БИБЛИОТЕЧЕН
ТРЕНД
2
0
0
8
.
SPISANIE NA NACIONALNATA USTANOVA
SV. KLIMENT OHRIDSKI - BITOLA„ “
UNIVERZITETSKA BIBLIOTEKA
Б
р
.
2
-2
3
4
Íàöèîíàëíà óñòàíîâà Óíèâåðçèòåòñêà áèáëèîòåêà
„ÑÂ. ÊËÈÌÅÍÒ ÎÕÐÈÄÑÊÈ“ - ÁÈÒÎËÀ
Работно време:
од понеделник до петок
од 7 до 20 часот
сабота
од 8 до 15 часот
Упис: 150 денари
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД
СПИСАНИЕ НА
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
БИТОЛА
*
Издавач
Националната установа
Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“, Битола
ул. Ленинова 39
*
За издавачот
Науме Ѓоргиевски, директор
*
Издвачки совет:
д-р Николче Вељановски, претседател
Јоланда Бошевска
Гордана Марковска
*
Главен и одговорен уредник
д-р Николче Вељановски
*
Редакција:
д-р Николче Вељановски
Јоланда Бошевска
Илче Стојановски
*
Лектура и коректура
Здравко Божиновски
*
Фотографии
Маријан Котевски
*
Компјутерска обработка и печат
МИКЕНА, Битола
*
Тираж
300 примероци
ISSN 1409–9497
Тел.: 047/220-208;
Тел./факс: 047/220-515;
Тел. на Изд.: 232-999
www.nuubbt.uklo.edu.mk
e-mail: nuubbt@uklo.edu.mk
СОДРЖИНА
БИБЛИОТЕКАТА ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
ПЕСНИ - ОД РАКОПИС ДО КНИГА ОД ВАНЧО НИКОЛЕСКИ
Предговор Науме Ѓорѓиевски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 2
ДВД ЗА НУУБ "СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" БИТОЛА
Ленче Андоновска и Гордана Пешевска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 2
НАГРАДА 4 НОЕМВРИ ЗА БИБЛИОТЕКАТА
Ленче Андоновска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3
АВТОМАТИЗАЦИЈА НА БИБЛИОТЕКИТЕ ОД ЗАПАДНИОТ ДЕЛ
НА МАКЕДОНИЈА
Гордана Пешевска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 4
КОН ЗБОРНИКОТ "ТРЕТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА"
Промотор Панде Манојлов . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5
ПРТСТАВУВАЊЕ НА ОДБРАНИТЕ ДЕЛА НА ЃОРЃИ ПРЧКОВ
Промотор Николче Вељановски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7
КНИГА БЕЛЕЖНИК ЗА КНИЖЕВНО-ИСТОРИСКАТА ВРЕДНОСТ
НА ПИСАТЕЛИТЕ ОД БИТОЛА
Ленче Андоновска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 9
ИНФО-КРЕАТИВЕН ЦЕНТАР
Анастасија Милевска. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 10
ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА ВО ВРОЦЛАВ, ПОЛСКА
Марија Малгожата Мачковска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 11
ПОЛСКАТА КНИЖЕВНОСТ ВО МИНАТОТО И ДЕНЕС
Марија Малгожата Мачковска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 13
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА ИЗЛОЖБИ, ПРОМОЦИИ, ПРЕДАВАЊА
Драги Кабровски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 15
ОПШТИНСКИ И РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР "МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ"
Јоланда Бошевска. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 19
ОД ОДДЕЛОТ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУГА ЗА ВОЗРАСНИ
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ
Гордана Марковска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 20
ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА - БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ
Стеванка Петковска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 20
ИНТЕРВЈУ СО БИБЛИОТЕКАРИТЕ НА ПУЛТОТ ЗА ИЗДАВАЊЕ
Николче Вељановски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 21
ПОВОД ЗА ДА ВИ ГО ПРЕТСТАВИМЕ
КАЈ КАПЕТАНОТ
Петре Димовски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 27
ДРУГИ АКТИВНОСТИ ШТО ЈА ОБЕЛЕЖАА 2008 ГОДИНА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 29
САХАЏА ЈОГА ВО БИТОЛА-
Николче Вељановски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 32
КУЛТУРА... БИБЛИОТЕКАТА ВО ПЕЧАТОТ
2
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
Меѓу низата оригинални рако-
писи кои се чуваат во Национал-
ната установа - Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охрид-
ски” Битола, посебно внимание и
место заземаат песните на Ванчо
Николески. Ванчо Ноколески е
исклучителна индивидуа во маке-
донската литература. Плодовите
од таа посветеност сместени се во
големиот број збирки со песни за
деца. Овие песни како оригинални
ракописи се веќе четириесетина
години во Библиотеката и бездру-
го заслужуваа да бидат објавени.
Според нашите сознанија, овие
ракописи во македонската литера-
тура досега не се обелоденети.
Книгата “Песни - од ракопис
до книга” е составена од 54 песни,
една поема и четири приказни во
стихови. Скенирани се 39 страни-
ци од оригиналните ракописи во
тетратка, од кои 19 песни се целос-
но, а 6 делумно скенирани.
Во Библиотеката се чуваат и
други оригинални ракописи на
раскази и поеми од Ванчо Нико-
лески. Искрено се надевам дека во
наредниот период и останатите ра-
кописи ќе бидат отпечатени, затоа
што поетскиот логос на Ванчо Ни-
колески е неделив историски дел
од македонската литература, блес-
котен јазичен код во меморијата на
македонскиот народ.
Песни - од ракопис до книга
од Ванчо Николески
Предговор на книгата
Науме Ѓорѓиевски,
директор
Со годишната програма за ра-
бота на НУУБ „Св. Климент Ох-
ридски“ – Битола, од областа на
библиотечната дејност беше одоб-
рен проектот „ДВД за Национал-
ната установа – Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридс-
ки“ – Битола. Целта на овој проект
беше изработка на електронски
траен запис за Библиотеката, неј-
зините почетоци, развојот, достиг-
нувањата, сегашните вработени,
издавачката дејност, меѓународна-
та соработка и визијата.
За да се изработи еден ваков
траен запис за Библиотеката, кој
ќе остане како спомен за следните
поколенија, беше потребна тимс-
ка работа. Првичната замисла ни
беше да биде изработено мултиме-
дијално ЦД, а потоа тоа да прерас-
не во форма на краткометражен
документарен филм, со траење од
околу 17 минути. ДВД –то е на-
ДВД за НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола
3
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
правено двојазично, со можност
за преминување од македонски на
англиски јазик и обратно, во секој
момент од неговото емитување.
ДВД –то почнува со историјатот на
Библиотеката, за потоа да се при-
каже патот на книгата т.е. низ кои
сè библиотечни процеси поминува
книгата додека да стигне до крај-
ниот корисник т.е читателот. Во
него се опфатени сите сектори и
вработените во Библиотеката.
Националната установа – Уни-
верзитетска библиотека „Св. Кли-
мент Охридски“ – Битола како
културна и научна институција
има цел со помош на овој доку-
ментарец да им понуди на своите
читатели целосни информации за
услугите што ги дава, односно да
овозможи поголема транспарент-
ност во работењето на Библиоте-
ката и запознавање на корисници-
те со библиотечната дејност.
Со оглед на фактот што Библи-
отеката е максимално ангажирана
со активности, вклучувајќи ја и
автоматизацијата на западниот ре-
гион на Р. Македонија, основната и
главна цел на ова ДВД е попула-
ризација и афирмација на нашата
установа во градот, државата и
надвор од неа.
Приредиле: Ленче Андоновска,
виш библиотекар и Гордана Пе-
шевска, виш библиотекар
НАГРАДАТА "4 НОЕМВРИ"
ЗА БИБЛИОТЕКАТА
Националната установа - Универзитетска библи-
отека "Св.Климент Охридски" - Битола, како една од
најстарите културни институции на подрачјето на
општина Битола и пошироко во југозападниот реги-
он на Р. Македонија, се стреми да ги достигне највисо-
ките вредности во библиотечното работење.
Со посебно задоволство, во кратки црти, ќе ги
презентираме активностите и резултатите, кои беа
преземени и остварени во периодот од 01.08. 2007 до
31.07.2008 година, наведени во поднесените докумен-
ти на Конкурсот за доделување наградата "4 Ноемв-
ри" - за едногодишни остварувања:
1.Достигнат е најголем број сопствени изданија за
1 година 7 изданија кои оставаат белег за историјата
на Библиотеката;
2.Во областа на меѓународната соработка се пос-
тигнати завидни резултати во презентацијата на
Установата, Општината и Република Македонија.
Меѓународна соработка е остварена со библиотеките
од Сплит - Р.Хрватска, Пловдив - Р.Бугарија, Корча-
Р.Албанија, Вроцлав - Р.Полска и изложба на кни-
ги со наслов "Македонија од антиката до денес", во
Kултурно-информативниот центар на РМ во Софија
- Р.Бугарија;
3.Направена е конзервација и реставрација на фа-
садата на старата зграда на Библиотеката која претс-
тавува споменик на култура;
4.Завршена е автоматизацијата на библиотеките
од Западниот регион на Република Македонија;
5.Библиотеката во Битола е целосно автоматизи-
рана и корисниците можат пребарувањето на кни-
гите да си го остваруваат и преку Интернет, и за сите
услуги кои ги дава Библиотеката можат да контакти-
раат по електронски пат;
6.Направени се големи зафати во преуредувањето
на внатрешниот ентериер како во холовите, во род-
нокрајното одделение и сл.;
4
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
7.Покрај тековните секојдневни активности вра-
ботените во Библиотеката успеаја оваа година да ре-
ализираат вкупно 25 проекти како програмски ак-
тивности, одобрени од Министерството за култура,
еден дел потпомогнати од Општината Битола и дел
реализирани од сопствени приходи.
Библиотеката се движи кон остварување на раз-
војната агенда содржана во програмата за работа и
развој, давајќи придонес во развојот на библиотеч-
ната дејност во градот и Републиката.
Наградата му беше врачена на директорот на Биб-
лиотеката Науме Ѓоргиевски на свеченоста одржана
по тој повод во Народниот театар, Битола од страна
на Управниот одбор на фондот за наградата "4 Ноем-
ври", на Општина Битола.
Ленче Андоновска, виш библиотекар
Програмски директор
Проектот „Автоматизација на
библиотеките од западниот дел на Р.
Македонија – завршна фаза“ е логич-
но продолжение на претходните два
проекти за автоматизација на запад-
ниот дел на РМ. Во текот на 2004 го-
дина, со проектот „Автоматизација
на библиотеките од југозападниот
регион“, одобрен од Министерс-
твото за култура на Р. Мaкедонија,
беше овозможно поврзување на пет
библиотеки од западниот регион
(Прилеп, Кичево, Струга, Охрид и
Тетово), со што се оствари желбата
за изградба на библиотечно-инфор-
мативниот систем на Македонија. Во
2007 година со проектот "Автомати-
зација на библиотеките од Западни-
от регион – I фаза, беа приклучени
уште пет библиотеки во Гостивар,
Дебар, Неготино, Крушево и Демир
Хисар.
Со реализацијата на проектот
„Автоматизација на библиотеките
од западниот дел на Р. Македонија
– завршна фаза“ (2008 година),
одобрен и целосно финансиран од
Министерството за култура на Р.
М., се приклучија и преостанати-
те две библиотеки во Македонски
Брод и Ресен, со што се заокружи
овој процес и денес сите јавни биб-
лиотеки (национални и локални)
во западниот дел на Р. М. се повр-
зани во единствена библиотечна
мрежа. Со имплементацијата на
овој проект, во библиотеките од
западниот дел на РМ се обезбеди
минималната потребна опрема за
работа во системот Cobiss2 и тоа
во двата најопходни сегменти т.е.
во сегментите Cobiss2/Каталогиза-
ција и Cobiss2/Зајмување. Во текот
на месец јули оваа година од стра-
на на раководителите на проектот,
Благој Николов, библиотекар-со-
ветник и Гордана Пешевска, виш
библиотекар, беше извршена инс-
талација на соодветната хардверс-
ка опрема (PC-ија, LCD монитори,
ласерски печатари, матрични пе-
чатари, бар-код печатари, бар-код
читачи, 8-портни свичеви, FTP ка-
бел и FTP конектори) и софтверс-
ка опрема (Reflection за терминал-
ска емулација) во 12 библиотеки,
како и изградба на локални мрежи
(LAN) во повеќето библиотеки,
односно ожичување на библиотеч-
Автоматизација на библиотеките
од западниот дел на Македонија
Приредила
Гордана Пешевска, виш библиотекар
5
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
ните згради по ЕИА стандардот, со
користење на FTP кабли категорија
5. Локалните бази на податоци на
библиотеките во Ресен и Македон-
ски Брод се инсталираа на Алфа
серверот во нашата библиотека, со
што се створија основните предус-
лови за почеток на автоматизира-
но библиотечно работење во овие
библиотеки. НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола денес е те-
ме за западниот дел на РМ, т.е. на
серверот во нашата библиотека се
наоѓаат базите на податоци на си-
те јавни (национални и локални)
библиотеки од западниот регион,
а во блиска иднина се очекува и
инсталација на локалните бази на
податоци на библиотеките од ви-
сокошколските установи и нивно
приклучување во системот Cobiss.
Со проектот беа финансирани и
основните обуки за Cobiss2/Ката-
логизација и Cobiss2/ Позајмување,
кои се одржуваат во Центарот на
ВБМ (Виртуелна библиотека на
Македонија) и со кои библиотеч-
ните работници се стекнуваат со
потребните лиценци за работа во
системот COBISS.MK.
Со помош на проектот „Авто-
матизација на библиотеките од
западниот дел на Р. Македонија
– завршна фаза“ се оствари целта
за поврзување во единствен ин-
формативен систем на сите библи-
отеки од западниот дел на Р. Маке-
донија, со што на корисниците на
библиотеките на организиран и
рационален начин им се обезбеди
квалитетен пристап до потребни-
те информации.
Денес кога НУУБ "Св. Климент
Охридски" Битола, домицилниот
дом на книгата која ја сфаќам како
една од светите реликвии вдахно-
вена од Бога со бесмртност, почну-
ва со прославувањето на нејзини-
от патронен празник, укажана ми
е чест да го промовиам зборникот
"Трета роднокрајна средба", збор-
ник на излагањата од одржаната
Тркалезна маса на 23 мај оваа го-
дина од Третата роднокрјна средба
со битолските писатели од Маке-
донија. Зборник на искажувања од
повеќемина значајни македонски
писатели, мошне значаен за де-
нешното македонско литературно
опстојување, но, уште позначаен
за утрешнината, за времињата што
ќе дојдат по нас.
Издавач на овој Зборник, на
оваа вредна книга во обем од
стотина страницио НУУБ "Св.
Климрнт Охридски" Битола, ина-
ку, организатор на единствената
од ваков вид манифестација во
Македонија - Роднокрајна средба
со битолските писатели.
Мора да се признае дека оваа
манифестација има навистина до-
бар прием во македонските лите-
ратурни кругови, а посебно меѓу
писателите кои потекниваат од
Битола и Битолско. Затоа, орга-
низаторот, заслужува секакви по-
фалби, а секако, најголемата е онаа
за издадените зборници као што
е овој годинашниов, што беше и
еден од поводите за ова дружење,
сведенот на Битолската библиоте-
ка, као што ние народски си ја ви-
каме, да биде посвет и посвечен.
На годишнава трета по ред Род-
нокрајна средба зедоа учество два-
есетина автори: Димитар Башевс-
ки, Димитар Богдановсски, Благоја
Брајановски, Петре Димовски, Вес-
на Ефтимовска- Сотироска, Цане
Здравковски, Владимир Костов,
Никола Кочовски, Панде Маној-
лов, весна Мундишевска - Велја-
Кон Зборникот
"Трета роднокрајна средба"
Промотор Панде Манојлов
6
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
новска, Ѓорѓија Најдоски, Јхристо Петрески, Горјан
Петровски, Ѓорѓи Прчков, Вера Стојчевска - Антиќ,
Мирјана Стојановска - Палигора и Добре Тодоровски.
Токму од нив, од овие автори се застапени трудовите
во овој Зборник на тема: "Главниот лик - проекција на
авторовата визија".
За секој автор една ваква зададена тема е своевиден
предизвик да се отвори душата, да се проговори од
срце, да се соопшти скриената мисла. Всушност, пред
писателот кој постојано е со вперен поглед од својот
прозорец кон светот,овој пат, проѕирното стакло му
се премачкува со тенок слој сребро и тоа станува ог-
ледало, во кое, сега, оној што е со перото в рака не
го гледа надворешниот свет
туку, сопствениот лик.
И говорат битолски-
те автори за ликовите од
своите дела, за јунаците во
тие дела, онака како тие ги
создале во свеста или потс-
веста на својата визија.
"Што се однесува до мо-
ите книги, колку да е тоа
и нескромно, факт е дека
најчесто во нив ре прису-
тен авторот и тоа преку
сопственото искуство пре-
зентирано преку главниот
или некој од другите лико-
ви. Ја сакам Јас-формата
и не одегнувам од тоа ди-
ректно и конкретно да го
именувам", - ќе запише во
својот труд Христо Петрес-
ки насловен како "Главниот
лик Јас или Јас како главен
лик".
Литературното дело не е
само лична исповед. Може
да биде чист отслик на ре-
алноста, експресија, фантазија, но дело без личност
не бива што ќе рече дека, сепак, литературата е врзана
за ликот...
"Јас во "Бунар" се обидов да создадам лик кој зема
улога на добротвор, го покажувам неговото доброт-
ворство, но, во исто време и неговите скриени моти-
ви на суета и потребата и неговите скриени мотиви
на суета и потребата преку тоа добротворство да ги
повласти другите" - е запишано во трудот на Димитар
Башевски објавен во овој Зборник.
Димитар Богдановски појаснубва за ликовите од
неговите раскази Жан капе, Пруд Хом Алфред, Пецо
од монодрамата "Знаев дека знаеш"... Исповед што го
привлекува вниманието на читателот.
Професор д-р Благоја Брајановски го претс-
тавува ликот на Трајан како главна личност во него-
виот роман "Песна отпеана", селско дете кое дошло во
нова средина...
Писателот Петре Димовски во трудот "Космичка-
та визија на авторот" е дециден: "Колку таа визија ќе
ја пренесам на ликот зависи ислучително од мојата
вештина на уметничко изразување... Тоа е еден мал
космос на мојата меморија..." и продолжува да го опи-
шува ликот на пилотот од неговиот роман "Балканс-
киот ѓавол".
Цане Здравковски, еден од најплодните битолски
писатели, пишува за повеќе јунаци од своите дела:
за Андреја Џумковски од
неговата прва збирка рас-
кази "Откорнувања", за Толе
Џумковски како нарратор од
неговиот прв роман "Дамка",
па и во романот "Синџир",
за Марко Шаторковски лич-
ност од повеќе негови про-
зни дела.
Трудот на најпознатиот
битолски писател Владимир
Костов во овој Зборник е
насловен како "Атрактивен
реализам". Есеј во кој авто-
рот сака да каже дека лите-
ратурата не е луксуз туку е
општествена свест и совест.
Лишена од тоа својство таа
е шунд и кич. Литературен
манифест кој трајно ќе би-
де забележан во нашата ли-
таратурна историја зашто е
бисер над бисерите во Вла-
димиркостовската филозо-
фија!
Прозаистот Никола Ко-
човски дава интересни пода-
тоци на низа ликови од неговите литературни дела со
предзнак на актуелност но и многу автобиографско
во нив. Тој кажува како настанале Фидан и Амет, ли-
кови од расказот "Луѓе сме", Веле од романот "Омра-
зениот цвет", за Раско... Кочовски накрајот од својот
труд заклучува: "Писателите не се тие што ги гледаат
по улиците, тие се, највистинските, во ликовите што
ги создале"....
7
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
Да се биде автор е еден вид
пијанство. Да се биде опиен од
книгата и пишувањето е рамно
на тоа да се биде опиен од живо-
тот. Можеби тоа е и најкорисното
пијанство, па макар авторот да бил
далеку од вистината за животот,
за Бога. Бог или љубовта се чувс-
твуваат во идентификацијата на
авторот со неговиот пишан збор.
Петре М. Андреевски на Првата
роднокрајна средба пишуваше за
зборот кој го надживува авторот.
Тоа се зборовите кои произлегува-
ат некаде од средината на градите
за да се слеат со белината на стра-
ниците, наоѓајќи го своето право
место.
Пред нас се Одбраните дела на
Прчков во седум тома на пет илја-
ди страници. Романите за возрас-
ни: „Битолски подробности“, тет-
ралогијата „Марширања“, „Веруш-
ка“, „Зеа маус“, сместени посебно
во четири тома, а во два тома се
сврстени романите: „Рѓосани со
Маченица“ и „Бурмут со Херак-
лејски прстени“.
Она што е карактеристично за
неговата обемна прозна продук-
ција е тематската амбиентална
поврзаност со Битола. Прчков пи-
шува за жени - убавици, за силни
мускулести мажи како Марко Кра-
ле и Робин Худ, со смелост и тупа-
ници ги решаваат неправдите, го
одземаат ограбеното од олигарси-
те, а ограбувачот е соодветно каз-
нет. Прчков пишува без пардон,
никого не го заобиколува. Таков е
и во литературниот стил. Кај него
среќаваме нова уметност, нова ес-
тетика, всушност, уникатна, спе-
цифична само за него, за неговиот
богат книжевен опус. „Критичари-
те не можат да го дефинираат не-
говиот литарурен новитет, зашто
не спаѓа во ниту еден правец“, ве-
ли писателот Владимир Костов во
предговорот кон Одбраните дела.
Испревртената синтакса, и тоа го
нема никаде, инверзија во други
романи нема, токму тоа е и нов
пронајдок во литературата, значи
една непроценлива самостојност
во неговите дела. Според ова, Прч-
ков тешко дека ќе биде признат,
меѓутоа, како што продолжи да
пишува, не очекувајќи признанија
и награди, очигледно го исполнува
патот до еден од најплодните маке-
Претставување на Одбраните
дела на Ѓорги Прчков
Промотор д-р Николче Вељановски
8
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
донски писатели, не само по ква-
литет туку и по квантитет. Јазикот
во делата, литературен и уметнич-
ки, зачинет со пцовки, напати е и
вулгарен, но книжевно дозволен,
обележан како коплоралија. Во
јазикот нема интернационализми,
ги заменува со стари македонски
зборови, значи го има чистиот ма-
кедонски јазик, употребува и по
некој турцизам, но одомакинет во
македонскиот јазик.
За илустрација на ова еве два
кратки цитати (цитат од романот
Зеа маус):
„. . .Откако работата со Зеа мау-
сот £ имаше излезено неподносли-
ва зеде да вели:
- Оф, оф леле, мајко, ме раски-
на, имам земено да крвавам!
- "Има земено, од мажот ти, да
крвави и мојот народ!"- си помис-
лив.
-. . . Жената од капатилото из-
лезе завиткана во бањарка. Зедов
да ја гледам и пред очите со двата
прста да £ тривнувам. Ме сфати и
во другата соба зеде да оди. Изле-
зе бргу, со себе имаше земено да
влечка едно сандуче. Кога го ви-
дов излегов многу зачуден, ова има
излезено војничко, куршуми што
имало излезено полно, види, види
во што имаат земено да ги кријат
од народот ограбените пари. Сан-
дучето го зедов, жената имаше зе-
мено да се бунтува, сум £ зел многу
пари, а сум £
зел колку од
народот зеле
и ограбиле,
толку да му
вратам, ни
повеќе ни
помалку".
Цитат од ро-
манот: "Ама-
нет"
„. . . И живо-
тот на што
зел да се све-
дува? Спо-
ред мене бр-
кање ветер и
магла, всушност од една врата си
влегол низ друга си излегол, ама
во лицето си излегол исчаден и со
длабоки лузни, по душата, срце-
то, и за секого добрата мисла или
најточно, најпрецизно, целиот мој
живот, ама и животот на Добрин-
ка, ама и вашиот и на многу други,
впрочем на сите луѓе во светот, зел
да се сведува само на три дупки“.
Во седмиот том се сместени
осум сказни со кои писателот се
гордее, затоа што посебно се вло-
жува себеси кога пишува книги
за најмладите читатели. Токму за
романот „Ластарче и Цуки“ ја до-
би наградата на градот Битола “4
Ноември”, има добиено втора на-
града од издавачките куќи „Детска
радост“ и „Феникс“ за книгата
„Штурчо“, а откупувани му се и
повеќе раскази на Нова Македо-
нија и Студентски збор.
Ѓорѓи Прчков е заљубеник во
пишаниот збор, во мудроста на
книгата. На свој начин страстно е
заљубен во нејзината магична фор-
ма. Таа за него е нешто свето, блис-
ку до неговата душа. Тој сака да ја
заштити, сака таа да биде трајна, со
тврд повез. Смета дека таа треба да
остане вечна за да сведочи за оној
кој ја напишал - за авторот. Него-
вата голема љубов кон книгата ја
симболизира Божјата универзал-
на љубов. На неговите седум тома
го напишал своето име како траг
за иднината кој ќе зборува за ми-
натото, за сегашноста, односно за
вечното кое се излеало од авторот
на неколку илјади бели страници.
“Кога другпат во животот ќе мо-
жам да го направам ова, пак? - ми
рече - Сметам дека тврдиот повез
на книгата е нешто убаво”.
Ѓорги Прчков - писателот и ден
денес, после триесетина години
пишување, се прашува, како чита-
телската публика ги цени неговите
дела, односно што ќе остане од не-
го по него, за неа. Затоа топло ви
препорачуваме да прочитате ба-
рем некои од овие обемни дела.
9
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
Како продолжение на книгата
„Значајни личности за Битола“,
издадена во 2007 година, во која
беа опфатени личности од најраз-
лични области, се одлучивме во
2008 година да ја издадеме книга-
та „Значајни личности за Битола
- писатели“.
Со оваа монографска публи-
кација ќе им овозможиме на сите
ученици, студенти, научни работ-
ници и многу други пошироко, на
едно место односно во една книга
да ги имаат биографските и библи-
ографските податоци за писатели-
те кои се значајни за Битола.
Во книгата се опфатени 42 пи-
сатели, од кои 32 се членови на
Друштвото на писатели на Маке-
донија. Изборот ги содржи крите-
риумите: местото на раѓање, шко-
лување и работа да биде Битола и
да има барем 5 издадени дела.
Текстовите во книгата се
паралелно преведени на англиски
јазик што овозможува битолските
писатели да ги поминат границите
на нашата држава.
„Значајни личности за Би-
тола - писатели“ беше промови-
рана на 5 декември 2008 година во
холот на НУУБ „Св.Климент Ох-
ридски“ - Битола, во чест на роден-
денот на својот патрон св.Климент
Охридски (8 декември). Книгата
претставува споменик на писа-
телите кои се вградиле во исто-
ријата на литературата на градот.
Слободно можеме да ја наречеме
био-библиографски прирачник,
во кој се присутни биографски-
те и библиографските податоци
(местото на раѓање, школовање и
работење, објавените дела, добие-
ните признанија и награди). Кни-
гата е средена по сите параметри,
има додатно изработени регистри
(Користена литература и Проши-
рен именски показалец). Севкуп-
но, станува збор за еден несекојд-
невен издавачки потфат, прв од
ваков вид за битолските писатели.
Секако дека тие заслужуваат
едно вакво дело затоа што на свој
начин оставиле белег за препозна-
вање за постоењето на Битола, не-
јзината историја, животот во неа и
невремињата, би рекле - душата на
градот.
„Значајни личности за Битола
- писатели“ e колективен труд на
авторите Андоновска Ленче, Ѓо-
ргиевски Науме, Николов Благој,
Пешевска Гордана, Стефановска
Анета, Талеска Светлана. и сора-
ботниците Котевска Милка и Кр-
стев Александар.
Книга - бележник за книжевно
историската вредност на писателите
во Битола
Приредила
Ленче Андоновска, виш библиотекар
„Значајни личности за Би-
тола - писатели“, од група ав-
тори.
Издавачи: НУУБ „Св. Кл.
Охридски“ - Битола и Опш-
тината Битола.
Издание 2008, - 136 стр.,
двојазично.
10
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
Во рамките на проектот “ Кни-
гата е достапна до сите вас“ под
раководство на Анастасија Милев-
ска, виш библиотекар, во НУУБ
“Св. Климент Охридски“ - Битола,
се формира Инфо - креативен цен-
тар.
Основна цел на Центарот е по-
дигнување свеста на младата попу-
лација во Општината Битола пре-
ку богата програма на активности
втемелени врз моќта на книгата.
Освен пристапот до книгата како
основна цел, се развиваат и актив-
ности за организирање на слобод-
ното време, борба против пороци-
те на денешницата, поттикнување
на талентите за
литературен и
уметнички из-
раз – корисни
за поединецот,
институциите
и општината
Битола. По по-
вод патрони-
от празник на
Библиотеката,
на 5 декемв-
ри 2008 г. во
холот на Биб-
лиотеката се одржа завршна ма-
нифестација на која учествуваа 30
членови на ИКЦ.
Основната идеја на оваа мани-
фестација беше да прикажеме како
младите го гледаат светот околу се-
бе, кои се нивните идеи и мислења
Инфо - креативен центар
Приредила Анастасија Милевска
виш библиотекар
11
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
во поглед на тоа, што би направиле
тие за својата земја кога ке бидат
возрасни, формирани личности.
Имаа многу идеи и предлози (поет,
архитект, доктор, ветеринар, прва
жена - претседател, балерина, мо-
ден креатор, професор, стјуарде-
са...), кои многубројната публика
со аплауз ги прифаќаше. Амбиен-
тот беше надополнет и со балетски
точки со кореографии и облека во
етно - македонски стил. На крајот,
на учесниците им беа доделени по-
фалници за нивното учество.
И на крајот да завршиме со
нивната мисла: “Сите ние малите
ѕвездички светиме на небото се-
која вечер и еден ден ќе пораснеме,
ќе учиме, ќе се надоградуваме и ќе
бидеме иднината на нашата Маке-
донија“.
НУ Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски” во Бито-
ла реализира оваа година повеќе
проекти за меѓународна соработ-
ка. Еден од проектите одобрени од
Министерство за култура на РМ,
беше проектот „Македонско-пол-
ска соработка на библиотеките од
Битола и Вроцлав”. Проектот беше
целосно и успешно реалиризиран
во текот на целата година. Прва-
та фаза на проектот, испланирана
како посета на битолската библи-
отека од библиотекари од Вроцлав
беше реализирана во мај, а втората
фаза – посетата на библиотекари
од Битола во библиотека во Вроц-
лав – се реализира во септември
оваа година.
Поради објективни причини
битолската биб-
лиотеката беше
претставувана
во Долношлон-
ската јавна биб-
лиотека „Таде-
уш Микулски”-
Вроцлав, од еден
библиотекар т.е.
од раководите-
лот на проектот
– Марија Мал-
гожата Мачков-
ска.
Посетата на Долношлонската
јавна библиотека во Вроцлав се
одвиваше во периодот од 22 до
27 септември. Првите два дена од
посетата беа предвидени за запоз-
навање со одделите на библиоте-
ката и нивното функционирање.
Библиотеката реализира задачи на
јавна и научна библиотека, а ис-
товремено врши улога на централ-
ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА
ВО ВРОЦЛАВ, ПОЛСКА
Приредила Марија Малгожата
Мачковска,
виш библиотекар
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
12
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
на библиотека во регионот Долни
Шлонск и го поддржува развојот
на околу 600 помали библиотеки.
Во ДЈБ има повеќе оддели: Инфор-
мации, Позајмување, Собирање
и обработка на библиотечен ма-
теријал, Документи од општест-
вниот живот, Фонотека, Работа со
деца, Инструкциско-методички и
истражувачки работи, Периодика,
Компјутеризација на библиотека-
та, Говорна книга, Галерија „Pod
Plafonem”, Издавачко-полиграфс-
ки оддел.
Читателите на библиотеката
(над 30.000) имаат на располагање
многу разновиден библиотечен
фонд кој опфаќа над 500.000 еди-
ници : научна и научно популарана
литература, хуманистичка и опш-
тествена литература, белетристи-
ка и литература за деца и возрас-
ни, обемна збирка на документи
од општествениот живот. Богата е,
исто така, збирката на периодични
изданија која ја сочинуваат попул-
рани и научно популарни полски
и странски списанија, како и ло-
калниот печат. Долношлонската
јавна библиотека располага со
многу богата фонографска збирка
со DVD плочи, CD ROM-ови, ана-
логни плочи, аудио и видео касети.
Библиотеката нуди на читателите
со оштетен вид богата збирка со
книги снимени на аудио касети и
на CD ROM (над 6.000 позиции).
За време на посетата во ДЈБ
беше организирана Меѓународна
конференција на библиотекарите
„Библиотеката во службата на ре-
гиионот”. На конферецијата учес-
твуваа библиотекари од Русија
(Санкт Петерсбург, Виборг, Гатчи-
на), Украина (Кривоград), Чешка
(Пардубице), Македонија (Битола)
, како и библиотекари од Вроцлав
и од регионот Долни Шлонск. Пре-
тставените реферати беа поделени
во два тематски блокови: „Систем
на јавните бибиотеки на регионал-
но ниво” и „Новите библиотечни
технологии во регионот”. Презет-
нацијата со која се претставив на
конференвцијата беше посветена
на активностите на НУ Универзи-
тетска Библиотека во Битола и на
компјутеризацијата на библиоте-
ките во Македонија.
Сите претставени реферати
беа многу интересни и поттикнаа
долги дискусии на спомнатите те-
ми. Конференцијата беше одлично
организирана, им овозможи на
библиотекарите размена на идеи,
искуства, а исто така воспоставу-
вање нови контакти и соработка
меѓу присутните претставници на
странските и полските библиоте-
ки. Воспоставените контакти со
сигурност ќе придонесат за раз-
вој на библиотекарство во повеќе
држави.
По завршувањето на конфе-
ренцијата библиотекарите имаа
можност да ја посетат најсовреме-
ната мултимедијална библиотека
во Вроцлав „Медиатека”, а исто
така да ги посетат библиотеките
во другите градови - во Швидни-
ца и во Валбжих. Во сите посетени
библиотеки забележлив е совре-
мен начин на организација на ра-
ботата, нови методи на работа со
корисниците, голема посветеност
кон работата на библиотекарите,
приспособување на сите оддели во
библиотеки кон лицата со посебни
потреби.
За време на посетата во Вроц-
лав ни беа презентирани најзна-
чајните споменици во градот и во
околината – прекрасни стари град-
би, цркви, катедрали, замоци.
Соработката на НУ Универзи-
тетска библиотека „Св. Клминет
Охридски” и Долношлонската јав-
на библиотека „Тадеуш Микулс-
ки” се развива интензивно и е од
голема полза за двете институции.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
13
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
Планирана е натамошна размена
на искуства и меѓусебна помош во
формирање на збирка на македон-
ска литература во вроцлавската
библиотека и на збирка од полска
литература во битолската библио-
тека. Исто така, во план е активи-
рање на меѓубиблиотечно позајму-
вање на книжниот фонд. Веруваме
дека заедничките активности на
нашите две библиотеки корисно ке
влијаат на подлабочување на сора-
ботка меѓу Полска и Македонија,
особено на културен план.
Полската книжевност
во минатото и денес
Почетоците на полската кни-
жевност се тесно поврзани со фор-
мирањето на полската држава во
X-тиот век и со прифаќањето на
христијанството. Првите зачувани
дела се на латински (Хроники на
Гал Аноним и на Винценти Кадлу-
бек- XII и XIII век) и на полски ја-
зик (песна за Богородица - XIII век
, „Библија на кралицата Софија”,
проповеди, преводи на црковни
текстови). Средновековната пол-
ска книжевност достигна најбуен
развој во XV-тиот век. Освен цр-
ковна литература, се создаваат и
световни дела кои ги отсликуваат
најважните настани од општестве-
ниот живот и обичаите („Историја
на Полска” од Јан Длугош, „Сатира
за мрзливите селани” и др.).
Напредокот на полската држа-
ва, политичките, економските и
општествените промени, како и
пробивот на европскиот хумани-
зам во XV и XVI-ти век, имаа сил-
но влијание врз развојот на полс-
ката култура и литература.
Во периодот на ренесансата
полската книжевност стана важен
дел од европската книжевност.
Создадена е богата литература на
полски јазик: проза, поезија, дра-
ма, публицистика (Миколај Реј,
Клеменс Јаницки, Јан Кохановски,
Л. Гурницки, А.Ф. Моджевски, С.
Шимоновиц и др.).
Периодот од половината на
XVII-ти век до почетокот на XVIII-
ти век во Полска беше време на
бурни историски случувања, вој-
ни, востанија, верски спорови и
судири. Сите тие случувања имаа
свој одраз во литературата и меѓу
другото придонесоа за создавање
дела со револуционерен карактер.
Во овој период за полската литера-
тура е карактеристичен барокниот
стил, интензивно се равива дворс-
ката лирика и другите литератур-
ни жанрови. Најпознати литера-
турни творци од овој период се В.
Потоцки, А. Морштин, Ј. Х. Пасек,
С.Х. Љубомирски, С. Твардовски,
В. Коховски.
Во втората половина на XVIII-
ти век се случи сестран политич-
ки, духовен и уметнички развој
на Полска. Тогаш во Полска за прв
пат во светот беше формирано
Министерство за образование, се
појавија првите полски списанија,
се создаде литература со просве-
тителски идеи ( А. Нарушевич, И.
Красицки, Ј.У. Њемцевич, С. Ста-
шиц, Х. Колонтај).
После губењето на независност
во 1795 година, Полска доживеа
криза, меѓу другото, и на духовно
поле. Во книженоста доминираше
класицизмот, но набрзо, благода-
рение на младите романтичари, се
создадоа нови трендови во литера-
турата каде доминираа патриотски
содржини. На чело на новите кни-
жевни движења застанаат: Адам
Приредила
Марија Малгожата Мачковска,
виш библиотекар
14
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
Мицкјевич, Јулиуш Словацки,
Зигмунт Красињски и Ципријан
Камил Норвид - еден од најголеми-
те новатори во полската поезија.
Други значајни полски писатели
од овој период се Ј.И. Крашевски,
Ј. Кожењовски, А. Фредро.
После неуспехот на второто
ослободително востание во 1864
година (првото се случи во 1831
година), новата генерација писа-
тели- реалисти се откажа од вос-
таннчките идеи на роматичарс-
ката поезија и го повика народот
со упорна работа во просветата,
науката и земјоделството да ја гра-
ди својата иднина. Претставници
на тој период во литературата се:
Болеслав Прус, Елиза Ожешкова,
Хенрик Сјенкјевич, Марија Ко-
нопњицка, Адам Асник.
Следната група писатели созда-
ва натуралистичка визија за све-
тот и животот (Габриела Заполска,
З. Њедзвјецки и др.). Во овој пери-
од прозата со своите уметнички
достигнувања се издигна над пое-
зијата и драмата.
После позитивизмот и реа-
лизмот во полската книжевност
се појави модернизмот ( „Млада
Полска” ). Воскреснаа уметнич-
ките традиции на роматичарската
поезија, а истовремено, како после-
дица на општествениот развој во
литературата се повеќе се појавува
социјалната проблеметика. Поз-
начајни писатели од овој период
се Стефан Жеромски, Владислав
Рејмонт, Станислав Виспјањски, Ј.
Каспрович, К. Тетмајер.
После Првата светска војна во
полската книжевност се појавија
нови трендови : футуризмот, ек-
спресионизмот, поетската аван-
гарда, модерниот психолошки и
експеримен-
тален роман.
Општите по-
литички коф-
ликти придо-
несоа за со-
здавање бога-
та литература
со социјална
проблемати-
ка. Познати
писатели од
овој период
се Зофиа Нал-
ковска, Мариа
Домбровска,
Ј. Каден-Бан-
дровски, Ја-
рослав Ивашкјевич. Во овој период
се создаде богата и вредна поезија.
Нејзини творци се: Леополд Стаф,
Болеслав Лесмјан, Јулијан Тувим,
А. Слонимски, Чеслав Милош. Се
појавија новаторски тенденции во
полската проза, чии предтставни-
ци се Бруно Шулц, Витолд Гомро-
вич, Станислав Игнаци Виткјевич.
После Втората светска војна со
своето творештво продолжија М.
Домбровска, Ј. Ивашкјевич, Ј. Па-
рандовски, Л. Кручковски, Ј. Анд-
жејевски, Т. Бреза, Т. Боровски, Т.
Конвицки, В. Жукровски. Новите
трендови во поезија после војна
репрезентираа К.И. Галчињски, Ј.
Пшибосј, Т. Ружевич, З. Херберт,
С. Гроховјак , В. Шимборска. Дру-
ги значајни личности од повоената
полска литаратура се: С. Мрожек,
Ј. Гловацки, М. Хласко, Р. Војачек,
Е. Брил, Ј. Пилх, О. Токарчук и
многу други.
Поновата полска книжевност
ја карактеризира современо умет-
ничко изразување, голем број
уметнички школи и правци, ши-
рина на уметничкото создавање и
усмерување кон актуелните про-
блеми на полското општество и
човештвото, воопшто.
Како потврда за големото зна-
чење на полската литература во
светски рамки е доделувањето на
Нобеловата награда за литература
на четворица полски автори : Хен-
рик Сјенкјевич (1905 г.), Владислав
Рејмонт (1924 г.), Чеслав Милош
(1980г.) и Вислава Шимборска
(1996г).
15
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
29.07.2008 г.
ТЕМАТСКА ИЗЛОЖБА НА КНИГИ
Во рамките на Битолското културно лето и по
повод 105 годишнината од националниот празник
Илинден, во холот на Библиотеката беше поставена
тематска изложба на книги која го опфаќа периодот
пред Илинден, за време и после Илинден. На излож-
бата се презентирани околу 90 монографски публика-
ции од Фондот со кој располага Библиотеката.
5.09.2008 г.
ИЗЛОЖБА ЗА ДЕНОТ НА
НЕЗАВИСНОСТА НА РМ
По повод 8 Септември - Денот на независноста на
Р. Македонија, Библиотеката подготви изложба на
книги кои содржински се однесуваат на создавањето
на државата како самостојна и суверена Република
Македонија. На изложбата беа презентирани моно-
графски публикации од Фондот.
26.09.2008 г.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА И ДВД
Книгата „ПЕСНИ - од ракопис до книга“ од Ван-
чо Николески ја уредија Анета Стефановска, Науме
Ѓоргиевски и Милка Котевска. Промотор на книгата
беше писателот Горјан Петревски.
Беше промовирано ДВД-то за НУУБ „Св. Кли-
мент Охридски“ од Битола. Автори на текстот се:
Ленче Андоновска и Гордана Пешевска. Промотор
беше проф. д-р Златко Жоглев, ректор на Универзи-
тетот во Битола.
03.10.2008 г.
ВО ЧЕСТ НА АКАДЕМИКОТ
ВИКТОР ФРИДМАН
По повод Годината за одбележувањето на македон-
скиот јазик - 2008 година, во салата за промоции на
Библиотеката, а во организација на Универзитетот
„Св. Климент Охридски“, Меѓународната асоцијација
„Македонски духовни конаци“ му ја додели награ-
дата „Духовен воин“ на академикот Виктор Фрид-
ман. Гостинот од САД го претстави проф. д-р Вера
Стојчевска Антиќ, а наградата му ја врачи поетесата
Светлана Христова Јоциќ, претседател на Меѓуна-
родната асоцијација. На свеченоста свое обраќање
кон присутните имаше и ректорот на Универзитетот,
проф. д-р Златко Жоглев. Се водеше и разговор со
академикот и присутните гости.
09.10.2008 г.
ДОДЕЛУВАЊЕ МЕДАЛЈИ
Здружението за македонско италијанско пријател-
ство и соработка на овој ден во салата за промоции на
Библиотеката, со почеток во 12 часот организираше
доделување медалји.
14.10.2008 г.
ПРМОЦИЈА НА КНИГА
Стихозбирката на битолскиот автор Кире Недел-
ковски „Чест“ ја промовираа Петре Димовски и Ми-
лица Радевска, а стихови читаше Силвана Петрова
- Насух.
Приредил
Драги Кабровски
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА,
ПРЕДАВАЊА, ПРОМОЦИИ,
ИЗЛОЖБИ
16
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
17.10.2008 г.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА
Во Библиотеката се одржа промоција на книгата
"Раскажувачки текстови врз фактографски основи
1940 - 1945 плус 2004", од авторот Мишко Божинов-
ски.
28.10.2008 г.
ПРОМОЦИЈА НА ЗБОРНИК
Во организација на Здружението на граѓани прого-
нувани, затворани и осудувани за идеите за самобит-
носта на македонскиот народ и неговата државност,
се одржа промоција на „Зборникот на политички
затвореници 1945 - 1990“. Промоцијата ја почна гра-
доначалникот на Битола, г-дин Владимир Талески.
Промотор на Зборникот беше проф. д-р Вера Стој-
чевска Антиќ, а свое обраќање имаше и претседате-
лот на Здружението.
04.11.2008 г.
ПО ПОВОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО
НА БИТОЛА ИЗЛОЖБА НА КНИГИ
„БИТОЛА НЕКОГАШ И ДЕНЕС“
По повод 4 Ноември - Денот на ослободувањето
на Битола, беше поставена изложба на книги под на-
слов „Битола некогаш и денес“, која беше прифате-
на и од општинската програма за одбележување на
празникот на градот. На изложбата беа презентира-
ни 160 монографски публикации и стари фотографии
на Битола. Книгите содржински опфаќаа временски
периоди од антиката, поблиското и подалечно кул-
турно-историско минато, општествено-економскиот
развој на Битола, научно-истражувачката работа,
стопанството, воспитно-образовниот процес и кул-
турата. Во изложбата беа вклучени книги од битолс-
ките писатели - членови на ДПМ, како и изданијата
на Библиотеката
Изложбата ја отвори градоначалникот на Битола,
г-дин Владимир Талески. За изложбата, кратко образ-
ложение за медиумите даде г. Драги Кабровски.
04.11.2008 г.
ГРУПНА ПОСЕТА
Учениците од прва година на првата приватна
гимназија во Битола заедно со нивната професор-
ка ја посетија Библиотеката. Учениците ја разгледаа
изложбата на книги за Битола и на нивно барање го
разгледаа магацинот за книги. За работата на Библи-
отеката, како и за начинот на пребарување на авто-
матизираниот библиотечен каталог, им зборуваше г.
Драги Кабровски.
06.11.2008 г.
ГРУПНА ПОСЕТА
Учениците од трето одделение при ОУ „Даме Гру-
ев“ од Битола заедно со своите наставнички ја посе-
тија Библиотеката. Посетата беше реализирана во дет-
ската библиотека и со нив разговараше г. Драги
Кабровски.
07.11.2008 г.
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР НА
МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ
Во читалната на Роднокрајното одделение, со по-
четок во 12 часот, се одржа деветтиот по ред опш-
тински натпревар на „Млади библиотекари“.
На натпреварот учествуваа вкупно 14 претставни-
ци од сите основни училишта (по еден претставник)
од општините Битола, Могила и Новаци и од поголе-
мите селски населби Бистрица и Добрушево.
За подготовка на учесниците на натпреварот, Биб-
лиотеката им го обезбеди новиот Прирачник за под-
готовка на кандидати за натпреварот „Млади библи-
отекари“ од Миле Бошески, директор на Народната и
универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“
од Скопје.
Натпреварот го спроведе комисија од три члена:
Јоланда Бошевска, претседател, Драги Кабровски,
член, и Илче Стојановски, член. На почетокот од
натпреварот натпреварувачите ги поздрави директо-
рот на Библиотеката, Науме Ѓоргиевски. Тој им врачи
17
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
по една книга и Диплома за учество на сите учесници
на натпреварот, додека како прва, втора и трета на-
града им врачи дипломи и вредни награди во книги
од издавачот „Просветно дело“ од Скопје
Првата награда ја освои ученикот Мартин Јо-
новски од 8-б одделение при ОУ „Даме Груев“, со 116
бодови од вкупно 120. Втората награда му припадна
на Тамара Трајковска од 8-в одделение при ОУ „Елпи-
да Караманди“, со 110 бодови, и трета награда освои
Ивана Коруновска од 8-б одделение при ОУ „Коле Ка-
нински“ од Битола, со 108 бодови.
Првонаградениот од овој општински натпревар,
Мартин Јоновски, според пропозициите, се стекна со
право да ја претставува Библиотеката на Републички-
от натпревар за млади библиотекари што се одржа во
Кочани, на 21 ноември.
17.11.2007 г.
СРЕДБА СО ПОВОД
„БАЛКАНСКА САГА“
На покана од Француската Алијанса од Битола,
писателот Луан Старова зборуваше за неговата кни-
га „Балканска сага“ и за приемот на неговата послед-
на книга во Франција, насловена ”Во потрага по Елен
Лебовиц”.
„Балканската сага” (десет тома) е преведена на
повеќе јазици и европската литературна критика ги
става неговите дела меѓу романите на Исмаил Кадаре
и Данило Киш. Старова е член на МАНУ. Имаше уни-
верзитетска и дипломатска кариера. Тој беше првиот
амбасадор на Република Македонија во Франција.
20.11.2008 г.
ПРЕДАВАЊЕ И ПРОМОЦИЈА НА КНИГА
Македонското научно друштво организираше пре-
давање од проф. д-р Тихомир Јовановски на тема:
„Суштина на сегашната меѓународна финансиска
криза“.
По предавањето и дискусијата, се одржа промо-
ција на книгата од професорот д-р Тихомир Јованов-
ски „Економија за менаџери“.
21.11.2008 г.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА
Националната установа - Универзитетска библио-
тека „Св. Климент Охридски“ - Битола организираше
промоција на книгата „Филип Втори Македонски“
од авторите Ангелина Маркус и Ристо Поповски.
Промотор на книгата беше проф. д-р Владимир
Михајловски.
21.11.2008 г.
РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР
„МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“ ВО КОЧАНИ
Во петокот, во Јавната општинска установа Библи-
отека (ЈОУБ) „Искра“ - Кочани, во организација на
Друштвото на библиотекарите од Македонија, беше
одржан деветтиот Републички натпревар „Млади
библиотекари“. На натпреварот зедоа учество 24
натпреварувачи од сите библиотеки од Македонија.
Првото место со максимален број на бодови го
освои Мартин Јоновски од ОУ „Даме Груев“ Битола
како претставник од Националната установа - Уни-
верзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Би-
тола.
Наградите и дипломите на учесниците ги врачи
претседателот на Библиотекарското друштво на Ма-
кедонија, г. Кирил Ангелов од Скопје.
18
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Националната установа Универзитетска библио-
тека „Св. Климент Охридски“ од Битола за одбележу-
вање на својот Патронен празник „Св. Климент Ох-
ридски“ (8 декември) изготви
Програма
на културни активности и тоа:
03.12.2008 г.
ПРОМОЦИЈА НА ТРЕТ ЗБОРНИК И
ОДБРАНИ ДЕЛА НА ЃОРЃИ ПРЧКОВ
Зборникот од Тркалезната маса на Третата род-
нокрајна средба на битолските писатели од Маке-
донија одржана во Библиотеката на од 22 до 23 мај
беше промовиран од писателот Панде Манојлов.
Воведен збор даде главниот и одговорен уредник на
Зборникот и медијатор на Тркалезната маса, д-р Ни-
колче Вељановски.
Претставување на Одбраните дела (7 тома) од
Ѓорѓи Прчков го направи д-р Николче Ваљановски
04.12.2008г.
„ПОЕТСКИ БРАНУВАЊА 2008“
На петнаесеттиот по ред конкурс „Поетски бра-
нувања 2008”, со свои лични творби, учество зедоа
80 ученици од основните училишта од градот со по
една лична поетска творба. Библиотеката обезбеди
награди за најуспешните творби и истите им ги врачи
директорот на Библиотеката, г. Науме Ѓоргиевски.
Прва награда освои Марија Здравеска од ОУ „Да-
ме Груев“, две втори награди им беа доделени на Марија
Станојовска од ОУ „Св. Климент Охридски“ и Лина
Лумбуровска од ОУ „Гоце Делчев“, три трети награди
им беа доделени на Катерина Ѓорѓиевска од ОУ „Стив
Наумов“, Гордана Стојановска од ОУ „Тодор Ангелевс-
ки“ и Теодора Веловска од ОУ „Коле Канински“.
Жири комисијата во состав Илија Мерковски,
претседател, Драги Кабровски, член и Илче Стоја-
новски, член, одлучи, од вкупно осумдесет лични
творби да издвои 30 најуспешни творби кои ќе бидат
објавени во Билтенот „Поетски бранувања 2008“ кој
го подготвува Драги Кабровски.
ТЕМАТСКА ИЗЛОЖБА НА КНИГИ
„КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
На изложбата беа презентирани 80 монографски
публикации кои тематски беа наменети за свети Кли-
мент, првиот основоположник на библиотекарското
дело и првата библиотека во Македонија.
Составен дел на изложбата беа изданијата на Биб-
лиотеката кои вкупно ги има 20, и фото-изложба од
Општинскиот натпревар и Републичкиот натпревар
„Млади библиотекари” одржан во Библиотеката „Ис-
кра“ во Кочани, каде првата награда ја освои претстав-
никот од нашата Библиотека, ученикот Мартин Јонов-
ски од ОУ „Даме Груев“ од VIII-б одд. и едно пано со
ликот на свети Климент насликан од учениците.
05.12.2008г.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА
„ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА -
ПИСАТЕЛИ”
Книгата е во издание на Библиотеката, а нејзини ав-
тори се: Ленче Андоновска, Науме Ѓорѓиевски, Бла-
гој Николов, Гордана Пешевска, Анета Стефановска
и Светлана Талеска. За соработници: Милка Котев-
ска и Александар Крстев. Промотори: Радован П.
Цветковски, проф. д-р Драги Михајловски и Петре
Димовски.
19
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
Традиционално и оваа година,
во нашата библиотека беше одр-
жан деветтиот по ред општински
натпревар „Млади библиотекари“.
На наше големо задоволство, ин-
тересот за учество на натпреварот
беше на високо ниво. Ученици од
тринаесет основни училишта од
Битола, Бистрица, Могила, Нова-
ци и с. Добрушево, зедоа учество
на натпреварот.
Младите библиотекари со по-
мош на своите ментори, се пот-
рудија да ги совла-
даат дефинициите,
поимите, настани-
те прикажани во
прирачникот кој
им беше навреме
доставен. После
повеќегодишна ра-
бота, како претсе-
дател на комисија-
та што го спрове-
дува општинскиот
натпревар во на-
шата библиотека, на големо задо-
волство, можам да забележам дека
од година во година кандидатите
постигнуваат подобри резулта-
ти. Оваа година прво место освои
БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ИНФО КРЕАТИВЕН ЦЕНТАР
После промоцијата на книгата „Значајни личности
за Битола - писаатели“, за прв пат во холот на Библи-
отеката, пред присутните гости, под раководство на
Анастасија Милевска, вработена во Библиотеката,
се претставија младите креативци со свои точки при-
дружувани со музика.
11.12.2008 г.
ПРЕДАВАЊЕ
Во организација на Француската Алијанса во са-
лата за промоции на Библиотеката се одржа преда-
вање на тема: „Студии во Франција“ со подтеми
„Квалитет, ниски школарини, студии на француски
и англиски јазик и студии по француски програми на
Универзитетите во регионот“.
19.12.2008 г.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА
„РЕЧНИК НА ДЕМИРХИСАРСКИОТ ГОВОР“
Националната и Универзитетска библиотека „Св.
Климент Охридски“ од Битола и Издавачот „Академ-
ски печат“ од Скопје, по повод 2008 година - Годината
на македонскиот јазик, одржаа промоција на книгата
„Речник на демирхисарскиот говор“ од авторите
Радован П. Цветковски и Божо Стефановски. Про-
мотор беше проф. д-р Кирил Трајковски.
Општински и републички натпревар
- „Млади библиотекари“
Приредила
Јоланда Бошевска, виш библиотекар
20
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
ученикот Мартин Јоновски од ОУ „Даме Груев“ од
Битола, со освоени 116 од вкупно 120 бода. Побед-
никот на општинскиот натпревар ја претставуваше
нашата библиотека на републичкиот натпревар, кој
оваа година се одржа во Кочани. Пред натпреварот ,
го подготвував кандидатот со цел дам у објаснам не-
кои стручни делови од прирачникот И да го проверам
колку ги совладал.
На 21 ноември 2008 г., во Општинската биб-
лиотека „Искра“, во Кочани , се собраа 24 натпрева-
рувачи од Р. Македонија, победници на општинските
натпревари. Традиција е, домакинот на натпреварот
да ги одведе своите гости на некое значајно место во
нивниот град. Овај пат посетивме една од среднове-
ковнит кули во Кочани, во која е сместена музејската
поставка и книжниот фондот од роднокрајната збир-
ка на библиотеката.
Највозбудливиот дел од оваа моја прва по-
сета на Кочани беше соопштувањето на резултетите
од натпреварот и доделувањето на наградите. Радос-
та беше преголема кога свативме дека последен кој
требаше да бибе прочитан беше нашиот Мартин...
и, повторно прво место како во 2006 година во Радо-
виш. Среќен беше Мартин, среќни и задоволни бевме
ние, екипата што го придружувавме.
БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ОДДЕЛ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУГА ЗА
ВОЗРАСНИ
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ
Приредила Гордана Марковска
2. ОСТРОВ - Викторија Хислоп
3. СЕ ВИКАМ ЦРВЕНО - Орхан Памук
4. НОВ БЕСПЛАТЕН ЧОКОЛАДЕН СЕКС - Кит
Лоу
5. ТЕРОРИСТ - Џон Апдајк
6. РЕЦЕПТ ЗА СОВРШЕН БРАК - Кејт Кариган
7. ФРАНЦИСКАНСКИОТ ЗАГОВОР - Џон Сакс
8. ПРЕСТИЖ - Кристофер Пруст
9. ВОДА ЗА СЛОНОВИ - Сара Груен
10. БРОКЕР - Џон Гришам
ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ
Приредила Стеванка Петковска
1. МОКРО КУЧЕ, СУВА МАЧКА - Александар
Поповски
2. ТРОПА ТРУПА - Гочкова Косара
3. ПРИНЦЕЗАТА НА БОСТОНСКИОТ ЦАР -
Александар Поповски
4. КАЖАМ ЛАЖАМ - Џамбазов Ненад
5. РУСКИ БАЈКИ
6. ПРИКАЗНИ ЗА ДОБРА НОЌ
7. МАЛА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА НА ИСТОРИЈАТА
8. МАЛА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА НА МОРИЊАТА
9. МАЛА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА НА НАУКИТЕ
10. МАЛА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА НА
ЖИВОТНИТЕ
11. МАЛА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА НА ВСЕЛЕНАТА
12. МАЛА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА НА
ДИНОСАУРУСИТЕ
21
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Во минатите броеви на Библиотечен тренд беа
водени посебни интервјуа со директорите на Библи-
отеката, во број 9 водев интервјуа со најстарите вра-
ботени од кои, денес, повеќето се во пензија. Во овој
број на списанието ги објавуваме поединечните раз-
говори со библиотекарите Гордана Марковска, Илче
Стојановскиво и Маријан Котевски во одделот Зај-
мување и услуга за возрасни, Благојче Ѓупаровски во
магацинот за книги, Стеванка Петковска во Детската
библиотека и Благој Бошевски во одделот Прием и
техничка обработка на книгата.
На сите им беа поставени идентични прашања:
- кога се вработени во Библиотеката, дали биле
вработени на друго место и споредба;
- нивното гледање на работата како библиотекари,
споредба на различните работните места во Библио-
теката;
- каква е соработката со нивните колеги;
- што им пречи во работата;
- која литература најмногу ги привлекува;
- што читаат во моментот;
- кое е нивното хоби.
ГОРДАНА МАРКОВСКА (Зајмување и услуга за
возрасни)
Се вработив во јануари 1985 година. До 1991 годи-
на работев во реонските библиотеки во с. Буково и с.
Новаци. До 1995, четири години работев во библио-
теката во „Чинарот“. Од 1996 година сум во Главната
библиотека. Но ова не беше мое прво вработување.
Голема желба ми беше и се едуцирав за наставник
за да работам со деца. Кратко време работев како
наставник во основните училишта во с. Новаци и
с. Маково. Половина година пред да се вработам во
Библиотеката работев во Радио Битола. Бев спикер и
уредник на неколку емисии. Морам да признам, тоа
ми беше и моја животна желба. Тоа ми беше најголе-
мо задоволство, ме исполнуваше.
Напорно е да се работи на шалтерот од Одделот за
зајмување и услуга за возрасни. Си создадов една фи-
лозофија како олеснителна околност за да го победам
она што ми е напорно. Работата на шалтер има и своја
убавина, запознавање нови луѓе, различно едуцира-
ИНТЕРВЈУ СО БИБЛИОТЕКАРИТЕ
НА ПУЛТОТ ЗА ИЗДАВАЊЕ
(Прво продолжение од Библиотеката - наша судбина,
Библиотечен тренд бр.9)
Приредил Николче Вељановски
библиотекар советник
22
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ни од различни профили, а мило ми е кога кон мене
се однесуваат љубезно и со почит. Така, шалтерот ми
овозможи некои од стекнатите познанства да преми-
нат во пријателства.
Како одраз на времето во кое што живееме се слу-
чува да дојдат и луѓе кои носат тензија во себе. Тоа им
се чита од лицата. Тие не смеат да ја осетат тензијата
што јас ја носам. Се трудам колку што можам.
Моето место е такво што морам да соработувам со
сите оддели. Соработката се одвива коректно. Со сите
колеги сум на ниво на колегијалност.
Во реонските библиотеки си ја работев работата со
задоволство затоа што влегов на работа на неопреде-
лено работно време. Мислам дека можев да се дока-
жам и на други работни места, откако дојдов овде, но
со текот на времето не ми преостана друго, освен да
ги прифатам работите такви какви што се. Никогаш
не се остварив како фактор кој може нешто да смени.
Годините поминаа ... Сметам дека на шалтер треба да
работат млади кадри, а зошто? Тоа ни е на сите јасно.
Можете ли да ни направите споредба кое работ-
но место повеќе Ве привлекуваше?
По сила на околностите во мојот живот сменав
неколку професии, но никогаш не бев далеку од кни-
гата. Медиумската работа, признавам, најмногу ми
овозможи да се докажам со квалитетите што ги по-
седував. Се пронајдов себеси пред таа голема магија
што се нарекува радио. Беше тоа Радио Битола. И де-
нес со нежност се сеќавам на восхитените лица на ко-
легите кои од режијата го следеа она што во моментот
го снимав во студиото. Или пак, директорот лично
да ви довери да ја подготвувате самостојно и да ја
пуштите во програма неговата емисија, а потоа да ви
изрази благодарност за успешно извршената задача.
Поголема сатисфакција, верувајте ми, нема. И вооп-
што, меѓучовечките односи беа посрдечни, искрени,
едноставно да се почувствуваш вистински човек. Ка-
ко тоа гордо звучи, нели?
Која литература Вас лично Ве привлекува?
Ако кажам дека Ерих Фром ми е еден од најоми-
лените автори тогаш сум кажала се. Посебно книгата
„Уметноста на љуовта“. Ја сакам добрата белетристи-
ка. Најголем впечаток ми оставиле класиците преку
„Ана Карењина“, „Доктор Живаго“, Перл Бак со кни-
гата „Мајка“. Овие книги, нивните содржини се дел
од мојата душа. Во моментот ја читам книгата „Ми-
нарет“ од Лелја Абулела.
Дали сте се обиделе да пишувате?
Чинам пишувам откако ја научив азбуката. Во те-
кот на целото мое школување пишував и уредував
училишни весници, бев редовен учесник на лите-
ратурни конкурси, а наградите ми беа подстрек да
работам понатаму. Имам пишувано есеи - размисли
за тоа како го гледам животот, како и четириесетина
афоризми. Поезијата отсекогаш беше моја љубов. Но,
не обелоденив ништо. Зошто? Простете, нема да Ви
одговорам. Индискретно е.
ИЛЧЕ СТОЈАНОВСКИ (Зајмување и услуга за
возрасни – Оддел Информации)
Основно училиште завршив во с. Стење и Царев
Двор - Преспа, а Средно економско училиште завр-
шив во Битола. Во Библиотеката се вработив на 1 мај
1996 година. Од 1980 до 1987 работев во ГП “Гранит”.
Од 15 декември 1988 до 30 април 1996 година работев
во Културно - просветната заедница (КПЗ), односно
Центарот за култура и информации.
Уште како дете од прво и второ одделение пишу-
вав песнички и прозни состави, а подоцна преку про-
фесорката Лилјана Белчева ја засакав книгата.
Од 1976 година сум член на Литературниот клуб
“Стале Попов” Битола, бев и негов претседател и сек-
ретар, исто така бев претседател и секретар на “Кни-
жевната младина”.
Во периодот меѓу 1984 и 1987 година ми беа обја-
вувани песни и написи во многу весници и списанија.
Пишував акро-стих. Учествував и на многу литера-
турни и културни средби во Р. Македонија: Тиквеш-
ки литературни средби, Ацо Караманов во Радовиш,
Млада Струга и др., како и на многу литературни
средби на млади писатели и поети низ цела Бивша Ју-
гославија. На општинско ниво и пошироко добивав
и награди.
Преку анонимен конкурс ја објавив и мојата прва
книга песни “Остров во окото” во 1985. Мојата вто-
ра книга “Поглед низ прозорецот” беше издадена во
23
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
1991 година од Друштвото за наука и култура - Стру-
га. Со песната “Птица” влегов во Антологијата на
најмлада македонска поезија.
Моја инспирација беа и се Ацо Шопов, Блаже Ко-
нески, Жак Превер, Сергеј Јесењин, а ги читам и дела-
та на Владимир Костов, Петре М. Андреевски. Сакам
добра белетристика и од странските автори: „Времето
на лалињата од Могах“, „Девојката со бисерна обетка“
на Трејси Шевалие ...
Кажете ни нешто за вашата работа во КПЗ?
Во КПЗ бев референт за литературни и драмски
аматерски дејности. Организиравме реонски смотри,
литературни средби, соработував со Библиотеката
како член на комисија на Поетските бранувања, во
која заедно со Илија Мерковски и Драги Кабровски
сум и денес. Учествувавме на многу средби на збра-
тимени градови: Требиње, Никшиќ, Крањ, Ниш, Јајце
и други. Организирав средби во Домот на армијата,
Смотра на рецитатори на општинско ниво и тн. Бев
член на жири комисија на многу литературни конкур-
си. Преку драмските аматерски активности излегоа
многу талентирани деца кои подоцна станаа актери,
режисери, завршија факултет за книжевност и сл.
Како се снајдовте како библиотекар?
Основата ми е економско училиште, но искуст-
вото во литаратурата и активностите во КПЗ ми по-
могнаа многу брзо да се прилагодам на работата во
Библиотеката. Моите 7 години во реонските библио-
теки Јенимаале и с. Новаци, с Могила и “Кочо Десано”
и “Чинарот” не се баш за пофалба заради специфич-
ните услови, ограничениот фонд на книги во нив и
малиот број на читатели, но сепак стекнав одредени
предзнаења и искуства. Откако дојдов во Главната
библиотека задоволството беше поголемо затоа што
контактот со странките беше директен и поголем во
поглед на доставување на информации. Работев во
одделот Зајмување и услуга за возрасни. Завршив и
Педагошки факултет.
Со автоматизацијата на библиотечните процеси
работата стана многу автоматска, се сведе повеќе на
класично шалтерско работење, зајмување И раздол-
жување на книги, така што креативноста е малку за-
стапена.
Еден период бев во Детската библиотека. Потоа,
во смена бев со Стеванка Петковска, Светлана Талев-
ска и Благојче Ѓупаровски.
Зошто не објавувате повеќе?
Имам напишано повеќе рецензии, а исто така
имам подготвено и неколку збирки, но финансиските
можности за нивно објавување ми се мали.
Што читате во моментот?
Го читам продолжението на книгата „Анастасија“
од Владимир Мегре, „Ѕвонливите кедри на Русија“, а
во Библиотеката пристигнаа и други продолженија.
СТЕВАНКА ПЕТКОВСКА (Детска библиотека)
Во Библиотеката се вработив од ноември 1981 го-
дина. На почетокот 5 години работев по 3 дена во Чи-
нарот и два дена во “Кочо Десано”. Потоа, 2 години
работев по два дена во “Чинарот” и два дена во биб-
лиотеката во Јенимаале, а во петок бев во “Кочо Деса-
но”. Од 1988 сум во Детската библиотека со полно ра-
ботно време. Работев со Александра која дојде на мес-
тото на Ленчето. На почетокот бевме во просторија
во старото крило, а потоа книгите беа преселени во
една од читалните во новото крило, а во последните
БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
24
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
неколку години книгите се преместени во читалната
до Одделот за зајмување и услуга за возрасни. На по-
четокот од 2003 година се отвори шалтер за издавање
веднаш до постоечкиот шалтер на овој Оддел.
Во споредба со малиот книжен фонд во реонските
библиотеки, имавме читатели. Во библиотеката во
„Чинарот“ во една година се запишаа околу 300 чита-
тели. Но, што се однесува до условите, тие беа многу
лоши. Немаше WC, немаше вода, постојано имаше
проблем со огревот, еднаш си го упропастив и пал-
тото од саѓите. Правев списоци за книги и лектири
кои му ги доставував во Библиотеката. Но, со текот
на времето реонските библиотеки беа запоставени,
не беа снабдувани и така згаснаа.
Бројот на читателите во Детската библиотека се
движеше од 2800 до 3000 членови годишно. Денес,
после автоматизирањето на зајмувањето тој број се
движи од 3500 до 4000 членови.
Работата со странки е напорна. Барем последните
години можевме да бидеме на помирно работно мес-
то, но сега веќе е доцна.
Со Александра Раиф работевме 20 години. Со Ил-
че Стојановски соработувавме 4-5 години. Одлично
се сложувавме затоа имавме и успех. Немав амбиции
за други работни места. Потполно бев предадена на
работата. Со задоволство си ја работев и си ја рабо-
там сега. Читавме многу. Можам да речам дека 99% од
книгите ги имавме прочитано и се надополнувавме
кога требаше да ги упатуваме децата во нивната содр-
жина. Посебно, сите нови книги ги читавме. Затоа на
младите колеги кои работат во овој Оддел би им пре-
порачала секоја нова книга да ја разгледуваат за да се
запознаат со нејзината содржина. Од големо значење
за децата се темите кои се содржат во книгите.
Што е она што Ви пречи во работата?
Според мене, шалтерското издавање не е за деца.
Секогаш сум се борела за тоа во непосреден контакт
да разговараме со децата. Ги прашувавме дали ги про-
читале книгите. Тој контакт веќе се изгуби. Мислам
дека директорите немаа слух за тоа. На почетокот,
откако се автоматизира Библиотеката, бројот на чле-
нови значително се намали, или можеби тоа беше
нетактичност со механичкото рачунање на казни-
те за ненавремено вратените книги кои дотогаш ги
имаше многу. Но, постепено читателите се привик-
нуваа на овој начин на работа. Целта е децата да се
навикнат на одговорност за навремено враќање на
книгите.
Која е актуелна литература за децата?
Најинтересни се авантуристичките романи како
што во последните години е Хари Потер и Ерагон и
други. Од странските автори се читаат книгите Хај-
ди, Пиерета, Колибата на чичо Том, Патување во цен-
тарот на земјата и Дваесет милји под море и други.
Младите ја сакаат литературата од секојдневниот жи-
вот, се читаат Горјан Петровски, Томе Арсовски, Гли-
гор Поповски, Велко Неделковски, Ванчо Николески,
Ѓорѓи Прчков, Ката Мисиркова Руменова, Оливера
Николова и други. Во последните години зголемен е
интересот за енциклопедиите.
Која литература лично Ве привлекува?
Имам прочитано многу книги. Ми се допаѓаат: Ко-
дот на Да Винчи, Мемоарите на една Гејша, Никаде
без ќерка ми, Ќерките на чуварот на спомените, Жена
во црвено и други, но најмногу ги сакам класиците
Иго, Ремарк, Перл бак, Лајош Зилахи, Луис Бромфилд
и други.
БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
25
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БЛАГОЈ БОШЕВСКИ (Прием и техничка обра-
ботка на книгата)
Со акцијата за вработување во тоа време се вра-
ботив како библиотекарски помошник во магацинот
за книги, во април 1984 година. Дваесетина години
работев на ова работно место. Работата во магацинот
за книги бара посебна дисциплина и издржливост,
посебно бара соработка со другите колеги од Изда-
вањето. Во сите овие години честопати ги заменував
колегите и на пултот за Издавање за возрасни и деца.
Мене работата ми е задоволство. Со оглед на тоа што
од магацинот книгите се испраќаат по лифт, за мене,
качувањето и слегувањето по скалите од магацинот
до пултот за издавање ми беше еден вид мал тренинг,
односно за да услужам една странка со задоволство
слегував и се враќав со книги и по неколку пати.
Задоволство ми беше и тоа што во мојот долг ра-
ботен стаж на ова работно место ги научив каде се
наоѓаат скоро сите книги. Најчесто, доволно ми беше
само да ми го кажат насловот на книгата без да запи-
шуваат број. Работата ми помагаше во одржување на
мојата форма за неделните натпревари.
Од крајот на 2002 година работам во одделот При-
ем и техничка обработка на книгата. Откако пакетите
со книги се распакуваат во одделот Набавка на биб-
лиотечните материјали, се прават листи, а јас ги пот-
печатувам и му ги доставувам на колегата во одделот
за УДК, Митре Талевски. На почетокот помагав при
компјутерското изработување на членски карти. Ав-
томатизацијата на библиотечните процеси воопшто
не е проблем за мене. Помагам каде што е потребно,
заменувам во магацинот за книги за возрасни и во
Детската библиотека, помагам при набавка на мате-
ријалите за Библиотеката, а најмногу сум ангажиран
за време на саемите на книгата во градот кои ги ор-
ганизира Библиотеката како и на мини-саемите во
холот на Библиотеката.
Со кои Ваши колеги најмногу сте соработувале?
Во магацинот за книги работев на смени, претплад-
не и попладне, се менував со Елица Ѓорѓиевска. Една
година бев во смена со Лена Секуловска која рабо-
теше на пултот за издавање на книгата, а со Ричард
Иванишевиќ работев 10 години. По неколку месеци
на пултот работеа Благој Николов и Науме Ѓоргиевс-
ки. Шест години бев во смена со Лидија Мирчевска и
на крајот една година со Светлана Талевска.
Нашиот покоен колега од пред четири години,
Ричард Иванишевиќ работеше и во Одделот Ин-
формации, имате убави спомени?
Со Рики поминавме многу убави денови. Тој беше
постојано со машината за пишување. Пишувањето
му значеше живот. Нашиот Рики го заменувавме со
„Лицето“. Тој често £ замеруваше на нашата колешка
Оливера затоа што во трето лице сите ги ословуваше
со „лицето“. Го запамтивме по некои од неговите фра-
зи кои постојано ги повторуваше кога бевме заедно.
„То е то, а без то нема то“. „Знајш шо Бакал?“ - Шо?
- „В ред“. „ГеГе“ ( Господ гледа). Трајко Огненовски
го викаше Т(е)О (територијална одбрана). Писателот
Радован П. Цветковски го викаше РПЦ (звучеше како
МПЦ). Кога ќе добиеше сигнатура, на замена во ма-
гацинот тој го фрлаше ливчето и ја памтеше сигнату-
рата, а ние намерно ќе му го свртувавме вниманието
за да го заборави бројот. - Е сега што ми напрај, ја
заборавив сигнатурата! Вработените го почитуваа и
го викаа на кафе. Додека стигнеше до кај нас долу на
кафе, го чекавме да испие кафе на погорните спра-
тови. Ракијата, цигарите и кафето на едно место ги
викаше „мртва природа“.
26
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Дали имаше нешто што Ви пречи во работата?
Во годините наназад во “Издавањето” имаше ма-
сичка со две фотељи и решо. Многу се пушеше и се
оставаа неизмиени финџали. Ги критикував во шега,
колешките: Чекаш од овие домаќинки да станат!?
За Вашето хоби пишувавме во Библиотечен
тренд број 11?
Фудбалот и пинг понгот. Со пинг-понгот сум и де-
нес. Во бившите ЈУ - простори учествував на повеќе
републички и државни првенства. Еднаш бев првак
на Југославија и три пати на Македонија. Три години
бев во првите десет спортисти на градот. И ден денес
се натпреварувам, играм за ППК “Струга” од Струга,
во Суперлигата, а истовремено учествувам во трени-
рањето на младите пингпонгари, понекогаш сум ни-
вен официјален судија на натпреварите.
БЛАГОЈЧЕ ЃУПАРОВСКИ (Магацин за книги)
Во Библиотеката се вработив во 2000 година. Две
години работев во реонските библиотеки во с. Бис-
трица, с. Кравари и „Кочо Десано“. Во 2002 годи-
на бев преместен во магацинот за книги на одделот
Зајмување и услуга за возрасни. Работев во смена со
Светлана Талевска.
Во реонските библиотеки имаше мал фонд
книги и мал број читатели. Овде се работи за за фонд
од 500.000 книги кои треба секогаш да бидат подреде-
ни по формат и сигнатура. Има Архивски дел каде се
чуваат задолжителните примероци, Збирка туѓа ли-
тература, стручна литература и белетристика. Ско-
ро 90% од најмногу читаната литература ја знам со
местото во магацинот, што во многу ми ја олеснува
работата мене и на колегите од Издавањето. Сепак
лифтот ни е од голема помош. Условите во магаци-
нот ни „дозволуваат“ да бидеме често кај пултот за
Издавање. Така доаѓам и во контакт со странките кои
понекогаш слегуваат во мое присуство во магацинот
заради некои свои специфични барања. Исто така,
често им покажувам на читателите како да ги преба-
руваат книгите на компјутер.
МАРИЈАН КОТЕВСКИ (Зајмување и услуга за
возрасни)
Во Библиотеката сум од 1 март 2002 година. Две
години работев како Архивар - секретар со докумен-
ти и на телефонската централа. Од една страна, ог-
ромна одговорност за важноста на документите, од
друга напорна затоа што тогаш ги учев принципите
во работата, запознавање со колегите и одговорноста
во работењето. Во тоа време директор беше Анета
Стефановска која беше многу комуникативна така
што работното место беше многу оптоварено.
Како фотограф изработував членски карти и
често заменував во двата магацини за книги. Им по-
кажував на читателите како се пребаруваат книгите
на терминалите, односно компјутерите сместени во
холот. Најмногу ми пречеше кога требаше на еден ист
27
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
ПОВОД ДА ВИ ГО ПРЕТСТАВИМЕ
човек, одново и одново, по неколку
пати да му покажувам како се пре-
барува при секое негово доаѓање.
На издавање сум нешто повеќе
од еден месец. Сè уште се приспо-
собувам на многу ситуации затоа
што за мене сè е ново, а читателите
имаат најразлични потреби во пог-
лед на литературата. На некои од
читателите им помагаме веднаш, а
некои ги упатуваме во одделот Ин-
формации каде што од неодамна
работат колегите Илче Стојановс-
ки и Александар Крстевски.
Дали имате хоби?
Сликарството ми е опсесија.
Голем дел од времето го минувам
сликајќи масло на платно. Порано
бев заљубеник во моторите - 125
цм3, имав мотор марка Сузуки.
Учествував на државни првенства,
на Мото крос, во повеќе градови во
Македонија. Нема поопасен спорт
од Мото-крос. Натпреварувачи-
те потпишуваат документ дека на
сопствен ризик излегуваат на тр-
ката. Скоковите можат да бидат и
до 40 метри.
Наградата „Ванчо Николески“, која традиционално ја доделува
Друштвото на писателите на Македонија, оваа година отиде во раце-
те на писателот Петре Димовски за неговиот роман „Големата аванту-
ра“. „Тоа е мојот прв роман за деца и млади“, ни рече авторот. Досега
има напишано уште пет романи за возрасни, три збирки раскази и
една збирка монодрами.
Тоа е роман за разнебитувањето на едно битолско семејство, распна-
то на релација Македонија – Австралија, поточно Битола – Сиднеј.
-Ти си патникот 366? - праша
пилотот и без да чека одговор,
продолжи: - Љубезно што се јави!
Ми покажа слободно седиште
да седнам.
Миг владееше небесна тишина.
Сè уште стоев така простум, вџа-
шен пред големата табла со разни
инструменти. Нивното светкање,
мигање и пулсирање ме маѓепса
и заборавив на себеси. Од инс-
трументите погледот ми избега
надвор и ми потона во провалија.
Пребледнав и за малку не ја изгу-
бив рамнотежата. Во тој миг се по-
чувствував сам турнат во просто-
рот каде тонам и ништо не може
да ме задржи од големиот страо-
тен пад. Кога низ прозрачноста ми
стигна погледот долу на земјата, јас
сфатив дека сум на голема височи-
на и дека сум затворен безбедно од
каде сè можам да гледам, и својот
страв од висината. Во далечина-
та се отвораше видикот на мојата
планета, јас сум избегал од неа и
можеби ќе ја немам желбата да £
се вратам, зашто таму ќе ме чека
лошата Мони. Долу треперат гра-
довите, се палат и гаснат светилки
КАЈ КАПЕТАНОТ
28
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
ПОВОД ДА ВИ ГО ПРЕТСТАВИМЕ
како што се раѓаат и умираат ѕвездите а јас стојам го-
ре на небото и моја волја е вечно да му се восхитувам
на глетката и да не ми ја нарушат никакви сили.
- Седни! - пак ме понуди љубезниот капетан и за
миг ме врати во кабината и во настанот.
Ме открија, прошепотив. Но тоа не е страшно. Ко-
га - тогаш ќе ме откриеја или сам ќе им се предадев.
Одовде не можат да ме вратат. Јас сум нивна судбина
и решението не може да биде по нивна волја. Ќе стиг-
нам кајшто ќе стигнат и другите.
- Одам кај мама - одговорив без да барам дали нив-
ната желба е да го откријат тоа. Тоа беше мојата желба
и јас ја кажав.
- Ги имаш при себе твоите
документи? - ме запраша љу-
безно капетанот.
Јас бев изненаден од него-
вата љубезност и од топлина-
та со која ми зборуваше. Оче-
кував дека ќе бидам искаран.
- Моите документи се кај
мама! - одговорив.
- А кога и каде отпатува
мајка ти и како те изгубила?
- беше љубопитна стјуардеса-
та.
- Ми рекоа дека мама ме
напуштила, но потоа разбрав
дека беше прогонета во своја-
та земја.
- Кој ја прогони? - праша
капетанот.
- Тато и власта. И лошата
Мони. Од неа избегав.
- Исклучителен случај -
рече капетанот обраќајќи се
кон својата посада.
- Во мојата практика таков случај сум немал.
Потоа додаде кон мене:
- Не смееш да патуваш без документи и без би-
лет!
- Застанете, ќе слезам!
Миг завладеа земна тишина. Тишината навлезе и
во мене, а најмногу изненадувањето за зборовите што
ги изговорив. Бев виновен, а неконтролирано чувс-
тво ме втурна во тоа да им противречам. Казната ја
заслужив и ја очекував.
Капетанот го завлече лицето во насмев, смеата
активирана од таа каписла експлодира и ја исполни
кабината со воодушевување. Капетанот навистина не
можеше да го запре своето смеење. Другите и натаму
го поддржуваа и тоа беше вистински хор на смеа. Се
засмеав и јас, иако со внимателност на непријатно ис-
чекување...
- Мислам, не си смеел да се качиш во авионот -
откако ја стиши и затвори смеата продолжи капета-
нот. Во авионите не смеат да влегуваат патници без
билет.
Не одговорив ништо. Веќе немав одговор.
- Си згрешил! Многу си згрешил - рече капетанот.
- Грешив - реков. - Но морам да одам кај мама - го
поправив својот одговор, укажувајќи дека не може да
биде грешка да се оди кај мајка си што се сака.
- Кај мајка ти ќе одеше легално, со документи и со
билет. Така се патува во светот! Сите овие патници со
себеси имаат и документи и авионски билет. Инаку
не би можеле да патуваат. Би
правеле голем прекршок.
Капетанот не ја сфаќаше
мојата положба. Тој работи-
те ги гледаше исклучиво од
своето гледиште и така ги
поставуваше. А јас што би
правел без мама?!
Стјуардесата ми подаде
кока кола, како што ми вети
пред да ме внесе во кабината
и ме врати на седиштето во
авионот.
Сега воопшто не знаев
на што сум. Дали ќе ме вра-
тат? Не сакав да се вратам кај
Мони и би дал голем отпор.
Ќе им се спротивставам на
такво решение. Јас сакав кај
мама. Знаев колку страда без
мене. Веројатно ја изгубила
надежта дека некогаш ќе ме
види. Од мене ја делеше да-
лечина од половина земјина
топка. Бевме на спротивните
страни на светот. Таа беше предадена од тој што го са-
кала најмногу и најмногу му верувала и прогонета од
властите зашто ги прекршила строгите закони.
Знаев дека по слетувањето на авионот ќе ме стават
во друг авион што се враќа назад и така моето пату-
вање ќе биде завршено..
Звучникот зашуме и се јави гласот на капетанот.
- Молам за внимание! Во авионот е откриен 366-от
патник кој е слеп патник. Тоа е едно дете што избега-
ло од татко си за да појде кај мајка си. Ќе го следиме
законот.
Гласот во звучникот секна. Со него беше потврден
мојот страв: дека ќе ме вратат назад.
Ми се протркалаа солзи по лицето. Во авионот све-
теа бледникави светла и сигурно влажноста во очите
патниците не можеа да ми ја забележат. Но јас плачев.
Безгласно, со болка во срцето и со солзи што ме печеа.
29
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
ПОВОД ДА ВИ ГО ПРЕТСТАВИМЕ
Одеднаш во мене навлезе некоја решителност.
Нема да ме вратат! Штом авионот ќе слета, јас ќе
избегам и ќе се скријам! Ќе го пронајдам другиот ави-
он што го продолжува патот и ќе се качам во него!
Само така можам да стигнам до мама!
Дали тоа не беше луда мисла предизвикана од сил-
ната желба да појдам кај мама? А кој беше толку силен
да ми го одзема најголемото мое право, да ми ја гасне
најсилната желба, да ми ја убива иднината? Сега ни-
како не можев да се помирам со некакви правила што
требало да бидат почитувани целосно на моја штета.
Зошто не ме прашаат која е мојата желба? Иако им ја
кажав, не сум сигурен дека ја ислушаа. Зошто не ме
прашаат колку е таа голема, силна, искрена? И дали
може да имам поголема желба од неа? Таа е сочинета
од сите други желби, тие се вградени во неа, слеани и
ја направиле една и целосна. Јас во овој миг и немав
друга желба. И не можев да имам. И не сакав да имам.
За мене само таа желба беше важна, само таа посто-
еше и само во неа се препознавав. Во секоја друга не-
маше да бидам јас.
Сакав тоа да им го кажам на сите. На екипажот, на
патниците, на светот. Не смее да ми се одбие единс-
твената моја желба. Ако ми се одбие, јас што би пра-
вел без желби?! Јас немав други желби, тоа го спом-
нав! И не сакам да имам!
Дали толку е тешко да се исполни една желба?
Зошто возрасните се фалат дека тие можат сè, дека
секогаш можат сè, а еве не можат да ми ја исполнат
мојата единствена желба, покрај сè и толку едностав-
на? Вие чичковци и тетки од посадата, вие патници
од авионот, вие од целиот свет: та нели знаете дека
сте или сте биле со своите мајки кога бевте деца, а тие
неизмерно се сакаат?!
Имав некое чувство дека во пилотската кабина се
решава за моето враќање. Капетанот беше добар, но
само ме прелага со својата добрина, зашто тој строго
се држи за законот и безрезервно ги почитува прави-
лата. Станав од столот. Најпрво мислата ме носеше
кон тоалетот. Но кога го видов Ќелавиот Чичко ги
менив и мислата и правецот.
Го затресов за рамото и тој излезе од некој плиток
сон.
- Можеш да си седнеш на твоето седиште - му ре-
ков. - Мене секако ќе ме вратат и тоа седиште ќе оста-
не празно.
Ќелавиот Чичко ме подзеде кај него и љубопитно
го побара одговорот. Му ја кажав мојата приказна.
Ќелавиот Чичко го обземаше мојот проблем. Како
да се спречи моето враќање?
После успешно водените преговори, наша деле-
гација, во периодот од 17.04 – 20.04.2008 година, ја
посети Библиотеката „Марко Марулиќ“ од Сплит Р.
Хрватска.
Од страна на домаќините бевме срдечно приме-
ни.
Беше поставена изложба на тема „Книжевното на-
следство на Република Македонија“, во холот на Биб-
лиотеката. Изложбата ја поздравија директорката на
Библиотеката и заменикот градоначалник на Сплит,
кои посакаа соработката да продолжи и да стане тра-
диционална.
Следеше воведно излагање на раководителот на
Проектот, г-ѓа Ленче Андоновска, на тема „Патот на
Библиотеката од нејзините корени до современите
текови“. Осврт за книжевното наследство на Маке-
донија даде директорот на НУУБ – Битола, г. Науме
Ѓоргиевски.
На видео-бим беа презентирани, во кратки црти,
податоци за Република Македонија, Општината Би-
тола со нејзините 10 конзулати и карактеристиките
на Националната установа – Универзитетска библио-
тека „Св.Климент Охридски“ – Битола.
Меѓународна соработка меѓу
библиотеките од Битола и Сплит
ДРУГИ АКТИВНОСТИ
ШТО ЈА ОБЕЛЕЖАА
2008 ГОДИНА
30
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
Во преполниот хол на Библиотеката во Сплит,
изложбата за отворена ја прогласи пратеничката во
Парламентот на РМ, г-ѓа Анета Стефановска. Изло-
жените книги во Библиотеката, околу 300 на број, им
беа оставени како подарок на Библиотеката од Сплит
во знак на добрата соработка и нејзино продолжу-
вање.
Наш соговорник и водич – Весна Михановиќ (во
средината), раководител на развојната и матичната
служба за цела Жупанија.
Одделот за возрасни и деца на Градската библи-
отека „Марко Марулиќ“ во Сплит има околу 40000
книги, но бидејќи се на широк простор, изгледаат по-
веќе. Вкупно 2700 м2( 400 м2 + 450 м2 детски и оддел
за возрасни). Има политика за градење и реновирање
на библиотеките. „Се започна со библиотеката во За-
дар, која настрада во војната, - ни рече Весна, - а по-
тоа Шибеник, Вараждин и т.н. Во нашата Жупанија
има 11 библиотеки. Компјутерскиот систем за сите
библиотеки го одржува посебна фирма“.
Книгите се наредени по области, а во областите се
наредени по УДК. Сите книги постари од 1995 година
се сместени на долниот кат.
Библиотеката „Бродарица“ е сместена на 9 кат на
еден облакодер, на 400 м2 најсовремен библиотечен
простор, со поглед на цел Сплит. Мебелот е со ита-
лијански дизајн. Погледот е на брдото Марјан, Ка-
тедралата „Свети Дуе“ и на морето.
СОРАБОТКА СО БИБЛИОТЕКАТА
„МАРКО МАРУЛИЌ“ – СПЛИТ
При посетата на Македонско - хрватското друштво
од Сплит
БИБЛИОТЕКАТА „БРОДАРИЦА“
31
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
Во организација на Културно-информативниот
центар на Р. Македонија во Софија, Р. Бугарија и НУ-
УБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, на 26 јуни во
19 часот, во просториите на КИЦ беше отворена из-
ложба на книги „Македонија од антиката до денес“.
Изложбата беше претходно подготвена од претстав-
ниците на Библиотеката, Илче Стојановски и Благоја
Бошевски. Во присуство на директорката на КИЦ,
г-ѓа Доста Димовска, Илче Стојановски ја отвори из-
ложбата.
На изложбата беа претставени 300 книги, подреде-
ни хронолошки и тематски кои опфаќаа најразлични
временски периоди од историјата на Македонија, од
античко време, преку средниот век, па се до денес.
Отворањето на изложбата беше проследено со ви-
део-презентација на тема: „Ден во Македонија“. Таа
предизвика интерес кај посетителите кои со особено
внимание ги разгледуваа книгите. Изложбата траеше
до 20 јули, а изложените книги останаа во сопстве-
ност на КИЦ.
Од 14 до 18 мај 2008 г. Во посета на Битола при-
стигнаа тројца претставници од Долношлонската
јавна библиотека „Тадеуш Микулски“ од Вроцлав
– директорот на Библиотеката, Анджеј Тивс, заме-
ник директорот Јоланта Убовска и раководителот на
Одделот за набавка и обработка на библиотечен ма-
теријал, Уршула Скониечна.
По завршувањето на работниот дел од претстојот,
во попладневните часови гостите посетија повеќе кул-
турно-историски знаменитости во Битола: античкиот
град Хераклеја Линкестис, Саат Кулата, црквата „Св.
Димитрија“, католичката црква, Магазата, Безистенот,
Старата Чаршија, галеријата „Јени Џамија“, Музејот, а
исто така и Националниот парк „Пелистер“.
ИЗЛОЖБАТА „МАКЕДОНИЈА
ОД АНТИКАТА ДО ДЕНЕС“
ВО СОФИЈА
ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАРИ ОД
ДОЛНОШЛОНСКАТА ЈАВНА
БИБЛИОТЕКА „ТАДЕУШ
МИКУЛСКИ“ ОД ВРОЦЛАВ,
ПОЛСКА
32
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 23/24 • 2008.
Планирана е натамошна интензивна соработка на
двете иснтитуции на сите полиња од библиотекарс-
кото работење. Во прилог на оваа соработка следува
реализацијата на вториот дел од проектот кој предви-
дува посета на делегација од битолската библиотека
во ДЈБ во Вроцлав, наесен оваа година.
САХАЏА ЈОГА ВО БИТОЛА
Од почетокот на октомври до крајот на оваа го-
дина претставниците на друштвото „Сахаџа јога“
- Скопје (според науката на индиската духовна учи-
телка Матаџи Нирмала Деви) одржуваа предавања во
салата за промоции на Библиотеката. Предавањата се
одржуваа во сабота, а предавач беше Гојчо Стевков-
ски, претседател на Друштвото. Исто така, од време
на време доаѓаше и гостин предавач, Јанчо, коорди-
натор на бугарските Сахаџа јога друштва што ги има
околу десетина.
Предавањата предизвикаа голем интерес кај би-
толчани.
Приредил Николче Вељановски
БИБЛИОТЕКАТА ВО ПЕЧАТОТ
НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА
УНИВЕРЗИТЕТСКА
БИБЛИОТЕКА
„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
БИТОЛА
РАСПОЛАГА СО:
• Богат фонд на книги, часописи,
списанија и весници од домашни
и странски автори
• Стручни и научни изданија
• Енциклопедии
• Белетристика
• Лектирни изданија
• Критички осврти
• Резервирање и продолжување
на библиотечниот материјал по телефон
или електронска пошта
• Меѓубиблиотечно зајмување
• индивидуална и колективна читална
• Сала за промоции
• Користење на EBSCO база на податоци
• Пристап до библиотечната база
на податоци преку
WEB - страната на библиотеката
УСЛУГИ:
ISSN 1409-9497