Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1
Почитувани,
Извршниот одбор и Издавачкиот совет на БДМ одлучија, од оваа година,
списанието “Библиотекарство” да излегува два пати годишно со
што се успеа повеќегодишниот прекин во издавањето да биде заменет со
традиционалната фрекфентност.
Едновремено, Издаавчкиот совет, од своја страна, се одлучи за обид на
замена на шаблонската поделба на рубрики со реално постоечка, диктирана од
содржинската исполнетост на Списанието.
И во оваа прилика, Редакцијата на “Библиотекарство” ги повикува
членовите на БДМ и неговите почитувачи на творечка соработка во име на
развојот на библиоечната дејност што е дел на општата демо- кратизација на
едно општество.
Од Редакцијата
3
Библиотекарство, вол. 21 (2004), бр. 1
С О Д Р Ж И Н А
БИБЛИОТЕКАРСТВО
Списание на
Библиотекарското
друштво на Македонија
Издава
БИБЛИОТЕКАРСКО
ДРУШТВО НА
МАКЕДОНИЈА
За издавачот
Зорка Чекичевска
Издавачки совет
Миле Бошески
Јелена Фиданоска
Ленка Стојанова
Данута Ананиева
Магдица Шамбевска
Редакција
Миле Бошески
Јелена Фиданоска
Ленка Стојанова
Лектура и коректура
Магдица Шамбевска
Техничко уредување
Снежана Тодоровска
Печати:
"Борографика" - Скопје
тираж: 300
Адреса на Редакцијата:
Библиотекарско друштво
на Македонија
НУБ "Св.Климент
Охридски" - Скопје
Бул. "Гоце Делчев", 6
Поштенски фах 566
Тел.: 389(02)3212-736
Факс: 389(02)3226-846
[
N
L
БИБЛИОТЕКАРСКА ТЕОРИЈА И ПРАКТИКА
Миле Бошески Воведување стручни библиотекарски
испити во библиотечната дејност во
РМ
5
Миле Бошески
м-р Драгица Митрова
Формирање музеолошка поставка за
историскиот развој на
библиотекарството во Македонија
21
Јелена Петровска Организациско-комуникациски
аспекти за успешно работење на
НУБ "Св. Климент Охридски" –
Битола
31
Владимир Кочоски Историја на библиотекарството во
Тетово
45
Благица Илијоска Библиотеката на есперантското
друштво "Напредок" - "La Progreso"
Прилеп
65
ПРИКАЗНИ И РЕЦЕНЗИИ
Верица Петровска Единственоста на едно издание:
Предметен опис и предметен каталог
71
Миле Бошески Маркетинг ориентација на народните
библиотеки
75
ХРОНИКА
Миле Бошески,
претседател на БДМ
Дневен ред
79
Миле Бошески,
претседател на БДМ
Извештај за реализираните
активности на БДМ за периодот 2002-
2004 година
80
Миле Бошески,
претседател на БДМ
Одлука за доделување на наградата
"Климентова повелба"
88
Миле Бошески,
претседател на БДМ
Одлука за доделување Почесна
"Светиклиментова повелба"
89
записничар Јелисавета
Костадиновска
Записник од 31. Редовно собрание на
БДМ Радовиш, 12.5.2004
90
Злата Талаганова Извештај од 28. Средба на водачи на
центри за ИССН...
96
Библиотекарство, вол. 21 (2004), бр. 1
Зорка Чекичевска
Информација за стручен престој во
Франција по програмата "Текови во
светот 2003"
103
Национален тим на
проектот
Извештај за проектот Калимера
109
Магдица Шамбевска Извештај за учество на
работилницата CALIMERA Balkan
Workshop
111
ДОКУМЕНТИ
Работна група на
БДМ
Предлог за донесување закон за
библиотеки
117
Коичиро Мацура Гоце
Смилевски
Светски ден на книгата и на
авторското право - 23 Април (Порака
од Коичиро Мацура и Гоце
Смилевски)
148
БИЛБОРДИ
Зорка Чекичевска Билбордите и естетиката 151
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
ВОВЕДУВАЊЕ СТРУЧНИ БИБЛИОТЕКАРСКИ ИСПИТИ
ВО БИБЛИОТЕЧНАТА ДЕЈНОСТ ВО Р.МАКЕДОНИЈА
Дали сме подготвени да го прифатиме воведувањето стручни испити
или не?
Миле Бошески - библиотекар советник
НУБ "Св.Климент Охридски" - Скопје
Стручното оспособување на библиотекарскиот кадар во
Р.Македонија е едно од најчувствителните прашања во оваа дејност.
Во изминатиот период направени се обиди во повеќе наврати за
воведување институционално образование на библиотекарски кадар
во рамките на Универзитетот "Кирил и Методиј" во Скопје, како
трајно и единствено квалитетно решение на проблемот со
подготовката на професионално оспособен кадар за библиотечната
дејност. Меѓутоа, ова прашање е отворено и денес без некои
посериозни најави за негово скорешно решавање.
Воведување на стручни библиотекарски испити може само да
ја ублажи неповолната состојба со стручната подготовка на
библиотекарскиот кадар во земјата, но во никој случај не може
целосно да го замени институционалното образование.
Клучни зборови: стручни испити, правилник, програма, план
Обидите на НУБ "Климент Охридски" Скопје за воведување инсти-
туционално образование на библиотекарски кадар во рамките на Уни-
верзитетот "Кирил и Методиј" во Скопје, како трајно и единствено квали-
тетно решение на проблемот со подготовката на професионално оспособен
кадар за библиотечната дејност и покрај начелната поддршка од Уни-
верзитетот и ресорното Министерство за култура, дека нешто ќе се стори
во тој правец до денес останаа без конкретен резултат. Ова прашање исто
5
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
така ја мобилизира и стручната асоцијација Библиотекарското друштво на
Македонија, која користејќи ги расположивите механизми перманентно го
акту-елизира ова прашање не само кај библиотечната, туку и кај
пошироката општествена јавност. Меѓутоа, до денес ова прашање сe уште
е во фаза на добри желби и намери, а негативните последици од
одлагањето на конечно решение добиваат во интензитет и се закануваат со
губење на и онака тешко спечалениот општествен статус на оваа дејност.
Во повеќе наврати во изминатиот долгогодишен период се правеа
обиди за воведување на стручни библиотекарски испити како една од
формите за ублажување на состојбата со стручното оспособување на
библиотекарскиот кадар во нашата земја.
Обидите преку приправничкиот стаж нововработените лица во биб-
лиотеките да се здобијат со основниот минимум стручна подготвеност за
самостојно работење во изминатиов период не вродија со плод. Поради
тоа, НУБ "Климент Охридски" континуирано е во потрага по соодветна
форма за квалификувана подготовка на библиотекарски кадар во
Републиката.
Повторното покренување на прашањето за воведување стручни
биб-лиотекарски испити во време на донесување на новиот Закон за
библиотеки кај многумина во библиотечната јавност го возобнови
професионалниот немир и постојаната неизвесност задолжително присутна
кога се актуелизира ова прашање. Не беа доволни професионалните
аргументи ниту не-благопријатните споредби и укажувања на позитивните
решенија кај сосед-ните земји и бившите југословенски републики, каде и
покрај инсти-туционалното образование на библиотекарски кадар, во
функција се и стручните библиотекарски испити како осведочена форма во
подигањето на стручното ниво на кадарот во оваа дејност. И овој Закон за
библиотеките не го санкционира ова прашање, а со тоа ја продолжи
агонијата во која сe по-длабоко запаѓа библиотечно-информативната
дејност пред сe поради недоволно и несоодветно подготвениот кадар да се
справи со предизвиците на современото информативно општество.
Уште еднаш ќе подвлечам дека стручното оспособување на биб-
лиотекарскиот кадар во Р. Македонија е едно од најчувствителните
прашања во оваа дејност, меѓутоа, актуелната состојба на овој план и без
некои по-длабоки анализи и стручни елаборации ја наведува единствената
констатација дека ова прашање сe уште не успеало да ги надмине идејните
рамки, а според мое длабоко убедување, главно поради причини од
6
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
субјективна природа. Токму поради овие сознанија, библиотечната дејност
веќе нема простор за никаков маневар и час поскоро треба да го прифати
предложениот модел за стручно оспособување на библиотекарскиот кадар
во земјата во рамките на Библиотекарското друштво на Македонија како
релевантен чинител во заштитата на колективните интереси на оваа
дејност.
Позитивните ефекти од воведувањето на стручните библиотекарски
испити треба да се очекуваат во две насоки.
Имено, првите конкретни резултати треба да се очекуваат веќе по
првата генерација завршени кандидати, односно библиотекари со положен
стручен библиотекарски испит, врз основа на четиримесечен или
двомесечен библиотекарски курс. Преку следењето на програмските
содржини за лица со средна и висока наобразба, кандидатите ќе се здобијат
со потребниот квантум на стручни знаења неопходни за самостојно и
квалитетно извр-шување на стручни библиотечни процеси.
Со воведувањето на стручни библиотекарски испити, покрај ефектите од
краткорочен карактер, за библиотечната дејност од многу поголемо
значење ќе биде постепеното градење свест, не само во библиотечната туку
и во пошироката јавност за институционализирање на потребата од про-
фесионално образован кадар за библиотечната дејност во Р. Македонија.
Доколку се изјасни библиотечната јавност преку Библиотекарското
друштво на Македонија за воведување стручни библиотекарски испити, во
тој случај неопходна ќе биде поддршката од НУБ "Климент Охридски"-
Скопје како најкомпетена интитуција за нивно спроведување.
Имено, Народната и универзитетска библиотека "Климент Охридски" -
Скопје, очекува од 2005 година да отпочне со реализација на проектот
"Едукативен центар", во чии рамки ќе функционира и мобилен центар за
обука. Во рамките на овој проект ќе се реализира Програма за обука на
библиотекарски кадар за библиотечно работење во сите видови
библиотеки учеснички во Националната библиотечна мрежа.
Програмата за обука на библиотекарски кадар опфаќа:
- Основен курс за библиотечно работење;
- Подготвителен курс за полагање стручен библиотекарски испит;
- Курс за примена на програмската опрема КОБИСС во
библиотечното работење;
- Курс за стекнување лиценца за креирање записи во КОБИБ;
- Курс за ИНТЕРНЕТ за библиотекари.
7
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
Покрај курсевите наменети за вработените лица во НУБ "Климент
Охридски" - Скопје, Библиотеката од оваа година ќе отпочне со
организирање курсеви наменети за заинтересирани граѓани по разни
сегменти од библиотечното работење.
Условите и постапката за реализација на Програмата се регулирани
со посебен Правилник, кој треба да го донесе Управниот одбор на
Библиотеката.
Курсевите ќе се реализираат во текот на целата година. Теоретската
и практична обука ќе ја изведуваат стручни лица од НУБ "Климент
Охридски" во специјално уредена предавална за овие намени опремена со
современа компјутерска техника.
ПРАВИЛНИК
за примена на Програмата за стручни библиотекарски испити
Член 1
Со овој Правилник се уредуваат условите и постапката за органи-
зирање и спроведување подготвителни курсеви за стручна подготовка на
кандидати за полагање стручен библиотекарски испит.
Член 2
НУБ "Св. Климент Охридски" - Скопје, врз основа на Законот за
библиотечната дејност во Македонија организира подготвителни курсеви
за стручна подготовка на кандидати за полагање стручни библиотекарски
испити.
Член 3
Стручниот библиотекарски испит е задолжителен за лица вработени во
библиотеките во Р. Македонија.
Стручен библиотекарски испит полагаат лица вработени на работни места
во библиотеките за кои е предвидена:
8
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
- средна стручна подготовка;
- висока стручна подготовка.
Член 4
Стручниот библиотекарски испит е задолжителен за лица со
работен стаж до 10 години во библиотечна институција.
Лицата со над 10 години работен стаж не се обврзани да полагаат стручен
библиотекарски испит.
Член 5
Стручната обука се врши според Програма и План за организирање
подготвилен курс за подготовка на кандидати за полагање стручен
библиотекарски испит. Во Планот и Програмата се дефинирани
содржините, времетраењето и методите на реализација на обуката.
Програмата и Планот за стручна обука ги подготвува Стручна комисија на
НУБ "Климент Охридски" - Скопје, а ги одобрува Министерството за
култура на Македонија.
Член 7
Покрај постојниот кадар од сите видови библиотеки во Р.
Македонија, стручни библиотекарски испити може да полагаат и други
заинтересирани лица, кои ги исполнуваат условите предвидени со овој
Правилник.
Член 8
Стручната обука за полагање стручен библиотекарски испит за
кандидати со високо образование се реализира по пат на теоретска настава
и практична работа во траење од 4 (четири) месеци. Кандидатите што ќе го
положат стручниот испит се здобиваат со стручно звање БИБЛИОТЕКАР.
Стручната обука за полагање стручен библиотекарски испит за
кандидати со средно образование се реализира по пат на теоретска настава
и практична работа во траење од 2 (два) месеца.
Кандидатите што ќе го положат стручниот испит се здобиваат со стручно
звање БИБЛИОТЕКАР-ПОМОШНИК.
9
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
Член 9
НУБ "Климент Охридски" - Скопје формира Комисија за
спроведување стручни испити. Комисијата го подготвува Конкурсот со
услови од Правилникот за спроведување стручни библиотекарски испити.
Конкурсните услови ги потврдува Управниот одбор на НУБ.
Член 10
Конкурсот го објавува Комисија за стручни звања при Министер-
ството за култура на Македонија.
Член 11
Конкурсните услови за подготвителните курсеви од Член 9 на овој
Правилник се објавуваат во дневниот печат, библиотечно-информативно
гласило и во НУБ "Св. Климент Охридски" - Скопје, најмалку 30 дена пред
отпочнувањето на соодветниот курс.
Член 12
Пријавите за посетување на подготвителен стручен библиотекарски
курс од Член 9 на овој Правилник се доставуваат до НУБ "Св. Климент
Охридски" - Скопје. Покрај писмената пријава кандидатите задолжително
треба да ги достават и следниве документи:
а/ Диплома за завршено соодветно образование (заверен препис),
б/ Писмена согласност од институцијата каде е вработен
кандидатот за посетување на соодветниот курс,
в/ Документ за уплатена партиципација,
г/ Потврда за знаење/познавање на странски јазик и
д/ Кратка биографија.
Член 13
Кандидатите што ги исполнуваат конкурсните услови, писмено се
известуваат најдоцна седум дена пред почетокот на соодветниот
библиотекарски курс.
10
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
Член 14
На кандидатите што не ги исполнуваат конкурсните услови, им се
доставува извадок од Записникот на Комисијата за стручни испити, од кој
може да се видат причините поради кои е одбиен кандидатот.
Член 15
Висината на партиципацијата за посетување на подготвителните
курсеви од овој Правилник, ја утврдува Управниот одбор на НУБ "Св.
Климент Охридски" - Скопје.
Член 16
Партиципацијата се уплатува на жиро-сметка на НУБ "Св. Климент
Охридски" - Скопје, со назнака "за посетување библиотекарски курс" и
соодветното стручно звање, кое сака да го стекне кандидатот.
Член 17
Завршниот испит кандидатите го полагаат пред Комисијата за
стручни звања при Министерството за култура. Комисијата ја формира
Министерството за култура на Македонија од редовите на вишите
библиотекари и библиотекарските советници.
Член 18
Завршниот испит се состои од теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел
се полага усно и писмено. Преку практичниот дел се проверува
оспособеноста на кандидатот за самостојно извршување на одделни
библиотечни процеси.
Темите за писмениот дел од испитот ги утврдува Комисијата за
спроведување на стручни испити при НУБ "Климент Охридски" - Скопје.
Член 19
Кандидатите со соодветен документ треба да докажат знаење или
познавање на еден странски јазик. Документот треба да биде издаден од
овластена институција.
11
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
Член 20
Следењето на подготвителниот библиотекарски курс се одвива под надзор
на ментор, којшто го бира кандидатот од редовите на вишите
библиотекари и библиотекарските советници.
Член 21
Завршниот испит на кандидатите Комисијата го квалификува со
единствена оценка - успешно положен испит.
Кандидатите што нема да покажат задоволителни резултати,
Комисијата ги враќа на повторен испит. Повторениот испит не може да се
одржи во рок пократок од два месеца.
Член 22
За успешно положен испит, Министерството за култура на
кандидатите им издава Диплома за положен стручен библиотекарски
испит.
Во дипломата се наведува стручното звање кое го стекнал
кандидатот:
- Библиотекар (за лица со високо или више образование),
- Библиотекар-помошник (за лица со средно образование).
Член 23
Доколку кандидатот и во повторениот испит покаже незадоволи-
телни резултати, нема право по трет пат да се јавува на испит.
Член 24
Лицата што се во работен однос и нема да го положат стручниот
библиотекарски испит се распоредуваат на помалку сложени библиотечни
работи во Библиотеката.
12
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 26
Со стапувањето во сила на овој Правилник, во библиотеките во
Р. Македонија не може да се вработи лице кое нема положено стручен
библиотекарски испит.
Член 27
Стручен библиотекарски испит не полагаат лица што имаат
оформено средно или високо редовно библиотекарско образование.
Член 28
Правилникот за примена на Програмата за стручни библиотекарски
испити го донесува Управниот одбор на НУБ "Климент Охридски" -
Скопје.
Член 29
Приговорите во врска со примената на Правилникот за примена на
Програмата за стручни библиотекарски испити се доставуваат до
управниот Одбор на НУБ "Климент Охридски" - Скопје.
Скопје, 2004 година
Подготвил,
Миле Бошески
НУБ"Климент Охридски" - Скопје
Подготвителен курс за полагање стручен библиотекарски испит
ПРОГРАМА
за кандидати со високо образование
В о програмата се опфатени следниве програмски содржини: Развој на
писмото, книгата и библиотекарството, Правна регулатива и
13
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
стандардизација во библиотечната дејност, Библиотечно работење и
организација на дејностите во библиотеките, Формална обработка на
библиотечниот материјал, Содржинска обработка на библиотечниот
материјал, Библиографија, Информативна дејност во библиотеките,
Вовед во информатиката и Интернет за библиотекари. Планот за
реализација на програмските содржини и бројот на часови на теоретска
и практична настава е димензиониран за кандидати со средно
образование според нормите и категориите на работните места и задачи
во народните библиотеки. Планските содржини треба да се реализираат
за два месеца односно. Во програмата се опфатени и бројот на часови на
теоретска и практична настава за секоја планска содржина, како и
местото и терминот на одржување на подготвителниот курс.
1. Предмет: Развој на писмото, книгата и библиотекарството
Преку овие програмски содржини кандидатите треба да се
запознаат со историјата на писмото, книгата и библиотеките во светот и на
почвата на Македонија.
Програмските содржини ќе се реализираат преку теоретска настава
(15 часа) и Консултација на задолжителна стручна литература.
- број на часови вкупно: 15 часа
а/теоретска настава: 15 часа
б/практична работа: -
- термин на одржување:
- место на одржување: НУБ "Климент Охридски" - Скопје
- предавачи:
2. Предмет: Правна регулатива и стандардизација во библиотечната
дејност
Преку овие програмски содржини кандидатите треба да стекнат
знаења за правната регулатива врз која се темели библиотечната дејност,
правната регулатива којашто ги регулира библиотечната дејност, минимум
стандардите за разни видови библиотеки, нормативи и правила за чување и
заштита на библиотечните фондови.
Програмските содржини ќе се реализираат преку теоретска настава
(20 часа) и Консултација на задолжителна стручна литература.
14
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
- број на часови вкупно:
а/ теоретска настава: 20 часа
б/ практична работа: -
- термин на одржување:
- место на одржување: НУБ "Климент Охридски" - Скопје
- предавачи:
3. Предмет: Библиотечно работење. Ор"анизација на библиотека
Преку овие програмски содржини кандидатите покрај теоретските
сознанија преку практична работа треба да совладаат и одредени технички
библиотечни процеси (инвентарирање, сигнирање, средување на библио-
течен материјал, ревизија на библиотечни фондови и сл.).
Програмските содржини ќе се реализираат преку теоретска настава
(10 часа), практична работа (20 часа) и Консултација на задолжителна
стручна литература
- број на часови вкупно: 30 часа
а/ теоретска настава: 10 часа
б/ практична работа: 20 часа
- термин на одржување:
- место на одржување: НУБ "Климент Охридски" - Скопје
- предавачи:
4. Предмет: Формална обработка на библиотечниот материјал.
Формални каталози
(Библиографско-каталошки опис на библиотечна граѓа)
Реализацијата на Планските содржини во рамките на предметот
Формална обработка на библиотечниот материјал-Формални каталози на
кандидатите ќе им овозможи да се стекнат со теоретски и практични
знаења за: Каталогизација на библиотечна граѓа според ИСБД-стандарди;
Формирање и одржување на формални каталози-азбучни/абецедни
каталози; УНИМАРК - Универзален формат за машински читлива
каталогизација.
15
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
Програмските содржини ќе се реализираат преку теоретска настава
(15 часа), практична работа (50 часа) и Консултација на задолжителна
стручна литература.
- број на часови вкупно: 65 часа
а/ теоретска настава: 15 часа
б/ практична работа: 50 часа
- термин на одржување:
- место на одржување: НУБ "Климент Охридски" - Скопје
- предавачи:
5. Предмет: Содржинска обработка на библиотечниот материјал.
(Класификација и класификациски системи)
Реални каталози
Стручен каталог според УДК
Преку овие програмски содржини кандидатите треба да се стекнат
со теоретски и практични знаења за: Содржинска обработка на
библиотечната граѓа; Формирање и одржување на стручен УДК-каталог;
УНИМАРК - Универзален формат за машински читлив запис (содржинска
обработка).
Програмските содржини ќе се реализираат преку теоретска настава
(20 часа), практична работа (45 часа) и Консултација на задолжителна
стручна литература.
- број на часови вкупно: 65 часа
а/ теоретска настава: 20 часа
б практична работа: 45 часа
- термин на одржување:
- место на одржување: НУБ "Климент Охридски" - Скопје
- предавачи:
Предметен каталог
Преку реализацијата на овие програмски содржини кандидатите ќе
се стекнат со теоретски и практични знаења за Предметниот каталог,
Методологијата на изработка на предметен катлог, УНИМАРК -
Универзалниот формат за машински читлив запис (содржинска обработка).
16
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
Програмските содржини ќе се реализираат преку теоретска настава
(20 часа), практична работа (45 часа) и Консултација на задолжителна
стручна литература.
- број на часови вкупно: 65 часа
а/ теоретска настава: 20 часа
б/ практична работа: 45 часа
- термин на одржување:
- место на одржување: НУБ "Климент Охридски" - Скопје
- предавачи:
6. Предмет: Библиографија
Стручната обука за овој библиотечен процес на кандидатите треба
да им овозможи стекнување на теоретски и практични знаења за: Поим,
дефиниција и задачи на библиографијата; Библиографскиот опис на книги,
сериски публикации, статии и прилози и друг библиотечен материјал;
Методологија на подготовка на библиографија; УНИМАРК-примена на
универзалниот формат за машински читлив запис.
Програмските содржини ќе се реализираат преку теоретска настава
(20 часа) практична работа (60 часа) и Консултација на задолжителна
стручна литература.
- број на часови вкупно: 80 часа
а/ теоретска настава: 20 часа
б/ практична работа: 60 часа
- термин на одржување:
- место на одржување: НУБ "Климент Охридски" - Скопје
- предавачи:
7. Предмет: Вовед во информатика - Интернет за библиотекари
(Библиотечно-информативни системи и информативна дејност)
Преку овој блок програмски содржини, кандидатите треба да се
стекнат со одредени теоретски и практични сознанија за: Библиотечно-
информативните системи; Изворите на научно-технолошки информации;
Организацијата и дејноста на ИНДОК-службите и Рефералните центри;
Информативната дејност и обука на корисници, користење на Интернет.
17
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
Програмските содржини ќе се реализираат преку теоретска настава
(20 часа), практична работа (20 часа) и Консултација на задолжителна
стручна литература.
- број на часови вкупно: 40 часа
а/ теоретска настава: 20 часа
б/ практична работа: 20 часа
- термин на одржување:
- место на одржување: НУБ "Климент Охридски" - Скопје
- предавачи:
П Л А Н
за реализација на Програмата на подготвителниот курс
за полагање стручни библиотекарски испити
ЗА СТЕКНУВАЊЕ СТРУЧНО ЗВАЊЕ БИБЛИОТЕКАР
Планот е подготвен врз основа на програмските содржини
предвидени за стручна подготовка на кандидати во рамките на
Подготвителениот курс за полагање стручен библиотекарски испит за
стекнување на стручно библиотекарско звање: БИБЛИОТЕКАР (за
кандидати со високо образование), како и врз основа на Правилникот за
спроведување на стручни библиотекарски испити.
Задолжителни предмети за стручна обука на кандидати за полагање
стручен библиотекарски испит за стручно звање б и б л и о т е к а р.
теорија п рактика
1
Развој на писмото, книгата и на
библиотеките
5 часа
-
2
Правната регулатива и стандардизацијата
во библиотечната дејност 15
-
3
Основи на библиотекарството и
библиотекарското работење (техничка
обработка на библиотеч. матер.)
5
15
4
Библиографско-каталошки опис на
библиотечна граѓа
- формални каталози
- азбучни/ абецедни каталози
5
35
18
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
5
Класификација и класификациски системи
- реални каталози
- Стручен според УДК
- Предметен
5
5
35
35
6 Библиографија 5 30
7
Вовед во Информатика и ИНТЕРНЕТ за
библиотекари
5
10
Вкупно часови 5 0 1 60
Стручната обука за полагање стручен испит за кандидати со
високо образование трае 4 месеци. Предвидените содржини треба да се
реализираат за 210 часа, од кои 50 теоретска настава и 160 практична
работа.
Забелешка: Според Правилникот за спроведување стручни
библиотекарски испити, кандидатите со више образование ја следат
програмата и планот предвидени за кандидати со високо образование.
П Л А Н
за реализација на Програмата на подготвителниот курс
за полагање стручни библиотекарски испити
ЗА СТЕКНУВАЊЕ СТРУЧНО ЗВАЊЕ
БИБЛИОТЕКАР - П О М О Ш Н И К
Задолжителни предмети за стручна обука на кандидати за
полагање стручен библиотекарски испит за стручно звање
библиотекар-помошник
теорија п рактика
1
Историја на
библиотеките
писмото, книгата и
3
-
2
Основи на библиотекарството и
библиотечното работење.
а/ техничка обработка на библиотечен
материјал
5
30
3
Формална обработка на библиотечниот
материјал. Формални каталози
5
20
19
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
4
Содржинска обработка на библиотечниот
материјал. Реални каталози
5
20
5 Библиографија 2 2 -
6
Информативна дејност и информативни
сервиси
5
15
Вкупно часови 2 5 8 5
Стручната обука за полагање стручен испит за кандидати со
средно образование трае 2 месеца. Предвидените содржини треба да се
реализираат за 110 часа, од кои 25 теоретска настава и 80практична
работа.
Summary
UDK 023.5.082.1(497.7)(094.79)
ESTABLISHING PROFESSIONAL EXAMINES FOR LIBRARIANS
IN REPUBLIC OF MACEDONIA
re we ready to accept establishing of professional examines or not?
Mile Boseski – librarian conseller
National and University Library "St.Kliment Ohridski" - Skopje
The professional training of librarians in Macedonia is one of the most sensitive
questions in this profession. Lately many attempts were made for establishing
uni-versity education for librarians in the framework of University "Kiril i Me-
todij" in Skopje as permanent and unique quality solution of the problem with
the education of the professional librarians. But, this question is still opened
even nowadays without any serious chances for its quick solution.
Establishing of professional examines for librarians can only alleviate unfavor-
able condition with professional preparing of librarians in the country, but it
can’t re-place formal education.
Keywords: professional examines, regulations, program, plan
20
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
ФОРМИРАЊЕ МУЗЕОЛОШКА ПОСТАВКА ЗА
ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА БИБЛИОТЕКАРСТВОТО ВО
МАКЕДОНИЈА
Миле Бошески - библиотекар советник
м-р Драгица Митрова - музеолог
Формирањето музеолошка поставка посветена на развојот на
библиотекарството во Македонија е идеја која подолго време егзистира кај
авторите на идејниот прокет посветен на ова прашање. Проектот најнапред
е пријавен во рамките на активностите на Библиотекарското друштво на
Македонија, меѓутоа, од практични причини од 2003 година, тој е дел од
проектите на НУБ "Климент Охридски" - Скопје.
Целта на музеолошката поставка е да се приберат, обработат и
презентираат на јавноста сведоштва за историскиот развој на
библиотекарството во нашата земја. Оваа музеолошка поставка во својата
крајна истанца треба да прерасне во Меморијален музеј за
библиотекарството во нашата земја. Поставката ќе биде сместена во
Народната и универзитетска библиотека "Климент Охридски" во Скопје.
Клучни зборови: Македонија, библиотекарство, музеолошка поставка
Развојот на библиотекарството во Македонија има релативно долга
и богата историја како впрочем и целокупното културно и духовно
творештво на македонскиот народ.
Стручната, научната и воопшто општествената јавност во нашата
земја преку разни форми (изложби, промоции и разни манифестации и сл.)
посветени на одредени сегменти и прашања од историскиот развој на
македонскиот народ, попатно имаше можност во минатото да се запознае и
со одделни случувања и прашања карактеристични за развојот на
библиотекарството како значаен сегмент од неговиот културен и
духовенсамобит на овие простори.
21
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
Меѓутоа, овие форми на аудио и визуелна комуникација имаат еден
сериозен недостаток во презентирањето на сознанијата, материјалните
документи и други материјални и нематеријални сведоштва. Имено, кај
изложбите, промоциите, разни манифестации и сл. отсуствува историскиот
континуитет и имаат фрагментарен карактер, кој соодветствува на
предметот, целта и поводот за примена на соодветната форма на
презентација. Исто така, кај овие форми отсуствува визуелниот сегмент и
опипливоста на предметите или, кажано со музеолошки речник,
недостасува материјалниот аспект, којшто претставува суштествена
компонента карактеристична само за музеолошка презентација.
Музеолошката презентација на развојот на библиотекарството во
Македонија треба да ги надмине овие недостатоци и да i овозможи на
стручната, научната, библиотечната и поширока општествена јавност,
историски континуиран и професионално документиран преглед на
настаните, состојбите, предметите и собитијата во разни етапи од
историјата на македонскиот народ.
Цел на музеолошката презентација на историскиот развој на
библиотекарството во Македонија:
1. Музеолошката поставка ќе претставува уште еден релевантен
доказ за културно-националниот идентитет на македонскиот народ;
2. Можност за согледување на развојот на библиотекарството во
историски континуитет, поставен во контекст на историските услови и
нивното влијание врз динамиката и карактеристиките на развојот.
Концептот на поставката треба да овозможи релевантни и заокру-жени
сознанија на посетителите;
3. Запознавање со културно-образовниот и со идејниот аспект на
библиотекарството и библиотеките и нивното влијание врз
индивидуалното и општото ниво на образование во државата;
4. Музејските експонати ќе овозможат идентификација и
афирмација на личен и колективен придонес на институции и поединци во
втемелувањето и развојот на библиотекарството;
5. Јасните пораки што ги носат и произлегуваат од експонатите, кај
посетителите се очекува да предизвикуваат чувство на почит и љубов кон
пишаниот збор и книгата особено заради нивниот придонес во културно-
националната преродба на македонскиот народ;
22
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
6. Музеолошката презентација дава можност библиотекарството да
се согледа и во актуелниот општествено-политички, културно-обра-зовен и
стручно-научен амбиент во нашата земја. На кој начин и во каков обем
библиотекарството придонесува за развој на информатичкото општество и
можностите за вклучување на земјата во светскиот информативен простор;
7. На посетителите (домашни и странски), музеолошката
презентација ќе им овозможи на брз и соодветен начин да се запознаат со
цивилизацискиот придонес на македонскиот народ во општиот духовен и
културен развој на човештвото.
Потврда за предноста и значењето на музеолошката презентација
на наведените и многу други неопфатени компоненти во овој текст ќе
најдеме во дел од следнава дефиниција: "музеолошката презентација
претставува збир на библиотечни експонати, поврзани во хронолошко-
тематски целини, во кои "мртвите и неми експонати" на своевиден
начин оживу-ваат и зборуваат. Во музеолошката презентација, која
претставува историја што се гледа и може да се допира, експонатите
со својот специфичен говор, визуелна моќ и изворно информирање,
документирано и вистинито го интерпретираат развојот на
библиотекарството како значаен дострел на духовните вредности на
македонскиот народ, потенцирани со естетски ефекти на
техничките решенија на презентацијата - експозицијата".
раток историски преглед на развојот на книгата, писмото и
библиотеките во светот
Појавата на писмото претставува едно од најзначајните откритија
во развојот на човештвото. Тоа на човекот му овозможило трајно да ги
бележи своите мисли и искуства и да ги пренесува на идните генерации.
Појавата на писмото на своевиден начин придонело за формирање
на првите библиотеки уште во време на старите цивилизации во
Месопотамија, Египет, Мала Азија и други.
Во еволутивниот пат на писмото и книгата, најзначаен период секако дека
претставува пронаоѓањето на првата печатница, епохалното откритие на
Јохан Гутенберг (1357-1468).
Со појавата на првите печатени книги и библиотеките добиваат
нова димензија, која значително ги разликува од претходните видови
библиотеки, не само по содржините на нивните фондови, туку и според
23
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
технологијата, начинот и средствата со кој се бележани информациите.
Потребата од учени луѓе во средните векови наложувала отварање школи,
факултети и универзитети (Вашингтон, Лондон, Москва, Ленинград и др.,
а кај нас Климентовиот универзитет). Како резултат на тоа, се отвораат
многу библиотеки низ целиот свет.
Значајните општествено-политички и културни промени се
случуваат во 18., 19. и 20. век. Токму во овој период се случила и
Француската револуција, којашто од темел го разниша светот скоро во
сите сегменти на општествениот живот или како што забележал некој "по
Француската револуција, ништо повеќе не беше исто во светот".
Настапува период кога почнуваат да се отвараат општите-јавни
библиотеки, а во поголемите центри и национални и универзитетски
библиотеки.
Денес многу од современите библиотеки поради енормно високата
продукција на печатени книги мораат да изнајдат нови форми за трајното
забележување на податоците - ленти, дискети, ЦД-ромови за да се ублажи
недостатокот од простор.
Краток историски преглед на развојот на книгата, писмото и
библиотеките во Македонија
Во Македонија појавата на библиотекарството е поврзана со делото
на Кирил и Методиј, односно со името на нивниот ученик и следбеник
Климент Охридски, кој по смртта на браќата Кирил и Методиј, во
Македонија развил богата културно-просветна и книжевна дејност. Тогаш
во Македонија биле организирани многу манастирски и црковни
библиотеки за кои голема е заслугата на Климент Охридски. И покрај
скудните податоци за нив, сепак се знае дека такви библиотеки имало во
манастирите: Св. Пантелејмон, Св. Наум, Св. Јован Бигорски, Св. Прохор
Пчински и др.
Првата печатница на Теодосиј Синаитски била отворена во Солун.
Печатењето на првата книга на Јоаким Крчовски - Слово исказаное заради
умирание на некој начин претставува зачеток на современото
библиотекарство во Македонија.
Со зајакнувањето на граѓанската класа во Македонија се отвараат
многу училишта и библиотеки во градски и селски населби, а има појава и
на приватни библиотеки. Првите приватни библиотеки биле библиотеки на
24
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
трговци, занаетчии и познати интелектуалци. Познати се: Библиотеката на
трговското семејство Робеви од Охрид, на познатиот кројач Ѓорѓи Бодлев и
др., како и библиотеките на интелектуалците Прличев, Шапкарев, Стрезов,
Икономов, Пејчиновиќ и др. Во редот на овие библиотеки секако
најпозната била библиотеката на Јордан Хаџи Константинов-Џинот.
Сведоштва за оваа библиотека се сочувани до денес.
Во почетокот на 19. век се отвараат и многу читалишта меѓу кои во Штип,
Прилеп, Кочани, а растел и бројот на новоотворени библиотеки.
Вистинскиот развој на библиотекарството во Македонија се случил по
1945 година.
Тогаш е донесена Програма за покривање на целата територија на
Македонија со градски и селски библиотеки, со задача да придонесат во
побрзото описменување на широките народни маси. Со разновидните
културни активности овие библиотеки даваат соодветен придонес и во
поттикнувањето и задоволувањето на културните потреби на граѓаните.
Денес, библиотекарството особено со својата информативна
димензија претставува значаен сегмент во изградбата и практикувањето на
инфор-мативниот систем на Р. Македонија.
К о н ц е п ц и ј а
за идејната и организациска поставеност
на музеолошката презентација
Постојаната музеолошка презентација на библиотекарството во
Македонија ќе се организира и реализира во неколку фази:
1. фаза - СОДРЖИНСКА КОНЦЕПЦИЈА
- истражување
- тематски план
2. фаза - АРХИТЕКТОНСКО-ЕСТЕТСКО ОБЛИКУВАЊЕ НА
СОДРЖИНИТЕ (експонатите)
3. фаза – РЕАЛИЗАЦИЈА
- сценарио
25
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
Образложение
1. фаза - СОДРЖИНСКА КОНЦЕПЦИЈА
Содржинската концепција е всушност почетниот процес на
работата што ќе резултира со темелно истражување на библиотечни
материјали, кои ќе бидат потенцијални експонати на музејската
библиотечна експозиција. Истражувањата главно ќе се одвиваат по
библиотеките (во градски, приградски и селски населби во Македонија) и
други сродни институции и притоа ќе се регистрира оној библиотечен
материјал, кој со својата важност ќе биде значаен експонат во
експозицијата.
Истражувањата истовремено ќе се одвиваат (особено за постарите
периоди) во Државниот архив на Македонија, Музејот на Македонија,
Град-скиот архив на Скопје, некои архиви и музеи во внатрешноста и
архивите во Белград и Софија.
Не е исклучено да се воспостават контакти и со личности, коишто
во своите приватни библиотеки имаат библиотечни материјали, а кои се од
интерес за музејската поставка. Начинот и постапката за отстапување на
овие материјали ќе биде предмет на договор со сопствениците.
По завршувањето на истражувањата во рамките на првата фаза од проектот
ќе се пристапи кон изработка на тематско-хронолошки план.
Содржинската концепција претставува најважна етапа во целокупниот
процес бидејќи во неа се содржани тематски рамки и обликот односно
типологијата на експозицијата.
Во оваа фаза се врши и:
- Класификација на експонатите (фотографии, архивска
документација, тридимензионални и печатени материјали, ликовни дела со
тематика библиотекарство, музички материјали, книги, плочи, ленти,
касети, техничка опрема, статистички и административни материјали и др.
- Систематизацијата ја опфаќа периодизацијата (хронологијата) на
експонатите и нивното имплементирање во одредена тема.
26
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
- Пресликување - правење контакт-копија од пресликаните
експонати (негативи).
- Финансиска конструкција - Во рамките на оваа фаза треба да се
предвидат финансиски средства за авторски хонорар на авторите учесници
во оваа етапа (односно истражувањата), патни и дневни трошоци, авторски
хонорар за фотографот којшто во оваа фаза ќе се вклучи во процесот,
поштенски трошоци, материјални трошоци и други непредвидени тро-
шоци.
Исто така треба да се предвидат и средства за тековни трошоци за
материјали - фотохартија и хемиски средства (развивач и др.).
2. фаза - АРХИТЕКТОНСКО ЕСТЕТСКО ОБЛИКУВАЊЕ
Оваа фаза всушност претставува употреба на технички решенија на
експозицијата, односно:
- Нацрт и изработка на паноа, витрини, конзолни делови и др.
- Осветлување (просторно, таванско, витринско, рефлектори и др.)
Во овој процес покрај авторите се вклучува и архитект, а по
потреба и други учесници.
Во оваа фаза на музеолошката презентација на развојот на
библиотекарството се предвидува да се користи расположивиот музејски
мобилијар (витрини, паноа, разни делови и сл.) на Народната и
универзитетска библиотека "Климент Охридски" - Скопје. Поради тоа, (во
оваа фаза) не се предвидува никаква финансиска конструкција за таа
намена, освен хонорарот на носителите на активностите.
До колку се укаже потреба од изработка на некои делови од музеј-
скиот мобилијар, ќе бидат предвидени средства за тоа дополнително.
3. фаза - РЕАЛИЗАЦИЈА
- Сценарио - Изработката на комплетното сценарио е последната
фаза што претставува заокружување на претходните процеси со примената
на техничките средства:
27
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
- Одредување на димензии на експонатите според нивното место -
експонирање на паноата, витрините, конзулите;
- Изработка на тридимензионални експонати (до колку има потреба
од фотокопија и реконструкции);
- Каширање на дводимензионалниот материјал - експонати, со што
се добива впечаток на тридимензионалност, тонирање на некои експонати -
фотографии за добивање ефект на анти-квитет - старина;
- Изработка на текстови - воведни, тематски - водачи;
- Изработка на легенди - кратка идентификација на секој експонат;
- Изработка на каталози, сликовници на поважни експонати во
експозицијата.
Библиотечни материјали (односно потенцијални експонати)
Библиотечните материјали се појавуваат во следните облици:
- Архивалии - решенија за формирање библиотеки, пофалници,
награди, плакати, разни соопштенија, правилници, статути, одлуки,
решенија и сл. што се однесуваат на работниот процес во библиотеките;
- Фотографии - фотографии од згради на библиотеки, депоа каде се
сместени библиотечните фондови, читални, игротеки, посетители, разни
манифестации што се одвиваат во библиотеките, квизови, натпревари,
литературни и поетски средби, портрети на познати и заслужени
библиотекарски работници и др.;
- Тридимензионални предмети - предмети што престанале да бидат
во функција на современото работење - машини за пишување, средства за
книговрзница и друга техничка опрема;
- Плакати и летоци, печатени документи што се однесуваат на
значајни собири, соопштенија, прослави, годишници и сл.;
- Музикалии - ленти, дискови, дискети, плочи и др.;
28
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
- Печатени книги - оригинални или фотокопија на книги кои-што се
наоѓаат во фондот на дотичната библиотека и коишто се значајни поради
нивната содржина, старост или реткост.
Музеолошката презентација за развојот на библиотекарството во
Македонија во оваа фаза е концепирана да може да се смести во
постоечките простории на НУБ "Климент Охридски" - Скопје и поради тоа
не се предвидуваат средства за некои по значајни интервенции во
просторот.
Меѓутоа, Музеолошката презентација на развојот на
библиотекарството во Македонија во иднина ќе се збогатува и само по себе
ќе се наметне просторното прашање. Со збогатувањето на експонатите,
формите и содржините, музеолошката презентацијата во иднина може да
прерасне во постојана музејска експозиција односно во меморијален музеј
за развојот на библиотекарството во Македонија.
Финансиската конструкција во овие две фази главно го опфаќа
хонорарот на авторите како и хонорарен надоместок и за другите учесници
доколку се јави потреба од нивно ангажирање.
Библиотекарско друштво на Македонија
Во содржинита на презентацијата ќе го најде своето место и
Библиотекарското друштво на Македонија како единствена стручна
асоцијација во моментов, што со децении придонесува во унапредувањето
на библиотекарството во Македонија пренесувајќи ги современите
трендови и искуства од поразвиените библиотекарства во светот.
Тим на соработници - учесници
Во тимот на соработниците коишто ќе бидат присутни во
целокупниот процес на оваа музеолошка презентација за развојот на
библиотекарството во Македонија се авторите на овој Проект, односно м-р
Драгица Митрова, музеолог, музејски советник и Бошески Миле, советник-
биб-лиотекар, а другите соработници архитект, фотограф и други технички
работници ќе бидат вклучувани според потребата во одделните фази на
процесот.
29
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
Summary
UDK 02(091):069.5(497.7)
FORMING MUSEUM PRESENTATION FOR HISTORICAL
DEVELOPMENT OF LIBRARIANSHIP IN MACEDONIA
Mile Bosheski – consseleur librarian
Dragica Mitrova M.A. – museumologist
The idea for museum presentation dedicated to development of librarianship in
Macedonia exist long time ago between the authors of this project .
At the beginning this was project of Librarian Association of Macedonia in the
framework of its activity, but from practical reasons in 2003, it is a part of the
pro-jects of National and University Library "Kliment Ohridski" – Skopje. The
aim of the museum presentation is to collect, to process and to present in the
public arti-facts that witness about historical development of librarianship in our
country. This museum presentation is planed to grow up in Memorial museum
of librarianship in our country. The museum presentation will be located in Na-
tional and University Library "Kliment Ohridski" – Skopje.
30
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
ОРГАНИЗАЦИСКО-КОМУНИКАЦИСКИ АСПЕКТИ
ЗА УСПЕШНО РАБОТЕЊЕ НА
МУБ "СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" - БИТОЛА
Јелена Петровска
МУБ "Св. Климент Охридски" - Битола
Во современата библиотечнаа теорија и практика како актуелна
тема сe понагласено се наметнува прашањето за организациско-
комуникаци-ските аспекти на раководењето. Раководењето и
управувањето претставуваат комуникациски појави во релациите помеѓу
организацијата, општеството и субјектот-поединецот. Добрата
комуникација е единствен начин со кој ќе демонстрира водачот-менаџерот
дека тој се залага за успех на организацијата, а не за личниот успех.
Комуникацијата има атрибут на снажно орудие во рацете на
успешниот менаџер. "Деловната коминикација е всушност начин на
однесување во процесот на комуницирање во една организација и надвор
од неа. Поврзана со водството, деловната комуникација добива многу
посуптилна димензија бидејќи се вбројува во контекст на организациска
култура". Во статијата се поместени искуства од раководењето на
Матичната и универзитетска библиотека "Свети Климент Охридски" во
Битола.
Клучни зборови: библиотека, организација, комуникација, раководење
"Со секој подвиг бришеме по една видлива и кршлива скала и ја
заменуваме со невидлива и непроодна; со секој убав чин и доживување
(овде сме поради убавината), кинеме по еден бескрајно тенок премаз злато
од својот сопствен штит и го преточуваме во незгаслив сјај на кого не му е
потребно злато; со секој гест на отпор против оние кои не држат затворени
31
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
отстрануваме по еден слој решетки заковани преку небото и го заменуваме
слојот на алабастерот преку кој почнуваат да се наѕираат како итро
пролетуваат разиграни гулаби". (Ферид Мухиќ, "Штит од злато", стр. 158)
"Светот е книга: оние што не патуваат секогаш читаат само една
страница" - Свети Августин.
"Секогаш со своите соработници треба да се однесуваме онака како
што сакаме тие да се однесуваат кон нашите најдобри муштерии - како
доброволци - затоа што тие се всушност тоа. Можам да ја купам твојата
помош, но не и најдлабоката лојалност и посветеност на твоето срце.
Можам да ја купам твојата поддршка, но не и најфиното и најкреативното
размислување на твојот дух. Лојалноста мора да се заслужи, не да се бара.
Моќта и чесното влијание бараат време и мора да се заслужат. Не
можеме со кинењето на цвеќето да видиме како се развива коренот.
Вашиот однос кон другите луѓе ги одредува во голема мера квалитетот и
мерката во вашиот живот. Вие сте извор на влијание; како ќе ја
искористите таа привилегија?" (Моќта на принципите, Блеин Ли, стр.20)
Наместо вовед: Професионалната комуникација низ призмата
на еден раководител
Јас сакам да бидам различна од другите. Како да се комуницира со
другите луѓе е вечно прашање за секој човек. Предизвикот да се води
институцијата како што е единствената библиотека во градот или да се
прифати одговорност колку и на каков начин книгата ќе живее во вашата
средина - е тешка задача. Оттука потекнува зародишот на идејата да се
пишува за комуникациските аспекти во секојдневното раководење со
Матичната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" во
Битола. Темата е мошне актуелна и незаобиколен дел од трансформацијата
во менаџирањето во која било институција. Културните институции имаат
една специфика што ги одвојува од другите организациски целини, а тоа е
оној недефиниран или, во комуникациска смисла, невербален дел, којшто е
потребен за креирање и одржување на културата во широка смисла. Самата
организациска поставеност во библиотеките, којашто најчесто има
помалку лежерен квалитет, придонесува и за спецификата во
комуникациското општење со вработе-ните.
32
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
Секој раководител си поставува прашање колку е успешен во тоа
што го работи и како да биде уште поуспешен. Практиката покажува дека
успешен е оној менаџер што ќе успее да наметне релаксирана и ефикасна
клима и култура во својата организација, при тоа користејќи ги
комуникациските вештини во справувањето со секојдневните предизвици
во неговото раководење.
Кога зборуваме за актуелноста на темата во стручната литература
во Македонија и во светот од областа на организациско-комуникациските
аспекти на раководењето доаѓаме до заклучокот дека, таа и покрај
достојното внимание од повеќе домашни и странски автори, свој подем ќе
има во следната деценија. Во Македонија повеќе автори се занимавале со
комуникациските аспекти, па така во своите трудови проф. Чокревски и
Жоглев раководењето и управувањето ги третираат како комуникациски
појави и го елаборираат односот меѓу организацијата, општеството и
човекот-поединец, којшто е нејзин член и чијшто однос претставува еден
од видовите комуникации поврзани со организацискиот комплекс (види во
книгата Томислав Чокревски, Златко Жоглев, Комуникации, односи и
иницијативи, 2003, Битола).
Раководителот на една организација или менаџерот за да може
успешно да ја организира работата, негово основно орудие е
комуникацијата или condition sine qua non.
Добрата комуникација е единствениот начин со кој ќе покаже вода-чот
дека се грижи за успехот на целата организација, а не само за сопстве-ниот
успех. Во својата книга Деловно однесување, авторката Пранговска освен
мошне прифатливите ставови по однос на деловното однесување,
истакнува дека "добрата комуникација не само што ги поврзува
вработените, туку им помага да работат тимски, така што ги соединува
различните делови на претпријатитето во една претприемачка, способна и
корисна целина".
Еден од секако најзначајните светски теоретичари, основач и
потпретседател на Кови-центарот за раководењето, врвен авторитет во
областа на раководењето Д-р Блеин Ли (Blaine Lee) заедно со Стивен Р.
Кови (Stephen R. Covey), инаку експерти од областа на учењето и
однесувањето во организации, ефективноста и комуникациските техники,
како и експерти за теории-те на водството инспирирани од принципите на
моќта, со својата харизма и користењето на комуникациските вештини
“менува” милиони бизнисмени и менаџери ширум светот.
33
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
Во овој краток приказ на комуникациските аспекти во водењето на
една библиотечна институција ќе се обидам да ги елаборирам
комуникациските аспекти на еден повеќе есеистички пристап, заснован на
ефектите од секојдневната комуникација со вработените, и надвор, со
корисниците на библиотечните фондови т.е. внатрешна и надворешна
комуникација. Секако дека морам да истакнам и некои ограничувања по
однос на времето (релативно краток временски период како раководител
на институцијата), просторни ограничувања, како и ограничувања од
аспект на добиените податоци и информации од другите раководители што
водат слични интституции.
1. Професионалната комуникација како двигател на добро
организирана поставеност на Библиотеката
Секој човек припаѓа на некоја организација без разлика дали е тоа
општествена организација, политичка, здравствена, стопанска, туристичка
или некој друг вид организација. За да функционира таа пропишани се
канали на пренесување на пораките или информациите што ги користат
вработените во комуницирањето со претпоставениот, како и обратно,
раководителот со сите субјекти врзани за институционална поставеност на
определена организација. Оттука е и дефинирањето на поимот
професионална комуникација, којшто произлегува од дефиницијата за
деловна комуникација на проф. д-р Константин Петковски, каде што
"деловната комуникација е всушност начин на однесување во процесот на
комуницирање во рамките на организацијата но и надвор од неа. Поврзана
со водството, деловната комуникација добива уште посуптилна димензија,
бидејќи се става во контекст на организациската култура".
Поимот организација го наоѓаме кај повеќе автори и "претставува
поврзување во една структурална средина на различни улоги, материјални
и финансиски средства за да се оствари некоја општествена дејност и за да
се остварат индивидуални, групни или општествени цели и интереси".
Кога зборуваме за меѓусебна условеност на професионалната
комуникација во организацијата неминовно доаѓаме до ефикасноста како
основна детерминанта за успехот во една институција.
Оттука ефикасноста е мерка за тоа колку ги прави фирмата работите на
“вистински” начин односно претставува внатрешен индикатор или
способност да се оптимилизира користењето на ресурсите во достигнување
на организациските цели. Таа е поврзана со ефективноста или успешноста
и само заедно во целина ја покажува работата на менаџерите. Секако дека
34
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
раководителот сака неговата фирма или во овој случај библиотеката
постојано да биде на врв. Во библиотечното работење тоа се пред сe голем
број корисници или читатели, перманентен институционален развој и
стекнување со одреден имиџ на институцијата. За да можат да се спроведат
овие компоненти во дело, раководителот треба мошне комплексно и
стручно да ја води институцијата на патот кон трансформацијата на
библиотечното работење. Едно од секако највлијателните компоненти е
професионалното комуницирање како услов за ефикасно работење.
"Комуникациите во организацијата се постојани, познати и најчесто
формални врски на сообраќање на поединците со организацијата, на
деловите меѓу себе, со чија помош се обезбедува текот на информациите,
наредбите и другите видови пораки, потребни за функционирање на
организацијата како целина".
Со доаѓањето на челната позиција во МУБ "Св. Климент
Охридски" јасно беше дека за да се оствари имплементирањето на
раководната функција потребно е да се оствари добра организациска клима
и комуникација како предуслов за организациските промени и напредокот
на институцијата. Јасна и искрена комуникација со вработените ќе создаде
темел за отворена размена на идеи во сите организациски единици.
Исто така мошне важна е информираноста на раководителот и правилно
канализирање на истата, а високиот степен на доверба и отворениот
интерес и грижата за создавање позитивни комуникациски односи на сите
нивоа помеѓу вработените ќе создаде и клима на меѓусебна доверба.
При тоа секој раководител треба да користи формални и неформални
канали на пренесување на пораките. Формалните канали се всушност
званични, институционални и јасно дефинирани и преку нив се
пренесуваат различни пораки, при што секој вработен е точно определен
со описот на работното место и постои определена организациска шема.
Неформалните канали претставуваат мрежи на интерперсонални
комуникации, кои се воспоставуваат со непосредни односи помеѓу
вработените кои имаат заед-нички интереси и цели. Овие комуникациски
канали можат да бидат движечка сила во организацијата, но исто така
можат да дејствуваат и дисфункционално.
Во практиката секако дека не можеме да сметаме на
кооперативност на сите членови на колективот, т.е. во менаџерска смисла,
секогаш ќе го има типот луѓе што нема да сакаат да учествуваат во
промените, дури ќе има обиди и свесно да се наштети на развојот на
35
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
институцијата, но сепак ако успееме да развиеме здраво јадро во
институцијата, тоа ќе биде носител на успешноста на поставените цели.
2. Професионалната комуникација како предуслов за успешна
автоматизација во библиотечното работење
Библиотеките низ своето вековно постоење претставувале
светилници на човечкиот род. Нивната функција била да го сочуваат
пишаниот збор и така да придонесат во развојот на културната и научната
мисија на цивилизацијата. Од формирањето на првите библиотеки на
древните народи (Египќани, Кинези), па сe до библиотеките на стара
Грција и познатата Александриска библиотека, книгите биле извор на
човековото сознание. Манастирските библиотеки одиграле мошне значајна
улога на овие простори обединувајќи ги луѓето со иста идеја и
претставувале опстанок на народите и јазиците со ограничена дифузија.
Хуманизмот и ренесансата широко ја отворија вратата на вљубениците на
книгата и мислата воопшто, а комуникацијата за прв пат низ историјата на
човештвото стана придобивка на секој човек поодделно. Ерата на
автоматизација и дигитални библиотеки донесе трансформација во
библиотечното работење, а во областа на комуницирањето - нови
предизвици. Библиотеките се најдоа на крстопатот, а за да бидат во
фокусот на човековото интересирање, мораа постојано да се менуваат и
прилагодуваат на сe поголемите потреби од квалитетна и навремена
информација.
HУБ "Св. Климент Охридски" пред десетина години тргна по
патеката на целосно автоматизирање на библиотечните процеси, а сe со
цел да придонесе да бидат нејзините корисници дел од универзалниот свет
на информацијата и беконечната убавина на книгата.
За да успее имплементацијата на програмата за автоматизација на
библиотечното работење се оформи стручниот тим, којшто ја водеше
целата постапка. Се покажа дека тим функционира доколку се развиени и
се применуваат сите механизми на комуникацијата. Искуствата од
примената на програмата КОБИСС во работењето на библиотеката го
ставија професионалното комуницирање во прв план како неопходен услов
за успешна реализација на програмата. Од комуникацискиот аспект на
менаџирањето со новата програма, менаџерот и раководниот тим
практикуваа две насоки на комуникацијата и тоа: внатрешна и надворешна
комуникација.
36
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
Внесувањето на книжниот фонд на библиотеката како задача се
постави пред работниот тим, составен од високостручни лица од областа
на каталогизацијата. Внатрешната комуникација во повеќе насоки
(раководител - тим, тим - раководител) резултираше со успешно завршена
работа. Треба да се напомене дека беа запознаени вработените со
функционирањето и придобивките на програмата и на тој начин секако
дека остварија еден вид интраперсонална комуникација или комуникација
што претставува општење со самиот себеси. Тоа беше и првиот чекор за
остварување на интерперсонална комуникација (меѓусебно комуницирање)
помеѓу колегите. Мошне значајна улога на фацилитатор во реализацијата
на автоматизацијата на библиотеката имаа раководителите и менаџерот на
институцијата, коишто постојано беа во контактот со вработените на начин
што им даваше темпо на работата, но и вршеше контрола на истата.
Надворешната комуникација претставуваше и сe уште претставува основен
двигател за успешноста во автоматизацијата во библиотечното работење.
Постојаната комуникација со корисниците, читателите на библиотеката, со
персоналот и со менаџерскиот тим, потоа комуникацијата со мас-
медиумите (печатени и електронски) придонесува за успешна примена на
автоматизираните процеси во библиотеката и имплементација на
библиотечната програма на сите нивоа.
Секако дека програмата во прво време беше прифатена со резерва и
од страна на вработените и од страна на нашите надворешни корисници
(читатели). Отпори се јавуваат пред сe по однос на одредени предрасуди и
стереотипи дека нема книгата пазарна цена или дека таа безусловно треба
да биде на располагање без материјален надомест. Затоа прифаќањето на
дел од програмата, којшто се однесува на амортизацијата, задоцнината или
опомени за ненавремено враќање на библиотечниот материјал предизвика
вистинска вознемиреност, па и конфликт кај нашите корисници.
Потребно беше да се развие определен комуникациски систем и пред сe
совладување на комуникациските вештини за успешно справување со
настанатите промени. Со вработените најчесто комуницираше стручен тим
на библиотеката што ширеше позитивна енергија или синергија (позитивна
енергија) во колективот, постојано укажувајќи на важноста од доследна
примена на програмата како неопходен услов за успешна трансформација
во современо библиотечно работење.
Од другата страна отстранувањето на конфликтите со странките
што реагираа по однос на применување на новиот начин на работа во
библиотеката одеше најчесто преку одговорното лице за автоматизацијата
37
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
и менаџерот на библиотеката. Со доследна примена на принципите за
успешно комуницирање и преговарање, библиотеката градеше имиџ дека е
заинтересирана за секој поодделен читател. Мотото на институцијата е
дека "читателот треба во секое време да добие навремена и
висококвалитетна услуга".
Како прва целосно автоматизирана библиотечна институција во
Македонија доследно ја анализираме и спроведуваме автоматизацијата во
библиотечното работење, а сe со цел да ја оствариме нашата визија, а тоа е
современа библиотечна институција што наполно ќе одговори на
потребите на граѓаните, но и на корисниците пошироко во регионот и ќе
биде место каде што луѓето ќе поминуваат голем дел од своето слободно
време. Тоа е воедно и императив на нашиот развој.
3. Како да се биде успешен раководител на една национална и
универзитетска библиотека – комуникациски аспекти
Што е она што го определува успешниот раководител на една
институција. Пред сe тоа е неговата харизма, но и здобивање со
определени знаења од областа на менаџирањето како и неговата лична
посветеност кон работата. На оваа тема пишуваа повеќе домашни и
странски автори но сите посочуваат дека се стратешко ниво
комуникациските вештини на еден водач. Тие најдобро се искажуваат низ
презентирање, организација и водење состаноци, разрешување конфликти
и преговарање.
Добра презентација е веќе половина успех за промовирање на
утврдената бизнис-програма. Во библиотечното работење тоа е зголемен
број на корисници на библиотеката (читатели). Секако дека треба да се
применат чекорите за успешна презентација како што се:
- поставување на целта,
- план за презентација,
- подготвување на потребниот материјал,
- вежбање на презентирањето и
- целосна подготвеност на денот на презентацијата.
Сведоци сме дека идентификација на поимот состанок со нешто
здодевно и неефикасно произлегува од погрешно водење на истите.
Состаноците во суштина претставуваат форми на тимската работа и
најчесто се свикуваат во случаи кога се донесува некаква одлука, се
38
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
разменуваат информации, се решава некаков проблем, или пак се даваат
идеи, мислења итн.
Секако дека се конфликтите дел од работењето и од животот
воопшто. Менаџерот со својата успешност треба да ги канализира односно
доколку се тие деструктивни, навремено да ги решава или пак ако се
конструктивни да резултираат со некоја придобивка, со нов начин на
однесување или размислување. За решавање на конфликти на
раководителите на располагање имстојат пет приоди: натпреварување,
соработка, компромис, избегнување и прилагодување.
За да се биде успешен раководител од комуникациски аспект, потребно е
да се решаваат конфликтите преку преговарање, посредување и
арбитрирање.
Преговарањето подразбира процес на разрешување на конфликтот
во кој се вклучени две конфронтирани страни. Доколку не може да се реши
проблемот, се користи медијаторот или посредникот што се обидува да
најде најприфатливо решение за двете страни. При арбитрирањето доаѓа до
покорување на двете конфронтирани страни на трето лице со тоа што во
комуникациска смисла е применливо кога се работи за краток временски
период, но сепак и двете страни губат.
Раководителот освен комуникациските вештини треба да ги
применува и принципите за успешна комуникација со вработените. Д-
р Блеин Ли (Blaine Lee), основоположник и потпреседател на Кови-
центарот за раководење и еден од врвните авторитети во областа на
развојот на раководењето истакнува десет принципи на моќта, кои во
комуникациска смисла го определуваат успешниот раководител. Тоа се:
уверување, трпение, воспитаност, подготвеност за учење, прифаќање,
љубезност, знаење, дисциплина, доследност и интегритет.
Секој успешен раководител треба да остварува креативна деловна
комуникација. Таа пред сe е детерминирана со поимот емоцинална
интелигенција или интерперсонална интелигенција, којашто е широко
прифатена како алка што недостасува во синџирот на успешноста на еден
раководител.
Според Гарднер, “Интерперсоналната интелигенција претставува
способноста да се разберат другите луѓе: што е тоа што ги мотивира, како
работат, кои се начините за соработка со нив. Успешните трговци,
политичари, наставници, лекари, верските водачи - сите тие спаѓаат во
личности со висок степен на интерперсонална интелигенција.
39
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
Интраперсоналната интелигенција... претставува способност на
усогласување на внатрешниот живот. Тоа е способноста на создавање на
веродостојниот модел на битието и можноста тој да се употреби за да се
живее плодотворно.
Авторот Лилјана Прангоска наведува повеќе техники за
поттикнување и создавање креативни деловни комуникации: бура на идеи,
гордонова техника, запишување на мислите, номинална групна техника,
техника на исфорсирана врска и техника W .
Менаџерот ќе ја применува онаа што најдобро одговара за неговата
концепција на ефикасното работење.
Примената на стекнатите знаења од областа на деловното
комуницирање секако дека е прифатливо и применливо во библиотеките и
води кон успешно раководење и справување со промените во
библиотечното работење.
Книгата како средство и како канал за (по)успешна комуникација
Како да се најдат вистински зборови за книгата и со што да ја
споредиме? Секој оној што зел книга в рака, ја почувствувал, ја отворил и
ја прелистал, многу добро ја знае нејзината вредност. Кога се зема книгата
в раце ни станува блиска, ни станува пријател. Книгата е средство за
рекреација, сопатник, најинтерактивен од сите медиуми, а во
комуниколошка смисла таа е носител на пораката, партнерот кој секогаш е
подготвен да комуницира со вас. Како директор на една од поголемите
библиотеки во Македонија секојдневно имам привилегија книгата да биде
дел од мојата професионална работа. Иако послдниве години приматот во
информациска смисла го презедоа разни електронски медиуми, книгата
како трпеливо да беше скриена негде тука меѓу нас, помалку заборавена,
но демнеше со истиот оној жар со кој и нашите просветители ја носеа во
своите пазуви. И ете со влегувањето на менаџментот и во ова подрачје таа
пополека заживува и повторно станува место за доверлива средба,
средство со кое се чуваат националните богатства и се рушат јазичните
бариери.
Дека книгата може да биде и добро продаван производ, но и
медиумска атракција зборува и начинот на презентирање на
минатогодишниот роман "Тунел" на Петре М. Андреевски во реализација
на издавачката куќа "Три" од Скопје. Романот беше многу рекламиран од
страна на сите медиуми, а во Скопје беа изготвени и билборди со ликот на
40
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
авторот. Се добиваше впечаток дека кај нас конечно и книгата зазеде свое
место во шоу-перфомансот. И така и треба да биде. Писателите треба да
бидат почитувани и популарни во своите држави и само на тој начин
книгата ќе го најде и својот "потрошувач". Во светот многу поголема
медиумска ѕвезда, речиси мега хит станаа книгите од серијалот на Џ.Ф.
Толкин “Господарот на прстените”, по кој се снимени и филмови што се
закитија со престижната награда Оскар на Американската академија за
филмски уметности. Гинисов рекорд по бројот на посетители на
перфомансот на книгата или најмногу читатели на едно место, направи
англиската писателка Џоан К. Роулинг и нејзините четири книги за Хари
Потер. Тој лик стана синоним за успешноста на еден писател на сите
континенти. Стана универзален јазик на комуникацијата помеѓу читатели
од сите возрасти ширум Земјината топка. Токму затоа ние раководителите
на библиотеките мораме постојано да ја наметнуваме книгата како еден од
основните и многупотребните канали на комуникацијата.
Каде одат читателите или тема за домашна работа: комуникацијата и
судбината на библиотеките
Пред неколку години престојувајќи во Канада бев изненадена од
користењето на библиотечните услуги од страна на луѓето со кои
интензивно се дружев. Имено сите тие (а повеќето беа луѓе доселеници
што секојдневно се бореа за опстанокот на своето семејство) значаен дел
од своето слободно време го поминуваа во локалните библиотеки и
читалните од отворен тип како што се "Chapters", специфични читални кои
беа снабдени со илјадници книги и сликовници од секаква област и за
секоја возраст. Одржливоста на читалните се сведуваше од продавање на
актуелни наслови од сите области како и на веќе искористениот (или
прочитаниот) библиотечен материјал и тоа по мошне пристапни цени.
Само мал дел од рекламниот материјал вешто изготвен и осмислен
од страна на повеќе здруженија се продаваше по релативно повисоки цени.
"Chapters" се пред сe пријатни места за дружење, каде што доаѓаат и оние
во поодминати години со своите внуци, и мајките со помали деца, и
адолесценти и сите оние што уживаат во пријатно наместен простор со
исклучително љубезен персонал.
Исто така имав можност да посетам и една од најмодерните и
најфункционалните библиотеки во овој дел од Европа - Виенската
библиотека Хаупбухерај (Hauptbucherei), во чијашто изградба (2003) е
вложена сума од фантастични 30 милиони евра. Корисниците имаат на
41
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
располагање најсовремени апарати за пребарување, за самозадолжување на
библиотечен материјал, прекрасна концертна сала како и место за учење
дури и на самиот покрив од библиотеката. Она што остава најголем
впечаток се библиотекарите, коишто се постојано тука некаде блиску до
вас, да ви помогнат во вашето барање, но и да комуницираат со вас на
непосреден и мошне срдечен начин. Исто така големо внимание се
посветува на најмалите (дојдени со или без родител), "живеат" во светот на
книгата комуницирајќи на сосема невербален начин.
Споредувајќи ги овие форми на комуницирањето во библиотеките
во развиените земји и кај нас секако дека чувствуваме помалку
резигнираност. И со право. Нашите библиотеки сe уште се недоволно
приспособени кон читателите, а општо земено и општествената клима
придонесува за помал број читатели. Но како еден од најголемите
проблеми е проблемот во комуникацијата или современиот пристап кон
читателот, кој мора радикално да се смени. Библиотекарот пред сe треба да
поседува изразено чувство и љубезност кон корисниците, а посебно кон
најмалите. Библиотеките треба да претставуваат пријатни места каде што
со радост ќе доаѓаме нешто да научиме но и квалитетно да поминеме дел
од слободното време. Тоа е недвосмислено судбина на идните библиотеки.
Наместо заклучок: Потребата на човекот за согласност со себе и со
околината или копнежот по фини нешта и хармонија во животот
Поаѓајќи од реалноста за постоењето и осознавањето на
сопствената личност, секогаш стремејќи се кон преобразбата на
сопственото битие е она што катадневно го правиме само со една цел: да се
постигне внатрешна калокагатија.
Детството од кое сите доаѓаме како од некоја далечна земја, земја
каде што "розите се раѓаат заедно со сонцето" (Антоан де Сент Егзипери,
Малиот принц) и каде што човекот гледа со срце и она што е невидливо за
очите, ја носи пораката.
Интраперсоналната комуникација го става човекот во позиција
постојано да се преиспитува во однос на себеси, во однос на
комуникацијата со околината. Зад нас се десетици, илјадници зборови и
лица, тие се оние лица со кои сите ние излегуваме пред себе и светот. И
стоејќи така, пркосејќи му на времето, со "ѕвездено небо над нас" и со
штитот од злато пред нас и "да му се случи на штитот она што не може на
човекот да му се случи: да проживее не штедејќи го ни златото на своето
42
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
месо и своите мисли, своите чувства и доживувања, не чувајќи ни делче од
она што е најдобро во нас и да пропадне недостапно!" (Ферид Мухиќ,
Штит од злато, 1991, стр. 11).
И што му треба на човекот. Хармонија во себе за да може полесно
да ја види светлината на крајот од тунелот.
"На оние на кои им е дадено да опстанат подолго, тие можат да ја научат
лекцијата Штит од Злато; да се препуштиш себеси на оние кои нe сакаат и
нe љубат, значи да се зачува и оправда значењето на птиците и јагликите,
на јагодите и волците, на ѕвездите и луѓето. Повеќе од тоа не може да се
научи".(Ферид Мухиќ, Штит од злато, 1991, стр.13)
Но сe она што научив од книгите и од луѓето е дека внатрешната
хармонија е единствено можна ако поседувате длабоко внатрешна потреба
и емпатија да го сослушате другиот. Тој ДРУГИОТ ја носи пораката. ТОЈ е
оној што ви овозможува идеална рамнотежа на вашиот дух и како пајакот
од "Папокот на светот" ги ткае копнежите по фини нешта на вечната
животна престилка (животна патека).
Литература
1. Големан, Данијел, Емоционална интелигенција, Геопоетика,
1999, Београд
2. Lee Blaine, Moc principa, Privredni pregled, 2001, Beograd
3. Muhic Ferid, Stit od zlata, IP Tabernakul, 1991,Skopje
4. Петковски Константин, Водството и ефективната комуникација,
АД Киро Дандаро, 2000, Битола
5. Петровски, Добри, Трансформација на библиотеките во Р.
Македонија, ДНУ, 1996, Битола
6. Прангоска Лилјана, Деловно однесување, Институт за
истражување на туризмот при Факултетот за туризам и
угостителство, 1998, Охрид
7. Тоновски Ѓорѓи, Светот на комуникацијата, Институт за
истражување на туризмот, 1999, Охрид
8. Чокревски Томислав, Жоглев Златко, Комуникации, односи и
иницијативи (скрипта за интерна употреба), Универзитет Св.
Климент Охридски, 2003, Битола
9. Чокревски Томислав, Социологија на комуникации, НИП
Студентски збор, 2000, Скопје
43
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
Summary
UDK 027.53:023.4(497.7)
ORGANISATIONAL AND COMUNICATIONAL ASPECTS FOR SUCCES-
FUL WORKING OF MUB "ST. KLIMENT OHRIDSKI" – BITOLA
Jelena Petrovska
Home and University Library "St. Kliment Ohridski" - Bitola
In contemporary library theory and practice the most actual issue is question
about modern organizational and communicational aspects of managing.
The managing and communicational appears in relationships among organi-
zation, society and the subject. The good communication skill is an only
way for leader to demonstrate that he wants success of whole organization,
not for his own. The communication has an attribute of strong instrument in
the hands of successful manager. "The business communication is exactly
way of behavouring in the communication process in the organization inside
and outside. Related to the leadership, business communication gains more
suptile dimension because it’s considered in the con-text of culture of or-
ganization". In this article is elaborated the case study from the managing
experience of Home and University Library "St. Kliment Ohridski" – Bitola.
Keywords: library, organization, communication, managing
44
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
ИСТОРИЈА НА БИБЛИОТЕКАРСТВОТО ВО ТЕТОВО
Владимир Кочоски
Народна библиотека "Кочо Рацин" - Тетово
Во статијата е направен историски осврт на развојот на
библиотекарството во Тетово. Значајно место е посветено на ликот и
делото на Кирил Пејчиновиќ-Тетоец, кој освен како писател и творец на
првите стихови се смета и како основоположник на библиотекарството во
Тетово. Тој се појавува и како собирач на книги низ тетовскиот крај, кои
откако ќе ги заштител, ги сместувал во библиотеката на Лешочкиот
манастир. Исто така, направен е осврт на две приватни библиотеки во
сопственост на двајца видни граѓани на Тетово во 19. век од турска
националност. Кон крајот на 19 век во поголемите населени места во
Македонија се отвораат првите читалишта. Во Тетото во 1895 година е
отворена првата училишна библиотека. Во периодот меѓу двете светски
војни се отвораат неколку воспитно-образовни установи. Главната
библиотека-читалиште во Тетово е отворена во 1922 година под името
"Читалница на тетовската младина".
Клучни зборови: библиотеки, библиотекарство, историја, развој
Иако се токму библиотеките чувари на духовните и
интелектуалните дострели на човекот, за библиотекарството во Тетовско
располагаме со скромни можности за подетално прикажување, зашто не
постојат речиси никакви конкретни податоци за истите сe до почетокот на
18. век, односно до појавата на Кирил Пејчиновиќ - Тетоец.
Меѓутоа, реално е да се претпостави дека библиотекарството и на
овој терен се појавило уште во најстаро време, паралелно со навлегување
на писменоста на овие простори. Докази за населеност се пронајдените
45
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
камени надгробни наоди од шестиот век пред н.е. И денес во Тетово при
изведување на разни комунални зафати или градба на други објекти се
откриваат остатоци од античкиот период.
Основите на македонската културна историја чиј неразделен сегмент е и
библиотекарството, се наоѓаат во делото на браќата Кирил и Методиј. Тие
на словенските народи во 9. век им ја подаруваат првата писменост и
првите книги. Откако во 859 година ги пронашле буквите, т.е. ја создале
глаголицата, со тоа ново писмо и ги напишале преводот на Евангелието и
на повеќе други богослужбени книги.
Делото што го создадоа овие двајца браќа, од мајка Македонка и
татко Грк, е од епохално значење за повеќе народи. Со создавањето на
првата писменост и првите книжевни дела, словенскиот јазик го издигнаа
на степен на литературен јазик, а со тоа започнува и ерата на забрзан
културен развој на сите Словени.
Климент и Наум, најдобрите ученици на Кирил и Методиј, кои ја
упростија глаголицата и ја создадоа кирилицата нарекувајќи ја по името на
својот учител, се сметаат за први создавачи на словенски книжевни
фондови и манастирски библиотеки. Тие по смртта на нивните учители ќе
ја оформат Охридската книжевна школа, во која ќе ја започнат својата
просветителска и книжевна дејност. Нивните творби го чинат првиот
оригинален книжевен фонд во средновековните манастирски библиотеки
во Македонија, а народот го учеле да чита и пишува и да ја милува
книгата.
Умножувањето на книги во тоа време било тешка работа. Книгите
се препишувале рачно и поради тоа тие љубоморно се чувале во
манастирите. Набрзо книжниот фонд почнал да се зголемува и
манастирите станувале културно-просветни центри каде тогашните учени
луѓе можеле да дојдат во допир со книгите и тајните што се кријат во нив.
Меѓутоа, трагичната судбина не ја напушта Македонија. По потпа-ѓањето
под турска власт, условите за културен живот битно се променети и
почнува период на стагнација. Многу цркви и манастири во кои претходно
цутеше писменоста пред налетот на турската војска беа уништувани,
богатите книжевни ризници растурени, а книгите изгорени. Сепак, за
некоја среќа, и покрај вандалското однесување на Турците кон книгите и
светилиштата преку кои се шири христијанската вера, во некои
позафрлени места оддалечени од поголемите градски центри и од главните
сообраќајници, културно-просветната дејност продолжи навистина со
46
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
намален интензитет, но не замре. Таков е случајот со манастирите во
Злетовско-кратовскиот крај, каде посебно се истакнувааат Лесновскиот
манастир, "Св. Пантелејмон" во Нерези, Слепченскиот манастир во
Демирхисарско, Буковскиот манастир во Битолско, Бигорскиот манастир
во Дебарско, "Св. Пречиста Кичевска", "Св. Прохор Пчински" и други.
Посебно место меѓу нив зазема Лешочкиот манастир.
Селото Лешок се наоѓа во подножјето на Шар Планина, оддалечено
десетина километри од Тетово. Месното население верува дека е населбата
на местото на античкиот град Леген. Над селото има бања, каде има извор
на минерална вода. Според преданието се мисли дека тука бил град во кој
имало 77 цркви. Познати се десетина места, додека видливи остатоци има
од четири.
На север, над селото, е лоциран Лешочкиот манастир. Првите
пишани споменици за постоењето на манастирот датираат од 1326 година,
а од содржината на записите може да се согледа дека е манастирскиот
комплекс далеку постар. Манастирот едно време бил и седиште на
епископ. Според некои податоци во него имало 300 калуѓери, кои поради,
несигурниот живот под турско ропство, побегнале.
Околу 1600 година скопскиот и полошки митрополит Никанор, кој бил
родум од Лешок, со цел да го направи животот посигурен и побезбеден за
манастирските луѓе, изградил конаци околу црквата "Св. Богородица".
Конаците ќе опстојуваат сe до крајот на 17. век кога, по
повлекувањето на австриската војска на чело со Пиколомини во 1689
година од Полог, Турците ќе ги разрушат конаците, а монасите се
растуриле. Во таква состојба манастирот ќе го затекне и Пејчиновиќ
стотина години подоцна.
Ако се браќата солунчани Кирил и Методиј создавачи на
словенската писменост, нивните ученици Климент и Наум Охридски се
сметаат за создавачи на првите книжевни фондови и манастирски
библиотеки во Македонија, Кирил Пејчиновиќ - Тетоец во поновата
македонска книжевност, освен како писател и творец на првите стихови, се
смета и како основоположник на библиотекарството во Тетовско. Времето
на неговиот претстој во скопскиот Марков манастир, во Шишевскиот
манастир и речиси трите децении поминати во Лешочкиот манастир е
исполнето со неуморна книжевно-просветителска работа, но и со неуморно
собирање и заштита на книги и нивно згрижување, држејќи ги подалеку од
рацете на неупатените и злонамерниците. Библиотеките во овие манастири
47
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
благодарение на неуморниот калуѓер Кирил, се стекнале со богат книжен
фонд, кој претставувал вистинско национално богатство, од кое, за жал, се
останати само ретки траги.
Пејчиновиќ заедно со Јоаким Крчовски и Теодосија Синаитски ја
чинат првата просветителска тројка, која со својата работа на полето на
книжевноста прават еден премин од средновековната македонска кни-
жевност кон новиот начин на пишување. Пејчиновиќ пишува на народен
говорен јазик, на тетовски дијалект, со што го прави делото разбирливо и
блиско до македонскиот човек. Освен тоа тој развива и силна
просветителска работа работа меѓу народот, прибира стари книги и
ракописи, основа школи, ја помага печатницата на Теодосија Синаитски,
апелира за просветно издигнување на македонскиот народ, со што ја
докажува својата високовозљубителна човекова димензија, особина која,
впрочем, и токму затоа го прави великан на своето време.
Кирил Пејчиновиќ е роден околу 1771 година во селото Теарце. Десет
години пред крајот на својот живот ќе остави еден документ за крајот на
својот живот. Целиот свој животен пат со сопствена рака го врежа на
надгробна мермерна плоча пишувајќи го сопствениот епитаф низ десетина
стихови. Токму тие стихови ќе му донесат слава на основоположник на
стихотворството во македонската книжевност.
Основната писменост Пејчиновиќ ќе ја добие во манастирските
школи во "Св. Пречиста Кичевска", можеби во манастирот "Св. Јован
Бигорски" во долината на Радика, во светогорскиот манастир "Хиландар".
Како дете Пејчиновиќ со татко му Пејчин и стрико му Далмант од Теарце
заминале за Хиландар, каде подоцна сите тројца и се закалуѓериле.
Престојот на калуѓерот Кирил во светогорските манастири оставил силен
впечаток кај него. Познато е дека располагал Хиландар со богата
библиотека. Гледајќи ги старите книги и ракописи правени во текот на
вековите кај него ќе се јави желба да остави некаква трага на идните
генерации, а и да ги уреди манастирските библиотеки во оние манастири
каде претстојувал по углед на хиландарската.
Колку време се задржал младиот Пејчиновиќ во светогорскиот
манастир не е познато, но веќе во 1801 година тој остава трага за своето
престојување во скопскиот Марков манастир "Св. Димитрија",
запишувајќи го своето име на централниот столб. Во овој манастир отец
Кирил е назначен за игумен што зборува за неговата зрелост и
амбициозност без оглед на неговата младост. Манастирот пред неговото
48
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
доаѓање бил запуштен и ограбен. Со жар Пејчиновиќ ќе работи на обнова
на манастирските конаци, ја средува манастирската економија и
материјално го обезбедува. Не останува надвор од неговото интересирање
ниту манастирската библиотека. Собира стотина книги и ракописи од
околните цркви и манастири и оформува богата манастирска библиотека.
Јордан Хаџи Константинов Џинот за неа ќе остави податок дека таа
имала околу 20 товари книги и ракописи и тоа добро сочувани. Меѓутоа,
наследникот на игуменот Кирил, Влав по националност, од омраза кон
македонската култура и писменост, изгорел 10 товари книги, со што е
уништено непроценливо национално богатство.
Дружејќи се со стари книги и ракописи, Пејчиновиќ и самиот
одлучува нешто да напише. Во Марковиот манастир настанува неговото
најпознато дело "Огледало", кое печатено во Будим, набрзо, поради
разбирливиот јазик на кое е напишано, станува мошне популарно. Но со
тоа тој предизвикал негодување кај скопскиот фанариотски владика и бил
принуден да го напушти манастирот. Оди во Хиландар каде се советува со
татко му и стрико му и една вечер 1818 година со неколку мазги
натоварени со книги и други негови предмети, се враќа во Теарце, односно
во Лешочкиот манастир "Св. Атанасија", два километра оддалечен од
неговата родна куќа.
Веднаш по пристигнувањето тој се зафаќа со обновување на
манастирот, за да формира богата манастирска библиотека во него.
Пејчиновиќ ги посетувал старите цркви и манастири и од нив прибирал
книги. Така, од манастирот "Св. Ѓорѓија" крај с. Волковија сите книги,
меѓу нив и пет стари ракописи, ги пренел во Лешочкиот манастир.
За збогатување на книжниот фонд во Лешочкиот манастир свој зна-чаен
придонес дало и манастирското училиште во кое читањето и пишувањето
го изучувале педесетина ученици годишно. Меѓу нив имало и такви, кои,
покрај учењето на Светото писмо, се занимавале и со препишување на
стари книги, со што се збогатувала манастирската библиотека. Еден од нив
бил Арсенија, кој ја препишал историјата на Лешочкиот манастир.
Понесен од успехот што го постигнал со првопечатената книга "Огледало",
Кирил Пејчиновиќ ќе напише уште две дела. "Утешение грешним" е
втората печатена книга на јеромонахот Кирил. Ова дело е типографисано
во 1840 година во печатницата на Хаџи Папа Теодосија Синаитски во
Солун, откако претходно парично ќе го помогне обновувањето на
изгорената печатница. Третото дело на лешочкиот јеромонах е "Житието
49
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
на кнез Лазар". Пејчиновиќ мислел дека е манастирот "Св. Атанасија"
задужбина на кнезот Лазар и Кири, според стариот обичај, напишал житие
за ктиторот на манастирот.
Десет години пред смртта (умрел на 12/24 март 1845 г.) Пејчиновиќ
ќе го напише и последното негово дело. Тоа е неговиот Епитаф, надгробен
натпис на камена мермерна плоча, што го издлабил со своја рака. Во
неговиот Епитаф во стихови дава низа биографски податоци. Овие стихови
немаат уметничка вредност, но значајни се од книжевно-историска гледна
точка. Тие претставуваат први стихови во македонската нова книжевност и
први чекори во македонската поезија.
Кирил Пејчиновиќ починал на почетокот од пролетта 1845 година.
Со својата неуморна работа на реставрација на старите цркви и манастири,
со собирањето стари книги и ракописи и нивното чување, со отворањето
манастирски училишта и со неговата работа на полето на литературата, си
обезбедил трајно место во галеријата знаменити Македонци.
Пејчиновиќ не сакал за него да се рече дека ништо не работел во
Лешочкиот манастир. И навистина никој не може да го рече тоа. Овој
подвижен калуѓер на своите многубројни и чести патувања по селата во
Тетовско ги посетувал старите манастири и од нив ги прибирал
прашливите книги и ракописи. Потоа кога се враќал во Лешочкиот
манастир нечистите ги чистел, скинатите ги лепел, растурените листови ги
подврзувал и на крајот ги ставал во собата - библиотека што ја држел под
клуч. Во неа можеле да влезат само тие што знаеле да читаат.
Пејчиновиќ оформил голема библиотека, можеби најголема во тоа време
во овој дел од Балканот. Во неа имало мошне вредни дела. Освен книгите
на Пејчиновиќ, во неа се нашол ракописот за историјата на Лешочкиот
манастир напишана од Арсенија Теаречки, но и многу постари книги. Се
споменуваат пет стари ракописи кои ги нашол Кирил во подсувогорскиот
манастир "Св. Ѓорѓија" во селото Волковија и заедно со повеќе други
книги ги донел во Лешок.
Во селото Волковија, во месноста викана Чука, се наоѓа манастирот
"Св. Ѓорѓија". За време на владеењето на Турците Синан-паша го разрушил
манастирот, а според некои извори со материјалот ја изградил познатата
Синан-пашина џамија во Скопје. Растурените книги од ограбениот и
разруше-ниот волковски манастир по доаѓањето во Лешок почнал да ги
бара и собира отец Кирил Пејчиновиќ. Тој пронашол пет ракописи - минеи,
50
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
а на една од нив ќе запише дека ги пренел книгите во Лешочкиот манастир
во 1825 година.
Она што го има напишано во некоја смисла претставува пре-
раскажување на требниците (црковни книги за вршење богослужба:
крштевање, венчавање, погребение, осветување куќи и сл.), потоа разни
посвети, житија, беседи и друго. Меѓутоа, се знае дека го користел
"Големиот требник", печатен во Москва во 16. век и "Црковниот устав" од
15. век, а се служел и со "Зерцало" од Димитрие Николаевич Дервар, која
била печатена во Будим 1801 година. Блиска му била книгата "Чудеса
пресвјатија Богородици" од Јоаким Крчовски, а се запознал и со беседите
на Илија Минијат, кои ги користел при пишувањето на "Утешение
грешним".
По смртта на Кирила библиотеката грижливо се чувала до крајот на
19. век, кога почнале масовно да ја посетуваат разни имиња од
литературата, историјата и географијата, како што се Ј. Иванов, А. Шопов,
Ј. Цвијиќ. Т. Геров, А.М. Селишчев, Р. Грујиќ, Б. Цонев и други. Голем дел
од посетителите си понеле "сувенири" од библиотеката, така што денес
книги и ракописи може да се бараат не само во Белград, Софија или
Загреб, туку и во Москва, Киев, Одеса, Истанбул и други места.
Словенски ракописи што потекнуваат од лешочката манастирска
библиотека се однесени во Музејот на Српската православна црква,
Српската патријаршиска библиотека и во Народната библиотека во
Софија. Познато е дека во Белградскиот црковен музеј се чува еден Цветен
триод со автографски записи на Пејчиновиќ и еден минеј (книга за
празниците и светителите) од 1622 година, во кој се наоѓа и познатиот
цртеж на игуменот Кирил изработен од монахот Арсениј Теаречки. Во
Српската патријаршиска библиотека се чува псалтир (дел од "Стариот
завет" кој содржи 150 песни - псалми) од 16. век и еден зборник од 19. век
пишуван на народен јазик.
Во Народната библиотека во Софија се наоѓа едно
"Четвороевангелие" од Алекса Граматик од 1342 година и поменикот на
манастирот.
Во 1912 година, според кажувањата на постарите лешочани,
српските воени власти запалиле повеќе книги што се наоѓале во
библиотеката на Пејчиновиќ. Најверојатно тоа биле книги, кои по својот
јазик и содржина не му се бендисувале на новиот режим. Поголем дел од
51
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
книгите бил зачуван до 1918 година, кога се однесени во Скопската
митрополија, а оттаму во Белград.
Во 1915 година архимандритот Методија бил назначен за игумен на
Лешочкиот манастир. Воениот виор од Првата светска војна ќе го зафати и
него и тој заедно со српската војска ќе тргне кон Лерин, а потоа и кон
Солун. Со себе од библиотеката ќе понесе и 12 вредни книги печатени во
Венеција во 15. и 16. век. По завршување на војната повторно се враќа во
манастирот каде ги враќа и книгите, но една помалку, која ја оставил во
Солун. Кому и зошто ја дал не е познато. Архимандритот Методија во
Лешочкиот манастир останал до 1923 година, а потоа му се губи трагата,
како на него така и на преостанатите 11 книги.
Несомнено личноста на Кирил Пејчиновиќ во македонската
културна историја зазема високо место. Со својата исклучителна упорност
во обновување на манастирите каде што престојува најчесто со сопствени
средства, со собирањето стари книги и ракописи и нивното згрижување, со
својата жива и непосредна просветителска реч и проповед на народен
тетовски говор, со својата книжевна библиотекарска дејност и со помошта
што му ја дава на Теодосија Синаитски за обновување на изгорената
печатница во Солун, заедно со Крчовски и Синаитски, зазема едно од
челните места во македонската просветна и културна историја.
Книгите на Кирил Пејчиновиќ просто биле разграбувани, а на нивниот
пример се угледале и некои негови современици и ученици, кои не само
што ги препишувале книгите, туку и самите по нешто твореле. Познати
следбеници биле теарчанецот јеромонахот Арсение, кој не само што бил
способен препишувач, тој бил и добар цртач, потоа тетовскиот свештеник
и учител Смилко, родум од Једоарце, монахињата Параскева, потоа поп
Славе Алексиќ родум од Зубовце и други.
Библиотекарството во 19. век треба да се гледа неразделно од просветата и
појавата на ќелијните и световните училишта. Пејчиновиќ ќе изврши силно
просветно влијание и ќе го разбуди интересот за книгата, а подобрените
материјални услови ќе овозможат мошне рано, уште во 1832 година да се
појави првото училиште во Тетово во близина на црквата "Св.
Богородица". Првиот учител бил Ристо Чкулка.
Во времето на султанот Абдул Меџит во февруари 1856 година е издаден
прочуениот Хатихумајун, со кој на сите националности во османлиската
држава им се ветувала верска и национална рамноправност. Иако
споменатиот документ овозможувал реформи во општествено-
политичкиот живот, во практиката се појавувале извесни пречки, но во
52
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
црковно-училишниот живот немало речиси никакви потешкотии.
Трговците од Тетово и селата се ангажирале да ги искористат ветувањата
од Гилханскиот хати-шериф и Хатихумајунот за поправка на разрушените
цркви, манастири и училишта или за градба на нови како и за набавка на
училиштен и црковен инвентар во нив.
Во средината на 19. век на почвата на Македонија дошло до судир
на влијанијата на српската и на бугарската егзархиска црква. Имено, во
шеесеттите години почнале остри борби во сите македонски градови за
еманципација во црковен поглед од туторството на Цариградската
патријаршија поради нејзиното неодобрување богослужбата во црквите да
се служи на словенски јазик. Во 1870 година турската влада издала ферман
за создавање на област одделна од Цариградската патријаршија, која,
наспроти барањата на македонските борци за враќање на самостојноста на
некогашната Охридска архиепископија, ја нарекле Бугарска егзархија. Во
неј-зин состав најпрвин била вклучена само велешката, а потоа и скопската
епархија, во која влегувала и тетовската.
Иако во почетокот припадноста на Егзархијата или на
Цариградската патријаршија имала само верски карактер, нивната
активност подоцна ќе добие и политички карактер и национален белег. Во
егзархиските училишта наставата била изведувана на бугарски јазик, а во
патријаршиските училишта, преку порано испратени учители и учебници
од Србија, на српски јазик. Со тоа влијание од надвор почнал да се создава
раздор во дотогаш единственото културно-просветно единство во другите
места во Македонија, па и во Тетовско. Преку училиштата почнал да се
воведува во свеста на децата бугарскиот, односно српскиот национален
дух и сознание. Како понова и попробивна, бугарската пропаганда
отворила поголем број училишта, а во Тетово во 1895 година била
отворена и првата училишна библиотека.
Во втората половина на 19. век во Тетовско се појавуваат две приватни
библиотеки на видни граѓани од турска националност. Првата била на
Хаџи Абас ефендија во 1869/70 година со 186 книги. Втората била на
Сабри Беј со фонд од 356 книги.
Сабри Беј е мошне интересна личност. Тој пред крајот на 19. век со
своето семејство ќе се пресели во Истанбул и за време на владеењето на
султанот Абдулхамит ќе стане дворски библиотекар. Со него е поврзана и
една интересна случка. Пролетта 1909 година дел од турската војска
позната како Движечка, која ја поддржува Младотурската револуција, го
53
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
симнува од престолот султанот Абдулхамит. Војниците занесени од
успехот, во еден момент ќе се претворат во разулавена толпа, која ќе
ограбува. Еден априлски ден 1909 година група војници предводени од
самоволни команданти влегуваат со цел да го ограбат сарајот Јилдз, кој
бил летна резиденција на султанот. При обидот да влезат во библиотеката
неочекувано биле сопрени од Сабри Беј, смел голорак дворски
библиотекар, кој се спротивставил и им се заканил дека само преку него
мртов може да влезат кај неговите книги. Изненадени војниците запреле и
така била спасена една од највредните библиотеки во некогашната турска
османлиска престолнина, која се чува и денес во рамките на
Истанбулскиот универзитет.
За тој настан еве и денес се прикажува, а името на Сабри Беј од
Тетово е симбол за ученост и храброст. Се плетат легенди за него. Се
прикажува дека дури и султанот кога земал книги за читање од
библиотеката морал да се потпише во посебна книга што ја водел Сабри.
Со доаѓањето на власт на последниот турски султан, Вахдетин, Сабри Беј,
кој дотогаш бил обичен библиотекар, бил назначен за директор на
Царската библиотека. По распаѓањето на Турската империја и смртта на
Сабри Беј, за директор на истата бил поставен неговиот учен син Нуредин
Калканделен (Калканделен = Тетово). Гробот на Сабри Беј се наоѓа на
гробиштата "Јахја Ефенди", во истанбулскиот кварт Бешикташ.
Во средината на 19. век во дервишкиот манастир "Арабати баба теќе" била
формирана убава библиотека со пристоен книжен фонд. Книгите најчесто
биле пишувани со калиграфско писмо на арапски, турски, албански и на
други јазици, а ги имало од областа на книжевноста, филозофијата,
теологијата, историјата, медицината, астрологијата, лексикографијата,
граматиката, од многу познати европски автори од тоа време. Во рамките
на Теќето, функционирала и препишувачка школа со книговрзница.
Интересен податок за Дервишката библиотека ќе остави Петар Ритих, кој
заедно со уредникот на "Ново време" од Петерсбург (Русија), летото на 28
јуни/11 јули 1901 година, ден пред големиот христијански празник
Петровден, од Лешок пристигнале во Тетово, а ноќевале во Теќето. Своите
впечатоци од патувањата ги отпечатил во книгата "По Балканот" во 1909
година. Во неа меѓу другото ќе напише: "Времето на дервишите им минува
во полна празнина. Речиси ништо не читаат, иако имаат мошне голема
библиотека". Во 1912 година, со доаѓањето на Србите на овој терен, некој
си Глиша Елезовиќ изброил 216 наслови, а се тврди дека овој дервишки
манастир претставувал и значаен културен центар во Тетово. Дел од
книгите по Втората светска војна ќе се најдат во Музејот на тетовскиот
54
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
крај, а потоа ќе бидат отстапени на НУБ "Климент Охридски" во Скопје.
Како резултат на созреаните економски, политички и културно-просветни
услови, како и под силното влијание на експанзионистичката политика на
соседните земји кон Македонија, во втората половина од 19. век доаѓа до
отворање на читалишта, а времето меѓу 1880 и 1918 година, кога и
завршува Првата светска војна, може да се окарактеризира како еден од
најбурните периоди во поновата историја на македонскиот народ, како на
материјално-економски, културно-просветен и револуционерен план.
Мануфактурното производство минува во индустриско, доаѓа до продор на
социјалистичките идеи на првите социјалисти од Србија (Светозар
Марковиќ, Васа Пелагиќ, Живоин Вујовиќ), чии мисли и идеи во
Македонија влегуваат преку делата на велешанецот Васил Главинов, а
револуционерниот дух и расположение кулминираат со формирањето на
ТМОРО и Илинденското востание во 1903 година против долговековното
турско ропство. Турските реформи од 1908 година донесуваат извесен
напредок, кој целосно ќе се измени со завршување на Првата светска војна
и ќе резултира со поделба на Македонија меѓу Грција, Србија и Бугарија,
кои ќе се обидат да наметнат своја денационализаторска политика и
економско угнетување.
Во услови на различни политички и економски превирања и
притисоци кои се остваруваа пред сe преку српската и бугарската црковно-
училишна пропаганда, се развива и културно-просветниот живот во
Тетовско. Последните години од 19. век се исполнети со отворање на
читалишта во сите поголеми градови во Македонија, а во 1895 година е
отворена и првата училишна библиотека во градот. Тоа било погодно
место каде можела младата тетовска интелигенција и буржоазија да се
организира и да се бори за своја национална и социјална слобода, но и за
изградување на сопствена национална култура.
Меѓутоа, како и другите читалишта и библиотеки во Македонија,
за време на Илинденското востание ќе доживеат тешки денови. Поволни
услови за културно-просветно живеење ќе донесе Младотурската
револуција од 1908 година, но повторно за кратко, зашто веќе во 1912
година во Балканските војни, водејќи ги под изговор за ослободување на
Македонија, донесоа ново ропство парчејќи ја Македонија на три дела.
Во овој период не само што запре работата на читалиштето, туку уништен
е книжниот фонд од библиотеката во Лешочкиот манастир, која со невиден
жар и елан ја токмеше јеромонахот Кирил Пејчиновиќ. Неповратно беше
изгубено големо национално културно богатство, а народот во наредните
55
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
години на војни, палежи и убиства наместо да мисли за културно
изградување, принуден е да ја спасува сопствената кожа.
Сепак, на полето на културата и просветата кон крајот на 19. и
почетокот на 20. век се чувствува значајна раздвиженост. Иако сe уште
малубројни, побогатите македонски трговски и други поимотни граѓани
почнале да пројавуваат поголема грижа за писменоста и да ги праќаат
своите деца и тоа не само машките туку и женските, во разни училишта во
кои се описменувале и да почнат да се појавуваат приватни, домашни
библиотеки, чиј број особено ќе се зголемува по отворањето на
Читалницата на тетовската младина во 1922 година.
Коца Хаџи Галиќ ќе биде една од првите писмени жени во Тетово. Родена
е околу 1865 година во Ерусалим, каде биле нејзините родители на печалба
како пекарски работници. Била мажена за Спиро, син на тогаш познатиот
тетовски трговец Серафим Аџи Галиќ. Коца кога дошла во Тетово со
својот невестински ковчег ги шокирала тетовци, а особено жените. Во него
имало нешто дотогаш невидено, незапаметено, за приказ. Наместо чеиз од
везен и ткаен текстил, замислете во него донела книги! Коца и Спиро ќе
имаат пет деца, а најстариот син Димитрија ќе го испратат да учи
гимназија во Солун и тој подоцна ќе биде еден од втемелувачите на
Читалницата на тетовската младина.
Парискиот мировен договор од 1918 година го означи крајот на
Првата светска војна. Тој донесе мир на Балканот, но не и слобода за
Македонија. Македонија беше распарчена меѓу Србија, Бугарија и Грција,
а Тетово потпадна под Србија.
Културно-просветниот живот во Македонија во периодот меѓу
двете светски војни бил насочен кон остварување на политичките цели и
интереси на велокосрпскиот режим, за денационализација и асимилација
на македонскиот народ. Биле отворени низа воспитно-образовни и
културно-просветни институции со задача да се превоспита македонскиот
народ во духот на великосрпските интереси. На ден-два пред крајот на
1920 година ќе биде донесена Обзнаната од страна на српскиот режим, а во
1921 година е донесен Видовденскиот устав, со кој Југославија се уредува
како држава на Србите, Хрватите и Словенците. Кралството СХС најстрого
ги забрани националните белези на македонскиот јазик, имињата и
презимињата на Македонците ги промени во српски и сe друго што има
национален предзнак. Со тоа се пристапи кон насилна асимилација.
Во периодот меѓу двете светски војни ќе бидат отворени неколку
56
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
образовно-воспитни установи. Во 1918 година и во Тетово ќе бидат
отворени четиригодишни, народни школи, како и нижа гимназија, која
десетина години подоцна, во учебната 1926/27 година ќе прерасне во полна
гимназија. Ќе почнат да се издаваат два весника ("Глас Полога" и
"Тетовске новине"), ќе работаат две културно-уметнички друштва
("Бинички" и "Кирил Пејчи-новиќ").
Културата меѓу двете светски војни во Тетово бележи видни
резултати. И покрај тоа што тогашната власт во оваа област гледала
погодна почва за сеење туѓа национална свест меѓу населението во овој
крај, сепак културата се користи и за изразување на своите јазични и
национални особености. Во 1920 година во Кралството на СХС се објавени
"Правила за народните библиотеки" или како тогаш се викале "народни
книжници и читалници", како и "Кратки упатства за основање, уредување
и ракување со народните библиотеки". Со нив биле определени улогата и
задачите и начинот на работа на народните библиотеки и читални во
државата. Тие имале улога да набавуваат книги, списанија и весници, кои
ќе минат низ системот на цензурата и потоа ќе им бидат ставени на
располагање на членството. Нивната улога била да приредуваат и разни
приредби, литературни читања и друго.
Во првите десет години по Првата светска војна во Вардарска
Македонија (тогашна Јужна Србија или Вардарска бановина) во скопската,
брегалничката и битолската област биле отворени вкупно 48, а во
Долнополошката околија со седиште во Тетово, како дел од скопската,
биле отворени четири библиотеки.
Главната библиотека или читална била отворена во 1922 година
под името "Читаоница тетовске омладине" ("Читалница на тетовската мла-
дина"). Оваа библиотека на свечен начин е отворена на 23 јули 1922 година
во салата на тогашната "Соколана" во населбата "Колтук", во близина на
црквата "Св. Никола", на улицата тогаш "Светосавска", а денес "Гоце
Делчев". На свеченото отворање за значењето на читалната, со свое
излагање ќе настапи Јован Марковски, тогашен студент по медицина, кој
им се обратил на присутните на српски јазик, што е разбирливо ако се има
чувство за тогашниот политички миг во земјата. Во таа пригода ќе истакне
дека со основањето на читалната се чини едно културно дело што е од
голема важност за подигнување на културното ниво на младинците и
граѓаните на Тетово.
57
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
"Значењето на библиотеката", ќе рече Марковски, "е во тоа што таа
ќе го разбуди интересот и тежнеењето кон натамошно умствено усовр-
шување со помош на самообразување, кое има за цел на младиот човек да
му даде здраво гледиште за себе и својот живот со помош на
самовоспитување.... Кај нас, ќе додаде тој, ретко се наоѓаат куќи кои имаат
свои книги, додека, господа, по другите места многу од нив имаат свои
книжници, што значи дека нив многу повеќе ги интересира литературата.
Затоа треба да се грижиме да го побудиме интересот кај нашата публика за
убавата литература".
Од друга страна иако читалните во Кралството СХС беа отворани
со цел да се оствари политиката на великосрпскиот национализам и
хегемонизам, односно позабрзана денационализација на македонскиот
народ, тие се користат токму за спротивното. И на свеченото отворање на
"Читалницата на тетовската младина", најверојатно затаила цензурата, па
Марковски на свечениот собир меѓу другото, ќе го рече и следното:
"Оваа книжница ќе биде од најголема полза за тетовската младина. Ова е
прв чекор таа да се просвети и да се оттргне од својата положба која не е
современа. Ние забораваме дека сме одговорни пред иднината, а исто така
дека Македонците (подвлекол В.К.) во очите на другите народи се
полудиви луѓе. Денеска кога се знае дека сe може да се постигне кога се
сака, ние можеме да ги докажеме нашите способности на полето на
уметноста и науката, бидејќи има некои младинци кај кои може да се
развие способноста за литературно творење".
Моментот кога се искажани овие зборови бил мошне тежок и
опасен. Тоа е време брзо по донесување на "Обзнаната за заштита на
државата" и Видовденскиот устав, документи врз основа на кои се вршени
најтешки репресалии врз прогресивните сили кои мислеле поинаку од
официјалната власт.
И покрај опширноста на излагањето на Јован Марковски на
свеченото отворање на читалната на тетовската младина, дополнителни
драгоцени податоци за тој настан наоѓаме и во писмото што го испраќа
Марковски до уредништвото на весникот "Привредни гласник"
("Стопански гласник") во Белград, во кое пишува:
Во Тетово на 23 овој месец (јули, н.з.) младината својата љубов кон
литературата ја манифестираше со отворање на книжница на мошне свечен
начин. Околу 9 часот претпладне читалницата на тетовската младина беше
преполна со тетовски младинци, но, за жал, иако младинците апелираа до
58
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
граѓаните за нивно помасовно присуство на отворањето, сепак, на
свеченоста присуствуваше еден мал број граѓани. По поздравната Реч,
претседателот на читалницата одржа предавање "Значење на книжницата".
Јован Марковиќ притоа зборуваше за плодовите кои може да ги даде
книжницата за самообразование и самовоспитување и уметнички ја опиша
убавината која ја наоѓа човек во литературата. Предавањето заврши со
бурен аплауз. Потоа Момчило Ќириќ ја рецитираше песната "Лепа Вида"
("Убавата Вида") од М.Ј. Митровиќ. Најпосле свеченоста е завршена со
свирење на убави музички дела на оркестарот на Тетовската младина.
Сите младинци кои беа присутни на свеченоста беа возбудени од
предавањето на Јован Марковсиќ, а од граѓаните кои присуствува,
господата Димитрија Спириќ, Гаљо Џордевиќ, Васо Ристиќ и Давид
Богојевиќ, се запишале за втемелувачи на ова Здружение на тетовската
младина, за што Управата им ја изразува својата благодарност. Д-
р Јован Марковски, кој почина летото 2000 година во длабока старост, на
возраст од околу 100 години, за време на животот ќе изјави дека
Читалницата на тетовската младина на почетокот имала околу 500 книги
од класичната литература кои биле регистрирани во инвентарна книга.
Просторијата имала околу 4о квадратни метри, со 4-5 маси и 25 седишта.
Веднаш по основањето на Читалницата биле запишани 40 членови, а меѓу
првите биле Сашо Поповски, Момчило Ќириќ, Сане Филиповски, Стеван
Павловски - Бутика, Миле Захариевски, Радослав Стефановски, Заре
Заковски и други. Според сеќавањата на Марковски, на десната страна од
влезот во читалницата се наоѓала голема табла на која секое утро биле
испишувани мисли, афоризми, пораки и друго од разни литерати,
филозофи, научници и други, кои на членството му служеле за
просветување. Читалницата секогаш била полна, а особено тоа било
забележливо во неделите по црковните миси кога ја посетувале постарите
граѓани, што со време прераснало во обичај.
Веднаш по отворањето, Читалницата на тетовската младина ќе
развие жива активност и ќе му дава забележлив тон на севкупното
културно живеење во градот со поголем или помал интензитет до
почетокот на Втората светска војна. Просториите на читалницата ќе бидат
средиште каде вљубениците во убавиот пишан збор, на рецитирањето, на
убавите песни, со жив интерес ќе расправаат за домашната и светската
литература.
Така, на пример, на 15 февруари 1923 година во просториите на
Читалната на тетовската младина Јован Марковски ќе одржи предавање на
59
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
тема: "Митологија, религија и поезија", на 25 март истата година ќе одржи
предавање за Индиската литература. Рефератот за свеченото отворање на
читалницата и двата реферата во ракописи се чуваат во МБ "Кочо Рацин" -
Тетово.
Поконкретни податоци за книжниот фонд со кој располагала читал-
ницата во Тетово дава началникот на Одделението за просвета во
Вардарска Бановина од 25. јули 1930 година испратено до Министерството
за просвета во Белград. Во него е наведено дека читалницата во Тетово
тогаш имала 3.200 книги.
Следни податоци за работата на Читалницата на тетовската
младина се среќаваат во "Глас Полога" од 19 октомври 1935 година. На
четвртата страница во рубриката "вести" среќаваме две интересни
информации. Прва-та е дека Министерството за просвета на Граѓанската
читалница во Тетово i испратило педесет книги од најновата југословенска
и светска книжевност. Во втората вест се истакнува дека во Читалницата
на тетовската младина е изработен графикон за бројот на прочитаните
книги во периодот од 1925 година до 1935 година, каде се гледа и бројот на
членовите. За жал, во весникот не се даваат повеќе детали, а документот не
е сочуван, така што не сме во можност да ја осознаеме точната бројка на
корисници на книжниот фонд, евентуално наслови, автори и слично.
Во следниот број на "Галас Полог" среќаваме уште една куса вест од две
реченици. "Читалницата на тетовската младина набавила најмодерни
изданија на книги. Книгите се издаваат на читање три пати неделно од 6-8
часот навечер".
Читалницата на тетовската младина во триесеттите години од
минатиот век ќе развие силна културно-просветна дејност и ќе доживее
голема популарност. Особено посетени ќе бидат забавните вечери, кои
добија значење на вистински културни и уметнички манифестации за кои
владеело големо интересирање. Есента 1935 година ќе бидат одржани две
такви вечери за кои најава дава "Глас Полога". Што се случувало првата
вечер не е познато, додека втората вечер, што била одржана на почетокот
од декември, во секој поглед била на висина и достојно ги презентирала
нејзините културни настојувања. Тоа е разбирливо ако се знае дека
познатиот тетовски артист Панта Николиќ, кој има настапувано и во
белградските театри, рецитирал дел од стихуваната комедија "Сирано де
Бержерак" од Едмонд Ростан. Вечерта била изведена и комедијата "На
смртни маки", што донело ведро и пријатно располоажение. Свој придонес
60
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
за тоа ќе даде и актерската екипа што ја сочинувале Александра Џинлевиќ,
Душан Цветковиќ, Панта Николиќ, Никола Новаковиќ, Никола Ветер,
Ќира Симиќ и други.
Речиси не можел да мине позначаен настан во литературата, а да не
биде предмет на интерес меѓу членовите на читалницата. Дваесет и
петгодишнината од смртта на големиот руски писател Толстој била
можност да се организира седница посветена на авторот на "Војна и мир",
"Ана Каренина" и други дела. На седницата ќе биде поднесен реферат
"Животот и работата на Толстој, делата на Толстој и Толстоевата
филозофија". За предавачи биле ангажирани, како што пишува "Глас
Полога", "големи познавачи на делото на Толстој".
Но, по малку неочекувано, наместо да ја задржи централната
позиција во севкупните културни пулсирања на младите во Тетово, дури и
уште повеќе да ја зацврсти, Читалницата на тетовската младина ќе се најде
во ситуација да забележи пад и краток прекин во дејствувањето. Што е
причина за неочекуваниот пресврт н не е познато, но во 1936 година и
првата половина од 1937 година нејзината активност не се чувствува. Затоа
летото 1937 година во "Глас Полога", Управата се огласува со апел до
граѓаните за обновување и зацврстување на оваа културно-просветна
установа. На годишното собрание одржано во октомври е заклучено да се
оформи работна група која ќе се залага за проширување на дејноста како
во Тетово, така и во повеќе селски населби со одржување јавни предавања
за литературата.
Меѓутоа, сепак, работите не оделе со темпото кое го посакувале
некои од членовите. Читалницата се судрувала со парични потешкотии
што се гледа од повторниот апел до граѓаните за материјална помош
објавена во 1940 година. Повод за тоа било добивањето на нови простории
во близина на тогашниот хотел "Јадран" (денес хотел "Македонија").
Средства се барале за збогатување на книжниот фонд и да се изврши
претплата на повеќе весници и списанија. Инаку, во чест на преселувањето
во новите простории во центарот на градот била организирана забава, а
драмската секција извела театарска претстава. Парите од продадените
влезници биле наменети за купување нови книги.
Развојот на образованието и формирањето на средни училишта во Тетово
(Гимназија и Земјоделско) условило и формирање на училишни
библиотеки. Според сеќавањето на Александар Серафимовски,
училишната библиотека која се викала "Јован Скерлиќ" при Гимназијата
61
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
била мошне активна во годините пред Втората светска војна. Се чекало на
ред за книги, а како најчитани ги посочи делата на Даниел Дефо, Виктор
Иго, Јован Веселиновиќ и други. Библиотеката била сместена во долната
зграда од училиштето. Се учело во двете згради крај Пена (денес Средно
медицинско училиште), а библиотеката била сместена во една приземна
просторија. Според сеќавањето на Серафимовски, имало библиотека
посебно за професорите со која раководел професорот по историја Лука
Војводиќ, Црногорец по националност, кој подоцна се преселил во Чачак, а
умрел 1998 година доживувајќи мошне длабока старост.
Освен Тетово каде дејствувала Читалницата на тетовската младина,
читалници постоеле и во селата Вратница, Брезно, Лешок, Сиричино,
Теарце и други. Тие најчесто биле во состав на основните училишта и со
нив раководеле учители. Во деталниот список на училишта во тетовскиот
крај во 1939 година се споменува дека училишни библиотеки имало во 49
села со 5415 книги во наставничките библиотеки и 1826 книги во
библиотеките кои биле на располагање на учениците.
Читалницата на Тетовската младина активност ќе пројавува сe до
почетокот на Втората светска војна. Речиси со дводецениско постоење, таа
ќе биде центар каде ќе се одвиваат најзначајните литературно- културни
пулсирања во Тетово, со учество на највидните нејзини претставници. Таа
ќе биде и иницијатор и организатор на разни средби со библиотеки и
литературни дружини од други градови. Неколку години читалницата ќе
функционира во просториите на старата "Соколана" во населбата Колтук, а
потоа се сели во куќата каде денес е сместен "Црвениот крст", за најпосле
да се најде крај хотелот "Јадран", кој патем речено бил и средиште на сите
културни збиднувања на тетовчани во предвоениот период.
Честопати запаѓајќи во финансиски кризи, читалницата ќе работи со
осцилации, но речиси редовно помагана од граѓаните љубители на книгата
и културата, таа ќе постои сe до навлегувањето на Германците на 10 април
1941 година во Тетово, односно до окупацијата на Тетово и Македонија од
страна на фашистичките окупаторски сили.
Семето што го фрлија Коца Хаџи Галиќ и Васка Нешиќ, како и
неколкумина учени тетовчани пред нив на почетокот од минатиот век
наиде на особено плодна почва, особено по формирањето на Читалницата
на тетовската младина. Организираното дејствување на истата во
ширењето на културата меѓу младите, посебно афирмирајќи ја љубовта кон
литературата, ќе придонесе да се формираат и приватни домашни
библиотеки со, за тогашни услови, значаен книжен фонд. Импозантен број
62
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
книги имал Момчило Ќириќ, чија библиотека зафаќала цела соба.
Домашната библиотека на Димитрија Спириќ била сместена во два големи
сандака со запремина од по еден кубен метар и имала околу 1500
монографски публикации, а голем број книги имале и семејствата на Симо
Момировски, Јован Парлиќ, Михајло Захариевски, Јован Марковски,
Глиша Костовски и други.
Веднаш по завршување на Втората светска војна со одлука на
Президиумот на АСНОМ во Македонија се формираат народни
библиотеки по градовите. И во Тетово во 1945 година стартува со работа
Градската библиотека со фонд од околу 3.000 книги, главно од
Читалницата на тетовската младина. Библиотеката најпрвин ќе работи во
состав на Поверенството за народна просвета и ќе има околу 500 членови.
Пролетта 1952 година градските власти носат одлука за издвојување на
библиотеката од составот на Поверенството за просвета и за продолжување
со работа на оваа културна установа како самостоен правен субјект со
назив Градска народна библиотека "Кочо Рацин" - Тетово.
Матичната библиотека "Кочо Рацин" - Тетово денес, според бројот на
книгите и редовните членови, е една од покрупните установи од областа на
културата во Македонија. Располага со вкупен книжен фонд од околу
160.1 библиотечни единици. Дејствува на широко подрачје што го чини
Тетово и околу стотина селски населби со вкупно околу 190.000 жители,
Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми и други националности. Не е без
значење фактот што една четвртина од вкупното население се ученици во
основните и средните училишта и студенти, кои се и најчести посетители
на библиотеката. Во текот на 2003 година во МБ "Кочо Рацин" вкупно
биле зачленети 6.000 членови, кои користеле над 60.000 книги и друг
библиотечен материјал.
63
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
Summary
UDK 02(497.7)(091)
HISTORY OF LIBRARIANSHIP IN TETOVO
Vladimir Kochoski
Public Library "Kocho Racin" - Tetovo
In this article is made an review about history of development of librari-
anship in Tetovo. The significant part is dedicated of the work and the
live of Kiril Pejchinovich – Tetoec, who was a writer and creator of first
poems, but also is considered as founder of librarianship in Tetovo. He
is presented as collector of books in Tetovo’s area. After the preserva-
tion books are located by himself in the library of Lesok’s monastery.
The review of two private libraries which were owned by two famous
Turkish citizens of Tetovo in 19 century is made. Nearly in all larger
settlements in Macedonia at the end of 19 century the first reading
rooms were opened. In 1895 the first school library is opened in Tetovo.
In the period between two World wars were opened several educating
institutions. The main library-reading room in Tetovo is opened in 1922
as "Chitalnica na tetovskata mladina".
64
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
БИБЛИОТЕКАТА НА ЕСПЕРАНТСКОТО ДРУШТВО
"НАПРЕДОК" - "LA PROGRESO"
П Р И Л Е П
Благица Илијоска, виш библиотекар
Народна библиотека "Борка Талески" - Прилеп
Во рамките на Есперансткото друштво "Напредок" од Прилеп
функционира специјализирана библиотека, која е единствена во
Македонија од таков вид, а според биб-лиотечниот материјал што го
поседува е втора по голе-мина на територијата на поранешна Југославија.
Фондот на библиотеката е на есперанто и е наменета за есперантисти.
Освен монографиите, присутни се и сери-ски публикации, фотографии и
кумулативна кореспонден-ција од целиот свет,ракописи,музејски изложби
и др.
Исто така библиотеката има и читална. Собирањето на фондот
почнало преку подароци, а почетниот фонд бил со образовна содржина, но
подоцна во втората фаза е соби-ран преку меѓународна размена.
Скоро целата уметничка литература што е во рамките на фондот е
преведена на есперанто, но има и доста прево-ди од македонската
уметничка продукција.
Иако има библиотеката на Есперантското друштво скромен фонд,
таа претсtавува сегмент на македонската култура и заслужува посебно
внимание и грижа за збогатување на овој фонд.
Не е за занемарување и значењето на специјализираната библиотека, чиј
фонд е со Брајова азбука и го користат слепите луѓе. Оваа библиотека е
сместена во истата зграда и поседува сопствена читална и лабораторија за
едукација.
Клучни зборови: есперанто, специјализирана библиотека, слепи лица
65
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
Нашата епоха има многу карактеристики - тоа е ера на науката и
техниката, епоха на информацијата, постиндустриска ера, ера на
глобализацијата на сите полиња. Таа е исто така и ера на културата.
Културно-образовниот и информативниот процес е еден од основните
начини на човековото живеење, начин на кој расте и се развива човековата
личност.
Согледувајќи ги сите фактори, сметаме дека би било од голема
корист, за корисниците на библиотечните услуги и жителите на нашата
општина, да дојдат до нови и свежи информации од библиотекарската
сфера, што ни даде и повод да ја презентираме оваа специјална библиотека
на Есперантското друштво "Напредок" - "La progreso" од Прилеп, мошне
значајна за нашата општина и за домашната и странската јавност, особено
со својата библиотечно-музејска поставка на домашни и странски книги и
експонати, како и за постоењето на самото Друштво.
На 26.2.1928 година во Прилеп е формирано Првото есперантско
друштво во Македонија со името Stelo - Ѕвезда. Во почетокот, во него
членувале петнаесет члена, од кои би-ло избрано работно претседателство
со претседател Коста Ќурчија, потоа благајник и секретар, а почесен
претседател бил Димитрија Лазовиќ - директор на гимназијата. За жал,
работата на Друштвото била забранета од тогашните власти.
Подоцна, во 1935 година, со доаѓањето на Владислав Каранфилски во
Прилеп, формирана е есперантска група, која организира есперантски курс
за железничарите.
Во далечната 1937-1938 година, повторно се формира Друштвото.
"Друштвото постоеше со одобрение на власта, има-ше свој печат, штембил
и инвентар. Канцеларијата се наоѓаше во Работничкото културно друштво
Абрашевиќ и во него членуваа 50-60 членови, работници, ученици и други.
Во 1940 година, работата на Друштвото е забранета".
По ослободувањето, кон крајот на 1963 година, по трет пат, се формира
Есперантско друштво во Прилеп, под името "Напредок" (La Progreso), кое
работи сc до денес, а основачи се повеќе прилепски ентузијасти.
Од овој период се бележи една прогресивна активност на ова Друштво
изразена преку континуирано држење курсеви по есперанто и формирање
библиотечен фонд, што ќе им користи на членството и курсистите во
непречено изучување на есперантскиот јазик.
Есперантската библиотека од Есперантското друштво "Напредок"
од Прилеп,според библиотечниот фонд што го поседува, е втора по
66
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
големина на просторот на поранешна Југославија. Таа е сместена во
барака, до Работничкиот универзитет, на ул. "Ѓорче Петров" 54а, има своја
e-mail адреса: gale.esp@mt.net.mk и опфаќа површина од 3,5 х 7 м.
Библиотечниот материјал, кој опфаќа над 3.000 библиотечни единици е
сместен во дрвени витрини. Во истата просторија има чи-тална со 10 маси
и столчиња и служи и за едукација на есперантистите. Нема вработено
лице библиотекар со постојано работно време, па библиотеката ја
формирал и ја води, доброволно, со голем ентузијазам и самопрегорно,
Галески Методија, во попладневните часови и по потреба од
заинтересираните.
Првите библиотечни книги во оваа библиотека доаѓаат во вид на
подарок, а тоа се наставни помагала и учебници за почетно изучување на
курсот. Вреди и да се потенцира тритомното учебно издание "Esperanto
sure Kroata vortaro" од Никола Бубало, издадено во Земун, 1927 година,
како и "Esperanto serba - Kroata vortaro" од Стеван Живановиќ, исто во 3
дела, издадено во Белград, 1958 година, потоа "Esperanto + Lernolibro" од
Божидар Ванцик, во 4 тома, издадено во Белград, 1959 година и "Medzuna-
rodni jazik esperanto" од Душан Марузи, издаден во Земун, 1951 година.
Имено, тоа се првите наслови во библиотечниот фонд на ова Друштво.
Втората фаза на прибирање на библиотечниот фонд, била по пат на
размена на изданија, на брошури, проспекти и разни едукативни помагала,
како учебници од Лазар Заменхов, потоа, во 1992 година, изработени се
програми, учебници, илустративни помагала за изучување на
есперантскиот јазик, како факултативен во основното образование,
каталози, методики, а мошне интересни се и "Актите за чистотата на
есперантскиот јазик".
За изучување на есперантскиот јазик, за најмладата популација,
мошне интересен е атласот "Ilustajoj" од H. Saito, испратен од Јапонскиот
институт.
Така започнала да се формира библиотеката на Друш-твото и од
година во година, нејзината бројна состојба се зголемува.
Растежот и развојот на Библиотеката побудува посебен интерес за
проучување.
Паралелно со зголемениот интерес за изучување на есперантскиот
јазик и воспоставување контакти со есперантистите во светот, се зголемува
и збогатува кумулативната коресподенција и библиотечната граѓа на оваа
специјализирана библиотека.
67
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
Посебно внимание заслужува присуството на големите светски
дела, преведени на есперанто. Може да се прочитаат делата на Шекспир,
"Божествената комедија" на Данте, "Дневникот на Ана Франк", делата на
Горки, Достоевски, Чехов, Дикенс, Библијата - "Santa Biblio", издадена во
Лондон, 1960 година, "La nobla Kurano", издадена 1969 година, "Лимениот
барабан" од Гинтер Грас, "Пипи долгиот чорап", "Астерикс" или "Бели
мугри" од Кочо Рацин, песни од Блаже Конески и од други македонски
поети и др. Има доста уметничка и стручна литература, напишана на
eсперанто, во оригинал, но и преведени на други јазици.
Во Прилеп преведен е "Македонско-есперантски и обратен речник, со
кратка граматика", составен од Методија Галески и Ѓорѓи Поп-Атанасов,
од 1977 година, "Антологија на македонската поезија", "Збирка од 150
македонски народни песни", препеви на eсперанто, компакт-диск со
македонска поезија на eсперанто, потоа "Damnita Lando" - "Проколната
земја" од Петар Башески. Друштвото издава и списанија на eсперанто, од
кои, би ги спомнале "Litova", "Stelo", "Kurier", "Esperan-tolehti", "Informilo",
"Esperan" - списание со Брајова азбука и други илустративни изданија, како
плакати, амблеми, проспекти, честитки, оригами, пароли, пропаганден и
рекламен материјал и друг дробен печат.
Друштвото "La Progreso" - Прилеп започна и поинтен-зивна
соработка со разни друштва и институции од странство, особено со
Јапонија, Кина, Финска и со други европски зем-ји, а сето тоа им го
овозможи уметнички создадениот јазик, кој е лесен за учење, богат со
зборови и неутрален - па со тоа, не наметнува доминација на една култура
врз друга.
Таквата соработка и коресподенција имаше за задача да обезбеди и
размена на библиотечен материјал, конкретно на издавачката продукција.
На тој начин, бројни наслови на книги, како биографиите на Мао Це Тунг,
Тито, Заменхов, документи од Јапонија за Заменхов, библиографии,
речници, реторики, атласи (атлас во џеб), водичи за Лондон, Данска,
Париз, Прага и други земји и градови, микроизданија со слики и
илустрации за сите земји, „Конгресни книги“, материјали печатени во
разни земји, се најдоа во витрините на оваа библиотечна збирка.
Оваа специјализирана библиотечна збирка, љубителите на есперантскиот
јазик ја збогатиле и со доста музикалии, музички аудио и видеокасети,
магнетофонски ленти, касети за изучување на странски јазици, а посебно е
интересна лентата од 16 mm од индустријата Фиат, потоа монети, меѓу кои
68
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
се и Esperantoj monoj од: 1, 5, 10, 25 тели (пари), па доста фотографии,
писма, честитки, разгледници.
Посебно треба да се истакне постојаната грижа на членовите на ова
Друштво за континуирано збогатување на книжниот фонд и редовен
растеж на Библиотеката и задо-волување на потребите на редовните и
потенцијалните корисници.
Иако скромна по обем, Библиотеката на Друштвото, претставува
еден сегмент од македонската и светската материјална култура и поради
важноста, заслужува внимание и редовна грижа за збогатување на
книжниот фонд.
Во истата барака, на површина од 3,5 х 7 м, сместена е
специјализирана библиотека, со посебен фонд наменет за слепи лица.
Книгите не се стручно обработени, ниту евидентирани, но само собрани и
се даваат на користење, тука, во таа просторија, која истовремено служи, и
како читална со 10 маси и столчиња, и како магацински простор, и како
лабораторија за едукација на лицата, членови на секцијата за слепи.
Книгите се сместени во метални шкафови, а се напишани со Брајово
писмо, на есперантски јазик. Членовите на таа секција читаат со помош на
метални таблици, со допирање на шило. Литературата е претежно од
наставен карактер. Би ги спомнала учебниците со Брајово писмо од
Вончек, Бубало, збирки песни, повести.
Мошне интересен е податокот што Библиотеката на Есперантското
друштво “Напредок“, располага со 30 дела (романи, раскази) со Брајова
азбука, на српски јазик, издадени во Белград, учебници за изучување на
англискиот јазик со Бра-јово писмо од Десанка Максимовиќ. Зачувани се и
доста стари изданија од педесеттите години на 20. век, од кои би ги
спомнале романите на Жил Верн, Џек Лондон, Лајош Зилахи, Бора
Станковиќ, Марк Твен, Стеван Сремац, Толстој, Аугуст Шеноа, преку 40
големи албуми, одделни отпечатоци од делата на Шолохов, Ленин,
ракописи, писма, автобиографијата на Ристо Димоски, која е напишана на
Брајова азбука и опфаќа 150 страници.
Собрани се доста музикалии, касети, ленти, благодарници, разни
апликации, календари, фотографии.
Забележливо е и присуството на списанијата: "Kurier", "Esperanto-
lehti", "Informilo" и друго.
69
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Библиотекарска теорија и практика
Summary
UDK 027.2:?061.23:811.922(497.7)
The Esperanto Association's Library "Napredok" - "La Pprogreso"- Prilep
Blagica Ilijoska, senior librarian Public Library "Borka Taleski" - Prilep
The Esperanto Association "La Progreso" from Prilep has formed a special
library, which is unique in Macedonia, and according its magnitude it is sec-
ond on the territory of the former Yugoslavia. The holdings of the library are
on an original language, Esperanto and it is intended for the readers Esper-
antists. Be-sides the monographs, there is a great presence of a serial publi-
cations, certain prints, papers, photographs and a cumulative of correspon-
dence with organizations from around the world, handwritings, museum ex-
hibits etc.
The library also has a reading room. The gathering of the holdings began
with gifts and firstly it had an educational character but later in the second
stage, it is collected by an international exchange.
Almost all of the literary works are translated on Esperanto, but there is also
a wide range of translations from the Macedonian literary production.
Although the Association's library has a modest scope it presents a segment
of the Macedonian and World's material culture and deserves a special atten-
tion and care for the enrichment of its special fund.
Not lesser is the significance of the special library whose holdings of the
Brae's alphabet are used by the blind people, it is placed in the same build-
ing and pos-sesses a reading room and laboratory for education.
Keywords: esperanto, special library, blind people
70
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Приказни и рецензии
ЕДИНСТВЕНОСТА НА ЕДНО ИЗДАНИЕ:
ПРЕДМЕТЕН ОПИС И ПРЕДМЕТЕН КАТАЛОГ
Зорка Чекичевска и Јелена Фиданоска
(приказ)
Дипл. прав. Верица Петровска, виш библиотекар
Народна и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" - Скопје
Појавата на делото Предметен опис и предметен каталог кон крајот
на 2003 год. во издание на Народната и универзитетска библиотека "Св.
Климент Охридски" - Скопје (во понатамошниот текст: НУБ "Св. Климент
Охридски" Скопје) е од исклучително професионално значење за
библиотекарството во Република Македонија. Дури, и не само за
библиотекарството.
Тоа е првата публикација на македонски јазик целосно посветена
на процесот предметно опишување.
Сами по себе, овој факт и ваквата генерална констатација, импли-
цираат дека се работи за дело со впечатливи квалитети, особено од аспект
на неговата структура, опфат, методологија и намена, изложени на 251
страница.
Во процесот на подготовката на овој приказ остана дилемата што
да се истакне како првенствен, а при тоа да не се добие впечаток дека, со
тоа, се запоставува некој друг квалитет.
Сепак, она што недвосмислено и најпрво треба да се означи за овој
труд, дури и независно од натаму реченото, е неговата единственост како
проект и издание за библиотекарството на една земја.
Тоа произлегува од фактот што дело од ваков вид донесува и
кодификува правила за востановување систем на предметно индексирање,
еден од водечките системи на содржинска обработка на документите.
71
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Приказни и рецензии
Националните култури односно државите само еднаш утврдуваат
основи на правилата за предметизација со чија помош библиотеките и
другите иматели на документи од библиотечен или сличен вид
подготвуваат информации за содржината/темата на документите односно
организираат предметен каталог или внесуваат предметен опис во
библиографиите без оглед на технолошката подлога на таквите
каталози/изданија/бази на податоци. Сите следни или подруги изданија би
биле дополна, измена, доразработка, но не и промена на системот.
Врзувањето на ваквите правила за одделна национална култура е
последица на јазикот, основниот белег на една нација и изразно средство
на овој логичен, хиерархиски и семантички систем за содржинска
обработка на документи. Токму тој факт - употребата на јазикот во овој
систем - е од посебна важност за корисниците на библиотеките заради
леснотијата во пребарувањето во базите на библиографски
податоци/каталозите на документи која се должи на отсуството на потреба
од дополнителен напор на корисниците за совладување на системот според
кој се организирани таквите информации за документите. Нешто што се
придодава на успешноста на мисијата на библиотеките општо. Не помалку
и на аспектот на остварување на човековото право на информирање.
Појдовните исходишта и структурата на овој Прирачник за основа
ги имаат меѓународните стандарди и препораки во оваа област на
библиотекарството. Тоа недвосмислено значи дека неговото практикување
ја обезбедува нивната примена кај нас, правејќи ја, на тој начин, нашата
библиотечна дејност компатибилна со други, а едновремено, и
доближувајќи ја до светските мерки на развој на библиотекарството во овој
домен. Дотолку повеќе што тој се нормира, стандардизира и унифицира по
меѓународни критериуми на државно ниво.
Во предговорот на ова дело е набележано дека при неговата
подготовка е вршена неопходна консултација и проверка на ставовите на
авторите, а негде е направена и успешна симбиоза, со аспекти на некои од
искуствата од овој вид работење на неколку респектибилни библиотеки од
светот (Конгресната библиотека од Вашингтон, Националната библиотека
на Франција и Народната библиотека на Србија).
И покрај тоа, како посебно значаен белег што му дава одредена
автентичност на ова дело е умешното артикулирање, од страна на
авторите, на сознанијата и искуствата на НУБ "Св. Климент Охридски" -
Скопје во водењето предметен каталог со тие од теоријата, меѓународните
72
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Приказни и рецензии
стандарди и препораки и искуствата на набележените национални
библиотеки од светот.
Таквата постапка резултирала со прецизни, кохерентни, сеопфатни,
генерализирани, но и специјализирани правила на македонски јазик за
предметизација на документи.
Концепцијата на ова издание во однос на опфатот и намената,
наметнала потреба од завидна теоретска фундираност на правилата видно
од нивните прецизни формулации, исцрпната елаборација и обмислената
стручна експликација на избраните решенија како и илустративноста на
примерите, најчесто, земени од практикувањето на овој вид обработка во
НУБ "Св. Климент Охридски" - Скопје.
Самата структура на делото е пресликан т.е. логичен одраз на
семантичкото претставување на поимите. Така, по теоретските
објаснувања на природата на предметот и предметниот опис на документи,
изложени се знаењата за определница и подопределница како и правилата
за утврдување на одделни видови определници и подопределници. На
самиот крај се поместени деловите за одржувањето каталози, помошните
инструменти и многу корисниот зборовник.
Имајќи за цел, материјата за предметизација на документите да ја
проблематизира теоретско-методолошки и апликативно во исто време, и
иако во Предговорот определено како прирачник, ова дело е многу повеќе
од тоа.
Имено, од една страна, тоа донесува македонски правила за
предметизација во форма на прирачник кој овозможува вршење на
процесот предметизација како и такви за подготовка на општ и/или
специјален/и тезаурус/и. Цениме дека последново заслужува посебна
нагласка заради важноста на ваквите правила кои претставуваат столб за
утврдување и кумулирање терминолошки норми на македонски јазик за
одредени тематски поими или целини како државен систем. Поконкретно,
прирачникот донесува материја и процедура за градење многу значаен нов
продукт - тезаурусот (класификациски систем на семантички и генерички
поврзани термини за поими од одредено стручно подрачје) со функција на
помошен инструмент кон предметниот каталог.
Ваквиот начин на примена и практикување на Прирачникот, меѓу
другото, и во крајна линија, е неопходност за функционирањето на
единствениот библиографско-информациски систем на Република
73
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Приказни и рецензии
Македонија, чие средиште како иницијатор, двигател, извршител и
контролор е токму НУБ "Св. Климент Охридски" - Скопје. Вршењето на
погоре опишаните дејности на така заснован, организиран и обзнанен
начин е аксиом за легитимирањето на една библиотека како национална, во
случајов, на таква на Република Македонија.
Од друга страна, теоретската основаност, но и практичната
применливост како инструкција, го прави ова дело незаменливо за
образова-нието (остручувањето) на библиотекарите кај нас, особено,
заради отсуството на институционално образование на библиотечен кадар
во државава.
Евидентно, одличното владеење на оваа материја од страна на
авторите, но и присутноста на потребата од инструктивен материјал,
овозможило да се создаде дело што, со подеднакво оправдување, може да
се нарече и теоретско и вистински апликативно односно прирачничко. Тоа
му дава особена важност и квалитет.
Конечно, во никој случај не треба да остане неодбележан и
успешно направениот напор на авторите за терминолошко усовршување,
уточнување и збогатување на македонскиот јазик во областа на
библиотекарството.
Сè на сè, со прирачникот Предметен опис и предметен каталог,
библиотекарите и библиотеките од Република Македонија добија
автентично, поливалентно, многу значајно и неопходно дело, како за
практикувањето, така и за оспособувањето во библиотечната дејност.
74
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Приказни и рецензии
МАРКЕТИНГ ОРИЕНТАЦИЈА
НА НАРОДНИТЕ БИБЛИОТЕКИ
од промоцијата на магистерскиот труд на Наде Караџоска
во Народната библиотека "Борка Талески" Прилеп
Миле Бошески-библиотекар советник
НУБ "Св. Климент Охридски" - Скопје
На 1.7.2004 година во Народната библиотека "Борка Талески" во
Прилеп промовиран е магистерскиот труд на Наде Караџоска - Маркетинг
ориентација на народните библиотеки. Рецензенти а воедно и про-мотори
на публикацијата беа д-р Добри Петровски и Миле Бошески - библиотекар
советник. Во продолжение е поместен текстот, со кој се обрати пред
присутните Миле Бошески, еден од промоторите на публикацијата. Кога
размислував како да го започнам моето искажување за публи-кацијата која
е пред нас, постојано ми се наметнуваше размислата дека она што го стори
м-р Наде Караџовска со своето дело "Маркетинг ориентација на народните
библиотеки" во Република Македонија, најмалку што може да се каже е
дека таа покажа своевидна и исклучителна професионална храброст,
впуштајќи се во еден релативно непознат и стручно недоволно опсервиран
терен во библиотечната дејност во нашата земја. Тоа само по себе, според
мое длабоко убедување претставува само уште еден квалитет повеќе, кој ја
потврдува и ја вбројува во редот на истакнатите професионалци во оваа
дејност. Во текот на подготвувањето на овој труд, кој патем да одбе-лежам,
не само што го збогати личниот професионален багаж на колешката
Караџовска, туку има извонреден придонес во збогатувањето на стручната
и научната библиотечна мисла во нашата земја, често наидувавме на пра-
шањето што е тоа ново што го нуди маркетингот како теорија, како
практика или ако сакате како филозофија, нешто за кое ние не сме чуле, не
го знаеме, не сме го сретнале или воопшто не го практикуваме. Кој е
теренот каде што треба да се примени маркетингот како процес во
75
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Приказни и рецензии
библиотечната дејност, како начин на однесување и методологија на
осмислување на активностите на библиотеките во реализацијата на својата
крајна цел, успешно задоволување на потребите на корисниците. Притоа,
Караџовска често се навраќаше на дефиницијата, маркетингот треба да го
сфатиме како основна или суштествена компонента на секој бизнис-план
кој претендира да биде успешен. Според тоа и библиотеките доколку
сакаат да бидат успешни мора да ја респектираат улогата и значењето на
маркетинг-коцепцијата во современото библиотечно работење и своите
служби задолжително треба да ги концепираат на маркетиншки основи.
Со оглед на присуството на крајности и неуедначеност во
актуелните состојби во библиотечната дејност во нашата земја, во
зависност од средината каде што ќе го актуелизирате ова прашање, веднаш
предизвикува кај библиотечните работници соодветни реакции, кои
истотолку се дија-метрално спротивни и поларизирани. Меѓутоа, она што е
заедничко е фактот дека народните библиотеки, како впрочем и
целокупниот општествен систем, се најдоа во видоизменет амбиент кој
воспостави нови односи, критериуми и мерила и нов приод на
библиотеките во зачувувањето на сопствениот идентитет. Тие треба да се
во една перманентна професионална инервација, во однос на
општествената средина, во афирмирање на реалноста за нивното место и
улога во изградбата на грѓанското информативно општество.
Дали е маркетинг-концепција применлива на сегашниот стадиум од
развојот на библиотечната дејност во Р. Македонија или треба да се чека
некое друго време со многу повисоки стандарди во степен на развиеноста
на оваа дејност. Одговорот е не. Што поскоро народните библиотеки
маркетиншки се ориентираат, тоа поскоро може да го очекуваат
соодветното реагирање на општествената заедница, како во однос на
нивните потреби, така и во однос на валоризацијата на нивното место и
улога во изградбата на граѓанското демократско општество.
Кои се основните аргументи што одат во прилог на примената на
маркетиншки активности во библиотечната дејност:
- со квалитетно осмислени маркетиншка актвности секоја
библиотека може да привлече поголем број корисници. Притоа,
задолжително треба да се извршени нужни подготовки за задоволување
на нивните актуелни потреби;
- библиотеката по дефиниција е извор на информации. Со
примената на маркетингот таа прераснува во компетентен
информативен центар, како за информации од локален карактер, така и
76
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Приказни и рецензии
за информации депонирани на други локалитети во земјата и во
странство.
Библиотеката не треба да застане и да се задоволи со позиција која
значи задоволување на информативните потреби на граѓаните, туку таа
треба да применува форми преку кои ќе ги поттикнува граѓаните да ги
користат нејзините информативни услуги. Примената на веќе постојните
стереотипни и непродуктивни форми, треба да се заменат со современ
маркетиншки приод во реализацијата на задачите со информативна
димензија.
М-р Наде Караџовска е од редот на релативно младата генерација
библиотекари со личен афинитет за самонадоградување, стручно
оспособување и подигање на квалитетот на задачите кои ги извршува во
народната библиотека "Борка Талески" во Прилеп. Таа се определи за
надоградување и специјализирање на својот образовен профил со јасна
определба за личен и колективен придонес во развојот и осовременувањето
на библиотечната дејност во нашата земја. Стекнатите теоретски сознанија
од областа на менџментот и маркетингот покрај во секојдевното
извршување на задачите во Библиотеката, таа ги стави на располагање на
Библиотекарското друштво на Македонија како професионална
асоцијација која се грижи за развојот, стручното оспособување на
библиотекарскиот кадар и други прашања од витален интерес за успешно
функционирање на библиотечната дејност. М-р Наде Караџовска денес е
раководител на проектот "Менаџмент и управување во народните
библиотеки", којшто е инициран од проектот ПУЛМАН покренат од
Европското биро за развој на библиотеките ЕБЛИДА при Европската
унија. Овој проект ја обврзува Република Македонија да преземе
конкретни активности преку проекти да ги осовремени библиотеките,
музеите и архивите на национално ниво со цел овие институции да се
стават во служба на граѓанинот како основна карика во развојот на
демократското граѓанско општество. Проектот што го раководи колешката
Караџовска преку работилници и други форми на размена на искуства
треба да ги запознае раководителите и другиот стручен кадар во народните
библиотеки со значењето на успешното менаџирање, раководење и
управување со овој вид библиотеки во Р. Македонија.
Што е тоа што трудот на м-р Наде Караџовска "Маркетинг ориен-тација на
народните библиотеки" го прави впечатлив, го чини посебен, а беглото
професионално опсервирање го заменува со потребата од многу
посуптилен професионален приод.
77
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Приказни и рецензии
- Најнапред со овој труд Караџовска само уште еднаш потврди
дека ги следи библиотечната дејност и истовремено придонесува за
квалитетни општествени промени. Истовремено трудот е потврда дека
можеби скромно меѓутоа во рамките на можностите, некогаш како во
случајов преку поединци професионални ентузијасти, одговорни
професионалци или плански и организирано, библиотечната дејност во Р.
Македонија ги следи современите светски трендови во библиотечна
теорија и практика
- Публикацијата "Маркетинг ориентација на народните
библиотеки" ќе го збогати релативно скромниот опус на стручна
библиотечна литература во нашата земја и ќе го олесни
истражувачкиот напор на идните генерации што ќе се посветат на овие
прашања.
- Кога ќе ја разгледате публикацијата, веднаш ќе забележите дека
таа не е обичен стручно-научен трактат, туку дека таа има и своја
практично применлива димензија. Имено, приодот на Караџовска во
експликацијата на содржините му дава на трудот карактеристики на
практично методско помагало за организирање на одредени активности
на библиотеките во реализацијата на маркетинг-концепцијата.
- И на крајот трудот "Маркетинг ориентација на народните
библиотеки", се надевам, ќе предизвика нови професионални провокации не
само во библиотечната туку и во пошироката опште-ствена јавност.
Наде Караџовска преку публикацијата "Маркетинг ориентација на
народните библиотеки" јасно ни дава до знаење дека таа ги совладала и
практично ги применила методолошките принципи на научно-
истражувачката работа. Богатиот опус од користена литература зборува за
сериозен и професионално одговорен приод во третирањето на
поставеното прашање. Користењето на повеќе научно-истражувачки
методи во дефинирањето на предметот на истражување, кај
корисникот/читателот на оваа стручна публикација со право ќе предизвика
чувство дека има работа со сериозен научен труд со релевантни заклучоци,
дефиниции и насоки за организирање на маркетиншкиот процес во
народните библиотеки.
Миле Бошески, библиотекар советник
78
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
Извршниот одбор на БДМ, врз основа на член 17 и 19 од Статутот
на Друштвото на седницата одржана на 8.4.2004 година, донесе Одлука за
одржување на 31. Редовно годишно собрание. За Собранието се предлага
следниов
Дневен ред
1. Поздравен збор на Претседателот на Друштвото и избор на
работно претседателство;
2. Доделување на наградата "Светиклиментова повелба" ;
3. Презентација на вебстраницата на БДМ;
4. Презентација на видеоалбумот подготвен во рамките на проек-
тот "Менаџмент и раководење во народните библиотеки";
5. Разгледување и усвојување на Извештај за работа на Друштвото
во периодот 2002-2004 година и на Финансиски извештај;
6. Избор на членови за ИО на БДМ за мандатен период 2004-2006
година;
7. Избор на членови на Комисија за наградата "Светиклиментова
повелба";
8. Избор на членови на Надзорен одбор.
Собранието ќе се одржи на 14.5.2004 година во просториите на
Центарот за култура во Радовиш со почеток во 11.00 часот.
Ве молиме за присуство.
Претседател на БДМ
Миле Бошески
79
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
И З В Е Ш Т А Ј
за реализираните активности на Библиотекарското
друштво на Македонија за периодот 2002-2004 година
Можеби малку неовобичаено, меѓутоа овој извештај за
активностите на БДМ во мандатниот период 2002-2004 година, ќе го
започнам со следнава констатација:
Друштвото прераснува во професионално релевантен репрезент на
библиотечната дејност, респектиран во библиотечната и пошироката
општествена јавност. Тоа претставува наша дополнителна обврска во
поддршката и активното партиципирање во одржувањето и збогатувањето
на професионалните активности на Друштвото.
Кои се аргументите што ме мотивираа на една ваква констатација?
Можеме со задоволство да констатираме дека во библиотечната јавност се
етаблира сознанието дека игра Друштвото како професионална асоцијација
клучна улога во подигањето и заштитата на статусот и професионалниот
интерес на дејноста. Бројните активности на Друштвото, преземени во
изминатиот мандатен период во голема мера го активираа интелектуалниот
капацитет на дејноста и придонесоа за присуството на професионално
позитивна атмосфера во библиотечната јавност.
Статутарните одредби на Друштвото од генерални ставови
постепено преку флексибилни и ефикасни форми на работа на стручни
тимови формирани по актуелни стручни прашања се преточуваат во
професионално конкретна и содржајна практика.
Активностите на БДМ во изминатиот мандатен период прикажани низ
бројки ја даваат следнава состојба:
80
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
Одржани се 20 седници на ИО на БДМ, 8 седници на стручните
тимови за автоматизација и стандардизација во библиотечната дејност и за
менаџмент и управување во народните библиотеки; одржани се 12 средби
на работниот тим за Законот за библиотеки; организирани се две средби на
директорите на народните библиотеки и НУБ "Климент Охридски" -
Скопје, средби на редакцијата и издавачкиот совет на БДМ, организирани
се два републички натпревари "Млади библиотекари" во Скопје и Охрид.
Исто така остварени се контакти со Секторот за евроинтеграции при
Владата на Република Македонија, Министерството за култура,
библиотеки и со други институции.
Овие бројни работни средби сами по себе зборуваат дека
изминатиот мандатен период го карактеризира исклучително богат
професионален ангажман.
Проекти и активностите на Друштвото
во мандатниот период 2002-2004 год.
1/ Проекти 2003/2004 година:
- Соработка со меѓународни и национални библиотекарски
асоцијации: ИФЛА, ЕБЛИДА и др. (членарина, учество на годишни
конференции и сл.). Долгорочен проект;
- Одбележување на Денот на книгата и авторското право и Ден на
библиотекарите на Македонија - 23 април. Долгорочен проект;
- Подготвување и издавање стручно гласило "Библиотекарство".
Подготвени се и издадени три броја од списанието "Библиотекарство" во
2002 и 2003 година. Долгорочен проект;
- Организирање редовно собрание на Библиотекарското друштво на
Македонија. Долгорочен проект;
- Формирање музејска поставка "Историскиот развој на
библиотекарството во Македонија". Реализацијата на проектот е од
долгорочен карактер. Поставката треба да прерасне во Меморијален музеј
на библиотекарството во Македонија.
Со оглед дека музејската поставка и идниот меморијален музеј на
библиотекарството во Македонија ќе бидат сместени во НУБ "Климент
Охридски" - Скопје, овој проект од 2004 година е пријавен во Министер-
81
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
ството за култура како зеднички проект на НУБ "Климент Охридски"-
Скопје и Библиотекарското друштво на Македонија.
- ИО на БДМ подготви проект за изработка на вебстраница на
БДМ. Преку овој проект ќе се овозможи афирмација на Библиотекарското
друштво на Македонија како единствена стручна асоцијација во сферата на
библиотечната дејност. Проектот е прифатен и авансиран од Министер-
ството за култура и Фондацијата Институт отворено општество
Македонија.
- Дефинирање македонска библиотекарска терминологија.
Цел на проектот: Преку институционална форма да се дефинира
македонска библиотекарска терминологија.
Утвдувањето македонска библиотекарска терминологија ќе i
овозможи на библиотечната и пошироката стручна и научна јавност,
примена на релевантно дефинирани поими и термини од областа на
библиотекарството и информатиката при преводи на меѓународни
стандарди и друг вид стручна и научна литература.
Поради спецификите во реализацијата на проектот од 2003 год. е
препуштен на НУБ "Климент Охридски" - Скопје.
- Менаџментот и неговата примена во работата на
народните библиотеки.
Цел на проектот: Целта на проектот е да се здобијат
библиотекарите со основни познавања и вештини од менаџерството за
поголема успешност во работата. Во таа насока е потребно јакнење на
водството и чувството за тимска работа на директорот во библиотеката
како културно-образовна институција.
Очекувани ефекти од реализацијата на проектот:
Потребата од еден ваков проект за обучување на раководниот кадар
во народните библиотеки се наметна од новите услови на опште-ствено
живеење и новата улога на народните библиотеки во развојот на
демократското информативно општество. Со овој проект ќе се обучат
директорите да го организираат внатрешното работење согласно со новите
светски трендови во раководењето и тимската работа во народните
библиотеки.
- Развој на нови информативни сервиси во народните библиотеки.
82
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
Цел на проектот: да се создадат механизми и да се дефинираат
формите преку кои населението во нашата земја ќе се запознае и
перманентно ќе биде информирано за дејноста на институциите на
локалната самоуправа, државните органи, Владата и Парламентот на Р.
Македонија, дејноста на инстуциите на Европската унија и за европските
стандарди во сите домени на општествениот живот.
Народните библиотеки граѓанинот треба да ги доживува и како
сервис на локалната самоуправа, место каде што ќе може слободно да ги
искаже своите потреби, размислувања и каде ќе биде активен во
целокупното функционирање на локалната самоуправа. Само правилно и
правовремено информиран граѓанин може да биде конструктивен
партипициент во изградбата и функционирањето на граѓанското
демократско општество.
Преку дебати, настапи на локални и државни службеници, поли-
тичари, инструктори за одредени прашања подготвени во рамките на овој
проект, треба да се обезбеди транспаретност во дефинирањето и заш-
титата на државните и локални стратешки интереси, донесувањето на
закони, уредби и други документи што регулираат одредени општествени
сфери и сл.
Очекувани ефекти:
Правилно информирање на населението за европските и домаш-
ните стандарди во доменот на: почитувањето и заштитата на чо-вековите
права, бесплатна правна помош, заштита на правата на хенди-кепирани
лица, дејноста на владини и невладини организации, обезбедување
транспаренстост на работата на локалната самоуправа, државните
институции, Владата и Парламентот на Р. Македонија, социјалната поли-
тика и границите на социјалниот и материјален минимум, образовната
политика на државата и локалната самоуправа, берза на трудот и сл.
Библиотечно-информативниот сервис треба да овозможи непре-
чена циркулација на информации и нивна општа достапност до корисници-
те без оглед на нивната полова, образовна, национална, социјална, расна и
верска припадност.
2/ Активности во 2002/2004 година:
Активностите на БДМ во мандатниот период 2002-2004 според ка-
рактерот и содржината може да ги групираме во три групи:
83
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
А/ Активности на полето на нормативниот аспект на дејноста:
- Донесување на Националната програма за култура. БДМ активно
се вклучи во расправата по Националната програма. Работната група за
подготовка на забелешки по Програмата ги повика народните библиотеки
да ги соопштат своите забелешки и мислења. Оформен е заеднички
материјал од името на БДМ и е доставен до Министерството за култура.
- Јавна расправа по Законот за библиотеки. Во два наврата
Министерството за култура ја повика библиотечната јавност да се
произнесе по Предлог-законот за библиотеки. И во двата случаи БДМ
формира работни групи, кои ги консултираа мислењата на народните
библиотеки. Работната група подготви предлог-текст на Законот за
библиотеките кој го достави до Министерството за култура, НУБ "Климент
Охридски" - Скопје и до народните библиотеки.
- Јавна расправа во врска со донесувањето на Колективниот
договор. БДМ активно се вклучи во расправата по Колективниот договор
доставен од Синдикатот за образование и култура. Беше организирана
работна средба со директорите и претставници на народните библиотеки
на која се разгледаа некои битни аспекти од Колективниот договор.
Б/ Активности во доменот на професионалниот аспект на деј-носта:
- Подготвена е концепција за музејска поставка "Историскиот
развој на библиотекарството во Македонија", усвоена на ИО на БДМ.
Проектот е прифатен и авансиран од Министерството за култура;
- Формиран е стручен тим за менаџмент и управување во народните
библиотеки. Подготвен е проект "Менаџмент и управување во народните
библиотеки", кој е одобрен и финансиски поддржан од Министерството за
култура. Активности: организирање работилници со претставници на
народните библиотеки и директорите, подготовка на видеозапис за 15
народни библиотеки како и за секоја поединечно.
- ИО подготви Предлог-проект за воведување нови информативни
сервиси во народните библиотеки. Проектот е доставен до Секторот за
евроинтеграции при Владата на Р. Македонија и е препратен до
Министерството за култура. На овој проект треба да се насочи
новото раководство на Друштвото бидејќи е ова прашање од извонредно
84
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
професионално значење за библиотечнатра дејност. Проектот ги содржи
насоките на завршниот документ на проектот ПУЛМАН.
- Подготовка на вебстраница на БДМ. Преку овој проект ќе се овоз-
можи афирмација на Библиотекарското друштво на Македонија како
единствена стручна асоцијација во сферата на библиотечната дејност.
Полесен достап на членството до информациите за планските активностите
на Друштвото, за нивната реализација, како и афирмација на националните
активности во библиотечната дејност на меѓународен план. Преку
електронската форма на списанието Библиотекарство ќе се овозможи
достап до стручни сознанија од оваа област, достап до меѓународните
стандарди за стручно библиотечно работење, како и професионална
афирмација на библио-течниот кадар и можност за воспоставување на
професионални контакти на меѓународен план, учество во меѓународни
проекти итн.
В/ Издавачка дејност:
Подготвени се и издадени три броја од списанието
"Библиотекарство" во 2002 и 2003 година и на тој начин е постигнат
континуитет во издавањето на списанието.
Списанието "Библиотекарство" е единственото стручно гласило во
библиотечната дејност во Р. Македонија. Преку него на пошироката
библиотечна јавност i се овозможува да се запознае со современите
трендови во домашната и светска библиотекарска теорија и пратика. Исто
така, ова гласило претставува следбеник на историскиот развој на оваа
дејност во Р. Македонија.
Во рамките на издавачката дејност на БДМ објавени се и следниве
публикации: Прирачник за подготовка на кандидати за натпреварот
"Млади библиотекари", Каталогизација и систематизација на библио-течен
материјал, Видеозапис на 15 народни библиотеки и НУБ"Климент
Охридски" - Скопје на цеде.
Во 2002 во организација на Градската библиотека "Браќа
Миладиновци" - Скопје и во 2003 година во организација на Народната
библиотека "Григор Прличев" - Охрид, организирани се републички
натпревари "Млади библиотекари". На натпреварите им претходеа
општински натпревари организирани од народните библиотеки. Со цел на
натпреварувачите - корисници на народните библиотеки да им се олесни
подготвувањето за овие натпревари, ИО на БДМ донесе одлука да се
85
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
подготви Прирачник, кој ќе им биде на достап на народните и училишните
библиотеки.
Анализите на досега организираните натпревари покажуваат тренд
на зголемување на бројот на учесниците, квалитетен напредок во
организацијата и општа поддршка од библиотечната и пошироката јавност.
Со други зборови, оваа манифестација постепено ја остварува својата цел:
афирмација и популаризација на библиотеката и книгата меѓу најмладата
популација во државата.
Остварени се бројни контакти и средби по разни прашања и поводи
со претставници на библиотечни и други институции и фондации. Дадена е
поддршка на секцијата за училишни библиотеки во дијалогот со
Министерството за образование, а во врска со прашања и проблеми
присутни во мрежата на училишните библиотеки.
Во реализацијата на бројните планирани активности на БДМ во
изминатиот период активно беа вклучени и дадоа своја поддршка голем
број библиотеки и поединци.
Посебно сакам да ја нагласам поддршката од Националната и
универзитетска библиотека "Климент Охридски" - Скопје и
Министерството за култура на Република Македонија.
Како претседател на Друштвото во изминативе четири години имав
можност непосредно да соработувам со членови на ИО на БДМ, членови
на разни стручни тимови и работни групи, директори на библиотеки и
други претставници и во оваа пригода сакам да го искажам моето
задоволство од поддршката и соработката во реализацијата на задачите на
Друштвото.
На крај од овој извештај за мандатниот период 2002-2004 година ќе
го завршам со тоа што уште еднаш ќе ја подвлечам напред искажаната
констатација:
Друштвото прераснува во професионално релевантен репрезент на
библиотената дејност, респектиран во библиотечната и пошироката
општествена јавност. Тоа претставува наша дополнителна обврска во
поддршката и активното партиципирање во одржувањето и збогатувањето
на професионалните активности на Друштвото.
86
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
Да му ја дадеме нашата поддршка на Друштвото и со тоа ќе
придонесеме во изградбата на сопствениот респект од пошироката
општествена јавност.
Библиотекарско друштвона Македонија
Претседател,
Миле Бошески
87
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
Извршниот одбор на БДМ на седницата одржана на 27.4.2004
година согласно со Статутот на Друштвото и член 8 од Правилникот за
доделување на наградата "Климентова повелба" донесе
О Д Л У К А
Наградата "Климентова повелба" да се додели на Богомир Наумовски-виш
библиотекар вработен во Народната библиотека "Димитрија и Константин
Миладиновци" во Струга.
Образложение:
Извршниот одбор на БДМ на седницата одржана на 27.4.2004
година го разгледа предлогот на Комисијата на БДМ за доделување на
наградата "Климентова повелба" за 2004 година и едногласно донесе
одлука да го прифати предлогот на Комисијата и наградата да ја додели на
Богомир Наумовски - библиотекар во Народната библиотека "Димитрија и
Константин Миладиновци" – Струга.
Правна поука:
Право на приговор по оваа одлука може да се упати до ИО на БДМ
во рок од 8 дена од денот на нејзиното врачување.
Да се достави дo:
- именуваниот
- учесниците на Конкурсот
- архива на БДМ
Претседател на БДМ
Миле Бошески
88
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
Извршниот одбор на БДМ на седницата одржана на 27.4.2004
година согласно со Статутот на Друштвото и член 21 од Правилникот за
доделување на наградата "Климентова повелба" донесе
О Д Л У К А
за доделување Почесна "Светиклиментова повелба" на Народната и
универзитетска библиотека "Климент Охридски" - Скопје.
Образложение:
Извршниот одбор на БДМ на седницата одржана на 27.4.2004
година едногласно донесе одлука да се додели Почесна "Светиклиментова
повелба" на Народната и универзитетска библиотека "Климент Охридски"
- Скопје, за извонредниот придонес во развојот на библиотечната дејност
во нашата држава, со што библиотекарите на Македонија се вклучуваат во
одбеле-жувањето на 60. годишниот јубилеј на Библиотеката.
Да се достави до:
- Библиотеката
- архива на БДМ
Претседател на БДМ
Миле Бошески
89
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
З А П И С Н И К
од 31. Редовно собрание
на Библиотекарското друштво на Македонија
Радовиш, 14. 5. 2004
Извршниот добор на БДМ, врз основа на член 17 и 19 од Статутот
на Друштвото на седницата одржана на 8. 4. 2004 год., донесе Одлука за
одржување на 31. Редовно собрание.
Собранието се одржа на 14. 5. 2004 год. во просториите на Домот
на културата во Радовиш во присуство на повеќе од 120 претставници од
сите видови библиотеки во Република Македонија.
Собранието го отвори претседателот на БДМ Миле Бошески со
зборовите дека ова 31. Редовно собрание се совпаѓа со јубилејот на НУБ
Св. "Климент Охридски"-Скопје, која оваа година слави 60 години од
формирањето. Истотака, може да се каже дека слави БДМ оваа година еден
вид меѓујубилеј односно 55 години од формирањето на Друштвото во
далечната 1949 година.
Со пригоден збор Собранието го поздравија: истакнатиот
македонски писател Горјан Петрески, од име на издавачката куќа Детска
радост и советникот на градоначалникот на општина Радовиш г-дин Ристо
Дамбов, кој од името на општина Радовиш им посака добредојде на
присутните во нивниот град и плодна и успешна работа на Собранието.
По усвојувањето на дневниот ред беше избрано работно
претседателство во кое влегоа следните членови:
1. Петар Трајанов - директор на Народната библиотека "Браќа
Миладиновци" во Радовиш,
2. Габриела Костадинова - Народна библиотека - Пехчево и
3. Вера Анастасова - Народна библиотека "Искра" - Кочани.
90
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
Во рамките на втората точка од дневниот ред претседателот на
БДМ Миле Бошески ја прочита одлуката на Извршниот одбор на
Друштвото во врска со доделување на наградата "Климентова повелба" за
2004 година. Тој истакна дека Извршниот одбор на БДМ врз основа на
предлогот на Комисијата за доделување на наградата "Климентова
повелба" во 2004 година донесе одлука да му се додели Наградата на
Богомир Наумовски, виш библиотекар, вработен во Народната библиотека
"Димитрија и Контстантин Миладиновци" во Струга за постигнати
значајни резултати во развојот и унапредувањето на библиотечната дејност
во општината Струга и пошироко во земјата.
Добитникот на Наградата, Богомир Наумовски, се обрати на
Собранието со пригоден збор.
Претседателот на БДМ Миле Бошески го запозна Собранието со
одлуката на Извршниот одбор на друштвото за прв пат оваа година да се
додели Почесна "Климентова повелба" на Народна и универзитетска
библиотека "Св. Климент Охридски" Скопје, со што се вклучува БДМ во
одбележувањето на нејзиниот 60-годишен јубилеј. За жал немаше
претставник на НУБ"Климент Охридски" да ја прими наградата и покрај
уредно доставената покана и најава за доделувањето на Наградата.
По третата точка од дневниот ред беше извршена презентација на
вебстраницата на БДМ. Магдица Шамбевска, секретар на БДМ, ги запозна
присутните на Собранието со проектот и ја презентираше вебстраницата со
нејзината структура, содржина, целта и други особености потребни за
нејзиното користење.
По четвртата точка од дневниот ред, Миле Бошески ги запозна
присутните со проектот "Менаџмент и управување во народните
библиотеки", кој беше покренат од БДМ и соодветно финансиски
поддржан од Министерството за култура. Притоа, тој истакна дека овој
проект е покренат во рамките на проектот ПУЛМАН и обврските на
нашата земја за негова имплементација. Во него се опфатени 15 народни
библиотеки од Република Македонија што е прва фаза од проектот. За овие
народни библиотеки подготвен е видеоалбум, којшто беше презентиран на
Собранието. Оста-натите народни библиотеки ќе бидат предмет на
претставување во втората фаза од проектот.
Со овој дел од проектот "Менаџмент и управување во народните
библиотеки" раководеше Нада Караџоска од Народната библиотека "Борка
Талески" во Прилеп. Овој проект наменет на народните библиотеки ќе
91
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
продолжи да се развива и ќе биде предмет на интерес и на следниот ИО на
БДМ.
Во натамошниот тек од работата на Собранието следеше избор на
Кандидациона комисија со задача да предложи можни кандидати за
членови на идниот ИО на БДМ. Исто така Собранието избра и Комисија за
доделување на наградата "Климентова повелба" на идното изборно
собрание, кое треба да се одржи по две години.
За членови на Комисијата за доделување на наградата"Климентова
повелба" беа избрани:
1. Костадин Романов - Кочани,
2. Слободанка Дуева - Гевгелија,
3. Верица Петровска - НУБ,
4. Глигор Дурловски - Гостивар и
5. Драгица Силјановска - Охрид.
По петтата точка од дневниот ред, Извештај за работа на БДМ за
период 2002-2004, поднесе и го образложи председателот на Друштвото
Миле Бошески. Притоа тој нагласи дека текстот на извештајот со другите
материјали е претходно доставен до членови на БДМ, па поради тоа во
оваа пригода ќе направи само потенцирање на главните моменти од
активноста на Друштвото во изминатиот мандатен период. Претседателот
се осврна на неколку сегменти од работата на БДМ:
- Активности на Друштвото по прашања од нормативен аспект
(учество во јавна расправа за Националната програма за култура, вклучу-
вање во подготовката на новиот Закон за библиотеки, расправа за
Колективниот договор и др.);
- Водењето и значењето на проектот ПУЛМАН за развојот
нанародните библиотеки во Република Македонија (Менаџмент и
раководење во библиотеките, подготовка на видеоалбумот на народни
библиотеки);
- Развој на библиотечната дејност (учество во проектот за
формирање музејска поставка за историскиот развој на библиотекарството
воден заедно со НУБ, интензивирање на издавачката дејност на БДМ преку
92
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
продолжување на издавање списание и неколку прирачници, популаризи-
рање на книгата кај младите преку организирање на натпревар Млади
библиотекари итн.).
По излагањето на претседателот Миле Бошески следеше расправа
во која земаа учество повеќе библиотекари, при што се заклучи дека е
потребна уште една презентација на проектот ПУЛМАН со акцент на
досега стореното, како и активности што претстојат. Беше донесен уште
еден заклучок кој се однесува на членарината за која се констатира дека
новиот ИО треба да го преиспита механизмот за нејзино формирање и
прибирање.
На Собранието имаше размислување за професионално
врааботување на еден извршител во БДМ. Меѓутоа, се заклучи дека во оваа
фаза оваа идеја нема изгледи за практично реализирање.
Беше поддржана идејата за формирање на мобилно-едукативен
центар при НУБ. Народните библиотеки имаат потреба од почесто
присуство на стручни библиотекари од НУБ "Климент Охридски" Скопје
по разни прашања од тековното работење.
Во натамошниот тек од работата на Собранието беше поднесен и
финансискиот извештај на БДМ за период 2002-2004 (составен дел од овој
записник е и финансискиот извештај). Поднесувачот на извештајот
посебно го нагласи позитивното салдо на БДМ и истакна дека овој тренд
треба да продолжи и во иднина. Двата извештаи беа едногласно прифатени
од Собранието.
Следна точка беше избор на И.О. на БДМ за период 2004-2006.
По процедурална забелешка дали за избор на нови членови треба да се
формира Кандидациона комисија или Собранието непосредно предлага
кандидати, се заклучи дека предлогот на Кандидационата комисија да се
дополни со неколку нови членови. На тој начин на Собранието му беше
предложена листа од 10 можни кандидати за членови на идниот ИО на
БДМ.
За членови на И.О. на БДМ за мандатен период 2004-2006 година
беа избрани:
1. Верица Петровска, НУБ "Климент Охридски" - Скопје;
2. Зорка Чекичевска НУБ "Климент Охридски" - Скопје;
93
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
Скопје;
3. Наде Георгиева, МАНУ- Скопје;
4. Тошевска Цветанка Градска библиотека "Браќа Миладиновци" -
5. Данута Ананиева, Нарона библиотека "Искра" - Кочани;
6. Јелена Петрова, МУБ "Климент Охридски" - Битола и
7. Надица Караџоска, Народна библиотека "Борка Талески" -
Прилеп.
По оваа точка следеше избор на Комисија за наградата
"Климентова повелба" и нивни заменици:
1. Секулова Лена – Битола
2. Иванка Соколовска – Радовиш
3. Тања Гошева – Струмица
4. Злата Талаганова – Скопје
5. Вера Атанасова - Кочани
Нивни заменици се:
1. Виолета Георгиева
2. Василевска Магда
3. Глигор Дуровски
4. Владимир Кочовски
5. Николов Трајче.
На крајот од работата на Собранието претседателот на
досегашниот ИО на БДМ, Миле Бошески, искажа голема благодарност до
членовите на ИО и поддршката од сите библиотеки во реализацијата на
задачите на Друштвото. Посебна благодарност беше упатена до ресорното
Министерство за култура на Р. Македонија и НУБ Св. "Климент
Охридски" Скопје, како и до целокупното членство на Друштвото.
94
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
Со благодарноста за напорите на домаќинот на Собранието
народната библиотека "Браќа Миладиновци" во Радовиш и нејзиниот
директор Петар Трајанов за напорите истото да биде успешно
организирано, Миле Бошески им заблагодари на присутните за придонесот
на Собранието.
Скопје, 19. 5. 2004 г.
записничар,
Јелисавета Костадиновска
95
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
И З В Е Ш Т А Ј
од
28. Средба на водачи на центри за ISSN,
Национална библиотека на Шпанија (Biblioteca Nacional Espana),
Мадрид/Шпанија
од 1 до 3 октомври, 2003 година
Во извештајот се изнесени темите и содржините, кои беа на дневен
ред и заклучоците што произлегоа од дискусиите во врска со нив.
Новиот Прирачник за работа за ISSN. Дел за каталогизација
Во текот на август 2003 год. од страна на Меѓународниот центар за
ISSN во Париз, до сите национални центри за ISSN беше доставен новиот -
Прирачник за работа за ISSN. Дел за каталогизација, како ревиди-ран и
како замена за претходниот Прирачник за ISDS.
Ревизијата на каталошките правила за ISSN беше артикулирана од:
a) ревизијата на ISBD(CR) и AACR2 (ISBD(S) и AACR2) и од
b) потребата на ISSN-мрежата за уедначена примена на заеднички
правила и стандарди за регистрирање на библиографски извори во
континуитет, подготвување на ISSN-записи и нивно интегрирање во базата
на податоци ISSN Register.
За успешното функционирање на ISSN-мрежата неопходна беше
хармонизација и компатибилност на каталошките правила за ISSN и
стандарди со другите два меѓународни стандарди: ISBD(CR) (International
Standard Biblio-graphic Description for Continuing Resources) / Меѓународен
стандард за библиографски опис на извори во континуитет/ISBD(CR) и
AACR2 (Anglo-American Cataloguing Rules) / Англо-американски правила
за каталогизација/AACR 2.
96
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
Заклучок:
Сите национални центри треба да ги имплементираат правилата
содржани во новиот Прирачник за работа за ISSN, брзо и ефикасно. Од
особена важност се новите насоки за формирање на клучниот наслов.
Бидејќи изразија националните центри нејаснотија во критериумите за
доделување ISSN на WEBLOGS (читај: интерактивен форум на WEB за
одредени теми) се формира Работна група да ги разгледа овие прашања.
Работната група ќе ја сочинуваат членови претставници од Швајцарија,
Велика Британија, Канада и од САД, раководени од Ален Rukol (Alain
Roucolle) од Меѓународниот центар, Оддел за каталогизација.
Ревизија на ISSN-форматот
Во рамките на новиот ISSN-информативен систем што ќе го
применува Меѓународниот центар за ISSN, минатата година е иницирана
потребата од ревизија на ISSN-форматот за размена на податоци, за што е
формирана и работна група.
Националните центри за ISSN, покрај форматот ISSN МАRК
(ISSN MARC), треба да ги применат и библиографските формати МАRК
21 (MARC 21) или UNIMARK (UNIMARC) и според еден од нив да ги
креираат и доставуваат ISSN-записите до Меѓународниот центар. Тоа
значи дека новите записи ќе вклучуваат повеќе полиња отколку тековната
ISSN-практика.
Оваа комплексна архитектура на новиот Информативен систем,
подразбира добра организација и усогласување на различни профили од
МАRК 21 и UNIMARK при влез/излез на податоците од ISSN-записите.
Полињата ќе се контролираат од новиот Информативен систем во
согласност со правилата што ќе се дефинираат, а ќе се однесуваат на
задолжи-телноста, повторливоста, структурата и содржината на полињата,
со што би требало да се обезбеди кохерентност на записите во базата на
податоци ISSN Register.
Заклучок:
Бројни одлуки се постигнаа во врска со ревизија на форматот, но
многу е комплексно да се сумираат на овој состанок. Прегледот на заклу-
97
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
чоците набрзо ќе биде доставен до националните центри, со листата на
дискусии.
OSIRIS (Online Serials Information Registration Inquiry System)/ OSIRIS (On-
line информативен систем за регистрирање и пребарување на наслови на
сериски изданија)
Врз основа на извршената анализа околу пресметаните трошоци за
развој, одржување на нов софтвер и поддршка на неговите корисници, осо-
бено во делот на процесирање на податоците преку МАRК 21 и UNI-
MARK, членовите на Управниот одбор на ISSN минатата година донесоа
одлука за престанок на функционирање на OSIRIS -оперативниот
информативен ISSN-систем на Меѓународниот центар.
Организација како што е Меѓународниот центар нема технички и
финансиски средства со кои би можела да го поддржи новиот развоен
проект со таква апликација на подолг рок.
Од 2005 год. OSIRIS повеќе нема да постои и податоците нема да
се процесираат преку овој систем. Корисниците на OSIRIS до тогаш ќе
мора да изнајдат други технички решенија.
Заклучок:
Меѓународниот центар ќе продолжи да ги поддржува корисниците
на OSIRIS до 2005, но по тоа тие ќе треба да применат друг систем кој
мора да го истражуваат уште од сега. Нема да биде препорачана директна
замена за OSIRIS . Можните опции вклучуваат влегување на записи
директно преку ситемот ВТЛС (VTLS) користејќи Виртуа (Virtua) клиент,
или испраќање на записи преку сопствен каталошки систем што го
користат националните центри.
Аргентина и Словачка понудија да продолжат со испитување на
можностите за замена на OSIRIS со систем базиран на ВИН ИСИС (WIN
ISIS) или сличен на него доколку еден од нив може да биде лоциран.
Меѓународниот центар ќе контактира со тековните корисници на
OSIRIS во однос на опцијата што ќе ја претпочитаат. Бројот на
истовремено користење на Виртуа клиент има финансиски и технички
имликации, кои е потребно брзо да бидат разгледани.
98
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
Имплементација на нов компјутерски систем во Меѓународниот центар
Во 2001 год. Генералното собрание на ISSN го одреди неопходниот
фонд од буџетот и го одобри глобалниот нацрт на проектот кој ќе биде
раководен од/и во надлежност на Управниот одбор на ISSN, со цел да
одреди фирма и да i ја додели довербата за имплементација на новиот
компјутерски систем во рамките на Меѓународниот центар.
На повикот за тендер се јавиле 120 заинтересирани компании и по
селекцијата од 13 односно 5 најинтересни и најдоверливи, понудата на
компанијата ВТЛС е оценета како најприфатлива и дефинитивна со
следното образложение:
- ВТЛС е позната компанија која се покажа успешна во развојот на
комплетно нов библиотечен софтвер - Виртуа, базиран на последните
технологии кои би можеле да се сметаат за јаки и стабилни;
- Виртуа е систем клиент-сервер базиран на протокол Z39-50,
користи Оракл (Oracle) и има веб-пристап наречен Chameleon e-portal;
Софтвер со високо конфигурациско ниво кој може да биде модификуван
(подеднакво и како сервер и како клиент-страна) за специ-фични потреби;
- Најголемите иновации во однос на ISSN-мрежата се дека е тој
интегриран систем каде која било промена на податоците ќе биде важечка
за надворешните корисници, преку веб или преку пристап Z39.50;
Овој софтвер прв го имплементираше Уникодот (Unicode);
- ISSN-записите с# уште би имале латинска транслитерација од
нелатински писма, но со можност да го содржат оригиналното писмо како
дополнителен податок (во поле 880).
- Виртуа го користат: Националната библиотека во Берн (Швај-
царија), Универзитетската библиотека Лувен ла Нев (Белгија) и др.
18 месеци (почнувајќи од септември 2003) ќе бидат неопходни да
се имплементира ISSN-системот базиран на Виртуа во рамките на Меѓу-
народниот центар за ISSN.
99
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
Заклучок:
Новиот компјутерски систем на Меѓународниот центар ќе биде
имплементиран и целосно операционализиран во март 2005. Националните
центри ќе треба да проследат како ќе се ефектуираат нивните операции во
него.
Базата на податоци ISSN Register (ажурирање и трансфер на податоците)
Во рамките на имплементацијата на новиот информативен систем,
трансферот на ISSN-податоците од досегашниот во новиот систем треба да
заврши во мај 2004.
До тогаш, потребно е да се спроведат сите неопходни операции за
конверзија на ISSN-податоците во МАRК 21 (внатрешниот формат што го
користи системот Виртуа), како и сите прашања поврзани со
некомплетноста и непостојаноста на податоците. Во овој контекст,
потребно е да се имплементира новата структура на клучниот наслов, како
што е дефиниран во новиот ISSN-прирачник за работа.
Контролата и ажурирањето на ISSN-податоците треба да се
спроведе преку контролата на укинати ISSN-броеви, контрола на
поништени броеви (особено оние во полињата за поврзување), контрола на
изгубени податоци од некои записи, регистрација на изгубени записи,
контрола на реципроцитет во библиографските поврзувања итн.
Заклучок:
Меѓународниот центар би сакал да се направат исправки на некои
постоечки записи пред да бидат преселени во новиот систем, но исто така
националните центри ќе треба да дадат информации за укинати и
поништени броеви. Меѓународниот центар ќе им достави на националните
центри одредени статистики како индикација колку работа им претстои, а
националните центри да оценат дали е тоа изводливо.
ИСО: 5 години ревизија на ИСО 3297 (ISSN) и ИСО 4 (Правила за кратење
на зборови од насловот и насловите на публикациите)
Ревизиска структура
Работната група за ревизија на ИСО ќе биде формирана од страна
на Секретаријатот на ИСО/ТЦ 46/СЦ 9, а ќе ја сочинуваат експерти назна-
100
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
чени од членови на тела на ТЦ/СЦ, плус други поканети експерти
претставници на:
- други ИСО-стандарди што се во директна врска со ISSN (ИСБН,
ИСТЦ) и други системи за нумеричка идентификација (ДОИ/DOI,
Кросреф/Crossref), како и
- претставници на други заинтересирани заедници за извори во
континуитет: издавачи, агенти за претплати, агенции за бар-кодови и др.
- Меѓународниот центар ќе учествува како лидер на проектот на
Работната група.
Цели на ревизијата
Една од главните цели на ревизијата е да обезбеди логична врска на
ИСО-стандардот со хармонизираните процеси на правилата за ISSN,
AACR и за ИСБД.
Во оваа смисла, целта и дефинициите, меѓу другото, треба да бидат
изменети.
Други главни прашања што веќе беа спомнати од ИСО за време на
иницијалните консултации се: печатењето и локацијата на ISSN,
поврзувањето меѓу стварниот и клучниот наслов, објаснувања за тоа кој
треба да се пријави за ISSN, на чиј товар ќе биде ISSN итн.
Сепак, најважно а можеби и најтешко е прашањето во врска со
електронските извори, доделувањето на различни ISSN на печатените, на
верзиите Online или на верзиите на CD-ROM, на еден ист наслов.
Комуникација меѓу Работната група за ИСО и ISSN-мрежата
Многу е важно да се обезбеди добра комуникација, разбирање и
размена на погледи за време на процесот на ревизија, меѓу Работната група
за ИСО и ISSN-мрежата. Ова може да се оствари со учество на членови од
ISSN-мрежата (од националните центри или од Меѓународниот центар) во
Работната група за ИСО.
101
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
Заклучок:
ISSN ќе има силно и сериозно претставување во Работната група за
ревизија на ИСО-стандард 3297 (ISSN). Меѓународниот центар постојано
ќе ја информира мрежата за соодветната динамика на развој.
Неопходно е доделувањето на различни ISSN на повеќе физички формати,
како израз на потребата на широк број корисници.
Подготвено од:Злата Талаганова
Центар за ISSN на РМ
102
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
ИНФОРМАЦИЈА
за стручен престој во Франција
по програмата "Текови во светот 2003"
(16.11. - 5.12.2003 г.)
Овој престој е реализиран на Меѓународниот конкурс за проекти од
областите на културата согласно со програмата "Текови во светот 2003",
финансирана од Министерството за култура и комуникации на Франција,
во периодот 16.11.-5.12.2003 год. Конкретно, со профилација во
библиотекарството, а насловен "Водење проекти во библиотека".
Програмата е наменета за учесници од франкофонски земји.
Локациите на стручните активности се Париз, главно во "Куќата на
културите на светот" и Лион (Вилурбан) на Високата национална школа за
информациски науки и библиотеки.
Македонското Министерство за култура преку Народната и
универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје ги
финансираше меѓународните патни трошоци.
Основните исходишта на Програмата "Текови во светот" основана
во 1992 год. се:
• општо запознавање со функционирањето на културата во
Франција (правна регулатива, организација, администрирање,
финансирање, промоција, меѓународна соработка и сл.);
• специјализирана обука во одделни сегменти од културата;
• размена на искуства и воспоставување контакти меѓу учесни-
ците;
• промоција на францускиот јазик и култура.
103
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
Функционирање на културата во Франција (Париз, 17.- 19.11.2003)
Воведните предавања на оваа тема се пленарни за сите учесници на
програмата "Текови во светот". Се одржуваат во "Куќата на културите на
светот", институција основана и финансирана од Министерството за
култура и комуникации со цел да промовира други култури во Франција, а
фран-цуската во странство, употребувајќи ги формите на меѓународна
соработка.
Поентата на ваквите излагања, придружени од мноштво промотив-
но-пропагандни материјали и видеопроекции, е запознавање со
административната и институционалната организираност на културата во
Франција, нејзината културна политика и меѓународна соработка во
областа на културата. Или, понешто и накусо:
Тежиштето на законската (нормативна) покриеност на културата во
Франција е, со векови стабилизирано и се иновира само со новините што
ги носи времето (електронско издаваштво, културен пазар) или потребата
од хармонизација на европско ниво (авторски права).
Централната администрација, Министерството за култура и
комуникации бележи, помалку сложена, организациска структура која, пак,
има респектибилна традиција на функционирање (дирекции по одделни
дејности, делегации за одделни прашања и др.). И, сето тоа
деконцентрирано по помалите административно-територијални заедници
(региони, департмани, општини). Освен тоа, постојат и одредени
институции што дејствуваат како некој вид органи на Министерството
(Куќата на културите на светот, Национален центар на книгата и сл.)
Од особено занчење за вкупноста на културата на Франција е про-
цесот на нејзината децентрализација и демократизација од периодот на
1970-тите год., главно, втемелен како стратегија од Андре Малро,
реформаторот на француската култура.
Генезата на културната политика на Франција е во нејзината
историја. Конкретизацијата на таквата културна политика резултирала со
детерминирање одредени цели и приоритети. Еден од основните е меѓу-
народната културна соработка, моделиран по два критериума: географски
(франкофонски, европски земји) и тематски.
Администрирањето на културната соработка е лоцирано во Мини-
стерството за култура и комуникации (Оддел за меѓународни работи) и
104
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
Министерството за надворешни работи (Генерална дирекција за
меѓународна соработка и развој). Значењето на културната соработка за
Франција е огромно и не само декларативно. Во вистинска смисла на
зборот, културната дипломатија на Франција оди пред или, барем,
паралелно со политичката.
Како, впрочем, и во цела Европа, топ теми во културата во
Франција се корпусите на заштита на културното наследство, авторските
права, културната посебност и културната индустрија.
Особено значајни се и активностите на Франција во рамките на УНЕСКО,
посебно во утврдувањето механизми за гарантирање на правото на
културен идентитет.
Водење проекти во библиотека, менаџмент, образование на
библиотекари, типологија на библиотеките во Франција
(Лион, Вилурбан, 20.11.- 29.11.2003 г.)
Основата на програмата "Текови во светот" во делот за библиотеки
е обука (стручен престој) на Високата национална школа за информациски
науки и библиотеки (ЕНСИИБ/ENSSIB ). Сите предавачи на Програмата се
про-фесорски кадар на Факултетот, а на располагање на учесниците се и
одлич-ните електронски и сите други информациски ресурси со кои
располага ЕНССИБ.
Најголем дел од времето се посветува на обука во водење проекти
во библиотека. Нејзиниот теоретски дел ги проследува и потребните согле-
дувања, анализи, услови, елементи, фази, постапки и проекции неопходни
за подготовка и водење реализација на еден проект во библиотека.
Практичниот дел е примена на таквата методологија низ подготовка,
промоција и одбрана на конкретен проект, подготвен од група од 3-4 лица.
Многу интересен дел од обуката се поуките во менаџирање со
библиотека. Покрај посочувањето на основите на теоретското
разграничување на менаџментот, се разгледуваат функциите чие вршење
го обезбедува менаџментот во библиотека (управување, "производство",
финансии, персонал, контрола), но и средствата и целите на процесот на
менаџирање. Притоа, без да биде запоставено значењето на видот
библиотека во смисла на нејзино влијание врз одредувањето на менаџмент-
стратегијата.
Стручниот престој содржи и информации за видовите, формите,
начините и за нивоата на образование и формирање библиотекари во
105
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
Франција, како институционално, така и перманентно, во текот и во
функција на работата. Не со помалку важност се приоѓа и на начините на
запо-знавање со можностите и услугите што ги нудат библиотеките,
наменети за идните академски граѓани.
Овој домен на активности содржи и презентација на посебна веб-
страница за образование во информациски науки и библиотекарство
ФОРМИСТ (FORMIST) подготвен од ЕНСИИБ.
Главно, структурата или типологијата на библиотеките во
Франција се состои од Националната библиотека на Франција, уни-
верзитетските и истражувачките библиотеки, општинските (понегде и
департмански) и двете посебни државни библиотеки (Јавната библиотека
на информирање во "Бобур" и Медијатеката на науката и индустријата со,
претежно, странска литература).
Како, впрочем, и на секоја национална, и мисиите на Националната
библиотека на Франција се неповторливи, различни од тие на другите: да
собира, опишува, заштитува, посредува (комуницира) и овозможува истра-
жување со националниот фонд. Таа е и централна во библиотечно-инфор-
мацискиот систем на Франција. Со таквите, единствено кај неа лоцирани
функции, е од национален интерес и целосно е финансирана од
Министерството за култура и комуникации.
Универзитетските имаат посебен заеднички каталог (кој е дел од
општиот на Франција) и, заедно со школските припаѓаат на сферата обра-
зование.
Општинските библиотеки (и малкуте департмански) имаат најизра-
зен развој по децентрализацијата во 1970 год. Нив ги финансира локалната
управа, а со одделни проекти можно е и централната.
Сите видови библиотеки во Франција функционираат унифицирано
и автоматизирано. Тоа, особено, е овозможено низ примената на правила за
единствено библиотечно работење подготвени и утврдени од
Националната библиотека, а озваничени со моќ на јавна обврзност од
министерствата за култура и образование.
106
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
Заеднички и индивидуални посети на библиотеки,
(Париз; Лион, 16.11.- 5.12.2003 г.)
Дел од обуката подразбира и запознавање на "лице место" на одре-
дени институции, нивната поставеност и активности.
Националниот центар на книгата е организациска единица која
функционира во рамките на Дирекцијата на книгата и читањето при Мини-
стерството за култура и комуникации.
Центарот се занимава со вкупната политика на книгата: од изда-
вањето, во најголем дел приватна активност, до дифузијата односно
дистри-буцијата, активност претежно од јавен карактер. Главно, станува
збор за воведување и обезбедување на почитување правила почнувајќи од
произ-водството, а завршувајќи со користењето на книгата (пишуваните
доку-менти).
Јавната библиотека на информирање (дел од Националниот цен-тар
на уметноста и културата "Жорж Помпиду" или популарниот "Бобур") има
посебен, со ниедна друга сличен, статус. Таа е исцело финансирана од
Државниот буџет (не преку Министерството). Сите услуги се бесплатни, а
целокупниот фонд е на слободен пристап. Фасцинира со опременоста,
комодитетот, актуелноста, разновидноста на фондот, бројот на читатели.
Општинската библиотека на Вес во Лион е модерна по архи-
тектура, голема по димензии и фонд, богата по солидни општински финан-
сиски средства, посетеност и перспективи.
Освен заедничка за групата стажисти по библиотекарство, еден дел
од Проектот за апликација по конкурсот беше реализација на
индивидуална посета во Националната библиотека на Франција.
Во таа смисла, имаше средба и разговори со раководител на служба
и библиотекар чија окупација е предметен опис на документи. Конкретно,
беа разменети мислења за принципите, правилата, начинот, инструментите
и за помагалата при изработката на предметен опис на документи во фран-
цуското библиотекарство општо. Дејност и искуства од исклучително зна-
чење за еден од двата видови стварни каталози кои ги организира и
ажурира нашата национална библиотека. Иако, во принцип познато,
евидентно од искажаното и практично виденото е дека организацијата и
функциони-рањето на процесот предметизација на државно ниво ги
107
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
карактеризира висок степен на нормираност, унифицираност и
определеност на обврските на учесниците во библиотечниот систем на
Франција. Нешто што е многу неизвесно кога ќе стане обележје и на
нашето.
Културата во иднина, валоризација на стручниот престој
(Париз, 1.- 5.12.2003 г.)
Стручниот престој посвети одредено време и на дискусии,
размислувања, полемики, гледања, проекции и сл. за иднината на
културата општо. Во таа смисла, и аспекти и влијанија на процесите на
глобализацијата, правата на условно речено "помалите култури" и со тоа и
народи на заштита на нивниот културен идентитет.
Неизоставен беше и валоризациски извештај за целосниот престој
од страна на секој учесник.
Иако помалку "телеграфска", информацијата за активностите во
рамките на последното издание на програмата "Текови во светот 2003",
сама по себе, говори за количината и содржината на информации и знаења
кои, благодарение, првенствено на Француското министерство за култура и
комуникации беа на дофат и апсорпција.
Многу од нив се од извонредно значење за професионалното
дооформување на консументите на оваа Програма. Полезност можат да
имаат и конкретните библиотеки чии вработени беа учесници. Таква е, на
пр., Народната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски",
Скопје.
За библиотечната јавност во Република Македонија ќе следат
поисцрпни парцијални осврти на осознаеното.
Подготвила,
Зорка Чекичевска, виш библиотекар,
Народна и универзитетска библиотека"Св. Климент Охридски", Скопје
108
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
ИЗВЕШТАЈ
за проектот КАЛИМЕРА
(CALIMERA – Cultural Applications:
Local Institutions Mediating Electronic Resources)
Проектот КАЛИМЕРА (CALIMERA – Cultural Applications: Local
Institu-tions Mediating Electronic Resources) е своевидно продолжување на
проектот ПУЛМАН (PULMAN - Public Libraries, Local Museums and Ar-
chives Network) во рамките на Шестата рамковна програма, која се
однесува на програмите на Европската комисија за технологиите на
информативното општество.
Идејата на проектот КАЛИМЕРА е да се зајакне соработката меѓу
локалните културни институции преку примена на новите технологии. Во
таа насока се организираат неколку работилници со цел да се претстават
националните ситуации и да се разменат искуства на добра практика во
средини каде функционираат одредени проекти. Во рамките на проектот се
подготвува Водач, во кој се дадени конкретни примери на добра практика,
начинот на нивната изведба, линкови со можност практично да се видат и
консултираат. Печатењето и преводот на Водачот на националните јазици
на земјите што учествуваат во КАЛИМЕРА е со цел да им се даде
практична помош на локалните културни институции (народни
библиотеки, музеи и архиви) за осмислување и реализација на одредени
проекти со примена на новите информативни технологии, преку кои ќе се
нудат подобри услуги на корисникот/граѓанинот, како основен носител на
демократското граѓанско општество.
Република Македонија е вклучена како партнер во овој проект, а
носител на проектот е НУБ "Климент Охридски" - Скопје. Национален
координатор е Миле Бошески (НУБ "Климент Охридски" - Скопје), а
членови на националниот тим се Магдица Шамбевска (НУБ "Климент
109
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
Охридски" - Скопје), Славица Николовска (Државен архив на Македонија)
и Нада Андоновска (Музеј на Македонија).
Досега се направени следниве активности:
- завршена е процедурата околу потпишување на договорот за
учество во проектот. Договорот е потпишан од директорот на НУБ
"Климент Охридски" - Скопје, Борко Зафировски;
- формиран е националниот тим за проектот;
- одржани се неколку состаноци со тимот и е договорено да се
информираат Министерството за култура, Министерството за образование
и наука, Собраниската комисија за информатика итн.;
- дадени се податоци за вебстраницата на проектот;
- учество на двајца претставници (Магдица Шамбевска и Славица
Николовска) од Македонија на работилницата во Градската библиотека во
Задар. Учеството на работилницата во Задар е остварено преку буџетот за
самата работилница, со кој раководи координаторката за Југоисточна
Европа Бреда Карун од Националната и универзитетска библиотека во
Љубљана, преку грантот за покривање на патните трошоци, како и дел од
буџетот добиен за националните активности;
- во фаза на изработка е националниот извештај за состојбата со
архивите, музеите и народните библиотеки, кој ќе биде ставен на
вебстраницата на КАЛИМЕРА - www.calimera.org.
Активности што следат:
- превод на Водачот од англиски на македонски јазик;
- учество на работилница во Белград во ноември 2004.
Национален тим за проектот
110
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
ИЗВЕШТАЈ
за учеството на работилницата
CALIMERA Balkan Workshop
во Градската библиотека на Задар,
одржана 10-12.6.2004
Проектот КАЛИМЕРА на Европската Комисија вклучува повеќе
европски земји. Носител на проектот КАЛИМЕРА во Република
Македонија е НУБ "Климент Охридски" - Скопје. Во рамките на проектот
се одржа работилница CA-LIMERA Balkan Workshop во Градската
библиотека во Задар, Хрватска 10-12.6.2004 година, со цел да се покаже и
да се подигне свеста за суштината на технологиите за локалните услуги, да
се идентификува и да се развие базата, врз која ќе се стекнуваат и ќе се
имплементираат тие, да се разбере природата на локалните услови и
бариери за да можат да се надминат, да се олесни активното учество во
Шестата рамковна програма, посебно во програмата Повик од
колективното паметење.
Во работилницата зедоа учество 27 учесници од 10 земји (Србија и
Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Албанија, Македонија,
Велика Британија, Данска, Грција, САД и Хрватска. Македонија ја
претставуваа Магдица Шамбевска од НУБ "Климент Охридски" - Скопје и
Славица Николовска од Државниот архив на Македонија.
111
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
Листа на учесниците на работилницата во Задар
Јасмина Нинков Библиотека "Милутин Бојиќ", "И.Гарашанина" 5, 11000
Белград, Србија и Црна Гора
Мирко С. Марковиќ Интернет-клуб и Народна библиотека "Ѓорѓе
Јовановиќ", 11000 Белград, Србија и Црна Гора
Неда Јевремовиќ Национален музеј во Белград, "Трг Републике" 1а, Србија
и Црна Гора
Амела Лалиќ Народна и универзитетска библиотека на Босна и
Херцеговина
"Змаја од Босне" 8 б, 71000 Сараево, Босна и Херцеговина
Лемес Самир Факултет за механичко инженерство
"Факултетска" 1, 72000 Зеница, Босна и Херцеговина
Оскар Волф Народна библиотека "Отон Жупанчич"
"Госпоска" 3, 1000 Љубљана, Словенија
Драган Вујовиќ Градска библиотека на Херцег Нови "Трг Херцега
Стефана 6", 85340 Херцег Нови, Црна Гора, Србија и Црна Гора
Рамазан Возга Национална библиотека" Скендербег", Тирана, Албанија
Агрон Тато Албански парламент
бул. "Deshmoret e Kombit", Тирана, Албанија
Реита Тато Tirana Libraries Administration
Rr. Mine Peza nr. 7, Тирана, Албанија
Магдица Шамбевска НУБ "Климент Охридски"
бул. "Гоце Делчев" бр.6, Скопје - Република Македонија
Славица Николовска Државен архив на Република Македонија
ул. "Григор Прличев" бр.3, Скопје - Република Македонија
Роб Дејвис MDR Partners 2b Fitzgerald Road, Morlake London, UK, SW14
8HA
Ан-Мари Шмит Aarhus Municipal Libraries Mollegade 1, Hovetbiblioteket
8000 Aarhus, Denmark
112
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
Бреда Карун Национална и универзитетска библиотека,"Турјашка" 1
1000 Љубљана, Словенија
George Kouvas EXODUS SA FILOLAOU 40 11633 Athens, Greece
Лајла Вејзовиќ Државен универзитет на Вашингтон, Ракописи, архива и
посебни збирки
Предраг Пале Факултет за електронско инженерство и компјутери, Загреб,
Хрватска
Драгутин Каталенац Градска и универзитетска библиотека во Осиек,
"Еуропске авеније" 24, 31 000 Осијек, Хрватска
Сањица Фалетар Катедра за библиотекарство и информатика, Филозофски
факултет, Универзитет "Ј. Ј. Штросмаер" Осиек, "Лоренза Јаегера" 9, 31
000 Осиек, Хрватска
Мартина Драгија Иванивиќ Градска библиотека на Задар, "Стјепана
Радиќа" 11б, 23 000 Задар, Хрватска
Иван Пехар Градска библиотека на Задар, "Стјепана Радиќа" 11б
23 000 Задар, Хрватска
Младен Масар Градска библиотека на Задар, "Стјепана Радиќа" 11б
23 000 Задар, Хрватска
Анкица Јанковиќ Министерство за култура, "Руњанинова" 2, Загреб,
Хрватска
Маркита Франулиќ Музејски документациски центар, "Месничка" 5,
Загреб, Хрватска
Здравко Вукчевиќ Професионална организација на библиотекари
Дијана Харамина Министерство за култура на Хрватска
Работилницата беше организирана во два дела. Првиот дел се
состоеше од презентациите на претставниците на балканските земји, во
кои ја прикажаа националната состојба со проектот КАЛИМЕРА и со
локалните културни институции (народни библиотеки, архиви и музеи),
како и презентациите на колегите со примери на добра практика во некои
поразвиени средини, како што се САД или Данска.
113
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
Вториот дел беше предвиден за практична работа во 4 групи, кои
дискутираа за одредени теми. Јас бев во групата А, каде се дискутираше за
кадарот, стандардите и за дилемата дали ни се потребни водачи со примери
на добра практика, како што беше водачот на ПУЛМАН или пак повеќе
практични проекти со финансиска поддршка. Заклучокот од работата на
групата А е дека треба да се посвети повеќе внимание на образованието на
кадарот во овие културни институции и беше истакнат примерот на нашата
земја, каде не постои формално високо образование за библиотекари.
Стана збор за перманентното образование и како добар пример е
програмата Пет дена образование, која се применува во Општинската
библиотека во Архус, Данска. Имено, секој библиотекар, најмалку 5 дена
во годината мора да посвети на своето образование, преку учество на
семинари, курсеви, работилници надвор од библиотеката. За оние
библиотекари што немаат таква можност, тоа го организира самата
библиотека. Во однос на тоа што им е најпотребно на земјите од
Југоисточна Европа, во поглед на осовременување на своите услуги преку
примена на новите информативни технологии е дека им е потребен
пристап до одредени грантови, затоа што проекти веќе постојат, но тешко
се реализираат поради немање финансиски средства.
Нешто повеќе за презентациите:
Доста впечатлива беше презентацијата насловена како Стилот,
духот и практиката во Градската библиотека во Задар. Стариот објект на
библиотеката бил погоден за време на Татковинската војна и сега
библиотеката е сместена во адаптирана зграда од стар воен објект, кој е
многу успешно и функционално уреден. Библиотеката ја нарекуваат и сина
библиотека заради тоа што ентериерот е во боите на морето - сината и
белата, а дел од Детскиот оддел претставува стилизирана палуба и е
наменет за детски претстави, промоции, место за игра итн. Она со што се
гордеат библиотекарите од Градската библиотека во Задар е дека 20 % од
жителите на Задар се нивни членови и дека кај нив постојано е раздвижено
и постојано нешто се случува (435 културни настани минатата година), во
што можевме и да се увериме при дводневниот престој. Библиотеката е
ориентирана кон работата со корисниците, а вработените имаат своја
девиза - ние работиме заедно. Стручната обработка на фондот е
поедноставена затоа што се врзани во националниот библиотечно-
информативен систем КРОЛИС и најчесто ги преземаат записите од
Националната и универзитетска библиотека во Загреб. Не случајно оваа
библиотека на Годишната конференција на ИФЛА во Берлин минатата
година ја доби нагарадата за најдобро изработен плакат на тема
библиотека, во конкуренција на плакати од целиот свет.
114
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
Главниот менаџер на проектот Роб Дејвис го претстави проектот
КАЛИМЕРА, посебно задржувајќи се на локалните културни институции
во истражувачката агенда на технологиите на информативното општество.
Драгутин Каталенац како национален координатор на Хрватска
зборуваше за учеството на Хрватска во КАЛИМЕРА и за активностите што
ги презеле на национално ниво.
Што се однесува до националните презентации на другите
претставници од земјите на Балканот, би истакнала дека, во поглед на она
што значи степен на автоматизација и опременост со компјутерска
технологија, нашата земја е на многу ниско ниво, по нас е само Албанија,
можеби и Босна и Херцеговина.Особено впечатлива беше презентацијата
на Дијана Харамина за вебпорталот на Министерството за култура на
Хрватска, преку кој се нудат сите информации во врска со активностите на
Министерството за култура, културните настани, збиднувања, гостувањата
на хрватските уметници итн.
Примената на новите информативни технологии во поврзувањето
на библиотечните институции практично е реализирано во проектот
Интернет-библиотека на Србија и Црна Гора. Интернет-библиотеката
претставува вебстраница на повеќе помали народни библиотеки, кои
немаат можност самите да одржуваат своја вебстраница. Оваа вебстраница
е интерактивна и во неа внесуваат информации библиотекари од сите
библиотеки застапени на вебстраницата (www.biblioteka.org.yu).
Попладнето беше планирано за примери на добра практика за тоа
како се користат новите технологии за афирмација, развој и
осовременување на институциите од областа на културата, во поглед на
услугите што ги нудат на корисникот.
Ан-Мари Шмит од Народната библиотека во Архус, Данска, збору-
ваше за соработката на библиотеката и локалниот архив во еден проект за
презимињата во таа област. Истражени се голем број документи и во
архивот и во библиотеката и направена е база на податоци за семејствата
што живееле во таа област од 17. век до денес. Почнале со 17.век, затоа
што нај-големата миграција настанала потоа и многу потомци на тие
семејства што мигрирале многу подоцна, најмногу во Америка, доаѓаат да
си ги бараат корените.
Г. Кувас, претставник на фирмата Егзодус од Грција го претстави
проектот Водач М, Културна локација базирана на информативните
115
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Хроника
сервиси. Суштината на проектот е корисникот да добива информации за
културни споменици и обележја преку мобилен телефон. Овој проект е сO
уште во фаза на експеримент, но се очекува многу брзо да почне да
функционира оваа услуга. На тој начин со испраќање СМС-порака на
одреден број на мобилен телефон, корисникот е лоциран во кој дел на
Атина се наоѓа и преку СМ-порака на мобилниот телефон добива основни
информации за спомениците во негова близина.
Американката со хрватско потекло, Лејла Вејзовиќ од
Библиотеката на Државниот универзитет во Вашингтон претстави дел од
работата на нејзиниот Оддел за ракописи, архива и посебни збирки. Целиот
библиотечен материјал е дигитализиран и е достапен на Интернет.
Нејзината препорака беше дека, пред што било да се почне да се работи во
поглед на дигитализацијата, најважно е да се проучат стандардите и да се
тргне од нив.
Предавањето на м-р Предраг Пале, креаторот на Хрватската ака-
демска мрежа КАРНЕТ, беше посветено на Менаџментот на проекти,
односно како да се стигне од идеја до реализација. За да може успешно да
раководи, менаџерот е потребно да има 2 години искуство, 2 проекта, без
разлика дали се успешни или не, и 5 дена завршен курс за менаџмент. Без
разлика какви се проектите, тие се поврзани со времетраење, финансиски
средства и со човечкиот фактор. При работа на проект најважно од с# е да
се направи добар тим, кој ќе го развива проектот.
На крајот од извештајов е констатацијата дека вклучувањето и
учеството на Македонија во меѓународни проекти е повеќе од потребно за
да можат да се следат другите поразвиени земји и дел од нивното искуство
да се примени кај нас. Учеството во вакви семинари и работилници е исто
така значајно, а посебно кога се организираат во вакви репрезентативни
библиотеки како што е Градската библиотека на Задар.
Сите презентации и материјали од работилницата во Задар се
достапни на вебстраницата на проектот КАЛИМЕРА - www.calimera.org.
Подготвила,
Магдица Шамбевска
Оддел за матична дејност и развој
НУБ "Св. Климент Охридски", Скопје
116
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ
ЗАКОН ЗА БИБЛИОТЕКИ
Библиотекарското друштво на Македонија во текот на 2003 и 2004
година во два наврата формира работна група со задача да го разгледа и да
даде свое мислење, забелешки и сугестии на предлог-текстот на Законот за
библиотеки подготвен од стручните служби на Министерството за култура
на Македонија. И во првиот и во вториот случај Работната група
најтранспарентно ги повика народните библиотеки да ги достават своите
сугестии и забелешки, кои, во натамошниот тек на оформување на
заедничкиот материјал по однос на предлог-законот ќе бидат консултирани
и имплементирани. За жал, мал број народни библиотеки доставија свое
видување на Предлог-законот за библиотеки и покрај неговото
суштествено значење за натамошниот статус на библиотечната дејност во
нашата земја.
Работната група го разгледа Предлог-законот и констатира дека е
потребна поопстојна стручна опсервација на текстот на Законот пред сe
поради обезбедување на негова современа димензија, стручно
квалификувано дефинирање на дејноста, функционална организациска
поставеност, јасно дефинирано место и улога на националниот
библиографско-информациски систем, библиотечно-информацискиот
сервис, како и други релевантни прашања кои треба задолжително да
најдат место во нормативен акт како што е Законот за библиотеки.
Работната група ги консултираше најновите закони што ја регулираат оваа
дејност во некои од бившите југословенски републики особено Законот за
библиотеки во Р. Словенија, кој на некој начин е најблиску до европските
стандарди кон кои се стреми и нашата земја. Меѓутоа, аргументите
изнесени во врска со предложениот текст на закон од страна на Работната
група на БДМ, на двете средби со законодавецот зачудувачки беа
игнорирани и освен некои ситни отстапки, текстот во најголем дел не беше
прифатен. Во продолжение е поместен Предлогот на текст за Законот за
117
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
библиотеки, подготвен од Работната група на Библиотекарското друштво
на Македонија.
Во подготовката на овој текст учествуваа: Миле Бошески -
претседател на БДМ и на Работната група, Зорка Чекичевска - виш
библиотекар, Јелена Фидановска - виш библиотекар, Весна Арсова - виш
библиотекар, Благој Николов - виш библиотекар, Наде Георгиева - виш
библиотекар, Билјана Ристовска - библиотекар, Магдица Шамбевска -
секретар на БДМ.
ГЛАВА I
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Предмет на уредување
Предмет на уредување на овој закон се прашањата на условите,
начинот и организацијата на дејноста на библиотеките, основањето и
финансирањето на библиотеките, стручното оспособување на
библиотечниот кадар и стручните испити, стручните звања, националниот
библиографски систем (НБС), надзорот и Националниот совет за
библиотекарство.
Член 2
Библиотечната дејност како јавна служба
Библиотечната дејност како јавна служба опфаќа:
- политика на фондовите - комплетирање (купување, размена, дар,
завештание, задолжителен примерок), исклучување и чување;
- обработка и овозможување на користење на библиотечен
материјал;
- достап до библиотечен материјал во електронска форма;
118
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
- подготовка на библиотечни каталози, бази на податоци и други
извори на информации;
- посредување во користењето на библиотечните и други
информациски производи и услуги;
- соработка во меѓубиблиотечната размена и посредување
информации;
- придобивање и обука на корисници;
- информациска обука;
- чување и заштита на библиотечни добра;
- друга библиотечна, документациска и информациска работа;
- функционирање на взаемниот библиографски систем и
достапност до електронските извори на информации.
Член 3
Библиотечен материјал
Библиотечен материјал се објавени печатени звучни, сликовни,
електронски или поинаку умножени публикации што ги собираат
библиотеките, стручно ги обработуваат и овозможуваат користење.
Исто така библиотечен материјал се и ракописите и друг необјавен
материјал.
Библиотечниот материјал може да има својства на библиотечно
добро согласно со закон.
Член 4
Прибавување библиотечен материјал
и библиотечна документација
Издавачките организации и книжарниците се должни
библиотечниот материјал и другите публикации што ги расходуваат
претходно да ги понудат за продажба на библиотеката на подрачјето на
119
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
единицата на локалната самоуправа каде тие имаат седиште или деловни
простории, по цена и други услови под кои се продава на лицата за откуп и
преработка на хартија или други материјали.
Библиотеката од став 1 на овој член е должна во рок од триесет дена да го
извести понудувачот дали ја прифаќа понудата од став 1 на овој член. По
истекот на рокот од став 2 на овој член, понудата може да ја прифати друга
библиотека во ист рок и под исти услови.
Член 5
Судско извршување над библиотечниот материјал
Судско извршување над библиотечниот материјал, библиотечното
добро, како и на документацијата не е дозволена. Судското извршување е
можно само над имотната корист што произлегува од нив.
Член 6
Национален библиографски систем
Националниот взаемен библиографски систем го сочинуваат:
библиотеките што ги исполнуваат условите од овој Закон за вклучување во
системот, Националната и универзитетска библиотека "Св. Климент
Охридски" - Скопје и библиотечно-информацискиот сервис.
ГЛАВА II
БИБЛИОТЕКИ
Член 7
Библиотека
Библиотеката е правно лице или организациска единица на друго
правно лице, која врши библиотечна дејност.
Библиотеката, во согласност со стручните начела во библиотечната
дејност, одржува библиотечни фондови и извори на информации. Таа
обезбедува достап и користење на:
- сопствените фондови и информациите поврзани со нив;
120
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
- услугите на меѓубиблиотечното зајмување;
- странските извори на информации.
Библиотеките вршат библиотечна дејност за граѓаните без оглед на
нивната образовна, полова, национална, политичка или религиозна
припадност, како и за граѓаните со посебни потреби.
Член 8
Видови библиотеки
Според намената и содржината на библиотечниот фонд,
библиотеките се:
- национална библиотека;
- јавни (народни);
- училишни;
- високошколски и
- истражувачки (специјализирани).
Според основачот, библиотеките се јавни, организациски единици
во состав на друго правно лице и приватни.
Јавните библиотеки се од национален и од локален интерес.
Библиотеките што се организациски единици во состав на друго
правно лице се во функција на остварување на основната дејност на
основачот.
Приватни библиотеки може да формираат правни и физички лица
во согласност со овој Закон.
121
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
Член 9
Услови за основање библиотека
Библиотека, согласно со овој Закон, може да почне со работа по
исполнување на следниве услови:
- елаборат за основање библиотека;
- основни средства за работа, соодветни простории и опрема;
- библиотечен материјал;
- стручно оспособен кадар;
- траен извор на финансирање.
Министерот за култура во согласност со министерот за
образование и наука донесува правилник за одредување на условите од
претходниот став.
Министерот за култура донесува решение за исполнување на
условите за основање библиотека согласно со ставовите 1 и 2 од овој член,
по претходно мислење на Националната и универзитетска библиотека "Св.
Климент Охридски" - Скопје.
Член 10
Секоја општина мора да обезбеди библиотечна дејност за своите
жители:
- преку основање јавна библиотека, самостојно или во соработка со
други општини;
- преку вршење библиотечна дејност од страна на друга јавна
библиотека во согласност со нејзиниот основач.
За општината што нема да обезбеди библиотечна дејност на своето
подрачје, тоа ќе го стори државата на сметка на општината.
122
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
Член 11
Задачи на библиотеките
Библиотеките ги вршат особено следниве работи:
- набавуваат, истражуваат, собираат, стручно обработуваат, зашти-
туваат, чуваат, презентираат и овозможуваат на користење библиотечен
материјал;
- ги промовираат и афирмираат библиотечниот материјал и
движното културното наследство на Република Македонија, преку
изложби, предавања, литературни читања, семинари и курсеви,
прикажување на филмови и други форми на дејствување;
- издаваат каталози, библиографии, научни и стручни публикации,
водачи и друго;
- одржуваат библиотечни каталози;
- вршат библиографско-информациска и документациска дејност;
- вршат зајмување и размена на библиотечен материјал со други
библиотеки и сродни установи;
- се грижат за применување на техничко-заштитните мерки за
чување и одржување на библиотечниот материјал;
- учествуваат во одржувањето на националната взаемна
библиографска база, на централните каталози и бази на податоци;
- вршат и други работи согласно со закон.
Библиотеките можат да вршат продажба на антикварен
библиотечен материјал под услови што ќе ги определи Националната и
универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" - Скопје.
123
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
Член 12
Стандарди и правила за работа
Стандардите и стручните правила и препораки се основа на струч-
ната организираност и дејност на библиотеките како јавни служби, а ги
донесува Националниот совет за библиотекарство при Министерството за
култура.
Член 13
Водење библиотечна статистика
Библиотеките за својата работа водат библиотечна статистика врз
основа на правила и прописи за водење статистика, донесени од
Националниот совет за библиотекарство и Државниот завод за статистика.
Член 14
Ревизија на библиотечниот материјал
и библиотечната документација
Библиотеките се должни да вршат ревизија на библиотечниот
материјал и библиотечната документација.
Со ревизијата се утврдува состојбата на библиотечниот материјал и
библиотечната документација и потребата за преземање соодветни мерки
за нивна ефикасна заштита.
Времето на кое се врши ревизијата на библиотечниот материјал и
библиотечната документација се определува со статут или со друг општ
акт на библиотеката.
Библиотеките можат да го ограничат користењето на оштетениот
библиотечен материјал и библиотечни добра и нивната документација
заради нивно трајно зачувување.
124
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
Член 15
Отпишување на библиотечниот материјал и библиотечната
документација од евиденција
Отпишување на библиотечен материјал и библиотечна докумен-
тација се врши со решение што го донесува директорот на библиотеката
или на правното лице во чиј состав е библиотеката, по претходно добиена
осгласност од стручна комисија, именувана од управниот одбор на
библиотеката или на правното лице во чиј состав е библиотеката, според
единствени критериуми.
Критериумите од став 1 на овој член ги утврдува Националната и
универзитетска библиотека "Св.Климент Охридски" - Скопје.
Член 16
Користење библиотечен материјал за комерцијални цели
За производство на стоки, етикети и дизајнерски решенија во кои
се содржани фотографии или графички приказ на библиотечните
материјали, освен дозволата од носителите на авторското право и сродните
права согласно со закон, потребна е и согласност од библиотеката чии
библиотечни материјали се користат за таа намена.
Член 17
Осигурување на библиотечниот материјал
Библиотечниот материјал на јавните библиотеки, библиотечната
документација и просторот задолжително се осигуруваат кај осигурителна
компанија.
Член 18
Права на корисниците
Корисниците имаат право на основните библиотечни услуги:
- користење на библиотечните фондови;
- користење на информации за фондот;
125
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
- обука за користење на извори на информации.
Останатите права се регулираат со посебни правилници за работа
на секоја библиотека.
Член 19
Престанок со работа на библиотека
Основачот може да одлучи за престанок на работа на библиотеката
доколку:
- библиотеката не ја врши дејноста;
- не се спроведуваат одредбите од овој и друг закон и
подзаконските акти што произлегуваат од овој и друг закон или
- престане интересот за чие остварување е основана.
Во случај на престанок на работа на библиотека, со актот за
престанок се определува на која библиотека ќе i биде предаден
библиотечниот материјал на библиотеката што престанува со работа, по
прет-ходно прибавено мислење на Националната и универзитетска
библиотека "Св. Климент Охридски" - Скопје.
1. Национална библиотека
Член 20
Национална библиотека на Република Македонија е Националната
и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" - Скопје.
Основач на Националната и универзитетска библиотека "Св. Климент
Охридски" - Скопје е Собранието на Република Македонија.
Член 21
Надлежности на националната библиотека
Надлежности на Националната и универзитетска библиотека "Св.
Климент Охридски" - Скопје како национална библиотека се:
126
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
- собира, обработува, чува и овозможува достап до библиотечниот
материјал кој се однесува на Македонија, напишан е на македонски јазик
или е од автори Македонци, објавен каде било во светот;
- врши функција на национален библиографски центар и
подготвува национална библиографија, други библиографии и води
национални нормативни датотеки;
- врши функција на центар за ИССН/ИСБН за Република
Македонија;
- врши функција на државен реферален центар;
- ги опремува публикациите со ЦИП-запис (каталогизација во
публикација);
- учествува во постапки за реституција на библиотечните добра,
кои ги води Република Македонија;
- го потврдува постоењето на услови за посебна заштита на
странски библиотечен материјал кога за негово изложување како експонат
се дава владина гаранција;
- води централни каталози на библиотечниот материјал;
- посредува во размената и позајмувањето на библиотечен
материјал меѓу библиотеките во Република Македонија и странски
библиотеки;
- врши други активности во функција на промовирање и
афирмација на националните културни вредности и добра;
- врши други работи предвидени со закон и со Статутот.
Член 22
Националната и универзитетска библиотека "Св. Климент
Охридски" - Скопје е централна библиотека за Република Македонија.
127
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
Член 23
Надлежности што произлегуваат од функцијата на централна библиотека
за Република Македонија
Надлежности на Националната и универзитетска библиотека "Св.
Климент Охридски" - Скопје што произлегуваат од функцијата на
централна библиотека за Република Македонија се:
- ја проучува состојбата, потребите и условите за развој на
библиотечната мрежа, организацијата и унапредувањето на библио-течната
дејност и дава стручни мислења и предлози, предлага прописи и мерки за
унапредување на библиотечната дејност и стручно усовршување на
библиотечниот кадар;
- ја координира работата на библиотеките;
- врши стручен надзор над работата на библиотеките;
- организира и врши обука и стручно оспособување и усовршу-
вање и на библиотечниот кадар и укажува потребна стручна помош;
- врши истражувачка, развојна и советодавна работа во библио-
течната дејност;
- собира, обработува и посредува при статистичките и другите
податоци за работата на библиотеките;- го организира и го усогласува
работењето на системот за меѓу-библиотечното зајмување;
- го следи и насочува развојот на библиотеките;
- дава претходно мислење за извоз на библиотечен материјал од
национално значење;
- дава претходно мислење за исполнување на условите од
правилникот од член 9 од овој Закон;
- подготвува упатства за стручна обработка и чување на родно-
крајниот библиотечен материјал од национално значење;
128
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
- подготвува упатства за оттуѓување на библиотечниот материјал;
- систематски собира информации за понудата на публикации од
македонската продукција и за тоа ги известува библиотеките;
- врши задачи на национален библиографски сервис;
- врши и други работи предвидени со закон и со Статутот.
2. Јавни библиотеки
Член 24
Според членовите 2, 7 и 10 од овој Закон, јавните библиотеки како
јавни служби ги вршат и следниве работи:
- учествуваат во подигањето на општообразовното ниво на граѓа-
ните;
- прибираат, обработуваат, чуваат, заштитуваат и овозможуваат
користење на националната книжна продукција;
- овозможуваат достап до документи и информации од работата на
локалната самоуправа што се достапни во електронска форма;
- применуваат соодветни методи на работа во подигањето на
општата култура кај децата, младинците и граѓаните со посебни потреби;
- вршат роднокрајна дејност и подготвуваат роднокрајни
библиографии;
- организираат културни активности поврзани со нивната дејност;
- учествуваат во националната взаемна библиографска база.
Јавни библиотеки се формираат во населени места што имаат над
5.000 жители.
129
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
Во населени места под 5000 жители библиотечната дејност се
остварува преку стационирани клонови или подвижни служби на јавните
библиотеки на поширокото подрачје по пат на меѓусебно спогодување за
вршење библиотечна дејност.
Член 25
Cентрални јавни библиотеки
Централни јавни библиотеки за Р. Македонија се: Матичната и
универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски"-Битола и Народната
библиотека "Гоце Делчев" - Штип.
Министерството за култура донесува решение со кое го определува
подрачјето на надлежност на централните јавни библиотеки од став 1.
Како национални установи овие библиотеки покрај задачите од членовите
2, 7, 10 и 24 од овој закон вршат и:
- ги следат состојбите и укажуваат стручна помош на библиоте-
ките на односното подрачје;
- се грижат за примената на стручните стандарди и правила за
библиотечно работење на подрачјето;
- се грижат за функционирањето на националната взаемна
библиографска база на подрачјето и укажуваат стручна помош;
- соработуваат со Националната и универзитетска библиотека "Св.
Климент Охридски" - Скопје по разни стручни прашања.
Член 26
Депозитни библиотеки се Националната и универзитетска
библиотека "Св. Климент Охридски" - Скопје, Матичната и универзитетска
библиотека "Свети Климент Охридски" - Битола и Народната библиотека
"Гоце Делчев" - Штип.
Депозитните библиотеки се национални установи што работат
согласно со Законот за задолжителен примерок и друг закон.
130
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
Член 27
Основање јавни библиотеки
Јавна библиотека од локален интерес основа советот на единицата
на локалната самоуправа.
Јавна библиотека од национален интерес основа Владата на Р.
Македонија.
Јавните библиотеки од став еден и два од овој член работат
согласно со статут, кој го донесуваат органите на управување во
согласност со основачот.
Член 28
Раководење со јавната библиотека како јавна служба
Орган на раководење на јавната библиотека е директорот.
Директорот се избира по пат на јавен конкурс.
Постапка за избор на директор на самостојна јавна библиотека од
локален интерес:
- конкурсот го распишува управниот одбор на библиотеката;
- конкурсот за директор се објавува во средствата за јавно
информирање, најдоцна три месеци пред истекот на мандатот на
претходниот директор;
- документите ги разгледува тричлена комисија формирана од
управниот одбор на библиотеката;
- комисијата е должна во рок од 10 дена од завршувањето на
конкурсот да ги разгледа доставените документи, да подготви предлог-
листа на кандидати за избор на директор и да ја достави до управниот
одбор;
131
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
- управниот одбор во рок од 45 дена од добивањето на предлог-
листата врши избор на директор на библиотеката. При одлучувањето за
избор на директор се земаат предвид мислењето на советот на локалната
самоуправа и мислењето на сите вработени во библиотеката, кое се
формира со тајно гласање. Доколку не се достават овие мислења во рок од
30 дена од денот кога се обратил управниот одбор за мислење, ќе се смета
дека е мислењето позитивно;
- во случај на предвремено престанување на мандатот на
директорот или во случај кога не е извршен избор на директор од
пријавените кандидати, управниот одбор назначува вршител на должност
директор од редот на стручните работници на библиотеката или од
пријавените кандидати за директор, најдолго за една година;
- управниот одбор избира и разрешува директор на библиотеката;
- директорот се избира со мандат од 4 години, а може да биде
избран и втор мандат;
- кандидатите што не се избрани на конкурсот имаат право на
жалба до управниот одбор;
- посебните услови и постапката за избор и разрешување директор
се уредуваат со статут на библиотеката.
Член 29
Орган на управување на локална библиотека е управниот одбор.
Управниот одбор го сочинуваат пет (5) претставници, кои ги именува
советот на општината, од кои тројца се претставници од редот на докажани
поединци во афирмирањето на културата на подрачјето на локалната
заедница и двајца претставници од редот на вработените во библиотеката.
Управниот одбор на библиотеката донесува статут на библиотеката, ги
утврдува политиката и принципите за развој на библиотеката, дава
согласност на годишната програма на библиотеката што ја предлага
директорот, одлучува за финансискиот план и годишната пресметка и
врши други работи утврдени со актот за основање, статутот и со Законот.
Другите прашања поврзани со работата на управниот одбор се регу-лираат
со актот за основање на библиотеката или со статутот.
132
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
3. Училишни библиотеки
Член 30
Училишни библиотеки формираат училиштата од основното и од
средното образование, согласно со одредбите од овој Закон.
Член 31
Училишните библиотеки го помагаат образовниот процес преку
вршење библиотечна дејност согласно со член 2 од овој Закон, за
потребите на учениците и наставниот кадар во училиштата.
Правила за работа на овие библиотеки носи Министерството за
образование.
4. Високошколски библиотеки
Член 32
Високошколските библиотеки вршат библиотечна дејност согласно
со член 2 од овој Закон и се наменети за задоволување на образовно-
воспитните и научно-истражувачките потреби на студентите и наставниот
кадар.
Одлука за формирање високошколска библиотека донесува органот
на управување на високошколската институција.
Правила за работа на овие библиотеки носи Министерството за
образование и наука.
Член 33
Универзитетските библиотеки се главни високошколски
библиотеки на универзитетите.
Универзитетските библиотеки вршат задачи од член 2 на овој
Закон и следниве задачи на високошколски библиотеки:
133
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
- ја координираат библиотечната дејност на универзитетот;
- ја координираат набавката, понудата и оттуѓувањето на
библиотечниот материјал во рамките на универзитетот;
- ја организираат и ја усогласуваат работата на системот на меѓу-
библиотечното зајмување;
- ја координираат подготовката на библиографиите на високо-
школскиот наставен кадар, научните работници и високошкол-ските
соработници на својот универзитет;
- добиваат и обработуваат задолжителен примерок од публика-
циите и полупубликациите, кои ги создаваат во рамките на универзитетот,
вклучувајќи ги дипломските, магистерските и докторските задачи;
- нуди стручна помош на библиотечниот кадар во рамките на
универзитетот.
5. Истражувачки библиотеки
Член 34
Истражувачките библиотеки се организациски единици во рамките
на друго правно лице, вршат библиотечна дејност согласно со член 2 од
овој Закон и се во функција за остварување на основната дејност на
основачот.
Одлука за формирање истражувачка библиотека донесува органот
на управување на правното лице.
Правилник за работа на овие библиотеки носи правното лице-осно-
вачот.
134
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
ГЛАВА III
НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ ЗА БИБЛИОТЕКАРСТВО
Член 35
Владата на Република Македонија формира Национален совет за
библиотекарство како стручно советодавно тело, во чија надлежност е
решавањето на стручните прашања од областа на библиотечната дејност
Претседателот и членовите на Националниот совет се афирмирани стручни
работници од областа на библиотечната дејност, кои ги именува Владата
на Република Македонија со мандат од 5 години и со можност за повторно
именување.
За одделни подрачја од своето дејствување, Националниот совет
може да формира комисии, работни тела, стручни тимови.
Организацијата и начинот на работа се уредуваат со посебен правилник за
работа, кој го донесува Националниот совет со мнозинство гласови.
Административните и техничките работи за Националниот совет ги врши
Министерството за култура.
Член 36
Националниот совет за библиотекарство го сочинуваат:
- еден претставник на предлог на Министерството за култура;
- еден претставник на предлог на Министерството за образование и
наука;
- тројца претставници на предлог на Националната и
универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" - Скопје;
- еден претставник на предлог на Библиотекарското друштво на
Македонија;
- по еден претставник на предлог на универзитетските библиотеки;
- еден претставник на предлог на високошколските библиотеки;
135
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
- еден претставник на предлог на специјализираните библиотеки.
Член 37
Надлежности на Националниот совет за библиотекарство:
- разгледува општи прашања во врска со состојбите, остварувањето
и развојот на библиотечната дејност;
- дава претходно мислење за сите прописи што се однесуваат на
библиотечната дејност;
- подготвува одделни стручни препораки;
- разгледува стручни прашања што се однесуваат на функциони-
рањето на националниот взаемен библиографски систем;
- ги разгледува годишните планови и извештаи за работа на нацио-
налната библиотека и особено функционирањето на националниот
библиографски систем и доставува мислење до министрите за култура и за
образование и наука;
- ги следи и поттикнува стручното образование и усовршувањето
на библиотечниот кадар, спроведувањето на стручните испити,
стекнувањето на стручните звања и дава мислења и препораки;
- иницира соработка со другите совети при Министерството за
култура во функција на интегриран развој на културата.
136
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
ГЛАВА IV
НАЦИОНАЛЕН
БИБЛИОГРАФСКО-ИНФОРМАЦИСКИ
СИСТЕМ
Член 38
Општите стручни основи за функционирање на Националниот
библиографско-информациски систем се:
- стандардизирана и взаемна обработка на библиотечниот
материјал и унифицираност на библиотечните каталози;
- соодветна оспособеност на стручните работници;
- компјутерска и комуникациска поврзаност.
Член 39
Во националниот библиографско-информациски систем се вклучу-
ваат сите библиотеки кои се обврзуваат да ги почитуваат општите стручни
основи за работење во системот.
Член 40
Стручните работници во библиотеките, кои се вклучени во
националниот взаемен библиографски систем, можат да учествуваат во
процесот на взаемната каталогизација и да креираат библиографски записи
за взаемната база на податоци, ако имаат дозвола за взаемна
каталогизација, која ја издава библиотечно-информациски сервис, односно
националната библиотека.
Дозволата од претходниот став се издава ако има библиотекарот
положен стручен библиотекарски испит и дополнителна стручна обука за
взаемна каталогизација.
137
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
Содржината, условите и начинот на давање дозвола од претходниот
став се регулира со правилник, кој го донесува министерот за култура во
согласност со министерот за образование и наука.
Член 41
Библиотечно-информациски сервис
Националната и универзитетска библиотека "Св. Климент
Охридски" - Скопје е седиштето на библиотечно-информацискиот сервис
за Република Македонија.
Задачи на библиотечно-информацискиот сервис на националниот
библиографски систем се:
- управување со взаемната база на податоци и со системот;
- планирање и усогласување на активностите за компјутерското
поврзување на библиотеките во Македонија;
- обезбедување и одржување на компјутерските и комуникациските
капацитети за работа во системот;
- обезбедување програмска поддршка за взаемна каталогизација и
за локално библиотечно работење;
- координирање на набавката и давање стручна помош при
инсталирање и одржување на компјутерската опрема;
- организирање и изведување обука и стручна помош на
библиотеките и на други корисници на програмската опрема;
- координирање при конверзија и пренос на податоци од други
системи;
- утврдување на оспособеноста на стручните библиотечни
работници за учество во взаемната каталогизација.
138
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
ГЛАВА V
СТРУЧНИ ИСПИТИ
Член 42
Стручните библиотекарски испити се задолжителни за лица
вработени во библиотеките во Република Македонија.
Министерството за култура и Министерството за образование и
нау-ка донесуваат Правилник за спроведување стручни библиотекарски
испити во Република Македонија.
Стручната обука за полагање стручни библиотекарски испити за
лица вработени во библиотеките во Македонија ја спроведува
Националната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски"
Скопје.
Министерството за култура издава сертификат за положен стручен
библиотекарски испит.
Лицата што за првпат се вработуваат во библиотеките, го полагаат
стручниот библиотекарски испит откако ќе го положат приправничкиот
испит, најдоцна до две години.
План и Програма за спроведување на Правилникот за стручни
библиотекарски испити донесува Националната и универзитетска
библиотека "Св. Климент Охридски" Скопје.
Mинистерството за култура секоја година распишува Конкурс за
полагање стручни библиотекарски испити.
139
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
ГЛАВА VI
СТРУЧНИ ЗВАЊА
Член 43
Неизборни стручни звања
Стручните работи во областа на библиотечната дејност ги вршат
работници кои имаат соодветно средно образование за звањето
библиотекарски помошник, соодветно вишо образование за звањето
самостоен библиотекарски помошник и соодветно високо образование за
звањето библиотекар.
Овие звања се стекнуваат со полагањето стручен библиотекарски
испит.
Член 44
Изборни стручни звања
Изборни стручни звања во областа на библиотечната дејност се:
виш библиотекар и библиотекарски советник.
Член 45
Услови за избор во виш библиотекар и библиотекарски советник
Во звањето виш библиотекар може да биде избрано лице со завр-
шени магистерски студии од библиотечната област или со завршено нај-
малку високо образование, најмалку 6 години работа во библиотечната деј-
ност, објавени или познати стручни работи или ангажман од значење за
уна-предување на библиотечната дејност и способност за самостојност во
орга-низирање на стручната работа.
Во звањето библиотекарски советник може да биде избрано лице со
завршен докторат од библиотечната дејност или со завршено најмалку
високо образование, најмалку 6 години работа како виш библиотекар,
истакнати објавени стручни работи од посебно значење за унапредување
на библиотечната дејност и висок степен на самостојност во организирање
на стручната работа.
140
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
Член 46
Определени стручни работи во областа на библиотечната дејност
може да вршат и работници кои имаат научни звања, како и стручни звања
во областа на заштитата на културното наследство, архивското работење и
музејската дејност.
Член 47
Надлежност и постапка за избор во стручно звање
Изборот во стручните звања од член 44 на овој Закон го врши
Комисијата за избор во звања, која ја формира Националниот совет за
библиотекарство, врз основа на извештај на рецензиона комисија.
Постапката за избор во стручните звања се поведува по барање на
заинтересираниот стручен работник.
Рецензионата комисија од став 1 на овој член се состои од три
члена со најмалку истото стручно звање за кое се врши избор или
соодветно научно звање. Повеќе од половината од членовите на
рецензионата комисија се лица од истото или слично стручно подрачје, кое
е работен делокруг на кандидатот.
Постапката за избор во стручно звање трае најдолго три месеца.
ГЛАВА VII
ВЛАДИНА ГАРАНЦИЈА
ЗА ЕКСПОНАТИ И ИЗЛОЖБИ ОД СТРАНСТВО
Член 48
Гаранција
Гаранција во смисла на овој закон е емство на Република
Македонија за надоместување штета на експонати и изложби од странство,
договорени односно организирани на територијата на Република
Македонија, од страна на јавните библиотеки.
141
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
Член 49
Услови за давање гаранција
Гаранција во смисла на член 48 на овој закон може да се даде за:
- експонати односно изложби од странство што имаат посебна
културна, уметничка, научна и историска вредност, доколку нивното
презентирање е условено со претходно обезбедување со гаранција;
- експонати односно изложби за кои трошоците на осигурување се
исклучително високи поради декларираната вредност на експонатите, а
сопственикот е согласен да прифати гаранција наместо осигурување.
Гаранција не може да се даде за експонати и изложби преземени
односно организирани со комерцијални цели.
Член 50
Одлука за давање гаранција
Одлука за давање гаранција во смисла на член 48 на овој закон
донесува Владата на Република Македонија.
Одлуката од став 1 на овој член може да се донесе доколку јавната
библиотека-организатор на изложбата обезбеди посебни услови за заштита
на експонатите, како што се особено:
- непрекината физичка заштита на експонатите од моментот на
преземањето до моментот на нивното предавање;
- одржување на климатски и други услови според видот на
експонатот;
- обезбедување на објектите и просториите од сите видови ризици
што може да ја загрозат безбедноста на експонатите;
Обезбедувањето на условите ја потврдува Националната и
универзи-тетска библиотека "Св. Климент Охридски" - Скопје.
142
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
ГЛАВА VIII
ФИНАНСИРАЊЕ
Член 51
Националната и универзитетска библиотека "Св. Климент
Охридски" и јавните библиотеки од национален интерес се финансираат од
Буџетот на Република Македонија преку Министерството за култура.
Јавните библиотеки од локален интерес се финансираат од буџетите на
локалната самоуправа.
Училишните библиотеки ги финансира основачот односно
локалната самоуправа.
Високошколските библиотеки се финансираат од Буџетот на
Република Македонија преку Министерството за образование и наука,
односно од основачот.
Истражувачките и приватните библиотеки ги финансира основачот.
ГЛАВА IX
СТРУЧЕН И ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР
Член 52
Стручен надзор
Стручен надзор над работата на библиотеките врши Националната
и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" - Скопје. Стручен
надзор над работата на Националната и универзитетска библиотека "Св.
Климент Охридски" - Скопје во доменот на заштитата на културното
наследство врши надлежниот орган утврден со прописите од Законот за
заштита на културното наследство.
143
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
Член 53
Инспекциски надзор
Инспекциски надзор за спроведување на овој закон врши
Министерството за култура преку инспекторите за култура, согласно со
Законот за културата, односно Министерството за образование и наука,
согласно со законите за основно, средно и за високо образование.
Член 54
Казнени одредби
Со парична казна до 10.000 денари до 50.000 денари ќе се казни за
прекршок одговорното лице ако:
- започне да врши библиотечна дејност без решение дека ги
исполнува посебните услови за отпочнување со работа за вршење на
дејноста (член 9);
- не врши ревизија на библиотечен материјал и библиотечна
документација;
- користи библиотечен материјал и библиотечна документација за
комерцијални цели без согласност од надлежната библиотека.
ГЛАВА X
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 55
Со денот на влегувањето во сила на овој закон матичните
библиотеки согласно со Законот за библиотечната дејност ("Службен
весник на СРМ" бр. 17/74, 42/76, 17/84 и 51/88 и "Службен весник на РМ"
бр.12/93) продолжуваат да работат како јавни библиотеки, согласно со овој
Закон.
144
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
Член 56
Националниот совет за библиотекарство ќе се основа во рок од 30
дена од денот на примената на овој Закон.
Член 57
Прописите чие донесување е превидено со овој Закон ќе се донесат
најдоцна во рок од шест (6) месеци од денот на влегувањето во сила на
овој Закон.
Член 58
Стручни библиотекарски испити нема да полагаат лицата кои на
денот на стапување во сила на Правилникот за полагање стручни
библиотекарски испити навршиле 6 години работен стаж во библиотека.
Член 59
На лицата што на денот на примената на овој Закон се здобиле со
звање виш библиотекар и библиотекарски советник, согласно со Законот за
библиотечна дејност ("Службен весник на СРМ" бр. 12/93), здобиените
звања им се признаваат.
Член 60
Со денот на примената на овој Закон престанува да важи Законот за
библиотечната дејност ("Службен весник на СРМ бр. 17/74, 42/76, 17/84 и
51/88 и "Службен весник на РМ" бр.12/93).
Член 61
Овој Закон влегува во сила осмиот ден од објавувањето во
"Службен весник на Република Македонија", а почнува да се применува од
1.1.2005 година.
Скопје, 2004 г.
Текстот е подготвен од Работната група на БДМ
145
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
СВЕТСКИ ДЕН НА КНИГАТА
И НА АВТОРСКОТО ПРАВО
23 АПРИЛ
Порака од Коичиро Мацура, Генерален секретар на УНЕСКО
Веќе десетина години, 23 април, Светскиот ден на книгата и на
авторското право, обединува стотици земји и повеќе милиони жители,
славејќи ги книгата и авторското право, имајќи ја предвид нивната
незаменлива улога во образованието, културата и науката во светот.
Прозорец кон разликите на културите и мост воспоставен меѓу
цивилизациите, мерка за вредности, знаење, чувство за естетското и
имагинарното - книгата е пред сè дело на духот, на креативноста и на
културата на луѓето: така, таа го збогатува нематеријалното културно
наследство на човештвото.
Авторското право, неговата морална и национална заштита на
духовните вредности и на нивните творци, ја сочинуваат правната рамка
која го овозможува и го поттикнува распространувањето на овие
вредности.
Од друга страна, книгата е исто така и инструмент за едукација, за
размена и за актуелизирање на основните знаења од сите области и
вештини било да се од интелектуална или производствена природа.
Погледната од овој агол, таа игра клучна улога во изградбата на
општествата што се темелат врз знаење, меѓусебно поврзани со новите
информациски и комуникациски технологии. Иако овие вредности и
натаму остануваат достапни само за мал процент од населението, особено
146
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
на жителите од посиромашните региони на Југот, книгата, сепак, успеа да
пронајде начини и патишта за да навлезе во општественото ткиво. Таа и
натаму останува нај-распространет медиум за пренесување на знаењето
меѓу луѓето. Заради сево ова, книгата е во средиштето на економските
збиднувања на секоја земја и на секоја заедница.
Инаку, книгата како културен производ и добро за размена го
овозможува постоењето на богатата издавачка активност. Како таква, таа
се наоѓа во центарот на еден голем синџир активности со многубројни
професии, директно или индиректно поврзани со приход и со профит од
нејзиното производство, а тоа значи дека тие сочинуваат значајна
индустриска алка во таа економска верига, која треба да даде придонес во
севкупниот економски, социјален и културен развој на сите земји и народи.
Авторското право што овозможува легално користење на
духовните вредности исто така игра мошне значајна улога во создавањето,
производството и распространувањето на знаењата што произлегуваат од
чове-ковата креативна природа.
Поради својата разновидна природа, книгата зазема сe позначајно
место во севкупното живеење на личноста и општеството. Затоа заштитата
и популаризацијата на книгата, како и авторското право кое е неделиво од
неа, се единствен услов за унапредување на демократијата.
Во тој контекст, им се обраќам на оние што имаат одлучувачка
улога во политиката, на економските фактори и чинители на граѓанското
општество јавно да ‚ ја признаат единствената улога на книгата и
неопходната почит на авторското право. Благодарение на меѓународната
заедница, денес го прославуваме Светскиот ден на книгата и на авторското
право, а оваа 2004 година е можност што не смееме да ја пропуштиме.
Париз, 23 април 2004 г.
147
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
СВЕТСКИ ДЕН НА КНИГАТА И НА
АВТОРСКОТО ПРАВО - 23 АПРИЛ
Македонска порака
од Гоце Смилевски
КНИГАТА - ПРИБЛИЖУВАЊЕ КОН ДРУГИОТ
Во една пригода големиот аргентински писател Хорхе Луис Борхес
рекол дека да се пишува е исто како да се сонува, а сонувањето е
исполнување на желбите. Но не само пишувањето, туку и читањето е
налик на сонувањето: не само пренесувањето на светот и животот на
хартија, туку и откривањето на животите и световите втиснати во хартија е
исполнување на желбите. Затоа што преку книгата, преку тој малечок
предмет кој во себе може да содржи бескрај од светови (токму како во
Борхесовата Вавилонска библиотека), можеме да го мултиплицираме
сопствениот живот, да минеме низ безброј животи. Преку книгата блиско
ни станува туѓото искуство: оној што го чита "Сатирикон" на Петрониј и
самиот присуствува на гозбата на Трималхион, оној што го чита "Новиот
завет" и самиот е и оној што го распнува Христос, а едновремено е и
распнатиот Богочовек; читајќи го романот "Плочка" од Кортасар и самите
тргнуваме во потрага по Мага. И при таа потрага по Другиот, всушност, сO
повеќе се приближуваме до самите себе.
Верувам дека во тоа се состои најхуманиот аспект на книжевноста -
во тој обид да се погледне светот низ очите на Другиот, во таа моќ да се
доживее туѓото искуство како сопствено, да се почувствуваат тагата и
148
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Докуменши
радоста на Другиот како свои. Дури тогаш можеме најдлабоко да ги
искусиме своите радости и таги и да ги развиеме најпотполно своите
мисли. При-ближувајќи се кон туѓото, го откриваме она што е наше, она
што го имаме како свое.
А кога зборуваме за своето, секогаш би требало да имаме на ум
дека книгата и зборот се вистинската татковина на еден народ. Низ убавиот
збор една заедница расте и се развива, без него ‚ се гледа крајот, а не ‚ се
гледа коренот. Затоа, она најубавото што можеме да си го посакаме на
Денот на книгата е - секоја година да ни биде година на книгата.
Скопје, 23 април 2004
Република Македонија
149
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Билборди
БИЛБОРДИТЕ И ЕСТЕТИКАТА
Дипл. прав. Зорка Чекичевска, виш библиотекар
Народна и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" - Скопје
Направен е обид за естетско вреднување на приакажаните
рекламни пораки на билбордите видени во Скопје последниве две години,
искажано е мислење за нивната застапеност во Градот и посочен можен
приод за поинакво практикување на оваа дејност во општо добро.
Клучни зборови: Рекламирање на билборди - Естетика - Скопје
Билбордите в град
Ете, уште една кон многуте појави што станаа "специјалност и
препознатливост" на Република Македонија. Во случајов, на нејзиниот
главен град. Билбордите в град.
Колку за доследност на правилото, многупати пројавено кај нас, и
овде е отсутна логиката за постоењето на оваа појава со ваков интензитет.
Дотолку повеќе што е длабоко парадоксален обратнопропорционалниот
однос на масовноста на рекламните пораки и званичните статистички
податоци за огромниот процент сиромаштија која живее во Градов, а која е
дел од масата потрошувачи на чии џебови се наменети пораките на
билбордите. Што, пак, не значи дека нема објаснување толкавата навала на
"маскирање" на Скопје со билборди. Повеке од очигледно е дека станува
збор за нов, билборд-бизнис.
150
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Билборди
Речиси, преку ноќ си никнуваат нови билборди во централното
градско подрачје, в долж Булеварот "Партизански одреди", буквално
насекаде. Веќе нема место за нив. Којзнае дали некому му е познат
вистинскиот број? Скопје како да нема лице. Се прекршуваат неговите
визури, агли, погледи, катчиња, колку и да се скорешни и без многу
патина, се обезличува и препокрива Скопје со некакви други нешта и туѓи
лица, дводимензионални. Најомилени за такви нешта се градските
крстосници, "најексплоатирани" со билборди!
Што ли би можела да биде новата Судска Палата, на пр., не е чудо
дека би се запрашал намерник, покрај толку билборди пред неа или, пак
Народната и универзитетска библиотека? Колку заморно, пренатрупано,
бесполезно, конфузно и, дури и, самонегирачки на целта влијае големата
концентрација на билборди, на пример, на крстосницата меѓу булеварите
"Гоце Делчев" и "Крсте Мисирков" кај овие две институции (ги има вкупно
11 што е, веројатно, најголема густина на билборди по м2 површина во
Градов).
А работата со билбордите (според Oxford English Reference Dictio-
nary, 1996 г.: широка, надвор поставена табла наменета за огласување,
рекла-мирање, објавување) почна тивко и, би се рекло, симпатично. Во
почетокот се доживуваа како новина, како нешто што го има секаде по
светот. Со димензии не многу над човечката висина, поставени негде-годе
на тротоарите, засолнети од надвиснатите гранки на зеленилото, ноќе
дискретрно осветлени (citylight). Сè на сè, "природни" и како такви - украс
на градот.
Наспроти тоа, денес, по околу пет години "билбордирање", со
својата зачестеност, големина, па и содржина на пораките го гушат и
нагрдуваат градот, по повеќе аспекти. Со "земањето видикот пред тебе"
односно со доминантноста во просторот, така заслепуваат со
информациите, што се чини дека нивните нарачатели се со намера ништо
друго напишано да не може да се види во градот. Тивка билборд-
окупација, која Скопје го прави град на библбордите. Од високо над вас, се
обидуваат да сугерираат големи фирми, беспоговорност на пораката,
респектибилност и моќ.
И, според податоци објавени во јавните гласила од страна на
градските власти, надлежни за дозволи за поставување, тоа се прави на над
450 билборди. Вистинска тортура!
151
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Билборди
Резултат на ваквата "деловност" се ораници, купишта земја и
канали (за електрична енергија до билбордите) по скопските тротоари и
тревници како и "богатство" од крпеници на плочниците зачинети со
земјени и прашливи тумби, остатоци од "успешно завршената работа" што
долго се развеваат. Тоа не е добро за имиџот на Градот, и се разбира,
удобноста на минувачите. Но, пак нема негативно влијание на пораката на
високо поставениот билборд. Дури, има и случаи кога се потсечува
градското зеленило само за да се обезбеди добра видливост на билбордите.
Но, и покрај сè, кон поставувањето билборди, во принцип, треба да
се има одобрувачки однос. Тие, првенствено, информираат, а вршат и
времено разубавување на некои делови од градот (темни, ѓубриви, празни,
стари фасади, огради на објекти во изградба).
Под услов, да носат содржини со мерка на пристојност, почит како
кон националните белези, чувства и традиции, така и кон цивилизациските
и, пред сè - вкус.
Билбордите и естетиката
Естетскиот и, неретко, вредносниот односно етичкиот дел на овој
бизнис, се посебна приказна. Едноставно речено - вкусот - нешто за што,
не секогаш, е упатно да се зборува. Сепак. Во принцип, пораката од
билбордот треба да е осмислена и дизајнирана да може да се прими како
добронамерна и корисна информација што ја затскрива крајната цел:
придобивање непознати консументи во "напорите" за зголемување на
потрошувачката. Имајќи ги во вид богатството разлики на социјалната,
интелектуалната, етичката, естетската и секоја друга припадност на
консументите, таа работа, објективно гледано, и не е така лесна. Скопските
видици со билборди донесуваат многу успешни и завидно мисловно и
естетски конципирани и обликувани пораки, но исто толку и неуспешни.
Би било претенциозно да се рече, но не секогаш и да се исклучи,
дека виденото на рекламните паноа дава за право да се помисли дека некои
од нив имаат цел да влијаат на декомпонирање дури и на просечен
ментален склоп на граѓанинот. Или, можеби, само се направени од токму
таков.
Во тој контекст, со особена "речитост и сугестивност" се истакнаа
некои од рекламните кампањи на "Мобимак".
152
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Билборди
На пр., една покажа завиден степен на отсуство на должна,
вклучително и цивилизациска, почит кон делото на Александар
Македонски претставувајаќи коњаници од неговата војска во панцирна
опрема со разбојнички лица и изглед на качаци со искуство за да порача
дека нашите светови се поврзани со "Мобимак". Покрај тоа, и независно од
фигуративноста на тоа обраќање, останува непријатниот вкус на
предозираност со светови односно збрка со временската димензија на
световите.
Друга, "Денес е твој ден", со прикажаната ситуација сугерираше
минорност, омаловажување па и "плебејство" на потрошувачите
(стутканоста на една жена, нејзината облека, изглед и касичката што ја
држи в раце од чија заштеда, внимавајте, купува мобилен) наспроти
арогантната доминантност на костимосаната службеничка на "Мобимак"
(со малку соцреалистички шмек), што треба да претставува моќ и
елитност.
Трета ви создава морници заради морбидноста на илустрацијата и
пораката од билбордот за воспоставување врска (преку мобилен) со
грофови од вампирска провиниенција. Или, цинизмот и манипулацијата
видени на билборд на кој се претставени рудари со црни дамки од јаглен
по лицата и облеката и порака дека се поврзани. А се појави во време кога
дел од македонските рудари штрајкуваа со глад во злетовските рударски
окна барајќи ги своите плати, но, без можност да "бидат поврзани" заради
исклучените телефони поради неплатени сметки!
Согласно со пристапот во овој напис, овде нема да се запрашаме
зошто "Мобимак" има толкава потреба од реклама наспроти довчерашната,
монополска положба на пазарот! И уште би констатирале дека по појавата
на вториот мобилен оператор кај нас "Космофон", "агресивноста" и
масовноста на билбордите со реклами за услугите на "Мобимак" спласнаа.
Неодамна, на билбордите се појави голо торзо на маж целото
измачкано со каллива земја што не ја одминало ниту косата. Пораката на
вака "костимираниот маж" е дека му треба бања, па во десниот долен агол
забележувате дека се рекламира "бањска" опрема на "Италекс". Настрана
што тешко дека токму така некој може да биде извалкан без тоа наменски
да се прави т.е. да се "шминка" за фотосесијата, се чини дека рекламата
имплицира и уште една во пакет - сервис за одзатнување бањи оти ако
некој како на билбордот навистина се избања, со гаранција ќе биде
потребен таков сервис. Така извалкан може да влезе само во река без ризик
153
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Билборди
од хаварија на некакви уреди или инсталации. Сосема утната цел на
кампањата!
Рекламната концепција на една друга фирма, пак, не покажува
пиетет кон едно ремек дело на македонската народна уметност - галичкиот
(мијачки) вез. Така, билбордот донесува детал од ракав на галичка женска
носија на кој е исшишано едно многу "македонско" име: цигарите Brand
lights.
Освен непријатната иритација, оваа идеја, по аналогија, може да
провоцира и ваква проекција: индијанец во автентична облека и пердуви на
главата, рекламира галички кашкавал или млада жена во самба облека, на
наш традиционален разбој препорачува, на пр., крушевски јамболии! Како
би изгледало ако се постави таквиот билборд во некој индијански резерват
или другиот во Бразил?
Благо речено, евидентна е естетската и вредносна конфузија или
културолошка дезориентираност на авторите и нарачателите на вакви и
слични рекламни кампањи.
Има и такви што не поседуваат нималку идеја ниту ориентација во
пораката. Еклатантен е примерот со билбордот на чорапите "Ползела", кој
стоеше неколку денови и на кој, освен соблазност заради "сугестивно"
подигнатите нозе на една девојка, не можеше да се разбере ни што се
рекламира.
Вака опремените билборди, главно, покренуваат непријатни
чувства и, за своите нарачатели, се престоруваат во антиреклама, а за
граѓаните и консументите - во естетски терор.
Наспроти овие, "теренот" покажува дека има и такви што нудат убаво
сработени рекламни кампањи во секој поглед. Дури и со надминување на
нивната маркетиншка, комерцијална цел. Во смисла на естетско дожи-
вување.
На пр.: пурпурното утро над Камениот Мост во Скопје со неагресивен и
убаво осмислен натпис извлечен од една народна мудрост, парафразиран
како "Денот по Утрински се познава" или петелот ранобудник на истата
фирма.
Еве уште еден: во тилот гледате нежно, во љубов доближени глави на маж
и жена, седнати на софа, а зад нив односно пред нас, кутија цигари Rodeo
154
Библиотекарство, вол.22 (2004), бр.1 // Билборди
lights и натпис "Опушти се". Идилата милува и просто те тера да запалиш
од рекламираната цигара за да се опуштиш. Како, божем, цел на
рекламната порака е опуштањето, а не цигарите.
Или, беспоговорното освојување со, би рекле, "ендемските белези"
на маркетиншката кампања на "Табак осигурување": пилешко ковче кое го
користел нашиот човек за опклада (сугерира аспект на осигурувањето) или
наполу истрижената овца (сугерира последица без осигурување).
Многу "сработени" се чинат рекламните идеи и на Toyota Corolla,
секогаш успешните за скопското пиво, елегантните на Mango, Hugo Boss и
многу други.
Каде и какви билборди?
Како и да е, поставувањето билборди, во принцип, е активност која
треба да се практикува.
Ако малку повеќе се работи на естетската димензија на
маркетиншките кампањи реализирани на билборди, останува нивната
позитивна улога во информирањето како и временото разубавување или
препокривање на некои делови од градот кои ги одвраќаат погледите на
минувачите. Тоа, во комбинација со соодветноста на локациите на кои
треба да се поставуваат билбордите - приодните улици кон градот.
А центарот, неговите крстосници како и други значајни делови на
градот треба да се резервирани за билборди кои ќе презентираат и
информираат значајни настани, места, објекти, манифестации па и
предмети од(за) нашето културно наследство општо и на градот и
околината посебно во функција на помош при ориентирањето на секој
намерник, но и убава препорака за нашиот културен и секој друг
идентитет. Такво нешто припаѓа на културниот туризам, а не на бизнисот.
дипл.прав. Зорка Чекичевска, виш библиотекар
НУБ "Св. Климент Охридски" - Скопје
155
Библиотекарство, вол. 22 (2004), бр. 1
Издавањето на Списанието е со финансиска поддршка на
Министерството за култура на Република Македонија.
156
УПАТСТВО ЗА АВТОРИТЕ
Во списанието "Библиотекарство" се објавуваат оригинални статии,
прикази, соопштенија, истражувања, портрети, анализи, прикази, рецензии,
документи, хроники, преводи и сл., распоредени во рубрики.
Може да бидат објавени и други видови материјали кои, содржински, ја
немаат припадноста кон него, но се од интерес на граѓаните.
Ракописите се предаваат на Редакцијата на хартија формат А4, со
двоен проред на дискета. Статиите и прилозите треба да ги содржат
следниве податоци:
- наслов (и поднаслов)
- име и презиме на авторот/авторите
- академски степен/стручно звање
- институција каде е вработен авторот/авторите
- оригиналните статии треба да содржат апстракт на македонски и на
еден светски јазик (англиски, француски, германски или руски), УДК индекс,
клучни зборови, како и податоци за користената литература.
Редакцијата го задржува правото да врши интервенции и скратување
на текстот без негово видоизменување. Таквото право ја подразбира и
можноста некој текст да не биде прифатен за печатење.
Ракописите не се враќаат.
Од Редакцијата