ВОЛУМЕН 38 (2022) БР.1-2 СКОПЈЕ 2022
ВОЛУМЕН 38 (2022) БР. 1 ‒ 2 СКОПЈЕ 2022 ISSN 2955-2028
БИБЛИОТЕКАРСТВО
Издава
БИБЛИОТЕКАРСКО ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНИЈА
За издавачот
д-р Јана Михајловска
Издавачки совет
Томислав Каранфиловски
Јелисавета Костадинова
Гордана Андреева
Милка Котевска
Маја Трајковиќ
Милчо Јованоски
Магдалена Кочовска-Салтирова
Билјана Аџиовска-Панџарова
Теута Османи
Редакциски совет
Томислав Каранфиловски
Јелисавета Костадинова
Гордана Андреева
Лектура
д-р Бисера Павлеска-Георгиевска
Техничка и компјутерска обработка
Горјана Михајловска-Лапон
Адреса на редакцијата
Библиотекарско здружение на Македонија
бул. „Гоце Делчев“ бр. 6
1000 Скопје
Република Северна Македонија
Почитувани,
Најсрдечно ве информираме дека списанието „Библиотекарство“ оваа година излезе
електронски. Пред вас е најновиот број исполнет со разновидни содржини од
библиотекарската теорија и практика со надеж дека ќе ги исполни вашите очекувања,
желби и потреби за нови сознанија од областа на библиотекарството. Редакцискиот одбор
на списанието „Библиотекарство“ ги разгледа пристигнатите текстови и го оформи
списанието содржински и тематски. Редакцискиот одбор ги поканува и понатаму сите
заинтересирани автори и колеги од областа на библиотекарството активно да
придонесуваат за збогатување на содржините на списанието „Библиотекарство“.
Од Редакцијата
СОДРЖИНА
Воспитно-образовни програми во библиотеките за посебни кориснички групи, Андријана
Апостоловска...............................................................................................................................................
.
3
Библиотеките како инструмент на културни методи, Анета Велковска, Маја Трајковиќ ............
9
Методи за системско управување кои помагаат за поуспешен менаџмент, м-р Аница
Глигорова-Милева.......................................................................................................................................
14
Како до подобар менаџмент во библиотеките на РСМ, Билјана Аџиовска-Панџарова ................ 19
Новата технолошка револуција и јавните библиотеки ‒ предизвици, проблеми и нови
визии, м-р Гордана Андреева.......................................................................…………………………….
Андреева.................................................................................................................................
25
Работа со општествено маргинализирани заедници во библиотеките, м-р Гонца Запрова
Анастасова....................................................................................................................................................
32
Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид како инструмент на културни методи, м-р Елена
Станкоска.....................................................................................................................................................
.
37
Библиотеките во време на пандемијата на ковид-19, м-р Жаклина Угриноска.............................
43
Библиотеките во време на пандемијата на ковид-19, Ивана Стојанова.......................................... 52
Паметни библиотеки - новата генерација библиотеки, Ивона Џамтовска Јанкуловска .............. 56
Дигитализација на сериските публикации во издание на Филозофскиот факултет во
Скопје, Илина Смоковска..........................................................................................................................
62
Тезаурусот и потребата од негово формирање, д-р Јелена Цветановска.......................................... 69
Библиотеките во време на пандемијата на ковид-19, м-р Јована Рилак......................................... 76
Јавните библиотеки во време на пандемијата на ковид-19, Јулија Симовска-Динковска .......... 81
Како да ја направиме училишната библиотека попривлечна и подостапна за учениците со
аутизам, д-р Лили Бошевска.....................................................................................................................
87
Работа со општествено маргинализирани заедници во библиотеките, Магдалена Кочовска-
Салтирова.....................................................................................................................................................
......
94
Библиотеките и социјалните медиуми, Маја Мицевска Ризова......................................................... 100
Библиотеките во време на пандемијата на ковид-19, Милена Јованова......................................... 104
Современи менаџерски предизвици во библиотечното работење, м-р Мариче
Боздоганова..................................................................................................................................................
108
Библиотеките како инструмент на културни методи, м-р Милкица П. Масева.............................
113
Библиотеките во време на пандемијата на ковид-19, Тања Гошева............................................... 119
Библиотеките во време на пандемијата со ковид-19, Румена Тодорова......................................... 122
Каталози Народне библиотеке Србије: Од „Куће Возаровића“ до CONOR-A, Ирена Зечевић,
Александар Радовић....................................................................................................................................
129
48-годишно собрание на БЗМ и конференција со меѓународно присуство ................................... 133
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
3
ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ ВО БИБЛИОТЕКИТЕ ЗА ПОСЕБНИ
КОРИСНИЧКИ ГРУПИ
(стручен труд)
Андријана Апостоловска, виш библиотекар
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје
(andrijanaapostolovska@yahoo.com
ancebo8@gmail.com)
Aпстракт
Во библиотеките препознаваме различни групи корисници и различни кориснички
потреби. Тоа ме поттикна да се обидам да ги идентификувам посебните групи
корисници и нивните потреби, да укажам на некои од воспитно-образовните програми
во библиотеките за посебните групи корисници, општествено маргинализираните
заедници, начините на спроведување на наведените програми, како и нивно вклучување
во светот на информациите. Целта на овој труд е да укажам на посебните кориснички
потреби и да придонесам за рамноправно вклучување на сите корисници во воспитно-
образовните програми во библиотеките. Воедно, сакам да го поттикнам
размислувањето за човечките права, нивна промоција преку активно учество на
библиотеката во заедницата, како и важноста од вклучување и изработка на програми
од воспитно-образовен карактер, програми и активности кои го промовираат читањето
за маргинализираните заедници.
Клучни зборови: библиотеки, корисници, маргинализирани заедници, воспитно-
образовни програми, информации, заедница.
Вовед
Овој стручен труд ја опфаќа работата со посебните кориснички групи и
образовните програми во рамките на јавните, народните и училишните библиотеки, при
што се потпирав на упатствата на ИФЛА за народните библиотеки1 во кои се дадени
стандарди за организација и работа на библиотеките, обука на библиотекарите,
книжната граѓа со оглед на специфичните потреби и едукација на корисниците.
Прелистувајќи ја литературата која тематски е тесно поврзана со потребите, навиките и
спецификите на овие посебни кориснички групи заклучив дека може да се
идентификуваат повеќе вакви групи и да се поделат на два дела:
‒ Лица со посебни потреби (слепи, слабовидни, глуви, неподвижни лица, лица со
физички оштетувања, лица оболени од тешки болести како карцином, ментално
оболени лица итн.);
‒ Лица кои ѝ припаѓаат на социјалната категорија (невработени, бездомници, лица
од ЛГБТ заедницата, зависници, лица со криминален статус итн.).
1IFLA-inesmjernicezanarodneknjižnice, uredile Christie Koontz i Barbara Gubbin (Zagreb: Hrvatsko
knjižničarsko društvo, 2011)
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
4
Поради претходно наведеното, осмислувањето и спроведувањето на воспитно-
образовните политики за посебните групи корисници (маргинализирани групи) и
задоволувањето на нивните барања во библиотеките е можно само со претходна
едукација на библиотекарите за работа со такви категории на корисници, што, пак, од
своја страна наметнува дополнително вложување и развој на професионалните вештини
и компетенции и надвор од библиотечната дејност.
Социјалниот аспект на библиотеката
Силата на општественото значење на библиотеките е содржана во авторитетот и
почитта кои ги иницира науката и интелектуализмот. Александриската библиотека во
модерна смисла на зборот е симбол на важноста на библиотечната активност и моќта на
знаење, а денес сè уште делумно затворената Ватиканска библиотека претставува чувар
на човечката историја и интригира со знаењето скриено во неа. Библиотеката е место за
средба на луѓето и знаењето и воспоставување многу културни интеракции. Без разлика
за каков тип библиотека станува збор, ние сме свесни дека библиотеката постои заради
нејзините корисници. Книжниот фонд со кој располага некоја библиотека или фондот
што треба да се набави ќе ја исполни задачата во оној момент кога тој ќе стане достапен
за корисникот и кога тој ќе може да црпи информации од доменот на неговиот интерес.
Сè повеќе се јавува потребата од преосмислување на библиотечните услуги во
согласност со специфичните потреби на корисниците и индивидуален пристап кон
давањето услуги. Германската библиотекарка Ханелор Вогт во своето дело
„Библиотеката – Оаза на услуги“ користи економски стандарди и трговски стратегии за
придобивање нови корисници и нагласува дека е „важно да се поврзат корисниците со
библиотеката и да се задржат на долг рок“. Важно е да се утврдат корисничките барања
и очекувања, незадоволството или задоволството од нивната реализација, сето тоа со
цел да се направи квалитетен план на осмислување и спроведување на услугите, како и
маркетиншка стратегија како важен процес за промовирање и презентација на
библиотеката. Тоа подразбира грижа за корисниците (посебни кориснички групи),
воведување дополнителни услуги и содржини кои ќе им покажат дека мислиме на нив и
дека им посакуваме најдобра услуга од наша страна, која пак ќе обезбеди изграден
стабилен меѓусебен однос.
Библиотерапијата успешно се користи како облик на социјализација на
затворениците во затворите преку библиотечно-образовни програми2, во работа со
млади лица кои имаат проблеми во однесувањето со своите најблиски и околината во
која живеат или музикотерапија при работа со лица кои имаат тешкотии во социјалната
комуникација, во работа со болнички пациенти, деца и постари лица. Библиотерапијата
во вакви случаи ги надминува основните библиотечни услуги и создава нови вредности
за корисниците и библиотеката. Освен библиотерапијата, структурната работа со
бездомници, деца, постари лица, различни асоцијации, национални малцинства и други
социјални категории го исполнува социјалниот аспект на библиотеката и ја покажува
2https://www.laguna.rs/laguna-bukmarker-biblioterapija
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
5
основната грижа на библиотеката за постојаните, привремените или повремените
припадници на локалнта заедница.
Специјални кориснички групи и библиотечни услуги
Посебните кориснички групи како што нагласивме претходно ги сочинуваат: лица
со посебни потреби (лица со ментални, физички или психофизички тешкотии итн.) и
лица кои ѝ припаѓаат на една од социјалните категории: пензионери, деца и млади,
невработени, етнички и национални малцинства, лица со тешкотии во однесувањето,
осуденици, млади мајки, вработени жени и лица од ЛГБТ заедницата. Ги избрав токму
овие категории затоа што ги сметам за најзастапени, а библиотеките можат многу да
направат во однос на развојот на воспитно-образовните програми за тој тип корисници.
Библиотечни услуги кои библиотеката им ги нуди на овие кориснички групи се:
пристап и позајмување книжен фонд (белетристика, стручна и научна литература,
списанија, енциклопедии, детска литература итн.) во библиотеката и надвор од неа,
користење интернет и надворешни извори на информации, употреба на публикации на
разни јазици, услуги за информирање на заедницата, организација на различни
образовни програми, работилници, проекти и активности поврзани со личниот развој на
корисникот, неговите знаења и компетенции. Општествената потреба за подигање на
свеста за вклучување на маргинализираните групи граѓани во различни секојдневни
активности на заедницата на која ѝ припаѓаат и во која живеат може да се види и во
различната литература и прописи кои ја прошируваат дефиницијата за лицата со
посебни потреби и посебни социјални групи, како и законски регулираните права и
насоки за остварување на нивните права. Тука е неопходна потребата да се размисли
сериозно и за луѓето кои немаат видливи физички оштетувања, но имаат одредени
тешкотии во однесувањето кои многу често влијаат на социјализацијата и неопходноста
на личноста, приспособување на личноста во воспитно-образовните програми и
процеси во библиотеката. Зборувајќи за посебните потреби во рамките посебни
кориснички групи, сакам да истакнам дека луѓето со посебни потреби поради својата
постојана или моментална состојба многу често се дискриминирани во различни фази
од образовните процеси, поради што може да има недостиг на завршување на
формалното образование или избор на несоодветна професија, неможност за
понатамошно деловно унапредување, обука и слично. Во Манифестот за народните
библиотеки на ИФЛА/УНЕСКО се вели дека „треба да се обезбедат посебни услуги и
книжни материјали за оние корисници кои од која било причина не можат да ги
користат редовните услуги и материјали, како на пример за припадниците на јазичните
малцинства, лицата со инвалидитет, болничките пациенти, затворениците и сл.
Потребни компетенции на библиотекарите за работа со посебни кориснички
групи
Дора Сечиќ наведува шест насоки за развој на библиотекарското знаење и
вештини3 според насоките на Друштвото за информациски и кориснички служби на
Американската библиотечна асоцијација кои претставуваат основа за работа со
3Sečić, Dora. Informacijskaslužba u knjižnici. Lokve: Benja, 2006.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
6
корисници, независно од категоријата на корисниците од професионален и социјален
аспект:
- познавање на структурата на информациските ресурси во областа на знаењата на
своите корисници;
- познавање на формите на однесување и начините на пребарување информации за
своите главни корисници;
- познавање на структурата на информациските ресурси во областа на знаењата на
своите корисници;
- познавање на формите на однесување и начините на пребарување информации за
своите главни корисници;
- познавање и добро користење на основните информациски помагала, што
вклучува и онлајн каталози, пребарувачи, бази на податоци, извори на мрежи, книги и
списанија и други публикации на различни медиуми;
- познавање на општите начела на комуникација, вклучително и интеракцијата со
корисниците, лично или преку други комуникациски канали;
- познавање на влијанието на информациската технологија врз структурата на
информацијата;
- познавање на нормите за информатичка писменост.
Овие насоки се општи и ги дефинираат основите на библиотечните компетенции
(вештини) за работа со корисници, но за квалитетна работа со посебни групи корисници
се јавува потреба од специјализација на библиотекарите која ќе опфати работа со
конкретни категории корисници и која ќе посредува помеѓу корисниците и
библиотеките во исполнувањето на корисничките барања. Тука мораме да ги споменеме
и дополнителните вештини за работа со посебни кориснички групи:
- педагошки вештини, компјутерски вештини, комуникациски вештини,
познавање на работата на разни уреди (паметни телефони, проектори, скенери),
управување со кризни ситуации (работа со фрустрирани или агресивни корисници).
Библиотеката може да ги едуцира сите библиотекари да работат со посебни групи
корисници или за работа со посебни корисници може да се едуцира еден библиотекар
кој ќе работи на пример на спроведување програми за читање и пишување или
информациска писменост.
Образовни програми за посебни кориснички групи
Денес, кога информациската технологија „владее“ со просторот и времето
библиотеката повеќе од кога било претставува темел на воспитно-образовниот процес
на младите, промотор на сè она што значи културна вредност, културно богатство на
еден народ. Библиотекарот мора да биде оспособен да им го пренесе информациското
знаење на своите корисници, мора да поседува вештини за работа со посебни
кориснички групи, да поседува моќ и знаење за внесување иновативно-креативни
програми во работењето. Образовните програми за посебни кориснички групи
(маргинализирани групи) треба да овозможат тие да се стекнат со вештини и знаења
кои не ги поседуваат или ги поседуваат многу малку, а кои ќе влијаат долгорочно на
нивната состојба, користењето на библиотечните услуги, на вработувањето, на
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
7
остварувањето различни права и слично. Се работи за образовни програми за читање и
пишување, развој на информациската и информатичката писменост кај „ранливите“
кориснички групи, едукативни програми за користење на социјалните мрежи и
мобилните апликации, работилници каде што темата би била пребарување извори на
информации, работилници за изработка на есеи, реферати, стручни и семинарски
трудови, работилници каде што корисниците ќе научат како да го напишат својата
биографија (CV) и молби за вработување итн.
Писменоста вклучува континуитет во учењето со цел да им овозможи на
поединците да ги постигнат своите цели, да ги развијат своите знаења и потенцијали и
да учествуваат целосно во нивната заедница и поширокото општество4.
Промоција на читањето и пишувањето
Еден од клучните елементи во воспитно-образовните програми за корисничките
групи со посебни потреби е развојот на вештината за читање и пишување текстови, т.е.
селекција на текст, самостојно читање, водење белешки и критички осврт на
прочитаното. Програмите за читање и пишување ќе бидат целосно корисни доколку
корисникот го избере правилниот извор на информации, а пак, библиотекарот е
личноста која треба правилно да го насочи корисникот кон она што го бара.
Погрешната информација, непрофесионалниот пристап на библиотекарот во
исполнувањето на корисничкото барање е само губење време и енергија од двете
страни, создавање чувство на корисничка инфериорност и недоверба, што на крајот
дава негативни решенија во програмската ефективност. Лидија Сабљак во
„Библиотерапија во посебни библиотечни програми за поттикнување на читањето“ вели
дека библиотечните програми за поттикнување на читањето го промовираат читањето
како темелна јазична дејност која ги придвижува иновативните и емоционалните
процеси и ги развива читателските вештини. Авторката наведува дека библиотерапијата
во својата суштина претставува планирано и методолошки подготвено користење на
одбрани текстови со терапевтски влијанија и цели. Во зависност од целната корисничка
група со посебни потреби, треба да се одбере текст соодветен на потребите на групата
кој ќе се обработува, а корисниците лесно и брзо ќе го прифатат и ќе го разберат.
Активноста читање и работа на текстот може да биде проследена со соодветна музичка
подлога, за време на процесот или пред самата активност.
Програми за информациско описменување
Информациската писменост претставува согледување на потребата за
информации, поседување вештина како да се пронајдат вистинските, да се проценат и
најдобро да се искористат најновите информации кои се на располагање за да се реши
некој проблем или да се донесе каква било одлука. Програмата за информациска
писменост кај сите лица, групи, а посебно корисничките групи со посебни потреби
треба да биде насочена кон развој на основите на писменоста (читање, пишување и
интерпретирање на текстови), користење библиотечни каталози, збирки, како и онлајн
пристап до дигиталните библиотечни збирки, пребарување извори на информации,
4UNESCO Education Sector Position Paper: 13. 2004.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
8
селекција и организација на релевантни информации, примена на информации во
конкретни случаи, користење релевантни уреди (таблети, паметни телефони,
компјутери, печатачи, скенери), пристап и користење интернет итн. Информациската
писменост треба да се примени кај сите „посебни“ кориснички групи, од најмала до
најстара возраст. Притоа, мораме да нагласиме дека библиотечните програми за овие
кориснички категории мора да го опфатат користењето онлајн каталози кои ќе ги
насочат корисниците кон брз и едноставен начин на пребарување на своите кориснички
информации. Оттука, библиотекарот треба да е стручно обучен за да им ги пренесе
своите знаења (библиографски инструкции) на корисниците, со што корисникот се
обучува за лесен пристап до информации во библиотеката и во која било установа која
е потенцијален извор на информации.5
Користена литература:
1. IFLA-ine smjernice za narodne knjižnice, uredile Christie Koontz i Barbara Gubbin
(Zagreb: Hrvatsko knjižničarsko društvo, 2011)
2. Renić, Zorka. „Biblioterapija I muzikoterapija, prikazprojekta“. U: 8. Međunarodni stručni
skup knjižnica – središte znanja I zabave. Uredila Frida Bišćan, 83 – 90. Karlovac-Novo
Mesto: Gradska knjižnica „I.G. Kovačić“ –Knjižnica Miranajarca, 2014.
3. Sečić, Dora. Informacijska služba u knjižnici. Lokve: Benja, 2006.
4. https://balkansmedia.org/mk/korisni-savjeti-i-alati/marginalizirani-grupi-da-se-zboruva-so-
dusha
5. https://www.laguna.rs/laguna-bukmarker-biblioterapija
Apstract
In libraries we recognize different groups of users and different user needs. It
encouraged me to try to identify the specific groups of users and their needs, to point out some
of the educational programs in the libraries for special groups of users, socially marginalized
communities, the ways of implementing the mentioned programs, as well as their inclusion in
the world of information. The purpose of this paper is to point out the special user needs and
to contribute to the equal inclusion of all users in the educational programs in libraries. At the
same time, I want to encourage thinking about human rights, their promotion through active
participation of the library in the community, as well as the importance of including and
developing educational programs, programs and activities that promote reading for
marginalized communities.
Keywords: libraries, users, marginalized communities, educational programs,
information, community.
5https://www.laguna.rs/laguna-bukmarker-biblioterapija
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
9
БИБЛИОТЕКИТЕ КАКО ИНСТРУМЕНТ НА КУЛТУРНИ МЕТОДИ
(стручен труд)
Анета Велкоска, стручен соработник-библиотекар
ООУ,,Кирил Пејчиновиќ“ – Скопје
(aneta.7.atena@gmail.com)
Маја Трајковиќ, магистер по менаџмент во образованието, стручен соработник-библиотекар
ООУ,,Невена Георгиева Дуња“ – Скопје
(m_trajkovicka@yahoo.com)
Апстракт
Библиотеките претставуваат универзални инструменти преку кои се
одразуваат сите уметности запишани во историскиот учебник на светот.
Библиотекарството ги опфаќа сите предмети на изучување, тргнувајќи од
задолжителните па сè до слободната литература. Библиотеката е налик на дрво
кое се распространува преку безброј разновидни гранки на културата
(литературата, театарот, музиката, сликарството, спортот, интердисципли-
нарноста, мултимедијата и науката), трансформирајќи ги во плодови достапни за
консумација на читателската публика. Библиотеките се оквалификувани како
компетентни алатки во процесот на подготовка на настани со културен печат
(работилници, литературни читања, промоции, предавања, трибини, дебати,
средби со дејци од областа на културата и образованието, конкурси, изложби,
саеми, библиотекарски акции) со цел да се подигне интелектуалната свест,
почнувајќи од најмладата читателска публика (учениците од основните и средните
училишта) сѐ до највозрасните корисници на библиотечните услуги. Библиотеката
како поим за трајно орудие непрекинато истражува во рудникот на културата
постојано измислувајќи нови, модерни и автентични методи за презентирање на
нејзиното величество ‒ книгата пред светската сцена каде што со грст критики ја
пречекуваат почитувачите на книгата. Во овој научен труд ќе ви ги претставиме
иновативните инструменти за влегување во библиотекарските ризници,
претворајќи ги знаењата во непроценливи богатства.
Клучни зборови: инструмент, култура, методи, библиотека, креирање,
интелектуална свест, истражување, знаење, читатели.
Вовед
Библиотеките како инструмент на културни методи секојдневно влегуваат
во новата ера на светската глобализација на информациите и информациските
системи, дигитализација на материјали и многу други активности кои секојдневно
минуваат низ процесот на модернизација. Библиотеките се главните инструменти
и во современите тенденции во образованието и се во кореспонденција со новите
текови во културата. Тие се директно вклучени во развојот на информатичкото
општество и секогаш овозможуваат современи трендови во работењето на
библиотечната теорија и практика.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
10
Библиотеките како инструменти (писмото е мост помеѓу старото и новото
време)
Б – Библиотеките како инструменти се во тесна врска со палеографијата, која се
смета за помошен инструмент на историската наука и се занимава со точно читање на
ракописите, одредување на староста, видот и местото, како и настанокот на писмото.
Иновативните инструменти ја наоѓаат својата основа во постојаното усовршување на
библиотекарската работа најпрво заради стекнување стручно знаење, а потоа за негова
примена во ослислувањето настани во рамките на библиотекарските програми и
планови. Уште од најстари времиња, писмото како прв предок на библиотеките имало
своевидна креативност, служејќи како инструмент на разбирање и како основа за
културни методи.
Информациите денес (цртежот се претвора во стикер)
И – Информациите денес се олицетворение на совршената услужна дејност на
библиотеките така што влечат корени од најстарите развиени начини на запишување на
човековите мисли. Еден од тие начини се ,,кипуи“, или пишување со врзување јазли, со
помош на кои биле напишани цели уметнички дела, а друг начин се ,,рабушите“, или
пишување со рецки на парче дрво или белешки со пресметки.
Пиктограмите или ,,приказните во слики“ означувале збор, реченица, мисла,
порака па дури и приказна, денес тоа е задача на новиот интернетски јазик кој се служи
со стикери и скратеници. Најголемо влијание во светот имале сликовните писма на
индијанските племиња, кинеското писмо, клинестото, египетското и критското писмо.
Грчкото писмо имало повеќе варијанти, унцијално писмо, пишување само со големи
букви (од кое потекнува кирилицата) и поедноставна форма, курзивно писмо (од кое
потекнува глаголицата). Почетоците на словенското писмо се поврзани со браќата
Кирил и Методиј во средината на 19 век. Плодниот развој во библиотекарството
минувал низ разни услужни етапи, а денес модерен чин на услуга и достапност е
интерактивноста, читањето преку игра, учењето преку забава, изработката на проекти
во групи, разработки на лектири и дела преку цртање и одржување работилници,
истражување и учење преку онлајн книги и учебници, скрипти и електронски
енциклопедии.
Богатството и изобилството од културни методи (од коска и камен до книга и
компјутер)
Б – Богатството и изобилството од културни методи со кои денес располагаат
библиотеките од земјава и од светот во минатото биле запишувани на секакви
материјали и низ времето се трансформирале во најсилен крик на модернизацијата. Од
коска и камен до книга и компјутер. Во минатото важело правилото да се креира и да се
искористи од тоа што го дала и го овозможила природата, а денес постои правилото
дека се ползува тоа што секојдневно го измислува човекот. Доколку денес со едно
кликнување на копчето од тастатурата отвораме цел свет со книги, виртуелни
библиотеки со неограничен број податоци и информации на почетокот на новата ера за
да се напише каква било мисла, најпрво требало да се сомеле кора од дрво, стари крпи и
рибарски мрежи, да се додаде вода и вар и да се остави врз сито од свилени конци
растегнати меѓу бамбусова трска, подоцна премачкувајќи ги со лепило и мазнејќи ги со
слонова коска или школка. Културните методи на денешните современи библиотеки им
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
11
овозможуваат бескраен универзум на дејствување и креирање, достапен за миг во
секој дел од планетата Земја, до секој човек кој сака да чита, истражува, пишува.
Лесно е денес, во современиот свет (виртуелните библиотеки доаѓаат)
Л – Лесно е денес, во современиот свет, со еден прст да поминеш преку
паметните модерни телефони, таблети или компјутери и пред тебе да се отвори
виртуелна библиотека од која ќе користиш каква информација и да посакаш, ќе
пребаруваш, ќе читаш, ќе пишуваш коментари и ќе користиш секакви
информации што светската наука бесплатно ти ги оставила во наследство. Во
минатото за да напишеш нешто врз материјалите наменети за пишување морало
најпрво да набавиш средства за пишување. Такви средства за пишување биле:
бојата, матални шипки, цевчиња од трска, перца од птици, а подоцна наливни
пера, тушеви, креда, дрвени боици. Со откривањето на графитот почнале да се
прават моливи, а во 1867 година е пронајдена машината за пишување.
Историјата на настанувањето на библиотеките (складишта на книги со
безгранично знаење)
И – Историјата на настанувањето на библиотеките датира уште од
средниот век. Најголемата библиотека била Александриската библиотека од
Египет, најголемото складиште на знаење во тогашниот свет, претпоставувајќи
дека располагала со библиотечен фонд до 700 000 книги. Во денешно време
постојат библиотеки со милионски библиотечен фонд, достапен и физички за
корисниците, но секако и во електронска форма, нудејќи модерни начини на
достапност и користење на светското книжевно и научно богатство.
Ориенталните библиотеки (постојат тајни книги во светот)
О – Ориенталните библиотеки биле третирани како тајни скривалишта на
богати знаења што им биле достапни само на одбрани луѓе, додека библиотеките
во Стара Грција им биле достапни на широките народни маси. Постоеле и тајни
книги со извонредни знаења кои биле криени и поседувани само од одбран мал
круг на луѓе. Библиотеките од средниот век биле составен дел од црквите преку
кои истовремено се ширеле и христијанството и писменоста. Подоцна
библиотеките се најважен дел од училиштата, факултетите и универзитетите.
Терминот библиотека значи збирка книги (библиотеката е дом на
книгата)
Т – Терминот библиотека значи збирка книги. Библиотеките како
инструменти на услужната дејност за читателите имаат задача да вршат
комплетирање и одржување на библиотечната граѓа, обработка според правила и
стандарди, чување и примена на соодветни заштитни мерки, информативна
дејност, достапност до фондовите и секако креативност и иновативност.
Библиотеките можат да бидат научни (национални и универзитетски), народни,
специјализирани, високошколски и училишни. Домовите на книгите стануваат и
домови на културните и образовани луѓе кои сакаат да се усовршуваат, да имаат
свое катче во читалницата каде што ќе читаат, ќе истражуваат, ќе слушаат музика,
но и место за социјална интеракција каде што ќе можат да запознаат нови луѓе и
да се дружат, разменувајќи знаења и идеи. Библиотеките треба да им бидат
омилени места на младите каде што ќе имаат простор за изразување и ќе ги
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
12
сметаат за свои места каде што секогаш се добредојдени и сигурни.
Елементарниот библиотечен материјал (целиот свет собран во книга)
Е – Елементарниот библиотечен материјал што го поседува секоја библиотека
претставува своевиден инструмент на културни методи, создавајќи своја културна
реалност и традиција на функционирање и нижење успеси. Тоа значи дека
библиотеките покрај тоа што се ризници на книги, материјали, учебници и
дополнителни информативни средства, тие се и двигатели на културата на мало и на
големо поле. Тие се носители на културни квалитети, создавајќи разни културни
настани како: литературни и поетски средби, промоции на книги, разговори со
писатели, одбележување културни манифестации на разни теми, организирање
натпревари за најдобри читачи, отворање конкурси за разни уметности (поезија, проза,
драма, цртежи, фотографии, филм и др.), организирање саеми за книги и многу други
културни настани во чиј центар е книгата и инспирацијата за создавање дело.
Колективната интелектуална свест (читачите се стилисти на библиотеките)
К – Колективната интелектуална свест во светот ја има основата од
библиотечните ходници на својата долгогодишна истражувачка дејност. Секој читач
воедно е и истражувач. Читачите се своевидни стилисти на библиотеките и искрени
модули за нивна промена кон подобро. Секој интелектуален ум е редовен читач и
истражувач во сферата на модерните текови. Печатените материјали не се веќе
интересни за новите генерации, но затоа дигиталните библиотеки се прифатени и се
ставени на прво место во развојниот план на библиотеките. Посветениот библиотекар
во една идна модерна библиотека треба да биде високообразован и да има сестрани
знаења и голем мотив за напредување и промени во волшебниот свет на
библиотекарството. Целокупното човечко знаење и умеење е поделено во 10, односно 9
групи (од 0 до 10), а понатаму секоја група има свои подгрупи, во зависност од
развитокот на соодветната група.
Азбуката на една БИБЛИОТЕКА (на почетокот беше зборот)
А – Азбуката на една БИБЛИОТЕКА е клучниот концепт на јазикот што го
зборува знаењето од таа установа и неговата достапност до корисниците и вљубениците
на пишаниот збор. Современото библиотечно работење, како и информациските науки
се засноваат на хиерархиска шематска структура за олеснување на процесот на
достапност до различните знаења. На почетокот беше зборот, а потоа дојде книгата, а
со книгата се создаде и библиотеката. Читачот отсекогаш беше тука и чекаше.
Библиотекарот е мостот помеѓу сите нив.
Заклучок
Мисијата на библиотеките е да го следи модерното светско сценарио, да ги
почитува меѓународните стандарди за квалитет и да управува со новите трендови кои се
на листата од барања на читателската публика. Интернетот ги менува можностите за
комуникација на библиотеките, а предизвиците овозможуваат плоден развој на
функцијата библиотекар, којшто е главниот лик во афирмативното вреднување и
менување на библиотеките. Библиотекарите на иднината како единствени ракувачи со
инструментот библиотека и создавачи на нови модерни начини на функционирање,
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
13
постојано треба да бидат отворени за нови идеи и модерни текови, промени, но да
ги зачуваат притоа основните правила и законитости на работењето на една
библиотечна установа. Библиотекарот како застапник за знаење, писменост,
учење, разум, демократија и најважно интелектуална слобода, остварувајќи ја
визијата да го окупира, секако позитивно, слободното време на заробениот
модерен човек.
Библиотеките како инструмент на културни методи влегуваат од ден во ден
во еден нов непознат, но волшебен простор. Хартиената форма никогаш не би ја
изгубила својата историска вредност, а новата дигитална форма нуди
неограниченост, па така и двете форми не се исклучуваат ниту, пак, се
натпреваруваат меѓусебно, туку напротив на различен начин ја збогатуваат
функционалноста на библиотеката како поим за знаење и збир од книги. Моќниот
триаголник: библиотека – книга – читател е вечен концепт преку кој се отсликува
смислата на постоењето на човекот и постојаната потрага по среќа во животот.
Користена литература
1. Благој Н. Николов; Гордана Пешевска; Дијана Кирова (2018) –
БИБЛИОТЕКАРСТВО (прирачник за подготовка на кандидати за натпреварот ,,Млади
библиотекари“) – Библиотекарско здружение на Македонија, Скопје
2. Силвана Јакимова; Радослав Љубиќ (2020) – Универзална децимална класификација
(УДК прирачник) – Градска библиотека ,,Браќа Миладиновци“ - Скопје
3. Gorman Mајкl (2006) – Postojana knjiznica – Hrvatsko knizarsko drustvo, Zagreb
Abstract
Libraries are universal instruments through which all the arts written in the history
textbook of the world are reflected. Librarianship covers all subjects of study, from
compulsory to free literature. The library is like a tree that spreads through countless
different branches of culture (literature, theater, music, painting, sports,
interdisciplinarity, multimedia and science), transforming them into fruits available for
the consumption of the readership. Libraries are qualified as competent tools in the
process of creating cultural stamp events (workshops, literary readings, promotions,
lectures, debates, debates, meetings with cultural and educational figures, competitions,
exhibitions, fairs, library actions) with the aim of to raise intellectual awareness, starting
from the youngest readership (students from primary and secondary schools) to the
oldest users of library services. The library, as a notion of a permanent tool, is
constantly exploring the mine of culture, constantly inventing new, modern and
authentic methods in order to present its majesty - the book in front of the world stage,
where it is greeted by a handful of critics. In this scientific paper we will introduce you
to the innovative instruments for entering the library treasuries, turning knowledge into
invaluable treasures.
Keywords: instrument, culture, methods, library, creation, intellectual
awareness, research, knowledge, readers.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
14
МЕТОДИ ЗА СИСТЕМСКО УПРАВУВАЊЕ КОИ ПОМАГААТ ЗА
ПОУСПЕШЕН МЕНАЏМЕНТ
(стручен труд)
м-р Аница Глигорова Милева
ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ – Струмица
(a.mileva@yahoo.com)
Апстракт
Библиотекарите се свесни дека успехот во работата треба да се темели на
иновативни, квалитетни, брзи, флексибилни, сигурни и достапни услуги во секое време.
За исполнување на овие карактеристики од клучно значење е управувањето со
библиотечната работа во време на брза глобална, економска и дигитална
трансформација. Затоа ни се потребни методи за анализа и системско управување кои
ќе помогнат за поуспешно да се воспостави долгорочна стратегија фокусирана на
унапредување на работата на библиотеките, за да дознаеме како да ги задоволиме
потребите на нашите корисници на побрз и поефикасен начин со примена на стандарди.
Клучни зборови: библиотека, системско управување, показатели,
стандардизација, методи и анализа.
Вовед
Менаџментот е процес на создавање визија, поставување цели и стратегии, како и
начини за постигнување на тие цели.
За успешно менаџирање, од една страна, се човечките ресурси, од друга страна, се
сите други ресурси – книги, опрема за работа, средства, финансирање и од трета страна,
е утврдувањето системско управување за успешно работење.
Стратегиското управување во библиотеките треба да се состои од три основни
фази:
- стратегиска анализа (анализа на надворешните и внатрешните деловни фактори),
- стратегиско планирање (избор на стратегиски насоки и развој на акциски план),
- следење и евалуација.
За функционирање на менаџментот може да ги наведеме методите кои најчесто се
користат во производството, но се исто така применливи и при менаџирањето со
општествените дејности.
За остварување на зададените цели, најважно е следењето на главните показатели,
кои прво се утврдуваат со квалитетна анализа за да се воспостават. Со нив, од една
страна, ќе се следи квалитетот, а од друга страна ќе се насочи библиотеката кон
остварување на точно утврдените цели кои си ги има зададено. При утврдувањето на
тие показатели се разграничува кои од нив се следат на дневно/неделно, месечно и
годишно ниво.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
15
Овие показатели може да бидат: набавка на книги, број на читатели, број на
издадени книги, посети во библиотеката, статистика на одредени параметри по години
и др.
Преку следење на показателите се подобрува ефикасноста, брзината на давање
услуги, планирање на работите однапред, за да може преку показателите да се увиди
каде се греши и што понатаму.
Методи за системско управување
Методи за системско управување кои помагаат за поуспешен менаџмент и за
унапредување на функцијата на системот (начинот на работа) веќе подолго време се
користат во библиотеките во САД и Азија. Овде ќе ги спомнеме само „каизен“ и „шест
сигма“.
Терминот „каизен“ значи „унапредување“ или „промена на подобро“ и е збор
усвоен од јапонскиот јазик кој се однесува на филозофија или практика насочена кон
постојано унапредување на работата и мотивирање на вработените за креативно
решавање на проблемите на работното место.
Основата на методот „каизен“ се состои од пет клучни елементи:
сеири ‘точност’;
сејтон ‘со цел’;
сеисо ‘подреденост’;
сејкетсу ‘стандардизација’;
шицуке ‘дисциплина’.
„Каизен“ се заснова на следниве принципи:
1. Добрите процеси носат добри резултати.
2. Управување со факти и собирање податоци.
3. Анализирање на моменталната ситуација и барање на проблемот.
4. Преземање акција за да се отстранат основните причини за проблемите.
5. Тимска работа.
Најважната карактеристика на „каизен“ е дека големите резултати доаѓаат од
многу мали промени акумулирани со текот на времето.
Придобивки од „каизен“ за библиотеката се:
- имплементирање стандарди од производството;
- унапредување на квалитетот на услугите на повисоко ниво и коригирање
одредени грешки;
- пониски трошоци и економска корист;
- ефикасно воведување нови методи;
- управување со квалитетот преку алатки кои носат задоволство на корисниците;
- зголемен број читатели;
- зголемена посетеност на библиотеката.
„Каизен“, исто така, може да доведе до унапредување на меѓучовечките односи
вклучително и подобра комуникација меѓу вработените.
За да траат унапредувањата, тие мора да бидат стандардизирани и повторливи.
Стандардизирањето на работата е од клучно значење за „каизен“ бидејќи создава
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
16
основа за унапредување. Кога се прави унапредување на некоја услуга или процес, од
суштинско значење е да се документира новата стандардна работа со цел да се одржат
унапредувањата. Стандардната работа, исто така, ја намалува варијабилноста во
процесите и промовира дисциплина, што е од суштинско значење за напорите за
постојано унапредување.
„Каизен“ го вклучува секој вработен во правење мали, дневни промени.
Користејќи го знаењето од секој вработен, овој метод ги идентификува проблемите врз
основа на нивниот извор, ги решава и ги менува стандардите за да обезбеди трајно
решавање на проблемите.
Принципите на „каизен“ и нивното влијание врз работата на библиотеката:
- Фокусирање врз корисниците и постојано унапредување на услугите.
- Промовирање отвореност и управување со факти.
- Создавање работни тимови за утврдување на моменталната ситуацијата.
- Функционално управување со проектите бидејќи добриот процес носи добри
резултати.
- Признавање на проблемите и преземање акција за отстранување на причините за
проблемите.
„Каизен“ е систем кој го вклучува секој вработен. Сите се охрабруваат редовно да
даваат предлози за унапредување. Ова не е активност еднаш месечно или еднаш
годишно. Тоа е постојано. Предлозите од вработените треба да се запишуваат, да се
разгледуваат, да се споделуваат и да се применуваат.
„Каизен“ обезбедува ефективна комуникација помеѓу раководителот,
раководството и библиотекарот. Со овој метод се акцентира прашањето „што не е во
ред“, а не „кој погрешил“ поттикнувајќи тимска работа и лична дисциплина. Со
„каизен“ вработените ќе чувствуваат помалку стрес и ќе се позадоволни, мотивирани и
наградени.
„Каизен“ помага во поставувањето реални и остварливи цели. Целите можат да
бидат: нови услуги што треба да се обезбедат, начин на обезбедување на тие услуги,
обука на корисниците, анкета на корисниците, достапност на инфраструктура за
искористување на информациите итн.
Мерење на тековните процеси со собирање различни видови податоци и со
подготовка на табели за статистика.
На пр. зошто некои книги се повеќе барани, што се причините за недоволна
заинтересираност за искористување други извори на информации?
Треба да се изврши процена и да се извлечат информации за застареност,
недоволна афирмација, ставени на несоодветно место, збирката да биде визуелно
привлечна, популарни наслови, дуплирање наслови, возраста и состојбата на книгите,
рекламирањето, покриеноста и влијанието врз корисници преку социјалните мрежи.
Стратегиски план за следење на трендовите и промените во библиотечните процеси на
оние области врз кои може да има најголемо влијание.
Методот „шест сигма“ е применлив во библиотеките за преглед на различни
аспекти при спроведувањето процес на евалуација за ефикасно управување со знаењето.
Исто така, има за цел да воспостави информациска инфраструктура и безбедна
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
17
конкурентност на услугите. Помага да се примени научно и систематско надградување
или стратегија за да се има подобар квалитет на услугата и да се задоволат потребите на
корисниците. Исто така, помага да се дознаат недостатоците во работењето и изнаоѓање
решенија преку воведување иновации. Овој метод го следи управувањето на
менаџментот и статистичките методи за процена на квалитетот и решавање на
проблемите.
Принципите на „шест сигма“ и нивното влијание врз работата на
библиотеката:
- Помага да се постигнат потребите и барањата на корисниците преку постојаните
напори на вработените.
- Се постигнуваат краткорочни, а не долгорочни цели.
- Помага да се подобри квалитетот на работата.
- „Шест сигма“ го води вработениот да работи паметно наместо да работи
напорно.
- Наградување на вработените за добро изработен и спроведен проект кој ќе
придонесе за унапредување на услугите во библиотеката.
Анализата од „шест сигма“ може да се посвети на кој било елемент од
библиотечното работење ‒ набавка, каталогизација, зајмување, услуга и активностите
ориентирани кон клиентите.
Користена литература:
1. Боландер, Џ. 2011. „Управување со човечки ресурси“, Кочани
2. Котлер, Ф. 2009. „Маркетинг менаџмент“, Скопје
3. Абел, Е. 2009. „Макроекономија“, Скопје
4. Jones, Gareth R. 2008. „Современ менаџмент“, Скопје
5. https://www.researchgate.net/publication/264196940_Six_Sigma_With_Reference_to_Libr
ary (пристапено на 20.10.2021)
6. https://archive.ifla.org/IV/ifla72/papers/146-Kim-en.pdf (пристапено на 20.10.2021)
7. http://www.tjprc.org/publishpapers/--1466066243-1.%20Library%20Sci%20-
%20IJLSR%20%20Implementation%20of%20Six%20%E2%80%93Sigma%20in%20Acade
mic%20%20-%20Abhijit%20Chakrabarti%20(1).Pdf(пристапено на 22.10.2021)
8. https://slidetodoc.com/a-swot-analysis-of-university-library-and-
recommendation/(пристапено на 22.10.2021)
9. http://www.bas.edu.mk/dl/zborniciSimpozium/4Simpozium_BAS.pdf (пристапено на
22.10.2021)
10. https://www.miala.org/docs/Improving_and_Sustaining_Libraries_using_the_Lean_Philo
sophy.pdf (пристапено на 23.10.2021)
Summary
All these analyzes and methods should lead to the following division: how to establish a
long-term strategy focused on a specific goal - improving the work of libraries through:
1. Setting clear, measurable and achievable teamwork;
2. Identifying the risks for achieving the goal (defining the problems);
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
18
3. Defining costs and resources;
4. Application of lessons learned;
5. Developing responsibility through individual goals and tasks that are aligned with the
team goal;
6. Contingencies.
Keywords: Kaizen and Six Sigma principles, effective communication between
manager, management and librarian.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
19
КАКО ДО ПОДОБАР МЕНАЏМЕНТ ВО БИБЛИОТЕКИТЕ НА РСМ
(стручен труд)
Билјана Аџиовска-Панџарова, библиотекар
Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје
(biljana.adziovska@gmail.com)
Апстракт
Значењето на библиотеката во текот на изминатите векови има поминато долг пат,
од нејзиното оргинално етимолошко значење како „колекција на книги“, до нејзиното
денешно значење како колекција на многу разновидни информациски ресурси во
современа смисла на зборот. Свеснa за брзиот технолошки развој, библиотеката добива
префикс современа или библиотека на новото време заради што се врши редефинирање
на поимот библиотека.
Целта на овој труд е да се разгледаат аспектите на менаџментот во библиотеките
за да се утврдат потребните организациски, комуникациски предуслови за постојано
унапредување и осовременување на работата на библиотеката, со цел да ги
заинтересира корисниците да ја користат библиотеката и со тоа да бидат исполнети
нивните потреби и очекувања. Во продолжение на трудот ќе опишам на кој начин ќе
биде постигнат подобар менаџмент во библиотеките на РСМ, додека функциите на
управување со библиотеките нема да бидат предмет на овој труд.
Како креативен и флексибилен простор, библиотеките на иднината ќе ги
задоволуваат потребите на дигиталните корисници, а истовремено ќе ги надградуваат
традиционалните пребарувања на корисниците на печатените ресурси и ќе останат
тивко место за читање.
Затоа е неминовен нов современ пристап во развојот на библиотечната дејност врз
основа на потребите и интересите на корисниците како што е осовременување со
развивање и спроведување нови програми и информациски услови, во согласност со
окружувањето. Квалитетот на библиотеките веќе не се мери во „метри полици или
книги“, туку пред сѐ во квалитетот на дадени услуги.
Клучни зборови: библиотеки, менаџмент на библиотеки, визија за
библиотеките
Библиотеките и „новото време“
Библиотеката не треба да биде само „храм“ на културата, таа мора да биде
едукативно-воспитен центар, емитувач на информации за своите корисници, место каде
што младиот човек читајќи книги ќе го апсорбира знаењето во себе. А, за да ја оствари
библиотеката својата мисија, мора да има силна поткрепа зад себе, државата, која преку
своите механизми коишто ги има на располагање ќе ги испочитува нормите кое едно
современо општество мора да ги исполни кон ваквите институции.
„Јака“ библиотека, во вистинската смисла на зборот значи богата библиотечна
понуда: понуда на разновидна книжевна (научна литература, белетристика, детска
литература и др.), широка лепеза библиотечни проекти и програми за сите возрасти,
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
20
бесконечност на информации од разни области, пристап до компјутерско-
информациската технологија, активно учество на корисниците во одредени
библиотечни процеси итн. Зад сите овие активности стои стручноста, високата
професионалност, етичноста на библиотекарите, нивната постојана подготвеност за
осмислување нови содржини за своите корисници.
Промените, квалитетот, флексибилноста, постојаната иновација и револуција во
развојот на работењето, способноста на менаџментот да управува со таквите процеси со
примена на соодветен формален систем на управување, но и интуитивните способности
на менаџментот се главната лозинка за подобар менаџмент во библиотеките.
За да биде препознатлива библиотеката во такви услови, таа во својата структура
мора да вгради: управување со промените и способност да се создаде нешто ново, а тоа
бара во нејзиното ткиво да бидат вградени следниве системски практики: (1) секоја
библиотека бара постојано унапредување на сѐ што работи и (2) секоја библиотека мора
да научи дека иновацијата може и треба да се организира како системски процес. Како
одговор на забрзаните промени од менаџерите на библиотеките се бара да поседуваат
способност за осмислување визија, мисија, цели, политики и стратегија и нивно
спроведување, на тој начин се постигнува значително поголема општа вредност за
корисниците.
Процесот на менаџмент во библиотеките треба да ги содржи следниве активности:
планирање ‒ насочено кон осмислување и спроведување краткорочни, среднорочни и
долгорочни планови; организирање, односно осмислување и воведување соодветна
работна структура заради извршување на целите на библиотеките; водење, односно
управување со човечките ресурси, со акцент на лидерството, професионализација и
мотивација и контролирање, односно утврдување дали се постигнати целите,
евалуација, контрола на квалитетот на работата и услугите, мерење на резултатите и
корективна акција на унапредување. Библиотеките треба да станат помудри и поупорни
во своите напори за подигнување на нивниот углед во општеството, со смислено
планирање треба да обезбедат квалитетни служби, кадри и услуги за своите корисници
и што е можно повеќе да влијаат врз перцепцијата за потребата од такви услуги и
сервиси.
Како до подобар манеџмент на библиотеките?
Во однос на прашањето како до подобар менаџмент на библиотеките, сакам да
посочам дека многу библиотеки во светот веќе се препознаваат во визијата на
таканаречените паметни градови. Парадигмата на паметен град во светот не е нова,
туку таа во поинакви облици и синтагми била присутна и порано, пред сѐ во
најразвиените земји во светот, засновајќи се на искуствата за одржлив развој на
градовите преку иновација на полето на образованието, културата, управувањето со
градовите и развој на концептот на современо општество. Она што се очекува од
библиотеките е да заземат проактивна улога во урбаната регенерација и
трансформација на градовите, како и активен придонес и одржлив развој на заедницата
на која ѝ служат. Како пример за предводници на идејата за вклучување во концептот
на паметни градови ќе ги споменам библиотеките во Сингапур. Развојот на
сингапурските библиотеки го следел примерот на британскиот колонијален модел сѐ до
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
21
планот за модернизација на државата од крајот на 1950-тата година. Тогаш започнало
планирањето и изградбата на сателитски градови во кои постепено се основани
библиотекарски ограноци како подружници на Националната библиотека и се
покренати и услуги за мобилна библиотека.
До 2002 година во Сингапур се отворени девет библиотеки сместени во трговски
центри. Во 2013 година во рамките на јавната библиотека е отворена прва детска зелена
библиотека во светот, а подоцна со трансформацијата на сингапурските јавни
библиотеки во рамките на стратегискиот план Иднина на библиотеките, кој се темели
на националниот стратегиски план Паметна нација Сингапур, во периодот од 2014
година до 2019 година, се добиваат дури осум редизајнирани или повторно отворени
библиотеки како што е повторното отворање на библиотеката „Чоа чу канг“ со
хидропонски простори, прва библиотека во Сингапур со внатрешна градина.
Слика I. Библиотека „Чоа чу канг“ во Сингапур
Исто така, „Чоа чу канг“ е првата библиотека посветена на одржливост:
„Веројатно една од ретките на глобално ниво“, вели министерката за комуникации и
информации, Жозефин Teo на промотивното отворање на библиотеката во октомври
2021 година. Со поддршка на општествената инклузија на граѓаните, бројните програми
и проекти со кои се поттикнува и се развива дигиталната писменост на сите корисници,
сингапурските библиотеките воведуваат низа дигитални иновации во работењето на
библиотеките како на пример паметни картички со дигитален идентитет, е-плаќање,
платформа на сензори и сигурност во кибернетичкиот простор, надзор на движењето на
корисниците и библиотечниот материјал, роботика за автоматизирано сортирање на
материјалот.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
22
Инвестирање во иднината: Европски пример на развој и менаџмент на
библиотеките во Скандинавија
Културата на читање, книги и библиотеки во земјите од Скандинавија се на
најголем степен на развој во Европа. Прогресивниот културен развој е заснован на
единствениот однос на државните институции кон образованието и библиотеките.
Постојаниот развој на комуникациските системи укажува на потребата за проширување
на услугите на библиотеките, но и покрај интернетот, социјалните мрежи и мобилните
телефони, во повеќето скандинавски домови и понатаму се чита. Библиотеките се
модерни, современо опремени, инспиративни и често посетени. Фондовите на
библиотеките се богати не само со белетристика, туку и со стручна литература,
филмови, стрипови, специјални збирки, музика и друго. Книгите обично се резервираат
онлајн, секоја членска книшка поседува баркод, што овозможува резервација на
книгите и продолжување на рокот за враќање преку интеренет. Скандинавските
библиотеки се специфични и по исклучителните архитектонски решенија. Во новиот
милениум тие добиваат карактер на мултифункционални, културни, информативни и
истражувачки центри. Јавните библиотеки се арена на распространување на културата и
писменоста и во последните години доживуваат бројни предизвици коишто може да ги
преживеат само со иновација во работењето, добар менаџмент, широк пристап до
знаење и образование неопходни за развој на заедницата.
Данската дигитална библиотека е сервис кој е развиен на основа на многу
дигитални бази на јавни библиотеки. Данските библиотеки се позитивен пример како
може најсовремената информациска технологија да се користи во процесот на
унапредување на заедницата. Како интересен пример од практиката ќе ја издвојам
најновата јавна библиотека во Копенхаген отворена во мај 2012 година во округот
Орестад. Библиотеката функционира како културен центар и е иновативна од повеќе
причини, на влезот од зградата се наоѓа голем екран осетлив на допир, преку кој
корисникот доаѓа до сите информации за активностите и понудите на библиотеката.
Оваа земја ја зедов како пример не само заради високоразвиената библиотечно-
информациска активност, туку и поради вкупната општествено-економска клима која
го обезбедува развојот на таквиот систем. Сето ова е постигнато благодарение на
високата позиција која ја имаат библиотеките во културната политика.
Библиотеките во Македонија: Визија за 2022 година
Библиотеките се катализатор за промени, олеснување на социјалниот,
економскиот и културниот развој и поддршка на заедницата да ги искористи
предностите на можностите што ги дава едно модерно и современо општество. Визијата
за библиотеките во 2022 година – инспирирање, поврзување и зајакнување на
заедницата е секако амбициозна визија за развој на услугите и менаџмент на
библиотеките. Со појавата на технолошките и услужните иновации во последните
години, се препорачува да се посвети поголемо внимание на унапредувањето на
пристапот, користењето и визуелноста на библиотеките и нивно воспоставување како
место за избор на низа одржливи, интегрирани, јавно достапни услуги. Додека на
библиотеката се гледа како на суштинска услуга кон заедницата, се соочуваме со
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
23
предизвикот на премостување на јазот помеѓу перцепцијата на јавноста за
важноста на библиотеките и нивното актуелно користење.
Заклучок
Со оглед на дефиницијата за менаџментот, но и на скицираните насоки на
принципот на современ менаџмент за библиотеките, може да се заклучи дека
менаџментот во библиотеките разбран на овој начин претставува нов начин на
размислување. Под тоа се подразбира пред сѐ поставување прецизни, мерливи и
достижни цели, во чие спроведување е вклучена целата организација на библиотеките.
Секако, долгорочните планови коишто прозлегуваат од таквите цели треба да бидат во
интеракција со својата стратегија во однос на времето и просторот, можностите и
ограничувањата, предностите и недостатоците, односно реалниот контекст во кој се
наоѓаат библиотеките. Повеќе од кога било, денес библиотеките во Македонија мора да
се стремат кон исполнување на својата современа општествена мисија, за да го
оправдаат своето постоење пред заедницата којашто ги основа и ги финансира.
Користена литература
1. Gallacher, C. (2004). Managing Change in Library and Information Services. London:
Asib, The Association for Information Management and Information Management.
2. Shivraj, K.S., Ramakrishna, T.V. (2018). Library Management: A Manual.Vaddeswaram:
Central Library Koneru Lakshmaiah Education Foundation.
3. Stueart, R.D., Moran, B.B. (2007). Library and Information Center Management. London:
Libraries Unlimited.
4. Velasquez, D.L. (2013). Library management 101: A practical guide. United States:
American Library Association.
5. Government of Ireland. (2018). Our Public Libraries 2022: Inspiring, Connecting and
Empowering Communities.
6. Преземено Декември 2021 од https://www.gov.ie/en/publication/56d1d4-our-public-
libraries-2022-inspiring-connecting-and-empowering-commun/
7. Københavns bibliotek, About Copenhagen Libraries. Преземено Декември 2021 од
8. https://bibliotek.kk.dk/About
9. Ljiljana M. (2014). Divne skandinavske biblioteke. Прeземено Декември 2021 од
https://www.danas.rs/zivot/divne-skandinavske-biblioteke/. HYPERLINK
"https://www.danas.rs/zivot/divne-skandinavske-biblioteke/.html"html
10. Mothership, Choa Chu Kang library reopens with hydroponic room, first library in
S’pore with indoor garden. Преземено Декември 2021 од
11. https://mothership.sg/2021/10/choa-chu-kang-
library/?fbclid=IwAR2UgGGE9IPovp2SvIpcnbs35nojT3LZ7OdM0znFmP3QsCmGuC8xV9j
yNWE
Abstract
The meaning of the library over the past centuries has come a long way, from its
original etymological meaning as a "collection of books", to its modern meaning as a
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
24
collection of many diverse information resources in the modern sense of the word. Aware of
the rapid technological development, the library gets the prefix modern or library of the new
time due to which the term library is redefined. The purpose of this paper is to review the
aspects of library management in order to determine the necessary organizational,
communication prerequisites for continuous improvement and modernization of the library, in
order to interest users to use the library and thus meet their needs. and expectations. How will
better management be achieved in the libraries of RSM, I will describe in continuation of the
paper, while the functions of library management will not be the subject of this paper. As a
creative and flexible space, the libraries of the future will meet the needs of digital users,
while at the same time upgrading the traditional searches of users of print resources and will
remain a quiet place to read.
Therefore, a new modern approach is inevitable in the development of the library
activity based on the needs and interests of the users, such as modernization by developing
and implementing new programs and information conditions, in accordance with the
environment. The quality of libraries is no longer measured in "meters of shelves or books",
but primarily in the quality of services provided.
Keywords: libraries, library management, vision for libraries
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
25
НОВАТА ТЕХНОЛОШКА РЕВОЛУЦИЈА И ЈАВНИТЕ БИБЛИОТЕКИ –
ПРЕДИЗВИЦИ, ПРОБЛЕМИ И НОВИ ВИЗИИ
(стручен труд)
м-р Гордана Андреева, библиотекар-советник
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Скопје
(gordana.andreeva@gmail.com)
Апстракт
Целокупното човештво стои на работ на една технолошка револуција којашто
фундаментално ќе го промени начинот на живот, работа, како и начините на кои сме
поврзани едни со други. Големите светски умови кои будно ги следат сите овие
промени од најразлични аспекти – економски, социолошки, културолошки и слично,
предупредуваат дека по своето ниво, обем и сложеност, оваа трансформација нема да
биде слична на каква било промена што човечката раса веќе ја доживеала.
Оваа тема има за цел да ги воочи и да ги акцентира најважните аспекти на
влијанието на новата, четврта индустриска револуција во работењето на библиотеките,
сродните културни институци и целиот непрофитен сектор воопшто.
Четвртата индустриска револуција (4ИР) радикално ги трансформира улогите и
одговорностите на библиотекарите во различните видови библиотеки. Ова дигитално
време бара темелно преиспитување на улогата на библиотекарот во оваа „паметна ера“,
сѐ со цел да се зголемат и да се редефинираат компетенциите и вештините на
библиотекарите, за да може јасно да се осигури дека тие ќе обезбедат ефикасни услуги
за своите корисници кои имаат разновидни и динамични потреби за информации.
Каков ќе биде одговорот на библиотеките и библиотекарите на овие предизвици
сѐ уште е недоволно јасно, бидејќи библиотеките не претставуваат свет за себе во едно
општество. Меѓутоа едно е јасно, за да се обезбеди соодветна трансформација и
приспособување на ова бреме на „паметни алатки“ и „паметни процеси“, одговорот
мора да биде интегриран и сеопфатен, вклучувајќи ги сите актери како во државното
управување, така и целокупниот јавен и приватен сектор, па сѐ до академската фела и
граѓанското општество.
Клучни зборови: јавни библиотеки, технолошка револуција, дигитална доба,
индустриска револуција, паметни библиотеки, паметни градови
Вовед
Зборот „револуција“ доаѓа од латинскиот збор „revolutio“, што значи пресврт, а
терминот ја дефинира фундаменталната промена во моќта или организациските
структури што се случува во многу краток временски период. Многу револуции се
случиле низ историјата и биле од различен тип, времетраење и идеологија. Тие оставија
зад себе големи промени во културата, економијата и општествено-политичкиот
систем.
Терминот револуции, исто така, се користи за означување промени што не се
нужно поврзани само со политиката, како на пример индустриски револуции. Секоја
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
26
индустриска револуција е обележана со специфична технологија што фундаментално го
промени општеството. Постои мало несогласување, во зависност од видот на изворот,
кога точно започнала секоја од претходните три идустриски револуции, но главно се
согласуваат за следново:
Првата индустриска револуција започна кон крајот на 18 век во Англија. Започна
со пронаоѓање на парната машина, што влијаеше на преминот од рачно производство во
фабричко производство и развојот на текстилната и железната индустрија.
Благодарение на паробродот и парната локомотива, патувањето беше побрзо и полесно,
а претежно аграрното и руралното општество стана индустриско и урбано.6
Втората технолошка индустриска револуција започна кон крајот на
деветнаесеттиот век и траеше некаде до почетокот на Првата светска војна и беше
обележана со пронаоѓањето на електричната енергија и масовното производство во
некои нови индустрии, развојот на транспортот и комуникациите. Наизменична струја,
телефонот и моторот со внатрешно согорување беа некои од клучните откритија и
пронајдоци на тој период. Благодарение на изградбата на железницата, започна нов
бран на глобализација.
Третата или дигиталната индустриска револуција започна кон крајот на 1960-тите.
Таа е обележана со развојот на технологијата, која напредна од аналогна електроника и
механички уреди, до дигиталната технологија што ја користиме денес. Во тој период се
појавија многу нови откритија и пронајдоци. Персоналните компјутери, интернетот,
компјутерската писменост и комуникациските технологии се карактеристиките на
третата индустриска револуција7.
Фазите помеѓу две индустриски револуции порано траеја значително подолго,
помина цел век помеѓу првата и втората, но денес, само 40 години по третата, светот со
сигурни чекори влегува во четвртата индустриска револуција8.
Терминот четврта индустриска револуција првпат го има искористено Клаус
Шваб (Klaus Schwab), директор на Светскиот економски форум, во 2015 година.
Четвртата индустриска револуција ќе го промени не само она што го правиме,
туку и тоа што сме. Тоа ќе влијае на нашиот идентитет и на сите прашања поврзани
со него: нашето чувство за приватност, перцепција за сопственост, модели на
потрошувачка, време што го посветуваме на работата, слободното време, начинот
на кој ја развиваме кариерата, ги негуваме нашите вештини, запознаваме луѓе и ги
негуваме односите со нив – рекол во таа прилика Шваб.9
Вештачката интелигенција (англ. Artificial intelligent - AI), машинското учење
(англ. Machine learning), ИОТ (англ. Internet of things), нанотехнологијата, роботиката,
3Д-печатачите, биотехнологијата, паметните градови, обемните бази на податоци, се
само некои од промените што веќе го зафатија светот и брзо се проширија10.
Четвртата индустриска револуција се разликува од третата поради две причини:
јазот помеѓу дигиталниот, физичкиот и биолошкиот свет се стеснува, а технологијата се
6https://senat.me/karakteristike-4-industrijska-revolucija-4ir/ (2021-10-01)
7https://tockanai.hr/biznis/cetvrta-industrijska-revolucija-19821/(2021-10-02)
8Ibid.
9https://www.weforum.org/about/the-fourth-industrial-revolution-by-klaus-schwab (2021-10-03)
10https://senat.me/karakteristike-4-industrijska-revolucija-4ir/ (2021-10-03)
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
27
менува побрзо од кога било. Живееме во време кое многу ветува, но во исто време и нѐ
предупредува ‒ од етичките дилеми околу вештачката интелигенција до зголемениот јаз
меѓу богатите и сиромашните11.
Промените кои ги трпат јавните библиотеките како резултат на
технолошкиот напредок
Јавните библиотека како институција заснована на принципот на пристапност на
пишаниот збор и знаење за сите членови на општествената заедница, е резултат на
општествените превирања во текот на 18 и 19 век. Историската основа на овие
превирања е омасовување на писменоста и пишаната култура, исто така претворање на
книгата во производ со кој се тргува на пазарот, односно производ кој освен научна и
културна вредност, има и економска, а сето тоа е овозможено со пронаоѓање на
печатарската машина, неколку века порано12. Иако во тој период забрзано почнува да
расте бројот на печатени публикации, односно книги со што просветителската дејност
почнува да цвета, научната мисла да расте, сепак достапноста на тие изданија била
привилегија на мал круг на економски моќни луѓе. Главната концентрација на сите тие
новопечатени книги била по манастирските библиотеки, универзитетските библиотеки
на најмоќните универзитети или во приватните збирки на европската аристократија.
Сето тоа почнува да се менува со појава на револуционерните движења пред сѐ во
Франција, а малку подоцна и во Велика Британија кога неколку милиони примероци
книги и збирки се одземени од црковните библиотеки и приватните аристократски
збирки, како и дел од збирките на националните библиотеки и им се понудени на
користење на помалите библиотеки во нивните земји. Почнале да се отвораат читални,
книгите се оставени на располагање за масовно позајмување, со што ниските
општествени слоеви и работничката класа добиле можност да се образуваат и да
стекнуваат навистина корисни знаења. Во тој период британската елита притисната од
сѐ поголемите револуционерни нарушувања, дава дозвола за основање јавни
библиотеки кои ќе бидат финансирани од државните даноци. Во годините и децениите
што следуваат потоа, бројните граѓански и пролетерски револуции се избориле меѓу
другото и за воспоставување на јавните библиотеки како институци на пишаното
знаење, институции во кои книжевното и научното знаење стануваат достапни за секој
член од општествената заедница, без разлика на неговото потекло, раса, род и класа13.
Со развојот на технологијата во средината на дваесеттиот век и малку подоцна
доаѓа до автоматизација на библиотечното работење со што се скратил патот на секој
корисник до изнаоѓањето на потребната информација, а работата на библиотекарите
значително се поедноставила.
Во последната декада од 20. век и почетокот на 21. век, јавните библиотеки
поминаа низ една радикална трансформација и општа промена на нивната функција во
општеството. Библиотеките почнаа да дават пристап до своите пишани и звучни
материјали сместени на физички носачи како што се ЦД и ДВД. Сето ова подоцна е
11Klaus Schwab, The Fourth Industrial Revolution (New York, NY: Penguin Books, 2017).
12digitalna-javna-knjinica- tomislav medak.pdf(2021-10-02)
13Ibid.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
28
дополнето со давање на користење на сите пишани и звучни материјали преку
дигиталните мрежи. На тој начин корисниците добија можност за користење на
библиотечните фондови или делови од нив во дигитална форма, а дигитализацијата,
зачувувањето и дистрибицијата на сите тие материјали библиотеките го презедоа на
себе. Дигиталните мрежи во голема мера ја олеснија и ја проширија пристапноста и
споделувањето на библиотечниот материјал што е дигитализиран или веќе е создаден
во дигитален амбиент. Со тоа уште еднаш се потврдија основните начела на мисијата на
јавните библиотеки за пристап до културните добра и интелектуалните знаења до сите,
без какви било социјални и економски бариери. Меѓутоа, сето тоа се измени под
влијание на дигитализацијата, брзиот пристап до информациите, режимот на
интелектуалната сопственост и глобализацијата. Големите издавачки куќи и носителите
на авторските права ја кренаа економската вредност на своите „производи“ и видоа
одлична прилика за добра заработка и побегнаа од таа општествена одговорност –
култура и знаење за сите. Како последица на таквата ориентација, на јавните
библиотеки во првата деценија на 21. век сѐ уште не им беше дозволено да понудат
пристап до дигиталниот текст, каков што сакаат да го понудат и во целост.
Електронските книги обично се добиваа заклучени со одредени технолошки мерки, без
можност за нивно повеќекратно користење и зачувување. Кај научната издавачка
дејност, ситуацијата стана уште поделикатна поради големите цени за претплата на
релевантните бази кои јавните библиотеки не можеа да си ги дозволат. На тој начин
голем дел од дигиталните изданија станаа недостапни за многу библиотеки и
библиотечни системи. Со ширењето на тие процеси, јавните библиотеки почнаа полека
да го губат тоа централно место во заедницата на давање пристап, организација,
презентација и чување на знаењето. Ова доведе до ситуација кога јавните библиотеки
треба да се борат за своето легитимирање во заедницата, да ја дефинираат својата
важност и да ги оправдаат средствата што ги добиваат. Затоа, библиотеките се
обидуваат да се ребрендираат како „трети простори“ за социјализација и различни
активности на децата, младите и корисниците од „третата доба“, места каде што
различни социјални групи можат да добијат најразлична помош за своите бирократски
проблеми и сл.14
Сите овие функции, сепак, не се нешто што јавните библиотеки не го правеле
порано, меѓутоа во ситуација кога бројот на корисници и посети на библиотеката опаѓа,
климата на сè потешко извршување на нивната примарна улога, да се обезбеди пристап
до знаeњата во секаква форма и без нужни пречки, ваквата преориентација е сосема
оправдана.15
Трансформација на јавните библиотеки во „паметни“ – проблем или
предизвик?
Терминот „паметна библиотека“ од неодамна се користи сѐ почесто со цел да се
дефинира една визија за „библиотеката на иднината“ и како составен дел од концептот
14Orr, R.H. Measuring the goodness of library services: A general framework for considering quantitative
measures. Journal of Documentation.. Vol. 19 (1973). Стр. 316
15David Raitt, “The Future of Libraries in the Face of the Internet,” The Electronic Library 12, no. 5 (1994): 275.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
29
наречен „паметен град“. Овој концепт се однесува на интеграцијата на дигиталните
процеси и кругот на повратни информации во јавната инфраструктура и тврди дека оваа
интеграција е посакувана состојба, во која градовите стануваат „попаметни“, односно
поефикасно организирани, флексибилни, одржливи, зелени и инклузивни за различни
социјални групи.16
Општо прифатена и заедничка дефиниција за тоа што значи „паметна библиотека“
и не постои, а овој израз пред сѐ се користи како одговор на предизвиците, посебно тој
кој ја преиспитува идејата за улогата на библиотеката во „новото време“. Реално,
библиотеките низ целиот свет се соочуваат со проблеми, бидејќи нивното работење не
може да се стави во некои економски рамки имајќи го предвид фактот дека
библиотеките помалку или повеќе работат без економски профит. Универзитетските
или факултетските библиотеки на пример се дел од некое академско опкружување и им
даваат услуги на научните институции и се помагачи во таа научна комуникација.
Зависни се од своите покровители, но и заштитени на некој начин од нив. Меѓутоа,
јавните библиотеки мораат константно да ја објаснуваат неопходноста од нивното
постоење и зошто градската управа мора токму за нив да одвои поголем буџет, а не за
некое комунално претпријатие или, пак, за некои социјални политики17.
Причината зошто и јавните библиотеки сѐ повеќе се доведуваат во прашање и
основната мисија на нивното постоење, секако е појавата на светската мрежа (англ.
world wide web) и новите можности што ги нудат „паметните“ уреди за пристап до
дигитално достапните информации, навидум без да бидат зависни од посредничка
институција каква што е библиотеката. Предизвикот за библиотеките денес лежи токму
во учеството во овој развој без откажување од нивните основни функции.
Секоја технолошка револуција, развивањето на сѐ поголемиот број технолошки
уреди има за цел да ги намали големиот број посреднички фактори или институции кои
даваат информациски услуги. Затоа и односот на јавните библиотеки кон концептот
„паметна библиотека“ е сѐ уште неодреден, можеби се гледа и со недоверба. Се
поставува прашањето дали самата мисија и идеја за библиотека не е „паметна“? И дали
библиотеките не ја исполнуваат дефиницијата како место за образование, како собирач
и давател на информации? И дали тие функции нема да бидат неопходни во иднина?
Кој ќе обезбеди сигурен материјал за „хранење“ на светската мрежа? Секако дека тоа
треба да бидат библиотекарите и информациските работници. Меѓутоа во услови на
силен технолошки раст, секако дека старата идеја за библиотеката треба да се брани, но
библиотеките исто така ќе треба да размислуваат за нови начини на посредување, нови
услуги и нови средини18.
Изразот „паметно“ во контекст на библиотеките пред сѐ означува користење на
технологијиите и автоматизација на процесите за да се олесни и да се поедностави
работното и секојдневното опкружување. Тоа секако треба да се прифати од страна на
библиотекарските работници кои се загрижени за своите работни места и нивната улога
16https://elephantinthelab.org/smart-libraries/ (2021-10-03)
17https://zimo.dnevnik.hr/clanak/knjiznice-se-digitalno-transformiraju-i-postaju-pametne---571735.html (2021-
10-04)
18INFORMATION TECHNOLOGY AND LIBRARIES | MARCH 2021 https://doi.org/10.6017/ital.v40i1.13193
(2021-10-04)
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
30
во општеството, како дел од развојните политики и стратегии на библиотеката. Секако,
секоја развојна стратегија не може да се примени на секоја библиотека, бидејќи тоа
зависи од многу фактори како субјективни, така и објективни, пред сѐ од буџетите кои
ги добиваат, свесноста за промените кои треба да се направат, константната наобразба
на библиотекарите, следење на светските трендови, едукација на корисниците и др.
Заклучок
Дали новата индустриско-технолошка револуција и оваа „паметна доба“,
преставува закана за постоењето на јавните библиотеки? Според моето скромно
мислење – не. Библиотеките во своето постоење „преживеаја“ еден грст технолошки
иновации (појавата на интернетот, персоналните компјутери, е-читачите, гугл) и сепак
опстанаа. Но, секако ова не смееме да го сфатиме премногу лежерно бидејќи
технологиите што произлегуваат од оваа ера полека ќе доведат до длабока промена во
начинот на работа во библиотеките. Исто така, треба да ги земеме предвид и
бескрајните можност што ги нуди оваа ера, да ги усвоиме и да се приспособуваме. Овие
„тектонски нарушувања“ секако нема да доведат до пропаст на јавните библиотеки,
бидејќи библиотеките се покажаа како прилично жилави и еластични и свесни сме дека
библиотекарскиот работник секако е повреден во очите на корисникот од
компјутерскиот интерфејс. Мојата умерено оптимистичка варијанта е дека
библиотекарите и натаму ќе го работат она што секогаш го правеле за своите
корисници, само со нови технолошки алатки кои ќе им помогнат да го направат побрзо
и поуспешно.
Користена литература:
1. Medak,Tomislav. Digitalna javna knjižnica – Kulturno-tehnološka preobrazba koja se nije
dogodila? URL: digitalna-javna-knjinica- tomislav medak.pdf (2021-10-02)
2. Orr, R.H. Measuring the goodness of library services: A general framework for considering quantitative
measures. Journal of Documentation. Vol. 19, 1973.
3. Raitt ,David. The Future of Libraries in the Face of the Internet. The Electronic Library 12,
no. 5 (1994): 275.
4. Schwab, Klaus. The Fourth Industrial Revolution. (New York, NY: Penguin Books, 2017).
5. URL: https://www.weforum.org/about/the-fourth-industrial-revolution-by-klaus-schwab
(2021-10-03)
6. URL: https://senat.me/karakteristike-4-industrijska-revolucija-4ir/ (2021-10-01)
7. URL: https://zimo.dnevnik.hr/clanak/knjiznice-se-digitalno-transformiraju-i-postaju-
pametne---571735.html (2021-10-04)
8. URL: https://elephantinthelab.org/smart-libraries/ (2021-10-03)
9. URL: https://tockanai.hr/biznis/cetvrta-industrijska-revolucija-19821/ (2021-10-02)
10. INFORMATION TECHNOLOGY AND LIBRARIES | MARCH 2021 URL:
https://doi.org/10.6017/ital.v40i1.13193(2021-10-04)
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
31
Abstract
All of humanity stands on the brink of a technological revolution that will
fundamentally change the way we live, work, and the way we relate to one another. The great
world minds that are vigilantly following all these changes from various aspects - economic,
sociological, cultural, etc., warn that in their level, scope and complexity, this transformation
will not be similar to any change that the human race has already experienced.
This topic aims to highlight and emphasize the most important aspects of the impact of
the new, fourth industrial revolution in the operation of libraries, related cultural institutions
and the entire non-profit sector in general.
The Fourth Industrial Revolution (4IR) radically transformed the roles and
responsibilities of librarians into different types of libraries. This digital age requires a
thorough rethinking of the librarian's role in this "smart age", all in order to increase and
redefine librarians' competencies and skills, so that they can clearly ensure that they provide
efficient services to their diverse users, and dynamic information needs.
What will be the response of libraries and librarians to these challenges is still not clear
enough, because libraries are not a world in themselves in a society. One thing is clear,
however, to ensure an adequate transformation and adaptation of this burden of "smart tools"
and "smart processes", the response must be integrated and comprehensive, involving all
actors in both public administration and the overall public and private sector up till to
academia members and civil society.
Keywords: public libraries, technological revolution, digital age, 4 (fourth) industrial
revolutions, smart libraries, smart cities.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
32
РАБОТА СО ОПШТЕСТВЕНО МАРГИНАЛИЗИРАНИ ЗАЕДНИЦИ ВО
БИБЛИОТЕКИТЕ
(стручен труд)
м-р Гонца Запрова Анастасова
ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица
(zaprovagonca@gmail.com)
Апстракт
Во oвој труд посебно сакам да ги истакнам обидите на нашата библиотека и
нејзината ангажираност и посветеност за соработка со дел од маргинализираните
заедници и групи кои егзистираат во нашата општина, како и поврзаноста и
соработката со другите институции од областа на културата. Како локална библиотека,
полека но сигурно развиваме цврста соработка сè со цел да обезбедиме што поголема
инклузивност на тие заедници и групи во библиотеката. Изминатите неколку години
преку проекти библиотеката зема активно учество во инклузивноста на тие
маргинализирани заедници и групи. Моето излагање ќе биде посебно насочено кон
нашите напори и остварените проекти што ги опфаќаат Ромите и лицата со физички
хендикеп.
Клучни зборови: библиотека, проекти, маргинилизирани заедници, Роми,
хендикипирани лица
Вовед
Македонското општество главно не е толерантно кон маргинализираните
заедници во земјава и не презема конкретни чекори за да ја унапреди состојбата на
маргинализираните групи граѓани. Како библиотека должни сме да спроведеме
програми во полза на овие групи корисници за да им овозможиме прилика за учење,
образование и стекнување со алатки за успешно информирање и квалитетно поминато
слободно време. За таа цел, ние како библиотека преку проекти правиме чекори кон
организирање активности и анимации за осмислување приспособени програми,
литературни клубови, панел-дискусии, изложби, заради подигање на квалитетот на
живеење на овие лица и поголема сензибилизација на општествената средина.
Кратко објаснување на терминологијата за лицата со хендикеп.
За да можеме полесно и поедноставно да ги усогласиме ставовите околу
терминологијата треба да кажеме кои се лицата со хендикеп, односно лицата попречени
во развојот.
Во различни земји постојат различни дефиниции за поимот на попреченост.
Основно, на попреченоста на човекот се гледа како на биопсихосоциолошка целост која
за жал од многубројни и разновидни причини може да биде нарушена. За правилно
насочување во заштитата и рехабилитацијата на овие лица, потребна е нивна соодветна
класификација. Кај нас првата официјална класификација е објавена и започната да се
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
33
применува од 1960 година. Според таа класификација објавена во правилник, лица со
пречки во физичкиот или психичкиот развој што имаат специфични потреби се:
- Лицата со оштетен вид (слабовидни и слепи);
- Лицата со оштетен слух (наглуви и глуви);
- Лицата со пречки во гласот, говорот и јазикот;
- Телесно инвалидни лица;
- Ментално ретардираните лица (лесно, умерено, тешко и длабоко);
- Аутистичните лица;
- Хронично болните лица;
- Лицата со повеќе видови пречки (комбинирани пречки).
Денес во литературата во различни земји и говорни подрачја се употребуваат
повеќе термини и поими што се однесуваат на лицата со хендикеп, односно со
тешкотии во социјалната интеграција. Досега се имаме сретнато со повеќе термини што
се однесуваат на овие лица, а најмногу употребувани се: дефект, инвалид, хендикеп,
соматопсихичко оштетување, абнормалност, тешкотии во социјалната интеграција,
пречки во психофизичкиот развој, пречки во развојот, лица со специјални потреби и
други.
Нашата библиотека и маргинализираните групи
Што се однесува до работата на нашата библиотека со општествено
маргинализираните заедници можам слободно да кажам дека тоа сме го постигнувале и
го постигнуваме преку разни форми на редовни културни манифестации. Од зачуваните
документи во библиотеката имаме податоци дека уште од 1982 година често бил
посетуван „Домот за рехабилитација во бања Банско“. Тогашниот библиотекар на
Одделот за популаризација редовно го посетувал домот за рехабилитација, им читал
книги на децата, а исто така носел книги по нивен избор за тие самите да читаат.
Библиотеката со години ја негува таа практика и соработка и постојано е во контакт со
тие заедници и групи коишто се дел од нашето општество.
По проект на НУУБ „Гоце Делчев“ Штип, под наслов „Книга до инвалидизирани
и изнемоштени лица“ и улогата на библиотеката во програмата интеграција и инклузија
во општеството, во ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ се одржа изложба на делата на Верче
Андонова. Верче Андонова додека била штитеник на Домот за деца без родители во
Скопје, научила една доста комплексна техника на цртање ‒ арапска техника и на
самото нејзино претставување рече дека е среќна бидејќи со оваа изложба успеала да
докаже дека и лицата со попреченост умеат да творат и да создаваат. На нејзината
изложба во ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ беа претставени голем број нејзини дела, а на
секој посетител му беше подарен цртеж.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
34
По повод месецот на жената во 2019 година, ЛУБ „Благој Јанков Мучето“
организира промоција на книгата „Стихозбирка“ од Роза Мојсовска, во просториите на
Домот на АРМ. Изданието на книгата беше финансиски поддржано од Министерството
за култура на Република Македонија. Нашата соработка со Роза Мојсовска, лице со
телесен инвалидитет продолжува и понатаму. Освен што пишува поезија, покрај
тешката ограниченост во движењето на рацете и нозете, Роза прекрасно црта со уста.
Нејзините желби и визии за подобро утре каде што нема тага, плач, ни болка, а солзите
ќе бидат засекогаш избришани, ги пренесува на хартија и платно. По тој повод ЛУБ
„Благој Јанков Мучето“ конкурира на конкурсот за проекти во Министерството за
култура на РС Македонија и издаде каталог за дел од сликите на Роза Мојсовска.
Изложбата со сликите на Роза Мојсовска се одржа во Домот на културата „Антон
Панов“ во Струмица.
Со цел подобро да го организираме слободното време кај слепите лица и лицата
со оштетен вид, тргнувајќи од фактот дека како локална библиотека не располагаме со
голем фонд книги со Брајово писмо и книги со аудиозапис, нашата цел е што повеќе да
го збогатуваме тој фонд на книги со Брајова азбука, како и со аудиокниги. Оттука, оваа
година аплициравме со проект во Министерството за култура на РС Македонија за
издавање роман со Брајово писмо и аудиокнига, чиј автор е слепо лице.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
35
Ромската заедница како маргинализирана заедница во општеството има ограничен
пристап до повеќе установи. Невработеноста, сиромаштијата, дискриминацијата,
стигматизацијата и отфрленоста од општеството, немањето пристап до соодветна
здравствена заштита, но и заштита од институциите, се последици од третманот на
општеството кон таа група маргинализирани лица. За да се надминат ваквите состојби,
неопходно е да се најдат начини за нивно решавање, особено да се стави акцент на
јакнењето на капацитетите на професионалниот кадар од институциите и носителите на
одлуки за знаењата и практиките за работа со маргинилизираните заедници и
промоцијата на нивните права. Тргнувајќи од тоа дека најбитен сегмент во ромскиот
идентитет е јазикот, библиотеката во чест на денот на ромската азбука (5 ноември), во
соработка со општина Струмица, граѓанската организација Хајат од Струмица и
Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце“ од Тетово, организира панел-
дискусија на која се говореше за ромската азбука и ромската литература.
Во земјава постојат неколку граѓански организации кои активно работат на
зголемување на јавната свесност и надминување на проблемите на маргинализираните
заедници. Такви се ХЕРА, СТАР-СТАР, Коалиција Маргини, Заедно посилни, ХОПС и
други, кои преку програмите на Фондацијата Отворено општество – Македонија
(ФООМ) обезбедуваат финансиски средства за спроведување на активностите. Сепак,
потребна е поголема институционална поддршка за да може да се заокружи целиот
процес на унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани на Македонија.
Заклучок
Како библиотека, освен што соработуваме со тие групи и заедници, секоја година
се трудиме на некој начин да ги одбележиме меѓунународните празници посветени
токму на тој тип маргинализирани групи и заедници заради нивна поголема
инклузивност во библиотеката.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
36
Користена литература
1. jser.fzf.ikim.edu.mk/index.php/journal-arhive/235-2000/2000-3-4-articles/2090-2009-08-
08-15-18-33 (пристапено на 14.10. 2021)
2. http://coalition.org.mk/za-nas (пристапено на 17.10.2021)
3. nuub.hopto.org › greenstone3 › library › collection › col12 › document (пристапено на
18.10.2021)
4. civicamobilitas.mk › uploads › 2018/03 › brosura-inkluzija (пристапено на 20.10.2021)
Abstract
After giving a brief explanation of the terminology used for people with disabilities and
the Roma people as a community, we highlighted the library’s efforts to work with
marginalized communities and groups, and in particular focused on our ongoing projects.
Then, we pointed out the importance of that commitment, that is, how important is the
inclusiveness of those communities and groups in the society in which they exist. To
summarize, from what has been said so far, we have come to the conclusion that the process
of inclusion is slow, but our goal and incentive for the future will be greater emphasis on
projects that will involve all the concerned participants (parties).
Keywords: libraries, projects, marginalized communities, Roma people, disabled
people
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
37
БИБЛИОТЕКАТА „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ОД ОХРИД КАКО ИНСТРУМЕНТ
НА КУЛТУРНИ МЕТОДИ
(стручен труд)
м-р Елена Станкоска, библиотекар
Национална установа библиотека „Григор Прличев“ – Охрид
(elenastankoska@hotmail.com)
Апстракт
Охрид – градот на светлината, градот на 365 цркви, градот на Свети Климент,
Свети Наум, градот на Григор Прличев, градот на УНЕСКО, градот на прекрасното
Охридско Езеро, градот што бил, е и ќе биде инспирација и мотивација за многубројни
значајни дела.
Библиотеката „Григор Прличев“ како културен инструмент на корисниците на
услуги и на пошироката читателска публика кои не се со постојан престој во Охрид,
доаѓаат од друг град, но привремено престојуваат во Охрид посебно во летниот период,
им овозможува да ги користи услугите коишто ги нуди. Тоа значи дека можат да се
зачленат во библиотеката, да ги уживаат истите права, но и обврски, како и останатите
членови, да зајмат книга, да продолжат рок за враќање на книгата, да резервираат
одредена граѓа, како и да ги користат сите останати услуги во библиотеката. Во тој
однос, библиотеката „Григор Прличев“ како инструмент на културните методи активно
учествува во збогатувањето на културната понуда на Градот Охрид.
Предмет на ова истражување ќе бидат бројот, полот, возраста и бараната
литература на читателите кои не се од Охрид, а престојуваат во Охрид како туристи во
летниот период, понатаму од кој град се, како и бројот на странските посетители во
библиотеката.
Клучни зборови: Библиотека, Охрид, култура, корисници на услуги.
Вовед
Многубројните цркви, манастири, стари и ретки фрески, тврдини, археолошки
наоѓалишта, музеи, спомен-куќи, традиција, спортски манифестации, убавите плажи,
природните богатства итн., се само дел од разноликоста со која Охрид ги привлекува
туристите од целиот свет. Градот Охрид отсекогаш бил инспирација во уметноста и
популарната култура. Во последно време е забележан зголемен интерес за посета на
културните манифестации во Охрид.
Културниот туризам е многу актуелен, а токму Охрид располага со значајни
културно-историски знаменитости, со богато културно наследство од најразлични
периоди, објекти со културно значење кои придонесуваат за развојот на културниот
туризам и едукација на младите и туристите за значењето на културното наследство во
нашата држава.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
38
Треба да се поттикне актуелноста на современата улога и значење на културниот
туризам како една од функционалните форми за заштита, афирмација и промоција на
духовното, културното и литературното наследство во Охрид.
Библиотеките имаат улога за популаризација на културно-историското
наследство. Така, како дел од културниот туризам во Охрид претставува и
библиотеката „Григор Прличев“. Библиотеката располага со многубројни книги и граѓа
покрај на македонски, и на други јазици кои можат да се зајмат како од домашните
читатели, така и од посетителите туристи, домашни и странски.
Библиотеката „Григор Прличев“ како инструмент на културни методи овозможува
да се користат услугите кои таа им ги нуди и на луѓето кои престојуваат одредено време
во Охрид, односно кои не се со потекло од Охрид, а се со моментален престој во Охрид.
Најчесто во летниот период во Охрид како туристичка дестинација е зголемен
бројот на домашни туристи. Тие ги користат услугите на библиотеката, што значи дека
можат да станат членови во библиотеката, да позајмуваат книги, весници и списанија,
да резервираат одредена граѓа, односно да бидат рамноправни со останатите.
Предизвиците со кои се соочуваат библиотеките денес
Во време кога сите информации се достапни на многу лесен и едноставен начин –
по пат на пребарување на интернет, дигитални трансформации, читање книги на
дигитален уред и сл., потребата на луѓето да го имаат в раце знаењето, а не само на
дигиталните уреди, им го врати стариот сјај на библиотеките.
Така, сѐ повеќе луѓе им останаа верни на библиотеките, па се решиле за
класичниот начин на читање, односно со држење книга во рацете.
Библиотеките се чувари на историјата веќе стотици години, а читањето останува
како еден од најдобрите начини за стекнување нови знаења.
Приспособувајќи се на потребите на заедницата и разбирајќи ја вредноста на
корелација меѓу библиотеката и заедницата во 21. век, библиотеката „Григор Прличев“
од Охрид може да послужи како пример за поврзување и зацврстување на меѓусебните
односи на луѓето во нашата земја, на начин со кој им се овозможува на широката
читателска публика да ги користи услугите кои ги нуди библиотеката, односно членови
можат да бидат сите посетители во Охрид, иако престојуваат во Охрид само одреден
временски период.
Најчесто бројот на нови читатели расте во летниот период. Се радуваме на фактот
што можеме да им излеземе во пресрет на барањата и потребите на читателите,
постојано збогатувајќи го книжниот фонд со нови книги за деца и возрасни и преку
низа други активности.
Најчести посетители во библиотеката „Григор Прличев“ по градови
Градот Охрид е омилена домашна летна дестинација. Охрид и Охридското Езеро
ги привлекуваат посетителите од нашата држава со ретките природни убавини, како и
со многубројните настани, фестивали, спортски манифестации, културни настани и сл.
Покрај посетата на фестивалите од областа на културата, многу е посетена и
библиотеката чии услуги ги користат домашните гости.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
39
Мора да се спомне дека домашната читателска публика е многу одговорна, што
значи дека редовно позајмува книги, како во возрасното одделение, така и во детското
одделение, ја враќа позајмената граѓа навреме во предвидениот рок, резервира книги
итн.
Анализите покажуваат дека библиотеката е посетена и нејзините услуги ги
користат читатели од сите градови на нашата земја. Така, процентуално може да се
каже дека библиотеката „Григор Прличев“ ја посетуваат вкупно 33% корисници на
услуги кои потекнуваат од Скопје, меѓу кои има и во возрасното и во детското
одделение, и тоа од општините Кисела Вода, Центар, Аеродром итн., од Битола 12%,
Велес 12%, Куманово 13%, Прилеп 11%, Ресен 12%, Струга 7%.
За време на корона-кризата читалната беше затворена за посетители, а
зајмувањето книги се одвиваше со придржување кон предвидените мерки за заштита од
ширење на вирусот. Сега, читалната е отворена за посетители, а и библиотеката од
скоро време е од отворен тип, што значи дека секој корисник на услугите на
библиотеката може самиот да пребарува на полица и да избере што ќе чита.
Корисниците на услуги во библиотеката со место на живеење надвор од Охрид ги
почитуваат сите услови пропишани од страна на библиотеката „Григор Прличев“.
Во табеларен приказ процентуално по градови е прикажана посетеноста на
охридската библиотека.
Слика бр.1. Графички приказ на нови читатели по градови
Најчести посетители во библиотеката „Григор Прличев“ според полот
На прашањето дали повеќе жените со потекло од другите градови на С
Македонија читаат и ги користат услугите на библиотеката од мажите или обратно,
одговорот споредбено во проценти од направените истражувања во позајмување на
COBISS3 би изгледал вака:
- Од вкупниот број членови во библиотеката кои се од Скопје, 20% се жени, а 13%
мажи;
- Од Битола 6% се жени и исто толку, 6%, му припаѓаат на машкиот пол;
- Од Велес бројот на мажи и жени е ист со оној во Битола, односно 6% жени и 6%
мажи;
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
40
- Од Куманово дошле 8% жени и 5% мажи;
- Прилеп 6% жени и 5% мажи;
- Од Ресен членови на библиотеката станале 7% жени и 5% мажи;
- Од Струга бројот на жените е 3% , а бројот на мажите 4%.
Од истражувањата во системот COBISS3 за позајмување книги и друга граѓа се
покажува дека сепак жените биле почести гости во Охридската библиотека во летниот
период.
Сл.бр.2. Графички приказ на најчести посетители во библиотеката „Григор Прличев“ според полот
Најчести посетители во библиотеката „Григор Прличев“ според возраста
И покрај летното топло време и годишните одмори, охридската библиотека
„Григор Прличев“ е многу често посетена од корисниците на услуги. Обртот на
издадени и вратени книги во лето е значително поголем.
Најчести посетители во библиотеката според нивната возраст се младите од 25 до
35 години и пензионерите. Покрај во возрасното одделение, сѐ повеќе деца се
запишуваат во библиотеката и сѐ повеќе се заинтересирани за читање сказни, бајки,
сликовници – предвидени за претшколски деца, а децата од основното образование
читаат лектири предвидени според образовната програма. Во таа смисла, библиотеката
„Григор Прличев“ постојано го обновува и го збогатува книжниот фонд со нови
лектирни изданија, а за најмалите, односно за децата од претшколска возраст,
библиотеката организира бесплатно зачленување.
За пофалба е фактот што децата покрај задолжителните лектири сѐ повеќе бараат
и слободна литература за читање наменета за нивната возраст.
Според возраста најчести корисници на услуги во библиотеката се пензионерите,
средношколците, студентите, основците итн.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
41
Слика бр.3. Графички приказ на корисниците на услуги според нивната возраст
Најбарана литература за време на летниот период во библиотеката „Григор
Прличев“
За време на топлите денови додека трае годишниот одмор, важи непишаното
правило дека се читаат книги со оптимистична содржина. Корисниците на услуги во
библиотеката во Охрид најчесто бараат литература која им одговара на нивните желби,
понекогаш на основа на препорака, а многу често изборот се сведува на преведена
белетристика на македонски јазик од странски автори. Авантуристичките и
кримироманите, љубовните романи, биографиите на познати личности, книгите со
историски содржини и сл. се едни од најбараните публикации за време на годишните
одмори. Женската популација која е позастапена повеќе избира да чита книги со
љубовно-историска содржина, многу често и со кримисодржина, а потребите за читање
на машката популација се врзани со класици кои ги читале и сакаат повторно да ги
прочитаат, како што се Достоевски, Андриќ, Петре М. Андреевски, Меша Селимовиќ,
Стендал, Перл Бак и многу други.
Покрај класиците, интересот на машката популација за позајмување книги е
насочен и кон историјата, како националната, така и светската, социологијата,
филозофијата итн.
Странските туристи кои дошле во Охрид се заинтересирани за позајмување книги
најчесто на англиски јазик, а освен на англиски барани се и книгите на други странски
јазици.
Заклучок
Библиотеката „Григор Прличев“ е дел од мозаикот на културен туризам кој во
Охрид е многу застапен. Со овозможување на сите луѓе кои не се од Охрид да бидат
членови во библиотеката им излегуваме во пресрет на нивните потреби. Со тоа
библиотеката и Охрид стануваат уште попривлечни за посета како на домашните, така
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
42
и на странските гости и посетители. Со редовно збогатување на книжниот фонд, како во
возрасното, така и во детското одделение, со многубројни промоции на книги, настани
од областа на културата и сл., библиотеката станува подостапна за сите кои се желни за
освојување нови знаења.
Библиотеката се приспособила кон константните промени во општеството, а
креативноста, квалитетот и иновацијата се факторите на успех по кои е препознатлива
охридската библиотека „Григор Прличев“.
Користена литература:
1. Процентуалните податоци за полот, возраста и сл. се преземени од системот
COBISS3 зајмување
2. https://bibliotekaohrid.mk/
3. https://iml.edu.mk/
4. https://mk.cobiss.net/
5. https://www.bgs.ba/
6. https://www.rts.rs/
Abstract
Ohrid – city of light, city of 365 churches, city of St. Clement and St. Naum, city of
Grigor Prlichev, city of UNESCO, city on the beautiful Ohrid Lake, a city that was, is and will
be the inspiration and motivation for many important works. The library “Grigor Prlichev” as
a cultural instrument of service users and the wider readership who are not permanently
resident in Ohrid, come from another city, but temporarily stay in Ohrid, especially in the
summer, allows them to use the services offered by the library. This means that they can join
the library, enjoy the same rights, but also obligations as other members, to borrow a book, to
extend the return period of the book, to reserve a certan material, as well as to use all other
services in the library. So, the library “Grigor Prlichev” as an instrument of cultural methods
actively participates in enriching the cultural offer of the city of Ohrid. The subject of this
research will be the number, gender, age and required literature of the readers who are not
from Ohrid and stay in Ohrid in the summer-from which city they are, as well as the foreign
visitors in the library,
Keywords: Library, Ohrid, culture, service users.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
43
БИБЛИОТЕКИТЕ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19
(стручен труд)
м-р Жаклина Угриноска, виш библиотекар
Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје
Апстракт
Библиотеките секогаш биле институција која ги следи промените во своето
опкружување, па кога ковид-19 стана глобална пандемија во март 2020 година,
библиотеките мораа да делуваат брзо, со цел да се ублажи негативното влијание од
пандемијата на ковид-19 за да можат кога таа ќе заврши, да го постигнат минималното
ниво на работење коешто постоело пред појавата на пандемијата. Користејќи
секундарни податоци и литература од списанија и интернет, трудот дава кратка
хронологија на појавата на пандемијата на ковид-19 ‒ временски период во текот на кој
не вредат нормалните начини на функционирање на општеството и институциите.
За време на пандемијата на ковид-19, услугите во библиотеката, збирките, како и
културните активности кои ги нуди библиотеката, постојано се менуваaт и се
приспособуваат. Тоа секако подразбира напуштање на секојдневните, рутински
активности, што во согласност со новонастанатата состојба, значи воведување
иновативни активности за кои се потребни подготвеност и компететност од страна на
вработените, промовирање и употреба на информатичка и комуникациска технологија и
ресурси, користење информациски менаџмент заради поддршка на заштитата на
здравјето, подигање на свеста за пандемијата на ковид-19, како и препораките за работа
на библиотеките во услови на пандемија на ковид-19.
Клучни зборови: ковид-19, библиотеки, информациска и комуникациска
технологија
Вовед
Пандемијата на ковид-19 во целост го промени секојдневието што доведе до
воспоставување на синтагмата „новото нормално“. Библиотеките како и многупати
досега, мораа да се приспособат, а во овој случај, промената стигна неочекувано и
преку ноќ. Библиотеките всушност беа присилени да ги затворат своите врати за
корисниците, како и да го запрат одвивањето на постоечките активности, како и да
направат реорганизација на услугите. Активностите на библиотеките мигрираа од
вистински во виртуелни простори, односно на социјалните мрежи. Всушност,
библиотеките се приклонија кон виртуелниот свет. Оттука се наметнува и прашањето
дали виртуелните библиотеки обликувани во текот на пандемијата се „точка на
преобразба“ или мал чекор кон трајните промени во библиотеките?
Во воведот најважно е да се разбере дека библиотеките можат повеќе или помалку
успешно да спроведат различни услуги кои не бараат физичко присуство на
корисниците во просторот на библиотеките. Во денешното општество кое е сè помалку
просторно детерминирано заради влијанието на информациската технологија,
поголемото ширење на процесот на глобализација и процеси што произлегуваат од неа,
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
44
библиотеките се согледуваат како информациски центри. Епидемијата на ковид-19
дополнително нè наведува на поразителни заклучоци и прашања за кои мора навистина
да се замислиме: библиотеки без физичко присуство, без креативни работилници, без
средба со писатели, отворање изложби, без комуникациско-информациски компетенции
на библиотекарите во непосредниот контакт со корисниците. И заради тоа мора, покрај
својата традиционална улога, да ја прифатат и современата – библиотеките се
медиумски, маркетиншки и комуникациски експерти.
Библиотеките во Република Северна Македонија се во чекор со постојаното
ширење на онлајн содржините. Со оглед дека корисниците на библиотеките во голем
број се корисници на интернет, се покажа дека повеќе од нужно е библиотеките да му
посветат особено внимание на известувањето за својата присутност и услугите.
Работата на библиотеките во светот за време на пандемија на ковид-19
Дури и во моменти кога се чинеше дека луѓето под принуда на новите услови се
толку оддалечени, библиотеките беа тука за своите корисници со една цел – да ги
одржи поврзани и информирани. Здравјето стана приоритет, а работата од дома
стандардна практика. Затоа, за време на пандемијата на корона-вирусот библиотеките
делуваа проактивно овозможувајќи им на своите корисници што е можно помалку да ги
почуствуваат негативните ефекти на пандемијата.
Може да се согласиме дека библиотеките се едни од ретките места каде што може
секој да отиде знаејќи дека е добредојден и каде што се нудат пријателски услуги. Со
оглед на сегашните услови за епидемијата на корона-вирусот во Република Северна
Македонија, отвореноста на библиотеките беше условена со административните и
епидемиолошките мерки, па заради строгите услови за престој во затворен простор
библиотеките мораа да се приспособат на новите околности, кои за нив значат помал
број корисници кои може истовремено да престојуваат во ист простор, неможност за
користење на читалните, неможност за организирање поголеми настани, дезинфекција
и карантин на вратениот библиотечен материјал, променет распоред на работа на
библиотеките. Слична ситуација се случила и во бројните земји ширум светот, за што
ИФЛА редовно и исцрпно известуваше.
Во април 2020 година, во Соединетите Американски Држави всушност
библиотекарската заедница најмногу се побуни против издаденото соопштение со
препораките за постепено отворање на локалните заедници, а со тоа и на јавните
установи. Имено, научниците од престижниот Универзитет Џонс Хопкинс и нивниот
Истражувачки центар за корона-вирус сметале дека библиотеките се места со „низок
ризик“ и дека меѓу првите се подготвени за повторно отворање бидејќи контактот
помеѓу луѓето во нивните простории е многу мал. Истата година, членови на ЕБЛИДА
(The European Bureau of Library, Information and Documentation Associations),
учествувале во истражувањето за условите во кои работат библиотеките во текот на
пандемијата на корона-вирусот. Во прелиминарниот извештај биле наведени следниве
нови нормални состојби во периодот по корона-вирусот, односно подрачја во кои
епидемијата го промени начинот на работа на библиотеките, а тоа се: експоненцијална
физичка оддалеченост која подразбира добра поврзаност во библиотеката, но со
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
45
држење растојание од два метри, при што изостанува концептот на библиотеките како
простор за дневен престој на заедницата; нови технологии кои промовираат онлајн
извори и услуги, виртуелни програми и настани, при што се поставува прашањето за
квалитетот; економските аспекти кои подразбираат преглед на буџетот на библиотеките
и финансиските проблеми во 2021 година – намалување на финансискиот буџет кој ќе
се одрази на програмата на библиотеката, но и на нејзината општествената улога;
управувањето со библиотеките на локално ниво кое придонесува за воведување
иновативни услуги и приспособување на постоечките.
Репрограмирање на работата на библиотеките
Диверзификацијата на библиотечните услуги е меѓу најважните новости во
работењето на една современа библиотека, што секако може да се објасни со
појавувањето на нова група корисници и нивното право на пристап до информации кои
се приспособени на нивните потреби и склоности. Пандемијата од ковид-19 пред
библиотеките постави предизвици со кави што се немаат соочено досега. Принципот на
работа се промени и мораше библиотеките да се адаптираат на новите услови, а со тоа и
да зачекорат во досега неистражени предели и да покажат колку снаодливи може да
бидат кога се бара тоа од нив.
Токму репрограмирањето на работата на бибиотеките според строгите
епидемиолошки мерки е еден од најголемите предизвици со кои се соочија
библиотеките во Република Северна Македонија. Со оглед на тоа дека основното
начело на работа е ориентираност кон потребите на корисникот, библиотеките и покрај
отежнатите услови за работа, па и привременото затворање, воведоа нови програмски
активности за корисниците, а извршен е и поголем дел од неопходните интерни работи.
Информациски услуги на библиотеката за време на пандемијата на ковид-19
Со почетокот на глобалната пандемија на корона-вирус библиотеките ги остварија
своите услуги потпирајќи се на електронскиот облик на работа, користејќи ги сите
расположливи технолошки алатки, со цел да им одговорат на потребите на
корисниците. Дигиталното опкружување библиотеките го имаат искористено за да ги
промовираат своите услуги на далечина, базите на е-извори, најчесто користени
апликации за спроведување на виртуелната содржина и вебинари, како и дигитализиран
материјал.
На пример, во Хрватска, Комисијата за информациска технологија на Хрватското
библиотекарско друштво имала воспоставено интерактивна мрежна таблица
Библиотекарски услуги на далечина за да може на едно место да бидат собрани сите
мрежно достапни услуги на хрватските библиотеки, овозможувајќи им на библиотеките
самостојно вклучување и додавање содржина. Во литературата може да се пронајдат
објавени истражувања на библиотеките за вреднувањето на работата и давањето услуги
во епидемиолошки услови, спроведени со намена за обликување и подобро
приспособување на новите начини на работа.
Библиотеката на Универзитетот во Торонто има спроведено истражување за
примената на своите услуги во текот на целосното затворање од март до мај 2020
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
46
година. Резултатите покажале дека голем број корисници ја користеле информациската
услуга „побарајте разговор со библиотекар“ (англ. Ask Chat with a Librarian), а било
забележено дека се користела 50% повеќе пред целосното затворање, па се заклучило
дека библиотеките навремено и соодветно им одговориле на прашањата на корисниците
и со своето делување биле поддршка за академската заедница. Опширно истражување
за работата на библиотеките во текот на пандемијата било спроведено и во Кина каде
што меѓу другото биле собрани и податоци за услугите кои ги дале библиотеките,
особено на социјалната мрежа „Вичет“ (WeChat) која служи како канал за давање
информациски услуги, односно микроблогови.
Се покажало дека користењето на социјалните мрежи е корисно и во текот на
пандемијата, зошто корисниците ги барале потребните информации и услуги токму на
овој начин отколку на мрежната страница на библиотеката. Во Нигерија била
спроведена компаративна анализа на две библиотеки за очекувањата и задоволствата на
корисниците од работата, услугите и изворите на библиотеките во текот на
пандемијата, а резултатите покажале дека корисниците и за двете библиотеки имале
високи очекувања кога станува збор за пристапот на мрежните извори, информациските
услуги и давањето информации преку е-пошта, како и тоа дека биле просечно
задоволни од библиотеките и на укажувањето на потребата за широка примена на
информациско-комуникациската технологија во давањето услуги во текот на
пандемијата.
Индиската библиотека НИЕЛИТ (Itanagar Library) им била достапна на
корисниците и преку мобилната апликација „Ватсап“ (WhatsApp) и направила анализа
на пораките помеѓу корисниците и библиотекарите, како и истражување за
задоволството на корисниците. Истражувањето покажало дека таквата услуга за
поголем дел од испитаниците оставила впечаток дека библиотеката им е на „дофат на
рака“, а исклучително биле задоволни и од навременото обезбедување на изворот и
информациите, како и на квалитетот на примената содржина и од дополнителните
информации како известување за вебинари.
Комуникација со јавноста
Библиотеките во време на пандемијата на корона-вирусот во својата комуникација
со јавноста ги истакнаа позитивните елементи на ваквата ситуација и покажаа дека
пандемијата на корона-вирусот може да претставува еден продуктивен процес, а не
само непријатна ситуација. Во ваква ситуација, библиотеките имаа прилика да ги
препознаат своите потенцијали и ја искористат пандемијата како шанса за воведување
нови иновативни услуги кои треба да бидат промовирани во јавноста.
Социјалните мрежи се покажаа како најсоодветен начин да им се одговори на
корисниците кога е најпотребно (слика 1-1). Благодарение на структурата на
социјалните мрежи, овозможена е едноставна комуникација и остварување неформален
однос помеѓу корисникот и библиотекарот. Сепак вреди уште еднаш да истакнам дека
добивањето повратна информација од корисникот е многу важна ставка за успешното
работење на библиотеката.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
47
Слика 1-1. Известување на социјалната мрежа Фејсбук
извор: Градска библиотека Браќа Миладиновци Скопје.//Facebook 2021
Иако сè уште постои одредено ниво на скептицизам, отпор, па дури и страв од
употребата на новите технологии и алатки, сепак за време на пандемијата на ковид-19
употребата токму на социјалните мрежи им помогна на корисниците да дојдат до
корисни информации за услугите во библиотеката, како што се прашањата поврзани
најчесто со расположливоста на одредена единица на материјали, работното време и
начинот на работа за корисниците, како и општи информации за изнајмување и враќање
на книгите.
Враќање на физичката димензија
Искуствата во работата стекнати во текот на пандемијата на корона-вирус служат
и по враќањето на работа на библиотеките, а тоа значи анализа и унапредување на
инфраструктурните и организациските услови. Увидот во меѓународната практика исто
така донесе нови идеи кои може да се применат на работењето на библиотеките, така
што треба и во иднина да се работи на одржување на позитивниот дух и атмосфера и
зачувување на интегритетот на институцијата.
Враќањето во физичката димензија на библиотеките значи и ВАЖНИ
УПАТСТВА ЗА КОРИСНИЦИТЕ:
− Задолжително носење лична заштитна опрема на лицето што подразбира каква било
форма на заштита која ги покрива пределот на носот и устата: маска, марама или
шал. Корисникот може да влезе во библиотеката само со лични заштитни средства.
− Дезинфекција на рацете пред влегување во библиотека (средството за дезинфекција
е обезбедено од библиотеката).
− Одржување физичко растојание од 2 метри.
− Во библиотеката истовремено може да влезе по еден корисник во секој оддел.
− Библиотеката ќе ги следи мерките на надлежните органи и соодветно ќе ги
приспособува и ќе ги менува постојните мерки на заштита.
− Библиотеката навремено ќе ги информира корисниците за сите промени преку
соопштенија на влезот, преку официјалната веб-страница и на профилот на Фејсбук.
РАБОТНО ВРЕМЕ:
− Работата со корисниците ќе се одвива во една смена од 8:00 до 15:00 часот. Сабота е
неработна.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
48
РАБОТА СО КОРИСНИЦИ:
− Само за враќање и позајмување книги.
− Обновување на членството и запишување нови корисници.
− Читалните нема да работат сè до новите упатства.
ВРАЌАЊЕ НА ПОЗАЈМЕНИТЕ КНИГИ:
− Корисниците ќе можат да ги вратат книгите и да позајмат нови.
− Книгите ќе можат да се вратат единствено во библиотеката во која се позајмени.
− Вратените книги посебно се одвојуваат и во следните 72 часа нема да бидат
достапни за издавање.
− Библиотеката нема да го евидентира пропишаниот рок за враќање на позајмените
книги во периодот кога не работеше со корисници.
− На корисниците нема да им биде овозможено слободно пребарување по фондот.
Заклучок
Сигурно е дека 2020 година ќе биде запомнета по појавата на пандемијата на
ковид-19 која обележа многу животи и барем на момент го запре целиот свет. Во
Европа, па и во Република Северна Македонија, пандемијата дојде неочекувано и брзо
и за само неколку месеци наметна сосема нови, до тогаш незамисливи, правила на
однесување во јавниот и приватниот живот. Промените ги погодија сите сегменти на
општеството, а следеше и приспособување кон новонастанатата ситуација и до тогаш
непознати околности на работење под синтагмата „ново нормално“.
Она што се забележува е секако можноста по долга пауза во работата со
корисниците, како и подолгорочната примена на нови дополнителни заштитни мерки во
работата на библиотеките (затворени читални, оддложување на програмските
активности за децата, оддложување собири со поголем број посетители, миграција на
програмските активности во дигиталната сфера, ограничен број на корисници со
истовремен престој и слично) да ги променат позитивните навики на корисниците.
Имено, сите библиотеки се насочени кон остварување на парадигмата на библиотеката
како трет простор, особено јавните библиотеки како дневен престој на градот, па
оневозможувањето на таквите практики може да доведат до промена на корисничките
навики, а тоа значи назадување во работата. Дали навистина ќе се случи е клучно
прашање.
Одговорот сепак нема да биде условен исклучително од идното однесување на
корисникот, туку и од идното однесување на библиотеката. Го изразувам мислењето
дека при настапување на поволните услови за работа, библиотеките ќе бидат тие кои со
проактивен пристап треба да знаат и да можат повторно да привлечат корисници. Но,
целосното затворање нема само негативни страни, токму донесе и нешто добро, нè
натера за многу кратко време да најдеме одговори на новонастанатите потреби на
корисниците. Многу примери од нашата професија докажаа дека е можно и прокрај
сите административно-правни, но и организациски услови.
Преку ноќ онлајн зачленувањето веќе не е никаков проблем. Со користењето веќе
познати алатки сè стана можно. Е-книгата се докажа како многу интересна и корисна
услуга која е потребна и која совршено функционира во комбинација со класичното
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
49
изнајмување книги. Прашањето е кога ќе дојде до целосно нормализирање на работата
и што ќе донесе таквата нормализација. Предизвикот е пред нас библиотекарите и
библиотеките, а времето е кратко и треба да се делува брзо. Искушенија имало и ќе има.
Но, и библиотеките имаат ресурси и услуги коишто секогаш им стојат на располагање
на корисниците. Остануваме посветени на нашите корисници, на заедницата и на
општеството во какви било услови.
Користена литература
1. Alajmi,B.M., D. Albudaiwi. (2021). Response to COVID-19 pandemic: Where do public
libraries stand. Public Library Quarterly ,40 (6), 540-556.
2. Altay, A.; A. Tekin; B.Dursun; M. Yayla. (2021). The role of the libraries in the
information society. (од https://hdl.handle.net/20.500.11857/131.htm, пристапено Декември
2021)
3. Asif,M.; K.K.Singh. (2020). Trends, opportunities and scope of libraries during Covid-19
pandemic. IP Indian Journal of Library Science and Information Technology, 1(5), 24-27.
4. America’s Libraries Special report 2021:Covid-19.//AmericanLibraryAssociation.2021.
(од https://www.ala.org/news/sites/ala.org.news/files/content/State-of-Americas-Libraries-
Report-2021.pdf, пристапено Ноември 2021)
5. Bradley, P. (2015). Social media for creative libraries. London: Facet Publishing.
6. Baker, D.; W.Evans. (2011). Libraries and society: role, responsibility and future in an age
of change. Oxford: Chandos Publishing.
7. Bashorun, M., Babaginda, B, Bukola Bashorun, R. & Sowemimo,I. (2021). Transformation
of Academic Library Services in Coronavirus Pandemic Era: The New Normal Approach.
Journal of Balkan Libraries Union, 8(1), 42-50.
8. Covid-19’s impact on libraries goes beyond book.//Wired.2020.
(од https://www.wired.com.htm, пристапено Ноември 2021)
9. Covid-19 (Coronavirus) pandemic: reflections on the roles of librarians and information
professionals. // Wiley Online Library. 2020. (пристапено Декември 2021 од
https://onlinelibrary.wiley.com/doi/full/10.1111/hir.12307)
10. Covid-19 and the global library field.//Ifla.2020 (пристапено Декември 2021 од
https://www.ifla.org/covid-19-and-libraries.htm)
11. EBILDA. A European library agenda for the post-Covid 19 age:[work in
progress].//Ebilda.2020. (Пристапено Декември 2021 од
http://www.eblida.org/Documents/EBLIDA-Preparing-a-European-library-agenda-for-the-
post-Covid-19-age.pdf)
12. How technology is changing the future of libraries.//The Wiley Network. 2018.
(Пристапено Декември 2021 од https://www.wiley.com/network/librarians/library-
impact/how-techology-is-changing-the-future-of-libraries.htm)
13. IFLA Key Resources for Libraries in responding to the Coronavirus Pandemic. // Ifla.
2020. (пристапено Ноември 2021 од https://www.ifla.org/covid-19-and-libraries#remote.
Htm)
14. Impact of Covid-19 on the Use of Academic Library Resources.//DigitalCommons.2021.
(Пристапено Ноември 2021 од
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
50
"https://digitalcommons.lsu.edu/cgi/viewcontent.cgi?article=1101&context=libraries_pubs"&
&context=libraries_pubs"context=libraries_pubs)
15. James Ameh, G., Chima Ukwuoma, H., & Olorunleke Oye, P. (2021). Covid-19
pandemic and evolving library and information services: Lessons for Nigeria. International
Journal of Development and Management review, 16(1), 75-87.
16. Library closures around the world.// Ifla.2020. (Пристапено Ноември 2021 од
https://www.ifla.org/covid-19-and-the-global-library-field/#closures.htm)
17. Library Services during Covid-19 Pandemic Crisis.//Library.2020. (Пристапено
Ноември 2021 од http://library.ddn.upes.ac.in:8081/upeslib/covid19_initiative.pdf)
18. Libraries in the pandemic: Elvolving services to meet local need.// Libraries Connected.
2020. (пристапено Ноември 2021 од https://www.librariesconnected.
org.uk/sites/default/files/Libraries%20in%20the%20pandemic%20-%20final.pdf)
19. Modern libraries: moving from a transactional to a relational library.//Princh.2019.
(пристапено Декември 2021 од https://princh.com/blog-modern-libraries-from-a-
transactional-to-a-relational-library/#.w4-eL-gzZeZ%C5%BE.htm
20. Milovanović, I., Kežić Pucketić, I., & Mumelaš, D. (2021). Istraživanje zadovoljstva
korisnika mrežnom uslugom Pitajte Knjižničara - Tematsko pretraživanje Nacionalne i
Sveučilišne Knjižnice u Zagrebu tjekom pandemije Koronavirusa. Vjesnik bibliotekara
Hrvatske, 64(1), 279-301.
21. NSW Public Libraries: The Covid-19 response, Report of a survey into how library
services adapted toa a pandemic.// State Library. 2020. (пристапено Ноември 2021 од
https://www.sl.nsw.gov.au/sites/default/files/nsw_public_libraries_the_covid-
19_response_survey_report.pdf)
22. Post Covid-19 European Library Agenda meeting Sustainable Development Goals and
funded through the Europen Structural and Investment Funds (2021-2027).//Ebilda. 2020.
(пристапено Ноември 2021 од "http://www.eblida.org/Documents/Think_the_unthinkable_
a_post_Covid-19_European_Library_Agenda.pdf"19_European_Library_Agenda.pdf)
23. Public Libraries and the Pandemic: Digital Shifts and Disparities to
Overcome.//NewAmerica.2021. (пристапено Декември 2021 од https://files.eric
.ed.gov/fulltext/ED612400.pdf)
24. Public Libraries in Europe and Covid-19: Findings from NAPLE
Members.//Culturaydeporte. 2020. (пристапено Декември 2021 од https://www.culturay
deporte.gob.es/dam/jcr:fce29ea1-1b83-479b-b674-a592b255f7e4/naple-narrative-report---
european-library-services-during-covid19.pdf
25. Pandemic of Covid-19 and Role of Academic Libraries.//DigitalCommons-University of
Nebraska-Lincoln. 2021. (пристапено Декември 2021 од
https://digitalcommons.unl.edu/cgi/viewcontent.cgi?article=9434
26. Public Library re-opening and Coronavirus Preparedness and response Plan
Template.//Library of Michigan. 2020. (пристапено Ноември 2021 од
https://www.michigan.gov/documents/libraryofmichigan/Public_Library_Re-
Opening__Coronavirus_Preparedness__Response_Plan_Template_691608_7.pdf)
27. Rooney-Brown,C.; D.McMenemy. (2010). Public libraries as impartial spaces in a
consumer society: possible, plausible, desirable. New Library World, 11/12(111), 455-467.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
51
28. Rafig, M., Hina Batool, S., Farzand Ali, A., &Ullah,M. (2021). University libraries
response to Covid-19 pandemic: A developing country perspective. The Journal of Academic
Librarianship, 47(1), 1-10.
29. Scott, R. (2011). The role of public libraries in community building. Public Library
Quarterly, 3(30), 191-227.
30. Градска библиотека Браќа Миладиновци Скопје.//Facebook 2021. Пристапено
Декември 2021 од
31. https://mk-mk.facebook.com/ Градска-библиотека-Браќа-Миладиновци-Скопје-
49989334480/.htm
Abstract
Libraries have always been an institution that follows changes in their environment, so
when Covid-19 became a global pandemic in March 2020, libraries had to act fast to mitigate
the negative impact of the Covid-19 pandemic, for when she finished, to achieve the
minimum level of operations that existed before the appearance of the pandemic. Using
secondary data and literature from journals and the Internet, the paper gave a brief chronology
of the emergance of the Covid pandemic 19 - a time period during which is not valuable
normal functioning of society and institutions.
During the Covid-19 pandemic, library services, collections, and cultural activities
created by the library are constantly changing and adapting. It certainly means leaving of
everyday, routine activities, which according to the new situation, means introduction of
innovative activities that require readiness and competence by employees, promotion and use
of information and communication technology and resources, using information management
to support health care, raising awareness of the Covid-19 pandemic as well as
recommendations for libraries how to work in the Covid-19 pandemic.
Keywords: Covid-19, Libraries, Information and communication technology
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
52
БИБЛИОТЕКИТЕ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19
(стручен труд)
Ивана Стојанова
НУ-УБ „Гоце Делчев“ Штип
(stojanovai@yahoo.com)
Апстракт
Во овој труд е претставен начинот на работа на НУ-УБ „Гоце Делчев“ Штип во
време на пандемија со осврт на новите активности приспособени на „новото нормално“
постпандемично време.
Нашата библиотека успешно се приспособи на новите услови за работа преку
одржување повеќе настани, работилници и проекти на отворено и онлајн. Исто така
изведовме неколку кампањи од кои некои се спомнати во овој труд.
Основната цел е едукација на учениците и доближување на книгата до читателите,
поттикнување и мотивирање на желбата за читање, како и достапност до книгата.
Современите библиотеки треба постојано да се развиваат за да ги задоволат
потребите на своите корисници, а ние тоа го правиме со следење на работата на
библиотеките кај нас, но и во светот. Нашата цел не е само да ги претставиме
остварените активности, туку тие да бидат поттик за иницирање слични активности во
другите институции.
Клучни зборови: кампања, работилници, корисници, иновативни проекти.
Вовед
Денес со овој труд ќе ја претставиме работата на НУ-УБ „Гоце Делчев“ и еден дел
од остварените активности и проекти на библиотеката за време на пандемија. Како што
веќ знаеме вирусот ковид-19 го погоди целиот свет и несомнено целосно го измени
функционирањето на сите институции ширум светот. НУ-УБ „Гоце Делчев“ успешно се
приспособи на новиот начин на работа и во текот на пандемијата работи под посебни
услови. Со цел да се обезбеди успешно функционирање на библиотечните организации,
потребно е да се задоволат современите потреби на бројните корисници и да се
отстрани отпорот кон промените. За да се постигне ова треба позитивно да се делува на
вработените во библиотеките за што побрзо да се напушти традиционалното работење
и да се прифатат новите современи услови за работа19. Поради новонастанатата
ситуација, треба поинаку да се организира работата, а тоа се однесува на: формирање
нови услуги; обезбедување услуги надвор од библиотечната зграда (алтернативни
библиотеки); осовременување и збогатување на постоечките услуги; дигитализација на
библиотечниот фонд итн. Ситуацијата со ковид-19 посебно се влоши пролетта 2020
година па така библиотеката беше принудена да ги затвори своите врати на одредено
19 Библиотекарство Волумен 37 (2021), бр. 1-2 ( Крстевска, Габриела : Визија за библиотека на иднината),
стр 16
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
53
време. Од март до јули библиотеката не работеше, а кога повторно ја отворивме, за
нашите читатели, како и за вработените имаше мерки кои мораат да се почитуваат.
Така во читалната бројот на ученици и студенти коишто можеа да учат се скрати
за 50 проценти, а носењето маска, одржувањето дистанца, како и редовната
дезинфекција се императив за да го спречиме ширењето на вирусот. Исто така, при
враќањето на книгите, тие се оставани во посебни простории каде што подлежат на
дезинфекција во наредните 72 часа. Бројот на читатели по повторното отворање беше
значително намален20, но со организирањето на многубројните настани, работилници и
проекти од страна на нашите библиотекари успеавме полека, но сигурно да се вратиме
во нормални услови.
Во 2021 година, можеме да се пофалиме со многу успешно завршени активности,
а во трудот ќе ви наброиме неколку од нив.
Кампањи во време на пандемијата
Денот на дарување книги започнал да се одбележува во 2012 година, а веќе во
2013 се прославуваше во 34 земји низ светот. Иницијативата е поддржана од многу
автори и илустратори за деца. Со кампањата „Подари книга ‒ подари љубов“ од 14 до
21 февруари го одбележавме Меѓународниот ден на дарување книги, па така
обезбедивме повеќе од 50 книги кои им ги подаривме на учениците од одделот за деца.
Главната цел на оваа кампања е книгите да стигнат до рацете на што повеќе деца
бидејќи верувале или не многу деца во светот не поседуваат книги, ниту пак имаат
пристап кон книгите. Идејата беше да се охрабрат луѓето да подаруваат книги на
пријател, роднина, дете или пак во некоја локална библиотека или организација што
дистрибуира користени книги на деца на кои им е потребна.
Следејќи ги примерите и искуствата од другите библиотеки низ светот и
околината во текот на оваа година организиравме и друга интересна кампања под
наслов „Селфи во библиотека“. Со оваа кампања ги повикавме сите заинтересирани
ученици од основните училишта во Штип, нашите читатели, да ни се приклучат во оваа
иновативна акција и да се вклучат така што ќе направат „селфи“ со позајмената книга
во рака, во просториите на нашата библиотека! Примарната цел на оваа акција е да ги
охрабриме учениците почесто да ја посетуваат библиотеката и да позајмуваат книги.
Кампањата траеше до 31.12.2021 година.
Интересот за оваа акција е навистина голем со оглед на тоа што во денешно време
правењето селфи е прилично популарно, посебно кај младите па така учениците со
задоволство се фотографираа. На социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм ни испратија
многубројни фотографии, а најинтересните ќе добијат бесплатно челнство.
Тематски работилници за одбележување важни датуми
Исто така во текот на годината имавме и повеќе посети од страна на учениците од
основните училишта заедно со нивните наставници. Целта на оваа посета е да се
запознаат со организацијата и услугите кои им ги нудиме на корисниците. Исто така
20 Полугодишен извештај за остварување на годишната програма на НУ-УБ „Гоце Делчев“- Штип за
периодот јануари - јуни 2021 година, бр. 0102/142 од 29.7.2021 година.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
54
разговаравме за значењето на книгата и читањето во нивниот раст и развој и
формирањето на детската личност. Разговаравме и за тоа како треба да се чува книгата
за да се заштити и да може да се користи подолго време. Потоа им прочитавме убава
едукативна детска приказна со порака: Сè се може доколку силно веруваме во тоа што
го сакаме.
Во 2021 година се одржаа и многубројни работилници во рамки на библиотеката,
како и во основните училишта во приградските населби. По повод Меѓународниот ден
на жената имавме работилница „Честитка за мојата мајка“ на која присуствуваа
учениците од ООУ „Ванчо Прќе“. Заедно ја прославивме инспиративната улога на
жените, разговаравме на тема жените во историјата и општеството, прочитавме песни
посветени на мајките и за крај направивме креативни честитки.
Исто така по повод месецот на книгата имавме работилница „Книгата, мојот
најдобар пријател“. Со инфобусот ги посетивме учениците од ООУ „Страшо Пинџур“
каде што имавме интерактивна работилница во дворот на училиштето. Им објаснивме
што значи зборот книга, зошто е значајно читањето и им прочитавме неколку убави
едукативни стихотворби за книгата.
На 22 октомври 2021 година библиотеката организира есенска работилница за
деца! Есенските плодови се одлични алатки за осмислување разни креативни
активности со дечињата... Идеите се многу, а ние одбравме од лисјата да направиме
есенска уметност! Освен љубопитноста и уживањето, овие активности влијаат и на
развојот на фината моторика, поттикнување на имагинацијата и креативноста,
проширување на знаењата за есента, градење позитивен став кон уметноста, развојот на
трпението и прецизноста, развојот на естетиката21.
Покрај соработката со предучилишните установи и основните училишта имаме
соработка и со дневни едукативни центри, па така се дружевме со децата од
едукативниот центар „Умни и среќни деца“ (Smart and happy kids) и направивме убави
креации од есенските лисја.
Проект „Среќа на тркала“
И покрај пандемијата и ограничувањата што ни ги донесе, можеме да се пофалиме
и со успешно остварени проекти. Еден од нив е проектот „Среќа на тркала“ кој се
изведе со инфобусот на библиотеката и ги посети околните села и приградски населби
во околината на Штип. На учениците од општинските училишта им приредивме многу
работилници и активности на повеќе теми, а исто така им донесовме аниматори кои им
приредија одлична забава.
Целта на овој проект е промовирање на услугата на нашиот инфобус, како и
ширење на знаењето и културата, достапност на информации, забава, создавање навики
за читање кај корисниците без оглед на растојанието, социјалната позиција и
финансиската состојба на корисниците. Повеќе за овој проект беше кажано на 9
фестивал на мобилни библиотеки кој се одржа на 8 и 9 јуни во Хрватска, Винковци каде
што учествуваа библиотеки од повеќе држави. Детално ја објаснивме работата на
21Годишен извештај за работата и активностите на НУ-УБ „Гоце Делчев“, Штип за 2020 година, бр. 03-
119/1
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
55
инфобусот и функцијата што ја врши, а за возврат добивме многу пофалби и
комплименти, како и сертификат за учество.
Заклучок
Поради новонастанатите услови, библиотечните организации треба и мора да се
приспособат на константните промени во опкружувањето. Во „новото нормално време“
успехот на секоја библиотека зависи исклучиво од нејзината способност да се
приспособи кон промените и во центарот на вниманието да го стави корисникот и
неговите потреби. Односот помеѓу библиотекарот и корисникот не се остварува само
преку активностите и збирките на библиотеката, туку и преку дијалог и поддршка во
заемна комуникација со читателите.
Користена литература:
1. Годишен извештај за работата и активностите на НУ-УБ „Гоце Делчев“, Штип за
2020 година, бр. 03-119/1
2. Полугодишен извештај за остварување на годишната програма на НУ-УБ „Гоце
Делчев“- Штип за периодот јануари - јуни 2021 година, бр. 0102/142 од 29.7.2021 г.
3. Крстевска, Габриела (2021) „Визија за библиотека на иднината“ Библиотекарство
Волумен 37 (2021)
Abstract
In this paper is presented the work process of the NI-UL “Goce Delchev” in Shtip in a
time of a pandemic with an overview of the new activities adjusted in accordance with the
“new normal” post-pandemic time.
Our library has successfully adapted to the new work conditions; trough conducting
numerous events, workshops and projects that were held wither outdoors or online. Also, we
realized a few campaigns, and some of them are mentioned in this paper.
The basic aim is to educate students and bring readers closer to books, encouraging and
motivating the desire to read, as well as making books available.
Contemporary libraries should constantly develop, in order to satisfy the needs of its
users and we have done that by following the work of the libraries in our countries, and in the
world as well. Our aim is not to solely represent the realized activities, but to use these
activities as an encouragement for future initiatives for similar activities in other institutions.
Keywords: campaign, workshop, users, innovative projects
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
56
„ПАМЕТНИ БИБЛИОТЕКИ ‒ НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА БИБЛИОТЕКИ“
(стручен труд)
Ивона Џамтовска Јанкуловска, виш библиотекар
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје
(ivona.bm@gmail.com)
Апстракт
„Паметната библиотека“ бара паметни решенија за да им се понудат поедноставни
услуги на корисниците. Улогата на библиотекарите и библиотеките се менува во
сегашната ера поради променливите барања на нејзините корисници и модерното време
во кое живееме.
Во овој труд накратко ќе се објаснат деталите и развојот на паметните
библиотеки, нејзиниот пристап и мотив за градење. Паметните услуги и нивната
видливост, управувањето на е-услугите во дигиталната ера.
Сепак, концептот за паметна библиотека не претставува проект или единствен
модел, туку процес, начин како да се завршат работите на поедноставен начин,
покреативен и иновативен.
Клучни зборови: паметна библиотека; библиотека; модерна технологија
Вовед
Концептот за паметенa библиотека ги интегрира информатичката и
комуникациската технологија и разни физички уреди кои се мрежно поврзани за да ја
оптимизира ефикасноста на библиотечните операции и услуги, со цел да се поврзе со
корисниците.
Паметна библиотека е технолошки модерна урбана институција која користи
различни видови електронски методи, методи за активирање глас и сензори за да
собира специфични податоци. Информациите добиени од тие податоци се користат за
ефикасно управување со средствата, како и за унапредување на операциите во
библиотеката. Ова вклучува податоци собрани од нејзините корисници, граѓани, кои
потоа се обработуваат и се анализираат за унапредување на услугите во институцијата и
во заедницата.22
„Целта за изградба на една паметна библиотека е за унапредување на квалитетот,
постигнувањата и интерактивностите на урбаните услуги. Затоа, паметната библиотека
како институција треба да биде поподготвена да им одговори на предизвиците.“
Сепак, самиот термин останува нејасен за неговите специфики и затоа е отворен
за многу толкувања.
Терминот „паметна библиотека“ од неодамна се користи почесто, за означување
на визијата за библиотеките за иднината.
Овој концепт се однесува на интеграцијата на дигиталните процеси и
информативните повратни информации во јавната инфраструктура, оваа интеграција е
22 Joachim Schöpfel; Smart Libraries 1 University of Lille, GERiiCO Laboratory; joachim.schopfel@univ-
lille.fr;file:///C:/Users/Astra/Downloads/preprints201807.0118.v1%20(2).pdf(02.09.2021)
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
57
посакувана состојба, во која библиотеките стануваат „попаметни“, односно поефикасно
организирани, поволни за ресурси, флексибилни и одржливи. Во секој случај, треба да
прашаме, што значи библиотеките да бидат дел од тој развој? Која е нивната улога?
Како треба да постапат?
Но, што значи библиотеката да биде паметна на прво место?“23
Цели и воведување на новите технолошки процеси
Како незаменлив дел од општеството, библиотеките треба да го изнесат новото и
да ја избегнуваат работата зад затворени врати. Тие треба да се приспособат кон
развојот на времето и да ја интегрираат најновата технологија во библиотеката за да
постигнат персонализирани услуги за корисниците. Но, без разлика како се менува
библиотеката и како технологијата се ажурира наизменично, нејзината основна
вредност на „ориентирање кон луѓето“ не е променета. Како може библиотеката да ја
оствари трансформацијата од пасивен и стереотипен модел во модел на интелигентна
услуга во новата интелигентна средина и да ја изврши трансформацијата од услуга со
една библиотека во услуга меѓу библиотеки?24
Со воведувањето на технологијата во библиотечното работење, им се овозможува
на библиотекарските службеници да комуницираат директно и со заедницата и со
библиотечната инфраструктура, но и да следат што се случува во неа и како се развива.
Предизвиците со кои се соочуваат библиотеките се прашања за интензивен раст.
Паметната библиотека е информативен центар кој формира мрежа од многу библиотеки
и нивните услуги во поголем информативен систем низ целиот свет.
Библиотеките треба да размислуваат за нови начини на медијација, нови услуги.
Сега е можно повторно да се праша што е „паметно“ за библиотеката.
Целта на воведувањето на новите технолошки процеси е повеќе да се лесни за
користење отколку интелигентни. Тие ги олеснуваат работните обврски на
библиотекарите, ги олеснуваат чекорите на корисниците. Тие се со цел да го
поедностават процесот на употребата.25
Еволуцијата на библиотеките се случува низ три фази ‒ модернизација,
автоматизација и дигитализација.
„Паметноста“ значи дека развојот на нови библиотечни е-алатки и услуги се мерат
според процената на вистинските ресурси и корисници.
Како и секоја нова парадигма, „паметноста“ носи ризици, што би значело тоа. Во
денешната ера, библиотеката опремена со технологија за „паметна библиотека“ треба
слободно да биде отворена за читателите на библиотеки без библиотечен персонал.
23Nahak Brundaban, Padhi Satyajit,The Role of Smart Library and Smart Librarian for E- Library
Services;https://ir.inflibnet.ac.in/bitstream/1944/2338/1/10.pdf (02.09.2021)
24Zhihan Lv;Visualization of Information Retrieval in Smart Library Based on Virtual Reality Technology
(hindawi.com) (02.09.2021)
25GouriShashankDeo, Ayushi Mishra, Zuber Mohammed Jalaluddin,ChaitanyaVijaykumarMahamuni
A Smart Library System based on the Internet of Things (IoT) with Integration of Moodle, in addition to the use
of Collaborative Filtering for Book Recommendation and Sentiment Analysis for Improvisation of
Resources,Tasks involved in Library Management System(03.09.2021)
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
58
Технологијата дава капацитети за контрола и следење на зградите на
библиотеката, вклучувајќи автоматски врати, осветлување, современи технолошки
услуги.
Тоа дава дозвола за користење на ресурсите 24 часа секој ден од седмицата, така
што читателите можат да ја користат библиотеката во време кога им е погодно на
корисниците.
Улогата на библиотекарите и библиотеките се менува во сегашната ера поради
променливите барања на нејзините корисници.
Покрај електронските пребарувања и дигиталните библиотеки каде што можат
корисниците да влезат на веб-страницата на библиотеката и да ги препрочитуваат
делата на компјутер, мобилен телефон и да користат и други модели на услуги,
иновативниот развој на паметните библиотеки би бил и доста ефикасен преку
проширување на социјалните мрежи. Секоја комуникација и интеракција со
корисниците и потенцијалните корисници е од огромно знашење.
Дали ова би значело крај на традиционалните услуги, каде што доаѓаат
корисниците во своите библиотеки и имаат интеракција со библиотекарите?
Паметни модели на работа во библиотека
Библиотеките се места каде што луѓето одат да земат книги, но и да добијат некоја
информација.
Концепт за паметна библиотека е сите библиотечни услуги да бидат побрзи,
подобри и поедноставни за нејзините корисници, преку дигитална технологија со
различни софтверски апликации.
Со воведувањето на новата технологија и добра технолошка опрема за работа во
библиотеките, создаваме паметна средина, ново знаење, активна содржина.
Мобилен пристап, (организација на интеракција со корисникот), паметни услуги
(користење мобилни апликации), е-ресурси (е-бази на податоци ‒ книги, е-списанија,
референтни алатки).26
Моделот на технологија за пронаоѓање информации на паметната библиотека се
прави со детална анализа за специфичната конструкциона содржина на паметна
перцепција, пренос на мрежа, ресурси на податоци и паметна апликација. Целта на
собирање и зачувување на литературните материјали во библиотеките е пренесување
или ширење на знаењето.27
Паметна библиотека: проблем или можност?
Кога говорам за проблем на градење паметна библиотека, пред сè мислам на
финансиската издржливост. Колку е подготвена нашата влада да одвои пари од буџетот
26Schöpfel, Joachim; Smart Libraries ; GERiiCO Laboratory, University of Lille, 59653 Villeneuve d’Ascq,
France; joachim.schopfel@univ-lille.fr; file:///C:/Users/Astra/Downloads/infrastructures-03-
00043%20(1).pdf(03.09.2021)
27Holland,Barbara(Brooklyn Public Library, USA),Emerging Trends and Impacts of the Internet of Things in
Librarieshttps://www.igi-global.com/book/emerging-trends-impacts-internet-things/244559#table-of-
contents(09.09.2021)
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
59
за да финансира еден голем проект, модерен со најсофистицираната технологија која би
можеле да ја замислиме?
Дали може да се импровизира или да се биде професионалец? Колку и приватните
фирми би го поддржале овој проект, визија на една модерна библиотека, дали би биле
спремни да одвојат посериозен буџет за реализација на една паметна библиотека, како
што е во другите побогати и големи земји?
За реализација на една паметна библиотека според светските стандарди се
потребни многу финансии.
Тука би го поставила следново прашањето? Дали само финансиите се проблем за
да бидеме и ние како светските библитотеки кои веќе неколку години наназад
комплетно се имаат сменето и колку и библитекарите би биле спремни на оваа промена,
дали би стравувале дека би можеле да бидат заменети со најсофистицираното
достугнување во технологијата – роботиката, или пак за да одговорат на работните
задачи би требало да имаат познавање на современата информациска технологија. Дали
повозрасната генерација би можела да им одговори на новите предизвици?
Дали технолошката револуцијата би посегнала по библиотекарскиот кадар? По
традиционални навики?
Овие прашања отвораат многу потпрашања кои би било интересно да се
разгледаат.
На една анонимна анкета која беше спроведена во мојата библиотека, многу мал
дел од колегите одговорија позитивно на прашањето дали би сакале да се дообучуваат
за да можат да работат со софистицираните технологии како во другите библитеки.
Тоа беа библиотекари од помладата генерација. Но повозрасните категорично
одбија, велејќи дека не би можеле да ја исполнат задачата. Не би можеле да го следат
новиот тренд на работа, традиционалниот тренд за нив е идеалниот и не би сакале
поинаку да работат.
Сега тука настанува клучното прашање, дали проблемот е само финансиски, или е
и човечкото приспособување, бегање од стереотипите на работата.
Заклучок
Со текот на времето, технологиите на виртуелна реалност, зголемена реалност и
интегрирана реалност ќе се развиваат и натаму, а апликациите полни со изненадувања
ќе го менуваат начинот на кој читателите работат, комуницираат и се забавуваат и
дополнително ги прошируваат функциите на библиотеките, за да се промовира
изградбата и развојот на паметни библиотеки.
Исто така, „паметноста“ можеби не е решение за сите проблеми со библиотеката.
Но, во моментов, ако библиотеките сакаат ефикасно да го прошират опсегот на
јавните културни услуги, тие треба да воведат технологија за виртуелна реалност, што е
можно поскоро, да им го покажат моделот на услуга на читателите во сосема нова
форма и да користат висококвалитетна конструкција на ресурси за да се појават
сопствените предности на библиотеката.
Со текот на времето, технологиите на виртуелна реалност, зголемена реалност и
интегрирана реалност ќе продолжат да се развиваат, а апликациите полни со
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
60
изненадувања ќе продолжат да го менуваат начинот на кој работат читателите,
комуницираат и се забавуваат и дополнително ги прошируваат функциите на
библиотеките, за да се промовира изградбата и развојот на паметни библиотеки.
Општо земено, употребата на модерната технологиjата и иновативните промени
треба да е сеопфатен стратегиски концепт кој одговара на барањата на персоналот и
корисниците. Библиотеките како некомерцијални даватели на големи количини
ажурирани информации мора да управуваат со напредокот во секое време и да се
обновуваат во постојан процес. Поради огромниот пораст на дигитално достапните
информации и нивната важност, треба да се создадат нови начини на медијација и
услуги, но главните функции на библиотеките мора да останат исти.28
Користена литература
1. Schöpfel, Joachim; Smart Libraries University of Lille, GERiiCO Laboratory;
joachim.schopfel@univ-
lille.fr;file:///C:/Users/Astra/Downloads/preprints201807.0118.v1%20(2).pdf(02.09.2021)
2. Nahak Brundaban, Padhi Satyajit,The Role of Smart Library and Smart Librarian for E-
Library Services;https://ir.inflibnet.ac.in/bitstream/1944/2338/1/10.pdf (02.09.2021)
3. Zhihan Lv;Visualization of Information Retrieval in Smart Library Based on Virtual
Reality Technology (hindawi.com) (02.09.2021)
4. GouriShashankDeo, Ayushi Mishra, Zuber Mohammed
Jalaluddin,ChaitanyaVijaykumarMahamuni
5. A Smart Library System based on the Internet of Things (IoT) with Integration of Moodle,
in addition to the use of Collaborative Filtering for Book Recommendation and Sentiment
Analysis for Improvisation of Resources,Tasks involved in Library Management
System(03.09.2021)
6. Schöpfel, Joachim; Smart Libraries ; GERiiCO Laboratory, University of Lille, 59653
Villeneuve d’Ascq, France; joachim.schopfel@univ-lille.fr;
file:///C:/Users/Astra/Downloads/infrastructures-03-00043%20(1).pdf(03.09.2021)
7. Holland, Barbara(Brooklyn Public Library, USA),Emerging Trends and Impacts of the
Internet of Things in Librarieshttps://www.igi-global.com/book/emerging-trends-impacts-
internet-things/244559#table-of-contents(09.09.2021)
8. Sumeer Gul , Shohar Bano Smart libraries: an emerging and innovative technological
habitat of 21st century; https://www.emerald.com/insight/content/doi/10.1108/EL-02-2019-
0052/full/html?skipTracking=true-(10.09.2021)
28Sumeer Gul , Shohar Bano Smart libraries: an emerging and innovative technological habitat of 21st century;
https://www.emerald.com/insight/content/doi/10.1108/EL-02-2019-0052/full/html?skipTracking=true-
(10.09.2021)
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
61
Abstract
The "smart library" is looking for smart solutions to offer simpler services to users. The
role of librarians and libraries is changing in the present era due to the changing demands of
its users and the modern times in which we live.
This paper will briefly explain the details and development of smart libraries, its
approach and motivation for building. Smart services and their visibility, e-services
management in the digital age.
However, the concept of a smart library is not a project or a single model, but a process,
a way to get things done in a simpler, more creative and innovative way.
Keywords: smart library; library; modern technology
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
62
ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА СЕРИСКИТЕ ПУБЛИКАЦИИ ВО ИЗДАНИЕ НА
ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ
(стручен труд)
Илина Смоковска, виш соработник за библиотечно работење
Филозофски факултет – Скопје
(ilina@fzf.ukim.edu.mk)
Апстракт
Филозофскиот факултет во Скопје има голема улога во афирмацијата и
популаризацијата на библиотечната дејност во нашата држава. Факултетот бележи
богата научно-издавачка дејност во поглед на сериските публикации. Издавачката
дејност на факултетот низ годините се развива во континуитет. Прва сериска
публикација во издание на факултетот е Гласник Скопског научног друштва, потоа
сериската публикација Годишен зборник на Филозофскиот факултет првпат излезена
во печат 1948 година и претставува едно од најстарите научни публикации и прво
научно списание од ваков вид во нашата земја. Следуваа Филозофска требина, Жива
антика, Историја, а подоцна од 1995 година Социолошка ревија, Дефектолошка
теорија и практика, Религиски дијалог и соработка, Folia ArchaeologicaBalkanica,
Ревија за социјална политика, Безбедносни дијалози, Македонска историска ревија,
Филозофија, Психологија: наука и практика, Меѓународно списание за образование,
истражување и обука и студентските списанија: Внатрешен патник и VOX. Сериските
публикации во издание на Филозофскиот факултет – Скопје се дигитализирани и јавно
достапни на порталот за научни и академски списанија – Периодика.
Клучни зборови: Филозофски факултет – Скопје, библиотеки, сериски
публикации, Годишен зборник, periodica.
Содржина
Библиотеките во состав на Филозофскиот факултет – Скопје се високо
професионално организирани. Изминативе децении тимот на Одделението за
библиотечно работење на Филозофски факултет – Скопје, вршеше размена, сместување
на полици во депоата, обработување, каталогизирање и промоција на разни
манифестации и годишници на Институтите, додека на набавените сериски публикации
по пат на дар и размена вршеше валоризација. Филозофскиот факултет бележи богата
научно-издавачка дејност, како на сериски публикации со национален карактер, така и
на меѓународни научни сериски публикации. Сите сериски публикации во издание на
Филозофскиот факултет – Скопје се дигитализирани и јавно достапни на порталот за
научни и академски списанија – Периодика односно на следнава врска:
http://periodica.fzf.ukim.edu.mk/godzb/GZ19(1967)/gz19.html
Научните сериски публикации во издание на Филозофскиот факултет – Скопје
имаат долга традиција. Со формирањето на Скопското научно друштво во 1925 година,
истата година излегло во печат и згаснатото антикварно списанието Гласник Скопског
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
63
научног друштва во кое биле објавени научни трудови на автори од цела тогашна
Југославија.
Издавачката дејност на Филозофскиот факултет во континуитет се развива. На
десетгодишнината од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје, во 1930 година,
во печат излегол првиот број на списанието Годишник на Скопскиот филозофски
факултет во кој биле објавени научни трудови не само од професорите на Факултетот,
туку и од научни работници од другите универзитетски центри на Југославија.29 Во
периодот од 1978 до 1985 година излегувало во печат списанието Филозофска требина.
Од големо значење во издание на Филозофскиот факултет – Скопје се следниве
научните сериски публикации: Годишен зборник на Филозофскиот факултет,
списание кое денес се издава еднаш годишно за потребите на наставно-образовната и
научната дејност на Филозофскиот факултет – Скопје, Жива антика, академско
списание отворено за оригинални истражувања од сите области на класичните студии и
антиката воопшто – грчки и латински јазик и литература, филозофија, митологија и
религија, античка историја и археологија, уметност, архитектура и култура – од
почетокот на класичната цивилизација до 6 век од нашата ера, како и подоцна класичен
прием и влијанија,30 основано во 1950 година при Катедрата за класична филологија на
предлог од професорот Петрушевски, првиот број бил испечатен во 1951 година,
списание кое излегува непрекинато до денес. Во катастрофалниот земјотрес на 26 јули
1963 година целокупниот богат книжен фонд на семинарската билиотека, како и
фондот „Жива антика“ се најде под урнатините. Последните ормани со книги беа
откопани во една акција од 20 до 23 јануари 1964 година.31 Книжниот фонд се наоѓал во
лоша состојба и не можел да биде подреден и користен, а неговото средување
започнало со преселувањето во новата зграда на Филозофскиот факултет. Потоа,
списанието Историја, списание на Сојузот на историските друштва на СР Македонија
првпат во печат 1965 година. Семинарската библиотека на Катедрата за историја пред
преселбата во новата зграда каде што и денес се наоѓа Филозофскиот факултет
располагала со мошне голем библиотечен фонд, распореден во 3 подрачни библиотеки,
од кои библиотеката за општа и национална историја располагала со околу 10.000
броеви на списанија. Социолошка ревија, заедничко издание на Здружението на
социолози на Република Македонија со Институтот за социологија, првиот број во
печат 1995 година. Сериската публикација Социолошка ревија излегува до двапати
годишно, тематски. Ревијата е отворена кон емпириски, теориски и критички
ориентирани прилози од сите полиња на интерес на социолозите.32 Дефектолошка
теорија и практика, мултидисциплинарен меѓународен весник ревидиран од
Институтот за специјална едукација и рехабилитација, Македонското научно друштво
за аутизам и Македонската асоцијација на специјални едукатори, првиот број во печат
1997 година. Целта на списанието е да сподели и да рашири знаење помеѓу сите
дисциплини кои работат во областа на специјалното образование и рехабилитација.33
29Филозофски факултет во Скопје : 1920-1946-2006, Филозофски факултет, Скопје, 2006, стр. 28
30https://antiquitasviva.com/
31Филозофски факултет во Скопје : 1920-1946-2006, Филозофски факултет, Скопје, 2006, стр. 50
32http://periodica.fzf.ukim.edu.mk/socr/about.html
33http://jser.fzf.ukim.edu.mk/
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
64
Религиски дијалог и соработка, меѓународно научно списание за сите области на
религијата во издание на Центарот за интеркултурни студии и истражувања при
Филозофскиот факултет. Списанието објавува оригинални научни трудови (податоци
од оригинални емпириски истражувања на религијата) и прегледни научни трудови
(систематски прегледи, анализи, процеси, толкувања на резултатите од истражувањата
и теоретски сознанија од одредени области на религијата).34 Првиот број излезе во 2020
година. Folia Archaeologica Balkanica, списание кое се издава за потребите на наставно-
образовната и научната дејност од областа на археологијата, историјата, историјата на
уметноста и класичните студии на Филозофскиот факултет во Скопје, првиот број во
печат 2006 година. Секој број на списанието се посветува на еден од истакнатите
археолози, професори на Иститутот за историја на уметноста и археологија, кои со
своите научни постигнувања оствариле особен придонес во доменот на меѓународните
археолошки истражувања.35 Ревија за социјална политика, подигнување критички јавни
и академски дебати на теми поврзани со социјалната политика, на локално, национално,
регионално и меѓународно ниво, првиот број во печат 2008 година. Безбедносни
дијалози, меѓународно списание со рецензија, специјализирано за политички и
безбедносни прашања, објавено е од Одделот за безбедност, одбрана и мир, првиот број
во печат 2008 година. Уредниците ги поздравуваат поднесоците на оригинални и
иновативни написи за истражување и прегледни написи кои нудат емпириска анализа и
рецепти за политики водени од теорија, што би биле од интерес за експерти и
научници, владини претставници и носители на политики. Списанието охрабрува
+критички перспективи и иновативни пристапи за анализа на прашања и проблеми што
се однесуваат на одделни држави, балканскиот регион, како и европската и глобалната
политика.36 Македонска историска ревија, списание за наука посветено на историјата
на Македонија и Балканот, подготвено од Институтот за историја, првиот број во печат
2010 година. Уредувачкиот одбор си постави задача да го направи списанието отворено
за сите аспекти на македонската, балканската и светската историографија, за да ги
следи трендовите на современата историографија, како и да придонесе македонската
историографија да стане дел од тие трендови. Првичната цел на редакцијата е написите
во списанието да се занимаваат со теми поврзани со македонската историја, како и со
историјата на подрачјето на голема југоисточна Европа.37 Филозофија,
интернационално списание со рецензија, со уредувачки одбор и советодавен одбор
составен од еминентни домашни и меѓународни научници од областа на филозофијата,
првиот број во печат 2013 година, објавено од Институтот за филозофија во соработка
со Филозофското друштво на Македонија со цел дополнително да се зголеми овој
форум, да се збогати и да се продлабочи комуникацијата со научниците кои работат во
оваа област на филозофијата и сродните области низ целиот свет, надевајќи се дека
многу од традиционалните и современите филозофски проблеми ќе се решат на
поефикасни начини со такви заеднички интелектуални напори.38 Психологија: наука и
34http://periodica.fzf.ukim.edu.mk/rdc/about_the_journal.html
35http://periodica.fzf.ukim.edu.mk/fab/about_the_journal.html
36http://periodica.fzf.ukim.edu.mk/sd/about.html
37http://periodica.fzf.ukim.edu.mk/mhr/editorial.html
38http://periodica.fzf.ukim.edu.mk/fil/overview.html
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
65
практика, меѓународно научно-стручно списание за сите гранки на психологијата, во
кое се објавуваат изворни научни трудови, првиот број во печат 2015 година,
списанието го издава Институтот за психологија.39 Меѓународно списание за
образование, истражување и обука и студентските списанија: Внатрешен патник
првпат излезено во печат 1994 година со самото официјално конституирање на новиот
Сојуз на студентите со свое собрание со претставници од сите Институти на
Факултетот и новосоздаденото студентско списание на Институтот за семејни студии и
VOX, првото издание излезено во печат во 2019 година. Списанието им дава можност на
студентите да ја истакнат важноста на семејството, неговата улога и функција кои
неминовно се поврзуваат со општественото дејствување на секоја индивидуа.40
Сериската публикација Годишен зборник се издава од 1948 година и претставува
едно од најстарите научни публикации, односно прва сериска публикација на
Филозофскиот факултет и првото научно списание од ваков вид во нашата земја.41 Во
него за првпат на македонски јазик, со резиме на еден од светските јазици, ce
публикувани научни трудови и прилози од наставниците и соработниците на нашиот
Факултет. Затоа слободно може да ce каже дека Годишниот зборник на Филозофскиот
факултет претставува зародиш на повеќето научни и стручни списанија кои денес
излегуваат во нашата земја.42 Во првите пет години од издавањето на Годишниот
зборник, од практични причини, излегува како двоброј, потоа спој на еден број за две
години и до денешни дни, Годишниот зборник на Филозофскиот факултет, со мали
прекини редовно излегува. Зборникот навлезе во осмиот издавачки декаден циклус.
Вкупниот број научни и стручни трудови кои ce публикувани во Годишниот
зборник на Филозофскиот факултет во Скопје во периодот од 1948 до 1998 година
изнесува 618 научни единици и прилози, додека во периодот од 1999 до 2020 година
изнесува 667 научни единици и прилози од следниве научни области распоредени по
институти и катедри:
ТАБЕЛАРЕН ПРЕГЛЕД НА НАУЧНИ СТАТИИ И ПРИЛОЗИ НА
НАСТАВНИЦИТЕ И СОРАБОТНИЦИТЕ НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ
ОБЈАВЕНИ ВО ГОДИШНИОТ ЗБОРНИК ЗА ПЕРИОДОТ ОД 1948 ДО 2020
ГОДИНА ПО ИНСТИТУТИ И КАТЕДРИ
Институти и катедри Број на објавени трудови
од 1948 до 1998 година
Историја 153
Историја на уметноста со археологија 93
Филозофија 60
Социологија 65
Педагогија 49
39http://periodica.fzf.ukim.edu.mk/psnp/editorial.html
40http://periodica.fzf.ukim.edu.mk/vox/overview.html
41http://periodica.fzf.ukim.edu.mk/godzb/about.html
42Педесет години од излегувањето на Годишниот зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, Годишен
зборник, кн. 28(51), Филозофски факултет, Скопје, 1998, стр. IX
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
66
Психологија 45
Класични студии 42
Одбрана 34
Социјална политика и социјална работа 17
Дефектологија 2
Катедра по хуманистички студии 20
Катедра по одбрана и заштита 10
Вкупно 590
Од други 28
Cè вкупно 618
43
Институти и катедри Број на објавени
трудови од 1999 до
2020 година
Филозофија (Институт) 35
Историја (Институт) 92
Педагогија (Институт) 44
Класични студии (Институт) 38
Хуманистички студии (Катедра) 11
Историја на уметноста и археологија (Институт) 26
Социологија (Институт) 36
Психологија (Институт) 101
Безбедност, одбрана и мир (Институт) 46
Дефендологија (Институт) 11
Одбрана и заштита (Институт) 5
Одбрамбени и мировни студии (Институт) 71
Одбрана (Институт) 15
Одбрана (Катедра) 2
Социјална работа и социјална политика (Институт) 45
Специјална едукација и рехабилитација (Институт) 8
Дефектологија (Институт) 32
Родови студии (Институт) 7
Семејни студии (Институт) 9
Вкупно 634
Други (хроника, приказ, прилози, in memoriam) 33
Cевкупно 667
Со сериската публикација Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје,
воспоставена е богата размена со сродни научни институции и установи од земјата и
странство. Годишниот зборник од 2016 година повторно е дел од светските библиотеки
43 Педесет години од излегувањетото на Годишниот зборник на Филозофски факултет во Скопје,
Годишен зборник, кн. 28(51), Филозофски факултет, Скопје, 1998, стр. X
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
67
по одлуката на Одборот примероци од списанието да бидат дистрибуирани во
библиотеките на филозофските факултети (онаму каде што има такви) и националните
библиотеки во земјите на Балканот, Франција, Русија, Велика Британија и во
Соединетите Американски Држави.44 Годишниот зборник имал и има голема улога во
афирмацијата на научната мисла на Филозофскиот факултет и на неговиот научен,
професорски стручен кадар, чии еминентни професорски имиња учествувале во
креирањето, одобрувањето на трудовите, односно во редакциските одбори на сериската
публикација. Зборникот уште еднаш го отсликува богатството на дисциплини на
Филозофскиот факултет кои длабински ja изразуваат човековата природна
љубопитност за спознавање на светот, општеството и себеси. На страниците на секој
број на оваа сериска публикација може да се прочитаат трудови кои обработуваат разни
теми и ја прикажуваат хетерогеноста на Факултетот. Токму таа хетерогеност го прави
секој број на ова наше списание интересно за читателите.
Заклучок
Во 2020 година, Филозофскиот факултетот – Скопје објавува 12 научни сериски
публикации, кои претставуваат релевантен извор на нови научни сознанија од
хуманистичките и општествените науки. Заслугата за издавање на сериските
публикации е на авторите кои ги приложувале своите трудови и се разбира трудот на
редакциските одбори. Влијанието на дигитализацијата последниве десетина години
станува сѐ позабележително. Придобивките од дигитализацијата на сериските
публикации се забележуваат во сите сфери од современото општество. Електронските
ресурси, односно, Порталот за научни и академски списанија – Периодика и тимот од
Филозофскиот факултет во Скопје кој учествуваше во дигитализацијата, создаде многу
предности за корисниците, олеснувајќи им го значително процесот на учење на
студентите, намалување на времето за истражување на истражувачите, задоволуваќи ја
љубопитноста на љубителите на историјата и воопшто на општествените науки, но и
формирање услуги за оние корисници кои немаат можност за физичка посета на
библиотеката или не сакаат да ја користат библиотеката и сериските публикации во
традиционална смисла. Cera, првпат, сите сознанија ќе добијат поширока читателска
публика. Дигитализираните сериски публикации имаат трајна вредност и значење и
претставуваат наследство кое треба да се чува и заштити за следните генерации.
Користена литература:
1. Филозофски факултет во Скопје : 1946-1976, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Скопје, 1976
2. 70 години Институт за историја : 70 години македонска историографија,
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Филозофски факултет, Скопје, 2017
3. https://antiquitasviva.com/
4. Филозофски факултет во Скопје : 1920-1946-2006, Филозофски факултет, Скопје,
2006
5. http://periodica.fzf.ukim.edu.mk/socr/about.html
44Годишен зборник, кн. 70, Филозофски факултет, Скопје, 2017, стр. IX-X
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
68
6. Годишен зборник, кн. 28(51), Филозофски факултет, Скопје, 1998
7. Годишен зборник, кн. 70, Филозофски факултет, Скопје, 2017
8. http://periodica.fzf.ukim.edu.mk/mhr/editorial.html
9. http://periodica.fzf.ukim.edu.mk/fil/overview.html
10. http://periodica.fzf.ukim.edu.mk/psnp/editorial.html
11. http://periodica.fzf.ukim.edu.mk/vox/overview.html
12. http://periodica.fzf.ukim.edu.mk/godzb/about.html
Abstract
The Faculty of Philosophy in Skopje plays a major role in the affirmation and
popularization of library activity in our country. The Faculty records a rich scientific
publishing activity in terms of serial publications. It’s publishing activity has developed
continuously over the years. The first serial publication in the Faculty is Bulletin of the Skopje
Scientific Society, then the serial publication Annual Seminary of the Faculty of Philosophy
was first published in 1948 and is one of the oldest scientific publications and the first
scientific journal of its king in our country. Philosophical tribune, Living Antiquity, History,
and later 1995 Sociological Review followed, Defective Theory and Practice, Religious
Dialogue and Cooperation, Folia ArchaeologicaBalkanika, Social Policy Review, Security
Dialogues, Macedonian Historical Review, Philosophy, Psychology: Science and Practice,
International Journal of Education, Research and Training and Student Journals: Internal
Traveler and VOX. Serial publications in the Faculty of Philosophy – Skopje are digitized and
publicly available on the portal for scientific and academic journals – Periodica.
Keywords: Faculty of Philosophy-Skopje, libraries, serial publications, Yearbook,
periodica.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
69
ТЕЗАУРУСОТ И ПОТРЕБАТА ОД НЕГОВО ФОРМИРАЊЕ
(стручен труд)
д-р Јелена Цветановска, виш библиотекар
НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје
(cvetanovskajelena@yahoo.com)
Апстракт
Тезаурус е контролиран и структуриран речник во кој термините кои
претставуваат поими се ставени во контекст и релација со други термини. Заснован е на
хиерархиски врски и асоцијативни односи во рамките на некоја тематска област. Тој е
наменет како за библиотекари, за предметна обработка на граѓа, така и за корисници, за
пребарување литература по определен предмет.
По презентирањето на основните карактеристики и методологија на изработка на
тезаурусот, како и на неговата улога во нормативна контрола, во трудот се изложени
неколку иницијални идеи за градење на макротезаурус на македонски јазик чие
постоење, во перспектива, би овозможило побрзо формирање нормативна датотека на
предметни определници.
Клучни зборови: тезаурус, контролиран речник, методологија на изработка,
нормативна датотека, макротезаурус на македонски јазик
Вовед
Во библиотекарството, опишувањето на содржината на документи не може да се
замисли без примена на предметен јазик.45 Еден од основните елементи на контрола на
предметниот јазик е тезаурусот. Тој има клучна улога за избор на предметни
определници и подопределници и токму благодарејќи на тезаурусот, поимите кои се
користат во процесот на предметно означување стануваат стандардизирани и
еднозначни. На тој начин се постигнува доследност во предметната обработка на
документи, како и нивното успешно пребарување.
Имајќи го предвид неговото значење, поголемите библиотеки и другите
установи за обработка на специјализирани податоци, тежнеат да изработат сопствен
тезаурус. И во НУБ „Св. Климент Охридски“ ‒ Скопје е согледана потребата од
формирање макротезаурус на македонски јазик, кој би го користеле сите библиотеки и
други институции во Македонија што би придонесло за воедначување на предметната
обработка на документи на територијата на цела земја.
Но, изработката на тезаурусот, особено макротезаурусот, е одговорна,
долготрајна и комплексна задача. Исполнувањето на таа задача подразбира вклучување
на голем број библиотекари кои се занимаваат со предметна обработка, како и на
научни работници кои следат нови научни сознанија и терминологија, особено во оние
области кои библиотекарите со својата стручност не ги покриваат. Проблем со кој се
соочуваме во нашата библиотека е недоволна екипираност со стручен кадар, како и
45Зорка Чекичевска, Јелена Фиданоска, Предметен опис и каталог, Национална и универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје, 2003, 15-205.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
70
бројните секојдневни обврски на библиотекарите кои ги оневозможуваат да се посветат
на оваа долгорочна задача. Заради тоа, потребен е сеопфатен пристап односно
здружување на сите расположиви потенцијали во Македонија за остварување на овој
проект од национален интерес.
За тезаурусот
Голем е бројот на дефиниции за тезаурусот. Според Меѓународниот стандард за
составување и развивање еднојазични тезауруси (ISO 2788:1986), тезаурус, по својата
функција е инструмент за терминолошка контрола, а по својата структура контролиран
и динамичен речник на семантички и генерички поврзани поими кои покриваат
одредено подрачје на знаење.46 Меѓународниот стандард ISO 25964-1:2011 тезаурусот
го дефинира како „контролиран и структуриран речник во кој термините кои
претставуваат поими се организирани така што односите меѓу поимите се
експлицитни...“ Во истиот стандард се наведува дека тезаурус е водич, како за
библиотекари, така и за корисници, за избор на преферентни термини или комбинации
на преферентни термини кои претставуваат определен предмет.47
Постојат разни видови тезауруси, но во основа можат да се поделат на
микротезауруси, кои покриваат одредени научни области, и макротезауруси, кои го
покриваат вкупното човеково знаење. Еден од најрелевантните макротезауруси е
изработен од Конгресната библиотека во Вашингтон. Неговите предметни
определници, како авторитативен извор, користат многу библиотеки во светот при
утврдувањето нови определници.
Составни делови на секој тезаурус се дескриптори или преферентни термини и
недескриптори или непреферентни термини. Дескриптор, како избран термин, кој по
правило се состои од еден или повеќе зборови, мора да биде еднозначен и едносмислен,
граматички и правописно исправен. Недескриптор е синоним или квазисиноним на
преферентниот термин кој е застапен во тезаурусот.
Во тезаурусот постојат три вида основни односи меѓу термините: односи на
еквиваленција, хиерархиски и асоцијативни односи. Односи на еквиваленција постојат
меѓу дескриптори и недескриптори како термини со исто или слично значење, а
недескриптор, со соодветна ознака, се упатува на избраниот термин – дескриптор.
Хиерархиските односи на надреденост и подреденост се воспоставуваат меѓу
дескрипторите. Асоцијативниот однос го упатува корисникот на други термини кои се
во некаков сооднос со дескриптор.48 За изразување на овие односи се употребуваат
ознаки предвидени со меѓународни стандарди. Најчесто користени ознаки се УЗ
(употреби за) која се поставува пред недескриптор, УП (употреби) која се поставува
пред дескриптор, како и ознаки ПШТ (поширок термин), ПТТ (потесен термин) и СТ
(сроден термин).
46 Anisa Podbićanin, „Prilog metodologiji izrade digitalnog tezaurusa za oblast teorije književnosti“ (magistarska
teza), Filozofski fakultet, Sarajevo, 2020, 9,
https://www.ff.unsa/ba/files/zavDipl/19_20/kob/Anisa_Podbićanin.pdf (пристапено на 23.02.2021).
47 ISO 25964-1:2011, https://iso.org/standard/53657html (пристапено на 20.2.2021).
48 Podbićanin, „Prilog metodologiji…“, 22-24.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
71
Благодарејќи на оваа мрежа, тезаурусот воспоставува односи меѓу поимите,
ставајќи го секој поим во контекст и релација со други поими. Поврзувањето на
поимите овозможува согледување на одделни научни дисциплини како целини.
Релационата структура е толку важна во предметниот јазик што одделни тезауруси
забрануваат поими надвор од хиерархија, односно термини кои не се во никаква
релација со други термини.49
Методологија на изработка
Првиот чекор во изработка на секој тезаурус е одредување гранични подрачја на
определена наука и нејзините клучни области. На примерот на етнологијата, која ги
проучува сите креации на човекот во народната култура и следствено на тоа ги покрива
сите домени на знаење, клучните области би биле:
Материјална култура
Духовна култура
Социјална култура
По дефинирањето на клучните области, се пристапува кон утврдувањето на
највисокиот термин во хиерархијата. Во етнологијата тој термин е „народна култура“,
кој во македонската наука се употребува почесто од синонимот „традиционална
култура“. Заради тоа терминот „народна култура“ би бил дескриптор, а терминот
„традиционална култура“ недескриптор.
Дескрипторско поле на преферентниот термин „народна култура“ би изгледало
вака:
НАРОДНА КУЛТУРА (дескриптор)
УЗ Традиционална култура (недескриптор)
ПТТ Материјална култура
ПТТ Духовна култура
ПТТ Социјална култура
СТ Етнологија
СТ Културна антропологија
СТ Фолклор
СТ Народен живот50
Откако ќе се определат клучните области и највисокиот термин, се
идентификуваат репрезентативни поими за кои, со анализа на стручната литература, ќе
се утврди дека најчесто се користат. Притоа е важно библиотекарот да поседува знаење
од соодветната научна област заради процена на релевантноста на терминот, а ако тоа
не е случај, потребна е консултација со експерти.
49 Бојана Веселиновић, „Тезаурус – контролисани речник у природним наукама“, Глас библиотеке 19, 20
(2014), 64.
50 Јелена Цветановска, „Израда тезауруса из етнологије и антропологије“, Библиотекар, Год. LXIII св. 1
(2021), Библиотекарско друштво Србије, Београд, 109-111.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
72
Следната фаза во методологијата на изработка на тезаурусот е сместување на
избраните поими/термини во контекст, водејќи сметка за нивните меѓусебни односи.
Почитувајќи го принципот на степенување, од основните области се изведуваат сите
термини поврзани со таа област во хиерархиска низа.
Во микротезаурусот од областа на етнологија, мрежата на односи за избраниот
дескриптор духовно сродство, кој ѝ припаѓа на социјалната култура, би била
претставена на следниов начин:
ДУХОВНО СРОДСТВО
ПШТ Сродство
ПТТ1 Кумство
ПТТ2 Побратимство
Во постапката за изработка на тезаурусот извор за дескриптори можат да бидат и
постоечки предметни определници кои, доколку е тоа потребно, се преформулираат во
согласност со новите научни сознанија и терминологија.
При изборот на конкретни термини треба да се води сметка и за правилна
употреба на литературниот јазик. Важно е и да се внимава структурата на тезаурусот да
остане доволно отворена за нови поими и проширување на постоечките групи.51
Тезаурусот денес
Новите меѓународни стандарди за нормативна контрола и развој на
информациската технологија, кои овозможуваат составување и одржување на
нормативните датотеки, во голема мера влијаат врз традиционалниот тезаурус. Во овој
контекст, клучни стратегиски документи на ИФЛА за стандардизација на нормативни
податоци се: Упатства за нормативни и упатни единици (GARE)52 од 1984 година,
Упатства за предметни нормирани определници и упатни единици (GSARE)53 од 1993
година и Упатства за нормативни записи и упатници (GARR)54 од 2001 година. За
размена на нормативни податоци во 1991 година е изработен формат
UNIMARC/Нормативни податоци кој е ревидиран во 2001 и 2009 година.55
Имајќи ги предвид овие новини во библиотекарството, улогата на тезаурусот
како контролиран речник на термини, кој служи за стандардизирана и доследна
предметна обработка и пребарување по предмет, ја презема нормативната датотека на
предметни определници. Оваа датотека содржи контролирани предметни определници
и претставува уреден предметен систем кој, како и тезаурусот, ги уважува темелните
51 Ksenija Švenda-Radeljak, „Tezaurus znanstvenog područja socijalnih djelatnosti – grana socijalna politika:
prilog predmetnoj obradi“, Vjesnik bibliotekara Hrvatske 57, 1/3 (2014), 224, https://hrcak.srce.hr/14263
(23.2.2021).
52 Guidelines for Authority and Reference Entries
53 Guidelines for Subject Authority and Reference Entries
54 Guidelines for Authority Records and References
55 Тања Тасиħ, „Нормативна контрола и нормативне листе личних имена: успостављање нормативне
датотеке личних имена у Србији“, Гласник Народне библиотеке Србије 14, 1 (2014-2015), 12,
www.nb.rs/view_file.php?file_id=4781 (пристапено на 1.6.2021).
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
73
начела за изработка на предметни определници и води сметка за синтаксичките и
семантичките односи.
Процесот на формирање на нормативна датотека на предметни определници е
сложен, и на него обично му претходи формирање нормативна датотека на лични
имиња, со намера нормирани облици на лични имиња во нормативни записи да се
користат како усвоена авторска определница во библиографските записи, а во
перспектива и како персонална предметна определница.56 Во Македонија се во тек
прелиминарни активности за формирање нормативна база на лични имиња
CONOR.MK.
Формирањето нормативна датотека на предметни определници подразбира
ревизија на предметниот каталог и верификација на постоечки и нови определници, во
согласност со правилата за предметна обработка и современи научни сознанија и
терминологија. Во овој процес, од голема помош би било постоењето на тезауруси од
разни области или макротезаурус, особено кога предметниот каталог изобилува со
слободно формирани определници. Колку поголем број на преферентни термини во
тезаурусот е утврден, толку побрзо ќе се одвива формирањето и спроведувањето
нормативна датотека на предметни определници.
Како и тезаурусот, и нормативна датотека на предметни определници
овозможува пребарување по предмет. Пребарувањето во нормативна датотека се одвива
по пристапни точки. Контролирани пристапни точки (нормирани и варијантни облици),
кои се релевантни за пребарување по предмет се: лично име, семејно име, назив на
корпоративно тело, наслов на дело/израз, поими, објекти, настани и места.
Контролирана пристапна точка може да биде заснована и на класификациски ознаки57,
кои исто така укажуваат на содржината на документи. Во Изјавата на ИФЛА за
меѓународни каталошки начела од 2016 година, поими, објекти, настани и места се
заменети со тема, а контролирана пристапна точка е и номен (nomen ‒ знак/група
знаци), кој е поврзан со темата или на неа упатува.58 По овие и други пристапни точки
се собира библиотечната граѓа што е и крајната цел на секој каталог.
Тезаурус на македонски јазик
По изнесеното, неспорно е значењето на постоењето на тезаурусот за развој на
библиотекарската дејност во Македонија. Првичните чекори за изработка на
макротезаурус на македонски јазик би биле:
− Мобилизирање на сите видови библиотеки (национална библиотека, јавни,
високошколски и универзитетски, како и специјализирани библиотеки) чии
библиотекари имаат познавања за содржинската обработка;
56 Бојана Веселиновиħ, Ивана Јашовиħ, „Приступна тачка, каталог и нормативна контрола“, Корак
библиотеке, 3/2018, 151, https://korakbiblioteke.biblioteka-uzie.rs/wp-content/uploads/2021/01/5.-Pristupna-
tacka-pdf (1.6.2021).
57 Statement of International Cataloguing Principles, https://www.ifla.org/assets/icp/icp_2009-en.pdf
(пристапено на 5.6.2021).
58 Statement of International Cataloguing Principles (ICP), https://www.ifla.org/assets/icp/icp_2016-en.pdf
(пристапено на 14.12.2021).
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
74
− Консултирање со наставен кадар и научни истражувачи при факултети и научни
институти за избор на релевантни термини во сите области на човековото знаење, од
страна на библиотекари во овие институции кои ќе бидат вклучени во изработка на
тезаурусот;
− Обука на библиотекари за принципите и правилата за изработка на тезаурус, во
организација на НУБ;
− Формирање работни групи по одделни области за изработка на микротезауруси.
Работата на овие работни групи би ја координирала Националната библиотека;
− Ревизија на предметниот каталог, со обележување правилно утврдени
предметни определници и нивна верификација од страна на уредништво кое би било
формирано за таа цел. Одобрените определници би претставувале извор за обликување
дескриптори.
Ова се само основните фази во процесот на изработка на тезаурусот кои бараат
темелна разработка како би се постигнала зададената цел: формирање макротезаурус на
македонски јазик, а во перспектива и нормативната датотека на предметни
определници.
Заклучок
Тезаурусот има посебно значење во процесот на примена на предметен јазик. По
својата функција, тој е инструмен за терминолошка контрола, а по својата структура
контролиран и динамичен речник на семантички и генерички поврзани поими кои
покриваат определено подрачје на знаење. Благодарејќи на тезаурусот, поимите кои се
користат во процесот на предметно означување стануваат стандардизирани и
еднозначни. На тој начин се постигнува доследност во предметната обработка на
документи, како и нивното успешно пребарување.
Имајќи го предвид неговото значење и во НУБ „Св. Климент Охридски“ е
согледана потребата од формирање макротезаурус на македонски јазик што би
придонесло за воедначување на предметната обработка на документи на територијата
на целата земја. Изработката на макротезаурус подразбира вклучување голем број
библиотекари и научни работници, заради што е потребно здружување на сите
расположливи потенцијали во Македонија за остварување на оваа комплексна и
долготрајна задача.
Користена литература:
1. Веселиновиħ, Бојана Б. (2014). „Тезаурус – контролисани речник у природним
наукама“, Глас библиотеке19, 20.
2. Веселиновиħ, Бојана, Јашовиħ Ивана. (2018). „Приступна тачка, каталог и
нормативна контрола“, Корак библиотеке, 3.
3. https://korakbiblioteke.biblioteka-uzice.rs/wp-content/uploads/2021/01/5.-Pristupna-tacka-
pdf (пристапено на 1.6.2021).
4. ISO 25964-1:2011, https://iso.org/standard/53657html (пристапено на 20.2.2021).
5. Podbićanin, Anisa. (2020). „Prilog metodologiji izrade digitalnog tezaurusa za oblast
teorije književnosti“ (magistarska teza), Filozofski fakultet, Sarajevo,
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
75
6. https://www.ff.unsa/ba/files/zavDipl/19_20/kob/Anisa_Podbićanin.pdf (пристапено на
23.2.2021).
7. Statement of International Cataloguing Principles, https://www.ifla.
org/assets/icp/icp_2009-en-pdf (пристапено на 5.6.2021).
8. Statement of International Cataloguing Principles,https://www.ifla.org/assets/icp/icp_2016-
en-pdf (пристапено на 14.12.2021).
9. Тасиħ, Тања. (2014/2015). „Нормативна контрола и нормативне листе личних
имена: успостављање нормативне датотеке личних имена у Србији“, Гласник Народне
библиотеке Србије 14, 1, www.nb.rs/view_file.php?file_id=4781 (пристапено на 1.6.2021).
10. Цветановска, Јелена. (2021). „Израда тезауруса из етнологије и антропологије“,
Библиотекар Год. LXIII св. 1.
11. Чекичевска Зорка, Фиданоска Јелена. (2003). Предметен опис и каталог, Народна и
универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје.
12. Švenda-Radeljak, Ksenija. (2014). „Tezaurus znanstvenog područja socijalnih djelatnosti
– grana socijalna politika: prilog predmetnoj obradi“, Vjesnik bibliotekara Hrvatske 57, 1/3,
https://hrcak.srce.hr/142263 (пристапено на 23.2.2021).
Abstract
Thesaurus is controlled and structured vocabulary in which concepts represented by
terms are put into context and relationships with other terms. It is based on hierarchically and
associative relations in the framework of certain scientific domain. The purpose of a thesaurus
is to guide both indexer and the searcher to select the same preferred term or combination of
preferred terms to represent a given subject.
After presenting the crucial characteristics of thesaurus and its role in normative control,
some initial ideas for macro thesaurus in Macedonian language have been presented. The
existence of this kind of thesaurus would enable a normative base of subject headings to be
formed in foreseeable future.
Keywords: thesaurus, controlled vocabulary, creation methodology, normative control,
macro thesaurus in Macedonian language
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
76
БИБЛИОТЕКИТЕ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19
(стручен труд)
м-р Јована Рилак
НУ-УБ „Гоце Делчев“ Штип
(јovana.rilak@hotmail.com)
Апстракт
Доколку сакаме да ги следиме промените што се случуваат во библиотечната
практика, особено во ова предизвикувачко време, неопходно е постојано да ги
редефинираме концептите на работа. Пандемијата остави трага и во Националната
установа – Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ Штип, па мораше да се
реорганизира и да се приспособи воведувајќи нови програми кои ги воведовме во
секојдневната практика. Постојано ги следиме трендовите што се случуваат во светот
на библиотечното работење со поставување нови приоритети. Трудот претставува
презентација на различни модели на работа, услуги и програми за млади корисници кои
беа успешно остварени во претходниот период и се издвојуваат по својата инвентивна
содржина.
Клучни зборови: образовен систем, кориснички услуги, литературна промоција,
иновативни проекти
Вовед
Од средината на 20 век, кога младите беа препознаени како посебна група
корисници на библиотеката, започнува силниот равој на библиотечни услуги и
програми кои одговараат на интересите на овие целни групи59. Во трудот зборуваме за
проекти и работилници осмислени и спроведени со активно учество токму на
најмладите корисници. Намерата е да им ги претставиме на нашите колеги
библиотекари големите напори кои ги вложува Библиотеката за да ги привлече и да ги
задржи корисниците, покрај сите предизвици на „новото нормално“ време.
Тематски работилници
Како што се развиваат сите љубови, така се развива и љубовта кон книгата.
Библиотеката НУ-УБ „Гоце Делчев“ е позната по постојаното одржување забавни
работилници за деца и млади, меѓутоа во последниот период моравме да бидеме
покреативни од вообичаеното. Нашата професионална обврска е да ги следиме
светските библиотечни трендови и да им понудиме на најмладите читатели едукативни
работилници и привлечни, актуелни содржини. Во новоформираните програми се
опфатени учениците од сите основни училишта од општините Штип и Карбинци.
Многу често во соработка со наставниците осмислуваме работилници коишто им
служат како дополнителна активност во изведувањето на наставната програма. Ги
59 Matijević, Milica. Biblioteke i tinejdžeri : prikaz izabranih programa i projekata namenjenih mladima u nekim
bibliotekama Srbije (Vjesnik bibliotekara Hrvatske 60, 2017), 193‒204.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
77
поврзуваме со поважни датуми, а некои од успешните примери се презентирани во
трудот со деталниот опис на активности.
„Оригами учиме – креативност развиваме“
Конструктивна игра којашто негува креативен ум. Во циклус од 5 работилници
беа опфатени учениците од сите основни училишта од Штип. Работилниците се
реализираа во Одделот за деца во пријатна и позитивна атмосфера. Оригами е
традиционална јапонска вештина на креирање фигури со виткање на хартија, која се
покажа како исклучително ефективна за учениците од различна возраст. Воведниот дел
од работилница вклучува запознавање со историја на оваа уметност, јапонските обичаи
и традиција. Потоа, следува претставување на оригами фигури и инструкции за
изработка. Во првата фаза, со децата симболично правевме одбележувачи за книги
(букмаркери), а во втората фаза правевме фигури во различни форми/бои според
нивниот личен афинитет (животни, срце, смешко, пеперутка, цвет). Овие активности
влијаат на развојот на вештините, координацијата на рацете и очите, фините моторички
способности и ментална концентрација60. Со изложба на оригами, во Одделот за деца,
успешно го заокруживме ова дружење.
„Еден ден јас ќе бидам“
Како една од големите привилегии што ја имаме како Библиотека е инфобусот ‒
мобилно информатичка библиотека. Со инфобусот ги посетивме учениците од
подрачните училишта во општините Штип и Карбинци. Нашата цел и мисија е и
учениците од руралните средини во континуитет да бидат вклучени во тематските
работилници. Читајќи различни текстови настојувавме да ја приближиме темата на
забавен и интерактивен начин. Преку сликовници со интерпретација на различни
професии, учесниците беа запознаени какви сè професии постојат, преку изведба на
драмска игра. Ги мотивиравме да замислуваат, мечтаат и барем дел од нивната
фантазија да ја преточат во реалноста преку илустрација на омилените професии на
хамерот.
„Среќа е“
Среќата ја чинат малите работи а токму на 20. март книгата може да биде една од
нив. Го прославуваме Денот на среќата и доаѓањето на пролетта преку работилници со
тема „Среќа е“. Со учениците се дружевме во училишните дворови, бидејќи сончевото
време тоа ни го дозволи. Разговараме за тоа што ги прави среќни, а преку бура на идеи
доаѓавме до одговорите. Потоа читавме поучни приказни на истата тема и ја
претставувавме со ликовни творби. Раскажувавме шеги а потоа следуваше возбудлива
игра со балони.
60 Полугодишен извештај за остварување на годишната програма на НУ-УБ „Гоце Делчев“- Штип за
периодот јануари - јуни 2021 година, бр. 0102/142 од 29.7.2021 г.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
78
„Моите емоции“
Менталното здравје е важно, а потребата да се работи на него од најрана возраст е
уште поважно! По краткиот вовед во темата преку литературата за деца, на
работилницата разговараме за позитивни и негативни емоции и како децата се
чувствуваат во одредени предизвикувачки ситуации како што е пандемија ковид-19.
Покажавме практични начини за справување со негативни емоции. За крај игравме
пантомима, каде што децата со имитација ги претставуваат и ги погодуваат различни
емоции.
Како дел од работилниците „Моите емоции“, во Библиотеката организиравме и
гостувања на психолози за деца. На предавањето на психологот Елена Кабранова и
промоција на книгата „Кој сум јас – моите мисли и емоции“, активни учесници беа
учениците од V одделение од две основни училишта од Штип, на кое имаа можност
подобро да се запознаат себеси, како да се негуваат и како да бидат љубезни со себеси.
За тоа колку се важни социо-емоционални вештини кај децата, доволно е да се каже
дека придонесуваат за поголема свесност и управување со емоциите, поголем успех,
подобри односи со другите и подобро справување со предизвици, што е особено важно
во ова пандемично време61. Библиотеката ја посети и психолог за деца и адолесценти
Христина Стефановска, со работилница за деца и промоција на четири психолошки
интерактивни прирачници за деца и возрасни. Со стручното предавање, присутните
имаа можност да добијат корисни информации за препознавање на емоциите на децата
и конструктивни начини за справување со истите.
Промоција на литературата за деца и млади
Секогаш е актуелно прашање зошто децата, имаат сè помалку интерес кон
библиотеката и книги воопшто? Одговорот ќе го најдеме во самата библиотека,
односно колку е таа ориентирана кон своите корисници. Дали активно учествува во
образовниот процес, дали знае како да ги привлече корисниците и да промовира
литература на атрактивен начин62. НУ-УБ „Гоце Делчев“ Штип, и во времето на
пандемијата постојано спроведува низа активности кои имаат за цел да привлечат што
поголем број млади корисници, но и возрасни. Во изминатата година организиравме
повеќе промоции на литературата за деца, почитувајќи сите препораки за заштита од
ковид-19. Кога временските услови ни дозволуваа, промоциите ги организиравме и
надвор од установата, во амфитеатарот. Воспоставувавме гостувањата на македонски
автори за деца по повод значајни датуми: Светскиот ден на детската книга и Денот на
детето; Месецот на книгата итн. Александра Велинова, Билјана С. Црвенковска,
Ксенија Маказлијева Трајчева, се само дел од писателите за деца кои по тој повод беа
гости на Библиотеката. Исто така, организиравме креативно-ликовни работилници со
илустраторката Катерина Николовска.
61 Полугодишен извештај за остварување на годишната програма на НУ-УБ „Гоце Делчев“ ‒ Штип за
периодот јануари - јуни 2021 година, бр. 0102/142 од 29.7.2021 г.
62 Ковачевић, Кристина. Креативне радионице, промоције и изложбе у школским библиотекама као
видови развијања читалачких навика код ученика основних школа. (Прегледни рад, Библиотекар 2, 2009),
89
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
79
Проект „Промоција на библиотеката во предучилишни установи“.
Предучилишната возраст на детето е период кога е најдобро да се изгради однос
кон книгата како кон најдобриот пријател. Во тој период учењето почнува да се развива
на значаен и постојан начин.63. За да им се наметнат вредностите на книгата и да се
поттикне љубопитноста кон нив, клучна е соработка со предучилишните установи, но и
родителската поддршка. Со проектот поддржан од Министерството за култура,
успешно ја претставивме Библиотеката на предучилишните деца од ОУЈГД „Астибо“.
Сончевото време ни дозволи да се сместиме на удобните пернички во нивниот двор и
да ги запознаеме децата со зборот библиотека, како настануваат и како се чуваат
книгите. Со реализација на овој проект, нивната библиотека се збогати со нови
едукативни, интерактивни книги и сликовници кои ги доби на подарок од Библиотеката
НУ-УБ „Гоце Делчев“.
„Лето во библиотека ‒ бидејќи и библиотеките се забавни“
Како дел од проектот организиравме и работилница за најмладите корисници од
предучилишна возраст во Одделот за деца. Во соработка со Американското катче
Штип, поминавме забавно двочасовно време во Библиотеката. Преку драматизација на
сликовница од страна на библиотекар им беше објаснет процес на создавањето на
книга, во Американското катче гледавме кратки филмови на англиски јазик, а потоа со
ликовната активност создадававме идни членски карти за најмалите читатели. За крај
имаа чест да добијат МОЈА ПРВА ЧЛЕНСКА КАРТА, којашто е новитет во
Библиотеката. Им се издава на децата од предучилишна возраст, бидејќи за нив
членството е бесплатно. Со нови привлечни картички со илустрации во боја,
дизајнирани да бидат соодветни токму за таа возраст, имаме тенденција да привлечеме
најмлади читатели64.
Социјална мрежа Инстаграм
Интерактивен однос со корисниците на библиотечни услуги е исклучително
важен за успехот на една библиотека. Поттикнати од добрите примери од практиката на
библиотеките во регионот и светот, од оваа година и НУ-УБ „Гоце Делчев“ се приклучи
на социјалната мрежа Инстаграм, со професионална цел – иновативна промоција на
Одделот за деца и возрасни, споделување важни информации, активности и промоции,
препораки на актуелна литература, полесен пристап кон книгата, побрза комуникација
со корисниците. На овој начин ја популаризираме употребата на алатки за социјално
вмрежување и воведуваме нови услуги за нашите корисници.
Заклучок
Посветената работа на библиотекарот е секако сигурен успех во подигањето на
свеста кај учениците и нивните навики за читање. Во ерата на современи технологии,
63 Исто, 94.
64 Полугодишен извештај за остварување на годишната програма на НУ-УБ „Гоце Делчев“- Штип за
периодот јануари - јуни 2021 година, бр. 0102/142 од 29.7.2021 г.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
80
библиотекарите имаат тешка задача да ја одржуваат традицијата и истовремено да
воведуваат иновативности што ќе ги заинтересираат младите читатели. Најголема
сатисфакција ни е кога гледаме дека учесниците на нашите работилници изразуваат
задоволство и се враќаат во Библиотеката сами или со своите родители, баби, дедовци
по слободна литература или зачленување. Со претставувањето на добрите примери од
практиката на НУ‒УБ „Гоце Делчев“, се надеваме дека ќе бидеме позитивен пример и
за други библиотеки во земјата и пошироко.
Користена литература
1. Ковачевић, Кристина. Креативне радионице, промоције и изложбе у школским
библиотекама као видови развијања читалачких навика код ученика основних школа,
2019. https://bds.rs/wp-content/uploads/2019/12/bibliotekar-2019-61-2-7.pdf (преземено на
03.09.2020).
2. Matijević, Milica. Biblioteke i tinejdžeri : prikaz izabranih programa i projekata
namenjenih mladima u nekim bibliotekama Srbije. Vjesnik bibliotekara Hrvatske 60, 2017.
https://hrcak.srce.hr/file/278668 (преземено на 03.09.2020).
3. Полугодишен извештај за остварување на годишната програма на НУ ‒ УБ „Гоце
Делчев“ ‒ Штип за периодот јануари ‒ јуни 2021 година, бр. 0102/142 од 29.07.2021.
Abstract
If we want to follow the changes that take place in library practice, especially in this
"new normal" time, it’s necessary to constantly redefine the concepts of our work, and
consequently their implementation in practice. The pandemic left a mark in the NI-UL "Goce
Delchev" Shtip, so it had to be reorganized and adjusted by introducing new programs that we
implemented in our daily work. We follow the trends that are happening in the world of
library work by setting new priorities. This paper is a presentation of various models of work,
services and programs for young users that we аre successfully implemented in the previous
period and stand out for their inventive content.
Keywords: education system, customer service, literary promotion, innovative projects
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
81
ЈАВНИТЕ БИБЛИОТЕКИ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19
(стручен труд)
Јулија Симовска-Динковска, виш библиотекар
ЈУ Градска библиотека ,,Браќа Миладиновци“ Скопје
(julijaasd@yahoo.com)
Апстракт
Пандемијата на ковид-19 ги затвори вратите на културните институции. Пандемии
се случувале и ќе се случуваат. Успешното работење на културните институциите се
реализира со помош на присуството на луѓе, но тие мора да најдат начин да ја остварат
својата цел и кога таков начин на работа е невозможен. Библиотекарите беа принудени
да најдат начин како работата, во брза временска рамка, да се префрли на дигитална
платформа и да се обезбеди виртуелна комуникација и соодветни далечински услуги за
корисниците. Креативноста, информатичките вештини и медиумската писменост на
вработените се клучни во опстојувањето на културните институции во ,,новото
нормално“.
Клучни зборови: ковид-19, пандемија, виртуелна комуникација, социјални
мрежи, библиотеки
Библиотеките во пандемија некогаш
Историски гледано, културата во своето делување низ вековите поминува низ
многу фази, предизвици и промени. Војни и пандемии (чума, шпански грип, ковид-19)
Историјата нè учи дека мораме да бидеме подготвени за такво нешто.
Шпански грип 1918 ‒ 1921
Пандемијата на грип од 1918 година имала големо влијание врз начинот на работа
на библиотекарите, трансформирајќи ги библиотеките во центри за грижа на
заедницата. Брзиот технолошки развој донесол значителни промени на работните места
и домовите. Потоа, во пролетта, пандемијата почнала да се распространува низ целиот
свет, убивајќи милиони луѓе. Некои библиотеки имале постоечки политики за
справување со помали епидемии, но мал број биле подготвени за појава на болест во
голем обем. Меѓународните здравствени упатства, изработени во пресрет на вирусот на
грип, експлицитно ја забележувале важноста на социјалното дистанцирање и затворање
на јавните собирни простори. За време на пандемијата, маските биле наложени на јавни
места, вклучително и библиотеки. Библиотеките брзо го префрлиле акцентот за заштита
на јавното здравје.
Растот на библиотекарството насочено кон заедницата во минатиот век станал
очигледен, особено им се дава приоритет на одржувањето на популарните програми
насочени кон специфични потреби на заедницата.
Но, можеби една од најголемите улоги што ја одиграле библиотеките била да го
направат она што го прават најдобро: да ги поврзат луѓето со потребните информации.
Пандемијата на грип од 1918 година била првата во која библиотеките биле центри за
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
82
ширење информации за јавно здравје. Оваа нова библиотечна улога во едукацијата на
јавноста, во комбинација со промените во библиотеката да се фокусира на употребливи
информации, ги направила библиотеките партнери во многу кампањи за јавна свест, од
јавното здравје до нуклеарната безбедност во наредните децении. Пандемијата на грип
од 1918 година имала големо влијание врз начинот на кој библиотекарите ја вршеле
својата работа, давајќи им можност да го преиспитаат стариот модел на работа.65
Библиотеките во пандемијата на ковид-19
Вирусот нè затече неподготвени и како општество и како поединци. Местата кои
некогаш беа полни со живот, станаа места со строги забрани на движење, затворање
институции, училишта, забрани за собири, патувања. Досега невидена глобална
реакција. Пандемијата тотално го промени начинот на работа во културните
институции. Ненадејното затворање на библиотеките ги погоди читателите, учениците,
студентите и пензионерите, но секако тоа им донесе проблем и на научните работници
и нивните истражувања. Библиотеките не само кај нас туку и во светот се најдоа во
една специфична ситуација. Во отсуство на можност за посета на библиотеката, да се
најде начин за виртуелна комуникација, контакт со корисниците и по завршувањето на
пандемијата да продолжат да доаѓаат и да ги користат услугите на библиотеката.
Библиотекарите стануваат активни на социјалните мрежи како никогаш до сега. Преку
Фејсбук, веб-порталите, форумите, Јутјуб, до виртуелна комуникација со своите
корисници. Интернетот дава можност да се дојде до многу нови идеи за развивање на
сопствената креативност во правење значаен чекор за промена на парадигмата во
нашата професија.
Порталот Creatives unite.eu настанува на иницијатива на министерот за култура
на земјите на ЕУ, со цел да ја пренесе практиката на културните институции во време
на пандемија. На порталот може да се најдат многу нови идеи и можности за работа на
културните институции, а воедно и на библиотеките.
Во ситуација сме да делуваме онака како што најдобро знаеме и умееме,
заштитувајки се себеси, нашите семејства и нашата професија.
Јавните библиотеки во изнаоѓање начин на комуникација со корисниците и
пристап до своите услуги
Пандемијата во САД ги затвора вратите на библиотеките за јавноста.
Вработените користат креативни методи за да можат корисниците да ги добијат
потребните ресурси, особено преку зголемување на збирките на дигитални книги и
видеоемитувања, нудење написи за книги, обезбедување пристап на студентите до
базите на податоци од дома и воведување услуги за разговор за да им се помогне на во
пронаоѓањето ресурси за истражување. Сепак, пандемијата фрла светлина врз
значителните нееднаквости во американскиот живот, како што е дигиталниот јаз. Во тој
момент, милиони студенти се без пристап до интернет, а пред пандемијата,
65 ttps://daily.jstor.org/libraries-and-pandemics-past-and-present/
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
83
библиотеките играат инструментална улога во обезбедувањето бесплатен интернет за
студентите без домашен пристап. Дигиталната поделба е очигледна низ целата земја,
особено во руралните области, што го докажува фактот дека библиотеките служат како
важни инструменти за образовна и економска еднаквост.
По затворањето за јавноста, библиотекарите од библиотеката „Лафајет“ во
Калифорнија, секоја недела се грижат за минибиблиотеките кои се создадени токму од
оваа библиотека, да бидат надополнети со печатени книги. На овој начин корисниците
непрекинато се снабдуваат со нови наслови.
Во округот Сент Луис, библиотечниот систем се здружува со Одделот за основно
и средно образование во Мисури, за да ги опремат жителите со алатки за пристап до
интернет. Библиотеката обезбедува и уреди (Kids Playtime Pads) за две локални
училишта. Со овие уреди, децата се во можност да уживаат во претходно вчитана
содржина, без да користат интернет-конекција.
Во округот Пиeрс, Вашингтон, библиотечниот систем ја задржува својата важна
улога во заедницата, преку виртуелни читални и проширување на своите дигитални
понуди и ресурси.
Градската библиотека во Белград која е културното срце на Белград, поради
ширењето на пандемијата и затворањето, одеднаш се наоѓа пред нов предизвик. Со
помош на технологијата, библиотеката успева да се избори со новите предизвици и да
ја приспособи својата програма на новонастанатата ситуација. Вработените во
Одделението за културни програми покажуваат голема активност на социјалните
мрежи, трудејќи се програмската шема на библиотеката да ја приспособат на
актуелната состојба.66 Преку Фејсбук и Јутјуб се емитува серија разговори со писатели
и поети под наслов: „Разговарам, не талкам“, а се реализираат и наградни акции од
типот: „Читам, не талкам“ и „Читам, не талкам, со книга се сликам“.
Градската библиотека во Нови Сад ја продолжува комуникацијата со своите
корисници преку рубриката ,,БиблиоСтав“. БиблиоСтав е виртуелно место, каде што се
водат разговори помеѓу библиотекари и читатели од сите возрасти и профили. Тие
зборуваат за важноста и убавината на пишаниот збор, книжевното творештво и за
библиотеката како храм на културата. Целта на оваа содржина е да се биде забавен,
едукативен и охрабрувачки во развојот на навиките за читање.
Градската библиотека во Рума започнува со виртуелна интеракција со
читателите преку интернет, како единствена можност за продолжување со работа. Прв
чекор прави детското одделение кое стапува во контакт со најмладите читатели преку
снимени детски аудиобајки кои се споделуваат на друштвените мрежи. Поради
големиот интерес направен е канал на Јутјуб „Златна кочија“. Во септември 2020
година, се одржува онлајн манифестација ,,Денови на словенската писменост“ која се
пренесува преку социјалните мрежи. Каналот на Манифестацијата станува канал на
библиотеката и по враќањето на нормалното функционирање на библиотеките веќе
нема да може да биде изоставен виртуелниот сегмент.
66 https://www.publicitet.mk/kultura/item/16478-bibliotekite-vo-vreme-na-kovid-19
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
84
Градската библиотека во Винковци отвора куќички со книги на повеќе локации
во градот, за да биде достапна печатената граѓа. Достапна е бесплатна е-книга, а преку
социјалните мрежи е достапен ,,Историјатот за Винковци“. Се одржуваат онлајн
квизови и промоции. Грижата за најмладите ги инспирира библиотекарите за рубриката
„Минути за добар сон“ која во одредено време од денот се емитува на Јутјуб. Во овој
звучен запис библиотекарите читаат сликовници, додека децата ги гледаат поставените
илустрации од сликовниците.
Градската библиотека ,,Браќа Миладиновци“ во Скопје
Времето во кое е затворена библиотеката за корисниците се користи за
реновирање повеќе оддели и простории во библиотеките, за да се обезбедат подобри
услови за корисниците по отворањето.
Постојано се одржува комуникацијата преку социјалните мрежи и корисниците
добиваат информации за начинот и условите за користење на услугите во библиотеката.
Корисниците имаат отворен пристап до колекциите на библиотеката во дигитална
форма.
Во соработка со училиштата, преку платформата за онлајн настава, учениците
имаа можност виртуелно да ја посетат библиотеката и преку директна комуникација со
библиотекарот да добиваат одговори на своите прашања.
Се одржа онлајн литературен натпревар, конкурс по повод празникот „Св. Кирил
и Методиј“, за учениците од основните училишта во Скопје.
Со отворањето на библиотеката се поставува прашањето за безбедноста на граѓата
за користење. Донесена е одлука за одложување на вратената граѓа во времетраење од
седумдесет и два часа и посебни протоколи за влез во библиотеката.
Во Градската библиотека започнуваат да се одржуваат културни настани со
посебни протоколи, но најчесто на отворено, во дворот на библотеката. Овие настани се
дочекани и проследени со голем интерес од страна на публиката.
Во некои од подружниците на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒
Скопје, онаму каде што може да се одржат настани на отворено, се одржуваат
литературни средби за деца. Целта на ваквите настани е промоција на нови детски
книги и создавање навики за читање кај децата, како и ревитализација на корисничките
перцепции за библиотеките како важни локални културни центри.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
85
Не беа заборавени и ранливите категории граѓани. Се потпиша меморандум за
соработка помеѓу библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје и ПСЗУ „Хантерс лајф“ ‒
Катланово, со кој е предвидено да се опфатат низа активности од областа на
едукацијата, социјализацијата, интерактивноста и креативноста на старите лица преку
библиотерапија. Оттука, Библиотеката се обврза, еднаш месечно да достави книжни
наслови од својот фонд, на лицата згрижени во „Хантерс лајф“. Лицата во домот на кои
заради пандемијата не им беше дозволена посета од најблиските, имаа можност да
прочитаат добра книга и за момент да ги заборават овие тешки денови на пандемија.
Заклучок
Какви промени може да видиме по ковид-19? Трајни промени. Со потребата од
физичка дистанца, носење маска, помалку среќавање, се наметнува поголема потреба
од дигитална технологија во работењето на библиотеките додека трае пандемијата, но и
во иднина. Од голема важност се информатичките вештини и медиумската писменост
на вработените. Потребно е често ажурирање на веб-страниците, присуството на
социјалните мрежи, е-изданијата.
„Новото нормално“ трае повеќе од една година и нема определен завршен датум
во иднина. Тоа треба да ни претставува поука и поттик да ја развиваме креативноста и
професионалноста во нашите установи.
Многу библиотеки веќе имаа активни програми за информирање на оние што не
можеа да ја посетат културната установа, поради оддалеченост или слични околности,
меѓутоа многу библиотеки почнаа со такви услуги како резултат на пандемијата. Но, не
треба целовкупното остварување на библиотечното работење да е стриктно дигитално.
Единствено со спој на физичкото и дигиталното може на корисниците да им се понудат
подобри услуги.
Неспорно е дека и лидерите на заедницата треба да ги искористат предностите на
ресурсите и услугите што ги нудат библиотеките, преку партнерства со нив, во
напорите да се постигне образовно и економско закрепнување. Со овие активности
станува сè повидлива клучната улога што ја игра библиотеката во овие закрепнувања,
помагајќи им на погодените работници, студентите, семејствата и ги одржува
заедниците поврзани за време на кризата. Исто така, може да се поттикне зголемување
на инвестициите во библиотеките, со што би се зголемиле нивните капацитети како
важни локални културни центри.
Во ,,новата нормалност“ библиотеките уште еднаш покажаа колку се важни,
трајни и инспиративни во спроведување на својата мисија.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
86
Користена литература:
1. https://www.publicitet.mk/kultura/item/16478-bibliotekite-vo-vreme-na-kovid-19
2. http://covid19.biblioteka.org.rs/index.php/v-s-i/15-u-ln-s-i?fbclid=IwA
R1QJvCe8Ejzq9UlLO4d2o4lF7iAfJIHVotgo72tI_bM34a1ic8IlOqqG0w
3. https://edition.cnn.com/2021/06/13/us/coronavirus-libraries-pandemic/index.html
4. https://daily.jstor.org/libraries-and-pandemics-past-and-present/
5. https://www.insidehighered.com/views/2021/01/28/libraries-have-been-crucial-during-
pandemic-and-need-more-support-opinion
Abstract
The COVID-19 pandemic closed the doors of cultural institutions. Pandemics have
happened and will happen. Successful operation of cultural institutions is realized with the
help of the presence of people, but they must find a way to achieve their goal even when such
a way of working is impossible. Librarians were forced to find a way to move work, in a fast
time frame, to a digital platform and provide virtual communication and appropriate remote
services to users. Creativity, information skills and media literacy of employees are key to the
survival of cultural institutions in the "new normal".
Keywords: COVID-19, pandemic, virtual communication, social networks, libraries
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
87
КАКО ДА ЈА НАПРАВИМЕ УЧИЛИШНАТА БИБЛИОТЕКА
ПОПРИВЛЕЧНА И ПОДОСТАПНА ЗА УЧЕНИЦИТЕ СО АУТИЗАМ
(стручен труд)
д-р Лили Бошевска, стручен соработник-библиотекар
ОУ „Св. Кирил и Методиј“ ‒ Битола
(lilibitola@gmail.com)
Апстракт
Училишните библиотеки се место, каде што секое дете треба да се чувствува
пријатно, добредојдено и мотивирано, во согласност со сопствените капацитети,
предизпозиции и интереси. За да овозможи таков пристап до сите ученици, водејќи
сметка за индивидуалните разлики, училишната библиотека на ОУ „Св. Кирил и
Методиј“ Битола, започна да бара начини како да стане попривлечна и подостапна за
учениците со аутизам. Библиотеките можат да направат промени со кои ќе ги срушат
бариерите и ќе поттикнат користење на библиотеката кај групата ранливи, честопати
изолирани, деца и млади со аутистичен спектар.
Овој труд ќе го претстави развивањето на програмата која се спроведе во оваа
училишна библиотека, за да се отстранат потенцијалните пречки за децата со нетипичен
развој, да се охрабрат учениците со аутизам да ја користат библиотеката и да се
привлечат нивните родители за соработка и споделување искуства кои ќе можат да се
споредат со искуствата од други, домашни и странски библиотеки.
Клучни зборови: училишна библиотека, аутизам, пријателска средина
Воведни разгледувања
„Аутизмот е спектар на состојби поврзани со развојот, кои влијаат на начините на
кои луѓето го восприемаат светот и влегуваат во интеракција со другите луѓе“. Кај
луѓето со аутизам најчесто се манифестираат:
− Претерана или ослабена чувствителност на сензорни стимулации;
− Опсесивно повторувачки рутини и анксиозност кога настануваат промени;
− Тешкотии со организирање, подредување и одредување на приоритети;
− Интензивни одговори на премногу ситуации;
− Тешкотии во комуникацијата и социјалната интеракција (S. Mears, 2017).
Иако во РС Македонија сѐ уште нема регистар на лица со аутизам, се
претпоставува дека во земјава има 12000 луѓе кај кои се манифестираат состојби од
аутистичен спектар. Во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола, во периодот од 2010 до 2021
година, секоја учебна година настава посетуваат по 450 ученици, од кои 3 ученици со
аутизам.
Во училишната библиотека, за да се обезбедат соодветни услови за овие ученици,
во континуитет со развивањето на индивидуални образовни програми (ИОП), од страна
на библиотекарот се анализираше достапната литература за приспособување на
библиотеките на лицата со аутизам, при што како најдостапни и најкорисни се издвоија
ресурсите на Националната асоцијација од Велика Британија АСЦЕЛ (Association of
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
88
Senior Children’s and Education Librarians ‒ ASCEL) која, во соработка со невладината
организација „Димензии“, обезбедува поддршка за лицата со аутизам и тешкотии во
учењето, преку развивање активности, развој на персоналот и обезбедување фондови за
библиотеките кои се пријателски насочени кон лицата со аутизам.
Литературата која ги третира активностите на Библиотеките − пријатели на лицата
со аутизам, потврдува дека различните посебни сесии кои се посветени на лицата со
аутизам, имаат позитивно влијание и им даваат доверба на децата и родителите. Преку
таквите средби, на родителите и учениците им се покажува дека никој нема осудувачки
однос кон нив, дека се наоѓаат во безбедна средина и дека луѓето имаат разбирање за
нивните потреби. Како резултат на овие активности и запознавањето на сите вработени
и ученици во училиштето, учениците со аутизам полесно и поактивно можат да бидат
вклучени и добродојдени во сите активности на училишната библиотека. Овие
сознанија потврдуваат дека во училиштето постои потреба од организирање средби,
сесии за соработка (англ. Autism Friendly sessions, во слободен превод: пријателски
сесии за аутизам), посветени на учениците со состојби од спектарот на аутизам. Со
ваквите средби можат да се третираат различни аспекти од нивното активно
вклучување во активностите на училиштето, во овој случај во училишната библиотека.
За да се определат активности кои се соодветни на спецификите на ОУ „Св. Кирил
и Методиј“, неговата библиотека и учениците, училишниот библиотекар разви
програма за работа, со која, со оглед дека години наназад се работи на инклузија на
учениците со аутизам, беше потребно да се искористат искуствата на нивните
наставници, соученици и родители, за да може да се споредат со искуствата на другите
училишта, училишни библиотеки, но и искуствата од јавните и национални библиотеки
кои спроведуваат пријателски активности за децата со аутизам.
Главните цели и влијанија кои училишната библиотека ги има зацртано, во врска
со учениците и со други лица со аутизам кои би ги користеле нејзините услуги, се
следниве:
− Подигање на свесноста за аутизмот кај сите ученици во училиштето, нивните
родители и заедницата, воопшто,
− Променување на ставовите за аутизмот кај сите субјекти во и околу училиштето,
− Градење стратегија за поддршка, во соработка со „ПЗПУ за работа со деца со
потешкотии во развојот“ (Професионална заедница за постојано усовршување во
училиштето, која во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола, делува од 2011 год.),
− Стимулирање нови партнерства и соработки со поединци и институции кои
поседуваат искуства или експертиза за работа со лица со аутизам,
− Развивање меѓусебна доверба со семејствата на учениците со аутизам, за заедничко
развивање активности и настани,
− Развивање свесност за значењето на развивање на концептот „пријателска
библиотека на лицата со аутизам“,
− Развивање соодветни материјали, ознаки и активности за ремоделирање на
училишната библиотека во „пријателска библиотека на лицата со аутизам“,
− Одбележување на Меѓународниот ден на лицата со аутизам (2 април) и
Меѓународната недела за свесност за аутизмот.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
89
− Следење на ефектите од спроведените активности и настани врз учениците со
аутизам и нивните семејства.
Преку целни групи, до определување активности за формирање „Училишна
библиотека ‒ пријателка на децата со аутизам“
За остварување на зацртаните цели: да се создадат подобри услови за работа на
училишната библиотека кои ќе создадат пријателска атмосфера за учениците со
аутизам, а во исто време да се одбележи денот и неделата на лицата со аутизам, на 2 и 3
април, во училишната библиотека на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола, беа
испланирани и одржани две сесии со дискусии во две целни групи, на тема: „Како да ја
направиме училишната библиотека попривлечна и подостапна за учениците со
аутизам“:
1. Целна група со ученици, во која учествуваа 16 соученици на деца со аутизам,
со кои учат од 1 одделение и кои во текот на своето школување се имаат сретнато со
спецификите на состојбите од аутистичен спектар. Учениците, поделени во три групи,
дискутираа и предлагаа решенија, според претходно подготвен инструмент, а
олеснувачи на групите ученици беа: раководителот на паралелката 8б, психологот и
библиотекарот од училиштето.
2. Целна група со родители и наставници, во која учествуваа 3 родители на деца
со состојби од аутистичен спектар, кои ги пренесуваат искуствата за спецификите на
состојбите на овие ученици, заедно со: наставници (одделенски раководител и
раководител на паралелка во која учи ученик со аутизам, координатор и членови на
ПЗПУ за работа со ученици со потешкотии во развојот) и стручни соработници:
психолог, педагог и библиотекар.
Темата за дискусија на која се фокусираа целните групи беше истакната и
поттикната со следниот извадок, кој укажува на нејзината актуелност и важноста од
нејзино согледување и постојано унапредување: „Замислете, нешто толку едноставно
како посетата на библиотеката да има потенцијал да ти предизвика стрес, анксиозност,
непријатност ... дури и паничен напад. За лицата со аутизам, нивната локална
библиотека може да биде витален ресурс ... сè додека таа библиотека следи неколку
едноставни чекори за да се осигури дека се однесува пријателски кон лицата со
аутизам. Истражувањата покажуваат дека луѓето со аутизам е многу поверојатно да ги
посетуваат библиотеките за разлика од општата јавност, и тоа да ги посетуваат двапати
почесто“ (Autism Friendly Libraries).
Резултати од анализата на дискусиите во целните групи
Целните групи ги посочија постојните услови и дадоа предлози како да се
унапредат и да се надградат тие услови, за да ги следат спецификите, потребите и
интересите на учениците со аутизам, конкретно во ова училиште. Покрај тоа, се
утврдија и потребните начини на делување и се определија активностите. Двете целни
групи дискутираа и предлагаа решенија, според претходно подготвен инструмент во
форма на работен лист, на кој беа предложени следниве прашања и теми за дискусија:
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
90
1. Физички услови во училишната библиотека. Прашање за дискусија: Дали
постојните услови во училишната библиотека соодветствуваат со потребите на
учениците со аутизам?
− Одговори од двете целни групи: Постојните услови за работа во училишната
библиотека соодветствуваат со потребите на учениците со аутизам.
Прашање за дискусија: Што треба да се промени или да се унапреди во
физичките услови?
− Одговори од целните групи:
Бучава: Потребна е умерена бучава, бидејќи бучавата најмногу им пречи и ги
вознемирува. Да се обезбеди помала бучава додека учениците со аутизам ја посетуваат
библиотеката, но да се толерира бучавата која тие може да ја создадат.
Родителите предложија, во период додека траат наставните часови, кога во
училишната библиотека е тивко и нема ученици, библиотеката да биде едно од мирните
и тивки места, каде што учениците со аутизам ќе можат да дојдат за да имаат активност
која ќе ги смири и на тој начин ќе ги подготви за останатите активности на останатите
часови. Исто така, предложија, за време на часови, за одредени наставни содржини за
кои наставниците не можат да им обрнат посебно внимание на самиот час, учениците
со аутизам да го поминат времето во библиотеката и со претходна подготовка од
предметниот наставник, библиотекарот, психологот и педагогот (тимот за инклузија) да
ја изведат содржината од тој наставен час.
Како почетни активности со кои овие ученици ќе се привлечат во училишната
библиотека, од страна на родителите се предложија активности за обработка на
лектири, во чија подготовка покрај училишниот библиотекар, ќе учествуваат
предметниот наставник по македонски јазик и родителите.
Посебен термин за посета: Родителите предложија дека е пожелно да имаат
посебен термин или термин по потреба, бидејќи постои опасност, ако просторот и
активностите им се допаднат, да сакаат постојано да бидат во тој простор и да одбиваат
да присуствуваат на редовните часови, што би дало спротивни ефекти. За таа цел, на
идеја на родителите, се одлучи учениците со аутизам да бидат упатувани во
училишната библиотека за конкретни осмислени активности со овие ученици.
Придружба: Неопходно е да има соодветна придружба од родител, ученик, група
ученици, стручно лице, наставник или психолог, во зависност од планираната
активност.
2. Пристап до литературата. Прашање за дискусија: Дали начините на кои се
пристапува до литературата во училишната библиотека се сооветни за учениците
со аутизам?
Двете целни групи ги оценија условите во библиотеката како соодветни, но треба
да има повеќе содржини што се во нивни интерес и да има некој кој ќе им посветува
повеќе внимание. Начинот на изложување на книгите во шкафчиња е интересен и
можат да пребаруват. На идејата за поставување компјутер, лаптоп, на кој учениците со
аутизам ќе можат да читаат и да пребаруваат, родителите дадоа друго мислење.
Коментираа дека нивните деца премногу добро користат и се снаоѓаат со
информатичката технологија, но заради многу честото користење на оваа технологија
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
91
во домот, во наставата и секаде каде што таа им е достапна, на нивните деца им се
скратуваат другите доживувања на околината. Секогаш кога во просторијата има
компјутер, тие веднаш како приоритет му пристапуваат без исклучок, занемарувајќи сѐ
друго. Родителите укажаа дека заради прекумерната употреба на компјутер веќе имаат
проблеми со видот и замолија активностите во библиотеката да не бидат со помош на
компјутер, туку со читање текстови и користење слики и други наставни стратегии и
техники за активирање на интересот на учениците.
3. Достапност на различни видови литература. Прашања за дискусија: Дали
достапната литература со која располага училишната библиотека е соодветна и ги
задоволува интересите на учениците со аутизам? Кои ресурси во библиотеката би
го побудиле и задржале вниманието на учениците со аутизам?
Од искуството на целните групи, учениците со аутизам го задржуваат вниманието
на литература што нуди визуелен пристап до информации. Илустрации, слики, цртежи,
како дел од литературата, се значаен сегмент што им помага да ја разберат содржината
на она што го читаат.
За да бидат реални очекувањата од активноста на учениците со аутизам во
училишната библиотека, родителите предложија, а наставниците прифатија, дека на
почеток вниманието треба да се задржи на обработката на лектирите на посебно
осмислен начин, а дури потоа постапно, на обработка на неколку содржини од други
наставни предмети (на пр. географија).
Родителите ја сфаќаат библиотеката како катче кое би требало не само да им го
задржи вниманието и да им го пополни времето на овие ученици, туку како креативно
катче кое треба да помогне во нивниот развој и давање нови аспекти за работа во кои ќе
бидат повеќе вклучени. На предлог на родителите се прифати, лаптопот кој е лоциран
во училишната библиотека, при посетата на овие ученици да биде отстранет, за да не се
фиксираат за него, туку да можат да ги користат другите ресурси: книги, слики,
подготвени пишани материјали, наставни ливчиња и картички кои ќе бидат подготвени
за нив. Компјутерот да се користи само ако е составен дел од активност за читање
електронска книга, за да биде позитивно искористен за стекнување нови знаења и
проширување на веќе усвоениот вокабулар.
4. Други предлози од целните групи:
Кога некој соработува со овие ученици, тие се многу посмирени и повеќе
постигнуваат. Да има посебно катче за децата со аутизам каде што ќе можат да се
смират и да се чувствуваат безбедно. Повремено да им се пушта класична музика или
музика по нивен избор.
Да се изработат дидактички материјали во вид на сликовни книги за усвојување на
содржината на лектирите, во соработка со родителите.
Заклучни согледувања
Целите, кои беа поставени и постигнати од страна на училишниот библиотекар и
библиотеката, преку организираните целни групи да се развие меѓусебна доверба со
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
92
семејствата на учениците со аутизам за заедничко развивање активности и настани, им
овозможија на учениците со аутизам да ѝ пристапуваат на училишната библиотека,
имајќи сознание дека пристапуваат во простор кој е соодветен за нив. Исто така,
овозможија подигање на свесноста и промена на ставовите за аутизмот во училиштето.
Со анализа на резултатите од сесиите на целните групи, се дојде до сознанија дека со
приспособување на просторот на училишната библиотека може да се подобри
чувството и доживувањето на „библиотеката како пријателски простор“, кај учениците
со состојба од спектарот на аутизам. Врз основа на добиените предлози од целните
групи, поддржани со сознанијата од стручната литература, училишниот библиотекар
подготви програма за работа и акциски планови во кои ги предвиде предложените
активности кои се поврзани со децата со аутизам.
Од искажувањата на соучениците, родителите и наставниците, се извлекоа
непроценливи сознанија, кои заедно со постојните сознанија во достапната литература
ги обезбедија препораките кои треба да се применат во една библиотеката, за да биде
пријателски простор за учениците со аутизам.
Користена литература
1. Mears, S. (2017) It takes a community to raise a reader: Autism friendly libraries, Paper
presented at: IFLA WLIC 2017- Wroclaw, Poland. Достапно на:
http://library.ifla.org/1744/1/138-mears-en.pdf
2. Anstice, I. (2017). Autism-friendly does not mean having a book on the subject on a shelf.
Public Libraries News. Достапно на:
http://www.publiclibrariesnews.com/2017/04/autismfriendly-does-not-mean-having-a-book-
on-the-subject-on-a-shelf.html
3. Association of Senior Children’s and Education Librarians (ASCEL). (2017). Autism
friendly libraries. Достапно на: http://www.ascel.org.uk/news/autism-friendly-libraries
4. Dimensions. (2016). Autism friendly libraries. Достапно на:
https://www.dimensionsuk.org/families/autism-friendly-environments/autismfriendlylibraries/
5. Autism Friendly Libraries. Tips for library staff and volunteers Достапно на :
www.dimensions-uk.org/autismfriendly
6. Essex County Council. (2017). Autism Hub - My story - David Leah. Available from
https://www.livingwellessex.org/be-the-difference/sharing-your-story/my-story-david-leah/
7. Greenwood, G.. (2015). Autism, empathy and how reading helped me to understand others.
Seeing Double, Understanding Autism. [Blog], Достапно на:
https://seeingdoubleautismawareness.wordpress.com/2015/04/10/autism-empathy-and-
howreading-helped-me-to-understand-others
Abstract
School libraries are a place where every child should feel comfortable, welcome and
motivated, in accordance with their own capacities, predispositions and interests. To provide
such access to all students, taking into account individual differences, the school library of the
primary school "St. Cyril and Methodius“ in Bitola, started looking for ways to become more
attractive and accessible to students with autism. Libraries themselves can make changes that
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
93
will break down barriers and encourage the use of the library by a group of vulnerable, often
isolated, children and young people with autism spectrum disorders.
This paper presents the development of a program implemented in this school library, to
remove potential barriers for children with atypical development, to encourage students with
autism to use the library and to attract their parents to collaborate and share experiences that
can be compared to experiences from other, domestic and foreign libraries.
Keywords: school library, autism, friendly environment
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
94
РАБОТА СО ОПШТЕСТВЕНО МАРГИНАЛИЗИРАНИ ЗАЕДНИЦИ ВО
БИБЛИОТЕКИТЕ
(стручен труд)
Магдалена Кочовска-Салтирова, виш библиотекар
ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани
(mkocovskasaltirova@yahoo.com)
Апстракт
Водени од тоа дека образованието, знаењето, информациите и комуникацијата се
суштината на човековиот напредок и развој, преку својата дејност „библиотеката
нудејќи библиотечно-информациски услуги обезбедува слободен пристап до
информациите, идеите и делата, за слободата на изразување, според членот 19 од
Универзалната декларација за човековите права, таа ги отвора своите порти кон
знаењето, мислата и културата, нудејќи суштинска поддршка во независното
одлучување, културниот развој, истражување и доживотно учење на поединецот и на
општествената група.
Потребата од познавање на своите права и заштитата од нивна злоупотреба кај
децата и младите кои доаѓаат од социјално загрозените семејства како маргинализирани
групи во општеството значајно е да биде афирмирана преку програми во библиотеките,
нудејќи поддршка во тоа дека секој млад поединец претставува иден и водечки носител
на општествениот развој, со зголемување на знаењата за библиотечните бази и
истражуваки ресурси.
Во придонесот со својата дејност при создавањето општество на еднаквост во
пристапот кон сите и во нудењето на библиотечните услуги, посебно внимание се
насочува кон посебните потреби на маргинализираните и ранливи групи во
општеството, вклучувајќи ги потребите на постарите лица и лицата со попреченост од
различен вид со нивната потреба и права за еднаквост, самостојно живеење и
функционирање во општеството.
Манифестот за јавната библиотека на ИФЛА/УНЕСКО ја нагласува широката
улога на библиотеките во поддршка на сите членови на општеството, во надминување
на стереотипите, прифаќање и почитување на различностите во култура, социјалните
разлики, образовни, економски, етнички статус и др. создавајќи посебни содржини
приспособени на потребите на маргинализираните и ранливите групи.
Клучни зборови: библиотека, маргинализирани групи, креирање програми,
инклузија.
На Меѓународниот симпозиум за библиотечни услуги за деца и млади којшто ја
поставува темата за афирмација „Читање кон поширок свет!“ е организиран од страна
на Меѓународната федерација на библиотечни здруженија и институции (ИФЛА) и има
своја реализација во 2014 г. во Сеул, Јужна Кореја.
Темата на симпозиумот ги поттикнува презентациите кои се осврнуваат на
начините за ангажирање на децата и младите во читањето, соработката помеѓу јавните
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
95
и училишните библиотеки и програмите за читање како терапевски сегмент. Во нејзин
состав се истражуваат предностите на подготовка на програми за читање во текот на
летниот период коешто вклучува употреба на апликации и е-книги засновани на
таблети за децата од основно образование. Истражувањето истовремено ги проценува и
ги собира информации за релевантната практика и ги истражува можните модели на
нејзина употреба. Оваа пилот студија се истражува во библиотеката во Даглас, од каде
што се носат следниве заклучоци и препораки.
Водени од тоа дека, „Умешноста во читањето во раното основно образование е
најважниот показател за успех во образованието и кариерата“, е во прилог на тоа дека
децата во семејствата со ниски приходи, сепак имаат помала веројатност да исполнат
значајни достигнувања и совладување на читањето, а особено е веројатно дека ќе имаат
и недостаток и воопштво губење на читањето во текот на летниот период и назадување
на вештините во текот на долгиот летен одмор. Летните програми за читање во јавните
библиотеки се документиран „противотров“ или подобро кажано лек за летното губење
на читањето и тие се особено клучна алатка за описменување во заедниците со ниски
приходи каде што домовите имаат помалку ресурси за развивање на писменоста.
Во денешново секојдневие кога дигиталните медиуми стануваат сè позначајни, таа
разлика во ресурсите помеѓу семејствата со различни приходи станува уште поизразена,
со ефект на дигитален јаз што го обликува искуството на читателите што се појавуваат.
Со тенденција дека комбинирањето на традиционалните предности на јавната
библиотека за летно читање со пристап заснован на технологија нè води кон тоа дека
носи нови алатки во борбата против отсутноста на активноста читање во текот на
летниот период, истовремено ја подобрува технолошката писменост и го ублажува
ефектот на дигиталниот јаз врз децата во семејства со пониски приходи.
Средината која поттикнува читање, вклучува и достапност на материјали за
читање. На секое од семејствата му е потребен пристап до алатките и библиотечните
фондови достапни во локалните и јавни библиотеки. Раното запознавање со
библиотеката овозможува ниво на удобност, подготвеност да се побара помош, место
каде да се бараат одговори и да се запознаат ресурсите и технологиите достапни таму.
За децата со посебни потреби, раниот пристап до библиотечните услуги е уште
поважен. Таквата изложеност служи како главен почеток пред формалното школување.
Целта на овие информации е да се дадат упатства и насоки кои ќе им помогнат на
јавните библиотеки ширум светот да воведат висококвалитетни услуги за деца. Тие се
наменети како алатка и за обучени и за неискусни библиотекари кои имаат одговорност
да им нудат услуги на семејствата со бебиња и мали деца. [Насоките се развиени како
заеднички проект (2006-2007) на сите делови на Одделот за библиотеки на ИФЛА кои ѝ
служат на пошироката јавност, а се координирани од секцијата Библиотеки за деца и
млади возрасни.]
Според насоките на АЛА (Американската библиотекарска асоцијација) за
прашањата и политиката за библиотечните услуги за лица со посебни потреби наведува
дека „Библиотеките играат кaталитичка улога во животот на лицата со попреченост
преку олеснување на нивното целосно учество во општеството (АLA 2006, (став 3).
Клучните насоки се дадени во носењето и обезбедувањето библиотечна политика,
ресурси и услуги коишто ги задоволуваат потребите на сите луѓе. Иницијативите се кон
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
96
целосна посветеност на оваа цел, од страна на библиотекарите кои знаат како да се
едуцираат за оваа недоволно опслужена група или како да носат и да промовираат
програми за обука за да ги поддржат своите колеги во обезбедувањето одлична услуга
на лицата со посебни потреби.
Лицата со попреченост може да имаат варијации во различноста и степенот на
попреченоста што секоја индивидуа ја прави единствена по својата потреба и
индивидуалност, па и затоа поставувањето и достапноста на библиотечниот материјал е
различна за различни целни групи. Библиотеката имајќи ги сите расположливи
информации за потребите на своите корисници како лица со попреченост, црпејќи ги
изворно од нив самите, вклучувајќи ги да можат да учествуваат идејно во креирањето
на дел од библиотечниот простор, ќе се движат кон доближување до потребите на
корисниците.
Користењето онлајн обуки и инструкции за корисници со посебни потреби дадени
од страна на АЛА АСЦЛА (Здружение на специјализирани и кооперативни
библиотечни агенции) во кои можат да се понудат совети, поддршка и едукација за
работа со корисници со попреченост, ја зголемуваат информираноста и ја подобруваат
спремноста на библиотекарот во истражувањето на најоптималната програма и услуги
кои можат да бидат креирани за корисниците, како и примена и начин како да се
постави софтверот „курцвајл“ (Kurzweil), софтвер за мобилни телефони наменет за
слепите лица и за лицата со пречки во развојот, којшто како најмала направа го
претвора текстот во говор, со цел да го олесни користењето на технологиите на слепите
луѓе. Креиран е 2008 година и претставува еден од расположливите ресурси од
информациски карактер и водич каде што ќе бидат опишани библиотечните услуги.
Софтверот гласно им го чита текстот на слепите, а оние со пречки во развојот или
делумно оштетен вид можат да го користат за зумирање и подвлекување содржини во
печатени документи, а тој ги разбира најголемиот дел од печатените документи како
што се писма, книги, адреси, инструкции за употреба.
Нашата земја во 2011 година ја ратификува Конвенцијата на Обединетите нации
за правата на лицата со попреченост и како членка на Обединетите нации, носиме
одговорност да работиме постојано на спроведувањето на Конвенцијата, притоа
обезбедувајќи еднакви права и можности за достоинствен и независен живот на лицата
со попреченост, како и на останатите граѓани. На иницијатива на Министерството за
труд и социјална политика, Програмата за развој на Обединетите нации, и во
партнерство со Националниот сојуз на слепи лица се креира дигиталната апликација ‒
аудиочитач „Кико“ промовирана во јули 2021 г. денеска достапна и на македонски и на
албански јазик со име „Хана“, промовирана декември 2021 г., бесплатна со едноставен
пристап. Апликациите „Кико“ и „Хана“ користејќи го системот претворање „слика или
текст во глас“, ќе овозможат непречена комуникација, непречено движење и целосно
вклучување во општеството и достоинствен живот на нашите сограѓани. Како
апликација, таа е лесно применлива за сите возрасти. Исклучително е значајно што со
апликацијата аудиочитач „Кико“ и „Хана“, лицата со оштетен вид за првпат добиваат
функционална, современа и соодветна алатка, која во секојдневниот живот ќе им
помага и ќе им овозможува поголема самостојност и тоа во сите сфери. Софтверската
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
97
апликација за првпат ќе им овозможи на над 3.000 слепи и лица со оштетен вид,
пишаниот текст да го слушнат и разберат во аудиоверзија.
Вградувајќи ги овие апликации како расположлив софтвер во библиотеката,
софтвер чиј аудиочитач звучи природно, лесно разбирливо и е достапна во мобилна и
десктоп верзија создадена во согласност со современите технолошки трендови, може да
послужи како основа врз која може да се надградуваат други програми, ќе бидат
достапни библиотечните усуги со чија помош, на лицата со попреченост ќе им се се
овозможи еднакво да учествуваат во градењето на едно здраво и напредно општество.
Притоа ќе учествуваме во намалување на бариерите заради обезбедување еднаков
пристап до образование, вработување, здравствен, социјален и културен живот на
еднаква основа, за сите граѓани на нашата земја. Апликацијата, освен лицата со
оштетен вид, може да ја користат и лицата со тешкотии во учењето, лицата со
дислексија и сите оние лица кои информациите најдобро или полесно ги разбираат во
аудиоформат.
Како значаен сегмент е расположливоста на збирка на аудиокниги и книги на
Брајовото писмо дел од библиотечниот фонд кои можат да бидат користени од оваа
целна група.
Во текот на своето постојано работење потребно е библиотеката редовно да ги
анализира податоците со кои се идентификуваат потребите на поединците и групите во
заедницата што може да ги исполни јавната библиотека (поглавје 6.10 „Алатки за
управување“).
Јавната библиотека мора да обезбеди услуги за своите корисници врз основа на
анализа на потребите за информации на локалната заедница во средината каде што
дејствува. При планирање на услугите, мора да се утврдат јасни приоритети и да се
развие стратегија за нивно обезбедување на среден и долг рок. Услугите мора да бидат
приспособени и да се развиваат за да ги одразуваат промените во општеството. Тие
треба да ги земат предвид традиционалните култури, како и новите технологии, со
користењето на информатичката и комуникациската технологија. Возрасните лица
имаат различни барања за информациска и библиотечна услуга поврзани со различните
ситуации со кои се среќаваат при нивното студирање, вработување и личен живот, што
вклучува развивање услуги за поддршка за доживотно учење, интереси за слободно
време, потреби за информации, активности во заедницата, културни активности,
рекреативно читање и др. Како поддржувач на образовниот процес, јавната библиотека
се поврзува со образовните институции притоа обезбедува и го збогатува својот фонд
со библиотечни материјали за различни теми кои ќе им овозможат на луѓето да ги
следат нивните интереси и да го поддржат нивното формално и неформално
образование. Исто така, достапноста на содржински материјали за поддршка на
писменоста и развојот на основните животни вештини, треба да биде присутна и на
завидно ниво. Во зависност од своите просторни услови, библиотеката треба да вложи
напори да обезбеди и да приспособи простории читални, кои ќе им бидат достапни на
сите лица вклучувајќи ги и оние кои немаат пристап до ресурсите во нивните домови.
Библиотеката во Јужен Даблин, Ирска обезбедува капацитети за самостојно учење за
возрасни, вклучувајќи компјутерско учење и аудио и видеоматеријали за учење јазици.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
98
Целта е да се постогне неутрална и поддржувачка средина во која поединците можат да
учат според својата динамика и потреби.
Библиотеката како поддржувач на инклузијата на маргинализиранните групи од
заедницата во општеството, а истовреме спроведувајќи ги насоките на Манифестот за
јавната библиотека на ИФЛА/УНЕСКО преку кои се нагласува широката улога на
библиотеките во поддршка на сите членови на општеството со надминување на
стереотипите, прифаќање и почитување на различностите во културата, социјалниот,
образовниит, економскиот, етничкиот статус може значително многу да придонесе во
ширењето значајни информации промовирајќи ја и поттикнувајќи ја едукацијата и
ширејќи ги есенцијалните сознанија со зодавање едукативни содржини и нови услуги
приспособени на потребите на маргинализираните и ранливите групи.
Сознанијата се достапни, но тие треба да бидат воведени во тековните
библиотечни програми и единствено така ќе биде остварена поддршката на лицата кои
припаѓаат во маргинализираните групи.
Користена литература:
1. https://ischool.illinois.edu/news-events/news/2014/06/mcdowell-deliver-invited-talk-ifla-
symposium;
2. www.eric.ed.gov/?id=ED497653, Guidelines for Library Services to Babies and Toddlers
3. IFLA Professional Reports, No. 100
4. www.IFLA Public Library service/guidelines
5. file:///C:/Users/pc1//Downloads/10.1515_9783110232271-005.pdf"f
6. Irvall, B. and Skat, N., 2005 Acess to libraries for persons with disabilities-checklist.
International the Hague: Federation of Library Associations and Institutions,
https://archive.ifla.org/VII/s9/nd1/iflapr-89e.pdf ;
7. www.un.org/esa/socdev/enable/dissreoo.htm United Nations General Assembly, 1993 The
Standard Rules on the Equalization of Oportunities for persons with Disabilities
8. https://bds.rs/wp-content/uploads/2019/02/Eticki-kodeks-bibliotekara-Srbije.pdf Етички
конекс библиотекара Србије
9. https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2018/03/jaws_mak_teacher_mk_1.pdf,
Здружение на граѓани „Отворете ги прозорците“
10. https://www.ifla.org/wp-content/uploads/2019/05/assets/faife/codesofethics/serbianco
deofethicsfull.pdf
Abstract
The library as a space for educational lectures and workshops performance, open
discussions and debates, affirming topics that are essential for strengthening the processes that
oppose discrimination and violence, while connecting with other responsible and competent
entities as a partner in increasing the awareness and informational culture among the
population, will be positioned in a democratic society as an essential factor in it.
The need to know their rights and protect them from abuse is the fundamental right to
all children and young people and especially the ones coming from socially disadvantaged
families as marginalized groups in the society, which is why this need is important to be
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
99
affirmed through programs created in libraries, offering support that every young individual
has the ability to become a future and leading creator of social development, by increasing
knowledge of library databases and research resources.
In its contribution to the creation of a society of equality in access to all and in the
provision of library services, special attention is paid to the special needs of marginalized and
vulnerable groups in society, including the needs of the elderly and people with disabilities of
various kinds as well as their need and rights for equality, independent living and functioning
in society.
The IFLA/UNESCO Public Library Manifesto emphasizes the broad and
comprehensive role of libraries in supporting all members of society, in overcoming
stereotypes, in accepting and respecting diversity in cultural, social, educational, economic,
ethnic status and more by creating specific content tailored to the needs of marginalized and
vulnerable groups.
The library - a supporter of the inclusion of marginalized community groups in society,
can significantly contribute to the dissemination of important information by promoting and
encouraging education and disseminating essential knowledge.
The knowledge is available but it should be implemented in current library programs
and only then the support of people who belong to marginalized groups will be realized.
Keywords: library, marginalized groups, program creation, inclusion.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
100
БИБЛИОТЕКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ
(стручен труд)
Маја Мицевска Ризова, библиотекар
НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје
(maja.micevska@nubsk.edu.mk)
Во општество на знаење, покрај техничките вештини и пристапот до
информатичките технологии, станува сè поважно за луѓето да имаат разновидни и
поддржувачки социјални врски. Библиотеките ги приспособуваат своите услуги за да ги
поддржат алатките за онлајн комуникација и да ја промовираат оваа нова врска. Целта
на социјалните медиуми е да обезбеди навремени и корисни информации за услугите,
ресурсите и настаните и проектите за пристап до заедницата. Целта на академската
библиотека, пак, што користи социјални медиуми е да создаде посилна заедница и
подобро информирана заедница за учење. Овој труд се обиде да го испита концептот на
социјално вмрежување и неговата примена за промовирање на библиотечните услуги во
дигиталната ера.
Социјален медиум е генерален поим (superset) кој вклучува различни медиуми
преку кој луѓето комуницираат онлајн заради дружење и општење. Бојд и Елисон (2007)
ги дефинираат страниците за социјално вмрежување како мрежно засновани услуги кои
им овозможуваат на поединците да конструираат јавен или полујавен профил во
рамките на ограничен систем, да артикулираат листа на други корисници со кои
споделуваат врска, да ги прегледуваат и да ги навигираат нивните листи на врски и оние
направени од други во системот. Пауел (2009) го дефинира социјалното вмрежување
како заедница во која поединците се некако поврзани преку пријателство, вредности,
работни односи, идеја и сл. Социјалните медиуми како што се на пример Фејсбук и
Твитер, се еден од најевтините и најефикасните начини за промовирање на
библиотечните активности. Тоа е бесплатен канал за споделување на информации кои се
однесуваат на библиотечни услуги, нови книги, уметнички изложби, состаноци на
клубови за книги, манифестации и многу повеќе. Социјалните медиуми вклучуваат
меѓу другото и блогови, споделување фотографии и видеоматеријали (Јутјуб) и многу
повеќе. Социјалните медиуми се познати уште како медиуми генерирани од
потрошувачите (англ. consumer-generated media; Томас, 2011).
Подгрупа (subset) на социјалните медиуми се социјалните мрежи/платформи кои
им овозможуваат на луѓето да споделуваат идеи, содржини, мисли и да воспостават
онлајн односи (Скот, 2017). Социјални мрежи се мрежни платформи кои овозможуваат,
корисниците односно посетителите на Фејсбук, Линкдин, Твитер и други социjални
платформи, да изградат јавен или полујавен профил, да споделуваат и да разменуваат
информации со други корисници со кои имаат воспоставено некаков однос, како и да се
прегледа нивната листа на пријатели и познаници кои се евидентирани и воспоставени
на соодветната мрежна платформа (Зарела и други, 2011). Природата и структурата на
вака воспоставените односи на комуникација може да се разликува од платформа до
платформа. Карактеристично за социјалните мрежи e тоа што тие им овозможуваат на
корисниците да ги споделат и да ги направат видливи нивните социјални конекции.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
101
Како резултат на тоа, може да се создадат врски меѓу учесниците на платформата, кои
инаку не би постоеле. Ваквото воспоставување на односи вообичаено не е цел, и
нивното спојување повеќе може да се каже дека е „латентна врска“ на корисници кои
поседуваат одредени слични или сродни афинитети и карактеристики.
На социјалните мрежи, учесниците немаат обврска да се вмрежуваат односно да
се поврзуваат преку запознавање со нови луѓе, туку првенствено комуницираат со луѓе
кои се веќе дел од нивната социјална мрежа. Целта на социјалните медиуми е
споделување на информативни содржини креирани од учесниците, кои може да се од
забавна или едукативна природа со помош на современи комуникациски технологии кои
ја поттикнуваат меѓусебната комуникација и интеракција. Содржините можат да бидат
во форма на текст, слики и графики, како аудио и видеоснимки. По нивното објавување,
тие може да бидат споделувани на социјалните мрежи (доколку нема рестрикции од
страна на лицата кои објавуваат) и можат да бидат достапни за поширокиот аудиториум
на глобално ниво преку интернетот (http://eprints.ugd.edu.mk/23239).
Придобивки од користењето на социјалните медиуми:
- Социјалните медиуми им помагаат на библиотеките да се рекламираат;
- Социјалните медиуми привлекуваат повеќе корисници на библиотеки;
- Социјалните медиуми овозможуваат корисникот да создава, да поврзува,
да разговара, да придонесува, да гласа и да споделува информации;
- Им помага на библиотеките да се доближат до корисниците;
- Им помага на библиотеките да градат мрежа за соработка со корисниците;
- Тоа е одличен начин да се привлече вниманието на новите корисници;
- Социјалните медиуми им помагаат на учениците да ги лоцираат
библиотечните ресурси;
- Социјалните медиуми го олеснуваат споделувањето на знаењето;
- Социјалните медиуми помагаат да се надгради корисникот со
информации;
- Социјалните медиуми помагаат во промовирањето на учење на далечина.
По кратко истражување низ социјалните платформи може да се увиди дека
повеќе библиотеки низ Македонија активно си ги ажурираат нивните страници на
Фејсбук. За најубаво ширење информации е важно сите новитети во библиотеката да
бидат објавувани навремено. Добри примери за активно ажурирање на страниците на
Фејсбук се: Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, Градската
библиотеката „Борка Талески“ во Прилеп, НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент
Охридски“ во Битола, Општинската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Радовиш, кои
секогаш имаат интересни содржини и се разликуваат една од друга. НУБ „Св. Климент
Охридски“ ‒ Скопје ги објавува најбитните настани, следи светски трендови и објавува
видеоматеријали во живо. Нивниот профил е шаренолик и за корисниците е допадлива
опуштеноста на текстовите при објавувањето на Фејсбук.
Нашите библиотеки би требало да поработат на нивните веб-странции и
профили на Твитер. Од соседите може да се издвои Народната библиотека на Србија.
Аминистраторите како најнова алатка интензивно ги користат видеоматеријалите во
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
102
живо, добро се ажурирани информациите и настаните на фејсбук и на веб-страницата.
Австриската национална библиотека не користи Фејсбук, Твитер повремено, но затоа
нивната веб-страница претставува пример како би требало да изгледа една веб-страница
на Национална установа.
Недостатоци или проблеми со користењето на социјалните медиуми:
- Премногу алатки за учење;
- Недостаток на време за користење на социјалните медиуми;
- Недостаток на приватност и ризик од кражба на идентитет;
- Доверливост/недоверливост на информации;
- Недостиг на знаење и вештини како да се користат;
- Несоодветно финансирање на библиотеките за користење на овие канали;
- Низок интерес на библиотекарите за учење и користење на социјалните
медиуми;
- Несоодветни можности за обука на персоналот во библиотеката за
социјални медиуми;
- Бавен интернет.
Најдобра практика за примена на социјалните медиуми претставува нивната
интеграција со веб-страницата на библиотеката. Исто така, е пожелна промоција на
библиотеката на повеќе платформи. Притоа, примената на логото / ознаката при
промовирање на библиотеката треба да е конзистентна. Пожелно е да се применуваат
алатки за дуплирање на содржината, како и примена на алатки за организирање на
консумацијата на информации, а особено е важно редовно ажурирање на содржините.
Заклучок
Социјалните медиуми обезбедуваат промена во начинот на кој луѓето откриваат,
читаат и споделуваат вести, информации и содржини. Активната комуникација помеѓу
библиотеката и корисниците создава додадена вредност во обезбедувањето библиотечни
услуги, додека новите можности и вредноста на користењето на социјалните мрежи
директно придонесуваат за подобра видливост на библиотеката во дигиталната средина.
Индиректно тоа доведува до подобра промоција на библиотеката во нејзината
традиционална средина и го зголемува бројот на корисници и нивното севкупно
задоволство од библиотечните услуги.
Користена литература:
1. Barsky, E., & Purdon,M. (2006). Introducing Web 2.0: Social networking and social
bookmarking for health librarians. Journal of the Canadian Health Libraries Association,
27(3): 65–67.
2. Boyd, D.M., & Ellison, N.B. (2007). Social network sites: Definition, history, and
scholarship. Journal of Computer-Mediated Communication ,13(1): 210–230 Burkhardt, A.
(2010). Social media: A guide for college and university libraries. College & Research
Libraries News 71(1): 10–15.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
103
3. Read, B. (2006). To the chagrin of its clientele, Facebook expands its membership. The
Chronicle of Higher Education, 53(5): A35.
4. Powell Julliette (2009) “33 million people in the room: how to create influence andrun a
successful business with Social Networking”, Pearson Education Inc.
Abstract
Social media provide a shift in how people discover,read and share news, information
and content. Active communication between library and users creates added value in
providing library services,while new possibilities and the value of using social networks
directly contribute to a better visibility of the library in the digital environment. Indirectly it
results in a better promotion of the Library in its traditional environment, and increases both
the number of users and their overall satisfaction with library services.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
104
БИБЛИОТЕКИТЕ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19
(стручен труд)
Милена Јованова
ЛУБ „Благој Јанков Мучето“
(milena.jovanova95@gmail.com)
Апстракт
Библиотеката не е само збир на книги и место каде што се чуваат. Таа игра голема
улога во развојот на едно општество. Целта на секоја библиотека е да му овозможи на
читателот непречени информации и услуги, без разлика дали станува збор за стручна
литература, белетристика, списанија, весници итн. За жал, неочекуваната пандемија
којашто нѐ погоди пред околу две години ги оневозможи библиотеките да ја
извршуваат својата должност. Со клучот на врата и ненадејната ситуација во којашто се
најдовме, му го одзеде правото на читателот да има пристап до посакуваните
информации и услуги. Пандемијата на ковид-19 ги затекна библиотеките неподготвени
да се справат со новонастаната ситуација.
Во овој труд се споредени повеќе ситуации и идеи во светот за тоа како може да
справиме со овој нов проблем и на некој начин да го доближиме повторно читателот
кон библиотеката и книгите.
Клучни зборови: пандемија, библиотека, ковид-19, читател, книга, општество
Вовед
Живееме во период на транзиција, а пандемијата која го зафати целиот свет го
забрза тој процес од физички контакт со хартијата и луѓето и нѐ внесе во светот на
виртуелните книги, часови и состаноци.
Пандемија е заразна болест што брзо се проширува на голем географски
простор67, а онаа со којашто сѐ уште се соочуваме, позната како пандемија на ковид-19,
покрај што одзеде многу животи, ни го промени и начинот на работа. Дигитализацијата
претставува користење на дигитални системи во секојдневните процеси и објекти. Тоа
истовремено значи и претставување на објектите од реалноста во дигитална форма68.
Од 2020 година дигитализацијата престана да биде можност и стана потреба. Оваа
потреба зеде замав и во библиотекарството.
Библиотеката е установа каде што книгите се чуваат, се читаат и се изнајмуваат.
Оваа установа врши улога на давател на услуги како: изнајмување книги, весници,
давање информации и консултации, но со пандемијата овие установи беа спречени во
извршувањето на своите задачи, а со тоа беше неопходно да влезе во игра
дигитализацијата. Како едни од најбараните во време на затворањето, беше потребно да
реагираат брзо и да се приспособат кон промените, за да ги задоволат потребите на
67<http://drmj.eu/show/%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%
B0/%D0%B6> пристапено на 4.11.2021 г.
68<http://drmj.eu/search/%D0%B4%D0%B8%D0%B3%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%
B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0> пристапено на 4.11. 2021 г.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
105
читателите преку модерната технологија. Новата нормалност и начин на работа се
големи предизвици со коишто библиотеките требаше и мораше да се соочат заради
нивното опстанување во ерата на дигитализацијата.
Библиотеките во времето на затворањето (англ. lock down)
1) Библиотеките во светот во времето на затворањето
Многу библиотеки во светот со голема брзина успеаја да се приспособат кон
ситуацијата. Дури и со затворените врати, библиотеките имаа клучна улога во
поддршката на нивното општество во времето на пандемијата. Секако, услугите се
променија, традиционалните библиотеки со рафтови и книги станаа недостапни, но во
исто време покажаа дека нивната улога е, и може да биде уште поголема. Приоритет на
библиотеките стана комуникацијата со читателите без разлика дали во живо или
виртуелно, потпомогнати од новата технологија како средство за комуникација.
Здружение на библиотекари во Франција69 во Франција, пушти во употреба веб-
страница којашто ѝ служи на библиотеките и библиотекарите, платформа на којашто се
споделуваат идеи и се нуди помош во време на кризниот период. Целта на оваа
страница е да се овозможи културна и информативна услуга на оддалеченост. Нивниот
портал нуди повеќе услуги поделени на:
‒ пребарување (совети за користење на социјалните медиуми);
‒ вложување во дигитализацијата;
‒ корисни активности во библиотеката во времето на затворените врати;
‒ во живо со корисниците;
‒ животот надвор од библиотеката итн.
Руската библиотека за младинци70 во Москва ги ангажира своите библиотекари за
работа од дома. Освен библиотекарите коишто имаат над 65 години, коишто беа
ослободени од работа, сите други во првите неколку недели на затворањето успеаја да
ги завршат своите задачи, средувајќи ги архивските работи, измените на софтверот и
др. На корисниците им понудија видеопренос на читања, достапност до дигиталниот
фонд и поддршка со онлајн услугите. Сепак станува збор за библиотека којашто работи
и работела хибридно уште пред пандемијата71.
Библиотеките во Италија како едни од првопогодените од пандемијата не беа
спремни да реагираат веднаш, немајќи доволно опрема да се префрлат на социјалните
мрежи. Мораше да се справат со ситуацијата на друг начин. Првата реакција на
библиотеките беше да се овозможат традиционалните услуги како позајмување и
копирање книги, меѓубиблиотечно позајмување, каталогизација и информативни
услуги. Рокот за враќање на книгата се продолжи, библиотекарите по потреба ги
доставуваа книгите и до дома. Пандемијата во Италија го забрза тој процес на
дигитална трансформација во библиотеките, за по краток период тие да понудат е-
69 ABF, Association des bibliothécaires de France.
70 Russian state library for young adults.
71 <https://riviste.aib.it/index.php/bibelot/article/download/12030/11539/22293>пристапено на 18.11.2021
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
106
книги, настани и обуки, претставувајќи ѝ го на широка маса на луѓе италијанското
културно наследство: од историја до археологија, виртуелни изложби и театарски
претстави72.
2) Нашата библиотека во времето на затворањето
Како сите библиотеки во светот, така и нашата во почетокот на 2020 година се
најде во небрано со новата пандемија и со мерките коишто стапија на сила и мораше да
се воведат.
Долго време пред пандемијата, уште со почетоците на користењето на COBISS,
читателите се запознаа и со пребарувачот OPAC. Со користењето на пребарувачот
OPAC, бевме во предност кога настапија мерките за парцијалниот пристап на
читателите во библиотеката. Нашата библиотека е библиотека од отворен тип. Тоа
значи дека читателите можат слободно да се движат низ полиците со книги и да си ја
одберат потребната литература. За жал со пандемијата на ковид и со новите мерки,
библиотеката се претвори од библиотека од отворен во библиотека од затворен тип.
Нашата библиотека се потруди да дејствува соодветно и да се адаптира на
промените, потпирајќи се на новата технологија и на желбата на вработените да имаат
задоволни корисници.
Во тој критичен период во кој односот библиотека ‒ читател беше разнишан
поради оддалеченоста и ненадејните случувања нашата библиотека најде начин како да
допре до читателите73. Станува збор за аудиозаписи74, приказни од македонското
народно творештво, интерпретирани од библиотекарот во одделот за популаризација,
м-р Гонца Запрова Анастасова. Поучните приказни коишто најмалите читатели можеа
да ги слушнат пред спиење, предизвикаа доста добри критики од страна на читателите.
Во тој период имавме и различни активности, литературни читања и промоции, се
разбира со сите прописи и препораки од Министерство за здравство, обидувајќи се да ја
доближиме повторно книгата кон читателот преку медиумите.
Еден од таквите настани беше и одбележувањето 27 години од смртта на
роднокрајниот автор Љубен Ташковски75. Се направи краток осврт на ликот и делото на
авторот, ставајќи акцент на неговата поезија. Како библиотека нам ни е чест и должност
да ги чествуваме роднокрајните автори, да покажеме со какво богатство изобилува
нашиот град.
Секоја година го одбележуваме 24 Мај по повод сесловенските просветители Св.
Кирил и Методиј, порано со учество на читателите, а оваа година го чествувавме
празникот со аудиовизуелен видеоматеријал76, во којшто се направи краток осврт на
животот и делото на Св. Кирил и Методиј. Со аудиовизуелни видеоматеријали77
коишто се објавуваа на социјалните медиуми, се промовира и нованабавената
литература.
72 <https://journals.sagepub.com/doi/full/10.1177/02666669211001502> пристапено на 19.11.2021
73 https://www.youtube.com/watch?v=yb1Atgv6xz8
74 https://www.youtube.com/watch?v=Gv5Kxa9Ntfk
75https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=920716928510588&id=242243639691257
76 https://www.facebook.com/242243639691257/videos/552690632784245
77 https://www.facebook.com/242243639691257/videos/2158290614305156/
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
107
Како поблиску до читателите во време на пандемијата на ковид-19 ако не преку
виртуелна прошетка низ омилената библиотека. Нашата библиотека, заедно со
библиотекар-советникот м-р Аница Глигорова Милева, вработена во Одделот за
каталогизација, му овозможија на читателот 3Д виртуелна прошетка78. 3Д-скенирањето
е напредна технологија, која овозможува виртуелна прошетка низ просторот и
софистицирана презентација пред нашите корисници. Презентирањето на 3Д-прошетка
низ библиотеката „Благој Јанков Мучето“ Струмица, во чест на 75 години од нејзиното
основање се изврши на 14 јули во просториите на Библиотеката и материјалот беше
поставен на нашата веб-страница и на Фејсбук, на Гугл мапс и Гугл стрит вју.
Користена литература
1. http://drmj.eu/show/%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D0%B
8%D1%98%D0%B0/%D0%B6 (пристапено на 04.11.2021)
2. http://drmj.eu/search/%D0%B4%D0%B8%D0%B3%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%B
B%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0 (пристапено на
04.11. 2021)
3. https://riviste.aib.it/index.php/bibelot/article/download/12030/11539/22293 (пристапено
на 18.11.2021)
4. https://journals.sagepub.com/doi/full/10.1177/02666669211001502 (пристапено на
19.11.2021)
Abstract
The pandemic made us librarians think of a different approach for our profession and
the readers. Made us find solutions that can satisfy the needs of the users. Despite the closed
doors, librarians around the world did not sit back and wait for the end of the situation which
left us unprepared. They came up with a number of ideas and ways to tackle this unexpected
problem: from online conferences, literature tips and recommendations to e-books and
informing the public in collaboration with Public Health (WHO) to prevent the spread of fake
news and panic. The Covid pandemic caught us suddenly and unprepared , but it gave us
experience on how to proceed further in the new normalcy. It taught us the most important
lesson, and that is: how to deal in the future if we find ourselfs in the same or in a similar
situation.
Keywords: librarian, Covid, literature, e- book, user.
78 https://my.matterport.com/show/?m=NqN6Pxfpxiy
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
108
СОВРЕМЕНИ МЕНАЏЕРСКИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО БИБЛИОТЕЧНОТО
РАБОТЕЊЕ
(стручен труд)
м-р Мариче Боздоганова, советник-библиотекар
НУ-Библиотека „Григор Прличев“, Охрид
(mbozdoganova@yahoo.com)
Апстракт
Библиотеките имаат важна улога во олеснувањето на пристапот до информации за
учење, образование и обука. Познат факт е дека добро управувана библиотека е
успешна библиотека. Управувањето со библиотеката значи ефикасно и ефективно
управување со материјали (извори на информации), луѓе (човечки ресурси), технологија
и пари за да се исполнат целите на библиотеката.
Со модернизацијата и воведувањето на информатичката технологија, поточно со
осовременувањето на библиотечните процеси се видоизменува и улогата на
библиотеката. Така денес библиотекарството се наоѓа пред нови правила и норми, пред
нов предизвик на својата мисија и визија во информацискиот систем.
Успешното менаџирање, како еден од клучните сегменти на нашите реформи ќе
значи и унапредување и професионализација на општествениот статус на библиотеките
во заедницата.
Стандардизацијата, квалитетот на управување на менаџерскиот тим, како и
етичкиот кодекс на библиотекарите се важен и неодминлив фактор во работењето на
библиотеката.
Клучни зборови: менаџирање, библиотека, управување, квалитет,
информациска писменост, корисници, книжен фонд.
Библиотечното работење се вбројува во дејности на заедницата, како што се
културата и уметноста, развојот и образованието, целокупното знаење на регионалната
и локалната управа. Пишаните текстови овозможуваат собирање, ажурурање,
обработување и систематизирање на податоците, информациите, знаењата и искуствата
во текот на цела низа генерации.
Ако библиотекарството го дефинираме доволно опширно, тогаш човечкото
општество и неговиот опстанок и развој имаат клучна улога во оваа дејност.
Библиотечната дејност низ богатата вековна традиција на своето постоење,
отсекогаш била во корист на човекот, но се менувала во согласност со промените во
општеството, приспособувајќи се на барањата на своите корисници.
За успешено работење непрофитните организации, вклучително и библиотеките,
треба да ја препознаат и да ја разберат важноста на спроведувањето и управувањето со
квалитетот. Само професионален и ефективен менаџмент може да обезбеди развој на
целата институција и да обезбеди подобар ефект од работата преку развивање знаења,
вештини и компетенции на менаџментот, како и на своите вработени.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
109
Менаџирањето со библиотеките е еден од клучните фактори во нудењето
разновидна и квалитетна воспитно-образовна и културна услуга на корисниците. Она на
што треба да се посвети библиотечниот менаџмент е понудата, осмислувањето и
давањето услуги на корисниците, при што треба да се прифаќа потребата од постојано
доградување и совладување нови пристапии технологии во библиотечното работење.
Менаџментот во библиотеката е потребен поради меѓусебно поврзаните редовни
активности кои се извршуваат во библиотеката како што се планирањето,
организирањето, водењето и контролата, што ги изведува библиотекарот преку
работата со луѓето, а со помош на ресурсите во библиотеката коишто се насочени за
остварување на библиотечната мисија во современиот свет.
Во управувањето со библиотеката важна улога има системот за управување со
библиотеката, односно софтверот што треба да се одржува и да помага во одржувањето
на базата на податоци која е корисна за внесување нови книги и грижата за кните
позајмени од членовите со соодветни датуми на испорака. Покрај тоа, го намалува
оптоварувањето на библиотеката за рачни записи. Системот за управување со
библиотеката му овозможува на библиотекарот да ги одржува библиотечните ресурси
на пооперативен начин што ќе му помогне да заштеди време. Системот за управување
со библиотеката е корисен и за корисниците и за библиотекарите постојано да ја следат
достапноста на сите книги во библиотеката.
Организацијата на библиотеката како културна установа
Главната улога на одговорните лица за тимот или работната единица е во
организирањето на работите и воспоставувањето на структурните врски помеѓу
личностите и нивните различни функции во библиотеката. Раководителот, односно
менаџерот прави разлика помеѓу функциите на управување и оперативните функции.
Способноста за развој е поголема ако компетенциите на вработените постојано се
збогатуваат.
За успешно функционирање на една библиотека важно е раководните и
оперативните категории функции успешно да се надополнуваат.
Функцијата на управување во потесна смисла ја одредува основната рамка на
функционирањето на библиотеката како институција, како што се нејзината мисија и
визија, нејзините политики и стратегии (особено развојната политика и стратегијата за
развој) и развојните и оперативните цели на библиотеката.
Директорот, заедно со неговиот тим, имаат задача да изработат стратегија на
библиотеката и да ја применат во своето работење.
Менаџирањето во 21 век предизвик за библиотеките
Управувањето со библиотеките на 21 век првенствено се занимава со создавање
околности во кои луѓето можат да го максимизираат користењето на нивните таленти и
да создадат можности за луѓето да работат на начини кои ги вклучуваат способностите
на сите вработени. Станува збор за развој на организација која е интересно,
стимулативно, провокативно и ефективно место за работа. Пред сè, книгата зборува за
начините на кои менаџерите и персоналот на библиотеката можат да развијат системи
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
110
за управување со современите библиотечни услуги и на тој начин да ја искористат
уникатната комбинација на околности, што обезбедуваат потенцијал за иновативен
развој на организацијата во библиотечните услуги на денешницата. Тој ги поврзува
важните прашања во управувањето со луѓето со карактеристиките на библиотеките
коишто значително се занимаваат и со дигитален и со печатен материјал.
Во 21 век, лидерите и менаџерите ќе треба автентично да комуницираат и да
бидат реални или оригинални со цел да создаваат вредности, да се поврзат со широк
опсег на луѓе и култури. Ова ќе доведе до успех во нашиот нов свет во развој преку
иновации, раст и конкурентна предност пред нивните конкуренти.
Суштинските лидерски и менаџерски вештини го вклучуваат следново:
‒ Добри комуникациски вештини: Комуникацијата е од суштинско значење за
лидерството и менаџментот. Го води целиот процес на раководење од визија и
стратегија преку делегирање, обуки, признание и евалуација.
‒ Карактер: Ова е коренот на добрите лидерски и менаџерски вештини, на
вредности и верувања што ги поседува лидерот за работното место. Тие треба да бидат
автентичени, односно вкоренети во интегритетот и етиката.
‒ Визија: Лидери и менаџери ‒ инспирирајте ги луѓето со тоа што ќе имате визија,
заземајќи личен интерес за своите вработени. Вработените ќе прават неверојатни
работи кога се инспирирани од визија и кога нивниот водач ќе им даде пофалби и
признанија за добро извршената работа.
Преместувањето на концептот на управување од контрола кон развој значи дека
администраторите на библиотеката мора да се приспособат на поинклузивна
дефиниција на полето на човечки ресурси. Покрај таквите административни активности
како што се регрутирање, управување со плати и придобивки, управувањето со
човечките ресурси сега ги опфаќа сите активности коишто промовираат поголемо
задоволство од работата и го поддржуваат развојот на поединците во контекст на
работното место.
Развивањето на библиотечниот персонал за 21 век претставува богатство од
иновативни идеи за преобликување на персоналот во библиотеката на организациско
ниво, вклучувајќи:
‒ технолошка обука за членовите на персоналот;
‒ модел на развој на лидерство заснован на организациската култура и нивото на
зрелост на библиотеката;
‒ „зелено движење“ за библиотекарство кое претставува акциска агенда за
создавање на библиотекарството како професија за учење и самообновување;
‒ практични искуства со воведување иновативни програми за човечки ресурси. Со
правење важни промени во управувањето со човечките ресурси денес, библиотеките
успешно ќе се приспособат за да одговорат на административните предизвици на 21
век.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
111
Заклучок
Ако знаењето е моќ, тогаш дигиталното знаење е уште поголема моќ. Во
дигиталниот свет се раѓаат нови генерации. Знаењето сѐ повеќе се ослободува од своите
материјални носители ‒ хартијата.
Силите на промената што дејствуваат денес може да се сумираат на следниов
начин:
‒ брза трансформација на податоците, информациите и знаењата во дигитална
форма;
‒ општ пристап до мрежни информации;
‒ нови и моќни техники за управување со знаењето.
Во услови на криза, а денес кризата е условена од експлозија на информации, се
појавуваат нови можности. Има написи кои го поставуваат прашањето дали воопшто се
потребни библиотеки во денешното опкружување на брзи и големи промени. Постојат
ставови дека во ерата на информациите, пребарувањето на интернет станало поважно
од збирките на библиотеките, а библиотекарите поважни од библиотеките. Има и
ставови дека институциите кои се занимаваат со посредување, вклучително и
библиотеките, нема да опстанат во ерата на информации. Токму поради ваквите
претпоставки, човекот е клучот во опстојувањето и равојот на библиотечната дејност.
Потребно е да се побие мислењето дека колку повеќе вработени – толку помалку ефект
во работата. Напротив, добрата стратегија на раководење со постојано истражување на
постигнатите резултати, имање информации за потребите на корисниците, планско
управување со финансиите, анализирање на направените пропусти и водење статитика
за програмските активности се доаѓа до задоволителни резултати.
Едно е сигурно: во време на глобална рецесија, јасно е дека библиотеките треба да
ја докажат потребата од своето постоење и оправданост за финансирање. Тие треба да
докажат дека не се само цивилизациско наследство, туку и итна потреба од ваков
мрежен/виртуелен свет. Од друга страна, сигурно е дека и библиотеките имаат
поставена задача да обезбедат универзален пристап до информации и знаење за
корисниците; поддршка на трансформацијата на образованието; вклученост во
глобалните економски, културни, информациски процеси; создавање услови за развој
на човечките способности; зачувување и презентација на културниот идентитет;
овозможување достапност на информатичко-комуникациската технологија, сето тоа
мора да биде јасно стратегиски обликувано со споделени одговорности, прецизирани
рокови, финансиски план и воспоставен начин на следење на спроведувањето на
планираните и предвидените мерки во случај на непочитување и неспроведување
стратегиски одлуки.
Користена литература:
1. Hadko, Paula. (2020). Primjena menadžmenta u narodnim knjižnicama. Osijek: Sveučilište
Josipa Jurija Strossmyera.
2. Leadership and management practices in the 21st century academic libraries.(2019).
Journal of Library Services and Technologies, 1(2), 51 – 61.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
112
Abstract
Libraries have an important role in facilitating access to information for learning,
education and training. It is a known fact that a well managed library is a successful library.
Library management means the efficient and effective management of materials (information
resources), people (human resources), technology, and money to meet the library's goals.
With the modernization and introduction of information technology, more precisely
with the modernization of library processes, the very role of the library is changing. Thus,
today librarianship is faced with new rules and norms, with a new challenge to its mission and
vision in the information system.
Successful management, as one of the key segments of our reforms, will also mean
improvement and professionalization of the social status of libraries in the community.
Standardization, the management quality of the management team as well as the code of
ethics of the librarians are an important and inevitable factor in the operation of the library.
Keywords: management, library, management, quality, information literacy, users,
book fund.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
113
БИБЛИОТЕКИТЕ КАКО ИНСТРУМЕНТ НА КУЛТУРНИ МЕТОДИ
(стручен труд)
м-р Милкица П. Масева
ЛУБ „Благој Јанков Мучето“, Струмица
(milkica.masseva@yahoo.com
milkica.masseva@gmail.com)
Апстракт
Во ова излагање станува збор за библиотеките како инструмент на културни
методи. Библиотеката е место на средба, како во вистинска, така и во метафорична
смисла; таа е организам што опстојува преку една мрежа на врски и затоа учествува во
различни активности, го темели своето постоење, од една страна, на интеракцијата со
неограничениот универзум на знаење што е запишано во документите и, од друга
страна, со специфичните потреби на секој корисник којшто има нужност од неа.
Библиотеката е израз и сведоштво за цивилизацијата на една ера и територија, ја
отсликува нејзината општа состојба и, во еден вид доблесен круг, е и алатка за обука на
таа цивилизација. Трудот се залага да покаже дека библиотеките, навистина, се
инструменти на културни методи, преку давање примери од работењето на некои од
библиотеките низ светот. Се користи описен метод на истражување, со усвојување
случајни примероци. Се наведуваат мислења, очекувања и идеи за унапредување на
активноста на библиотеките во поглед на отвореност кон комуникацијата со
надворешниот свет, отвореност кон ментална соработка со уживателот на
уметничкото дело (книгата), отвореност кон зближување и разбирање различни луѓе и
култури. Преку дијалогот, меѓу библиотеките, како инструмент на културни методи, и
корисниците, како трагачи по културни феномени, ќе се оствари енигматската
операција на читање, т.е. разбирањето на смислата на пишаниот збор како дел од
културниот живот. Менувајќи се, во согласност со потребите на корисниците и времето
на живеење, библиотеките ќе бидат инструментот на движечката сила за учење, основа
и поддршка за културолошко истражување, креативност, но и за забава во секое
општество.
Клучни зборови: библиотека, инструмент, културен метод, корисници,
општество.
Вовед
Во свет без библиотеки, би било тешко да се унапредат истражувањето и
човечкото знаење или да се зачува кумулативното светско знаење и наследство за
идните генерации79.
Ако тргнеме од дефиницијата за поимот метод, како начин, пат по кој се води
едно теоретско истражување или практично дејcтвување, според нас, токму
библиотеката би била тој културен механизам, инструмент што го претставува начинот
79 <https://www.wipo.int/wipo_magazine/en/2012/04/article_0004.html> пристапено на: 23.10.2021.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
114
преку кој се обликува материјалната култура, а којашто произлегува од
нематеријалните аспекти на културата. Затоа ќе кажеме дека библиотеките се алатките
за научни или уметнички цели. Литературата, како дел од материјалната култура, се
темели на нематеријалните аспекти на културата, како вредности, верувања, јазик,
комуникација и практики – заеднички споделени од група луѓе. Проширувањето на
овие категории, ќе зависи токму од знаењата, здравиот разум, претпоставките и
очекувањата на поединецот во општеството, секако, користејќи ја библиотеката како
инструмент за афирмирање на културата, практичното делување и зајакнувањето на
општествените врски80. Имено, како што напоменавме во апстрактот, библиотеката е
место на средба, како во вистинска, така и во метафорична смисла; таа е организам што
опстојува преку една мрежа на врски и затоа учествува во различни активности, го
темели своето постоење, од една страна, на интеракцијата со неограничениот
универзум на знаење што е запишано во документите и, од друга страна, со
специфичните потреби на секој корисник којшто има општа нужност од неа и живее во
рамнотежа помеѓу општото и специфичното, меѓу амбицијата за универзалност и
зацврстувањето на точна и конкретна реалност81. Библиотеките претставуваат симбол
на различни нешта за различни луѓе ‒ од место каде што мајките можат да ги одведат
малите деца да се запознаат со првите приказни, а учениците можат да учат, до услуга
којашто му дозволува на секој да позајми книга и да прочита нешто ново, да пристапи
на интернет или да истражува. Едноставно, библиотеките нудат средства, физички
доказ и фундаментални значења, со коишто можеме да добиеме пристап до знаење. Тие
се места каде што се добредојдени и децата и возрасните, со можноста да се нурнат во
секоја форма на уметност.
ШТО СЕ БИБЛИОТЕКИТЕ (сфатени како инструмент на културни методи)
Како инструмент на културни методи, библиотеките ѝ овозможуваат на единката
да истражува и да создава сопствена уметност, учејќи од локалните уметници; да гледа
театарски, музички и танцови претстави; и да учи за уметноста и културата преку
книгите и читањето. Тие, честопати, се првото место каде што децата и младите ја
доживуваат уметноста и културата, преку книги и библиотечни настани82. Воедно,
нудат книги, записи и програми кои го негуваат креативниот израз ‒ сè од натпревари
за фотографија и средби со успешни писатели, до работилници, игри, програми за сите
возрасти и иницијативи за читање во целата заедница. Исто така, сѐ поголем број
библиотеки имаат и уметнички галерии, каде што се прикажуваат делата на локалните
уметници. Значи, функцијата на библиотеката, освен конзерваторска и
документаторска, може да биде и едукативна и истражувачка: организирање книжевни
манифестации, доделување награди, описменување, дополнително образование,
80<https://mk.eferrit.com/%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B5-
%D0%BA%D1%83%D0%BB%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0-
%D1%82%D0%BE%D0%BA%D0%BC%D1%83/> пристапено на: 20.10.2021.
81 <http://www.bibliotecheoggi.it/pdf.php?filepdf=20040401701.pdf> пристапено на: 20.10.2021.
82<https://dcmslibraries.blog.gov.uk/2016/08/31/cultural-and-creative-enrichment-how-libraries-deliver/>
пристапено на: 20.10.2021.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
115
издаваштво83. Создавањето историја на библиотеките ‒ или на институцијата
„библиотека“ – како сведоштво на една цивилизација и алатка за обука на
цивилизацијата, значи да се декодираат конститутивните елементи, длабоките знаци на
идејата за библиотеката во специфичен историски и социјален контекст, искажувајќи ги
како пример со најрепрезентативните конкретни достигнувања84.
Во ова излагање, ќе споменеме дека самите библиотеки како инструмент на
културни методи, ги доживуваме, земајќи го предвид Отвореното дело на Умберто
Еко, како затворено дело – организам со завршена форма, т.е. имаме затворен
простор на едно место, со соодветен органограм, структура и внатрешност и како
отворено дело – организам со можност да биде толкувано на илјада начини, т.е.
отвореност на библиотеките кон комуникацијата со надворешниот свет,
отвореност кон ментална соработка со уживателот на уметничкото дело
(книгата)85, отвореност кон зближување и разбирање на различни луѓе и култури.
Библиотеките како инструмент на културни методи во светот
Како инструменти на културни методи, библиотеките, а воедно, се подразбира и
лицата вработени во неа, треба, на локалната заедница да ѝ обезбедат соодветна служба
за информирање. Услугите и информациите треба да се засноваат на локалните
потреби, коишто редовно треба да се забележуваат. Без овој тренд, библиотеката ќе го
изгуби контактот со оние на коишто треба да им служи и, како последица на тоа, нема
да биде целосно искористена. Библиотекарите, како важна алатка во тој процес, треба
да бидат свесни за општествените промени коишто произлегуваат од фактори како што
се социоекономскиот развој, демографските промени и разликите во возрасните групи,
нивото на образование, профилите на вработување и појавата на алтернативни
образовни и културни понуди, и се разбира, здравствената ситуација, како оваа во
моментов, со пандемијата на ковид-19. Затоа, библиотеката „Лафајет“ во САД, којашто,
иако била затворена за јавноста по појавата на пандемијата, сепак сакала заедницата и
понатаму да има пристап до книгите. Поради тоа, секоја недела персоналот на
библиотеката шетал низ градот, пополнувајќи ги минибиблиотеките создадени токму
од оваа библиотека за луѓето бесплатно да добиваат нови книги86. Со тоа, библиотеката,
преку понудените ресурси и услуги создала можности за учење, ја поддржала
писменоста и образованието и помогнала во обликувањето на новите идеи и
перспективи кои се централни за креативно и иновативно општество.
Во продолжение, сакаме да истакнеме дека, улогата на библиотеката како
инструмент на културен метод, при процесот на некое истражување е клучна, затоа
што, токму библиотеките, ги имаат ресурсите во форма на книги, списанија, статии,
библиографии и обезбедуваат одлична средина за истражување. Совршен пример за
акцентирање на улогата на библиотеките како инструмент на културни методи
претставува желбата на библиотеките во Индонезија за промовирање на културно-
83 Rečnik književnih termina. Beograd: Nolit, 1985, 76-77.
84 Associazione italiana biblioteche. Roma, 2002.< https://www.ifla.org/wp-content/uploads
/2019/05/assets/hq/publications/archive/the-public-library-service/pg01-it.pdf> пристапено на: 23.10.2021.
85 Џепаровски, Иван. „Отвореното дело како порака: Умберто Еко“. Културен живот XLIII, 1998, 64-74.
86 < https://www.coloradohometownweekly.com/> пристапено на: 22.10.2021.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
116
историското наследство, заради градење своја збирка на културно наследство.
Колекцијата содржи примероци од литература, сликарство и фотографии. Овие
библиотеки имаат мрежа насекаде низ Индонезија, од провинциите до руралните
области87.
Библиотеките, како културни институции, се важен фактор и за развојот и
унапредувањето на културниот туризам. Со дигитализирање на книжните фондови,
библиотеките станаа важен фактор за општествениот напредок заснован на знаење
управувано од дигиталната технологија. На тој начин, библиотеките како инструмент за
културно истражување, овозможуваат директен онлајн пристап до библиотечниот
материјал, проучување податоци и други информации кои земаат активно учество во
претставувањето на одреден регион пред туристите. Според авторките на трудот
Улогата на библиотеките во развојот на културниот туризам со посебен акцент на
Александриската библиотека во Египет88, постојат многу начини со цел библиотеките
да привлечат туристи. Пример може да биде организацијата на туристички посети што
овозможува запознавање со културното и историското наследство на еден регион,
историјата и структурата на самата библиотека, нејзините книжни фондови и нејзините
услуги. Доколку библиотеките организираат изложби, тие треба да бидат дел од
посетата на туристите. Пред самата посета на туристите може да им се обезбеди кратка
видеопрезентација како вовед во работите што ќе ги видат. Посетите треба да се
организираат во неколку наврати во текот на денот и да се приспособат на различни
видови посетители. Програмите што се однесуваат на посетата, треба да вклучуваат и
возрасни и деца и тие треба да бидат направени според видот на посетителите89.
Александриската библиотека организира два вида специјални презентации:
1. Културама;
2. Детски презентации.
Културама е културно панорамско шоу што ја прикажува историјата на Египет со
врвни моменти и примери на античко египетско и коптско/муслиманско наследство.
Тоа е развиено од Центарот за документација на културното и националното наследство
и се смета за прв патентиран интерактивен систем со 9 проектори. Презентацијата трае
15 ‒ 20 минути и се прикажува во недела, понеделник, вторник, среда и четврток на три
јазици: англиски, француски и арапски. За посета на училишта и групи задолжителна е
претходна резервација за Културама. Резервацијата треба да се направи најмалку пет
дена однапред.
Детските презентации се наменети за деца на возраст од 4 до 9 години со цел да
се објасни и да се опише историјата на Античката библиотека во Александрија и
градењето на Новата библиотека на поедноставен начин користејќи анимација.
Презентацијата трае приближно 45 минути вклучувајќи ја и обиколката на зградата на
87 <http://www.publishingindia.com/ijisl/107/the-role-of-libraries-in-building-and-promoting-the-cultural-
heritage-collection/628/4448/ > пристапено на: 26.10.2021.
88THE ROLE OF LIBRARIES IN THE DEVELOPMENT OF CULTURAL TOURISM WITH SPECIAL
EMPHASIS TO THE BIBLIOTHECA ALEXANDRINA IN EGYPT.
89 <http://www.utmsjoe.mk/files/Vol.%201%20No.%202/0-16-107-114-C-Tosic_Violeta_-_Lazarevic.pdf>
пристапено на: 26.10.2021.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
117
Библиотеката. Овие презентации се нудат секој ден освен петок и сабота и
задолжителна е претходна резервација90.
ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ како инструмент на културен метод
Нашата библиотека, ја остварува улогата на инструмент на културен метод преку
промоции на книги, средби со писатели, литературни читања, организирани посети,
изложби на книги, литературни конкурси, медиумски настани, претставувања на
најнови наслови на социјалните мрежи и книжевни и културни настани за промовирање
на книгата. Во соработка со Делегацијата на Европската Унија, Општина Струмица и
ЕУ инфо точка, која се наоѓа во библиотеката во Струмица, организираат изложба на
професионални фотографии во рамките на наградата за медиуми „Жан Клод Моне“, со
избирање победник во категоријата „најдобра фоторепортерска фотографија“.
Библиотеката одржува обуки на којашто учествуваат деца од различни возрасти сè со
цел да ги развијат своите креативни способности од областа на електроника, 3D-
печатење, 3D-моделирање, роботика, обработка на дрво, шиење, плетење итн.
Во иднина, потпирајќи се на примерот на библиотеките во Индонезија, може во
нашата библиотека да се собира, да се организира, да се претставува и да се шири
културното наследство на градот Струмица. Со тоа, преку оваа активност, даваме
препорака и нашата библиотека да учествува во зачувувањето и промоцијата на
културното наследство. Така, сите генерации лесно ќе добијат информации и знаење за
културното наследство на Струмичкиот Регион.
Користена литература
1. Џепаровски, Иван. „Отвореното дело како порака: Умберто Еко“. Културен живот XLIII, 1998, 64-74.
2. Rečnik književnih termina. Beograd: Nolit, 1985, 76-77.
Извори од интернет:
1. https://www.wipo.int/wipo_magazine/en/2012/04/article_0004.html
2. https://mk.eferrit.com/%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B5-
%D0%BA%D1%83%D0%BB%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0-
%D1%82%D0%BE%D0%BA%D0%BC%D1%83/
3. http://www.bibliotecheoggi.it/pdf.php?filepdf=20040401701.pdf
4. https://dcmslibraries.blog.gov.uk/2016/08/31/cultural-and-creative-enrichment-how-
libraries-deliver/
5. https://www.ifla.org/wp-content/uploads/2019/05/assets/hq/publications/archive/the-
public-library-service/pg01-it.pdf
6. https://www.coloradohometownweekly.com/
7. http://www.publishingindia.com/ijisl/107/the-role-of-libraries-in-building-and-promoting-
the-cultural-heritage-collection/628/4448/
90 <https://theculturetrip.com/africa/egypt/articles/past-and-present-the-bibliotheca-alexandrina/> пристапено
на: 19.11.2021.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
118
8. http://www.utmsjoe.mk/files/Vol.%201%20No.%202/0-16-107-114-C-Tosic_Violeta_-
_Lazarevic.pdf
9. https://core.ac.uk/download/pdf/188141097.pdf
10. https://theculturetrip.com/africa/egypt/articles/past-and-present-the-bibliotheca-
alexandrina.
Abstract
It has been concluded that the library is exactly a cultural mechanism, an instrument that
represents the way in which material culture is formed, which arises from the intangible
aspects of culture. As an instrument of cultural methods, libraries enable the individual to
explore and create their own art, learning from local artists; to watch theatrical, musical and
dance performances; and learn about art and culture through books and reading. They are
often the first place where children and young people experience art and culture through
books and library events. At the same time, they offer books, records, and programs nurturing
creative expression - from photography competitions and meetings with successful writers, to
workshops, games, programs for all ages, and community-wide reading initiatives. Also, an
increasing number of libraries have art galleries that display works by local artists. So, the
function of the library, apart from conservation and documentary, in fact, it is seen that is both
educational and research: organizing literary events, giving awards, literacy, additional
education, publishing.
The library, to summarize, through the offered resources and services, creates
opportunities for learning, supports literacy and education and helps to shape new ideas and
perspectives that are central to a creative and innovative society.
It is highlighted that the role of the library as an instrument of cultural method in the
process of a research is crucial, because libraries have resources in the form of books,
magazines, articles, bibliographies and, also, provide an excellent environment for research.
Nowadays, the modern Library of Alexandria, opened in 2002, according to the research,
would be, for example, an ideal cultural and educational center, an instrument for cultural
education, research and entertainment, because it contains: a million books; internet center
with archive; department with audio and video materials, rare books, materials for the visually
impaired, department for children and youth, special collections; three museums of
antiquities, manuscripts and history of science; children’s research center; two permanent
exhibitions; six art galleries for temporary exhibitions; conference center for thousands of
people; seven research centers.
Keywords: library, instrument, cultural method, users, society.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
119
БИБЛИОТЕКИТЕ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19
Тања Гошева, советник-библиотекар
ЛУБ „Благој Јанков Мучето“, Струмица
(tanjagoseva@yahoo.com)
Апстракт
Многу библиотеки и многу библиотекари се прашуваат, како во овие времиња на
пандемија, да имаат активни услуги. Одговорот е очигледен!
На почетокот главно се развиваа сите методи на работа на далечина. Како и
насекаде и кај нас библиотеките за време на пандемијата работат со посебни протоколи
заради спречување на пренесувањето и ширењето на ковид-19, па затоа треба да се
почитуваат основните мерки за заштита. Работата на почетокот се изведуваше онлајн,
со известувања преку Фејсбук, организирање меѓународни средби со роднокрајни
автори преку интернет-платформи. Дигитализираните книги се читаа онлајн, се зголеми
достапноста на насловите во дигиталниот каталог. Во ЛУБ ,,Благој Јанков Мучето“
Струмица се изврши и ревизија на библиотечниот фонд. Персоналот, односно
библиотекарите беа достапни за какви било прашања, информации, појаснувања или
коментари.
Клучни зборови: библиотеки, пандемија на ковид-19, корисници.
ПРОТОКОЛ ЗА РАБОТА НА БИБЛИОТЕКИТЕ
ЗАРАДИ СПРЕЧУВАЊЕ НА ШИРЕЊЕТО НА КОВИД-19 , ВО
БИБЛИОТЕКАТА СЕ ПОЧИТУВАА И СЀ УШТЕ СЕ ПОЧИТУВААТ
ОСНОВНИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА:
1. Сите вработени и посетители, при влегувањето во библиотеката задолжително
носат лична заштитна опрема на лицето, што подразбира каква било форма на заштита
која ги покрива пределот на носот и устата.
2. Одржување на потребното физичко растојание меѓу вработените, како и меѓу
вработените и читателите (посетителите), корисниците на услуги е од 1,5 до 2 метри.
На влезот се поставени известувања за посетителите за задолжително одржување на
потребното физичко растојание меѓу посетителите и меѓу посетителите и вработените.
3. Ограничување на бројот на посетители во согласност со квадратурата на
просторот, по двајца посетители во Одделот за деца и по двајца посетители во Одделот
за возрасни.
4. Откако Комисијата за заразни болести одобри отворање на библиотеките
првите месеци читателите можеа само да вратат книга која ја оставаа на одредени места
(кутии) и откако библиотекарот ќе види која книга е вратена, ја распишува книгата на
читателот во картон, програма опак, читателот пристапува до пултот на кој има
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
120
проѕирна заштита, го посочува насловот на книгата којашто сака да ја позајми или бара
предлог од библиотекарот. Библиотекарот е тој што оди до рафтовите со книги и ја
носи бараната книга. Читателот ја прима книгата, се потпишува и излегува. Доколку е
дојден за одредена информација, исто така пристапува до пултот со барање за одредена
информација која библиотекарот усно ја дава, но ако се работи за текст, библиотекарот
ја скенира и му ја испраќа на корисникот на е-пошта. Навечер, пред да се затвори
библиотеката, книгите кои дента се вратени од читателите се сместуваат во посебни
простории и се оставаат 72 часа. По истекот на времето повторно се качуваат, се
дезинфицираат и се ставаат на рафтот од каде што се земени.
5. Но, од неодамна, повторно на инсистирање на читателите им се дозволи да
можат сами да си го одберат насловот за кој се дојдени во библиотека. Читателот сам
пристапува до рафтовите и сам има можност да си одбере книга. Но, се регулира бројот
посетители во објектот, така што, откако ќе влезе максимално дозволениот број
посетители, бројот е сѐ уште двајца читатели во Одделот за деца и двајца читатели во
Одделот за возрасни, повторно ќе може да влезе нов читател, откако претходно ќе
излезе читателот кој бил внатре и така по ред.
6. Од октомври 2021 година, во месецот на книгата, а по иницијатива на
училиштата за посета на библиотеката, за исполнување на програмската активности,
работилници, настани, промоции, продолживме со старите концепции. Но, со
почитување на протоколите, со маска, оддалеченост меѓу присутните, ограничен број
присутни, кога доаѓаат ученици во посета, им се мери температура, се дезинфицираат,
се работи со ограничен број ученици, местото за промоции е 80 м² така што може да
има не повеќе од 30 деца, а ако се работи за промоција, настан, исто не повеќе од 30
посетители. Доколку има потреба тој ден за уште еден настан, тоа ќе се случи по
минимум половина час. За тоа време се ветрее просторијата, се дезифинцира и се
подготвува следната група посетители.
7. Задолжително се одредува лице за контрола на спроведување на мерките пред
влезот и во самиот објект.
8. Пред влезот на објектот е обезбедено средство за дезинфекција на рацете, со
известување за посетителите за задолжителна дезинфекција на рацете при влегување.
9. На видни места се постават известувања за забрана за допирање на книгите кои
дента се вратени, заради заштита на посетителите. Сите површини кои се изложени на
често допирање од страна на посетителите, често се пребришуваат со дезинфекциски
средства на база на алкохол.
10. Засилени санитарно-хигиенски мерки, зачестено чистење, 4 ‒ 5 пати во текот
на денот со употреба на средство за дезинфекција, кое делува на вируси за подот или
70% алкохол за дезинфекција за горните површини.
Користена литература:
1. https://www.repubblica.it/cultura/2021/01/28/news/editoria-284603382/
2. https://hunt-institute.org/resources/2021/04/impact-of-covid-19-on-public-libraries/
3. http://www.bccdc.ca/Health-Info-Site/Documents/COVID-19-Guidance-Libraries.pdf
4. https://vlada.mk/protokoli-koronavirus
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
121
5. https://www.esem.org.mk/index.php/biblioteka/2-uncategorised.html
Abstract
It was concluded that in the pandemic period it was read more than otherwise, and that
was more time spent hanging out with the book. The reading trend grew, and librarians were
involved just like before the crisis with Covid - 19. Libraries were asked to start working as
intensively as before the coronavirus. Members of all structures - from unemployed and
employed, students, researchers - sought a variety of authors and titles. There was a
significant number of readers who rented fiction and relaxing books.
Keywords: libraries, pandemic, KOVID-19, users.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
122
„БИБЛИОТЕКИТЕ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19“
(стручен труд)
Румена Тодорова, библиотекар
Библиотека „Искра“ Кочани
Подрачна библиотека, населба Оризари
(rumenat2016@gmail.com)
Апстракт
Пандемијата на вирусот ковид-19 која го зафати целиот свет придонесе за масовни
ограничувања и затворања кои целосно го променија начинот на живот кај луѓето. Сето
тоа доведе до голем број негативни ефекти врз социоекономијата и придонесе за
создавање на нови системи на работење за сите институции, вклучително и на
библиотеките. Во контекст на кризата од пандемијата на ковид-19, овој труд тематски
го обработува работењето на библиотеките за време на корона-кризата. За таа цел,
спроведена е детална анализа за влијателни ефекти на пандемијата на ковид-19 врз
работењето на библиотеките. Односно, анализирани се одлуките за времено затворање
или делумно затворање на библиотеките, приспособување на услугите за позајмување
физички библиотекарски материјали, воведување карантин за вратените книги поради
заштита од пандемијата, како и потребата од забрзано воспоставување онлајн
библиотекарски услуги. Анализирана е и улогата на персоналот во библиотеките за
време на пандемијата на ковид-19, при што е произнесен и соодветен заклучок.
Клучни зборови: библиотеки, библиотекарски материјали, пандемија на ковид-
19, е-книги, е-услуги.
Вовед
Библиотеките отсекогаш се сметале за витален и составен орган во едно
општество. Тие се основани за да ги задоволат потребите за информации на учениците,
истражувачите и другите корисници во заедницата. Општо земено, библиотеките се
извор на информации, а исто така и авенија за развивање и всадување култура на
читање. Библиотеката во современ контекст претставува место кое е императив за
саморазвивање и учење на студентите, истражувачите и сите останати корисници на
библиотекарскта услуга. Накратко, библиотеката е неопходност во која било заедница,
регион, земја или во целиот свет. Тоа е порта за откривање информации и извор до
различни решенија. Сепак, со епидемијата на корона-вирусот (ковид-19) низ целиот
свет и со затворени физички библиотеки, се наметнува потребата библиотеките и
библиотекарите да воведат соодветни нови улоги за да се обезбеди слободен пристап и
потрошувачка на информации за сите на лесен и иновативен начин и во исто време да
се зајакнат безбедносните мерки.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
123
Влијателни ефекти на пандемијата на ковид-19 врз работењето на
библиотеките
Во најопшт поглед, библиотеките кои се едукативен ресурс на населението не
останаа имуни на тешките ефекти од пандемијата со вирусот ковид-19. Од почетокот на
пандемијата библиотеките беа принудени да ги затворат своите врати, при што овие
исклучувања негативно влијаеја на студентите и семејствата кои се потпираат на
библиотеките како места за едукација, пристап до информации и меѓусебно дружење.
Во светски рамки, во развиените земји по привремената суспензија на работењето,
вработените во библиотеките реагираа на предизвиците со кои се соочуваат
корисниците на услугите преку користење креативни методи за да им се обезбеди на
барателите да ги добијат потребните ресурси, особено со зголемување на збирките на
дигитални книги и видеопреноси, нудејќи им набавка на книги преку шалтери,
овозможувајќи им на студентите пристап до базите на податоци од дома и воведување
услуги за разговор за да им помогнат на корисниците на библиотекарската услуга да
најдат ресурси за истражување (Ameh et al., 2021).
Заради пандемијата на ковид-19, повеќето библиотеки се затворија за јавноста до
понатамошното известување за нивно отворање. Некои библиотеки пристапија кон
нудење намалени или алтернативни услуги за позајмување физички библиотечни
материјали додека не се обноват целосните услуги, иако генерално фокусот е на онлајн
услуги и дигитални содржини. Персоналот во многу јавни библиотеки пристапи кон
работење од далечина за време на затворањето. Во земјите каде што персоналот во
библиотеките мораше да работи од својата канцеларија или библиотека, се забележува
дека се воспоставени безбедносни одредби (на пример, се обезбедува антибактериски
гел, персоналот работи во смени за да овозможи физичко дистанцирање и сл.) (Ali and
Gatiti, 2020).
Во контекст на кризата од пандемијата на вирусот ковид-19, се диференцираат
поголем број ефекти кои драстично го променија библиотекарското работење. Во овој
контекст, најзначајните елементи се анализирани и обработени во продолжение на
трудот.
Одлуки за привремено затворање или делумно затворање на библиотеките
поради пандемијата на вирусот ковид-19
Во екот на најголемата криза од пандемијата, зградите на народните библиотеки
во многу земји беа затворени за јавноста, како одговор на националните рестрикции
или на регионалните одлуки. Во многу случаи, затворањата се проширија и надвор од
нивниот оригинален распон во согласност со продолжувањето на официјалните
периоди на затворање. Сепак, целосното затворање на зградите на библиотеките не е
универзално, а во некои случаи зградите на библиотеките работеа со намалена или
приспособена услуга. Во некои земји, како на пример во Белгија, народните библиотеки
се категоризирани како суштинска услуга според националното упатство и се очекува
дека ќе останат отворени. Ова се однесува само во работните денови и за ограничената
услуга. И покрај ова, многу општини одлучија да ги затворат своите библиотеките
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
124
целосно со декрет на локалните градоначалници. Од друга страна, во некои држави,
како на пример во Хрватска, народните библиотеки првично останаа отворени за да
обезбедат основни услуги за позајмување и враќање на корисниците. Настаните беа
откажани, читалните беа затворени, а пристапот до библиотеката беше ограничен на
еден член од јавноста во исто време со социјално растојание и редовна дезинфекција на
површинските места (Deol and Brar, 2021).
Некои библиотеки ги опслужуваа корисниците во ограничени области и оставаа
резервираните книги на одредена полица. Додека во некои земји се пристапи кон
примена на комбинирани методи во контекст на корона-кризата. Како на пример во
Шведска, каде што 86 % од јавните библиотеки работеа како и обично, 10 % работеа со
одредени ограничувања (т.е. затворени библиотеки, откажани сите или некои
програми), 3,7 % работеа на минимално ниво на услуга, а 0,3 % од библиотеките беа
целосно затворени. Исто така, некои библиотеки почнаа да користат заштитни паравани
помеѓу корисниците и персоналот, додавајќи ознаки на подот за соодветното растојание
и запечатувајќи ги областите каде што може да се соберат поголеми групи. Во некои
библиотеки се дозволени само одреден број луѓе во исто време (Hussain, 2021).
Приспособување на услугите за позајмување физички библиотекарски
материјали во контекст на пандемијата на ковид-19
Имајќи ја предвид состојбата со пандемијата со ковид-19, некои библиотеки
пристапија кон нудење намалени или алтернативни услуги за позајмување материјали
од библиотека (на пример, книги, аудиокниги, ЦД), додека не продолжат со нудење на
целосните услуги, иако главно целта е унапредување на постојните онлајн услуги и
дигитална содржина. Во креативната шема за овозможување пристап без контакт до
физичките библиотекарски ресурси, некои народни библиотеки започнаа алтернативни
услуги за позајмување физички материјали кои вклучуваат услуги за шалтерско
работење, достава до дома, достава на книги по пошта и др. (Ciric and Ciric, 2021).
Од креативните методи на работење, во Шведска, алтернативните услуги за
позајмување библиотекарски материјали вклучуваат библиотечни услуги преку шалтер
со враќање и подигање книги без да се напушти автомобилот; услуги за подигнување
(подигнување однапред нарачани книги во торба на вратата на библиотеката во
одредено време); „торби за книги“ (торби со книги избрани од библиотекар според
предметна тема); испорака на книги до вратата на корисниците на возраст над 70
години или во групи со висок ризик, како и продолжено работно време за оние на
возраст од над 70 години или други во категоријата на високоризичните групи.
Се случуваат многу иновации, нови начини на доставување физички
библиотекарски материјал до корисниците со помош на велосипеди, волонтери или
персонал од други институции помагајќи да се доставуваат книги на прагот на
корисниците. Некои библиотеки користат резервации на книги како средство за
намалување на времето поминато внатре во библиотеката, при што корисниците ги
подигнуваат резервираните книги, наместо да ги пребаруваат по полиците. Такви
модели применуваат во Холандија и Белгија (IFLA, 2020).
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
125
Воведување карантин за вратените книги поради заштита од пандемијата на
ковид-19
Во екот на најголемата криза, повеќето библиотеки известуваат дека задоцнетите
враќања се суспендирани и дека сите позајмени физички предмети не се враќаат во
моментов. Ова во голема мера ја отстрани потребата за систематски карантин на
вратените материјали. Библиотекарските услуги на неколку земји побараа официјални
директиви од здравствените установи во врска со ставањето во карантин на вратените
материјали, при што некои од нив го добија ова упатство или им беа одобрени
својствени политики и кодекси за работење (Wang and Lund, 2020).
Во некои земји, како на пример во Ирска, Министерството за здравство одобри
збир на препораки за ракување со физички материјали во библиотеките заради ковид-
19, што ќе овозможи поставување услуги за физички заеми за постари, ранливи и
маргинализирани луѓе во заедницата. Норвешкиот институт за јавно здравје ги
советуваше библиотеките дека книгите треба да се остават два дена пред повторно да
му се позајмат на друго лице. Институтот советува дека ризикот од преносот на вируси
од книги е низок и дека карантинот или дезинфекцијата на книгите не е неопходна, туку
персоналот треба да ги има и да ги следи процедурите за миење раце по ракувањето со
книгите (Marphy et al., 2021).
Потреба од забрзано воспоставување онлајн библиотекарски услуги поради
масовните рестрикции од ковид-19
Улогата на библиотеките и библиотекарите во голема мера еволуира во 21 век.
Всушност новите улоги на библиотеките во обезбедувањето информации, кои се
усвоени во глобалните промени значително ја отсликуваат и нивната систојба во
контекст на пандемијата на ковид-19. Во текот на пандемијата на ковид-19 се посвети
големо внимание на онлајн услугите и дигиталната содржина. Постои опсег во однос на
достапни онлајн услуги и содржини низ земји и локалитети. Во некои случаи, онлајн
услугите се проширени или продавачите го ослободија бариерите за пристап до
материјал. Многу библиотеки нудат е-книги, или онлајн платформа за позајмнување
ресурси. Библиотеките во Хрватска и Македонија и останатите балкански земји кои
имаат системи за електронско позајмување обезбедуваат пристап до електронски
содржини. Студентите и наставниците на јавните и приватните универзитети исто така
имаат привремен пристап до збирките на Националната библиотека и библиотеките на
јавните и приватните универзитети (Mabuie, 2020).
Во Данска, постои постојан пристап, а за некои народни библиотеки проширен
пристап до дигиталната библиотека (вклучувајќи е-книги, дигитални аудиокниги,
филмови и бази на податоци за весници). Веб-страниците на народните библиотеки и
нивните страници за социјални медиуми се одржуваат и се ажурираат со релевантни
информации за ковид-19 и онлајн услугите на библиотеките, електронските ресурси и
базите на податоци. Веб-страницата на јавните библиотеки за литература исто така се
ажурира и се фокусира на понатамошна употреба на дебатите за форуми за литература
преку интернет. Многу библиотеки во Финска отворија центри за повици и издаваат
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
126
многу упатства во врска со е-материјалот преку веб-страниците и социјалните медиуми.
Библиотеките во Германија, исто така, промовираат пристап до онлајн ресурси
(вклучувајќи е-книги, аудио, е-музика и е-филмови) преку нивните веб-локации,
посочувајќи на платформи кои се глобално приспособрно (Babalola et al., 2020).
Улогата на персоналот во библиотеките за време на пандемијата на ковид-19
Масовното затворање и рестрикциите придонесоа и за затворање на библиотеките.
Бидејќи вработените во библиотеката немаа претходни информации за привременото и
итно затворање, не можеа да направат планови за справување со предизвиците на
пандемијата. Во литературата се диференцираат голем број улоги на библиотеките за
време на вонредна состојба во контекст на пандемијата на вирусот со ковид-19. Едни од
најважните се:
‒ Воспоставување безбедносна здравствена средина. Дури и по отворањето на
библиотеките и работењето под строги протоколи, предизвик за библиотекарите и
останатите вработени е да се обезбеди заштита од какво било ширење на вирусот во
објектите. Во овој контекст, потребна е редовна хигиена, дезинфекција, почитување на
протоколите за дистанцирање и др.
‒ Нудење нормални услуги. За време на кризната ситуација со пандемијата,
библиотеките треба да се трудат да им обезбедуваат постојани услуги на клиентите или
корисниците, без никакви флуктуации или одложувања.
‒ Генерирање информативни елементи. Библиотеките имаат важна улога во
ширењето на информациите во време на вонредна состојба. Во случај на вонредна
состојба, персоналот на библиотеката треба јавно да ги рашири информациите за
усвојување различни мерки на претпазливост за да се спречат лошите ефекти од итната
состојба.
‒ Импровизирачки елементи: Персоналот на библиотеката има формална обука,
како и достапност на извори за одржување на заедницата. Во случај на итност,
персоналот на библиотеката може да придонесе во зајакнувањето на моралот на
ранливите и погодените групи и заедници преку споделување позитивни студии на
случај, приказни и мотивациони разговори преку разни онлајн и веб-извори.
‒ Дускусија со поврзаните страни. Во време на криза, луѓето се во панична
ситуација поради заканата од ширењето на вирусот, како и привременото затворање на
сите места на неодредено време. Тоа е предизвик за персоналот на библиотеката да
овозможи и да обезбеди информации за барателите на информации и да се обезбеди и
каква било помош во контекст на библиотекарското работење (Doel and Brar, 2021).
Заклучок
Библиотеките отсекогаш се сметале за витален и составен орган во едно
општество. Но со епидемијата на вирусот ковид-19 низ целиот свет и со затворени
физички библиотеки, очигледно е дека библиотеките и библиотекарите треба да
воведат соодветни нови улоги и иновативни пристапи во работењето. Иако вратите на
библиотеката се затворија за јавноста, персоналот пристапи кон користење креативни
методи за да им обезбеди на студентите и семејствата да ги добијат потребните
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
127
едукативни ресурси. Во голем дел од библиотеките се нудат алтернативни услуги за
позајмување материјали од библиотеките кои вклучуваат: библиотекарски услуги преку
шалтерско работење, библиотекарски услуги преку опслужување од автомобил,
примопредавање на материјалите во заштитена торба и достава до дома преку брза
пошта и други различни средства. Во екот на најголемата криза од пандемијата на
ковид-19, библиотеките во повеќето земји не прифаќаа враќање на материјалите, но
таму каде што е прифатено враќање, персоналот ги дезинфицира вратените книги, носи
ракавици и презема други мерки на претпазливост. Додека во некои земји
задолжително е и воведувањето карантин на вратените материјали. Исто така, во
контекст на епидемијата на ковид-19, се посветува големо внимание на онлајн услугите
и дигиталната содржина. Се пристапува кон користење на постојан пристап, при што
некои народни библиотеки воведуваат дигитална библиотека (вклучувајќи е-книги,
дигитални аудиокниги, филмови и бази на податоци за весници).
Користена литература
1. Ali, M. Y., and Gatiti, P. (2020). The COVID-19 (Coronavirus) pandemic: reflections on
the roles of librarians and information professionals. Health Information & Libraries
Journal, 37(2), pp. 158–162
2. Ameh, G.J., Ukwuoma, H.C., Oye, P.O. (2021). COVID-19 pandemic and evolving
library and information services: Lessons for Nigeria. AJOL, Vol. 16 No. 1 (2021)
3. Babalola S.O., Bankole O.M., and Laoye O.A. (2020). The potential role of libraries and
librarians in the fight against COVID-19 pandemic in Nigeria. Livingspring Journal of
Library and Information Science 2(1), pp. 54–62.
4. Ciric, J. and Ciric, A. (2021). The Impact of the COVID-19 Pandemic on Digital Library
Usage: A Public Library Case Study. Journal of Web Librarianship, Vl.15, Iss.2, pp.53-68.
5. Deol, N.K. and Brar, K.S. (2021). The pandemic of COVID 19 and Role of Academic
Libraries, Library Philosophy and Practice (e-journal),University of Nebraska – Lincoln.
6. Hussain, A. (2021). Strategy of Libraries and Librarians during Covid-19. International
Journal of Law, Humanities & Social Science, Vol.5, Iss.1, pp.40-49.
7. IFLA (2020). COVID-19 and the Global Library Field. Достапно на:
https://www.ifla.org/covid-19-and-the-global-library-field/ (Пристапено 25.10.2021)
8. Mabuie, М.А. (2020). The Contribution of Libraries in Pandemic Crises: A Careful Look
in COVID 19 Times, Research Journal of Library and Information Science, Volume 4,
Issue 2, 2020,pp. 35-41
9. Marphy, J.E., Lewis, C.J., McKillop, C.A. and Stoeckle, M. (2021). Expanding digital
academic library and archive services at the University of Calgary in response to the
COVID-19 pandemic, International Federation of Library Associations and Institutions, pp.
1–16
10. Wang T, and Lund B.D. (2020). Announcement information provided by United States’
public libraries during the 2020 COVID-19 Pandemic. Достапно на:
https://doi.org/10.1080/01616846.2020.1764325 (Пристапено 23.10.2021)
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
128
Abstract
The pandemic of the Covid-19 virus, which has spread around the world, has
contributed to massive restrictions, restrictions and closures that have completely changed the
way people live. All this has resulted in a number of negative effects on the socio-economy
and has contributed to the creation of new operating systems for all institutions, including
libraries. In the context of the crisis generated by the Covid-19 pandemic, this paper
thematically deals with the operation of libraries during the Covid-19 crisis. To this end, a
detailed analysis of the impact of the Covid-19 pandemic on library operations was
conducted. That is, the decisions for temporary closure or partial closure of libraries,
adjustment of services for borrowing physical library materials, implementation of quarantine
for returned books due to pandemic protection, as well as the need for accelerated
establishment of online services were analyzed. The role of library staff during the Covid-19
pandemic was also analyzed, and an appropriate conclusion was made.
Keywords: libraries, library materials, Covid-19, pandemic, e-books, e-services.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
129
КAТАЛОЗИ НАРОДНЕ БИБЛИОТЕКЕ СРБИЈЕ: ОД „КУЋЕ
ВОЗАРОВИЋА“ ДО CONOR-A
Ирена Зечевић
Библиотека Матице српске, Нови Сад
irena.zecevic.bp@gmail.com
Александар Радовић
Библиотека Матице српске, Нови Сад
araddovic@gmail.com
Светлана Јанчић, Ана Савић. Каталози Народне библиотеке Србије. Београд:
Народна библиотека Србије, 2021.
Ако су, у првом заједничком издању, теоријским језиком дефинисали
каталогизацију као „процес одабира и структурирања библиографских података
(елемената података) који описују и обезбеђују приступ релевантном извору“91 у
најновијој књизи Светлана Јанчић и Ана Савић начела су применили приказујући
историјат каталогâ Народне библиотеке Србије. Каталози Народне библиотеке
Србије92 доносе „причу“ о развоју и перспективама најважнијег информационог
инструмента сваке библиотеке – њеног Каталога.
Ауторке „трагају“ за Каталогом Народне библиотеке Србије која је првобитно
била смештена у кући београдског књиговесца и књижарâ Глигорија Возаровића.
Историја најстарије установе културе у Кнежевини, потом Краљевини Србији (и
њиховим земљама наследницама) неодвојива је од начина на који се, не само
грађанство наше земље, информише о збиркама које поседује „национални трезор
књигâ“ и другог библиотечког материјала. Културној јавности је у Каталозима
Народне библиотеке Србије пружена могућност да имају увид и сазнају како пружити
информације корисницима библиотечких услуга историјску призму, почевши од
времена Милована Спасића, Филипа Николића, те њихових наследника Ђуре Даничића
и Стојана Новаковића. Поменути угледници су, од 1832. године када је библиотека
основана усменом одлуком кнеза Милоша Обреновића, стварали различите каталоге у
српској националној књижници. Данас, када податке о аутору и наслову бројних
публикација претражујемо на интернету, Светлана Јанчић и Ана Савић испитале су
настанак и развој каталошке праксе и вишеврсних каталога од „Нове Библиотеке
Сербске“93 до савремене установе у којој се библиотечка грађа и извори наручују путем
рачунарских платформи најновије генерације. Књига је подељена на три целине које,
хронолошки, прате стварање Каталога Народне библиотеке Србије: „...од првог пописа
91 Светлана Јанчић и Ана Савић, Каталогизација монографских извора (Београд: Народна библиотека
Србије, 2018), [11].
92 Светлана Јанчић, Ана Савић, Каталози Народне библиотеке Србије. Београд: Народна библиотека
Србије, 2021.
93 Информација о оснивању установе културе објављена је у часопису Сербска летописи који данас
излази под називом Летопис Матице српске (1, 28 (1832), 137-138).
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
130
библиотечких фондова 1844. године до краја 1945. године“94, затим је истражен развој
лисних каталога (1947-1991), а трећа фаза односи се на каталошко-библиографску базу
података, односно електронски и дигитални каталог НБС (1991-2021).
Историографским изучавањима библиотечких и културних прилика у нашој
земљи наклоњене су Ана Савић95 и Светлана Јанчић, потврђени библиотечки
стручњаци, које су се историјатом каталошко-библиографске теорије и праксе бавиле
дуги низ година, а најновију прилику сјајно су искористиле већ на уводним страницама
издања Каталози Народне библиотеке Србије.
Први попис фондова Библиотеке, саставио је, подсећају ауторке, Милован Спасић
пруживши први извештај о стању њених збирки (1845). Користећи немачка
библиотекарска искуства са Лицеја у Пожуну и Халеу, „библиотекар, педагог,
академик“96 је, приликом стварања Каталога, применио језички принцип (подела
публикација на „словенске, римске и немачке“), што је доминантна одлика алфабетског
каталога НБС кроз његову историју. Његов наследник на пословима уређења Каталога
Народне библиотеке у Београду Филип Николић је, „израдио Лисни азбучни каталог на
картонским каталошким листићима већег формата у виду свеске...“97, док делатношћу
сарадника Вука Стефановића Караџића, Ђуре Даничића, наступа нова етапа развоја
НБС, самим тим и њених каталогâ. Оснивач српске националне библиографије (који је
организовано набављао и обрађивао библиотечку грађу и изворе) је, доследније и
прецизније од претходника, каталогизовао публикације у својини Народне библиотеке
Србије. Ово је водило профилисању Каталога Библиотеке која је, у Даничићево време,
била смештена у просторијама српског Министарства просвете. Делатношћу Јанка
Шафарика (1814-1876) завршава се етапа „листића“ када су у питању каталози НБС, а
Стојан Новаковић је подузео опсежније активности да, четрдесет година након
оснивања, Народна библиотека у Београду стекне своје прве штампане каталоге.
Промишљена културна политика, када је у питању набавка, каталогизација и
заштита српске рукописне и штампане књиге, чији је родоначелник Стојан Новаковић,
дала је сјајне резултате. Каталог Српске народне библиотеке у Београду. Део 1,
Странска књижевност објављена је, у издању Државне штампарије 1871. године у
Београду, а уследило је још 6 наслова у којима су обрађене „инострана књижевност“,
„књижевност српска“, „књижевност српска и хрватска“ и књижевност словенска“. До
1903. године излазили су ови каталози Народне библиотеке Србије, а информативна
средства о уређењу збирки „наслањала“ су се на Закон о Народној библиотеци и Музеју
(1881) и на Правила о унутрашњем уређењу и реду у Народној библиотеци која су
ступила на снагу 1901. године. Према речима Светлане Јанчић и Ане Савић у
Каталозима Народне библиотеке Србије време од 1900. до 1914. године је период
„мирног развоја“ (Библиотеком руководи Јован Томић), а установа је, након осамдесет
година пословања, страдала у Првом светском рату. Део збирки који је пренет у Ниш
94 Светлана Јанчић, Ана Савић, Каталози Народне библиотеке Србије. Београд: Народна библиотека
Србије, 2021, 9.
95 Ана Савић, Библиотека Призренске богословије – задужбина Симе Андрејевића Игуманова (Београд:
Народна библиотека Србије, 2013).
96 Бранка Драгосавац, Милован Спасић: библиотекар, педагог, академик (Рековац: Народна библиотека
„Др Милован Спасић“, 2019).
97Светлана Јанчић, Ана Савић, Исто, 21.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
131
убрзо је заплењен од стране бугарског окупатора, док су, део фонда који је пренет у
Косовску Митровицу, присвојили Аустријанци...
Током две међуратне деценије (1920-1941) Народна библиотека Србије обнавља
своје ресурсе, проширујући основу за стварању каталошко-библиографске базе
података. Налазећи се у просторијама индустријалца Милана Вапе на београдском
Косанчићевом венцу, установа културе почиње да се повезује са сродним
институцијама у земљи и свету, а „из Извештаја за 1930. годину види се да је азбучни
каталог у највећој мери обновљен и сређен“98. Народна библиотека у Београду,
тридесетих година прошлог века, пружа пуну подршку оснивању Друштва
Југословенских библиотекара (Београдска секција) чији су чланови библиотекари НБС
и Библиотеке града Београда (Марија Илић Агапова).
Почетком Другог светског рата у Југославији наступили су најтежи дани за
Народну библиотеку Србије. Бомбардовање Београда 6. априла 1941. године довело је
до темељног уништења установе о којој су радове, између осталих, оставили Гаврило
Ковијанић, Мираш Кићовић, Десанка Стаматовић и низ савремених истраживача...
У промењеном друштвеном и културном окружењу, Народна библиотека Србије
је створила (обновила) лисни алфабетски каталог монографских публикација на три
језика у службеној употреби у Социјалистичкој Федеративној Републици Југославији:
на српскохрватском, македонском и словеначком језику. Нешто касније, формирани су
лисни алфабетски каталози на страним језицима, језицима националних мањина, затим
каталози новина и часописа (садашњи „континуирани извори“) и каталози Посебних
фондова („...није књига већ грађа друге врсте“99), а створен је и Топографски каталог
Народне библиотеке Србије. О сваком типу каталога ауторке детаљно пишу, а издање
Каталози Народне библиотеке Србије садржи и скениране насловне странице
репрезентативних каталога НБС након Другог светског рата. То су Каталог књига на
језицима југословенских народа: 1519-1867 (1973); Каталог књига на језицима
југословенских народа: 1868-1972 (томови 1-14; 1975-1989), а публикација је допуњена
фотографијом Лисног јавног Каталога на језицима југословенских народа (1868-1976)
који се и данас, након завршетка „фазе лисних каталога“ налази у Народној библиотеци
Србије. Упоредо са профилисањем различитих типова алфабетских каталога, НБС од
1973. године у згради на Врачарском платоу у Београду, усавршава свој предметни
каталог, а стручни, заснован на „систему УДК“, у употреби је од 1974. године. Током
друге половине осамдесетих година, развијан је систем узајамне каталогизације између
националних (републичких) библиотека у Југославији. Све ово је, почетком девете
деценије прошлог века, омогућило прелазак Народне библиотеке Србије на
електронски и дигитални каталог који је, и данас, у употреби.
Окружење библиотекâ 21. века чине презентације рада установа културе на
друштвеним мрежама (Фејсбук, Твитер, Инстаграм...), претрага каталога путем
98 Светлана Јанчић, Ана Савић. Каталози Народне библиотеке Србије. Београд: Народна библиотека
Србије, 2021, 49.
99 Јасмина Трифунац, “Типологија и класификација некњижне грађе у Народној библиотеци Србије“, у
Колекције у библиотекама: формирање, заштита, богаћење, одржавање, ревизија и коришћење, Дани
матичних библиотека Србије 2007, Библионет, главни и одговорни уредник Сретен Угричић (Београд:
Заједница матичних библиотека Србије; Крушевац: Народна библиотека, 2008), [115]-120.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
132
вишеврсних претраживачких парадигми које врше „јутјубери“ – читаоци и „гледаоци“
каталога библиотека на популарним платформама. Установа културе са „најдужим
стажом“ у српској култури успешно се прилагодила најновијим, дигиталним изазовима.
Народна библиотека Србије, потврђују то и Каталозима Народне библиотеке Србије
Јанчић и Савић, развија нове културне парадигме не заборављајући своје осниваче:
кнеза Милоша Обреновића, Димитрија Давидовића и Димитрија Исаиловића. Најновија
иновација НБС односи се на нормативну базу података CONOR у којој учествују све
библиотеке обједињене COBISS платформом, у којој се идентификација ауторâ одвија
на основу године рођења и кратке пословне биографије.
Осим сликовних прилога, каталог је употпуњен и Регистром личних имена која су
поређана у азбучном низу. У питању су имена домаћих и страних аутора, па је за имена
страних аутора, која су у регистру евидентирана у фонетском облику, у загради написан
и етимолошки облик имена.
Каталози Народне библиотеке Србије Светлане Јанчић и Ане Савић пружају
исцрпан историјат информативних средставâ НБС, уз наговештај будућих дана српске
националне библиотеке. Ове квалитете, истакла је у реценцији издања, Светлана
Мирчов уз напомену да је читаоцима кроз овај каталог јасно приближен важан сегмент
библиотечког пословања, јер каталози јесу срж библиотечко-информационог система.
Уредник књиге је Добрила Бегенишић, а издање каталога је штампано у тиражу од 500
примерака.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
133
48-ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА БЗМ И КОНФЕРЕНЦИЈА СО
МЕЃУНАРОДНО ПРИСУСТВО
Почитувани членки на Библиотекарското здружение на Македонија!
Конференцијата и 48-годишното собрание на БЗМ се одржаа на 21.12.2021 година
со почеток од 9.30 часот, онлајн, на платформата Зум. Уште еднаш докажавме дека по
одржаната конференција, излегоа и допрва ќе произлезат плодни дискусии, како и
прашања коишто ќе придонесат за идни средби од значење за библиотекарството и
библиотечните работници. Голема благодарност до сите учесници, до предавачот проф.
д-р Драхомира Цупар, како и до директорката на НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ –
Скопје, Јелисавета Костадинова за несебичната поддршка и помош при организацијата
на оваа конференција.
БИБЛИОТЕКА НА ГОДИНАТА ЗА 2021
Комисијата за доделување на признанието „Библиотека на годината“, работејќи
според насоките на Правилникот за доделување на признанието „Библиотека на
годината“ и следејќи ги Критериумите за вреднување / проценување на посебноста за
доделување на признанието „Библиотека на годината“ заклучија дека врз основа на
материјалите и содржините доставени со пријавите, по објавениот јавен повик, и врз
основа на исполнувањето на критериумите на највисоко ниво оваа година,
Библиотеката при ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ во Скопје и Библиотеката „Макс ван
дер Штул“ при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, заедно ќе го понесат
признанието „Библиотека на годината“ за 2021 година. Честитки!
На 7 декември, а по повод Патрониот празник на НУБ ,,Св. Климент Охридски“ ‒
Скопје, 8 Декември, беа доделени две признанија за Библиотека на годината: на
Библиотеката при ООУ ,,Невена Георгиева-Дуња од Скопје и на Библиотеката „Макс
ван дер Штул“ при Универзитетот на ЈИЕ ‒ Тетово.
УСПЕШНО ОДРЖАНИ ЧЕТИРИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА НОРМАТИВНА
КОНТРОЛА
Во септември и октомври 2021 година, Библиотекарското здружение на
Македонија во соработка со НУБ „Св. Климент Охридски“ ‒ Скопје, успешно ги одржа
четирите работилници на тема „Нормативна контрола“. Овие работилници се дел од
проектот „Тековно работење на БЗМ за 2021 година“, поддржани од Министерството за
култура на РСМ. Првата работилница се одржа во НУУБ „Св. Климент Охридски“ ‒
Битола со вкупно 11 учесници, втората во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ ‒
Струга со вкупно 8 учесници, третата се одржа во ЈОУ Библиотека „Браќа
Миладиновци“ – Радовиш со 9 учесници и четвртата се одржа во НУ НУБ „Св. Климент
Охридски“ – Скопје со 12 учесници. Предавач на овие работилници беше Валентина
Дојчиновска-Илиоска, раководител на Библиографскиот центар во НУ НУБ „Св.
Климент Охридски“ ‒ Скопје. Учесниците на овие работилници го изразија своето
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 38 (2022), бр. 1-2
134
задоволство за текот на работилницата, како и за предавањето на теоретскиот дел од
неа. Исто така, во врска со практичниот дел, тие стекнаа знаење коешто им беше
потребно при работа во системот COBISS. Сите учесници добија сертификат за посета
на еднодневна работилница. Очекуваме многу идни стручни работилници!
МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ 2022
На 20 мај 2022 година во просториите на НУУБ „ГригорПрличев“ ‒ Охрид се
одржа 21. републички натпревар Млади библиотекари. На натреварот зедоа учество 20
ученици од 19 основни училишта ширум државата. Комисијата во состав: Андријана
Апостоловска, Лили Бошевска и Сабије Мустафа, како и член од домаќинот и член од
менторите, го спроведоа тестирањето и по прегледаните тестови, ги објавија следниве
резултати: третото место ѝ припадна на Ива Додевска, ученичка од ООУ „Христијан
Карпош“ од Куманово, второто место ѝ припадна на Тијана Стојменова од ООУ
„Мануш Турновски“ од Ново Село, Струмица и првото место го освои Исидора
Николоска од ОУ „Добре Јованоски“ ‒ Прилеп. За првите три места, покрај диплома,
имаше подарок книги, како и ваучери добиени како донација од „Нептун“, а останатите
учесници и нивните ментори добија подарок книги и дипломи. Им честитаме и им се
заблагодаруваме на добитниците и на сите коишто зедоа учество на овој натпревар!
Издава
БИБЛИОТЕКАРСКО ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНИЈА
За издавачот
д-р Јана Михајловска
Издавачки совет
Томислав Каранфиловски
Јелисавета Костадинова
Гордана Андреева
Милка Котевска
Маја Трајковиќ
Милчо Јованоски
Магдалена Коловска-Салтирова
Билјана Аџиовска-Панџарова
Теута Османи
Редакциски совет
Томислав Каранфиловски
Јелисавета Костадинова
Гордана Андреева
Лектура, јазична редакција и техничка обработка
д-р Бисера Павлеска-Георгиевска
Техничка и компјутерска обработка
Горјана Михајловска-Лапон
Адреса на редакцијата
Библиотекарско здружение на Македонија
бул. „Гоце Делчев“ бр. 6
1000 Скопје
Република Северна Македонија