БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.48/49 2019 1
ÁÈÁËÈÎÒÅ×ÅÍ ÒÐÅÍÄ
СПИСАНИЕ НА
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
БИТОЛА
*
Издавач
Национална установа
Универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“, Битола
ул. Пеце Матичевски бр. 39
*
За издавачот
м–р Бојан Стефановски
*
Издвачки совет:
д-р Николче Вељановски,
претседател
Илче Стојановски
Гордана Пешевска
*
Главен и одговорен уредник
д-р Николче Вељановски
*
Редакција:
д-р Николче Вељановски
Илче Стојановски
*
Лектура
Александар Димитров
*
Подготовка и печат
Графо Пром – Битола
*
Тираж
200 примероци
ISSN 1409–9497
Тел/факс.: 047/220-208;
Тел.: 047/220-515;
Тел. на Изд.: 047/232-999
www.nuub.mk
e-mail: nuub@nuub.mk
СОДРЖИНА
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
СОРАБОТКА СО БИБЛИОТЕКИ ВО ШВЕДСКА
Подготвиле: м-р Јелена Петровска, библиотекар советник
м-р Марија Малгожата Мачковска, библиотекар советник . . . . . . . . . . . . . . .2
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА COBISS 2018
Подготвила Лидија Мирчевска, виш библиотекар . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .3
ИСКУСТВА ОД БИБЛИОТЕКИТЕ ВО ЛЕУВАРДЕН (LEEUWARDEN) –
ХОЛАНДИЈА
Подготвила Лидија Мирчевска, виш библиотекар . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .4
ПОСЕТА НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД УНИВЕРЗИТЕТСКАТА БИБЛИОТЕКА
СТЕНДЕН, ХОЛАНДИЈА
Подготвила Лидија Мирчевска, виш библиотекар . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .5
УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТОТ PROMISE ВО БУКУРЕШТ
Подготвиле: Фатма Бајрам Аземовска, виш библиотекар и координатор
на проектот за Македонија и Јелена Петровска, библиотекар советник . . . .6
ПОСЕТА НА НАЦИОНАЛНАТА БИБЛИОТЕКА ВО БУКУРЕШТ
Подготвиле: Фатма Бајрам Аземовска, виш библиотекар
Јелена Петровска, библиотекар советник . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .7
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИБЛИОТЕКАРИ
ВО ЦЕТИЊЕ, ЦРНА ГОРА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 8
СЕМИНАР ЗА ДИГИТАЛНИ УСЛУГИ ВО БИБЛИОТЕКИТЕ
ВО БАЊА ВРУЈЦИ (Р. СРБИЈА) . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 8
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РОМИТЕ – ЖРТВИ НА ХОЛОКАУСТОТ . . . . . . . . . . . . . . . . 9
УЧЕСТВО НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА БИБЛИОТЕЧНАТА УНИЈА
ВО ВАРШАВА, 2019
Подготвила м-р Јелена Петровска, библиотекар советник . . . . . . . . . . . . . . 10
ЗАШТИТА И КОНЗЕРВАЦИЈА ВО НАЦИОНАЛНА БИБЛИОТЕКА ВО ВАРШАВА
Подготвила м-р Јелена Петровска, библиотекар советник . . . . . . . . . . . . . . 10
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ХОРТИКУЛТУРНИ БИБЛИОТЕКИ
Подготвила м-р Јелена Петровска, библиотекар советник . . . . . . . . . . . . . . 12
ВОВЕДУВАЊЕ НА СЕГМЕНТОТ COBISS3/ НАБАВКА
Подготвила Анета Стефановска, библиотекар советник . . . . . . . . . . . . . . . 12
ОБРАБОТКА НА ФОНДОТ ОД НЕКНИЖНАТА ГРАЃА
Е-КНИГИ И МУЗИКАЛИИ
Подготвил Николче Вељановски, библиотекар советник . . . . . . . . . . . . . . . . 13
БИБЛИОТЕКАРСТВО ПРЕТСТАВЕНО СО ТЕМАТСКА ИЗЛОЖБА
Подготвила Ленче Андоновска, библиотекар советник. . . . . . . . . . . . . . . . . . 14
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“ 2019
Подготвила Гордана Пешевска, библиотекар-советник . . . . . . . . . . . . . . . . . 15
70 ГОДИНИ БИБЛИОТЕКАРСКО ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНИЈА
Подготвилa м-р Милка Котевска, библиотекар . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 16
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ, ПРЕДАВАЊА
Подготвила: Фатма Бајрам Аземовска, виш библиотекар . . . . . . . . . . . . . . . 18
14. РОДНОКРАЈНА СРЕДБА НА БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ
Подготвил: д-р Николче Вељановски, библиотекар советник . . . . . . . . . . . . 25
ЈАГЈЕЛОНСКАТА БИБЛИОТЕКА ВО КРАКОВ, ПОЛСКА
Подготвила Марија Малгожата Мачковска, библиотекар советник . . . . . 28
БИБЛИОТЕКАТА ВО РЕНОВИРАЊЕ И ОБНОВУВАЊЕ
НА ТЕХНИЧКАТА ОПРЕМА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 28
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 48/49 20192
Проектот беше реализиран во Шведска во пе-
риод од 21-26.11.2018 година, со работни посети
на библиотеките во градовите Трелеборг, Малме
и Лунд каде се наоѓаат голем број на иселеници
од Македонија. Воспоставени беа и контакти со
Друштва и поединци кои се вклучени во органи-
зирање на културни, образовни и други потреби
на своите сонародници.
Библиотеката Штад во Малме (Stadsbiblioteket
Malmö) е пример на библиотека која ги исполну-
ва критериумите за да биде вистински центар на
заедницата. На работна средба со одговорните
лица и вработените во библиотеката се разгова-
раше за искуствата на шведските библиотекари
во организирањето на библиотечните програми
за различни категории на библиотечните кори-
сници. а воедно беше презентирана работата на
македонските библиотекари, како и иновативни
библиотечни активности на нашата Библиотека.
Беше презентирана и новата програма за сора-
ботка со научно - истражувачки кадар која се од-
несува на академското пишување и методологија-
та на истражувањето, програма која во наредниот
период ќе биде составен дел од активностите по-
врзани со Универзитетот во Битола.
Универзитетска библиотека во Малме (Malmö
University Library - Orkanen Library), иако по своја-
та функција е свртена кон поддршка на учењето,
сепак е широко отворена кон сите категории на
граѓани, со што претставува вистински мултикул-
турен простор. Нашата делегација се сретна со ди-
ректорката на библиотеката, која ни ги претстави
активностите и организациската поставеност на
институцијата преку различни програми и проек-
ти врзани со студенти и наставно-научен кадар.
Беа презентирани и е-извори и научни бази на по-
датоци наменети за студенти и професори, како
и за сите корисници, граѓани на Малме кои што
имаат потреба од истите.
Јавната библиотека во Трелеборг (Trelleborg
Library) е библиотека со помал обем на корисни-
ци, но со атрактивни и иновативни библиотечни
активности. Раководител на Библиотеката и би-
блиотекарите вработени во Одделот за деца пре-
зентираа бројни иновативни активности кои ги
организираат за анимација на населението. Со
оглед на голема традиција на шведските библио-
текари, фондовите на библиотеки да бидат лесно
достапни во секој дел од градот и околните места,
библиотеката го поседува Библиобусот, проект
кој што со години наназад е еден од најуспешни-
те проекти како во Шведска така и во многу дру-
ги земји.
Универзитетскиот кампус во Лунд е еден од
најстарите во Европа. Универзитетската библио-
тека во Лунд (Lund University Library), формирана
СОРАБОТКА СО БИБЛИОТЕКИ ВО ШВЕДСКА
Подготвиле:
м-р Јелена Петровска, библиотекар советник
м-р Марија Малгожата Мачковска, библиотекар советник
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.48/49 2019 3
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
уште во 17. век претставува „срце на универзите-
тот“ и научно – истражувачката работа на универ-
зитетот. Заменик директорот не запозна со улога-
та и програмите на библиотеката со студентите
и научно – наставниот кадар, додека стручниот
дел беше реализиран со библиотекари од поеди-
нечни оддели. Значајни се искуствата од оддели-
те за специјални збирки, за периодика, раритет-
на граѓа и др. Особено беа интересни решенијата
за комплетирање на Збирка на ефемерна граѓа и
дробен печат. Во библиотеката се наоѓа и многу
вреден и уникатен материјал од втората светска
војна за холокаустот. Збирката содржи ракописни
сведоштва на затвореници од концентрациониот
логор Равензбрик. Сите материјали се дигитали-
зирани и достапни на WEB страната на Библиоте-
ката. Во Одделот за каталогизација на монограф-
ски публикации ни беше презентирана шведската
програма за обработка на библиотечниот фонд.
На колегите од Шведска им ја претставивме про-
грамата COBISS и Виртуелната библиотека на Ма-
кедонија.
Како дел од проектот е реализирана и работ-
на посета на Македонското здружение „Пелистер“
во Трелеборг, каде се сретнавме со секретарот и
дел од членовите на Здружението. Разговаравме
за активностите на Здружението, нивните потре-
би за набавка на книги на мајчиниот јазик, како
дел од програмата за најмладите и негување на
јазикот и културното наследство. Преку кратка
презентација на македонските писатели и книги,
членовите ги запознавме со можностите за идна
соработка.
Во рамките на Проектот дополнително е ре-
ализирана и посета на Националната и универ-
зитетска библиотека во Копенхаген „The Royal
Danish Library - Black Diamond“ во Данска, најго-
лема библиотека во Скандинавија. Таа има про-
сторни можности кои се пример за функционално
поврзување на традиционално и современо би-
блиотечно работење.
Во библиотеките во Скандинавија сите услуги
се бесплатни. Проектот се реализира со поддршка
од Министерството за култура на Република Ма-
кедонија.
Подготвила Лидија Мирчевска, виш библиотекар
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА COBISS 2018
Институтот за информациски науки во
Марибор, од 27 до 29 ноември 2018 годи-
на ја одржа традиционалната меѓународ-
на конференција COBISS 2018.Претстав-
ник од НУУБ „Св.Климент Охридски„ – Бито-
ла беше Лидија Мирчевска, виш библиотекар.
Во програмата, првиот ден беше наменет само
за гостите од Словенија, вториот ден за гости-
те од државите членки на COBISS. Net, а третиот
ден за средба на националните COBISS – центри.
На конференцијата, главна тема беше: „Училиш-
ните библиотеки во глобалната библиографска
информациска мрежа“. Беа изложени други ин-
тересни теми од следните предавачи: Дороти Ви-
лијамс (Универзитет Роберт Гордон), „Влијанието
на училишните библиотеки врз учењето “, Весна
Чолич (Министерство за образование на Републи-
ка Словенија), „На патот кон словенечката верзија
на реализирање на
насоките на IFLA
за училишните би-
блиотеки“, Романа
Фекоња (Завод за
школство), „Пре-
глед на состојба-
та во училишните
библиотеки“, Да-
вор Брачко (ИЗ-
УМ), „COBISS низ
бројки„, Татјана
Аларац-Јелушиќ ,
„Компентенции -
те на библиотеч-
ните и информа-
циските стручња-
ци: предизвици
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 48/49 20194
во променливото социјално-културно опкружу-
вање“, Сабина Фрас Поповиќ (Мариборска би-
блиотека), „Будење на стручната совест:соработ-
ка и заедничко создавање“, Матјаж Перц (Уни-
верзитет во Марибор), „Милениум на ликов-
ната уметност низ призмата на физиката“ и др.
Целта беше да се истакне вклучувањето на учи-
лишните библиотеки во системот COBISS, нови-
ни во истиот, како и други содржини.
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
Подготвила Лидија Мирчевска, виш библиотекар
ИСКУСТВА ОД БИБЛИОТЕКИТЕ ВО ЛЕУВАРДЕН (LEEUWARDEN) –
ХОЛАНДИЈА
Проектот беше реализиран во Холандија во пе-
риод од 10-14.12. 2018, со посета и организирање
на работни средби од повеќе библиотеки во гра-
дот Леуварден (Leeuwarden). По претходниот до-
говор библиотекарите од НУУБ „Св. Климент Ох-
ридски“– Битола, М-р Јелена Петровскабиблиоте-
карсоветник, М-р Марија Малгожата Мачковска
библиотекар советник и Лидија Мирчевска, виш
библиотекар направија повеќечасовна посета на
Тресор (Tresoar) -библиотеката и архив на гра-
дот Леуварден(Leeuwarden). Со одговорните ли-
ца и вработените во библиотеката разговаравме
за искуствата од нивната работа, а воедно ги за-
познавме со работата на македонските библиоте-
кари преку презентација на активностите на на-
шата Bиблиотека, нејзината WEB страна, како и
содржини од изданија на Дигитална библиотека.
Стручно лице библиотекар – специјалист за ис-
тражување на семејни стебла на лица кои потек-
нуваат од Фризија (Frizija), покраина во која се
наоѓа градот Леуварден (Leeuwarden) ни ја прет-
стави својата библиотечна работа со странките.
Барајќи ги своите семејни корени, членовите на
библиотеката користат разновидни извори за ис-
тражување: стари книги и документи од архивот,
микрофилмови, достапни податоци на интернет
и други извори.
Во Одделот за конзервација на стари ракописи
ни беше презентирана збирка на атласи од реги-
оналната флора и фауна од осумнаесеттиот век,
кои се достапни на интернет, а голем дел чека-
ат на нивната дигитализација која е побарана од
Google. Библиотеката има многу инспиративен
простор за корисниците со инсталации кои се дел
од изложбите во Леуварден – Европска престол-
нина на култура 2018. Одделот за архива е инте-
рактивен простор за истражување на историја и
јазикот на покраина Фризија, како и просторија –
кино со богата збирка на стари филмови. Имавме
прилика да ја видиме и изложбата со ислкучител-
на вредност на стари ракописи и предмети повр-
зани со историјата на значајни личности, како
што се писмата на Наполеон до Жозефина и пи-
шувани документи поврзани со контраверзната
шпиунка Мата Хари, родена во Леуварден.
Како дел од проектот беше посетена и ДБИБ
(DBIEB) Јавна библиотека во Леувaрден. Библи-
отеката е сместена во историскaта зграда на не-
когашниот затвор од 1874. год. , кој е функци-
онално прилагоден кон потребите на совре-
меното библиотечно работење, а во исто вре-
ме е зачувана автентичноста на зградата. Би-
блиотеката ја сочинуваат оддели за возрас-
ни корисници, за млади и деца под 12 години.
Инспиративен беше просторот за деца со бројни
иновативни решенија и активности, работилни-
ци за истражувачка работа, книги и разновидни
помагала за нивната едукација. Како посебен дел
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.48/49 2019 5
од библиотеката е и просторот наменет за потре-
бите на студенти (кино сала, читални, изложбени
простори, простор за дружење и т.н.).
Исто така, беше посетена и Универзитетската
библиотека (NHL Stenden Library) при Универзи-
тетот Стенден(NHL Stenden University of Applied
Sciences) составен од 14 факултети со многу раз-
новидни програми за студирање. На Универзите-
тот студираат повеќе од 25.000 студенти.
На средбата разгова-
равме со одговорните
на Библиотеката,рако-
водителот Роналд Вијња
(Ronald Wijnia), библио-
текарите Маргриет Ван
дер Гиесен (Margriet
van der Giessen) и Си-
мон Лендерс (Simone
Leenders). Беа размене-
ти искуства од библи-
отечното работење на
двете библиотеки.
Библиотеката е сос-
тавена од стар и нов дел функционално поврзани
во една целина. Едно од иновативните решенија на
интерактивни места за учење вклучуваат истовре-
мено работење на компјутер со вртење на педали
од статичен точак при што имаме спојување на фи-
зичката рекреација со умствениот напор.
Програмите за талентирани студенти и про-
грамите за гејмификација во библиотечното ра-
ботење се мошне популарни како нови едукатив-
ни методи за поддршка на наставата. Библиоте-
ките во Холандија се единствени во креирање на
иновативни програми со различен тип и возраст
на библиотечните корисници, начинот на орга-
низациска поставеност во библиотеките, воведу-
вање на нови содржини наменети за наставно-на-
учниот кадар и за студентите, како и во функци-
оналното користење на библиотечниот простор.
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
Подготвила Лидија Мирчевска, виш библиотекар
ПОСЕТА НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОДУНИВЕРЗИТЕТСКАТА
БИБЛИОТЕКА СТЕНДЕН, ХОЛАНДИЈА
На ден 27 мај оваа година во просториите на
Библиотеката се одржа работна средба со библи-
отекари од Универзитетската библиотека на Уни-
верзитетот Стенден во Леуварден, Холандија. По-
сетата на библиотекарите претставува продолжу-
вање на соработката меѓу двете институции која
започна да се реализира уште од крајот на 2018
година, проект кој беше поддржан од Министер-
ството за култура.
Гостите од Холандија – раководителот Роналд
Вијња, библиотекарите Маргриет Ван дер Гиесен
и Симон Лендерс имаа работна средба со дирек-
торот на нашата Библиотека, м-р Бојан Стефанов-
ски и други стручни лица на библиотеката.
Тие разговараа за
функционирање-
то, стратегијата и
визијата на наша-
та институција.
Во текот на сред-
бата се разговара-
ше за отворени
образовни ресур-
си (open access
сервиси), за обу-
ки на студенти и
усовршување на
стручниот кадар.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 48/49 20196
Посетени беа повеќе оддели во Библиотеката, се
водеа разговори за стручната работа, во одделите
Стручна обработка на монографски публикации
и Одделот библиографии – демонстрирана беше
COBISS програмата за обработка на библиотечен
фонд. Остварена беше и работна посета на Ректо-
ратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“
во Битола. Во текот на работната средба со одго-
ворните лица се водеа разговори во врска со сора-
ботката и можностите за поднесување на проек-
ти, размена на студенти и размена на искуства.
Се одржа исто така и работна средба со директор-
ката на Завод и Музеј во Битола д-р Мери Стојано-
ва, на која се разговараше за можностите за сора-
ботка во повеќе области. Библиотеката ја органи-
зираше посетата при НУ „Григор Прличев“ – Ох-
риди ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ –
Прилеп, каде со менаџерите на двете институции
се водеа разговори за реализација на идни проек-
ти. Во Прилеп се посетија и два Научни институти
(Институтот за тутун и ЈНУ Институтот за Ста-
рословенска култура), каде гостите се запознаа со
значајните сегменти од областите на нивната на-
учно, едукативна, апликативна, издавачка и про-
изводствена дејност.
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
Националната установа Универзитетска би-
блиотека „Св.Климент Охридски“ – започна да го
реализира проектот „Promise“ во траење од 24 ме-
сеци, почнувајќи од 01.09.2018 до 31.08.2020 год.
Во проектот се вклучени организации од Герма-
нија, Бугарија, Грција, Унгарија итн.Битолската
библиотека е прва библиотека која што е учесник
во проект на Еразмус +.
Целите на проектот се:
• Собирање информации за оние кои зборува-
ат ромски јазик, особено на која возраст,
Дали постојат разлики предизвикани од раз-
лични нивоа на образование?
– Каде главно се зборува (на пример, дома, на
работа, во училиште итн.)?
– Што треба да се направи за да се зачуваат Ро-
мите за идните генерации?
– Како може ромскиот јазик да се користи во
образованието за возрасни?
Во рамки на проектот ќе се реализираат след-
ните активности;
• Воведни обуки во Унгарија
• Транснационални состаноци во сите
земји-партнери
• Анализа на ситуацијата
• Дизајнирање на следни проекти
Воведниот семинар се одржа во Унгарија од
08-15 ноември 2018 година, присутена беше
м-р Јелена Петровска, советник библиотекар.
Од 14 до 18 април 2019 година, претставници
од Битолската библиотека беа на семинар во Бу-
курешт – Романија како дел од активностите на
проектот PROMISE – проект поддржан од Ераз-
мус +. На состанокот присутни беа библиотека-
рите Фатма Бајрам Аземовска и Јелена Петровска,
кои ги презентираа резултатите од прашалници-
те во Македонија, кои беа реализирани во месец
Подготвиле:
Фатма Бајрам Аземовска, виш библиотекар и координатор на проектот за Македонија
Јелена Петровска, библиотекар советник
УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТОТ PROMISE ВО БУКУРЕШТ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.48/49 2019 7
февруари и март 2019 година. Целта на прашал-
ниците беа собирање информации за: - Кој збо-
рува ромски, особено на која возраст? - Дали по-
стојат разлики помеѓу луѓето што живеат во гра-
довите и во руралните средини? Дали постојат
разлики предизвикани од различни нивоа на об-
разование? - Каде главно се говори (на пр. дома,
на работа, во училиште итн.)? - Што треба да се
направи за да се зачуваат Ромите за идните гене-
рации? - Како може ромскиот јазик да се користи
за образование за возрасни? - Што треба да се раз-
гледа во тоа? - Дали постојат примери за најдобри
практики со потенцијал да се пренесат? По пре-
зентацијата на секој партнер, се дискутираше на
заеднички елементи кои ќе следат од страна на
сите партнери, како и воспоставување на некои
рокови за реализација / завршување на истра-
жувањето. Во рамки на проектот беше остварена
посета на Романската влада, каде што се одржаа
дискусии за важноста на образованието за Роми-
те. Г-ѓа Дана Варга, советник на премиерот на Ро-
манија, направи кратка презентација на мерки-
те и проектите усвоени од страна на Владата во
врска со ромското малцинство. Г-ѓа Дана Варга
исто така, ги презентираше своите проекти во Ро-
манија што ги има во тек, како советник на пре-
миерот. Исто така, беше посетена партнерската
невладина организација на ФЕДЕР Фондацијата
Романија и Фондацијата за образование на Роми-
те - Романија, каде беше остварена средба со ди-
ректорот на Фондацијата кој информираше кои
програми и какви активности се одвиваат, како
функционираат тие итн? Следеше посета на гра-
динка во Galbinasi, Calarasi Каунти каде што по-
веќето од децата (над 80%) се од ромската заед-
ница. На средбата со наставниците имаше кратка
презентација на заедницата, проектот и опис на
активностите. Исто така во Галбинаси, беше по-
сетено средното училиште Калараси. Заменикот
директор на училиштето беше од ромска нацио-
налност и ја познаваше заедницата и образовни-
от систем. Директорот направи кратка презента-
ција на програмата, заедницата и проектите што
ги спроведува училиштето во областа на образо-
ванието за возрасни. Следна посета беше oстваре-
на во општината Солдан - Калараси, во седиштето
на градот. За време на состанокот, градоначални-
кот направи краток опис на општината (над 60%
од ромските жители), на проектите и на ромска-
та заедница во општината. Беа обработени пра-
шања поврзани со здравјето, образованието, вра-
ботувањето и домувањето на Ромите. Посете-
ни беа училиштето, библиотеката и културниот
центар.
ПОСЕТА НА НАЦИОНАЛНАТА БИБЛИОТЕКА ВО БУКУРЕШТ
Фатма Бајрам Аземовска и Јелена Петровска
на ден 16.04.2019 година, остварија средба со
стручно лице вработен во Националната библио-
тека во Букурешт – Романија. Беа разгледани си-
те сектори од Националната библиотека и две из-
ложби кои што беа дел од актуелните настани во
Библиотеката. Разговарано е за можностите за со-
работка, особено во делот за публикации кои се
однесуваат на ромскиот јазик, како и други вред-
ни и стручни книги и списанија. Разменети се ис-
куства поврзани со достапни online бази на пода-
тоци, програми за каталогизација и искуства од
библиотечните програми ALEF и COBBISS, како и
искуства од работата со различни групи на кори-
сници на библиотечните фондови. На работната
средба се зборуваше и за можности за апликација
на европските фондови кои ги подржуваат библи-
отечните програми. Библиотеката импресионира
со својата нова градба и многу голем простор из-
граден уште во 1986 година, но беше комплетира-
на во 2012 година.
Подготвиле:
Фатма Бајрам Аземовска, виш библиотекар
Јелена Петровска, библиотекар советник
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 48/49 20198
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИБЛИОТЕКАРИ ВО ЦЕТИЊЕ,
ЦРНА ГОРА
СЕМИНАР ЗА ДИГИТАЛНИ УСЛУГИ ВО БИБЛИОТЕКИТЕ
ВО БАЊА ВРУЈЦИ (Р. СРБИЈА)
Националната библиотека на Црна Гора „Гјур-
гје Црнојевикј“ („Đurđe Crnojević“) од Цетиње во
соработка со Министерство за култура на Црна
Гора, по втор пат организираа Меѓународна кон-
ференција на библиотекарите, архивистите и му-
зеолозите („MONTENEGRO – Libraries, Archives
and Museums LAM 2019“)која се одржа на 16 и 17
мај во Цетиње. Оваа година за конференцијата е
одбрана многу актуелна тема поврзана со улогата
на ОН 2030 Стратегија за одржлив развој во об-
ласта на библиотечното работење, „Европските
насоки за соработка на библиотеките, архивите
и музеите“. Конференцијата ја отворија Алексан-
дар Кашќелан, градоначалник на Престолнина-
та Цетиње, Александар Дајковиќ, генерален ди-
ректор на Директоратот за културно наследство и
Богиќ Ракочевиќ, директор на Националната би-
блиотека на Црна Гора. На конференцијата уче-
ствуваа над 100 учесници - библиотекари од по-
веќе земји од регионот. Во делегацијата од наша-
та земја имаше претставници од јавни и универ-
зитетски библиотеки од Скопје, Штип, Радовиш и
Битола. На Конференцијата и во работните сред-
би учествуваше м-р Јелена Петровска, библиоте-
кар советник.Со стручното лице Данијела Раду-
ловиќ oд Одделот за музикалии е договорена раз-
мена на библиотечните материјали, како и мож-
ности за заеднички проекти во иднина Исто така
со директорот на библиотеката Богиќ Ракочевиќ
е разговарано за можностите за соработка на ни-
во на повеќе институции, особено во развојот на
програмите поврзани со Агенда 2030 и локалната
самоуправа.
Во организација на Здружението (InternetClub
Srbija) на креатори создадени за поврзување на
креативните и бизнис интересите поврзани со за-
едничките и успешните перформанси на глобал-
ната компјутерска мрежа, од 4 -6 јуни во Бања
Врујци (Р. Србија), организиран е Акредитиран
семинар за стручното усовршување на тема: „Ди-
гитални услуги во библиотеките 2.0.“
Библиотекари од Србија, Македонија и Босна
и Херцеговина имаа прилика да се запознаат со
иновативните услуги и алатки за дигитализација
наменети за библиотечните корисници.
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
Во 1859 година, Библиотеката го достигна-
ла националниот статус (Bibliotecă Naţională şi
Bibliotecă Centrală - Национална и Централна би-
блиотека) Во 1864 година библиотеката била
именувана како Централна библиотека на држа-
вата (Biblioteca Centrală a Statului). Во 1901 година
сите збирки биле прекинати во библиотеката на
Романската академија. Во 1955 година беше орга-
низирана Државната централна библиотека, која
има атрибути на Националната библиотека. Во
1989 година, по распадот на комунистичкиот ре-
жим, Државната централна библиотека повторно
беше преименувана во Национална библиотека
на Романија
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.48/49 2019 9
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РОМИТЕ – ЖРТВИ НА ХОЛОКАУСТОТ
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
Весна Црнковиќ од Јагодинската библиотека
го отвори Семинарот и даде пресек за применли-
вост на библиотечните активности со користење
на референтните системи, услуги на е-управа, ин-
формации за здравствена заштита, креирање на
игри и кратки филмови (употреба на „animoto“
алати), уредување на дигитални списанија, on-
line пазари за земјоделци, медиатеки, организа-
ција на „makerspaces“, Hackathon настани итн.
Врвните предавачи од областа на библиотеч-
ната дејност д-р Адам Софронијевиќ, и Мирко С.
Марковиќ ја презедоа улогата на медијатори и
обединувачи на идеи за демистификација на ди-
гитализацијата. Првиот одржа предавање за пре-
барување на културното наследство во пракса:
примена на Националната рамка за дигитализа-
ција, периодични изданија во Р. Србија.
Дејан Маслинковиќ од Министерство за култу-
ра на Р. Србија одржа предавање за дигиталната
трансформација на установите од културата.
Практичниот дел на Семинарот насловен како
„Саем на идеи“ даде насоки за подобро искористу-
вање на постојните ресурси на библиотеките како
во однос на опрема, така и во однос на стручниот
кадар. На Семинарот беа присутни библиотекари
и стручни лица од Градската библиотека „Браќа
Миладиновци“ Скопје и НУ УБ „Св. Климент Ох-
ридски“Битола кои ги претставија своите програ-
ми и идеи за реализација на иновативните про-
грами поврзани со дигитални услуги во библио-
теките 2.0, како и од библиотеките„Кочо Рацин“
од Пехчево и „Браќа Миладиновци“ од Радовиш.
НУУБ - Битола и „Сумнал“ здружение за развој
на Ромската организацијатана ден 25.07.2019 го-
дина организираa конференција на тема: „Сеќа-
вање, орговорност и препознатливост на Ромите –
жртви на Холокаустот“.Конференцијата е во рам-
ките на проектот “Психосоцијална поддршка и со-
ветување, социјален клуб и односи со јавноста на
100 преживеани Роми жртви на Холокаустот“ во
Скопје финансиран од EVZ Stiftung – Erinnerung,
Verantwortung, Zukunft кој е наменет за постари
лица – Роми, жртви на Холокаустот во Македо-
нија родени пред 09 Мај 1945 година, рече Фатма
Бајрам Аземовска, од “Сумнал“ невладина орга-
низација која е препознатлива по својата работа
во нашиот град.Во уводниот дел покрај Аземовска
зборуваше и проф. д-р Александар Стерјовски, а
беше прикажан и краток филм.
На повикот се пријавија говорници со свои
истражувања и погледи кон оваа проблематика,
меѓу кои и универзитетски професори, професо-
ри по историја од средно и основно образование,
студенти и други истражувачи по историја кои се
вклучени како учесници во конференцијата.
Сведоштва за Холокаустот презентираа Муста-
фа Јакупов (Ромите жртви на Холокаустот- забо-
равени), Антонио Стојановски (Еврејската и ром-
ската заедница во Холокаустот), Џемилиана Аб-
дулова (Еден кошмар за време на Холокаустот),
Ивана Балтовска (Жртви на Холокаустот во Репу-
блика Северна Македонија, со посебно осврт на
Ромите-жртви на Холокаустот), Ивана Хаџиевска
((Не)Политички тела, тела кои (не)болат. Исто-
ријата на Ромите во Холокаустот во политиките
на меморија и институционализирање на мемо-
ријата), Мирдита Салиу (Геноцидот на Ромите на
Балканскиот Полустров во Втората светска вој-
на), д-р Јасна Софија Косановиќ (Порајмос- ден
на сеќавање на геноцидот над Ромите.
Во нивните трудови и самата конференција ќе
стави акцент на признавање и сеќавање на Роми-
те кои биле жртви на Холокаустот. Од сите трудо-
ви презентирани на конференцијата ќе биде из-
работен зборник на трудови.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 48/49 201910
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
На Конференцијата на библиотечната унија
која се одржуваше од 21-25 октомвриучествуваа
претставници од НУБ „Св. Климент Охридски“
Скопје, (д-р Јана Михајловска Иванов), ЈУ Град-
ска библиотека “Браќа Миладиновци Скопје(Су-
зана Данаилова и Биљана Кочишка) и НУУБ „Св.
Климент Охридски“ од Битола (м-р Јелена Пе-
тровска) заедно со претставници од Кина, Сло-
венија, Хрватска, Полска и Словачка. Конферен-
цијата е дел од програмите на Форумот на библи-
отечнатаунија на Кина и земјите од ЦИЕ 17+1.
Програмата беше организирана од Националната
библиотека на Полска чија активност е предвиде-
на со Декларацијата за меѓусебна соработка, пот-
пишана од сите членки на Унијата.
Во програмата, покрај темите од областа на ди-
гитализација, реставрацијата и заштитата на би-
блиотечниот материјал, авторските права и е-пу-
бликациите се реализира и програма за запозна-
вање на процесите на работа во одделите за кон-
зервација и дигитализација.
Во програмата беа вклучени јавни и универзи-
тетски библиотеки со стари збирки, како и најсо-
времена Мултимедијална библиотека за деца и
млади, отворена во 2014 година.Таа е повеќе па-
ти наградувана за своите иновативни програми
од роботика, најсовремениот дигитален, едукати-
вен и дидактички материјал за деца (Лего програ-
мирање, Лего креирање на приказни, KNEX кон-
струкции за градење и графички дизајн). Учесни-
ците имаа прилика и за разменување на искуства
и меѓусебни контакти како можност за реализи-
рање на заеднички проекти.
УЧЕСТВО НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА БИБЛИОТЕЧНАТА УНИЈА
ВО ВАРШАВА, 2019
ЗАШТИТА И КОНЗЕРВАЦИЈА ВО НАЦИОНАЛНА БИБЛИОТЕКА
ВО ВАРШАВА
Подготвила м-р Јелена Петровска, библиотекар советник
Подготвила м-р Јелена Петровска, библиотекар советник
Во рамките на Конференцијата на библиотеч-
ната унија која што е дел од програмите на Фо-
румот на библиотечна унија на Кина и земјите
од ЦИЕ 17+1, која се одржа од 21-25 октомври
во Варшава (Р. Полска), обработена беше и тема
за заштита и конзервација на библиотечните ко-
лекции. Учесниците имаа прилика да ја посетат
Нациналната библиотека на Полска и да се запо-
знаат со најсовремените лаборатории за заштита
на ретките и стари ракописи, како и со техниките
кои се користат возаштитата:
– сушење на замрзнати колекции,
– дезинфекција на колекциите со гас Рота-
нокс, заедно со проветрување,
– микробиолошко испитување и мерење на
киселоста на хартијата,
– подготвување извештаи за професионална
конзервација во врска со состојбата на зашти-
тена колекција и услови за нивна заштита
Со оглед на големи финансиски трошоци за ре-
ставрација на старите книги и ракописи, струч-
ни библиотекари донесуваат одлука што ќе се за-
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.48/49 2019 11
штити. Постои процедура која што ги предвидува
сите фази од донесувањето на одлука до крајниот
резултат и соодветна документација на постапки-
те и правењето на извештаи. Имавме прилика да
ги видиме т.н. влажни процеси во конзервација,
потоа хемиската лабораторија, делот за рачна ре-
ставрација, делот за механизирана реставрација,
просторијата за стерилизација, различни видови
на машини кои се користат за заштита на книга-
та, перењето и сушењето на книги и периодичен
материјал.
Во лабораторијата на библиотеката ги видовме
начинот на третирање на напишани споменици
на културата на хартија и пергамент кој што беа
во распаѓање,ракописи, стари печатени книги,
документи, уметнички материјали, фотографии,
графики, цртежи и мапи. Проследивме и анализа
на микроорганизми пронајдени во одделни рако-
писи. Беа применети сите физичко хемиски про-
цеси што го продолжуваат животот на хартијата и
пергаментот, кожните корици беа соодветно тре-
тирани и понатаму сместени во специјални ку-
тии изработени од конзерваторите. Овие проце-
си подразбираат: механичко чистење, миење, не-
утрализирање, засилување, отстранување на дам-
ки и третирање со течен азот кој понатаму оста-
нува на книгата во вид на бел прав и кој служи за
конзервација.
Во нашата држава НУ Националниот конзерва-
торски центар во Скопје се грижи за заштита на
културно наследство на територија на целата др-
жава. Дел од јавните библиотеки поседуваат по-
мали одделенија за заштита на книгата, но тоа е
само во оној дел на примарна заштита на книга-
та со лепење и помали интервенции. Во Битола
се вршат помали поправки на книгата и подврзу-
вање на библиотечниот материјал (броширано,т-
врдо-платнено, шиено, полуплатнено, лајмовано,
цело платно итн
ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 48/49 201912
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Во Лазаревац, Р. Србија на 10 и 11 октомври
2019год. се одржа Втората национална смотра и
Првата регионална смотра на хортикултурни би-
блиотеки во организација на Национална библи-
отека „Димитрије Туцовиќ“ од Лазаревац. Мир-
ко С. Марковиќ, главен раководител на мрежата
за хортикултурни библиотеки одБиблиотеката -
домаќин се погрижи за многу богатата Агенда во
која беа вклучени и повеќе работни средби и до-
говори со учесниците.
Во мрежата на хортикултурни библиотеки
активно зедоа учество претставници од Лазаре-
вац, Чајетина и Кикинда (Р. Србија), Зворник (Р.
Српска), Тузла (Босна и Херцеговина), Винковци
(Р. Хрватска) и Битола (Р. Северна Македонија).
На средбата беше присутен и Ласло Блашковиќ,
директор на Народната библиотека од Србија.
Претставниците на библиотеките од регионот
разменаа искуства од библиотечните активности
поврзани со хортикултурни библиотеки, како и
од спроведување на активностите според програ-
матаOН Агенда 2030 на УНЕСКО за влијанието на
библиотеките врз потребите на заедницата.
Во работниот дел се дефинираа целите, прин-
ципите на работа, заедничките проекти и ши-
рењето на мрежата во одделни држави, како и до-
несувањето на одлука за потпишување на осно-
вачки акт за формирање на хортикултурна мрежа
на библиотеки.
Учесниците од НУУБ „Св. Климент Охридски“ -
Битола, м-р Јелена Петровска, библиотекар совет-
ник во Одделот за развој на библиотечната дејност
и проф. д-р Даниела Ќурчиевска, член на Управни-
от одбор на библиотеката, воспоставија контакти
и работна средба со претставници на РЕ Колубара
во врска со промовирање на еколошки проекти,
особено проектот за рекултивација на површините
во РЕК Битола, по примерот на РЕ Колубара кои со
години ги развиваат сличните програми. На овој
начин библиотеката ги остварува целите кои се од-
несуваат на одржливиот развој особено во сферата
на екологијата, одржливоста на расположливите
ресурси како дел од концептот за т.н. паметни гра-
дови. Библиотеката ќе продолжи со активно уче-
ство во еколошките програми и подигање на све-
ста за зачувување на околината и воведување на
нови иновативни програми за своите граѓани.
ХОРТИКУЛТУРНИ БИБЛИОТЕКИ
ВОВЕДУВАЊЕ НА СЕГМЕНТОТ COBISS3/ НАБАВКА
Подготвила м-р Јелена Петровска, библиотекар советник
Подготвила Анета Стефановска,
библиотекар советник
Во 2017 година од 3-5 октомври во НУБ „Св.
Климент Охридски“ – Скопје се одржа обука за
COBISS3/ Набавка – монографски публикации,
на која учествуваа двајца претставници од наша-
та установа, а од 2018 година сегментот Набавка
се спроведе практично во НУУБ „Св. Климент Ох-
ридски“- Битола.
Со претходно наведениот сегмент за прв пат
автоматизирано се изведува комплетирањето на
монографски публикации во НУБ „Св. Климент
Охридски“ – Скопје и НУУБ „Св. Климент Ох-
ридски - Битола. Со тоа нашата установа се здо-
би со нов начин на комплетирање на монограф-
ските публикации. Придобивките од сегментот
COBISS3/ Набавка се многу значајни, со оглед
на тоа што се води комплетна евиденција на сите
монографски публикации кои се набавуваат од-
носно влегуваат во установата. Со овој начин на
обработка, нашата установа се осовремени и мо-
дернизира следејќи ги најновите трендови што се
применуваат во програмот COBISS3.
Cobiss3/Набавка е сегмент кој на библиотеки-
те им овозможува автоматизација на целокупни-
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.48/49 2019 13
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ОБРАБОТКА НА ФОНДОТ ОД НЕКНИЖНАТА ГРАЃА
Е-КНИГИ И МУЗИКАЛИИ
Подготвил д-р Николче Вељановски, библиотекар советник
от процес на набавка на монографските публика-
ции, прием на граѓа по пат на размена, прием на
архивски примерок кој претходно го внесуваат во
НУБ - Скопје, подарок и други начини на прием на
граѓа; рекламација на непристигната граѓа и сл.
Придобивките од сегментот COBISS3/Набав-
ка се многу поголеми од очекувањата, со оглед
на фактот дека не само што се врши набавката во
претходно наведениот сегмент туку истовремено
се заштитува недвижното културно наследство од
исчезнување што е приоритет на нашата држава.
Во 2018 година се внесени:694 книги за возрас-
ни – магацин;128 книги за деца – магацин;1113
дупликати;145 книги од Роднокрајната Збир-
ка;406 магистерски и докторски дисертации и388
австриска литература. Вкупно за 2018 година се
внесени 2874 монографски публикации и др.
Во 2019 година се внесени:1219 книги за воз-
расни – магацин; 481 книги за деца – магацин;84
книги од Роднокрајната Збирка;1150 австриска
литература. Вкупно за 2019 година се внесени
2934 монографски публикации и др.
Досега не се внесуваат архивскиот примерок и
дел од туѓата литература.
Оваа статија можев да ја напишам, но и не мо-
рав, затоа што работам во оддел Збирка туѓа лите-
ратура повеќе од 32 години. Како најстар по стаж
библиотекар во Библиотеката прифатив и задачи
за координирање на работата во Секторот Библи-
ографии, комплетирање, каталошка обработка и
Збирки. Тоа го работам веќе три години. Сепак,
како долгогодишен уредник и иницијатор за Спи-
санието се нафатив за една неблагодарна рабо-
та, да напишам за тоа како се одвиваше процесот
на обработка на некнижната граѓа во одредени
периоди и покрај тоа што досега не профункци-
онирал Оддел за мзикалии кај нас. Овој проблем
кој можеби треба да го бараме кај одговорните на
Библиотеката некако се пренесе и на другиот вид
некнижна граѓа, односно е-книги.
Од свое лично искуство, можам да кажам дека
ентузијазмот на вработените во најголема мер-
ка им помага на одговорните на една установа.
Покажав голем ентузијазам и бев иницијатор на
автоматизацијата на библиотечните процеси во
Библиотеката која се приклучи на COBISS – плат-
формата во 1996 година, како и на воведувањето
на предметизацијата во Одделот за каталошка об-
работка во истата година. Но сепак, ентузијазмот
на вработениот доколку не е поддржан од одго-
ворниот на Установата, паѓа во вода.
Некнижниот фонд во НУУБ – Битола пристиг-
нувал и пристигнува воглавно како задолжите-
лен фонд: музички аудио- касети, грамофонски
плочи, ЦД / ДВД – РОМ-ови (музички, филмски,
електронски книги и сл.). Еден подолг период за
време на автоматизацијата на Библиотеката оваа
граѓа се прибираше и чуваше. Од почетокот на
2011 година добар дел од т.н. музикалии од про-
сторите на поранешна Југославија и Библиограф-
скиот оддел, а денес, во пензија (Јоланда Бошев-
ска, библиотекар советник, Цветанка Дамјанов-
ска, библиотекар советник и Ленче Секуловска,
виш библиотекар).
Во сите други Оддели започна и каталошката
обработка на е- книги на ЦД/ДВД – РОМ со тоа
што тие се обработуваа како додаток на книгите и
остануваа во самите книги. Во меѓувреме се поја-
вија проблеми, односно недоразбирања во мис-
лењата околу нивната безбедност на чување и из-
давање, па затоа се прекина со нивната обработка
и тие се прибираа настрана.
Посебен ентузијазам за нивната обработка ка-
ко посебни издвоени додатоци, односно како само-
стојни библиотечни единици немаше ниту од вра-
борените ниту од одговорните на Библиотеката.
Остануваше само идејата да се обработуваат спо-
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 48/49 201914
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ред примерот на нивната обработка во НУБ – Ско-
пје. Постоеја дилеми како и каде да се сместуваат.
Од јуни оваа година, конечно се појави сил-
на иницијатива од страна на Марија Малгожата
Мачковска од Одделот за каталошка обработка на
монографски публикации за обработка на е-кни-
гите кои долго време, воглавно, беа прибирани во
истиот Оддел. Оваа иницијатива беше поддржана
од мене како координатор на Секторот, а вработе-
ните од сите Оддели каде се одвива каталошката
обработка на монографски и сериските публика-
ции прифатија да започнат со обработка на зао-
станатите е- книги на ЦД/ДВД – РОМ-ови на два
начини:
1. е- книги како додаток на монографските и
сериските публикации и носат иста сигнатура ка-
ко и публикацијата, но на неа е означено дека тие
се додаток;
2. е- книги кои се обработуваат како самостој-
ни електронски извори.
Со првиот начин на обработка, по сигнатурата
дознаваме за начинот на набавка на е-книги кои
се додаток, а се изнајмуваат како посебен библио-
течен материјал во зависност од потребата на ко-
рисникот (дали му се потребни и публикацијата и
е-книгата, или само едната од нив).
Со вториот начин на обработка, по сигнатурата
гледаме дека е-книгата (ЦД/ДВД – РОМ) е само-
стоен електронски извор (ЕК) кои се секогаш со
формат ПРВ (обележани со римско еден “I”). Сека-
ко дека, на почетокот, сигнатурата ја носи и под-
локацијата (А – за задолжителен примерок) и тн.
Договорено е инвентарниот број за сите елек-
тронски книги, без оглед дали се додаток или са-
мостоен електронски извор, да носи почетен број
„8“ што се гледа и од горенаведените примери ка-
де книгата го носи својот инвентарен број кој за-
почнува со број „9“.
Е- книгите се сместуваатт во посебни витри-
ни со полици кај магацинскиот простор поделе-
ни според еден од двата горенаведени начини, а
потоа и по подлокација и формат. Заради безбед-
ност, задолжителните е-книги се заклучуваат.
Фондот на електронските книги, без оглед да-
ли е додаток или не, се внесува во влезната книга
како посебен библиотечен материјал.
Библиотеките ја одиграле улогата на центри
на зачувувањена с` она што е трајно и вредно,
истото да се презентира и популаризираи на исто-
то да му се продолжи векот со ефективна заштита
на културното наследство.
Раководител на проектот „Тематска изложба
за библиотекарство, презентација и популариза-
ција на културното наследство“ е Ленче Андонов-
ска, библиотекар советник и соработник Горда-
на Пешевска, библиотекар советник. Осврт кон
изложбата имаше г-ѓа Милица Димитријоска Ра-
девска, професор во СОУ „Таки Даскало“ - Битола
БИБЛИОТЕКАРСТВО ПРЕТСТАВЕНО СО ТЕМАТСКА ИЗЛОЖБА
Приредила Ленче Андоновска, библиотекар советник
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.48/49 2019 15
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“ 2019
Подготвила Гордана Пешевска, библиотекар-советник
проследено со поезија. Во организација на профе-
сорката г-ѓа Весна Мундишевска - Велјановска се
презентира Изложба на изданија подготвени од
учениците од графичката струка при СОУ „Таки
Даскало“ - Битола и демонстрација на реставра-
ција на истите.
Модератор на манифестацијата беше профе-
сорката г-ѓа Симона Петревска и на крај се обрати
раководителот на проектот Ленче Андоновскакоја
истакна како се дојде до идејата, како се извршија
тематски истражувања, селекција на материјалот
и истиот се презентира и популаризира. Проек-
тот е финансиран од Министерството за култура
за 2019 година.
Откако Библиотекарското здружение на Ма-
кедонија на својата Веб – страна го даде известу-
вањето за реализирање на општинските натпре-
вари „Млади библиотекари“ во Македонија, НУУБ
– Битола состави тричлена комисија за спроведу-
вање на натпреварот. Комисијата во состав: прет-
седател Илче Стојановски, виш библиотекар, чле-
новите Гордана Пешевска, библиотекар советник
и Ленче Андоновска, библиотекар советник ги из-
вести сите основни училишта во Битола и Битол-
ско. На 01. 11. 2019, со почеток во 11 часот, во
новата читална на вториот кат од новиот дел од
Библиотеката се одржа Натпреварот на кој зедоа
учество ученици од основните училишта од Бито-
ла и по еден ученик од училиштата во с. Бистри-
ца, с. Новаци и с. Могила, вкупно тринаесет прет-
ставници.
По прегледувањето на тестовите беа познати
најдобрите тројца натпреварувачи: Првото ме-
сто со освоени 94 поени и припадна на Стефанија
Цветановска од ОУ „Славко Лумбарковски“ – Но-
ваци, второто место и припадна на Бисера Пројко-
ска од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола со осво-
ени 82 поени и на трето место се најде Викторија
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 48/49 201916
Наловска од ОУ „Тодор Ангелевски“ – Битола со
освоени 76 поени.
Присутните ги поздрави и им ги додели награ-
дите директорот м-р Бојан Стефановски. Тројцата
најдобри учесници добија дипломи и награди од
луксузни изданија на детски енциклопедии, а на
сите учесници им беа доделени благодарници, до-
дека на нивните ментори им беа доделени потвр-
ди за учество. Според утврдените правила за овој
натпревар, на 20. Републички натпревар „Млади
библиотекари“ што се одржa во Градската библи-
отека „Браќа Миладиновци“ Скопје на 15.11.2019
г. учествуваше првопласираната ученичка Стефа-
нија Цветановска, покажувајќи одличен резултат.
Меѓу 24 натпреварувачи од цела Македонија, таа
го освои второто место со 106 поени, само два по-
ени помалку од првопласираната ученичка на ОУ
„Песталоци“ Скопје (108 поени). На трето место
беше ученичка – претставник на основните учи-
лишта од Прилеп. И овојпат се продолжи тради-
цијата на најуспешни натпреварувачи – млади би-
блиотекари од Битола.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Оваа година Библиотекарското здружение на
Македонија одбележува значаен јубилеј -70 годи-
ни од неговото формирање. Историскиот развој
на Здружението почнува од основачкото собра-
ние на Друштвото на библиотекарите на НРМ
коесе одржало на 16 септември 1949 година во
просториите на Средната музичка школа во Ско-
пје, со задача да работи на подигнувањето, уна-
предувањето и ширењето на библиотечната мре-
жа, издигнувањето на библиотечните кадри и од-
гледувањето на библиотечната струка, како и да
дава мислење и помош по сите други прашања
од областа на библиотекарството. На собрание-
то присуствувале 49 библиотечни работници од
сите градови на СР Македонија во кои постоеле
библиотеки во тоа време и станале негови први
членови. Првиот претседател на Друштвото бил
Епаминонда Попандонов, директор на Народната
библиотека во Скопје. Решението за основање и
работа на Друштвото излегло во Службен весник
на НРМ на 1.03.1950 година (бр. 4, стр. 31).
Јубилејот 70 години Библиотекарско здруже-
ние на Македонија е значаен настан и повод ние,
библиотекарите, да погледнеме назад на измина-
тиот пат, да ја утврди-
ме состојбата во која
се наоѓа денес нашето
библиотекарство и да
се обидеме да ја согле-
даме перспективата за
идниот развој.
По тој поводБиблио-
текарското здружение
на Македонија органи-
зираше меѓународна
стручно-научна
конференција
која се одржа во
Штип, во Мул-
тимедијалниот
центар „Киро
Глигоров“ на 17
и 18 октомври
2019 година.
70 ГОДИНИ БИБЛИОТЕКАРСКО ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНИЈА
Подготвилa м-р Милка Котевска, библиотекар
Првиот претседател Епаминонда Попандонов (1898-1968)
и решението за основање за работата на Друштвото
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.48/49 2019 17
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
Теми на конференцијата беа:
1. „Јубилеј 70 години Библиотекарско здруже-
ние на Македонија“;
2. „30 години COBISS во Македонија – придо-
бивки и значење за развојот на библиотеки-
те и библиотечната дејност“;
3. „Професионализација и заштита на библио-
текарската професија“.
Конференцијата беше свечено отворена од
Градскиот хор од Штип, а потоа на присутните им
се обрати претставникот од Кабинетот на мини-
стерот за култура Афет Јашари, претставник од
општина Штип и од штипската библиотека „Гоце
Делчев“ која беше и домаќин на оваа конферен-
ција, како и претседателот на Здружението Јана
Михајловска-Иванов. Свечено обраќање по повод
70 години БЗМ имаше Благој Николов, претседа-
тел на Здружението во периодот 2012-2018.
На првиот ден од конференцијата беа претста-
вени вкупно 30 излагања на трудови од посоче-
ните теми во три сесии. Со свои предавања беа
присутни и гостите од „Институт информационих
знаности“ од Марибор, Словенија заедно со нив-
ниот директор Алеш Бошњак; претставници од
Национална Библиотека „Ѓурѓе Црнојевиќ“ - Це-
тиње, Црна Гора; Универзитетот „Истанбул“ - Ис-
танбул, Турција; Народната Библиотека „Стеван
Стремац“ - Ниш, Србија; претставник од Народ-
ната Библиотека на Србија - Белград, Србија, ка-
ко и претседателот на Библиотекарското друштво
на Србија Богдан Трифуновић. Следниот ден беа
излагањата на колегите од НУБ „Св. Климент Ох-
ридски“ - Скопје на тема: „Матичната улога на
НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје: предизви-
ци, проблеми и решенија“. На конференцијата зе-
доа учество над 160 учесници.
Од нашата библиотека со свои предавања се
претставија Лидија Мирчевска, виш библиотекар
со трудот: „Професионализација на библиотекар-
ската професија“, м-р Јелена Петровска, библио-
текар советник со трудот „Библиотекар-футурист:
новите компетенции и професионализација на
струката“, м-р Милка Котевска со „Издавачката
дејност на Библиотекарското здружение на Маке-
донија“ (power point презентација), додека трудо-
вите на Ленче Андоновска, библиотекар советник
„Библиотекарската професија – предизвик за неј-
зина професионализација и заштита“ и Гордана
Пешевска, библиотекар советник „Современото
библиотекарство како професија“ не беа презен-
тирани, но ќе бидат објавени, заедно со останати-
те трудови, во најновиот број на списанието „Би-
блиотекарство“.
По завршувањето на Конференцијатаи доделу-
вањето на сертификати за учество, настанот се за-
окружи со одржување на 46. Годишно собрание
на Библиотекарското здружение на Македонија.
На Собранието претседателот на БЗМ, д-р Јана
Михајловска-Иванов поднесе извештај за работа-
та на ИО на БЗМ во периодот јуни 2018 – септем-
ври 2019, како и финансиски извештај за тој пе-
риод; се избра Комисија за натпреварот „Млади
библиотекари“ и се даде предлог за одвојување на
Годишното собрание на БЗМ (период на одржу-
вање: мај) од Конференцијата на БЗМ (период:
на две години во октомври) што беше едногласно
прифатено од сите делегати на Собранието.
Одбележувањето на овој јубилеен настан - 70
години Библиотекарско здружение на Македо-
нија заврши со конструктивни размислувања и
идеи за поголема соработка помеѓу библиотека-
рите преку одржување на работилници, семина-
ри, научни средби и конференции за размена на
искуства и идеи од тековната работа.
Членови на Извршниот одбор на БЗМ и предавачи на Конференцијата
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 48/49 201918
Подготвила
Фатма Бајрам Аземовска,
виш библиотекар
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ,
ПРЕДАВАЊА
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
6.12.2019
Претставување на творештвото
на Винка Саздова
Денеска се че-
каше ред за ку-
пување на книги
од авторите Вин-
ка Саздова и Вен-
ко Андоновски во
Битолската би-
блиотека .НУУБ
„Св. Климент Ох-
ридски“ – Битола
и Издавачкиот центар ТРИ со големо задоволство
на битолските читатели им организираа средба
со една од најпопуларните македонски авторки,
Винка Саздоваза промоција на нејзиното твореш-
тво.За творештвото на Саздова говореше писате-
лот проф. д-р Венко Андоновски.
Винка Саздова е автор на романите „Последни-
от чај“ (2009), „Полиња со диви нарциси“ (2011),
„Понекогаш доаѓа среќа“ (2013) и „Луна“ (2015).
„Последниот чај“ е преведен на српски, хрватски
и бугарски јазик.Двапати ја има добиено награ-
дата „Најчитан автор“ во 2012 г. од НУБ „Св. Кли-
мент Охридски“, а во 2014 година од Градската
библиотека „Браќа Миладиновци“.
6.12.2019
Свечено одбележан Патрониот празник
Битолската библиотека денеска свечено го од-
бележа Патрониот празник. На почетокот на на-
станот на присутните им се обрати м-р Бојан Сте-
фановски, директор на НУУБ „Св. Климент Ох-
ридски“ – Битола. Присутните гости уживаа во
прекрасниот поетско - музички рецитал по по-
вод 50 години „Дениција“ од Петре М. Андреев-
ски, Метафора на животот, љубовта и смртта во
кој учествуваат професорите Николина Поповска,
Марија Младеновска Димитровска и Марјан Та-
севски и ученици-
те Божидар Нико-
ловски и Борјана
Видановска. На
крај следеше про-
моција на Списа-
нието Библиоте-
чен тренд бр. 46-
47, Зборникот на
излагања од 13-та Роднокрајна средба со битол-
ските писатели во Македонија и Млади поетски
перформанси (Избор на поетски творби), Книга
2 – промотор беше библиотекарот Илче Стојанов-
ски.
19.12.2018
Млади поетски перформанси – 2
НУУБ – Битола на ден 19.12.2018 година,
ја промовираше книгата „Млади поетски пер-
форманси – избор на поетски творби, книга 2“.
Веќе втора година, Библиотеката со голем ен-
тузијазам го реализира проектот „Млади по-
етски перформанси“ наменет за млади авто-
ри на поетски творби од Пелагонискиот ре-
гион, за ученици од 5-9 одделение од основ-
ните училишта, ученици од средните учи-
лишта и млади на возраст од 18 до 24 години.
Целта на проектот е да ги поттикнеме и мотиви-
раме младите литературни творци да пишуваат,
да го промовираат и афирмираат своето креатив-
но творештво, за прв пат да се објават во збирка
поезија со што ќе им се даде можност да се прет-
стават пред пошироката јавност.
24-25.12.2018
Саем на „Просветно дело“
На ден 24 и 25 декември 2018 година во НУУБ
„Свети Климент Охридски“ - Битола се одржа са-
ем на книгата во организација на Просветно дело
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.48/49 2019 19
каде можеа да се купат сите најнови изданија на
сликовници, книги, прирачници и слично. Исто
така, учениците од неколку основни училишта
кои присуствуваа заедно со своите наставници
имаа можност да поразговараат со уредниците,
илустраторите и писателите за деца од списанија-
та „Росица“, „Развигор“, „Другарче„ и „Наш Свет“.
30.01.2019
„Крај барата“ од Љубе М. Митрејчевски
Во катчето наменето за најмалите читатели на
библиотеката беше претставена книгата „Крај ба-
рата“ од авторот Љубе М. Митрејчевски. Промо-
цијата ја отвори и им посака добредојде на учени-
ците, директорот на НУУБ „Св. Климент Охрид-
ски“ - Битола м-р Бојан Стефановски, а за книгата
зборуваше и авторот. На промоцијата беа присут-
ни и активно беа вклучени учениците од ОУ „Да-
ме Груев“ од Битола, под менторство на настав-
ничката Нела Неделковска. Учениците кои не го
криеја задоволството од присуството на промо-
цијата покрај со авторот на „Крај барата“, Љубе
М. Митрејчевски имаа прилика да разговараат со
битолските писатели Радован П. Цветковски и До-
бре Тодоровски.
„Креативни умови ја креираат иднината“
Учениците од Заводот за рехабилитација за
деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ во Битолска-
та библиотека денеска беа учесници во реализа-
цијата на проек-
тот „Креативни
умови ја креираат
иднината“ финан-
сиран од Владата
на САД, подгот-
вен од Здружение-
то за развој и ино-
вации на библио-
теки „Инова Либ“.
Тие имаа можност
да се запознаат со современото библиотечно ра-
ботење. Им беа дадени информации за студирање
во странство, ефективно пребарување на инфор-
мации на Гугл, пишување мотивациско писмо и
CV.
07.03.2019
Средба со Сара Жислер
Амбасадата на Швајцарија, Францускиотин-
ститут од Скопје, и НУУБ „Св.Климент Охридски“
Битола, во присуство на Жана Фам Тран, прет-
ставничка на го-
лема француска
издавачка куќа
Éditions des Équa-
teurs беше прет-
ставен романот
„Малечка“ од Са-
ра Жислер во из-
дание на „Или-И-
ли“. Авторката се
претстави со приказната за нејзиниот тежок жи-
вот како дете кое мора да расти во семејство на
разведени родители.
На двaесет години си заминува од дома, ав-
тостоп и без пари в џеб. Во книгата раскажува за
своите талкања за спас.
06.03.2019
„Љубов со големи дела – Баба“
По повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на
жената, во организација на Организацијата на
жени – Битола и НУУБ „Св. Климент Охридски“ –
Битола се одржа свечена програма на која беа до-
делени награди и дипломи по распишаниот кон-
курс за краток расказ на тема „Љубов со големи
дела - баба“. Од пристигнатите 18 творби, жири
комисијата во состав: Илче Стојановски, Елизабе-
та Марковска и Светлана Папачек ги додели први-
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 48/49 201920
те три награди за ученици и возрасни: Прва на-
града за творбата „Љубов со големи дела“ од Ми-
хаела Марковска од ОУ „Браќа Миладиновци“, с.
Добрушево. Кај возрасните беше доделена прва
награда за творбата „Планина од полски цвеќиња“
од Ели Маказлиева. Во програмскиот дел на Ма-
нифестацијата со музички поетски творби наста-
пија децата од детската градинка „Мајски цвет“ –
Битола.
21 Март, Светскиот ден на поезијата
НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола и
Здружението за наука и култура НОВА - Битола
по повод 21 Март,
Светскиот ден на
поезијата ги прет-
ставија книгите
поезија „Судби-
ната на буквите“
од Мирјана Стоја-
новска и „Некои
златни времиња“
од Васил Тоци-
новски, присут-
ните имаа мож-
ност да им поставуваат прашања на авторите.
Програмата беше збогатена со музички точки
со интерпретација на стихови од Симеона Пав-
ловска и соло изведба на Драган Микаровски
25.03.2019
Програми за слепи лица и лица
со оштетен вид
По повод 74-тиот роденден на НУУБ „Св.Кли-
мент Охридски“ – Битола (25.03.1945), во рамки
на активностите кои се предвидени со проектот
за „Дневна соба на градот“, библиотеката во сора-
ботка со НУ Наро-
ден театар Бито-
ла, Сојуз на слепи
лица Битола и
Лајонс клуб Бито-
ла промовираше
програма на лите-
ратурни дружења
со читање на из-
брани популарни извадоци од книги по избор на
самите учесници, слепи и лица со оштетен вид.
Овие средби ќе се одржуваат еднаш месечно и
учесниците освен што ќе имаат прилика да се ре-
лаксираат со добра книга, ќе можат и сами да уче-
ствуват во осмислувањето на идни активности.
02.04.2019
Светскиот ден на литература за деца
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, НУ
Народен театар – Битола и Детската градин-
ка „Естреја Овадија – Мара“ – Битола заеднич-
ки го одбележу-
ваa Светскиот ден
на литература за
деца .Настанот
се одржa на ден
02.04.2019 годи-
на , со читање на
приказната „Грдо-
то пајче“ од стра-
на на глумецот Никола Пројчевски, вработен во
Битолскиот театар.
Курс „Информациска писменост“
Во новата сала на НУУБ „Св. Климент Охрид-
ски“ - Битола се одржа курс за вработените од ин-
ституцијата и за студентите од Педагошкиот фа-
култет - Битола на тема „Информациска писме-
ност - пребарување на научна литература во
COBISS/OPAC“.
Предавач беше м-р Влатко Момировски - би-
блиотекар, вработен во Библиотеката за јазик и
литература во Бамберг, Баварија, Германија. Тој
зборуваше за фондот на германската библиотека
и за процесите на работа во истата, одговарајќи
на повеќе прашања.
8-ми Aприл – Меѓународeн ден на Ромите
Националната установа универзитетска би-
блиотека „Св.КлиментОхридски“ –Битола и ром-
ските невладини организации „Сумнал“ – здру-
жение за развој на Ромската заедница и „Баирска
Светлина“ заедничко го одбележаа 8-ми април –
Меѓународниот ден на Ромите под мотото „Гра-
диме мостови кон иднината“.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.48/49 2019 21
Се садеа садници и цвеќиња во дворот на ОУ
„Ѓорѓи Сугарев“ – Битола во чест на Нешат Азе-
мовски, се одржа работилницата „Учиме за Ром-
ската култура и традиција“ во соработка со ЈОУДГ
„Естраја Овадија Мара„ од градинката Снегулка и
им се поделија ваучери на децата за бесплатно
членство во библиотеката, исто така беше прика-
жан и документарниот филм „Запознај ја Вашата
сосетка ромка“, импелементиран од РКМЦ – Ба-
риканипе.
22.04.2019
СВЕТСКИ ДЕН НА КНИГАТА И АВТОРСКОТО
ПРАВО
Работилница ”Voyageons en lisant“
(„Патување“)
Библиотеката во рамките на промовирање на
нови и креативни услуги за сите возрасни групи
го одбележа Свет-
скиот ден на книгата
и авторско право со
низа активности.Беа
прочитани пораки-
те на г-ѓа Одре Азу-
ле (Audrey Azoulay)
Генерален директор
на УНЕСКО и Мил-
чо Манчевски, режи-
сер, писател и фото-
граф. Во програма-
та по истиот повод
беше организирана
Работилница за мла-
ди “Voyageons en
lisant“ („Патување“) за правење на е-книга ин-
спирирана од книгите на писателот Никола Бу-
вие. На работилницата се придружи и Коста Ќука
како претставник на лица со попреченост со пи-
шување на инспиративни мисли на големи авто-
ри.Проектот е поддржан од Француски Институт
Скопје.
Прирачник „Библиографски опис
на составни делови“
Прирачникот „Библиографски опис на состав-
ни делови“ од авторите Валентина Дојчинов-
ска-Илиоска, Наташа Бундовска и Софче Марко-
виќ претставува несомнено многу корисна алатка
за библиотекарите кои се бават со изготвување на
библиографии ,
прирачник кој ги
вклучи сите пра-
вила за библио-
графски опис на
составни делови.
Промоторот на
п р и р а ч н и к о т
проф. др Добри
Петровски зборуваше за важноста од препозна-
вањето на широката јавност на библиотечната
дејност, особено за билиотечната професија која е
со години на маргините од културната сцена.
Работна средба
Во рамките на завршната манифестација по
повод на прославувањет на Светскиот Ден на кни-
гата беше организирана стручна средба на дирек-
торот од Нацио-
налнатаунивер-
зитетска библио-
тека „Св. Климент
Охридски од Ско-
пје г-н. Фримзим
Даути и м-р Бојан
Стефановски, ди-
ректор на НУУБ
„Св. Климент Охридски“ од Битола.На средбата
беа присутни и библиотекарите Вики Костова од
кабинетет на директорот од НУБ – Скопје, како
и колешките од Библиографскиот центар: Вален-
тина Дојчиновска-Илиоска, Наташа Бундовска
и Софче Маркова, проф.д-р Добри Петровски од
Педагошскиот факултет од Битола и претседате-
лот на управниот одбор на НУУБ „Св.Климент Ох-
ридски“ - Битола д-р Јосиф Петровски.Стручни-
те лица од битолската библиотека и библиотека-
та од Скопје разменија искуства од тековното ра-
ботење, можностите за заеднички активности и
проекти, како и проблеми од областа на библио-
течното работење.
18.05.2019
„Сто години Версајски договор“
Амбасадата на Франција и Францускиот инсти-
тут во Скопје, во соработка со Правниот факул-
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 48/49 201922
тет при Универ-
зитетот „Св. Кли-
мент Охридски“
Битола, се органи-
затори на научна-
та конференција
„Сто години Вер-
сајски договор“,
која се одржа во
НУУБ - Битола. Градоначалникот на Општина
Битола м-р Наташа Петровска го поздрави при-
суството на амбасадорот на Франција Н.Е. Кри-
стијан Тимоние и проф. д-р Сашо Коруновски,
ректор на Универзитетот во Битола.
21.05.2019
„Битола во стиховите на младите автори“
НУУБ - Бито-
ла и Здружение-
то за наука и кул-
тура НОВА по по-
вод 24 Мај - Денот
на сесловенските
просветители све-
тите Кирил и Ме-
тодиј го промови-
раа зборникот песни „Битола во стиховите на
младите автори“ во која се објавени педесетина
песни на ученици од основните и средните учи-
лишта во Битола.
22.05.2019
Збирка песни „Трето В“
Пред Саат Кулата се одржа отворен час по по-
вод чествувањето на Денот на просветителите,
светите Кирил и Методиј. Учениците од трето „В“
одделение од ОУ ,,Елпида Караманди» - Битола
реализираа содржини посветени на словенските
просветители спроведувајќи го дијалогот како
стратегија за градење на заедничка мисла.
Во продолжение на овој настан се промовира
збирката песни „Трето В“, на која како автори се
јавија сите ученици од ова одделение под ментор-
ство на нивниот одделенски наставник д-р Фанче
Јошевска. Издавач на збирката е Библиотеката.
06.08.2019
On-line сликовница „Шарен детски свет“
Во просториите на детската градинка „Пролет“
– Битола се одржа промоција на on -line сликов-
ницата „Шарен детски свет“ од авторката Васка
Јовановска, во издание на НУУБ – Битола и Едука
Мак ДОО – Скопје.Проектот настојува да ја сензи-
билизира пошироката јавност за еднаков третман
и пристап на лицата со оштетен слух, говор и вид
до јавните институции и јавните добра. Во рамки-
те на проектот обработени се 13 раскази чија со-
држина се раскажува и со знаковен јазик. Голема
благодарност за финансиската поддршка од
Општина Битола – БИТФЕСТ 2019 година и Ми-
нистерството за култура на Република Северна
Македонија и тоа што го препозна овој проект ка-
ко сериозен, потребен и иновативен проект. Сли-
ковницата „Шарен детски свет“ е збирка од 13 на-
слови, илустрирани драмски текстови, наменети
за деца од предучилишна и рана училишна воз-
раст, но и за воспитувачите, наставниците и ро-
дителите. Координатор на проектот е м-р Фатма
Бајрам Аземовска.
01.09.2018
Проектот „Promise“
Националната
установа Универ-
зитетска библио-
тека „Св.Климент
Охридски“ – за-
почна да го реа-
лизира проектот
„pROMise“ која ќе
се реализира во
траење од 24 месеци, почнувајќи од 01.09.2018
до 31.08.2020 год. Во проектот ќе бидат вклучени
организации од Германија, Бугарија, Грција, Ун-
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.48/49 2019 23
гарија итн.Битолската библиотека е прва библи-
отека која што е учесник во проект на Еразмус +.
Изучување на шпанскиот јазик
Библиотеката на над 60 сегашни членови им
даде можност за изучување на шпански јазик бес-
платно.
Волонтерите Давид и Хуан се дел од програ-
мата на Еразмус + и вклучени во програмските
активности на „Сумнал“ - здружение за развој на
Ромската заедница. Активносите траеја два месе-
ци, септември и октомври.
06.09.2019
Книжевна вечер со Ѓорѓе Д. Сибиновиќ
Беа преставени три дела преведени на маке-
донски јазик на еден од најчитаните српски ав-
тори Ѓорѓе Д. П. Сибиновиќ,
романот „Низводно“ поет-
ската збирка „Перото Ви-
лијам Шекспир“ и збирката
есеи „Година на бунтот“.
Промотор на настанот бе-
ше Елена Богдановска, доде-
ка модератор Михајло Сви-
дерски
13.09.2019
Посета на Министерот за култура
Директорот на Библиотеката м-р Бојан Стефа-
новски оствари работна средба со Министерот за
култура на Р.С. Македонија г-дин Хусни Исмаили,
г-ѓа Македонка Коцева - раководител на сектор на
културно наследство и г-дин Фатон Фазлиу - шеф
на кабинет, д-р Мери Стојанова од Завод и музеј
во Битола и директорот на Музејот на албанската
азбука во Битола. Тие имаа прилика да разговара-
ат за организациската поставеност на вработени-
те по одделни сектори и нивната подобра органи-
зираност, можности за унапредување на библио-
течната и музејска
дејност, реализи-
рање на проек-
ти во моментот,
можности за ор-
ганизирање на
стручни средби,
собири и конфе-
ренции како и за
унапредување на работата на јавните институции
и соработка со Министерството за култура
14-2-.10.2019
Австрија чита
Најголемиот австриски литературен фестивал
во неговото 14. издание „Австрија чита. се одржа
од 14.10.-20.10.2019 во Австрија и е понуден и на
Австриските библиотеки во странство. Една од 65
Австриски библи-
отеки во 28 држа-
ви се наоѓа токму
во Битола која се
приклучи кон фе-
стивалот со две
манифестации :
две работилници
една за ученици
кои го изучуваат германскиот јазик во основно
училиште и една за ученици кои го изучуваат гер-
манскиот јазик во средно училиште.
Во рамките на месецот на книгата, НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола заедно со Австриска-
та библиотека организираа:29.10.2019 во 16.30
часот работилница за Австриската писателка Ми-
ра Лобе, со ученици од 6. - 9. одделение од ОУ „Го-
це Делчев“ и ОУ „Тодор Анѓелевски“ од Битола;
30.10.2019 во 17.00 часот се организира работил-
ница за Австриската писателка Кристине Нестлин-
гер со ученици од СОЕУ „Јане Сандански“ - Битола.
20.11.2019
Промоција на книга
Во издание на книгоиздавачката куќа ,,Мати-
ца“-Скопје, од печат излезе најновиот роман „Се-
стра Касијана“ чиј
автор е писателот
Добре Тодоров-
ски.
Во романот се
обработува ре-
ална приказна за
два света на но-
сечкиот лик, оној
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 48/49 201924
од световното живеење и подоцна од монашкиот
живот. Промоцијата на книгата се одржа во НУУБ
– Битола. Промотори на книгата беа: Билјана Т.
Димко, Радован П.Цветковски и Панде Манојлов.
На промоцијата беше присутна и сестра Касијана
9.12.2019
Ќерката на
дрвосечачот
Книгата „Ќерката на
дрвосечачот“ од автор-
ката Наде Стојилковиќ
раскажува за мајчинска-
та љубов, за женската из-
држливост, за човечката
злоба, за горчливоста на
судбините.
Тин лето во библиотека
Приредила м-р Милка Котевска, библиотекар
За реализација на проектот „Тин лето во Би-
блиотека“ поддржан од Министерството за кул-
тура, во текот на летото Библиотеката организи-
раше активности во вид на работилници со теми
блиски на интересите и потребите на тинејџери-
те. Се реализираа три работилници:
- Работилница за 3Д печатење, која се реали-
зира на 1.07.2019 год. во соработка со СОТУ „Ѓор-
ги Наумов“. Оваа работилницата ја водеше м-р
Илче Ацевски, професор од истото училиште, кој
ги запозна учесниците што претставува 3D печа-
тењето, како и каде се користи, изврши презента-
ција на 3D печатар, негова практична примена со
печатење на творби што децата сами ги креираа
за време на работилницата.
- Работилни-
цата за Видео
игри, се одржа
на16.7.2019 год.
под водство на Пе-
тар Котевски, про-
грамер во Камај
медиа, фирма која
претставува лидер
во регионот за из-
работка на видео
игри и виртуелна
реалност.Оваа ра-
ботилница пробу-
ди голем интерес
кај младата попу-
лација и на неа
тие се запознаа
како се прават ви-
део игрите, кои
програми се ко-
ристат при нивно-
то изработување
икои се најпопуларни видео игри. Сепак најваж-
ната придобивка беше што децата имаа можност
самите да креираат видео игра и да учествуваат
во процесот на креирањето на играта.
- Работилница: Книга - филм за тинејџери-
беше реализирана на 30.7.2019 год., а ја водеше
м-р Милка Котевска, вработена во Библиотеката
и раководител на целиот проект. Учесниците во
текот на работилницата беа запознаени со тесна-
та врска помеѓу книгата и филмот - сниман по таа
книга, кои се предностите и недостатоците на ре-
доследот читање/гледање книга-филм или гле-
дање/читање филм-книга. Преку пополнување
на прашалник открија каков тип на читатели се
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ
ОДДЕЛ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУГА
ЗА ВОЗРАСНИ
ИЗГУБЕНИОТ РАЈ –Стив Бери
ЗИМА СО МИРИС НА КАПИНИ – Сара Џио
ЧАСОВИ ПО ЗАБОРАВ –Нермин Јилдирим
ЌЕ СЕ СРЕТНЕМЕ ПОВТОРНО –Роузи Волш
МАРИЈАНА –Сузана Кирели
ПРВИОТ ДОПИР –Лорелин Пејџ
ПОСЛЕДНИОТ БАКНЕЖ – Лорелин Пејџ
ИЗГУБЕНИТЕ ДЕВОЈКИ ВО ПАРИЗ – Пам Џеноф
НЕГОВИТЕ БЕЛИ РАКАВИЦИ - Јелена Бачиќ
Алимпиќ
МАСЛИНКАТА –Лусинда Рајли
ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА
ДНЕВНИКОТ НА ЕДНО САМОТНО ДЕВОЈЧЕ – Рејчел
Рене Расел
ЏОРЏ И ГОЛЕМИОТ ПРСКОТ – Луси и Стивен Хокинг
ЏОРЏ И КОСМИЧКИОТ ЛОВ НА БОГАТСТВО – Луси
и Стивен Хокинг
ГЛЕН – СУПЕРМЕН – Васко Ташковски
МОРИБИТО – Нахоко Уехаши
КАКО ВО ФИЛМ – Винко Модерндорфер
ЈАС СУМ МИА – Јана Мишо
СТАКЛЕНИТЕ ДЕЦА – Кристина Улсон
ДЕЦАТА ОД БУЧНО СЕЛО – Астрид Линдгрен
УРНЕБЕСНА ФИЗИКА – Светислав Пауновиќ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.48/49 2019 25
тие, погодуваа за која книга се работи и кој пи-
сател ја напишал таа книга гледајќи исечоци од
филмови. Исто така, на работилницата беше по-
ставена изложба на книги од фондот на библио-
теката, наменети за оваа возраст, а според кои е
снимено филм.
На сите работилници учествуваа вкупно 45 ти-
нејџери, а на последната работилница им се доде-
лија сертификати за учество во проектот.
БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ
14. Роднокрајна средба на битолските писа-
тели во Македонија се одржа на 31 мај (петок)
во 10:30 часот, во читалната од Роднокрајното
одделение.Темата на Тркалезната маса беше:
„Мајката – инспирација и/или значаен лик во
моето творештво”.
На Средбата со свои излагања учествуваа двае-
сет и двајца роднокрајни писатели меѓу кои: ака-
демик Владимир Костов (во отсуство), проф. Вера
Стојчевска Антиќ (во отсуство), проф. д-р Христо
Петрески (во отсуство), Биљана Т. Димко (во от-
суство) Добре Тодоровски, Панде Манојлов, Пет-
ко Шипинкаровски, Никола Кочовски, Ѓорѓи Прч-
ков, Петре Димовски (во отсуство), Јован Ѓурвски,
Ванде Ганчевски, проф. д-р Даниела Андоновска –
Трајковска, Весна Мундишевска Велјановска, Ми-
лица Димитријовска Радевска, Сања Мучкајева
Видановска, Елизабета Јончиќ. За првпат на Сред-
бата присуствуваа и Благој Попоски, Илче Стоја-
новски и Симона Петровска, а гости беа Михајло
Свидерски и Михајло Гаџова Свидерска.
Заради самата тема имаше голем одзив од
страна на писателите кои со голема емоција ги
пишуваа своите текстови.
Присутните на почетокот беа поздравени од
директорот м-р Бојан Стефановски. Модератор на
средбата беше д-р Николче Вељановски.
Раководителот на проектот и модераторот на
средбата д-р Николче Вељановски се извини во
име на писателот Академик Владимир Костов за
неговото отсуство и го прочита неговото изла-
гање кое имаше и придружен материјал што ќе
влезе во 14. Зборник на излагања. Средбата поми-
на во концентрирана, но и пријатна атмосфера.
Подготвил д-р Николче Вељановски,
библиотекар советник
14. РОДНОКРАЈНА СРЕДБА НА БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 48/49 201926
Проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска
МАЈКАТА КАКО КОД, КАКО ЛИК И КАКО
МЕТАФОРА ЗА ЖИВОТОТ ВО МОЕТО
ТВОРЕШТВО
И каде и да одев по црвеното дома се враќав.
Во дневникот пишував со азбука моја сочине-
та од букви кои живи пред мене ги гледав. И из-
вичници ~ пишував на мајка, зашто мислев дека
ме чита, дека претура по мојата фиока за да најде
парче од моето црвено небо.
Ванде Ганчевски
ИЗВАДОК ОД КОНЦЕПТ НАМЕНЕТ
ЗА РОМАН
Судбината да ја исплеткам и изгмечам, да ја ис-
тегнам, да ја скинам, да ја опсујам...Знам, не ќе
можев да ја превртам , мајка ми да биде покрај
мене. Сакав само нешто да напишам, застоениот
талог низ мене кој ми тежи, да го исфрлам, да си
олеснам.
Петре Димовски
МАЈКАТА НИЗ МЕНИТЕ НА ЖИВОТОТ
Мајката е најсодржајниот поим во сите јазици
на светот. Таа е универзалниот симбол на продол-
жување на животот, симбол на сите возвишени
чувства, верувања, најсилната љубов, најголемата
храброст, безмерната пожртвуваност, постојана-
та топлина, искреноста. Таа е заштитничка, хра-
нител, учител, советник.
Во моето творештво присутна е мајката како
лик, како поим, како идеал.
Јован Ѓуровски
ВИСТИНСКИОТ БОГ ЗА ЧОВЕЧКИОТ РОД
Човекот може да мисли дека мајка за с` живо и
неживо е Природата,но за човечкиот род,вистин-
скиот создател е мајката.Таа го раѓа човекот,со
години и години,го оспособува за самостоен жи-
вот,и до крајот на својот живот,бдее над својот по-
род.Колку нејзиното дете да биде оспособено,по-
силно од неа,за неа ќе остане нејзино дете-за не-
го и животот,воопшто не би го жалела,доколку се
работи за него.И во оган ќе се фрли,ако нејзиното
чедо гори!
Академик Владимир Костов
СТАРА ЛЕ МАЈКО!
... Поимот „мајка“ кога атрибутски е определен
како „стара мајко“ ја афирмира мајката како ре-
шавачки фактор за обнова на родот, како мајка –
создателка, како мајка – матица.
Никола Кочовски
ПОИМОТ МАЈКА И МОЕТО ТВОРЕШТВО
Вистина, во огромниот број случаи мајката се
доживува како нешто најсвето на оваа небесна
топка, но не изостанува од моето творечко вни-
мание и случај каде што одредена мајка, со своите
постапки станува монструм, тешко омразнат и од
тие што ги родила.
Панде Манојлов
МАЈКА МИ... СЛИКА ЗА СПОМЕН
Скриен во една сенка на бор, блиску до воена-
та зграда на Дивизионот во велешката касарна,
облечен во воена униформа на обичен војник, му
пишував писмо на мајка ми:-Мила мамо! Во твое-
то последно писмо ти ми напиша дека со брат ми
Кочо, заминувате за Австралија. Јас, го премолив
и поручникот и капетанот да дојдам да ве испра-
там, но не ми дозволуваат да си дојдам. Дојди ти и
брат ми, со возот дојдете од Битола. Душата ќе ми
пукне од жал...
Љубе Митрејчевски
Мајката - УБИЕЦ
Ликот на мајката? Тој е како надојдена река,
разигран ветер, расцветана ливада и бескрајно
небесно синило. Вечна инспирација.
Весна Мундишевска-Велјановска
МАНИФЕСТАЦИИ НА ГРАНДИОЗНОСТА
И ЕДИНСТВЕНОСТА НА МАЈЧИНСТВОТО
Мајчинското можеби е најизразено од пози-
цијата на јас-мајка низ грижливоста, нарасната-
та чувственост и метафоричноста на раѓањето
кое се пројавува во различни варијанти – од ново-
раѓање, преку раѓање во себеси, до преродување.
Се раѓа пород, нов живот, но и човекот се раѓа во
себе. Поплави од чувства во стихови за раѓањето,
животопаѓањето, (не)снаоѓањето, созревањето,
одновораѓањето...
М-р Сања Мучкајева Видановска
БОЖЕСТВЕНОСТА НА МАЈКАТА
И не е само мајка над мајките, баба или тетка
на внуците... Таа е крв која тече низ слабоста и пот
која тече низ радоста. Само ширината на един-
ственоста ја означува вистинската молитва на ус-
ните, како едно мрморење, изедначено и обедине-
то. Мајката, храмот го носи во своето срце и пали
свеќи со своите солзи. Кога се радуваат нејзините
чеда, се радува и таа. А, стравот се всадува со први-
от плач на детето и трае до крајот на животот.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.48/49 2019 27
Проф. д-р Христо Петрески
МАЈКА
... и божем, така,Господ ја наградил односно
казнил, но таа кога ја свлечкаа назад од првите
кон последните редови. Taa не се ни наведна за-
што и онака беше наведната, лицето и беше вез-
ден свртено кон земи, па си велеше, па, дури и по-
сакуваше камен да ~ се стори еднаш, ниту да гле-
да ниту да слуша ниту да разбира штом се претво-
рила во партал кој секој може да го фрли и потфр-
ли, да го премести кога ќе сака како ќе сака и каде
ќе посака, а таа можеше на сите да ни биде мајка,
не само на книгите кои ги љубеше како најродена
рожба, и можеби,Господ н` ја испратил да н` гле-
да, да н` слуша да н` разбира нас никаквите сам-
бендисаните фодулите, компирите, фазаните...
Симона Петровска
МАЈКА-ЖЕНА-СОЗДАТЕЛ
Создавањето и созданието на битието се слу-
чува токму во утробата на Жената-Мајка, а пак
останките ги чува и памети Земјата – Мајка. Во
тој вечен и повторувачки процес препознаваме
копнеж за преродување. Остануваат спомените
длабоко издлабени во раните од породилниот рез
и борите на лицето, но и во кристалниот поглед
во очите и избледената насмевка на лицето.
Благој Попоски
МАЈКАТА МИЛОСТА И МИРОТ
Во животот човекот остава траги кои ниту мо-
жат да се избришат ниту да се заборават. Јас пи-
шувам за печалбарството, посебно за мајката и за
земјата кои тешко се забораваат од моментот ко-
га земав збогум од нив. На денот кога си замину-
вав штрковите и ластовиците патуваа на југ, а јас
на Запад. Тие пееја, јас плачев. Тие патуваа во ја-
то, а јас сам.
Ѓорѓи Прчков
МАЈКА – ЛИК СО НАЈСВЕТЛИ ДОБЛЕСТИ
ЗА СВОИТЕ ДЕЦА
Што е мајката за еден човек освен родилка на
неговото тело, згрижувачка на неговата детска
невиност, воспитувачка на неговата тинејџерска
разузданост и молителка за неговата зрела непод-
готвеност?
Илче Стојановски
МАЈКАТА - С` ПРИСУТНА ВО МОЕТО
ТВОРЕШТВО
Покрај на Господ Бог, ние непрестано припаѓа-
ме и на Пресветата Мајка која ги љуби ангелите
и светителите. Така н` љуби и нас, нудејќи ни ја
својата прегратка.
Тоа го чувствуваме преку молитвата – мирот
и тишината во срцето. Таа е бесконечна љубов и
бесконечен мир.
Вера Стојчевска Антиќ
МОЈАТА МАЈКА МИЛИЦА
Мојот животен пат е пронижен со голем број
личности, но , секако, тој започнува од домашно-
то огниште, кое е и мојот извор на животна егзал-
тација. Последниов заклучок може да го даде са-
мо животниот патник по долга изодена патна вр-
вица. На тој пат, ако треба да издвојам само една
личност која оставила траен печат во моите жи-
вотни чекори , без посебно размислување, е моја-
та мајка Милица.
Биљана Т. Димко
ПОЕЗИЈАТА Е И МАЈКА И ДЕТЕ
Мојата мајка, барам соодветен епитет, што ќе
ја претстави сета нејзина грамада и ќе ме објасни
во целост. Нема. Мајката е продолжена рака на
Бог, а Бог е љубов. Мајката во светски рамки е си-
ноним за безгранична и безусловна љубов и под-
дршка и како таква претставува еден цел домен
во уметноста со потточки од сите науки, како ал-
фа и омега на егзистенцијата.
Добре Тодоровски
МАЈКАТА КАКО ИНСПИРАЦИЈА
- НЕПРЕЛЕЖАНА БОЛКА -
Општо позната реплика, кога во силната желба
сакаме некој во нешто да ни поверува, се колнеме
во мајката, испирација на вистина, ваистина. Таа
се спомнува и кога се фрлаат клетви, колнатии и
прокоби, именки како единствен сведок за право-
верие и правда. С` е тоа инспирација.
Петко Шипинкаровски
МАЈКАТА – И МАЈКА И ТАТКО
Нема поголема радост и среќа кога детството
се минува во семејството, заедно со двајцата ро-
дители, во слога, разбирање и родителска грижа
кон одгледувањето и развојот на детето. Но на жа-
лост, секогаш, не е така. Постојат безброј причи-
ни кога, вака или онака, судбината си поигрува -
влегува „злото“ во семејството.
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 48/49 201928
Библиотеката со својот стар дел (1974) и нов
дел (1980) го реновираше својот простор во
2001/02 година (санитарниот чвор), во 2003/04
година (пултот за издавање), во 2007 година (хо-
лот во новиот дел), во 2008 година (фасадата и до-
грамата на стариот дел).
Оваа 2019 година започна реновирање на ма-
гацинскиот простор и дел на приземјето. Во ма-
гацинскиот југоисточен дел со самоиницијатива
и работа на вработениот Александар Јовевски се
истурнаа некои sидови за да се ослободи просто-
рија. Над истата просторија, на приземјето, тој ос-
лободи простор за изградба на новата просторија
за хигиеничарките. На малтерисувањето на sидо-
вите и правењето на спуштениот таван работеше
хаусмајсторот Владо Пачовски.
БИБЛИОТЕКАТА ВО РЕНОВИРАЊЕ И ОБНОВУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКАТА
ОПРЕМА
Јагјелонската библиотека во Краков е главната
библиотека на Јагјелонскиот Универзитет, а за-
едно со Медицинската библиотека и посебните
библиотеки на катедрите и институтите го сочи-
нуваат библиотечно-информацискиот систем на
Универзитетот.
Библиотеката е една од најважните библио-
теки во Полска и има статус на национална би-
блиотека. Најголемата збирка се наоѓала во Ко-
легиум Маиус (историското седиште на Јагјелон-
скиот универзитет), За време на Втората светска
војна целиот фонд на библиотеката бил пренесен
во нова зграда и истата била преименувана во
Staatsbibliothek Krakau.
Денес, Библиотека има и нова современа згра-
да, па така заедно со старата располагаат со на
27 000 квадратни метри корисна површина. Овој
голем простор опремен е со 10 читални, сала со
каталози, оддел за издавање, библиотечни мага-
цини, 2 сали за изложби, како и конференциска
сала. Двете згради опремени се со најсовреме-
ни системи за работа и безбедност. Во 2018 го-
дина библиотечниот фонд на Универзитетската
библиотека брои околу 6 милиони библиотечни
единици.
Јагјелонска Дигитална Библиотека (Jagiellońska
Biblioteka Cyfrowa) е најголемата дигитална би-
блиотека во Полска. Дигитализацијата на библи-
отечниoт фонд започна во 90-тите години, благо-
дарение и на американската донација со која што
се овозможи набавка на опрема и софтвер (VTLS).
Така, денес можат во дигиталниот он-лајн ката-
лог да се најдат сите печатени изданија од XIX и
XX век кои ги поседува библиотеката. Во диги-
талниот каталог, на едно место регистрирани се
збирките на Јагјелонската библиотека, Медицин-
ската библиотека Колегиум Маиус, како и посеб-
ните библиотеки на катедрите и институтите.
Мултипребарувачот EDS овозможува пребару-
вање во поголемиот дел од базите на податоци на
ЈБ како и воопшто достапните он-лајн бази на це-
лиот Универзитет. Покрај својата основна функ-
ција, Јагјелонската библиотека исто така сорга-
низира и друг тип на активности како образовни,
научно-издавачки, културни, инфромативни и сл.
ЈАГЈЕЛОНСКАТА БИБЛИОТЕКА ВО КРАКОВ, ПОЛСКА
Подготвила Марија Малгожата Мачковска, библиотекар советник
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.48/49 2019 29
Исто така, крпењето, односно малтерисување-
то на 33-те нови PVC – прозори (проект на Мен-
де Доневски вработен во Магацинот за книги на
Одделот за зајмувањеи услуга за возрасни) само-
иницијативно го изведуваа Владо Пачовски, Мен-
де Доневски и Александар Јовевски, додека моле-
рисувањето на магацинскиот простор го изведоа
Анастас Тргачевски (Сташе), Александар Јовев-
ски и Благој Бошевски (Бакало). Исто така, на во-
лонтерски начин беше офарбан и дел од фасадата
на јужната страна од стариот дел на Библиотеката
која беше извалкана со графити и др. На таваните
од магацинот и холот на приземјето старите неон-
ски светла, Пеце Анакиевски, вработен во Библио-
теката, ги замени со нови 24 ЛЕД – светла.
Неколкумесечната самоиницијативна напор-
на работа, односно помагање на вработените бе-
ше свечено завршена по реновирањето, односно
фарбањето и патосирањето на подот во Одделот
за заштита на книжниот фонд (во кој се подврзу-
ва оштетениот библиотечен материјал (броши-
рано, тврдо, платнено, шиено, полуплатнено, лај-
мовано, цело платно, обично и др.), исто така, во
него се врши каширање на библиотечниот мате-
ријал и др.
Што се однесува до техничката и друга работ-
на опрема, во оваа година беа набавени 11 совре-
мени персонални компјутери со одлична конфи-
гурација за замена на дотраените постоечки ком-
пјутери. Беа поставени и неколку внатрешни и
надворешни IP – камери. Беше прекината и ед-
на немила традиција во последните петнаесетина
години, дел од вработените сами да си купуваат,
или да ги поправаат на свој трошок своите работ-
ни столици. Беа набавени 31 работна столица.