Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Почишувани, Најљубезно сакам да ве информирам...

Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


Почишувани,


Најљубезно сакам да ве информирам дека Извршниот одбор на Биб­
лиотекарското друштво на Македонија реши списанието "Библиотекарство"
и во наредниот период да го задржи досегашниот технички изглед и дизаЈН.


Извршниот одбор на Библиотекарското друштво на Македонија и
покрај финансиските тешкотии, ќе направи сериозни напори со цел нашето
списание да продолжи континуирано да излегува од печат и да Ја остварува


својата незаменлива едукативна функција на библиотечниот кадар во Ре­
публика Македонија.


Редакцискиот одбор на списанието "Библиотекарство" содржинската
и тематската поделба ја подготви врз основа на анализата на содржината на
пристигнатиот материЈал.


Редакцискиот одбор на списанието "Библиотекарство" најљубезно ги
повикува сите заинтересирани автори од оваа област на плодна и активна
соработка.


Од Редакцијаша


3




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


СОДРЖИНА


Национален библиотечно-информациски систем Cobiss.mk
(Почетоци, развој и тековни активности) ............................................................................. 5


Дигитални библиотеки - современи тенденции и перспективи ..................................... 10


Подготовки за формирање на државниот архив на Република Македонија .............. 13


Формирање нормативни (Контролни) и референтни единици ...................................... 23


Видови библиографии и нивно користење ......................................................................... 25


Популаризацијата на библиотечниот материјал - важен услов
за успешно работење на библиотеките ............................................................................... 27


Спонзорствата и библиотеките ............................................................................................ 30


Од идеја до реализација .......................................................................................................... 33


За приватните библиотеки во Битола ................................................................................. 33


Книга-бележник на книжното богатство во Битола ....................................................... 35


Лични и семејни библиотеки на видни граѓани од турска и албанска
етничка припадност во Тетово во 19-от и првата половина од 20-от век .................... 37


Обука на библиотекарите за работа во мрежното опкружување ................................ 40


Библиотека - нова парадигма ................................................................................................ 43


Иницијатива за јавна дебата и за донесување национална предлог-стратегија за
развојот на народните библиотеки во Република Македонија ...................................... 48


Струмица и Струмичко во архивските фондови на Народната библиотека
"Св. Св. Кирил и Методиј" - Софија ..................................................................................... 51


Библиотеките како паметници и живи институции на културата ................................ 55


Рецензија .................................................................................................................................... 58


Градска библиотека "Браќа Миладиновци" - Скопје - шеесет и две години
постоење и растеж ................................................................................................................... 60


Меѓународна конференција на библиотекарите во Вроцлав - Полска ........................ 63


За Тоше ....................................................................................................................................... 65


4




Библиошекарска шеорија и практика Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


НАЦИОНАЛЕН БИБЛИОТЕЧНО-ИНФОРМАЦИСКИ
СИСТЕМ COBISS.MK
(Почетоци, развој и тековни активности)


Блаrој Николов, библиотекар советник
Жаклина Ѓалевска, виш библиотекар


Зачетоците за изградба на библиотечно-информациски систем, во кој библиоте­
ките би се поврзале во единствена библиотечна мрежа, датираат од крајот на осум­
десетите години на минатиот век. Поточно, со проектот "Систем на научно-техно­
лошките информации на Југославија" (СНТИЈ) се формира компјутерска мрежа со
која требаше да се рационализира библиотечното работење, градењето заемни ило­
кални библиографски бази на податоци и нивно пребарување на ниво на тогашна Југо­
славија. Во овој проект се вклучија и неколку институции од Македонија:


- Народната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" - Скопје;
- Матичната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" - Битола;
- Природно-математичкиот факултет - Скопје;
- Кинотеката на Македонија - Скопје.
Но само по неколку години, со распаѓањето на Југославија, престана да функцио­
нира тукушто формираната библиотечна мрежа. Библиотеките што беа вклучени во
оваа мрежа продолжија да работат, но само на локално ниво.
Република Словенија, поточно Институтот за информациски науки во Марибор,
го ревитализира овој софтвер со неопходното осовремување и го создаде коопера­
тивниот online библиографски систем и сервиси COBISS.
Македонија согледувајќи ја потребата од посовремен софтвер за обработка на
библиотечниот материјал, во 1996 година, системот COBISS го имплементира во чети­
рите институции што и претходно беа вклучени во проектот SNТIJ.


Платформа COBISS


- COBISS (кооперативен online библиографски систем и сервиси) од една страна
претставува организациски модел за поврзување на библиотеките и библиотечно­
информацискиот систем, а од друга страна програмска опрема за автоматизација на
библиотечното работење;


- Библиотеките од Македонија, кои од 1989-1991 година учествуваа во проектот
ВМ SNTU, го користеа системот COBISS и заедно со другите библиотеки учествуваа
во поставувањето на програмските барања поради што овој систем и сега задоволува
низа специфични потреби на библиотеките од Македонија. Од 1996 година во систе­
мот COBISS се вклучуваат Народната и универзитетска библиотека "Св. Климент
Охридски" - Скопје и Матичната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охрид­
ски" - Битола, за подоцна да се вклучат и библиотеките на Природно-математичкиот
факултет, Кинотеката на Македонија;


-Во ппериодот од 1992 година па до денес COBISS систематски се развива со дода­
вања нови и со усогласување на постојните функции со измените и дополнувањата во
форматот UNIMARC, како и со каталошките правила, кои во меѓувреме ги предлага
или IFLA или ALA;


5




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


- COBISS содржи модул за заемна каталогизација, како и сите модули за локално
библиотечно работење во проектното барање;


-Во COBISS/OPAC е вклучен единствениот кориснички интерфејс за пристап до
базите на податоци во системот COBISS;


- COBISS е развиен врз основа на каталошките правила опишани во публикаци­
јата "Правилник и приружник за израду абецедних каталога" од Ева Верона, кој во
Македонија и ден-денес се користи како каталошки правилник;


-Во COBISS се вградени делови од УДК, како и принципот за креирање предмет­
ни определници, кои одговараат на каталошката практика во Македонија;


- Јазикот на корисничкиот интерфејс е македонски, а исто така и сите програм­
ски барања за помош (help file) и шифрарниците се на македонски јазик;


- COBISS во овој момент обезбедува печатени исписи на латиница и на кирилица,
како и сортирање на податоците по абецеда и по азбука;


- COBISS обезбедува одржување и испие на персонални библиографии на научните
работници;


- Освен централните, постојат и локални шифрарници и исписи, кои може да се
одржуваат локално, и со тоа се обезбедува зачувување на локалните специфичности;


- COBISS има богата корисничка документација, која се дополнува и се менува
сообразно со дополнувањата на програмската поддршка;


- IZUM има изработено програма за задолжителна едукација на своите корисни­
ци, која се применува и во Македонија;
-Со изборот на системот COBISS им овозможува на сите членки учество во заед­
ничките регионални програми;


Во периодот од 1996 година до 2001 година библиотеките вклучени во системот
COBISS работат само на локално ниво.
По период од 5 години, во декември 2001, кон системот COBISS се приклучува и
Македонската академија на науките и уметностите од Скопје. Истата година заради
потребата од квалитетна, брза и координирана обработка на библиотечниот матери­
јал, библиотеките што се вклучени во корисничкиот систем COBISS се договорија со
креаторот на овој систем, IZUM за инсталирње заемна библиографска база СОВIВ.МК,
за таа да се активира во декември 2001 година.
Заемната online каталогизација е заснована врз кооперативно собирање и дистри­
буирана обработка на податоци што овозможува рационална поделба на работата и
заштеда при покомплексната постапка на обработка на библиотечната граѓа. Секоја
единица е доволно само еднаш да се обработи, по што записот е достапен online за
сите учесници во системот преку заемната (кооперативната) база на податоци COBIB.
За заемната каталогизација е карактеристична тесната поврзаност на локалните бази
на податоци на одделните библиотеки со заемната база на податоци.
Заемната библиографска база во тој момент има 248077 библиографски записи,
од кои 192634 припаѓаат на локалната база на НУБ "Св. Климент Охридски" - Скопје,
50421 на МУБ "Св. Климент Охридски" - Битола и 4992 на Природно-математичкиот
факултет - Скопје.
Во 2003 година МУБ "Св. Климет Охридски" - Битола го вклучува и другиот
сегмент од системот COBISS, СОВIЅЅ/Зајмување, со што во оваа библиотека се заокру­
жува првиот дел од автоматизираното библиотечно работење.
Програмскиот сегмент СОВIЅЅ2/Зајмување ја поддржува автоматизацијата на
една од најважните локални функции на библиотеката - зајмувањето на граѓата на


6




Библиошекарска шеорија и практика Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


членовите на библиотеката. Вклучува избор на бројни параметри што ги определу­
ваат правилата на заЈмувањето, што овозможува користење на системот во сите ви­
дови библиотеки. Библиотекарите можат сами да променат поголем број од пара­
метрите.
Кон средината на 2004 година, Министерството за култура при Владата на Репуб­
лика Македонија, во својата Програма за финансирање на библиотекарството рас­
пишува конкурс за доставување проекти за автоматизација на јавните библиотеки од
Република Македонија за 2005 година.
Значаен момент за развојот на автоматизирањето на библиотеките од Републи­
ка Македонија е потпишувањето на договорот за формирање на COBISS Центар на
ВБМ со седиште во НУБ од IZUM, НУБ и Министерството за култура, кон крајот на
2004 година, со што системот COBISS од Република Македонија се презема како нацио­
нален библиотечно-информациски систем.
Библиотеките вклучени во националниот библиотечно-информациски систем
добија статус и тоа:


- Националната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" - Скопје
има статус на национална членка и активно учествува во системот на заемна катало­
гизација и извршува посебни задачи, како на пр.: изготвување ЦИП-записи, каталоги­
зација на националната продукција, образование на библиотекарите, проверка на ос­
пособеноста на креаторите на записите (каталогизаторите) итн.


- Сите други библиотеки Gавни, универзитетски, високошколски и специјали­
зирани) имаат статус на полноправни членки и активно учествуваат во системот на
заемна каталогизација и можат да креираат записи во заемната база врз основа на
претходно добиена соодветна лиценца. Се додека каталогизаторите не поседуваат
соодветна лиценца, не можат да креираат записи во заемната база на податоци, но
можат од неа да преземаат записи и да ги зачувуваат во своите локални бази на пода­
тоци.
За оваа цел Центарот на ВБМ во соработка со IZUM изготвуваат Програма за
одржување курсеви за перманентно оспособување на библиотечниот кадар, со кои
библиотечните работници се стекнуваат со потребните лиценци за работа во систе­
мот COBISS.MK.
Со цел за што поконкретно и во секој случај постручна разгледување на праша­
њата за развојот и дејствувањето на националниот библиотечно-информациски систем
на платформата COBISS, во 2005 година се формираат тела на членките на COBISS и
тоа: Национален совет и стручен совет што го сочинуваат претставници од основачите
на националниот библиотечно-информациски систем и Совет на членки, во кого члену­
ваат преставници од полноправните членки во системот COBISS.MK Но овој Совет се
уште не е формиран зашто според прописите за основање на ова тело овие членки во
заемната база COBIB.MK придонесуваат со сопствени креирани записи и тоа најмалку
1 ООО записи на годишно ниво.
Исто така во 2005 година по изготвените проекти, во системот COBISS се
вклучуваат уште 15 јавни библиотеки и една високошколска.
Кон крајот на 2005 година стартува функционалноста на мрежата COBISS.Net,
која ги поврзува меѓусебно автономните (национални) кооперативни библиографски
системи COBISS на различните држави. Програмската подршка COBISS технички го
овозможува слободниот проток на библиографски записи што се создаваат во автоном­
ните библиотечно-информациски системи на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Маке­
донија, Словенија и Србија.


7




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


Во 2006 година се приклучуваат кон системот COBISS.MK уште две високо­
школски библиотеки, а во три библиотеки е започната фазата, односно инсталиран е
сегментот СОВIЅЅ/Зајмување во тестна околина.
До крајот на 2007 година во системот COBISS.MK ќе се приклучат уште 6 јавни
библиотеки и 20 високошколски/универзитетски библиотеки.
Треба да се напомене дека заемната база COBIB.MK имаше 248077 библиограф­
ски записи при формирањето, а денес, односно заклучно со 19. 06. 2007, година има
375535 записи.
Нецелосно би било ова наше излагање ако не го споменеме сегментот COBISS/
ОРАС. COBISS/OPAC претставува мрежна апликација што на библиотекарите и на крај­
ните корисници им овозможува online пристап до библиографско-каталошките бази
на податоци во системот COBISS односно СОВIВ и локалните бази на податоци на
библиотеките. Од трите кориснички интерфејси на програмската поддршка COBISS/
ОРАС (telnet, Windows и мрежен) понатаму се развива само Wеb-интерфејс за повеќе
јазични подрачја, домашен (словенечки, македонски, српски или босански) и англис­
ки јазик.
Постапките за пребарување се приспособени на различни степени на знаење на
корисникот ( основен, изборен и наредбен начин на пребарување).
Ако библиотеката има автоматизирано зајмување на граѓата со програмската
поддршка COBISS, со COBISS/OPAC се обезбедува online информација за достапноста
на секој одделен примерок (дали е граѓата слободна или зајмена, рок на враќање).
Корисниците, исто така, можат да видат која граѓа ја зајмиле, можат да го продолжат
рокот за зајмување, да резервираат граѓа, да нарачаат граѓа во рамките на меѓубиблио­
течното зајмување, да ја видат тековната состојба на долгот и побарувањата, како и
да нарачаат услуги за електронско известување.
Во почетокот на 2006 година почна подготовката на базата на научни работници
и научноистражувачки институции E-CRIS.MК. Графичката околина беше преведена
на македонски јазик и беше подготвена иницијална база за научните работници од
податоците што се содржеа во MAREBA. Во мај 2006 година беше инсталирано тестно
опкружување на E-CRIS.MK со податоци за 1245 научни работници и 30 институции.
Базата се пополнува тековно ија води Рефералниот центар од НУБ. Од неа се генери­
раат шифрарниците што се користат во COBISS и се ажурираат еднаш месечно.
Министерството за образование и наука со потпишувањето на писмото за намери
од 2007 година за вклучување на факултетите во системот COBISS.MK ги поддржува
имплементацијата и развојот и на оваа база на податоци.
На крајот би заклучиле дека заклучно со 2007 година националниот библиотечно­
информацискиот систем COBISS.MK ќе го сочинуваат 49 јавни високошколски/универ­
зитетски библиотеки.


8




Библиошекарска шеорија и практика Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


Ќе се обидеме накратко да ве информираме за новата верзија на
www. ОРАС Ver. 5.0


.


$


8E:z818811'1::Dt


1


] 4
,;


Содржи: поделба на базите, приказ на бројот на записи во хостот под врската до
него, функционирањето на картата на Македонија и бројот на полноправни членки.
(Со кликање на бројот на библиотеки се оди на списокот на сите врски до биб­
лиотеките. Со внесување на акронимот (на пр. UBBIT) или сиглата (на пр. 40001) на
библиотеката во прозорчето се влегува директно во базата на таа библиотека. Со
клик на мапата се отвора поголема мапа со градовите во кои се наоѓаат членките.
Ако се кликне на градот, се отвора нова страница со врски до членките во системот
од тој град).


9




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


ДИГИТАЛНИ БИБЛИОТЕКИ-СОВРЕМЕНИ
ТЕНДЕНЦИИ И ПЕРСПЕКТИВИ


д-р Сузана Котовчевска


Со проширувањето на електронските информации и комуникации, а посебно на
мрежните информации, се создадоа и неопходните услови за појавата на дигиталните
библиотеки. Терминот "дигитална библиотека" не смее да асоцира само едноставен
оддалечен пристап до библиотечниот онлајн-каталог, туку и на оддалечениот при­
стап до самите колекции. Дигитализацијата на списанијата, книгите, визуелната граѓа
и архивските збирки ги прават овие извори потенцијално достапни до сите корисници
во светот, каде и да се наоѓаат.
Мрежните подобрувања го променија и начинот на комуницирање, што за после­
дица ќе има и значајни промени во традиционалните библиотечни структури со цел
да се овозможи подобро организирање на информациите и пристапот до нив. Тоа што
го карактеризира опкружувањето во кое библиотекарите сега работат подразбира
подобар пристап до информациите, поголема брзина во прибирањето информации,
покомплексно лоцирање, анализирање и поврзување на информациите, перманентни
промени во технологијата, недостаток од стандардизација на хардверот и софтверот,
перманентна обука на корисниците вработени во библиотеките, како и значајни вло­
жувања во технологијата. 1
Без сомнение станува збор за ново, глобално, библиотечно опкружување во кое
библиотекарите се уште се борат да го пронајдат сопственото "место под сонцето",
додека овие процеси во Република Македонија допрва почнуваат.
Искуствата од досегашната реализација и функционирање на дигиталните биб­
лиотеки, како и истражувањето на ОВОЈ план, се првенствено насочени кон автомати­
зацијата на некои активности на библиотекарите: првенствено автоматско индекси­
рање и класификација на информациските ресурси или користење на експертниот
систем како систем за реферална дејност во библиотеката. Значи, во овој контекст
станува збор за модификација и за подобрување на функциите со кои се надминуваат
сите досегашни ограничувања во сферата на библиотечното работење. Дигиталните
библиотеки исто така бараат редефинирање на библиотечните сервиси, ново групи-


. .


рање на сервисите или замена на постоЈните со сосема нови решениЈа.


Новата функција на библиотеките е подеднакво информациска, документацис­
ка и комуникациска, додека новите работи и задачи освен каталогизирањето претста­
вуваат различни нивоа на индексирање и апстрахирање на ресурсите, пребарување и
достапност на информациите, селективна дисеминација на информациите според но­
вите профили на корисници, нова организација на контактните точки на комуника­
цискиот синџир, координативност, кооперација и користење на компјутерските бази
на библиографски податоци.
Дигиталните библиотеки имаат огромен број вредности и предности поради мож­
носта електронските извори на информации да им бидат на располагање на поголем
број луѓе во исто време, без разлика на која оддалеченост се наоѓаат и без разлика
дали некоја книга е украдена или и е променето "старото" место во библиотеката.


1 Види поопширно: Greth, S.D. (1996). the Electronic Library: Slouching Toward the Future or Creating а
New Information Enuironment. -Follett Lecturw Series. Достапно преку веб адреса: http://www.ukol.ac.uk/
seruices/papers/follett/creth/paper.html


10




Библиошекарска шеорија и практика Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


Многу списанија, книги од природните, општествените и хуманистичките науки
сега се издаваат и во електронска и во печатена верзија. Електронските форма ти имаат
многу предности што опфаќаат оддалечен пристап и пребарување според клучни збо­
рови, но сепак неопходно е да потенцираме дека и печатениот облик има свои пред­
ности што и понатаму ќе егзистираат. Според поголем број експерти, ако сакате да
прелистате определена книга со цел брзо да стекнете увид во нејзината содржина,
комбинацијата на "окото, палецот и печатените страници" ја однесува победата над
кој било електронски формат.
Втора значајна услуга на дигиталните библиотеки претставува дигитализација­
та на единствената и ретка граѓа со непроценлива вредност. Денес во дигиталните
библиотеки можете да ги најдете дигитализираните слики како што се Гутенбергова­
та библија, колекциите на најзначајните ракописи, како и слики од сите видови.
Практичната предност и придобивка од овие можности се огромни - со обезбедувањето
на расположливоста на овие вредни материЈали на мрежата оригиналите се штитат
од непотребното "разјадување" и кинење.
Исто така, на веб-страниците се овозможува во сајберспејсот да се соберат срод­
ни материјали што во реалниот свет се лоцирани на одвоени места. Вредноста на до­
кументите добива значење и се мултиплицира само тогаш кога може да се проучува
во однос на другите документи. Библиотекарите во дигиталното опкружување имаат
извонредна можност да ги конектираат, односно да ги споЈат корисниците и колек­
циите заедно на начин што никогаш порано во историјата не бил можен. Проектите


. .


на дигитализациЈата често се кооперативни, со тоа што вклучуваат материЈали од
повеќе конекции. Во дигиталното опкружување статусот на библиотеката ги одра­
зува услугите што тие им ги нудат на корисниците, кои можеби никогаш лично не ја
посетиле библиотеката. Многу од овие услуги може да бидат комплементарни и син­
хронизирани и да се спроведуваат во соработка со другите библиотеки. Визијата и
потребата за воспоставување нови кооперативни односи ќе бидат еден од императи­
вите за успешно функционирање на библиотеките во новото време како адекватен
одговор на сите современи и актуелни предизвици. Несомнено, дигиталниот свет ни
нуди огромна можност и ни дава моќ да постигнеме многу од тоа што никогаш не би
го постигнале секој сам за себе.
Темелите на професијата и вештината на библиотекарите, како и нивната улога,
најверојатно ќе обезбедат библиотекарството да преживее и во следниот период. Глав­
ните вештини што традиционално се однесуваат на информатичарите, како што се
користењето на информациите, обучувањето, проценката и грижата за корисниците,
уште долго ќе бидат актуелни и значајни.
Вредностите што претставуваат темел на библиотечната струка, како што се:
вредностите на нудењето услуги, квалитет, сеопшт пристап и соработка ќе останат да
пулсираат и во новиот век.


Со цел библиотеката да го оправда своето постоење во светот на електроника­
та, "таа мора да продолжи со остварување на една од најважните функции што ја има
сега во светот на печатот, а тоа е да организира безбројни извори на таков начин што
тие ќе станат значајни за заедницата на корисниците и да останат физички и инте­
лектуално достапни за сите" .2


2 Lancaster, F.W. (1997). Artificial Intelligence and Expert Sustem Technologies: Prospects: Во: Libraries for
the New Millenium: Implications for Managers. London: Library Association Publishing, р. 19-37.


11




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


Во прилог на овие констатации се надополнува и тврдењето за се поголемата
улога на посредниците што ќе бидат обучени да ги пребаруваат, анализираат, да ги
проценуваат изворите и да ги условуваат потребите со изворите на информации во
морето на огромните количества информации што (ќе) се достапни на мрежата. Во
следниот период ќе следи процес на целосно преиспитување, осовременување и усовр­
шување на традиционалните библиотечни вештини во правец на поцелосна и поква­
литетна понуда на информациски услуги. Создавањето значајни фајлови со паралелни
податоци базирани врз принципите на каталогизацијата, на корисниците ќе може да
им помогне преку Интернет да пронајдат "игла во стог сено". Создавањето каталог
вклучувајќи и електронски извори, може да обезбеди пристап, автентичност, веро­
достојност и валидност на мрежните извори. Значењето на библиотекарите во ерата
на експоненцијалниот пораст на количеството достапни информации ќе биде неза­
менливо и од пресудно значење во остварувањето на нивната нова улога како посред­


ници и специјалисти што ќе ги обучуваат корисниците во новото информациско
опкружувње.


Темелите на библиотекарството што подразбираат каталогизација и обука на
корисниците се подеднакво значаЈНИ во ерата на електрониката, како и во ерата на
печатените материјали. Овие значајни компоненти, односно содржини на библиоте­
карството ќе продолжат да претставуваат солидна основа за сите споменати вештини.
Нивната мисија ќе може да се реализира во наредниот период само ако библиотечните
специјалисти не ја "закопаат главата во песок", со цел да ја избегнат ерата на елек­
трониката. Информаторите мора да се менуваат и целосно да се адаптираат кон ново­
то опкружување на електронски информации, да почнат да одржуваат чекор со но­
вите технологии и да го заземат местото на стожер во "новите" библиотеки.


12




Библиошекарска шеорија и практика Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


ПОДГОТОВКИ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА
ДРЖАВНИОТАРХИВНАРЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
д-р Славица Николовска


ВОВЕД


Еволутивниот развој на архивите како место за трајно чување на службените
акти што се од државно значење има свои почетоци уште во времето на поЈавата на
знаците и желбата за трајно запишување. Пронаоѓањето на хартијата придонесло за
пошироко распространување на писменоста и за создавање пишани документи како
израз на мислите, потребите и барањата, но и за поширока можност за запишување
на највисоките државни акти и за поголема комуникација меѓу луѓето, па оттука пиша­
ните споменици стануваат повеќебројни. Тоа, од своја страна, го потенцирало проб­
лемот со сместувањето и чувањето на насобраниот пишан материјал и потребата за
назначување луѓе што ќе го подредуваат, чуваат и ќе го пронаоѓаат. Така, се среќава
податок дека во 9 век словенскиот учител св. Константин-Кирил бил назначен за ар­
хивар на богатата Патријаршиска архива во црквата "Св. Софија" во Цариград.
Во Македонија во средниот век, до доаѓањето на Турците, архивските материја­
ли се чувани во манастирите и во црквите. Во литературата се среќаваат податоци за
богатството од пишани споменици во архивата на Охридската архиепископија. По
потпаѓањето на Македонија под османлиската власт, улогата на архивите ја презе­
маат џамиите и другите исламски објекти.
Архивската граѓа, во услови на непостоење на соодветна установа, е разнесува­
на и разграбувана, а најчесто е изнесувана и како воен плен. Интересот за архивската
граѓа создадена на почвата на Македонија во научната јавност е голема 1, особено кон
средината на 19 и во првата половина на 20 век.
Српската управа ја организира првата архивска установа во Македонија, однос­
но "во новоослободените територии", која функционира од 1926 до 1941 година, под
непосредно раководство на Државната архива на Србија2 •


ПОДГОТОВКИ ЗА ФОРМИРАЊЕ


По ослободувањето, до формирањето на Државниот архив во април 1951 годи­
на, собирањето на преостанатата архивска граѓа го вршат Архивот на ЦК на КПМ,
Народната и универзитетска библиотека, Институтот за национална историја, Ис­
торискиот музеј и катедрите за исто риј а, македонски јазик и книжевност на Филозоф­
скиот факултет3 •


1 Владимир Мошин, Словенски ракописи во Македонија, кн. 1, Предговор, Скопје 1971; Новица
Велјановски, За собирачката дејност на архивскиот материјал на териоријата на Македонија од 1844-
1941 година, Гласник, XV, 1, Скопје, 1971, 199-210.


2 Неџат Јашар, Државна архива НР Македоније 1926-1942, Архивист, 2, Београд 1954, стр. 90;
Радмила Поповиќ - Петковиќ, Постанак и развој архивистике у Србији и Македонији, Београд 1972,
стр. 143-147.


3 Велјановски Новица, За развитокот на архивската служба во Македонија, Историја, 111,2, Ско­
пје, 1967, стр. 135-140; Тодор Талески, Развој на архивската служба во Македонија, Македонски архи­
вист IX-X, Скопје 1980-1981, стр 5-20.


13




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


Уште на нецелосно ослободената територија почнува размислувањето за фор­
мирање специјализирана установа. Така, на Првото заседание на АСНОМ, претсе­
дателот на Президиумот на АСНОМ Мане Чучков во својот реферат "Народно­
демократска власт во Македонија - нејзината суштина, организација и задачи"4 ќе го
загатне прашањето за собирањето и проучувањето на архивската граѓа создадена во
текот на НОВ. На страница 8-ма ќе рече: "Не можам а да не ја споменам потребата за
организирање на еден научен институт кој ќе се .... "
Националниот комитет на Југославија донесува Одлука за заштита и чување на
спомениците на културата5, со која сите архиви на поранешните установи се ставаат
под заштита на државата, а ракувањето со архивската граѓа им се доверува на просвет­
ните органи. Притоа се забранува изнесување на архивскиот материјал од земјата, а
воените штабови добиваат задача да обезбедат целосна заштита на материјалите во
ослободените градови. Архивите добиваат статус на културно-просветни установи.
Оваа одлука станува основа врз која подоцна се надградува современото архивско
законодавство.


Поверенството за просвета при Президиумот на АСНОМ со циркуларно писмо6
се обраќа до сите училишта со препорака да се собира архивскиот материјал што се
однесува на Народноослободителната војна. Училиштата покажале извесна активност,
а собраниот материјал му го испраќале на Поверенството, односно Министерството
за народна просвета. Меѓутоа, набрзо Министерството за народна просвета7 го извес­
тува Главниот штаб на НОВ за Македонија дека има намера да основа архив на НОД
како одделение во составот на Народната библиотека, со цел да ги собира докумен­
тацијата и мемоарскиот материјал, да ги средува, обработува и да овозможи користење
за научни цели. Оваа намера е реализирана со формирањето на Архивот при ЦК на
КПМ.
Прашањето за итното осигурување, попишување и евидентирање на архивската
граѓа се решава со Наредбата бр. 14498 од 5 јуни 1946 година со забрана за уништување
на архивскиот материјал и Наредбата за привремено осигурување на архивите бр.
21729•
Министерството за народна просвета на 30 мај 1946 година со Решението бр.


254310 формира Комисија за собирање на архивскиот материјал што се однесува на
историјата на Македонија во следниов состав:
Мане Чучков, директор на Народната библиотека,
Димче Коцо, директор на Народниот музеј и
Перо Коробар, директор на Државната печатница.
Комисијата веднаш пристапила кон работа, па на првиот состанок решила да
испрати циркуларно писмо до сите просветни оддели на народните одбори со молба
итно да формираат тричлени комисии од просветните работници и месното населе­
ние со задача да собираат архивски материјал.


4 Сиг. 01.0157.1.15/102-114.
5 Службен лист на ДФЈ 10/1945.
6 Овој акт е добиен од Министертвото за просвета на ДФЈ, бр 416 од 14 март 1945, а Пове-
ренството со својот акт бр. 1704 од 19 март 1945 го испраќа до сите училишта, сиг. 01.0157.11.22.


7 Министерство за просвета 1945-1951, бр. 2500 од 3 мај 1945 година


14


8 Службен лист на ФНРЈ бр. 25/1946.
9 Службен лист на ФНРЈ бр. 25 од 27 март 1948 год.


10 Службен весник бр. 19/1946.




Библиошекарска шеорија и практика Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


Претседателсвото на Владата на предлог на министерот за просвета на 27 сеп­
тември 1947 година донесува Уредба за библиотекарско-архивската струка11 , во која
се дефинираат работните задачи на библиотекарско-архивските работници на план­
ско избирање, собирање, чување, класификација, сигнирање, попишување и издавање
книги, ракописи, графички и други материјали, кои ги собираат библиотекарите и
државните архиви (чл. 1). Звањата и описот на работните задачи на архивистите се
дефинирани во т. "Б" на чл. 2 и тоа:
помлад архивист - технички ја обработува и ја средува архивската граѓа;
архивист - ја обработува архивската граѓа, врши подготовка за печатење и се
грижи за картотеките за граѓата;
виши архивист - го обработува архивскиот материјал и се грижи за изработка на
картотеки за архивската граѓа.
Комитетот за високи школи и научни установи на 21 јуни 1948 година12 формира
Комисија за изработка на елаборат за организација на архивската служба во Маке­
дониЈа во следниов состав:
Митко Зафиров, началник на одделението за научни установи при Комитетот за
високи школи,
Васо Томановиќ, вонреден професор на Филозофскиот факултет,
Франц Петре, вонреден професор на Филозофскиот факултет и
Љубен Лапе, универзитетски предавач
Претседател на Комисијата е Франц Петре. Комисијата има задача елаборатот13
до Комитетот за високи школи да го достави најдоцна до 10 јули 1948 година, како
подготовка за состанокот што треба да се одржи во Белград по иницијатива на Коми­
тетот за школи и наука при Владата на ФНРЈ. За овој состанок планирано е да се
обработат следниве прашања, кои треба да бидат содржани како предлози и мислења
во елаборатот:
Општ закон за државните архиви;
Општ закон за регистратурите;
Општ правилник за архивската служба;
Општ правилник за внатрешниот ред и работата во архивите;
Координација, соработка и помош меѓу архивите;
Мерки за заштита на архивите и соработка со заводите за заштита на спомениците;
Собирање на т.н. "помошен архивски материјал";
Прашање за архивите на научните друштва и установи (академии, музеи и ел.);
Прашање за стручно архивистичко списание
Евентуалии
Во 1948 година, по сугестија на Комитетот за високи школи и научни установи
при Владата на ФНРЈ14, е поведена иницијатива за основање на државна архива. Мин­
истерството за просвета на НРМ е задолжено итно да го проучи прашањето за фор­
мирање на државна архива со замолница да достави извештаЈ во врска со прашањата
на нејзиното формирање. Министерството за просвета во својот акт15 го известува
Комитетот дека основањето на државната архива е во тек. Архивата ќе биде подреде-


11 Службен весник бр. 19/1946.
12 фонд: Комитет за високи школи и научни установи сиг. 01.1016.1.115/341
13 Низ фондовите и збирките во Државниот архив не е пронајден елаборатот.
14 бр. В-4663 од 27 април 1948 година - Фонд: Архив на Македонија, к. 1 - досие на фондот
15 Одговорот на Министерството за просвета е под бр. И 5201 од 8 мај 1948 година- Фонд: Архив
на Македонија, к. 1 - досие на фондот


15




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


на на Комитетот за универзитет, високи школи и научни установи при Владата на
НРМ, кој веќе предвидел и раководители и пристапил кон изработка на уредба за
основање. Најверојатно, потоа Комитетот за универзитет, високи школи и научни
установи ја изработува нацрт-уредбата16 , за која дале свое мислење Одделението за
законодавство и организација на државната управа17 и Министерството за просвета 18•
На првично предложените 10 членови, додаден е уште еден, кој предвидува парична и
кривична одговорност за непочитување на Уредбата.


Врз основа на чл. 79 став 2 од Уставот на НРМ, Владата на Народна Репуб­
лика Македонија, по предлог на Комитетот за универзитет, високи школи и
научни установи, пропишува


УРЕДБА ЗА ДРЖАВНАТА АРХИВА
НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Членl
Се основа Државна архива на Народна Република Македонија како самостојна устано­
ва на Комитетот за универзитетот, високи школи и научни установи на Владата.
Седиштето на Државната архива е во град Скопје.


Член2
Задатокот на Државната архива е:
1/ На научна основа да го збира, средува, чува и по пропишани услови овозможува
проучувањето на архивските материјали кои што се однесуваат на државниот живот и
развитокот, како и на стопанската, политичката и културната историја на народот;


2/ да превзема потребни мерки и да ги одреди начинот за осигурување и чување на
архивите, а особено за нивното сместување;


3/ во согласност со Заводот за заштита на спомениците на културата и природ­
ните реткости да дава напатствија за ракување со архивите;


4/ да ја координира и со општи смерници да ја направува работата на градските
архиви.Со посебни прописи ќе се одреди начинот на чувањето како и времето кога ќе
се предаваат на Државната архива документите, списите и другите материјали кои што
се од важност за државните органи и установи.


Член3
Градските народни одбори можат во согласност со околиските народни одбори да
основаат градски архиви со задаток да ги збираат, средуваат и чуваат архивските ма­
теријали од локално значение за животот и развитокот и за стопанската, политичката


. .


и културната историја на градот и околијата.


Член4
Со државната архива управува управител. За управител на државната архива може
да биде назначено само лице со факултетска спрема кое што со својата стручна работа
во архивската струка е оквалификувано за раководење со работите на Државната архива.


16 Фонд: Претседателство на Владата 1945-1953, к. 29/8.
17 Со забелешка дека првиот нацрт бил доставен на 15 мај 1948 година и дека конечниот текст е
изработена според Уредбата за државната архива на НР Босна и Херцеговина, број 4744 од 17 јули
1948 година - Фонд: Архив на Македонија, к. 1 - досие на фондот


18 број 7794 од 5 август 1948 година - Фонд: Архив на Македонија, к. 1 - досие на фондот


16




Библиошекарска шеорија и практика Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


ЧленЅ
Архивските материјали можат да се прегледуваат и проучуваат во редовно работ­
но време по одобрение на управителот на Државната архива и под надзор на одговорен
службеник. Архивските материјали и поедините списи или делови од истите можат да
се објавуваат само по специјално одобрение од управителот на Државната архива.


- Архивските материјали помлади од 50 години можат да се објавуваат само по
претходно одобрение на Претседателот на Владата.


Член6
Забрането е секое уништување, пренесување од место во место, отуѓување, како
и одбирање на архивите и архивските материјали или поедини списи или делови од ис­
тите без претходно одобрение од Државната архива.


Член7
Сите државни установи и надлештва ќе ги предадат на Државната архива сите
архивски материјали означени во чл. 2 од оваа Уредба кои што потекнуваат од пред
1918 година и се наоѓаат при нив.Одбирањето и предавањето на архивските материјали
по претходниот став ќе се врши под стручното раководство на претставител на Држав­
ната архива и има да се заврши во срок од 2 години од денот на влегувањето во сила на
оваа Уредба.
Член8
Сите правни и физички лица кои што располагаат со архивски материјали од чл. 2
точка 1 и чл. 3 на оваа уредба должни се да и достават на Државната архива препис од


. . .


списокот на тие материјали како и да ја известат за секое приновување и за секоЈа пром-
ена во состојбата на истите материјали.


Член9
Државната архива може поедини свои архивски материјали, списи или делови од


. . .


истите ако најде да се од локално значение за некоЈ град или околиЈа да ги предаде на
надлежната градска архива, како и од градските архиви да бара да им ги предадат ар­
хивските материјали, списи или делови од истите што се од пошироко значение.


Член 10
Прекршителите на прописите на оваа Уредба ќе се казнат за прекршок со парична
казна од динари или со поправителна работа до , доколку
повредата не претставува кривично дело.


Член 11
Државната архива има самостојна подсметка на приходи и расходи во составот на
приходите и расходите на Комитетот за универзитет, високи школи и научни установи
на Владата.
Член 12
Комитетот за универзитет, високи школи и научни установи на Владата се овлас­
тува да во согласност со Претседателот на Владата донесува прописи за извршување на
оваа уредба и за работењето и организацијата на градските архиви, како и поблиски
прописи за организацијата и работата на Државната архива.


Член 13
Оваа уредба влегува во сила со објавувањето во "Службен весник на Народна
Република Македонија" Број 1948 година


Претседател на Владата Скопје/Л. Колишевски/


17




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


Комитетот за законодавство19 известува дека своите забелешки ќе ги достави
откако ќе се реши прашањето под чие раководство ќе бидат државните архиви. Мини­
стерството за просвета во својот акт го застапува ставот дека државната архива треба
да биде во состав на Претседателството на Владата и дека не е "целисходно" оваа
установа да биде подредена на Комитетот за универзитет, високи школи и научни
установи и дека "не се смета доволно" образложено на архивата да и се даде карактер
на научна установа.
Претседателството на Владата на 8 јануари 1949 година донесува неколку наред-
би20 за архивската струка:
Наредба за воведување ново звање - архивски техничар;
Наредба за одредување на основните плати во архивската струка и
Наредба за распоред на звањата во библиотекарско-архивската струка по ви­
дови.


По иницијатива на Комитетот за школи и наука при Владата на ФНРЈ, во 1949
година21 Комитетот за универзитет, високи школи и научни установи за член на Главни­
от архивски совет го делегира Данчо Зографски, директор на Институтот за нацио­
нална историја. Решението за формирање на Главниот архивски совет22 го донесла
Владата на ФНРЈ на 5 октомври 1950 година. Своето прво заседание Главниот архив­
ски совет го одржал на 20 и 21 ноември 1950 година. На овој состанок д-р Данчо Зограф­
ски ги презентирал и обидите на Република Македонија за формирање архив. Во
заклучоците се опфатени главните и најитни прашања на архивската служба, кои се
"предлагаат на Советот за наука и култура на Владата на ФНРЈ и републичките мини­
стерства за наука и култура да ги проучат, прифатат и спроведат во живот"23 . Во точката
1 се констатира дека во Македонија, Србија и во Хрватска не се формирани архивски
совети, а во точката 3 се повикува Владата на НР Македонија колку што е можно
побрзо да пристапи кон основање републичка архива, која не само што ќе води грижа
за чување и заштита на архивскиот материјал, туку ќе овозможи и негова научна
обработка.
Врз основа на решението на Министерството за просвета, на првиот архивистички
курс што се одржал во Дубровник во октомври 1950 година, од Република Македони­
ја се упатени Тодор Талески и Неџат Јашар.
Повикувајќи се на Општиот закон за државните архиви на Југославија24 , Народ­
ното собрание на 5 јануари 1951 година го донесува Законот за државните архиви25 .
На 13 февруари 1951 година проф. Љубен Лапе на претседателот на Владата на НРМ
му дава одредени сугестии26 за организацијата и приоритетните задачи на Државната
архива.


19 Со акт бр. 1648 од 8 јуни 1948 година Фонд: Архив на Македонија, к. 1 - досие на фондот
20 Службен весник бр. 1/1949.
21 фонд: Архив на Македонија, к. 1, досие на фондот
22 Во Решението бр. 952/50, проф. Данчо Зографски е именуван во групата претставници на репуб­
личките архивски совети иако во овој период во Република Македонија не е формиран ниту Државниот
архив, ниту Архивскиот совет.


23 Заклучоците се доставени до Министерството за просвета наука и култура на НРМ од Сове­
тот за наука и култура на Владата на ФНРЈ на 21 февруари 1951 година со предлог на претседалството
на Главниот архивски совет за свикување вонреден состанок за 19 и 20 март. Фонд: Архив на Маке­
донија, к. 1 досие на фондот.


18


24 Службен лист бр. 12/1950.
25 Службен весник бр. 1/1951.
26 фонд Архив на Македонија к. 1 досие на фондот




Библиошекарска шеорија и практика Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


НЕКОИ СУГЕСТИИ ПРИ ФОРМИРАЊЕТО НА ДРЖАВНАТААРХИВА27


При формирањето на Државната архива треба да се земат предвид следните
работи:


1/ Наеднаш преку Претседателството на владата на НРМ, да се издаде наредба до
сите установи за да се сопри секакво пренесување на стари документи од 1918-1944 а и
од порано може би архивски материјали како и да се провери што е на лице место од
донесеното уште вреди да се спаси од претапување во отпад.


2/ Да се оспособат уште сега барем на едно месечен курс во Белградската државна
архива неколку души за средување архивални и други документи или да се земат опитни
стари архивари од државниот апарат /како Дамјановски од Претседателството на НРМ.


3/ Да се назначат за средување и издавање на документите луѓе што знаат покрај
српски и бугарски јазик такви што знаат старословенски, турски, грчки, влашки и албан­
ски Јазик.


4/ Во архивата треба да влезат следниве материјали:
а/ Сите материјали од државните надлештва од турско време до 1912 година, до
колку се запазени.


6/ Сите архивски материјали од државно-школските општини и Егзархиски уста­
нови. Тука влегуваат архивите на Скопската, Велешката, Дебарската и Битолската
митрополиЈа како и архивите на црквено-школските општини на влашките, грчките и


српските општини до колку ги има и за кои треба да се трага кај приватни луѓе/епитро­
пи, клисари и свештеници/; архивите на протестантските и други општини/саботари ана­
баптисти/ Струмица, Битола, Скопје од Вакавски уреди, католичката епископија во
Скопје и нејзините клонови, како и училишната архива на Лазаристите во Битола.
в/ Сите активности на државните надлештва од 1918-1944 односно до денот кога
почна администрацијата на нашата народна власт. Тука би дошле архивите на град­
ските и селските општини, српските, окружните начелства и бившите бановини; Су­
довите од сите степени; аграрното поверенство во Скопје, шумските управи и разни
дирекции, Занаетчиските и индустриски комори, Приход и други кредитни установи и
банки. Управите на Монополите во сите градови, Духовните црквени судови, Бого­
словијата во Битола, Здравствените установи и станици. Нарочно да се пази да се пре­
несат Деловодните протоколи и регистри како најцени систематизирани документи.
г/ Многу конфискувани архивски материјали затечени кај приватни лица /писмо,
протоколи и др./ кои сега моментално се навоѓаат во Управата на државна сигурност
или во Министерството на внатрешните работи и неговите подведомествени органи на
теренот.


д/ Архивите на читалиштата, библиотеките, културно-просветните, спортските,
стопанско здравствените и други организации и друштва од 1918-1944 година.
е/ Приватни писма, дукански теориети од секаков карактер, животописи на луѓе,
биографии.
ж/ Архивите на нашите Народноослободителни обласни одбори и подоцнежни
области, од Комисијата за утврдување на злочините и други установи што веќе како
такви не постоЈат.


Скопје, 13-11-1951 година Љубен Лапе


27 Подвлечено во оригиналот


19




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


Министерството за просвета со актот бр. 3066 од 7 март 1951 година доставува до
Советот за законодавство и изградба на народната власт организациска шема на
Државниот архив со забелешка дека Архивот треба да ја започне својата работа на 1
април 1951 година. Оваа шема е поставена со 13 вработени и ја предвидува следната
организациска структура:


- директор на архивот,


- одделение за турска документациЈа,
- одделение за периодот на националната преродба до 1918 година,
- одделение за периодот 1918-1941-1944,
- административно одделение со администратор-дактилограф, сметководител-
домаќин, чувар и чистачка.
Веднаш по донесувањето на Законот за државните архиви, почнуваат размислу­
вањата за формирање архивска мрежа. Најнапред, тоа се архивски центри, кои подоцна
прераснуваат во самостојни институции, односно историски архиви. Министерството
за просвета, наука и култура на 10 март 1951 година, врз основа на Законот задржав­
ните архиви, донесува Решение за образување архивски средишта.


Врз основа на член 19 во врска со член 10 став 2 од Законот за Државните архиви
/Службен весник бр. 1/51/ и точка 9 од Наредбата за привремено осигурување на архив­
ите /Службен лист на ФНРЈ бр. 25/48/, а со цел да се оствари прибирањето и осигу­
рувањето на архивскиот материјал на територијата на Народна Република Македонија
донесувам


РЕШЕНИЕ
за образување на архивски средишта во Народна Република Македонија


Се образуваат архивски средишта, како органи на Државната архива во Народна
Република Македонија во следните места: Скопје, Куманово, Титов Велес, Штип, Стру­
мица, Прилеп, Битола, Охрид и Тетово. Архивските средишта имаат задача:


а/ да ги пронајдат, осигураат, попишат и опишат сите архиви, делови од архиви,
групи документи или одделни документи што се наброени во точ. 1, 2 и 3 од Наредбата
за привремено осигурување на архивите;


6/ да ја известуваат редовно Државната архива на Народна Република Македони­
Ја за извршените пописи и описи, да и доставуваат од нив и да даваат мислење и да


поднесуваат предлози за расрешување прашања што се однесуваат до архивите и ар­
хивското работење.Задачата предвидена во точка 2 под а/ од ова Решение, архивските
средишта ќе ја остваруваат во соработка и помошт со органите на власта, општествените
и други организации, како и приватни лица.


На чело на секое архивско средиште стои раководител на средиштето што го име­
нува Министерот за просвета, наука и култура, од редот на истакнатите историчари,
етнографи, правници или други општествени работници.На раководителот на сре­
диштето во работата му помага советодавен одбор од 3-5 лица што ги именува Минис­
терот за просвета, наука и култура од редот на културно-просветните работници што
покажуваат интерес и разбирање за прибирање и средување на архивскиот материјал.
Во сите околиски односно градски народни одбори треба да биде определен еден
службеник како архивски повереник со задача да го осигура прибирањето, попишу­
вањето и опишувањето на архивскиот материјал од работата на соодветниот одбор,
Архивскиот повереник е должен и да му помага во работата на раководителот на архив­
ското средиште.


20




Библиошекарска шеорија и практика Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


Архивските средишта определени во точка 1 од Решениево во делокруг на своја­
та работа ја имаат следната територијална надлежност и тоа:
а/ архивско средиште во Скопје: Град Скопје и околиите скопска и Ѓорче
Петровска;


6/ архивско средиште во Куманово: град Куманово и околиите: Кумановска, Кра­
товска и Кривопаланечка;
в/ архивско средиште во Титов Велес: град Титов Велес и околиите: титоввелешка,
кавадарска и светиниколска;


г/ архивско средиште во Штип: град Штип и околиите: штипска, кочанска, дел­
чевска и беровска;
д/ архивско средиште во Струмица: град Струмица и околиите: струмишка, радо­
вишка и гевгелиска;


ѓ/ архивско средиште во Прилеп: град Прилеп и околиите: прилепска, бродска и
крушевска;


е/ архивско средиште во Битола: град Битола и околиите: битолска, демирхисар­
ска и кичевска;
ж/ архивско средиште во Охрид: град Охрид и околиите: охридска, струшка и ре­
сенска; и


з/ архивско средиште во Тетово: град Тетово и околиите: тетовска, гостиварска и
дебарска.
Се задолжуваат советите за просвета и култура на народните одбори при кои се
образувани архивски средишта да осигураат материјални и финансиски средства за
извршување на нивните задачи.


На раководителите на архивските средишта им се определува за нивната работа
месечен хонорар во износ од 1.000 динари, што ќе се исплатува од буџетот на одборот
при кои е образувано средиштето.
Се задолжуваат советите за просвета и култура на сите околиски односно градски
народни одбори да осигураат материјални и финансиски средства за извршување
задачите на архивскиот повереник.
Работата на архивските средишта ќе ги ослободува надлештвата, установите, ор­
ганизациите и поединците од задолженијата определени во Законот за државните архиви.
Исполнувањето на Решениево се возложува на советите за наука и култура на
градските народни одбори при кои се образуваат архивски средишта.
Ова Решение влегува во сила од денот на неговото потпишување.


бр . 3191 10.IIl.1951 ГОД.
Скопје МИНИСТЕР
за просвета, наука и култура,


/Крсте Црвенковски/


По донесувањето на Законот за државните архиви, а по барање на Градскиот
народен одбор на Охрид и по предлог на Министерството за просвета, наука и култу­
ра, на 9 февруари 1951 година Владата на Република Македонија28 издава Одобрение
за формирање на Историскиот архив во Охрид, а Градскиот народен одбор во Охрид
се задолжува да донесе решение за негово основање. Градскиот народен одбор на
Охрид донесува Решение29 за формирање на Градскиот архив на Охрид. Таа година се
формирани архивите во Битола, Куманово, Прилеп, Скопје, Струмица, Тетово и Штип.
Министерството за просвета наука и култура со Решението бр. 4365 од 30 март


1951 година го назначува Тодор Талески за службеник во Државната архива.
28 Фонд: Архив на Македонија, к. 1 - досие на фондот.
29 Решение бр. 4081 од 23 март 1951 година на Народниот осбор - Охрид.


21




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


На 13 март 1951 година е изработена Нацрт-уредба за основање и работа на Архив­
скиот совет на Народна Република Македонија. Свои забелешки за оваа уредба доста­
вуваат Советот за законодавство и изградба на народната власт30 и Министерството
за просвета, наука и култура31 • Постапувајќи според забелешките, дефинитивниот текст
на Уредбата за Архивскиот совет на Народна Република Македонија е донесен на 17
јануари 1952 година32 , како стручно тело при Советот за просвета, наука и култура.
Неполни два месеца по формирањето на Државниот архив33 , по предлог на Сове­
тот за просвета, наука и култура, Владата на НРМ34 го именува првиот Архивски совет
иако дефинивниот текст на уредбата не е донесен. За членови на Архивскиот совет се
именувани:


Димче Стојанов - Мире, претседател на Народното собрание,
Љубен Лапе, доцент на Филозофскиот факултет,
Михајло Петрушевски, професор на Филозофскиот факултет,
Данчо Зографски, директор на Институтот за национална историја,
Харалампие Поленаковиќ, вонреден професор на Филозофскиот факултет,
Методија Соколовски, слушач во Институтот за општествени науки и
Тодор Талески, пом. директор на Државната архива.
До крајот на 1951 година, Архивскиот совет одржал два состанока, на кои е дис­
кутирано за централизацијата на архивската граѓа, работата и понатамошните задачи
на Државната архива и архивските центри, за издавачката дејност.


АПСТРАКТ
Во трудот низ документи ги презентираме резултатите и податоците од истражува­
њата опфатени во магистерскиот труд "Развој на архивската служба во Македонија"
задржувајќи се на преземените активности за формирање државен архив по ослободу­
вањето на Македонија. До неговото формирање во 1951 година, улогата на собирачи на
преостаната архивска граѓа ја вршат Архивот на ЦК на КПМ, Народната и универзи­
тетска библиотека, Институтот за национална историја, Историскиот музеј на Македо­
нија и катедрите за историја, македонски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет.
Активностите за собирање преостаната архивска граѓа и формирање на држав­
ниот архив почнуваат веднаш по ослободувањето со формирање комисии, упатување
расписи и ел., што се врши претежно преку просветните органи. Со формирањето на
Главниот архивскиот совет на ФНРЈ, како член од Македонија е делегиран директо­
рот на Институтот за национална историја д-р Данчо Зографски. Во 1948 година е
подготвен нацртот на уредбата за формирање на државен архив, но до нејзино доне­
сување, а со тоа и до формирање на архивот, не дошло. Врз основа на сојузните архив­
ски прописи беа донесени низа уредби за архивската, односно архивско-библиотекар­
ската струка.


Всушност, сакавме да го најдеме одговорот на прашањето зошто, и покрај сериоз­
ните подготовки во 1948 година, Државниот архив е формиран по 3 години, односно
во 1951 година.


30 бр. 761 од 24.03.1951 - Фонд: Архив на Македонија, к. 1 - досие на фондот
31 бр. 3976 од 26.03.1951 - Фонд: Архив на Македонија, к. 1 - досие на фондот
32 Службен весник на НРМ бр. 3/1952; - Фонд: Архив на Македонија, к. 1- досие на фондот
33 Данчо Зографски, Прикупљање архивског материјала у НР Македонији, Архивист 1, св. 1,
Београд 1951, стр. 43-46; Данчо Зографски, 0 раду, задацима и неким проблемима Државне архиве у
Скопју, Архивист 1, св. 3, Београд 1951, стр. 10-15;


34 Именувањето е извршено со Решение бр. 1050/51 од 28 мај 1951 година - Фонд: Архив на Маке­
донија, к. 1 - досие на фондот


22




Библиошекарска шеорија и практика
УДК 025.48:81 '373.231/.233
Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


ФОРМИРАЊЕНОРМАТИВНИ
(КОНТРОЛНИ) И РЕФЕРЕНТНИ ЕДИНИЦИ


Елизабета Стоименова, виш библиотекар,
Национална и универзитетска библиотека
"Св. Климент Охридски" - Скопје


Една од клучните препораки за Универзална библио­
графска контрола на УНЕСКО е формирање контрол­
но-нормашивна дашошека, односно ушврдување ориги­
нална форма на лични имиња на авшори, определници
за корпоративни шела, како и на единсшвени наслови
на анонимни и класични дела од својаша држава.


Клучни зборови: Нормативни датотеки, правила за изработка


За формирање контролно-нормативна датотека на автори (имиња на лица и ко­
рпоративни тела) од сопствената држава постојат препораки за утврдување одго­
ворност на Националнаша библиоiрафска аiенција.
Во Брисел, во 1977 г., на конгрес на ИФЛА, прифатени се основните правила за
утврдување и креирање нормативни датотеки и методи што ќе овозможат меѓународна
размена на информации. Правилата се разгледани и усвоени од Комисијата за катал­
огизација при ИФЛА.
Изготвен е прашалник што треба да ги вклучи основните податоци за статусот,
големината, содржината, издржаноста, функционирањето и дистрибуирањето на нор­
мативните датотеки, кој го користат повеќето национални библиографски агенции.
Воедно се изработени и правилата за каталогизација, тесауруси, референтни извори
итн., користени за формирање определници. Датотеките се поделени во три вида нор­
мативни единици:


- определници на лични имиња;


- определници за корпоративни тела;
- единствени наслови на анонимни и класични дела.
Освен утврдување определени елементи за секој вид, главно правилата за изра­
ботка се заеднички за сите три вида нормативни единици.
При изработка на нормативни и референтни (упатни) единици се користи фор­
матот УНИМАРЦ за нормативни единици.
Утврдена е рамковна шема за полесно вклучување на записи од разни национа­
лни извори во националните библиографски агенции. Рамковната шема е според стан­
дардите ИСБД, односно пропишува стандардизиран редослед на елементите во един­
ицата и ја дефинира интерпункцијата што ги одделува елементите.
За стручна и успешна примена на правилата за изработка на Authority file треба
да се извршат следните работни процеси:


23




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


- собирање информации за нормативни единици од различни извори (каталози,
енциклопедии, прирачници, лексикони, образовни и научни институции и други бази
на податоци);


- формирање податоци за нормативни единици;
- утврдување единствени определници за нормативна датотека;


- изработување упатни единици;
- изработување каталожен опис според Упатствата за нормативни и референтни
(упатни) единици;


-внесување изготвени податоци во контролно-нормативната датотека на автори;
- редакција и корекција на податоци за нормативни единици.
Од горе изнесеното, Република Македонија, како членка на И ФЛА (Меѓународна
федерација на библиотекарски асоцијации и институции), преку НУУБ "Св.Климент
Охридски", има обврска да изготвува нормативна датотека на: определници на лични
имиња; определници за корпоративни тела, како и на единствени наслови на аноним­
ни и класични дела од државата, со што се вклучува во светските бази на податоци за
нормативни (контролни) и референтни единици.


24




Библиошекарска шеорија и практика
УДК 01:025.4.02
Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


ВИДОВИ БИБЛИОГРАФИИ
И НИВНО КОРИСТЕЊЕ


Елизабета Стоименова, виш библиотекар
Национална и универзитетска библиотека
"Св. Климент Охридски" Скопје


Националнише библиошеки се депозитни библиошеки
на секоја држава, Тие се шрезор на целокупната
издавачка продукција и ги израбошувааш националнише
библиографии


Клучни зборови: Видови библиографии, користење


Библиографиите се важно помошно средство во науката и образованието и нај­
често претставуваат преглед на целокупната издавачка дејност на една држава. Тие
се познати како национални библиографии и по правило се издание на националните
библиотеки, така националната библиографија на Република Македонија ја подгот­
вува Националната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" - Скопје.
Библиографиите ги опфаќаат сите издадени публикации на територијата на една
држава, а воедно и издадените публикации на јазикот на државата во странство. Во
нив може да се пребарува материјал за стручна литература на одредена тема и тоа:
општо за наука, филозофија, религија, теологија, општествени науки, математика,
природни науки, применети науки, медицина, техника, уметност, јазик и литература,
етнологија историја и географија.
По содржина треба да се прави разлика меѓу специјални и тековни библиографии.
Самото име тековна библиографија кажува дека станува збор за библиографија
што излегува редовно, опфаќа публикации издадени за определен временски период,
најчесто годишно. Таа содржи монографии, статии и сериски публикации што се де­
тално обработени и овозможува брзо и релевантно пребарување. Овие библиографии
се секогаш актуелни и при пребарувањето треба да се прегледа цела низа минати
години (почнувајќи со најновата свеска). Новите изданија може да се користат на светс­
ко рамниште преку постојано актуелните национални библиографии на одделни
држави или на интернетските страници.
Специјалните библиографии укажуваат дека стаува збор за библиографии што
се подготвуваат специјално за некоја личност, по повод некој јубилеј, настан, период,
област, епоха, одредена тема и др. Тие се публикуваат еднаш и ја опфаќаат целокуп­
ната литература за определен период на излегување. Лесно се користат затоа што
излегуваат обично во една свеска. Колку повеќе е опширен предметот за изготву­
вање специјална библиографија, толку повеќе издавачот е приморан да направи из­
бор на изданијата на литературата опфатена во соодветната библиографија.
Со тоа не секоја библиографија е целосна и остава простор за понатамошна
надградба.


25




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


Во последните години печатените библиографии се надополнуваат и се заме­
нуваат со електронски или во форма на ЦД-ром. Со наведување на еден збор зна­
чително полесно е литературата за одредена тема да се пронајде, со што пребару­
вањето е мошне полесно отколку во печатените медиуми. За да се олесни пребару­
вањето при изработка на библиографии, се изработуваат регистри и тоа:


- именски регистар (пребарување по презиме и име);
- регистар на наслови (пребарување по наслов на монографија, статија или при-
лог и периодична публикација);


- УДК-регистар (искажана содржина со бројки според Универзалната децимал-
на класификација);


- предметен регистар (пребарување по теми од содржината на публикациите);
- регистар на издавачи;
- регистар на печатници и


- регистар на ИСЕН и ИССН-броеви (кодови според Меѓународниот систем за
идентификација на издадени публикации).
Посебно треба да се напоменат библиографиите што содржат статии и прилози
од периодични публикации, кои служат како единствен начин за нивно пронаоѓање и
значително го олеснуваат пребарувањето.
Националната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски"-Скопје,
како депозитна библиотека на Република Македонија, со својата внатрешна орга­
низација, со сета активност на сите субјекти во неа, како и со квалитетот на стручните
тимови, успеа да стане престижна и да се доближи до европските критериуми, стан­
дарди и мерила, до современото библиотечно работење.


26




Библиошекарска шеорија и практика Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


ПОПУЛАРИЗАЦИЈАТА НА БИБЛИОТЕЧНИОТ
МАТЕРИЈАЛ- ВАЖЕН УСЛОВ ЗА УСПЕШНО
РАБОТЕЊЕ НА БИБЛИОТЕКИТЕ


Драrи Кабровски вработен во Национална установа
Универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" - Битола


www.nuubbt.uklo.edu.mk


Библиотеката како современо обликуван библиотечно-информативен центар,
вертикално поврзан во библиотечно-информативен систем во државата и надвор од
неа, кој овозможува брз проток на информации без просторни ограничувања и нивно
навремено користење, што е од непроценлива важност во севкупниот развоЈ на нашата
држава, освен основните функции што ги има, како што се: планско комплетирање и
одржување на библиотечната граѓа, обработката според меѓународни правила и стан­
дарди, чување со примена на соодветни заштитни мерки, информативна дејност и до­
стапност на фондовите, задоволување на културните потреби на граѓаните, придонес
во унапредувањето на стручната и научноистражувачката работа, треба да има функци­
Ја сето тоа на едноставен начин да го презентира и да го популаризира пред културна­
та јавност (граѓаните) низ разни форми на активности, со што ќе ја афирмирала своја­
та деЈност како културно просветна установа секогаш да прави напори книгата да
допре што е можно поблиску до читателите-корисниците, а со тоа да побуди што пого­
лем интерес кај народот за читање.
Во контекст на ова, библиотеката презема конкретни мерки преку службата за
комплетирање библиотечен материјал или, популарно речено, набавната политика ја
насочува во зависност од средствата за збогатување на своите книжни фондови со нови
книги во централниот магацин, детската библиотека, стационираните клонови (реонс­
ките библиотеки) што се лоцирани во поголемите реони во градот и во поголемите
селски населби. Во приградските населби, таму каде што постојат услови, минимум стан­
дарди и интерес од граѓаните, се испитуваат можности за отворање нови библиотеки,
со што во голема мера ќе се придонесе за ширењето на библиотечната дејност.
Популаризацијата на библиотечниот материјал Националната установа универ­
зитетска библиотека "Св. Климент Охридски" од Битола ја спроведува низ разни форми
на културни активности, меѓу кои најзастапени се: изложби на книги со информати­
вен и тематски карактер по повод разни културно-историски настани и јубилеи, лите­
ратурни читања, средби и портрети на писатели од градот (роднокрајни писатели) и
еминентни писатели пошироко од Републиката, организирање стручни семинари, про­
моции на нови книги од познати писатели, а исто така и од млади неафирмирани пое­
ти што ги прават првите почетоци во пишувањето книги, со што библиотеката им
дава можност за нивна понатамошна афирмација. Потоа разни предавања и трибини,
прифаќање групни посети од ученици на библиотеката, при што низ едукативен разго­
вор помеѓу библиотекарите и учениците им се дава можност на учениците да се обучат
за компјутерското пребарување материјали во програмата COBISS, изложби од ли­
ковни уметници ако постојат просторни услови, детски ликовни изложби, креативни
работилници, преку електронските медиуми воведување рубрика "Ви препорачуваме
книга за читање", потоа бесплатно зачленување и подарок по една книга и цвеќе по
повод светскиот Ден на книгата, за Месецот на книгата, доделување награди на најре-


. .


довните и наЈпримерните читатели - шампиони на краЈОТ од годината и други.


27




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


Од голема и непроценлива важност за афирмација на библиотекарството е
одржувањето на натпреварот "Млади библиотекари" до 14 годишна возраст прво на
општинско ниво, а потоа финално Републичкиот натпревар што се одржува секоја
година во различни градови од Македонија. Во 2004 година Библиотеката од Битола
беше организатор на Петтиот републички натпревар, на кој зедоа учество претставни­
ци од сите народни библиотеки од Македонија, а на Републичкиот натпревар во 2006
година, кој се одржа во Радовиш, претставничката од нашата библиотека со макси­
мум број бодови го освои првото место. На овој начин библиотеките претставуваат
своевидни популаризатори на својата дејност и на библиотечниот материјал со кој
располагаат во своите фондови.
Изложбите на книги во Националната библиотека "Св. Климент Охридски" од
Битола како форма се организираат уште од 1957 година, кога за прв пат беше
спроведена акцијата "Месец на книгата". Во последните години изложбите се органи­
зирани и поставени по повод разни јубилеи и настани од кои ќе ги издвоиме следните:
"110 години од смртта на Григор Прличев ", "21 Март - Светскиот ден на поезијата",
"2-Април - Светскиот ден на детската книга" ,"23 Април - Светскиот ден на книгата" и
презентација на WEB - страницата на библиотеката на Интернет, "100 години Илин­
денска епопеја", изложба на книги од академик Матеја Матевски, кога беше инаугури­
ран за почесен член на Македонското научно друштво во Битола, изложба на книги
од проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ по повод гостувањето во библиотеката за патро­
ниот празник и одржаната беседа за Св. Климент Охридски, "700 години Франческо
Петрарка", "Битола и Хераклеја низ хрониката на вековите", изложба на книги од
писателот Венко Андоновски по повод промоцијата на неговиот роман за кој доби
интернационална книжевна награда "БАЛКАНИКА 2002", изложба на книги од
роднокрајни автори, "Владимир Костов -живот и дело", "Луан Старова -живот и дело",
"Битола од антика до денес","Струшките вечери на поезијата","Досегашни добитни­
ци на Златниот венец на СВП", "11 Октомври", "8 Декември - Св. Климент Охрид­
ски", "60 години АСНОМ", и др.
Во 2004 година, за прв пат во Битола библиотеката "Св. Климент Охридски" беше
организатор на Саем на книгата на кој зедоа учество со свои изданија сите издавачки
куќи од Македонија, оттогаш па наваму оваа културна манифестација прерасна во
традиционална и оваа година по четврти пат беше одржана во организација на биб­
лиотеката. По повод разни јубилеи Библиотеката во последниве години беше органи­
затор на повеќе литературни средби и читања со учество на познати писатели од
Битола и од Македонија воопшто, а исто така и со учество на ученици-членови на
литературните секции од основните училишта од градот. Потоа литературни читања
и промоции на книги од учесници на најстарата културна манифестација во светот
"Струшките вечери на поезијата". Во организација на библиотеката традиционално
редовно се одржува литературната средба насловена "Поетски бранувања", која има
за цел популаризација на библиотеката и поттикнување на децата да пишуваат.
Исто така, библиотеката беше организатор на повеќе трибини и предавања што
предизвикаа голем интерес кај битолската јавност, за податок ќе ги споменеме след­
ниве: "Илинден во македонската литература од 19 век" одржано од проф. д-р Васил
Тоциновски, "Книжевна вечер со академик Луан Старова", "Македонската литерату­
ра во Илинденскиот период", предавач д-р Јордан Стојановски, професор на Педа­
гошкиот факултет-Битола, "Новиот еврејски музеј", предавач Лили Бутман-Конде,
"Франкофонската литература", предавач г. Луан Старова, "Петрарка и неговото
време", предавач проф. Георги Сталев, "60 години АСНОМ", предавач д-р Новица


28




Библиошекарска шеорија и практика Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


Велјановски, "Исламот во Европа", предавач г. Жерар Лошон, "Ликот и делото на
Кристифор Колумбо", предавач г. Џовани Грило, аташе за култура во амбасадата на
Италија, "100 години Црвен крст, Полумесечина и Црвен лав", "Грбовите симбол на
државноста", "Тркалезна маса на роднокрајните писатели" и др.
Денес библиотеката располага со најсовремени информативни инструменти,
компјутери и терминали преку кои на корисниците им се нудат најразлични инфор­
мации не само за својот книжен фонд, весници и списанија, туку и многу пошироко за
сите библиотеки што се поврзани во системот СОВIЅЅ.МК. Библиотеката на корис­
ниците им нуди меѓубиблиотечно зајмување, индивидуални и колективни читални,
користење на базата на податоци ЕВЅСО, сала за промоции, компјутерски центар за
одржување курсеви, зачленување за 150 денари годишно. Според Националната про­
грама за долгорочен развој на Република Македонија, Владата ја прогласи за нацио­
нална институциЈа.
Своето работење и дејност ги има подредено по најсовремените меѓународни
прописи, правила и стандарди што важат во оваа област. Целокупниот работен процес
во библиотеката се врши во осум организациски оддели и тоа:


- Комплетирање библиотечен материјал
- Унапредување на библиотекарството
- Стручна обработка на монографски и на периодични публикации
- Позајмување и услуги
- Библиографско-библиотечни информации
- Посебни книжни фондови
- Заштита и репрографија на книгата
- Општи служби.


29




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


СПОНЗОРСТВАТА И БИБЛИОТЕКИТЕ


м-р Наде Караџоска


Спонзорствата во библиотеките стануваат се поактуелни со донесувањето на
Законот за спонзорствата. Од досегашните искуства во одделни сегменти од општес­
твеното и културно живеење како што се, на пр.: образованието, спортот, науката и
др., се наметнува прашањето дали одредени активности во библиотеките може да се
спонзорираат?
Спонзорирањето на библиотеките е поврзано со многу тешкотии затоа што секо­
гаш е присутен стравот дека основачите на овие институции ќе им ја скратат финан­
сиската помош ако почнат да наоѓаат други извори на финансирање. Освен овие аспек­
ти, се поставува прашањето дали библиотеките воопшто ги имаат неопходните стручни
и персонални претпоставки за спонзорирањето професионално и успешно да може да
се вклучи во работата на библиотеките?
За библиотеките се интересни оние институции што помагаат и даваат средства
за точно одредени проекти и ја приспособуваат сумата на тековните трошоци на некоја
културна институција. Иницијативата мора да тргнува од библиотеките. Тие се оние
што мора да побараат средства.
Америка е една од државите што во овој случај има најдолга традиција и "нај­
стари пријатели на библиотеките". Членовите на многу друштва на пријатели можат
да им помагаат на библиотеките на разни начини, можат да дејствуваат како локално
лоби или да им помагаат на библиотеките во практичната работа, како што е органи­
зирањето продажба на книги, собирањето донации или давањето помош во спроведу­
вање акциЈ а.
Обезбедувањето дополнителни финансиски средства од друштвата на пријатели
е по правило мало, но нивните активности придонесуваат библиотечните ресурси да
траат долго.
Понудите на библиотеките се разновидни и го надминуваат само позајмувањето
публикации на различни медиуми. Библиотеките се повеќе стануваат информациски
и комуникациски центри што со помош на новите технологии им даваат на граѓаните
можности за информирање, усовршување, организирање на слободното време и за­
бава.
Поради ваквата широка понуда, на спонзорите им се нуди можност сами да избе­
рат област во која сакаат да потврдат, а во која можат да пронајдат различни понуди
и целни групи.
Вака широк спектар на можности не може да дадат другите институции во култу­
рата.1 Библиотеките им овозможуваат на претставниците од стопанството многу мож­
ности за ангажирања во рамките на спонзорирањето на културата. Еден од нивните


. . .


потенциЈали е постоЈаната присутност на нивните понуди во Јавноста.
Во ГГерманија, според статистичките податоци во 1997 г., бројот на активните
корисници во научните и јавните библиотеки изнесува 12,2 милиони, што во споредба
со бројот на жителите значи дека 15% од нејзиниот вкупен број жители поседуваат
членски карти во некоја од библиотеките. Всушност, бројот на посетителите на биб­
лиотеките е многу голем.


1 Verena Leinberger:Sponzoring in Bibliotheken (Kolner Arbeitspapiere Zur Bibliotheks-und Informations
Wissenscaft, Band 10).Fachochochshule Koln, 1998, р.326.


30




Библиошекарска шеорија и практика Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


Во Франција, пак, до пред десетина години не постоел стопански меценат-спон­
зорство на културни манифестации и програми. За луѓето навикнати на идејата дека
културата е државна работа, стопанското спонзорство само за себе било сомнително.
Мошне многу им требало на Министерството за култура и на државата да почнат да
ги стимулираат стопанските вложувања и да го промовираат разбирањето дека
спонзорството е дел од деловната политика. Денес меценството во Франција претста­
вува суштествен извор на финансирање на француската култура.2
Во Република Македонија Законот за спонзорствата е донесен во 2006 година и
неговата примена во културните институции, меѓу кои спаѓаат и библиотеките, е во
почетна фаза. Со олеснувањето на оданочувањето, библиотеките се надеваат на тоа
дека ќе се јават повеќе можности за донирање и спонзорирање од разни фондации и
донатори. 3


ФУНДРАЈСИНГ


Поради финансиската ситуација во државниот буџет, во многу земји во светот се
повеќе се обрнува внимание на обезбедувањето дополнителни финансиски средства
за културни манифестации во библиотеките.
Добриот фундрајсинг-план подразбира прецизно водена кампања што се засно­
ва врз голем истражувачки и концептуален труд. Тој мора да има и точна парична цел,
поголема од онаа сума што само го урамнотежува односот на приход и расход. Целта
на фундрајсингот мора да биде стекнување пари за развој и унапредување на про­
грамите во дејноста.4
Планот почнува со идентификување на можните спонзори и донатори. Следни-


. . .


от чекор претставува настоЈување во секоЈа од тие организации да се пронаЈде соод-
ветна контакт-личност. Дури кога таа ќе се идентификува (или ќе се персонализираат
управниот одбор и неговите интереси), почнуваат да се пишуваат соодветни барања
за донации. Тогаш се прави и специфична спонзорска понуда, т.е. креираме содржини
што може да му бидат интересни на потенцијалниот спонзор.
Убедувањето и преговарањето со спонзорот се најважна форма на активност на
фундрајсерот, како и избор на интересни подароци што организацијата може да и ги
понуди на корпорацијата, потоа организацијата на специјални настани, па оформу­
вање на маркетиншки акции врзани со настани за донаторите/спонзорите и слично.
Ако се добијат средства, следната фаза претставува "писмо на благодарност", повел­
ба или некоја друга слична форма на благодарност. Особено е важна јавната благо­
дарница (на пример, на конференција за новинари), во која во сите програми и прос­
пекти според договорот се споменуваат податоци за спонзорите.
Со тоа, всушност, се отвора долгорочна спонзорска соработка. Работата на фунд­
рајсерот е да знае што повеќе луѓе од деловниот свет, да настојува да го формира нив­
ниот курс, да биде инвентивен во проанаѓањето предлози и причини за спонзорирање.
Вториот начин на фундрајсерот се засновува врз посебен настан што се прави за
потенциЈалните спонзори да ги привлече во ист момент и да ги наведе да се натпрева­
руваат меѓу себе. Дали тоа ќе биде жива аукција на слики, добротворна приредба, ќе
зависи од тоа за што се бараат пари и од навиките и стандардите на средината.5


2 Milena Dragieevire-Sesire, Branimir Stojkovire, Kultura, menad•ment, animacija, marketing, CLIO, 2000, str.360.
3 Службен весник на Р. Македонија бр. 47/06
4 Milena Dragieevire-Sesire, Branimir Stojkovire, n.d., str.372.
5 Milena Dragieevire-Sesire, Branimir Stojkovire,n.d., str. 372.


31




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


Во некои земји во Северна Америка спонзорирањето на културните институции,
меѓу кои и на библиотеките, има поголема традиција отколку во Европа. Така,
активностите што ги спроведуваат институциите за да обезбедат дополнителни
финансиски средства се означуваат со поимот фундрајсинг. Во овие библиотеки
функционираат и посебни оддели што и професионално се занимаваат со оваа работа,
и тоа доста успешно. Така, на пример, во Њујоршката народна библиотека (New York
Public Library) од средината на осумдесеттите години работат четириестина соработ­
ници.


Поимот фундрајсинг се повеќе се користи и во Германија, Франција и во други
европски земји, а со тоа се означуваат и сите можности да се обезбедат пари за инсти­
туциите од јавен карактер, меѓу кои и библиотеките.


mr. sci N ade Karadzhoska


SPONSORSHIP AND FUNDRAISING 1N ТИЕ LIBRARIES


RESUМE


The usage of the sponsorship has been started in the libraries nowadays, espe-
cially after the Law for the sponsorship was brought in the Republic of Macedonia in 2006.


Кеу words: sponzorship, libraries


32




Библиошекарска шеорија и практика Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА -
ЗА ПРИВАТНИТЕ БИБЛИОТЕКИ ВО БИТОЛА


Ленче Андоновска, виш библиотекар
НУУБ "Св. Климент Охридски" - Битола


Библиотекарството како посебна научна дисциплина претставува составен дел
на културната историЈа на еден народ, на културата на духот на човекот и претставу­


ва своевидно огледало на цивилизираниот човек. Во составот на културното богат­
ство на еден народ, секако, централно место зазема книгата. А книгите, би рекле,
претставуваат "основна храна на човечкиот ум и разум" а заземаат значајно место. За
да може да се постави цврста основа за своето поколение, треба континуирано да се
надградува, да се збогатува, да се создава навика за читање и со тоа да се издигнува
личноста на повисоко културно ниво. А за сето тоа треба колку што е можно повеќе
да се истражуваат материјали и своевидно да се публикуваат.
Во текот на моето работно искуство во НУУБ "Св. Климент Охридски " - Бито­
ла, дојдов до сознание дека приватните библиотеки во Битола и пошироко, досега
никаде не се истражени и евидентирани.
По поднесувањето на Проектот за истражување и евидентирање на приватните биб­
лиотеки до Министерството за култура на Република Македонија, тој беше одобрен.
Стручниот тим предвиден за реализација на наведениот проект за остварување
на идејата констатира дека е неопходно потребно да се послужиме со средствата за
информирање, односно се обративме до масовните медиуми преку кои ги поканивме
граѓаните на Битола што поседуваат свои приватни библиотеки да ни дадат инфор­
мации за сопствените библиотеки. Одѕивот беше солиден. Опфатени се 40 лица чии
библиотеки поседуваат над 1000 наслови. Со таквиот критериум се направи селекци­
ја и се застапени сопственици на приватни библиотеки што поседуваат над 1000
наслови, а има застапено и приватна библиотека што е најбогата со книжен фонд и
располага со 25000 наслови и 30000 примероци на монографски публикации.


Реализацијата на проектот се одвиваше во две фази и тоа:


- 1 фаза - исшражување и евидентирање на книгите во приватните
библиотеки и


- 2 фаза - публикување на истражениот машеријал.


За реализација на првата фаза неопходно беше потребно да се воспостават лични
контакти или телефонски разговори заради дефинирање на целите.
Потоа се пристапи кон посета во нивните приватни библиотеки и беа потпишани
поединечно со секоЈ сопственик следниве документи:


- Договори за заедничка соработка помеѓу НУУБ "Св. Климент Охридски" -
Битола и сопствениците на приватните библиотеки, со кои библиотеката се обврза
да направи истражување на книжниот фонд и него да го публикува. Волјата на соп­
ствениците на приватните библиотеки, во поглед на објавувањето на нивните имиња,


33




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


беше крајно испочитувана од библиотеката. Сопствениците на приватните библиоте­
ки им овозможија непречено истражување на стручните лица од библиотеката и им
беше достапен целокупниот книжен фонд заради евидентирање;


- Изјави дека нивните имиња сакаат да бидат објавени во публикацијата, како
сопственици на приватните библиотеки со број на наслови и број на примероци со
кои располагаат;


- Записници од посетите на приватните библиотеки, во кои се внесени реалните
состојби на приватните библиотеки и со што располагаат тие;


- Извршено беше и фотографирање на дел од книгите за кои сметавме дека се
ретки и интересни, дел од просторот на приватните библиотеки и ел. и тоа беше со
нивна согласност.


По завршувањето на истражувањето и нивното евидентирање се премина кон
средување, обработување и публикување на материјалот за да може денес да ја поседу­
ваме публикацијата "ПРИВАТНИТЕ БИБЛИОТЕКИ ВО БИТОЛА". Оваа пуб­
ликација, покрај регистрацијата на приватните библиотеки, претставува и историски
прилог кон културната историја на градот, кој токму и со вакви потфати ја прави
Битола најградскиот град во Република Македонија.
Презентираните приватни библиотеки се најразлични и тоа се застапени: специја­
лизирани библиотеки, општи библиотеки од повеќе области, семејни од една, две, па
и три генерации.


За сопствениците на приватните библиотеки секоја пофалба за нивното долго­
годишно собирање на вредниот материјал што успеале да го зачуваат низ минато и
денес во добра состојба.
При истражувањето се пронајдени многу ретки книги, интересни, кои заслужу­
ваат големо внимание, а ние како библиотеки, за жал, не ги поседуваме.
Сакам да потенцирам дека Битола е град што може слободно да се гордее со
своите граѓани што мачно собирале книги, ги зачувале и денес претставуваат огром­
но богатство, како лично за нив, така за градот Битола и пошироко.
Чест ми е да истакнам дека за првпат се истражени приватните библиотеки во
Битола и со тоа дојде до израз и се покажа и докажа добрата соработка со сопстве­
ниците на приватните библиотеки, кои мошне долго се грижеле и собирале непро­
ценливо богатство.
Имајќи го предвид фактот што НУУБ "Св.Климент Охридски" -Битола се стреми
да стане вистинска виртуелна библиотека, да навлезе во повисокиот степен на задо­
волување на научноистражувачките и образовните потреби на крајниот корисник,
без да се грижи од каде и како пристигнала бараната информација, а тоа е можно
само со натамошен развој на современото автоматизирано библиотечно работење.
На крајот, ценам дека е потребно истражувањето на приватните библиотеки во
Битола континуирано да продолжи бидејќи секојдневно тие се умножуваат, додека
постојните се зголемуваат со бројност на книги, дури и од раритетен карактер.


Авторот


34




Библиошекарска шеорија и практика Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


КНИГА-БЕЛЕЖНИК НА КНИЖНОТО БОГАТСТВО
ВО БИТОЛА


м-р Сашо Оrненовски


кон шрудош на Ленче Андоновска "Привашнише биб­
лиошеки во Бишола ", издавач НУУБ "Св. Климент
Охридски" - Бишола, 2006 г., сшр. 86.


Има публикации што служат за забава, за прочит, други за сознанија, а трети,
според нашите скромни сознаниЈа, претставуваат алатки - помошна литература на


секоЈ научник и општокултурен деец.
Во корпусот на третите ценам дека е местото на трудот од Ленче Андоновска, но
со повеќе значења: најпрво со мака и упорност авторката набележала голем број ( околу
45) приватни библиотеки сместени во домовите на битолските културни, научни,
стручни и уметнички дејци и кај тие што се библиофили, кои книгата ја сметаат богат­
ство и украс на СВОЈОТ ДОМ.
Секако дека целта на авторката заедно со другите истражувачи била да ги рег­
истрира постојните приватни библиотеки во градот Битола и на умешен начин, со
најпотребни податоци, го сторила тоа.
Освен презентирање на библиотеките, со овој труд се дава придонес во развојот
на културата на градот бидејќи библиотекарството претставува составен дел.
Важно е да се одбележи и фактот дека книгата претставува информатор на
библиотечното богатство во Битола, тоа значи дека книгата не е само за прочит, ами
показател и водич во книжното богатство во градот, така што секој што би се инте­
ресирал за одделни изданија, би ги нашол во тие библиотечни приватни фондови. Воед­
но, презентираните библиотеки во книгата се хетерогени.
Некои од нив се сосема стручни (на пр., библиотеката на Јани Димулков распол­
ага, во поголем број, со стручна литература од областа на медицината, м-р Јован
Кочанковски има библиотека со поголем број на книжен фонд, но од нив повеќето се
со историска тематика итн.). Воедно, покрај стручните дела, битолчани набавувале
книги и од белетристички карактер, дури и некои од нив ретки.
Читајќи ги информациите за библиотеките, се доаѓа до констатација дека многу
од сопствениците имаат освен литература на македонски и на други Јазици, а тоа значи


дека тие слободно се служеле и со други јазици.
Авторката, значи, открива и друг податок: битолчани, покрај желбата за имање
книга, не мал број од нив, се полиглоти. Многу интересни се податоците во книгата за
ретките (раритетните) книги што се наоѓаат во домовите на битолските дејци, со што
се вбројуваат во редот на личности од светот што ја ценат книгата и кои се гордеат со
тоа непроценливо богатство.
Кога ќе се заврши со прочит на последната страница на книгата "Приватните
библиотеки во Битола", ќе се дојде до констатација дека собраниот материјал не е
лесно да се врами во една книга, ни едноставно да се запише, под одреден редослед и


да се зачува од заборав, да се даде на граѓанството податок што претставува гордост
за културниот идентитет на битолските граѓани, кои од поколение на поколение ја
пренесувале љубовта кон книгата. Секако дека секое истражување мотивира друго,
би рекле истородно или од друг вид.


35




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


Приватните библиотеки секојдневно го менуваат својот лик, својот обем со на­
бавка на нови трудови, со создавање свои, а тоа значи ова истражување мотивира
продолжено следење на овој важен сегмент од културната историја на Битола.
Авторката заедно со своите соработници го заслужува тоа внимание за про­
должување на следењето на библиотеките и за преиздавање на книгата со ново
проширено и продлабочено издание.
И од застапените иматели на приватните библиотеки и од другите граѓани на
Битола, на авторката Ленче Андоновска и упатуваме најсрдечни честитки и благо­
дарност за истражувањето и публикувањето на овој труд, со желба за продолжување
на оваа културна, истражувачка и публицистичка дејност.


Сопственик на приватна библиотека


36




Библиошекарска шеорија и практика Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


ЛИЧНИ И СЕМЕЈНИ БИБЛИОТЕКИ НА ВИДНИ
ГРАЃАНИ ОД ТУРСКА И АЛБАНСКА ЕТНИЧКА
ПРИПАДНОСТ ВО ТЕТОВО ВО 19-ОТ
И ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД 20-ОТ ВЕК


Владимир Кочоски, виш библиотекар
НУБ "Кочо Рацин"- Тетово


Во рамките на реформите што се вршени интензивно во 19 век, особено во него­
вата втора половина, со цел да се спаси Османлиското царство од пропаста што се
појасно се навестуваше, покрај промените во областа на администрацијата, еконо­
мијата, војската, судството, беа вклучени и промени во просветната област. Направе­
ни се сериозни чекори за модернизирање и проширување на училишната мрежа на
приватни и државни училишта, отворање на библиотеки во поголемите центри и гра­
дови.
Како резултат на опсежните мерки што се преземени, виден развој се забележува
и во Тетовската кааза, која во овој период се наоѓа во рамките на Косовскиот вилает.
Оваа кааза доживува значаен економски просперитет, така што освен земјоделство­
то и сточарството се развиваат занаетчиството, трговијата и друго. Економскиот раз­
вој на Тетово и на неговата околина во тоа време овозможува виден подем на полето
на културата и просветата како во градот, така и во околните села. Освен што биле
отворани училишта, поимотните тетовци своите деца ги испраќале да го продолжат
школувањето во училишта во поголемите балкански центри и пошироко.
Во пишаните документи се споменува дека Тетово во втората половина на 19 век
било гратче со околу 12000 жители, а во него и во околните села биле отворани голем
број основни приватни училишта или сабиане, основни државни училишта или ип­
тидае, медреси и едно руждие или прогимназиЈа.
Со развојот на културно-просветните услови, според пронајдените турски служ­
бени документи од 1293 година по Хиџра или 1876 година според православниот кален­
дар, во учебната 1873/74 година во Тетово и во неговите села имало осум основни
училишта или иптидае за муслиманското население и едно основно училиште за хрис­


тијанското население (Салнамеи Вилајет Манастир, 1876 г.).
Според пронајдените службени турски документи од тој период, во тоа време
бројот на учениците и училиштата постојано се наголемувал. Кон крајот на послед­
ната деценија од 19 век во Тетово и во неговата околина работеле пет основни учи­
лишта, четири медреси од верски карактер и неколку сабиане или приватни основни
училишта за муслиманските деца (Салнамеи Вилајет Косава, 1897-98 г.). Само во ос­
новните училишта во градот имало речиси 400 ученици.
Во последните децении од 19 век, во круговите што економски добро стоеле, во
редот на месните аги и бегови, како и меѓу трговците и занаетчиите, се јавува потреба
за учење на нивните деца и во повисоки училишта, со цел тие да добијат пошироки и
потемелни знаења. Од тие причини 1879 година е отворено руждие или прогимназија
за машки деца со државни трошоци, кои изнесувале 10 илјади гроша. Интересот за
книгата и науката со тоа забележително ќе порасне.


37




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


Споменатите училишта во втората половина од 19 век дадоа свој позитивен при­
донес и од овие краишта да излегуваат виден број интелектуалци, кои своевремено
застанаа на чело на важни установи во општествените, економските, културните,


политичките и други деЈности.
Во втората половина на 19 век во Тетовско се појавиле и неколку световни учи­
лишта со библиотеки, а кон крајот на векот се појавиле повеќе семејни библиотеки и
кај поимотните граѓани од различна етничка припадност.
Со појавата на училиштата интересот за книгата и науката ќе се зголеми. Како
резултат на созреаните економски, политички и културно-просветни услови доаѓа до
појава на првите приватни библиотеки. Во втората половина на 19-от век во Тетово се
појавуваат две приватни библиотеки од видни граѓани од турска националност.
Првата е основана во 1869/70 од Хаџи Абаз ефендија во месноста наречена
"Чарши џами Шериф". Во неа имало 186 книги.
Втората е на Сабри Беј во "Ќупри махалеси" со 356 книги.
Во двете библиотеки имало книги на разни јазици - персиски, арапски, османлис­
ко-турски и други, печатени во Каиро, Дамаск, Бејрут, Цариград и други места.
Мошне интересна е личноста и животниот пат на Сабри Бег. Тој, според преда­
нието, пред крајот на 19 век ќе се пресели во Цариград, тогаш престолнина на Отоман­
ската империја и ќе раководи со царската библиотека, а подоцна на таа должност ќе
го наследи неговиот исто така учен син Нуредин Калканделен (Тетоецот).
Д-р Тахир Сали Табак, чие потекло не е познато, од 1890 до 1912 година ќе пре­
стојува во Тетово, каде што ќе работи како воен лекар. Во 1912 година заедно со тур­
ските власти се сели во Истанбул. Располагал со богата библиотека со стручна литера­
тура од областа на медицината и фармакологијата, но и други книги.
Д-р Џафер Сулејмани, лекар, со својата работа на полето на здравството ќе остави
неизбришлив печат на времето од првата половина на минатиот век и ќе го понесе
епитетот народен лекар. Речиси да нема куќа во Тетовско без оглед на националната
припадност во која д-р Џафер не влегол вршејќи ја својата хумана лекарска професија.
Според необјавеното дело "Исшорија на здравствената култура на Тешово"на
познатиот тетовски доктор Ристо Брезјанин, чиј ракопис се чува во подрачната еди­
ница на Државниот архив на Република Македонија во Тетово, Сулејмани е роден
1887 година во малото место Пермети во Албанија, како единствено дете на своите
родители. Кога наполнил девет години, вујко му, кој живеел во Истанбул, го зел кај
себе и таму го школувал. Џафер Сулејмани медицинските студии ги завршил во 1908
година на Медицинскиот факултет оформен во 1840 година во престолнината на Ото­
манската империја. Истата година како дипломиран доктор - лекар доаѓа во Гости­
вар, а една година подоцна се преселува во Тетово, каде што станува синоним за наро­
ден лекар во целиот тетовски крај. Од 1941 до 1943 година е назначен за градоначалник
на Тетово, а потоа продолжува со лекарската практика. Умира во 1953 година.
Д-р Џафер Сулејмани бил голем книгољубител. Во неговата богата библиоте­
ка, освен книги од областа на медицината, имало и друга литература на француски,
турски, арапски и на персиски јазик. Меѓутоа, по завршувањето на Втората светска
војна тогашните власти влегле во куќата каде што живеел, ормарите со книгите и
собата најпрвин ги запечатиле, а по неколку денови ги собрале сите негови книги, кои
повеќе никогаш не ги вратиле.
Садик Палоши, потомок на познатата богата беговска тетовска фамилија
Палоши, бил еден од најучените тетовци во втората половина на 19-от и почетокот на
20-от век. Роден е околу 1860 година. Првото образование го добил во родниот град, а


38




Библиошекарска шеорија и практика Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


факултет за администрација завршил во Истанбул. Во ддеве есеттите години од векот
бил управител на Тетово и на Гостивар, а функцијата ја вршел волонтерски. Приходи
остварувал од земјиштето што го поседувал во Полог.
Садик-бег Палоши ќе создаде богата библиотека со книги од различни области.
Според кажувањата на неговиот 75-годишен внук Самија Палоши, членови на државни
делегации кога претстојувале во Тетово, ја посетувале беговската куќа и стариот конак
во кој била сместена беговата библиотека со која тој се гордеел. За жал, пред крајот
на векот ќе се случи незгода кога во конакот при едно невреме ќе удри гром, конакот
ќе се запали, а заедно со него ќе изгорат и сите книги. За Садик-бег тоа ќе биде нена­
доместлива штета што нема да ја прежали до крајот на животот. Умира релативно
рано, на 54-годишна возраст.
Садик-бег Палоши својата љубов кон книгата и науката ќе ја пренесе и на своите
деца. Така, неговиот син Мехмед Палоши, кој е роден во 1900 година, ќе заврши руждие
(гимназија). Со приходите од имотот што го наследил можел пристојно да живее и да
има слободно време за читање. Од својот татко ќе наследи многу верски книги на
турски јазик напишани со арапско писмо, но и романи, а и самиот многу ќе купува и
ќе чита се до крајот на својот живот. Умира во 1979 година. За жал, по неговата смрт
старите книги, според кажувањата на неговата внука Љуљиета, ќе бидат изгорени.
Мехмед-бег ќе има четири сина (Џеладин, Рифат, Самија и Алија) и една ќерка
(Мамуре), кои сите имаат завидно образование. Мамуре Палоши ќе биде првата жена­
Албанка во Тетово, која во 1949 година ќе ја прекрши патријархалната традиција и ќе
го продолжи школувањето во тетовската гимназиЈа.
Ефенди Џелил Јусуфи (1886-1961) ќе биде исто така еден од најучените луѓе во
Тетово во своето време. Академско образование ќе добие во Истанбул изучувајќи
филозофски науки. Ќе биде познат и ценет по својата ученост и по книгољубимоста.
Неговата лична библиотека ќе има над 5000 монографски публикации печатени на
старотурски, арапски и француски јазик, меѓу кои ќе има енциклопедии, речници и
пред се филозофска литература. За жал, во годините по Втората светска војна новите
власти со недоверба ќе гледаат на многу учени луѓе, без оглед на нивната национална
или верска припадност, поради што многу сопственици пред налетот на стравот да не


бидат малтретирани, своите книги ги уништувале. Богатата лична библиотека на ефен­
ди Џелил Јусуфи во 1950 година ќе биде одземена од државните власти и најверојатно
уништена. Книгите никогаш нема да му бидат вратени на сопственикот.
Џелил Јусуфи поради своите напредни идеи и хуманост подеднакво ќе биде почи­
туван и ценет како од турското, исто така и од македонското население во Тетово. Тој
ќе биде еден од силните поддржувачи на идејата за изградба на првата хидроцентрала
на Балканот на реката Пена и еден од нејзините акционери.


39




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


ОБУКАНАБИБЛИОТЕКАРИТЕЗАРАБОТА
ВО МРЕЖНОТО ОПКРУЖУВАЊЕ


Блаrа Спиридонова,
Редактор на каталошки записи на монографски публикации
Национална установа библиотека "Гоце Делчев" - Штип


Библиотеката е колекција од книги, периодика, филмови, записи, компјутерски
бази на податоци и други видови на библиотечен материјал. Библиотеките претста­
вуваат витален дел од светскиот систем на комуникација и едукација. Знаењето што
било акумулирано со векови тие ни го прават достапно.
Не е веќе доволно библиотеките да се занимаваат само со проблемот на збогату­
вањето на своите фондови со библиотечен материјал, туку мора да се направат многу
напори за потенцијалните корисници да се поттикнат и да го користат тој библиотечен
материјал. Многу значајно во оваа област е настојувањето целокупниот библиотечен
материјал да биде доставен и користен не само од учениците, студентите, интелектуал­
ците, туку и од сите преостанати структури на населението.
Библиотечната дејност треба да ја поттикнува и да ја задоволува потребата за
читање, но и да овозможи културна самоактивност. Минува периодот на класичното
читање, така што ние како библиотекари мора да ги поттикнуваме своите корисници
и да им помагаме при користење еден друг вид библиотечен материјал (ЦД-ром, микро­
филмови, дискети, аудиовизуелни материјали и ел.).
Задоволувањето на информативните потреби на населението создава сложени
и одговорни обврски за нашите библиотеки, а со тоа и на библиотекарите во нив.
Научната и техничката револуција во светот и кај нас е непосредно поврзана и
со брзиот пораст на научните информации. Големиот број научни и други публикации
е најизразена појавата што често се нарекува "експлозија на информацијата". Потре­
бата од повеќе информации во исто време и минимално потрошената енергија е по­
треба на денешнината. Како одговор е појавата на посебниот вид дејност наречена
научна информација или документација.
Заради сето ова е потребна и промена на библиотеките. Првите обиди се соз­
давање современо организирани библиотечно-информативни центри (БИС) или т.н.
"виртуелни библиотеки", вклучени во библиотечно-информативниот систем (БИС),
кои се способни да одговорат на многуте потреби на корисниците. Виртуелната биб­
лиотека што ги обезбедува сите позначајни услуги од Интернет-мрежата дава голем
број совети онлине, кои им овозможуваат на многуте корисници брзо да се ориенти­
раат во хаосот на услуги и адреси во светот на глобалните мрежи. Според Чарлс Хил­
дрет виртуелната библиотека претставува успешен брак помеѓу автоматизираната
библиотека и Интернетот.
Изработката и функционирањето на единствен библиотечен информативен
систем не е само обврска и задача на библиотеките, тој има пошироко значење за
Република Македонија не само во домашни, туку и во светски рамки. Македонија заед­
но со земјите од Централна и од Источна Европа заостанува во развитокот на инфор­
мативните и библиотечните мрежи. Затоа се засилени активностите во таа насока.


40




Библиошекарска шеорија и практика Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


Самата помисла дека секој човек има право на слободен пристап до информации
е актуелна. А кој е одговорен за тоа? Библиотекарите. Одговорноста на библиотекар­
ската професија што мора да овозможи слободен протек на информации и достап до
информациите за своите корисници е тешка задача. Библиотекарите се невидливи
ликови, додека библиотечната струка е во сенка. Од библиотекарите се очекува да
излезат од сенка и да преземат активна улога во општеството.
Новата технологија на библиотечната дејност не само што ја проширија нивна­
та традиционална улога, туку отворија нови хоризонти во борбата со технолошката
неписменост и нивно совладување. Нашата библиотека е стара културна институција
(1982 г.). Во уусловите на модернизацијата во општеството, библиотеката ги менува
својот аспект и барања кон лицата што се вклучени во таа дејност. Денес професијата
мора да се менува во согласност со тековните информатички промени во заедницата.
Компјутерскиот систем и софтверите застаруваат за неколку месеци. Оnlinе-те­
хнологијата во светот ни овозможува да го следиме напредокот понудувајќи многу
повеќе извори на информации. Сето тоа не треба да претставува закана за библиоте­
ките. Од одамна тие се користеле за прибележување и складирање на најстарите тек­
стови и големите откритија низ вековите. Кај академските граѓани постои евидентен
отпор кон дигиталниот запис, т.е. неприфаќање на замената на печатената форма со
дигитален запис. Иако тој отпор постои, прифатено е како значајно средство за ефика­
сна и брза дисеминација на научноистражувачките трудови и на најновите инфор­
мации.


Новите трендови и светските искуства во областа на обработката на библио-
. .


течниот материЈал потврдуваат дека отсуството на нова современа технологиЈа при
обработката на материјалот тешко се надоместува дури и со мачна повеќечасовна
работа и ангажираност на библиотечните работници. Затоа треба да почне, а не само
да се размислува за процесот на трансформацијата во сферата на обработката на
библиотечната граѓа со воведувањето на автоматска обработка на материјалите.
Сигнирањето и инвентирањето веќе станува "грижа" на самиот компјутер, т.е.
нема потреба од извршителите што досега ги извршувале овие работни задачи.
Компјутерот го красат многу особини, но незаменлив е во многу делови од живо­
тот, па и библиотекарството со неговите познати особини : брзина, автоматско рабо­
тење, точност и способност за паметење.
Организациската трансформација на библиотеката треба да е насочена кон мо­
билизација на сите кадровски потенцијали во обезбедување оптимални услови за
решавање низа значајни прашања (простор, опрема, комуникациски врски, соодветен
кадар и ел.) зашто по долгогодишното постоење сега за првпат се наоѓаат пред најго­
лемиот предизвик. Дали тие во иднина ќе бидат различни од оние во минатото, каков
ќе биде нивниот понатамошен развој и дали можеби не постои опасност од нивно
исчезнување?
Екипирањето и организацијата на сопствените кадровски и материјални потен­
цијали многу ќе помогне во настојувањето на библиотеките успешно да одговорат на
овие предизвици. Изградбата на компјутерски мрежи и воспоставување врски не е
нималку евтина операциЈа.
Информациската технологија влијае врз сите нас, а посебно врз библиотекарите
бидејќи тие најмногу се соочени со постојани промени во начинот на информирање,
со цел информациите да им ги направат достапни на корисниците на услугите. Со
оглед на тоа што ова е време на информации, обезбедувањето пристап до нив за биб­
лиотекарите има примарно значење.


41




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


На тој начин се случуваат драматични промени во начинот на работата на биб­
лиотекарите.
Употребата на новите технички помагала во сферата на библиотечната дејност
донесоа со себе и психички и физички стрес.
Во психичка смисла, техностресот се означува како: паника, страв, вина, загри­
женост, фрустрација, љубомора кога еден од вработените учи побргу од другите.
Џон Куперсмит цени дека повеќето причини за стресот кај библиотекарите е
резултат на "компјутерската загриженост" што се манифестира со "раздразливост,
главоболка, ноќни кошмари, неможност за учење и одбивање на технологијата".
Конфликтната улога се појавува кога библиотекарот ќе почувствува страв дека
ќе ја изгуби позицијата (престижот) и дека неговата работа ќе биде автоматизирана, а
дека тој можеби ќе биде несоодветен кадар.
Според повеќе светски автори техностресот е во зависност од годините на врабо­
тените, неговото поранешно технолошко искуство и одлуките ги донесуваат компЈу­
терите.


Негативни реакции на промените кај библиотекарите може да се манифести­
раат на различни начини, како што се, на пример: бучно неодобрување, пасивно избег­
нување, претскажување неуспех до јавно непријателство, злобно однесување со наме­
ра да ги победи предложените промени и ел.
За да се избегнат стресните состојби, кога се воведува нова технологија, потреб­
но е да учествуваат сите вработени што ќе бидат вклучени во промените. Вклучувајќи
го персоналот во промените, кај него може да се развие позитивен став кон нив, без
чувство на страв или замени од новата технологиЈа.
Кога во работењето се воведуваат нови технологии, мора да се оддели време и
за обука на вработените бидејќи тоа е еден од најефикасните начини за избегнување
на стресот. Секако дека при таа обука треба да се внимава на факторот што луѓето се
различни, дека компјутерот не е волшебна работа бидејќи тој е немоќен без помошта
на човекот.
Библиотекарот мора да чуствува дека тој ја контролира машината, а не таа него.
Наградата ќе биде одлична мотивација за пораст на работната сатисфакција на сите
нивоа. Стилот на управување исто така има клучно влијание врз техностресот. Ако е
тој добар, кај вработените го истакнува чувството за сопствените способности и
важност во организацијата. Постојаните консултации и размена на искуства на сите
нивоа доведуваат до иновациско мислење и позитивни резултати. Треба да се има јас­
ен план и точна мапа на целите за да може вработените тоа да го користат како своја
алатка, а не тоа да се случува со сила и закани. Новина е што треба да се им допушти
на луѓето самонаоѓање во мали групи без потреба од "авторитативна" контрола.
Многу е значајна и улогата на директорите на библиотеките бидејќи тие ќе мора,
врз основа на сето она што е претходно изнесено, да развиваат една солидна стратеги­


ја на управување со воведување технолошки промени и тоа на најдобар можен начин.
Затоа не е ни случаен заклучокот дека: "Менаџерите треба да бидат подготвени за
сите видови предизвици, да се менуваат, но и да учат".


42




Библиошекарска шеорија и практика
УДКО2
Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


БИБЛИОТЕКА-НОВА ПАРАДИГМА


Јелена Петровска
НУУБ "Св. Климент Охридски" Битола


Клучни зборови: информација, библиотечен корисник, општество на знаење


Информациите денес се важен ресурс во општествениот развој. Тие се создаваат
многу брзо и во голем број, така што потенцијалните корисници не се во можност да
ги пронајдат сите за оптимално време, ниту пак во огромниот број информации да ги
пронајдат и да ги евидентираат оние што им се најпотребни.
"Информацијата денес е најважен ресурс во општествениот развој бидејќи без
неа е оневозможено користењето и на преостанатите ресурси. Тоа го доведе совреме­
ниот човек во целосна зависност од актуелната, точната и навремена информација од
сите подрачја на општествениот живот." 1
Од огромно значење се институциите што според својата организациска поставе­
ност ги обезбедуваат сите релевантни информации. Библиотеките се трансформираа
во современи библиотечни системи од кои корисниците ги користат благодетите на
нивната организациска трансформација и се во директна корелација со способноста
на менаџерскиот раководен тим да го обезбеди квалитетот на библиотечна понуда.
Она што го трасира патот на оваа "невидлива" (invisible profession), но секогаш
присутна професија се нејзините корисници, т.е се поголемата потреба за образование
и доживотно учење како парадигма на новото време. Училиштата се јавуваат како
директен консумент и побарувач на голем број потребни информации што го траси­
раат профилот на училиштето како современ образовно-воспитен систем.
Живееме во време на крупни реформски збиднувања во областа на образованието
и културата што промовираат ефективни воспитно-образовни установи што наполно
кореспондираат на опкружувањето и соработката со културните институции. Тоа го
промовираат и стратегиските документи, како што се донесувањето на Национална­
та програма за култура на РМ, како и Националната нацрт-програма за развој на обра­
зованието во РМ (2005-2015).
Библиотекарството на ХХ век го обележува огромен пораст на печатарската
продукција што изврши големо влијание и зголемување на фондовите на библиоте­
ките со разновиден библиотечен материјал, а книгата стана само еден од носителите
на информациите во библиотеката во нејзината корисничка понуда. Техничко-техно-


. .


лошкиот развиток, пак, од друга страна во целост јс измени комуникациЈата во сите
сфери на човековото модерно живеење, што доведе до трансформацијата на библио­
течното работење во сите негови сегменти. Стравот кај библиотекарите дека во ид­
нина не ќе можат да се справат со последиците на дигиталната револуција, посебно
кај оние т.н. луѓе од книгата за разлика од луѓе од бајти, извонредно го обработи
авторот Михаел Горман (Michael Gorman) во својата книга "Постојана библиотека"2 ,


. . .


во коЈа ТОЈ нуди СВОЈ поглед, но и решениЈа за многу важни прашања што го мачат
денешниот библиотекар.


1 Добри Петровски, Трансформација на библиотеките во Македонија, ДНУ, Битола, 1996, стр. 10
2 Michael Gorman, Постојана књижница, ХКД,2006


43




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


Ако се вратиме малку во историјата на библиотекарството, ќе видиме дека во
изминатите години и во различни земји наоѓаме повеќе и мошне опсежни трудови за
развојот на библиотечното работење и неговиот профил во општеството. Само како
пример дека библиотеките станаа значаен чинител во општеството и незаменлив парт­
нер во сферата на образованието е податокот што го наоѓаме во американската Ен­
циклопедија на историјата на библиотеките. Во ннеа се истакнува дека во 1900 година
во американските библиотеки работеле 3000 луѓе, а во следните 70 години нивниот
број се зголемил 40 пати и заедно со занимањето на медицинските сестри биб­
лиотекарството станало најбројно занимање во светот. 3
Прочуените златни правила на библиотекарството од индусот Рамамрите Ран­
ганатана (1892-1972) беа објавени во 1931 година во Мадрас и во Лондон и најавија
нова концепција на библиотеките во светлината на севкупните технолошки промени
и приспособување на услугите на се поголемиот број корисници на библиотечните
можности. Тие правила прокламираа активен однос на библиотеката кон читателот и
осовременување на библиотекарската професија.
Исто така, еден од најпознатите теоретичари на библиотекарството од 20 век,
американецот Џеси Шир, го промовира библиотекарството како интердисциплинирана
наука поврзувајќи го во голема мера со високошколските установи и со образовани­
ето воопшто.


Њспоставувајќи така една нова парадигма во современото библиотечно рабо­
тење, поставувајќи ги библиотеките во фокусот на просперитетот на човештвото,
насочувајќи ги кон пренесувањето на знаењата, користењето нови технологии, раз­
вивањето демократичност и визионерски однос кон иднината, авторите Волт ККрофор
и Мајкл Горман го воспоставуваат новото библиотекарско верују - да и се служи на
заедницата како основно начело и мотив за работа во денешните библиотеки.
Библиотеките со крупни чекори го освојуваат се поголемиот информациски
простор за денес да бидат еден од највлијателните фактори во секојдневието на неј­
зините корисници. Се повеќе се наметнуваат со своите разновидни активности и про­
грами, стануваат дел од туристичката понуда, не познаваат возрасни граници, како ни
одредени специфични групи корисници (на пр., корисници со тешкотии во развојот
или личности со посебни потреби).
Основните претпоставки на филозофијата на библиотекарството денес се повр­
зани со раководењето на библиотеките од професионалци-библиотекари и се пого­
лем пораст на знаењата во т.н. "општество на знаење" претпочитајќи ја целосната
ориентација кон служењето на заедницата, свеста дека секој корисник е свет за себе.
Од другата страна, пак, квалитетот на библиотечната услуга се дефинира според
корисничкиот став за неговите потреби, било да се тие образовни, социјални, култур­
ни, информациски итн.
Во ппоново време експанзијата на информации и развојот на информациското
општество доведе и до зголемување на се поразлични и нови потреби на корисниците
на библиотеките. Дури и една од најголемите библиотеки на светот - Конгресната
библиотека ја подвлекува својата трансформација и ја преформулира својата мисија,
па така "американските библиотекари истакнуваат дека тие собираат знаења, ги интер­
претираат и ги оценуваат информациите и им помагаат на корисниците да ги усвојат.4


3 Гордана Стокиќ-Симончиќ, Жељко Вучковиќ, Менаџмент у библиотекама, издање аутора,
Београд,2003, стр.25


4 Исто. - стр. 57


44




Библиошекарска шеорија и практика Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


Она што е есенциј ално за овие библиотеки е нудењето водич или сервис на инфор­
мациите. За да го олеснат пристапот до информациите, библиотеките селектираат,
обезбедуваат знаења, организираат, евалуираат, сместуваат и пренесуваат широк опсег
на различни библиотечни материјали. Информацискиот сервис, пак, вклучува не само
пребарување на различни медии, извори и материјали, туку анализира и организира
збирки (колекции), материјали и знаења и организира обука за нејзините корисници
Библиотекарите го употребуваат истиот метод за да ја обезбедат релевантната и бара­
ната информација на wеb-страницата.
Се поставува прашање какви ќе бидат библиотеките во иднината? Кои услуги ќе
им ги нудат на нивните корисници и што ќе се случи со едно од најстарите занимања?
Секако дека одговорот е мошне комплексен и неизвесен, но сепак постојат показате­
ли што укажуваат на некои значајни промени во библиотечното работење во 21 век.
Со се поголемата автоматизација на библиотечните процеси што се присутни и во
Македонија ( системот COBISS) библиотеките со своите услуги ќе се приспсобат кон
изменетите општествени услови со целосна трансформација, како во организациска­
та поставеност, така и во корисничкиот интерфејс.
Во сстранската литература наоѓаме термин information cottage, кој ја означува
структурата на библиотеките во иднината како пунктови преку кои ќе се испраќаат
информациите. Така корисникот ќе може да користи различни библиотечни услуги
на далечина независно од географската лоцираност. Сигурно дека некои видови тради­
ционални библиотеки може во иднина да ја изменат својата организациска поставеност.
На пр., универзитетските библиотеки може да имаат т.н. сателити или разграноци по
целиот универзитетски кампус, додека јавните библиотеки би имале свои клонови во
општини, разни канцеларии, деловните објекти во трговските центри и на други лока­
ции. Се претпоставува дека овие виртуелни библиотеки би работеле со само еден
вработен и тоа професионален библиотекар што ќе ја извршува и ќе ја организира
целата работа во библиотеката со одреден број т.н. манипуланти, библиотекари и
вонпрофесионални работници. Но иако зборуваме за поспецифичен организациски
модел на библиотеката во иднина, тој подразбира висок степен на самоорганизирање
(self-management) и добра комуникација на сите нивоа во работата на библиотеката.
Сепак, работите не се толку едноставни. Имено, се поставува прашање дали ќе
опстојат сегашните библиотеки, пред се оние што се грижат за собирање и чување на
записите што го сочинуваат човековиот живот, духовните и физичките, графички
записи што претставуваат мост помеѓу минатото и иднината? Секако дека библиоте­
ките ќе продолжат да бидат во функција на чувари на тоа севкупно цивилизациско
богатство, но и активни чинители во комуникациската верига на општеството.
Со се поголемиот развој на општеството и неговото прераснување во еден нов
вид на "општество на знаење" речиси да е и невозможно да се заслужи епитетот обра­
зован човек. Така некои теоретичари образованоста ја определуваат како "збир од
она што некој поединец ќе го научи од книгите и од другите луѓе. "5
Како што покажува светската практика, кога станува збор за дефиниција на она
што значи образование за културата на една земја и кај нас во Македонија се забе­
лежува постојан пораст на степенот на образованоста кај населението. Таа е резултат


. . .


на развоЈОТ и унапредувањето на науката и технологиЈата што ја тера единката посто-
јано да се образува и да се усовршува, пред се во однос на своите интелектуални способ-


5 Златко Жоглев, Социологија на образованието, универзитет "Св.Климент Охридски" -
Педагошки факултет, Битола, 2002, стр. 82


45




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


пости, своите знаења, вештини и навики и така целосно да придонесува за развоЈОТ на
општеството и за подигањето на степенот на образованоста. Образованоста фактички
претставува производ од процесот на образованието, односно реализирана образов­
на функција. Ако имаме квалитетно реализирана образовна функција, сигурно дека
ќе имаме квалитетно образование.
Современата типологија на библиотеките укажува на новите тенденции во
библиотечното работење, пред се со трансформација во нејзината организациска пос­
тавеност, но и на се поголеми овластувања и одговорност кон заедницата и кон опш­
теството во целина. Тие ќе се приспособуваат кон потребите на нејзините корисници
и кон промените во опкружувањето. Пред се тие ќе бидат наполно во функција на
ефикасноста во наставата на сите нивоа во образовниот систем на државата. Опреде­
лувајќи ја својата работа кон се поголемите образовни потреби на населението, биб­
лиотеките ќе се развијат во современи културни и пред се образовни центри, каде
што нивните корисници ќе можат корисно да го исполнуваат своето професионално
и слободно време.
Библиотеките најдобро го отсликуваат општеството во кое живееме, но и ста­
тусот и односот кон културата и знаењето воопшто од одделни народи и држави. Вред­
носта на библиотеките се огледа во нешто многу поголемо од информациски посред­
ник, па така државите што навистина внимаваат на СВОЈОТ имиџ, со што водат сметка


и за иднината на своите граѓани, ќе градат софистицирани и убави места каде што
луѓето ќе го живеат својот живот.6
Но, како што експлицитно го нагласува тоа авторот Брофи, библиотеките не ќе
можат тоа место да го имаат како некое ексклузивно право на централно место во
општеството, туку тоа место треба да го заслужат со нивната посветеност и профе­
сионалност.


Место заклучок:


"Како и сите други, ова е едно мошне интересно време во кое многу библиотекари
се чуствуваат зашеметено од промените, отуѓени од еден или друг аспект на совре­
меното библиотечно работење, загрозени од двоглавиот змеј - со се помалку финан­
сиски средства од една страна и со се поголемиот технолошки напредок од друга стра­
на. Уверен сум дека постои само еден начин да ги вратиме задоволството во рабо­
тењето и рамнотежата во животот. Тоа можеме да го постигнеме согледувајќи ја сво­
јата сегашна состојба и својата историја со јасна визија и дејствување врз темелите на
свесно разбирање на ситуацијата. Да се разбере процесот што се уште трае, како и
силите што го обликуваат нашиот работен век, значи да се контролира едното и дру­
гото. Кога би го оствариле тоа, можеме да очекуваме да работиме во идеална биб­
лиотека каква што ја опиша Лауренс Клерк (Lawrence Clark) пред повеќе од триесет
години:


Добрите раце се погрижија за добро уредено место со правилен расиоред.
Добрите глави го направија интелигентниот избор (граѓа во сите формати),
чија што содржина вработените одлично ја познаваат.


46


Добрите срца го направија тоа да биде топло и срдечно место. "7


6 Брофи Питер, Библиотека у двадесет првом веку, Clio, Београд, 2005
7 Michael Gorman, Постојана књижница, ХКД, Загреб, 2006, стр. 151




Библиошекарска шеорија и практика Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА


Брофи Питер, Библиотека у двадесет првом веку,Сliо,Београд, 2005


Gorman Michael, Постојана књижница: технологија, традиција и потрага
за равнотежом, ХКД, Загреб, 2006


Златко Жоглев, Социологија на образованието, универзитет "Св.Климент
Охридски" - Педагошки факултет, Битола, 2002, стр. 82


Клејтон Питер, Горман Гари Јуджин, Управљање изворима информација
у библиотекама, Clio, Београд, 2003


Књижнице ризнице писане и дигиталне баштине,35. скупштина хрватског
књижничарског друштва, радни материјали, ХКД, Загреб, 2006


Народна књижница, IFLA-инe и UNESCO-oвe смјернице за развој служби
и услуга, ХКД, 2003


Петровски Добри, Трансформација на библиотеките во Македонија, ДНУ,
Битола, 1996


Стокиќ-Симончиќ Гордана, Вучковиќ Жељко, Менаџмент у библиотекама,
Београд, 2003


47




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЈАВНА ДЕБАТА И ЗА
ДОНЕСУВАЊЕ НАЦИОНАЛНА ПРЕДЛОГ­
СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈОТ НА НАРОДНИТЕ
БИБЛИОТЕКИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Јелена Петровска, вип. библиотекар
НУУБ "Св. Климент Охридски"


Република Македонија е една од ретките земји што се уште го нема решено про­
блемот со библиотечните кадри. Имено, во земјата не постои институционализирано
образование на библиотекарите ( се мисли на посебна катедра за библиотекарство, а
не на одделни студии, предмети по библиотекарство и информациски науки), што во
голема мера создава проблем.
Секој нов ден што сме го пропуштиле не следејќи го библиотечниот тренд во
светот не остава илјадници години наназад во т.н. библиотечен мрак. Токму затоа на
минатогодишното собрание беа понудени следните теми или предлози како подлога
за дебати и иницијативи за изготвување на националната програма како темел за доне­
сување важни акти и за други видови библиотеки.
Секако дека Библиотекарското друштво на Македонија треба да биде носител и
главен промотор на донесувањето на Националната стратегија за развојот на биб­
лиотеките во Република Македонија.
Ако се запрашаме зошто е воопшто потребна националната стратегија, одго­
ворот е едноставен. Поголем број библиотечни институции веќе преминаа на локал­
но ниво. Петте национални установи - библиотеки се се уште на државно ниво. Исто
така не е дефинирано местото и функцијата на националната библиотека во Скопје
како национална библиотека по углед на другите држави, што доведува до голема
нееднаквост во развојот на одделни библиотеки.
Токму затоа е потребно предвидување конкретни мерки, акции и планови за раз­
ВОЈОТ на оваа толку важна, но осетлива тема.


Цели што ќе се постигнат со Националната стратегија за развојот на библиоте­
ките во Република Македонија, како и можни насоки за изготвување на програмата:


- Еднакви можности за пристапот кон знаења и информации за сите граѓани на
Република Македонија;


-Изградба на мрежата на сите видови библиотеки во еден единствен библиотечен
систем, автоматизација и информатизација на библиотеките;


- Синхронизиран развој на библитеките независно од нивната големина и место
на дејствување (град или рурална средина);


- Воспоставување поголем број роднокрајни збирки и нивна заштита и дигитали­
зациЈа;


- Спроведување национална кампања за подигање на нивото на писменоста и
промовирање на културата на читањето;


- Поголема вклученост на библиотеките во опи сменување на населението ( ос­
новно, функционално и медиско );


- Меѓудржавна и регионална соработка на полето на библиотечното работење;


48




Библиошекарска шеорија и практика Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


- Изградба на системот за евалуација на библиотечното работење;
- Бесплатен или повластен пристап до телекомуникациски и информациски ин-
фраструктури;


- Дефинирање на основните услуги на народните библиотеки и обезбедување на
бесплатно користење за сите граѓани;


- Подобро снабдување и осигурување на соодветен библиотечен материјал (во
пишана и во електронска форма);


- Заживување на Законот за библиотеките, како и донесување одделни подза­
конски акти и нивна ревизија во врска со новите побарувања од библиотеките и од
нивните корисници;


- Постојано истражување на потребите на корисниците на библиотеките;
- Едукација на корисниците;
- Постојано усовршување на библиотечните работници;
- Воспоставување параметри за квалитативно и квантитативно вреднување на
библиотечното работење;


- Почитување на веќе донесените законски регулативи и донесување нови;
-Активно вклучување во е-Европа.


Носителите на активностите за период од 5 до 10 години би биле:


- Министерството за култура на Република Македонија
- Министерство за образование на Република Македонија
- Библиотекарското друштво на Македонија
- Национална и универзитетска библиотека - Скопје
- Народни и сите други видови библиотеки
- Сите библиотекари и лица што се заинтересирани за развојот на библиотечното
работење


Предлог за реализација


- јавна расправа на медиумите и на wеb-страницата на Друштвото на библио­
текарите на Македонија


- донесување на акциските планови со точно определени рокови за активности и
мерки на подобрување на сегашната состојба.


(Направен е обид да се анимира библиотечната јавност за дискусии, дебати, мис­
лења и предлози за донесување на горенаведеното)


КОНСУЈПИРАНАТА ЛИТЕРАТУРА:


1. Библиотека, материјали за работна група, УНДП
2. Брофи Питер, Библиотека у двадесет првом веку, Clio, Београд, 2005
3. Весна Ињац, Библиотеке у Финској, Гласник НБС, 1/2003, Београд, 2003
4. Gorman Michael, Постојана књижница: технологија, традиција и потрага за
равнотежом, ХКД, Загреб, 2006


5. Library Strategy 2010, Ministry of Education, Media, Finland
6. Национална програма за културата за периодот од 2004 до 2008 година, Мини­
стерство за култура на РМ, Скопје, 2004


49




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


7. Национална програма за развој на образованието во Република Македонија
2005-2015, Министерство за образование и наука на РМ, Скопје, 2004


8. Народна књижница, IFLA-инe и UNESCO-oвe смјернице за развој служби и
услуга, ХКД, 2003


9. Петровски Добри, Трансформација на библиотеките во Македонија, ДНУ,
Битола, 1996


10. Петровски Добри, Менаџмент на библиотечните промени и професионален
развој на кадрите, ДНУ, Битола, 1999


11. Питер Клејтон, Гари Јуджин Горман, Управљање изворима информација у
библиотекама,СLIО,2003


12. Стокиќ-Симончиќ Гордана, Вучковиќ Жељко, Менаџмент у библиотекама,
Београд, 2003


13. www.minedu.fi
14. www.publiclibraries.fi


50




Библиошекарска шеорија и практика Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


СТРУМИЦА И СТРУМИЧКО ВО АРХИВСКИТЕ
ФОНДОВИ НА НАРОДНАТА БИБЛИОТЕКА
"CR þÿC . КИРИЛ И МЕТОДИЈ" - СОФИЈА
Тања Гошева, виш библиотекар
ЛУБ "Благој Јанков Мучето" - Струмица


Истражувањето на историските, културни и просветни услови во Струмица и
Струмичко во Народната библиотека "Св. Св. Кирил и Методиј" - Софија е одобрен
проект од Министерството за култура на Република Македонија што е од национален
интерес од областа на меѓународната дејност.


Учесници во проектот се: Тања Гошева, виш библиотекар и Михаил Цветанов,
библиотекарски помошник од локалната установа - библиотека "Благој Јанков­
Мучето" - Струмица и д-р Илија Велев, стручен експерт од Скопје.


Истражувајќи ги фондовите во Народната библиотека "Св. Св. Кирил и Мето­
диј" од Софија, библиотеката што уште од самото формирање како народна библиоте­
ка ги извршува задачите сврзани со создавањето на културно-историското наслед­


ство, утврдивме дека таа ги извршува следните активности:


Депонирање на библиотечната граѓа - собирање, библиографско обработување,
како и услужување на бугарските странци со печатени и аудиовизуелни документи
создадени во Бугарија како резултат на повеќе од стодваесетипет годишното рабо­
тење.


- организирање и собирање уникатни примероци во архивот на бугарските
библиотечни богатства;


- подготовка и публикување на бугарската сегашна и ретроспективна национал­
на библиографија, која е достапна во печатена или електронска верзија;


- контрола на задолжителните книги и печатените изданиЈа, контрола на изле­
гувањето на нормативните документи за задолжително депонирање печатени други
видови изданија и депонирање во другите депозитни библиотеки;


- завршување на централните каталогизации на бугарските книги;
- претставување на меѓународните центри за ИСЕН во Берлин, иформации за
адресите на бугарските издавачки куќи и во меѓународните центри за ИССН во Париз,
библиографска иформација за периодичните изданија публикувани во Бугарија.


Формирање уникатни колекции


- Собирање, чување и обработување научноистражувачка работа на бугарски,
словенски, ориентални и други странски ракописи, архивски документи, ретки ценети


и старопечатени книги;


- Изработување и публикување описи, каталози;
- Извршување научни истражувања, како и постојана работа.


51




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


Формирање колекции од странски документи


- Изработува колекции од сите области.


Библиотечно библиографско иформативно услужување на корисниците


- претставува библиотечно услужување како најголем депозит за бугарски и
странски книги, периодични изданиЈа и други документи;


- претставува библиографски и информациски услуги во областа на хуманитар­
ните активности на различни институции и одделни лица.


Научна и издавачка дејност


- како научен институт, библиотеката издава изданија во областа на библио­
текарството, библиографија, книгоиздателство, архива, реставрација и конзервација
на книжните материЈали;


- библиотеката публикува ракописи и документи;
- зема учество во меѓународните професионални форуми со свои претставници
во авторитетните меѓународни организации.


Координирање на библиотеките и на библиотечните дејности


- професионално консултирање на сите видови библиотеки;
- координација на основните библиотечни дејности ( стандардизација, статисти-
ка, централна каталогизација, изработување на каталози и др.).


Популаризирање на националното културно богатство


- организира изложби во татковината и во странство;
- извршува издавачка деЈност.


Интеграцијата во меѓународните организации сврзани со библиотечното
работење


Од колекциите што постојат во библиотеката истражувавме во Одделот Рако­
писи и старопечатени книги.


Фондот од старопечатени, ретки и ценети книги, кој изнесува 32 илјади тома
книги и периодични изданија испечатени до 20 век и е организиран во одделни збир­
ки. Туѓите старопечатени ретки изданија од 15 до 20 век опфаќаат околу 4100 заглави-
. .


ја, наредени по Јазици.


Постигнати резултати


- Истражуваниот материјал во поголем број е фотокопиран и донесен во локал­
ната установа - библиотека "Благој Јанков-Мучето" - Струмица со можност нашите
историчари и сите оние што сакаат да истражуваат да ги добијат информациите во
библиотеката во Струмица.


52




Библиошекарска шеорија и практика Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


Фонд на Арсениј Георгиев Костенцев, Народна библиотека
"Св. Св. Кирил и Методиј"- Софија, Ф581, 76 док.; 1873 ... 1962 год.)
Фонд. 581, а.е3;
фонд. 581, а.е.4, лl-103;
фонд. 581, а.е. 6, л.13-93;


Фонд на Васил Иванов К'нчов, Народна библиотека
"Св. Св. Кирил и Методиј" - Софија, Фонд.288, 2257 док.; 1882„1927 год.
Фонд. 288, а.е. 7, л.1-201:
Фонд. 288, а.е.12, л.1-669;
Фонд. 288, а.е. 14, л.1-415;


Фонд на Георги Иванов Белев, Народна библиотека
"Св. Св. Кирил и Методиј" - Софија, фонд.654, 227 док.; 1900 ... 1903 год.
Фонд. 654, а.е.109, л.1-2;


Фонд на Константин Николов Кондов, Народна библиотека
"Св. Св. Кирил и Методиј" - Софија, фонд.326, 40 док.; 1876 ... 1929 год.
Фонд. 326, а.е. 4, л.29-30
Фонд. 326, а.е.5;


Фонд на Димитар Христов У зупов, Народна библиотека
"Св. Св. Кирил и Методиј" - Софија, фонд.583, 6905 док.; 1871 ... 1931 год.
Фонд. 583,а.е.1,л.16-37
Фонд. 583,а.е.2,л.21-50;
Фонд. 583,а.е.2,л.51-64;


Фонд на Стефан Калчев Салг'џиев, Народна библиотека
"Св. Св. Кирил и Методиј" - Софија, фонд. 62.62, 89 док.; 1872„1879 год.


Фонд на Александар Николов Протогеров,
Народна библиотека "Св. Св. Кирил и Методиј" - Софија, фонд. 189,424 док.;
1898, 1934, 1937 год.
Фонд.189, а.е.3;
Фонд.189, а.е.4;
л. 43-44;
л. 50-51;
л. 90-99;
л. 135;
л. 155-163;
л. 200;
Фонд.189, а.е. 7 ,л.526;
Фонд.189, а.е.11,л.22-32;


Фонд на Врховниот Македоно-одрински комитет (ВМОК); Македонски комитет;
Врховен Македонски комитет (1894-1905) Народна библиотека
"Св. Св. Кирил и Методиј" - Софија, Фонд. 224, 101 док.; 1894 ... 1904


53




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Библиошекарска шеорија и практика


54


Фонд. 224, а.е.21, л.196-270
Фонд. 224, а.е.51,л. 81-88


Фонд на Тодор Поп-Петров Икономов, Народна библиотека
"Св. Св. Кирил и Методиј" Фонд. 19, 103 а.е., 841 док„ 2107 л.;1860 ... 1903 год.


Фонд на Христо Иванов Караманџуков, Народна библиотека
"Св. Св. Кирил и Методиј" - Софија, Фонд. 284, 2581 док.; 1876 ... 1975 год.
Фонд.284, а.е.551л.1-22;


Фонд на митрополит Серафим Сливенски (Световно име Златан Груев Кинов)
Народна библиотека "Св. Св. Кирил и Методиј" - Софија, фонд. 751,211 док.;
1850 ... 1957год.
Фонд.751, Втор дел - Кореспонденција
а.е.8-26 Писма до митр. Серафим;
а.е.10, л.1
фонд.751, Трет дел - дејност
а.е.27=Материјали како духовник;
а.е. 28= Материјали како учител;
а.е. 29= Материјали како преведувач;
а.е. 30= Материјали како член на друштвото;


Фонд на Владислав (Славчо) Михај лов Ковачев Народна библиотека
"Св. Св. Кирил и Методиј" - Фонд.603, 4727 док.; 1875 ... 1961 год.
Фонд. 603, а.е. 186, л.1-2;
Фонд. 603, а.е. 439, л.1-2;


Препис на книгата "Bahru '1 - velaye"("Mope на светоста") од авторот
Сулејман Ќустендили


Спиро Иванов Олчев (1870 - 1954) Централен државен исторически архив,
Софија 1970
Фонд. 892, околу 40 а.е., 1879 - 1946 год.




Прикази и рецензии Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


БИБЛИОТЕКИТЕ КАКО ПАМЕТНИЦИ
И ЖИВИ ИНСТИТУЦИИ НА КУЛТУРАТА


проф. д-р Кирил Темков


Од грижата за книгата кај нас и може и не мора да бидеме задоволни - зависи
според кои критериуми ќе го оценуваме ова прашање, какви ни се личните вредносни
ставови за книгата и со кого од соседството и од светот ќе се споредуваме за овие
важни животни аспекти.


Но благородната грижа за книгата не вклучува само релација кон книгата како
творечко дело и консументски објект, туку и мошне важни прашања за нејзиното
сместување, чување, достапност и организација на користењето. Хеленизираниот тер­
мин за местото и дејноста на чувањето на книгата, библиотека, е еден од основните
поими на нашата цивилизација. Библиотеките се сокровишници на знаењето и ду­
ховните дострели, на визиите и надежите на илјадниците мајстори на перото (потем -
на машината за пишување, а сега на компјутерската тастатура). Тие своите творби им
ги доверија на јавноста и на историјата, а библиотеките нив ги прибираат, сместуваат,
каталогизираат и му ги даваат на увид и читање секому кому му е потребно. Така
библиотеките ја извршуваат огромната човечка задача на трансмисија на културата
и на помагање на одржувањето и градењето на духовниот континуитет.


На суштината на библиотеките и на историјата и реалноста на нашето библио­
текарство им е посветено најновото дело на д-р Сузана Котовчевска "Македонското
библиотекарство низ вековите". Д-р Котовчевска е истакнат библиотекар во скоп­
ската Градска библиотека, втората по големина библиотечна институција во државата.
Нејзината институција е активна во организирањето на библиотечната мрежа во
главниот град и во популаризацијата и ширењето на книгите, а кон тоа бележит при­
донес дава и авторката на ова дело. Д-р Сузана Котовчевска е и прв доктор на нау­
ките по библиотекарство кај нас, чии научни истражувања и докторската дисертација
се основи за обликувањето на ова прво наше метабиблиотекарско дело.
Книгата "Македонското библиотекарство низ вековите" од д-р Сузана Котов-


. .


чевска има три основни вредности - таа ја реконструира историЈата на грижата за


книгата и за нејзиното чување кај нас, значи ја изложува македонската преродба низ
вековите, дава одличен приказ на основата и капацитетите на нашите библиотеки и
ги претставува најновите светски тенденции за библиотекарството, со што ја гради
основата за идното насочување и модернизирање на нашата библиотечна дејност.
Библиотекарството е силно поврзано со преродбата како грижа за духот и обра­
зованието. Затоа во периодите што се нарекуваат така и во светот и кај нас најмногу
внимание им е посветувано на книгата и на библиотеките, како места каде што се
изразува основната човечка грижа за книгата, за нејзиното чување, достапност и упо­


треба.
И во нашата преродба Џинот и другите просветни корифеи првенствено се грижеа
за книгата. Но, кај нас таа грижа за книгата почна многу порано. Нашите први прос­
ветители, умни творци, светите Климент и Наум Охридски, беа нашите први писате­
ли и основачи на првиот универзитет и библиотека. Прочуена е нивната пофалба на


55




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Прикази и рецензии


своите учители, светите Кирил и Методиј, кои ја создадоа словенската азбука и на неа
ги направија првите преводи на книги и напишаа дела на словенски јазик. Така исто и
нивните продолжувачи во македонските манастири ја одгледуваа љубовта за книгата,
ги препишуваа значајните дела и создаваа големи библиотеки (кои времето и непри­
јателите науката ги уништија). Таква грижа за книгата потоа се развиваше и во по­
модерната епоха, непосредно по нашата преродба, кога настапи вистинско прероду­
вање на нашата култура и општо образование. Просветата и книгите беа еден од нај­
значајните ангажмани на првата слободна македонска држава, која секаде основаше
библиотеки и го поттикнуваше читањето и благородното интересирање за книгата.
Денес, во епохата на знаењето, кога сознанијата и интелектуалната дејност се базични
елементи на живеењето и творењето, книгата е основен продукт и богатство и бара
посебна заинтересираност и грижа за неа.
Токму за оваа историска и актуелна грижа за книгата кај нас говори обемната
студија на д-р Сузана Котовчевска "Македонското библиотекарство низ вековите".
Нејзините истражувања и објаснувања детално ја изложуваат грижата за книгата како
основна ориентација и задача на нацијата. Низ историскиот тек д-р Котовчевска ги
следи истакнатите основни етапи на ОВОЈ неопходен и значаен општ културен интерес.
На почетокот на делото д-р Котовчевска го објаснува создавањето насловен­
ското писмо и на првите писмени споменици на старословенскиот јазик, глаголски и


кирилски. Потоа се изложува улогата на светите Климент и Наум во создавањето на
Охридскиот универзитет и во основањето на првата библиотека во манастирот "Св.
Пантелејмон". Потоа се говори за мошне важниот импулс за развојот на библио­
текарството кај нас со литературните и препишувачки школи во големите религиозно­
културни центри, најнапред во Охрид и во Преспа, а потоа низ цела Македонија во
Лесново, Матејче, Слепче, Лешок, во манастирите "Св. Јован Бигорски", "Св. Прохор
Пчински", "Св. Јоаким Осоговски" и други.
Д-р Котовчевска укажува како преродбата донесе нов импулс за развојот на биб­
лиотекарството. Желбата за отворање на духот и стремежите за знаење беа просле­
дени со напори за создавање на училишта и библиотеки. Такви се првите градски
библиотечни пројави во Велес, Штип и во другите места. Исто така, д-р Котовчевска
покажува како се развивало библиотекарството меѓу двете светски војни, кога во
Скопје и во другите места се создаваа првите јавни библиотеки.
Во своето дело д-р Котовчевска посебно ги испитува библиотечните тенденции
и состојби од создавањето на современата македонска држава до денес. Нашето
општество покажува сообразна грижа за чувањето и достапноста на книгите. Од од­
луките на АСНОМ (1944) до Законот за библиотеките (2004) постои континуитет во
библиотечната активност, како и во нормативно-правното регулирање на оваа деј­
ност. Потоа е мошне значајно деталното претставување на сите библиотеки во Маке­
донија, со нивниот развој и фондови. Со тоа делото на д-р Сузана Котовчевска стану­
ва фундаментален извор на сознанијата за нашите библиотеки.
Од философска и научна гледна точка мошне се значајни изложените факти,
објавените програмски материјали и дискусијата на д-р Котовчевска за смислата на
библиотекарската дејност денес и во иднина. Се приведуваат наши и светски разглед­
би и упатства (посебно на Светската организација за образование, наука и култура
UNESCO) за книгата и нејзиното чување и пласман. Делото "Македонското библио­
текарство низ вековите" на д-р Котовчевска ги отвора гносеолошките и културо­
лошките проблеми за местото и улогата на книгата во новиот тренд на цивилизација-


56




Прикази и рецензии Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


та. Како библиотекар со искуство и истенчен професионален нерв, д-р Котовчевска
донесува многу значајни искуства и свои согледби за проблемите на организацијата,
користењето и маркетингот на библиотеките, а ги претставува и современите свет­
ски документи за развојот на библиотеките. Д-р Котовчевска убаво го претставува
тој нов начин на библиотечната грижа за книгите.
Книгата на д-р Сузана Котовчевска "Македонското библиотекарство низ век­
овите" е мошне значајно дело. Таа е претставник на новата генерација научни
истражувачи и експерти во одделни области кај нас, кои ја сакаат својата работа, ја


. . .


познаваат суштествено своЈата деЈност, одлично ги применуваат сознаниЈата и про-
фесионалните капацитети во своето дејствување, а како научници ги споделуваат
своите важни познанија со јавноста. За оние што ја сакаат книгата и за кои библиоте­
ките се културни храмови, ова дело е посебно значајно бидејќи авторката нив ги прет­
ставува и како паметници и како живи институции на културата.


Студијата "Македонското библиотекарство низ вековите" од д-р Сузана Котов­
чевска претставува камен-темелник и за изградбата на студиите по библиотекарството.
Тие секако треба да почнат да се организираат и кај нас, како во целиот современ
свет. Помеѓу досегашните регистри, претставувања, опишувања на македонските книги
и библиотечниот развој и таквите научни студии од идните генерации, делото "Маке­
донското библиотекарство низ вековите" од д-р Сузана Котовчевска ќе стои како
незаобиколив меѓник, со кој се резимира долгиот изминат пат и се отвораат портите
за саканиот и нужен подем на современото македонско библиотекарство, за коешто
оваа бележита студија дава историска и теориска основа, како и културни навестува­
ња и деЈствени насоки.


Сузана Котовчевска


Македонското библиотекарство
низ вековите


57




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Прикази и рецензии


РЕЦЕНЗИЈА
Миле Бошески, советник библиотекар


Во новото електронско опкружување веќе е беспредметно да се поставува пра­
шањето како треба да се негуваат постојното знаење, вештините и помагалата бидејќи
тие имаат универзална вредност. Во тој контекст, постојните системи за организирање
на знаењето, на пример, класификациските системи се покажаа како значајни извори
за подготовка на структурирани и формализирани информативни помагала.
Што е класификацијата, кога и зошто настанала? Која е целта на класификаци­
јата во доменот на библиотекарството, па и пошироко во информациските науки?
Која е разликата и која е релацијата помеѓу класификацијата на знаењата и библио­
течната клафикација? Ова се група од прашања на кои во библиотекарската теорија
и практика може да се сретнат главно слични одговори и дефиниции.


Класификацијата најчесто се дефинира како:
- Распоредување предмети, појави, поими по класи или групи според нивните
карактеристики;


- Групирање на поимите, идеите или предмети што имаат слични карактеристи­
ки, односно раздвоЈување на различните;


- Индексирање на документите и нивната содржина според начелата на систе­
мот за индексирање;


- Постапка на создавање и постапка на издвојување поими/ зборови што ќе би­
дат носители на одделни групи;


- Создавање систематизиран редослед на ентитети во рамките на групи или кате­
гории според утврдени критериуми.


Имено, класификацијата претставува распоредување, односно подредување спо­
ред однапред утврдени критериуми (класификациски таблици) или критериуми што
произлегуваат и ја претставуваат суштината на предметите. Ако се обидеме да ја до­
прецизираме оваа дефиниција од аспект на општата цел на класификацијата во библио­
течната дејност и посебно од аспект на видот на библиотеката и структурата на корис­
ниците, може да се каже дека библиотечно-библиографската класификација врши
обработка на документите врз основа на утврден систем и релации помеѓу поимите
при нивното индексирање.
Секоја библиотека има четири основни задачи: да прибира граѓа, да ја обработу­
ва, да ја чува и заштитува и да обезбеди нејзина употреба. Во рамките на овие дејности
особено е значајно обезбедувањето достап до библиотечната граѓа и откривањето на
содржинската структура на библиотечните фондови. Оваа функција ја вршат библио­
течните каталози. Преку стварните, односно реалните каталози, библиотеката ја от­
крива содржината на своите фондови и на корисниците им дава одговор на прашањето
кои дела ги поседува една библиотека од одредена област на знаењата, дела за одреден
предмет, личност итн.
Во случајот на стручниот УДК-каталог, класификацискиот систем се користи
како основа за подготовка на ОВОЈ систематски или реален каталог.


Стручниот УДК-каталог на библиотекарот му помага во секој момент да има
увид во застапеноста на одредени стручни и научни подрачја во библиотечните фон­
дови и реална основа за водење функционална набавна политика, соодветно на потре­
бите на корисниците. Во изминативе повеќе од шеесет години на слободен развој на
оваа дејност, подготвени се скромен број изданија на меѓународните таблици на маке-


58




Прикази и рецензии Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


донски јазик. Првото македонско издание на УДК е подготвено од НУБ "Св.Климент
Охридски" во 1969 година. Истата година е подготвено првото македонско скратено
издание на овие таблици. Во 1974 година е подготвен Извод од Меѓународната деци­
мална класификација. Во 1986 година подготвена е нова верзија на УДК-таблиците,
но за жал некомплетна и поради тоа крајниот ефект од нивната примена целосно
изостана.
Изводот од Меѓународната децимална клсификација, подготвен од м-р Сузана
Котовческа и од Лилјана Ивановска, претставува квалификувано и професионално
издржано стручно прирачна помагало за содржинската обработка на библиотечниот
материјал и за изготвување на систематски УДК- каталог. Изводот се појавува во време
кога во најголем дел од библиотеките во националната библиотечна мрежа се приме­
нуваат застарени и неажурирани изданија на УДК-таблици. Со други зборови, авторите
на ова стручно помагало со извонреден професионален сензибилитет ја почувствуваа
потребата од актуелна верзија на УДК-таблиците на македонски јазик и покрај фактот
што изводот претставува само скромен опсег на Универзалната децимална класифика­
ција. Главниот мотив и професионален предизвик на м-р Сузана Котовческа и на Лил­
јана Ивановска за подготвување на Извод од УДК секако беше сознанието за лошата
состојба на стручен план во најголемиот дел училишни библиотеки во нашата земја.
Конципиран со карактеристики на методска помагало, Изводот претставува лесно
применлив прирачник за содржинска обработка на библиотечен материјал.
При подготвувањето на Изводот од УДК, користени се измените и дополнува­
њата на УДК-таблиците од 1999-2004 година, изданието на УДК на југословенскиот
Библиографско-информациски институт од 2004 година, прирачникот Каталогиза­
ција и систематизација на библиотечен материјал од Миле Бошески, издаден од Биб­
лиотекарското друштво на Македонија и Предметен опис и предметен каталог, под­
готвен од Зорка Чекичевска и од Јелена Фидановска, издание на НУБ "Св. Климент
Охридски" - Скопје.


Изводот од Универзалната децимална класификација содржи четири поглавја:
- Вовед, во кој корисникот на ова помагало може да се запознае со основните
начела за правилна примена на УДК-таблиците;


- Главни таблици на Универзалната децимална класификација - УДК. Изводот
содржи 2744 УДК-броеви;


- Дополнителни таблици што содржат 320 УДК-броеви. Овој помошен систем за
индексирање е една од главните карактеристики на УДК-системот. Тој овозможува
нови конструкции на сложените броеви или нивна синтеза со примена на одредени
знаци и потподелби. Постојат општи и специјални помошни броеви;
Четвртото поглавје е резервирано за азбучен регистар. Азбучниот регистар на
поимите има основна задача да го олесни наоѓањето на вистинскиот индекс во главните
таблици.
Ова издание на Универзалната децимална класификација е подготвено за учи­
лишните библиотеки со оглед на скромниот физички и содржински обем на библио­
течните фондови во овие библиотеки. Изводот може да биде користен и од други
видови библиотеки, меѓутоа, само како иницијална помагало.
Библиотеките со поголеми и содржински богати библиотечни фондови, за ква­
литетна и издржана содржинската обработка на библиотечниот материјал и подготву­
вање на функционален систематски каталог, задолжително треба да користат изданиЈа
на УДК со далеку посодржаен обем.


59




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Хроника


ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА "БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ" - СКОПЈЕ
ШЕЕСЕТ И ДВЕ ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ И РАСТЕЖ


д-р Сузана Котовчевска


Најзначајна пресвртница во сферата на културниот и историскиот развој на
нашиот народ и на сите словенски народи претставува поЈавата на грандиозното и
епохално дело на солунските браќа Кирил и Методиј. Нивното дело го осветли пого­
лемиот дел на Европа во вистинскиот историски и цивилизациски момент кога и на
светската цивилизација и подарија нова азбука, ново писмо, а на словенските народи
првата азбука, првото писмо и првите книги преведени од византиски на старословен­
ски јазик. Овој значаен историски момент, за прв пат по основањето на Александрис­
ката библиотека, претставува нов историски меѓник и светилник низ изминатите 11


. . .


столетиЈа кога македонскиот народ и сите словенски народи стапиЈа во семеЈството
на културните народи на Европа.
Писмото на браќата Кирил и Методиј, како и сите други писма низ цивилизаци­
ите, донесоа нешто цивилизациски ново, вредно и позитивно што почна да живее во
симбиоза - нераскинлива цивилизациска врска со другите писма. Нашето писмо стана
уште еден скапоцен камен во круната на сите писма што имаат СВОЈ континуитет, пис­
ма што се карактеристични за културниот и цивилизацискиот развоЈ на човекот низ


вековите. Тоа стана вредно културно наследство, нова културно-историска драгоценост
подеднакво значајна во културно-историската ризница на Европа и на нејзините наро­
ди, но и на светската цивилизациЈа.
Монументалното дело на нашите просветители со уште поголема жар и со светли­
ната на "сонцето со вистинска вера и убавина" што го осветли сиот свет, верно ќе го
продолжат светите Климент и Наум Охридски. Преку делата на генијалниот творец -
чудотворец свети Климент Охридски и неговиот верен и духовен соработник, чудо­
творецот Наум Охридски, во Македонија ќе изникне еден моќен, надалеку прочуен
просветно-културен центар со седиште во Охрид - Охридскиот универзитет. Тогаш
во древниот Охрид беа поставени темелите на најстариот универзитет во Европа пред
повеќе од 100 години од формирањето на Болоњскиот универзитет. Токму во древни­
от Охрид ги наоѓаме почетоците и генезата на библиотекарството по периодот на
процутот на цивилизацијата на античките Македонци што е неизбежно сврзано со
грандиозното просветителско дело на светите Кирил и Методиј и на нивните следбе­
ници и ученици - светите Климент и Наум Охридски. Тие со право претставуваат


. .


основоположници на македонската културна историЈа, книжевна традициЈа, но и на
библиотекарството во Македонија како една од најсветите и мошне значајни кул­
турно-просветни придобивки и вредности.
Во овие свечени мигови кога Градската библиотека "Браќа Миладиновци" од
Скопје го прославува својот 62 роденден, со право можеме да се гордееме со нашите
длабоки историско-цивилизациски корени и со вековната и нераскинлива врска со
огромното и драгоцено македонско културно и просветителско наследство.


Нашата библиотека денес претставува верен следбеник на богатата културна
традиција и верен продолжувач на многувековната историја на развојот на библио­
текарството на македонската држава.
Градската библиотека е формирана во далечната 1945 година како библиотека на
главниот град на новата современа македонска држава со скромен книжен фонд од


60




Хроника Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


3500 публикации. Во 191956 година Градската библиотека беше преименувана во Околис­
ка библиотека, за веднаш потоа да го промени називот во Народна библиотека на Скоп­
ската околија. Нејзината основна функција во тој период беше да дејствува како биб­
лиотечен центар на Скопската околија, односно како главен носител на развојот на
библиотечната дејност во градот. Во 11962 година библиотеката беше прогласена за
Матична библиотека на подрачјето на град Скопје, со основна функција спроведување
на планско и организаирано ширење на библиотечната мрежа во градот. Во 11963 годи­
на, Градската библиотека се преименува во Градска библиотека "Браќа Миладиновци".
Во ффевруари 1974 година Градската библиотека "Браќа Миладиновци" се инте­
грира со другите самостојни библиотеки на општините на град Скопје. Во ттој интег­
риран состав влегуваат самостојните библиотеки: Градска библиотека "Браќа Мила­
диновци", библиотека "Другарче" и библиотеките "Страшо Пинџур" и "Цветан Ди­
мов" заедно со своите библиотечни клонови. Од нејзиното интегрирање до денес Град­
ската библиотека "Браќа Миладиновци" работи како единствена институција од
отворен вид во градот Скопје.
Со оглед на нејзиниот континуиран и брз развој, доаѓа до чести промени на неј­
зината лоцираност во градот. Конечно, во 1973 година, е изградена новата библиотечна
зграда, во која денес е сместена и функционира библиотеката.
Градската библиотека "Браќа Миладиновци" согледувајќи ја потребата за ав­
томатизирана обработка на библиотечниот материјал, се вклучи во Кооперативниот
библиографски ситем и сервис (COBISS). Со автоматизирањето на библиотечните
процеси и активното вклучување во домашните и светските информатички системи
преку НУБ "Св. Климент Охридски" од Скопје, библиотеката прераснува во совреме­
на и високопрофесионално организирана библиотечно-информатичка институција
во Републиката.
Градската библиотека "Браќа Миладиновци" - Скопје е една од поразвиените
библиотеки во Македонија и претставува современо обликуван библиотечно- инфор­
матички центар, опремен со современа информатичка технологија што овозможува
достап до информации без просторни ограничувања, што е од непроценлива вред­
ност за севкупниот развиток на општеството.


Следејќи го трендот во библиотечно-информатичкото работење, библиотека­
та во април 2006 година формира информатичко-технолошки оддел за дигитализа­
ција на културното наследство. Визијата за основање на овој оддел е да го развива
дигиталното претставување на македонското книжевно богатство. Најпрво почна
дигитализацијата на дел од ретките книги, збирка од македонската книжевна продук­
ција, издадени во периодот од 1935 до 1960. Објавени се повеќе едиции на ДВД- изданија
под наслов "Македонско богатство". На овој начин македонското културно наслед­
ство претставува нераздвоен дел од светската литературна ризница. Со "Македонско­
то богатство" во иднина ќе можат да се користат научните и културните работници
од целиот свет, вљубеници во македонскиот јазик, а најмногу децата на нашите иселе­
ници во сите делови од светот.


Како активности на библотеката од посебен културен и државен интерес во
оваа сфера, вреди да се истакне заштитата на старите книги од фондот на Градската
библиотека, кои датираат од периодот од 1566 до 1954 година. Овој процес на заштита
на старите (раритетни) книги од фондот на библиотеката опфаќа 3 хетерогени под­
рачја: заштита со евидентирање на старите библиотечни книги, превентивна заштита
и заштита со конзервација и реставрација. Градската библиотека со заштитата и пре­
зентациЈата на старите книги овозможува запознавање со нивните содржини на сите


61




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Хроника


заинтересирани научни и културни работници, како и нивно презентирање пред поши­
роката Јавност.
Градската библиотека "Браќа Миладиновци" од Скопје во изминатиот период
оствари мошне богата меѓународна соработка. Во ттој контекст, значајно за одбеле­
жување е воспоставувањето на меѓународната соработка со библиотеката во Бафало
- САД и отворањето мала библиотека со донирање книги на македонски јазик наме­
нети за претставниците на македонската заедница што живеат во овие делови на САД.
Во ппродлабочување на оваа соработка е договорена и посета на САД што треба да се
реализира во периодот помеѓу февруари и април 2008 година.
Исто така, во овој период беше воспоставена и соработка со Градската библиоте­
ка во Задар - Република Хрватска. За таа цел беше договорено воспоставување
библиотечна, информативна и културна соработка, размена на изложби на книги,
уметнички дела, фотографии, периодични публикации, реализирање заеднички про­
моции на книги од хрватски автори во Скопје и на македонски автори во Задар,
одбележување значајни настани од историјата на книжевноста на двата народа, размена
на експерти и размена на библиотечни документи од заемен интерес.
Во иизминатиот период во работењето на Градската библиотека акцент беше ста­
вен врз создавањето на пооптимални услови за целосна реализација на библиотечната
дејност. Во ффункција на остварување на овие цели беше реновирано и ставено во упо­
треба детското катче во просториите на Градската библиотека "Браќа Миладинов­
ци". Во оовој објект е извршено целосно реновирање на холот и читалната, односно на
најомиленото катче на студентите од Република Македонија, каде што ги подготву­
ваат своите испити и добиваат интернетски услуги.
Во рреализација на овие активности беше реновиран и Одделот за автоматска
обработка на библиотечниот фонд, кој е лоциран во Централната библиотека
"Другарче". Во ррамките на оваа библиотека, беа направени уште 2 нови простории за
успешно реализирање на дејноста на овој значаен оддел неопходен за ефикасно и совре­
мено библиотечно работење. Во оовој контекст, значајно е да потенцираме дека биб­
лиотеката "Цветан Димов", која работи во состав на Градската библиотека "Браќа
Миладиновци", доби нов, современ и соодветен библиотечен простор, со што во голе­
ма мера се промени старото и неповолно просторно решение што беше под стандард­
ите на условите за функционално остварување на библиотечната дејност.
Градската библиотека како значајна културно-образовна и просветна институци­
ја од посебен општествен интерес, со својот широк спектар на активности, постигну­
ва значителни резултати како во поглед на популаризација и афирмација на книгата,
така и во поглед на збогатување на севкупното културно живеење на нашата метропо­
ла. Таа се повеќе станува омилено катче на младата популација, посебно на училишната
и студентската младина.


Во ррамките на едукативните активности на Градската библиотека, уште од далеч­
ната 1962 година егзистира и курсот за англиски јазик наменет за помладата попула­
ција. Во оовој контекст, неопходно е да се потенцира и дополнителната содржина на
работа наменета за најмладите - децата од предучилишна возраст. Оваа функција
библиотеката ја остварува континуирано низ активностите на најомиленото катче на
најмладите - игралната, која од оваа година функционира во нов простор збогатен со
нови играчки.


62


Вечно нека живее Градскаша библиошека "Браќа Миладиновци" - Скопје
и нека се множаш нејзинише iодишнини!




Хроника Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА
БИБЛИОТЕКАРИТЕВОВРОЦЛАВ-ПОЛСКА


Марија Малгожата Мачковска, виш библиотекар
НУ Универзитетска библиотека "Св.Климент Охридски" во Битола


Оваа година од 4 до 6 јули во Вроцлав - Полска, за прв пат се одржа конференција
на библиотекари под името:
"Вроцлавски средби на библиотекари со полско потекло".


Организатор на конференцијата беше Главната библиотека на Вроцлавската по­
литехника и установа за научно-технички информации.
На конференцијата учествуваа 150 гости - библиотекари со полско потекло од
целиот свет: од Канада, САД, Аргентина, Германија, Англија, Холандија, Шведска,
Словачка, Унгарија, Македонија и библиотекари од Полска.
Целта на конференцијата беше размена на мислења, искуства и дискусии за проб­
лемите концентрирани во два тематски блока:


"Академската библиотека во факултетот и во регионот" и
"Електронските книги во библиотеката и на пазарот".


Во презентираните излагања и дискусии беа опфатени разновидни теми: нивото
на библиотекарските услуги, стандардите на опслужување на корисниците, условите
за работа и развој на библиотекарите, нивниот професионален престиж, библиотекар­
ската обука на студентите, соработката на библиотеките со книгоиздателствата и со
авторите на учебници достапни во мрежата, промоција на факултетите и на реги­
онот, како и пазарот на полски и странски електронски книги, показатели за искори­


стеноста на е-книги, електронските книги во академските библиотеки и др.


Првиот ден на конференцијата беа претставени презентациите на библиотека-
рите што работат во библиотеки надвор од Полска:


- библиотеката при McGil University во Монтреал и
- библиотеката при University ofWestem Онтарио, Канада,
- Полскиот институт во Берлин,
- библиотеката при Europa Universitat Viadrina во Франкфурт и
- Martin-Optiz-Bibliothek во Хеме, Германија,
- Полската библиотека во Б уенос Аирес,
- Princeton University Library и Departament of Chemistry, University of Idaho во САД,
- Националната установа универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски"
во Битола, Македонија,


- библиотеката на странски јазици во Будимпешта,
- Универзитетска библиотека во Сопрон и
- библиотеката во Кечкемет, Унгарија,
- Централната педагошка библиотека во Малме, Шведска.


63




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Хроника


Вториот ден своите презентации ги претставија библиотекари и научни работ­
ници од повеќе универзитетски центри од Полска: од Варшава, Краков, Катовице,
Вроцлав, Познањ, Лоѓ, Гдањск и други градови.


Во текот на конференцијата, како единствен библиотекар учесник од Македо­
нија, ги претставив активностите и работењето на НУ Универзитетска библиотека
"Св. Климент Охридски" во Битола со презентацијата: "Мултифункционалност на
универзитетската библиотека во Битола" ("Wielofunkcyjno Biblioteki Uniwersyteckiej
w Bitoli").
Презентираните теми на конференцијата беа многу интересни, а размената на
искуства меѓу библиотекарите со полско потекло вработени во универзитетските
библиотеки во странство и библиотекарите од разни универзитетски центри во Пол­
ска беше многу корисна.
Тоа позитивно ќе влијае врз развојот на соработката меѓу библиотеките-учесници
на конференцијата и друштвата на библиотекари од повеќе држави.
За времетраењето на конференцијата учесниците имаа можност да ја посетат
библиотеката Оссолинеум, да се запознаат со организацијата на Политехниката и
Вроцлавскиот универзитет, со функционирањето на повеќе академски библиотеки
во Вроцлав и да ги посетат најубавите споменици на Вроцлав.
Материјалите од конференцијата се достапни во електронското библиотекар­
ско списание ЕВIВ на интернетската страница:


www.ebib.info/publikacje/matkonf./matl 7 /.


64




Хроника


ЗА Т O Ш Е


Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2


Мирјана Проеска, библиотекар
Дом на културата "Наум Наумовски-Борче" - Крушево


Носител на целокупното културно живеење во нашиот град Крушево е Домот
на културата "Наум Наумовски-Борче", во чиј состав со упех функционира и биб­
лиотеката од почетокот на педесетите години.
Сместена е во скромни просторни услови на површина од само 40 квадратни
метри, но со богат книжен фонд од околу 16 илјади наслови и 30 илјади книги. Во
зависност од финансиските можности преку целата година го зголемуваме тој фонд,
набавуваме разновидна литература во зависност од училишните програми и според
возраста и потребите на децата.
Основната задача на нашата библиотека е и навремено да ја избереме најдобра­
та и најактуелната литература што ќе одговара на воспитните и образовните цели и
задачи, литература достапна и разбирлива за децата бидејќи членството 80% го сочи­
нуваат децата, а 20% возрасните. Се зачленуваат и деца од околните села што рамно­
правно ги снабдуваме со потребната литература. А ги има и Македонци, Албанци,
Власи.
Во текот на летната и зимската сезона доаѓаат и гости од целата наша Републи­
ка. Со еден збор, членството го сочинуваат читатели од најрана возраст, па до по­
стари ГОДИНИ.


Меѓу тие членови беше и нашиот Тоше Проески.
Беше член на библиотеката уште кога зачекори на училиште. Најпрвин почна
да чита и да се интересира за најразлични сликовници што многу бргу ги читаше за
неколкупати неделно да ги заменува со други.


Бидејќи многу читаше, на наше задоволство, често ни рецитираше најразлични
песнички воопшто не срамејќи се ако во моментот имаше и други читатели во биб­
лиотеката. Неговото задоволство и среќа беше уште поголема што во библиотеката
работеше неговата тетка и кума што го опсипуваше со голема љубов и внимание, а и
го насочуваше кон литературата предвидена за негова возраст.


Тоше умееше убаво и да црта, така што не забораваше да ни донесе убаво нацр­
тан лик од детските приказни на КОЈ очекуваше да ставиме голема петка.


Деновите и годините минуваа бргу, а Тоше се определи образованието да го
продолжи во Битола. Доаѓаше малку почесто во почетокот, а потоа поретко, меѓутоа
секогаш кога имаше време.


Често доаѓаше одненадеж со некој убав автомобил бидејќи библиотеката му беше
така речи на патот, ќе застанеше да се видиме, да размениме мислење за прочитана
книга и да се напиеме шолја природен чај што многупати и самиот Тоше го собираше
во блиската околина на манастирот "Св. Преображение", каде што го наоѓаше својот
вистински краток одмор и спокоЈ.
Во секој момент умееше да покаже почит кон постарите, кон роднините и со
неговиот оптимизам секому да му го разубави денот.


65




Библиотекарство, вол. 24 (2006), бр. 2 Хроника


Често велеше: "Дајте да прочитам некоја добра книга, изберете ми вие, да не
биде многу голема бидејќи време имам многу малку."
Долгогодишното доаѓање во библиотеката го наведе на размислување дека истата
долги години наназад работи во непроменети и несоодветни услови, неговата кон­
статација беше дека истата располага со богат и разновиден книжен фонд, но прос­
торните услови се на наЈниско ниво.
При последното негово доаѓање, директорот Стерјо Николоски низ разговор и
шега му рече:


"Што мислиш, Тоше, да одржиш еден хуманитарен концерт, а со средствата да
направиме една убава, модерна и современа библиотека, како што доликува да има
нашиот град за генерациите што ќе дојдат по нас да имаат библиотека што ќе биде за
пример.


66


Неговите зборови беа сериозни.
"А зошто да не?" - рече.
"За мојата драга кума не би се двоумел ни миг. Со Господ напред, се ќе биде".