БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.46/47 2018 1 ÁÈÁËÈÎÒÅ×ÅÍ ÒÐÅÍÄ СПИСАНИЕ НА НУУБ „СВ....



БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.46/47 2018 1


ÁÈÁËÈÎÒÅ×ÅÍ ÒÐÅÍÄ


СПИСАНИЕ НА
НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“


БИТОЛА


*
Издавач


Национална установа
Универзитетска библиотека


„Св. Климент Охридски“, Битола
ул. Пеце Матичевски бр. 39


*
За издавачот


м–р Бојан Стефановски


*
Издвачки совет:


д-р Николче Вељановски,
претседател


Јоланда Бошевска
Гордана Пешевска


*
Главен и одговорен уредник
д-р Николче Вељановски


*
Редакција:


д-р Николче Вељановски
Јоланда Бошевска
Илче Стојановски


*
Лектура


Александар Димитров


*
Подготовка и печат
Графо Пром – Битола


*
Тираж


200 примероци


ISSN 1409–9497


Тел/факс.: 047/220-208;
Тел.: 047/220-515;


Тел. на Изд.: 047/232-999
www.nuub.mk


e-mail: nuub@nuub.mk


СОДРЖИНА


ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА


УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА БОХУМ (ГЕРМАНИЈА)
Подготвила м-р Јелена Петровска, библиотекар советник . . . . . . . . . . . . . . . . . .3


ВО ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА ВО ХАНГЏОУ (НР КИНА)
Подготвила м-р Јелена Петровска, библиотекар советник . . . . . . . . . . . . . . . . . .4


УНИВЕРЗИТЕТСКАТА БИБЛИОТЕКА „МАРИЈА КИРИ СКЛОДОВСКА“
ВО ЛУБЛИН, ПОЛСКА
Подготвила Марија Малгожата Мачковска, библиотекар советник . . . . . . . . .5


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“ 2018
Приредила Гордана Пешевска, библиотекар–советник . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .6


ГРИЖА ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО БИБЛИОТЕКАТА
Подготвила Ленче Андоновска, библиотекар советник . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .7


45. ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА БЗМ
Подготвила Гордана Пешевска, библиотекар – советник. . . . . . . . . . . . . . . . . . . .7


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ, ПРЕДАВАЊА
Подготвил д-р Николче Вељановски, библиотекар советник
Текстови: м-р Јелена Петровска, библиотекар советник, м-р Фатма Бајрам
Аземовска, виш библиотекар, Илче Стојановски, виш библиотекар,
Александар Крстев, библиотекар . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .8


АКТИВНОСТИ ВО ДЕТСКАТА БИБЛИОТЕКА
Подготвила Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 18


ДВАJЦА БИБЛИОТЕКАРИ СОВЕТНИЦИ ВО ПЕНЗИЈА. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 22


13. РОДНОКРАЈНА СРЕДБА НА БИТОЛСКИТЕ ПИСАТЕЛИ
Подготвил д-р Николче Вељановски, библиотекар советник . . . . . . . . . . . . . . . 22


ИЗЛОЖБИ 2018. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .на внатрешен дел од задна корица




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 46/47 20182


Навистина, посебна е честа да се раководи со
една национална установа како што е Универзи-
тетската библиотека „Св. Климент Охридски“ Би-
тола, во која поголемиот дел од вработените се со
долго работно искуство и кои во изминатиот пе-
риод се докажале со својата стручност и нивното
настојување во осовременувањето на библиотеч-
ните процеси, како во Библиотеката, така и во по-
магањето за автоматизирање на другите библио-
теки во Југозападниот регион и пошироко. За таа
цел, преку проекти, воспоставуваме и соработка
со библиотеки во странство, земаме учество на
конференции како што е Меѓународната федера-
ција на библиотечните асоцијации (IFLA), конфе-
ренцијата за COBISS на IZUM, Марибор и т.н. Во
најново време беше потпишан и договор за сора-
ботка, односно ја прифативме иницијативата на
Јавната библиотека на Хангџоу за формирање на
Унија на библиотеки меѓу НР Кина и сите земји
на Централна и Југоисточна Европа.


Секако дека не е лесно да се продолжи со
успешна реализација на идните проекти доколку
не бидат обезбедени финансиски средства. Мои-
те заложби ќе бидат во насока на развивање на
функциите на Библиотеката во која нема да би-
дат запоставени најмладите читатели како идни
средношколци, студенти и возрасни. За да ги при-


влечеме студентите да се почувствуваат како дел
од Установата ќе се потрудиме да ја набавуваме
потребната стручна и научна литература во сора-
ботка со Универзитетот во Битола, а притоа чи-
талните да им станат топло катче за учење.


Веќе работиме на проекти за отстранување на
приоритетните реални недостатоци како што се
стеснување на просторот за сместување на фон-
дот кој постојано се зголемува и лифт преку кој
треба да се манипулира со библиотечниот мате-
ријал од магацинот за книги до најгорниот кат ка-
де што се читалните и стручните оддели.


Нашите активности се непрекинати, реали-
зираме најразлични програми, креативни и еду-
кативни работилници, изложби промоции, дру-
жења со писатели и поети, професори кои ја про-
мовираат својата работа, им излегуваме во пре-
срет на потребите на разни неполитички и непро-
фитни организации за пропагирање на своите ак-
тивности, на индивидуални млади вљубеници во
пишаниот збор кои сакаат да ги промовираат сво-
ите почетнички дела, с` со цел, развивање на об-
разованието, науката и културното живеење во
Битола.


Нека ни е честит 8-ми Декември денот на на-
шиот патрон Свети Климент Охридски, нашиот
учител, просветител, писател и инспиратор.


М-р Бојан Стефановски, директор




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.46/47 2018 3


На покана од директорот на Универзитетска
библиотека Бохум Ерда Лап, од 21 до 26 април бе-
ше реализирана работна посета на една од нај-
големите и најразвиените библиотеки во Герма-
нија, како и посетата на една училишна библи-
отека во градот, каде што имавме прилика да ги
проследиме активностите на библиотеката во об-
ласта на анимирањето на ученици и родители ка-
ко волонтери во организација на библиотечните
активности.


Работната посета беше конципирана во повеќе
делови каде што имавме прилика да ги просле-
диме предавањата поврзани со отворен пристап
до базите на податоци во Германија, како и мож-
ностите за нивно користење и обука на корисни-
ците. Во Библиотеката во Бохум се организираат
375 курсеви со над 5500 учесници. Целна група
се студенти, магистранти и докторанти за кои се
предвидени посебни обуки.


Библиотеката поседува три модерно опремени
соби за учење со компјутери за секој корисник, а
во програмата се вклучени 24 колеги од различ-
ни области.


За членовите на Библиотеката од повисоките
категории на образование се организираат и ин-
дивидуални консултации зависно од нивните по-
треби. Најпопуларни курсеви се Citavi, EndNOte,
Mendely и Zotero. Исто така, Библиотеката нуди
и индивидуална поддршка за печатење на науч-
ните трудови во форма на open access. Трудовите
се индексираат и постираат во повеќе сервиси во
облик на монографски публикации, но и во об-
лик на сериски публикации, есеи, научни извеш-
таи итн.


Практичната работа со германските библиоте-
кари се однесуваше на взаемно пренесување на
искуства во библиотечното работење со корисни-
ците, особено во делот на начини за пријавување
за одреден вид на обуки како и организација на
наведените обуки.


Посетата на училишната библиотека која има
развиено партнерски однос со Универзитетската
библиотека од Бохум се однесуваше на делот на
стручното усовршување и примена на библиотеч-
ните програми во рамките на основното образо-
вание. Во училишната библиотека особено е важ-
на волонтерската работа на учениците и нивни-
те родители во функционирањето на библиоте-
ката. Имено ученици се јавуваат во улога на би-
блиотекари и на тој начин не само што се попу-
ларизира професија библиотекар, туку се стиму-
лира тимската работа и креативни пристапи кон
учење, преку користење на забавна литература и
апликации на ткн. паметни телефони, за потреби
на одделни предмети. Родителите ги подржуваат
програмите на библиотеката со учество во разни
акции, како и во организациониот дел.


Универзитетска библиотека РУБ е извонредно
организирана библиотека со огромен број на бес-
платни пристапи и бази, исто како и бази кои на
барање на корисниците библиотеката ги купува
и менува зависно од нивните потреби. Има раз-
виено многу партнерски проекти со повеќе држа-
ви во светот.


Во делегацијата на библиотеката учествуваше
и член на Управниот одбор, м-р Даниела Ќурчи-
евска од Технчки факултет која што лобираше и
за поврзување на Ротари клуб Битола со Ротари
клуб Бохум во поглед на заеднички проекти за по-
мош при реализација на нови иновативни актив-
ности во Библиотеката.




УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА БОХУМ (ГЕРМАНИЈА)


Подготвила: м-р Јелена Петровска,
библиотекар советник


ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 46/47 20184


Министерството за култура на Републи-
ка Македонија во делот на зајакнување на кул-
турните врски со НР Кина во областа на библи-
отечното работење ја прифати иницијатива-
та на Јавната библиотека на Хангџоу за форми-
рање на Унија на библиотеки меѓу НР Кина и
сите земји на Централна и Југоисточна Европа.
По потпишувањето на договорите за соработка
на ниво на министрите за култура од 19 до 22 ок-
томври 2018 година во градот Хангџоу се одржа
Првиот Форум на библиотечната унија на Кина и
земјите од ЦИЕ.


На форумот (1st China-CEEC Curators’ Forum of
Librarian Union), кој е дел од


програмата 16+1. присуствуваше делегација
од четири библиотеки во Македонија: ЈУ Градска
библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје, НУБ
„Св. Климент Охридски”, Скопје, НУУБ „Св. Кли-
мент Охридски“ Битола и НУУ Библиотека „Гоце
Делчев“ - Штип.


На одржаниот форум беше основана Првата
библиотечна унија во која ќе членуваат библи-
отеки од 16 земји од „СЕЕС“ и 23 библиотеки од
НР. Кина, како и потпишана Декларација и Акци-
онен план за меѓусебно разбирање и заедничка
соработка на библиотеките од Унијата. Форумот
се одржуваше во Градската библиотека на Ханџоу
која беше задолжена за целата организација на
настанот. Почесни гости на настанот беа Претсе-
дателката на ИФЛА, г-ѓа Глорија Перез Салмерон
и Лиу Хаоџин, претседателка на Библиотечната
организација на Кина.


Секоја земја имаше претставување на работа-
та и дејноста на библиотеките, беше потпишан
Договор за меѓусебна соработка на ниво на про-
фесионално и стручно усовршување на вработе-
ни, техничка и информациска подршка, разме-
на на библиографски податоци, како и културна


промоција на земјите. Беа одржани четири панел
дискусии на кои се дискутираше за актуелни те-
ми од областа на библиотекарството и иднината
на библиотеките, библиотечните трендови и но-
ви иновативни сервиси.


Како претставник од НУУБ - Битола м-р Јеле-
на Петровска, библиотекар советник учествуваше
во сесија за мисијата и донесувањето на акцио-
нен план на Унијата со предлози за вклучување на
Македонија во планираните активности. На тр-
калезната маса на тема „Цели за одржлив развој
Агенда 2030“ имаше излагање за местото и улога-
та на библиотеките во промовирањето на опште-
ство на знаење и примена на целите во секојднев-
ната библиотечна работа.


Овој Форум ќе претставува биенална манифе-
стација која на секои две години ќе се одржува во
различна земја членка и ќе се спроведува во коор-
динација на сите библиотеки кои беа дел од наста-
нот. На следниот линк следат повеќе фотографии
h t t p s : / / w w w . f a c e b o o k . c o m / p g / n u u b .
m k / p h o t o s / ? t a b = a l b u m & a l b u m _
id=10156944070858679


ВО ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА ВО ХАНГЏОУ (НР КИНА)


ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА


Подготвила: м-р Јелена Петровска,
библиотекар советник




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.46/47 2018 5


Лублин е универзитетски град во источна Пол-
ска. Настанокот и развојот на библиотеката се не-
разделно сврзани со историјата на Универзитетот
„Марија Кири-Склодовска“ (УМКС). Кратко по ос-
новањето на универзитетот во 1944 година започ-
нува и фомрирањето на Универзитетската библи-
отека.


Денес, библиотечниот фонд има универзален
карактер и содржи разновидна збирка составена
од книги, списанија, стари ракописи, картограф-
ска, графичка, како и музичка граѓа. Исто така,
библиотеката добива и задолжителен примерок.
Многу важна улога во услужната дејност на би-
блиотеката има понудата на електронски списа-
нија и книги кои се достапни благодарение на ли-
ценцираните бази на податоци и Дигиталната би-
блиотека на УМКС.


Главната библиотека на УМКС, заедно со ше-
снаесетте специјализирани библиотеки го сочи-
нуваат библиотечно-информацискиот систем на
Универзитетот. Библиотечната збирка им е, меѓу
другото, достапна и на студентите и вработени-
те од други универзитети, како и на граѓаните на
Лублин, на тој начин извршувајќи ги задачите на
јавна научна библиотека. Самата зграда на Глав-
ната библиотека е нераскинлив дел од универзи-
тетската средина со тоа што е ситуирана во цен-
тралниот дел на главниот кампус.


Главната библиотека ги поседува следните од-
дели: Набавка и дополнување на фондот, Обра-
ботка на збирките, Периодика, Чување и зашти-
та на збирките, Издавање, Научни информации,
Збирка од посебно значење, Дигитализација, Са-
мостојна секција за контрола на збирките, Само-
стојна секција за репрографија и конзервација на
збирките.


Збирката на Главната библиотека брои над 1
740 000 библиотечни единици, и тоа: монограф-
ски изданија над 1 060 000 единици, периодични
иданија над 400 000 единици, специјалната збир-
ка има над 280 000 единици.


Специјализираните библиотеки кои влегува-
ат во состав на Универзитетката библиотека на
УМКС се библиотеките на факултетските кате-
дри. Вработените и студентите на УМКС имаат
достап до лиценцираните електронски изданија и
настрана од универзитетската мрежа.


Kорисниците на Библиотеката имаат достап
до следните електронски бази: ExLibris, ProQuest
Ebook Central, EBSCO-eBooks Academic Collection,
IBUKlibra, MyLibrary, ScienceDirect Books,
Springerlink Books и Wiley Online Library Books.


Дигитални библиотеки кои им се достапни на
корисниците се: Biblioteka Cyfrowa UMCS (Диги-
тална Библиотека на УМКС), Academica, Federacja
Bibliotek Cyfrowych (FBC) (Федерација на диги-
тални библиотеки), Europeana и DART-Europe.


Исто така, библиотеката на УМКС има и бо-
гата едукативна понуда. Истата опфаќа библио-
течни обуки задолжителни за сите бруцоши, он-
лајн обуки за користење на софтверот за органи-
зирање на библиографии Менделеј (Mendeley);
обуки од областа на библиометријата - помошни
обуки за научни работници кои ја опфаќаат упо-
требата на сервисите за цитирање (WoS, Scopus,
Google Scholar).


Библиотеката на УМКС учествува и во созда-
вањето на Лублинската Виртуелна Библиотека
(Lubelska Biblioteka Wirtualna), проект кофинан-
сиран од Европските фондови за регионален раз-
вој. ЛВБ е начин да се заштити највредното кул-
турно богатство на регионот и да се овозможи ле-


ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА


Подготвила
Марија Малгожата Мачковска, библиотекар советник


УНИВЕРЗИТЕТСКАТА БИБЛИОТЕКА
„МАРИЈА КИРИ СКЛОДОВСКА“ ВО ЛУБЛИН, ПОЛСКА




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 46/47 20186


сен пристап до него. Клучен елемент на Лублин-
ската Виртуелна Библиотека е централниот пор-
тал кој овозможува интегриран пристап до диги-
тални библиотечни збирки, библиотечни катало-
зи, бази на податоци создадени во библиотеките
и другите културни институции од регионот, ко-
мерцијални бази на податоци користени од ин-


ституциите, како и Open Source наслови од пар-
тнерите на проектот ЛВБ.


НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола плани-
ра во 2019 да воспостави соработка со Библиоте-
ката на УМКС, во рамки на која предвидена е раз-
мена на искуства помеѓу двете институции.


Националната установа – Универзитетска би-
блиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола по-
стапувајќи по известувањето од Библиотекар-
ското здружение на Р. Македонија објавено на
www. bzm.org.mk, состави тричлена комисија за
спроведување на Општинскиот натпревар за из-
бор на најдобар млад библиотекар во Општината
Битола. Комисијата во состав: претседател Илче
Стојановски, виш библиотекар и членови Горда-
на Пешевска, библиотекар-советник и Алексан-
дар Крстев, библиотекар ги извести сите основ-
ни училишта во Битола и Битолско. Општински-
от натпревар „Млади библиотекари“ беше реали-
зиран на ден 02.11.2018 год. со почеток во 11 ча-
сот. Натпреварот се одржа во новата читална во
поткровјето од новиот дел на Библиотеката. Уче-
ство зедоа вкупно петнаесет ученици од сите ос-
новни училишта од Битола и по еден ученик од
училиштата во селата Бистрица, Новаци, Могила,
Добрушево и Долно Српци.


По прегледувањето на тестовите беа познати
најдобрите тројца натпреварувачи: Првото место


со освоени 105 поени и припадна на ученичка-
та Ана Долевска од ОУ „Д-р Трифун Пановски“ -
Битола, ворото место и припадна на ученичката
Исидора Кузмановска од ОУ „Гоце Делчев“ – Би-
тола со освоени 99 поени и на третото место бе-
ше ученичката Анастасија Дракуловска од ОУ „Св.
Кирил и Методиј“ - Битола со 88 поени.


Присутните ги поздрави и им ги додели награ-
дите директорот м-р Бојан Стефановски. Тројца-
та најдобри учесници добија дипломи и награди
во луксузни изданија од детски енциклопедии, а
на сите учесници им беа доделени благодарници
и по една енциклопедија, додека на нивните мен-
тори им беа доделени потврди за учество. Според
утврдените правила за овој натпревар на 19. Ре-
публички натпревар „Млади библиотекари“ што
ќе се одржи во Народната библиотека „Илинден“
– Демир Хисар на 16.11.2018 г., ќе учествува пр-
вопласираната ученичка од ОУ „Д-р Трифун Па-
новски“ – Битола, Ана Долевска со освоени 105
поени.


Приредила
Гордана Пешевска,


библиотекар–советник


ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“ 2018


ОД МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.46/47 2018 7


Националната ус-
та нова – Универзи-
тетска библиотека
„Св.Климент Охрид-
ски“ – Битола, води
грижа за недвижно и
движното културно
наследство со кое рас-
полага.


Недвижно култур-
но наследство претставува зградата која функци-
онира во два дела и тоа еден стар дел кој претста-
вува споменик на културата и нов дел кој е надо-
граден со поткровје. Вкупната корисна површина
на целиот објект изнесува 2944м2. Објектот е во
сопственост на Република Македонија, НУУБ „Св.
Климент Охридски“ – Битола и истиот е добро со-
чуван.


Движно културно наследство претставува ар-
хивскиот примерок кој го добиваме согласно
Законот за задолжителен примерок и истиот се
прибира, чува и обработува според меѓународни
стандарди.


Превземањето активности на Библиотеката за
создавање Збирка дробен печат е домен на реали-
зација на законските одредби односно основни-
от ефект е зачувување на националната книжна


продукција. Од 2017 година функционира Збир-
ката Дробен печат, која содржи материјали кои се
прибирани години наназад и истата е изложена
во холот на вториот спрат од стариот дел од згра-


дата на Библиотеката и истата континуирано се
збогатува.


Музејска поставка која се наоѓа во холот во
стариот дел од зградата е направена од раритет-
ни книги со кои располага Библиотеката, книги
кои се купувани по одобрени проекти од Мини-
стерството за култура и на дел од нив им е напра-
вена соодветна заштита. Во поставката се наоѓаат
и стари предмети, машини со кои започнала Би-
блиотеката да функционира и др.


Правото на човекот и граѓанинот на информи-
рање би било лицемерна декларација доколку не
бидат создадени услови и окружување за универ-
зално памтење. А библиотечната дејност е знача-
ен сегмент на колективната меморија на вкупни-
те духовни вредности.


Приредила
Подготвила Ленче Андоновска,


библиотекар советник


ГРИЖА ЗА КУЛТУРНОТО НА ЛЕДСТВО ВО БИБЛИОТЕКАТА


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


Подготвила
Гордана Пешевска, библиотекар – советник


45. ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА БЗМ


Од 31.05 до 1.06 оваа година нашата Установа
- беше домаќин на 45- то Годишно изборно собра-
ние на БЗМ. На почеток на Собранието на при-
сутните членови им се обрати м-р Миодраг Дада-
совиќ – модератор на настанот, кој го претстави
работниот дел со воведно претставување на аген-
дата и дневниот ред и го најави обраќањето на до-
маќинот. Собранието официјално го отвори м-р
Јосиф Петровски, претседател на Управниот од-
бор при НУ-УБ „Св. Климент Охридски“ – Бито-
ла. Следеше обраќање на Претседателот на БЗМ


Благој Николов, кој ги поздрави учесниците и им
посака убаво дружење во текот на двата работни
дена.


На претходно поставените 4 теми, „Библиоте-
ките и предизвиците на дигиталното доба“, „Би-
блиотеките се „IN“, „Мултимедијална библиоте-
ка“ и „Комуникациски процеси во Библиотеката“
свои трудови презентираа 27 учесници: Ивона
Џамтовска Јанкуловска, библиотекар, Васка Ки-
рова, библиотекар, Гордана Пешевска, библио-
текар-советник, д-р Јана Михајловска-Ивано-




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 46/47 20188


ва, библиотекар, Наташа Василевска-Трајчев-
ска, виш библиотекар, Сузана Стојанова, библи-
отекар и м-р Ивана Стојановска, Гонца Запрова
Анастасова, библиотекар, Тања Гошева, библио-
текар-советник, Магдалена Кочовска-Салтирова,
библиотекар, м-р Elmedina Abdullai, библиотекар,
д-р Милена Ристова-Михајловска и м-р Вилма Јо-
ванова, виш библиотекар, Андријана Апостолов-
ска, библиотекар, Александра Аџиќ, Соња Шу-
ковиќ, библиотекари, Драган Ристевски, библи-
отекар, Блага Спиридонова, виш библиотекар,
м-р Мариче Боздоганова, библиотекар, Соња Ма-


нева, библиотекар, Алек-
сандар Крстев, библиоте-
кар, Силвана Јакимова,
виш библиотекар, м-р Је-
лена Петровска, библио-
текар-советник, м-р Еле-
на Крстевска, виш библи-
отекар и м-р Гордана Ан-
дреева, виш библиоте-
кар. По претставување-
то на стручните трудови,


следуваше дискусија по определени забелешки за
формата и содржината на трудовите.


Првиот ден заврши со свечена вечера во хоте-
лот „Молика“ на Пелистер. Вториот ден започна
со претставувањето на останатите стручни трудо-
ви, а продолжи со работниот дел на Собранието:
врачување на наградата „Климентова повелба“ за
животно дело на Блага Спиридонова од Библиоте-
ката во Штип, избор на работно претседателство
и избор на нови тела на БЗМ за периодот 2018-
2020 година.


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


Подготвил д-р Николче Вељановски, библиотекар советник
Текстови: м-р Јелена Петровска, библиотекар советник, м-р Фатма Бајрам Аземовска, виш библиотекар,


Илче Стојановски, виш библиотекар, Александар Крстев, библиотекар


ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА КНИГАТА, ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ,
ПРЕДАВАЊА


ПРЕДАВАЊА И СЕМИНАРИ
13.02.2018
Обука за проектни апликаци и добивање
на грантови од ЕУ


Во новата сала на Библиотеката се одржа бес-
платна двочасовна сесија за сите заинтересира-
ни поединци и претставници на јавни институ-
ции, невладини организации и приватни компа-
нии поврзана со отворените грант повици со под-
дршка од EU. Притоа, посебен фокус беше даден


и на отворените повици на Рамковната програма
за истражување и иновации на ЕУ, Horizon 2020,
кои имаат крајни рокови до Април 2018.


После оваа бесплатна сесија, обуките продол-
жуваат во просториите на Мегасофт Плус (Кли-
мент Охридски лам. 4/2 Битола во згрaдата на Пе-
лагонка 2 , на втор спрат) со Зоран Стојковски,
како главен едукатор за оваа тема со богато иску-
ство од над дваесет години работа за меѓународ-
ни и домашни организации за поддршка на гран-
тови.


20.02.2018
Одбележан Светскиот ден на социјалната
правда
Со едукативна трибина во орагнизација на


Центарот за европски развој и интеграции, Здру-
жението за одржлив развој СФЕРА Македонија-
Битола, „Сумнал“-здружение за развој на ромска-
та заедница и Организацијата на жени од Бито-




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.46/47 2018 9


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


ла, беше одбележан Денот на социјланата прав-
да-20 Февруари. Целта на оваа трибина е да се ак-
туелизира потребата за суштинска борба против
сиромаштијата, нееднаквоста, невработеноста и
општествената маргинализираност


10.05.2018
Учење преку NextLab и Scientix
платформите


Во Библиотека-
та се одржа пре-
зентација и рабо-
тилница во рам-
ките на проек-
тите NextLab и
,,Scientix“ под на-
слов „Учење на
природните нау-


ки преку NextLab и Scientix платформите“.
Учесниците имаа можност да се запознаат со:
1. Програмите Scientix и European Schoolnet


Academy,
2. Учење преку истражување преку GoLab/


NextLab проектот,
3. Како да направите сопствено истражувачко


сценарио во училница.
На настанот присуствуваат наставни ци по


биологија, хемија, физика, матема тика и при-
родни науки. Програмите ги презентираа Сил-
вана Ристевска – Scientix и NextLab амбаса-
дор и Соња Јанкуловска – Scientix амбасадор .
НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола во сора-
ботка со European Schoolnet Academy од Брисел се
организатори на настанот.


12.5.2018
„Како го победив ракот“ - Билјана Јанеска
На ден 12.5.2018 година, во организација на


НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола се одржа
предавање на тема „Како го победив ракот“ со
Билјана Јанеска. Сите ние, пријатели, пријатели
на пијатели, познати и непознати, сите кои на би-


ло каков начин, дирекно или кај свој близок сте
засегнати со темата канцер. Модератор на наста-
нот беше Фадил Ибишовски. Присутните на на-
станот имаа можност да ја слушнат животната
приказна на Билјана, која го победи ракот, сека-
ко, и да слушнат што е герсон терапија и нејзи-
ната примена.


22. Семинар за виртуелни
библиотечни мрежи, Врујци,


Р. Србија 2018
Подготвила м-р Јелена Петровска, библиотекар советник


Х о р т и к у л -
турни е–библи-
отеки – е тема-
та на тридневни-
от акредитиран
стручен семинар
( 6 бодови + 6 бо-
дови - код Народ-
на библиотека


Србија и 2 еуро бодови Telehaz Asociacio), кој се
одржуваше од 30 мај до 1 јуни во Врујци, Србија.
Предавачи беа д-р Адам Софронијевиќ, м-р Сло-
бодан Стевановски, Драган Сајиќ,


инж. Мирко С. Марковиќ, Весна Црнковиќ,
Ратка Вучковиќ, Беба Станковиќ


Работилници: Тања Кујунџиќ. Темите се одне-
суваа на можностите за примена на елементи од
доменот на хортикултурата во работата на јавни-
те библиотеки и библиотечните услуги поврзани
со примена на хортикултурни содржини во про-
грамите на библиотеките.


Беа дадени примери од искуствата во поглед
на достапноста за користење на литература од об-
ласта на хортикултурните содржини. Исто така
беа дадени примери на добра практика на библи-
отеки со развиена содржина (Smithsonian Libraries
Botany and Horticulture Library Washington DC,
Bagrdan (Srbija) и друштвени мрежи (EBHL –
European Botanical and Horticultural Libraries
Group). Потоа, се зборуваше и за хортикултурата
и маркетингот во библиотеките.


Во програмата плус: Хортикултурниот дијалог
беше меѓу Ласло Блашковиќ и Милош Латиновиќ.
Библиотекарите од повеќе библиотеки од Р. Ма-
кедонија (Скопје, Битола, Радовиш) имаа мож-
ност да го слушаат инж. Мирко С. Марковиќ кој со
својата харизматична личност не воведе во светот
на новите библиотечни услуги. Д-р Адам Софро-
нијевиќ, заменик директор на Универзитетската
библиотека „Светозар Марковиќ“ зборуваше за




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 46/47 201810


дигитализацијата преку говорот на цвеќето и она
што денес го познаваме како парадигма на ново-
то библиотечно работење. Весна Црнковиќ, би-
блиотекар од библиотеката во Јагодина, добит-
ник на четири европски награди за проектот
Агролиб и Инели иноватор не запозна со можно-
стите за примена на иновативните програми и
хортикултуралните модели во активностите на
библиотеките.


Организира-
ни беа и рабо-
тилници со Бе-
ба Станковиќ,
Инели Балкан
иноватор на те-
ма: „Библиоте-
ките и култур-
ната диплома-


тијата“ каде што беше даден пресек на активно-
стите поврзани со иновативни услуги иницира-
ни од Инели, како и хортикултурна работилница
за изработка на модели на цвекиња за потреби-
те на проектите од детските библиотечни одде-
ли. Доделени беа и сертификати со меѓународни
бодови.


Семинарот замислен како средба на библио-
текари со повеќе различни професии кулмини-
раше со заедничка вечера во руралниот тренинг
центар Интернет клуб – Мала Маришта, со средба
на писателите од издавачката куќа „Лагуна“ од
Белград, заедничкото дружење покрај логорски-


от оган, го заокружи семинарот како одлично ор-
ганизиран и тематски подготвен за промените во
библиотечното работење во 21. век.


06.06.2018
Бруно Шимлеша - „Школо за љубовта“
Во преполнетата нова сала на НУУБ „Св.Кли-


мент Охрхидски“ - Битола се одржа работилница
- мотивациски говор на Бруно Шимлеша - „Шко-
ло за љубовта“ За с` н` учат, но најмалку за љубо-


вта и љубовните односи, а за тоа најмногу треба
да учиме... → Како здрaво да се сакaме себеси?! →
Како да се осмелиме да бидеме искрени (кон себе
и кон другите)?!


12.06.2018
Семинар „Моќта на мислата“
Библиотеката во соработка со Универзитетско-


то радио УКЛО ФМ и емисијата Лабараторија на
идеи организираа семинар за моќта на мислата.
Со енергијата на мислата секој човек има мож-
ност да созададе реалност каква што сака. Се ра-
ботеше на одговорот на прашањата: Што е мис-
ла? Како мислата влијае на нашиот живот? Колку
сме свесни за сопствените мисли?


Говорници на семинарот беа: Катери на Анге-
ловска е тренер за личен и професио нален развој,
мотивациски говорник и автор на книгата „333
Афирмации“. Про гра мата за личен развој по која
ја препознаваме Катерина е базирана според
принципите за успех по методот на Jack Canfield
www.jackcanfield.com и Елена Ѓорѓиевска Коста-
диновиќ која е уредник и водител на емисијата за


личен развој „Лабораторија на идеи“ што се еми-
тува на Универзитетското радио УКЛО ФМ од
2011 година Таа е новинар, телевизиски и радио
водител. Како писателка, нејзината креативна
енергија ја преточува во поетски и прозни дела.


Управување со дигитални збирки


НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола е пар-
тнер во проектот „Управување со дигитални
збирки: нови предизвици за јавните библиоте-


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.46/47 2018 11


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


ки“. Во општинската народна библиотека „Браќа
Миладиновци“ - Радовиш е реализирана дводнев-
ната работилница (од 2 до 3 октомври) на која се
разменети искуства на темата за дигитализација
и местото на библиотеките во реализација на но-
вите услуги кон корисниците, заштита на култур-
ното наследство и можности за поголема достап-
ност на информации. Проектот е финансиран од
Министерство за култура на Република Македо-
нија и Општина Радовиш. Од страна на НУУБ - Би-
тола, вработените м-р Јелена Петровска, библио-
текар советник одржа предавање на тема „Диги-
тална библиотека – искуства НУУБ „Св. Климент
Охридски“, Софтверски програм Greenstone 3 ,
додека темата „Практичното упатство за инста-
лација и користење на програмата“ го презен-
тира Александар Крстев, библиотекар инфор-
матор.


15.10.2018
Предавање за „Квантна медицина“


Многу луѓе ја знаат добро познатата дефини-
ција за здравје предложена од СЗО, која гласи:
,,Здравје е состојба на целосна физичка, психичка
и социјална благосостојба, а не само отсуство на
болест или на телесни недостатоци“.
Националната установа Универзитетска библио-


тека „Св .Кли-
мент Охридски“
– Битола, ВТ -
Диет клубот и
Нинџицу клуб -
Битола се промо-
тори за здравје-


то, здравата исхрана и здравиот животен стил во
Битола и пошироко.


Затоа со цел да ја подигнеме свеста за здрава-
та исхрана и здравиот животен стил во соработ-
ка со Нинџицу клуб – Битола, во Библиотеката се
одржа бесплатен серијал на предавања од областа
на здравата исхрана, здравиот начин на живот и
квантно - информативината медицина.


Семинар за унапредување на
библиотечните услуги


Приредила Лидија Мирчевска, виш библиотекар


Националната установа Универзитеска библи-
отека „Св.Климент Охридски“ - Битола и виш би-


блиотекар Лидија Мирчевска учествуваше на се-
минарот на тема: „ “. Националната и универзи-
тетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Ско-
пје во соработка со Народната библиотека на Ср-
бија, а под покровителство на Министерството за
култура на РМ организираа семинар на тема:
„Унапредување на библиотечните услуги пре-
ку усовршување на кадри од областа на библи-
отечната дејност за давање услуги на лицата со
тешкотии во читањето“.


На семинарот кој се одржа на 30 октомври
2018 година во Центарот за конференции и сту-
дии во НУБ „Св. Климент Охрдиски“ во Скопје,
учество зеде и Лидија Мирчевска, виш библиоте-
кар од нашата Библиотека.


Библиотечните услуги за лицата со тешкотии
во читањето (слепите, слабовидните, со дислек-
сија, дисграфија, глувите и наглувите, за оние кои
не можат да ја држат книгата во раце итн.) треба
да бидат составен дел на секоја библиотека денес,
особено кога новите технологии ни овозможува-
ат олеснување, а достапноста на информациите
преку разни медиуми придонесуваат за развојот
на тие услуги и за подобрувaње на нивниот ква-
литет. За таа цел потребно е и издавачите, да ста-
нат посвесни за потребата на ваквите лица..


Обуката овозможи библиотечниот персонал од
Националната библиотека и од другите градски
и локални библиотеки во Република Македонија
- учесници на семинарот да се запознаат со тоа
како да им помогнат на корисниците со оштетен
вид и другите лица со тешкотии во читањето и со
каква помошна технологија (уреди, софтвери и
помагала за читање и пишување) да се снабдат.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 46/47 201812


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


СТРУЧНИ АКТИВНОСТИ И РАБОТНИ
СРЕДБИ


10.01.2018
Библиотеката донира книги во битолскиот
затвор


Директорот на
НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Бито-
ла м-р Јелена Пе-
тровска ја прифа-
ти иницијативата
на директорот на
КПУ Затвор Битола
Драган Крајовски
за спроведување


на мерките за подобрување на условите и програ-
мите за рехабилитација на осудените лица. При
посетата им беа донирани 70 книги од дупликати,
подарени книги и книги за размена.


18.01.2018
Консултативна средба за сегментот COBISS
3 / Набавка


Во просториите
на Библиотеката
се одржа консул-
тативна средба за
сегментот COBISS
3 / Набавка на мо-
нографски публи-
кации за вработе-
ните Анета Сте-


фановска и Науме Ѓорѓиевски. Консултативниот
процес го водеше Јелисавета Костадинова врабо-
тена во НУБ „Св.Климент Охридски“ - Скопје.


08.02.2018
Работна средба за симпозиум
Во Библиотеката беше одржана работна сред-


ба на в.д. директорите на националните институ-
ции Завод и музеј – Битола, д-р Мери Стојанова и
НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, м-р Јеле-
на Петровска и историчарот проф. д-р Алексан-
дар Литовски, почесниот конзул на Р. Австрија во
Р. Македонија д-р Валентина Илиева. Беа презен-
тирани информации во врска со организацијата
и подготовките за симпозиумот „Почетоците на
Австриската дипломатија во Македонија –со посе-
бен осврт на Австриско – унгарскиот конзулат во
Битола/Монастир 1851-1919“, кој ќе се одржи во
Библиотеката при крајот на 2018 година.




08.02.2018
Клуб на читатели


Во простории-
те на Библиотека-
та се одржа сред-
ба меѓу читатели
кои извршија раз-
мена на книги.
Посетителите по-
несоа со себе свои
прочитани кни-
ги и ги разменија


со книгите на другите посетители. Се поведе раз-
говор за организирање на „Клуб на читатели за
млади и возрасни“, во рамките на кој ќе се ана-
лизираат различни книги, ќе се дискутира за оми-
лени книги, писатели и други идеи за претставу-
вање на познати писатели и нивните дела, деба-
ти на теми од областа на книжевното творештво
итн.


14.02.2018
Работна ЕКО-средба во Библиотеката
На средбата учествуваа в.д. директорот м-р Је-


лена Петровска, директорот на ОУ „Св. Климент
Охридски“ - Битола Гордана Анастасова и Снежа-
на Стојановска, еко координатори. На средбата се
разговараше за идната соработка на Библиотека-
та со училиштето во областа на екологијата како
и спроведување на други заеднички програми и
активности поврзани со образованието и култу-
рата, книгата и книжевното творештво преку раз-
ни форми на презентација и популаризација.


15.02.2018
Работна средба за регионална соработка


В.д. директор-
ката м-р Јелена
Петровска имаше
средба со дирек-
торот Петар Пе-
трески, библио-
текарот советник
од Библиотеката
„Борка Талески“


од Прилеп д-р Нада Караџова и уметникот Петре
Николоски кој од 1990 година живее и работи во
Велика Британија. Меѓу другото се разговараше
и за проектот „Кожата на прилепското поднебје“.
Проектот е замислен како поставка на инстала-
ција со порака преку книгата до уметноста, од-
носно преку користење на библиотечните фон-
дови.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.46/47 2018 13


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


07.03.2018
Посета и работна средба со Хоспис
„Сју Рајдер“ - Битола


По повод „ 8-ми
март – Меѓународ-
ниот ден на же-
ната е обележан
под мотивот „Мал-
ку поинаков жен-
ски активизам...,


„НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, во со-
работка со Ј.П. „Комуналец“ – Битола, „Органи-
зација на жени“ – Битола и ученици од средното
училиште „Таки Даскалот“ –Битола (Анастасија
Димовска, Сара Ристевска, Божидар Николовски
се претставија со рецитирање на лирската поезија
и изведба на неколку забавни песни..)


10.03.2018
Во посета на библиотеката „Тими Митко“,
Корча (Албанија)
Дваесетина вработени и пензионери од Библи-


отеката беа на еднодневена екскурзија до Алба-
нија со посета на Корча, Москополе и Поградец.
Тие имаа можност да ја посетат библиотеката
„Тими Митко”. На средбата директорите од двете
институции се договорија за заедничка соработ-
ка, идни проекти и размена на искуства од теков-


ното работење. Особен интерес предизвика посе-
тата на православната црква „Христово Воскресе-
ние“ во Корча, како и посетата на Москополе и
Поградец.


Инсталација на мини библиотеки
во Битола


Следејќи го
трендот на совре-
мени библиоте-
ки ни претству-
ва посебна чест и
задоволство што
во рамките на


БИТФЕСТ 2018 година продолжуваме со импле-
ментација на проектот „Инсталација на мини
библиотеки во Битола“ Со проектот даваме при-
донес кон развојот на културата на читање книги.


23.05.2018
Mини библиотека во Хоспис „Сју Рајдер“ -
Битола
Како дел од програмите на Националната уста-


нова Универзитетска библиотека „Св.Климент
Охридски“ - Битола за менување и збогатување
на животот во заедницата и во рамки на одбеле-
жувањето на денот на сесловенските просветите-
ли „Св.Кирил и Методиј“, во Хоспис „Сју Рајдер“ -
Битола поставена е мини библиотека со почетен
фонд од 30 наслови.


26.09.2018
Во Битола одбележан Европскиот ден на
јазиците


Библиотека -
та во соработ-
ка со здружени-
ето за македон-
ско -германско
пријателство Би-
тола организи-


раа презентација и работилница по повод „Денот
на европ ските јазици“- 26 Септември. Денешна-
та работилница што се одржа во Универзитет-
ската библиотека „Св. Климент Охридски“ - Би-
тола го поттикна интересот кај учениците за из-
учување на што е можно повеќе јазици зашто на
тој начин светот станува заеднички без јазички
бариери.


Библиотеките како клучен сервис и
партнер во спроведување на УН Агенда


2030 – Целите за одржлив развој


К в а л и т е т е н
би б лиотечен сер-
вис подразбира
потполна вклуче-
ност на библио-
течните програ-
ми и активности
на библиотекари-


те во средина каде што таа делува. Библиотеки-
те се центри за учење и пронаоѓање на потреб-
ните информациски содржини, места за сред-
би и формирање на мрежа на активен социјален
живот, носители на иновации и креативноста.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 46/47 201814


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ


ИФЛА во своите документи ги поттикнува библи-
отеките во светот да ги прифатат и активно да ги
промовираат УН Агенда 2030 - 17 цели за одржли-
виот развој меѓу кој се образование, вработување,
правда, еднаквост, климатски промени, свет без
сиромаштија, одржливи градови и заедници и тн.


09.10.2018
Прва заедничка средба на библиотекарите
во Битола


На иниција-
тива на НУУБ -
Битола, се одр-
жа првата заед-
ничка средба на
сите училишни
библиотекари
во Битола. Тема-


та во 2018 година е „Зошто ја сакам мојата библи-
отека“. Оваа година се фокусираме на влијание-
то на училишните библиотеки и избравме темат-
ска формулација за која веруваме дека ќе биде до-
стапна за сите наши учесници (на возраст од 3 до
18 години).
Волонтерството во библиотечното рабо-


тење
Во рамките на своите заложби Библиотеката


активно да се вклучи во креирање на културните
и образовните политики во градот ќе бидат широ-
ко отворени вратите за волонтирање на лица вљу-
беници во книгата, како и за креирање на инова-
тивни библиотечни програми.


НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола потпи-
ша меморандум за разбирање со Мировниот кор-
пус со канцеларија во Скопје. Програмата со во-
лонтери е дел од договорот на Владата на Р. Маке-
донија и Мировниот корпус кој се темели врз про-
грамите за развој на заедницата.


Мировен корпус е агенција за волонтерска
служба на Владата на САД основана од претседа-
телот Џон Ф. Кенеди во 1961 година.


ПРОМОЦИИ НА КНИГИ


22.12.2017
Промовиран прирачникот „Боите на
животот“
ОУ „Св. Климент Охридски“ - Битола во сора-


ботка со партнерите НЦРИПУ- Битола и Здруже-
нието за развој на Ромската заедница „Сумнал“ -
Битола го добија микро грантот за проектот „Боите
на животот“ од Академијата на училишта од сред-
на Европа АЦЕС. Преку истиот се спроведоа низа


активности меѓу
кои и отворање-
то на човечката
библиотека каде
книги се личности
од општественото
живеење.


Во роднокрај ната читална на Библиотеката бе-
ше одржана завршната активност - тркалезна ма-
са на тема „Човечката библиотека во функција
на намалување на социјалната инклузија кај
учениците од основните училишта“, каде и ќе
биде презентиран истоимениот прирачник. Изда-
вач на прирачникот е Библиотеката.


14.02.2018
Книгата и љубовта


Во Библиотека-
та беше одбеле-
жан Меѓународ-
ниот ден на пода-
рување на книга,
Празникот Св .
Трифун, како и
Св. Валентин - де-
нот кога се слави
и празнува љубо-
вта како меѓусеб-
на човечка до-
блест и убавина
на сите луѓе, со


литературна средба на која се рецитираа познати
поетски творби од изборот „Македонска љубов-
на лирика“, како и исполнување на музички точ-
ки, песни од забавната музика со љубовна тема.


Оваа програма Библиотеката ја реализира
во соработка со Средното општинско училишта
„Таки Даскало“ од Битола.


08.03.2018
„Она што не и го кажав на мојата
учителка....“


Во рамките на
тридневното од-
бележување на
празникот 8- ми
Март - Меѓуна-
родниот ден на
жената, Органи-
зацијата на жени


Битола, во партнерство со Библиотеката, ги доде-
ли наградите од конкурсот за краток расказ на те-
ма „Она што не и кажав на мојата учителка....“.




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.46/47 2018 15


Првата награда ја доби Ана Георгиева од Штип,
втората награда е доделена на Божана Тренчев-
ска од Прилеп, а третата награда отиде во рацете
на уште една штипјанка, Нина Стојанова.


20.03.2018
Средба со писателката Ренате Велш во
Библиотеката
Ученици од Битола имаа несекојдневна мож-


ност да присуствуваат на литературно читање со
една од најпозна-
тите австриски
писателки за деца,
Ренате Велш, што
се одржа во НУУБ
- Битола, но и да ~
покажат колку до-
бро научиле да го
зборуваат герман-
скиот јазик во сво-
ите училишта.


Писателката Велш на своите седумдесет годи-
ни допатува во Битола и на учениците лично им
прочита извадоци од своите раскази наменети за


деца, а потоа им
раскажуваше за
својот живот, мо-
товацијата за тво-
рење, па дури и за
тешките периоди
што ги поминала
за време на Втора-
та светска војна.


Ренате Велш е родена 1937 година во Ви-
ена, студирала англиски јазик, шански ја-
зик. Нејзините дела имаат добивано мно-
гу награди. Таа живее во Виена. Има добиено
повеќе од 25 награди. Неколку ученички напра-
вија драматизација од некои нејзини дела и ~ по-
дарија книга на германски јазик.


„Таа е уникатна авторка на над 80 дела читани
и преведувани на многу јазици. Нејзините дела
се многу наградувани. Таа е повеќекратен добит-
ник на Австриската државна награда, Награда-
та на градот Виена, за романот „Јохана“ беше од-
ликувана со Германската награда за литература
за деца и млади. Нејзиниот целокупен творечки
опус беше одликуван со награда за животно дело
во 1995 година“, рече наставничката по герман-
ски јазик Симона Монавчева.


Учениците од ОУ „Елпида Карамнади“ со на-
ставничката Билјана Митковска, од ОУ „Гоце Дел-
чев“ со наставничките Елена Поповска и Афроди-


та Бахан и од ОУ „Тодор Ангелевски“ со Симона
Монавчева пред австриската писателка се прет-
ставија со драматизации на нејзини дела. Тие
подарија свои изработки поврзани со темите од
делата, а таа воодушевена од топлиот прием им
подари автограм. „Ова е исклучителна можност
во Битола да бидеме почестени со еден брилијан-
тен автор, кој добил 25 награди за своето твореш-
тво. Од 1970 година пишува книги за деца, мла-
ди и возрасни. Живее во Виена. Нејзините книги,
за жал, не се преведени на македонски јазик, а во
Библиотеката има 6 наслови кои се дел од австри-
ската збирка, благодарение на австрискиот кон-
зул д-р Валентина Илиева“, рече в.д. директорка-
та на Библиотеката, Јелена Петровска.


21.03.2018
Одбележан Светскиот ден на поезијата
Секоја година, 21-ви Март е резервиран за од-


бележување на три големи настани. Освен што
ќе и кажеме големо „добредојде“ на пролетта, на
екологијата исто така и на Светскиот ден на пое-
зијата.


Во старата сала за промоции се одржа поетска
манифестација, на која учестуваа млади поети од
основните и средните училишта кои претходно се
пријавија на отворениот распишан повик за уче-
ство на манифестацијата со свои поетски творби.


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 46/47 201816


28.03.2018
Литературна средба и средба на оратори
„Чист воздух за сите“


По повод одбе-
лежување на Ме-
сецот на еколо-
гијата и по распи-
шаниот конкурс
на тема „Чист
воздух за сите“,
се одржа литера-


турна средба и средба на оратори во организација
на ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Библи-
отеката.
Промоција на книга „Чудесните светови
на Алиса“


Во Библиотека-
та беше промови-
рана книгата „Чу-
десните светови
на Алиса“ на ав-
торката Мерсиха
Исмајлоска, во из-


дание на Вермилион која ги обработува книгите
„Алиса во земјата на чудата“ и „Алиса во светот
на огледалото“ од Луис Карол и нивните интер-
претации во визуелните уметности и воопшто во
културата.


18.04.2018
Kниги: „Стандарден македонски јазик“
и „Академско пишување“


Универзитет-
ската библиотека
„Св. Климент Ох-
ридски“ –Битола и
Педагошкиот фа-
култет при Уни-
верзитетот „Св.
Климент Охрид-


ски“- Битола ги промовираа книгите „Стандар-
ден македонски јазик“ од проф. д-р Виолета Ја-
нушева и „Академско пишување1“ од проф. д-р
Виолета Јанушева и доц. д-р Бисера Костадинов-
ска-Стојчевска.


Книгата се темели на најдобрите традиции на
она што се вика македонска лингвистичка школа,
почнувајќи од Блаже Конески како нејзин осно-
вач до денес, а ова дело понатаму ќе значи прене-
сување на знаењето на помладите студенти, рече
првиот промотор на учебникот „Стандарден ма-
кедонски јазик, проф. д-р. Људмил Спасов.




11.05.2018
Промоција на поемата „Судбината на
буквите“


Во старата са-
ла за промоции
на Библиотеката
беше промовира-
на поемата „Суд-
бината на букви-
те „од Мирјана
Стојановска, во


издание на Здружението за наука и култура „Но-
ва“. Книгата ја промовираше писателот д-р Хри-
сто Петрески, а стихови читаше алтернативната
актерка Ана Жежовска. Поемата содржи десет пе-
ења-светлини и секоја ги носи буквите од името
„Македонија“: М-прва светлина, А-втора светли-
на, К-трета свтлина итн.


Промовиран романот на годината
2017


Приредил Александар Крстев


Од вкупно 28
книги кои се нат-
преваруваа за Ро-
ман на годината
за 2017, во пери-
одот од 15 декем-
ври до 15 јануа-


ри, а спроведен во организација на Фондацијата
„Славко Јаневски”, првата награда ~ припадна
на Фросина Пармаковска за романот „Одброју-
вање“. Романот беше промовиран на 13 јуни. Из-
давач на романот е „Или-или“, а книжевната на-
града „Роман на годината“, која од 1999 година ја
доделуваше згаснатиот „Утрински весник“, годи-
нава првпат ја додели фондацијата за промоција
и унапредување на културните вредности „Слав-
ко Јаневски“.


Меѓу авторите чии наслови беа во конкурен-
ција за награда беа и Блаже Миневски, Оливера
Николова, Владимир Плавевски, Јордан Плевнеш,
Луан Старова, Јусуф Сулејман, Влада Урошевиќ,
Ивица Челиковиќ…


23.06.2018
Авторот Коста Петров во Битола
Реномираниот автор Коста Петров вчера го


привлече вниманието на битолската читателска
јавност. Присутните имаат можност напосредно
да разговарат и да ги споделат своите доживу-
вање на неговите книги „Се гледаме на врвот“,


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.46/47 2018 17


„Стравот“, „Наше-
то последно кафе“
и „Никој не рече
дека ќе биде лес-
но“ кои се прода-
дени во над 30,000
примероци.


03.07.2018
Поетскиот караван тргна од Битола


Почнуваме со промотив-
ните активности на проектот
„СТИХУВАЛКИ 2018“. Првата
промоција на ЗБИРКАТА со
ПОЕТСКИ ТВОРБИ од 49 из-
брани автори, се одржa во Би-
тола, во просториите на Би-
блиотеката.


06.07.2018
За првпат работилница
„Креирај - Слемирај“


Во Библиотека-
та се одржа прва-
та работилница за
слем – поезија.


Проектот нас-
ловен како „Кре-
ирај - Слеми -
рај!“ е поддр-


жан од страна на „Бит Фест“ програмата за раз-
вој на Битолско културно лето. Слем- поезијата
е одлична можност за младите да ги научат со-
времените уметнички перформанси и да ги из-
разат своите стихови во вид на личен став со
кои ќе поттикнат прашања во нашиот град.
Едукатори на работилниците беа Ана Гегова, Еле-
на Богдановска.


23.07.2018
Одржан слем-натпревар
КРЕИРАЈ-СЛЕМИРАЈ!


Во простори-
ите на Библи-
отеката се одр-
жа натпревар за
слем – поезија во
рамки на проек-
тот Креирај- Сле-


мирај! На натпреварот зедоа учество околу десе-
тина учесници кои активно учествуваа во прет-


ходните три работилници за слем - поезија.
За официјален победник на натпреварот беше
прогласена најмладата поетеса и


надежна слемерка Андреа Наковска, која што
беше наградена со бесплатно членство во библи-
отеката. Беа поделени и книги за сите учесници.


14.09.2018
Промовирана збирката „Слемирај -
Кремирај“


27.09.2018
Илустрирана енциклопедија „Јас сум мал
научник геолог“


Дали знае -
ме што се трог-
лобити? Дали сме
размислувале де-
ка карпите не се
еднаш засекогаш
дадени во приро-
дата, туку се ме-


нуваат, Колку е тешка земјата? Колку е стара? Ка-
ко настанале дијамантите…? Ова се само некои
од одговорите кои ќе ги најдете во првата детска
илустрирана енциклопедија „Јас сум научник ге-
олог“.Така ја започна својата презентација Вес-
на Божиловиќ пред присутните на настанот кој се
одржа во просториите на Библиотеката.


ПРОМОЦИЈА НА ПРИРАЧНИК ЗА
МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ


Подготвила Гордана Пешевска, библиотекар-советник


На 30 октомври во новата сала на Библиотека-
та беше промовиран прирачникот


„Библиотекарство“ - прирачник за подго-
товка на кандидати за натпреварот „Млади
библиотекари“ од авторите Благој Н. Николов,
библиотекар-советник, Гордана Пешевска, би-
блиотекар-советник и м-р Дијана Кирова. За пу-
бликацијата зборуваше Богомир Наумовски, би-


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 46/47 201818


блиотекар совет-
ник. Во прирач-
никот се поместе-
ни теми од доме-
нот на развојот
на писмото, кни-
гата, историја на
библиотекарство-


то во Македонија, библиотеките, библиотечното
работење, современите трендови на автоматизи-
рано работење, современите трендови во библи-
отечната теорија и практика. Првиот прирачник
„Млади библиотекари“ од Миле Бошевски, библи-
отекар советник беше издаден од Библиотекар-
ското друштво на Македонија во 2003 година со
цел да им помогне на најмладите да се стекнат


со знаење од ос-
новите на библи-
отечната дејност,
а воедно тој ста-
на и основен при-
рачник за канди-
датите – учесници
од основните учи-


лишта на натпреварот „Млади библиотекари“, ка-
ко на општинско така и на републичко ниво.


После подолг период се наметна потребата Би-
блиотерското здружение на Македонија (БЗМ) да
издаде нов прирачник кој го опфаќа современото
работење во библиотечната дејност, односно со-
времените автоматизирани процеси кои намет-
наа и нови поими.


БИБЛИОТЕКАРИТЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВААТ


ОДДЕЛ ЗА ЗАЈМУВАЊЕ И УСЛУГА
ЗА ВОЗРАСНИ


СЕДУМТЕ СЕСТРИ – Лусинда Рајли
ЖЕД – Ју Незбе
СНЕШКО – Ју Незбе
БУБАШВАБИ – Ју Несбе
23 - Баркли
ПОСЛЕДНИОТ ИСТРЕЛ - Баркли
ПАНДЕМОНИУМ 1, 2, 3 – Лорен Оливер
РОНАЛДО – Лука Кајоли
МЕСИ – Лука Кајоли
ПОТЕКЛО – Ден Браун
ПРЕЉУБА – Пауло Коелјо
НЕЗАБОРАВ – Алисон Ричман


ДЕТСКА БИБЛИОТЕКА


НОВИОТ ДЕН – Смиле Наумовски - Брсјак
КОГА СВЕТОТ БЕШЕ МЛАД – Јирг Шубигер
ТАТО ИМАМЕ ПРИКАЗНА – Александар Таковски
ПЕТНАЕСЕТ ТУРСКИ ПРИКАЗНИ – Аднан Бинјазар
ТОРИ – ПИРАТСКАТА КРАЛИЦА - Јохансен
ЈАВАЧОТ НА БОЖИЛАК – Горјан Петрески
СЕРИЈАЛ ДИСКСВЕТ – Тери Прачет
ЛЕТУВАЛЦИТЕ ОД СЛАВИНО – Александар
Поповски
НОВИОТ ПОЛИЦАЕЦ – Кејт Томсон
ТИ ЧУКА СРЦЕТО ЗА МЕНЕ – Горјан Петревски
МИ ЧУКА СРЦЕТО ЗА ТЕБЕ – Горјан Петревски
НИ ЧУКААТ СРЦАТА – Горјан Петревски


Подготвила
Фатма Бајрам Аземовска,


библиотекар


АКТИВНОСТИ ВО ДЕТСКАТА БИБЛИОТЕКА


21.12.2017
Нашата празнична магија
Со цел збогатување на Новогодишните праз-


ници, Библиотеката направи соработка со прива-
таната школа за странски јазици „ Rosetta Stone“,
ОУ „Коле Канински“ и „Сумнал“ – здружението за
развој на Ромската заедница.


Активностите започнаa на 21 декември кога во
холот на Библиотеката беше приредено пријатно
предновогодишно изненадување кое за прв пат се
случи во битолската библиотека, со помош на во-
лонтерите од Мировниот корпус David Scrivener и


Barbi Stimac.
Оригинална-


та, одлично уре-
дена новогодиш-
на елка, која е на-
правена од 500
книги од фондот
на Библиотеката
(се прави за пр-
впат) е причина


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.46/47 2018 19


повеќе, поголем број на љубители на книгата да
дојдат да позајмат или да вратат книга, или едно-
ставно дојдоа да се фотографираат.


09.02.2018
Посета на ученици од ОУ „Стив Наумов“ -
Битола





22.03.2018
Одбележан Светскиот ден на водата
Библиотеката и ОУ „Даме Груев“ - Битола го


одбележаа 22 Март Светскиот ден на водата.


Учениците и наставникот Митко Јанески по-
ставија упатства за рационално користење на во-
дата, електричната енергија, за одржување на хи-
гиената во зградата и зеленилото во дворот итн.


„Библиотека на тркала во Битола“
НУУБ – Бито-


ла, Фондацијата
„Чекор по чекор“
и „Сумнал“ – здру-
жението за развој
на Ромите денеска
заеднички го од-
бележаа 2 Април


-Светскиот ден на книгите за деца и 8 Април -
Меѓународниот ден на Ромите. За таа цел, дене-
ска ја промововираа кампањата „Прочитај ми
сказна за да го разберам светот”, со цел да се по-
пуларизира читањето книги кај ромските деца од
најмала возраст, како и кај сите деца.


23.04.2018
Светскиот ден на книгата и авторското
право


НУУБ - Битола
во соработка со
СОУ „Таки Даска-
ло“ - Битола тра-
диционално го од-
бележаа 23 Април
- Светскиот ден на
книгата и автор-


ското право. На настанот се читаа пораките од
Одре Азуле, Генерален директор на УНЕСКО и од
Роберт Алаѓозовски, министер за култура на Ре-
публика Македонија. Во посета на библиотеката,
денеска исто така беа и децата кои ја посетуваат
градинката „Естреја Овадија Мара“ - Битола.


05.04.2018
„Велигденско патување“


НУУБ – Бито-
ла, приватната
школа за стран-
ски јазици „Ро-
сета Стоун“ – Би-
тола, Француска
Алијанса – Бито-
ла, Центарот за
германски јазик
„Илиеви“ - Би-
тола и ОУ „Гоце
Делчев“ – Бито-
ла го организи-
раа настанот на-
речен „Велигден-
ско патување“.


Настанот опфати презентации од ученици за Ве-
лигденските обичаи во Македонија, Англија, Из-
раел, Бразил, Германија и Франција.


Учениците пре зентираа за Велигденските сим-
боли и кратка драматизација за велигденските
обичаи.


Во холот на библиотеката изложени беа паноа
со фотографии и изработки од страна на учени-
ците.


03.05.2018
Читаме во лето
Во рамките на иницијативата „Битола чита“,


како дел од започнување на голема акција за по-
пуларизација на читањето, во холот на Библиоте-
ката е поставено „Дрво на книгата“.


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 46/47 201820


Притоа, секој кори-
сник може да се запо-
знае со новите наслови
кои ги имаме во фондот
на Библиотеката и по-
тоа истите да ги побара
и изнајми за време на
летниот одмор.




21.5.2018
Акција „Сите во библиотека“
Во рамките на акцијата „Сите во библиотека“,


поттикната е иницијатива за доближување на би-
блиотечните книжни фондови до децата од основ-
ното образование - со посебно насочување кон ос-
новошколците од 5-8 одделение. За таа цел, Од-
делот за популаризација од НУУБ - Битола посе-
ти неколку основни училишта во Општина Бито-
ла и на учениците им подели анкетен прашалник
преку кој се доби повратна информација во врска
со подобрувањето на услугите на Библиотеката
и нејзино поуспешно и функционално работење.


Нови и популарни наслови
од литературата за деца


Во рамките
на акцијата „Си-
те во библиоте-
ка“, покрај дру-
гите активно-
сти, поттикната
е и иницијатива
за доближување
на библиотечни-
те книжни фон-
дови до децата


од основното образование. За таа цел во холот на
НУУБ „Св. Климент Охридски„ – Битола, поставе-
на е изложба на книги „Нови и популарни насло-
ви од литературата за деца“.


На изложбата се претставени наслови на книги
кои ги препорачуваме како слободна литература
за време на летниот распуст.


Исто така ги информираме нашите корисни-
ци дека Библиотеката веќе ги набави и лектири-
те предвидени со новата програма од Министер-
ството за образование и наука.


22.05.2018
Вечерна глаголица


Вечерна глаго-
лица за дечиња-
та од Битола, во
НУУБ - Битола.
Компјутерот е су-
пер „цар“ на де-
нешницата, но
ние вечерва из-


градивме цело супер царство кое знае да прави
мудар спој на современото и традицијата. Се нав-
ративме на почетоците на словенската писменот
и делото на Кирил и Методиј. Преку игри и пре-
дизвици за дешифрирање си игравме со кирили-
цата и ја запознавме глаголицата.


Посета на културно историски споменици


Учениците со
помош на волон-
терот од Миро-
вен корпус David
Scrivener и тури-
стичкиот водич
Андреј Мачков-
ски, освен што


учеа на англиски јазик кои се и како се изговара-
ат културно историските споменици во Битола,
имаа можност и истите да ги посетат.


Читаме во природа и учиме низ игра


Читаме во
при рода и учи-
ме низ игра !
Креативна едука-
тивно-забавна ра-
ботилница за деца
На отворено, во


Градскиот парк во Битола си играме игри, се за-
бавуваме и се дружиме.


ДЕТСКИ РАБОТИЛНИЦИ ВО РАМКИТЕ
НА БИТ ФЕСТ 2018


19.4.2018
Работилница за изработка на бук - маркери
По повод одбележувањето на 23 Април – свет-


скиот ден на книгата и авторските права, НУУБ
– Битола, покрај другите активности, ја органи-
зира и втората работилница за изработка на бук
маркери со Здружението на уметници ракотвор-


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.46/47 2018 21


ци на Македонски
ракотворби – Би-
тола и СОУ „Таки
Даскало“ - Битола.
На работилницата
беа присутни уче-
ници од СОУ „Та-


ки Даскало“ - Битола, графичка струка под мен-
торство на наставникот Катерина Маурдева. Кои
заедно со здружението ги изработија прекрасните
бук-маркери и други рачни изработки и ќе бидат
поставени во холот на библиотеката.


25.06.2018
Работилница „Ајде да откриваме тајни...“


02.07.2018
„5 возбудливи авантури околу
логорскиот оган“


Заедно со учи-
телката Весела,
дечињата од Бито-
ла ги откриваа тај-
ните на Титаник,
патуваа во средно-
вековен замок, ги
открија мистери-
ите за пиратите и


патуваа на мисија на Месечината, а сето тоа во
едно место и во исто време, во детскиот оддел на
НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола.


„1000 зошто 1000 затоа, во магичната земја
на тајните“


Општина Бито-
ла и Национална
установа Универ-
зитетска библио-
тека „Св. Климент
Охридски“ - Би-
тола се грижат за


своите најмлади граѓани и ги задоволуваат нив-
ните желби и детски потреби, а во таа насока со
поддршка на проектот на нашата учителка, Весе-


ла Богдановиќ, овозможија прилика за креативно
лето на дечињата


16.07.2018
Магичен свет на бајките


За време на
р а б о т и лниц а -
та учесниците
имаа прилика да
откријат повеќе
техники за забав-
но читање, раз-
бирање и анали-
за на прочитани
приказни и кни-
ги.


Р а б о т и л н и -
цата започна со
презентација на
идеи за фокуси-
рање и воочување
на важни елемен-


ти на едно книжевно дело. На дечињата им беа
понудени преку 20 книги и сликовници за избор
и обид за игрива анализа, заедно со материјал и
средства за обликување, моделирање, цртање и
пишување.


13.07.2018
Работилница - „Калиграфија – ракописот
како уметност“
Вештина на убаво пишување и малку историја


на пишувањето. Учениците патуваа во време-
то на глинените
плочки, папири-
сот, пергаментот,
златните и бакар-
ни плочи, дрве-
ни и восочни та-
блети..Добија по-
веќе идеи за ис-


тражувања и креативна работа во домот, а кни-
гата „1000 зошто 1000 затоа“ во целост го привле-
че детското внимание. Дечињата денес имаа при-
лика да се запознаат и дружат и со еден од авто-
рите на нивните учебници по македонски јазик,
госпоѓата Љубица Севдинска, која допатува од
Скопје.


Работилница „Тајните на археологијата“
На двочасовна работилница во просториите на


НУ Завод и музеј Битола, дечињата и учителката
Весела ги откриваа тајните на археологијата. Де-


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 46/47 201822


чињата имаа при-
лика да учеству-
ваат и во симула-
ција на собирање
и почетна анали-
за на материјални
остатоци за време


на импровизирано археолошко ископување. На-
оѓаа фрагменти, ги обележуваа, анализираа, ме-
реа, ги цртаа, соработуваа во обид да состават це-
лини, истражуваа со лупи и нараквици... Музејот
широко ги отвори вратите за реализација на оваа
наша мисија и навистина сите се чувствувавме
прекрасно.


21.02.2018
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
На 21 февруари, заедно со најмладите читате-


ли од ОУ Даме Груев, во НУУБ – Битола, беше од-
бележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
Темата беше,


„Мајчиниот јазик – наш идентитет и наша кул-
тура“ Во светот се зборуваат над 6000 јазици, а на
половината им се заканува исчезнување.


В.д. директорката м-р Јелена Петровска збору-
ваше за мисија на библиотеката која што со сво-
ите библиотечни програми и проекти е еден од
столбовите во процесот на зачувување на мајчи-
ниот јазик. Мајчиниот јазик треба да се негува
од најраната возраст, во семејството, народните
умотворби и и приказни, а Библиотеката преку
своите активности работи на популаризација на
македонската литература.


Гане Тодоровски ќе рече: „Судбината на јази-
кот е и судбината на народот“.


ДВАJЦА БИБЛИОТЕКАРИ СОВЕТНИЦИ
ВО ПЕНЗИЈА


Во месец септември оваа година двајца библи-
отекари отидоа во пензија, Јоланда Бошевска, би-
блиотекар советник и Благој Николов, библиоте-
кар советник. Јоланда скоро целиот свој работен
век го помина во Одделот Библиографии, рабо-


тејќи на повеќе свески на Битолски весник, Уни-
верзитетот во Битола и НУУБ – Битола, Персонал-
ни библиографии за Вера Стојчевска Антиќ, Вла-
димир Костов, Ѓорѓи Димовски Цолев, Никола Ко-
човски, Радован П. Цветковски, Магистерски тру-
дови и докторски дисертации на Универзитетот
во Битола, од 1990 до 2016 година и други. Бла-
гој поголемиот дел од работниот век го помина
во Одделот Унапредување на библиотекарството.
Беше инструктор за COBISS / зајмување во ВБ на
МК. Избиран е трипати (со мандат од две години)
за претседател на Библиотекарското здружение
на Македонија (БЗМ). Автор е на неколку книги
- стручни изданијаза каталогизација (Библиотеч-
но работење 1 и 2), последен е Прирачникот за
кандидати на натпреварот „Млади библиотекари.
Добитник е на Наградата „Климентова повелба“
за доживотно дело. На двајцата, Библиотеката им
подготви свечена разделба и им беа врачени по-
дароци - рачна изработка.


Подготвил д-р Николче Вељановски,
библиотекар советник


13. РОДНОКРАЈНА СРЕДБА НА БИТОЛСКИТЕ
ПИСАТЕЛИ


Тринаесеттата средба на роднокрајните би-
толски писатели од Македонија се одржа на 8 ју-
ни (петок) во старата сала за промоции на Би-
блиотеката. Писателите излагаа / разговараа на
тема: „Моите емотивни изблици преточени
во збор”. Овој пат новина беше тоа што тексто-
вите на писателите беа претходно поставени на


ВЕБ – страната на Библиотеката како студенти-
те би можеле да ги подготват своите прашања.
Воведен збор имаше в.д. директорката м-р Је-
лена Петровска која истакна дека оваа тради-
ционална средба е општествена и културна ми-
сија за зачувување на вистинските вредности,
мајчиниот јазик, културата и пишаниот збор,


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр.46/47 2018 23


воопшто... Книгите се наши сојузници во ши-
рењето на образованието, науката и култура-
та, како и информации насекаде во светот...
Беа накратко изнесени петнаесет (17) излагања
од пријавените писатели: Владимир Костов (во
отсуство), Радован П. Цветковски, Никола Ко-
човски, Ѓорѓи Прчков, Добре Тодоровски, Ванде
Ганчевски, Петре Димовски (во отсуство), Весна
Мундишевска Вељановска, Сања Мучкајева Вида-
новска, Биљана Т. Димко, Вера Стојчевска Антиќ,
Христо Петрески (во отсуство), Ванчо Полазарев-
ски (во отсуство), Петко Шипинкаровски, Љу-
бе Митрејчевски, Мирјана Стојановска, Гордана
Стојановска, Елизабета Јончиќ и други.


Средбата се одвиваше во две сесии и после се-
која сесија присутните студенти од Педагошкиот


факултет Битола поставуваа прашања, како: Што
е потешко да се пишува, поезија или проза? Кој е
патот по кој настанува едно дело? и тн. На најак-
тивните студенти им беше подарена по една кни-
га од писателот Радован П. Цветковски, а на дру-
гите присутни им беа подарени списанија Библи-
отечен тренд и Зборник од последната 12. Родно-
крајна средба. На писателите – учесници, в.д. ди-
ректорката м-р Јелена Петровска им врачи благо-
дарници. Посебна благодарност до професорките
од Педагошкиот факултет Битола Даниела Андо-
новска Трајковска и Виолета Јанушева за придо-
нес во организацијата со студентите - учесници.


После Средбата на студентите им беа даде-
ни прашалници за евалуација на Средбата. Ре-
зултатите покажуваат дека Средбата беше на од-
лично ниво и повеќето анкетирани се изјаснија
дека се потребни повеќе средби од ваков вид.
На сите присутни студенти им беше подарено ед-
ногодишно бесплатно членство во Библиотеката.


Даниела Андоновска-Трајковска
КОГА ПОЕТОТ ЈА СОЗДАВА ПЕСНАТА…
Многу често емоцијата може да суштествува во


поетот подолго време и тој да ја носи со себе како


енергија која зрачи и која чека да биде актуелизи-
рана во момент кога таа ќе стане зрела за да биде
обликувана како мисла.


Ванде Ганчевски
БОЛНОТО СТУДЕНИЛО НА МОИТЕ ЕМОЦИИ
Потребни ми беа само 24 дена, да ја ком-


плетирам триделната збирка од 87 песни. Ме
силеа и ме носеа брановите од емотивна-
та разнежена, разжалостена плачлива состојба.
Ако не беа тие и ако не беа такви, никогаш
немаше да ја напишам.


Петре Димовски
МИСЛИ И АКЦИИ
Емоцијата во делото ја засилувам со широка


употреба на сликата, со фигуративна јазична сим-
болика, како и со внесувањето други лингвистич-
ки и структурални елементи традиционално мно-
гу поблиску поврзани кон поезијата отколку кон
прозата. Тоа поттикнува да се интензивира има-
гинативната, интелектуалната и естетската сен-
зибилност од читателот.


Елизабета Јончиќ
ПОЕЗИЈА – СТРАСТ ЗА УБАВИНАТА
НА ЗБОРОТ
Восхитено трепери и не помислува да го пресе-


че патот на топлината, се шири и расне стравот-
но, се кова пуполката ширејќи миризба на цвет,
за на крај да добие место, каменен столб соѕидан
од немири, да трае и опстојува за на век. Лирска-
та свеченост патува со детска радост, со женски
плач, со младешки копнеж, старечка мудрост, со
клучот на сонот носејќи ги како литија под огне-
ната ѕвезда на музата. Огнената ѕвезда на духот.
Јас така чувствувам.


Љубе Митрејчевски
МОИТЕ ЕМОТИВНИ ИЗБЛИЦИ ПРЕТОЧЕНИ
ВО ЗБОР
„Црн гарван црна судбина
со црн клун и канџи ножишта,
пратен од натемаго,
пуштен од судбината,
утрово слета на липата
откарши мојот прозорец.
Го видов преку него
на снегот како стоеше.
Со клунот тој снег колваше
и зинат везден гракаше“.


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




БИБЛИОТЕЧЕН ТРЕНД Бр. 46/47 201824


Весна Мундишевска-Велјановска
КОГА ЗБОРОТ СТАНУВА ПЕСНА


Во отсјајот на светкавите траги
од полжавот на времето
вгравирани во релјефот
на една земја – ораница
посадив Збор.


Зборот преточен во песна е мултимедијален
спој зачинет со блескави изблици среќа или гор-
члив неспокој, лирска апстракција со набој на ср-
цебиеж пред ерупција, катарзично сликање со
звучно совпаднати римувани значенски единици
или произволно распнати скици во едрено-сво-
довна конструкција...


Сања Мучкајева Видановска
ВРТЛОЗИ ВО СРЖТА НА РОМАНОТ
Можам лободно да кажам дека еден роман е


емотивен изблик, но кој се гради полека и сигур-
но, со креативна размисла за сите настани, дија-
лози и градацијата на моментот кој го држи чита-
телот буден…


Радован П. Цветковски
ПИСАТЕЛОТ И ЗБОРОТ
Ако зборот е клуч и за нагоре и за надолу за не-


го треба да постои и осговорност. Блаже Конески
велеше: „Секогаш тргнувај од тоа што сакаш да
кажеш. Но и внимавај како го кажуваш тоа. Со кој
збор почнуваш.


Христо Петрески
АВТОРСКИ ЕМОТИВНИ ПОЕТСКИ ИЗБЛИЦИ,
ИЛИ ОСАМЕН ГЛАС ВО ПУСТИНА
Луѓето денес имаат повеќе време за с` друго,


па и за политиката, освен но не и за поезијата. Таа
не може конкретно и вистински да го смени све-
тот во ова антипоетско секојдневие, кога човекот
има време (само) за пари, кафе, ќебапи..., речиси
за с` друго, но не и за поезија.


Ванчо Полазаревски
ДЕЦАТА – ПРИЧИНА ЗА МОЈОТ ЕМОТИВЕН
ИЗБЛИК
Е сега самиот изблик на емоции. Тоа ерупти-


рање од нас и во нас кон други, од други. Кога, ка-
ко, колку, што со тој толку важен процес на наши-
те мисли, толку потребен за потоа ние со зборо-
вите, ваши и мои алатки, кога пишуваме да може-
ме од многу навидум банални ситуации да доби-


еме раскошни слики на тивкост, крици на птици,
пејзажно фасцинирање, исполнување на нашиот
ум...


Ѓорѓи Прчков
ЕМОТИВНО ШПАРТАЊЕ НИЗ БИТОЛА
Гледајќи ја битката за превласт на гулабот и


змијата кој да биде симбол на Битола, ме мачеше
мислата анализирајќи според нежната конструк-
ција на гулабот и лукавата смртоносност на змија-
та дека доброто би можело да биде поразено.


Вера Стојчевска Антиќ
ПОЕЗИЈА ШТО ПЛЕНИ И ОБВРЗУВА
И кога ја чувствуваме сржта на нашето посто-


ење една незаборавена стрела не потсетува да не
ги заборавиме сите македонски перипетии, кои
за среќа, не ни го одзедоа идентитетот, зашто тој е
наше најдрагоцено наследтво од нашите предци.


Биљана Т. Димко
СЛОБОДНИОТ ЧЕКОР ПО БОДЛИКАВА
ЖИЦА
Уметникот чувствува, има развиена интуиција,


чекори пред времето, запира пред вечноста, да, тој
го бара мирот за својата душа, но тоа претставува
една постојана одисеја, затоа што уметноста е не-
возможно да се роди во лулка на целосна потпол-
ност и среќа, таа се раѓа во неискажаното, непре-
грнатото, невиденото, болното, невидливото...


Добре Тодоровски
ГРАДАЦИЈА НА ЕМОТИВНИОТ НАПЛИВ
Како што одминуваше времето, се ми се чини


научив да чекам, потајум да ја демнам инспира-
цијата, тој емотивен наплив, како плима да наиде
емоцијата за зададена мисла или тематика, дали
се работи за песна расказ, дел од романот, дигре-
сија или сврзно ткиво во романескното дејствие...
Онај кој добро ја познава поезијата и прозата, мо-
же да го насети моментот на силните авторови
емоции во секое дело.


Петко Шипинкаровски
МОИТЕ ЕМОТИВНИ ИЗБЛИЦИ ПРЕТОЧЕНИ
ВО ЗБОР
Бројни се примерите, каде, како резултат на


љубовта кон историјата и македонските патишта
до слобода и самобитност, ми било нишка водил-
ка во прозното, драмското, поетското творештво,
во публицистиката и сл.


БИБЛИОТЕКАТА НИЗ ОДДЕЛИ И АКТИВНОСТИ




19.03.2018
Пристигнување на пролетта


25.03.2018
„Библиотеката низ печатот 1945-2018“


22.05.2018
Изложба по повод 24 Mај,
ден на светите браќа Кирил и Методиј


115 години од Илинденското востание
1903-2018


8 - ми септември, Денот на независноста


04.10.2018
Изложба „За изгубениот Сефардски свет
од Западен Балкан“


Изложба по повод Денот на востанието
11-ти Октомври


Изложба по повод 4-ти Ноември


ИЗЛОЖБИ 2018