Библиотечен тренд бр.15/16

БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД
СПИСАНИЕ НА


НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
БИТОЛА


Издавач
Национална установа


Универзитетка Библиотека
„Св. Климент Охридски“, Битола


ул. Ленинова 39


За издавачот
Науме Ѓоргиевски, директор


Издвачки совет:
претседател


д-р Николче Вељановски
Јоланда Бошевска
Гордана Марковска


Редакција:
Главен и одговорен уредник
д-р Николче Вељановски,


Јоланда Бошевска
Илче Стојановски


Лектура и коректура:
д-р Николче Вељановски


Јоланда Бошевска


Фотографии:
Благој Бошевски
Маријан Котевски


Компјутерска обработка и печат
МИКЕНА, Битола


Тираж
300 примероци


ISSN 1409–9497


Тел.: 047/220-208;
Тел./факс: 047/220-515;
Тел. на Изд.: 232-999


www.nuubbt.uklo.edu.mk
e-mail: nuubbt@uklo.edu.mk


СОДРЖИНА


БИБЛИоТеКаТа – од Идеја до РеаЛИЗацИја 2


НАУМЕ ЃОРГИЕВСКИ, нов директор во Библиотеката . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 2
Конференција COBISS 2006 - Благој Николов . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 2
ПРАВИЛНИК за издавање на дозволи за заемна каталогизација . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3
МАРИБОРСКА ДЕКЛАРАЦИЈА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 4
СОБРАНИЕ НА ХРВАТСКОТО БИБЛИОТЕКАРСКО ДРУШТВО -
Јелена Петровска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 4
ТРКАЛЕЗНА МАСА - COBISS 2006. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5
МАКЕДОНСКО-АЛБАНСКА СРЕДБА НА БИБЛИОТЕКАРИ -
Цветанка Дамјановска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 6
НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СИНДИКАТОТ. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 8
ОДОБРЕНИ ПРОЕКТИ НА НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“- БИТОЛА
ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ЗА 2007 ГОДИНА. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 8
ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ПРИВАТНИТЕ БИБЛИОТЕКИ ВО БИТОЛА“ . . . . . . 9
ПРВА НАГРАДА НА 7. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР
„МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ” ВО РАДОВИШ - Јоланда Бошевска . . . . . . . . . . . . . . . . 10


БИБЛИоТеКаТа – НИЗ оддеЛИ И аКТИВНоСТИ 11
АНЕТА СТЕФАНОВСКА ПРВ БИБЛИОТЕКАР ПАРЛАМЕНТАРЕЦ. . . . . . . . . . . . . 11
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА ПРЕДАВАЊА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ -
Драги Кабровски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 11
ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 18
ВИ ГО ПРЕТСТАВУВАМЕ СВЕТОЗАР ТАСЕВСКИ. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 18
ВИ ГО ПРЕТСТАВУВАМЕ БРАНКО НАУМОВСКИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 19
ОСВРТ КОН ДЕЛОТО „МОЌТА НА СЕГАШНИОТ МИГ“ ОД ЕКАРТ ТОЛ -
Д-р Николче Вељановски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 21


ПоВод За да ВИ Го ПРеТСТаВИМе… 23
По повод добивањето на наградата „Тренд“ на ИК „Феникс“ - Скопје
извадок од романот „Балканскиот ѓавол“ од Петре Димовски. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 23


од ЖИВоТоТ На БИБЛИоТеКаРИТе 26
(НЕ) ЧИСТАТА МАТЕМАТИКА НА „ДИРЕКТОРИЦА“ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 26
НАГРАДИ СО ТЕМНИ АУРИ. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 30
ДОКТОР ПО МЕНАЏМЕНТ ПРЕДАВА ОСНОВИ НА ДЕМОКРАТИЈА . . . . . . . . . . 31
ФИНАНСИСКА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМСКИТЕ АКТИВНОСТИ
НА НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” ЗА 2006 ГОДИНА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 32


БИБЛИоТеКаТа Во ПеЧаТоТ




2
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


БиБлиотеката – од идеја до реализација


Од неодамна за нов директор
беше избран Науме Ѓоргиевски.
Роден е 1956 година, во Битола.
Основно и средно образование
завршил во Битола, а Филозофски
факултет, група Историја на умет-
ност со археологија завршил на
Универзитетот „Св. Кирил и Мето-
диј“ во Скопје. Во Библиотеката е
вработен од 1986 година. Поминал
низ повеќе библиотечни процеси и
во 1997 година се здобива со звање
Виш библиотекар. Последните де-
сет години работи во Роднокрајни-
от оддел и на комплетирањето на
книжниот фонд при што работи со
сите издавачки куќи од државата и
пошироко.


Во 2002 година е прогласен за


Библиотекар на годината од изда-
вачите на Р. Македонија. Добитник
е и на наградата на градот Битола,
4-ти Ноември за трудот Печатарс-
твото и издаваштвото во Битола


кој е заеднички со повеќе автори.
Во 2004 година беше организатор
на првиот Саем на книги во Бито-
ла. Оттогаш Саемот останува тра-
диционален.


Има објавено повеќе трудови:
Книгата и нејзиното место во


културниот живот на исламскиот
свет на Битола; Комплетирање на
библиотечниот материјал; Манас-
тирските библиотеки во Битола и
Битолско; Турските библиотеки во
Битола; Библиотеките во Битола;
Битола низ вековите - библиогра-
фија на монографски публикации
- коавтор; Монографија за 60 -го-
дишниот јубилеј на Библиотеката
со два свои трудови. Бил учесник
во повеќе проекти.


НАУМЕ ЃОРГИЕВСКИ, нов директор во Библиотеката


Во Марибор, од 29 до 30 ноемв-
ри (среда и четврток) беше одржа-
на Конференцијата COBISS 2006
на тема: „Улогата на библиотеките
во обезбедувањето на транспа-
рентноста на библиографските
показатели на научната, стручната
и педагошката успешност во ви-
сокошколските и истражувачките
установи“.


На конференцијата присуству-
ваа 421 библиотекари и информа-
тичари (од Македонија присуству-
ваа 34 библиотекари и информа-
тичари), од 14 земји, а најповеќе
од државите на Западниот Балкан.
На конференцијата беше распра-
вано за значењето на библиотеки-
те за развој на државите од Југо-
источна Европа. Покрај бројните
стручњаци за библиотекарство и


информатика, учествуваа и пре-
тставници од надлежните минис-
терства. Претставници од Маке-
донија беа г-дин Јован Лазарев
- Министерство за образование,
г-гица Валентина Јаневска - Секре-
таријат за Евроинтеграција како и
г-ѓа Џулија Богатинова-Костовска
- Амбасадата во Љубљана, како и
претставници на генералните ди-
ректорати на ЕУ и на меѓународ-
ни организации кои се грижат за
развојната помош. Учесниците се
зазедоа за што посинхронизирана
и поголема развојна поддршка на
меѓународната заедница за модер-
низацијата на библиотекарството
во државите, при што ширењето на
COBISS.Net, која ја креира ИЗУМ
од Марибор, ја препознаваат како
најефикасен пат. Кон Словенија,
Македонија, Босна и Херцеговина,
Србија и Црна Гора, кои веќе го ко-
ристат COBISS, со потпишувањето
на спогодбата за размена на биб-
лиографските записи за време на
конференцијата, се приклучи и Бу-


гарија. Од присутните изразено е
очекување дека новите механизми
на ЕУ за развојната помош на За-
падниот Балкан, поконкретно, ќе
ги поддржат информатизацијата и
развојот на библиотеките.


Учесниците изнесоа критички
ставови за улогата на библиотеки-


Конференција COBISS 2006


Приредил Благој Николов,
библиотекар советник


Од меѓународната соработка




3
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


БиБлиотеката – од идеја до реализација


те во реформите на високото обра-
зование и при тоа беше констати-
рано дека нивната улога е потце-
нета, што во секој случај негатив-
но ќе се отслика врз квалитетот и
конкурентноста на националните
високообразовни системи на за-
едничкиот европски универзитет-
ски простор.


На конференцијата COBISS
2006, на посебна тркалезна ма-
са, која ја организираше ИЗУМ и
Подунавската ректорска конфе-
ренција, посветена на положбата
на библиотеките и библиотечно-
информативните системи во сис-
темското уредување во практика-
та за евалвација и акредитација на
високото образование, едногласно
е усвоен документ кој е наречен
„Мариборска декларација“.


ПРАВИЛНИК за издавање на дозволи за заемна каталогизација


На Конференцијата COBISS
2006, од големо значење беше пре-
зентацијата на Правилникот за из-
давање на дозволи за заемна ката-
логизација и неговата примена во
Словенија од страна на м-р Мар-
та Сељак, помошник директор на
ИЗУМ Марибор.


Условите за стекнување на доз­
во ла за заемна катологизација се:


1. Секој кандидат мора да има
библиотекарско предзнаење кое
вклучува продлабочено позна-
вање на правилата за обработка на
библиотечниот материјал и стан-
дардите ISBD;


2. Мора да се стекне со до-
полнителни знаења на курсот за
Користење на програмската под-
дршка COBISS2/Каталогизација -
почетен, кој го организира библи-
отечно-информацискиот сервис;


3. Мора да ја докаже својата ос-
пособеност со креирање на 30 ор-
гинални библиографски записи за
монографски публикации во тест-
на околина;


4. Кога кандидатот ќе ги испол-


ни условите од претходните точки
Центарот на ВБ (Виртуелна Биб-
лиотека) и НУУБ - Скопје ги пре-
гледува тестните записи. Центарот
на ВБ ги проверува креираните
библиографски записи дали одго-
вараат на барањата на форматот
COMARC, а НУУБ - Скопје потвр-
дува дали се во согласнот со прави-
лата според стандардот ISBD. Ако
записите се во согласност со фор-
матот COMARC и со правилата за
каталогизација кандидатот може
да пристапи кон проверка на зна-
ењето. Спротивно на ова Центарот
на ВБ и НУУБ - Скопје го известу-
ва кандидатот за неисправноста и
грешките во записите. Постапката
на поправање и проверување на за-
писите кандидатот може да го пов-
тори најмногу до три пати. Ако и
понатаму прави грешки повторно
се испраќа на курсот COBISS2/Ка-
талогизација - почетен и повторно
креира 30 тестни записи;


5. За проверка на знаењето на
кадидатите предвидени се шест
пати во една година. На испитот
кадидатот креира 4 библиографс-


ки записи од монографските пуб-
ликации, кои ги подготвува ко-
мисијата. Испитната комисија го
оценува квалитетот на записите и
кандидатот по потреба го повику-
ва на устен дел од испитот. Успехот
на кандидатот го оценува со „по-
ложил“ или „не положил“. Канди-
датот може да го полага испитот
три пати. Ако не го положи испи-
тот, повторно се испраќа на курсот
COBISS2/Каталогизација - почетен
и повторно креира 30 тестни запи-
си;


6. Кога кандидатот ќе го положи
испитот Центарот на ВБ му издава
потврда за добиена лиценца за за-
емна каталогизација;


Правилникот предвидува ис­
то така и одземање на лиценцата,
и тоа во случаите:


1. Ако каталогизаторот во вре-
ме од три години не креира нови
библиографски записи или не ги
дополнува постоечките, лиценца-
та му се става во мирување;


2. Ако редакторите по трет пат
го предупредуваат креаторот за




4
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


БиБлиотеката – од идеја до реализација


неусогласеност на записите со ка-
талогизаторските правила и фор-
матот COMARC, веднаш предла-
гаат да му се одземе лиценцата на
каталогизаторот;


3.Ако каталогизаторот го даде
на друга особа корисничкото име
или лозинката со овластувањата
за креирање на нови записи, или
пак при ажурирање на записите
ги злоупотребува овластувањата,


тогаш лиценцата за работа му се
одзема во траење од 3 години.


Правилникот за издавање на
дозволи за заемна каталогизација
им налага на каталогизаторите
стално стручно оспособување
по програмот за обука на НУ-
УБ - Скопје и Центарот на ВБ. За
континуирана проверка на биб-
лиографските записи задолжена
е група на редактори од заемната


база на податоци, која ја именува
НУУБ - Скопје и Центарот на ВБ.
Двапати годишно е предвидено
проверка на квалитетот на слу-
чајно избрани 50 библиографски
записи. Во случај на неадекватно
креирани записи според правила-
та за каталогизација и форматот
COMARC се известува установата
каде е каталогизаторот вработен
за направените грешки.


Тема на собранието:
Библиотеките - ризници
на пишаното и дигитално
наследство


На покана од Библиотекарското
друштво на Хрватска присуствував
на 35. Собрание на ХКД (Хрватско
књижничарско друштво) кое што
оваа година се одржа од 27-30 сеп-
тември на Плитвичките езера.


Хрватското библиотекарско
друштво покажа дека и оваа година
како впрочем и минатите години е
секогаш во тренд на случувањата
во библиотечната наука во светот,
но исто така дека внимателно го
гради националниот концепт за
развој на библиотекарството во
државата.


Темата на собранието беше кон-
ципирана во повеќе работилници:
дигитализација на библиотечна­
та граѓа; Заштита на библиотеч­


ната граѓа; Примери на добрата
практика; Заштита, обнова и ко­
ристењето на граѓа од периодика;
обезбедување на финансиските
средства преку проекти и дона­
ции.


Првиот ден Собранието рабо-
теше со извештаи од секциите за
различните видови на библиоте-
ки додека другите учесници беа
активно вклучени во стручните
средби и договори во врска со ре-
ализација на идните проекти. Сле-


Констатиравме дека ретки се
примерите на адекватно уважу-
вање на придонесот на библиоте-
ките за повисок квалитет на ви-
сокото образование, бидејќи во
националните стандарди и крите-
риуми при евалвација и акреди-
тација воопшто не се спомнуваат
библиотеките или се третирани
сосема маргинално. Тоа го повр-
зуваме со случаите на основање
на високошколски установи и
воведувањето на нови програми
за кои не е обезбедена современа
библиотечно-информациска под-
дршка. Заради тоа мораат да бидат


свесни, како студентите кои во та-
кви услови не можат да постигнат
добар успех во студирањето, така
и финансиерите кои вложуваат
средства во неперспективни висо-
кошколски проекти.


Како библиотекари и библио-
течни информатори апелираме до
раководствата на универзитетите
и на владите во државите, во свои-
те развојни стратегии и политики
да го применат веќе проверениот
факт дека без добри библиотеч-
но-информациски системи нема
квалитетно високо образование.
Очекуваме дека, во националните


системи, при вреднувањето на ква-
литетот во високото образование,
библиотеките ќе бидат третирани
како битен елемент без кој високо-
то образование не ќе може да биде
конкурентно во заедничкиот ев-
ропски високообразовен простор.
Библиотечно-информациските
системи обезбедуваат транспарен-
тност на резултатите од истражу-
вачката и педагошка работа, која е
неопходна за размена на студенти-
те и наставниците и за поврзување
во заеднички проекти.


Усвоено во Марибор, 30-ти
ноември 2006 година


МАРИБОРСКА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА УЛОГАТА НА БИБЛИОТЕКИТЕ ВО ЕВАЛВАЦИИТЕ И
АКРЕДИТАЦИИТЕ НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ


СОБРАНИЕ НА ХРВАТСКОТО БИБЛИОТЕКАРСКО ДРУШТВО
Приредила Јелена Петровска,


виш библиотекар




5
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


БиБлиотеката – од идеја до реализација


деа излагањата од видни
експерти од библиотеч-
ната дејност но и пре-
тставници на државата,
архиви, музеи и други
сродни дејности.


Во неофицијалниот
дел беше организиран
излет на Плитвичките
езера и посета на мемо-
ријалниот центар и род-
ното место на Никола


Тесла. Исто така беа посетени и
библиотеки во поспецифични пла-
нински места како што се Плитви-
це и Госпиќ кои што и покрај огра-
ничениот број на читатели напра-
вија многу интересни приоди во
библиотечната работа.


На крајот остануваат прекрас-
ните спомени и контакти со биб-
лиотекарите од Хрватска но и мно-
гу стекнати знаења кој што ќе ги
пренесам на своите колеги.


Од поздравниот говор


ТРКАЛЕЗНА МАСА - COBISS 2006


Годинашната конференција COBISS 2006 која бе-
ше посветена на улогата на библиотеките во високото
школство со посебен акцент на евалвацијата на нив-
ното работење, се одржуваше од 29 - 30 ноември.


Вториот ден, како учесник на Тркалезната маса, учес-
твував со излагањето на тема „Искуства од евалвацијата
на НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола. Учесници на
тркалезната маса беа експерти од библиотечната дејност
но и претставници на влади и ресорни министерства.
Претседавач беше Франци Пивец од ИЗУМ.


Водени беа конструктивни разговори во врска со
можностите и неопходноста за развојната поддршка
на меѓународната заедница, за развојот и модерниза-
цијата на библиотекарството во регионот и неопход-
носта од ширењето на мрежата COBISS.Net, како и за
размена на библиографските записи како дел од гло-
балната политика за поголема достапност на инфор-
мациите во земјите потписници на COBISS.


Како заеднички заклучок од Тркалезната маса
произлезе и „Мариборската декларација“ како пре-
порака на сите влади од регионот за воспоставување
на квалитет и конкурентност на националните висо-
кошколски системи со трансформација на библио-
течниот систем достоен да биде логичка поддршка на
ефикасно и ефективно високо образование.


Документот за улогата на библиотеките во евалва-


цијата и акредитација на универзитетите е едноглас-
но усвоен од страна на присутните библиотекари и
упатен кон управите на универзитетите и надлежни-
те министерства во регионот.


Забележително беше излагањето на Catherine
Mocellin од Франција во врска со заштитата на ди-
гиталните збирки и на извонредните научни трудови
од библиотечните експерти од Хрватска пред сè Алек-
сандра Хорват, Марина Михалиќ, Иванка Стричевиќ,
Ирена Пилаш, Татјана Апарац-Јелушиќ и др.


Со оглед на важноста на донесување на стратеш-
кииот документ т.е. Националниот програм за диги-
тализација на архивската, библиотечната и музејската
граѓа можеше да се забележи сè поголема ангажира-
ност на библиотекарите од цела Хрватска за унапре-
дување на библиотечната дејност и поголема ориен-
тираност на Хрватското друштво кон неопходноста
од трансформација и развој на библиотеките, како
еден од најзначајните сегменти на патот на Хрватска
кон Европа. Финансирањето на проектите од облас-
та на библиотекарството беше посочено како извор
на новите библиотечни услуги, а работилницата која
што ги третираше проблемите во врска со изнаоѓање
на финансиски средства и убедување на потенцијал-
ните донатори и спонзори обилуваше со позитивни
примери од практиката.


Стануваме поблаги во судењето за другите луѓе ако
сме дошле до сознание за сопствените слабости.


Тагоре




6
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


БиБлиотеката – од идеја до реализација


Во периодот од 6 до 7 јули 2006
година во просториите на Нацио-
налната установа-Универзитетска


библиотека „Св. Климент Охрид-
ски“- Битола се одржа Македонс-
ко-албанската средба на библио-
текари (Takim maqedon-shqipetar
i bibliotekarve), која произлезе од
проектот, „Заедно од двете страни
на границата“ („Bashke nga dy ana
e kufirit“).


Целта на проектот беше да се
унапредат долгорочните струк-
турни промени во областа на
културната политика, развојот и
примената на различните модели
на културното дејствување со по-
себен акцент на проектите „преку
границите“. Оваа средба е прва
од оваа форма на нови начини во
библиотечното работење со тен-
денција да се прошири и на други
држави во нашето опкружување.


На средбата беа присутни биб-
лиотекари од НУУБ - Битола, Биб-
лиотеката „Тими Митко“- Корча (Р.


Албанија) и библиотекари од На-
родната библиотека „Борка Талес-
ки“- Прилеп како и проректорот


на Универзитетот „Св. Климент
Охридски“- Битола.


Средбата отпочна со работа во
11 часот на 6 јули 2006 година, со
следниот дневен ред:


1. Прием на гостите
2. Воведен збор за проектот и


целта на средбата
3. Презентација за работата на


НУУБ „Св. Климент Охридски“-
Битола


4. Дискусија за искуствата на
библиотекарите од Р. Албанија и Р.
Македонија (еврорегионот)


Излагањата се одвиваа паралел-
но на македонски и на албански ја-
зик со обезбеден превод на двете
страни. Воведниот збор за проек-
тот и целта на средбата го даде ра-
ководителот на проектот Цветан-
ка Дамјановска, виш библиотекар,
потоа следеше презентацијата за
работата на НУУБ „Св. Климент
Охридски“- Битола од страна на
директорот Јелена Петровска.


По третата точка се поведе дис-
кусија за искуствата на библиоте-


МАКЕДОНСКО-АЛБАНСКА СРЕДБА НА БИБЛИОТЕКАРИ
Приредила Цветанка Дамјановска,


виш библиотекар




7
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


БиБлиотеката – од идеја до реализација


карите од двете држави. Директо-
рот на библиотеката „Тими Мит-
ко“-Корча, Скендер Руси ја објас-
ни позицијата на библиотеката во
рамките на локалната самоуправа,
нејзиното финансирање, бројот на
вработени, фондот на книги, ком-
пјутеризацијата која е на почеток
и др. Во дискусијта учествуваа и
Сократ Шепери, Татјана Лигори,
Лири Ѓока, а во својство на пре-
ведувач беше Митре Неделко од
Корча.


Свои дискусии имаа директор-
ката на библиотеката „Борка Та-
лески“-Прилеп, Благица Илиоска и
вишиот библиотекар, м-р Наде Ка-
раџоска. На гостите им се обрати
и проректорот на универзитетот
„Св. Климент Охридски“-Битола
д-р Добри Петровски.


Гостите од Корча, од
својата богата читател-
ска традиција, донираа
книги од албански ав-
тори кои беа изложени
во витрините на биб-
лиотеката како пону-
да за нашите читатели
кои сакаат да читаат на
албански, а воедно го
збогатија фондот на на-
шата библиотека.


Беше организиран
и ручек со македонски
специјалитети.


Вториот ден, гостите го посе-
тија и музејот на град Битола и се
запознаа со останатите културни
содржини што ги нуди нашиот
град.


Општа оценка од сите присут-
ни беше дека бараните ефекти
од проектот се постигнати и дека
дискусиите ќе придонесат за прак-
тични и конкретни придобивки во
библиотечното работење на двете
земји и можноста за меѓугранич-
на соработка. Беше договорено
од двете страни дека оваа средба
треба традиционално да продол-
жи во библиотеката „Тими Мит-
ко“ во Корча, со организирање на
предавања и работилници каде ќе


се евалуираат состој-
бите во библиотеки-
те. Посебен акцент ќе
биде ставен на мож-
ностите за изработка
на заеднички проекти
од областа на совре-
меното библиотечно
работење.


Целата средба бе-
ше медиумски покри-
ена од страна на нови-
нарите од локалните и
републичките новин-
ски и телевизиски ме-
диуми.




8
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


БиБлиотеката – од идеја до реализација


Одлуката на Советот на СОНК
од 2.09.2006 година за распишу-
вање на избори во основните ор-
ганизации на СОНК беше спро-
ведена и во НУУБ - Битола на
17.10.2006 кога се одржа Собрание
на членовите на Основната орга-
низација на СОНК при Библио-
теката. Извештај за работата на
СОНК во изминатиот мандат на
претседателството поднесе прет-
седателот на Основната организа-
цја на СОНК Драги Кабровски кој
беше повеќе од два мандати нејзин
претседател. Делегат од регионал-
ниот СОНК беше Бегаевска Ана
која зеде учество во дискусијата


по повод Колективните договори
кои ги потпишуваа претседателите
на СОНК со претходна направена
систематизација на институциите
според овој Колективен договор.
Таа истакна дека за ваквите сис-
тематизации одврзани раце на
институциите им даде ресорното
министерство со што се предизви-
ка хаос затоа што овие системати-
зации беа правени повеќе по лич-
ности отколку по стручноста.


Во својот Извештај, претседа-
телот на СОНК Драги Кабровски
го пропушти делот на потпишу-
вањето на Колективниот договор,
на што со дискусија се јави Мен-


де Доневски. Всушност, несвику-
вањето на членовите на Основната
организација на СОНК пред прет-
седателот да го потпише истиот,
како и неговото неистакнување
на огласна табла после неговото
потпишување (тоа беше сторено
дури по два месеци) предизвика
големи негодувања кај вработени-
те. Се правеа списоци за вонредно
свикување на Собрание на СОНК
во јули месец, но до тоа не дојде
заради притисокот што го напра-
ви директорката на Библиотеката
кај некои вработени со изговор
дека не се сите членови вратени
од летните одмори. Сепак на 17-ти


октомври се одржа редовно Соб-
рание на кое беа предложени двај-
ца кандидати: Драги Кабровски и
Стојановски Илче. Со 17 гласови
наспроти 11, за нов претседател на
Основната организација на СОНК
беше избран Стојановски Илче. За
потпретседател и понатаму остана
Јоланда Бошевска, а се променија
членовите и замениците на Над-
зорниот одбор. Директорката Је-
лена Петровска, најверојатно во
својство на член на СОНК пред
предлагањето на кандидатите за-
праша дали може да се предложи
дотогашниот претседател, а откако
беше предложен неговиот опонент


Илче Стојановски, таа почна да
го потсетува дека тоа е многу од-
говорна работа, да не случајно се
премисли. Таа се обиде дури пред
делегатот на Собранието да каже
дека кај нас потпишувањето на Ко-
лективниот договор било транспа-
рентно, на што имаше силно него-
дување на присутните.


Било како било, за нов претсе-
дател на ОО на СОНК беше избран
Илче Стојановски.


НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СИНДИКАТОТ


1. Збогатување на книжниот
фонд;


2. Тркалезна маса - втора тради-
ционална средба со роднокрај-
ни писатели;


3. Информативен каталог;
4. Персонална библиографија за


Вера Стојчевска - Антиќ;
5. Библиотечна музејска постав-


ка на Битола и битолско;
6. Заштита на библиотечниот ма-


теријал;
7. Културни активности;
8. Автоматизација на библиоте-


ките од западниот регион;
9. Битолско книжевно наследс-


тво (изложбан а книги и про-
моција на автор) во Културно-
информативниот центар во
Софија;


10. Поддршка и развој на нови фор-
ми на библиотечно работење
македонско-албанска средба на
библиотекари („Заедно од двете
страни на границата“) 2 фаза;


11. Изведување на приклучок;
12. Списание „Библиотечен тренд“


(во тек на одобрување по под-
несен приговор);


13. Авторите од подпелистерието,
Том 1.


ОДОБРЕНИ ПРОЕКТИ
НА НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ
ОХРИДСКИ“- БИТОЛА ОД
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА
КУЛТУРА ЗА 2007 ГОДИНА


Илче Стојановски во средината




9
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


БиБлиотеката – од идеја до реализација


Во чест на Патронот свети Кли-
мент Охридски на 9 декември во
салата за промоции на НУУБ - Би-
тола се промовираше книгата При-
ватните библиотеки во Битола од
Ленче Андоновска, виш библиоте-
кар. Книгата произлезе од проек-
тот „Истражување на приватните
библиотеки во Битола“ на авторка-
та во кој зедоа учество и Гордана
Пешевска, систем инженер, Благој
Николов, библиотекар советник и
Науме Ѓоргиевски, виш библиоте-
кар и директор на Библиотеката.


На промоцијата присуствуваа
видни гости од градот и државата
меѓу кои заменик министерот за
култура Слободан Деспотовски,
Трајанка Марковска, советник за
библиотекарство при Министерс-
твото, членот на Парламентот Ане-
та Стефановска и градоначалникот
на Битола Владимир Талевски.


Од разговорот со авторката доз-
наваме дека целта на истражувач-
ката група била да ги регистрира
постојните приватни библиотеки
во градот. За да ја остварат целта
се обратиле до масовните медиуми
преку кој ги поканиле граѓаните
кои поседуваат свои библиотеки
да достават информации за исти-


те. Одѕивот бил голем. Се
пријавиле околу 40 лица
кои имале над 1000 насло-
ви. Со претходен договор
биле посетувани во нив-
ните домови со што бил
направен увид во про-
филот на секоја приватна
библиотека. Презентира-
ните приватни библиотеки
се хетерогени. Ги има сосе-
ма стручни (Никола Хрис-
товски - биологија, Јане
Димулковски - медицина,
Владимир Костов - лите-
ратура, Борче Радевски и
д-р Душко Константинов
од повеќе области. Ги има
семејни од една, две или
три генерации (Констан-
тинови, Бомбол). Потоа, интерес-
на е да се спомене личната библи-
отека од 5000 наслови на Митро-
политот Преспанско-пелагониски
и администратор Австралиски и
Новозеландски г. Петар, проф. д-р
Борис Ангелковски (4000 насло-
ви), проф. д-р Божидар Маслинков
(4000 наслови), проф. д-р Трајко
Огненовски (4000 наслови), писа-
телот Владимир Костов (над 3000
наслови), бившиот директор на


Библиотеката Методија Размовски
(над 3000 наслови) и критичарот и
писател Доне Пановски (над 3000
наслови), итн.


Еве што ни рече Ленче: „како
универзитетски град со голема тра-
диција Битола се гордее со своите
граѓани кои макотрпно собирале
книги и како богатство истите ги
зачувале за себе и за поколенија-
та. Со гордост истакнувам дека за
првпат се истражени приватните
библиотеки. Можеби останаа и
други приватни библиотеки кои
не се истражени затоа што не до-
шла информацијата од медиумите
до сопствениците. На истите, до-
колку ги има, им се извинуваме и
се надеваме дека во наредниот пе-
риод, во една следна фаза, истите
ќе бидат истражени. Исто така, ја
користам оваа пригода да им се
заблагодарам на сопствениците на
приватните библиотеки за убавиот
прием и нивната подготвеност за
соработка без која овој проект не
ќе можеше да се реализира“.


ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА
„ПРИВАТНИТЕ БИБЛИОТЕКИ ВО БИТОЛА“




10
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


БиБлиотеката – од идеја до реализација


Во организација на Библиоте-
карското друштво на Македонија,
на 17 ноември 2006 година, во Ра-
довиш, беше одржан седмиот по
ред Републички натпревар „Мла-
ди библиотекари”. На натпреварот
учествуваа триесетина натпрева-
рувачи од повеќе градови во Ре-
публиката, победници на претход-
но одржаните Општински натпре-
вари.


Викторија Блажеска, ученичка
во VII одделение во ОУ”Климент
Охридски” - Битола, беше претс-
тавник од нашата Библиотека. Во
модерно преуредените простории
на Библиотеката младите натпре-
варувачи со нивните ментори и
останатите гости беа топло поз-
дравени од директорот на Библи-
отеката, а претседателот на Коми-
сијата за спроведување на натпре-
варот ги запозна кандидатите со


правилата за полагање на тестот.
Тестот имаше 21 прашање, а трае-
ше 60 минути.


Додека тричлената комисија, во
состав: Миле Бошевски, претседа-
тел, Слободанка Дуева и Иванка
Соколова, членови, ги прегледу-
ваа тестовите, беше организирана
пријатна прошетка по топлото и
сончево време низ Радовиш, при
што ја посетивме и црквата „Све-
та Троица”.


Бевме пријатно изненадени и,
се разбира, возбудени кога после
долгото читање и доделување на
благодарниците за учество на се-
кој од кандидатите и дипломите за
освоено трето и второ место, сва-
тивме дека единствено неповика-
на остана нашата Викторија. Таа
го освои првото место со макси-
мални 160 бодови. Радоста и задо-
волството за постигнатиот успех
беше преголема за Викторија како
нејзин личен успех и за нас како
Библиотека.




Од Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ одржан на 18.10.2006 година


Миле Бошевски ја доделува Првата награда на Викторија Блажевска
на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“


ПРВА НАГРАДА НА 7. РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР
„МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ” ВО РАДОВИШ


Приредила Јоланда Бошевска,
виш библиотекар




11
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


04.07.2006 г.
СРедБа Со ПИСаТеЛ
Средба со Радован П. цвет­


ковски писател од Битола член на
друштвото на писатели на Маке­
донија. На средбата писателот се
осврна на творештвото на писате-
лот Владимир Костов од Битола
со посебен акцент во излагањето
за неговиот „Хераклејски моза­
ик“. Потоа во кратки црти се осв-
рна и на своето творештво, а при-
сутните гости поставија и неколку
прашања до писателот.


05.07.2006 г.
По повод одржувањето на


Хераклејските вечери во Битола
НУУБ „Св. Климент Охридски“
од Битола активно се вклучи во
одбележувањето на оваа културна
манифестација со следните актив-
ности:


-Изложба на книги од нобело-
вецот Иво Андриќ


-100 години од смртта на
Хенрик Ибзен


-150 години од раѓањето на
Бернард Шо


- Струшки вечери на поезијата
- Тематска изложба на книги


06.07.2006 г.
СРедБа На БИБЛИоТеКаРИ
На 06.07.2006 година во Биб-


лиотеката со почеток во 11 часот
се одржа Македонско­албанска
средба на библиотекари наслове-
на како „Заедно од двете страни
на границата“.
Гости беа претс-
тавници на биб-
лиотеката „Тими
Митко“­ Корча,
Р. албанија. Цел-
та на средбата
беше да се унап-
редат долгороч-
ните структурни
промени во об-
ласта на култур-
ната политика,
и примената на
различните мо-


дели на културното дејствување,
состојбите во библиотеките, авто-
матизација на библиотечните про-
цеси и можности за понатамошна
соработка.


Средбата ја отвори и гостите
ги поздрави директорката на Биб-
лиотеката- ѓ-ѓа Јелена Петровска.
Присутен беше и проректорот на
Универзитетот од Битола проф.
д-р. добри Петровски.


Анета Стефановска, виш библиотекар и успешен директор во НУУБ
„Св. Климент Охридски“ Битола продолжува со својата ангажираност
во полето на културата. Имено, таа е првиот библиотекар кој станал
парламентарец. Наредните четири години ќе ја гледаме во пратеничките
клупи. Таа веќе активно работи на помагање на библиотекарството во
Македонија. На крајот од 2006 година поднесе амандман за зголемување
на буџетот за библиотеките за 2 милиони денари, кој беше усвоен.


АНЕТА СТЕФАНОВСКА
ПРВ БИБЛИОТЕКАР ПАРЛАМЕНТАРЕЦ


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА
ПРЕДАВАЊА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ


Приредил Драги Кабровски


БиБлиотеката – Низ оддели и актиВНоСти




12
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


11.07.2006 г.
ПРедаВаЊе
Предавањето на тема: „Човекови права и права


на децата“ се одржа во салата за промоции на Библи-
отеката со почеток во 12 часот. Предавач беше проф..
д-р Златко Жоглев од Педагошкиот факултет од Би-
тола.


25.07.2006 г.
ЛИКоВНа ИЗЛоЖБа
Учениците учесници на Креативната работилница


изработија ликовни дела на мотиви од стара Битола
и по тој повод Библиотеката во холот и големата сала
им организира изложба.


28.07.2006 г.
ИЗЛоЖБа
Во рамките на Битолското културно лето, а во со-


став на фестивалот на народни игри и песни „Илин­
денски денови“ во Центарот за култура се органи-
зираше Изложба на Македонски уметнички ракот­
ворби со учество на 40 ракотворци од Македонија.
Библиотеката како подржувач на манифестацијата
беше промовирана со свој штанд со библиотечен ма-
теријал. Изложбата свечено ја отвори министерот за
култура г­дин Благој Стефановски.


28.07.2006 г.
ИЗЛоЖБа На КНИГИ
По повод големиот празник на македонскиот на­


род 2 август ­ Илинден, во холот на Библиотеката
беше организирана традиционална тематска изложба
на книги за овој голем историски настан. На излож-
бата беа презентирани 100 монографски публикации
од фондот на Библиотеката.


08.08.2006 г.
НаСТаВа Во ПРИРода
За учениците учесници во Креативната работил-


ница организираа настава во природа на теренот на
Тумбе Кафе, од волонтерките - дипломирани воспи-
тувачи од Педагошкиот факултет од Битола.


21.08.2006 г.
ИЗЛоЖБа На КНИГИ
По повод одржувањето на културната манифес-


тација од светски карактер „Струшки вечери на
поезијата“ на 21 Август Библиотеката организира
Изложба на книги од писатели досегашни учесници
и кратка биографија со портрет од сите досегашни
добитници на наградата „Златен венец на поезија­
та“. Исто така на изложбата беа поставени и книги
во издание на институцијата Струшки вечери на по-
езијата.


22.08.2006 г.
ИЗЛоЖБа
Во големата сала за промоции на Библиотеката бе-


ше поставена Изложба на кукли што беа изработени
од учесниците на Креативната работилница што Биб-
лиотеката ја организира за време на летниот распуст
на учениците.


23.08.2006 г.
ПРедаВаЊе
За учесниците на Креативната работилница беше


одржано предавање од стручно лице од полиција за
темата: „Култура во сообраќајот“.


09.10.2006 г.
ИЗЛоЖБа На КНИГИ
Со тематската изложба насловена како „Историја


на Македонија 1941 до 1945 година“, со посебен ак-
цент на настаните во Прилеп, Куманово, Битола,
Скопје, Кичевско, Гостиварско, Тетовско, охридс­
ко, Струшко, Тиквешијата, Богданци, Велес, Гевге­
лија и др. беше одбележан 11 ти октомври ­ денот
на востанието на македонскиот народ.


14.10.2006 г.
„ЛИТеРаТУРНо ПаТУВаЊе Во СРцеТо На


БИТоЛа“
По повод „Меѓународниот ден на книгата 2006“,


Француската алијанса во соработка со НУУБ „Св.
Климент охридски“ на ден 14 октомври 2006 од 10
до 18 часот имаа програма на тема:„Литературно па­
тување во срцето на Битола“


10.00 (Читална): Рецитирање на песни од
ученици.


15.00 (Читална): Конференција на литературни
дела за Битола.


16.00 (Медијатека): Прикажување на анимирани
филмови за деца.


БиБлиотеката – Низ оддели и актиВНоСти




13
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


17.00 (Читална): Доделување на награди на
поединци по конкурсот за рецитирање.


17.30 : Коктел.


18.10.2006 г.
оПШТИНСКИ НаТПРеВаР На


МЛадИ БИБЛИоТеКаРИ
Во организација на Национал ната библиотеката


„Св. Климент охридски“ од Битола, на овој ден
со почеток во 12 часот, во читалната се одржа
општинскиот натпревар „Млади библиотекари“
На тест-натпреварот учествуваја 12 натпреварувачи
од Основните училишта. Натпреварот го спроведе
комисијата во состав: Бошевска јоланда ­ претседател;
Стојановски Илче ­ член; Кабровски драги­ член.
Првата награда отиде кај Викторија Блажеска ОУ „СВ.
Климент Охридски“ од Битола со освоени 47 бодоби.
Втората награда ја доби Габриела Стојановска ОУ
„Браќа Миладиновци“ од с. Добрушево со освоени 41


бод, третата награда ја доби Ангела Гулевска ОУ „Св.
Кирил и Методиј“ од Битола со освоени 38 бодови.
На трите ученички им беа доделени награди со книги
и дипломи, а на останатите благодарници и по една
книга. Првопласираната Викторија Блажеска се
стекна со право да ја претставува Библиотеката на
Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“.


20.10.2006 г.
ПРедаВаЊе На дР. НИКоЛа ВИдеВ
Во големата сала за промоции со почеток во 19 и


30 часот се одржа предавање на тема: „Хроно­ мор­
фологијата и метаболизмот: Исхраната и телесната
градба“.


25.10.2006 г.
РаБоТИЛНИца За КоНКУРС
Во рамките на проектите „Пријателски библиоте­


ки за сите граѓани“ и „Поддршка на подготовката


на националната стратегија за развој 2005­2015 за
Македонија, базирана на „Милениумските развојни
цели“, имплементирани од Програмата за развој на
обединетите нации се распиша конкурс за најдобри
лични творби за Милениумските развојни цели.


Во Роднокрајната читална Библиотеката орга-
низира работилница во време траење од 3-4 часа за
заинтересираните професори за конкурсот, со пре-
давач обезбеден од УНдП. Целта на работилницата
беше подобро запознавање на професорите со Миле­
ниумските развојни цели, за да им ги пренесат ин-
формациите на учениците и воедно да ги мотивираат
да учествуваат на конкурсот.


Конкурсот беше наменет за ученици од VI­VIII
одделение од основните училишта во следните чети-
ри категории: литературни творби по македонски
јазик, литературни творби по англиски јазик, ли­
ковни творби и музички творби.


26.10.2006 г.
ИЗЛоЖБа На КНИГИ
По повод „Месецот на книгата“ и доделувањето


на наградата 11 ти октомври за литература на писа-
телот Коле Чашуле, Библиотеката постави изложба
под име: „Коле Чашуле ­ живот и дело“.


БиБлиотеката – Низ оддели и актиВНоСти




14
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


27.10.2006 г.
ПРоМоцИја
Библиотеката и Француската алијанса од Бито­


ла, по повод „Месецот на книгата“ со почеток во 18


часот организираа промоција на книгата: „Џахиз и
истребувачите на кучиња“ од Пајо Авировиќ, про-
гласен за роман на годината од Утрински весник.
Промотор на книгата беше Sвездан Георгиевски,
уредник на културната рубрика на Утрински весник
од Скопје.


03.11.2006 г.
РаБоТНа СРедБа
По повод „Месецот на книгата 2006“ и денот на


ослободувањето на Битола 4 Ноември, Библиоте­
ката организираше работна средба со роднокрајни
писатели од Битола, членови на Книжевниот круг и
дП на Македонија.


03.11.2006 г.
ПРоМоцИја На КНИГа
Библиотеката во соработка со Издавачката куќа


„Макавеј“ од Скопје ја промовира книгата:„ Поетот
и убавата разделина“ од Иван Чаповски од Скопје.


За книгата зборуваа: Бранко цветкоски, главен
уредник на ИК „Макавеј“ и Младен Србиновски
литературен критичар од Скопје.


Исто така во холот на Библиотеката беше приредена
Изложба на книги од овој наш познат писател.


10.11.2006 г.
СРедБа Со ВеНКо аНдоНоВСКИ
Неговиот најнов роман „Вештица“ го промовира-


ше проф. д-р. Златко Жоглев од Педагошкиот фа­
килтет - Битола. Истовремено преку видеобим можеа
да се видат сите досега објавени книги на овој плоден
македонски писател.


16.11.2006 г.
ЛИТеРаТУРНа СРедБа
По повод „Месецот на книгата“, Библиотеката


во соработка со основното училиште „Ѓорѓи Суга­
рев“ од Битола организираше литературна средба со
детскиот писател јован Боцевски.


На средбата присуствуваа ученици од прво до ос-
мо одделение предводени од своите наставници, при
што се запознаа со животот и делото на овој наш би-
толски писател кој спаѓа во редот на најчитани детски
писатели во Библиотеката.


20.11.2006 г.
ИЗЛоЖБа На КНИГИ
По повод гостувањето на еминентните македонс-


ки писатели: Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Ра­
де Силјан, Веле Смилевски во холот на Библиотеката
беше поставена изложба на книги од споменатите ав-
тори насловена „Читајте ги македонските писатели“.
На изложбата имаше и книги од реномирани битол-
ски автори.


БиБлиотеката – Низ оддели и актиВНоСти




15
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


22.11.2006 г.
ПРоМоцИја На КНИГИ
Во рамките на „Месец на книгата“ беа промо-


вирани книгите „Парче Тајна“ и „Хартиени гулаби“
од младата поетеса Маја Стела во издание на Матица
македонска од Скопје. Промотори на книгите беа
Венко андоновски и Светлана Христова ­ јоциќ од
Скопје.


На промоцијата присуствуваа повеќе еминентни
писатели: Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Раде
Силјан, Веле Смилевски.



07.12.2006 г.
ИЗЛоЖБа На КНИГИ ­ ПаТРоНаТ
По повод патрониот празник Свети Климент, во


холот на Библиотеката беше организирана тематс­
ка Изложба „Во ЧеСТ На ПаТРоНоТ СВ. КЛИ­
МеНТ“. Изложбата беше комбинирана со објавени
текстови и фотографии во периодичните публика-
ции.


09.12.2006 г.
ПРоМоцИја На КНИГа
По повод одбележувањето на патрониот празник


на Библиотеката во саботата се одржа промоција


на книгата „Приватните библиотеки во Битола“ од
Ленче андоновска, вработена во Библиотеката.


На промоцијата словото за Климент го прочита
Сашо огненовски, в.д. директор на Народниот те­
атар во Битола. Присуствуваа голем број на гости
меѓу кои градоначалникот Владимир Талески, пра-
теничката во парламентот анета Стефановска, за-
меник министерот за култура на Р. Макединија Сло­
бодан деспотовски. Присутните гости ги поздрави


директорот на Библиотеката Науме Ѓорѓиевски кој
продолжи со свое излагање пред присутните. Свое
обраќање имаше и заменик министерот за култура
на Р. Македонија Слободан деспотовски. Промотор
на книгата беше проф. д-р Кристи Бомбол. На крајот
од промоцијата во холот на Библиотеката беше при-
реден скромен коктел.


12.12.2006 г.
ПРоМоцИја На КНИГа
Во рамките на програмата за одбележување на пат­


ронот Свети Климент беше промовиран најновиот ро-
ман на писателот цане Здравковски, „Широк сокак“.


Промотори беа проф. д-р Трајко огненовски и
писателот добре Тодоровски од Битола. На промо-


БиБлиотеката – Низ оддели и актиВНоСти




16
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


цијата се читаа извадоци од романот и беа исполне-
ти неколку битолски староградски песни од пеачката
група „Сирма“ при Здружението на пензионерите
­ Битола.


Писателот цане Здравковски на крајот од про-
моцијата му ги предаде неговите ракописи на Род-
нокрајното одделение.


15.12.2006 г.
„ПоеТСКИ БРаНУВаЊа 2006“
Поетските бранувања се одржаа по тринаесетти


пат. На средбата која имаше натпреварувачки
карактер присуствуваа и учество зедоа ученици
од сите основни училишта од градот и членови на
литературните секции со по една литературна творба
- поезија.


Жири комисијата во состав: Мерковски Илија -
претседател, Кабровски Драги и Стојановски Илче -
членови, на најуспешните творби им додели награди
во комплети книги и тоа три трети, три втори и една
прва награда.


1. Прва наг рада - Бла жеска Викторија VII одд. од
ОУ „Св. Климент Охридски“- Би тола за песната „На


другата страна на
буквите“.


2. Втора наг рада
- Стојчева ана VIII-
3 одд. од ОУ „Ѓорѓи
Сугарев“ за песната
„Трепери срцето мое“.


3. Втора награда
- Караџовска Ана-
Марија VIII- 2 одд. од
ОУ „Гоце Делчев“ за
песната „Бранување
во душата“.


4. Втора награда -
Несторовска Андреа
VIII- а одд. од ОУ


„Даме Груев“ за песната „Патот до вечната љубов“.
5. Трета награда ­ Бакиевска Флорина VIII одд.


од ОУ „Св. Климент Охридски“.
6. Трета награда - Гершанова Марија од ОУ „Тодор


Ангелевски“.
7. Трета награда - Гиковски Дарко од ОУ „Елпида


Караманди“ за песната „За Климент“ .


20.12.2006 г.
ПРедаВаЊе И ИЗЛоЖБа
Боблиотеката и Здружението за македонско­


руско пријателство организираа предавање на две
теми поврзани со два значајни настани од историјата
на Русија: првиот, кревањето на декабристичкото
востание во 1825 година, за уривање на тогашниот
режим во Русија и вториот, самоубиството на руски-
от поет Сергеј а. јесењин во 1925 година. Предава-
чи беа: проф. Здравко Божиновски и проф. Спаса
Влашковска од Битола.


Истовремено беше приредена изложба на книги од
руските класици александар С. Пушкин и Сергеј а.
јесењин.


БиБлиотеката – Низ оддели и актиВНоСти




17
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


22.12.2006 г.
ПРоМоцИја На КНИГа
Македонското научно друштво организираше


промоција на монографијата „Пелистерски езера“ од
проф. д-р драган Василевски од Институтот за гео­
графија при Природно-математичкиот факултет во
Скопје. За монографијата говореа: проф. д-р Михај­
ло Зиков, рецензент и проф. д-р Благоја Маркоски,
шеф на Институтот за географија од Скопје. Присут-
ните гости беа поздравени од претседателот на МНД
од Битола димитар Котевски и Никола димитров
од Бирото за развој на образованието од Битола.


28.12.2006 г.
додеЛУВаЊе НаГРадИ
Националната установа Универзитетска библи­


отека „Св. Климент охридски“ организираше сред-
ба на која беа соопштени резултатите и доделени на-
градите за најуспешни лични творби по објавениот
конкурс за Милениумските развојни цели.


Прва награда ­ македонски јазик
„Крик против сиромаштијата“
Стојкоски Виктор VII одд.


Втора награда ­ македонски јазик
„да се ослободиме од сиромаштијата“
ангела цветковска V­2 одд. оУ „Тодор ангелевски“


Трета награда ­ македонски јазик
Ивана СтојановскаVII­а одд. оУ „Сл. Лумбар­


ковски“Новаци


Прва награда од областа на ликовната култура:
шифра ѕвезда
Сара Темелковска VI­1 одд. оУ„Гоце делчев“
лик. педагог Кристина Стојанова


Втора награда:
Шифра: Нов почеток -
Наташа Ласовска VII­1 одд. оУ „Гоце делчев“
лик. педагог Кристина Стојанова


Трета награда:
Шифра: морска ѕвезда
дејан Трајковски VI­ 3 одд. о.У. „Гоце делчев“
лик. педагог Кристина Стојанова


Доделени се и три награди од творештвото на
англиски јазик:


Прва награда: андреа Петковска VI­1 одд. о.У.
„Гоце делчев“


„We must help nature“
Втора: награда: дарија Стаматова „Гоце делчев“


VI­1 одд.
„Save our nature“
Трета награда: емилија десановска VI­ 2 одд. оУ


„Гоце делчев“
„If the nature could talk“


За музичка творба
Прва награда ­ музичко творештво:
апостоловски Виктор VIII одд. оУ
„Ѓорѓи Сугарев“ со песна на ЦД „Сите ние тука


живееме“.


БиБлиотеката – Низ оддели и актиВНоСти




18
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


Детската библиотека стана модерно и современо
катче за најмладите читатели. Таа е збогатена со си-
те видови детска литература, почнувајќи со лектири,
па се до енциклопедии, разни видови речници и сли-
ковници. За повозрасните (тинејџерите) еве неколку
наслови од најновите изданија на нашите издавачки
куќи:


1. СЕНКИ - Тим Баулер
2. СМРТОНОСНА КРИЕНКА - Мишел Гримо
3. ДОБРИ ДРУГАРКИ, ЛОШИ ШЕМИ И ГРАД-


НИК НА ДУЕЊЕ - Кети Хопкинс
4. ЖИВОТОТ Е ОДЕЊЕ ПО ЖИЦА - Блан Жан


Ноел
5. ИСТОРИЈАТА НА НАРНИЈА I, II, III, IV, и V


дел - Клајв С. Луис
6. МАЛАТА ПРИНЦЕЗА - Франсес Хаџсон Бер-


нет.
7. Собибор - Жан Мола
8. БАЛАДА ЗА ГАЌИЧКИТЕ НА БУГА - Томис-


лав Загода
9. ТАЈНИОТ ЖИВОТ НА АДРИЈАН МОЛ - Сју


Таунсенд
10. ПРИКАЗНА ЗА ЕДЕН ТАПОГЛАВКО ОД ЧЕ-


ТВРТО ОДДЕЛЕНИЕ - Џуди Блум
11. РОЗА И МИМОЗА - Косара Гочкова
12. МИО, МОЈ МИО - Астрид Лундгрен


На дРУГаТа СТРаНа На БУКВИТе
(Прва награда „Бранувања 2006“)


Белината на страните минува низ призма
на другата страна станува виножито сјајно.
Се преплетуваат бои и градат една слика
која се сместува во душата трајно.


Целиот свет може да го смести
на неколку страни, во неколку збора
меѓу оловни букви да го скрие,
а сепак, сепак да му е знаен
на окото од таа светлина што пие.


Често знае поглед да ти земе
да заскиташ така, да сонуваш буден.
Како да не седиш во својата соба,
а си дел од некој друг свет чуден.


Долго може да останеш така
без поим за место ниту за време
и ти се чини дека на чуден начин
се симнало од тебе сето бреме.


И ако некој викне доволно силно
да слушнеш и ти од далечини светли
не ќе треба многу за да се најдеш
разбуден од сонот сред страници бели


Викторија Блажеска VII 3 одд.
ОУ „Св. Климент Охридски“- Битола


ВИ ГО ПРЕТСТАВУВАМЕ


СВеТоЗаР ТаСеВСКИ


Бесилка над чадот (1963),
Збирка Мислата пее и раскажу-
ва (1966), Отпорности (1969),
Рамка на зборот (1991), Орна-
менти 2 и 3, Голгота за три вис-
тини (2003)


ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ


Приредила Стеванка Петковска


БиБлиотеката – Низ оддели и актиВНоСти




19
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


ШАРЕНО КАТЧЕ ЗА КНИГАТА


Тие шарени крилја сакам да ги посветам на книгата
а што за библиотека можам зошто да сме без таа чест
ако писателот е упатен во творештвото сè ќе создава


едноставните мисли писателот ги зема од свои блиски


Таа поезија со мисла може да биде како торсо и труп
онаков како што писателот го замислува во таа песна
Работена и создадена по свои размисли, се чита проза
За леснина на децата, децата се наша најубава музика
овој мал прилог е детска фантазија децата ќе читаат


ЅИДАР


Глето, шило чекан чука, ќоше прави ете тука
метро конец висок мал, ѕид тој ѕида не со кал
сега куќа тој ќе прави од камен и тули здрави
греди прави бела вар тој направил голем дар


Од чукање гласот ека, градбата го него чека
негова е цела радост, кога брзо расте градот
во иднина тој ќе гради, стамбени и нови згради
парни пекари и мостови, нови фабрики и домови


МЕЧКАТА И ДЕДО


Застанала мечка сива, кај голема нива
и надолу гледа, да го види деда
од оздола дедо иде, мечката ја виде
и полека оди, неа да ја годи


Клекна дедо на колена, пушката ја крена
и со неа пукна, мечката ја чукна
за нозе ја стегна, со ортома јака
почна да ја влече со негова рака


Кога дојде дедо, со мечката сива
ја обеси пред куќата, на сувата слива
кожата ја продаде, месото го свари
и направи сапун за ефтини пари


БРаНКо НаУМоВСКИ


Бранко Наумовски е поет,
раскажувач, писател за деца и
возрасни, новинар. Роден на
1.03.1941 година во с. Дихо-
во Битолско. Основно обра-
зование завршил во родното
место, Учителска школа и
Педагошка академија во Би-
тола, а Филолошки факултет
завршил во Скопје на Универ-
зитетот „Кирил и Методиј“.
Подолго време живее и рабо-
ти во Сиднеј, Австралија. Со
пристигнувањето во Сиднеј во 1970 година ја органи-
зирал првата драмска група во предградието Рокдеал
и во негова режија биле изведени драмите „Печалба-
ри“ од Антон Панов и „Бегалка“ од Васил Иљовски.


Во 1981 година станува прв предавач во гимна-
зијата во Когра (средно училиште) и е прв наставник
што на македонски јазик ја изведе првата генерација
на матуранти - Македончиња кои добија можност да
се образуваат на својот мајчин јазик. Во 1986 година
Бранко Наумовски држи семинар за наставниците по
југословенски јазици на тема „Обработка на лекти-
ра во VII (седмо) одделение“ и своите предавања ги
држеше на македонски јазик. Неколку години работи
во Мултикултурниот центар на Министерството за
образование на Нов Јужен Велс, каде изработил учеб-
ници по македонски јазик за во редовната настава во
основните училишта.


Во 1988 година Бранко бил избран за секретар на
Македонскиот просветно-училишен одбор на Нов
Јужен Велс. По повод Деновите на македонската кул-
тура во меснос-
та Кабрамата,
Сиднеј, Бранко
го отворил Ма-
кедонското ет-
ничко училиште
„Св. Климент
Охридски“.


Ги објавил
книгите: „Чувар
на детските спо-
мени“ (раскази
за деца), стихоз-
бирката „Време
за спомен“ (по-
езија за деца) и
две стихозбир-
ки за возрасни
„Вратете ми ги


БиБлиотеката – Низ оддели и актиВНоСти




20
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


времињата“ и „Прострелана ѕвез-
да“. Од областа на образованието и
наставната литература објавил два
учебници за редовната настава во
Австралија и тоа: „Зборот наш ма-
кедонски“ наменет за ученици од
IV (четврто одделение) и „Античка
Македонија“ за ученици од петто и
шесто одделение.


На полето на новинарството
бил специјален дописник на списа-
нието „Македонија“ на Матицата
на иселениците и „Македонија ек-
спрес“ од Сиднеј и„Битолски вес-
ник“. Една година бил радиоводи-
тел на македонската радио станица
„Сиднеј Македонија“ и повеќе од
три години на македонската радио
станица „Радио Луна“.


Матицата на иселениците на
Македонија, во 1988 година, го
одликува со „Златна плакета“ за
неговиот придонес на полето на
општествената, просветната и кул-
турната дејност во Австралија. Во
1997 година ја добива престижна-
та награда „Иселеничка грамота“
за најуспешен поет во дијаспора-
та. Добитник е и на други награ-
ди: „Григор Прличев“ во Сиднеј.
Друштвото на писателите на Маке-
донија му доделува награда „Праз-
ник на липите“ за 2006 година
- Скопје, за песната „Сечењето на


липата“. За стихозбирката „Про-
стрелана ѕвезда“ ја доби наградата
на градот Битола 4-ти Ноември.


СЕЧЕЊЕТО НА ЛИПАТА


Тоа беше миг
кога душата
го напушта телото:
првен,
збрче моторната пила,
потоа се чу
крцкање -
крц, крц, к-р-ц..
Кога липата панда,
кога смртта склопи очи,
црвот од кората
подаде глава
и појде накострешен
по патот
на неговата бесмртност:
да рие во моето срце!


ВРАЌАЊА


Се вратив во скутот
на родната земја:
поодблизу да ја слушнам
песната на славејот
и мирисот да го вдишувам
на липите во цутот.
Се вратив да ме погали
развигорот пелистерски,
да го чујам завивањето на дивината,
да си ја подолеснам вината
што заминав оттука.


Се вратив да лежам
во ливадите бујни
со поглед во ширта небесно сина,
цвет див да скинам
и со усните рујни да го милувам
- да не ми свене.
Се вратив
И, мислам, најдов сè што барав...


Но, што беше, Господи, тоа
што ме прати
назад во земјава Нова
- повторно
со поглед вперен
во Сините Планини сиднејски?...


- Да мечтаам
на Земјата Родна?...


ЅВЕЗДА


Не вознемирувајте ме!
Оставете ме овде сам
сред овој џенем - храм,
сред овие бездни кобни
солзиве дробни
недоисплакани
да ги доисплачам!


Животов како река - брзак
со времето се врзал:
и чувствувам: ќе се изгуби
како метеор во јунска ноќ.


Ми остануваат уште само спомените
и соништата.


Сè почесто ги сонувам гробиштата
од стари крај:
дувнал некој ветер
- ги изгаснал свеќите,
крстовите ги искорнал,
ги превртел плочите...


Над нив трепери мојава душа -
ѕвезда:
го чека својот ред...


Ги отворам очите.
Луѓе!
Не вознемирувајте ме!


БиБлиотеката – Низ оддели и актиВНоСти




21
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


Која е илузијата за која збо-
рува духовниот учител Екарт
Тол? „Ништо не постои надвор од
Сегашниот миг“ , е неговиот одго-
вор, и продолжува: она што чове-
кот го подразбира под минато
е трага од сеќавање, зачувана
во умот за претходниот Сега-
шен миг. Иднината претста-
вува замислен Сегашен миг,
проекција на умот. Животот
е сегашен миг. Вечната сегаш-
ност е простор во рамките на
кој се открива човечкиот це-
локупен живот, единствени-
от фактор што не се менува.
Сегашниот миг претставува
единствената точка која мо-
же да не одведе надвор од
тесните рамки на умот. Тоа е
нашата единствена точка за
пристап во безвременото и
безоблично царство на Бити-
ето.


Умот е тој кој му дава поле
на страдањето, а умот опста-
нува само во минатото и ид-
нината, а никако во Сегаш-
ниот миг. Според тоа само-
то негирање на сегашноста
може да доведе до натрупување
на непријатности, напнатости,
стресови, грижи и сите облици на
страв се предизвикани од преголе-
мо присуство на иднина - нашата
мисла проектирана во иднината.
Од друга страна пак, вината, гри-
зењето на совеста, нетрпеливос-
та, жалењето, тагата, огорченоста
и сите облици на непроштавање
настанале поради поголемо коли-
чество на минато - враќање на спо-
мените.


Идентификуваноста со умот му


дава дополнителна енергија, а на-
бљудувањето на умот ја извлекува
енергијата од него. Идентификува-
носта со умот создава уште време,
а набљудувањето на умот ја отвара


димензијата вечност. Се обраќа
кон жената: „сè додека од болката
градите идентитет за себе, нема да
можете да се ослободите од неа. Сè
додека еден дел од вашето чувство
за сопственото „јас“ е вложен во
вашата емоционална болка, не-
свесно ќе му се спротивставувате
или ќе го саботирате секој обид
да ја излекувате таа болка. Зошто?
Едноставно затоа што сакате да ос-
танете неповредени, а болката ос-
танала суштински дел од вас. Тоа
е еден несвесен процес, а единс-


твениот начин да го надминете е
да го направите свесен. Отелото-
ворената болка, според авторот е
енергетско поле, односно врзана
енергија, се разбира заради извес-


ни нешта што ни се случиле
во минатото“. Тоа е минато
кое сè уште живее во жената
и кога таа се идентификува
со болката, таа, всушност, се
идентификува со минатото,
односно со умот затоа што
умот не може да опстанува
во сегашноста. Значи, жена-
та се идентификува со умот,
односно со егото, односно
со болката и тоа ја спречува
жената да излезе на крај со
отелотворената болка. На-
видум ни изгледа дека често
жената ја посакува болката за
разлика од машката природа
која воопшто не сака ни да ја
трпи болката. Авторот смета
дека на жената ѝ е полесно да
го чувствува своето тело и за-
ради својата емоционалност
и сексуалност е поблиску до
Битието, па според тоа и до
просветлувањето. Значи, же-


ните поблиску од мажите го „оте-
лотворуваат“ Духовниот свет, а со
тоа и Изворот на животот. Божес-
твената Мајка го дава и го зема жи-
вотот. Излезот е во освестувањето
на болката преку набљудување на
моментот кога почнува болката
односно моментот кога почнува да
се јавува немирот. Целосното вни-
мание значи и целосно прифаќање
на болката. Отелотворената болка
се преобразува во блескава свест,
вели авторот.


ОСВРТ КОН ДЕЛОТО


„МОЌТА НА СЕГАШНИОТ МИГ“ ОД ЕКАРТ ТОЛ


БиБлиотеката – Низ оддели и актиВНоСти


Приредил д-р Николче Вељановски,
библиотекар советник




22
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


IN MEMORIAM
РИЧаРд ИВаНИШеВИЌ (1955­2005)


На 24 јануари се навршија две години од прераната смрт на познатиот историчар
на уметност, ликовен критичар, есеист и библиотекар Ричард Иванишевиќ. Беше
скромен, чесен, мирен и тивок, така и не напушти. Останаа само спомените и уба-
вите денови поминати со него. Споменот за него ќе биде вечен и незаборавен. По
тој повод вработените од Националната установа - Универзитетска библиотека „Св.
Климент Охридски” - Битола, положивме цвеќе на неговиот вечен дом, а во матич-
ната установа одржавме помен и сеќавање за него.


IN MEMORIAM
ПеТРе М. аНдРееВСКИ (1934 ­2006)


Изложба на книги по повод
смртта на еден од предводни-
ците на македонската совре-
мена литература Петре М. Ан-
дреевски кој на 25 септември
остави ненадоместлива праз-
нина во кругот на македонс-
ките писатели. Академик Пет-
ре М. Андреевски беше познат
поет, романсиер, раскажувачи
драмски автор. Роден е во 1934
година во с. Слоештица, Д.
Хисар. Работел како уредник
во Македонската телевизија.
Уредник на списанието „Разг-
леди“ Член на МАНУ од 2000
година. Попознати негови дела се романите „Пиреј“ (1980), „Скакулци“ (1983), „Пос-
ледните селани“ (1987) и други. Застапуван е скоро во сите антологии на македонска
поезија во земјата и странство. Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „Браќа
Миладиновци“ (два пати),
„Рациново признание“, „Ста-
ле Попов“ (два пати) како и
наградата „Книжевно жезло“
на друштвото на писателите
на Македонија.


Во нашата Библиоте ка за
последен пат присуствуваше
на Првата роднокрајна сред-
ба на битолски писатели од
Македонија на 16 март 2005
година, на Тркалезната маса,
кога го излагаше својот текст
насловен: „Нема универзал-
на вистина или идеја што не
го надживеала својот автор“.




23
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


10.
Соборен бев во непристапни-


те предели на Босна. Последниот
спомен од авионот беше блесокот
во тивката приквечерина. Се ката-
пултирав и падобранот го застоја
падот, ме отфрли нагоре и про-
должи лесно да паѓа. Чувствував
повев на ветар и спржен воздух.
Настојував да го запомнам мес-
тото, да ја одредам далечината на
светилките во населбите, но тие
беа на рабовите од мојот видик и
брзо исчезнуваа во ноќта. Паднав
во потполна темница, во шум на
густо лисје, се провирав низ рет-
ките гранки и треснав на земјата.
Падот не беше силен, падобранот
се задржуваше мигновено на гран-
ките додека мојата тежина повтор-
но не го повлечеше и кога се најдов
долу, силно го почувствував живо-
тот. Некој електричен рефлекс ми
мина низ ‘рбетот, за миг ме пара-
лизира, потоа се изгуби, а останаа
да печат само гребнатините што
ми ги направија гранките додека
ме чешлаа во пропустот. Љуби ми
се јави во ноќта. Место да ја раз-
гледувам тежината на својата по-
ложба, се фатив како загрижено
се прашувам што ли се случува со
неа. Дали ќе умее да се снајде во
подивеното време?


Седнав да отпочинам и да раз-
мислам. Сега имав многу време за
размисла и не брзав никаде, зашто
во густата шума беше затворена
густа темница и ми преостанува-


ше да чекам. Ако тргнам низ ноќта
и низ густежот постои ризикот да
завлезам подлабоко во непроодот
и да се оддалечам од целта кон спа-
сот. Пронајдов процеп низ дрвјата
да го видам небото. Неколку ѕвез-
ди трепкаа и ме опоменуваа дека
сум останал немоќен и далеку од
нив. Желбата да ја пронајдам Љу-
би внесуваше немир, тревожност
и болна мисла. Се држев до разу-
мот да не избрзам да заминам во
ноќта. Втора опасност можеше да
бидат и дивите ѕверови кои не би
ги забележал во прикрадувањето,
а тие не би се плашеле зашто ноќ-
та е нивна. Во ден тие би се кри-
еле и би ми го одбегнувале патот.
Пиштолот во црната темница не
можеше да ми биде некаква по-
мош, зашто би бил растргнат пред
да стигнам да го употребам. Бол-
ките низ телото ми дозволија да се
искачам во короната на навалено
дрво, да се сместам меѓу гранките
и да размислувам за судбината. Не
бев подготвен да ја прифатам на-
станатата ситуација. Никогаш во
мојата мисла не се зародил страв
од таков исход, можност за так-
во одвивање на настаните. Ако и
размислував за некаква средба со
непријателот, таа замисла беше на-
полно поинаку. Тој во моите очеку-
вања исклучиво доаѓаше од преку


граница, од непријателска земја за
кого сум подготвен да го дочекам,
да го изненадам и да го оневозмо-
жам за дејствување.


Имав чувство дека Ѓаволот ме
собори од небото. Неговата су-
ровост нема граници, а неговата
лукавост често е ненасетна. Што
ли се случува со Молња, Слив, Бр-
дар… Веројатно мене ме отпишале,
уверени се дека сум ликвидиран.
Или дека нема да преживеам во
тие планини и ако по некоја мала
случајност сум стигнал до земјата.
Ѓаволот влегол во душите на мно-
гумина и тој господари оттаму.
Тешка неизвесна иднина скроиле.
Ги полакомила болна мисла за бе-
смисла, заборавиле и на сопстве-
ните и на туѓите животи. Како да
ја отстранам раната од срцето дека
живеејќи во блискост, пријателс-
тво, братска љубов и другарство
толку години, одеднаш се создава
делба на ѕверови и дивеч и тие што
ја направиле делбата тргнаа во лов
на уништување?


А ние бевме една земја и еден
народ и сега се делевме на мно-
гу земји и многу народи, како во
прапочетокот на обединувањето,
но делбата не беше пријателска
како што му доликува на пријате-
ли, туку со навреди и омраза. Еден
поттикнуваше делба со тоа што не


Петре Димовски до сега ги објавил следните дела:
Збирките раскази „Преломи“, „Жед и жештини“, „Црната мачка“;


збирката монодрами „Ни свој“ и романите: „Пламенка“, „Резервна тај-
на“, „Крилја“, „Сонце во келијата“ и „Балканскиот ѓавол“.


Ги добил наградите: Наградата „4 Ноември“ на Битола за литера-
тура, Прва награда на БИД „Мисирков“ за роман, како и поединечни
награди за раскази и монодрама.



За романот „Балканскиот ѓавол“ ја добива наградата за роман


„Тренд“ на ИК „Феникс“ - Скопје, во јануари 2005 година, во конку-
ренција од педесетина македонски романи.


По повод добивањето на наградата „Тренд“ на ИК „Феникс“ - Скопје
извадок од романот „Балканскиот ѓавол“ од Петре Димовски


ПоВод за да Ви Го ПретСтаВиМе…




24
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


даваше делба, друг сакаше делба
затоа што не му се даваше, трет
остануваше сеирџија и така на-
стана раскарувањето. Кај Лилипу-
танците беше поголем проблемот.
Требаше да се договорат точно од
која страна ќе се крши јајцето. Ов-
де веднаш го скршија и од скршено
јајце може да се испили само Ѓаво-
лот.


„Подгответе се за борбена за-
дача“, рече едно луто човече што
првпат пристапи на команда, а не
се знаеше од каде го довеа ветрот.
„Испоубијте сè таму, каква сеце-
сија, какви делби! Мртви нека го
сонуваат тој сон!“


Равник се побуни.
Некој зад завесата ис-
трела и го уби без пре-
дупредување. Равник не
пушти глас од себе. Са-
мо се преви и се струпо-
ли. Некои очи погледнаа
кон мене. Сфатив дека
сум предаден. Послед-
ните денови настануваа
групашења и тајни со-
станчења. Се заговараа
делби. Одбрани. Чистки.
Секој имаше свое виду-
вање и свое решение,
воден од интересот. Јас
критикував. Застанав на
правдината. Да се при-
фати разумот и да се зачува при-
јателството. Така и разделени ќе
бидеме обединети. Така ќе се дојде
до секое решение. Но разумот за
Ѓаволот е најголемо непријателс-
тво. Насетив заговор. Мигновено
се видов превиен врз земјата крај
Равник. Минутите бавно одмину-
ваа. Чекаа да ме предаде збор, гест,
израз. Мислата во мене работеше
брзо. Втората слика што ја видов
беше како убивам невооружени
пријатели. Им ги горам куќите, им
го внесувам пеколот во свеста. Не
можев да им помогнам со ништо.
Тој зад завесата, што е продолжена
рака на некој од пред завесата, го
стега пиштолот, ја топори смртта.
Никој не е сигурен дали не е сле-


ден, имаат мрачни погледи и тие
што се на страната на делби и тие
на страната на неделби.


Од помрачнината прискокаа
петмина со автомати и ги вперија
во купче пилоти, со наредба да
го предадат оружјето. Кон мене
сè уште не се топореше смртта,
но очите немирно пребаруваа по
егзекуторот. По она што се случи
пред неколку дена на Плоштадот,
во оној метеж на страстите, мо-
жеше да му се верува на стравот
кој предупредуваше на тревожна
опасност. Зачекорив по пистата.
Секој миг очекував да бидам про-
нижан. Се оддалечував, а насету-


вав дека и други чекорат по мене.
Не се обѕрнував. Одевме кон авио-
ните. Исчекувањето беше тешко, а
не се случи ништо од она што беше
во мојата глава.


Мракот се завлекуваше меѓу
нас.


Кога полетавме, ескадрилата
се растури. И други се обидоа на
бегство. Забележав дека ме следат
ловци. Двапати беше повторена
наредбата да се приземјам. Сега ми
требаше сета вештина што ја стек-
нав при обуката. Го пуштив орелот
да ги прободе облаците. Потоа со
стишени мотори минав во лупинг.
Завлегов во длабоката долина на
Дрина и ја следев реката. Мислам
дека им избегав на гонителите.


Потоа накачив преку планини-
те. Тогаш ме пронајдоа со ракета.
Авионот се запали. Но со себе го
имав животот и решеноста да го
извлечам.


30.
Решив да отпатувам за Авс-


тралија. Сознанието дека Никола
е жив и дека надежно ме бара низ
светот не ми дозволија ни ден че-
кање. Се подготвував што поскоро
да заминам, веднаш со следната
група бегалци на кои ќе им би-
де одобрен влез во оваа далечна
земја. …


Некогаш треба ра-
ните да се затворат
и да не се гибаат, да
не се наѕира во нив-
ната болка, така да
залузнат. Но јас не
можев да ја отргнам
мислата од ужаси-
те на преживеаното.
Некаде во себе се ра-
дував на средбата со
Никола, се надевав
таа да се случи скоро
и го барав неговиот
мил лик, но сликата
на пожарот во небо-
то и на изгорената
среќа остануваше


да го прекрива тоа, не давајќи му
пробив.


Излегуваше Молња со извили-
чен израз и со студен рапав глас
ги набројуваше казнетите, нака-
жаните, отпишаните. „Никола го
убивме!“ Неговиот глас гребеше
во свеста, измачуваше. Не, не, из-
викував во темна ноќ, во ноќ оса-
мена и затворена, кога соновите
жестоко навалуваа со своите поне-
сени острици од пеколот. Никола е
жив! Тоа се само слики на балканс-
киот синдром, со нив и натаму врз
мене атакува Ѓаволот. Боже, ти си
моќен и праведен, ослободи ме од
неговото дејство, од неговите лути
бодежи. Ослободи ме од Минато-
то за да ја преграбам Иднината! Во


ПоВод за да Ви Го ПретСтаВиМе…




25
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


неа е Никола, а јас со овие тежини
никогаш не ќе стигнам до него! Те-
лото ми беше пригмечено, болно и
распаднато, душата затворена во
мракот на бесчовечното, извалка-
на, изгмечена, раскината. Гледав
само сенки, се меркаа низ мојот
живот, се влечеа низ влажните
магли и натежнуваа во мојот ви-
дик. Ме прогонуваа. Тие сенки не
говореа, не ми отпоздравуваа, ме
гледаа со лутина и презир што сум
ги напуштила и изневерила. И тој
миг се раскинуваа кожите во кои
беа собрани и, скелетите, накриве-
но, грозно и болно се кезеа.


Состави ме во едно, Господе
боже, создателу на семирот, госпо-
дар на нашите судбини, душата и
телото да не бидат две болки! Една
посносливо се поднесува!


Новиот свет, во кој се најдов,
без да сонувам за него, ме прифа-
ти, збивтајќи во својот забрзан ри-
там. Но, се видов веднаш по при-
стигнувањето, не можев целосно
да го прифатам тој свет, иако му
се воодушевував. Ме исполнуваа
убавините, смиреноста и насмев-
ката на луѓето, раскошот во жи-
веењето. Новото беше присутно
насекаде. Ме понесуваше со своја-
та имагинативност, со истрајна-
та стрпливост во создавањето на
строгите линии во обликувањето
на просторот, сјајот со кој пресрет-
нуваа. Еден нов свет што започнал
отпочеток, кој не се темелеше на
традиција и наследство, врамен во
геометриските фигури со прециз-
ни одмерувања. Забрзан во својот


од, не понесол ни
трага од дилемите кај
другите простори, ни
од противречностите
на Балканот. Ѓаволот,
очигледно, тука не
стигнал никогаш.


А во себе носев
еден распаднат свет,
кој цврсто ме притис-
каше во своите непре-
минливи граници што
не ми дозволуваше да
заживеам поинаку.
Светот во мене и светот околу ме-
не беа наполно спротивставени,
никаде допирни, туѓи меѓусебно,
непознати и неприфатливи. Ко-
га одев по улиците, крај убавите
раскошни излози, аранжирани


како во сè уште неизмислени бај-
ки, размислував за урнатините во


улицата Виделија, кога ги среќавав
насмевките на вкусно облечените
пресретнувачи, ме испраќаа згрче-
ните лица на гонетите, кога јадев
пронѕи во кинескиот ресторан на
аголот од West се меркаа сенките
со гребенести скелети. А затворе-
ни со стравот, од утробата се ки-
котеа ѓаволите, плетејќи ги своите
бескрајни интриги.


Не можев да се одвојам од тој
свет за да му припаѓа на друг. Це-
лосно бев заробена во него. И кога
мислев дека за секогаш бегам од
него и дека неповратно го напушт-
ам, се лажев во сите свои сфаќања.
Од тој свет не можев да се оддале-
чам ни чекор.


Страдав вклештена во големата
болка која се закануваше дека нико-
гаш нема да ме напушти и бев заро-
бена целосно во неа. За миг во ра-
доста ќе ме внесеше привидување
дека Никола ми трча во пресрет, но
набргу ќе се судрев со својата изма-
ма и потонував во нечистотијата на
преживеаните мори.


ПоВод за да Ви Го ПретСтаВиМе…


Во пријателството, како и во љубовта, човекот е често посреќен заради нештата
што не ги знае, а не заради оние што ги знае.


ЛаРосхфуко




26
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


Не се знае точно од каде ја на-
учила математиката, дали во Црна
Гора или во Хрватска, од каде што
потекнуваат нејзините родители
и каде што го поминала своето
детство, но Педагошки факултет
завршила на Универзитетот „Св.
Кирил и Методиј“ во Скопје. Во
Библиотеката беше вработена во
селските и реонските библиоте-
ки девет години кога со амин на
министерот за култура Благоја
Стефановски беше поставена за
директор на Библиотеката. Но ов-
де нема да стане збор за нејзини-
от приватен живот туку
за „менаџерот во неа“. Од
почетокот на 2003 година
Јелена Петровска менаџи-
раше со Библиотеката. Се
разбира дека нејзиното
неискуство го покриваше
претседателот на управ-
ниот одбор (подоцна и са-
мата го нарекувше нејзин
ментор во поглед на упра-
вувањето со Библиотека-
та) проректорот на Уни-
верзитетот во Битола д­р
добри Петровски (бивш
директор на Библиоте­
ката). Овде нема да зборувам за
непотизам затоа што овој госпо-
дин е само брат на човекот чија
сопруга е сестра на сопругот на
нашата „Директорица“ како што
ние вработените ја препознававме
при нашите разговори. Понатаму
во текстот ќе го употребувам овој
збор како би ја нагласил критиката
околу нејзината менаџерска улога
во Библиотеката.


Зошто го споменувам нејзини-
от ментор? Уште од првиот нејзин
работен ден ги препознав зборо-
вите: „сакам за мене да направите
.. .„ Тоа беа истите зборови кои ги


употребуваше како бивш дирек-
тор во Библиотеката Д.П. (тој ис­
тиот кој ја прими на работа ни­
когаш не ѝ даде подобро работно
место ­ а зошто, читателот ќе доз­
нае откако ќе го прочита до крај
текстот) „Не јас не сум работел не
работам и нема да работам за ниту
еден директор ниту пак ќе рабо-
там за тебе“ ѝ одговорив кратко.
„Отсекогаш сум работел само за
интересот на Библиотеката“. Се
правеше како да не ми се лути на
мојот одговор, но инструкциите на
менторот вработените ги чувству-


ваа во секој нејзин преземен чекор
во работата. Затоа таа, како и тој
порано, многу често излегуваше
пред камерите на локалните теле-
визии да зборува за „напредокот“
во Библиотеката. Сведоци сме на
нејзините најчести залагања и збо-
рови во времето на нејзиното ди-
ректорување: „детска креативна
работилница ­ лето, Креативна
работилница ­ зима, Креативна
работилница ­ лето, Креативна
работилница ­ зима итн...“


Беспрекорно менаџираше, ба-
рем така си замислуваше и тераше
напред, покривајќи се во стилот на:


другите се криви ­ тоа се факти.


Другите се „криви“ - тоа се факти


­ директорке, го покривте вле-
зот и лицето на Библиотеката со
патеката за лица со посебни потре-
би, кога има уште неколку далеку
подобри варијанти - Не јас, архи­
тектот, беше нејзиниот одговор.


- директорке, со месеци глувци
врие во Библиотеката, дури и вра-
ботените тргнаа да ги фаќаат - па,
ги викам тие од агенцијата за де­
ратизација, а тие не доаѓаат.


- директорке, на пултот
за издавање читателите, а
посебно родителите во
Одделот за деца се бунат,
а и пцујат по вработени-
те за амортизацијата која
им ја пресметуваат рачно,
за секоја книга посебно,
гледајќи во календарот
работни и неработни де-
нови - ќе се навикнат, та­
ка беше и со сплитската
библиотека во Хрватска.


- директорке, велите
дека во Ректоратот се за-
лагате за универзитетс-


ката функција во Библиотеката, а
не ја активирате постоечката Про-
квест база со илјада списанија на
ЦД-Ромови и EBSCO базата кои ги
имате во Компјутерскиот центар
(КНИЦ). Не знаат вработените
дека можат EBSCO базата да ја ко-
ристат дома, а да не зборуваме за
читателите - никој не им е крив на
вработените, нека се интересира­
ат повеќе.


- директорке, зошто не ги ин-
формирате одделите за настаните
и промоциите во Библиотеката
- па, ене нека читаат на влезната
врата или на огласна табла, пос-


(НЕ) ЧИСТАТА МАТЕМАТИКА НА „ДИРЕКТОРИЦА“


од ЖиВотот На БиБлиотекарите


Приредил д-р Николче Вељановски,
библиотекар советник




27
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


тојано има залепени плакати.
Овде не можам, а да не се при-


сетам на огромната нервоза со која
нашиот од пред две години поко-
ен колега Ричард Иванишевиќ,
кој беше со нарушено здравје, ни
зборуваше: „директорката ме тера
да ѝ правам ѕидни новини, да за-
менувам попладне и предпладне
во магацинот за книги по цел ме-
сец, а ме тера да идам во ист ден и
претпладне и попладне за време на
промоциите. да ми плати такси не
сака да чуе“ - „Па, како можам јас
да идам ќе можеш и ти да доаѓаш“,
бил нејзиниот одговор. Откако зе-
де боловање, во
една година ниту
еднаш не стапна
во Библиотеката.
Кога беше Ри-
ки на болница,
таа прва дотр-
ча кај докторот
и дијагнозата ја
соопшти, пред
работен собир, и
на неговото пос-
ледно испраќање,
Директорица, му
одржа прекрасен
говор пред Биб-
лиотеката како
‘таа се присеќа­
ваше на гевре­
ците кои ги јадеа
заедно со својот
колега Рики’. По
повод неговата смрт, професорот
Ферид Мухиќ ќе посвети цела ста-
тија на Ричард во весникот „Вре-
ме“ (од 17 февруари 2005 година)
со наслов „омразата ткаена со
свила“ во која ќе рече: „Да потсе-
тиме тука, на мислите на Спиноза,
Ниче, Ками, соговорниците и ду-
ховни браќа на Ричард Човечкото
Срце: Гонетиот е подобар од го­
нителот! Бескрајната предност на
убиениот е што не е убиец. ..“


ако би продолжиле во нејзи­
ниот стил:


- директорке, вие ѝ подметнавте
на вашата раководителка стар ком-


пјутер наместо долго очекуваниот
ветен најнов компјутер, сметајќи
дека таа нема да го примети, па
како се осмеливте да си ја потце-
ните вашата, со стаж, два и пол па-
ти постара колешка? Што мислите
какво мислење таа ќе има за вас?
И тоа ли спаѓа во менаџирањето?
- одговорот би бил - сигурно било
некакво недоразбирање, нормал­
но е човек да си се цени прво се­
беси, после неколку месеци и таа
си доби нов компјутер. Знам дека
таа верува во мојата менаџерска
способност и ќе ми остани лојална
до крај. Така и беше.


- директорке, компјутерот што
ми го купивте за работа на списа­
нието брчи како машина за дрва
сечење и мораме да го држиме ка-
пакот отворен - одговорот би бил
- па, морам некако да му вратам на
човекот од „Проинфо“- Битола за-
тоа што кога немав работа тој ми
даваше текстови од книги да му ги
чукам на машина. Нормално е дека
ќе купувам компјутери и печатачи
од него.


­ директорке, зошто се запи-
шавте на постдипломски студии
само што седнавте на директор-
ската фотелја, зарем имате толку


време за патување во странство,
во државата, па дури и да одите на
часови и испити? - нејзиниот од-
говор би бил - се разбира, ако тоа
работата го бара, а се разбира дека
на Библиотеката ѝ фали добро
менаџирање, тогаш јас сум под­
готвена за таа огромна жртва.


- ама директорке, веќе четири
години поминаа, од Библиотека-
та добивте и некои финансиски
средства за школовање, немаме чу-
ено до каде сте со студиите - и овде
би одговорила, кој сте вие, што ве
интересира вас моето усовршу­
вање, тоа си е моја приватна ра­


бота во работ­
но време.


­ директор-
ке, зошто не му
дозволивте на
претседателот
на Синдикатот
да расправа
пред членство-
то околу сис-
тематизацијата
според Колек-
тивниот до-
говор, а после
донесувањето
на истиот, да
не го истакне
истиот на ог-
ласна табла - го
истакна дури
после големи-
от притисок на


вработените, после два месеци од
донесувањето. Му дадовте најви­
сок коефициент, меѓу оние со ис­
то образование, нему и на книго­
водителката - повторно нејзиниот
одговор би бил - па, тоа мора да
е пропуст и грешка на претседа­
телот на синдикатот, човекот си
е вреден и јас би го предложила
повторно за претседател на след­
ните избори. Подоцна, во есента,
при предлагањето на нов претсе-
дател на синдикатот, таа отворено
праша, „дали може да се предло­
жи и стариот?“.


­ директорке, му дадовте ис­


од ЖиВотот На БиБлиотекарите




28
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


ти коефициенти на платата и на
пред еден месец нововработената
која немаше ни работно место и на
вработена која уште една година
ќе оди во пензија, и двете со исто
образование - е па, јас не им дадов
туку комисијата, а таа ги распре­
делуваше коефициентите според
три основи: образование, тежи­
на на работно место и работен
стаж.


- директорке, со Колективни-
от договор, „за награда“, систем
-инженерката која е одговорна за
Компјутерскиот центар, доби ист
коефициент со вработените на
шалтерот кои имаат исто образо-
вание, дури и далеку помалку од
книговодителката.


- директорке, нашиот претстав-
ник, победничката од Општински-
от натпревар „Млади библиотека-
ри“, која ја пративме на Републич-
киот натпревар да ја претставува
нашата Библиотека, освои прво
место со сите можни бодови (мал-
ку подоцна на поетската средба
„Бранувања 2006“ ја доби првата
награда). Зарем не треба да ја по-
викате заедно со одговорниот биб-
лиотекар за нејзината подготовка
и официјално да им дадете некол-
ку пофални зборови - со оглед на
тоа дека тие не беа повикани и на
настанот не му придаде никакво
значење, таа би одговорила - зарем
не гледате немам време за такви
работи, сакаат да ме менуваат.


Малку по малку и јас дојдов на
ред. да продолжам понатаму со:
другите се криви ­ тоа се факти.


­ зошто не ми пону­
ди да одам на курс по
германски јазик како
вработен во одделот за
Туѓа литература, а ги
испрати својата дакти-
лограф-архиварка и уш-
те една колешка на кои
никогаш во работните
задачи германски јазик
не им требал, и тоа ли
го нарекуваш менаџи­
рање? - не знаев дека ти
си заинтересиран, Кажи,


ќе ти овозможам да одиш на курс.
- зошто ми ги укина работните


задачи за систем библиотекар ко-
га со тие задачи ја воведов авто­
матизацијата во Библиотеката,
односно воведов автоматизирана
обработка на библиотечниот ма-
теријал, а тоа работно место ни го
сугерираа експерти од странство,
не би требало да го укинуваш, тоа
постои во светот ­ па морав, тоа
место го нема во НУУБ ­ Скопје, а
инаку јас донесов од Хрватска це­
ла книга за систем библиотекар,
ама таму поинаку го третираат ­
тој е инженер.


­ „Што се правиш на удре­
на, в очи ме гледаш и ме лажеш!
(ова ѝ го велев неколку пати), две
години, од твоето доаѓање за ди­
ректор, и покрај решението од
Министерството, и префрлените
финансиски средства за образо­
вание д­р на науки, не ми ги ис­
плаќаш, а подоцна, кога реши да
ми ја покачиш платата, ме натера
да ти потпишам Изјава дека нема
да ги барам средствата две години
наназад“ - не јас, правничката тоа
го стори ­ тоа се факти.


- зошто, и покрај тоа што бе-
ше многу веројатно дека ќе бидеш
сменета од директорската функ-
ција со доаѓањето на новата влада,
ми даде решение за раководител
на мојот оддел. Кога ќе дојде но-
виот директор да речи дека бев во
твојот раководен тим и да ме сме-
ни - немаше друг начин за да ти ја
покачам платата.


Меѓутоа, со истиот овој матема-
тички проблем, Јелена Петровска
го започна своето директорување
во јануари 2003 година. Две годи-
ни не ми го доделуваше коефици-
ентот за доктор на науки што со
Решение ми го имаше веќе доде-
лено Министерството за култура.
Уште на тројца вработени им го
правеше истото. Откако Алексан-
дар Јовевски ја тужи Библиотеката
и веќе беше во фаза на добивање
на спорот (подоцна го доби), јас
дадов барање до Управниот одбор
на Библиотеката за покачување на
мојата плата по основ образование
доктор на науки. Без да го достави
барањето до Управниот одбор, ме
викна и ми рече дека ќе ми даде дел
од средствата за доктор на науки,
но под услов да потпишам изјава
дека нема да ги барам средствата
за претходните две години. Ова
траеше кратко зашто со система-
тизацијата според Колективниот
договор повторно ми ги скина и
средствата за доктор на науки и
воопшто за звање библиотекар
советник (во моментот бевме двај­
ца библиотекари­советници).


- На моето прашање зошто во
Колективниот договор нема ко-
ефициент за образование доктор
на науки и за звањето библиоте-
кар - советник, го добив следниот
одговор: „види вака, хигиеничар­
ката Павлина има најнизок ко­
ефициент, а јас како директорка
имам највисок коефициент, пет.
останатото е само математика.“
(Неколкумесеци, сè до нејзиното
разрешување, таа не ми одговори
на мојот приговор за што сум пла-
тен покрај тоа што ме стави за ра-
ководител- дали како библиотекар
советник или доктор на науки?)


Овде не ги спомнав отказното
решение кое уште од првиот ден
ѝ го врачи на претходната дирек-
торка анета Стефановска и уки-
нувањето на работните задачи
за работното место Роднокрајна
збирка на сегашниот директор на
Библиотеката, Науме Ѓоргиевски,


од ЖиВотот На БиБлиотекарите




29
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


а местото го остави непополнето,
се разбира, претпоставувајќи де-
ка откако ќе ја сменат од директор
најмногу би ѝ одговарало ова ра-
ботно место.


Едноставно, човек да се чуди
колку многу направи за Библиоте-
ката, а не знаеме уште колку дру-
ги работи останаа скриени. Каков
менаџерски талент, кога нејзините
професори би ја прочитале оваа
статија ќе останат засрамени што
не ѝ дозволиле досега да ја одбрани
својата теза. Кој знае можеби мен­
торот, како што најавив на почето-
кот, не сака да има ваков способен
менаџер во негова близина!?


Сепак, мое лично мислење е де-
ка потеклото на човекот не е важно,
но човекот треба, пред сè да
биде човек, без оглед колку
голема е желбата да се биде
послушен на менторот, или
партијата. Размислував и сè
уште размислувам, и покрај
тоа што таа е веќе разреше-
на од позицијата директор,
да поведам судска постапка
за нејзиниот деградирачки
однос кон мене, во однос на
моето звање, титула и лич-
ност. Само што ја подготвив
оваа статија разбрав дека
на 28.09.2005 година, Благој
Николов, библиотекар-со-
ветник напишал писмо до минис-
терот Благоја Стефановски (осум
страни текст) од кои, во интерес на
малиот простор во списанието, са-
мо ја забележав следната реченица,
„И по изборот на јелена Петров­
ска за директор на Библиотеката,
истата не престана со излагање
на невистини и ниски удари кон
мене, омаловажување и рушење
на мојот рејтинг во библиотеч­
ната фела сè до ден­денес“ (стр.
4) Овде не може човек, а да не се
запраша, како е можно некој кој
се запишува на постдипломски
студии да има деградирачки однос
баш кон оние со највисоко звање
и титула во Библиотеката кога се
знае дека и двајцата немаат пар-


тиска припадност?
Не навлегувам во тоа дали неј-


зиниот однос кон мене, кон некои
други вработени и воопшто кон
установата, бил заради дискрими-
нација, партија, или лична омра-
за, или и двете, или трите, и дека,
можеби и оваа статија ќе ѝ годи на
нејзината гордост (нека ми про-
стат некои колеги ако сметаат дека
нејзината слика можев да ја напра-
вам со уште поголема резолуција
- таа уживаше кога јас „сликав“,
или фотографирам сèедно, затоа
што, според неа, „јас тоа најдобро
го правам“). Да, моето око забале-
жуваше сè. Се случуваше на некои
вработени да им одговара, „јас та­
ка сакам“. Но омразата стежнува. ..


Веќе ѝ станува Товар! Зошто омра­
за? Затоа што лошата љубов кон
другите е лоша љубов кон самите
себе. да се разбереме, овде не се
мисли на интимата, нејзина. Што
се однесува пак, до математиката,
таа оди со љубовта, но само кога е
чиста, „математиката“.


Како што може да се види од
текстот, како библиотекар-совет-
ник и глевен и одговорен уредник
на списанието имав можност да
ѝ поставувам стручни прашања
за работата, за мојот статус итн.
Таа не ги одбиваше, но нејзиното
менаџирање го сведуваше на ин-
тензивни објаснувања, „давење“
и давање на одговори и постапу-
вање со вработените како да сме


ликови од цртаните филмови, без
да размислува за последиците. За
неа сè беше можно. Во една прили-
ка ѝ реков, «зарем не гледаш дека
сум глув за твоите одговори, ми
влегуваат од едно уво и ми изле­
гуваат од другото, не знаеш ни
со кого разговараш, ти си нај­
паметна, врвен менаџер уште од
првиот ден, тоа ли го нарекуваш
менаџирање!?» Често знаеше да
ги «проголта» ваквите зборови без
да покажува дека била навредена,
што ми беше показател дека сè што
правеше со вработените и Библио-
теката ѝ беше смислено.


Всушност, целта на оваа стати ја
е конкретно да го ставам на хартија
за да не се заборави сè она што


Директорица го направи
како менаџер со вработените
и Библиоте ката, од позиција
на власт (со исклучок на
евенту алните злоупотреби
на службениот автомобил и
финансиските средства, ако
постоеле), затоа и до би вавме
вакви и слич ни одговори,
а не да ставам поента на
нејзи ните одговори, кои ги
смислуваше и во кои и таа не
веруваше. Јас лично, сакав
само да кажам што може да
направи некој кога мрази
(себичноста преминува


во самоволие и потценување на
другите, а алчноста ги пречекорува
сите граници), а нејзините одговори
во текстот, сметам дека не се важни
- и така се «измислени», и од неа, и
од мене.


Како што кажав на почетокот,
пред да стане директор, таа имаше
работно место во реонските
библиотеки кои по нејзина
иницијатива беа затворени само
кратко време пред нејзиното
разрешување. Откако беше раз-
решена, новиот директор, сепак,
покажа разбирање и ја стави на
работно место Издавање и услуга
во главната Библиотека, во комби-
нација со реонски бибилиотеки.


од ЖиВотот На БиБлиотекарите




30
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


Во интерес на просторот ќе ги
издвоиме оние места во текстот кои
даваат јасна слика за неговата темна
аура:


„На 17 ноември 1999 година, Биб-
лиотекарското друштво на Македо-
нија (БДМ) одржа Свечена седница
по повод педест-годишнината од
формирањето. Јубилејот што се одр-
жа во прекрасниот амбиент на хоте-
лот „Александар палас“ во Скопје, бе-
ше убава прилика за средба на повеќе
генерации македонски библиотекари
и на колеги-гости од странство...“


доделување на „Климентова
награда“ за првпат


„...За доделувањето на главната
награда, „Климентова повелба“, што
БДМ годинава за прв пат ја востанову-
ва, беше донесен Правилник и според
неговите одредби избрана посебна Ко-
мисија која распиша Конкурс со јасно
дефинирани критериуми. .. Меѓу кри-
териумите, покрај резултатите во стру-
ката, беше потенцирано и барањето за
„конкретен придонес во работата на
БдМ“, што впрочем беше и еден од
конкретните услови. ..На конкурсот
се јавија пет кандидати...“


Извршниот одбор (Ио) не го
препозна „својот човек“ (д­р добри


Петровски)... започнува фарсата.
„...Но штотуку се понадевавме де-


ка овој настан ќе го запаметиме како
ретка и колегијална средба, дојде чи-
нот на доделување на наградите што
ни ја разби илузијата дека можеме
да направиме нешто докрај убаво,
коректно и професионално... Коми-
сијата откако ја започна работата му
предаде на Извршниот одбор (ИО)
на усвојување образложен предлог за
еден од кандидатите. Но, за жал, сега
започнува фарсата. Мнозинството
на Ио, во предлогот на Комисија-
та не го препознава „својот човек“
и затоа без никакво образложение
донесе одлука да не го потврди пред­
логот, односно да не ја додели награ­
дата...“


Ио самоволно го прогласува
„својот човек“ за добитник на


наградата.
„...По дополнително укажување


дека, согласно законските одредби,
не е можно наградата да не се додели
кога има кандидати кои ги исполну-
ваат конкурсните услови, повторно,
тоа исто мнозинство од Извршниот
одбор, еден час пред одржувањето на
Свечената седница, ги зеде законот
и правдата во свои раце и спротив­


но на одредбите на Правилникот,
го прогласува „својот човек“ за до­
битник на наградата. Притоа ИО на
БДМ, недозволено направи неколку
крупни материјални грешки: (1) не ги
испочитува Одредбите на Правилни-
кот за доделување на наградата, кои
говорат дека ИО донесува одлука са-
мо врз предлог на Комисијата, а таков,
дополнителен предлог, за друг канди-
дат, немаше; (2) одлуката ја донесе на
своја рака, крајно волунтаристички и
непрофесионално, без да ги погледа
и да ги оцени конкурсните пријави на
кандидатите; (3) не го зема во пред-
вид фактот дека предложениот од
нив кандидат не исполнува еден од
основните критериуми - досега, ба-
рем според документите што ги при-
ложил на конкурсот, нема никакви
конкретни активности и резултати
за работата и афирмацијата на БдМ,
чија награда ја добива...“


Ио ги прекршува светите
правила на етичкиот кодекс на


библиотекарите на РМ
„...Покрај овие грешки од мате-


ријална природа, со донесувањето
на оваа одлука мнозинството од чле-
новите на ИО ги прекрши и свети­
те правила на етичкиот кодекс на
библиотекарите на РМ (чл.9; чл.11;
чл.12; и чл. 14) и општо прифате­
ните човечки норми за чесност и
одговорност во работењето. Тие ја
омаловажија работата, стручноста и
компетентноста на своите колеги од
Конкурсната комисија, и на нивната
одлука, ја спротивставија својата
волја, агресивната наметливост...“


Понатаму во текстот Вера
Калајлиевска се запрашува,
Зошто тоа го направи Ио?


И самата одговара.
„... Дали тие членови на ИО ќе го


изменеа своето мислење (одлука) до-
колку ги имаа пред себе документите
и аргументите на другите кандидати
за долгогодишната волонтерска ра-
бота во воведувањето и афирмација-
та на македонската библиотекарска
асоцијација и долгите библиографски
трудови од областа на библиотекарс-
твото? Сигурно ­ не! Тие не можат тоа


Д-Р ДОБРИ ПЕТРОВСКИ ФАЛСИФИКУВАЛ ПОТПИС


Неодамна дознавме дека проректорот на Универзитетот во Бито­
ла и член на рецензентската комисија за 2006 година за доделување
звања од областа на библиотекарството при Министерството за кул-
тура, проф. д-р Добри Петровски го фалсификувал потписот на еден
од неговите колеги рецензенти, наводно, откако овој претходно му
“дозволил”, на Извештајот од една од рецензиите за звање библиоте-
кар-советник. Се потпишал и за двајцата. Заради таа причина повеќе
побарувања за звање треба да чекаат формирање на нова рецензент-
ска комисија и нова рецензија.


Не е ова прво самоволие на д-р Добри Петровски, во врска со библи-
отекарството во Македонија. д­р добри Петровски има главна улога
под псевдоним “својот човек”, во статијата на тогашната директорка на
Националната и универзитетска боиблиотека “Св. Климент Охридски”
Скопје, г­ѓа Вера Калајлиевска, која беше публикувана под наслов:


НАГРАДИ СО ТЕМНИ АУРИ
(Извадоци од статијата во списанието Библиотекарска искра,


вол. 17 (1999), бр.1-2 II Хроника).


од ЖиВотот На БиБлиотекарите




31
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


ниту да го почитуваат, а уште помал­
ку да го вреднуваат, затоа што сами­
те досега не се пројавиле со никакви
нови идеи во струката, не оставиле
зад себе напишани трагови за сопс­
твената стручност, не вложиле труд
таму каде за тоа нема материјална
награда, за библиотекарството им е
грижа колку за ланскиот снег, еднос­
тавно ­ тие се случајно, однемајкаде,
библиотекари. Затоа, гледано од нив-
ниот агол, тие со право можат да си
мислат дека донеле исправна одлука и
дека „нивниот човек“ е правиот.“
Вистинските библиотекари се пов­
лекоа пред аргументот на силата.
„...За среќа, вистинските библи-


отекари, оние кои ѝ се посветиле на
таа струка со љубов и респект, ја по-
чувствуваа агресивната наметливост
и се повлекоа пред аргументот на си-
лата. Затоа, при врачувањето наоваа
награда се почувствува горчината


од неправдата и од темната аура со
која годинашнава, прва „Клименто­
ва повелба“ беше обвиена, и за која
иницијаторите, посакувале да свети
како аурата над главата на Патронот
на библиотекарите...“


еве што сакав да им кажам на
библиотекарите за непрофесионал­


носта и професионалноста,
продолжува Вера Калајлиевска


„... На крајот, би сакала да истак-
нам, дека лично, многу ми е при срце
изреката дека не треба да жалиме по
истуреното млеко. Но, чувствувам
професионална обврска настанов да
биде трајно регистриран, заради две
причини: (1) доколку меѓу нас библи-
отекарите, незабележливо и молчеш-
кум поминат непрофесионалноста,
волунтаризмот и некритичкиот од-
нос кон сопствената струка и резул-
татите во неа, тоа може да се смета во
иднина за правило, а не за исклучок,


што во оваа пригода го направи дел
од ИО на БДМ, злоупотребувајќи ја
функцијата и довербата што им ја да-
довме... (2) Имаме обврска кон помла-
дите колеги кои штотуку влегуваат во
библиотекарството. Ним треба да им
кажеме дека ова не е добар пример за
вистинскиот пат до успехот во стру-
ката. Библиотекарството не е „инс­
тант“ професија во која до врвот се
доаѓа набрзина, со неколку труда и
со лобирањето и наметливоста на
грст пријатели со кои се пие кафе и
„жолта“. Тие, помладите колеги тре-
ба да знаат дека добар библиотекар се
станува пред сè и над сè, со љубов и
почит кон струката (што впрочем ва-
жи и за другите сфери) и со стремеж
кон високи критериуми што се пос-
тигнуваат само преку чесна, постоја­
на работа и учење. Задоволството
од вака постигнатиот успех е најго­
лемата награда...“


Нашиот главен јунак д­р добри
Петровски не се задржа само на до­
бивањето на „Климентовата повелба“
туку, уште во време додека работеше
како директор во Библиотеката, на
Конкурсот за наставник по предметот
основи на демократија со методика,
објавен од Факултетот за учители и
воспитувачи - Битола (денес Педагош-
ки факултет), во јануари 2000 годи­
на, избран е за доцент по истиот како
ДОКТОР ПО МЕНАЏМЕНТ, и покрај
тоа што во Конкурсот се бараше д­р
по социолошки или правни науки. И
покрај тоа, што, јас (д-р Николче Веља-
новски) сум доктор по социолошки на-
уки ги исполнував условите, за настав-
ник беше избран д-р Добри Петровски,
повторно, но овој пат не како „својот
човек“ туку како „добро дете“. Јас тоа
го разбирав како „тој е од нашата пар­
тија или тајфа“. Поднесов ТУЖБА по
ИЗБОРОТ и после четири години во
септември 2004 година беше донесена
конечна пресуда за ПОВТОРЕН ИЗБОР
од Апелациониот суд во Битола, дека
„доброто дете“ го избрале самоволно
и противзаконски.


Педагошкиот факултет воопшто
не ја зеде во предвид оваа пресуда.
Наместо да изврши повторен избор, тој
си објавува Конкурс при крајот на 2004
година, за редовен РЕИЗБОР на настав-
ник по предметот Основи на демокар-
тија со методика при што повторно го
реизбира, овај пат искусниот и по сис-
тематизација, ПОТРЕБЕН ДОКТОР ПО
МЕНАЏМЕНТ, д-р Добри Петровски.
Кај се видело и чуло д­р по менаџмент
(економска категорија) да предава ос­
нови на демократија, а уште помалку
„со методика“. Го избраа оној кој преку
својот адвокат му достави на судот дип-
лома од курс по демократија од Като­
личка школа за да му ја докаже својата
компетентност ВО ЗАМЕНА за доктор
по социологија. Оттука читателот може
и види дека за нашиот „главен јунак“
ништо не претставува еден ФАЛСИ-
ФИКУВАН ПОТПИС.


На мојот приговор до Рецензент-
ската комисија дека е ДОНЕСЕНА
НЕГАТИВНА ПРЕСУДА ЗА НЕГО ПО
ИСТИОТ ПРЕДМЕТ, и дека не смеат
да вршат реизбор, ми беше одговоре-
но дека Комисијата не е компетентна


да го решава тоа и преку Билтенот на
Универзитетот од 03.05.2005 година ме
упати до Деканот и Наставничкиот со-
вет на Факултетот. Нормално, Коми­
сијата одлучи „доброто дете“ кое во
меѓувреме стана ПРоРеКТоР, да биде
реизбрано. Тоа „добро дете“ и не било
така добро, затоа што подоцна, на тој
кој го прими на Факултет „му покажа
од кај течи драгорот“.


Секоја му чест и на првата и на вто-
рата Рецензентска комисија, која виде
однапред дека „доброто дете“ обеќава.
Тоа, можеби мораше да полага „спе­
цијалистички труд“ оти имал само
шески и по некоја седумка, па не му
стигаа да се запишe на постдиплом­
ски студии, ама пак, бил многу „инс­
тант“ за да стане професор и прорек­
тор и покрај тоа што СУДОТ рекол не
е ПРЕДМЕТОТ за тоа „добро дете“. Се
ребри „доброто дете“ сега како да си го
оствари сонот и да стане РЕКТОР. Не
сака тој вакви работи по списанијата и
весниците, ама не ми требаше ова - не
е фер, НАПИСОТ МУ ГО ПОРЕМЕТУ-
ВА СОНОТ.


ДОКТОР ПО МЕНАЏМЕНТ ПРЕДАВА ОСНОВИ НА ДЕМОКРАТИЈА


од ЖиВотот На БиБлиотекарите




32
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 15/16 • 2006.


ФИНАНСИСКА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМСКИТЕ АКТИВНОСТИ
НА НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” ЗА 2006 ГОДИНА


Националната установа - универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола финансиските
средства добиени од буџетот на РМ во периодот од 01.01-31.12.2006 година ги реализира според решенија по
соодветни програмски активности како следува:


ПРОГРАМСКИ
АКТИВНОСТИ


Средства од буџет
по решенија


Реализирани
средства


01.01-31.12.’06
% на реализација


1. Збогатување на книжниот фонд
и набавка на период. пуб.


450.000 397.553 88,35


2. Културни активности
во библиотеката


100.000 65.362 65,37


3. Заштита на стари книги и периодика-
ракописи во Битола и битолско


100.000 100.321 100,33


4. Материјални трошоци 300.000 267.573 89,20


5. Обука на корисници за COBISS/OPAC
- за ONLINE достапни каталози


60.000 60.590 100,99


6. Маркетинг на библиотеката 40.500 / /


7. Истражување на приватните
библиотеки во Битола,
публикување и презентирање


50.000 54.771 109,55


8. Истражување за збогатување на
фондот на Роднокрајниот оддел


50.000 29.685 59,37


ВКУПНО: 1.150.000 975.855 84,86


1. ЗБоГаТУВаЊе На КНИЖНИоТ ФоНд


Во оваа 2006 година, набавени беа 375 наслови, односно 1720 примероци на книги. Не беа реализирани
сите 450.000 денари. Остана обврска на Министерството да ги дореализира уште 110.000 денари.


2. НаБаВКа На ПеРИодИЧНИ ПУБЛИКацИИ


Набавени се 9 наслови, или вкупно 380 списанија во зависност од нивното излегување дневно или месечно,
во износ од 46.775,00 денари.


3. ЗаШТИТа На КНИЖНИоТ ФоНд


Реализирани се средства во износ од 100.321,00 денари, од кои 20.321.00 денари за дигитален апарат пот-
ребен за реализација на проектот.




Приредиле Цара Огненовска и Трајан Чагорски