Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
1
Почитувани,
Најсрдечно ве информираме дека и покрај финансиските тешкотии, списанието
„Библиотекарство“ континуирано излегува од печат.
Пред Вас е најновиот број исполнет со разновидни содржини од библиотекарската
теорија и практика со надеж дека ќе ги исполни вашите очекувања, желби и потреби за нови
сознанија од областа на библиотекарството.
Редакцискиот одбор на списанието „Библиотекарство“ ги разгледа пристигнатите
текстови и го оформи истото содржински и тематски.
Редакцискиот одбор ги поканува и понатаму сите заинтересирани автори и колеги од
областа на библиотекарството активно да придонесуваат за збогатување на содржините на
списанието „Библиотекарство“.
Од Редакцијата
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
2
СОДРЖИНА
41. годишно изборно собрание на БЗМ во Кавадарци 3
Тереза Хакет: Авторски права и библиотеки: актуелни прашања.
Перспектива на EIFL ......................................................................................................................
7
Наташа Бундовска, Валентина Дојчиновска-Илиоска, Сoфче Марковиќ: Типологија на
статии и составни делови при библиографска обработка во COBISS.MК ...............................
13
Анета Стефановска: Важноста на дигитализацијата на НУУБ „Св. Климент Охридски“
Битола ............................................................................................................................. .................
22
Радослав Љубиќ: Јавните библиотеки и духот на новото време ............................................... 25
Д-р Биљана Кочишка: Големите градови и потребата од големи библиотеки –
Зошто библиотеките го постигнуваат својот GLAM UP ............................................................
30
М-р Аница Глигорова-Милева: Силни библиотеки – огледало на современото општество . 34
Ленче Т. Андоновска: Силни библиотеки – огледало на современото општество ................. 36
Тања Гошева: Силни библиотеки – огледало на современото општество ............................... 39
M-р Сузана Данаилова: Училишните библиотеки – огледало на современото општество .. 42
Благој Николов: Состојби во училишните библиотеки во општина Битола и како до
електронско водење на училишните библиотеки .......................................................................
42
Магдалена Кочовска – Салтирова: Силни библиотеки – огледало на современото
општество - Книгата со континуирано присуство во светот на децата ....................................
47
М-р Кирил Ангелов: Камера-Обскура на перспективата на македонските библиотеки ........ 50
Марија Малгожата Мачковска: Информациска технологија во библиотеките и нови
методи на услуги низ примерот на јавни библиотеки во Полска ..............................................
59
Доделена наградата „Климентова повелба“ 2014 ..................................................................... 67
Одржан 15. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Велес ..................................... 68
Доделена наградата „Библиотека на годината“ 2014 ................................................................ 69
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
3
41. годишно изборно собрание на БЗМ во Кавадарци
41. годишно изборно собрание на Библиотекарското здружение на Македонија оваа
година се одржа на 19. и 20. јуни во Кавадарци, Локалната библиотека „Феткин“ со почеток во
11 часот. Собранието го отвори и присутните ги поздрави директорот на Локалната библиотека
„Феткин“, Трајанка Атанасова, кој воедно беше и домаќин на овогодинешното собрание.
Програмата за Собранието ја изнесе Благој Николов, претседател на Здружението на
БЗМ. Оваа година за првиот ден од Собранието, насловено како „Силни библиотеки -
огледало на современото општество“ со назнака дека во трудовите можат да бидат
застапени сите видови на библиотеки: национални, локални, високошколски,
училишни и специјални).
Вториот ден беше работен и се работеше според дневниот ред:
1. Извештај за работата на ИО на БЗМ за периодот јуни 2012 – мај 2014 година, Благој
Николов;
2. Донесување на Правилник за наградата „Библиотека на годината“
3. Измена и дополнување на Правилникот за доделување на наградата „Климентова
повелба“
4. Доделување на наградата „Климентова повелба 2014“
5. Избор на работно претседателство
- Избор на два записничари
- Избор на два оверувачи
6. Избор на нови тела на БЗМ за периодот 2014-2016 год.
- Извршен одбор
- Надзорен одбор
- Комисија за доделување на награта „Климентова повелба 2016“
- Избор на Комисија за доделување на наградата „Библиотека на годината“
7. Разно
Присутни и на двата дена беа библиотекари од повеќето библиотеки во Македонија.
Првиот ден (19. јуни), по горенаведената тема свои трудови презентираа: Раде Љубиќ -
библиотекар, м-р Миодраг Дадасовиќ - библиотекар советник, Кирил Ангелов - библиотекар,
Магдалена Кочовска - Салтирова, библиотекар, м-р Аница Глигорова-Милева, виш
библиотекар и м-р Аница Глигорова-Милева виш библиотекар. Трудовите на Ленче
Т.Андоновска, библиотекар советник и Тања Гошева, виш библиотекар, кои заради
оправдани причини не беа присутни на собранието, беа презентирани од Благој
Николов и м-р Аница Глигорова-Милева.
Првиот ден заврши со свечена вечера во хотелот „Фени“ во Кавадарци.
Вториот ден (20. јуни) се одржа работниот дел на Собранието на БЗМ.
Состанокот се одржa во просториите на Домот на културата во Кавадарци. Состанокот
го водеше претседателот на БЗМ Благој Николов, библиотекар советник.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
4
По првата точка, Извештај за работата на ИО на БЗМ за периодот јуни 2012 – мај 2014
година поднесе претседателот на БЗМ Благој Николов, библиотекар советник. За дискусија по
истиот се јави Миодраг Дадасовиќ кој истакна дека списанието Библиотекарство е издигнато
на повисоко научно ниво, кое содржи трудови поднесени според дадени критериуми и истото
има тенденција да стане меѓународно, со крајна цел да прерасне во индексирано и светски
признато списание. Тој исто така истакна дека на Годишните собранија на БЗМ како и на
Регионалната Конференција во Радовиш, со свои трудови како автори учествувале повеќе
членови на ИО на БЗМ. Атмосфертата за работа во ИО на БЗМ во изминатиот период беше на
високо колегијално и перофесионално ниво.
Извештајот беше едногласно усвоен од страна на сите делегати присутни на
Собранието.
По Втората точка, донесување на Правилник за наградата „Библиотека на годината“
на ова собрание дава можност распишување конкурс и избор на библиотека чија награда ќе се
додели на краот на годината согласно правилникот. Претседателот истакна дека правилникот
подолг период стои на веб страницата и бидејќи библиотеките немаат доставено до сега
никакви замерки, ги прочита критериумите кои од делегатите можат да бидат членови на
Комисијата за доделување на наградата „Библиотека на годината“ и го стави на гласање
Правилникот.
Правилникот е прифатен едногласно од страна на делегатите.
Третата точка: Измената и дополнувањето на Правилникот за доделување на
наградата „Климентова повелба“ беше образложена од страна на претседателот кој ги изнесе
предлозите на ИО пред сите делегати и повика на дискусија.
- Покрај постоечките критериуми за доделување на наградата „Климентова повелба“ да
се вметне лицето да биде со над 55 години старост и 25 години работно искуство
поврзано со библиотечна дејност, или
- Покрај постоечките критериуми за доделување на наградата „Климентова повелба“да
се вметне лицето да биде со над 55 години старост и 20 години работно искуство
поврзано со библиотечна дејност;
- Да не биде член на ИО на БЗМ;
- Да приложи препораки од двајца библиотекари советници.
За дискусија се јави Кирил Ангелов кој нагласи дека годините на старост се преголеми
бидејќи може БЗМ да се соочи со немање кандидати. Тој исто кажа дека не треба да е повеќе
од 20 години стаж за да им се даде можност на повеќе заслужни кандидати. Претседателот
образложи за идејата оваа награда да се сведе на ниво награда за животно дело и поради тоа
треба да се имаат предвид годините стаж и старост и дека на истата можат да се номинираат и
пензионирани заслужни библиотекари.
За дискусија се јави и Анета Стефановска која нагласи дека наградата не треба да се
добива само за работа што е во склоп на работните обврски на библиотекарот туку неговото
дополнително загалање и ангажирање за развој на библиотекарството и промени во улога на
подобрување на буџетот и реномето на фелата. Потоа се дадоа 2 предолзи:
- Покрај постоечките критериуми за доделување на наградата „Климентова повелба“ да
се вметне: лицето да биде со над 55 години старост и 25 години работно искуство
поврзано со библиотечна дејност, или
- Покрај постоечките критериуми за доделување на наградата „Климентова повелба“ да
се вметне: лицето да биде со над 55 години старост и 20 години работно искуство
поврзано со библиотечна дејност;
Два делегати гласаа за 25 години стаж и над 55 години старост, а сите останати беа за
20 години стаж и над 55 години старост.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
5
На крајот правилникот беше едногласно изгласан со предлогот 20 години стаж, над 55
години старост и сите критериуми кои стојат во самиот правилник.
Четвртата точка: Одлука за годинешен добитник на наградата „Климентова повелба“
2014 ИО на БЗМ на својата седница од 13,05,2014 ѝ ја додели Анета Стефановска, библиотекар
советник и истата свечено се додели на г-ѓа Анета Стефановска.
Петтата точка опфаќаше избор на работно претседателство и тоа:
- Избор на два записничари, за кои веднаш се предложија Вилма Јованова и
Томислав Каранфиловски
- Избор на два оверувачи: од страна на делегатите се предложија Магдица
Шамбевска и Благица Спиридонова.
Предлозите беа едногласно прифатени.
Шестата точка беше Избор на нови тела на БЗМ за периодот 2014-2016 год.
- За членови на Извршен одбор, Анета Стефановска предложи да остане истиот состав,
поради успешната работа на постоечкиот и законската можност за продолжување уште
на еден мандат од 2 години. Претседателот информираше дека сите членови на ИО
можат да одработат уште еден мандат од 2 години освен Илија Захариев кој веќе 4
години е член на ИО на БЗМ и нема можност за продолжување. Анета Стефановска
предложи тој да биде член на комисијата за избор на „Библиотека на годината“. На
неговото место се предложи да биде член Жаклина Ѓалевска од НУБ „Св. Климент
Охридски“ Скопје.
Предлозите беа едногласно прифатени од страна на сите делегати на Собранието.
- За членови на Надзорен одбор беа предложени:
1. Александар Ранѓелов од НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје
2. Миле Апостоловски од Градската Библиотека од Прилеп
3. Дијана Кирова, Правен факултет од Битола
Предлозите беа едногласно прифатени од страна на сите делегати на Собранието.
- За членови на Комисија за доделување на награта „Климентова повелба 2016“ беа
дадени следните предлози:
1. Кирил Ангелов, Државниот завод за статистика на Македонија, Скопје
2. Пандорка Стојменовска, од НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје
3. Наде Георгиева, МАНУ
4. Цветанка Дамјановска, НУ-УБ „Св. Климент Охридски“ Битола.
5. Станој Петров, Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиш
Предлозите беа едногласно прифатени од страна на сите делегати на Собранието.
- За избор на Комисија за доделување на наградата „Библиотека на годината“
согласно критериумите беа предложени следните библиотекари:
1. Јелисавета Костадинова од НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје
2. Пепи Ставревски од Битола, претставник од основно училиште
3. Дијана Кирова, Правен факултет од Битола
4. Илија Захариев, Јавна општинска библиотека од Кочани
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
6
5. Претседателот на ИО на БЗМ
Предлозите беа едногласно прифатени од страна на сите делегати на Собранието.
Под точката разно Благој Николов изрази жалење за многу малото присуство на
библиотекарите на оваа многу значајна Конференција.
Тој истакна дека не треба да се прави проблем за учество на библиотекарите на ваква
средба на фелата која се одржува еднаш годишно од страна на раководителите. Уште повеќе
самите библиотекари треба да се ангажираат повеќе за подигање на нивото на почит кон
професијата за да се очекува почит и од останатите. Тој изрази апел до сите библиотекари да
учествуваат и со свои трудови на самата конференција во иднина, а секако и во списанието
Библиотекарство, за кое сеуште можат до 30 септември оваа година да поднесуваат текстови,
имајќи ги во предвид стандардите истакнати на ФБ и веб страницата на БЗМ. Тоа всушност е и
единствен начин да се добие звање и да се даде прилог кон развој на библиотекарството во
Македонија.
Благој Николов истакна дека за следната Конференција ќе бидат делегати само тие што
ќе се пријават прописно пред конференцијата, за учесници можат да бидат сите кои сакаат и
дојдат на истата и без најава, но без можност за гласање доколку благовремено не се пријават.
Тој истакна дека БЗМ во иднина да иницира промена на Законот за библиотекарство,
истиот да го подобри во корист на библиотекарите. Да се преговара подинамично со
Министерството за култура и министерката на која лично треба да и се образложи што не
функционира и што е тоа што треба да се подобри во иднина за поефикасно функционирање на
Библоиотеките.
Кирил Ангелов истакна дека учеството на ваква значајна Конфернеција за фелата е
проблем кога се отсуствува 2 дена од работа и често пати не наоѓа на одобрување од
раководството во институцијата, предложи да се сведе во еден ден или првиот ден да почне
подоцна. Во врска со Законот, да се свика веќе избраната правна комисија во Битола за работа
на законот и да продолжи со преговорите од каде е застанато.
Благој Николов истакна дека БЗМ како невладина организација може само да иницира
но нема моќ на поголемо влијание, но со постојани средби со Министерството и Синдикатот
треба да наметне свои ставови и убедувања за статусот на библиотекарите.
Петар Петровски директор на прилепската библиотека истакна дека не е доволно само
да се констатираат проблемите овде на Годишното собрание туку треба да се донесат
заклучоци со кои би се решиле тие проблеми. Тој предложи да се соберат директорите на
библиотеките, да истапат со своите проблеми (мал број вработени, малку финансии, обнова и
обука на библиотечниот кадар) и таквите заклучоци да се претстават пред Министерството за
култура.
Благој Николов предложи овие проблеми во писмена форма да се достават до ИО на
БЗМ и дека БЗМ ќе иницира заедничка средба со претставниците на Министерството.
На крајот новоизбраните членовите на ИО на БЗМ Миодраг Дадасовиќ, Пепи
Сотировски, Жаклина Ѓалевска, Охридија Лазарова, Раде Љубиќ и Вилма Јованова едногласно
го прифатија предлогот на Вилма Јованова, Благој Николов и следниот мандат повторно да
биде претседател на БЗМ. Предлогот за секретар на БЗМ во овој мандат да биде Пепи
Сотировски беше исто така едногласно прифатен од сите членови на ИО на БЗМ.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
7
Авторски права и библиотеки: актуелни прашања.
Перспектива на EIFL
(стручен труд)
Тереза Хакет, ЕИФЛ IP програмски менаџер
Превел од англиски м-р Миодраг Дадасовиќ
Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје
Национален EIFL и EIFL IP координатор
Апстракт
Електронски информации за библиотеки (EIFL) е меѓународна непрофитна
организација која работи со библиотеките за да се овозможи пристап до дигитални
информации кај земјите во развој и земјите во транзиција. Програмата за авторски права и
библиотеки, позната како EIFL-IP1, ја поддржува мрежата на авторски права кај
библиотекарите во земјите - партнери во залагањата за фер систем за авторски права за да се
зголеми пристапот до знаењето.
Клучни зборови: авторски права, библиотеки, конзорциуми на библиотеки.
Abstract
Electronic Information for Libraries (EIFL) is an international not-for-profit organization that
works with libraries to enable access to digital information in developing and transition countries. The
programme on copyright and libraries, known as EIFL-IP, supports a network of copyright librarians
in partner countries in advocating for a fair copyright system to maximize access to knowledge.
Key words: copyrights, libraries, library consortia.
Прашањата за авторските права се од централно значење за активностите и услугите
кои библиотеките ги обезбедуваат за своите читатели, како што се доставување документи и
дигиталното зачувување. Библиотекарите денес треба да бидат добро информирани за да им
помогнат на читателите околу прашањата со авторските права, а со цел да се преземе водечка
улога во промовирање на јавниот интерес за библиотеките. Библиотекарите придонесуваат на
меѓународно ниво преку соработка со Светската организација за интелектуална сопственост
(World Intellectual Property Organization - WIPO) и преку EIFL. Библиотекарите, исто така, се
вклучени во националните дебати за авторски права, така што законската поддршка на
модерните библиотечни активности, како и локалните потреби на библиотеките, се ставени во
служба на нивните корисници. Во глобалната, вмрежена животна средина, неопходно е да се
1 IP кај EIFL-IP претставува кратенка за “Intellectual Property”.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
8
следи развојот на настаните во врска со авторските права во целиот свет и да се учи од
прогресивните примери. EIFL помага, библиотеките во своите партнер земји да бидат
информирани и меѓусебно поврзани.
За EIFL
Електронски информации за библиотеки (EIFL) е меѓународна непрофитна
организација која работи со библиотеките за да се овозможи пристап до дигитални
информации во земјите во развој и транзиција. Основана во 1999 година, EIFL започна со
преговори за пристап до комерцијални е-списанија за академски и истражувачки библиотеки
во Централна и Источна Европа. Од тогаш, нашата работа е поврзана со проширување на други
програми за да се овозможи пристап до знаење за образованието, учењето, истражувањето како
и да се воспостави одржлив развој на заедницата. Денес, EIFL е партнер со библиотеки и
конзорциуми на библиотеки во повеќе од 60 земји во развој и транзиција во Африка, Азија,
Европа и Латинска Америка2.
Програмата за авторски права и библиотеки, позната како EIFL-IP, се залага за фер и
избалансиран систем за авторски права кој ги поддржува библиотеките во максимизирање на
пристапот до знаењето. Мрежа на библиотекари во повеќе од 35 земји-партнери, кои се
обучени во застапувањето на прашањата со авторските права за библиотеки3, се во центарот на
она што го правиме.
Зошто авторските права се важни за библиотеките?
Улогата на библиотеките е да им обезбеди на луѓето пристап до информации и знаење.
Како што Законот за авторско право ја уредува сопственоста и дистрибуцијата на знаење,
авторските права се клучни за услугите на библиотекарите и за организациите што ги
претставуваат библиотеките.
Прашањата за авторски права се од централно значење за библиотечната дејност и
услуги, како што се достапноста и цената на книги, правото за купување книги од странство,
правото за позајмица на книги и други материјали. Авторските права ги регулираат
активностите на библиотеките, како што се зачувување на културното наследство,
меѓубиблиотечното позајмување документи, обезбедување на програмски пакети за поддршка
на образованието и истражувањето, како и производство на информации во формат на кој
може да се пристапи од страна на луѓе со посебни потреби, на пример, слепи лица или лица со
оштетен вид4.
Дигиталните технологии ги донесоа библиотеките и луѓето во директен контакт со
правата на сопствениците на авторските права кои се проширени во текот на годините, како
одговор на новите технологии. Како резултат на тоа, библиотеките, дејствувајќи како
„посредници во знаењата“, сѐ повеќе се соочуваат со регулативите на авторските права. Новите
услуги, како што се позајмување на е-книги од библиотеките, или новите активности, како што
се пребарување на текст и податоци во содржината на бази на податоци (text and data mining)5
2 Земји каде EIFL работи: http://www.eifl.net/where-we-work (19.09.2014.).
3 EIFL-IP мрежа: http://www.eifl.net/eifl-copyright-librarians (19.09.2014.).
4 Примери на пристапни формати кои го вклучуваат Брајовото писмо, аудио или DAISY (Digital
Accessible Information System) формати.
5 Компјутерски базирани процеси на изведување или организирање на информациите од текст или
податоци, http://www.ipo.gov.uk/ipreview-doc-t.pdf (19.09.2014.).
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
9
претставуваат извор на нови недоразбирања со издавачите. Законите за авторски права кои се
премногу рестриктивни создаваат правна бариера за разумно користење на ресурсите во
библиотеките за образовни цели, истражување и личен развој.
Каде библиотекарите се среќаваат со прашањата за авторските права?
Библиотекарите обично се среќаваат со проблемите на авторските права на три главни
начини.
Најчесто, библиотекарот се судира со Законот за авторско право преку секојдневната
работа и управување со содржините на библиотеката и обезбедување услуги, како што се
одговорите на барања за фотокопирање од страна на корисниците, или за спроведување на
некој проект за дигитализација.
Од наведените знаења и искуства произлегува дека библиотекарите можат да станат
неформални наставници по авторски права - меѓусебно, на студентите и факултетите, кои
често се упатени кон библиотеката со прашања во врска со авторските права или на отворениот
пристап.
Понекогаш, владини претставници за заштита на авторските права можат да бараат
информации за пресекот помеѓу библиотечните практики и Законот за авторски права.
Конечно, библиотекарите се ефикасни портпароли во арената на јавната политика. Во
сферата на јавниот интерес, мисијата на библиотекарот е да овозможи унапредување на
знаењето, при што библиотекарите имаат професионална одговорност да се вклучат во
активности заедно со креаторите на политиките, при што политичката и правната рамка
драстично ќе го зголеми пристапот до ресурсите на знаење за корисниците на библиотеките и
општеството.
„Библиотеките се еден од ретките примери на јавно-ориентирани интересни групи кои
бараат да се обезбеди противтежа на силното лоби на сопствениците на авторски права“ (д-р
Гај Пасач)6.
Изработка на авторско дело за корисници: меѓународни движења
Право да читаат за лица со пречки во видот7
Пример за тоа како библиотечната заедница придонесува кон меѓународните креирања
политики е Договорот од Маракеш за визуелно хендикепираните лица, склучен во јуни 2013
година од страна на земјите-членки на Светската организација за интелектуална сопственост
(WIPO)8.
6 Во Legal and Policy Challenges for Libraries in the Age of Digital Books, Ruth Okediji, William L. Prosser
Professor of Law, University of Minnesota Law School, http://www.ifla.org/files/assets/hq/presidents-
program/papers/okediji.pdf (19.09.2014.).
7 Лица со пречки во видот вклучуваат лица кои се слепи или лица со оштетен вид, лица кои имаат
перцептивен или хендикеп на читање како дислексија, или имаат телесна попреченост која ги спречува
да држат книга.
8 Договорот од Маракеш да се олесни пристапот до книгите за лица кои се слепи, со оштетен вид или на
друг начин попречени во читањето, http://www.wipo.int/dc2013/en/ (19.09.2014.).
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
10
EIFL ја поддржува Светската унија на слепите (WBU), Knowledge Ecology International
и други сојузници во тек на повеќе од пет години активности и преговори во Женева - седиште
на WIPO. EIFL учествуваше на дипломатската конференција во Маракеш каде е усвоен
историскиот договор за авторските права, за да се овозможи прекугранична размена на
достапни материјали за слепи, лица со оштетен вид и други визуелно хендикепирани лица.
Во 2014. година, во соработка со WBU, EIFL се фокусира на следната важна фаза на
работа како што е ратификација и спроведување на спогодбата во националните закони за
авторско право (Договорот ќе стапи во сила откако ќе биде ратификуван од најмалку 20 земји-
членки на WIPO). Работејќи со EIFL IP библиотекарите, ние се залагаме за брзо и ефикасно
национално имплементирање, што ќе ја зголеми пристапноста на достапни материјали со
правење вистинска разлика во животите на визуелно хендикепираните лица.
До 2014 година, шеесет земји го имаат потпишано договорот (ја покажува политичката
поддршка во принцип)9. Една третина од земјите припаѓаат на EIFL земјите-партнери и ги
вклучуваат: Босна и Херцеговина, Камбоџа, Камерун, Кина, Етиопија, Гана, Кенија, Литванија,
Мали, Молдавија, Монголија, Мозамбик, Намибија, Непал, Нигерија, Сенегал, Судан, Сирија,
Уганда и Зимбабве.
Обезбедување дигитална иднина за библиотеки и архиви
Подобрување на Законите за авторски права на глобално ниво за доброто на библиотеките и
архивите е дел од тековната програма за работа на Светската организација за интелектуална
сопственост (WIPO)10. EIFL, заедно со Меѓународната федерација на библиотечни здруженија
и институции (IFLA) и Меѓународниот совет за архиви (International Council on Archives - IСА),
интензивно работи со земјите-членки кои идентификуваа единаесет теми, вклучувајќи
зачувување фондови на библиотеки и архиви, библиотечна позајмица и делата-сирачиња кои ја
чинат основата за идните дискусии во работниот документ11. Делегати од земјите-членки на
WIPO12 веќе дебатираат за сите предлози, така што Комисијата за авторски права е подготвена
да ги достави своите препораки во вид на меѓународно правен инструмент за библиотеки и
архиви до Генералното собрание на WIPO во 2014 година.
Во ова време, EIFL заедницата ќе се залага на национално ниво и кај WIPO да се добијат
најдобри резултати за библиотеките. EIFL ќе води кампања за подигање на свеста, ќе превзема
интервенции во јавноста и ќе поддржува присуство на EIFL библиотекари на WIPO сесии.
Поддршка на реформите на авторските права: модернизирање на националните закони за
авторски права
„Реформи на авторските права се во тек“, е првата изјава во извештајот подготвен од страна на
Комитетот за ревизија на авторските права во насока на идентификација на бариерите за
9 Најнова листа на потписници:
http://www.wipo.int/wipolex/en/wipo_treaties/parties.jsp?treaty_id=843&group_id=1 (19.09.2014.).
10 SCCR/25/REF/CONCLUSIONS, http://www.wipo.int/meetings/en/doc_details.jsp?doc_id=222322
(19.09.2014.).
11 Работен документ содржи коментари и текстуални предлози за создавање соодветен меѓународен
правен инструмент (во која било форма) на исклучоците и ограничувањата за библиотеки и архиви,
http://www.wipo.int/meetings/en/doc_details.jsp?doc_id=242388 (19.09.2014.).
12 Officials from national copyright offices or from Permanent Missions to the United Nations Office at Geneva.
(19.09.2014.).
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
11
иновации во дигиталната средина во Ирска13. Честа тема во неколку други земји кои, исто така,
ги разгледуваат нивните национални закони, е да се направат авторските права погодни за
примена во дигитална средина. На пример, Австралија презема истражување за авторски права
и дигиталната економија14, Естонија го хармонизира својот Закон за интелектуална
сопственост (IP) со денешните потреби15 како и Полска, која прави реформи од суштинско
значење за растот и развојот на дигиталното општество16. Во Велика Британија, владата
спроведува препораки за да обезбеди Велика Британија да има „IP рамка која најдобро
одговара за поддршка на иновациите и промовирање на економскиот раст во дигиталната
ера“17, додека американското Министерство за трговија држи јавни консултации за ажурирање
на политики за авторски права во времето на Интернет18. Во декември 2013 година, Европската
комисија започна јавни консултации како дел од своите тековни напори да се согледаат и да се
модернизираат правилата за авторски права на ЕУ, што вклучува ограничувања и исклучоци за
авторски права во дигиталната ера19. Мишел Барние, комесар за Внатрешен пазар и услуги
рекол: „Мојата визија за авторските права е како една модерна и ефикасна алатка која го
поддржува создавањето и иновациите, надминувајќи ги границите, овозможува пристап до
квалитетни содржини, ја поттикнува и зајакнува културната разновидност. Нашата политика за
авторски права на ЕУ мора да се држи во чекор со времето“.
Библиотекарите во EIFL партнер земјите ја преземаат водечката улога во
обезбедувањето дека тие се дел од глобалниот дијалог за промени. Во 2013 година, осум
проекти на EIFL се финансирани во Ерменија, Естонија, Латвија, Монголија, Полска, Сенегал,
Уганда и Узбекистан кои открија импресивни достигнувања за местото на библиотеките,
нивната улога од позиција на сила во залагањата за донесување фер национални закони за
авторски права, закони кои ја поддржуваат модерната библиотечната дејност, како и потребите
на локалната библиотека во служба на нивните корисници20. Како резултат на тоа,
библиотеките формираат коалиции, добиваат експертски правни совети за измени и
дополнувања на Законот, учествуваат во консултации со јавноста за авторските права и
добиваат национална медиумска покриеност, како „движечка мисла“ на прашањата во развој,
како што се e-книгите.
Креаторите на политики ја признаваат улогата на библиотеките во информациските
еко-системи и ја ценат библиотеката како глас во политичките дебати за Законот за авторски
права.
EIFL-IP ресурси и Поддршка
13 Модернизација на авторските права. Извештај подготвен од страна на Комитетот за ревизија на
авторски права при Министерството за труд, претпријатија и иновации, Ирска (октомври 2013.),
http://www.enterprise.gov.ie/en/Publications/CRC-Report.pdf (19.09.2014).
14 http://www.alrc.gov.au/inquiries/copyright-and-digital-economy (19.09.2014).
15 Библиотеки во Естонија го издигнаа прашањето за авторските права на национално ниво:
http://www.eifl.net/case-study-copyright-debate-estonia (19.09.2014).
16 Реформи на авторските права во Полска: потребата за решавање на прашањето на урамнотежени
ограничувања и исклучоци: http://www.eifl.net/case-study-copyright-reform-poland (19.09.2014).
17 Спроведувајќи го прегледот на Харгрејвс, http://www.ipo.gov.uk/types/hargreaves.htm
(19.09.2014).
18 Американското Министерство за трговија изработи сеопфатна анализа на политиката на авторските
права, креативност и иновативност во дигиталната економија: http://www.commerce.gov/news/press-
releases/2013/07/31/us-department-commerce-produces-comprehensive-analysis-addressing-cop (19.09.2014).
19 Авторски права – Европската комисија иницира јавна дискусија: http://europa.eu/rapid/press-release_IP-
13-1213_en.htm (19.09.2014).
20 Застапување за подобрување на Законите за авторски права за библиотеки,
http://www.eifl.net/news/advocating-improved-copyright-laws-libraries
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
12
Повеќе воведни водичи и практични ресурси се произведени од страна на EIFL кои
третираат разни актуелни прашања, како што се библиотечните принципи за авторското право,
делата-сирачиња (orphan works, без познат автор), како да се преговара со националните
организации за правата за репродукција21. EIFL разви наставна програма за авторски права и
библиотеки, развиена заедно со Харвард Беркман Центарот за Интернет и општество, која
слободно е достапна на Интернет на осум јазици22, а, исто така, на располагање е да ја купите
како учебник на англиски јазик23.
Голем број ресурси се слободно достапни за симнување од Интернет со користење
лиценца од Криејтив комонс (Creative Commons licence), која ги охрабрува корисниците да ги
преведат, дистрибуираат, повторно да ги употребат и да ги доизградат постоечките материјали.
Тековно се одржуваат вебинари (webinars) – онлајн едукации преку Интернет за
прашања од областа на авторските права и библиотеките, како и Help Desk услуга за помош
која обезбедува индивидуални совети и поддршка за прашања од областите на авторското
право за библиотекари во мрежата на EIFL.
Заклучок
Информатичките технологии ги трансформираат библиотечните услуги со
обезбедување нови можности во служба на читателите и заедниците. Во исто време,
дигиталната средина покренува нови правни прашања кои можат да ги нарушат важните
елементи на библиотечната дејност. Библиотекарите мора да бидат добро информирани за
авторското право како и за можноста да ја превземат водечката улога во промовирањето на
библиотеките и нивната улога во поддршката на јавниот интерес и во дебатите кои се
однесуваат на авторските права. Во глобалната, вмрежена околина, неопходно е да се следи
развојот на настаните и прашањата со авторските права во целиот свет, да се изучуваат
позитивните примери и добри практики. EIFL им помага на библиотеките во земјите партнери
да бидат информирани и поврзани.
Оваа статија е лиценцирана под Криејтив комонс Наведи Извор-Сподели под Исти
Услови 3.0 (Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 License). Според условите на оваа
лиценца, дозволено е да умножувате, дистрибуирате, пренесувате и да го адаптирате делото, сѐ
додека го наведувате EIFL како корпоративен автор.
21 Достапно на: www.eifl.net/eifl-ip-resources
22 Арапски, кинески, англиски, француски, полски, романски/молдавски, руски, српски, шпански.
23 http://www.eifl.net/copyright-for-librarians
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
13
Типологија на статии и составни делови при библиографска
обработка во COBISS.MK
Наташа Бундовска, виш библиотекар
Валентина Дојчиновска-Илиоска, виш библиотекар
Сoфче Марковиќ, виш библиотекар
НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје
Библиографски центар
Summary:
Typology of documents is part of bibliographic description of articles and component
parts. So, we use the recommendations of the Standard COMARC/B Format for
bibliographic dates F.6 which includes “Tipology of documents/works for bibliography
management in COBISS”, published on the Web site on 11-th of November 2011. We
translated the first part of the typology, Articles and other component parts and we give an
explanations and suggestions for its implementations in the current librarian work.
Kew words: Typology, articles, component parts, COMARC/B
Резиме:
Определувањето на типологијата на документи е дел од библиографскиот опис
на статии и составни делови. При тоа се користат препораките на Стандардот
COMARC/B Формат за библиографски податоци F.6 во кој е вклучена „Типологијата
на документи за библиографска обработка во COBISS“ објавени на веб страната од 11
ноември 2011. Првиот дел од типологијата, Статии и други составни делови е преведен
и дадени се препораки и објаснувања за нивна имплементација во тековната
библиотечна работа.
Клучни зборови: Типологија, статии, составни делови, COMARC/B.
Терминот „типологија“ произлегува од грчките зборови „typo“, што значи тип,
вид и „logos“ што значи збор. Според тоа, типологијата е систем или метод кој може да
се користи при класифицирање во повеќе сегменти во сите науки. Библиотекарската
дејност како интердисциплинарна наука ја применува типологијата при определување
на целокупната издавачка продукција, која како задолжителен примерок се доставува и
стручно обработува во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Предмет на овој труд ќе
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
14
биде еден дел од публикуваните документи, односно статии и составни делови кои
аналитички се обработуваат во Библиографскиот центар.
При библиографската обработка на статии и составни делови со програмска
поддршка на COBISS – Kooperativni on line bibliografski sistem in servisi се определува
соодветната типологија на овие документи, придржувајќи се кон препораките од
стандардот COMARC/B Format za bibliografske podatke, Додаток F.6. Во Додатокот F.6
(Tipologija dokumenata/dela - definicije i preporuke) се типизирани сите видови
документи кои се групирани во следните групи: статии и други составни делови,
монографии и други заклучени дела и изведени трудови (настани).
Во овој труд ќе се задржиме на првиот дел кој ја опфаќа проблематиката на
типологија на статии и други составни делови кои се класифицирани во различни
типологии нумерирани со следните броеви: 1.01, 1.02, 1.03, 1.04, 1.05, 1.06, 1.07, 1.08,
1.09, 1.10, 1.12, 1.13, 1.16, 1.17, 1.18, 1.19, 1.20, 1.21, 1.22, 1.23, 1.24, 1.25. Од самата
класификација на соодветните типологии се воочува дека детално се опфатени сите
типови на статии и составни делови кои би можеле да се сретнат при самата
библиографска обработка. Широката палета на типологии ни дава можност за полесно
и поточно определување на типологијата при креирање на библиографските записи.
Конкретните објаснувања на поодделните типологии од COMARC/B, Додаток F.6 ќе ги
пренесеме во целост според последната верзија “Typology of documents/works for
bibliography management in COBISS” од 11 ноември 2011 година.
Покрај преводот на секоја типологија поодделно од последната верзија од
Додаток F.6. ќе наведеме дополнителни согледувања и дообјаснувања кои
произлегуваат од искуствата при тековното работење. Во некои случаи ќе бидат
приложени примери на изворници од каде се ексцерпираат статиите и составните
делови за соодветната типологија.
1.01 Изворна научна статија
Изворна научна статија е прво објавување на оригиналните истражувачки
резултати во таков облик, при што, истражувањето може да се повтори, а
утврдените факти да се проверат. По правило е организирана по шема IMRAD
(Introduction, Methods, Results and Discussion) за експериментални истражувања или
на дескриптивен начин за дескриптивни научни области. Мора да биде објавена во
научно списание со рецензентски систем на прифаќање на статии и да биде
рецензирана. Рецензентскиот систем мора да биде видлив од упатствата за
авторите (*1).
Типологијата на статии и составни делови не случајно започнува со изворна
научна статија, која е највисоко рангирана според меѓународните стандарди за
вреднување на трудовите на научните работници. Тоа го потврдуваат вредносните
критериуми кои треба да ги исполнува еден труд за да биде детерминиран во оваа
типологија. Всушност, овде се категоризираат документи кои се исклучиво дело на
самиот автор почнувајќи од научно-истражувачката работа, анализа на добиените
резултати до донесување на соодветни заклучоци. Примери за изворни научни статии
кои во целост ги исполнуваат критериумите од оваа типологија и соодветно се
организирани, најчесто се застапени во следните периодични публикации: “Macedonian
journal of chemistry and chemical engineering”, „Македонски медицински преглед“,
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
15
„Тутун“, „Дефектолошка теорија и практика“, ”Apolonia”, „Заштита на растенија“,
„Зборник на трудови / Машински факултет – Скопје“ и други.
1.02 Прегледна научна статија
Прегледна научна статија е преглед на најновите трудови за одредена
предметна област, трудови на поединечен истражувач или група истражувачи со цел
собирање, анализирање, евалуирање или синтетизирање на веќе публикувани
информации. Прегледната научна статија донесува нови синтези кои, исто така, ги
вклучува и резултатите од сопствените истражувања на авторот. Мора да биде
објавена во научно списание со рецензентски систем на прифаќање на статии и да
биде рецензирана. Рецензентскиот систем мора да биде видлив од упатствата за
авторите (*1).
При определување на типологијата на научни статии особено треба да се обрне
внимание на разграничување на разликите помеѓу изворна научна статија и прегледна
научна статија. Доколку статијата содржи претежно анализи на авторот на веќе
направени и публикувани истражувања, притоа инкорпорирајќи и свои сопствени
истражувања, се категоризира со типологија 1.02, односно прегледна научна статија.
Овој вид научни трудови не мора да ги исполнуваат елементите на шемата IMRAD,
бидејќи овој критериум за организација на прегледна научна статија не е наведен во
препораките за оваа типологија. Изворници во кои најмногу се публикуваат прегледни
научни статии се: „Годишник на Економски факултет – Скопје“, „Енергетика“,
„Економски развој“, “SEEU Review” и други.
1.03 Кратка научна статија
Кратка научна статија е изворна научна статија кај која некои од
елементите на шемата IMRAD се изоставени. Накратко ги сублимира резултатите
на завршениот изворен истражувачки труд или истражувачки труд кој е сѐ уште во
тек. Во оваа категорија, исто така, се вклучени и кратки прегледи (mini reviews) и
претходните објавувања, доколку имаат карактеристики на кратка научна статија
(*1).
Терминот кратка научна статија нѐ упатува на статија која е изворна научна по
својот карактер, но мала во обемот на содржината. За разлика од изворната научна
статија, која мора да ги содржи сите елементи на шемата IMRAD, кратката научна
статија може да биде организирана со помалку или нецелосни елементи од оваа шема.
Значи, разликата помеѓу овие два вида статии е во начинот и обемот на публикување
на научноистражувачката работа.
Статии од типологиите 1.01 изворна научна статија, 1.02 прегледна научна
статија и 1.03 кратка научна статија можатда се сретнат во сите научни списанија кои
се предмет на аналитичка обработка. Примерите кои се дадени како изворници во
претходните типологии се однесуваат на списанија во кои поголем дел од статиите се
однесувааат на соодветната типологија.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
16
1.04 Стручна статија
Стручна статија е презентирање на веќе познато, со акцент на
применливоста на оригиналните научни резултати и ширење на знаењето, додека
сложеноста на текстот е прилагодена на потребите на корисниците и читателите
на стручни или научни списанија во кои оваа статија е објавена (*1).
Стручните статии произлегуваат од долгогодишно работно искуство на
професионалци од различни области. Поголем дел на статии со оваа типологија се
објавени во стручни списанија чија тенденција е што поголем придонес за развој на
___________________________________________________________________________
(*1) Typology of documents/works for bibliography management in COBISS, 11 November соодветната
професија. Списанијата „Библиотекарство“, „Правник“, „Репрезент“, се мал дел од мноштвото стручни
списанија кои се публикуваат на територија на Република Македонија. Нивната категоризација како
стручни списанија ни ја олеснува постапката за определување на типологијата на статиите во нив. Но,
трудови со стручна содржина можат да се сретнат и во научни списанија.
1.05 Популарна статија
Популарна статија е статија со цел популаризирање на научни и стручни
сознанија и општествената улога на истражувачката и развојната дејност. Како
правило, популарна статија се објавува во весници и списанија од општ интерес, како
и во други списанија за популаризирање на науката (1*).
Популарните списанија „Mакедонија : илустрирана ревија на Матицата на
иселениците од Македонија“, „Емитер“, „Воспитни крстопати“, сe карактеристични
примери од каде се ексцерпираат популарни статии и составни делови.
1.06 Објавено научно излагање на конференција (покането предавање)
Поканетото предавање мора да биде видливо од публикацијата, од
програмата на конференцијата или докажано со покана од организаторот на
конференцијата, почитувајќи ги критериумите од 1.08.
Поканетото предавање според значењето се разликува од сите други
предавања на конференцијата. По правило, станува збор за воведно/заклучно пленарно
предавање (во публикацијата е обично наведено во посебна рубрика “envited lectures”)
(*1).
1.07 Објавено стручно излагање на конференција (покането предавање)
Поканетото предавање мора да биде видливо од публикацијата, од
програмата на конференцијата или докажано со покана од организаторот на
конференцијата, почитувајќи ги критериумите од 1.09.
Поканетото предавање според значењето се разликува од сите други
предавања на конференцијата. По правило, станува збор за воведно/заклучно пленарно
предавање (во публикацијата е обично наведено во посебна рубрика “envited lectures”)
(*1).
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
17
1.08 Објавено научно излагање на конференција
Објавено научно излагање на конференција (предавање, реферат, постер)
објавено во целост во самостоен зборник од конференција, во научно списание или на
веб страна на конференцијата и/или организаторот на конференцијата. Објавеното
излагање би требало да биде организирано како научна статија.
Рецензираноста според критериумите за изворни или прегледни научни статии
и/или самостојни научни составни делови во монографија, се проценува врз база на
типологијата на зборниците од конференциите кои можат да бидат самостојна
монографска публикација, редовен или специјален број на списание, суплемент или веб
страна (*1).
1.09 Објавено стручно излагање на конференција
Објавено стручно излагање на конференција (предавање, реферат, постер)
објавено во целост во самостоен зборник од конференција во стручно (или научно)
списание или на веб страна на конференцијата и/или организаторот на
конференцијата (*1).
Разликите во типологиите 1.08 и 1.09 (објавено научно предавање на
конференција и објавено стручно предавање на конференција) се разграничуваат
според исполнувањето на критериумите на излагањето на конференцијата во однос на
научна или стручна статија. Начинот на кој што е публикувано предавањето со сите
критериуми кои треба да ги исполни како научен или стручен труд, во согласност со
видот на конференцијата, ни овозможува да направиме правилен избор при
категоризација на статии од овие две типологии.
1.10 Објавено резиме од научно излагање на конференција (покането
предавање)
Поканетото предавање мора да биде видливо од публикацијата, од
програмата на конференцијата или докажано со покана од организаторот на
конференцијата, почитувајќи ги критериумите од 1.08.
Поканетото предавање според значењето се разликува од сите други
предавања на конференцијата. По правило станува збор за воведно/заклучно пленарно
предавање (во публикацијата е обично наведено во посебна рубрика “envited lectures”)
(*1).
1.11 Објавено резиме од научно излагање на конференција
Резиме од излагање (предавање, реферат, постер) на конференција, објавено во
самостоен зборник од конференција, во научно или стручно списание или на веб
страна на конференцијата и/или организаторот на конференцијата.
Проширените резимеа и објавените слајдови се, исто така, вклучени во оваа
типологија (*1).
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
18
1.12 Објавено резиме од стручно излагање на конференција
Резиме од излагање (предавање, презентација, постер) на конференција,
објавено во самостоен зборник од конференција, во научно или стручно списание или
на веб страна на конференцијата и/или организаторот на конференцијата.
Проширените резимеа и објавените слајдови се, исто така, вклучени во оваа
типологија (*1).
1.16 Самостоен научен составен дел или поглавје во монографска
публикација
Самостоен научен составен дел или поглавје во монографска публикација се
обработува како посебна библиографска единица само во случај кога станува збор за
таканаречена уредувачка публикација со самостојни прилози на одделни автори, а не
за интегрален текст од повеќе автори, наведени и на насловната страна на
монографијата. Во оваа категорија се вклучени и изворни научни географски карти,
ако претставуваат самостоен прилог кој може авторски да се идентификува (*1).
1.17 Самостоен стручен составен дел или поглавје во монографска
публикација
Самостоен стручен составен дел или поглавје во монографска публикација се
обработува како посебна библиографска единица само во случај кога станува збор за
таканаречена уредувачка публикација со самостојни прилози на одделни автори, а не
за интегрален текст од повеќе автори, наведени и на насловната страна на
монографијата. Во оваа категорија се вклучени и изворни стручни географски карти,
ако претставуваат самостоен прилог кој може авторски да се идентификува (*1).
Дел од издавачката продукција во Република Македонија се монографски
публикации во кои се публикувани самостојни трудови од различни автори. Најчесто
се тематски определени и можат да се однесуваат за определена личност, место, по
повод одреден јубилеј и сл. Во овие публикации кои аналитички се обработуваат,
трудовите се од научен или стручен карактер и се категоризираат со една од овие две
типологии 1.16 или 1.17.
1.18 Определница – составен дел на енциклопедија, лексикон, речник ...
Определница – составен дел опфаќа систематски преглед и приказ на одредена
тема, проблем, предмет, збор, личност или настан. Во оваа категорија припаѓаат
само определници - составни делови подолги од 200 збора. Определници – составни
делови пократки од 200 збора би можеле да се категиризираат во 1.25. Кога станува
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
19
збор за научни составни делови кои по обем се споредливи со самостојни научни
составни делови во монографии, може да се категоризираат во 1.16 (*1).
1.19 Рецензија, осврт на книга, критика
Прилог во научна или стручна публикација (списание, книга, итн.) во која
авторот ја оценува или докажува правилноста/неправилноста на некој научен или
стручен труд, критериум, мислење или одреден заклучок кој ги
побива/поддржува/оценува, трудови или мислења на други автори. Приказ на стручно
мислење, мислење за научни, стручни или уметнички дела, особено во поглед на
нивниот квалитет (*1).
Статии со ваква типологија можат да се сретнат во списанија од сите научни
дисциплини, но најмногу од областа на литературата. Можат да се сретнат во
списанијата „Историја“, „Економија и бизнис“, „Социолошка ревија“, но најчесто
критики и осврти на монографии се застапени во „СУМ“, „Културен живот“,
„Современост“, „Синтези“ , „Театарски гласник“, „Кинопис“...
1.20 Предговор, поговор
Краток составен дел пред или зад главниот текст кој зборува за текстот или
за неговиот автор. Поздравните говори, благодарници и слично не се обработуваат
(*1).
1.21 Полемика, дискусија
Прилог во кој авторот ја докажува правилноста на одредени критериуми,
мислења или заклучоци и ги побива мислењата и констатациите на други автори (*1).
1.22 Интервју
Разговор за научно или стручно релевантни теми, наменет за јавноста кој е
објавен во форма на прашања и одговори (*1).
Доколку поголемиот дел од објавениот текст се одговорите на интервјуираното
лице се зема како примарна одговорност, во спротивно интервјуираното лице се
третира како секундарен автор. При одредувањето на типологијата за ваков тип
публикуван труд олеснителна околност е стручната обработка, која сама по себе
покажува дека станува збор за интервју, како и графичкото обликување на текстот.
1.23 Уметнички составен дел
Поезија, проза, композиции и други уметнички составни делови кои се дел од
некој завршен опус (*1).
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
20
Најголем дел од изворниците кои аналитички се обработуваат се од областа на
литературата. Аналогно на тоа, најчесто статии и составни делови од оваа типологија
се застапени во нив.
1.24 Библиографија, индекс и слично
1.25 Друга статија или составен дел
Во оваа типологија се категоризираат сите останати статии или составни делови
кои не можат да се категоризираат во некоја од претходно наведените типологии.
При библиографскиот опис на статии и составни делови, еден од сегментите на
описот е и определување на соодветна типологија на документот. При определување на
типологијата најголема одговорност имаат стручно обучените библиотекари
(библиографи) во библиотеките, кои го креираат библиографскиот запис. За правилно
определување (класификација) на статиите и другите составни делови според оваа
типологија, примарна и најголема одговорност има самиот автор. Доколку издавачкиот
тим на публикацијата во која се издава статијата во консултација со самиот автор, ја
има определено типологијата, тоа е олеснителна околност за самиот библиограф.
Обично, типологијата е отпечатена во горниот лев или десен агол на почетната страна
на статијата. Но, сепак, тоа се среќава многу ретко. Затоа, улогата на креаторот на
записот станува посложена и покомплексна. Во тој случај, огромна улога игра
стручната обработка на документот и консултацијата со стручните експерти од
соодветната област. Консултацијата е особено значајна при определување на
типологијата на статии и други составни делови, при разграничување на различни
типови на научни статии (изворни, прегледни и кратки), како и разграничување на
научни од стручни. Во нашата анализа најмногу место им се отстапува токму на овие
типологии (1.01, 1.02, 1.03 и 1.04), бидејќи нивното категоризирање ни создава
најголеми дилеми. Дилемата е разрешена при определување на типологијата на
документи која ја налага самата стручна обработка на истите (типологија 1.19 осврти и
критики на монографии, 1.21 полемики, дискусии, 1.22 интервјуа, 1.23 уметнички
составни делови и 1.24 библиографии).
Се надеваме дека овие препораки кои произлегуваат од нашето работно
искуство ќе им олеснат на креаторите на библиографските записи во разрешување на
дилемите при определување на соодветните типологии на статиите и другите составни
делови. На тој начин, почитувајќи ги и правилно применувајќи ги критериумите на
соодветната типологија за пооделните трудови, ќе се овозможи воедначување во овој
сегмент од библиографскиот опис на статии и составни делови во системот COBISS.
Тенденцијата на издавачката дејност во Република Македонија е подобрување
на квалитетот и почитување на меѓународните стандарди кои вклучуваат и
определување на типологија при самото печатење на статиите и другите составни
делови. Овој труд би можел да им помогне во таа насока.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
21
Литература:
Typology of documents/works for bibliography management in COBISS, 11 November
2011
home.izum.si/COBISS/.../Tipologija_eng.p...;
Seljak, Tomaž: Bibliografije raziskovalcev v sistemu COBISS.SI Vo: Organizacija
znanja, letnik 10, zvezek 4, 2005
home.izum.si/COBISS/OZ/2005.../html/cla...;
Legat, Dunja: Načala znanstvenega publiciranja in tipologija dokumentov v sistemu
COBISS.
Vo: Razvoj visokoškolskih knjižnic za univerzo 21. stoletja : zbornik referatov,
Ljubljana, 28-29 maj 2002, Str. 145-160
www.ctk.uni-lj.si/Publikacije/2002/Posvet2002-Zbornik.pdf ;
Knjižničarstvo i bibliotekarstvo, petak 22.01.2010
bibliotekarstvo.blog.hr/ ;
Typology
creationwiki.org/Typology.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
22
Важноста на дигитализацијата на НУУБ „Св. Климент Охридски“
Битола
Анета Стефановска, библиотекар советник
ВОВЕД
Дигитализацијата на библиотечната граѓа е популарна постапка, која што во
библиотеките се применува последниве две децении, со цел да биде овозможен поголем
пристап кон библиотечниот фонд, но и со цел тој да биде подобро сочуван и да биде корисно
наследство на идните генерации. Информатичката и комуникациската технологија денес е
неодминлив и составен дел на работењето на секоја библиотека, нивната примена
резултираше првенствено со автоматизација на работењето на овие институции, а како следна
фаза е дигитализацијата, без која не може да функционира и да се реализира работењето на
една модерна и современа библиотека. За да не остане постојниот библиотечен фонд
недостапен за корисниците кои преферираат користење на компјутери и Интернет,
библиотеките нужно мора да спроведуваат дигитализација на библиотечниот фонд. Секако,
кон овој процес на дигитализација придонесува и зајакнувањето на општествената улога на
Интернетот, каде влегува олеснетиот пристап до научните, стручните и популарните
библиотечни содржини во дигитален облик.
Дигитализацијата на НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола, е една од неколкуте најголеми и најзначајни
библиотеки во државава, со фонд од околу 600 000 книги и бројни списанија, а, исто така, една
од установите од овој вид кои што први се вклучија во процесите кои овозможуваа развој и
унапредување на библиотечната дејност и современо институционално дејствување. Така, во
периодот од 2001 година во НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола започна процесот на
автоматизација, со што беше осовременето и модернизирано работењето на библиотеката,
преку воведување на COBIS системот, така што беше внесен целиот библиотечен фонд. Во
овој процес Библиотеката беше една од водечките институции од овој вид.
Со развојот на ИТ технологијата, со напредокот на глобализацијата, од несомнена
потреба е продолжување на овие процеси и во НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола, така
што, согледано и констатирано е дека оваа институција е една од најважните во културната
мапа на Република Македонија, а првенствено заради нејзиното национално и универзитетско
значење. Оттаму, дефинитивно и без одлагање, потребно е брзо отпочнување на процесот на
дигитализација на библитечниот фонд. На тој начин библиотеката не само што би ја имала
својата централна позиција како културна институција, туку и би одговорила на потребите на
читателите, но и на потребите на научните и стручните кругови, без чии трудови и
истражувања незамислив би бил секој напредок во областа на библиотекарството. Првенствено
треба да се започне со постапна или дигитализација во фази на постојниот библиотечен фонд
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
23
во библиотеката, а за тоа потребно е да се обезбеди системска поддршка на институцијата во
облик на инфраструктура и потребната технолошко - техничка поддршка, која што ќе биде
гаранција на успешното спроведување на проектот на дигитализација, да се обезбеди сигурно
финансирање (одржлива финансиска конструкција), да се обезбедат едукации и обуки на
стручниот библиотечен кадар и другиот персонал во библиотеката.
Предностите на дигитализацијата
Според искуствата на балканските и светските библиотеки, дигитализацијата
првенствено е во насока на зголемување на библиотечниот фонд. Дигитализацијата
овозможува пошироки можности за употреба на дигиталниот библиотечен фонд за најразлични
потреби, а воедно овозможува и практикување нови online услуги, кои го отвораат пристапот
кон библиотечниот фонд, кој што претходно е достапен само со физичко доаѓање во
библиотеката или, пак, бил потполно недостапен, заради лошата состoјба на фондот, што го
оневозможува неговото користење. Сето ова, логично, ја менува натаму и улогата на
библиотекарот. Тој сѐ помалку е чувар на библиотечниот фонд, туку сѐ повеќе прераснува во
овозможувач на пристапот на читателот кон дигиталниот библиотечниот фонд. Тоа, пак,
натаму се рефлектира и во промена на работата на библиотеката, нејзино унапредување преку
постапката на дигитализација, која донесува бројни бенефити:
- Зголемена достапност на библиотечниот фонд;
- Зголемена функционалност на библиотечниот материјал;
- Можности за користење на други медиуми;
- Системска и суштинска соработка со други институции;
- Идентификација и селекција на библиотечниот фонд;
- Зголемени можности за зачувување на библиотечниот фонд;
- Дигитализацијата е одговор на потребата за конверзија на некнижниот библиотечен
фонд (звучен, видео и филмски) и може да овозможи пристап и претставување на
збирките кои содржат различни формати;
- Дигитализацијата им помага на библиотеките да ја зголемат видливоста на своите
фондови и услуги во општеството – јавноста, што е, воедно, и една од нејзините
значајни задачи.
Важноста на дигитализацијата
Главно, проектот за дигитализација за библиотеката е важен од две причини:
дополнителен начин за реформатирање на загрозениот и во лоша состојба библиотечен книжен
фонд и зголемување на пристапот кон библиотечните збирки.
Одделни стручни лица тврдат дека со порастот на популарноста на дигитализацијата
расте и свеста за можните последици од негрижата за библиотечниот фонд, која за
општеството во целина има непроценлива вредност, а за која, од друга страна, не постојат
планови за долгорочно зачувување. Некои од стручните лица дури упатуваат на опасноста
чуваниот фонд (книги, научни трудови, владини документи и други видови документи) да
стане нечитлив. Заради тоа, дигитализацијата е вистинска можност за зачувување на
оригиналот или останува единствен начин за зачувување на реткиот и оштетен фонд (на
пример: весници, аудиовизуелен материјал, стари ракописи, фотографии, некомерцијални
музички снимки, докторски дистертации и други историски документи).
Од друга страна, со порастот на информатичката и комуникациската технологија во
наставата и спроведувањето на научните истражувања, порасна потребата за систематизација
на библиотечниот фонд во дигитална форма, особено во библиотеките на високообразовните
институции, а следствено на тоа и во НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола, како
универзитетска библиотека.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
24
Дигитализацијата и универзитетските библиотеки
Првенствено, благодарение на Интернетот, студентите и научно-наставните работници,
стручните соработници се во можност да дојдат до научни и стручни трудови објавени во
списанијата, книгите, магитерските трудови и докторските дисертации и до значајни други
податоци од научните истражувања и други содржини.
Оттаму, од големо значење е просецот на дигитализација на библиотечниот фонд на
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола, затоа што тоа ќе претставува олеснета и перспективна
научноистражувачка работа, размена на стручни искуства, унапредување на работата на
универзитетските библиотеки, со тоа што процесот на дигитализација од библиотеката би се
трансферирал во универзитетските библиотеки.
Во оваа насока, Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, ќе биде еден од првите
универзитети во регионот, што ќе ги дигитализира своите учебници. Таквите процеси, мора и
треба да отпочнат и на Битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“, се разбира, преку
дигитализација на НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола, во едни заеднички и добро
координирани активности, кои ќе финализираат со дигитализација на сите библиотеки во
рамките на Битолскиот универзитет и со создавање база на е-учебници и други помагала за
студентите во наставата.
Со ова се потврдува дека дигитализацијата е недоминлив процес, не само во прилог на досега
изнесените тврдења и аргументи, туку и во насока на следење на светските трендови за
создавање безхартиено академско општество.
РЕЗИМЕ
Информатичката и комуникациската технологија денес е неодминлив и составен дел на
работењето на секоја библиотека, а нивната примена резултираше првенствено со
автоматизација на работењето на овие институции, а следна фаза е дигитализацијата, без која
не може да функционира и да се реализира работењето на една модерна и современа
библиотека.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола, е една од неколкуте најголеми и најзначајни
библиотеки во државава, со фонд од околу 600 000 книги и бројни списанија, а, исто така, една
од установите од овој вид кои што први се вклучија во процесите кои овозможуваа развој и
унапредување на библиотечната дејност и современото институционално дејствување. Така,
во периодот од 2001 година во НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола започна процесот на
автоматизација, со што беше осовременето и модернизирано работењето на библиотеката,
преку воведување на COBIS системот, така што беше внесен целиот библиотечен фонд. Во
овој процес библиотеката беше една од водечките институции од овој вид.
Придобивките од дигитализацијата се зголемена достапност на библиотечниот фонд,
зголемена функционалност на библиотечниот материјал, можности за користење на други
медиуми, системска и суштинска соработка со други институции, идентификација и селекција
на библиотечниот фонд, зголемени можности за зачувување на библиотечниот фонд,
дигитализацијата е можност за конверзија на некнижниот библиотечен фонд (звучен, видео и
филмски) и може да овозможи пристап и претставување на збирките кои содржат различни
формати, дигитализацијата им помага на библиотеките да ја зголемат видливоста на своите
фондови и услуги во општеството – јавноста, што е, воедно, и една од нејзините значајни
задачи.
Дигитализација на библиотечниот фонд на НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола, е
многу значајна и заради тоа што тоа ќе претставува олеснета и перспективна
научноистражувачка работа, размена на стручни искуства, односно вкупно унапредување и на
работата на универзитетските библиотеки.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
25
Јавните библиотеки и духот на новото време
(стручен труд)
Радослав Љубиќ, виш библиотекар
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје
Апстракт:
Европските јавни библиотеки се наоѓаат на крстопат во начинот на функционирање и
организирање, како резултат на:
- Општествените предизвици кои, од една страна, се корелациски зависни од степенот на
европските социјални програми;
- а од друга страна, потенцијалот кој го нуди развојот на информациската технологија
(Information society Tehnologies (IST) - технологија на информациското општество),
што овозможува подобра достапност во остварувањето на новите услуги кои ги
промовираат и нудат библиотеките.
Како резултат на сето ова, јавните библиотеки бргу се менуваат, но треба тоа да го
прават уште побрзо. Во некои делови на Европа побарувачката за некои вообичаени услуги на
јавните библиотеки, како позајмување на белетристика за возрасни, се намалува. Во таа насока,
маркетингот, промоцијата на нови форми на можните услуги, како и јакнењето на улогата на
граѓанскиот сектор во одредени библиотечни процеси (набавка на книжниот фонд, начинот на
консумирање на нови идеи, анализа на библиотечната понуда) се едни од мерките кои се
превземаат во таа насока. Современите библиотеки сѐ повеќе го промовираат и библиотечниот
менаџмент како процес, категорија која е втемелена во самото јадро од библитечното
делување. Менаџментот е особено важен за времето и просторот во кој живееме и работиме,
лесно е да го практикуваш истиот во „идеални или приближно идеални“ услови, но премногу е
тешко да менаџираш во крајно лимитирани услови и состојби.
Клучни зборови: јавни библиотеки, општествени предизвици, информациска технологија,
маркетинг, библитечен менаџмент, промоција.
Читањето, промоција на знаење и информациска писменост
Грижата на таткото за иднината на синот (впишано на глинените табли на древните
Сумери) кој скита по градските паркови и улици, наместо да учи за државен службеник, ги
брише 3500-те години кои нѐ делат од загрижениот „древен“ родител. И покрај очигледното
временско растојание, тоа нам ни изгледа како момент од денешницата, кога некој наш близок
човек има очигледен проблем: како да го мотивира своето дете да чита и учи? Неговата
загриженост и психичка состојба никого не може да го остави рамнодушен. Ако го запрашате
кој било библиотекар, тој ќе ви каже дека и денес е голем бројот на такви родители кои доаѓаат
во библиотека и бараат да им се препорачаат книги кои би го заинтересирале
незаинтересираниот млад човек. Кризата за читање е присутна во современиот свет и се
заканува да ги загрози темелните вредности на современото општество. Нечитањето е враќање
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
26
кон незнаењето, мракот, неслободата. Потребен е сериозен, крајно осмислен и организиран
научен креативен одговор на општеството, институциите, невладиниот сектор, организации и
поединци кои работат со децата.
Современите библиотеки, за разлика од некои други институции, вложуваат големи
напори да се променат тие состојби. Примерот со Народната библиотека „Стеван
Првовенчани“ од Кралево, Р. Србија која преку своите проекти го промовира читањето како
патоказ во градењето на интелектуалните, моралните, културните и сите други вредности кај
младите, е пример кој треба да се следи, промовира и надоградува. Во оваа библиотека се
формирани тимови за креативна работа со децата, за популаризација на книгата, учењето,
знаењето и креативното творештво. Во нив, покрај библиотекарите, се вклучени педагози,
воспитувачи, еколози, сликари, психолози, новинари, лекари...
Програмската шема е разновидна и прилагодена на детската возраст и е поделена на
две програмски групи: едукативна (се однесува на најшироката популација) и креативна
(наменета за талентирани деца). И едната и другата група работат според моделот на
интерсекторска соработка, која најдобро се илустрира со примери од праксата.
Програмата Бајкотека е наменета за децата од претшколска возраст, а низ неа годишно
поминуваат околу 40 претшколски групи, т. е. од 900-1200 деца. Целта на оваа програма е
средбата со библиотеката кај децата да развие чувство дека ја откриле „куќата во која царува
знаењето“. Минувајќи го времето во библиотеката децата ги учат правилата и нормите на
однесувањето, а сѐ низ форма на игра. Тука „случајно или намерно“ тие се среќаваат со луѓе од
разни професии, познати личности: спортисти, доктори на науки, истакнати писатели, глумци,
ликовни уметици итн., луѓе кои учеле во библиотеката и која особено влијаела за успехот во
нивната професија.
Од оваа работилница произлегла и т.н. Родителска книга. Таа е плод на соработка на
библиотекарот, воспитувачот и родителите кои, после читање на една или повеќе книги, прават
со децата единствена книга. Заедно ја пишуваат, илустрираат, уредуваат, коричат. Ваквиот
облик на промоција на читањето се покажал мноку креативен и делотворен, а радоста од
заедничкото читање посебно се почувствувала на изложбата на овие книги која била
организирана од библиотеката во Кралево по повод Меѓународниот ден на детската книга.
Книгомат е занимлива програмска акција која на граѓаните им овозможува бесплатно
да дојдат до книги кои им се потребни, а да се ослободат од оние кои не им се потребни. За нив
пред библиотеката, на многу фреквентно место, се поставува мала, но убаво дизајнирана кутија
(на пр. во облик на куќичка) која во едниот свој дел има широк отвор. Нејзиниот книжен фонд
ни еден момент не е ист, а истиот го формираат граѓани кои таму оставаат и земаат книги.
Искуството во библиотеката во Кралево покажува дека редот пред таквата библиотека е сѐ
поголем.
Клучеви нa знаeњe е проект за деца во 30 мали основни училшта (до 4-то одделение)
кај кои матичните училишта се оддалечени од 3 до 30 километри, а од градските библиотеки
од 10 до 100 километри. Во овој проект (финасиски потпомогнат од владата на Р. Србија)
учествувале писатели, библиотекари, новинари, претставници на невладини организациии кои
на посреден или непосреден начин имале контакти со библиотеката. Секое од овие училишта
опфатени со проектот добиле на подарок мала библиотека (тоа е, фактички, почеток на
формирање на 30 нови библиотеки) која во себе содржела лексикони, енциклопедии, речници,
лектири и слободна детска литература од српски и светски писатели.
Проектот Кралево чита (програми работени во Лајпциг и во некои други градови во
Србија и светот) привлекол големо медиумско внимание на пошироката јавност во Србија. Се
одржал на главниот градски плоштад, кој во тој момент станал најголема читална на светот.
Промотори на читањето, поред останатите, биле Владе Дивац (бивш NBA кошаркар) и Горан
Петровиќ (познат српски писател од поновата генерација) и други познати личности од јавниот
живот на Србија.
Врз основа на позитивното искуство во работа со невладиниот сектор, се родила
идејата за проектот БМК (Библитекарски младински клуб). Се работи за соработка на
библиотеката во Кралево и невладината организација „Имам идеја“, а тежиштето на
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
27
активности била комуникациските активности и желбата на младите да бидат промотори на
читањето, знаењето и другите активности на градската библиотека. Овој модел не е нов во
светското библиотекарство, но е мошне важен за библиотеки кои немаат посебен простор за
тинејџери. Ако се има предвид фактот дека голем број млади луѓе не се опфатени со
организирана општествена грижа (деца во оддалечени планински села, деца од ромска
националност, раселени семејства, итн.), за нив се осмислени програми за читање на необични
места: ливади, плажи, паркови, игралишта на селски фудбалски клубови... Ваквиот начин на
работа се покажал мошне успешен, бидејќи за кратко време бројот на најмладите членови и
вкупниот број пораснал за повеќе од двапати, но библиотекарите во оваа библиотека очекуваат
и секојдневно работат истиот да биде што поголем.
Градската блиотеката во Карловац, Р. Хрватска во своите програмски активности
вклучила циклус предавања насловени како „Млади научници“. Се работи за еден циклус
предавања на кои учествуваат млади луѓе чија определба и талент кон одредени научни
дисциплини е на мошне високо ниво. Секој од овие „млади научници“ ги презентираат своите
научни знаења и достигнувања од теоретски и практичен аспект, а за слушателите останува тоа
да го перцепираат и, ако имаат желба, можност и предиспозиции и самите активно да се
вклучат.
Слични вакви програми, проекти веќе се применуваат и во некои библиотеки во
нашата држава: проектот на НУ-У Библиотека „Гоце Делчев“ од Штип насловен како
„Библиотека на тркала“ (Инфобус) - Библиотека по волја на земјделците, промовиран од м-р
Вилма Јованова на 79-тата Светска конференција на библиотекари, ИФЛА, одржана во
Сингапур, август 2013 година. Проектот е финансиран од EIFL-PLIP (Electronic Information for
Libraries – Public Library Inovation Program/ Електронски информации за библиотеките –
Иновативни програми за јавните библиотеки ) од грантот за реплицирани проекти.
Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиш преку воведувањето на
нови услуги за невработените лица и поттикнувањето на доживотното учење постигна големи
успеси на локален, национален, но и меѓународен план за чии успеси зборува и престижната
награда „Социјална интеграција 2011 година“ во Прага која беше доделена од страна на ЕРСТЕ
фондацијата. Вработените во оваа библиотека организираа и работилница за лица со посебни
потреби.
Зошто промоција на читањето?
Пишувајќи го текстот се појави дилема: дали предмет на интерес треба да биде
компјутеризацијата и автоматизацијата на библиотечните процеси, стручноста и
информациската писменост на библиотекарите или, пак, промоцијата на читањето, како ѕвезда
водилка низ времето, секојдневието и информацискиот бескрај? Дали дигатализацијата како
сегашност и иднина или, пак, читањето, желбата за знаење како вечност? Јас се одлучив за ова
второто, бидејќи читањето е извор на човечката мудрост и знаење, бесконечност на
информации од секаков вид, тоа е патот кој ги отвора портите на бесконечниот човечки ум,
интелект. Младите луѓе се иднината и силата на секое општество, нивниот интелектуално-
образовен капацитет е огромен, но тој мора да се негува и постојано да се надоградува.
Библиотеката не треба да биде само „храм“ на културата, таа мора да биде едукативно-
воспитен центар, емитер на информации за своите корисници, место каде младиот човек
читајќи книги ќе го апсорбира знаењето во себе. А, за библиотеката да ја оствари својата
мисија мора и треба да има силна поткрепа зад себе, државата која преку своите механизми кои
ги има на располагање ќе ги испочитуваат нормите кое едно современо општество мора да ги
исполни кон ваквите институции. „Јака“ библиотека, во вистински смисол на зборот значи
богата библиотечна понуда: понуда на разновидна книжевна граѓа (научна литература,
белетристика, детска литература и др.), широк спектар на библиотечни проекти и програми за
сите возрасти, бесконечност на информации од разни области, пристап до копјутерско-
информациската технологија, активно учество на самите корисници во одредени библиотечни
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
28
процеси... А, зад сите активности стои стручноста, компетентноста, високата професионалност,
етичноста на библиотекарите, нивната постојана подготвеност за креирање нови содржини за
своите корисници. Излишна, беспредметна би била споредбата со библиотекарството во
богатите земји, условите во кои се реализираат библиотечните процеси, начинот на
организација, финасирање, односот на државата кон библиотеките итн.! Но, едно е сигурно:
библиотекарите во Р. Македонија, независно дали работат во националните, јавните,
универзитетските или училишните библиотеки, според стручноста, компетентноста, визијата
во ништо не застануваат зад своите колеги од Запад. Тие, својата работа ја вршат крајно
професионално, совесно, стручно вложувајќи се себеси и повеќе од она што го овозможуваат
условите за работа. „Јака“ библиотека, река од информации, но, пред сѐ, река од граѓани-
корисници на нејзините услуги, задоволни и среќни при секоја посета, таа треба и мора да биде
нивен „втор дом“, катче за забава, мир и спокојство, извор од кој ќе впиваат информации за
светот кој нѐ опкружува. Во неа, секој корисник, член на библиотека ќе се пронајде себеси, ќе
црпи знаење, ќе ја надоградува својата личност, но и ќе дава идеи и сугестии за подобро и
поефикасно функционирање на библиотеката. Активното учество на граѓанскиот сектор е еден
од основните предуслови за успешно функционирање на библиотеките, тоа ќе ги поттикне
младите луѓе за помасовен престој во нив, зашто вградувајќи се себеси во библиотечните
процеси, стануваат дел од истите. Интересна за анализа е една анкета спроведена меѓу
читателите во Босна и Херцеговина за иднината на библиотеките. Пред сѐ, занимливо е
мислењето на граѓаните за улогата и значењето на библиотеките во време кога информациско-
комуникациската технологија навлегува силно во сите сфери од општеството. Меѓу
корисниците владее мислење дека предвидувањата за губење на потребата од библиотеките и
библиотечниот кадар, како последица на „дигиталното“ време, се крајно апокалиптични и
нереални. Поголемиот дел од анкетираните мислат дека е-книгата не може да бида достојна
замена за оргиналната „хартиена“ книга, дека ерата на дигитализација не ги опфаќа сите
генерации, социјални категории и етникуми, па затоа книжната граѓа складирана на
библиотечните полици уште долго, многу долго ќе биде предмет на интерес и комуникација.
Од дуга страна, помал дел од анкетираните корисници изјавиле дека ќе ги користат услугите на
он-лајн библиотеките, каде ќе можат да симнуваат книги од Internet и дека нема да имаат
потреба да одат во библиотеките.
Менаџирање со човечки ресурси и библитечните добра
Начинот на кој библиотеката го бира стручниот кадар, го плаќа и води сметка за
неговото стручно усовршување, начинот на кој ги користи човечките ресурси се најдобар
индикатор за нејзината успешност во исполнувањето на својата мисија и придонесува во
развитокот на општеството. Целта на менаџирањето со човечките ресурси во библиотеките е
сите вработени во неа да се третираат подеднакво според принципите на праведност и човечко
достоинство, а при тоа да останат високомотивирани за квалитетно извршување на своите
работни задачи, како и за стручно усвршување. Добриот стручен кадар ѝ дава сила и енергија
на библиотеката, нестручноста и незнаењето се кочница за нејзината успешност и прогрес.
Ефикасна програма за развој на човечките ресурси во библиотеките опфаќа идентификација,
селекција и ангажирање на компетентни лица, распоредување на адекватни работни места
според систематизацијата, обезбедување на нормални услови за работа, изградба на систем за
следење и вреднување на вложениот труд, поттикнување на постојано стручно усовршување и
напредување итн. Менаџирањето во библиотеките подразбира процес на организирање на
работните процеси заради исполнување институционални цели, процес на избор, обука и
вреднување на работниците, но и процес на комуникација и соработка со други институции,
вклучувајќи го синдикатот и други здруженија.
Библиотекарството денеска е силно насочено кон пронаоѓањето на опшествениот
смисол и оправдание за своето постоење, како и брзото прилагодување на барањата и
потребите на новото информатично време. Во тие процеси се кријат многу ризици, но и
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
29
созреваат шансите за вистинска професионализација. Ниту библиотеките можат да се променат
без свесна и сеопфатна професионализација на струката, ниту таа е можна ако библиотеките
сами не се трансформираат во отворени, флексибилни, динамични институции кои се
подготвени постојано да учат и да одговараат на предизвиците на информатичкото општество
и ерата на знаење.
Abstract:
European public libraries have been on crossroads concerning their functioning and organizing as a
result of social chellenges that are:
- on one side, correlatively dependent on the degree of the European social programs;
- on the other side, the potential that is offered by the development of IST (Information Society
Technology)- tehnology that enables better accessibility to new services that are promoted
and offered by the libraries.
As a result of this, public libraries have been changing rapidly but they have to do that more
rapidly. In some parts of Europe the demand of some common services in public libraries, for
example lending fiction for adults, has decreased. Thus, marketing, promoting new forms of possible
services, as well as strengthening the role of the civil sector in certain library processes (acquisition
of library holdings, the way of consuming new ideas, analysis of library offer) are some of measures
that have been taken recently. Modern libraries have been promoting more and more the library
management as a procces - category that is founded in the nucleus of library working. Management is
particularly important in the time and space where we live and work. It is easy to practice
management in “ideal or nearly ideal” conditions, but it is very difficult to do that in extremely
limited conditions.
Користена литература:
http://www.auditcommission.gov.uk./publications/lfair_libraries.shtml
(Svrha Pulman smernica)
http://www.goethe.de/ins/cs/bel/kul/mag/dbs/sr6960574.htm
(Савремено библиотекарство у Немачкој)
www.b92.net/kultura/moj_ugao.php (Kraljevo cita)
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
30
Големите градови и потребата од големи библиотеки –
Зошто библиотеките го постигнуваат својот GLAM UP
(стручен труд)
Д-р Биљана Кочишка, виш библиотекар
Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Скопје
b.kociska@gbsk.mk
Апстракт
Градските библиотеки главно обележје на секој голем град и центар на заедницата во
помалите градови.
Зошто библиотеката ја има главната улога во секојдневниот живот на заедницата.
Остварувањето на визијата и мисијата на библиотеката многу зависи од политичарите
(локалната и државната власт) кои треба да сфатат дека ќе имаат повеќе резултати ако трошат
пари на проекти за библиотеките наместо за музеите и галериите.
Трудот ги дефинира насоките – Зошто библиотеките треба повторно да бидат на
агендата на градските власти.
Зголемување на бројот на луѓе кои се ангажирани во некоја форма на дополнително
или високо образование ја актуелизира потребата од простор за учење и пристап до Iнтернет.
Подемот на едночлени домаќинства во градските центри значи дека библиотеките сè повеќе
дејствуваат како место за средба и се создава идејата за библиотеката како „дневна соба во
градот“.
Примерите од Северна Америка до Европа, од Сиетл до Бирмингем и возобновениот
глобален ентузијазам за - state-of-the-art - библиотеки и неуспехот на проектите за иконските
музеи и галерии - изградени за да се стават градовите на мапата.
Крајната цел на трудот е трансформацијата на јавните библиотеката и Градот, согласно
максимата „Град со голема библиотека е голем град“.
Клучни зборови: градска библиотеки, информациски центри, интегрирање со
локалната и државната власт.
Дефинирањето на улогата на библиотеката со векови било едно - складиште за книги.
Сега, во XXI век, библиотеките се соочуваат можеби со најзначајниот предизвик: луѓето се
оддалечуваат од печатените страници, а сè повеќе се пред дигиталните екрани за информации
и комуникација. Библиотеките кои се лидери на национално ниво се прилагодуваат на овие
промени и се пренаменуваат во библиотеки – центри на заедницата. Улогата на
библиотекарите се ребрендира за да се изрази нивната стручност и тие сè повеќе се куратори
кои ги водат корисниците низ океанот на информации од каков било формат на постоење.
Не толку одамна, мислевме дека библиотеките се осудени на пропаст. Библиотеките
беа за книги, книгите се на хартија, а на светот му се случува дигиталното. Луѓето во иднината
читаат дигитални книги и кому ќе му треба еден куп на полици за нив? Колку погрешно
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
31
мислење застапувано од претставници од други професии – медиуми, бизнис, право, финансии,
односно од областите кои се превртеа од технолошките промени. Но, библиотеките сè уште
сакаат книги, што е убаво, бидејќи тие се центри на нов културен развој, во кои постојаното
менување на нови технологии е помалку закана отколку можност. Библиотеките се места каде
што луѓе одат да пребаруваат на Интернет за работни места, каде што децата се собираат по
училиште за да играат видео игри, а понекогаш и да учат, каде што уметниците доаѓаат за да се
прикаже нивната работа, каде што литературните клубови и групи се обединуваат во
заедницата, каде што студентите се на својот лап-топ и користат книги во звучно изолирани
соби, каде што може да се појде на ручек во соседната соба - кафуле и да се вежба и свири на
пијано или виолина, каде што луѓето земат часови за користење на Твитер или Пинтерест и
други социјални мрежи, каде бизнис заедницата може да направи професионална презентација
и каде сè уште можете да добиете книги на хартија. Библиотеките се места на социјални
собири и сигурни победници во однос на трговските центри. Библиотеките сфатиле дека нивна
работа е да помогнат да се добие контрола врз информатичката револуција.
Основни прашања кои се поставуваат, вклучувајќи ја и интеграцијата на технологијата,
се воведување на нови услуги, институционален идентитет и големината на колекциите.
Во постојните библиотеки, претходните простори за складирање на купишта
референтни книги и списанија се елиминираат, а архитектите им даваат на старите простори
нов облик на живот – OPEN SPACE. Според истражувањата во САД 59% од корисниците
бараат комфорни простори за читање како дневни соби – простори со удобни фотелји и
огништа. Друг многу популарен тренд во дизјнирање на простори во библиотеките се
дигиталните студија, како начин за привлекување на тинејџери како нови корисници на
услугите. Традиционално, библиотеките даваат услуги на две категории на население, на
малите деца и на возрасните. Тинејџерите беа изгубени демографски - група за која има
тенденција да ја изгубат библиотеките, особено кога тие навршуваат 16 години. Тоа е група
која сака да создаде свој простор, што е услов за нивно задржување во библиотеката, бидејќи
претходно не се чувствуваа добредојдени. Затоа, библиотеките почнаа да нудат посебни,
технолошки богати тинејџерски простори, дигитален центар во јавните библиотеки, клубови
каде тинајџерите можат да се изразат себе си и можеби да се малку погласни. Овие простори
наречени HUB се дизајнирани како голема стаклена просторија каде што тинејџерите учат во
групи, играат видео игри или дизајнираат производи со 3-D печатачи. Заклучок: Пренамена на
библиотеките во место за дружење, „кулирање“ и запознавање, а коментарот би бил
„атмосферата е повеќе како едно заедничко семејството“, простор кој е секогаш преполн
додека не се затвори библиотеката или „сите одат во библиотека после училиште“24.
И покрај тоа што намалувањето на буџетите влијаеше на библиотечни услуги, исто така
е точно и дека во изминатата деценија се бележи реинвенција на народните библиотеки во
Велика Британија и во целиот свет. Библиотеката во Бирмингем со нова зграда во вредност од
186 милиони фунти е најголема јавна библиотека во Европа со капацитет од 10 илјади
корисници на ден; библиотеката во Ливерпул е дизајнерска ѕвезда - Глетката на градот е
далеку подобра од двете импресивни отворени тераси. Терасата на вториот кат е на врвот, а на
првиот кат е во вид на крошна, гледа кон плоштадот и е вистински бонус за зградата. Тајната
градина на терасата е прекрасна, а отворените простори се специфичен стил за овие географски
широчини. Зградата има сали за состаноци и конференции,и малку заличува како на
библиотеката; Редизајнираната зграда на Централната библиотека во Манчестер која се
отвори два месеци пред предвидениот рок. Реновираната и проширена Централната
библиотека ги задржува историските карактеристики кои се внимателно обновени и
трансформирани претворајќи ја зградата според стандардите на дваесет и првиот век. Во
Библиотеката книгите се дислоцирани и повеќето од колекциите сега се надвор на полиците и
тоа на цел еден кат на кој може да се користат. Повеќето од архивата не е дигитализирана, но
24 АLA – American Library Association, www.ala.org
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
32
се работи прогресивно. Интерактивна технологија на приземјето е, едноставно, од најдобар
вид25.
Зошто библиотеките се повторно на агендата на градската власт? Имено, зголемување
на бројот на луѓе кои се ангажирани во некоја форма на дополнително или високо образование
ја актуелизира потребата од простор за учење и пристап до Интернет, потреба која многумина
не можат да ја обезбедат дома. Подемот на едночлени домаќинства во градските центри - во
некои европски престолнини сега се приближува и до 50% од домаќинствата - значи дека
библиотеките сè повеќе претставуваат место за средба и се создава идејата за библиотеката
како „дневна соба во градот“ . Библиотеките во САД претставуваат еден вид дом на
бездомниците, како што е примерот со библиотеката во Сиетл која е отворена за сите членови
на заедницата, а бездомниците ја користат најчесто за Интернет пристап. Примерите од
Германија покажуваат дека библиотеките се прво место за социјализација на мигрантите,
бегалците, па дури и на туристите (Библиотеката во Бирмингем, Манчестер, Британската
библиотека во Лондон, Конгресната библиотека во Вашингтон). Идејата на библиотеката како
„дневна соба во градот“ беше изгласан во 1970 во скандинавските земји како нов дизајн за
библиотеките, кога архитектите одговорија на желбите на корисниците - да останат подолго,
да имаат кафе, да уживаат во литературните сесии, да присуствуваат на концерти или на
групно читање на книги. Ова нова разбирање на простор на библиотеката е формализирано, на
пример во библиотеката во Сиетл, каде што три од петте ката се назначени како читална -
дневната соба.
Низ целиот свет, неколку иновативни архитекти градат нови згради за библиотеки кои
нудат нешто кое никаде на друго место во современиот град не би го добиле: заеднички
простор за непрофитна цел и неформални социјални интеракции. Овие згради се движат
со големина од пет илјади квадратни метри, за помалите и до триесет илјади квадратни метри,
најголемите, згради кои со ништо не изгледаат како едни на други, но сите тие нудат примерен
момент на архитектонска иновација. Колективно им е одличниот дизајн, кој не е луксуз како за
граѓански згради и за живот на луѓето и нивните заедници.
Ваквите проекти на обновениот глобален ентузијазам за библиотеките - од кои
библиотеката во Сиетл е, можеби, еден од најамбициозните и потекнува од Северна Америка
во 1990-тите, го следат неуспехот на скапите проекти за иконските музеи и галерии – веројатно
изградени за повторно да се постават градовите на картите. Во тоа време, многу урбанисти
веруваа дека само иконските музејски згради, дизајнирани од страна на светски архитекти би
можеле да ги спасат градовите од заборав. Но, примерите од Велика Британија, како оној со
Милениумската купола, која беше наменета за да обезбеди траен пример за науките и
уметностите, набрзо беше изнајмувана како место за корпоративни настани. Тоа е речиси
невозможно за јавните библиотеки, бидејќи тие се слободни за користење и постојат по еден
век и повеќе и како такви се вткаени во структурата на секојдневниот живот. Во некои
британски градови речиси половина од населението поседува библиотечна картичка. Најважно
е што на библиотеките се гледа како на институција која е сопственост на сите, во споредба со
јавно финансираните театри, уметнички галерии, музеи или концертни сали. Наскоро
политичарите, пред сè локалните политичари, сфатија дека добиваат повеќе избирачки
резултати ако тие ги трошат парите на state-of-the-art библиотеки. Кога библиотеката во
Нешвил се отвори во 2001 година, над вратата беше испишана максимата: „Град со голема
библиотека е голем град“. Зошто библиотеките? Зошто сега? Локалните власти секогаш ќе
играат политичка игра и ќе нудат подароци на електоратот - фестивали, градини, споменици,
фонтани. Голема централна библиотека им одговара на универзитетите, на интелигенцијата, но
и на чувствителната средна класа. Библиотеката обединува многу категории; стационар на
информации, сад на идеи, се разбира, собирачко место на модератори, историчари, научници,
музичари, актери, картографи, филозофи, лингвисти, патници, драмски писатели. Затоа и
25
I love Libraries, www.ilovelibraries.org
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
33
нејзиното големо значење за локалните власти - библиотека место на манири, додворување и
надворешна соработка. Поради тоа, градските власти мора да создаваат планови во кои ќе се
одразуваат приоритетите на градските библиотеки во заедницата, со што ќе помогнат да
обезбедат сигурни библиотечни услуги кои се од суштинско значење сега и за следните
генерации на корисници.
Луѓето зависат од библиотеките за пристап до информации и ресурси кои им се
потребни за да се успее. Библиотеките се голем „еквилајзер“ за луѓето од сите возрасти и една
силна библиотечна мрежа придонесува за економска, образовна и културна виталноста на секој
град. Библиотеките се клучни партнери во поддршката на иницијативите за зајакнување на
граѓанскиот ангажман на младите и семејствата, со давање поддршка на граѓаните во потрага
по работа, на студентите кога им е потребна домашна помош, како и на луѓето кои не можат
да си дозволат компјутер. Библиотеките се образовни центри во секоја заедница и собирно
места за сите активности во соседството. Приспособливоста на библиотеката за да ги задоволи
променливите потреби на корисниците се рефлектира во современиот дизајн на објектите.
Машините за „самопослужување“ го ослободија персоналот да може да поминува повеќе време
со корисниците на библиотеката, да организира литературни сесии, заеднички читања на книги
и литературни кружоци. Фоајето има тенденција да биде од отворен план со фотелји за
пребарување, позајмување и референтни услуги во едно. Сите категории на луѓе ја наоѓаат
суштината на светилиште во библиотеката, како на ниедно друго место во градот. Јавната
библиотека е врховен симбол на „големите општества“. Според еден американски новелист
„трите најважни документи кои ти даваат слобода во општеството се - изводот на родените,
пасошот и библиотечната картичка26. Младите луѓе се вистински доказ во поновата историја на
библиотеките - неочекувана и добредојдена културна промена - без сомнение привлечени од
посветла, воздушеста архитектура која одразува жив дизајн на културата. Тука се чуствуваат
смирено и почитувано како на ниедно друго место во јавниот живот.
Нѐ секој ја одобрува новата библиотечна филозофија – „од колекции кон конекции“.
Некои остануваат шокирани од вмешување на технолошката револуција, која не е само
преобликување на светот, туку заедно со него и реконфигурација на јавната библиотека. Дали
библиотекарските пионери од XIX век би ги признале овие згради од XXI век со што нивната
егзистенција може да биде доведена во прашање - но штом ќе се најдат внатре, тие ќе се
чувствуваат како дома. Дури и денес, во внатрешниот свет на библиотеката има помалку
промени од надворешниот свет.
Како безбедни центри на заедницата, библиотеките се во единствена положба да
привлечат потенцијални корисници и партнери, на кои им обезбедуваат ресурси и бенефиции
бидејќи имаат заеднички цели. Во време на намалување на буџетските средства од една страна
и зголемување на барањата на корисниците од друга страна, јавните партнерства се од
суштинско значење за задоволување на потребите на заедницата, како и за одржување на
активни корисници во локалната заедница.
ЗАКЛУЧОК
Ако сакате тивко место и простор каде многу време ќе читате, во тој случај, размислете
повторно. Библиотеките денес се полни со колегијален пристап, а понекогаш дури и со бучни
активности, меѓусебна соработка, креирање во заедницата и со многу технологија, а сè
помалку хартија. Во нив има модерни библиотекари кои настојуваат да се чувствувате удобно,
компетентни со технологијата, подготвени и способни да зборуваат во јавност, поседуваат
вештини и посветеност кон доживотното учење, како професија и експертиза неопходни за
успех и напредок, личност која постојано се менува.
26 ALA – American Library Association, www.ala.org
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
34
Силни библиотеки – огледало на современото општество
м-р Аница Глигорова-Милева, виш библиотекар
ЛУБ ,,Благој Јанков Мучето“, Струмица
Дали библиотеките ни се потребни во современото општество кога информациите ни се
достапни на секој чекор? Одговорот е ДА, тие се и повеќе од потребни, зашто ја задржуваат
улогата на стручен посредник во снаоѓањето и полесното пронаоѓање на дигиталните
информации кои во моментот му се потребни на корисникот.
Библиотеките денес не се само места каде што се чуваат книги, нивната функција е
изменета, тие претставуваат центри во кои се одигрува општествениот живот на едно место во
кое корисниците се среќаваат, разменуваат идеи, се информираат за сите културни случувања
во градот, се раѓаат нови пријателства, а, можеби, и по некоја нова љубов.
Современите библиотеки денес вложуваат големи напори во креирањето на
политиките преку кои ќе им се доближат на сите генерации, без разлика кои се нивните
интереси. Глобализацијата наметнува нови правила во работењето како: воспоставување тесна
врска и меѓузависност во домените на економскиот развој, социјалниот развој и доживотно
учење на луѓето на локално, национално, регионално и глобално ниво. Библиотеките треба да
бидат движечка сила во општеството која ќе настојува помасовно вклучување на граѓаните во
управувањето, како и зголемување на социјалната одговорност при донесување на одлуките.
Основните принципи на современите библиотеки треба да се засновани врз концептот на:
отвореност, одговорност, ефикасност, кохерентност социјална кохезија, а особено треба да се
обрне внимание на прашањето: „Како да се одговори на потребите на сегашните и идните
генерации?“
Преку покажување посветеност и напори за самостојно подобрување и подготвеност
кон промени, библиотеките индиректно придонесуваат при подигање на јавната свест за
културата и квалитетот на услуги и за воведување систем за ефикасност во управувањето меѓу
вработените во јавните служби, но и меѓу пошироката јавност.
Библиотеките треба да бидат двигатели на технолошкиот прогрес и на економскиот
просперитет, со прилагодување на општествената и економската реалност на клиентот, притоа
создавајќи поволности кои им овозможуваат на луѓето да ги задоволат своите потреби и желби
на нивен начин, а тоа може да се постигне само со заеднички сили на сите вработени во
библиотеките кои треба да инвестираат во човечкиот капитал кој би нудел нови идеи за
подобрување на услугите. Треба да си признаеме дека ние самите сме институција, луѓето нѐ
препознаваат по нашето место на работење, ние сме бренд, а каква слика оставаме во јавноста
и со кои очи тие не гледаат и прифаќаат, така ја гледаат и Библиотеката..
Проблем со кој се судираат сите библиотеки во Македонија и кој е реалност е
намалувањето на корисници. Треба да се запрашаме: Што ние правиме за да го спречиме тоа?
Некои од нас ќе одговорат дека сме направиле сè што е во нашиот домен, но секогаш постои и
втора шанса. Ајде да погледнеме со очите на читателите, каква слика имаат тие за нас кога ќе
влезат во библиотеката, можеби треба да научиме нешто ново од нашите корисници. Едно
нешто кое им пречи е формалноста, нема индивидуално обраќање, затоа библиотеката треба да
се стреми кон менување на навиките, вредностите и карактеристиките за да може да се вклопи
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
35
во современото брзорастечко општество. Услугите кои ги нудат библиотеките треба да ја
променат својата досегашна концепција и треба да се стремат кон создавање нови клиенти, а
тоа е и нашата крајната цел. Поставување приоритети и стратешки цели како и целни групи би
придонеле за подобро разбирање и подобрување, библиотеките подобро да ги идентификуваат
своите цели и да се насочат кон постигнување стратешките приоритети, притоа да се
согледаат: главните недостатоци во работата, недоследностите и преклопувањата на
активностите, што резултира со нивно директно подобрување, отстранување или
преструктурирање. Редовната самоеваулација, од страна на институцијата, на нејзината работа,
е потенцирано дека забележително придонесува за редовно и навремено подобрување. Исто
така, подобрената комуникација меѓу вработените придонесува нивна поголема вклученост и
мотивираност, која произлегува од самиот факт што вработените се дирекно вклучени во
процесот на одлучување за клучни приоритети и цели.
Интернетот и социјалните мрежи претставуваат важна алатка за побрзо пренесување
пораки до корисниците. Како и секој друг феномен, социјалните медиуми нудат огромни
можности кои треба да ги искористиме и да ги прифатиме како дел од нашето секојдневно
работење. Интернетот има значаен придонес во подигањето на квалитетот на услугите во
односот кон клиентите и граѓаните. Библиотеките можат да понудат иновативни сервиси за
информации фокусирани на клучните потреби за развој на заедницата: земјоделството,
здравството, економскиот развој, образованието и поддршка на социјалната инклузија и развој
на маргинализираните и ранливи заедници.
Иновативните јавни библиотеки можат да им помогнат на младите луѓе
предизвикувајќи ги со идеи за користење на технологија за подобрување на нивниот животот
преку користење на паметни телефони, таблет компјутери, 3D печатари, роботиката и
социјалните мрежи за да се зголеми нивната креативност и самодоверба, како и да ги
продлабочат нивните знаења во областите на писменост и комуникација и сѐ она што им е
потребно за да можат и самите да бидат дел од современото општество.
Предизвикувајќи идеи за користење на технологија за подобрување на животот на
граѓаните, библиотеките претставуваат сврзно ткиво меѓу високотехнолошките новини и
заедницата која, преку услуги, обезбедува слободен пристап до печатените и онлајн ресурсите,
дигиталната технолошка обука, пристап до компјутерите и Интернетот, како и курсеви за
поддршка на доживотното учење, со што јавните библиотеки би овозможиле: промовирање и
поддршка на иновативни идеи, споделување на учење и знаење, зголемена функционалност на
библиотеките и квалитет на нивните услуги .
И, на крај, треба да заклучиме дека библиотеките треба да бидат огледало на
современото општество. Единствен начин да одржиме чекор со модерното време е да се
одлучиме на промени и тогаш кога ние и нашите корисници сме задоволни од работењето на
институцијата. Библиотеките како носители на промени не само што треба да држат ритам со
времето, туку тие треба и да ги диктираат тие промени.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
36
Силни библиотеки - огледало на современото општество
(стручен труд
)
Ленче Т. Андоновска, библиотекар советник
НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола
e-mai: lence.andonovska@yahoo.com
tel.047/522-140; mob.tel. 071/664-330
ul.Darvinova br.8, Bitola
Апстракт
Книгата се доживува како едно од најголемите човекови достигнувања и претставува
мерило за времето и невремето, завештание за животот и опстојбата на човештвото, патоказ за
иднината. Со оглед на тоа дека книгата претставува храна на човековиот ум и разум, во која се
кријат безброј мудрости, човечки судбини, искази, запишани народни преданија, но и среќни
мигови од животот на човекот, тоа тогаш со сигурност претставува духовен стожер,
најзначајна алка без која не може да се замисли човековиот опстој. Сите книги заедно
вреднувани се наоѓаат во библиотеките кои се одликуваат со сериозно планирани иницијативи
за осовременување на дејноста и профилирање на нови димензии, односно тие веќе се оние
информативни центри што нудат систематизирани, навремени, брзи и актуелни информации за
развојот на научната мисла кај нас и во светот.
Клучни зборови: библиотека, книга, кадар, општество.
Познато е дека историјата е учителка на животот и хроничарите вистината ќе ја
прикажат со помош на историска наука, а низ страниците на овој труд сакам да посочам само
некои аспекти што, верувам, ќе можат да придонесат за нивно објективно и поцелосно
согледување и оценка.
Добро е што постојат установи како што се библиотеките кои даваат придонес во
развојот на културата на една држава, зошто книгата претставува информатор на
библиотечното богатство на една држава, тоа значи дека книгата не е само за прочит, ами
показател и водич на книжното богатство во државата. Постоењето на библиотеките датира од
дамнешни времина, собирајќи ги книгите една по една за да се основа библиотека чии
почетоци се скромни, па со континуирано набавување на книги и следење на издавачката
продукција, книжните фондови во библиотеките постојано се зголемуваат, така што
библиотеките континуирано се развиваат и го отсликуваат современото општество. Главна цел
на библиотекарот е колку што е можно да го зголеми нивото на информации и кон
корисниците да пристапи тактички за нивните информациски потреби. Мисијата на
библиотеката е користејќи ги традициите и современиот цивилизациски напредок да учествува
во развојот на културата, науката како и во важни научни, техничко-технолошки и
општествени проблеми. Основните цели на кои е поставена мисијата на библиотеката се:
- Знаењето и поставувањето на корисниците за активно и работно вклучување во
современото општество;
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
37
- Вршење на научно-истражувачка дејност на домашно и меѓународно ниво;
- Давање стручна помош при подготвување на научен кадар за сопствени потреби и за
потребите на други средини;
- Учество во цивилизациски промени и збогатување на земјата, а посебно во науката,
техниката, медицината, здравството и др.
Да се испечати една книга не е лесна работа, туку, напротив, е многу макотрпна, зошто
напишаниот материјал не е лесно да се врами во една книга, ни едноставно да се запише, и да
се зачува од заборав, да се даде на граѓанството податок што претставува гордост за
културниот идентитет на граѓаните, кои од поколение на поколение ја пренесувале љубовта
кон книгата. Секако дека секое истражување мотивира друго, би рекле, истородно или од друг
вид. Корисниците на услугите во библиотеката се од најразлична област и тоа почнувајќи од
претшколска возраст, па сè до пензионерски денови и читаат најразлична литература, но,
сепак, мора да истакнеме дека научните работници бараат стручна литература и тие се
зафаќаат со истражувачка работа сè со цел да остават трага во културата и со тоа да го
компензираат фактот на својата минливост, да им помогнат на другите или можеби е тоа
човековата исконска потреба за знаење. Првиот импулс на желбата за знаење е да се прифати
она што веројатно е како вистинито и да се отфрли она што е лажно иако не е блиско. Па,
сепак, научниот метод е единствениот начин да се зголеми општата маса на испитани и
проверени знаења, да се дефинира значењето на зборовите, идеите да се трансформираат во
прецизно формулирани ставови и да се елиминираат произволните мислења. Значи, на оние
кои се ангажираат во макотрпна истражувачка работа им е потребно не само слободно време за
размислување и средства за нивни експерименти, туку и заедницата која го почитува
стремежот кон вистината и допушта слобода на изразување на интелектуалниот сомнеж во
нејзините најсветли и најутврдени институции како што се библиотеките. Бибилиотеките,
секако, се главен извор за прибирање на документација, тоа се институции кои имаат долга
историја и се ризници на човековата историја и култура и оспособеноста на истражувачот да
се користи со нив е основен услов за сериозно ангажирање со научноистражувачката работа.
Голем број библиотеки во светот изготвуваат специјализирани програми за ориентација
и инструкции на посетителите, особено за студентите и неискусните истражувачи, со цел да им
овозможат полесно и поефикасно користење на услугите што ги нудат: памфлети, печатени
водичи, организирање групни посети со стручен водич, дури и организирање специјализирани
курсеви за таа намена. Постојат и посебни публикации кои нудат опстојно и детално
запознавање со можностите на библиотеките и начините на нивното користење. Целото
библиотечно богатство е регистрирано во каталози, а денес современите каталози се
компјутеризирани, автоматизирани каталози. Од нив може брзо и лесно да се добијат многу
информаци, бидејќи податоците за изворите се внесени во меморијата на компјутерските
системи. Само силни библиотеки кои, освен основната дејност, перманентно вршат теренски
истражувања за откривање, регистрирање, откуп, проучување на редок и специфичен
библиотечен материјал, перманентно образование на библиотечниот кадар, ќе можат да го
понесат товарот на современото живеење. Со цел подобро да се заштити и презентира
културното богатство, се овозможува уредување и изградување изложбени простори во кои се
поместени постојани музејски поставки сè со цел за нивно ставање во функција на афирмирање
на културниот туризам што е огледало на современото општество. Со ова доаѓаат до израз
јасно пропишаните стандарди, критериуми, мерила и правила, со јасно дефинирани принципи
во односите во културата, со ефикасен и реален третман, со максимална грижа за
националните културни вредности и интереси, односно постои јасно дефинирана културна
стратегија.
Денес се среќаваат книги со сосема нов изглед и нови значења, односно се среќаваат
книги на микрофилм, аудиокниги, а најголема промена донесува развојот на информатичко-
компјутерската технологија со создавањето на електронските книги. Научнотехнолошките
промени иницираат потреба од полесно достапни информации, што, од друга страна, резултира
и со голема актуелност на книгите во електронска верзија. Една од најважните придобивки на
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
38
овие книги е тоа што тие се лесно и брзо достапни, без оглед на тоа каде се наоѓа корисникот и
отвораат нови можности за пренесување знаења и нови начини за нивно стекнување. Врз
основа на досегашните истражувања, може да се заклучи дека иднината на книгите ја гледаме
и во двете форми - печатена и електронска, кои можат да се најдат во библиотеките кои
претставуваат огледало на современото опшество.
Користена литература:
1. Науката како занает, Виолета Панзова, Филозофски факултет, Скопје , 2003;
2. Библиотекарството во Битола и битолско, зборник на материјали од научен собир,
Битола: МУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола;
3. Достигнувања во областа на културата 1999-2002, Министерство за култура,
Скопје, 2002;
4. Поп-Атанасов, Ѓ. (1989) Речник на стара македонска литература, Скопје:
Македонска книга;
5. Зборник на научни трудови од работилницата за значењето на книгата, Битола, 2013;
6. Спектар (меѓународно списание за литература и наука), Скопје 2010;
7. http://mk.wikipedija.org/wiki;
8. http://www.literacytrust.org.uk/media/537.
Резиме:
Библиотеките како темел на книгите, инсистираат и интензивно се наметнуваат како
доминантни во движењето на културата, свеста на еден народ и неговата културна историја.
Но, исто така, библиотеката претставува моќен и ефикасен сервис на информации за сите
граѓани. Книгите се наши сојузници во ширењето на информациите, образованието, науката и
културата ширум светот.
Summary:
Libraries as foundation of the books, insist and intensiye impose as dominant in the cultural
movement, consciousness of a nation and its cultural history.
But the library is also powerful and efficient information service for all citizens. Books are our allies
in the dissemination of information, education, science and culture around the word.
Keywords: library, books, staff, society.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
39
Силни библиотеки - огледало на современото општество
Тања Гошева, виш библиотекар
ЛУБ „Благој Јанков Мучето“, Струмица
Апстракт:
Основната идеја на овој труд е да се прикажат основните концепти на работењето на
библиотеките. Притоа, освен што се анализираат организациските и управувачките категории
во структурата, особено значење се дава и на современите концепти воведени во работењето на
библиотеките, конкретно во ЛУБ „Благој Јанков Мучето“, Струмица. Истите значат
подобрување на работењето, но и значителен фактор за зголемување на бројот на роднокрајни
автори на кои библиотеката се појавува како издавач.
Abstract:
The main aim of this paper is to present the basic concepts of the operation of the LUB
“Blagoj Jankov Muceto” Strumica. Apart from analyzing the organizational and management
structure categories, special importance is given to the modern concepts introduced in the operation of
libraries, in particular the library in Strumica. They contribute to the improvement of operations, and
are a significant factor in increasing the number of local authors whose works are published by the
library.
Издаваштвото е дел од работата на библиотеката. Всушност, станува збор за промоција
на творците кои на бел лист го создаваат сето она што ги инспирирало да го објават, да излезе
од нив како нешто вредно за споделување со широката јавност. Промовирањето на сите
роднокрајни автори е вид „обврска“ со која Роднокрајното одделение добива нов облик,
односно своја цел на постоење. Факт е дека Струмица, покрај другите убави белези,
претставува расадник на творци, креативци, уметници во вистинската смисла на зборот. А
библиотеката со својата активност е огледало на реалното (фактичкото) постоење на
институцијата, храм на пишаниот убав збор. Посетеноста од различни возрасни групи
(најмалиот читател има само 3 години - и читател просветен работник кој има над 80 год.),
открива една поинкавка димензија- пример за успешна современа библиотека. Давањето добра
услуга се гради врз градењето на персонални врски со клиентите како промотивен метод, со
цел - резултурање на вистинска вредност. Таа вредност за давателот на услуга, во конкретниот
случај, појавување како издавач, дава уште една големина која најчесто се реализира преку
доброто работење. За корисникот, пак, една од најголемите придобивки е нов наслов, без
разлика дали е дело на познат стар или релативно нов автор кој се стреми да допре до
читателот преку вистинска емоција, отворајќи го своето срце и искрено споделувајќи збор,
мисла, животни искуства истражување.
Освен персоналниот контакт и неговото ,,напредно издание“, клучен фактор за
порастот на бројот на автори (вклучувајќи ги и роднокрајните автори) и појавата на ЛУБ
„Благој Јанков Мучето“ како издавач, е рефлексијата на современото работење, новите методи
за давање на добра услуга. Особено во ерата на технологијата, дигитализацијата и
електронските перфоманси на библиотечните фондови покажуваат тренд на ,,приврзување“ на
читателот кон институцијата Библиотека. Тоа подразбира полесен пристап при пребарувањето
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
40
на литература, овозможува пребарување на Интернет и придонесува за поголема достапност на
книжниот фонд преку современите ,,подвижни“ библиотеки. Како сето тоа делува врз
корисниците на услуги, односно, во кој процент се реализира зголемувањето на бројот на
корисници, ќе биде презентирано во овој труд. Според потребите, можностите и условите,
современа библиотека се гради со поголема врска меѓу авторот и читателот, која резултира со
успешна реализација за промовирањето на идејата за издавање на монографски публикации со
различна содржина, а со тоа библиотеката станува уште позначајна мултикултурна
институција.
Структурата на овој труд има за цел да го објасни напредокот и афирмирањето на
институцијата Библиотека во поглед на зголемениот број роднокрајни автори, т.е.
појавувањето на институцијата Библиотека како издавач. Библиотеката во општеството
егзистира како институција која е огледало на единка, град, државa. Факт е дека библиотеката
има репрезентативна улога која се стреми кон привлекување на поголем број читатели.
Особено кога се наоѓа на меѓуграничен дел, кога е посетена од преставници-амбасадори на ЕУ,
луѓе кои ја почитуваат книгата и лица кои знаат да го ценат и негувуваат пишаниот збор, дури
и фанови на книгата кои своите приватни библиотеки ги подаруваат во библиотека, поради
потребата за пренесување на најголемото богатство на повеќе генерации, долгорочно.
Големиот интерес на авторите за објавување на своите дела ги ангажираат
библиотечните тимови да се појават како издавачи и лектори, промотори, рецензенти на
различни стилови на уметничко изразување. Секое поднебје има своја приказна. Некои се по
малку идентични, некои сосема различни. Посебноста на роднокрајното авторство се
отсликува токму во неповторливиот белег, кој не може да постои во еднаков вид, не може да
биде напишан по „ист терк“ и не може да биде близок на самите читатели како нераскинлив
дел од истото поднебје. Токму таа поврзаност помеѓу читателот и авторот од неговото родно
место го создава релевантниот елемент – зголемување на читаноста и претставува еден од
начините на фунцкионирање на модерните библиотеки. Секако дека дигитализацијата како
неминовен дел од новата ера влијае на усовршувањето на техниките во смисла на процеси,
обработка на книги, технички подготовки, но емотивната состојка која засекогаш ќе го
стимулира читателот да копнее кон пишаниот збор е способноста да се препознае, барем
делумно, во пишаното. Сето тоа, најдобро го умее оној кој читателот го познава во облик на
неговото функционирање во општеството, неговата улога во креирањето на менталитетот,
сличните проблеми кои го поврзуваат, не многу поразличните животни приказни.
Роднокрајниот писател во ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ од Струмица е парчето од мозаикот кој
ја дефинира модерната библиотека. Нејзиниот опстанок го креира технологијата од аспект на
организација и функционалност. Меѓутоа, од излегувањето од печатниците, па сѐ до
појавувањето на делото во редовите на библиотеките, нераскинливата нишка, хемијата меѓу
читателот и делото, во голем дел е и роднокрајниот писател. Секако дека странската
литература предизвикува восхит, заслужува почит и е фундамент на кој треба да се базира
секој интелектуалец, меѓутоа, емотивната поврзаност, носталгијата, науката, привилегијата да
се чита за „своето“ е производ на роднокрајниот автор. Појавата на библиотечото позајмување
предизвикува поголема достапност и пристап на роднокрајните автори до секој Македонец, на
секој континент, преку Интеренет технологијата. Истата подразбира програми, апликации, веб
страни, портали, кои со користење на Интернет можат да го промовираат името на
роднокрајниот автор и неговите дела, дури и во моменти кога книгата е невозможно да се има
во материјална форма.
Конкретно, ЛУБ „Благој Јанков Мучето“, поддржувајќи ја идејата за промоција на
роднокрајните писатели и нивната поврзаност со дигитализацијата, се јавува како издавач на
повеќе дела напишани од струмички роднокрајни писатели. Еве дел наслови и автори:
- Библиографија на трудови на Видое Подгорец – Тања Гошева, Струмица 2001 година;
- Борис Трајковски: Македонска тага и гордост – Иван Василевски, Струмица 2004
година;
- Македонија куќа заедничка – Петар Бачев, Струмица, 2004 година;
- Неродени браќа – Петар Бачев, Струмица, 2004 година;
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
41
- Невидливо мастило – Јане Араников, Струмица, 2004 година;
- Моноспитово и моноспитовчани – Борис Панделишев, Лидија Дикова, Струмица, 2004
година;
- Горчини и ведрини – Петар Бачев, Струмица, 2006 година;
- Допингот во спортот – Илија Стоилов, Струмица 2008 година;
- Пополнета празнина – Група автори, Струмица, 2010 година;
- Траги во бескрај – Марија Горичева, Струмица, 2010 година;
- Темел на судбината – Марина Ристова, Струмица, 2011 година;
- Amino, abido, adide, arere – Јулија Штрбевска, 2011 година;
- Глас – Борис Јанков, Струмица, 2012 година;
- Мудроста на вековите: Македонски народни пословици и поговорки од Струмица и
струмичко – Иван Котев, Струмица, 2012 година;
- Семантика на карневалот: Детронизација на секојдневието – м-р Катерина Милушева,
Струимица, 2012 година;
- Струмички спортски столетник: (1912-2012) – Иван Станоев, Струмица, 2012 година;
- Сага за Бежанците – Јубилеј 100 години Бежанци (1913-2013) – Нада Бајрактарева,
Струмица 2013;
- Дно – Анче Пешева, Струмица, 2013 година;
- Аманети од разочарано дрво – Стојче Пасков, 2013 година;
- Турско-Македонски толковен речник, Струмица, 2013 година;
- Втора Шанса – Бранка Цветкова, Струмица 2013 година;
- Една година, една песна – Тања Трендова, Струмица, 2013 година;
- Каменче во чевелот – Ацо Ѓоргиев, Струмица, 2013 година;
- Сонот и јавето – Бранка Цветкова, Струмица, 2014 година;
- Ванѓа и јас - Фимка Михаилова Георгиева, Струмица 2014.
Заклучок
Издавањето и соработката со роднокрајните авторите претставува вистински
предизвик, Струмица е расадник на творци, а библиотеката е подготвена за промовирање на
вредностите, во делата на кои се појавува како издавач.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
42
Училишните библиотеки – огледало на современото општество
м-р Сузана Данаилова, виш библиотекар
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје
Апстракт
Познато е дека големината на цивилизациските достигања на државите низ епохите се
огледала и во тоа какви библиотеки имале. Постоеле периоди низ историјата кога моќниците
се натпреварувале со изградба на прекрасни градби за библиотеки и во нив сместувале што е
можно поголем и поразновиден библиотечен материјал.
Ниту еден образовен процес не може да се замисли без наука, култура, уметност и рекреација.
Сите нешта од областа на културата, уметноста и рекреацијата кои се забележани низ
просторот и времето, како сведоштво, било тоа да се на камен, глина, хартија, платно,
целулоидна трака и сл. претставуваат библиотечен материјал. Според дефиницијата на
УНЕСКО, библиотеките обезбедуваат трајност и комплетирање на библиотечниот материјал,
негова обработка, и откривање на содржините, со цел да се пренесат информации за потребите
на истражувањата , образованието, рекреацијата.
Само ако библиотеката го добие своето вистинско место во училиштето, место кое со
право и припаѓа, да биде центар за инфoрмација и едукација на учениците и наставниот кадар,
со соодветен, секогаш актуелен библиотечен материјал, тогаш и библиотеката ќе може да го
најде вистинското место во образовниот процес.
Клучни зборови: Библиотексрство, библиотека, училишна библиотека, образование,
воспитание, воспитно – образовен процес.
Abstract
It is known that the scope of the achievements of civilizations throughout the epochs was
reflected on the kind of libraries they had. There were periods in the history when powerful people
were competing among each other for the construction of beautiful buildings for libraries and
provided as much as possible bigger and versatile library material. No educational process can be
imagined without science, culture, art and recreation. All things in the sphere of culture, art, and
recreation which have been noticed throughout different times, regardless if that is stone, clay, paper,
canvas, cellulose etc. are library materials. According to the UNESCO definition, libraries provide for
permanence and completion of the library material, its processing and disclosure of information in
order to convey information about the needs for research, education, recreation.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
43
Only when a library is given the right place in the school, the place where it belongs, i.e. to be
the centre of information and education for the students and the teaching staff with appropriate and
always attractive library material, the library can find its right place in the educational process.
Вовед
Библиотечната дејност низ богатата вековна традиција на своето постоење, отсекогаш
била во функција на човекот, но се менувала во согласност со промените во општеството,
прилагодувајќи се на барањата на своите корисници. Промените во општеството ја
наметнувале потребата од промени во училиштата, а со ова се наметнувала потребата од
промена на класичните училишни библиотеки согласно со воспитно-образовните и културните
потреби на современото училиште. Со усогласување на работата во библиотеката со
современите позити-вни промени во училиштата, успешно можат да се развиваат и
задоволуваат општествено валоризираните потреби на корисниците на училишните
библиотеки на сите подрачја (воспитно-образовните, културните и информативните).
Почетоците на библиотекарството во Македонија датираат од создавањето на
словенското писмо. Кирил и Методиј се родоначалници на првата словенска писменост и
првите книги биле основа на библиотекарското дело на овие простори. Нивните ученици
Климент и Наум се сметаат за први создавачи на словенските книжни фондови и
манастирските библиотеки во Македонија.
Со библиотеката на Климент, која се спомнува во житието на охридскиот архиепископ
Теофилакт, од која еден дел Климент ја завештил на својот манастир Св. Пантелејмон, а
другиот дел на Епископијата, како и со библиотеката на Наум во својот манастир Св. Архангел
Михаил, започнува историјата на македонското библиотекарство.27
Преродбата донела нов импулс за развојот на библиотекарството во Македонија во
средината на XIX век. Кај напредната граѓанска класа заживеала идејата за формирање
граѓански библиотеки и читалишта со цел описменување и културно - просветно издигнување
на македонскиот народ. Во 1832 година, во Велес била формирана црковно - училишна
општина од шест члена од кои еден бил назначен за библиотекар. Тогаш била „формирана
првата школска, а воедно и јавна библиотека, а Ангелко Палашев интелектуалец и трговец кој
се школувал во Австрија е прв назначен библиотекар во Македонија. Тој добил задача во една
училишна просторија да ја нареди библиотеката која имала доста црковни книги, ракописи на
пергамент и разни други печатени книги на црковнословенски јазик”. 28
Во деведесетите години на XIX век, речиси во сите населени места во Македонија се
отвориле училишта. „Повеќето од училиштата располагале со школски библиотеки каде се
наоѓале книги неопходни за учителите и учениците. Книгите биле набавувани од средства
добиени како доброволен прилог, како и преку црковните општини во Македонија”. 29
Културно-просветните и јавните институции во Македонија, меѓу кои и библиотеките,
претрпеле голема загуба за време на Илинденското востание во 1903 година, кога било палено
македонското, библиотекарско дело.
Културно-просветниот живот во Македонија се обновил во периодот на Младотурската
револуција, кога повторно се отвориле читалишта и библиотеки. Но овај период траел кратко
време сè до Балканските војни и поделбата на Македонија, кога културно-просветниот живот
27 Георгиевски, Михајло. Манастирските библиотеки и читалишта во Македонија до 1912 година.
Скопје : Мисла, 1975. Стр.36
28,Бошевски, Миле. Народните библиотеки во Македонија : зачетоци и развој 1945-1994. Скопје :
Матица македонска , 1995. Стр.13
29 Георгиевски, Михајло. Манастирските библиотеки и читалишта во Македонија до 1912 година. Скопје
: Мисла, 1975. Стр.131
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
44
бил под силно асимилаторско-пропагандно влијание кое траело сè до создавањето на
македонската национална држава (АСНОМ-02-08-1944).
Училиштата се базни клетки на општеството во кои организирано се дава и пренесува
знаењето на младите генерации.
Во зборникот на материјали „Библиотекарство”, во делот „Минимум стандарди за
училишните библиотечно-информативни центри во СР Македонија” стои: „секое училиште е
должно да има библиотека”. 30
Библиотеките се посебно организирани делови што вршат библиотечна дејност во
рамките на образованието. Училишните библиотеки влегуваат во составот на образованието.
Училишните библиотеки се наменети за образовно-воспитните и културните потреби
на учениците и наставничкиот кадар во основните и средните училишта. Тие со своите
фондови им помагаат на учениците и наставниците во извршувањето на секојдневните задачи
и осовременување, односно унапредување на наставниот процес.31
Училишните библиотеки се единици на образовниот систем на училиштата. Нивната
задача е да ги промовира сите форми и методи на воспитно - образовниот процес, да нуди
помош во професионалниот развој на наставниците и учениците и да создават навика за
читање и користење на библиотечните услуги. 32
Бидејќи нејзините корисници се учениците и наставниот кадар, тоа се библиотеки од
затворен тип, а се формирани од страна на училиштата од основното и средното образование.
Училишната библиотека зазема значајна функција во современото образование и
воспитание. Тоа е институција чија библиотечна, информативна, воспитна и културна
активност се реализира во рамките на основните и средните училишта.
Во најважните меѓународни програмски документи, какви што се Манифестот на
училишните библиотеки подготвен од страна на ИФЛА (Меѓународната федерација на
библиотечни асоцијации и институции) и потврден од УНЕСКО на нејзината Генерална
конференција во ноември 1999 година наведени се функциите кои придонесуваат за квалитетот
на педагошките процеси и успешноста на учениците во наставата. Според Манифестот
„училишната библиотека е интегрален дел на образовниот процес”.33
Од својата појава до денес секогаш се вели: „добро училиште сигурно има и добра
библиотека”. Затоа училиштето секогаш треба да има јасна политика кон библиотеката. Тоа
значи политика за развој, за просторот, за фондот, вработените, добро осмислена набавна
политика, слободен пристап на информациите и активна улога во подучувањето.
Овој Манифест за прв пат бил објавен во 1999 година и сега е достапен на 24 јазици
кои се зборуваат во Европа. Ова овозможува училишните библиотекари од многу различни
земји во Европа да се запознаат со него и да ги користат содржините за промовирање на
нивната работа.
Водичот за училишни библиотеки на IFLA/UNESCO за прв пат бил објавен во 2002
година за да им помогне на училиштата и училишните библиотекари да ги спроведат
принципите изразени во Манифестот.34
Во 1971 година во Јамајка била воспоставена IASL - Меѓународна асоцијација на
училишни библиотекари, а првата годишна конференција се одржала во Лондон во 1972.
30Андоновски, Андон ; Петровски Петар ; Бошевски Миле. Библиотекарствo: зборник на материјали .
Скопје : Народна и универзитетска библиотека „ Св. Климент Охридски”, 1986. Стр.50
31,Петровски, Добри. Трансформација на библиотеките во Р. Македонија. Битола : Друштво за наука и
уметност , 1994. Стр.28
32 http://www.ffzg.hr/infoz/biblio/nastava/dz/text/katm.htm (2014-05-29)
33Бошевски, Миле. Млади библиотекари: прирачник за подготовка на кандидати за натпреварот Млади
библиотекари. Скопје : Библиотекарско дру-штво на Македонија, 2003 Стр.94
34Boelens, H. The “We” feeling”: Zborniik radova Proljetna škola školskih knjižničara republike Hrvatske.
Zagreb: Agencija za odgoj i obrazovanje, 2008 Стр.108
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
45
Училишните библиотекари тогаш се сретнале и разговарале за различните аспекти на
училишното библиотекарство. Преку страницата на Интернет тие имаат објавено многу
корисни информации. Доколку не постои национална училишна библиотекарска асоцијација
во некоја земја може да се посети делот од IASL веб страната за Adocacy. Овде може да се
најде една статија за отпочнување на училишна библиотечна асоцијација, насловена како
“Getting Started: Ideas and Procedures for starting a School Library Association or Section”.35
Училишните системи во Европа се разликуваат едни од други, а со тоа постојат и
разлики во организациската поставеност на училишните библиотеки.
За подобро согледување на потребите за училишните библиотеки во април 2007 година
се одржала првата Европска конференција за училишни библиотеки во Велс, Горна Австрија.
Темата на конференцијата била “Училишните библиотеки како места за учење: нема учење без
читање” и била организирана од страна на Библиотечните сервиси за училиштата (Bibliotheken-
Service für Schulen).36
Зборувајќи за мисијата за училишната библиотека Американското здружение на
училишните библиотекари (AASL-American Association for School Librarian) вели: „Основна
задача на програмата на библиотеката како медиски центар е да ообезбеди на учениците и
наставниците ефикасно користење на идеите и информациите”.
Во Македонија училишните библиотекари сè уште не се здружени во некое здружение
за заштита на нивните потреби и потребите на корисниците. Во одредување на задачите на
современата училишна библиотека треба да тргнеме од сознанието дека знаењето не може да
се даде на учениците, туку дека тие го стекнуваат со активна работа на изворите на знаење. Со
ова можеме да кажеме дека задачите на современата училишна библиотека се остваруваат
преку развој на индивидуалните творечки способности на ученикот и оспособување за
самостојно учење врз основа на истражувачки пристап.
За да може секоја училишна библиотека да ги реализира задачите кои се бараат од неа
потребно е да постојат солидни претпоставки, особено во поглед на соодветен библиотечниот
простор, библиотечна опрема, библиотечни корисници, библиотечен фонд и библиотечен
кадар.
Во училишната библиотека, учениците развиваат и усвојуваат нови знаења и вештини,
истражуваат и поврзуваат различни идеи. Но, за исполнување на своите задачи спрема своите
корисниците таа треба да биде достапна, добро опремена, мора да понуди нов, соодветен и
привлечен библиотечен материјал, со различна тематика и со соодветна стручна подготовка на
библиотекарот да го поддржи и негува развојот на детето.
Училишната библиотека треба да ги собере, обработи и да ги стави во функција сите извори на
знаење (од книги до Интернет информации) со помош на современата технологија, а со тоа таа
станува информациско и наставно средиште на училиштето.
Само таква современа училишна библиотека, учениците-корисници можат да ја
прифатат како ризница на човечкото знаење и култура, место каде можат да ги добијат
одговорите на многу прашања и каде што ќе се поттикне нивниот творечки и истражувачки
дух. Тоа е и основата на самостојното учење бидејќи со престојот во современа училишна
библиотека, ученикот може да се сретне со сите книжни и некнижни извори на информации и
знаења кои овде се централно сместени, спроведени во каталог и на дофат на корисниците.
Денешните библиотеки како никогаш досега минуваат низ крупни и непрекинати промени во
своето работење, како последица од брзиот напредок на информатичката технологија,
информациската наука и општеството. Тие иновативни промени треба да се искористат и да се
приспособат, со што би се зголемил интересот на популацијата за библиотеката и за користење
на нејзините фондови и услуги.
Со позитивните промени во образованието, се менува и функцијата на библиотеките и
сè повеќе таа прераснува во библиотечен, информативен и мултимедијален центар.
35Исто, стр.109
36Исто, стр.106
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
46
Современата училишна библиотека на суптилен начин ја обединува традицијата и
современоста, претставувајќи линк на временската вертикала, бидејќи таа ги следи најновите
образовни и информациски потреби на своите корисници.
Користена литература
Бошевски, Миле. Млади библиотекари: прирачник за подготовка на кандидати за натпреварот
Млади библиотекари. Скопје: Библиотекарско друштво на Македонија, 2003.
Бошевски, Миле. Народните библиотеки во Македонија: зачетоци и развој 1945-1995. Скопје:
Матица македонска, 1995.
Георгиевски, Михајло. Манастирските библиотеки и читалишта во Македонија до 1912. Скопје
: Мисла, 1975.
Кралев, Тодор. Основи на менаџментот. Скопје: ЦИМ, 2001.
Петровски, Добри. Трансформација на библиотеките во Р. Македонија. Битола : Друштво за
наука и уметност , 1994.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
47
Состојби во училишните библиотеки во општина Битола
и како до електронско водење на училишните библиотеки
(стручен труд)
Благој Николов, библиотекар советник
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
blagoj_nikolov@yahoo.com
Апстракт
Училишните библиотеки може слободно да се каже дека се една од кариките за
запознавање на учениците од најмала возраст со библиотекарството како наука и истражување
на бараните информации потребни за нивното образование. Можноста преку овој вид
библиотеки со своите програми да можат да дејствуваат и во најистурените рурални населени
места во РМ, каде што има подрачно училиште, а нема можност за отворање на јавна
библиотека. Подрачната училишна библиотека би претставувала информативен центар кое ќе
бидат средиште на сите случувања во локалната самоуправа – општината, државата и
пошироко, давајќи ги сите барани информации на населението од населеното место каде ќе
делуваат овој вид установи.
Клучни зборови: училишни библиотеки, состојби, развој и автоматизација.
Библиотеките и библиотекарството претставуваат значаен сегмент од културата на
едно општество и играат важна улога во градењето на личноста низ процесот на
образованието. Училишните библиотеки им овозможуваат на нивните корисници – учениците
и наставниот кадар, лесна и глобална достапност до информациите, нивно пребарување и
зачувување, како и брз трансфер на знаења. Училишните библиотеки имаат важна улога во
развојот и во градењето на личноста од најмела возраст па се до нивното полнолетство.
За поинтензивен развој на училишните библиотеки во Битола може да се зборува no II
светска војна. Имено, 1944 година формирана беше таква библиотека во гимназијата „Јосип
Броз Тито" и како таква е една од најстарите училишни библиотеки. Следната година во
Битола почнуваат да се отвораат училишни библиотеки: ОУ „Коле Канински", ОУ „Гоце
Делчев", ОУ „Д-р Трифун Пановски", ОУ „Стив Наумов", ОУ „Даме Груев", Економското
училиште „Јане Сандански". Земјоделското училиште „Борис Кидрич" и Училишниот центар
за стручни кадри „Кочо Рацин". Потоа следуваат ОУ „Тодор Ангелевски" (1946), Срдното
музичко училиште и Учителската школа (1947), Заводот за рехабилитација на деца со оштетен
слух (1950), ОУ „Кирил и Методиј" (1955), Медицинско училиште (1956), ЕМУЦ „Ѓуро Салај"
сега „Ѓорѓи Наумов" (1958), ОУ „Ѓорѓи Сугарев" (1973), ОУ „Елпида Карамнди" (1980) и во
1989 год. ОУ „Св. Климент Охридски". Покрај наведените училишни библиотеки кои работат
во градското подрачје, значајни се уште трите училишни библиотеки во централните основни
училишта во приградските населби во општина Битола: ЦОУ „Трајче Белев" с. Цапари, ЦОУ„
Крсте Петков Мисирков" с. Бистрица и ЦОУ „Иво Лола Рибар" сега „Александар Турунџев" с.
Кукуречани. Покрај овие основни и централни училишта во градските и приградските населби
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
48
постојат уште училишни библиотеки во подрачните училишта кои имаат библиотечен фонд,
но, за жал дел од нив не функционираат.
Од досега искажаното се гледа дека мрежата на училишните библиотеки во општина
Битола ја сочинуваат 20 училишни библиотеки од кои 10 во основните училишта во градот, 3
централни училишта во приградските населби и 7 во средните училишта.
Според направената анкета спроведена од страна на Библиотекарското здружение на
Македонија, Регионалниот центар на СОНК и НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола,
библиотечниот фонд во овој вид библиотеки го сочинуваат монографски и периодични
публикации. Заклучно со јуни 2013 година во сите училишни библиотеки овој фонд изнесува
200.450 библиотечни единици.
Заради ограничените средства училишните библиотеки набавуваат претежно
уметничка литература и тоа, главно, онаа што е предвидена со програмата по македонски јазик.
Според тоа, книжните фондови во овој вид библиотеки се составени од околу 90% уметничка
литература, а останатите 10% се учебници и друга прирачна литература.
Покрај монографските публикации во училишните библиотеки можат да се сретнат и
периодични публикации со околу 14 наслови, од кои најзастапени се „Просветен работник",
„Просветно дело", „Педагошки гласник", „Современа школа", „Битолски весник", „Нова
Македонија" и други.
Co оглед на карактерот на училишните библиотеки и потребите од наставниот процес,
како корисници на книжните фондови се учениците и наставничкиот кадар. Вкупно
потенцијални корисници на овој вид книжен фонд се 11354.
Споредуван книжниот фонд во овој вид библиотеки со бројот на корисниците во нив
дава показател дека на секој корисник му припаѓаат по 17,6 монографски публикации со што
се исполнуваат условите според минимум стандардите за овој вид библиотеки.
Учениците во текот на една година користат околу 52. 428 библиотечни единици. Од
ова произлегува дека секој ученик користел 4,6 библиотечни единици што е сосема малку и не
го задоволува минимумот на стандардот кој изнесува 10 библиотечни единици по ученик.
Недоволното користење на книжните фондови во овој вид библиотеки најмногу се должи на
несредените книжни фондови, нестручниот и непостојан кадар како и популаризацијата на
книжниот фонд.
Тргнувајќи од неповолната состојба на кадарот во училишните библиотеки, може да се
види дека и по однос на стручното уредување на овие библиотеки и кадарот кој е вработен во
нив не дава соодветни резултати. Недоволно оспособениот кадар којшто е вработен на
неопределено време, местото и нивното менување на работните места се причина за
несредените книжни фондови и нивното користење. Од постојните 20 училишни библиотеки,
само во 6 постои азбучен каталог и во една децимален каталог. Една од причините за
недоволното користење на библиотечниот материјал е и просторот во кој се сместени. Мал е
бројот на училишта кои имаат наменски простор за библиотека. Поголемиот број се сместени
во несоодветни простории каде што учениците немаат пристап до книжниот фонд. Тој е
сместен, главно, во ходниците, наставничките канцеларии или други несоодветни простории, a
со тоа се пасивизира фондот. Овој вид библиотеки располага со вкупен простор од 953 м²,
односно само 25% од предвидениот простор за училишна библиотека според минимум
стандардите за училишни библиотеки.
Како да се подобри ситуацијата во училишните библиотеки
Доколку училишните библиотеки се вклучат во COBISS (кооперативен онлине
библиографски систем и сервис) и своите фондови ги внесат во взаемната база на COBISS.МК,
стануваат дел од Виртуелна библиотека на Македонија. Со тоа корисниците на овој вид на
библиотеки од било која точка на земјата можат да пристапат до единствениот кориснички
интерфејс за пристап до базите COBISS/OPAC каде што можат да ја пребараат потребната
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
49
литература и што е најважно да се информираат во која библиотека се наоѓа бараниот наслов и
дали е тој слободен за издавање или е зајмен.
COBISS платформа - COBISS (кооперативен онлине библиографски систем и сервис)
од една страна претставува организационен модел за поврзување на библиотеките и
библиотечниот информационен систем, а од друга страна програмската опрема за
автоматизација на библиотечната работа.
COBISS содржи модул за заемна каталогизација, како и сите модули за локално
библиотечно работење наведени во проектното барање;
во COBISS/OPAC вклучен е единствениот кориснички интерфејс за пристап до базите
на податоци во системот COBISS;
COBISS е развиен врз основа на каталошките правила опишани во публикацијата
"Pravilnik i priručnik ya iyradu abecednih kataloga" од Ева Верона кој во Македонија и
ден денес се користи како каталошки правилник;
во COBISS се вградени делови од УДК, како и принципот за креирање на предметни
определници кои одговараат на каталошката пракса во Македонија;
јазикот на корисничкиот интерфејс е македонски, а исто така и сите програмски барања
за помош (help file) и шифрарниците се и на македонски јазик;
COBISS во овој момент обезбедува печатени исписи на латиница и кирилица, како и
сортирање на податоците по абецеда и азбука;
COBISS обезбедува одржување и испис на персоналните библиографии на научните
работници;
покрај централните, постојат и локални шифрарници и исписи кои можат да се
одржуваат локално и со тоа се обезбедува зачувување на локалните специфичности;
COBISS има богата корисничка документација која се дополнува и менува во
сообразност со дополнувањата на програмската поддршка;
ИЗУМ има изработен програм за задолжителна едукација за своите корисници;
со изборот на COBISS се овозможува учествување во заедничките регионални
програми, COBISS.Net;
цената на програмската поддршка се формира врз основа на бројот на активните
учесници во системот.
Како да се развие и функционира мрежата на училишните библиотеки
Како варијанта за МОН и Локалната самоуправа, како оснивач на основните
училиштата на својата територија е да има библиотека во секое формирано училиште, било тоа
да e централно или подрачно. Со оглед на тоа дека во малите населени места не е финансиски
оправдано отворање на јавна библиотека или клон на јавната библиотека која функционира на
територијата на општина Битола, локалната самоуправа на овој начин би ја пополнила
празнината со тоа што училишната библиотека би ја презела и улогата на јавна библиотека и
истата ќе им биде достапна на сите заинтересирани корисници во населеното место.
Формираната училишна библиотека би вршела библиотечна дејност за училиштето, а воедно и
за населението од населеното место. За ова решение МОН и Локалната самоуправа потребно е
да ги исполнат следните услови:
да обезбеди финансиски средства за вршење на дејноста;
да се обезбедени соодветни простории и опрема за чување и користење на
библиотечниот фонд;
да набави библиотечен материјал;
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
50
да вработи соодветен стручен кадар и
да обезбеди брз пристап до интернет.
МОН, Локалната самоуправа заедно со Централното основно училиште кон кое
припаѓа оваа подрачна библиотека потребно е да обезбедат опрема во која што ќе биде сместен
библиотечниот материјал, а воедно да се предвиди и простор за интернет читална во која ќе се
постави опрема потребна за брз пристап до информационите ресурси во светот. Во овој
простор исто така би можеле да се одвиваат еднодневни или повеќе дневни обуки. Да обезбеди
соодветен инвентар и опрема за функционирање на библиотеката, да обезбеди соодветен
библиотечен материјал според потребите на населението во кое делува, да воспостави
интернет врска, да вработи најмалку едно лице со висока стручна спрема кое ќе работи со
полно работно време и кое ќе ја посети обуката за зајмување на библиотечниот материјал,
потребна за работа со корисниците во библиотека. Вработеното лице - библиотекар преку
целиот ден односно спрема поставеното време за работа на библиотеката ќе им биде на
располагање на учениците и жителите на населеното место за добивање на секаква
информација која им е потребна.
Кој е придонесот од ваквите решенија за државата, локалната самоуправа граѓанската
заедница
Ваквите оформени подрачни информативни центри – библиотеки во секое населено
место би биле средиште на сите случувања во локалната самоуправа – општината, државата и
пошироко, давајќи ги сите барани информации на населението од населеното место каде
делува оваа установа.
Според Националната стратегија за е-вклучување 2011-2014 на Министерството за
информатичко општество и администрација овие информативни центри - библиотеки ќе бидат
центар каде што ќе се одржуваат повеќедневни обуки на заинтересираните за пребарување во
базите COBISS.NET, GOOGLE, YAHOO, WIKIPEDIA, каде што можат да се добијат скоро
сите барани научни, литературни, културни и други информации, значајно е исто така
населението да се обучи како да ги користи социјалните мрежи FACEBOOK, TWITER и како
преку нив, доколку работат со било каков бизнис, земјоделие, сточарство, туризам и др. да ги
рекламираат своите производи без никаков надоместок. Мерки Географско е-вклучување;
Дигитална писменост – Развој на бесплатните интернет клубови; Доживотно учење.
Библиотеката преку меѓубиблиотечното зајмување на корисникот може да им ја
обезбеди бараната литература, статии во сериски публикации и сл. од сите области на науката,
а доколку таквите не се наоѓаат во фондот на библиотеката, а нив при пребарувањето во базата
COBISS.NET сме ги пронашле во некоја локална база, членка на системот COBISS.NET.
(Поттикнување на развојот на библиотечниот автоматизиран информациски систем на
Република Македонија.)
Значајно е тоа што тука има можност за одржување на курсеви за странски јазици,
користење на програмите MICROSOFT OFICE, составување на сопствено CV, користење на
електронска пошта, пополнување на формулари и сл., аплицирање за користење на
Европските фондови и каде вработените ќе бидат обучени за подршка на посетителите при
користење на електронски административни услуги. (Доживотно учење).
Користејќи ги овие можности локалната самоуправа, а секако и населението во неа
многу полесно би се ориентирале на кој начин, а со добар маркетинг полесно да ги остварат
своите цели.
Согледувајќи ги горенаведеното решение, училишните библиотеки се во стратегиска
прилика да го подобрат квалитетот на услугите на своите корисници и на животот и
демократскиот капацитет на населението во информациското општество обезбедувајќи им
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
51
слободен и еднаков пристап до високо-квалитетни информации. Да поддржуваат обезбедување
услуги за е-влада, е-здравје, е-трговија и е-учење преку овозможување непречен, објективен
пристап и обука за користење електронски ресурси. Да ја развиваат нивната улога на центри за
вонинституционално и неформално образование нудејќи содржини, обука и поддршка на
граѓаните од сите возрасти во целосното користење предностите на е-учењето.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
52
Силни библиотеки – огледало на современото општество
Книгата со континуирано присуство во светот на децата
Магдалена Кочовска - Салтирова, библиотекар
ЈОУ Библиотека „Искра“, Кочани
Апстракт
Библиотеката како институција со културен, едукативен и информативен карактер
преку своето дејствување промовира и иницира култура на позитивен однос кон книгата и
придобивките од читањето и информираноста кон сите членови на нашата заедница. Со
креирањето на адекватен простор, збогатен со квалитетна литература за деца, како и
користењето на посебни форми на работа во Детското катче, ЈОУ Библиотека „Искра“ –
Кочани поттикнува и ефективно користење на истата и ја негува љубовта кон книгите и
навиките за читање и кај најмладите наши читатели.
Тековните општествени промени кои носат со себе развој на науката и технологијата,
вршат силно влијание врз видоизменувањето на функциите на библиотечната дејност, а
библиотеката со својата флексибилност како содржинска компонента, се прилагодува на
актуелните општествени потреби максимално придонесувајќи за побрз образовен, научен,
материјален и културен развој на средината во која дејствува.
Институциите, во зависност од дејноста која ја остваруваат, а која е поврзана директно
или индиректно со децата, носат општествена одговорност за тековното свое јакнење, развој и
потребата од промена и модифицирање на своите програми во зависност од потребите на
најмладите корисници, со тенденција да се обезбеди активно учество во осовременување на
општеството во кое се живее. Библиотека која има тенденција да претставува огледало на
современото општество, знаејќи ги значајностите на воспитните и уметничките
карактеристики кои ги носи литературата за деца, врши свое континуирано и непрекинато
следење на нејзиното присуство во светот на децата, преку кое се поддржуваат и спроведуваат
Есенцијалните компоненти од Конвенцијата на правата на децата, со обезбедување на услови
за образование, социјален развој и активно вклучување на најмладите во активности од
културен карактер.
Водени од идејата за славење на различноста преку програми што ќе помогнат младите
читатели да се стекнат со знаења за друга култура преку запознавање и обработка на
литературата од странски автори се реализира проект-програмата „Книгата прозорец кон
светот“, јуни 2011 година, преку која учесниците се запознаа поблиску со холандската
литература и култура. Книга за деца од холандски автор беше обработена со драматизација на
текстот од страна на ученици од ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани. Програмата содржеше
запознавање со традиционалните и меѓународно препознатливи вредности на Кралството
Холандија, реализирана преку креативно-едукативна работилница, учесниците ја изразија
својата креативност, инвентивност, работејќи на мотиви од холандската култура. Идејата
имаше своја реализација со остварената соработка на библиотеката со ОУ „Малина
Попиванова“ – Кочани, Инфо точката при општина Кочани и поддршката од г-ѓа Фукија
Балтовска, која со доставените материјали, книги за деца, сликовници списанија на холандски
јазик и друго, ни го збогати и разубави библиотечниот простор и ни ја доближи поблиску
холандската култура во реализираната програма.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
53
Афирмацијата на нова литература за деца и автори се реализира постојано, а оваа
година со традиционалното одбележување на Светскиот ден на литературата за деца, 2 април
2014 година, водени од меѓународното мото за 2014 „Замислете нации низ приказна“, порака
на овогодинешниот промотор на Светскиот ден, се реализираше ликовно-литературна
работилница во која учесниците илустрираа на приказни од различни нации: Велика Британија,
Кина, Шветска и Франција, на претходно подготвена литература за нацијата и приказни кои
потекнуваат од таа нација, автори од земјата која се афирмира. Во работилницата учествуваа
ученици од сите четири основни училишта во градот. Изработените творби беа поставени на
изложбените паноа во библиотеката и ја претставуваа детската фантазија развиена преку
приказната. Изложбата е видена од многубројни посетители во библиотеката и истата
позитивно е вреднувана.
Библиотека „Искра“ континуирано го збогатува својот книжен фонд, на домашни и
странски автори, којшто е достапен за сите млади читатели.
Во рамки на програмата за Славење на 02 април 2014 година, со цел најмладите
членови на библиотеката да ги запознаеме поблиску и со ликот и делото на македонски автор
за деца, остваривме промоција на овогодинешниот добитник на наградата „Ванчо
Николевски“, авторот Александар Кујунџиски. Пред голем број присутни гости, членови на
библиотеката и ученици од основните училишта, авторот го промовираше и своето дело за кое
истиот е добитник на наградата.
Во програмата за одбележување на Светскиот ден на литературата за деца во
изминативе години се реализирани едукативно-креативни работилници на теми: „Јас пишувам,
илустрирам, творам“, поддржувајќи ја интернационалната порака „Радости со книгата во
целиот свет“; работилници на тема „Мојата прва книга“, „Отвори ја книгата и волшепството
започнува“, „Отвори ја книгата, отвори го твојот поглед кон светот“ поддржувајќи ја
интернационлната порака: „Книгата те чека тебе, пронајди ја!“
Со цел да се промовираат позитивни вредности кај најмладите како и да се поттикнува
меѓугенерациската солидарност, прогласувајќи ги најдобрите читатели за 2012 година,
Европската година на активното стареење и солидарност помеѓу генерациите, јануари 2013
година се планираше и се спроведе едукативно –креативна работилница со мото „Раскажуваме
и читаме заедно“. Во рамки на истата, сказни со мудри мисли и позитивни пораки им читаме
на најмладите, на децата од Детската градинка „Павлина Велјанова“-Кочани им се читаше од
страна на возрасен читател - гостин учесник г-ѓа Љубица Манасиева, прогласувана за најдобар
читател во библиотеката. Најмладите учесници со изразено задоволство учествуваа активно во
програмата, следејќи ги позитивните доживувања кои г-ѓа Манасиева ги имала со книгите и
библиотеката „Искра“.
Во текот на целата година, а значително по повод Детската недела, која се одбележува
секоја година, во првата полна недела во месец октомври, со цел да се актуелизираат правата
на децата и заштитата на истите од нивна злоупотреба, Детското одделеение при ЈОУ
Библиотека „Искра“ – Кочани реализираше едукативно – креативна работилница на тема „Јас
ги знам своите права“. Учесници во работилницата беа ученици од IV одделение од основното
училиште „Раде Кратовче“ – Кочани. Предавач-гостин во едукативната работилница беше
испектор Билјана Илиева Миладинова, преку остварената соработка со ПС Кочани.
Работилницата се реализираше на ден 09 октомври 2013 година, во просториите на
библиотеката. Активното и конструктивно учество на најмладите библиотеката го награди со
книга и пофалница. Со реализацијата на оваа програма ЈОУ Библиотека „Искра“ Кочани го
поддржува спроведувањето на Конвенцијата на правата на децата.
Во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани се користат повеќе различни форми и методи на
работа за популаризација на книжниот фонд, а една од нив е изложбениот саем. Во рамки на
истиот се поставуваат книги со едукативна содржина на тематски содржини од различни
области, како и уметничка литература од домашни и странски автори, детска литература на
странски јазик, актуелните детски наслови како и популарни серијали на книги. Во текот на
месец септември 2011 беа иложени делата на сите автори добитници на наградата „Ванчо
Николевски“ која ја доделува Друштвото на писатели на Македонија за книги за деца и млади.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
54
Во рамки на изложбата беа поставени и делата на роднокрајните автори од Кочани кои твореле
за децата. Изложбата беше посетувана од учениците од основните и средните училишта во
градот Кочани и истата побуди посебен интерес кај најмладите граѓани на нашата општина.
Дејноста на библиотеката и услугите кои таа ги нуди на своите корисници,
организирањето и користењето на библиотечниот фонд, информациските ресурси со кои
располага библиотеката, библиотекарите перманетно ја пренесуваат на сите свои посетители
меѓу кои и на најмладите посетители преку организираните посети на ученици на библиотеката
од сите основни училишта од градот Кочани, како и континуираната соработка и посети на
учениците и од други училишта, како учениците од ОУ „Страшо Пинџур“ од општината
Чешиново-Облешево.
Иако денес информациите се повеќе присутни и достапни во дигитална форма, целта на
библиотечната дејност и понатаму останува и е континуираното присуството на програмите за
афирмирање на книгата и вреднувањето на читањето како пријатна активност, пред сите
своите корисници, во библиотеките кои претставуваат огледало на општественото живеење.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
55
КАМЕРА-ОБСКУРА НА ПЕРСПЕКТИВАТА
НА МАКЕДОНСКИТЕ БИБЛИОТЕКИ
м-р Кирил Ангелов,
виш соработник-библиотекар
АПСТРАКТ
Обезбедувањето професионален развој на вработените и ефективното користење на
нивниот потенцијал се јавува како фактор на успешна дејност на организацијата. Под
професионален развој на вработените се подразбира комплекс мерки спроведени за
зголемување на квалификациите на работниците соодветно на целите и на стратегијата на
организацијата.
Има драматична промена во намалувањето на бројот на специјалните библиотеките,
така што од 61 специјална библиотека во 2007 година нивниот број во 2010 изнесува 47, а од
59 во 2007 година, во 2010 имаме 3 помалку високошколски библиотеки, односно 56.
За да се направи план и програма за развој на едно информациско општество,
предуслов е потребата од еден таков вид општество што ја носи современиот начин на
живеење, кој се карактеризира со виртуелност, односно со електронско општење помеѓу луѓето
на денешнината.
SWOT е кратенка од англискиот јазик што содржи четири збора, кои го имаат следново
значење:
Strengths - Предности
Weaknesses - Слабости
Opportunities - Можности
Threats - Закани
Главната цел што треба да ја постигне македонското библиотекарство е да му
овозможи на општеството брз пристап до информациите, а тоа ќе го направи со создавање
дигитални фондови, така што ќе придонесе во науката и во образованието да се изградат
информатички подготвени генерации, а општиот придонес во културата ќе биде од
непроценливо значење и ќе покаже дека држиме чекор со современите трендови.
Вовед
Современите општества денес се менуваат многу бргу во смисла на економската
политика, законодавството, конкурентната средина, но и во смисла на функционалната
организација (стратегија на развој и организациска структура, технолошки измени), а во тие
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
56
околности ги вклучуваат и библиотеките, во смисла на неопходна подготовка на вработените
за работа во нови услови.
Обезбедувањето професионален развој на вработените и ефективното користење на
нивниот потенцијал се јавува како фактор на успешна дејност на организацијата. Под
професионален развој на вработените се подразбира комплекс мерки спроведени за
зголемување на квалификациите на работниците соодветно на целите и на стратегијата на
организацијата.
Развојот и опсежниот пробив на информациските технологии се покажува како
трансформирачки фактор врз сите области на современиот живот, вклучувајќи ги економијата,
науката, образованието, со еден збор - целокупниот современ општествен живот. Во новото
општествено уредување како главна вредност се јавуваат информациите и знаењето и тоа се
нарекува информациско или општество на знаење. Во центарот на интересот на современото
општество е информацијата, која се цени како национален ресурс и која го помага и го
обезбедува општествениот развој.
Националниот информациски ресурс е составен од два дела:
Tрадиционален (ракописи и печатени материјали, аудиовизуелни материјали, фотографии и
сл.) и
Eлектронски (мноштво информациски објекти во дигитална форма).
Мошне важен репозиториум на информациските ресурси, како во сите општества, така и во
нашето, се библиотеките, кои не постојат сами за себе, туку за своите корисници на кои им
обезбедуваат широк пристап до најразлични информации.
Современи состојби на македонските библиотеки
Библиотеките во Република Македонија денес
Библиотеките во Република Македонија се составен дел од општествениот систем, а
според природата на дејноста и според општествениот распоред припаѓаат во делот на
образованието, науката и културата. Според последните статистички податоци (Соопштение на
ДЗС број: 2.1.11.25 од 12.10.2011 година), во Македонија има 169 библиотеки, од кои една е
национална, 56 се високошколски, 47 специјални/научни, општонаучна една, библиотеки-
национални установи се 9 и 59 се јавни (народни) библиотеки. Кога ќе се направи споредба со
податоците од 2007 година (Соопштение на ДЗС број: 2.1.8.27 од 07.08.2008), податоците се
шокирачки. Имено, има драматична промена во намалувањето на бројот на специјалните
библиотеките, така што од 61 специјална библиотека во 2007 година нивниот број во 2010
изнесува 47, а од 59 во 2007 година, во 2010 имаме 3 помалку високошколски библиотеки,
односно 56. Тоа се три библиотеки помалку на високообразовни установи, што, секако, треба
да предизвика должно внимание и мерки.
Специјалните библиотеки се дел од научните, културните, здравствените и
правосудните установи, како и од јавните и приватните претпријатија кои, во прв ред, ги
задоволуваат информациските потреби на работниците во матичните установи. Сепак, овој
факт не е загрижувачки, туку е алармантен од причина што намената на овие библиотеки е да
им помага, исто така, на студентите и на научниците, односно на пошироката научна јавност во
општеството, што придонесува за тоа научноистражувачката дејност во Република Македонија
да бележи пад и сериозен недостиг од информации. Освен тоа, не само што укажува на
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
57
корпорациска некултура, покажува пад на културата во целост во овој дел на македонското
општеството.
Ако се земе предвид дека од вкупно 169 библиотеки само 42 се членки во
библиотечниот систем COBISS.MK, а од нив има случаи што функционираат само формално
како членки без ниеден запис, може да се изведе заклучок дека ситуацијата со македонските
библиотеки е крајно загрижувачка, без оглед на можноста другите библиотеки или некои од
нив да работат или класично, или во друг библиотечен софтвер. Ваквата состојба е
недозволива во XXI век и не смее да продолжи, зашто не одговара на современите потреби на
нашето општество. Место ефектот на информациска писменост, овој факт носи спротивен
ефект - информациско слепило.
Секако, оваа состојба има свои причинители, но не е непоправлива и за нејзино
надминување се потребни, пред сѐ, општествена свест и одговорност, вложување и развој,
накратко – потребни се акциски планови и програми, за што ќе стане збор понатаму во овој
труд.
Библиотеките од аспект на кадарот
Во 2007 година во македонските библиотеки работеле вкупно 594 вработени, од кои во
изборни стручни звања (библиотекар-советник и виш библиотекар) се 140 библиотекари,
неизборни стручни звања (библиотекар, самостоен библиотекарски помошник и
библиотекарски помошник) имаат 516 вработени во библиотеките, други стручни работи во
библиотеките извршувале 110 вработени, а други (технички и административни) работи
вршеле 132 лица.
За жал, во Република Македонија сѐ уште не постои регистар на вработените во
библиотеките, од кој ќе можат да се црпат податоци за видот на образованите на
библиотечните работници, но општо е познато дека кај нас, до пред извесен период, не
постоеше формално образование за библиотекарство, односно немаше факултет на кој ќе се
изучува оваа дејност, така што во македонските библиотеки денеска работат најчесто
образовни профили од хуманистичките науки, но не ретко ќе сретнеме кадар и од природните
науки.
Во секој случај, потребата од образован кадар со тесна специјалност библиотекар е
одамна нужна и одлагањето на нејзиното практично спроведување значи застој во развојот на
културата, на науката и на професионалниот и општиот амбиент во нашето општество денес.
Библиотеките од аспект на објектите во кои функционираат
Библиотеките во Република Македонија функционираат во објекти што датираат од XX
век, освен една новоградба при НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Дел од нив се целосно
реновирани или во нивни рамки е направена доградба или надградба, со што се овозможува
поголем простор наменет за полесно функционирање на библиотеките, како и за поквалитетни
услуги на корисниците.
Објектите во кои се сместени библиотеките во една држава се нејзино огледало.
Генерално, ситуацијата со објектите наменети за библиотеките во Република Македонија се
подобрува, но не е на задоволително ниво зашто голем дел од нив сѐ уште немаат современ
облик, не располагаат со доволен простор, дури немаат ни читални, а секогаш недостигот од
простор е најгорливиот проблем. Освен тоа, библиотеките се соочуваат со проблемот за
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
58
намирување на режиските трошоци за одржување на своите објекти, што не е надвор од
целокупниот контекст во нашето општество, односно, по извесно време сите новоизградени
објекти се соочуваат со проблемот на одржливоста и на зачувувањето на добрата кондиција на
подолг период.
Сето наведено претходно е решлив проблем, а како средство што ќе помогне во
неговото надминување во центарот се прво финансиите, а потоа менаџерската одговорност и
добрата организација на овие активности.
Библиотеките и нивните корисници
Кога зборуваме за корисниците, неминовно треба да се осврнеме на општото поимање
за библиотеките во македонското општество, а тоа е место во кое се чуваат книги, полни
полици со различни списанија и лектири, по некоја чудна тетка или изгубен чичко кои, немајќи
друг избор, случајно почнале да работат во библиотека и сл.
Ова го напоменуваме не поради друго, туку за да го согледаме моментумот во свеста на
современите Македонци кај кои, во голем број, сѐ уште важи ваквото мислење, што укажува на
тоа дека информациската писменост во нашето општество во делот на библиотеките не е на
солидно ниво, односно библиотеките сѐ уште не успеале да изградат имиџ на центри за
информирање, ризници на полезни информации и на сервис на граѓаните, барем не подалеку
од издавање лектирни изданија и белетристика, туку важат за места во кои се собира прав.
Од тој аспект, не е голем бројот на корисници што се запознати дека во Република
Македонија постои библиотечен систем што вмрежува повеќе видови библиотеки во државата,
кои се извонредно богати складишта на информации кои можат да им помогнат во
остварувањето на своите научни и духовни цели. Незаинтересираноста да се истражува, да се
научи што е тоа електронски каталог, како може да се пребарува во него, што сѐ може да се
добие од овие каталози, но и од базите на податоци како производ што ќе придонесе во
личната и во општата изградба на современото општество, сигнализира за несериозен и
импровизациски однос кон науката и кон културата денес, особено од помладите генерации, за
што, секако, не се виновни тие. Недостасува нов општествен импулс на преродба на оваа
дејност во двете насоки – библиотека – корисник и обратно, во согласност со современите
услови на развојот на оваа дејност.
За надминување на оваа состојба, прво е потребно исклучително подигање на нивото на
училишните библиотеки во основните и во средните училишта, односно акциски план и
програма за возобновување на училишните библиотеки во поглед на простор, книжен фонд,
кадар и обука на корисниците, што како резултат ќе даде информациски писмени генерации,
подготвени за современиот пристап кон образованието и науката од електронски извори. Ова
треба да биде темелот на новите текови во заемните односи меѓу библиотеките и нивните
корисници.
Кога би ги довеле училишните библиотеки на солидно ниво, иницијалната каписла за
важноста на библиотеките во нашето општество ќе биде запалена, со што ќе се овозможи
следствен развој и на библиотеките што овозможуваат услуги на повисоките нивоа на
образование и научноистражувачка работа.
Како да направиме силни библиотеки и подобро општество?
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
59
Насловот на темата на годинешново Собрание на библиотекарите укажува на потребата
општеството да изгради силни библиотеки. Од тоа се гледа дека во моментов македонските
библиотеки немаат силна позиција, односно дека најмалку што може да се направи е да се
зајакне нивната позиција. За подобрување на состојбите во македонското библиотекарство
потребни се свест, волја, стручност и финансии. Исто така, насловот ја прикажува свеста на
библиотекарскиот еснаф за состојбата во која се наоѓа библиотекарството во РМ денес, како и
желбата за подобра иднина на оваа дејност. Понатаму во текстов ќе бидат дадени предлози за
постигнување на целта –силни библиотеки.
Планови и програми за развој на информациско општество
За да се направи план и програма за развој на едно информациско општество,
предуслов е потребата од еден таков вид општество што ја носи современиот начин на
живеење, кој се карактеризира со виртуелност, односно со електронско општење помеѓу луѓето
на денешнината.
Како и во сите други општетства, и во нашето овие процеси се неминовни и насушни
ако се сака да се држи чекор со науката и техниката, што овозможуваат побрз пристап до
информации, напредок на образованието и збогатување на индивидуалното и на колективното
знаење.
Тргнувајќи од положбата на библиотеките во Република Македонија денес, изнесени во
одредени црти претходно во овој текст, ќе видиме дека на нашата држава ѝ недостасува
централизирана програма со планови за развој на библиотеките од различни видови што
функционираат во рамките на различни видови институции и установи.
Прво што е забележително е тоа што постои некомпактност во смисла на
претставувањето на библиотеките како единствено тело гледано според дејноста што ја вршат,
а која е идентична според потребите и намената, така што имаме раздвоеност, што е очигледна,
и видлив факт е дека зависно од делот во кој функционираат, библиотеките се и така поделени
и необединети.
Така, училишните библиотеки се во надлежност на Министерството за образование и
наука, високошколските се делумно под надлежност на истото министерство, како и во
надлежност на односните универзитети, националните библиотеки, како и јавните кои се под
управата на Министерството за култура, а специјалните библиотеки се раководени од органите
во чии рамки функционираат.
Се чини дека БЗМ и покрај своите усилби, добри намери и волја да го обедини еснафот,
не успева во своите намери од причини што во нашата држава библиотеките не уживаат имиџ
на важна општествена дејност, така што не им се обрнува должното внимание и оваа дејност е
расцепкана на повеќе делови, кои не постигнуваат посакуван ефект на силно организирана и
целесообразна активност.
За да се надмине ваквата ситуација, потребни се залагања на сите библиотекари, но
мошне важна е поддршката на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, која треба да ја има
улогата на библиотека-матица и која треба да изготвува планови и програми за развој на сите
видови библиотеки во Македонија.
Прво кон што треба да се пристапи е осовременувањето и автоматизацијата на
училишните библиотеки. Во XXI век е веќе недозволиво училишните библиотеки да работат со
рачен каталог, а учениците да ја следат наставата на компјутер, според програмата „Компјутер
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
60
за секое дете“. Ваквата ситуација се коси со реалноста и го снижува рангот на библиотеките во
свеста на корисниците уште од најмали нозе.
Потребно е НУБ во соработка со БЗМ да изработи програма и план специјално за
училишните библиотеки што ќе ги опфатат проблемите што се однесуваат на:
- Просторните услови во кои работат училишните библиотеки;
- Кадарот во смисла на образование и на старост;
- Опременоста со современи работни помагала;
- Автоматизацијата и
- Финансиите.
Оваа активност може да биде среднорочен проект во траење од три години и да се
спроведе во соработка со МОН, како и со ЗЕЛС, така што во блиска иднина да имаме
библиотеки-членки на заедничкиот онлајн корпоративен систем од училиштата.
Втората активност е преземање мерки за надминување на состојбите во
специјализираните библиотеки. Имено, овие библиотеки како да се ставени настрана од
актуелните библиотечни збиднувања во Република Македонија, така што нив ги одминуваат
активностите што ги спроведува Министерството за култура и за нив не важат условите што ги
поставува ова министерство во врска со функционирањето на националните и јавните
библиотеки.
Освен тоа, во Законот за библиотеките се споменати многу малку, а воопшто не е
земена предвид реалната ситуација со која се соочуваат овие библиотеки во поглед на
функционирањето, во смисла на потребата за нивна непрекината работа, на работните
простории во кои се врши секојдневната работа, во поглед на опремата, на збогатувањето на
библиотечниот фонд итн.
Со еден збор, државата воопшто нема перцепција за специјализираните библиотеки,
така што во важни државни органи нема библиотеки како самостојни единици, а дури се
пристапува и кон нивно затворање, што е без преседан да се затвора инструмент од големо
значење за одредена научна дејност или од сегмент што има значење за државата.
Како последен пример ќе го наведам тоа дека на специјализираните библиотеки не им
беа доставени примероци од книгите од последните проекти на Министерството за култура од
различни едиции, а ги имаше многу, што покажува дека ниту специјализираните библиотеки се
наметнале или, пак, немале интерес за такво нешто, а и дека државата нема слух за овие
библиотеки, односно тие се невидливи во рамките на библиотечниот систем.
Од тие причини, неопходно е третманот на овие библиотеки во најскоро време да биде
подобрен, пред сѐ, по иницијатива на БЗМ, што подразбира консолидирање на состојбите во
овие библиотеки, нивна итна автоматизација, согледување на состојбите од кадровски,
просторен и финансиски аспект, како и ефективно функционирање на секција на
специјализираните библиотеки во рамките на БЗМ.
Контрадикторно на современиот пристап кон науката, е македонското библиотекарство
да се бори за основните права на овие библиотеки, како што се, прво, опстанок на
функционирањето, описменување на кадарот или финансиите и просторот.
Првенствена цел на овие богати ризници на македонската наука е заштита и
зачувување на нивните фондови, а тоа може да се спроведе со дигитизација на дел од
културното наследство на РМ што се чува во нив.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
61
Состојбата на националните и на јавните библиотеки и покрај општопознатата
ситуација (финансиската криза), од објективни причини, во сите сегменти на општеството не е
во најдобра кондиција, може да заклучиме дека, сепак, овој вид библиотеки имаат
најорганизиран начин на работа и работат според свои планови и програми и за нив е надлежно
Министерството за култура, а во одредени сегменти и МОН, така што се финансирани нивните
проекти преточени во активности низ целата година, иако ако средствата за нивната работа се
поголеми, повисоки ќе бидат и резултатите.
Секако, оваа констатација не значи летаргичен став и однос дека овие библиотеки во
моментот стојат подобро од другите, така што нивната дејност треба и натаму да се развива за
да се одржат нивото на развојот и чекорот со современоста.
Наведените ставови не треба да се сфатат како критизерство, туку како позитивна
критика и посочување на проблемите со кои се соочуваат одделни видови библиотеки во
Република Македонија, со намера да се придонесе кон подобрување на овие состојби во
иднина.
Од изнесеното претходно можат да се извлечат следниве предлози:
1. Изработка на ново законско решение за библиотеките во Република Македонија што ќе
ги регулира работењето и функционирањето на сите библиотеки во државата, а не како
досега, со акцент најмногу на националните и на јавните библиотеки;
2. Итно да се спроведе активност на обука на кадарот и на осовременување на
училишните библиотеки во смисла на нивна автоматизација, што ќе се регулира со
посебна одлука на МОН која ќе опфаќа акциски план и програма за подобрување на
состојбите во училишните библиотеки;
3. Итна проценка на состојбите на специјализираните библиотеки од аспект на кадарот,
потребата од нив, нивната намена, автоматизацијата и дигитализацијата, по
иницијатива на БЗМ и на НУБ, поддржана од МОН и од Министерството за култура,
обединување на овој дел од библиотекарскиот еснаф, по што ќе следи акциски план и
програма за автоматизација и дигитализација на овие библиотеки;
4. Редовна соработка на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје со сите видови
библиотеки во Република Македонија, а не само со локалните, во вид на одржување
редовни состаноци, размена на мислења, согледувања за одредени ситуации, дискусии
во однос на законските решенија за библиотеките и сл.;
5. Како цел на подолг рок, обединување на сите видови македонски библиотеки во еден
заеднички каталог, реално за 10 години, но само ако проблемите се разгледаат сериозно
и ако се сфати потребата за напредување, осовременување и следење на ритамот на
современата наука и технологија, како и важноста на информацијата во денешното
општество.
Дури откако прво ќе биде сфатена потребата за образован кадар и за современи
библиотеки во функција на општеството според нивната намена, тогаш ќе можеме да
зборуваме за автоматизација на сите библиотеки во РМ без оглед на нивниот вид, а
највисокиот стадиум во развојот на овие библиотеки е дигитализацијата на нивните фондови и
нивното обединување во еден заеднички национален каталог или систем.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
62
Анализа SWOT
SWOT е кратенка од англискиот јазик што содржи четири збора, кои го имаат следново
значење:
Strengths - Предности
Weaknesses - Слабости
Opportunities - Можности
Threats - Закани
Низ претставувањето на овие четири категории, ќе се обидеме да го претставиме
македонското библиотекарство денес.
Почнувајќи од предностите, ќе ги наброиме кои се тие:
- Библиотеките се присутни во системот на државата;
- Имаат солидни збирки на публикации;
- Имаат добро изградени односи со корисниците;
- Пријателски персонал;
- Простории во кои функционираат.
Меѓу слабостите ќе ги наведеме:
- Недостаток од финансиски средства;
- Недостаток од соодветно образован кадар;
- Недоволна општествена свест за важноста на библиотеките;
- Недоволно ангажирање на библиотеките во општествените активности.
Можностите за библиотеките се следниве:
- Новата општествена потреба од информации;
- Нови проекти во рамките на различни програми на Европската унија;
- Отворањето студии по библиотекарство на универзитетите во РМ;
- Нов и попрецизен Закон за библиотеките.
Закани со кои може да се соочат библиотеките:
- Недоволна поткрепа од владата;
- Недостаток од Национална програма што ќе ги опфати сите видови библиотеки;
- Зголемувањето на библиотечниот материјал во дигитална форма;
- Доцнењето со дигитализацијата на фондовите.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
63
ЗАКЛУЧОК
Од сето изнесено претходно, можеме да заклучиме дека во Република Македонија има
потреба од една општонационална и сеопфатна програма за развој на библиотеките и на
библиотекарството како дејност што ќе успее да го пополни отсуството на еден ваков значаен
документ за овој сегмент од културата на една држава.
Евентуалното донесување засебна програма за оваа дејност треба да биде во облик на
стратегија. Стратегијата треба да содржи насоки, практични задачи што треба да се спроведат,
задолженија, цели и временски рокови во кои треба да се оствари планираниот развој на
македонските библиотеки. Таа треба да го одрази контекстот во кој се создава, треба да има
концепт според кој ќе се направи и ќе се спроведува и, најважно, цели што ќе треба да ги
оствари.
За да се постават задачите и за да се остварат целите, неопходно е да се има визија за
тоа што се сака да се постигне, а првенствено да се знае која е мисијата на библиотеките.
Секако, при составувањето на една ваква опсежна национална библиотечна стратегија
потребни се ресурси и тоа човечки, пред сѐ, библиотекари и библиотечни работници, како и
информатичари и вработени од други профили кои имаат допирни точки со библиотечната
работа или, пак, имаат искуство во стратегиското планирање. Освен човечки, потребни се и
финансиски ресурси што, се чини, се клучни за современо организирање на сите дејности, па и
на библиотекарството.
Главната цел што треба да ја постигне македонското библиотекарство е да му
овозможи на општеството брз пристап до информациите, а тоа ќе го направи со создавање
дигитални фондови, така што ќе придонесе во науката и во образованието да се изградат
информатички подготвени генерации, а општиот придонес во културата ќе биде од
непроценливо значење и ќе покаже дека држиме чекор со современите трендови.
Користени извори:
Закон за библиотеките, http://kultura.gov.mk/index.php/legislativa/2011-03-04-10-39-07
http://www.stat.gov.mk/
http://gbsk.mk/images/stories/strategija.pdf
http://www.emeraldinsight.com/journals.htm?articleid=1789742
http://conf.nsc.ru/confer_2012/ru/reportview/130506;jsessionid=177ADE65F9E27007D4D2469DE71
C1F56
http://rba.timacad.ru/content инновационное-развитие-научной-библиотеки-вгсха
http://biblio.chgpu.edu.ru/biblioteka/percpektiva.htm
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
64
Информациска технологија во библиотеките и новите методи на
услуги низ примерот на јавни библиотеки во Полска
Марија Малгожата Мачковска, библиотекар советник
НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола
Јавните библиотеки денес стојат пред предизвици кои носат не само нагло културно и
цивилизациско менување на опкружувањето, туку и логика на внатрешната еволуција, стремеж
кон современоста, волја за докажување како потребни институции, со важна улога во
општеството.
Најновата историја на земјите од Средна, Источна и Јужна Европа со целата сложеност
на одделни ситуации, различните патишта и методи на воведување на политичките и
општествените промени се реализираат по одреден модел.
Цел на тие промени секогаш била волјата за нов демократски поредок на граѓанското
општество. Набрзо се покажа дека негов фундамент се одреден систем на вредности, граѓански
активности во разна форма (општествени, културни и невладини организации) како и
современи институции на јавниот живот. Во нив, меѓу другото, припаѓаат и библиотеките,
доколку се отворат кон локалното население и преземат соодговорност за квалитетот на
животот, степенот на информираност и способноста за разбирање на механизмите на
функционирање на современиот свет. За тоа да се случи, библиотеките мора да нудат
атрактивни книжевни и аудиовизуелни колекции, да обезбедат достапност до бази на
податоци, современи средства и технологии, да реализираат богата и оригинална културна и
образовна програма, согласно со високите материјални стандарди и сѐ поголемите
општествени потреби.
Неопходно е зајакнување на меѓубиблиотечните врски, формирање на широка
информативна платформа, кооперација во сферата на колекциите и на библиотечните услуги.
Важен елемент во стратегијата за развој на библиотеките е размената на мисли,
погледи и искуства. Соработката на библиотеките на меѓународен план има суштинско
значење за избор на начинот на моделирање на современата библиотека, за определување на
нејзината врска со регионот како и за создавање на библиотечни мрежи.
Пред неколку години Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола
воспостави соработка со Долношлонската јавна библиотека од Вроцлав како и со други
библиотеки од Југозападниот регион на Полска. Овие библиотеки ги карактеризира брз и
динамичен развој, а искористувањето на најновите технологии привлекува читатели од сите
старосни и професионални групи.
Долношлонска јавна библиотека „Тадеуш Микулски“ е основана во 1945 година и низ
годините го менуваше името, локацијата и обемот на нејзината активност. Денес библиотеката
е сместена во прекрасна зграда во строгиот центар на Вроцлав и успешно и сестрано реализира
задачи на јавна библиотека. Нејзините - речиси 50.000 – читатели ги претставуваат сите слоеви
на општеството: студенти, научни работници, ученици од основните и средните училишта.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
65
Освен својата основна дејност како јавна библиотека ДЈБ врши и улога на централна
библиотека во регионот Долни Шлонск која го поддржува развојот на околу 600 помали
библиотеки.
ДЈБ организира конференции, научни средби, помага во развојот на мрежата на
библиотеки, организира курсеви за библиотекари од регионот. Библиотеката соработува со
сите научни институции во Вроцлав, а студентите од Факултетот за библиотекарство и научна
информација доаѓаат на практика.
Долношлонска јавна библиотека, исто така, има статут на научна библиотека која врши
дидактчки, библиографски, информациски, документациски истражувања, како и издавачки
активности.
Во Библиотеката има повеќе оддели: Информации, Позајмување, Собирање и
обработка на библиотечен материјал, Документи од општествениот живот, Фонотека, Работа
со деца, Инструкциско-методички и истражувачки работи, Периодика, Компјутеризаија на
библиотеката, Говорна книга, Галерија „Pod Plafonem“ , Издавачко-полиграфски оддел.
Библиотека има повеќе читални достапни за читателите, како и најбогата во регионот
Германска читална (Институт „Гете“).
Во рамки на библиотеката функционира и Американско катче (American Corner) – со
најсовремена компјутерска опрема и богата збирка на литература и филмови донирани од
страна на Американската амбасада во Полска. Многу посетувана е, исто така, Романската
читална (Француска алијанса), во која на читателите им се нуди богата збирка на француска и
италијанска литература и мултимедијални CD-ROM-ови. Во 2009 години во библиотеката
беше отворена Кореанската читална, наменета, пред сѐ, за потребите на семејствата на
вработените во вроцлавската филија на кореанскиот концерн LG, како и за сите
позаинтересирани за Кореја.
Библиотечниот фонд на ДЈБ има универзален карактер и опфаќа над 500.000 единици.
Најзастапена е хуманистичката и општествената литература, научната и научно популарната
литература, белетристика и литература за деца и возрасни. Богата е, исто така, збирката на
периодични изданија која ја сочинуваат популарни и научно популарни полски и странски
списанија, локалниот печат (над 700 тековни наслови и над 25 000 архивски списанија) како и
голема збирка документи од општествениот живот.
Сите процеси во Библиотеката се автоматизирани во програмскиот систем ALEP.
Информацијата за библиотечниот материјал е достапна преку Интернет на страницата
www.dzb.pl и на страна на библиотеката www.wbp.wroc.pl
Долношлонаска јавна библиотека поседува многу разновидна фонографска збирка со
аналогни и DVD плочи, CD-ROM-ови, аудио и видео касети.
На корисниците со оштетен вид Библиотеката им нуди богата збирка со книги
снимени на касети и CD-ROM-ови (над 6.000 позиции). Одделот за Говорна книга повеќе од 30
години им помага на хендикепираните читатели – со оштетен вид, на луѓе во поодминати
години, недоволно подвижни, а од пред неколку години и на децата и младината со
дислексија. Овој оддел за своите читатели организира чести средби со писатели и лектори кои
им ги презентираат најново снимените аудио-букови.
Галеријата „Под таван“ - сместена во холот на библиотеката, преку организирање на
изложби, ги презентира достигнувањата на авторитетите од разни области на науката,
уметноста и литературата. Се организираат и библиофилски изложби, саеми и продажни
изложби на книги.
ДЈБ има, исто така, разновидна издавачка дејност, во чиј состав го издава
тримесечникот „Książka i czytelnik“ (во превод: „Книга и читател“).
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
66
Библиотеката извршува најразлични културно-просветни дејности, популаризаторски и
воспитни работи во разни средини и меѓу младите. Голем интерес постои за литературните
средби посветени на авторите, книгите и на творештвото. За учениците од основните училишта
се организираат библиотекарски часови и различни натпревари во знаење.
Во полските јавни библиотеки - како читатели - се појавуваат сѐ помали деца, а во
центарот на интерес се нивните родители, дедовци и воспитувачи. Непрекинато се проширува
опсегот на програмски иницијативи од најпрости игри за бебиња до најнови технологии и
технички достигнувања. Современата библиотека за деца сѐ посмело навлегува во сферата на
уметничката култура, исфрлувајќи вистински таленти и акцентирајќи го значењето на
креативноста за развој на индивидуалноста кај младиот човек.
Преку соодветна програма библиотеките се трудат да поврзуваат различни медиуми,
покажувајќи ја нивната взаемност и меѓузависност, како и нивното место во современата
култура. Сѐ поголемо значење добиваат атрактивноста на формата, спектакуларноста и
неконвенционалноста. Денес не е доволен самиот настан, туку тој треба да се претстави
интересно, понекогаш поетски, понекогаш со забавно име, да се поврзе со некој херој, идеја,
појава, слика, збор, гест, музика, на сцена или во медиум, да се обезбедат интересни луѓе од
надвор, да се вметнат гаџети, награди и подароци, да се внесе динамика и драматика во целото
траење на настанот.
Библиотеките се концентрираат на изнаоѓање на сопствени несекојдневни помисли и
предлози, на подлабоко продирање во потребите и очекувањата на младите луѓе врзани со
библиотеките.
Пример за ова е обновената во ДЈБ Библиотека за деца под име „Библиотека на
седумте континенти“. Во нејзините проекти - подготвени и наменети за најмладите читатели -
се појавува ликот на „патник“, „освојувач на континенти“. Со натамошна разработка овие
проекти стекнуваат национален и регионален карактер чија цел е програмските предлози и
средства да допрат до најмалите библиотеки и да ја збогатат локалната културна понуда.
Еден од проектите на вработените во ДЈБ е проектот „Со книга на куферот“ чија идеја е
книгата заедно со нејзиниот автор да стигне до најоддалечените места на Долни Шлонск.
Писателите се среќаваат со децата и со младината во назначени места и таму во читални,
домови на култура, во училници, на училишни игралишта, во театарски сали, на градски и
селски плоштади, во паркови, на специјални приредби, изложби и концерти разговараат за
книгите, за читањето, а често и за животот.
Друг оригинален проект реализиран во ДЈБ и во други јавни библиотеки наменет за
млади читатели е проектот наречен „Ноќ во библиотеката“. Децата во присуство на
библиотекари, заедно со своите наставници или други гости, се покануваат да поминат ноќ во
библиотеката. Темата на тие ноќи е различна: Ноќ со Андерсен, Ноќ со Хари Потер, Ноќ со
Пипи Долгиот Чорап (по повод 100 годишнината од раѓањето на Астра Линдгрен) и др.
Библиотекари подготвуваат целовечерна програма: литературни игри и натпревари,
заедничко читање, куклен театар, игри на табла, посети на ликови од бајките, а понекогаш и
ноќна прошетка. После заедничката вечера децата заспиваат во свои вреќи за спиење во
претходно уредена читална, слушајќи притоа библиотечно раскажување.
Од пред две години во Долношлонска јавна библиотека се реализира проект „Букирај
си и-бук“. Тој на читателите им нуди бесплатен достап до електронската верзија на научни
публикации од базата на ibuk.pl. Библиотеката купи пристап до базата на електронски книги по
претходно спроведена рекламно-промотивна акција на и-букот во библиотеката и во
медиумите како нова форма на читање. Реализацијата на овој проект на ДЈБ од Вроцлав
овозможи запознавање со сè поприфатената, различна од традиционалната форма на книга,
визија на современа библиотека приспособена кон потребите на читателите, која е во тек со
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
67
светските трендови и новини, заштеда на пари и оптимализација на искористувањето на
магацинскиот простор.
Во ДЈБ е реализиран и проект наменет за лица со навршени 50 години. Вработените во
библиотеката подготвија блок на средби под заедничко име „Творам, учествувам, постојам.
50+ во библиотека“. Цел на овој проект е творечко ангажирање, особено на жените.
Предвидува организирање на работилници и средби во клубови каде учесниците преку разни
форми на експресија (филм, поезија, театар, музика, фотографија, уметнички техники)
откриваат и развиваат творечки способности, ја поттикнуваат креативноста, а со тоа активно ја
прифаќаат и се вклучуваат во културата.
Предавањата ги водат искусни тренери и инструктори, но и вработени во ДЈБ.
Распоредот на активности предвидува:
АКАДЕМИЈА НА ПАМТЕЊЕТО – работилниците имаат за цел подобрување на
меморијата, концентрацијата и творечкото размислување;
ПАНЕЛ КЛУБ ЗА МУЗИКА И ФИЛМ – филмски сеанси, дискусии и средби со
критичари;
АРТЕТЕРАПИЈА – работилници за поттикнување на креативноста и творење низ разни
форми на уметност;
ТВОРЕЧКА ЖЕНА 50+ - средби каде се промовираат темите:
акцептација (самокритика), асертивност, автопромоција и креативност;
ФОТОГРАФСКИ РАБОТИЛНИЦИ – обука за ракување со дигитален фотографски
апарат и графичка обработка за добивање уметничка фотографија;
УМЕТНОСТА НА ИНТЕРНЕТ – подготовка на творечка работилница за понапредна
обука за работа со едиторот на текст, отворање на блог, подготовка на мултимедијални
презентации.
Во ДЈБ се реализираат повеќе проекти за највозрасните читатели. Традиционално се
организира циклус на работилници за сениори кои сакаат да се запознаат со компјутерот, со
современи технологии и техники на пребарување на Интернет. Преку тие работилници
стекнуваат вештина за пишување и форматирање на текстови, за пребарување на Интернет
страници, библиотечни бази, информативни Интернет портали на локалните институции, како
и бази поврзани со туризмот, едукацијата и културата.
Од пред неколку години ДЈБ е еден од организаторите на прославата на празникот на
сениорите СЕНИОРАЛИИ. Тогаш се организираат работилници кои развиваат уметнички
вештини, пасии и интереси кај сениорите. Последнава есен во библиотеката се одржа курс по
ориентален танц Боливуд, уметнички работилници декупаж, курсеви за имиџ со
професионална инструкторка. Голем интерес имаше и за литературните работилници под име
„Како да се пишува хаику“ под водство на полонист-професор на Универзитетот на трето доба
во Вроцлав.
„Клубови за дискусија за книгата“ (ДКК) е проект во рамките на државниот проект за
промоција на читањето, наменет за јавните библиотеки. Учесници се сите кои сакаат да
читаат, да дискутираат за книгата и литературата, активно да го користат и да го споделуваат
стекнатото знаење, или, едноставно, да се забават и пријатно да го поминат времето. Учеството
во ДКК овозможува запознавање на нови луѓе и размена на мислења, како и средби со
писатели, публицицсти и литературни критичари. Клубовите имаат за цел заживување на
средините околу библиотеките и поттикнување на библиотекарите за активно промовирање на
читањето. Во јавните библиотеки на Долни Шлонск постојат 50 ДКК под патронат на ДЈБ од
Вроцлав.
Во клубовите се сретнуваат луѓе од разни средини и со различни интересирања. Меѓу
нив има возрасни и деца, пензионирани и професионално активни лица. Дискусиите во
клубовите не се само за дела од литературната класика, туку и за најновите бестселери,
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
68
криминалистичка, патеписна, биографска и друга литература. Во некои библиотеки постојат
ДКК за деца, младина, па и за деца од претшколска возраст.
Друга институција со динамичен развој е Мултимедијалната библиотека во Вроцлав,
формирана во 2004 година. Таа е прва мултимедијална библиотека за млади читатели која во
рамките на својата понуда има богат книжен фонд како и мултимедии – вкупно над 35 000
позиции. Мултимедијалните збирки на Медијатеката содржат филмови, DVD, Blu-ray Disc,
музички плочи, аудиобуки, компјутерски игри, електронски едукативни програми како и книги
и списанија. Библиотеката овозможува достап до електронската база на книги – И Бук (E-book)
која ја користат многу читатели.
Понудата на Медијатеката е насочена најмногу до младите луѓе, но збирката на
библиотеката можат да ја користат сите заинтересирани. Медијатеката на своите корисници им
овозможува бесплатен достап до Интернет на 14 компјутерски места, пристап кон печатар,
скенер и фотокопир. Во грижа за потребите на читателите обезбедено е брзо и комплексно
добивање на информации во врска со дејноста и понудата на Медијатека во Одделот за
информации како и на професионално изработената Интернет страна
www.mediateka.biblioteka.wroc.pl. Овозможено е, исто така, враќање на позајмените позиции
во деноноќен трезор.
Сите збирки во институцијата се означени. Преку функционален систем на ознакување
се овозможува контрола на збирките и слобода на работата и движењето на читателите со
збирките во библиотеката.
Медијатеката е истовремено и место на средби и интересни културни настани.
Библиотеката се ангажира во многу општествени проекти како на пример: Купи му книга на
детето, Академија на Е-сениорот или Напоредник Нула.
Организирани се разни изложби, фестивали и авторски средби како и средби со видни
луѓе.
Еден од резалираните проекти веќе традиционално е проект со име „Жива библиотека“.
Во Живата библиотека книги се луѓето – претставници на групи кои наидуваат на
предрасуди, дискриминација или општествено отфрлање. Во таа библиотека можно е да се
поразговара со Книгите и да се добијат одговори на многу незгодни прашања. Моделот на
Жива книга е искористен од Советот на Европа за едукација на тема на човековите права
(www.zywabiblioteka.pl).
Интересен е и проектот „Медијагенерација“ чија цел е промоција на музички групи од
Долни Шлонск. Оваа задача одлично се вклопи во имиџот на институцијата, како културно и
динамично место кое поттикнува идеи.
Еднаш неделно се избира група на неделата и се овозможува настап во популарен клуб
и, на крај, на трошок на Медијатеката се издава ЦД со нејзините најдобри изведби.
Во рамките на Медијатека функционира и Мулти центар – интерактивен центар за
едукација, чија цел е дополнување на знаењето стекнато во традиционалниот систем на
образование. Мулти центарот нуди атрактивни активности со примена на мултимедијални
едукативни програми од разни области на науката.
Програмите на едукација наменети се за разни старосни групи, прилагодени се и за
обука на учители. Во Мулти центарот доаѓаат организирани групи од вроцлавските училишта
и предучилишни установи на заедничко учење преку забава. Сите активности организирани во
тоа место се бесплатни.
Во текот на една година Медијатеката активно ја користат над 10.000 лица, а дневно
има околу 1.000 посетители. Тоа е резултат на професионален пристап, богата понуда и
одлично прилагодување кон потребите на корисниците. Статистиките покажуваат дека во
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
69
Медијатека издадени се седум пати повеќе медии од просекот од другите библиотеки во
Вроцлав.
Целта на функционирањето на Медијатеката е создавање, за младите луѓе, пријатен
простор за размена на мисли и погледи, место каде можат да реализираат важни за нив
проекти и да ги продлабочуваат своите пасии и интересирања. Се посветува голема грижа
читателите да бидат секогаш исполнети од понудените услуги и со задоволство да доаѓаат во
библиотеката.
Освен постојано вработените, во библиотеката работат и волонтери од разни европски
држави. Помагаат во секојдневните обврски при средување на книгите, обработката на нови
колекции, организацијата на разни проекти како и промоцијата на Медијатека на фејсбук.
Волонтерите, исто така, водат бесплатни конверзции во Language Cafe. Учесниците во
конверзациите - освен практично учење на странски јазик - имаат можност да дознаат повеќе за
културата на државите.
При испитувањето на сатисфакцијата читателите на Медијатека за најатрактивно го
прогласија позајмувањето на електронски медии, деноноќната можност за враќање на медиите,
современиот изглед на ентериерот и, пред сè, компетентната и пријатна услуга. Медијатеката -
како што кажуваат корисниците - е посебно место каде што секој ќе го најде својот омилен
филм, книга или музика.
Успешната работа на Медијатеката во Вроцлав придонесе вниманието на Советот на
градот да се насочи и на други вроцлавски библиотеки, при што беше прифатена програма за
реструктуризација на цела мрежа на градски библиотеки до крајот на 2012 година.
Јавната библиотека во Јелења Гора е основана 1947 год. После многу административни
измени од 2008 го носи сегашното име Јелењогорски центар за информации и регионална
едукација „Книжница Карконоска“.
На своите читатели (ги има околу 15.000) библиотеката им нуди белетристика,
популарни и научно популарни изданија од разни области, школска литература, „говорена
книга“ за хендикепирани лица, списанија, периодичен и дневен печат.
Збирките на библиотеката бројат околу 300.000 наслови.
Јелењогорската библиотека има развиен оддел „Документи од општествениот живот“
во кој собира, документира и популаризира информации за јелењогорскиот регион.
Библиотеката реализира богата едукативна дејност и организира различни изложби.
Библиотеката Карконоска повеќе години соработува со чешки и германски библиотеки
во рамките на Групата на експерти ЕУРЕКС, Библиотеки на Еврорегионот Ниса.
Вработените во библиотеката решија да оформат база на информации за регионот.
Нивната дигитална библиотека произлезе од потребата за пишување за луѓето, нивните
судбини и дела врзани за Јелења Гора.
Јелењогорската дигитална библиотека (www.jbc.jelenia-gora.pl) е формирана во 2006
година со примена на полската програма dLibra во авторство на Познањски суперкомјутерски-
мрежен центар (Рoznańskie Centrum Superkomputerowo-Sieciowe - PCSS).
Библиотеката располага со околу 10.000 публикации поделени во 11 формални
колекции кои ги систематизираат дигиталните збирки.
Програмата на дигиталната библиотека овозможува пребарување на публикациите на
разни начини: по индекс, клучен збор, зборови од описот на публикацијата и текстовни слоеви
на публикацијата.
За опис на публикациите, слично како кај другите дигитални библиотеки базирани на
dLibra, се применува форматот DublinCore, користејќи го притоа форматот MARC.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
70
Содржините се пребаруваат со Интернет пребарувачите што дава добри резултати на
првите страни од резултатите.
Дел од збирките на Јелењогорската дигитална библиотека се публикациите:
регионална историска литература, регионална современа литература, регионални и тематски
библиографии, архивски документи, списанија, иконографии, мемоари и релации, биограми на
жители од регионот и луѓе со нив поврзани.
Средства за својата дејност ЈБЦ добива од разни извори: од Министерството за култура
и национално наследство, од Регионалната самоуправа на Долношлонското војводство, како и
од фондовите на Европската унија.
Јелењогорска дигитална библиотека и уште 100 други полски дигитални библиотеки
заедно создадоа Федерација на дигитални библиотеки (www.fbc.pionier.net.pl).
Тоа им овозможува сестрана соработка и координација во проектирањето и
дигитализацијата на збирките.
Развојот на јавните библиотеки во Полска е поддржан и со разни владини проекти.
Проектот „Библиотека + инфраструктура на библиотеки“ е еден од приоритетите на
„Повеќегодишната Програма Култура+“ прифатена од Советот на министри за период 2011-
2015 год. Целта е да се зацврсти потенцијалот и улогата на јавните библиотеки и да се
овозможи тие да станат локални центри за учество во културата, центри за стекнување на
знаење, како и институции за интегрирање на целото локално население.
Погоре наведените искуствата на полските библиотеки во примената на нови
технологии и нови методи на работа со корисниците, би можеле да послужат како позитивни
примери и патоказ за развојот и на македонските библиотеки.
Резиме
Јавните библиотеки денес стојат пред предизвици кои носат не само нагло културно и
цивилизациско менување на опкружувањето туку и логика на внатрешната еволуција, стремеж
кон современоста, волја за докажување како потребни институции, со важна улога во
општеството.
Библиотеките мора да нудат атрактивни книжевни и аудиовизуелни колекции, да
обезбедат достапност до бази на податоци, современи средства и технологии, да реализираат
богата и оригинална културна и образовна програма, согласно со високите материјални
стандарди и се поголемите општествени потреби.
Библиотека универзитетска од Битола воспостави соработка со Долношлонската јавна
библиотека од Вроцлав како и со други библиотеки од Југозападниот регион на Полска. Овие
библиотеки ги карактеризира брз и динамичен развој, а искористувањето на најновите
технологии привлекува читатели од сите старосни и професионални групи.
Мултимедијалната библиотека од Вроцлав „Медијатека“ им нуди на своите корисници
филмови, ДВД, музички плочи, аудиобуки, компјутерски игри, електронски едукативни
програми и овозможува достапност до електронската база на книги (е-воок). Во склоп на
Медијатеката функционира Мулти центар чија цел е дополнување на знаењата стекнати во
традиционалниот систем на образование.
Јелењогорската дигитална библиотека својот брз развиток го заснива на големите
усилби на вработените во „Карконоска Книжница“, на финансиската поддршка од страна на
локалната самоуправа како и користењето на средстава од фондовите на ЕУ.
Долношлонската Јавна Библиотека од Вроцлав во својата работа со читателите користи
разни методи како што се проектите: „Со книга на куфер“, „Ноќ во библиотеката“, „Академија
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
71
за меморијата“, „Панел клуб за музика и филм“ , „Артетерапија“, „Фотографски работилници“
и др.
Погоре наведените искуствата на полските библиотеки во примената на нови
технологии и нови методи на работа со корисниците, би можеле да послужат како позитивни
примери и патоказ за развојот и на македонските библиотеки.
Библиографија:
1.Broniarczyk, Joanna, Ludzie tworzą dla ludzi – o Jeleniogórskiej Bibliotece
Cyfrowej, Biblioteki publiczne w służbie regionu : materiały pokonferencyjne,
Red. Jacek Czarnik, Wrocław, Dolnośląska Biblioteka Publiczna, 2008,
str.34-36,ISBN 978-83-88685-11-8;
2. Kumiega, Jerzy, Z ksiażką na walizakch w 2009 roku, Biblioregiony, Dolnośląska
Biblioteka Publiczna im. „Stanisława Mikulskiego”, Wrocław 2008, Nr 2 , str.3
3. Matuszewska, Wioleta, Dyskusyjne Kluby Książki, czyli moda na czytanie;
Biblioteki publiczne w służbie regionu : materiały pokonferencyjne, Red. Jacek
Czarnik, Wrocław, Dolnośląska Biblioteka Publiczna,2008,str.39-42,
ISBN 978-83-88685-11-8;
4. Tyws, Andrzej, Od bibliotek publicznych w regionie do regionalnego systemu
informacyjno-bibliotecznego,Biblioteki publiczne w służbie regionu : materiały
pokonferencyjne,Red. Jacek Czarnik, Wrocław, Dolnośląska Biblioteka Publiczna,
2008,str.7-14, ISBN 978-83-88685-11-8;
5. Tyws, Andrzej, Razem czy osobno, Biblioregiony, Red. Jacek Czarnik,
Dolnośląska Biblioteka Publiczna im. „Stanisława Mikulskiego”, Wrocław 2008,
Nr 1, str.2;
6. Książka i czytelnik, Dolnośląska Biblioteka Publiczna im. „Stanisława
Mikulskiego”, Red. E. Niechcaj-Nowicka, A. Tyws, R Werszler, Wrocław,
ISSN 0208-8339.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
72
Доделена наградата „Климентова повелба 2014“
На годинешново 41. Годишно изборно собрание на Библиотекарското здружение на
Македонија, одржано на 19. – 20. јуни во Кавадарци, беше доделена наградата „Климентова
повелба“ 2014 година на Анета Стефановска, библиотекар советник.
Наградата се доделува на секои две години за исклучителни резултати во развојот на
библиотекарството во Република Македонија, објавени научни и стручни трудови од базично
значење за него, за особен придонес во едукацијата и промоцијата на библиотекарите и
библиотеките како и за ефекти во остварувањето целите на БДМ.
Наградата ѝ беше врачена на Анета Стефановска од претседателот на
Библиотекарското здружение на Македонија, Благој Николов.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
73
Одржан 15. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во
Кавадарци
На 31. 10. 2014 година, во Велес се одржа 15. по ред Републички натпревар „Млади
библиотекари“, организиран од Библиотекарското здружение на Македонија и Локалната
библиотека „Гоце Делчев“ од Велес. На натпреварот зедоа учество 22 напреварувачи од цела
Македонија. По поставените прашања од страна на трочлената комисија во состав Пепи
Ставревски, претседател и членовите Јадранка Мајсторова и Снежана Петкова, учесниците
преминаа со одговарање на прашањата.
Со оглед на на тоа дека на овој натпревар, знаењето на кандидатите беше на високо
ниво имаше повеќе кандидати со исти поени по завршувањето на тестот, односно два учесници
со по 183 поени и три учесници со по 182 поени. За нив Комисијата спроведе писмено
испитување. За првото односно второто место одговараа Емилија Илиевска и Пале Ѓорѓиева
кои имаа најголем број на бодови. По поставените прашања од страна на комисијата за
победник на 15. Републички натпревар „Млади библиотекари“ беше прогласена Емилија
Илиевска од ОУ „Кирил и Методиј“ од Битола, на второ место беше Пале Ѓорѓиева од ОУ
„Кирил и Методиј“ од Велес. Истата постапка се спроведе и за стекнување на третото место.
Комисијата по поставените прашања за трето место го избра учесникот Мартин
Николов од ООУ „Даме Груев“ од Свети Николе. На наградените им беа врачени дипломи и
награди за освоените места.
На сите учесници на натпреварот им беа доделини благодарници и по една книга, а
исто така со благодарници се стакнаа и нивните ментори.
Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 31 (2014), бр. 1-2
74
Доделена наградата „Библиотека на годината“ за 2014 година
На 05. 12. 2014 година, на прославата на Националната и универзитетска библиотека
„Свети Климент Охридски“ од Скопје, која воедно и прославуваше 70 години од нејзиното
постоење, беше доделена новостановената награда на Библиотекарското здружение на
Македонија, „Библиотека на годината“ за 2014 година.
Годинашен добитник на наградата „Библиотека на годината“ за 2014 година е
локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес.
Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес, во текот на 2014 година, во
кункуренција на сите библиотеки во Република Мкедонија, реализирала бројни и
значајни активности во областа на библиотечната дејност и културата воопшто. За
својот придонес во овие сфери Библиотеката „Гоце Делчев“ од Велес добила бројни
награди и признанија како на ниво на општина така и пошироко.
Освен резултатите во својата основна библиотечна дејност, особено
забележителни беа остварените креативни програми и проекти од областа од
литературната и книжевната дејност, соработката со други библиотеки, установи и
институции, здруженија и поединци од областа на културните, образовните и др.
Дејности како на ниво на општината Велес, РМ и пошироко преку реализација на
самостојни или заеднички проекти и програми.
Нејзината вредност е дотолку позначајна што за првпат се доделува оваа година
и тоа на колектив – Библиотека и од страна на своите колеги библиотекари од РМ, чиј
застапник на дејноста, на фелата со која се занимаваме е БЗМ.
Наградата „Библиотека на годината“ му ја врачи на директорот на Велешката
библиотека Игор Крајчев, претседателот на Библиотекарското здружение на Македонија,
Благој Николов.
Овој број на списанието „Библиотекарство“ е печатен од сопствени средства на
Библиотекарското здружение на Македонија.