БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 10, 2005 БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД СПИСАНИЕ НА НУУБ "СВ. КЛИМЕНТ...

БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 10, 2005


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД


СПИСАНИЕ НА НУУБ "СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ"


Издавач
Национална установа - Универзитетска Библиотека
"Св. Климент Охридски" Битола
ул. Ленинова 39


За издавачот: директор Јелена Петровска


Издавачки совет:
-претседател


Редакција:


д-р Николче Вељановски, библиотекар советник
Јоланда Бошевска, виш библиотекар
Гордана Марковска


д-р Николче Вељановски, главен и одговорен уредник
Јоланда Бошевска, виш библиотекар
Илче Стојановски


Лектура и коректура: д-р Николче Вељановски
Јоланда Бошевска


Фотографии: Трајан Чагорски


Дизајн на корица: Гордана Пешевска


Компјутерска обработка и печат: Херакли Комерц- Битола


ТИраж: 300 примероци


ISSN: 1409-9497


Тел.: 047/220-208; Тел./Факс: 047/220-515; Тел. на Изд.:232-999; www.nuubbt.uklo.edu.mk; E-mail: nuubbt@uklo.edu.mk


2




Библиотеката-од идеја до реализација


БИБЛИОТЕКИТЕ ВО ОБРАЗОВНИОТ
СИСТЕМ НА ФИНСКА


Приредила Јелена Петровска, директор


За сите фински граѓани задолжително
е школување низ десетогодишен образовен
систем, почнувајќи од седум годишна возраст
па се до навршување на 1 7 години.
Проучувајќи го образовниот систем
на Финска, забележав дека библиотеките
претставуваат значаен сегмент на системот и
во повеќе значајни документи се истакнува
местото на библиотеките во образовниот
систем (во програмите на секоја нова влада,
во Актот за стратегија на образованието,
Актот за национална стратегија на развој
2002-2004, Законот за универзитетите,
Актите за информациското општество,
Законите на одделни општини и региони,
Закон за библиотеките и низа подсистемски
акти). Во последната владина програма се
истакнува дека "системот на јавните биб­
лиотеки представува основен столб на разво­
ј ат на општеството, кој што ги обезбедува
главните национални образовни и културни
сервиси и ги поддржува усилбите на целиот
народ кон достигањата на наЈвисокото ниво


на интелектуален развој."
Да ја споменам само финансиската
страна каде што во 2002 год. вкупно за
јавните библиотеки во Финска е потрошено
240 милиони евра каде што државата
учествуваше со 90 милиони евра. Во 2003 год­
ина Министерство за образование го има
усвоено актот под наслов "Стратегија на биб­
лиотеките 2010: политика, пристап кон
знаењето и културата", изработен од петнае­
сет фински експерти за библиотечно
работење.
Стратегијата претставува визија на
идниот развој на библиотечното работење со
истакнување на целите на развоЈ от и преди-


3


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 10, 2005
звиците на новото информатичко доба.
Предложени се новите мерки на развојот,
даден е акциониот план, истакнати се
основните вредности на информациското
општество и местото на библиотеките во
него. Посебно е истакната улогата и
значењето на мрежната поврзување на сите


библиотеки, дадени се предлозите за изград­
ба на потребната технолошка инфрастуркту­
ра и проширување на услугите и
библиотечните збирки. Мошне прецизно се
дефинирани критериумите за евалвација на
работењето и успешноста на библиотеките,
основните контроли на квалитетот и потреб­
ната јавна администрација. Предложени се
нови сервиси, како и модели на продукциЈата


на новите библиотечните содржини.
Принципот на бесплатниот сервис за сите
граѓани истакнат е како основен принцип на
развојот на општеството, а изградбата на
единствената национална библиотечна
мрежа како основна цел. Во акциониот план е
даден и преглед на потребните промени како
што се: развојот на јавните библиотеки во
хибридни библиотеки, неопходноста од
национална информациска инфраструктура,


потребата од коориднација на проектите за
дигитализациЈа на национално ниво, мод­


елите на поддршка од страна на државата,


стратегиЈа на стручното усовршување на


вработените, правата на корисниците, прин­
ципите на централизирано финансирање на
новите проекти. Со овој акт дефинитивно е
усвоена и политиката на доживотното обра­
зование за сите граѓани и слободата и право­
то на пристап кон знаењата, граѓата и инфор­
мациите за сечиЈ интерес.


Во овој акт посебно е истакната пром­
ената во работното време на библиотеките и
бришењето на границата помеѓу библиотека­
та како зграда и виртуелната библиотека:
"јавните библиотеки преминуваат во
национални хибридни библиотеки кои што




Библиотеката-од идеја до реализација
на граѓаните им даваат услуга на локално
ниво, делуваат како мрежа на библиотеки на
националното ниво, а уживаат углед на
интернационално ниво. Јавните библиотеки
се развиваат во хибридни библиотеки, нудат
истовремено физички простор и граѓа, но и
услуги во паралелен виртуелен простор, т.е


мрежни и интернет услуги на одалечените
корисници на било кое место и во било кое
време."


Денес многу од финските биб­
лиотекари го користат ОВОЈ акт како патоказ
при изработка на своите стратешки планови,
при дефинирање на целите на сопствениот
развој и изработка на своите проекти.
Она што фасцинира и длабоко ги
поврзува целите на образовниот систем на
Финска и библиотечното работење е грижата
на државата за заедничко функционирање на
двата системи, но и помагањето на многу


. .


значаЈНИ проекти кои што ја отсликуваат
богатата традиција во работењето на биб­
лиотекарите и наставниците и во оствару­


вањето на перманентниот интелектуален
развој на нацијата. Се истакнуваат проектите
како што се" "Библиотеки. фи" (Libraries.fi.),
"Прашајте го библиотекарот" (Ask the librari-
an), "Информациска бензинска пумпа"
(Information Gas Station ), "Библиотека на
современите фински писатели", Cable Book
Library (најновите и најактуелни книги), Finish
web ѕрасе (проект за заштита на културното
наследство) и др.
Библиотеките се наоѓаат на пристап­
ни места, најчесто во близина на училишта, а
бројот на корисници на библиотечните
ресурси во Финска е највисок во Европа.


4


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 10, 2005


САЕМ НА КНИГАТА - БИТОЛА 2005


Приредил Науме Ѓоргиевски


Идејата за реализација на една ваква
голема манифестација потекна токму од
Националната установа - Универзитетска
библиотека "Св. Климент Охридски" Битола
во рамки на една од основните свои задачи за
комплетирање на книжниот фонд и популар­
изација на книгата. Првиот "Саем на книгата
- Битола 2004" кој се одржа во Центарот за
култура од 26-30.05.2005 година, помогнат од
Министерството за култура, наиде на пози­
тивен одек кај читателската публика во
градот и пошироко.


Токму затоа и оваа година НУ-УБ „
Св. Климент Охридски,, - Битола по втор пат
го организираше "Саемот на книгата-Битола
2005" , од 23.-28.05 2005 год. кој беше лоциран
во нов поатрактивен простор уникатен за
нашите простори - во летната бавча на домот
на АРМ во Битола. И овој пат организација­
та беше во соработка со Здружените изда­
вачи на Македонија, а потпомогнат од
Министерството за култура.




Библиотеката-од идеја до реализација


По втор пат Саемот покажа и докажа
дека токму преку вакви манифестации и
активности се поттикнува Јавноста и се ини­
цира еден нов момент во нашиот град и окол­
ните општини во регионот да се промовираат


повисоки облици и форми на едно ново и поб­
лиско претставување на книгата до


читателот.
И оваа година на Саемот зедоа
учество сите издавачи од нашата држава, а и
претставници на неколку издавачки куќи од
Србија и Црна Гора.
Како општ впечаток стои констатаци­
јата дека вљубениците на книгата од нашиот
град секојдневно од 10 до 22 часот со задо­
волство ги посетуваа штандовите на изда­


вачите.


5


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 10, 2005


Саемот беше посетен од стотици
посетители кои се интересираа за маке­


донската и светската продукциЈа.


Иако се мисли, и општ впечаток е
дека изумира потребата од читање и
купување на книги, Саемот покажа дека
таа констатација не е точна. Неподелено
е мислењето дека токму баш ваква мани­
фетациј а му фалеше на градот кој тоа го
заслужува и затоа истиот поминува во


традиционален.




Библиотеката низ оддели и активности


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И
АКТИВНОСТИ


ОД ОДДЕЛОТ ЗА ИЗДАВАЊЕ И УСЛУ­
ГА ЗА ВОЗРАСНИ


БИБЛИО1ЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ


Приредила Гордана Марковска


1. ДИГИТАЛНА ТВРДИНА - Ден Браун
2. АНГЕЛИ И ДЕМОНИ - Ден Браун
3. МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗОЛ - Ханс-Лотар
Штепан
4. БОЈАТА НА ПУРПУРОТ - Алис Вокер
6. ДАВИДОВА ЦАРИЦА - Е. Ечкил
7. ВИСТИНСКО СЕМЕЈСТВО - Тони
Парсонс
8. ЖЕНИ - Чарлс Буковски
9. СВЕТИЛИШТЕ - Вилијам Фокнер
10. ШАНГАЈ БЕЈБИ - Веј Хуј


ОСВРТ КОН ДЕЛОТО "КОДОТ НА ДА
ВИНЧИ" ОД ДЕН БРАУН


Приредил Николче Вељановски


Овој роман - трилер започнува со
убиството на познатиот Кустос во Лувр, Жак
Соњер, кој беше последниот од претходно
убиените четворица, чувар на една од
најмоќните тајни на "Сионскиот приорум" -


. .


тајна организација основана во далечната


1099 година. Темелниот камен кој што овој
Приорум го чува е всушност гравирана плоча


. .


која го открива местото каде што лежи нај-


големата тајна на братството. Всушност,
Приорумот си зел за задача да ја чува тајната
на вистинското христијанско учење наспроти


католичкото учење, денес, кое го поддржува


Ватикан. Се претпоставува дека оваа тајна е
закопана во некоја гробница во "Градот на


6


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 10, 2005
светлината" - Париз, каде што и се одвива
дејствието во романот.


Следејќи ги настаните во делото доз­
наваме за постоењето и целите на органи­


зација "Opus Dei", поддржана од Ватикан,
"Opus Dei", која дури медиумите ја нарекуваат
"Божја мафија" или "Култ на Христос".
Традиционалната филозофија на оваа орга­
низација започнала уште во 1934 година, за
време на режимот на генерал Франко, а
нејзиното главно седиште е во Њујорк. Тие се


. .


сметаат за конгрегација на католиците која


избрала за приоритет да ја чува и бескрупу­
лозно да ја брани католичката доктрина.
Таканаречениот "Учител" е нејзиниот водач.


Кога ја почувствувал опасноста по
својот живот, Жак Соњер и остава порака на
својата внука Софи Неве, со која од нес­
фатливи причини не контактирал последните
десет години, за да и каже за нејзиното потек­


ло кое е поврзано со лозата на Марија
Магдалена, сопругата на Исус Христос.
Според тајната на Сионскиот приорум М.М.
има царска крв, а Христос нејзе и ги пренел
упатствата за неговото учење, а не на Петар
како што проповеда католичката црква, со


што Исус бил и првиот феминист во христи­
јанското учење. Се смета дека Леонардо Да
Винчи бил голем мајстор на Приорумот и не
бил само генијален сликар, туку тој ни го


. .


оставил и кодот за тајната на христијанство-




Библиотеката низ оддели и активности
то. Тој ја насликал М. М. на "Тајната вечера",
прва десно до Исус. Сликата е полна со
скриени симболи. Тој се залагал за хармонија,
за рамнотежа на машкото и женското.


Верувал дека човечката душа не може да
доживее просветлување ако нема и машки и


женски елементи. Што и да сакал да постигне
неговата "Мана Лиза" не е ни машко ни
женско. Таа носи суптилна порака на
двополост. Таа е стапување на машкото со
женското. Тој во името Мана Лиза направил
симболичен спој на египетскиот бог Амон
(Мана) и египетската божица Изида (Лиза).
Водејќи ги двајцата трагачи по тајната
на Приорумот, авторот ни открива одредени
тајни за двете антагонистички организации


во поглед на вистината за христиЈанската


црква и нејзиното учење, при што добиваме
впечаток дека дваесет века сме живееле во
заблуда како христијански верници, а дека
вистината допрва треба да следи.
Кодот на Да Винчи преведен е на
четириесетина јазици и претставува комби-


. . .


нациЈа на трилер, есеј за историЈата, уметнос-


та и религискиот симболизам, откривајќи ни
уште некои тајни на Светиот грал по кој тра­
гаат христиЈанските верници.


ОСВРТ КОН РОМАНОТ "КАЖИ КОГА"
ОД ЕЛИЗАБЕТ БЕРГ


Приредил Илче Стојановски


Романот "Кажи кога" зборува за
едно семејство, за деновите и ноќите кои
ги живеат - текот на еден нарушен живот


надвор од нормалното живеење, при тоа


проследувајќи го човекот преку неговиот
емоционален пат, психолошки преви­


рања, фрустрации и преиспитување на
своите погледи за љубовта и среќата,
како и назаобиколните прашања за секој
брачен пар: кога врската вреди да се
спаси, а кога е подобро да се помириме со


7


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 10, 2005


фактите.
Можат ли мажот и жената
различно да го толкуваат неверството?
Колку сме искрени кон најблиските?
Овие прашања се предизвик во овој
роман, во човечкиот живот, во човечката


свест и совест - соочување со околината,


со самиот себе со најблиските.
Авторката не води низ настану­
вањето на секојдневните проблеми,
нивното различно видување и


разрешување. "Кажи кога" е незаборавна
приказна кор читателот го води до


сржта, во срцето на модерниот брак, каде
што интимноста и љубовта, разочару­
вањето и болката се судираат многу
често. Секој што ќе се соочи со преди­
звикот при читањето на оваа книга ќе си
постави бројни прашања, ќе и погледне
на реалноста в очи, на светот и животот


денес во бракот и семејството. Тука е
човекот на СВОЈОТ судбински пат и
препреките на кои наидува, ги


прескокнува или застанува зачуден,


затемнат или изненаден, размислувајќи и
барајќи решенија за излез дури и од без­
излезот.




Библиотеката низ оддели и активности


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА
ИЗЛОЖБИ, ПРОМОЦИИ,
ПРЕДАВАЊА


Приредил Драги Кабровски


05.04.2005 Г.
МИНИ САЕМ НА КНИГАТА


Издавачката куќа "Феникс" од Скопје
на 05.04.2005 година, во холот на
Библиотеката организираше МИНИ ПРО­
ЛЕТЕН САЕМ НА КНИГАТА каде што
можеа да се купат книги со 20% саемски
попуст . Саемот беше отворен за посета од
9.00 до 17.00 часот секоЈ работен ден и
истиот беше организирано посетен од
учениците од сите основни училишта од


градот. Саемот беше отворен од 05 -
15.04.2005 година.


06.04.2005 Г.
ПОСЕТА НА МИНИ САЕМОТ
Учениците од ОУ "Гоце Делчев" , ОУ
"Коле Канински", ОУ "Тодор Ангелевски",
ОУ "Даме Груев" и други организирано го
посетија Мини саемот на книгата при што
посетата беше искористена за разговор со
учениците за тоа што Библиотеката нуди
како културна установа, какви услуги врши и


истовремено беше разгледана и изложбата
на книги од Ханс Кристијан Андерсен која
беше поставена во холот на Библиотеката по


8


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 10, 2005
повод 200 годишнината од раѓањето на овој
дански писател со светско реноме.


11.04.2005 Г.
ПРЕДАВАЊЕ


Во соработка со Здружението за маке­
донско-италијанско пријателство и соработ­
ка, на 11.04.2005 година во големата сала за
промоции со почеток во 12.00 часот орга­
низираја предавање на тема: МАЦИНИ -
ЖИВОТ И ДЕЛО, Предавач беше проф. д-р
Кочо Сидовски од Битола. Присутните гости
на почетокот од свое лично име и од името на
Библиотеката ги поздрави директорката г-ѓа
Јелена Петровска кој а воедно им посака
добредојде на гостите.


19.04.2005 Г.
СВЕТСКИ ДЕН НА КНИГАТА
По повод 23 Април - Светскиот ден
на книгата и авторското право во простори­


ите на Библиотеката беше поместена
Изложба на книги од писателите: Сервантес,
Шекспир и Лапе де ла Вега, кои починале во
ист ден и месец - 23 април. Овој ден, со
резолуција донесена на Генералната конфер­
енција на УНЕСКО во 1995 година, про­
гласен е за Светски ден на книгата и ден на
светската книжевност. Идејата за ова
потекнува од Каталонија каде на 23 Април




Библиотеката низ оддели и активности
при купувањето на книга се подарува и по


едно цвеќе.


21.04.2005 Г.
КНИЖЕВНА СРЕДБА
По повод 23 Април - Светскиот ден на
книгата и авторското право, Библиотеката
организира средба со француската авторка
Стефани Сен Сенар ( со македонско потекло)
и писателот Гоце Смилевски од Скопје кој за
романот "Разговор со Спиноза" од Утрински
весник ја доби наградата Роман на годината
2002.


Младата француска авторка ја прет­
стави писателот Гоце Смилевски кој воедно
зборуваше за нејзиниот најнов роман
"Ферман". Исто така авторот се претстави
самиот пред присутните гости, а после тоа
следуваше разговор со поставување на
прашања од публиката во салата.


23.04.2005 Г.
ИЗЛОЖБА НА ИЗДАНИЈА НА "ДОН
КИХОТ" (По повод 400 години од издавањето)
Овој роман е широко прифатен како
прв роман на светот и еден од најдобрите што
биле напишани досега, на второ место меѓу
најобјавуваните, најпреведуваните и најпро­
даваните од 1605 година до денес.


26.04.2005 Г.
ГРУПНА ПОСЕТА
На 26 април (вторник) во 11 часот
беше организирана групна посета на
учениците од петтите одделениЈа на ОУ
"Ѓорѓи Сугарев" од Битола, предводени од
педагогот и психологот на училиштето.


Учениците беа примени од библиотекарот
Драги Кабровски задолжен за популаризаци­
ја на книгата кој им објасни на учениците на


9


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 10, 2005
кратко за поимот, значењето, и работата на
Библиотеката како културно просветна


установа.
Во холот на Библиотеката, тој на
учениците им објасни за начинот на пребару­
вање на саканата книга со помош на терми­


налите, а и самите ученици имаа можност да
пребаруваат на терминалите. Посетата беше
искористена и за разгледување на магацинот


за книги, пултот за издавање на книги, и


Детската библиотека.


10.05.2005 Г.
ПРОМОЦИЈА
Националната установа
Универзитетска библиотека "Св. Климент
Охридски" од Битола, на ден 10.05.2005 г. со
почеток во 12.00 часот во салата за про-


. .


моции ја организира промоциЈата на книгата
"Каменот од Твојот ден": хималајска приказ­
на од писателката Јагода Михајловска -
Георгиева која работи како новинар, уредник
на забавната програма во телевизија Телма и
живее во Скопје. Оваа книга во издание на
Култура влезе во најтесната конкуренција
меѓу трите најдобри романи на Утрински вес­
ник за Роман на годината за 2005 година.


Промоцијата беше посветена на
битолскиот алпинист Диме Илиевски -
Мурато кој го развеа и постави македонското
знаме на највисокиот врв во светот Монт
Еверест токму на овој ден пред 16 години во




Библиотеката низ оддели и активности
1989 година. Присутните гости ги поздрави
директорката г-ѓа Јелена Петровска која
топло добредојде им посака на писателката и
на семејството на Диме Илиеавски - Мурато,
и неговите пријатели. На промоцијата преку
видео-бимот беа презентирани филм и фото­
документација од експедицијата на


Хималаите.


16.05.2005 Г.
ТРИБИНА за законот за еднакви
можности помеѓу мажите и жените во орга­
низација на Општината Битола во салата за
промоции во Библиотеката на 16.05.2005 г.
(понеделник) во 12.00 часот.


20.05.2005 Г.
ПРЕДАВАЊЕ во организација на
Националната установа - Универзитетска
библиотека "Св. Климент Охридски" од
Битола на тема "Да се вратиме на корените".
Циклусот предавања беа одржани во
Библиотеката од 20-27.05 со почеток во 19.00
часот со следните теми: "За нашите корени",
"За нашите светители","За нашиот најголем
херој", "Минатото говори", "За уметноста на
живеењето", "За слободата", "За нашиот
идентитет" и "За нашето наследство".


23.05.2005 Г.
"САЕМ НА КНИГАТА БИТОЛА 2005"


Од 23 до 28.05.2005 година. Во
организација на НУУБ "Св. Климент
Охридски" по втор пат во Битола во
просторот на летната бавча од Домот на
АРМ. Саемот беше свечено отворен на
23 мај (понеделник ) во 20.00 часот во
присуство на голем број гости. На отво­
рањето говореа градоначалникот г­


дин Владимир Талевски и директорката
на Библиотеката г-ѓа Јелена Петровска.


10


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 10, 2005
Отворањето беше проследено со кул­
турно уметничка програма на хорот на КУД
"Стив Наумов" под диригенство на г-дин
Љубо Трифуновски. Преку видео-бимот
беше презентирана Библиотеката и нејзина­
та WEB страница. На саемот оваа година
учество зедоа над триесет издавачи од


Македонија.


24.05.2005 Г.
ПРОМОВИРАН РОМАНОТ
НА ГОДИНАТА
Како придружна активност на
"Саемот на книгата 2005" на 24.05.2005 г. во
салата за промоции на Библиотеката во 12.00
часот беше промовиран романот "Куклите на
Росица" од писателката Оливера Николова
од Скопје, која за романот доби награда на
Утрински весник "Роман на годината 2005".
Промотор на романот беше Оливера
Ќорвезировска од Скопје. Преку видео­
бимот беше презентирано дел од
творештвото на Николова која во
Библиотеката спаѓа во редот на најчитаните
автори.


24.05.2005 Г.
ИЗЛОЖБА НА КНИГИ
По повод промоцијата на романот од
писателката Оливера Николова беше
приредена изложба на книги од целокупното
нејзино досегашно творештво и истата беше
поставена во холот на Библиотеката од 23
мај до 03 јуни 2005 година.


10.06.2005 Г.
ИЗЛОЖБАпоповодДЕНОТНАКУЛТУРАТА
во холот на Библиотеката, организирана од
НУУБ "Св. Климент Охридски" од Битола.
На изложбата беше презентирано следното:
каширани текстови и фотографии објавени
во печатените медиуми за развојот на
Библиотеката од основањето до денес,
активности на Библиотеката по повод 60-
годишниот јубилеј од постоењето, презенти­
рање на изданијата на Библиотеката, моно­
графии, зборници библиографии, билтени,
презентација на нашето списание


"Библиотечен тренд", презентација на
некнижен библиотечен материјал:
музикалии, аудио ленти, СD-ромови , плочи и
др.




Библиотеката низ оддели и активности


11.06.2005 Г.


ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА


Во соработка со хрватското
здружение "Марко Марулиќ" од Битола,
Библиотеката организираше претставување
на книги на Јакша Фиаменго, поет од Сплит и
скулпторот Станислав Бавчевиќ од Сплит кој


11


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 10, 2005
ги имаше изложено скулптури од железо. На
средбата беа присутни претставници од
Матицата на иселениците од Сплит и Загреб,
претставник на Комисијата за малцински
прашања од Загреб, претставник од амбаса­
дата на Р. Хрватска во Македонија и
пратеникот на Собранието на Р. Хрватска,
Ивана Тракоштанец која нагласи дека во
интерес на нејзината држава е да ги помага


сите литературни манифестации во
Македонија, па и нашата Библиотека.
Настаните ги следеа повеќе новинари
од Хрватска како и државната HRTl за специ­
јалната емисија "Корени" која беше емити­
рана преку сателитската програма.


17.06.2005 Г.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА




Библиотеката низ оддели и активности
Здружението за македонско-италијан­
ско пријателство и НУУБ "Св. Климент
Охридски" од Битола на ден 17.06.2005 година
во салата за промоции на Библиотеката со
почеток во 12.00 часот организираа свечено
претставување на поетската книга БЛЕСО­
ЦИ ВО НОЌТА од италијанската поетеса
Рита Грило. За книгата зборуваше проф. д-р
Златко Жоглев. На промоцијата присуству­
ваа голем број гости меѓу кои и претставници
од италијанската амбасада од Скопје.


ДЕТСКИОТ ОДДЕЛ ПРИ НУУБ
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ
ПРЕПОРАЧУВААТ
Приредила Стеванка Петковска


1. ЗЛАТНА КНИГА НА ЛЕГЕНДИ И
ПРЕДАНИЈА - Васил Тоциновски
2.ЗЛАТНА КНИГА НА ПРОЗАТА ЗА ДЕЦА ВО
МАКЕДОНИЈА - Васил Тоциновски
3. ЗЛАТНА КНИГА НА ПОЕЗИЈАТА ЗА ДЕЦА
- Васил Тоциновски
4. ЛЕТО ЗНАЧАЈНО КАКО ИЗГРЕВ - Биљана
Станковска
5. ХАРИ ПОТЕР И ПЛАМЕНИОТ ПЕХАР - Џ.
К. Раулинг
6. ПРИКАЗНИ ЗА ДАМЈАНА - Видое
Видически
7. ЌЕРКАТА НА СОНЦЕТО - Магдалена Царева
8. ЦАР САМУИЛ
9. КАМЕНО СОНЦЕ - Наум Бајо
10. ИЗМИСЛУВАЊЕ НА СВЕТОТ - Јадранка
Владова
11. НОЌ И ДЕН - Ванчо Полазаревски
12. МАЛАТА ГОЛЕМА ТОЧКА - Цане
Андреевски
13. ЧУДЕНКИ СО ТИМИТАР ИТАР - Велко
Неделковски
14. ШТУРЧО - Ѓорѓи Прчков
15. РОЗА И МИМОЗА - Косара Гочкова
16. МАКЕДОНСКИОТ ФАРАОН - Трајан
Петровски
17. БАЛАДА ЗА ГАЌИЧКИТЕ НА БУБА -
Томислав Загода
18. ЕЈ, ПИПИ, СЕ ЗАЉУБИВ
19. ЕДНА ДРУГ А ЉУБОВ - Греам Грин
20. РОКИ РОК - Витан Мал


ШТО ЧИТААТ ДЕЦАТА


Приредила Кристина Лајмановска
(UNICEF Life Start - Bitola)


"Александар и еднорогот" од Душко
Кралевски е сказна за добриот дедо Лазар и
неговиот внук Александар. Лазар е човек кој
што има душа широка како полЈана и срце


12


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 10, 2005
големо како планина. Тој им помагаше на
луѓето лечејќи го не само телото со тревки,
ами и душата со мудри зборови. Тој имаше
еден Сон да стане едно со еднорогот, кој сон
ќе се исполни. Неговата моќ и мудрост ќе ја
наследи внукот Александар кој ќе добие една
многу важна задача, задача која е многу


поважна од дедовата.


"Кристалната планета" од Томе
Арсовски не носи низ научната фантастика.
Катерина и Јана имаат една тајна за која не
знае никој освен нив, а тоа е дека Јана со
помош на телепортациЈа од страна на все­
ленците ја посетила планетата Верна. Таму
таа стекнала многу добри пријатели. На таа
планета оди и Кате каде се среќава со еден
сосема нов свет полн со чуда но и опасности.
"Заборавениот колосек" од Глигор
Поповски е книга која е пишувана според
вистински дневник на едно момче- бездомник
кого писателот случајно го среќава на една
железничка станица. Јанка е чесно и цврсто
момче, но поради својата несреќна судбина е
исфрлен на улица од својата неблагодарна




Библиотеката низ оддели и активности
мајка. Тој заедно со неговите другари живее
во еден патнички вагон. Која е причината за
неговото протерување од дома? Како се
снаоѓа да опстане сам во овој тежок живот?
И дали ќе го пронајде својот пат останува на
вас да откриете.


"Перуновите потомци" од Видое
Подгорец не воведува во една авантура
далеку во минатото кога нашите претци
Славените живееа зад Карпатите во племен­
ски заедници. Јасенка е смело момче, добар
ловец предодреден да биди голем водач. Но
Јасенка поради еден настан со своето семе­
Ј ство е протеран од племето да живее во див­


ината. Јасенко како глава на семејството ја
превзема цела одговорност за негова


заштита и обезбедување храна. Тој набрзо
открива дека во нивната околина живеат
Хуните. Јасенко и неговото семејство се про­
терани. Како ќе се снајдат сами во дивината
полна со природни непријатели? И каква ќе е
неговата средба со Хуните останува на вас да
откриете.


"Ангели на прогонството" од Паскал
Гилевски е приказна за Егејските деца кои ги
оттргнаа од СВОЈОТ дом и ги одведоа насилно
во туѓи земји далеку од своите родители И
роднини. Ангели на прогонството е возбудли­
ва но и поучна историја за децата од селото


Сетома. За да ги спасат своите деца од
затворот во Атина родителите ги испракаат
децата со партизаните во Битола. Но крајот
на своето патување децата нема да го најдат
во Битола ами далеку во Унгарија. Како
стигнаа толку далеку од својот дом, дали ќе
се видат повторно со своите најблиски
можете да откриете ако ја прочитате книга­


та.
"Пролет зад мојот прозорец" од Томе
Арсовски


13


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 10, 2005
Дена е прва година во средно училиште каде
има супер друштво Зоки Хакерот, Бане
Катастрофа, Моника, Теа. Тука Дена се
вљуби но и го доживеа своето прво разочару­
вање. Зарем не му се случило тоа на секого?
"Животот не е "лесна песна" некогаш те
плеснува по очи - се чудиш КОЈ те измамил,


кој те изневерил и боли." Но таа наскоро ќе
пронајде нова љубов. Но таа нова љубов ќе ја
однесе во наЈлошото друштво, друштво на
наркомани. Животот ќе ја однеси на камен-


. .


лива патека да ја тестира нејзината


издржливост, цврстина. Што ќе се случи
можете да откриете сами.
"Со балон до Сахара" од Даглас Треман се
авантуристички раскази кои се читаат од почеток


до крај во еден здив. Додека читаш, од тебе од
време на време ќе се бара да одбираш. Твојот
избор може да води кон успех или катастрофа.
Овие страници содржат многу различни авантури
кои можеш да ги доживееш патувајки со балон.
"Одненадеж забележувате облаци од невреме кои
се приближуваат од север. Ако веднаш реагираш,
можеш да го испуштиш гасот од балонот и да се
спуштиш пред да стаса невремето. Ако е тоа твој
избор, сврти на 8 страна вели авторот. Можеби
невремето бргу ќе помине. Можеби можете да се
борите со невремето. Ако се решиш за тоа сврти
на 9 страна."




Библиотеката низ оддели и активности


БИБЛИОТЕКАТА ВО СОРАБОТКА СО
ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА


Приредила
Кристина Лајмановска, волонтер


Проектот "Соработката на нас­
тавниците по македонски јазик во основните
училишта и НУУБ "Св. Климент Охридски"
Битола" го изведува Кристина Лајмановска,
соработник (волонтер) во Библиотеката.
Анкетниот прашалник им беше даден во сите
10 основни училишта во градот
на претставници-наставници по македонски


јазик, а се однесуваше само на учениците од
трето и четврто одделение. Анкетата беше
извршена во текот на месец септември 2004
година и веднаш потоа беа статистички
обработени податоците.
На пршањето: доколку не постои или
не постоела соработка, која е причината
поради тоа, има неколку различни одговори.
Пет наставници кои немале соработка со
библиотеката, на прашањето одговорија дека
не знаат зошто не соработувале и дека нема
некоја посебна причина за тоа. Наведените
причини за несоработка ( и ако одговориле со
не или малку ) се: затоа што потребните
книги ги наогаат во училишната библиотека,
поради нивна не ангажираност, поради


презафатеност со други активности.
На прашањето дали имате предлог за
понатамошна соработка помеѓу вас како нас­
тавник по македонски јазик (или активот на
наставници по македонски јазик) и биб­
лиотеката имаа одговорено 72% од испи­
таниците. Во два прашалници се изјаснија
дека сакаат соработка доколку библиотеката
би била во можност да доаѓа во нивното
училиште, а во еден прашалник не беше
даден одговор.


14


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 10, 2005
ОСНОВНИ УЧИЛИШТА
ПРАШЛНИЦИ СОБРАНИ ПРОЦЕНТИ


Тодор Анѓелевски 10 9 90%
Ѓорги Сугарев 13 6 46%
Елпида Караманди 9 7 78%
Климент Охридски 15 4 27%
Стив Наумов 11 5 45%
Трифун Пановски 5 1 20%
Гоце Делчев 10 10 100%
Св. Кирил и Методиј 6 6 100%
Даме Груев 12 9 75%
Коле Канински 11 10 91%
Вкупно прашалници 102 67 66%
во повеќе групи:
ДАЛИ СЕ ВРШЕНИ ОРГАНИЗИРАНИ
ПОСЕТИ ВО БИБЛИОТЕКАТА?
Да Не Недоволно
Тодор Ангелевски 2 6 /
Ѓорги Сугарев 6 / /
Елпида Караманди 4 2 /
Климент Охридски 2 2 /
Стив Наумов 5 / /
Трифун Пановски 1 / /
Гоце Делчев 7 2 1
Св. Кирил и Методиј 4 2 /
Даме Груев 5 4 /
Коле Канински 10 / /
Проценти 69% 27% 1.5%
Првата група која опфака 8% ОД
одговорите немаат конкретни предлози за
соработка. Тие предлози се барања во врска
со збогатување на библиотечниот фонд на
книги со странска литература, нови лек­
тирни наслови, нови интересни книги, зголе­


мување на фондот на книги од лектирни
писатели. Втората група која опфака 48% од
одговорите се состои од предлози за поголе­
ма присутност (агитација) на библиотеката
во училиштата како и воспоставување кон­


такти и комуникациЈа преку организирање на


различни средби: посета на познати
писатели, организирање на семинар за тоа
како да се мотивираат учениците да читаат


книги, литературни читања ( еднаш неделно),
организирања на посети на учениците во биб­
лиотеката, да се организира соработка на
состаноците на стручниот актив, презентаци­
Ја на нови книги, известување за нови книги


или испраќање на каталози со нови наслови
кои се обезбедуваат, следење на промоции на
нови книги, запознавање со вкупниот фонд
на книги. Има предлози за намалување на
членарината за учениците во основните


училишта како и помала членарина за




Интервју.....


просветните работници. Исто така, даден е
предлог за соработка на училиштата и биб­
лиотеката преку размена и донација на книги
во училишните библиотеки. 28% од испи­
таниците немаат никаков предлог, а пак
10.5% испитаници предлагаат континуирана
соработка помегу нив и библиотеката без
некои конкретни предлози. На прашањето
дали сметате дека ако има поголема соработ­
ка на библиотеката со активот на наставници
по македонски јазик ќе се зголеми интересот
на учениците, за читање 91 % од наставниците
одговорија потврдно.
На прашањето дали се извршени орга­
низирани посети на библиотеката од страна
на вашето училиште одговорија 97%. Имаше
и позитивни и негативни одговори кои е ги


презентирам во горната табела.


ВИ ГО ПРЕТСТАВУВАМЕ


Богоја Таневски


Роден во 1936 година во с. Долно
Ореово, Битолско. Мала Матура, Учителска
школа и Педагошка академија завршил во
Битола. Бил уредник на алманахот "Патеки
70" при Литературниот клуб "Стале Попов"
Битола. Има напишано неколку збирки
поезија и една монодрама. Неговата најнова
збирка поезија „Битолски мотиви" излезе од
печат пред еден месец.


БИТОЛА


Само пофалби како сенки
прелетуваат по твоите сокаци


пофалби од минатото
со прочуени конзули и трговци.


Тркалото на историјата
полека се врти


завлекува скалата


и сега по неа


во ова модерно време


тешко се искачуваат


15


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 101 2005
новите конзули.


Малодушност те покрила
збунето нурнуваш во лавиринти
времето те прегазува,
Е, па тоа ти е
- печи пајка, јади сув леб -
од втор град во земјава
сега веднееш глава


сплеткан во играта на животот
задумано лежиш во диплите


на некогашната слава.


Твојот поголем брат
фрла задници по тебе
мислејќи помина зимата
бати гуната,
искачен на високо
мижурливо те гледа под око
се плаши од престиж.


Разбуди се граду
отвори ги очите четворно
погледни кон угорнината
и пречекај ги своите бели мугри.


ХРАМ НА КНИГАТА


Од Плаошник искрата вивна
и тука долета
низ витлите на времето


во очите на Чудотворецот Климент
за да блеска светлина
низ сите простории


во храмот на книгата.
Низ страниците притаено лежи
вековно богатство.
Од книгите деноноќно глаголи
молчелива зборливост.
Оттука се отвора прозорецот
низ длабочините на Универзумот.
Одблесоци светкаат
во душата на читателите.




Интервју.....


РАЗГОВОР СО ПОЕТОТ


КИРЕ НЕДЕЛКОВСКИ


При претставувањето на стихозбирка­
та "Излегување од времето" (1999), писателот
Радован П Цветковски ќе рече, "него во
далечната 1982 година, преку стихозбирката
"Потреси" го откри литературниот критичар
Доне Пановски, најавувајќи го како мошне
талентирано и надежно име во современата
македонска поезија. Може да се рече дека
Кире Неделковски прави сигурни чекори,
надградувајќи се од збирка до збирка. Автор
е на уште неколку други збирки поезија:
"Прав" (1986), "Слоеви" (1989), "Душа" (1992),
"Некои нешта" (1994), "Безмерно" (1997),
"Излегување од времето" (1999), "Судбини и
соништа" (2004).


Кој е поетот Кире Неделковски. Да ни
кажете нешто за вашите први поетски
чекори?
-Роден сум во Битола во 1954 година.
Завршив Виша педагошка академија во
Битола. Поезија објавувам од 1972 година.
Имам десет стихозбирки. Уште како мал
читав детска поезиЈа, ме инспирираа
песничките за деца. Поезијата ме заинтере­
сира како форма на искажување на моите
чувства. Продолжив да ја следам поезијата и
да пишувам. Најчесто конкурирав на
анонимни конкурси, под шифра и учествував
на многу поетски фестивали како што беа
фестивалите во Врбас, Суботица, Титоград,
"Смедеревска поетска есен", македонските
фестивали: "Поткозјачки средби" во
Куманово, "Млада Струга" итн. Така и деб­
итирав на анонимен конкурс во Книжевна
младина на Македонија со стихозбирката


16


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 101 2005
"Потреси" во 1982 година. Тоа се духовните
промени и потреси кои ги доживува еден


поет. Во 1986 година, исто така, на анонимен
конкурс на весникот "Млад борец" освоив
прво место со стихозбирката "Прав".
Наградата "Ѓурѓа '92" ја добив повторно на
анонимен конкурс за стихозбирката "Душа".


Кој се темите кои најчесто преовладу­
ваат во вашите песни?
-Длабоко ги чувствувам промените во
себе и социјалните промени кај сопствениот
народ. Затоа и моите песни се со широка тем­
атика. Имам патриотски песни, а и песни за
индискиот пророк и светец Саи Баба. Имам
песни и за македонската, односно своЈата


душа и за атмата во Источната филозофија и
религија .... "Душата е - "сопствен космос" во


. . .


која се одвива диЈалектиката на материЈал-
ниот човечки ум и тело. Пишувам за патот по
кој самосвесното битие може да го надвладее
фатумот на физичкото битие .... "Цел живот
бавно излегуваш од времето, свесно се
помируваш со промените во себе", на интере­
сен начин поврзувајќи го минатото,
сегашноста и иднината во една целина, "Еве
го Следниот век". "Излегување од времето" е
метафора за човековото битисување. Тоа е
метафора за смртта која, пак, според веру­
вањето, не е вистинска смрт, туку преселу­
вање на душата некаде и во нешто друго.


Секако дека сте биле инспирирани од
некој од домашните или светски познатите
поети?
Не сум имал идеал. Моите корени се
во македонската поезија. Следејќи ја оваа
поезиЈ а се надградував и се усовршував.


Моите песни се претежно медитативни, но во
голема мера ме инспирирале природните


поЈави, светот и животот.




Интервју.....


Дали сте се обиделе да пишувате проза?
-Со прозата мислев дека не ќе можам
доволно да се искажам и поезиЈата примарно ми
одговара како литературна творба со која целосно
се искажувам.


Според вас, кои македонски писатели
заслужуваат внимание?
Многу ја ценам македонската поезија, а тој
што е вљубеник во поезијата цел живот си остану-


. .


ва во поезиЈата која што духовно го храни.


Македонската поезија е многу силна во светски
размери, во смисла на духовно растење на една
национална литература. Повеќе наши автори се
објавени во светот, а посебно ги ценам поетите
Анте Поповски, Петре М. Андреевски, Радован
Павловски, Михаил Ренџов и тн.


Пишувате поезија повеќе од триесет
години. Според вас, која стихозбирка и кои
песни би ги издвоиле за најзрел одраз на
вашето творештво?


-Како автор многу ми е тешко да одд­
елам некоја стихозбирка или песна и затоа би
рекол, "најновата". Стихозбирката "Судбини
и соништа" (2004) е во издание на издавачката
куќа "Макавеј", а промовирана во НУУБ -
Битола. Ако треба да издвојувам песни тогаш
би издвоил неколку кои влегоа во разни
избори на македонска поезија: "Песната за
Конески", "Пирамида", Мојата звезда",
"Скриеното сонце", "Македонски поети" и тн.


Дали имате поезија со бунтовникот во
вас? Дали критикувате во песните?
-Да, во "Судбини и соништа". После
објавување на стихозбирка вистинскиот поет
никогаш не е задоволен со она што го


напишал. Секогаш е во потрага по нови теми
и пребарува во себе и во светот околу себе.
Секогаш мисли дека може повеќе, дека може


17


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 101 2005
уште подобро да се искаже и да донесе уште
позрело обработени теми.


Сепак, колку е зрела вашата поезија?
Дали ја разликувате по зрелоста?
-Од првата моја збирка до последната,
сите се разликуваат по нивните духовни соз­


наниЈ а и перманентното зреење во литерату­
рата, на пример во најновата стихозбирка
говорат за тоа збирките: "Мојата тајфа",
"Река. Живот", "Македонски поети",
"Проверен љубовник" и други.
"Ја начекав
Од Бога дадена
Песната
Гола и убава
Ија запишав
Чиста
За да не се срами
Ни таа
Нијас
Кога ќе ми доаѓа
И некоја следна
Ноќ
Како кај проверен љубовник."


Колку сте задоволен со вашето
творештвото и со животот?
-Не сум многу задоволен и мислам дека
автор од внатрешноста нема многу можности
да се афирмира пошироко. Често слушаме дека
битолските автори не се доволно застапени во
македонските антологиски избори, а уште
помалку објавени во светот, и покрај тоа што
имам два преведени избори на песни: едниот на
француски, другиот на аромански. Мислам
дека авторите за целосно да се пробијат треба
да објавуваат надвор од Македонија, а по
можност и да се преселат во некоја од метро­


полите: Париз, Лондон, Берлин, Њујорк и
други. þÿ > последно време, кај нас, се вели дека
поезијата и прозата не се читани, меѓутоа, во
светот, романот е многу читан како литератур­


на форма. þÿ > последните години има објавено
многу значајни романи: "Кодот на Да Винчи",
"Алхемичарот" и други. Многу светски поети
почнуваат да пишуваат проза од финансиски
причини.


Што работите во моментот?
-Работам на една стихозбирка која ќе
биди пообемна од досегашните. Јас сум и
понатаму љубопитен, се интересирам и следам
се и во мојот роден град и во светот.




Интервју.....


ПИРАМИДА
Сите ние си имаме во себе
По една прекрасна Пирамида
Скриена длабоко во душата
Невидлива за другите.


Таа си постои со векови
И се пренесува со нас
Од едниот во другиот Живот
И така во бескрај.


До некој следен Живот -
Си опстојува достоинствено
Пирамидата од гордост
Осамена


Во Пустината на времето


МОЈАТА ТАЈФА


Мојата тајфа ја собира
Ноќта по улиците
Шета и разговара со светците
Слезени од фреските
Од опсада
И ги испраќа до црквите
Рано в зори.
Се прибира во библиотеките
Како дома
И прави нов распоред
На изненадувања.
Мојата тајфа
Не ги уморува нозете
Ни мислите
Лебди над езерата
И брзо се движи низ книгите
Љубопитна оди до небото
И сака се да знае:
Каде се собираат мртвите
Имаат ли и Тие Горе градови
Манастири и читални
За да продолжат
Со своето усовршување
На некој нов факултет
Во некој нов совршен Свет.


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 101 2005


МОЈАТА ЅВЕЗДА
Никој не знае кој Бог ја донел
Кога и од кое небо во мојата
Душа, засолниште сигурно нашла
И зошто се таи толку долго.


Ја очекувам секој миг
Да го осветли своето значење
Своето постоење да го одгатне
Јавно или тајно-сеедно.


Зошто паднала и во каков час
Бара спас во мојата Длабочина
Зарем не е убаво Горе
Се да гледаш и да се забавуваш?


Зарем не сме исти
Безимени остатоци
Кои бараат друго време
Низ Космосот - за да Експлодираат


И слават.


МАКЕДОНСКИ ПОЕТИ


Изненаден
И Господ
Се прашува
Од каде толку убавини
И длабочини
Во стиховите
Македонски ....
Дали од виното
Мајсторски превриено
Или од прекрасните жени
Кои кријат повеќе страст
Или има нешто Трето
За кое не слушнал
Некаква
Неправда
Па народот
Тајно
Создава
Свои вредности.


Разговорот го водеше Николче Вељановски


18




Интервју.....


ПОВОД ЗА СРЕДБА СО


СЛАВЕНИКОЛОВСКИ-КАТИН
(Промоција на неговата најнова книга „Придонесот на
Македонија во светската цивилизација')
Славе Николовски - Катин неповрат­
но влегува во историјата на Македонија како
"амбасадор" кај македонските иселеници.
Неговата голема љубов кон својот народ го
стави за посредник меѓу иселените тажни
македонски души и нивниот роден краЈ.


Својата најголема активност ја остварил
преку соработката со весникот "Нова
Македонија" во кој објавил над 700 текстови,
од кои две третини се однесуваат на животот
и работата на македонските иселеници, а
останатите на настани во земјата од областа
на културата и науката, репортажи од


неговиот престој во соседните земји, од
Канада, САД, Австралија и Европа. Околу
1 ООО текстови се објавени во уште 11 маке­
донски дневни весници и списанија и во околу
13 во Австралија (првиот иселенички весник
"Македонска искра"- Перт, 1946 година,
"Македонски весник" од Сиднеј, ревијата
"Македонија" од Мелбурн), Европа
("Македонски весник" - Гетеборг) и Канада.
До 2001 година, зад себе остави преку 1850
новинарски текстови објавени на македонски
и англиски јазик.
Член е во Одборот на Фондацијата
"Атанас Везенков" од основањето.
Член на Комисија за меѓународна соработка
на Здружението на новинарите на
Македонија, бил и негов секретар. Член е на
Советот на Центарот за странски јазици во
Скопје, Издавачкиот совет на "Меѓународна
политика" од Белград, Друштвото на литер­
атурни преведувачи на Македонија,
Македонското научно друштво - Битола, пот-


19


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 101 2005
претседател на Друштвото за литература и
култура "Македонија - Канада", како и
почесен член на Литературното друштво
"Браќа Миладиновци" во Торонто и
Културното друштво "Полог" од Детроит.
Денес е главен и одговорен уредник на
"Македонска искра".


Кој е Славе Николовски - Катин?
-Роден сум во 1941 година во с.
Наколец, Долна Преспа. Веднаш по раѓањето
моите родители се преселија во Љубојно.
Додавката Катин ја добив по името на мојата
баба Ката. Мојот дедо после 40 години поми­
нати во Детроит се врати засекогаш во
Македонија. Средно техничко училиште


завршив во Скопје. Студирав геодезија во
Белград, меѓутоа во 1966 заминав за Канада.
Во 1969 година се вратив пак во Македонија и
сакав да запишам друг факултет. Се размис­
лував за право, македонски јазик, па
литература и на крајот се определив за гру­
пата Англиски јазик и книжевност. Во 1973
година дипломирав. По завршувањето на
факултетот четири години работев како
координатор и стручен преведувач во
Хидробиолошкиот завод во Охрид. Тоа беше
градот за КОЈ мечтаев.


Спомнавте дека вашите патешествија
започнаја уште за време на студирањето.
Кога се вработивте во Матицата на исе­
лениците?
-Во 1969 година, на 28-годишна
возраст, по препорака на македонскиот


амбасадор од Канада се вратив во
Македонија како стипендист на Матицата на
иселениците. После четирите години работа
во Охрид, од 1979 - 1984 година се вработив во
Матицата на иселениците каде ја водев
Информативната служба и работев како
преведувач и новинар во списанието




Интервју.....


"Македонија". Од 1984 - 1990 година бев во
Републичката конференција на
Социјалистичкиот сојуз на работниот народ
на Македонија кога го уредував
"Информативниот преглед", а воедно бев
именуван за раководител на Службата за
информирање, секретар на комисијата при
ССРНМ за меѓунационалните односи и на
одборот за остварување на улогата на
ССРНМ во сферата на религијата и верските
заедници. Со осамостоЈувањето на Р.
Македонија, од 1991 - 1998 година, од
Собранието на РМ именуван сум за пот­
претседател на Републичката комисија за
односи со верските заедници за во 1999 годи­
на повторно да се вратам во Матицата на исе­
лениците која подоцна премина во


Министерство за иселеништво и Агенција за
иселеништво. Во 2001 година заминав во пен­
зија. Ме замени Ѓорги Наумов.


1


Во овој период повеќепати пату­
вавте во прекуокеанските земји, оствару­
вајќи многубројни контакти македон­
ските иселеници и нивните црковни


општини. Кажете ни нешто повеќе околу
тоа?
-Сум ги посетил сите цркви во све­
тот каде што има македонски иселеници.


Имам посетено и една црква во Бризбејн,
Австралија, формирана уште во 1942 год­
ина кога викнале руски поп да пее. Ја
посетив и првата македонска црква во


Мелбурн осветена од македонски влади­
ка, "Св. Ѓорѓи", многу значајна за луѓето
од Егејска Македонија како и црквите:
"Св. Петар и Павле" во Гери, Индијана
на која камен темелник беше поставен во
1962 и МПЦ "Свети Климент Охридски"
во Торонто која беше започната во 1964
година. За тоа зборуваат моите книги.


20


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 101 2005


Во 1994 година, заедно со Фиданка
Танаскова ја напишавме монографијата за
Македонската православна црква "Свети
Климент Охридски" во Торонто,
"Македонски вознес". Црквата "Св. Ѓорѓи" во
Торонто ја изградиле Македонци, само попот
бил бугарин. Кога сега скоро го сретнав ми
рече, "ми личите на Бугарин", а јас пак му
одговори, "ако јас така ви личам тогаш вие
ми личите на Индиец". И Џон Битоф одеше
во таа црква, но си замина кога виде дека се
пее на бугарски.
-Моето прво дело е "Македонски
холокауст" (1990), а имам една многу убава


книга "Македонските православни црковни
општини во Австралија, Канада и САД"
(1991). Ја промовираше д-р Блаже Ристовски
по повод јубилејната одбележување 700 -
години од постоењето на Манастирот во село
Курбиново. Во 1992 година ја напишав книга­
та "Во Австралија како дома". Во 1993 година
ја објавувам и книгата "Македонски исе­
ленички печат (1945 - 1992)" која се однесува
на овие три земји и Европа во кои за период
од 45 години, печатот е опфатен со 150
печатени гласила. Денес тој број е намален
на околу дваесетина печатени гласила. За
моите средби и разговори со македонските
иселеници, православните цркви, клубови и
друштва во Америка и Канада пишувам во




Интервју.....


"Печалбарски копнеж" кој излезе од печат во
истата година.. Во 1998 година, како коафтор
со Фиданка ја објавивме Монографијата на
Македонскиот клуб "Илинден 1903" од
Хамбург, Германија. Истата година ја објаву­
вам книгата "Македонски иселенички паноп­
тикум" во која зборувам за егзодусот на
Македонците расеани на сите континенти и
за нивната вековна борба за опстанок и
зачувување на СВОЈОТ национален идентитет.
Помагавте во отворањето на повеќе
библиотеки во овие земји?
-Бев потпретседател на Комисијата за


Подарок на книги за библиотеката „Григор
Прличев" од Сиднеј


односи со верските заедници. Ја искористив
позицијата да помогнам во собирање на
книги од издавачките куќи во Македонија.
Собравме околу 19000 книги. Тоа беше време
на еуфоричен национализам. Имав и свое
обраќање на отварањето на Библиотеката
која го носи името "Св. Климент Охридски"
во Мелбурн, прва од ваков вид, со цел афир­
мациЈ а на културните дострели на
Македонците во Австралија. Библиотеката
беше отворена во рамки на активностите на
Организацијата за социјални и етнички
прашања "Александар - Гоце" од Мелбурн.
Беше многу убаво што уште на неколку
места правев помали библиотеки. Во Лајлор,
предградие на Мелбурн има уште две биб­
лиотеки во кои јас носам мои книги. Нашите
луѓе даваат поклони. Библиотекарството
таму е на повисоко ниво.


При вашите многубројни посети во
Австралија, Америка, Канада и Европа дој­
довте во контакт и со најуспешните наши
македонци - бизнисмени?
-Засега напишав пет монографии за
истакнати македонски бизнисмени од дијас-


21


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 101 2005
пората. Овие двојазични изданија имаат
трикратно значење: од една страна го афир-


. .


мира нивниот успех во земјата во која се
докажале како успешни луѓе, а од друга
страна, нивните роднини и приЈатели во
Македонија имаат можност да ги видат во
поинаква светлина. Овие бизнисмени имаа
огромна желба младите да бидат инспири­
рани од земјата од каде им се корените, но за


жал и овие книги многу не можат да ги
насочат младите кон Македонија. Можеби за
две наредни генерации младите ќе зборуваат
за Македонија како за нешто што поминало,
во која живееле нивните прадедовци и
родители.


Мојата прва монографија му ја посве­
тив на Андреа Бранов, "Монографија за
Бранов" (2000) истакнат македонец од е. Був,
инаку мој колега - новинар во Австралија, а
беше првпат промовирана во црквата "Св.
Климент Охридски" во Торонто во 2001 годи­
на. Тогаш јас бев дописник на македонски
неделник во Австралија и еден англиски вее-


ник. Втората монографија е "Семејството
Јановци", од село Велушина, иселено во
Канада, сопственици на фабрика за мебел.
Тоа е едно прекрасно, доблесно семејство.
Браќата Јановски, посебно Петар кој е и
мозокот на бизнисот, сакаше монографијата
да ги поттикне неговите две деца, кои мислам


дека се магистри, да дојдат во Македонија и
да направат нешто за Татковината на


. .


нивните родители која сега е самостоЈна и


независна држава. Третата монографија е за
дедото Гога Печенковски, беше директор на
Рибарското стопанство., а чичко на Кире
Печенковски, од Преспа. Кире е еден од
побогатите Македонци на северноамерикан­
скиот континент, сопственик на топилницата




Интервју.....


К.П Бронза, формирана во 1970 година.
Петтата монографија е за истакнатиот маке­
донски бизнисмен од Детроит, Светле (Стив)
Стамевски, од тетовското село Одри, прија­
тел на Џорџ Буш, јуниор и човек кој многу
помогна за неговиот прв избор за претседа­
тел со што индиректно помагаше за независ­


носта на Македонија.


Не ни кажавте за монографијата
"Атанас Везенков"?
-Монографијата "Атанас Везенков" ја
промовиравме на 19 април 2000 година во
Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", по
повод 23-годишнината од основањето на
Фондацијата "Атанас Близнаков". Јас сум
почесен член во Одборот на Фондацијата
уште од нејзиното основање. Стариот Атанас
немаше деца. Со сопругата дојдоа од
Америка, пред 27 години и ја основа
Фондацијата со 250.000 долари. Стариот беше
многу мудар многу вложи во акции, ги опло­
дивме акциите во електриката, маслото и
нафтата. Така што фондот се зголеми на
4,500 ООО долари. Од нив 700 ООО долари се за
Универзитетот во Скопје, од чија камата се
стипендираат студенти. Тоа е човекот кој го
одбележа еден цел век со своето патриотско
и хумано дело.


Во овој наш краток разговор не би
сакал да почнуваме разговор за бројните
ваши предавања за религијата и верските
заедници во Македонија и во странство како
и за вашите предавања за слободата на
религијата и верувањето во пост-кому­
нистичките и демократските општества. Вие
завршивте Филолошки факултет - група
Англиски јазик и книжевност, членувате и во
литературни друштва, се занимавате со
преведувачка работа. Ќе ни кажете ли нешто
повеќе за тоа?
Уште како вработен во хидробио­
лошкиот завод во Охрид пристапив кон


. .


научна и преведувачка деЈност кога ја преве-
дов монографијата "50 години од форми­
рањето на Хидробиполошкиот завод", моно­
графскиот дел за "Синиша Станковиќ",
директор на овој Завод. Потоа следат
"Англиско - македонскиот лимнолошки лек­
сикон", "Англиско македонски
Биотехнолошки речник", "Страниците за
Македонија и Македонците од Христо
Андоновски, "Социологија на образовани-


22


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 101 2005
ето" од Петре Георгиевски, романот
"Александар Македонски" од Урлих Вилкен.
Во коавторство со Петко Златески го
издадовме "Библискиот речник" кое е


уникатна издание од ОВОЈ вид на македонски


јазик, кој беше промовиран во 1998 година
само неколку години по поЈавата на комплет­
ното македонско издание на Светото Писмо,
на Стариот и Новиот Завет. Ова е прирачник
на секој љубител на Светото писмо, под­
готвен да му биде водич и толкувач на биб­
лиските текстови. Исто така, во 1997 година,
се појавија и шестте "Речници во слики" за
изучување на англискиот, францускиот, гер­
манскиот, турскиот, албанскиот, ромскиоти
влашкиот јазик. Во коавторство со м-р
Илинка Дракулевска - Грубовиќ и д-р
Никола Ј ордановски го подготвивме
"Англиско-македонски ветеринарен речник".
Станува збор за термини од ветерината,
сточарството, паразитологиЈата, енто­
мологијата, фитопатологијата, пчеларство­
то, ловот и риболовот.


Денес имавме можност професорката
Вера Стојчевска - Антиќ да ни ја претстави и
најновата ваша книга "Придонесот на
Македонија во светската цивилизација". Во
неа прочитав дека 'Аристотеловата кралска
школа имала големо влијание врз самосвеста
на Македонците.' Каде е самосвеста на
Македонците денес?
Имам поминато доста литература по
таа тематика. Аристотел од тестото направ­
ил еден прекрасен лик. Го образовал и го
направил тоа што го направил со Александар
Македонски. Меѓутоа, татко му Филип е
основата, мозокот. Тој бил човекот -
бескрупулозен дипломат кој знаел и умеел.
Успеал со сила да ја оформи Коринтската
лига и да ги покори сите елински градови. Тоа
беше основата за походот на Александар




Интервју.....


Македонски. Кај сите народи имало подеми и
падови. Меѓутоа, Македонците треба да
бидат горди на тоа Царство Македонско.
Заедно со Александар Донски од Штип
напишавме книга "Александар Македонски",
која треба наскоро да излезе од печат. Оваа


Од промоцијата на „Придонесот на
Македонија во светската цивилизација


Филип Македонски, Александар Македонски
и Александар Велики.
Кога зборуваме за самосвеста денес
таа е на многу ниско ниво. Се залажувавме
дека луѓето ќе си одат во странство на
одреден период и потоа ќе се вратат. Тоа
било само краток период. Светот за старите
се промена. Некои од нив се уште живеат со
спомените на Стара Југославија, а нивните
синови за генерација или две ќе зборуваат за
Македонија како за место од каде дошле
нивните претци и родители.


Дали за ова е крива и црквата, однос­
но односите во неа?
-Се додека религијата не се вклучи со
практично сакање и почитување на другиот
како што се сакаме себеси и прво секој да
направи добро за другиот, па за себе, се доде­
ка немаме политичка култура дотогаш ќе
тонеме во бездна. Има причини за оваа сос­
тојба. Нашите цркви не се класични цркви
само на верници, како што е тоа случај со
протестантските или други цркви. Нашите
цркви, во кои членуваат помалку или повеќе
религиозни верници, се сфатени повеќе и
како културни собиралишта за крштевки,
свадби и банкети, каде на овој или оној начин
луѓето не можат да ја заобиколат политика­
та. А и ние оттука не направивме многу за да
ги поврзиме. Единствено во Австралија се
уште не се дозовриени овие односи, а ќе
зовријат брзо.


23


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 101 2005


Го пропатувавте целиот свет на
почетокот како емигрант, а потоа како


"амбасадор" на Македонија за македонските
иселеници во светот. Дали бевте поттикнати
од вашата лична идентификација со вашите
родители и со себе, односно со носталгијата
на Мекедонците за својот роден крај.
-Уште како млад, пред да започнам со
студиите, уште пред 1966 година патував кај
моите родители во Канада. Денес моите
родители се починати. Имам роднини во
Канада каде што можам да одам. Јас многу
сакав да навлезам во психата на
Македонецот, да влезам во неговата душа, во
се она што тој чувствуваше за Македонија,
посебно постарата генерација. Тие се
психички оптоварени и покрај тоа што
физички престојуваат во местото каде што
живеат затоа што со душата се во


Македонија. Мајка ми си дојде од Канада за
да умри во Љубојно. Ете тоа е нашата судби­
на.
Еднаш реков дека иселеништвото е
трагедија од Шекспир. Да се иселиш од род-


Промоција на книгата „Македонскиот печат во
иселеништвото


нота место, да го напуштиш родниот крај е


трагедија. Нашите луѓе кои се иселуваат од
економски или било кои други причини
страшно многу тагуваат. Имам правено
многу интервјуа со наши луѓе - обични
граѓани, интелектуалци, сиромаси, богати и


. .


кај сите нив имам најдено нешто заедничко


што никогаш не го заборавиле. Тоа е родниот
крај. И какви спомени да имаат од тие прос­
тори за нив се најубави. Само за илустрација
ќе ви ја раскажам случката со еден мој прија­
тел од Канада, роден во Егејска Македонија.
Тој немаше право да оди таму. Му
предложив со кола преку Бугарија и Турција




Интервју.....


ноќе да влезиме во Грција. Тоа и го сторивме
и се упативме кон неговото родно село


Ошќина, Леринско. Го гледав како возеше,
како брзаше кон родниот крај што го немаше
видено 30 години. Кога стигнавме до местото
на неговата куќа за која имаше претстава
дека е голема убава на два ката и долу два
дуќани наидовме на руина полна со капини.
Плачеше четири саати околу куќата и на кра­
јот ми рече, "Јас сега се излекував. Досега бев
болен, а сега сум здрав". Сега можеме да си
одиме. Всушност, секој човек си го сака род­
ното место. Во 1973 година при интервју со
д-р Синиша Станковиќ, директор на
Хидробиолошкиот завод во Охрид кој ја
имаше прогласено Југославија за Федерација
отпрво не сакаше да признае дека е од


Гостиварско. Неговиот дедо имал проблеми
и со семејството си заминал. Завршил на
Сорбона. Го прашав која би била во тоа
време наЈголемата казна за дисидентите.


"Првата казна беше смрт со стрелање", тој
рече, "а втората казна беше никогаш да не се
врати во родниот крај".
Денес имаме многу млади и таленти­
рани луѓе со кои Македонија треба да се
гордее, а згора на нив да ги додадеме и оние
образовани кадри кои во последните петнае­
сетина години се одливаат од Македонија.
Покрај споменатите бизнисмени во моно­
графиите има и други успешни бизнисмени
како што се: Мајкл Илиќ, потоа Џо
Наумовски од с. Наколец кој поседува две
фабрики, над 3000 пицерии во Америка и го
држи кошаркарскиот клуб во Детроит, Стив
Ставрев од Торонто и тн.


Од пред неколку години сте
пензионер. Дали сте активни и што подготву­
вате во моментот?
-Во истата 2001 година кога се пен­
зионирав ја издадов книгата "Моите пату­
вања низ светот" во која се опфатени моите
импресии од 20 држави на сите континенти во
која живеат македонски иселеници. Главен и
одговорен уредник сум на издавачката куќа
"Македонска искра". Публикуваме учебници
за шесто, седмо и осмо одделение. Во 2002
година таа ја издаде книгата "Македонците
во Канада и САД" која ја осветлува биб­
лиската вистина за постоењето и вековното


страдање на македонската нациЈа во срцето


на Балканот. Во 2004 година повторно во
издание на "Македонска искра" излезе моно-


24


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 101 2005
графијата "Катип" од Борче Наумовски. Во
моментот работам на една книга
"Македонија и соседите", потоа работам на


Од осветувањето на просториите на
,,Македонска Искра"


една книга раскази наменета за нашите исе­
леници - случаи што тие ми ги раскажувале.


Треба да започнам да пишувам уште
една монографија за која е уште рано да
зборувам.
На почетокот ни кажавте за вас. За
крај, кажете ни нешто за вашето семејство?
-Мојата сопруга Нада е македонист -
советник за македонски јазик. Пишува
учебници по македонски јазик за основно
образование. Таа има над 80 стручни и научни
трудови, проучувања и истражувања, а ги
прокрстари со мене и сите земЈи каде што


патував. Син ми Александар е доктор по вет­
ерина во владата на Шеќеринска во поглед на
европските интеграции. Ќерка ми Дафинка е
професор по англиски и шпански јазик и


живее во Лондон.


НАЈПОПУЛАРЕН ПЕЈАЧ МЕЃУ




Од животот на библиотекарите
БИБЛИОТЕКАРИТЕ
ДРАГИ КАБРОВСКИ
Убавото село Буково кое се наоѓа во


непосредна близина на Битола досега дало


Од настапот во е. Буково, 1981 година


повеќе истакнати личности во речиси сите
области во животот. Во најпопуларните
буковчани се вбројува и Драги Кабровски кој
по професија е библиотекар, вработен во
Националната установа Универзитетска биб­
лиотека "Св. Климент Охридски" Битола.
Поводот за разговор со овој наш
скромен и примерен работник е поврзан со
неговата голема љубов-песната. кого при
едно гостување на програмата на Радио
Битола новинарот Борче Начовски ќе го
нарече, "најпопуларен пејач меѓу биб­
лиотекарите и најпопуларен библиотекар
меѓу пејачите во цел југозападен регион, а
можеби и во Републиката".
Од кога сте вработени во
Библиотеката?


25


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 10, 2005
Роден сум на 06.08.1947 година во село
Буково. Во Библиотеката сум вработен од
15.02.1968 година, на работно место, во биб­
лиотеката, во селото Буково. Се запослив со
договор за хонорарна работа на определено и
скратено работно време од 3,5 часа дневно, со


работни задачи комплетна обработка на
книги и издавање. Ја заменив Десанка
Брклевска која беше преместена во реонска­
та библиотека во домот на Месната заедница
"Чинарот". Во тоа време, оваа библиотека
располагаше со 4500 книги од следните
жанрови : лектирата за учениците од прво до
осмо одделение, во помал број лектири за
Средните училишта, белетристика за возрас­
ни и слободна литературе за деца, стручна
литература од областа на земјоделството,
овоштарството, сточарството и ел., а бевме
претплатени и на весници и списанија. Во
библиотеката беа зачленети преку 400
членови, од кои повеќето беа ученици.
Библиотеката беше масовно посетувана и
како таква претставуваше вистинско кул­


турно катче каде што се задоволуваа култур­
ните потреби на жителите од селото.
Споменатиот факт говори дека оваа
библиотека работеше успешно и како таква
беше прогласена за најдобро средена реонска
библиотека во Македонија заради што и доби
награда во книги од Републичката културно
просветна заедница.
Од месец декември 1976 година, бев
повлечен во Централната библиотека, со
Решение на неопределено и полно работно
време. Една година работев на работно место
редење и одржување на картотеките, а потоа,
до 1980 година, работев со Подвижната биб­
лиотека. Од 1980 до 1985 година, бев прерас­
пореден на замена во Детската библиотека, а
од 1985 година до денес, сум на сегашното
работно место Популаризација на книгата.




Од животот на библиотекарите


Мојата задача е, низ разни форми на
активности да ја популаризирам и афирми­
рам дејноста на Библиотеката како совре­
мено обликуван библиотечно-информативен
центар, а целокупниот библиотечен матери-
. .


јал со КОЈ располага, да го претставам што


поблиску до читателите односно корис­
ниците.


А сега кажете ни нешто за
почетоците на "вечниот трубадур од Буково"
како што гласеше еден напис во Битолски
весник од 1999 година?
-Со песната другарувам уште од
најрана возраст. Се сеќавам бев на возраст
од 6 или 7 години, кога ќе го земев тенџере­
то од чинго, ќе го врзев со сиџим за рачките,
подолго, за да можам да го ставам преку
рамото, и ќе удрев со стапот како да тропам
на тапан. Од чардакот гласот и песната
ечеше, а мајка ми викаше по мене .. леле
Драги го искрши тенџерето ... , а јас со стапот,
пак удри, а таа повторно .. "леле море Драги
го искрши тенџерето .. "
Неможам да заборавам дека првиот
мој официјален настап го имав како ученик
во трето одделение, во ОУ "Никола Карев"
во с. Буково, на Општинската смотра во с.
Бистрица, во 1959 година, на која се претста­
вив со народната песна "Дај ми мамо динар до
два". Со првиот мој настап е поврзан и еден


Од настапот во с.Кривогаштани, 1971 година


куриозитет, настапив без музичка придружба
(оркестар). Тоа за мене не претставуваше
некоја тешкотија, бидејќи со мојата одлична


. .


интерпретациЈа и појава на сцената, ги восхи-


тив сите присутни во преполнетата сала на
ДОМОТ.


26


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 10, 2005
Мојата богата аматерска пејачка
кариера ја продолжив во Младинското
кутурно уметничко друштво во селото.
Членував во хорот при Училиштето со кој
тогаш раководеше наставникот по музичко,
Пеце Богоевски. Тој, уште повеќе се засилува
мојата љубов кон песната. По завршувањето
на осмо одделение во 1962 година, се запишав
во тогашната Учителска школа "Браќа
Миладиновци" Битола, каде што се запишав
во хорот и оркестарот. Со нив настапувавме
во градот, по повод разни свечености и


имавме неколку гостувања надвор од градот,
по поголемите месни центри.
Во 1964/65 година, се пријавив на ауди­
ција во оркестарот на народни песни на Радио
Битола, по претходна сугестија на новинарот
Димче Миновски. Бидејќи тој ме познаваше
и имаше прилика да ме види како пеам на
едно нивно гостување во Буково, кога ми
беше дозволено да запеам една песна во
придружба на истиот оркестар, бев примен на
аудицијата. Оттогаш имав прилика да
настапувам на концерти заедно со тогашните


пејачки легенди на Битола како: ѓорѓи
Белџигеровски, Донка Лазарева, дуетите
Цвета и Петар Павловски, Куцулова -
Андреевски и др. Во мојата долгогодишна
пејачка кариера имам членувано во повеќе
културно уметнички друштва: "Моша
Пијаде", "Александар Турунџев", "Илинден",
АКУД "Даме Груев", "ВИА Битола",
"Битола 94".


Кажете ни нешто на кратко за вашиот
богат репертоар и за вашите настапи каде сте
биле и дали имате добиено некои награди или
признанија?
-Тоа беше силна љубов кон македон­
ската народна песна која МОЈОТ репертоар го


направи извонредно богат и располага со над
100 стари македонски народни песни кои ги
пеам без да се потсетам на текстот.
Новокомпонираните ги пеам само под еден
услов, тие ако ми се допаднат и да ми одго­


вараат на МОЈОТ глас.
Како член на гореспоменатите
друштва имам настапувано во многу места во


Македонија, во бившите ЈУ - републики и во
странство. Во периодот кога земјата се
градеше кога се организираа Сојузни младин­
ски работни акции со АКУД "Даме Груев"
приредивме концерти во следите младински


работни акции: "Делиблатски песак"




Од животот на библиотекарите
Војводина, "Велика плана" Србија,
"Стрежево" и др. Уште побројни се моите
настапи на разни свечености што по разни
поводи се одржуваа во Битола и ширум


Од Патрониот Празник со вработените во
рестранот „Белведере" во 2003 година


Од прославата на 60 - годишниот јубилеј на
Библиотеката во рестранот „Стрежево" во 2005
година


Републиката, како што се: многубројните
ревии на аматери пејачи, концерти, квиз нат­


превари придружени со музички исполну­


вања, дочек на штафетата на младоста во
Битола, избори на златен глас за аматери
пејачи, фестивали, по повод 2 Август
(Илинден) на иселеничките средби во с.
Трново, Десет дена Крушевска република, и
др. на кои имам освоено прку 50 награди и
признанија како први втори и трети награди
на разни ревии на македонски народни песни.


Секогаш ќе се сеќавам на ревијата на народ­
ни песни во 1967 година што ја организираше
тогаш КПЗ на Битола на 03 Ноември во очи
на ослободувањето на Битола во кино салата
на Партизан каде што настапив со песната
"Битола мој роден крај" и ја освоив втората


27


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 10, 2005
награда на стручното жири во голема


конкуренција бидејќи настапија афирмиран­
ите пејачи од Битола како што беа: Дуетот
Цвета и Петар Павловски, Куцулова­
Андреевски, Пепи Бавтировски, Лилјана
Стоилкова, Ристо Пулевски дуетот од
браќата Дуковски и др. Исто така многу
драга ми е и третата награда од стручното
жири на Републичкиот натпревар "Избираме
најдобар пејач работник" (бронзена плакета
на градот на рударите) која се одржуваше во
Пробиштип, сега познат како ПРОФ ЕСТ,
каде што како вработен во Библиотеката, ја
претставував општината Битола.


Повеќепати сте настапувале во
странство?
-Моите гласовни можности и пред се
одличната интерпретација придонесоа да гос­
тувам во повеќе земји како: "Гоцеви денови"
во Германија, во градовите: Вилхелмсхафен,
Хамбург, Биелефелд, Дортмунд, штутгард
(четири пати); во Турција во градот Истамбул
и општината ѓулпинар; во Бугарија во
градовите: Банско, Сандански, Петрич и во
селата: Струмјани, Цапарево, Крналово; во
СР Југославија во градовите: Загреб и Риека;
во Словенија и тн. При мојата приватна посе­
та на син ми во 2001 година, во Сиднеј имав
настап во Кинескиот ресторан во населбата
Бенкстоун.


Дали сте настапувале на медиумите и


дали успеавте да снимите некоја касета и
какви се вашите планови за во иднина?
-На овој план неможам да се пофалам,
бидејќи заради недостиг на финансиски сред­
ства не ми се оствари таа моја голема желба
која се уште ми стои како неостварена. Со
свој личен труд долго време градев куќа и не
се стигнуваше. Имав две снимања во живо за
македонската телевизија за документарните




Од животот на библиотекарите
програми за "Печалбарството во Битола и
битолско" и двете емисии беа емитувани на
првата програма на Македонската телевизи­
ја. Потоа, бев гостин и во емисијата
Фолклорна плетеница на Радио Битола која
ја организираше покојниот профессор Илија
Алушевски.
Сепак извесна сатисфакција е сниме­
ниот материјал од 12 староградски битолски
песни кои се наоѓаат во ланг плеј плочата
што ја снимивме со Вокално инструментал­
ниот ансамбл "Битола", кој работеше под
покровителство на Домот на кутурата, каде
што јас пеев прв глас - тенор. Т о к м у
поради ова, моја желба е како солист да сни­
мам еден материал на КОЈ не гледам од


комерцијална природа да заработам пари
туку единствено ТОЈ да остане како документ
за моето долгогодишно културно
ангажирање како пејач аматер на овие прос­


тори.


Од дружењето со роднокрајните автори на
„ Тркалезната маса" што се одржа на 1 б март
2005 година.


ЕВЕ ШТО САКАВ ДА КАЖАМ ЗА
ЛИТЕРАТУРАТА


Никола Кочовски, писател


Туку, за ова да го кажам, ме повлече само
последниот дел од вашето прашање.
Тематски интересирања? Тие кај мене
доаѓаат, ми се чини, од самото сфаќање на
функцијата на литературата. Според мене,
суштествена смисла на литературата е да го


појасни човекот и да го подобри. Да му
предочи што се во него се криело. Таа е едно
можно, прилично сеопфатно огледало на
живеењето. Вака е, многу кратко речено, а


28


БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 10, 2005
тоа е тешко доопфатна, преширока област.
Притоа, кај мене важно е, секако, кои момен­
ти во моментов се чинители на поведението.
Сум имал можност да чујам дека лит­
ературата нема иднина. И навистина, со оглед
на современото динамично живеење на


човекот, кое му го раздробува времето и не
му остава неисполнети часови во кои прод­
лабочена би се посветил на читањето, а од
друга страна и натрупаноста на секојдневјето
со разни нови технички изуми, кои се повеќе
добиваат улога на исполнувачи на тоа секојд­
невје со содржини кои попримаат на себе
изглед или и вистинска стоЈност на уметничка
"храна" за личноста, како што е филмот, со
својот извонреден развој, а особено понудата
на тн. масовни забави - музицирања, ТВ - раз­
гледници, квизови, разни совети и реклами, а
понекогаш и добра музика, или пак добра
репортажа - сето тоа на литературата е го
одзема приматот што некогаш одамна го


имала, кога сето тоа не било пројавено, така
што се создала онаа грандиозна напишана
класика.


Но, и литературата се развива! Таа не
останала на првобитното скалило. Може ли
да е се одрече способноста на извонредно
мунициозно понирање во човечката душа,
која е неисцрпно сложена? Таа денес нурка се
поуспешно во лавиринтите на интимата,
каква некогаш не можела да се замисли, а


. . .


КОЈ а сепак ја препознаваме дека сме ја имале
како човечки род, всушност отсекогаш.
Доволно е само малку да се оттргнеме и да се
осврнеме на навидум неинтересните црно­
бели редови што таа, литературата денес ги
нуди како плод на нуркањето, на руднику­
вањето на добриот писател. Верувам дека
мисиЈата на литературата е и да зачува, да


обезбеди некој талог што ќе остане во
протечената река, доказ што ќе биде многу
пожив од фотографските или видео слики.
Заслужува голема пофалба и
поддршка обидот на "Утрински весник" и
"Дневник" за распродажба на одбрани
книжевни дела со примероци на весниците.
Тоа може да води само кон добро. На светот
му е потребна литературата.












МУДРИ МИСЛИ


Обиди се да ја извршуваш својата должност па ќе видиш колку вредиш.
Гете


Секој сака да е некој; никој не сака да расте.
Гете


Сите трчаат кон престолот, како среќата да седи на престолот. Калта
често седи на престол, а често престолот е врз кал.
Горки


Подобро да се страда од вистина, отколку да се биде награден за лага.
ДаВинчи


Сите вистини коишто ќе се премолчат стануваат отровни.
Ниче


Во присуство на вистинитиот човек, паѓа маската на лажниот човек.
Рамакришна


За да ја говориш вистината, мора да владееш со лак и стрела.
Ниче


Владетел којшто го храни мудрецот, а не го прашува за совет, еднаков е на
. .


сакатиот коЈшто нема нозе, а има коњ за јавање.
арапска


Се што може да се спечали без работа и труд, нема вистинска вредност.
Едисон


Калта може да ги извалка дијамантите но не може да ги претвори во кал.
Тагоре


Безвредните луѓе и безвредните книги ни одземаат драгоцено време.
Вајлд


Кога ќе се појави гениј, ќе го препознаете по тоа што глупаците се
здружуваат против него.
Свифт


Се има свои граници, освен човечката подлост и глупост.
Паскал


Да се греши е човечки, но да се истрајува во тоа е ѓаволски
Сенека


33




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД БР. 5, 2004


34