Библиотекарска теорија и практика

Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2





Страница 1
























Почитувани,


Најсрдечно ве информираме дека и покрај финансиските тешкотии, списанието
„Библиотекарство“ континуирано излегува од печат.
Пред вас е најновиот број исполнет со разновидни содржини од библиотекарската
теорија и практика со надеж дека ќе ги исполни вашите очекувања, желби и потреби за нови
сознанија од областа на библиотекарството.
Редакцискиот одбор на списанието „Библиотекарство“ ги разгледа пристигнатите
текстови и го оформи истото содржински и тематски.
Редакцискиот одбор ги поканува и понатаму сите заинтересирани автори и колеги од
областа на библиотекарството активно да придонесуваат за збогатување на содржините на
списанието „Библиотекарство“.






Од Редакцијата











Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2





Страница 2



























СОДРЖИНА


39. Годишно собрание на БЗМ во Битола ......................................................................... 3
Насоки за определување нормирани облици на лични имиња на автори во
согласност со препораките за транслитерација на кириличното писмо со латинично
писмо .....................................................................................................................................






4


Информациско интервју во онлајн референтни системи ................................................. 11
Библиотеките во дигиталниот свет .................................................................................... 20
Современо библиотечно работење во високошколските библиотеки ........................... 23
Oбука на библиотекари од училишните библиотеки во библиотеката „Другарче“ ..... 25
Библиотечни материјали и услуги за лицата со дислексија ............................................ 27
Пристапноста на библиотеките во Македонија во однос на лицата со посебни
потреби, со осврт на високошколските библиотеки ........................................................




30


Меѓународната соработка на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ....................... 38
Роднокрајната библиографија – Проект на предизвик и задоволство ............................ 40
Некои искуства од работата на Роднокрајните библиографии во Нацоналната
установа –Универзитетска библиотека„Св. Климент Охридски“-Битола .....................




43


Издавачката дејност во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ Прилеп во 2007,
2008, 2009 и 2010 година .....................................................................................................




45


Светскиот ден на книгата и авторското право 23 април – празиник за сите нас .......... 50
Порака од генералната директорка на УНЕСКО Ирина Бокова, по повод Светскиот
ден на книгата и авторското право23 април 2012 ............................................................




51


Македонска порака од д-р Александар Прокопиев по повод Светскиот ден на
книгата и авторското право - УНЕСКО 2012 ...................................................................




52


Чествување на празникот „Св. Кирил и Методиј“ во библиотеката „Другарче“ ........ 54
Мозаикот услуги на библиотеките ги прави различни од книжарниците ……………. 56
Законот за спречување и заштита од дискриминација и неговата важност за
библиотеките како јавни установи ……………………………………………………….




60


Книги за сто денари ………………………………………………………………………. 62





























Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2





Страница 3









39. Годишно собрание на БЗМ во Битола


Силвана Јакимова, библиотекар
Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје




39. Годишно собрание на Библиотекарското здружение на Македонија оваа година се
одржа на 22 и 23 мај во Битола, во хотел „Премиер“ со почеток во 11 часот. Собранието го
отвори и присутните ги поздрави директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола,
Науме Ѓорѓиевски, кој воедно беше и домаќин на овогодинешното собрание.
Програмата за собранието ја изнесе д-р Николче Вељановски, претседател на
Здружението на БЗМ. Темата на Собранието оваа година беше „Современото библиотечно
работење“. Присутни беа библиотекари од повеќето библиотеки во Македонија.
Првиот ден (22 мај), на тема „Современото библиотечно работење“ свои трудови
презентираа: м-р Вилма Јованова - виш библиотекар, Науме Ѓоргиевски - библиотекар
советник, Анета Стефановска - библиотекар советник, Јелисавета Костадинова - виш
библиотекар, Јовица Тасевски, Цветанка Дамјановска - библиотекар советник, Јоланда
Бошевска - библиотекар советник, м-р Аница Глигорова Милева и Марко Цуцуловски.
Презентираните трудови дадоа насоки за нови и посовремени тенденции во библиотекарството
во Македонија, преку примена на искуствата од работењето на библиотеките надвор од
Македонија. Со особено задоволство од страна на присутните библиотекари беше прифатен
трудот кој го презентираше Марко Цуцуловски од НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје.
Првиот ден заврши со свечена вечера во хотелот „Премиер“ - Битола.
Вториот ден (23 мај) беше работниот дел на БЗМ. Претседателот на БЗМ, д-р Николче
Вељановски, поднесе Извештај за работата на БЗМ за 2010-2012, со посебен осврт на
финансискиот дел и проблемите со кои се соочуваше здружението во овој период. Извештајот
за работата беше едногласно прифатен од присутните делегати.
Наградата „Климентова повелба“ му беше доделена на д-р Николче Вељановски,
библиотекарски советник. Во врска со наградата беше разгледана претставката од Надзорниот
одбор и истата беше отфрлена од Собранието. Собранието едногласно одлучи наградата да ја
добие д-р Николче Вељановски.
По предлог на Благој Николов беше избрана тричлена комисија која ќе прави измени во
Статутот на БЗМ, по предлог на Извршниот одбор на БЗМ.
Беа избрани и новите членови на ИО на БЗМ, членови на Надзорниот одбор, членови
на Комисијата за „Климентова повелба“, а за нов претседател беше избран Благој Николов,
библиотекар советник. Сите членови беа избрани по предлог на присутните делегати и
едногласно прифатени од Собранието.
По завршувањето на работниот дел на Собранието гостите го посетија археолошкиот
локалитет Хераклеа Линкестис. Текот на Собранието медиумски беше покриено од
телевизиските куќи „Тера“ и „Орбис“ од Битола. Интервјуирани беа претставници од сите
библиотеки, кои се изјаснија за состојбата на библиотекарството во Македонија и примената
на современите текови во библиотечното работење.















Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2





Страница 4







Насоки за определување нормирани облици на
лични имиња на автори во согласност со препораките за


транслитерација на кириличното писмо со латинично писмо


Валентина Дојчиновска-Илиоска, виш библиотекар
м-р Жаклина Ѓалевска, виш библиотекар


Јовица Тасевски
НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје




УДК 025.342


Апстракт


Нормативната контрола на личните имиња на авторите, посебно преку имплементација
на нормативната база на податоци CONOR.МК во библиотечно-информацискиот систем
COBISS.MK, e една од приоритетните задачи на Библиографскиот центар при Националната и
универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Подготвувајќи се за овој проект
Библиографскиот центар ги ревидираше правилата за транслитерација на македонското
кирилично писмо во латинично, усвојувајќи ги препораките на Институтот за македонски
јазик „Крсте П. Мисирков“ од Скопје. Воедно, за сродните кирилични писма се одлучи да ги
применува усвоените транслитерациски шеми на Конгресната библиотека. Со голем број
примери се прикажани основните насоки за определување на единствените определници, т.е.
нормираните облици на имињата на националните и на странските автори, во согласност со
усвоените транслитерациски шеми на македонското и другите сродни кирилични писма.


Клучни зборови: нормативна контрола, транслитерација, единствена определница, изворен
нормиран облик, варијантен облик, Библиографски центар, COBISS.MK, CONOR.MK


Abstract




Authority control, esprecially in the library information system COBISS.MK implemented


through the CONOR.MK database, is one of the priorities of the Bibliographic Centre at the National


and University Library "Sv. Kliment Ohridski" - Skopje. Preparing for this project, Bibliographic


Centre has revised the rules for Romanisation of Macedonian Cyrillic, accepting the recommendations


of the Institute of Macedonian Language "Krste P. Misirkov" from Skopje. At the same time, for other


related Curillic scripts it was decided to be used the Library of Congres Romanisation schemes. With


large number of examples, basic guidelines for formation of the headings i.e. authorized forms of the


names of national and international authors are shown, according to the accepted transliteration


schemes for Macedonian and other related Cyrillic scripts.




Keywords: Authority control, transliteration, heading, authorized form, variant form, Bibliographic


Centre, COBISS.MK, CONOR.MK




1. Вовед


Перспектива на библиотекарството, како и на секоја наука, е перманентно следење на
современите трендови и нивно инкорпорирање во своето дејствување, со цел да се оствари
поголем квалитет. Една од тенденциите на библиографската дејност е воведување
автоматизирана нормативна контрола на автори која ќе овозможи доследна и контролирана
употреба на личните имиња во библиографските записи. Националните библиографски
агенции се одговорни за утврдување на нормираните облици на имињата на авторите, како и за
воспоставување нормативна датотека со личните имиња на авторите. Аналогно на тоа, една од




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2





Страница 5





приоритетните задачи на Библиографскиот центар при Националната и универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје е имплементација на базата на податоци за
нормативна контрола на личните имиња – CONOR во рамки на библиотечно-информацискиот
систем COBISS.MK.


Нормативната база на податоци CONOR.MK треба да биде оргaнизирана така што ќе
содржи записи со податоци за личните имиња на авторите (нормирани облици) кои ќе бидат
релевантно дефинирани за употреба во системот на заемна каталогизација, како и варијантните
облици на имињата на авторите кои можат да се сретнат во библиографските записи при
обработка на библиотечниот материјал. Тоа ќе овозможи автоматизирана нормативна контрола
на единствените определници во самите библиографски записи во системот COBISS.MK.
Всушност, функционирањето на нормативната контрола ќе обезбеди изедначен внес на
имињата на авторите и постоење на упатници за варијантните облици на имињата. Со тоа ќе се
зголеми квалитетот на библиотечните услуги во поглед на пребарувањето на записите според
сите облици на имињата на авторот во библиографските бази на податоци.




2. За новините во правилата за транслитерација на кириличното писмо


Библиографскиот центар, како одговорен субјект за имплементација на базата на
податоци за нормативна контрола - CONOR.MK, се заложи за аргументиран пристап кон
основните препораки за определување на нормираните облици на личните имиња на авторите.
Своето долгогодишно искуство го темели врз применувањето на меѓународните принципи за
универзална библиографска контрола (УБК) и правилата за каталогизација, во согласност со
Правилникот и Прирачникот за изработка на абецедни каталози од Ева Верона1. Во согласност
со УБК, Библиографскиот центар е одговорен за изработка на нормираните облици на имињата
на авторите од нашата држава, како и за одобрување на транслитерацијата на националното
писмо во латиница, во согласност со меѓународно прифатени транслитерациски шеми.


Според правилата за нормативна контрола на авторските определници кои се
применуваат во Р.М., по правило за секој автор се водат два нормирани облика (кириличен и
латиничен). Но, сепак, кој од нормираните облици ќе биде застапен зависи од јазикот на
текстот и писмото со кое е напишан авторот. Доколку публикацијата е оригинално дело, при
што јазикот на публикацијата и писмото со кое е напишан авторот се од исто јазично
подрачје од каде што потекнува, во библиографскиот запис се применува само неговиот
изворен нормиран облик. Ако публикацијата е превод на некој автор на писмо различно од
неговото, тогаш се застапени двата нормирани облика.


За авторите од Македонија изворен облик на името е личното име предадено со
македонска кирилица. За авторите од етничките заедници (Албанци, Турци, Власи, Роми и др.)
кои творат на својот мајчин јазик и притоа го користат соодветното латинично писмо, се
дефинира втор изворен облик на името на авторот, на јазикот на етничката заедница.


Така, за автор кој потекнува од латинично јазично подрачје, нормиран латиничен облик
на името е изворниот облик на неговото име, додека нормиран кириличен облик на името е
неговото изворно име транскрибирано на кирилица. При транскрибирањето на изворните
латинични облици во нормирани кирилични се користи фонетскиот принцип според
„Правописот на македонскиот литературен јазик“. Во него се вели: „Туѓите имиња се пишуваат
со наше писмо, по правило, онака како што се изговараат. При тоа, нивните глaсовни



1 Verona, Eva. Pravilnik i priručnik za izradbu abecednih kataloga. D. 1, Odrednice i redalice. Zagreb :
Hrvatsko bibliotekarsko društvo, 1986




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2





Страница 6





особености се пригодуваат колку што е можно кон гласовниот систем на нашиот јазик, т.е.
гласовите што ги нема во нашиот јазик се предаваат со наши слични гласови“2.
За автор кој потекнува од кирилично јазично подрачје, неговото изворно име на
кирилица претставува нормиран кириличен облик. За да се определи нормиран латиничен
облик на името на авторот потребно е да се изврши транслитерација во латиничен облик.
Токму овој сегмент, транслитерацијата на изворните кирилични облици на имињата во
нормирани латинични (од македонското и другите сродни кирилични писма), налагаше
потемелен ангажман кој резултираше со соработка со Институтот за македонски јазик „Крсте
Мисирков“ - Скопје. Нивната препорака е да се применува транслитерација со двојни букви
(пр: ч = ch), а не со надредени знаци (пр: ч = č). Оваа препорака произлегува од Советот за
македонски јазик, која е објавена во Билтенот на Советот за македонски јазик од 2001 година,
бр. 3.


a - a Атанасов / Atanasov н - n Никола / Nikola


б - b Богатинов / Bogatinov њ - nj Огњановски / Ognjanovski


в - v Василев / Vasilev о - o Оливера / Olivera


г - g Груевски / Gruevski п - p Петровски / Petrovski


д - d Димитров / Dimitrov р - r Ристо / Risto


ѓ - gj Ѓорѓи / Gjorgji с - s Спасовски / Spasovski


е - e Елена / Elena т - t Таневски / Tanevski


ж - zh Жарко / Zharko ќ - kj Ќамилов /Kjamilov


з - z Зоран / Zoran Петровиќ / Petrovikj


ѕ - dz Ѕвездан / Dzvezdan у - u Убавка / Ubavka


и - i Иван / Ivan ф - f Фотев / Fotev


ј - j Јован / Jovan х - h Христов / Hristov


к - k Крстевски / Krstevski ц - c Цветан / Cvetan


л - l Ленка / Lenka ч - ch Чинго / Chingo


љ - lj Љупка / Ljupka џ - dj Џукески / Djukeski


м - m Марков / Markov ш - sh Шемов / Shemov


Табела: Препорачана транслитерација на македонската кирилица во латиница


Оваа препорачана транслитерација е широко меѓународно применувана, а се користи и
во државните институции во Република Македонија.


Во однос на другите сродни кирилични писма, по подолготрајно и опсежно
истражување за примена на транслитерациски шеми во други странски библиотеки и бази на
податоци, согледано е дека се практикува овој начин на транслитерација со користење на
двојни знаци. Врз основа на тоа, Библиографскиот центар одлучи за определување на
единствените авторски определници да се применуваат усвоените шеми за транслитерација на
соодветните кирилични писма на Конгресната библиотека од Вашингтон, со цел поголемо
унифицирање при дефинирањето на нормираните облици на личните имиња на авторите.





2 Правопис на македонскиот литературен јазик. Скопје: Просветно дело, 1999. стр. 72




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2





Страница 7





3. Примери


Во понатамошниот текст се дадени примери со кои се покажани најосновните правила
при определувањето на нормираните облици на имињата на авторите. Исто така, даден е и кус
опис како податоците за единствените авторски определници и нивните упатници се внесуваат
во библиографските записи во системот COBISS.MK, наведувајќи ги само податоците внесени
во полињата 700ab и 900ab, при што за правилен внес во полето 900 посебно е значајно
одредувањето на 2. индикатор на полето. Истите правила важат и за другите полиња на
блоковите 7ХХ и 9ХХ.




I. Автори од латинично јазично подрачје


За автори кои потекнуваат од латинично јазично подрачје, чие дело е издадено на
латиница, а нивното име напишано со латинично писмо, единствена определница е нивниот
нормиран изворен латиничен облик


Пр. 1 Публикација: Le père Goriot / Honoré de Balzac


Изворно дело на француски јазик. Единствена определница е нормираниот изворен латиничен
облик Balzac, Honoré de.
700 _1 $аBalzac $bHonoré de




Пр. 2 Публикација: Budenbrokovi / Tomas Man


Превод на дело од германски на српски јазик (латиница). Името на авторот е напишан во
поинаков латиничен облик од изворниот – Tomas Man. Во ваков случај единствена
определница е нормираниот изворен латиничен облик – Mann, Thomas, а латиничниот облик на
самата публикација - Man, Tomas е варијантен облик.


700 _1 $aMann $bThomas


900 19 $aMan $bTomas




Следните два примери се дела на автори од другите етнички заедници (Албанци,
Турци, Роми, Власи) во Македонија, кои творат на нивниот мајчин јазик. Публикациите се
изворни дела напишани на латиница на нивниот мајчин јазик и единствена определница е
нивниот нормиран изворен латиничен облик. Во овој случај нивниот нормиран изворен
кириличен облик на името претставува варијантно име на авторот.


Пр. 3 Публикација: Rruga e ndjenjave / Burhanedin Xhemaili


Изворно дело напишано на албански јазик. Единствена определница е нормираниот изворен
латиничен облик Xhemaili, Burdanedin. Нормираниот изворен кириличен облик Џемаили,
Бурданедин е варијантен облик на името на авторот.


700 _1 $aXhemaili $bBurdanedin


900 14 $aDžemaili $bBurdanedin (податоците се прикажуваат/печатат на
кирилица)


Пр. 4 Публикација: Prizren gűzeli / Nusret Dişo Űlkű




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2





Страница 8





Изворно дело напишано на турски јазик. Единствена авторска определница е нормираниот
изворен латиничен облик Űlkű, Nusret Dişo. Нормираниот изворен кириличен облик Улку,
Нусред Дишо е варијантен облик на името на авторот.


700 _1 $аŰlkű $bNusret Dişo
90014 $aUlku $Nusret Dišo (податоците се прикажуваат/печатат на
кирилица)


Автори кои потекнуваат од латинично јазично подрачје, чиј труд е публикуван на
кирилица, а нивното име напишано со кирилично писмо, единствена определница е нивниот
нормиран транслитериран кириличен облик.


Пр. 5 Публикација: Пат околу светот за 80 дена / Жил Верн


Превод на дело од француски на македонски јазик. Авторот е напишан со кирилично писмо –
Жил Верн. Единствена определница е Верн, Жил, која е транскрибиран кириличен облик од
изворниот латиничен облик Verne, Jules. Verne, Jules е нормираниот латиничен изворен облик,
кој во конкретниот библиографски запис се третира за варијантен облик.


700 _1 $aVern $bŽil (податоците се прикажуваат/печатат на кирилица)
90013 $aVerne $bJules




Пр. 6 Публикација: Колибата на чичо Том / Марк Твен


Превод на дело од англиски на македонски јазик. Авторот е напишан со кирилично писмо –
Марк Твен. Единствена определница е Твен, Марк, која е транскрибиран кириличен облик од
изворниот латиничен облик Twain, Mark. Twain, Mark е нормираниот латиничен изворен
облик, кој во конкретниот библиографски запис се третира за варијантен облик.


700 _1 $аTven $bMark (податоците се прикажуваат/печатат на кирилица)
900 13 $aTwain $bMark






II. Автори од кирилично јазично подрачје


За автори кои потекнуваат од кирилично јазично подрачје, чиј труд е публикуван на
кирилица, а нивното име е напишано со кирилично писмо, единствена определница е
нормираниот изворен кириличен облик.


Пр. 7 Публикација: Две Марии / Славко Јаневски


Изворно дело напишано на кирилица. Авторот е напишан во неговиот изворен кириличен
облик, кој е единствена определница. Тоа е и неговиот нормиран изворен кириличен облик
Јаневски, Славко.


700_1 $aJanevski $bSlavko (податоците се прикажуваат/печатат на кирилица)


Пр. 8 Публикација: Ана Каренина / Лав Николаевич Толстој


Превод на дело од руски на македонски јазик. Авторот е напишан во поинаков кириличен
облик од изворниот (македонска кирилица) – Лав Николаевич Толстој. Кога се работи за ваков
пример единствена определница е нормираниот изворен кириличен облик - Толстой, Лев




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2





Страница 9





Николаевич, а кириличниот облик од публикацијата Толстој, Лав Николаевич е варијантен
облик.


700_1 $aTolstoî $bLev Nikolaevič (податоците се прикажуваат/печатат на кирилица)
90019 $aTolstoj $bLav Nikolaevič (податоците се прикажуваат/печатат на кирилица)


За автори кои потекнуваат од кирилично јазично подрачје чие дело е издадено на
латиница, а неговното име е напишано со латинично писмо, единствена определница е
нормираниот транслитериран латиничен облик. Нормираниот изворен кириличен облик на
името се третира како варијантен облик на името на авторот.


Пр. 9 Публикација: Vezilja / Blaže Koneski


Преведено дело од македонски на словенечки јазик. Авторот на делото е напишан во поинаков
латиничен облик – Blaže Koneski - од нормираниот латиничен облик на името на авторот.
Единствена определница е Koneski, Blazhe, и е нормиран транслитериран латиничен облик на
изворниот кириличен облик Конески, Блаже. Во овој случај латиничниот облик кој е даден на
самата публикација – Koneski, Blaže и нормираниот изворен кириличен облик – Конески,
Блаже се варијантни облици.


700 _1 $aKoneski $bBlazhe


900 14 $aKoneski $bBlaže (податоците се прикажуваат/печатат на
кирилица)
900 19 $aKoneski $bBlaže


Пр. 10 Публикација: The Salonika bombers / Jovan Boshkovski


Преведено дело од македонски на англиски јазик. Авторот на делото е напишан на
публикацијата во неговиот латиничен облик Boshkovski, Jovan кој воедно е и неговиот
нормиран транслитериран латиничен облик и е единствена определница во библиографскиот
запис. Овој облик е транслитериран од неговиот изворен киричен облик Бошковски, Јован кој
во овој случај се третира за варијантен облик.


700 _1 $aBoshkovski $bJovan


900 14 $aBoškovski $bJovan (податоците се прикажуваат/печатат на
кирилица)




Заклучок


Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје ги
прифати и започна да ги применува препораките од Институтот за македонски јазик за
транслитерација на кириличното писмо во латинично при формирање на авторските
определници, сметајќи ја оваа институција за најкомпетентна во однос на овој сегмент од
начинот на формирање на нормираните транслитерирани латинични облици.


Имајќи предвид дека COBISS.MK е организациски модел на поврзување на
библиотеките во единствен библиотечно-информациски систем со заемна каталогизација и
заемна библиографско-каталошка база на податоци на библиотеките учеснички, до сите
библиотеки од COBISS.MK се испратени соодветните препораки за транслитерација на
кириличните писма во латинично писмо, бидејќи сите активни учесници во оваа база треба да
имаат адекватен и изедначен пристап при примена на основните правила на автоматизираната
нормативна контрола на авторските определници. Всушност, овие препораки се однесуваат на




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
10





формирањето релевантни облици за личните имиња на авторите (нормирани облици), со
посебен акцент на транслитерацијата на изворните кирилични во нормирани латинични облици
на имиња на авторите.


Може да се каже дека имплементацијата на автоматизираната нормативна контрола е
комплексен процес, при што уште на почетокот треба да се постават основните правила и
доследно да се применуваат. Затоа е неопходно потребна постојана меѓусебна соработка и
активно учество на сите библиотеки во системот COBISS.MK.


Она што како следен чекор нѐ очекува во процесот на нормативната контрола на
личните имиња на авторите за имплементација на базата на податоци CONOR.MK е
подготвување на записите на селектирани автори во заемната библиографска база на податоци
COBIB.MK од кои ќе биде генерирана почетната база CONOR.MK. За селекцијата на авторите
е одговорен Библиографскиот центар, а во подготвувањето на записите, во согласност со
постојните упатства за подготовка, ќе треба да учествуваат избрани каталогизатори и од
библиотеките што членуваат во системот COBISS.MK. Ова ќе биде најдолгиот и
најмакотрпниот дел од процесот на имплементација на нормативната база CONOR.MK, а
каталогизаторите кои ќе учествуваат во овој проект треба да имаат потребно знаење од областа
на нормативната контрола на авторските определници, како и искуство и привилегии за
редактирање на записите во системот COBISS.MK.















































Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
11







ИНФОРМАЦИСКО ИНТЕРВЈУ ВО ОНЛАЈН РЕФЕРЕНТНИ СИСТЕМИ


„Информациски извори и служби“


(стручен труд)


М-р Миодраг Дадасовиќ
НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје






Апстракт
Комуникацијата на библиотекари со клиенти, особено во задоволување на нивните
библиотечно-информациски потреби од сите видови, е еден од најважните фактори во
исполнувањето на истите.
Квалификациите на библиотекарите и информациските специалисти во образовната,
искуствената и способносната сфера претставуваат фактори кои го определуваат нивото на
квалитет на информациските услуги во библиотеката.
Информациското интервју со корисникот на библиотеката овозможува собирање на
релевантни податоци врз основа на кои ќе биде составена стратегија на пребарување, избирање
соодветен извор на информации кој треба да се пребара, определување на специфики на
конкретните информации и документи, како и определување на начинот на испорака на
крајните резултати од истражувањето до самиот корисник.


Формирањето и спроведувањето на барањето кај информациското интервју се
карактеризира со планираност, определеност и доследност, остварен со поставување на
структурирани содржајни и формални прашања и пополнување на информациски прашалник.


Категориите на прашањата и елементите на успешно информациско пребарување, исто
така се дискутирани во овој труд.


Клучни зборови: информациско интервју, информациско барање, стратегии на
информациско пребарување, онлајн информациско пребарување




Вовед


Комуникацијата на библиотекарите со корисници е од големо значење, првенствено во
однос на исполнување на нивните потреби од библиотечни информации од секаков вид.


Степенот и содржината на комуникација на едно лице, кое има определени потреби и
лицето кое може соодветно да ги задоволи овие потреби, претставува неопходен фактор во
односите корисник - библиотекар.


Комуникацијата со своите корисници е од витално значење за сите аспекти на услугите
обезбедени од страна на библиотеката.


Комуникацијата на библиотекарите и корисниците денес е предмет на образованието
во многу училишта и универзитети кои се занимаваат со библиотечно – информациската наука
но, исто така, претставува сегмент и на многу други науки и научни дисциплини:
психологијата, комуникологијата, социологијата, човечките ресурси и други области3.


Неколку фактори се од особена важност во однос на нивото на оспособеност на
библиотекарот во неговите комуникациски вештини:


 Образовни аспекти,



3 Crouch, Wayne. The information interview: A comprehensive bibliography and an analysis of the literature. Syracuse: Syracuse


University, 1979. Стр. 1;




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
12





 Искуствени аспекти,


 Лични вештини.
Од особена важност за библиотечните услуги поврзани со работа со корисници е во


нив да бидат ангажирани библиотекари кои имаат соодветни комуникациски, образовни,
искуствени, интелектуални и професионални способности, да бидат во можност да понудат
комплетни, ефикасни и точни информации, особено ако станува збор за информации кои
бараат нивен поголем ангажман, како што е случајот со онлајн пребарувањата.


Степенот и ефективноста на комуникацијата не зависи само од библиотекарите, која
претставува дел од интерактивниот процес, но, исто така, зависи и од другата „страна“, од
корисникот на библиотеката и библиотечните услуги.


Кога способен библиотекар за соговорник има образован и комуникативен корисник,
во овие случаи се исполнети повеќето од предусловите за добро разбирање и во висок степен
задоволување на нивните библиотечни, особено информациски потреби.


Различни истражувања на однесувањето на корисниците имплицираат дека голем
процент корисници, дури и на зрела возраст, од најразлични причини се двоумат да го
контактираат библиотекарот за помош во добивање библиотечни услуги4.


Кон таквите корисници треба да се пристапи со особена грижа и внимателност, така
што нема да предизвика реакција на негирање и отфрлање на понудата помош.


Задоволување на потребите на корисниците на библиотеката, поврзани со пронаоѓање
информации во врска со научна литература од одредени дисциплини, бара висок степен на
интерактивност во комуникацијата меѓу библиотекарите - информатори или информациски
специјалисти со корисникот, кој во принцип треба да има познавање на неговите
информациски барања.


Но, што да се прави во спротивниот случај?


Што да се прави во случаи кога на корисникот не му е јасно кои се неговите реални
потреби?


Која е вистинската тема на неговото информациско барање?
Каков вид информации му се потребни на корисникот при подготовка на неговиот


дипломски, магистерски или докторски труд, есеј, проект или, едноставно, кога станува збор за
информации кои се предмет на неговите сопствени интереси?




Информациско интервју


Информациското интервју кај решавање на потреби на корисникот од референтни,
биографски, фактографски и нумерички информации добиени со пребарување на онлајн
системи, има за цел библиотекарот да го дознае токму она за што корисникот е заинтересиран,
што корисникот бара и она што му е потребно, како и да го утврди обемот на потребните
информации.


Информациското интервју е еден вид „дијалог меѓу некого кому оваа информација му
е неопходна и некого - библиотекар - кој е во можност да обезбеди помош во нејзиното
наоѓање“5.



4 Sečić, Dora. Informacijska služba u knjižnici. Lokve: Benja, 2006. Стр. 51.
5 Katz, Wiliam. Introduction to reference work. 4. ed. New York : McGraw Hill Book Company,1982. Vol 2. Стр. 41;




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
13





„Своевиден вид на интеракција помеѓу библиотекарот - информацискиот специалист и
корисникот, каде што библиотекарот, со неговото / нејзиното познавање на системот на
пребарување бази на податоци може да добие информации од корисникот, со цел да ги
преточи во соодветна стратегија за пребарување бази на податоци преку достапните системи“6.


Овие „преговори“ спроведени за време на интервјуто, опишани се како едни од
„најкомплексните дела на човековата комуникација“7.


Разбирањето на барањето на корисникот и одредувањето на точните потреби е од
големо значење и може слободно да се каже дека тоа е од клучно значење за понатамошните
фази на информациското пребарување.


На овој начин треба да се избегнуваат несигурностите, сомнежите, погрешното
разбирање, како и несоодветното толкување на барањата.


За време на интервјуто поставените прашања од страна на библиоекарот, главно, се од
отворен и затворен тип8.


Треба да се поставуваат главно општи прашања кои не укажуваат на конкретни
одговори. Прашањата обично почнуваат со зборот: „што, кога, како, кој, каде и зошто?“


Затворените прашања бараат одговор составен само од еден или повеќе зборови, главно
се категорични во својата природа: име, број, да, не и слично, и обично почнуваат со зборот:
„дали, дали можете, дали ќе сакате“.


Точното и прецизно водено информациско интервју што претходи на онлајн
пребарувањето е од поголемо значење отколку интервјуата кои им претходат на другите
видови барања за информации.


Ова првенствено е поради тоа што онлајн пребарувањето на комерцијални сервиси е
врзано за времето на престој во соодветните бази на податоци, потоа за начинот, брзината,
точноста и ефикасноста на спроведувањето на пребарувањето, како и дефинирање на
квалитетот и квантитетот на добиените резултати, а исто така за утврдување на начинот на
нивното чување и печатење на локални медиуми, односно принтер9.


Исто така, потешко е да се најде потребната информација во онлајн систем, отколку во
печатени извори затоа што, пред сè, многу потешко е да се прегледува (browse) онлајн базата
на податоци, отколку печатените информации (корпуси и регистри).


Затоа е потребно добро познавање на онлајн базите и банки на податоци - системи кои
се достапни во библиотеката, нивните карактеристики и можности, познавање на стручната
терминологија, односно располагање со прирачници со соодветна техничка терминологија и
објаснувања, тезауруси, прирачни публикации, речници и класификациски системи од
различни области и дисциплини.



6 Atherton, Pauline A.; Christian, R.W. Librarians and online services. White Plains, NZ: Knowledge Industry Publications, 1977. Стр 53;
7 Taylor, Roberts S. Question-negotiation and information seeking in libraries.// College and research libraries, 29(1968), стр. 178-194;
8 Auster, Ethel; Lawton, Stephen. Search interview techniques, information gain, and user satisfaction with online bibliographic retrieval


services. Toronto: Toronto University, 1982. Стр. 73.
9


Žumer, Maja. Principi informacijskog pretraživanja. Izvanredni diplomski studij iz knjižničarstva. NUBK. Priština, 06.05.2008.


[предавање];




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
14





„Библиотекарот - информацискиот специалист во водењето интервју, кое претходи на
успешното информациско истражување, пожелно е да ги има следниве седум вида
способности10:“


1. способности за интерперсонална комуникација,
2. концептуални способности,
3. аналитички вештини
4. познавање на организацијата на датотеки,
5. разбирање на начинот на индексирање и контрола на речникот, односно тезаурусот,
6. познавање на изворите на информации,
7. познавање на предметот.




Во согласност со веќе наведеното, можеби најважен сегмент од информациското
интервју е способноста да се воспостави однос со клиентот, овозможувајќи меѓусебно
разбирање што ќе доведе до лоцирање на информации релевантни за позитивно решение на
проблемот односно пребарувањето.


Одредено внимание треба, исто така, да се посвети и на невербалната комуникација во
смисла на забележување на однесувањето на корисникот, „физичката оддалеченост на
корисникот, неговата ориентација, физичката појава, држењето, изразот на лицето, климање на
главата, гестови, изглед, како и забележување на изразите на паралингвизмот“11.






Структура на текот на информациското интервју


Текот за информациското интервју треба да биде соодветно планиран, определен,
содржаен, да се биде во можност во текот на интервјуто да се добијат одговори на барањата
кои ќе помогнат во идентификување и структурирање на стратегијата на пребарувањето која ќе
се примени во самиот тек на онлајн пребарувањето на информациите.


Финер Рут12, во својот прирачник ги структурира информациските прашања кои се
поставуваат на корисникот во текот на информациското интервју, кои можат да се групираат
во две групи:


1. Содржински или контекстуални прашања13:


 Дали барањето е реално, недвосмислено и дали во целина ги рефлектира
информациски потреби на корисникот?




 Колку корисникот ја познава темата?


 Дали корисникот до сега, успешно или неуспешно, пребарувал некои извори на
информации?




 Дали е определено нивото и екстензијата на бараниот одговор?



10 Armstrong, C.J.; Large, J.A. Manual of online search strategies. Boston: G.K. Hall, 1988. Стр. 1-2.
11 Munoz, Joanna L. The significance of nonverbal communication in the reference interview.// RQ, 16 (1977), стр. 220-240;
12 Finer, Ruth. Reference and enquiry work.// Handbook of special librarainship and information work. 5. ed. London : Aslib, 1982. Стр.


307-323;
13 Sečić, Dora. Нав. труд, стр. 52.




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
15





 Дали барањето е од доверлив карактер?


 Кој е контекстот на барањето - која е причината зошто се поставува
информациското прашање и како ќе се користат добиените информации?




 Дали корисникот веќе има некои релевантни референци од претходни
пребарувања кои на библиотекарот можат да му послужат за подготовка на
пребарувањето?




 Дали одговорот на поставеното прашање може да се пронајде во веќе објавени
документи? Што сѐ треба да се превземе во двата случаи?




2. Формални односно структурални прашања14:


 Дали постојат ограничувања во однос на јазикот, временскиот период, земјата
на објавување и видот на публикацијата?




 Кој вид на пребарување бара корисникот: ретроспективно или проспективно -
селективна дисеминација на информации?




 Со кои јазици корисникот може да се служи?


 Географско потекло на литературата во однос на земјата, односно географското
подрачје.




 Дали е определена количината на потребните информации?


 Колку време на располагање има корисникот, односно колку му е итна услугата
доколку бара примарни документи?




 Дали се потребни само документи кои ги има библиотеката, или, пак, и такви
кои можат да се добијат преку меѓубиблиотечно позајмување?




 Колку библиографски единици (референци) корисникот очекува или посакува?


 Кои типови документи очекува корисникот?


 Во која форма корисникот ја очекува бараната информација?


 Дали корисникот бара целосен документ или само библиографски информации,
резимеа и сл.?




 На кој медиум корисникот ги бара информациите: на хартија, е-форма?


 Како да се достават информациите до корисникот?


 Колку средства корисникот може да издвои за пребарувањето?




Информациските барања според видот можат да се поделат на15:



14 Sečić, Dora. Nav.dj., стр. 52.




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
16





1. Библиографски,


2. Биографски,


3. Фактографски и


4. Нумерички.


Кај библиографските барања, пред сѐ, се задоволуваат потребите на корисниците за
секундарни информации. Со овој вид информациски барања треба да обезбедат одговори на
следниве прашања:


- Дали некој објавил нешто за одредена тема?


- Кој е автор на објавеното дело?


- Што е објавено за дадената тема?


- Кога е објавено делото?


- Каде е објавено дотичното дело?
Биографските барања главно се поврзани со различни личности, нивните животи и


дела.


Задоволување на потребите за фактографски информации вообичаено се овозможува
со консултирање енциклопедии, лексикони, алманаси и слично, особено кога станува збор за
„брзи“ информации. Целосните текстови се достапни на различни интернет локации, примарни
публикации, банки на податоци, е - списанија, е - книги, итн16.


Статистичките податоци и останатите бројчани показатели претставуваат резултат на
нумеричко информациско пребарување.


Постојат и други поделби на информациски барања, како што е Кац- овата17:


 барања за усмерување,


 за фактографски информации,


 за библиографски информации,


 кои бараат истражувања.


Забележувањето на податоци во претходно составен прашалник треба да биде составен
дел на информациското интервју, од голема корист е за библиотекарот, како за време на
самото пребарување, така и за периодот по неговото завршување.


За таа цел, како многу корисна алатка, освен информациското интервју, потребно е да
се бара од корисникот да пополни и информациско барање, односно прашалник. Таквиот



15 Дадасовиќ, Миодраг. Пребарување и користење компјутерски бази и банки на податоци.// Универзална достапност до


информации и документи, Скопје: Народна и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", 2002. Стр. 85 – 90.
16 Дадасовиќ, Миодраг. Дигиталниот versus печатениот збор.// Библиотекарска искра 18, 1/2 (2000), стр. 40-42;
17 Stričević, Ivanka. Principi informacijskog pretraživanja: uvodno predavanje. Izvanredni diplomski studij iz knjižničarstva. NUBK.


Priština, 07.05.2008. [предавање].




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
17





прашалник е корисно да содржи основни информации за барателот, како што се контакт и
информации за образование, како и податоци во врска со насловот или темата на
пребарувањето, клучни зборови на локалниот и на англиски (како доминантен) јазик, како и
прашања кои спаѓаат во двете горе наведени категории.


Особено важни се информациите во евалуацијата на пребарувањето како и резултатите
од истото, со тоа што се препорачува нивно вклучување во прашалници наменети за
корисници18.


Ситуациите кога пребарувањето не резултирало со соодветен квантитет и квалитет на
добиените информации, библиотекарот - информациски специјалист треба да ги реши со
проверка на следните елементи19:


 поставеност на барањето,


 исправна сроченост на барањето (на странски јазик),


 користење правилна терминологија,


 познавање на информациски извори,


 можни грешки во самиот извор,


 евалуација на претходната употреба на извори.






Заклучок


Информациското интервју, претставува еден многу важен, комплексен сегмент на
информациските услуги во библиотеките во форма на онлајн пребарување на податоци.


Искусно спроведеното интервју, прецизно подготвената стратегија на пребарување,
како и ефикасно реализираното пребарување, ги претставуваат главните предуслови за
ефикасно истражување на информациите што ќе резултира со релевантни, квалитативни и
квантитативни податоци кои, во голем степен, ќе ги задоволи различните информациски
потреби на корисниците на библиотеката.






Abstract


Communication of the librarians with the library users, especially in the fulfilment of their


library-information needs, represents one of the most important factors in the fulfilment of these


needs.


Qualifications of librarians and information professionals in the educational, experiential and


capability sphere, were factors which determines the level of library information services quality.


Informational interviews with library users, allows obtaining relevant data on which base a


search strategy will be drawn up, choosing the appropriate information source for the search,



18 Dadasović, Miodrag. Reagovanja na kvalitet bibliotečko – informacionih usluga.// Skup bibliotekara balkanskih zemalja: saradnja,


obrazovanje, kvalitet / glavni urednik Aleksandra Vraneš. Beograd: Filozofski fakultet Univerziteta u Beogradu, Narodna biblioteka Srbije,
2002. Стр. 297 – 305;
19 Stričević, Ivanka. Нав. труд.




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
18





determining the specificity of the required information or documents, and determine the ultimate


modes of delivery of research results to the user.


The formation and implementation of an information query interviews is characterized by


planning, determination and consistency, realized by setting asking structured and formal meaningful


queries and completing the questionnaire information.


Categories of queries, as well as the elements of successful information research are also


discussed in this paper.




Keywords: Information interview, information request, information search strategies, online


information research






ЛИТЕРАТУРА:




1. Armstrong, C.J.; Large, J.A. Manual of online search strategies. Boston: G.K. Hall, 1988;


2. Atherton, Pauline; Christian, R.W. Librarians and online services. White Plains, NZ:


Knowledge Industry Publications, 1977;


3. Auster, Ethel; Lawton, Stephen. Search interview techniques, information gain, and user


satisfaction with online bibliographic retrieval services. Toronto: Toronto University, 1982;


4. Crouch, Wayne. The information interview: A comprehensive bibliography and an analysis of


the literature. Syracuse: Syracuse University, 1979;


5. DADASOVIĆ, Miodrag. Reagovanja na kvalitet bibliotečko – informacionih usluga.// Skup


bibliotekara balkanskih zemalja: saradnja, obrazovanje, kvalitet / glavni urednik Aleksandra


Vraneš. Beograd: Filozofski fakultet Univerziteta u Beogradu, Narodna biblioteka Srbije,


2002. Стр. 297 – 305;


6. ДАДАСОВИЌ, Миодраг. Дигиталниот versus печатениот збор.// Библиотекарска искра


18, 1/2 (2000), стр. 40-42;


7. ДАДАСОВИЌ, Миодраг. Пребарување и користење компјутерски бази и банки на


податоци.// Универзална достапност до информации и документи, Скопје: Народна и


универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, 2002. Стр. 85 – 90;


8. Finer, Ruth. Reference and enquiry work.// Handbook of special librarianship and information


work. 5. ed. London: Aslib, 1982. Стр. 307-323;


9. Katz, William. Introduction to reference work. 4. ed. New York: McGraw Hill Book


Company, 1982. Vol 2;


10. Munoz, Joanna. The significance of nonverbal communication in the reference interview.//


RQ, 16 (1977), стр. 220-240;


11. Taylor, Roberts. Question-negotiation and information seeking in libraries.// College and


research libraries, 29 (1968), стр. 178-194;


12. Sečić, Dora. Informacijska služba u knjižnici. Lokve: Benja, 2006;




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
19





13. Stričević, Ivanka. Principi informacijskog pretraživanja: uvodno predavanje. Izvanredni


diplomski studij iz knjižničarstva. NUBK. Priština, 07.05.2008 [предавање];


Žumer, Maja. Principi informacijskog pretraživanja. Izvanredni diplomski studij iz knjižničarstva.


NUBK. Priština, 06.05.2008 [предавање].

































































Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
20





Библиотеките во дигиталниот свет


м-р Аница Глигорова Милева, библиотекар


Библиотеката низ вековите била еден од темелите на секое цивилизирано општество -
место каде што на организиран начин можело да се дојде до вредни знаења и информации.
Меѓутоа, во дигиталната ера светот забрзано се менува под влијание на сѐ поголемата
достапност на информациите во електронска форма, а со тоа се менуваат и библиотеките кои
седиштето на своето внимание од збогатување на фондовите го насочуваат кон обезбедување
на отворен пристап до информациите.


Дел од светската популација смета дека поради полесниот пристап на електронските
информации, традиционалните, хартиени извори – и библиотеките во кои се сместени – сѐ
повеќе губат важност и дека новите електронски извори на информации се поедноставни за
пристап и користење. Тоа гледиште е погрешно. Низ историјата постоеле многу примери како
новите технологии на комуницирање повеќе го надополнувале отколку што го заменувале она
што им претходело. И покрај откривањето на печатењето, сепак, не се откажавме од рачното
пишување. Кога се појави радиото, се очекуваше дека ќе исчезне телефонот. Денес таквите
размислувања звучат смешно, а суштината е во тоа што радиото и телефонијата најдобро
служат за различни потреби. Истото важи и за односот на електронските и хартиените
медиуми.
Пред повеќе од дваесет години, библиотеките реагираа на зголеменото присуство на
софистицираноста на аудио-визуелните медиуми кои сега се нарекуваат мултимедиуми;
филмски и звучни снимки, особено за образовни цели - така што ги вброија во своите фондови.
Тогаш, како и сега, библиотеките нудеа информации, без оглед на нивната форма и во секоја
форма што им одговараше на корисниците. Информациите во електронска форма суштински
не се разликуваат од информациите во другите форми; библиотеките мораат да обезбедат
организиран пристап до дигиталните вредносни информации, подеднакво како и
информациите во печатена или мултимедијална форма. Библиотеките треба да ја сочуваат
својата традиционална улога на пристапни места и водичи низ изворите кои ќе ги задоволат
информациските, образовните и рекреативните потреби на општеството, тие мораат да
направат повеќе бидејќи дигиталната технологија е глобална и нѐ тера промените брзо да ги
применуваме и да се прилагодуваме на информациските навики и желбите на корисниците. Во
оваа дигитална ера од библиотеките се бара да изнајдат нови услуги и начини за брзи и
достапни информации за корисниците 24 часа дневно, 7 дена во неделата и 365 дена во
годината.
Библиотеките треба да се стремат да ги разберат луѓето на кои им служат - да бидеме
од нивна страна за да дадеме подобра услуга, „да го погледнеме светот со очите на
корисниците“.
Развојниот пат на библиотеките ја следи следнава траекторија:
традиционална библиотека – автоматизитана библиотека – електронска библиотека – хибридна
библиотека – дигитална библиотека.
Дигитална библиотека е највисоко ниво на електронска библиотека која има пристап до сите
сервиси преку интернет и поседува граѓа само во електонски облик.


Дигиталната библиотека претставува организирана колекција на информации, кои ѝ се
додадени од различни сервиси, кои се чуваат во дигитална форма и која е достапна преку
мрежната поврзаност. Како важен елемент за дигиталната библиотека е информациите да се
организирани во одреден систем.


Библиотеките, заедно со другите институции ,,чувари на меморијата“, како што се
музеите и галериите, сѐ повеќе работат на создавање дигитизирани материјали и на
овозможување широк пристап до нив за своите корисници. Целото население може да има
корист од тоа. Развојот на програмите за дигитализација нуди можности народните библиотеки
да ги привлечат граѓаните кои претходно можеби и не ги користеле нивните услуги, а особено




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
21





да ги охрабруваат граѓаните да бидат активни и обучени учесници во истражувањето на
можностите на вмрежаниот свет во кој сега живееме.


Доставувањето на дигитизираните материјали до крајните корисници ќе биде
релативно директна бидејќи развојот на интернетот и светската мрежа ја обезбедуваат
потребната инфраструктура, софтверот и потребните технички стандарди. Меѓутоа, лесниот
начин на кој може да се пристапи до веб-от ги прикрива некои од споменатите тешкотии. На
пример, ако дигиталните прикази не се бесплатни, ќе бидат потребни сложени постапки и
софтвер за да се собере надоместок за користењето и да се заштити од оштетување и од
правата за интелектуална сопственост. Уште повеќе, колку повеќе се зголемува бројот на
сликите, организацијата на збирката станува главен проблем - исто како што библиотеката
мора да биде сигурна дека книгите на полиците се подредени по некој редослед, исто така
дигитизираните слики мора да бидат сместени во категории и опишани систематски со
користење стандардна технологија, доколку сакаме да им овозможиме на корисниците да
пронајдат одредени слики. Многу е важно дигитизираниот материјал правилно да се
каталогизира и да се овозможи соодветен пристап до метаподатоците. Најидеалното решение
ќе биде да му се обезбеди можност на крајниот корисник да пребарува која било дигитизирана
слика, да ја гледа, да ја преснимува и да ја користи без да знае каде се наоѓа фондот и без да
прави некои посебни прилагодувања на својот компјутер. Тоа се однесува не само на
прифаќање на техничките стандарди, туку и на регулирање на прашањето за авторските права.


Дигитализацијата е важен чекор во создавањето на дигиталната содржина што наполно
ќе ја зајакне дигитална Европа. Тоа е многу значајна активност за зачувувањето на Европското
колективно културно наследство, обезбедувајќи напреден пристап за секој граѓанин до тоа
наследството.


Визија за постоењето на Европската библиотека се базира на фактот дека библиотеките
се институции кои се грижат за зачувување и заштита на интелектуалниот производ, како
традиционален, така и дигитален, и обезбедување еднаков пристап до националното културно
наследство со цел да се промовираат разбирањето и разновидноста на европското знаење и
култура.


Основните цели на Европската библиотека се: креирање заеднички електронски
каталог на националните библиотеки од Европа што ќе биде достапен и пребарлив на сите
јазици на земјите учеснички; креирање Интернет портали со релевантни информации за
националните библиотеки; креирање дигитална европска библиотека, трезор на европското
културно наследство и креирање пан-европски библиотечен веб-сервис, портал што нуди
пристап до комбинирани извори: книги, списанија, магазини и мултимедијални извори.


Дигитализацијата го обезбедува клучниот механизам за користење на единственото
европското наследство и за поддржување на културната разноликост, образование и создавање
на содржински индустрии. Иако државите членки на ЕУ инвестираа во овозможување достап
до нивното културно наследство сѐ уште постојат многу пречки додека да се постигне
краткорочен или долгорочен успех на овие иницијативи. Во пречките спаѓаат: разновидноста
во пристапот кон дигитализацијата, ризиците поради користење несоодветни технологии до
дигиталните предмети, предизвици кои настануваат од долготрајната заштита и пристап до
дигитални предмети, недостаток на доследен пристап до Правата на интелектуалната
сопственост, како и недостаток на заедничка сила помеѓу културните и новите технолошки
програми.


Фактот што Република Македонија не е членка на Европската унија, не значи дека
македонското културно наследство не е достапно за граѓаните на ЕУ. Имено, Народната и
универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ е дел од проектот „Европска електронска
библиотека“, поточно таа е носител на проектот во Македонија и како таква се залага за негова
побрза реализација. Со овој проект, македонското културно богатство нема да биде настрана
од универзумот на знаење и информации кои веќе се групираат и создаваат во ЕУ. Токму тоа и
е целта на постоењето на Европската библиотека која ги обединува културите преку
европските национални библиотеки.




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
22





Користена литература:
1. Клејтон, Питер. Управување со изворите на информации во библиотеките, Нампрес, Скопје,
2009;


2. Менсел, Робин. Мобилизирање на информатичкото општество, Издавачки центар Три,
Скопје, 2009;
3. Лаудон, Кенет. Електронска трговија, Арс Ламина, Скопје, 2010;
4. www.eifl.org;


5. www.openaccessweek.org

































































Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
23









СОВРЕМЕНО БИБЛИОТЕЧНО РАБОТЕЊЕ ВО ВИСОКОШКОЛСКИТЕ
БИБЛИОТЕКИ




Науме Ѓргиевски, библиотекар советник
НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола






Библиотеките се меморијата на човештвото и без нив секоја генерација би морала да
започне од почеток со прибирањето на сознанијата, додека современата имформациска
технологија овозможува интерактивност на знаењата на сосема нов, побрз и покомплексен
начин. За развојот на науките значајно е пристапот до информациите да биде отворен и да се
овозможи изградба на институционални складишта со отворен пристап во кој се чуваат
текстови, слики, мултимедијални презентации, податоци. Ова врз себе треба да го превземат
библиотеките.


Библиотекарството е современа, актуелна, динамична и интересна работа и покрај тоа
што нејзините почетоци датираат уште од времето на антиката. Со оглед на случувањата во
изминатите епохи, денес библиотекарите не се занимаваат само со книги во хартиен облик,
туку и со други, на пр. електронски публикации. Обемот на работите на библиотекарот
достигнуваат до таму тој да им биде од помош на студентите во подготвувањето на
семинарските трудови, соработка со истражувачите за објавување на нивните научни статии,
чување на ракописите до подготвувањето на дигиталните библиотеки. Библиотекарите исто
така го воспоставуаат мостот меѓу читателот и авторот, односно библиотечниот материјал, што
значи дека тие би требало да знаат стручно да го обработат библиотечниот материјал според
меѓународните стандарди и саканиот материјал и бараната информација брзо да ги пронајдат.


Современите барања на високото образование во склоп со Болоњската декларација се:
флексибилност, интердисциплинарност, креативност и доживотно учење, а потребно е да се
зголеми ефективноста, мултидисциплинарноста и нетрадиционалното образование.
Библиотеките во тоа имаат голема улога, затоа што тие даваат поддршка на разни функции на
Универзитетот како што се: настава, истражувања, стекнување нови знаења и посредување на
знаењата меѓу културното минато и сегашноста со генерациите што доаѓаат. Библиотеките
учествуваат во образованието на корисниците за ефикасно пронаоѓање, пристап, размена и
употреба на информациите.


Бројот на списанијата секојдневно расте, како и нивната цена во печатена или
електронска верзија, а финансиите за високошколските (факултетските) библиотеки не растат
или дури и се намалуваат. Во таквите околности улогата на библиотеките станува се поважна,
со оглед на тоа дека за општество базирано на знаење е потребно да се обезбеди пронаоѓање,
зајмување и користење на информациите. Образованието на корисниците преку ВЕБ разви
нови реферални услуги чии предности се отворени и достапни програми кои се базирани на
интеракцијата помеѓу библиотекарите и корисниците. Едукацијата преку ВЕБ им овозможува
на библиотеките рационализација во условите на се поголемите образовни потреби и на оние
кои од оредени причини не биле во можност да ги образуваат корисниците – студенти и
наставничкиот кадар.


Универзитетите мораат своите библиотеки да ги прилагодат кон претстојните наставни
реформи затоа што без нив нема успешно работење, во смисол на информациската достапност.
Денес поголемиот број на факултетски библиотеки и библиотеките од Југоисточна Европа се
вмрежени во системот COBISS.Net што овозможува меѓународна достапност на изворите на
знаење, како и следење на библиографските показатели на научна, стручна и воспитно-
образовна успешност. COBISS претставува организационен модел на поврзување на
библиотеките во библиотечно-инфорамциски систем со взаемна каталогизација, взаемна
библиографско-каталошка база на податоци COBIB и локалните бази на податоци на




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
24





библиотеките учеснички, база на податоци на библиотеките COLIB, нормативна база на
податоци CONOR, а исто така и на други функции.


COBISS.Net е името на мрежата која ги поврзува автономните (националните)
библиотечно-информациски системи COBISS на различни држави и нивните информациски
системи за истражувачката работа. Програмската оптема COBISS технички овозможува
превземање на записи од која било взаемна база COBIB и од други бази на податоци на кои сме
претплатени. Библиотечно-информацискиот ситем, како и информацискиот систем во научно-
истражувачката работа, се неопходна структура без која не може да се замисли современото
образование, наука и истражување како ни технолошкиот и економскиот развој. Библиотеките
се еден од најважните фактори на создавање на нови вредности во образованието и научно-
истражувачката работа.


Функцијата на библиотеките како помош во учењето може да се состои во
обезбедување информациски услуги во строга смисла на зборот (пребарување на
информациски извори, меѓубибиблиотечно зајмување и информациски услуги), или во
поширока смисла - поддршка на информациската писменост, т.е. учество во осмислувањето и
имплементацијата на информациска писменост, обука во виртуелното опкружување и,
индиректно, услуги преку создавање тематски портали во поддршка на учењето, наставата и
истражувањето. Библиотекарот на тој начин превзема важна образовна задача, а со тоа и
одговорност за квалитетот на образовниот процес. Својата одговорност тој ја дели со
наставниците и студентите. Истражувањата спроведени во последните децении покажуваат
дека студентите на универзитетите кои имаат добро развиени библиотеки и стручно
оспособени библиотекари постигнуваат значајно подобри резултати (оценки на испитите, во
семинарските и дипломските работи). Заради тоа библиотекарите би требало да бидат не само
компетентни во пребарувањето и складирањето на информациите туку, треба да бидат и
информатички исклучително писмени и вешти во користењето на апликациите што ги нудат
новите технологии. Библиотеките за тоа треба токму во оваа насока да планираат програми кои
ќе ја подигнат свеста за важноста на научните и техничките информации за обновување и
стекнување нови знаења и обука за самостојно решавање на информацискии проблеми во
најкус можен рок. Вклучувањето на информациската писменост во наставните планови и
програми на универзитетите бара заеднички напори и на факултетите и на библиотеки.
Факултетските библиотеки треба да бидат така опремени и организирани да можат да дадат
помош, едукативните програми на матичните образовни институции и на студентите да им
овозможат нови начини на пребарување. Кога станува збор за корисниците, секогаш треба да
се поттикнува свеста за значењето на научните информации, како и за потребата од
непрекинато обновување на знаењето. Тоа е можно доколку наставните планови и нивното
изведување ги поттикнуваат студентите на употреба на информативните извори, како не би ги
употребувале само дадените учебници. За извршувањето на тие задачи и на библиотекарите им
треба соодветно образование кое можат да го стекнат со соодветно формално образување.
Библиотекарството денес се менува, главно, заради фактот што се повеќе информации се
достапни во дигитална форма. Денес, од библиотекарите се очекува покрај традиционалните
знаења да имаат дополнителни вештини потребни за работа во светот на дигиталните
информации, па поради тоа принудени се постојано да се усовршуваат. Важен чекор во
решавањето на овие потреби на современото библиотекарство е организирање на соодветни
едукативни програми кои би ги подготвувале идните библиотекари во новата работна
среднина.


Разгледувајќи ги искуствата на Универзитетот во Љубљана за решавање на прашањата
на библиотеките како што се: простор, компјутерска опрема, набавката на научна литература,
далеку е поуспешно со „болоњскиот“ модел на студирање отколку порано. Треба да се
испочитуваат насочниците на Болоњската декларација која става акцент на активното
студирање со кое библиотеките не можат и не смеат да се заобиколат.







Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
25











Oбука на библиотекари од училишните библиотеки во библиотеката „Другарче“


Силвана Јакимова, библиотекар
РадославЉубиќ,библиотекар


Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје




Училишните библиотеки како составен дел од основните и средните училишта во Р.
Македонија се мошне важен сегмент од воспитно-образовниот процес на нашите ученици.
Исто така, тие се дел од библиотечниот систем во нашата држава и во последно време полека,
но сигурно, успеваат да се изборат за статусот кој го заслужуваат. Тие во своето работење,
како и поголемите библиотеки (градски, универзитетски, народни) мора да почитуваат и
применуваат одредени стандарди, правила и норми предвидени со Законот за библиотечното
работење. Овие стандарди мора да се применуваат во сите сегменти на библиотечната дејност,
почнувајќи од набавката на книжниот фонд, преку нивната обработка (техничка и стручна), до
крајната цел: услужување на кориисниците, нашите читатели - издавање на книги.
Во минатите години постоеше „вакуум “ простор во библиотечното работење во
училишните библиотеки, пред сѐ во набавката и обработката на книжниот фонд. Причините се
различни: од немањето материјални средства во училиштата за набавка на нови наслови, преку
необученоста и неадекватниот статус на луѓето кои работеа во библиотеките итн. За целосно и
успешно остварување на библиотечната дејност во училишните библиотеки, неопходно е
континуирано и перманентно усовршување на библиотечниот кадар.
Тргнувајќи од евидентираните слабости во работењето, како и на барање на
вработените во училишните библиотеки, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од
Скопје - библиотека Другарче минатата година на два пати организираше семинар- обука за
овие библиотекари. Првата обука се одржа од 30.05-02.06.2011 година, втората обука траеше
четири дена, од 21-23.11.2011 година. Предавачи на двата семинари беа Силвана Јакимова и
Радослав Љубиќ, библиотекари - каталогизатори кои работат во Одделот за стручна обработка
на книжниот фонд. Семинарот- обуката беше насловен како „Обработка на монографски
публикации во училишните библиотеки“, а се одржа во просториите на библиотеката
„Другарче“. Земајќи ги предвид овие барања, но имајќи го предвид и фактот дека во Скопје и
околината работат и егзистираат голем број основни и средни училишта кои во својот состав
имаат библиотеки со солиден книжен фонд, во договор со директорот на Градската
библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје, господинот Бранко Цветкоски од 04-07.06 2012
година повторно организиравме ваков вид обука. Темата остана иста, „Обработка на
монографски публикации во училишните библиотеки“ , а на семинарот зедоа учество
библиотекарите од основните и средните училишта кои досега не учествувале на ниту еден
ваков семинар - обука. Обуката се состоеше од три дела: техничка обработка (потпечатување,
сигнирање и инвентарирање), стручна обработка: класификација според МДК и каталогизација
според ISBD(M) и сместување (подредување) на монографки публикации.
Учесниците на семинарот искажаа задоволство од квалитетот и начинот на
презентацијата на соодветната тема и побараа библиотеката да продолжи со организирање на
ваков вид обуки. Од наша страна беше искажана заложбата за почеста меѓусебна
комуникација, како и можност за следење и давање стручна помош во сите сегменти од
библиотечното делување.
Вкупниот број на библиотекари, учесници на сите три семинари, 54, јасно укажува за
успешноста и целисходноста од нашата заедничка активност, начинот и пристапот во
едукацијата и спознавањето на библиотечните процеси.




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
26





Како што нагласивме и претходно, со завршувањето на обуката - семинарот не
престанува нашата комуникација и соработка со библиотекарите од училишните библиотеки.
Напротив, таа се продлабочува со постојани контакти и давање практични совети и помош за
сите наши колеги во училиштата кои тоа ќе го побараат од нас. Најсвеж е примерот на
взаемната соработка со библиотекарката при основното училиште „Димитар Беровски“-
Скопје, Роза Стојанова, која беше учесник на првата обука. Веднаш по завршувањето на
обуката Роза Стојанова ни се обрати со молба да ја посетиме нејзината библиотека, за да ѝ
дадеме конкретни совети како да започне со работа. При крајот на минатата година ја
посетивме библиотеката при ОУ „Димитар Беровски“ и на лице место се запознавме со
книжниот фонд кој таа го поседува. При тоа заклучивме дека библиотеката при ова училиште
поседува солиден книжен фонд кој мора соодветно-стручно да се обработи, онака како што
предвидуваат библиотечните правила и прописи. На библиотекарката Роза Стојанова ѝ
дадовме практични упатства како да започне со обработката на книжниот фонд, но и насоки
како да се одвиваат поедини библиотечни процеси. Всушност, здобиените знаења и искуства
од одржаниот семинар требаше само да се преточат во практична работа, што и во
подоцнежните контакти самата библиотекарка особено го истакнуваше како голема
придобивка во нејзиното библиотечно делување. Секој почеток е тежок, секоја новина во
работењето бара исклучителен ангажман и интерес, но и предизвикува позитивни ефекти во
работењето. Роза Стојанова за неполни осум месеци успеа технички и стручно да обработи
околу 6.000 примероци, како детска литература така и литература за возрасни. Секоја
нејаснотија во работењето ја решаваше преку телефонска консултација со некој од нас,
вработените во Одделот за стручна обработка на книжниот фонд при библиотеката „Другарче“.
Успехот од добро завршената работа е обострано задоволство.
Мораме да ја нагласиме и успешната меѓусебна соработка со библиотекарот при
основното училиште „Братство“- Скопје, Фљамур Сараќини кој, исто така, ни се обрати за
помош. И тој беше учесник на првиот семинар кој се одржа во почетокот на јуни 2011 година
и, како и останатите учесници и тој изрази задоволство од начинот на презентација и
организација на истиот. На почетокот на 2012 година бевме во посета на библиотеката при ОУ
„Братство“, се запознавме со книжниот фонд со кој таа располага, инвентарот и просторните
услови. На библиотекарот му посочивме кои се првите чекори кои мора да ги превземе, како
треба да го имплементира здобиеното знаење од семинарот во своето работење. Фљамур
Сараќини покажа особен интерес и желба обработката на книжниот фонд да ја спроведе според
библиотечните стандарди и норми. Близината на ОУ „Братство“ и библиотеката „Другарче“
овозможи да ја посетиме библиотеката при ова училиште неколку пати, давајќи стручни совети
и сугестии онаму каде што сметавме дека е потребно.
Исто така да не ја заборавиме соработката и непосредната комуникација со
библиотекарот при ОУ „Вера Циривири - Трена“, Виолета Јордановска која учествуваше на
првиот семинар - обука. Веднаш по завршувањето на обуката, оваа библиотекарка отпочна со
обработка на својот книжен фонд, користејќи ги знаењата и искуствата добиени во нашата
библиотека.
На крајот да нагласиме: целта и мотивот во организација и реализација на ваквиот вид
обуки, како и постојаната комуникација со библиотекарите во соодветните училишта, е да
дадеме свој скромен придонес во осовременување, стандардизирање на библиотечното
работење, а тоа ќе се постигне низ постојано едуцирање, надоградба и следење на најновите
достигнувања во областа на библиотекарството.













Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
27











БИБЛИОТЕЧНИ МАТЕРИЈАЛИ И УСЛУГИ ЗА ЛИЦАТА СО ДИСЛЕКСИЈА


(стручен труд)
М-р Миодраг Дадасовиќ


НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје


Апстракт
Дислексијата како невролошка состојба на попреченост во читањето печатени
материјали се јавува кај 8-10 проценти од населението во светот. Во светот денес се
декларирани принципи на демократија и еднаквост на пристап до културата од страна на
Обединетите нации, Манифестот на IFLA и UNESCO, како и во Република Македонија, каде се
донесени насоки за соодветни едукативни третмани на лицата со дислексија во рамки на
Рамковната програма Пулман.


Една специјална библиотека наменета за лица со дислексија треба да има аудио фонд
(книги, енциклопедии, речници, списанија, весници, брошури и флаери) кој овозможува
„читање со слушање“, како и фонд на книги печатени со поголеми букви. „Библиотекарот за
луѓе со дислексија“ треба да има специјална обука и перманентно образование за работа со
оваа популација.


Клучни зборови: дислексија, специјални библиотеки, библиотекари, аудио книги и списанија,
аудио репродуктивна техника


Се проценува дека денес 8-10 проценти од населението во светот има дислексија, која
претставува една од групата тешкотии во читањето20. Дислексијата претставува своевидно
нарушување на читањето, кое тешко се забележува и уште потешко се разбира од околината
која ги опкружува луѓето со дислексија. Спаѓа во категоријата на „print handicapped“, или,
попреченост во читањето печатени материјали21.


Во суштина, се работи за неможност едно лице да научи добро да чита, компонира и да
пишува, и покрај неговите интелектуални способности доволни за овозможување на овој
процес. Дислексијата претставува невролошка состојба во која се пореметени елементите на
способноста за учење, пред сè поради неспособноста за фонолошка обработка на гласовите на
јазикот, како и поради проблемите во толкувањето на визуелните симболи22. Иако лицата со
дислексија поседуваат нормален вид и слух, сепак, имаат тешкотии во разбирањето на букви и
зборови. Поради очигледната врска меѓу дислексијата и учењето, луѓето со потешкотии во
читањето во процесот на образование не се способни да ги следат нивните врсници кои го
немаат овој проблем. Применувањето на соодветни методи на насочена, специјализирана
обука, во најраната возраст, проследена со силна мотивација, може да вроди со плод и лицето
може да се стекне со поголем степен на образование.


Република Македонија во рамките на Рамковната програма Пулман, исто така, донесе
насоки за соодветни едукативни третмани на лицата со дислексија23.



20 Nielsen, Skat Gyda; Irvall, Birgita. Smjernice za knižnične službe i usluge za osobe s disleksijom. / prevela Koraljka Golub. Zagreb :
Hrvatsko knjižničarsko društvo, 2004. Стр. 3;
21 Дигитално упатство ПУЛМАН. 2. издание. февруари 2003. Стр. 39;


URL: http://www.pulmanweb.org/dgms/DGM-FYROM-Ver-Nov03.doc (21.02.2008)
22 Tadić, Nevenka. Psihijatrija detinjstva i mladosti / Nevenka Tadić. - 3. izd. – Beograd : Naučna knjiga, 1992. Стр. 426-427;
23 Дигитално упатство ПУЛМАН. Нав. труд, стр. 43.




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
28







Тргнувајќи од принципите на демократијата и еднаквоста на пристапот до културата,
декларирани од страна на Обединетите нации и Манифестот на IFLA и UNESCO, со кои се
прокламира овозможувањето услови за читање, образование, како и достап до сите видови
информации, како должност на секоја средина, исто така е овозможување на истите и на
лицата со посебни потреби24.


Библиотекарот во работата со дислексични лица треба да има специјална обука и
перманентно образование за работа со оваа популација, треба да има изградено специфични
ставови, однос и посебен пристап кон лицата со дислексија, односно треба да стане
„библиотекар за луѓе со дислексија“25. Во такви случаи важно е дека лицето со дислексија има
свој „личен библиотекар“, да го прифати како таков, потоа, библиотеката треба да поседува
пријатен простор, прилагоден кон нивниот сензибилитет, фондот да биде сместен во
централниот дел на библиотеката, јасно сликовно означен, да поседува и аудио опрема за
слушање на аудио книги: касетофон, CD и DVD плеер, и соодветни слушалки, делумно, во
посебниот дел со места за седење26.


Фондовите и материјалите во оваа библиотека за луѓе со тешкотии во читањето, во
согласност со „Насоките за библиотечни услуги за лица со дислексија“ на ИФЛА, треба да се
составени од „обични“ книги, како и книги напишани специјално за луѓе со тешкотии во
читањето27. Книгите кои се лесни за читање можат да бидат придружени и со соодветен аудио
текст снимен на магнетни или оптички медиуми, кој овозможува полесно следење и разбирање
на визуелниот текст. Ова, заедно со тестот и методата на Павлидис, наречена „офталмокинеза“
се чини дека претставува една од повеќето ефикасни методи на работа со оваа популација28.
Аудио книгите, кои треба да бидат застапени во библиотеката, овозможуаат „читање со
слушање“ и се наменети првенствено за слепите лица, потоа и за луѓето со дислексија, како и
за луѓето кои наместо визуелното читање (во одредени околности - патување, џогирање,
возење велосипед) претпочитаат ваков аудитивен начин на читање29. На овој начин, касетите и
плочите беа заменети со нови медиуми: CD и DVD дискови, како и преносливи „gadget“-и:
MP3 и Flash плеери, читачи на е-книги, таблет-комплутери и мобилни телефони. Дигиталните
аудио книги имаат посебен софтвер кој е погоден за пребарување на текст, лоцирање поглавја
или страници, као и меморирање на омилена позиција (Bookmark), па дури и текстот може да
биде репродуциран со различни брзини.


Во фондот на библиотеката треба да се наоѓаат весници, стручни и популарни
списанија, брошури и флаери во аудио издание.


Може слободно да се рече дека бројот на такви публикации, наменети за слепите и
лицата со дислексија, е многу скромен во Република Македонија.


Библиотекарот во улога на личен библиотекар треба да понуди и читање за
библиотечните корисници со дислексија, во форма на аудио снимка или директно читање (во
живо)30.


Креирање на видео снимки со преводи лесни за читање, исто така претставува техника
на приближување на населението од овој вид кон остатокот во следењето на различни, особено
филмски содржини.


Еден начин од повеќето интелектуалните пристапи претставува користењето на
интерактивните можности на информациите и информатичката технологија, која директно
овозможува виртуелен пристап до содржината. Мултимедијалните компјутери во библиотеката



24 Tronbacke, Bror I. Smjernice za građu laganu za čitanje. / preveo K. Ciganović. Zagreb : Hrvatsko knjižničarsko društvo, 2005. Стр. 7-8;
25 Nielsen, Skat Gyda; Irvall, Birgita. Нав. труд, стр. 7;
26 Исто;
27 Исто. Стр . 8;
28 Pavlidis test & method. URL: http://www.dyslexiacenters.gr/ (21.02.2008);
29 Дигитално упатство ПУЛМАН. Нав. труд, стр. 43.
30 Nielsen, Skat Gyda; Irvall, Birgita. Нав. труд, стр. 7.




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
29





ќе обезбедат сестрани сензации на сетилата за слух и вид, особено со примена на соодветни
стандарди за ваков вид опрема: адаптирана тастатура и глувче, голем TFT монитор, софтвер за
техничка поддршка, говорни команди, снимки, можности за менување на големината и бојата
на фонтот, како и зумирање на содржината, можност за синтеза на говор кај е-содржини (e-
книги, е-списанија, интернет содржини), OCR и претворање на текст-во-говор.


Обезбедувањето информации за формирање збирка од ваков вид наменета за група
граѓани со дислексија, би требало да биде организирано преку средствата за јавно
информирање, писмени известувања, брошури, по што роднините и пријателите на лицата со
посебни потреби ќе им помогнат во читањето и разбирањето на таквите содржини.
Известувања, исто така, треба да бидат испратени до училиштата, локалните библиотеки и
локалните владини канцеларии, организациите на лицата со несоодветни способности на
читање, треба да се организираат предавања за дислексијата, панели, тркалезни маси и други
активности за привлекување на оваа популација, како и на експертите и стручната јавност.


Помошта на оваа ранлив група на деца и лица е неопходно потребна. Доколку се
обезбеди таква помош на високо ниво во однос на формата и содржината, резултатите нема да
изостанат, а тоа е зголемување на степенот на вклученост на овие лица во нормалниот живот31.


Abstract
Dyslexia as a neurological disability in reading printed materials occurs in 8-10 percent of the world's


population. In the world today there are declared principles of democracy and equality of access to


culture by the United Nations and the Manifesto of IFLA and UNESCO. In the Republic of


Macedonia guidelines are adopted for appropriate educational treatments for people with dyslexia


within the Pullman Framework Program.


Special library for people with dyslexia should have audio materials (books, encyclopedias,


dictionaries, magazines, newspapers, brochures and flyers) which allow "reading by listening", as well


as books printed in larger letters. "The librarian for people with dyslexia" should have special training


and permanent education for working with this specific population.




Key words: dyslexia, special libraries, librarians, audio books and magazines, audio reproduction


technique






ЛИТЕРАТУРА:


Дигитално упатство ПУЛМАН. 2. издание, февруари 2003. URL:
http://www.pulmanweb.org/dgms/DGM-FYROM-Ver-Nov03.doc (21.02.2008);


Nielsen, Skat Gyda; Irvall, Birgita. Smjernice za knjižnične službe i usluge za osobe s disleksijom. /
prevela Koraljka Golub. Zagreb : Hrvatsko knjižničarsko društvo, 2004;
Pavlidis test & method. URL: http://www.dyslexiacenters.gr/ (21.02.2008);


TADIĆ, Nevenka. Psihijatrija detinjstva i mladosti / Nevenka Tadić. - 3. izd. – Beograd : Naučna
knjiga, 1992;


Tronbacke, Bror I. Smjernice za građu laganu za čitanje. / preveo K. Ciganović. Zagreb : Hrvatsko
knjižničarsko društvo, 2005;
Закон за библиотеки. / Службен весник на РМ бр.66/2004.











31 Закон за библиотеки. // Службен весник на РМ бр.66/2004. Стр. 11.




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
30









Пристапноста на библиотеките во Македонија во однос на лицата со посебни потреби, со
осврт на високошколските библиотеки




м-р Розита Петринска-Лабудовиќ
Раководител на Библиотеката на


Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје
и Машинскиот факултет во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје






1. Вовед


Република Македонија, како демократска и социјална држава, се залага за
рамноправност на сите свои граѓани32 и е насочена кон почитувањето на демократските
принципи и човековите права. Членот 16 од делот за Граѓански и политички слободи и права
на Уставот на РМ го гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање
и пренесување на информации, што директно ги засега библиотеките, чија основна намена е
прибирањето, класифицирањето и каталогизирањето на информациите и обезбедувањето на
пристап до нив.


Принципот на еднаквост е составен дел и на Етичкиот кодекс на библиотекарите на
Република Македонија каде, во Членот 7, се вели: „Односот кон корисникот го темелиме врз
принципите на рамноправност, непристрасност и почитување на човековите права, без оглед
на полот, расата, националното и социјално потекло, политичкото и верското убедување и
општествената положба...“33 Сепак, и покрај тоа што на граѓаните им се гарантира
недискриминаторски однос во сферите на живеењето34, дискриминација постои во случаи кога
не се обезбедени поеднакви права и можности за сите граѓани. Во случајот на библиотеките,
пасивна дискриминација имаме кога не е овозможен пристап до библиотечните ресурси,
услуги и програми за сите лица подеднакво.


Пасивната дискриминација често е присутна и во библиотеките во Македонија, иако
библиотеките по нивната природа се залагаат за целосна недискриминација и за промовирање
на еднаков пристапот до информациите и материјалите за сите. Причините за слабата
пристапност на библиотеките се различни и одат од немањето средства за преадаптација на
простор и набака на опрема, па сѐ до слабо развиената свест за оваа проблематика.




2. Лица со посебни потреби


2.1. Легислатива која ги третира лицата со посебни потреби


Светската здравствена организација (СЗО) инвалидитетот го дефинира како широк
поим кој опфаќа попреченост, ограниченост на активност и рестрикции во учество.
Попреченоста е дефинирана како проблем во телесните фукции или телесната структурата;
ограниченоста на активност подразбира потешкотии со кои се соочува личноста при
изведување на некоја задача или дејство, додека рестрикциите во учество, според СЗО, е
проблем кој го има личноста при вклучувањето во животните ситуации. Така, инвалидитетот е



32 Устав на Република Македонија. Службен весник на Република Македонија 52/1992 година;
33 Етички кодекс на библиотекарите во Република Македонија. Библиотекарско здружение на
Македонија. Пристап: http://bzm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=47%3A2011-05-
13-12-35-50&catid=5%3A2011-04-29-10-10-08&Itemid=3&lang=en (2012-05-08);
34 Закон за спречување и заштита од дискриминација. Службен весник на Република Македонија 50/2010;




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
31





дефиниран како комплексен феномен кој се одразува врз заемното дејство помеѓу
карактеристиките на човечкото тело и карактеристиките на општеството во кое лицето живее35.


Програмите и документите кои го третираат еднаквиот пристап за лицата со посебни
потреби и обезбедуваат еднакви можности за сите се бројни во светските рамки. Како
позначајни документи и стандарди што се залагаат за рамноправност, пристап и еднакви
можности за сите можеме да ги наброиме: „Стандардните правила за изедначување на
можностите за лицата со посебни потреби“36 на ОН од 1993 година и „Конвенцијата за правата
на лицата со посебни потреби и нејзин изборен протокол“37 (усвоен на 13 декември 2006
година, а влезен во сила на меѓународно ниво на 3 мај 2008 година); „Европскиот концепт на
пристапност“38 на Европската комисија (која нема обврзувачки карактер) и „Резолуцијата за
универзален пристап“39 на Советот на Европа, најновите „2010 АДА Стандарди за пристапен
дизајн“40 во САД, настанати како дополнување на стандардите утврдени со „Актот за
Американците со посебни потреби“41 од 1990 година, австралискиот „Акт за дискриминација
врз основа на хендикеп“42 од 1992 година, и многу други.


Во Македонија позначајни закони се Законот за градење43 и Законот за просторно и
урбанистичко уредување44 кои пропишуваат пристапност за лицата со инвалидитет, како и
Законот за спречување и заштита од дискриминација45. Во недостаток на подетални прописи и
стандарди на национално ниво, во 2006 година организацијата на лица со посебни потреби
„Полио Плус“ го издава „Прирачникот за обезбедување непречен пристап до отворените
простори и до објектите“, а врз основа на Законот за градење, Министерството за транспорт и
врски во 2010 година го донесува „Правилникот за начинот на обезбедување на непречен
пристап, движење, престој и работа на лицата со инвалидност до и во градбите“46.




2.2. Класификација на инвалидитет


Во „Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот
или психичкиот развој“, во делот за утврдувањето на специфичните потреби во зависност од
видот и степенот на пречките во физичкиот или психичкиот развој, во Членот 4 лицата со
инвалидитет се класифицирани во неколку категории:



35 World Health Organization, 2012. Disabilities. Health Topics. [online] Available at:
<http://www.who.int/topics/disabilities/en/> [Accessed 8 May 2012];
36 United Nations General Assembly, 1993. The Standard Rules on the Equalization of Opportunities for


Persons with Disabilities (A/RES/48/96). [online] Available at:


<http://www.un.org/esa/socdev/enable/dissre00.htm> [Accessed 8 May 2012];
37 United Nations, 2006. Convention on the Rights of Persons with Disabilities and Optional Protocol. [online]


Available at: <http://www.un.org/disabilities/documents/convention/convoptprot-e.pdf>[Accessed 8 May 2012];
38 European Commission, 1996. European concept for accessibility. [online] Available at:


<http://www.eca.lu/index2.php?option=com_docman&task=doc_view&gid=2&Itemid=26> [Accessed 8 May


2012];
39 Council of Europe Resolution ResAP(2001)3 towards full citizenship of persons with disabilities through


inclusive new technologies. [online] Available at:


http://portal.unesco.org/ci/en/ev.phpURL_ID=25123&URL_DO=DO_PRINTPAGE&URL_SECTION=201.ht


ml [Accessed 8 May 2012];
40 Department of Justice, 2010. 2010 ADA Standards for Accessible Design. [online]


Available at: <http://www.ada.gov/2010ADAstandards_index.htm> [Accessed 8 May 2012];
41 Department of Justice, 1990. Americans with Disabilities Act. [online] Available at:
<http://www.ada.gov/archive/adastat91.htm> [Accessed 8 May 2012];
42 Commonwealth Consolidated Acts, 1992. Disability Discrimination Act. [online] Available at:


<http://www.austlii.edu.au/au/legis/cth/consol_act/dda1992264/> [ Accessed 8 May 2012];
43 Закон за градење. Службен весник на Република Македонија 130/09;
44 Закон за просторно и урбанистичко планирање. Службен весник на Република Македонија 51/05;
45 Закон за спречување и заштита од дискриминација;
46 Правилник за начинот на обезбедување непречен пристап , движење, престој и работа на лицата со
инвалидност до и во градбите. Службен весник на Република Македонија 25/2010;




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
32





 Лица со оштетен вид (слабовидни и слепи лица),


 Лица со оштетен слух (наглуви и глуви),


 Лица со пречки во гласот, говорот и јазикот,


 Телесно инвалидни лица,


 Ментално ретардирани лица (лесно, умерено, тешко и длабоко),


 Аутистични лица,


 Хронично болни лица,


 Лица со повеќе видови на пречки (комбинирани пречки во развојот).


3. Високошколски библиотеки


Високошколските или академските библиотеки опфаќаат библиотеки кои се главно
самостојни организации или се во склоп на установа која врши високообразовна дејност.
Улогата на академските библиотеки е поврзана со мисијата на академските институциите чија
работа ја поддржуваат и претставуваат столбови на наставниот и истражувачкиот процес во
нив. Нивната задача е да откриваат информации од важност за своите корисници, критички да
ги проценат, да ги сочуваат, сортираат и да ги подготват за користење. Високошколските
библиотеки се двигатели на прогресот во науката и како такви се промотори на концептот на
доживотно учење и информациска писменост и, и непосредно и посредно, учествуваат во
создавањето на интелигенцијата. Тие често се еден вид медијатор помеѓу наставниот кадар и
студентите. Академските библиотеки постојано го промовираат значењето на истражувањето и
овозможуваат пристап до него, а служат и како врска помеѓу различни дисциплини во
интердисциплинарните истражувања. Не помалку важно е тоа што тие создаваат и физички
простор за учење, соработка, истражување и информирање, ги следат технолошките трендови
и ги имплементираат во своето работење.


Високошколските библиотеки во поразвиените земји во светот се целосно посветени на
непречен пристап за сите свои корисници и таа своја заложба ја имплементираат преку
адаптирање на своите програми кон лицата со посебни потреби, примена на концептот на
„универзален дизајн“ или „дизајн за сите“ во однос на своите објекти, услуги и веб-страници, а
посебно во однос на употребата на асистивна (помошна) технологија и набавка на материјал
соодветен за различни видови на инвалидитет.




4. Пристап до библиотечните простории, програми, материјали и услуги


Во однос на непречениот пристап до библиотеките за лицата со посебни потреби,
Постојаниот комитет на библиотеки чии корисници се лица со посебни потреби (LSDP) на
ИФЛА (Меѓународната федерација на библиотекарски здруженија и институции) во 2005
година донесе листа за самопроверка (самоевалуација), во која авторите посочуваат на
основните правила за овозможување на лица со различен вид хендикеп да ги користат сите
услуги, програми, материјали и простор на библиотеките, комуникацијата со корисниците и
обезбедувањето на информации за различни корисници47. Оваa листа претставува корисна
алатка за сите видови библиотеки за оценување на нивната моментална пристапност и за
добивање јасна насока за подобрување на условите кога е потребно. Авторите почнуваат од
ставот дека, иако најчесто се потребни финансиски средства за подобрување на пристапноста,
сепак, многу пати многу подобрувања можат да се направат со малку средства или без никакви
средства. Решението треба да се бара во промената на ставот на персоналот и соработката со
самите корисници, но и со организациите на лицата со посебни потреби.




4.1. Физички пристап



47 Irvall, B. and Skat, N., 2005. Access to libraries for persons with disabilities - checklist. International The


Hague: Federation of Library Associations and Institutions;




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
33





Физичкиот пристап опфаќа пристап до самата зграда (објектот) и пристап до
внатершните простории. Места за паркинг за лицата со инвалидитет треба да има доволен
број, јасно да бидат обележани со меѓународниот знак за лица со посебни потреби и да се
блиску до влезот на објектот преку кој е овозможен непречен пристап до внатрешноста на
зградата. Во 2010 со АДА Стандарди за пристапен дизајн се препорачува следниов број места
за лица со посебни потреби:




Табела: АДА Стандард за бројот на паркинг места означени за лицата со посебни потреби48


Вкупен број на места за паркирање
обезбедени на паркинг плацот


Минимален број на пристапни
места за паркирање


1 до 25 1


26 до 50 2


51 до 75 3


76 до 100 4


101 до 150 5


151 до 200 6


201 до 300 7


301 до 400 8


401 д 500 9


501 до 1000 2 проценти од вкупниот број


1001 и над тоа 20, плус 1 на секои 100, или дел од
него над 1000




Влезот (главен или друг наменет за лица со посебни потреби) треба да е осветлен, јасно
означен и со посебна косина за пристап која не треба да биде премногу стрмна и не треба да
биде лизгава. Од двете страни на косината треба да има шини за задржување (ракофати).
Димензиите за рампите се пропишани со стандарди кои задолжителни треба да се почитуваат.
Влезната врата треба да се отвора автоматски и во нејзина близина да биде поставен лесно
пристапен телефон за корисници со оштетен слух.


Во внатрешноста на зградата, исто така, треба да се почитуваат стандардите кои ќе
овозможат непречено движење на лицата кои користат количка за движење, за лицата кои се
движат со помош на одалка, патерици или бел стап и лица кои се придружувани од куче водич.
Потребно е да се обезбеди доволно простор за разминување, како и за свртување на количката
во простор, да нема прагови на влезовите од просториите, да биде обезбеден лифт (јасно
означен, пожелно со пиктографи и со копчиња лесно достапни за лицата во количка, со знаци
на Брајово писмо и со синтетизатор на говор), а скалилата да се означат јасно, со контраст на
бои. Доколку постојат врати од стакло, неопходно е да бидат означени така што лицата со
оштетен вид да можат да бидат предупредени.


Тоалетите треба да се опремени со најмалку еден тоалет соодветен за лица со посебни
потреби, направен по важечки стандарди (доволно простор за манипулација, доволно широка
врата со отворање нанадвор, со држачи, аларм на дофат на рака, мијалник и огледало на
соодветно ниво, и слично).




4.2. Пристап до материјалите и услугите


Правилата за пристап до просториите се надополнуваат со прописите за пристап до
материјалите и услугите во библиотеката. Освен јасно означен план на зградата на јасно
видливо место (препорачливо на самиот влез), знаците за упатување треба да се
недвосмислени, разбирливи и лесни за читање. Новите АДА стандарди, на пример, бараат



48 Department of Justice, 2010. 2010 ADA Standards for Accessible Design. p.65;




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
34





употреба на не сјајна обработка на сите знакови и препорачуваат контраст од 70% помеѓу
основата на знакот и буквите/сликата. Се користат темни букви на светли основи и обратно.
Овие стандарди детално ги пропишуваат стандардите и во однос на големината на
буквите/бројките во однос на пропорциите, како и далечината од која се читаат истите. Во
ревидираните АДА стандарди ново е тоа што знаците за лицата со оштетен вид треба да бидат
соодветни и за оние кои читаат со вид, со оние кои читаат на Брајово писмо и оние кои читаат
испакнати знаци (со забелешка дека само 10% од слепите луѓе знаат да читат Брајово писмо).


Полиците со библиотечен материјал треба да бидат на достап на лицата кои користат
инвалидска количка за движење. Ознаките на полиците кои ја содржат сигнатурата се исто така
знаци кои треба да се во согласност со правилата за јасно означување. Просторот помеѓу
полиците треба да е доволен за поминување на инвалидска количка и без никави пречки на
патот, столовите треба да бидат со цврсти потпирачи за рацете, масите за читање и
компјутерските маси да се со различни висини (или можност за подесување).


Во салите за состаноци, местата за предавања или слично, потребно е да се обезбеди
простор за разминување и простор за лице во количка и негов придружник (резервиран за
лицата со посебни потреби). Во таквите простории се препорачува и поставување на
индуктивен чвор или трансмисиски обрач (англ. induction loop), инсталација која ги отстранува
шумовите од околината и го подобрува квалитетот на слухот, а со тоа им помага на лицата со
оштетен слух.


Препорачливо е поставување на релјефна линија на водење и релјефна линија за
предупредување за да ги насочува или предупредува лицата со оштетен вид или слепите лица
за насоката на движење.


Технологијата игра голема улога во олеснувањето на пристапот до информации за
лицата со посебни потреби. Од едноставна употреба на тастатури кои можат да се адаптираат
за лицата со проблеми со моториката и компјутерски програми со програми за читање на
екранот, зголемување на екранот и читање од екранот - синтетизиран говор; компјутери со
софтвер за проверка на правописот и друг софтвер соодветен за лицата со дислексија, па сè до
користење на помошна технологија (англ. Assistive technology), односно уреди кои можат да им
овозможат на лицата со посебни потреби да ги користат традиционалните библиотечни извори
и услуги. Овие уреди можат да бидат нискотехнолошки, од типот на лупи за зголемување, и
високотехнолошки уреди, како компјутерски програми со голем печат или излезен говор.
Други корисни помагала кои би можеле да се вклучат се: касетофон, CD читачи, скенери,
уреди за репродукција DAISY (Digital Audio Information System), зголемувач со осветлување,
електронички читач или телелупа, препознавач на говор, компјутери со програми за
прилагодување на екранот и софтвер за лица со потешкотии при читање и луѓе со намалени
интелектуални способности, и други.




4.3. Материјали соодветни за студентите со посебни потреби


Секоја библиотека треба да води грижа за набавка на материјали кои се соодветни за
користење на лицата со различни типови инвалидност. Генерално, во својот фонд
библиотеките треба да вклучат електронски книги, аудио книги, весници и перидочни
публикации, книги лесни за читање, книги со крупен печат, книги на Брајово писмо, видео или
ДВД снимки со титлови и/или знаковен јазик.


Секоја група на корисници има различни потреби и треба да се води сметка да се
набавуват материјали кои се прилагодени за корисниците и едноставни за употреба.




4.4. Услуги


Библиотеките не смеат да ги дискриминираат лицата со посебни потреби и треба да
осигураат еднаков пристап до библиотечните ресурси за сите корисници. За да се обезбеди
таков пристап, библиотеките треба да нудат услуги од типот на продолжен рок за враќање,
продолжен рок за резервација на материјали, домашен дотур на библиотечен материјал (дотур




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
35





на материјали на домашна адреса), помош за пребарување по електронска пошта, дотур на
скениран материјал и материјал во електронска форма по е-пошта, обезбеден далечински
пристап до електронските каталози на библиотеката. Понатаму, библиотеката треба да
обезбеди лица-читачи, асистенти за технологија, преведувач за знаковен јазик, радио читање и
слично.


При планирањето, имплементацијата и евалуацијата на библиотечните програми,
услуги и простории, менаџментот задолжително треба да се консултира со организации на
лица со посебни потреби49.




4.5. Комуникација


За да се овозможи непречен пристап до библиотеките не е потребно да се обезбеди
само физички пристап до нив и нивните материјали и услуги, туку треба да се отстранат сите
потенцијални психолошки пречки кои би го спречиле корисникот да ја користи библиотеката.
Освен добри физички услови, персоналот треба да е добро обучен и љубезен, посветен,
трпелив и подготвен да помогне.
Пожелно е да се определи вработен кој ќе е задолжен за лицата со посебни потреби и за
комуникација со организациите на лица со посебни потреби. Тој вработен би претставувал
еден вид медијатор и би ги следел потребите и барањата, би организирал информативни тури
низ библиотеката за лицата со инвалидитет и би се информирал постојано за новитетите и
развојот на технологиите кои би биле од корист за лицата со посебни потреби.
За поголема транспарентност, информациите за пристапот, услугите, материјалите и
програмите достапни во алтернативни формати треба да се јасно достапни - на огласни табли
или табли за информации, дисеминирани до заинтересираните страни, поставени на веб-
страницата на библиотеката.
Самата веб-страница на библиотеката треба да ги следи трендот и принципот на
универзалност во дизајнот. Дизајнот на страницата треба да е логичен и лесен за навигација, да
има можност за зголемување на текстот, менување на фонтот и контрастот, должината на
редовите и просторот помеѓу нив, да дава опција за пребарување и да има можност за паралела
аудио-текст.


5. Истражување




Во 2010 година направено е истражување кое го опфаќа односот на академските
библиотеки во Македонија (факултетски и универзитетски библиотеки) кон лицата/студентите
со посебни потреби, а чии резултати се презенирани на Регионалната конференција под наслов
„Подобрување на пристапот на високото образование за лицата со посебни потреби“50. За
хипотеза е поставено дека академските библиотеки во Македонија не водат доволно сметка за
лицата со посебни потреби и не нудат целосен пристап за оваа група луѓе.




5.1. Методологија


При испитувањето, користен е електронски анкетен прашалник со вкупно 9 прашања,
испратен на 21 испитаник - библиотекар, раководител на библиотеката или директор, односно,



49 Rubin, R. J., 2002. Serving people with disabilities. In: Different Voices, Common Quest: ALA OLOS
Preconference. June 2002. Available at:


<http://www.ala.org/ala//aboutala/offices/olos/outreachresource/docs/people_with_disabilities.pdf> [Accessed 9


May 2012];
50 Petrinska, R., 2010. Academic Libraries and Patrons with Disabilities. In: Regional JFDP Alumni


Conference: Enhancing Accessibility of the Higher Education to the Disabled. Skopje/Ohrid, 22-24 November


2010;




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
36





по еден испитаник по институција. Од испратените прашалници до 21 институција, 2 не биле
примени (адресите се промениле), а одговориле 12 лица - вкупно 63% од испитаниците.




5.2. Резултати


Резултатите покажале дека 58,33% од институциите имале или имаат корисници со
посебни потреби, од кои 55% лица со физички инвалидитет, 15% лица со оштетен слух (глуви
и наглуви) и по 10% од лица со оштетен вид (слабовидни и слепи лица), лица со пречки во
гласот, говорот и јазикот и дислексија.


Дури 75% од библиотеките немале остварено контакти со организации на лица со
посебни потреби, додека само во 16,67% од библиотеките бил одржан семинар, обука или
предавање за библиотечни услуги и програми за лица со посебни потреби.


Во однос на физичкиот пристап до институциите 58,33% од академските библиотеки
имаат овозможено пристап за лицата со посебни потреби, од типот на врати на сензор, косини,
посебни места за паркирање и слично. Што се однесува, пак, до обезбедувањето пристап до
библиотечни програми и услуги, него го обезбедиле 41,67%. Од вкупниот број испитаници,
16,67% се изјасниле дека имаат во своите фондови материјали соодветни за лица со посебни
потреби како што се: електронски книги, аудио книги, книги на Брајово писмо, видео
материјали, книги со крупен печат и др.


Посебно е важно да се нагласи дека најголем дел од испитаниците, дури 83%, сметаат
дека лицата со посебни потреби не се воопшто интегрирани во високообразовните институции,
а останатите 18% сметаат дека не се доволно интегрирани.




5.3. Заклучок од истражувањето




Од резултатите добиени од истражувањето може да се заклучи дека академските
библиотеки во Македонија не обезбедуваат доволна поддршка за корисници со посебни
потреби, што укажува на тоа дека постои форма на индиректна дискриминација кон оваа
категорија на лица.




6. Заклучок


Како последица на слабите напори вложени во подобрувањето на пристапноста на
библиотеките, односно пристапот до библиотечните простории, материјали, услуги и
програми, во библиотеките во Македонија, поретко можат да се сретнат лица со посебни
потреби како вработени и како корисници. Тоа не значи дека лицата со посебни потреби во
Македонија се ретки, туку дека библиотеките не ги прилагодиле своите простории и услуги за
сите корисници. Затоа, неопходни се итни мерки за подигање на свеста кај библиотечниот
кадар за овој проблем и подигање на јавната свест токму од страна на библиотекарите.
Препорачливо е организирањето на јавни дебати, конференции и собири од областа на
библиотекарството на оваа тема, но и поголем притисок до институциите на државата за
создавање стандарди за пристапноста на библиотеките во Република Македонија.






Цитирана литература:
1. Commonwealth Consolidated Acts, 1992. Disability Discrimination Act. [online] Available


at: <http://www.austlii.edu.au/au/legis/cth/consol_act/dda1992264/> [ Accessed 8 May


2012];


2. Council of Europe Resolution ResAP(2001)3 towards full citizenship of persons with
disabilities through inclusive new technologies. [online] Available at:


http://portal.unesco.org/ci/en/ev.phpURL_ID=25123&URL_DO=DO_PRINTPAGE&URL_S


ECTION=201.html [Accessed 8 May 2012];




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
37





3. Department of Justice, 1990. Americans with Disabilities Act. [online] Available at:
<http://www.ada.gov/archive/adastat91.htm> [Accessed 8 May 2012]


4. Department of Justice, 2010. 2010 ADA Standards for Accessible Design. [online]
Available at: <http://www.ada.gov/2010ADAstandards_index.htm> [Accessed 8 May 2012];


5. European Commission, 1996. European concept for accessibility. [online] Available at:
<http://www.eca.lu/index2.php?option=com_docman&task=doc_view&gid=2&Itemid=26>


[Accessed 8 May 2012];


6. Irvall, B. and Skat, N., 2005. Access to libraries for persons with disabilities - checklist.


International The Hague: Federation of Library Associations and Institutions;


7. Petrinska, R., 2010. Academic Libraries and Patrons with Disabilities. In: Regional JFDP


Alumni Conference: Enhancing Accessibility of the Higher Education to the Disabled.


Skopje/Ohrid, 22-24 November 2010;


8. Rubin, R. J., 2002. Serving people with disabilities. In: Different Voices, Common Quest:


ALA OLOS Preconference. June 2002. Available at:


<http://www.ala.org/ala//aboutala/offices/olos/outreachresource/docs/people_with_disabilities


.pdf> [Accessed 9 May 2012];


9. United Nations, 2006. Convention on the Rights of Persons with Disabilities and Optional
Protocol. [online] Available at:


<http://www.un.org/disabilities/documents/convention/convoptprot-e.pdf>[Accessed 8 May


2012];


10. United Nations General Assembly, 1993. The Standard Rules on the Equalization of


Opportunities for Persons with Disabilities (A/RES/48/96). [online] Available at:


<http://www.un.org/esa/socdev/enable/dissre00.htm> [Accessed 8 May 2012];


11. World Health Organization, 2012. Disabilities. Health Topics. [online] Available at:


<http://www.who.int/topics/disabilities/en/> [Accessed 8 May 2012];


12. Библиотекарско здружение на Македонија Етички кодекс на библиотекарите во


Република Македонија. Достапно на:


<http://bzm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=47%3A2011-05-13-


12-35-50&catid=5%3A2011-04-29-10-10-08&Itemid=3&lang=en> [Пристап: 8 мај 2012];


13. Закон за градење. Службен весник на Република Македонија, 130/09;


14. Закон за просторно и урбанистичко планирање. Службен весник на Република


Македонија, 51/05;


15. Закон за спречување и заштита од дискриминација. Службен весник на Република


Македонија, 50/2010;


16. Правилник за начинот на обезбедување на непречен пристап, движење, престој и


работа на лицата со инвалидност до и во градбите. Службен весник на Република


Македонија, 25/2010;


17. Устав на Република Македонија. Службен весник на Република Македонија, 52/1992.





















Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
38











Меѓународната соработка на НУУБ
„Св. Климент Охридски“ – Битола




Анета Стефановска, библиотекар советник
НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола








Во рамките на својата дејност, НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, последните
неколку години континуирано, активно и содржајно е присутна во меѓународната соработка и
размена со повеќе градови и држави од Европа и пошироко. При тоа потпишани се бројни
договори и спогодби за меѓународна соработка преку меѓусебна размена на публикации и друг
вид библиотечен материјал, а особено значајни се размената на стручни и научни како и
практични искуства во областа на библиотечното работење.


He помалку значајно е и програмското претставување на нашата установа, Општината
Битола и Република Македонија преку претходно подготвени мултимедијални програми -
оригинални аудио и видео презентации, изложби и промоции на книги - изданија на НУУБ
„Св. Климент Охридски“ - Битола, роднокрајни автори, претставници од македонската
книжевност и културното наследство воопшто. Тоа остава особен впечаток, предизвикува и се
проследува со посебен интерес од страна на нашите соработници. Сето тоа имавме можност да
го почувствуваме и препознаваме во непосредните меѓусебни контакти, разговори и
спроведени презентации.


Сето тоа за нас беше додатен мотив, затоа и продолживме тоа да го практикуваме.
Меѓу позначајните меѓународни соработки би ги издвоила: Учеството на трите
конгреси на IFLA во Милано, Италија; Гетеборг, Шведска и Сан Хуан, Порто Рико;


Членството и учеството на Симпозиумот на Балканските библиотеки во Едрене,
Турција;


Воспоставената соработка со библиотеки од Амстердам, Холандија; Вроцлав, Полска;
Сплит, Задар и Дубровник, Хрватска; Едрене и Истанбул, Турција; Софија и Пловдив,
Бугарија; Корча, Албанија; Москва, Русија; Барселона, Шпанија и др.


ИЗУМ, Марибор, Словенија, каде сме учествувале во повеќе наврати на повеќе стручни
усовршувања, семинари и конференции од областа на библиотекарството и програмата
COBISS, која сме ја имплементирале и ја користиме во секојдневната работа на нашата
Установа.
Од оваа сфера на нашите активности, располагаме со соодветен солиден фонд на фото,
аудио и пишуван материјал кој сме го презентирале преку разни форми на медиумско
претставување, изложби, извештаи и сл. Сето тоа нѐ поттикна и придонесе да се подготви и
издаде DVD издание и монографска публикација за досегашната меѓународна соработка, а оваа
значајна дејност, која е веќе неопходна потреба во денешните современи процеси на
библиотечно работење, да прерасне во Сектор за меѓународна соработка во рамките на нашата
организациона и програмска работа со сите соодветни сегменти за нејзино понатамошно
соодветно и успешно спроведување.


Ефектите од дејноста на меѓународен план, од практикувањето и реализирањето на
проектите за меѓународна соработка, полека, но со сигурност, почнаа да се чувствуваат. Тоа е,
впрочем, влог на подолг рок во идниот период. Така, досега сме имале неколку возвратни
посети на претставници од познати библиотеки со кои сме воспоставиле меѓународна
соработка со програмски содржини организирани и претставувани во нашата институција. Од
посетите на амбасадорите на странските држави во Р. Македонија, во последно време нај
интензивна е соработката со Австриската амбасада, преку која се планирани повеќе проекти од




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
39





областа на библиотечната и воопшто во културната дејност, посета на претставници од
Конгресната библиотека од Вашингтон во врска со процесите за дигитализирање на
библиотечниот материјал и понудата за апликација за членство во меѓународната дигитална
библиотека, посета на претставникот, односно потпретседателот од OCLC, посета на
претставници и делегации од повеќе држави во Европа со посредство на конзуларните
претставништва од Битола и др.


На крајот да заокружиме, да истакнеме и да констатираме дека меѓународната
соработка е многу значаен сегмент во развојот на библиотечната дејност со оглед на
глобализацијата на информациите во меѓународни - светски рамки и нивната размена е сѐ
поинтензивна.


Преку меѓународната соработка се врши и се добива размена на искуства во сите
области и сектори од библиотекарството во врска со новите и современи процеси на работење
и нивна соодветна имплементација и практична примена, следење и усовршување на
техничката опрема за поуспешно и современо практикување на библиотечното работење и
неговиот развој како незапирлив процес.


Истовремено се збогатува фондот со библиотечен материјал, особено со странска - туѓа
литература, a се овозможува присуство на македонска литература во фондовите на странските
библиотеки, се врши презентација и популаризација на македонската книжевност и севкупното
книжевно и културно наследство на Установата, Општината и нашата држава. Воедно, преку
меѓународната размена и соработка, се разменуваат покани за научни средби во повеќе форми
- семинари, симпозиуми и слично, со цел преку научни презентации и стручни мислења да се
придонесе за натамошниот развој на библиотечната дејност.































































Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
40

















РОДНОКРАЈНАТА БИБЛИОГРФИЈА – ПРОЕКТ НА ПРЕДИЗВИК И ЗАДОВОЛСТВО


Јоланда Бошевска, библиотекар советник
НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола






Посебна чест за нас кои работиме во секторот Роднокрајна библиографија е што
изворот и темите се од градот Битола, весниците, настаните, установите и личностите кои
твореле на ова специфично поднебје кое со својата историја, традиција и интелектуална
гордост оставила печат во историјата на Балканот. Битолскиот весник беше предизвик за
првите десет години од нашата работа, изборот на важни настани по лично убедување до
презаситеност, но и задоволство кога работата е завршена затоа што е опфатен поголем период
и целта е постигната. Не знаеме од кого да очекуваме благодарност од завршената работа, дали
новинарите на Битолски весник ќе бидат задоволни со нашата работа, не знаеме, но
реализирањето на нашиот проект ни влева надеж дека сме направиле нешто добро за нашиот
град, а можеби некогаш некој ќе знае тоа да го цени.


Ретроспективната библиографија на Битолски весник е изработена во четири свески. За
првпат во Македонија беше изработена библиографија на еден локален весник во кој изборот
на статии е селективен. Обработени се статии од општественото и економското, културното
живеење, спортот. Првата свеска на ретроспективната Роднокрајна библиографија на Битолски
весник излезе од печат 1993 година и опфаќа период од десет години (1964-1974). Втората
свеска опфаќа период од 5 години (1975)... Библиографската граѓа во свеските е подредена
според УДК (Универзална децимална класификација). Библиографските единици се подредени
азбучно. Библиографиите содржат регистри на автори, регистри на наслови и предметен
регистар.
Како втор универзитет во Македонија, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во
Битола стана наша втора цел на која работевме и порано, кога по повод 45-годишниот јубилеј
на Библиотеката и 30 години постоење на Друштвото за наука и уметност од Битола го
публикувавме Прегледот на докторски дисертации и магистерски трудови на научни
работници од подрачјето на Битола, одбранети во универзитетите во земјата и странство
во периодот од 1955 – 1990 година. Во Прегледот се застапени 57 докторски дисертации и 128
магистерски трудови на научните работници кои живееле или дел од својот работен век го
поминале на подрачјето на Општината Битола. Податоците внесени во Прегледот беа добиени
по пат на анкетирање и директни контакти со авторите. Покрај абецедниот попис на
библиографските единици, Прегледот содржи повеќе видови на регистри.


Специјалната Библиографија на Универзитетот Св. Климент Охридски 1979-1999,
претставува дел од нашето повеќегодишно истражување. Во 1180 библиографски единици
истражени во голем број македонски изданија на весници и списанија, како и монографски
публикации од издавачката дејност на Универзитетот опфатена е целокупната дејност на
Универзитетот и неговите институции, факултети, научни институти, наставна работа,
општествено-политичкиот и културен живот, студентски домови, здруженија и други дејности.
Библиографската граѓа во оваа свеска е подредена според УДК, а библиографските единици се
подредени азбучно. Библиографијата содржи Регистар на имиња, Регистар на стварни наслови
и Предметен регистар со кои се олеснува пристапот до потребната информација.


Не со помала важност, но секако на огромно задоволство на библиотекарите на кои
нашата библиотека им била судбина, на оние кои ги очекуваат пензиските денови, а посебно на
оние кои твореле во истата, е Библиографијата на Националната установа-универзитетска




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
41





библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола: 1945-2008, која претставува преглед на
историскиот развој на Библиотеката пред основањето и основањето како Градска библиотека,
нејзиното преименување во Матична и универзитетска библиотека како и периодот на
осовременување и автоматизација на библиотечните процеси и нејзино прераснување во
Национална установа. Истражени се и стручно обработени 930 библиографски единици од
голем број македонски и некои странски весници и списанија. Извлекувани се податоци од
Летописната книга на Библиотеката (обработени како некнижна граѓа), електронски извори на
веб страници, ЦД, ДВД и др. Бројот на стручно обработени библиографски единици и обемот
на истражената граѓа не се во пропорционален сооднос, пред сѐ што во почетните години од
нејзиното постоење, па и во некои други периоди, активностите на Библиотеката не биле
регистрирани од страна на битолските известувачи во македонските и други дневни весници и
списанија. Библиографијата тематски ја опфаќа дејноста на Библиотеката во два дела: статии
во весници, списанија и прилози и Прилог од фотокопии, фотографии од поважни настани од
работата на Библиотеката. Библиографијата содржи Регистар на автори, Регистар на наслови и
Предметен регистар.


Секторот Роднокрајна библиографија при НУУБ „Св.Климент Охридски“ започна со
изготвување на еден друг вид библиографија во која е опфатен контактот со ретките личности
кои целиот свој живот го вградиле во творештво и научна дејност, инспирирани од Битола и
битолчани, од животот и традицијата, од чаршијата, Корзото и Тумбе Кафе, од Пелистер и
свежината на убавите битолски моми. Во рамките на Едицијата Познати личности,
реализирани се три авторски, односно персонални библиографии посветени на роднокрајни
автори, значајни личности од нашиот град кои со својата работа и творештво оставиле белег
во културниот и општествен живот не само на нашиот град, но и во државата и пошироко од
овие простори.


Во 2004 година беше реализирана првата персонална библиографија посветена на
Владимир Костов. Идејата за нејзино изготвување произлезе од прославувањето на 70 години
живот и творештво на еден од најплодните македонски прозаисти кој целиот творечки опус го
посветил на градот Битола. Истражени се голем број македонски, југословенски и некои
странски сериски и периодични списанија како и некои не публикувани ракописи на авторот
(обработени како некнижна граѓа). Библиографијата содржи 589 библиографски единици,
азбучно подредени според презимето и името на авторот, или според насловот на статијата,
доколку е анонимна. Библиографијата содржи Регистар на автори и Регистар на наслови.
Карактеристично за овој вид на библиографија е посебно пагиниран био-библиографски
прилог на фотокопии од статии и прилози, како и фотографии од животот и работата на
авторот.


Во 2007 година Библиотеката ја изготви Библиографијата за проф. д-р Вера Стојчевска-
Антиќ, истакнат научник од областа на македонската средновековна литература. Оваа
библиографија зборува за нејзината активност и дела кои се познати во Р. Македонија и
надвор од неа. Како професор оспособила голем број научни кадри во нејзината област и, што
е најважно, таа никогаш не ја заборавила својата Битола. Библиографијата е посветена на
нејзиниот живот и творештво. Истражувани се голем број македонски, југословенски како и
некои странски периодични и сериски публикации, како и монографски публикации застапени
во фондовите на Библиотеката и во архивата на МАНУ-Скопје. Истражени се и стручно
обработени 805 библиографски единици, подредени азбучно. Библиографијата содржи
Регистар на наслови и Регистар на автори, како и посебно пагиниран био-библиографски
прилог на фотокопии од статии, прилози и фотографии од животот и работата на проф. д-р
Вера Стојчевска-Антиќ.
Во 2010 година Персоналната библиографија за Ѓорѓи Димовски - Цолев е изработена
по повод 80 години од неговиот живот и творештво. Познат како „хроничар на градот Битола“
и „жива енциклопедија на Битола“, професорот по историја објавил голем број научни дела,
статии и монографски публикации за настаните пред и по Илинденското востание, Втората
светска војна. Автор е на голем број истории и историски читанки, како и книгата за
битолските Евреи. Истражени се и стручно обработени 414 библиографски единици, азбучно




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
42





подредени. Содржи регистар на автори и регистар на наслови, како и посебно пагиниран
прилог од фотокопии на статии и прилози.
Ние индиректно ја презедовме улогата во име на Небото да им возвратиме барем малку
за големата љубов кои тие во текот на животот ја посветиле и посветуваат на Битола и
битолчани, а тие ни возвраќаат со голема радост и задоволство што не можат да бидат скриени
кога ја изразуваат својата благодарност што некој мислел на нив.


И, понатаму, се прашуваме: Што е сега на ред? Кој е нашиот следен проект? Зошто
некој нѐ запира во нашите идеи? Се замислуваме, можеби, пак, тоа не е вистинскиот избор!? И
сѐ така додека повторно не се отвори патот за проектот за кој не сме биле свесни дека нѐ чека.

























































































Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
43





УДК 01:027.54(497.774)


Некои искуства од работата на Роднокрајните библиографии во Нацоналната установа –
Универзитетска библиотека„Св. Климент Охридски“-Битола




Цветанка Дамјановска, библиотекар советник
НУ УБ „Св.Климент Охридски“-Битола




Клучни зборови: Роднокрајна библиографија, Битола, Сектор Библиографиии


Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола во
почеток на своето оформување не изготвувала библиографии, кои како почетна фаза во
научно-истражувачката работа, имаат посебно место, зашто во нив се попишани и класирани
публикациите и текстовите наменети за пошироката јавност.


Во далечната 1982 за прв пат се формира Библиотечно-библиографски информативен
оддел за потоа, во 1986 година, истиот да прерасне во Бибиблиографски оддел.
По бројните консултации со Библиографскиот оддел при НУБ „Св. Климент Охридски“
– Скопје се отпочна со работа. Најнапред беше изготвен и објавен „Прегледот на докторски и
магистерски трудови“ на научни работници од подрачјето на Битола одбранети на
Универзитетите во земјата и странство во периодот од 1955-1990 .


Пред да се пристапи кон изготвување на Ретроспективна библиографија беа
дефинирани и истражени периодите во кои излегувале бројни весници и списанија во Битола
како важен политички и културен центар и тоа:


 Периодот до 1912 година, односно Турскиот период, кога биле издадени окулу 20


наслови на турски, албански, француски, грчки и бугарски јазик;


 Периодот од 1913-1944 година кога излегувале околу 30 весници и списанија претежно


на српски јазик;


 Периодот од 1944 -1984 година кога излегувале повеќе од 60 весници и списанија на


македонски јазик.


За да се истражи и пронајде овој богат публицистички материјал беа потребни многу
средства, затоа Одделот реши да го истражи поновиот период во кој материјалите беа
подостапни, односно истите можеа да се обработат „де визу“. Целиот свој капацитет и
ентузијазам го усмери кон обработката на ретроспективната библиографија на „Битолски
весник“ (1964-1985), св. 1. Со изготвувањето на оваа библиографија, библиотеката во Битола
беше прва која целосно обработува еден весник, со сите свои содржини, почнувајќи од
општествениот, политичкиот, економскиот, културниот и спортскиот живот на еден град во
Република Македонија. Исто така, за прв пат во библиотеката беше воведен Предметниот
регистар во обработка на една публикација. Од 1986 година библиографиите целосно се
изготвуваат со програмска подршка КОБИСС(COBISS-Kooperativni online bibliografski sistemi
in servisi).


Со текот на времето Одделот ги збогати своите содржини и почна со изготвување на
разни видови специјални библиографии и тоа:




Ретроспективни


 Статии од Битолски весник, досега се издадени 4 свески што го опфаќаат периодот од


првиот број на Битолски весник од 1964 година, заклучно со 2000 година;


 Библиографија на Универзитетот во Битола (1979-2003);


 Библиографија на Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент


Охридски“ (1945-2008).




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
44





Авторски, односно персонални библиографии


 Владимир Костов 2004;


 Вера Стојчевска-Антиќ 2007;


 Ѓорѓи Димовски-Цолев 2010;


 Радован П.Цветковски, во подготовка.


Исто така, за овој оддел посебно треба да се истакне дека во своето работење
применува и нови содржини во селектирање и обработка на библиотечен материјал, ЦД и
ДВД-ромови, се со цел да даде придонес во откривањето и заштитата на непроценливото
богато културно наследство на Република Македонија. Во периодот од 2007 до 2009
година изготви два проекти со работен наслов: Заштита на стари книги и ракописи во
Битола и Битолско од кои произлегоа два проекти и тоа:


 Од ризницата на стари книги во битолските цркви ЦД-РОМ 2007;


 Од ризницата на стари книги во црквите во Битолско ДВД-РОМ 2009.


Во првиот проект се истражени богатите фондови на библиотеките во градот Битола и
тоа:


 Библиотеката „Св. Јован Богослов“ при Митрополијата со 552 вредни црковни книги од


кои најстарата потекнува од XVI век, а поголемиот број на црковни книги се печатени


во осумнаесети и деветнаесети век, на повеќе јазици: црковнословенски, грчки,


романски и др.;


 Црквата „Свети Великомаченик Димитриј“ со библиотека која е сместена во црковната


зграда и располага со богат фонд на црковни книги напишани на повеќе јaзици од кои


се истражени 275 црковни книги, од кои најстарата датира од 1817 година;


 Во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ се истражени 93 црковни книги, а во


Црквата „Св. Недела“ 48 книги.


Во вториот проект се истражени 13 села со 15 цркви во битолскиот крај. Тоа се селата
Барешани, Брусник(2), Буково(2), Велушина, Граешница, Добрушево, Драгош, Караорман,
Крстоар, Чарлија. Најстарата книга со наслов „Нов завет“ се наоѓа во цркавата
„Великомаченик св. Димитриј“ во с.Буково, а датира од 1743 година.


Во ЦД, односно ДВД ромомовите се застапени:


 Податоци за секоја црква, просторните можности, информации за состојбата на


библиотеките или просториите во кои се сместени црковните книги, певниците или


олтарите;


 Каталог на стари книги во кои хронолошки се поместени книги кои имале важност за


градот Битола и селата, како и црковни богослужбени книги со дефиниции за видот на


истите;


 Преглед на некои стари книги со целосен библиографски опис и препорака за нивната


заштита;


 Галерија на поважните црковни книги.


Денес секторот Библиографии има 3 вработени, од кои 2 од неодамна добија звања
библиотекари советници и еден виш библиотекар. Сите библиотекари работат како
синхронизиран тим кој успешно ги продуцира и финализира своите проекти.


Овој оддел со својата активност и квалитет во работењето се повеќе се приближува до
европските критериуми и стандарди, до современото библиотечно работење.





Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
45





ИЗДАВАЧКАТА ДЕЈНОСТ ВО ЈОУ ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“
ПРИЛЕП


ВО 2007, 2008 2009 И 2010 ГОДИНА


д-р Наде Караџоска,
библиотекар - советник




ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ Прилеп е една од ретките библиотеки која
може да се пофали со богата издавачка дејност.


Во последните неколку години од печат излегоа неколку вредни публикации кои се од
големо значење за градот Прилеп и општината, но и пошироко.
Во 2007/2008 година од печат излезе монографско-библиографското издание
„Шахот во Прилеп“ од д-р Наде Караџоска.


Рецензенти на оваа публикација се проф. д-р Добри
Петровски и примариус д-р Благоја Дамески.


Книгата е составена од два дела: монографски и
библиографски. Монографскиот дел го опфаќа периодот помеѓу
двете светски војни кога шахот за првпат почнува да се игра во
Прилеп, и тоа најпрво во занаетчиските дуќани, особено во
берберниците, за потоа да се пресели во културните домови и
библиотеките. Претставени се и автобиографските портрети на
најзначајните прилепски шахисти, рангирани и подредени по
Рејтинг-Елов систем, почнувајќи од титулата велемајстор, па с до
кандидат мајстор. Шаховските имиња од Прилеп го афирмирале
шахот и шаховската игра не само во Македонија, туку и
пошироко во светот.
Вториот дел од оваа публикација содржи хронолошка библиографија во која се
обработени статии и прилози од дневниот печат, весникот „Нова Македонија“ (во периодот од
1955-2000 год) и локалните весници „Народен глас“ (во периодот од 1965-2000) и „Тутунски
лист“ (од 1972-2000 година).
Комплетната граѓа содржи вкупно 1616 библиографски единици, а секоја
библиографска единица содржи:


- реден број и
- библиографски опис работен по меѓународни стандарди на ИСБД-е систем, а некои од


библиографските единици содржат и анотација која ги дополнува и толкува елементите од
главниот опис и дава информација за содржинските карактеристики на опишаната единица.


Со излегувањето на оваа публикација се пополнува една голема празнина во историјата
на спортот во Прилеп, со што ќе се спасат од заборав сите шаховски имиња, настани и
натпревари поврзани со оваа древна игра.


Промоцијата на оваа книга беше на 26.02.2009 заедно со свеченото отворање на
големата шаховска табла во Прилеп.






Во 2008 година од печат излезе и зборникот на трудови „Поетско
Маркукуле кој се одржува секоја година под Марковите кули во месноста
кај Слонот на Тронот.Таа манифестација е во соработка со Градската
библиотека, Локалната самоуправа и Македонското словенско друштво
Пела.







Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
46





Во 2009 год од печат излезе публикацијата „Прилепскиот ликовен феномен“ - монографија
за прилепските ликовни уметници. Во ова издание на 232 страници застапени се биографски
податоци на сто и педесет уметници и други личности кои биле блиски до ликовната уметност
или се заслужни за ликовниот развој на Прилеп од почетоците на ликовната уметност до денес.


Тековите на ликовната уметност во Прилеп се воопштуваат и
како метафора за севкупниот развој на творештвото. Ликовната
уметност е поврзана и со други уметности, што од дамнешни времиња
во Прилеп се надополнуваат и изедначуваат, до идентификација и
кодификација на една светска култура.


Во шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век
Прилеп го носеше епитетот град на уметници (или град на уметноста).
Овој епитет е изворен и лесно се докажува, особено по Втората
светска војна, во новонастанатата македонска држава на творечки
план (книжевен, ликовен, музички, театарски и др.), кога прилепските
творци биле со изградена свест за естетското и духовното и, се
разбира, заедно со другите од просторите на Македонија, ги
зацврстија традициско-судбинските поврзаности со творештвото од
дамнина.






Кон крајот на декември 2009 год. како подлисток во
локалниот весник „Зенит“ излегува прилогот „Библиосвет“
во кој се презентирани активностите на библиотеката во период од
едно шестмесечје. Овој подлисток излегува два пати годишно.
















Третата публикација која излезе од печат кон крајот на 2009 и почетокот на 2010 е био-
библиографијата за познатиот уметник Борко Лазески од д-р Наде Караџоска.


Ова издание е дел од проектот „Борко Лазески 90 години раѓање“ одобрен и
финансиран од Министерството за култура, а во организација на НУ Завод за заштита на
спомениците на културата и Музеј - Прилеп, Друштво за наука и уметност и ЈОУ Градска
библиотека „Борка Талески“-Прилеп.


Овој проект опфати неколку активности меѓу кои:
-Тркалезна маса во сеќавање за Борко Лазески;
-Изложба на негови дела со изработка на каталог;
-Изработка на био-библиографија „Борко Лазески“.


Ова издание е составено од два дела:
-биографски и
-библиографски.


Биографскиот дел е застапен на оклоу 85 страни и
претставува фактографски приказ на важните моменти и циклуси од
неговиот живот, од неговото ликовно творештво во најразлични
периоди. Неговата животна приказна е одраз на едно време, време во
кое творел уметникот но, тоа не завршува тука, затоа што за
уметникот се пишува и постхумно.
Во био-библиографијата се вклучени монографски




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
47





публикации, статии и прилози од периодични и сериски публикации, репродукции, каталози,
фотографии и др., издадени во Р. Македонија и надвор од неа, од почетокот на творењето на
авторот до 2008 год.


Био-библиографијата содржи 1214 библиотечни единици и Регистар на автори и
аноними во кој се застапени имињата на лица кои учествувале во творењето на содржините во
вклучената библиографска граѓа и истата е подредена хронолошки. Во публикацијата се
застапени и репродукции од неговите позначајни дела, како и некои прилози од домашни и
странски весници и списанија.




Во почетокот на март 2010 излезе од печат книгата „Водич низ
ЈОУ Градска библиотека `Борка Талески`“ од д-р Наде Караџоска
со превод на англиски јазик. Во него, со голем број фотографии е
претставена библиотеката, нејзиниот развој, организациската
поставеност, активностите и др.




















Книгата „50 години Политичка карикатура“ од Живко
Козар излезе од печат летото 2010 год.Оваа публикација од
основоположникот на македонската политичка карикатура
Живко Козар содржи над 200 карикатури објавувани во
неколку дневни весници и списанија во текот на неговата
богата творечка кариера.


















„Прилепчани, XX век - Енциклопедиски именик“ од м-р.
Славчо Ковилоски. Ова беше заеднички проект на ЈОУ Градска
библиотека „Борка Талески“ - Прилеп и списанието „Современост“
од Скопје.





















Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
48





„Перото на прилепските новинари“ од Драги Драгољуб
Башески - монографија посветена на прилепските новинари кои живееле
во Прилеп и Прилепско. Станува збор за личности од областа на
новинарството кои заземаат видно место, како во прилепското така и во
македонското новинарство.


















„Македонија - кратка енциклопедија револуционери“ од м-р
Славчо Ковилоски. Ова издание содржи биографии со фотографии на
триста македонски револуционери кои дале придонес во
револуционерното движење на македонскиот народ.




















„Манастирските библиотеки во Прилеп и Прилепско“ од Магда
Василеска и соработниците: Александар Василески, Марија Пажеска и
Илијоска Благица.
Ова издание н запознава со манастирските библиотеки во
Прилеп и Прилепско кои со возобновувањето на монашкиот живот во
манастирите повторно функционираат.












„Менаџмент во библиотеките“ од д-р Наде Караџоска. Во оваа
публикација авторот ги презентира неопходните елементи и аспекти за
примената на менаџментот во библиотечното работење.























Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
49





РЕЗИМЕ


Во 2007/2008 и 2009/10 година библиотеката „Борка Талески”“Прилеп ги издаде следните
изданија:


- „Шахот во Прилеп“- монографско-библиографско издание од д-р Наде Караџоска;
- „Поетско Маркукуле“ – зборник на песни;
- „Прилепскиот феномен“ - монографија за ликовните уметници од Прилеп;
- „Библиосвет“-Подлисток на библиотеката во локалниот весник „Зенит“;
- Биобиблиографија „Борко Лазески“ од д-р Наде Караџоска;
- „Водич низ ЈОУ Градска библиотека `Борка Талески`“ – Прилеп од д-р Наде Караџоска;
- „50 години Политичка карикатура“, Живко Козар;
- „Прилепчани XX век - Енциклопедиски именик “од м-р. Славчо Ковилоски;
- „Перото на прилепските новинари“ од Драги Драгољуб Башески;
- „Македонија-кратка енциклопедија револуционери“ од м-р СлавчоКовилоски;
- „Манастирски библиотеки во Прилеп и Прилепско“ од Магда Василеска;
- „Менаџмент во Библиотеките“ од д-р Наде Караџоска.




SUMMARY




In 2007/08 library „Borka Taleski“ Prilep was the publsher of the foloving works:
- „The Chess in Prilep“ - monographical and bibliographical edition from d-r Nade Karadzoska;
- „Poetical Marco’s Towers“ – collection of books;
- „The Phenomenon of the Prilep“ - monography of Prilep artists;
- Library-world – annex of the library, in the local newspaper „Zenit“;
- Biobibliography of Borko Lazeski from d-r Nade Karadzoska;


- „A Guidebook through PMI City Library `Borka Taleski`” – Prilep by d-r Nade Karadzoska;
- „50 years of Political caricature“ Zivko Kozar;
- „Citizens from Prilep - 19th century“ - Encyclopedic register by m-r Slavco Koviloski;
- „The pen of the Prilep’s journalist“ by Dragi Dragoljub Bashevski;
- „Macedonia the short encyclopedia of revolutionary“ by m-r Slavcho Koviloski;
- „Monastery Libraries in Prilep and its region“ by Magda Vasileska;
- „Management of the libraries“ by d-r Nade Karadzoska.







































Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
50





СВЕТСКИОТ ДЕН НА КНИГАТА И АВТОРСКОТО ПРАВО
23 АПРИЛ - ПРАЗНИК ЗА СИТЕ НАС




Елена Никодиновска
НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје




На предлог на Шпанија, во ноември 1995 година УНЕСКО на пленарната седница на
Генералната конференција во Париз го прогласи 23 април за Светски ден на книгата и
авторското право. Од тој датум, со голем ентузијазам и посветеност, голем број институции и
поединци од целиот свет го прифатија овој ден како мошне значаен и се вклучија во
чествувањето на книгата.
Тоа беше случај и со нашата држава, Република Македонија која од самиот почеток се
вклучи преку Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ и
Библиотекарското друштво на Македонија. Веднаш потоа, славењето на книгата го прифатија
и поголем дел од библиотеките ширум земјата на мошне инвентивен и специфичен начин.
Обележувањата поврзани со овој датум и празнување се и своевиден омаж и станаа
како заштитна марка на оваа манифестација. Секоја година, со новото прославување, ние се
навраќаме во историјата и на обичаите: на 23 април се родиле или умреле низ вековите многу
познати писатели како Шекспир и Сервантес. Со секоја книга се подарува и роза. Стар
каталонски обичај кој ги има корените во легендата за Свети Ѓорѓи и ламјата: Во едно царство
се појавила ламјата на која требало редовно да ѝ се дава жртва. Ѝ дошол редот и принцезата да
биде жртвувана. Но, тогаш се појавил Свети Ѓорѓи на коњ и ја убил ламјата. Од крвта која се
пролеала на земјата се појавила една црвена роза што тој ја скинал и ѝ ја подарил на
принцезата. Поттикнати од оваа глетка мажите почнале да им подаруваат рози на жените, а тие
пак, на мажите книги како израз на љубов.
Ете и ние, веќе седумнаесетина години, на 23 април читаме пораки за книгата и
авторското право што ни ги упатуваат генералните директори на УНЕСКО, досега: Федерико
Мајор, Коичиро Мацура, Ирина Бокова, во кои се вели дека „книгите се основно средство како
пристап до вредностите, мудроста, естетското чувство и човечката имагинација. Како прозорец
кон различноста на културите и мост помеѓу цивилизациите, надвор од времето и просторот“
или дека „книгите заслужија да имаат свој ден како симбол на слободата, солидарноста и
мирот“.
Тука се и нашите традиционални национални пораки напишани од врвни македонски
писатели и поети кои се преведуваат и испраќаат во УНЕСКО. Првата беше напишана од
неодамна починатата поетеса Вера Христова Јоциќ, а прочитана од нашиот голем актер Ненад
Стојановски, а годинашнава ја напиша добитникот на наградата Балканика, писателот
Александар Прокопиев. Потоа, за книгата, во изминатите години се нижеа беседите на Томе
Арсовски, Михаил Ренџов, Анте Поповски, Горан Стефановски, Јордан Плевнеш, Гане
Тодоровски, Гоце Смилевски, Венко Андоновски, Пајо Авировиќ, Димитар Башевски, Матеја
Матевски...
Поводот и сериозниот пристап кон книгата придонесе овој празник да се очекува со
радост. На тој ден холот на НУБ „Св.Климент Охридски“ се полни со книги, рози, убави
мисли, музика, аниматори и, пред сѐ, со љубители на книгите кои си заминуваат исполнети и
со книга и со цвет в рака. Дружењето со писателите на овој ден е еден прекрасен спој на
творците со нивните читатели.
Направени се и неколку тематски изложби како „Книги за книгата“, „Од ракопис до
новите медиуми“, „Македонската книжевност преведена на англиски јазик“, „Добитници на
Нобеловата награда за литература“ и други.
Читателите имаа можност и да ги искажат своите мисли на парче хартија јавно
објавени на пано, на пр. на тема „Што Ви значи книгата и библиотеката во животот“?
Кога се работи за книгата идеите за нејзино чествување и афирмација како да извираат,
се мешаат старите ракописи и книги со нивната нова презентација што ни доаѓа преку




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
51





глобалното село на новите технологии. Како и да е претставена, книгата и натаму ќе
претставува најголемо богатство.












Порака од генералната директорка на УНЕСКО Ирина Бокова,
по повод Светскиот ден на книгата и авторското право


23 април 2012


Нашиот однос кон книгата во голема мера го одредува нашиот однос кон културата.
УНЕСКО повикува на 23 април, на Светскиот ден на книгата и авторското право да се
обединиме околу книгата, да ги поддржиме оние што живеат од книгата и со книгата, и кои се
чинители таа да живее.
Во форма на книга или кодекс, ракопис, печатена или во електронска форма на таблет
компјутер, книгата досега го смени изгледот сто пати. Пренесена на било кој носач, книгата ги
материјализира идеите и вредностите што мажите и жените ценат дека се достојни да се
пренесат. Таа е драгоцена алатка за споделување на знаењата, за заедничко разбирање, за
отворање кон другите и кон светот.
УНЕСКО сака секому да даде можност за пристап до нејзините големи потенцијали.
Заложбите почнуваат во училиштето, со една одлучна битка против неписменоста кај децата и
кај возрасните, и тие продолжуваат во зацврстувањето на културните политики. Без квалитетно
образование, страниците во книгите остануваат неми. Книгите ретко живеат осамени: тие
повикуваат да се читаат други книги, кои пак, откриваат нови богатства. Без целосен достап до
содржините и до изворите на физичките и виртуелни библиотеки, книгата како да ја губи
силата, нејзината разноликост пресекнува. Овој синџир на книгата се потпира на стаклени нозе
и бара голема будност и инструменти за поддршка. Донесувањето конвенции од страна на
УНЕСКО, како што е Конвенцијата за промоција на разноликоста на културните изрази е само
еден пример. Заштитата на авторското право е основен принцип и компас на овој културен
континент во постојан развој. Во 2012 година, Светскиот ден на книгата и авторското право е
во знакот на преводот. Ние ја славиме 80-годишнината од формирањето на Index Translationum,
светската база на преводи под раководство на УНЕСКО. Овој единствен инструмент е
прекрасна алатка за ширење и следење на светскиот културен наплив. Исправени пред
растежот на издавачката продукција, земјите членки треба да ги соединат своите сили за да
создадат еден покомплетен, помоќен и поотворен инструмент. Преводот е првиот чекор кон
зближување на народите, тој е исто така едно убаво искуство за децентрализација, школа за
разноликост и за дијалог. Преводот е главниот мотор за нашата творечка разноликост, кој го
збогатува секој јазик во допир со другите јазици.
Нашиот свет има потреба да ја разбере различноста на културите и да развие во свеста
кај сите мажи и жени многу повеќе знаења за различните култури и односите меѓу нив. Ние
имаме потреба да живееме заедно во хетерогени општества. Нам ни треба здружени да ги
откриваме нашите заеднички предизвици. На 23 април, УНЕСКО отпочнува со активностите за
одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право во Ереван во Ерменија, во
светската престолнина на книгата за 2012 година. На овој ден ги повикувам сите партнери на
УНЕСКО, оние на универзитетите, на катедрите, во училиштата, здружени да потсетат дека
книгата е среќа и сила која треба да се стави во секоја рака.











Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
52





Македонска порака од д-р Александар Прокопиев по повод
Светскиот ден на книгата и авторското право - УНЕСКО 2012




СЛОВО ЗА ЧИТАЊЕТО


Ќе почнам од оние за кои велат дека се меѓу најголемите противници на книгата денес:
недостатокот на времето и Интернетот. Велат, денес читателот задоцнува во препознавањето
на вредни дела и често конзумира “полесна” литература, зашто се соочува со прилично
исцрпувачко секојдневие за да може да биде предизвикан да „влезе“ во читањето.
Несигурноста во работата, растот на цените, постојаниот товар на месечните сметки,
самоволијата на политиката... се само неколку од огромниот список обврски и стресови што с¢
повеќе го одалечуваат денешниот човек од самиот себе. И од читањето. Зашто, тоа го знаеме,
читањето е индивидуална работа. За што е неопходно време. А денешниот човек од
понеделник до петок чека да дојде викендот да прездивне со ТВ пренос на утакмицата на
неговиот омилен фудбалски клуб или со синхронизираните јунаци на бескрајната ТВ новела. А
во сабота го чекаат и редици за плаќање сметки. А во недела - го повикуваат да гласа! И како
тогаш да најде време за читање сериозна книга?!


Но освен недостатокот на време, постои уште еден многу силен противник што го
компромитира читањето. Велат, визуелната агресија доживува свој климакс со Интернетот. Со
тоа што климаксот незапирливо расте! Неоспорно е дека порано визуелното ја поттикнуваше
литературата. Делакроа и Бодлер, Мане и Маларме, модернизмот и филмската монтажа,
постмодернизмот и поп артот. Но денес е очигледно дека електронската видеократија го
скусува времето за читање. Мејлот,
скајпот, фејсбукот, постои ли поопседнувачки начин да се избегне читањето? Иако соочен со
горенаведениот недостаток на слободно време, денешниот човек и во своето службеничко
работно време, кога е во можност, неуморно пребарува по Интернет. Но нема време да го
загрижат предупредувањата дека интернет зависноста може да доведе до своевидна културна
уравниловка и ризик од контаминација со површно (не)знаење. А и тешко може да оддолее на
постојано свежите понуди на електронската интелигенција. Виртуелниот простор не е корзо,
ниту кафуле, ниту парк, но во него се запознава, комуницира, “шета” поинтензивно отколку
кога сме вон компјутерот.


Кои се противаргументите со кои би можел да се спротивставам на двата моќни
противници на читањето?




Најпрвин би ја довел во прашање нивната неприкосновеност.
1. Користењето на слободното време е наше решение. Ако под„одмор“ се подразбира


минимален ментален (и физички) влог, тогаш вослободното време ќе ждереме, ќе
дремеме и ќе гледаме ТВ преноси. Иако читањето навечер, „во хоризонтала“, со
грицки, освежителен пијалок и добра музика во позадина, може да биде многу
освежувачко. Или читањето додека патуваме или сме во природа. Читањето, значи,
може да биде одмор во вистинска смисла на зборот, одмор полезен и подмладувачки за
духовните патувања и авантури. И за негување на нашата индивидуалност.


2. Што се однесува до Интернет, несомнено е дека тој, на свој начин, помага на
литературата. Книжното богатство се дигитализира, библиотеките, издавачите,
списанијата се вмрежуваат, пренесувајќи ја книгата од правливите депоа во безбедната
цѕбер сфера. Електронското издаваштво станува нова, моќна етапа во развојот на
книгата. Иако, морам да признаам, лично не можам да читам книга на апарат што зуи и
зрачи. Судирот меѓу печатеното и електронското на територијата на книгата може да се
толкува и како спротивставеност меѓу нејзината телесност и безтелесност: с¢ уште сум
приврзаник на печатената книга отворена на ноќното масиче до страницата до која сум
стигнал, што преспива со мене, има свое место на шкафот во мојата библиотека, живее
и старе со мене...





Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
53





Како што реков на почетокот, секое читање не е еднакво. Како што е различно и секое
создавање на книга. Највозвишените намери можат да дадат скромен резултат. И обратно.
Најдобар пример е авторот на неприкосновеното романескно ремек-дело, чиј ден на смртта се
поклопува со денешниот датум. „Дон Кихот“ е напишан како пародија, своевидна травестија
на во тоа време многу читаните пикарски романи. Уште еднаш да заклучам: читањето, како и
пишувањето, ја носи својата индивидуалност - книгата нуди можност тие две индивидуалности
да се препознаат. Кога читателот ја отвара книгата, книгата може да отвори порта за некој нов
свет во него. Тогаш, очигледно е дека читањето е прилика подобро да се запознаеме, да
почувствуваме колку нашето постоење може да биде силно и таинствено. Читањето не открива
колку тајни во светот, но и во себе можеме да разоткриеме.























































































Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
54





Чествување на празникот „Св. Кирил и Методиј“ во библиотеката „Другарче“


Радослав Љубиќ, библиотекар
Силвана Јакимова, библиотекар


Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје


Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, Централна библиотека „Друграче“, по
повод празникот „Св. Кирил и Методиј“ организираше литературен конкурс на тема
„Просветителската дејност на браќата Кирил и Методиј“. Учениците од основните училишта
во градот Скопје преку писма беа информирани за конкурсот, а истиот беше објавен на WEB-
сајтот на библиотеката и во детското списание „Колибри“ во почетокот на април 2012 година.
Солунските браќа Кирил и Методиј ги поставија темелите на сесловенската писменост,
тие го подотворија прозорецот на светлата иднина за овој вечно напатен и угнетуван народ,
пуштија зрак надеж во темнината на безнадежноста. Кирилицата е нивно ремек-дело,
непроценливо богатство кое вечно ќе го користат генерации и генерации, тоа е нивниот
подарок кон народот кој долго, премногу долго патувал низ беспаќата на времето, за конечно
да ја добие заслужената награда: слободна и независна држава во која народот зборува, пишува
и чита на својот мајчин јазик.
Како знак на вечна благодарност и почит кон ликот и делото на браќата Кирил и
Методиј, учениците од основните училишта во Скопје и пошироко во голем број зедоа
учество на овој литературен конкурс. Со своите поетски и прозни остварувања тие покажаа и
докажаа дека младоста на оваа земја знае да вреднува и почитува, но и дека таа е нашата светла
иднина која треба да се негува и чува.
Пристигнатите 64 литературни творби, со исто толку автори - учесници на конкурсот,
ја ставија комисијата која ги разгледуваше истите пред тежок испит. Квалитетот на
пристигнатите поетски и прозни остварувања беше на мошне високо ниво, секој од учениците -
учесници на конкурсот даде свое видување и размислување за ликот и делото на солунските
браќа. Можеме слободно да кажеме дека голем дел од овие „млади литерати“ имаат квалитети
слободно да „запливаат“ во литературните води, нивниот талент е очигледен, патот во светот
на пишаниот збор им е отворен и светол. Но, тој пат мораат сами да го трасираат со постојана
надградба, збогатување на сопствената мисла и интелект со нови зборовни содржини, постојан
и непосреден контакт со луѓето од светот на пишаниот збор итн.
Беа доделени две Гран-при награди: едната ја доби Елена Костоска, ученичка од VI-б
одд. при ОУ „Јоаким Крчовски“- Скопје за прозно остварување со наслов „Сонлив профил“, а
другата Гран-при награда отиде во рацете на Сара Станоеска од VIII-а одд. при ОУ „Рајко
Жинзифов“ – Скопје за прозната творба насловена како „Зрак низ вечноста“. Исто така беа
доделени повеќе дипломи за освоено прво, второ и трето место, како и дипломи за учество на
конкурсот. Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје им додели Благодарници за
учество на менторите на учесниците, како и Благодарници за меѓусебна успешна соработка на
библиотекари од неколку основни училишта во Скопје.
Насмеаните и ведри лица на учесниците, гостите на овој литературен празник беа
благодарност за успешно завршената работа, но воедно и надеж дека овој начин на чествување
на големи датуми, личности од нашата историја, ќе го продолжиме и во иднина. Библиотеката
како „храм“ на културата мора да биде место на најразновидни културни случувања,
празнувања, бидејќи на тој начин јакне пред сѐ националната свест, нашата самобитност,
култура, идентитет. Во библиотеката се раѓа, негува и развива желбата за читање, литературно
творење, образовно-воспитна афирмација. Зборовите на Сара Станоеска, ученичка во ОУ
„Рајко Жинзифов“, најдобро ја доловуваат вистината за книгата, моќта и богатството на
пишаниот збор: „Секоја книга е грутка злато, секоја буква е дијамант чиј блесок ни открива
друг свет, со кој се запознаваме. Секој час поминат читајќи, пишувајќи, творејќи или хранејќи
го својот јазик е молитва. Молитва за појасен зрак кој ќе ни ја осветли иднината и ќе ни го
затопли срцето. Секоја испишана страница е нова надеж, изразена благодарност до оние кои




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
55





навистина ја заслужуваат. И само така и ние сме дел од она што е создадено еднаш, а трае
засекогаш“.





Силвана Јакимова и Радослав Љубиќ му доделуваат награда на Кристијан Јанкулоски од ОУ
„Мирче Ацев“-VIII г одд. за освоено Прво место























































Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
56









МОЗАИКОТ УСЛУГИ НА БИБЛИОТЕКИТЕ
ГИ ПРАВИ РАЗЛИЧНИ ОД КНИЖАРНИЦИТЕ



М-р Вилма Јованова, виш библиотекар
НУ-УБиблиотека „Гоце Делчев“ Штип



Мисијата на јавните библиотеки е да создадат можност за сите граѓани да читаат, да


осознаваат, да бидат информирани во смисла на јакнењето на своите лични, културни, духовни
и демократски потенцијали како и да ги запознаат и користат придобивките на новите
информациски и комуникациски технологии, како би го поминале своето слободно време
креативно и квалитетно. Јавните библиотеки се места за средба на целото семејство.


Библиотеките не се книжарници, чии книги само ги пополнуваат рафтовите според
желбите на читателите. Улогата на библиотеките е многу позначајна во поттикнување на
читањето, а самото искуство и позитивното вијание на прочитаната книга во општеството не
може да се измери со квантитативните показатели на моменталното работење на библиотеката.


Вредноста на библиотеката е над вредноста која се добива со помош на статистиката и
која од една страна е показател на економската оправданоста на постоење, сепак нејзиното
значење во заедницата е многу поголемо.


Клучни зборови: јавни библиотеки, заедница, услуги, корисници, вредност на
библиотеките.






Мозаик од услуги и иновативни програми во јавните библиотеки!


Мозаикот на услуги на јавните библиотеки може да се склопи ако се имаат во вид
искуствата на јавните библиотеки на сите континенти во светот, при тоа делувајќи помеѓу
различните мултикултурни друштва, прилагодено на автентичните средини и ситуации. Оттука
произлегува задачата на јавните библиотеки за обезбедување пристап до знаењето и
информациите на сите членови на заедницата. Библиотеките преку своите служби и услуги
треба да поттикнуваат на пошироко општо образование, стручна и научна работа, посебно
залагајќи се пошироката популација, сите нејзини слоеви, да стекнат навики на читање и
користење на разновидни услуги во библиотеките.


Библиотеката исто така има задача да се подигнат информациските услуги на ниво да
го потпомогнат образовниот, рекреациски, индивидуален и економски просперитет на сите
членови на заедницата во согласност со својата мисија. Со таа цел се поставуваат
информациски служби кои би давале услуги на корисниците кои им се потребни, кои би ги
предвиделе и задоволиле нивните барања и би ја подигнале свеста на корисниците за
потенцијалните извори на информации, за чие добивање библиотеката може да посредува.
Библиотеката треба да развие реферални услуги во согласност со целите на установата или
заедницата на која и служи. Таа треба исто така да се стреми на корисниците да им даде
целосни, точни одговори на побараните информации без оглед на нивната сложеност.51




Насоченост кон корисниците (Customer focus) во своето работење е клучот при успешното
склопување на мозаикот на услуги. Институциите зависат од корисниците така што



51 Usp. Guidelines for Information services.


http://www.ala.org/ala/rusa/protools/referenceguide/guidelinesinformation.cfm (2009-05-29)




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
57





библиотеките треба да ги разбираат тековните и идните потреби на корисниците, да ги
задоволуваат нивните барања и да се спремни дури и да ги надминат нивните очекувања52.


Корисникот, муштеријата е најважниот посетител на нашиот простор. Тој


не зависи од нас. Ние зависиме од него. Тој не ни ја прекинува работата. Тој е цел на


нашата работа. Тој не е странец во нашата работа, туку е дел од неа. Ние не му


правиме услуга со тоа што го услужуваме. Тој нас ни прави услуга што ни дава


можност да работиме.“


Махатма Ганди


Библиотеките во округот Buckinghamshire во Англија создале „Повелба за корисници“
која може да се смета за појдовна точка на делување на јавните библиотеки и во Македонија,
во делот на квалитетно давање на услуги на корисниците и според утврдени стандарди а тоа се:


 Ќе ве услужи персонал кој носи идентификациски беџ и коj е едуциран за работи со


корисници.


 Нашиот персонал ќе биде љубезен и услужлив а исто така и ќе поседува неопходни


вештини и искуство за извршување на својата работа.


 Во нормални околности нема да мора д чекате повеќе од 3 минути да бидете услужени


на пултот за изнајмување на граѓа или на референтниот пулт, освен во време на


најголемите гужви.


 На вашите барања/прашања ќе одговараме веднаш или ќе ве известиме колку време ќе


е потребно да се реши вашето барање/прашање.


 На вашите писма и телефонски повици ќе одговараме веднаш и квалитетно, одговорот


или известувањето ќе стигнат во рок од 3 дена. Во случај на потреба потполниот


одговор ќе следи за 10 работни денови.


 70% од барањата за зајмување на граѓата ќе го решиме во рок на 15 дена, a 80% во рок


од 30 дена. Ќе одговараме на секое ваше прашање/барање во текот на обработката на


истото.53




Која е вистинската вредност на јавните библиотеки?


Одговарајќи на прашањето Која е вистинската вредност на јавните библиотеки?54
осврнувајќи на јавните библиотеки во Британија, авторот David McMenem смета дека
преголемото фокусирање на еконoмскиот аспект на постоењето на библиотеките ја намалува
нејзината вистинска вредност и го занемарува нивниот општествен темел на постоење. Тој



52 ISO 9000: Quality management principles. URL: http://www.iso.org/iso/iso9000-14000/iso9000/qmp.html


(2008-12-06)
53 Спор. IFLA-in/UNESCO-ov Manifest za narodne knjižnice. // Narodna knjižnica: IFLA-ine i
UNESCO-ove smjernice za razvoj službi i usluga. Zagreb : HKD, 2003. str. 85-86.
54 Usp. McMenemy, D. Editorial: What is the true value of the public library? // Library Review 56, 4(2007), str.


273-277.




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
58





нагласува дека опседнатоста со статистичките показатели на успешноста не го покажуваат
вистинското влијание на библиотеките на општеството. Авторот исто така истакнува дека
најважно од се е библиотеката да постои и да е дел на заедницата на која и служи. Вредноста
на библиотеката е над вредноста која се добива со помош на статистиката и која од една страна
е показател на економската оправданоста на постоење, сепак нејзиното значење во заедницата
е многу поголемо и треба да се мери, секако, но не само да се изразува со бројки на зајмени
книги и број на членови.55


Анализирајќи ги стратешките и долгорочните планови на 73 јавни библиотеки во
Америка од 1998 до 2001 година, авторката Ana Pacios издвои листа на приоритети на јавните
библиотеки на јавните библиотеки во САД наспроти нивната посебност и потреби. Првите 5
приоритети ја покажуваат поврзаноста помеѓу потребите на заедницата, давање услуги заради
задоволување на тие потреби и вклучување потребни ресурси и иновативни сервиси за да може
тоа во целост да се оствари. Потоа авторката во проценти попрецизно ги одредува
приоритетите: фонд и ресурси (79%), доживотно учење (50%), зграда, инсталација, опременост
(46%), потоа човечки ресурси (41%), како и управување со библиотеката (40)%. Нејзиното
истражување покажало дека темел на секоја јавна библиотека е да се обезбеди: најнови
наслови на книги, теми од различни материјали, формати и јазици во повеќе копии, следејќи ги
потребите на корисниците поврзани со нивната надградба на личен и професионален план. Од
друга страна фондот треба да ја одразува промената во општеството како и различностите на
заедниците како што се: расни, мултиетнички и толерантни мултикултурни програми во
заедницата. Вториот приоритет на библиотеката е да овозможи доживотно учење или
продолжување на образованието со цел зајакнување на личните, општествените и
професионалните знаења, компетенции и вештини на своите корисници. Третиот приоритет
според авторката е потрага по нови корисници, односно библиотечната просторна и техничка
опременост да се претвори во клучен простор за општествен живот како и центар кој
овозможува развој на сите видови активности и збиднувања. Иако четврта, скоро еднаква по
важност и во процент, човечките ресурси и обезбедувањето на услуги на високо ниво,
претставува главна и стратешка цел на јавните библиотеки кои се истражувани. На
Библиотеките им требаат бројни и повеќе квалификувани библиотекари и служби воопшто56.
Со сличен процент, петтиот приоритет е тежнеењето библиотеките да воведат различни
техники за подобрување и зголемување на работењето, а со тоа и негова ефикасност и
ефективност. Авторката ја истакнува техниката benchmarking како важна техника која
овозможува библиотеката да се споредува со други слични на неа а со тоа да се прилагодуваат
на своите специфични ситуации. Преку вреднувањето директорите ги идентификуваат
квалитетните услуги и програми како и реалното работење на библиотеките. Финансирањето
кое директорите го овозможуваат авторката смета дека треба да биде во согласност со
потребите на библиотеката, но кое мора да опфаќа нови сопствени видови на финансирања
како што се продажба на книги, пронаоѓање донатори и спонзори и др.


На крајот можам да заклучам: дали нашата библиотека ја сврстуваат во книжарница
зависи од нас библиотекарите и од тоа дали сме ги искористиле можностите што библиотеките
постојано ги добиваат - да аплицираат за грантови. Библиотекарите ја отсликуваат вистинската
вредност на библиотеките преку нив самите, преку своето залагање за унапредување на
библиотекрството и воведување нови услуги и сервиси. Во секое време може да се најде
отворен повик за аплицирање, а од библиотекарот зависи дали ќе учествува во склопување на
мозаикот услуги и ќе понуди на корисниците нешто ново, иновативно, нешто со што ќе ја
издвои библиотеката од книжарница.









55 Isto
56 Isto.




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
59









Mosaic of library's services


makes them different from bookstores



The mission of public libraries is to create opportunity for all citizens to read, perceive, to be


informed in terms of strengthening their personal, cultural, spiritualand democratic potentials and


to learn and utilize the benefits of new information and communication technologies, as they would


spent their free time creatively and quality. Public libraries are places for meeting the whole family.


Libraries are not bookstores, whose books just fill shelves according to the wishes of readers. The


role of libraries is very importantin encouraging reading, and very positive experience of reading the


book and its impact in the society could not be measured by quantitative indicators of current work of


the library.


The most important is that library exists and is part of the community to which it serves


including a lot of programs and services according to the user’s needs. The value of the library is
above the value obtained with the help of statistics and which one side is an indicator of the


economic justification of existence. Its importance in the community is much greater and should


be measured, of course, but not only to be express in figures the borrowed books and number of


members.


Key words: public libraries, community, service, customers, value of libraries.































































Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
60









ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД
ДИСКРИМИНАЦИЈА И НЕГОВАТА ВАЖНОСТ ЗА


БИБЛИОТЕКИТЕ КАКО ЈАВНИ УСТАНОВИ


М-р Сузана Данаилова, виш библиотекар
Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје




На 13 април 2010 беше прогласен Законот за заштита и спречување на
дискриминација57 со кој се обезбедува заштита и забрана од дискриминација на сите физички и
правни лица во остварувањето на нивните права загарантирани со Уставот на РМ и со
ратификуваните меѓународни договори. Законот, за оваа намена, формира Комисија за заштита
од дискриминација58 пропишувајќи го прецизно нејзиниот состав, формирањето и
надлежностите (чл.16, 17, 24).


Законот исцрпно ги набројува и основите на можна дискриминација помеѓу кои покрај
дискриминација врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана
група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско
уверување, образование, политичка припадност, личен и општествен статус, возраст, семејна
или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, јасно ја дефинира и менталната и
телесната попреченост како основа за можна дискриминација.


Во согласност со Законот (чл.4), тој задолжително се применува од страна на сите
државни органи и органите на локалната самоуправа, вклучувајќи ги и сите правни лица со
јавни овластувања, односно и од страна на библиотеките како јавни установи - сервис на
граѓаните во областа на културата, од аспект на обезбедувањето на подеднаков и
недискриминирачки пристап до добра и услуги во оваа област. Оттаму, исклучително важно за
библиотеките, како установи од јавен карактер во областа на културата, е да ги имаат предвид
своите обврски и можните импликации што произлегуваат од овој Закон, односно да ја имаат
предвид можноста да бидат посочени во претставките поднесени пред Комисијата, дека
постапувале дискриминаторски, односно дека не обезбедиле подеднаков пристап и услуги од
библиотечните фондови, конкретно, во овој контекст, за слепите лица или за лицата со телесна
попреченост (инвалидитет). Со оглед на фактот дека во согласност со овој Закон (член 38), во
постапките пред Комисијата за заштита од дискриминација товарот на докажување е на сметка
на правните лица и установи - институции кои се посочени дека направиле дискриминација,
библиотеките како јавни установи би биле доведени во состојба да докажуваат дека тие ги
обезбедиле потребните услови за да не дојде до дискриминација, односно дека сториле сè, а
најмалку дека ги исполниле обврските произлезени од стандардите кои постојат во оваа
област, односно стандардите преземени со Законот за ратификација на Конвенцијата на ООН
за правата на лицата со инвалидност од 29 декември 201159.




Во оваа насока, библиотеките како јавни установи можат да бидат и предмет на
испитување за наводите на дискриминираните лица (лицата со инвалидитет) во нивните
претставки поднесени до Комисија за заштита од дискриминација (досегашната активност на
Комисијата покажува дека таа веќе постапувала по голем број на претставки по разни
дискриминаторски основи меѓу кои и десетина случаи во кои како основа за дискриминација
била посочена менталната и телесната попреченост).
Во овој контекст би било добро повторно да укажеме на обврските кои библиотеките,
како јавен сервис кон граѓаните во областа на културата, ги имаат во однос на слепите лица и



57 Закон за заштита и спречување на дискраминација („Службен весник на РМ“ бр 50 од 13.04.2010)
58 http:/ www.kzd.mk
59 http://www2.ohchr.org/english/law/disabilities-convention.htm




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
61





лицата со телесна попреченост и инвалидност во согласност со обврските што за нас како земја
произлегуваат со ратификацијата на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидитет. Во таа
смисла треба да се анализираат и сите идни можни решенија во поглед на архитектонските
бариери и ознаки за пристап и движење на хендикепираните и глувонемите лица
(изградба или адаптација на пристапни рампи, светлосни и звучни знаци), а, исто така, и во
однос на обезбедувањето на специфичен книжевен фонд приспособен за слепите лица.




Во однос на надминувањето на архитектонските бариери за пристап до јавни објекти од
областа на културата, своевремено беше изготвен и Акциски план во МТСП (2009) насловен
како Акциски план за реализација на проекти за изградба на пристапни рампи за лицата со
инвалидност во јавни објекти. Во оваа насока би потсетиле и на обврските од Законот за
градење („Сл. весник на РМ“ бр.51/05), чл.11, според кој градбите за јавни и деловни намени
мора да бидат проектирани и изградени така што на лицата со инвалидност ќе им се обезбеди
непречен пристап, движење, престој и работа до и во градбата. Покрај јавните пешачки
површини, улиците и приодите до јавните објекти (библиотеките), хоризонталните и
вертикалните комуникации мора да бидат планирани и изведени на начин кој ќе им овозможи
на лицата кои користат инвалидски помагала или количка60, инвалидски автомобил и други
помагала (звучни сигнали за лицата со оштетен вид, светлосни сигнали за лицата со оштетен
слух и сл.), непречено одвивање на секојдневните активности (член 75 став 3). Стандард
претставува и бројката од 3% од паркинг местата кај јавните установи да бидат наменети за
инвалидизирани лица.


Во однос на книжевниот фонд приспособен за глувонеми и слепи лица, обврска на
библиотеките е да предвидат и да обезбедат одржлива финансиска ставка за перманентно
обезбедување и збогатување на ваквиот книжевен фонд наменет за слепи лица. Во оваа насока
би упатиле на обврските што произлегуваат од ратификацијата на Конвенцијата за правата на
лицата со инвалидитет (член 30: став 1 и 4) во смисла на учеството на лицата со посебни
потреби во културолошкиот живот и култура и нивниот пристап до материјали од културата во
пристапни формати, знаковни јазици или култура на глувонеми лица. Во оваа смисла, посебно
внимание заслужува и развивањето на билатерална соработка и размена на библиотечен фонд
со институции и земји во регионот кои, компаративно гледано, веќе имаат усвоено напредни и
практични решенија во оваа насока.




Од сето погоре кажано јасно произлегуваат и обврските на библиотеките во смисла на
навремено исполнување на овие стандарди во однос на лицата со посебни потреби (лица со
инвалидитет и слепи и глувонеми лица) во смисла на обезбедување на нивен непречен
(архитектонски и знаковен) пристап до библиотеките и користењето на библиотечните
фондови специјализирани и наменети за слепи лица.














60 Во Правилникот за стандарди и нормативи за проектирање на објекти таксативно се наведени
параметрите што треба да бидат почитувани при проектирањето на најразновидни објекти со што би се
овозможило непречено движење на хендикепираните лица во нив, односно користење за тоа за што се
наменети. Така, на пример, урбанистичко-архитектонските услови за користење инвалидска количка се
диктирани од нејзините стандардни димензии (широчина: 0,65 м, должина: 1,10 м и височина 0,94 м), од
зоната на дофат на хендикепираното лице и од можноста за движење на ова помагало (член 115 од овој
Правилник).





Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
62









КНИГИ ЗА СТО ДЕНАРИ


Марко Цуцуловски
НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје





Дваесет и првиот век донесе многу промени во начинот на работа, однесување,


погледот кон семејството односно битисувањето воопшто. Но, пишаниот збор се одржа како
непроменлива константа во однос на човековото знаење, надградба и усовршување. Така било
така и ќе остане. Текстуалната форма на изразување е докажано најдобар начин за
пренесување на идеи, лични и глобални искуства, хронологија на настани и факти а сето тоа го
формира знаењето.


Оттуѓувањето дефинитвно е сопатник на модернотo општество. Од денешен аспект
бесмислено е да се говори за интернетот како фактор кој допринесе за оддалечувањето на
човекот од својата природа, но неговото влијание сè повеке се чувствува и ја зема силината а
со тоа ја оправдува и мојата теза. Скратени новинарски текстови од непознати автори,
електронски скрипти, бизарни извештаи од настани кои се под знак прашање дали воопшто се
случиле, се информации кои немаа место во она што се нарекуваше дневен печат во блиското
минато. Новинарските текстови беа со тежина, аргументирани, поминати низ претходна
анализа. Порано колумнисти беа веќе докажани интелеткуалци, стручњаци итн. Денес
колумнисти а со тоа и креатори на јавното мислење се бруцоши од школите за новинарство и
луѓе кои два до три пати излегле на протест. Далеку од тоа дека немаат што да пренесат како
став, но за да бидеш застапен во мејнстрим медиум е процес кој се заслужува преку
долгогодишно опсервирање на општествените текови, политички промени и се разбира после
илјадници илдјадници напишани зборови. Слободниот медиумски онлајн простор го
конкретизира она што го пишувам. Да се отвори веб страна е речиси бесплатно а „новинари“
кои стојат насмеани на фотографијата до нивниот текст – врие. Толпата ја познаваме одамна.
Таа нема свест и иако навидум будна таа сепак спие. Така заспана метаморфозира во сунѓер и
впива се што се нуди на интeрнет. Дознава за аукција на која се продава заб од Џон Ленон,
дека Кети Пери (која и да е) има нов дечко, што јадел Карлос Слим и сл. Што е со
истражувачкото новинарство, каде е работата на терен, зошто повеќе нема фељтон?


Без претерување половина од моите сограѓани не чуле а камо ли да знаат каде се наоѓа
Националната библиотека на Македонија. Таму е културното наследство, таму е националниот
идентитет, таму треба да се раѓаат идеите, да се здружуваат луѓето, да се создава
интелектуалната и културолошка елита. Во моментов библиотеките се стари згради со дебел
слој прашина и помегу столбовите и холовите заглавеното ехо од воздишките и реториката
која што ја разменуваше некогаш амбициозната младина на оваа земја.


Секојдневно се водат кампањи за популаризација на книгата, на читањето, се
наметнува ставот дека вистинската сила доаѓа преку знаењето. Вистинска иронија можам да
кажам. Во денешно време и ретко може да се чуе зборот библиотека. Обично ги нарекуваат
„Читална“! Да, читална во која можат да ја читаат скриптата составена од прибелешки
собирани на предавања и тоа секој ден за само 300 денари годишно. Годишната членарина
овозможува користење на сите библиотечни фондови: стручна литература, белетристика,
монографии, периодични публикации, фото и уметнички албуми, аудио и видео записи. Но,
како што напоменав ретко кој истражува и се дообразува под ова наше поднебје. Покрај тоа
што има се (во скратена форма) на интернет а може и да се купи и роман за 100 денари во
најблискиот супер маркет. Сто денари за Фројд, Ниче, Шолохов, Ками... Вака наредени
имињата на овие великани за таа сума од страна гледано личи дека навистина некој пропагира
култура во оваа земја. Но, веднаш се забележува дека книгите се помали во обем од
оригиналот. Чудни и граматички неточни реченици, пасуси без никаква логичка смисла. Јасно




Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
63





е дека се преведени од луѓе кои недоволно го познаваат англискиот а можеби и македонскиот
јазик, и сигурно не се стручни во она што го преведуваат. За да титлуваш холивудски филм
треба разговорно да го познаваш англискиот јазик, но за да преведеш поезија несомнено треба
да си поет.


Каква е сега состојбата? Интернет портали кои бомбардираат со крајно неморални
информации од животот на ѕвездите, едвај полнолетни колумнисти кои заработуваат џепарлак,
новинари кои текстовите ги составуваат пред монитор наместо на терен, напуштени
библиотеки и светска книжевност адаптирана за сто денари. Значи, состојбата е следна:
напразно се говори против комунизмот, напразно се говори за тоталитаризам, а демократијата
останува пуст стремеж затоа што живееме во идиократизам. Каква поинаква младина може да
се равие? Мојата генерација а и генерациите претходно го чекаа својот дедо или родителите да
завршат со неколкучасовното читање на весникот за да може да се нурнат во делот со
занимливости од светот, пренесени интервјуа со научници, фељтони за градот Скопје и
Република Македонија, додатокот „Колибри“ со објавени стихотворби од своите врсници итн.
Мојата генерација се уште се сеќава на мирисот на пожолтените страници од книгите.
Пожолтени затоа што се стари. А стари бидејки се скапи, па се пренесуваат од колено на
колено или се позајмуваат. Скапи беа затоа што беа работени. Работени од врвни преведувачи
стручни во својата област, со предговор или поговор кој содржеше рецензија и свое гледиште
на делото и биграфија за авторот. Беа работени прецизно за да остават трага во душата, а со тоа
во свеста и разумот на младиот човек кој ќе се издигне во образован и способен кадар кој ќе
допринесе со полн капацитет за средината во која работи и живее. Така државата е здрава, така
државата е стабилна. Со празни и кратки текстови и со прераскажани книги се стимулира
чувството за нетрпеливост, се втемелува бездушноста кај младите и тоа преоѓа во агресија која
го доразболува ова транзиционо суштество.


Да се вратиме во библиотеките, да се свртиме кон науката и културата. Само така ќе
се сетиме на човечките вредности, на општествената должност и конечно кон космичката
одговорност. Со изнесениве ставови можеби потсеќам на стариот ков но дефинитвно „старата
школа“ е школа сама по себе!



































Библиотекарска теорија и практика Библиотекарство, Волумен 29 (2012), бр. 1-2




Страница
64























































































Списанието „Библиотекарство“ е печатено со финансиска подршка од Министерството за
култура на Република Македонија.