „Молитви-Блаженства-Сенки“ (2014.)


„Отворената книга“ е 20-та поетска книга (вклучувајќи ги и избо-
рите од неговата поезија) од Раде Силјан.


Почнувајќи од 1990 год., кога е објавена во Сараево неговата книга
„Гласник“, досега се препеани 18 негови книги песни и тоа на: српски,
бошњачки, турски, англиски, романски, бугарски, руски, грчки, италијан-
ски, полски, албански, црногорски, унгарски и други јазици.


Навистина импресивно поетско творештво, но не само по кванти-




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






82


тет, туку и по својот квалитет. Секако заради тоа, Раде Силјан е еден од
највлијателните наши поети, не само во Република Македонија, туку и
пошироко во регионот. За тоа најдобро сведочат бројните награди и при-
знанија, што ги добил во Македонија и во странство. Раде Силјан е гран-
диозна поетска фигура, кој својата инспирација ја црпи од неговата без-
гранична вера во поезијата и нејзините можности да го направи светот по-
убав. Во овој контекст може да се спомене една мисла од Светиот Апо-
стол Павле кој вели: „Покажи ми ги делата твои и јас ќе ти кажам каква е
верата твоја“. Според понапред напишаното, многумина би посакале да
имаат такви дела и таква поетска вера, како Раде Силјан.


Како поет Раде Силјан има изградено автентичен и препознатлив
поетски израз, не само по ритмиката и доминантниот четиристих (во не-
кои негови книги, но во многу песни употребува и дистих, тристих и
пентастих), туку и по тоа што тој не останува на тоа туку истражува и
експериментира во поезијата со ритмиката, но и со поетскиот израз, кој
главно е концизен, многуречит, многуслоен па како палимпсет содржи
незнајно колку слоеви. При секое читање и препрочитување на неговата
поезија, се открива по некој нов слој, по некое ново значење, кое претход-
но не сме го забележале. Неговиот дух и мисла се отворени, па така не би
било претерано ако се напише дека една од најзначајните карактеристики
на неговата поезија е отвореноста – не само кон метафорите, симболика-
та, користењето на анафорите, компарациите, епитетите и другите стил-
ски фигури, туку и кон ритмиката и формата. Затоа можеме да напишеме
дека со радост го дочекавме излегувањето на неговата најнова поетска
книга „Отворена книга“. Отвореноста, и како човек, и како поет е differen-
cia specifica на Раде Силјан, на неговиот живот (љубезен и добронамерен,
подготвен за соработка со секого), но и на неговото творештво (секоја не-
гова нова книга носи по некое позитивно изненадување во креативна
смисла, што значи дека секогаш е отворен за нови поетски предизвици, во
секој поглед).


За книгата
Книгата има вкупно 77 страници, Пролог, Епилог и три тематски


целини: Слики, Зло време и Бела чума. Вкупно се поместени 11 песни, од
кои по една во Прологот и Епилогот и другите девет во сооднос 4:3:2 (во
првата, втората и третата тематска целина). Тој сооднос не е случаен и се
сретнува и во некои песни кај Раде Силјан, па дури може да се каже дека
тој е донекаде и негов своевиден „заштитен“ поетски знак. Посебна е
симболиката во т.н. опаѓачка пропорција во три потези (стихови).


Во книгата има сиви и бели страници. Сивите се после Прологот и
Епилогот и после насловот, а пред секоја тема и плус на страните 21 и 46.
Вкупно седум сиви страни, на кои има испишано стихови – пораки од
песните содржани во книгата.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






83


Пролог
Овој дел од книгата започнува со инверзија на две строфи од пес-


ната „Молитва за убав ден“. Иако тоа некому може да се чини како греш-
ка, сепак ако се размисли повеќе тоа има длабока поетско-филозофска
смисла. Имено, Тој веднаш на првата сива страна влегува силно со опоме-
на за читателот, за едно од најголемите зла и закани во Европа, но и во
Македонија – белата чума. Затоа тој предупредува со силна порака:


Орај ја родната нива
Пред Белата чума
Тебе да те земе
А потоа тој испраќа уште посилна порака, која во исто време е кос-


мичка, но и многу човечка:
Љуби го седмото небо
Тоа само си легнува
На плеќите на ридот
Книгата започнува со „Пролог“ во кој е сместена песната „Молит-


вата за убав ден“. Раде Силјан е поет кој пее за љубовта, но не онаа само
меѓу две човечки суштества, туку за Љубовта со големо „Љ“ која е уни-
верзална, лечебна, која поврзува, која е безусловна. Во оваа песна, поетот
може (по којзнае кој пат) да биде препознаен како поет кој пее не само за
Љубовта, туку и за Верата, Надежта. Иако може да се чини дека Раде
Силјан, звучи песимистички, барем во некои песни од оваа книга, сепак
Силјан е поет кој е оптимист, но кој во исто време предупредува и изразу-
ва загриженост. Оттаму може да произлезе заблудата за неговиот т.н. „пе-
симизам“. Неговата поезија не само што е оптимистичка, туку е и длабоко
проткаена со човекољубие и патриотизам. Уште во првата строфа поетот
ги истакнува Љубовта и Молитвата:


Љуби го лицето
На утринското јаве
И со зборови чедни
Моли се за убав ден
Во оваа песна (во петтата строфа) може да се препознае поетско


транспонирање на мислата дека „Другите се самo наша слика во огледа-
лото“, што значи – ако сме ние добри и во другите луѓе ќе гледаме само
добрина и обратно. Значи, во другите го гледаме како во огледало, она
што сме ние. Оваа не е само обично ламентирање, туку и длабока живот-
на филозофија која е вткаена во културите на повеќе народи и групи. Та-
ка, има записи дека во будистичката филозофија, кај одредени народи кои
живеат на Хималаите, постои како поздрав зборот „намасте“. Тој не мо-
жел буквално да се преведе, но најблизок превод би бил „Го поздравувам
Божјото во Тебе/Вас“. Така и Раде Силјан пее:


Љуби го огледалото на ѕидот
Друга слика што дава
И место ѓавол




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






84


Крилест ангел
Во тебе препознава
Ех! – каде само би бил светот, кога во другите, наместо лошото,


луѓето би го гледале само доброто.
Иако живееме во тешки времиња, поетот Силјан е многу реален,


практичен и човекољубив. Тоа едноставно може да се илустрира со пора-
ката што понатаму ја испраќа во оваа песна – да се прифаќаат луѓето так-
ви какви што се, односно сликата за нив, затоа што зад таа слика се крие
подлабока суштина:


Љуби ја сликата
На човекот на нашето време
Друг човек во себе што крие
Има една мисла дека „Молитвата е како да му телефонирате на


Бог“, поточно таа е форма на директно обраќање кон Бог. Затоа Раде
Силјан упатува на молитва уште од првата строфа:


…..


И со зборови чедни
Моли се за убав ден




И во третата строфа:
Ко додолка од старо време
Моли се за плачно небо
Како и во шестата строфа:
Моли се за рожбата
Во сонот што страда
Но, во оваа песна за Љубов и молитвење, поетот е длабоко свесен


дека една од најважните работи (покрај Љубовта и Надежта) е Верата. За-
тоа тој пее и за Љубов кон Верата, не некоја апстрактна вера, туку верата
на својот народ:


Љуби ја верата своја
Со древни фрески
И прозорче светло
Ко око деница
Во тебе што гледа
Раде Силјан е поет, но пред сé човек, па не заборавил да им порача


и на мажите да ги љубат жените, посебно оние кои се мудри и кои можат
да го заштитат мажот од зли работи:


Љуби ја жената
Спомени дални
Во старо ковчеже
Од зли очи што крие
Да, спомените се многу важни за луѓето, бидејќи „живот без спо-


мени за/од минатото, е залудно потрошен живот“. Затоа жените, кои се
грижливи чувари на таквите спомени, треба посебно да се почитуваат и




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






85


секако – да се љубат.
За да нема никакви двојби дека Раде Силјан е поет-оптимист во


продолжение ќе ги наведеме целосно пет строфи од крајот на песната
(четири дистиха и еден тристих):


На пуст остров
Ископај длабок бунар




Во водата бистра
Фрли плодно семе




Во воденица стара
Сомели ја твојата тага




Од допирот на Адамовото ребро
Ќе нарасне блажено тестo




Ми шепоти гласот
На човекот сенка
За убав ден што моли
Во вториот дел (инаку првата тематска целина после Пролог-от) со


наслов Слики поместени се четири песни и тоа: Плодови, Тажна слика,
Делби и Преселби.


Во песната „Плодови“ поетот пее дека ние сме со долга традиција
и дека во текот на историјата македонскиот народ имал многу маки, уда-
ри и страдања, но дека и ние сме држава која има многу митови и понеко-
гаш некои од влијаат напразно да трошиме енергија:


Во куќата на митови
Тркалото на времето врти
Празни кругови прави
Но дека и страдања низ историјата не треба да се заборават
Животот спомен
Стари балади пее
За на крајот од песната да испрати предупредување и порака за те-


шкотиите во кои се наоѓа народот:
Во воздухот лебди
Зло време




Од стеблото родно
Горки плодови
Народот бере
Во втората песна „Тажна слика“ поетот пее и за други некои нело-


гичности во текот на историјата, а не само за напразното трошење на
енергија за некои стари митови. Посебно е силен „влезот“ во песната со
првите две строфи:


По сите делби
И преселби





СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






86


Во земја
На мраморни глави
Поразот
Како победа се слави
Во оваа песна („Тажна слика“) поетот пее за страдања на македон-


скиот народ, кое го претставува како долго патување низ „ноќта темна“,
но и во сите тие страдања и маки, потсетува дека дури и тогаш овој народ
не заборавил да љуби:


Низ прстенот на ноќта
Светло кандилце ѕирка
Уста блажена
Друга уста љуби




Со брод од лаги
Патуваме низ бури
Со длабоки рани




А блиску е крајот
Кога ќе не преселат
Во пеколот
Или во рајот
Како што и самиот наслов кажува во песната „Делба“, Раде Силјан


многу емотивно и со длабока тага пее за сите наши делби, но неговиот
пристап е рационален и неговата позиција е дека македонскиот народ не
се делел сам, туку нас од секогаш други не делеле и не делат:


Нé делат
И знајни
И незнајни
И дојденци
И староседелци




На ситни парчиња
Нé дробат
………….


Нé делат
И ближни
И безгрижни
………………..


И на сон
И на јаве
Нé делат крвни браќа
……………………


Нé делат безимени
Нé делат многу имени
И заради таквите делби, лутаме, страдаме и тоа предизвикува рани




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






87


кај сите:
Со брод од лаги
Патуваме низ бури
Со длабоки рани
Но Силјан на крајот од песната пледира за верата која може да не


спаси:
Со крст на чело
И со прамен
Бела коса
Ја прегрнуваме милно
Светицата наша
Во слава на сите светци
Сепак тој и поетско-филозофски укажува дека човечкиот живот е


релативно краток, а што ќе се случи со нас зависи од тоа како сме живее-
ле претходно и како луѓе-поединци и како народ:


А блиску е крајот
Кога ќе не преселат
Во пеколот
Или во рајот
Проклетијата на македонскиот народ поетот Раде Силјан ја обра-


ботува како тема во песната-визија „Преселби“. Во неа тој укажува на
суштината на проблемот уште во првата строфа:


Низ деветте кругови
На пеколот
Во друг свет
Нé селат
За потоа уште повеќе да го драматизира дејството:
Без трага и глас
Аждери стрвни
Со кренати глави
И насукани јатагани
По нас доаѓаат сами
Но треба да се биде достоинствен и во тешки времиња, зашто како


што велат „кога е тешко се познаваат кои се јунаци“:
Гороломни мажи
На рамења
Тешко бреме носат
Но, исто така дека оние на кои се предавници и душманите не ги


почитуваат, а народот ги памети и ќе им суди:
Птици преселници
Ги колват главите
На нашите претци




Во јазли ги врзуваат




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






88


Безимените
Одродените
Тешкотиите на македонскиот народ произлегуваат и од тоа што:
А сами сме на светот
Ко разлетани пердуви на ветрот




А и тоа не ни е малку, па:
…………………………………………..


Ни тежи сегашноста
Копаме по минатото
Иако заради тоа што тајно сме биле ветени на злото, „кришум од


Бога“, има утешители за нас:
Песни приспивни
За добредојде во ноќта
Ни пеат грамотни мажи
Сепак, судбината е неизвесна затоа што
Гласови неразбирливи
Долго се ројат
Од матицата на сонот
Тематската целина „Зло време“, составена е од три песни и тоа:


„Претсказание“, „Судбина“ и „Проклетство“.
На Македонија и на нашиот народ постојано им се надвиснуваат


разни закани, па поетот на еден метафоричен начин тоа го опејува уште
во првата строфа од песната „Претсказание“:


Невидлива пијавица
По нас доаѓа
Крв пие
Иако поетот, повикува и во оваа песна на молитва, тој како и мно-


гупати што прави во неговата поезија, советува и предупредува:
Пред крст и кандило
Место клетви
Благослови да кажуваме




На денот на трпезите
Пејте песни
За радоста на рожбите
Многу рафинирано и симболично, поетот Раде Силјан упатува кон


високи стремежи дострели, а за кои (зошто не?!) поезијата (изразена пре-
ку метафората „крилати мисли“) би можела да помогне:


На јарбол небесен
Со крилати мисли
Знаме развевајте
Би сакале во оваа прилика да укажеме дека во делот 5. од оваа пес-


на, има една извонредна строфа во која поетот филозофско-социолошко-
психолошки укажува на силата на солзите, па така




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






89


Сликата на ужасот
На мегдан од илузии
Во капка солза се дави
Во оваа прилика неизбежно ни се наметнуваат неколку асоцијации


(а подетално ќе пишуваме во некоја друга прилика) поврзани со солзите и
тоа: прво, поетскиот лакримариј од неговиот колега и роднокраец гени-
јалниот Петре М. Андреевски; второ, мислата од „Браќата Карамазови“
дека „ниту целиот свет не вреди колку солзите на едно дете“ (а што се лу-
ѓето друго, ако не пораснати деца) и трето, дека плачењето е човечка осо-
бина и кога ни е тешко не треба да се плашеме или срамиме да заплачеме,
зашто тоа во најголем број случаи ни помогнува да ни биде полесно, од-
носно да помогнеме „илузиите да се удават во капка солза“.


Иако насловот на првата песна од овој циклус (тематска целина) е
претсказание, сепак поетот во делот 6. во првата строфа пее дека никој не
може да ја предвиде со сигурност иднината:


Сега никој не може да прочита
Во тајната книга на мртвите
Што ни запишале наречниците
Во втората песна од овој циклус „Судбина“ поетот продолжува со


многу силна симболика и метафори да пее за судбината на македонскиот
народ. Тој укажува дека страдањата на неговиот народ не се завршени,
дури и кога е време за славење и за гозби, за трпези:


На денот на трпезите
Народот и неговата тага
Недопеана песна
………………………………..


Народот и неговата тага
Неизлечива болка
Во делот 4. вниманието ни го привлече последната строфа, која е


извонредно транспонирање на една народна мудрост „убавите круши сви-
њите ги јадат“, само што крушата поетот Раде Силјан, не случајно, ја за-
менил со јаболкница:


Колнатија од Господа
На јаболкницата родот
Погана рака да го бере
Но, Македонија има сили кои можат да ја заштитат и метафорично


пее:
Вражалки од старо племе
Со фурки на гради
Ситно предат




Во скришен ковчег
Бакнежот на времето
Од зли очи го кријат





СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






90


Низ тесно сито
Годините ги сеат
За поделбата на Македонија, Раде Силјан пее во песната „Проклет-


ство“ и метонимиски и метафорично, со зборовите од првата строфа „уди-
ра“ директно во центарот на проблемот:


Во ноќта долга
Подолга од вечноста
Го распарчија телото
На три дела
Проклетството е во тоа што во текот на целата наша историја, оди-


ме „чекор напред, два чекори назад“ или понекогаш „два чекори напред,
три чекори назад“. Во делот 6. Поетот бравурозно финишира со извонред-
на симболика и метафорика, преку кои ја изразува суштината на македон-
ското проклетство:


Слика бескрајна
Оро тешко
Во притаен стих




Го играме стројно
Орото вековно




Многу тага
Триж повеќе молк
Во тематскиот блок „Бела чума“ има две песни „Крик“ и „Завет“.


Во песната „Крик“ уште во првата строфа поетот укажува на клучниот
проблем – нераѓањето доволно деца:


Се множиме
Со еден
Со два
Со три
За да му кажеме
На светот голем
Дека и ние постоиме
Состојбата е толку драматична, што
Да запре времето
Севишниот го молиме
Пред Белата чума
Во нејзината утроба да нé збере.
Но, за жал, се множиме таму кајшто не треба и како што не треба:
Се множиме
Во песни таговни
Песни лажовни
За да сведочиме
Пред огледалото на векот
Дека ангелите ни се блиски




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






91


И ако не преземеме нешто радикално, тогаш не ни се пишува доб-
ро како народ, па Силјан продолжува во велемајсторски поетски стил со
метонимии, метафори и симболика:


Во стара куќа
Тажна песна се слуша
На јарболот на смртта
На замин на векот
Народот испушта душа
Извонредни поетски изразни средства користи Раде Силјан во пес-


ната „Завет“. Не само анафори, реторички прашања, антитези, туку и ве-
лемајсторските метафори, метонимии, симболи. Тој во оваа песна иако
директно не пее за заветот, туку преку одоговорите на тоа што не треба да
се прави и што не е направено, во оваа песна користи бројни алузии. Се-
пак на крајот порачува во форма на совет и завет:


Слушни ја камбаната
За тревога што бие
Ми вели животот лага




Така најубаво ќе дознаеш
Дека скалите небесни
Се последна станица
На заблудите земни
На крај во делот насловен „Епилог“ има само една песна со симбо-


личен наслов: „Едно име за мртвите, друго име за живите“.
На почетокот Раде Силјан по којзнае кој пат се навраќа на лагите и


маките на својот народ:
Во тајна книга
Скриенае сета лага
За мојот народ
Од колнатија што страда




Историјата заспала
Во нечија луда глава
Но, сепак има луѓе кои се борат и молат за спасение на својот на-


род:
Хор од осамени срца
Пред олтарот на надежта
Спасение за родот бара
Има и такви кои ги опоменуваат луѓето кои живеат неморално да


се разбудат, зашто блудните не се далеку од мртвите, иако тие мислат де-
ка се живи (живи се само нивните страсти, а духовно се осакатени или
мртви). Па, затоа веројатно Силјан пее, предупредува и порачува:


Последните чувари на сонот
На блудните им велат





СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






92


Едно име за мртвите
Друго име за живите




Наместо заклучок
Му благодариме од срце на Раде Силјан за извонредната поетска


книга, во која не советува, не предупредува, но и не потсетува дека треба
да создаваме, да градиме и да се бориме за да бидеме живи, а не само да
бидеме бледи сенки, кои ќе немеат во темнината, место да помогнат и да
се борат за татковината. А тоа, меѓу другото, се прави со издигнување на
мисли, зборови и дела до небесни височини, како што тоа долго време го
прави Раде Силјан.


Нека ни биде дозволено овој осврт/приказ да го завршиме со една
мисла во која се прави разлика меѓу мудрец и просветлен човек: „Мудрец
е оној кој знаењето го користи како факел пред себе и го осветлува патот
за себе и за другите, а просветлениот човек е оној кој самиот станува фа-
кел, самиот свети и го осветлува патот“.


Искрено веруваме дека со целокупното негово делување до сега
Раде Силјан одамна е востановен во нашата поезија како поетски мудрец
(за што сведочат бројните награди и признанија), но сакаме да веруваме
дека тој веќе е, а ако не е, тогаш на добар пат е најскоро да стане просвет-
лен поет, оној кој самиот се претворил во факел и кој им го осветлува па-
тот на другите. За тоа од срце му благодариме и му посакуваме уште мно-
гу години добро здравје и понатамошни успеси и среќа, за него и негови-
те најблиски, а со тоа и за сите пошироко со кои комуницира директно
или индиректно.







































СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






93




Мирјана Стојановска




ПОЕТСКИ ЗАПИС КАКО ОДРАЗ И РЕФЛЕКСИЈА
НА СЕКОЈДНЕВНОТО ЖИВЕЕЊЕ


(Весна Мундишевска-Велјановска, „ДвОглед“,
изд. Матица македонска, Скопје, 2015 г.)




Најновата поетска книга на Весна Мундишевска-Велјановска под
наслов „ДвОглед“ претставува интересен сублимат на рефлексивни поет-
ски записи кои се однесуваат на необични метајазички размислувања за
животните ситуации од секојдневието. Имено, тие се импулси кои доаѓаат
од надвор и се рецептираат во човечката свест како одредени вистини кои
секако предизвикуваат соодветни емоции. Втора фаза во развојната кон-
цепција на Мундишевска-Велјановска, се јавува обратниот импулс или
рефлекс, таканаречен перцепција како субјективен одраз на објективната
стварност. Ваквата поетска конституција зачинета со интересни јазички
склопки, со живи, не ретко архаични, но и со новоковани зборови, на оваа
поезија £ дава автентичен изглед, што инспирира на нови и нови соглед-
би, што всушност е смислата на уметничкото создавање.
Книгата „ДвОглед“ содржи 44 песни во два циклуса: „Рецепција“ и
„Перцепција“. Во првиот циклус доминираат насловите: „Самоодрек“,
„Безмисла“, „Неизбег“, „Дрво на осамата“ и други кои семантички носат
едно бреме на личното чувство на безизлез и бесмисленост или несоврше-
ност на животот што ја завлекува поетесата во едно оптеретено романти-
чарско паѓање: „Бремени дилеми/ и самозалажувања/ панично ми ја драз-
нат/ рожницата со кал.// Во желудникот/ црно ми превриваат/ соголени
заблуди/ сред саможал....“ (во песната „Небитие“).


Згрченоста уште полапидарно густо стои во стихот: „Јазикот ми
чади во неизрек“. Во истата песна „Безмисла“, поетесата свесно ќе се дис-
танцира од реалниот хаос сè до негово смирување во некои идни вре-
миња: „Од навика или инает/ бележам скици./ Прекинувам.../ Ќе
отспијам/ сред кружниот тек.“


На ваквата рецепција на стварноста таа смислено и со напор се
спротивставува, барајќи начин да го моделира на некој начин тоа лично
чувство на искривената и несуштинска реалност, правејќи го „петтиот
елемент“ во песната „Шах-позиција“:


„Петтиот елемент
дреми во дилема:




Да никне,
на среќа,
во виша математика




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






94


или
да блесне
во етерот на својата
метафизика!?“.
Со таков набој се и стиховите во песната „Превртен ден“: „Денес


јас го разбудив/ утрото од сонот/ со намисла / да го редизајнирам / осте-
нот на денот...“
Всушност најголема иритација за поетесата е злоупотребата на
зборовите кои луѓето во секојдневието ги користат буквално како пласте-
лин, без да продрат во нивната сушност и без да останат доследни на сво-
јот збор. Тоа е проклетството на недоразбирањето меѓу луѓето што зборо-
вите толку „многу ги гмечат“ што на крајот стануваат само „низа сува мо-
нистра“. Песната „Театар на нелогичности“ ја дополнува таквата перцеп-
ција: „Фабула на ништост/ до безмилост.// Суфлирање немост,/ потиште-
на интерактивност.// Себичности/ во хорор сличности...// Какви нело-
гичности!!!“


Во овие животни патетични размисли позицијата на разбудување
од ниските фрекфенции на рамнодушноста (која во поезијата е еднаква на
резигнираност, патетика), поетесата свесно го лоцира во другиот спроти
себе, оној со кого разговорот има смисла, оној со чија хемија се случуваат
такви процеси така што и невозможното станува можно. Тоа всушност е
повикот на љубовта, да се случи како чудо што ќе ги разнебиди сите скеп-
тични превирања:


„Ме бараш
да ја порамнеме
вагата на совеста
и во името
на честа и себесвеста
да го притегнеме
налудничавото
практицирање дрскост
наспроти
згушената моќност
на самоокованата минорност.“ (во песната „Неизбег“). Така и во


песната „Дрво на осамата“, поетесата го креира своевидниот рефрен „ќе
те најдам под Дрвото“ што следува по анафоричното сликовито наброју-
вање „кога“: „Кога просторот/ ги збришува заградите,/ кога распукува/ од
грамадите во градите./ кога од окната на очите/ чади само липтежот...“
Таа свесно го перцепира отсутниот спроти себе (честопати идеализиран
лик во поезијата) кој ја има силата да му ја даде смислата на животот што
е позната фраза, но секогаш нов обид во позитивниот правец на личниот
животен тек.


Во вториот циклус или „вториот Оглед“, таканаречен „Перцепци-
ја“ во целата своја, не само лирска туку пред сẻ човечка чистота, Мунди-




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






95


шевска-Велјановска бара да се воспостави ред во нарушените односи и
секој да ја понесува одговорноста за своите постапки: „По нас/ животните
одлуки/ како опашки ги влечеме,/ опечени,/ изгмечени,/ излечени,/ пре-
свлечени,/ овековечени...“ („Илуминации на постоењето“) Во песната
„Современа архитектура“ јасно е опишана трката по надворешните, може
да се рече дури и монденски дизајни како во екстериерите, така и во енте-
риерите на нашите домови додека длабоко во човечките души зјапаат
ѕвездените колиби како слатки и нереализирани идеи: „Во урбанизирана-
та егзистенција/ сите сме архитекти/ на естетиката/ на контемплацијата/
на сопствените/ ѕвездени колиби.“


Сепак поетесата има решение за разнебитените состојби. Одгово-
рот е во едноставноста, во обичноста: „Во пресекот/ на совршенството и
релативноста/ блажено ротира/ обичноста...// Секое/ големо откритие/ кон
изворот/ на мали нешта/ гравитира“ (во песната „Судбина“). Овде
рефлексивните согледби одат во насока на теориите дека човештвото ќе
се спаси од самоуништувањето ако се врати на „изворот“, на вистинските
човечки вредности кои човекот го прават човек, едноставен, природен и
свој. Што се однесува до создавањето, исто така, познато е дека големите
автори секогаш биле едноставни, експлицитни, јасни.


И во една таква поетска егзалтација поетесата ја истакнува потре-
бата од слобода на човечкиот дух и тоа во правец на развој на личните
креативни и уметнички квалитети со кои ќе се спротивстави на разград-
бата вон себе и во себе. Тоа всушност е истакнато во првата песна во кни-
гата „Птицата во штицата“ како своја програмска определба. Тука поете-
сата создава птица во резба која добива вдахновеност и извлекува живи
крилја:


„Дрвото развлече крилја,
испушти крик,
витрината ја исучи во жица
и се возгорди – Птица.“
Потребата од создавање како трајна определба стои и во јазичниот


материјал во оваа поезија кој обилува со новокованици со кои поетесата
вешто си поигрува. Тоа се зборови од типот: задпросторот, разноформни
мисли, животосмисла, самоодрек, неизрек, на кои се надоврзуваат архаиз-
мите од типот: фанурија, вид-виделија, збег, остен, мусандра и други.
Ваквото јазично различје спроти себе ги има и интернационализмите (на
пример: преегзистенција, аспирации, секвенци, текстури, анимации, про-
порции, алтернација, транзиција) што на оваа поетика £ дава една кон-
трасна форма со која уште повеќе ја потврдува својата поетичка рамка во
која поетесата ја сместила една своја поетско-културолошка согледба со
предзнак да ја носи во себе потребата за духовен егзистенционализам во
новото време.





СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






96




Славчо Ковилоски


КАКО ДА СЕ РАЗБЕРЕ ИСТОРИЈАТА
(Здравко Стојкоски, Поимање на историјата,


Современост, Скопје, 2014)


Македонската историографија има постигнато значаен напредок во
истражувањата поврзани со националното прашање, со откривања и раз-
јаснувања на настани поврзани со подалечното и со поблиското минато,
со биографии за личности поврзани со македонското револуционерно и
книжевно минато итн. Богатата книжевна продукција од областа на исто-
ријата нуди можности за задоволување на апетитите на секој заинтереси-
ран за одредена област.


Својствено на човекот е да се интересира за сопственото минато,
но и за минатото на другите народи. За жал, истражувањата поврзани со
историјата на другите народи и држави се многу помалку практикувани
од македонските истражувачи, па имаме значително помал број на дела
од македонски автори кои се занимаваат со проблемите на балканските
народи, уште помалку на европските, а за останатите неевропски народи
и држави не станува ни збор.
Уште едно – за жал, останува како констатација и за теоријата на
историјата, односно за обработување на историјата како наука. Освен не-
колкуте изданија од македонски автори кои можат да се избројат на прсти,
многу малку е направено за унапредување на оваа историска дисциплина
кај нас. По една ваква книга за секоја деценија од ослободувањето на Ма-
кедонија е скоро колку нула. И додека стриктно теориски книги за исто-
ријата и воопшто не можат да се најдат, проучувачите на оваа проблема-
тика (доколку ги има) треба да се задоволат со студии од други научни
области, кои попатно ја интерпретираат историјата


Теоретските расправи објавени во периодиката многу малку можат
да ни го доловат вистинското значење и потребата од македонски теоре-
тичари на историјата. Во недостиг на такви, читетелите мора да се задово-
лат со преведени книги од англиски, француски, германски и руски јазик.
Ако ги одземеме неколкуте дела на Стјепан Антолјак, Даринка Петреска
и Виолета Ачкоска, Стефан Влахов-Мицов, Елизабета Шелева и нека ми
простат, можеби уште некој друг, своите сетила треба да ги задоволиме
со македонските преводи или оригиналите на Мери Абот, Ерик Хобсба-
ум, Едвард Халет Кар, Калум Г. Браун и др.


Затоа, сметам дека трудот на Здравко Стојкоски, „Поимање на ис-
торијата“ („Современост“, 2014) е и повеќе од добродојден. Станува збор
за мала книга по обем (64 страници), во која Стојкоски нè потсетува за
значењето на познавањето на историските методи во собирањето и обра-




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






97


ботувањето на податоците и информациите. Книгата е составена од чети-
ри поглавја: „Поимањето на историјата во антиката и во средниот век“,
„Развојот на историјата како научна дисциплина“, „Марксистичка интер-
претација на историјата“ и „Современи теории и толкувања на историја-
та“.


Во „Предговорот“, Стојкоски ги наведува неговите главни преоку-
пации и цели кои си ги поставил во книгата. Тој, на еден краток начин и
сублимирано ќе се обиде да одговори на прашањата: што претставува ис-
торијата, за што ни служи истата, која е целта и користа од нејзиното по-
знавање и изучување итн. За подобро запознавање на неупатените во оваа
проблематика, Стојкоски се осврнува на предметот на интерес на исто-
ријата, како се поимала и практикувала во минатото, а како денес, потоа
обработува некои од методите и техниките на историското истражување,
ги презентира различните теоретски правци, школи и концепти на исто-
риското истражување кои се појавиле во различни временски периоди, ка-
ко и филозофските и идеолошките погледи кои довеле до нивно оформу-
вање. Како што заклучува и самиот „повеќето од нив се разликуваат и се
дијаметрално спротивни едни од други, но, гледано од друга перспектива,
тие можат да бидат и многу блиски, да се поклопуваат, преклопуваат и да
се надополнуваат меѓу себе“.


Во првото поглавје „Поимањето на историјата во антиката и во
средниот век“, Стојкоски направил преглед на развојот на историската
мисла од појавата на писмото, до почетокот на XIX век. Во овој период,
историчарите не биле „професионалци“, односно не се занимавале профе-
сионално со историјата, при што ги мешале фактите со легендите. Во так-
ви случаи не било возможно да се направи разлика меѓу факцијата и фик-
цијата. Второто поглавје насловено како „Развојот на историјата како на-
учна дисциплина“ го обработува периодот од XIX и првата половина на
XX век кога историјата започнала да се изградува како научна дисципли-
на со сопствен предмет, методи и техники на истражување. Во овој пери-
од, историчарите се професионализирале и институционализирале. Трето-
то поглавје „Марксистичка интерпретација на историјата“ е посветено на
појавата и развојот на марксистичката идеологија и на марксистичката те-
орија во однос на историјата. Марксизмот, според авторот, „го проширил
и продлабочил поимањето на историјата и отворил нови правци, теми и
методи на историското истражување“. Последното поглавје „Современи
теории и толкувања на историјата“ го обработува развојот на историските
правци и школи по Втората светска војна до денес. Интересот на истори-
чарите сега е свртен кон „сè и сешто“, а се засилуваат и критиките, неги-
рањата и релативизацијата на историјата како наука. Посебно жестоки во
своите критики се постмодернистичките теоретичари кои сметаат дека
историјата не ја остварува улогата која самата си ја има поставено: објек-
тивно и научно да го проучи минатото и да биде учителка на животот, па
затоа, истакнува Стојкоски, тие тврдат дека историската наука не може да




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






98


се смета за научна дисциплина во вистинска смисла на зборот.
Накратко, тоа се главните теми кои Здравко Стојкоски ги обрабо-


тува во својата мала по обем, но исклучително интересна книга „Поимање
на историјата“. Новите тенденции на западната историографија се поврза-
ни со посветување поголемо внимание на нови историски дисциплини ка-
ко: социјалната, културната, книжевната историја и историјата на обични-
те луѓе, на нивната интердисциплинарност и сл. Се разбира, остануваат
доминантни политичките и националните истории, кои во одредени пери-
оди и општествени околности добиваат поголема актуелност. Поврзувај-
ќи ги поранешните искуства со денешните, тој резигнирано заклучува де-
ка сме сведоци за повторување на историските процеси, од кои човештво-
то ништо не научило, туку само ги повторува погрешните постапки од
минатото, сега применети во нови околности.


„Поимање на историјата“ е напишана јасно и читливо. Истата мо-
же да му користи и на научниот работник од било која општествена об-
ласт (не е наменета само за историчарите), односно со неа може да се слу-
жи и лаикот (обичниот читател) за да добие барем делумна претстава за
целите и задачите на оваа наука.























































СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






99


С
ан


др
а


К
от


ев
ск


а



Pe


o
pl


es


,


м
ас


ло


на


пл
ат


но



































СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






100





























































































СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






101




Александар Прокопиев




ОТКАДЕ ПРЕДИЗВИКОТ
ЗА „СИМЕОН И ИВЕЦ“?




Неодамна се појави и радио-верзијата на расказот „Симеон и
Ивец“ во адаптација на Софија Гогова Врчаковска која веќе имаше репри-
за, па по читателите на книшката што се делеше со „Н. Македонија“, рас-
казот доби и свои слушатели. Откаде предизвикот за пишување на „Симе-
он и Ивец“?, ме прашаа во едно интервју, но одговорот не беше очекува-
ниот, и покрај совпаѓањето со илјадагодишнината од битката на Беласи-
ца. Вистината е дека расказот произлезе од незавршениот роман со две
паралелни приказни за другарството – едната од современоста, втората од
времето на Самуил. Романот не успеав да го напишам, но од него се „из-
влекоа“ три раскази – „Фиќо“, „Две куќи“ (во збирката „Хорацио Цвика-
ло“) и „Симеон и Ивец“.
Во семејната историја на Самоиловиот род има толку драматични
настани и личности со особен карактерен белег што уште одамна, како
дете, читајќи го романот на Драган Ташковски, многу лесно и со возбуда
ги замислував сликите од дамнините. Се сеќавам дека бев толку опседнат
од книгата што учителката Руска Пенушлиска ми дозволи цел еден час на
своите другарчиња - соученици да им ги читам и прераскажувам страни-
ците за битките и љубовните сцени. Подоцна, понекогаш, по читањето на
поезијата на Поповски и Јаневски, или по гледањето на „Крвавиот прес-
тол“ и „Скриената крепост“ на Куросава или талкајќи по сопствените
ноќни фантазии, сум помислувал колку навистина има шекспировски
материјал во историјата на Самуиловото семејство: братоубиството врз
Арон и неговите, владеењето на Самуил, љубовта на Косара и Владимир,
ослепувањето на војниците и смртта на царот, Гаврило и Ирена, неговото
убиство со стрела за време на ловот, ликот на Иван Владислав... – драма-
тичност од највисок ранг, но едновремено и ризик за автор кој ќе се осме-
ли да пишува за тоа време.
Дури ми се чини, во таа смисла, дека задачата на прозаистот е не-
како пооптоварена со историскиот баласт отколку онаа на поетот и дра-
матургот. Уметничката проза инспирирана од историјата ги бара поеди-
нечните, внатрешни животи на ликовите, па оттаму случувањата, дијало-
зите, описите во историскиот контекст се подетално поткрепени отколку
што тоа и е потребно на една песна или драма. Но, ако прозата со исто-
риска тема бара фактографска поткрепа, тоа не значи дека треба да £ ро-
бува (тогаш би била документ или историска репортажа), туку да го раз-
вива својот имагинативен потенцијал. „Војна и мир“, „Саламбо“, „Јосиф и




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






102


неговите браќа“, „Синух Египјанинот“, „Тивкиот Дон“, „Мостот на Дри-
на“... бројни врвни дела ја поврзуваат својата книжевна судбина со исто-
рискиот контекст во којшто таа се одвива, но и со авторовото мајсторство
да се воздигне, со голема помош на фантазијата, до сферата на естетско-
етичкото, каде, без оглед кога, човекот чувствува и мисли како и ние де-
нес. „За тоа јас и пишувам романи, за да измислувам“, запишал во својот
дневник Достоевски, кого тематски вечната современост на човековата
душа повеќе го интересирала од менливоста на историјата, но, како еден
од најголемите, го истакнува суштинското својство на раскажувачот (а
дали денешниот раскажувач ќе ја одбере јурсенаровската, блоховска или
можеби борхесовска наративна жица во обликувањето на етида по соп-
ствен избор врз историска тема, зависи од неговиот темперамент и поети-
ка).
За својот расказ се обидов да „се пренесам“ во односот меѓу двајца
другари од тоа време, преку нивната средба децении по битката на Бела-
сица. Средба на еден снајден велможа со ослепениот монах. Иако многу
погрубо и крваво, времето на Самуиловиот род, беше смутно, транзицис-
ко и по неизвесноста и општата несигурност наликуваше на нашето. Са-
кав да извлечам една епизода за пријателството, изневерата и простува-
њето и, на извесен начин, да ја споредам со нашите животи.




РОМАНОТ И ФИЛМОТ


За разлика од романот, чие читање (од 200-300 страници) може да
трае со денови, во филмот стварноста воскрснува низ згуснато, кондензи-
рано времетраење од две часа. Преку монтажата, преку континуираните
резови, се надоврзуваат амбиентите, се преплетуваат надворешните и вна-
трешни животи на личностите, се мешаат времињата, јавето и сонот во
една за гледачот апсолутна сегашност. Во филмот не се движат само ка-
мерата, луѓето и возилата, самата филмска слика е иманентно движење
меѓу она што е во кадарот (што се гледа на екранот) и невидливото (она
што е надвор од екранот). Во таа само своја сегашност, во тоа свое забр-
зување или забавување, третманот на времето во филмот влијае многу
различно врз гледачот отколку неговиот третман во книжевноста врз чи-
тателот. Дури и во драмата на апсурдот, дејствието што се одвива во сце-
ната, сепак, се следи хронолошки, додека во извонредно подвижна сегаш-
ност на филмот – сè е актуелно!
Односот меѓу книгата и филмот може да стане топ-компаративис-
тичка тема најмногу поради секојдневната поплава на филмските продук-
ти. И книжевните теоретичари се сè повеќе гледачи, можеби повеќе и од
читатели. Во таа согласна или противречна преплетеност е важно да се
чуе гласот на филмските сценаристи, оние кои, под силен притисок на
продуцентите, го „штимуваат“ или го преиначуваат книжевниот текст.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






103


Можеби едно од најпровокативните дилеми за филмското сценарио е кога
тоа се преобразува од книжевна предлошка. Како книжевното дело може
да се адаптира на филмското платно? Тука се нудат бројни примери на
различни степени на успешност во преносот од еден во друг медиум. Ви-
лијам Бојд, британски сценарист, по тој повод вели: „Да се суди филм врз
основа на книгата според која е снимен е многу грубо. Никој не оди да ја
гледа операта „Фалстаф“ на Верди, а потоа се враќа дома и ги чита „Весе-
лите жени виндзорски“. Никој не го кара Верди што исфрлил толку многу
од драмата на Шекспир. Истото треба да важи и за филмовите. Кога адап-
тираш книга на филм, губиш 60 или 70 отсто од неа“.
Во своето капитално дело „Социјална историја на уметноста и ли-
тературата“ Арнолд Хаузер навестил, уште пред половина век, дека мож-
ната криза на филмот како уметност би произлегла од фактот дека „фил-
мот не ги наоѓа своите писатели, или поточно речено, писателите не го
наоѓаат својот пат до филмот“. Иако, и не така ретко, сме гледале успеш-
ни филмови со сиромашно сценарио, иако наспроти изолираниот писател,
филмската екипа е колектив од специјалисти (арт директор, камерман, то-
нец, монтажер...), со директор (режисерот), но и со „сопственик на фир-
мата“ (продуцентот), кој може да менува, да прекројува, да забранува...,
па така и филмската дејност е многу повеќе индустриска отколку умет-
ничка, забелешката на Хаузер сè уште е валидна – доброто сценарио, иако
во сенка во однос на улогата на режисерот и кастингот на актери, е еден
од (нај)важните предуслови за создавање добар филм.




ПРДИКОКОСИ


Тажните луѓе се најдуховити.
Еден мој пријател од Охрид со „гуреливо око“, даровит и во пис-
мо, и во муабет, а на изглед намќор, вели: „Ќе ви кажам од каде му е на
Одисеј името... На жена му £ здодеале неговите долги изостаноци од до-
ма, па едно утро му подвикнала: – Само знаеш да скиташ, да бркаш туѓи
жени, да се гостиш надвор по пијанки. А за куќата ич не мислиш. Ајде на
нива, оди и сеј! ИТАКА... Одисеј го добил името свое.“
Се смееме сите во друштвото, онака од прва, детски, се насмевну-
ва и тој. Помислувам колку овој уметнички свет, барем оној со којшто се
дружам, покрај сите материјални и статусни неправди што ги трпи во овој
предолг транзициски културолошки хаос, не го губи духот и смеата.
Седиме во едно кафеанче на левата страна на Вардар, сеуште ис-
клештени од вицот за Одисеј, кога ни приоѓаат две дами, една постара,
друга помлада, облечени во бунди и учтиво нè прашуваат: – Извинете,
знаете каде е Ману?
Зградата на МАНУ не е далеку, сто и пеесет, двесте метри одале-
чена, па сите во глас им објаснуваме каде е и како да стигнат до таму.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






104


Тогаш, не знам од каде, ми доаѓа да ги прашам: – А знаете ли што е тоа
МАНУ?
– Не знаеме – одговараат и двете, нималку збунети.
– Мислам, болница – додава младата – Одиме таму да дадеме крв.
И заминаа. Во Болницата Ману.
Хокус, покус, преварандус.
Хокус, покус, прдикокос!











































































СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






105




Христо Петрески




АФОРИЗАМ – ШТО Е ТОА?!
(кој знае – нека молчи)




Афоризмот е кратка книжевна уметничка форма, а би можело да се
каже дури и најкраток облик на едноставно и духовито искажано тврде-
ње, констатација, или концизна мисла – со својства на парадокс.


Но, покрај парадоксот, односно нескладот и контрастот, други бит-
ни карактеристики на афоризмот се: јадровитоста односно лапидарноста,
мисловноста и заумноста, духовитоста и шеговитоста, сатиричноста и
хуморноста, но и провокативноста и актуелноста.


Афоримот најчесто се (по)врзува со теми како што се: политика,
општество, етика, филозофија, но и речиси сите други области од човеко-
виот живот и создавање: музика, спорт, забава, култура, уметност, наука,
навики и пороци и слично.


Успешен афоризам е тој што содржи уметничка оригиналност.
Едноставно кажано: да го изразува она што сите го гледаат, а само еден го
согледува и искажува и тоа го прави на посебен и специфичен (ориги-
нален) начин, со одбрани зборови, кои треба да бидат минимум на број, а
со нив, како во хаику песната, да се постигнува максимум!


Афоризмот никогаш не ги остава читателите рамнодушни, напро-
тив, ги насмевнува и засмејува до солзи и болка, ги поттикнува на размис-
лување, ги провоцира па дури и иритира, ги опеспокојува и замислува, ги
растревожува и охрабрува, им буди и разоткрива нови размисли и диле-
ми, нови проекции и видувања, нови анализи и согледби, нови начини,
изрази и искажувања...


Најбитна е, притоа, авторовата порака, која обично се наоѓа во за-
вршницата на исказот, понекогаш дури и во единствениот и заклучен
последен збор.


Искажувајќи се преку афоризмите, афористичарите создаваат ми-
нијатурни, оригинални, незаборавни дела, кои се концизни, на неверојат-
но мал простор, како дриблинг пред мали голови, но со сигурен, сто-
постотен и голем погодок.


Најчесто, добриот афористичар прави неочекувано салто мортале,
неверојатен пресврт, кој се огледа во исчекорот, нестандарното и несе-
којдневното поимање и парадоксалноста, а едноставноста е тука само
добро осмислена и функционална маска, која крие, буди и предизвикува и
безброј други дополнителни идеи, заплети и асоцијации.


Денешниот, современ афоризам се издвојува, карактеризира и од-
ликува со книжевно-филозофски и длабоки естетски вредности. Значи,




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






106


воопшто не е случаен и површен. Напротив, иако често погрешно се по-
истоветува во вицевите, епиграмите, сентенците, поговорките, па и со
мудрите изреки.


Се смета дека колевка на афоризмот е Герамнија (во 16-от век), а
подоцна и Франција (во 17-от и 18-от век).


Афоризмите говорат за моралот и неморалот, лагата и вистината,
доброто и лошото, грдото и убавото, нетрајното и вечното...


Државите и кризата како да се создадени за продуцирање на афо-
ризмите, па денес афористичарите се и најгласни, најодлучни и најреши-
телни протагонисти и борци, кои војуваат на браникот на слободата и
слободната мисла и јавно искажаниот збор.


Тие се катадневни хроничари и носители на критичката мисла, из-
разувајќи се виртуозно со неколку рески и силни тонови, преку инстру-
ментот на одбрано и селективно малузборје во само една проста или
простопроширена реченица.


Нивниот дух, чувството за времето и просторот, за настаните и по-
јавите, за среќа, создаваат медалјони кои долго потоа се помнат и цити-
раат, како најубавите бисери на Станислав Јержи Лец, Душко Радовиќ,
Софе Штерјоски и бројни други воини и знаменосци...


Пишувањето афоризми е сизифовска работа, а афоризмите и кога
се однесуваат на човековата глупост, безумие, алчност, бесмисленост или
нечесност, всушност, секогаш и без исклучок – говорат за нас...




ЦЕНТРИТЕ ЗА КУЛТУРА КАКО ФЕНИКСИ


Како ретко кој друг симбол или синоним – Центрите за култура де-
нес можат да се поистоветат и идентификуваат со птицата феникс, која се
раѓа и (про)излегува од пепелта. Така и Центрите за култура како правни,
духовно и физички (де факто) наследници на Домовите за култура го
продолжуваат изодениот и зацртан пат, потклекнуваат и исчезнуваат, но
и воскреснуваат, се надградуваат (во материјална и креативна смисла), па
стануваат најчесто единствени или ретки јадра, средишта, односно
ЦЕНТРИ на културата и уметноста сред просторот и времето.


Дом е убав збор, означува домаќинство и домаќински однос, ог-
ниште, оџак, пирустија, вериги, светлина и топлина... А, Центар пак, е ср-
цевина, извор, вруток, од каде протекуваат сите текови и од каде поаѓаат
сите патишта...


Да, на сцената се покажува и прикажува, презентира и афирмира,
проличува и заличува...


И, она што е сега најактуелно и најбитно – тоа е фактот дека зажи-
вуваат и оживуваат Центрите за култура. Одеднаш како да се разбудија
сите од долгиот и летаргичен сон и ги побараа назад поранешните домови
за култура – со намера да ги санираат, реновираат и адаптираат, односно




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






107


активираат, возобноват и трансформираат во вистински културно-умет-
нички центри.


Промената и обновата не е само механичка и техничка, иако токму
тоа и првенствено треба да биде – во услови кога прокиснуваат покривите
(ако воопшто ги има), треба да се сменат вратите, прозорците и подовите
(се разбира, и нив ако воопшто сè уште ги има), тука треба да се изврши
вистинска и реална трансформација, односно творечка и креативна об-
нова.


Домовите за култура беа градени веднаш по ослободувањето, во
таканаречените петолетки, со кулук и во о-рук акции, тие им припаѓаа(т)
во вистинска смисла на зборот на граѓаните и беа речиси единствено мес-
то за културно-забавен и општествен живот. Но, со текот на времето и
преминот од еден во друг (од социјалистички во рано и полу капиталис-
тички) општествен систем, кризата и замирањето на општествената (ко-
лективна и заедничка) сопственост, домовите за култура беа препуштени
на милост и немилост, затворени и испустени, и сечии и ничии...


Техничко-технолошката состојба и потенцијалите на Домовите за
култура биле и се различни, но она што е најбитно – тоа се објекти на
култура, јавни објекти, за јавна намена, или како што популарно и со пра-
во изјавуваат нивните градители – ние ги градевме и тие се наши. Сепак,
неминовна е идентификација, анализа, вреднување, систематизација и
презентација на сите Домови, односно Центри на и за култура.


Секој од развојните периоди на нашата држава има специфични
идеолошки, политички, економски и културни карактеристики, кои најне-
посредно и најдиректно го определуваат општествениот контекст на вос-
поставување на институциите за култура, а во тие рамки и на изградбата
на објектите за задоволување на одредените и неопходни културни потре-
би.


Состојбата на објектите за култура беше, а некаде и сè уште е за-
грижувачка, од една страна, а од друга страна пак, некаде изградениот
фонд во целост не е искористен, односно изгубена е нивната основна на-
мена, а нивната нова намена не е јасно дефинирана, профилирана и ини-
цирана.


Но, сето тоа не е воопшто случајно, нелогично и инцидентно, заш-
то во културната продукција, а посебно во продукцијата на сценските нас-
тани, во последните децении се случуваат драматични промени. Овие
промени се посебно бурни и плодни во доменот на вонинституционална-
та продукција, односно во сферите на создавањето нови, алтернативни,
авангардни проекти.


Денес, голем број на вонинституционални организации и асоција-
ции не располагаат со сопствен, пред сè, изведбен простор.


Во таа смисла и за таа цел, Центрите за култура се средишта за
планирање и реализирање на културната политика и културната продук-
ција, како и на обновата, развојот и рецитализацијата на веќе изградените




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






108


објекти, но и проектирањето и изведбата на нови.
Истражувањето на и за објектите за култура (се разбира, доколку


го има) е дел од истражувањето на јавните згради воопшто во државата.
Секој Центар за култура, како и секој семеен дом, е приказна за себе. Са-
нацијата, реконструкцијата, обновата и изградбата претставува проширу-
вање на намената, дејноста и заживувањето (оживувањето) на културниот
и општествениот живот на микро и макро план.


Некаде постојат, а некаде не – правилници за користење на просто-
ри(и)те на Центрите за култура, нивните капацитети и инфраструктурни
елементи, кадровскиот потенцијал и сè друго што е постоечко и неопход-
но.


Во секој случај, и покрај евидентната, длабока и долготрајна криза,
Центрите за култура треба да го сочуваат својот идентитет. Преку своите
музички, драмски, литературни и други сродни сектори и секции.


Тие не смее веќе и постојано да бидат на маргините, да се соочу-
ваат со беспарица и неизвесност не само за понатамошно делување, туку
и за своето постоење.


Лошата состојба може да се совлада и премости само со иниција-
тиви, мултимедијалност, осовременување, активност и иновативност.


Со вмрежување и на Центрите за култура во севкупната културна
мапа и мрежа, со соработка и размена на програми, со ползување на тех-
ничките, кадровските и креативните потенцијали – Центрите за култура
ќе бидат вистински центри и ќе си го оправдаат името, местото, улогата,
функцијата и значењето!









































СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






109








































Е
л


ен
а


Ѓ
ор


ѓи
ев


ск
а



П


ре
де


л
од



П


ел
ис


те
р“


,


ак
ри


л
на



ха


рт
иј


а







СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






110































































































СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






111




Радован П. Цветковски


ЧЕХОВ - КНИЖЕВНИОТ МАЈСТОР НА КРАТКИОТ
РАСКАЗ ПРЕДИЗВИК КАЈ ПРЕВЕДУВАЧИТЕ1




1.
Ланската година (2014) со книгата „Избрана проза“, раскази од го-


лемиот руски писател Антон Павлович Чехов,а во превод од руски на ма-
кедонски јазик, од професорот д-р Кирил Трајковски, требаше да биде од-
бележана 110-годишнината од смртта на Чехов, но за жал не се случи та-
ка. Одговорот на тоа го има преведувачот.


Истовремено, Трајковски, покрај со преводите на проза, успешно
се занимава и со превод и препев на поезија од македонски на руски ја-
зик. Кога го велам ова, ве уверувам дека д-р Кирил Трајковски и во пре-
певот на поезија, двонасочно од руски на македонски јазик и обратно, е
мошне успешен. Ако се стаса со книгата на преводи и препеви на поезија,
на која што јас работам, ќе ја потврдиме и оваа најава токму годинава.


Инаку, секако вам веќе ви е познато дека д-р Трајковски, покрај
неговите одделни научни трудови од симпозиуми и научни конференции,
или печатени во научната периодика, тој особено е познат по неговата
докторска теза, обемната студија „Битолскиот градски говор, со посебен
осврт на лексиката“, успешно одбранета на Филолошкиот факултет „Бла-
же Конески“, пролетта 2001, кон која е приклучена и втората книга „Да не
заборавиме кои сме“, лексички материјал од битолскиот градски говор.
Значи, станува збор за две книги кои симбиозно се преклопуваат и една
од друга произлегуваат. За ова може да се види повеќе во мојата книга
„Студии и поставки“ 2, или најпрвин објавена во „Литературен збор“ како
одделен труд 3.


Овде не го зафаќаме неговото преведувачко искуство зашто за тоа
ќе зборува самиот тој, авторот д-р Кирил Трајковски. Нема да зборуваме
ниту за техничкото уредување на книгата.


Толку, колку за најава на книгата „Избрана проза“, раскази од Ан-
тон Павлович Чехов, во превод на проф. д-р Кирил Трајковски.


2.
Јас се определив да зборувам за биографското на Антон Павлович


Чехов во записите на неговите современици, но не надвор од она што е


1
А. П. Чехов: „Избрана проза“, избор, превод и поговор д-р Кирил Трајковски,
изд. Македонско научно друштво, Битола, 2015
2
Радован П. Цветковски: „Дијалектолошки труд за битолскиот градски говор и неговата
лексика“ во „Студии и поставки“, изд. „Матица македонска“, Скопје, 2015, стр. 281-290.
3
Радовн П. Цветковски: „Потребен и вреден дијалектолошки труд“, „Литературен збор“,


4-6, 2008, стр.173-178.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






112


веќе познато. Посебно преку осврт ќе се обидам да ви ја доближам и кни-
гата „Избрана проза“ што е повод за оваа промоција. Содржината на кни-
гата е составена од повеста „Досадна приказна“, која опфаќа сто страни-
ци, и пет други раскази („Човекот во футрола“, „Тага“, „Агафја“, „Убави-
ци“ и „Огрозд“), што ги одбрал преведувачот. Јас нема да зборувам од-
делно за записите и избраните раскази, туку онаму и тогаш кога ќе се до-
преме до тоа. Изборот на расказите не е случаен, како што не се случајни
ниту ликовите во нив. Тука, најверојатно се сакало да се допре дното на
социјалниот казан и во него обичниот човек при што читателот се допира
до книжевниот лик. Она што сакал преведувачот го постигнал сосема ви-
соко. Вложил труд и време, но успеал. Што значи тоа? Тоа значи успеш-
ност во помакедончувањето на расказите преку целосното придржување
за Чеховата оригиналност без отстапки. Така, Трајковски во неговата пре-
ведувачка работа имаше запнато за зборот огрозд. Кај нас ги имаме збо-
ровите згрозди, згрозден – богато роди итн., па дури и новоизведениот
збор згрозд, близок на рускиот, поткрепен со нашите посочени постоечки
зборови. По сѐ, преведувачот не дојде до тоа и не ја најде згреши, зашто
по описот на плодот, ни станува многу близок. При едно подлабоко ис-
тражување можно е да се најде соодветен збор, зашто ова растение се од-
гледува во Русија. Јас сега не сум во состојба да го проследувам тоа. Па
сепак, останува да се нагласи дека е постигнат целосен успех што е резул-
тат на познавањето на рускиот јазик, од една, и целосното владеење и по-
знавање на својот јазик, македонскиот, од друга страна. Кај Трајковски,
на наше задоволство, постои јазична избалансираност од обете страни.


Отпосле, по разговорите со д-р Трајковски, и откако поразмислив
за сето тоа, почувствував задоволство, заземајќи свој агол за дообјаснува-
ње на аголот меѓу големиот руски писател Чехов и преведувачот, односно
помеѓу овие двајцата и читателите, во овој случај присутните на промоци-
јава, од друга страна, со цел да се поттикне, или уште понамерно да се
предизвика интерес за исчитување на книгата „Избрана проза“ од Антон
Павлович Чехов“ во превод на д-р Кирил Трајковски.


Во припомош на сето исчитување и на биографските податоци за
Чехов и на неговите раскази од книгата „Избрана проза“ ни добредојдоа
многу интересната книшка „Чехов во спомените на современиците“ изда-
дена 2004 година, тука во Битола, заедно со драмските дела на Чехов
„Трите сестри“, „Вишновата градина“, „Вујко Вања“ и „Галеб“, во превод
на Оливера Павловиќ4, книжевните студии од Милосав Бабовиќ, просле-
дувач на Чеховото творештво5, како и од интернет „Википедија – Слобод-
ната енциклопедија“, преку кои дојдовме до многу сугестивни биограф-
ски податоци од кои пленува творечката душа и моќ на Антон Павлович




4
Оливера Павловиќ: „Чехов во спомените на современиците“, изд. Центар за култура,
Битола, 2004;
5
Милосав Бабовић: „А. П. Чехов – Сабрана дела, књига 1“, изд. „Нолит“, Београд, 1981.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






113


Чехов, толку едноставен и толку голем во портретирањето на ликовите,
во градењето на описите, во поставката на книжевните ситуации, како и
сосе целосната социјала од руското општество и психолошкото како оп-
шта поставка, но не само во ликовите, туку и во описите, каков пример
наоѓаме во расказите „Убавици“ и „Огрозд“, растение познато кај нас ка-
ко гускино грозје.


3.
Посочената литература ни дава голем број на биографски подато-


ци. Според неа животниот пат на Антон Павлович Чехов започнува токму
во Таганрог, во јануари 1860 година, под строгоста на татко му Павел
Егорович и наклоноста на мајка му Евгенија Јаковлевна, онаа кротка жена
што ги сакала театарот и музиката6. Антон немал време да се наигра. Го
сонувал детството, гледајќи ги оддалеку среќните деца7. Таа книжевна
маана му останува во сето негово творештво, особено во расказите. Тој
’ркулец никнат во неговата душа токму оттаму започнува да го извишува.
Уште млад со неверојатен осет го открива важното од секојдневието, од
она руско секојдневие па дури им предлагал како на Телешов, велејќи му:
„само по железница да се патува, со трета класа, среде простиот народ,
инаку ништо интересно нема да слушнете. Ако сакате да бидете писател
уште утре купете билет за Нижни. Оттаму по Волга, по Кама итн“ 8.


Семејството на Павел и Евгенија било многудетно- пет браќа и
една сестра. Секој со својата судбина и со својот талент. По завршување-
то на гимназијалното образование, студира на Медицинскиот факултет во
Москва, каде што и кога што започнува неговото вистинско книжевно
искачување, потоа работи како лекар, но истовремено и пишува. Почето-
кот на неговата книжевна работа е некаде во Таганрог, раскази што про-
излегле од неговите шеги со кои Чехов во детството ги пародирал смеш-
ните страни на животот9, нагласувајќи дека „тој, сестра му и неговите
браќа, талентот го наследиле од татко им, а душата од мајка им“.


Пресвртот во неговата книжевна работа го носат драмските дела.
Особено оние најпознатите („Галеб“, „Вујко Вања“, „Трите сестри“ и
„Вишновата градина“).


Во сето ова наѕирање во душата на Чехов и во душата на неговите
ликови, како и во оние распојасени слоеви на руското општество, богато
со социјален материјал од теми, важни се и назнаките на Чехов во писмо-
то до својот брат Николај Чехов, што упатуваат што треба да се стори на
определбата на својот пат. Само со толкавото познавање на руската соци-
јала можело да се напишат толку раскази (преку 1000), од кои стотина
под псевдонимот Антоша Чехонте, и толку успешни драмски дела кои


6
Оливера Павлоиќ, цит. дело, стр. 5.


7
Цит. дело, стр. 6.


8
Цит. дело, стр. 11.


9
Цит. дело, стр. 10.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






114


извршиле силно влијание врз расказната проза и драмата во 20-от век.
Тој, иако лекар по професија, и книжевност, секако предизвикан од пра-
шањето како тоа тој лекар, а ваму книжевник – беше рекол некој? А Че-
хов прифатил и возвратил: „Медицината е моја законска сопруга, а лите-
ратурата моја љубовница“. Може да се протолкува и обратно – повеќе бил
присутен во литературата отколку со сопругата, зашто стално патувал и
во својата земја и надвор од неа, собирајќи материјал за пишување.


Започнал со кратки хумористични (шарени) раскази, а продолжува
со новели и раскази во кои обработува изгубени, отуѓени и заборавени
ликови („Човекот во футрола“ „Огрозд“, „За љубовта“, повеста „Досадна
приказна“ и др.) Во списанието „Стрекоза“, бр. 10 од 1880 се печатени не-
говите први текстови под псевдонимот Антоша Чехонте. Тоа е вистински-
от книжевен почеток на А. П. Чехов. А набргу потоа (1884) и првата збир-
ка раскази „Сказните на Мелпомена“. По неа и други книги од неговата
расказна проза: „Одбрани раскази“, „Невини зборови“, „Тмурни луѓе“,
„Во самракот“, па книгата „Островот Сахалин“, „Досадна приказна“, „Чо-
векот во футрола“, „Куќа на кат“, „Селани“ и др. Според сите биографски
податоци од книгата А. П. Чехов во спомените на современиците“, вис-
тинското негово книжевно искачување започнува дури во Москва со сту-
диите по медицина (Види: Википедија).


Веќе, рековме дека Чехов почнува да објавува раскази уште како
студент и се смета за еден од најдобрите мајстори на краткиот расказ. Во
неговите раскази нема големи настани, страсти и јунаци. Сѐ е од секој-
дневието. Оттаму и онаа мисла: Чехов е од меѓу обичните луѓе, од руско-
то секојдневие и тој пишува за обичниот човек во сите оние над 1000
кратки раскази, која бројка ја посочил и самиот тој10. Негови попознати
раскази се: „Човек во футрола“, „За љубовта“, „Случај од праксата“, „Ар-
хиереј“, „Свршеница“, „Степа“, „Тага“, „Убавици“, повеста „Досадна
приказна“ и др.


Овде само дигресивно: Додека студирав некаде во српската перио-
дика прочитав: Што би се случило кога умот на Чехов, на Сингер, и на Ги
Де Мопасан се стават во еден ум? Поставено само како прашање без одго-
вор и оставено читателот проникливо да размислува и самостојно да дојде
до одговор. Тогаш и не обрнав некое поголемо внимание кон тоа. Секако,
според нас, тука се бара објаснувањето за нивните уметнички стојности.
Кај Сингер описот и книжевната ситуација, кај Мопасан дијалогот и кај
Чехов книжевниот лик и психолошкото во него.


Неговите раскази, како веќе спомнавме, немаат големи настани,
ниту личности кои настапуваат гласно и бучно. Фабулата им е многу ед-
ноставна или, воопшто, тежината не е на нив, бидејќи Чехов настојува да
предизвика убедување и атмосфера. Тој создава расположение околу и
меѓу ликовите. Заради тоа секогаш е концизен и лаконичен, обилно слу-




10
Цит. дело, стр. 23.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






115


жејќи се со пејзажни и лирски дигресии, упатува ТврткоЧубелиќ11 во не-
говата книга „Книжевни лексикон“). Починал во Германија, во Баденвеј-
лер. Ете, тоа бил и е големиот руски писател Антон Павлович Чехов, оној
Антоша на мајка му Евгенија која го заштитувала, приговорувајќи му на
строгиот Павел Егорович за односот кон децата, особено оној Антоша ис-
полнителен до крај и навреме.


4.
Општо познато е дека животниот пат и книжевното дело на Антон


Павлович Чехов го проследувале многумина современици и писатели ка-
ко и од постарите генерации, откривајќи ги кај него темите и мотивите во
неговата раскажувачка проза и драмските дела, сакајќи истовремено да ја
допрат длабочината на руското секојдневие, што ќе рече еден проследу-
вач, колку слегувале во длабочините на секојдневието, чие дно го држеле
обичните руски луѓе со сета живеачка. На тој начин проследувачите, да
спомнеме само некои од нив (Михаил Чехов, И. Бунин, Немирович –Дан-
ченко, Шетлов, Олга Книпер, Грузински, Станиславски, Горки, Лав Н.
Толстој), сигурно и други од Русија и надвор од неа, оставиле бројни за-
писи за животот и делото на Чехов. Дел од тоа најдовме во книшката
„Антон Павлович Чехов во спомените на современиците“ кон издавањето
на четирите драмски дела: „Вишновата градина“, „Трите сестри“, „Вујко
Вања“ и „Галеб“ во превод од руски на македонски на Оливера Павловиќ.
Тоа е мало, но значајно издание, вредно и потребно дури и во поширока
примена во средношколската практика 12. Па во студијата на Милосав Ба-
бовиќ и др.


Бунин свртува внимание на скржавоста на Чехов кон зборовите,
дури и во обичниот живот. „Премногу држеше до зборот... во неговиот
говор, не се чувствуваше писател, споредби, епитети, ретко употребува-
ше, а и кога ги употребуваше тоа биле најобични и никогаш не се фалеше
и не велеше, никогаш не уживаше во своите прекрасни најдени зборови“13
(запис на Бунин). Чехов истовремено во допир со обичниот човек откри-
ваше нови теми за нови раскази. Од друга страна пак, тој со сето тоа како
да укажува како да се живее во моделот на обичниот живот.


Грузински го потврдува фактот дека Чехов дури по завршувањето
на Московскиот универзитет открива дека напишал над 1000 раскази, од
кои стотина под псевдонимот Чехонте, за да заврши со зборовите: „ах кол-
ку ѝ благодарам на судбината, дека во младоста бев толку беден!“14. Вак-
вите размисли кај Чехов, па и оваа, се повеќе од вистина. Или, во почето-
кот, и онаа револтност за незаинтересираноста за неговото пишување15.




11
Tvrtko Čubelić: „Knjizevni leksikon“, Zagreb, 1972, str. 91/92.


12
Види фуснота 3.


13
Оливера Павловиќ, цит. дело, стр. 11.


14
Цит. дело, стр.18.


15
Цит. дело,стр. 17.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






116


Патувањата на Чехов за книжевноста ги определува како мевлем на рана,
толку благопријатни и толку потребни. Токму од Мелихово му е и темата
за драмското дело „Вишновата градина“. Ова сосема е разбирливо што
значат тие патувања за писателот.


Од оние над 1000 раскази, или околу 1000, како самиот рекол, или
како му одговорил на Немирович - Данченко, имал сосема мали раскази,
често минијатурки, пред сѐ објавени во списанија за хумор и во огромен
број со потпис Чехонте, анегдоти со прекрасни измислици, остроумни и
умесни, карактеристични и без некој да помисли дека тој ќе се најде меѓу
руските класици16.


Тој навистина тоа и стана, особено по издадената книга раскази
„Самраци“. Наеднаш како да станал познат, проширувајќи ги врските со
други уметности и со многу други високо познати личности и од повеќе
професии да не ја користиме којзнае по кој пат книжевноста, драмската
уметност и големите руски писатели. „Тој е иден столб на нашата убавата
литература“, ќе ѝ напише Чајковски на 2 јуни 1889 г.“ „Неговото име, ка-
ко забележува Немиривич - Данченко во истиот запис, се повлекува само
пред сѐ уште живиот и сѐ уште активниот во својата работа“ 17, велејќи за
големиот Толстој. Нему, на Чехов, секогаш по нешто му се случувало.
Посебно такви згоди и незгоди имал и со драмските дела , особено со „Га-
леб“ и „Вишновата градина“. Според неговата желба, останаа многуте не-
издадени записи за патувањата по реки, предлеи, држави, градови итн., за
на крајот да заврши во Германија во градот Баденвејлер 1904 година.


5.
Руската книжевност, глобално во рамките на светската книжевност


е богата со големи писатели. Секако, еден од нив е и Антон Павлович Че-
хов. Тој не е само еден од големите писатели во руската книжевност, во-
општо, туку тој е и еден од најголемите мајстори на краткиот расказ сосе
сета негова големина во портретирањето на ликовите и психолошкото, ка-
ков пример имаме во многу негови раскази и драмски дела, посебно во
расказот „Тага“, драмата „Вишновата градина“- неговото последно драм-
ско дело, повеста „Досадна приказна“, секако и други. А со сето тоа тој и
сега е предизвик за книжевните историчари и преведувачите, воопшто.
Тој предизвик легнал и во преведувачката мисла на д-р Кирил Трајковски.
Тој предизвик ме повлече и мене.


Доктор Кирил Трајковски, што се вели довчерашен професор по
руски јазик, сега веќе пензионер, а како да не припаѓа во таа група на пен-
зионери, зашто пишува научни трудови и преведува. Исто како писатели-
те. Ниеден писател не е во пензија, зашто постојано се на творечка патека.
Резултат на неговата преведувачка работа е и книгата „Избрана проза“ од
Чехов, во чија содржина се шест успешно преведени раскази : „Тага“,


16
Цит. дело, стр. 23.


17
Цит. дело, стр. 24, 25 и 26.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






117


„Агафја“, „Досадна приказна“, „Убавици“, „Човек во футрола“, „Огрозд“
и повеста „Досадна приказна“, со посебна нагласка „Од белешките на
еден стар човек“, во исповедна форма на главниот лик Николај Степанич.
Професорот д-р Кирил Трајковски во текот на преведувачката работа бе-
ше обземен со зборот огрозд. Сугерирав да се преведе со демирхисарски-
от дијалектен збор згрозд, зашто го имаме глаголот се згрозди (богато ро-
ди), од него и глаголската придавка згрозден, а зошто тогаш не згрозд. Кај
нас невообичаено е да се употреби огрозд. Ова само како идеја за некои
идни доистражувања.


Сега да се подзапреме на руското секодневие, ликовите во него од
дното на социјалата, писателот Чехов и преведувачот Трајковски. Секој-
дневците од прозата на Чехов се од најразлични средини. Таков еден се-
којдневец, а надвор од руската современост од времето на Чехов, е глав-
ниот лик Беликов, професор по грчки јазик од расказот „Човекот во фу-
трола“. На крајот на краиштата, тој и самиот завршува во футрола, ама во
онаа дрвената од која нема излегување и од каде нема враќање, за што де-
до ми често пати имаше обичај да рече: „Две умирања немат, а без едно
не можит“. Сосема дигресивно, речиси многу блиски размислувања кај
Чехов и мојот дедо. Во исто време и живееле – Чехов во Русија, а дедо
Стојче во Македонија, првиот 1860-1904, врвен раскажувач; а вториот
1867-1952, приказничар. Да беше бил приказничарот во Москва можно е
да се вратеше како писател, мои слободни размислувања.


Или во „Тага“, Јона Потапов , кај нас оној Јон, со долг изговор на
самогласката О, што доаѓа од Јован, во Демирхисарскиот говор, а по ис-
паѓањето на интервокалното В. Расказот „Агафја“ , носи иста раскажувач-
ка рамка, би рекле препознатлива, Чеховска, иста поставка по водењето
на дејството, по портретирањето на ликовите, дури овде и со некоја по-
себна наклонетост зашто за него Агафја како да е Агафче. Чудно, кога се-
то тоа, назначено со нежност, со топлина, со некоја чувственост во психо-
лошката поставка, би се ставило во некој поголем есеј, или подлабок на-
учен труд. Преведувачите по познавањето и владеењето на рускиот јазик,
или било кој друг јазик, се ставени во предност во ваквите научни тру-
дови.


Генерално земено, Чехов без никакви предрасуди во своите дела, и
не само во прозните туку и во драмските, го слика руското секојдневие, се
бори, или се залага сеедно, за доброто на обичиот човек, за оној од дното
на социјалниот казан, сочуствувајќи сака да стаса секаде во животот на
сиромашните и обесправените, и да стави сопствена рака во надмину-
вањето на состојбите, особено преку отварање на училишта, библиотеки
итн. Тој е на страната на обесправените. При тоа, во тоа вдлабочување на
критичарот, на книжевниот историчар, писателот, читателот, се поставува
прашањето: Како? Ова за Чехов не е она мало „Како?“, туку е она големо-
то „Како“, зашто со ова прашање се зафаќа општеството и власта во него.
Жив пример на Чехов е островот Сахалин, што го посетил Чехов во 1890




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






118


година. Од таа година му се и двете книги есеи „По Сибир“ и „Сахалин“,
затвор за осуденици на тешка робија18. Нешто како нашиот Голи Оток, со
предмисла да се поверува како да е оттаму преземена идејата за таков ос-
тров и кај нас. Забележувате дека делата на Чехов владееле, владееја и
владеат со октуелноста, затоа беа читани, затоа и сега се читани.


6.
Некогаш во Русија се читаше многу. Се читаше секаде во буквална


смисла на зборот кога мислиме на просторот. Буквално секаде. Каде што
беше човекот беше и книгата. Сега не знам дали е така. А она што го ос-
тавија руските класици во наследство на светската книжевност остана
вечно и стана предизвик за сите оние што ја проучуваат книжевноста, во-
општо.


Расказите на Чехов и неговите драмски дела и сега носат актуел-
ност. Тоа значи дека ликовите се во универзална поставка независно во
кое општество би се нашле со преводот на друг јазик. Преведувачот мо-
рал да ја има во предвид таа назнака, зашто на тој начин се запазува и
прозната рамка на А. П. Чехов. Тоа го има во предвид и проф. д-р Кирил
Трајковски. Потоа, сѐ станува обврзно за преведувачот: (карактерот на
ликовите, книжевните ситуации, во нив судирот на ликовите, стилот, ја-
зикот, описите, во овој случај, и помакедончувањето.


Најголемиот прозен текст во оваа избрана проза е повеста „Досад-
на приказна“, во шест дела и со причинско последична поставка при во-
влекувањето на нови ликови во расказното дејство (Николај Степанич,
жена му Варја и ќерка му Лиза; прислужникот Егор, портирот Николај,
Грубер и Бабукин (за кои се врзани сите универзитетски преданија и анег-
доти), па специјалистот за обдукција на трупови Пјотар Игнатјевич, ар-
тиската Катја што го следи професорот Степанич како сенка, пријателот
на Степанич филологот Михаил Фјодорович, па сите тие со место во си-
туациите и атмосферата во нив и околу нив. И, на крајот токму овој, про-
фесорот Степанич, останува сосема сам. Од толку многу пријатели да не-
ма со кого да се дружи, освен „Пирогов, Кавелин и поетот Некрасов кои
му подаруваа најискрено и најсрдечно пријателство“, како што вели Че-
хов. Тогаш реално се поставува прашањето: Зошто тоа е така, зошто и се-
га е така? По исчитувањето на книгата на многуте зошто одговорот ќе го
најде читателот. Посебен коментар и не е потребен. Со секоја причина се
остварува и последица.


Ова го употребивме како пример за да укажеме на тоа дека преве-
дувачот има полни раце работа во преводот на текстот. Неговото дотеру-
вање во другиот јазик обврзува на многу барања и познавања. Сето тоа,
од друга страна, професорот д-р Кирил Трајковски многу успешно го ис-
полнил. Таков е тој и во другите пет раскази („Агафја“, „Убавици“, „Чо-


18
Цит. дело, стр. 19.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






119


векот во футрола и „Огрозд“ сосе ликовите Агафја од истоимениот расказ
и момчакот Савка, именувајќи ја нагалено Агоша, по што лесно се откри-
ва што се случува; Украинецот, вравџијата Карпо, девојката Машја и неј-
зиниот татко Авет Назорич од расказот „Убавици“, поставена убавина
среде социјалата што ја носи девојката Машја, интересно накренати чув-
ства до скокот, очите да ти останат отворени и во ноќта и во сонот да не
можеш да ја исклучиш фотографијата, сѐ ставено среде онаа августовска
вршидба токму како кај нас, останувајќи само со гледањето како во сон,
па девојката од железничката станица; како и од другите раскази Јона По-
тапов; Беликов, професорот по грчки јазик; лекарот ветеринар Иван Ива-
нич и гимназискиот професор Буркин), што се баланс на повеста „Досад-
на приказна“. Од рамката на потребното преведувачот ни најмалку нема
отстапено. Во една ваква композициска поставка целта на преведувачот
целосно е постигната.


Сѐ е остварено во чиста помакедончена реченица со постигната ес-
тетска и уметничка вредност. Додека ги исчитував расказите го чувству-
вав трагањето на преведувачот по зборот, на пример, како она за зборот
огрозд за истоименото растение што дава плод како лозата. Кај овој автор
го чувствувам тоа приопштување на текстот да се носи со оригиналот;
чувствував како да исчитувам оригинален текст пишуван на македонски
јазик од Антон Павлович Чехов. Дотаму се успешни преводите на профе-
сорот д-р Кирил Трајковски. Според мене, без отстапки во неговите пре-
води додека не се најде она што се бара, а го има во македонскиот литера-
турен јазик во прикрепа со дијалектното кај нас, а го дозволува рускиот
јазик да се постапи така во поистоветувањето. Зборувам за целосно пома-
кедончени раскази. На Чеховите раскази им е дадена македонска книжев-
на душа, речиси, паралелно со оствареното на Чехов. Тоа е одработено во
ликовите и нивните карактери, во нивните судири, во динамичното и пси-
холошкото во постапките, во отсликот на руското општество до дното на
социјалното по вертикала и хоризонтала. Во расказите на Чехов „дефили-
раат доктори, професори, чиновници, студенти, воени лица, спахии, села-
ни, сиромаси, полицајци и затвореници. Сите професии, сите возрасти –
цела Русија“(стр. 182). Тој, Чехов, просто не заборавил ништо од животот
на рускиот човек, без разлика кој што е и каде се наоѓа во општествените
руски слоеви – некои размавтани, некои со пресечени крилја на дното од
казанот на социјалата што не е по мерка на доброто.


Тоа зборува дека професорот д-р Кирил Трајковски е успешен кни-
жевен преведувач од руски на македонски јазик, сосе неговата преведу-
вачка практика, што му служи како гарант за пристапување во редот на
книжевните преведовачи од Македонија.


7.
И уште нешто сосема на крајот. Одамна сме ја исчиувале класика-


та. Посебно руската. Ова сега, е некое навраќање и раскорнување на сеќа-




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






120


вања и благородни, но и спротивставени, кога ќе се воспостави каде се
случиле грешките. Во тоа исчитување на класиката, се сеќавам на пајтон-
џијата Потапов и неговата тага, колку планина голема, во кој лик читате-
лот длабоко би сочувствувал кога Потапов, за да ја извади од својата ду-
ша сета своја тага, му раскажува на кобилчето. Каква психолошка длабо-
чина, каква вистина. Тука е вредноста на уметничкото во краткиот расказ
на А. П. Чехов. Сите негови дела и прозни, и драмски, особено оние над
1000 раскази со тоа и хумористичните, со кои Чехов започнал под псевдо-
нимот Чехонте, го искачуваат на највисокото скалило во рамниште со
другите руски писатели, во што нему како да му била мерка Толстој. Или,
како што ќе рече еден од неговите современици: „секој расказ скалило по-
горе – најголемиот мајстор на краткиот расказ“ со што Чехов извршил
влијание, не само во руската, туку и во светската книжевност, онолку кол-
ку и другите класици од Русија.




7 јуни 2015 год.
Битола





















































СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






121




Билјана Жоглева Петровска


БИТОЛСКИОТ РАСКАЖУВАЧКИ БИЉУР:
ОСВРТ ВРЗ НЕКОЛКУ РАСКАЗИ


ОД ВЛАДИМИР КОСТОВ


АПСТРАКТ


Во текстот е даден осврт врз неколку раскази од познатиот битол-
ски и македонски книжевен великан Владимир Костов (1932). Расказите
се направени во консултација со авторот и со негова согласност во месец
август 2013 година.


Текстот е всушност скратена и адаптирана за оваа прилика, ди-
пломска работа („Наративните принципи во расказите на Владимир Кос-
тов“) на авторката на овој текст, одбранета на Филолошкиот факултет –
Скопје, пред комисија во состав: проф. д-р Виолета Пирузе-Тасевска,
проф. д-р Венко Андоновски и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Во
него е направен обид да се анализираат и компаративно да се прикажат
некои позначајни карактеристики од наративните постапки кои можат да
се сретнат во расказите на Владимир Костов.


Овој текст е своевиден омаж во врска со 80 години од животот на
Владимир Костов (2012 година кога е напишан овој текст, но се објавува
дури сега) и 45 години од издавањето на неговата збирка раскази „Ах,
бре“ (Битола: Развиток, 1970.), што се навршуваат оваа (2015) година.


НАМЕСТО ПРЕДГОВОР: ЗА НАРАЦИЈАТА


Сите ние, помалку или повеќе, сме биле сведоци на раскажување
приказни. Ни раскажувале мајките, татковците, бабите, дедовците или не-
кој друг од нашето опкружување. Но, некои од приказните биле повеќе
интересни а некои не биле воопшто. Оние поубaвите се токму тие што ус-
пеале да нè заинтересираат на почетокот и да ни го задржат вниманието
до крајот.


За интересноста, одговорност сноси самиот раскажувач кој момен-
тално и интуитивно треба да одбере кои делови од приказната и на кој на-
чин да ги пренесе, па ако треба нешто и да придодаде.


Во дамнина, секако, луѓето не знаеле ништо за вештините на до-
брото раскажување и тоа го правеле добро само оние природно обдарени-
те со раскажувачки талент.


Подоцна во втората половина на XX век со подемот на книжевно-
теориската мисла, се јавила потребата, научно да се анализираат сите тие
составни делови на едно успешно раскажување и да се даде еден вид




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






122


„анатомија“ на сето тоа.
Наратологијата во литературата е исто што и анатомија во медици-


ната. Анатомијата ја проучува градбата на човечкото тело, а наратологи-
јата ја проучува градбата на литературниот текст.


Делото е човекот. Човекот е делото. И двете целини, човекот и ли-
тературното дело – се градени од покрупни и поситни делови кои заедно
ја прават целината совршена.


Делото би функционирало и без опис на лик исто како и човекот
без еден бубрег, но тоа ќе биде нецелосно и несовршено функционирање.
Но затоа пак не може делото без дејство, исто како што не може човекот
без срце.


Сличното во човекот и доброто литературно дело е тоа што и двете
се со Божествено вдахновение. Бог се потрудил за човекот, а авторот за
делото.


Велам, Делото е човекот – зашто во него се содржи исто што и во
човекот, и обратно. Да се пишува добро, значи да се раскажува добро,
зашто делото без раскажување, а раскажувањето без дејство е ништо.


Дека Владимир Костов е одличен раскажувач, не треба да се пра-
шуваме воопшто, ако знаеме дека по професија (завршил македонска кни-
жевност и јужнословенски книжевности), искуство (бил професор по ма-
кедонски јазик) и најважно – срце, одлично ги исполнува условите за ква-
литетен писател.


Да се биде добар писател, покрај теориско знаење и практично ис-
куство, потребно е авторот (писателот) да има доволно големо срце! Би-
дејќи, во секое свое дело авторот остава дел од срцето, дел од животот,
дел од размислите, дел од душата, дел од стравовите, дел од желбите.


Од друга страна пак – давајќи од срцето и душата повеќе во дела-
та, уште повеќе добиваат на големина истите, ако срцето е симбол на ово-
земниот живот тогаш тоа ќе порасне – со радоста која ќе му ја подари тво-
рештвото, а душата, како спомен од постоењето на човекот, го продолжу-
ва своето време, со и во делата.


Во тој поглед, срцето на В. Костов е огромно и тој е бесмртен -
исто како што неговото творештво е огромно и исто како што негови-
те теми се бесмртни.


Зашто, тој во своите дела дал и многу повеќе од парче срце – тој ја
дал и својата верба, онаа најискрената, најдлабоката, животната – вербата
во моралната преобразба на човечкиот род кон Доброто!


Владимир Костов ја даде вербата во социјалната утопија, поочове-
ченоста на светот како место во кое нема зло, насилство и неправда. Во тоа
неговата проза потсетува на онаа предреволуционерната на Максим Гор-
ки. И двајцата сметаат дека литературата не треба да биде сфатена кон-
формистички, туку самата таа треба да има една активистичка улога.


Или, со зборовите на Виктор од неговиот роман „Обителска траге-
дија“:




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






123


...во прашање е вербата дека со својата уметност барем малку
ќе го измениме светот на подобро, ќе дадеме свој придонес за
неговиот спас... (Костов, 2004)


Таа функционалност на литературата на Костов вешто е изразена
преку еден т.н. енциклопедиски постреализам кој содржи референци
кон речиси сите области од науките и уметностите: филозофија, етика, со-
циологија, религија, теорија и историја на светската литература, лингвис-
тика, психологија и психоанализа, митологија, археологија како и светско
сликарство. Од една страна, од етички и морален аспект, делови од Би-
блијата, пренесени од мајка му (Костов, Интервју со авторот во неговиот
дом, направено на 29.08.2013), се задолжителни за четивата на Костов –
но и критика на делот на свештенството кој се однесува неморално, од
друга страна.


Всушност, како што вели и самиот, морализмот, етиката и фило-
зофијата се најбитните (Костов, Интервју 29.08.2013), суштествените
особини кои се проткајуваат како првостепени идеи во сите негови проз-
ни остварувања. Без нив неговата проза не би била негова.




Овој тивок, навидум повлечен, книжевно образован и инфор-
миран писател... во својот разгранет романсиерски и раскажу-
вачки опус пројавува исклучителна творечка доследност.“
(Силјан, 2010:244).


Некои писатели и литературни критичари ја истакнуваат т.н. епска
димензија во неговото дело. Така на пример, еден од најдобрите позна-
вачи на творештвото на В. Костов, а воедно и издавач, познатиот писател
и литературен критичар Раде Силјан, еден од бројните текстови за проза-
та на Костов го започнува на следниов начин:




Владимир Костов (Битола,1932) е автор на прозен опус со
епска литературна зафатнина (Силјан, 2010:244)


Костов e главно изразит современ романсиер, кој детално се посве-
тил на тој литературен вид. Но тоа не ги намалува ниту квалитетот ниту
квантитетот на останатото негово прозно творештво. Покрај 17-те рома-
ни, творештвото на Костов изобилува и со многубројни новели, драми и
раскази. Иако поголемите награди и признанија ги добил за романите, та-
лентот и љубовта кон пишувањето повеќе од доволно ја докажал и во сво-
ите (преку триста) раскази.


Активното творештво на Владимир Костов трае повеќе од педест
години. Но во својот творечки половина век, авторот успеал да опфати
неколку столетија од македонската стварност (од XVI век на турско вла-
деење), преку македонската ренесанса и преродба во XIX век, социјалис-
тичкиот период (1941-1991), демократизацијата па до денес, пишувајќи за
социјалните, политичките притоа и духовните и моралните појави.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






124


Kако непресушен извор, од Владмир Костов постојано извира ин-
спирацијата да се пишува за родниот крај – Битола и неговата околина.
Костов е врвен книжевен хроничар на Битола, без која не може да се
замисли неговото прозно творештво. Тој ја опфаќа нејзината историја од
нејзиното средновековие па до сегашноста. Во таа смисла, Владимир Кос-
тов е многу сличен на Иво Андриќ, бидејќи Големата тема и кај двајцата е
градот, кај Костов – Битола а кај Андриќ – Вишеград. И кај двајцата, кни-
жевните теми се сместени во локални области но прозвучуваат во глобал-
ни и универзални рамки. Со таа разлика, што Владимир Костов, заради
непреведеноста на други јазици, како и ограничената распространетост на
јазикот на кој пишува – македонскиот, сè уште останува непознат во по-
широкиот балкански и европски простор.




ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА КНИГИТЕ ВО ЖИВОТОТ


За тоа колку луѓето не го ценат творештвото, а уште помалку се
однесуваат кон него како што треба, Владимир Костов пишува во својот
расказ Книга.


Расказот започнува со опис на детето Никола. Конкретно, опишана
е мислата и чувството на Никола повеќе, отколку самата негова надво-
решност.


Всушност, Владимир Костов знае вешто и свесно да ги пропушти
екстерните описи кои што не придонесуваат многу за фабуларниот тек на
расказот. Костов не гради ликови – силуети, туку најконцизно, сликовито,
изразувајќи бунт кон традиционалното надворешно портретирање, ги од-
бегнува широките описи, сведувајќи ги на најнеопходното. Костов по-
веќе го интересираат мислите, чувствата и делата на ликот за кои се чи-
ни дека сами по себе се доволни да ни овозможат да ги претпоставиме
надворешните карактеристики, притоа сосем јасно знаејќи за каков лик
станува збор. Пр.:




„Детето Никола одеше по една арабаџиска кола, натоварена
со книги, како што исто така едно куче одеше по колата од
касапницата, натоварена со месо, која се наоѓаше на неколку
метри пред колата со книгите.“


Во оваа втора реченица од расказот, веднаш се забележува умеш-
носта на В. Костов со малку зборови да каже многу. Во само една речени-
ца авторот успева да го воведе главниот лик, неговите желби, детски стра-
сти, кои подоцна ќе му станат и животна определба, како и упорноста која
ја носи како лик:




„Кучето залудно се надеваше дека ќе се добере до некој ко-
кал, но детето Никола не губеше надеж дека ќе дојде до сво-
јот плен.“




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






125


Костов го споредува детето со куче кое бара храна. Гладта на ку-
чето за месо е исто што и гладта на Никола за книги.


Притоа, покрај описот на мислите и чувствата на Никола, авторот
воведува и арабаџиска кола во функција на индиција за настанот кој сле-
ди. Владимир Костов е одличен логичар, па затоа и одлично ги користи
индициите како показатели, симтоми за нешто што следи. Не случајно ко-
лата е арабаџиска и се движи по калдармисана улица, зашто само во тие
услови книгата би можела да се лизне од купчето подврзани книги и да
падне на патот.


Детето Никола ја зграбува книгата а тој бидува зграбен од друг чо-
век за уво. Следува еден од типичните концизни описи на Костов за овој
нов лик. Уште пред да го опише ликот на Киме Василичин, претпоставу-
ваме каков би можел да биде, по потегот што го изведе кој донекаде и го
најави – тргање за уво. И не очекуваме некој интелектуалец во костим,
нели? Описот е следниов:




Еден човек во виндјакна, препашан со ремен и пиштол на
ременот, држејќи го за уво, го натера да ја врати книгата во
колата.


Всушност, името не е ни дадено во овој почетен опис. Намерно,
неговото име и функција се дадени подолу во текстот, како второстепени
за случајно да не ги помешаме: она како би требало да се однесува, со она
како навистина се однесува овој лик. Напротив, впечатокот е најискрен
кога не знаеме ништо повеќе за ликот освен неговите постапки. Постап-
ките треба да го дефинираат човекот – а не функцијата и името кои ги но-
си! А ние доста брзо го добивме впечатокот дека овој лик не е баш култу-
рен и дека не е голем обожувач на книги:




Човекот, мрморејќи му нешто и заканувајќи му се со прстот,
го пушти, а самиот, туркајќи ги книгите во арабаџиската кола
како да се зелки, ги потсобра на куп.


Но, главното формирање на претставата за ликот, допрва следи,
кога тој ќе „се покаже“ правејќи еден крајно груб гест, кој патем е и глав-
ниот настан или јадрото во расказов.




Таа (книгата) падна и по третпат. Тогаш тој од појасот го из-
влече пиштолот и, небаре застрелувајќи ја, со куршум ја про-
дупи во средината. Така продупена ја надена на еден од стра-
ничните колци на колата изострени како шилци. Притоа, како
да направи подвиг, погледна наоколу небаре во очекување на
аплауз.


По оваа кардинална функција веќе ни е јасно кој и каков е ликот.
Следното дополнување на описот со неговото име, презиме и функ-


ција само ја воведува ироничната страна на расказот. Човекот работи




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






126


како изврштел при Референтство за култура во Народниот одбор!
Книгите ги растовари во испразнетата просторија на Еврејската


авра зад Безистенот, .... успешно вметнатиот информант за местото на
одвивање на настаните, уште еднаш упатува на кој друг град – ако не на
родниот на авторот – Битола.




Засилување на иронијата е видливо во следното:


Одбра неколку дебели, меѓу нив и онаа што со куршум ја про-
дупчи и со нив се врати дома. Тие му послужија небаре тули
со кои го потпре на средината креветот зашто многу му крц-
каше“ .


Книгите за Киме Василичин се толку безвредни, што покрај про-
дупчувањето со куршумот тој ги стави и буквално на најниското место во
својот живот, на подот – да му го потпираат креветот кој крцка. А крцка
зашто веројатно е премногу користен за излежување и други телесни за-
доволства.


На удобниот и сладострасен живот на извршителот Киме, укажува
и богатата порција храна која го следува во мезата, играњето домино по-
сле работа и вечерната дружба со готвачката од мензата – Дана. Но Дана
не е која било жена, туку е жената на неговиот пријател Мите, со кого
претходно играше домино. Со ова, веќе ликот е целосно дефиниран како
неморален хедонист кој не покажува чест спрема никого и ништо.


Авторот ја кулминира иронијата допишувајќи :


Книгите меѓу кои и онаа простреланата успешно си одгово-
рија на својата намена.


Ништото на Киме кај детето Никола остави длабока рана. Сега Ни-
кола е стар професор по книжевност и писател, кој минувајќи низ чарши-
јата здогледува дете кое во рацете ја држи истата продупена книга од
пред педесет години.


Раната на Никола е повторно жива, всушност никогаш и не поми-
нала бидејќи како што се гледа и од неговото детството и од неговата
професија тој многу ги сака книгите и пишувањето, па за него прострела-
на со куршум книга е рамна на ранет човек. Па затоа тој сиот растреперен
ја пролистува и се соживува со неа, исто како со живо суштество :


На стрaниците забележуваше засушена крв од простреланата
рана.




Владимир Костов, како автор е познат и по својот симболизам. Ра-
ната, всушност повеќе била на Никола, останата од детското срце- откол-
ку на самата книга.


Но сепак, за професорот Никола книгите имаат душа, па според
тоа можат да бидат и ранети. Но ранети не е исто што и мртви.





СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






127


Додека живеат и постојат, дури и само со постоењето книгите
можат да спасуваат! Книгата макар и продупена ја воздигна душата на
Никола и му овозможи да ја тргне грижата на совест чувствувајќи се хе-
ројски дека ја спасил. Зашто, во суштина спасувањето на животот на кни-
гата беше спасување на животот на детето, кое на прашањето од професо-
рот Никола:




– Колку пари бараш за неа?, oдговори:
– Колку за еден леб.




За Киме книгата беше целосно безвредна: тој прво се обиде да ја
уништи, откако не успеа- ја понижи, за на крај да ја исфрли. Но ова е една
поучна приказна дека секоја книга има огромно значење во човештвото,
зашто таа, колку и да изгледа безвредно во очите на еден човек – за друг
може да значи живот, постоење. Како што вели авторот во дел од текс-
тот:


Книгите како и луѓето, си имаат своја судбина.


Некој, поддржан од општествената функција, како Киме, ќе прави
нечовечки работи и пак ќе ужива во топлиот оброк со најсвежо месо, до-
дека пак некој обичен смртник, како детето од улица, ќе се бори за егзис-
тенција. Истото е и со книгите: некои ќе се сместат на топло и удобно во
некоја книжара, а некои пак ќе се најдат во отпад молејќи се некој да ги
пронајде, да ги открие. И едните и другите ја имаат спасителската мисија
на светот, само што едни се повеќе ценети, а други се фрлени на страна
како безвредни. Во тоа е и длабоката симболика на целиот текст, книгата
е метафора за авторот. Филозофијата за животот на книгите е филозо-
фија за живеење на авторите.


Скоро сите од нив некогаш се нашле исфрлени и повредени, на-
место ценети и згрижени – но битното е да издржат, да се борат за своето
постоење надевајќи се дека еден ден ќе дојдат до некој кој искрено ќе ги
сака и ќе ги цени, како што тоа беше Никола.


Во неговата подлабока суштина, расказот нè упатува и во живот-
ниот тек на самиот автор, каде и тој како и книгата некогаш се нашол от-
фрлен и непочитуван од страна на „опашаните“ (арогантните, надуените,
стегнатите пред сè, во мозокот па и во телото и душата). Идејата е дека и -
покрај непријатните искуства, треба да се има трпеливост и верба за до-
живување едно подобро време каде луѓето, авторите и книгите ќе се ценат
онака како што навистина заслужуваат.




Воопшто една од карактеристиките на литературата на Вла-
димир Костов е да создава уметност. Но паралено со тоа тој
да ја мисли неа и да размислува за неа“
(Старделов, 2004:704)




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






128


НАДЕЖТА ВО МЛАДИТЕ


Каде си тргнал, сине? (1980) е наслов на роман за млади од Влади-
мир Костов, а воедно ова реторско прашање е и лајтмотив за сите раскази
чии главни ликови се избраници од поновата генерација во општеството.


Владимир Костов пишува и за деца и младинци патем отстапу-
вајќи од клишето дека литературата за младите опфаќа само убави
нешта. За него таквата литература, во основа е неестетска, невоспитна и
упатува порака дека животот е лесен. Напротив, во расказите на Костов,
посветени на младите опфатени се и неостварените мечти, падовите,
моралните скршнувања, дилемите, кофронтациите во и надвор од ге-
нерацијата.


Идејата е дека преку непријатните настани и краеви треба да се
шокираат и „освестат“ младите, како полесно да ги воочат искривености-
те во системот и моралните вредности кај луѓето и на тој начин полесно
да се спротистават на истите. Затоа, неговата литература на не толку
отворен, ами еден подлабок, симболизиран, скриен начин на пишување,
пренесува пораки за животот до младите.


Расказот „А бре, Сребре” содржи прекор уште во самиот наслов, и
претставува едно предупредување за сите млади генерации дека животот
ќе им донесе и многу несакани ситуации, неправди, изневерувања па и ра-
зочарувања и ќе ги научи полека но сигурно да не веруваат секому зашто
не е сè како што изгледа, односно: „Сè што лета не се јаде!“


Уште во почетните реченици авторот го воведува ликот на Зораи-
да, давајќи експлицитни податоци дека таа е




.... вонредна убавица... висока, стројна, грациозна...и водечка
танчарка во Друштвото...и на никој не му даваше ни најмал
повод да се осмели да и се приближи.


Анализирајќи го расказов според актантниот модел на Алжирдас
Жилиен Гримас, каде се неопходни шест актантни функции, ја добиваме
следната актантска шема:




























А1 (адресант) - Љубовта А2 (адресат)
Сребре + Зораида






S (Субјект) Сребре


Оска на копнежот




О (Објект) - Зораида


Po (помошник) – Австралија Pr (противник) – Грдан
+ Немањето пари


Графички
приказ на
актантската
шема на
Гримас




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






129


Зораида би била објектот кон кој се движи оската на копнежот,
од субјектот Сребре. Адресантот (испраќачот) е љубовта. А пак, адреса-
тот самиот Сребре и Зораида. Kако негов противник се јавува Грдан и
немањето пари. А помошник би била Австралија.


Како лик Сребре, физички и психички е достоен за Зораида. И тој
е водич на машката група на ансамблот и:




... е стројно момче и талентиран играорец...Никој нему во
друштвото не му го оспоруваше правото да претендира на
неа и како момче со убавина рамна на нејзината и како
играорец со талент рамен на нејзиниот.


Навидум сè е убаво и доволно да се оствари, ако не беа и парите,
кои Сребре ги нема, противник – за остварување на желбата да биде заед-
но со Зораида. Грдан како што кажува и самото име, иако грд и нетален-
тиран е сериозна конкуренција на Сребре зашто објектот на посакување
кај Зораида се парите.


Зораида го предизвикува и уценува Сребре да замине на печалба
во Австралија на две години и да заработи пари колку што има Грдан за
да биде со него. Во меѓувреме таа му ветува:




За тие две години јас ќе го играм во Друштвото „Невестин-
ското“ со мислите кај тебе и желбата да те пречекам како тво-
ја невеста.


По ова има една стилистичка елипса на настаните кои се случувале
во меѓувреме. Авторот најдиректно го пренесува главниот настан oд фа-
булата на приказната:




Сребре уште во Австралија дозна дека таа се омажила за Гр-
дан.




Со оваа реченица дознаваме дека Сребре заминал а Зораида не го
исполнила ветеното, го изневерила, го предала и го разочарала.


Ништо кај Костов не е случајно, тој дава семантички полни ими-
ња кои го разгатнуваат и самиот лик.


Па така Зораида, од една страна со суфиксот – ида потсетува на
античките божици кои биле познати по својата убавина, од една страна,
но и по разгаленоста, од друга страна.


Конкретно мене, Зораида ми асоцира на Артемида, ќерката на Зевс
која била божица на ловот, ловела животни (во овој случај/расказ Зораида
лови пари).


Како ироничен момент за споредба, е што Артемида била една од
ретките божици девици што не се омажила, што не е случај со нашата
„божица“. Таа спротивно од девствено ги изиграла и двајцата мажи од по-
себно значење во нејзиниот живот. Алтернативно, не требало да се ома-
жи, бидејќи и таа како и Артемида, знае да се сака само себеси.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






130


Од друга страна пак, именката зора е метафора за светлина, то-
плина, чистина и надеж. Како што изгрева новата зора, новиот ден, така
изгрева и новата надеж кај човекот. А Зораида беше надежта на Сребре.


Но, суфиксот – ид во хемијата и други области од науката се при-
пишува на хемиски елементи со својства слични на некој друг елемент,
односно на оние кои само наликуваат на вистинскиот. Така и Зораида, са-
мо наликуваше на вистинска зора, надеж на Сребре.


А тој пак, како и името, остана сребрен, второстепен по важност во
животот на Зораида, и покрај тоа што го направи за неа. Грдан пак, како
што вели самата




... е лошо име, но ако е позлатено, ни малку не предизвикува
лош впечаток.


Со тоа Зораида го изнесува и својот став за материјалните добра,
дека можат да покријат и многу нешта, па дури и грд човек со уште по-
грдо име. Јасно е дека таа не верува во љубовта, како што тоа на еден ро-
мантичен и наивен начин тоа го прави Сребре. Но Сребре, не верува само
во љубовта ами и во добрината ,искреноста и чесноста на луѓето. Но, жи-
вотот се покажал како најдобра школа за тоа дека човек не треба да биде
наивен. Тој и поверува на Зораида, но се најде скршен и повреден.


Расказот привршува така што Сребре се враќа во Друштвото за да
изигра едно „Чивте чамче“ оро и да се сретне со Зораида и Грдан.


Сребре се поздравува со сите пријателски, па дури и со Грдан кој
го прегрнува. Оваа прегратка го неутрализира ликот на Грдан како про-
тивник дека тој всушност и не му посакува лошо на Сребре, но ете таков е
животот и околностите. Грдан дури и му го придржува тапанот на Среб-
ре, додека овој се исправува на него, како дел од играта.


Расказот (или како што се изразува В. Костов – сказот) завршува
на следниов начин:




Се исправи во целата своја должина, вртејќи го шамичето
околу главата и, по стар обичај, со поглед ја побара Зораида
меѓу играоркиоте, собрани на старна во група и загледани во
играта на играорците. Лесно ја откри бидејќи беше најубава
меѓу нив, фатално убава, и кога помисли дека таа како обич-
но ќе го избегне неговиот поглед, овојпат тоа не се случи.
Овој пат погледите им с есретнаа. Фатен од нејзиниот поглед,
тој остана многу подолго отколку што беше потребно во по-
зата на кулминативните тактови на „Чивте чамчето“. Тапан-
џијатта, не напуштајќи го основниот тежок такт, со тенката
прачка брзо удираше по тапанот, небаре предупредуваше на
опасност. Но Сребре се така не ја напушташе величествената
поза, втренчено загледан во Зораида.Беше смртно пребледен.
Грашки пот му го облеаја челото. Се фати за срце. Тогаш ја




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






131


загуби рамнотежата, се заниша и мртов се струполи на подот.


На еден драматичен начин го доживуваме крајот на расказот, како
и крајот на Сребре. Setting-от на сцената (односно одомаќениот облик на
француската верзија на изразот – „мизансценот“) може да е одлика на
внатрешните расположби на ликовите. Како што чука тапанот, така чука
и срцето на Сребре, забрзано предупредувајќи на опасност. Вистинската
опасност за срцето на Сребре беше погледот, кој за прв пат го доби од Зо-
раида.


И овде како и во другите раскази, Владимир Костов остава прос-
тор за сопствена размисла и заклучок зошто крајот е баш таков – најчесто
трагичен.


За овој расказ ги предлагам следниве толкувања за крајот на
истиот:




1. Погледот на Зораида бил копнежот, желбата, се што му треба, на
Сребре, па откако го доби е спремен да умре.




2. Зораида е фаталната жена (femme fatale), која со еден поглед го
натера да сфати дека животот без неа не е вреден, па Сребре од мака оти
не е негова – умре.




И третото, според мене и најсоодветното...
3. Сребре конечно го доби вниманието кое го посакуваше од Зора-


ида, но не како човек, туку како некој кој ги задоволува нејзините матери-
јални каприци. Сфаќајки го нејзиниот поглед, вџашен од помислата дека
на таква жена го посветил животот – умре!




Првата и втората варијанта се романтичарски размисли за крајот,
каде се можни два завршетоци: да се случи љубовта и субјектот да се
усреќи, или да не се случи љубовта и субјектот да заврши трагично. И
двата краеви се одлика на романтизмот како правец. Меѓутоа, Владимир
Костов не припаѓа на романтичарите ниту временски, ниту по тематска
определба, ами е современик кој трезвено и со една симболика за реал-
носта говори за можните и најверојатните случувања, наспрема посакува-
ните и невозможните на романтичарите. Па според тоа не би рекла дека е
ова вистинскиот заклучок за крајот.


Познавајќи ги идеите на овој наш современик би можеле да каже-
ме дека веројатно третата размисла е онаа најблиската до тоа што ав-
торот, навистина ни го испраќа како порака. Токму тој сака да ги „казни“
главните, добрите, морално-чесните ликови со неповолен крај. Тука не се
работи за подучување на читателите дека злото и нечесноста е она кое во-
ди кон благ живот, или дека добрите умираат, а лошите се среќни.


Напротив, со таквата филозофија и психологија на живеење на не-
говите ликови, Владимир Костов, само потенцира дека добрите иако мо-
жеби завршуваат лошо, сепак нивниот морален и чесен живот ќе им обез-




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






132


беди мирна совест и достојна смрт која пак значи едно ново раѓање, из-
дигнување. Ваквите толкувања се темелат на христијанската етика, како
и богомилскиот дуализам кои се основно проткајување и обележје во
прозата на Владимир Костов. Сепак, самиот верува во превласт на Добри-
те врз Лошите сили во човекот. Затоа тој се карактеризира со една голема
мисловност во сите свои пишувања и е еден од поголемите моралисти на
нашата книжевност. Ретко кој до толкава мера е писател и мислител, а ис-
товремено да не биде преголем мислител за да може да биде писател.


ЗА ПАРАБОЛАТА И ЧУДАТА
ВО РАСКАЗИТЕ НА ВЛАДИМИР КОСТОВ




Јас го сакам реализмот се дури не премине
во фантастичност, бидејќи што може за мене
да биде пофантастично и понеочекувано,
па и поневеројатно од стварноста.
Ф.М.Достоевски


Расказот „Парабола“ е илустративен во вистинска смисла за да мо-
же да се сфати суштината на параболата, како фигура и функционална
апликација, во расказите на В. Костов. Овој извонреден расказ („Парабо-
ла“) од богатството раскази во „Хераклејски мозаик“ ни го запира здивот
уште со првата реченица: Нема чуда и чудотворци.


Со тоа ги отвараме портите од приземјениот ум на авторот кој
бестрашно и погледнува на вистина в очи. Таму каде што за луѓето е не-
видлива логиката, ја објаснуваат со чуда и чудотворци. А, Владимир Кос-
тов е одличен логичар, па за него чудото не постои – туку треба да се
случи во човекот внатре во душата и разумот (како хомо сапиенс- разу-
мен човек), со што самиот би ја изменил својата свест кон Доброто. Чудо-
то нема да се случи ниту од Спасител, ниту од Бог. Тие се тука само за да
го подобрат човекот како суштество, да ја натежнат неговата душа кон
Доброто, да го потсетат дека Доброто постои и дека кон тоа треба да се
стреми.


Со неговата неконформистичка литература, Костов се залага да ги
отвори очите на луѓето пред сите зла и неправди кои се во овој свет, да им
ги посочи и да им каже како не треба.


Затоа, повеќето од ликовите на овој автор се несреќни луѓе.
Тие се трагични ликови кои потиснати од општествената стварност и
изобличувањата кои таа ги предизвикала го доживуваат својот несреќен
крај. Скоро сите ликови кај Костов ја доживуваат математичката парабо-
ла. Од земјата-Ништото дојде, се издигна во Ништо и во Ништо (земја) ќе
си одиш. Неговите ликови се раѓаат невини и чисти, растат, го достигну-
ваат својот врв на нехуманоста, неморалноста и нечесноста за на крајот да
се најдат на најниското ниво на животната форма, да умрат како црви и да
се претворат во мрша. А во мрша се претвора само лошиот човек, зашто
добриот ќе се издигне, ќе воскресне како Христос (за него најголемиот




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






133


Богочовек), ќе се претвори во гулаб, гулаб кој носи порака за мир, свето-
вен и духовен.


Иако, скоро сите од неговите ликови се луѓе кои вршат или врз кои
е извршена неправда, преку нив всушност, Владимир Костов ги изразува
своите христијански параболи, со дидактички и праведен карактер.


Несреќен лик е и метачот Ставре, од овој расказ „Парабола“. Се
работи за еден идеализиран лик: добар, морален и чесен човек, кој сепак
завршува физички казнет. Ставре работи цел ден за сомун леб и конзерва
риби, со што би го нахранил своето шестчлено семејство. Чистејќи наоѓа
торбичка со дваесет илјади марки. Уште пред да отиде дома и да ја однесе
храната, Ставре оди право во полициската станица за да ги пријави нај-
дените пари. Командирот го пофалува и притоа му посочува дека закон-
ски му следуваат дел од парите. Но, Ставре не ги прифаќа, а пак команди-
рот дополнува дека и покрај тоа што се откажал, сопственикот на парите
кога ќе ги побара истите и види дека му се вратени, сигурно ќе му отста-
пи дел од нив како благодарност. На тоа Ставре одговара:




Ако не е некој сиромав. Зато претпоставувам дека е некој од
уличните разменувачи на пари кој на мраз и на сонце, на
дожд и ветер работи на улица за некој газда, и тој на процент.




Командирот пак му возвраќа:


Со својата чесност ти си за на крст!


Ставре ја напушта полициската канцеларија испратен со тупкање
по рамо. Излегувајќи, командирот и неговиот помошник немо, разменува-
ат поглед, при што разбрани, првиот му наредува на вториов:


Оди удри му ќотек!


Помошникот ја извршува наредбата, оставјќи го Ставре во крв на
подот. Тој пак едвај станува и со лебот под мишки и конзервата в џеб се
довлечкува до својот дом. И тука ние остануваме зачудени, што значи
прикаската е успешна. Бидејќи, како што пишува самиот автор пред да ја
раскаже истата:




Ако прикаската, макар раскажана со прости зборови, не зачу-
ди, не е прикаска.




Расказот привршува со зборовите:


Ете, тоа е прикаската која сакав да ви ја раскажам, поттикнат
од библиските прикаски поврзани со чудата и мудроста на
Христос.




Расказот завршува со извиците:


– Неверојатно! Чудно!




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






134


Ваквата библиска прикаска во теоријата на литературата се
нарекува парабола и се состои од три дела. Во првиот дел се
претставува проблемот, во вториот се решава, а во третиот се
дава поуката. Во кој од трите дела на мојата парабола цениш
дека е случено чудото?


Најпрво ќе започнам со формата на самиот расказ, а потоа ќе пре-
минам на негова содржинска анализа. Се работи за текст во текст, од-
носно авторот применува една добро позната постмодернистичка техни-
ка на вметнување приказна во приказна, додавајќи длабочина во рас-
казот. Притоа видливи се референците и цитатите од Библијата поста-
вени во прашална форма која го карактеризира како колеблив наратор:
Христос одел по вода? Со пет леба нахранил четири илјади луѓе? Вос-
креснал? Рај, пекол?


Иако поголем дел од прашањата се иронично поставени и во се-
бе алудираат на одговорот, кој подоцна се дава – сепак, барем на дел од
секунда, како вистински постмодернистички писател, Костов му ја дава
приликата на читателот да размислува, да одговара, да допишува. А со
условно „недовршениот“ завршеток, и тoa како, му ја подарува таа приви-
легија. Но во овој расказ Костов не е само колеблив, туку тој е и уверлив
наратор. Наметнува дел од своите размислувања како општи факти, што
и не значи дека не се. Па така самиот автор ја презема улогата на наратор
во прво лице јасно изнесувајќи ги своите одговори во убедлива форма.
Пр: „Токму тоа“; „Човекот – тоа е бог, Бог – тоа е човекот“. Можете да се
согласите или да не се согласите со тврдењата на Костов. Но во едно неш-
то мислам дека сите ќе се согласиме: дека Владимир Костов успева да нè
замисли за дуализмот на вистината со невистината, доброто со злото, пра-
ведноста со неправедноста.


Целиот прв дел е стратегија на наративно одлагање, односно во-
ведување во она што на крај треба да случи: да се раскаже приказната, да
се разреши сето претходно кажано, да се разгатне параболата. Но парабо-
лата е оставена да ја разреши самиот читател, со реторското прашање:
„Во кој од трите дела на мојата парабола цениш дека е случено чудото?“.
Во суштина и не е толку реторичко прашањето, зашто реторско прашање
е она на кое од напред се знае одговорот.


А во овој случај, не сум сигурна дека одговорот на прашањето е
еден и јасен, туку лично јас, нудам повеќе одговори.


Првиот а веројатно и вистинскиот одговор според мене, е дека чу-
дото е случено во претпоследниот дел од приказната, кога командирот
му нареди на својот помошник да го претепа Ставре. Зашто тоа и нај-
многу ме очуди. Кога стигнав до тој дел првото прашање кое рефлексно
се појави во мене беше едно големо ЗОШТОООО?! ЗОШТОООООО!!!?
А чудата зачудуваат, чудата поставуваат такви прашања во секој од нас:
Зошто? и Како? Зошто да го претепаат и како да си го дозволат тоа со




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






135


човекот кој ја изнесе сета своја добрина, чесност и моралност на дело.
Одговорот веројатно го даваат ликовите во целокупното твореш-


тво на Костов, кои се различни по класи и сталежи, политики и вери,
професии и бранши но се обединети во несреќата, произлезена од
нивната материјална опседнатост, ништожност, привидна среќа, зло-
употреба кариеризам, лага и неморализам на сметка на чесноста, ис-
креноста, љубовта, добродетелството.


Но суштински, Владимир Костов и не ги осудува своите лико-
ви, бидејќи генерално верува во доброто во човекот, а лошите карак-
теристики ги припишува како резултат на налудничавото време во
кое живееме, на моралната криза што ја доживува современата циви-
лизација, на транзиционите состојби и тешката егзистенција каде има
само две крајности – осиромашување и богатење. Па затоа и командирот
и неговиот помошник ги карактеризира како такви, како луѓе кои во трка-
та по материјалните богатства ги изгубиле своите морално-етички вред-
ности, задоволувајќи се со неблагодарното лице на парите.


Во реченицата на командирот: „Со својата чесност ти си за на
крст!“ – суштински е проткаено командировото мислење за добрината.
Всушност тој не се восхитува, ами иронично мисли дека таквите како не-
го, добрите и наивните – треба да се распнат, да се уништат, да не посто-
јат. Затоа и му го удрија ќотекот, како казна, да го научат „како треба“. Да
можеа и ќе го распнеа тоа кутро човече, исто како што го распнаа Исус,
со изговор дека се прогласувал за син Божји.
А таквите како Ставре и навистина се синови Божји и тоа е моето
второ чудо во прикаскава. Како Ставре е толку добар, во овој – со не-
чесности преплавен свет? Ставре и навистина е за на крст! Но, овој пат во
една вистинска смисла, како симбол на добродетелството, како симбол на
вербата во хуманоста, како симбол на чистотата во една морално - етичка
и духовна смисла.


Чудо е што како сиромашен, без пари, немоќен дури и да го на-
храни своето семејство, Ставре без двоумење ги врати парите, и тоа во це-
лосниот износ! А уште поголемо чудо е што не сакаше ни награда. Тоа
го направи од чисто хумани цели, притоа тргајќи од себе. Ставре се води
според начелото: „Она што не сакаш да ти го прават тебе, не прави им го
на другите“.


Чесноста и сочувствителноста на Ставре, оди до таму што тој си ја
замисли најнаивната варијанта дека и другиот сигурно се мачи за корка
леб, работејќи на процент, не ни помислувајќи дека може парите да се не-
гова сопственост па ги има во изобилие. Тупкањето по рамо на испраќа-
ње, дава една иронична конотација и однос на богатите спрема сиромаш-
ните, на надредените спрема подредените, на моќниците спрема обичните
луѓе.


И затоа Владимир Костов секогаш е на страната на општестве-
но малите, но духовно големите луѓе. Зашто смета дека токму таквиот,




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






136


обичен, прост човек, кој има функција на метач, кој е далеку од власта и
корупцијата може да е да се однесува многу почесно и поискрено од сите
оние со високи функции во општеството, кои имајќи го својот интелект и
желба за општествен и економски напредок, ја продале душата на Сатана-
та која е семоќен творец на материјалниот свет, но немоќен да создаде
живот, дух и тело.


Крајот со елементи на трагизам е присутен во скоро сите раска-
зи. Костов отстапува од среќниот крај за да ја претстави трагедијата на
животот кој исто така завршува со смрт а тоа е бегството од овоземската
вистина, нова можност за искупување на гревовите. По тоа литературните
инспирации го доближуваат до Достоевски.


Ако второто чудо беше да се биде чесен во ова време, тогаш тре-
тото чудо е да се остане чесен, како што тоа го направи Ставре замину-
вајќи понижен од несреќниот настан без никаков коментар или реакција
цврсто одејќи кон своите цели. Притоа оставјќи ја да лебди неискажана
(но претпоставената) Христова мисла: „Прости им Господи, не знаат што
прават“.


И крајно, индиректното чудо претставено како идеја во сите рас-
кази и романи на В. Костов би било, приказната (од овој и сите други рас-
кази) и литературата воопшто, конечно да проделува врз свеста на чо-
векот и да го подобри општественото и духовното живеење на самиот
него.


ЕПИЛОГ, НАМЕСТО ЗАКЛУЧОК


Кај Владимир Костов, ништо не е случајно, неговите раскази ба-
раат висока концентрација и знаење од повеќе области за да можат пра-
вилно да бидат анализирани и разбрани. Тој е еден од авторите кој се нао-
ѓа на врвот кога е во прашање употреба на експеримент и симболизам
во литературата. Впрочем, тоа е и една од причините заради која авто-
рот и не е толку популарен меѓу македонските читатели. Неговата проза е
наменета на возрасните, младинците и децата, но пред се на онаа, како
што вели самиот елитна читателска публика (Костов, Интервју, 2013)
токму заради високиот степен на цитатност и симболика.


Да се пишува за нарацијата кај еден, како што се нарекува и сами-
от, писател кој не го интересира толку формата (иако одлично ја познава)
на пишуваниот текст, колку содржината и пораките кои таа ги пренесува
(морално-филозофските и естетските) – беше навистина предизвик. Сепак
со ова се потврдува дека формата и принципите врз кои се гради еден ли-
тературен текст, се многу важни за доброто дело, но сепак поважна и нај-
важна есенцијална вредност е Идејата. После формата и сите нејзини
анализи она што останува се идеите.


И да изгорат во оган книгите на Владимир Костов, и да не остане
ништо од неговата пишувана форма, во нас секогаш ќе останат неговите




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






137


идеи! Доволно е што ќе разгорат оган на кој ќе се грее Идејата за Добро-
то и Вербата во подобра иднина. А иднината – тоа се младите.


На книжевен план, неговиот т.н. влог во младите е голем, бидејќи
ги смета за рамноправни дури и еднакво моќни протагонисти со останати-
те, возрасните бидејќи иднината ја носат тие, и по правило, важат за оние
кои го движат општеството кон хуманизмот, љубовта и прогресот.




Денот се познава по утрото, човекот по детството! Затоа се
треба да направиме за утрата на нашите деца да бидат чисти,
јасни и сончеви (Костов,Тестамент: 96.)


Со цел барем малку да го оправдам неговиот влог, да му заблаго-
дарам и да му дадам мотив дека по нешто и разбираме ние младите, па да
продолжи да пишува – се обидов во негов стил, на еден симболичен на-
чин, да ја оформам структурата на овој труд, во кој ако се прочитаат под-
насловите ќе се дојде до идејата дека




УЧЕЈЌИ ОД КНИГИТЕ,
КОИ СЕ МУДРИ КАКО И ПОСТАРИТЕ,
А ОСТВАРУВАЈЌИ СО МЛАДИТЕ


- ЌЕ СЕ СЛУЧАТ ЧУДА!


ЛИТЕРАТУРА:


АНДОНОВСКИ, Венко (1997).- Структурата на македонскиот реалисти-
чен роман. Скопје: Детска радост.


АНДОНОВСКИ, Венко (2011).- Обдукција/абдукција на теоријата, том I:
Жива семиотика. Скопје: Галикул.


БАНОВИЌ-Марковска Ангелина (1999).- Интерпретативни стратегии: те-
ориски-критички есеи. Скопје: Ѓурѓа


ДИКРО, Освалд & Цветан ТОДОРОВ (1994).- Енциклопедиски речник на
науките за јазикот 1 и 2. Превод Атанас Вангелов. Скопје: Детска радост.


КОСТОВ, Владимир (2004).- Битолски сиџили. Скопје: Про литера, Југо-
реклам.


СТАРДЕЛОВ, Ѓорѓи (2004): „Литературата и философијата – кон литера-
турното творештво на Владимир Костов“, Поговор кон делото „Битолски-
те сиџили“, 689-734.


КОСТОВ, Владимир (2004).- Хераклејски мозаик. Скопје: Про литера,
Југореклам.


КОСТОВ, Владимир (2004). - Обителска трагедија. Скопје: Про литера.


КОСТОВ, Владимир: Интервју во неговиот дом, направено на 29.08.2013.


КОТЕСКА, Јасна (2002).- Постмодернистички литературни студии. Скоп-
је: Македонска книга




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






138




СИЛЈАН, Раде (2006).- Македонски писатели и дела. Скопје: Матица Ма-
кедонска.


СИЛЈАН, Раде (2011).- Текови на македонската литература. Скопје: Клуб
Матица.


СМИЛЕВСКИ, Веле (1990).- Македонскиот расказ: прилози за историјата
на македонската книжевност. Скопје: Македонска книга.


СТАНКОВИЌ, Љубиша (1988). - Личности и дела. Битола: Мисирков.


ЦВЕТКОВСКИ, Радован П.- „Големата тема на Костов – минатото и се-
гашноста на Битола“ во списанието „Современост“ (Скопје), 1-3/2005





































































СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






139












































































С
л


ав
и


ц
а


М
и


ха
и


л
ов


а





П
ре


де
л“


,


те
м


пе
ра



на



ха


рт
иј


а







СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






140





























































































СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






141




Здравко Божиновски


Едгар Алан По


ГАРВАНОТ


Еднаш дури в полноќ глува изнемоштен размислував
над ракопис заборавен, необичен, редок еден,
потонат во дремка лека гребаница слушнав нека,
како некој на вратата од кабинетот мој да чука.
„Посетител некој – реков, – на врата моја чука,
друго ништо нема тука.“


Ах, го помнам тој ден јасно, во декември беше, касно,
жарчињата што гаснеа светлост матна испуштаа,
а јас буден утро чекав, по заборав в книги пекав
за спомените тажни мои по Ленора изгубена,
убавица невидена, од ангелите „Ленора“ наречена,
име какво тука нема.


Од завесата в пурпур цела, со набор од свила бела,
трепет сетив, ужас сал, каков не сум чувствовал;
за срцето да го смирам јас почнав да повторувам:
„Гостин некој на вратата од кабинетот чука, мој,
посетител доцен некој во кабинетот сака мој,
ништо друго, само тој!“


Штом така се окуражив, да прозборам се одважив:
„Господине ил госпоѓо – реков, – молам да простите,
јас задремав, тивки бевте, бесшумно се доближивте,
чукањето и одот тих јас не ви ги осетив.“
И тогаш во еден здив вратата ја отворив -
а надвор мрак, никој жив!


В темнината гледав вџашен, чувствивајќи уплав страшен,
кошмар имав најужасен, каков немал никој створ,
наоколу мирно беше, а душата ми гореше
од шепнатиот тогаш збор „Ленора“, тој нежен збор
што го шепнав, а ехото „Ленора“ врати в одговор!
Ништо друго, сал тој збор.


Во собата влегов тогаш в душа пламнат ко никогаш,
и чукање слушнав пак со звук еден доста јак.




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






142


„Веројатно – реков, – нешто зад прозор се крие вешто!
Ќе погледнам низ прозорот каква тајна крие дворот,
за в срцето страв да немам штом тајната ќе ја снема,
сал ветрот е, друго нема!“


И, ја турнав пенџерката. В миг, мавтајќи со крилјата
во мојата соба влета гарван црн, стар многу лета,
без почит да стори така ил застане пополека
како лорд ил дама нека, над мојата врата слета
врз бистата на Палада, над мојата собна врата,
влета, седна мирен така.


Гарванот црн што се всели ликот ми го развесели
и покрај што страшен беше и сериозно изгледаше.
„Иако те бувка краси – реков, – гарван страшен ти си,
одвратен и грозен сет од Темниот дојден, брег,
зошто на брегот Плутонов баш името твое е секогаш?“
Тој гракна „Веќе никогаш!“


Многу сакав таа птица да ја слушам без граница
иако зборот чуден беше и ништо не кажуваше.
Веројатно друг ни еден човек не бил благословен
в кабинетот да му влета ваква птица црна сета,
над вратата, врз бистата да застане сама ноќе,
со името „Никогаш веќе.“


Гарванот црн качен горе на бистата го прозборе
сал тој чуден збор со кој го искажа духот свој,
и не рече друго нешто, ни со пердув мрдна вешто.
„И други птици – реков тогаш, – доаѓаа понекогаш,
ко мојата надеж и ти ќе исчезнеш засекогаш.“
А тој гракна „Веќе никогаш!“


Изненаден од тој створ, од неговиот одговор,
јас објаснив: „Несомнено секој овде кажан збор
од господин е несреќен, од катастрофа уништен,
што твореше песни силни за надежта мртва веќе,
за меланхолијата и тагата којашто да мине нејќе,
ох, никогаш, никогаш веќе!“


Овој гарван смотан така ме тераше в смеа јака;
јас ја турнав фотелјата пред вратата под бистата,
в седиштето кадифено седнав тивко, замислено,
и гледајќи во птицата долетана среде ноќе




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






143


мислев: какви несреќи ми навестува таа појќе
гракајќи ми „Никогаш веќе?“


Од погледот негов страшен што в срце ми продираше
седев долго без збор речен, во мислите задлабочен,
долго време размислував со главата опуштена
врз фотелјата кадифена,во пурпурно обоена
и целата осветлена од ламбата обесена,


во која ТАА да седне нема!


На темјан тогаш замириса в кадилница што се ниша
од на ангел божји одот по килимот мој на подот.
„Злобнику – јас реков, – Господ по тебе и по ангелот
утеха ми праќа мене за Ленора што ја нема,
заборав на спомените за Ленора изгубена!“


А тој гракна „Повеќе нема!“


„Пророку – реков, – бил ти ѓавол или птица злослутица,
испратен од сатаната ил исфрлен од бурата,
бестрашен и злобен, клет, в овој пуст, маѓосан свет,
в домов полн со ужас сал, те молам да ми кажеш дал
в Гилеада мевлем има за душава измачена?“


Гарванот гракна „Повеќе нема!“


„Пророку – реков, – бил ти ѓавол или птица злослутица,
те колнам јас во Господа и в небото без граница,
кажи, мојава тажна душа дали в рајот ќе ја гушка
покојната лична мома од ангели „Ленора“ наречена,
убавица невидена од ангели „Ленора“ наречена?“


Тој заграка „Повеќе нема!“


„Нека биде тој збор јак на раздебата наша знак,
бил ти ѓавол или птица!“ викнав лут јас в недопица.
„Врати се назад во бурата ил кај Плутон в темницата,
не оставај овде трага ко спомен за твојата лага,
тргни го клунот од срцево, сенката твоја да ја снема!“


Гарванот гракна „Повеќе нема!“


И, гарванот стои, чека, без намера да полета
од бистата на Палада над мојата собна врата,
погледот му наликува на демон некој што сонува,
а ламбата му ја фрла сенката на под цело време,
и духот мој од сенката што лежи на под цело време-


никогаш нема да се крене!




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






144


















































М
и


р
ја


н
а


Б
уб


ев
ск


а





La
dy


bu
g“


,


м
ас


ло


на


пл
ат


но




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






145




СОДРЖИНА


/ П О Е З И Ј А


Тодор Чаловски ............................................................................................... 5
Панде Манојлов ............................................................................................... 9
Петко Шипинкаровски .................................................................................. 12
Кире Неделковски ......................................................................................... 16
Милица Димитријовска-Радевска ................................................................ 19
Гордана Стојаноска ....................................................................................... 23
Весна Мундишевска-Велјановска ................................................................ 26
Даниела Андоновска-Трајковска ................................................................. 30
Елизабета Јончиќ ........................................................................................... 34
Никола Илијовски .......................................................................................... 37


/ П Р О З А


Владимир Костов ........................................................................................... 43
Никола Кочовски ........................................................................................... 47
Петре Димовски ............................................................................................. 56
Зоран Пејковски ............................................................................................. 59
Биљана Т. Димко ........................................................................................... 62


/ Д Р А М А


Трајче Кацаров ............................................................................................... 67


/ К Н ИЖ Е В Н А К Р И Т И К А


Васил Тоциновски ......................................................................................... 73
Панде Манојлов ............................................................................................. 76
Златко Жоглев ................................................................................................ 81
Мирјана Стојановска ..................................................................................... 93
Славчо Ковилоски ......................................................................................... 96


/ Е С Е И


Александар Прокопиев ............................................................................... 101
Христо Петревски ........................................................................................ 105


/ О С В Р Т И


Радован П. Цветковски ............................................................................... 111
Билјана Жоглева Петровска ....................................................................... 121


/ П Р Е В О Д


Здравко Божиновски ................................................................................... 141




СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ ГОД. III, БР. 3, 2015 Г.






146








ИЗДАВАЧ
Македонско научно друштво – Битола


Центар за култура – литература,
драмска уметност, филм и издаваштво




Ул. „Ленинова“ бб, п.фах 145,
Битола, Република Македонија


тел. +389 (0)47 222 683; +389 (0)47 550 683
Жиро сметка: 200-0008265087-65


Депонент на Стопанска банка А.Д.- Скопје




ЗА ИЗДАВАЧОТ
проф. д-р Игор Неделковски








СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ







КОМПЈУТЕРСКА ОБРАБОТКА И КОРИЦА
Весна Мундишевска-Велјановска







ЛИКОВЕН УРЕДНИК:
Љубица Мешкова-Солак







ПЕЧАТИ
Печатница ,,Графопром“ – Битола







ТИРАЖ
300 примероци







Битола
2015 г.