БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД
СПИСАНИЕ НА НУУБ "СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ"
Издавач
Национална установа - Универзитетска Библиотека
"Св. Климент Охридски" Битола
ул. Ленинова 39
За издавачот: директор Јелена Петровска
Издавачки совет:
-претседател
Редакција:
д-р Николче Вељановски, библиотекар советник
Јоланда Бошевска, виш библиотекар
Гордана Марковска
д-р Николче Вељановски, главен и одговорен уредник
Јоланда Бошевска, виш библиотекар
Илче Стојановски
Лектура и коректура: д-р Николче Вељановски
Јоланда Бошевска
Фотографии: Трајан Чагорски
Дизајн на корица: Гордана Пешевска
Компјутерска обработка и печат: Херакли Комерц- Битола
ТИраж: 300 примероци
ISSN: 1409-9497
Тел.: 047/220-208; Тел./Факс: 047/220-515; Тел. на Изд.:232-999; www.nuubbt.uklo.edu.mk; E-mail: nuubbt@uklo.edu.mk
2
Библиотеката-од идеја до реализација
АКТИВНОСТИТЕ ВО БИБЛИОТЕКАТА
ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТНИТЕ МЕСЕЦИ
Приредила Цветанка Дамјановска
Може да се каже дека иако во летните
месеци во Библиотеката се намалува обемот
на активностите заради користење на
годишните одмори како на вработените така
и на граѓанството пошироко, овај проект
популарно наречен "Лето во Библиотеката",
односно Креативната работилница, им
донесе среќа, забава, едукација на над 150
деца почнувајќи од оние од предучилишна
возраст, па се до ученици од осмо одделение.
Во реализацијата на овој проект беа
ангажирани волонтери-педагози. Вакви и
слични проекти како креативни работилници
се предвидуваат и во текот на зимскиот
училишен распуст за учебната 2005/2006 год
ина.
На крајот од месец јуни до Министерството
за култура беа испратени проектите на
НУУБ- Битола за 2006 година, и тоа: општи
(11 ), проекти за инвестиционо одржување на
библиотеката (4) и проекти за меѓународна
соработка (3) значи вкупно 18 солидно
изготвени проекти.
Библиотеката беше посетена од делегација
од Полициската академија од Скопје со биб
лиотекари од Шведска и ОБСЕ.
Два дена обука на библиотекари од
Технолошкиот факултет од Скопје, за биб
лиотечните процеси во COBISS, со акцент на
каталогизациЈата, периодиката и ел.
Се изведе петдневна обука за сегментот
СОВIЅЅ/Позајмување на четворица стручни
работници започна на 13 септември.
Делегација од нашата библиотека присуству
ваше на редовната сесија на Советот на
Европа на тема "Развој на културните
патишта во Југоисточна Европа". Средбата
се одржа во Лерин (Грција) на 23 и 24
септември 2005 година;
Претседателот на Македонскиот ПЕН-цен
тар, Димитар Башевски со литератот Влада
Урошевиќ, на 29 септември, го претставија
3
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
францускиот писател Жан Блот, или
Александар Блок, претседател на фран
цускиот ПЕН-центар.
Делегација од Библиотеката присуствуваше
на семинарот "Меценството и спонзорството
во областа на културата: законодавство и
практиките во Франција и Македонија". На
семинарот, кој се одржа на 28 септември во
Скопје, говореше експертот Франсоа
Еленбах од Министерството за култура на
Франција, а организацијата беше на
Министерството за култура на Македонија,
Фанцускиот културен центар во Скопје и
Институтот отворено општество-Скопје.
На покана на Американската амбасада во
Република Македонија, претставници од
Библиотеката присуствуваа на предавањата
за "Културен маркетинг", на 29 септември во
Охрид.
Во печат влезе Зборникот од Првата
Роднокрајна средба на битолски писатели од
Македонија, излагања од Тркалезната маса,
одржана на 16 март 2005 година, по повод
јубилејот 60-години од работата на НУУБ -
Битола.
Се одржа и предавање за дрогата, "Алгите -
идеална храна за здравјето ... и ел. Беше про
мовирана книгата "Траги по коренот" на Рада
Видиновска, поетеса од Канада, со македон
ско потекло. Таа беше и учесник на
"Струшките вечери на поезијата 2005". Исто
така, поместени беа и изложби на книги со
кои се одбележуваа повеќе важни настани.
Салата за промоции се издаде во комерцијал
ни цели и тоа на разни здруженија како Рој ал
Сандерс, Орифлејм, проекции на филмови
како дел од програмата на интернационал
ниот фестивал за филмска камера "Браќа
Манаки" др.
Библиотеката-од идеја до реализација
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТАКА
СЕМИНАР ЗА МЕЦЕНСТВО И
СПОНЗОРСТВО ВО КУЛТУРАТА
Приредила Јелена Петровска, директор
Во организацијата на Францускиот
културен центар во Скопје и Фондацијата
"Институт отворено општество" Македонија
(ФИООМ) на 28 септември, се организира
еднодневен семинар на тема "Меценство и
спонзорството во областа на културата:
законодавството и практиките во Франција и
Македонија". На отварањето на семинарот
зборуваа г-ѓа Мелпомени Коренти, заменик
министер за култура на РМ, нејзината ексе
ленција Veronique Bujon - Вапе, Амбасадор на
Франција во РМ и г-дин Владимир Милчин,
извршен директор на ФИООМ. Од
Министерството за култура и комуникација
на Франција зборуваше г-дин Франсоа
Еленбах кој ги третираше прашањата
поврзани со законските одредби во однос на
спонзорството во областа на културата како
и позитивните и негативните практики во
неговата држава. За состојбата во нашата
држава зборуваа претставници од
Министерствотот за култура и
Министерството за финансии, домашни
експерти, претставници од бизнис-секторот и
од културните институции.
Целта на семинрот беше да се отворат
прашањата за меценството и спонзорството
во културата, да се подигне Јавната свест на
потенцијалните донатори во оваа област,
како и на надлежните институции за подобру
вање на општествената клима, даночната
политика и законската регулатива во нашата
земја. Исто така, на семинарот беа просле
дени и домашните искуства од поголеми
фирми (Тутунски комбинат, Скопје,
Мобимак, Џез фестивал и др.) кои што го
третираат проблемот на спонзорството како
дел од корпоративното управување и односи
со Јавноста.
4
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
СПОНЗОРСТВО И ФИЛАНТРОПИЈА
Предавањето на тема: "Спонзорство и
филантропија" од Алиса Саш Зимет (Alice
Sachs Zimet) кое се оддржа на 29 септември во
Охрид, во куќата на Робевци, беше орга
низирано од Американската амбасада.
Темата е мошне актуелна поради процесите
на децентрализациЈа на културата во
Македонија и преминувањето, на одделни
институции од културата на локално ниво.
Заради подобра интеграција на истите, во
локалната средина, мошне значаЈНИ се знае
њата и умеењата како да се доЈде до опреде
лени финансиски средства за реализација на
културните проекти.
Беше третиран проблемот на спон
зорството, донацијата и филантропијата како
и поЈмовникот на различити термини
поврзани со спонзорството. Пред а вање т о
како дел од културниот маркетинг беше
наполно во функција на подобрувањето на
квалитетот пред се, во раководењето со кул
турните институции и во инспирациЈата на
посетителите истите да ги применат во своЈа
та секојдневна практика. Повеќе за оваа тема
ќе биде презентирано во посебен труд во
идниот број на Библиотечен тренд.
ОД ПОЈМОВНИКОТ НА ТЕРМИНИ
ПОВРЗАНИ СО СПОНЗОРСТВОТО ВО
КУЛТУРАТА
Рекламирање на уметност:
. .
стратегиЈа за промовирање што ја поврзува
компаниЈата со визуелните или сценските
уметности (спонзорство на симфонија, серија
концерти, изложба во музеј итн.)
Бренд:
асоцијација. Имиџ. Исто така: заштитен знак,
име, вид.
Рекламирање на цел:
промотивна стратегија со која продажбата на
компанијата директно се врзува за непрофит
на организација (на пр. донација за таа цел
преку купување на производ или услуга). За
разлика од филантропијата, парите дадени за
рекламирање за одредена цел не се сметаат
за донациЈа туку за деловен трошок и се
очекува да покажат враќање на инвестиција
та.
Библиотеката-од идеја до реализација
Коспонзорство:
спонзорирање на иста сопственост.
Рекламирање на настан:
. . .
промотивна стратегиЈа со којаа компаниЈата се
поврзува со некој настан ( спонзорирање на
фестивал итн.). Често се користи како синон
им за 'спонзорство'. Подобро е да се употре
бува овој термин затоа што спонзорствата не
секогаш се поврзани со настан.
Спонзорство во стока:
покривање (целосно, или делумно) на уплата
та за спонзорство во стока или услуги
наместо во готови пари.
Медиумски спонзор:
ТВ или радио станици, печатени медиуми и
компании за рекламирање на отворен прос
тор што обезбедуваат или готовина или,
почесто, рекламна време или простор за
определена сопственост во замена за
назначување како официјален спонзор.
Филантропија:
поддршка на непрофитна сопственост од која
не се очекува комерциЈална корист.
Примарен спонзор:
. .
спонзорот што ја врши наЈголемата уплата и
што добива најголема промоција. (Исто како
главен спонзор, доколку спонзорираната соп
ственост продава право и сопственост)
Единствен спонзор:
компаниЈа што платила да биде единствен
спонзор на сопственоста.
Испишано лого:
транспаренти, билборди, електронски пора
ки, печатен материЈал итн .. со знакот на спон
зорот.
5
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
10 ГОДИНИ ОД ОТВОРАЊЕТО НА
ФРАНЦУСКАТА ЧИТАЛНА ВО БИБ
ЛИОТЕКАТА (1995-2005)
Француската читална во Битола,
односно во Матичната и универзитетска биб
лиотека "Св. Климент Охридски" Битола,
беше свечено отворена на 14 јуни 1995 годи
на, од Амбасадорот на Република Франција
во Македонија, г-дин Патрик Крисман.
Откако претходно Библиотеката, склучи
договор со Амбасадата на Франција во
Македонија, ни раскажува Цветанка
Дамјановска, виш библиотекар, тогашниот
директор на Библиотеката Добри Петровски
и Аташето за култура на Франција во
Македонија, Жан Пол Батис склучија догов
ор во кој беа наведени условите: библиотека
та да им отстапи една читална на првиот кат
во старото крило, која ќе биде отворена секој
работен ден, а француската страна требаше
да си донесе книги и периодика и да овоз
можи нивно компЈутерско евидентирање, за
што посебно беше набавен компјутер со
печатач. Исто така, беше набавен и
фотокопир, касетофон, телевизор со голем
екран и беше поставена сателитска антена.
Беше договорено материјалите и опремата,
после истекот на трите години од договорот,
во 1998 година, да и припаднат на
Библиотеката, која пак, од своја страна, се
обврза да си вработи сопствено лице со поз
навање на францускиот јазик. Треба да се
спомене дека донацијата на библиотечниот
материјал беше од Француската амбасада и
Францускиот културен центар во Скопје.
Библиотеката-од - од идеја до реализација
Со гостите на Пелистер, после отварањето
на Француската Читална, 1995.
Дали вие бевте првиот вработен во
Француската читална?
-Во читалната бев распределена од
почетокот се до април 2001 година. Покрај
работата во Одделот Библиографии, мојата
работа во читалната се состоеше од сигни
рање и инвентарирање на материјалот во
посебна инвентарна книга на Библиотеката,
а во посебен компјутерски апликативен про
грам повторно ги внесував материјалите и ги
задолжував читателите. До крајот на истата
1995 година, обработив 829 наслови, така што
ова беше и првото автоматизирано зајмување
на библиотечниот материјал во
Библиотеката.
Дали имавте некаква претходна подготовка
за работа во Читалната?
-Во јануари 1996 година, учествував на
семинарот за библиотекари во Француските
читални, кој се одржа во Интернационалниот
центар за педагошки студии во Севр (Париз).
Во декември 1998 година, го посетував семи
нарот за библиотекари во Францускиот кул
турен центар, Скопје.
6
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
Какви други активности имавте?
-Уште од самиот почеток, во соработ
ка со Библиотеката, се одржуваа многу пре
давања од еминентни француски и наши
автори, имаше цели циклуси на предавања од
областа на филозофијата и ел., најпрво во
просториите на сегашниот КНИЦ, а подоцна
во салата за промоции. Се организираа
изложби на книги и плакати во холот на
Библиотеката, а се прожектираа и филмови
во Читалната.
Француската Читална беше и местото каде
што за прв пат беше инаугуриран првиот
почесен Конзул на Република Франција во
Република Македонија?
-Пред десет години, на 25 ноември
1995 година, г-ѓа Калиопа Кривашија
Стилиновиќ беше прогласена за прв почесен
Конзул на Република Франција во Република
Македонија, во присуство на Амбасадорот на
Франција г-дин Патрик Крисман и високи
личности од двете страни. Во првите неколку
месеци, Конзулат, за обавување на својата
функција, ја користеше Читалната, за на 14
јуни 1996 година, да се премести во новиот
свечено отворен Француски Конзулат на
Широк Сокак.
На инаугурацијата, покрај Амбасадорот на
Библиотеката-од - од идеја до реализација
Република Франција, беше присутен и г-дин
Филип Сеген, Претседател на Францускиот
Парламент како и високи македонски
функционери.
Од почетокот на 2001 година, Француската
читална функционира како Француска али
јанса, дали се промени нешто во нивната раб
ота?
Од предавањето на амбасадорот
Жан - Франсоа Терал, во хотел Епинал 2002
-Француската алијанса беше инау
гурирана на 12 декември 2000 година.
Инаугурирањето го изврши Амбасадорот на
Република Франција во Македонија, г-дин
Жан - Франсоа Терал во присуство на видни
личности од двете страни. Француската
страна си постави директор на Француската
алијанса, г-дин Жан - Франсоа Сен-Дизје, при
што во април 2001 година, повторно се
повлеков целосно во Библиографскиот
оддел.
Од 2001 година, покрај гореспоме
натите активности на Француската читална,
беа воведени и поинтензивни курсеви за
изучување на францускиот јазик за деца,
млади ии возрасни, при што Француската али
Јанса се прошири уште во две помали прос
тории кои Библиотеката ги користеше како
индивидуални читални, додека во една
помошна просторија работи нивниот книгов
одител.
Од септември 2004 година, за дирек
тор на Француската Алијанса беше поставена
Мари - Ев Дишман. Еве што ни рече таа за
новоотворениот Анекс на Француската али
јанса и воопшто за нејзината работа. Имаме
околу 150 посетители на курсевите по фран
цуски јазик кои се на возраст од 6 години па
7
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
нагоре и три професорки. Заради недостаток
на простор, во септември оваа година, го
формиравме Анексот како посебна прос
торија во близина на Библиотеката, наспроти
ОУ "Гоце Делчев".
Покрај курсевите, организираме разни други
активности: преведување, предавања, кон
церти, изложби и се обидуваме да ги славиме
француските празници како на пример:
празникот на книгата во октомври, на виното
во ноември, Божиќ, празникот на
Франкофонијата во март, на музиката во јуни
итн. Два пати во месецот прожектираме фил
мови, а со средношколците подготвуваме
театар на француски јазик. Со возрасните се
сретнуваме на кафе.
Исто така, секоја година, во рамки на
меѓународната размена, французи доаѓаат во
Македонија, односно во Битола, оваа година
работеа во локалитетот Хераклеа, а две сту
дентки од Битола отидоа во Франција да раб
отат на реставрирање на историските архео
лошки споменици како што се замоци, цркви
ИТН.
Разговорот го водеше Николче Вељановски
Библиотеката-од - од идеја до реализација
Summary
The French Reading Room was founded on June
14, 1995, in one ofthe reading rooms in the old part ofthe
Home and University Library "St. Kliment Ohridski"
Bitola, on its first floor. It was open to public every day
and served аѕ а French library and place were French lan-
guage courses were held. In cooperation with the Library,
using its facilities such аѕ the promotion hall and the
Computer Center (KNIIC), many cultural activities have
been taking place for the past 10 years: lectures, concerts,
exhibitions, translations and French celebrations such аѕ
the Day of the books, Day of the wine, Francophile Day,
Christrnas Eve etc.
The first librarian who worked part time in the
French Reading Room was Cvetanka Damjanovska who
was employed in the Library in the Bibliography
Department. In November 1995, the inauguration of Mrs
Kaliopa Кrivashia Stilinovik to the first honorary Consul
of the Republic of France in the Republic of Macedonia
took place. In December 2000, the French Reading Room
was renamed into French Alliance. Its first director was
Jean-Francois Saint-Dizier. Since September 2004, the
French Alliance has its new director, Marie-Eve
Duchmann. At the same time the Annex of the French
Alliance was established. According to her words, the
Annex was opened because the Reading Room and the
two other smaller rooms were not enough for 150 people
attending the French language courses and their three pro-
fessors. Also, the Alliance needed enough ѕрасе for
preparing the French theatre with the secondary school
students.
Resume
Le 14 juin 1995 une Salle de lecture francaise а
ouvert ѕеѕ portes au premier etage de la bibliotheque uni-
versitaire Saint Clement d'Bitola. Depuis, elle s'est con-
stitue un riche fonds mediathequaire, et sert egalement de
salle de cours. L'excellente cooperation qu'elle entretient
avec la bibliotheque а permis l'organisation de diverses
activites culturelles сеѕ dix demieres annees : con-
ferences, concerts, expositions, etc. Les traditionnelles
fetes francaises sont aussi celebrees, telles le Beaujolais
nouveau, Noel, les jours de la francophonie ou la Fete de
la musique ...
Madame Cvetanka Damjanovska, employee au
departement Bibliographie de la bibliotheque, fut la pre-
miere responsable de la Salle de lecture fran9aise. En
novembre 1995, madame Kaliopa Кrivashia Stilinovik
fut promue Consul honoraire de France en Macedoine, et
en decembre 2000, la Salle de lecture fut transformee en
une association baptisee Alliance Francaise. Son premier
directeur fut monsieur Jean-Francois Saint-Dizier, et
depuis septembre 2004, mademoiselle Marie-Eve
Duchmann. En septembre 2005 l'Alliance а inaugure une
annexe: le grand nombre d'apprenants (pres de 150) et les
nombreuses activites proposees (atelier theatre,
comptines, joumal, cercle de conversation, cine-club ... )
ont rendu necessaire l'acquisition d'un еѕрасе supplemen-
taire.
8
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
ОБУКА ЗА СОВIЅЅ2/ПОЗАЈМУВАЊЕ
После првата обука за девет биб
лиотекари, одржана во јануари/февруари
2003 година, од 13 до 16 септември оваа годи
на, се одржуваше обука за уште четири биб
лиотекари, вработени во НУУБ - Битола, за
совладување на сегментот Позајмување од
словенскиот програм COBISS (Cooperative
Online Bibliographic System and Services).
Предавач беше Благој Николов, биб
лиотекар советник.
Библиотеката го користи програмот
СОВIЅЅ2/Каталогизација од 1996 година,
додека пак сегментот СОВIЅЅ2/Позајмување
започна да функционира од октомври 2003
година. НУУБ - Битола е единствената биб
лиотека во Македонија која го користи овој
сегмент.
РУЖА И АНЃА ВО ПЕНЗИЈА
Ружа Пејковска и Ангелина Савевска
на 31 август заминаа во пензија. Ружа
работеше во Библиотеката од 1974 година, а
Анѓа од 1980 година. Ружа им се заблагодари
на вработените во свое име и на Анѓа.
Вработените им приредија пријатно и топло
испраќање што се гледа од фотографиите.
Библиотеката-од - од идеја до реализација
НОВ ПРОЕКТ
"ЛЕТО ВО БИБЛИОТЕКАТА"
Проектот "Лето во библиотека" беше
замислен токму како едно возбудливо пату
вање, каде со помош на книгата децата
пропатуваа низ Битола, потоа продолжија
низ нашата земја и стигнаа се до
. .
најоддалечените и најскриени катчиња на
земјината топка. Целта на оваа замисла беше
дечињата, почнувајКИ од оние од
предучилишна возраст, па се до осмо одделе
ние, дел од летниот распуст да го поминат
корисно, едукативно, а сепак забавно.
За таа цел, салата за промоции на
НУУБ-Битола како и Детската библиотека
со еден нивни дел беа пренаменети во
креативна работилница.
Библиотеката на располагање го
остави целиот свој библиотечен фонд
(грижливо избрани лектири, книги, енцикло
педии, илустрирани списанија, телевизор,
видеорекордер и компјутери). Голема
поддршка дадоа и вработените во оваа инсти
туција. Проектот беше помогнат од
УНИЦЕФ, кој ги приложи потребните
материјали за работа: блокчиња, компјутерс
ка хартија, хартија во боја, паус-хартија,
хамер, колаж, самолепливи стик-нотеси,
папки, моливи, пенкала, дрвени и мрсни
боички, акварел, фломастери, креди во боја,
режала, гуми, притискачи, спајалици,
ножички, лепила, четки, боенки, глобус,
логички игри.
Децата работеа на неколку содржини:
ликовно творештво, драмска работа,
изготвување на едукативен материјал,
следење на литературни филмови, гледање
на училишна програма со разговор, квиз -
натпревар и тн. Содржините беа проследени
9
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
преку повеќе работилници:
1. "Ајде да патуваме"- патување по континен
ти пратејќи ги обичаите и литературата на
поодделни земји;
2. Драмска работилница - драматизација на
кратки драмски текстови и поезија;
3. Користење на интернет - пребарување на
едукативни содржини;
4. "Мојот омилен филм" - гледање на најнови
DVD изданија во соработка со видео клуб
"Џу" - Битола
5. Цртање на тема "мојата омилена книга"
6. "Патот до книгата" - изготвување на заед
ничка книга со детски творби кои што беа
напишани за времетраење на работилницата
7. Оригами
8. Организирање на детскиот квиз "Умни
глави"(еднаш неделно) во соработка со ТВ
"Меди"
9. "Француски без мака" - секоја среда од 10-
12 часот Француската Алијанса одржуваше
часови по француски јазик, а секој петок од
13 часот креативната работилница ја посету
ваше и учествуваше во работата претставник
одУНИЦЕФ.
Библиотеката-од - од идеја до реализација
Проектот траеше од 04.07-31.08.2005
год., секој работен ден од 9-14 часот. Носител
на проектот беше Детското одделение при
НУУБ "Св. Климент Охридски", а за таа цел
ги ангажира волонтерите: Павловиќ
Оливера (дипломиран студент на Светска
книжевност - Белград), Рунтевска Антула,
Николовска Дијана, Станишевска Весна и
Ј акимова Елена (дипломирани сту
денти на Педагошкиот факултет - Битола)
Од извештајот на волонтерите доз
наваме дека:
"Проектот предизвика голем интерес
кај децата. Голем број на деца секојдневно ги
посетуваа креативните работилници.
Летниот распуст децата го поминаа корисно
и едукативно, во дружба со книгите. До израз
дојдоа творечките и креативните способнос
ти на децата, во зависност од нивните
афинитети и интереси. Самата едукација
беше проткаена низ забава и меѓусебно
дружење низ различни зададени и слободни
активности."
По иницијатива на Библиотеката, дел
од децата кои учествуваа во проектот станаа
нови членови на Детскиот оддел. Децата
изразија желба за повторно организирање на
еден ваков сличен проект, додека пак
родителите изразија голема благодарност
10
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
лично до волонтерите, до НУУБ "Св.
Климент Охридски"-Битола, а и до
УНИЦЕФ за секојдневното четиричасовно
поминато време во Храмот на книгата,
наместо на улица, или пред телевизор.
Донесовме и заклучок дека при нареден
организиран ваков проект децата треба да ги
поделиме по возрасни групи и да се создадат
услови за реализирање на повеќе слични
проекти во соработка со невладините органи
зации, здруженија и едукативни канцеларии
во локална средина и пошироко во
Македонија.
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА
ПРЕДАВАЊА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ
Приредил Драги Кабровски
04.07.2005 г
'"Лето во Библиотеката"
НУУБ - Битола, после зимската, организира
летна Креативна работилница ( од 1 јули до
31 август) под наслов "Лето во
Библиотеката", со следните содржини:
-ликовно творештво
-драмска работа
-изготвување на едукативен материјал
-следење на литературни филмови
-гледање на училишна програма со разговор
квизови
Библиотеката - од идеја до реализација
Секој работен ден од 09 до 14.00 часот, петте
волонтерки - педагози на Библиотеката, во
соработка со телевизија Меди, ги водеа деца
та низ горните содржини, успешно оствару
вајќи го овој проект.
25.07.2005
Тематска изложба на книги посветена на
Илинден и Илинденското востание наслове
на како "Илинден во монографските пуб
ликации". На изложбата беа изложени 100
монографски публикации со содржина за
Илинден и Илинденското востание и истата
беШе поставена во холот на Библиотеката.
26.07.2005
ПРЕДАВАЊЕ
Предавач за темата "Алгите - идеална храна
за здравје која го зголемува имунитетот"
беше г-дин Пламен Бараков, во организација
на "Златната јаболко", овластен дистрибутер
за алгите од езерото Кламат.
05.09.2005
Промоција на книгата "Траги по коренот" од
Рада Видиновска, поетеса од Канада, по
потекло од Македонија. Таа беше и учесник
на "Струшките вечери на поезијата 2005".
06.09.2005
УЧЕБНИЦИ ЗА НУЛТО ОДДЕЛЕНИЕ
Презентација на во рамките на деветтолетка
та, од Издавачката куќа "Просветна дело" од
Скопје. Презентери беа директорот на
"Просветна дело", Благој Петров, заменикот
и претседател на издавачите на Македонија,
г-ѓа Ели Маказлиева, илустраторот и еден
рецензент. Поканети беа наставниците од
забавиштата во Битола.
11
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
07.09.2005
ИЗЛОЖБА
Творбите работени од учесниците на
Креативната работилница "Лето во
Библиотеката" беа претставени на
Изложбата во холот на Библиотеката.
14.09.2005
"ПОТЕКЛОТО НА АЛБАНЦИТЕ"
Во просториите на Библиотеката, а во орга
низација на Македонското научно друштво -
Битола, пред голем број присутни беше про
мовирана книгата "Потеклото на Албанците"
од црногорскиот академик Каплан Буровиќ,
кој подолго време живее во Цирих, Швајцар
ија. Книгата е во издание на битолската изда
вач и печатница "Херакли-комерц. За книга
та зборуваа, авторот и промоторот д-р Орде
Ивановски, виш советник на Институтот за
национална историја - Скопје.
23.09.2005
Изложба на книги од француски писатели, во
организација на Библиотеката, по повод гос
тувањето на францускиот писател Жан Блот,
претседател на Францускиот ПЕН центар.
Библиотеката низ оддели и активности
25.09.2005
ЛИТЕРАТУРНА СРЕДБА
со францускиот писател Жан Бло претседа
тел на францускиот ПЕН центар, која се
одржа во рамките на соработката помеѓу
францускиот ПЕН центар, Македонскиот
ПЕН центар, НУУБ "Св. Климент Охридски"
и Француската алијанса од Битола. На cpeд-
бата присуствуваја Претседателот на
Македонскиот ПЕН центар г-динот Димитар
Башевски и литератот г-дин Слободан
Мицковиќ.
30.09.2005
ИН МЕМОРИАМ.
Изложба на книги од американскиот писател
Скот Пек кој почина на 70- годишна возраст
12
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
во Америка. Неговите дела претставуваа
бестселери, продавани во голем тираж и
преведени на 20 јазици во светот. Овој писа
тел во Библиотеката спаѓаше во редот на
најчитани писатели, посебно со својата книга
"Патот по кој ретко се минува".
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И
АКТИВНОСТИ
ОД ОДДЕЛОТ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУ
ГА ЗА ВОЗРАСНИ
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ
ПРЕПОРАЧУВААТ
Приредила Гордана Марковска
1. ЗАХИР- Паула Коелјо
2. ПАПАТА ЈОВАНА - Дона Крос
3. ВРЕМЕТО НА ЛАЛИЊАТА - Дебора
Могах
4. ОВА Е ТВОЈОТ ЖИВОТ - Џон О' Фарел
5. НЕГИРАЊЕ - Кит Аблоу
6. ДОАЃАМ ПО ТЕБЕ И ТЕ ВОДАМ СО
СЕБЕ - Никола Аманити
7. ПИТА ЧОТ - Бернхард Шлинк
8. СВИХ ЖАЛОСНИХ РАДОСТ - Лилјана
Хабјановиќ
9. ИГРАТА НА ЖИВОТОТ - Флоренс Шии
10. ЕДИНАЕСЕТ МИНУТИ - Паула Коелјо
ОСВРТ КОН РОМАНОТ "ВРЕМЕТО НА
ЛАЛИЊАТА" ОД ДЕБОРА МОГАХ
Приредил Илче Стојановски
Времето на лалињата е раскошна
прикзна за уметноста, љубовта, страста и
неверството. Веднаш со појавувањето, роман
от станува бестселлер, а познатиот режисер
Стивен Спилберг го преточува во филмски
проект.
Библиотеката низ оддели и активности
Во секој поглед ова дело претставува
фантастично, врвно уметничко дело. . . во
него вешто и маЈсторски е отсликан живопис
ниот дух на Амстердам во XVII век. Романот
нуди бегство од монотоното секојдневие, во
еден чудесен и далечен свет полн со
возбудливи сцени од животот и промените
што ги носи љубовта.
Романот низ своЈата содржина го
следи времето со сите карактеристики на
социјални моменти, богатството и
сиромаштиЈата, соништата на трговецот
Корнелис кој преку својата верна жена
Софија, ја гледа иднината и среќното семејст
во после трагедијата од првиот брак и соп
ственото искуство "дека трагедијата не чека
од природата, удира без размислување", за на
крајот да биде изневерен и потиштен.
Спротивно на него слугинката Марија сонува
свој сон и иднина со својот сакан Вилем за
подоцна многу работи да се променат и на
крајот после многу будни настани работите
да дојдат на свое место. Тука се наметнува и
една мисла дека "надежите на смртниците се
како шупливо стакло, па и животот им е кра
ток."
"Времето на лалињата" е книга полна
со пресврти кај сите ликови без исклучок,
впрочем непредвидлива како што е и самата
судбина. Ликовите се јасно отсликани, полни
со чувствителност и длабочина која зрачи од
секоја реченица и збор кои се испреплетени
во животните судбини на луѓето, нивните
доживувања и психолошки превирања низ
монолози и диЈалози и вешто наративно
прикажување на живи и живописни сцени и
слики од животот што е посебна одлика на
оваа книга.
13
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 10, 2005
ОСВРТ КОН РОМАНОТ "РАКОПИСОТ
Q" ОД ЏОНАТАН РАБ
Приредил Николче Вељановски
Ако во "Кодот на Да Винчија гледаме
меѓусебната борба на тајната организација
"Сионски приориум" која треба да ја абело-
. .
дени тајната за изворното христиЈанство
наспроти организацијата "Опус Деи" зад која
стои Ватикан, во романот "Ракописот Q", сви
токот ја содржи тајната на Манихејците -
секта од VI век, отфрлена од црквата. Преку
симболиката на имињата и местата низ кои
не води, кои за жал, не се преведени со свое
то значење, почнувајќи од Босна за време на
војната, па преку Ватикан, грчкиот остров
Атос и назад низ бившите Ју- простори,
авторот постепено ја открива содржината на
древниот свиток.
Се претпоставува дека свитокот бил
напишан некаде во првиот или вториот век ,
така што ТОЈ е современик на канонските
евангелиЈа, но и закана за она во кое што
подоцна се претворил правоверниот католи
цизам. Од разговорот помеѓу Американецот
Пире и професорката Ањели дознаваме дека
ракописот го обновува митот за Создавањето
и истовремено го толкува Бог како мајка и
како татко, повисок и од богот на еврејската
Библија. Напишан е во раскажувачки стил
Библиотеката низ оддели и активности
што се нарекува "апокрифно дејствување на
апостолите", нешто како христиј анизиран
роман. На свитокот напишана е поема која
објаснува како некој може да стигне до
избавувањето, следеЈКИ ја чистата или
Совршената светлина. Тоа е врската со мани
хеЈската молитва.
Манихејските пророци Адам, Сит,
Енас, Сим, Енох, Ное, Буда, Заратустра, Исус
и последниот Мани го претскажуваат крајот
на светот кога целото зло ќе биде изгорено
во последен жар, светлината ќе биде ослобо
дена, апсолутното спознание ќе биде постиг
нато. Дури и Св. Августин се заинтересирал
за нивното учење како одговор на
прашањето "Од каде доаѓа злото?" Тие не
веруваат во Воскресението туку во небесно
вознесение, "О Мани Заштитнику, пророку
над пророците; Совршена светлина, вистин
ско вознесение на небото, Не Воскресение".
Всушност, "Q" не е ништо друго освен
хипотеза, начин на кој еден научник ја бара
смислата на основната дилема на христиЈан
ската теологија. Се работи за авторството на
Евангелијата ... Врска со Божественото,
Словото на Исус, нечепнати, чисти напишани
во времето на неговиот живот.
Свитокот, предопределен да ја сруши
Црквата, требаше да ја спаси од самата неа.
Во него е покажано како да се измени нашиот
однос кон црквата. "Q" го претставува
Светиот Грал. Свитокот го осудува соз
давањето на верска организациЈа, на институ-
. .
земјана верата која само го искривува вистин-
ското учење на Исус Христос за духовниот
раст на човекот.
Во последните години се јавуваат
книги кои се обидуваат да предвидат проме
на, подготвувајќи го човештвото за иднина во
која христијанската црква неминовно треба
да се трансформира за да излезе на видело
вистината за духовниот раст која на христи
јаните неправедно им била ускратувана низ
вековите.
14
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 10, 2005
ВИ ГО ПРЕТСТАВУВАМЕ
Љубомир Груевски
(1949, Гевгелија)
Поет. Роден е во 1949 година, во Гевгелија.
Работи како книжар и издавач. Автор е на
книгите: "Гемии" (поезија, 1980), "Огненена
земја" (1983), "Опсаден град" (поезија, 1991) и
"Островот и други легенди" (поезија, 1999).
ВО ДРУШТВО НА
ПОЕТИТЕ МАКЕДОНСКИ
Света земјо,
Света песно
Анте кај е, Рацин?
Љубен Беломорски?
Во кој бран на сонот,
Дрво на ридот
Шопов сади?-
Додека Чедо
под лесновските ѕвона
спие
а Јаневски од Кукулино
од два метра земја
ме изведува
та крик од мене се кини:
Кавалот на Ренџов
кај е?
Петре во пиреј
да не се престорил?
А Раде Железнец
железо што знае
в срце да топи?!
Кај е
Јачев Воденче
во кое кафеанче
во кое ендече?!
Во оваа средба со Неа
Со смртта
Во сонот кошмар -
пред судниот ми час -
Кај сум јас?
Интервју.....
Врз срменото седло пелистерска
ко на бел крилест коњ
над Куќата наша
македонска
без високи шимшир порти -
Јавам
и знам
Пак сите ќе сме заедно
на судбинската средба што иде -
Во Тешкото:
Блаже, учителот наш
Напред,
Вапцаров, по него Смирненски,
Егејски и сите други
овоземски и надземски -
Црноземски -
Поети македонски.
Света земјо,
Света песно
До кај сме?!
За кај сме?! ...
Сите ли сме?!
Тука ли сме?
Заедно.
СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА
ПОЕЗИЈАТА - ЗЛАТЕН ВЕНЕЦ 2005 ЗА
ВИЛИЈАМ СТЕНЛИ МЕРВИН
(1927, Њујорк)
(William Stanley Merwin)
Мервин е еден од водечките поети во
Америка. Во неговата педесетгодишна поетс
ка кариера напишал голем број на збирки:
"Маска за Јанус" (дебитантска, 1952) "Мечки
што танцуваат" (1954), "Цветот компас"
(1977) и други. На крајот од седумдесеттите
години се сели на Хаваите и ги публикува
збирките: "Откривање на островите" (1982),
15
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
"Отворање на дланката" (1983), "Патување"
(1993). Последните негови збирки се
"Склопување на стените", "Звукот на реката"
и "Избрани песни 1951-2001"(2005). Мервин ја
разголува песната, ја фрагментира до кра
ЈНост, така што на читателот му се чини дека
таа сама истекува од формата. Во еден пери
од песните на Мервин станале ars poetica, пес
ната се пишува самата себеси во процесот на
нејзиното откривање низ нагли проблесоци,
. . .
кои немаат ниту СВОЈ почеток, ниту СВОЈ краЈ,
туку тоа се фрагменти од искуства.
Во 1942 година, доаѓа во Европа каде
во текот на следните неколку години работи
како тутор и ја преведува европската поетска
традиција од француски, шпански, португалс
ки и латински јазик. Тој го има добиено најви
сокото признание за превод во САД на
американскиот ПЕ.Н. клуб во 1979 година.
(American PEN Club Translation Award in 1979).
Мервин се појавува како поет заедно
со генерацијата родена меѓу 1920 и 1930 годи
на, КОЈ од една страна се одлепи од сензи
билитетот на модерната традиција на Езра
Паунд и Томас С. Елиот, а од друга страна ги
асимилира нивните вредности, збогатувајќи
ги со нови искуства што дојдоа со брзиот
. .
развоЈ на американското општество по воЈна-
та. За себе Мервин ќе рече: "Пред да напол
нам дваесет години често се прашував што
значи да се биде американски поет", пред се
имајќи го пред себе фактот дека повеќето
американски поети на дваесеттиот век биле
самоволни изгнаници меѓу двете светски
војни и по Втората светска војна, покрај
погоре спомнатите и Вилијам Карлос
Вилијамс, Роберт Лоуел, Џон Беримен и
други. На дваесет и две годишна возраст
доаѓа во Европа и како поет се гради врз
европските искуства.
Денес, Мервин живее и работи на
Хаваите и поборник е за зголемување на
човековата еколошка свест. Бројни се
неговите песни за морето, ТОЈ примарен
. .
еколошки свет во КОЈ, на наЈчист а воедно и
наЈсуров начин, се одвиваат витално важните
. .
процеси на креациЈа и деструкциЈа.
Ви претставуваме дел од изборот на
песни КОЈ ги читаше авторот при посетата на
Битола, во Центарот за култура, ден пред
отварањето на Струшките вечери на поезија
та 2005.
поим
Еден збор чека до последниот миг
дотогаш толку нечуен и никогаш
неповторен или никогаш незапомнет
секогаш бил домашен збор
користен во говорот на обичните
за секоЈдневни животни случки
не новоизбран или долго обмислуван збор
предмет на коментари
кој некогаш ќе си помислел дека бил сал еден
изговаран уште во почетокот во сите
во сите свои употреби и околности
за конечно да го каже сопственото значење
за кое отсекогаш постоел само тој
за кое сега се чини дека секој збор би одго
варал
СЕБЕСИ
Дури и кога ќе те заборавам
ќе продолжам да те барам
верувам ќе те познавам
постојано ќе те помнам
понекогаш многу одамна
понекогаш небаре сигурен
дека сал за миг си бил тука
дека воздухот е се уште жив
таму каде што си бил и тогаш
мислам дека те препознавам
како некоЈ секогаш ист
КОЈ се преправа дека е време но
ти не си време кој се преправа дека
говори со зборови но ти не си тоа
што ти велат дека си ти кој не си
загубен кога не те наоѓам
НИЗ МРАКОТ
Кога е време го следам црниот пее
во темнината што ум е на денот
Таму не гледам ништо освен црн пее
16
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
песот КОЈ знам дека пред мене оди
и не се врти назад ох тоа е црниот пее
што сега пак му верувам по толку години
кога ја имав сета верба во црниот пее
во доба на сјај и во доба на сенка
напред во слепилото на црниот пее
каде одаите на мракот се веќе познати
и во нив не постои страв оти црниот пее
внимателно ме води по слепото скалило
МЕСТО
На последниот ден од светот
ќе посакам да засадам дрво
зошто
не заради овошјето
дрвото што раѓа плодови
не било тоа што било засадено
сакам дрво што ќе стои
во земјата за првпат
кога сонцето веќе
ќе заоѓа
а водата
ќе му го допира корењето
во земјата преполна мртовци
а облаците ќе минуваат
еден по еден
над неговото лисје
Поклон, Монографијата на НУУБ - Битола,
во Американскиот корнер, Битола 2005
Интервју.....
ПОВОД ЗА СРЕДБА СО
ДИМИТАР БАШЕВСКИ
Романсиер, поет, преведувач. Роден во
с. Ѓавато, Битолско. Долги години работел
како новинар, уредник и постоЈан дописник
на "Нова Македонија" од Атина. Бил дирек
тор и главен уредник на издавачката куќа
"Култура". Сега е главен уредник на изда
вачката куќа "Слово". Претседател на
Македонскиот ПЕН центар. Автор е на книг
ите: "Туѓинец" (роман, 1969),
"Враќање"(роман, 1972), "Раска" (роман,
1974), "Нема смрт додека ѕвони" (роман,
1980), "Една година од животот на Иван
Плевнеш" (роман, 1985), "Куќата на животот"
(поезија, 1987), "Сарајановскиот каранфил"
(роман, 1990), "Дневникот на Ања" (роман за
деца, 1994), "Привремен престој" (поезија,
1995), "Совладано време"(поезија, 1998) и
"Бунар" (2001), прогласен за роман на година
та. Неговите дела се објавени во странство на
англиски, чешки, романски, српски и албанс
ки. Застапен е во антологиите на македон
ската проза и поезија. Преведува од англис
ки.
д б "11 о итник е на наградите:
Октомври", "Рациново признание", "Ванчо
Николески" и "Печалбарска повелба".
Номиниран за наградата "Балканика" за 2002
година.
1. Кога започнавте со пишување?
-Откако завршив средно техничко
училиште во Битола, се запишав на
Филозофски факултет, група Југословенска
книжевност со македонски јазик и го
завршив во 1968 година. Набргу по
завршувањето се запослив во "Нова
Македонија".
17
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
За прв пат јавно настапив кога бев
осмолетка во Ѓавато напишав една песна под
наслов "Долга пролет" која беше објавена во
еден додаток за млади во тогашна "Народна
просвета". Продолжив да пишувам поинтен
зивно во студентските денови. Јас припаѓам
на една хомогена генерација како што беше и
претходната на Радован Павловски, Петре М.
Андреевски, Јозо и Петар Бошковски, Влада
Урошевиќ, се разбира според возраста и
според одредени афинитети, во која спаѓаат
Атанас Ванѓелов, Ристо Јачев, Тодор Чаловс
ки, Петре Бакевски.
2. Кога бевте промовирани како автор пред
јавноста?
-Моите први песни не фатија баш
место како првото објавување на мојата
проза. Тоа беа раскази во списанието
"Разгледи". Во тоа време повеќе се следеа
списаниЈ ата како посериозни со вредни
. .
содржини, па Јавноста можеше да следи КОЈ е
добар писател и кој е нов надежен писател
итн. Во 1969 година го објавив првиот роман
"Туѓинец". За мое големо изненадување беше
пречекан неверојатно добро. Во романот се
зборува за еден човек кој е иселен во
Австралија и неговиот живот таму. И јас сум
бил во Австралија во шеесеттите години и
останав нецели две години. Јас ја гледам таа
тема од психолошки и социопсихолошки
аспект. Интересно е да се знае дека тогаш
темата на миграциите беше третирана само
битово и во драмата и во расказите
пристапот беше полуфолклорен. Главниот
Јунак во романот е еден интелектуалец од
. .
овие новите КОЈ внесува иронија, а дотогаш
тоа не можеше да се замисли. Така да тоа беа
фази во пишувањето.
3. Значи се најдовте во празните дела и
продолживте?
-После "Туѓинец" доаѓа романот
"Враќање". Кратка проза и многу добро
оценета. Човекот после многу години на
печалба, оди повеќе пати на пристаниште за
да се врати во родниот краЈ, но не е сигурен
кај ќе се врати, дали е тој истиот и како ќе ги
доживее работите, стравот од тоа колку се
отуѓил и не се враќа до крајот на романот
заради страв. Потоа доаѓа "Една година од
животот на Иван Плевнеш". Темата не е
врзана со миграциите. Тоа е урбана тема, а
романот е психолошки. Потоа доаѓа
Интервју.....
"Сарајановскиот каранфил", исто
психолошка книга која со еден дел допира до
миграциите. Претставено е едно тоталитарна
општество во мало. На еден учител му се
затворило училиштето заради иселување
отвора цвеќарница и толку се занесува што ја
заградува, тргува со Холандија, селани рабо
тат во неа итн.
"Нема смрт додека ѕвони" е на некој
начин продолжение на романот "Враќање".
Сега веќе не е истиот човек туку се враќа во
родниот крај. Прашањето е дали се враќа или
тоа враќање е негов неуспех, бидејќи
физичко враќање има, но стварно враќање
нема. Не можи да си го потврди својот иден
титет. Распнат е помеѓу два света. Работите
се измениле, луѓето ги нема или пак самите
луѓе се измениле. Идеалот за кој со години
сонувал, не го наоѓа.
4. Дали пишувате поезија?
-Покрај моите празни дела во
меѓувреме излегоа уште три збирки поезија:
"Привремен престој", "Совладано време",
"Куќата на жените". Што е интересно за
поезијата. Еден број колеги сметаат дека тоа
е многу добра поезија, но најголемиот број
поети не сакаат да ме примат како поет. Ми
велат: "Слушај, па ти си пишуваш проза, што
ќе ти е сега, поезија." Јас пак на шега во
некои пригоди им одговарам, "Па јас не
пишувам поезија само понекогаш сакам да ви
кажам како се пишува поезија". Инаку поези
ја почнав да пишувам многу доцна, веќе како
афирмиран прозаист. Мојата поезија, избори,
се објавувани во Лондон, Букурешт, Атина.
Не знам многу да зборувам за поезија,
18
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
особено не за својата, но мојата поезија е
мисловна и се бави со сериозни прашања од
животот.
Од Тркалезната маса
во НУУБ - Битола, 2005
5. Дали сте биле инспирирани од некои
автори?
-Кога го употребуваме зборот
инспирација обично мислиме на директно
влијание или директно земање. Во таа смисла
тешко можам да зборувам. Човек има своја
одредена природа и носи работи кои се
совпаѓаат со таа природа. Во смисла на
автори чии книги сум ги читал, а се совпаѓаат
со моите би ги издвоил Андриќ, Фолкнер,
руските поети, Библијата.
6. Дали сте религиозен?
-Не, јас сум атеист. Кога велам атеист,
јас не верувам во чуда. За да постои религија
треба да постои чудо. Јас верувам во нешто
што би го нарекол Логос. Не сум неверник.
Но не верувам во онаа елементарна сведена
вера, дека е веќе се завршено, дека сме во
нечии раце и дека тука завршува нашето.
Ако ги сведуваме во некои рамки работите,
јас сум повеќе сум ориентиран кон хуманиз
мот отколку кон религиЈата.
7. Според вас, кое ваше дело е од посебна
уметничка вредност?
-Тоа не е прашање кое е на план на
размислување. Тоа е прашање на нашата
природа. Јас сум имал потреба да комуници
рам со светот преку литературата. Тоа бил
мојот медиум. Преку зборот како медиум да
го соопштиш она што го сакаш. Се разбира
дека овде се претпоставува постоење на тал
ент. На Запад постојат воркшопови како се
Интервју.....
пишува. "Нема смрт додека ѕвони" беше
добро примена книга и беше повод за награ
дата "11 Октомври".
8. Кои други награди ги имате добиено?
-Јас никогаш не сум пишувал за деца
нити сум размислувал. Никогаш не сум смет
ал дека би можел да пишувам за деца.
Меѓутоа, бев провоциран од Издавачката
куќа "Детска радост". Ми побараа книга за
деца. Така дојде "Дневникот на Ања".
Книгата не само што беше добро примена
туку беше и наградена со наградата "Ванчо
Николески". Можеби кога би се направила
статистика, таа би била мојата најчитана
книга заедно со "Бунар". Тој е мојот последен
роман напишан во 2001 година. "Бунар" е
прогласен за роман на годината и имаше ном
инација за наградата Балканика. "Печалбарс
ка повелба" и "Рациновото признание".
9. На што работите во моментот?
-Последните месеци, скоро е готова,
работам на уште една книга поезија.
10. Од страна на фамилија?
-Скоро сите мои се во Австралија.
Родителите ми се починати. Како изгледа
еден наш човек откорнат одовде и да почива
на гробишта во Австралија. ќе речете и тоа е
судбина, но во сето тоа иселување имаше и
нешто ирационално. Никој не одеше на
печалба свесно, а потоа се соочуваа со проб
леми. Оженет сум. Имам ќерка која е магис
тер по етнологија и сега подготвува док
торат. Имам син кој е помрзлив, директор на
нашата Издавачка куќа "Слово", а јас сум
главен уредник.
11. Дали добро работи вашата "Издавачка
19
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
куќа"?
"С " б б - лова ра оти многу до ро, затоа
што го користам моето долгогодишно
искуство во Нова Македонија, бев четири
години дописник од А тина, некое време бев
главен и одговорен уредник на списанието
"Македонија" во Матицата на иселениците,
единаесет години, од 1988 година, бев дирек
тор на "Култура". Потоа во 1999 година ја
формиравме "Слово". Издаваме Едиција
"Идеи", Библиотека на хуманистите,
Библиотека Логос, значи, филозофија,
антропологија, социологија. Потоа, историја
со акцент на Балканот и Медитеранот,
романот, македонски и светски и
нобеловците. Ние не ги издаваме романите
од видот на Кодот на Да Винчи или од видот
на делата на Паоло Коелјо. Се придржуваме
само до оние дела кои припаѓаат во горенаве
дените области. Комерцијалните книги
немаат пазар во Македонија. "После
дождот", а посебно Сценариото за филмот
на Милчо беше многу продавано, но колку
примероци ќе се продадат во Македонија.
12. Дали нешто не ве прашав, а сакате да ми
кажете?
-Еден дел од работите не ги споме
навме, а се врзани за ПЕН -центрите. Тоа е
една светска организација на писатели од
преку сто земји, преку сто центри.
Формирана е во 1921 година. Првиот претсе
дател е Џон Голсворди. Тука се навистина
квалитетни луѓе, нобеловци итн. Повелбата
на ПЕН е официјална повелба која се залага
за книжевни, јазични и културни вредности.
Моментално, јас сум негов претседател од
2001 година. Македонскиот ПЕН -центар е
многу распространет во светот и не соодвет
ствува на нашата големина. Затоа беше и
Светскиот конгрес во Охрид, во 2002 година.
Учествуваа над 300 автори од цел свет.
Секоја година имаме Охридска ПЕН -кон
ференција во јули, а годинава во септември.
Во ПЕН не членуваат сите писатели од
Македонија, туку се одбрани околу осумде
сет. Издадовме Летопис на Македонскиот
ПЕН- центар, излезе веднаш по Конгресот.
На меѓународно ниво постојат четири
комитети: Комитет за мир, Комитет за пре
вод и јазични права, Комитет за жени
писатели и на некој начин многу важниот
Интервју.....
Комитет за писатели во затвор. Се бориме за
писатели кои се гонети од политички или
идеолошки причини. ПЕН центрите не се
врзани со држава туку со јазик и со културна
средина, и не се нарекувани на пр. ПЕН- цен
тар на Македонија, туку Македонски ПЕН
центар.
13. Кажете ни нешто за почетоците на
меѓународниот ПЕН?
-Меѓународниот ПЕН беше создаден
пред 81 година, имено во 1921. Негов прв
претседател беше Џон Голсфорди, добитник
на Нобеловата награда за литература во
1932, авторот на "Сага за Форсајтови"и многу
други дела. Меѓутоа, првобитната идеја за
формирање на едно друштво, или клуб, со
цел "народите да се соберат заедно ... во лит
ературата", е на англиската писателка
Кетрин Ами Доусон Скот, уште во 1917 годи
на. Нејзината кариера почнува во Лондон со
објавувањето на две долги поеми, во кои ги
поттикнува, посебно жените, да се соберат за
освојување на интелектуалната, образовната
и другите видови слобода. Нејзината прва
идеја била тоа да биде "Клуб на заедничка
вечера ... мажи и жени од репутација". До сво
јата ќерка Марџори напишала: го нареков
(клубот) ПЕН, бидејќи го сочинуваат поети,
драмски писатели, есеисти и новелисти
(Поетс, Плаѕњритерс, Ессаѕистс анд
Новелистс) ... " Во овие центри влегуваат
интелектуалци, уретници, преведувачи и ел.
Со претседателката на Мегународниот
ЛЕН, Јоан Лидом -Акерман, на 8-мата ЛЕН
конференција во Охрид
На поканата од Доусон Скот да дојде
на првата вечера, Џон Голсворди одговорил:
"Се што се прави за меѓународното разби
рање и мирот, придонесува за доброто, така
20
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
што ќе дојдам на вашата вечера". Тоа е таа
прва вечера на 5 октомври 1921 година во
Лондон, на која учествувале 14 писатели,
меѓу кои и двајца Американци и еден
Австралијанец. Џон Голсфорди беше избран
за претседател. Набрзо, веќе во 1922 година,
беше формиран францускиот ПЕН центар,
потоа центарот во Барцелона, во Каталонија
итн. Во 1923 година се одржува првиот
Конгрес со делегати од единаесет центри.
Познат е Конгресот во Дубровник во 1933
година, кога на храбар начин дојдоа до израз
вредностите врз кои се потпира ПЕН -
одбраната на слободата и творечката дос
тоинство. Писателите тогаш собрани во
ПЕН, се огласија против фашистичката
загроза која веќе доаѓаше од Германија. Тие
повикаа против воинствените повици, против
шовинизмот, против расната и националната
нетрпеливост, против деструкциЈата на книг
ите и на духовните вредности воопшто, про
тив репресивните акции во Германија и
Италија. Историјата на меѓународниот ПЕН
е историја на перото против мечот.
14. Да се вратиме во 2002 година кога маке
донскиот ПЕН-центар беше организатор на
68-от Светски конгрес на Меѓународниот
ПЕН. Која е улогата на македонскиот ПЕН
центар?
-Апсолутно. Работата на Македон
скиот ПЕН центар е во полза на нашата
поширока општествена и, пред се, културна и
книжевна среднина. Тој, како дел од едно
. .
огромно семеЈство центри во преку сто земЈи
во светот, има поле за комуникациЈа и, при
тоа, за афирмација на македонскиот јазик,
литература и култура. Тука е важен угледот
што го ужива нашиот Центар, создаден низ
многугодишната меѓународна активност, а
ТОЈ углед е потврден многупати досега, со
поддршката и довербата на нашите иниција
тиви сред Меѓународниот ПЕН, со
поддршката и афирмацијата на Регионалната
конференција во Охрид која се одржува секо
ја втора година, со Светскиот конгрес на
Меѓународниот ПЕН кој се одржа во
септември во Македонија, со контактите што
ги имаме не само како со центри, туку и како
со поединци, колеги во светот.
Со претседателот на Францускиот ЛЕН, Зан
Блот, на 8-мата годишна ЛЕН конференција
во Охрид
Македонскиот ПЕН центар така, е
еден посредник, едно место, еден чинител
како што велите, во неформалната дипло
матија, од што произлегува еден резултат во
полза на нашата средина, а на тој начин и во
полза на промовирањето на принципите од
Повелбата на Меѓународниот ПЕН. Тие
принципи зборуваат за слобода на
творештво, за слободна размена на идеи, за
заштита на јазичните права, за промовирање
на литературните вредности, кои по настанок
се национални, но по вредност, општи и тн.
Нашите членови се присутни на сите
важни меѓународни собири и регионални
конференции, каде што се расправа и се
воспоставува соработка на книжевен и кул
турен план. На тој начин, низ таа воспоставе
на соработка, дојде во последно време и до
објавувањето на антологии на македонската
поезија или на македонскиот расказ во оддел
ни земји надвор. Дојде, до одржувањето на
Вечерта на македонската литература во
Лондон минатата година.. Во рамките на
нашата работа на афирмација на македонска
та книжевна и културна средина, пред извес
но време објавивме три изданија ( една
антологија на македонскиот расказ, една на
македонската поезија и двобројот од Ревијата
на Македонскиот ПЕН центар го посветивме
на балканските литератури), повеќето наши
изданија се наоѓаат на нашиот веб-сајт како
електронски прилози, во Белград и во
Софија излегоа антологии на македонската
поезија во рамките на соработката со
Бугарскиот и со Српскиот ПЕН центар, рабо
тиме на антологии на македонската поезија
да излезат во други земји и тн. Секојдневно
сме во комуникација со седиштето во Лондон
и со светот. Тоа е дел од нашата работа, која
21
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
влегува во оној домен што го нарекуваме
неформална дипломатија, а всушност прет
ставува секојдневна работа на Македонскиот
ПЕН центар сред Меѓународниот ПЕН.
Постојат и карактеристични прашања
во нашата средина со кои Македонскиот
ПЕН центар се среќава и според кои зазе
маме позиција. Ние, имено, работиме на
афирмацијата на македонската книжевност и
култура, работиме на афирмација на
националниот идентитет, на афирмацијата на
македонскиот јазик и на другите културни
вредности. Во своите програмски определби,
Македонскиот ПЕН центар ја има и заштита
та на културниот идентитет на малцинствата
(на народите, според новата определба) кои
живеат и ја изразуваат својата посебност во
Република Македонија.
Нашиот центар реагирал и реагира во
сите случаи кога се повредуваат човечките
права, слободите на луѓето и творечките сло
боди. Сме реагирале во повеќе случаи во
поглед, на пример, во обидите за кочење на
афирмацијата на македонската литература и
јазик, во поглед на името на државата, реаги
равме исто така во времето на експанзијата
на албанскиот екстремизам минатата година,
кога се уриваа и се палеа објекти од кул
турното наследство, посебно верски итн.
15. Дали активностите на македонскиот
ПЕН-центар ја заштитува или афирмира
македонската литература во светот?
-Се разбира дека може, тоа е дел, и
тоа важен дел, од неговата работа. Освен во
програмскиот дел, таквиот вид комуникација
се остварува и на неформално ниво, на ниво
на познанство и книжевно пријателство меѓу
писателите и издавачите. Јас ја споменав, на
пример, Вечерта на Македонската литерату
ра во Лондон во почетокот на декември 2001
година. Таа вечер, која беше исклучителна
привилегија за нас, беше во организација на
Меѓународниот ПЕН и на УНЕСКО. Исто
така имаме настапувано и во Париз и каде
уште не. Таму прикажавме и еден полчасовен
филм за Струшките вечери на поезијата. На
програмски план пак, Комитетот за превод и
Јазични права се грижи токму за афирмација
та на литературите воопшто и посебно на
литературите на помалубројните народи. Тој
Комитет, како што веќе реков, со решение
донесено на Конгресот во Охрид, сега има
Интервју.....
седиште во Македонија (досега во
Барцелона, Каталонија). Понатаму,
Меѓународниот ПЕН во Лондон издава своја
. . . . .
ревија на англиски јазик, која во СВОЈОТ наЈ-
голем дел ги афирмира литературите на
помалубројните народи и помалите по дифуз
иј а јазици. Македонскиот ПЕН - центар
повеќе сака да работи на поле на литература
та и размената, додека во светот, активнос
тите се повеќе насочени кон слободата на
изразување.
Разговорот го водеше Николче Вељановски
СРЕДБА СО ЖАН БЛО
Жан Бло (Jean Blot), или Александар Блок
(Alexandre Blokh), француски писател и
претседател на Францускиот ПЕ.Н. клуб на
25 септември беше гостин во НУУБ - Битола.
Воведен збор и негово претставување даде
Димитар Башевски, претседател на
Македонскиот ПЕ.Н. центар, додека за
врската на македонската и француската лит
ература во ХХ век зборуваше писателот и
критичар Владо Урошевиќ.
1. Кога се обидовме да најдеме некакви пода
тоци за формирањето на Францускиот
П.Е.Н. клуб не можевме да најдеме дури ни
на Интернет. Кажете ни нешто околу негов
ото формирање?
Основач на ПЕ.Н. клубот е Анатол
Фране, формиран е во време веднаш по
формирањето на центарот во Англија.
Имаме познати писатели кои членуваат во
клубот како што се Андре Самсон и Жил Роа
и Пол Валери. Се надевам дека набргу ќе
имаме Веб сајт каде што ќе можете да ја
прочитате целата наша историја од форми
рањето на клубот. Историјата на клубот кој е
формиран во 1922 година е врзана за истори-
22
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
јата на Интернационалниот ПЕ.Н. центар,
формиран во 1921 година.
Од средбата со Жан Бло, 2005
Денес, ние, сакале или не, се наоѓаме
во една деликатна ситуација. Тоа е се
помасовната употреба на англискиот јазик -
комуникациЈата во светот во осумдесет про
центи, дури и помеѓу јапонците и кинезите се
врши на англиски јазик. денес, поголемиот
дел од литературата е застапена на англиски
јазик. Ние се нарекуваме шампиони, па
можеби и жртви кои единствено застануваме
против масовната употреба на англискиот
јазик. Исто така, преку Меѓународниот
ПЕ.Н. центар се обидуваме да се бориме про
тив масовната употреба на англискиот јазик
кој гази се пред себе, се обидуваме да ги
браниме јазиците на помалите народи и отта
му нашиот интерес за македонската литер
атура и за врската со македонскиот народ.
2. Кажете ни нешто околу вашиот најнов
роман "Сонцето заоѓа на исток".
Тоа не е роман, всушност, тоа е есеј за она
што ги преокупираше Русите во ХХ век. Тоа
беше комунизмот, но она што комунизмот
беше за Русија, тоа не можеа да го прет
постават ни Пабло Неруда ни Андре Жид.
Она што го претставуваше Револуцијата тоа
беше од револт, но и тој беше карактеристи
ка на рускиот дух. Тие беа оправдувани дури
и од најневините европски духови како Жан
Пол Сартр и други.
Разговорот го водеше Николче Вељановски
Интервју.....
РАЗГОВОР СО ПИСАТЕЛОТ
ЃОРЃИ ПРЧКОВ
Роден е во Битола во 1942 година.
Живее и работи како наставник во родното
место. Подеднакво пишува за деца, мадина и
возрасни. Негови дела се: "Велосипедисти"
(раскази за деца, 1980), "Чистотник",
"Рудата", "Живот на тркала", "Лелчо",
"Словенските првоучители" (раскази, 1985)
"Ластарче и Цуки" (роман за деца, 1985),
"Големиот учител", "Трите скапоцени
камчиња", "Топката што многу знае",
"Математичар", "Како расте Славчо",
"Огнови", "Марширања" - тетралогија, "Жед
во срцето","Рѓосани", "Жими крст и кандило"
(роман, 2003), "Џек", "Сорти" и "Верушка"
(роман, 2004).
Награден е со наградата "4 ти
Ноември" на градот Битола за романот
"Ластарче и Цуки", втора награда на
Издавачката куќа "Детска радост", втора
награда на Издавачката куќа "Феникс" за
книгата "Штурчо", како и откупувани му се
повеќе раскази во "Нова Македонија" и
23
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
"Студентски збор".
Кажете ни за вашите почетоци во литерату
рата?
-Со пишување почнав уште од најрано
детство. Пишував кратки раскази за да
подоцна преминам на романи и сказни за деца
и млади. Откако се вработив во 1970 година
како наставник по македонски Јазик почнав
да пишувам и објавувам поинтензивно.
Првата моја книга раскази ми е
"Велосипедисти". Напишана е со цел да им
укаже на децата како да се однесуваат со соо
браќајот. До 1990 година, работев интензивно
и за кусо време објавив осум книги за деца и
шест за млади. Во нив спаѓаат "Ластарче и
Цуки", "Лелчо", "Топката што многу знае",
"Словенските првоучители", "Големиот
учител", "Рудата", "Чистотник", Како расте
Славчо", "Огнови" и други.
Од кога почнавте да пишувате за возрасни?
-За возрасни почнав да пишувам
некаде од 1990 година, работев макотрпно за
да ги создадам обемните дела: тетралогијата
"Марширања", романтични раскази "Жед во
срцето", романите "Битолски подробности",
"'Рѓосани и поразени", "Жими крст и канди
ло", "Сорти", "Џек" и како последен романот
"Верушка". Во меѓувреме не ја заборавив и
детската литература. Ја напишав книгата
"Штурчо" со која ја добив втората награда во
Издавачката куќа "Феникс" Скопје.
Која е инспирацијата за вашите дела?
-Вработен како наставник, инспири
ран сум од децата, моите творечки почетоци
започнаа со творештвото за деца кои се неис
црпен извор. Впрочем и моите први објави
беа наменети за најмладите како што е и
последната "Штурчо". Исклучиво пишувам
проза, а според мене, секој што се зафатил да
пишува, треба да го прочита Фром, особено
Интервју.....
вториот том од книгата "Анатомија на
човековата деструктивност". Јас не гледам
причина и ликовите во моите романи да не ги
предадам фромовски, зашто романот добива
во необичност, а со тоа добива и во уметност.
Според вас кои се писателите кои
заслужуваат посебно внимание?
-Ако мислите од кои писатели сум зел
да учам, кои писатели ми се наЈомилени, уште
ако ме прашате набројте десет писатели од
светската литература мојот одговор ќе биде:
Владимир Костов, Владимир Костов, десет
пати .... Нему капа му симнувам и до земја
поклон му правам, зашто од него сум зел да
учам. А од битолските, ама прозаисти, во
поезиЈата прсти не мешам зашто можам да се
изгорам, а тоа многу боли, ги ценам како
работливи и чесни Никола Кочовски, Петре
Димовски, Јован Боцевски, мојот најдобар
пријател по перо, како што си го викам
Ј анкула, човек со широка душа, меко срце и
за секого добра мисла.
Силен впечаток ми оставил Албер Ками со
"Странецот". не сакам да бидам разбран
погрешно дека сум ги заборавил Тослтој,
Достоевски, Солженицин, Драјзер итн.
Кои теми ги обработувате. Дали имате свој
посебен стил на пишување?
-Моите романи третираат современи
теми, донекаде сум груб спрема негативните
личности, моите романи можат да се прик
лучат во нов вид натурализам. Таков беше
Зола, не ги штедеше народните јадачи,
слично имам земено да пишувам и јас. Моите
романи имаат земено да обработуваат една
жестока пресметка со нашата стварност во
која живееме. Моите ликови се борат за иде-
24
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
алите на настраданиот народ. Моите ликови
се препородци кои делуваат самостоЈно кои
немаат ништо заедничко со ликови од
објавени романи во нашата литература. Јас
имам СВОЈ став за современата литература,
каква треба да биде современата литература.
Мое мислење е дека таа треба да биде
докрај отворена, чесна, да има излезено една
историја на вистината. Што се однесува до
стилот и јазикот, Владимир Костов вели: 'во
твојата литература се е завиткано во умет
ност ама досега невидена уметност, пред која
ќе се најдат изненадени и врвни критичари,
дури и таквите не ќе можат да ти го најдат
краЈот ... отворено се пресметуваш со сил
ниците, тие во себе признание ќе ти оддадат,
ама јавно не ... Јазикот во романот "Верушка"
има излезено една испревртена синтакса -
инверзиЈа, и таков роман нема, тоа е еден
пронајдок во литературата". Во мојата
тетралогија "Марширања", инаку се чини
дека е единствена тетралогиЈа во македонска
та литература, еден од ликовите има земено
да вели: "Јас сум прочитал многу романи, ама
напишани обично, со таквите јас си го пот
палував собулчето, имаа земено да горат
небаре кукулички, арно ама тие телото ми го
топлеа, ама душата ми ја мрзнеа ...
Во вас има голема револтираност, можеме
кај вас да ги чуеме зборовите, "Лагата в
ѓубре, вистината на виделина".
-Во моите дела владее еден невиден
вриеж, не заобиколувам никого, не приз
навам никакви писателски норми, се е зав
иткано во уметност, тоа е нова естетика,
всушност, нова уметност. Пишувам многу,
ама се ми се чини дека најдоброто го
пишувам кога сум под тензиЈ а, кога сум
револтиран. Тогаш излегувам напнат, во
Интервју.....
секоЈ момент можам да експлодирам, или да
почнам да полудувам, не исклучувам
можност и во лудница да завршам. И, за да не
завршам во лудница земам и пишувам, а
пишувам се дотогаш додека не се растоварам,
се додека душата, мислата не си ги олеснам, а
тоа трае долго. Дури тогаш имам мирен
закрепнувачки сон. Голем поборник сум за
вистината. Бидејќи имаме земено да живееме
во едно време на лажговци, пакозџии,
зулумџии, во моите романи честа тема имаат
излезено. Не ретко имам земено да си велам,
всушност да се прашувам: "Чиј е поголем
. .
гревот, на ОНОЈ што го направил или на ОНОЈ
што го зел и го напишал? - и одговор самиот
си давам: "Секако на оној што го направил".
Тој што зел и го напишал само има земено да
укаже, мал придонес да даде, колку голем
излегол, да помогне да не се повтори, ако му
успее голем човек излезено има.
Од каде произлегува револтираноста во вас.
Дали е тоа оmптеството, вашата лична фрус
трираност или незадоволството од она што
сте го постигнале во животот?
-Незадоволството произлегува од
животот КОЈ го живееме во денешно време.
Неправдите што ги среќаваме на секој чекор
и од се повеќе луѓе, особено револтот во мене
се крева до таква мерка што колку се обиду
вам да ја измерам, мерка нема кога ме изнев
ериле и најдобрите пријатели и ме
напуштиле. Таквите за мене имаат излезено
'рѓосани луѓе во истоимениот роман.
Со кои писатели соработувате најповеќе?
-Со Владимир Костов, Петре
Димовски, Никола Кочовски, Јаван
Боцевски, Панде Манојлов, Љубомир
Груевски.
25
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
Од севкупниот ваш опус што би издвоиле
како највредно според вас?
Би ги издвоил ликовите како пре
поротци, стилот и Јазикот како новитет
досега непрочитани. Сите мои романи за
возрасни се завиткани во уметност. Моја
љубимица е мојата имагинарна Верушка
затоа и романот ми е многу драг.
Дали сте задоволни од досегашниот ваш
живот. Дали сте задоволни од она што сте го
постигнале во литературата и дали има уште
нешто што сакате да постигнете?
-Во вакви општествени прилики,
односно неприлики човек не може да биде
незадоволен. Незадоволството го искажувам
во моите романи. Со постигањето во литер
атурата сум презадоволен, бидејќи моите
романи се обемни со посебен на мене сво
јствен стил кој веќе е препознат од, според
мене, најголемиот авторитет Владимир
Костов. Да ме послужи здравјето, идеи имам,
теми за пишување имам. Според тоа, ќе има и
НОВИ КНИГИ.
Додека другите живеат, ти пишуваш?
-Едно време, во списанието "Разви
ток" имаше една рубрика, нешто како раз
говор со писатели. Помеѓу другите имаше
излезено едно кое беше формулирано:
"Додека другите живеат ти пишуваш?" Над
ова прашање имав земено долго да размислу
вам. Кога би ми го поставиле мене, често се
прашував каков одговор би дал. Ете прилика.
Мојот одговор на ова би бил: Кои се другите
кои живеат? Оние во некоја никотиносана
. .
меана што зеле пиво да пијат ракија до
бесвест, оние по луксузни кафеани со туѓи
жени што зеле да флертуваат, по туѓи
нечисти постели очите да си ги вадат. Оние
на грбот на народот што зеле на висока нога
да живеат, годишните одмори во монденски
летувалишта да ги минуваат, зар тие живеат?
Е, ако мислат така се излагале, зашто јас
. .
додека пишувам живеам, МОЈОТ живот јас сум
сигурен дека е поубав и попродуктивен од
нивниот, зашто додека пишувам, јас сум на
сите страни на светот и во секоја пора на
човекот, дури и во космосот, значи, јас сум
тој што живеам. И во крајна линија таквите
Од животот на библиотекарите
другиот, третиот ден ќе бидат заборавени, а
писателот ќе живее вечно.
Во моментот дали пишувате нешто ново?
-Во моментот интензивно работам на
обемниот роман "Последниот боем на
Битола". Откако ќе го завршам овој роман,
ако се изнајдат средства, желба ми е да
издадам комплет од шест тома.
Разговорот го водеше Николче Вељановски
МОЈАТА ЉУБОВ - ПИНГ ПОНГОТ
Кога почнавте да играте пинг понг?
-Уште од 1966 година, како дете на
единаесет години во Домот на Јени Маале во
библиотеката си читавме книги и еден ден не
повика тренерот за пинг понг Јонче
Петковски кој ги тренираше своите внуци
Диме и Томе Петковски кои беа првите
играчи кои јас ги знам во тогашниот
Пингпонгарски клуб "Пелагонија, а подоцна
познат како "Пелистер" од Битола. Имавме
три пати неделно тренинг. Одевме редовно
по пионерски турнири низ цела Југославија.
Во тоа време пинг понгот беше многу попу
ларен. Југославија имаше две лиги: прва и
втора. Македонија имаше една прва лига.
Првакот од лигата играше во квалификации
за во прва или втора југословенска лига.
Двапати игравме во квалификации, но во
Војводина беа поквалитетни.
Дали на индивидуално ниво имавте некакви
забележителни успеси?
-Бев првак на Југославија за пионери
26
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
во мај година, во
Турнир за пионери во ситем на отпаѓање.
Траеше 4 дена. Во пионерската екипа бев
кратко. Имавме уште едно прво екипно
место во Југославија во Ниш, во есента 1970
година.
Значи, набрзо почнавте да се такмичите на
младинско ниво?
-Во 1974 година, влегов да се такмичам
во прва екипа на Пелагонија. Веднаш потоа
во 1975 година станав првак на Југославија за
младинци во Земун, во склоп на Игрите збра
тимени градови. Редовно одев на тие игри:
Земун, Херцег Нови, Осиек, Бања Лука,
Горна Радгоња и Битола. Редовно имавме
екипно или поединечно втори и трети места.
Имаше и турнири кои беа чисто само заради
одбележување на истите и дружење без
борби за медали.
Кажете ни нешто повеќе за такмичењето на
сениорско ниво?
-Во 1976 година имав 20 години и веќе
станав првак на Македонија во конкуренција
на сениори, во Неготино. Првите десет најдо
бри не викаа на турнири низ Југославија и во
странство, во Полска, Чехословачка,
Бугарија, Романија, Русија, Турција, Грција
итн. Во 1977 година бев првак на Македонија
на турнирот одржан во Прилеп. Тогаш
моравме да играме екипно секоја недела и
еднаш годишно поединечно. Имаше и
такмичења за двојки, пионери, јуниори, и
жени.
Дали имавте некаков успех во
странство?
-Во 1985 година, на еден многу силен
европски турнир во Варна, за Македонија,
освоивме екипно трето место, а поединечно
Од животот на библиотекарите
јас освоив седмо место. После тоа паузирав
две години, заради престој во Америка. Во
1987 година, веднаш по враќањето освоив
прво место на градското првенство во
Битола. Исто така, истата година во ноември
освоивме второ место на турнир во Кладно,
Чехословачка. Во 1989/90 година, игравме
квалификации за влегување во тогашната
силна Прва лига на Југославија.
Вие бевте неколку пати избрани за спортист
на годината на Битола?
-За спортист на годината бев избиран
три години по ред во првите десетмина, во
1975, 1976, 1977 година. Во 1976 година бев
трет, но малку фалеше да бидам и прв.
Спортист на годината, трето место, 1976
Дали нешто се промени после осамостоју
вањето на Македонија. Дали пинг понгот
продолжи со истиот интензитет?
-По осамостојувањето, пинг понгот
изгуби на квалитет. Денес, пинг понгот
тешко се одржува, додека во Југославија
имаше многу квалитетни такмичри и екипи
дури и идоли како Шурбек, Стипанчиќ,
Каракашевиќ, а сега е добар Приморац од
27
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
Хрватска. Србија има добри играчи кои
играат во странство.
Во овој период каде се такмичевте?
-Ме бараа да играм во Работнички од
Скопје и Младост од Прлеп, но од 1999 годи
на, настапувам за пингпонгарскиот клуб
"Струга" од Струга и се уште помагам во
Пелистер од Битола. Тука ми е душата. Цела
младост ми помина во салата за пинг понг
при Месната заедница на Јени Маале. И сега
се уште настапуваме на меѓународни турнири
во Бугарија, Романија, Србија, на пионерска
и јуниорско ниво, посебно со екипи на
Прилеп и Струга. Јас учествувам како нивни
тренер.
На Државно првенство на Македонија, 1997
Моментално сте такмичар за екипата на
Струга. Кажете ни нешто повеќе за вашите
игри?
-Со екипата на "Струга" од Струга се
такмичиме секоја недела во Македонската
квалитетна прва А лига, систем дома - надвор.
Една недела играме дома една недела надвор.
Постигнуваме доста добри резултати и секо
ј а година се бориме за првото место. Оваа
година со клубот сме поканети на три силни
турнири во Србија, Турција и Бугарија.
Вие бевте прогласуван и за спортист на годи
ната на Струга?
-Во 2003 година бев прогласен за
спортист на годината во Струга во десетте
најдобри. Следната 2004 година добив приз
нание за најдобар спортски работник.
Од животот на библиотекарите
Пред Државното првенство
на Македонија, 2003
Сега доаѓа прашањето за тоа колку сте задо
волни со она што го работите на полето на
пинг понгот, со она што сте го постигнале
досега и воопшто, како успевате да одделите
време кога знаеме дека сте и фамилијарен
човек?
-Со постигнатото како такмичар сум
презадоволен, а со оглед на условите во кои
што моментално се наоѓа пинг понгот не
можам да бидам многу задоволен. Што се
однесува на тоа колку сум заработил послед
ниве години не можам многу да се пофалам,
но сепак е добро. Како тренер се уште треба
да се докажувам, да добијам сертификат за да
работам како професионален тренер. Знам
дека и тоа не носи многу пари, но љубовта
кон пинг понгот и понатаму живее во мене.
Нормално дека за оваа моја љубов е потреб
но и многу време и разбирање од семејството,
што не значи дека нема и негодување од
страна на фамилијата.
Од 1984 година работите во Библиотеката?
-Со акцијата за вработување која пос
тоеше во тоа време се вработив како биб
лиотекарски помошник во магацинот за
книги, во април 1984 година. Дваесет години
работев на ова работно место. Работата во
магацинот за книги посебна дисциплина и
издржливост, посебно бара соработка со
другите колеги од Издавањето. Во сите овие
години честопати ги заменував колегите и на
пултот за Издавање за возрасни и деца. За
мене работата ми е задоволство. Со оглед на
тоа што од магацинот книгите се испраќаат
по лифт, за мене, качувањето и слегувањето
28
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
по скалите од магацинот до пултот за
издавање беше еден вид мал тренинг, однос
но за да услужам една странка со задоволство
слегував и се враќав со книги и по неколку
пати.
-Задоволство ми беше и тоа што во
МОЈОТ долг работен стаж на ова работно
место ги научив каде се наоѓаат скоро сите
книги. Најчесто, доволно ми беше само да ми
го кажат насловот на книгата без да
запишуваат број. Работата ми помагаше во
одржување на мојата форма за неделните
натпревари. Денес, работам на техничка
обработка на книгата. Повремено помагам
при компјутерското изработување на членс
ки карти. Автоматизацијата на
библиотечните процеси воопшто не е проб
лем за мене.
Разговорот го водеше Николче Вељановски
Проекти
ПРОЕКТ ЗА ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА
КНИГАТА МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ
Одговорна за изведување на проектот
Кристина Лајмановска, волонтер
Досегашните искуства и сознанија на
библиотекарите во Детската библиотека на
Националната установа - Универзитетска
библиотека "Св. Климент Охридски" Битола
покажаа дека младата популација се среќава
со еден голем проблем, а тоа е намалената
заинтересираност за книгата. Ако се раз
гледаат причините за тоа ќе се утврди дека
многу големо влиЈание за тоа има техничкиот
и технолошкиот напредок. Сега децата
своите потреби за истражување и спознавање
на непознатото ги задоволуваат со помош на
. .
телевизиЈата и компЈутерот па интересот за
книгата е се помал. Всушност, проблемот
можеме да го префрлиме и на возрасните
затоа што тие се оние кои треба да ги
насочуваат децата. Преку медиумите како
. .
што се телевизиЈата, списаниЈата и весниците
се врши голема пропаганда за најнови фил
мови, наЈнови компЈутерски игри со
презентациЈа на содржината и слики.
Според досегашните сознанија на биб
лиотекарите, во училиштата и училишните
библиотеки се врши пропаганда за книгите,
но таа пропаганда не е ни приближно толку
голема како онаа на медиумите за филмовите
и компјутерските игри. Учениците воглавно
ја читаат само задолжителната литература
. .
која им ја задава наставникот, додека многу
мал број на деца читаат други книги.
Проектот за популаризација на кни
гата кој го покрена НУУБ "Св. Климент
Охридски" Битола има главна цел да го
зголеми интересот за читање кај наЈмладите.
Тргнувајќи од фактот дека во библиотеката
има толку убави книги за кои децата не знаат
дека постоЈат, сметав дека од големо вли
јание врз тоа како децата ќе ги прифатат
книгите ќе има начинот на кој ќе им бидат
29
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
презентирани.
Размислував како би можело тоа да го
направам. Книгите што намеравав да ги
презентирам ги сортирав според нивната
содржина и одбрав барем по еден примерок
од сите видови ( авантуристички, класични,
научно- фантастични, хумористични, тинејџ
ерски, историски). Потоа книгите ги сорти
рав и според возраста. Книгите кои ги одбрав
за презентација беа предлагани од страна на
библиотекарите од Детската библиотека
како интересна и возбудлива лектира за мла
дите читатели. Исто така во процесот на
обработка на книгите добивав совети за
возраста за која е наменета книгата.
За да го привлечиме вниманието на
децата, подготвив кратка содржина за
почетниот дел на книгата се до заплетат, со
тоа што книгата би ја оставила на детската
љубопитност. Сметав дека секое дете ќе
пронајди барем една книга која ќе му го
привлече вниманието за да посака да ја
прочита, а со тоа да му овозможи да трага и
понатаму и да го продлабочува својот
интерес преку читање на друга слична литер
атура.
После разработката на книгите
припремив план за нивна усмена презентаци
Ја.
Фази во прзентирањето:
1. Претставување на учениците
2. Краток разговор -дали меѓу учениците има
членови во НУУБ
- какви книги би сакале да читаат ( авантур
истички, историски и др)
3. Презентација на книгите
4. Краток разговор за презентираните книги -
дали им се допадна некоја книга
- книга која посебно им ја препорачувам
- какви книги би сакале да им бидат презен-
тирани
-информирање за начинот на зачленување во
Библиотеката.
Во презентацијата на книгите беа
опфатени сите основни училишта во Битола
од 111 до VIII одделение. На учениците од 111
и IV одд. им беа презентирани следните
книги:
Зборофон Тар - 11 од Велко Неделковски
(хумористична)
Мојот брат од тринаесеттиот кат од Оливера
Ќорвезироска (хумористична)
Патување во Таџетакомо од Томе Арсовски (
авантуристичка)
Проекти
По трагите на бродскиот дневник од
Миливое Матошец ( авантуристичка)
Принцот на 1 7 планета од Душан Белча
(научна- фантастика)
Тројца на островот од Виталиј Губарев (фан
тазија)
На учениците од V и VI одд. им беа презенти
рани следните книги:
Патот за Агра од Еме Сомерфилд ( авантур
истичка)
Островот со скриеното богатство од Роберт
Л. Стивенсон (авантуристичка)
Белиот галеб од Тихо Најдовски (авантур
истичка)
Сибирка од Лидија Чарскаја (авантуристичка)
Принцот и питачот од Марк Твен ( авантур
истички)
Златокосото дете од Васил Тоциновски (аван
туристичка, воена)
Зимски детективи од Оливера Николова
(детективска)
Јулски дневник од Бошко Смаќоски ( тинејџ
ерска)
Скалила во зеленилото од Весна Ацевска
(класична)
Животот занает најтежок од Бошко
Смаќоски (меѓу- етничка, историска)
На учениците од VII и VIII одд. им беа
презентирани следните книги:
Сама од Горјан Петревски (тинејџерска)
Пролет зад мојот прозорец од Томе
Арсовски (тинејџерска)
Судбоносна одлука од Елизабета Арсова (
тинејџерска)
Заборавениот колосек од Глигор Поповски (
тинејџерска)
Солза за Мите од Владимир Костов (тинејџ
ерска)
Ветер во градите од Ѓорѓија Најдовски
(класика)
Скалила во зеленилото од Весна Ацевска (
класика)
Александар и еднорогот од Душко
Кралевски ( класика)
Перуновите потомци од Видое Подгорец (
авантуристичка)
Ангели на прогонството од Паскал Гилевски
( автобиографија, историска)
Кристалната планета од Томе Арсовски (
научна- фантастика)
Со балон до Сахара од Даглас Треман ( аван
туристичка).
За време на мојата презентација на
книгите во училиштата, во одредени одде-
30
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
лениј а забележав дека на оние деца кои
читаат повеќе им се потсмеваат во одделени
ето., што покажува дека читањето не е баш
многу популарно кај учениците.
Во последните три четири броја од
Библиотечен тренд беа презентирани двае
сеттина од горенаведените книги, а сега ги
презентирам само преостанатите книги
преку кратки резимиња. На сите наставници
во одделенска настава и по македонски јазик
им беше оставен по еден примерок со сите
рез имиња.
Златокосото дете
Васил Тоциновски
Страни: 108
Возраст: 5 - б одд.
Категорија: класика - воена
Дали барем еднаш седејки на брегот на
Преспанското езеро сте се запрашале како
изгледа островот Голем Град. Во оваа книга
ќе имате можност да го видите.
Поради војната Огнен мора да го
. .
напушти СВОЈОТ дом и да оди да живее кај сво-
јот дедо на тој остров. Каков е животот на
Голем Град, што се ќе пронајди Огнен таму
преостанува сами да видите.
Човек амфибија
Александар Бељаев
Страни:
Возраст: 5 - б одд.
Категорија: научна фантастика
Морските бродови на бреговите на
Аргентина наидуваат на чудни трагови за кои
се претпоставува дека потекнуваат од некое
непознато суштество. На едни тоа суштество
им причинува штети, додека на други
неочекувано им помага. За него рибарите
зборуваа со шепот обзрнувајки се страшливо
да не ги чуе "морскиот ѓавол, но тоа беше
човек со ... "
Судбоносна одлука
Елизабета Арсова
Срани: 110
Возраст: 8 одд
Категорија: класика
Катерина и Соња живеат во домот за
сирачиња заедно со многу други деца со кои
се како браќа и сестри. Кате вели "не велам
дека овде не е убаво ... но кога
ќе влезиме во собите, кога ќе се изгаснат
светилките, се јавува онаа желба - мама да е
Проекти
тука до нас, да не прегрне да не помилува .. "
потребна е голема храброст да се живее тој
живот зошто на СВОЈ начин сите тие се
"бележани" од судбината. Но судбината на
секого му се насмевнува па и на Кате. Што ќе
се случи понатаму дали ќе ја посвојат, дали ќе
. . . .
ја најде своЈата мајка оставам на вас да откри-
ете
Солза за Мите
Владимир Костов
Страни: 62
Возраст: 7- 8 одд.
Категорија: класика хумористична
Шишко е рокер и е заљубен во убавата
Дашка. Тој на секој начин се обидува да и се
допадне, а тоа беше најдобриот начин да се
постигне спротивното. Во училиштето се под
готвува театарска претстава во која игра и
Шишко. Какво влијание ќе има таа врз него и
неговите другари преостанува сами да откри
ете.
Зборофон Тар - 11
Велко Неделковски
Страни: 144
Возраст: 3 - 4 одд.(1, 2 одд)
Категорија: хумористична
Тошко за својот 11 роденден добива два
подароци, едниот не толку значаен е труба,
. .
но вториот е вистински пронаЈдок, најнов тип
на касетофон -зборофон. Зборофонот изгле
да вака: окото на Тошко ја снима сликата,
увото - ги лови звуците, има копчиња за брзо
и бавно зборување- носот и образот, но најз
начајно е тоа што секогаш ја зборува само
вистината. Се што ќе забележи зборофонот
веднаш им го соопштува на децата и возрас
ните. Поради овај зборофон Тошко ќе има
. . .
многу неволЈи кажуваЈКИ им ја вистината на
луѓето и кога не треба.
31
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
По трагите на бродскиот дневник
Миливоје Матошец
Страни: 170
Возраст: 3- 4 одд.
Категорија: авантуристичка
Ивица, Јасен и Симо се радуваат на лет
ниот распуст и прават големи планови, во кои
најважно место заземаше чамецот на Ивица.
Надежта за голема авантура им се исполни
кога во реката го најдоа бродскиот дневник
од некој потопен брод. Тргнувајки по трагите
на ТОЈ дневник започнуваат нивните големи
доживувања.
Патување во Таџетакомо
Томе Арсовски
Страни: 136
Возраст: 4, 5, 6 одд.
Категорија: авантуристичка
Приказната започнува кога еден ден
Влатко добива писмо од неговиот пријател
Чинуа Кунга кој живее во земјата
Таџетакомо и кој го кани Влатко и нивната
заедничка другарка Весна да го посетат за
време на летниот распуст. Влатко и Весна
тешко извоЈуваа дозвола од своите родители,
но сепак успеаја да пристигнат во Африка
каде што го доживеаЈа првото изненадување,
на аеродромот не ги чекаше никој! Како ќе
се снајдат сами во Африка и дали ќе го најдат
Чинуа останува сами да откриете.
Принцот на 17 планета
ДушанБелча
Страни: 133
Возраст:3- 4 одд.
Категорија: научна - фантастика
Иван во својот џеб има белузлаво топче
кое ни самиот не знаеше од каде му е. Еден
ден забележа дека тоа топче започна да
Проекти
трепери и да испушта некаква енергија и
топлина. На Иво почнаа да му се случуваат
необични работи, тој забележа дека сосема
добро се снаоѓа во астрономскиот атлас и
дека лесно почна да ги пронаога соѕвездиЈата
на небото. Набљудувајки ги ѕвездите со сво
јот телескоп забележа една ѕвезда која се
движеше по небото, нешто му кажуваше дека
таа се упатила кај него.
Тројца на островот
Виталиј Губарев
Страни: 99
Возраст: 3- 4 одд.
Категорија: фантазија, авантуристичка
Замислете што би правеле ако пронајдете
некој волшебен предмет кој би ги исполнувал
сите ваши желби. Една таква волшебна
шарпа пронајде Борјан и така тој заедно со
своите другари тргна во голема авантура. Но
покрај забавата што им ја донесе
волшепството, тоа им донесе и големи
неволји.
Мојот брат од тринаесеттиот кат
Оливера Ќорвезироска
32
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 11, 2005
Страни: 159
Возраст:4 одд.
Категорија: класика
Во книгата се пренесени секојдневните
доживувања на Мирна и Војдан нивните несо
гласувања со родителите и нивните разгов
ори кои секогаш имаат некаква воспитна
димензија, наспроти разговорите со сосетка
та Оливера и нејзиниот сопруг Федер
Фризура.
Зошто сите родители мора да ги учат
своите деца според некои нивни правила за
убаво однесување и дури и да ги тераат
своите деца да го прават она што тие нав
истина не сакаат?
ЕВЕ ШТО САКАВ ДА КАЖАМ ...
НЕ ЈА СЕЌАВАМ УБАВИНАТА
Доаѓам во куќичката "Бели несоници"
и се таам во душата
како дете во исчекување од страв.
Балконот зјае испразнет во погледот
со занемена тишина.
Не ме пречекува како некогаш.
Без тебе
не ја сеќавам убавината.
Кајсијата до портата се исуши.
Праските премрзнаа
како јас во душата лани.
Сега полека лозјето со мене умира.
Само јаболкницата е втурена од цут,
чиниш зацрвенета од срам.
Без тебе
не, не ја сеќавам убавината.
19 април 2004 г.
Куќичка "Бели несоници"
с. Лисолај
Радован П Цветковски
МУДРИМИСЛИ
Со :книгите е како со луѓето: мал број игра значајна улога, додека останатите се
губат во мноштвото.
Волтер
Книгите се единствен посредник меѓу нас и големите луѓе.
Зола
Природата не трпи лага.
Карлајл
Љубовта е секогаш почеток на знаењето, како што огнот е почеток на светли
ната.
Карлајл
Љубовта е заедничка потрага по знаење.
Сократ
Љубовта живее од давање, а не од земање.
Св. Августин
Заљубеноста и мудроста се две сестри кои никогаш особено не се сложуваат.
Шекспир
Само она што го правиме од љубов, го правиме слободно, без оглед колку
страдања ќе произлезат од тоа ....
Тагоре
Победата на стравот е почеток на мудроста.
Расел
Мудрецот е поголем од владетелот, зашто кога мудрецот ќе умре, нема кој да го
замени.
ОдТалмудот
Кога на народот ќе му се овозможи да го добие без барање она што му треба,
тогаш народот стекнува доверба во владетелот.
Конфучие
Ако прифатиш изгладнето куче и го нахраниш, тоа нема да те касне. Тоа е глав
ната разлика меѓу човек и куче.
Твен
Само човекот не е благодарен за добрините што му се прават.
арапска
Нема поголем мрак од незнаењето.
Шекспир
33
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 5, 2004
Кога ќе се состанеш со некого, настојувај да
мислиш на него. Само кога заборавиме на
себе, плодотворно комуницираме со други.
Толстој
Воздржи се од критикување дури и со добра
намера, зашто за да ги раниш луѓето е лесно,
а да ги поправиш - невозможно.
Шопенхауер
Било каде да се најде, човек што овладеал со
себе ќе се однесува како што доликува.
Зен - учител
Размисли еднаш пред нешто да дадеш, двап
ати пред да примиш, илЈада пати пред нешто
да побараш.
Сервантес
Малограѓанинот сака да живее, но
впечатоците не ги преживува длабоко.
Горки
Колку и да зборува добро човек, кога
премногу зборува секогаш на крајот ќе каже
некоЈа глупост.
Дикенс
Прв знак на паметен човек е - ТОЈ со еден
поглед знае со кого има работа.
кинеска
Некој може да победи илјадници воини на
бојното поле,но не може да се мери со побед
никот КОЈШТО самиот се победил себеси.
Буда
34
Малкумина ги има такви, што го гледаат
грдото кај оние што ги сакаат, и коишто го
гледаат она што е добро, кај оние што не ги
сакаат.
Конфучие
Човек мора да е претпазлив дури и да е син на
небото.
Тагоре
Животот без принципи е брод без кормилар.
Ганди
Треба да трпиш и да простуваш cD, како
Мајката Земја.
Тагоре
Во самотија бедникот ја чувствува сета своја
беда, големиот дух сета своја големина.
Шопенхауер