ÁÈÁËÈÎÒÅ×ÅÍ ÒÐÅÍÄ
СПИСАНИЕ НА
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
БИТОЛА
Издавач
Национална установа
Универзитетка Библиотека
„Св. Климент Охридски„, Битола
ул. Ленинова 39
За издавачот
Науме Ѓоргиевски, директор
Издвачки совет:
претседател
д-р Николче Вељановски
Јоланда Бошевска
Гордана Марковска
Редакција:
Главен и одговорен уредник
д-р Николче Вељановски,
Јоланда Бошевска
Илче Стојановски
Лектура и коректура:
д-р Николче Вељановски
Јоланда Бошевска
Фотографии:
Маријан Котевски
Компјутерска обработка и печат
МИКЕНА, Битола
Тираж
300 примероци
ISSN 1409–9497
Тел.: 047/220-208;
Тел./факс: 047/220-515;
Тел. на Изд.: 232-999
www.nuubbt.uklo.edu.mk
e-mail: nuubbt@uklo.edu.mk
СОДРЖИНА
БИБЛИОТЕКАТА ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
БИТОЛСКО КНИЖЕВНО НАСЛЕДСТВО
Ленче Андоновска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 2
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИБЛИОТЕКАРИ ВО ПОЛСКА
Марија Малгожата Мачковска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 4
ВОДАЧ НИЗ НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
Ленче Андоновска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5
КОН ИЗЛОЖБАТА „РАКОПИСИ ОД РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ“
Светлана Талеска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 6
34. СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНСКОТО БИБЛИОТЕКАРСКО ДРУШТВО
Благица Илијоска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7
СРЕДБА НА БИТОЛСКИ ПИСАТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА
Николче Вељановски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 8
СРЕДБА СО ДРАГИ МИХАЈЛОВСКИ
Разговорот го водеше Николче Вељановски. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 15
ОСВРТ КОН ДЕЛОТО „ВЕШТИЦАТА ОД ПОРТОБЕЛО“ ОД ПАУЛО КОЕЛЈО
Николче Вељановски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 17
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА
ИЗЛОЖБИ, ПРОМОЦИИ, ПРЕДАВАЊА
Приредил Драги Кабровски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 19
ОД ОДДЕЛОТ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУГА ЗА ВОЗРАСНИ
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ
Приредила Гордана Марковска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 25
ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ
Приредила Стеванка Петковска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 25
ПОВОД ЗА ДА ВИ ГО ПРЕТСТАВИМЕ
РАЗГОВОР СО ГОРЈАН ПЕТРОВСКИ
Разговорот го водеше Николче Вељановски. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 26
НОВО... НИКОЛА КОЧОВСКИ
ЛЕГЕНДА ЗА ПЛАНЕТАТА ГРАБА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 28
НЕДОРАЗБИРАЊЕ - РАДОВАН П. ЦВЕТКОВСКИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 29
ОД ЖИВОТОТ НА БИБЛИОТЕКАРИТЕ
АВТОРИТЕ КОН „ПЕРСОНАЛНАТА БИБЛИОГРАФИЈА
ЗА ВЕРА СТОЈЧЕВСКА - АНТИЌ“
Јоланда Бошевска, Цветанка Дамјановска, Лена Секуловска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 30
МУДРИ МИСЛИ 32
КУЛТУРА... БИБЛИОТЕКАТА ВО ПЕЧАТОТ
2
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
На секоја културна институ-
ција целта е иста, што повеќе да ја
развива меѓународната културна
соработка а со тоа да добива пого-
лема афирмација.
Изложбата на книги од род-
нокрајни автори, насловена како
„БИТОЛСКО КНИЖЕВНО НА-
СЛЕДСТВО“, всушност беше про-
ект, одобрен од страна на Минис-
терството за култура, во рамките
на меѓународната соработка на
Библиотеката. По воспоставување-
то на контакти со директорката на
Културно информативниот центар
(КИЦ) на Р.Македонија во Софија,
Р.Бугарија, г-ѓата Доста Димовска,
отпочнаа преговорите за успешно
реализирање на наведениот проект.
Уште на почетокот наидовме на
многу големо разбирање и профе-
сионализам од страна на дирек-
торката.
Во периодот на припреми за
реализирање на наведениот про-
ект заинересираноста од страна
на роднокрајните автори и повеќе
установи од Битола беше на завид-
но ниво, и истите ни отстапија по
еден примерок од нивните дела ка-
ко и рекламни материјали кои ги
поседуваат.
Свеченото отворање на излож-
бата беше на 01.06.2007 година во
Културно информативниот цен-
тар на Р.Македонија во Софија
Р.Бугарија, а истата беше отворе-
на за посетителите до 14.06.2007
година. На отворањето беа при-
сутни еминентни гости меѓу кои
и амбасадорот на Р.Македонија
во Р.Бугарија г-дин Абдурахман
Алити. Присутни беа и академи-
ци, универзитетски професори и
други љубители на македонската
литература.
Со поздравна реч се обрати ди-
ректорката на на КИЦ г-ѓа Доста
Димовска,, потоа директорот на
Библиотеката г-дин Науме Ѓорги-
евски ги запозна гостите со зна-
менитостите на градот Битола и
неговите карактеристики. За осно-
Приредила, Ленче Андоновска
виш библиотекар
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
БИТОЛСКО КНИЖЕВНО НАСЛЕДСТВО
3
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
вањето, развојот и организациона-
та поставеност на Библиотеката во
периодот од 1945-2007 година збо-
руваше г-ѓа Ленче Ан-
донов ска.
Пре-
т с -
т а в у -
вањето
на би-
толски-
те автори
и нивни-
те дела со
п о с е б е н
акцент на
делата на
В л а д и м и р
Костов, беше
од професо-
рот д-р Златко
Жоглев. Целос-
но предавањето беше презенти-
рано преку слики и текстови на
видео бим, со прикажување на ЦД
на општина Битола - FILM LAND,
а предавачите носеа беџови од оп-
штина Битола. За воодушевување
беше вниманието на присутните.
Истиот ден беше отворен и
компјутерскиот центар во КИЦ,
на кои им беа донирани компјуте-
ри од Министерството за култура
на Р. Македонија.
Книгите кои беа претставени
на изложбата беа поклонети на
Библиотеката во Културно инфор-
мативниот центар на Р.Македонија
во Софија, Р.Бугарија на обострано
задоволство.
По заминувањето од Софија, од
директорот на КИЦ бевме инфор-
мирани дека излож-
бата пре-
дизви-
кала голем интерес
и посетеноста била на завидно
ниво. Г-ѓата Доста Димовска ис-
прати писмо до Библиотеката
во кое ја изрази својата благо-
дарност како потврда за успеш-
носта на целата организација
на Изложбата.
На денот на затворањето
на изложбата 14 јуни, во род-
нокрајното катче во Библи-
отеката во Битола, беа по-
канети сите роднокрајни
автори и установи кои ни
отстапија книги за наве-
дената изложба, како и
медиумите кои во це-
лост го следеа настанот,
за да ги информираме
за позитивните впе-
чатовци од истата. На
авторите им беа да-
дени Благодарници,
а од нивна страна,
за вработените во
Библиотеката не-
скриено, тие ис-
кажаа пофални
зборови, како
и за достоинс-
твеното пре-
тставување на маке-
донската литература надвор од
Р. Македонија.
4
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
Меѓународна конференција на
библиотекари во Вроцлав
Од 4-6 јули оваа година во Вроц-
лав се одржа конференција на биб-
лиотекари под името „Вроцлавски
средби на библиотекари со полс-
ко потекло“. На конференцијата
учествуваа 150 библиотекари со
полско потекло од целиот свет:
Аргентина, САД, Канада, Англија,
Германија, Холандија, Шведска,
Словачка, Унгарија, Македонија и
од Полска како земја домаќин.
Организатор на конференција-
та беше Главната библиотека и
установа за на-
у чно-технички
информации при
Вроцлавската По-
литехника. Целта
на конференција-
та беше размена
на искуства во
рамките на про-
блемите концен-
трирани во два
тематски блока:
„ А к а д е м с к а т а
библиотека во фа-
култетот и во ре-
гионот“ и „Елек-
тронските книги
во библиотеката
и на пазарот“.
Во презенти-
раните излагања
и дискусии беа
опфатени разновидни теми: ни-
вото на библиотекарските услуги,
стандардите на опслужување на
корисниците, условите за работа и
развој на библиотекарите, нивни-
от професионален престиж, биб-
лиотекарска обука на студентите,
соработката на библиотеките со
книгоиздателствата и со авторите
на учебници достапни во мрежа-
та, промоција на факултетите и на
регионот, како и пазарот на пол-
ски и странски електронски кни-
ги, показатели за искористеноста
на е-книги, воопшто, како и елек-
тронските книги во академските
библиотеки..
Опфатените теми и размената
на искуства меѓу библиотекари-
те беше со посебно значење затоа
што учесниците зборуваа на својот
полски јазик.
Во текот на конференцијата ги
претставив работењето и актив-
ностите на НУ Универзитетска
Библиотека во Битола со презента-
цијата: „Мултифункционалноста
на Универзитетската библиотека
„Св. Климент Охридски Битола,
Македонија“.
Напис со ист наслов беше ис-
печатен во едно полско библиоте-
карско списание и достапен е во
материјалите од конференцијата
на интернет страна: www.ebib.
info/publikacje/matkonf./mat17/ .
Презентацијата предизвика голем
интерес кај присутните библиоте-
кари.
Како учесници на Конферен-
цијата организирано ја посетив-
ме Библиотеката Ossolineum, се
запознавме со организацијата на
Политехниката и Вроцлавскиот
Универзитет, како и со функци-
онирањето на повеќе академски
библиотеки во Вроцлав, а ги посе-
тивме и позначајните споменици
во Вроцлав.
Приредила, Марија Малгожата
Мачковска
виш библиотекар
5
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
Library Journal, 15 септември 2007
Елен Т. Тајс, сениор директор,
Библиотечни и информациски ус-
луги, Универзитет на Стеленбош,
Јужна Африка, беше изгласана за
претседател-избраник од Меѓуна-
родната федерација на библиоте-
карските асоцијации и институ-
ции (IFLA) членки. Таа го започна
својот двегодишен период (2007-
2009) како претседател-избраник
за време на Конференцијата на
ИФЛА во Дурбан, за наредните
две години, за во 2009 година да
застане на местото претседател,
заменувајќи ја Клаудија Лакс. Тајс
победи со 960 гласови, додека пак
второпласираниот Адолфо Родри-
гез Галијардо од Универзитетскиот
центар за библиотекарство при
Националниот универзитетот на
Мексико доби 812 гласа.
Новиот Борд на IFLA избран за
наредниот двегодишен период се:
Гунар Сахлин од Шведска (втор
мандат), Барбара Шлејхаген од
Германија, Боб МекКи од Велика
Британија (втор манадат), Барбара
Ј. Форд од САД (втор мандат), Ре-
жин Савард од Канада (втор ман-
дат), Даниел Минцио од Швајца-
рија, Жан Ксиаолин од Кина (втор
мандат) Хелена Асамоа - Хасан од
Гана, Жоакин Селгас Гитерез од
Шпанија и Паскал Санц од Фран-
ција. Единствен кандидат кој не
беше избран беше Донг Јул Јеонг
од Јужна Кореја.
Приредил Николче Велјановски
Библиотекар од Јужна Африка за директор на IFLA во 2009 година
Приредила Ленче Андоновска
виш библиотекар
Националната установа - Уни-
верзитетската библиотека „Св.
Климент Охридски“ Битола е сов-
ремена културна институција со
книжен фонд од околу 500.000 кни-
ги и бројни списанија и со тенден-
ција на постојано зголемување.
Денес, Библиотеката се стреми
да стане вистинска виртуелна биб-
лиотека, да навлезе во сè повисок
степен на задоволување на науч-
но-истражувачките и образовните
потреби на крајниот корисник, без
тој да се грижи од каде и како при-
стигнала бараната информација,
што е возможно само со натамо-
шен развој на современото автома-
тизирано библиотечно работење.
Со појавата на компјутерите
и Интернетот се сметаше дека во
догледно време печатените медиу-
ми како што се весниците, часопи-
сите, списанијата ќе бидат потпол-
но заменети и ќе станат далечно
минато, исто така се сметаше и за
книгите, денес книгата не ја нама-
лува својата популарност кај чита-
телите. Напротив, книгата стану-
ва сè повеќе и повеќе популарна.
Магијата на пишаниот збор трае
со векови. Денешната стандардна
форма на книгата каква што чове-
кот ја знае во последните децении
не ја изгубила својата привлечност
за него.
Во своето 62 -годишно посто-
ење Библиотеката за прв пат изда-
ва Водач кој ќе им послужи на сите
корисници во градот, Р. Македо-
нија и пошироко.
Водачот низ НУУБ „Св. Кли-
мент Охридски“ - Битола е сов-
ремено обликуван со педесетина
страници и повеќе слики во колор
не е класична форма на книга. Тој
расветлува повеќе сегменти од
формирањето на Библиотеката
до денес. Во него се опфатени, не-
јзината трансформација во совре-
мен информативен библиотечен
центар, со своите професионални
стручни сектори, својата издавач-
ВОДАЧ НИЗ НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
6
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
ка дејност, редовните активности
преку организирање на меѓуна-
родни средби, средби, промоции,
предавања, изложби, како и саеми-
те во помал и во поголем обем.
Целта на овој водач, насловен
како „Водач низ НУУБ „Св. Кли-
мент Охридски“ - Битола, е да
послужи за популаризација и за
маркетинг на работата на Библио-
теката и услугите кои им ги дава на
своите. Долго време лебдеше овој
проект во етерот, но беше само
прашање на време, односно, кога,
како и кој ќе ја оствари оваа идеја
од големо значење во модернизи-
рањето на библиотечната работа.
Благодарение на Министерс-
твото за култура на РМ овој про-
ект е реализиран на општо задо-
волство на сите нас.
На 25 јуни, во просториите на
Библиотеката се отвори изложба-
та „Ракописи од роднокрајни авто-
ри“. Изложбата беше во рамките на
битолскиот летен фестивал „Бит
- фест 2007“, во кој Библиотеката
оваа година зеде активно учество
со неколку свои постановки, со
што го потврдува своето место и
значењето кое го има во култур-
ниот живот во Битола.
Битола е град со богата култур-
на традиција, а битолчани луѓе со
изграден вкус и критериум, луѓе
кои знаат да го почувствуваат и
почитуваат убавото. Град со многу
долга традиција на пишаниот збор,
ракописното наследство и врвното
библиотекарство.
Според едно старо турско пре-
дание, битолските цркви и манас-
тири отсекогаш биле ризница на
скапоцените ракописи, некои дури
и со потписите од најстарите ви-
сокодостојници на христијанската
црква. Таа традиција на чување на
ракописи во Библиотеката опстоју-
ва и се негува и денес. Ракописите
од роднокрајните автори со големо
внимание се чуваат во Роднокрај-
ниот оддел во библиотеката. Токму
затоа, оваа изложба на ракописи-
те од роднокрајните автори, која
е прва ваква изложба во нашата
библиотека, претставуваше ретка
можност за битолската читателска
публика да ги види делата од би-
толските роднокрајни автори во
едно поинакво издание - процесот
на создавање.
Книгата и читањето во Бито-
ла секогаш имале свои љубители.
Мајсториите на пишаниот збор от-
секогаш биле на цена и со незапир-
ливо внимание се очекувало и се
очекува појавувањето на секое но-
во литературно дело. Тоа понатаму
се следи со високо изграден вкус,
критериум, знаење, и без исклу-
чок, постојано наоѓа свој одѕив кај
вљубениците во пишаниот збор.
Одржувањето на промоции,
изложби, претставување на ав-
торите се дел од секојдневното
работење на Библиотеката. Но,
она што овојпат внесе свежина и
оригиналност и кон што посебно
го насочивме вниманието на чи-
тателите и посетителите на излож-
бата, беа оригиналните ракописи
од битолските автори. Авторите се
сложија, несебично ги подарија и
Кон изложбата „Ракописи од роднокрајни автори“
Приредила, Светлана Талеска
7
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
ги отворија пред очите на јавноста
нивните бележници, нотеси, тет-
ратки, листови хартија на кои ја
отворале својата душа во текот на
творењето.
За момент читателската публи-
ка како да присуствуваше на еден
запрен дел од времето, моментот
на создавање, размисла, двоумење
кој збор да се одбере, која ниш-
ка да се вплете за да се задоволи
уметничкиот импулс. Присутните
на изложбата како да беа сведоци
на една интелектуална продукција,
сведоци на творечкиот миг кога
мислата се излева на хартија, доби-
ва своја форма и реално чувство,
кое понатаму се мултиплицира и
се споделува со бројните читатели.
На изложбата беа застапени
12 роднокрајни автори: Владимир
Костов, Радован П. Цветковски,
Цане Здравковски, Никола Ко-
човски, Јован Боцевски, Добре То-
доровски, Доне Пановски, Ѓорѓи
Прчков, Ѓорѓи Димовски - Цолев,
Богоја Таневски, Ванчо Николески
(ракописи подарени во 1969 г.) и
Филип Каваев (ракописи подаре-
ни на библиотеката на 01.11.1966 г.
со посебна посвета на секој рако-
пис - „На Матичната библиотека„
Климент Охридски“ во Битола за
чување во катчето „Што дале би-
толчани“.
Тоа се автори кои создаваат еден
широк, разновиден, но истовреме-
но толку препознатлив авторски
опус издигнат на ниво на литера-
турни средини кои имаат многу
подолга литературна традиција од
нашата. Тоа се автори кои постоја-
но и незапирливо придонесуваат
за збогатување на литературниот
живот во градот и пошироко.
Изложбата ја отвори писателот
Ѓорѓи Прчков кој се осврна токму
на тие моменти на творечки им-
пулс, на мотивите, инспирацијата
и сè она што авторите го чувству-
ваат додека создаваат.
Оваа ретка и несекојдневна из-
ложба предизвика голем интерес и
најде свој одѕив кај љубителите на
пишаниот збор.
34. СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНСКОТО
БИБЛИОТЕКАРСКО ДРУШТВО
Редовното Собрание на Библи-
отекарското друштво на Македо-
нија, 34-то по ред, се одржа на 20
јуни во Прилеп, градот на култу-
рата - 2007 година. Собранието се
одржа во ЈОУ Градска библиотека
„Борка Талески“ на кое присуству-
ваа околу 100-тина членови, пре-
тставници на библиотеките од Р.
Македонија, претставници од Ми-
нистерството за култура, Локална-
та самоуправа - Прилеп и Универ-
зитетот „Св. Климент Охридски“
- Битола. Собранието го отвори
и присутните гости ги поздрави
в.д. директорот на Библиотеката
Благица Илијоска, посакувајќи му
успешна работа и искажувајќи за-
доволство што оваа година Собра-
нието се одржува во Прилеп, исто-
времено запознавајќи ги со дејнос-
та и активностите на културните
манифестации што се одржуваат
во Прилеп и сè она што го збогату-
ва културниот живот на граѓаните.
За прилепските обележја и знаме-
нитости на градот, беше презенти-
ран видео-материјал.
Во работното претседателство
на Собранието учествуваа: Сузана
Котовчевска - претседател, Кирил
Ангелов, Наде Караџоска и Благи-
ца Илијоска. Работниот дел започ-
Приредила Благица Илијоска
8
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
Втората роднокрајна средба на
битолски писатели од Македонија
повторно ги донесе маѓесници-
те на зборот во Библиотеката во
Битола, која беше по втор пат до-
маќин на 22 и 23 мај оваа година.
Претставувањето на роднокрај-
ните автори пред читателската
публика, се одржа во вторникот
на 22 мај, со почеток во 12 часот.
Од вкупно 17 автори кои доста-
вија свои текстови (3-5 страници)
за Тркалезната маса која се одржа
наредниот ден на 23 мај), четвори-
ца беа оправдано отсутни. Пред
авторите да излезат и да прочита-
ат по еден извадок од своите дела,
гостите ги поздрави директорот, а
јас како организатор на средбата
ги повикав сите присутни да ста-
нат и со едноминутно молчење да
му оддадеме почит на неодамна
починатиот писател и еден од ос-
новоположниците на македонска-
та книжевност академик Петре М.
Андреевски. По тој повод д-р Вера
Стојчевска Антиќ прочита дел од
подготвениот материјал, по овој
повод, за својот покоен другар и
колега.
Вториот ден со почеток во 10
часот се одржа Тркалезната маса
на тема: „Авторот за специфики-
те во своето творештво“. На неа
присуствуваа 15 автори, а Петре
Шипинкаровски и Јозо Т. Бошков-
ски беа отсутни. Како медијатор
на средбата прочитав краток поз-
дравен текст за да се потсетиме на
Првата роднокрајна средба: Голема
е честа за НУУБ - Битола, за градот
Битола и за мене како раководител
на Втората роднокрајна средба. Ме
радува тоа што повторно ве гледам
во Библиотеката, на ова исто мес-
то, во ова наше и ваше роднокрајно
катче. Навистина, правиме напори
оваа Роднокрајна средба да стане и
традиционална средба. Сепак оваа
СРЕДБА НА БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ
ОД МАКЕДОНИЈА
Приредил, Николче Вељановски
библиотекар советник
на со излагањето на претседателот
на БДМ, која зборуваше за реали-
зираните активности и постигну-
вања на Друштвото и со предлог
програмите и активностите што се
планираат. Следеше и излагањето
на Благој Николов, на тема: „Зошто
на РМ £ е потребен национален
библиотечен систем?“ Во диску-
сијата зедоа учество повеќе претс-
тавници од библиотеките, но општ
заклучок беше дека јавните библи-
отеки немаат доволно технолошки
и кадровски капацитет за несме-
тано функционирање на COBISS
- програмската поддршка. Библи-
отеките пак што функционираат
во склоп на Домовите за култура,
се во уште полоша состојба.
Собранието донесе заклучок да
се упати допис до Министерството
за култура со барање за вработу-
вање на стручни кадри - инфор-
матичари за одржување на ком-
пјутерската опрема како и да се
направат напори и помалите биб-
лиотеки да се вклучат во COBISS
- програмата. Гостите ја посетија
Изложбата на слики во Галеријата
на Домот на културата „Марко Це-
пенков“, Прилеп.
9
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
Средба е еден мал историски на-
стан, голем за нашата Библиотека
и за градот Битола. Сметам дека
еден ден ќе влезе и во литератур-
ната историја на Македонија. За
жал денес не е меѓу нас академик
Петре М. Андреевски. Тој на прва-
та средба, и покрај неговото крев-
ко здравје, направи напор и дојде
токму само за Тркалезната маса да
го прочита текстот за „силата на
Зборот кој го надживува човекот“
и си замина, за потоа да си замине
од овој свет и од Македонија и од
нас на кој тој толку многу ни ос-
тави. Јозо Т. Бошковски испрати
текст, повторно заради лошото
здравје не беше во можност да дој-
ди. Исто така, Петко Шипинкаров-
ски испрати писмо во кое вели де-
ка заради семејните обврски жали
што не можеше да дојди, а текстот
го добивме.
Како организатор на оваа Род-
нокрајна средба Библио-
теката се радува кога секој
од нас сериозно си ја сфати
својата улога и важноста
на оваа Средба. Се наде-
вам дека кон вас како ав-
тори не поставуваме некои
големи задачи затоа што
секогаш настојуваме тие 3-
5 страници да бидат за вас
и за вашата инспирација и
творештво. Не бараме тоа
да биде никаква посебна
позитивна или негативна
критика за вас и вашето
творештво. Ние ги бараме
вашите лични чувства во
поглед на самите вас и на-
стани кои само вие ги зна-
ете во контактите со себе,
читателите и вашето пи-
шување. Односно се оби-
дуваме да извлечеме од вас што е
она што ве преокупира во вашето
творештво и зошто тоа го правите.
Што се однесува за темата, се оби-
дов да се консултирам со неколку-
мина од вас и кога добив зелено
светло ви ја пративме со покана.
За пропозициите знаете, вашите
текстови кои се од 3-5 страни тре-
ба да ги изнесете во време од околу
10 минути“.
Вера Стојчевска-Антиќ
ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ-
ПИСАТЕЛОТ СО ИСПРАВЕНА
КИЧМА И СТАМЕНИТ ÒД
Помнам, бевме заедно со Петре
во Охрид, на литературно читање,
ученици од Битолската гимназија. И
сите посакавме да се најдеме среде си-
нилото на Охридското Езеро, во мал
чун, застарен, охридски, (колку ми е
драга таа љубоморно чувана фотогра-
фија, ние сите во малиот чун). Поетс-
ки расположени, полни со вистинска
радост што се најдовме меѓу галебите,
притаено секој во себе ги доживуваме
чувствително охридските временски
отчукувања, со трепет да не нè од-
минат. Тогаш сите ја знаевме наизуст
песната „Дојди во Охрид“ од младиот
поет Гане Тодоровски. Пред да ја ста-
вам на хартија веќе обмислената песна
„Галеб“, посакав да му го изрецитирам
на Петрета најомилениот афоризам
од Џон Дон, од штотуку прочитани-
от роман на Хемингвеј „За кого бијат
камбаните“. Петре спокојно ја слуша-
ше во мирот на синилото мојата ег-
залтација, која ми прилегна оттогаш
до денес:“Ниеден Човек не е Остров,
сам по себе Целина; секој Човек е дел
од Континентот, дел од Земјата; ако
морето однесе Грутка земја Европа е
помала,како да однесла некој рид, По-
сед на пријателите или твој сопствен;
смртта на секој Човек ме намалува
мене, бидејќи јас сум опфатен од Чо-
вештвото. И затоа не прашувај за кого
бијат камбаните; тие бијат за Тебе!“
Петре се замисли и рече:“Премногу
вистинита и човечна!“
10
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
Димитар Башевски
АВТОРОТ ЗА СПЕЦИФИКИТЕ НА
СВОЕТО ТВОРЕШТВО
За тематската страна на делата пак,
Иако и таа не е неважна и е една спе-
цифика на творештвото на авторот,
сепак е полесно да се разговара, тука
помалку е инволвирано вреднување-
то. На таа точка се водеше ланскиот
разговор овде кога зборувавме за род-
ното место како универзален топос во
литературата. Но кога се работи за спе-
цификите, тука сепак најмногу доаѓа-
ат во вид прашања кои се најблиску до
формата, односно до самата уметност.
... Кога седнувам во својата „творечка
лабораторија“, она што многу често
најпрвин го гледам, е слика во некоја
перспектива. Таа слика потоа се при-
ближува и се исполнува со поедино-
сти. Дури и кога најпрвин ќе „видам“
идеја, таа идеја се стреми веднаш да се
отелотвори во слика, да се конкрети-
зира и да се лоцира во времето. Тоа е,
по малку, халуцинантна состојба. По-
тоа почнува да тече раскажувањето, се
движат луѓето, говорат, плачат, се ра-
дуваат. Сето тоа во целосната тишина
на приказната.
Јован Боцевски
АВТОРОТ ЗА СПЕЦИФИКИТЕ ВО
СВОЕТО ТВОРЕШТВО
Кога дојдов во допир со повеќе
весници и списанија што излегуваа кај
нас во Републиката, и кога се сретнав
со поголем број на наши истакнати
поети и писатели, и кога видов каде се
тие, а каде сум јас, интересно е тоа што
неколку денови размислував за моето
творештво, најпосле се одлучив. А
што беше тоа што навистина се одлу-
чив, дали тоа беше позитивно или не-
гативно за мене и за моето творештво
сеуште не сум сигурен дали тоа што
го направив беше позитивен чекор,
но го направив. Кога ги уништував
сите песни и раскази што ги пишував
плачев но морав. Затоа видов се она
што до тогаш јас сум го пишувал како
ученик во основно, а и во почетокот
на средното образование према она
што се печатеше и се објавуваше од
нашите автори, сватив дека тие мои
почетнички творби никој не би се од-
лучил да ги печати во весниците или
списанијата. Затоа решив се она што
сум го напишал, а реков дека во поче-
токот бев под силно влијание на Кочо
Рацин, го уништив. Во разгорената со-
ба кога ги фрлав тетратките со сè она
што сум го пишувал гледав како огнот
љубоморно ги голташе страниците и
сè она што беше напишано во него.
Петре Димовски
РИТАМОТ НА МОЈОТ ЖИВОТ
ШТО СЕ ВНЕСУВА ВО ДЕЛОТО
Специфично за моето творештво е
што со него не сум врзан за еден крај,
за една област, ни за едно тематско
подрачје. Секако тоа е поради моето
живеење во повеќе места и работење
во повеќе дејности.
Уште од второ одделение, кога ја
напишав првата песничка, во мене
се всели сонот да станам писател. И
токму таа идеја останува определба од
каде тргнуваат сите мои патишта на
животот. Човекот во мене го прилаго-
дував на писателот од иднината. Така,
низ животот минував специфична
„обука“, подредена на потребите на
писателот. По тие патишта сум минал
тежини до граница на издржливост:
глад, студ, болка, гнев, револт – и за-
доволство кога ќе се совладале тешко-
тиите. Спецификите во моето творе-
штво, по мое мислење и искуство се
создаваат од животот низ кој минувам
и начинот на кој го прифаќам. Писате-
лот пишува биографски и тогаш кога
не внесува фактографска поткрепа во
делата од својата биографија. И кога
раскажува за доблесното и деструк-
тивното, пак до најголем израз доаѓа
автобиографското на сфаќањата во
определбата за и против, колку едното
е благородно а другото разорно.
Цане Здравковски
НЕКОИ СПЕЦИФИКИ НА МОЕТО
ПРОЗНО ТВОРЕШТВО
Моето севкупно прозно творе-
штво, односно романите и расказите
можат да се поделат на следните три
тематски подрачја: минатото на Битола
и Битолско, односно поширокиот гео-
графски регион, потоа раслојувањето
на современото македонско или по-
конкретно пелагонско село и пресел-
бата на луѓето од селото кон градови-
те, но и во прекуокеанските земји, со
11
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
посебно акцентирање на нивната не-
моќ да се вклопат во новите животни
средини. ... Моето прозно творештво
пред читателот не поставува никакви
загатки, ниту пак се обидува да поста-
вува нерешливи проблеми. Едностав-
но, тоа е напишано така како што сум
ја доживеал и почувствувал инспира-
тивноста на обработените содржини.
Затоа мошне битна одлика на моето
раскажување е спонтаноста на изра-
зот, бујатоста на лексиката, широката
комуникативност со читателот, жел-
бата да се допре до неговите сеќавања,
доживувања, чувствувања. ...
Владимир Костов
ТРАКТАТ ЗА ТРАКТАТИТЕ ВО
„УЧИТЕЛОТ„
На почетокот ќе го кажам она што
и во други прилики сум го кажувал,
бездруго зашто е во чуеж со поетика-
та на моите обиди во литературата.
Имено, (цитирам): „Има вистина во
тоа што уште старите Грци го тврде-
ле дека поетот не ја сфаќа смислата на
своите зборови, дека тој е инструмент
во рацете на музите“. ... Учителот со
едноставни зборови ги подучува сво-
ите ученици како да полетаат од овој
свет, во кој доминира злото, злобата,
егоизмот, пакоста, конформизмот, ка-
риеризмот, суетата, развратот? Сите
тие пороци кои ги среќаваме на секој
чекор, го туркаат човекот во бездната
на неговото морално, извртено жи-
веење и затоа единственото решение
учителот го гледа во својата проповед:
„Да ја исчистиме 'рѓата од која не ни
се гледа човечкото лице! Учителот
е, всушност, новиот Проповедник,
Проповедникот на XX век“. ... Кон
сето погоре изнесено, од моја страна
ќе кажам дека , пишувајши го „Учите-
лот“ имав чувство дека минувам низ
стихија или, поточно, ураган како да
помина низ мене, пустошејќи го мојот
авторски персоналитет“. ... „Учителот“
како литературна творба, без оглед на
неговите 600 страници трактати, е, се-
пак, една прикаска...
Никола Кочовски
АКТУЕЛНОСТА И БЕЗ ДА
МИСЛАМ, СИ ДОАЃА
Наместо давање наменски напи-
шана себеанализа како творец, за те-
мата на собиров, ќе прочитам извесен
избор од она што сум го запишал во
мојот личен дневник што веќе деце-
нија и пол го водам како вид творечка
биографија, и се надевам дека со тоа
поцелисходно ќе одговорам на својата
задача овде. Секако, тука ќе биде про-
говорено за само нешто од тие карак-
терности, што може да ги има еден ав-
торов опус. Јас би го употребил, сепак,
терминот, не: „спецификите“како што
ни беше најавено со поканите, туку
некои признаци на моето творештво.
1. декември 1998 год. (мој роден-
ден)
Некогаш можеби некој ќе озагла-
ви оглед: „Никола Кочовски или едни
мрачни тонови во македонската лите-
ратура“.
И најмрачно кога се пишува, тоа е
– жед за светлина. Тоа е копнеење по
светлината, љубов за светлина онаква
каква што во срцето како желба се
носи, како верување дека еден ден ќе
светне. Сликањето на мрачност – тоа
е верување во светлина каква што во
срцето ја г л е д а, ја чувствува чо-
век. И при тоа дури, не е, значи, човек
најизгубен во апсолутна непроѕир-
ност. Не. Напротив. Тоа е во име на
светлината.
Па, според тоа, не е ли и таквата
слика оптимизам?
Панде Манојлов
ДРУГ ЗА ТЕБЕ ДА ЗНАЕ...
Ја напишав песната со наслов „Па-
лестина“ и истата беше објавена на
страниците на весникот „Нова Ма-
кедонија“ во бројот од 26 септември
1982 година. Меѓу другите во песната
беа и овие стихови:
„Во тишината на пустината
Опстојува коренот
Во тишината на пустината
Како одвлечена вода
Смртта кон изгрев не носи
Како одвлечена вода.“
Ја објавив песната, тагувајќи за Па-
лестина и Палестинците,притоа спо-
делувајќи ја нивната судбина со онаа
на моите претци доселени во селото
Породин од егјскиот дел на Македо-
нија. Знаев дека со објавувањето на
песната, со нејзиното обзнанување не
е повеќе моја, не е дел од листовите од
12
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
моите тетратки полни со песни, туку
дека е и на други, дека ќе се најде не-
кој кој ќе ја прочита. Но, не сонував,
ниту на крај памет ми паѓаше како на
поетот, кој, ете, живее во Битола, во
провинција, дека таа песна ќе стигне
до Палестина, дека ќе биде препеана
на арапски јазик во многу арапски
држави, објавена во повеќе антологии
и отпечатена во 28 весници и најно-
во, во август 2006 година рецитирана
на Радио Монте Карло во емисија на
арапски јазик со напомена дека е ед-
на од најубавите песни посветени на
Палестина, и, речиси толку популарна
како да станува збор за химна на еден
народ.
До јануари месец 2007 година, што
значи цел четврт век, не знаев ништо
за судбината на оваа моја творба.
Гордана Михаилова Бошнакоска
ОД ДРУГАТА СТРАНА НА
ОГЛЕДАЛОТО
Да откријам, зошто го сакам ми-
рисот на тукушто паднат дожд“ е,
прашање што се крие, од една друга
страна на сознанието. Треба да истра-
жувам:
прво - за дождот
второ - за облаците
трето - за земјата и
четврто - некои нови, непознати и
непредвидени сознанија.
За многумина, па и за мене, ми-
рисната трага која ја остава дождот, од
кога ќе падне на сува површина, или
на земја е пријатен и знае да делува
опуштувачки. Изворот на тој мирис
е ПЕТРИКОР, масло кое го произве-
дуваат билките и кое се апсорбира
во капките од тлото, каде што паѓа.
Откако дождот ќе падне, на топлото
суво тло, тој во поголем дел испарува,
а притоа со водената пареа се ослобо-
дува и мирисот на маслото, кое толку
благотворно влијае на сетилата“.Овие
податоци доаѓаат преку едно неоче-
кувано и ненадејно соопштение, кое
навлегува во неоткриените илузии
за дождот, за облаците, за земјата, за
океаните и другите фактори на еден
возбудлив осет, кој бара некоја друга
разрешница, во некој иден, возможен
текст.
Ѓорѓија Најдоски
ВО ПРЕДВОРЈЕТО НА
ИСТОРИСКИОТ ПРЕДИЗВИК
Ако животот, во најширока смисла
на зборот, е содржина на литература-
та, тогаш смислата на литературата е
да го продолжи и одржи тој живот во
трајноста на зборот. Тоа би значело до
онаа трајност колку што се денес, на
пример, житејските вредности во ма-
кедонската усна и писмена традиција.
Таа едноставност на единство меѓу
животот и литературата во суштина
е неоспорен квалитет кој не ќе може
да опстои еден без друг, како што не
може мислата без зборот, гласот без
финемата (знакот), меѓусебно аними-
рајќи се во конкретна функционална
вредност. Тоа се оние патишта од жи-
вотот кои се отсликуваат во творе-
штвото и кои паралелно се создаваат
и го чинат маршот како национален
поход. Се разбира, за таа цел се пот-
ребни, покрај мотивот за патување,
да се има и одреден багаж - енергија
(како агенс) и фиксирана цел до која
треба да се стигне без некое лунѕање
и, над сé, творечки предиспозиции на
исцрпувачкиот животен пат и - пату-
вањето.
Христо Петрески
НАРЦИС ПРЕД СВОЕТО
ОГЛЕДАЛО
Да говори авторот за спецификите
во своето творештво, или за самото
творештво воопшто, тоа значи, вед-
наш да кажеме, да биде пристрасен и
13
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
да не биде сосема објективен. Тоа е ис-
то како кога наутро ќе застанете пред
своето огледало (како Кралицата од
„Снежана„) и самиот на себеси ќе си
речете: „Леле, ама сум убав!„ Но, ако
малку повеќе и подлабоко (читајте:
потемелно) се загледате во сопстве-
ниот лик во своето огледало, сепак
ќе забележите брчки, бразди и други
навидум невидливи нешта, кои ќе ви
го расипат првичниот позитивен впе-
чаток и вие одеднаш ќе се загрижите,
зашто за миг ќе помислите дека гледа-
те друг човек!
Горјан Петревски
А И ТИ СИ, НО ТУКА ТИ Е
УСПЕХОТ
Е, сега, откако сме го напишале,
условно, романот и под претпоставка
тој да доживеал успех кај читателите,
се поставува прашањето што е тоа со
кое сме ја освоиле публиката? Пред
што „паднала“, та да ни го посвети
времето и да се занимава со нас!?
Уште од почетокот кога почнав
да се пројавувам со првите раскази,
а подоцна и со романи, оние што ме
анализираа - критиката и читателите,
за моето творештво, преку објавувани
текстови во весници и списанија или
искажување на промоции, се сложу-
ваа дека основна карактеристика ми е
она што се нарекува - лирско и чисто
во прозата. Имаат право. Држам и са-
миот до оваа основна карактеристика
со која ме препознаваат, а зошто да не
- и вреднуваат. Се разбира, тоа ми е
определба без која не би можел да се
изјаснам онака како што сум посаку-
вал, но само во расказите и романите
наменети, условно, за младите, за ти-
нејџерите. Поинаку и не би можел да
пишувам, затоа што, кај таа возраст,
постои строга линија која не смее да
се пречекори, зашто со еден непро-
мислен потез може сè да се урне, да се
уништи градбата што е создавана.
Ванчо Полазаревски
Куса расправија со самиот себе си
- ЕТЕ, ПИШУВАМ, РАЗГОВАРАМ
СО СЕБЕ СИ
На компјутерскиот екран се поја-
вува нова реченица. Мојот обид да би-
де што е можно покуса, а сепак речита
е како некоја искубана кокошка. Мо-
жеби некој друг ќе има поинакво мис-
лење, можеби... Ја гледам и се смеам.
Што сега со неа, една нова, најнова,
гланц ако воопшто може така да се ка-
же, реченица напишана со мнооооогу
страст? Што со неа? Па и да ја пуштам
некаде по светските електронските па-
тишта, па дури и тоа? Кај нас таа рече-
ница не ја очекува баш некоја голема
иднина. Среќни се и пресреќни авто-
ри на реченици што ќе бидат прочи-
тани... Од кого. Од една рака чудаци,
читачи. Па што?
Ѓорѓи Прчков
АВТОРОТ ЗА СПЕЦИФИКИТЕ
ВО СВОЕТО ТВОРЕШТВО
Да се пишува за возрасни пред
сè, според мое мислење неизоставно
прозаистот има потреба да го про-
чита делото на Ерик Фром „Анато-
мија на човековата деструктивност“.
А зошто препорачувам да се прочита
токму ова дело, од едноставна при-
чина, Фром ликовите за кои пишува
ни ги предава со сите нивни можни и
неможни изопачености, всушност ни
ги предава доследно какви што биле,
без хиперболизирање, анализирајќи
ги тие ликови прозаистот доаѓа до
сознание каков сè може да биде чове-
кот. Од деструктивен, изопачен до таа
мера што зачудува, всушност според
мене мерка нема, дури излегува и не-
веројатно. Фром, ликовите, како што
реков предавајќи ги реално, исклучи-
во со нивните настраности, покажува
дека возможното излегува невозмож-
но и обратно невозможното возмож-
но. ...Анализирајќи ја необичноста
како доминантна специфика во моето
творештво не би сакал да не кажам и
некој збор за останатите специфики.
Литературата, за која самиот си изне-
сувам мислење, сметам дека треба да
биде докрај отворена и чесна, со вис-
тината напред да чекори. До крајни
граници можеби и сум груб не штедам
никого, не ги штедам главните ликови,
ако се огрешат во животот ако излезат
пакозџии, зулумџии не ги штедам ни-
ту пријателите, роднините, макар ми
излегле и најблиски.
14
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
Добре Тодоровски
ИЗВОРНИОТ ГОВОР ВО
ЛИТЕРАТУРАТА
Во мноштвото обработени теми, во
зависност од времето во кое живее и
твори, секој автор во неговите дела ос-
тава трага на препознатливост, како и
начинот на опишување или опејување
на тематската содржина... Уште во сами-
от почеток од моето прозно творештво,
чувствував потреба од запишување на
настани во кои главниот јунак ќе биде
обичниот човек, со сите негови фолк-
лорни карактеристики, како начин со
кој ќе го одбележат како посебност, раз-
личен по мислата и сваќањето на живот-
ниот пат од другите околу него... Овде
би сакал како посебност да ја издвојам и
подвлечам наративната моќ за искажу-
вање на хуморот и сатирата, својствени
за нашиве простори. Тоа ми дава поттик
за натамошни пребараувања, на теренот
на битолскиот и демирхисарскиот про-
стор, по неоткриени, незабележани рас-
кази, судбински врзани за човекот.
Вера Стојчевска - Антиќ
КОН ПАТОПИСНАТА
ЛИТЕРАТУРА
Минатата година излезе мојата
шеста книга патописи. Во случајов са-
кам да ги појаснам само моите побу-
ди за авторството на истите. Главната
причина да се осврнам кон патописи-
те беше мојата идеја да останат забе-
лежани сите научни средби за македо-
нистика во светот, бидејќи по многу
години извештаите за нив стануваат
беспредметни, зашто нема да се најдат
во ниту една библиотека. Притоа, за
да не бидат само извештаи од науката,
интересен за одреден број консумато-
ри, јас во нив ги вметнувам и интере-
сните средби со разновидни личнос-
ти, настани. Во секој случај, во нив
доминираат три дела: научните средби
во светот, интервјуа со знаменити сла-
висти - македонисти од целиот свет, а
третиот дел, мислам најинтересниот
за читателите, се кратки реалистички
цртици поврзани со времепловот на
патописот од минатото и сегашноста.
Јозо Т. Бошковски
ИЗБОРОТ НА ТЕМАТА Е
ИЗБОРОТ НА ПАТОТ
Јас произлегувам од Семејна лоза
со долга литературна традиција на
народни раскажувачи. ...Јас, се од-
несувам како Полихистор (под I)...
Почнав со суптилна лирика, зимата
во 1947 година ...Потоа, се зафатив
со рефлексивна и драмска поезија, со
проза, есеистика, книжевна и ликовна
критика и со философија... Како уче-
ник во Учителската школа, во Битола,
сериозно се зафатив со организирање
на литературната активност и со пи-
шување на „Македонската трагедија„
- (фантасмагорија - стихијопеја, по
примерот на Горски венец од Његош,
која ја завршив дури во Скопје, во 1956
година, кога ја објавив како издание
на авторот, бидејќи во тоа време беше
тешко да се протнат таквви творби на
државна врата... Моите успеси, беа и
сè уште се замаглени = по инерција, но
моето творештво, во највисокиот врв
на Европа, каде ја добив првата Евро-
пска награда за поезија, во 1980 годи-
на, на Анонимен Конкурс на Европс-
ката Академија за литература, наука
и уметност, со централно седиште во
Неапол, Италија - под покровителство
на Европската заедница.
Петко Шипинкаровски
РОДНОКРАЈНИТЕ МЕЃИ,
РАСПАТИЈА, ГРАНИЦИ,
ОГНИШТА, МОЈА ИНСПИРАЦИЈА
Детските мигови приковани во
меморијата на писателот, битијата
ткаени низ лединините и ледени па-
тишта, уката и надградбата, сè е ниш-
ка водилка - инспирација во сeзнај-
ното градиво и градба на фабулата
за откоп од растоката кон изворот и
напојот - моќ за заезерување на спо-
мените, аманетите, семејните пораки,
обичаите, традициите навиките... Не
така ретко, роднокрајното огниште на
семејниот спотнат оган, на меѓинците
и поседот и незаборавните дружби,
згоди-незгподи, веселите мигови, та-
гата и тажачките се вртат како сенки
во заjднината до изгрејзората - и пев
низ лириката...
15
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
Роден сте во Битола, а целата
кариера ја градите во Скопје?
Роден сум на 16 октомври 1951
година во Битола. Имавме куќа кај
некогашниот железен мост на ре-
ката Курдерес, на Солунска улица.
Се преселивме на Ушици. Основно
училиште завршив во „Гоце Делчев“,
потоа Гимназија. Од осумнаесет го-
дини сум надвор од Битола. Тогаш
се запишав на Филолошки факултет,
група Англиски јазик и литература.
Од 1976 година работев во библи-
отеката на катедрата за Англиски
јазик, а после десетина години, мо-
жеби 1987 година, откако магистри-
рав, останав асистент. Темата беше
компаративна, Книжевниот лик на
Скендербеј кај Прличев и во делата
на англиски јазик. После толку вре-
ме излезе и романот „Скендербеј“,
а еден дел од магистратурата е ста-
вен во последниот дел на романот.
Работев како асистент по англиска
книжевност и теорија и практика
на преведување. Кога докторирав
некаде 1997 или 1998 година бев из-
бран за доцент, веднаш ми беше да-
ден предмет Теорија и практика на
преведување и тој предмет го држам
и ден денес за сите групи на фило-
лошки факултет кои имаат преведу-
вачка насока. Практиката посебно ја
работам, а посебно теоријата на пре-
ведување и толкување, со студенти-
те од Англиски јазик, Бев избран и
за вонреден професор, работам во
преведувачка насока. Имаме посеб-
на катедра за ПИТ - преведување и
толкување.
Кога започнавте со пишување?
Во 1981 година ми беше првата
збирка на раскази „Речни улишта“.
И последниот мој роман е битолс-
ки роман зашто повеќе работите се
случуваат тука, а тоа е коментар на
современоста. Темата е историска,
бидејќи лајтмотивот е Скендербеј
и некој ќе помисли дека сум напи-
шал историски роман. Ликот на
Скендербеј излегува на површина.
Врзани се овие современи ликови
со Битола. Јас никогаш не сум ја на-
пуштил Битола. Првиот роман ми
беше „Пророкот од Дискантрија“
беше промовиран во Завод Музеј
и Галерија во Битола. Во Библиоте-
ката го промовиравме вториот мој
роман „Смртта на Дијакот“ 2002
или 2003 година. Две промоции
сум имал во Битола и оваа е трета,
условно кажано.
Што имате преведувано најмногу?
Имам преведувано некои сов-
ремени автори, само како рутина,
а Шекспир ми е најголем предиз-
вик. Денешните автори ги работам
рутински. Единаесет се веќе обја-
вени, а ги имам преведено петна-
есет , ги чекам да ги објавам и си-
те 154 сонети на Шекспир што не
беше споменато во рецензијата на
д-р Златко Жоглев. Ги имам обја-
вено паралелно и на македонски и
на англиски.
Од Шекспировите драми која ви
е најдрага?
Сите ама најмногу ја сакам „Ве-
селите жени виндзорски“ затоа
што е проза.
Дали некој друг автор надвор од
англиските автори ве инспирира?
Како не. Руските писатели ги
читам. Еден Шукшин Василиј на
пример кој беше и режисер, беше
втор Чехов кој направи пресврт во
расказот. Не е повеќе меѓу живи-
те. Го обожавам Чехов затоа што е
цар за кратките раскази. Меѓу аме-
риканските автори не сум сретнал
„short story practitioner“, тие што
пишуваат кратки раскази како што
Карвер, се заљубуваат во Чехов,
ама и јас сум заљубен во него. Се-
когаш ми бил урнек. Од поблиски-
ве Андриќ ми е меѓу најомилените,
стварно, не сум го читал само, туку
сум го читал во суштина.
Што ве ограничува, а што ве
прави слободен?
Сè помалку работи ме ограни-
чуваат, а тоа е добро. Колку повеќе
работиш со текот на животот вле-
гуваш повеќе во работата, но таа те
ослободува, се помалку имаш об-
зири, величини и предрасуди што
можат да те ограничат. Во креатив-
на смисла сè повеќе сум слободен.
Во политичка смисла го демонти-
рав цајканот од главата одамна. На
времето имавме монтирани мали
цајканчиња, стално викаа како
СРЕДБА СО ДРАГИ МИХАЈЛОВСКИ
16
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
„немој ова, немој она, ама така не
се создава. Ако пишуваш и имаш
цајкан во главата, ти не си писа-
тел, ти си лош политичар, епигон
на некој политичар.
Дали работата ви помага во пи-
шувањето?
Како не. Многу е напорно, но
многу е корисно. Честопати идеите
што ги имаш ги дорасчистуваш.
Контактирате ли со колеги?
Колеги има, но може и со сту-
дентите да поставиш една тема и
да расчистиш. Тоа е единствена ра-
бота за која си платен, а си платен
за да се образоваш. Те плаќаат за да
работиш на себе.
Зошто одбравте токму Англиски
јазик?
Дотогаш се учеше само фран-
цуски и руски јазик и јас бев во
првата генерација што учеше ан-
глиски јазик. Така се погодив. Ми
рекоа ти си во англиски клас и си
работел во англиски клас.
Член сте на Организацијата за
мир во Вашингтон?
Имаше околу 300 писатели од цел
свет - Здружение на писатели кое ед-
наш се собра во 1998 во Вашингтон,
ме побараа, ме поканија во Вашин-
гтон. Се дружевме десетина дена и
се потпишавме дека сме членови. Ја
имам и членската книшка. Оттогаш
не сум бил повторно.
Дали сте во контакт со Горан
Стефановски?
Ние сме многу блиски, можеби
малку се гледаме, но контактираме
постојано скоро секој втор ден. По
е-маил се допишуваме. Му преве-
дуваме една драма Хотел Европа,
заедно со студентите.
Дали сте прв пат во комисија за
Издавачка дејност?
Втор пат. Еднаш бев член, сега
сум претседател.
Дали сте задоволен?
Не сум многу среќен. Беа во
густо. Ме замолија да ја свршам
работата како што треба. Ја прифа-
тив работата како и секоја работа,
ја завршив и си одам.
Договорот е за една година, но
не верувам дека ќе останам пона-
таму. Тоа е работа која ме фрустри-
ра, постојано има притисоци.
Каде се наоѓате најповеќе, во
прозата или поезијата?
Во прозата. Во романот, а и во
расказот зашто многу го сакам ко-
га. Последниот роман не е класи-
чен роман, тој е растурен роман
во постмодерна форма, раскази
кои се собрани со еден ист лајтмо-
тив, а тоа е Скендербеј, ги врзува
во целина.
Што претставува за вас литера-
турата?
Тоа е како една фина мамка, ка-
ко една риба кога ќе се фати на ја-
дица, ќе завршиш во тавче. На неа
играш до крај, или ќе работиш или
ќе изгориш.
На професионален или литера-
турен план дали имате некоја
желба што ве води?
Имам желба да бидам рела-
тивно здрав, бидејќи имам доста
работи. Кога имав 50 години, сега
имам 55 доста акумулирав и аку-
мулирам, ама сега имам потреба
акумулираното да го кажам. Сега е
време на заборавање. За да забора-
виш треба прво да напишеш. Са-
кам сите идеи да ги дозавршам да
ги кажам. Богатство имам доволно.
Повеќе не ми треба. Би било сјајно
цел Шекспир да го допреведам во
мој превод со мој дух, не знам дали
ќе имам нерви и време. Едно пре-
ведува Ѓузел, друго Иванка, друго
Блаже Конески.
Дали имате некој посебен пра-
вец во пишувањето?
Не, Секој си го формира својот
стил и тој се препознава.
Дали е Чехов вашата инспира-
ција?
Не, тоа е она што е влезено. Тоа
помага. Образование. Не ти пома-
га никој ако не пее пилето или ако
не си нашол свој пат, мислам дека
својот пат сум го нашол. Сега имам
намера да ги направам најдобрите
дела, ха ха ха.
Дали сметате дека се прилаго-
дивте во Скопје, колку често
доаѓате во Битола?
Кога беа старите живи бев пос-
тојано на релација Битола - Скопје,
17
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
Многумина од читателите на
Пауло Коелјо ќе се запрашаат, што
му требаше да пишува дела со над
триста страници кога досега и така
се прослави со книги не поголеми
од сто и педесетина страници. Нај-
веројатно, почувствувал потреба
дека треба да напиши вредно дело
во кое преку симболика ќе објави
дел од неговото знаење за белата
магија, односно процесот на са-
мореализацијата, што го добил
од неговите учители при својата
духовна потрага. Не случајно, во
Вештицата од Портобело го споме-
нува и Мирчеа Елијаде, романски-
от писател и научник на полето на
Источната филозофија и религија,
посебно будизмот, окултизмот, ма-
гијата и сл. На индиректен начин
сака да каже дека ова негово дело
има научен карактер, се разбира, за
оние кои имаат очи да го прочита-
ат делото во длабочина на неговата
мисла, спознание и симболика со
која изобилува делото како ретко
кое друго дело. Местата, настаните
и имињата на предметите и на не-
говите јунаци го покажуваат тоа:
отец Џанкарло Фонтана, Атена,
или Света Софија, нејзината мајка
Лилијана, Херон Рајан итн.
Неговиот главен јунак е женс-
ки лик, која е во контакт со Голе-
мата Мајка која е „душата, крвта
и телото“ на овој свет по кој „га-
зиме“. Денес, на Запад, посебно е
развиена потрагата по моќта на
Големата Мајка која во себе ја крие
тајната на светот и универзумот.
По милениуми машка доминација,
се враќаме на култот на Големата
Мајка. Грците ја викаа Гаија, и ми-
тот вели дека таа се родила од ха-
осот т.е празнината што владеела
пред Универзумот. Со неа дошол
Ерос, богот на љубовта, и потоа ги
создал Морето и Небото. Оттука и
името Атена, на божицата на муд-
роста која според митот сакала „да
живее, да води љубов, да ја пока-
жува својата дарба, да собира луѓе
околу себе за да им докаже колку
е мудра, но и да ги предизвикува
соседите и да го користи најбого-
хулното во нас и покрај тоа што на
нејзината потрага сакала да £ даде
духовен карактер“. За неа, свет е
ритуалот за будење на искрата на
Големата Мајка во себе. Тоа го пра-
ви меѓу одбрани групи на луѓе при
што добива лик на чудак и маѓес-
ница која кај едни предизвикува
восхит, а кај други морбидност за-
ради својот „мрачен карактер“.
Но сепак, Коелјо со сета своја
наративна способност успева да
фрли светлина, онаква каква што
ја заслужува Големата Мајка и све-
тот претставен преку театарот во
кој глумците т.е. луѓето постојано
се „идентификуваат“ со многу ли-
ОСВРТ КОН ДЕЛОТО
„ВЕШТИЦАТА ОД ПОРТОБЕЛО„
ОД ПАУЛО КОЕЛЈО
Потоа куќата викаше, ја поправав-
ме, сега доаѓам поретко.
Сте добиле награди?
„Стале Попов“ два пати, Раци-
ново признание, „Григор Прличев“
за превод. Ги имам добиено најви-
соките награди за проза. „Утринс-
ки весник“ си е приватна награда.
Ако сакате да ни кажете нешто
за Вашето семејство?
Имам сопруга и две ќерки. Ед-
ната е 30 а другата 25 години. Фи-
лолози. Едната заврши Филолош-
ки факултет, група Албански јазик,
со втор јазик, англиски, а другата,
група Македонски јазик, со втор
јазик, албански.
Што подготвувате во најново
време?
Подготвувам нов роман. Тоа е
еден класичен роман, но уште не
е време да кажам нешто повеќе за
него.
Разговорот го водеше
Николче Вељановски
Приредил, Николче Вељановски
библиотекар советник
18
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
кови, па дури и со женската страна
на Господ. Но зошто го прави тоа?
Всушност, зошто авторот се одлу-
чил да пишува вака обемно дело?
Дали му се смачило од неговата
лична потрага - самоспознанието?
Или тоа се вредностите кои не мо-
жат да бидат препознаени и после
илјадници години од градењето на
пирамидите, појавата на учењето
на Буда, Исус Христос, Мухамед
и другите основачи на религии.
Затоа, како центар на раѓањето
на Атена го зема Лондон, глав-
ниот град на Англија, во превод
и значење, „Земја на ангели“, а
со нагласувањето дека таа знае
англиски јазик ни укажува на
симболиката која се крие во
англиските зборови. Но, за по-
задината, односно науката која
ја вткајува авторот преку сим-
боликата треба да зборуваат
самите читатели.
Сепак, авторот се обидува
уште еднаш да не потсети за
смислата на нашето постоење
која ја бараме преку зборот
„среќа“ за кој не знаеме да нај-
деме, ни оддалеку прикладна
дефиниција. Ако одговорот го
побараме во посакуваната „љу-
бов“, искуствата покажуваат де-
ка ниедна „голема љубов“ меѓу
двајца не била среќна. Ако збо-
руваме дека среќата ќе ја нај-
деме во „мирот“, се поставува
прашањето, каде да го најдеме
кога ни сонцето ни месечина-
та „не се сложуваат“ меѓу себе.
Оттука, обичниот човек си го пос-
тавува прашањето, вели Коелјо,
зошто да го ризикувам животот по
некаква духовна потрага по Неко-
го за кого не сме сигурни, односно
не веруваме, дека треба нужно да
го откриеме, затоа што ни тој ни-
когаш не се обидел да нè љуби? То-
гаш тој се прашува, „зарем ропс-
твото е единствениот начин да се
најде среќата“, притоа мислејќи на
наметнатите и прифатените норми
и предрасуди од општествата во
кои живееме.
Потрагата на Атена по нејзино-
то потекло нè води кон приказната
за Големата Мајка која постои вон
од постоењето на нејзините роди-
тели кои ја посвоиле, а татко £, по
кажувањето на нејзината мајка,
бил Туѓинец. Така таа научила за
класичниот пат на една маѓесни-
ца, која преку индивидуалноста,
го бара контактот со повисокиот и
понискиот свет. Научила како да ја
буди искрата на Големата Мајка во
себе. Нејзиниот животот почнал
да има смисол.
Значи, Коелјо не се предава во
настојувањето на својата читател-
ска публика да £ го наметне пра-
шањето за потеклото - потрага по
својата лична легенда - Изворот,
како што тоа го нарече во својата
книга „Алхемичарот“. Тоа, според
него, е најфундаменталното пра-
шање за човекот. Кога зборува за
„обредите“ на „вештицата од Пор-
тобело“, како што ја нарекувале,
тој зборува за „пат“ кој постои,
надвор од сите обреди, кој постои
во нас сите, тоа е „патот на Мајка-
та“, патот на тајната, на знаењето
кое се добива одејќи по него, а тој
води до себереализацијата.
Авторот смета дека „знаење-
то“, или „спознанието“, или пак,
„љубовта“ која би можела да му
се открие на човекот, откако ќе ја
привлече Големата Мајка кон себе,
било да е тоа преку духовни учи-
тели или воопшто, преку живо-
тот, постои, и дека е прашање
на време кога луѓето ќе бидат
подготвени за неа. Зарем нема
смисол да се спознае „каква е
љубовта на прогнатите души,
се прашува авторот? Оптимис-
тички тврди дека не е возможно
енергијата од љубовта да се из-
губи, „но еден ден нашите очи
ќе се отворат, разните форми на
љубов ќе можат дојдат до израз
и страдањето ќе исчезне од ли-
цето на земјата“. Сепак Пауло
Коелјо се вложил себеси во оваа
книга која се претвори во едно
ремек-дело, и смета дека може
да биде инспирација барем за
малкумина за кои е возможна
и науката на самореализација-
та, во позадина на оваа негова
приказна, „полици и полици со
книги, а знаењето? Дали е кул-
турата на полиците или во на-
шите срца“.
Ако универзалната желба
е нешто понеапстрактно и по-
прифатливо, како што се парите
кои носат задоволство и среќа,
тогаш кога конечно ќе ја постиг-
неме? Или пак вечно ќе брзаме за
да стигнеме до крајот на оствару-
вањето на своите желби? Каде бр-
заме? Пораката на авторот е: ,Пов-
торувај секое утро „Стигнав“. Ќе
видиш дека е многу полесно да се
биде во контакт со секоја секунда
од денот. Пламенот на свеќата го
осветлува твојот свет. Прашај ја:
КОЈ СУМ ЈАС? Постои приказна
за ВРВОТ, во математиката, НАЈ-
ВИСОКАТА ТОЧКА НА ТРИА-
ГОЛНИКОТ‘.
19
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА
ПРЕДАВАЊА, ПРОМОЦИИ,
ИЗЛОЖБИ
Приредил Драги Кабровски
15.01.2007 г.
ИЗЛОЖБА НА КНИГИ
По повод годишнини на поети истакнати личнос-
ти во холот на Библиотеката беше поставена изложба
на книги од следните автори: Константин Миладинов
кој умрел во 1852 година, Димитар Миладинов поет
брат на Константин кој умрел 1862 година. Во 1830
година во Охрид се родил Григор Прличев поет, пре-
ведувач и автобиограф. Во 1909 година, во Гостивар,
роден е академикот и научен работник Харалампие
Поленаковиќ, еден од основоположниците на маке-
донската литература.
01.02.2007 г.
ИЗЛОЖБА НА КНИГИ
По повод годишнините во холот на Библиотеката
се постави изложба на книги од следните писатели:
01.02.1834 г. Роден во Охрид, Кузман Шапкарев,
познат публицист и собирач.
08.02.1828 г. Во Париз, роден е францускиот писа-
тел Жил Верн, автор на многу книги за деца.
09.02.1881 г. Умре истакнатиот руски писател Фјо-
дор Михаилович Достоевски.
15.02.1839 г. Во Велес, роден е македонскиот
преродбеник Рајко Жинзифов. Умре во Москва на
15.02.1877 година.
26.02.1802 г. Роден е големиот француски писател
Виктор Иго. Умре во 1885 година.
27.02.1902 г. Роден е американскиот писател Џон
Штајнбек. Умре во 1968 година.
01.02.2007 г.
IN MEMORIAM – СИДНИ ШЕЛДОН (1917-2007)
Изложба на книги по повод смртта на писателот
Сидни Шелдон. Во холот на Библиотеката беа изло-
жени наговите дела, кои спаѓаат во редот на најчита-
ните книги во Библиотеката.
09.02.2007 г.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА
Меѓународниот Славјански Институт - гр. Мос-
ква, Филијала Македонија - Битола во соработка со
НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола, организи-
раа промоција на книгата; „ВРЕМЕ НА СМРТНАТА
ЉУБОВ“ роман од професорот на Славјанскиот Инс-
титут д-р. МЕТОДИ МАНЕВ од Свети Николе.
Промотори на романот беа: д-р. Јован Дамјановс-
ки и писателот Петре Димовски од Битола.
Извадоци од книгата читаа: Ева Гаврилова и Нико
Ѓоргиевски студенти на Славјанскиот Институт во
Битола.
Музички настап Нико Ѓоргиевски.
Модератор на програмата Делфина Лидони.
23.02.2007 г.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА
Националната установа Универзитетска библио-
тека "Св. Климент Охридски" од Битола на 23.02.2007
година во 12.00 часот организираше Промоција на
книгата "ЗАКОПАНА ВИСТИНА" од битолскиот пи-
сател Добре Тодоровски. За книгата говореше писа-
телот Радован П. Цветковски. Промоцијата се одржа
во Роднокрајната читална на Библиотеката.
БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
20
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
26.02.2007 г.
ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ
БОРИС ТРАЈКОВСКИ - ТРИ ГОДИНИ ОД НЕГО-
ВАТА СМРТ. Во холот на Библиотеката беа изложени
фотографии и текстови каширани на картон, од пре-
тседателот Трајковски кој трагично загина на пат за
Мостар во 2004 година.
МАРТ
06.03.2007 г.
ИЗЛОЖБА НА КНИГИ
По повод 8 Март - Денот на жената и годишни-
ната од смртта на американската писателка Перл Бак
(1973). За добитничката на Нобеловата награда за
литература во 1938 година, во холот на Библиотеката
беше приредена изложба на нејзиното творештво.
06.03.2007 г.
ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА
Библиотеката ја посетија ученици од ОУ „Гоце
Делчев“ од Битола, при што беше воден разговор за
значењето на Библиотеката како културна установа
од национален карактер.
06.03.2007 г.
ИЗЛОЖБА НА КНИГИ
По повод предавањето за годишнината од депор-
тацијата на евреите во Битола организирано од Маке-
донското научно друштво, Библиотеката се вклучи со
поставување на изложба на книги со тема „За евреи-
те во Битола и Македонија“.
14.03.2007 г.
ПРОМОЦИЈА НА СПИСАНИЕТО СУМ
Свечено претставување на 50 (педесеттиот) број
на списанието „СУМ“. На почетокот од промоцијата
присутните гости ги поздрави директорот на Библи-
отеката г-дин Науме Ѓорѓиевски. За списанието гово-
реа: г-дин Нове Цветановски и г-дин Трајче Кацарев.
Преку видео-бим беа презентирани сите досегашни
списанија.
21.03.2007 г.
ДЕНОВИ НА БИБЛИОТЕКАТА
По повод 62-годишното постоење на НУУБ „Св.
Климент Охридски“ од Битола, на 21 Март 2007 го-
дина, во 20 часот, во рамките на манифестацијата
„Денови на Библиотеката 2007“ свечено беше отворен
реновираниот хол на Библиотеката. Пред многуте гости
поздравна реч одржаа директорот на Библиотеката г-
дин Науме Ѓорѓиевски, пратеничката во Републичкиот
парламент г-ѓа Анета Стефановска и градоначалникот
на Битола г-дин Владимир Талески. Во оваа свечена
пригода беше отворен и продажниот Саем на книгата
од Издавачката куќа „Матица македонска“ од Скопје.
22.03.2007 г.
ГРУПНА ПОСЕТА ОД УЧЕНИЦИ
При посетата на учениците од втора година при
БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
21
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
Гимназијата „Јосип Броз Тито“ Битола, за историја-
тот на Библиотеката во кратки црти зборуваше г-дин
Драги Кабровски, а за начинот на пребарување на
каталогот преку компјутер, г-ѓа Гордана Пешевска,
библиотекар - систем инженер.
23.03.2007 г.
СРЕДБА СО ПИСАТЕЛИТЕ
Во салата за промоции беше организирана средба
со тројца реномирани македонски писатели, по повод
нивните најнови и наградени романи:
Веле Смилевски со „Педесет долевања“(награда
„Ацо Шопов“ 2005) ;
Раде Силјан со „Македонски писатели и дела“ (на-
града за критика „Димитар Митрев“ 2006) и
Драги Михајловски со „Мојот Скендербеј“(награда
„Стале Попов“ 2006)
За писателите зборуваше проф. д-р Златко Жоглев
од Педагошкиот факултет од Битола. Претставување-
то на писателите го водеше г-ѓа Анита Ангелевска.
26.03.2007 г.
ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА
Ученици од трета година при Гимназијата „Јосип
Броз Тито“ Битола, заедно со професорката по маке-
донски јазик, ја посетија Библиотеката.
27.03.2007 Г.
ПРОМОЦИЈА НА БИБЛИОГРАФИЈА
По повод „Деновите на библиотеката 2007“ се од-
ржа промоција на изданието на Библиотеката, „Биб-
лиографија за Вера Стојчевска-Антиќ“ составена од
Јоланда Бошевска, Цветанка Дамјановска, Лена Се-
куловска. Во присуство на проф. д-р Вера Стојчевска
- Антиќ, библиографијата ја промовираа: д-р Алек-
сандар Стерјовски и проф. д-р Димитар Пандев.
29.03.2007 г.
СРЕДБА СО ГОРЈАН ПЕТРЕВСКИ
Во рамките на „Денови на Библиотеката 2007“ се
одржа средба со детскиот писател Горјан Петревски
од Скопје. За делото на писателот говореше Радован
П. Цветковски од Битола. Средбата беше проследена
и со музички точки во исполнение на градскиот де-
тскиот хор „Sвончиња“. На оваа средба гостуваа уче-
ници од ОУ „Гоце Делчев“, „Ѓорѓи Сугарев“ и „Елпида
Караманди“ од Битола.
29.03.2007 г.
ГРУПНА ПОСЕТА ОД УЧЕНИЦИ
Учениците од Основното училиште „Елпида Ка-
раманди“ ја посетија Библиотеката при што истовре-
мено го разгледаа и Саемот на книги од ИК „Матица
македонска“ изложени во холот на Библиотеката.
АПРИЛ
02.04.2007 г.
ИЗЛОЖБА НА ДЕТСКИ КНИГИ
Во Националната библиотека „Св. Климент Ох-
ридски“ од Битола, за одбележување на 2-ри Април
БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
22
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
- Меѓународниот ден на детската книга, во холот на
Библиотеката се отвори изложба на книги насловена:
„ МАКЕДОНСКИ ПИСАТЕЛИ ЗА ДЕЦА“.
Изложбата претставуваше избор од книжниот
фонд на Детската библиотека.
20.04.2007 г..
ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА
Деца од претшколска возраст од с. Могила, под
водство на претпоставени, организирано ја посетија
Библиотеката при што г-дин Драги Кабровски ги за-
позна со Детската библиотека која располага со голем
книжен фонд кој одговара на нивната возраст. Де-
чињата го посетија и Одделот за изадавање и услуга,
се запознаа со компјутерите за пребарување во холот
и одделот Заштита на книгата.
23.04.2007 г.
ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ ПО КОНКУРСОТ
На 23 Април - „Светскиот ден на книгата и автор-
ското право“, во салата за промоции, со почеток во
10 часот, комисијата ги соопшти резултатите и ги до-
дели наградите на најуспешните литературни творби
пристигнати на литаратурниот конкурс што Библи-
отеката го распиша на 21 Март по повод „Светскиот
ден на поезијата“ под наслов „Младоста и Времето“
во категорија за ученици од V до VIII одделение. На
Конкурсот пристигнаа 78 лични творби и сите под
шифра според пропишаните пропозиции. На поче-
токот ученичките од ОУ „Гоце Делчев“ Огненовска
Марија и Трифуновска Марија ги прочитаа Светска-
та и македонската порака за книгата.
Резултати по конкурсот:
Прва награда „Сјајот на младоста“- шифра“Црвена
ружа“ Марија Трифуновска, од ОУ „Тодор Ангелевски“
Втора награда „Играч на жица“ - шифра „Чекор
во празен простор“ - Стефани Најденовска, од ОУ
„Коле Канински.
Трета награда „Како Растам“- шифра „Маче“- Ан-
гела Ѓурчиновска, од ОУ „Елпида Караманди“.
Жири комисијата одлучи да се наградат уште пет
творби со книги: „За младоста“ шифра „Феникс“- Дар-
ко Гиковски, од ОУ „Елпида Караманди“; „Скалила“-
шифра „Ретка билка“- Анѓелина Огненовска, од ОУ
„Коле Канински“;; „Младоста наша“- шифра „Птица
-Ана Ристиќ, од ОУ „Гоце Делчев“; „Осамениот во ма-
настирот“- шифра -„Кафез“- Кристина Ристевска од
ОУ „Коле Канински“; „Младоста и времето“- шифра
- „Трепет“- Симона Тасевска од ОУ „Гоце Делчев“.
На присутните им беше подарена по една книга, а
на посетителите на Библиотеката им беше подарен по
еден цвет по повод Светскиот ден на книгата.
23.04.2007 г.
ИЗЛОЖБА НА КНИГИ
По повод „Светскиот ден на книгата и авторското
право“, во холот на Библиотеката беше поставена из-
ложба на книги избор од светската поезија во издание
на институцијата „Струшки вечери на поезијата“.
25.04.2007 г.
IN MEMORIAM - ТОМЕ АРСОВСКИ
Во холот на Библиотеката по повод смртта на ма-
кедонскиот писател Томе Арсовски беше поставена
изложба од неговото творештво
26.04.2007
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА
Во салата за промоции на Библиотеката во 12 ча-
сот се одржа промоција на новата книга збирка на
поезија „Вртлогот на занесот“ од младата поетеса
Ирена Црвенковска од Битола.
19.05.2007
ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА
Библиотеката ја посети министерот за култура,
м-р Арификмет Џемаили, во придружба на своите
БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
23
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
соработници од Министерството за култура. Дирек-
торот на Библиотеката г-дин Науме Ѓорѓиевски исцр-
пно го информира министерот за работата на Библи-
отеката при што беа разгледани сите организациски
единици (оддели).
20.05.2007
САЕМ НА КНИГАТА
Во фоајето на Народниот театар од Битола, во 18
часот, заменик министер за култура на РМ г-дин
Слободан Деспотовски, го отвори четвртиот „Са-
ем на книгата - Битола 2007“. На почетокот од ма-
нифестацијата поздравна реч одржа директорот на
Библиотеката Науме Ѓорѓиевски. Во рамките на Сае-
мот беше промовиран и „Водач на Библиотеката“ од
г-ѓа Ленче Андоновска вработена во Библиотеката.
Промотор на книгата беше г-ѓа Анета Стефановска
пратеник од Битола во Собранието на Р. М.
22.05.2007
ВТОРА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА
Во салата за промоции на Библиотеката, во 12
часот, започна Втората роднокрајна средба на Битол-
ски писатели од Македонија. Присутните писатели и
гости ги поздрави директорот на Библиотеката г-дин
Науме Ѓорѓиевски кој воедно и ја отвори средбата.
Средбата ја водеше д-р Николче Вељановски.
23.05.2007 г.
ТРКАЛЕЗНА МАСА-ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА
ПИСАТЕЛИТЕ
Во читалната на Роднокрајниот оддел на Библи-
отеката, со почеток во 10 часот, организатор и ме-
дијатор на средбата беше д-р Николче Ваљановски
вработен во Библиотеката.
23.05.2007
ИЗЛОЖБА НА КНИГИ
Како пропратна активност на Втората роднокрај-
на средба беше изложбата на книги од присутните
писатели на средбата во холот на Библиотеката.
24.05.2007
ИЗЛОЖБА НА КНИГИ
По повод 24 Мај, Денот на светите браќа Кирил и
Методиј, беше приредена изложба на книги во холот
на Библиотеката. Покрај книгите за животот и дело-
то на светителите Кирил и Методиј беа изложени и
книги посветени на црквите и манастирите во Маке-
донија кои своевремено претставуваа светилишта и
училишта за просветување на народот.
05.06.2007
ПРЕЗЕНТАЦИЈА
Македонско - хрватско друштво „Марко Ма-
рулиќ“, Заедницата на хрватите - Битола и НУУБ
- Битола организираа Презентација на книги од Но-
винарско-издавачката куќа „Хрватска реч“ од Субо-
тица. Презентацијата ја отвори почесниот конзул на
Р. Хрватска во Битола г-дин Бранко Маретиќ.
Свое обраќање кон присутните гости имаше ди-
ректорот на Новинско-издавачката куќа „Хрватска
БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
24
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
реч“, а книгите ги претставуваше уредникот на Изда-
вачката куќа. На презентацијата се поставија и некол-
ку прашања до гостите од Хрватска.
01.06.2007 СОФИЈА
БИТОЛСКО КНИЖЕВНО НАСЛЕДСТВО
Од 1 до 14 јуни Библиотеката, во соработка со Кул-
турно - информативниот центар на РМ во Софија, НР
Бугарија, ја отвори Изложбата на дела од битол ски ав-
тори, под име „Битолско книжевно наследство“. Де-
лата беа донирани од самите автори, а потоа му беа
поклонети на Центарот. Пред повеќе видни гости збо-
руваа директорот на Библиотеката Науме Ѓоргиевски,
Ленче Андоновска, а исцрпно предавање одржа проф.
д-р Златко Жоглев. Претставен беше и краткометраж-
ниот филм за Општина Битола, „Film-land“. После за-
творањето на Изложбата, во Роднокрајното одделение
во Библиотеката, се одржа средба на роднокрајните
автори - учесници на Изложбата на која се зборува-
ше за успехот на изложбата. Директорката на КИЦ на
РМ во Софија, г-ѓа Доста Димовска испрати писмо до
Библиотеката со благодарност за успешната органи-
зација на изложбата од страна на Библиотеката.
06.06.2007 г.
ДЕТСКА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА
Во рамките на соработката помеѓу Библиотеката
и ОУ „Гоце Делчев“ од Битола, во холот на Библиоте-
ката беше организирана изложба на ликовни творби
изработени од децата кои го посетуваат забавиштето
во истото училиште. И по овај повод Библиотеката
беше посетена од децата придружени од нивните на-
ставнички на 08.06.2007 година (петок) во 13 часот.
10.06.2007
ДЕН НА КУЛТУРАТА
Во рамките на манифестацијата „Денови на култу-
рата“ на плоштадот Магнолија Библиотеката органи-
зираше Панаѓур на книгата каде што продаваше но-
ви книги по симболични цени. Панаѓурот привлече
голем број посетители од градот и пошироко.
05.07.2007
ФИЛАТЕЛИСКА ИЗЛОЖБА
Во рамките на „БИТ - ФЕСТ“ 2007, во холот на
Библиотеката- приредена е Филателиска изложба од
БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
25
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
приватната збирка на Ѓорѓи Димовски - Цолев на-
словена: „100 години од црвен крст, полумесечина и
црвен лав“. Збирката беше претставена од авторот, а
директорот на Библиотеката Науме Ѓоргиевски, во
присуство на медиумите и други љубители на фила-
телијата, ја отвори Изложбата.
06.07.2007
ПРЕДАВАЊЕ ЗА ХЕРАЛДИКАТА
Пред бројниот аудиториум во салата за промо-
ции на Библиотеката г-дин Јован Јоновски, хералд и
претседател на Македонското хералдичко здружение,
одржа предавање на тема: „Грбовите сведоштво на
државноста“.
25.06.2007
ИЗЛОЖБА НА РАКОПИСИ
Во рамките на „Бит- Фест 2007“, Библиотеката орга-
низира Изложба на ракописи и книги од роднокрајни
автори. Изложбата ја отвори писателот Ѓорги Прчков.
БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ОДДЕЛ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУГА
ЗА ВОЗРАСНИ
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ
Приредила Гордана Марковска
1. ХОБИТОТ - Џ. Р. Р. Толкин
2. МОРЕТО И ЗМИЈАТА - Паола Бомбара
3. ОЧИТЕ НА СИБИРСКИОТ ПЕС - Санта Ана
4. ПРИТАЕНО ЗЛО - Е. Кесиди
5. ПРИНЦОТ ОД НАРНИЈА - Луис К. П.
- Лавот вештерката и орманот;
- Внуката на маѓесникот;
- Патешествието на бродот „Мугри“;
- Принцот Каспијан и
- Коњот и неговото момче.
6. ЕРАГОН - Кристофер Паолини
7. СПОМЕНИТЕ НА СПОМЕНКА - Горјан
Петревски
8. МАЖ ЗА МАМА - К. Нестлингер
9. ОСКАР - В. Коцески
10. ЛЕТАЧКИОТ ЧОВЕК ПЕПЕРУТ - В.
Неделковски
ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ
Приредила Стеванка Петковска
1. НАСЛЕДСТВОТО НА ТЕМПЛАРОТ - Стив
Бери
2. САРА - Марек Халтер
3. ПОЛЕ - Лин Мектагарт
4. ВЕШТИЦАТА ОД ПОРТОБЕЛО - Паоло
Коелјо
5. ТРЕТАТА ТАЈНА - Стив Бери
6. АФЕРАТА ВАН ГОГ - Џефри Арчер
7. ПРИНЦЕЗАТА СУЛТАНА - Џин Сасон
8. ЌЕРКИТЕ НА ПРИНЦЕЗАТА СУЛТАНА
- Џин Сасон
9. ПРСТЕНОТ НА ПРИНЦЕЗАТА СУЛТАНА
- Џин Сасон
10. ЗАГОВОР НА ТРЕТОТО НЕБО - Џулио
Леони
11. КРАЛОТ НА ЧЕЛИКОТ - Јулија Латинина
12. ПАРФЕМ - Патрик Зискинд
13. ЉУБОВТА Е ВЕЧНА - Ирвинг Стоун
26
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
ПОВОД ЗА ДА ВИ ГО ПРЕТСТАВИМЕ
После 2005 година што имаме
најново?
Во 2006 година излезе романот
„Спомените за Споменка“ кој е
втор дел од приказната за Спомен-
ка. Напишан е во 1986 година, но
остана цели 20 години да мирува
за да биде потоа објавен. Зошто
не го објавив? Едноставно сакав
да бидам строг кон себе, за да не
ја разочарам публиката со евен-
туален неуспех, покрај првиот дел
„Споменка“ кој е извонредно при-
фатен роман дури и денес. Но на
моја среќа и едниот и другиот дел
претставуваат засеб-
на приказна. Наскоро
ќе се појави и третиот
дел со наслов „Сонот
со Споменка“. Сега
кога сме кај делови-
те, постои уште една
книга уште еден дел
кој се вика „Задоцне-
ти писма за Спомен-
ка“ кој нема целина
со другите три дела.
Таа ги содржи писма-
та кои излегуваа уште
во 1973 и 1974 година,
во неколку продол-
женија, во списание-
то „Наш свет“. Изле-
гоа околу 70. Од нив
направив еден избор.
Со третиот дел кој ќе
се појави во текот на
2007 година ќе ја за-
окружи приказната
за Споменка.
Каква е поврзаноста со
„Споменка“?
Всушност, Споменка е еден лик
од моето детство, од моите години,
од времето триесетина години на-
назад, а сепак и денес остана при-
фатена од читателите. Се обидувам
ликот на Споменка да им го прене-
сам на читателите на еден прифат-
лив начин затоа што денешните ге-
нерации ги немаат доживувањата
во онаа форма во која се опишани
во Споменка, со сета своја чисти-
на, искреност, топлина. Ние сме
луѓе и на сите ни треба топлина,
а посебно на младите, на тинејџе-
рите. Јас ги следам нив во текот
на сиот мој животен век и ги знам
нивните болки страдања, нивните
таги и сл. Во „Наш свет“ ја водам
„Вљубената страница“ преку која
ми ги откриваат тајните. Токму
затоа во моите приказни сакам да
им понудам топлина. Можеби не-
кои ќе речат, „не сакаат овие гене-
рации романтика, нежност“. Не е
точно. Отсекогаш сакале топлина
и тоа нема да згасне понатаму, ба-
рем во тоа сум убеден како автор,
и затоа се обидувам тоа да го пре-
несам на генерациите што замина-
ле од таа тинејџерска возраст, но,
и што доаѓаат. Се разбира, прак-
тиката ми покажува дека сум во
право, и верувам дека таа топлина,
таа нежност ќе им биде неопходна
и понатаму за да се изградат како
здрави личности.
Која година беше издадена прва-
та „Споменка“?
Првата „Споменка“ беше напи-
шана уште во 1973 година, но то-
гаш „Мисла“ беше голем издавач,
таму ја предложив за
објавување. Некаде
тој ракопис се изгу-
би, затоа што „Мис-
ла“ тогаш се селеше
од едно во друго мес-
то. Романот се појави
дури во 1982 година
после еден конкурс
што го распиша „Дет-
ска радост“. Бидејќи
во тоа време ликот на
Споменка беше врзан
со мене, во ракописот
што го испратив на
конкурсот, ликот го
преиначив во Јана.
Откако помина на
конкурсот беше от-
купен за објавување.
Се разбира, наместо
Јана ликот повтор-
но го преиначив во
Споменка. И така на
некој начин се оби-
дов да го измамам
жирито и оттогаш тој поход на
Споменка трае до денес. Оттогаш
„Споменка“ е објавувана некол-
ку пати. Конкурирав со насловот
„Јоргованите прецутуваат“ , а под
тој наслов никој не се сомневаше
дека тоа е книга на Горјан.
РАЗГОВОР СО ГОРЈАН ПЕТРЕВСКИ
27
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
ПОВОД ЗА ДА ВИ ГО ПРЕТСТАВИМЕ
Која издавачка куќа ја издава
„Споменка“ сега?
Сега „Споменка“ го издава Из-
давачката куќа „Детска радост“ ка-
де што се врзани моите почетоци,
и каде го поминав најголемиот мој
работен век. Тоа се нови изданија
со некои мали технички промени.
Дали третата книга „Сонот за
Споменка“ претставува реален
сон?
Па, провејува еден сон со тие
детски чувства. Сакав во насловот
да се содржи името Споменка и во
сите наслови да провејува ликот на
Споменка.
Дали се има нешто преведено од
вашите книги?
Има еден Избор раскази кои
многу одамна се појави во Сарае-
во, но се разбира правиме напори
да се излезе надвор од границите
на нашата земја, но ние сме мно-
гу мала земја и многу многу тешко
функционира.
Ме чуди зошто Марта и Бојан, да
не можат да успеат надвор?
Па добро, треба добар преведу-
вач, а мене не ми е кројката за тоа.
Можам да напишам но тоа треба
да се знае како да се пласира над-
вор од границите. се обидувам да
направам универзални теми. Тема-
та на љубовта е универзална. Еве
на пример романот „Исти очи“, во
Црна Гора, писателот Душан Ѓури-
шиќ е воодоошевен од него. Тој го
преведува и досега е веќе преве-
ден. Романот зафаќа еден простор
карактеристичен и за Црна Гора и
за нас. Една клисура и настан од
приказната врзан околу клисура-
та. Бранко Ристиќ, професор од
Крушевац, кој предава литература
за деца и кој ме следел затоа што
и тој заврши Филолошки факул-
тет во Скопје, во еден разговор ми
рече, „Марта не можат овде да ја
напишат“.
Со кои писатели соработувате?
Се сретнувам со многумина, но
јас почесто се сретнувам со писа-
тели за деца. Со Киро Донев, па
Македонка Јанчевска, Јанкуловска
и други. Пожелен сум во сите гра-
дови и сите библиотеки и се раз-
бира, таму каде што ме сакаат таму
каде што ме бараат се обидувам да
стигнам.
Дали сте задоволен со писателот
Горјан Петревски?
Сега сум постојано вработен
во „Детска радост“ како писател.
Имам можност да пишувам кни-
ги. Имам можност да ги објавувам
книгите без да бидам врзан за Ми-
нистерството за култура. Сега сум
навистина задоволен од работното
место, од третманот на тоа работ-
но место, а задоволен сум и од чи-
тателите.
Разговорот го водеше
Николче Вељановски
28
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
ПОВОД ЗА ДА ВИ ГО ПРЕТСТАВИМЕ
Била еднаш една планета и една
ѕвезда £ праќала можност за жи-
вот. • давала и годишни времиња,
само годишните времиња биле по-
инакви од нашите на Земјата.
Имало на неа разумни суштес-
тва и долго време постоела ци-
вилизација. Науката и техниката
потерале доста напред, особено на
јужните предели, кои биле помал
простор и со помал број „разум-
ци“ отколку оние на северот, и на
извесен степен од својот развој до-
стигнале грандиозен успех.
Но пред тоа да приобјасниме,
со уште некој податок. Според до-
кументираното од археологијата,
таа далечна за нас планета се ви-
кала Граба, а континенти имало
само еден и пол на југ и два и пол
на север, вкупно четири. Се викале
Метанија, Расидија и Бегока – по-
неразвиените, и Забразија водеч-
киот, јужниот. Според многу не-
шта од археолошките пронајдоци
се гледало дека југот таму во еден
момент од историјата се прогласил
дека стои „горе“ на планетата, на-
рекувајќи го северот „долу“. Исто
и тие знаеле за екватор и го вика-
ле Протр. Грабјаните, жителите на
планетата, со општа именка се ви-
кале „мали“, место нашето: луѓе, и
имале исто како нас две нозе и две
раце, ама биле со многу голема ко-
са и тесно чело.
Така еден ден, еден и несфатено
колку кобен ден, се случи. Се случи
таа најголема трешница за далеку
повеќето од половина на тој, инаку
доста сличен на нас, свет. Грабји-
ната топка беше толку многу свр-
тена, поместена од уходиштето од
памтивек, така што вертикалноста
на Ѕвездините зраци од просторот
(екваторот), ја презедоа местата
многу појужни... Тоа беше изве-
дено со научните постигнувања
на јужните народи, претходно ек-
спериментално проверени и по-
тоа практично применети. И уште
второ дејствие: со активирањето
на кооперативната апаратура беше
истргната Граба од тенденцијата на
навалувања и менувања на аголот
на падот на Ѕвездините зраци. Беа
избришани годишните времиња.
На едни места само ѕвездевина и
изобилство и добрини – на други
само ноќ и студ што сè помалку
беше можно да се издржува. Долу,
северот, мракови и мразови, като-
ви наслоени мразници, и мувлија,
таква непозната новоизродена
мувлија, која од недејствувањето
на живи разумни сили стана многу
отровна и радиоактивна, се нема-
ше од неа избав. Очајнички појави
на револт, метеж и хаос, се праќале
протестни ноти и осуди до спро-
тивната, другата страна на светот
Граба, и кинисале реки од колони
бегалци по суво, и со цели компо-
зиции бродови и небески летала,
плипотилок престрашени души да
избегаат од мувлијата, неразбрано
најсовршена прокобија до непре-
глед, до недостас распрострена,
која не оставаше грешки во своја-
та жетва на животи. Се надеваа не-
како да се доберат, да преминат на
благодетниот југ.
Но ја одбија решително нава-
лата јужјаните, и небесните окол-
ности им одеа во прилог, правејќи
ги неспоредливо посилни во од-
браната и заштитата на своето
удопство и речиси рајска погод-
ност. Милиони разочарани и изгу-
бени, не се ни вратиле во родниот,
проколнат од науката крај... И не се
повтори повеќе таков обид на на-
езда по спас.
Јужјаните веќе го симнале од
умот обидот да им влезат други
во нивниот убав дом, никогаш и
не помислувајќи да заслезат кон
северот, да погледаат што стану-
ва таму, а кога еднаш сепак некои
случајници се обиделе тоа да го
сторат, се видело дека не е ни мож-
но да се продре, да се приѕне таму.
Изгинале случајниците од мув-
лијата, од огромната радиоактив-
ност се престориле во прашинска
ништотност...
Но дека е тоа несреќа дури по-
тоа се сфатило, кога се открило
дека онаа создадена мувлија и уги-
нување не била воопшто нешто
што ќе остане само таму, „долу“...
Беше забележано дека таа со зло-
кобна доследност надоаѓа, се бли-
НОВ РАСКАЗ НА НИКОЛА КОЧОВСКИ
ЛЕГЕНДА ЗА ПЛАНЕТАТА ГРАБА
29
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
ПОВОД ЗА ДА ВИ ГО ПРЕТСТАВИМЕ
жи и кон „горните“ Грабјини напо-
редници. Неверојатно! Зародена
во услови на темнини и студје,
се покажа издржлива и опасно
уништувачка ете и за потсврте-
ниот кон Ѕвездата, јужен Грабјин
предел, континентот Забразија. А
кога веќе се изотпорија, пребро-
дувајќи ја можноста да бидат раз-
градени, достасаните и по суво и
по вода, дури и по воздух агенси
на мувлииштата и загадочната ра-
диоактивност, јурнаа во нов полет
– како што поодамна беше заврше-
но онаму на северот, – брзо да го
преклопат и целото пространство
на тој, опсипан со преголема свет-
лина југ. Тоа беше всушност една
незамислива, посилна од сè оче-
кувачко, експлозија, зададена да
ја опкружи и смири до последната
точка оваа небесна топка.
Се подигна силна паника меѓу
огромниот број јужни жители. И
се чуја повици за спасување. Арно
ама беа затечени во целосна не-
подготвеност. Имаа веќе забора-
вено дека е нужно и понатаму да
се вложува труд. Презадоволни, се
беа оддале само на уживања, та беа
престанале многу да му мислат.
Вистина, во едно поранешно вре-
ме нивни изум беше пронајдената
формула со која станале моќни
двигатели и менувачи на полож-
бата на целата Граба и укинувачи
на годишните времиња што и на
другите им ја носеле некогаш Ѕвез-
дината благодет, – но таа формула
одеднаш се покажала надмината:
немало решение за враќање на го-
лемата уште праисториска и небес-
ка закономерност, така и враќање
до првобитната безбедност нема-
ло. Всушност, причината била во
тоа, што откако си ја беа зеле само
за себе ѕвездевината, мислејќи тоа
ќе им биде доволно и предоволно,
– неоткриено ни од археолозите по
колку Грабјини години дали десет-
летија – станале сосем други „ма-
ли“ (луѓе), не сакале за ништо да си
„чукаат глава“. Изумрела грижата,
будноста, претпазливоста, како
што минувало времето во голем
раскош и убавиње, со сè готово
понудено, тукуречи се заборавило,
престанало и да се мисли на вре-
мето на некогашните откритија,
формулите, трага не останала од
стремежот за одење напред...
А облаците, маглите, никогаш
недоодгатнато труечки, се натру-
пувале, ја прекривале ужаснувач-
ки Ѕвездата, ја оддалечувале. И
останале грозно сами сред злото
пливнато низ сферата што ја дише-
ле, соочени со она што единстве-
но им преостанало, како црвје, за
многу кратко време.
Така ете се одиграле работите
со планетата Граба, на која неко-
гаш имало многу живот.
Библиотека како секоја друга
библиотека. Врвулица од луѓе. Ед-
ни влегуваа други излегваа. Знаеш
како е. Секој по нешто бара или
враќа. Во тој вриеж од луѓе влезе и
еден пристар човек со качкет, без
вратоврска и неизбричен. По крат-
ко чекање дојде на ред.
-Добар ден! - ја поздрави биб-
лиотекарката.
-Добар ден! Кажете, чичко, што
барате? - отпоздрави и праша.
-Тука давате книги?
-Да, тука. Ама не даваме, туку
позајмуваме, - го исправи библио-
текарката.
-Ве разбрав.
-А, сте член?
-Каков член, на партија? Не
сум, - брзо изреагира стариот.
-Чекајте, чекајте, ве молам. Да-
ли имате членска карта? - пак се
сплетка библиотекарката.
-Е па, кога не сум во партија,
немам и членска карта, - се спро-
тивстави стариот.
-Не, не членска карта за во пар-
тија, туку од библиотекава. Наша
членска карта. Со неа се позајмува
книги, - фати да му објаснува и да
се поправа себеси.
-А бе, само за сега му треба на
чупчето, и толку, - фати да настоју-
ва стариот без да знае како се врши
позајмувањето.
-Било како, чичко! За еднаш
или повеќе пати треба членска
карта.
-Е, за тоа не ми рекоа, златна.
-Чичко, јас не сум златна, - вра-
ти библиотекарката на ист начин,
малку како во шега.
-Не си, ама така кај нас велат.
-Сега и јас те разбрав. Сосема
убаво те разбрав.
-Не си мала, знаеш ти и повеќе
од тоа, - пак потфати малку шего-
Радован П. Цветковски
НЕДОРАЗБИРАЊЕ
30
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
ОД ЖИВОТОТ НА БИБЛИОТЕКАРИТЕ
вито за да ја одоброволи, да стане
интересен, та да си ја сврши ра-
ботата кога веќе не носи членска
карта.
-А која книга му треба на ва-
шето чупче? - праша многу дирек-
тно.
-Чекај, која... Која книга?
Во тој момент дури да каже
стариот која книга ја бара, се исто-
пори една госпожа преку ред.
-Мислам „Гидо Опасен“! - из-
вика стариот. -Така мислам...
-Како, „Гидо Опасен“? - прашаа
истовремено и библиотекарката и
госпожта од преку ред.
-Мислам така рекоа и чупчето
и мајка му.
-Сигурно не, - заниша со глава-
та библиотекарката.
-И јас првпат слушам за таков
наслов, - рече госпожата што се на-
мести преку ред, потврдувајќи го
мислењето на библиотекарката.
-Ај мајката, бела! Бела! Ами
сега? Чекај, чекај, - завика стариот
и почна да пребарува по џебовите.
-Чекај, ми дадоа и ливче. Еве го,
еве го на. Ете изумив, стар човек,
проштавајте, - се извини стариот.
-А бе, чичко, не е „Гидо Опа-
сен“, ами Ги де Мопасан. Така се
вика писателот, а не книгата. Сè ти
напишале во него. Тука е и бројче-
то од членската карта и насловот
на книгата и името на чупчето. Ка-
терина се вика чупчето?
-Така, Катерина. Катерина се
вика.
-Сега ќе ја најдеме книгата. Ка-
ко не ти текна уште преѓеска да ни
го покажеш книжето. Досега ќе си
беше дома.
-Јанглаш, деца. Вие сте млади
и за мене сте деца. Јанглаш. Јас ја
згрешив, проштавајте.
-Ако, чичко, ако, недоразби-
рање, - возвратија обете госпожи
и брбнаа во смеа. Се засмеа и ста-
риот задоволен оти ја сврши рабо-
тата.
Ете така, што можеш. Се пра-
ват грешки, луѓе сме. Пензионери-
те се за сè. Ако не ја свршат некоја
работа денес, ќе ја свршат утре.
Та и стариот не го фати работата
или пак му претече млекото. Има
време тој. Можби затоа в град на
секое семејство му треба барем по
еден пензионер, а на село по едно
магаре.
Националната установа - Уни-
верзитетска библиотека „Свети
Климент Охридски“-Битола, во
рамките на „Едицијата Познати
личности“ која ги опфаќа род-
нокрајните автори од нашиот град
ја изготви „Персоналната библи-
ографија за проф. д-р Вера Стој-
чевска-Антиќ“. Библиографијата
беше промовирана во рамките на
„Деновите на Библиотеката 2007“
на 27 март, во салата за промоции.
Библиографијата ја промовираа
д-р Александар Стерјовски и д-р
Димитар Пандев.
Вера Стојчевска - Антиќ е ис-
такнат научник од областа на ма-
кедонската средновековна лите-
ратура, чии дела и активности се
познати не само во Р. Македонија,
туку и пошироко. Од големо зна-
чење се нејзините активности на
полето на македонистиката, таа
учествува на повеќе меѓународни
семинари и конференции во САД
и Канада. Со своите објавени науч-
ни и стручни трудови има значај-
ни постигнувања во примената на
научноистражувачките резултати,
во оспособувањето и профили-
рањето на научни кадри од соод-
ветната област и особен придонес
АВТОРИТЕ КОН „ПЕРСОНАЛНАТА
БИБЛИОГРАФИЈА ЗА ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ„
31
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
ОД ЖИВОТОТ НА БИБЛИОТЕКАРИТЕ
и долгогодишни остварувања за
унапредување и развој на науката,
образованието, културата и ху-
манитарната дејност. Предмет на
нејзините проучувања се посебно
богомилското движење, тесните
врски и средновековната книжев-
ност со македонското народно тво-
рештво, истражувањата на свети-
телските култови, хронолошкиот
развој на христијанството во Ма-
кедонија. Нејзиниот широка науч-
на мисла ги опфаќа и влијанијата
на другите култури врз македонс-
ката и јужнословенската култура
како што е индиската филозофија
итн. Била најактивно вклучена ка-
ко раководител во мошне значајни
рапублички и странски проекти и
програми и координатор на амери-
канско-македонските славистички
студии. Соработувала со Харалам-
пие Поленаковиќ, Владимир Мо-
шин, Блаже Конески, Радмила У.
Скаловска, Драгољуб Драгојловиќ
и др. Како член на научни делега-
ции се сретнува со Папата Јован II
во Ватикан, со претседателката на
Индија, г-ѓа Индира Ганди и др.
Како научник во својата кон-
тинуирана кариера никогаш не ја
заборавила својата Битола, со ак-
тивно учество на научните собири
во рамките на Друштвото за наука
и уметност - Битола, Универзите-
тот во Битола, „Илинденски дено-
ви“, како и со бројни предавања во
битолските културни институции
по повод јубилеите на Св. Климент
Охридски.
Во Библи-
ографијата се
вклучени мо-
нографски пуб-
ликации, ста-
тии и прилози
(во недостиг на
целосни пода-
тоци некои не-
јзини прилози
се обработени
во некнижна
граѓа), како и
библиографски
единици за жи-
вотот и творе-
штвото на Вера
Стојчевска-Ан-
тиќ. Статиите и прилозите се ек-
сцепирани
од маке-
донските ,
југословен-
ските и не-
кои стран-
ски пери-
одични и
с е р и с к и
п у б л и к а -
ции како и
монограф-
ски публи-
кации за-
стапени во
фондовите
на НУУБ „Свети Климент Охрид-
ски“-Битола и во архивата на МА-
НУ-Скопје.
Библиографијата има селекти-
вен карактер. Обработена е реле-
вантна граѓа истражена во маке-
донските и странски списанија:
„Литературен збор“, „Историја“,
„Македонски фолклор“, „Стожер“,
„Македонски јазик“, „Спектар“ и
др.
Изразуваме благодарност и по-
чит кон авторот кој сесрдно ни по-
могна околу истражувњето и ком-
плетирањето на податоците.
Од Уредниците:
Јоланда Бошевска,
Цветанка Дамјановска и
Лена Секуловска
32
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 17/18 • 2007.
ПРИЈАТЕЛСТВОТО Е ЕДНА ДУША ВО ДВЕ ТЕЛА.
Аристиотел
ИМА МНОГУ ЛУЃЕ КОИ ЧИТААТ САМО ЗАТОА ДА НЕ МОРААТ ДА
МИСЛАТ.
Лихтенберг
ДА СЕ ПРЕЗИРА ТУЃОТО МИСЛЕЊЕ, НЕ Е ТЕШКО, ДА СЕ ПРЕЗИРА
СОПСТВЕНОТО - НЕВОЗМОЖНО Е.
Пушкин
СЛАБИТЕ ЛУЃЕ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ПРАВЕДНИ
Ла Рошфуко
ВИСТИНАТА ЈА НЕМА НА ЗЕМЈАТА. ДА НЕ Е ПОД ЗЕМЈАТА?
П. Канижај
ДА СЕ БИДЕ СВЕСЕН ЗА СВОЕТО НЕЗНАЕЊЕ Е ПРВ ЧЕКОР КОН
ЗНАЕЊЕТО.
Израели
НЕКОИ ЛУЃЕ ЈА ГЛУМАТ ХРАБРОСТА, А ЈА НЕМААТ; НО НИКОЈ НЕ МОЖЕ
ДА ГЛУМИ МУДРОСТ.
Халифакс
ВИСТИНАТА ВЕЌЕ ПОСТОИ, ЛАГИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ИЗМИСЛУВААТ
Жорж Брак
ОНОЈ КОЈ НЕ ГИ МЕНУВА СВОИТЕ МИСЛЕЊА, ИЛИ МНОГУ Е МУДАР ИЛИ
Е МНОГУ ГЛУП.
Кинеска поговорка
НЕ ОБВИНУВАЈ ГИ ОКОЛНОСТИТЕ, КОГА САМИОТ СИ ПРИЧИНА НА
СВОЈАТА БОЛКА.
Катон
ПРВА МУДРОСТ ВО ЖИВОТОТ Е ДА ЗНАЕШ ДА СЕ ЗАДОВОЛИШ
И ДА СЕ СКРОТИШ САМИОТ СЕБЕ.
Алеардо Алеарди
НЕБЛАГОДАРНОСТА Е НЕДОСТИГ НА КУЛТУРА.
Бјернсон
НЕБЛАГОДАРНИ СМЕ МОЖЕБИ САМО ЗАТОА ШТО НЕ МОЖЕМЕ ДА СЕ
ОДДОЛЖИМЕ.
Балзак
НЕСРЕЌА Е КОГА МУ СМЕ ОБВРЗАНИ НА НЕЧЕСНИТЕ.
Ла Рошфуко
МУДРИ МИСЛИ