Библиотечен тренд бр.21/22

БИБЛИОТЕЧЕН


ТРЕНД


2
0


0
8


.


SPISANIE NA NACIONALNATA USTANOVA


SV. KLIMENT OHRIDSKI - BITOLA„ “


UNIVERZITETSKA BIBLIOTEKA


Б
р


.
2


1
-2


2




БИБЛИОТЕКАТА ВО ПЕЧАТОТ




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД
СПИСАНИЕ НА


НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
БИТОЛА


*
Издавач


Националната установа
Универзитетска библиотека


„Св. Климент Охридски“, Битола
ул. Ленинова 39


*
За издавачот


Науме Ѓоргиевски, директор


*
Издвачки совет:


д-р Николче Вељановски, претседател
Јоланда Бошевска


Гордана Марковска


*
Главен и одговорен уредник


д-р Николче Вељановски


*
Редакција:


д-р Николче Вељановски
Јоланда Бошевска
Илче Стојановски


*
Лектура и коректура
Здравко Божиновски


*
Фотографии


Маријан Котевски


*
Компјутерска обработка и печат


МИКЕНА, Битола


*
Тираж


300 примероци


ISSN 1409–9497


Тел.: 047/220-208;
Тел./факс: 047/220-515;


Тел. на Изд.: 232-999
www.nuubbt.uklo.edu.mk


e-mail: nuubbt@uklo.edu.mk


СОДРЖИНА


БИБЛИОТЕКАТА  ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА МЕЃУ БИБЛИОТЕКИТЕ ОД БИТОЛА И СПЛИТ
Ленче Андоновска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 2
СОРАБОТКАСО БИБЛИОТЕКАТА „МАРКО МАРУЛИЌ“ - СПЛИТ
Николче Вељановски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 4
ИЗЛОЖБАТА „МАКЕДОНИЈА ОД АНТИКАТА ДО ДЕНЕС“ ВО СОФИЈА
Илче Стојановски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5
ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАРИ ОД ДОЛНОШЛОНСКАТА ЈАВНА БИБЛИОТЕКА
„ТАДЕУШ МИКУЛСКИ“ ОД ВРОЦЛАВ, ПОЛСКА
Марија Малгожата Мачковска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 6
КОНЗЕРВАЦИЈА И РЕСТАВРАЦИЈА НА СТАРАТА ЗГРАДА НА
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА
Ленче Андоновска. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 8
35-ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА БДМ
Николче Вељановски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 9


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


ТРЕТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА НА БИТОЛСКИ ПИСАТЕЛИ
НА МАКЕДОНИЈА
Николче Вељановски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 10
СРЕДБА СО АЈРИ ДЕМИРОВСКИ - . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 15
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА ИЗЛОЖБИ, ПРОМОЦИИ, ПРЕДАВАЊА
Драги Кабровски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 16


ОД ОДДЕЛОТ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУГА ЗА ВОЗРАСНИ
БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ
Гордана Марковска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 22
ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА - БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ
Стеванка Петковска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 22
ОСВРТ КОН ДЕЛОТО „НАЈГОЛЕМОТО ЧУДО НА СВЕТОТ“ ОД
ОГ МАНДИНО
Николче Вељановски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 23
КИНЕСКИОТ ЅИД
Лидија Мирчевска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 24


РЕЦЕНЗИИ


„40 ПОКЛОНЕНИЈА НА ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ФИЛОЗОФ ВО РИМ“
Рецензент Анета Стефановска . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 25
РЕЦЕНЗИЈА НА КНИГАТА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
Рецензент Николче Вељановски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 26
КОН СТИХОЗБИРКАТА „КОГА ТЕ МОЛЕВ ДА ПОРАСНЕШ“
ОД МЛАДИОТ ПОЕТ ИВАН АНТОНОВСКИ
Рецензент Вера Стојчевска Антиќ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 28


ПОВОД ЗА ДА ВИ ГО ПРЕТСТАВИМЕ...


ПОВИК ДО ПАТНИКОТ 366 - Петре Димовски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 30


КУЛТУРА... . БИБЛИОТЕКАТА ВО ПЕЧАТОТ




2
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


Меѓународна соработка меѓу
библиотеките од Битола и Сплит


Секоја културна институција се
стреми, што повеќе да ја развива
меѓународната културна соработ-
ка за поголема афирмација како
установата така и на Република
Македонија.


Министерството за култура за
2008 година го одобри проектот за
меѓународна соработка меѓу НУУБ
„Св. Климент Охридски“ – Битола
и Библиотеката „Марко Марулиќ“
– Сплит, Р. Хрватска.


Замислата и амбицијата за ре-
ализација на еден ваков проект
беше да се претстават дел од маке-
донските писатели со посебен ак-
цент на писателите од Битолскиот
крај и нивните дела.


За реализација на наведениот
проект посебно треба да ја истак-
неме поддршката од Почесниот
конзул на Република Хрватска во
Битола др.сц.Бранко Маретиќ, кој
даде голем придонес во воспоста-
вувањето на контактите и сора-
ботката.


Следеа поголем број на разго-
вори меѓу Библиотеката од Битола,
Библиотеката од Сплит и Конзула-
тот на Р. Хрватска во Битола.


После успешно водените прего-
вори наша делегација, во периодот


од 17.04 – 20.04.2008 година, ја по-
сети Библиотеката „Марко Мару-
лиќ“ од Сплит Р. Хрватска.


Од страна на домаќините бевме
срдечно примени.


Беше поставена изложба на те-
ма „Книжевното наследство на Ре-
публика Македонија“, во холот на
Библиотеката. Изложбата ја позд-
равија директорката на Библиоте-
ката и заменикот градоначалник
на Сплит, кои посакаа соработката
да продолжи и да стане традици-
онална.


Следеше воведно излагање на
раководителот на Проектот г-ѓа
Ленче Андоновска, на тема „Па-
тот на Библиотеката од нејзините
корени до современите текови“.


Осврт за книжевното наследство
на Македонија даде директорот на
НУУБ – Битола, г-дин Науме Ѓо-
ргиевски.


На видео бим беа презентира-
ни во кратки црти, податоци за Ре-
публика Македонија, Општината
Битола со нејзините 10 конзулати
и карактеристиките на Национал-
ната установа – Универзитетска
библиотека „Св.Климент Охридс-
ки“ – Битола.


Во преполниот хол на Библио-
теката во Сплит, изложбата за от-
ворена ја прогласи пратеничката
во Парламентот на РМ, г-ѓа Анета
Стефановска. Изложените кни-
ги во Библиотеката, околу 300 на
број, им беа оставени како пода-
рок на Библиотеката од Сплит во


Приредила
Ленче Андоновска, виш библиотекар


и раководител на Проектот




3
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


знак на добрата соработка и нејзи-
но продолжување.


Од страна на домаќините ни
беше укажано големо внимание
и ни беше организиран настап на
локалната телевизија „Канал 5“ од
Сплит, на кој се разговараше на
повеќе теми, а нашите изјави беа
преведувани на хрватски јазик од
страна на Конзулот на Р. Хрватска
во Битола. Емисијата се емитува-
ше повеќе пати во текот на денот
низ целата седмица.


Ја разгледавме новата Библиоте-
ката и еден нивни клон што може-
ме да истакнеме дека се работи за
една нова Библиотека во која само
пред неколку месеци, пред нашиот
престој, вработените се преселиле
и сè е направено по стандардите.
Таа треба да ни послужи како при-
мер, како треба да се вложува во
библиотекарството.


Стручниот тим на Библиотеката
од Сплит истакнаа дека државата и
градовите се многу заинтересира-
ни за отворање на нови библиоте-
ки и дека во Р. Хрватска многу се
вложува во библиотекарството.


Го посетивме Македонско – хр-
ватското друштво од Сплит. Разго-
варавме на повеќе теми и им пода-
ривме еден скромен дел од книгите
што ги носевме за Изложбата.


Наидовме на срдечен прием од
страна на претседателот и члено-
вите на Македонско – хрватското
друштво од Сплит, и беше истак-
ната желбата за продлабочување
на соработката. Со насолзени очи
членовите на Друштвото не испра-
тија, но беа пресреќни за посетата
со желба дека нема да остане само
на таа средба.


Во текот на месец септември
очекуваме делегација од Библио-
теката „Марко Марулиќ“ – Сплит
Р. Хрватска да не посети во Битола
и ние да им ја возвратиме госто-


примливоста и да ги запознаеме
со нашите културни добра.


На овој начин се потврдува
заложбата на Министерството за
култура за поосмислена и поин-
тензивна соработка во уметнич-
кото творештво, со посебни при-
оритети за секоја дејност (библи-
отечната, издавачката, музичката,
драмската, кинематографската, и
галериската дејност). Ширењето
на меѓународната соработка меѓу
културните институции е добар
знак за претставување на наша-
та држава со сè она што го има на
располагање, а особено што Репуб-
лика Македонија поседува култур-
но наследство со такви вредности
и карактеристики кои се впишани
во листата на светското природно
и културно наследство.


Успешното реализирање на на-
ведениот проект овозможи развој
на културата односно на пишани-
от збор кој придонесе за унапреду-
вање на врските меѓу библиотеки-
те од Битола и Сплит на полето на
културната размена.


Библиотеките како храм на
книгата и како светилиште на на-
учната мисла покажаа и докажаа
дека се моќен фактор во презента-
цијата на културното наследство
на Република Македонија.




4
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


Наш соговорник и водич – Вес-
на Михановиќ (во средината), ра-
ководител на развојната и матич-
ната служба за цела Жупанија.


Одделот за возрасни и деца на
Градската библиотека „Марко Ма-
рулиќ“ во Сплит има околу 40000
книги, но бидејќи се на широк
простор, изгледаат повеќе. Вкуп-
но 2700 м2( 400 м2 + 450 м2 детски
и оддел за возрасни). Има поли-
тика за градење и реновирање на
библиотеките. Се започна со биб-
лиотеката во Задар, која пострада
во војната, ни рече Весна, а потоа
Шибеник, Вараждин и т.н. Во на-
шата Жупанија има 11 библиоте-
ки. Компјутерскиот систем за сите
библиотеки го одржува посебна
фирма.


Книгите се наредени по облас-
ти, а во областите се наредени по
УДК. Сите книги постари од 1995
година се сместени на долниот


кат. Претпос-
тавивме дека за
постарите кни-
ги има помала
побарувачка со
некои исклу-
чоци, на пр. во
психологијата,
делата на Фројд
итн. Просторот
со висечки ста-
лажи за ДВД от-
ворен е за чита-
телите двапати,
по неколку часа
дневно. Има околу 1500 дискови.
Се обработуваат надвор од библи-
отеката како и другиот библиоте-
чен материјал. Има и просторија за
дигитализација на библиотечниот
материјал, но сè уште не е отворе-
на. Посебно внимание се посвету-
ва на луѓето со посебни потреби.
Постои компјутер за слепи, како и
звтоматизирано самозадолжување
со книгите.


Детскиот оддел има катче за
бебињата. Има книги за родители.
Сликовници. Постои и посебен
простор за самостојна работа на
компјутер. Мебелот во овој оддел
е во розева боја, а на горниот кат
во сина боја.


Библиотеката Бродарица е
сместена на 9-ти спрат на еден
облакодер, односно на 400 м2 нај-
современ библиотечен простор,
со поглед на цел Сплит. Мебелот
е со италијански дизајн. Погледот
е на брдото „Марјан“, Катедралата
„Свети Дуе“ и на морето.


Новата универзитетска библи-
отека која е сместена на 15000 м2
се очекува да биде отворена на по-
четокот од годината. Во Хрватска
има шест универзитетски библио-
теки. Националната библиотека е
во Загреб.


СОРАБОТКА СО БИБЛИОТЕКАТА „МАРКО МАРУЛИЌ“ – СПЛИТ


Приредил, Николче Вељановски
библиотекар советник




5
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


Во организација на Културно-информативниот
центар на Р. Македонија во Софија, Р. Бугарија и НУ-
УБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, на 26 јуни во
19 часот, во просториите на КИЦ беше отворена из-
ложба на книги „Македонија од антиката до денес“.
Изложбата беше претходно подготвена од претстав-
ниците на Библиотеката, Илче Стојановски и Благоја
Бошевски. Во присуство на директорката на КИЦ,
г-ѓа Доста Димовска, Илче Стојановски ја отвори из-
ложбата.


На изложбата беа претставени 300 книги, подреде-
ни хронолошки и тематски кои опфаќаа најразлични
временски периоди од историјата на Македонија, од
античко време, преку средниот век, па се до денес.


Отворањето на изложбата беше проследено со ви-
део-презентација на тема: „Ден во Македонија“. Таа
предизвика интерес кај посетителите кои со особено
внимание ги разгледуваа книгите. Изложбата траеше
до 20 јули, а изложените книги останаа во сопстве-
ност на КИЦ.


ИЗЛОЖБАТА „МАКЕДОНИЈА ОД
АНТИКАТА ДО ДЕНЕС“ ВО СОФИЈА


Приредил
Илче Стојановски




6
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


Оваа пролет НУ Универзитет-
ска библиотека „Св.Климент Ох-
ридски“ – Битола со поддршка на
Министерството за култура на РМ
успеа да реализира проект за меѓу-
народна соработка. Реализацијата
на проектот „Македонско-полска
соработка на библиотеките од Би-
тола и Вроцлав“ беше предвидена
во две фази: посета на Битола од
библиотекари од Вроцлав и посе-
та на библиотекари од Битола во
вроцлавската библиотека.


Првата фаза од проектот е веќе
реализирана во периодот од 14 до
18 мај 2008 г. Во посета на Битола
пристигнаа тројца претставници


од Долношлонската јавна библио-
тека „Тадеуш Микулски“ од Вроц-
лав – директорот на Библиотеката,
Анджеј Тивс, заменик директорот
Јоланта Убовска и раководителот
на Одделот за набавка и обработка
на библиотечен материјал, Уршула
Скониечна.


Престојот на гостите во Бито-
ла беше исполнет со повеке разно-
видни активности. Првиот ден од


нивната посета беше одбележан со
отворање изложба во холот на НУ
Универзитетска библиотека „Св.
Климент Охридски“, под наслов
„Полската книжевност во минато-
то и денес“. Изложбата претставу-
ваше дел од богатата историја на
полската книжевност прикажана
низ обемна библиотечна збирка
на книги од полски автори, изда-
дени на полски, македонски, срп-
ски и хрватски јазик, а исто така и
списанија на полски и македонски
јазик.


Наредниот ден библиотекарите
од Вроцлав се запознаа со рабо-
тењето и активностите на битолс-
ката библиотека . Ги посетија сите
оддели на Библиотеката, се запоз-
наа со процесите на библиотечното
работење, а исто така воспоставија
непосреден контакт со сите врабо-
тени. Гостите од Полска се интере-
сираа за начините на современото
работење во нашата установа, за
компјутеризацијата на библиотеч-
ните процеси, автоматизацијата


Посета на библиотекари од
Долношлонската јавна библиотека


„Тадеуш Микулски“ од Вроцлав, Полска


Приредила, Марија Малгожата
Мачковска,


виш библиотекар




7
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


на библиотеките од југозападни-
от регион на РМ, реализацијата
на проектите, издавачката дејност
на Библиотеката, начините на ра-
бота со читателите, соработката
на нашата институција со битол-
скиот Универзитет, училиштата и
другите културни институции во
градот.


По завршувањето на работниот
дел од престојот, во попладневни-
те часови гостите посетија повеќе
културно-историски знаменитос-
ти во Битола: античкиот град Хе-
раклеја Линкестис, Саат Кулата,
црквата „Св. Димитрија“, католич-
ката црква, Магазата, Безистенот,
Старата Чаршија, галеријата „Јени
Џамија“, Музејот, а исто така и На-
ционалниот парк „Пелистер“.


Гостите беа импресионирани
од битолската архитектура, од ис-
ториските споменици и убавините
на Пелистер. Особен впечаток им
остави отвореноста и срдечноста
на луѓето со кои се сретнуваа, како
и разновидноста и одличниот вкус
на македнската храна.


Следниот ден гостите ја посе-
тија Градската библиотека „Борка
Талески“ и библиотеката на Инс-
титутот за старословенска култура
во Прилеп. Во двете установи биб-
лиотекарите од Полска се запознаа


со нивното функционирање, разг-
ледаа изложби на книги од полски
автори, водеа разговори за разви-
вање на соработката меѓу полски и
македонски културни установи. Во
Прилеп гостите ја разгледаа бога-
тата и многу интересна збирка на
експонати во Музејот на тутунот,
го посетија прекрасниот манастир
„Св. Архангел“ кај Марковите Ку-
ли и Старата Чаршија.


Последниот ден од посетата
беше посветен на запознавање
со знаменитостите на Охридско-


преспанскиот регион: црквите
„Св. Наум“, „Св. Богородица“ „Пе-
ривлепта“, „Св. Климент“, „Св. Јо-
ван – Канео“, „Св. Софија“, амфите-
атарот, тврдината, стариот град во
Охрид. Сите тие прекрасни места,
како и убавината на Национални-
от парк Галичица, Преспанското и
Охридското Езеро оставија силен
впечаток на гостите од Полска.


За време на престојот во Ма-
кедонија, библиотекарите oд Дол-
ношлонската јавна библиотека
од Вроцлав воспоствија одлична
соработка со НУ Универзитетска
библиотека „Св. Климент Охрид-
ски“ од Битола и други библио-
теки. Директорот на ДЈБ, Анджеј
Тивс, изјави дека во вроцлавската
библиотека наскоро ќе се оформи
збирка на македонската литерату-
ра во чиј состав, на почетокот, ќе
влезат книги донирани од страна
на македонските институции.


Планирана е натамошна интен-
зивна соработка на двете иснтиту-
ции на сите полиња од библиоте-
карското работење. Во прилог на
оваа соработка следува реализа-
ција на вториот дел од проектот кој
предвидува посета на делегација
од битолската библиотека во ДЈБ
во Вроцлав, наесен оваа година.




8
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


Националната установа – Уни-
верзитетска библиотека „Св.Кли-
мент Охридски“ – Битола е лоци-
рана во строгиот центар на градот
на ул.Ленинова бр.,39 во Битола.
Сместена е во два функционал-
но поврзани објекти, стар и нов
објект.


Стариот објект од зградата
претставува споменик на култу-
рата утврден со Решение бр.266 од
03.03.1978 година, издадено од „За-
водот за заштита на спомениците
на културата, природните рет-
кости и музеј“ - Битола. Објектот
влегува во состав на зона А од за-
штитеното градско јадро на Бито-
ла. Спомениците на културата од
историски и културолошки аспект
претставуваат израз и потврда
на универзалните вредности што
постоеле на овие простори.


Поради тоа една од примарните
грижи на државата е и заштитата и
чувањето на движното и недвиж-
ното културно богатство, пред


неговото ставање во функција на
севкупниот развој.


На Конкурсот за учество во фи-
нансирање на програми и проекти
од национален интерес за 2008 го-
дина, објавен во јуни 2007 година,
конкуриравме со проект „Конзер-
вација и реставрација на стариот
дел од зградата на Библиотеката.
Раководители на наведениот про-
ект се Анета Стефановска, Науме
Ѓоргиевски и Ленче Андоновска.


Наидовме на големо разбирање
од страна на Министерството за
култура и истиот беше одобрен во
износ од 2,5 милиони денари.


Објектот е изграден кон крајот
на 19 век од познатата трговска
фамилија Пиника, како објект со
просветно-социјален карактер. По
Првата светска војна, објектот е
подарен на црквата, како објект кој
ќе влегува во склоп на службените
простории на Богословијата.Во
1913 година на овој објект кој е со-
ставен од високо приземје, додаден


е и кат. Според стилските каракте-
ристики објектот е претставник
на еклектицизмот, со хармонична
и симетрична низа на отвори, ка-
ко и карактеристични застаклени
еркерни испусти на северната фа-
сада. Објектот е по катови поделен
со богати хоризонтални венци,
додека второстепената пластика е
застапена и околу сите отвори на
фасадата, и се менува од кат до кат.
Во приземјето цоклето е од делкан
камен. Правецот на носивите ѕи-
дови е назначен во вид на столбо-
ви од второстепена пластика, кои
на приземјето се од делкан камен,
за на катовите да премине во раз-
лично профилирана пластика од
фасаден малтер.


Фасадата беше во многу лоша
состојба, на многу места слоевите
од малер и боја беа испукани и из-
лупени, а на многу места малтерот
беше оштетен или отпаднат и се
гледаа тулите од ѕидните површи-
ни кои доаѓаа во допир со хоризон-
талните и вертикалните олуци.


Во месец март отпочна про-
цедурата за јавната набавка за
конзервација и реставрација на
стариот дел од зградата на Библи-
отеката, и по успешно завршената
јавна набавка за најповолен еко-
номски оператор е избран ДООЕЛ
„Коцоски Компани“, од Вевчани.


Избраниот изведувач со свои-
те мајстори имаат долгогодишно
искуство за ваков вид градежни
работи, каде што индивидуалната
стручност на секој мајстор поеди-
нечно мора да биде вклопена од-
носно резултира производ на ви-


Конзервација и реставрација
на старата зграда на


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Приредила Ленче Андоновска,


виш библиотекар и раководител на проектот




9
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


сока уметничка вредност со што ќе
се истакнат архитектонско – стил-
ските карактерисики на објектот
и ќе го отсликаат периодот во кој
бил создаден. Денес слободно мо-
жеме да истакнеме дека е големо
задоволството на сите нас врабо-
тените во Библиотеката, граѓани-
те на Општина Битола, Република
Македонија и на секој минувач.


На крајот сакам да ја истакнам
големата благодарност кон Ми-
нистерството за култура за одоб-
рениот проект што ни овозможи
ваков зафат кој е благодет за сите
нас како граѓани на Република Ма-
кедонија и да покажеме како треба
да се води грижа за заштитата на
културните споменици.


35-ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА БДМ


Битола беше домаќин на
средбата на македонските биб-
лиотекари. Дводневното Го-
дишно собрание на членовите
на Библиотекарското друштво
на Македонија се одржа на 22
и 23 мај. Првиот работен ден го
одржаа во салата за промоции
на Библиотеката. Меѓу гостите
кои го поздравија Собранието
беа градоначалникот на Бито-
ла, г-дин Владимир Талески и


пратеничката во Парламентот,
г-ѓа Анета Стефановска, а со
работниот дел заседаваше пре-
тседателката на БДМ, д-р Суза-
на Котовчевска. Директорот на
НУУБ – Скопје, г-дин Миле Бо-
шески зборуваше за актуелните
законски недоследности и пот-
ребата од носење нов ревидиран
и дополнет закон. Вечерта беше
организирана свечена вечера за
сите членови во организација


на БДМ и Општината Битола.
На вториот работен ден кој


се одржа во салата на хотелот
„Молика“ на Пелистер, беа из-
брани седум нови членови на
Извршниот одбор на БДМ и
другите тела. За претставник во
Претседателството на Изврш-
ниот одбор од НУУБ – Битола
беше избран д-р Николче Веља-
новски.


Приредил, Николче Вељановски
библиотекар советник




10
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


На 22 мај, трет пат по ред Биб-
лиотеката беше домаќин на Род-
нокрајната средба на битолските
писатели од Македонија. Овој пат,
ги немаше ниту Петре М. Анд-
реевски ниту Јозо Т. Бошковски.
Оваа година беа поканети уште
тројца млади писатели и поетеси:
Весна Ефтимовска Сотировска,
Весна Велјановска Мундишевска
и Мирјана Стојановска Палигора.
Поканет беше и проф. д-р Благоја
Брајановски. Сите учествуваа со


свои текстови и следниот ден на
Тркалезната маса на тема „Глав-
ниот лик – проекција на авторо-
вата визија“.


На почетокот имавме мала дис-
кусија во која збор зедоа Димитар
Башевски, Христо Петрески, Бла-
гоја Брајановски и Цане Здравков-
ски. Се постави прашањето за не-
кои работи во организирањето на


Средбата во однос на посетеноста
на првиот ден на средбата, кога
беше претставувањето на писате-
лите пред читателската публика.
Беше предложено секоја година да
се претставуваат барем по неколку
автори, со нивна биографија, или
пак тоа претставување да биде во
некое училиште или на друго мес-
то. Исто така постоеше забелешка
Тркалезната маса да не биде од за-
творен тип, туку да биде во салата
за промоции пред читателите, па
кој сака да може да ги слуша изла-
гањата.


Првиот ден беше организира-
на вечера во хотелот „Молика“, во
чест на сите учесници, но сепак
падна и една критика за поголем
респект кон писателите во офи-
цијалниот дел пред почетокот на
Тркалезната маса, од страна на ор-
ганизаторот.


Како и да е, потребна е поголема
сериозност од двете страни и да се
почитуваат правилата и роковите


ТРЕТА РОДНОКРАЈНА СРЕДБА НА
БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ


ОД МАКЕДОНИЈА


Приредил, Николче Вељановски
библиотекар советник


БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




11
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


за текстовите. Како организатори
свесни сме дека сите роднокрајни
писатели не се на исто ниво, но нас
не ни е целта некои да ги навреди-
ме за сметка на другите и обратно,
а целта ни е ова дружење со род-
нокрајните писатели да заживее и
премине во традиционално. Ако
можеше еден Петре М. Андреевски
и во лоша здравствена состојба да
биде присутен на Средбата, зошто
некому да биде под чест затоа што
во групата имало и помалку поз-
нати автори. Како организатори се
обидовме да поставиме некои кри-
териуми според кои ги покануваме
писателите. Се одлучивме главен
критериум да биде членството во
Друштвото на писатели на Маке-
донија, но секогаш покануваме и
по некој друг, како што тоа беше
случај оваа година. Некои од оние


кои не се членови на ДПМ не треба
да бидат засегнати, ако наредниот
пат не бидат поканети, а на нивно
место дојдат нови автори. Сепак од


одредени причини на организато-
рот бројот на учесниците е ограни-
чен на околу петнаесет до дваесет
автори.


Димитар Башевски


ГЛАВНИОТ ЛИК –
ПРОЕКЦИЈА НА
АВТОРОВАТА ВИЗИЈА


Се разбира, својата визија или
слика за животот или идеја, писа-
телот ја реализира преку своите
ликови. Главниот е еден од нив и,
како главен, би требало да ја носи
главната тежина во таа реализа-


ција. Притоа, тука не станува збор
за негово, по секоја цена, најголе-
мо материјално присуство во ро-
манот, туку негово присуство баш
како фокус во кој се концентрира
авторовата визија.


Не може да се порекне дека вис-
тинските луѓе можат да послужат
како искра, но штом еднаш влезат
во книгата, настапува голема про-
мена. Знаеме дека многу големи
писатели, па и ние, сме имале или
имаме примери во конкретни луѓе
(кај мене во Бунар, некои епизодни
личности имаат или би можело
да се рече дека имаат пандани во
стварноста; во Братот такви пан-
дани нема, тие ликови се измисле-
ни, односно ликови кои ги форми-
рала колективната свест, слично е
и со ликовите во Враќање и Нема
смрт додека ѕвони).


Проф. д-р Благоја Брајановски


ОНА ШТО НЕ СЕ ЗНАЕ –
Е ВИСТИНСКОТО
СФАЌАЊЕ
(Повод: ликот на Трајан во
романот „ПЕСНА ОТПЕАНА“
од Благоја Браја новски)


Авторот, кога зборува на оваа
тема, повеќе се осврнува на она
што „не се гледа“ во романот; она
што е зад завесата, во она во што




12
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА


можеби и лежи „зајакот“ – сушти-
ната на пораката на авторот (а ос-
тавено е самиот читател да го сто-
ри тоа, доколку читателот делото
не го подразбира само како збир
на редоследни настани и, дека дру-
го ништо не останува од она што е
претставено во делото (во она што
не се знае, всушност лежи вистин-
ското сфаќање на проблемот), но
кој заради најразлични причини,
најчесто водејќи сметка за момен-
талните морални, општествени и
слични норми во времето на пи-
шувањето на романот, свесно нив
јавно не ги обелоденил, пред сè,
под диктатот на едно Време.


Петре Димовски


КОСМИЧКАТА ВИЗИЈА
НА АВТОРОТ


Главниот лик во секое мое дело
е наполно моја креација, мое виду-
вање, моја визија, преку која е из-
несена мојата идеја што во тој миг
ме преокупирала и се наметнала
за да ја поставам и изнесам; тоа се
моите сфаќања, моите сознанија,
моите познавања, погледите на
светот, мојата филозофија. Тоа е
наполно мој проект, мој начин на
изразување.


Колку таа визија ќе ја пренесам
на ликот зависи исклучително од
мојата вештина на уметничко из-


разување, од моето животно и тво-
речко искуство, од силата на има-
гинацијата со која ме презел чинот
на создавање.


Тоа е еден мал космос во мојата
меморија, кој има свои правила на
кои се потчинува, законитости по
кои се управува, орбита по која се
движи. И гравитација која го држи
во светот на моите барања и оче-
кувања.


Весна Ефтимова – Сотировска


УМЕТНИЧКАТА
ЛИТЕРАТУРА - ФОРМА
НА ИНТЕРПРЕТИРАЊЕ
НА СВЕТОТ


Уметничкото творештво е об-
лик на толкување на светот. Толку-
вајќи го светот човекот се толкува
себе си, па оттука книжевноста е
толкување на човекот. Литератур-
ните приказни и животните исто-
рии не се исклучуваат, туку се на-
дополнуваат. Приказната му при-
паѓа на животот пред да се протера
од животот во пишувањето и пов-
торно се враќа назад во животот
по пат на присвојување. Преку
приказната се толкува светот. Таа
е чин, таа е сведоштво преку кое
се искажува светот. Приказната
не се раскажува сама, таа треба да
биде раскажана, во тој миг на ис-
кажување навира сеќавањето, на-
вираат живите слики и емоциите.
Со тоа што ќе се искажат тие ќе се
запаметат (јазикот е меморија, она
што не е запишано има шанси да
се подзаборави, пред да се освести
во збор), јазикот помни и против
нашата волја.


Д-р Цане Здравковски


МОИТЕ ЈУНАЦИ


Севкупното мое прозно творе-
штво, всушност, е своевидна авто-
биографија. Неа ја почнав уште во


далечната 1956 година со првиот
објавен расказ „Недоизреченост“,
посветена на младешката непос-
тојаност да не речам и неверност,
во времето на студентските годи-
ни кога младите момчиња лесно
„скокаат“ „од трн на трн“, не ос-
тавајќи зад себе ни ронка лузна
од таквиот „грев“. Така, всушност,
започна растежот на првиот цик-
лус раскази за пелагонискиот оро-
водец Андреја Џумковски, обја-
вен во првата моја збирка раскази
„Откорнувања“. За тоа симпатич-
но момче не без занес, а сепак со
многу искреност...


Владимир Костов


АТРАКТИВЕН РЕАЛИЗАМ


Литературна визија проекти-
рана во моето литературно тво-
рештво, е парадигма во ликот на
Учителот од истоимениот роман
што го сметам за роман – фокус во
кој се имаат апсорбирано сите мои
литературни идеи, вклучително и
идејата за атрактивен реализам.
Дисперзиран речиси во сите други
мои романи, новели и раскази, тој
модел може да се препознае и во
ликот на Вујко од романот со ист
наслов кој е пандан на Учителот,
негова сатирично – параболична
верзија, негова опачина преку која
денес светот повеќе се пројавува
отколку преку своето лице.




13
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


Никола Кочовски


КАКО НИКНАЛЕ
МОИТЕ ЛИКОВИ


Секој писател, творец во вис-
тинската, кај нас усвоената смисла,
пишувајќи за луѓето, за нивниот
живот, за нивните односи меѓу-
себни, пишува всушност за она
како ги сфаќа луѓето, како ги гледа,
или како би сакал да ги види. Тоа
е простата причина што зад секој
создаден книжевен лик се крие ав-
торот. Авторот со своето, некогаш,
одобрување, или дури и потполно


согласување како со оживотворе-
на слика која е поистоветеност со
неговите сфаќања, погледи, а не-
когаш, пак, исто така, со своето
неодобрување, давање можност да
дојде до израз, евентуално, и сета
опачина на она што е спротивност
на неговите разбирања за животот
и човекот во него.


Панде Манојлов


ДА НЕ СЕ ОСТАНЕ
ОТСУТЕН ЛИК ПРЕД БОГА


Од првите почетоци на моето
творештво кои започнаа во поз-
натата битолска Гимназија ( која
во своето повеќедецениско пос-
тоење го менувала своето име за
сега сè уште да се вика „Јосип Броз


– Тито"). Никогаш не сум сакал да
бидам „контролиран" автор. Над
сите „контроли" секогаш сум са-
кал да доминира моето „лично" и
автетично незадоволство од опш-
тествените состојби и состојбата
во која се наоѓала или наоѓа мојата
татковина Македонија, макар ис-
тото било со низа слабости. Лич-
ната идентификација ми била глас-
носта на татковинската тема без
поставување граници. Свет кој го
обликував и во култните времиња
на социјализмот, пустошењето на
мојата татковина низ пустошот на
селата низ селидбите и преселбите
во стиховите на мојата дебитант-
ска стихозбирка „Црвен немир во
црвено пламти" (1971)


Весна Мундишевска Велјановска


ИЗВОРОТ НА ЗБОРОТ


Поезијата не е само збор, не
е само мисла, не е само тука, не е
само таму и не е само вчера и не е
само сега, таа е ерупција од слики
беспросторно врамени, помалку
од миг, а повеќе од вечност. Таа е
никнување, немо бранување на не-
скротливи мечтаења и стварности.
Поетот нурка во длабочините на
космосот, трча по патеките на бес-
крајот неуморно трагајќи по збор
‡ извор непресушен.


Нема фајде од бркање на вино-
житото за да му се дофати крајот.


Ќе останат само празни дланки, а
тоа ќе исчезне итро во недоглед
носејќи го денот во рајот. Вреди
да се кршат клуновите копајќи по
вонземски сводови ‡ ќе го додржи
срцето многукратното распуку-
вање при учењето на нови падови.
Треба да се воспева живеењето...


Д-р Ѓорѓија Најдоски


ПРЕПОЗНАТЛИВОСТА
НА МОИТЕ ЛИКОВИ


Не случајно бројни автори се
дистанцираат од своите ликови
преку фразата „настаните се ав-
тентични, ликовите се имагинар-
ни“. Тоа е еден вид“отварање“ на
творечката слобода од стегите на
одредена догма во која ликот се
трансформира во митска личност.
Моите ликови размислуваат за Ма-
кедонија како за минато и сегаш-
ност, како што и сегашноста за
нив е веќе –минато, настојувајќи,
и едните и другите, мегусебно да
се надополнуваат во стремежите.
Оттука, нашиот вакуум е толку го-
лем што допрва, отсега, треба да се
досложува. Секое премолчување е
само своевидна неума,празнина.
Од тие причини на писателот мора
да му се верува во онаа мера колку
што се разбрани неговите пораки.




14
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


Христо Петрески


ГЛАВНИОТ ЛИК ЈАС ИЛИ
ЈАС КАКО ГЛАВЕН ЛИК...


Што се однесува пак до моите
книги, колку и да е тоа нескромно,
факт е дека најчесто во нив е при-
сутен авторот и тоа преку сопстве-
ното искуство презентирано пре-
ку главниот или некој од другите
ликови. Јас ја сакам Јас-формата
и не одбегнувам тоа директно и
конкретно да го именувам. Но, би-
дејќи литературата е многу повеќе
од лична исповед, од секојдневен
запис, од реалистичен отслик и
сувопарна фактографија, авторот
го има и во неговата имагинација,
фантазија, фикција.


Авторовата нарцисоидност и
самобендисаност не е исклучена.
Напротив. Но, при именувањето
на некои еротски, ласцивни сцени,
тоа редовно им се случува на не-
кои други личности.


Горјан Петровски


ЛИ КОТ СО НЕОБИЧНО
ИМЕ, НО СО МНОГУ
ТОПЛИНА


Во моето творештво, ако не
највпечатлив, тогаш барем најс-
кокотлив лик е Спо мен ка. Моти-
вираноста на името е очигледна –


сеќавање и минливост, топлина и
неж ност, а скокотливоста е во тоа
што читателите го врзуваат токму
со мене, за тоа што и приказната е
пренесена преку јас-формата. Тоа
име, тој лик – Споменка, од сами-
от почеток ми создава убави тво-
речки мо мен ти, топли и искрени,
некогаш духовити... На средбите
младите читатели ме пра шу ва ат
која е Споменка, дали сум ја срет-
нал, дали сè уште ја сакам... Прем-
но гу ја врзуваат со мене. Но и се
интересираат дали мојата сопруга
се лути затоа што пишувам за Спо-
менка.


Ѓорѓи Прчков


ПИСАТЕЛОТ ЈА ПРЕЗЕМА
СУДБИНАТА ОД НЕГОВИТЕ
ЛИКОВИ




Доволно му имаше излезено на
човекот во авторот да земе и да ја
живее реалноста онака како други
имаа земено да му ја кројат со сосе-
ма истиот аршин кој имаше земе-
но да ја прави привилегирана само
нивната класа, но не и слоевите
подолу. Затоа авторот ја презеде
судбината во свои раце и ја роди
визијата. Бидејќи имаше излезено
стар и немоќен сам да ја отсонува,
своите погледи ги подари на него-
вите ликови кои немаа намера да
се откажат од неа се до последната
страница. Авторот подготвувајќи
се да создаде едно дело, покрај те-
мата има земено да се подготвува и
за ликовите, било да излегле глав-
ни или споредни. Во секој случај
предност има земено да им дава
на главните ликови, всушност има
земено да се подготвува да ги про-
ектира визионерски сопствените
ликови во сопствените дела.


Проф. д-р Вера
Стојчевска-Антиќ


ПРОЕКЦИЈАТА НА
АВТОРОТ НИЗ
ПАТОПИСОТ


Уметничкиот креатор ги одби-
ра личностите што ќе ги обработу-
ва, слика, ваја, опишува, воспоева,
разбирливо според својот афини-
тет кон нив, или како пандани на
спротивставените сфаќања за нив.


БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




15
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


Овој своевиден однос кон луѓето,
кон светот, кон цивилизацијата,
можеби открива напласти на вос-
приемања кај самиот автор, чиј
дух, од друга страна, се самоот-
крива. На подолгите патувања па-
тописецот има можности да длаби
и открива непознати суштини во
намерниците со кои се среќава. На
разни меридијани и простори.


Мирјана Стојановска Палигора


ПОЕЗИЈАТА – ЛИЧНО
ЕМОТИВНА, ИМАГИНАРНА,
НО И КОНКРЕТНА
СТВАРНОСТ


Како свое искуство, морам да ја
потврдам вистината за поетското
писмо, дека поетите, всушност, во
својата бивалентност сакаат да ис-
кажат една тешка реалност од нив-
ниот живот на која и се спротивста-
вувааат од дното на душата, а го
изразуваат преку поетскиот израз
каде вистината и не мора да ја кажат
директно, во очи. На таков начин,
од својот проблем тие прават свое-
видно уметничко, јазичко– естети-


зирано дело, кое претставува лично
емотивно, според својот внатрешен
свет, имагинарно дело кое во најди-
ректна смисла има врска и е одраз
на реалноста, на стварноста. Тоа де-
ло продолжува да живее самостој-
но, без својот создател, со јавноста.
Конечно, тое е целта на творечкиот
чин, на уметничкото создавање.


Добре Тодоровски


АВТОРОВАТА ПОРАКА
ПРЕКУ ЛИКОТ НА ДЕЛОТО


Во зависност од тоа каква те-
матика се обработува, во која
просторна и временска димензија
се одвива дејството, секој автор,
во своето дело вградува дел од
сопствените животни случувања
и искуства, кои се одвиваат во де-
тството или подоцна, било како
учесник во настанот, набљудувач,
или ползувач на раскази пренесу-
вани од колено на клено.Оттаму,
авторовата идентификација може
да се препознае во повеќе дела.


БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


СРЕДБА СО АЈРИ ДЕМИРОВСКИ


Авторот на песната „Битола
мој роден крај“, Ајри Демировски
на почетокот од месец март ја доби
наградата „Прв почесен граѓанин
на Општина Битола“, а исто така ја
доби наградата „Лице на годината“
на Битолски весник. При посетата
на Битола ја посети и Библиотека-
та.




16
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


18.01.2008 г.
IN MEMORIAM-НИКОЛА КЉУСЕВ (1927-2008)
ИЗЛОЖБА
По повод смртта на Академик Никола Кљусев,


прв премиер на самостојна и суверена Македонија
во холот на Библиотеката беше поставена изложба
на книги, на која беа изложени сите негови книги
што тој ги напишал, вкупно 34, од областа на литера-
турата и економијата, а кои се составен дел на фон-
дот на Библиотеката. Изложбата беше поставена до
04.02.2008 година.


23.01.2008 г.
ИЗЛОЖБА


На 23.01.1862 г. во Цариград умре Димитар Мила-
динов, македонски народен преродбеник, поет, учи-
тел, публицист и научник. Беше собирач на народни
умотворби и основач на македонската етнографија.
Неговата поезија е со изразит лирски темперамент,
а неговото творештво се состои од неколку лирски
целини. Заедно со својот помлад брат Константин
водеше организирана борба против денационализа-
торството, панелизмот и практиката на грчката Влада
на македонските подрачја. Роден е во Струга, на
23.01.1810 година.


По тој повод во холот на Библиотеката беше при-
редена изложба на книгите од овој истакнат македон-
ски преродбеник како и од неговиот брат Констан-
тин. Изложбата траеше до 4.2.2008 г.


06.02.2008 г.
ИЗЛОЖБА
На 06.02.1893 г. во Охрид умре Григор Прличев,


еден од најпознатите македонски писатели од 19 век.
Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите
„Сердарот“ и „Скендербег“ и познатото дело „Ав-
тобиографија“. Со поемата „Сердарот“, за која на
поетскиот конкурс во Атина доби ловоров венец, ја
издигна македонската литература меѓу најпознатите
книжевни остварувања на Балканот во своето време.
Роден е во Охрид, на 30.1.1830 година.


09.02.2008 г.
ИЗЛОЖБА
Фјодор Достоевски е роден во Москва на


11.11.1821 година. Неговото влијание врз развојот на
светската литература е од извонредно значење. По-
ради револуционерната активност беше прогонет во
Сибир. Меѓу неговите најпознати дела се романите
и расказите „Бедни Луѓе“, „Бели ноќи“, „Злосторство
и казна“, „Браќата Карамазови“, „Идиот“, „Записи од
мртвиот дом“ и други. Големиот руски и светски пи-
сател умре во Петроград на 09.02.1881 г. По тој повод
во холот на Библиотеката беше поставена изложба на
книги.


15.02.2008 г.
ИЗЛОЖБА
На 15.02.1839 г. во Велес е роден Рајко Жинзифов,


преродбеник и публицист. Во своите песни го опеа
славното и тешко минато на македонскиот народ.
Најпознато негово дело е поемата „Крвава кошула“.
Умре во Москва на 15.2.1877 година.


По повод денот на неговата смрт во Библиотеката
е поставена изложба на книги.


БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА
ПРЕДАВАЊА, ПРОМОЦИИ,


ИЗЛОЖБИПриредил Драги Кабровски




17
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


21.02.2008 г.
ДРЖАВЕН АРХИВ –
ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБА
НУУБ – Битола на 22.2.2008 година во холот на


Библиотеката приреди изложба на книги издадени од
Државен Архив на Македонија. За издавачката про-
дукција говореше директорот на Архивот д-р Зоран
Тодоровски, а во склоп на тоа истиот ден, со почеток
во 12 часот, во салата за промоции на Библиотеката
се одржа и промоција на изданијата:


-Чехословачки дипломатски документи за Ма-
кедонија, во избор и редакција на проф. д-р Новица
Велјановски и проф. д-р Јан Рихлик и Крсте Мисир-
ков, Писма, 1912-1917, во предговор и редакција на
д-р Растислав Терзиоски. За промотор проф. д-р Но-
вица Велјановски


– Македонија во времето на Османлиското вла-
деење, во редакција на д-р Драги Ѓоргиев и


– Турски документи за оружените борби во Ма-
кедонија 1903-1908, во превод, редакција и коментар
на д-р Драги Ѓоргиев. За промотор д-р Драги Ѓорги-
ев


Присутните гости на промоцијата ги поздрави ди-
ректорот на Библиотеката г-дин Науме Ѓоргиевски
кој воедно ги најавуваше и претставуваше гостите.


25.02.2008 г.
ГРУПНА ПОСЕТА
Ученици од осмо одделение од училиштето „Гоце


Делчев“ заедно со наставничката ја посетија Библио-
теката при што г-дин Драги Кабровски, вработен во
Библиотеката на културни активности, ги запозна со
значењето на Библиотеката како културна установа и
начините за компјутерското пребарување на саканата
книга.


26.02.2008 г.
IN MEMORIAM - БОРИС ТРАЈКОВСКИ
(1956-2004)
ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ И ТЕКСТОВИ


По повод четиригодишнината од трагичното за-
гинување на претседатело на Р. Македонија, Борис
Трајковски, и делегацијата при падот на авионот кај
Мостар, на 26.02.2004 г., во холот на Библиотеката бе-
ше поставена кратка изложба на фотографии и тек-
стови објавени во весниците деновите кога се случи
трагичниот настан.


26.02.2008 г.
ГРУПНА ПОСЕТА
Околу 90 првачиња од основното училиште „Стив


Наумов“ ја посетија Библиотеката. Посетата беше
реализирана во рамките на соработката што Библио-
теката ја има со училиштата. Учениците ги прифати
г-дин Драги Кабровски. Потоа учениците ја разгле-
даа и детската библиотека каде беа запознати со неј-
зината улога и значење и беше разгледан книжниот
фонд. Децата пројавија голем интерес за зачленување
во Библиотеката.


03.03.2008 г.
СРЕДБА СО АЈРИ ДЕМИРОВСКИ ВО БИБЛИОТЕКАТА




18
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


05.03.2008 г.
ИЗЛОЖБА
По повод годишнината од смртта на Манаки, на


05.03. 1946 г., во холот на Библиотеката беше поста-
вена изложба на книги посветени на Браката Манаки
од фондот со кои располага Библиотеката. Милтон
Манаки е роден во 1880 г., во с. Андела, Костурско.


07.03.2008 г.
ПРЕДАВАЊЕ И ИЗЛОЖБА
По повод 8 Март – Денот на жената, Здруже-


нието на уметници ракотворци „Македонски ра-
котворби“ – Битола и НУУБ – Битола,. во салата
за промоции на Библиотеката, во 18 часот органи-
зираа Трибина на тема „Жената низ традицијата и
современото живеење“. Воведничар на темата беше
г-ѓа Павлина Јовановска, а со свои излагања учест-
вуваа г-ѓа Јулијана Петровска претседател на ЗУР,
г-ѓа Даринка Крстанова почесен конзул на Руската
Федерација во Битола, г-ѓа Марија Герас – Дочовска
претприемач од Битола и г-ѓа Биљана Опашинова од
Организацијата на жени од Битола. Исто така, во хо-
лот на Библиотеката беше отворена Изложба на кни-
ги насловена „Жени писатели од Македонија“.


IN MEMORIAM – АРТУР КЛАРК (1917-2008)
ИЗЛОЖБА
По повод смртта на англискиот писател Артур


Кларк, во холот на Библиотеката беше поставена из-
ложба на неговите дела кои спаѓаат во редот на најчи-
таните книги во Библиотеката.


25.03.2008 г.
ИЗЛОЖБА


По повод 63– годинишнината од основањето на
Библиотеката и Годината на македонскиот јазик, НУ-
УБ – Битола подготви двонеделна програма.


Поздравна реч на отворањето на изложбата имаше
г-дин Науме Ѓоргиевски, директор на Библиотеката.


Институтот за македонска литература го претста-
ви д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, директор на


Институтот. Промотори беа д-р Марко Китевски и
д-р Илија Велев.


27.03.2008
МИНИ САЕМ НА КНИГИ


Од Издавачката куќа „Феникс“– Скопје, најнови-
те изданија ги претстави нејзиниот директор, г-дин
Христо Петрески.


Саемот траеше од 27 март до 04 април. Го посе-
тија организирано сите ученици од основните учи-
лишта во градот.


04.04.2008 г.
СРЕДБА СО ЕЛКА ЊАГАЛОВА


НУУБ – Битола, Издавачката куќа “Макавеј“–
Скопје и Генералниот конзулат на Р. Бугарија во Би-
тола, во салата за промоции организираа Литератур-
на средба со Елка Њагалова, поетеса од Република
Бугарија и промоција на нејзината книга “Ние“. Про-
мотори на книгата беа Санде Стојчевски и Бранко
Цветковски, од Скопје.


Свое обраќање имаа конзулот на Република Буга-
рија во Македонија, г-дин Наум Кајчев и поетесата,
г-ѓа Елка Њагалова, која пред гостите се претстави
со краток избор од нејзината поезија.




19
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


07.04.2008 г.
ПОСЕТА ОД НОРВЕШКА


Библиотеката беше посетена од норвешка делега-
ција која ја прими директорот на Библиотеката г-дин
Науме Ѓоргиевски и истата донира книги за Библи-
отеката, меѓу кои и повеќе примероци од Политичка
филозофија, од норвешки автори, а преведена на ма-
кедонски јазик. Делегацијата од страна на директорот
беше запозната со работата на Библиотеката, а потоа
ја разгледа Библиотеката.


11.04.2008 г.
КНИГА „БИБЛИОТЕЧНО РАБОТЕЊЕ“


НУУБ „Св. Климент Охридски“– Битола органи-
зираше промоција на книгата “Библиотечно рабо-
тење“, прирачник за сите видови библиотеки: Книга
1, Акцесорна обработка на библиотечниот материјал
и нејзина примена во автоматизираното работење, од
Благој Николов, библиотекар-советник.


Книгата ја промовира г-дин Богомир Наумоски,
библиотекар-советник од Библиотеката во Струга.
Присутните гости на промоцијата во име на дирек-
торот ги поздрави г-дин Драги Кабровски.


23.04.2008 г.
ИЗЛОЖБА
Денот на смртта на тројцата светски познати писа-


тели: Сервантес, Шекспир и Лопе Де Ла Вега 23 Ап-
рил, УНЕСКО го избра за Ден на светската книжев-
ност, кој во многу земји на сите континенти во светот
го слават како Светски ден на книгата и авторското
право. Идејата потекна од Каталонија, на овој ден тој
што ќе купи книга да добие еден цвет.


По овој повод во Библиотеката беше поставена из-
ложба на книги од горе спомнатите светски познати
писатели. Таа беше посетена и од учениците од основ-
ните училишта во градот.


30.04.2008 г.
ГРУПНА ПОСЕТА
Учениците од четврто одделение при основното


училиште „Св. Кирил и Методиј“, ја посетија Библи-
отеката при што со нив краток разговор водеше г-дин
Драги Кабровски. Учениците пројавија голем интерес
и низ повеќе поставени прашања беа објаснети многу
работи кои се однесуваат на работењето, дејноста и
развојот на Библиотеката од нејзиното формирање до
денес. Практично им беше објаснет начинот на кој се
пребарува саканата книга преку компјутерите поста-
вени во холот на Библиотеката.


30.04.2008 г.
ПРОМОЦИЈА НА ДВЕ КНИГИ
НУУБ – Битола, Македонското научно друшт-


во од Битола и Книгоиздателството „Македонска
искра“од Скопје организираа свечена промоција на
историските дела:


1. Историја на македонскиот народ од антички
времиња до денес, од авторот Ристо Стефов од Ка-
нада. За промотор дипл. археолог Аница Ѓоргиевска
од Битола.


2.Од Панонија до Егеј, автори: академик Анто-
није Чкокљев-Дончо и Славе Николовски-Катин
од Скопје. За промотор проф. д-р Вера Стојчевска-
Антиќ од Скопје.




20
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


14.05.2008 г.
ПОСЕТА ОД ПОЛСКА


НУУБ – Битола, по повод гостувањето на делага-
цијата на библиотекари од градот Вроцлав од Полс-
ка во холот на Библиотеката организираше изложба
на книги од полски писатели, насловена како “Полс-
ката книжевност во минатото и денес“. Делегацијата
ја прими директорот на Библиотеката, г-дин Науме
Ѓоргиевски.


16.05.2008 г.
ПРОМОЦИЈА НА ДВЕ КНИГИ


НУУБ – Битола организираше промоција на две
книги: „Битолскиот градски говор“ и „Да не забора-
виме кои сме“ од авторот проф. д-р Кирил Трајков-
ски од Битола. Промотор на книгите беше писателот
од Битола, г-дин Радован П. Цветковски.


Во рамките на манифестацијата “Битола град на
културата 2008“ и 24 Мај – Денот на словенските
просветители Кирил и Методиј, НУУБ – Битола ги
организираше следните културни активности:


21.05.2008 г.
ИЗЛОЖБА НА КНИГИ
По повод одржувањето на 35-тото Годишно собра-


ние на Библиотекарското друштво на Македонија
(БДМ), во холот на Библиотеката беше поставена из-


ложба на книги од областа на Библиотекарството за
неговиот историјат и развој. Публикациите што беа
изложени беа од стручен карактер за библиотекарс-
твото.


22.05.2008 г.
35. ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА БДМ


Во организација на Библиотеката, Библиотекарс-
кото друштво на Македонија го одржа 35 –то Годиш-
но собрание во салата за промоции. Меѓу присутни-
те гости кои го поздравија Собранието беа градона-
чалникот на Битола г-дин Владимир Талески и г-ѓа
Анета Стефановска, пратеник во Парламентот на
РМ. Збор зедоа претседателот на БДМ, г-ѓа Сузана
Котовчевска и директорот на НУУБ – Скопје, г-дин
Миле Бошески.


22.05.2008г.
ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ


Истиот ден во 18.00 часот во салата за промоции
беа претставени 17 роднокрајни автори учесници на
Третата роднокрајна средба на битолските писате-
ли од Македонија, под медијаторство на д-р Никол-
че Вељановски. Секој од писателите прочита по еден
краток цитат од поновото сопствено прозно, или по-
етско творештво.




21
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


23.05.2008 г.
ТРКАЛЕЗНА МАСА


Следниот ден (петок) во 12.00 часот во Роднокрај-
ната читална беше организирана Тркалезна маса со
роднокрајните битолски писатели од Македонија на
тема „Главниот лик – проекција на авторовата ви-
зија“.


26.05.2008 г.
ПЕТТИ САЕМ НА КНИГАТА


Во понеделникот, во 20.00 часот, во организација
на Библиотеката свечено беше отворен Петтиот „Са-
ем на книгата Битола 2008“, пред Народниот театар.
Саемот за отворен го прогласи градоначалникот на
Општината г-дин Владимир Талески. Пригоден збор
имаа и директорот на Библиотеката, г-дин Науме Ѓо-
ргиевски и носителот на листата на гласачкото место
за Битола, г-дин Антонио Милошевски министер за
надворешни работи на Македонија. На саемот учес-
тво зедоа преку триесет издавачи од Македонија и тој
траеше од 26 до 31 Мај 2008 година.


28.05.2008 г.
ПРОМОЦИЈА
НУУБ – Битола и Издавачката дејност „Апекс“ од


Битола во рамките на манифестацијата „Битола, град
на културата за 2008 година“, организираа свечено
претставување на годишната продукција на книги по


конкурсот од фондацијата „Ванчо Николески“. Еди-
цијата брои вкупно 15 наслови од млади битолски
поети и поетеси.


Присутните гости, од името на директорот, ги поз-
драви г-дин Драги Кабровски. Авторите на книгите
ги најавуваше г-дин Илија Мерковски, одговорен на
издавачката дејност „Апекс“.


ПРОМОЦИИ НА ЧЕТИРИ КНИГИ
НУУБ – Битола, во рамките на манифестациите


“Битола град на културата 2008“ и “2008 година,
Година на македонскиот јазик“, организираше про-
моција на книги:


05.06.2008 г.


„Кога те молев да пораснеш“ од Иван Антонов-
ски од Скопје. Промотор на книгата беше проф. д-р.
Вера Стојчевска Антиќ.


06.06.2008 г.
„Заsидана врата“ од авторот Мирјана Стојановс-


ка– Палигора од Битола. Промотори на книгата беа:
проф. д-р. Венко Андоновски и проф. д-р. Вера Стој-
чевска Антиќ од Скопје.


10.06.2008 г.
„40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Фи-


лозоф во Рим“, од авторите Вера Стојчевска Антиќ,
Славе Николовски – Катин и епископ Климент.




22
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


БИБЛИОТЕКАТА – НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


Промотор на книгата која детално ги опишува пок-
лоненијата на македонските великодостојници и пре-
тставниците на македонската држава пред гробот на
Свети Кирил Филозоф во Рим, беше г-ѓа Анета Стефа-
новска, виш библиотекар. Таа истакна дека учеството
на македонската научна мисла, како и уметничките
дела создадени по тие поводи заземаат значајно место
во промоцијата и заедништвото меѓу Македонија и
Италија, а се фактографски застапени во ова дело.


10.06.2008 г.
„Свети Климент Охридски“ од Вера Стојчевска


Антиќ. Промотор беше д-р Николче Вељановски кој
истакна дека ова џепно издание има цел да ја прибли-
жи содржината до секој Македонец. Книгата има три
дела: Пофално слово за Свети Климент Охридски од
некој негов анонимен ученик; Пофално слово за све-
ти Кирил и поетски и прозни творби од македонски
автори посветени на свети Климент Охридски.


26.06.2008 г.
ИЗЛОЖБА НА КНИГИ ВО СОФИЈА


НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола органи-
зираше изложба на 300 книги под наслов „Македонија
од антиката до денес“, во Културно-информативниот
центар на Р. Македонија во Софија, Р. Бугарија. Из-
ложбата како проект поддржан од Министерството
за култура траеше две недели. По затворањето на из-
ложбата книгите им беа отстапени на КИЦ.


ОДДЕЛ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУГА ЗА
ВОЗРАСНИ


БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ


Приредила Гордана Марковска


1. НИКАДЕ БЕЗ ЌЕРКА МИ – Вети Махмуди


2. ЖЕНАТА ВО ЦРВЕНО – Елеин Гоугде


3. ПОЛОВИНА ЖОЛТО СОНЦЕ – Чимананда


Адичи


4. ДЕЛОВНА ПРИДРУЖБА – Џенет Енџел


5. ЌЕРКАТА НА ЧУВАРОТ НА СПОМЕНИТЕ –


Ким Едвардс


6. ЦЕНАТА НА ЕДНО ДЕТЕ – Мари Франс Бот


7. МАЧКА И ГЛУШЕЦ – Џејмс Патерсон


8. ПЕТТОТО ДЕТЕ – Дорис Лесинг


9. ЖИВОТНО ВО СРЦЕТО – Кристина


Коменчини


10. СВЕТСКАТА МУДРОСТ – Ингрид


Холцхаузен


ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА


БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ


Приредила Стеванка Петковска


1.МОДРИ СЛОНОВИ – група автори


2.РУСКИ БАЈКИ


3.И СЕ ЗАРАДИ ФАРАОНОТ – Ј. Дубоа


4.ТАЈНАТА НА ЗЛАТНИОТ ЦВЕТ –


Ефтим Клетников


5.ПЕПЕРУГА ВО КОЖАТА – Лу Вирџинија


6.ЈОНЧЕ ШИКЛА – Михо Атанасовски


7.СЕНКИ – Анкица Стојаноска


8.МИЛЕНИЧЕТО МОМЧЕ – Ѓорѓи Прчков


9.СОНОТ СО СПОМЕНКА – Горјан Петревски


10.ЛЕОН – Дитрих Мејер




23
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


Авторот е претседател на издавачкиот одбор на
списанието „Успех“. Старинарот, старецот Сајмон
Потер, кој постојано ги храни гулабите на плоштадот,
на еден свој специфичен начин различен од оној на
другите старци на плоштадот, е мудрецот преку кој
авторот му ја дава на човештвото пораката за едната
и заедничка цел на сите луѓе претставени во симбо-
ликата на иглата и малото бело парче ткаенина кои
сите го носат на својот ревер. Тој трага по човечкиот
отпад, по луѓето што други-
те ги отпишале, или тие са-
мите се отпишале себеси, но
во кои се уште постои голе-
миот потенцијал на себеот-
кривање.


Старецот го носи авто-
рот во својата библиотека и
му раскажува за своето гле-
дање на најголемото чудо на
светот – воскреснувањето од
„живата смрт“. А чудата се-
когаш настануваат преку чо-
векот. Според него, повекето
луѓе се веќе мртви. Прифа-
тиле да живеат како медиок-
ритети, да очајуваат дење и
да плачат ноќе. Човекот сам
себе се создава преку своите
мисли кои или го уништува-
ат или го носат до рајските
порти, односно човекот ста-
нува божествено совршенс-
тво. Според Сајмон, камен
темелникот на среќата е
„вистинскиот избор“. Кога
се раѓа детето на уво му е шепната вистината за тат-
кото, односно за заедничката цел на човештвото, но
со оглед на светот во кој расти почнува да се прашува
дали го сака повеќе татко си или мајка си, братот или
сестричката? Исто така се прашува и кого го мрази
најмногу? На детето, а потоа како на возрасен се не-
што му фали, па пројавува константно незадоволс-
тво. Да не зборуваме за оние на кои им фали по еден
родител или двајцата, за оние кои загубиле по некој
син или ќерка, она што им е најмило. Неостварените
желби исто така го продлабочуваат незадоволството,


на оние кои се борат за гола егзистенција. Старецот
зборува за една ваква реалност која не е вистинска
реалност туку жива смрт, а најголемото чудо на све-
тот е „успехот“, односно воскресението во еден нов
живот, нов свет кој е надвор од заблудата и хаосот на
„живата смрт“, затоа што многумина имаат желба не
само да умрат туку имаат желба да не успеат. Најчесто
е прашањето, зошто сме несреќни?


Затоа што сме заборавиле, односно сме го изгуби-
ле самопочитувањето, затоа
што сме ја изгубиле верата
во себе не си го поставуваме
прашањата: Што претставува
успехот? Како како да го пос-
тигнеме тој успех? Се гледаме
во огледалото, но не гледаме
ниту трага од некогашните
квалитети дадени од Бога.
Можеби, ќе рече старецот,
за ова се криви повеќемина
научници меѓу кои тој ги из-
двојува: Коперник, кој рекол
дека човекот е безначајна
прашинка во Божјиот уни-
верзум, Дарвин, со теоријата
на еволуцијата, ќе рече дека
човекот настанал од мајмун, а
по Дарвин дошол и Фројд кој
тврдел дека не ги разбираме
нашите мисли затоа што нив-
ниот корен се наоѓа во искус-
твата во најраното детство и
тн. Успехот е самиот човек кој
се надминува себеси. Исус ре-
че „оставете ги мртовците да


ги закопуваат своите мртви татковци, а вие кои сте
подготвени тргнете по мене!“. Успехот е во човекот
и човекот е успехот во кој се наоѓа најголемото бо-
гатство и најголемото чудо на светот. Тој ги изнесува
своите четири правила за постигнување на успехот,
односно за постигнување на сопствената срека преку
промена на својот свет. Според него, само човекот и
тоа секој на свој начин, има моќ да донесе конечна
одлука за својот живот. За да преживее оваа планета,
секој мора на крајот и самиот да стане старинар, а не
да чека блиските да го спасуваат. ... Тоа време доаѓа.


ОСВРТ КОН „НАЈГОЛЕМОТО ЧУДО
НА СВЕТОТ“ ОД ОГ МАНДИНО


Приредил д-р Николче Вељановски
библиотекар советник




24
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


Кинескиот ѕид – најголемата
одбранбена градба на стара Кина
претставува едно од Светските ар-
хитектонски чуда. Изградбата на
големиот зид траела повеќе од 2000
години (опфаќа период од 770-476
г. п.н.ера и 475-221 г.п.н.ера, па се
до крајот на владеењето на динас-
тијата Минг (Ming), 1368 – 1644
год.).


Во периодот од (770 – 476
г.п.н.ера) се појавиле седум вој-
водства по должината на реката
Хуанг (Huanghe) (Жолта река).
Државата Чу (Chu), прва подигна-
ла заштитен ѕид, со што го спре-
чила налетот од непријателот.
Останатите војводства го напра-
виле истото, подигајќи заштитни
ѕидови. Во тоа време државите Јан
(Yan), Зао (Zhao) и Кин (Qin), чес-
то биле пустошени од страна на
Хуните, моќното номадско племе.
Токму затоа и овие држави биле
принудени да изградат одбранбе-


ни ѕидови со постојана војска, која
била поставена по целата северна
граница. Така почнала градбата на
она што кинезите покасно го на-
рекле ГОЛЕМИОТ ЅИД.


Кун Ши Хуанг (Qun Shi Huang)
во 221 г.п.н.ера ги покорил остана-
тите шест држави – војводства, со
што ја обединил Кина во централ-
но феудално царство, а тој станал
прв император на династијата Кин
(Qin) (221-207 г.п.н.ера). Поради
сигурност на земјата од непред-
видливите напади на номадските
племиња од север, наредил из-
градба на Големиот ѕид во дол-
жина од 5000 km., кој почнувал
од заливот Лиаодонг (Liaodong)


на исток, а завршувал во местото
Линтао (Lintao) во западната про-
винција Гансу (Gansu). Дел од Голе-
миот ѕид, западно од реката Хуанг
(Huanghe), имал значајна улога во
обезбедувањето на патот спрема
запад (Централна Азија).


Со доаѓањето на династијата
Хан (Han) во Кина, продолжува
градбата на Кинескиот ѕид. Владе-
телите од сите кинески династии
помалку или повеќе го доградува-
ле кинескиот ѕид.


Големиот ѕид од времето на
династијата Минг (Ming) (1368 –
1644год.) претставува најсовршена
градба, гледано од точка на одбран-
бена архитектура. Оваа изградба


КИНЕСКИОТ ЅИД


Приредила Лидија Мирчевска,
виш библиотекар




25
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


траела преку 200 години. Градбата
на ѕидот почнува на Запад кај пре-
војот Дијугван (Dijuguan), во ки-
неската провинција Гансу (Gansu)
и завршува на Исток кај превојот
Саухаигван (Sauhaiguan), во про-
винцијата Љаонинг (Ljaoning).


Кинескиот ѕид поминува пре-
ку 9 провинции, многу градови и
автономни покраини. Вкупната
должина е околу 7300 km. Како од-
бранбен објект подигнат е во пла-
нински простор и опфаќа многу
сложен релјеф бидејќи поминува
низ пустини, степи и мочуришта.
Градителите на ѕидот применувале
различен материјал во зависност
од релјефот на кој го граделе ѕидот.
Ѕидот однадвор е подигнат од ог-
ромни камени блокови, а одвнатре
бил исполнет со поситни камења и
земја. Висок е околу 10м, на врвот
широк 4 до 5м (доволен за премин
на коњи, за маневрирање на војс-
ката, како и за превоз на жито и
оружје). Од внатрешната страна на
ѕидот биле изградени камени скали
и ходници. На големиот ѕид се из-


градени десетици илјади кули – ос-
мотрачници. Градени се во склоп
со ѕидовите, обично на врвовите од
планините и на точките кои можат
да се видат и од големи далечини.
Кулите се на 2 – 3 ката и во нив се
сместувало оружјето и житото. Тие
служеле за одмор на граничарите, а
во случај на појава на непријателот
од нив се пуштал алармен сигнал
– пламен и чад, така што војната
управа одлучувала како да се прев-
земе воена акција.


Кинескиот ѕид е одраз на умот и
трудот на милиони работни луѓе во
древната Кина. Во неговата изград-
ба учествувале околу 300 000 војни-
ци, како и многубројното кинеско
население. Во еден документ пи-
шува дека при изградбата на ѕидот
(рачно, без машини, само со помош
на коњи) умреле многу луѓе.


Денес кинескиот ѕид нема воена
улога. Убавината на ѕидот се гледа
во неговиот голем замав, цврстина
и величественост. Кинескиот ѕид,
кога се гледа однадвор личи на
монументален летечки змеј, а ко-


га се гледа одблиску ни дава една
магична слика полна со уметничка
убавина. Тој има голема историско
– културна и туристичка вредност.
Во Кина често се зборува: ,,Кој не
бил на ѕидот, тој не може да биде
оценет за јунак“. Многубројни-
те домашни и странски гости се
чувствуваат почестени што можат
да се искачат на ѕидот. Годишно го
посетуваат десет милиони посети-
тели.


По основањето на Народна Ре-
публика Кина, се презеле неопход-
ните мерки за заштита на кинес-
киот ѕид од пропаѓање. Некои де-
лови на ѕидот се добро зачувани
и реновирани. Ѕидот е ставен под
заштита на државата од 1961 год.,
а во 1987 год. влезе во списокот
на светското културно наследство
под покровителство на UNESKO.
На 7 јули 2007 год. е прогласен за
едно од НОВИТЕ СЕДУМ СВЕТС-
КИ ЧУДА. Кинескиот ѕид со своја-
та монументалност и величина
претставува гордост на целата ки-
неска нација.


РЕЦЕНЗИИ


„40 ПОКЛОНЕНИЈА НА ГРОБОТ НА СВЕТИ
КИРИЛ ФИЛОЗОФ ВО РИМ"


од Вера Стојчевска Антиќ, Славе Николовски Катин и епископ Климент


Денес имаме можност да ја
промовираме монографијата што
понапред ја спомнавме. Нејзините
почетоци датираат од 1969 година,
кога за првпат претставници на
Република Македонија и на МПЦ,
со посебна програма го посетија
гробот на Свети Кирил Филозоф,
починат токму во Рим, на 14 (стар
стил) февруари 869 година. Од
оваа година се до 2008 година, се
навршија 40 јубилејни поклоне-
нија на гробот, на созадавачот на


словенската писменост. Во основа-
та на старословенскиот литерату-
рен јазик браќата Кирил и Мето-


диј го внесоа јужномакедонскиот
говор од околината на Солун, кој
јазик можеа толку совршено да
го познаваат заради македонско-
то потекло на нивните родители.
Свети Кирил Филозоф е познат во
историјата како даровит полиглот.
Го знаел одлично и грчкиот јазик,
што го потврдуваат изворите од
Магнаурската цариградска школа.
Но, да состави совршена словенска
азбука, за која лингвистите низ ве-
ковите немале никакви забелешки,
можел само роден говорител на тој
јазик. Токму затоа делегацијата од
Владата на Република Македонија


Рецезент и промотор Анета
Стефановска, виш библиотекар




26
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


РЕЦЕНЗИИ


„Пријдете чеда, приближете се
до мене, браќа мои и сестри“.


„Погледни, блажен, на свои-
те пилци што си ги одгледал под
својот покрив, насладени духов-
но од твоите методочни зборови
и од твојата света наука. Испру-
жи ги нагоре рацете и просвети
ги своите ученици,... Секогаш со
духот си планина, Клименте! Мо-


лете се за стадото ваше.... Кли-
менте, тебе ти се молам, рацете
кон тебе ги подавам и солзи леам,
колената ги преклонувам, мо-
лејќи прошка за моите безбројни
гревови“.


Овие зборови се дел од пофал-
ното слово на еден анонимен уче-
ник на свети Климент Охридски
кој во 886 година во Охрид ги уд-
рил темелите на Охридската кни-
жевна школа како прв нејзин учи-
тел. Тој во Македонија започнал со


УШТЕ ЕДНО ИЗДАНИЕ НА БИБЛИОТЕКАТА
Рецензија на книгата „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“


од Вера Стојчевска – Антиќ


и од МПЦ, со посебен пиетет ги
чествува секоја година деновите
посветени на Свети Кирил Фило-
зоф во Рим.


Во изминатите 40 години во
Рим се одржаа 40 молебени, под-
готвени од поглаварите на МПЦ,
со изречени пофални беседи за
Свети Кирил и за неговиот брат
Методиј. Познати македонски оп-
штественици, научници, писатели,
поети, уметници, одржале бројни
реферати, пофалби, претстави, му-
зички изведби во Рим, анимирајќи
ја италијанската јавност за дости-
гањата на македонистиката, со
уважение на кирилометодиевската
традиција. Во одредени јубилејни
години Рим осамнуваше во знакот
на старото македонско културно
наследство– изложбите на сред-
новековните македонски икони,
на фрескосликарството, ракопис-
ното наследство, современото из-
даваштво, сликарство, склуптура,
фолклорното традиционално на-
следство. Во соработка со Ватикан
се имаат одржано значајни научни
и културни манифестации. Во 1985
година во Ватиканскиот Урбанија-
на Универзитет во Рим се одржа
Меѓународниот конгрес посветен
сн Светите Кирил и Матодиј, каде


што беше вклучена Македонската
научна делегација, како и 200 екс-
понати од современото книжевното
македонско творештво. Во копро-
дукција со РАИ од Рим и Македон-
ската телевизија, под покровител-
ство на папата Јован Павле Втори,
беше снимен долгометражен доку-
ментарен филм „Светите Кирил и
Методиј". Во изминатите години во
Рим се промовираа изданијата „Во
чест на свети Кирил", а јавноста во
Рим беше информирана и за други
важни македонски изданија.


Токму затоа, оваа монографија
ги бележи сите важни црковни,
научни, културни, издавачки на-
стани, подготвени програмски во
Република Македонија и презен-


тирани во Рим, во чест на Свети
Кирил и Методиј. Во нив се посеб-
но одбележани важните настани
поврзани со историјата на МПЦ,
со писменоста и културата, пос-
тигнати во основа со генијалниот
Учител Свети Кирил Филозоф,
кој ги оставил зад себе да течат и
да се прелеваат низ вековите, ан-
тологиските пораки, меѓу кои за
нас останува вкоренет во свеста
и потсвеста наша следниот поле-
мичен цитат, кога во Венеција им
се спротивставиле тријазичници-
те, не признавајќи го словенскиот
јазик:"Не врне ли дожд од Бога ед-
накво врз сите? А сонцето не грее
ли исто така за сите? Зар не диши-
ме воздух сите еднакво? Па тогаш
како не се срамите да признаете са-
мо три јазика, а сите други народи
сакате да бидат слепи и глуви? Ка-
жете ми дали Бога го сметате тол-
ку бессилен што да не може да го
даде тоа, или толку завидлив што
да нејќе? А ние познаваме повеќе
народи што се вешти на книга и го
слават Бога секој на својот јазик,.
А тие се токму овие: Ерменците,
Персијците, Авазгите, Иверците,
Сугдите, Готите, Обрите, Турците,
Хазарите, Арабјаните, Египќаните,
и Сиријците, и многу други…"


Рецезент и промотор д-р Николче
Вељановски, библиотекар советник




27
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


РЕЦЕНЗИИ


интензивна работа за описмену-
вањето на млади и стари во фор-
мираната школа. Во неа учениците
ја изучувале глаголската азбука.
Дури во славистиката се смета де-
ка Климент Охридски намерно за-
минал во Западна Македонија, која
тогаш влегувала во составот на
средновековната бугарска држа-
ва, за да може таму да ја спроведе
мирно целата наследена кириломе-
тодиевска традиција. И, додека во
Охрид се ширела глаголицата, во
Источна Бугарија, во Преславска-
та книжевна школа, загосподарила
кирилската азбука. Од оваа школа
излегле 3.500 ученици. Климент
распоредувал по 300 од нив во си-
те делови од Македонија, и на тој
начин успевал да ја шири и негува
писменоста пошироко.


Ако во првиот дел од книгата
посветена на патронот на Библио-
теката „Св. Климент Охридски“ е
претставено пофалното слово на
анонимниот ученик, во вториот
дел, покрај основните историски
податоци за работата на прво-
учителот кој се истакнал како прв
учител, како орагнизатор на Маке-
донската православна црква, како
добротвор со стремеж во сè да го
поучи народот, како родоначалник
на средновековната македонска
книжевност, дадено е Клименто-
вото пофално слово за Кирил. Во
пофалните слова, Климентовиот
стил се возвишува, зашто пишува
искрени беседи, пофалби за Исус
Христос, за Богородица, за свети
Јован Крстител, за четвороднев-
ниот Лазар, за бестелесните Миха-
ил и Гаврил, исто како и за своите
учители Кирил и Методиј.


„Блажена да е твојата зла-
тозрачна утроба од која му ис-
тече на мојот народ животворна
вода одозгора дојдена со твоите
молитви“; „Блажени да се твоите
свети нозе со кои го обиколи сиот
свет како сонце, просветувајќи
со вдахновеното од Бога учење“.


Во суштина, оваа пофалба го
прославува целокупното дело на


Кирила, создавањето на писменос-
та за Словените, неговиот напор за
нив, саможртвата, силата и вербата
со кои пришол кон оваа дејност. Це-
локупната пофалба е искрена хим-
на за делото на Кирила, божјиот
избраник кој им создаде светлина,
писменост, на Словените: „Иако
отпосле светна, сепак надмина сè,
како и Деница, која иако огрева
најпосле, со својата светлина ги
облева сите ѕвезди кои имаат сон-
чева светлина.“


„Еве, ни светна, христољуп-
ци, светлозрачниот спомен на
нашиот преблажен отец Кирил,
нов апостол и учител на сите
земји, којшто огреа на земјата
како сонце со вистинска вера и
убавина, како сонце, на трисуш-


ното божество, осветлувајќи го
сиот свет“.


Третиод дел од оваа книга е из-
бор од поезијата која ги возвишува
ликот и делото на Свети Климент
Охридски. Тука се песните на по-
етите: Блаже Конески, Славко Ја-
невски, Радован Павловски, Ма-
теја Матевски, Јован Котевски,
Георги Сталев, Петре Бакевски,
Трајан Петровски, Бошко Смаќос-
ки и други.


И би рекле дека една ваква кни-
га од 40-тина страници, која е лук-
сузно изработена од печатницата
„Микена“, би можеле многумина
од нас да напишат. Но вредноста


на оваа книга е дотолку поголема
што нејзин автор е професор д-р
Вера Стојчевска Антиќ, која ско-
ро половина век живее со духот
на овој првоучител, која целиот
свој работен век го мина како
книжевен историчар и теорети-
чар на македонската книжевност
при Филолошкиот факултет „Бла-
же Конески“ во Скопје. Нејзината
преокупација е проблематиката на
средновековната книжевност во
Македонија, словенското ракопис-
но наследство, компаративните
согледувања со други книжевнос-
ти и народни творештва. Беше 15
години координатор за македо-
нистика меѓу САД и Македонија,
по кој повод произлегоа 6 меѓуна-
родни научни собири и зборници.
Има објавено над 600 книги, мо-
нографии, трудови и статии. Оваа
книга е сублимат, плод на долгого-
дишната работа на проф. д-р Вера
Стојчевска Антиќ, која во текот на
своето истражување за овој наш
светител напишала голем број ста-
тии, излагања и стручни трудови,
некаде 70-тина на број. Промови-
ра книги за Свети Климент Охрид-
ски и во странство. Во 2003 годи-
на, во главниот град на државата
Охајо, Коломбос, САД, авторката
учествуваше, на посебната Сесија
на американските слависти од
Северна Америка, во чест на све-
ти Климент Охридски, кога беше
и промовирана нејзината книга
„По стапките на Свети Климент
Охридски“. Проф. д-р Вера Стој-
чевска Антик е добитник на сите
републички награди за наука како
и повеќе странски награди и при-
знанија.


Чест ни е што во Програмата на
градот Битола кој е прогласен за
Град на културата за 2008 година
имаме можност да ја промовираме
оваа книга – ЏЕПНО ИЗДАНИЕ.
Овој несекојдневен формат на
книга за Свети Климент Охрид-
ски има цел да ЈА ПРИБЛИЖИ
СОДРЖИНАТА до целата маке-
донска јавност, затоа што преку




28
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


РЕЦЕНЗИИ


ФОРМАТОТ, „СВЕТИ КЛИМЕНТ
ОХРИДСКИ“ уште повеќе и поб-
рзо ќе ВЛЕГУВА во срцата на Ма-
кедонците, притоа освестувајќи не
сите за културната и образовната
традиција и наследство со голема
вредност, за која можат да ни за-
видуваат не само Балканот, туку
и повеќето држави од Европа и


светот. Како соработници во под-
готвувањето на книгата која е во
Издание на Библиотеката, се Ане-
та Стефановска, Ленче Андоновс-
ка, Гордана Пешевска и рецензен-
тите д-р Николче Вељановски и
Јоланда Бошевска. Посебна чест за
Библиотеката е тоа што професор
д-р Вера Стојчевска Антиќ своето


авторство го подарува на Библи-
отеката во знак на благодарност
кон нашата установа, по повод из-
давањето на персоналната библио-
графија „Вера Стојчевска – Антиќ“,
во 2007 година. Уште еднаш и се
заблагодаруваме.


„Љубовта нема граници
Таа сама се раѓа“
Паскал


Родителите и педагозите се во
постојан стремеж да придонесат
што повеќе за развојот на децата.
Сметам дека сите тие ја вложуваат
длабинската ангажираност да пос-
тигнат успех. Во случајов имаме
пример на ученик, поет, мислител,
кој постигнал завидни резултати и
над возраста во која се наоѓал кога
творел. Исто така, во овој случај
имаме пример кога сите услови
за развој на гимназијалецот Иван


Антоновски ги имал, за среќа, на
дланка. Ја познавам многу добро
мојата пријателка Светлана Анто-
новска, познат општествен и кул-
турен претставник во македонс-
киот современ живот, – мајката на
Иван. Нејзаината љубов, грижа,
педагошки насоки, одмерено, но
постојано, му ги дарувала на својот
син. Познат ми е секој хронолошки
успех на Иван, го греело мајчното
срце, давајќи му нови стимулси и
насоки. А Иван се развиваше она-
ка како што сонува секој родител
за судбината на своето дете, а и
пошироката фамилија, особено и
саканата баба на Ивана –…. Иван
раскажува дека и наставниците во
гимназијата „Јосип Броз Тито“, во
која тој е одличниот првенец, му
подавале рака на одбраниот пат….
И трето, можеби најважно, генот за
беспрекорен и сериозен приод кон
обврските, работата, е најубавата
и најблагородната дарба на одли-
кашот. Неговиот сестран интерес
кон науката, животот, општест-
вото, филозофијата, уметноста, се
надополнија со посебниот однос и
чувство кон литературата. Токму
затоа денес сме тука, да претстави-
ме уште еден успех од творештвото


на младиот поет Антоновски.
Иван Антоновски е роден во


1900 година, а веќе пред љубо-
питниците на поетскиот збор се
претставил со пет стихозбирки.
Во 1999 година се појави негови-
от првенец „Детски мисли“ (или
„Детски парламент во Македо-
нија“). На анонимниот конкурс
на Клубот на писатели во Битола
„Стале Попов“, неговата стихоз-
бирка „Детско пријателство“ беше
првонаградена. Истиот Клуб во
Битола ја издаде и третата негова
стихозбирка „Детски исчекори“, во
2001 година. Веќе во 2002 година се
појави стихозбирката „Треперења
на природата“, (Ревија „Екологија“
и „Манаја“ во Скопје). Четвртата
стихозбирка е денес претставена-
та поезија „Кога те молев да порас-
неш“ („Наша реч“, Скопје 2007).


Кога станува збор за целокуп-
носта на поезијата на Антоновски
може слободно да се каже дека дар-
бата кон зборот, тој код на уката,
книгата, словото, е толку спонтано
надраснувачки предаден, што хро-
нолошки се следи беспрекорно. Во
секој случај, се мешаат искрените
и секојдневни доживувања на дете,
но предадени на хартија со одре-


Вера Стојчевска-Антиќ


КОН СТИХОЗБИРКАТА „КОГА ТЕ МОЛЕВ ДА
ПОРЕСНЕШ“, ОД МЛАДИОТ ПОЕТ ИВАН АНТОНОВСКИ




29
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


ден став, мисла. Со други зборови
би се рекло: отчукувањата и тре-
перењата на младото момче што
спонтано бликнуваат во детскиот
свет, се препознатливи во неговото
суштинско уживање да ги постави
и подреди во одредени рамковни
заклучоци, кога Антоновски ис-
товремено ни се претставува како
дете со забележителна зрелост.


И неговите песни во стихоз-
бирката „Треперења на природата“,
полни со однос кон заштитата и
љубовта кон природата, негата на
еколошките дострели , го доловува-
ат слободоумникот Иван, кој пее:


„Во природата ја чувсдтвувам
слободата“.


Ова не навраќа кон рускиот
класик Чехов, кој во драмата „Вуј-
ко Вања“ £ дава посебно место
на непрегледната руска шума. И
Иван едноставно плаче и повику-
ва за „чисто Скопје“, „зелена Ма-
кедонија“ и „модра планета Земја“.
Песната „Балот на листовите“ им
подава враце на разиграните де-
тски срца, на нивното заедничко
пријателување.


Иван Антоновски создава тво-
рештво и преку својот постојан
дневник. Тој ги бележи настани-
те што се одвиваат пред неговите
очи, постојано демне над ком-
пјутерот да не пропушти важен
чекор на цивилизаторскиот од, и
од тиер страници се раѓаат нови
творби, како на пример, од патот
во Велика Британија. Како еден од
младите амбасадори, во 2004 годи-
на ја пропатува и запозна Велика
Британија. По враќањето се појави
неговиот патопис „Низ големото
око на Велика Британија“ (Скопје
2005).


Не е случајно што промоциите
на книгите на Иван Антоновски
привлекуваат и млада и стара пуб-
лика. Иван станува пример како
може да се биде одличен ученик, а
да се најде време за сите детски по-
риви и љубопитности. Едноставно
контактите со Иван и неговите
творби раѓаат однос кон убавини-


те на младоста, во неговиот случај
– испреплетена со зрелост.


Најновата стихозбирка на Иван
Антоновски привлекува и со сами-
от наслов „Кога те молев да порас-
неш“. Очевидно и самата песна на
Ивана му е посебно драга и вред-
на. Во оваа стихозбирка секоја
песна е означена со посебен знак,
мисла, мудрост, како срцевина на
песната. Спојот на филозофијата
на живеењето со младешките не-
исцрпни пориви е најпривлечниот
потфат на поетот. Во истоимената
песна мотото е земено од стихови-
те на Овидиј:


„Во љубовта има толку многу
страдања,


Колку што има корупки од
школки на морскиот брег.“


Почетните стихови создаваат
контакт со читателот, непосреден,
доживеан, искрен:


„Порасни,
Те молам порасни, малечка,
Ти велев клекнат
Пред твоите колена,
Со букет маргаритки во рака-


та.“
И крајот на песната, уште под-


лабоко доживеан, останува запа-
метен:


„Јас се извишив,
Ти не порасна.


Станав како жална врба,
А ти остана мала на ливадата.
Се претвори во маргаритка
што мириса на нарцис.“
Спојот на разбранетите чувства


на младиот човек со мудроста на
живеењето доминира и во песната
„Тестамент“. Мотото е на Паскал:


„Љубовта нема години. Таа се-
когаш се раѓа.“


И Иван љубовта ја остава во на-
следство преку тестаментот:


„Нека бидат твои сите мои
ноќи


што ми биле несудени.
Да имаш кога да ме сонуваш.
Во наследство ти ги оставам
и сите ноќи непроспиени
што ми биле несудени.
Да погледнеш низ прозорецот,
И меѓу свездите да ме побараш.“
Иван Антоновски е млад чо-


век, свртен кон позитивистичкиот
од на цивилизавијата, лоциран во
современите рамки, во кои се од-
вива нашето живеење. Да му по-
сакаме на Иван Антоновски нови
откритија и признанија, како и ус-
пех на неговите желби, исполнети
досега со возвишените чувства на
пријателство и љубов.


РЕЦЕНЗИИ




30
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


Наградата „Ванчо Николески“, која традиционално ја доделува
Друштвото на писателите на Македонија, оваа година отиде во рацете
на писателот Петре Димовски за неговиот роман „Големата аванту-
ра“. „Тоа е мојот прв роман за деца и млади“, ни рече авторот. Досега
има напишано уште пет романи за возрасни, три збирки раскази и
една збирка монодрами.


Тоа е роман за разнебитувањето на едно битолско семејство, распна-
то на релација Македонија – Австралија, поточно Битола – Сиднеј.


Се чувствував и среќен и тре-
вожен. Среќата доаѓаше од повол-
ниот тек на настаните и сознани-
ето дека јас тргнувам на пат кон
мама, која многу ми недостига. А
тревожноста што сè уште постои
опасност да ме откријат, да се свр-
ти лошиот тек на настаните и да се
продолжи разделбата со мама, од
што ми пукаше срцето.


- Седиш на туѓо седиште, момче!
- ми се обрати Ќелавиот Чичко, со
широко светнато чело и бумбарес-
ти очи, кој ме преплаши со своето
појавување.


Толку била мојата среќа, гнев-
но претркалав мисла. Ме открија!
Сега Ќелавиот Чичко ќе раструби
низ авионот дека некој натрапник
му го презел неговото седиште и
кога контролорката ќе ми го поба-
ра билетот и документите за пату-
вање, фатен сум жив. Веднаш ќе ме
предадат на полицијата, а таа пред
страшната Мони. Просторот пред
мене беше темен и треперлив и ка-
ко да сум паднал надолу со главата,
сè ми изгледаше испревртено.


Се подигнав од седиштето из-
ненаден што Ќелавиот Чичко и на-
таму е спокоен.


- Можеш и да седиш, јас ќе одам
на твоето седиште, токму пред не-
го имам свој пријател.


Ќелавиот Чичко тргна и видов
кога пронајде празно седиште и се


спушти во него. Мислеше дека е
моето. Сега сум спасен. А ако не-
кој друг пријде и го стани? Повтор-
но мислата се закани да ми врати
тешко исчекување, но со брзиот
прелет низ просторот не најдов не-
седнат човек. На рекламното пано
стоеше црвеното светло дека тоа-
летите се затворени. Тогаш за тоа
седиште нема никој! Надежта како
светулка ми го осветли срцето.


Авионот затрепери, забревта
и силна бучава ги исполни уши-
те. Замижав. Немав храброст да
гледам во тој заканувачки миг на
време што сè уште може да ми ја
урне среќата. Само да помине уш-
те таа кратка мерка што се зема
со секунди, а се издолжува до не-
издржлива напнатост и закана да
донесе целосен пораз. Да, големи-
те работи најчесто се зависни од
најситната мерка на времето, мина
низ мене напамет научена мисла.
Моторите на авионот ја протре-
суваат големата летачка направа,
јачат и испиштуваат во интензив-
но забрзување да го досегнат мак-
симумот на моќта која сета оваа
тежина од метал и луѓе, од багаж
и тешки мисли ќе ја подигне во ви-
сините над земјата. Таа надојдена
сила го втурнува авионот во стра-
отна трка со звукот. И мачнината
што ме приковала во неизвесно
исчекување одеднаш се извлекува


од мене и ме напушта, преземајќи
ме пријатно чувство на олеснител-
но опуштање. Авионот тргна во
полетување. Сега се наттрчуваше
со времето. Пред мене, на светло-
сното пано стоеше закопчан појас
и натписот под него упатуваше
што треба да се преземе. Тогаш
забележав дека не сум го закопчал
безбедносниот појас и веднаш се
опашав со него. Се припив до про-
зорското стакло и гледав како крај
нас бега просторот и ние брзаме
да го достигнеме идното време.
Авионот како да се ослободил од
пресилен стег, силната напната бу-
чава се претворила во рамномерно
роморење и натисокот на стомакот
ми откриваше дека се одвоивме од
земјата и патуваме кон високото
небо. А во таа синевина ме презеде
глетката во далечината. Good luck
Tomy! Тоа беа пердувести меки
облачиња испишани по синилото,
лебдеа и ми посакуваа добар пат.
Кој можел да го намисли и изведе
тоа? Џек беше тука со нас, не би
имал време за такво нешто. Дали
некој од дружината го порачал?
Никој, та ни јас не знаев дека ќе
полетам. Кејси? Ах таа мала палав-
ка, таа ѓаволеста Кејси! Дали зна-
еше нешто што ние од дружината
не го знаевме, па се договорила со
својот вујко пилот да ми испрати
несекојднен поздрав, испишувајќи


ПОВИК ДО ПАТНИКОТ 366


ПОВОД ЗА ДА ВИ ГО ПРЕТСТАВИМЕ




31
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


со авионот по небото? Мислата ништо посигурно не
можеше да открие.


Авионот се приближуваше кон написот на небо-
то, мина низ венецот на о-то и излеговме кон чистото
синило.


Бев среќен. Бев пресреќен.
Буквите како разлетани птици ми мавтаа со крилја-


та. Долу ми мавта и мојата дружина. Тоа се чувствува.
Погледнав кон земјата. Имав широк опфат на погле-
дот. Како да сум пред училишната маса во мојата одаја
и тука е сè нацртано. Патиштата по кои се тркалаат
малите возила, во минијатура и со забавено движење
што може целосно да се посмат-
ра. Планините, дрвјата, полиња-
та, фармите се под мене.


Во далечината искосува-
ат светли осила, се темнее и се
згуснува темнилото.


Гласот на пилотот ме тргну-
ва и сфаќам дека сум во авионот
кој лебди некаде во високото
небо, меѓу земјата и небото. За-
владеала една тишина низ која
се пробива усталениот шум на
моторите, а движењето не може
да се насети по ништо.


-Чувајте ги појасите врзани!
Надлетуваме над Блектаун. До-
лу владее силно невреме и ќе се
најдеме во вртежот што ќе пре-
дизвика потреперување на ави-
онот. Тоа е вообичаено и да нè
ве зафати вознемирување. Чувс-
твувајте се удобно и пријатно!


Набрзо можев да ги видам об-
лаците. Јас бев во нив. Се цедеа
тука пред моите очи. Авионот се вовираше низ нив и
со крилјата откинуваше влажна магливост. Битката
беше пред погледот. Авионот потреперуваше, про-
паѓаше и се подигнуваше, создавајќи мала мачнина
во стомакот и треперлива вознемиреност во душата.
Се убедував дека сè е во најдобар ред и настојував
внесено да гледам низ прозорецот и да не испуштам
ни миг од возбудливите доживувања. Авионот беше
наполно скриен во облаците. Патуваше низ нив или
со нив, а ги немаше ни небото ни земјата и ме презеде
меланхолично чувство. Ме следеше стравот да не се
случи нешто. За миг се почувствував сам и изгубен.
Го завртив погледот во внатрешноста од авионот.
Тука владееше спокојна тишина и само мислите беа
присутни, залутани во разни предели и фантазии.


Кога повторно погледнав низ прозорецот имав
чисто јасно небо со синевина. Под нас беа бели пер-
дувести облаци, како вечни скаменети статуи без


помрднување и движење, а меки, блеснати од сонце-
то со една волшебна примамливост да се допрат. Ние
брзавме кон висините. Ние бевме господари на бес-
крајниот простор и пробивавме низ него со шумот
на светлината. Авионот спиеше во мирното небо на
соништата. Јас еве сега ќе станам, ќе зачекорам низ
празнината, и тој останат во својот сон ќе ме очекува
до моето враќање. Веќе нема никаква опасност ни од
Мони, ни од разделба со мама. Јас сум свој, цврсто
зграбен со својата желба во бескрајот. Земјата ја ос-
тавивме далеку некаде и не го чувствуваме нејзини-
от тревожно зазбивтан ритам на животот. Ние сме


во царството на птиците кои
толкупати нè правеле немоќно
загледани кон нивниот лет со
завист што ни ги растресува
мислите. Сега сме над нив. Ни
птиците не можат да ја допрат
оваа волшебна висина што го
шири спокојството на мислата.
Птиците? Каде се тие? Колку ви-
соко долетуваат?


Верувам а не можам да пове-
рувам. Јас, седнат така во синото
небо лебдам, само мојата мисла
може повисоко од мене. Го гле-
дам широкиот отворен про-
стор... го гледам, и пак се двоу-
мам дали да верувам, а за миг го
свртувам погледот пред мене и
на екранот ја читам височината
на која се наоѓам: 9.800 метри. А
во мојот поглед лета - птица!


Мајчичке, дали сонувам? Да-
ли сето ова толку убаво и воо-
душевно што ме носи кон нај-


саканата средба е само сон? Еден надуен, изнакитен
сон што со првиот зрак под клепките ќе се распрсне и
од него ќе остане само пајажинесто присетување што
мене би ми носело болка! Сон? Не сакам да е сон! Са-
кам да е вистина и во неа да сум јас со сè што ми се
случува!


Птицата лесно размавнува со крилјата, чинам ме
погледнува, ми се смешка и, останува затворена во
мојот сон како нестварна сенка на лажна мисла што
не можело да се случи.


- Драги патници! - се разнесе громкиот глас на пи-
лотот. - На височина од 9.800 метри имавме невооби-
чаена глетка: средба со птица орел, господар на виси-
ните! Ние не знаеме дали тој уште ќе се извишува, но
ние одиме нагоре! Пријатен лет!


Вистина! Чиста вистина! Дали ќе ми веруваат дру-
гарите дека горе, во недогледот на небото, кога земја-
та беше изгубена под далечниот слој на облаците, ле-


ПОВОД ЗА ДА ВИ ГО ПРЕТСТАВИМЕ




32
БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД • Бр. 21/22 • 2008.


тав заедно со царот на висините,
орелот?


Бев исполнет со воодушевеност
и задоволство. Во исто време му се
восхитував и на сонот и на ствар-
носта. Тие се надополнуваа.


Набргу влеговме во ноќта и таа
ја распрсна волшебната прима-
ма на небото и на земјата. Јас бев
во трептеж од ѕвезди. Мал и не-
подвижно споен со седиштето. А
мислата ми беше голема, огромна
и се ширеше со пулсирањето на
просторот кој во сè поразнобојна
светлина се отвораше пред мене.
Човекот секогаш сака да ја досегне
својата мисла и во таа трка откри-
ва недопрени убавини, го слушав
гласот на учителот од родниот крај.
Не сфаќав од каде се појави тој, но
сфаќав што значи да си толку мал,
а така голем!


Летавме на височина од два-
наесет илјади метри со брзина од
илјада и пет километри на час.
На екранот стоеше надворешната
температура од 56 степени под ну-
лата по Целзиус. Тука во авионот
беше многу пријатно.


Се делеше вечера и јас ја поста-
вив масичката пред мене. Бев гла-
ден и со силен апетит започнав да
јадам.


И само што мина вечерата, а
ме преземаше трепетот на малите
светилки во авионот и низ отворе-
ното пространство, од звучниците
се разнесе повикот:


- Во пилотската кабина да се ја-
ви 366-от патник!


Што е сега ова?
Ме здрви. Почувствував нека-


ков сомнеж, нешто притаено и не-
доречено. Дали тоа се однесува на
мене?


Во тој миг не знаев што се слу-
чуваше во кабината на пилотот,
меѓу посадата на авионот.


А штотуку се поделила вече-
рата, стјуардесата што се врати-
ла последна побарала уште еден
оброк за уште еден патник. Било
подготвено точен број на оброци,
а во тој миг, кога го побарала стју-


ардесата последниот оброк, се кон-
статирало дека го нема. Навидум
ништо вознемирувачко за еден
оброк, авионот секогаш понесува
резерви од храна, не е ни да се тро-
ши на него мисла. Но на овие ви-
сини поинаку се прифаќа тоа. Ка-
де отиде тој оброк? Овде секогаш
сè се знае и е под целосен увид и
контрола. И малата невообичаена
ситница растревожува. Растрево-
жило и исчезнувањето на еден об-
рок. Не било ни до неговата цена.
Секој од послугата би прифатил да
го стават на негова сметка. Но кој
го зел? Колку патници, толку обро-
ци! Има ли 366-ти патник?


Тоа создало неред во мислите
на посадата. Секој размислувал на
свој начин а секој се преплашувал
од истото. Кој е тој 366-ти патник
и каква му е целта? Зошто до сега
не се огласил?


Сепак да не е само обична за-
буна, грешка во броењето, превид,
самоизмама? Го повикале ком-
пјутерот на помош. Тој ја кажал
вистината што нив ги држеше во
своите бодежни канџи. Со обро-
ците сметката е таа - недостига
еден. Што е со патниците? И овде
компјутерот е конкретен и точен.
Еден патник не пристигна до поле-
тувањето, беше јавено дека пора-
ди здравствени причини го одлага
летот. Тој не дојде. Едно седиште е
празно.


Стјуардесите сомнежно завр-
тија со главите и се растрчаа низ
авионот да ја проверат својата вис-
тина: не најдоа празно седиште.


Сè се одвиваше во најголема
тајност и под превезот на вооби-
чаената љубезност за да не пре-
дизвика несакано вознемирување.
Уште повеќе што никој не знаеше
во што е затворена вистината, која
е и каква.


Стјуардот, откривајќи го Ќе-
лавиот Чичко на слободното се-
диште, љубезно и внимателно го
повика да се јави во преткабината
на едно мало појаснување. Човекот
без никаква вознемиреност стигна


на повиканото место. Кај него сè
беше регуларно и чисто, освен што
седеше на слободното седиште, а
на неговото седеше - друг. Сега кај
сите од екипажот беше јасна ситу-
ацијата. Во авионот имаат 366-ти
патник кој тајно се провлекол и кој
не дошол со добри намери.


Стјуардесите требаше веднаш,
дискретно и незабележливо да го
пронајдат тој човек и да го извес-
тат капетанот за неговиот однос и
држење кон летот.


Стјуардесата што веќе го носе-
ше одговорот, брзаше вознемире-
но зазбивтана кон кабината.


- 366-от патник е - дете.
- Што треба ова да значи? - со


поопуштен глас се праша капета-
нот пред својата екипа. Во него
имаше едно олеснително издишу-
вање. Првичниот страв, што сил-
но ги вклешти во својата стега,
олабавуваше. За терорист, за кид-
напирање и за почеток на драма со
несогледлив крај сега не требаше
да се мисли. Па тоа е едно дете! Но
како стигнало само во авионот?


Не се одѕвав ни на вториот по-
вик. Растреперен, очекував што ќе
се случи.


Додека се гасеа светлата и пат-
ниците се подготвувавме за сон,
над мене се наведна стјуардесата
од која зрачеше топлата насмевка.
Со ѕвонлив, мил, а притаен глас ме
праша што сакам да пијам. Поба-
рав кока кола. Таа пребара по ко-
личката, не најде и потфаќајќи ме
за рака ме повика да појдам со неа
за да ми ја даде бараната кока - ко-
ла, а таа да понесе друга порачка.


Кога влегов во пилотската ка-
бина, кога го видов моето опкру-
жување од членовите на посадата
кои во некое немо исчекување ба-
раа некаков одговор, сомнежот де-
ка сум откриен ми затрепери како
единствено сознание.


ПОВОД ЗА ДА ВИ ГО ПРЕТСТАВИМЕ




БИБЛИОТЕКАТА ВО ПЕЧАТОТ




НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА


УНИВЕРЗИТЕТСКА


БИБЛИОТЕКА


„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“


БИТОЛА


РАСПОЛАГА СО:


УСЛУГИ:


• Богат фонд на книги, часописи,


списанија и весници од домашни


и странски автори


• Стручни и научни изданија


• Енциклопедии


• Белетристика


• Лектирни изданија


• Критички осврти


• Резервирање и продолжување


на библиотечниот материјал по телефон


или електронска пошта


• Меѓубиблиотечно зајмување


• индивидуална и колективна читална


• Сала за промоции


• Користење на EBSCO база на податоци


• Пристап до библиотечната база


на податоци преку


WEB - страната на библиотеката


ISSN 1409-9497