ВОЛУМЕН 25 (2007) БР. 1 СКОПЈЕ 2008 ~~~~~-~-- ISSN 1409-9357 . . ff 0 з::: ,...

ВОЛУМЕН 25 (2007) БР. 1 СКОПЈЕ 2008 ~~~~~-~-- ISSN 1409-9357




. .


ff
0
з::: ,


Почишувани,


Најсрдечно ве информираме дека и покрај финансиските тешкотии,
списанието "Библиотекарство" континуирано излегува од печат.
Пред вас е најновиот број исполнет со разновидни содржини од
библиотекарската теорија и практика со надеж дека ќе ги исполни вашите
очекувања, желби и потреби за нови сознанија од областа на
библиотекарството .
Редакцискиот одбор на списанието "Библиотекарство" ги разгледа
пристигнатите текстови и го оформи истото содржински и тематски.
Редакцискиот одбор ги поканува и понатаму сите заинтересирани
автори и колеги од областа на библиотекарството активно да придонесува_ат
за збогатување на содржините на списанието "Библиотекарство".


Од Редак:цијаша




СОДРЖИНА


Библиотекарот како менаџер на знаење ........ .................... .. ...... ... .... ....... .. .. .... ... ....... .... .. 5


Библиотеката и книгата како средство и канал за (по )успешна


комуникација со корисниците .. .......... ...... ... ................. .... ..... .... .. ............. .. ... ... .... ............... 8


Електронска читална - училница - Дигитален клуб во јавната


општинска установа градска библиотека "Борка Талески" - Прилеп ...................... 11


Од читалиште до Национална установа - библиотека "Гоце Делчев" Штип ....... .. 14


За секој ученик по пет книги ... .. .. .................... .. .................. ... ................... .... ..... ....... ...... .. 17


Библиографија на статии и прилози во НУБ "Св. Климент Охридски",


библиографски центар - Скопје .. ... .... ........... ....... .. ......... ... ....... ...... .... ..... ...... .. .......... ...... 19


Оперативно планирање и оперативни функции во библиотеките .... .... ... ..... ... ..... ... 22


Маркетинг и менаџмент на библиотеките во светлото на новиот век ... ...... ... ... ..... 26


Финансиски менаџмент во библиотеките и информациските центри ....... ........ .. .. .. 27


Библиотеки на свештени лица во Тетовско во 19 и 20 век ...... .. ........ ........ .............. ... 30


Конференција COBISS 2007 "COBISS- поддршка на интеркултурниот дијалог" ... 34


IN МEMORIAM - Костадин романов ..... .. ........ .. .... .... .. ........... .. .............. ..... .... .................. 36




Библиошекарска шеорија и iiракшика Библиотекарство, Волумен 25 (200 , . бµ. 1
{ . . ·: ~. . ..


УДК 023.5


БИБЛИОТЕКАРОТ КАКО МЕНАЏЕР НА ЗНАЕЊЕ


д-р Сузана Котовчевска


Клучниот концепт на денешното општество е управувањето со знаењето, а ана­
логно на тоа, основниот економски ресурс повеќе не се капиталот, ни природните
богатства, ни трудот, туку тоа е и ќе биде знаењето. Денес кога економијата на ин­
формации се трансформира во економија на знаењето, недвосмислено се наметнува
прашањето за идниот профил на библиотекарите, нивото на нивното образование,
професионалното воспитување, етичкиот кодекс и севкупните негови лични квали­
тети.
Во документот "Компетенции на специјалните библиотекари во дваесет и први­
от век" , објавен во 1996 година од стручното здру)кение во САД- Здру>кение на специ­
јалните библиотеки (Special LЉraries association), наброени се стручните знаења и
вештини што е неопходно да ги поседува информацискиот професионалец во новиот
век.
Како основни компетенции значајни за библиотекарите во ерата на информа­
циското општество се потенцирани следните:


• настојување од библиотекарот да нуди квалитетна услуга и постојано да бара
повратна информација од корисникот за квалитетот на понудената услуга;


• своето знаење несебично да го дели со своите колеги;
• да не се отстапува пред современите предизвици предизвикани од воведување­
то на новите информациски технологии во библиотеките;


• преземање на активната улога во струката со разбирање на текот и целината
на збиднувањата во својата установа;


• да "склопува" партнерство во библиотеката и надвор од неа, со други библиоте­
ки, издавачки куќи, набавувачи и продавачи на информациски услуги и слично;


• активно вклучување и подобрување на квалитетот на услугите и службите што
ги дава библиотеката;


• создавање на атмосфера на меѓусебно почитување и доверба во матичната ин­
ституциЈа, но и пошироко;


• да поседува добри комуникациски способности;
• да поседува дарба да ги слуша другите со цел да им помогне во изнаоѓање на


. .


на Ј оптималните решениЈ а;
. .


• да мо>ке Јасно и со ентузиЈазам да ги презентира идеите и да говори со едноставен
Јазик;


• текстовите што ги пишува да бидат јасни и разбирливи;
• да поседува способност- за тимска работење, подготвено да ја преземе одго­
ворноста и да им биде ментор на другите (а понекогаш и обратно);


• мора да го презема водството со истовремено признавање и вреднување на при­
донесот на своите колеги;


• да има способности за добро планирање и прецизно да го утврдува редоследот
на поставените цели;


• непрекинато да врши подобрување на своите претприемнички вештини;


5




Библиот~карство, Волумен 25 (2007), бр. 1 Библиошекарска шеорија и иракшика


• да биде подготвен за активно и кооперативно учество во разни краткорочни и
долгорочни проекти;


• да биде "програмиран" за доживотно учење и да создава предуслови за трајно
учење и наобразба;


·• да ги почитува и да ги развива вредностите на стручната солидарност и повр­
зување;


• да биде флексибилна личност, подготвен да презема различни одговорности
во различно време, да изнаоѓа решенија и да им помага на другите во оформувањето
на идеите и решенијата со давање на вистинската информација.


За комплетирање на личноста на библиотекарот, покрај овој импресивен збир
на посакувани човечки особини, мора да му се придодаде и квантумот на знаења и
вештини што ќе мора да ги стекне во процесот на образованието. 1>
Во следниот период се повеќе и повеќе се зголемува потребата на библиотекарите
од совладува1;:>е на информациската писменост. Логично е во следниот период один­
формациските стручњаци да се очекува и повеќе знаење и повеќе вештина отколку
од другите струки. Библиотекарите во иднина ќе бидат се повеќе врзани за набавката,
обработката, складирањето и користењето на електронската граѓа. Исто така, од нив
многу ќе се очекува да им помагаат на стручњаците од другите струки во пронаоѓањето
на потребните извори и да им овозмо)куваат на корисниците пристап до различни
информации, односно да управуваат со знаењето.
Ако управувањето со знаењето се дефинира како "дисциплина што го промови­
ра и го интегрира пристапот кон идентификација, пронаоѓање, вреднување, давање
на користење и з.адоволување на сите информациски потреби на претпријатијата" ,
веднаш можеме да констатираме дека тоа може да биде и дефиниција за новата улога
на библиотечната наука во општеството. Аналогно на тоа, следи и заклучокот дека
библиотекарите во новиот век ќе бидат управувачи (менаџери) на знаењето покрај
тоа што во свеста на луѓето најчесто се поврзуваат со книгите како хартиени носите­
ли на знаењето. Но и покрај овие традиционални проекции, сепак во современите
општества почнува да пробива ставот, односно почнува да заживува перцепцијата на
библиотекарите како менаџери на знаењето.
Со цел уште попрецизно.да ја елаборираме ова нова кованица за библиотекарите
на новиот век, ќе ги презентираме и основните цели на управувањето на знаењето
што ќе бидат водичи во исто време за нивното идно работење и функционирање.


Во основните цели спаѓаат:


• да се испорача сето знаење што му е потребно на корисникот за да ги постигне
своите цели;
•наместо, во време и на начин на кој корисникот го бара (го посакува) тоа;
• каде - секаде каде што постои мрежа;
• кога - 24 часа, 7 дена во неделата;
• како - во облик на хартија, електронски книги, формати PDF, HT11L.


1 ЈВиди поопширно: SLA Competencies fог special libгarians of the 21 -th centuгy.
http://www.sla.org/professional/comp.htm 1. 30.05 .1998.


6




Библиошекарска шеорија и иракшика
~· .. ,


Библиотекарство, Волумен 25 (2007), бр. 1
' • • -t,;;""' • - • •


Овие цели ќе се трансформираат во императиви за библиотекарите во наредни­
от период. Од нив, односно од нивното спроведување или неспроведување ќе зависи
нивната иднина и нивниот статус. Во спротивно, нивната професија ќе биде заменета
со новата "менаџери на знаењето", додека за нив ќе биде резервирано само местото,
односно делот од работата поврзан за хартиениот облик на информациските извори.
Ако библиотекарите и библиотеките дозволат да го "изгубат чекорот" со совре­
мените тенденции во оваа сфера, како што им се случуваше тоа повеќепати низ ис­
торијата, работите за кои тие се најквалификувани ќе ги преземат другите комерци­
јални фирми. За илустрација, првиот "пораз" тие го доживеаја во триесеттите години
на минатиот век кога потребата за брзи апстрактни служби во областа на медицината
и природните науки доведе до формирање на сервисите за апстракти како што се
МEDLARS - денес МEDLINE (за областа на медицината), Chemica] Abstracts, а потоа и
многу други, чии производи библиотеките и денес многу скапо ги плаќаат место тие
да наплаќаат. Вториот пат тоа се случи кога потребата за брзо создавање на каталошки
записи достапни онлајн стана дејност на OCLC, за што библиотеките сега повторно
плаќаат за услугата за преземање записи.
Ако библиотеките не се трансформираат бргу, со цел експедитивно да ги задово­
лат нараснатите потреби на корисниците, односно ако ја изгубат и последната "бит­
ка", со тоа што и рефералната дејност им ја препуштаат на машините за пребарување
и на фирмите од типот AskJeeves, библиотеките ќе ја изгубат и последната функција
што е ексклузивно врзана за нивната дејност. Во оваа најлоша варијанта, за нив и
понатаму ќе биде резервирана само традиционалната функција за чување на кни)книот
библиотечен материјал. Значајно е да констатираме дека електронските документи
се повеќе се чуваат главно (првенствено) на големите сервер и на издавачите или на
другите институции, а се поретко на серверите што заеднички ги одр)куваат конзор­
циумите на библиотеките.
Единствена опција, односно единствено МО)КНО излезно решение што се намет­
нува пред библиотеките е нивната брза трансформација и приспособување кон по­
требите на корисниците во новото време кога знаењето во целост станува најзначаен
економски ресурс. Нивната предност ќе биде интензивната меѓусебна соработка што
е издигната на ниво на значајна вредност и традиција на библиотекарите од целиот
свет, како и целосна примена на принципот за универзална достапност на публика­
циите. Според општоприфатените кодекси, библиотекарите се обврзани на сите ко­
рисници да им овозмо)кат непречено користење на бараните информации и публикации
на најдобар можен начин.
Во остварувањето на овој "универзален принцип", библиотекарите во оствару­
вањето на својата благородна функција не треба да прават сегрегација на корисниц­
ите според нивната раса, пол, националност и сите други разлики. Во "списокот" на
излезни решенија е и идејата на професорот Дилон за соработка во изработка на
заедничка презентација на светските библиотеки, односно создавање на заеднички
портал, т.е. водич низ Интернет. Многу библиотеки во светот ја прифатија оваа идеја


. . .


и ги почнаа активностите за неЈ3ина реализациЈа, самостоЈно или во рамките на пос-
тоЈните конзорциуми.
Првите резултати на ова поле се веќе видливи, што говори дека библиотеките
почнуваат да фаќаат чекор со предизвиците на новото време.


7




Библиотекарство, Волумен 25 (2007), бр. 1 Библиоiiiекарска шеорија и iiракшика
• 1 • • • ••


. -


УДК 028.2


БИБЛИОТЕКАТА И КНИГАТА КАКО СРЕДСТВО И
КАНАЛ ЗА (ПО)УСПЕШНА КОМУНИКАЦИЈА СО
КОРИСНИЦИТЕ


021.2


Виш библиотекар, Јелена Петровска


"Свешош е кииiа:
оиие шшо ие iiашувааш секоiаш чишааш само една сzираница. "
св. Авiусшин


клучни зборови: комуникација, библиотекар, информација,читање


Книгата е средство за рекреација, сопатник, најинтерактивен од сите медиуми, а
во комуниколошка смисла таа е носител на пораката, партнер што е секогаш подготвен
да комуницира со вас. .
Читањето и пишувањето, пак, се најдобрите техники на сите времиња што ги
отворија вратите на најдобрите човечки потенцијали, а професијата библиотекар стана
лесно препознатлива.
Иако последниве години приматот во информациска смисла го презедоа разни
електронски медиуми, книгата како трпеливо да беше скриена некаде тука меѓу нас,
помалку заборавена, но демнееше со истиот оној жар со кој и нашите просветители
ја носеа во своите пазуви. Со големите предизвици и промени што особено се чувству­
ваат во библиотечното работење, таа несопирливо заживува и по којзнае кој пат стану­
ва место за доверлива средба, средство со кое се чуваат националните богатства и се
уриваат јазичните бариери .
Дека книгата може да биде и добро продаван производ, но и медиумска атракци­
ја, зборуваат и начинот на презентирање повеќе книги во Македонија и осмислената
политика на поголемите издавачки куќи. Пред неколку години мо)кеби најмаркантен
пример е успехот на романот "Тунел" на Петре М. Андреевски, кој беше многу рек­
ламиран од сите медиуми, а во Скопје за прв пат беа изготвени и билборди со ликот на
авторот. Се добиваше впечаток дека кај нас конечно и книгата зазеде свое место во
шоу-перфомансот. И тоа така и треба да биде . Писателите треба да бидат почитувани
и популарни во своите држави и само на тој начин книгата ќе го најде и својот
"потрошувач".
Во светот многу поголема медиумска ѕвезда, речиси мегахит, станаа книгите од
серијалот на Џ.Ф. Толкин "Господарат на прстените", "Кодот на да Винчи" и други , а
снимени се и низа филмови што неретко ја добиваа престижната награда "Оскар" на
Американската академија за филмски уметности.
Гинисов рекорд по бројот на посетители на перфомансот на книгата или нај­
многу читатели на едно место направи англиската писателка Џоан К. Роулинг со неј­
зините четири книги за Хари Потер. Тој лик стана синоним за успешноста на еден
писател на сите континенти. Стана универзален јазик на комуникацијата помеѓу
читателите од сите возрасти насекаде на земЈината топка.
Токму затоа библиотеките мораат постојано да ја наметнуваат книгата како
еден од основните и многупотребните канали на комуникацијата .


8




Библиошекарска шеорија и иракшика
. ·.


Библ~отекарство, Волумен 25 (2007), бр. 1


Каде одат читателите или тема за домашна работа:
комуникацијата и судбината на библиотеките


Денес, можеби повеќе од кога било, се зборува и се обрнува соодветно внимание
кон изнаоѓање соодветни форми што ќе ги вратат читателите кон книгата и ќе ги
задр)кат оние постојните. Библиотекарите се ставени во функција да изнаоѓаат секогаш
нови и се покреативни содржини за да можат успешно да ја остварат комуникацијата
со читателот.
Престојувајќи во Канада, бев изненадена од користењето на библиотечните услу­
ги од луѓето со кои интензивно се дружев. Имено, сите тие (а повеќето беа луѓе-досе­
леници што секојдневно се бореа за опстанокот на своето семејство) значителен дел
од своето слободно време поминуваа во локалните библиотеки и во читалните од
отворен тип како што се "Chapters", специфични читални што беа снабдени со илјад­
ници книги и сликовници од секаква област и за секоја возраст. Одржливоста на читал­
ниците се сведуваше главно од продавање актуелни наслови од сите области, како и
на веќе искористениот (или прочитаниот) библиотечен материал и тоа по мошне при­
стапни цени. Само мал дел од рекламниот материјал, вешто изготвен и осмислен од
повеќе здруженија, се продаваше по релативно повисоки цени. "Chapters" се, пред се,
пријатни места за дру)кење каде што доаѓаат и оние во поодминати години со своите


. .


внуци, маЈките со помали деца, адолесценти и сите оние што у)киваат во приЈ,атно
наместен простор со исклучително љубезен персонал.
Исто така имав можност да ја посетам и една од најмодерните и најфункцио­
налните библиотеки во овој дел од Европа - виенската Хауптбухерај (Hauptbucherei)
библиотека, во чија изградба (2003) е вложена сума од фантастични 30 милиони евра.
Корисниците имаат на располагање најсовремени апарати за пребарување, за
самозадолжување со библиотечниот материјал, прекрасна концертна сала, како и
место за учење дури на самиот покрив од библиотеката што беше функционално прис­
пособен кон корисниците на библиотеката.
Она што остава најголем впечаток се библиотекарите што се постојано тука
некаде, блиску до вас, да ви помогнат во вашето барање, но и да комуницираат со вас
на непосреден и мошне срдечен начин. Исто така, големо внимание се посветува на
најмалите, при што тие со или без родител "живеат" во светот на книгата
комуницирајќи на сосема невербален начин. Споредувајќи ги овие форми на кому­
ницирањето во библиотеките во развиените земји и кај нас, секако дека чувствуваме
по малку резигнираност. И со право.
Нашите библиотеки се уште се недоволно приспособени кон читателите, а општо
земено и општествената клима оди во прилог на се помал број читатели.
Но, како еден од најголемите проблеми е проблемот во комуникацијата или
современиот пристап кон читателот, кој мора радикално да се смени. Библиотекарот
треба, пред се, да поседува изразито чувство и љубезност кон корисниците, а посебно
кон најмладите. Библиотеките треба да претставувуваат пријатни места каде што со
радост ќе доаѓаме нешто да научиме, но и квалитетно да поминеме дел од слободното
време.
Со оглед дека 21 век е преоптоварен од информации, библиотеките ќе имаат
улога и на систематизатори и банки на информации што ќе бидат достапни најчесто
како бази на податоци, но и како темели на науката воопшто.


9




Библиотекарство, Волумен 25 (2007), бр. 1
~ .. . ~· .. . . ' ·-('. .. '


Библиошекарска шеорија и iiракшика
., / ' ' . ~-~ . ~., .


"Изборот на книга е сериозна работа, како избор на пријател. Одговорни сме за
тоа што читаме, како што сме одговорни за тоа што работиме." 1 )
Тоа е недвојбено судбина на идните библиотеки .
Место заклучок: Потребата на човекот за согласност со себе.и со околината или
копнежот по фини нешта и хармонија во животот
Тргнувајќи од реалноста за постоењето и осознавањето на сопствената личност,
секогаш стремејќи се кон преобразбата на сопственото битие е она што катадневно
го правиме само со една цел: да се постигне внатрешна калокагатија.
Детството од кое сите доаѓаме како од некоја далечна земја, земја каде што розите
се раѓаат заедно со сонцето (Антоан де Сеит Егзипери, "Малиот принц") и каде што
човекот го гледа со срцето и она што е невидливо за очите, Ја носи пораката.
Интраперсоналната комуникација го става човекот во позиција постојано да
се преиспитува себеси во однос на комуникацијата со околината. Зад нас се десетици,
илјадници зборови и лица, тие се оние лица со кои сите ние излегуваме пред себе и
пред светот. И стоејќи така, пркосејќи му на времето, со "ѕвездено небо над нас и со
штитот од злато пред нас и на штитот да му се случи она што на човекот не мо)ке; да


проживее не штедејќи го златото на своето месо, своите мисли, чувства и ДО)Кивувања,
не чувствувајќи ни делче од тоа што е најдобро во нас и на пропаста недостапно .. . "2)
И што му треба на човекот. Хармонија и согласие во себе за да може полесно да


. .


Ја види светлината на краЈот од тунелот.
Но сето она што можеме да го научиме од книгите и од луѓето е дека внатрешното
согласие е единствено можно ако поседуваме длабоко внатрешна потреба и емпатија
да го сослушаме другиот. Тој ДРУГИОТ ја носи пораката . ТОЈ е оној што ни
овозмо)кува идеална рамнотежа на нашиот дух и како пајакот од "Папокот на светот"
ги 1;кае копнежите по фини нешта на вечната животна престилка. Животна патека ...
Патека на вечните библиотеки ...
Литература:


1. Brofi, Piter, Biblioteka u dvadeset prvom veku, CLIO, 2005, Beograd
2. Големан, Данијел, Емоционална интелигенција, Геопоетика, 1999, Београд
3. Gorman Michael, Postojana knjiznica, НКD, 2006, Zagreb
4. Lee Blaine, Мое principa, Privredni pregled, 2001, Beograd
5. Muhic Ferid, Stit od zlata, IP Tabernakul, 1991, Skopje
6. Narodna knjiznica, IFLA-ine I UNESCO-ove smjernica za razvoj sluzbi i usluga, НКD,


2003, Zagreb
7. Петковски Константин, Водството и ефективната комуникација, АД Киро Дандаро,


2000, Битола
8. Петровски, Добри, Трансформација на библиотеките во Р . Македонија, ДНУ, 1996,
Битола


9. Тоновски Ѓорѓи, Светот на комуникацијата , Институт за истражување на туризмот,
1999, Охрид


10. Hedzis, Burk, Citanjem do bogatstva, Finesa, 2005, Beograd
11 . Чокревски Томислав, Жоглев Златко, Комуникации, односи и иницијативи ( скрипта
за интерна употреба), Универзитет Св. Климент Охридски, 2003, Битола


1) Burk Hedzis, Citanjem do bogatstva, Beograd, 2005, str. 129
2Ј Muhic Ferid, Stit od zlata, IP Tabernakul, 1991, Skopje, str. 11


10




Библиошекарска шеорија и иракшика Библиоте1{арство, Волумен 25 (2007), бр. 1
. . . ~


< •• ; •


УДК 027.02z":004.7 (497.775)


ЕЛЕКТРОНСКА ЧИТАЛНА-УЧИЛНИЦА
ДИГИТАЛЕН КЛУБ
во Јавната општинска установа Градска библиотека
"Борка Талески" - Прилеп


Виш библиотекар, Благица Илијоска


Клучни зборови: Информации, библиотечни корисници, едукација


Значаен исчекор во планирањето и унапредувањето на дејноста јавната опш­
тинска установа Градска библиотека "Борка Талески" од Прилеп (во понатамошниот
текст: библиотеката) гледа во развојот на менаџментот и користењето на современа
информациска технологија што овозможува целосна автоматска обработка на
книжните фондови, бројот на корисниците на библиотечните услуги, меѓубиблиотечно
мре)кно поврзување и користењето интернетска конекциЈа.


Западна Европа многу одамна зачекори во "дигиталното доба", во кое доаѓа до
енормно зголемување на квантитетот на информации, во сите сегменти на човеково­
то дејствување. Сите тие информации се креирани во електронски облик, а за 11оа е
потребен посебен пристап и обработка. Иако Интернетот допре во многу приватни
домови и на работните места, сепак, компјутерската работа и пребарувањето во биб­
лиотеката има многу поголема предност во однос на куќната и на канцелариската
варијанта, пред се, изразена со брзиот проток на информации (повеќепати побрз про­
ток во однос на модемската врска), потоа во квалитетот на компјутерската опрема,
стручната помош, како и комфорното сместување. Во библиотеката постои и специ-
. .


Јална можност за вмрежување на приватни лаптоп-компЈутери.
Модерна Европа сфатила дека мозокот на државите се библиотеките и затоа
препорачува брза, комплетна компјутеризација и дигитализација, а со тоа, всушност,
се постигнува трансформација на јавните библиотеки во современи информативни
центри или во центри за доживотно образование, а колку пообразовани луѓе, толку
поголема култура, поголема демократиЈа.
Развојот на "дигиталното доба" предизвика длабоки промени во библиотечното
и информативното опкружување. Главната карактеристика на информатичкото
општество е дефинирана како "променет поглед" на значењето на информативната
улога; зголемување на бројот на информации што се моментално достапни; разни
носители на информации; големината и континуираниот пораст на информациските
сектори во модерната економија; брзината на технолошките промени и влијанието
на современите технологии.
Сето тоа подразбира дека библиотеките и библиотекарите треба да бидат под­
готвени да се соочат со новите предизвици и да изнаЈдат начини да ги управуваат
промените.
Промените во информациско-комуникациската технологија создадоа кај биб­
лиотекарите потреба да воведат иновации и да се ориентираат кон задоволување на
потребите на корисниците. Со развојот на електронските и дигиталните колекции
библиотеките се трансформираат; нивниот делокруг сега се свртува од физичкиот


· 11




Библиотекарство, Волумен_ 25 (2007), бр. 1 Библиошекарска шеорија и иракшика


ентитет со разни процеси до "виртуелни библиотеки". Библиотеките се дол)кни да
обезбедат поддршка и обука за корисниците . Корисните извори на информации се
селектираат на Интернет и така се организирани да им бидат лесно достапни на ко­
рисниците . Библиотеките имаат огромна колекција извори на интернетски страници
што ја одржуваат професионални кадри, а библиотекарите се исто така обучени да
предадат широки знаења од одредени области.
Во ЈОУ Градска библиотека "Борка Талески" - Прилеп, на 10 октомври 2007 го­
дина, градоначалникот на Прилеп, г. Марјан Ристески, свечено ја отвори електрон­
ската училница и читална - дигиталниот клуб за потребите на континуирано образо­
вание на населението.
Во реализацијата на оваа активност партнери беа:
· Фондацијата "Метаморфозис", која ја финансираше техничката опрема (ИКТ­
опремата) од 6 компјутери со висока конфигурација, со печатач и скенер;


· Локалната самоуправа на општина Прилеп, која го финансираше поставување­
то на дополнителната електрична инсталација„ компјутерската мрежа, ИКТ-обуките
и промотивните активности;


· Фондацијата за развој ИТ - ИТЦ - Прилеп, која ги организира ИКТ - обуките и
обезбеди предавач, наставни програми и материјали;


· Јавната општинска установа - Градската библиотека "Борка Талески"-Прилеп,
која обезбеди интернетска конекција и се грижи за тековното одржување и за
трошоците за работа.


Сите програмски активности водат во насока на премостување на "дигиталниот
јаз" и на обезбедување побрз економски и социјален развој со примена на информа­
циските и комуникациските технологии.


, Во новата електронска читална се одр)куваат курсеви, работилници, предавања
и презентации за околу 200 курсисти во рамките на разни видови едукација .
Со програмата на обуката се врши обука за користење на оперативниот систем


Linux-Ubuntu, канцелариски пакет Open Office.oгg. и Интернет (Mozilla Firefox).
Во новиот простор на корисниците бесплатно им стојат на располагање и след-
ните услуги:


· пребарување во заемната библиографско-каталошка база COBISS. МК;
· пристап во базите ЕВЅСО, CUP, DUP, SAGE, IOP;
·пребарувањево локалната база на библиотеката;
· пребарување на Интернет и на сите информациски извори електронски достап-
ни преку мрежата на МЕБ;


· користење на сите програми од програмскиот пакет Microsoft Office
· користење на електронски публикации (компакт-дискови);
· пристап до веб-страницата на библиотеката.
Со посебен надомест корисниците можат да ги користат и следните услуги што
се пропишани во правилникот и ценовникот за користење на услугите во електрон­


ската читална:


12


· скенирање граѓа од фондовите на библиотеката;
· скенирање граѓа надвор од фондовите;
· печатење на материјали без слики, во црно-бела техника, на ласерски
печатач;




Биб~~-~lf!:екарска шеорија и iiракшика · ~_иб_лиоте1{арство, Волrмен 25 (2007), бр. 1


· печатење на материјали со слики, во црно-бела техника, на ласерски
печатач;


· ре>кење компакт-дискови - ЦД-Ром.


Поради големиот интерес на корисниците, користењето на електронската читал­
на за сега е ограничено на време од еден час.
На пултот за издавање книги во одделот за возрасни, каде што се пријавуваат
корисниците, им стои на располагање библиотекар-информатор за давање стручна
помош, за што подобро задоволување на сите потреби и барања на корисниците.
Електронската читална во библиотеката е идеално место, кое нуди голем број
активности и услуги, овозможувајќи пристап до информациско - комуникациската
технологија, на >кителите во заедницата им дава можност за подобрување на нивниот
социјален и економски развој. Нејзината мисија е обезбедување едукација и пристап
до електронски сервиси (Интернет, електронска пошта и др.), како и промовирање
идеи за позитивно ширење на информациските технологии меѓу луѓето, без разлика
на нивната возраст и потекло.
Ценам дека го оправдува своето постоење и не смееме да заборавиме дека биб­
лиотеките и во иднина ќе бидат значаен фактор во развитокот на општествениот и
стопанскиот капитал. Со поголема соработка со стопанските гранки и нудење реле­
вантни информации, библиотеката целосно ќе ја исполни својата мисија, со ш1:о ќе
придонесе за подобро функционирање на глобалното информациско општество.
Со функционирањето на електронската читална, библиотеката стана мост меѓу
традиционалните информациски инструменти и новите современи медиуми, со што
се овозможи меѓусебно надополнување и комплетно задоволување на потребите на
корисниците.
Денес библиотеката е единствена јавна институција во градот што нуди можности
за увид во другите култури и начини на живот бидејќи им овозмо>ки на своите корис­
ници да користат топла и удобна просторија, книги, списанија, дневен печат, аудиови­
зуелни и електронски материјали, со што непознатите информации им ги направи
достапни на граѓаните.
Реализирајќи ги своите определби ЈОУ Градска библиотека "Борка Талески" -
Прилеп, стана централен форум каде што локалните граѓански активности се соедину­
ваат и деЈствуваат во духот на развитокот на демократската заедница.


SUMMARY


ELECTRONIC READING ROOM - CLASS ROOM - DIGITAL CLUB


In our Public Institution - City Library II Borka Taleski 11 - Prilep, а new electronic гeading
room was established with 6 peгsonal computers of high configш·ation, printer and scanneг.


The equipment is а donation fгom 11Metamorphosys 11 foundation.
The aпangement of the premises was financially supported by the local goveгnment, while


for the training courses of the citizens, the Informative centeг - Prilep, is responsible.
Ву putting into opeгation of this Electгonic reading room, the City Libгaгy becomes а modeгn
informaбve center or more exactly а centeг fог lifelong education, because the mоге educated people
you have the higher democгacy rules.


13




Библиотекарство, Волумен 25 (2007), бр. 1 Библиошекарсl(,а шеорија и iiракшика


УДК 027.022 (497.731) (091)


ОД ЧИТАЛИШТЕ ДО НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА
БИБЛИОТЕКА "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" ШТИП


Блага Спиридонова
Редактор на каталошки записи на монографски публикации
Национална установа библиотека "Гоце Делчев" - Штип


Уметноста е поголема од зборот, од теоријата, таа не се прека>кува, таа се гледа ,
се слуша, се чита, се доживува, но сепак на крајот останува пишаниот збор, за оние
што сакаат да се сетат, за оние што чуле, а не дочуле, за оние што не знаат и не слушнале
да дознаат, да научат.
Во 1872 година со доброволна помош на месното население од град Штип е


. .


отворено читалиште со единствен СВОЈ статут во КОЈ однапред се утврдени целите и
задачите на читалиштето.
Поради потребата од едно такво културно-просветна издигнување на населени­
ето, новоформираната власт, пак, во 1945 година решила да формира градска биб­
лиотека во Штип. Покрај подарениот книжен фонд од месното население, библиотека­
та била претплатена и на три дневни весници: Нова Македонија, Борба и Полииtика.
За м;ногу краток период библиотеката собрала кни>кен фонд од 1000 томови книги .
Библиотеката почнала да работи со едно вработено лице, кое извршувало работ­
ни задачи: комплетирање, обработка и користење на книжниот фонд. Наскоро е
формиран и библиотечниот центар за афирмација и популаризација на книгата во
општината. Како резултат на активностите се формираат подрачните одделенија на
Народната библиотека во руралните населени места: Карбинци, Радање. Аргулица.
Лесковица, Драгоево и Крупиште.
Со промените на административната поделба, библиотечниот центар се укинал
и ингеренциите ги презела Градската библиотека, од друга страна, пак, се судрила со
финанската политика, од што произлегла затворањето на подрачните одделенија во
руралните населби.
До март 1956 година одделенијата за деца и за возрасни биле заедно . Во 1960
година, со одлука на Собранието на општина Штип, библиотеката е прогласена за


. .


матична институциЈа за општинското подрачЈе.
Библиотеката се судрила и со просторен проблем. За многу краток период се
селела шест пати во несоодветни простории, со што е занемарено стручното органи­
зирање и зачувување на книжниот фонд. Вработените се зало>киле и во 1972 година
на Општествената заедница го поставиле прашањето за просторното решение на биб­
лиотеката.


На 04.05. 1978 година е предаден во употреба новиот наменски објект од 1860
квадратни метри. Во него се сместени: Одделението за литература за деца со две читал­
ни; Одделението за литература за возрасни со две читални и четири кабинети за
научноистра>кувачка работа; Одделението за музикалии со задолжителен примерок;
Одделението за подврзување и заштита на книжниот фонд; Одделот за техничка и
стручна обработка на библиотечниот материјал и други простории за администра­
тивно работење.


14




Библиошекарска шеорија и iiракшика Библиотекарство, Волумен 25 (2007), бр. 1
. .. .. ' • - ... 'Т , ..


Покрај тоа што книжниот фонд целосно бил технички и стручно обработен,
формирале задолжителни библиотечни каталози: азбучен, според авторот и азбучен
според насловот за детскиот книжен фонд; азбучен и стручен според УДК за книжниот
фонд за возрасни и основен каталог за целокупниот книжен фонд.
Меѓу првите библиотеки во Република Македонија во Народната библиотека
"Гоце Делчев" - Штип е оформена роднокрајно одделение, во кое во 1978 година се
евидентирани повеќе од 400 библиотечни единици. Потоа е отворено одделението за
странска литература, кое располага со монографски публикации, периодика,
видеокасети, аудиокасети, ЦД- ромови, како и одделот за книжниот фонд од раритет­
на вредност.
Потребно е да се соберат компаративни и точни податоци за состојбата, фон­
довите, услугите и помагалата во библиотеката, како и за кадрите што работат во
неа. Следниот чекор бил преземање на практични мерки за подобрување на рабо­
тењето, со што би се подобрила општата состојба во библиотеката . Голема пречка за
подобрување на состојбата во библиотеката претставуваат застарените законски про­
писи. Покрај многуте приоритети, вклучена е изработката и донесувањето на нови
легислативи.
Иако спаѓаме во редот на држави со ниска компјутерска писменост и комуника­
циска инфраструктура, која во последно време е во подем, по малку парадоксално
може да звучи често повторуваната синтагма давана од оние понапредните дека насрро­
ти тивкото и мачно развивање на новите технологии и нивната примена, можен е и
скок, односно да прескокнеме некое скалило од ОВОЈ еволутивен процес.
Стекнувањето со нови знаења е процес што во библиотеката полека навлегува
во текот на секојдневната комуникација на библиотекарот и корисникот, како и нив­
ната заемна комуникациЈа.
Како најистакната библиотека во источниот регион во рамките на матичната
дејност, во отсуство на школи за библиотекарство, организира семинари и курсеви на
кои се совладуваат меѓународните стандарди за стручна и содржинска обработка на
библиотечниот материјал .Со текот на изминатите години и образовната структура се
изменува. Сето тоа придонесува задолжителните каталози да се осовременуваат со
сознанија, промени и барања во меѓународните стандарди и примена на современата
информативна технологија и техника.
Живеењето во дигитална деценија во почетокот на 1998 година наложи да се
изготви проект за автоматизација на библиотеката, кој беше и прифатен од ИООМ
(Институт Отворено општество - Македонија) и е набавена опрема: 1 сервер АЛФА;
10 ПС (работни станици); 10 ласерски печатачи во боја : скенер, модем и друга
придружна опрема. Со ова се овозможени градење локална мрежа во рамките на биб­
лиотеката и услови за автоматизација на обработката на библиотечниот фонд.
Свесни сме дека нешто се движи, дека во светот на библиотекарството работите
не се исти, дека се движиме кон информатичката технологија или таа неканета се
приближува кон нас, но сепак ја чувствуваме. Овој одек може да се почувствува и на
нашите простори, па и во нашата библиотека. Иако мачно, со напор и некако на
споредна врата, сепак се автоматизиравме во 2003 година ( се приклучивме во системот
COBISS). Познавајќи ја старосната структура на библиотечниот кадар кај кој не е
особено популарно експериментирањето и промената на навиките, ги совладавме тие
бариери.


15




Министерствата за култура и за образование и наука ја согледаа потребата за
реагирање на овој како што го нарекуваат "технолошки тајфун" и се приклучија кон
финансирањето на опрема и обука на кадри.
Како и да е, снаодливоста на македонскиот библиотекар се справи со овие бари­
ери и смело зачекори во светот на новите технологии.
Во текот на 2003/2004 година се изврши пререгистрација на библиотеката во
Национална установа - Библиотека "Гоце Делчев" Штип.
Поради малиот број активно население во руралните средини во општината, а
со желба да се задоволат нивните културно-духовни потреби, од 2003 година на прос­
торот на општините Штип и Карбинци инфобус (патувачка библиотека) опслужува
20 села и приградски населби. Со функционирањето на подвижната библиотека се
успеа на најекономичен начин да се задоволат потребите на граѓанството од селата за
кои книгата до овој момент претставуваше неостварена желба. Инфобусот распола­
га со книжен фонд на четири јазици на националностите (српски, влашки, турски и
ромски јазик), периодични публикации и списанија. Истиот е поткрепен со најсовре­
мена опрема за да биде соодветен на автоматизацијата: видеорекордер, лаптоп, ин­
тернет- мрежа, печатач, компЈутер, телевизор и др.
Претпоставувам дека технологијата може на еден начин, така кажано, и сти­
хијно да се имплементира (што е најчеста практика кај нас), но не треба да го занема­
риме фактот дека примената на ваквата технологија подразбира суштински
структуролошки и методолошки промени што по правило треба да претходат или
паралелно да се одвиваат.
Не претставува некоја новина ако констатирам дека во последните 20 години
библиотеката постепено ја губи својата примарна ролја во производството, обезбеду­
вањето и дистрибуирањето информации; го губи монополот и сопственоста на ис­
тите, а ги губи и членовите, а сето ова не води кон маргинализација. Во нашата биб­
лиотека полека како да надвладува концептот за институција што е повеќе насочена
кон чување отколку кон давање занемарувајќи го корисникот.
Како библиотека мора да реагираме и да агитираме. Мораме да го рехабилити­
раме читателот и да се приспособуваме, така кажано, во од, следејќи ги читателските
навики на нашите членови, избирајќи го згодниот формат за нив, било книга, ЦД,
Интернет или електронски списанија, земајќи ја во целосен предвид содржината, однос­
но вредноста и потенцијалната корист незанемарувајќи ја ни забавната компонента
на консументите.
Неоспорен факт е дека 80 проценти од корисниците на библиотечните услуги се
ученици ( од основно и од средно образование) и студентската популација и за
повеќемина од нив современата компјутерска технологија не претставува никаква
непозната. Токму спротивното, тие се повеќе "читаат" од екран отколку од книга.
Со отворањето на универзитетот "Гоце Делчев" во Штип, се зголеми и бројот на
студентите, а ние не презедовме никакви чекори.
Каде сме ние библиотекарите сега во ИТ-времето? Како да го постигнавме мак­
симумот и се повлековме. Ги береме плодовите на долгогодишното надградување. Но
не е така.
Каде сме? Само до тука ли имавме сили.




Библиотекарска шеорија и иракшика Библиотекарство, Волумен 25 (2007), бр. 1
, ' '!.1 ~ >(' ,;. ., , •' "" • "t • • •• ' • • . . ,


УДК 027.8 (497.7)
ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК ПО ПЕТ КНИГИ


Владимир Кочоски


Шшо иокажа аикешаша за рабошаша иа училишните библиотеки
во Тетовско?


• Гимназиската библиотека со најмиоiу книiи
• Лекширише најбарани
• Просшорнише ироблеми иречка за иодобра рабоша


Националната установа - библиотека "Кочо Рацин" - Тетово на почетокот од
годинава спроведе анкета во основните и во средните училишта, со цел да ги согледа
состојбите и работата на училишните библиотеки. Испратени беа прашалници до
петте средни и до 34-те основни училишта што територијално потпаѓаат во подрачната
единица на Министерството за образование и наука - Тетово. На анкетата позитивно
одговорија петте средни и 23 основни училишта.
Статистиката како наука често на шега се дефинира како "точен збир на неточни
податоци". Меѓутоа, ако и во најголемата лага има половина вистина, во статистика­
та што ја изведовме од добиените податоци од анкетираните училишта барем Мо)ке
да се добие колку-толку појасна слика за вкупните состојби во училишното биб­
лиотекарство во Тетовско .
Во петте средни училишта, во кои учат вкупно 9.438 ученици, во училишните
библиотеки има 67.552 книги, од кои 24.151 на македонски јазик, 18.385 на албански,
8.233 на српски, 5073 на турски и 4953 на други јазици (англиски, француски, герман­
ски). Просечно на еден средношколец му припаѓаат по 7 книги .
Во текот на минатата година во средношколските библиотеки биле регистрира­
ни 5390 корисници, кои прочитале просечно по 4,2 книги или вкупно на користење
биле издадени 22.526 примероци. Едновремено за комплетирање на кни)книот фонд
биле потрошени 4 71.062 денари. Најбогата со книги (3 1.474 примероци) е библиотека­
та во гимназијата "Кирил Пејчиновиќ", потоа следат Текстилниот училишен центар
"Ѓоце Стојчевски" со 11.451 книга, Средното медицинско училиште "Никола Штејн"
со 10.035, ССОУ "Моша Пијаде" познато како Земјоделско училиште со 8426 и нај ­
младата меѓу нив образовна установа, средното економско училиште "8 Септември",
со 6.166 примероци.
Кога станува збор за обработка на книжниот фонд, ситуацијата е загри)кувачка.
Во петте средни училишта се водат инвентарни книги, но само во ССОУ "Моша Пи­
јаде" и во СМУ "Никола Штејн" кни)книот фонд е сигниран според формат, обработ­
ката се врши според МДК и постојат каталози за пребарување . Во четири училишта
има платени библиотекари, додека во ОССУ "Ѓоце Стојчевски" за библиотеката е
задолжен предметен наставник.
Просторниот проблем кај повеќето средни училишта во Тетово е евидентен.
Соодветни простории со читални со по 30 седишта има само во ССОУ "Моша Пијаде"
и СМУ "Никола Штејн" .
На прашањето дали им е потребна стручна помош на библиотекарите, одго­
ворите се потврдни.


17




Библиотекарство, Волумен 25 (2007), бр. 1 Библиошекарска шеорија и iiракшика
• •' а t : ~ : • ,• • • , ~ .: , • .. ~- ' · , ' , .


Речиси слична е состојбата и со библиотеките во основните училишта. Вкупно
24-те основни училишта што одговорија на анкетата имаат 129.012 книги што им се
ставени на располагање на 24.953 ученици или просечно на секој основец му припаѓаат
по 52,2 книги. Во библиотеките има 41.900 книги на македонски, 76.783 на албански,
2.062 на турски, 1.631 на српски и 188 на други јазици. Меѓутоа, вкупната бројка на
монографски публикации сигурно е многу поголема ако се знае дека на анкетата не
одговорија дури 11 основни училишта, како што се училиштата од Брвеница, Чело­
пек, Глоѓи, Порој, Стенче, Жеровјане и други.
Кога станува збор за обработката на книжниот фонд, 12 училишта водат инвен­
тарни книги, додека 11 - не. Идентични се бројките од добиените одговори на праша­
њето: дали книжниот фонд е сигниран според формат. Меѓутоа, обработката на ма­
теријалот според МДК се врши во ОУ "Абдил Фрашери" во Боговиње, во ОУ "Ис­
маил Ќемали" во Нераште, во ОУ "Сабедин Бајрами" во Камењане, во ОУ "Лирија"
во Тетово, во ОУ "Рилиндја" во Селце и во ОУ "Луиѓ Гуракуќи" во Желино. Во овие
училишта има платени библиотекари. Сепак, одговорите оставаат сомне:жи за квалите­
тот на стручната обработка на кни)книот фонд во сите споменати училишта поради
фактот што во графата за посетувани семинари некои одговориле негативно.
Просторното прашање и во овие библиотеки е проблематично и претставува
сериозна пречка за поквалитетни услуги. Во засебни простории библиотеките се смес­
тени во 13 училишата, додека во десет основни училишта книгите се сместени во
училници или кабинети. Со (не )постоење на читални проблемот е уште поизразен.
Простории во кои учениците можат да го користат библиотечниот материјал има
само во седум училишта, со вкупно 138 седишта. Во најповолна состојба е ОУ "Гоце
Делчев" во Тетово со пространа читална со 50 седишта, 12 седишта има читалната во
ОУ "Луиѓ Гуракуќи" во Желино, додека основните училишта во Шемшово и во Ј е­
гуновце имаат по 10 седишта.
Според податоците од анкетата, проблеми во работењето на училишните биб­
лиотеки се чувствуаат и од финансиска природа. Дури 16 училишта во 2007 година не
потрошиле ниту денар за комплетирање на кни)книот фонд, додека 7 библиотеки
купиле книги, пред се лектирни изданија, за сума од 182.942 денари. ОУ "Дервиш Цара"
од Долно Палчиште за опремување на библиотеката во подрачната училиште во
Калник потрошиле 69.892 денари, ОУ "Симче Настоски" Вратница купило книги во
вредност од 53.150 денари, "Рилиндја" од Селце за 20.000 денари, ОУ "Луиѓ Гуракуќи"
од Желино за 15.000 денари, ОУ "Сами Фрашери'' од Пирок за 7.000 денари, колку
што потрошиле и во ОУ "Гоце Делчев" Тетово, а ОУ "Екрем Чабеј" од Теарце за 3.500
денари .
Кон крајот на минатата година основното училиште во шарпланинското село
Јеловјане, во кое учат 497 ученици, изгоре, а пожарот не ја поштеди ниту библиотека­
та со над 3.000 книги. Сега училишната библиотека е во фаза на обновување и мо­
ментно има 475 книги, 180 на македонски и 295 на албански, што ги донирале повеќе
училишта од општина Боговиње.


18




Библиошекарска шеорија и iiракшика Библиотекарство, Волумен 25 (2007), бр. 1
~ ,. . . . . . .


. УДК 0·15 (497.7):025.321.4


БИБЛИОГРАФИЈА НА СТАТИИ И ПРИЛОЗИ ВО НУБ
"CR КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ", БИБЛИОГРАФСКИ
ЦЕНТАР - СКОПЈЕ*
- начин на изработка -
Елизабета Стоименова, виш библиотекар
Национална и универзитетска библиотека "Св. Кл.Охридски", Скопје


Израбошкаша на сшашии и ирилози од сериски иубликации и од дел монограф­
ски иубликации е сиоред однаиред оиределени кришериуми и сшандарди. За шаа цел
се назначени извршишели во Библиографскиош ценшар, кои сиоред своешо образо­
вание извршувааиt оиределени рабошни ироцеси иошребни за иодгошвување на Маке­
донскаша шековна библиографија - Сшашии и ирилози.


Клучни зборови: Национални библиографии, изработка


При изработка на Македонската тековна библиографија на статии и прилози во
НУБ "Св.Климент Охридски" - Скопје, во Библиографското одделение се пристапу­
ва најпрво на грубо прегледување на целокупната продукција на сериски публикации,
како и на дел монографски публикации (зборници од конгреси, симпозиуми, совету­
вања и други научни и стручни собири), издадени во Република Македонија, а добие­
ни како задолжителен примерок. Извршители што се однапред назначени на работ­
ни задачи во истото одделение, секој од својата област, повторно ги прегледува списани­
јата и статиите и прилозите (во понатамошниот текст библиографски единици, однос­
но б.е.) завзема став и дава предлози за вклучување нови наслови за обработка. При
решавањето се внимава за стручната и научна содржина на б.е. во списанијата и
монографиите. Од списанијата што се стручни и научни 6. е. се вклучуваат целосно,
без селекција, селективно од научнопопуларни, списанија за деца и др., а не се ексцер­
пираат содржини од публикации наменети за забава, весници, училишни и фабрички
билтени и ел.
Тешкотиите при користењето на публикациите на светско ниво поради раз­
личноста на јазиците уште од 19 век ја наметнале потребата од составување еден систем
искажан со бројки Универзална децимална класификација, за што полесно разби­
рање, односно УДК-таблици.
Библиографите, секој од својата област, пристапува кон читање и класирање на
б.е. За класификација се применува средното и другите изданија на FID (Federation
Intemationale de Documentation) со постојано вклучување на измените и дополнувањата
од "Extension and Coпections to the UDC".
Пример:
9.9.9-9.09
Кришика на македонскиош роман


*"Библиографска обрабошка на сосшавнише делови сиоред ИСБД-и: ирирачник" / Елизабеша
Сшоименова. Скоије: Народна и универзишешска библиошека "Св. Клименш Охридски", 2003.


19




Библиотекарство, Волумен 25 (2007), бр. 1 Библиошекарска шеорија и иракшика
~ . . ' , . . . . ~


. . '


Потоа се изработуваат иредмешни оiiределници. Предметна определница е
јазичен израз (термин) што се состои од еден или повеќе зборови погодни и прифате­
ни да се изрази тематската содржина на б.е. Изработката на предметни определници
му овозможува на корисникот при пребарувањето полесно да дојде до бараната цел .
И за овој процес постојат правилници и тоа:
"Pravila za definisanje predmetnog sadrzaja dokumenata" / Ljiljana Kovacevic, Sofija
Todorovic. Beograd: Narodna Biblioteka Srbija, 1991; "Pravila za izradu predmetnog registra
bibliografije knjiga i clanaka" / Nevenka Skendzic, Beograd : Jugoslovenski bibliografski
institut, 1978; "Predmetni katalog u biblioteci opsteg tipa" / Divna Glumac. Beograd:
Narodna biblioteka Srbije, 1980 и "Предметен опис и предметен каталог " / Зорка
Чекичевска и Јелена Фидановска. Скопје: НУБ "Св. Климент Охридски", 2003.
Пример:
Македонска книжевносш Романи - Кришики


По содржинската обработка, се изработува кашалошко-библиоiрафски oiiuc на
составните делови според ISBD-и, за што се користат следните прирачници:


"Pravilnik i prirucnik za izradbu abecednih kataloga". Prvi dio: "Odrednice i redalice" /
Eva Verona. 2. izmenjeno izd. Zagreb : Hrvatsko bibliotekarsko drustvo, 1986; "Pravilnik i
prirucnik za izradbu abecednih kataloga11 • Drugi dio: "Katalozni opis" / Eva Verona. Zagreb :
Hrvatsko bibliotekarsko drustvo, 1983; "Guidelines for the application of the ISBDs to the de-
scription of component parts11 • London, IFLA Universal Bibliographic Control and Interna-
tional MARC programme British Library Bibliographic Services, 1988 и ''Библиографска
обработка на составните делови според ИСБД -и : прирачник" / Елизабета Стоимено­
ва. Скопје : Народна и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", 2003.
Каталошко-библиографскиот опис ги содржи следните елементи:
1. Единствена определница
Презиме и име на авторот во оригинална форма.


2. Стварни наслови и податоци за одговорност
а) Главен сшварен наслов
Како податок се зема насловот на б .е.
б) Поднаслов
Тој го дополнува, го дообјаснува главниот стварен наслов.
в) Подашоци за одiоворносш
При обработка се застапуваат сите автори, онолку колку што се. Како прв
податок на одговорност се смета авторот на текстот, а секундарното авторство се


однесува на преведувач, илустратор, собирач, подготвувач, лице кое интервјуира, кар­
тограф, фотограф и др.
Ако има авторства и стварни наслови на повеќе јазици или писма, се опишуваат
меѓусебно одвоени со знакот равенство (=). Сите податоци од овој дел се изработу­
ваат de visu (пишувај како што гледаш).


3. Забелешки
а) Ако библиографот констатира дека насловот и поднасловот не ја искажуваат
содр)кината на б.е., составува анотација, односно кратко дообјаснување на содр)кината.


20




Библиошек.арск.а шеорија и iiрак.шик.а Библиотекарство, Волумен 25 (2007), бр. 1
~ . . . . ,r , ;


Текстот на анотацијата секогаш е на јазикот и писмото на центарот за каталогиза­
ција. Најчесто при изработка на анотацијата се поставуваат следните прашања: кој ,
зошто, што, кого, кога, каде, колку.


Пример:
По iiовод iiрославаша на Илинден, Прешседашелош на Реiiублик.а
Македонија орiанизира собир во Крушево.


6) За составен дел при опис на статијата се смета и наведеното резиме кое е на
друг јазик од публикуваната статија. Исто така се наведуваат и фуснотите и посочената
литература.


4.Идентификација на матичната единица
Како втор блок на каталошко-библиографскиот опис на 6. е. е изворникот однос­
но насловот на списанието или зборникот, бројот ISSN (меѓународниот стандарден
сериски број) на списанието, тековната година, бројот, календарската година и стра­
ниците од кои е ексцерпирана б.е.


Регистри
а) Авшорск.иош реiисшар е придру>кен материјал на корпусот на библиографи­
јата. Тој се состои од имиња на автори . Се изработува според презимето и името на
авторот, подреден е азбучно. Во него се застапени сите форми на автори (полни ими­
ња, скратени, псевдоними и др.) упатени на оригиналната форма.
б) Реiисшар на библиоiрафск.и извори
Секоја библиографија содр)КИ Регистар на изворници што се каталошко-биб-
лиографски опишани според стандард.
Пример:
Солев Коста Рацин види Рацин, Коста
Ј.П види Павловски,Јован
Б. Конески види Конески, Блаже
Црни види Црни (во забелешка се внесува вистинското име на авторот)


Библиографските единици застапени во секоја библиографија се нумерирани и
подредени азбучно.
По завршување на целата постапка, при изработка на библиографијата се врши
редакција и уредување на библиографските записи.
Пример:
ГАВРИЛ, архиепископ
Вистинско богопознание : божиќна порака до верниците /
архиепископ Охридски и Македонски Гаврил.
Во: МАКЕДОНИЈА: илустрирано списание на Матицата на иселениците од
Македонија. - Скопје : Матица на иселениците од Македонија . - ИССН 0542-
206Х. - Год. 40, бр. 477 (јануари 1993), стр. 23
252.9:264-041( 497.7)
Бо)КИЌ - Проповеди - Македонија


21




Библиотекарство, Волумен 25 (2007), бр. 1 Библиошекарска шеорија и iiракшика
~- ,.,. ·• .. ~ ... ' _, :·." •♦ ,.,. ,1.• •• ,~ 1~ .•


Удк 02Б7o'i7:65.oi2.2 (497.7)


ОПЕРАТИВНО ПЛАНИРАЊЕ И ОПЕРАТИВНИ
ФУНКЦИИ ВО БИБЛИОТЕКИТЕ


м-р Наде КАРАЏОСКА
ЈОУ Градска библиотека - Прилеп


И покрај големото значење на стратегиското планирање во библиотеките, многу
од раководителите на библиотеките го трошат времето на краткорочните плански


.


одлуки или оперативното планирање.
Работното време, распоредот на работата во смени, можноста и времето на ко­
ристење паузи, распоредот на користење годишни одмори, одржувањето на хигиена­
та во зградата, набавка на библиотечна граѓа, реставрацијата и конзервацијата на
фондовите и ел., се само дел од дневните грижи на раководителите во библиотеките.
Во поголемите библиотеки, раководителите се ослободени од ваквите задачи затоа


. .


што за нивна реализациЈа се задолжени средната линиЈа менаџери, но во помалите
библиотеки тие претставуваат една од најважните управувачки одговорности. Според
ова, од очите на јавноста останува скриено колку се потребни тактичност и трпели­
вост, на пример, за да се организира работа во смени во библиотеката и да се вос­
постави добра комуникација помеѓу вработените во двете смени.
Од досега кажаното, може да се потенцира дека краткорочните или оперативните
плански одлуки се оној аспект на планирање со кој се решаваат дневните, специфични
и сосема конкретни проблеми, а со нив се овозможува функционирање на библиоте­
ките и се трасира патот кон долгорочното планирање.


,
Усогласеноста на оперативните и стратегиските планови е императив на успеш-
ното планирање затоа што оперативното и стратегиското планирање не се два спро-


тивставени пола, туку комплементарни процеси со кои се остварува мисијата на биб­
лиотеката.1 >
Според некои автори, оперативните планови може да се класификуваат
во два типа:
- иланови за единечна уиошреба,·


- - . -


- иосшо1ани иланови.


Плановите за единечна употреба се користат за насочување на активностите кон
остварување на специфична цел и нема да се повторат во иднина. Постојаните пла­
нови се развиваат за да ги водат активностите кон остварување цели од посто3ана
природа. И двата типа оперативни планови им помагаат на членовите на организаци­
Јата да ги координираат и да ги насочат нивните активности кон остварување на целите .
Тргнувајќи од овој факт, развојот и спроведувањето на оперативните планови
може да ја покаже разликата помеѓу успехот и неуспехот во спроведувањето наце­
локупниот процес на организацијата.2>


1
> Д-р Гордана Стокиќ-Симончиќ и д-р Жељко Вучковиќ, Менаџменш у библиошекама, Желнид, Бео­
rрад 2003, стр.75;


2
> Тодор Кралев, Менаџмент I дел, ЦИМ, Скопје 1994, стрl 75;




Библиошекарска шеорија и iiракшика Библиотекарство, Волумен 25 (2007), бр. 1


Оперативните планови ги предводат општите цели дефинирани во стратегиски
планови во дневни одлуки и акции на членовите на организацијата, а ги "содржат
податоците за тоа како мо:же да се остварат стратегиските планови".3)
Посебно значаен вид оперативни плански за библиотеките претставува буџе­
тот - финансиски план со кој менаџерите ги искажуваат своите плански одлуки. Пла­
нот на профит или планот на очекувани приходи или расходи, како што може да се
дефинира буџетот, има неколку основни форми. Линискиот буџет е најзастапен тип
на буџет за библиотеки, а со него се пресметуваат материјалните средства поделени
во неколку главни категории (плати, социјално и здравствено осигурување на работ­
ниците, набавка на библиотечна граѓа и тековно одр)кување на зградата).
Ваков буџет има предност што е едноставен за пресметување и затоа што буџет­
скиот износ за следната година се базира врз овогодинешната сума, зголемена за по­
растот на трошоците на животот, а лесно е сфатлив и одбранлив пред претставни­
ците на локалната заедница. Неговата примитивна варијанта претставува таканаречен
"паушален буџет", со кој за одредена библиотека се бара вкупната годишна сума, а
менаџментот на библиотеката остава одлука за начинот на распоредување на средст­
вата по категории.
Програмските и нулти-буџети, меѓутоа, се засноваат на попрецизно пресмету­
вање на трошоците за одделни библиотечни услуги и за ва)кноста и позицијата на
одделни програми или работни единици за остварување на мисијата на библиотеката.4Ј
Исто така, буџетот на библиотеката мо)ке да се формира и врз основа на некој
формален критериум, на пример, според бројот на запишани корисници, нивната струк­
тура, бројот на местата во читалната и ел.
Авторот Алис Сајзер Ворнер водејќи не низ буџетирањето во библиотеките, со
леснотија не предупредува дека со барањето на финансиските средства за библиоте­
ките треба да се биде одмерен, во однос на матичната институција лојален, а во кон­
тактот со политичките авторитети - свесен за приоритетите на локалната заедница.
Алудирајќи на етичност и убави манири, тој ја додава констатацијата дека со буџети­
рање најлесно и најуспешно се занимаваат тие кои добро се снаоѓаат со бројки и кои
знаат колку чинат нивните услуги.5 >
Освен оперативните планови, во библиотеките постојат и оперативни функции .
Оперативните функции овозмо)куваат да се остварат оперативните планови во биб­
лиотеките. Тие можат да се поделат во три групи:


- Производни функции,
- Административни функции и
- Логистики функции. 6>
Производните функции во библиотеката се услугите поврзани со информација­
та и културата . Понудата на услугите се однесува на повеќе елементи како што се:
збирката на документи, пристап до надворешните извори на информации, посреду­
вање помеѓу различните извори на информации и корисниците. Профилот на понуде­
ните документи се однесува на планот на развој на фондовите што ги земаат предвид


3> Jovan Todoгovic, Stгategiski Menagment, ѕtг. 42
4Ј Стокиќ, Симончиќ, н.д . стр.75
5


> Budgeting: А How-To-Do-It Manual fог Libra1·ians,Alice Sizeг Warner, New York:
Nea\\-Schuman Publisheгs, Inc,1998.X,101 р


6
> Zoe\\ Mileг, Zan-Luj Мi\\ег, Menadzment Biblioteka,C\\io 2006, 24.


23




Библиоте!:{~Р_ств~, Во:11умен 25 (2007), бр. 1_ Библиошекарска шеорија и иракшика


сите елементи на некоја збирка: избор и набавка на сите видови документи и на сите
видови носители на информации.7)
Другата етапа претставува интелектуалната и стручна обработка (каталогиза­
ција), индексирање и физичката обработка (пластифицирање, етикетирање и др.).
Администртивните, односно управувачките функции се однесуваат на буџетот
на вработените. Управувањето на буџетот се состои во утврдување на планираниот
буџет со обезбедување, распределба и контрола водејќи сметка за сметководствените
правила на институцијата на која иприпаѓа библиотеката: локална самоуправа,
др:жавата или ЕР А-(јавни управи) фондација, здружение и др. Управувањето на врабо­
тените се однесува на сите вработени во установата, како и на доброволно пријаве­
ните работници и стажисти: прием во службата, стручно образование, напредување
во звањата, отсуствата.
Логистичките функции ја следат традицијата: одр)кување на просторите, пресе­
лување на фондот, преуредување на просторот и др. Со развојот на безбедносните
норми значително се зголемува значењето на оваа функција упатувајќи на тоа дека и
овде е потребно да се вработи квалификуван кадар. Појавата на современа технологија
(ЦД-ромови, Интернет, аудиовизуелни средства и др.), поставување опрема против
кражби, сето тоа бара ефикасен технички надзор за да се обезбеди одр)кување и функ­
ционирање на апаратите и техничките системи.


Табела на оперативните функции8>


Производни функции: Административни Логистички
збирки услуги функции функции


• Избирање, набавка, • Управување на • Простории :
чување, отпис на сите буџетот одржување, изградба
видови документи •Управување на • Транспорт


• Интелектуална вработените: • Технички системи:
обработка и физичка примање во служба, машини,
обработка кариера, стручно информатички системи
•Приемна корисници образование,отсуство


• Посебни услуги


Секоја библиотека мора да ги организира своите раководни функции и своите
оперативни функции. Начинот на кој ќе биде тоа реализирано ќе зависи од вработе­
ните, од нивното стручно образование и компетенциј а, статутарните обврски, како и
од начинот на организирање.


7) Beгtrand Ca1enge, Les Politiques d' acquisition:constituer une collection dans, une bibliotheque,
Paris, Editions du Сегсlе de la Libraire, 1994; Conduire une politique documenntaire, Pa1·is,
Editions du Cercle de la Libraire, 1999, 53 р.


8) Zoel Miler, n.d., 24.


24




Библиошекарска шеорија и иракшика Библиотекарство, Волумен 25 (2007), бр. 1


Користена литература:


1. Calenge Bertrand, Les Politiques d-acquisition: constituer une collection dans,
une bibliotheque, Paris, Editions du Cercle de la Libraire, 1994; Conduire une
politique documenntaire, Paris, Editions du Cercle de la Libraire, 1999;


2. Budgeting: А How-To-Do-It Manual for Librarians,Alice Sizer Warner, New York:
Neal-Schuman Publishers, Inc,1998.X,101 р


3. Д-р Стокиќ-Симончиќ Гордана и д-р Вучковиќ, Жељко Менаџ.менш у
библиошекама, Желнид, Београд 2003;


4. Todorovic Jovan, Duricin Dragan, Janosevic Stevo, Strategiski Menadzment,
Institut za trzisna istrazivanja, Beograd, 1998;


5. Кралев Тодор, Менаџмент I дел, ЦИМ, Скопје 1994;


6. Zoel Miler, Zan-Luj Miler, Menadzment Biblioteka, Clio 2006, 24.


M-r Nade KARADZOSKA


OPERATIVE PLANING AND OPERATIVE FUNCTIONS IN ТИЕ LIBRARY


SUMMARY


The operative planning and functions is veru important for the succesfu] work of the libгaries.
The success of а library will depend on the accornplishing of the operative planning and functions
decisions.


25




Библиотекарство, Волумен 25 (2007), бр. 1
. . .., ·; ·~.


Библиошекарска шеорија и иракшика
,~ ~ ... ~ ~; . , : . . ~ -~. ,· ,, '


':,..,.. · :i:· ,_,.,,., · -,: ,·. ·; ·· .. ' ,:•
~J, _, .-,~~'ii
~ .. ,_. ,,, ,


· · ·. ·удк ·0261021:005 (100) ·.,20"
026/027:658.8 (100) "20"
МАРКЕТИНГ И МЕНАЏМЕНТ НА БИБЛИОТЕКИТЕ
ВО СВЕТЛОТО НА НОВИОТ ВЕК
д-р Сузана Котовчевска


Маркетингот претставува функција на менаџментот што ја пренасочува купов­
ната моќ на корисниците во ефикасна побарувачка за услугите на библиотеките. Само
во услови кога развојот на библиотечно-информацискиот систем ќе се вклопи со про­
мената на маркетингот, опфаќајќи го целокупниот работен процес, може да се постиг­
нат оптимални резултати . Овој вид кохезија е многу значаен и неопходен како кон­
цепт на интегралниот маркетинг со единствена цел заживување на маркетингот во
вистинска смисла на зборот. Тоа посебно ќе биде потенцирано ако го прифатат сите
одделенија, односно оддели во рамките на установата како деловна филозофија и ако
почнат секогаш во нивниот фокус на интерес да го имаат корисникот. Според сите
елементи, маркетингот претставува визионерство, најдобар начин, но во исто време и
еден од најскапите, за неговата примена во современото доба.
Давањето услуги од библиотеките треба да биде тесно поврзано со одржување
на нивниот квалитет и тоа посебно во сферата на информатичките услуги, промоција
на литературата и поддршка при преведувањето на информациите во знаење. Ин­
формацијата е екстерна, подложна на собирање и безживотна, додека знаењето е
интернационализирано, бавно се гради и води кон акција.
Се уште постојат три значајни општествени прашања во светот, кои се однесу­
ваат на јакнење на информатичкото општество, а за кои се уште не е добиен одговор:


- информацијата како "проблем": да се знае што постои и како да се пристапи
кон тоа;


- да се знае како да се "прочита" информацијата и како да се протолкува;
- тешкотиите околу трансформирањето на информациите во знаење како субјек-
тивен процес што зависи од индивидуалните способности. 1 >
За таа цел, библиотекарите ќе бидат се повлијателни ако обезбедат амбиент
општеството да ги согледува библиотеките како клучни институции на културната
политика во кои се обезбедува пристап до информациите и во кои се унапредува раз­
војот на нивната интерпретација. Заедничкиот именител на овие значајни функции
на библиотеките во новиот општествен и глобален амбиент претставува создавање
на знаење и вредности во духот на интелектуалните слободи.
Во менаџментот и маркетингот на библиотеките треба јасно да се потенцира
дека поединците и организациите, врз основа на природата на интересите, можеме да
ги распределиме во следните групи: корисници, иерсонал, дос~иавувачи, конкуренши
итн.
Со цел успешно да се одвива менаџментот на библиотеките, неопходно е биб­
лиотеките правилно да ги идентификуваат своите "акционери112> и нивните интереси и
да изнајдат модел со кој ќе се воспостават и ќе се унапредат односите со нив.


1Ј Anglada i de Ferrer, Luis, М. (1999). Е! paper de la biblioteques а Ја societat informacional: pro postes рег а
l'administraci6 publica catalana. In: Catalunya davant !а societat de !а informaci6: hous actors i noves politiques
publiques. Eugenia Salvadш (ed.) Barcelona: Mediterrania, р . 73-100.
2Ј Забелешка: Со оглед на специфичната природа на работниот процес во библиотеките како
културно-просветни установи, терминот акционер се става под наводници.




Библиошекарска шеорија и iiракшика Библиотекарство, Волумен 25 (2007), бр. 1


УДК 026/027:658.14/.17 (100)


ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ ВО
БИБЛИОТЕКИТЕ И ИНФОРМАЦИСКИТЕ ЦЕНТРИ


Наташа Бундовска, виш библиотекар
НУБ "Св. Климент Охридски" - Скопје


Клучни зборови: финансиски менаџмент, библиотеки, финансиски планови,
финансиски извештаи, финансиска одговорност


Финансискиош менаџ,менш е една од основните човечки активности во совреме­
ниот свет во коЈа се инкорпорирани планирањето, управувањето и надгледувањето на


приходите и расходите, како и известувањето и проценката на резултатите.


Разгледувајќи го финансискиош менаџ,менш, не мо>ке да се запостават значајните
имиња во теоријата на менаџментот. Во теоријата на менаџментот се појавуваат повеќе
школи и тоа: школа за научен менаџмент, класична (традиционална) школа, функ­
ционална системска школа, школа за човечко однесување, школа за социЈални смет­


ки и други.


Историјата на теоријата на менаџментот започнува со Фридрих Тејлор, кој ги
поставува темелите на научното управување. Од наведените развиени школи за менаџ­
мент се развиваат многу теории од кои позначајни се Теоријаша Х и Теоријаша У. Теори­
јата Х е заснована на традиционалниот пристап на класичните школи и го застапу­
ваат ставот дека за да се постигнат резултати во работењето, работникот треба да се
присилува, да се форсира и да се контролира . Наспроти ваквата теорија, претстав­
ниците на Теоријата У имаат спротивни ставови. Според нив човекот е во центарот на
вниманието и продуктивноста ќе се зголеми кога работникот не се присилува, не се
манипулира со него, не се форсира и повисоки производствени резултати се постигну­
ваат кога се работи тимски .
Финансискиот менаџмент е неизоставен дел во работењето на библиотеките и
информациските центри, но постојат разлики во традиционалните и алтернативните
извори на финансиска поддршка во одделни земји во светот. На пример, во САД локал­
ната влада учествува со 10% од вкупно потребните средства во финансирањето на
јавните библиотеки, а преостанатиот дел од средствата се обезбедуваат од други из­
вори. Во САД од финансиските инструменти што имаат особено значење за финан­
сирање на библиотеките ќе ги споменеме
емисијаша на обврзници и дома~инише иравила.


Емисија на обврзници (Boncl Issue) е општ метод за обезбедување пари за инвес­
тициска потрошувачка, метод користен од влади за позајмување пари. Обврзницата е
хартија од вредност, заем што се наплаќа од идните приходи, најчесто по 20 години од
датумот на емисијата. Во САД на јавните универзитети и библиотеки им е дозволено


27




Библиотекарство, Волумен 25 (2007), бр. 1 Библиотекарска шеорија и iiракшика
.. ; - . ,._ . . . . ;•,_ - . .


да емитуваат обврзници ослободени од данок (taxj'ree bonds). Оттука тие се во МО)Кност
да позајмуваат пари со помала камата од другите организации и оние што ќе купат
обврзници се ослободени од плаќање федерални (национални) даноци од добивката
заработена од инвестирањето во обврзници.
Домашни иравила (Нате Rule) се законите што им даваат право на локалните
надлежни власти да ги игнорираат државните или регионалните закони поврзани со


финансирањето услуги. Кај јавните библиотеки во САД, според домашните правила
на градовите, мо)ке да се зголемат даноците за библиотеките и покрај ограничувањата
одредени од државните закони се додека граѓаните во градовите не се известени и
нема да побараат референдум за прашањето што соодветсвува на прогласат.
Една од функциите на финансискиот менаџмент е финансискошо иланирање.
Процесот на планирање ги опфаќа задачата (мисијата), целта, намерата и активнос­
тите за постигнување на задачата. Задачите се принципите што ја водат библиотека­
та во зацврстување на целите и намерите . Дефинирањето на задачата е најзначајниот
стратегиски чекор на библиотеката. Намерата, според Вебстер, е крај на напорот или
дејството. Утврдувањето на ширината на намерите е првиот чекор во процесот на
планирањето. Целта ни покажува кон што е насочен трудот за постигнување на наме­
рата. Целта за разлика од намерата е немерлива . Намерите се мерливи дејства што
треба да се постигнат. Четвртиот елемент од процесот на планирање се активностите
што исто така не се мерливи.


Подготвувањето на финасиските планови е од огромен интерес за библиотеките.
При подготвување на финансиските планови е особено значајно кои функции или
програми се предлагаат да се развијат, кои компоненти ќе бидат вклучени во планот
и кому ќе му биде презентиран планот. Во планот треба да се вклучи: насловот, по­
требните средства (време, пари, луѓе), колку дополнителни средства се потребни,
логичкиот ред на чекорите за извршување на планот, како ќе бидеме сигурни дека
планот ќе биде успешен.
Најважниот дел за функцинирање и непречено извршување на своите работни
задачи во библиотеката се финансискише средсшва и изворите за нивно обезбеду­
вање. Постојат повеќе извори на финансиски средства што грубо се делат на тради­
ционални и алтернативни. Во изворите на финансиски средства се опфатени: даноци;
инвесшиции (иодароци, инвесши~fии во финансиски средсшва); членарина (ирешила­
ша, наилаша за изiубена книiа, илаќање на корисникош за иребарување),· iраншови;
ирофишабилни акшивносши,· собирање финансиски средсшва (иодароци: во основни
средсшва, во финансиски средсшва, книги, мебел,· од иродажба: книги, иродавница за
иодароци, маскенбали, вечери за доброшворни цели)
Од претходно изложеното мо>кеме да утврдиме широк спектар на алтернативни
извори за финансирање на библиотеките. Некои од овие дополнителни форми на
финансирање се прифатени и се применуваат и кај нас, што значи се трудиме на сите
можни начини да обезбедиме средства неопходни за работење. Буџетските средства
се строго наменски определени со тенденциЈа на намалување од година на година,


како резултат на реформските зафати за намалување на јавната потрошувачка .


28




Библиошекарска шеорија и iiракшика Библи~текарство, Волумен 25 (2007), бр. 1


Постигнатите резултати во процесот на работење се изготвуваат како финан­
сиски извешшаи што може да бидат во писмена форма, извештаи со нумерички пода­
тоци и мултимедиски, графички и други алтернативни извештаи. Динамиката на
извештаите може да биде месечна, тримесечна, полугодишна и годишна. Кај финан­
сиските извештаи е од особено значење кој го подготвува и кој го прима извештајот.
Во една библиотека од особено значење е нивото на менаџерска и финансиска
одzоворносш во организациската поставеност, дали одговорноста се менува според
типот на библиотеката и дали одговорноста се менува преку време во самата биб­
лиотека. Најголема улога во менаџерската и финансиската одговорност има оној што
ги евалуира финансиските и менаџерските резултати. Таа улога може да ја има владин
службеник, супервизор во самата библиотека, колега и вработени, јавноста и други.


Литература:


1. Синиша Спасов, Сашо Арсов. Финансиски менаџмент,
Економски факултет, Скопје, 2004


2. www.ifla.org


SUMMARY


Financial management is very important in the libraries and in the information cent1·e. Financia1
management is consist of: planning, management of income and costs, information and estimation
of results. In the libraries there are а lot of traditional and alternative source of financing in diffeгent
countries in the world.


29




Библиотекарство, Волумен 25 (2007), бр. 1 Библиоше1<,арска шеорија и iiра1,шика


УДК 026/027 (497.7) (091)


БИБЛИОТЕКИ НА СВЕШТЕНИ ЛИЦА
ВО ТЕТОВСКО ВО 19 И 20 ВЕК


Владимир Кочоски, виш библиотекар
Национална установа Библиотека "Кочо Рацин"- Тетово


Ако во книгите е собрано сето знаење и сета мудрост на светот, тогаш со право
се вели дека библиотеките се духовни ризници во кои се чува непроценливо богат­
ство. Библиотекарството иако се смета за значаен сегмент на културата и образо­
ванието и е неодминлива тема кога станува збор за културната историја на еден народ
или област, барем досега не го има соодветното место во историската наука. Со
истражување на историјата на библиотекарството се занимаваат само мал број ав­
тори, па оттаму се уште се чувствуваат големи празнини и недоречености . Ова е само
мој скромен обид да фрлам малку светлина врз правот на времето и да потсетам на
малиот број духовници во Тетовско што, освен на верата и на Господ, и се поклону­
вале и на книгата.


Со ширењето на мрежата на печатниците и наглиот пораст на печатените дела
во Европа и особено во последните два века на почвата на Балканот, како и со подо­
брувањето на општествено-економските услови што го поттикнаа и развојот на пис­
меноста, се создадоа поволни услови за зголемување на интересот за книгата и за
појава покрај на црковни и училишни библиотеки, на приватни, односно лични и се­
мејни библиотеки кај повидните граѓани, без оглед на нивната етничка или верска


' припадност.


Тетово во преродбенскиот период е стопански, духовен и културен центар во
северозападна Македонија. Кирил Пејчиновиќ, кој заедно со Јоаким Крчовски и Хаџи
Папа Теодосија Синаитски ја чинат пионерската преродбенска тројка во Македонија,
ќе го посее семето на просветата меѓу своите и ќе ја заора браздата на културата на
просторот под грамадната Шар Планина. Тој ќе ги создаде и првите книги со световна
содржина, а ќе ги собира старите книги и ракописи и ќе ги удри темелите на биб­
лиотекарството врз кои се гради традиција што трае и денес. Неговиот пример ќе го
следат многу видни тетовци.
Реално е да се претпостави дека библиотекарството во Македонија се развива­
ло напоредно со развојот на писмото и писменоста. Тоа особено голем подем има во
средновековието. Со составувањето на првата словенска азбука од браќата солунчани
Кирил и Методиј, кои се сметаат за втемелувачи на културата и писменоста кај сло­
венските народи, а особено со културно-просветната работа на нивните најпознати
ученици Климент и Наум, кои глаголското писмо го упростија и ја создадоа новата
азбука што ја нарекоа кирилица, почнува и ерата на голем подем на библиотекарството
во Македонија. Во Климентовиот охридски универзитет писменоста ја совладаа го­
лем број ученици, кои препишувајќи ги црковните книги потребни за вршење на
богослужбата и за разни други црковни обреди (крштевки, венчавања, погреби, ос­
ветување и слично) го создадоа и првиот книжен фонд во Македонија.


30 · .




Библиошекарска шеорија и iiракшика Библиотекарство, Волумен 25 (2007), бр. 1
., , . . .... .. ;, .., . ,( '


.


Втората половина на 18 век и првите децении од 19 век, како одраз на новите
идеи и реформи во Европа, отвораат нова ера во духовниот развој и на просторот на
Македонија, иако тоа тогаш е културно заостаната средина во која мачно се разбиваат
вековните традиции. Па, сепак, имало и такви луѓе што знаеле правилно да ја оценат
вредноста на новото што доаѓало од Европа. Еден од нив бил и познатиот преродбе­
ник, писател, творец на првите стихови во поновата македонска книжевност, преведу­


вач и библиотекар, јеромонахот Кирил Пејчиновиќ -Тетоец од Лешочкиот манастир.
Отец Кирил Пејчиновиќ - Тетоец е централната фигура во првата половина на


19 век. Тој е писател , преведувач и, како голем љубител на книгата, библиотекар. Ги
пишува книгите Оzледало печатена во Будим (1816), Ушјешение zрешни.м (1840) ти­
пографисана во обновената печатницата на Хаџи Папа Теодосија Синаитски во Со­
лун (1840), Жишиешо на Кнез Лазар, која останала во ракопис, а со стихуваниот Еии­
шаф (1835) што за време на животот самиот го издлабил на надгробната плоча, стана
и првиот стихотворец во поновата македонска книжевност.
Отец Кирил Пејчиновиќ со право се смета за еден од основополо>книците на
библиотекарството во поновата културна историја на Македонија. Времето на не­
говиот претстоЈ во скопските манастири и речиси трите децении поминати во


Лешочкиот манастир е исполнето со неуморна кни>кевно-просветителска работа, но
и со неуморно собирање и заштита на книги и ракописи и нивно згрижување. Се
прераскажува дека Пејчиновиќ книгите од неговата библиотека ги др>кел заклучени
далеку од очите на неупатените и злонамерните. Тоа не упатува на заклучок дека биб­
лиотеката ТОЈ Ја чувствувал како лична.
Калуѓерот Пејчиновиќ, игумен на Лешочкиот манастир, уште пред доаѓањето
во Лешок во 1818 година, додека престојувал во скопскиот Марков манастир, здушно
се занимавал и со собирање стари книги и ракописи од манастирите во Скопско, а
потоа и во Тетовско. Со книгите што ќе ги донесе од светогорскиот манастир Хилан­
дар и што ќе ги собере низ Македонија, во Лешок ќе ја оформи мо>кеби најбогатата
библиотека на овие простори. Освен тоа набрзо по доаѓањето во Лешок, дедо Кирил
1824 година ќе отвори и црковно училиште во кое писменоста ќе ја изучуваат повеќе
духовници, од кои некои се мошне талентирани и се истакнуваат во препишувањето
на разните книги, со што се збоzашува фондот на библиотеката.
Во Лешочкиот манастир Кирил Пејчиновиќ ја имал најбогатата библиотека
со книги и стари ракописи, од која, за жал, речиси ништо не останало благодарение на
активноста на мноштвото таканаречени "истра>кувачи" и походите на разни војски.
Така, во музејот на Српската православна црква во Белград се чува Цвешен шриод,
кој бил пишуван во 1514 година од монахот Нифон и содр>ки 104 листа. Од лешочката
библиотека во Белградскиот црковен музеј е однесен и таканаречениот Кучевишки
.минеј од 1622 година. Во Српската патријаршиска библиотека од Лешочкиот манас­
тир е однесен и еден П салшир од 16-от век со 263 листа. Во 19 век во Лешок бил напишан
и Зборник на македонски народен јазик кој денес се чува во споменатата патријаршиска
библиотека.
Во народната библиотека во Софија се чува ракописна Чешвороеванzелие, кое
во 1342 година го пишувал Алекса Граматик. Ракописот е на пергамент и има 285
листа. Од Кириловата библиотека потекнува и Лешочкиош ио.меник од 19 век, во кој


31




Библиотекарство, Волумен 25 (2007), бр. 1
. . ,,. . . ' ,. .. . ... ~ ' ' '


Библиошекарска шеорија и иракшика


што се споменува и 1845 како година на смртга на Кирил Пејчиновиќ. Тој е во народ­
ната библиотека во Софија. Уште многу други вредни книги и ракописи се однесени
од Кириловата лешочка библиотека и денес се богатство со кое се гордеат многу
институции во светот.


По смртта на Кирил Пејчиновиќ во 1845 година, неговата книжевно-просвети­
телска дејност ја преземаат неговите најблиски соработници . Тоа се: јеромонахот
Арсение Марковиќ и неговиот помлад брат Кузман, кои биле во сродство со Кирил
по мајка, поп Станче од Јелошник и јеромонахот Рувим со потекло од Шумадија, а
познати се уште неколку свештени лица што имале создадено свои библиотеки со
книги со религиозна содржина.


Арсение Марковиќ, кој своето образование го добил во Лешочкиот манастир,
бил најучен меѓу нив и врз него паднал товарот да го продолжи делото на Кирила. Во
неговата понатамошна работа, а и во одржувањето и комплетирањето на библиотека­
та, силно се чувствува влијанието на неговиот постар роднина. Така, како што пишува
Мирко Павловиќ во "Глас југа" од 26 март 1941 година, на еден Окшоих од 1765 годи­
на, кој тогаш се наоѓал во црквата во Теарце било запишано:
"Сеи окшоих мне Арсение јеромонаха дечанца, куиих zy zроша 16 1845, кои ќе 2у
ирочиша да рече Бог да би го иросшил заре у гроб ~?рвише zu zосшил. Арсение јеро­
монах свешаzо дечана из шешова родам".
Јеромонахот Арсение е автор на "Седмоzрехникош" што го открил позна­
тиот славист Афанасиј Матвеевич Селишчев во 1914 година. Седмо2рехникои1, Арсе­
ние го пишувал во 1843 година откако претходно го допишал )Китието на Григориј
Омиритски. Секако ну)кни се дополнителни опсежни истра)кувања за да се утврди
изворот за ова дело . Што се однесува до прашањето за јазикот на кој е напишан текс­
тот, поседува многу елементи на живиот народен говор", констатирал и Селишчев во
своето дело "Полоz и его болzарское население". И навистина бројот на црковносло­
венските елементи е намален, нема многу србизми како во јазикот на Пејчиновиќ,
ниту буrаризми како во јазикот на Крчовски. Од оваа гледна точка јазикот на Арсе­
ние е почист од јазикот на неговите современици Пејчиновиќ и Крчовски.
Не е познато дали и Арсенија ќе се ангажира како и отец Кирил околу откривање
и прибирање нови книги и ракописи, но познато е дека до крајот на животот сесрдно
ќе се грИ)КИ за Кириловата библиотека. Тој ќе биде и познат како добар )Кивописец, а
на една од кориците на старите книги ќе го наслика и ликот на Кирила. Тој ќе биде
весел по природа, а самиот себеси се наречувал "будалетината теаречка" . Ќе умре
пред крајот на 19 век тивко, како и што )Кивеел.
Напоредно со теаречките просветители, во своето родно село Ј елошник дејству­
ва поп Стојче. Тој бил мошне имотен, а располагал со голем број книги што често ги
продавал на одделни лица за цркви кои имале недостиг од нив, а тој набавувал нови.
Една од неговите книги - Еванzелие, која како што пишува Мирко Павловиќ во споме­
натиот текст, се чувала исто така во теаречката црква "Св. Никола", а ја откупил
некој си Груно од Теарце "за здравие за челаш и за душа и за шело од иоиа Сшоичеша
ош Јелошник за у црква 1823 год.


32




Библиотекарска шеорија и иракшика Библиотекарство, Волуl_\\'lеН 25 (2007), бр. 1
• • • .... ј ;~;.::_ ~ -~ f •• ':-:-::~·. ~1. - ~ • ·~ ~ (~:-.


Еден од свештениците кои живееле во 19 век, а имале богата библиотека, бил и
поп Трпко Кировски од Варвара, кој е погребан зад старата црква "Св. Богородица" во
дворот на Лешочкиот манастир. Според зборовите на Мирослав Кировски, правнук
на поп Трпко Кировски, татко му Косто Кировски, му кажувал дека во старата куќа
во Варвара имало стари книги, кои по смртта на поп Трпко ги користеле за потпалу­
вање на оган.


Лешок и Лешочкиот манастир биле културно и образовно средиште во Полог,
чие влијание продолжува да се чувствува и во првата половина од 20 век. Продолжувачи
на Кириловото дело биле и поп Спиро Онуфриевски и неговиот син поп Ѓиго Ону­
фриевски, кои имале завиден фонд книги со религиозна содржина. Сепак, најмногу
книги ќе има Трпко Онуфриевски, син на популарниот поп Спиро. Трпко Онуфриев­
ски родум од Лешок, богословско-учителско училиште завршил во Призрен.
Службувал во повеќе тетовски села и во Лесковац (Србија). Умрел на 37 годишна
возраст. Неговата смрт познатиот тетовски новинар Боро Ј осифовски ќе ја одбележи
во весникот "Вардар" . Трпко ќе оформи богата лична библиотека со богослужбени
книги и книги со световна содржина на српски и на руски јазик. По неговата смрт
книгите ќе ги поделат татко му и стрико му. Во педесеттите години од минатиот век
при варење ракија нивните книги мувлосани ќе бидат извадени од подрумските прос­
тории и ќе бидат изгорени. Останати се само три-четири книги меѓу кои едно Молииt­
вословие и еден Требник.
Свештеникот Кирил Кочоски (1915-1982) ќе располага со библиотека немногу­
бројна со книги, но затоа во неа имал мошне вредни книги и ракописи . Тој ќе поседува
еден редок ракописен препис на Пејчиновиќевото "Огледало", кое пред Втората свет­
ска војна ќе му го подари на својот другар Мирко Павловски. Мирко Павловски во
шеесеттите години од минатиот век ќе предава Методика по литература на Филозоф­
скиот факултет во Скопје. Во личната библиотека на Ќирко Кочоски, кој во повоз­
расни години ќе биде запопен од првиот митрополит на возобновената Македонска
православна црква г. г. Доситеј и ќе го земе името Кирил, ќе има книги со црковно­
верска содржина печатени во средината на 19 век и подоцна во Киев, Солун, Софија,
Будим, Белград и други места. За жал, по неговата смрт во 1982 година неговата со­
пруга ќе ги даде на еден негов другар книгите да ги однесе во црквата "Св. Кирил и
Методиј" во Тетово. Напорите да најдам некој постар примерок од неговата библиотека
останаа без разултат.


33




Хроника
1.. ')


УДК 004.6 (062)


Конференција COBISS 2007


"COBISS - ПОДДРШКА НА ИНТЕРКУЛГУРНИОТ
ДИЈАЛОГ"


Силвана Ј акимова
Библиотека"Браќа Миладиновци" - Скопје


На 28 и 29 ноември во Марибор се одржа шеснаесеттата конференција COBISS,
на која зедоа учество голем број библиотекари и информатичари од државите на
југоисточна Европа, а посебно од државите на Западен Балкан.
Во Марибор како културен, универзитетски, современ туристички центар, смес­
тен во подножјето на Похорје, дејствува Институтот за информациски науки - IZUМ,
кој и оваа година се покажа како одличен домаќин. Конгресниот центар во хотелот
"Хабакук", каде што бевме сместени, оваа година беше речиси претесен за повеќе од
400 присутни гости на конференцијата, само од Македонија имаше 45 библиотекари
од сите градови.
Конференцијата отворена на 28 ноември од г. Томаж Сељак оваа година беше
насловена како "COBISS - Поддр~ика на иншеркулшурниош дијало2". Овогодишната
тема на конференцијата се надоврзува на одлуката на Европската комисија да ја про­
гласи 2008 година за "Евроиска 2одина на иншеркулшурен дијало2", а IZUM веќе две
децении систематски го гради и го овозможува поврзувањето на библиотеките од ре­
гионот со користење на современа информациска и комуникациска технологија. Повр­
зувањето на библиотечни системи од регионот со големи културни разноликости и
почитувањето на истите даде за право на оваа конференција да се проговори за мул­
тикултурниот диЈалог.
Целта на конференцијата и на предавачите беше да се претстават настојувања­
та во изградбата на интеркултурниот дијалог во различни средини. Меѓу другото и да
се разоткрие интеркултурната широчина на COBISS и неговата примена во делот на
Европа во кој без интеркултурен дијалог не е можна егзистенција.
Вториот ден (29 ноември) на конференцијата се одр)каа четири тркалезни маси,
на кои корисниците на системот COBISS разговараа на неколку теми:


Тркалезна маса А:
Преземање на библиографски записи од различни културни средини


- Тркалезна маса Б:
Уважување на културните разлики на корисниците на библиотеките


- Тркалезна маса Ц:
Придонес на библиотеките за европскиот идентитет


- Тркалезна маса Д:
"Малцинските" библиотеки и збирките на странски јазици во функција
на интеркултурниот диЈалог




Хроника
~
Библиотекарство, Волумен 25 (2007), бр. 1


;'~ . , - ., ...


"''


На четирите тркалезни маси претставници од нашата држава беа Павлина Ми­
тревска - Ѓуровска, Науме Ѓорѓиевски, Миодраг Дадасовиќ и директорот на Нацио­
налната библиотека во Скопје - Миле Бошески. Дискутантите во своите реферати се
осврнаа на различни аспекти на интеркултурноста во библиотеките. Значајно за нас
беше обраќањето на г. Миле Бошески, кое беше на македонски јазик со иницијатива
од следната година нашите излагачи да се обраќаат на мајчиниот јазик. Беше побара­
но од домаќините во иднина, на следните конференции, да има симултан превод и на
македонски Јазик.
Конференцијата беше завршена со панел на кој беше изнесена посебна програ­
ма за студии по информациски науки - библиотекарство на 2. болоњски степен - маги­
стер, врз основа на спогодбата потпишана помеѓу IZUМ и универзитетите во Задар,
Скопје, Љубљана и Приштина.
Оваа спогодба беше потпишана на 19.06.2007 година, се со цел да се надминат
проблемите што се јавуваат поради недостаток на стручен кадар во државите во кои
не постојат студии по библиотекарство, во кои за жал спаѓа и нашата држава.
Конкурсот е распишан за упис на 50 студенти од Македонија, Босна и Херцего­
вина, Црна Гора и Косово.
Услов е кандидатите да се вработени во библиотека или сродна установа и це­
локупните трошоци за школувањето ќе бидат финансирани од IZUМ.
Оваа година беа одбележани и дваесет години од воведувањето на библиограф­
скиот онлајн систем COBISS и беа доделени 23 признанија на поединци надвор од IZUМ,
кои дале значаен придонес за развојот на овој библиотечно-информациски систем.
Признание за повеќегодишната соработка од Македонија доби Жаклина Ѓалевска од
НУБ "Св. Климент Охридски" - Скопје.


35




Библиотекарство, Волумен 25 (2007), бр. 1
,, , "'V.: •• - , • . ~ w • • - • • • .., ~ • ___...,,,_=-,-.·•е
Хроиика


УДК 9·29:023.4 {497.7)


INMEMORIAM


КОСТАДИН РОМАНОВ


На 19 јануари 2008 година во Кочани на 59-годишна возраст ненадејно почина
I(остадин Романов, вработен во библиотеката "Искра" од Кочани.
Романов е роден во Кочани, каде што завршува основно и средно образование.
Во 1974 година дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје, отсек педагогија и
психологија. Од 1978 година работи како управник на детското одморалиште "Пони­
ква", а од 1988 година се вработува во библиотеката "Искра" во l(очани, каде што во
два мандата е нејзин директор и се стекнува со звањето виш библиотекар. Како голем
библиофил, беше во постојано истра)кување и потрага по нови сознанија од уметнос~
та и историЈата.


Костадин Романов беше активен и сесрдно се залагаше за развој и унапредување
на библиотекарството во Македонија. Беше долгогодишен член на Библиотекарско­
то друштво на Македонија и член на неговиот Извршен одбор, како и член на Претсе­
дателството на Заедницата на библиотеките на Македонија.
Романов е активен учесник во културниот )Кивот во својот град. Се јавува како
организатор и промотор на голем број настани и дела. Автор е на книгата ":Кочани во
себе те носиме" (2002), а зад себе остави необјавени повеќе ракописи подготвени за
печат, меѓу кои се наоѓа и трудот "Библиотекарството во Македонија".
За својата работа на полето на културата, добитник е на Златна плакета на
општина Кочани .


. 36